Print Page | Close Window

Нафта во Македонија

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Енергетика
Forum Discription: Електростопанство, гасификација, топлани, алтернативни извори...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=679
Printed Date: 29-Apr-2024 at 03:35


Topic: Нафта во Македонија
Posted By: Goran
Subject: Нафта во Македонија
Date Posted: 09-Jul-2009 at 09:07
Da pocnime nova diskusija
Pred nekoe vreme so pojavi vo vesnici deka imalo nafta vo Makdonija so stana so to dali noekoj znaee poveke detali.



Replies:
Posted By: Dragan
Date Posted: 09-Jul-2009 at 11:28
jas kolku sto znam porano vo vremeto na  Jugoslavija doagale nekoj eksperti od Beograd vo Valandovo i dupcele i do den deneska gi ima tie cevk ala konstatirale deka nafatata se naoga uste nekolku kilometri podeole(sega neznam kolkava e busotinata nadole), a uste nesto drugo vo Ovce polieto se konstatira deka ima nafta, no za sega nema ispitano no postojat i se eksplatiraat nafteni skrilca(ja neznam kavise tie skrilca).

P.S: A i sto ke ti e nafta ke dojdat amerikancite i ke ti ja kradat kako vo Irak so pravatCrazyCrazy


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Jul-2009 at 11:59
Кај нас е ова некако така забошотена тема. Јас колку што сум слушал, аи доста имало по медиуми за темава, во Македонија на неколку локации има бушотини, воглавном котлините по источна Македонија, Овче Поле најзборувано е за оваа тема. Е сега во повеќето муабети беше дека има нафта но не е исплатливо да се експлоатира поради потребниот скап процес за рафинирање пошто нафтата не била сеушпте доволно милиони огдини стара како што е стара онаа што е на пазарот моментално. Значи квалитетот треба да се надомести со дополнителни скапи процеси. Инбаку околу длабочината, просечна длабочина каде што се наоќа нафта низ свет е околу 5км.


Posted By: mitatos
Date Posted: 09-Jul-2009 at 12:39
ahahah sto ke dojde amerika za 0.0001 % od naftata da ti ja krade, on ide na veliko kaj sto e 50 % od naftata vo svetot )tamu krade se krade jako tuka od kradec ne mozes da krades

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Jul-2009 at 13:00
Ако имало нафта во количини и форма исплатлива за вадење, најверојатно до сега ќе била најдена и експлоатирана.
Нешто сигурно има, но за да биде исплатливо да се вади, ќе треба да чекаме цената на нафтата да скокне прилично, а тогаш ќе бидеме многу повеќе во губиток поради тој факт, отколку што ќе бидеме во добивка со тоа што во државава би се вадела некаква слабо исплатлива нафта.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jul-2009 at 19:17

Ќе се бара нафта во Македонија

http://a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=96&VestID=111929 - Александар Момировски http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111929#komentari - Коментари (3)    
26.07.2009 16:44
 

 

Романци ќе утврдуваат на кои локации е најдобро да се бара нафта во Македонија, но гаранции дека земјава лежи врз извори на црното злато засега нема.

Консултантската куќа Проспект уни, со седиште во Букурешт, по нарачка на владата го изготви извештајот за тоа дали воопшто вреди да се истражува има ли нафта во земјава.

Според информациите на А1, во него експертите предложиле да се направат две тест дупчења во тиквешкиот и овчеполскиот регион на локации кои претходно со сериозни геофизички испитувања ќе се означат како најпогодни за можни наоѓалишта на нафта.

Романските експерти констатирале дека само со експериментални дупчења ќе може да се разбие дилемата, дали во Македонија има нафта, бидејќи не им била доволна документацијата што датира од 70-те години на минатиот век, кога во овчеполието имало неколку обиди да се бараат нафтени извори и залихи.

Прашањето дали Македонија лежи на нафта се актуелизираше пред три години кога британско - канадскиот конзорциум, Банкерс петролеум, почна сериозни преговори со владата за да бара нафта во Македонија.

Договор не беше постигнат, а државата почна сопствена иницијатива за проверка на сомнежите. Според информациите на А1 следната недела консултантите од Романија во Министерството за економија ќе го претстават извештајот за досегашните истражувања по што ќе се утврдат следните чекори.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111929


Posted By: axel
Date Posted: 11-Jul-2011 at 13:32

Каде се македонските енергенси?

  • Објавено: пред 14 часа |
  • Прочитано: 80 |
  • http://www.plusinfo.mk/print/Kade-se-makedonskite-energensi - Печати |
http://img.plusinfo.mk/large_pics/2011/07/10/Shpiragu-1-well.jpg

Низ целиот Балкан, кој колку може и кој како знае и умее бара партнери и влегува во трката за откривање на основните енергенси како што се нафтата и гасот на својата сопствена територија. Колку активностите се забрзуваат покажуваат и последните вести вклучени овде само од последните ден-два пред и за викендот од неколку земји на Балканот. И додека во соседството врие и секој гледа да ги искористи своите природни богатства, Македонија спие. Имаме Агенција за странски инвестиции која не бара потенцијални концесионери за истражување и експлоатација, ако веќе тешко ни оди со странските инвестиции.


Во Македонија не се истражува ни нафта, ни гас, иако на исток од нас Бугарија открива гас кај ќе копне, на запад од нас Албанија се гуши во нафта, а на север од нас во Босна гас излегува кога селаните копаат бунари.


„Албанија има нафтни ресурси и на копно и на море и ги споделува истите геолошки трендови со соседните балкански држави: Хрватска, Србија, Црна Гора и Македонија,“ се вели во промотивните материјали на „Петроманас“, кој во моментов истражува нафта на една петтина од територијатата на Албанија.


Од друга страна, во Македонија нема ни компании кои би се појавиле како партнери на евентуалните странски интересенти.


„Макпетрол“ две години по ред покажува некакви чудни загуби, ја комплицира сопствената корпоративна структура и никогаш не покажал интерес за истражување. Негов најголем успех е учеството во проектот ГАМА во кој Русите му изградија гасовод и застапништвото на „Хонда“ возилата.


Газдите на ОКТА, „Хеленик Петролеум“ немаат интерес за истражување во Македонија. Тие се задоволни со својот рафинериски бизнис и трговија. Плус, во моментов влегуваат во бизнисот на обновливи извори на енергија, конкретно сончевата, во партнерство со друга компанија. „Хеленик“ е сосема задоволен да ни ја продава нафтата што стигнува во солунското пристаниште, а ако и некогаш реши да влезе во бизнисот на истражување и експлоатација, тоа сигурно ќе го прави на домашен терен во Грција.


Покрај ова, од податоците на „Јадран-Нафтагас“ за истражувањата во Република Српска се гледа дека не станува збор за прескапа авантура. Оваа компанија ќе вложи меѓу 13 и 47 милиони долари за истражувања на целата територија на Република Српска. Исто така, едно пробно дупчење за природен гас чини не повеќе од 250 илјади долари.


И така, во Македонија нема ни докажани, ни недокажани резерви на нафта и гас. Не дека некој тоа се обидел да провери.


БУГАРИЈА


Канадската компанија „ТрансАтлантик Петролеум“ може да започне со производство на природен гас во Бугарија идната година, изјави министерот за економија и енергетика, Трајчо Траиков.


- Максималните очекувани ресурси во гасоводното поле Коњари, на околу 130 километри северно од Софија, се проценуваат на над 34 милијарди кубни метри и производството може да започне на една од четирите секции, изјави министерот Траиков.


Во секцијата Девенци, максималните можни резерви се над 13,5 милијарди кубни метри, додека веројатните резерви се над 5,5 милијарди кубни метри, додаде тој. Со ова, вкупните резерви на природниот гас може да бидат далеку поголеми од 34 милијарди кубни метри.


Министерството може да издаде концесија за експлоатација годинава, а производството да започне идната година, откако ќе се постави неопходната инфраструктура.


- Периодот на концесија зависи од приозводниот план, а законите овозможуваат максимален концесиски период од 35 години со продолжување од уште 15 – додаде Траиков.


Годшното производство може да достигне до 1 милијарда кубни метри гас во зависност од бројот на дупчењата и од договорите за продажба што ќе ги потпише компанијата. Бугарските годишни потреби за природен гас изнесуваат 2,5 до 3 милијарди кубни метри.


Но, ова не е се. Британската компанија за истражување на природен гас, „Мелроуз Рисорсис,“ веќе започна со негово производство од две гасоводни полиња во Црното Море за кое владата вели дека можат да достигнат околу 15 отсто од годишните потреби на земјата.


Сепак, најголемите наоѓалишта на природен гас во Бугарија се наоѓаат во нејзиниот северо-источен дел, во близина на градот Нови Пазар.


Додека во првите два случаи станува збор за класични извори на природен гас, овие се однесуваат на тнр. „карпест“ гас (shale gas), односно наслаги на гас кои се наоѓаат во пукнатините на подземниот слој од седиментни карпи, кои, пак, претставуваат микс од минерали од глина и мали фрагменти од други минерали, особено кварц и и калцитни минерали.


Технологијата за вадење на овој гас е измислена неодамна и таа вклучува вертикално дупчење, додека не се стигне до овој карпест слој и потоа со дупчењето се продолжува хоризонтално при што во цевките се пумпа микс од вода и песок под притисок за да се искршат разните препреки меѓу бројните џебови со природен гас, кој потоа се качува нагоре, а и околу 60 отсто од водата и песокот, исто така, се враќаат назад. 


Вишокот вода се транспортира на безбедно со камиони или, ако во близина има одвод, се пушта во него зашто не станува збор за загадена вода. Овој процес се нарекува „фракинг“ (fracking) и негова карактеристика е што не му е потребно големо земјиште на површината на земјата, па просторот неопходен за едно дупчење може да биде мал колку една една четвртина од фудбалско игралиште. 


Минатата недела бугарската влада одлучи да му издаде голема концесија за истражување на карпестиот гас на американскиот енергетски гигант „Шеврон.“ Само од концесијата бугарската влада ќе добие 30 милиони евра за доделените права за истражување.


Според проценките на компаниите што учествуваа на тендерот, депозитите кај Нови Пазар содржат меѓу 300 милијарди и еден билион кубни метри гас. Според зборовите на Траиков, депозитите на карпест гас на Бугарија ќе и овозможат гарантирана домашна потрошувачка во следните 100 години. Се уште не се знае кога би можела да започне комерцијалата експлоатација на овие извори. Во моментов земјата увезува 90 отсто од своите потреби од Русија, но веќе најави дека има намера идните нарачки да ги намали за 75 отсто.


