Print Page | Close Window

Проект „Старите касарни за нов развој“

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Станбени
Forum Discription: Станбени згради, станбено-деловни комплекси, резиденцијални објекти и населби...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=674
Printed Date: 29-Mar-2024 at 12:47


Topic: Проект „Старите касарни за нов развој“
Posted By: La Linea
Subject: Проект „Старите касарни за нов развој“
Date Posted: 02-Feb-2007 at 08:00
Осмислување и пренамена на просторот на касарните

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!



Replies:
Posted By: dejan
Date Posted: 25-Mar-2008 at 12:09
Od http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E50332ACACF961458F9191A1D0C77FA0 - Dnevnik (i ovaa slika ja sakam)

ОПОЗИЦИЈАТА во градскиот совет ПРОТЕСТИРА ПРОТИВ ОДЛУКАТА ЗА ИЗМЕНА НА ГУП

СДСМ: Новиот генерален план ќе биде незаконски


.......

Станови на местото на касарните

Во Предлог-одлуката за измена на ГУП се вели дека и Владата имала иницијатива за редифинирање на намените и содржините во планот за да се обезбедат услови за инвестиции за развој на Скопје. Како основни причини за измените се наведени влегувањето на Сарај во градски граници, но и искористувањето на слободното државно градежно земјиште. За таа цел, Министерството за транспорт и врски доставило барање до Градот Скопје за утврдување на намената на комплексите и објектите на Министерството за одбрана. Од Градот објаснија дека се работи за делот во кој се наоѓа касарната „Илинден“, каде што би требало да биде зацртна намена домување и деловни објекти. Поради овие измени Министерството за транспорт е подготвено финансиски да ги помогне измените на ГУП.




-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Mar-2008 at 12:42
Сигурно има оправданост за некои измени, ама се плашам дека ќе испадне како со измените на „Мал Ринг“, то ест дека слабостите ќе си останат, а новост ќе бидат некои штетни решенија од којзнае какви побуди...

Како и секогаш, највеќе ме плашат обидите да се избрише/измести трасата на Бул. Крушевска Република. Тоа е тотално неприфатливо!

Исто така ме буни и она со касарната Илинден... Зарем целата касарна се планира да се напушти?!? Таа е сепак „срцето“ на АРМ и армијата сигурно има потреба од нејзините капацитети, па макар и во некаква редуцирана форма. Не знам баш колку е во државен интерес таа касарна едноставно да се збрише. Можеби е во интерес на некој што сака да прави дебели профити со разноразни сомнителни зделки, ама сигурно не е во општ интерес.


Posted By: ProMKD
Date Posted: 25-Mar-2008 at 20:32
Многу мучки прават со АРМ! Тоа е очигледно откако заврши конфликтот 2001ва.. наеднаш почна намалувањето на бројноста, немањето пари за оддржување на хеликоптерите (а за модернизација има!), продавање на објектите во велес, немањето пари за исплата на оштета на фамилии на загинатите/ранетите... сето ова со изговор дека е НАТО стандард! Каков апсурд.. НАТО во главно е армиска унија или организација а ние за да стигнеме до нивен 'стандард' полека ја уништуваме или онеспособуваме нашата армија! Не знам што планираат точно со Илинден во урбанистичкиов план ама не верувам дека сосема ќе распродадат се. Сепак како што рече Кловерстак тоа е срцето на АРМ и најголемата касарна во јужниот дел на екс-ју


Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Mar-2008 at 20:35
јес да сум лаик за тие (воени) прашања но колку што ми текнува уште во времето на Бучко се утврди дека во Скопје нема да има касарна (или барем не волку голема касарна). Уште од тогаш се зборува за продажба на Илинден на странски инвеститор. 


Posted By: ProMKD
Date Posted: 25-Mar-2008 at 20:37
Originally posted by pbanks

јес да сум лаик за тие (воени) прашања но колку што ми текнува уште во времето на Бучко се утврди дека во Скопје нема да има касарна (или барем не волку голема касарна). Уште од тогаш се зборува за продажба на Илинден на странски инвеститор. 

Да тука си во право. Бучко беше главен за 'модернизација' на АРМ (јес да имаше добри работи) кога беше министер за одбрана. Тој го почна процесот со распродавање на имотот од АРМ


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Mar-2008 at 22:45
Без разлика кој бил, не ми се допаѓа до каде се оди со ова... Прво не гледам што има страшно во Скопје да има касарна, особено што таа касарна е централна, со многу воена инфраструктура што сигурно ја нема на друго место во државава. Сега треба да градиме нови армиски инсталации на сосема нова локација, а некој да прави профити од ова атрактивно земјиште??? Би сватил евентуално кога би се работело за просторно редуцирање на касарната - таму навистина има доста простор... Но комплетно укинување е будалаштина... На крајот на краиштата касарната има добра стратешка поставеност.


Posted By: La Linea
Date Posted: 25-Mar-2008 at 22:58
Мене ова повеќе ми личи на некаков заговор да се хендикепира АРМ. А ако се почнало со претходниот премиер како што викате, Ohno


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: vardar
Date Posted: 25-Mar-2008 at 23:19

Заговор или не тоа што досега го направивме беше исклучиво да влеземе во нато иако е нелогично, например зошто ги шитнавме  су-25..... зш според некој си целокупен план на нато нас не ни требала авијација, нашите мили соседи ќе се грижеле за нашата безбедност Crazy.  Немам сега линк али се сеќавам дека се збореше дека не требало да има воени постројки во непосредна близина на градовите, а во комунизмот токму таму се граделе..... иако како што кажа кловер илинден има исклучителна стратешка позиција.

Од друга страна пак последен пат кога бев внатре (у посета) некаде 98-99  се ми изгледаше како да е пред распаѓање (или едно ремонтче и требаше) незнам како е сега али ако некој инвеститор им даде нова модерна касарна на друга локација и некое милионче за набавка зошто да не Dunno


Posted By: ProMKD
Date Posted: 26-Mar-2008 at 05:05
Originally posted by vardar

Заговор или не тоа што досега го направивме беше исклучиво да влеземе во нато иако е нелогично, например зошто ги шитнавме  су-25.....

Другар, СУ-25ките не се продадени Тие вечно ќе си останат на Александар Велики во случај за не дај боже... остај што се збори по весници дека требало да се продаваат.

Него и најголемиот воен полигон на Балканот (Криволак - кај Неготино) беше поделен и продаден. Еден дел (не значително голем дел) беше продаден заедно со фарма за свињи и неколку штали. Тоа не е ништо страшно бидејќи се збори за обично земјиште, ама тоа само го кажувам за да видите дека стварно се прави некоја 'реорганизација', за добро или не вие да си одлучите. Има предности, има и лоши работи. Ама според мене дефинитивно УТКА огромна е вадењето касарната Илинден (ако се случи, сепак разговараме на шпекулации). Замислете да ја немаше касарната во Тетово во 2001ва... каде ќе беше базата на АРМ? Во полициските станици? Како таа во Радуша каде што беа опколени полицајците 48 саати? Нема смисла..

ПС предложувам последните неколку постови да се стават во нова тема "АРМ" во делот "останати теми"


Posted By: vardar
Date Posted: 26-Mar-2008 at 09:18

Изгледа сум згрешил за сухоите, се согласувам дека имаат касарните стратешки положби, како шо викаш ова со илинден можеби е само шпекулација а можеби евентуално би се отуѓил само мал дел....(извинете за офтопик или бришете или префрлајте)



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Mar-2008 at 10:26
Назад на тема Smile


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Nov-2008 at 02:24

Градењето елита ќе го урне животот во градот

Освен желбата на Владата да ги изгради, нема никаква анализа за тоа како елитните населби ќе влијаат врз животот во градот


Социолозите предупредуваат дека ваквите планови може да го уништат нормалното живеење и функционирање на градот

Таканаречените елитни населби во Скопје, кои ги најавува Владата, донесоа повеќе страв и загриженост отколку што отворија перспективи за развој. Нема анализа дали му се потребни на градот, како и колку ќе влијаат на пренаселеноста, не се знае колку жители ќе имаат, ниту од каде ќе дојдат. Уште помалку каде ќе работат, каде ќе паркираат, колку населбите ќе го оптоварат градот, дали и колку ќе го зголемат загадувањето... Надлежните институции упорно молчат за сето тоа. Се' што кажа Владата беше дека ќе бидат луксузни, а од Министерството за транспорт и врски, кое ќе ја спроведува продажбата, не одговараат на ниедно прашање. При нарачката на плановите Министерството се води од Генералниот урбанистички план на Скопје - објасни портпаролот Драган Симоновски.

ЛОКАЦИИ

Станува збор за елитни населби, кои треба да се градат на Зајчев Рид, во Хиподром, на местото на касарните „Илинден“, „Гоце Делчев“, „Јане Сандански“ и на касарната во Бардовци. Предвидено е во населбите да живеат околу 60.000 жители. Предвидено е на местото на објектите на Министерството за одбрана да се изградат станбени згради, кафулиња и хотели. Кај „Илинден“ ќе се гради урбана населба, на местото на „Гоце Делчев“ - комерцијални објекти, а во Аеродром - станбени згради. Во Бардовци се случи отпосле државата да открие дека земјиштето - кое мислеше да го продава на странски инвеститори - одамна е денационализирано и приватно.

Поранешниот главен градски архитект Никола Велковски, во чиј мандат беше усвоен Генералниот план, вели дека на овие локации навистина е предвидена изградба, но дури откако ќе се искористат празните локации во Ново Лисиче, Јурија, местата на касарните „Илинден“ и „Гоце Делчев“, на фабриките „Треска“ и „Алумина“ и локацијата кај салата „Партизан“. Пред да почне изградбата на населбите кај Зајчев Рид и Хиподром, треба да се направи детаљна анализа дали тие навистина му се потребни на градот - предупреди Велковски.

ИНФРАСТРУКТУРА

Може да се претпостави дека постојната инфраструктура ни оддалеку не може да ги задоволи потребите на новите населби, односно на илјадниците жители во нив. Останува мистерија дали ќе има доволно струја, вода, сообраќајници... Социолозите предупредуваат дека ваквите политички планови може да ги уништат урбанистичките, односно да ги деградираат нормалното живеење и функционирање на градот.

- За десет години во Скопје ќе биде неподносливо за живеење. Една третина од населението би требало да се исели и сега, камоли кога станува збор за доселување нови жители - вели Илија Ацевски, професор по урбана социологија. Тој не знае за ниедна стручна институција што направила анализа или сериозно се занимава со оваа проблематика.Архитектите се песимисти кога станува збор за финансиските и за другите потенцијали на градската власт. Чиста утопија е да се проектираат вакви населби ако градот нема пари, а нема, да изгради инфраструктура за нив - вели Никола Велковски.Во Општина Карпош сметаат дека нема да има проблеми за Бардовци и за населбата на Зајчев Рид за во кои е планирано да се населат околу 27.000 жители. Тврдат дека ќе се гради нова инфраструктура, која нема да влијае на старата.

ГЛУПОСТ

Градските власти се загрижени дека централното подрачје ќе биде целосно блокирано. Сметаат дека прво треба да се изврши ново кроење на границите на градот, да се реши јавниот превоз - да се воведат трамвај и ефикасен такси-превоз и друго.Социологот Ацевски вели дека класификацијата „елитни“ е глупост.
- Дали тоа значи дека ќе го избираме народот кој ќе живее во хациенди и палати, дека имаме иста цена за стан како во Лондон или во Париз, а имаме десетина населби надвор од сите цивилизациски норми? Да не зборуваме дека веќе имаме елитни населби со дивоградби, кои никој не ги урива - вели тој.

Архитектите објаснуваат дека во центарот на големите градови се згради на компании, администрација и слично. Кај нас ќе се случи во центарот на Скопје и блиските населби да живеат посиромашните жители.Што се однесува до загадувањето, сите се речиси едногласни дека е можна катастрофа. Особено во градското јадро поради замислата на Владата тешко да го оштети Водно со најавата за изградба на пат за Сончев град во Сопиште.

- Скопската котлина не е погодна за мегаградби, бидејќи го спречуваат струењето на воздухот. Ова што се прави сега, згуснувањето на централното подрачје, ќе доведе до природно задушување. Од тоа ќе може да избегаат само тие што имаат пари - објаснува социологот Ацевски.

ИНФО-Премногу население

Никој не знае колку точно луѓе ќе живеат во населбите. Социолозите сметаат дека од главниот град треба да се исели една третина од населението, а не да се доселуваат илјадници жители. Со сегашниот буџет на Градот, изградбата на силна инфраструктура за новите населби е невозможна. Градските власти сметаа дека Скопје би можело да ги издржи новите жители само со нова територијална поделба.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=7363C2EE72457346A04E98A2F9527875




Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Dec-2008 at 10:02
Во Гевгелија се изработува урбанистички план за изградба на стопанско-деловни објекти надвор од градот

Гевгелија, 30 ноември (МИА) - Во општина Гевгелија во тек е изработка на урбанистички план наменет за ненаселените места надвор од градот за изградба на стопанско-деловни капацитети.

Поради зголемениот интерес на стопанствениците и инвеститорите, наместо првично планираните 20 хектари, новата стопанска зона ќе зафаќа простор од вкупно 40 хектари.

Со општинските урбанистички планови кои се во фаза на изработка се предвидува и изградба на катна гаража во центарот на градот. Предвидени се и локации за нови бензински пумпи, трговски центар на словенски „Туш“, како и колективни стамбени објекти.

Од секторот за урбанизам велат дека приоритет во изработката на плановите се дава на спортско-рекреативниот ценатр кај поранешната касарна на Армијата на Република Македонија, каде се предвидени локации за четири тениски игралишта.



-------------


Posted By: гитардемон
Date Posted: 23-Feb-2009 at 20:36
Оваа година стекува важноста на Генералниот урбанистички план за град Битола
Понеделник, 23 Февруари 2009 17:01
MAJA%20gup%20sl%20003

...oна што се смета за најбитно за новиот Генерален урбанистички план е да се вметне касарната која досега беше воен објект. За 3 касарни се чека постапка од Уставниот суд дали може да се обележи само со текстуален дел.

-Дали може само со текстуален дел да се измени односно да се доделат касарните и директно да се оди со ДУП, зборуваме за делот кај касарната. Независно од ова потоа кога ќе го правиме ГУП ќе го вметнеме и тој дел, бидејќи ако правиме измена и дополнување на ГУП ќе требаат 6-7 месеци, па ДУП уште толку , догодина касарната да не може ништо да се интервенира во неа. Затоа, ако помине ова на Уставен суд за Илинден како пример, тогаш ние имаме ветување од Министерството дека и битолската и прилепската касарна ќе бидат доделени на ист начин каде што ќе може веднаш да се интервенира само со изработка на ДУП, вели Стојчев.

Важноста на Генералните урбанистички планови е 10 години.


http://tera.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=4415&Itemid=106 - http://tera.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=4415&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-May-2009 at 20:00
Предлог ДУП за касарната
Четврток, 21 Мај 2009 17:14

MAJA%20kasarna%20sl%20001

Касарната во Битола е со најспецифична локација од сите останати во другите градови, во центарот на градот и затоа не може да служи за секаква намена, вели градоначалникот.

