Print Page | Close Window

Објекти од културата (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Културни
Forum Discription: Музеи, театри, историски објекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=672
Printed Date: 24-Jan-2021 at 01:27


Topic: Објекти од културата (општо)
Posted By: pbanks
Subject: Објекти од културата (општо)
Date Posted: 06-Feb-2008 at 23:07
Ништо не ги сопира овие лудаци Ohno. Очекувајте некоја слична вест на оваа за едно година дена за црквата Wallbash

BTW во статија од утрешен Вест се вели дека Мајка Тереза и Македонска борба почнуваат во Април.

За едниот проект знаеме дека е наказа а другиот проект тек треба "пријатно" да не изненади. Штом го кријат волку не ќе да е на арно.

И да браво за Општина Центар за активната подршка сето ова зло да биде уште поголемо ApplauseBash

Изгледа ги решила сите комунални проблеми па не и требаат веќе пари од комуналии.

Музејот „Македонска борба“ и куќата на Мајка Тереза ослободени од комуналии

Советот на Општина Центар го ослободи Министерството за култура од обврската на Општината да и' плати комуналии за изградбата на музејскиот комплекс „Македонска борба“ и на спомен-домот на Мајка Тереза. И во двата случаја Министерството како инвеститор се ослободува од обврската да плати надоместок за уредување на градежното земјиште за делот од 40 отсто што и' припаѓа на Центар. Шеесет отсто од сумата за комуналии се слеваат во касата на Градот.Иако нема да платат комуналии, на предлог од советниците се усвоени амандмани на одлуката и во двата случаја Министерството да ги изгради приклучоците и останатата комунална инфраструктура. Министерството за култура веќе доставило барања до Општината Центар за добивање локациски услови за градење на двата објекта. Музејот „Македонска борба“ ќе се гради веднаш до новиот театар што е во изградба, на земјиште кое е сопственост на државата. Предвидено е тој да има подрум со површина од 1.560 квадратни метри, кат со површина од 1.428 квадрати и втор кат од 1.371 квадратен метар.  Куќата на Мајка Тереза ќе се гради пред Домот на АРМ и ќе биде со површина од 592 квадрата. Двата објекта треба да се изградат во текот на оваа година со пари од државниот буџет.

(А.П.)

 



Извор: http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=E21966D8C9EB604580C90B8F84837C72&arc=1 - Дневник



Replies:
Posted By: La Linea
Date Posted: 06-Feb-2008 at 23:20
Може да дадат една добра причина зошто ги ослободиле од плаќање на комуналиите? На кого му прават услуга? Bash

Значи, останува Вангелштајн проектот? Зарем не може некако да се сопре таа бљувотина?
Музејот на ВМРО, идеја за која немам зборови и не можам да најдам некаква посебна оправданост, очекувам да стави капак на се ова. 


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 06-Feb-2008 at 23:46
Одвратни вести Puke
 
Се надевам ќе им дојде памет. Не им дадовме мандат да не уништат за само 4 години.


Posted By: La Linea
Date Posted: 15-Feb-2008 at 20:38
Зошто ова помина неприметено, не знам, ама мислам дека е супер работа. Се имам запознаено со реалните проблеми во македонската кинематографија додека зборував со еден режисер. Покрај наоѓањето средства, најголем проблем претставува изнајмување на филмска камера. На балканот мал е бројот на филмски камери и асални кранови, па изнајмувањето многу кошта и затоа се гледа да се направи се во кратки рокови. После тоа, развивањето на филмот мора да оди во странство и многу други дополнителни трошоци - во главно, режисерите работат под голем притисок и во многу отежнати услови. Инвестицијава ме радува многу Banana


СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ ФИЛМСКИ ГРАД  [14.02.2008]

Американската компанија Истмен Кодак и македонската Дигитал Медија денеска потпишаа договор за изградба на современа филмска лабораторија во рамките на Дигитал Медиа Парк во населбата Аеродром во Скопје.
Договорот го потпишаа Питер Бојс, бизнис - менаџер на Кодак за Европа, Кристијан Даниловски, претседател на Дигитал Медиа и Владимир Крстевски, менаџер на Свет Филмa од Словенија - регионален застапник на Кодак. Инвестицијата е вредна приближно три милиони евра во машини за обработка на негатив (развивање, чистење и копирање), како и современиот телекино систем ќе овозможи покривање на речиси сите лабораториски и дигитал трансфер формати и услуги, со гарантиран Kodak Image Care сертификат.
На потпишувањето на договорот присуствуваше и македонскиот премиер Никола Груевски.
- Инвестицијата ќе овозможи решавање на проблемите на продуцирање филмови во Република Македонија, ќе ја олесни работата на македонските продуцентски куќи, ќе привлече странски продуцентски куќи да работат во земјата и ќе помогне за нејзино етаблирање како пожелна дестинација за филмската индустрија, рече премиерот Груевски.
Тој потенцира дека македонската Влада со отстапување на простор за реализација на Проектот Дигитал медиа Парк дава придонес во создавањето на овој Парк за висока технологиоја, кој нуди инфраструктура за развојот на дигиталната забавна индустрија во Македонија и претставува магнет за хај-тек компаниите од оваа област. Според Груевски, денешниот настан е потрда меѓу дургото и за влез на признати странски брендови, влез на современа технологија и ноу хау.
- Токму инвестирањето во современи технологии, како и напорите за воведување на информатичко општество се приоритет на македонската Влада, која за крајна цел го има подобрувањето на компетитивноста и продуктивноста на македонските граѓани, како еден од неопходните услови на економскиот раст и благосостојба на државата, потенцира Груевски. Со вложувањето во овој заеднички проект, нагласи премиерот, вложуваме во македонската иднина, во потврдата на македонската култура, идентитет и традиција во ерата на дигиталните технологии и глобализацијата.
Со оваа инвестиција првпат ќе може да се развива, скенира и телекинира 35 мм филмска лента во Македонија со што филмската индустрија ќе добие нови можности за развој. Досега овие услуги македонските продуцнети беа принудени да ги бараат во филмските лаборатории во регионот, што во голема мера им ја намалуваше ефикасноста и во однос на буџетот и во однос на времетраењето на продукциите.
Кодак е лидер во иновациите во областа на филмот. Со промет од околу 13,3 милијарди американски долари во 2006 компанијата е посветена кон стратегијата за дигиталниот развој - фокусирана кон помагањето на луѓето за подобро користење на слики и информации за нивниот живот и работа. Kodak Entertainment Imaging одделот е светски лидер во филмските, дигиталните и хибридните филмски производи, сервиси и технологии, за телевизија, филм, рекламни и музички спотови, документарци и презентации.
Креиран и реализиран од Дигитал Медиа, со поддршка од УСАИД и Владата на РМ, Дигитал Медиа Паркот е првиот технолошки парк во Македонија. Во него ќе бидат сместени 15 компании од областа на филмот и дигиталните медиуми. Замислен како т.н. One Stop Shop со најсовремена технологија за креирање дигитални содржини за филм, ТВ и интерактивните медиуми, Дигитал Медиа Паркот се очекува да го забрза развојот на македонската филмска и медиумска индустрија.


http://www.sitel.com.mk/vesti_detmk.asp?ID=24264&kategorija=%CC%E0%EA%E5%E4%EE%ED%E8%BC%E0 - Sitel

А насловот е дефинитвно надуен, навистина на новинариве им фали малце креативност и реалност пред се...


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: blejdsk
Date Posted: 15-Feb-2008 at 21:02
ODLICNO!!!


Posted By: dejan
Date Posted: 16-Feb-2008 at 02:28
Filmskiot grad e odlicna idea!


Posted By: shyes
Date Posted: 18-Feb-2008 at 15:43
Originally posted by La Linea

Зошто ова помина неприметено, не знам, ама мислам дека е супер работа. Се имам запознаено со реалните проблеми во македонската кинематографија додека зборував со еден режисер. Покрај наоѓањето средства, најголем проблем претставува изнајмување на филмска камера. На балканот мал е бројот на филмски камери и асални кранови, па изнајмувањето многу кошта и затоа се гледа да се направи се во кратки рокови. После тоа, развивањето на филмот мора да оди во странство и многу други дополнителни трошоци - во главно, режисерите работат под голем притисок и во многу отежнати услови. Инвестицијава ме радува многу Banana


СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ ФИЛМСКИ ГРАД  [14.02.2008]

Американската компанија Истмен Кодак и македонската Дигитал Медија денеска потпишаа договор за изградба на современа филмска лабораторија во рамките на Дигитал Медиа Парк во населбата Аеродром во Скопје.
Договорот го потпишаа Питер Бојс, бизнис - менаџер на Кодак за Европа, Кристијан Даниловски, претседател на Дигитал Медиа и Владимир Крстевски, менаџер на Свет Филмa од Словенија - регионален застапник на Кодак. Инвестицијата е вредна приближно три милиони евра во машини за обработка на негатив (развивање, чистење и копирање), како и современиот телекино систем ќе овозможи покривање на речиси сите лабораториски и дигитал трансфер формати и услуги, со гарантиран Kodak Image Care сертификат.
На потпишувањето на договорот присуствуваше и македонскиот премиер Никола Груевски.
- Инвестицијата ќе овозможи решавање на проблемите на продуцирање филмови во Република Македонија, ќе ја олесни работата на македонските продуцентски куќи, ќе привлече странски продуцентски куќи да работат во земјата и ќе помогне за нејзино етаблирање како пожелна дестинација за филмската индустрија, рече премиерот Груевски.
Тој потенцира дека македонската Влада со отстапување на простор за реализација на Проектот Дигитал медиа Парк дава придонес во создавањето на овој Парк за висока технологиоја, кој нуди инфраструктура за развојот на дигиталната забавна индустрија во Македонија и претставува магнет за хај-тек компаниите од оваа област. Според Груевски, денешниот настан е потрда меѓу дургото и за влез на признати странски брендови, влез на современа технологија и ноу хау.
- Токму инвестирањето во современи технологии, како и напорите за воведување на информатичко општество се приоритет на македонската Влада, која за крајна цел го има подобрувањето на компетитивноста и продуктивноста на македонските граѓани, како еден од неопходните услови на економскиот раст и благосостојба на државата, потенцира Груевски. Со вложувањето во овој заеднички проект, нагласи премиерот, вложуваме во македонската иднина, во потврдата на македонската култура, идентитет и традиција во ерата на дигиталните технологии и глобализацијата.
Со оваа инвестиција првпат ќе може да се развива, скенира и телекинира 35 мм филмска лента во Македонија со што филмската индустрија ќе добие нови можности за развој. Досега овие услуги македонските продуцнети беа принудени да ги бараат во филмските лаборатории во регионот, што во голема мера им ја намалуваше ефикасноста и во однос на буџетот и во однос на времетраењето на продукциите.
Кодак е лидер во иновациите во областа на филмот. Со промет од околу 13,3 милијарди американски долари во 2006 компанијата е посветена кон стратегијата за дигиталниот развој - фокусирана кон помагањето на луѓето за подобро користење на слики и информации за нивниот живот и работа. Kodak Entertainment Imaging одделот е светски лидер во филмските, дигиталните и хибридните филмски производи, сервиси и технологии, за телевизија, филм, рекламни и музички спотови, документарци и презентации.
Креиран и реализиран од Дигитал Медиа, со поддршка од УСАИД и Владата на РМ, Дигитал Медиа Паркот е првиот технолошки парк во Македонија. Во него ќе бидат сместени 15 компании од областа на филмот и дигиталните медиуми. Замислен како т.н. One Stop Shop со најсовремена технологија за креирање дигитални содржини за филм, ТВ и интерактивните медиуми, Дигитал Медиа Паркот се очекува да го забрза развојот на македонската филмска и медиумска индустрија.


http://www.sitel.com.mk/vesti_detmk.asp?ID=24264&kategorija=%CC%E0%EA%E5%E4%EE%ED%E8%BC%E0 - Sitel

А насловот е дефинитвно надуен, навистина на новинариве им фали малце креативност и реалност пред се...




