Print Page | Close Window

Парк-шума Водно

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=684
Printed Date: 26-Apr-2024 at 17:32


Topic: Парк-шума Водно
Posted By: ProMKD
Subject: Парк-шума Водно
Date Posted: 03-Mar-2008 at 23:44

Почнаа пожарите на Водно

Голем пожар, во кој беа опожарени 10 хектари шума со бор, смрека, зеленика и трева, минатиот викенд избувна на Водно, над селото Горни Крушопек. Од Град Скопје велат дека поради силниот ветер пожарот многу брзо се ширел, но екипите и чуварската служба на ЈП"Паркови и зеленило", заедно со Противпожарната бригада на Град Скопје по три часа го ставиле огнот под контрола.
Пожарот над Горни Крушопек беше еден од трите пожари кои минатата недела го зафатија Водно. Два дена пред овој пожар, на 26 февруари избувнаа два други пожара, и тоа еден над селото Крушопек, а другиот од јужната страна над селово Чифлик, во кои изгореа два хектара боров насад. Градските власти велат дека истрагата на терен покажала оти пожарите се намерно подметнати, бидејќи на неколку места можело да се забележи место каде што е намерно палено со цел да се зафати поголема површина.
Поради ваквата алармантна ситуација на терен, ЈП"Паркови и зеленило" одлучи предвреме да ја активира програмата за вонредни активности во парк-шумата Водно. Оттаму велат дека ќе се работи на засилено набљудување , постојано патролирање и соработка со полицијата која патролира во парк-шумата и апелираат до граѓаните да се воздржуваат од палење оган на Водно. (Б.Б.)

 http://www.vest.com.mk/default.asp?id=148197&idg=8&idb=2313&rubrika=Skopje




Replies:
Posted By: blejdsk
Date Posted: 09-Apr-2008 at 23:41

Општина Центар


Паркче под Панорама


На аголот меѓу улиците "Салвадор Аљенде" и "Периша Савелиќ" на 600 метри квадратни ќе се гради минипарк со место за одмор на граѓаните, кој наедно ќе преставува и прва починка на љубителите на Водно. Уредувањето на просторот кое веќе почна го врши општина Центар
- Просторот хортикултурно ќе се уреди, ќе се посадат 30 мини и средни четинари, зимзелени покривачи и трева. За полевање на истите, во изминатиот период, изградивме хидрантска мрежа, а 30 квадрати ќе се поплочат и ќе се постават клупи за седење, корпи за отпадоци како и фонтана за пиење вода. Паркот ќе биде осветлен со канделабри кои ќе му дадат посебен визуелен стил - велат од Општина Центар.

http://vecer.com.mk/?ItemID=193643A08934914DBB375D403984B746 - http://vecer.com.mk/?ItemID=193643A08934914DBB375D403984B746



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Jul-2008 at 01:34
Овие сериозни ли се? Nuts

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=53ECED1F300E744A9B9B1DC22D2E9DE5 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=53ECED1F300E744A9B9B1DC22D2E9DE5


За ненајавена прошетка на Водно, казна 2.000 евра

Ако некој сака да се прошета на Водно, ќе треба да се јави во ЈП „Паркови и зеленило“ и да ја најави посетата

Александар Пешев

Секој што сака рекреативно да пешачи во парк- шуми или планински предели мора да извади соодветна дозвола. Ненајавените посетители на шумите во земјава ќе бидат казнувани. Висината на казните се движи од 1.000 до 2.000 евра.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека оваа забрана за движење во шумите е превентивна мерка против летните пожари, а забраната би требало да трае до 30 септември годинава, а во зависност од временските услови ќе престане или ќе се продолжи. Во овој период во шумите ќе можат да се движат само рекреативци, но доколку претходно се најават кај претпријатието што стопанисува со шумата. Сите други активности, како на пример берење печурки, чаеви или палење скари и излети се забранети. Од Министерството информираат дека покрај пешачките патеки во шумите ќе бидат поставени табли кои ќе ги информираат рекреативците до каде смеат да се движат.

Граѓаните ќе треба да се најавуваат кај претпријатијата кои се надлежни за стопанисување со парк-шумите, за што ќе бидат отворени посебни телефонски линии. На пример, ако некој сака да се прошета на Водно, ќе треба да се јави во ЈП „Паркови и зеленило“ и да ја најави посетата. Без најава, посетителот ќе биде прогласен за прекршител на забраната и ќе треба да плати казна.

