Print Page | Close Window

Колектори и пречистителни станици

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Инфраструктура
Forum Discription: Транспорт, телекомуникации, водостопанство...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=676
Printed Date: 14-Nov-2018 at 15:10


Topic: Колектори и пречистителни станици
Posted By: Cloverstack
Subject: Колектори и пречистителни станици
Date Posted: 24-Feb-2008 at 02:57

Пречистителната станица во Трубарево ќе чини 95 млн. евра


Загадувањето на Вардар, доколку не се реализира овој проект, до 2020 година ќе се зголеми за три пати

Се предвидува по течението на Вардар да се изградат четири пречистителни станици

Изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Трубарево и дневното управување со неа би чинело околу 95 милиони евра, превидува Студијата за управување со отпадни води во Скопје. Документот, кој се изработува со донација од јапонската влада, а го изготвува тим на јапонската Агенција за меѓународна соработка - Џајка, предвидува изградба на четири пречистителни станици во Скопје - сите по течението на Вардар: Централната ќе биде во Трубарево, а другите три во Сарај, Ѓорче Петров и во Драчево. Објектот во Сарај би чинел 13,5 милиони евра, во Ѓорче Петров 400 илјади евра, а во Драчево 3,5 милиони евра. Според податоците во студијата, за изградба на станицата во Трубарево се потребни 35 хектари слободно земјиште, од кое 15 хектари ќе се намени за лоцирање на сушилниците. За јапонскиот тим просторот не е проблем, бидејќи веќе е обезбеден и внесен во урбанистичките планови. За потребите на пречистителната станица треба да се изградат и два колектора, по должината на левиот и десниот брег на Вардар, почнувајќи од мостот „Близнак“.

„Вардар е најголем реципиент на отпадна вода во Скопје и околината поради што и оваа студија е од огромно значење. Познат е фактот дека само 17 проценти од општините во Македонија имаат адекватен третман на отпадните води“, истакна Миле Јакимовски од Управата за животна средина, на вчерашната презентација на студијата.

Јапонските експерти изработката на документот ќе ја завршат за една година, кога ќе започне втората фаза на аплицирање во фондовите за обезбедување на потребните финансии за изградбата. Според предвидувањата, доколку не се реализира овој проект до 2020 година, загадувањето на Вардар ќе се зголеми за три пати. (С.Н.)




Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Oct-2008 at 11:53
ВЛАДАТА ЌЕ ВЛОЖИ 31 МИЛИОН ЕВРА ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНИ СТАНИЦИ И КАНАЛИЗАЦИИ
Водата од Вардар ќе се пие
До крајот на 2011 година треба да се изградат канализација и пречистителни станици на Вардар во Ѓорче и Сарај, да се изградат колектор за прочистување на отпадните води и камени каскади на речното корито

Министерството за животна средина најави дека во мај следната година ќе почне со изградба пречистителна станица за отпадни води во реката Вардар во Ѓорче Петров за да се заштити од загадување бунарскиот систем на реката Лепенец. Пречистителната станица ќе се гради во населбата Прижна, а средствата за реализација на проектот ќе ги обезбеди Владата. Соња Лепиткова, заменик-министер за животна средина и просторно планирање, вели дека освен пречистителна станица, во Ѓорче Петров треба да се доврши и изградбата на канализациската мрежа, која почнаа да ја градат општинските власти.
"Ние ќе ја градиме пречистителната станица, а канализациската мрежа треба да ја заврши Министерството за транспорт и врски. Локацијата за пречистителна станица е веќе одредена, обезбедени се средства за експропријација, тендерската документација се подготвува, и очекуваме во април или најдоцна во мај да почне градбата. Вкупната инвестиција во Ѓорче ќе биде околу 8 милиони евра", вели Лепиткова.
Таа објасни дека, според планот на Владата за подобрување на квалитетот на водата во реката Вардар, било договорено во 2010 година Министерството за екологија во Општина Сарај да изгради пет до шест помали пречистителни станици, а Министерството за транспорт и врски да изгради канализација.
"Во Ѓорче работите треба да завршат до крајот на 2009 година, во Сарај до крајот на 2010 година, а веќе во 2011 година Министерството за транспорт и врски да изгради голем колектор на Вардар за прочистување на отпадните води, а нашето министерство да направи камени каскади. За овој проект планирано е за трите години да се одвојат околу 31 милион евра, а со негова реализација треба да се намали загадувањето на Вардар и да се подобри квалитетот на водата во реката", вели Лепиткова.
Од Министерството велат дека со изградбата на пречистителните станици и канализациски мрежи во Ѓорче и во Сарај и со изградбата на камените каскади во Вардар и колекторскиот систем до Трубарево, квалитетот на водата во реката треба да се доближи до вода за пиење.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=158663&idg=8&idb=2506&rubrika=Skopje



Posted By: La Linea
Date Posted: 20-Dec-2008 at 20:18
Камен темелник на прочистетелна станица во Наколец javascript:void%20window.open%28http://prespasky.com/index2.php?option=com_content&do_pdf=1&id=4562,%20win2,%20status=no,toolbar=no,scrollbars=yes,titlebar=no,menubar=no,resizable=yes,width=640,height=480,directories=no,location=no%29;"> PDF javascript:void%20window.open%28http://prespasky.com/index2.php?option=com_content&task=view&id=4562&Itemid=71&pop=1&page=0,%20win2,%20status=no,toolbar=no,scrollbars=yes,titlebar=no,menubar=no,resizable=yes,width=640,height=480,directories=no,location=no%29;"> Испечати javascript:void%20window.open%28http://prespasky.com/index2.php?option=com_content&task=emailform&id=4562,%20win2,%20status=no,toolbar=no,scrollbars=yes,titlebar=no,menubar=no,resizable=yes,width=400,height=250,directories=no,location=no%29;"> Е-маил
  ImageВо селото Наколец денес (вторник, 16 Декември 2008) во 14 часот ќе биде удрен камен темелник на прочистетелната станица на Преспанското Езеро.

На свеченоста ќе присуствуваат Градоначалникот на Општина Ресен, Г-дин Димитар Бузлевски, Координаторот на УНДП за Македонија, Г-ѓа Марија Луиза де Силва, како и Министерот за Екологија Г-дин Неџати Јакупи.

Во рамките на проектот “Интегрирано управување со еко-системот во сливот на Преспанското Езеро во Албанија, Македонија и Грција” , активно се работи и на подготовките за старт на изградбата на пречистителната станица во селото Наколец, на брегот на Преспанското Езеро.
 
-Во изминатиот период изработена е комплетната проектна документација потребна за организирање и реализација на градежните работи. Најпрво се изработи физибилити студија во чии рамки се изврши споредбена анализа на неколку алтернативни технологии за третман на отпадните води и се избра најоптималното решение кое ги има  предвид капиталните, т.е. инвестиционите трошоци, но и трошоците за идното работење и одржување на системот. Воедно беше направена анализа на организациската поставеност и поделбата на одговорностите заради обезбедување на непречена работа на пречистителната станица по нејзината изградба. Избрана е и технологија која  целосно ќе се вклопи во природното опкружување на избраната локација- вели Димитрија Сековски, раководител  на проектот.
 
Тој додава дека паралелно со изработката на студијата, претставници на локалното население од Општината Ресен и Министерството за животна средина и просторно планирање имале можност подобро да се запознаат со деталите околу работата и одржувањето на сличен систем за третман во рамките на посетата на Нови Сад која беше претходно предвидена.
 
-По финализирањето на студијата, беше изработена потребната техничка документација (основен проект за пречистителната станица во с. Наколец) која беше ревидирана и потврдена како особено квалитетна од страна на Градежниот факултет во Скопје. Веднаш по изработката и ревизијата на основниот проект, успешно беа финализирани тендерските постапки за избор на изведувач и технички надзор.

Со оглед на тоа што и постапките за издавање на потребните дозволи за градба се завршени, градежните работи на терен официјално отпочнуваат на 16 декември 2008 година. - објаснува Сековски.
 
Инаку, средствата за изградба на пречистителната станица се обезбедени во рамките на гореспоменатиот проект финансиран од страна на Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ) кој се реализира од страна на Програмата за  развој на Обединетите нации (УНДП), поточно проектната канцеларија во Ресен.
 
Еднаков важен придонес во напорите за реализација на системот имаат и Министерството за животна средина и просторно планирање, Општината Ресен и локалното население од селото Наколец.

-Ресорното министерство обезбеди значајни средства за набавка на цевководи и шахти за изградба на канализациона мрежа во должина од над 4 км. Тендерската постапка за најповолен снабдувач на градежни материјали  е во завршна фаза и локалната заедница од селото Наколец ја презеде одговорноста за ангажирање на градежна компанија која ќе ги изведе ископите на рововите во кои ќе се положат канализационите цевки и шахти обезбедени од Министерството. Општината Ресен пак го водеше целокупниот процес за обезбедување на дозволите потребни за отпочнување со градежните работи на терен, како за канализацијата, така и за пречистителната станица - додава Сековски. 
 
Соработката на сите вклучени страни кои работат на финализацијата на проектот, беше потврдена и со потпишувањето на Меморандум за соработка потпишан од Министерството за животна средина, Постојаниот претставник на УНДП во Република Македонија, градоначалникот на Ресен, Димитар Бузлевски и претседателот на месната заедница од селото Наколец.
 
Изградбата на целокупниот систем (канализација и пречистителна станица) ќе биде од суштинска важност како за подобрување на квалитетот на живот на локалното население, така и за заштитата на животната средина, а особено на природните водотеци низ селото и на самото Преспанско Езеро.

PrespaSky,
16/12/2008

http://www.prespasky.com/index.php?option=com_content&task=view&id=4562&Itemid=71


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: гитардемон
Date Posted: 16-Jan-2009 at 20:03
Пуштена во употреба пречистителната станица кај Езерото Младост.

Пречистителната станица кај селото Навачани е готова и деновиве започна да работи. Со овој потег конечно се стави крај на проектот, изградба на пречистителна станица и колекторки систем околу Езерото Младост.

Целта на проектот е трајно да се реши проблемот со отпадите води на сите населени места оклолу езерото, Отовица, Сујаклари, Кумарино и Иванковци. Со колекторскиот систем опфатени се мотелите и центарот за обука на Прокредит банка.

Во изградбата на пречистителната станица и колекторскиот систем вложени се 600 илјади евра. 500 илјади се обезбедени од Европската Унија додека 100 илјади се буџетски средства од општина Велес.

Цефководот за колекторот околу езерото се градеше повеќе од две години. Долг е над 8,5 колометри.

Од локалната самоуправа најавија дека свечено пуштање во употреба на објектот нема да има, за тоа да не се протолкува како политички маркетинг.

Пречистителната станица е лоцирана под селото Новачано откако жителите од тоа населено место своевремено протестираа за локацијата, која беше предвидено да биде над селото ипостоеше можност да им ја загади водата за пиење.



Ова е веројатно за оваа нишка, инаку преземено од: http://www.lisica.mk/?statija=2551 - http://www.lisica.mk/?statija=2551


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Jun-2009 at 08:00

Словенечки „Рико“ ќе гради пречистителна станица во Волково

Системот за пречистување ќе биде идентичен на оној во општината Трбовле во Словенија

Деспина Трајковска

За најмногу две години во Волково ќе биде изградена пречистителна станица која ќе ги прифаќа отпадните фекални води од Волково, Стопански Двор и од Кисела Јабука и потоа пречистени ќе ги испушта во реката Лепенец. Словенечки „Рико“, кој ја доби довербата да го изгради пречистителниот систем, очекува за десетина дена да заврши постапката на експропријација на дел од земјиштето каде што ќе се гради објектот. Пречистителната станица во Волково ќе работи на идентичен принцип како системот за прочистување кој неодамна е изграден во општина Трбовле во Словенија, проект изведен од „Рико“.

Андреј Иванц, раководител на еколошкиот сектор во компанијата, објасни дека пречистителниот систем во Волково ќе се разликува од тој во Трбовле единствено по бројот на изведени базени. Словенечкиот пречистителен систем има четири базени, а за потребите на системот во Волково ќе се изведат два базена.

„Разликата во бројот на базени е поради природата на теренот. Локацијата во Волково е пространа и доволно ќе биде да се изведат два пошироки базена, додека кај нас, тоа го изведовме со четири потесни базени, поради ограничената широчина на теренот. Останатиот принцип на работа, од прифаќање на водите до нивно испуштање ќе биде речиси идентичен. Ќе биде имплементирана СБР-техника, една од најсовремените, која истовремено ги исполнува и европските еколошки стандарди. Пречистителната станица во Волково ќе има капацитет од околу 20.000 еквиваленти“, објасни Иванц, кој по посетата на пречистителниот систем во Трбовле истакна дека системот неодамна е пуштен во употреба и се наоѓа на шестмесечен тест-период. Три месеци, пак, ќе бидат потребни за процесот на пречистување да ги даде првичните очекувани резултати.

Иванц додаде дека не очекува никакви проблеми при изведбата на проектот во Волково оти, како што истакна, „Рико“ како изведувач на системот има одлична соработка со надлежните во Македонија. Како доказ за тоа е и донацијата од 1,5 милион евра за пречистителниот систем во Волково од Владата на Словенија. Останатите средства за проектот, кој вкупно чини 5,5 милиони евра, се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Соња Лепиткова, заменик-министер во МЖСПП, вчера изјави дека очекува експропријацијата на земјиштето во Волково да заврши за десетина дена, по што на изведувачот ќе му се отстапи теренот за работа.

„По завршувањето на експропријацијата Словенците веднаш ќе стартуваат со работа, со испитување на терен, со изработка на основен проект, обезбедување градежна дозвола. Планирано е проектот да биде целосно готов за две години“, изјави Лепиткова и објасни дека со изградбата на системот ќе се заштитат од загадување подземните води, со што автоматски ќе се гарантира и исправност на водата за пиење од бунарите кај Лепенец. Според Лепиткова, изградбата на оваа станица и планираните пречистителни станици во Сарај, ќе создадат услови за изградба на предвидените каскади во Вардар.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=84714E53AA4CA34999E8EF947F057C8C


Posted By: vardar
Date Posted: 04-Jul-2009 at 10:07
 

Вардар ќе се загадува уште 10 години

Се предвидува пречистителната станица да почне да се гради во 2014 година,но само ако се најдат потребните 100 милиони евра од разни фондови, донации и кредити

Вардар уште десетина години ќе се загадува со отпадните и фекалните води од Скопје, кои со децении се испуштаат во нашата најголема река директно, без пречистување. Дури во 2014 година се очекува во Трубарево да почнат градежните работи за пречистителна станица за отпадните води, а самата изградба ќе трае неколку години. Според Студијата за влијанието на отпадните води врз животната средина, изработена за потребите на Министерството за животна средина, за проблемот нема други алтернативи. Посочено е дека ако не се преземе никаква акција, односно не се изгради пречистителна станица, квалитетот на водата во Вардар до 2020 година значително ќе опадне.

Во Локалниот еколошки акциски план за градот Скопје, изработен пред пет години, стои фрапантниот податок дека во реката секој ден се слеваат по 91.000 кубни метри фекална непречистена вода, со што таа постојано се загадува. Законот за водите забранува секакво испуштање отпадни води што можат да предизвикаат заразни и паразитски болести и им наложува на правите и физичките лица што испуштаат отпадни води да градат објекти и постројки за нивно пречистување. Од друга страна, во Студијата е посочено дека Вардар тече и низ Грција, земја-членка на ЕУ, па соодветно со европската регулатива, отпадните води ќе бидат контролирани од соодветна европска комисија, што може да наметне потреба и од дополнителни третмани на отпадните води, односно да мора од нив да се отстрануваат азотот и фосфорот.

Системот Ќе чини 100 милиони евра

Проектот за одведување и обработка на отпадните води во Скопје е утврден како еден од највисоките приоритети во Националната стратегија за инвестиции во животната средина, која неодамна беше промовирана од Министерството за екологија.

- Според предвидената динамика, во 2010 година треба да се направи избор на консултант. Проектната документација треба да биде готова во 2011 година, кога ќе се распише конкурс за избор на изведувач. Паралелно, во текот двете години треба да се изврши експропријација на земјиштето. Предвидено е градежните работи за колекторите да се изведат во 2012 година, а градежните работи за пречистителната станица да почнат во 2013-2014 година. Во наредните две години, пак, 2015 и 2016, треба да се изведуваат машинските и електричните работи - вели Каја Шукова, раководител на секторот за одржлив развој и инвестиции во Министерството за животна средина.Вкупниот систем ќе чини над 100 милиони евра.

Засега е изработена Физибилити студија за управување на отпадните води во Скопје и Студијата за оценка на влијанието на таквото управување врз животната средина. Физибилити студијата почна да се работи во 2007 година, предадена е во почетокот на оваа година и се очекува Владата наскоро и формално да ја одобри.

Според Студијата, системот за управување со отпадните води ќе се состои од два главни колектори, систем за третман на отпадните води и милта и пречистителна станица. Колекторите ќе бидат поставени од левата и од десната страна на Вардар, под постојните патишта и во нив ќе се собира и ќе се води отпадната вода. Левиот ќе биде долг 5.230 метри, а десниот 4.030 метри. За десниот колектор да ја премине реката се предвидува изградба и на сифон. На главните колектори ќе се постават комори за одвојување на атмосферската вода со преливник, преку кои отпадната вода ќе се води до пречистителната станица, а атмосферската ќе се испушта во реката. Пречистителната станица ќе се гради во близина на селото Трубарево, на левата страна на Вардар, на површина од 57 хектари.

Пречистување со механички и биолошки третмани

Во станицата водата ќе се пречистува со примарен и со биолошки третман.  Пречистувањето на водите во главната станица ќе се врши со конвенционален процес со активна мил, односно со примарен и биолошки третман. Примарниот се состои од решетка за крупни материи и примарен таложник, а биолошкиот се состои од аерациони базени, секундарен таложник и дезинфекција. Третманот на милта ќе се состои од згуснување, дигестија со анаеробен процес и природно сушење на полиња за сушење мил - објасни Шукова.

Доколку милта не содржи опасни материи ќе се депонира на депонијата „Дрисла“, а во спротивно, привремено ќе се депонира на самата локација. Биогасот што се добива при процесот на дигестија ќе се користи за производство на енергија.За да се заштитат постројките на пречистителната станица од поплави се предвидува и проширување на одбранбениот насип на левата страна на Вардар.