Супер навистина требаше енда ваква инвестиција во филмскиот сектор во Македонија, Браво  

 


Posted By: blejdsk
Date Posted: 25-Mar-2008 at 00:12
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ЛЕТОВО ЌЕ ОТВОРИ УШТЕ ТРИ ГРАДИЛИШТА ВО ЦЕНТАРОТ
Темели за куќата на Мајка Тереза и музејот на ВМРО во мај, за Филхармонијата во август
Министерството за култура најавува дека оваа градежна сезона, освен изградбата на Стариот театар, ќе отворат уште три градилишта во центарот на Скопје и тоа за спомен - куќата на Мајка Тереза, за објектот на Фил

Министерството за култура најавува дека оваа градежна сезона, освен изградбата на Стариот театар, ќе отворат уште три градилишта во центарот на Скопје и тоа за спомен - куќата на Мајка Тереза, за објектот на Филхармонијата и музејскиот комплекс "Македонска борба - Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунизмот". Елизабета Канческа-Милевска, државен секретар во Министерството за култура, вели дека изградбата на спомен - куќата на Мајка Тереза и на музејот на ВМРО ќе почне во мај, до кога треба да заврши законската процедура за избор на изведувач на градежните работи.
"Тендерот за избор на изведувач за музејот завршува на 21 април, а за спомен - куќата на Мајка Тереза на 22 април. Штом заврши законскиот рок за жалби, ќе ставиме камен - темелник на двата објекта. Тоа очекуваме да се случи во почетокот на мај", вели Канческа-Милевска.
Спомен - куќата на Мајка Тереза ќе се гради во паркчето кај Домот на АРМ дијагонално со Феудалната кула, по проект на архитектот Вангел Божиновски, кој е комплетен автор и на идејното и на главното решение. Со проектот е предвидено спомен-куќата да биде во духот на македонската национална архитектура, а околу неа ќе има плоштатче и двор.
Музејскиот комплекс пак ќе се гради веднаш до Народниот театар, кој во моментов го возобновува Министерството за култура. Автор на идејното решение е архитектот Зоран Јордановски, а главниот проект е на проектантската куќа "Неимар".
Изградбата, пак, на Филхармонијата, која ќе се гради на левата страна на Вардар веднаш до Македонскиот народен театар, се очекува да почне во август.
"'Македонија проект' го работи главниот проект, кој треба да го добиеме до 10 мај. Веднаш потоа ќе распишеме тендер за изведувач на градежните работи и веќе во август и таму ќе имаме градилиште", вели Канческа-Милевска. (Е.А.)


http://vest.com.mk/default.asp?id=149138&idg=8&idb=2331&rubrika=Skopje - http://vest.com.mk/default.asp?id=149138&idg=8&idb=2331&rubrika=Skopje



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Mar-2008 at 09:54
Не ми се верува дека нема никаков организиран отпор против онаа карикатура - спомен куќа на Мајка Тереза.

Wallbash



Проектот пак за Музеј на ВМРО го кријат како што змија ги крие нозете. Еве наводно ќе стартува со изградба, но како треба да изгледа уште не знаеме.

Wallbash


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 25-Mar-2008 at 15:11

ВО целава несреќна ситуација, среќна околност е што нема ни збор за црквата за оваа година. Дај боже да им пројдат овие детски заноси и да почнат да инвестираат пари во нешто разумно.



Posted By: vardar
Date Posted: 25-Mar-2008 at 23:53

Барем ќе почнат да ја градат филхармонијата Drool  Далеку најдобар проект во МК Thumbs%20Up



Posted By: blejdsk
Date Posted: 09-May-2008 at 22:47
Mozebi na nekogo ke mu izlea kako politicki marketing , ama jas bi rekol deka ke bide korisno i ke se najde vo idnina za toa kako mnogu proekti ke se dvizat i ko ke bidat planovite na vladata ,,Da ne se sluci nesto da ne iznenadi ......

A da......ke se gradi crkvata ....

Od programata 100 cekori 2 del..







Da bide 70% ostvareno od programava celosna sto e ,,,,Ke bide top....


Posted By: vardar
Date Posted: 26-Aug-2008 at 05:01

Скопје ќе добие три нови театри

Освен новиот МНТ, кој треба да никне на левата страна на Вардар, ќе бидат изградени уште два нови театри на просторот на Драмски и на театар Центар

Лилјана Митевска


Покрај градбата на новата зграда на Македонскиот народен театар која го носи ликот на стариот скопски театар, и треба да изникне спроти градскиот плоштад, на левата страна на Вардар, во Скопје ќе бидат изградени уште две нови театарски згради. Едната е зградата на Драмскиот театар, кој ќе биде срушен, а на негово место ќе биде изграден нов, современ театар за потребите на оваа театарска куќа, додека вториот театар ќе биде лоциран на местото на сегашниот театар Центар.

Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, вели дека ансамблот на МНТ, по изградбата на новиот објект на Вардар, ќе се пресели на оваа локација, а новиот театар кој ќе никне на просторот на театар Центар (објектот во кој сега работи МНТ) ќе биде сосем нова театарска институција која нема да биде користена како алтернативна, или втора сцена на МНТ.

Зградата на новиот МНТ, која се гради на левиот брег на Вардар е дел од проектот капитални објекти во културата кои се финансираат директно од буџетот на Владата, додека новите два театра лоцирани на местото на Драмски и на театар Центар ќе бидат изградени по принципот на јавно-приватно партнерство.

Овој принцип подразбира вклучување на приватна фирма која ќе биде носител на изградбата на објектот, во кој покрај театарот, ќе бидат вклучени и одреден број на деловни простории. Целта е, како што вели директорот на Драмски, Бранко Ѓорчев, за градбата на театарот да не се трошат пари од државниот буџет, туку градежната фирма за возврат да добие деловен простор на истата локација.



Поточно, како што стои во заклучокот на седница на Владата, на просторот на постоечкиот Драмски театар треба „да се изгради нов објект - деловен центар, со јавно-приватно партнерство, а дел во него, односно првите 2-3 ката да бидат наменети за Драмски театар“. Ист принцип се применува и за МНТ Центар.

„Министерството за култура ќе преземе обврска во текот на месец септември да објави конкурс за идејно решение за двата театри, а потоа постапката е во надлежност на Министерството за транспорт и врски“, вели Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска. Таа појаснува дека во моментов се одржуваат интензивни средби со Министерството за транспорт и врски во врска со реализацијата на ова јавно-приватно партнерство, а во најскоро време треба да се формира и работна група, во која ќе бидат вклучени и директорите на МНТ и на Драмски за да се изготви проектната програма за театрите. „Министерството за култура е обврзано да дојде до главниот проект, а потоа обврските преминуваат во рацете на Министерството за транспорт и врски“, вели Министерката Милевска.

Директорот на Драмски, Бранко Ѓорчев, вели дека оваа куќа веќе работи на проектната програма, односно на дефинирање на потребите на театарот и неговиот изглед. Кога станува збор за проблемот кој настанува со фактот дека постојната зграда на Драмски треба да биде срушена за да на истата локација се дигне новиот објект, па дејноста на театарот може да биде попречена, директорот Ѓорчев објаснува дека проблемот ќе се реши на тој начин што за време на градбата на театарот ќе биде изнајден друг сценски простор. „Дејноста на Драмски би се префрлила во новиот простор со цел продукцијата на театарот во ниеден момент да не застане“, вели Ѓорчев.



Сепак, тој не беше во можност да прецизира која би можела да биде алтернативната локација, велејќи дека во соработка со Владата ќе се одбере најдобрата. Но, еден од проблемите на Скопје, врзан дури и со развојот на алтернативната сцена, е токму непостоењето на додатни сценски простори, покрај веќе дотраените сцени во професионалните театри, во кој би можела да се реализира драмска програма, особено не со висок професионален стандард.



Инаку, кога станува збор за принципот на јавно-приватно партнерство, овој модел на финансирање кога објекти во културата би можеле да се градат со посредство на приватен капитал, во минатото го заговараше и поранешниот министер за култура, Благоја Стефановски, во случајот со градбата на Велешкиот театар. Сепак, по смената на политичката гарнитура, овој модел беше напуштен, а се протежираше моделот за градба на културни зданија со директно финансирање од државниот буџет. Еден од аргументите беше и реалното стравување дека бизнис интересите никогаш не одат во прилог на културата. Со повторно оживување на идејата за овој принцип на финансирање, останува да се види дали културата сепак нема да биде проголтана од апетитите на бизнис-заедницата чие основно мото е профит по секоја цена. Можби и по цена на стандардите за еден театарски објект?

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2FD0DD5849151E4EB5061A450EDE95B9 - Утрински


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Aug-2008 at 06:40
Хммм едно време кружеше информација дека парцелата кај театар центар ќе се продава и дека е влезена во финансиската конструкција на обновата на стариот теата. Или таа информација била погрешна, или министерствово за култура пополека го претвораме во најбогато министерство, кое без проблем финансира што ќе посака... :\

Инаку што се чудат кај ќе функционирал драмски додека се градел новиот објект? Што мора да ги градат истовремено и новиот драмски и новиот театар центар? Нека го изградат прво вториот, а додека се екипира тој нов театар (како што е нагласено дека ќе биде сосема нова институција), драмски ќе може да е „на гости“ таму. Или пак обратно, додека се гради тој деловен центар во чии склоп ќе бил драмски, нека не го рушат стариот театар центар.
Туку ај и јас џабе си го потрошив муабетов, гледам демек почнаа со градба на двете локации, па сега драмски нема кај да функционира Roll%20eyes


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Aug-2008 at 06:52
Мене малце ми е глупо тоа деловен центар па театарот во склоп на него.


Posted By: kire85
Date Posted: 26-Aug-2008 at 17:14
Originally posted by lslcrew

Мене малце ми е глупо тоа деловен центар па театарот во склоп на него.


da bas i jas sakav da go spomenam toa....nekako ic ne mi ide kombinacijata...Roll%20eyes


Posted By: se_manda
Date Posted: 26-Aug-2008 at 18:49
luge ubavo si kazaa u tekstot deka se e ova biznis i poise profit da izvlecat...


Posted By: mitatos
Date Posted: 26-Aug-2008 at 20:12
a sto ke se sluci so MNT i nego li ke go rusat?

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: mitatos
Date Posted: 26-Aug-2008 at 21:31
ja pa mislev i zgradata na MNT ke ja rusat ....

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Sep-2008 at 13:28
Груевски ги посети Музејот на жртвите на комунизмот и стариот театар

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/39109/Gruevski%20Nikola.jpg">

Претседателот на владата Никола Груевски денес ги посети  Музејот на жртвите на комунизмот и стариот театар.

Груевски рече дека градбата на споменикот оди според планот и без проблеми и како и дека проблемите со градбата на стариот театар биле надминати.

“Во полн ек и со полна пареа се одвива градбата“ додаде премиерот.

Тој најави дека овие објекти до крајот на 2009 или до почетокот на 2010 година ќе бидат пуштени во употреба.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=39109&kategorija=1


Нема слики од музејот на холокаустот!!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Sep-2008 at 14:47
Сега за сега нека стои ова тука, па понатака ке отвориме кога ќе почне да се гради.

ВЛАДАТА ЌЕ ФИНАНСИРА
Нови згради за Драмски и за МНТ
До крајов на месецов ќе се распише тендер за идејно архитектонско решение за новите театри што ќе се градат според Законот за јавно - приватно партнерство, па во објектите ќе има и катови за деловни простории

До крајов на месецов Министерството за култура ќе распише тендер за идејни архитектонски решенија за изградба на нови згради за Драмски театар и за Македонскиот народен театар во Скопје. Драмски е чекор пред МНТ зашто, како што ни рече директорот Бранко Ѓорчев, тие имаат изработено проектна програма со која ќе конкурираат на тендерот. МНТ, како што вели директорот Сашо Миленковски, е во фаза на формирање работна група која ќе треба да работи на проектот.
Проектот на Драмски го изработил Љубо Јовановски, поранешен технички директор на Народниот театар во Куманово. Според сегашниот план, како што вели Ѓорчев, во кубатурата на Драмски ќе влезе и делот на некогашната Филхармонија. Тоа значи дека Театарот во старт ќе добие поголема површина, но и без тоа, планирано е главната сцена да се прошири, во партерот да се додадат уште 100 седишта, галеријата да има 300 седишта, да се обноват и прошират гримиорните, театарот да има три сцени.
Овие згради ќе се градат според Законот за јавно - приватно партнерство, па, како што велат директорите на театрите, објектите во голем дел ќе зависат и од вториот инвеститор. Замислено е над Драмски да има уште два ката кои би биле деловни простории. Паркингот се планира да е во подземна гаража.
Како што информираат од Министерството за култура, вкупната сума за овие проекти не е дефинирана, туку тие ќе се финансираат во фази од буџетот на тековната година. Директорите засега не знаат каде би го дислоцирале репертоарот. Рушењето на Драмски би можело да биде напролет, што, според директорот, би било најмалку штетно за губење од сезоната. Објектите на Драмски и на МНТ се градени по скопскиот земјотрес. Тие се во неколку наврати само тековно санирани, но поголеми градежни работи не се извршени. (М. За.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=157002&idg=8&idb=2475&rubrika=Kultura



Posted By: zabegan
Date Posted: 16-Sep-2008 at 15:03
добор бе а за што го градат стариот театар?
мнт ќе има седиште, единствено драмски можат да изградат нешто ново, ама да биде доста репрезентативно
или обратно, но сепак не гледам потреба од три нови театри
П.С. Дали ќе си останат на истите локации?


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Sep-2008 at 15:07
Originally posted by zabegan


П.С. Дали ќе си останат на истите локации?


Да, прочитај го постот #13



Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Sep-2008 at 15:10
Се надевам на стварно модерен проект за театарот центар. Тој дел од градот многу убаво се развива во последните неколку години и ваљда нема да направат упад со некоја глупост.


Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Nov-2008 at 14:38
Канческа-Милевска: Интензивно се работи на проектите во културата

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/43294/elizabetakanceska.jpg">

Спомен куќата на Тоше Проески, спомен домот на Мајка Тереза, Стариот театар и музејскиот комплекс со меморијалниот центар на жртвите од холокаустот, Музејот на вода во Охрид, се дел од тековните проекти на Министерството за култура, чија што изградба, според министерката Елизабета Канческа Милевска, се одвива со предвидената динамика.

