Print Page | Close Window

Прилепски сообраќај (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Градска инфраструктура
Forum Discription: Улици, булевари, сигнализација, јавен превоз...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=683
Printed Date: 31-Oct-2020 at 06:03


Topic: Прилепски сообраќај (општо)
Posted By: ovaj_stariov
Subject: Прилепски сообраќај (општо)
Date Posted: 16-Jul-2009 at 02:25


напомена:местото каде што е маркирано автобуска станица се мисли на новата автобуска,а старата која што уште се користи е веднаш до катната гаража.


-------------
build.mk, гради форумска историја



Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Jul-2009 at 12:11
Дали некоја од улиците каде што си ја вцртал границата на строгиот центар исто така би ја сместил во поважни сообраќајници?


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Jul-2009 at 12:14
Ај сеа вака да поминеме еден Прилеп 101 курс

@ovaj stariot

Можеш ли да ни дадеш краток опис на овие главни сообраќајници од мапава? По колку ленти имаат, какви се вкрстувањата итн.... Ако можеш да ги излисташ (глеам не се повеќе од 5-6) со ваков опис би било супер.


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 16-Jul-2009 at 19:58
Прво за @Clover,ни една од улиците што сум ги вцртал(со црно) за строг центар не би можело да се вброи во важни сообраќајници.

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 25-Jul-2009 at 00:40



Улиците обележани со здебелено плаво се со 4 ленти(по две во правец). пр.


Улиците обележани со зелено се со три ленти(две во еден правец,другата во друг)пр.


Другите се со две ленти(по една во правец)


Исклучок прават некои улици по населбите каде што може да се сретне улица со две ленти во правец,но обично се кратки и незначајни.

Вкрстувањата ни се Old SchoolSmile
Нема раскрсница во Прилеп каде што слободно без да одиш на семафор би свртил десно по посебна уличка,сега за сега нема ни потреба од такво нешто(мислам на густината на сообраќајот и гужвата)

напомена:и на улиците каде што има две ленти во правец се вози само во една,обично таа што е до тротоарот се користи за паркирање(некултураOhno)


-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Jul-2009 at 10:34
Кога го гледам Прилеп на гугл рт се наѕираат само нејасни и многу фрагментирани контури на некоја идна поефикасна сообраќајна мрежа. Штета што го немаме генералниот урбанистички план на градот, но мислам јасно е дека за дооформнување на мрежата ќе треба доста да се руши и реорганизира.

Добро е што велиш дека засега нема некоја голема гужва, па функционира и вака, но за во иднина секако треба да се мисли.


Инаку конкретно би те прашал дали има и кои се критични точки во моментов и што би сменил ти лично?

Јас иако сум возел неколку пати низ Прилеп, немам осет каква е ситуацијата... Од мапата што ја приложи во очи ми упадна дека улиците со поголем капацитет се испрекинати, па би те прашал дали има логика и услови да се оди на проширување на некој од сегментите што ги имам обележано со 1 и 3 на долнава слика, како би се дооформил прстенот, или барем сегментите 2 и 3?




Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 05-Aug-2009 at 21:19
Убаво би било да се оформи еден прстен како што си го опишал ти,но би требало улиците да останат скоро без тротоар.

Мислам дека само во третата отсечка има најповолни услови да се направи нешто без голема штета за пешаците,на другите места многу тешко.

Инаку заборавив да кажам посебно во пазарни денови(среда и сабота) има голема искористеност на улиците покрај реката кои се едносмерни.


-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 19-Aug-2009 at 17:13
Пуштена во употреба новата асфалтираната ул.„Егејска“
Новата улица е со површина од околу 4.500 матри квадратни, со должина од околу 600 метри за што Општина Прилеп издвои околу 50 илјади евра за нејзино асфалтирање.


две слики од улицата





-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Dec-2009 at 22:02
Асфалтирани улици во Прилеп

ПРИЛЕП - Жителите на Прилеп ќе можат да возат по две подновени сообраќајници, „Кузман Јосифоски-Питу“ и „Битолска“.

Според информациите од општината, улицата „Кузман Јосифоски-Питу“ во населбата Точила е асфалтирана во должина од 200 метри и широчина од 3,5 метри. Улицата „Битолска“, која се наоѓа во населбата Корзо, е асфалтирана во должина од 370 метри и широчина од 3,5 метри. За оваа инвестиција од градската каса се одвоени 1,3 милиони денари.

И покрај овие зафати реакциите на граѓаните и натаму продолжуваат зашто градот е раскопан насекаде. Возачите се револтирани, а граѓаните се нервозни, бидејќи градежните активности траат со години.

Истовремено се заменуваат старите водоводни цевки со нови. Овој проект, за кој се избори претходната локална гарнитура, на Прилеп му донесе 9,2 милиони евра грант од германската банка КФВ. Проектот се реализира во неколку фази. Идната година треба да бидат пуштени во употреба новата зграда на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ и да заврши смената на дел од водоводната мрежа во градот со нови еколошки цевки. (Мн.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=65ED9FA5E660114E90A80F11CA226251


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 07-Aug-2010 at 12:45
Ја постирам веста и тука заради новото сообраќајно решение.
Еве и координати на раскрсницата:
41°20'52.06"N
21°33'23.19"E

Споменичен комплекс "Карпалак" - симбол на новото време               


Споменичен комплекс "Карпалак",, посветен на загинатите бранители во конфликтот во 2001 година, ќе никне во центарот на градот, кај крстосницата на улиците "Васко Карангелески", булеварот "Гоце Делчев" и улицата ,,Јоска Јорданоски,,.


Репрезентативниот меморијален објект ќе биде со десет столбови високи 15 метри кои ги симболизираат десетте животи на загинатите бранители. На врвот на споменикот ќе има топка (симбол на новиот век) со дијаметар од 3,5 метри изведена од челични прстени. Отворите на топката, обложени со бел плексигалас, ќе ја пропуштаат делумно светлината од рефлекторите поставени во неа. Челичната конструкција ќе биде премачкана со електростатска боја. Со својата форма и конструкција ќе претставува симбол на новото време. Платото околу споменикот односно средишниот остров од кружниот тек ќе има зеленило.
Според основниот проект, изработен од ЈП за ПУП, предвидено е да има и кружна фонтана со дијаметар од 5 метри и со десет млазници со воден столб висок до шест метри. Ѕидовите и дното на фонтаната ќе бидат украсени со мозаик од керамички плочки. Ќе има заштитен прстен околу фонтаната од гранитни плочки, а околу него прстен од трева. Третиот прстен треба да биде поплочен со гранитни коцки, а останатиот дел од островот затревен и заграден со бетонско ѕидче. Со партерното уредување предвидени се и десет полукружни клупи, осум кружни цветни градини и два паркинг плаца со 46 паркинг места. Постојните плочки треба да се искорнат, да се стави травертин и бекатон плочки. Исто така треба да се отстрани и постојната фонтана и жардињерите.Заради започнување на градежните работи за изградба на споменичното обележје Карпалак ќе биде пренасочен и сообраќајот на овие улици од недела па се додека завршат активностите.