АЛБАНИЈА


„Банкерс Петролеум“, канадска компанија со седишште во Калгари, провинција Алберта, објави дека производството на нафта од нафтоносното поле Патос-Маринза во западна Албанија изнесуваше 12.973 барели дневно во вториот квартал од годинава, што е пониско за 1.200 барели дневно од предвиденото, но речиси 1.000 барели дневно повеќе во однос на претходниот квартал, односно 7 отсто повеќе, како и далеку повеќе од минатогодишното производство од 8.292 барели дневно.


Продажбата е зголемена за 2 отсто во однос на минатиот квартал, а во моментов компанијата има на залиха 239.000 барели или за 71.000 барели повеќе отколку на крајот на март 2011.


Цената на вадењето на нафтата во овој квартал изнесува 77 долари по барел што претставува ниво на трошоци од 66 отсто во однос на продажната цена на Брентот на светските пазари од 117,36 долари за барел.


Компанијата објави дека во земјата е со задоцнување пристигна и четвртата платформа за дупчење што претставуваше и причина да не се достигне планираното производство. Петтата платформа се очекува да стигне наскоро и да започне со дупчење во октомври. Компанијата проценува дека годинава ќе издупчи 79 хоризонтални бунари и ќе доврши 82 реактивирања на бунари. „Банкерс Петролеум“ има договор со албанската државна компанија за нафта да презема и рекативира 120-130 нафтни бунари годишно. Просечното дневно производство на нафта за годинава се очекува да изнесува околу 18 илјади барели со можна корекција од 10 отсто помалку или повеќе.


Сепак, „Банкерс Петролеум,“ иако во моментов вади најмногу нафта до Албанија на најстарото нафтоносно поле во земјата, Патос-Маринза, откриено уште во далечната 1928 година, овие количества претставуваат капка во океанот на црното злато кое лежи под албанското тло. Оваа компанија вади нафта од плитки бунари и од дел од Албанија кој е 12 пати помал од локациите во големина од дури 141 милион акри, кои и се доделени друга канадска компанија „Петроманас Енерџи,“ која, пак, планира да вади нафта на длабочини од 4.000 метри. Подрачјата за кои „Петроманас“ има добиено 7-годишна лиценца за истражување нафта од албанската држава се наоѓаат и северно и јужно од Тирана на дел која опфаќа речиси една петтина од територијата на земјата, во нејзиниот централен дел, западно од албанската страна на Шар Планина.


Во 2009 година консултантската куќа „Густавсон Асошиејтс“ подготви извештај за евалуација на ресурсите и економските параметри само врз 4 од 7-те парцели (оние северно од Тирана, неколку стотини километри оддалечени од онаа локација од каде што сега „Банкерс Петролеум“ вади нафта) на кои „Петроманас“ може да истражува и идентификуваше 14 можни нафтоносни полиња кои содржат значителни количества на енергетски ресурси.


Според овој извештај, кој е правен врз основа на претходни сеизмички истражувања и геолошки проучувања, но без дупчење, а по средно успешното сценарио, овие парцели би можеле да содржат меѓу 743 милиони и 1,5 милијарди барели нафта и 233 до 342 милијарди кубни метри гас (Македонија, на пример, во моментов троши 150 милиони кубни метри гас, а Бугарија 2,5 до 3 милијарди кубни метри гас годишно).


Компанијата, точно пред една година ги започна сеизмичките истражувања на теренот и ги споредува со претходно постоечките, а испитните дупчења треба да започнат до крајот на годинава или на почетокот на идната година.


РЕПУБЛИКА СРПСКА/БИХ


„Јадран-Нафтагас“ заедничко претпријатие на Нафтната индустрија на Србија (НИС) и на руската компанија „Њефтгазинкор“ доби концесија во траење од 28 години за истражување на нафта и природен гас на територијата на Република Српска со одлука на владата во Бања Лука. „Њефтгазинкор“ е компанија ќерка на „Газпромнефт“, кој, пак, е компанија на рускиот монопол за извоз на природен гас, „Газпром“, чија дејност е истражување и експлоатација на нафта.


Со ова, всушност, започнува истражувањето на нафта и гас во Република Српска, соопштува НИС. Заедничката компанија беше основана уште на почетокот на годината токму за оваа намена.


Директорот на „Јадран-Нафтагас“ Предраг Радовановиќ ги соопшти плановите за периодот од 2011 до 2014 година, според кои во првата фаза од геолошките истражувања ќе бидат потрошени од 13 до 47 милиони долари, додека планот за капиталните инвестиции изнесува од 63 до 315 милиони долари во зависност од резултатите на истражувањето и оствареното производство. Првите испитни дупчења се очекува да почнат да се вршат идната година.


Премиерот на Република Српска објави дека првите резултати од истражувањата би можеле да бидат познати до крајот на годината, а експерти сметаат дека производството би можело да почне во 2014.


Министерството за индустрија, енергетика и рударство на Република Српска објави дека максималните експлоатирани количества би можеле да се достигнат во 2020 година и да изнесуваат милиони тони годишно.


„Јадран-Нафтагас“ ќе плаќа 4 отсто од вкупните бруто проходи од продажбата на нафтатата и гасот, како концесиска надокнада, откако ќе започне со експлоатацијата. Потенцијалните залихи на нафта во Република Српска се проценуваат на околу 100 милиони тони, а „Јадран-Нафтагас“ е единствена компанија што има лиценца за истражување на целата територија.


Пред три години, деканот на Факултетот за технологија и рударство во Тузла, Абдула Башиќ изјави дека северна Босна и делови од земјата појужно би можеле да имаат 500 милиони тони нафта на длабочина од 4-6.000 метри. Ваквите коментари беа предизвикани од инцидент во 2008 година кога селанец, кој копал бунар во село во близина на Тузла, налетал на природен гас кој се запалил и чиј пламен бил висок 20 метри.


Покрај ова, токму пред една година, само на неколку стотини километри од границата на БиХ, Хрватската нафтена индустрија ИНА и нејзиниот унгарски партнер МОЛ во заедничко истражување, открија значителни резерви на природен гас во реонот меѓу Подравска Слатина во Хрватска и Залата во Унгарија.


Во соопштението на ИНА се посочува дека на длабочина од 3.170 метри под површината на земјата се пронајдени резерви на гас од кои дневно би можеле да се екслпоатираат по 370.000 кубни метри.


- Со испитување е потврдено дека се работи за комерцијално исплатливо количество на хрватската страна, се наведува со соопштението.


Прецизни податоци за гасот се очекува да бидат добиени по тродимензионалното сеизмичко испитување и по изработка на студија за резервите.


- Во наредниот период напорите на двата партнери ќе бидат насочени кон подготовки за почеток на експлоатација на гасот и приклучување кон гасната мрежа, се потенцира во соопштението на ИНА.


ИНА и МОЛ во 2006 година започнаа заеднички проект за потрага по резреви на гас на териториите на Хрватска и Унгарија. Согласно договорот, финансирањето на целиот проект и поделбата на производството е во сооднос 50:50.

http://img.plusinfo.mk/large_gal/2011/07/10/Surova%20nafta%20rezevri%20final.JPG">http://img.plusinfo.mk/medium_gal/2011/07/10/Surova%20nafta%20rezevri%20final.JPG http://daily.mk/cluster3/d55c987a5ef94ac8ea72933b06ae62a1/817189


Posted By: Max
Date Posted: 16-Jul-2011 at 13:55

Originally posted by mitatos

ahahah sto ke dojde amerika za 0.0001 % od naftata da ti ja krade, on ide na veliko kaj sto e 50 % od naftata vo svetot

ете северна африка не е 50% нафтата од светот па  пак ги спопаднаа занив неподобните  локални лидери...

 

шала на страна http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=207&PID=23050#23050 - но ако се вистинити тоа претпоставките на бугарскиот радиестезист дефинитивно ќе се обидат да не окупираат директно или индиректно, но тоа зависи од повеќе геополитички фактори...



Posted By: Max
Date Posted: 16-Jul-2011 at 14:06

...

Кумановска фирма од пластичен отпад произведува нафта

Со посебен третман на отпадна пластика се добива нафта во прототип погон за производство на гориво во кумановско приватно претпријатие за собирање, складирање и рециклирање на отпад. 

Со одредени хемиски прочистувања добиениот производ може да се употребува како нафта за домаќинство вели 57 - годишниот Лазар Таневски.

- Пластиката собрана од ѓубре во машини се меле и се става во реактор со одредени агенси и катализатори се грее на одреден степен при што се разбиваат молекулите и се добиваат четири видови на гориво, односно 15 проценти гас, нафта, керозин и бензин, вели Лазар Таневски, претставник на претпријатие за собирање, складирање и рециклирање на отпад.
Во погонот се произведуваат околу 300 литри гориво дневно што е еднаков сооднос на собраната пластика, вели Таневски. За пет дена колку што работи пробното производство се произведени еден ипол тон гориво со висок квалитет.
- Еден тон пластика дава 1.000 литри гориво што значи дека нема загуба во процесот, немаме ништо што оди надвор, вели Таневски.

Во Македонија законски од овој месец започнува процесот за селектирање и рециклирање на отпад поради што сметаме дека проектот доаѓа во вистинско време и сите релевантни институции треба да го поддржат велат од надлежниот инспекторат.

- Кога Таневски ми ја кажа идејата јас на почетокот бев скептик, но тој успеа да ме разубеди бидејќи навистина верува во оваа идеја, мислам дека ќе успее и Куманово ќе биде еколошки град во вистинска смисла на зборот, вели Бобан Бојковски, комунален инспектор за заштита на животна средина.

Процесот на производство на нафта ќе го следат професори од Технолошкиот и Хемискиот факултет од Скопје.

Таневски апелира до граѓаните да го селектираат и продаваат отпадот со што ќе го подобрат семејниот буџет, но и ќе допринесат да живееме во чиста животна средина.

Минатата година Министерството за екологија во акција за чистење на Вардар само за еден ден собра 10 тони пластични шишиња што пливаа низ реката што според Таневски значи 10.000 литри нафта.

Канал5 - Снежа Петковска - 06.07.2011 http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=77373 - http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=77373


Posted By: Max
Date Posted: 05-Aug-2011 at 18:16
http://dns.marnet.net.mk/registar.php?dom=okta.com.mk окта со нов сајт http://www.okta-elpe.com/Main.aspx?lan=1 - http://www.okta-elpe.com/Main.aspx?lan=1 [ http://www.elpet-balkaniki.gr/Text.aspx?menuitemid=498&lan=1 - 1 ]


Posted By: alexgizh
Date Posted: 05-Aug-2011 at 18:29
*** се по список, на цел сајт (комплетно е на македонски), никаде неможам да го сретнам терминот „Македонија“ се нешто заменки од типот „земјата“, „нашата држава“ и слично. Најблиску нешто што најдов е во следново URL:

http://www.okta-elpe.com/maps%5Cmk_mk_Скопје.country.jpg

...каде што освен „mk“, јасно е обележана Македонија како „Скопје“.