Веќе кон крајот на наредниот месец се очекува да бидат поставени темелите за изградба на спомен куќата на Тоше на Гумење. Канческа - Милевска појасни дека сите проекти за идејно решение се во завршна фаза, се работи на расчистување на имотно правните односи и во декември треба да се постави камен темелникот.

Што се однесува до изградбата на спомен домот на Мајка Тереза, министерката промовирањето го најави за 29 декември.

Во јуни наредната година треба да заврши и изградбата на музејскиот комлекс со Меморијалниот центар на жртвите од холокаустот, по што останува само внатрешното уредување.

Промоцијата на Музејот на вода во Охрид се очекува на 8 декември.

Министерката Канческа - Милеска, при претставувањето на тековните проекти, напомена дека за прв пат се издвојуваат поголеми средства од Буџетот, или околу 800 илјади денари за сите дејности од областа на културата, со што според неа се решени многу горливи прашања, како што е работниот статус на уметничките кадри од МОБ, “Танец“ и Македонска филхармонија.



http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=43294&kategorija=1


Posted By: beTon
Date Posted: 09-Nov-2008 at 23:23
Министерството за култура со АМБИЦИОЗНИ ПЛАНОВИ ЗА ИДНАТА ГОДИНА

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=CC91F53A55BC7048A3A3C55BE3E501CF - Поголемо внимание на центрите за култура


Грдите згради идната година ќе станат современи центри на културата

Реконструкција на сите центри на културата во земјава и обнова на музејските поставки ќе бидат приоритети на Министерството за култура идната година, рече вчера министерската за култура Елизабета Канческа-Милевска. Таа ги соопшти резултатите од работата на Министерството во првите 100 дена. Канческа-Милевска направи и пресек на сите досегашни активности на ресорното министерство за подобрување на културната клима кај нас.

ПРОЕКТИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА КУЛТУРАТА

- Анализите покажуваат дека имаме рамномерен пристап кон сите дејности во културата. Поддржуваме проекти што ја унапредуваат културата на сите заедници и меѓународно ја афирмираат Македонија. При посетата на центрите на културата утврдивме дека тие се во многу лоша состојба. Една од најпозитивните активности беше манифестацијата „Топол културен бран“ која се одржа во триесетина града во земјава. Така, културата стана достапна за сите граѓани - рече Канческа-Милевска.

Таа соопшти дека интензивно се работи на измените на Законот за културата. Најголемо внимание ќе биде посветено на директорите на националните институции, во поглед на отчетотот кон Министерството. Во фаза на подготовка е законот за авторски и сродни права, а веќе е донесен Законот за Старата скопска чаршија. Сега ќе се формира национален совет кој ќе направи план за ревитализација на Чаршијата. Стратегијата за креативна индустрија веќе е предадена во Владата, а се подготвува и анализата за титулата „национален уметник“, со што уметниците ќе добијат дополнителни бенефиции. Владата веќе назначи седуммина амбасадори на културата кои ја промовираат македонската култура во светот.

ИЗГРАДБА НА КАПИТАЛНИ ОБЈЕКТИ

Министерската соопшти до каде е изработката на националните проекти. Зградата на Стариот театар е изѕидана. Повеќе време (исто како концертната сала за Македонската филхармонија) веројатно ќе биде издвоено за изградба на специфичните делови за акустика и сценска технологија. Објектот за музејскиот комплекс посветен на ВМРО и жртвите од комунизмот треба да биде завршен во јуни, идната година. Во Музејот во Киев веќе биле изработени 10 восочни фигури на истакнати личности од македонската историја. Во музејскиот комплекс крај реката Вардар ќе бидат изложени и слики што ќе ги изработат членови на Друштвото на ликовните уметници на Македонија.

Министерката соопшти дека спомен-домот на Мајка Тереза ќе биде свечено отворен на 24 декември, за католичкиот Божик. На големо се гради и доградбата на НУБ „Св. Климент Охридски“. Почна обновата на Хавзи-пашините конаци кај селото Бардовци и почнаа три големи проекти во областа на издаваштвото.

Идната година ќе почне реновирањето на Универзалната сала, а продолжува проектот за изградба на објект за Турскиот театар, кај скопската Железничка станица. Во завршна фаза е проектот за спомен-куќа на Тоше, а до крајот на идната година во Скопје ќе бидат поставени 37 нови скулптури во главниот град. Според Канческа-Милевска, веќе почнале подготовките за Втората светска конференција за дијалог меѓу религиите, закажана за 2010 година.

Големи беа вложувањата и во истражувањето и заштитата на културното наследство. Со ребалансот на буџетот беа одвоени 40 милиони денари за 16 археолозошки локалитети низ цела земја. Таа додаде дека на 8 декември свечено ќе биде отворен Музејот на вода, кај Градиште на Охридското Езеро, а до септември 2010 година ќе заврши обновата на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник.

ИНФО-Најголем буџет досега

Буџетот за култура годинава е околу 800 милиони денари за сите дејности. Дополнителни една милијарда и 360 милиони денари беа издвоени за капиталните проекти во културата. Беа вработени 150 уметници од Македонската опера и балет, Македонската филхармонија и Националниот ансамбл „Танец“, а одобрени беа околу 150 вработувања во областа на заштитата на културното наследство.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=CC91F53A55BC7048A3A3C55BE3E501CF - Дневник - 04.11.2008



Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 10-Nov-2008 at 00:24
Previous
Дали неспоменувањето на црквата на плоштад за 2009 значи дека се откажале од идејата? Ако е така дефинитивно ќе ме израдуваат.


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Nov-2008 at 10:08
1. Зошто нема ни трага ни глас од најдобриот најавен владин проект, филхармонијата Wallbash
2. Турски театар Thumbs%20Up
3. Изградба на нов театар на местото на Македонски Народен Театар (Театар Ценатр ваљда)??? Question Па нели 25 катница ќе се праи таму....

Буџетот за култура в година поголем за околу 50 отсто


В година ќе се довршуваат капиталните објекти: се работи на новата зграда на МНТ

Предлог-буџетот на Министерството за 2009 година е 3 милијарди 337 милиони и 374 илјади денари. Од нив за Министерството за култура отпаѓаат 631 милион и 617 илјади денари, а за финансирање дејности од областа на културата 2 милијарди 705 милиони и 757 илјади денари. Ова беше соопштено на собраниската Комисија за култура на вчерашната седница на која беше разгледан Предлог-буџетот на Република Македонија за идната година во областа на културата.

Според министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, Предлог-буџетот на Министерството за култура во однос на 2008 година е зголемен за 54,45 отсто. Зголемувањето е во делот на капиталните проекти и во делот на финансирање на дејностите од областа на културата.Сите капитални проекти ќе продолжат да се реализираат и во наредната година. Во однос на капиталните проекти, буџетот изнесува 615 милиони и 500 илјади денари. Ќе се гради зграда на Турскиот театар во Скопје, ќе се врши реконструкција на Универзалната сала, изградба на нов театар на местото Македонски народен театар, изградба на нова зграда за Драмски театар. Претседателот на Комисијата за култура Оливер Шамбевски рече дека според процените што ги направил Секретаријатот на Комисијата, вкупната сума што би била потребна за реализирање на програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности ќе изнесува 20 милиони денари.

Најавени се истражувања на Трескавец, Стоби, Скупи, Исар Марвинци, Стибера, Еврејските гробишта, а ќе има илуминација на Камениот мост. Анета Стефановска од ВМРО-ДПМНЕ побара во буџетот да се зголемат средствата за библиотечна дејност. Министерката информираше дека Владата во однос на библиотечната дејност донела одлука врз основа на информацијата од Министерството за автоматизација и дигитализација на библиотеката. Таа појасни дека со оглед на тоа што автоматизацијата е завршена, се пристапува кон дигитализација во две фази, а средствата во однос на тоа за 2009 година се обезбедени. Роза Топузова-Каревски од ЛДП го поддржува буџетот наменет за културата и најави дека ќе поднесе амандман за зголемување на ставката за поддршка на младите таленти.

Канческа-Милевска одговори:

- Секоја година даваме поддршка за младите таленти. Ја поддржуваме и ликовната уметност и работата на ателјето во Париз. Младите имаат можност да се сретнат со голем број уметници во Македонскиот културен центар во Софија и во Њујорк. Во 2009 година Македонија ќе биде домаќин на Меѓународното биенале на млади уметници од Европа и Медитеранот и нашите таленти од сите дејности ќе може да имаат контакти со голем број уметници. Комисијата ќе поднесе извештај до Собранието со препорака Предлог-буџетот да биде усвоен.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=10CC629721917B49BC0641DC86816B4A


Posted By: zabegan
Date Posted: 27-Nov-2008 at 17:39
pbanks, нели нешто збореа дека 25-катницата ќе била културен и образовен центар Dunno
се надевам дека со зголемувањево ќе се забрза изградбата на објектите, а за филхармонијата немам некои големи надежи


Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Dec-2008 at 09:43
CheersCheersCheers

Ова е супер вест!!!!! ВО СВЕТСКИ РАМКИ!

Штип центар на карпестата уметност

Штип, 29 декември (МИА) - Штип ќе биде седиште на Светската академија за карпестата уметност. Ќе биде изграден и монументален објект во кој ќе биде сместен македонскиот центар за карпеста уметност и музеј со лапидариум, каде ќе се решаваат сите важни прашања од истражувањето на праисторијата.

- Штип станува најсветлата точка во областа на карпестата уметност во светски рамки, рече на денешната прес-конференција професор доктор Душко Алексовски, почесен преседатен на Светската академија за карпеста уметност.

Македонија, како што посочи, е меѓу најбогатите земји со ова културно-историско и религиозно - филозофско наследство, односно на мал простор се среќава карпеста уметност во сликана и гравирана форма. Најновото откритие на македонскиот истражувачки тим е палеолингвистичкиот артефакт, глинен поклопец со испишано првобитното име на римската божица Веста, т.е. Бсефа. Овој артефакт, според тимот истражувачи, неспорно открива дека зачетоците на римската цивилизација водат потекло од Балканот, од каде е пренесена со посредство на Етрурците и македонските племиња.вј/са/16:39





-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 31-Dec-2008 at 03:08
Во јануари спомен-куќата на Тоше, во февруари Филхармонијата


Според министерката за култура, за наредната 2009 година буџетот наменет за проекти од областа на културата ќе биде поголем за 54 отсто во однос на минатата година


Кон крајот на јануари 2009 година, во Крушево ќе биде поставен камен-темелник на спомен-куќата на Тоше Проески, поточно на неговиот роденден, а во февруари ќе започне изградбата на концертната сала на Македонската филхармонија. Министерката за култура Елизабета Милеска-Канческа вчера даде отчет за она што беше сработено во 2008 година, но и најави заокружување на неколку капитални објекти во текот на 2009 за кога е планиран поголем буџет за 54 отсто во однос на 2008.
а спомен-куќата на Тодор Проески изработени се сите проекти и избрана е фирмата која ќе ја гради. Во однос на концертната сала на Македонската филхармонија изработени се сите проекти и вклучени се и странски експерти во делот на акустиката, која е од големо значење. Интензивно се работи и на подготвителните работи за реконструкција на Универзалната сала и изградба на Турскиот театар и на двата нови театри на местото на Драмскиот и Македонски народен театар, како и за поставување на 40 скулптури во централното градско подрачје, за што се избрани 28 автори кои ќе треба да ги изработат скулптурите до крајот на годината, изјави вчера Канческа-Милевска.

Во делот на капитални инвестиции на 30 јануари се најавува и промоција на спомен-куќата на Мајка Тереза. Според Канческа-Милевска, и на изградбата на стариот театар интензивно се работи, а избрана е и фирма која во рок од 8 месеци треба да ја изработи сценската технологија и акустика. Во однос на музејскиот комплекс "Македонска борба", како што потенцира, интензивно се работи на изградбата и на изработката на восочните фигури, а до 10 јануари треба да бидат склучени и договори со уметниците кои ќе ги изработуваат портретите на познатите личности од различни историски периоди.

Министерката Канческа-Милеска за 4 јануари најави и промоција на едицијата 130 тома "Македонска книжевност" од македонските автори и авторите припадници на заедниците. Проектот за преводи на дела на автори, кои добиле Нобелова награда, пак, како што вели, е при крај и до 5 јануари ќе се избере и издавачката куќа која ќе продолжи со нивно издавање. Во 2009 година продолжуваат и активностите на 15 археолошки локалитети во Македонија, каде мината година беа откриени над 10.000 предмети, а на локалитетот Градиште кај Охрид ќе бидат изградени уште 16 праисториски куќички на вода.

Она што е најавено како новитет во наредната година е воведување на посебна категорија национален уметник за да се издвои врвната култура и уметност.


http://vecer.com.mk/?ItemID=40FD96E5C8F36042BCF9F7B994813F14



Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Jan-2009 at 12:25
Левата страна на Вардар не ќе може да дише од објекти на културата
Автор:  Ангелина Димоска
Култура
Музеј на жртвите на комунизмот, музеј на холокаустот, изградба на нов театар по урнек на стариот што се урна во земјотресот, концертна сала за Македонската филхармонија и археолошки музеј. Ова се капиталните објекти што веќе се градат или ќе се градат на дел од просторот што според деталниот урбанистички план влегува во т.н. „Мал ринг“ - на левата страна на Вардар, на потегот од старата автобуска станица до објектот на Македонската опера и балет. Згусната архитектонска структура на мала површина и премногу објекти на еден простор или доброосмислена идеја за создавање централно јадро во кое ќе бидат лоцирани сите капитални објекти од културата?