http://kanalvizija.prilep.net/index.php?option=com_content&view=article&id=300:-qq-&catid=40:2010-07-16-07-33-54 - http://kanalvizija.prilep.net/index.php?option=com_content&view=article&id=300:-qq-&catid=40:2010-07-16-07-33-54

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 08-Aug-2010 at 20:16
Булевар Гоце Делчев




-------------
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Nov-2010 at 19:37
Датум: 26.11.2010, 09:29

Се уредува кејот во Прилеп

Запуштениот дел од центарот во Прилеп ќе се уредува со отворање на уште една кејска улица, која ќе служи за растоварување на сообраќајот на улицата Андон Слабејко.

Поради тоа, локалните власти соопштуваат дека ќе се уриваат просториите на сервисните и на други времени деловни објекти.

- Ќе се пробива десната страна од речното корито од мостот кај автобуската станица до мостот „Димо Наредникот“. Тоа е значајна сообраќајница. Се продаваат 850 квадратни метри, поделени во пет плаца, на местото на објектите што ќе се уриваат. Атрактивните парцели, од 120 до 200 квадратни метри, се наменети за угостителско-трговски деловни простори. Ќе се наддава со почетна цена од 3.400 денари за квадратен метар - велат од локалната самоуправа.

Со овој зафат локалните власти го реализираат детаљниот урбанистички план во центарот. (Љ.М.)
http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=52DAC0114A7A09458879EA7DBC093916 - http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=52DAC0114A7A09458879EA7DBC093916


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 11-Mar-2011 at 22:43
Ne znam dali niskava e bas soodvetna za vesta no ne znaev tocno kade.

Konecno i kaj nas dojde "pajak"!
Se nadevam deka vidno ke se podobri kulturata na parkiranje so ova.
Inaku tekstot dolu ne e bas standardna vest bidejki e prevzemen od od sajt so zabaven harakter.No pak za smetka na toa ubavo go dolovil prilepskiot sekojdnevie so negovite problemi.
od slikite se gleda deka voziloto e polovno kako sto bese i najaveno od loalnata samouprava


Пајак служба во Прилеп
09 Март 2011   


Се остврија најавите. И прилеп се стори со пајак служба.

Ние како главни порталори низ Прилеп ви подаваме ексклузивни фотографии од неговата прва акција низ булеварот.

Додека го гледав како ја качува првата кола, ми падна на памет едно клучно прашање за нашиот ратоборен фраерски менталитет.

Ќе ја прифатат ли прилпепските манги ( за чии тркала нема правила па се' испаркирани по булеварот како да се' на авто-пазар) оваа реална појава која ќе им пркоси на курназлакот?
Или ќе се' борат херојски до последна коњска сила за своето ауто, кое колку повеќе стои непрописно паркирано, толку повеќе им го повишува либидото?

Многумина ќе посегаат по фората "ќе свртам два-три телефони и има да те нема", но се надевам дека службениците ќе ги надминат тие фолови без да им трепне око и ќе воведат малку дисциплина во градското паркинг-родео...

Тука секое чудо е за три дена, секој ќе си легне на брашното и ќе сфатат дека тротоарите не се место каде се шармираат жени со правенје шлајфки, туку е место наменето за простосмртните пешаци кои сакаат да протегнат по некоја нога под ведро небо.

Имаме катна гаража, наскоро ќе имаме уште една, сега имаме и пајак служба... сите предуслови за ослободување на пешачките зони (тротоарите) се обезбедени.

Со пајакот напред - смрт за шлајфките, слобода за пешаците !






http://10bez10.com/vesti/1137-pajak-sluzhba-vo-prilep - http://10bez10.com/vesti/1137-pajak-sluzhba-vo-prilep

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Mar-2011 at 22:48
ОС, знаеш од каде е набавено возилото?


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 11-Mar-2011 at 23:13
Ne znam nisto poveke,plus ne sum ni vo Prilep momentalno,vesta sosem sluacjno ja nacekav.

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Тркало
Date Posted: 28-Mar-2011 at 02:50
Автобуската во Прилеп -дај Боже шо побрзо нова да средат ,овде е страшна гужва ако паркираат 3 автобуси наеднаш + дивите таксисти на улицата

Поглед од 'пероните'

И од катната гаража до неа

Инаку,споменикот на Карпалак е поставен,работниците нешто доправаа околу него ,во брзањето немам слики


Posted By: N23
Date Posted: 28-Mar-2011 at 13:48
Тркало ова и не е така лоша автобуска, само треба да се средат пероните и малце надворешниот изглед на автобуската. За град со големината на Прилеп, а и општо за сите градови во Мкд, не треба којзнае какви автобуски. Штипската е добар пример како од обичен хангар може да се направи фина автобуска. Јас бев изненаден од тоа дека Љубљана буквално и да нема автобуска. Автобусите се паркирани ко на улица, има мала зграда во која вадиш билет или се одмараш и тоа е се. Само малце шминка и убаво ќе изгледа. И наравно можат асфалтот редовно да го средуваат, сепак се работи за мала површина.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Mar-2011 at 15:06
Има проект за нова автобуска станица во Прилеп, на нова локација близу до железничката станица:
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=422 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=422


@ N23
Не знам дали си бил на автобуската во Прилеп  Big%20smile
Нема таква шминка која може да ја оправи. Пред се се работи за потполно пропаднат објект кој одамна требало да биде срушен. Всушност уште од дете ја памтам оваа автобуска дека била во ужасна состојба. Покрај поминатите 2+ децении од тогаш, сега со реорганизацијата на просторот во околината има и дополнителен просторен и сообраќаен проблем. Фала богу што има план и можности станицата да биде дислоцирана, само да не се одолговлекува понатаму.

За Љубљана не знам точно какви се околностите, но на Словенците секако можеме да се угледаме за многу други работи, не мора баш за тој конкретен пример. Добро вклопена и максимално функционална автобуска станица дефинитивно е потреба за град со големина на Прилеп. Таман работа да штедиме и да импровизираме за вакви работи, мислам дека во ова време на огромни трошоци за неприоритетни па и за неразумни проекти, заштеди треба да бараме таму, а не кај основната инфраструктура.


