Print Page | Close Window

Реставрациja / Реконструкциja

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Културни
Forum Discription: Музеи, театри, историски објекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=68
Printed Date: 28-Mar-2024 at 14:29


Topic: Реставрациja / Реконструкциja
Posted By: Cloverstack
Subject: Реставрациja / Реконструкциja
Date Posted: 12-Oct-2007 at 08:00
Користете ја нишкава за вести и дискусии за реконструкција/реставрација/конзервација на културно-историски споменици и други објекти од историското наследство.


Следниве зафати имаат свои сопствени нишки:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=158 - Скопско Кале

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=665 - Камени Мост

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=542 - Саат Кула - Скопје

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=664 - Мустафа-пашина џамија

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=382 - Уранија - Охрид






Replies:
Posted By: shyes
Date Posted: 29-Dec-2007 at 16:33
Добро е што ќе добиеме финанциска помош за старта чаршија. Тој дел од Скопје мора да се заштити од пропаѓање. 

 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Jan-2008 at 01:02
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=99D64576124F6E40968E4794021582CB - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=99D64576124F6E40968E4794021582CB

Возобновената црква „Пресвета Богородица“ ќе се освети на 31 јануари

Храмот се изгради со донација на Трифун Костовски, кој вложи повеќе од 1,5 милиони евра

ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА

Црквата „Пресвета Богородица“, која е возобновена благодарение на донацијата на Трифун Костовски, ќе биде осветена на 31 овој месец, на денот Свети Атанасиј Велики. Иако нецелосно завршена, црквата е во фаза кога ги содржи сите неопходни елементи за осветување и конечно отворање на нејзините порти за верниците. Деновиве интензивно се работи на надворешното партерно уредување, откако неодамна заврши изведбата на комплетната канализациска мрежа и осветлението. Се доработуваат и завршните работи на куполата на храмот. Раководителот на објектот, Ките Илчески, од фирмата „Артинг“ која ги изведе главните градежни работи, вели дека по осветувањето останува да се завршат „ситни нешта“ на објектот.

„Треба да се доизведе дел од внатрешното осветление и уредувањето на црковниот двор. Тие активности нема да попречуваат верниците да ја посетуваат црквата“, смета Илчески. Инаку, во дел од дворот интензивно се работи на пристапните патеки до објектот, а екипи на „Паркови и зеленило“ вршат кроење на дрвјата на улицата што води до црквата, а која, според ДУП, е предвидено да се претвори во пешачка зона. Според Илчески, за предавање во употреба е подготвена и камбанаријата, која ја сочинуваат четири ѕвона специјално изработени во Австрија.

На изработката на иконостасот работеше струшката фирма „Небра“, чиј сопственик и главен изведувач Јаков Наумовски вели дека биле потребни осум месеци за негово целосно завршување. „Бевме ангажирани 12 луѓе. Иконостасот е изведен со бел прилепски мермер ‘сивец‘, при што се потрошени 10,5 кубни метри материјал. Работевме со компјутерски машини, а потоа рачно доработувавме. Иконостасот го кроевме на самото место во објектот и потоа го монтиравме. За спојување користевме врвни материјали“, вели Наумовски, посочувајќи оти некои од деловите на иконостасот тежеле дури и до 400 килограми. Тој е презадоволен од изведената работа и за него, а најверојатно и за другите, највпечатливи ќе бидат изведените мотиви на лозови листови со гроздови и царската круна.

Инаку, иако на поставувањето на камен-темелникот на црквата пред околу три и пол години беше ветено дека таа ќе биде готова за една година, работите непредвидено се одолжија. Донаторот Трифун Костовски неодамна рече дека дел од застојот на работите се должел на отстапки од договорот што ги направила МПЦ, која иако првично задолжена да обезбеди средства за камбанаријата и за целосното внатрешно уредување на објектот и дворното место, тоа не го испочитувала. Од тие причини Костовски од првичната донација од еден милион евра, дал дополнителни 500.000 евра.



Posted By: shyes
Date Posted: 17-Jan-2008 at 07:35
Мило мие што то се реновира храмот, но мислам кај најде Трифун толкава сума сопствени пари, колку е тој платен годишно, случајно да не знае некој. 


Posted By: La Linea
Date Posted: 17-Jan-2008 at 13:07
Трифун пред се е бизнисмен и естраден уметник Smile
Он ја финансираше изградбата на црквата пред да биде избран за градоначалник. Како дошол до тие пари навистина не сакам да шпекулирам. Smile


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Jan-2008 at 13:18
Праел концерт


Posted By: se_manda
Date Posted: 17-Jan-2008 at 16:54
da be.line up na koncertov Trifka,Boki 13,Suze nacionale,Sonja Tarculovska i special guess star Blagica Pavlovska. a onaka ko surprise Ceca Big%20smileCrazy


Posted By: La Linea
Date Posted: 21-Jan-2008 at 23:37






ПАРИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА


Европска донација за Цареви кули


Најдоцна до крајот на март годинава, како што е планирано, ќе започне реконструкцијата на познатата тврдина над Струмица - Цареви кули за што е добиена донација од Европската агенција за реконструкција од околу 280.000 евра.

По комплетирањето на целокупната документација и завршените археолошки истражувања, а со ребалансот на општинскиот буџет за таа намена се издвоени уште стотина милиони денари од локалната самоуправа, така што целокупната инвестиција ќе биде заокружена на околу 460.000 евра.

- Дел од средствата што ги обезбеди општината веќе се употребени за изградбата на пристапниот пат од селото Попчево до тврдината во должина од 2,5 километри, а еден дел ќе бидат потрошени за реконструкција на главната влезна порта, додека европските пари ќе бидат употребени строго наменски за реставрација на целокупната тврдина, вели градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев.

Како што се очекува, реконструкцијата на тврдината Цареви кули треба целосно да биде завршена до крајот на оваа година. За запазување на предвидената динамика минатата есен беа спроведени интензивни и сеопфатни археолошки истражувања од страна на регионалниот Завод за заштита на спомениците од Струмица.

- Ископувањата ги фокусиравме претежно на бедемското платно, на централната кула, некрополата и на повеќе други поситни објекти. Археолозите најмногу се задржаа на западниот бедем кој заедно со кулите е добро сочуван, а најпријатно беа изненадени од откривањето на остатоци од средновековна црква која според фрескодекорацијата датира од 13. век, тврди Славица Тасева, директор на струмичкиот Завод за заштита на спомениците на културата.
Cheers



Оваа слика е банер на www.strumica.gov.mk - www.strumica.gov.mk и веќе долго време седи таму. Највероватно е рендер од Цареви Кули како би изгледале по реконструкцијата, која веќе 2 години се најавува. Не е лошо






-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Jan-2008 at 01:18


Да одлично изгледа Smile


Posted By: dejan
Date Posted: 22-Jan-2008 at 06:20
Ooh toa Carevi Kuli mnogu interesno izgleda! Super e.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Mar-2008 at 11:41
Многу убав објект Smile

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=942BFC778AFF6041904258C59DB6A48C - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=942BFC778AFF6041904258C59DB6A48C

Ќе се обновува фасадата на Детскиот културен дом „Карпош“

Градот Скопје подготви проект за обнова на фасадата на Детскиот културен центар „Карпош“. Во текот на мај и јуни годинава ќе се поправаат сите оштетени делови од фасадата, ќе се бојоса и ќе се постави ново осветление. Моментално проектот е на ревизија во Градскиот конзерваторски центар, со оглед на тоа дека станува збор за заштитен споменик на културата.

Конзервирањето на фасадата на некогашниот пионерски дом, е првата фаза од реновирањето, по која ќе следи и обновување на внатрешноста. Според најавите од Градот, ќе се сменат дотраените подови и старата инсталација, а ќе се подноват и вратите, прозорците, инсталациите за загревање и санитариите. За овие зафати, Градот Скопје од својот буџет издвои шест милиони денари. Во тек е и тендерот за избор на изведувач на реконструкцијата на фасадата, по што ќе следува тендер за вториот дел од проектот. Предвидените финансии, се надеваат во Градот, ќе бидат доволни за двата проекта.

„Бидејќи објектот е ставен под заштита како споменик на културата, зградата нема да го менува надворешниот изглед, туку само ќе се обнови фасадата. Заради специфичноста на работата, што е директно поврзана со временските услови, обновата на фасадата треба да почне некаде кон крајот на мај“, велат во Градот.

„Годинава ’Карпош‘ ќе прослави 60 години од своето постоење и по тој повод веќе се изготвува новата химна на домот како и мултимедијално ЦД на кое ќе бидат поместени видеоматеријали од сеќавањата на најпопуларните личности кои некогаш својата кариера ја почнувале токму во Пионерскиот дом“, најавува директорот Богдан Андриевски. Шеесеттиот роденден „Карпош“, традиционално, ќе го прослави низ песни и ора, на Интернационална манифестација „Оро без граници“, на која ќе биде организирана изложба на ликовни дела на деца од Германија. (С.Н.)



Posted By: ProMKD
Date Posted: 26-Mar-2008 at 23:39
Дали објектов е тој што се наоѓа на илинденска одма после парк? 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Mar-2008 at 23:40
Ахам


Posted By: ProMKD
Date Posted: 26-Mar-2008 at 23:43
Одличен објект. Една поправка на фасадата и бомба Че биде  


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 27-Mar-2008 at 18:48
Ууууу ова е одлична вест!!! CheersМене оваа ми е една од омилените згради во Скопјево... 


Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Mar-2008 at 15:32
Реконструкција на спортските објекти во општина Валандово

Во општината Валандово во полн ек е акцијата за реконструкција на спортските објекти во градот, во Јосифово, во Пирава, во Удово и во Балинци, чиј инвеститор е Агенцијата за млади и спорт.

Истовремено се работи и на партерно уредување во Удово и во Валандово, а во полн ек се и работите околу уредување на излетничкиот локалитет “Извор“ во близина на манастирот “Свети Ѓорѓија“ и градскиот базен за капење, најпосетеното место на валандовчани за време на летната туристичка сезона.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=26824&kategorija=1



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Apr-2008 at 19:09

ОХРИД


Куќата на Робевци со нов лик


Овој споменик на културата, еден од најрепрезентативните примероци на старата охридска архитектура последен пат е реконструиран 1990 година кога повторно работи како музеј


Куќата на Робевци, една од најпознатите охридски староградски градби од неодамна се реновира. Санирана е јужната фасада, променета е столаријата која беше стара 18 години, а за комплетирање на надворешноста останува да се заврши и северната страна. Според директорот на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска проектите продолжуваат и ќе се реализираат во континуитет во зависност од средствата кои ќе бидат обезбедени за таа намена.