За контрола на шумите се задолжени службите на „Македонски шуми“, шумската полиција и шумската инспекција.

Дел од граѓаните сметаат дека ваквите мерки се претерани.

„Јас го доживувам тоа како класично ограничување на слободата на движење. Не ми е јасно како ќе се регулира тоа. Ако треба да се јавувам кај некои служби, искрено се надевам дека работат за време на викенд, затоа што тогаш пешачам на Водно“, вели планинар-рекреативец.

Од Министерството ја гледаат оправданоста на оваа мерка во придонесот за спречување на појава и ширење шумски пожари кои минатата година ја опустошија земјава. Во летото 2007 година околу 4.000 хектари шума беа уништени од шумски пожари. Неофицијално, материјалната штета лани се проценуваше на 15 милиони евра.

Планинарските друштва бараат воведување добра организација за имплементацијата на оваа мерка. Мила Искреновиќ од планинарското друштво „Македон“ вели дека добрата страна на оваа мерка е можноста за отворање евиденција за тоа колку планинари се присутни на одредена локација.

„Сепак, морам да напомнам дека ние не сме тие што не се грижат за шумите и што предизвикуваат пожари. Ние се грижиме за природата и во наш интерес е да ги зачуваме шумите“, вели Искреновиќ.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Jul-2008 at 18:36
За одобренијата...  Roll%20eyes

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=05C5D2304F5D9E4F9F1D216805978DA9 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=05C5D2304F5D9E4F9F1D216805978DA9

Одобрение за движење ќе се добива на Средно Водно

Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ информира дека на целата територија на парк-шумата Водно ќе се применува забраната за движење во шума или во одделни нејзини делови, донесена од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ацо Спасеновски на 9.07.2008 година. Целта не е граѓаните да се спречат и да се ограничат во движењето на Водно, туку да се има контрола за присуството на посетители на Водно. Согласно со забраната, граѓаните со лични исправи може да подигнат одобренија за движење во парк-шумата Водно во шумската куќичка на „Паркови и зеленило“ на Средно Водно секој ден од 8 до17 часот и во кое било време 24 часа дневно од чуварската куќичка пред дирекцијата на претпријатието на улица Илинденска бб.Во моментов, шумочуварската служба на претпријатието врши патролирање и набљудување на целата територија на парк-шумата. Исто така, постојано е дежурна групата за справување со пожари.

„Паркови и зеленило“ апелира до граѓаните при посета на Водно да се однесуваат максимално претпазливо и дисциплинирано и воедно да го почитуваат шумскиот ред. Во исто време да не палат оган и да не фрлаат догорчиња. Доколку некој од посетителите забележи оган, кршење на шумскиот ред или недозволено однесување, може да пријави на телефонот 075-211-162.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Jul-2008 at 18:41
Јас мислам дека можеше да се најде начин ова да иде полесно. Да речема да може да се најавиш на интернет, преку телефон, со пуштање на ливче во кутија барем едне ден пред идење, смс порака и слично. Па ако те застанат у шума даваш лина карта и те проверува у лап-топ дали си најавен?! Ништо сложено.

Вака е глупо. Идеш у парк кај тој и му викаш сакам да идам на водно, он ти вика чекај пауза до 10ипол. После идеш у 10ипол сабота, гужва место на водно, у парк пред трафиката. Лепиш таксена марка и идеш на водно. Глупости. Може да се најде начин да се остават име, презиме, матичен и број од л.к. преку начините кои погоре ги набројав.