Posted By: Тркало
Date Posted: 28-Mar-2011 at 16:18
Потполно имам исто мислење како Кловер за оваа станица,бесмислено е ова да се реновират.Дополнителен проблем е израдбата на катната гаража која одзеде голем дел од пероните на станицата (значи 5 перони накосо како на САС) ,а просторов шо остана сега тогаш беше само за локалните минибуси.
Преместување кај Железничката станица не е лоша идеја освен поголемото време за мотање низ одредени делови во Прилеп.

А Љубљанската АС е катастрофа,секој пат ко ќе ми продаваат приказни дека се било под конец во ЕУ и Словенија му го давам тој пример



Posted By: Тркало
Date Posted: 30-Mar-2011 at 21:48


Ново уредување по струмички тип за островот меѓу лентите на улица Димо Нареднико' во Прилеп.(Ова е пред семафорите на пресекот со Моша Пијаде).


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 24-Mar-2012 at 09:27
Прилеп ќе гради авенија

Изградба на авенија во должина од 2 километра од автопатот Градско - Скопје до влезот во Прилеп е предлог што на следната седница ќе се најде пред прилепскиот Совет на Општината. За таа цел е планирано Прилеп да земе кредит во износ од 500 илјади евра од Светската банка. Според проектот и предлогот од градоначалникот Марјан Ристески, предвидено е најпрвин сообраќајницата да биде изградена во должина од 800 метри, а подоцна комплетно 2.000 метри. Локалните власти сметаат дека ваквото сообраќајно решение ќе служи во следните 50 години, ќе го зголеми интересот за вложување во индустриските објекти и ќе го направи градот попривлечен за странски инвестиции.

Според инженерите, со градежниот зафат е предвиден двонасочен приод од бензинската пумпа на „Лукоил“, односно од крстосницата Градско - Прилеп - Битола.

- Улицата со авениски димензии ќе биде широка 15 метри, со по две коловозни ленти од двете страни, а на средината ќе има зелен појас и осветление. Од двете страни се предвидени велосипедски и пешачки патеки. Работите на првата фаза меѓу пумпите на „Лукоил“ и „Макпетрол“ треба да почнат пролетва, а да завршат до септември. Градот ќе добие модерен изглед - вели Драге Звездакоски, раководител за финансии во локалната самоуправа.

Според него, кредитот е мошне поволен. Фискалниот капацитет на Општината овозможува без зголемување на давачките да се поднесе задолжувањето.

- Со 500 илјади евра ќе се изгради првата фаза, а втората, која ќе ја опфати улицата Моша Пијаде до раскрсницата кај конфекцијата „Солидност“ уште 1.200 метри, ќе се гради со општински пари. Граѓаните нема воопшто да бидат оптоварат со нови повисоки даноци. Финансиската проекција е во согласност со сегашната структура на даночната основа и буџетската каса - вели Ѕвездакоски.

Линијата од државниот проект за подобрување на општинските услови овозможува кредитот да се враќа десет години со три години грејс-период, односно седум години по две рати годишно со камата од 1,31 отсто.

- Една рата изнесува 38.641 евро, се плаќа во февруари, а другата во август, почнувајќи од 2015 година. Или за половина милион евра кредит, Прилеп ќе плати само нешто повеќе од 42 илјади евра камата, да добие модерно сообраќајно решение што е далеку поевтино од задолжување во комерцијалните банки, и тоа без дополнително оптоварување на буџетот - оценува Звездакоски.

Гарант за враќањето ќе биде Министерството за финансии, а Прилеп ќе се приклучи кон 29 општини кои досега го користеле овој тип кредит.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6FAC4926D623ED4B98060568C5A58CAD - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6FAC4926D623ED4B98060568C5A58CAD

i edna slika od mene so prva i vtora faza


-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Cifra
Date Posted: 25-Mar-2012 at 18:51
Има доволно место секаде или негде има и за рушење?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Mar-2012 at 23:58
Прилепчани, може слики од трасата?


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 27-Mar-2012 at 13:57
Jas ne sum vo Prilep,taka da sliki ne bi mozel da obezbedam,ednistveno sto mozam da kazam deka za prvata faza ima dovolno prostor da se napravi so sredisno zelenilo kako sto e najaveno.

E veke za vtorata faza ne sum siguren,segasnata ulica ima dve velosipedski pateki posle koi vednas pocnuva drvoredot od dvete strani,za da ima sredisno zelenilo spored mene treba da se isecat drvata,sto bi bilo losa varijanta.
Osven ako za vtorata faza ne planiraat sredisno zelenilo i ulicata se prosiri samo so velosipedskite pateki so koe mislam deka pak bi mozelo da se dobie profil 2+2.

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 27-Mar-2012 at 14:51
Sitel napraavil reportaza,ima i video na koe ubavo se gleda vo kakva katastroflna sostojba e segasniot vlez,a na krajot na videoto ja ima i samata ulica za vtorata faza.
Во Прилеп ќе се гради модерна авенија

Општина Прилеп ќе се задолжи кај Светската банка со кредит од 500 илјади евра, со кои средства за неколку месеци ќе започне изградбата на модерна авенија на влезот во градот од кон Плетвар.


Ова е прво задолжување на општината и нема да значи дополнително даночно оптоварување за прилепчани, ветуваат од Локаната самоуправа.

Според проекциите, проширувањето на делницата не предвидува експропријација на имотот, што значи градежните зафати ќе се однесуваат само на расположливото државно земјиште.

Градежниот проект за уредување на влезот во градот и двонасочната авенија ќе се одвива во две фази.

Инаку, Прилеп е една од 30 -те општини од земјава, кои го поседуваат потребниот финансиски капацитет за задолжување кај Светската банка. Гарант за враќање на кредитот е Министерството за финансии.


http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/vo-prilep-ke-se-gradi-moderna-avenija - http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/vo-prilep-ke-se-gradi-moderna-avenija

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: alienwords
Date Posted: 04-Apr-2012 at 01:01
Еве дел од улицата што треба да биди авенија




Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 10-Apr-2012 at 17:25
Proektot kako celo ne e los,no treba nekoj da mu kazi deka po princip kruznite mozat da funkcioniraat i bez spomenici

Кружен тек со споменик кај хотел „Липа"     

Градежната офанзива предвидена за оваа година започнува со уште еден капитален проект на Локалната самоуправа. Булеварот "Гоце Делчев"добива модерен изглед, а продолжението на градежните работи во централното градско подрачје е со цел да се добие уште поурбан изглед на оваа крстосница. Делот кај судот кој се поврзува со населбата "Димо Наредникот".Булеварот ‘’Гоце Делчев" наскоро ќе добие уште поурбан изглед по теркот на Европските метрополи. Крстосница со кружен тек кој ќе го поврзува булеварот и улицата "Димо Наредникот"на површина од 3500 квадратни метри.


