Print Page | Close Window

Градска инфраструктура (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Градска инфраструктура
Forum Discription: Улици, булевари, сигнализација, јавен превоз...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=666
Printed Date: 14-Dec-2018 at 12:11


Topic: Градска инфраструктура (општо)
Posted By: pbanks
Subject: Градска инфраструктура (општо)
Date Posted: 11-Dec-2007 at 00:09
хмммм.... прв пат слушам за планирани клучки кај ТКС и Хрватска амбасада. Clover ти ги бараташ добро урбанистичките планови. Си чул за нешто вакво??

Градот в година планира да го гради надвозникот кај Бит-пазар

Во буџетот за 2008 година за овој проект се предвидени 35 милиони денари

Идејата за изградба на надвозник кај клучката на Бит-пазар, реално е поткрепена со предвидените 35 милиони денари, планирани средства во буџетот на Градот за 2008 година. Доколку Предлог-буџетот помине пред советниците, ќе бидат започнати сите законски процедури за ангажирање на фирми кои ќе работат на изведбата. Покрај надвозникот на Бит-пазар, предвидени се и надвозници кај хрватската амбасада и кај семафорот кај Тутунски комбинат. Идејните проекти за нив ги подготвува Градежниот факултет. И за овие два проекта ќе бидат потребни од 30 до 35 милиони денари.

Проектот за надвозник на Бит-пазар, во форма на детелинка, е уште од времето на градоначалникот Ристо Пенов и тој има за цел да се избегнат семафорите. Со него ќе се обезбеди подобар сообраќаен проток од Автокоманда кон централното градско подрачје, потоа од центар кон булеварот „Никола Карев“, или таканаречената пластичарска улица и на спојот на булеварот „Крсте Мисирков“ со улицата „Цветан Димов“ во Општина Чаир.

„Ако се обезбедат буџетски средства, веројатно напролет ќе се гради надвозникот кај хрватската амбасада, бидејќи и на тој триаголник треба да се обезбеди сообраќајно растоварување. Третиот надвозник ќе се гради кај семафорите кај Тутунски комбинат“ , вели Мичо Поповски, заменик-раководител во Секторот за урбанизам. (Сн.К.)



Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=76E032B444839B49899DAA0130262927 - Утрински весник



Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Dec-2007 at 01:58
Originally posted by pbanks

хмммм.... прв пат слушам за планирани клучки кај ТКС и Хрватска амбасада. Clover ти ги бараташ добро урбанистичките планови. Си чул за нешто вакво??


Прво, би било добро „новинаров“ да си расчисти што е надвозник а што клучка, ако и натаму треба да пишува на вакви теми. Преку глава више од вакви новинари.

Второ, да ти одговорам на прашањето: клучкиве не се планирани никаде освен во главите на Трифун и неговото опкружување...

Но да одиме по ред:

1. Кај Бит-Пазар... Каков е тој надвозник што требало да се гради??? Па таму веќе има надвозник, а идејата им беше да ја модифицираат клучката во детелинка. Не верувам дека станува збор за некаков нов надвозник... Изгледа пак нешто се изгубило во преводот Roll%20eyes
Нешто ме натера пред некој ден да ја обработам токму оваа тема. Тоа што имав да кажам го кажав во овој пост: http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=96&PID=1973#1973 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=96&PID=1973#1973

2. Кај хрватска амбасада не е ниту планирана ниту потребна клучка. Не само тоа, туку нивново „решение“ оди против идниот Јужен Булевар и неговите едносмерни колекторски улици. Наместо да наметнуваат детски решенија, подобро нека размислуваат во насока на етапна реализација на Јужен Булевар. Дури и вакви ретардирани мајмуни можат да придонесат за подобрување на сообраќајот, само да се придржуваат до постоечкиот генерален урбанистички план!

3. Кај тутунски комбинат исто така не се планирани никакви надвозници, освен во врска со Бул. Крушевска Република. Тешко е да се верува дека планирањето одговорно го усогласиле со Крушевска (особено кога на големо се трудат да ја саботираат), но нема да коментирам додека немам подетални информации за ова. Иако не се сомневам дека ќе се обидат да бидат крајно нетранспарентни Bash


Заедничко за сите три најавени проекти е што сите се импровизации, и тоа лоши и штетни импровизации. И веројатно сите три се во спротивност со генералниот урбанистички план, што патем нив ги прави нелегални, а Трифун и компанија криминалци.

Вака ли ги фрлаат и тие мали средства со кои располага градот? За бедни квази-решенија. Зарем Трифун и неговите мрзливи & неспособни копуци мислат дека ќе добијат симпатии со вакви заебанции една година до избори?

Оштар сум затоа што ми е преку глава од аматерскиот и неодговорен пристап за важни работи како што е примарната сообраќајна мрежа. Вакви грешки тешко и скапо се исправаат. Ако дебиливе сакаат да си играат играчки нека играат SimCity, а Скопје нека го остават на мир. Подобро само да седат и буквално ништо да не работат, зашто кога нешто ќе наумат, очигледно прават само штета!

Се надевам дека овие нивни иницијативи ќе завршат како и многу други такви исти или слични... Дека од ова ќе има нула реализација. Зашто ова не е ниту фрлање пари за џабе, ова е давање пари за штетни проекти. И дополнително ќе треба да даваме пари ако имаме среќа наскоро да добиеме добар градоначалник, кој ќе мора да ги руши ваквите работи, за да може добро и систематски да ги решава проблемите.


Bash Bash Bash Bash Bash


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Dec-2007 at 18:31


ista vest, komlpetno drugi informacii Crazy.. od Vreme

Clo te pogodija u srce brat, kruzen tek LOL

ЗА ДА СЕ НАМАЛИ СООБРАЌАЈНИОТ МЕТЕЖ
Кружен тек кај Католичката црква Градските власти планираат да изградат кружен тек на крстосницата меѓу улиците Митрополит Теодосиј Гологанов и Мито Хаџивасилев Јасмин кај Католичката црква, за да го намалат сообраќајниот метеж што постојано се создава во овој дел од градот. Иако станува збор за главни улици, оваа раскрсница не е семафоризирана, а возачите коментираат дека таму често се доведуваат во опасност од сообраќајни несреќи. За овој градежен зафат во градскиот буџет за следната година се предвидени околу 250.000 евра.
- Проектот треба да биде готов до крајот на годинава. Нашата цел е да го растовариме метежот оттаму, но да не поставуваме семафори, туку да изградиме кружен тек, така што возилата ќе можат полесно да се приклучуваат на улиците - објаснува Мичо Поповски од градскиот сектор за урбанизам.
Со буџетот се предвидуваат и нешто повеќе од 400.000 евра за реконструкција на клучката кај Бит-пазар. Овој проект беше планиран уште пред неколку години, а со него се предвидува краците на клучката да се преуредат во форма на детелина, така што на горниот дел од коловозот ќе се отстранат семафорите.
Веќе неколку години со градските буџети се предвидува реконструкција и проширување на коловозите на булеварите Илинденска и Србија. Сепак, таму се уште не почнале градежните работи, затоа што градот досега не успеал да обезбеди пари за нив. За наредната година се планира да се одвојат речиси 800.000 евра за Илинденска и околу 260.000 евра за Србија.
- На булеварот Србија има уште едно мало делче во близина на цементарницата „Усје“ што треба да се откупи, па да почнат градежните работи. За Илинденска, пак, се уште има некои дилеми околу проектот, па откако тие ќе се решат, ќе можеме да работиме и таму. Во секој случај, тоа е голем проект и за да се спроведе би биле потребни барем две години - додава Поповски.
Градскиот буџет за 2008 година, кој е нешто поголем од претходниот, советот треба да го усвои на седницата што ќе се одржи на 27 декември.
- Се надеваме дека ќе спроведеме барем две од овие сообраќајни решенија. Буџетот се уште не е усвоен, па ќе треба да почекаме прво тој да се одобри од советот, а потоа да видиме дали ќе обезбедиме доволно пари. Ако се исполнат овие услови, ќе немаме проблеми да ги изведеме градежните работи - смета Поповски.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Dec-2007 at 18:41


Па тоа е истата крстосница од минатиот пост (кај хрватска амбасада) Crazy

Муви без глави... сеа кружен тек или надвозник? Или можеби надвозник + кружен тек... Какво расфрлање со пари кои ионака ги има премалку Ohno


Алооооо! Ул. Мито Хаџивасилев Јасмин и Ул. Митрополит Теодосиј Гологанов треба да бидат во функција на Јужен Булевар! Што ли наумиле овие??? Wallbash

А и со кружниве текови почнаа стварно да ме иритираат. Као да кружен тек е којзнае колку добро решение, применливо насекаде... Roll%20eyes Изгледа тоа им е „адутот“ со кој ќе се справуваат со сообраќајните проблеми. Во светот се напуштаат, ама кај нас допрва на големо ќе се воведуваат Nuts



Во секој случај еве го линкот (чисто архивски)
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1276&ArticleID=82039


Posted By: kire85
Date Posted: 13-Dec-2007 at 00:24
Previous
 
надвозник со кружен тек? Не викај два пати.....нашите експерти се способни за се!Rollin


Posted By: La Linea
Date Posted: 13-Dec-2007 at 00:35
А што би било правото решение? Кружен тек би било пропаст, секаде се одбегнува, многу успорува сообраќај кај фреквентни места. 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: kire85
Date Posted: 13-Dec-2007 at 00:47
Previous
 
не само што е фрекфентен тој дел, туку и земајќи ја у предвид нашата сообраќајна култура ќе придонесе за блокирање на раскрсницата кај Нова Македонија од толку што ќе се ствара гужва од ова елегантно решение.Crazy


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Dec-2007 at 00:50
Originally posted by kire85

Previous
 
надвозник со кружен тек? Не викај два пати.....нашите експерти се способни за се!Rollin

Абе има и такви решенија, ама ако е специфично местото и ако сообраќајниот проблем го наложува тоа... Ама во секој случај таму е надвор од паметот да се гради било што во таа насока


Originally posted by La Linea

А што би било правото решение? Кружен тек би било пропаст, секаде се одбегнува, многу успорува сообраќај кај фреквентни места. 

Правото решение е да се гради Јужен Булевар. А во меѓувреме да се воспостави еднонасочен сообраќај на неговите колекторски/дистрибуторски улици. Тие и така и така еден ден ќе бидат еднонасочни, а во меѓувреме може привремено да го емулираат јужен булевар.

Јас сум генерално против еднонасочен сообраќај и мислам дека тоа треба да се избегнува по секоја цена (особено што по нашите помали улички ионака не се почитува и е многу опасно... барем активно да казнуваат за такви работи)

Но во овој случај, еднонасочен сообраќај е единствено прифатливо решение, затоа што тие улици се од почеток така планирани и се во функција на идниот јужен булевар.

Малце попосле ќе постирам нешто визуелно, за да биде подобро сфатливо за тие што не се запознаени со проблемов.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Dec-2007 at 00:54
Originally posted by kire85

Previous
 
не само што е фрекфентен тој дел, туку и земајќи ја у предвид нашата сообраќајна култура ќе придонесе за блокирање на раскрсницата кај Нова Македонија од толку што ќе се ствара гужва од ова елегантно решение.Crazy


Одлична поента друже! Нашиве „стручњаци“ не сваќаат дека џабе им се нивните заебанции, дури и ако профункционираат, затоа што гужвата пак ќе се преточи од друго место... Што ако растеретат кај католичка, кога колоната од Нова Македонија во шпицевите (пола ден) пак ќе порасне доволно за да го сјебе и нивното ново „решение“.

Затоа мора систематски да се решаваат овие работи. Мора да се изберат приоритети, соглано со ГУП-от и да се работи на генерално подобрување на ситуацијата.


Posted By: La Linea
Date Posted: 13-Dec-2007 at 00:56
Кога сме веќе кај гужвите...што ќе биде со гужвите под „МОСТ“?

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Dec-2007 at 01:04
Originally posted by La Linea

Кога сме веќе кај гужвите...што ќе биде со гужвите под „МОСТ“?


Реализирање на одамна зацртаните поважни решенија од ГУП-от (т.е. примарната сообраќајна мрежа), ќе ги реши 90% од проблемите насекаде во градов. Имаме гужви затоа што се реализирани само мал дел од планираните сообраќајници и плус фалат некои критични врски, па сообраќајот се насочува кон бројни тесни грла.


Posted By: kire85
Date Posted: 13-Dec-2007 at 01:09
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by kire85

Previous
 
не само што е фрекфентен тој дел, туку и земајќи ја у предвид нашата сообраќајна култура ќе придонесе за блокирање на раскрсницата кај Нова Македонија од толку што ќе се ствара гужва од ова елегантно решение.Crazy


Одлична поента друже! Нашиве „стручњаци не сваќаат дека џабе им се нивните заебанции, дури и ако профункционираат, затоа што гужвата пак ќе се преточи од друго место... Што ако растеретат кај католичка, кога колоната од Нова Македонија во шпицевите (пола ден) пак ќе порасне доволно за да го сјебе и нивното ново „решение“.

Затоа мора систематски да се решаваат овие работи. Мора да се изберат приоритети, соглано со ГУП-от и да се работи на генерално подобрување на ситуацијата.
 
Тоа е, коа глупаците го гледаат делот кај раскрсницата кај католичка тотално засебно, без притоа да имаат во предвид што се дешава на 500 метри од неа.Nuts Ќе си го изградат они кружниот тек па коа ќе се чека кај Нова Македонија подолго него на грчка граница, тогаш тек ќе почнат да размислуваат во кој нов правец да ја турнат гужвата.Bash


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Dec-2007 at 01:12
Originally posted by kire85

Тоа е, коа глупаците го гледаат делот кај раскрсницата кај католичка тотално засебно, без притоа да имаат во предвид што се дешава на 500 метри од неа.Nuts Ќе си го изградат они кружниот тек па коа ќе се чека кај Нова Македонија подолго него на грчка граница, тогаш тек ќе почнат да размислуваат во кој нов правец да ја турнат гужвата.Bash


тогаш ќе направат кружен тек и кај Нова Македонија . Во последно време тоа им е решение за се, кружен тек ќе има и кај Континентал на влезот/излезот на клучката од ул. Беласица


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Dec-2007 at 01:18
Еве, се надевам дека овој извадок од ГУП-от ќе разјасни некои работи, барем за таа околина.

Се гледа Јужен Булевар и како сето тоа треба да изгледа заедно со клучките и со овие негови идни колекторски улици. Вакви еднонасочни колекторки улици се убедливо најдобро решение за таква урбана средина и за урбан автопат каков што ќе биде Јужен Булевар.

А тие заебанции што ги најавуваат кај католичка црква (хрватска амбасада) се во спротивност со овој концепт (кој патем е важечки ГУП и тие решенија се одамна испланирани од вистински стручњаци... проблемите потекнуваат од таму што овие решенија се реализирани само во мала мерка низ градот)

http://imageshack.us">



Ако имате дополнителни прашања или коментари за Јужен Булевар, предлагам дискусијата да ја продолжиме во темата „Урбани Автопати“: http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=33 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=33

Thumbs%20Up


Posted By: La Linea
Date Posted: 12-Mar-2008 at 01:51
1. Наместо клучка напишале раскрсница-детелина Doh
2. Која е оваа клучка кај тутунски комбинат???
3. Уредување на коритото на Вардар... Ohno За кејот и плажите се мисли изгледа
4. Супер ова за зоолошката, прв пат слушам
5. Значи надвозниците ќе бидат исти како оној во Чаир кај Бит-пазар Thumbs%20Up

Градот годинава ќе инвестира 6,2 милиона евра во сообраќајници

Ќе се изготвуваат и проекти за санација на 12 моста на Вардар, од кои два се пешачки

Сања Наумовска

Изградба на раскрсница-детелина, без семафори на Бит-пазар, проширување на клучката кај Тутунски комбинат, проширување на булеварите „Гоце Делчев“ и „Илинденска“, се само дел од проектите што ги најави Градот Скопје за реализација во текот на годинава. Градските власти планираат капитални инвестиции во патната инфраструктура, булевари и мостови, но и завршување на реконструкцијата на Зоолошката градина, коритото на Вардар, унифицирање на пешачки надвозници и средување на фасади.