Што да се жалам, грчки пари...


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Goran
Date Posted: 28-Mar-2012 at 00:04

Во Овчеполието има природен гас и сурова нафта

27мар 201215:52

Најдобар резултат на истражувањата на тогашната компанија „Нафта гас“ дала дупката што била во близина на селото Ерџелија. Најавите од Катар за експлоатација на нафтени наоѓалишта во Македонија, ја вратија старата приказна за нафта во Овчеполието.

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/03/овце-поле1.jpg">

Што има под ораниците на Овче Поле?

Истражувањата на „Нафта гас“ од Нови Сад, Војводина, која во поранешна Југославија била најголемата компанија за нафтени истражувања, покажале дека во Македонија има наоѓалишта на сурова нафта и на нафтени шкрилци. Истражувањата покажале дека нивната концентрација е најголема во Овчеполието во споредба со Тиквешијата, делот кон Криволак и со испитувањата вршени во скопскиот регион.

Во периодот од крајот на педесеттите години на минатиот век до крајот на шеесеттите години, тогашната југословенска влада одобрила и делови од Македонија да влезат во програмата за нафтени истражувања финансирана од сојузниот буџет. Во таа програма влегле истражните работи во Тиквешијата, во скопското поле и во Овчеполието, и тоа на повеќе локации зашто првичните снимања покажале дека релјефот на тој терен најмногу одговора за потенцијални нафтени наоѓалишта.

Првично најбрзи охрабрувачки резултати имало при истражните работи во атарот на пробиштипското село Плешинце, кое во еден дел од атарот влегува и во Овчеполието. Таму речиси на површината на земјата биле откриени нафтени шкрилци што месното население, при недостиг од дрва, ги користело и за огрев.

Во регионот на Овчеполието нафтени истражувања биле вршени во атарите на селата Ерџелија, Врсаково, Мустафино и на неколку локации во близина на градот Свети Николе. Екипите на „Нафта гас“ биле опремени со дупки за нафта што ги транспортирале на камиони и со воз и во тој период биле атракција за локалното население.

При истражните работи кај Свети Николе работниците од „Нафта гас“ по релативно кратко бушење успеале да откријат жила на солена вода што за стручњаците било доказ дека претпоставките дека во Овчеполието има нафта се основани, но дека се потребни и дополнителни сериозни истражувања.

Најдобар резултат во Овчеполието дала дупката што била во близина на селото Ерџелија, кое е лоцирано на страната од Овчеполието, која гравитира кон Пробиштип. Таму по неколкумесечна работа екипите на „Нафта гас“ успеале да извадат и сурова нафта, на што му претходела силна експлозија, која ја предизвикал природниот гас кога бушилката го пробила резервоарот во кој имало сурова нафта.

Набргу потоа истражните работи во тој регион биле запрени, по што бил изработен и извештај со елаборати од извршените геолошки и геомеханички истражувања на почвата.

http://www.mkd.mk/21924/udarna-vest/ovce-pole-nafta-gas-nafta-gas-probistip/ - http://www.mkd.mk/21924/udarna-vest/ovce-pole-nafta-gas-nafta-gas-probistip/

 



Posted By: gjoko
Date Posted: 28-Mar-2012 at 15:55
јас имам збирка на трудови од областа на нафта и нафтени деривати(на работа во која кратко кажано се опишува дека према составот на карпите под горниот слој неможе да има нафта во Македонија.Има гас во овчеполијата и една косина во која има нешто гас некаде кај Неготино-Кавадарци(како подземен џеб навален на косина).

во наодот тие стручни лица кој го правеле ова испитување се констатира дека количината е мала за експлоатација


Posted By: Goran
Date Posted: 30-Mar-2012 at 02:23

Лабораториските анализи од „Нафта гас“ никогаш не се објавени (2)

29мар 201218:06

По најавата дека компанија од Катар е заинтересирана за обновување на истражувањата за можна експлоатација на нафта и природен гас во Македонија, МКД.МК преобјавува некои новинарски написи за тоа што се правело по полињата на Овчеполието.

Во истражувањето на весниците од тоа време, утврдивме дека конференција за печатот никогаш не се одржала, ниту, пак, биле објавени податоците за наодите на нафта и гас што избиле на површината на земјата. Најавената прес конференцијата во Свети Николе никогаш не се одржала. Со цел да нема прашања, Републичкиот фонд за истражувачки работи во рударството (институција што не постои од средината на 80-тите години н.з.) издал соопштение за дотогашните истражувања на нафта во Македонија.

„Позитивна манифестација за постоење нафта“

Во него пишува: „Со оглед на ваквата положба може да се заклучи дека настанатата ерупција кај Ерџелија треба да се прими како позитивна манифестација за постоење нафта и гас во нашите терциелни базени, при што секако се работи за појавување на гас, измешан со газолин и траги на нафта. Со оглед на длабочината од која доаѓа појавата на гас може да се очекува во подлабоките делови од дупката и појава на нафта”. Според ерупцијата (која во соопштението е идентификувана како феномен) и трагите од нафта што ги возбудиле работниците на платформата и населението во соопштението се дава објаснување.

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/03/nafta-rezevri-CIA.jpg">

Сепак, според извештаите на ЦИА во Македонија нема нафта

Во соопштението се објаснува дека при проширувањето на дупката настанала ерупција која може да биде нормален придружник при дупчење на нафтоносни терени. При самата ерупција преку цевките за дупчење избил млаз исплака со земјен гас (природен гас н.з.) во височина од 25 метри кој на земјата исфрлил траги од нафта. Притисокот со кој избивал млазот со гас низ цевките за дупчење имал сила поголема од 50 атмосфери.

Во соопштението пишува дека истражните работи ќе продолжат според разработената програма до длабочина од 1.300 метри и дека единствен надлежен за давање информации е Републичкиот фонд за истражување работи во рударството. Според податоците доби од компанијата „Нафта гас“, истражувањата биле прекинати точно една година подоцна на 7 февруари 1970 година.

По избивањето на нафта и гас, Собранието одобрило 250.000 долари за истражувања

Според официјалните податоци што ги добивме во нашето истражување, а кои биле објавени во „Нова Македонија“ на 27 февруари 1969 година, Републичкиот Фонд за истражни работи во рударството за истражувања на нафтени наоѓалишта во тоа време одвоил околу 3 милиони динари (кои во тоа време според девизниот курс вределе колку 250.000 американски долари). Ова било 20% од сите пари што Фондот планирал да ги потроши за истражувања на руди, неметали и нафта во Македонија за таа година. Парите биле одобрени по сензационалното откритие за нафта и гас кај Ерџелија. Ова било одлучено едногласно на заедничката седница на Одборот за развиток на стопанството и на Одборот за организација и унапредување на производството на стопанскиот собор во Собранието на СР Македонија.

Контроверзни податоци за длабочината на дупката

За потсетување, во нашето истражување побаравме податоци од компанијата „Нафта гас“ од Нови Сад. Според нив, сите податоци имаат карактер на деловна тајна, освен тоа дека се работело до длабочина од 1.910,5 метри. Овој податок е контрадикторен во споредба со податокот од „толковникот на Геолошкиот завод“ издаден 1976 година, според кој дупката кај Ерџелија е длабока 1.315 метри. Единствено место каде би можеле да се најдат податоци и документи е архивот на поранешниот Фонд за истражни работи во рударството. Овој Фонд се наоѓа во приземни и влажни простории, незаштитени од прав во објектот на поранешниот Геолошки завод на улицата Бихаќка во центарот на Скопје.

Лазар Колишевски во Свети Николе
http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/03/ксенте1.jpg">

Ксенте Богоев

Колишевски придружуван од Ксенте Богоев (н.з премиер на владата на СРМ), Асен Симитчиев, претседател на републичката Стопанска комора, Ванчо Николовски, секретар на Секретаријатот за индустрија и трговија (н.з. функција министер за економија) и Трајан Ивановски, директор на Стопанска банка, го посетиле Свети Николе десет дена по избивањето на нафтата и гасот. Тогаш пред Колишевски претставниците на „Нафта гас“ и на Секретаријатот за индустрија и трговија реферирале дека резултатите се охрабрувачки, дека пристигнала нова екипа стручњаци од Нови Сад и дека работите требало да продолжат веднаш откако тоа ќе го дозволат временските услови. Тогаш било соопштено дека за два-три дена требало да се добијат очекуваните резултати, кои ако бидат позитивни ќе ги продолжат дупчењата.

(Дел од новинарското истражување на Никола Стојанов, објавено во неделникот „Капитал“ есента 2006 година)

 
http://www.mkd.mk/22334/udarna-vest/nafta-gas-ovce-pole-erdzelija-nafta/ - http://www.mkd.mk/22334/udarna-vest/nafta-gas-ovce-pole-erdzelija-nafta/


Posted By: Goran
Date Posted: 30-Mar-2012 at 03:04

Нафтата кај Ерџелија го собра државниот врв во Свети Николе (1)

29мар 201207:21

По најавата дека компанија од Катар е заинтересирана за обновување на истражувањата за можна експлоатација на нафта и природен гас во Македонија, МКД.МК преобјавува некои новинарски написи за тоа што се правело по полињата на Овчеполието.

Силната ерупција предизвикана од дупчењето извадила нафта и гас на површината на ерџелиската дупка на 2 февруари 1969 година. Веста за нафта силно го протресла штипскиот и светиниколскиот политички естаблишмент и населението. Расположението почнало да преминува во позитивистичка колективна хистерија. Ова го возбудило и врвниот политички

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/03/lazo-kolisevski.jpg">

Лазо Колишевски

естаблишмент во Белград. Заради тоа дури Лазар Колишевски, кој во тоа време бил член на претседателството на Централниот комитет (ЦК) на Сојузот на комунисти на Југославија (СКЈ) и член на Советот на Федерацијата (член на највисоко раководство на владејачката партија н.з.) дошол да ја смирува атмосферата и да даде инструкции на локалните политичари, стопанственици и партиски делегати. Колишевски во Свети Николе го придружувале високи државни и економски претставници, што потврдува дека настанот од 2 февруари силно ги разбранувал сите структури во тогашната федерација.

Во написите објавувани тогаш на насловните страници на “Нова Македонија” пренесени се сведоштва на работници на ерџелиската нафтена истражна платформа.