Инвестицијата во вредност од 9,5милиони денари е од Буџетот на општина Прилеп. Според зборовите на надлежните,реализацијата на овој проект треба да заврши за два месеци. Во следниот период се предвидени и други градежни активности во центарот на градов, а една од нив ќе биде и кај Здравствениот дом, поточно бензиската пумпа "Макпетрол".




http://www.prilep.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1470&Itemid=1 - http://www.prilep.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1470&Itemid=1

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Aleksf
Date Posted: 31-May-2012 at 12:23
Vcera pominuvav niz Prilep, na pat za Krusevo. Ubavo e sto se gradi, no me iznenadi neprijatno, izgradbata na noviot kruzen tek kaj hotelot Lipa. Imeno gradeznicite postavile vertikalni i horizontalni barieri za obelezuvanje na iskopanite trotoari i edniot krak od ulicata e zatvoren, no nema nikakva regulacija na soobracajot. se pominuva po praviloto "snajdi se " ili "koj e posilen". Zgora na se nema nikakov znak "rabota na pat" barem na dvosmernata ulica od kade jas dogav za da te predupredi deka nesto se slucuva.
Sepak se raboti za edna od pogolemite gradski krstosnici i mislam deka lokalnata vlast trebalo da prevzemi nesto povece vo vrska so obelezuvanjeto na rabotite i da vospostavi nekakov privremen rezim na soobracaj, pred se zaradi bezbednosta i poradi toa sto poradi gradeznite raboti vidlivosta koga vrtis na levo kon Krusevo e ocajna. isto taka se vracavme docna pa uspeav da zabelezam deka nema ni trepkacki svetla koi bi go oznacuvale mestoto na rabota navecer.
Pred raskrsnicata kaj pozarniot dom ima nekakva dupka predpostavum ce se vrsi sanacija na gorniot kolovozen sloj, no horizontalnata bariera koja e postavena ne e reflektiracka i voopsto ne se gleda noce. Istata situacija e i na bulevarot Aleksandar Makedonski posle raskrsnicata koja vodi kon izlezot za Bitola, isto taka i tamu ima nekoe ostetuvanje na kolovozot koe e obelezano so nereflektiracka vertikalna bariera.
Gradskite tatkovci mozele malku povece da se potrudat pri nabavkata na znaci


-------------
Сите пчели да носеа мед, медот ќе беше бадијала


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 03-Jun-2012 at 16:50
Еве до каде се со изградбата на кружниот тек кај Хотел Липа
01.

02.

03.

04.

05.

06.

07. Ова треба да биди нова улица која ќе оди покрај реката, само треба да се турнат старите бараки и да се асфалтира 41°20'31.96"N 21°33'1.72"E


-------------
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај


Posted By: alienwords
Date Posted: 29-Jun-2012 at 21:06
Новости за авенијата во Прилеп:

http://www.prilep.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1579&Itemid=1

Потпишан договор за кредит од Светска банка http://www.prilep.gov.mk/index2.php?option=com_content&task=view&id=1579&pop=1&page=0&Itemid=1"> Испечати
29.06.2012.
http://www.prilep.gov.mk/images/stories/news2012/juni/web%20stavreski%20dogovor/DSC_0100.JPG">DSC_0100.JPG

Градоначалникот Марјан Ристески и министерот за финансии Зоран Ставревски денеска потпишаа договор за користење кредит од Светска банка за изградба на модерен и современ влез во градот. - Потпишувањето на договорот со министерот Ставревски е голем момент. По многу децении ќе се реши главен проблем - влезот во градот. Улицата Александар Македонски" ќе се реконструира со проект вреден 33 милиони денари. Тоа ќе биде модерен влез, со две ленти, со зелен појас, со модерно осветлување со штедливи светилки.

http://www.prilep.gov.mk/images/stories/news2012/juni/web%20stavreski%20dogovor/DSC_0106.JPG">DSC_0106.JPG

Ќе има поголема безбедност за пешаците и велосипедистите ќе биде во должина од 790 метри, површина од 11.500 метри квадратни. Првата фаза од проектот е во висина од 33 милиони денари. По договорот се подготувува тендерот на кој ќе се избере изведувач. До Нова година ќе се реши првата фаза, по што ќе следи втората до првата крстосница  каде ќе има кружен тек. Градот ќе го реши влезот - рече градоначалникот Ристески. Според министерот за финансии Зоран Ставревски градоначалникот и Советот го поминале филтерот пред Светска банка. -Ќе продолжи да се разубавува градот. За општини што знаат што сакаат Владата обезбедува средства. Очекувам брза реализација на овој проект - рече Ставревски.




Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 09-Aug-2012 at 13:22
Пуштен во употреба кружниот тек кај „Липа“

Во присуство на голем број граѓани беше означен завршетокот на градежните работи околу реконструкцијата на крстосницата со кружен тек во близина на хотелот „Липа“.
Со реализацијата на овој зафат Булеварот „Гоце Делчев“ доби современ изглед а воедно решението ќе го подобри одвивањето на сообраќајот во овој дел од центарот на Прилеп.
Ова е втор поголем градежен зафат од областа на локалната патна инфраструктура кој заедно со минатогодишниот кој е дел од комплексот „Карпалак“ ги поврзуваат двете најфреквентни крстосници во нашиот град.
Со цел да се олесни одвивањето на сообраќајот а воедно и да се модернизира протокот на моторни возила на двете локации е пристапено кон изградба на кружен тек на регулација на движњето .
Реконструкцијата на крстосницата со кружен тек е на површина од 4000 метри квадратни за што инвестирани се девет милиони денари. Во рамките на истиот градежен зафат последователно беше извршена и рехабилитација на 4000 метри квадратни на горниот слој од Булеварот „Гоце Делчев“ во должина од 350 метри за што се потрошени три милиони денари.
Во иднина кружно сообраќајот решение ќе биде оплеменето со споменик кој ќе биде поставен во чест на прилепските бранители.

http://prilep.gov.mk/news/mk/pushten-vo-upotreba-kruzniot-tek-kaj-lipa/

01.

02.

03.

04.

05.