-Нашата касарна има перфектна позиција и во тој дел ние нема да дозволиме такво нешто. Веќе подготвуваме предлог детален урбанистички план со кој што ќе кажеме каде во кој дел што би можело да биде. Се разбира дека тоа е процес, ќе оди на анкета, ќе има дополнувања, ќе има и трибини, но главното е што досега нема едно решение за сите касарни во сите општини во Македонија, рече градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески.

За сите касарни, како и за битолската се уште не се дефинирани одлуки што ќе се случува со нив. А постојат неколку решенија.

-Можеби ќе се случи дел од касарната да се даде на еден начин, а друг дел на друг начин. Или можеби ќе се случи да се даде на општините дел, а дел да остане на државата. Или пак ќе се оди парцијално. Мене ми е жал што долго трае, но во секој случај не зависи само од нас овој проблем, рече Талески.

MAJA%20kasarna%20taleski

Објектот е на Министерството за одбрана, но целата ситуација не зависела од него.

-Министерството може на некој начин да го актуелизира овој проблем, но одлуката што ќе биде дефинитивно не е на министерството. Едноставно, тоа е само во нивна надлежност бидејќи армијата нема веќе капацитет тоа да го одржува. Бараме интензивно тоа да се реши. Ако биде во наша надлежност, ние ќе поставиме и стражарски служби и тој простор ќе го уредиме, рече Талески.

Планот ќе го достават до Владата.

MAJA%20kasarna%20sl%20002

-Она што го видов во првиот дел од предлог деталниот урбанистички план, се работи за еден голем комплекс. Тоа ќе биде како еден мал град. Таму има предвидено делови за студентски град, има делови за домување, за згради, хотели, гоелми маркети, плоштад, фонтана, паркови, дислокација на дел од полицијата и противпожарната единица. Мислам дека тоа е едно место коешто навистина треба многу внимателно да се среди урбанистички, рече градоначалникот.

Министерството за транспорт и врски покрај неколкуте детални урбанистички планови, го финансира и овај за касарната.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=8054&Itemid=106 - Тера


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Jun-2009 at 00:08
Малку подетално....
Ќе се дозволи пренамена на касарните

Измените на Законот за просторно планирање овозможуваат секој граѓанин да побара измена на ДУП

Билјана Ангеловска

Просторот во касарните што нема да го користи Министерството за одбрана во иднина ќе може да се пренамени. Измените на Законот за просторно и урбанистичко планирање овозможуваат земјиштето на касарните да биде планирано за намени сосем поразлични од досегашните и тоа само со промена на деталниот урбанистички план, без притоа да се чепка во генералните планови. Ова беше речено на вчерашната прес-конференција, на која министерот за транспорт, Миле Јанакиески, ги презентираше предложените измени на постојниот Закон за просторно и урбанистичко планирање. Притоа, тој не одговори дали касарната „Илинден“ во Скопје наскоро ќе биде пренаменета за резиденцијален објект, туку само потврди дека дел од неа ќе биде пренаменет, а дел ќе остане за потребите на Одбраната.

Со предложените измени на Законот во иднина секој граѓанин ќе може да поведува иницијатива за изменување или дополнување на кој било урбанистички план. Тоа значи дека граѓаните ќе можат да побараат промена на некој ДУП од општината, која пак ќе има обврска да одговори на секоја поведена иницијатива. Доколку ја прифати, тогаш општината мора во рок од три месеци да ја почне постапката за измена на планот. Во случај да не се одговори на поднесената иницијатива или, пак, ако таа се прифати, а постапката не почне во предвидениот рок, одговорното лице во општината ќе биде казнето со глоба од 3.000 до 5.000 евра.

Јанакиески појасни дека со измените максимално се поедноставува постапката за урбанистичкото планирање на просторот. Изработката или измените на деталните планови во иднина ќе се прават многу побрзо и поедноставно, бидејќи за нив ќе се бара мислење од специјална комисија што ќе се формира од градоначалниците на општините и на Градот Скопје. Тоа значи дека веќе нема да се чека на изјаснување од Министерството, па повторно да се враќа во советот на општината.

Измените, меѓу другото, ќе придонесат и за поголема независност на општините во самата постапка на донесување на планската документација, како и за поефикасна децентрализација. Во таа насока прв пат и Скопје ќе добие свој просторен план, според кој главниот град ќе се развива урбанистички.

„Заради поефикасно уредување на просторот, се воведуваат два нови инструмента во планирањето, државна и локална урбанистичка планска документација. Со локалната планска документација се овозможува општините самостојно да го уредуваат просторот, без учество на централната државна власт во постапката“, рече Јанакиески.

Тој појасни дека со предложените измени се пропишуваат максимални дозволени вредности на урбанистичките параметри за изграденост на градежните парцели. Со нив, законски се одредува дури 70 проценти од парцелата да биде градежно изградена, односно во градежен простор, а максималната висина на градбите наменети за домување да биде 10,2 метра. Висината на станбена зграда, пак, треба да изнесува најмалку 25 метри доколку е на градежна површина од 500 до 1.000 квадрати, додека за поголема површина, зградата треба да биде висока најмалку 30 метри.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=5A74ECDF2F2EDC4298D080368A3531D9



Posted By: гитардемон
Date Posted: 19-Jun-2009 at 18:49

Осум касарни ја менуваат командата

http://a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=12&VestID=110282 - Миомир Серафиновиќ http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=110282#komentari - Коментари (0)    
19.06.2009 19:21
 

 

Околу 400 хектари земјиште во 8 воени касарни ќе бидат преземени од локалните власти за економски развој, велат за А1 во Министерството за одбрана.

Освен во Струмица, касарните во Гевгелија, Битола, Дебар, Дојран, Охрид но и делови од двете скопски касарни Илинден и Гоце Делчев во населбата Аеродром - ја менуваат командата - сега се во рацете на локалната власт.

Но иако со нив ќе работат општините, сопственоста врз земјиштето останува во државни раце.

Планот е прво да се изменат генералните урбанистички планови, а потоа и да се донесат детални урбанистички планови за намена на тој простор.

 

 

Владејачката ВМРО-дпмне повика плановите да со носат врз основа на потребите на граѓаните и по организирани дебати со нив.

Најмногу од сите општини ќе се „офајди“ Битола, бидејќи тамошната касарна има 240 хектари.

Но голема е и вредноста на 70-те хектари или 700 илјади квадратни метри во скопската касарна Илинден кои ќе се пренаменат од воена во развојна цел. Тоа е само дел од касарната. Интересно е што се наоѓа во Карпош - единствената општина со опозиционен градоначалник во Скопје.

За ова земјиште за кое веќе и порано се најавуваше изградба на модерни нови населби - ингеренции за деталните урбанистички планови има општина Карпош, а генералниот урбанистички план го носи градот Скопје. А тоа земјиште уште сега има голема вредност.

Ивана Салтировска - web новинар

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=110282 - http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=110282

Имаше за ова уште пред некој ден, ја предадоа веќе струмичката, другите за некое време ќе ги предадат. Што се однесува до битолската, тој дел е огромен, касарната е навистина многу голема. Цела работа е што оди до Тумбе Кафе, каде што има и складиште за оружје во ридот. Што ли мислат да го прават тоа, не знам... Инаку има 5-6 тенка на Тумбе кафе, 1 хеликоптер и 2 авиони за украс, па дали ќе си ги земат нив, и тоа не знам. Знам само дека сместија неколку факултети во бараките на војската, и сега тој дел џабе е окупиран од субстандардни објекти, кога тој е еден од најубавите делови на градот. Почнаа со идеи за ДУП за тој дел од општина Битола, и онака треба да се промени ГУП за година две, па ќе бидне нешто и со касарната. 240 хектари се многу, а касарната е вдолж скоро цела Партизанска, значи ќе биде интересна за повисоки згради.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-Jun-2009 at 15:37

МИНИСТЕРОТ КОЊАНОВСКИ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ ВО ОБИКОЛКА НА БИТОЛСКАТА КАСАРНА

Министерот за одбрана Зоран Коњановски заедно со битолскиот градоначалник Владимир Талески, денеска беа во обиколка на касарната „Стив Наумов“ во овој град и ги разгледаа можностите за нејзина преадаптација и ставање во функција на локалната самоуправа.

Министерот Коњановски потенцира дека пред околу седум месеци се започнати анализите за реализација на проектот „Старите касарни за нов развој – Владата за граѓаните“. Овој проект, подвлече тој, ќе значи инвестирање за Битола и можност на оваа прекрасна територија од градот со површина од околу 240 хектари да доживее ренесанса, да се градат нови објекти значајни за граѓаните, но и за државата.

- Ние немаме декларирана опасност од кој било од соседите, ние имаме јасни насоки како ќе се развива армијата и на кои делови од државата, а со цел бранење на сувернитетот. Исто така сакаме да одговориме на глобалниот светски поредок преку НАТО. Значи немаме никаква опасност од некој сосед за да декларираме армија на тој дел од државата, затоа нашата стратегија е секаде каде што можат да се отстапат касарните да се отстапат и затоа добро е што касарната ќе има пофункционална намена, изјави министерот за одбрана Зоран Коњановски, на средбата со новинарите што се одржа во касарната „Стив Наумов“ во Битола.

Градоначалникот на Битола Владимир Талески потврди дека општината има јасна визија за облагородување на просторот и ставање во функција на локалната самоуправа, но и на други институции кои ќе имаат потреба од простор.

- Веќе имаме предлог детален урбанистички план со кој предвидуваме изградба на ексклузивни станбени објекти, трговски центри, хотели, бензинска пумпа, училиште, градинка, црква. Голем дел ќе отстапиме на битолскиот универзитет за да се изгради студентски град, најави денеска градоначалникот Владимир Талески.

Според хроничарите, сегашниот простор на касарната под познатото битолско Тумбе кафе и околината отсекогаш бил воена локација, место за стационирање и вежбовни активности и ова е прв чекор оваа зона да биде во функција на цивилниот сектор.

Проектот „Старите касарни за нов развој - Владата за граѓаните“ ќе се реализира систематски и чекор по чекор со решавање на евентуални проблеми со сопственоста на одредени парцели, со урбанистичка поткрепа како и со утврдени проекти од заинтересираните субјекти, беше предочено за време на денешната обиколка на касарната „Стив Наумов“ што во Битола ја реализираа министерот за одбрана Зоран Коњановски и градоначалникот Владимир Талески.


http://sitel.com.mk/?ItemID=D3A2B79F1FC3914CBB8C445084AF3546 - http://sitel.com.mk/?ItemID=D3A2B79F1FC3914CBB8C445084AF3546

Еве први поконкретни податоци за што се планира да се гради.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 23-Jun-2009 at 17:19
Советничко прашање за касарната
Вторник, 23 Јуни 2009 17:59

slika%20milevski

Советникот од ЛДП, Горан Милевски постави советничко прашање за касарната.

-Треба, тоа е став и на ВМРО ДПМНЕ и сметам дека треба да почитувате дека секаде каде што се вратат касарните, градоначалниците треба да отворат јавни дебати, да дадат предлози, исто така да се вклучи стручната јавност и сите политички партии. Истиот став го имаме и ние од ЛДП и сметам дека ова е голема и важна работа за Битола и треба да се отворе ден или недела на идеи каде граѓаните ќе дадат идеи што сметаат дека таму треба да има. Сите ние како политички субјекти да ги разгледаме и она што мислиме дека е најреално и издржано да го внесеме во тој ДУП. Сметам дека не е во ред само една личност или еден тим околу градоначалникот да прави ДУП бидејќи се работи за развојот на градот. Добар ви е предлогот за дислокација на јавните претпријатија, но имаме и други предлози, како на пример саемски простор. Зошто да не земи дел општината, ние како советници немаме свои простории, пратениците немаат свои простории, има низа предлози кои мислам ќе бидат корисни од граѓаните, рече Милевски на вчерашната седница на Советот на Општина Битола.

slika%20gradonacalnik

-Се разбира дека секоја сугестија е добредојдена, сега ги договараме предлозите ништо не е дефинирано, се разбира дека се што ќе се случува ќе биде многу транспарентно и нас ни требаат предлозите. Не само анкета ќе барамедиректно сугестии од граѓани, од НВО, од архитекти. Стигаат и понатаму предлози. Оваа основа што е сега може да се корегира. Доколку е прифатлива од Министерството за транспорт и врски и за Владата тогаш одиме со следните фази. Дилема на локалната самоуправа и Владата, јас предложив сите јавни површини да ги доделат на општинта и целата инфраструктура да се додели на општината. Зашто четири згради кои ќе ги добие Универзитетот ќе биде одговорен за четири објекти а за другата површина кој ќе биде одговорен? Идеална позиција, до која убеден сум дека тешко ќе дојдеме би била и објектите и земјиштето да се префрли на општините, иако општините ќе добијат поголема одговорност, одговори градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=9345&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=9345&Itemid=106

Ова со касарните сè ми се чини дека ќе го зафркнат... Се наоѓа веднаш до стадионот, до спортската сала, до новото фудбалско игралиште од владата, до местото каде што ќе биде новиот базен... Ако не го направат некако спортски комплекс едното ќоше на касарната (каде што веќе има голем фудбалски терен), тогаш навистина ќе го зафркнат. Другиот крај на касарната е сега со факултети, а во средината останува простор за многу работи.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Jun-2009 at 11:06
Еве еден проект што го најдов по нет за развој на касарната Илинден...
Located to the northwest of Skopje, Macedonia’s capital city, this 127 hectare site is bounded by a major motorway to the west, the river to the south, a new bypass road to the north, and existing settlements to the east. The site slopes from two major hills in the south to a relatively flat area in the north, which provides excellent views for the hilltop neighborhoods. In order to purchase the land, the client was required by the Macedonian Government to demonstrate what he intended to build on the site. A four day mini-charrette was conducted to explore a variety of options.

The result was a mixed-use proposal, with big-box retail in the northwest sector located at the junction of the bypass road and the motorway, an office park to the northeast along the bypass, and housing to the south nearest the city center. The housing is designed as two hilltop villages, the largest containing a small commercial center of shops and businesses that provide residents with their daily needs (bakery, butcher, café, restaurant, etc.). An 18-hole golf course is located between these areas and serves to unite them into one unique community. As planned, the mixed-use project will demonstrate an intelligent approach to urban expansion.

After presenting the material to city’s authorities, the client was awarded permission to purchase and develop the property. Presently, the official Development Plan is being produced by the authorities on the basis of this proposal. It is foreseen that once the land purchase is completed, a full charrette will be held to design the property in detail.





www.dpz.com




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Jun-2009 at 14:00
Одличен концепт за развој на просторот на касарната Илинден (иако ми е криво за касарната). Ми се допаѓа што планира голема зелена површина која ќе биде функционална во вид на голф терени - локацијата е добра за такво нешто во иднина. Мислам би било фино во делот за домување да се предвидат и мали луксузни колективни објекти, во стил на оние што Соравија ги планира за Олимписко Село. Тоа особено ми прави логика по јужната граница на опфатот,

Локацијава има потенцијал во одредена мерка да му парира на Водно  Cheers


Posted By: mitatos
Date Posted: 24-Jun-2009 at 19:32
taman akvaduktot ke dobie vistinski izgled, bi bilo ubavo malku da go podiztrazat i rekontruirat

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: La Linea
Date Posted: 24-Jun-2009 at 19:52
Тоа е работа на Министерството за култура. Овие само ќе мора да се придржуваат до Законот за заштита на културното наследство. А баше ме интересира што планираат со аквадуктот и каква улога ќе има во тој околината, т.е. како ја прилагодиле околината на аквадуктот?