Близу Ерџелија , „Нафта гас“ најде траги од нафта

“Плодородното Овче Поле, еден од житородните региони, е на добар пат во блиска иднина да прерасне во прво нафтоносно поле Македонија. По повеќемесечни истражувања, работната единица на “Нафта Гас” од Нови Сад, под раководство на инженерот Зоран Миловановиќ, на дупката Овче Поле 1, близу селото Ерџелија, Светиниколско, наиде на првите слоеви на нафта и гас“. (Нова Македонија 5 февруари 1969 година)

Одвај успеавме да ја запреме силната ерупција на нафта и гас. Ако не успеевме можеше да се случи најлошото. Сега ерупцијата како што гледате е скротена и таа ќе се пушти кога за тоа ќе бидат извршени подготовките“, ни рече Рајко Митровиќ, водач на смената на дупката и работник од “Нафта Гас”. Ова е изјава што “Нова Македонија” ја објавила како главна вест на насловната страница на 5 февруари 1969 година.

Станува збор за сведочење на работник, кој работел на нафтената платформа кај селото Ерџелија.

“Нова Македонија” објавила дека експлозијата на гасот предизвикана од бушилката на “Нафта Гас” се случила во неделата на 2 февруари околу 10 часот утрината. Во текстот објавен на 5 февруари пишува дека на длабочина од само 470 метри избила силна експлозија на гас со појава на нафта која, како што пишува, можела да се види дури од Ерџелија.

Нафта кај „Мечкова дупка“

Во Ерџелија бевме во соработка со ерџелиецот Зико Зиков, беше на платформата, на која за прв пат во Македонија избила нафта, која се наоѓа во месноста “Мечова дупка”, во ерџелискиот атар. Таму под бетонската платформа во средината на отворот се наоѓа вентилски систем со превентор, со кој дупката е конзервирана и се чува за можни идни активности.

Во извештајот од терен објавен во “Нова Македонија” во далечната 1969 година пишува дека при посетата на локалитетот шесте работници на “Нафта Гас” се подготвувале за инсталирање на инструменти, кои меѓу другото требало да покажат и колкави количества нафта и гас се кријат во длабочините на Овчеполието.

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/03/овце-поле.jpg">

Има ли нафта под ова плодно земјиште?

Смената ја сочинувале водачот на смена Рајко Митровиќ и Бјеловук Билиќ, Благој Николиќ, Геза Келеман, Елинко Младенов и Василије Миличевиќ. Во тоа време на дупката се работело во три смени, деноноќно, под мошне тешки временски услови. Во смените работеле вкупно 36 работници, а до месноста можело да се стигне со трактор или со теренско возило. Раководителот на работите инженерот Зоран Миловановиќ, во бројот од 6 февруари, на насловната страница на “Нова Македонија” соопштил дека првичните резултати се охрабрувачки, но дека не може да каже колкави се количествата нафта што може да се кријат таму. Миловановиќ најавил дека ќе треба да се почека извесно време за да се направат лабораториски анализи на примероците на нафта и гас. Според изјавата што тогаш ја дал Душко Гиговски, претседател на општинското собрание на Свети Николе, било предвидено во градот на крајот на неделата да биде одржана конференција за печатот за откритието на нафта и на природен гас. Тој изразил оптимизам дека работите ќе продолжат и дека истражувањата на крај ќе бидат позитивни и дека може да се размислува за изградба на рафинерија во тој крај. Во текстот се споменати и жителите на Ерџелија кои полни со оптимизам очекувале изградба на асфалтен широк пат кој ќе поминува непосредно покрај нивното село, а ќе ја поврзува месноста на дупката со магистралниот пат.

(Дел од новинарското истражување на Никола Стојанов, објавено во неделникот „Капитал“ есента 2006 година)

http://www.mkd.mk/22301/makedonija/sveti-nikole-ovce-pole-nafta-nafta-gas/ - http://www.mkd.mk/22301/makedonija/sveti-nikole-ovce-pole-nafta-nafta-gas/



Posted By: Goran
Date Posted: 31-Mar-2012 at 00:32

Проектот „Мал Кувајт“: Овчеполието чува 2 милиони тони сурова нафта

30мар 201218:22

По најавата дека една компанија од Катар е заинтересирана за обновување на истражувањата за можна експлоатација на нафта и природен гас во Македонија, МКД.МК преобјавува некои новинарски написи за тоа што се правело по полињата на Овчеполието.

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/03/naftagas.jpg">

Нафта гас денеска

Истражувањата што „Нафта гас“ ги вршела во Овчеполието укажуваат дека тој регион има резерви од околу 2 милиони тони сурова хафта. Ова го потврдил и елаборатот изработен од еминентните стручњаци на “Нафта гас” од 1971 година, кој е дел од архивите на Министерството за економија. http://www.mkd.mk/22594/uncategorized/mal-kuvajt-ovcepolie-nafta/ - - нафтата во тоа време и ангажманите на “Нафта гас” и загрепска “Ина” вредни милиони долари за работа на нафтени платформи во Ангола, Северна Африка, немало сојузен интерес да продолжат истражувањата во Македонија.

“Мал Кувајт” е работниот наслов на проектот со кој во Македонија кон крајот на шеесеттите години се правени истражувања за наоѓалишта на сурова нафта и природен гас. Експерти од новосадската компанија “Нафта гас” до 1990 година (пред распадот на СФРЈ), два пати годишно, доаѓале во Ерџелија и правеле увиди на местото на дупнатината, која денеска е заштитена и конзервирана за понатамошна работа.

Во Македонија до седумдесетите години било бушено на четири локации. Фрапантно е сознанието дека кај ниту една дупнатина истражувањето не е довршено. Набрзо по откритието кај Ерџелија, работите на теренот мистериозно биле стопирани, а истражувањата никогаш не продолжиле.

Како почнало…

Во 1966 година двајца Македонци, првенци во геологијата и во геофизиката во тогашна СФРЈугославија, започнале амбициозен проект чија цел била да пронајдат нафтени извори во Овчеполието, најсушниот регион во Македонија. Амбициозниот проект творците го нарекле “Мал Кувајт” оти биле сигурни дека ќе пронајдат нафта. Меѓутоа, на мистериозен начин проектот бил прекинат на половина од работата, откако кај ерџелиската дупнатина избил природен гас, што се сметало за спектакуларно откритие.

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/03/ovce-pole.jpg">

Што крие Овче Поле?

Една година по овој настан (значи во 1967 година), кај светиниколското село Ерџелија бушачите од новосадска “Нафта гас” на длабочина од 1.315 метри пронашле природен гас, на кој му претходеле силни млазови на солена вода. Освен тоа наоѓалиште, дупчалките на “Нафта гас” истовремено наишле на солена вода која излегувала под силен притисок и во месноста “Дивљак” во непосредна близина на Свети Николе, над патот кон селото Кнежје. Неколку месеци потоа, истражувањата ненадејно и без објаснување прекинале, а експертите, работниците, дупчалките, алатите, опремата биле испратени на нова работа во регионот на приморскиот град Бар, во Црна Гора.

Од штипското општинско началство веднаш дојдоа некои претставници и разговараа со луѓето од новосадската “Нафта гас”, а набрзо потоа донесоа и материјали и направија тампониран пат до платформата. Тогаш и велешани доаѓаа и со штипјани се расправаа во чија општинска надлежност била месноста “Мечова дупка”. Имаше силни кавги, кои на моменти ја вжештуваа атмосферата и за малку не доаѓаше до тепачки. Но, набргу потоа бушачите си отидоа и местото опусте”, се присеќава сточарот Зико од селото Ерџелија.

Идејни творци на проектот “Мал Кувајт”, чија цел била пронаоѓање на нафта во овчеполскиот басен, биле Милош Бундалески-”Маки”, геофизичар од светски глас и еден од основоположнците на “Нафта Гас”, и Благоја Филиповски-”Фиџо”, еден од првите македонски геолози. Филиповски во тоа време бил претседател на државниот Фонд за рударство на Социјалистичка Република Македонија, кој воедно бил координатор на проектот. Творците на проектот се починати.

Фиџо живееше за својата работа. Замислата беше негова. Огромна енергија и труд потроши за да ја истурка таа работа. Голема поддршка и помош тогаш имаше и од Маки, кој беше еден од врвните геофизичари во светот. Во тоа време меѓу колегите овој проект популарно беше наречен “Мал Кувајт”. Многу очекувавме од таа работа”, се сеќава Симо Китевски, геолог чија специјалност се нафтените наоѓалишта. Китевски голем дел од својата кариера ја поминал на нафтените платформи во државите во Африка, а кариерата ја заврши во скопската фирма за геоистражувања “Круна Дрил”, која произлезе од поранешкиот републички Геолошки Завод.

Носител на проектот бил Рударско-геолошкиот факултет од Белград, поточно катедрата за експлоатација на нафта и на гас. Оперативниот дел од работите ги раководел и координирал Филиповски. Точките на кои се бушело ги утврдиле Филиповски, по препораки на Бундалески, кој тоа време се вратил од двегодишен престој во Либија, Мароко, Алжир и во Ангола, каде работел на нафтени наоѓалишта.

Комисијата заседаваше два дена во салата на хотелот “Метропол”, на плоштадот во центарот на Скопје. Првиот ден се правеа анализи на тоа што е постигнато, а рефератите беа позитивни и се водеше кон тоа дека ќе отпочне втората фаза во која ќе довршат работите на “Нафта гас”. Вториот ден одеднадеж претставниците на “Нафта гас” ни ги предадоа проектите и заминаа. Најверојатно тоа беше политичка одлука на највисоко ниво. Никогаш не дознавме што беше причината за тоа. Работата беше оценета негативно и проектот беше стопиран. Фиџо се побуни, напишавме протестно писмо до сојузното Министерство во Белград. Но, се беше попусто. Бевме разочарани, а Фиџо беше очаен. Набргу потоа почина. Мислам дека почина од мака, не можејќи да се помири со тоа дека проектот беше стопиран, а бушачите и опремата беа испратени на работа во околината на Бар, а потоа и кај Пожаревац. Овчеполието никогаш повторно не дојде на ред”, раскажува Симо Китевски, еден од единаесетмината од првата генерација геолози специјалисти за нафтени наоѓалишта во поранешна Југославија.

Според него за да доврши истражувањето кое дало позитивни наоди и да се продупи до длабочина од 2.500 до 2.700 метри би била потребна инвестиција од 4 до 6 милиони евра.

“Нафта гас”: податоците од истражувањето се деловна тајна

Податоците за дупнатините и нивната содржина се деловна тајна и не можат да бидат достапни за вас, соопшти Ненад Станојевски, портпарол на “Нафта Гас” кој го пренесе ставот на директорите на новосадската компанија специјализирана на нафтени дупнатини, сега дел од Нафтената индустрија на Србија (НИС).