Заедно со веќе почнатите објекти, клучката кај „Континентал“, проширувањето на булеварите „Србија“ и „Македонска војска“, годинава за олеснување на сообраќајот Градот ќе потроши околу 6,2 милиона евра. Парите веќе се предвидени во градската каса, а моментно течат тендерите за избор на изведувачи. Клучката кај „Континентал“ треба да биде готова во јуни, а нејзиното функционирање е поврзано со проширувањето кај Тутунскиот комбинат заради обезбедување нормален проток на сообраќајот. Во функција на клучката ќе се прошири и булеварот „Гоце Делчев“, на потегот од Скопски саем до Универзитетот, односно до зградата на Македонската телевизија. Годинава треба да заврши и проширувањето на „Илинденска“ на потегот од фонтаната „Лотос“ до булеварот „8 Септември“.

Пари од градската каса годинава ќе се потрошат и на уредување средишно зеленило на седум булевари низ градот. На „Александар Македонски“ ќе има жардиниери во должина од 2 километра, на „Партизанска“ - 2,6 километри, а на „Кузман Јосифовски Питу“ - 750 метри. На булеварот „Гоце Делчев“ и на „Октомвриска револуција“ ќе има 1,2 километра ново зеленило, на „Крсте Мисирков“ - 1,6 километри, а на „Кочо Рацин“ - 720 метри. Во Зоолошката градина ќе се заврши изведбата на водоводот, живеалиштата на тигарот и мајмуните, а до крајот на годинава ќе има и кафетерија, играчница за деца и многу други содржини.

„Во 2009 година е планирана втората фаза од проширувањето на булеварот ’Србија‘, од ’Првомајска‘ до ’Јане Сандански‘, третата фаза од ’Илинденска‘ од ’8 Септември‘ со мост преку Вардар, проширување на ’Теодосиј Гологанов‘ од студентскиот дом ’Гоце Делчев‘ кон Центар и проширување на ’Првомајска‘ кон Драчево“, вели Алјоша Шопар, раководител на Секторот за урбанизам.

Тој најави и изготвување проекти за санација на 12 моста на Вардар, од кои два се пешачки. Градот во целост ќе го реализира и проектот за уредување на коритото на Вардар, што го изработија студенти на Архитектонскиот факултет, а ќе се изградат и шест идентични, типизирани натпатници во општините Ѓорче Петров, Карпош, Гази Баба и Чаир. Планирана е и санација на фасадите на Детскиот културен центар „Карпош“ и салонот „19,19“ во КИЦ.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9334F0903038DE45B404C9A4B5476983 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9334F0903038DE45B404C9A4B5476983



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Mar-2008 at 02:10
Originally posted by La Linea

1. Наместо клучка напишале раскрсница-детелина Doh
2. Која е оваа клучка кај тутунски комбинат???


Сања ги побркала лончињата... Место раскрсница пишува клучка и обратно Crazy


3. Уредување на коритото на Вардар... Ohno За кејот и плажите се мисли изгледа


За жал тоа е


Posted By: vardar
Date Posted: 26-Mar-2008 at 23:34
 

ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА СЕ ВРАЌААТ ВО ЖИВОТ

„Водовод“со ќар од милион евра

За разлика од 2006 година, кога речиси сите јавни претпријатија беа во загуба, во 2007 четири претпријатија остварија добивка

По повеќегодишни загуби и нерентабилно работење, дел од градските јавни претпријатија лани остварија позитивни финансиски резултати. Минатата година четири од шесте претпријатија ја завршија со добивка, додека на листата со загубари се само Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ со минус од 1,4 милион евра и „Улици и патишта“ со загуба од околу 260 илјади евра.

Претпријатијата „Градски паркинг“, „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ година може да се пофалат со минимална добивка за 2007, но затоа „Водовод и канализација“, кој во 2006 година беше во длабока була, за лани бележи бруто-приход од околу 76 милиони денари, односно 1,2 милион евра. Вкупните приходи во 2007 година се резултат главно на покачувањето на цената на водата. Расходите се за 31 отсто повисоки во однос на 2006 година, како резултат на извршените вредносни усогласувања на тужените предмети - се вели во завршната сметка на „Водовод“.Во извештајот се појаснува дека во 2006 година загубата на претпријатието изнесувала 173 милиони денари или околу 2,8 милиона евра. Тогаш директор на „Водовод“ беше сегашниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Најмала добивка има „Градски паркинг“, кој за разлика од другите, претставува профитабилно претпријатие. Иако лани цените за паркирање беа зголемени, објаснувањето за малата добивка се инвестициите во опремувањето на паркиралишта, набавката на три нови пајак-возила и вработувањето на 40 лица.

„Паркови и зеленило“ лани остварило добивка од 77 илјади евра, а „Комунална хигиена“ е во плус од 262 илјади евра.Загубата на ЈСП во 2007 година е намалена во однос на 2006 година и тоа за 9,8 отсто. Минусот од 1,4 милион евра ќе биде покриен со субвенции од градскиот буџет. Од Градот цела година апелираат до државните власти и тие да се вклучат во субвенционирањето на јавниот градски превоз, со цел претпријатието да работи рентабилно, но и да се овозможи намалување на цената на билетите. Лани ЈСП оствари негативен финансиски резултат поради неекономската цена на превозот, дополнителната загуба во летниот период и поради намалување на бројот на патници за 47, 5 отсто - се вели во извештајот на ЈСП.Загубите во „Улици и патишта“ се поради постојаниот пораст на цените на битуменот, нафтата, горивото, неповолната состојба на механизацијата и слабата конкуретност при учеството на јавни конкурси.Инаку, 2006 година сите јавни претпријатија, освен „Паркови и зеленило“, ја завршија со загуби, а вкупниот збир на минусот изнесуваше шест милиони евра.

Јорданка Ивановска

 

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=876278D2606F2147BBA8AEAEFAD8B0CF - Dnevnik

 
 
 
Ова со водовод е за поздравување  Cheers  само токму следното мое прашање(што ќе прават со профитот(замена на застарени штетни цевки?)) го видов во делот за градски паркинг.  Ohno  За инвестиции за инфраструктура и набавка на нови возила да, ама 40 НОВИ вработени за една година????? Ова ми личи како што викаше Пбанкс за аеродромот.... конечно профитабилно претпријатие  и не да инвестираат во нешто корисно... него бутај љуге блиски до власта....и 100-150 иљада евра наместо за нов пајак или нешто слично отидоа за плати .....Wallbash


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Mar-2008 at 13:51
По мое мислење паметно. Немаше никаква логика само тоа сегментче да остане во коцка.

ТРЕТИОТ ДЕЛ ОД УЛИЦА МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ АСФАЛТИРА
И коцката од пред хотел "Бристол" отиде во историјата
Градските власти оцениле дека коцката треба да се отстрани и сообраќајниот дел од улица Македонија да се асфалтира

Коцката од третиот дел на улица Македонија кај хотел "Бристол" ќе биде заменета со асфалт. Работници од ЈП"Улици и патишта" по наредба од Градот вчера ги отстрануваа коцките и ја подготвуваа улицата за асфалтирање. Иако овие коцки се симбол на старо Скопје, градските власти оцениле дека тие треба да се отстранат и улицата да добие нов модерен лик.
"По наредба од Градот коцките веќе нема да бидат дел од коловозот на овој дел од улица Македонија. Ние денеска ќе ја тампонираме улицата и наредната недела ќе се почне со нејзино асфалтирање. Градежните работи нема да ги вршиме ние, бидејќи немаме електронски финишер, туку ГП'Маврово'. Ова е централна улица по која се стигнува до републичкото Собрание и затоа сакаме да ја направиме како што треба", велат од ЈП"Улици и патишта".
Отстранетите коцки ќе бидат однесени во депото на ЈП"Улици и патишта". Пред неколку месеци Фондацијата Милениумски крст јавно побара коцките да им бидат донирани за да се поплочи просторот околу крстот на Водно. Од ЈП"Улици и патишта" велат дека таквото барање стигнало до нив, но тие го препратиле до Градот, а оттаму се уште не добиле одговор дали коцките ќе можат да ги донираат на Фондацијата Милениумски крст. (А.А.)



http://www.vest.com.mk/default.asp?id=149352&idg=8&idb=2335&rubrika=Skopje


Posted By: ProMKD
Date Posted: 28-Mar-2008 at 16:16
Previous
E ova me raduva. Zemjata ispod kockata e propadnata na celata ulica i ima enormni vdlabnatini nasekade, poniski koli duri i ne mozat da vozat tuka, a za povisokite pak e neprijatno. A i ne ke bide losa rabota da gi doniraat kockite za na krstot - samo ne mi e jasno zasto gi baraat tokmu kockite za na krstot? Baraat evtino resenie ili sakaat 'avtenticen' izgled? Podelen sum okolu toa dali kockata ili asfaltot se podobri za tamu gore. Verojatno se raboti za prostorot okolu krstot kade sto sega e zemja - bidejki asfaltirana velosipedska pateka do gore vekje postoi


Posted By: ProMKD
Date Posted: 31-Mar-2008 at 22:42
WTF!!!!!!!!!!!!!!!
РАДСКИТЕ ВЛАСТИ СЕ ПРЕМИСЛИЈА
Коцката останува на третиот дел од улица Македонија
Откако голем број граѓани реагирале во Град Скопје дека менувањето на коцката со асфалт е лоша идеја, градските власти ја сменија одлуката

Третиот дел од улица Македонија нема да се асфалтира туку повторно ќе биде поставена коцката од времето на старо Скопје. Откако беше објавена информацијата дека коцката пред хотелот "Бристол" ќе оди во историјата и ќе биде заменета со асфалт, голем број граѓани се јавија во нашата редакција и во Град Скопје да реагираат дека ваквата одлука е лоша и со неа се уништува автентичноста на овој дел од градот.
"Ова е срамота. Како можеше да им текне да ја менуваат коцката со асфалт. Па таа и Старата железничка станица се единствениот симбол на старо Скопје во центарот на градот. Е па, следен чекор на градоначалникот Костовски нека му биде уривање на Старата железничка и на нејзиниот место нека изгради нова зграда", се дел од реакциите на граѓаните што се јавија во нашата редакција.
Слични вакви коментари голем број граѓани искажале и доградските власти, по што тие експресно донеле одлука коцката повторно да се врати на третиот дел од улица Македонија.
"Од вторник ќе почнеме да ја редиме коцката на улицата. До кројот на неделата работите ќе бидат завршени, по што улицата ќе биде пуштена за сообраќај. Јас лично бев против идејата на Градот коцката да се замени со асфалт и добро што надлежните во Градот се премислиле навреме и сепал одлучија коцката да остане и да не потстува на старо Скопје", вели Илија Мартиновски, директор на ЈП "Улици и патишта". (А.А.)


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=149472&idg=8&idb=2337&rubrika=Skopje


Posted By: La Linea
Date Posted: 01-Apr-2008 at 18:32
Previous Па супер! Коцката не само што изгледа многу поубаво отколку асфалт, туку и е многу попрактична кога станува збор за прекопување и слично, бидејќи коцките само се вадат и после се враќаат, без да остави некакви очигледни траги како што би имало кога улицата би се прекопувала. И дај не заебавај, секаде во свет се зачувуваат коцките...

А Старата железничка станица и коцката се ЕДИНСТВЕНИОТ симбол на старо Скопје?! Пази го симболов на старо Скопје - КОЦКАТА пред Бристол!! А што е Бристол,  ТИПО и Ристиќева палата и еден куп други згради?


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Apr-2008 at 18:35


Па зарем не беше доволно прекопување???

Плус тоа не гледам што менува еден таков краток сегмент дали ќе бил од коцка, дури и да ги подржував аргументите за таа да остане. Мене надлежните ми изгледаат ко муви без глава.


Posted By: La Linea
Date Posted: 01-Apr-2008 at 18:44
Originally posted by Cloverstack



Па зарем не беше доволно прекопување???

Плус тоа не гледам што менува еден таков краток сегмент дали ќе бил од коцка, дури и да ги подржував аргументите за таа да остане. Мене надлежните ми изгледаат ко муви без глава.


Изгледа никогаш не е доволно прекопување...

Па што им менува дали е  коцка на надлежните? Повеќето ја сакаат таа коцка, а и супер си е со коцка заедно со Бристол и стара железничка па нека не чепкаат.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Apr-2008 at 18:46
Пред стара железничка сепак не е коцка туку асфалт. А да се зачувува коцка на само толку краток сегмент ми е малку бесмислено...


Posted By: ProMKD
Date Posted: 01-Apr-2008 at 22:09
Глупости. Во цело скопје останаа 150 метри глупава коцка и сега да ја чуваме за што? Зашто 20 граѓани се јавиле у дневник да се пожалат..


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 01-Apr-2008 at 22:23
И мене ми е глупава идејава со коцката. Се замислуваме Париз со булевари коцка, перфектно наредени и долги со километри. Мислам на овие 150 метри глупаво е што воопшто се води дебата што ќе се стави.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Apr-2008 at 23:17
Баш би сакал некој поголем дел од пешачката зона во Мал Ринг да биде поплочен со ваква старинска гранитна коцка, наместо мало сегментче од улица по која е дозволен сообраќај, ама тоа е веќе сосема друга приказна...


Posted By: blejdsk
Date Posted: 01-Apr-2008 at 23:36
dobro ,,sigurno ke ja sredat taa kocka i ke bide solidno napravena ,,,,,a ne kako prethodno so krateri na site strani ..


Posted By: blejdsk
Date Posted: 08-Apr-2008 at 23:16

Се враќа коцката на улица „Македонија“

Од вчера почна да се реди коцката на третиот дел од улицата „Македонија“. Враќањето на коцката на оваа фреквентна сообраќајница во центарот градот ги подгреа надежите на корисниците на оваа улица дека таа наскоро ќе биде предадена во употреба откако неколку месеци беше затворена за сообраќај поради изведба на нова канализациска мрежа. (Дс.Т.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=8AA1C49E0D266C46B915D207499F52FE - http://utrinski.com.mk/?ItemID=8AA1C49E0D266C46B915D207499F52FE



Posted By: vardar
Date Posted: 02-May-2008 at 13:32
Интересна и актуелна тема сегде низ светот....кој модел е подобар/поефикасен ЈП (Јавно Претпријатие) или ЈПП (Јавно-Приватно Претпријатие)??? Јавните претпријатија се катастрофа и треба да има промени но дали е подобро да им се одврзат рацете на јавните претпријатија да си ја вршат работата(отпуштања и ценовни покачувања итн.... ) или пак целата одговорност да се предаде на приватњаци.....што мислите вие??????
 
 
ПРИВАТИЗАЦИЈА НА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА
Англичани, Австријци и Словенци сакаат да го купат "Улици и патишта"
Приватизацијата на "Улици" треба да покаже дали на ист начин да се приватизираат и останатите јавни градски претпријатија

Англиска, австриска и словенечка фирма се заинтересирани да стопанисуваат со ЈП "Улици и патишта". Од претпријатието велат дека, покрај нашето градежно претпријатие "Гранит", интерес да ги крпат дупките низ Скопје покажале и три странски фирми.
"Рано е да зборуваме дека некоја од овие фирми наскоро ќе биде сопственик на дел од ЈП 'Улици и патишта'. Има уште многу работа. Треба консултантска куќа да направи процена на претпријатието, за да можат идните сопственици да знаат во каква состојба се наоѓаме. Потоа треба да се распише јавен оглас. Ќе ја одбереме фирмата која ќе понуди најмногу влезен капитал и најсовремени машини и опрема. За целата оваа процедура требаат околу две години", вели Илија Мартиновски, директор на ЈП "Улици и патишта".
"Улици и патишта", според планот на градските власти, ќе биде пилот-проект во процесот на приватизација на јавните претпријатија. Ако овој принцип се покаже успешен, по тој модел ќе оди и трансформацијата на другите претпријатија кои се под капата на Градот.
Од претпријатието велат дека, и покрај приватизацијата, доминантен сопственик на "Улици " ќе биде Градот. Претпријатието ќе се трансформира по моделот јавно - приватно претпријатие, што значи дека управувачкиот пакет ќе го задржи Градот, а странската фирма би имала помал дел од сопственоста. Претпријатието со години наназад бележи загуби во работењето, работи со блокирани сметки поради долгови, а опремата со која располага е стара и дотраена. Градските власти одлучија дека за спас на претпријатието неопходно е во него а влезе и приватен капитал. (А.А.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=150866&idg=8&idb=2362&rubrika=Skopje - Vest
 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-May-2008 at 13:49


Со изборот на моделот не се завршува приказната, туку за успех или неуспех пред се одлучуваат други фактори (во самото општество и институциите) како одговорност, работа, стручност, отчет... Ако овие недостасуваат, џабе е било каков, па дури и идеален модел.