Дилемата е отворена, судејќи по стегнатиот обрач околу локациите на кои ќе се градат објектите - концертната сала на Филхармонијата, во просторот меѓу Факултетот за музичка уметност и МОБ, пред нив монументална градба на археолошкиот музеј, подолу кај старата автобуска станица музеј на жртвите од комунизмот и веднаш до него музеј на холокаустот, наспроти новиот театар по урнек на стариот, срушен во земјотресот во 1963 година. Сите објекти, освен изградбата на археолошкиот музеј, се влезени во деталниот урбанистички план. Изградбата на монументалниот објект на археолошкиот музеј на кејот на Вардар под Комерцијалната банка предизвикува најмногу полемики меѓу експертите. Едногласни се дека со изградбата на овој објект максимално ќе се деформира и троши јавен градски простор, кој според сите стандардни треба да биде слободен.

- Со најновото згуснување на овој дел од градот ќе се создаде хиперзона на ретроградно трошење на јавниот простор. Не е воопшто добра тенденцијата да се максимизира висината на јавните градби во просторот околу кејот на реката Вардар, а тоа дефинитивно ќе се случи доколку се изгради монументалниот објект на археолошкиот музеј - вели архитектот Минас Бакалчев.

Според него, најважно е да не се злоупотребува јавна градска површина. Дали градбата е функционална за просторот на кој ќе се гради и дали стилски одговара на архитектонското опкружување е прашање за кое може да се дебатира, но тоа, пред сè, е индивидуален стручен став.

- Поважна во моментов е узурпацијата на јавна површина. Тоа е примарно - смета Бакалчев.

Државниот археолошки музеј ќе се гради покрај брегот на Вардар, пред Македонската опера и балет и зградата на Комерцијална банка. Во овој објект ќе се сместат и Уставниот суд и Архивот на Македонија.

Зградата ќе се гради по урнекот на Британскиот музеј во Лондон - класична античка градба со високи столбови. Ќе се изгради и пешачки мост на платото пред музејот, кој ќе го спојува со другата страна од брегот на Вардар. Музејот ќе располага со околу 7.000 квадратни метри изложбен простор, во кој ќе бидат презентирани најважните македонски артефакти.

Според Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, за квалитетот на музејската поставка во новиот музеј воопшто не треба да се дискутира бидејќи има поддршка од Владата и не очекува никаква финансиска пречка.

И архитектот Мирослав Грчев смета дека ќе се задуши просторот во „Малиот ринг“, кој во основа треба да биде наменет за општа употреба. Тој се повикува на урбанистичката струка и современата градителска историја во која, како што вели, не е познат случај еден град да ги користи за градење единствените слободни простори како што се кејот и плоштадот.

- Ова е варварски однос кон еден град. Не се почитуваат ниту градот, ниту граѓаните, ниту културата, ниту наследството - вели Грчев.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=300&top=1&ArticleID=16587


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Jan-2009 at 12:38


Некој рече дека филхармонијата нема да е отворена спрема Вардар? Smile

BTW на сликава изгледа доста гломазна.


Posted By: vardar
Date Posted: 27-Jan-2009 at 12:46

Кој Вардар??? LOL

 
 
Добро од оваа страна не изгледа толку збутана, али сепак мислам дека заслужува подобра локација.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 24-Feb-2009 at 17:25
Турски бизнисмени заинтересирани за инвестирање во Чаир

Инвестирање во изградба на хотели, реставрација и оживување на Скопската Чаршија како бизнис центар, се во фокусот на турските бизнисмени кои се сретнаа со градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити

Бизнисмените се подготвени да инвестираат нивен капитал во Скопје бидејќи Македонија ја сметаат за светло на Балканот.

„Јас како што гледам, можам да кажам дека во градежништвото и во неколку други сектори има добри услови за инвестирање. Може да се инвестира во сферата на културата како и во оживување на малите бизниси во старата Чаршија“ вели Нури Јузгур, турски бизнисмен.

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, рече дека Турците ќе придонесат во ангажирањето на португалски експерти за реставрација на Чаршијата.


„Ќе помогнат во http://alsat-m.tv/mk/zemja/10462.html - реставрација на Чаршијата и оживување на старата Чаршија со донесувањето на португалска екипа која работи на мастер планот што ќе биде здрава основа за привлекување на странски фондови“.

За реализирање на турски инвестиции во општина Чаир, општинските органи ќе направат измени на урбанистичкиот план. Но, првите инвестиции може да се очекуваат после изборите на 22 март.
http://alsat-m.tv/mk/ekonomija/10617.html - http://alsat-m.tv/mk/ekonomija/10617.html
 


Posted By: zabegan
Date Posted: 24-Feb-2009 at 17:33
се надевам под бизнис разбираат враќање на старите занаети Roll%20eyes
се надевам ова нема да биде заебанција од типот на камени мост


Posted By: гитардемон
Date Posted: 24-Feb-2009 at 18:15
Значи колку пари Турците би дале за реставрација на сите вакви стари објекти (сепак е и нивна историја) а ние дебили си чекаме да нè молат, и на крајот пак не прифаќаме.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Feb-2009 at 03:46

Прилепчани ќе го оживуваат Слонот

Изработен е проект за уредување на просторот околу атрактивната карпа со лик на слон, природна реткост, која е влезена во Риплиевата книга „Верувале или не“


Се планира изградба на патека кон бедемите на Марковата палата: Макета за слонот

Атрактивната карпа со лик на слон во подножјето на Марковите кули кај Прилеп ќе стане туристичка и култура дестинација, ветува Форумот за авангардна креативност. Оваа асоцијација подготви проект за партерно уредување на просторот околу природниот споменик, а ќе го реализираат локалните власти. Зафатот се проценува дека ќе чини два милиона денари.

- Ќе ја промовираме привлечната карпа извајана од природата во вид на слон, која е забележана во Рипливата енциклопедија „Верували или не“ и е поврзана со многу легенди. На неа е издлабена и камара со остатоци од икона. Ќе го извадиме од анонимност слонот, мајсторството на природата. Проектот предвидува и градба на пристапни патеки, уредување на околината и создавање мултимедијално плато за изведување културни манифестации. Обезбедивме пари за уредување со природни материјали и осветление, со што постепено се заокружува туристичката патека од комплексот цркви и манастири во населбата Варош, позната по 77 цркви, која ќе води до Марковите кули - вели градоначалникот, Марјан Ристески. Тој најавува изградба на патека од слонот кон врвот на планината, кон бедемите на Марковата палата.

- Тоа ќе биде трета фаза, следена од програмата Интерект 4 на ЕУ. Очекуваме околу еден милион евра во заедничкиот проект со општината Аридеа од соседна Грција. Изградбата на патеката кон врвот ќе биде следена од стручњаци од Музејот и Институтот за старословенска култура - вели Ристески. Собирачот на народни предание Благоја Алексоски вели дека карпа налик на слонова глава е мало чудо на природата.

- Од слонот, Прилеп се гледа како на дланка. Богатството малкумина го знаат и не е на очиглед на јавноста, а нуди огромни можности. Камениот слон што седи, некои го препознаваат како штрк, е висок околу осум метри е поставен на сопствен карпест постамент во подножјето на Маркови Кули - вели Алексоски. Тој прочитал, но не верува на претенциозната легенда, која зборува дека Ханибал ги донел слоновите во Прилеп на поклонение на камениот природен монумент како слон, по освојувањата на Рим.

Публицистот Тренчо Димитриоски од Прилеп пренесува дека на слонот има специфични интервенција од човечка рака.

- Жителите од древните населби биле вклучени во духовниот и материјален живот, врзан за слонот, бидејќи просторот бил култно место за повеќе ритуали. На повисокиот дел од карпата се препознава издлабена камара од половина квадрат во кој се уште се видливи остатоци од фрескоживопис - објаснува Димитриоски.

Алексоски ја пренесува легендата од стари варошани дека околината на слонот била чистилиште од злосторства и гревови.

- Луѓе со лоши дела, доаѓале до Слонот, на миење на рацете и лицето за да се исчистат во камарите секогаш полни со вода. Најраширено е преданието дека Слонот помагал за ослободување од јаловост. Неротки се вртеле околу слонот со свеќи в раце во ноќите меѓу петок и сабота да ги смилуваат вишите сили да им дадат челад. Обичајот бил осуетен од црковните власти и бил прогласен за пагански - вели Алексоски. Тој ја запишал приказната од некој варошки бербер со прекар Богомилецот дека околината на слонот била сврталиште на богомилите. Берберот споменувал и присуството на дедо Богомил на простори околу слонот.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=861C24CF6DA8444C88B3D8C97265B267


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Mar-2009 at 11:55
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Ќе се гради саат-кула

Во општина Ѓорче Петров денеска ќе се постави камен-темелник на саат-кула која ќе се гради во Реонскиот парк. Кулата ќе биде висока 12 метри и ќе се гради во централниот дел на паркот. Саат-кулата и вовчето Пампурче, како што велат од Општината, ќе претставува препознатлив дел од Ѓорче Петров.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1651&ArticleID=109866



Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Mar-2009 at 01:06
Ѓорче Петров ќе добие БИГ-БЕН


Во Реонскиот парк во Општина Ѓорче Петров вчера беше поставен камен-темелник на нова саат кула. Саат кулата ќе биде висока 12 метри и ќе се гради во централниот дел на паркот, со што ќе биде заокружен уште еден дел од планираните активности во општинскиот парк. Се планира изградбата да трае до крајот на јуни и часовникот да биде пуштен во употреба на Денот на општината 28 јуни. Саат кулата е донација на градежнта фирма Адора.

На свчениот почеток на градежните работи, присуствуваа градоначалникот на Општината Ѓорче Петров Сокол Митровски, кандидатот за градоначалник за градот Скопје Коце Трајановски.
- Покрај часовникот ќе има и дисплеј кој ќе биде информативен центар каде граѓаните ќе можат да ја видат температурата и други податоци за состојбата на временските состојби во општината Ѓорче Петров, а ќе се даваат и пораки како што се одредени манифестации за јавни собири и сето тоа што е битно и значајно за лично информирање - рече Сокол Митревски.
Саат кулата како и вовчето Пампурче претставуваат препознатлив дел од Реонскиот парк, бидејќи ваквите градби се реткост во парковите низ државава.

http://vecer.com.mk/?ItemID=FAE75A0CDCC6A449936FF9E0D24F2D6E


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Mar-2009 at 10:13


Јас мислев дека е ова уште една "креативна" метафора како што беше скопскиот менхетн...

Ама ова стварно ќе се викало Биг Бен Suicide




Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Mar-2009 at 15:30
Проектов мене ми делува интересно. Добро е и како скулптура и како идеја ми е симпатична. Но кока веќе е крстена бигбен тогаш веќе нека направеле макета на бигбен, вака само имево не му е прикладно инаку идејава ми е интересна.


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Mar-2009 at 15:34
ад хок идеја во форма на "донација" пред избори од некоја си таму фирма, која ќе се вика биг (тире) бен дефинитивно не е по мој вкус. тоа не е начин да го оформуваме нашиот градски простор.


Posted By: La Linea
Date Posted: 19-Mar-2009 at 15:41
Previous

Па добро, може да биде локална атракција и поради тоа не ми пречи. Сепак станува збор за парк и тоа во општина која е на периферијата на градот, а не за централно градско подрачје...



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Mar-2009 at 15:47
Originally posted by La Linea

Previous

Па добро, може да биде локална атракција и поради тоа не ми пречи. Сепак станува збор за парк и тоа во општина која е на периферијата на градот, а не за централно градско подрачје...



се работи за принцип.