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Jun-2009 at 02:02

Се продава половина касарна „Илинден“

На меѓународен оглас до крајот на годинава ќе бидат огласени 45 отсто од површината на скопската касарна „Илинден“, најави вчера премиерот Никола Груевски, кој ја посети касарната. Продажбата е дел од владиниот проект „Старите касарни за нов развој“, со кој ќе бидат пренаменети и касарните во Струмица, Битола, Гевгелија, Охрид, Дојран и во Дебар и делови од скопската „Гоце Делчев“.

Касарните и' се отстапуваат на локалната самоуправа, која преку детаљни урбанистички планови треба да го осмисли и пренамени просторот. Премиерот Груевски, заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски вчера ја посетија „Илинден“ и објавија дека до објавувањето на огласот треба да се осмисли што и каде ќе се гради. Според Груевски, изградбата во сите касарни ќе почне до крајот на 2010 година.

- Добро е тој вишок простор да се стави во функција на економскиот развој. Касарната е блиску до центарот и е одлично место за градба и привлечно место за инвеститорите. Тоа ќе донесе многу инвестиции, градби и раздвижување на економијата и градежништвото. Се работи за атрактивен проект, за кој, верувам, ќе промени многу работи и ќе донесе многу приходи - и за општината Карпош и малку за државниот буџет - рече Груевски.

Владата и Министерството за транспорт и врски в петок ќе им ги претстават касарните на стотина домашни и странски инвеститори, од кои очекуваат мислења за пренамена на просторот.Со стратегискиот одбранбен преглед, донесен во 2003 година, АРМ прогласи за непотребни 611 објекти, вклучувајќи и 12 касарни, со вкупна проценета вредност од 53,1 милиони евра.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0FD053C9D779C24D9899DDB7332D80F5



Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Jun-2009 at 02:05
Мислам дека воопшто не треба да се брза со распродажба на касарниве. Општините во недостатопк од средтва ова ќче им дојде како ќец на десетка моментално, но на долг рок е штета. Ај што ќе се распродадата, него ќе се распродадат по блиски луѓе за поефтини цени па ќе се направи дупла штета, ем ќе ги земат луѓе пто нема квалитетно да ги работат, ане некои сериозни инвеститори, а од друга страна па ни општините нема некои големи пари да извадат. Така да ќе видиме пропаст на голем дел од плановите за организирани населби кога ќе дојдат "темните облаци" над овие објекти.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Jun-2009 at 11:11
Што треба да значи тоа дека се продава 45% од просторот? Остатокот ќе се сочува или само ќе го продаваат во друг наврат??? Ако е првото во ред, но ако е второто не ми се допаѓа. Мислам дека е најдобро целиот простор да се развива интегрирано под една палка, како на пример што е планот на DPZ.


Posted By: mitatos
Date Posted: 25-Jun-2009 at 17:53
@La linea vidi vo slikata kaj proektot se gleda ubavo kako ke bide okolinata na akvaduktot mene bas mi se dopaga )

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Jun-2009 at 18:01
Абе све тоа убаво што ќе се уреди просторот околу аквадуктот, само што проблем е што ќе е уреди пола простор. зашто не би се идело со населбава комплетно до Словенечка, малку ме буни тоа. Крај крајева ова е само еден поодамнешен проект и не никакво конечно решение.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Jun-2009 at 18:16


Па проектот што го постираше ти и на кој се повикува митатос е за целиот простор. Северната граница на опфатот е токму Булевар Словенија.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Jun-2009 at 18:26
Не е словенечка него е Серава границата кај аквадуктот. Не ми е логично зашто не би била Словенечка и тука граница. зашто е тој џеб?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Jun-2009 at 18:36
ааа само за кај аквадуктот си викал

Епа нема никаква смисла да го опколиш аквадуктот со куќи, "big-box retail" или нешто слично. Со оглед на тоа што се работи за нова населба, мислам најдобро е токму вака градбите да се на дистанца од него, иако се работи за голем простор. Нека уредат убав парк на тоа место во правец на туристичкиот момент што го носи аквадуктот.




Posted By: La Linea
Date Posted: 28-Jun-2009 at 00:35

Се чекаат инвеститори за касарните

Во рок од 15 дена инвеститорите до Агенцијата за просторно планирање и Министерството за транспорт и врски треба да достават конкретни предлози и сугестии за соодветна урбанизација на просторот на касарните, кои поради трансформација на АРМ веќе не се во употреба. Предлог-проектите ќе бидат дадени на разгледување на општинските совети и по сумирањето на сите идеи и предлози ќе се направи финален концепт. По ова ќе следи отпочнување на постапката за урбанизација, кои треба да траат околу три месеци, а според првичните проценки идните инвеститори би започнале со пренамена на касарните за околу една година.

На вчерашната промоција на која беа презентирани касарните и просторот за кои се планира пренамена присуствуваа претставници на стопанските комори, како и голем број домашни и странски инвеститори. Пред заинтересираните поодделно беше претставена секоја касарна со податоци за колкаво земјиште се работи, неговата поставеност, оддалеченоста од градовите, како и нивната сегашна инфраструктурна и сообраќајна поврзаност. Проектот кој произлегува од владината стратегија ќе овозможи со промена на деталните урбанистички планови, земјиштето на касарните, како и објектите да добијат намена кои ќе бидат во функција на граѓаните.

„Со оглед на фактот дека станува збор за локации кои се и инфраструктурно уредени и сообраќајно поврзани, многу брзо би можеле да бидат адаптирани. Во моментов голем дел од касарните се дел од ГУП како сиви зони, меѓутоа, во наредниот период можат да се пренаменат според барањата на инвеститорите во соработка со локалната самоуправа“, истакна пред заинтересираните инвеститори министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Тој истакна дека во оваа прва фаза на пренамена се вклучени касарните во Скопје, Битола, Охрид, Струмица, Гевгелија, Дебар и во Дојран, а домашните и странските инвеститори ќе имаат еднаков третман при конкурирањето.

Министерот за одбрана Зоран Коњановски истакна дека овој проект почнал уште пред седум месеци кога започнало разгледувањето како касарните да се стават во функција на граѓаните.

„Реализацијата на проектот ќе им помогне на општините во надминувањето на просторот, со кој се соочуваат подолго време за обезбедување слободни локации за градба. Во прашање се стотици хектари каде што можат да се изградат училишта, градинки, станови, трговски центри, домови за стари лица и друго“, истакна министерот Коњановски. (Св.У.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5627775BD3D6774DAF6FBC19BAD2F73E


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: гитардемон
Date Posted: 28-Jun-2009 at 01:21

Еднаков третман за инвеститорите на објавите за пренамена на касарните, најавува министерот Јанакиески

Скопје, 26 јуни (МИА) - Домашните и странските инвеститори ќе имаат еднаков третман за учество на објавите за продажба на локациите од касарните во државата кои во наредниот период ќе се урбанизираат, најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на денешната презентација на проектот „Старите касарни за нов развој - Владата во функција на граѓаните“.

Јанакиески на презентацијата пред учесниците истакна дека со проектот ќе се овозможи со промена на деталните урбанистички планови земјиштето на касарните во седум града делумно или целосно да се пренамени што ќе резултира со бројни инвестиции. Со тоа, наведе министерот за транспорт, ќе се создаде можност за изградба на објекти со комерцијално-деловна намена како што се трговски центри, хотели и јавни објекти, односно катни гаражи, образовни и здравствени институции, но и објекти за колективно и индивидуално домување.

Во првата фаза од проектот се отстапуваат локации во касарните во Скопје, Битола, Охрид, Струмица, Гевгелија, Дебар и Дојран. Сите се инфраструктурно уредени со пристап до водоводна, канализациска и електрична мрежа, и сообраќајно поврзани со регионални патишта, истакна Јанакиески, оценувајќи ги како атрактивни локации и знајачни за економскиот развој на државата.

Тој појасни дека голем дел од касарните се дел од генералните урбанистички планови како сиви зони, но во иднина со изработка на детални урбанистички планови ќе се пренаменуваат според барањата на инвеститорите.

Според Јанакиески, покрај атрактивните локации во касарните во државата, потенцијалните инвеститори во нив имаат можности за поволен пакет-даноци.

Министерот за одбрана Зоран Коњановски истакна дека овој проект се става во функција на економскиот и локалниот развој секоја педа расположлив простор во касарните. Реализацијата на проектот ќе им помогне на општините во надминување на просторот со кој се соочуваат подолго време за обезбедување слободни локации за градба.

Според најавите од презентацијата, заинтересираните стопанственици како и градоначаниците на општините до Агенцијата за просторно планирање и Министерството за транспорт и врски треба да достават свои предлози за најсоодветната намена на локациите од касарните што ќе се урбанизираат. Со сумирање на сите идеи и предлози ќе се направи финален концепт по што ќе следи почнување на постапките за урбанизација кои Министерството за транспорт очекува да траат околу три месеци. Првичните прогнози се дека идните инвеститори во пренаменетите локации во касарните би добиле можност за стопанисување за една година. Брзината на урбанизацијата пред се ќе зависи од ефикасноста на администрацијата во општините каде се наоѓаат касарните/


http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=65719759&lId=1&pmId=504 - http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=65719759&lId=1&pmId=504




-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Dragan
Date Posted: 28-Jun-2009 at 11:51
Ne mozem da razberem eve kasarnive ke se dadat na lokalnite vlasti,a dali ke se izgradat novi kasarni za vojskata?? ili na makedonija ne i treba vojska vekeBig%20smile


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jun-2009 at 11:58
Драган, времињата се сменети, армијата сега е организирана сосема поинаку и со помалку персонал, па многу од старите касарни се непотребни. Порано се работело со голем број регрути и со гарнизони. Денеска имаме помала професионална армија која нели треба да е многу помобилна и поефикасна.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 28-Jun-2009 at 12:36
Не сум многу во тек со армијата, но од што имам слушано знам дека само касарните во Кичево и Велес се моментално отворени, и веројатно некоја во Скопје - не знам колку има во Скопје. Можно е да има уште една во источна Македонија, ама не сум сигурен. Знам само дека во Кичево се професионални војници, а во Велес ги испраќаат доброволците кои се пријавуваат за војска, меѓутоа тоа ќе биде до крајот на годината, а после нема повеќе ни доброволци, само професионалнци.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Sep-2009 at 18:58
Вест за најавените амбасади на Русија и Кина да регистрираме и во оваа нишка.

Оваа вест носи и податок за површината која би се доделила - еден и пол хектар за руската и еден хектар за кинеската амбасада. Не е баш ко за америчката, но во секој случај замашно.

ПРОСТОРОТ НА КАСАРНАТА „ИЛИНДЕН“ ПРИВЛЕЧЕН ЗА ДВЕ АМБАСАДИ
Русите и Кинезите сакаат место до Американците

Руската и кинеската амбасада побарале од македонската влада да се преселат на локации во рамките на поранешната касарна „Илинден“. Како што потврдија службите од Општина Бутел, ова стои во заклучокот кој бил донесен на владина седница на крајот од август, а вчера се најде како иницијатива пред советниците на Општината. Со тоа амбасадите на овие две светски велесили ќе се сместат спроти Амбасадата на САД, која се наоѓа на тврдината Кале. Според надлежните од Секторот за урбанизам на Бутел, во дописот од Владата пишува дека амбасадите на Русија и на НР Кина побарале да се сместат на земјиштето на кое порано беше касарната „Илинден“. Затоа Владата поднела иницијатива до Општината за изработка на детален урбанистички план за дел од локалитетот касарна „Илинден“, кој припаѓа под општина Бутел. Во планот, кој ќе го работи Агенцијата за просторно планирање, треба да се вцртаат парцели за двете амбасади. Оваа иницијатива вчера ја усвоија советниците на Бутел. - Два дела од земјиштето се под општина Бутел, останатиот дел е под Карпош, а мал дел е под Чаир. Агенцијата за просторно планирање ќе ги изработи деталните урбанистички планови, а ние и Општина Карпош треба да ги усвоиме и“објаснија надлежните од Секторот за урбанизам пред советниците. Според нив, Агенцијата има рок до 28 овој месец да го направи деталниот урбанистички план за делот од касарната што припаѓа под Бутел. Целиот простор на касарната е определен со булеварите Босна и Херцеговина и Словенија, фабриката „Типо“ и реката Серава. Во Бутел влегува задниот двор на касарната, поточно два дела кои ги дели аквадукт. Од Општина Карпош, пак, велат дека во допис од Владата, што тие го добиле, стои дека се бара да им се доделат по 1,5 хектари на руската амбасада и еден хектар на кинеската амбасада, а на Агенцијата и бил даден рок до 20 август да го изработи планот. Од Владата ни потврдија дека бил донесен заклучок за касарната „Илинден“ на една од нивните седници. - Дадена е насока Агенцијата за просторно планирање при изработка на ДУП за касарната „Илинден“ да ги вцрта и амбасадите на Русија и на Кина. По изработката на планот, дадени им се насоки на општините во најкус можен рок да ги усвојат и“вели Мартин Мартиновски, портпарол на Владата. Не добивме повеќе информации за тоа зошто амбасадите ја побарале токму таа локација. За барањето на Владата не беа запознаени во Министерството за надворешни работи. Оттаму велат дека ниту една амбасада не може да бара сместување додека не се реши прво намената на просторот на касарната, односно не се донесат генерален и детален урбанистички план. Во Град Скопје, каде што во моментот тече процедурата за измени и дополнувања на генералниот урбанистички план, велат дека не добиле барање од Владата за мислење во врска со можни пренамени на просторот во касарната „Илинден“. На јавната дебата за ГУП, која лани се организираше во Градското собрание, се спомнуваше дека на ова земјиште ќе никне станбена населба во која би живееле околу 30.000 луѓе. Освен Амбасадата на САД, на атрактивни локации во Скопје, поточно во рамките на Олимпиското село на Водно, треба да се сместат и француската, англиската и турската амбасада.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1815&ArticleID=121949


Posted By: La Linea
Date Posted: 17-Sep-2009 at 16:15
Kako so prethodnata taka i so ovaa vest

И холандската амбасада бара нова локација

Амбасадата на Кина побарала хектар земјиште, а руската амбасада еден и пол хектар во касарната „Илинден“


И амбасадата на Кралството Холандија по примерот на амбасадите на Кина и Русија, кои ќе градат објекти во просторот на касарната „Илинден“, побарала од Министерството за транспорт и врски да им додели нова локација за сместување, велат во ресорното министерство. Ова го отвора прашањето дали дел од касарната „Илинден“ ќе стане резиденција на повеќе дипломатски претставништва во земјата или само двете светски сили ќе имаат привилегија на таа стратегиска позиција да изградат свои амбасади...


http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=13&PID=47494#47494


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Oct-2009 at 23:59

Што ќе се гради на патот Виа игнација

Археолози тврдат дека просторот на касарната крие остатоци од доцната антика и средниот век

БИТОЛА - Локалната власт во Битола крои големи планови за трансформација на поранешната битолска касарна. Министерството за одбрана и' го препушти целиот имот на површина од 240 хектари на располагање на Општината. Советот на Битола ја изгласа одлуката за почнување постапка за пристапување кон изработка на урбанистички план за касарната и за донесување детален урбанистички план. Меѓутоа, никој од Општината досега не побара просторот на касарната археолошки да биде испитан иако тоа е законска обврска.