Posted By: vardar
Date Posted: 02-May-2008 at 14:01

Заклучокот ти е на место но како напред....можеби некои од овие фактори ќе се "решат" со самиот модел.....на пример сите сме свесни дека има голема разлика помеѓу државна и приватна фирма (што се очекува од работникот итн). После сите приватизации има масовни отпуштања можеби тука лежи проблемот со ефикасноста, мотивацијата, одговорноста.....



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-May-2008 at 15:45
И ти си во право, ама јас не зборев конкретно за факторите во претпријатијата, туку преовладувачките фактори во општеството воопшто. На крајот на краиштата една ластовичка секако не ја прави пролетта. Поентата е дека причините за тоа какво општество и држава сме се многу длабоки. Како нација ни треба генерално менување на свеста и менталитетот. Без тоа, никакви модели и шминки нема да ни донесат суштински напредок.


Posted By: blejdsk
Date Posted: 03-May-2008 at 18:56
Kaldrmata e skoro gotova na Ul,Makedonija




-------------





Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-May-2008 at 15:31
Ваљда нема да измислат некое ново прекопување сега...

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=76E939B07F648F44B64DF9A4BCB5EAAB - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=76E939B07F648F44B64DF9A4BCB5EAAB

Улицата Македонија конечно готова

Третиот дел од улицата Македонија, на потегот од улицата Даме Груев до Мито Хаџивасилев-Јасмин е пуштен во сообраќај. Со тоа заврши комплетната реконструкција на оваа улица, што Општина Центар ја вршеше во изминативе четири години.Овој дел пролетва третпат беше раскопан поради обнова на водоводната мрежа и поставување нова атмосферска канализација. Со замената на инсталациите, чиј капацитет не ја задоволуваше бројноста на граѓаните и на градбите, ќе се спречат поплавите по секој пороен дожд - велат од Општината Центар. Во рамките на овој проект извршена е и комплетна реконструкција на коцката од коловозот. Лани Центар ги реконструираше тротоарите на овој дел од улицата и постави клупи, канти за отпадоци и комплетно ново осветление.  Поставени се и нови рабници, електрична инсталација и осум канделабри. На тротоарите има и заштитни столпчиња за да се спречи паркирањето на возила, со што ќе се заштити гранитот. Овој дел од улицата доби и девет клупи, шест жардиниери и 11 канти за отпадоци, а засадени се и осум дрвја од видот лириодендрони, какви што има на првите две делници. Клупите имаат сосема нов дизајн, тие се полукружни, но помали - велат општинските власти.

(А.П.)




Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Sep-2008 at 09:57
Започна изградбата на источната трансферзала

Во месноста Бејбунар денеска на свечен начин беше означен почетокот на изградбата на источната трансферзала која во голема мерка треба да го растовари одвивањето на сообраќајот во Охрид, особено во летната туристичка сезона. Во првата фаза ќе бидат изградени 850 метри од бензинската пумпа Билјанини извори до Бејбунар и уште 150 метри од тука  до ул. „Баталјон Мирче Ацев“.


Почетокот на работите гo означи градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, кој истакна  дека до крајот на оваа година улицата ќе биде пробиена и пошљунчена, а догодина истата ќе биде асфалтирана.  „Оваа улица е од големо значење не само за граѓаните кои гравитираат во овој дел на градот, туку и за туристите кои ќе патуваат од плажите кон Битола, со што во многу ќе се растовари сообраќајот на лето“, рече Петрески.

Тој напомна дека покрај оваа улица, годинава ќе биде пробиен и патот од старата автобуска до „Туристичка“, ќе биде завршена улицата „Живко Чинго“, а ќе биде изградена и новата улица помеѓу Жито Леб и Монополот која ќе ги поврзе населбите 15 Корпус и Видобишта.
Петрески во изјава за медиумите најави и завршување на канализационата мрежа и колекторскиот систем во Велгошти, Лескоец и Пештани со што како што рече, Охрид 95% ќе биде опфатен со канализација.


http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=7241


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Sep-2008 at 23:23
Ништо посебно, чисто поради евиденција.....

ОВАА ГОДИНА ПРОЕКТ, В ГОДИНА РЕАЛИЗАЦИЈА

Ќе бидат санирани дупките и слабите огради на скопските мостови

Со проектот се опфатени десет сообраќајни и два пешачки моста, на кои нема да се прават поголеми градежни зафати, односно нема да се интервенира во конструкциите


На Мостот Гоце Делчев има пукнатини, иако пред пет години беше
целосно реконструиран

Градските власти за еден месец ќе распишат јавен повик за изработка на проект за санација на мостовите на реката Вардар. Станува збор за најавеното уредување на коловозните и на тротоарските површини на мостовите, како и за санација на оградите и на осветлувањето. Од Градот велат дека нема да се прават поголеми зафати, односно нема да се интервенира во конструкциите на мостовите. Со проектот се опфатени десет сообраќајни и два пешачки моста.Во Градот велат дека оваа година ќе се изработи проектот, а идната ќе се реализира. Објаснувањето е дека во Буџетот за 2008 година биле предвидени средства само за изработка на проект. Сепак, до реализација на проектот, ќе се одвива тековно одржување на мостовите.Ако во меѓувреме на одредени мостови се појават поголеми оштетувања на тротоарите и на коловозите, истите ќе бидат интервентно санирани. Главна цел е поголема безбедност на возачите и на пешаците. Оваа година извршивме замена на оградата на надвозникот „Дијамант“ во Автокоманда, а беше санирана тротоарската површина и осветлението на мостот кај Народна банка - велат градските власти.

По налог на градоначалникот Трифун Костовски ,Секторот за урбанизам направи анализа за потребата од санација на сите мостови во Скопје. Проектната анализа требаше да покаже во кој обем ќе се санираат мостовите. При правењето на анализата стручните екипи требаше да ја утврдат состојбата на коловозот, тротоарите, оградите, осветлувањето и на конструкцијата на мостовите. Исто така, се правеше процена за времето и за парите потребни за реализација на санацијата. Според извештајот, скопските мостови немаат големи оштетувања.

- Евидентирани се помали оштетувања на коловозите и на тротоарите, слабо осветление и оштетувања на дел од оградите на дванаесетте моста - велат во Градот.На некои од скопските мостови не им е безбедна оградата, имаат искршени тротоари или пукнатини. На Мостот Гоце Делчев, кој иако пред пет години беше целосно реконструиран, сега има пукнатини што оставаат сомнеж за неговата безбедност.Во најлоша состојба е Мостот Обединети нации во Карпош. Пред неколку години градските власти зборуваа како на овој мост му е потребна целосна реконструкција, но истовремено даваа изговори дека не можат никако да најдат пари за таква реализација. На Мостот Слобода кај хотелот „Холидеј ин“ му треба поиздржлива ограда. Таму се чести сообраќајните несреќи при кои возилата ја кршат оградата.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5582E42B293D5043955ED2CE9EC7423A




Posted By: vardar
Date Posted: 09-Oct-2008 at 04:10

Променет сообраќаен режим на мостот „Гоце Делчев“

На мостот „Гоце Делчев“ од утре ќе биде променет сообраќајниот режим. Промената следува поради реконструкција на мостот и е во согласност со основниот сообраќаен проект за привремен режим на сообраќајот на булеварот „Гоце Делчев“, соопштуваат од Градот. Сите учесници во сообраќајот треба да се придржуваат кон изменетиот режим додека траат градежните зафати и да ја почитуваат новопоставената сообраќајна сигнализација. (Сн.К.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DF37AF24191E44479907D796E275CF1F - utrinski


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Oct-2008 at 18:35
За меѓуградски сообраќај немаме посебна нишка, па овде ќе постирам.

Во тек е постапката за категоризација на автобуските станици

Министерството за транспорт и врски информира дека во тек е постапката за категоризација на автобуските станици во државава, преку што ќе се овозможи воведување ред во внатрешниот и меѓународниот автобуски превоз. За целосно категоризирање на автобуските станици во земјава, во Министерството за транспорт и врски е формирана комисија во која членуваат и претставници од општините во  Македонија.

Како што се вели во соопштението од министерството, врз основа на поднесени барања од страна на стопанствениците на автобуски станици, Комисијата за определување на категоризацијата на автобуските станици врши мониторинг на опременоста на автобуските станици согласно Правилникот за потребната опрема и начинот на определување на категоризацијата на автобуските станици кој произлегува од Законот за превоз во патниот сообраќај.

Во Македонија веќе се категоризирани автобуските станици во Скопје и Виница, а до Министерството за транспорт и врски барање за определување на категоризацијата поднеле уште 14 стопанственици на автобуски станици за кои постапката за категоризација е во тек.

Министерството за транспорт и врски ги повикува сите стопанственици со автобуски станици во најкус можен рок да достават барање за определување на категоризацијата со цел доследно применување на Законот за превоз во патниот сообраќај и целосна имплементација на категоризацијата на автобуските станици во Македонија со што ќе се овозможат подобри услови за работење на самите стопанственици, но ќе се обезбедат и подобри услови за граѓаните кои се корисници на автобускиот превоз.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=41991&kategorija=1




Posted By: beTon
Date Posted: 14-Oct-2008 at 10:23

http://bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=261:kamioni&catid=14:vesti&Itemid=26&strana=16 - Тешките камиони ќе одат на битолската обиколница

Ќе се асфалтираат десет од тампонираните улици и уште четири други кои допрва ќе се реконструираат

Битола - Финишира реконструкцијата на битолските сообраќајници и улици што започна оваа градежна сезона. Од денеска околу 15 од тампонираните патишта, меѓу кои и транзитната обиколница која е дел од магистралниот пат М-5, ќе се асфалтираат. Со тоа се очекува сообраќајот да се пренасочи на обиколницата и градот да се растовари од движењето на тешките товарни возила по тесните градски улици. Работите ќе ги изведува градежната фирма „Маврово инженеринг“, која го доби тендерот распишан од Општината.

„Ќе се асфалтираат десет од тампонираните улици и уште четири други кои допрва ќе се реконструираат. Тука влегуваат ’Индустриска‘, ’Никола Тесла‘, улиците ’Пецо Божиновски‘ и ’Столарска‘, ’Широка‘, како и улицата ’Железничка‘, така што ќе се доврши и кракот од магистралата М-5. За една недела ќе се асфалтира и улицата ’Прилепска‘“, вели Зора Симјановска, раководителка на Комуналното одделение во Општина Битола.

Напоредно со асфалтирањето, новата транзитна обиколница, која зафаќа 2.300 метри, ќе добие и осветление. Светилки ќе бидат поставени во должина од три километри.

Реконструкцијата и изведувањето на подземната инфраструктура на сообраќајниците и помалите улици на периферијата од градот се финансирани од буџетот на Општината, додека, пак, изградбата на обиколницата, со која се очекува да се растоварат дел од сообраќајниците во градот од тешките товарни возила, се гради со средства на Европската агенција за реконструкција.

http://bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=261:kamioni&catid=14:vesti&Itemid=26&strana=16 - Битола Инфо

http://bitolski.makmreza.com/FullInfo.aspx?NID=353671c8-e8da-4c97-9864-a6df430a7a02 - БИТОЛА ЌЕ ДОБИЕ НОВ, ЕВРОПСКИ ЛИК - Битолски Весник 06.08.2008

Веќе подолго време Битола наликува на вистинско градилиште. На многу делови од градот, градежната оператива на “Гранит”, “Нискоградба”, “Мак-Строј”, “Урбан инвест’ интензивно работат на довршување на голем број од започнатите инфраструктурни проекти. Се работи би рекле ударнички, дури и на температура од плус 35 степени. Додека илјадници наши сограѓани во овие топли августовски денови се разладуваат покрај дебелите сенки и ладните езерски и морски води, градежните работници и локалната самоуправа на Битола, под будното око на градоначалникот Талески се “капат” во пот и интензивно работат на довршување на започнатите инфраструктурни објекти. Деновиве во локалната самоуправа во Битола, дури во шега ни рекоа дека поради големиот број започнати работи на голем број проекти, градежната оператива не може да ја следи динамиката на изведување на работите, па се чувствува недостигот од градежна работна сила и механизација во градот.
 Навистина во Битола ваква динамична изградба на толку многу инфраструктурни проекти одамна немало. Активностите на голем број инфраструктурни објекти беа повод за ова летно интервју со градоначалникот Владимир Талески.

Битолски весник: Господине Талески на кои проекти моментно е сконцентрирана локалната самоуправа?
Владимир Талески: Работиме на повеќе приоритетни проекти кои се дел од Програмата на Советот, што тој ја носи секоја година. Таа програма е многу обемна, бидејќи проблемите кои ги наследивме од претходната власт на СДСМ беа големи. Ние се трудиме во рамките на нашите можности и во зависност од големината на буџетот, дел од тие проекти, предвидени со Програмата да ги реализираме. Воедно, како локална самоуправа аплицираме за добивање на средства за одредени проекти од Владата, а со нашето аплицирање успеваме да добиеме позитивен одговор за одредени донации, финансиска поддршка и од европските фондови. Во ова прилика сакам да нагласам дека истовремено, има доста и битолски приватни претпријатија кои ни помагаат и од повеќе аспекти се обидуваме да реализираме поголем дел од она што е приоритет во градот.

Б.В.: Општ впечаток на јавноста е дека во реализацијата на сите овие проекти влеговте доста амбициозно. Дали и Вие го делите таквото мислење?
В.Т.: Како локална власт навистина влеговме во остварувањето на една амбициозна програма, за која сметам дека со поддршка на јавните претпријатија, на нашите раководители, на јавната администрација во Општината и поддршката која секојдневно ја добиваме од граѓаните, се обидуваме да ја реализираме максимално колку што можеме. Но знаете, покрај испланираните обврски излегуваат и некои други работи кои не биле предвидени и треба дополнително да се реализираат. Активностите кои се однесуваат на асфалтирањето, главно досега ги изведува градежната фирма “Гранит” и тука навистина имаме една обемна работа и се обидуваме да опфатиме што повеќе пунктови во градот.

Б.В.: Според Вас кој е најкрупен инвестиционен проект што моментно го изведувате?
В.Т.: Проектот на улицата “Прилепска” која се протега до улицата “Железничка” е еден од најкрупните проекти за оваа градежна сезона, а е дел од проектот М5 кој го добивме преку Програмата Интерект 3. Тој не само што е најголем, туку е и најскап проект, чија вредност е околу 750 илјади евра и со него е предвидено комплетно асфалтирање на целиот тој дел со промена на азбестните водоводни цевки, и се она на што стручните екипи ќе делуваат.

Б.В.: До каде се активностите за реализација на проектот за влезот во градот?
В.Т.: Проектот за влезот на Битола дополнително се наоѓа во Владата на ревизија и доколку не постојат одредени проблеми со прашањата за експропријација, мислам дека ќе се реализира и тој крупен проект во градот.