„Управниот одбор одобри да ви дадеме увид во термините кога е бушено, до која длабочина и на кои локации, но не можеме да дадеме ништо повеќе од тоа. Најдобро би било да барате податоци од надлежните државни органи на Република Македонија“, додаде Станојевски.

Според податоците од “Нафта гас” во Овче Поле има две дупнатини. Првата според нивните ознаки (СН-1 Свети Никола СН-1 (Свети Никола) од 28.08.1968.до 31.10.1968. године. Дубина бушења 1289,4м) и втората со ознака ОП-1 (Овче Поље од 19.01.1969. до 07.02.1970.године. Дубина бушенја 1910,5м)

Кој бил Милош Бундалески?

Еден од првите геофизичари во поранешна СФРЈ, експерт од светски глас, еден од основоположниците на “Нафта гас”, креатор на неколку нафтни платформи во Војводина, кои до денеска НИС (Нафтената индустрија на Србија) ги експлоатира.

Бундалески искуствата ги собирал на нафтните полиња во повеќе афрички земји: Мароко, Алжир, Либија и во Ангола каде престојувал неколку години (во шеесетите години од минатиот век). Освен тоа бил и во Јордан со чиј крал бил и пријател, а искуства собирал и во Саудиска Арабија.

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/03/ерџелија.jpg">

Заштитената бушотина кај Ерџелија

Бундалески соработувал со многу претставници на американски и западноевропски нафтени компании и бил реномиран експерт од областа на геофизиката (која ги обединува испитувањата на почвите и утврудвања на локациите за нафтните дупнатини).

Роден бил во селото Галичник во мијачкиот регион, во 1933 година, а починал во 1998 година во Нови Сад, каде поминал најголем дел од својот живот. Има три деца, два сина и ќерка, од кои две живеат и работат во Нови Сад, во “Нафта гас”, а најмладиот син со своето семејство живее во Скопје.

Благоја Филиповски е основачот на Фондот за рударство и на Геолошкиот Завод и еден од творците на Геолошката карта на Република Македонија, првиот геолог во повоена Македонија, легенда меѓу неговите колеги кои го паметат како еден од најзаслужните за тоа што Македонија од тогашната федерација добила пари за изградбата на “Фени”, велешката топилница, рудниците Тораница, Бучим, Тајмиште.

Филиповски бил роден 1923 година во кавадаречкото село Бегниште, во сиромашно семејство. Основното училиште го завршил во Кавадарци, а учителска школа во Милановац, во Србија, како стипендист на тогашното Кралство СХС. Во втората светска војна учествувал како скоевец, за што бил и затворан. По војната се запишал на Геолошко-рударскиот факултет во Белград, и во 1950 година се вратил во Скопје како прв дипломиран геолог во Македонија. Истата година станал директор на Геолошкиот Завод каде работел до 1956 година, по што преминал на ново работно место во републичкиот Секретаријат за индустрија и трговија каде бил заменик секретар (ранг на заменик министер за индустрија и трговија н.з.). Во 1960 година го основал Фондот за рударство, а пет години подоцна го напушта Секретаријатот и станува директор на Фондот.

Работел на создавање на Геолошка карта и на проекти за рудни наоѓалишта, наоѓалишта на нафта и гас и изградба на рударско-преработувачки компбинати. Таму работел до крајот на 1974 година кога бил сменет и требало да оди во Уганда како амбасадор на СФРЈ. Не дочекал да ја види отпечатена Геолошката карта на земјава затоа што по кратко боледување починал на 13 јуни 1975 година.

Крај


(Дел од новинарското истражување на Никола Стојанов, објавено во неделникот „Капитал“ есента 2006 година)

http://www.mkd.mk/22594/uncategorized/mal-kuvajt-ovcepolie-nafta/


Posted By: Dexter26
Date Posted: 31-Mar-2012 at 00:48
А што стана со канаѓаните кои уште во 2008 или 2009 спомнуваа дека планираат да вршат истражувања во Овчеполието, се откажаа или ... ?
 
И иако мразам шпекулирање, да претпоставиме дека има нафта во Овчеполието и дека истата ќе биде експлоатирана од страна на странски инвеститор.
 
Освен нови вработувања и инвестиции, како ова ќе има влијание врз цената на нафтата во Македонија ?
 
Освен ако грешам, цената на нафтата во Македонија се одредува според цената на американската нафта, иако во Македонија не се точи ни капка американска нафта, туку се користи исклучиво руска нафта, но Регулаторната Комисија за Енергетика веќе од поодамна ги штити интересите на сите, само не на граѓаните кои ги бираат и плаќаат нејзините членови.
 
Доколку се започне со редовна експлоатација на нафта во Македонија, дали со закон ќе бидат обврзани експлоататорите одреден дел од нафтата да ја продаваат на македонскиот пазар или ќе имаат право да ја продаваат целата нафта каде и на кого ќе им текне ?
 
Како налагаат сегашните закони за експлоатација на руди (претпоставувам дека истите би важеле и за експлоатација на нафта), колкав процент му следува на сопственикот на земјиштето, а колкав процент му останува на концесионерот, односно на инвеститорот ?


Posted By: gjoko
Date Posted: 31-Mar-2012 at 01:02
дериватите во Македонија се пресметуваат према цената на Brent oil,т.е. лондонската цена на нафта,која во овие моменти е 20 долари поскапа од америчката нафта наречена `лесна`.

податоци од затварањето на берзите во петок30.3.2012:
   -brent oil-122.04 dolari/barel

   -crude oil-102.93 dolari/barel


цената на руската нафта се уште пониски од америчката `crude` нафта,па со оглед на тоа ОКТА нас не `дери` по најскапата `brent` нафта а преработува руска нафта.

последно се слуша и дека све помалку преработува ОКТА сурова нафта,и дирекно увезува готови деривати од Русија и ги препродава во Македонија.со тоа нивниот ќар се дуплира


Posted By: Goran
Date Posted: 31-Mar-2012 at 01:08
Не сум запознаен со законот  во Македонија.
Но во западните земји ова е решено со плакајне на лиценца за истаражувајне па ако се пронајде нешто се наплаќа данок за исцрпувајне. 
Од оваа година во Австралиаја воведија ехтра данок на добивка . На пример ако нормален данок на добивка за цела економија е %25 тие компании што дирекно исцрпуваат природни рудни богаства плаќаат ехтра 10% или 35%. 


Posted By: Goran
Date Posted: 31-Mar-2012 at 01:12
Исто во Австралија скоро 40% од нафтата и 100% од гасот доаѓа од домашно производство.
А цената се одредува по Сингапурска берза а нафта се увезува од кај што ке најдат поефтино. Тоа е случај со сите држави.
 


Posted By: Goran
Date Posted: 31-Mar-2012 at 01:16

Американците два пати плаќаат за горивото

  • http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis -

    Американците два пати плаќаат за горивото. Еднаш на бензинските и еднаш преку субвенциите за нафтените компании, а Обама сака да стави крај на ова.

  • Затоа побара укинување на буџетската поддршка за нафтените компании. Ги повика членовите на конгресот да одлучат на чија страна ќе застанат овој пат на страната на граѓаните или на страната на компаниите чии прифити уриваат рекорди, а добиваат и државна поддршка.

    Секогаш кога бензиот поскапува за еден цент, нафтените компании ставаат во џеб уште 200 милиони долари профит квартално, покажуваат анализите. Во моментов еден галон чини помалку од 4 долари.

    Галон тежи околу 4 литри, што значи дека за литар гориво американците плаќаат околу 50 денари или најмногу досега.

    Високата цена го топи рејтиног на Обама кој падна под 50% и тоа во изборна година.

    Наташа Хаџиспиркоска Стефанова

    http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/amerikancite-dva-pati-plakaat-za-gorivoto - http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/amerikancite-dva-pati-plakaat-za-gorivoto
    Ево и во Америка како е регулирано за да дериватите се поефтини да нема социални немири и цела индустрија да и биде покуретна.Како да вртиш обичниот грѓанин ја плаќа најскапата цена.


    Posted By: gjoko
    Date Posted: 05-Jan-2013 at 02:27
    Како што ветив пред некое време(закаснето е ама не е заборавено),ги скенирав страниците од книгата каде е објавен труд за испитувањата за пронаоѓање на нафта и гас во Македонија.Малку имав проблем со конвертирањето,ама се снајдов некако







    Posted By: gjoko
    Date Posted: 05-Jan-2013 at 02:28





    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 06-Jan-2013 at 02:33



    Колку што разбрав, најголем потенцијал за пронаоѓање на нафта и/или гас има во повардарието, особено во тиквешкиот крај. Затоа ме чуди дека исклучиво слушаме и читаме дека можност за пронаоѓање на овие енергенси во Македонија има во овчеполието, а другите места не се споменуваат.

    Всушност во текстот овчеполието во неспорен позитивен контекст е спомнато само како басен, а не како област... Поконкретно на пример злетовскиот крај испаѓа дека е дел од тој овчеполски басен за кој се збори во текстот, но секако не е дел од од она што географски го подразбираме како овчеполие. Веројатно тоа е извор на уште еден слој на конфузија кога оваа тема се обработува во медиумите или кога ќе ја фатат политичрите... Или е тоа, или има некакви нови радикално различни сознанија?!? Во второво се сомневам, затоа што пред се е јасно дека во меѓувреме не се вршени нови истражувања. Но трето објаснување не ми текнува. Ѓоко, која година е публикуван трудов?


    Posted By: gjoko
    Date Posted: 06-Jan-2013 at 02:47
    Ова е објавено во зборник на реферати-книга 2 со наслов `Производство и примена на нафтени деривати`.Секоја тема си е засебна.

    Издадена 1999 година



    Posted By: shyes
    Date Posted: 07-Jan-2013 at 02:03
    Луѓе ме интересира, колка е просечната цена на гориво во скопје или општо низ Македонија за литар бензин?
    Тука во мелбурн е окулу $1.50 (75мкд)/L


    Posted By: gjoko
    Date Posted: 07-Jan-2013 at 02:28
    овие месеци се движи околу 80 денари за литар


    Posted By: daci92
    Date Posted: 07-Jan-2013 at 02:46
    Originally posted by shyes

    Луѓе ме интересира, колка е просечната цена на гориво во скопје или општо низ Македонија за литар бензин?
    Тука во мелбурн е окулу $1.50 (75мкд)/L

    http://makpetrol.com.mk/index_mk.asp
    под банерот (сликата) имаш моментални цени во Македонија на бензинските на Макпетрол (цените на другите бензински можат да бидат +/- 0.50мкд најголема разлика, но обично се иста цена секаде)


    Posted By: shyes
    Date Posted: 08-Jan-2013 at 02:32


    Posted By: daci92
    Date Posted: 12-Feb-2013 at 12:36

    http://kurir.mk/republika/opstini/103071-Fenomen-vo-strumicko-Cesma-ispusta-gas-sto-gori - Феномен во струмичко: Чешма испушта гас што гори

    Понеделник, 11 Февруари 2013 10:00

    Селската чешма во Сачево почна да испушта гас што гори. Пламенот кој излегува, особено е видлив навечер и достигнува 15 до 20 сантиметри.