- Со изградбата на пречистителната станица водата што ќе се испушта во реката Вардар ќе биде со квалитет од втора категорија - нагласи Шукова.Водите на Вардар низ Скопје се со квалитет од втора и трета категорија, а на местото каде канализацијата се влева во реката, водата стасува до загаденост од петта или вон категорија. Парите за изградба на комплексниот систем ќе се обезбедуваат преку ИПА-фондовите. Шукова вели дека заинтересирана за помош била јапонската влада, која би одобрила кредит преку Јапонската инвестициска банка. Дел од парите би инвестирал и Градот Скопје. Главен носител на проектот ќе биде Градот Скопје, бидејќи по изградбата на целиот систем со него ќе управува градското претпријатие „Водовод и канализација“.Од Градот велат дека засега проблемот со обработката и одведувањето на отпадните води го решаваат со неколку проекти за проширување на колекторската мрежа.  Во горниот тек на Вардар веќе се градат помали пречистителни станици, како што е примерот со Волково, а ќе се гради канализација и во Сарај - велат во Одделението за односи со јавноста во Градот.Оттаму велат дека во наредните четири години ќе изградат повеќе делници од колекторската канализациска мрежа.

СТАВ
Во ЕУ не се оди со мртви реки

Скопје мора да се справи со загадувањето на реката Вардар предизвикано од децениското испуштање на непрочистените отпадни води. Во спротивно, до 2020 година Вардар ќе стане мртва река.Досега надлежните креваа рамења и се откажуваа, што од страв поради сложеноста на проектот, што поради неговата цена, притоа занемарувајќи го здравјето на граѓаните и заштитата на природата. Сега работите конечно полека се придвижуваат, но утврдените рокови и потребната сума за изградбата на системот не влеваат многу оптимизам. Станицата ќе се гради, но само ако се најдат потребните 100 милиони евра, а работата ќе почне дури за шест години. Станицата за пречистување на отпадните води е скапа, но здравјето на граѓаните е бесценето. Затоа е горчлив фактот што власта е подготвена да фрли тешки милиони за споменици и згради, но не сака да даде ниту денар за нашата најголема река. Сепак, утешува тоа што сите влади досега покажаа подготвеност нешто да сменат откако Европа тоа ќе им го наложи, па за интегрирањето во ЕУ власта, сакала-нејќела, ќе мора да најде начин да го избистри Вардар.

Анела Петрова

 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=837E054AF340894983953782FA3A84EF - Dnevnik


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Jul-2009 at 18:37
Верувам се работи за оваа локација

41°58'36.40"N   21°30'42.53"E


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Aug-2009 at 10:52
ГРАДОТ ЌЕ ГО РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ СО ЗАГАДУВАЊЕ НА РЕКАТА
Со каскади Вардар ќе се прави подлабок

Со изградба на каскади, кои треба да го задржат поголемо нивото на водата во летните месеци, градските власти планираат да му дадат нов естетски изглед на Вардар. Проектот каскадни прегради, вклучен во програмата на градоначалникот Коце Трајановски, е замислен за да го реши проблемот со фекалните води, кои ја загадуваат реката. Според објаснувањата од надлежните, каскадите се, всушност, последниот дел од проектот, а претходно треба да се изгради канализација во руралниот дел на општина Ѓорче Петров и да се направат две прочистителни станици, едната во оваа општина, а другата во Сарај. Во Министерството за транспорт и врски, од каде што се префрлаат парите за проектот, велат дека со последниот ребаланс на буџетот се одобрени 60 милиони денари, односно околу еден милион евра за изградба на канализација во општина Ѓорче Петров. - Станува збор за руралниот дел од општината каде што воопшто нема никаква канализација. Тоа се населените места Кисела Јабука, Стопански Двор, Волково, Пржина, поточно од железничката станица во Волково до вливот на Лепенец во Вардар. Мрежата треба да е во должина од вкупно 60 километри и е проценато дека ќе чини 12 милиони евра, а заедно со неа треба да се изгради и прочистителни станица и“објасни Сокол Митровски, градоначалник на општина Ѓорче Петров. Во општината велат дека за пречистителната станица, која е проект на Министерството за животна средина, веќе е избран изведувач, словенечка фирма, а изградбата чини околу шест милиони евра. - Идејата е прво да се исчисти водата на Вардар, а дури потоа да се постават преградите, во централното градско подрачје. Со изградбата на фекалната канализација ќе се овозможи подобар третман на водите на Вардар и тие да бидат од втора или од трета категорија, а воедно и ќе се заштитат бунарите Нерези - Лепенец од кои Скопје се снабдува со питка вода и“додава Митровски. Во град Скопје велат дека се уште немаат информации за димензиите на преградите и како ќе се поставуваат, затоа што проектот се уште само се разгледувал. - Прво треба да се изгради колектор и да се доврши канализациската мрежа. Кога ќе се тргнат отпадните води ќе може да се направат каскадите. Со нив ќе се зголеми нивото на Вардар, водата повеќе ќе се задржува во коритото, затоа што нејзиниот тек ќе се забави. Но, не сме во фаза на, условно речено, проект за изведба, туку се уште го разгледуваме и“вели Неделчо Крстевски, портпаролот во град Скопје. Сегашната состојба со водата во Вардар покажува дека на некои мерни места таа е од втора или од трета категорија, но сепак, во летните месеци квалитетот се намалува и достигнува четврта или петта категорија.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1800&ArticleID=120789


Posted By: Max
Date Posted: 25-Sep-2009 at 08:15
Европски пари за прилепска филтер-станица

Пречистителна станица за отпадните води на Прилеп ќе биде изградена со поддршка на ЕУ до крајот на 2012 година. Прилеп е првата општина која доби потврда од Брисел дека ќе следи градба на филтерска станица во вредност од 20 милиони евра, од кои дел ќе бидат европски пари. Во рамките на проектот е предвидено обновување на постојната и градба на нова канализациска градска мрежа.

- Добивме потврден одговор дека проектот е прифатен од ИПА- фондовите на ЕУ. Веќе е потпишана и спогодба - изјави Марјан Ристески, градоначалникот на Прилеп.

Стручњаците велат дека ќе се третираат отпадните води на реките Оревоечка, Дабничка и Селечка, кои сега се мртви и се загадени до петти степен. Се очекува квалитетот на водата да се искачи на ниво од втора категорија. Веќе е обезбедена локација од околу седум хектари кај месноста Орушица.

- Во тек е тендерска постапка за избор на изработувач на главниот проект вреден 850 илјади евра. Постапката ја води делегацијата на ЕУ во Македонија - рече Ристески.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=190DD2228302FD488A9B789EE010ECF0&arc=1 - http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=190DD2228302FD488A9B789EE010ECF0&arc=1



Posted By: SJCF
Date Posted: 10-Nov-2009 at 19:34

Македонија и Грција заедно ќе го чистат Вардар

Сузана Тасева http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116092#komentari - Коментари (0)    
10.11.2009 17:32
 

 

Македонија и Грција заедно ќе градат пречистителна станица на реката Вардар. Ова значи дека идејата стара четири години и практично почна да се реализира.

Проектот тежи околу десет милиони евра,а финансиски го поддржуваат владите на Македонија,Грција и Швајцарија.

„Значењето е огромно, затоа што знаеме тие се стандарди кои што ги пропишува Европската унија,а значи дека секоја вода која ќе биде пуштена во реките мора да биде минимум категорија иста како таа што е во реката“, рече Иван Франгов, градоначалник на Гевгелија.

Грција веќе испратила позитивен сигнал за учество во проектот.

„Ние веќе имавме официјална средба со претставници на грчката амбасада и претставници на грчката влада и тие ја потврдија поддршката,грантот што е доделен во 2005 година и понатамошната поддршка ни е искажана“, вели Неџати Јакупи министер за животна средина.

Градежните работи на брегот на Вардар веќе стартуваа со изградбата на колекторот за отпадни води до пречистителната станица.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116092





Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Nov-2009 at 13:08

Битола ќе добие колекторски систем

Општина Битола ќе гради пречистителна станица со колекторски систем за отпадните води што се собираат во таканаречениот петти канал, кој минува низ битолскиот дел на Пелагонија.

- Овој долгогодишен проблем мора сериозно да се третира и затоа почнавме со изработка на проект за пречистителна станица со колекторски систем за отпадните води. Помош и поддршка добивме од владата на Република Словенија и од словенечката фирма „Рико“, како и од македонската Влада и од Министерството за животна средина - вели градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Изградбата на пречистителна станица за отпадните води во голема мера ќе ги промени еколошките состојби во Пелагонија, потенцираат агроекспертите од овој крај.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=8F0C96DE8AB809499A38E89F9C7B33CA


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Dec-2009 at 21:16
Европски пари за комуналните проблеми

ПРИЛЕП - Прва општина во државава што ќе ги користи бенефитите на европските фондови е Прилеп. Шест милиони евра ќе бидат наменети за изградба на пречистителна станица за отпадни води. Овој проект, за чија целосна реализација се потребни 18 милиони евра, долго време се најавува и има огромно значење за решавање на градските комунални проблеми.

Она што се знае е дека идната година почнува изградба на пречистителната станица, завршува во наредните две, а дека најголем дел од инвестицијата, 12 милиони евра, ќе обезбеди државата.

Станува збор за прв проект со кој Министерството за животна средина конкурира пред европските фондови за развој. „Реализацијата овозможува пречистување на градската река и враќање на живиот свет, доизградба и реконструкција на канализационата мрежа.

Сите земјоделски култури кои во иднина ќе се произведуваат во прилепското поле ќе се наводнуваат со пречистена вода. Тие ќе бидат еколошки чисти, според сите стандарди, и ќе може да се извезуваат на пазарите во Европската унија“, истакнува градоначалникот Марјан Ристески.

Според информациите, пречистителната станица ќе биде комплетно автоматизирана, а во управувањето ќе бидат ангажирани само десетина работници.

„Со пречистителната станица ќе раководи ЈП ‘Водовод и канализација‘. Уште сега почнуваат подготовки за едуцирање на техничките кадри“, додава Ристески. (Мн.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=ED248B6D6E71904A8D8CDAC77134C84E


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Jan-2010 at 18:07
ПРЕПУМПНАТА СТАНИЦА ВО АЕРОДРОМ НИКАКО ДА ПРОРАБОТИ

Жителите на Горно Лисиче пак се дават во фекалии

Општина Аеродром вети дека во текот на месецот ќе го пушти во упот­ре­ба колекторот за прифаќање на отпадните води во населбата. Откако почнаа дождовите и снеговите, на Василе Ѓуровиќ нема су­во делче

Жи­те­ли­те на населбата Горно Лисиче годината ја започнаа до гуша заг­ла­ве­ни во фекалии оти Општината уште не ја изгради препумпната станица за собирање на отпадните води. Иако, според најавите на гра­до­на­чал­ни­кот на Аеродром Ивица Коневски, уште пред еден месец на десниот брег на Вардар требаше да се пушти во употреба колекторот за прифаќање на фе­кал­ни­те води, тоа уште не се случи.
Ули­ци­те и натаму се претворени во бари, на кои, откако почнаа дож­до­ви­те и снеговите, нема суво делче. Во најлоша состојба е улицата Василие Ѓу­ро­виќ, на која со месеци стојат вирови од кал.
Та­мош­ни­те жители велат дека освен тоа што од водата не можат да си вле­зат дома, се плашат и да не почне да се шири зараза.
"Со месеци пливаме во фекалии. Ова веќе е неподносливо. До врат сме заг­ла­ве­ни во нечисти и смрдливи води. Општинарите почнаа да ја градат пре­пум­пна­та станица, но како што се одвиваат работите, по сe изгледа дека ниту го­ди­на­ва нема да се реши проблемот", се жалат жителите од Василие Ѓу­ро­виќ.
Од Општина Аеродром велат дека постојано ја контролираат изградбата на препумпната станица во Горно Лисиче и најавија оти овој месец таа ќе про­фун­кци­о­ни­ра.
"Во текот на месецот конечно ќе ја пресечеме лентата и ќе им ставиме крај на долгогодишните проблеми на лисичани со прифаќањето на от­пад­ни­те фекални води", велат од Аеродром.
Пре­пум­пна­та станица, која пред неколку месеци почна да се гради во Гор­но Лисиче, е заедничка инвестиција на Министерството за транспорт и вр­ски, Град Скопје и на Општина Аеродром.
(М.Ѓ.)
http://vest.com.mk/?ItemID=939773BA7455DA4C8DC40228D64F35E6


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Feb-2010 at 21:04

Ќе се градат шест пречистителни станици

Шест пречистителни станици ќе се градат во Куманово, одлучи Советот на општината. Советниците вчера ја изгласаа студијата за решавање на отпадните води со изградба на шест пречистителни мини-станици во реоните Романовце-Агино Село-Бразк, Умин Дол-Љубодраг-Ново Село, Табановце-Четирце-Сопот, Пчиња-Студена Бара-Вакв, Клечовце-Довезнеце-Јачинце и Орашац-Градиште.

Донесена е одлука и за задолжување на општината за изградба на станиците со 4 милиони евра, колку што е и дозволено согласно со Законот за јавен долг. Вкупно за изградба ќе бидат употребени 7,5 милиони евра. Дел од потребните средства ќе бидат обезбедени преку грант од австриската влада во износ од 700.000 евра, а дополнителни средства општината планира да собере преку ИПАРД-фондовите, наменети за заштита на животната средина.

Со овој проект Куманово ќе биде единствена општина во државата што ќе го реши проблемот со отпадните води, со оглед на фактот што веќе неколку години во Куманово функционира пречистителна станица, но е наменета само за градот.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C8E4F2D441F7524489FBA3821E082A31


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Mar-2010 at 02:26

Фосфорот ќе го претвори Охридско во мочуриште



Езерските води остануваат без кислород како резултат на се' поголемо присуство на фосфор, кој се влева со отпадните и фекалните води, предупредуваат експертите
Охридско Езеро останува без кислород како резултат на се' поголемото присуство на фосфор, кој влегува во водата преку фекалиите чие влевање деновиве кулминира поради незавршениот колектор. Системот за пречистување веќе не е способен да ги прими сите отпадни води од градот и околните места, кои сега непречистени се влеваат во езерото. Надлежните во општината предупредуваат дека надојдените води значително го оштетиле колекторскиот систем, кој поради огромната оптовареност секој момент може да доживее крах.

Покрај ова, отпадни и фекални води се испуштаат во езерото и од повеќе населби што не се опфатени со колекторот. Екологистите упатија алармантни предупредувања откако лани беа измерени мошне високи вредности од 13 милиграми фосфор во еден кубен метар вода, што е значително зголемување во споредба со претходните години. Тие предупредија и да запре сечењето на трските, кои помагаат да се намали количеството на фосфор во езерото.

ФЕКАЛИИ ВО ЕЗЕРОТО

Бранислав Трпчески, директор на Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“, кое го стопанисува колекторот, вели дека тој не ја извршува планираната функција.

- Покрај фекалните води, за што и е проектиран, тој ги обработува и отпадните и атмосферските води. Со покачувањето на нивото на водата, колекторот е преоптоварен и прашање на време е кога ќе крахира. Водите сега одат директно во езерото, а некои се враќаат и во секундарната канализација. Засега најкритична е состојбата со пречистителната станица во Враништа, а проблеми има и на други пунктови - објаснува Трпчески.

Влезот на фосфорот, кој најмногу потекнува од детергенти, практично е неконтролиран. Колекторот за собирање на отпадните води е претесен, па тие води на неколку места директно се испуштаат во езерото. Таквите испусти кај населбата Грашница, кај пумпните станици Далјан и Подмолје, низ кои отпадните и фекалните води течат во езерото, веќе предизвикаа тешки последици во езерските води во тоа подрачје. Неодамна, фекалии што доаѓаат од околните населби целосно ги загадија Билјанини Извори. Загадувањето доаѓа директно и преку сливовите на реките Сатеска, Грашница и Коселска, кои практично служат и како одводни канали за отпадни води до езерото.

Жителите на охридската населба Воска стравуваат дека отпадните води ќе им донесат заразни болести.

-Во населбата се шири многу непријатен мирис. Тука никој не доаѓа да се бања во текот на летната сезона, а и ние одиме на други плажи - велат тие.

Професор Љупчо Групче предупредува дека итно мора да запре внесувањето фосфор во езерото.

- Фосфорот, кој доаѓа со отпадните води, се раствора, ја зголемува хранливоста на водата и со тоа се создаваат големи количества планктонски организми. Таа органска маса троши кислород и со тоа се создаваат неповолни услови за биодиверзитетот. Колку повеќе има фосфор во водата, толку е поголем процесот на еутрофизација на водата, односно, нејзиното изумирање и претворање во мочуриште - објаснува тој.

Според него, забраната за користење детергенти со висока содржина на фосфор, би помогнала за забавување на процесот на загадување. Меѓутоа, тој процес воопшто не е запрен. За погубното дејство на фосфорот придонело и исчезнувањето на трската.

- Во големи периоди од годината содржината на фосфор надминува 10 милиграми на кубен метар. Во однос на периодот пред Втората светска војна тоа е трикратно зголемување. Трските врзуваат 67 тони фосфор во текот на годината и затоа не смеат да се уништуваат, како што се случува сега при создавањето нови плажи - предупредува Групче.

Тој посочува дека со сегашна концентрација од 13 милиграми фосфор на кубен метар вода Охридско Езеро ги надминува границите на олиготрофноста. Тоа значи дека престанува да биде езеро со малку органски материи и големо количество кислород и навлегува во категорија на средно хранливи води.

НЕЗАВРШЕН КОЛЕКТОРСКИ СИСТЕМ

Охридските еколози предупредуваат дека истекува времето во кое може да се преземе нешто за спасување на езерото.

- Колекторот веќе е несоодветен и нема доволен капацитет. За да се спречи понатамошното излевање на отпадни води, треба да се отстрани бајпасот во месноста Грашница. Истиот проблем го има и кај пумпните станици Далјан и Подмоле. Треба да се реши проблемот со затворениот канал од улицата Бистрица, како и со отворениот канал кај Феријалното летувалиште, во населбата Далјан - вели Ванчо Стојаноски од Еколошкото друштво „Грашница“.

Ваид Ајро, директор на Работната единица „Колектор“, вели дека системот за пречистување треба да се обнови и да се реконструира.
- Покрај тоа што треба да се инсталираат многу помоќни пумпни станици за да може да се пречистува поголемо количество отпадна вода, најпрво треба да се направи херметичко затворање на цевководите на колекторот и точно да се знае која е фекална, а која е атмосферска канализација - нагласува Ајро.