Од Управата за културно наследство велат дека има процедури кои не можат да се заобиколат. Општината или инвеститорите на градбата пред да се фатат за лопатата ќе мора да побараат одобрение од Управата, дотолку повеќе што претпоставките велат дека на оваа локација поминува римскиот пат Виа игнација.

Малкумина археолози досега успеале да влезат низ војничките капии и да копнат на земјиштето зад воените ѕидишта. Еден од нив е битолскиот археолог Стевче Тодоровски, кој апелира да се направат археолошки испитувања пред да допре градежната механизација до теренот. Ова е особено затоа што касарната се наоѓа во непосредна близина на античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, а никогаш досега не била откриена.

„Во 2002 година, кога со дозвола на АРМ и во придружба на војник ја посетив касарната, забележав ископани ровови од вежбовни активности во кои имаше керамика од доцната антика и средниот век. Токму во делот на касарната, според сите претпоставки, има и делови од патот Виа игнација, особено онаа зона што гравитира кај јужните ридови, во непосредна близина на Хераклеја Линкестис. На Тумбе-кафе или, како што го среќаваме во литературата, Тумбе-Ки или Александров Рид, при поставување на канделабрите се појавија остатоци од надгробна конструкција и тоа во огромен број. Тоа покажува дека таму има делови од античката некропола што е поврзана со Хераклеја“, заклучува Стевче Тодоровски, доктор по археологија. Тој потсетува дека голем дел од европските држави се заинтресирани да инвестираат во откривањето и ревитализирањето на патот Виа игнација, како една од најатрактивните туристички понуди на стариот континент. Евентуалното откривање на римскиот пат на теренот на поранешната касарна би можело да се постави како музеј на отворено, меѓу новите градби на овој простор.

Но, наспроти законската обврска и апелите на археолозите, никој досега не се обратил до Управата за заштита на културното наследство за археолошки ископувања на просторот на касарната, потврдуваат од оваа институција. „Се' уште не е доставена информација за да постапиме. Процедурата е таа, градот или иницијаторите за изградба ќе мора да се обратат до нас и да побараат мислење“, вели Паско Кузман, директор на Управата. Тој вели дека се' уште нема цврсти докази дека на просторот на поранешната касарна поминува патот Виа игнација.

„Можеме да направиме пробни сонди на одредени места на тој простор и ако наидеме на конкретни наоди, ќе ги стопираме работите. Ако не, ќе дозволиме градот да се развива. Не можеме на сметка на старите цивилизации да ги попречуваме луѓето во функционирањето на животот“, дополни Кузман.

Откако Министерството за одбрана одлучи да не го користи имотот на битолската касарна каде што речиси три години нема војска, локалната власт планира да подигне мал град. Таму, покрај колективни згради и плацеви за луксузни куќи, ќе има училиште, универзитет, трговски центри и црква. Касарната е на атрактивна локација, покрај најфреквентната сообраќајница „Партизанска“, веднаш до Тумбе-кафе и до Градското шеталиште.

„Предвиден е универзитет, полициска станица, противпожарна служба. Потоа има простор за трговски центри и за објекти за домување, градинка и црква, се' до горниот дел под Тумбе-кафе. Оттука кон врвот ќе има исклучително атрактивна локација“, најави битолскиот градоначалник Владимир Талески откако ги доби клучевите од касарната.

Според познавачите на приликите, нема да биде проблем само ако се заобиколат археолошките ископувања. Пропуст ќе се направи и ако се дозволи уривање на дел од објектите на касарната кои имаат историско, културно и архитектонско значење не само за Битола, туку и за државата.

Особено објектот наречен барутана или познатото битолско џепане, сместено на ридот на Тумбе-кафе. Археологот Тодоровски напоменува дека објектот е со правоаголна форма и димензии од 120 на 45 метри изграден во турскиот период.

Според кратката историја од битолскиот вилает на мајорот Мехмед Тефик, џепането е подигнато во 1876 година, иако има тврдења дека со градба се започнало уште во 1848 година. Барутаната е изградена во форма на впишан крст. Во некои записи стои дека џепането било изградено од двајца врвни мијачки мајстори од демирхисарското село Смилево. Кога завршиле со работата, валијата ја видел градбата и прашал колку чини изградбата. Мајсторите одбиле пари, велејќи „платено и преплатено е валија, за света работа пари не се земаат“. Валијата подоцна сфатил што сакале да кажат мајсторите. Откако се качил на ридот Тепсија, од спротивната страна на Битола, видел дека четирите згради се поставени во форма на крст.

Оние малкумина битолчани кои ја имаа шансата да го видат џепането однатре велат дека подземните простории, визбите се идеални за винарски визби. На ридот на Тумбе-кафе може да се направи ексклузивен ресторан кој би ги промовирал исклучиво македонските вина.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=F7533A3F2566D14DACD9D8F8EADF0268


Posted By: lupo
Date Posted: 14-Nov-2009 at 12:37

mislam deka kaj vlezot na kasarnata Ilinden od na Vardar stranata bi bilo ubavo da se izgradat 3-5 kruzni stakleni modernisticki zgradi so po 10-15 sprata ( ke imaat edna ubava gletka kon parkot i Karpos), a ostanatiot del kon rekata Serava da bide od tipot na Soncev grad, i normalno na kratoj pokraj ulicata svo vodi za Vizbegovo da ima zgradi kako Porta Vlae so sto bi se zastitile kukite vo sredisniot del od vetrista. Ziveam vo Vlae i dosta sme zastiteni od Porta Vlae zimno vreme od ladni vetrista od Sara.Smile

A ova za ambasadive sea im teknalo na rusite i kinezite kako amerikancite i tie da gradat bazi, mn normalno da ne ostanat pokuso, i tie se sili neli?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Nov-2009 at 15:06
ЕЛИТНИ НАСЕЛБИ И ФАБРИКИ НАМЕСТО НАПУШТЕНО ВОЕНО ЗЕМЈИШТЕ
Инвеститорите навалија да купуваат касарни

Елитни населби, станбени и деловни објекти, јавни институции, факултети, студентски градови, како и производствени капацитети ќе се градат на земјиштето од девет касарни. Во општините тврдат дека постои вистинска навалица од заинтересирани инвеститори, кои го чекаат усвојувањето на урбанистичките планови, кои се однесуваат на простор од 393 хектари. Според најавите, овие планови општините треба да ги усвојат за еден месец, по што Министерството за транспорт и врски треба да се погрижи за продажбата, за напролет да почнат градежните работи. Со проектот „Стари касарни за нов развој“, Министерството за одбрана на општините им ги отстапи касарните во Битола, Охрид, Дојран, Гевгелија, Струмица, Дебар и во Гевгелија, како и делови од касарните „Илинден“ и „Гоце Делчев“ во Скопје. Се работи за атрактивни локации зашто касарните во повеќе градови се наоѓаат во нивниот центар. Од продажбата на земјиштето, 80 проценти ќе одат во буџетот на општините, додека 20 проценти ќе им припаднат на централната каса. За јавните објекти ќе се плаќаат само комуналии, кои ќе бидат утврдени во договор со општините. Дел од постојните објекти, кои се наоѓаат во добра состојба, ќе бидат задржани, а ќе биде доградена и инфраструктурната мрежа. Целта е општествен развој на општините, зголемување на инвестициите и на вработеноста и повеќе работа за градежните компании. - Има многу заинтересирани инвеститори и огромен интерес за изградба на станбени објекти. Јахија Ќемал ќе гради основно и средно училиште, а ФОН и Европскиот универзитет се заинтересирани за еден од постојните објекти во касарната. Општината пресмета дека приходот само од земјиштето во наредните неколку години ќе биде пет милиони евра и уште толку ќе се слеат од комуналии - вели Зоран Заев, градоначалник на Струмица. Една четвртина од касарната во центарот на Битола ќе му биде отстапена на образованието. Таму ќе се пресели ректоратот на универзитетот „Свети Климент Охридски“, а ќе се изгради и студентски град. - Планирана е и изградба на елитни населби, филмски град, станбени и деловни објекти. Има премногу заинтересирани инвеститори, кои чекаат да се усвои урбанистичкиот план. Во наредните четири години очекуваме концентрацијата на изградба и инвестиции да биде во Битола - вели Љупчо Стојчев, началник за урбанизам во општина Битола. Во општина Дебар, најголемиот дел од касарната, според урбанистичкиот план, ќе биде наменето за производствени капацитети од незагадувачката индустрија. - Касарната има 12 хектари, но не се сите ефективни. Од нив 1,6 хектари ќе бидат искористени за комерцијални објекти, 2,5 за јавни институции, 5,3 за производство и дистрибуција, 0,9 за зелени површини и 2,9 хектари ќе бидат наменети за изградба на инфраструктура - вели Газмет Цами, началник за урбанизам во општина Дебар. Во еден дел од касарната „Илинден“ во Скопје ќе останат војници, што според градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, не дозволува изградба на станбени и деловни објекти, резиденции и амбасади, како што е предвидено со планот што го подготвува државната Агенција за планирање на просторот. - Не личи зградите да гледаат во војниците. Со касарната ќе испадне да се пресече гората заради глувче. Сметам дека таа треба да се дислоцира и на целото место да се направи цела населба со трговски центри каде што ќе привлечеме познати брендови. Треба да искористиме што се наоѓаме во непосредна близина на Косово - вели Јакимовски. На општина Аеродром ќе и припадне мал дел од касарната „Гоце Делчев“, каде што со урбанистичкиот план ќе бидат предвидени околу пет станбени згради, додека останатиот дел од касарната ќе биде наменет за Воена академија.

На државата и останаа шест воени касарни

Новата структура на воените сили и укинувањето на обврската за задолжително служење војска го намали бројот на војниците, а касарните останаа неискористени и празни. Ова е причината што Министерството за одбрана, по неколку неуспешни пренамени им даде дел од касарни на општините за регионален развој. На државата и останаа касарните во Штип, Велес, Прилеп и во Тетово, како и деловите од касарните „Илинден“ и „Гоце Делчев“.

Во Охрид студентски кампус, во Дојран хотел

На просторот на касарната во Охрид се планира изградба на студентски кампус. Таму ќе бидат сместени Универзитетот за информатичка дејност, Факултетот за туризам и студентскиот дом. Во Дојран за двата хектари од касарната, општината сака да најде инвеститор за изградба на хотел.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1873&ArticleID=127195


Posted By: La Linea
Date Posted: 01-Feb-2010 at 15:27
 
Во касарните од март ќе почнат да растат мали градови
Општините што ги добија касарните од Министерството за одбрана влегоа во мошне амбициозни проекти, кои ако се реализираат, би требало да отворат илјадници работни места
%20

Општините со нивните спектакуларни планови за изградба на фабрики, универзитети, трговски центри во отстапените касарни, ќе ја претворат државава во големо градилиште. Речиси сите општини со кои контактиравме велат дека од март ќе почнат тендерите за продажба на земјиштето во касарните. Потоа според планот, Министерството за транспорт и врски ќе ги продава објектите.

За инвестиции во касарните мошне загреани биле големи компании како „Веро“, „Тинекс“, „Агрокор“, „Делта“, „Туш“, како и градежните гиганти „Бетон“ и „Гранит“.

- Секако, дека ќе учествуваме на тендерите, но ако прават како во Скопје каде често пати се продава земјиштето по цена и до 30 отсто од вредноста на станот, ништо не правиме. Во некои места во Скопје, парцелите се продаваа по 1.200 евра за квадрат, што на крајот излегува дека станот треба да се продава по 3.000 евра за квадрат. Кој ќе плати толку? Во такви зделки можат да влезат само сомнителни фирми, како оние „Фиком“ и „Платина“ - предупредува директорот на „Бетон“, Трајко Трпевски.

На сличен начин резонираат и погоре спомнатите компании. Министерството за одбрана го интересира само становите за офицерите на АРМ, кои ќе се продаваат според привилегирани услови.

- Во моментов ги обработуваме податоците од анкетата меѓу припадниците на АРМ. Бројки засега нема да соопштуваме, но интересот е задоволителен. Врз основа на бројки и анализи ќе се градат службените станови во касарната Илинден во Скопје, како и во касарните во Тетово, Прилеп, Велес, Штип, Куманово и Кичево - вели Сашко Димов, портпарол на МО.


Нова Битола под Пелистер


Најимпресивен е планот на градот Битола, кој со касарната „Стив Наумов“, на располагање има дури 100 хектари земјиште, лоцирано под Пелистер. Од таму велат дека се при крај со изработката на Деталниот урбанистички план (ДУП), односно дека во моментов се работат заштитно - конзервативните работи.

- Очекуваме во март да почне продажбата на земјиштето, а потоа Министерството за транспорт и врски да ги објави тендерите. Маркици имаме предвидено за основно училиште, полициска станица, градинка, амбуланта, црква, станбена населба, понатаму 150 локации за куќи со парцели од 100 квадратни метри, хотел, два градски центри од кои еден ќе биде како мал ринг со плоштад и наоколу со мали дуќанчиња, а другиот дел ќе го земе универзитетот. Ќе се изградат и спортски терени, аква парк, филмско студио, ќе се зачува старата тврдина „Ќепане“, а кај стариот радар на АРМ ќе се направи кула со репетитори за телевизиите и ресторан, како и еден конгресен центар - објаснува Трајче Котевски од општината Битола, задолжен за проектот.
По Битола, многу амбициозен план има и општината Струмица која има на располагање 38 хектари.

- Завршивме со промената на ГУП (Генерален урбанистички план), во тек се измени во Деталниот урбанистички план. До март очекуваме да почне објавувањето на тендерите. Ќе се гради пензионерски дом, куќи, студентски град со образовен центар, НВО центар, потоа дневен центар за деца со посебни потреби, младински културен центар, а овде исто така ќе ги преместам комуналното претпријатие и пожарната. Ќе изградиме и црква. За станбени згради ќе има 55 локации. Можам да кажам дека интерес покажаа сите градежни компании од Струмица, „Адора“, „НИТ Пром“, „Де лукс инженеринг“, како и „Бетон“ и „Гранит“ од Скопје - вели Зоран Заев, градоначалник на Струмица.

Планот за охридската касарна го прават во ЗУА (Завод за урбанизам и архитектура) во Скопје. Се очекува проектот да биде завршен за еден до два месеци. На површина од 23 хектари ќе се гради универзитетски град со студентски дом со базени.

- Ќе има и средношколски центар, реонска амбуланта, односно надградба на веќе постојната, а ќе се гради и црква. Во план е и изградба на трговски центар, за што веќе интерес покажаа домашни и странски инвеститори како грчки „Веро“, „Тинекс“, хрватски „Агрокор“, словенечки „Туш“ и српската фирма „Делта“ - објаснува Бранко Арнаудов, раководител на секторот за урбанизам во Охрид.