    77582871

    Заедно со водата, селската чешма почнала да испушта и подземен гас кој гори. Ванчо Коцев, жител од Сачево, вели дека овој природен феномен бил забележан зимава.

    -Оваа чешма е на длабочина од 84 метри и ја изградивме во осумдесетите години од минатиот век. Водата беше проверувана и служеше за пиење и задоволување на потребите на жителите од  Сачево. По изградбата на водоводот веќе не е во употреба, а оваа зима случајно откривме дека таа испушта земјен гас кој гори, вели Коцев.

    Овој природен феномен се уште не е испитан од страна на надлежните институции.

    Пред неколку години заради исфрлање подземен гас-метан беше затворена селската чешма во Радово, а сличен пример за исфрлање подземен гас е забележан и кај полски чешми во атарот на Моноспитово, чии води земјоделците ги користат за наводнување на посевите.

    http://kurir.mk/republika/opstini/103071-Fenomen-vo-strumicko-Cesma-ispusta-gas-sto-gori

    Интересен феномен на неколку места во Македонија и тоа на мали длабочини а ние сеуште не сме заинтересирани за испитување и бушење во близина на тие места за проверка на земјата од природен гас.



    Posted By: Goki
    Date Posted: 12-Feb-2013 at 15:48
    A jas mislev lugjevo simbolicki kazuvaat deka "pijat nafta"


    Posted By: daci92
    Date Posted: 12-Feb-2013 at 19:20
    хаха

    Шала на страна сега слушав „експерти“ на телевизија каде велат дека тоа се многу мали количини и брзо се трошат ,но да не испадне работава како експертите во http://en.wikipedia.org/wiki/Door_to_Hell - Туркменистан па да го добиеме истиот ефект наместо наменски да се искористи.


    Posted By: +Protagorist
    Date Posted: 14-Feb-2014 at 13:58

    Chi-Cho Kole izgleda znae deka ke ni treba uste edna no drzavna rafinerija - http://republika.mk/?p=202534 - republika.mk/?p=202534

    bar ova e logikata dokolku imame volku zaliha ko sto pretpostavuvale jugoslovenskite geolozi, e tek i ohrid dastavat cevka i eto ja Makedonija na Makedoncite so ogled deka nema da se ima potaka potreba od evropa i nejzinite fabricki greski

    ¤

    edit: ova e ko lovenje riba so skener, problem e sto nie nemame ribar nit skener, ami samo brod i kapetan, a kaj se kelnerot i kuvarot t.e. prerabotivacot i distributerot koi iako gi ima narod od niv prasanje e kolku od niv narod fajde ke gleda!

    moze e za nekogo ludo no dokolku se izvadi dosta nafta ne bi bilo loso drzavata da investira vo nova rafinerija, so sto cel profit bi odel kaj narodot namesto korporaciite, samo ke mora i grb so ogled sigurniot pritisok od naftasite se da stavat pod svoja kontrola, pa koga si dozvolija da ja grabnat cela severna afrika sto gi sprecuva da se poalcat i za tuka, samo sto do togas i vlijanijata ke im oslabat a svetot ke gi prezre i razoblici so drug vid energija






    -------------
    HaјсилнoтoOpужјe https://archive.is/Vu2G4 - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв


    Posted By: +Protagorist
    Date Posted: 22-Jun-2014 at 20:46

    http://www.igeografija.mk/Portal/?p=1900 - http://www.igeografija.mk/Portal/?p=1900
    ...
    Затоа не е чудно што се повеќе странски компании кои имаат доволно финансиски средства и технологија, се интересираат за можни лежишта на нафта во Македонија и тоа претежно во Овче Поле.

    Првичните проценки на некои компании и домашни експерти одат од една во друга крајност: од тоа дека воопшто нема нафта, па до тоа дека резервите се значителни. Сепак, со оглед на морфологијата на теренот, геолошката градба (дебели слоеви на еоцени седименти налегнати врз палеозојски шкрилци) и геотектонската структура, сосема е можно да има одредени лежишта на нафта на поголема длабочина од 2-5 км (инаку во Светот често се дупчи и до длабочина од 10 км!). Во најдобар случај, во овој басен со површина од околу 200 км кв., тие резерви не би надминувале неколку милиони барели (1 барел одговара на 117 литри). Ако на тоа се додадат и нафтоносните шкрилци кај с. Плешинци, веројатно од регионот на Овче Поле би можело да се очекуваат вкупни резерви на нафта од најмногу десетина милиони барели или до околу 1 до 2 милиони тони што одговара на двегодишните потреби за нафта на нашата држава.

    Сепак, вистинската состојба може да се сознае само со детални истражувања и дупчења кои се доста скапи и неизвесни. Затоа се наметнува констатацијата дека за Македонија е многу посигурно, поисплатливо и „поеколошки“ да се вложува во истражување и користење на сончевата енергија која докажано ја има во големи количини и од која би се добивала топлотна или електрична енергија. Србија, која има значително помалку сончева енергија, минатата година веќе договори изградба на огромна соларна електрична централа.


    -------------
    HaјсилнoтoOpужјe https://archive.is/Vu2G4 - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв


    Posted By: +Protagorist
    Date Posted: 23-Jun-2014 at 07:00

    tekst od pred dve godini, no kade e dadeno pretpostavka kolku bi cinelo edno vakvo ispituvanje, a koe ne deka ne mozeme sami da go isfinansirame no praktichno toa se vo veter frleni pari za ribarska ekspedicija, a znaejki deka nemame ni kuvar ni kelner, najverojatno zatoa chekaat da se najde nekoj koj seto ova go ima a na kraj nashite da mu dadat samo koncesija otkako eventualno bi se reshil dopolnitelno da investira, no ko shto veli tekstot od prethodniot post poarno i poporvo sonchevi centrali kje kreneme nego shto kje se instalira crpalka za nafta

    05.10.2012 - голема кувајтска нафтена компанија пројавила интерес за возобновување на истражувањата, околу евентуалните македонски резерви на нафта на длабочина од 8.000 метри. Стручњаците велат дека тоа е скап прокет, кој чини над 15 милиони евра, и не го гарантира крајниот резулатат. А длабоките сеизмички геолошки испитувања кои биле правени на 2.000 метри длабочина пред повеќе од 60 години со цел да се испита дали во Македонија има нафта, покажале негативни резултати. Но, современите истражувања, го покажуваат спротивното.

    Инаку, последните испитувања правени во Овче - полието кои датираат од 1971 - та година и се дел од архивите на Министерството за економија укажуваат дека Македонија поседува 2 милиони тони нафта. Проектот, тогаш бил наречен Мал Кувајт. Ова беше истакнато на 2-от конгрес на геолозите кој викендов се одржа во Крушево, а на кој, покрај македонските, учествуваа и геолози од соседните земји и бившите ју-републики.

    http://sitel.com.mk/mk/ima-li-nafta-na-teritorijata-na-republika-makedonija - http://sitel.com.mk/mk/ima-li-nafta-na-teritorijata-na-republika-makedonija


    -------------
    HaјсилнoтoOpужјe https://archive.is/Vu2G4 - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв


    Posted By: gjoko
    Date Posted: 23-Jun-2014 at 19:57
    Па како мал Кувајт со 2 милиони барели?Русија,САД,и саудиска Арабија дневно произведуват секој по околу 8-9 милиони барели нафта


    Posted By: beTon
    Date Posted: 01-Feb-2015 at 22:22

    властите не кажуваат дека од што пие народ премногу нафта не останува ништо за потрошувачка

    МАКЕДОНИЈА "ЛЕЖИ" НА НАФТА ВРЕДНА ОКОЛУ 500 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ?

    Македонија која спаѓа во земјите на Јадранскиот Базен на одредени локации има богати количини на нафтени резерви.Тоа се Пелагонискиот дел , каде има и богати наоѓалишта на јаглен, Овчеполскиот дел, Полошкиот дел и Охридско Струшкиот базен.

    Резервите кој ги има во Македонија од екс Југословенскиот Геолошки институт кој во 1974 година вршел бушења на наколку локациии во Македонија , во склоп на армискиот проект на екс Југославија под кодно име „Бунар„ дошле до сознанија дека општа проценка во тоа време била дека експлотацијата на нафта е исплатлива и тогаш проценето било дека како сурова нафта , лнеобработена вредноста била околу 500 милијарди долари , а доколку истата се рафинирала и се пристапело кон производство на нафта и нафтени деривати ,заработката би била трократно поголема. Пробни бушотини се правени и во Охридскиот базен на два локалитети, едниот кај вулканското дувло кај селото Косел и другата бушотина крај Св.наум.

    При извршените пробни бушења кај вулканското Дувло кај Косел на длабочина од 300 метри , се наишло на геотермална вода која имала температура од 90 степени целзиусови, додека на длабочина од 800 метри се наишло на природен гас-Плин и Нафта.Бушотината е затворена и бетонирана ,а целокупната архива околу наодите на бушотината и комплетниот елаборат се наоѓаат во Војно техничкиот Институт во Београд (ВТИ).Во реонот на Свети Наум на длабочина од 1400 метри откриен е наод на природен гас –Плин и Нафта , овој наод се поврзува со Албанската таканаречена нафтена жила , која од страна на Албанија се експлатира веќе 50 години.

    Многу ќе се запрашаат зошто екс Југославија не ги екплотирала овие наоѓалишта, но одговорот е едноставен.Стратегијата на Тито била продажба на оружје на неврзаните земји чиј лидер беше Тито , во замена за ефтина нафта и нафтени деривати , па поради таквата политика на тогашниот систем експлотацијата на сопствените ресурси барало вложување на тешки милијарди долари, нешто што во тоа време не бил приоритет на екс СФРЈ.Инаку Македонија Србија ,Војводина и Босна спаѓаат во земјите на Европа каде има најголеми резерви на природна Нафта.

    Како пример со мали зафати и со кредит од светска банка Охрид со бушотина кај вулканското дувло кај Косел може да се снабди со топла вода и воведување на парно греење за цел Охрид и Струга со што би се решила топлинската мака на домакинствата во Охридско Струшкиот регион.