BTW... на Плоштад Македонија има една мала кружна жардинерија блиску до Лондон паб. Комплетно рандом насадена по истава оваа методологија. Донација од незнам која фирма.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Mar-2009 at 15:52
Па жардињера е урбана опрема, а ова е цел објект што е вртан во ДУП, ваљда не го третираат исто како жардињера па диво да го всадат. Најмногу не ми пречи пошто е на периферен дел од градот не е во центар, а и е донација па не гледам тука ништо спорно. Исто така кога сме кај донацииве, оној скверот на влез во кисела вода, кај рампата, е донација од урбанинвест.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Apr-2009 at 13:42

Тендер за часовниците за "Биг Бен" во Ѓорче

Локалните власти од Ѓорче Петров за дваесетина дена треба да изберат фирма што ќе постави четири часовници и електронски дисплеј на саат кулата која Општината ја гради во паркот. Изградбата на саат кулата, која има работен наслов "Биг Бен", треба да заврши до 28 јуни - роденденот на Општина Ѓорче Петров, кога е планирано и официјално да се пушти во употреба. Саат кулата е донација од градежната фирма "Адора", се гради во централниот дел од паркот и ќе биде висока 12 метри. (Е.А.)

http://www.vest.com.mk/?ItemID=424BDC69AF7C74439A1C967254303468



Posted By: vardar
Date Posted: 17-Apr-2009 at 07:33
 
 

ВО ОПШТИНСКИОТ ПАРК

Ѓорче Петров ќе прави свој "Кермес"

Куќарките среде паркот, во кои сега живеат неколку семејства, гра­до­на­чал­ни­кот најавува дека ќе ги преуреди во кафеана, а жителите ќе ги обес­ште­ти

Во паркот во Ѓорче Петров општинските власти планираат да направат град­ска кафеана и музеј на македонски железници. Градоначалникот на Ѓорче Со­кол Митревски вели дека сакаат среде паркот да направат градска ка­фе­а­на во куќарките каде што сега живеат неколку семејства. Тој објаснува дека оваа скоп­ска општина нема своја градска кафеана и оти куќарките во паркот се со­вр­ше­ни за тоа.
"Иде­ја­та е да направиме ѓорчепетровски 'Кермес', односно објектите да ги уре­ди­ме со модерна тераса, по принципот на некогашната кафеана во Град­ски парк. Луѓето што живеат тука, ќе ги обесштетиме", вели Митревски.
Ос­вен градска кафеана, општинарите сакаат во паркот да направат и музеј на Оп­шти­на­та и на "Македонски железници", бидејќи на крајот од паркот сe уште стои депо од некогашната дирекција на ЈП"Македонски железници". Гра­до­на­чал­ни­кот вели дека во уредувањето на музејот ќе им помогне и Ми­нис­терс­тво­то за култура.
"Раз­го­ва­рав­ме со ЈП'Македонски железници' да ни го дадат објектот и да го нап­ра­ви­ме заеднички музеј на Општината и Железницата, бидејќи развојот и рас­тот на Ѓорче се тесно поврзани со развојот на Железницата. Веднаш до об­јек­тот го ставивме и некогашното скопско вовче пампурче, и сметаме дека со ова ќе се заокружат содржините во паркот. Се надевам дека годинава ќе мо­же­ме да почнеме со реализација на овој проект, но тоа ќе зависи од ре­ша­ва­ње­то на имотно-правните односи", вели Митревски. (Е.А.)

 
 
http://www.vest.com.mk/?ItemID=AA34ED022C42BD4F8B5DEA335647012E - vest


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Jun-2009 at 12:41

Хонорарите за комисиите од Министерство за култура тајна

Ака­де­мик Крум Томовски, академските скулптори Гоце Наневски и Васил Ва­си­лев, професорот од Архитектонски факултет Митко Хаџи Пуља, ма­гис­те­рот по економски науки Нермин Адеми, министерката Елизабета Кан­че­ска - Милевска и директорот на Управата за заштита на културно нас­лед­ство Паско Кузман се најчести членови на комисиите и одборите за по­ди­га­ње на споменици и за изградба на новите културни објекти во Скопје.
Ака­де­мик Томовски е во жирито на четири комисии, професорот Митко Ха­џи Пуља е во две комисии. Директорот на Управата за заштита на кул­тур­но наследство Паско Кузман учествува во 15 одбори во Општина Цен­тар и во една комисија во Министерството за култура. Исто толку член­ства по комисии и одбори имаат и скулпторите Гоце Наневски и Васил Ва­си­лев. Магистерот по економски науки Нермин Адеми е член три комисии, а актуелната министерка за култура Елизабета Канческа - Милевска, во вре­ме­то кога сe уште беше државен секретар на Министерството за кул­ту­ра, членувала во четири комисии.
Од кабинетот на министерката Канческа - Милевска вчера одбија да од­го­во­рат колкави се надоместоците кои ги плаќа Министерството за чле­но­ви­те на жири-комисиите и на одборите.
"Ми­нис­тер­ка­та ни е на Влада и додека не се консултираме со неа, не мо­же­ме да во одговориме. Навистина се работи за јавни податоци, но мора пр­вин да се консултираме тука во Министерството", рекоа од Ми­нис­терс­тво­то за култура.

- За новата зграда на Драмски театар одлучувала комисијата во состав: Мар­тин Пановски, Мишко Ралев и Искра Казиева, како надворешни со­ра­бот­ни­ци, потоа Билјана Ќулавковска, шеф на кабинет во Министерството за култура, и директорот на Драмски театар Бранко Ѓорчев.

- Ка­ко ќе изгледа новата зграда на Македонскиот народен театар од­лу­чи­ло жирито составено од: архитектите Кристинка Радевски, Анета Та­нев­ска и Веселинка Герасимова - Петровска, потоа Борче Јосифовски, со­вет­ник во Министерството за култура, Бошко Ангелевски и Анастасија Ку­ко­ска - Јованоска, како надворешни членови, и Сашо Миленковски, директор на Македонскиот народен театар.

- За Стариот театар претседател бил академик Крум Томовски, а членови: Рис­то Стефановски, театролог, архитектите: Крсте Џидров, Бујар Муча, Ти­хо­мир Арсовски, Вангел Божиновски и градежниот инженер Владимир Си­мон­че.

- За проектот Градска куќа повторно претседател е академик Крум То­мов­ски, а членови се: Манфред Вехдорн, австриски архитект и професор, и архитектите Аљоша Шопар, Трајко Димитров, Љупчо Георгиевски и Ван­гел Божиновски.

- За Филхармонијата претседател бил професор Славко Брезовски, а чле­но­ви биле академик Бојан Шоптрајанов, Кристинка Радевски, Оливер Пет­ре­ски, Томас Дресен, Елизабета Канческа - Милевска, Оливер Арсовски, Ма­ја Чанаќевиќ, Нермин Адеми, Лидија Лазарова, Снежана Ристовска и Дра­га­на Курчиовска.

- За Музејот на ВМРО и на жртвите од комунизмот одлучувале: академик Алек­сан­дар Никољски, Руди Ричиоти, Љупчо Георгиевски, Јован Сте­фа­нов­ски, Томе Тимов, Гоце Аџи Митревски, Паско Кузман, Елизабета Кан­че­ска - Милевска, Нермин Адеми, Авни Адеми, Лидија Лазаровска, прав­ник, и економистите Ѓурѓица Трајковска и Јулијана Угриновска.

- За 35-те скулптури во Скопје претседател е професорот Митко Хаџи Пу­ља, а членови се: Гоце Наневски, Васил Василев и Светлана Аџигогова.

- За Спомен-куќата на Мајка Тереза претседател е професор Јасмина Ха­џи­е­ва, а останатите членови се Јован Стефановски, Анџело Молфета, ар­хи­тек­ти­те: Анета Тановска, Билјана Филиповска, Тихомир Арсовски, но­ви­на­рот Антон Серечи, Стојан Тренчевски, Елизабета Канческа - Милевска, ма­гис­те­рот по економски науки Нермин Адеми, Авни Халими, Лидија Ла­за­ро­ва и технологот Драги Стојановски.

- За Спомен-домот на Тоше Проески во жирито биле: Кристинка Радевски, прет­се­да­тел, архитектите: Мартин Пановски, Елена Зафировска и Томаж Кан­цлер, зетот на Тоше Славен Ристески, Илија Ивановски, Елизабета Кан­че­ска - Милевска, Борис Јосифовски и Билјана Ќулавковска.

- Во тек е конкурсот за идејно решение за возобновување на комплексот Све­тик­ли­мен­тов универзитет, кој се повторува по третпат, бидејќи ко­ми­си­ја­та, составена од: академик Крум Томовски, претседател, Благоја Ко­лев, Вера Битракова - Грозданова, Митко Хаџи Пуља, отец Тимотеј, Ла­зар Шуманов и Христина Станева од Бугарија смета дека од 10-те прис­тиг­на­ти предлози, нема таков кој целосно ги задоволува проектната прог­ра­ма и конкурсот.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=4FA477DBA5178E4E9B5A39CF952FD0FF


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Jun-2009 at 11:11
Хонорарите се од Општина Центар

Министерството за култура вчера регираше на текстот "7.000 евра за членство во комисија" објавено завчера во Вест, дека по написот кај нив стигнале реакции од членови на жири-комисиите формирани токму за проектите кои ги реализира ова Министерство.
"Министерството информира дека нема исплатено хонорар од 7.000 евра на ниту еден член на жири-комисиите кои се формирани од страна на нашето Министерство", се вели во реакцијата.
Вест сака да појасни дека во текстот јасно стои дека хонорарите се однесуваат за одборите и комисиите на Општина Центар, а не на Министерството за култура. Напротив, во текстот кој што се однесува на Министерството за култура стои дека иако ги баравме сумите на хонорарите за комисиите формирани од Министерството, не ги добивме.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=2377A09ED3541B41AABCA1FF1CE241FC


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jun-2009 at 16:48
Саат-кулата во Ѓорче без часовници

Од Општината велат дека веќе ги нарачале часовниците кои треба да ги постават на сите четири страни на кулата, но оти не се сигурни дека ќе ги добијат навреме, и затоа официјалното пуштање во употреба е од­ло­же­но за следниот месец Са­ат-кулата која се гради во општинскиот парк во Ѓорче Петров, иако бе­ше најавено дека ќе биде готова и пуштена во употреба на 28-ми овој ме­сец, за роденденот на Општината, тоа нема да се случи бидејќи таа сe уш­те нема часовници. Официјалното пуштање во употреба на Кулата, која ло­кал­на­та власт во Ѓорче ја нарече македонски Биг Бен, е одложено за след­ни­от месец. Градоначалникот на Ѓорче Сокол Митревски вели дека ве­ќе ги нарачале потребните четири часовници, кои ќе стојат на сите че­ти­ри страни на кулата, но оти не може да прецизира дали ќе ги добијат за празникот.
"Ако стигнат навреме, тогаш ќе ја пуштиме Саат-кулата за празникот. Но, би­деј­ќи не сакам нешто да ветам, а потоа да не излезе така, нашиот Биг Бен ќе го пуштиме до 15-ти следниот месец", вели Митревски.
Са­ат-кулата е донација од скопската фирма "Адора инженеринг" која, ка­ко што велат од Општината, веќе ги завршила градежните работи.
"Гра­деж­ни­от дел е завршен, дисплеите на кои треба да се покажува тем­пе­ра­ту­ра­та и влажноста на воздухот веќе се поставени, сега се чекаат са­мо часовниците", вели Митревски.
Ку­ла­та е висока 12 метри и се наоѓа веднаш до спомениците на Ѓорче Пет­ров и на паднатите борци во паркот во Ѓорче.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=687AD9A372D2F04A8BF7CA640DE85D2C


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jun-2009 at 23:43
Проект за реновирање


Во рамките на презентацијата на "Културната патека", вечерва посетителите ќе можат да ја погледнат изложбата на мастер план - главен проект за реновирање и унапредување на Музејот на Македонија. Изработен е од студенти на Архитектонскиот факултет во Скопје од класата на професор Анета Христова. Изложбата ќе биде поставена на платото пред Куршумли ан, каде со почеток во 23 часот ќе се одржи и концерт на групата Супер Хикс.

Оваа презентација претставува завршница на повеќегодишниот проект што се реализира од страна на Интернешанел Менаџмент Групата и Владата на Италија. Проектот се одвиваше во неколку фази, во рамките на кои беа извршени истражувања, дигитализација и други активности насочени кон ревитализација на Старата скопска чаршија.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=F5E5A4C1B19AF54CA0FA3143FBAD4F05


Posted By: se_manda
Date Posted: 27-Jun-2009 at 17:26
off... Супер Хикс....Crazy


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 06-Jul-2009 at 13:05
znae li nekoj kade treba da se gradi ovaj proekt??
http://www.youtube.com/watch?v=dly7uH3UBMM - http://www.youtube.com/watch?v=dly7uH3UBMM


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Jul-2009 at 13:35
мајмацедониа интересен проект. Јас прв пат слушам дека воопшто се планирало некаков центар за православно пеење, а не па готов проект да имаме. Сепак вака како објект пред се културен, а не верски, ми изгледа ок.


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 06-Jul-2009 at 17:42
Ова е тазе дипломска на колега, си пишува...

Project: Damjan Cingarski Animation: Igor Noev
My diploma work.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Jul-2009 at 18:57
Ми мириса на оваа локација која е совршена за нов парламент

41°59'44.79"N   21°26'17.51"E

Дополнително, објектот во позадина ми изгледа како во земјотресот урнатата црква Св. Мина (ваљда има визија да се возобнови)

А и во ДУП-от мислам на оваа лолкација се најавуваше некаков голем комплекс на МПЦ со секакви религиозни објекти, за што сметам дека не е среќно решение.
Во тој контекст и не сум баш сигурен дека објектов треба да го третираме општо како културен, туку попрецизно како религиски.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Jul-2009 at 19:11
А зашто не би бил среќно решение?! Може би е престрог центар, но отскочната даска која му се дава на проектов со Св. Богородица и Св. Мина ја оправдува локацијата за комплексов. Да има локација во склоп на теолошкиот факултет тамо би било и најдоборот решение, но кога таму нема место и кога веќе МПЦ се одлучила за нов комплекс незнам зашто не би го направила тоа тука. Ваков евентуален комплекс воопшто нема везе со верски објект туку е пред се образовен и едукативен. Во верски објект се врши верски одреди, во академска институција за пеење се врши учителска дејност. А пеењето е дел од културата и највеќе би го окфалификувал како културно-образовен.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Jul-2009 at 19:31
Јас не зборам само за овој објект туку за тоа дека се работи за цел комплекс (според тоа што процури од ДУП-от, кој не знам дали е донесен или е заглавен). Јас таков комплекс составен од разноразни директно или индиректно религиски објекти во никој случај не го сметам едноставнио како културен или образовен.
Градење на таков религиозен комплекс во строг центар на град во денешно време во најмала рака е несреќен избор. Ако му дадам и друга конотација (а каква што има на претек), целата работа ќе изгледа уште понеразумно, но не би забегувал натака со муабетов.