Б.В.: Изминатиот период бевте преокупирани со асфалтирање на голем број улици. Кажете ни кои улици се комплетно завршени?
В.Т.: Веќе се завршени неколку улици во градот како: “Ружа Делчева”, “Васко Карангелевски”, “Социјалистичка”, “Народни херои”, “АСНОМ”. Деновиве ќе се асфалтира дел од улицата “Железничка” и потоа екипите ќе се префрлат кон асфалтирање на улицата “Прилепска”. Потоа ќе се премине кон реализацијата на проектот М5, кој е доста комплициран и сложен зафат од делот на улицата “Прилепска” каде што е Ветеринарната служба, и оттаму до мостот ќе се копа целата улица, ќе се менува канализацијата и по нејзиното покривање и тампонирање, истата ќе се асфалтира. Бидејќи овој дел од градот е доста фреквентен, тој дел ќе го оставиме за на крај и сите капацитети ќе ги насочиме кон реализацијата на тој проект.

Б.В.: Оваа година конечно започна реализацијата на улицата “Железничка”, која беше долги години “чир на градот”?
В.Т.: Улицата “Железничка” ја ветивме и како што можеме да видиме истата и ја реализираме. Во голем дел таму покрај училиштето “Коле Канински” веќе е комплетирана целата подготовка за асфалтирање, решено е и прашањето со експропријација, отстранети се објектите кои пречеа, се изведуваат тековни активности и за брзо време улицата “Железничка” ќе биде финиширана во оваа градежна сезона.

Б.В.: Оваа градежна сезона многу се работеше и на дотерување на градот, на поплочување и уредување на тротоарите и другите површини?
В.Т.: Интервенираме и во градските средини. На пример, го завршивме делот од спротивната страна на Саат кулата. Таму се поставени канделабри, патеки. Деновиве започнаа активностите за изградба на пешачка патека од мостот до следниот мост, спроти “Саат кулата”. Пред Судската зграда се поставува патека идентична со патеката пред Општинската зграда, пешачки патеки се поставени наспроти Автобуската станица. Исто така на улицата “Борис Кидрич” ќе се постави комплетно нова пешачка патека, но претходно таму инфраструктурно ќе се реши осветлувањето и телекомуникациите. И тука на тој дел се планира дополнително и паркинг простор кој се надевам дека наскоро ќе заврши.

Б.В.: Доста бевте ангажирани и за изградба на спортски игралишта?
В.Т.: Се градат и спортски игралишта во повеќе училишта во градот и во селските средини. Тука заедно со Агенцијата за млади и спорт при Владата на РМ, се трудевме да им излеземе во пресрет на сите кои побараа изградба на такви спортски објекти. Ние во границите на нашите можности се обидуваме да ги задоволиме сите барања. Тука ќе помогнеме и со дополнителни средства од буџетот. Навистина реализираме доста проекти кои бараат доста финансиски средства, но Општината Битола има капацитет истите да ги реализира.

Б.В.: За реализација на сите овие инфраструктурни зафати, ќе признаете дека се потребни доста пари. Дали локалната самоуправа има средства за реализација на сите овие проекти и како се тие обезбедени?
В.Т.: Годинава, локалната самоуправа максимално се погрижи да ја реализира Програмата, бидејќи во изминатиот период успеавме да ги вратиме сите долгови што ги наследивме од претходната власт на СДСМ. Воедно со максимално домаќинско и ефикасно работење на локалната администрација успеавме во голема мера да го зајакнеме и буџетот на Општината.


Б.В.: До каде се активностите за ревитализација на “Тумбекафе”, проект кој исто така го најавивте дека ќе го реализирате до крајот на Вашиот мандат?
В.Т.: За проектот “Тумбекафе” веќе е прецизирано со директорите на јавните претпријатија како ќе се реализира сето тоа и воедно задолжен е човек од Општината, кој ќе го води проектот. Во тек е изготвувањето на План-програмата, тајмингот кога ќе се стартува и се како ќе изгледа. За поголема интервенција на “Тумбекафе” неопходен е детален урбанистички план, кој не се донесува за брзо време. Неговото донесување го очекувам кон крајот на годинава и затоа во меѓувреме работиме на чистење и средување на зелените површини, патеките, осветлувањето, поставуваме клупи за седење, корпи за отпадоци и правиме едно пријатно рекреативно катче за граѓаните. По донесувањето на ДУП, ќе избереме по пат на оглас најдобро идејно решение за проектот “Тумбекафе” и дури тогаш ќе размислуваме за еден поинаков изглед на ова место.

Б.В.: Најавивте изградба на споменикот на Филип Втори. До каде се активностите за неговата изградба?
В.Т.: Споменикот на Филип Втори е завршен и деновиве ќе пристигне во Р. Македонија. Споменикот се изработуваше во леарница во Нови Сад. Но, тој ќе биде ставен одредено време во мирување, бидејќи претходно сакаме инфраструктурно да го средиме местото каде ќе биде поставен. По завршувањето на инфраструктурниот дел и постаментот, споменикот ќе биде поставен.

Б.В.: Деновиве Битола беше прогласена за град во кој има најдобра бизнис-клима во конкуренција на 20 градови во Југоисточна Европа. Што претставува тоа признание за Вас?
В.Т.: Досега имавме добиено многу награди и признанија од значајни релевантни институции. Но, најмногу и се израдувавме на последната и најважната, а тоа е признанието што Светската банка ни го додели, бидејќи сме Општина која според нивните критериуми е најдобра во условите кои ги дава за таканаречениот “Дуинг бизнис”, и беше прекрасно да се чуе дека Битола како град на културата, град на конзулите, на клавирите, е прв град во бизнисот во споредба со 22 града од 7 земји од Југоисточна Европа. Имаме како Општина одлични оценки за работата и од реномираната УСАИД и од ЗЕЛС.

Б.В.: До каде се активностите за изградбата на Индустриската зона “Жабени”?
В.Т.: Индустриската зона “Жабени” е најдобро подготвениот проект и ниту една друга општина во државава нема изготвено таков проект. Индустриската зона “Жабени” е заокружена со целата документација и досега имам потпишано неколку градежни одобренија. Заедно со директорот на Индустриската зона и директорите на јавните претпријатија се договараме од кој дел и кога ќе стартуваме со инфраструктурните активности кои ќе ги направи Општината Битола.
 Во Индустриската зона партиципира Општината која ќе ја среди целокупната водоводна мрежа, одводната канализација, атмосферската и фекална канализација, ќе се среди телефонијата, се инфраструктурно ќе се среди и по примерот на светските индустриски зони и ќе направиме парцели кои кога ќе бидат готови, Владата ќе ги објави на тендер и заинтересираните да можат тоа регуларно да го добијат.
 Општината Битола убеден сум дека е во врвот на европските општини со својата подготвеност да се понуди пред идните инвеститори. Оние процедури кои би му одзеле време на секој еден инвеститор на пр. 6 месеци, сето тоа во нивно име го среди Општината. Имаме површина за крупни инвестиции од 86 хектари која е сега подготвена, со можност понатаму доколку има потреба да се развива во фази до 230 хектари, за идните 50-тина години. Индустриската зона оној момент кога ќе биде полна со објекти, предвидени се вработувања за 5.000 граѓани на Битола.
 Во оваа прилика сакам да кажам дека ќе мора да ги разочарам луѓето од СДСМ кои не обвинија каде се парите предвидени за електрификација на Индустриската зона “Жабени”, дека парите се наоѓаат во МЕПСО и одделени се за електрификација на Индустриската зона.

Б.В.: Деновиве опозицијата, преку пратеникот Јани Макрадули Ве обвини дека малку сте направиле во градот и изјавија дека ќе поднесат кривични пријави против Вас. Како ги коментирате Вие таквите изјави?
В.Т.: Некои луѓе од опозицијата кои деновиве ме нападнаа, живеат во некоја зона на самракот, немаат ниту преку советниците од нивните партии информации, ниту пак од граѓаните. Ревизијата која тие ја бараат, сакам да ги информирам дека е направена од страна на државните институции и из-вештајот го очекуваме. Некој од нив се чуди по кои крите-риуми Општината Битола напреднала, но во оваа прилика ќе ги информирам дека кога ги даваа изјавите, веројатно мислеле на некој друг дел од државата, претпоставувам на источниот. Во Битола имаме активности кои ја развиваат Општината, и жалам што некои поранешни наши сограѓани се луѓе кои својата душа ја дале на некој друг град.

Б.В.: Макрадули најави против Вас и поднесување на кривични пријави.
В.Т.: На минатонеделната вонредна седница на ЗЕЛС, градоначалниците од редовите на СДСМ не дојдоа и доставија писмо од Штабот на партијата во кое го откажаа учеството. Мислам, дека СДСМ се наоѓа во една голема криза. ЗЕЛС нема обврска да соработува со политичките партии и мислам дека врз градоначалниците партијата вршела притисок да го напуштат ЗЕЛС, да прават деструкции. Додека на состанокот разговаравме на таа тема, и настаните околу градоначалникот на Струмица Заев, и баравме начин за излез од ситуацијата, паралелно некој од СДСМ информиран за тој состанок дојде во Битола, мислејќи дека е во Струмица и почна да се занимава со криминалните теми. Но, ќе го информирам Јани Макрадули, дека криминал во Битола нема. Тој набрзина дојде во Битола, за да исчита некои фрагменти од неговите советници и во својата паника и очај за излез од кризата во која се наоѓа неговата партија, дури стана експерт за локални теми. Но, штом е експерт за локалните теми во Битола, еве јавно го повикувам да повели на престојните локални избори нека биде мој противкандидат од СДСМ. На сите ние е познат последниот резултат од предвремените избори, можеби Макрадули истиот ќе го смени, но во која насока ќе видиме.

Б.В.: Битола ги живее фестивал-ските денови на “Бит-фест” Колку сте задоволни од досега прикажаното на овој фестивал?
В.Т: “Бит-фест” годинава е преполн со културни настани. На стартот на фестивалот беа во план 75 настани и кажавме дека нема да се држиме строго до таа бројка. Годинава, имаме одлична соработка со организаторите на “Охридско лето”, дел од тие манифестации беа дел од Битолското културно лето. Тука ќе ги споменам настапите на “Леб и сол”, Влатко Стефановски и многу други. Првата половина на август ќе имаме чест да ја видиме преставата на Питер Брук, врвно име во светската театарска уметност.

В.М. Младеновска


 

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1043&Itemid=36 - ПОРАДИ ГРАДЕЖНИОТ БУМ ВО БИТОЛА: Поместен рокот за нова улична сигнализација

Асфалтирањето на главните улици во Битола го одложи поставувањето на вертикалната и хоризонталната сигнализација. Фирмата “Вија Сигнал“ дури минатата недела почна да ги обележува пешачките премини и сообраќајниците, а замената на старите и поставувањето на нови сообраќајни знаци се уште не е почната. Според општински извори, се чека да се потпише договор со фирмата која ќе ги набави и постави сообраќајните знаци. На јавниот повик првоизбраната фирма не доставила навреме банковна гаранција, па според тоа општинските власти го избрале вториот најповолен понудувач, фирмата “Вија Сигналз“.

Замената на старите и поставување на нови сообраќајни знаци по еврпски стандарди, според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот донесен врз основа на овој Закон, требаше да се случи до крајот на декември минатата година.

Важно е да се напомене дека по иницијатива на Автомото друштвото од Битола до крајот на годинава дигитални одбројувачи на време треба да добијат сите семафоризирани крстосници. Во Битола од вкупно 11, досега вакви тајмери се поставени само на три крстосници. Ваквата иницијатива ја финансира Друштвото со вкупно еден милион денари. Според податоците на МВР, во Битола, во првата полвина на 2008 година, односно во периодот јануари-јуни се случиле 50 сообраќајни несреќи со настрадани, што претставува намалување за 13 отсто во споредба со лани, истиот период. Намален е и бројот на жртви, од пет на две, како и бројот на повредени лица од 97 на 74 во сообраќајна незгода.
http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1043&Itemid=36 - Porta3 - Н.Ч. - број 91



Posted By: BOJAN
Date Posted: 14-Oct-2008 at 10:32
Морам да кажам дека Битола нема толку капитални проекти како Прилеп. Не велам дека битолскиот градоначалник не работи ништо, но Прилеп последниве години е препороден, па доколку не сте биле последниве години нема да го препознаете.


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Oct-2008 at 12:42
Интересно. Оваа вест припаѓа и во Урбанистички планови но ќе ја поставам тука.

Мал офтопик: Цел тој потег убаво ќе се очисти без Топлификација, Алумина и да се надеваме и без Треска.

ЖИТЕЛИТЕ НА ТАФТАЛИЏЕ ЌЕ КУРТУЛАТ ОД ОТРОВНИТЕ ОЏАЦИ
"Топлификација" ќе се дислоцира
"Топлификација" ќе гради гасна централа, најверојатно, покрај Вардар, која нема да ја загадува животната средина, а треба да ја намали и цената на парното

"Топлификација" од населбата Тафталиџе ќе се дислоцира, најверојатно, покрај Кејот на реката Вардар, во делот каде што нема куќи и згради. Во Тафталиџе ќе остане само управата, а целиот производствен процес ќе се пресели.
Надлежните од "Топлификација" побарале од градоначалникот Трифун Костовски и од в.д. градоначалникот на Општина Карпош Сашо Димиќ, при подготвување на новиот Генерален урбанистички план да предвидат и нова локација на која ќе можат да ја преселат топланата. Новиот објект, всушност, ќе биде гасна централа според најсовремени технолошки стандарди, која речиси воопшто нема да ја загадува животната средина, а освен тоа се очекува и да ја намали цената на парното.
"Побаравме со ГУП-от да биде предвиден простор од 20.000 квадрати за изградба на нов објект. Нашиот објект сега се наоѓа на површина од 1.000 квадрати и не можеме да воведеме никакви нови технологии кои нема да ја загадуваат средината. Со тоа би се решиле постојаните проблеми кои ги имаме со граѓаните што се жалат дека ја загадуваме средината во која живеат", вели директорот на "Топлификација" Димитар Хаџи Мишев.
ОД "Топлификација" велат дека новиот објект ќе почне да се гради веднаш штом ќе биде подготвен новиот ГУП. Бидејќи оваа е голем и скап проект, за неговата реализација ќе се бара странски партнер, кој подоцна би се вклучил и во управувањето и стопанисувањето со "Топлификација".
Општина Карпош и Град Скопје понудиле неколку локации покрај Вардар кои би можеле да се наменат за изградба на гасна централа. Останува да ја утврдат конечната локација и да се направат измени на ГУП и на ДУП.
Со години наназад жителите на Тафталиџе бараат дислокација на топланата бидејќи се додека трае грејната сезона, тие не можат да си отворат прозорец од чадот и секое утро наоѓаат мрсни дамки на автомобилите, паркирани во близина на "Топлификација".


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=158561&idg=8&idb=2504&rubrika=Skopje


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Oct-2008 at 14:26
Макотрпна е изградбата на најголемата канализација во Македонија

Неиздавањето на градежните дозволи од општините е една од главните причини поради кои градските проекти доцнат и се создава сообраќаен хаос во градот, смета градоначалникот Трифун Костовски.

Тој додава дека за да почне да се реализира еден проект, треба да се обезбедат многу документи, градежни дозволи од една или од повеќе општини, бидејќи многу градби се наоѓаат на границите меѓу различни единици на локалната самоуправа. Мораат да се чекаат и сообраќајните решенија од полицијата за тоа како ќе се одвива сообраќајот додека траат градежните работи, а проблем создаваат и подземните инсталации, за кои нема соодветен катастар и не се знае каде се наоѓаат.

- Ние сме расчеречени од дозволите кои треба да ни ги издадат општините. Клучката кај хотелот „Континентал‘“ е дивоградба, бидејќи се наоѓа на тромеѓето меѓу општините Гази Баба, Центар и Чаир, а ние се уште немаме дозвола од општината Центар. Другите две општини ни ги издадоа одобренијата. Од истата причина не можеме да ја почнеме реконструкцијата на булеварот Илинденска, од фонтаната кај Градскиот парк до првите семафори кај Воената болница. За тоа имаме направено проект, издвоивме и финансии, но немаме согласност ниту од општината Центар, ниту од Карпош - вели Костовски.

Тој најави дека клучката кај хотелот „Континентал“ заедно со реконструкцијата на мостот „Гоце Делчев“ ќе биде готова до 13 ноември, а дека клучката кај Бит-пазар, како и средишното зеленило ќе се заврши до крајот на годината. Од денеска сообраќајот кај „Континентал“ ќе се одвива по две посебни сообраќајни ленти.