Posted By: zabegan
Date Posted: 12-Jul-2008 at 23:24
човек, ова не е нормално, исто како да ти кажат не диши воздух Nuts
ако се толку „загрижени“ за зеленилото има и други начини како на пример воведување на чувари на шумата како што има во повеќето национални паркови, и ако не друго барем знаци за предупредување  на последиците, и казнување само ако нанесеш штета,а не ако се шеташ, изгледа нешто помешале зборовите штета-шета
ова забранава некако не ми е баш најарна


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: beTon
Date Posted: 14-Nov-2008 at 02:40

http://217.16.70.245/?pBroj=1753&stID=34087&pR=12 - На белите дробови на Скопје итно им треба освежување - 15.04.2005
Наместо 65 хектари, на Водно годишно се пошумува едвај еден хектар
Неорганизираноста на пошумувањето се должи на укинувањето на државниот фонд за пошумување во 1980 година

Министерството за животна средина минатиот месец во рамките на Деновите на екологијата започна акција за пошумување на Водно. За седум дена беа насадени 2.000 садници на еден хектар, а неодамна слична акција организираа и Општина Карпош и полицијата, кои засадија 300 дрвца. Јавното претпријатие †Паркови и зеленило преговара и со †Македонски телекомуникацииии за засадување на 500 садници, а во мај Црвениот крст најави зазеленување на кругот на објектот на оваа институција на Водно со 300 садници.
Сепак, овие поединечни и неповрзани доброволни акции на македонските фирми и организации не се доволни ни од далеку за да ја задоволат потребната бројка од новонасадени дрвја во Парк-шума †Водно. Белите дробови на Скопје секоја година мора да се освежуваат со најмалку 65 хектари нова шума, а во последниве 25 години се садат едвај по еден хектар годишно. Неорганизираноста се должи на укинувањето на државниот фонд за пошумување во 1980 година, во кој се предвидувале пари за одгледување садници за таа намена и се организирало масовно садење со учество на работници, војска, или пак затвореници. Според одговорните во †Паркови и зеленилоои, еден хектар шума апсорбира од 50 до 70 тони прашина и 15 тони јаглероден моноксид, а испушта 11 тони кислород. Во последните пет години на Водно биле опожарени и се уништиле околу 40 хектари шума, а дрвца се насадиле само на 5 хектари. Тенденцијата на намалување на зелениот фонд во Парк-шума †Водно негативно ќе се одрази на квалитетот на живеењето во Скопје, со оглед на тоа дека Водно е филтер за воздухот што го дишат жителите на главниот град.  

>†Секоја акција е добредојдена, бидејќи само на тој начин и успеваме некако да пошумиме едвај околу еден хектар годишно. Сепак, мора да се нагласи дека тоа е далеку од доволно, бидејќи во шумско-стопанските основи е предвидено секоја година да се пошумуваат околу 65 хектари. На секој хектар се садат по 2.500 садници, од кои, кога ќе пораснат, треба да се селектираат и да останат околу 400. Секоја од малите садници чини од 10 до 15 денари. За нив е потребна голема подготвителна работа, вклучување и на механизација, масовно учество на работна сила, како и константно одржување по садењето. А за сето тоа се потребни пари кои ги нема ниту †Парковиии ниту Градот. Мора да се разбере важноста на Парк- шумата †Водно и нејзината функција за градот, па затоа најдобро ќе биде повторно да се формира државен фонд во кој ќе се одвојуваат средства за пошумување на Водно и на другите парк-шумиии, вели Слободанка Стефановска, заменик-директор во ЈП †Паркови и зеленилоои.

http://217.16.70.245/?pBroj=1753&stID=34087&pR=12 - Утрински - Сања Наумовска - 15.04.2005



Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Jan-2009 at 12:28
Милион нови дрвја на Водно во наредните години



Скопје
Градските власти планираат да пошумат 454 хектари површина во заштитената зона на Водно во наредниве десет години, со што степенот на нејзината пошуменост треба да се зголеми на 70 отсто. Ова се предвидува со планот за одгледување и за заштита на парк-шумата што го изгласа советот на градот.

- Главната цел е да се подобри животната средина, а тоа ќе се постигне само ако пошуменоста на Водно изнесува 85 до 90 отсто од вкупниот простор. Станува збор за трајна и за бујна вегетација во форма на високостеблеста шума. Со тоа би се прочистил воздухот и би се намалиле високите температурни разлики во градот - се вели во документот.