Американски инвестиции во Дебар


Општината Дебар има само 12 хектари од некогашната касарна, но големи планови. Градоначалникот на Дебар деновиве заминал за САД за да преговара со американски инвеститор кој би сакал да отвори фабрика за преработка на земјоделски производи.

- Ние завршивме со сите работи, чекаме само уште мислење од МО. Дебарската касарна ќе биде пренаменета во индустриска зона. Во касарната ќе се гради и универзитетски центар, каде што ќе има дисперзирани студии од тетовскиот и од битолскиот универзитет. Во кругот на касарната ќе има и угостителски објекти. Се очекува тендерите да бидат распишани во јуни - вели Низамедин Папранику, претседател на советот на општината Дебар.

 
Автор: Александар Божиновски


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=21101031235&id=9&setIzdanie=21898


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Mar-2010 at 14:25
ПРЕНАМЕНА НА ПРОСТОРОТ
Касарната во Струмица ќе заличи на мал град

Се интензивираат подготовките за пренамена на воената касарна во Струмица. Покрај секторот на Министерството за внатрешни работи и на неколку помали стопански и невладини субјекти, во објектот ќе бидат преместени и ЈПКД „Комуналец“, како и Регионалната противпожарна единица. Станува збор за 38 хектари земјиште, што е една осмина од целокупната површина на градот. Предвидено е тука да се изградат центар за деца со посебни потреби, пензионерски дом, студентски град со образовен центар, приватни училишта, болници, центар за невладини организации, трговски центри и повеќе колективни и индивидуални станбени згради. - Очекуваме подготовката и усвојувањето на деталниот урбанистички план за овој дел од градот да бидат завршени до крајот на април, а во текот на мај Министерството за транспорт и за врски да ја спроведе лицитацијата на градежното земјиште - вели Стојан Динев, раководителот на Секторот за урбанизам на општина Струмица. Според него, за изградба на станбените комплекси се планирани 55 локации. Засега интерес пројавиле повеќе градежни фирми. Во Одделението за локален економски развој велат дека амбициозните проекти и планското искористување на целокупниот комплекс на поранешната струмичка касарна, сигурно, ќе значи натамошен интензивен економски развој на општината.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1966&ArticleID=136130


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 13-Mar-2010 at 19:53
Дали некој може да ми кажи каде да најдам листа на сите касарни во Македонија и нивните имиња? фала однапред


Posted By: гитардемон
Date Posted: 15-Mar-2010 at 02:24
Домот на АРМ во Битола отстапен на локалната самоуправа

Домот на АРМ или меѓу битолчани познат како Офицерски дом, со одлука на Владата на Република Македонија ќе и биде отстапен на општина Битола, информира министерот за одбрана Зоран Коњановски на денешната средба со новинарите во Битола.

- На последната седница на Владата беше донесена одлука офицерскиот дом во Битола да и се додели на локалната самоуправа на користење за период од 22 години. Верувам дека тоа ќе биде вистинско место за разонода на граѓаните со кое ќе се гордее градот, изјави Коњановски.
Освен Домот на АРМ, по иницијатива на министерот Коњановски, битолската локална самоуправа ќе може да го користи и просторот на поранешната касарна „Стив Наумов“.
- Како што ветив пред два месеца ние преку Министерството за одбрана ја почнавме постапката за вадење имотни листови да можеме да го дивестираме и оттуѓиме имотот и да го предадеме на локалната самоуправа. Постапката ја завршивме, а од битолскиот градоначалник добив потврда дека до крајот на месецот ќе заврши и постапката за изработка на Детален урбанистички план со што ќе биде познат развојот на овој простор, додаде Коњановски.
Делови од поранешната касарна во Битола, која се простира на површина од 98 хектари, освен на локалната самоуправа, неизграденото градежно земјиште ќе му биде доделено на Министерството за транспорт и врски.
- Очекувам да никне еден нов, мал град, инвестиции што многу ќе значат за локалниот економски развој, а вложените средства да се пренасочат за другите потреби на граѓаните на Битола, рече министерот за одбрана Зоран Коњановски.


http://bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=846:2010-03-14-08-19-23&catid=16:naslovna-gik - http://bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=846:2010-03-14-08-19-23&catid=16:naslovna-gik

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 16-Mar-2010 at 22:43
Расчистени имотно-правните односи за касарната
ВТОРНИК, 16 МАРТ 2010 18:55


Постапката околу оттуѓувањето на воената касарна „Стив Наумов" од државно на локално ниво е при крај, најави министерот за одбрана Зоран Коњановски. Проблемот околу имотно - правните односи веќе бил завршен.



- Јас ветив пред два месеци дека ќе почнеме со постапката за излагање на имотот, пред два месеци преку МО отпочнавме со вадење на имотните листови затоа што не можеме да го оттуѓиме имотот и да го предадеме на локалната самоуправа доколу немаме имотни листови. Ја завршивме таа постапка - рече Коњановски.

При крај била и постапката за изработката на деталениот урбанистички план за касарната, што е надлежност на општина Битола, а која планира на оваа локација повеќе содржини, како на пример училиште, универзитет, трговски центри, црква и слично.



-Пред неколку денови се слушнав со градоначалникот кој ми кажа дека околу први, втори или трети април, или кон крајот на месецов ќе заврши изготвувањето на ДУП - додаде Коњановски.

Министерството за одбрана еден дел од земјиштето и објектите од некогашната касарна кои нема да ги користи, освен на општината, ќе оттуѓи и на Министерството за транспорт и врски.



-Значи неизграденото градежно земјиште понатаму преку транспарентна постапка ќе може да се продава - рече Коњановски.

Во битолската касарна нема војска согласно реформите што ги налагаше НАТО. Касарната е со површина од 98 хектари. Со проектот „Старите касарни за нов развој - Владата за граѓаните!" освен битолската се оттуѓуваат и касарните во Струмица и Охрид, а се планира и оние во Дебар, Дојран, Гевгелија, како и дел од скопската главна касарна „Илинден" и дел од касарната „Гоце Делчев" во Општина Аеродром.



Наташа Чавдаровска


http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=19157:2010-03-16-17-57-50&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=19157:2010-03-16-17-57-50&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 16-Mar-2010 at 23:03
ova e dobra vest.ne znam za drugite kasarni vo mk,no bitoskata zazema mnogu vazno zemjiste,za koe mislam deka ke ima golem interes,pa ocekuvam brzo urbaniziranje na prostorot

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: axel
Date Posted: 15-Apr-2010 at 00:20

Дебарската касарна ќе стане бизнис-центар

Образовен бизнис-центар ќе стане поранешната касарна „Лиман Каба“, која и' беше вратена на користење на Општина Дебар. Според Детаљниот урбанистички план за зоната 25 за специјална намена на касарната, што го усвои Советот на општината, површината од речиси 12 хектари ќе биде поделена на 17 локации. Седум од локациите се наменети за лесна, незагадувачка индустрија, пет за деловни комерцијални бизниси, една локација е за образовно-научна институција, една за ЈКП „Стандард“, две локации за паркинг-простор и една за спорт и рекреација.

На локацијата за образовно-научна институција, ќе се најде објектот за дисперзирани студии од три факултети на Државниот тетовски универзитет и исто толку од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, три на македонски и исто толку на албански наставен јазик. Главно ќе бидат тоа студии за изучување странски јазици. Како што најавуваат од локалната власт, истите треба да профункционираат од новата академска учебна година. (В.Т.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8677D6DF17E31240826E9D030F18D428


Posted By: axel
Date Posted: 21-Apr-2010 at 14:54
Средба на Коњановски и Јанакиески со градоначалниците за реализација на „АРМ мој вистински дом“ и „Старите касарни за нов развој“ - 21.4.2010

 

 

До 1 јуни треба да бидат подготвени урбанистичките планови, по што следува проценка и продажба на имотот во функција на развој на државата, заклучија на денешната средба министрите за одбрана Зоран Коњановски и за транспорт и врски Миле Јанакиески  и градоначалниците на општините каде е предвидено да се реализираат проектите „АРМ мој вистински дом“ и „Старите касарни за нов развој - Владата за граѓаните“.

Министерот Коњановски потсетувајќи оти денеска е последниот рок припадниците на АРМ да пополнат изјава за заинтересираност и да се знае за точниот број станови, изрази очекување дека до 15 јуни преку тендер ќе биде избрана и фирмата која ќе ги изработи и во рок од три месеци ќе ги заврши потребните проекти.

- Целокупната документација потоа треба да се достави до ЈП за стопанисување со станбен и деловени објекти, по што ќе се распиште тендер за избор на изведувач, појасни Коњановски, кој очекува од ноември до крајот на годинава да се отпочне со изградба на становите.

Предвидено е проектот „АРМ мој вистински дом“ да се реализира во  скопски Карпош, во Куманово, Велес, Штип, Прилеп, Кичево и во Тетово,  додека Струмица, Битола, Дебар и Кичево се меѓу општините во кои ќе се реализира проектот „Старите касарни за нов развој - Владата за граѓаните“, во интерес на локалниот економски развој. 

Градоначалникот на Дебар Аргетим Фида, информира дека во неговата општина веќе е усвоен деталниот урбанистички план и е во фаза на заведување во катастар. На средбата тој побарал да се ревидира почетната цена од 50 евра за метар квадратен, затоа што смета дека е превисока за дадената зона. Реалната цена, според него, би се движела од 9 до 20 евра. 

Според градоначалникот Зоран Заев, во Струмица од септември ќе почне градбата на „мал град“, за што веќе е подготвен детален урбанистички план. Тој најави дека набргу ќе се почне со јавна лицитација на слободното земјиште за изградба на станови за колективно домување.

- Очекуваме приватни инвеститори кои ќе ги продаваат овие станови кои ќе бидат изградени на 320 метри оддалеченост од центарот на Струмица. Останатиот простор е  предвиден за универзитетски град, старечки дом, Центар за деца со посебни потерби, младински центар, невладиниот сектор, Јавното комунално претпријатие за паркиралишта, изјави Заев.

Проектите ги поздрави и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2476


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 21-Apr-2010 at 15:26
Еве планови за изградба на станови на АРМ. Сликите се од Министерство за одбрана.
1. Касарна Илинден - Скопје

2. Касарна Мирче Ацев - Прилеп

3. Касарна Чеде Филиповски Даме - Кичево

4. Касарна Алекса Демниевски - Велес

5. Касарна Кузман Јосифоски Питу - Тетово

6. Куманово



Posted By: axel
Date Posted: 21-Apr-2010 at 18:18
za kumanovo kako sto razbrav  stanovi kje se gradat vo kasarnata karposh a ne ovde Dunno


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 21-Apr-2010 at 21:39
Сепак ова му се првични планови да не речам скици. Уште ги немаат донесено урбанистичите планови, па дури да заврши постпката веројтано е и да сменат некој локации. Јас едвај чекам да и се врати животот на касарната во Прилеп. Оти скроз е испустена, имаше еден авион на полигонот и го стопи локалното население. Повеќе личи на град со духови.
Иначе поддршка за проектов, ако се исполни се разбираBig%20smile 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Apr-2010 at 21:52
Одлеичен фајд SPQR

Не знам дали конечно дефинираа што ќе се прави со касарната Илинден и дали армиските станови се вклопени во тој проект или во меѓувреме само импровизираат. Во секој случај во Скопје и во Тетово очигледно ќе треба солидно да се вложи и за сообраќајно поврзување на новите станбени единици.


Posted By: La Linea
Date Posted: 21-Apr-2010 at 21:56
Не ми е јасно што треба да значат оние делови обележани со жолто, бидејќи не
соодветствуваат со ниеден дел од оној концепт подоле Dunno Исто и за останатите касарни






After presenting the material to city’s authorities, the client was awarded permission to purchase and develop the property. Presently, the official Development Plan is being produced by the authorities on the basis of this proposal. It is foreseen that once the land purchase is completed, a full charrette will be held to design the property in detail.





-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 22-Apr-2010 at 15:30
Па на крај краишта, изгледа планираат да ја реактвираат касарната Илинден со полн погон. Оти каде што градат станови касарните ќе бидат активни, освен за Тетово не сум сигурен. Иначе пред неколку дена гледав на сајтот на МОРМ и имаше поинкави слики кои не беа од Google Earth како оние погоре, туку делуваа како урбанистички планови, кога отворив во Историја да ги побарам пак ми покажува дека не постојат, затоа ми е криво што не ги симнав тогаш. Таму имаше утврдено и места кои ќе се отстапат на Општината.
P.S. Иначе ако овие погоре плановиве за Илинден ако се направат ќе биде најдобро. Smile


Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Apr-2010 at 19:35
Првите 5 објекти од касарната предадени на МВР и универзитетот
Недела, 25 Април 2010 18:24

Cvetanka%20KASARNA%20002

После повеќе процедури, ангажирања и активности битолската касарна ќе заживее. Денеска министерството за одбрана првите 5 објекти им ги предаде на министерството за внатрешни работи и министерството за образование:

Cvetanka%20KASARNA%20KONJANOVSKI

,,Доследни на она што го кажавме пред шест месеци ние се впуштивме во сите активности со цел побрзо да го спроведеме процесот на дивестирање и касарната да ја ставиме во функција на локалниот економски развој, знаењата, образованието и се она за што ќе има потреба, вели Зоран Коњановски, министер за одбрана

Cvetanka%20KASARNA%20005

Добро позиционирање, добри ресурси и добри капацитети се основните потреби врз кои се базира успешното функционирање на полицијата. Новите 2 објекти кои ги доби министерството за внатрешни работи во Битола ќе овозможат одделување на полицискиот од неполицискиот дел, а истовремено позитивно ќе влијаат на безбедноста:

Cvetanka%20KASARNA%20JANKULOVSKA

,,Ние направивме анализа на потребите на МВР и согласно таа анализа дел од службите кои работат со граѓани ќе бидат префрлени овде, вели Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи

Cvetanka%20KASARNA%20001

Подигнувањето на образовното ниво на населението треба да доведе до економско придвижување и подобрување на општествено социјалниот статус. Во таа насока треба да биде и користа од трите објекти од некогашната касарна кои ги доби министерството за образование:

Cvetanka%20KASARNA%20TODOROV

,,Морам да ја поздравам оваа одлука на министерството за одбрана дел од овие објекти да ги префрли на министерството за образование и се надевам до септември ќе се стават во функција, вели Никола Тодоров, министер за образование

Cvetanka%20KASARNA%20003

4500 те метри квадратни корисна површина сместена во 3 згради на 3 ката ќе ги намалат просторните проблеми на универзитетот. Според проценките на архитектите зградите дозволуваат доградба на уште два ката:

Cvetanka%20KASARNA%20ZOGLEV

,,Со овој чин за децении се реши поголемиот просторен проблем на универзитетот. Покрај ветеринарниот, правниот факултет тука ќе бидат сместени и лаборатории, студентското радио..., вели Златко Жоглев, ректор

Cvetanka%20KASARNA%20004

Изработката на деталниот урбанистички план за касарната е во завршна фаза. Талески е задоволен од досегашниот успех на активностите кои ги презеде општината со цел овие објекти да добијат вистинска намена во корист на граѓаните:

Cvetanka%20KASARNA%20TALESKI

,,Денеска се обезбедивме со иднината, со знаењата за многу наши млади, а присуството на МВР тука ќе ја зголемува нивната безбедност, вели Владимир Талески, градоначалник

Талески верува дека на овој начин ќе се овозможи проширување на централното градско јадро и останатите делови на градот ќе се доближат до центарот.


http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=20641&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=20641&Itemid=106

Радосен сум што конечно се придвижи ова. Инаку и офицерски беше предаден на градот пред некој ден, но таму треба да се снима филм, па додека не се досними немало да се чепка ништо. Кај го прочитав ова појма немам, и не можам да ја најдам веста. Question




-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: axel
Date Posted: 26-Apr-2010 at 12:37
ПРИМОПРЕДАВАЊЕ ВО БИТОЛСКАТА КАСАРНА
МВР и МОН добиваат дел од старите објекти

Неколку објекти од касарната „Стив Наумов“ во Битола во иднина ќе ги користат Министерството за внатрешни работи и Министерството за образование и наука. Ова е дел од реализацијата на проектот „Старите касарни за нов развој - Владата за граѓаните“.
- Очекуваме до први јуни да заврши изработката на детален урбанистички план, потоа ќе ја утврдиме почетната финансиска вредност на објектите, а наесен ќе почне процес на девестирање, продажба или издавање и на други објекти - истакна министерот за одбрана Зоран Коњановски во Битола. Со одлуката на Министерството за одбрана, МВР се стекна со два објекти и простор што ќе го користи СВР Битола. Според министерката Гордана Јанкуловска, со тоа ќе се овозможи физичко раздвојување на СВР Битола како регионален центар од полициската станица во Битола. На вчерашното примопредавање на објектите од касарната, Министерството за образование и наука одлучи да ги додели на Универзитетот „Св. Климент Охридски“. Ставањето во функција на старите објекти ќе генерира нови идеи и во таа смисла локалната самоуправа очекува овој атрактивен простор во иднина да биде максимално привлечен за инвестиции. - Во поранешната касарна ќе има нов плоштад, ќе го прошириме градското јадро и ќе има многу содржини што ќе ги предвидиме со деталниот урбанистички план - потврди битолскиот градоначалник Владимир Талески на средбата со новинарите во Битола. Касарната „Стив Наумов“ во Битола се наоѓа во непосредна близина на центарот на градот, во рекреативната зона под Тумбе кафе и се простира на површина од 98 хектари.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=9&tabid=1&EditionID=2005&ArticleID=139389


Posted By: axel
Date Posted: 28-Apr-2010 at 06:25

Вотерленд на имотот на битолската касарна

Објекти за домување и за спортување, отворени водени површини, паркови, се само некои од содржините што ќе го оформат новиот центар во Битола

БИТОЛА - Локалната власт ги скрои плановите за малиот град што треба да никне на имотот на поранешната касарна. Деталниот урбанистички план е во крајна фаза, а до септември сите објекти и секое парче земја ќе добие нов сопственик и нова намена. Предлог-планот на ДУП за имотот на касарната по вчерашната презентација е ставен на јавна анкета во наредните десет дена.

Сепак, останува проблемот со нерасчистените имотноправни односи. Неколку битолски семејства се' уште водат битка со државните институции за враќање или за плаќање на нивното земјиште, кое своевремено било национализирано. Станува збор за имот од над седум хектари.

Урбанистите, пак, направиле импресивен план за стотината хектари земјиште лоцирано под Пелистер. Ќе се градат индивидуални и колективни згради, хотели, црква, затворен базен, па дури и вотерленд.

„Сето она што и' недостасуваше на Битола во центарот, ќе го има во малиот град. На имотот на касарната ќе се гради втор градски центар, бидејќи се предвидени објекти за домување на околу 5.000 луѓе, а тоа е неопходно. Во еден дел на локацијата е предвидено зеленило и голем број спортски објекти, но и отворени водени површини што можат да се претворат во мал воден забавен парк“, објаснува урбанистот Јорго Шундовски, изработувач на планот.

Со нови објекти и проширување на своите капацитети први видоа корист полицијата и битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“. Првите добија две згради на трајно користење, а универзитетот една. Токму во зградите на касарната, конечно, ќе може физички да се одвои работата на СВР-Битола како регионален центар од полициската станица во Битола, кои сега функционираат под еден ист покрив.

„Веќе испланиравме во овие објекти да сместиме дел од службите на МВР што работат со граѓаните. Меѓутоа, тука ќе има дел и од полицијата. Најважно од се' е тоа што ќе ја одвоиме полициската станица од нашиот регионален центар. Значи, ќе имаме простор за да ги поделиме полициските од неполициските работи“, истакна министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Откако го доби објектот, Битолскиот универзитет смета дека ќе реши најголем дел од неговите просторни проблеми. Особено затоа што на зградата може да се направи и надоградба од уште два ката. Планирано е сместување на дел од новите, но и од дисперзираните факултети.

„Во зградата што ја добивме ќе биде Ветеринарниот факултет, а планираме простор и за Правниот факултет. Ќе има место за лаборатории и истражувања, за администрација и за ново студентско радио. Ќе го решиме просторниот проблем и на Студентскиот сојуз“, вели ректорот на универзитетот, Златко Жоглев. Реновирањето на зградата ќе биде со средства на Универзитетот.

Сепак, најголем дел од имотот на поранешната касарна добива општината, или 98 хектари земјиште. „Создаваме прекрасни услови за инвестиции во најубавиот дел на Битола. Иако локацијата е оддалечена само 200 метри од градскиот плоштад, таму ќе направиме нов, со сите потребни елементи“, задоволно изјави градоначалникот Владимир Талески. Од Министерството за одбрана најавуваат дека имотот на битолската касарна од 240 хектари до наесен целосно ќе биде предаден на новите сопственици. „Планирано е до 1 јуни да завршат сите работи за Деталниот урбанистички план. Веднаш потоа преку Министерството за финансии почнува процес за утврдување на почетната вредност на сите објекти. Во септември ќе се продаваат и ќе се ставаат во функција и други објекти што ги имаме на имотот. Сево ова е во интерес на локалниот економски развој“, потенцира министерот за одбрана, Зоран Коњановски. (А.Б.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0A0A05C7A474914E84808923FE7CC550



Posted By: гитардемон
Date Posted: 04-May-2010 at 18:49

Наместо касарна – мал град со плоштад и многу содржини
Вторник, 04 Мај 2010 18:12

018

Деталниот урбанистички план за трите четврти на касарната може да се најде на официјалната интернет страница на Општина Битола каде граѓаните можат подетално да се запознаат со она што се предвидува таму. Ова е за прв пат еден ваков план да се стави на интернет. Инаку јавната анкета трае до петок со можност да се продолжи, велат од „Форми", од каде го изработуваат планот. Површината за која се изработува планот сега изнесува 103,5 хектари. Површината е зголемена заради тоа што во третатата четврт, на Тумбе кафе каде што беше планиран видиковецот, откриена е тврдина која дополнително треба да се истражува. Исто така во касарната постојат и 3 објекти кои се заштитени од Заводот за заштита на спомениците. Врз основа на сето ова е направена студија со конзерваторски основи, како и студија за тоа како ќе влијае врз животната средина.

019

Она што е предвидено во планот е според она што општината им го достави како потреба, а во неа има објекти од јавен карактер, објекти за домување, трговија, угостителство и останати дејности и инфраструктура. Во планот се предвидени 3000 паркинг места, а 14 хектари припаѓаат на улици, тротоари и пешачки патеки.

021

Во касарната е предвидено да има 6 објекти дел од универзитетски кампус, бензиска пумпа за лесни возила, нов градски плоштад со 3 споменични фонтани, верски објекти, катни гаражи, игралишта. Во делот од страната на населбата Стрчин се планира да се продолжи со објекти за домување, а во овој дел се планира да има училиште, градинка, како и комплекс на водени базени. Во нивна близина се наоѓа и филмскиот град кој опфаќа површина од 4 хектари. Се предвидува и булевар со 4 ленти и уште 3 нови големи улици кои ќе го спојуваат со „Партизанска". Исто така овде се предвидува да има и полиција, противпожарна станица, трговски објекти, како и хотел кој се предвидува на местото на стадионот, а е предвиден да се изгради до 12 ката, односно 45 метра. Во делот под Тумбе кафе во закосениот дел, над филмскиот град е предвидена луксузна населба, каде за промена се предвидуваат зони за градба, а не маркици. Тоа значи дека таа зона треба да се искористи 70%, според желбата на оној што сака да гради. Секоја зона е по 2000 хектари, а се вкупно 189 локации. Оној дел каде што има зеленило се планира да се остави како зелена површина. Инаку површината која ја зафаќа касарната е 1/20 од градот.


http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=20999&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=20999&Itemid=106



-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 04-May-2010 at 18:52























-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 04-May-2010 at 18:52












-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: mitatos
Date Posted: 04-May-2010 at 19:03
Гитардемон  тие сликите што ги пушти погоре ,од касарната во битола ли се?
Навистина тие авиони што стојат би можеле некако да се убутат во воениот музеј,а башка има и добар потенцијал од тие старите турски згради, за да се направи нешто и во таа база, жалам што прво имаше желби за отворање на музеј, од таков вид, мегутоа го затвориа не знам од кои причини.


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-May-2010 at 19:26
Ова е за прв пат еден ваков план да се стави на интернет


Да, да, чудо направиле  Roll%20eyes



Posted By: гитардемон
Date Posted: 04-May-2010 at 19:27
Добро, од тие авиони нема останато ништо после толку години трчкарање на деца наваму натаму. Левиот на сликата нема ни крила, а десниот освен крила нема ни тркала. Има и еден хеликоптер, но не е во кадар.

Што се однесува до турските згради не било направено ништо бидејќи била касарна, а нормално за време на СФРЈ немало компромиси кога станувало збор за касарни.

А за сегашната конзервација пишува и во текстот погоре, три објекти се заштитени како културно наследство, и ќе бидат реставрирани. Мене тоа што ми остави најмногу впечаток е колку амбициозен е овој план, веројатно рокот е до 2099 Иако е амбициозен, сепак изгледа како да е цртан од дете во седмо одделение.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 04-May-2010 at 20:57
Како прво, зошто е потребно да се гради и на Тумбе Кафе, кога можи да се остави како парк, со пешачки патеки и плус ете нашче нешто тврдина, турскиот објект, сето то може да претставува целина, нешто слично како Могилата во Прилеп.

Како второ, Интересен план, иако се сомневам дека сето ќе се догради како што е испланирано. Воглавно поддршка за проектов.Big%20smile


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-May-2010 at 14:38
Еве нешто плус за касарната Илинден. За жал на нет не успеав да најдам ништо од агенцијата за просторно планирање во врска со овој проект.



Posted By: alexgizh
Date Posted: 08-May-2010 at 17:43
Ова е најслично до оној убав цртеж од птичја перспектива со голф терените, неколку страници поназад.

Ми се допаѓа ДУП-ов, само сум малку загрижен поради две работи:

1. Не е опфатен целиот кварт (не е северно до бул.Словенија, и источно до Македонско-Косовска бригада). Што ќе стане со тие полураспаднати бараки што ќе искачаат на идниот булевар???

2. Поставување на големи трговски единици (многу автомобили, и следствено, издувни гасови) веднаш до аквадуктот, кој е споменик од прв ред и кој бара специјални услови за одржување...


Posted By: axel
Date Posted: 18-May-2010 at 16:27
Мини град на местото на поранешната струмичка касарна http://www.porta3.com.mk/images/stories/dnevni_vesti/strumica.jpgСтрумица, На местото на поранешната струмичка касарна наскоро ќе никне нов градски комплекс со целокупната потребна инфраструктура. Според урбанистичките решенија, тоа ќе претставува нов мини град кој ќе се простира на површина од околу 30 хектари, или една осмина од вкупната површина на Струмица.

- Во дел од објектите на поранешната касарна веќе се преселени некои помали стопански и невладини организации, една локална телевизиска куќа, комплетно Секретаријатот за внатрешни работи, Инкубаторот за помош на семејните бизниси и за отворање нови фирми во малото стопанство и други. Наскоро тука ќе биде сместено и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, појасни градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.


Тој очекува  зголемен интерес на инвеститорите во текот на летото, а есента најави дека ќе почне и изградбата на првите нови објекти.
Како што е предвидено, по ставањето на струмичката касарна во функција на развојот на економијата и локалната самоуправа од страна на Министерството за одбрана, овде ќе биде формиран нов станбен блок од 16 до 20 нови станбени згради за 300 до 400 семејства, односно за 1.200 до 1.600 жители. Ќе бидат отворени дом за старци, младински центар, простории за деца со посебни потреби, високообразовен центар за дисперзирани студии на повеќе универзитетски институции од земјава и други установи.


Според важечките законски прописи, доделувањето на градежното земјиште го врши Министерството за транспорт и врски, при што 80 отсто од средствата добиени на јавното лицитирање остануваат за општината, односно за изградба на потребната инфраструктура во овој урбан комплекс. (МИА)

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2103&Itemid=125


Posted By: гитардемон
Date Posted: 23-May-2010 at 21:31

http://www.informator.ws/novosti-od-bitola/13894-2010-05-22-22-30-55.html - За поголема транспарентност, планот за Касарната ставен на интернет

22 May 2010


Деталниот урбанистички план за Касарната е поставен на  официјалната интернет-страницата на Општината Битола и сите заинтересирани граѓани можат подетално да се информираат за планот.

Предвидена е изградба на објекти од јавен карактер, нов плоштад, три фонтани, социјални и образовни институции, базени, простор за проектот “Филмски град“, хотел на 14 ката, широки улици, велосипедски патеки и локации за приватни куќи и згради.

 alt

Откако Министерството за одбрана и го отстапи на трајно  користење просторот во битолската касарна “Стив Наумов“ на локалната самоуправа, Општината Битола изработи детален урбанистички план. 


http://www.informator.ws/novosti-od-bitola/13894-2010-05-22-22-30-55.html">http://www.informator.ws/novosti-od-bitola/13894-2010-05-22-22-30-55.html



Posted By: гитардемон
Date Posted: 23-May-2010 at 21:41

Ве известуваме дека јавната анкета за ДУП „АРМ Четврт 1, АРМ Четврт 2 и АРМ Четврт 3“ Битола, се продолжува и сите заинтересирани граѓани и правни лица своите забелешки и сугестии на анкетни листови ќе можат да ги достават до 17.05.2010 год.

Детален урбанистички план

„АРМ четврт 1, АРМ четврт 2, АРМ четврт 3“
Општина Битола
Плански период 2010 - 2015
Предлог план

http://www.bitola.gov.mk/arm/arm1.html">

http://www.bitola.gov.mk/arm/arm2.html">

http://www.bitola.gov.mk/arm/arm3.html">


И клик на сликата те носи на страница која никогаш не може да биде пристапена. Колку професионално!


http://bitola.gordsys.net/?arm_04_10 - http://bitola.gordsys.net/?arm_04_10



Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 23-May-2010 at 21:49
ДУПовите од касарната се изложени и во општинската зграда, во лобито на огласната табла. Минатата недела беа таму одтогаш немам проверено.