-Објектите постепено се конзервираат и заштитуваат. Со реализација на проектот за реновирање на куќата на Робевци се започна минатата година а ќе се заврши оваа година. За санирање остана северната страна за која имаме распишано тендер а по изборот на најповолната понуда ќе пристапиме кон реализација на проектот, вели директорката Паскали Бунташеска.

Инаку средствата за овој проект се обезбедени од Министерството за култура кое минатата година издвои 900 илјади денари а оваа година 500 илјади денари, средства кои според Бунташеска се доволни за екстериерно уредување на објектот.

Санацијата на фасадата на куќата на Робевци се врши според проект врз кој е извршена стручна контрола од страна на националниот конзерваторски центар, велат од Завод и Музеј.

Овој споменик на културата, еден од најрепрезентативните примероци на старата охридска архитектура последен пат е реконструиран 1990 година кога повторно работи како музеј. Еден дел од куќата е за презентација на археолошкото богатство, еден дел како спомен кат на семејството Робевци а најгорниот кат - Ширванот, добил функција на охридска резиденција. Денес оваа велелепна зграда е една од најпосетуваните од страна на туристите како од домашните така и од странските. Годишно во Куќата на Робевци влегуваат околу 5000 посетители.

Сузана ВРЕНЦОВСКА


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=78339DC398B58B44BE2D198A669A3863 - Vecer

Фасадата беше во одлична состојба последен пат кога ја видов, но внатрешноста е сосема друга приказна.

Еве ви една слика од ширванот Crazy


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: La Linea
Date Posted: 20-May-2008 at 16:57
Како може да добие 12 метри во височина(4 ката) и да ја задржи својата оригинална димензија?!

Ќе се реконструира Саат кулата во Штип

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/30449/Stip.bmp">

Штипскиот бизнисмен Сашо Миладинов-сопственик на МК Албатрос, ќе ја финансира реконструкцијата на вековната Саат кула во Штип. Според планот, кулата ќе добие дополнителни 12 метри во висина, ќе ја задржи и својата оригинална димензија.

Во текот на реконструктивниот зафат ќе се вградат над 10 тони челик. Саат кулата е лоцирана во центарот на градот во познатото Горно Маало. Ќе функционира како изложбен салон и продавница на сувенири, а саатниот механизам на кулата кој и сега работи, ќе е и понатаму во употреба.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=30449&kategorija=1


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-May-2008 at 16:58
Македонско новинарство Roll%20eyes


Posted By: La Linea
Date Posted: 20-May-2008 at 17:01



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-May-2008 at 17:07
LOL LOL LOL


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Jun-2008 at 14:31
Thumbs%20Up

Се снима чаршијата во Битола

Почна инвентирањето на битолската Стара чаршија, проект што Завод и музеј од Битола го реализира во соработка со Заводот за заштита на културното наследство од Ангулем, Франција. Стручен тим од домашни архитекти и надворешни експерти ќе извршат вреднување на 100 градби во чаршиското јадро стари повеќе векови, кои досега не биле реставрирани. Со ова ќе добиеме една публикација и документација која ќе ни биде неопходна за аплицирањето со проекти за реставрација и конзервација до европските фондови - рече Ирена Ружин од битолскиот Завод и музеј. Евидентирани се 40 градби преку направен увид на покривната конструкција и фасадата. Од добиените податоци ќе се дознае колкави се оштетувањата кај старите автентични објекти и колку пари ќе бидат потребни за реставрација.

(Ж.З.)



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EAA43991D99D0041ADF18FEAE46C1E1D%5D - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EAA43991D99D0041ADF18FEAE46C1E1D]


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Jul-2008 at 18:26
Thumbs%20UpThumbs%20Up
Thumbs%20Up

Ќе почне целосна реконструкција на Трескавец

Конечно ќе започне целосната реконструкција на манастирот Трескавец кај Прилеп или, како што го нарекуваат, македонскиот Синај.

Денеска беше формиран одбор од академици, архитекти, историчари и владици, кои ќе треба да го изготват проектот за реконструкција.

Во план е прво да се изградат патот и водоводот до манастирот, за да се започне со другите работи.

„До крајот на годината имаме во заштеда доволно средства за да се отпочнат некои активности и со оглед на доставената предлог-програма, којашто ќе биде доставена од страна на работната група, ќе ги предвидиме средствата за следната година“, рече Елизабета Милевска Камчева, државен секретар за култура.

Трескавец во 2004 година беше ставен во 100-те најзагрозени споменици на културата во светот, бидејќи иако е еден од нашите најголеми и најстари манастири, црквата и фрескоживописот кои се од 13-от век се во катастрофална состојба.

„Она што досега е направено навистина е несоодветно на онаа руина во којашто се наоѓа манастирот. Она што сега се планира навистина ќе биде темелно“, изјави владика Климент, епископ хераклејски.

За староста и големото значење на фрескоживописот кажува и фактот што на еден од ѕидовите од црквата се пронајдени седум слоеви на фрески еден врз друг.

Планирано е комплетно да се реконструираат конаците, црквата, фрескоживописот, но исто така да се направат и археолошки ископувања, затоа што црквата е изградена врз храм на боговите Аполон и Артемида, а во околината се наоѓа и античката населба Колобаиса. Остатоци од неа и камени плочи може да се забележат насекаде во манастирот.

„Вие прилепчани, а и Македонија ќе има едно место, да не кажам рајско место во Македонија, коешто насекаде и досега е познато, но отсега натаму ќе биде уште повеќе“, вели Паско Кузман, директор на Управа за заштита на културното наследство.

„Одлучивме нешто многу круцијално, да се собере се во Македонија што е досега направено за Трескавец во доменот на археологија, архитектура, историја на уметноста и духовниот живот, како би се пришло кон еден стабилен елаборат“, рече Цветан Грозданов, академик.

Со овој досега еден од најграндиозните проекти за реконструкција на некој манастир се планира комплексот Трескавец да стане една од главните туристички дестинации во Македонија.


http://%20www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=95117 -
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=95117


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 09-Jul-2008 at 23:20
pbanks ne znam dali si bil na treskavec,no ako imas moznost pojdi i prespijaj edna vecer,gletkata na cela pelagonija navecer nikogas ne se zaborava!

Ima eden monah po poteklo od skopje,nema poveke od 30 god,covekot e visoko obrazovan,perfrktno zboruva angliski i koga iam pogolema grupa turisti gi vodi niz manastirot i mu raskazuva razni istorii,mnogu interesen covek

Inaku mnogu me raduva pocnuvanjeto na restarvacijata, iako e na 3 casa peski odenje od Prilep mestoto i sega ima mnogu turisti,lani sretnavme finci,germanci,cesi...pa posle ova se nadevam da stane mogu popoznato


Posted By: beTon
Date Posted: 10-Jul-2008 at 02:00
...еве една легенда која исто се припишува и на манастирот Господово Преображение во   Зрзе, сигурно оти се од ист крај па затоа и се измешале лончињата...
звучи вака нешто:
...кога почнале да го градат манастирот мајсторите ќе кренеле дента неколку реда од ѕидот, но преку вечерта истиот паѓал а алатот топтан ја менувал локацијата т.е. го наоѓале преместен 50-тина метри погоре и се мачеле така ѕидарите десетина дена     се додека Епископот не увидел дека тоа е Божја промисла и дал Благослов да се крене манастирот на местото каде што е денеска т.е. на карпата на која се наоѓа црквата...

сигурно истата мака ја имале и денешниве мајстори-реставратори па едно дваесет години никако да ја завршат реставрацијата, та дури дочекавме да не сместат како една од најнеодговорните нации кон културното   богатство во светот. чув вест дека   му дале на манастирот   скромно 20 место во светот меѓу најзагрозените културни споменици денес (намерно или оправдано-времето ќе каже)!
што било-било, сега со лезет нека мине...

интересно е да се спомне дека во пред дождот на милчо на Св.Јован Богослов Црквата на Канео и се монтирани конаците од Трескавец т.е. пола филм е сниман на Трескавец     

еве и некоја слика:

http://www.cdnh.edu.mk/Proekti/multimedija2007/crkviprilep/TreskavecPanorami.html - http://www.cdnh.edu.mk/Proekti/multimedija2007/crkviprilep/TreskavecPanorami.html

КРАЈОТ НА 19 ПОЧЕТОК НА 20 ВЕК



















ПАНОРАМА ОД ЗЛАТОВРВ



ЈУЖЕН ВЛЕЗ



СКИЦА НА ЦРКВАТА



        


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Jul-2008 at 20:29
Originally posted by ovaj_stariov

pbanks ne znam dali si bil na treskavec,no ako imas moznost pojdi i prespijaj edna vecer,gletkata na cela pelagonija navecer nikogas ne se zaborava!

Ima eden monah po poteklo od skopje,nema poveke od 30 god,covekot e visoko obrazovan,perfrktno zboruva angliski i koga iam pogolema grupa turisti gi vodi niz manastirot i mu raskazuva razni istorii,mnogu interesen covek

Inaku mnogu me raduva pocnuvanjeto na restarvacijata, iako e na 3 casa peski odenje od Prilep mestoto i sega ima mnogu turisti,lani sretnavme finci,germanci,cesi...pa posle ova se nadevam da stane mogu popoznato


ne sum bil na treskavec za zal no ti veruvam na zborovite. Definitivno mi e vo prioritetite za toj del od zemjata. vesta za restavracijata e stvarno dobra Thumbs%20Up

@beton dobri materijali


Posted By: beTon
Date Posted: 12-Jul-2008 at 00:47

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=93991 - Прилеп ќе стане Духовен и Црковен центар - А1 - 10.06.2008

[tube]FW-n0Ex-4yE[/tube]

Originally posted by beTon

интересно е да се спомне дека во пред дождот на милчо на Св.Јован Богослов Црквата на Канео и се монтирани конаците од Трескавец т.е. пола филм е сниман на Трескавец  

Ети ти дезинформација, лошо сум бил научил за пред дождот и конаците на трескавец, само што разбрав од кратките репортажи за Скопје од артУл26 на скајнет дека сцените со конаците во пред дождот се снимени во манастирот Св.Никита во село Бањани на Скопска Црна Гора...

edit: не сум разбрал лошо, лошо ја склепале информацијата овие во улица арт26, дефинитивно има монтажа и од конаците на Манастирот Трескавец, но и на уште три други, од ова ќе извлечам заклучок дека Милчо со креативна умисла ја средил така филмуваната приказна за Македонскиот Круг!