Општините што сè уште не издале дозволи за изградба на градските проекти сметаат дека тие не се причината за доцнењето и дека ако сите решенија се подготвуваат во согласност со генералниот урбанистички план нема да има никакви проблеми за да се изработи документацијата.

Од општината Центар објаснуваат дека не издале дозвола за изградба на клучката кај хотелот „Континентал“ поради тоа што таа не постои во Генералниот урбанистички план.

- Општината не може да издаде дозвола за изградба на објект кој не постои во ГУП. Клучката е изградена врз основа на проект кој не е предвиден во генералниот план. Се додека градските власти не го изменат планот и не го вметнат објектот во него, ние не можеме да издадеме градежна дозвола - истакнува Лидија Неделковска, шефица на кабинетот на градоначалничката на општината Центар, Виолета Аларова.

На овие тврдења од општинарите во Центар градските власти одговараат дека тие се надлежни за толкување на Генералниот урбанистички план, а не општините.

Сашо Димиќ, в.д. градоначалникот на Карпош смета дека општината не ги кочи градските проекти и дека за реконструкција на булеварот Илинденска се уште не можат да се усогласат трасите помеѓу градот и Карпош.

- Кога ќе го решиме тој проблем, ќе ја издадеме и дозволата - вели Димиќ. Р.З.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=214&ArticleID=9814




Posted By: evolutionary
Date Posted: 04-Nov-2008 at 10:14

Општина Центар


Реконструирана улицата Јоаким Крчовски


Општина Центар изврши реконструкција на водоводната мрежа на улица "Јоаким Крчовски" заменувајќи ги постојните цевки Ф-50 милиметри со нови челични цевки Ф-100. Истовремено беше поставена и атмосферска канализација со ПВЦ цевки Ф-300 милиметри.
- Досегашната водоводна мрежа и непостоењето на атмосферска канализација резултираше со проблем во водоснабдувањето на граѓаните од населбата и неможност за прифаќање и одводнување на атмосферските води. Со поставување на новата водоводна и атмосферска инсталација, Општина Центар го реши овој проблем на граѓаните. Во моментов работиме на поставување бетонски рабници со вкупна должина од 560 метри од двете страни на улицата, по што ќе следува тампонирање и асфалтирање - информираат општинарите.

Последната фаза од комплетната реконстуркција на оваа улица е изработката на нови тротоари од бехатон-елементи, со што улицата Јоаким Крчовски ќе добие комплетно нов изглед.

(Е.А.)

http://vecer.com.mk/?ItemID=925A4B0DFC3D454889354C4E3CDE701C


-------------
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Jan-2009 at 11:55
СКОПЈАНИ ЗА СКОПЈЕ
На градот му е неопходен трамвајски превоз

Активности кои се неопходно потребни во поблиска иднина се подобрување на јавниот градски превоз со изведба на трамвајски линии. Во меѓувреме треба да се обнови возниот парк на ЈСП, како и на приватните превозници. Само со набавка на нови автобуси нема воопшто да се подобри ситуацијата со превезени патници, бидејќи и тие возила ќе сообраќаат по веќе закочените улици. Со нов шински превоз - трамвај ќе се реши овој основен и најголем проблем. Исто така, приоритетна е изведбата на Јужниот булевар, решавање на најоптоварените крстосници кај комплекс банки, Судска палата, НИП „Нова Македонија“, Тутунски комбинат со кружен ток или со разминување на две нивоа. Тука е и изградбата на нови мостови кои ќе го зголемат протекот на возила од едната кон другата страна на Вардар, пробивање на подземниот коридор под просторот на „Мал ринг“, изградба на катни гаражи, со максимално почитување на намената, бидејќи сега има случаи кога објекти со намена за катна гаража се пренаменети во деловен простор. Важен е и еднаквиот третман во уредувањето на левиот и на десниот брег на Вардар како што е реализацијата на плоштадот Христијан Тодоровски - Карпош и делот во и околу Бит-пазар. Секако, уредување и одржување на Старата чаршија како меморија на градот и изградба на мини-плоштади во населбите. За се ова да се реализира, меѓу другото, потребно е да се донесе нов закон за град Скопје во кој ќе се редефинираат ингеренциите на градот и на општините.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1592&ArticleID=105166

Ова е мал чекор за Трифун, но голем за Скопје! Шала на страна, барем еве се спомнаа некој позначајни пректи за Скопје. Дали е ова само преизборно повтарање или не...незнам, не е ни битно! Шала на страна.....

Кој е овој плоштад Христијан Тодоровски Карпош?!?! Да не е булеваров, па новинариве нешто збркале?!

Малку ме збунија со Тутунски сега! Повторно се споменува некаков кружен ток, а има и некакви две нивоа...Дали е тоа што го има во ГУП-от или нешто сосема лаичики-градоначалнички замислено?!


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Jan-2009 at 11:57


Мислеле на Карпошово востание сигурно...


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Jan-2009 at 16:32
Во текстот што го постираше лсл не е наведено дали некого цитираат или парафразираат или е став на авторот или што побогу е тоа Roll%20eyes

Во секој случај да искоментирам:
Само со набавка на нови автобуси нема воопшто да се подобри ситуацијата со превезени патници, бидејќи и тие возила ќе сообраќаат по веќе закочените улици. Со нов шински превоз - трамвај ќе се реши овој основен и најголем проблем.
Е како тогаш трамвајот ќе бил решение кога и тој ќе се обраќа по истите веќе закочени улици??? Да се држеа до ГУП-от и до логиката, да се трудеа максимално да ја одвојат и денивелираат мрежата за трамвајот, тогаш да, и тоа како ќе држеше вода она тврдење. Но со ставање шини исклучиво по веќе постоечки ленти не гледам баш светла иднина!


Исто така, приоритетна е изведбата на Јужниот булевар, решавање на најоптоварените крстосници кај комплекс банки, Судска палата, НИП „Нова Македонија“, Тутунски комбинат со кружен ток или со разминување на две нивоа.
Да јужен е приоритет и конечно треба да се посветат на него наместо постојано да слушаме празни муабети.
Но ако разбираат што всушност е јужен булевар и како треба да ункционира, со него автоматски ќе се реши и проблемот кај Нова Македонија, без никакви импровизации какви што наметнуваат.
А и за другите локации нека не измислуваат глупости, како „магичното решение“ кружен тек. Нека почне да се комплетира примарната сообраќајна мрежа, тоа е единствено ефикасно и одржливо решение за скопскиот сообраќај, а не нивниве упади!


Тука е и изградбата на нови мостови кои ќе го зголемат протекот на возила од едната кон другата страна на Вардар
Колку е лесно да се каже... Освен празен муабет, дали некој мрднал со прст за некој нов сообраќаен мост? Дури и оној кој е најблизок до реализација (во продолжение на илинденска) веројатно ќе го чекаме со години, а за другите се уште нема ни празни најави...


Posted By: гитардемон
Date Posted: 31-Jan-2009 at 19:21
Доуредување на речното корито на Градската река во Прилеп
ПЕТОК, 30 ЈАНУАРИ 2009 18:20

Во Прилеп почна акцијата за доуредување на речното корито на Градската река. Деновиве се почна со изградбата на потпорниот ѕид кој недостасува, а кој е веднаш после мостот во населбата Димо Наредникот, односно тоа е потпорен ѕид на дел од улицата Кеј 9-ти Септември.

Вкупната должина на потопрниот ѕид кој треба да се изгради е 800 метри, а во првата фаза ќе се изградат 350 метри. Средствата за изградба на првата фаза биле обезбедени од Владата на Република Македонија, тоа се 7 милиони денари, а довршувањето ќе било направено со средства од општинскиот буџет.

Градоначалникот Марјан Ристеки, кој беше во посета на местото каде што се гради потпорниот ѕид, кажа дека Локалната самоупрва има план да го доуреди целото речно корито во неколку фази и тоа: прво со изгрдаба на потпрниот ѕид кој е почнат, потоа со уредување на самото корито, а во следната фаза било планирано доуредување на речното корито со слични зафати и во горниот тек на реката над малото мовче во близина на основното училиште Кире Гаврлоски кон Градскиот базен.


http://tera.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=3851:2009-01-30-17-21-54&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106 - http://tera.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=3851:2009-01-30-17-21-54&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Feb-2009 at 02:28

Почнува проширувањето на „Илинденска“ и кај Тутунски комбинат

Градот Скопје обезбеди градежни дозволи од општините Центар и Карпош

Сања Наумовска

Градот Скопје идната недела ќе започне со реализација на проектите за проширување на „Илинденска“ и на раскрсницата кај Тутунски комбинат. По средбата на градоначалниците на Скопје и на Центар, Трифун Костовски и Виолета Аларова, надминат е проблемот со издавањето на градежните дозволи, поради кои проектите беа ставени на чекање.

Проширувањето на раскрсницата кај Тутунски комбинат ќе започне паралелно со „Илинденска“. Планирано е проширување за уште една лента во сите правци на раскрсницата на улицата „Пролет“ и „Трета македонска бригада“, со што ќе се обезбеди полесен проток на возила. Една лента за вртење десно ќе се додаде покрај Основното училиште „11 Октомври“, која ќе продолжи по улицата „Пролет“ до спојувањето со булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“. Проширување ќе има и во спротивниот правец кон Аеродром.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=3D85E165641C124AAF8644C7E281520A


Posted By: гитардемон
Date Posted: 02-Apr-2009 at 20:26

Битола почнува нова градежна офанзива
Четврток, 02 Април 2009 16:54

NATASA_gradezni_rabori_sl_001

Општината Битола од денеска ги почна интензивните градежни зафати, односно ги продолжува инфраструктурните активности од минатогодишните договори кои поради временските услови беа прекинати. Една од локациите каде што се работи е улицата во населбата Карпош која се подготвува за нов асфалт. Ведна потоа ќе почнат градежни работи на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ" која е во лоша состојба.

-Се работеше водоводна инсталација која беше многу застарена, имаше многу прекопи, во моментот и Телеком поставува своја мрежа, потоа ќе вршиме асфалтирање - вели Зора Симјановска, раководител на општинско одделение за комунални работи.

NATASA_gradezni_rabori_sl_002

За ден или два, вели Симјановска, ќе почне да се санира и улицата „Иво Лола Рибар". Паралелно ќе се работи и во населбата Мал Париз.

-Пробиваме улица во Мал Париз која е со земјен коловоз, има постоечка водоводна мрежа, сега проверуваме дали има евентуално дефект во канализационата мрежа, ако има ќе ја реконструираме, постоа следува пробивање на улицата - додава Симјановска.

Освен коловозните санации, општината на неколку локации ќе изведува и подземни инсталации.

NATASA_gradezni_rabori_sl_003

-Во населбата Јени Маале продолжува реконструкцијата на водоводната мрежа, тоа со средства од државниот буџет, а со општинскиот буџет водоводна инсталација и канализација согласно програмата за уредување, работиме во населбата Буковски ливади. Таму ќе пробиваме и улица, „Апостол Здравевски" - вели Симјановска.

Градежните работи кои почнуваат овој период, се најавува дека ќе завршат за околу еден месец.

-Овие беа застарени улици од минатите години, со старост од 30 години, со право граѓаните реагираа - вели раководителката на одделението за комунални работи.

Со конституирањето на новиот совет следува формирање на нова комунална програма за новата градежна сезона.

- Приоритетите ги утврдивме, тие се утвредени и со развојните програми кои се однесуваат за период од три години - додава Симјановска.

Поголемиот дел од инфраструктурните и комунални актвности се финансирани од општинскиот буџет, а дел со пари од држаниот буџет. Општината и оваа година ќе настојува дел од потребните средства за реализација на проектите да обезбеди од ИПА фондовите за прекугранична соработка.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5996:xzcvzxvc&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5996:xzcvzxvc&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Apr-2009 at 10:54

СКОПЈЕ 151 НАЈДОБАР ГРАД ЗА ЖИВЕЕЊЕ ВО СВЕТОТ, А 138 СПОРЕД ИНФРАСТРУКТУРА

Скопје е рангиран на 151. место на годинашната листа најдобри градови за живеење во светот што традиционално ја изработува глобалната консултантска куќа „Мерсер“.

Македонскиот главен град годинава напредуваше за три места од лани кога беше 154. Најдобар град за живеење во светот е австриската престолнина Виена, а по неа се швајцарските Цирих и Женева. Во топ-10 најпожелни урбани центри на листата на „Мерсер“ се и канадскиот Ванкувер, Оукленд во Нов Зеланд, германските Дизелдорф, Минхен и Франкфурт, швајцарскиот Берн и австралискиот Сиднеј. Брисел е 14-ти, Берлин 16-ти, Париз 33, Токио 35, Лондон 38, Вашингтон 44, Њујорк 49, Рим 55, Москва 168,...

Во регионот најдобро рангирана е Љубљана на 78 место, Загреб е 103, Букурешт 108, Софија 112, Белград 137. Зад Скопје се Сараево на 157 и Тирана на 173 место. Најлош град за живеење во светот убедливо е Багдад.

На листата на „Мерсер“, пак, на градови со најдобра инфраструктура, Скопје е на 138. место. Прв е Сингапур, втор Минхен, трет Копенхаген. И на оваа листа најдобро рангиран град во регионот е Љубљана, на 95 позиција. Пред Скопје се уште и Атина и Загреб, а полошо пласирани се Белград, Софија, Сараево и Тирана. Последното место и на овоаа ранкинг листа го зазема Багдад.

„Мерсер“ ги врши рангирањата според конкретни критериуми како што се политичка и економска слобода и развој, социјална заштита, здравствениот и образовниот систем, јавниот транспорт, комуналните дејности... Во конкуренција годинава биле 420 градови во светот, а на конечната листа се рангирани 215.

„Мерсер“ е глобална консултанстка куќа со 18.000 вработени, со претставништва и клиенти во 180 градови и 40 земји во светот.

http://www.sitel.com.mk/?ItemID=F0DE64497D0CB045B6FFC8E8D5F47E39


Posted By: Supervisor
Date Posted: 29-Apr-2009 at 17:46
Ме интересира како го вршат ова рангирање? Како може Софија и Белград да имаат полоша инфраструктура од Скопје?
Мислам дека се е тука релативно и не може точно да се прецизира каде е "подобро" да се живее и тоа зависи од потребите на сите.
Единствено според стандардот можат да се споредуваат.


-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Apr-2009 at 17:52
ПА барем инфраструктура е лесно да се имери. Претпоставуем дека е некоја бројка (вкупно должина на булевари)/(пер капита) исто така и со водоводи и канализации. Другшпе незнам како би се вршело рангирање и доколку се оценуваат конкретно инфраструктурните зафати тога би требало да се дава субјективна оцена што е можност за грешка.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 29-Apr-2009 at 17:54
За Софија сега незнам но Белград дефинитивно има очајни улици, кршиш амортизери ако не го знаеш добро градот Smile


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 29-Apr-2009 at 18:47
Па ни Софија не е баш нешто прекрасна, ама не гледам зошто Скопје би бил подобар од нив. Не знам навистина како пресметале, но дефинитивно тие имаат и подобри автобуси, имаат трамваи (Софија има и метро), имаат ако ништо друго барем канализација низ целиот град, нема септички јами. Да не е нешто со споменици ова поврзано, кој има повеќе поубаво живее? Шала на страна, па тие имаат и повеќе зелена површина од Скопје, мислам дека ова зависи од податоците што ги даваат властите на тие што го прават рангирањето, не мерат тие сами (па затоа и вака добро котираме)

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 29-Apr-2009 at 18:58
Колку и да го критикуваме Скопје,не е толку лош.Има убави,широки булевари,мислам дека има доста зелени површини и ред други работи.

Софија навистина има метро,но е многу кратко,многу булевари се под нивото да европски град.Со напливот на нови возила има далеку поголеми автомобилски гужви во споредба од Скопје.Се случувало,од автобуска до излезот да изгубиме 2 часа.