Posted By: axel
Date Posted: 25-May-2010 at 15:33
Мини град на местото на поранешната касарна во Кочани http://www.porta3.com.mk/images/stories/dnevni_vesti/kocani.jpgКочани - На локацијата каде што се наоѓаше поранешната касарна во Кочани во населбата Шатровиќ, според урбанистите, ќе се изгради нов градски комплекс со целокупната потребна иинфраструктура.

Согласно понудените урбанистички решенија, кои на последната седница ги прифати и Советот на Општина Кочани, тоа ќе преставува нов мини-град кој ќе се простира на површина од 32 хектари.


Инаку во дел од објектите на поранешнатра стара касарна сместена е Општинската противпожарна единица, има простории и за потребите на локалната самоуправа, а веќе се преселија и некои невладини организација.


- Како што е предвидено, по отстапувањето на касарната во Кочани на локалната самоуправа, ние се зафативме со целосна урбанизација на просторот, истакна градоначалникот Ратко Димитровски.


Предвидено е да бидат изградени неколку станбени блока со станови за домување, а ќе се гради и дом за пензионери, кој ќе биде на три ката и ќе располага со 120 апартмани, како и останатите придружни објекти за нормален живот во една ваква населба. Планиран е простор за амбуланта, аптека, пошта, банка и други содржини.


Просторот од идната населба ќе биде поврзан со три сообраќајници а е планирано и три хектари да биде под зеленило, како парковско-уреден поростор. Потребната инфраструктура ќе ја гради општината Кочани, а останатите станбени објекти заинтересирани инвеститори.
За пензионерскиот дом се заинтересирани Општинската организација на пензионери од Кочани и Министерството за труд и социјална политика.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2121&Itemid=125


Posted By: VirginAtlantic
Date Posted: 27-May-2010 at 10:21
Originally posted by Cloverstack

Еве нешто плус за касарната Илинден. За жал на нет не успеав да најдам ништо од агенцијата за просторно планирање во врска со овој проект.

 
Тоа не е ли проектот на американците от DPZ?
 
 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-May-2010 at 13:22
Originally posted by VirginAtlantic

Тоа не е ли проектот на американците от DPZ?
Да, во суштина станува збор за иста работа (иако ако се загледа внимателно, има минимални разлики), но ова конкретно е урбанистички план. Еве нешто од сајтот на DPZ околу нивната визија, што веројатно го објаснува текот на настаните:
Presently, the official Development Plan is being produced by the authorities on the basis of this proposal. It is foreseen that once the land purchase is completed, a full charrette will be held to design the property in detail.



Posted By: axel
Date Posted: 30-Jul-2010 at 17:01
http://www.kanal77.com.mk/kanal77/index.php?option=com_content&view=article&id=5891:2010-07-30-14-15-16&catid=2:makedonija&Itemid=4 - Заев - Згради со базенти ке никнат во струмичката касарна
Напишано од Ване Трајков   
Петок, 30 Јули 2010 16:12
var addthis_pub = 'Радио Мрежа Канал 77'; http://www.addthis.com/bookmark.php?v=20">AddThis%20Social%20Bookmark%20Button < ="text/" ="http://s7.add.com/js/200/add_widget.js">
603Градоначалникот на Струмица Заев во струмичката касарна очекува да никне модерна и современа населба. Колективни згради со базенти заеднички домари фризери. Вака  објаснува градоначалникот на Струмица по донесениот урбанистички план за струмичката касарна. Најверојатно нив ги градат италијански инвеститори кои покажале интерес за ова намена Вели Заев.
Од септември ке почне издавањето на  слободното неизградено земјиште за подигнување колективни станбени згради. Прво ке бидат понудени три парцели од кои општината очекува прилив од 2 милиони евра
Новата населба во струмичката касарана треба да има 6 илјади жители. Таму треба да никне приватни основни средни  училишта и универзитет, трговски центри верски објекти а во постојните згради треба да бидат сместени струмичкие јавни претпријатија

http://www.kanal77.com.mk/kanal77/index.php?option=com_content&view=article&id=5891:2010-07-30-14-15-16&catid=2:makedonija&Itemid=4


Posted By: гитардемон
Date Posted: 30-Jul-2010 at 17:08
Базенти... А ресторанти ќе има?




-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 30-Jul-2010 at 17:15
Всушност, ресторант е поправилно од ресторан. Доаѓа од реставрант, restaurant.

А за базенТите, Rollin!


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 30-Jul-2010 at 17:32
Rest - au - rant
Рест - о - рон

Тоа е француски збор, а последната согласка не се чита Ама ајде


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 30-Jul-2010 at 18:48
На англиски се чита

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: nikola49
Date Posted: 31-Jul-2010 at 09:35
Новиот мал град во Струмица...
Донесен деталниот урбанистички план за блок 36 и дел од блок 37 (касарна “11 Октомври“) во град Струмица од страна на советниците на општина Струмица http://www.strumicanet.com/index.php?option=com_content&view=article&id=791&catid=41


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Aug-2010 at 00:43
Аквапарк има ли?!


Posted By: axel
Date Posted: 03-Aug-2010 at 05:23

Населба со 25-катници кај касарна „Илинден“

Дозволените висини на објектите што се предвидени во урбанистичкиот план за касарната се од 21 до 80 метри

Касарната „Илинден“ ќе прерасне во градска населба со 25 катници, деловно-комерцијални простори, училишта, болници, државни институции, како и лесна и незагадувачка индустрија. Еден дел, кој сега влегува во опфатот на касарната, а каде што се наоѓа Римскиот аквадукт, е предвиден за изградба на музеј.

Општина Карпош, на барање на Владата и по нејзина програма, го изработи детаљниот урбанистички план за пренамена на еден дел од земјиштето на касарната, со цел да се отуѓи на јавна лицитација.

- Касарната „Илинден“ нема да се дислоцира, туку ќе остане да постои -објаснуваат надлежните од Општината.

Ова е прва нацрт-фаза на планот. Втората фаза опфаќа предлог-фаза и потоа ќе следува усвојување. По завршувањето на овие законски процедури, Владата ќе може да распише оглас за продажба на ова државно неизградено земјиште. Според сегашните најави на Министерството за транспорт и врски, ќе се отуѓуваат околу 45 отсто од вкупниот простор на касарната. Профитот од продажбата ќе се дели 80 отсто за локалната власт, а 20 отсто за државната.

Од Општина Карпош засега не можеа да кажат колку висококатници ќе се градат на тој простор, но прецизираа дека висините на објектите во планот се движат од 21 до 80 метри. Микродеталите, рекоа, ќе се утврдуваат дополнително со урбанистичко-архитектонска документација.

Пренамената на армиското земјиште, димензионирано за потребите на армијата во бивша Југославија, нема да и' се случи само на касарната „Илинден“, туку и на останатите воени објекти во Скопје, во Аеродром и во Бардовци. Владината политика, како што е познато, е вишокот на неискористено земјиште да го стави во функција на економскиот развој. Според досегашните објаснувања на премиерот Никола Груевски, местото е погодно за вакво нешто, бидејќи касарната е блиску до центарот и е привлечно место за инвеститори.

Според проценките, доколку инвестициите се успешни и објектите се изградат, на просторот кај касарната ќе можат да се населат 60.000 луѓе. (Ј.И.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=DC9EF30E0A069E48B6A28384BFF8B736


Posted By: axel
Date Posted: 13-Aug-2010 at 16:50
Тендер за продажба на градежно земјиште, дел од касарната во Кичево
kicevo.jpgСкопје - Министерството за транспорт и врски вчера распиша јавна објава за отуѓување на градежно неизградено земјиште, предвидено со Детален Урбанистички План на град Кичево за „Блок “, кое е дел од касарната „Чедо Филиповски – Даме“. 
Јавното наддавање за земјиштето, наменето за изградба на објекти за семејно домување во станбени згради е во насока на реализација на проектот за урбанизација на просторот на касарните во Република Македонија.

Министерството за транспорт и врски денеска соопшти дека заинтересираните физички и правни лица треба да поднесат пријава за учество на јавното наддавање во писмена форма, доказ за платен депозит, за физичките лица уверение за државјанство, доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистер, односно уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното лице или физичкото лице заверено кај нотар.

Со проектот, како дел од владината Стратегија, ќе се овозможи со промена на деталните урбанистички планови, земјиштето на касарните, како и соодветниот простор да има различна намена од досегашната. На овој начин,с е посочува во соопштението, ќе се овозможи реализацијата на бројни инвестиции, односно ќе се создаде можност за изградба на објекти со комерцијално-деловна намена, како што се трговски центри и хотели, јавни објекти, како катни гаражи, образовни институции и здравствени институции, но и објекти за колективно и индивидуално домување.

По повод пренамена на дел од просторот на касарните во Република Македонија, во наредниот период Министерството за транспорт и врски ќе распише јавни објави и за Кочани, Битола, Дебар, Охрид, Скопје, Струмица, Дојран и Гевгелија. (МИА)
 
http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2542&Itemid=125
 


Posted By: axel
Date Posted: 16-Aug-2010 at 15:49
Соопштение до јавноста - 13.8.2010

 

 

Почитувани,

 

Во насока на реализација на проектот за урбанизација на просторот на касарните во Република Македонија, Министерството за транспорт и врски на 12.08.2010 година распиша јавна објава за отуѓување на градежно земјиште по пат на јавно наддавање, сопственост на Република Македонија, кое се наоѓа во општина Кичево, наменетоза изградба на објекти за семејно домување во станбени згради.

 

Предмет на јавното наддавање е градежно неизградено земјиште, предвидено со Детален Урбанистички План на град Кичево за „Блок “кое е дел од касарната „Чедо Филиповски – Даме“.

 

Заинтересираните физички и правни лица треба да поднесат пријава за учество на јавното наддавање во писмена форма, доказ за платен депозит, за физичките лица уверение за државјанство, доказ за регистрацијана правното лице од соодветен регистер, односно уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното лице или физичкото лице заверено кај Нотар.

 

Целосниот текст на јавната објавата може да се прочита во дневните печатени медиуми и на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски.

 

Овој проект произлегува од Стратегијата на Владата на Република Македонија и со него ќе се овозможи со промена на деталните урбанистички планови, земјиштето на касарните како и соодветниот простор да има различна намена од досегашната. На овој начин ќе се овозможи реализацијата на бројни инвестиции, односно ќе се создаде можност за изградба на објекти со комерцијално-деловна намена, како што се: трговски центри и хотели, јавни објекти, како катни гаражи, образовни институции и здравствени институции, но и објекти за колективно и индивидуално домување.

 

По повод пренамена на дел од просторот на касарните во Република Македонија, во наредниот период Министерството за транспорт и врски ќе распише јавни објави и за Кочани, Битола, Дебар, Охрид, Скопје, Струмица, Дојран и Гевгелија.

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2727


Posted By: axel
Date Posted: 23-Aug-2010 at 10:34
Почнува урбанизацијата на касарните


За кичевската касарна веќе е распишан оглас на продажба на земјиштето

Билјана Ангеловска

Државата стартуваше со реализација на проектот за урбанизација на просторот на некогашните касарни, кои поради изменетите општествено- политички услови, во изминатите години не се користеа и беа препуштени на забот на времето. Стотици хектари земјиште набрзо ќе се претворат во градилишта на кои ќе се градат училишта, градинки, станови, трговски центри, домови за стари лица...

Прва ќе се пренаменува касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево. Деновиве Министерството за транспорт и врски распиша јавна објава за отуѓување на градежното земјиште преку јавно наддавање што е дел од кичевската касарна. Земјиштето, според Деталниот урбанистички план е наменето за изградба на објекти за семејно домување во станбени згради.

Од Министерството информираат дека во наредниот период ќе бидат распишани објави за продажба на неизградено земјиште што е дел од касарните во Кочани, Битола, Дебар, Охрид, Скопје, Струмица, Дојран и во Гевгелија.

Иницијативата за пренамена на дел од касарните, кои веќе не ги користи Армијата на Македонија, наиде на општо одобрување во јавноста. Пред се', зашто овие објекти со години пропаѓаат поради нивната неискористеност, а со тоа и се' што е изградено со нив. Моментално, огромен дел од касарните се дел од генералните урбанистички планови на градовите во кои се наоѓаат, каде што се претставени како сиви зони, токму поради нивната нефункционалност. Пренамената би требало да се спроведе релативно брзо и без поголеми проблеми, а тоа ќе се прави во соработка со локалната самоуправа, која ќе има задача да ги изготви новите детални планови.

Така, градските власти на Битола имаат во план земјиштето од 240 хектари на кое се наоѓа касарната, да го претворат во мал град, во кој ќе има станови, училиште, универзитет, полициска станица, противпожарна служба, трговски центри и една црква. Во касарната „Генерал Михајло Апостолски“ во Охрид со 20-ина хектари и повеќе зачувани објекти, локалната власт планира да го смести новиот информатички универзитет со модерен студентски кампус. Просторот од 38 хектари, на кој се простира касарната во Струмица, пак, ќе биде искористен за изградба на дом за стари лица, за јавното комунално претпријатие на Струмица и за невладиниот сектор. Дури 30 хектари од површината се слободни за изградба. Општината Карпош има на располагање цели 70 хектари од касарната „Илинден“, а просторот ќе го осмисли според приоритетите на граѓаните, па, најверојатно, ќе има и станбени и деловни објекти.

Со проектот за отуѓување на земјиштето на некогашните касарни и негова пренамена, Владата се надева дека ќе се реализираат многу инвестиции, бидејќи ќе се отворат можности за изградба на повеќе објекти со комерцијално-деловна намена, како што се трговски центри и хотели, јавни објекти, образовни и здравствени институции, објекти за домување.
Од пренамената на касарните, несомнено, ќе имаат корист сите, и државата и локалната самоуправа, односно, граѓаните. Бидејќи, според последните измени и дополнувања на Законот за градежно земјиште, дури 80 отсто од средствата собрани од продажбата на земјиштето ќе се слеат во буџетот на општината во која се наоѓа предметното земјиште, а останатите 20 проценти ќе се инкасираат во државниот буџет.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C25C0C02E15B6347A537B8C779A44CDB


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 23-Aug-2010 at 11:00
Tamam do juli kje se napravi nesto, konecno kje imam nesto za slikanje od mojot gradBananaBig%20smile

-------------


Posted By: axel
Date Posted: 30-Aug-2010 at 10:06

Три парцели наменети за амбасади во северниот дел на касарната Илинден

Автор: http://www.makfax.com.mk/_user/361/profile - Бојана Стојчевска
30 август 2010, 11:04
Извор: Макфакс
Скопје

<!-- @page { margin: 0.79in } P { margin-bottom: 0.08in } -->

На површина од 95.16 хектари се протега северниот дел на касарната Илинден за кој во четвртокот за првпат беше презентиран нацрт Деталниот урбанистички план.

На оваа локација ќе може да се пристапи од две страни, од Булеварот Словенија и од главниот влез на касарната.

Проектантите објаснија дека локацијата е поделена на 7 блокови кои потоа се поделени на помали парцели.

Во рамки на оваа локација спаѓа и локалитетот Аквадукт.