Occasionally, the crew had to build its own roads. Manchevski would sometimes shoot a single scene in places miles apart, then splice the footage together. Kiril's mountaintop monastery, for example, is a composite of four different monasteries. Scene on the Kirghiz steppe circa 1893.
http://www.manchevski.com.mk/html%20en/m_press_es_brawn.html - www.manchevski.com.mk/html%20en/m_press_es_brawn.html



Posted By: Forensic
Date Posted: 12-Jul-2008 at 14:29
Originally posted by beTon




 
Blows your mind! Thumbs%20Up


Posted By: mitatos
Date Posted: 12-Jul-2008 at 14:45
jas mislam deka ne treba samo treskovec da se renovira, treba malku i okolinata, isto i asfaltiran pat do tuka, malku poveke prostor za rekreacija, poveke treva, poveke drva, nekoj motel podole, nekoj drug konak za poveke gosti, taka ke ima poveke posetiteli

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: dejan
Date Posted: 12-Jul-2008 at 15:01
Незнам за асфалтиран пат или мотелче подоле...мислам ке го расипе излгедот малку на околината. Мислам треба да се зачува така застарено да изгледа.

Иначе Michael Palin во неговата емисија 'New Europe' го посети манастирот Трескавец, еве како помина http://palinstravels.co.uk/book-4239 - тука .

Иначе од сликите што ги гледам тука, Трескавец е прекрасен! За една мала земја имаме со што да се покажемеSmile


Posted By: mitatos
Date Posted: 12-Jul-2008 at 15:15
Nema da go narusi izgledot ako e izgraden podole,mislam vo blizina,  pa posle  mora da se ima pat koj bi vodel do tuka, malku zasadeni drva, treva, pateka, da izgleda ubavo, da go ima svojot avtenticen izgled, megutoa da ima i malku rekreacija, kade da se odmori covek, nekoe suvenirce ova ona, mislam deka treba malku i del od markovi kuli da se rekonstruiraat , ete togas navistina bi bilo mestovo perfektno za poseta

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: dejan
Date Posted: 12-Jul-2008 at 15:20
Тогаш се согласувам со тебе!  


Posted By: mitatos
Date Posted: 12-Jul-2008 at 15:39
hehe, samo ne znam dali nekoj ima nekoja slika kako izgledale kulite od pred nekoj vek, mislam za markovi kuli imam videno edna slika, ama dodusa ne veruvam deka taka izgledale

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Jul-2008 at 23:40

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=ED20F6901D87224A80CC54B0A67C70FC - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=ED20F6901D87224A80CC54B0A67C70FC



Детскиот културен центар „Карпош“ се' уште ја чека новата фасада

Реставрацијата што беше најавена за мај и јуни, доцни поради тендерските постапки

Обновата на фасадата на Детскиот културен центар „Карпош“ се' уште не е започната. Иако градските власти најавија дека поранешниот Пионерски дом во текот на мај и јуни ќе добие нов лик,,реновирањето се' уште чека поради доцнење на тендерските постапки. Со оглед на тоа дека објектот е ставен под заштита како споменик на културата, тој нема да го менува надворешниот изглед, туку само ќе се реставрира фасадата. Заради специфичноста на работата, што е директно поврзана со временските услови, реставрацијата во летниот период, во услови на високи температури може да претставува проблем, сметаат стручњаците.

Според плановите на градските власти, на ДКЦ „Карпош“ ќе се поправаат сите оштетени делови од фасадата, ќе се бојоса и ќе се постави ново осветление. Конзервирањето на фасадата е првата фаза од реновирањето, по која ќе следува и обновување на внатрешноста. Според најавите од Градот, ќе се сменат дотраените подови и старата инсталација, а ќе се подноват и вратите, прозорците, инсталациите за затоплување и санитариите. За овие зафати, Градот Скопје од својот буџет издвои шест милиони денари.

Годинава „Карпош“ ќе прослави 60 години од своето постоење и по тој повод веќе се изготвува новата химна на домот, како и мултимедијално ЦД на кое ќе бидат поместени видеоматеријали од сеќавањата на најпопуларните личности кои некогаш својата кариера ја почнувале токму тука. (С.Н.)



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 17-Jul-2008 at 22:14
Previous
Браво, уше таа „барака“ од десно да се сруши и со малку зеленило би бил стварно убав простор и освежување
(но не да му текне на некој да гради некое зградиште)

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Aug-2008 at 11:18

Ќе се уредува куќата на Хаџи Константинов-Џинот во Велес

ВЕЛЕС - По две години од реновирањето, наскоро ќе почне и внатрешното уредување на Спомен-куќата на Јордан Хаџи Константинов-Џинот во Велес. Објектот е споменик на културата што припаѓа на старата градска архитектура со зачувана автентичност.

Во куќата, која е сопственост на Општината, ќе биде сместен музеј со експонати од Македонија и од Шведска. Ќе ги обезбеди Македонско-шведскиот културен центар во Шведска, формиран од македонските иселеници. Ќе бидат изложени шеесетина експонати, антиквитети, виолини и камери од 19 век, еден раритетен барокен клавир, графики, уметнички слики и голем број други творби од реномирани шведски автори.

Во куќата каде што живеел Џинот со својата сестра во 19 век, Народниот музеј од Велес ќе отвори и спомен-соба за велешкиот просветител. Таму ќе биде и седиштето на Асоцијацијата на градовите со архитектонско наследство, по примерот на развиените европски културни центри кои преку објектите заштитени со закон ја промовираат својата култура. Јордан Хаџи Константинов-Џинот е меѓу најзначајните македонски преродбеници и просветители. (МИА)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4DC911940B7AB54780A69FD1891EE9ED


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Sep-2008 at 01:18

Беговата куќа пропаѓа, никој не сака да мрдне ниту со прст

Обвинителството ја отфрли пријавата против инвеститорот на објектот што се гради во близина

Киро Кипроски

ГОСТИВАР - Јавното обвинителство на Гостивар ја отфрли кривичната пријава поднесена од Управата за заштита на културното наследство за оштетувањата на Беговата куќа во Гостивар, против инвеститорот на деловниот објект што се гради на улицата „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар. Пријавата беше поднесена против инвеститорот Насер Идризи, директор на Друштвото за промет на стоки и услуги „Гетро“ од Гостивар, Ремзи Мустафаи, директор на „Магнум“, фирма што го уриваше објектот на Стопанска банка, и против Блаже Димоски, раководител на гостиварското градилиште на „Гранит“, кое ги изведува градежните работи на деловно-трговскиот објект.

Хабил Илјази, јавен обвинител во Гостивар, вели дека пријавата ја отфрлиле врз основа на наодот и мислењето на вештаците на Бирото за судско вештачење од Скопје, во кое, меѓу другото, стои дека „оштетувањата на Беговата куќа не се последица на непреземените мерки за заштитата при уривање на објектот на Стопанска банка, туку на разни материјали вградувани врз стариот малтер. Изведувачот на работите ги презел мерките за заштита на објектот и на културното наследство“, навеле вештаците.

Пред три години до темел беше урната зградата на Стопанска банка, а потоа беа ископани многу подлабоки темели од постојните, за изградба на нов деловно-трговски објект на Друштвото за промет на стоки и услуги „Гетро “ од Гостивар. Оттогаш започнаа и неволјите на Фикрие Болетин, сопственичка на Беговата куќа, која претставува редок објект на автентичната староградска архитектура во Македонија и пошироко во регионот, а од 1984 е заштитена како споменик на културата,

„Кога тешката механизација на ’Магнум‘ започна да го урива грандиозниот бетонски објект на Стопанска банка, почнаа ѕидовите да пукаат, да паѓа малтерот, куќата постојано се тресеше и се плашев да живеам во неа“, вели Болетин. Таа додава дека за оштетувањата ја известила Управата за заштита на културното наследство, која редовно ја посетувала и се грижела за куќата, која претходно немала никакви оштетувања. „Стручна екипа на Управата неколку пати доаѓаше, ја документираше новонастаната состојба, а преземаше активности и за санација на оштетувањата. И местата кои беа санирани повторно се оштетуваа“, вели Болетин.

Во документите што ни ги презентира оштетената Болетин можевме да се увериме дека во летото 2005 година уривањето на зградата се извршувало без одобрение. Во записникот на инспекцијата на Управата за заштита на културното наследство, извршена по втор пат, се констатира дека оштетувањата се уште поголеми и дека се предизвикани статички оштетувања и е нарушен интегритетот на објектот. По многуте усни и писмени ургенции, градежниот инспектор на Општина Гостивар на крајот на 2006 година донесе решение со кое на инвеститорот на трговско-деловниот простор му наложува да ја стопира изградбата, бидејќи ја изведува без заверен основен проект за градење.

„Ме чуди како Јавното обвинителство ја отфрли сета документација и наоди на стручните лица на Управата за заштита на културното наследство и ги слуша само вештите лица. Се прашувам како можат вештите лица да констатираат дека малтерот паднал, бидејќи бил стар? Куќата е изградена пред повеќе од двесте години, а се' до уривањето на зградата на Стопанска банка немаше ниту една пукнатина. Немаше оштетувања и пред триесетина години кога се градеше“, вели таа и додава: „Инвеститорот Насер Идризи за да изгради подземен влез во подрумските простории ми узурпира и 50 квадратни метри дворна површина. Багерите почнаа да ја копаат земјата, направија огромна дупка. По моја интервенција, полицијата веднаш реагираше и ги стопираа работите“.

И другите соседи на деловно-трговскиот објект што е во градба реагираат на непочитувањето на урбанистичкиот план. „За жал, во нашава држава ништо не функционира, се' е корумпирано“, револтирано вели Душко Николовски, кој две години се обидува да го заштити својот имот што му е узурпиран.

И Николовски ни презентира папка со писма испратени до сите институции во локалната и државната власт, во судовите, МВР, во Министерството за правда, народниот правобранител, Јавното обвинителство. Со жалење Николовски констатира дека никој не реагира на писмата, поплаките, претставките. Затоа, вели на крајот, ништо друго не му преостанува, освен да ја тужи државата пред Меѓународниот суд во Стразбур за да го оствари своето право врз имотот.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=0977178E05E525489E6E4EF9BBE3AF98


Posted By: mitatos
Date Posted: 01-Oct-2008 at 16:30
Nekade procitav deka ke se restavrira stipskata saat kula pa najdov edna stara slika da vidite kako izgledalo :




-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 11-Oct-2008 at 13:18
za zal sum bill vo skopje pred 3 godini  .......dali izgledat ovie zgradi mnogu stari???