На таа локација најрадо би го видел идното ново собрание на Република Македонија.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Jul-2009 at 23:00

Запустено киното во Луна-паркот

Ентериер стар со децении, дотраена сцена и филмски проекции само во десет дена од летото се новиот белег на некогаш славното Летно кино во Луна-паркот, во кое се одржуваа и претстави и концерти

Стари столчиња, дотраена сцена, валкано платно и публика која сепак, сака да гледа филмови на отворено е вообичаената глетка деновиве во старото скопско Летно кино во градскиот Луна-парк. Тука тече филмската програма на Скопско лето. Просторот, на кој некогаш се одржуваа претстави, концерти, фолклорни настапи и во редици се чекаше билет за филм, од година во година е се' позапуштен. Тоа што некогаш беа случајно никнати грмушки внатре, денеска се големи дрвја чии крошни се надвиснуваат покрај гледалиштето. Единствено потсетување за некогашните славни денови на Летното кино се филмофилите, кои деновиве ги следат проекциите што таму ги организира Скопско лето. Кога ќе заврши ревијата, киното повторно ќе ги затвори вратите, а најави за други активности нема.

- Секоја година во лето доаѓам на филмовите што тука се прикажуваат. Убаво е чувството да се присуствува во киново, но за жал се забележува како од година в година е во се' полоша состојба. Внатре е чисто, но сепак се неопходни поправки. Постарите генерации сега само се сеќаваат на деновите кога беше една од најпопуларните локации во градот. Штета ќе биде да се остави и да пропадне овој културен простор, кој сега гледаме дека само инцидентно живурка - вели гледач од Скопје, кој присуствуваше на една од проекциите во киното.

Кафе за публиката

Од Дирекцијата на Скопско лето веќе пет години се обидуваат да го заживеат просторот носејќи светски филмски хитови и нудејќи им бесплатно кафе на кинопосетителите. Сепак, киноопремата е стара, па на половина филм се прави пауза за смена на лентата. Од Дирекцијата се согласни дека на киното му е неопходно реновирање. Веруваат дека со евентуално реновирање на дотраената сцена, запуштениот затсценски простор, седиштата во гледалиштето и со набавка на нова киноопрема ќе се отворат можности просторот да се користи и за многу концерти, камерни изведби, претстави, нови филмски проекции.

- Публиката сака да доаѓа во Летното кино. Имавме ситуации кога иако врнеше, гледачите останаа до крајот на филмот. За жал, последниве неколку години, таму се прикажуваат филмови само кога трае нашата филмска програма. Штета е просторот да се остави неискористен. Неопходно му е реновирање. Сцената веќе не може да се користи, не може лесно да се гази по неа, платното треба да се смени, а треба да се поправат и просториите зад сцената. Некогаш таму организиравме и концерти и претстави и настапи на фолклорни ансамбли, но денес тоа веќе не е можно. Единствено што преостана е да се прикажуваат филмови, но секако со позајмена опрема - вели Никола Глигоров од Дирекцијата за култура и уметност, кои го организираат Скопско лето.

Куса сезона за Летното кино

Киното е во надлежност на Луна-паркот. Од таму се свесни дека просторот не ги задоволува условите за секакви изведби, но велат дека се отворени да му излезат во пресрет на секој поединец, институција или ансамбл кои сакаат да го користат киното за културни настани. Според Миодраг Атанасиевски од Луна-паркот, не планирале да вложуваат повеќе средства во реновирањето на просторот зашто од Градот Скопје се најавува поголема акција за реновирање на целиот парк.

- Со сите што се заинтересирани ќе се договориме и ќе ги направиме потребните поправки и адаптации што им се потребни. Порано имавме и повеќе претстави, игроорни друштва. Сега, тоа поретко се случува. Направивме поправки колку што можевме и ја потсредивме сцената. Сепак, поголеми инвестиции уште не планираме. Од Градот дојдоа најави дека целиот парк ќе се реновира, па затоа чекаме и не вложуваме средства, за да не бидат залудно и избрзано фрлени пари - вели Атанасивески.Од Градот Скопје, под чија надлежност е Луна-паркот, најавуваат целосна реконструкција на објектите на тој простор.

- Градоначалникот Коце Трајановски во својата програма има предвидено проект за нов Луна-парк. Во склоп на реализација на овој проект, во согласност со роковите во програмата ќе се решава и прашањето на Летното кино, заедно со останатите компоненти во него - велат од градот.Додека да се донесе одлука за реновирање, за Летното кино летото изгледа и годинава ќе заврши порано. Филмови таму ќе има до крајот на неделава, а други настани уште не се најавени.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=79CCC7E6C73DFF48AE499D35E27C4A24



Posted By: vardar
Date Posted: 23-Jul-2009 at 13:29
 

Кинотеката има ново депо

 

„Црно семе“, еден од најуспешните домашни филмови, заедно со севкупната македонска филмска продукција, од септември ќе се чува под постојан видеонадзор во новоопременото депо во подрумот на Кинотеката на Македонија, на температура од 4 степени и влажност на воздухот од 60 проценти, како што наложуваат светските стандарди за чување филмска лента

 
Околу 400 квадратни метри досега неискористена површина во подрумот на Кинотеката на Македонија станаа современо депо за складирање на филмски материјали, опремено со сите технички предуслови кои ги предвидуваат светските стандарди во оваа област.

Пет комори со апаратура што ја одржува температурата од 4 до 12 степени Целзиусови и влажноста на воздухот на 60 проценти, сушачи (или одвлажнувачи) на воздухот (зашто кога температурата се одржува на ниско ниво, воздухот станува влажен), надворешен дојавувач за промената на условите во комората, 24-часовен софтвер што дава испис за условите во депото, информатори за пожар и заштита што два часа не дозволува евентуалниот пожар да ги зафати заштитените делови.... Ова е дел од опремата, вградена во новоопремениот подрумски дел на Кинотеката на Македонија, во кој ќе бидат сместени филмовите од македонската продукција, архивска продукција и др.

- Опремувањето на депото, кое ќе биде ставено во функција во септември, е прва фаза од големиот проект за обновување на Хавзипашините конаци како главно депо на Кинотеката на Македонија, вели Мими Ѓорговска, директорка на оваа куќа.

Во свежо варосаниот простор, опремен со врвна апаратура, се влегува со неизбежна доза стравопочитување кон современата технологија, вградена во депото.

- Ваква апаратура, што е стандард во светот за чување на филмски материјали, неодамна е вградена во депото на кинотеката во Белград и минатата година во кинотеката на италијанскиот град Пардероне. Не ми е познато дека некоја друга институција од ваков вид во поширокиот регион располага со вака софистицирана опрема - вели Ѓорговска.

Обновувањето на депоата на Кинотеката (која освен овој речиси завршен потфат во подрумот на оваа куќа, ја опфаќа и целосната ревитализација и опремување на Хавзипашините конаци во Бардовци), е еден од капиталните проекти на Владата, кои се реализираат со поддршка на Министерството за култура.

- Се надевам дека целиот процес ќе тече непречено и во Хавзипашините конаци со чии 30 илјади квадратни метри конечно ќе се реши проблемот со депонирање и чување на филмовите, кој е хроничен за секоја кинотека во светот - вели Ѓорговска.

Според плановите, до крајот на годината ќе завршат сите постапки за подготовка на претстојниот зафат, со кој една третина од Хавзипашините конаци ќе се опремат за чување филмски материјали според стандардите вградени во депото под Кинотеката, а другите две третини од овој комплекс ќе станат место за пријатно и едукативно минување на времето - со рекреативни содржини, со кафеана-реплика на „Алхамбра“ од филмот „Солунските атентатори“ на Жика Митровиќ и др.

Дотогаш, во подрумските простории на Кинотеката ќе се тестира новоопремениот простор и ќе се опреми со подвижни полици пред да ги вдоми оригиналните копии на домашните филмови. Така чудесниот филм „Црно семе“ и другите, понекогаш наивни а најчесто до трогателност убави филмови од домашната продукција, ќе ги добијат стандардите за чување што одамна ги заслужуваат
 
 
 
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72391033584&id=16&setIzdanie=21745 - Nova Makedonija


Posted By: vendetta
Date Posted: 31-Jul-2009 at 09:42

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА СО ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО


Канческа-Милевска: Продолжува преродбата во културата


Министерката за култура Елизабета Милевска-Канческа најави и нов закон за култура, кој во август треба да се најде во владина процедура, а кој предвидува и големи измени во начинот на финансирање на дејностите од областа на културата и поголема одговорност од раководните лица


Капиталните проекти започнати изминатата година од страна на Министерството за култура, ќе продолжат да се реализираат со несмален интензитет и во наредниот период, онака како што е ветено. Ова го изјави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која вчера даде отчет за сработеното, истовремено потенцирајќи дека со правилна распределба на средствата ќе се придонесе за најавениот ребаланс на буџетот.

-Со планирана динамика се градат театарот во Велес, Стариот театар во Скопје за кој е завршен проект за ентериерно уредување, како и музејскиот комплекс во Скопје, во чии рамки ќе се изгради и калеиодоскоп за презентација на филмови, а веќе се пристигнати и првите 30 восочни фигури и склучени се договори за изработка на портрети на историски личности, сцени од историјата на македонскиот народ. Во тек е и конкурс за идејно решение на комплексот Хавзи-пашини конаци, а првиот дел каде ќе биде сместен филмскиот фонд ќе биде промовиран на 4 септември. До 10 септември пак, во Скопје ќе бидат поставени и преостанатите скулптури освен две кои треба да бидат лоцирани во коритото на Вардар, вчера меѓудругото изјави министерката Милевска-Канческа. Таа посочи дека во текот на вчерашниот ден требаше да биде поставена и темелна плоча на концертната сала на Македонската филхармонија. За 16 август, пак, најави почеток на реконструкција на куќата на Кемал Ататурк во селото Коџаџик, а до септември како што посочи, треба да заврши и реконструкција на библиотеката во Битола и на куќата Уранија во Охрид.

-Спомен-домот на Мајка Тереза промовиран во јануари годинава, според сознанијата што ги имаме дневно го посетуваат над 500 посетители, а се работи и на брошурата која треба да излезе до крајот на септември. Завршен е Музејот на вода во Градиште, кој дневно го посетуваат над илјада лица. Во тек е и изградба на преостанатите 16 куќички. Во делот на издавачка дејност промовирани се 130 тома на македонска книжевност, а се работи и на нивен превод на неколку јазици, како и на луксузните изданија. Паралелно се работи и на преводот на дела добитници на нобелова награда. Завршени се 40 од вкупно 104 дела. Се подготвува и проектот "Ѕвезди на светската книжевност" кој ќе опфати одбрани светски писатели, бестселери, биографии на познати автори, додаде Милевска-Канческа. Министерката најави и подготовка на нов закон за култура кој меѓу другото предвидува и големи во начинот на финансирање на дејностите од областа на културата. Со овој закон, кој во владина процедура треба да се најде веќе во август, ќе се бара и поголема одговорност и менаџерската способност на самите директори на институциите. Во тек е и нов предлог на закон за авторски и сродни права, со цел да се решат проблемите во делот на колективно остварување и заштитата на авторските права.

Милевска-Канческа вчера ги потенцираше и бројните проекти кои беа реализирани заради меѓународна презентација на македонската култура во светот, а вчера беа претставени и новите изданија за културното наследство на Македонија издадени во соработка со УНЕСКО.

(Д.Т.)


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=73D324155AD50546A7E3FEEE2D7ED7CF - http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=73D324155AD50546A7E3FEEE2D7ED7CF



-------------
------------------------------


Posted By: vendetta
Date Posted: 31-Jul-2009 at 09:54
Поздрав за сите проекти на министерството за култура, без исклучок!
РЕДНО БЕШЕ да почнат нештата да се движат во позитивен правец.

Особено ми се допаѓа идејата за реконструкција на куќата на Кемал Ататурк во селото Коџаџик! Тоа ќе отвори простор за туризам во тој крај а со тоа и во државава. Сите знаеме дека таткото на модерна Турција е роден таму. Со тоа се очекува и многу посети на туристи а највеќе од нашиот пријателски народ, турците, од секаде во светот.