Според планот предвидено е во првиот блок да има седум парцели, во вториот пет, во третиот е Аквадуктот, во четвртиот девет, во петтиот осум, во шестиот пет, а во седмиот блок шест парцели.

„Според намената објектите треба да бидат за станбено домување, деловни згради, образовни и здравствени институции, како и објекти за лесна незагадувачка индустрија. Во петиот блок е предвидено да се изградат амбасади на три парцели“, велат проектантите.

Амбасадите ќе бидат со висина до 21 метар, а за станбените објекти предвидената висина е од 40 до 80 метри.

Нацрт Деталниот урбанистички план го изработи Агенцијата за планирање на просторот на Република Македонија.

Јавната презентација започна на 26.08.2010 година, а граѓаните своите забелешки за планот ќе можат да ги достават до 03.09.2010 година во просториите на општината Карпош, на чија територија припаѓа најголемиот дел од касарната Илинден./крај/бс

http://www.makfax.com.mk/#114948


Posted By: axel
Date Posted: 31-Aug-2010 at 10:10
ДУП НА ЈАВНА АНКЕТА
Нов град ќе никне до касарна Илинден

Згради високи до 80 метри, деловни објекти, образовни и здравствени институции и лесна индустрија ќе се градат на површина од речиси сто хектари, во околината на касарната „Илинден“ и на скопскиот аквадукт. Во деталниот урбанистички план за северниот дел од локалитетот на касарната се вцртани и три парцели за амбасади, од кои две ќе бидат за дипломатските претставништва на Русија и на Кина, според дописот што Владата уште пред неколку месеци го достави до општините Карпош и Бутел. Целата локација е поделена на седум блокови, од кои во еден се наоѓа аквадуктот. Во Управата за заштита на културното наследство велат дека околу објектот постои заштитен појас во кој не смее да се гради.
- Изработени се Заштитно-конзерваторски основи за аквадуктот, се што е најдено на просторот е внесено во планот и е пропишан режим на заштита. Општината е должна да се држи до тој режим - вели Ема Петрова, директорка на Конзерваторскиот центар на Град Скопје. Амбасадите ќе бидат високи до 20 метри, а станбените објекти од 40 до 80 метри. Планот го изработи државната Агенција за планирање на просторот.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2109&ArticleID=147570


Posted By: axel
Date Posted: 02-Sep-2010 at 13:07

Идејното решение за изградба на станови пред претставниците на АРМ

Автор: http://www.makfax.com.mk/_user/146/profile - Фросина Факова
02 септември 2010, 14:00
Извор: Макфакс
Скопје

Презентирано идејното решение за становите кои се предвидени за припадниците на армијата со проектот „АРМ мој вистински дом“.

На местото на касарната „Илинден“ е предвидено да се изградат најмногу 1.400 станови. Идејното решение го изработија група архитекти од архитектонскиот факултет, предводени од професорот Митко Хаџи Пуља.

Министерот очекува за 45 дена да биде донесен деталниот урбанистички план за општина Карпош. За околу три месеци тој очекува да завршат проектите и на почетокот на идната година да се отпочне со градење на становите.

По презентацијата голема заинтересираност и прашања за распоредот и изгледот на становите, за покривната конструкција, за паркирањето. За министерот тоа не се забелешки, туку нејаснотии кои заедно треба да се решат.

„Не слушнав забелешка за квалитетот, нормално е тој што купува стан и го решава еднаш станбеното прашање, да има и прашања, затоа се собравме отворено да разговараме, примајќи ги сите сугестии“ изјави Коњановски.

Локацијата кај касарната „Илинден“ ќе прерасне во мало градилиште.

„Оваа локација во касарната „Илинден“, која ќе прерасне во мало градилиште е предвидена за најмногу 1400 станови, колку што предвидува просторот, но ние ќе се  прилагодиме врз основа на интересот. Ако градиме 800 станови, тогаш нормално ќе ја намалиме таа локација“ вели Коњановски.

Станови за припадниците на АРМ се предвидени секаде, каде што има касарни., Скопје, Тетово, Куманово, Штип, Велс, Кичево. Според Коњановски за становите има голем интерес, особено во Скопје, Тетово и Куманово. Еден квадратен ќе чини од 450-500 евра./крај/фф

http://www.makfax.com.mk/_home/home#115241


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Sep-2010 at 22:49

ОДБРАНА ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ ПРОЕКТОТ "АРМ МОЈ ВИСТИНСКИ ДОМ"


Станови за војниците - 500 евра од квадрат


На локацијата на скопската касарна "Илинден", како најактрактивна, е предвидено да се изградат максимум 1.400 станови, но конечната конструкција ќе зависи од пројавениот интерес


До 500 евра за квадрат - ова е цената за становите кои се градат за припадниците на АРМ. Тие денес имаа можност да го видат идејното решение во прва фаза за изградба на станови од проектот АРМ мој вистински дом". Министерот за одбрана, Зоран Коњановски, и архитектонскиот тим од професори, асистенти и соработници од Универзитетот Св. Кирил и Методиј", кои го подготвија проектот, презентираа како ќе изгледаат идните домови на семејствата на припадниците на АРМ.

На локацијата на скопската касарна Илинден", како најактрактивна, е предвидено да се изградат максимум 1.400 станови, но конечната конструкција ќе зависи од пројавениот интерес. Само во Градот Скопје досега интересот е за околу 800 станови за припадниците на АРМ.
Се очекува во наредните 45 дена да биде донесен деталниот урбанистички план од страна на Општина Карпош, по што ќе се започне со проектната документација. Изградбата на становите, според плановите, треба да започне на почетокот на идната година.

Според професорот Митко Хаџи Пуља, кој е дел од тимот проектанти, ова е посебен ден за македонското градителство. Понудено е најоптимално решение кое во светски рамки се промовира од сите влади во ЕУ.
- Начинот на кој АРМ пристапи кон решавање на станбените прашања за своите припадници го надминува интересот само на своите припадници и дава позитивен пример на целото општество за тоа како треба да се гради и да се организира поширок процес, изјави Хаџи Пуља.

Во зависност од бројот на становите кои ќе треба да бидат изградени, појасни тој, ќе биде моделиран и јавниот простор, а програмата е отворена со можност на интервенции.
Предвидено е овој проект да се реализира во сите градови каде што има касарни на АРМ, односно во Тетово, Куманово, Штип, Велес и во Кичево. Припадниците на АРМ ќе имаат право да аплицираат за добивање стан во местото каде што се распоредени на служба.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=ABE5769A22CC0A4AB3117561C312A798


Posted By: axel
Date Posted: 03-Sep-2010 at 07:09

Касарната ќе стане мал универзитет

Покрај тоа десетина парцели во економската зона ќе бидат наменети главно за објекти за лесната и прехранбената индустрија

Просторот на поранешната касарна на АРМ во Дебар се планира да добие нова намена, односно да прерасне во мини-универзитет и индустриска зона. Во објектите на касарната се предвидува да биде сместен и образовниот центар, каде што од оваа академска година, ако се пријават доволен број студенти, ќе се реализираат дисперзираните студии на Тетовскиот и Битолскиот универзитет. За реконструкција и санација на постојните објекти општината издвои 250 илјади евра од сопствениот буџет.

Во рамките на проектот „Старите касарни за нов развој“, Владата, преку Министерството за одбрана овој објект и' го предаде на Општина Дебар.

- Сега останува локалната самоуправа, во соработка со централната власт, да најдат инвеститори - нагласи министерот за одбрана Зоран Коњаноски, по предавањето на одлуките од Владата на градоначалникот на Дебар, Аргетим Фида.

Првиот човек на Дебар вели дека голема поддршка за донесување на детаљниот план за овој дел имал од сите политички партии што имаат советници во општинскиот совет.

Фида нагласува дека покрај адаптацијата на објектите за потребите на дисперзираните факултети, се подготвени и 12 парцели во економската зона, кои ќе бидат наменети главно за објекти за лесната и прехранбената индустрија.

Заменик-премиерот Абдулаќим Адеми потенцира дека важна компонента на овој проект е создавањето услови за враќањето на иселениците и печалбарите во родниот крај.

- Се надеваме дека и во другите општини ќе ги следат овие чекори, а сето тоа говори дека е потребна соработката на локалната и централната власт. Главната цел е трансформацијата на старите касарни. Воедно веруваме дека овие можности ќе влијаат и за инвестирање на печалбарите и иселениците во нивниот роден крај - истакна Адеми.

Претходно касарната и' беше отстапена на триесетгодишно користење на локалната власт на Дебар во 2005 година, во времето на тогашниот министер за одбрана, Јован Манасиевски.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B8276193AD930E4CA353A85F54ABF80A


Posted By: Шпер
Date Posted: 09-Oct-2010 at 13:53
Eве нешто интересно во врска со новата воена населба на територијата на касарната Илинден и за становите, скенирав од списанието на АРМ Штит, бр.14 (октомври 2010 год.)










-------------


Posted By: OKA
Date Posted: 03-Nov-2010 at 01:17

Армиските станови го чекаат ДУП-от на Карпош


Проектот АРМ мој вистински дом" е резултат на она што 20 години го бараат припадниците на АРМ. Делот во надлежност на Министерството за одбрана и на Владата е завршен, но се уште не е донесен и се чека на Деталниот урбанистички план на скопската Општина Карпош, изјави министерот за одбрана Зоран Коњановски за застојот на проектот за изградба на армиски станови.
- Она што беше дел на Министерството и Владата е веќе завршено. Избрана е фирма, ги имаме идејните решенија, но јас како министер не можам да потпишам договор за проектирање затоа што се уште не е донесен Деталниот урбанистички план од Општина Карпош. Од неразбирливи причини за мене на последниот ден од јавната анкета ДУП-от беше повлечен, изјави Коњановски. Тој се надева дека за брзо време со оној ентузијазам со кој Владата влезе во овој проект, ќе влезе и Општина Карпош и ќе се реши проблемот на АРМ, кој 20 години не е решен.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=0E0AACF3C286974EA64DEFAA521858DB - http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=0E0AACF3C286974EA64DEFAA521858DB


-------------
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


Posted By: гитардемон
Date Posted: 05-Nov-2010 at 15:01

Општините не командуваат со касарните



Од касарната во Битола локалната самоуправа доби само обврска да изработи ДУП, а објектите и земјиштето ќе ги пренаменуваат или продаваат ресорните министерства, вели градоначалникот Владимир Талески

И покрај најавите дека надлежностите на касарните преминуваат од државно на локално ниво, општините се' уште не можат да располагаат со објектите и со земјиштето на тие локации. Од Општина Битола велат дека освен објектите што пред неколку месеци им беа префрлени на универзитетот и полицијата, другите се' уште се под надлежност на Министерството за одбрана, па само тоа може да ги пренесува, пренаменува или продава. Истото важи и за земјиштето што засега се' уште е во сопственост на Министерството за транспорт и врски, па тоа одлучува како ќе располага со него.

- Минатиот период читавме, гледавме, слушавме дека касарните ги добија општините. Сакам најодговорно да кажам дека од касарните досега општините добија обврска да изработат детаљни урбанистички планови и ништо друго. Не постои законска можност општините да ги добијат објектите. Владата може да носи одлуки за префрлување на објектите само на национални институции, не за локалните. Министерствата се владини институции и Владата ги пренаменува или префрла објектите од едно на друго во зависност од стратегијата - изјави градоначалникот Владимир Талески.

Тој објаснува дека, сепак, постои една законска можност општината да побара објектите од касарната да се префрлат во нејзина надлежност ако прво се огласат на продажба, а заинтересирани не се јават. Државното земјиштето, пак, законски идната година треба да им припадне на општините. Но, додека се подготви администрацијата и се обучат службениците реално ингеренциите ќе може да ги преземат дури во јуни, а не се исклучува можноста стопанисувањето да остане под ресорното министерство.

- Ние бараме за следните огласувања работите да одат во пакет, кога ќе се објави одреден објект тој да оди со целото земјиште во градежната парцела за да знаеме дали човекот има намера да инвестира или мисли да прави ситен бизнис само од објектот. Токму затоа со новиот детален урбанистички план секој од објектите добива градежна парцела поголема од самиот објект. Планирано е потенцијалните инвеститори во иднина да имаат можност објектот што ќе го купат да може да го надградуваат - додава Талески.

Касарната во Битола е со површина од 103 хектари, а детален урбанистички план чека на картирање, што значи дека сите парцели ќе бидат подготвени за продажба на потенцијалните инвеститори. Од старата касарна пред шест месеци Министерството за одбрана два објекта префрли во надлежност на Министерството за образование, а од таму на Битолскиот универзитет. Други две згради беа префрлени на МВР, а од таму на битолската полиција. Со ова се зголеми просторниот капацитет на овие установи.

Детаљниот урбанистички план за касарната предвидува многу нови архитектонски и урбанистички содржини, кои практично ќе значи изградба на нов град во срцето на Битола. Со ова старата касарна, која подолго време беше руинирана, ќе треба да прерасне во атрактивна населба. Во неа се предвидуваат нови плоштади, училишта, факултети, згради, спортски терени, винарски визби, филмски студија и друго.

Враќањето на касарните под локална капа е дел од проектот на Владата насловен како „Старите касарни за нов развој. Владата за граѓаните“.

http://dnevnik.mk/?ItemID=39D50B9B0895D14C85FB28ECE0B40705 - http://dnevnik.mk/?ItemID=39D50B9B0895D14C85FB28ECE0B40705

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: build.mk
Date Posted: 08-Nov-2010 at 16:50
На продажба парцели за станбени згради во Струмица

Државно градежно земјиште во Струмица, предвидено за домување во станбени згради, ќе се продава на јавно наддавање закажано за 26.11.2010. Почетната цена изнесува 2.300 денари за метар квадратен. Се работи за четири градежни парцели зацртани во Детален урбанистички план за урбан блок 36 и дел од урбан блок 37, усвоен на 29.07.2010. Парцелите се со големина од 21.941, 16.487, 14.190 и 13.050 метри квадратни. Пријавите за учество можат да се доставуваат до Министерството за транспорт и врски најдоцна до 22.11.2010, а депозитот е утврден на 10% од почетната цена.


http://www.build.com.mk/?p=5573 - http://www.build.com.mk/?p=5573



Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Nov-2010 at 04:38
Конкурсниот труд на Architectonica www.arh.com.mk - www.arh.com.mk за становите за АРМ.






































Posted By: lupo
Date Posted: 21-Nov-2010 at 14:41
Dobro, lugjevo mozea li ute nekoja boja da zalepat? Ne gi razbiram lugjevo zosto uzivaat vo tolku sareno vo nekoi dreclivi boi oci da ti izlezat. Suicide
Alla Tirana

-------------
...kaj si kapelo pak ke si kape...


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 21-Nov-2010 at 15:26
LOLaman i takvi boi i fali na skopje i togas kje bide naj dobriot grad vo balkanot!
@ lupo: à la Tirana!Big%20smile


-------------


Posted By: zabegan
Date Posted: 23-Nov-2010 at 17:58
ај остај боиве, туку луѓево сеуште живеат во пеесетите, не можеа да смислат нешто подобро? сепак е атрактивна локација...



Print Page | Close Window