За проблемот со колекторот, од „Проаква“ ги информирале Владата и надлежните министерства, но се' уште не добиле одговор.

Познатиот македонски екологист Јосиф Таневски вели дека е шокантно тоа што непречистена канализациска вода се испушта директно во езерото.

- Колекторот функционира до хотелот „Гранит“. Хотелите понатаму имаат несоодветни станици за пречистување. Населбите Лагадин и Пештани не се вклучени, а и другите населби имаат септички јами, кои индиректно ги загадуваат водите. Да не зборуваме за селото Калишта, кампот „Ливадишта“ и селото Радожда, каде што каналите за отпадни води одат директно во езерото. Ваквата состојба не може да се толерира ако се знае дека речиси 50 отсто од водата за пиење градот Охрид ја зафаќа од езерото. Таа вода се црпи во близина на универзитетското одморалиште, а граѓаните ја пијат само по рутинско хлорирање. Колекторот мора да се заврши - предупредува Таневски.

Во општина Охрид посочуваат дека проблемот со колекторот ќе биде решен ако државата ја преземе надлежноста врз него.

- Завршени се сите градежни работи за приклучување на селото Пештани на колекторот, со што ќе се реши еден од поголемите проблеми со пречистувањето на отпадните води на овој дел од Охридското крајбрежје. Целата инвестиција ја обезбеди Општина Охрид, а ја реализира МЈП „Проаква“. Сите други обврски за одржувањето и работата на колекторот паѓаат на товар на ова претпријатие, кое нема никаква парична помош, ниту бенифиции од државата - вели Никола Манески, портпарол на охридската општина.

Тој нагласува дека на последната Седница на Советот на Општина Охрид е донесена одлука за повторна иницијатива за поделба на МЈП „Проаква“ на три одделни претпријатија: двете да бидат за водоводите на Охрид и Струга, а третото да биде посебно претпријатие, кое ќе го стопанисува колекторот и ќе биде под надлежност над државата - објаснува Манески.

Според него, заштитата на Охридско Езеро е обврска и на Албанија, така што колекторскиот систем од македонската страна треба што поскоро да се поврзе и со колекторот од Албанија.

Елена Ефремовска
Бранко Ѓорѓевски



Четири пати повеќе вода

- Колекторскиот систем одамна ги надминал проектираните количества отпадни води за пречистување.

- Тој е проектиран за 120.000 жители и со капацитет за пречистување пет милиони кубни метри фекална вода годишно.

- Во 2009 година системот пречистил 16 милиони кубни метри отпадни води, што е четири пати повеќе од проектираниот максимум.

- Примарниот колектор ги прифаќа отпадните води од секундарните канализациски системи од Охрид и Струга и ги доведува до станицата за третман на отпадните води.

- Изградениот дел од примарниот колектор (источен, западен и магистрален) е долг околу 37 км. Последна точка на Колекторот на западната страна е пумпната станица кај од Елен Камен - Струга, а на источната страна се протега се' до село Пештани.

- Но, на него се' уште не се приклучени селата Пештани, Трпејца и Љубаништа. Пумпната станица во Пештани е изградена и во најскоро време оваа населба треба да се приклучи на колекторот.

- Вкупната должина на брегот од македонска и албанска страна изнесува 87,5 км.

- Во Охридското Езеро живеат 17 автохтони вида риба од кои 10 имаат комерцијална важност.

- Некои планктонски видови во Охридското Езеро се регистрирани и на 200 метри длабочина.

- Се проценува дека бројот на жителите во сливот на Охридското Езеро до 2025 година ќе се зголеми од 142.000 на 200.000 на македонскиот дел, односно на 70.000 на албанскиот дел.


Спасено Студенчишко блато

Надојдената вода во Охридско Езеро, која предизвика поплави, во еден случај имала и позитивно влијание.

- Од надојдената вода во каналот Студенчишта, почна да се полни и Студенчишкото блато, кое триесетина години беше речиси пресушено. Во ова блато егзистираат голем број ендемски видови флора и фауна, кои се од големо значење за Охридско Езеро - велат охридските хидробилози.


Водата старее

Охридското Езеро има квалитетни води, но процесот на еутрофикација со збогатување со фосфор е процес што на подолг период го старее езерото, велат во Министерството за животна средина. Тие истакнуваат дека квалитетот на водата е на високо ниво во пелагијалната (отворената) зона, а одредени проблеми се случуваат таму каде што се влеваат Сатеска и Грашница.

- Колекторскиот систем не е во функција од „Метропол“ до Пештани, што предизвикува проблем на тој потег поради неговата неквалитетна изведба. Не е квалитетно одржуван ни потегот Грашница - Далјан, каде и без високи води предизвикува проблеми. Менаџирањето со него е надлежност на МЈП „Проаква“, која со пари од граѓаните, но и со донации веќе доби и опрема за надградба. Прашање е како претпријатието менаџира и зошто се системот е нефункционален и нерентабилен - прашуваат од Министерството.

Министерот за транспорт Миле Јанакиевски неодамна изјави дека државата е подготвена да издвои дел од кредитните пари за завршувањето на колекторскиот систем ако тоа го побара општина Охрид.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CC092131AB7F5F45B3059661BB391FB5


Posted By: axel
Date Posted: 29-Apr-2010 at 15:48
Во неколку села од беровскиот регион ќе се градат колектори Берово, 29 април - Во селата Митрашинци, Мачево и Будинарци кои се дел од беровскиот регион, а не се опфатени со централната пречистителна станица за отпадни води, ќе се градат колектори.
Овој заклучок е донесен при посетата на консултантите од Агенцијата за обнова и развој на швајцарската Влада (СЕКО), претставници на Јавното комунално претпријатие „Услуга“ и на локалната самоуправа во Берово.
Престојот на консултантите од Швајцарија во општината Берово е искористен и за согледување на можностите и потребите на поширокиот регион за изготвување на проекти за заштита на животната средина, посебно на водите од горниот тек на реката Брегалница.
Како резултат на соработката на општината Берово со Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија се и дел од донациите од швајцарската Влада, со кои се врши реконструкција на главната улица и се реализира проектот „Урбан водоснабдителен и санитарен систем - Берово“

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2003


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Jun-2010 at 18:33

Пештани конечно доби колектор

Нина Кепеска http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123857#komentari - Коментари (0)   javascript:otvoriVideoPrilog%2810/nina-kolektor-03-06,%20123857%29">  
03.06.2010 18:02
 

 

20 години од почетокот на изградбата на пречистителниот систем за третман на фекалните отпадни води околу Охридското езеро, туристичкото село Пештани конечно доби колектор.

Денес во пробна работа беа пуштени две пумпни станици кај Пештани и Елешец, со кои се опфати и овој крајбрежен дел со над две илјади домаќинства во колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро од загадување.

„Со ова се решава најголемиот проблем во Пештани, со што ова село сега е место каде секој што ќе посака, слободно може да дојде. Тука нема да остане ниту една септичка јама, тие се заменуваат со секундарна канализациска мрежа, што се приклучува на колекторскиот систем, а јамите исчезнуваат“, вели Сандре Нечоски, претседател на Месната Заедница Пештани.

Колекторот во Охридскиот дел на езерото е изграден во најголема мера со средства на општината, а градската власт најави дека до идното лето ќе најде начин да обезбеди колекторски систем и на најпосетениот потег од Пештани до Свети Наум.

Со овој зафат не се решава проблемот на Пештанци со надојдените подземни и дождовни води што зимата ги поплавија нивните домови. Градоначалникот Петрески повторно ја обвини власта и ЕЛЕМ за штетното стопанисување со Охридското Езеро, за екстра профит од електраните.

„Колку и да правиме, и дождовна и атмосферска канализација, доколку се држи ова ниво на езерото, секогаш ќе имаме поплави со подземните води. Напоменувам дека и во овој период, езерото е сигурно 18 сантиметри над максимално дозволената граница.

- Некој за тоа треба да одговара. За мене ова е најголем криминал на деценијата што е направен кон Охрид, Охридското Езеро и воопшто во Македонија“, вели Охридскиот градоначалник Александар Петрески, кој најави тужби против одговорните кои според него Охридското Езеро го третираат како вештачка акумулација, наместо како светско природно наследство.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123857



Posted By: axel
Date Posted: 11-Jul-2010 at 17:14

Во Куманово ќе се градат 9 пречистителни станици

За две години ќе бидат изградени 9 пречистителни станици за отпадни води во кумановските рурални средини. Проектот тежи 8 милиони евра. Половина од парите веќе се обезбедени преку кредит од Австриската Влада тврдат од локалната самоуправа. Гарант на задолжувањата според Законот за јавен долг е Владата,односно министерството за финансии кое поради задолженоста на јавното претпријатие Водовод не може да гарантира за осумте милиони евра првично одобрени од австриското надлежно министерство туку само за половина сума поради ќе се реализираат 50 проценти од изработените проекти. Останатите пречистителни станици ќе се градат со средства од европските фондови за заштита на животната средина. Со реализацијата на проектот за канализациони системи Куманово подготвено ќе го дочека Законот за води кој според европската заедница се предвидува да стартува наредната година.

„Проектот е позитивен од повеќе аспекти,прво еколошки И е потреба според законот,второ економски ќе има напредок,ќе има инвестиции од 8 милиони евра а тоа сукцесивно со себе влече ангажирање на голем број фирми и вработување на граѓани, изјави Зоран Дамјановски,градоначалник на Куманово.

Според локалната самоуправа, Куманово ќе биде единствената општина во државата која целосно ќе го реши проблемот со отпадните води бидејќи последните 4 години функционира пречистителната станица за отпадни води во градот ,изградена по европски стандарди.
11.07.2010, 16:35
http://www.time.mk/read/b2626ab9f1/1e2139eba8/index.html


Posted By: axel
Date Posted: 16-Jul-2010 at 05:29

Пештани со урбан лик

Нови канделабри се поставени во центарот на туристичката населба Пештани, која деновиве беше поврза и на колекторскиот систем за третирање отпадни води. Со тоа се реши еден од најгорливите проблеми на пештанци, кои отпадните води од своите домаќинства ги третираа со септички јами и дирекно го загадуваа езерото.

- Со поврзувањето на колекторот, Пештани престанува да биде село и прераснува во урбана туристичка населба. Решивме еден од најголемите проблеми, не само за жителите на оваа населба туку и еден долгогодишен еколошки проблем на Охридското Езеро - вели градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.

Покрај поврзувањето на колекторскиот систем, се уредува централниот дел на Пештани, каде што освен поплочување со бекатон-плочки, поставено е и осветлување со големи и мали канделабри. Колекторскиот систем од Пештани до Елешец е во должина од 2 километра. Според Општина Охрид, изготвени се и соодветни проекти за третирање на отпадните води во Свети Наум, Љубаништа и во Трпејца, кои треба да бидат реализирани во наредниот период. (Е.Е.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7532328A7EBFCD439CDA1DC63F74E4EC


Posted By: axel
Date Posted: 20-Jul-2010 at 05:20

Го удавивме Вардар во отпад

Капиталниот проект за скопски колектор тежок околу 100 милиони евра чека на странски донации, бидејќи за него не се одвојуваат доволно средства

Илјадници пластични шишиња, кеси, гуми, канти, крнтии, бела техника, зеленчук, крпи... со години може да се видат како пловат по Вардар, најзначајната и најголема река во земјава. Загадувањето кое со ништо не се попречува и годинава донесе забрани за капење, како и за користење на водата за наводнување на земјоделски површини во Скопје и во Велес.

Во Скопско, анализите за мај и за јуни покажаа дека водата е од четврта и петта категорија, значи опасна за здравјето на луѓето. Водата е толку загадена што во неа може да се најдат и бактерии од фекално потекло кои предизвикуваат кожни и други инфекции. Во Велешко, пак, забраната се однесува не само за делови од Вардар туку и за реките Бабуна и Тополка, кои веќе не се за капење, спорт, рекреација ни за наводнување земјоделски површини.

Трета, четврта, петта категорија - тоа се најчести оценки за квалитетот на водата по должината на целиот тек на Вардар. Исклучок е само почетниот тек на реката кај извориштето Вруток пред Гостивар, каде што квалитетот на водата е рангиран со „единица“, што значи дека е чиста и здрава за употреба. Веќе по Гостивар почнуваат и загадувањата, со што квалитетот на водите преоѓа во „тројка“, по Тетово во „четворка“, а веќе од Скопје, па се' до Гевгелија водите се речиси постојано од четврта или петта категорија, односно целосно недозволени за каква и да е употреба. Загадувањата последниве години се зголемуваат и со се' помногубројните сепарации за црпење песок кои безмилосно ги матат речните води. Слична ситуација е и со останатите 40-ина македонски реки.

Истовремено, по целиот тек на Вардар во функција нема ниту една пречистителна станица и целосно изграден колектор што би ги собирале и пречистувале отпадните фекални и индустриски води. Наместо тоа, градските канализации директно се истураат во реката.

НИШТО БЕЗ ДОНАЦИИ

Проектот за изградба на колекторот и на пречистителната станица околу Скопје, градот што е најголем загадувач на оваа река, веќе со години стои во место. Само благодарение на странска донација во минатата година се успеа да се направи, првична, физибилити студија за скопски колектор чија централна пречистителна станица треба да биде во Трубарево. Овој проект треба да опфати колекторски систем, пречистителни станици и други придружни објекти на потегот од Сарај, Ѓорче Петров, па се' до Трубарево. За да се заврши сето ова, потребно е да се обезбедат најмалку околу 100 милиони евра, што засега не е ниту на повидок. Само за објектот на пречистителната станица треба да се обезбедат меѓу 55 и 60 милиони евра.

Државата дури сега почна да обезбедува средствата за изградба на општински пречистителни станици во Сарај и во Ѓорче Петров, кои треба да профункционираат во рок од две години. При крај е и градбата на станицата крај Гевгелија, пак со помош на странски донации, што значи дека нештата се помрднуваат од мртвата точка. Ако на оваа сума се додадат уште и цените на други пречистителни станици, во Гостивар, Тетово, Велес..., тоа значи дека за заштитата на крајно загрозената река се потребни најмалку 150 милиони евра.

Во Министерството за животна средина признаваат дека за инвестиции во животната средина се' уште не се одвојуваат онолку средства колку што се предвидени со Националната стратегија донесена лани. Со Стратегијата се предвидува и фазно финансирање на проектот за скопски колектор, но тоа тешко оди. Заменик-министерот Соња Лепиткова наведува дека како дел од овој проект треба да се опфатат и пречистителните станици во Сарај и Ѓорче Петров, додека за главната станица кај Трубарево ќе треба да се бараат странски донации.

- За Трубарево се потребни значителни средства. Мислам дека кога ќе ги почнеме преговорите за членство во Европската Унија, тогаш за нас ќе се отворат програмите и фондови од кои може да добиеме средства за оваа намена. Во случај на пречистителни станици се добиваат и до 80 отсто од потребните средства. Оптимист сум дека и ние ќе добиеме, оти екологија е приоритет на ЕУ и тука веројатно ќе има доволно средства - наведува Лепиткова.

Таа објаснува дека сега е поднесено барање да ни се одобрат средства од ИПА-фондови, од предвидените за 2011 година, со цел да се изработи проектна документација за пречистителните станици во Трубарево, Тетово, Гостивар и во Битола. Изработка на конкретни проекти е основен услов за натамошно конкурирање за странски средства.

ПРОЧИСТУВАЊЕ СО ЗАКОН

Инаку, според новиот Закон за водите чија примена почнува од следната година, околу третманот на отпадните води треба да се грижат не само општините туку и самите индустриски капацитети што го продуцираат загадувањето. За големите индустриски капацитети тоа ќе се регулира со А-интегрални дозволи, додека Б-дозволите ќе однесуваат на помали индустриски објекти. Ваквото регулирање ќе оди постапно, а до 2014 година сите фабрики и земјоделскиот сектор ќе мора да аплицираат со планови за состојбите за влијание на нивните капацитети врз животната средина и да предлагаат мерки како да се надминат и во кој период. Државата, пак, ќе треба да им даде рок за инсталирање на пречистителни капацитети.

- Дел од големите капацитети веќе поднеле такви програми и има неколку добри примери како се грижат за животната средина. Но, останува уште тоа да го направи најголемиот дел од индустријата - наведуваат во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Законската рамка предвидува обврска секој град што има над десет илјади жители да има и посебна пречистителна станица. Тоа значи дека во земјава треба да имаме 27-28 пречистителни станици.

Сепарациите се смрт за реката

Сепарациите за црпење песок се смрт за реката бидејќи полека го уништуваат растителниот и животинскиот свет во неа, предупредуваат скопските риболовци. Неколкумина од нив наведуваат дека државата сериозно треба да се замисли пред да реши дали некому ќе му дозволи да врши ваква дејност.

- Опасни се како сепарациите на Вардар, така и на неговите притоки. Сепарациите на Пчиња, која е притока на Вардар, трите сепарации кај селото Коњари и едната кај Долно Коњари, кај Бадар... се' повеќе ја загрозуваат реката. Ако сте таму, на лице место, ќе видите како се менува реката, како изгледа пред да почне црпењето на песокот и потоа. Заматената вода ги загрозува рибите, а потоа се таложи, го менува коритото, ги уништува ларвите, го менува билниот свет - објаснува Владимир Иванов, рибар со 20-годишно искуство од Скопје.

Неговиот колега Нино Нилковски наведува дека состојбата со Вардар значително се менува по текот од мостот „Близнак“ во Ново Лисиче.

- Најлоша е состојбата по Трубарево, каде што во водата ќе има шишиња, шпорети, гуми, обувки, ќебиња..., како реката да е некоја депонија. Мора да се најде начин реката да се одбрани од вакво загадување - апелира Нилковски.

Бранко Ѓорѓевски


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=AB81CACD4664814EB0DC64085BBD43F2


Posted By: axel
Date Posted: 27-Jul-2010 at 16:31

Конечно пречистителна станица


Пречистителна станица, која неколку години безуспешно се планира во Струмица, конечно ќе се гради со грант од Европската Унија. Грантот го обезбеди општината Струмица, која конкурирала на тендерот на Европската Унија за ИПА-фондовите. Грантот изнесува 9,8 милиони евра, а станицата ќе биде изградена до 2013 година

 

 
%20  
Струмица има целосно изграден колекторски систем и фекална канализација за градот. Тие завршуваат на 150 метри од пречистителната станица и понатаму неконтролирано се излеваат во реката Струмешница. Со грантот е предвидена и изградба на 150-метарски колектор, со кој станицата ќе се поврзе со сегашниот систем.