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 11-Oct-2008 at 13:20
vo foto ne se gleda    .... . jas mislam za tie golemite zgradi vo centarot


Posted By: mitatos
Date Posted: 11-Oct-2008 at 13:44
Ova slika pogore e vo Shtip a ne vo skopje ako mislese za nea 

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 11-Oct-2008 at 13:55
ne ne jas mislev sa tie golemi zgradi sto se vo skopje vo zentarot    http://wwwstud.rz.uni-leipzig.de/~ges00irq/macedonia/SKOPJE.GIF - http://wwwstud.rz.uni-leipzig.de/~ges00irq/macedonia/SKOPJE.GIF


Posted By: mitatos
Date Posted: 11-Oct-2008 at 14:03
Pa ne se i mnogu stari , od pred 30 godini, nekade vo sedumdesetite godini se izgradeni,a izgledaat kako stari ,oti celata nivna konstrukcija e betonska kako sto gledas ,i na nekoj nacin se grdi, barem ja taka mislam

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: zabegan
Date Posted: 11-Oct-2008 at 21:29
на кои згради мислиш? комплексот на поштата (сега дел на Телеком, во средина на сликата), градски ѕид и кулите (десно) или на зградата на Мепсо и Телеком (лево)
всушност не изгледаат толку старо, сите се од пред 20-30 години како што рече митатос, можеби на фасадите на комплексот им треба малку чистење, исто треба нешто да се направи со прозорите, на некои делови делуваат како пластични

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Oct-2008 at 21:59
Originally posted by zabegan

на кои згради мислиш? комплексот на поштата (сега дел на Телеком, во средина на сликата), градски ѕид и кулите (десно) или на зградата на Мепсо и Телеком (лево)
всушност не изгледаат толку старо, сите се од пред 20-30 години како што рече митатос, можеби на фасадите на комплексот им треба малку чистење, исто треба нешто да се направи со прозорите, на некои делови делуваат како пластични


За другото сме збореле но ова прв пат некој го спомнува и се слагам, и мене ми боде истата работа очи.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 14-Oct-2008 at 16:01
jas mislev sa gradski sid i kulite


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Oct-2008 at 16:31
Дечки, на овој муабет не му е местото тука. Оваа нишка е за историски споменици, културно наследство, реставрација, конзервација и слично. Не за било каква реконструкција.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Oct-2008 at 01:23


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Nov-2008 at 00:29

Градскиот часовник во Битола спие со месеци

БИТОЛА - Судејќи според градскиот часовник, времето во Битола одамна запрело. Не само што битолчани не го знаат точното време откако откажа механизмот, туку им е скусено задоволството и навиката секои три часа да ги слушаат акордите од различни мелодии што ги репродуцираше часовникот.

На реакциите на битолчани дека стрелките на Саат-кулата со месеци покажуваат исто време, битолската локална самоуправа најави комплетна реконструкција на механизмот, но и градежни зафати врз целата конструкција.

„Саат-кулата не е во добра состојба. Се обративме до германска фирма која и во минатото го одржувала механизмот. Многу скоро треба да добиеме одговор, па да знаеме што да правиме понатаму. Градежните работи почнаа. Санирањето е во тек“, изјави битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Градскиот часовник е еден од најзначајните културни споменици не само во Битола, туку и во државата. За битолчани е заштитен знак на градот, бидејќи часовникот е поврзан со исклучително интересна и загадочна историја.

Во конструкцијата на Саат-кулата, изградена пред речиси три века, биле вградени околу 100.000 свежи јајца. Механизмот на часовникот е посебна приказна. Тој е подарок од Германија од владата на канцеларот Адолф Хитлер, како благодарност што Битола овозможила изградба на гробишта за загинатите германски војници во Првата светска војна. (А.Б.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=FE7583B03168E246B67F2E5EE1EA73DD




Posted By: гитардемон
Date Posted: 05-Nov-2008 at 20:35

од гитлер? е ова не сум го знаел... јас знам дека е изградена пред 4 века, ама сите си имат посебна приказна

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Nov-2008 at 01:46


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Nov-2008 at 02:57

Ќе се обновува зградата на Детскиот културен центар „Карпош“


фасадата на зградата ќе го задржи истиот стил, бидејќи таа е заштитена како објект од прва категорија со посебно културно значење

Зградата на Детскиот културен центар „Карпош“ ќе биде обновена. Оваа најава од градските власти доаѓа во годината кога овој центар го одбележува својот 60-годишен јубилеј. Институцијата е сместена во објект стар 100 години, кој се наоѓа меѓу улиците Орце Николов и Ленинова. Градските власти го изработија проектот со кој се предвидува обнова на фасадата и на ентериерот. Се чека дозвола од надлежните органи за да почне обновата на фасадата.

Според Алјоша Шопер, раководител на Секторот за планирање и уредување на просторот, фасадата на зградата ќе го задржи истиот стил, бидејќи таа е заштитена како објект од прва категорија со посебно културно значење. Како што истакна директорот на Детскиот културен центар, Богдан Андриевски, однатре само ќе се варосаат просториите, ќе се сменат прозорците и вратите и ќе се обноват санитарните јазли, паркетот, дрвенаријата...

- Проектот за реставрирање на фасадата ќе биде предаден на разгледување на Конзерваторскиот центар во текот на идната недела. Тој треба да даде свое мислење и истото да го упати до Управата за заштита на културното наследство, која дава конечно одобрение за реализација, објаснува Шопер.Паралелно со проектот, распишан е конкурс за најповолен изведувач. Од Градот велат дека фирмата е избрана, но не сакаат да го обелоденат нејзиното име додека со неа не биде потпишан договорот. За обновата на објектот Градот издвоил 6 милиони денари.

Денес во центарот „Карпош“ членуваат околу 300 деца. Во него работат фолклорната, ликовната секција, постои кабинет и за информатика, децата учат да свират на жичени инструменти. Од јануари ќе почне да функционира драмското студио со Дејан Лилиќ, за кое досега се пријавиле 15 дечиња. Планирано е да се формира секција за фото и дигитална камера со помош на кои ќе се снимаат едукативни и етички приказни . Културниот центар во работните денови работи попладне, а во саботите и во неделите од 10 до 15 часот. Оваа зграда, како што потенцираше Андриевски, не е обновувана од 1962 година.

Изградена е во 1907, а првите станари се вселиле во 1908 година. Зградата му припаѓала на семејството Драга. Последниот жив наследник бил Али Драга. Неговите родители, во пролетта 1908 година, во оваа зграда го дочекале Уриетот (Младотурската револуција). Во подрумот имало амам со машки и женски дел. На првиот кат биле канцелариите, а најгоре просториите за живеење. Али Драга на 90-годишна возраст последен пат во 1996 година го посетил Детскиот културен центар „Карпош“ и тогаш оставил аманет зградата да биде културен дом на сите деца на Скопје.

Адаптацијата на зградата на Пионерскиот дом „Карпош“ е извршено есента 1947 и пролетта 1948 година. Во 1962 година, по поплавата во Скопје, подрумот на објектот бил комплетно под вода, а документите од архивата на домот комплетно биле уништени. Обновен и реновиран, домот свечено бил пуштен во употреба на 1 јуни 1970 година. Оттогаш до денес тој не обновен.

Познати „карпошовци“

Многу познати музички имиња и актери минале низ секциите на Детскиот културен центар „Карпош. Меѓу нив се: пијанистот Симон Трпчески, диригентот Александар Лековски, режисерите Слободан Унковски и Коле Ангеловски, музичарите и композитори Зафир Хаџиманов, Калиопи, Стојан Димов, Стевче Стојковски, Љупчо Трајковски-Фис, потоа Елена Ристевска, Маја Грозданова-Панчева, Мартин Вучиќ, Сузана Спасовска, Александар Ристевски-Принц, познатите Јове Кекеновски, Милан Зафков, Наталија Грубовиќ, Горан Алачки, Зоран Марковски...

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=4AA6F78A31D92A409806078A7C6C539C




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Nov-2008 at 15:14
Originally posted by lslcrew

Зградата на Детскиот културен центар „Карпош“ ќе биде обновена. Оваа најава од градските власти доаѓа во годината кога овој центар го одбележува својот 60-годишен јубилеј.

Исто така оваа најава доаѓа по 15-ти пат. Дали градските власти сакаат да ги пумпаат своите достигнувања или новинариве не знаат више за што да пишуваат... Dunno


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Nov-2008 at 23:32
Ова ни промакна некни

http://alsat-m.tv/mk/zemja/7333.html

Заврши реконструкцијата на куќата на Конгресот на азбуката во Битола

18 November, 2008 07:22:00
Големина на фонт: javascript:tsz%28article_body,12px%29"> Decrease%20font javascript:tsz%28article_body,16px%29"> Enlarge%20font
image

Освен надворешната реконструкција и внатрешноста на куќата е веќе готова да ги прими гостите на 100 годишнината од овој голем сеалбански културен и историски настан

Ова го потврди директорот на битолскиот Музеј, Зоран Николовски.

„Чинам дека на 7-ми завршивме со реконструкција на фасадниот дел и со осветлувањето на фасадата. Се реконструираа три страни на фасадата бидејќи четвртата е лепенка со друг објект. Завршија и внатрешните работи така што за два дена кога ќе биде и централната промоцијата објектот е подготвен и да биде домаќин на тој централен настан“ изјави  Николовски

Меѓу гостите на одбележувањето на 100 годишнината од Битолскиот Конгрес ќе бидат премиерите на Албанија и на Косово, Сали Бериша и Хашим Тачи .
Инаку, од 14 до 22 Ноември 1908-та година во Битола се одржал Битолскиот конгрес, познат како Конгрес на азбуката. Со него раководел Митхад Фрашери, додека  претседател на јазичната комисија бил именуван Ѓерѓ Фишта. На Конгресот пред 100 години беше донесена одлуката за укинување на истанбулската азбука со цел сите Албанци да ја употребуваат латинската азбука, еден глас, една буква.

Мерал Исмаили



Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Nov-2008 at 09:22
Се реставрира црква во Студена Бара

Пред неколку месеци по пат на самопридонес, жителите на кумановското село Студена Бара почнаа со реставрација на црквата “Богородица“ која потекнува од 13 век. Внатрешноста која делумно се наоѓа под земја беше ислупена и обновена. Иконите се отстранети, а на нивно место се насликани осум фрески на Света Петка, Свети Атанасија, Свети Никола, Богородица и други светци.