    Дали Македонија ќе се зафати со експлотација на овие наоѓалишта зависи од Владата на Р.М.докумантецијата –елаборатите може да се побараат од Р.Србија и со тоа да постанеме водечка економска сила на Балканот.

    Превземено од ohridsky.com

    http://www.fakulteti.mk/news/11-12-20/makedonija_lezhi_na_nafta_vredna_okolu_500_milijardi_dolari.aspx - http://www.fakulteti.mk/news/11-12-20/makedonija_lezhi_na_nafta_vredna_okolu_500_milijardi_dolari.aspx





    Posted By: beTon
    Date Posted: 06-Feb-2015 at 20:30

    14.02.2014 - Науката теоретски докажала дека Македонија има нафта

    Не­што ми­ри­са на на­фта ко­га бри­тан­ски, ка­над­ски и ка­тар­ски ком­па­нии са­ка­ат да дуп­чат во Ма­ке­до­ни­ја. На­фте­на­та тре­ска не е од вче­ра, таа прв­пат се слу­чи­ла во 70-ти­те на ми­на­ти­от век



    Глад­на ко­ко­шка про­со со­ну­ва, па та­ка и ние, со­о­че­ни со бе­ско­неч­на си­ро­ма­шти­ја, со­ну­ва­ме за на­фта. Ва­ков е ко­мен­та­рот на мно­гу­ми­на ко­га ќе се спо­ме­не те­ма­та од овој нас­лов, ини­ци­ра­на од пос­лед­на­та од­лу­ка на Вла­да­та да одо­бри ло­ка­ции за ге­о­ло­шки истра­жу­ва­ња на­фта и дру­ги су­ро­ви­ни. Ќе пог­лед­не­ме ка­кви истра­жу­ва­ња се пра­ве­ни во ми­на­то­то, ка­ко за­вр­ши­ле тие и сѐ во вр­ска со оваа те­ма, но уште на по­че­то­кот мо­же да се да­де од­го­вор на ос­нов­но­то пра­ша­ње – ма­кар и те­о­рет­ски.

    Ос­но­ва­но мо­же­ме да ве­ру­ва­ме де­ка Ма­ке­до­ни­ја има на­фта. Ова твр­де­ње е на­уч­но по­ткре­пе­но. Пр­во, на­у­ка­та утвр­ди де­ка во Ма­ке­до­ни­ја во да­леч­но­то ми­на­то, пред ми­ли­о­ни го­ди­ни, има­ло го­ле­ми мо­ри­ња и езе­ра (ка­ко Пе­ла­го­ни­ско Мо­ре). Вто­ро, до­ка­жа­но е де­ка на­фта­та на­ста­ну­ва ка­ко пос­ле­ди­ца на изу­ми­ра­ње на жи­ви­от свет во мо­ри­ња­та. Тре­то, до­ка­жа­но е де­ка на те­ри­то­ри­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја ми­ли­о­ни го­ди­ни во ми­на­то­то има­ло не са­мо жи­вот­ни и ри­би, ту­ку и чо­веч­ка ци­ви­ли­за­ци­ја. Че­твр­то, из­во­ри на на­фта и на гас ве­ќе се откри­е­ни и се експ­ло­а­ти­ра­ат на Бал­ка­нот, ка­ко во Ср­би­ја, Ро­ма­ни­ја, Бу­га­ри­ја и во Ал­ба­ни­ја.

    Ова се фа­кти и ба­рем те­о­рет­ски зву­чат сен­за­ци­о­нал­но. Но, …

    Што не зна­е­ме ние?

    Во све­тот по­сто­јат мош­не ве­ро­до­стој­ни кар­ти за из­во­ри и за по­тен­ци­јал­ни ре­зер­ви на на­фта. Спо­ред се­гаш­ни­те из­во­ри, но и спо­ред до­ка­жа­ни­те, а сѐ уште не­експ­ло­а­ти­ра­ни, Европ­ска­та енер­гет­ска аген­ци­ја утвр­ди­ла де­ка на­фта­та ќе ја сне­ма во 2047 го­ди­на. На сли­чен став е и аме­ри­кан­ска­та ад­ми­ни­стра­ци­ја за ин­фор­ма­ции по­вр­за­ни со енер­ге­ти­ка­та.

    И две­те ор­га­ни­за­ции, ка­ко и кни­га­та со фа­кти на ЦИА, твр­дат ед­но исто – Ма­ке­до­ни­ја не­ма до­ка­жа­ни из­во­ри на на­фта. Се­пак, тоа не зна­чи де­ка прет­по­ста­вка­та тре­ба да се отфр­ли це­лос­но. Вла­да­та не по­пу­сто рас­пи­ша ог­лас за ге­о­ло­шки истра­жу­ва­ња, а ка­тар­ски ком­па­нии уште пред две го­ди­ни по­ка­жаа ин­те­рес за истра­жу­ва­ње, пред сѐ, во Ов­че По­ле.

    Вла­да­та уште во 2009 го­ди­на ја ан­га­жи­ра­ше кон­сул­тант­ска­та фир­ма „Прос­пект уни“ од Бу­ку­решт за да утвр­ди да­ли во­оп­што вре­ди да се ба­ра на­фта во Ма­ке­до­ни­ја. То­гаш, ро­ман­ски­те екс­пер­ти пред­ло­жи­ле да се на­пра­ват две тест-дуп­че­ња во ти­кве­шки­от и во ов­че­пол­ски­от ре­ги­он, на ло­ка­ции кои прет­ход­но со се­ри­оз­ни ге­о­фи­зич­ки ис­пи­ту­ва­ња ќе се оз­на­чат ка­ко нај­по­год­ни за мож­ни на­о­ѓа­ли­шта на на­фта. Тие кон­ста­ти­раа де­ка са­мо со екс­пе­ри­мен­тал­ни дуп­че­ња ќе мо­же да се раз­бие ди­ле­ма­та да­ли во Ма­ке­до­ни­ја има на­фта, би­деј­ќи не им би­ла до­вол­на до­ку­мен­та­ци­ја­та што да­ти­ра од 70-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век ко­га во Ов­че По­ле има­ло не­кол­ку оби­ди да се ба­ра­ат на­фте­ни из­во­ри и ре­зер­ви.

    Пра­ша­ње­то да­ли Ма­ке­до­ни­ја ле­жи на на­фта се акту­а­ли­зи­ра­ше во 2006 го­ди­на ко­га бри­тан­ско-ка­над­ски­от кон­зор­ци­ум „Бан­керс пе­тро­ле­ум“ поч­на се­ри­оз­ни пре­го­во­ри со Вла­да­та за да ба­ра на­фта во Ма­ке­до­ни­ја. До­го­вор не бе­ше по­стиг­нат, а др­жа­ва­та поч­на сопс­тве­на ини­ци­ја­ти­ва за про­вер­ка на сом­не­жи­те.

    Со дру­ги збо­ро­ви, на­фте­на­та тре­ска во Ма­ке­до­ни­ја е со по­стар да­тум. Што би­ло откри­е­но?

    _____________________________________________________________________


    Ми­ри­са на не­што – на­фта или по­ли­ти­ка

    Сен­за­ци­о­нал­но­то твр­де­ње, но ка­ко шпе­ку­ла­ци­ја, да­ти­ра од 1974 го­ди­на, а тоа што сле­ду­ва ни­ко­гаш не е офи­ци­јал­но по­твр­де­но. На­ви­сти­на има­ло истра­жу­ва­ња и од по­стар да­тум, по­точ­но од 1969 го­ди­на. За тоа по­до­лу.

    На­вод­но, ре­зер­ви­те што ги има во Ма­ке­до­ни­ја би­ле утвр­де­ни од ју­гос­ло­вен­ски­от ге­о­ло­шки ин­сти­тут, кој во 1974 го­ди­на вр­шел дуп­че­ња на не­кол­ку ло­ка­ции во Ма­ке­до­ни­ја, во склоп на ар­ми­ски­от про­ект под код­но име „Бу­нар“. Утвр­ди­ле де­ка експ­ло­а­та­ци­ја­та на на­фта е исп­лат­ли­ва и то­гаш би­ло про­це­не­то де­ка во Ма­ке­до­ни­ја има су­ро­ва на­фта вред­на око­лу 500 ми­ли­јар­ди до­ла­ри. Со ра­фи­ни­ра­ње, за­ра­бо­тка­та би би­ла три­крат­но по­го­ле­ма. Проб­ни дуп­че­ња се пра­ве­ни и во охрид­ски­от ба­зен, на два ло­ка­ли­те­та, ед­но­то кај вул­кан­ско­то дув­ло кај се­ло­то Ко­сел, а дру­го­то крај Све­ти На­ум.

    При из­вр­ше­ни­те проб­ни дуп­че­ња кај вул­кан­ско­то дув­ло кај Ко­сел, на дла­бо­чи­на од 300 ме­три се на­иш­ло на ге­о­тер­мал­на во­да ко­ја има­ла тем­пе­ра­ту­ра од 90 Цел­зи­у­со­ви сте­пе­ни, до­де­ка на дла­бо­чи­на од 800 ме­три се на­иш­ло на при­ро­ден гас и на на­фта. Дуп­ка­та би­ла за­тво­ре­на и бе­то­ни­ра­на, а це­ло­куп­на­та ар­хи­ва од на­о­ди­те од дуп­че­ње­то и комп­лет­ни­от ела­бо­рат се на­о­ѓа­ат во Во­е­но-тех­нич­ки­от ин­сти­тут во Бел­град. Во ре­о­нот на Све­ти На­ум, на дла­бо­чи­на од 1.400 ме­три, исто та­ка, би­ле откри­е­ни при­ро­ден гас и на­фта. Овој на­од се по­вр­зу­ва со ал­бан­ска­та та­ка­на­ре­че­на на­фте­на жи­ла, ко­ја, од стра­на на Ал­ба­ни­ја, се експ­ло­а­ти­ра ве­ќе 50 го­ди­ни. Та­ка ба­рем пи­шу­ваа ме­ди­у­ми­те во Охрид.



    Се­пак, во ше­е­се­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век нај­го­ле­ма сен­за­ци­ја во ме­ди­у­ми­те пре­диз­ви­ка­ло дуп­че­ње­то на ра­бот­ни­ци­те на „На­фта и гас“ од Но­ви Сад во 1969 го­ди­на. Не­дел­ни­кот „Ка­пи­тал“ уште пред не­кол­ку го­ди­ни ги ре­об­ја­ви на­пи­си­те во „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ од тоа вре­ме, кои све­до­чат за еу­фо­ри­ја­та што на­ста­на­ла по дуп­че­ње­то кај Ер­џе­ли­ја, Све­ти­ни­кол­ско.