Пречистителната станица треба да го опфати градот и населените места и е проектирана за 60.000 жители. Струмица моментно има 39.000 жители.

Претходно, предвидено беше пречистителната станица да се гради со грант од Грција, кој не се реализира поради спорот со името.


9,8 милиони евра изнесува грантот за изградба на станицата

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72710109171&id=9&prilog=0&setIzdanie=22044


Posted By: axel
Date Posted: 13-Sep-2010 at 11:17

Пречистителна станица ќе го спасува езерото Треска

Станицата ќе го чини Министерството за животна средина 44 милиони денари

Новата пречистителна станица за селата Глумово и Шишево во општината Сарај ќе значи спас за реката и за езерото Треска. Септичките јами и непречистената фекална вода што со децении ја загадуваа реката, која го полни езерото ќе се заменат со нова фекална канализација, чија вода ќе се пречистува пред да биде испуштена. Пречистителната станица ќе ја гради Министерството за животна средина, кое е финансиер и на станицата во Волково. Министерството на тендер ја избра градежната фирма „АК компани“ од Тетово, која за 44 милиони денари ќе треба да подготви проект и да ја изгради пречистителната станица.

„Сега сме во фаза на обезбедување на севкупната инвестициско-техничка документација за пречистителната станица. Рокот на изведба по обезбедувањето на потребната документација е три години. Станицата за отпадни води има капацитет од 8.500 еквивалент жители и е од огромно значење, бидејќи со неа ќе се прочистат отпадните води што се влеваат во реката Треска“, информираат од Министерството.

Истовремено, во селото Волково, по завршувањето на примарната и на секундарната канализациска мрежа, се завршени и сите подготвителни активности на терен, а идејниот и основниот проект се во фаза на ревизија. Оваа пречистителна станица ќе ја гради фирмата „Рико“ од Словенија, а нејзината вредност е 5, 8 милиони евра. Во моментов се очекува Општина Ѓорче Петров да го издаде одобрението за градба, а рокот за изградба е до мај 2012 година.

„Значењето на пречистителната станица, која е со капацитет од 15.000 еквивалент жители, е огромно, бидејќи ќе ги прибира отпадните води од населените места по долното течение на реката Лепенец. Со тоа ќе се заштитат подземните води во близина на бунарите за чиста вода Нерези -Лепенец, а ќе се спречи и директното загадување на водите на реките Лепенец и Вардар“, велат од Министерството. (С.Н.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=97386D22F1D5C849A551ED1AD1A60ECA



Posted By: axel
Date Posted: 21-Sep-2010 at 12:08

Берово пушта пречистителна станица

Новата пречистителна станица во Берово денеска на свечен начин ќе биде пуштена во употреба, со што официјално ќе биде означена реализацијата на проектот „Урбан водоснабдителен и санитарен систем“, вреден 11,1 милиони швајцарски франци. Од овие пари, 10,1 милиони франци се донација од швајцарската влада, македонското Министерство за животна средина обезбеди 600.000, а општината Берово 400.000 франци. На свеченоста се очекува да присуствуваат и претставници на владите на Македонија и на Швајцарија.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=89335C592099A847B6A6426ABFEA7597


Posted By: La Linea
Date Posted: 08-Nov-2010 at 12:13

Два милиони евра од Грција за пречестителна станица кај Гевгелија

Сузана Тасева http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=129914#komentari - Коментари (0)    
08.11.2010 12:06
 

 

Грција го одврза кесето ќе учествува во чистењето на реката Вардар, два милиони евра е нејзиниот придонес во проектот тежок 9,6 милиони евра, за изградба на пречестителна станица кај Гевгелија.

Освен неа 6,8 милиони евра донира Швајцарската Влада, останатите ги обезбеди Македонија.

„Добро е што ќе се искористат сретствата од донаторите затоа што со правилниците за испуштање на води во реките мора да се испушти вода со најмалку ист квалитет од тој што е водата во реката, ако тоа не го искористиме сега после некое време мораме да ги исполниме европските норми и ќе треба да обезбедуваме сами сретства за да ја изградиме таа пречестителна станица“, рече Иван Франгов, градоначалник на Гевгелија.

Пречестителната станица ќе почне да се гради идната година, тогаш ќе се гради таква станица и во Струмица, но за неа Грција не го даде грантот во висина од 4,8 милиони евра преку програмата за реконструкција на балканот, поради спорот со името.

Сега 9,8 милиони евра за неа се обезбедени од Европската унија преку ИПАРД компонентата за заштита на животната средина.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=129914



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Nov-2010 at 19:10
СО ПОМОШ НА ГРАДОТ
И Волково со пречистителна станица

Пречистителната станица за отпадни води во Волково, општината Ѓорче Петров, ќе се гради и со учество на Град Скопје, решија советниците од Градското собрание. Градот ќе го уреди градежното земјиште, а за тоа ќе се издвојат 1.228.013 денари. 
Пречистителната станица „Волково“ ќе биде на улицата Новопроектирана број 2, на реката Лепенец, во согласност со деталниот урбанистички план „Западна индустриска зона“. Инвеститор на градбата е Министерството за животна средина и за просторно планирање.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2176&ArticleID=152173


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Nov-2010 at 19:45

Природно ѓубриво и брикети од охридскиот колектор

Природно ѓубриво и брикети за огрев ќе се произведуваат од талогот на водата кој останува во колекторот на Охридското Езеро. Ова го овозможува пресата за преработка на талог инсталирана во новиот објект на пречистителната станица во Враништа, кој беше пуштен во употреба вчера.

Оваа современа машина е дел од проектот за рехабилитација на пумпните станици на колекторскиот систем Охрид - Исток, финансиран од швајцарската фондација СЕКО.

Од донацијата од СЕКО од милион евра, „Проаква“ отвори и нов наплатен центар во Струга. (Е.Е.)


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DF708B8183859443BBAF5DC391CCA36F - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DF708B8183859443BBAF5DC391CCA36F


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Dec-2010 at 23:20

РЕАЛИЗАЦИЈА НА КАПИТАЛЕН ЕКОЛОШКИ ПРОЕКТ


Почна изградбата на пречистителна станица во Волково


Свеченото пуштање во употреба го извршија премиерот Никола Груевски, министерот за животна средина, Неџати Јакупи, и нивниот домаќин, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски


Покрај долниот тек на Лепенец, во близина на сливот во Вардар кај селото Волково, вчера почна изградбата на пречистителна станица за отпадните води од селата Кучевиште, Орман, Волково и Ново село. Со пречистителната станица ќе се заштитат водите на двете реки, но и подземните води, почвата и аграрното производство во поширокиот регион. Капацитетот е за 19.500 жители и таа треба да профункционира најдоцна до мај 2012 година.

Овој капитален проект, кој чини околу 5,8 милиони евра, ќе го финанисира Владата преку Министерството за животна средина, со помош на Центарот за меѓународна соработка и развој од Словенија, кој ќе донира 30 отсто од вредноста. Комплетната реализација од изготвување на проект до обука на персоналот кој ќе работи на станицата ќе ја врши словенечката фирма Рико инженеринг", која беше избрана на меѓународен тендер.

Свеченото пуштање во употреба го извршија премиерот Никола Груевски, министерот за животна средина, Неџати Јакупи, и нивниот домаќин, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски.

Во изминативе години во овој реон беше изграден колекторскиот систем и фекална канализација па пречистителната станица претставува финале на целокупниот проект за третман на отпадните води во овој дел.

Од Министерството за животна средина велат дека пречистителна станица за отпадни води ќе има голем еколошки бенефит, бидејќи се затвораат 6000 септички јами кои во моментов се потенцијална опасност за загадување на почвата и подземните води. Особено поради тоа што се наоѓаат во близина на бунарскиот систем на Лепенец, кој е дополна на скопскиот систем за водоснабдување од Рашче.

http://vecer.com.mk/?ItemID=AA0CFC3F5768614E90A786A8E94864CF


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Dec-2010 at 00:13

Шест компании се пријавија на тендерот за изградба на Пречистителна станица во Гевгелија

Гевгелија, 16. декември 2010 (ИНПРЕС)

Во општина Гевгелија се одржа презентација на ЈПКД „Комуналец" и условите за реализација на проектот за изградба на Пречистителна станица пред фирмите кои аплицираа на меѓународниот тендер.

На меѓународниот тендер се јавија шест компании, кои заради подготвување на конечната понуда пројавија интерес, во рамките на првата фаза од тендерската постапка да бидат запознаени со условите за реализација на проектот.

Пред се, работата и функционирањето на јавното комунално претпријатие, како и предвидената локација за изградба на Пречистителната станица кај реката Вардар.

Инаку, изградбата на пречистителна станица ќе чини 9,6 милиони евра, а средствата ќе ги обезбедат Владите на Швајцарија, Грција и Македонија.

Општина Гевгелија, во рамките на своите обврски, започна со изградбата на доводен колектор од Гевгелија до Пречистителната станица, која е во тек.

http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=031F3E0672078943A1F2D08C24262C46


Posted By: axel
Date Posted: 03-Jan-2011 at 15:38

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/zaglavi-proektot-mini-precistitelni-stanici.html - Заглави проектот мини пречистителни станици

 Проектот за изградба на мали пречистителни станици за отпадни води во руралните средини заглави кај гаранција од државата.

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/zaglavi-proektot-mini-precistitelni-stanici.html"> Заглави%20проектот%20мини%20пречистителни%20станици

Општината веќе два месеци чека Владата да биде гарант дека ќе се враќа кредитот што ЈП „Водовод„ ќе го земе за овој проект. По Законот за јавен долг,ако се добие согласност од ресорното министерство, гаранцијата од државата се дава по автоматизам.

Ние веќе имаме согласност од Министерството за финасии и ги направивме сите процедури на избор на банка, но застанавме поради немање на гаранција од државата.Чекаме од нејасни причини додека некој се смилува. За истата работа градовите каде што градоначалници се од ВМРО-ДПМНЕ, веќе добија таква гаранција. Пратениците од Куманово, ако навистина сакаат да помогнат за просперитет и развојот на Kуманово, нека лобираат кај Владата да даде согласност- вели градоначалникот Зоран Дамјановски.

Проектот за мини пречистителни станици треба да почне оваа година, а вреди осум милиони евра.Станиците ќе ги покриваат селата Романовце-Агино Село-Бразк, Умин Дол-Љубодраг-Ново Село, Табановце-Четирце-Сопот, Пчиња-Студена Бара-Вакв, Клечовце-Довезнеце-Јачинце и Орашац-Градиште.

Близу половина од финансиските средства веќе се обезбедени преку кредит од австриската Влада, а останатите ќе се бараат преку европските фондови за заштита на животната средина.

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/zaglavi-proektot-mini-precistitelni-stanici.html


Posted By: axel
Date Posted: 11-Jan-2011 at 06:12

2011. ќе биде еколошка година кога ќе се гледаат конкретни проекти


Вардар ќе добие каскади!


Откако ќе се изградат пречистителните станици во Волково и во Сарај, водостојот на најголемата македонска река ќе биде контролиран


Во 2011 година ќе заврши изградбата на пречистителните станици во Волково и во Сарај, а ќе почне изградба на каскади на Вардар, со што водостојот на најголемата македонска река ќе биде контролиран.
- За Скопје пречистителната станица е најскапиот проект кој ќе чини околу 100 милиони евра. Потребни се средства не само од буџетот, туку и од други извори, а зошто да не и јавно приватно партнерство, изјави министерот Јакупи.

Изградбата на пречистителната станица покрај долниот тек на Лепенец во близина на сливот во Вардар кај селото Волково почна на почетокот на минатиот месец. Таму, ќе се слеваат и прочистуваат отпадните води од селата Кучевиште, Орман, Волково и Ново село. Со тоа и директно и индикректно се заштитуваат водите на Лепенец и Вардар, но и подземните води, почвата и аграрното производство во поширокиот регион. Во пречистителна станица има голем еколошки бенефит, бидејќи се затвораат 6000 септички јами кои во моментов се потенцијална опасност за загадување на почвата и подземните води. Особено поради тоа што се наоѓаат во близина на бунарскиот систем на Лепенец, кој е дополна на скопскиот систем за водоснабдување од Рашче. По течението на Вардар треба се изградат уште три пречистителни станици, и тоа во Сарај, Трубарево и во Драчево, меѓутоа се уште не е познато кога ќе почне нивната изградба.

Јакупи најави дека во 2011 година планирана е и изградба на каскади на реката Вардар со кои ќе се одржи исто ниво на реката, односно ќе има контролиран режим на водотекот со гумени прегради. Кога ќе има низок режим на вода, тие ќе се надуваат и ќе се формираат прегради и обратно кога водостојот е висок, ќе се испуштаат и нивото на водата секогаш ќе биде исто. Каскадите се всушност последниот дел од проектот за изградба на пречистителните станици во Ѓорче Петров и во Сарај.

(Е.А.)

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=2D21C7BFEA7656438ECCE250D61E339A


Posted By: axel
Date Posted: 21-Jan-2011 at 17:18
Заврши првата фаза од проектот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Прилеп

prilep-stanica-za-otpadni-vodi.jpgПрилеп  - Означено e завршувањето на првата фаза од изградбата на пречистителната станица за отпадните води за потребите на жителите од Прилепско финансирана од  европските фондови. Завршетокот на фазата го означија евроамбасадорот Ерван Фуере, градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески и претставници од надлежните институции.

Надлежните денеска потврдија дека за првиот и еден од најголемите проекти  од заштитата на животната средина финансиран со пари од европските фондови е изготвена техничката документација што и претходи на ивестициската програма.

- Задоволството од соработката е големо, бенефитите уште повеќе за околу 76.000 жители на Прилеп, изјави евроамбасадорот Ерван Фуере. Според него овој проект е еден од битните предизвици на патувањето на Македонија кон Европската унија. - Квалитетот на водата и третирањето на отпадните води се од суштинско значење за здравјето на луѓето. Ова е битен чекор во тој правец и сите заинтересирани страни, Министерството за животна средина и градот се посветени на проектот и тој ќе даде резултати. Ова е еден од многуте проекти што ЕУ ги поддржува во Македонија. Годишно околу 100 милиони евра се обезбедуваат за процесот на реформи во земјава, изјави Фуере.

Градоначалникот Марјан Ристески рече дека Прилеп беше избран за реализација на овој прв голем проект и секако ќе се исполни заложбата. Целиот буџет за станицата е околу 18 милиони евра, кофинансиран од  ИПА фондовите, компонента три при Европската унија и од македонската Влада. Прилеп со ова ќе добие комплетна реорганизација на канализацискиот систем и пречистителна станица која  ќе обезбеди  здрава животна средина.

- Прилеп и жителите добиваат многу со пречистителната станица за отпадните води.  Комплетно се решава прашањето со канализацискиот систем и комплетно прочистување на Градската Река, заштита на животната средина и обезбедување здрави еколошки земјоделски произвои, рече Ристески.

Реализацијата на инвестицискиот дел за пречистителната станица за отпадните води ќе почне ова година.(МИА)

prilep-stanica-za-otpadni-vodi_2.jpg

  http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2803&Itemid=125
 


Posted By: axel
Date Posted: 24-Jan-2011 at 12:24

Пречистителна станица за 76.000 прилепчани

Општина Прилеп со помош од ЕУ ја заврши подготовката на техничката документација за изградба на пречистителна станица на отпадните води, чија изградба ќе почне годинава. Општината доби виза од ЕУ за користење на околу 6,5 милиони евра од претпристапните фондови, а Македонија и Прилеп ќе вложат уште околу 12 милиони евра за заштита на животната средина. Проектот за собирање и третман на отпадните води опфаќа конструкција на современа пречистителна станица и изградба на нови канализациони линии и рехабилитација на колекторите и постојниот канализационен систем бидејќи е констатирано загадување на Оревоечка Река, поради мешање на фекалните и атмосферските води.

Евроамбасадорот Ерван Фуере смета дека проектот е важен на патот на Македонија кон ЕУ.

- Третманот на отпадните води е од суштинско значење за здравјето на луѓето. Овој е прв проект што ЕУ го поддржа од оваа област - рече Фуере.

Градот ќе добие современ канализациски систем и пречистителна станица, со што ќе обезбеди здрава животна средина.

- Комплетно ќе ги решиме отпадните води на долг рок - вели градоначалникот Марјан Ристески.

Системот за пречистување на водите по европски стандарди ќе го експлоатираат засега околу 76.000 жители на Прилеп. Тој ќе ги намали здравствените ризици на населението и опасноста од загадување на водите.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=36F38D27880698488B83D4ED50FD0B75


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Feb-2011 at 16:51
Погоре пишува 6 фирми

Question

Швајцарци ќе градат пречистителна во Гевгелија

На меѓународниот тендер за изградба на пречистителна станица во Гевгелија се јавија четири швајцарски фирми. Во наредните шест недели, од доставените понуди до ЈПКД „Комуналец“ ќе биде избрана најповолната понуда на фирмата која ќе го реализира проектот.

Договорот за изградба на пречистителната станица е вреден 9,6 милиони евра, а најголем дел од парите е обезбеден токму од Швајцарија, а помал дел од Грција и Македонија. Општина Гевгелија веќе реализира дел од своите обврски со изградбата на колектор до пречистителната станица, која ќе биде лоцирана до брегот на реката Вардар. (Р.Т.)

http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=7B946F2D29EEF442A51FFCE19E3439E3


Posted By: axel
Date Posted: 13-Feb-2011 at 10:35

Почнува изградбата на пречистителна станица за отпадни води за Глумово и Шишево во општината Сарај.

saraj-2401322011
Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи денеска ќе се обрати на свеченото почнување. Покрај министерот Јакупи, на настанот ќе се обрати и градоначалникот на Сарај Блерим Беџети.

Финансиските средства за пречистителната станица, со која ќе се заштитуваат водите на реката Лепенец, се обезбедени од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.

http://www.time.mk/read/NONE/49a3b00c2b/index.html


Posted By: axel
Date Posted: 14-Feb-2011 at 12:14

Запрена изградбата на препумпната станица во Горно Лисиче


Општината Аеродром го раскина, поради ненавремено исполнување на обврските, договорот со фирмата „Декатам“, која ја градеше станицата

 
 
%20  

Изградбата на препумпната станица во Горно Лисиче, покрај Усјанскиот канал, непосредно до реката Вардар, е запрена поради ненавременото исполнување на обврските од страна на изведувачот-фирма „Декатам“. Препумпната станица е наменета за прифаќање на фекалните води од неселбите Лисиче, Горно Лисиче, Ново Лисиче, Јане Сандански, Аеродром, како и од 11 Октомври, во општината Кисела Вода. Според најавите, станицата требаше да биде готова пред една година.