Кумановскиот регион е познат по големиот број верски објекти. Само во селата кои се наоѓаат помеѓу Куманово и Крива Паланка има 40 црковни храмови.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=44729&kategorija=1




Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Nov-2008 at 23:35

Извршена заштита на еврејскиот портал
Во Битола заврши реставрацијата на фасадата на порталот на Еврејските гробишта кои датираат од 1495 година.
,,По обновувањето на порталот, наскоро ќе отвориме мал музеј за Евреите во кој ќе има разни предмети, некогашна сопственост на битолските Евреи и документи кои сведочат за 3.400 Евреи кои беа депортирани и усмртени во злогласниот логор Треблинка“, потврди претседателот на Македонско-еврејското друштво-Битола, Димче Миновски. Еврејскиот портал во Битола како ретко културно-историско наследство го одржува и штити НУ Завод и Музеј, додека гробиштата се во надлежност на Еврејската заедница на Македонија.


Преземено од: http://www.bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=604:2008-11-25-18-06-04&catid=14:vesti&Itemid=26 - http://www.bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=604:2008-11-25-18-06-04&catid=14:vesti&Itemid=26

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Nov-2008 at 12:46
ИНИЦИЈАТИВА НА ГРАДОТ ЗА ЗАЖИВУВАЊЕ НА ЛЕВАТА СТРАНА НА СКОПЈЕ
Кабинетот на скопскиот градоначалникот да биде во турската бања
Доколку Управата за заштита на споменици дозволи, бањата ќе се служи како репрезентативна канцеларија на градоначалникот каде што тој ќе се среќава со гости од странство



Скопскиот градоначалник Трифун Костовски најави дека преговараат со Управата за заштита на културно наследство да им дозволи кабинетот на градоначалникот да го сместат во турската бања, која се наоѓа во дворот на Универзитетот "Свети Кирил и Методиј". Тој рече дека иницијативата кабинетот на градоначалникот да се смести во овој културен споменик, кој е познат како машко-женска бања и кој е во полураспаѓање, е со цел да заживее и левата страна на градот, и со тоа да се стави крај на вештачката поделба на Скопје.
"Планираме овој објект да го обновиме во автентичен стил, односно да го реставрираме онака како што бил првично изграден и таму да го сместиме кабинетот на градоначалникот и дел од градската администрација", рече Костовски.
Од кабинетот на градоначалникот објаснуваат дека доколку Управата и Универзитетот им дозволат да го реставрираат објектот, тој, најверојатно, ќе служи како репрезентативна канцеларија на градоначалникот каде што тој ќе се среќава со високите гости од странство.
"Треба да се направи проект и анализа колкави се просторните можности за сместување на градската администрација. Владата најави дека ќе го гради некогашниот Офицерски дом и оти тоа ќе биде градската куќа, но додека тоа да се направи, сметаме дека треба да има попристојно место каде што градоначалникот ќе може да ги прима странските гости бидејќи сега администрацијата е сместена во старите бараки во парк", велат од кабинетот на градоначалникот.
Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, потврди дека неодамна разговарал со Костовски за оваа идеја и оти ја поддржал од аспект на заштита и реставрација на објектот.
"Бањата се наоѓа во дворот на Универзитетот и таа имотно-правно му припаѓа на Универзитетот, така што од таму треба да кажат дали ќе му дозволат на Градот да го реставрира објектот. Машко-женската бања потекнува од отоманскиот период и таа е заштитена како споменик на културата. Градот, ако се нафати да ја обнови, ние сме подготвени да им помогнеме во конзервацијата и реставрацијата", вели Кузман.
Вчера од Универзитетот Св. "Кирил и Методиј" не добивме одговор на прашањето дали ќе дозволат градоначалникот да се смести во нивниот двор.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=160183&idg=8&idb=2535&rubrika=Skopje



Posted By: mitatos
Date Posted: 27-Nov-2008 at 17:24
Ova mesto place za bife za studenti imav takov plan  da bide bife i art galerija, ama kabinetot na gradonacalnikot e golema glupost , on ima vo budzetot miljoni evra ne uspea 1 miljon da odvoi za da doizgradi gradska kuka pa ke ja renoviral ova ,zivi gluposti

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: zabegan
Date Posted: 27-Nov-2008 at 17:35
со преселбава ќе се ставело крај на вештачката поделба на Скопје LOL
аргументиве се крај
се согласувам со реставрација, ама ова со канцеларијава е жива глупост


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Nov-2008 at 19:04
Според мене е подобро градкста куќа (главното седиште и целата администрација) да биде во старата железничка (имам некој специфичен предлог за реконструкција), а средбите со гости можат да се вршат на различни места, во различни знаменитости. Така ќе имаме можност да испромовираме повеќе знаменистости, секоја средба по една.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Nov-2008 at 19:27
Еве предлог за реконсктрукција на стара железничка. Средишниот дел немора комплетно да се реконструира. Доволно е само симболиката да ја задржи. Треба целосно менување на фасадата, а исто на памет ми падна и дека доле двата влеза може да се спојат како еден широк влез што не е толку потребно, но би било интересно толку широк влез да има.

http://s245.photobucket.com/albums/gg72/lslcrew/?action=view&current=Copyofsk885vm.jpg">


Posted By: zabegan
Date Posted: 28-Nov-2008 at 15:48
добар предлог, мислам имаше вакви предлози пред да дојде идејата за официрски дом.
Мене ми е сеедно каква функција ќе има железничката станица, само сакам или да ја реставрираат или барем да ја реновираат и средат некако, после толку години личи како да ќе се сруши секој момент.
Само дали може да се доградува на полусрушена зграда?
Во секој случај ја сфаќам симболиката и историјата на објектот, но воопшто не ми се допаѓа како изгледа сега, најмногу страничниот дел кај што е спомен плочата за земјотресот и задниот дел, и ме нервира единственото столпче што е останато на влезот, личи секој момент како да ќе се сруши, сите се потепаа за изградба на старо Скопје а никој не помисли на старата железничка станица
сепак бидејќи е од големо значење за градот, се согласувам таму да биде градската куќа
П.С. мислам дека едното е влез а другото излез


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Jan-2009 at 03:32
Еве ја веста од А1 за Хавзи Пашините конаци!

[tube]F2wFfj8AqKI[/tube]


Почна реставрацијата на Хавзи-пашините конаци

Goce-Mihajlovski.jpg http://www.a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=130&VestID=102570 - Гоце Михајлоски http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=102570#komentari - Коментари (1)   javascript:otvoriVideoPrilog%2809/filmsko-depo-03-01.wmv,%20102570%29">  
03.01.2009 18:55
Премиерот Груевски го означи почетокот на реставрација на Конаците

 

Депо за филмови, летно кино, мултимедијален центар и филмски музеј ќе бидат дел од реновираните Хамзи-Пашините конаци во скопско Бардовци, изградени во 18-от век.

Ова го најави денеска премиерот Никола Груевски, кој заедно со министерката за култура Елибета Канчевска Милевска, беше во нивна посета.

Ѕидините и постојните објекти ќе бидат целосно обновени, а ќе се гради и нов објект. Во тек е изготвувањето на плановите.

Тендерот се очекува да биде распишан во април, а реновирањето да започне во текот на летото. Новиот лик на Хамзи-пашините конаци треба да биде готов до есента идната година.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=102570


*Јас усм убеден дека името на пашата е Хамзи, а не Хавзи како што тоа се збори низ медиумиве! Ај ако може некој нека објасни подетално.


-------------


Posted By: beTon
Date Posted: 04-Jan-2009 at 05:18
тоа била резиденција-сарај на  одметникот Хамзи Паша во  XIX век во Скопје, личи на АН само со простран двор, сепак добро е сочуван до денес иако беше запуштен, до пред некое време беше повремено транс сврталиште тук таму ќе имаше по некоја журка во годината обично лето, незнам колку штета на објектот направиле големите децибели но сигурно има некаква со оглед дека звукот  на тие забави се одбиваше внатре како пинг понг од ѕидовите!    


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Jan-2009 at 05:48


Се работи за навистина голем отворен непокриен простор, за да звукот би имал до долкав ефект, но којзнае... Во секој случај градбата си беше претходно крајно руинирана од забот на времето и реставрација е повеќе од потребна. Само не ми е јасно кој е резонот со депото за филмови.


@ lsl
И јас го знам како Хамзи пашини конаци, ама не мора да значи дека тоа што е раширено низ народот е точно. Од друга страна па не можам здраво за готово да земам ни новинарски текст, така да сега и јас сум стварно збунет за вистинското име.


Posted By: beTon
Date Posted: 04-Jan-2009 at 07:20

       абе гледано каква е состојбата на сличните градби од тој тип низ МК (освен во чаршијата) мислам дека прилично пристојно е зачувана градбава т.е. ѕидовите и конакот.  инаку тоа делува како голем простор но е нешто помал бидејќи е поделен на два дела од кои првиот е помал и завршува  до главната порта,  тука најверојатно биле шталите за коњи. сепак другиот дел е дупло поголем но има некоја тумба насреде дали е тоа само земја или има нешто во средината незнам, е сега дали одбивањето на звукот е заради повисоките ѕидови или пак тумбата и капак лошото озвучување т.е. проектирање на звук во однос на акустичноста на просторот тоа незнам! кај нас зборот sound инжињереринг е мисловна именка, иако има луѓе кои добро го работат тој занает сепак повеќето импровизираат, а плус на вакви забави тешко дека ќе влета  најпрофи озвучување   како http://www.kls.com.mk/sound/main.htm - маерките на КЛС (перо камиказа) кој во најголем дел го изнајмува по балкан...



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Jan-2009 at 08:03
Ми се чини дека е поделен е на три дела, а не на два.

А за „информацијата“ што правел перо камиказа стварно немаше потреба во нишкава Roll%20eyes


Posted By: beTon
Date Posted: 04-Jan-2009 at 16:16

да можеби за перо и неговото озвучување има повеќе простор во Бучава во Урбани прашања, но тука кло е спомнат во контекст, најверојатно истиот не го гледаш заради големите снежни врнежи од снег деновиве но не е страшно човек да заглави во некоја кумановска уличка која заборавиле службите да ја исчистат заради приоритетите во системот!  е од ова можеби немаше потреба но  истото  e образложен форхенд на твојот бекхенд само нешто посликовито!   