Според планот, во нареднава деценија треба да се пошумуваат по 45,4 хектари шума, а на секој хектар да се засадат по 2.500 садници. Тоа значи дека за десет години на Водно би изникнале уште еден милиони 135 илјади дрвја. Од градот објаснуваат дека од голема важност е правилно да се изберат видовите дрвја што ќе се садат. Така, во близина на боровите шуми е потребно да се насадат елки или буки, како видови што поднесуваат сенка. Дабовите, брезите, јаворите и липите, пак, би биле соодветни за површините што се наоѓаат на надморска височина пониска од 600 метри. Над 800 метри, пак, треба да се садат елки, смреки и слично. Треба да се има предвид и дека Водно е рекреативна шума со многу посетители, па да се воведат и декоративни видови, особено покрај видиковците и на другите места што често се посетуваат. Просторите околу природните и културните споменици, пак, ќе се приспособуваат за краткотраен престој. Такви се месноста Маркова крушка, која е средновековна руина, потоа палеонтолошкиот локалитет кај Горно Нерези и манастирот „Свети Пантелејмон“, во кој се наоѓа најстарата црква во околината на Скопје.

Во околу 540 хектари, пак, ќе се спроведуваат санитарно-одгледни сечи, пред сè кај високостеблестите вештачки подигнати насади од зимзелени дрвја. Потребно е на секои пет години да се отстранат сите заболени, прекршени и оштетени дрвја, што би можеле да ги загрозат и здравите во нивната околина. Се претпоставува дека такви дрвја може да бидат од еден до три отсто од вкупната дрвна маса, па затоа тие треба претходно да бидат видно обележани од стручњаците пред да се сечат. Сушењето на шумите, пак, бара подетално да се обрне внимание на болестите и на штетните инсекти, како и на нарушувањата во екосистемот предизвикани од високи и од ниски температури.

Од неприродните опасности најголеми се бесправната сеча, за која е потребно да се обезбедат повеќе шумочувари, како и пожарите. За тоа треба да се садат растенија што го забавуваат ширењето на огновите, како бозел и бршлен, но и да се постават повеќе видиковци за набљудување на состојбата.

Градот планира и да го заштити дивечот на Водно така што ќе постави хранилишта за срните, дивите свињи и за еребиците. За птиците се предвидени и куќички за гнездење.

Во текот на минатата година биле исечени 1.060 суви и болни дрвја, а почнала да се гради и противпожарната набљудувачница и се пошумиле 12 хектари голини. Годинава треба да се пошумат уште толку, но и да се постават хранилиштата и куќичките за животните, да се догради набљудувачницата, да се набави противпожарна опрема за десет лица, да се постават табли за забрана за палење оган и други активности.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=285&ArticleID=15414


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Feb-2009 at 17:41

Се обновува рустик-павилјонот во паркот во Сарај

Екипи на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ деновиве почнаа со реконструкција на зеленилото во Спортско рекреативниот центар „Сарај“.Од „Паркови“ велат дека паркот е познат како рустик-павилјон, стар околу петнаесетина години и од безбедносни причини не бил во употреба за граѓаните од овој дел од градот. Поради тоа, екипите од Секторот за вонградско зеленило, почнале со садење дрва, реновирање на павилјонот, кроење на дрвцата и грмушките и собирање на паднатите лисја.

Од претпријатието најавуваат дека во периодот што следи нивните екипи ќе имаат акција за сеча на борови на површина на 12 хектари на месноста Бел Камен на Водно и ќе постават триесетина канти за отпадоци на пофреквентните места на потегот од Средно Водно до детското одмаралиште.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=283C2FDDAF9FC74EBD88FD3C9F235557


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Jul-2009 at 16:06
Видиковците на Водно реновирани

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/59264/Vidikovec%20novo%20%282%29.JPG">

Двата видиковци на падините на Водно кои во изминативе месец и половина беа целосно обновени и уредени со урбана опрема, денеска повторно се отворени за граѓаните и ставени во употреба. Нивното реновираењ чинеше еден милион еднари.

“Во соработка со градските јавни претпријатија, двата видиковци целосно ги обновивме, поставивме урбана опрема и го уредивме зеленилото. Ја обновивме и хоризонталната и вертикалната сообраќајна сигнализација. Граѓаните сега имаат исклучителна можност да уживаат во панорамата на Скопје. Во наредниов период видиковците ќе ги осветлиме со светилки со соларни панели, а ќе набавиме и двоглед со кој ќе може да се набљудува Скопје“, рече градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, при денешната посета на видиковците.
Двата видиковци на падините на Водно, изградени во 1969 година, долго време се наоѓаа во руинирана и запуштена состојба. Во изминативе неколку години пристапот на граѓаните до нив речиси беше оневозможен, а горниот видиковец беше затворен со банкина.


http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=59264&kategorija=1


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Jul-2009 at 16:10
Супер вест само мислам дека требале да го средат и оној неофицијалниот видиковец веднаш над ИЗИС кој и онака на големо се користи. 