- Договорот за изградба на препумпната станица го раскинавме, поради тоа што изведувачот ненавремено ги исполнуваше своите обврски. Не беше запазен рокот, а ни квалитетот на изградбата на станицата. Надлежните од фирмата неколку пати ги опоменавме, но ништо не презедоа, по што уследи раскинување на договорот. Наскоро ќе се распише нов јавен оглас за избор на фирма што ќе ја продолжи изградбата на станицата. Кога ќе продолжи изградбата на овој важен проект ќе се знае по завршувањето на тендерите и изборот на фирмата – изјави Маја Манчевска, портпаролка на општината Аеродром.

Досега за изградба на препумпната станица се потрошени околу 30 милиони денари, а за нејзина доизградба советот на општината одобри уште 23 милиони. Изградбата на препумпната станица за фекална канализација, заеднички проект на општината Аеродром, градот и Министерството за транспорт и врски, почна во ноември 2009 година. Капацитетот на препумпната станица е 1.450 литри во секунда, со длабочина на испумпување од седум метри. За техничкиот надзор се ангажирани стручните служби на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, а стручниот надзор ќе го прави фирмата „Балкан консалтинг“. По изградбата препумпната станица ќе ја одржува ЈП „Водовод и канализација“.

Жителите на Горно Лисиче велат дека се срамат што во 21 век сé уште користат септички јами. Со изградбата на препумпната станица овој дел од градот ќе добие и атмосферска и фекална канализација.
- Срам ми е да кажам дека живеам во главниот град, а немам фекална канализација. Секој месец ја чистам јамата, што ме чини 1.500 денари. Со години го решаваат овој проблем и никако да го решат – изјави еден жител на Горно Лисиче.

Пречистителна станица и во Сарај

Пречистителната станица, што се гради на реката Треска, кај селата Глумово и Шишево, дневно ќе прочистува 1.445 кубни метри отпадна вода. Со овој зафат на Министерството за животна средина и просторно планирање трајно ќе се реши проблемот со отпадните води, кои ја загадуваат Треска, како и подземните води во овој дел на општината Сарај. Изградбата на пречистителната станица ќе чини 610 илјади евра, а финансиер е Министерството за животна средина и просторно планирање. Овој систем на пречистување се надоврзува на системот во село Волково за заштита на водите на Лепенец, со што автоматски ќе се заштитуваат и водите на Вардар. Пречистителни станици на отпадните води ќе се градат и во селата Матка и Лаки.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=21411933403&id=14&prilog=0&setIzdanie=22206


Posted By: axel
Date Posted: 16-Feb-2011 at 15:07

Потребни 20 милиони евра за спас на загадената Треска

За спас на загадената река Треска ќе се бараат 20 милиони евра од домашни и меѓународни извори. Ова го реши Советот на југозападниот плански регион, кој ја разгледа изработената физибилити студија за одведување и третман на отпадни води во шесте општини во кичевскиот микро-регион.

Предвидено е да се изгради колекторски систем во должина од 45 километри со две пречистителни станици. Системот опфаќа 33 населени места со околу 68 илјади жители од Кичево, Другово, Зајас, Осломеј, Вранештица и Пласница, a е димензиониран за решавање на загаденоста до 2060 година.
16.02.2011, 11:38

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=71446


Posted By: axel
Date Posted: 19-Feb-2011 at 01:45

НЕДОВРШЕНИ ГЕОДЕТСКО-ПРОЕКТАНТСКИ АКТИВНОСТИ


Пречистителната на Треска ќе почне да се гради две недели по камен-темелникот


Од Општина Сарај информираат дека доцнењето на градежните работи нема сериозно да влијае врз крајниот рок на реализација, бидејќи изградбата ќе трае околу две години


Изградбата на пречистителна станица за отпадни води во селата Глумово и Шишево ќе почне дури идната недела, иако камен-темелникот беше удрен минатиот викенд. На локацијата каде што во неделата министерот за животна средина Неџати Јакупи и градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети свечено го означија почетокот на капиталниот проект нема механизација, ниту работници.

Одговорните од Општината велат дека причина за застојот се недовршени геодетско - проектантски активности.
- Станува збор за изработка на нов локален урбанистички план во кој треба точно да се да се вцртаат објектите што се во склоп на прочистителната станица. Геодетската подлога е изработена и во моментов во Градежниот институт се прави елаборат, па доколу се тече според предвиденото, градежната оператива почнува од идната недела, информираат од Кабинетот на градоначалникот на Општина Сарај. Оттаму додаваат дека доцнењето на градежните работи нема сериозно да влијае врз крајниот рок на реализација, бидејќи изградбата ќе трае околу две години.

Пречистителната станица за отпадни води во селата Глумово и Шишево има огромно еколошко значење за Општината и за Град Скопје бидејќи дневно ќе се прочистуваат и повеќе од 1.445 метри кубни фекална, отпадна вода, која во моментов се создава на ова подрачје.
Средствата за реализација на проектот во висина од 610.000 евра се одвоени од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање. Системот за пречистување на отпадните води во Глумово и Шишево за заштита на водите на Треска се поврзува со системот во село Волково за заштита на водите на реката Лепенец.

Со овој зафат се заштитува реката Треска, но и подземните води во околината а Министерството во наредниот период планира да изгради и пречистителни станици за отпадни води за населените места Матка и Лаки со што трајно ќе се реши проблемот со отпадните води во овој реон.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=477648E2C506A14EB28E0B67379C5541



Posted By: axel
Date Posted: 20-Feb-2011 at 12:56

Ќе се гради прочистителна станица во Прилеп

Европската Унија распиша пред - тендер за прочистителна станица во Прилеп. Од ИПА фондовите одобрени се 20 милиони евра. За една година објектот и опремата треба да бидат во функција.Со преработка од 300 до 500 литри загадена вода во секунда од градската река ќе се спасуваат големи земјоделски површини од прилепскиот дел на Пелагонија.

Проектот особено е значаен за оние кои живеат,одгледуваат и наводнуваат градинарски производи со вода загадена од шести степен.Најмногу корист ќе имаат зејоделците од Беровци,Чепигово,Тројкрсти,Тополчани,Боротино и Кадино село.

Локалните власти велат ова е првиот проект од Македонија прифатен,финансиран и реализиран од европските ИПА фондови.Ќе има уште 10 милиони евра кои наменски ќе бидат потрошени за реконструкција и возобновување на 43 километри од градската канализациска мрежа.Изградбата на прочистителната станица,прекопувањето и асфалтирањето на улиците каде ќе се поставува новата канализација треба да завршат за три години.

По реконструкцијата и возобновувањето на прилепската водоводна мрежа во должина од над 40 километри со 10 милиони евра од германската влада и КФВ банка,прочистителната станица и новата канализациска мрежа се втор проект кој во последниве седум години се реализира во Прилеп.И двата,тврдат локалните власти, се по европски стандарди во функција за подобро и по квалитетно водоснабдување и за наводнување.



Зоран Момировски
20.02.2011, 11:29
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=71600


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-May-2011 at 21:14

Во Горно Лисиче поставен камен-темелник за изградба на колектор за отпадни води

  • http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija - Македонија
  • Во скопската населба Горно Лисиче денеска беше поставен камен-темелник за изградба на колектор за отпадни води кој ќе се гради во две фази.

    Во првата фаза е предвидена изградба на колектор со профил ф-800 мм во должина од 504,6 метри и ф-1000 мм во должина од 736,1 метри по новопредвидениот булевар „Јане Сандански“. Ќе се гради и колектор со профил ф-1000 мм во должина од 84 метри по дел од ул.„Божин Николов“ покрај отворениот канал во населба Горно Лисиче.

    Вкупната должина на предвидениот колектор вреден 129.782.125 денари, опфаќајки ги двете фази изнесува 2081,7 метри. Предвиден е рок на изградба од 12 месеци.

    На поставувањето камен-темелник присуствуваа премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски и генералниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Сашо Лазаровски.

    - Изградбата на овој колектор е еден од носечките проекти за 2011 година и проект со особено тешки услови за изградба. Затоа, предвидена е употреба на најсовремени канализациони цевки и шахти кои овозможуваат не само брза и ефикасна монтажа, туку и висока отпорност на влијанието на водите, почвата и сообраќајот, рече Лазаровски.

    Со неговата изградба, додаде, околу 150 илјади жители на Скопје добиваат квалитетен одводен систем, а септичките јами се испраќаат во историјата.

    Според градоначалникот Трајановски, поставен е камен-темелник на најзначаен фекален колектор во тој делот од градот и општината Аеродром.

    Градоначалникот Коневски информираше дека општината објавила тендер за изградба на 20-километарска секундарна фекална канализација која треба да биде поврзана со колекторот. http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/vo-gorno-lisiche-postaven-kamen-temelnik-za-izgradba-na-kolektor-za-otpadni-vodi

    Ова ми се допадна, што се придржуваат до идните траси, сега не дека е којзнае што за нормални услови, ама незнам дали досега имало отстапки од таквата пракса.


    Posted By: OCB
    Date Posted: 25-Jul-2011 at 15:36
    Ќе се догради препумпната станица во Горно Лисиче

    Објектот од кој зависи канализациската мрежа во половина град требаше да биде готов уште лани, но работите се одложија поради проблеми со подземните води и со градежната фирма.



    Изградбата на препумпната станица во Горно Лисиче треба да продолжи следниот месец, бидејќи веќе завршил тендерот за избор на фирма што ќе ги доврши градежните работи, откако општината Аеродром го раскина договорот со досегашниот изведувач „Декатам“. Овој објект треба да ја препумпува фекалната канализација од речиси половина град, од Горно Лисиче, Лисиче, Ново Лисиче, Аеродром и од 11 Октомври. Почна да се гради пред речиси две години и беше планирано да проработи уште лани, но работите се одложуваа неколкупати. Имаше проблем со подземните води, кои избија во темелите зашто градилиштето се наоѓа непосредно до местото каде што Усјанскиот канал се слева во реката Вардар.

    Станицата ќе има капацитет да препумпува 1.450 литри во секунда, со длабочина на испумпување од седум метри. Нејзината изградба чини 27 милиони денари. Иако таа ќе опслужува голем дел од градот, сепак најголема корист кога ќе проработи ќе имаат жителите на Горно Лисиче, зашто со тоа ќе почне да функционира и неговата фекална канализација, а жителите ќе се ослободат од септичките јами, за чие празнење трошат од 1.000 до 3.000 денари месечно, а со нив се загадува и животната средина. Цевките на повеќето улици се поставени уште пред пет-шест години, а некаде сé уште се местат. Но некои несовесни граѓани веќе се приклучија на мрежата, иако таа не функционира, а можно е таа да е оштетена и од тоа што беше оставена самата на себе половина деценија, без никој да ја одржува. Но општинарите од Аеродром не очекуваат да има проблем за таа да профункционира кога ќе дојде време за тоа.

    - Точно е дека има затнување на некои делови од мрежата, но пред таа да се пушти во употреба, откако ќе се изгради препумпната станица, ќе ангажираме екипи да ги исчистат цевките и да ги направат сите неопходни подготовки - рекоа од општинското одделение за односи со јавноста.

    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=725111029287&id=14&setIzdanie=22339


    Posted By: axel
    Date Posted: 10-Oct-2011 at 15:28

    http://kurir.mk/makedonija/vesti/45256-Makedonija-ke-dobie-14-milioni-evra-za-procistitelna-stanica-vo-Prilep - Македонија ќе добие 14 милиони евра за прочистителна станица во Прилеп


    Министерот за заштита на животната средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми во Брисел ја отвори првата меѓународна конференција на земјите од Балканот на тема „Енергетиката и екологијата“.

    ademi-brisel-500

    Тој изјави дека од европските парламентарци е добиена поддршка за подготовка на проекти и програми со кои би можеле да аплицираме за доделување на грантови од предпристапните ИПА фондови.

    Министерот Адеми информира дека Македонија го доби и првиот договор за искористување на ИПА фондовите, наменет за прочистителната станица во Прилеп во вредност од 14,5 милиони евра. Според него, во фаза на подготовка се и други проекти за прочистителна станица во Тетово и Гостивар, а ресорното Министерството е во тесна соработка со сите региони, околу менаџирањето со депониите.

    Пред европратениците, министерот Адеми ги истакна и предлозите за заштита на животната средина, меѓу кои се и примена на економски инструменти со цел да се созададе поттик за воведување порадикални технолошки промени, Упатства за зелени јавни набавки, како и креирање зелени пазари.

    На конференцијата, тој истакнал и дека македонската Влада е подготвена да ги имплементира регулативите и директивите на ЕУ за заштита на животната средина, конкретно на делот кој се однесува на употреба на обновливи енергетски извори.

    Се очекува министерот Адеми денеска да оствари средба со генералниот администратор за екологија на Валонија, а за утре е најавена билатерлна средба на министрско ниво, со министерот од Фландрија.

    http://daily.mk/cluster3/81a7c417648ed204e4b58edb1e996604/939843


    Posted By: axel
    Date Posted: 12-Oct-2011 at 18:53

    http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/pocnaa-podgotovkite-na-proektot-palenje-na-otpad.html - Почнаа подготовките на проектот палење на отпад

    Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, како претсадетел на Североисточниот плански регион денеска, со чешката компанија „Бресон“, потпиша договор за изработка на физибилити студија, планска и тендерска документација за изградба на фабрика за согорување на цврст отпад.

    http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/pocnaa-podgotovkite-na-proektot-palenje-na-otpad.html"> Почнаа%20подготовките%20на%20проектот%20палење%20на%20отпад

    Студијата ќе чини 255 иљади евра, а треба да биде готова за две месеци. Половина од сретствата ќе бидат донација од чешката влада, а останатите ќе ги обезбедат општините од Североисточниот регион.

    По завршување на студијата ќе се бара инвеститор, кој ќе сака да ја изгради фабриката за палење на сметот. Проектот ќе се реализира на принципот на јавно-приватно партнерство, а веќе има интерес од чешки инвеститори. Ова е историски чин за нашата локална самоуправа, но и за целиот регион, бидејќи ќе се реши деценискиот проблем со складирање на цврстиот отпад. При тоа ќе се создадат услови за изградба на градска топлана, ќе се произведува и електрична енергија - вели градоначалникот Дамјановски.

     Фабриката најверојатни ќе биде лоцирана во населбата Добрешане во близина на Станицата за пречистување на отпадните води. Слични горилници на има во Прага, Рим и Будимпешта. Фабриките се изградени по највисоките технолошки стандарди и ги исполнуваат сите еколошки норми на ЕУ. Проектот ќе чини околу 50 милиони евра, а инвеститорот ќе ја добие на користење 35 години.

    Со нашата студија сакаме да му помогнеме на Куманово да го избере најдобриот проект на изградба на фабрика на палење на комуналниот смет - рече претставникот на компанијата Бресон.

    http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/pocnaa-podgotovkite-na-proektot-palenje-na-otpad.html


    Posted By: axel
    Date Posted: 24-Oct-2011 at 11:19

    Битола ќе гради прочистителна станица

    Проектот кој беше запрен поради светската економска криза, а со кој Битола треба да добие пречистителна станица со колекторски систем за отпадни води, ќе биде возобновен како дел од македонско -словенечката соработка, вели битолскиот градоначалник откако за ова прашање разговараше со словенечкиот амбасадор во Македонија.

    - Со амбасадорот се договоривме уште еднаш да го иницираме проектот преку словенечката влада и „Рико“ - голема фирма од Словенија за изработка на голема пречистителна станица во Битола. Јас сум убеден дека и со Министерот за животна средина во соодветното министерство ќе најдеме разбирање за целата оваа работа и дека идниот период после кризата која е зад нас, ќе можеме да најдеме начин и финансиски да го изработиме и да го реализираме овој проект-вели Владимир Талески, градоначалник на Битола.

    Изградбата на пречистителна станица за отпадните води е голема потреба во Пелагонија, што го зголемува значењето проектот.

    - Се работи за многу голем и скап проект, кој во првата фаза подразбира изработка на еден главен проект а целата реализација би била меѓу 15-20 милиони евра. Се работи за голем колекторски систем со 6 колектори кои сите отпадни води би ги носеле на едно место и изработка на една голема пречистителна станица за општина Битола - вели Талески.

    Талески најави и дека Битола ќе ја продлабочи соработката со збратиметниот словенечки град Крањ, од каде се очекува размена на искуства во областа на децентрализацијата и искористувањето на европските фондови.

    Анета Шијакова

    24.10.2011, 11:43
    http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=81821


    Posted By: axel
    Date Posted: 25-Oct-2011 at 08:34

    ЕKОЛОШKИ ЗАФАТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

    Пречистителна станица ќе ја бистри градската река

    Проектот е вреден околу 19 милиони евра во првата фаза, од кои околу 70 отсто се пари на ЕУ, а остатокот од државниот буџет

    Изградбата на пречистителна станица за отпадните води во Прилеп ќе почне во почетокот на идната година. Проектот е вреден околу 19 милиони евра во првата фаза, од кои околу 70 отсто се пари на ЕУ, а остатокот од државниот буџет. Пречистителната станица ќе ги филтрира водите на градската река до степен за полевање, оти сегашниот водотек е загаден од петта категорија, без знаци на живот.

    Се очекува проектот да се реализира до крајот на 2013 година или комплетно, со втората фаза, која предвидува уште 10 милиони евра за нов градски колекторски систем за сепарирање на фекалната и дождовната канализација, да заврши при крајот на 2014 година.

    Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, вели дека Брисел веќе избрал на тендер надзор на проектот и распишал тендер за избор на изведувач.

    - Се надеваме дека со почетокот на идната година ќе започне градбата на овој значаен еколошки зафат, што е прв од ваков вид, следен со европски пари - вели Ристески.

    Филтерската станица ќе ги пречистува загадените води, ќе ги заштити флората и фауната на Црна Река и ќе обезбеди дополнителни количества вода.

    Екологистите оценуваат дека зафатот е полн погодок, не само од еколошки туку и од економски аспект.