-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Supervisor
Date Posted: 29-Apr-2009 at 19:19
Не е точно дека Белград има крш улици. Прво Само Нов Белград е речиси колку цело Скопје. Има многу повеќе булевари и Скопје е далеку од Белград.
Софија како што се напомена има полоши улици но има метро систем кој што се развива многу брзо и во никој случај нема полоша инфраструктура од Скопје.


-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 29-Apr-2009 at 21:03
Софија, најголемиот дел од булеварите се сеште покриени со лоша гранитна коцка, и очајно изгледаат. Мислам дека е единствен град кој има полоши улици од Скопје. Во секој случај е интензивно се гради, па не би се изненадил догодина да бидат пред Скопје.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 06-May-2009 at 23:52
Охо, гледам сте се расприкажале на темава во мое отсуство. Хм мислам дека и Белград а особено Софија имаат неспоредливо подобра инфраструктура од Скопје, ме интересира кои фактори ги зеле овие експерти во предвид штом пресудиле во корист на нашата метропола. Ова ме заинтригира доста, па утре очекувајте во Изградба во регионот подробно претставување на софиските улици и булевари.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-May-2009 at 00:47
Сите три града инфраструктурно се јадни, а за нијансите што пресудиле во наша корист не би шпекулирал ниту сум уверен дека заслужено сме го зазеле тоа место (кое и не е баш за гордеење). Само во кратки црти би истакнал огромни слабости кај Белград и Софија и би резимирал зошто ниту едниот ниту другиот град не се со неспоредливо подобра инфраструктура како што велиш, особено кога ќе се земе во предвид дека се дупло поголеми градови.

Белград со исклучок на новите делови е тотално закрчен. Со своите над 1,5 милиони жители сеуште нема ниту обиколница ниту пак внатрешен прстен. Има сосема недоволен капацитет на постојните мостови на Сава, а на Дунав има еден единствен мост. Најпрестижен дел од јавниот превоз е трамвајот кој е далеку од современ ЛРТ систем. Железничката инфраструктура е застарена и несоодветна - опасни товари им поминуваат буквално низ строг центар.

Софија со своите скоро 1,5 милиони жители е исто така закрчен град со несоодветна сообраќајна мрежа. Обиколницата (ако може така да се нарече) во најголем дел е обичен пат со две ленти и со крстосници наместо клучки. Дополнително, како што кажа УФ добар дел од нивните булевари се тотално субстандардни и јадни. Подземната железница во моментов е недоволно изградена за радикално да го подобри впечатокот. Воопшто на „макро“ урбанистички план градот е лошо и неефикасно организиран со доста импровизации и прикрпуван, што може да се види и на google earth.

Би се кладел дека и Белград и Софија имаат делови без атмосферска па и без фекална канализација како и Скопје. Сигурно има уште доста да се каже, но до толку не ги познавам градовите. А и за Скопје исто така може да се направи еден „симпатичен“ список. Како што реков, сите сме јадни и треба многу да работиме за тоа да се смени.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 13-May-2009 at 13:55
Е ајде од каде сега тоа дека подземната железница била недоволно развиена во Софија? Дополнително е тоа што се развива со многу брзо темпо.
Па нема врска тоа, погледни на урбанрејл и увери се.
И Белград и Софија се далеку светлосни години од Скопје, посебно Белград.
Скопје е примитивен град за нив.


-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-May-2009 at 15:25
Софиското метро едвај догура до 15 километри мрежа. Колкав е ефектот од таквата „развиена“ мрежа може да се види на затнатите софиски улици (далеку позатнати од скопските, а скопските не се баш некој завидлив репер). Инаку да, факт е дека метрото е најимпресивниот инфраструктурен адут на Софија и поентата ми беше дека тоа на моменталното ниво на развој не може од корен да ја смени целокупната состојба и радикално да ја преобрази општата слика.

За Белград како што гледам ништо не кажа освен што едноставно заклучи дека бил дури понапред.


Posted By: kire85
Date Posted: 28-Jun-2009 at 19:46
Eve nekoi interesni podatoci sto gi najdov na internet za infrastukturata na gradovite niz svetot....se raboti za rang lista na TOP 50 gradovi so najdobar standard na ziveenje i najdobra infrastuktura vo svetot.


Quality of Living global city rankings 2009 – Mercer survey


Mercer hardship allowance recommendations

 

Mercer evaluates local living conditions in all the 420 cities it surveys worldwide. Living conditions are analysed according to 39 factors, grouped in 10 categories:

  • Political and social environment (political stability, crime, law enforcement, etc)
  • Economic environment (currency exchange regulations, banking services, etc)
  • Socio-cultural environment (censorship, limitations on personal freedom, etc)
  • Health and sanitation (medical supplies and services, infectious diseases, sewage, waste disposal, air pollution, etc)
  • Schools and education (standard and availability of international schools, etc)
  • Public services and transportation (electricity, water, public transport, traffic congestion, etc)
  • Recreation (restaurants, theatres, cinemas, sports and leisure, etc)
  • Consumer goods (availability of food/daily consumption items, cars, etc)
  • Housing (housing, household appliances, furniture, maintenance services, etc)
  • Natural environment (climate, record of natural disasters)

 

The scores attributed to each factor allow for city-to-city comparisons to be made. The result is a Quality of Living Index which compares the relative differences between any two locations. For the indices to be used in a practical manner, Mercer has created a grid that allows companies to link the resulting index to a Quality of Living Allowance amount by recommending a percentage value in relation to the index.

najdole se tabelite...

http://www.mercer.com/referencecontent.htm?idContent=1173105#Top_50_cities:_Quality_of_living - http://www.mercer.com/referencecontent.htm?idContent=1173105#Top_50_cities:_Quality_of_living



Posted By: kire85
Date Posted: 28-Jun-2009 at 19:50
eve nekoi podatoci i za istocna evropa....nas mnogu normalno deka ne nema Smile

Europe's cities once more dominate the world's top 10 for quality of living. Vienna is the city rated with the best quality of living worldwide, moving up one place in the rankings following improvements in Austria's political and social environment.
 
Many Eastern European cities have seen an increase in quality of living. A number of countries which joined the European Union back in 2004 have experienced consistent improvement with increased stability, rising living standards and greater availability of international consumer goods. Ljubljana in Slovenia, for example, moves up four places to reach 78 while Bratislava moves up three places to 88. Zagreb moves three places to 103.
 
In the city infrastructure index, German cities fair particularly well: "German city infrastructure is amongst the best in the world, in part due to its first class airport facilities and connections to other international destinations" said Mr Parakatil.
 
London's ranking in the infrastructure index reflects the high level of public services offered, with its extensive public transport network and wide variety of telecommunication services.
 
The Caucasus region of Europe experienced political instability and civil unrest in 2008. The region saw tensions escalate to violent conflict between Russia and Georgia in Abkhazia and South Ossetia. As a result relationships among these countries including the European Union and the US deteriorated considerably.

 

The quality of living in some of the Eastern European countries has been continuously improving. Cities such as Prague (Czech Republic), Tallinn (Estonia), Riga (Latvia), Vilnius (Lithuania), Bratislava (Slovakia), Ljubljana (Slovenia) and Warsaw (Poland) have witnessed positive improvements in living standards.
 
Overall, the quality of living standard in most European countries remains far above the world’s average.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jun-2009 at 20:00


Скопје е рангирано 151-во место според квалитет на живеење, а 138-мо според инфраструктурата


Posted By: Dragan
Date Posted: 03-Jul-2009 at 13:27
Скопје е рангирано 151-во место според квалитет на живеење, а 138-мо според инфраструктурата

a od kolku gradovi vkupnoCrazy ??


Posted By: La Linea
Date Posted: 05-Jul-2009 at 02:59
Се реновира автобуската во Штип...



...која е во очајна состојба




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: zabegan
Date Posted: 06-Jul-2009 at 17:23
личи како да е некој хангар или складиште


Posted By: vardar
Date Posted: 16-Jul-2009 at 07:06
 

„Топлификација“ ги менува вреловодите стари 40 години

Во реконструкција на топловодната мрежа ќе бидат вложени над 20 милиони денари

Снежана Калабакова

АД „Топлификација“ ги започна реконструкциите на магистралните и на секундарните вреловоди, кои во изминатава грејна сезона предизвикуваа бројни дефекти. Дел од цевките се стари и по 40 години, поради што е неопходна нивна замена, со цел наредната грејна сезона за граѓаните да се обезбеди непречено снабдување со топлинска енергија. „Топлификација“ ќе инвестира над 20 милиони денари за ваквите реконструкции летово, а бидејќи ги има обезбедено сите потребни дозволи за работа од Градот и општините, веќе ги врши и првите прекопи низ градската топлификациона мрежа.

За десетина дена треба да финишираат работите на вреловодот на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда, каде што се врши замена на цевки во должина од 330 метри. Во претпријатието велат дека изминатата грејна сезона имале многу дефекти во овој дел од мрежата и доколку не ја направат обновата на стариот вод, постојат реални шанси половина Автокоманда да остане без парно греење. Замена ќе биде направена и на проблематичниот вод на Скопски саем, со должина од 90 метри. Во инвестиционата програма за обнова на топлификационата мрежа е планиран и вреловодот зад Соборниот храм на булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Орце Николов“ во должина од 170 метри.

„Моментно се работи на трасата долга околу 400 метри на ’Партизански одреди‘ кај хотелот ’Карпош‘. Се менуваат вреловодни цевки стари четири децении. На овој потег изминатава грејна сезона имаше многу дефекти, а само еден поголем можеше да предизвика половина Скопје да остане без греење“, објасни Ацо Стојанов, раководител на градежната група на „Топлификација одржување“.

Следната недела екипите на „Топлификација“ кои бројат шеесетина лица ќе продолжат да работат на обнова на водовите кај споменикот на Скендер-бег, потоа на паркингот пред булеварот „Гоце Делчев“ и за две недели кај Музичкото училиште „Илија Николовски-Луј“ ќе се менува вод со должина од 160 метри. Следен ќе биде цевководот од 150 метри на булеварот „Стив Наумов“.

Во претпријатието појаснуваат дека сите предвидени реконструкции мора забрзано да се изведуваат во летниве месеци и да завршат до крајот на август. Во работата им помага и градежната фирма „Кратер“, која располага со бројни машини за изведување одредени прекопи.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=32354F6B5C1D464F9D58757575197229 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=32354F6B5C1D464F9D58757575197229


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Jul-2009 at 23:09

„Улици и патишта“ добива конкуренција за крпење дупки

Градот Скопје распиша тендер за избор на приватна фирма за одржување на магистралните улици

Јавното претпријатие „Улици и патишта“ ќе добие конкуренција за одржување на скопските улици. Во иднина и приватни фирми ќе имаат можност да крпат ударни дупки, да асфалтираат и одржуваат магистрални сообраќајници. Градот за таа намена неодамна распиша тендер за избор на изведувачи за санација на улиците.

На ваков чекор градските власти се одлучиле поради зголемената потреба градските улици да се доведат во ред. Нема улица низ градот која нема дупки, дури и на некои од булеварите, каде што наскоро ќе има засилени акции за санирање. Според Градот, ова е преголема обврска за градското јавно претпријатие, кое покрај одржувањето и крпењето на сообраќајници, работи и на чистење на коритото на Вардар, одржување на семафорите, изградба на улици, поплочување на Градскиот парк и друго. Засега останува и обврската на „Улици и патишта“ во зима да ја организираат зимската служба и да се грижат за чистотата на градските улици при снежни врнежи. Јавното претпријатие работи на асфалтирање и чистење улици и во некои од скопските општини.

„Поради зголемениот обем на активности и планираните крпења ударни дупки на повеќе сообраќајници во текот на летниот период, распишан е тендер на кој ќе се изберат приватни форми кои, исто така, ќе се вклучат во оваа акција. Тоа не значи дека Градот Скопје се откажува од услугите на ’Улици и патишта’ и тие ќе бидат вклучени во реализацијата на програмата донесена од страна на Советот на Град Скопје за санирање на градските сообраќајници“, информираат во Одделение за односи со јавноста на Градот.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=0F38BA51F358A8479A49E79CDC2C9A8E


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 06-Aug-2009 at 13:49
vo kicevo,
se asvaltirase kejot na rekata (ima sliki pred 3 nedeli koga se podgotvavaa za asvaltiranje)
 
http://img17.imageshack.us/i/zlin.jpg/">
 
 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Aug-2009 at 05:01

Општина Струмица ќе инвестира 4,2 милиони евра

Општина Струмица годинава за капитални инвестиции ќе потроши околу 4,2 милиони евра или речиси една третина повеќе отколку лани. Најголем дел од планираните пари ќе бидат инвестирани за новото урбанистичко решение на центарот на градот, односно за изградба на подземен премин и нов паркинг простор под плоштадот „Гоце Делчев“.

Исто така, предвидено е асфалтирање и реконструкција на повеќе улици и тротоари во градот и во населените места, уредување нови зелени површини и паркови. Ќе се интервенира во водоводната и канализациската инфраструктура и осветлението. Наесен ќе почнат и подготовките за изградба на втората фаза од булеварот Климент Охридски.

- Поради економската криза, општинскиот буџет за оваа година е за една петтина порестриктивен во однос на проектираниот. Но, тоа нема битно да се одрази врз реализацијата на околу 350 планирани капитални објекти во областа на инфраструктурата и комуналните дејности. Годинава нема да бидат реализирани само одредени помали буџетски ставки, кои не се од приоритетно значење за развојот на општината и кои може да бидат одложени на краток период - изјави градоначалникот Зоран Заев.

Општина Струмица е една од ретките во земјава што со години ги реализира буџетските проекти од 95 до 98 отсто, при што две третини од сопствените буџетски извори имаат силна развојна компонента.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0DF3134738213F45AB6409BA77706AA3

Имавме некаде постирано 3D анимација како треба да изгледа тоа под плоштадот!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Sep-2009 at 11:31
Ки­се­ла Во­да ќе зе­ме кре­дит од 2,7 ми­ли­о­ни ев­ра

Во Пин­ти­ја тре­ба да се из­гра­ди и ат­мос­фер­ска ка­на­ли­за­ци­ја оти при се­кој дожд ули­ци­те се поп­ла­ву­ва­ат, но за оп­шти­на­ри­те при­о­ри­тет е во­до­во­дот

Ки­се­ла Во­да ќе зе­ме кре­дит од 2,7 ми­ли­о­ни ев­ра за из­град­ба на во­до­вод и ка­на­ли­за­ци­ја во де­ло­ви­те од Оп­шти­на­та ка­де што ги не­ма. Со кре­ди­тот ќе се из­гра­ди во­до­вод во на­сел­ба­та Пин­ти­ја, во­до­вод во гор­ни­от дел од се­ло Ус­је, фе­кал­на ка­на­ли­за­ци­ја на ули­ца Гер­ни­ка во Дра­че­во, ат­мос­фер­ска ка­на­ли­за­ци­ја на ули­ца­та Жар­ко Зре­ња­нин во Дра­че­во, ат­мос­фер­ска на ули­ци­те Ма­ри­ов­ска и На­род­ни хе­рои и во на­сел­ба­та 11 Ок­том­ври.
Од Оп­шти­на­та об­јас­ни­ја де­ка кре­ди­тот ќе го зе­мат од Свет­ска бан­ка со рок на от­пла­та од 15 го­ди­ни и со ка­мат­на стап­ка од се­дум от­сто на го­диш­но ни­во.
Од­лу­ка за за­дол­жу­ва­ње­то на Ки­се­ла Во­да зав­че­ра до­не­се Со­ве­тот на Оп­шти­на­та, а гра­до­на­чал­ни­кот Мар­јан Ѓор­чев им об­раз­ло­жи на со­вет­ни­ци­те де­ка за да ги за­вр­шат си­те пла­ни­ра­ни ин­фрас­трук­тур­ни за­фа­ти, не­оп­ход­но е да зе­мат кре­дит.
За за­дол­жу­ва­ње­то, ка­ко што наг­ла­си гра­до­на­чал­ни­кот, Оп­шти­на­та ќе по­ба­ра мис­ле­ње од Ми­нис­терс­тво­то за фи­нан­сии, а по­тоа ќе по­ба­ра сог­лас­ност и од Вла­да­та.
Оп­шти­на Ки­се­ла Во­да не­ма дру­ги кре­ди­ти за вра­ќа­ње, но $ дол­жи 100.000 ми­ли­о­ни де­на­ри на Оп­шти­на Ае­род­ром уш­те од по­дел­ба­та на Ки­се­ла Во­да на две оп­шти­ни.