06.

07.


Сликите се превземени од www.prilep.gov.mk

-------------
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај


Posted By: Aleksf
Date Posted: 24-Sep-2012 at 11:29
Na forografijata pod reden broj 2 razdelniot triagolnik e oboen so crvena boja, toa e nesto novo , bidejci ne uspeav da go najdam vo nieden pravilnik ili pak oznacuva nesto? Vo skopje vidov so crveno gi bojat velosipedskite pateki

-------------
Сите пчели да носеа мед, медот ќе беше бадијала


Posted By: Тркало
Date Posted: 24-Sep-2012 at 14:37
Пред некој ден баш поминав 3-4 пати на кружниов и некако не ми се бендиса, за разлика од КТ со споменикот Карпалак, некако помал, потесен.Како КТ во Охрид на Туристичка. Ама ајде кога веќе го поставиле барем средината да ја средат...


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 22-Oct-2012 at 21:21
Многу добар потег

Започнаа градежните активности за нов Кружен тек
Започнаа градежните активности на Крстосницата со кружен тек на улиците „Марксова“ (Прилепски бранители) и Мице Козар, со кој прилепчани ќе добијат уште еден нов лик на овај дел во градот.
За реализација на овој инфраструктурен зафат со вкупна површина од 3.000 метри квадратни, Локалната самоуправа издвои 6.000.000 милиони денари.
Ваквите активности на Локалната самоупрва во насока на подобрување на локалната патна инфраструктура продолжува и понатаму со асфлтирање на нови улици и правење на нови кружни текови.
[tube]7mhWiJA1AaM&feature=player_embedded[/tube]


-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Бомба
Date Posted: 07-Nov-2012 at 18:57
Почна првата фаза од изградбата на булеварот во Прилеп

На влезот од Прилеп, кај бензиската пумпа „Лук оил”, денеска почна првата фаза од изградбата на булеварот во должина од 800 метри. Станува збор за проект вреден 30 милиони денари, пари од кредитот од Светска банка за инфраструктурни зафати во општините што се реализира преку Министерството за финансии
http://novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=10399


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Nov-2012 at 01:45


A знае ли некој какво ќе биде сообраќајното решение на поврзувањето со магистралниот пат?



Posted By: Тркало
Date Posted: 08-Nov-2012 at 10:58
Originally posted by ovaj_stariov

Многу добар потег

Започнаа градежните активности за нов Кружен тек
Започнаа градежните активности на Крстосницата со кружен тек на улиците „Марксова“ (Прилепски бранители) и Мице Козар, со кој прилепчани ќе добијат уште еден нов лик на овај дел во градот.
За реализација на овој инфраструктурен зафат со вкупна површина од 3.000 метри квадратни, Локалната самоуправа издвои 6.000.000 милиони денари.
Ваквите активности на Локалната самоупрва во насока на подобрување на локалната патна инфраструктура продолжува и понатаму со асфлтирање на нови улици и правење на нови кружни текови.
[tube]7mhWiJA1AaM&feature=player_embedded[/tube]


Една од најзафркнатите раскрсници во Прилеп Време беше за некаква реакција...


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 08-Nov-2012 at 13:35
.

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 08-Nov-2012 at 13:36
Originally posted by Cloverstack

A знае ли некој какво ќе биде сообраќајното решение на поврзувањето со магистралниот пат?

Никаде не сретнав дека ќе има клучка што секако не е изненадување,кај нас секогаш се прават работите од кровот надолу.
Значи освен ако не сум пропуштил нешто спојувањето ќе биде како досега, при излезот од Прилеп ќе имаме едно опасно пресекување на магистралниот пат.

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 14-Nov-2012 at 23:54
Неколку слики од prilep.gov.mk за новиот кружен
Започнаа да се интензивираат градежните активности за нов Кружен тек

http://www.prilep.gov.mk/news/mk/zapocnaa-da-se-intenziviraat-gradeznite-aktivnosti-za-nov-kruzen-tek/ - http://www.prilep.gov.mk/news/mk/zapocnaa-da-se-intenziviraat-gradeznite-aktivnosti-za-nov-kruzen-tek/

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 14-Nov-2012 at 23:59
И од влезот на градот
Започнаа да се интензивираат градежните активности за Влезот на градот Прилеп

http://www.prilep.gov.mk/news/mk/zapocnaa-da-se-intenziviraat-gradeznite-aktivnosti-za-vlezot-na-gradot-prilep/ - http://www.prilep.gov.mk/news/mk/zapocnaa-da-se-intenziviraat-gradeznite-aktivnosti-za-vlezot-na-gradot-prilep/

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 13-Dec-2012 at 14:58
Уште една најава за кружен во Прилеп за кој ќе треба да се прошири мостот

[tube]vuJibPighAA[/tube]

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Dec-2012 at 16:39



41°20'48.92"N  21°33'38.34"E

Овде?


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 13-Dec-2012 at 17:27
Originally posted by Cloverstack

41°20'48.92"N  21°33'38.34"EОвде?


Да тоа е местото,во моментов се регулира со семафори,новово решение ми изгледа доста скапо но сеуште е само најава.

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: gjoko
Date Posted: 27-Mar-2013 at 21:13
влезот од кај Кавадарци






Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 27-Mar-2013 at 21:16
@gjoko јас пред неколку дена одев за Скопје сообраќајот беше скроз забранет тука.
Во моментов пуштен ли е или на своја рака поминавте?

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: gjoko
Date Posted: 27-Mar-2013 at 21:18
кај безниската чекавме околу 10 минути бидејќи се товараше камион со земја,а после тоа сообраќајот се одвиваше `нормално`.никој не вршеше регулација,еден тип со џип малку се фраереше и помина низ нивите покрај патот,го мрзеше да чека


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 04-May-2013 at 00:04
Еве слики од состојбата на 1 мај за проширувањето на улицата Александар Македонски, од влезот на градот до бензинската пумпа на Макпетрол

01.
http://s945.photobucket.com/user/Davormkd/media/P1010183.jpg.html">
02.
http://s945.photobucket.com/user/Davormkd/media/P1010184.jpg.html">
03.
http://s945.photobucket.com/user/Davormkd/media/P1010185.jpg.html">
04.
http://s945.photobucket.com/user/Davormkd/media/P1010186.jpg.html">
05.
http://s945.photobucket.com/user/Davormkd/media/P1010187.jpg.html">
06.
http://s945.photobucket.com/user/Davormkd/media/P1010188.jpg.html">
07.
http://s945.photobucket.com/user/Davormkd/media/P1010189.jpg.html">

-------------
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај


Posted By: daci92
Date Posted: 04-May-2013 at 08:15
Добро изгледа, решението 2x2 е добро за Прилеп но тоа што оваа делница нема да има клучка за влез и излез од Прилеп е огромна грешка ,дали знаеш дали е планирано да се гради клучка со Магистралниот пат?
Исто така ме интересира дали се работи активно на булеварот или пак од време на време се чепка нешто и пак дреме така .