    - Загадените води на Градската Река во Прилеп се влеваат во Црна Река. На овој водотек, во Мариово, ќе се градат хидроцентрали. Водотекот е кус, а загадените води тешко се рехабилитираат природно. А со загадена вода не се произведува струја, туку само се создава талог во акумулацијата. Затоа пречистителната станица во Прилеп, која ќе произведува и природно ѓубре за земјоделството, има економска оправданост, покрај еколошка. Добро би било и вториот најголем загадувач на Црна Река, Општината Битола, да најде начин за изградба на пречистителна станица - велат експертите по екологија.

    http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=429BA3F4B6D3F744A0C8D5F1ED8D09EC


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 28-Dec-2011 at 00:27

    ЗАШТИТА НА ОХРИДСKОТО ЕЗЕРО ОД ОТПАДНИ ВОДИ

    Физибилити-студија за доградба на колекторот

    Целта на овој проект е да се дефинираат и понудат најповолните технички и економско-финансиски решенија кои потоа би послужиле за понатамошна реализација

    Решенија за одведување на отпадните води во постојниот колекторски систем на Охридското Езеро или нивно локално пречистување во населените места Трпејца, Љубаништа, автокампот „Градиште“ и туристичкиот комплекс Свети Наум ќе даде физибилити-студијата за одведување и третман на отпадни води што ја изготви Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

    - Целта на овој проект е да се намали деградацијата на квалитетот на водата во Охридското Езеро, особено да се дефинираат и понудат најповолните технички и економско-финансиски решенија кои потоа би послужиле како основа за понатамошна реализација на проектот, преку изработка на детаљна техничка документација со основен проект и изведба на самиот систем - вели Мирјана Лозаноска, раководител на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

    Таа нагласи дека уште при утврдувањето на техничката спецификација во тендерската постапка било инсистирано да се дефинираат решенија што ќе може да се изведуваат во фази.

    - Причина за таквиот пристап е што за изградба на целокупниот систем, независно од одбраната алтернатива, односно дали ќе се избере централизиран проект со приклучување кон постоен систем или преку изградба на целосно нови капацитети се обезбедени 2 милиона евра. Поради тоа баравме посебни целини, за да се почне од најжешките точки, нивно решавање, а потоа да се оди на комплетна изградба на системот - додаде Лозаноска. 

    Изработувачи на проектот за решавање на проблемот со отпадни води на овој дел од охридското крајбрежје се фирмите „Хидроенерго инженеринг” и „Поинтпро” од Скопје. 

    Студијата ќе биде преведена и на англиски јазик, со цел материјалот да се користи како аргумент или базичен документ за обезбедување средства од странски донатори, особено можностите што ги нуди третата компонента на ИПА-фондовите наменети за регионален развој. (Е.М.)

    http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2E3899EDDF55CD4DB89A6D5505842B0E - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2E3899EDDF55CD4DB89A6D5505842B0E





    Прилеп ќе гради пречистителна станица

    Проектот е вреден 20 милиони евра, а парите се обезбедени од европските претпристапни фондови

    Моника Талеска


    Прилеп - Градот под Марковите кули конечно ќе добие пречистителна станица со европски пари. Договорот за тоа е веќе потпишан, а следната година се очекува ефектуирање на дел од 20-те милиони евра кои треба да бидат инвестирани во изградба на овој објект за пречистување на отпадните води. Најдоцна за три години и водите од Градска Река ќе бидат пречистени, а земјоделските култури ќе почнат да се полеваат со чиста вода со што ќе ги исполнуваат сите екостандарди за извоз во земјите на ЕУ.

    Ако реализацијата тече непречено и општина Прилеп ќе почне со уредување на коритото на Градска Река. А, дотогаш градот треба да ги ефектуира и преостанатите подбенефити од најголемата донација од ЕУ.

    „Пречистителната станица ќе обезбеди целосен третман на отпадните води од фекалната и атмосферска канализација кои сега се впиваат во градот и околината. Проектот стартуваше пред три години со една физибилити-студија во која беа вклучени многу стручњаци по препорака од ЕУ и во соработка со „Водовод и канализација“ и локалната самоуправа. Инвестиравме половина милион евра во изработка на студијата и исто толку пари беа вложени во изработка на проектот со кој конкуриравме во претпристапните фондови на ЕУ“, истакнува градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

    Договорот сега е финализиран. Проектот е во вредност од 20 милиони евра и ќе се работи во две фази, со цел да се постигне комплетен третман на отпадните води и изградба на современа пречистителна станица.

    „Во првата фаза се обезбедени 14,5 милиони евра, директно како донација од ЕУ, а преостанатите пари ќе бидат обезбедени од државниот буџет. Ако проектот заврши успешно, ќе има дополнување со доизградба на колекторски систем и менување на канализациската мрежа во градот. Ова дополнување вредно 10 милиони евра реално би почнало во 2014 година и тоа е втората фаза“, додава Ристески.

    Министерствата за финансии, за транспорт и врски, за животна средина и локалната самоуправа го потпишаа договорот со ЕУ, кој практично ќе почне да се имплементира во 2012 година. А, бенефитите од неговата реализација се многустрани.

    „Градска Река е загадена од 5. степен во моментов. Со пречистителната станица ќе добиеме чиста река, зашто ќе се пречистуваат сите отпадни води. Бидејќи реката минува низ Прилепско Поле, кое е една од најплодните рамници во Македонија, и земјоделските култури во иднина ќе се полеваат со чиста вода, а не како досега со загадената вода од реката. Со тоа што земјоделските производи ќе ги исполнуваат сите еколошки стандарди, големи бенефити ќе имаат и прилепските земјоделци, зашто ќе може да извезуваат на европските пазари. Од друга страна, пак, со оглед на тоа што Црна Река врви низ Мариово, кое е најчист предел во Македонија, по изградбата на Чебрен и Галиште квалитетот на водата ќе биде на многу високо ниво, па и Мариово ќе биде многу поволно за одгледување земјоделски култури“, истакнува градоначалникот Ристески и ветува дека по успешната реализација на овој проект, општина Прилеп ќе почне со уредување на речното корито.

    http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E35B0FEED88D604B95EF57F463A28BBB - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E35B0FEED88D604B95EF57F463A28BBB


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 18-Apr-2012 at 00:08
    ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА ПРЕПУМПНАТА СТАНИЦА ВО ГОРНО ЛИСИЧЕ


    Градоначалниците на Град Скопје и Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, и Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска /11.04.2012 година, среда/ ја предадоа во употреба препумпната станица за прифаќање фекални води на десниот брег на реката Вардар, во населбата Горно Лисиче.

    Изградбата на станицата е заедничка инвестиција на Градот Скопје, општината Аеродром и Министерството за транспорт и врски. Во вкупната вредност на овој проект од 48 милиони денари Градот Скопје учествува со 21 милион денари.

    - Препумпната станица директно ќе ги препумпува и ќе ги одведува сите фекални отпадни води од населбите Горно Лисиче, Лисиче, Ново Лисиче, Аеродром и од населбата 11 Октомври од општината Кисела Вода. Препумпната станица ќе ги пумпа фекалните води во транзитниот колектор, со што отпадните води нема да се задржуваат и ќе се спречи трулење на органските материи во водата - изјави Градоначалникот Трајановски.

    Градоначалникот на Аеродром Коневски изјави дека во моментов се завршува и изградбата на секундарната фекална канализација во Горно Лисиче, по што граѓаните ќе можат да се приклучат на фекалната мрежа, а септичките јами во ова населено место конечно ќе заминат во историјата.

    Министерот Јанакиески напомена дека Владата на Република Македонија и натаму ќе продожи финансиски да ги поддржува проектите коишто придонесуваат за подобрување на животот на граѓаните, потсетувајќи дека за вакви проекти Владата одвои 50 милиони евра.

    Капацитетот на препумпната станица е 1 450 литри во секунда, содлабочина на испумпување од 7 метри.

    Препумпната станица ќе биде предадена на ЈП „Водовод и канализација“, коешто ќе биде задолжено за нејзиното одржување.

    На изградба на станицата работеа екипите на „МЗТ Пумпи“.


    1


    2


    3


    http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4962&mid=482&tabId=1&tabindex=0


    Posted By: FoSsiL
    Date Posted: 09-Jul-2012 at 17:36

    Навистина незнаев каде да ги пуштам...

    Еве што се испушта во Вардар...

     



    -------------
    Македонија - Земја на чудата!


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 17-Jul-2012 at 12:32

    Вардар ќе добие пречистителна станица од 100 милиони евра

    По цел десен брег на реката Вардар ќе се гради колектор за прифаќање отпадни води, беше усвоено на последната седница на Советот на Скопје. Реализацијата, како што објаснуваат надлежните од Градот, е неопходен чекор за изградба на главната пречистителна станица во метрополата, со што треба да се реши прашањето со овој горлив проблем.

    Целиот систем за управување со отпадните води што се излеваат во Вардар, освен колекторскиот систем и централната пречистителна станица во Трубарево, ќе опфати и помали пречистителни станици кај Волково, Сарај и кај Драчево. Во врска со отребните пари, вкупно 100 милиони евра, предвидено е Градот да обезбеди 40 отсто од вкупната инвестиција, а 25 отсто ќе пристигнат од Министерството за финансии. За преостанатите средства, локалната власт во соработка со Министерството за транспорт и врски ќе аплицира преку програмата на Европската унија - ОРИО.

    Според предвидувањата на експертите, ако овој проект не се реализира до 2020 година, загадувањето на Вардар ќе се зголеми трипати.

    http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=4C050243CBCC9D47BB8D09F8E10ABAD8


    Posted By: pbanks
    Date Posted: 17-Jul-2012 at 13:09
    Ова е одлична вест. Сепак не треба да се заборави дека огромно загадување доаѓа уште од Гостивар и реката во Скопје влегува како 3 категорија ако не се лажам. Значи треба да се реши целиот тек на реката од Гостивар па се до термоцентралата Неготино некаде. 


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 12-Aug-2012 at 00:51
    Еве една тазе и две поврзани релативно скорешни вести во врска со колекторскиот систем на Охридското езеро.

    Патем, има ли некој објаснување зошто пречистителната станица се науѓа толку далеку од езерото (над 5 km):

    41°13'8.00"N  20°40'18.36"E





    http://ohridpress.com.mk/%D0%BEch%D1%80id/%D1%98%D0%B0p%D0%BEn%D1%81ki-%D0%B5k%D1%81p%D0%B5%D1%80ti-gi-i%D1%81t%D1%80%D0%B0zhuv%D0%B0%D0%B0t-p%D0%BEt%D1%80%D0%B5bit%D0%B5-n%D0%B0-k%D0%BEl%D0%B5kt%D0%BE%D1%80%D1%81ki%D0%BEt-%D1%81i%D1%81t%D0%B5m - Јапонски експерти ги истражуваат потребите на колекторскиот систем

    Четврток, 09 Август 2012

    panovskijaponskadelegacijaВо Охрид престојува мисија на експерти ангажирани преку Јапонската Агенција за меѓународна соработка со што продолжува планирачкиот процес од аспект на управувањето со отпадните води.

    Оваа мисија е продолжение на активностите поврзани со можното јапонско финансирање на реконструкција и комплетирање на колекторскиот систем на Охридското Езеро.

    Како што е познато во договор помеѓу Владите на Република Македонија и Јапонија, јапонската влада изрази подготвеност за одвојување на финансиска помош за еколошки проекти во Македонија меѓу кои е проектот за изработка на физибилити студија за реконструкција и довршување на колекторскиот систем околу Охридско Езеро по што со донаторски средства би се влегло во процес на реализација.

    - После предходната мисија и после нашиот одговор и изготвената проектна задача се продолжува со оваа едномесечна мисија која сега има за цел детализирање на потребите на системот околу Езерото со цел конечно утврдување на параметрите и висината на евентуалните средства за изговување на физибилити студијата за реконструкција и довршување на колекторскиот систем. Изодевме доста пат и доста работа и би било одлично за заштитата на Езерото да влеземе во конкретно изготвување на потребната и барана Физибилити студија која ќе биде основа за донаторски интерес, вели Дејан Пановски од министерството за животна средина и просторно планирање.

    Мисијата на јапонските експерти ќе работи еден месец во Охрид заедно со сите надлежни институции од областа на заштитата на езерото. Низ овој долг и детален процес на истражување на потребите треба да се утврдат параметри и модели за финансирањето од страна на Јапонцитеи потоа на политичко ниво да се утврди финансиската помош за проектната задача.

    Супер радио

    http://ohridpress.com.mk/%D0%BEch%D1%80id/%D1%98%D0%B0p%D0%BEn%D1%81ki-%D0%B5k%D1%81p%D0%B5%D1%80ti-gi-i%D1%81t%D1%80%D0%B0zhuv%D0%B0%D0%B0t-p%D0%BEt%D1%80%D0%B5bit%D0%B5-n%D0%B0-k%D0%BEl%D0%B5kt%D0%BE%D1%80%D1%81ki%D0%BEt-%D1%81i%D1%81t%D0%B5m - http://ohridpress.com.mk/%D0%BEch%D1%80id/%D1%98%D0%B0p%D0%BEn%D1%81ki-%D0%B5k%D1%81p%D0%B5%D1%80ti-gi-i%D1%81t%D1%80%D0%B0zhuv%D0%B0%D0%B0t-p%D0%BEt%D1%80%D0%B5bit%D0%B5-n%D0%B0-k%D0%BEl%D0%B5kt%D0%BE%D1%80%D1%81ki%D0%BEt-%D1%81i%D1%81t%D0%B5m



    18.03.2012

    Десет милиони евра за колекторскиот систем на Охридско Езеро

    Средствата ги обезбедува јапонската влада за довршување на колекторот и за подигнување на капацитетот на пречистителната станица во Враништа

    Охрид - Десет милиони евра што ги дава јапонската Влада како финансиска поддршка ќе бидат искористени за рехабилитација и довршување на втората фаза на колекторскиот систем за отпадни води околу Охридско Езеро и за подигнување на капацитетот на пречистителната станица во Враништа кај Струга. Мисија на Јапонската агенција за меѓународна соработка (ЈИЦА), во чиј состав се јапонскиот експерт за води Хироко Камата и претставникот на Балканската канцеларија на ЈИЦА, Тору Огура, ја скенираа состојбата на колекторскиот систем и влијанието врз квалитетот на водите во езерото. Мисијата оствари средби со градоначалниците на двете локални самоуправи, со менаџерските тимови на „Проаква“ и „Нискоградба“, со тимот од РЕ „Колектор“ од Струга и со тимовите од институциите кои вршат мониторинг врз квалитетот на водите на езерото и притоките, а ја посети и пречистителната станица во Враништа. 

    ЈИЦА достави информација до надлежните во Македонија околу почнувањето на процесот за аплицирање пред јапонската Влада за одобрување на средствата за оваа намена. Македонската страна, пак, преку тим од Министерството за животна средина и просторно планирање подготви апликација за техничка и финансиска поддршка за изработка на физибилити- студија за рехабилитација и доизградба на колекторскиот систем на македонска страна и унапредување на пречистителната станица. Апликацијата ја достави до ЈИЦА, по што јапонски претставници дојдоа во Македонија со цел директно од терен да добијат релевантни информации за состојбата со колекторскиот систем и реалните потреби за негова функционалност. 

    „Ги разгледавме сите аспекти на потребата за рехабилитација на колекторскиот систем околу Охридско Езеро, сите критични точки околу влијанието на подземните и атмосферските води врз системот и секако потребата за негово комплетирање на македонска страна. Овие елементи се всушност и нашите цели утврдени во апликацијата. Добро е што сите надлежни институции, пред се' ’Проаква‘ која управува со системот, се фокусирани на исти цели. Сите се подготвени заедно со јапонската агенција да ја почнат изработката на физибилити-студијата, а потоа и во процес на донаторска координација за инвестиции за нејзина имплементација. Секако, за сето ова ќе биде потребно време, но се надеваме на техничка и финансиска помош во согласност со постигнатиот политички договор на двете влади. Ова е ретко добра шанса на оваа генерација да ја осигура иднината на Охридско Езеро од аспект на загадување со отпадни води и тоа не би смеело да се пропушти“, вели Дејан Пановски од Одделението на МЖСПП, од Охрид. (В.М)

    http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=05F25DD23F47BC429FA26FBFA48C3455 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=05F25DD23F47BC429FA26FBFA48C3455




    27.10.2011

    Охридско Езеро мора да се заштити целосно

    Колекторскиот систем за заштита на Охридско Езеро од отпадни води е стасан до населбата Пештани

    Охрид - Досегашното функционирање на колекторскиот систем за заштита на Охридско Езеро од отпадни води покажа одредени искуства и слабости што треба да се имаат предвид при проектирањето и изградбата на останатите делници од двете страни на езерото, и од македонска и од албанска. На пример, централизираното прочистување со единствена пречистителна станица се покажа како многу скапо решение, особено што се прифати варијантата на механички, а не на природен одвод. Оттаму, преостанатите делови, најверојатно, ќе се решаваат со уште неколку секундарни пречистителни станици. 

    Кога во 80-тите години на минатиот век почна проектирањето, а подоцна и практичната реализација на колекторскиот систем, замислата беше околу целиот езерски брег да се изгради колекторски прстен со една пречистителна станица кај селото Враништа, во близина на Струга. Системот се градеше етапно и во овој момент е стасан до населбата Пештани. Од македонска страна останаа туристичкото место Трпејца, потоа селото, населбата со вили и автокампот „Љубаништа“, како и комплексот „Свети Наум“. 

    Македонија сега ги забрзува работите и до крајот на годинава би требало да заврши изработката на физибилити-студија за одведување на отпадни води на потегот од „Градиште“ до „Свети Наум“. Студијата ќе ја работи „Хидро енерго инженеринг“ од Скопје, а со неа ќе бидат разработени неколку технички варијанти со решенија за одведување на отпадните води во постојниот колекторски систем или, пак, нивно локално пречистување во населените места Трпејца и Љубаништа, автокамповите „Градиште“ и „Свети Наум“ заедно со комплексот „Свети Наум“. 

    Според стручњаците, најдобро е да се пристапи кон локално третирање на отпадните води со изградба на мали пречистителни станици. Ваквите решенија ќе бидат од корист и за локалното население, бидејќи ќе биде земен предвид критериумот за најниска цена што ќе треба да се плаќа за одржување на системите, оценуваат во Центарот за развој на Југозападниот плански регион. 

    Физибилити студијата е дел од регионалните проекти кои Бирото за регионален развој му ги одобри на Центарот за 2010 година. Со тоа ќе се создадат можности Центарот за развој, заедно со локалните самоуправи од регионот да пристапат кон барање средства за изведба на систем кој ќе обезбеди квалитетна вода во заштитените зони на Охридско Езеро. 