ај да помогнам и јас за да излезеш од затрупаната улица. патем само колку за инфо ако конакот меѓу двете дворишта го сметаш за трет дел, тогаш во ред се сложувам дека сарајов има три дела.   

зошто го спомнав перо-камиказа? ако го следеше линкот ќе видеше дека КЛС имаат најсовремен систем кој во моментов е стандард во светот(потврда за тоа се тезгите на КЛС по балканов) истиот се монтира и вертикално со што се избегнува да се  преоптовари некој простор со децибели за да се покрие квалитетно цел простор со звук!  зошто е ова битно, најпро високи/големи децибели штетат на секој објект а посебно на објект од XIX век иако истиот е од камен ѕидан. заради овие забави таму што се одржуваа повеќе од сигурно е дека објектот претрпел штета но колкава и каква нема да дознаеме. инаку истиот тој простор доколку го имаше пример работено перо и компанија мислам дека и квалитетен звук ќе имаа  забавите и објектот немаше да трпи таква повратна акустика која може да предизвика доволно блиска резонанца со конструкцијата на објектот заради што истата посекако трпи оштетувања.

дали  за ова се криви од министерство за култура кои даваат одобрувања за културни манифестации на тој простор не наметнувајќи одредени стандарди а воедно и не вршејќи паралелно контрола на ситуацијата, или тоа е вина на организаторот бидејќи перо има скапо озвучување а целта е само забавите да поминат само како би имале каде луѓето вечерта да се истресат тоа незнам! оваа прилика неприлика се случувала и се случува неретко и по други споменици на културата како античките амфитеатри  низ земјава иако таму е отворен простор сепак звукот е насочен кон полукружната дијазома па така истата сигурно и трпи некакви последици но сигурно помали во однос на затворен двор со високи ѕидови каков што е сарајот од бардовци!

проблемот кај нас е што како прво нема кој тие оштетувања од акустична природа да ги посочи, да ги контролира  или да ги  воочи, а воедно и нема акустични(sound) инжињери кои можат да го предвидат  ваквиот развој на настани,  колку што мене ми е познато има неколку дедовци од МТВ(но  оспособени за затворен простор) и евентуално тимот на КЛС кои пример можат да изработат веќе готови предефинирани шеми за озвучување на овие објекти од културно значење! но кога државата како и обично ќе пушти секој со своито расштимано  знаење и кутии да озвучува простор,  повеќе од сигурно е дека колективно ќе плаќаме за дореставрирање на нечии целовечерни хирови. поентата е доколку сакаш журка на вакво место тогаш скапо треба да платиш, исклучиво заради превентивна заштита на истото!     

мислам сега кло малку од малку помогнав да излезеш од лавината во која имаше заглавено, но сега набависи слушалки за да рајат бидеш доколку се чувствуваш оглушен од моите попатни предновогодишни теории за хамзипашините несудени оштетувања заради лошото озвучување на некои си  таму транс забави!

 



Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Jan-2009 at 05:03
Прееска на АлфтаТВ гледав некоја емисија за некој запуштен локалитет близу селово Бразда (Скопско, блиску до Стенковец). Имало некоја гробница мешавина од античко-грчки со египетски стил. Изработена од травертин. А пошто е запуштена и никој не му е гајле за локалитетов, месното население успеало да ги докачи камењата па така сега во кучите од селото во ѕидовите измеѓу циглите може да се види и по некој камен од травертин со антички резби! Којзане повеќе за ова ќе го молам да образложи.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Jan-2009 at 05:24

Почна реконструкцијата на ентериерот во ДКЦ „Карпош“

Градот Скопје од својот буџет издвои шест милиони денари

Поради тоа што зградата на некогашниот Пионерски дом „Карпош“ е заштитен споменик на културата, одлучено е со реконструкцијата воопшто да не се менува нејзиниот надворешен изглед, туку само да се реставрира фасадата

Градот Скопје вчера започна со планираната реконструкција на Детскиот културен центар „Карпош“. Пред стартот на новата градежна сезона градските власти планираат да го обноват ентериерот на некогашниот Пионе рски дом. Во план е да се сменат дотраените подови и старата инсталација, а ќе се подноват и вратите, прозорците, инсталациите за загревање и санитариите.

По подобрувањето на временските услови ќе започне и реконструкцијата на надворешноста на објектот. Според проектот, ќе се поправаат сите оштетени делови од фасадата која ќе се бојоса и ќе се постави ново осветление.

Зградата на некогашниот Пионерски дом „Карпош“ е заштитен споменик на културата. Поради тој факт е одлучено со реконструкцијата воопшто да не го менува надворешниот изглед, туку само да се реставрира фасадата. Како што информираат во Градот, проектот деновиве е предаден на ревизија во Градскиот конзерваторски центар, каде што треба да добие потврда дека може да се реализира.

Градот Скопје од неодамна има имотен лист за Детскиот културен центар „Карпош“ и тоа е еден од ретките објекти за кои градот поседува документација дека е сопственик. Со ова се создадоа услови конечно да започне реконструкцијата која подолго време беше планирана.

За овие зафати Градот Скопје од својот буџет издвои шест милиони денари.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=9F16A778D05953448146180B852076C1


Posted By: anDarko
Date Posted: 21-Jan-2009 at 15:09
дали некој знае дали воопшто постојат планови за реновирање (барем на фасадата) на Хотел Бристол? Јаден е објектот, а хотелот има се што треба за да прерасне во прекрасно хотелче: одлична локација, стил, традиција, препознатливо име (во сите западно-европски градови Хотел Бристол бил хотел каде се собирала интелегенцијата, аристократијата).

Хотел Бристол во Скопје баш има потенцијал со соодветна темелна обнова да прерасне во првиот т.н. бутик хотел (повеќе инфо на http://en.wikipedia.org/wiki/Boutique_hotels - http://en.wikipedia.org/wiki/Boutique_hotels ) во Македонија (стил на хотели кои се повеќе се популарни низ светот). Али мислам Македонија Турист (сопственикот на Хотел Бристол) чека со години исход од судски процес за барањето на поранешните сопственици на хотелот за денационализација, па затоа и не превземаат ништо за реновирање на објектот...

во секој случај штета што пропаѓа хотелот со најголем потенцијал во Скопје. Да не знае некој до каде е стигната работава?


Posted By: mitatos
Date Posted: 21-Jan-2009 at 22:40
istoto vazi i za hotel Jadran i oni imaat tradicija da porasnat na dobro hotelce
a za nego mnogu malku znaat, a sepak e eden od najubavite objekti vo skopje.


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jan-2009 at 23:01
Не сум обратил до толку внимание, ама мислам дека Хотел Јадран е во добра состојба и барем од надвор не му треба голема интервенција... Дали грешам?

Инаку кај хотел Јадран највеќе ми пречи невклопеноста на соседниот објект (Еуростандард Банка), особено гадното поткровје. Но тоа прашање е за во друга нишка...


Posted By: anDarko
Date Posted: 21-Jan-2009 at 23:14
Да, Јадран е во нешто подобра состојба отколку Бристол - собите им се на нивото на оние во Континентал. Значи далеку од тоа што може и треба да бидат. Исто и како Бристол и Јадран е одличен кандидат за т.н. бутик хотел. Мислал дека и Јадран е заглавен во постапка за денационализација. 


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 22-Jan-2009 at 10:27
neznam sea ako neshto e renoviran.jas vo sredno bev na praksa vo hotel jadran,go razgleduvavme Big%20smile i togash beshe ko da ke se raspadne od vnatre cel krckashe,na sekoja skala sto ke zgaznesh gazish so strav isto taka i vratite krckaa imashe vlaga po cidovite itn.inace porano toa bila privatna kuka sopstvenost na nekoj imotni evrei...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Feb-2009 at 03:12
Еве на владата одличен предлог за реставрација! Куќава е идеолошки подобна за реконструкција (што за жал е битен факор во нашата култура)!

Се распаѓа споменот за Мис Стон

Пропаѓа куќата стара 300 години во која престојувале комитите на Сандански, кои во 1901 година ги имале во заложништво американската мисионерка Елен Стон и нејзината придружничка Катерина Цилка

Распаднат покрив, паднати греди и полуурнати ѕидови е тоа што останало од големата куќа на приземје и кат во беровското село Ратево, во која неколку дена во 1901 година престојувале комити од четата на Јане Сандански со киднапираната американска мисионерка Елен М. Стоун или Мис Стон. Таа шест месеци била чувана од комитите и криена од Турците на Малешевските Планини и на Пирин Планина, во Пиринска Македонија. Куќата во Ратево е единствениот и последен спомен во Македонија за мисионерката и аферата „Мис Стон“, која пред 98 години ги полнела насловните страници на европскиот и особено на американскиот печат.

Бабица Миропа Ја породила Цилка

Бидејќи македонските револуционери вешто ја криеле мисионерката, не останале многу историски траги за настанот, за кој кај нас е снимен и познатиот игран филм „Мис Стон“.

- Во втората половина на 1901 година четата на Сандански престојувала во малешевскиот крај. Тоа е периодот кога на нашите револуционери им биле потребни пари за купување оружје, бидејќи се подготвувало востание, како и публицитет во западниот печат за положбата на Македонија во рамките на Турското Царство. Затоа и биле заробени американската протестантска мисионерка Елен Стон и нејзината придружничка Катерина Цилка. Едно од нивните главни скривалишта во Малеш било село Ратево и големата куќа стара околу 300 години. Пред три децении Заводот за заштита на споменици на културата на Македонија повел иницијатива за реставрирање и заштита на куќата, но завршила неуспешно. Неодамна во Берово е поведена нова таква иницијатива, но е неизвесно дали ќе се обезбедат пари - вели директорот на беровскиот Дом на културата, историчарот Ѕвонко Скендерски.

За Ратево случувањата поврзани со Мис Стон се пренесуваат од колено на колено. Селаните велат дека комитите и Мис Стон во куќата престојувале веднаш по породувањето на нејзината придружничка Катерина Цилка. Дури тврдат дека неа ја породила ратевката баба Миропа или „бабица Миропа“, како што ја викаат во Ратево, бидејќи помагала при породувањето на сите потешки случаи, особено во војни.