-------------
------------------------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Jul-2009 at 13:27
Се подготвува нов построг закон во културата

Од Министерството за култура подготвиле Предлог за нов закон за култура, во кој ќе има промени во однос на финансирањето на институциите, а ќе се бара и поголема одговорност и менаџирање на директорите. Предлог-законот поминал на јавна расправа и наскоро ќе $ биде доставен на Владата, како и новиот закон за авторски права.
Ова на прес-конференција, одржана вчера го кажа министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска, која направи резиме на сработеното во минатава година. Таа најави дека на 16 август ќе се постави камен-темелник на спомен-куќата на Кемал Ататурк во Битолско.
До 10 септември ќе бидат поставени 33 скулптури, од предвидените 35. Ќе останат уште две: "Три врби", која треба да биде поставена во реката Вардар, и "Порта", на просторот меѓу плоштадот Пела и сендвичарниците.
Ќе почнат да се реновираат 24 домови за култура, а меѓу поголемите инвестиции, министерката наброи дека континуирано се работи на изградбата на Стариот театар, Концертната сала на Македонската филхармонија, Спомен - домот на Тоше Проески во Крушево, се реновира зградата на Уранија во Охрид, се ревитализираат Хавзи-пашините конаци каде што се сместени депоата на Кинотеката, а наскоро ќе почне да се гради Турскиот театар, и ќе се реновира Универзалната сала.
Готова е и Националната програма за ревитализација на Старата скопска чаршија.
Канческа - Милевска, како амбициозен следен настан го најави Биеналето на млади уметници од Европа и Медитеранот, кое во септември ќе се одржи во Македонија
На вчерашниот прес беа претставени монографии на македонски и на англиски јазик за археологија, христијански споменици, османлиски споменици, а не е готова за Охрид. Тие се финансирани од УНЕСКО и наскоро ќе бидат промовирани.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=40B2CB501D2953429048DCB1B2257C3A


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Jul-2009 at 13:44
За 16 август, пак, најави почеток на реконструкција на куќата на Кемал Ататурк во селото Коџаџик

Таа најави дека на 16 август ќе се постави камен-темелник на спомен-куќата на Кемал Ататурк во Битолско.



Може некој да објасни каде точно е таа спомен куќа, бидејќи најдов само едно село Коџаџик кое е во Близината на Дебар...


Posted By: mitatos
Date Posted: 31-Jul-2009 at 14:12
Ataturk e roden vo bitola, toa vo debar e drugo selo valjda

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Jul-2009 at 14:32


Офтопик но Ататурк е роден во Солун, во Битола одел на школување


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Jul-2009 at 14:38
Пбанкс обратно да не е?!


Posted By: mitatos
Date Posted: 31-Jul-2009 at 14:58
Vo pravo e pbanks, vo solun e roden =)

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: vendetta
Date Posted: 31-Jul-2009 at 15:16
Мустафа Кемал или познат како Кемал Ататурк е роден во село близу Солун точно, сепак Македонија (во тоа време).

Меѓутоа неговата фамилија (татко, дедо) се од Коџаџик.

Мислам дека учел во Битола и во Солун.


Во секој случај мислам дека ова е прекрасна идеја, мислам за обновувањето на куќата на неговата фамилија...


-------------
------------------------------


Posted By: zabegan
Date Posted: 31-Jul-2009 at 16:41
ја првпат слушам дека воопшто има куќа на Кемал Ататурк во Македонија Doh


Posted By: mitatos
Date Posted: 31-Jul-2009 at 17:32
ima ima, zatoa i vo bitola se snimeni nekolku filmovi od strana na turcite,i toj rumeli seuste mislam deka se snima.

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Jul-2009 at 19:05
И културните проекти ќе претрпат рестрикции

Можно е дел од проектите да не се реализираат до крајот на годинава, изјави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во пресрет на најавениот ребаланс на буџетот.

- Рецесија е и кризна година, па ќе се потрудиме максимално да ги намалиме трошоците, но и вишокот средства за сите проекти, а веројатно ќе има и анекси на договори со националните институции за редуцирање на програмата, поради што е можно некои од проектите да не се остварат до крајот на годината - најави Канческа-Милевска.

Министерството за култура, вели Канческа-Милеска, ги реализира капиталните инвестиции по утврдената динамика, а за најавениот ребаланс на буџетот ќе се подготви со порационална распределба на средствата со кои располага.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=73191010271&id=16&prilog=0&setIzdanie=21752


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Aug-2009 at 22:07
Музеи и културни центри - на лифтинг


Со програмата на Министерството за култура опфатени се сите музеи и 22 домови и центри за култура во Македонија. Во првата фаза веќе се вршат најприоритетните градежно-занаетчиски работи. Втората, пак, ќе се реализира во 2010 кога ќе се набавува и соодветна опрема за нивно функционирање


Сите музеи во Република Македонија, како и 22 културни центри во повеќе градови во државата, ќе бидат реконструирани во текот на оваа и наредната година. Во првата фаза, која веќе се реализира, се санираат најприоритетните градежно-занаетчиски работи (санација на покривот, поправки на електрична инсталација и санација на санитарни јазли), а втората фаза, според надлежните во Министерството за култура, ќе се реализира во 2010 година кога ќе се набавува и соодветна опрема за функционирање на домовите за култура. Дека на центрите им беше потребен најитен "лифтинг" укажуваше и нивната состојба на која секојдневно имаше поплаки од културните работници и раководителите на овие институции.
- Целта е да се овозможи побогат културен живот и во помалите населени места во Републиката, затоа се и издвоени поголеми средства за реконструкција и санација на културните домови, како и средства за уредување и поставување на етнолошки и археолошки поставки автентични за градовите. Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска во текот на изминатата и во текот на оваа година ги посети центрите и домовите за култура за да се констатира состојбата, вели Анита Јованоска, портпарол во Министерството за култура.

Санација е веќе започната во 12 културни центри и тоа во Кичево, Неготино, Охрид, Битола, Струмица... за што според надлежните се потребни 30.650.000 денари. Министерството за култура издвои средства и за најприоритетните градежно-занаетчиски работи во десет домови за култура во градовите: Демир Капија, Демир Хисар, Кратово, Пробиштип...

За оваа намена, пак, од државниот буџет се издвоени околу 39 милиони денари.
И уредувањето на музеите ќе се одвива по ист принцип, во фази, велат во Министерството. Веќе се започнати градежно-занаетчиски работи во седум национални музеи во Кичево, Струга, Националниот музеј и Музеј на тетовскиот крај во Тетово, во Гевгелија, Куманово, Крушево, како и во четири музеи кои претставуваат локални установи. Вкупните средства потребни за уредување на сите музеи изнесуваат 9.160.000 денари. Етнолошките и археолошките поставки ќе бидат на ред во 2010 година.
- Со уредување на сите музеи во Република Македонија ќе се овозможи и поголема едукација на младите секаде во државата, а од Министерството потврдуваат дека за првпат се издвоени толку средства за оваа намена.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=E5CFCC03B54CA04F821E493C2C091C28


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 09-Aug-2009 at 14:59
Не знам дали некој го постирал ова,но јас го прочитав пред околу еден месец во Шпиц

Нов воен музеј на Кале

Десетина милиони денари, или околу 160.000 евра Министерството за одбрана ќе потроши за нов воен музеј на скопско Кале, кој како што е планирано, треба да биде отворен до крајот на годинава, дознаваме од извори во министерството. Инвестицијата се планира независно од острите критики од Брисел поради ненаменско трошење пари од и така намалениот воен буџет и само две години по скандалозното отворање и затворање на Воениот музеј во рамките на касарната „Јане Сандански“ во Скопје и предавање на објектот на Министерството за внатрешни работи.
Скандалот изби кога грчка воена делегација го посети музејот и ги виде картите на некогашна „Голема Македонија” по што уследи остра реакција, а проблемот стигна дури до Брисел. Тогашниот министер за одбрана Лазар Еленовски, кој го затвори музејот, вчера не беше достапен за коментар, а еден од неговите претходници Владо Бучковски оцени дека „во тешката економска криза, да се одвојат пари за воен музеј не е нешто ново за оваа влада”.
- Правото место на воениот музеј беше таму каде што беше и отворен, во склоп на Воената академија и касарната. Да се трошат пари за музеи е дело на оваа влада. Искрено сметам дека тие пари подобро би се искористиле за други цели во Министерството или во АРМ отколку баш годинава да се прави нов воен музеј - вели Бучковски.
Одлуката за одвојување околу 160.000 евра од одбранбениот буџет за музејот, наспроти давање приоритети за други цели посебно за модернизацијата, наиде на остри критики кај повеќето претставници на опозицијата.
Отворање на нов воен музеј во Министерството за одбрана, пак, го правдаат со потребата на сегашните и на идните генерации да им се претстави и да им се доближи целокупната важност на македонската воена историја.
- Во услови како сегашните, како што е економската криза, има средства и процедури кои сме ги поминале и сега сме во завршна фаза на поставување на воениот музеј, кој се надевам дека ќе биде отворен до крајот на оваа година - вели раководителот на воениот музеј Александар Стојчев.
Стојчев е син на пензионираниот полковник и професор по воена историја на поранешната воена академија во Скопје Ванчо Стојчев. Александар Стојчев управуваше и со музејот кој пред две години беше затворен.
Тој објаснува дека новата локација е избрана бидејќи некогаш на Кале имало Воен музеј од кралската војска, а таму бил и првиот музеј на ЈНА во 1946 година. Од таа локација се подготвувал и тргнал 15. Македонски корпус, кој заминал на Сремски фронт и затоа, како што вели, има историско значење. Освен тоа, објасни Стојчев, Кале како локалитет е најистакнато место во градот и е комплекс на многу музеи, па затоа ќе биде добро во него да се вклопи и воениот музеј.
- Овој музеј ќе биде по теркот на НАТО, со написи, со продажба на сувенири, со можност за одржување настава и ќе биде голема пропаганда на македонската воена историја - вели Стојчев.
Музејот ќе се простира на околу 700 квадратни метри. Тешката артилерија ќе биде изложена на тревниот простор под скопско Кале, а експонатите во затворените простории кои се реновираат при Музејот на Македонија.
Парите за воениот музеј ќе ги обезбеди Министерството за одбрана.

http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=889&ArticleID=34821


А денеска и во макфакс

Воен музеј во Македонија
Скопје / 9.08.09 / 15:23
Воен музеј што ќе биде сместен во централното градско подрачје на Скопје, ќе добие Македонија до крајот на годинава.

Ова денеска го најави портпаролот на министрството за одбрана Сашко Димов, кој потенцираше дека музејот ќе биде репрезент на државноста и сувереноста, на историскиот континуитет на државата.

Надворешна експозиција која ќе биде сместена под Кале, а внатрешна експозиција во комплексот на Музеите на Македонија.

Во отворениот и затворениот дел ќе бидат изложени голем број на екслкузивни експонати, ретките примероци на германски топови, ретките британски полски кујни, еден од првите изработени примероци на американскиот тенк Шерман, облека, униформи, воени знамиња.

Во рамките на отворената изложба ќе биде поставена и музејска продавница за сувенири.


http://makfax.com.mk/mk-mk/Details.aspx?itemID=7826


-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: zabegan
Date Posted: 09-Aug-2009 at 15:04
воен музеј? и што ќе му правиме, ќе ги збираме топовите од калемегдан за да има што да се прикаже во него?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Aug-2009 at 15:05
Да ги соберат сите експонати што ги има по планиниве на потегот од Галичица до Дојран. Има доста рѓосана артилерија, а и доста мини денеска се наоѓаат тука.


Posted By: zabegan
Date Posted: 09-Aug-2009 at 15:11
Originally posted by lslcrew

Да ги соберат сите експонати што ги има по планиниве на потегот од Галичица до Дојран. Има доста рѓосана артилерија, а и доста мини денеска се наоѓаат тука.
добро нормално, старо правило е кај и да копнеш дека ќе најдеш нешто, но поентата е што многу воени артефакти што се најдени кај нас, се однесени во Белград, еве на пример мотор од германски авион Албатрос од Прва светска војна е однесен таму, и разни други делчиња Big%20smile


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 09-Aug-2009 at 16:07
Колку што можам да разберам од текстов,нема да се гради нов објект,туку музејот ќе се отвори во склоп на некаков музејски комплекс.

Можи ли некој да ми каже каже каде точно се наоѓа овај комплекс,затоа што никогаш не сум го видел.


-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: zabegan
Date Posted: 09-Aug-2009 at 17:12
сега го прочитав убаво текстот и изгледа артилеријата ќе биде на калето горе, а останатите експонати во Музејот на Македонија Dunno


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Aug-2009 at 17:26
Originally posted by ovaj_stariov

Колку што можам да разберам од текстов,нема да се гради нов објект,туку музејот ќе се отвори во склоп на некаков музејски комплекс.

Можи ли некој да ми каже каже каде точно се наоѓа овај комплекс,затоа што никогаш не сум го видел.