    Сил­на­та еруп­ци­ја би­ла пре­диз­ви­ка­на од дуп­че­ње­то, а из­ва­ди­ле на­фта и гас на по­вр­ши­на­та на ер­џе­ли­ска­та дуп­ка на 2 фе­вру­а­ри 1969 го­ди­на. Ве­ста за на­фта сил­но ги про­трес­ла штип­ски­от и све­ти­ни­кол­ски­от по­ли­тич­ки естаб­лиш­мент и на­се­ле­ни­е­то. Рас­по­ло­же­ни­е­то поч­на­ло да пре­ми­ну­ва во по­зи­ти­ви­стич­ка ко­ле­ктив­на хи­сте­ри­ја. Тоа го воз­бу­ди­ло и врв­ни­от по­ли­тич­ки естаб­лиш­мент во Бел­град. По­ра­ди тоа, ду­ри Ла­зар Ко­ли­шев­ски, кој во тоа вре­ме бил член на пре­тсе­да­телс­тво­то на Цен­трал­ни­от ко­ми­тет (ЦК) на Со­ју­зот на ко­му­ни­сти на Ју­гос­ла­ви­ја (СКЈ) и член на Со­ве­тот на Фе­де­ра­ци­ја­та (член на нај­ви­со­ко ра­ко­водс­тво на вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја), до­шол да ја сми­ри ат­мо­сфе­ра­та и да им да­де ин­струк­ции на ло­кал­ни­те по­ли­ти­ча­ри, сто­панс­тве­ни­ци и пар­ти­ски де­ле­га­ти.

    Ко­ли­шев­ски го при­дру­жу­ва­ле ви­со­ки др­жав­ни и еко­ном­ски прет­став­ни­ци при по­се­та­та во Све­ти Ни­ко­ле, што по­твр­ду­ва де­ка на­ста­нот од 2 фе­вру­а­ри сил­но ги раз­бра­ну­вал си­те стру­кту­ри во то­гаш­на­та фе­де­ра­ци­ја. Во на­пи­си­те об­ја­ву­ва­ни на нас­лов­ни­те стра­ни­ци на „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ се пре­не­се­ни све­дош­тва на ра­бот­ни­ци на ер­џе­ли­ска­та на­фте­на истраж­на пла­тфор­ма.

    „Пло­до­род­но­то Ов­че По­ле, еден од жи­то­род­ни­те ре­ги­о­ни, е на до­бар пат во бли­ска ид­ни­на да пре­рас­не во пр­во на­фто­нос­но по­ле во Ма­ке­до­ни­ја. По по­ве­ќе­ме­сеч­ни истра­жу­ва­ња, ра­бот­на­та еди­ни­ца на „На­фта гас” од Но­ви Сад, под ра­ко­водс­тво на ин­же­не­рот Зо­ран Ми­ло­ва­но­виќ, на дуп­ка­та Ов­че По­ле 1, бли­зу се­ло­то Ер­џе­ли­ја, Све­ти­ни­кол­ско, на­и­де на пр­ви­те сло­е­ви на на­фта и гас“ (Но­ва Ма­ке­до­ни­ја, 5 фе­вру­а­ри 1969 го­ди­на).

    „Од­вај ус­пе­ав­ме да ја за­пре­ме сил­на­та еруп­ци­ја на на­фта и гас. Ако не ус­пе­ев­ме, мо­же­ше да се слу­чи нај­ло­шо­то. Се­га еруп­ци­ја­та, ка­ко што гле­да­те, е скро­те­на и таа ќе се пу­шти ко­га за тоа ќе би­дат из­вр­ше­ни под­го­то­вки“, ни ре­че Рај­ко Ми­тро­виќ, во­дач на сме­на­та на дуп­ка­та и ра­бот­ник од „На­фта гас“. Ова е из­ја­ва што „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ ја об­ја­ви­ла ка­ко глав­на вест на нас­лов­на­та стра­ни­ца на 5 фе­вру­а­ри 1969 го­ди­на.

    Ста­ну­ва збор за све­до­че­ње на ра­бот­ник, кој ра­бо­тел на на­фте­на­та пла­тфор­ма кај се­ло­то Ер­џе­ли­ја.

    „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ об­ја­ви­ла де­ка експ­ло­зи­ја­та на га­сот пре­диз­ви­ка­на од дуп­чал­ка­та на „На­фта гас“ се слу­чи­ла на 2 фе­вру­а­ри око­лу 10 ча­сот утри­на­та. Во тек­стот об­ја­вен на 5 фе­вру­а­ри пи­шу­ва де­ка на дла­бо­чи­на од са­мо 470 ме­три из­би­ла сил­на експ­ло­зи­ја на гас со по­ја­ва на на­фта, ко­ја, ка­ко што пи­шу­ва, мо­же­ла да се ви­ди ду­ри од Ер­џе­ли­ја.

    Но, што се слу­чи­ло – по са­мо не­кол­ку ме­се­ци ра­бо­та, ра­бот­ни­ци­те на „На­фта и гас“ си за­ми­на­ле. Истра­жу­ва­ње­то би­ло пре­ки­на­то. Ни­ко­гаш не би­ло об­ја­ве­но да­ли та­му мо­же да има на­фта иа­ко ма­ке­дон­ско­то Со­бра­ние од­во­и­ло зна­чи­тел­ни средс­тва за да про­дол­жат ис­пи­ту­ва­ња­та. И ту­ка за­вр­шу­ва це­ла­та при­каз­на за ов­че­пол­ска­та на­фта.

    Во се­кој слу­чај, со пос­лед­на­та ини­ци­ја­ти­ва на Вла­да­та се чи­ни де­ка сме на нај­до­бар пат да откри­е­ме да­ли има на­фта во Ма­ке­до­ни­ја.

    Цр­но­то зла­то но­си мно­гу па­ра, ама ба­ра и мно­гу вло­жу­ва­ња, без га­ран­ци­ја де­ка ќе се по­ја­ви.



    Вла­да­та ќе да­ва про­стор и до 5000 ква­драт­ни ки­ло­ме­три за истра­жу­ва­ње на­фта

    Со но­ви­те из­ме­ни на За­ко­нот за ми­не­рал­ни су­ро­ви­ни, кои се во со­бра­ни­ска про­це­ду­ра, се пред­ви­ду­ва нов вид по­стап­ка за до­де­лу­ва­ње прос­пек­ци­ски ге­о­ло­шки истра­жу­ва­ња на ми­не­рал­ни су­ро­ви­ни. Име­но, на ја­вен по­вик по пат на еле­ктрон­ско јав­но над­да­ва­ње ќе се до­де­лу­ва про­стор до 5000 ква­драт­ни ки­ло­ме­три., на кој ќе се вр­шат прос­пек­ци­ски истра­жу­ва­ња на раз­лич­ни ви­до­ви ми­не­рал­ни су­ро­ви­ни.

    Со тоа на истра­жу­вач­ки­те ком­па­нии им се да­ва мож­ност да пра­ват се­ри­оз­ни ана­ли­зи на про­сто­рот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја од ас­пект на на­о­ѓа­ње но­ви ло­ка­ли­те­ти кои ќе бидат перс­пе­ктив­ни за истра­жу­ва­ње ми­не­рал­ни су­ро­ви­ни, ка­ко и ана­ли­зи на про­сто­рот од ас­пект на сог­ле­ду­ва­ње по­тен­ци­ја­ли и утвр­ду­ва­ње по­тен­ци­јал­ни зо­ни на те­ри­то­ри­ја­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја за евен­ту­ал­но истра­жу­ва­ње јаг­ле­но­во­до­ро­ди (на­фта, гас и слич­но).

    http://republika.mk/?p=202534 - http://republika.mk/?p=202534



    Posted By: Zelenikovo
    Date Posted: 20-Nov-2017 at 21:31
    Originally posted by beTon

    При из­вр­ше­ни­те проб­ни дуп­че­ња кај вул­кан­ско­то дув­ло кај Ко­сел, на дла­бо­чи­на од 300 ме­три се на­иш­ло на ге­о­тер­мал­на во­да ко­ја има­ла тем­пе­ра­ту­ра од 90 Цел­зи­у­со­ви сте­пе­ни, до­де­ка на дла­бо­чи­на од 800 ме­три се на­иш­ло на при­ро­ден гас и на на­фта. Дуп­ка­та би­ла за­тво­ре­на и бе­то­ни­ра­на, а це­ло­куп­на­та ар­хи­ва од на­о­ди­те од дуп­че­ње­то и комп­лет­ни­от ела­бо­рат се на­о­ѓа­ат во Во­е­но-тех­нич­ки­от ин­сти­тут во Бел­град. Во ре­о­нот на Све­ти На­ум, на дла­бо­чи­на од 1.400 ме­три, исто та­ка, би­ле откри­е­ни при­ро­ден гас и на­фта. Овој на­од се по­вр­зу­ва со ал­бан­ска­та та­ка­на­ре­че­на на­фте­на жи­ла, ко­ја, од стра­на на Ал­ба­ни­ја, се експ­ло­а­ти­ра ве­ќе 50 го­ди­ни. Та­ка ба­рем пи­шу­ваа ме­ди­у­ми­те во Охрид.


    можеби Рударски Институт треба да здружат сили со ЕЛЕМ и да инвестираат позбилно во нови сондирања на потенцијалните нафтени жили, а да се надеваме ќе удрат и на некоја аорта та и езеро, ко што вели бугарот не едно ами две кај нас, но и малку за нашата економија може да биде многу, но треба да се метнеме на грцитеи еден ваков ресурс да го резервираме за државен есап преку некоја нова компанија, знае ли некој каконхеленик петролеум кренале на ова поле глава, кој кога како инвестирал во нивните истражувачки агенди, можно ли е да копираме нивни научен модел, зошто геолошкиот завод никогаш нема направено ниту еден симпозиум или бар документарец на оваа тема ...

    [ https://web.archive.org/web/20171120201735/http://www.iene.gr/2ndseeed/articlefiles/session_iii/nikolaou_d.pdf - 1 ] http://www.iene.gr/2ndseeed/articlefiles/session_iii/nikolaou_d.pdf - http://www.iene.gr/2ndseeed/articlefiles/session_iii/nikolaou_d.pdf

    https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_oil_and_gas_fields_in_Albania - https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_oil_and_gas_fields_in_Albania

    [ http://archive.is/ERy1T - 1 ] http://www.iene.gr/2ndSEEED/articlefiles/Session_III/Mezini_A.pdf - http://www.iene.gr/2ndSEEED/articlefiles/Session_III/Mezini_A.pdf




    Print Page | Close Window