http://vest.com.mk/?ItemID=34CD62CDFD67AB418BDEB9C8BEBD211C


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Sep-2009 at 11:57
Под­зем­ни­от пре­мин во ГТЦ чет­вр­ти ме­сец рас­ко­пан

Ав­то­бу­си­те на ЈСП, чии пос­тој­ки се во под­ру­мот, би­деј­ќи не мо­жат да го ко­рис­тат пре­ми­нот, зас­та­ну­ва­ат кај Же­на парк и пра­ват ме­теж во со­об­ра­ќа­јот

Под­зем­ни­от пре­мин на Град­ски­от тр­гов­ски цен­тар чет­вр­ти ме­сец е рас­ко­пан и зат­во­рен за со­об­ра­ќај. По на­лог на уп­ра­ва­та на ГТЦ, на по­че­то­кот на ле­то­то бе­ше рас­ко­па­на ули­ца­та на под­зем­ни­от пре­мин за да се сме­нат дел од под­зем­ни­те ин­ста­ла­ции. Но ра­бо­ти­те зас­та­наа. Та­му ве­ќе втор ме­сец не се ра­бо­ти ниш­то, рас­фр­ла­ни цев­ки има на­се­ка­де и пре­ми­нот е зат­во­рен за со­об­ра­ќај, а ра­бот­ни­ци не­ма ни­ка­де. Ни­кој не са­ка да да­де ни­ту об­јас­ну­ва­ње зош­то тол­ку дол­го вре­ме под­зем­ни­от пре­мин е зат­во­рен. Во уп­ра­ва­та на ГТЦ пос­лед­ни­ве две не­де­ли, се чи­ни, на ра­бо­та до­а­ѓа­ат са­мо сек­ре­тар­ки­те. На пра­ша­ње­то ко­га ќе за­вр­шат гра­деж­ни­те ра­бо­ти во под­ру­мот на Тр­гов­ски­от, не до­бив­ме од­го­вор ни­ту од ге­не­рал­ни­от ди­рек­тор Аго Аба­зов­ски ни­ту од тех­нич­ки­от ди­рек­тор То­ме Пав­лов­ски. Сек­ре­тар­ки­те и на ед­ни­от и на дру­ги­от, се­ко­му што ќе ги по­ба­ра за ре­ша­ва­ње на не­кој проб­лем му ка­жу­ва­ат де­ка ди­рек­то­ри­те или се на од­мор, на сос­та­но­ци или на служ­бе­но па­ту­ва­ње.
Во ме­ѓув­ре­ме, ав­то­бу­си­те на ЈСП, чии пос­тој­ки се во под­ру­мот, би­деј­ќи не мо­жат да го ко­рис­тат пре­ми­нот, зас­та­ну­ва­ат кај Же­на парк. На ули­ца­та не е пред­ви­де­на пос­тој­ка, не­ма вдлаб­ну­ва­ње во тро­то­а­ри­те ка­де што би зас­та­ну­ва­ле ав­то­бу­си, па се пра­ви не­ви­ден ме­теж во со­об­ра­ќа­јот. Пат­ни­ци­те, пак, што се сим­ну­ва­ат од ав­то­бус, за се­кое ми­ну­ва­ње на ули­ца­та пр­вин мо­ра да че­ка­ат да се рас­чис­ти ме­те­жот кој го нап­ра­вил ав­то­бу­сот со сто­е­ње­то, па да трг­нат, а за тоа по­не­ко­гаш тре­ба­ат и по де­се­ти­на ми­ну­ти.

http://vest.com.mk/?ItemID=7300F61A8CC3B64188E960296056D751


Posted By: La Linea
Date Posted: 12-Sep-2009 at 02:43

Јакимовски ќе ја дотерува „Партизанска“

Градоначалникот на Карпош најави дека есенва ќе гради нови места за паркирање, скали во Козле и три детски игралишта и ќе ги реновира оштетените подови во основните училишта Тротоарите од левата страна на булеварот Партизански одреди во населбите Карпош 3, Карпош 4 и во Тафталиџе целосно ќе бидат обновени и покриени со бехатон-плочки, а ќе бидат изградени и жардиниери, најави вчера градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски. Ваков изглед веќе имаат тротоарите пред трговскиот центар „Лептокарија“ и пред бараките на Општина Карпош. Должината на тротоарите што ќе се обноват изнесува 1,6 километар, а зафатот ќе чини 6,4 милиони денари.

На прашање зошто обновува улица што е во надлежност на Градот Скопје, а не на Општината Карпош, Јакимовски рече дека Партизанска е огледало на Општината и не може да дозволи да биде грда слика.

- Освен што ќе работиме на овој булевар, ќе ја привршуваме и обновата на тротоарите на станбените и сервисните улици во населбите Карпош 1, 2 и 3. Во наредната година ќе продолжиме со овие активности и во другите населби во општината - рече градоначалникот.

Тој објасни дека проектот за Партизанска нема да го работат заедно со Градот, бидејќи се договориле да ги поделат трошоците за други проекти во општината, како високата зона во Козле и во Нерези, обновата на фасадите на зградите, како и изградбата на тротоари на улицата Ацо Шопов, од сервисот „Бате“ до мостот кај Лепенец.

- Така се договоривме со Градот, бидејќи Градот ќе ја проширува улицата Илинденска, која во голем дел припаѓа на Карпош - рече Јакимовски.

На прес-конференцијата тој најави есенска градежна офанзива во многу населби во Карпош. Ќе се реконструираат тротоарите на „Карпошево востание“ во Карпош 3, каде што ќе се зголеми бројот на местата за паркирање. Според Јакимовски, по овој зафат, кој ќе чини 3,7 милиони денари, во населбата повеќе нема да постои проблемот со паркирањето. Ќе се градат патека и скали на улицата Ловќенска во Козле, во делот кај Детската болница. Истовремено ќе се покрие отворениот канал во Нерези, по што местото ќе се адаптира во паркинг. Вредноста на овој зафат е 13 милиони денари.

Во врска со основните училишта, градоначалникот рече дека Општината и понатаму ќе продолжи со санација на оштетената опрема.

- Ќе почнеме со менување на подовите, прозорците и вратите во училиштето „Владо Трповски“, што ќе чини 514 илјади денари. Потоа ќе продолжиме во сите училишта во кои има оштетувања од ваков тип. На подовите ќе биде поставен линолеум - информира градоначалникот.

Општинарите во моментов привршуваат со поставувањето семафори на раскрсницата меѓу улиците Никола Тесла и Орце Николов, кај Технолошкиот факултет, како и со реконструкцијата на постојните детски игралишта. Најавена е и изградба на три нови игралишта, во Трнодол, Средно Нерези и во Влае 1, во вредност од 1,1 милион денари. (Ј.И.)


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=029B8C60072E444F857A1F0974B527FC


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Sep-2009 at 16:36

Градот бара консултант за скијачка патека на Водно


 

Патеката би се градела со концесија, а на ист начин градските власти планираат да го направат и трамвајскиот систем и две подземни сообраќајници, под плоштадот и под Калето

 
 
%20  
Градските власти планираат со концесии да прават скијачка патека на Водно, трамвајски систем и две подземни сообраќајници. Советот на градот денеска треба да ја усвои одлуката со која ќе го задолжи градоначалникот Коце Трајановски да почне постапка за да се избере консултант што ќе ја спроведе процедурата за концесионирањето. Неговите задачи, според предлог-одлуката, ќе бидат да изработи студија за концесиски проект, да подготви документација за јавен повик, да ги анимира можните кандидати и да изработи модел-договор за концесијата.

Во образложението на одлуката се вели дека градот има интерес да направи подземни сообраќајници под плоштадот и под Калето, како и да воведе трамвај, за да ја подобри проточноста на сообраќајот во строгиот центар. Но поради економската криза нема пари за такви проекти, па затоа е потребна концесија.

Со трамвајот се очекува да се подобрат условите за превоз на патници и воопшто квалитетот на јавниот транспорт. Ако се воведе овој превоз, ќе се намали времето за патување бидејќи движењето се одвива по посебни шини, ќе се зголеми довербата во превозот, бидејќи патникот ќе може да предвиди за колку време ќе стигне некаде, а ќе се придонесе и кон почиста животна средина и кон поголема удобност во патувањето, што сега е главна причина за сé поголемото користење на приватните автомобили.

Изградбата на подземните сообраќајници, според градската управа, ќе придонесе да се намали метежот и да се зголеми проточноста, како и за пократко време да се поминува низ централното подрачје.

Скијачката патека, пак, треба да привлече голем број туристи во зимскиот период и да придонесе Водно да се афирмира како туристичка атракција, а на граѓаните на Скопје да им овозможи поблиска дестинација за зимски спортови.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=93091015258&id=14&setIzdanie=21800


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Oct-2009 at 16:50

ОПШТИНА КАРПОШ КОНЕЧНО ЌЕ ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ НА ЖИТЕЛИТЕ НА НЕРЕЗИ

Отворениот канал ќе стане паркинг

Каналот во Нерези ќе биде покриен со армирани бетонски цевки, а потоа дел ќе се асфалтира и ќе се претвори во паркинг, а на дел ќе биде засадено зеленило

Отворениот одводен канал во населбата Нерези ќе стане паркинг-простор. Општина Карпош, по повеќегодишно барање на жителите од оваа населба, почна со градежни активности за покривање на каналот. Во моментов се расчистуваат ѓубрето и никнатото зеленило во каналот, по што ќе се почне со поставување на цевките.
"Каналот е долг 440 метри, и ќе биде затворен со армирани бетонски цевки фи 1.500 милиметри. Откако ќе се постават цевките, просторот ќе се тампонира. На дел од каналот ќе се посади зеленило, а поголем дел ќе се асфалтира, со што ќе им направиме на жителите од околните куќи место за паркирање", вели Петар Ивановски, раководител на секторот за комунално уредување во Општината.
Каналот треба да биде покриен и претворен во паркинг-простор до крајот на месецов. Градежните работи ги изведува фирмата "Аполо инженеринг", а за негова реализација од буџетот на Општината се одвоени околу 10 милион денари.
Отворениот канал во Нерези со години е голем проблем на жителите на Нерези. Постојано се случува деца, стари луѓе и автомобили да пропаѓаат во него, бидејќи не само што досега не беше покриен туку немаше ниту заштитна ограда. Најстрашен беше случајот со шестгодишниот Антони, кој паѓајќи во каналот, ги скрши рацете по што и двете со месци му беа во гипс. (А.А.)



http://vest.com.mk/?ItemID=F3625BE0ACA6AD4AB1AED685049D27EB


Posted By: gorco
Date Posted: 27-Oct-2009 at 09:55
Originally posted by Cloverstack

Градот бара консултант за скијачка патека на Водно


 

Патеката би се градела со концесија, а на ист начин градските власти планираат да го направат и трамвајскиот систем и две подземни сообраќајници, под плоштадот и под Калето

 
 
%20  
Градските власти планираат со концесии да прават скијачка патека на Водно, трамвајски систем и две подземни сообраќајници. Советот на градот денеска треба да ја усвои одлуката со која ќе го задолжи градоначалникот Коце Трајановски да почне постапка за да се избере консултант што ќе ја спроведе процедурата за концесионирањето. Неговите задачи, според предлог-одлуката, ќе бидат да изработи студија за концесиски проект, да подготви документација за јавен повик, да ги анимира можните кандидати и да изработи модел-договор за концесијата.

Во образложението на одлуката се вели дека градот има интерес да направи подземни сообраќајници под плоштадот и под Калето, како и да воведе трамвај, за да ја подобри проточноста на сообраќајот во строгиот центар. Но поради економската криза нема пари за такви проекти, па затоа е потребна концесија.

Со трамвајот се очекува да се подобрат условите за превоз на патници и воопшто квалитетот на јавниот транспорт. Ако се воведе овој превоз, ќе се намали времето за патување бидејќи движењето се одвива по посебни шини, ќе се зголеми довербата во превозот, бидејќи патникот ќе може да предвиди за колку време ќе стигне некаде, а ќе се придонесе и кон почиста животна средина и кон поголема удобност во патувањето, што сега е главна причина за сé поголемото користење на приватните автомобили.

Изградбата на подземните сообраќајници, според градската управа, ќе придонесе да се намали метежот и да се зголеми проточноста, како и за пократко време да се поминува низ централното подрачје.

Скијачката патека, пак, треба да привлече голем број туристи во зимскиот период и да придонесе Водно да се афирмира како туристичка атракција, а на граѓаните на Скопје да им овозможи поблиска дестинација за зимски спортови.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=93091015258&id=14&setIzdanie=21800



Сите овие идеи се топ кога би ги слушнале...

Но сепак... идејата за скијачка патека на Водно реално не верувам дека би била исплатлива, бидејки највисоката точка на Водно е 1066 метри, во споредба со Маврово (1250) и Попова Шапка околу 1600 ми се чини... не е доволно високо за да има снег.

Во врска со двете подземни сообраќајници, тоа не е некоја нова идеја, тоа е идеја стара едно 30-ина години.

Идејата за подземна улица-булевар по плоштадот би била многу скап зафат... бидејки реално таму сега има изградено прилично голем број на објекти.
Додека, за втората, искрен да бидам сметам дека би требало и тоа да се направи треба еден мост од кај влада, со тунели низ Калето и улицава (откако ќе срушат 10-ина куќи во Дуќанџик да излегува на бул. Никола Карев, едно кај што се претпоследните семафори од правец Битпазар-Момин Поток.




-------------


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 30-Oct-2009 at 16:18
ја асфалтираат никола русински позади лептокарија. пред недела дена го игребаа стариот и сега ставаат нов асфалт. до утре изгледа ке биде готова


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 30-Oct-2009 at 20:01
Флаери во општина Карпош за свечано пуштање на улицата Никола Русински


2009-10-30

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Supervisor
Date Posted: 30-Oct-2009 at 20:33
Денес поминував на булевар Климент Охридски кај Европски и Нова Македонија и гледам КРПАТ ДУПКИ! До кога вака ќе се крпат улици зошто не разберат дека прават само полошо редно е Скопје да добие сообраќајници со рамен асфалт во спротивно наназад сме децении од другите европски градови.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Oct-2009 at 20:41
А што треба, за една дупка да се пресвлекува цл булвар ли?! Не е проблем што денес се санираа дупки на булвераот, и тоа случај низ свет, проблем е што кај нас ива оснаува некогаш доминантен начин за санирање и на улици на кои очигледно име е потребно санирање. Булеварот Св. Климент Охридски има одличен асфалт за скопски услови. И јас денеска ја видов механизацијата и баш се загледав во аслфалтот и ретко се наоѓа дека предходно тука нешто било крпено.


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Oct-2009 at 20:44
И јас мислам дека Климент Охридски нема потреба од пресвлекување.

Но под хитно треба да се пресвлече МХ Јасмин, Рекорд и солиден дел од Партизанска.


Posted By: gorco
Date Posted: 02-Nov-2009 at 21:40
Мислам дека подитно треба Климент Охридски да се прошири на сметка на она средишно "зеленило", кое реално зафаќа простор за џабе. Нека направаат средишен зелен простор како низ сите булервари низ градов по примерот како на Партизанска што почна. Секој ден поминувам низ улицата е толку е закочена тоа е невидено нешто.

-------------


Posted By: Supervisor
Date Posted: 03-Nov-2009 at 14:49
Да така е! Само и покрај било каков проект и најмалиот ние секогаш наоѓаме маани.