- На заминување кон Пирин Планина, во оваа воденица на Ратевска Река, која уште повремено работи, комитите дошле на ручек кај баба ми Миропа, која живеела во воденицата. Квечерината се упатиле кон Пирин со Мис Стон и со Катерина Цилка. Но, на еден километар од воденицата, во правец на планинските колиби, Катерина почувствувала породилни болки. Неколку комити веднаш се вратиле по баба ми и со коњ ја однеле кај Катерина. И покрај студот, породувањето било успешно завршено. Потоа целата дружина со Мис Стон дошла во Ратево во Гараганската куќа и во неа останале неколку дена додека да закрепнат бебето и мајката, па конечно тргнале за Пирин. Два-три дена подоцна во Ратево дошла турска војска, која се распрашувала за комитите и за Мис Стон, го мачеле селскиот кмет, но не добиле никакви информации. За овие случувања баба ми постојано зборувала - раскажува правнуката на Миропа, Даница Брндевска.

Куќата им е гордост

Таа ни ја покажа и единствената фотографија што на семејството му останала од баба Миропа, која во длабока старост починала во текот на Втората светска војна.

- Добро би било таканаречената Гараганска куќа да се обнови и заштити. Во неа веќе три децении не живее никој и се распаѓа од забот на времето. Ако тоа се направеше пред 20-30 години, ќе чинеше многу поевтино. И ние во селото сме подготвени да помогнеме колку што можеме. Со таа куќа се гордееме сите, а нејзината реконструкција би помогнала и за развојот на туризмот, бидејќи во Ратево веќе има карневал, како и прекрасна природа, чиста река и езеро - вели Зоран Ременски, претседател на Месната заедница и правнук на баба Миропа.

Мис Стон била киднапирана од четириесетина комити од четата на Јане Сандански на 3 септември 1901 година помеѓу Разлог и Џумаја, Пиринска Македонија. Американската мисионерка била со придружба од петнаесетина луѓе, кои биле ослободени, а комитите ги заробиле само неа и Цилка. Биле ослободени на 23 февруари 1902 година за откуп од 14.500 турски лири во злато, со кои македонските револуционери купиле оружје. Мис Стон била задоволна од односот на комитите и народот кон неа, па подоцна за тоа кажувала и во интервјуа за американските весници. Дури напишала и книга, но пред печатењето целиот материјал изгорел во пожар во американскиот град Челзи, во која таа живеела, а таму и починала во 1927 година.

Цилка и' заблагодари на баба Миропа

Неколку години по ослободувањето од заложништво, Катерина Цилка со писмо од САД и' се заблагодарила на баба Миропа за успешното породување што го имала во многу тешки услови.

- Баба Миропа, мајка на татко ми Јован, кој почина во 1988 година, со тоа писмо се гордеела и секаде го покажувала. Дури, според татко ми, во писмото пишувало дека Катерина и' испратила и пари на баба ми, но тогашните окупаторски власти си ги присвоиле - вели Ѓорѓи Ременски, внук на бабицата Миропа.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F4857E724684D8469FF02502E20737A3

Нека седи и приказната да не ја кратам.....


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 02-Feb-2009 at 17:07
Хех, баш сакав за ова да искоментирам во нишката за спомен куќата на Тереза, али си ме претркал Smile. За разлика од онаа на мајка Тереза, куќава не е во строг центар на Скопје така да нема да не маваат инфаркти на секој нов рендер. И плус само треба да се реновира, немора архитектите да зимаат ЛСД за да го осмислат дизајнот.

Дефинитивно би било фино ова да се предложи и реализира Thumbs%20Up


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Feb-2009 at 20:21
Originally posted by gotsomekicks

немора архитектите да зимаат ЛСД за да го осмислат дизајнот


LOL

Вангел не само кога „осмислува“ и проектира, туку и кога дава интервјуа изгледа е под дејство на супстанци, кои точно не знам  Shocked





Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Feb-2009 at 00:47

УРНАТ ОБЈЕКТ ШТО ТРЕБАШЕ ДА СЕ РЕКОНСТРУИРА

Желкова куќа ќе се ѕида одново

Куќата е изградена во 19 век во Неготино од фамилијата Желкови и беше со карактеристична фасада и начин на градба


Наместо планираната реконструкција на објектот, кој бил граден во 19 век, се копаат нови темели за изградба на Желкова куќа

Наместо да биде реконструирана во туристички центар како што беше планирано, Желковата куќа, која беше печат на времето во Неготино, е урната. Куќата е изградена во 19 век од фамилијата Желкови и беше со карактеристична фасада и начин на градба. На нејзино место никнува нов објект. Реакции стигнуваат од повеќе страни.

- Ова е срам за неготинци. Советот на Општината даде јасни препораки како треба да се изврши реконструкцијата за да не се изгуби белегот на градот. Наместо тоа, сега од куќата во центарот на Неготино нема ниту трага ниту глас - вели претседателот на Советот, Тодор Кулаков. Незадоволни од несериозниот однос кон Желковата куќа се и неготински невладини организации. Портпаролот на „Граѓански комитет на Неготино“ Драги Трајков најави кампања за целосно расчистување на вистината за овој културно-историски објект. Неготинскиот градоначалник Ѓорѓи Ќимов тврди дека едниот ѕид од куќата паднал кога еден од соседите го урнал објектот, кој бил лепенка со неа. Тогаш увиделе дека Желкова куќа на некои места била градена од печена тула, но на некои од плитар.

- За среќа, ѕидот што падна не отепа некого. Арно ама се изгуби рамнотежата на објектот и не можеше да се постапи поинаку освен да се урне целата куќа и да се изгради нејзина копија на истото место - вели Ќимов. „Дневник“ уште во јули лани пишуваше дека Желкова куќа ќе падне пред обновата бидејќи нејзината статика беше нарушена.

- Срцето ме боли кога ја гледам осакатена - изјави тогаш советникот Горан Ангелов. Реконструкција на куќата во повеќенаменски туристички центар е дел од проектот за прекугранична соработка на Неготино со општината Агиос Георгиос од Грција, насловен „Регионот на Неготино и перспективите за алтернативен туризам“. Проектот е финансиран од Европската агенција за реконструкција и чини 250 илјади евра, од кои околу 40.000 биле предвидени за Желковата куќа. Според неготинскиот градоначалник, од околу 30 општини што поднесле проекти за прекугранична соработка, само осум добиле донација. Неготинскиот проект бил најдобар и со највисока сума.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=913BC069240BC64089A8A486C5DD8C18


Posted By: dejan
Date Posted: 04-Feb-2009 at 02:15
Зад неможеа да ја обноват како што прават со Уранија во Охрид?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Feb-2009 at 05:57
Реставрација на фасадите на Широк сокак


Завод и Музеј-Битола ги утврди програмските приоритети за 2009 година.
- Годинава ќе продолжиме со археолошкото ископување во просторот на Јени Џамија, потоа со реставрација на фасадите на Широк сокак, реставрација на фрескоживописот во црквата "Света Петка" во селото Цапари, а годинава ќе го организираме и традиционалното графичко триенале, изјави Зоран Николовски, директор на НУ Завод и Музеј-Битола.

Од таму најавуваат дека годинава ќе се организира посебна изложба на неолитски костими придружена со презентација на неолитски накит и фризури.

http://vecer.com.mk/?ItemID=E188D5CD5E3E1E4A90D9AD2A5718BD71


Другиот дел од текстот е спореден во случајов само сакав да пренесам за фасадиве!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 07-Feb-2009 at 10:32
Браво, вредно вложени пари

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: zabegan
Date Posted: 07-Feb-2009 at 16:30
па нели ги реставрираа? или грешка сум?


Posted By: La Linea
Date Posted: 07-Feb-2009 at 16:42
Поголемиот дел е реставриран, но има некои згради чии фасади сеуште се лупат.

Она што не ми се допаѓа кај Битола е противречностите на кои наидуваш откако ќе го напуштиш Широк-сокак. Понатаму е истата грда слика како низ секој друг град во Македонија. 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: гитардемон
Date Posted: 07-Feb-2009 at 18:41
На самиот Широк Сокак има противречност, а не па потаму. Инаку има неколку градби од тој стил и низ градот, но се напикани помеѓу без врска транзициони куќи/згради или куќозгради (од оние куќи на 4 ката, а не се станбени згради). Мене искрено не ми е ништо посебно корзото, уште повеќе со катастрофалното поплочување и со лошите дуќанчиња од социјализмот. Но можеби дека сум навикнат на архитектурата па така ми изгледа обично. Инаку зад домот на културата е ОУ Гоце Делчев и тоа е многу интересно (3 згради се) но толку е запуштено cè што на ништо не личи. Од турско е тоа, многу старо. Инаку Битола се труди, но нема никаква стратегија за туризам. На лето има повеќе странци од битолчани но сите се или со некое македонско потекло или екстремни авантуристи. Нормални туристи нема.

А за фасадите, беа сите во целосно реставрирани, со исклучок на неколку што чекаат денационализација, за кои се сомневам и дека ќе ги реставрираат во скорешно време.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: La Linea
Date Posted: 07-Feb-2009 at 18:50
Gitaro дали можеби знаеш што планираат да прават со Офицерскиот дом во Битола?

Колку што знам тој е единствениот објект во Македонија што има сала за бал и пред неколку години беше префарбан бел, но некако многу лошо. Прозорите се нечисти, вратите и прозорите колку што памтам беа во лоша состојба а за околното уредување да не збориме.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: гитардемон
Date Posted: 07-Feb-2009 at 19:01
Се чека армијата да ја отстапи касарната (која е огромна патем, може да се вселат 20-тина илјади жители ако се изградат згради во тој дел) за да се направи урбанистички план за еден дел од градот, па веројатно заклучувам дека и офицерскиот дом сеуште припаѓа на АРМ и ќе го добие општината кога ќе се ослободи и касарната. Мислам дека во цела држава важи истото, се чека на армијата да ги даде иcпразнетите касарни на општините. А во меѓувреме домот се користи за журки и изложби, а и за цртање на понекој графит. Инаку од 'реставрацијата' може да се напомене дека беше варосан и изгледа побел од Финец од Лапонија! Ама тој се наоѓа баш во делот од Широк Сокак кај што се тие социјалистичките згради, во најлошиот дел. Близу музејот и таа фонтаната.

А за околината: Има една огромна ливада/полјана зад него, не знам како поселски да ја опишам. Најточно е пасиште! Има таму коњи и овци пасат (буквално), а има и една никаква полу-барака или било што објект од 5.000 евра од другата страна што беше некогаш ресторан, ама на cè личи само на ресторан не личи (а никна пред 15-тина години преку ноќ, веројатно под рака платено). Тој простор плачи за некое уредување многу е голем може два фудбалски терени да собере. Меѓутоа мислам дека го имаат истиот проблем со сопственоста, кога ќе премине во општински раце ќе го уредат.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: anDarko
Date Posted: 07-Feb-2009 at 22:00
малце вон тековнава дискусија, али инспирарно од неа - кога веќе зборуваме за обнова на градски саат.