Во старата чаршија близу калето, веднаш до Мустафапашината џамија

42° 0'8.54"N   21°26'9.55"E


Posted By: Шпер
Date Posted: 12-Aug-2009 at 21:35
Воениот музеј ќе работи во рамките на зградата на Музејот на Македонија. Таму ќе биде сместена внатрешната поставка (која лично ја разгледав при посетата на Воениот музеј во 2006 година, кога беше на старата локација во деканатот на Воената академија на влезот на касарната Гоце Делчев), а надворешната експозиција ќе биде сместена на тврдината Кале, нешто слично како во Белград на Калемегдан. Меѓу другото ќе бидат изложени британска воена кујна од Првата светска војна (која се користела за војниците на Солунскиот фронт), тенкови Т-34, Т-55, Шерман... неколку топови и сл. Ако сакате ќе ви пратам и слики од сите поголеми експонати. Smile
Најголем дел од експонатите (пред се знамињата) од Илинден се во НВИМ во Софија чиј директор е ,,легендарниот" Божидар Димитров, а оние од НОВ се во Воениот музеј на Србија. Таму е и оригиналната униформа на генерал Михајло Апостолски. Сум бил таму и сум ги разгледал сите наши експонати.Thumbs%20Up


-------------


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Aug-2009 at 15:41
Ова е одлична вест  Thumbs%20Up Видов скелиња пред некое време кај англискиот паб, но мислев дека се работи за помала интервенција.

Мислам дека во пакет треба да се работи и на илуминација на објектот, ова е еден од клучните објекти во центарот на Скопје и мора да биде акцентиран и ноќно време.

Се реновира фасадата на Македонската Опера и Балет

Се реновира фасадата на Македонската Опера и Балет. Оваа реконструкција на надворешниот дел на Операта треба да биде завршена во октомври. Ќе се санираат центрите за култура уште во 15 градови во државата.

Реконструкцијата на фасадата на Македонската опера и балет целосно треба да биде завршена во октомври. Од отворањето на МОБ немало надворешни реконструкции на објектот, но претходно со средства од Министерството за култура и од странски фондови беа направени преуредувања на фоајето, делот околу влезовите на театарот и на сцената.

„МОБ во овој период, значи од два до три месеци, ќе заврши целосно со санирање. Значи првата фаза санирање, припреми и фасадирање на целиот објект, бидејќи со голем број на проблеми се соочуваа нашите вработени во институцијата, со течење на покривот и кајсценографијата и во фоајето итн.

 

 

-Мислам дека со ова ќе се направи еден значителен зафат, и ќе се помогне оваа институција навистина да го добие својот сјај, којшто го заслужува“, изјави Канчевска Милевска, министер за култура.

„Ќе се добие и во квалитет на изгледот на театарот и да биде спремен за пречек на гости од странство“, вели Дејан Прошев, директор на Македонска опера.

Реконструкцијата на фасадата на МОБ ја прави Робер ЛТД, а управителот Миодраг Ефремов вели дека фасадата била во лоша состојба и затоа протекувала, но може да се санира.

Од понеделник во 15-тина градови ќе почнат да се поправаат центрите и домовите на култура.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112602


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 14-Aug-2009 at 16:29
tamam ko ke odi nekoj da ja slika filharmonijata ke moze da ja slika i mkd opera i balletThumbs%20Up


Posted By: igorius
Date Posted: 15-Aug-2009 at 02:30
ДАЈТЕ БРЕ ФОТКИ


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Aug-2009 at 02:41
но претходно со средства од Министерството за култура и од странски фондови беа направени преуредувања на фоајето, делот околу влезовите на театарот и на сцената

Претпоставувам тогаш го „изделкаа“ и влезот вака грдо. Ако памтите таму пред тоа речиси се беше стакло, немаше онакви масивни и несоодветни рамки. Според мене изгледаше 100 пати поубаво. Не знам што бил проблемот и дали/зошто тоа морало да се менува, ама кога веќе го менувале морало да бидат многу повнимателни што прават.

Релативно ситна работа е ова, особено во споредба со сите катастрофи што му се случуваат на градов моментално, ама веќе 3-4 години поминаа и оково уште не може да ми се навикне на новиот влез... Ми се чини ептен ја промашиле работава. Ваков влез таму одговара колку што одговара поткровјето на Македонска Банка.






Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Aug-2009 at 02:52
Сите стакла на МОБ се проектирани така да не се познаваат воопшто рамки. Прошетај околу ќе видиш дека се така намерно направени да се држат само на по некој држач, а вратите порано си беа исто како на трговски порано, само дебело стакло и едниствено железо беа шарките и кваката. Така си беше и овде, ама ете тој што ги мењал вратите не мислел дека ќе го наруши основниот проект.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Aug-2009 at 02:55

Коџаџик ќе гради спомен-куќа на Ататурк

Камен-темелник на спомен-куќата на Мустафа Кемал Ататурк ќе биде поставен утре во село Коџаџик, Општина Центар Жупа, родното село на неговиот татко, Али Риза. Спомен-куќата на таткото на современа Турција, која со другите придружни објекти ќе зафаќа поголема површина, ќе се гради врз темелите на некогашната куќа на неговиот татко.

Овој зафат го реализираат локалната власт на општина Центар Жупа и Владата на Република Македонија. Заедно со изградбата на патот до спомен-куќата, инвестицијата ќе биде вкупно 650 илјади евра.

- Со изградбата на спомен-куќата се очекува голем број туристи и почитувачи на делото на големот Ататурк да го посетуваат ова место, кое изобилува со прекрасна природа и убавини што бог ги дарувал - вели градоначалникот Мазлум Хасан.

Коџаџик е едно од десетината села на регионот Горна Жупа. На свеченоста е најавено и присуство на премиерот Никола Груевски, министерката за култура, турскиот амбасадор во нашата земја и на други гости.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E3CB93AAA7502445B1D542C2E08A5DC3


Posted By: zabegan
Date Posted: 15-Aug-2009 at 15:54
убаво е тоа што некој се сети на МОБ, но на неа и треба уште многу работа освен ситни поправки и фарбање, и треба целосен третман на платото пред влезот и негова актуелизација, и треба правилно осветлување на целата фасада на зградата, ама за тоа ќе чекаме подобри години


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 15-Aug-2009 at 17:41
Originally posted by lslcrew

Сите стакла на МОБ се проектирани така да не се познаваат воопшто рамки. Прошетај околу ќе видиш дека се така намерно направени да се држат само на по некој држач, а вратите порано си беа исто како на трговски порано, само дебело стакло и едниствено железо беа шарките и кваката. Така си беше и овде, ама ете тој што ги мењал вратите не мислел дека ќе го наруши основниот проект.

Ова ви е многу добра забелешка. Не знаев претходно дека и овде напраиле ваков кафез.  Кога не се консултираат архитекти, туку увозници на турски профилиDunno...лошо, лошооо...

Инаку знам дека многу често мрчам на процедурални прашања во врска со форумов, ама мислам дека посоодветно име за овој thread би било Објекти од културата, а не како што е сега. Мислам дека форумов си го држи нивото, па затоа и давам забелешки од овој тип.

Applause за идејата да се реновира фасадата, а посебно ме радува што ќе се среди платото пред објектот.


-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: kire85
Date Posted: 15-Aug-2009 at 18:29
Dali nekoj znae sto bidna so izgradbata na turskiot teatar? Spored renderite eden od moite favoriti od kulturnive proekti......


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Aug-2009 at 18:33
И јас не сум бил свесен за ова злосторство на влезот на МНТ Ohno Стварно неверојатно, ваквите крпеници и импровизации на маркантни објекти по Скопје се на ниво на епидемија. Да потсетам само на крпените прозорци на објектите на Телеком. 


Posted By: zabegan
Date Posted: 15-Aug-2009 at 19:32
сега е како влез на некое училиште


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Aug-2009 at 17:39
Еве како треба да изгледа куќата на Ататурк. Мислев дека се работи за некоја автентична реконструкција, оно било некој спомен дом. Се плашам да не излезе и ова некоја спомен куќа како на Мајка Тереза! Далеку од натрупано е, но многу ми изгледа како објект за ботаничка градина со оној кровот горе одколку некоја традиционална куќа што реално ќе има што да покаже и со својот изглед.


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Aug-2009 at 17:55
Мајка Тереза е една и единствена и мислам дека таква ќе остане уште долго време. 


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 16-Aug-2009 at 22:41
Ми се допаѓа иницијатвава,мислам дека е корисна(се зближуваме со турците за инает на грцитеBig%20smile)

Кемал Ататурк е можеби најсканата историска личност во Турција,па куќава би требало да биде посетувана.

Вака не ми изгледа лошо,мислам дека е далеку од Куќата На Мајка Тереза.


-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Aug-2009 at 04:59
Тоа што се зближуваме со турците сметам дека е далеку од инает на грците, но за тоа на страна! Длабока е врската и треба да се оддржува. Многу поголемо население има турско во Македонија одколку што знаеме, аи многу луќе има во Турција кои се родени во Македонија или нивните предци се од тука! Мене ме радуваат искрено ваквите проекти кои се родени од искрена воља, а не како низа проекти кои се последица на демонстрирање сила во политика па денеска ги чувствуваме нелагодно! Ставрно ме радува зашто знам дека проектов е производ на блискост, а и со позитивна енергија ќе се гради!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Aug-2009 at 05:39
Спомен-куќа на Ататурк во родното село на неговиот татко


Се очекува ова да биде втората најпосетена локација од страна на турските туристи во Македонија, изјави заменик-министерот за култура на Република Турција, Нихат Ѓул


Камен-темелник за возобновување на семејната куќа на основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк, вчера беше свечено поставен во село Коџаџик, општина Центар Жупа.
Во родното село на Али Риза, татко на Ататурк, вчера присуствуваа и премиерот Никола Груевски, министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска, и заменик министерот за култура и туризам во Владата на Турција, Нехат Ѓул.
- Се очекува ова да биде втората најпосетена локација од страна на турските туристи во Македонија, изјави Ѓул, на прес-конференцијата во Министерството за култура, потенцирајќи ги традиционално добрите односи меѓу двете земји, "за што сведочи и фактот што Турција прва ја призна Македонија под нејзиното уставно име".

Спомен - обележјето "Куќа на семејството на Кемал Ататурк" ќе соодветствува со онаа во која живеело семејството, а проектот предвидува и простор за трајна поставка на експонати, како и изложбен простор за времени поставки преку кои сите посетители на Коџаџик ќе се запознаат со животот и делото на Ататурк.

Активноста ја реализираат локалната власт на општина Центар Жупа и Владата на Македонија, а носител е Националниот конзерваторски центар. Вкупната инвестиција заедно со изградбата на патот до спомен-куќата, ќе изнесува 650 илјади евра.

Куршумли ан ќе биде културен центар на Турција во Македонија
-Ќе бидат отворени културни центри во двете земји. Во Македонија, Куршумли ан ќе биде културен центар на Турција, а нашиот културен центар ќе се наоѓа во центарот на Истанбул.
Ова го најави министерката Канческа-Милевска по вчерашната средба со министерот Ѓул. Министерката рече и дека го информирала Ѓул за изградбата на Турскиот театар во Скопје, како и дека Македонија добила покана за учество на манифестацијата Европски град на културата во 2010, Истанбул.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=99300C829CFE14419639E9509524F7D6


Posted By: igorius
Date Posted: 17-Aug-2009 at 13:17
hmm interesno..ima li nekoe renderce da se stavi da vidime poubavo ili toa e toa


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Aug-2009 at 04:58
Министерството ќе ја спасува Спомен костурницата

Оставена на забот на времето, спомен костурницата на борците за слобода, во Велес полека но сигурно пропаѓа. Влагата го уништува споменикот и мозаикот. Повеќе од пет години, никој не се грижи за објектот. Најнапред лошата изградба, во далечната 1979 година, а подоцна и несоодветната санација на покривот, што се случи во 2003 година, не ги заштити ниту костурницата ниту единствениот најголем мозаик од голема историска вредност на авторот Петар Мазев. Атмосферската вода, од честите врнежи, преку пукнатините на покривот, понира низ ѕидовите на костурницата и ги уништува 220-те м2 што го сочинуваат мозаикот поставен на внатрешните ѕидови на костурницата. За да ги заштити спомен костурницата и мозаикот од пропаѓање. Министерството за култура го задолжи Народниот музеј од Велес, под чија надлежност е овој мономентален споменик, на влезот во Велес, под итно да формира комисија и да подготви извештај за неговата состојба.
"Комисијата го направи извештајот и веднаш го достави до Министерството. Во него е констатирано дека изведувачот на санацијата на покривот во 2003 година не си ја завршил добро работата и покрај тоа што од Заводот за заштита на споменици беа вложени 100 илјади евра", рече Марин Клифов, раководител на спомен костурницата.
Мозаикот, на кој авторот Петар Мазев вложил три години работа, од 1976 до 1979 година, претставува композиција од пет слики преку кои е прикажана целокупната историја на македонскиот народ почнувајќи од турското ропство па се до ослободувањето на Македонија од фашистичкиот окупатор. Овој мозаик не само по големината туку и по содржината е единствен во Македонија кој на мошне сликовит и мајсторски начин ја претставува голготата на Македонецот низ вековите. Под симболот на големото распукано стебло на дрво во Спомен костурницата се наоѓаат и посмртните останки на над сто загинати борци меѓу кој и на големиот Коста Солев Рацин. Инаку, Спомен костурницата, во знак на благодарност на сите загинати борци за слобода, е отворена во 1979 година, а средствата за нејзината изградба ги обезбедија граѓаните на Велес.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=910C3814B5A6F94CB3CEB4D7070A0D04



Print Page | Close Window