-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Dec-2009 at 12:21

Гевгелија ќе вложи 650.000 евра за улици

Општина Гевгелија во следната година планира да инвестира околу 40 милиони денари за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици. Половина од планираните капитални вложувања, односно 20 милиони денари ќе бидат наменети за изградба на улици, а уште 10 милиони денари за реконструкција на улици во градот и населените места. 

Со 2,2 милиона денари ќе се интервенира во одржувањето на постојните локални патишта, а еден милион денари ќе се употребат за изградба на сообраќајна сигнализација. 

Сите планирани проекти претставуваат продолжување на тригодишната Програма за развој на општина Гевгелија, каде што е предвидено изградба на улици во индустриската зона Блокотехна, во урбаните блокови 7 и 14, продолжување на западниот булевар и изградба на дел од јужниот булевар. Средствата за овие зафати се обезбедени преку Агенцијата за државни патишта, Агенцијата за рамноправен регионален развој, дел од надоместокот за уредување на градежно земјиште и комуналните такси.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3D7C0E6485226849BCD38CADB8C8CB2F - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3D7C0E6485226849BCD38CADB8C8CB2F


Posted By: La Linea
Date Posted: 23-Dec-2009 at 10:32

Со шведски пари ќе се реконструира „Маршал Тито“ во Берово

Главната улица Маршал Тито во Берово следната година ќе биде реконструирана и ќе добие нов асфалтен коловоз во должина од 450 метри. На улицата ќе бидат изградени шахти и сливници, а тротоарите ќе бидат обновени со бекатон-плочки.

Овој зафат од комуналната инфраструктура во Берово ќе се реализира со финансиска поддршка од Шведската агенција за обнова и за развој во износ од 6 милиони денари и дел со буџетот на Општината.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FCDAAB0EB26AC548AC2B052211DC54BB


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: La Linea
Date Posted: 25-Dec-2009 at 12:45
 

По повеќе од пет години изградба, денеска конечно ќе се пушти во употреба новиот фекален и атмосферски колектор за населбите Инџиково, Ченто, Стајковци, Хиподром и Маџари, еден од најголемите проекти од ваков вид што се правеа во земјава. Со тоа се очекува жителите да куртулат од долгогодишните проблеми со поплавувања и со излевања фекалии

 
 
%20  
Од градската управа известуваат дека официјалното отворање на канализацијата ќе се одржи кај препумпната станица за фекални води „Макошпед“, на улицата Перо Наков, а се очекува да присуствуваат премиерот Никола Груевски, градоначалникот Коце Трајановски и Тони Трајковски, градоначалникот на општината Гази Баба.

Изградбата на фекалната канализација Инџиково почнала во 2005 година, додека градоначалник беше Ристо Пенов, но потоа работите биле запрени. Се утврдило дека цевките се поставувале во спротивна насока, односно од населеното место кон Вардар, наместо обратно. Тогаш на неа се приклучиле околу 300 семејства.

Мрежата е долга 1,4 километар и треба да го реши проблемот со одводот за источниот дел од градот. За да се доврши работата и Владата одвои еден милион евра, а два милиона обезбеди јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
 
   
Автор: Р.З.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Dec-2009 at 15:15


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Dec-2009 at 15:40
Од крстосница до нов центар

Кружниот тек што ќе се гради кај „СП планет“ ќе биде вовед во градењето на новиот центар во општина Ѓорче Петров. Според градоначалникот Митровски, оваа локација треба да стане најмаркантната точка на општината затоа што на лединката отспротива ќе се гради новата општинска зграда, а во зеленилото на кружниот тек ќе се постави споменик на Ѓорче Петров, висок десет метри и просторот ќе се уреди со клупи и со фонтани. За ова општината веќе има готов проект, чијашто реализација ќе чини 90.000 евра, од кои 20.000 обезбеди општината, а останатите Министерството за култура. Почетокот на градежните работи се очекува да биде кон крајот на јануари.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1903&ArticleID=130049


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 30-Dec-2009 at 22:53
Знае ли некој нешто за ова,последен пат кога бев Охрид автобуската беше во една барака

[tube]PTF3HiRjqCA[/tube]

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Dec-2009 at 23:03
Ништо посебно! Се дешавало многу кандидати за избори за расфрлаат со обеќавања за вакви Лас Вегаси!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Dec-2009 at 23:32
Епа ќе си тера у барака сега којзнае до кога... тоа е Македонија. Старата автобуска (која за сегашнава беше премија) ја срушија и на нејзино место се изградија гломазни станбени блокови со транзициски архитектонски шмек. Навистина станицата требаше да се дислоцира од центарот и гужвата и тесните улици, но со оглед на градбите што никнаа на нејзино место и со оглед на тоа дека новата автобуска е далеку од вистинска реализација и функционира импровизирано, очигледно мотивите биле сосема други.
Можеме да се занесуваме до бескрај околу тоа што го нуди Охрид, ама факт е дека нема барем ни пристојна автобуска станица за да ги пречека туристите. Аеродромот не сум го видел, ама можам да замислам... Железница нема... Каков туризам тераме ние бре луѓе?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Jan-2010 at 01:31
Немаме нишка велешки сообраќај, па нека иде тука...
Нема спас од метежот кон „Св. Спас“


Непријатни сцени налик на трагикомедијата „Викенд на мртовци“ доживуваат велешани при погреби во црквата „Св. Спас“. При последното испраќање на покојникот се случувало да го нема ковчегот со неговото тело или неговите блиски да дојдат на друг погреб. Ова често се случува за викенд во црквата „Св. Спас“, каде што поради лошата конфигурација на теренот, тесните сокаци и човечкиот инает, возилото со посмртните останки на покојникот заглавува на улицата Прохор Пчињски. Такви случаи има повеќе. Ожалостените роднини и блиските уште повеќе се вознемируваат бидејќи во најтажните моменти не можат достоинствено да се простат од починатиот.

- Чекавме 40 минути да го донесат починатиот, откако поради метеж на улицата, сообраќајот се блокира, а со тоа и колата што го пренесуваше брат ми. Ние сите в црква, а починатиот го нема. Немавме време да се простиме од него, бидејќи времето минеше, а по нас имаше друг погреб. Ова што се случува на левата страна од градот е недозволено - вели член на семејство што неодамна погребало свој близок.

Објаснувањето за ваквата состојба е едноставно - пристапот до црквата „Св. Спас“ по улицата Прохор Пчињски е тежок бидејќи едвај може да мине еден автомобил по неа, а не да се разминат два. Во должина од половина километар води единствената улица, која е тесна или широка, не повеќе од 2,5 метра и има можност да мине само еден автомобил. Но, бидејќи теренот е непрегледен, се случува од двата правца да има колона автомобили, кои кога ќе се сретнат лице в лице, не можат да се разминат. Уште потешко е некој да се врати наназад поради конфигурацијата на теренот, за некого угорница за некого удолница, а редицата долга.

- Вакви проблеми се случуваат често. Поради застој, починатиот не може во договорениот термин за погреб да биде донесен во црквата. Ако има во текот на денот и други погреби, се случува сите да се поместуваат, што доведува до збрка кај присутните. Доаѓаат пријатели на еден починат, наидуваат на друг, па не знаат дали погрешиле или промашиле термин и доведени сме во непријатна ситуација - велат свештеници од црквата „Св. Спас“.

Вакви примери има многу, но решение засега нема. Секој погреб во оваа црква е траума за блиските на починатиот, дали ќе се стигне навреме, дали нема да се заглави во тесната улица, дали се' ќе мине во ред, дали некој нема да дојде за следниот погреб. Жителите што живеат на оваа улица посочуваат дека проблемот се актуализирал последните 15-ина години, откако зеде замав такси-возењето. Од локалната власт велат дека проблемот е стар десетици години, а е тежок за решавање.

- Можност за проширување на улицата нема. Кога се граделе куќи во овој дел на Велес, пред стотина и кусур години, не се водело сметка дека еден ден ќе има ваква фреквенција на автомобили, при што два не ќе можат да се разминат. Сега е скоро невозможно што било да се преземе. Ќе се обидеме улицата да ја поплочиме со бехатон плочи и на неколку места да создадеме простор за поголеми слободни површини, каде штомавтомобилите ќе можат да се разминуваат. Или со некоја од соседните улици да се создаде кружен тек или еднонасочен сообраќај - велат од локалната власт на Велес.

Некои граѓани предлагаат овој децениски проблем да се реши со примена на искуствата на места што имале слични примери. Тие го посочуваат примерот на грчкиот остров Крф и некои шпански острови, каде што ваквите тесни улички биле проблем за нормално одвивање на сообраќајот. Таму биле поставени семафори, кои наизменично, во одреден временски интервал ги пропуштаат автомобилите да се движат по уличките, при што било овозможено нивно непречено движење.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=BAA8CE171C1EFA428A45E968331EA92F


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Jan-2010 at 09:51
Трамвајот заглави во тендери

За сите капитални проекти Градот бара консултанти и приватни инвеститори

Сања Наумовска


Трамвајот, подземните сообраќајници и скијачката патека на Водно нема да видат бел ден уште долго време. Капиталните проекти, кои градските власти ги најавуваат од поодамна, се заглавуваат во законски процедури што ќе траат уште најмалку една година. Ќе се чека изборот на консултант, кој ќе треба, пак, да изработува студии за привлекување концесионери, а самата реализација е неизвесна и откако ќе заврши тој процес.

На избор на консултанти заглави проектот за воведување трамвај, кој практично беше најразработен од претходната градска гарнитура, а бившиот градоначалник Трифун Костовски остави и проект и пари за почнување на изградбата на депото во Ново Лисиче. Консултанти и приватни инвеститори ќе чекаат и подземната сообраќајница под плоштадот „Македонија“ и под Кале, како и скијачката патека на Водно. Градската власт се одлучи да бара консултант и за билбордите, за чие концесионирање веќе е истечен поголемиот дел од договорите.

Моментно, информираат од Градот Скопје, распишан е јавен повик за избор на консултант за проектот за трамвај во Бирото за јавни набавки и на страниците на специјализираното издание за јавни набавки на Европската унија, ТЕД.

„Што се однесува до подземните сообраќајници, скијачката патека, како и за консултантски услуги за поставување рекламни билборди, повикот е објавен само во Бирото за јавни набавки, а се очекува да се објави и во гласилото ТЕД“, информираат во Градот.

Понудите од потенцијалните консултанти градските власти ги очекуваат кон крајот на февруари. Потоа ќе следува период на евалуација, па избор на најповолен понудувач и жалби, а избраниот консултант ќе може да се знае дури летоска. Тој веројатно ќе добие рок од најмалку една година за да ги изработи студиите за концесионерите што би ги реализирале овие проекти. Целта на таквите студии е да се разгледаат сите можности за привлекување приватни инвеститори што би вложувале во трамвајот, сообраќајниците или во патеката и билбордите. Сепак, гаранции дека ќе се најдат приватни партнери за сите проекти нема, што значи дека градоначалникот Трајановски може и на половината од неговиот мандат да се најде на почетната точка.

„Градот има интерес од воведување трамвај и изградба на две подземни сообраќајници, за да се подобри состојбата со јавниот градски превоз и да се зголеми проточноста на сообраќајот во строгиот центар. Сепак, Градот нема доволно пари за реализација на овие големи проекти. Поради тоа, има потреба од почнување постапка за доделување концесија, за што ни е потребен консултант“, образложија градските власти пред неколку месеци, кога Советот на Скопје даде зелено светло за избор на консултанти.

Министерството за транспорт и врски неодамна ја избра шпанската фирма „Идом инженерија и консулторија“ да изработи студија за сообраќајниот систем на Скопје со идејни проекти за булеварот „Св. Климент Охридски“ и подземната сообраќајница од Соборниот храм до Комплексот банки. Шпанците ќе треба да направат студија за сообраќајниот систем на град Скопје, чија главна цел е да даде стратегиски долгорочни насоки за подобрување на урбаната мобилност на граѓаните и транспортот на стока со решенија што ќе се ориентираат кон одржлив развој на градот. Сообраќајната студија ќе треба да ги потврди определбите на важечкиот ГУП на Скопје или да предложи поинакви можности.

Во Градот велат дека работата на консултантите и на шпанската фирма нема да се совпадне. „Шпанската фирма ангажирана од Министерството треба да изработи идејни решенија за подземните сообраќајници, додека со одлуката на Советот на Скопје треба да се избере консултант што ќе направи студии за финансиската издржаност и условите за издавање под концесија на подземните сообраќајници“, појаснуваат од Градот.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=B662F4E113169F4DABCFD524BBB4A3E0


Posted By: axel
Date Posted: 30-Jan-2010 at 18:58

Тунел под центарот на Штип

Со тунел под градскиот центар, општинските татковци ќе го решаваат проблемот со сообраќајниот метеж. Ова е траекторијата на трасата на тунелот долга 210 метри.
Влезот ќе е до влезната крстосница до градскиот центар, а излезот кај трговскиот центар во срцето на Штип, објасни градоначалникот Зоран Алексов.

Идејата стара над половина век, за идејниот творец штипскиот архитект Методи Гранков ги добива реалните рамки за градба. Нема место за скептицизам тврди Гранков.
Граѓаните чии куки ќе бидат над тунелот да бидат без страв за нарушување на стабилноста. Проекциите говорат, за пет години Штип ке го добие предвесникот на идниот прв македонски метро систем.

Следен капитален урбанистички чекор е дислокација на градскиот стадион. По 80 години, од атрактивната локација до реката Брегалница со корисна површина од 32 илјади метри квадратни, идеална за градба на станбен комплекс, стадионот се сели на градската периферија во месноста Суитлак, познато излетничко место на штипјани.

Обата потфати ќе ја сменат на подобро сегашната урбана слика на градот. Во         меѓувреме, градските татковци се растрчани по инвеститори кои по принципот- јавно  приватно партнерство идеите се претвораат во јаве.                                                                                                                                       http://www.time.mk/read/NONE/e61503673a/index.html   
30.01.2010, 18:33


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Jan-2010 at 00:40
Дали некој знае да ја нацрта трасата на тунелот?

-----------------------------------------------------

Проекциите говорат, за пет години Штип ке го добие предвесникот на идниот прв македонски метро систем.
Брилијантна констатација  Confused


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Feb-2010 at 05:14
Дискусијата околу предлогот на gorco ја префрлив овде:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=786&PN=1 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=786&PN=1


Posted By: axel
Date Posted: 05-Feb-2010 at 11:07
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЛОКАЛНИ ПАТИШТА
Се поправа патот кај Инџиково

Почна реконструкцијата на локалниот пат од Инџиково до Јане Сандански во Гази Баба. Патот е долг 600 метри, а изведувач на работите е фирмата „Гранит“. Парите за реконструкција ги обезбеди Агенцијата за државни патишта во рамките на програмата за реконструкција и рехабилитација на локалните патишта во Македонија. Според оваа програма, за Општина Гази Баба се предвидени 560.000 евра, а покрај наведениот патен правец, до крајот на годинава ќе се поправаат и локалните патишта Раштак - Бутел, во должина од два километра и Стајковци - Брњарци, во должина од 1,8 километар.                                                                                                                                      http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1936&ArticleID=133256  



Posted By: axel
Date Posted: 05-Feb-2010 at 11:37
Град Скопје одвои 229 милиони денари за одржување на улиците
Автор: Владимир Митоски     11:24 | 05 февруари 2010


Скопје

Вкупно 229 милиони денари ќе издвои Градот Скопје за одржување, реконструкција и заштита на улиците во главниот град во текот на 2010 година.

Ова го соопштија градските власти откако Советот на Град Скопје ја поднесе програмата за одржување и заштита на магистралните и собирните улици и за регулирање на сообраќајот.

Со оваа програма ќе бидат опфатени вкупно 118 улици со површина од 2.600.000 квадратни метри од кои најголемиот дел се магистрални.

Како дел од активностите што ги опфаќа програмата се и копање на оштетен асфалт, тампонирање, асфалтирање и чистење на раскопан материјал и сл.

За одржување на сообраќајните знаци и опрема со оваа програма се предвидени 49 милиони, соопштуваат од Град Скопје./крај/со/вм                                                                                                                                               http://www.makfax.com.mk/#_tools/article/98595/view




Print Page | Close Window