Што мислите, нели би било убаво доколку повторно се активира саатот во старата железничка станица? Сега знам дека многумина ќе реагираат и ќе кажат дека истиот треба да остане замрзнат и да продолжи да го одбележува времето на земјотресот, но нели споменикот за загинатите од земјотресот кој е дијагонално спроти главниот влез од стара железнилка е доволно како почит кон загинатите од таа катстрофа која била пред повеќе од пет децении? Саатот на старата железничка станица е навистина маркантен, бил поставен во 1950те, имал за во тоа време најсовремен механизам од швајцарско производство, за секој саат и пол саат отчукувал со специфичен тон, а навечер бил многу убаво осветлен...

За мене би било баш преубаво да имаме импозантен градски саат кон кој ќе завршуваат сите погледи од улица Македонија...а саатот на старата железничка е токму таков...




Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Feb-2009 at 22:15

@anDarko се сложувам дека саатот би изгледал феноменално доколку би бил функционален и осветлен но сепак преферирам да го одбележува земјотресот. Мислам дека земјотресот е дефинирачкиот момент на модерно Скопје и дека ниедна скулптура неможе да ја замени симболиката на застанатиот часовник.


Posted By: anDarko
Date Posted: 07-Feb-2009 at 22:25
...еве ја веста на Нова Македонија за поставувањето на саатот на Железничката станива во 1956та година (саатот сепак не бил швајцарски, туку Сименс):

Ретро - 12 септември 1956 година
Отпочна монтирањето на часовникот на железничката станица во Скопје




Над десниот влез од фасадата на Железничката станица, вчера отпочна монтирањето на големиот „Сименс“ електричен часовник во пречник 4:4 метра. Тој ќе им послужи на многумина патници и ќе може да се гледа од далечина до 600 метри, односно од Домот на ЈНА. За часовникот е карактеристично и тоа, што неговите бројки и стрелки се приспособени за инсталација на флуоресцентно осветление, во вечерните часови. Покрај ова, во случај на прекин на струјата, односно по нејзиното доаѓање, часовникот автоматски го регулира точното време.

Во Дирекцијата на Железничката станица, инженерот Читкушев ни рече:

- Ќе поставиме уште еден таков часовник и над левиот влез, кога ќе биде пробиена новата улица, што треба да води кон Извршниот совет и Гинеколошката клиника. Потоа тој додаде дека не ќе биде лошо ако на новата управна зграда на Железничката станица, што треба да се гради во продолжение на Пошта - 2, се изгради кула, слична на Главната пошта или Домот на ЈНА, за монтирање на помали часовници.


прочитано: 138 коментари: 0 http://www.novamakedonija.com.mk/desktopmodules/reviewadd.aspx?ItemID=6992&mid=663">

Коментари

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=181&ArticleID=6992


Posted By: beTon
Date Posted: 07-Feb-2009 at 22:26

Previous немој вакви предлози ќе тргнеме напред со времето добро ни е вака LOL, туку ако се размислува пофутуристички има чаре за се, односно може или да се остави сенка од сегашното застанато време која може и да биде осветлена навечер - пример лед контури, или пак може над овој часовник да се постави на кровот на зградата друг!  

незнам дали муабетов е за тука или не иако има во насловот момент реконструкција, но мислам дека не би било лошо да се отвори една нишка во урбани прашања за градските часовници, мислам дека солидно ќе ја пополниме Smile



Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Feb-2009 at 08:06
Добра е идејава за градски часпвници. Јас имам еден друг предлог околу часовникот на стара железничка! Предлагам одкога ќе се реконструира старата железичка (што е во план) на десната страна да си остане саатот кој е споменик, а на левата да се постави идентичен на изглед часовник кој ќе покажува точно време! Така ќе добиеме дополнителна симетрија на објектот, а башка и симболиката ќе си остане. Од левата страна тече новото време во Скопје, а од десната покажува точно кога почанло да тече новото време! Интересна работа!


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 08-Feb-2009 at 10:10
@lsl
Идејава ти е ептен интересна. Се сложувам дека Стара Железничка мора да се реконструира (во целост или делумно), и да се смеси градската куќа тука. Два часовника, едниот стариот застанат, другиот малку помодерен (во стил на 21 век) кој би работел би биле и естетски момет и многу јака симболика.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Feb-2009 at 23:11
Ќе се работи на Орта Џамија, Св. Богородица Елеуса, Св. Параскева...


Регионалниот завод за заштита на спомениците на културата и Музеј во Струмица, годинава, особен акцент ќе им даде на археолошките ископувања и на реставраторско-конзерваторските работи на повеќе локалитети во струмичкиот, валандовско-дојранскиот и гевгелискиот регион


Според годинашнава мошне обемна програма за која виза и финансиска поддршка даде Министерството за култура на Република Македонија, сезонава треба да бидат довршени и почнатите градежни работи на конакот во комплексот цркви "Св. Леонтиј" во Водоча, потоа санација на покривот на средновековниот манастир "Св. Богородица Елеуса" во Велјуса, ревалоризација и конзерваторско-заштитни работи на музејски предмети откриени на повеќе археолошки локалитети, реставрација и конзервација на фрагменти од живописот во базиликата на археолошкиот локалитет Орта Џамија и на мозаичниот под во Римската терма во Бања Банско, конзерваторски истражувања на оштетениот иконопис на црквата Св. Параскева" во селото Трибичино и други.

Како што се очекува, годинава, ќе бидат спроведени и завршните работи за конзервација и ревитализација на зачуваната зграда на Турската пошта во Струмица, продолжување на археолошките истражувања на локалитетот Орта Џамија и на споменичната целина на Црвено Поле на планината Огражден, а планирано е и издавање на зборник на трудови од Меѓународниот симпозиум "Вода, живот и задоволство" што се одржа минатата есен, како и популаризација и афирмација на културното наследство во Галеријата на икони во црквата "Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици" во Струмица.

http://vecer.com.mk/?ItemID=E726240B7B769A4EA1F89DD3DDBDFF2C


Posted By: anDarko
Date Posted: 20-Feb-2009 at 16:00
еве една убава реставрација на фасада - прекрасната гимназија Св. Климент Охридски во Охрид (чинам обновата беше пред две години). Фото Весна Марковска.




Posted By: La Linea
Date Posted: 20-Feb-2009 at 16:15
Previous Applause

Сонцето стварно било дарежливо кога Весна Марковска сликала. Јас сум изненаден колку е добро сочувана фасадата и после 2 години од реставрацијата - не гледам ниту еден графит или чкртаницца. Се надевам дека планираат да направат нешто околу дворот, ваков прекрасен објект заслужува комплетна реконструкција

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: La Linea
Date Posted: 22-Feb-2009 at 22:51

ГРАД СКОПЈЕ РАБОТИ НА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ НА ДКЦ КАРПОШ


Нов ентериер за Пионерскиот дом


Градежните активности се во тек, но не го попречуваат редовното одржување на програмските активности во оваа институција


Реконструкцијата на Детскиот креативен центар Карпош е во полн ек. Во моментов се работи на комплетна замена на санитарниот јазол, на инсталирање на нова водоводна мрежа и одвод. Проектот за реконструкција на Пионерскиот дом го изработи Град Скопје, кој за таа намена од буџетот за 2009 година издвои шсест милиони денари. Оттаму велат дека не можат точно да предвидат колку време ќе траат градежните работи, оти станува збор за еден од најстарите културни објекти заштитени со Закон.
- При обновата се отвораат нови делови кои мора да се уредат, а кои првично не сме ги предвиделе. Од тие причини не може точно да се утврди каде се ќе треба да се интервенира. Деновиве се работи на внатрешните инсталации, се работи во тоалетите, но дел по дел се реконструираат и подовите. Обновата на објектот ќе продолжи со замена на прозорците, а ќе заврши со поправки на покривната конструкција во деловите, каде што прокапува. Додека се стабилизираат временските услови ќе се работи на ентериерот, односно на оние работи кои не зависат од временските услови. Со почетокот на градежната сезона, работите на објектот ќе продолжат со комплетна санација на фасадата на Пионерскиот дом, информираат од Одделението за односи со јавност Град Скопје.

Градежните активности не го попречуваат редовното одржување на програмските активности во оваа институција. Директорот Богдан Андријевски вели дека и вработените и децата се подготвени да се стрпат некое време.
- Ние сме презадоволни што за прв пат по половина деценија, почна де се менува ликот на дотраените простории. Се надевам дека Карпошш ќе остане култен, а со инвестирањето во реконструкцијата и модерен центар за сите млади луѓе кои тука ќе творат и ќе ја создаваат културната база на овој град, рече Андријевски.

Зградата на некогашниот Пионерски дом има интересен стил и е заштитен споменик на културата, па токму од тие причини со реконструкцијата воопшто да не се менува нејзиниот надворешен изглед, туку само ќе се реставрира фасадата.

Овој објект е изграден во 1908 година, и во текот на своето постоење е само еднаш делумно реновиран во 1963 година, кога е пренаменет во Пионерски дом. ДКЦ
Карпош е една од осумте културни институции, коишто со процесот на децентарализација потпадна под ингеренциите на Град Скопје.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=28F193711FB6C245AB010AB0FF0A9677



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: zabegan
Date Posted: 23-Feb-2009 at 14:36
аман бе толку ли е комплицирана реставрацијава за по пет пати на дена да ја најавуваат?


Posted By: anDarko
Date Posted: 23-Feb-2009 at 14:59
уште една фина реставрација (само уште да се потрудеа да го под-скријат еркондишнот Roll%20eyes) Фото Весна Марковска...пак Big%20smile

Куќата на Весови во Велес




Posted By: beTon
Date Posted: 23-Feb-2009 at 15:26

не е на Весови туку на Шукарови и мислам дека според изработката на сајтов подоле најверојатно реставрацијата е од 2005 http://www.ii.edu.mk/predmeti/mm/20052006/mmproekti/Veles/Drugi_strani/Stara_gradba_stranici/KucataNaSukarovi.htm - http://www.ii.edu.mk/predmeti/mm/20052006/mmproekti/Veles/Drugi_strani/Stara_gradba_stranici/KucataNaSukarovi.htm




Print Page | Close Window