Posted By: gjoko
Date Posted: 04-May-2013 at 11:45
има напредок,но мислам дека коловозните ленти требало да бидат барем по половина метро пошироки,за мене репер е кога ква каминои можат паралелно да возат а да не се стегаат помеѓу себе,како да возат низ иглени уши


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 04-May-2013 at 21:12
Досега не сум слушнал ни на шега најава за изградба на клучка, така да во скоро време, нема да се изгради, иако сегашново решение е крајно небезбедно.
Работници има секој ден, ама чепкаат по малце во текот на денот, и затоа е побавно темпото на изградба.
Иначе, според ГУП, коловозните ленти треба да бидат по 7 метри во правец, ама се прашувам дали и реално се така изградени.

-------------
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај


Posted By: daci92
Date Posted: 04-May-2013 at 21:56
Штета за тоа што нема такво нешто...
Добро тоа за чепкањето е сосема нормално, се чека на некој друг да ја заврши работата иако тој не пипа.
Можно е да се 6,5-7 м ,не изгледа помало од тоа, оптичката илузија многу знае да лаже.


Posted By: Тркало
Date Posted: 05-May-2013 at 13:34
Originally posted by Тркало

Originally posted by ovaj_stariov

Многу добар потег

Започнаа градежните активности за нов Кружен тек
Започнаа градежните активности на Крстосницата со кружен тек на улиците „Марксова“ (Прилепски бранители) и Мице Козар, со кој прилепчани ќе добијат уште еден нов лик на овај дел во градот.
За реализација на овој инфраструктурен зафат со вкупна површина од 3.000 метри квадратни, Локалната самоуправа издвои 6.000.000 милиони денари.
Ваквите активности на Локалната самоупрва во насока на подобрување на локалната патна инфраструктура продолжува и понатаму со асфлтирање на нови улици и правење на нови кружни текови.
[tube]7mhWiJA1AaM&feature=player_embedded[/tube]


Една од најзафркнатите раскрсници во Прилеп Време беше за некаква реакција...


Ама испадна некако тесно и ептен фушерајски изведено.Спрема кружните Карпалак и Липа, ова е големо промашување.Не како идеја, туку како краен резултат.Не знам како вртат камиони или автобуси тука


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 21-May-2013 at 12:58

Доста лошо изведено навистина, а навечер сеуште не е осветлено па некој може да си продолжи без да забележи.

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 21-May-2013 at 13:44
Според долу напишаново улицата ќе биде широка 15 метри и по се изгледа ќе се исечат дрвата од двете страни, што според мене е грешка.
По принцип како излез на град би требало поширока улица но навистина би ми било криво ако остани гола без дрвја.
Ако постои варијанта да се одземат велосипедските патеки и да не се прави средишно зеленило јас би се одлучил за тоа.

Плус во моментов не постои којзнае каков наплив на возила тука, по приоритетно би било да се разговара за нова клучка кај Лукоил и средствата да се насочат таму, бидејќи излезот и сега беше доста несигурен и опасен но по пуштањето на новава улица на магистралниот пат возачите од Прилеп ќе се вклучуваат од две ленти со поголема брзина и мислам дека ќе биде уште полошо.

Потпишан договорот за реализација на II фаза за реконструкција на улицата „Александар Македонски“

Градоначалникот Марјан Ристески и претставници од министерството за финансии денеска го потпишаа договорот за реализација на втората фаза за реконструкција на ул. „Александар Македонски“ на потегот од бензинската пумпа на Мак Петрол до крстосницата Солидност. По комплетно завршување на првата фаза, локалната самоуправа планира да го продолжи проширувањето на улицата во должина од уште околу 1.200 метри, до крстосницата кај некогашната фабрика „Солидност“.
- Улицата со авениски димензии ќе биде широка 15 метри, со по две коловозни ленти од двете страни, а на средината ќе има зелен појас и осветление. Од двете страни се предвидени велосипедски и пешачки патеки. Работите на првата фаза меѓу пумпите на „Лукоил“ и „Макпетрол“ веќе се започнати и се одвиваат во континуитет, посочи градоначалникот Марјан Ристески.
Со 500 илјади евра се гради првата фаза, а втората, која ќе ја опфати улицата Моша Пијаде до раскрсницата кај конфекцијата „Солидност“ уште 1.200 метри, ќе се гради со општински пари.
Со спроведување на претстојните градежни активности ќе се уреди влезот во градот од магистралниот пат од правецот на Градско и Кавадарци кон централното градско подрачје на Прилеп.

http://prilep.gov.mk/news/mk/potpishan-dogovorot-za-realizacija-na-ii-faza-za-rekonstrukcija-na-ulicata-aleksandar-makedonski/ - http://prilep.gov.mk/news/mk/potpishan-dogovorot-za-realizacija-na-ii-faza-za-rekonstrukcija-na-ulicata-aleksandar-makedonski/

За тие што немаат представа, еве една слика како изгледа главниот излез од градот кон Скопје
http://s342.photobucket.com/user/ovaj_stariov/media/Untitledpng1_zpsb9afd882.jpg.html">

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: gjoko
Date Posted: 18-Jul-2013 at 20:07
Влезот(излезот кон Скопје) на Прилеп сликано денес.За жал сликав со мобилен и тоа возејќи и сликите не се баш добри.Овој дел е целосно асфалтиран,а се копаше од овој завршен дел према семафорите(мислам се поставува некаква подземна инсталација).Овде вероватно дрвата ќе мора да се сечат ако се сака да има 4 ленти

http://s1239.photobucket.com/user/gjoko-mkd/media/Makedonija/IMAG0456.jpg.html">
http://s1239.photobucket.com/user/gjoko-mkd/media/Makedonija/IMAG0457.jpg.html">
http://s1239.photobucket.com/user/gjoko-mkd/media/Makedonija/IMAG0458.jpg.html">
http://s1239.photobucket.com/user/gjoko-mkd/media/Makedonija/IMAG0459.jpg.html">


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 01-Sep-2013 at 19:45
Изминатава недела се сечеа активно дрвата во делот кој што ќе се проширува во втората фаза....
01.
http://s945.photobucket.com/user/Davormkd/media/IMG_0002.jpg.html">
02.
http://s945.photobucket.com/user/Davormkd/media/IMG_0003.jpg.html">

-------------
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај


Posted By: N23
Date Posted: 01-Sep-2013 at 20:06
Иако е ужасна помислата дека се исечени десетици дрва, ипак коа ќе се види во каква состојба е овој дел од Прилеп, сечата е оправдана. Срамота е на што личат македонскиве градови и нивните влезови, немањето соодветни тротоари, лошо средена околина, додека во исто време се потрошија стотици милиони евра за барокизирање на Скопје.