    Соодветно учество во проектот ќе има и локалната самоуправа од Охрид. (В.М)

    http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=15D2B6869CBDF24F9120F38801D407E9 - http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=15D2B6869CBDF24F9120F38801D407E9


    Posted By: milena
    Date Posted: 10-Oct-2012 at 15:50
    ЈП "ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА" ПОДГОТВУВА ПРОЕКТ ЗА ПРЕ­ЧИС­ТИ­ТЕЛ­НА­ТА СТАНИЦА

    Ќе секнат фекалиите во Вардар



    Пре­чис­ти­тел­на­та станица во Скопје, конечно, ќе се гради. В година ќе се изработи основниот проект, согласно кој станицата треба да биде готова до 2018 година.

    Со оваа инвестиција која, според првичните проценки на ЈП "Водовод и ка­на­ли­за­ци­ја", ќе изнесува 100 милиони евра, ќе се стави крај на излевањето фе­ка­лии директно во Вардар.
    За таа цел, планирано е да се изградат два колектора од двете страни на ре­ка­та, во кои ќе се собираат отпадните води.
    "Ќе се запре излевањето на фекални води во Вардар, и реката ќе го врати ква­ли­те­тот од пред 60 години. Во моментот ги разгледуваме физибилити сту­ди­ите кои ги даваат насоките како да се реши проблемот. Станицата ќе се изгради во село Трубарево, после добиточниот пазар", изјави Стојан Ср­би­нов­ски, директор на "Водовод".
    Тој ја најави изградбата како заеднички проект со Градот Скопје и со не­кол­ку министерства.
    Пред една недела, во населбата Горно Лисиче беше пуштен во употреба нов фекален колектор, кој ќе ги собира фекалиите од цела населба.

    http://vest.com.mk/?ItemID=55B04383CEFA7642A39BA71248A5A908


    Posted By: makonix
    Date Posted: 12-Oct-2012 at 23:53
    Вардар за шест години ќе почне да се чисти од фекалии

    До 2018 година, Скопје конечно ќе добие пре­чис­ти­тел­на­та станица, со што би се ставило крај на излевањето фекалии во реката Вардар. Основниот проект ќе се изработува догодина, а станицата би требало да почне да се гради во 2014 година.
    Реализацијата на проектот ќе изнесува 100 милиони евра. Во план е изградба на два колектора од двете страни на ре­ка­та, во кои ќе се собираат отпадните води.
    - Ќе се запре излевањето на фекални води во Вардар, и реката ќе го врати ква­ли­те­тот од пред 60 години. Во моментот ги разгледуваме физибилити сту­ди­ите кои ги даваат насоките како да се реши проблемот. Станицата ќе се изгради во село Трубарево, после добиточниот пазар - изјави Стојан Ср­би­нов­ски, директор на ЈП „Водовод и канализација".
    Тој ја најави изградбата како заеднички проект со Градот и со не­кол­ку министерства.

    http://www.plusinfo.mk/vest/61051/Vardar-za-shest-godini-kje-pochne-da-se-chisti-od-fekalii-


    Posted By: zabegan
    Date Posted: 13-Oct-2012 at 14:37
    пречистителна станица конечно ќе се изгради... за 6 години...
    имааат ли смисла ваквите реченици?


    -------------
    Architects create dreams...politicians create nightmares


    Posted By: milena
    Date Posted: 20-Oct-2012 at 14:03
    Да го вратиме Вардар како пред 50 години

    Изградбата на пречистителната станица е од исклучителна важност за градот и за квалитетот на водата на реката Вардар затоа што сите отпадни води непреработени се испуштаат во самата река



    ОВА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ВО ТРУБАРЕВО
    Лоша миризба, ѓубре, пластични шишиња, хартиени кутии, можат да се забележат по текот на реката Вардар. Нечиста и матна вода е ликот на реката Вардар, кој е целосно уништен. Сликата што може да се види однадвор, всушност е и потврда на она што во себе го содржат и водите на оваа река, чии примероци подложени на физичко-хемиска и микробиолошка анализа покажуваат дека водата е премногу загадена. Граѓаните постојано се жалат за непријатниот изглед на реката и дека е невидена еколошка катастрофа. Изградбата на пречистителната станица, која ќе биде лоцирана во селото Трубарево, е дел од проектот што би требало Вардар во делот на Скопје да го спаси од прекумерно загадување.

    - Изградбата на пречистителната станица е од исклучителна важност за градот и за квалитетот на водата на реката Вардар затоа што сите фекални отпадни води непреработени се испуштаат во самата река. Со нејзината изградба ќе се врати квалитетот на водата на реката Вардар како од пред половина век, па и повеќе - ни изјави новиот директор на ЈП „Водовод и канализација“, Стојан Србиновски.

    „Џајка“ го спасува Вардар

    Во Скопје не постојат објекти за пречистување на отпадните води и затоа Вардар е загаден. Од претпријатието велат дека затоа и се обратиле за помош до јапонската влада, за изработка на студија за оправданост. Ваква пречистителна станица освен во Скопје нема ниту во Белград и Тирана. Причините за тоа што досега не е изградена станицата се дека немало доволно средства ниту за доградба на недовршениот колекторски систем за собирање на отпадните води.

    Проектот го подготвува Министерството за животна средина и просторно планирање, врз основа на студијата за оправданост направена од јапонската корпорација „Џајка“, според која проектот чини приближно 100 милиони евра. Според генералниот урбанистички план, локацијата на самата пречистителна станица е предвидена во селото Трубарево.

    - За таа цел потребно е да се изградат два колектора на левиот и на десниот брег од градот и ќе се одведуваат до пречистителната станица и така прочистени ќе се испуштаат во реката Вардар - велат од ЈП „Водовод и канализација“.

    Реализацијата на проектот треба да започне следната година и да заврши до крајот на 2018-та. Откако ќе биде изградена, со неа ќе стопанисува ЈП „Водовод и канализација“ - велат од претпријатието.

    Заживување на флората и на фауната

    Ако повозрасните скопјани го паметат Вардар по убавите градски плажи и капењето во проѕирно бистрата вода, овие генерации го знаат по неговата матна вода, по чија површина пловат најразлични отпадоци.
    - Го паметам Вардар како доволно чист за да се плива во него, а сега има најмногу комунален отпад. Непријатниот мирис што се шири на одредени делови ја надополнува грдата слика - вели еден постар граѓанин.

    Со изградбата на пречистителната станица од здравствен и еколошки аспект значително ќе се подобри квалитетот на водата.

    - Тоа подобрување од една страна ќе значи заживување на флората и на фауната, создавање на потребните услови за нормален живот на рибниот фонд, подобрување на животната и човековата средина и воедно ќе значи и еден нов стил на живеење во градот - велат надлежните.

    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1019121622142&id=14&prilog=0&setIzdanie=22709


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 20-Oct-2012 at 20:38


    Не знам од каде им е оптимизмот дека реализацијата на проектот ќе започне наредната година... 100 милиони евра од небо ли ќе паднат? Навистина за вакви проекти може да се надеваме на по некој грант и мек кредит, но досега немаме слушнато ама баш ништо конкретно на тоа поле. Инаку „Џајка“ не е корпорација туку јапонска агенција која токму преку грантови и меки кредити финансира вакви проекти за јадници како нас, но после грабежот што оној феудалецот од Кратово и го приреди на истата таа „Џајка“ која го финансираше хидросистемот Злетовица, прашање е дали од јапонциве може повторно да се надеваме на дарежливост. Ете изработиле студија за оправданост на проектот, но од таму до 100 милиони евра патот е мноооогу долг. Можеби поголеми шанси има нешто преку ЕУ, но повторно велам, засега нема никаква поконкретна најава, а толкави пари не се одобруваат преку ноќ, потребна е процедура и време...


    Posted By: mitatos
    Date Posted: 20-Oct-2012 at 20:45
    Porano neka ne go gradat, oti posle ke sipat sole, i ke napravat MORE od VARDAR.

    -------------
    "Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


    Posted By: axel
    Date Posted: 01-Jul-2013 at 09:28

    Изградба на две пречистителни станици

    Општинарите од Илинден се ангажирани околу изградба на два сегмента од канализацискиот систем во населбите Илинден и Кадино. Се поставуваат канализациски цевки и шахти во должина од 8.000 метри и две пречистителни станици со капацитети од по 1.250 еквивалент жители.

    Градежните активности треба да завршат до крајот на годинава.

    „Пречистителни станици се комплетно автоматизирани и претставуваат модуларни системи кои зафаќаат мал простор. Нивна предност е што имаат мала потрошувачка на електрична енергија и можат да се надградуваат во согласност со зголемувањето на капацитетот на еквивалент жители, а прочистената вода е со висок квалитет и може да се користи за наводнување на површините“, се вели во соопштението од Илинден. (Б.Ш.)

    http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CB255E1B40B2A546897213FF3B35E52F





    Posted By: kultuzin
    Date Posted: 08-Feb-2014 at 20:42

    Колеторскиот систем ќе ги заштити водите на Охридско езеро

    Со изградба на колекторски систем ќе се заштитува водата во Охридското езеро.Студијата за одведување отпадни води од Градиште до Свети Наум е изработена и претставува базичен документ за овој проект за изградба на тој систем или на пречистителна станица во Трпејца која што е жешка точка на охридското крајбрежје.Станува збор за проект кој Центарот за развој на Југозападниот плански регион го договори со германското техничко друштво за меѓународна соработка.

    Од здружението на граѓани За Трпејца со љубов велат дека на овој начин ќе се стави крај на загадувањето на езерото а воедно ќе се зачува и квалитетот на водата за подобар развој на туризмот.

    Според експертите,потребни се две години  за изградба на целиот систем од Градиште до Св Наум во висина од 2 милиони евра.

    http://www.sitel.com.mk/mk/koletorskiot-sistem-kje-gi-zashtiti-vodite-na-ohridsko-ezero-0

    Ме интересира колку време ќе го влечкат овој проект. Ако е навистина 2 милиони евра, смешно е вакви проекти да не се реализираат во најскоро време.




    Posted By: mr bombastic
    Date Posted: 09-Feb-2014 at 03:21


    Ќе го влечкаат и тоа баајги како и сите останати проекти во земјава што се, нема нешто кај нас што не се влечка


    Posted By: gjoko
    Date Posted: 09-Feb-2014 at 12:28
    Јас мислам дека колекторот ќе го прават одма,не дека сакаат туку оти мораат заради проектот од Субрата Рој.Без Колектор отпадните води нема каде да ги носат


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 27-Sep-2014 at 12:08
    Инсталирана пречистителната станица во населба Илинден

    Во рамките на реализацијата на капиталниот проект на Општина Илинден за изградба на фекална канализација за прифаќање и третман на отпадните води, во населба Илинден комплетно е инсталирана пречистителна станица на која што деновиве е извршен технички преглед



    http://vecer.mk/skopska/instalirana-prechistitelnata-stanica-vo-naselba-ilinden - http://vecer.mk/skopska/instalirana-prechistitelnata-stanica-vo-naselba-ilinden

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 16-Aug-2015 at 18:08
    Премиерот денес ја пушта во употреба пречистилната станица во Кадино што беше пуштена во употреба пред речиси една година (на горната слика).

    http://mia.mk/mk/Inside/RenderSingleGalleryTest/132763810/1?month=8&year=2015&day=15&desc=0 - http://mia.mk/mk/Inside/RenderSingleGalleryTest/132763810/1?month=8&year=2015&day=15&desc=0

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: gjoko
    Date Posted: 16-Aug-2015 at 19:15
    Треба еднаш да се престане со таа констатација дека објект бил пуштен уште поодамна а сега некој функционер повторно го пушта во работа. Во вакви моменти се работи за свечано пуштање во работа, или обележување како настан.
    Свечените моменти за некои работи се повторуваат секоја година, па што значи-дека не треба да се обележуваат такви свечености?

    Се изградил објект, се пуштил во работа и после некое време нормално треба да се одржи и свечена церемонија, а не употребно пуштање во работа.

    Порано како да немало вакви свечености, туку Грујо ги измислил


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 16-Aug-2015 at 19:23
    Originally posted by gjoko


    Порано како да немало вакви свечености, туку Грујо ги измислил


    Избори се ближат, јасно ми е мене во која цел „свечено“ се пушта. Но мислам дека е срамно некој да се самопромовира со работи кои се веќе завршени. Повеќе ме плаши недостигот од нови, битни инфраструктурни проекти. Пуштање селски чешми или кружни текови кои одамна се во употреба ми е згадено одамна.

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: King
    Date Posted: 16-Aug-2015 at 20:28
    Originally posted by Џоле

    Originally posted by gjoko


    Порано како да немало вакви свечености, туку Грујо ги измислил


    Избори се ближат, јасно ми е мене во која цел „свечено“ се пушта. Но мислам дека е срамно некој да се самопромовира со работи кои се веќе завршени. Повеќе ме плаши недостигот од нови, битни инфраструктурни проекти. Пуштање селски чешми или кружни текови кои одамна се во употреба ми е згадено одамна.


    Во последно време омилена реченица ми е *избори се ближат*, а до избори има скоро година дена, па Грујо така фумкционира цел живот, гради, отвара, пушта, шутира топки, и пред и по и за време на избори. Што според мене е добро, јас знам и некои други што од кафана не излегуваа.


    Posted By: jyvation
    Date Posted: 17-Oct-2015 at 10:22
    Донација од 21 милион швајцарски франци за колекторски систем и пречистителна станица во Кочани

    Кочанската локална власт денеска потпиша договор за консултантски услуги во врска со проектот за изградба на пречистителна станица и колектор за отпадни води на територијата на општината. За консултант е избрана швајцарската компанија „Ернст Баслер и Партнер“. Пречистителната станица ќе се гради на најниската гравитациска точка на вливот на реката Масалница во Брегалница, така што е предвидено да ги прочистува водите од сегашните девет испусти од Оризари до Подлог кои ќе бидат собрани во главен колектор. Станицата ќе биде опремена со современа технологија, планирано е да заземе мала површина и да има минимални трошоци за експлоатација и одржување.


    * Извор на фотографија: Општина Кочани

    Со изградбата на пречистителната станица е предвидено да се опфатат отпадните води од Кочани и од околните рамничарски села, со вкупен број на населението од околу 58.000 жители. Проектот е донација на Швајцарската Конфедерација во висина од 21 милион швајцарски франци. Дополнителни два милиони евра се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Кочани и Ј.П. Водовод. Ова е најголема швајцарска донација за нашата земја во изминативе две и пол децении.

    http://www.build.mk/?p=46766 - http://www.build.mk/?p=46766


    Posted By: kultuzin
    Date Posted: 22-Dec-2015 at 12:47
    Немам идеа каде припаѓа оваа вест. Ако сака некој од модераторите нека ја премести во посоодветна тема. Во секој случај секоја чест за Дојран што покрај многуте други проекти најде средства и за ваков исклучително битен проект. Се надевам дека Охрид ќе најде исто така можности за целосна заштита на езерото од отпадни води.

    Целосно се реконструира колекторскиот систем во Дојран


    Главниот колекторски систем во Дојран почна целосно да се реконструира заради заштита на Дојранското езеро и подобрување на квалитетот на езерската вода. Проектот опфаќа вградување на нови пумпни станици и обнова на шахтите заради зголемување на капацитетот за одведување отпадни води до пречистителната станица во која е вградена најсовремена технологија.

    22 декември 2015| 12:23




       

    ????????????????????????????????????

    – Заштитата на животната средина претставува еден од најголемите приоритети на општина Дојран. Почнавме минатата година со реконструкцијата на пречитителната станица која беше обновена по три децении, а ова ќе биде втора фаза во која главниот колекторски систем ќе се реконструира за да се создаде можност за проширување на секундарната канализациона мрежа,одноно одведување на колекторскиот систем на улиците или до куќите кои не се приклучени, рече градоначалникот на општина Дојран, Борче Стамов.

    Реконструкцијата на главниот колекторски систем во Дојран е заеднички проект на општината и Министерството за животна средина. Активностите планирано е да траат околу два месеца, а целата инвестиција чини 4 милиони денари од кои по половина обезбедуваат локалната самоуправа и Министерството за животна средина.
    http://kurir.mk/republika/opstini/tselosno-se-rekonstruira-kolektorskiot-sistem-vo-dojran/


    Posted By: Dzeksi
    Date Posted: 16-Jan-2017 at 16:55
    Dali nekoj znae me mrzi da baravam vo nishkava kolku tocno procestitelni stanici za vodia ima vo R.Makedonija sto se vo funkcija ?


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 21-Feb-2017 at 11:00
    Пречистителната станица во Прилеп (во процес на изградба)

    https://flic.kr/p/S4kZG9"> https://flic.kr/p/S4kZG9 - DSC09407 by https://www.flickr.com/photos/133089479@N05/ - EU Delegation, Skopje , on Flickr

    https://flic.kr/p/R1pHVQ"> https://flic.kr/p/R1pHVQ - DSC09367 by https://www.flickr.com/photos/133089479@N05/ - EU Delegation, Skopje , on Flickr

    Пречистителната станица во Радовиш (во процес на изградба)

    https://flic.kr/p/Si6ytk"> https://flic.kr/p/Si6ytk - DSC_7541 by https://www.flickr.com/photos/133089479@N05/ - EU Delegation, Skopje , on Flickr

    https://flic.kr/p/RHmjZA"> https://flic.kr/p/RHmjZA - DSC09082 by https://www.flickr.com/photos/133089479@N05/ - EU Delegation, Skopje , on Flickr

    https://flic.kr/p/RHm6mU"> https://flic.kr/p/RHm6mU - DSC09156 by https://www.flickr.com/photos/133089479@N05/ - EU Delegation, Skopje , on Flickr

    Пречистителната станица во Струмица (во процес на изградба)

    https://flic.kr/p/SiqHrn"> https://flic.kr/p/SiqHrn - IMG_8141 by https://www.flickr.com/photos/133089479@N05/ - EU Delegation, Skopje , on Flickr

    https://flic.kr/p/S7hEcz"> https://flic.kr/p/S7hEcz - IMG_8139 by https://www.flickr.com/photos/133089479@N05/ - EU Delegation, Skopje , on Flickr

    Колку што можам да видам од сликите на профилот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, вакви станици се градат и во Берово и Гевгелија, но градежните работи се на самиот почеток.