-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Oct-2013 at 09:48
преземено од Фејсбук страницата на општина Прилеп



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Oct-2013 at 09:55


-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 10-Dec-2013 at 20:07
ВО ТЕК СЕ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ НА II ФАЗА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ“

Интензиво се работи на градежните активности за втората фаза од проширувањето на улицата „Александар Македонски“, во должина од уште околу 1.200 метри, до крстосницата кај некогашната фабрика „Солидност“.



„Улицата со авениски димензии ќе биде широка 15 метри, со по две коловозни ленти од двете страни, а на средината ќе има зелен појас и осветление. Од двете страни се предвидени велосипедски и пешачки патеки“, посочи градоначалникот Марјан Ристески.

Со спроведување на претстојните градежни активности ќе се уреди влезот во градот од магистралниот пат од правецот на Градско и Кавадарци кон централното градско подрачје на Прилеп.

http://10bez10.com/vesti/opshtina/1763-vo-tek-se-gradezhnite-aktivnosti-na-ii-faza-za-rekonstrukcija-na-ulicata-aleksandar-makedonski - http://10bez10.com/vesti/opshtina/1763-vo-tek-se-gradezhnite-aktivnosti-na-ii-faza-za-rekonstrukcija-na-ulicata-aleksandar-makedonski

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Apr-2014 at 13:41
При крај реализација на II фаза од реконструкција на улицата „Александар Македонски“



Финишираат градежните активности околу асфалтирање на втората фаза од улицата „Александар Македонски“.

Во втората фаза се работеше на потегот од бензиската станица на „Мак Петрол“ до раскрсницата кај некогашната фабрика „Солидност“ во должина од околу 1.200 метри.



„Улицата со авениски димензии е широка 15 метри, со по две коловозни ленти од двете страни, од двете страни се предвидени велосипедски и пешачки патеки, рече градоначалникот Марјан Ристески.



Со реализација на овој градежен зафат се уреди влезот во градот од магистралниот пат од правецот на Градско и Кавадарци кон централното градско подрачје на Прилеп.



Во првата фаза од реализацијата на овој проект со реконструктивни зафати беше опфатен на потегот од бензиската станица на „Лук Оил“ до бензиската станица на „Мак Петрол“ во должина од околу 800 метри. Со комплетната реконструкција на оваа улица ќе се подобри безбедноста и комфорот во сообраќајот и ќе се овозможи современ транспорт и комуникација.











http://www.prilep.gov.mk/news/mk/pri-kraj-realizacija-na-ii-faza-od-rekonstrukcija-na-ulicata-aleksandar-makedonski/ - http://www.prilep.gov.mk/news/mk/pri-kraj-realizacija-na-ii-faza-od-rekonstrukcija-na-ulicata-aleksandar-makedonski/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 16-Apr-2014 at 13:57
Taka treba! Ubavo e da se slusat vakvi infrastrukturni projekti nadvor skopje


Posted By: gjoko
Date Posted: 16-Apr-2014 at 17:07
на местото каде е асфалтерката,скршнувањето не е баш елегантно изведено,вероватно е немање на простор од десната страна.ако не се внимава,овде можи да се случуваат доста инциденти.но сепак овој проект му требаше на градот


Posted By: daci92
Date Posted: 17-Apr-2014 at 01:34
Колку што е потребен овој проект толку (ако не и повеќе) е потребна клучка на тој влез/излез ....
Инаку одлична вест и е сосема за поздравување ,се надевам на повеќе вакви проекти !


Posted By: gjoko
Date Posted: 19-May-2014 at 16:16


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 19-May-2014 at 16:18
Така треба!!!


Posted By: jyvation
Date Posted: 12-Sep-2014 at 16:49
Започна изградбата на новиот кружен тек кај раскрсницата Солидност

Од денеска започнаа градежните активности за уредување на раскрсницата во влезот на градот позната како Солидност каде се вкрстуваат улиците „11 Октомври“ „ Октомвриска“ и „Александар Македонски“ каде ќе се изградува современ кружен тек кој ќе ги следи актуелните сообраќајни стандарди . Овој кружен тек кој ќе се протега на асфалтна површина од 4000м2 ќе биде дополнет со булеварска улица со четири ленти, зелен појас, велосипедска патека и пешачки зони. Подоцна на средината на овој кружен тек планирано е и дополнување со спомен обележје во чест на „Битката на ножот“ како симбол од Илинденската епопеја. Ова современо сообраќајно кружно решение општината ќе ја чини 8 милиони денари со решена комплетна внатрешна инфраструктура од проектот Пречистителна станица и канализациони сиситеми што значи оваа улица нема повеќе да биде поплавувана при поројни дождови, а со тоа се решава комплетно и подземната инфраструктура . Воедно овој кружен тек ќе биде осветлен со модерни енергетско-ефикасни светилки со што ќе се добие поефикасно и поекономично осветлување на целата улица. Градоначалникот Ристески очекува овој кружен тек да биде завршен до крајот на годината, а потоа ќе се продолжи со средувањето на булеварот.















http://www.prilep.gov.mk/news/mk/zapocna-izgraduvanjeto-na-noviot-kruzen-tek-kaj-raskrsnicata-solidnost/ - http://www.prilep.gov.mk/news/mk/zapocna-izgraduvanjeto-na-noviot-kruzen-tek-kaj-raskrsnicata-solidnost/


Posted By: jyvation
Date Posted: 03-Dec-2014 at 02:58
Реконструкција и асфалтирање на коловозните ленти за влез и излез на магистралниот пат Прилеп-Битола

Екипите на Македонија пат денска го привршуваат асфалтирањето на една од најважните клучки во сообраќајната цуркулација за влез односно излез од градот Прилеп према Битола поточно после Паркот на Револуцијата. Оваа клучка беше повеќе децении запоставена, амортизирана и необновена, а со сегашното асфалтирање оваа делница од патот поприма инфраструктурна функционалност и воедно се подобрува безбедноста што ќе биде од корист за сите учесници во сообраќајот.Реконструкцијата за приклучокот и исклучокот од магистралниот пат А 1 подразбираше обновување на коловозните ленти и вградување на 450 тони асфалт на 3500км2 површина. Вредноста на оваа реконструкција изнесува 3 милиони денари , а екипите од Македонија пат нагласија дека воедно се спремни и за предстојниот зимски период и дека располагат со доволни количини на абразивен материјал и технички средства со кои може да се одржуваат патиштата. Градоначалникот Ристески најави дека покрај оваа клучка се работи на кружниот тек кај Солидност и се очекува тој да биде комплетно завршен до крајот на годинава.









повеќе слики на: http://www.prilep.gov.mk/news/mk/rekonstrukcija-i-asfaltiranje-na-kolovoznite-lenti-za-vlez-i-izlez-na-magistralniot-pat-prilep-bitola/ - http://www.prilep.gov.mk/news/mk/rekonstrukcija-i-asfaltiranje-na-kolovoznite-lenti-za-vlez-i-izlez-na-magistralniot-pat-prilep-bitola/


Posted By: Џоле
Date Posted: 25-Mar-2015 at 18:00
Пародично видео снимено со камера на велосипед за ископаните улици во Прилеп кои стојат така неколку години. Со видеото сатирично се пренесува незаинтересираноста на градоначалникот Марјан Ристески да ги среди градските улици, а од друга страна е заинтересиран за изградба на крос патека.

[tube]0ZBRHXnyweY[/tube]

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 11-May-2020 at 18:58
ПОСЛЕ 47 ГОДИНИ, ПРИЛЕП ДОБИВА НОВ СОВРЕМЕН МОСТ ГРАДЕН СПОРЕД СИТЕ СТАНДАРДИ

После завршувањето на тендерските постапки и техничките подготовки, на улица „Трајко Николоски“ во населбата „Сточен пазар“, битолската фирма „Стентон градба“ започна со изградба на мостот на Градска река.

„Мостот ќе биде со должина од 24 метри и ширина од 22 метри. Ќе има 4 коловозни ленти, секоја со широчина од 3.5 метри. Од двете страни ќе има пешачки патеки широки 2.5 метри и велосипедски патеки од по 1.5 метри. Изградбата на мостот ќе трае 4 до 5 месеци, а средствата кои за неговата изградба ги одвои Општина Прилеп изнесуваат 35 милиони денари. Можам да кажам дека за неколку месеци, Прилеп ќе го добие најголемиот и најубавиот мост“, изјави градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.

(...)

Изградбата на новиот мост е дел од градежната „офанзива“ во општина Прилеп, каде истовремено се работи на целосна реконструкција на булеварот „Гоце Делчев“, а се реконструираат и рехабилитираат повеќе улици, меѓу кои и „Андон Слабејко“, „Војводинска“, „Самоилова“ и други.

[tube]gXIeXw8t4XY[/tube]

https://www.publikum.mk/posle-47-godini-prilep-dobiva-nov-sovremen-most-graden-spored-site-standardi/ - https://www.publikum.mk/posle-47-godini-prilep-dobiva-nov-sovremen-most-graden-spored-site-standardi/

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Џоле
Date Posted: 21-Jun-2020 at 20:11
https://flic.kr/p/2jdit2x"> https://flic.kr/p/2jdit2x - Увид во новоизграден Ургентен центар и локална патна инфраструктура [19.06.2020 - by https://www.flickr.com/photos/vladamk/ - Влада на Република Северна Македонија , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 25-Jun-2020 at 17:12
Нов или реконструиран булевар во Прилеп















https://www.facebook.com/SugareskiGoran/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: MKDSTRUGA
Date Posted: 29-Jun-2020 at 09:27
Ova e rekonstrukcija na bulevarot vo naselbata tochila.


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 29-Jun-2020 at 15:51
Штета што за велосипедски патеки воопшто не се размислува надвор од Скопје.


Posted By: ironm
Date Posted: 30-Jun-2020 at 07:37
Во Охрид изминативе 5 години се додаваат велосипедски патеки.


Posted By: Џоле
Date Posted: 17-Jul-2020 at 09:52
Во полн ек реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“



Со поставување на урбаната опрема, уредување на жардинериите и асфалтирање на велосипедската патека на потегот од кружниот тек „Карпалак“ до поранешната Градска кафеана, започнуваат финалните реконструктивни работи на овој дел од булеварот.

Од вчера почна реконструкцијата и на втората делница од булеварот, кој го опфаќа делот до раскрсницата пред Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Истовремено, се врши комплетна реконструкција на улицата „Прилепски бранители“, од некогашната Градска кафеана до кружниот тек пред прилепската подружница на АД Пошта на Северна Македонија.

Со реконструкцијата, булеварот „Гоце Делчев“ ќе има четири коловозни ленти, по две во двете насоки, тротоари со гранитни плочки, велосипедски патеки и тактилни траки за слепите лица, ново осветлување како и хоризонтална светлечка сообраќајна сигнализација на долниот дел од пешачките зебри.



















prilep.gov.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Jul-2020 at 10:40
Не запира градежната офанзива во Прилеп, се наѕира новиот лик на гордоста на градот – булеварот „Гоце Делчев“

Општина Прилеп ги продолжува тековните активности за инфраструктурно уредување на градот и населените места.

Покрај реконструкцијата и рехабилитацијата на улиците, континуирано се работи на поставување бекатон на тротоари и јавни површини во повеќе делови од градот, и тоа на „Ленин“ и „Кресненско востание“, како и на просторот помеѓу улиците „Бидимаш“ и булеварот „Гоце Делчев“, во населбата „Бончејца“.

Истовремено, со полн ек се одвиваат работите на улицата „Прилепски бранители“, а започнаа и градежните активности на последната фаза од реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“, од раскрсницата кај поранешната Градска кафеана, до семафорите пред ЦК „Марко Цепенков“.

Она што треба да се истакне, е дека со обележувањето на велосипедските патеки и поставувањето на хоризонталната сигнализација, комплетно се заокружува првата фаза од реконструкцијата на главната сообраќајна артерија во градот, булеварот „Гоце Делчев“, кој му дава нов и поубав лик на централното градско подрачје и кој ќе претставува гордост на градот и на граѓаните на Прилеп.



















https://www.prilep.gov.mk/ne-zapira-gradezhnata-ofanziva-vo-prilep-se-nazira-noviot-lik-na-gordosta-na-gradot-bulevarot-gocze-delchev



Print Page | Close Window