    Еве, и во Кичево...

    https://flic.kr/p/Sen6S7"> https://flic.kr/p/Sen6S7 - DSC08050 by https://www.flickr.com/photos/133089479@N05/ - EU Delegation, Skopje , on Flickr

    https://flic.kr/p/RHhed3"> https://flic.kr/p/RHhed3 - DSC07948 by https://www.flickr.com/photos/133089479@N05/ - EU Delegation, Skopje , on Flickr

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: WolfLeader
    Date Posted: 21-Feb-2017 at 15:05
    Ова го финансира ЕУ или ?


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 21-Feb-2017 at 15:34
    Па да, пишува на таблите. Европа ни гради пречистителни станици, а ние ги трошиме парите за глупости. Така некако испаѓа.

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: WolfLeader
    Date Posted: 22-Feb-2017 at 18:50
    Сега видов пишело на таблите .. Иначе добро е што европа ни ги прави овие станици , а не ми е јасно зошто сеуште многу од општините низ државата немаат побарано да се изградат вакви станици во нивните места ,колку што ја сум упатен ова е само мал број од градиштата кој што имаат побарано и еве тоа се реализира , а не дека во другите градови нема потреба, во секој град има потреба од вакво нешто, убаво е што дел од градоначалниците низ државата си се грижат за своите градови и им текнува дека основно нешто во 21 век за во една општина да функционира е да имаш модерна , нова прочестителна станица која е и основниот извор за третман на водата ,и каде што граѓаните ќе пијат квалитетна вода ,зборот ми беше дека вакво нешто фали во секој град без разлика на големина , секаде треба да има вакво нешто но за жал многу не сериозно се гледа во оваа работа ...А додека ти даваат пари и не го искористиш тој благодет е тогаш незнам што повеќе треба да се направи за да се свести некој.


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 28-Oct-2017 at 08:32
    Опааа, лека-полека и Скопје ќе влезе во 21-от век

    Почнува реализацијата на пречистителна станица за отпадни води во Скопје

    Владата го задолжи министерот за финансии да ја започна постапката за обезбедување финансиски средства.

    Владата на Република Македонија на денешната 33-та седница ја разгледа и усвои информацијата за реализација на проектот „Пречистителна станица за отпадни води во Скопје”.

    Прифатена е информацијата за склучување билатерален договор за кофинансирање на проектот „Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадни води за градот Скопје“ помеѓу Европската комисија и Владата на Република Македонија.

    Владата го задолжи министерот за финансии веднаш да ја извести Делегацијата на ЕУ во Скопје дека Владата на Република Македонија ја започна постапката за обезбедување финансиски средства за целосна изградба на пречистителната станица во Скопје со секундарен третман на отпадни води.

    - За реализација на овој значаен проект, Владата ги задолжи Министерството за финансии и Министерството за животна средина и просторно планирање, веднаш да подготват и достават барање до Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициона банка и КфВ банката за да достават заедничка понуда за подготовка и финансирање на проектот со заем, инвестициски грант и грант за техничка помош - соопшти владината прес-служба.

    http://plusinfo.mk/vest/131776/pocnuva-realizacijata-na-precistitelna-stanica-za-otpadni-vodi-vo-skopje - http://plusinfo.mk/vest/131776/pocnuva-realizacijata-na-precistitelna-stanica-za-otpadni-vodi-vo-skopje

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 18-Dec-2017 at 15:25
    За Скопје се предвидува дека ќе добие дури во 2020 година

    Отворање на пречистителна станица за третман на отпадни води во Струмица (ЕУ проект)

    https://flic.kr/p/21h2vE4"> https://flic.kr/p/21h2vE4 - Отворање на пречистителна станица за третман на отпадни води во Струмица (ЕУ проект) by https://www.flickr.com/photos/vladamk/ - Влада на Република Македонија , on Flickr



    https://flic.kr/p/22BZxmn"> https://flic.kr/p/22BZxmn - Отворање на пречистителна станица за третман на отпадни води во Струмица (ЕУ проект) by https://www.flickr.com/photos/vladamk/ - Влада на Република Македонија , on Flickr





    фото: влада на РМ, МИА.мк

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 07-Mar-2018 at 10:01
    Ќе се гради пречистителна станица за отпадни води во Битола

    Владата ја усвои информацијата за реализација на проектот „Изградба на Пречистителна станица за отпадни води и рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Општина Битола“.

    Министерството за животна средина и просторно планирање до Секретаријатот за европски прашања треба да достави ИПА апликација за проектот, а потоа СЕП апликацијата да ја достави до Делегација на ЕУ во Скопје и истата да се препрати до Европската комисија во Брисел.


    http://a1on.mk/archives/862708 - http://a1on.mk/archives/862708

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 18-Mar-2018 at 20:40
    Прилеп

    [tube]270T1C6Kc_U[/tube]

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: Dzeksi
    Date Posted: 21-Mar-2018 at 10:35
    Albekat e noviot Transmet glema sve gradat u MKD a videava samo na albanski


    Posted By: Мартин
    Date Posted: 21-Mar-2018 at 10:51
    Originally posted by Dzeksi

    Albekat e noviot Transmet glema sve gradat u MKD a videava samo na albanski
    Станува збор за приватна фирма, ако сакаат само Свахили ќе пишуваат на видеата.


    Posted By: pbanks
    Date Posted: 21-Mar-2018 at 11:29


    И тоа фирма чија матична земја е Албанија (веројатно) а е регистрирана во Грција


    Posted By: Dzeksi
    Date Posted: 21-Mar-2018 at 12:20
    Originally posted by Мартин

    Originally posted by Dzeksi

    Albekat e noviot Transmet glema sve gradat u MKD a videava samo na albanski
    Станува збор за приватна фирма, ако сакаат само Свахили ќе пишуваат на видеата.
    Kolku glupav argument ti e ova deka se privatna firma . Kade se izveduvat porektite i so civi pari ke ti odgovoram MAKEDONSKI i mi smeta deka nema makedonski ako ti e toa problem ke ti se obrakam od sega na Svahili vo forumov!

    Mjinga ni nini kwamba hii ni kampuni binafsi. Je, upeo huo unafanyika wapi na kwa fedha nitakayoitikia MACEDONIAN na nadhani kuwa hakuna Macedonian kama hiyo ni tatizo ambalo nitawaambia sasa kutoka kwenye vikao vya Kiswahili!


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 20-Jun-2018 at 07:56
    И Кичево со нова пречистителна станица за отпадни води


        
    Од денес, и официјално е во употреба новата пречистителна станица за отпадни фекални води во Кичево. Новата пречистителна станица започна да се гради есента 2016 година и се гради во две фази. Во првата фаза изградена е пречистителната станица и колекторски систем за градот и приградските населби, еквивалент за 36.000 жители. Во втората фаза се гради колекторски систем за зајашкиот регион и за дел од друговскиот регион или еквивалент за 46.000 жители. Комплетното завршување на овој систем ќе чини околу 15 милиони евра.

    https://www.porta3.mk/115357/ - https://www.porta3.mk/115357/

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: pbanks
    Date Posted: 20-Jun-2018 at 08:07

    Одлична вест. Што значи ова? Почиста Треска?


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 20-Jun-2018 at 14:22


    Зависи каде завршувале отпадните води и кичевската канализација. Како и да е, последниве години има сериозно поместување во однос на градење колекторски и пречистителни станици по помалите градови и села, а Скопје, за жал (и за голема срамота) уште каска на тоа поле.

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: BOJAN
    Date Posted: 20-Jun-2018 at 19:22
    При почетокот на градежните работи на овој проект во Кичево се тврдеше дека со него ќе се сопре загадувањето на водите од реката Треска. Ова е исклучително битно, поаѓајќи од фактот дека до Скопје остануваат само уште Самоков и Македонски Брод да се решат со вакви пречистителни станици.

    Подобрувањето на квалитетот на водата на Треска по автоматизам ќе значи и можност за искористување на водите за Езеро Треска во скопски Сарај, кое со години беше забрането за капење поради неисправноста на водата.


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 22-Jun-2018 at 15:17
    Кичево

    https://flic.kr/p/27i7xAo"> https://flic.kr/p/27i7xAo - Отворање на пречистителна станица за отпадни води - Кичево by https://www.flickr.com/photos/vladamk/ - Влада на Република Македонија , on Flickr

    https://flic.kr/p/LfKqhU"> https://flic.kr/p/LfKqhU - Отворање на пречистителна станица за отпадни води - Кичево by https://www.flickr.com/photos/vladamk/ - Влада на Република Македонија , on Flickr

    https://flic.kr/p/27i7xCC"> https://flic.kr/p/27i7xCC - Отворање на пречистителна станица за отпадни води - Кичево by https://www.flickr.com/photos/vladamk/ - Влада на Република Македонија , on Flickr

    https://flic.kr/p/27i7xij"> https://flic.kr/p/27i7xij - Отворање на пречистителна станица за отпадни води - Кичево by https://www.flickr.com/photos/vladamk/ - Влада на Република Македонија , on Flickr

    https://flic.kr/p/LfKqjY"> https://flic.kr/p/LfKqjY - Отворање на пречистителна станица за отпадни води - Кичево by https://www.flickr.com/photos/vladamk/ - Влада на Република Македонија , on Flickr

    https://flic.kr/p/27i7xFd"> https://flic.kr/p/27i7xFd - Отворање на пречистителна станица за отпадни води - Кичево by https://www.flickr.com/photos/vladamk/ - Влада на Република Македонија , on Flickr

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 04-Jul-2018 at 07:03
    Предадена во употреба пречистителната станица за отпадни води во Прилеп

    Новоизградената пречистителна станица за отпадни води во Прилеп денеска беше свечено пуштена во употреба. Станува збор за капитален инфраструктурен објект во кој се инвестирани околу 23 милиони евра, од кои 17,5 милиони евра се обезбедени од Европската Унија, а останатите од државниот буџет. Овој проект започна да се реализира во 2008 година.

    „Во Црна Река нема повеќе да се слеваат фекалии. Тоа значи дека земјоделците и градинарите сите производи кои ги произведуваат, ќе ги полеваат со чиста вода, дека ќе купуваме еколошки чисти производи на пазарите“ изјави градоначалникот Јованоски. Пречистителната станица ќе ги опфати отпадните води од 95.000 жители од прилепскиот регион, со што ќе се заштити еколошката средина од Прилеп и околните населени места.

    Европската Унија нема да сопре во финансирањето проекти од областа на животната средина. Македонската влада во наредниот период ќе реализира проекти во вредност од околу 120 милиони евра, од кои најголем дел или околу 85% ќе бидат грант средства од Европската Унија преку претпристапните ИПА фондови.











    http://build.mk/predadena-vo-upotreba-prechistitelnata-stanitsa-za-otpadni-vodi-vo-prilep/ - http://build.mk/predadena-vo-upotreba-prechistitelnata-stanitsa-za-otpadni-vodi-vo-prilep/

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: ironm
    Date Posted: 04-Jul-2018 at 08:03
    Ваквиот тип на инвестиции се едни од најдобрите (ако не и најдобри) за нас како држава. За џабе ни е и економски напредок и се останато со загадена вода. Она што ми се допаѓа е дека обрнале внимание и на уредување на станицата со тревна површина и дрвја.

    Инаку следува изградба на пречистителни станици во Битола и Тетово, со што ќе се опфатат дополнителни 200 и нешто илјади жители, а потоа и во Штип и Велес.


    Posted By: pbanks
    Date Posted: 04-Jul-2018 at 09:20

    Се согласувам. Мене некако ме затече целава офанзива со пречистителни станици. Или сум го прочитал па ми личело на празен муабет и сум го заборавил.


    Posted By: ehrlich
    Date Posted: 04-Jul-2018 at 20:50
    Се надевам дека некогаш ќе видиме отворање на една ваква станица од само еден владин претставник, а не цел чопор на министри, премиер, локални власти, и што не. Истото се продолжува со сечењево ленти.


    Posted By: mirakuliks
    Date Posted: 05-Jul-2018 at 02:00
    Убаво би било да имаме карта на македонија со сите постоешки и планирани пречиистителни станици, како и карта во која се гледа кои населени места ја собираат и пречистуваат отпадната вода пред да ја испуштат во реките, а кои не. Тоа би ни дало многу појасна слика на тоа колку водотеците во државата се загадуваат со непречистена отпадна вода.


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 06-Jul-2018 at 19:17
    Originally posted by ehrlich

    Се надевам дека некогаш ќе видиме отворање на една ваква станица од само еден владин претставник, а не цел чопор на министри, премиер, локални власти, и што не. Истото се продолжува со сечењево ленти.

    Потпис


    Posted By: Мартин
    Date Posted: 18-Jul-2018 at 11:56
    Денес ќе биде пуштена во употреба пречистелната станица во Радовиш



    Од Министерството за животна средина информираат дека денес официјално ќе биде пуштена во употреба пречистелната станица за третман на урбани отпадни води во Радовиш финансирана во рамки на ИПА програмата. Радовиш е една од четирите општини заедно со Прилеп, Струмица и Кичево кои добија средства од Европската Унија за изградба на пречистителни.

    https://www.porta3.mk/denes-kje-bide-pushtena-vo-upotreba-prechistelnata-stanica-vo-radovish/ - https://www.porta3.mk/denes-kje-bide-pushtena-vo-upotreba-prechistelnata-stanica-vo-radovish/


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 18-Jul-2018 at 18:10


    (Од 37 официјални фотографии од настанот, само 5 се без политичари)

    https://flic.kr/p/29fCqig"> https://flic.kr/p/29fCqig - Отворање на пречистителна станица за отпадни води во општина Радовиш by https://www.flickr.com/photos/vladamk/ - Влада на Република Македонија , on Flickr

    https://flic.kr/p/29fCqiM"> https://flic.kr/p/29fCqiM - Отворање на пречистителна станица за отпадни води во општина Радовиш by https://www.flickr.com/photos/vladamk/ - Влада на Република Македонија , on Flickr

    https://flic.kr/p/29fCpMX"> https://flic.kr/p/29fCpMX - Отворање на пречистителна станица за отпадни води во општина Радовиш by https://www.flickr.com/photos/vladamk/ - Влада на Република Македонија , on Flickr

    https://flic.kr/p/M7TBz7"> https://flic.kr/p/M7TBz7 - Отворање на пречистителна станица за отпадни води во општина Радовиш by https://www.flickr.com/photos/vladamk/ - Влада на Република Македонија , on Flickr

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: Staro Skopje
    Date Posted: 20-Jul-2018 at 14:01
    Стварно, од каде се појавија пречистителниве станици? Или не сум приметил вести дека се градат, или не биле во фокусот на медиумите.
    Покрај Струмица, Кичево, Прилеп и Радовиш, гледам дека и Куманово има пречистителна станица http://www.libertas.mk/nesoodvetniot-otpad-ja-unishtuva-prech/ - Несоодветниот отпад ја уништува пречистителната станица Куманово (14.02.18). Како што разбрав, се градат или ќе се градат станици и во Битола и Тетово, а таа во Скопје треба да почне да се гради во 2020: https://www.porta3.mk/pochna-izgradbata-na-kolektorite-za-sobiranje-na-urbani-otpadni-vodi-vo-skopje/ - Почна изградбата на колекторите за собирање на урбани отпадни води во Скопје .

    -------------
    Градот убав никна, но го откорнаа


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 20-Jul-2018 at 15:25
    Ова се проекти во партнерство со ЕУ, а се започнати - колку што знам - уште при претходната влада. И фала богу што се работи на вакви проекти, срамота е во 21 век нашите гомна директно да се влеваат во реките и во езерата.

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: ironm
    Date Posted: 20-Jul-2018 at 22:39
    Се надевам ќе е од корист инфографиков, бидејќи неколкумина досега побараа.

    Ако имам некоја грешка или знаете дополнителни информации, пишете ми па ќе додадам/исправам.

    https://flic.kr/p/KGt95B"> https://flic.kr/p/KGt95B - Пречистителни станици за отпадни води v20180722 by https://www.flickr.com/photos/97304438@N07/ - ironm , on Flickr


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 21-Jul-2018 at 12:46
    Благодарам, баш е корисно и информативно (а и прегледно) вака.

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: Staro Skopje
    Date Posted: 21-Jul-2018 at 13:27


    Јас забележав две грешки:
    - скопската станица е предвидено да чини 120, а не 100 милиони евра: https://www.slobodnaevropa.mk/a/28914157.html - https://www.slobodnaevropa.mk/a/28914157.html
    - општините Свети Николе и Лозово на твојата карта на РМ се во Источниот, а треба да бидат во Вардарскиот регион; додека на картата на Вардарскиот регион општината Велес си ја означил како Свети Николе: https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/dd/Map_of_the_municipalities_of_the_Vardar_Statistical_Region.svg/400px-Map_of_the_municipalities_of_the_Vardar_Statistical_Region.svg.png - https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/dd/Map_of_the_municipalities_of_the_Vardar_Statistical_Region.svg/400px-Map_of_the_municipalities_of_the_Vardar_Statistical_Region.svg.png

    -------------
    Градот убав никна, но го откорнаа


    Posted By: hcitrS
    Date Posted: 21-Jul-2018 at 13:34
    Бравос, одличен! Само Охрид како да фали? Или нема инфо?:


    Posted By: ironm
    Date Posted: 21-Jul-2018 at 15:00
    Originally posted by Staro Skopje



    Јас забележав две грешки:
    - скопската станица е предвидено да чини 120, а не 100 милиони евра: https://www.slobodnaevropa.mk/a/28914157.html - https://www.slobodnaevropa.mk/a/28914157.html
    - општините Свети Николе и Лозово на твојата карта на РМ се во Источниот, а треба да бидат во Вардарскиот регион; додека на картата на Вардарскиот регион општината Велес си ја означил како Свети Николе: https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/dd/Map_of_the_municipalities_of_the_Vardar_Statistical_Region.svg/400px-Map_of_the_municipalities_of_the_Vardar_Statistical_Region.svg.png - https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/dd/Map_of_the_municipalities_of_the_Vardar_Statistical_Region.svg/400px-Map_of_the_municipalities_of_the_Vardar_Statistical_Region.svg.png

    Фала за информацијата со линкот во однос на вредноста на скопската станица, ќе го променам тоа обавезно.

    Во однос на општините, не сум баш сигурен дали те разбрав добро. Свети Николе е означена во Вардарски регион, а не во Источен. Лозово воопшто не е прикажана бидејќи нема пречистителна станица. Исто така не те разбирам најдобро за тоа дека Велес ја имам означено како Св. Николе. Велес се наоѓа југозападно од Св. Николе, односно лево на картата, а горе Св. Николе горе десно.



    Print Page | Close Window