Posted By: zabegan
Date Posted: 16-Jul-2009 at 16:18
а знае некој зошто едниот беше заграден со банкина?

инаку под двоглед си замислувам онакви ко на филмовине, си ставаш паричка и си гледаш, примитивно кажано


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Jul-2009 at 16:25
Подетално и со фотки

ДВАТА ВИДИКОВЦИ НА ВОДНО РЕНОВИРАНИ И ОТВОРЕНИ ЗА ПОСЕТИТЕЛИТЕ

Двата видиковци на падините на Водно кои во изминативе месец и половина беа целосно обновени и уредени со урбана опрема, денеска /16.07.2009 година/ повторно беа отворени за граѓаните и ставени во употреба.

- Денеска и официјално ги отвораме за граѓаните горниот и долниот видиковец на Водно. Нивното користење многу долго време беше оневозможено, а теренот непристапен и запуштен. Во соработка со градските јавни претпријатија, двата видиковци целосно ги обновивме, поставивме урбана опрема и го уредивме зеленилото. Ја обновивме и хоризонталната и вертикалната сообраќајна сигнализација. Граѓаните сега имаат исклучителна можност да уживаат во панорамата на Скопје. Во реконструкцијата на двата видиковци вложивме еден милион денари. Во наредниов период видиковците ќе ги осветлиме со светилки со соларни панели, а ќе набавиме и двоглед со кој ќе може да се набљудува Скопје – рече градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски при денешната посета на видиковците.

Реконструкцијата на двата видиковци опфати:

  • Обновување на потпорните ѕидови;
  • Обновување на пешачките патеки;
  • Уредување на зеленилото;
  • Кастрење и отстранување на диво израснатото зеленило;
  •  Поставени се 4 клупи, 2 маси и 24 корпи за отпадоци на горниот видиковец и 3 корпи за отпадоци на долниот видиковец;
  • Бојадисување и исправање на оградите;
  • Бојадисување на металната тригонометриска кула;
  • Хоризонтална и вертикална сигнализација;
  • Поставување на информативни табли.

Двата видиковци на падините на Водно, изградени во 1969 година, долго време се наоѓаа во руинирана и запуштена состојба. Во изминативе неколку години и пристапот на граѓаните до нив речиси беше оневозможен, а горниот видиковец беше затворен со банкина.



1


2


3


http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2748&mid=24&tabId=1&tabindex=0


Posted By: zabegan
Date Posted: 16-Jul-2009 at 19:13
тешко ми е да ги препознаам, морам да признаам Cheers


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 16-Jul-2009 at 20:47

Денес и јас помионав, и морам да признаам доста е постеден патот. Прво закрпени се најголеите дупки, видиковците се средени, тревата и дрвјата покај патот се до детското (над поштенско) се поткастрени, ѓубре речиси и да нема. Дури е направен и еден нов дел помеѓу неофицијалнит видиковец на пбанкс и првиот видиковец, некои патеки заградени со дрвена ограда. Не успеав детално да разгледам каде води таа патека. Се на се задоволен сум од начинот на кој се спроведува јавната чистота и на кој се потсредуваат зелените површини како и осветлувањето на градот. Мора да му се признае тоа до сега на Коце.

@zabegan официјалниот видиковец (најголемиот) беше заграден со банкина поради трките на Водно. Сега се тие тргнати и може со кола да се влезе.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Jul-2009 at 04:54
Урбан незнам за кој дел од патот збориш. Јас прошлата недела возев нагоре приквечер. Освен што приметив дека се обележани линиите, оној делот кај Панорама си беше иста приказна, крш невиден.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 17-Jul-2009 at 09:05
Previous Зборам за целиот потег од Олимиско село до Средно Водно. Инаку делот до панорама во потег од едно 300 метри е со нов асфалт, иако се сложувам не е баш најдобро изведен, сепак во споредба со тоа како тој дел изгледаше (имаше повеќе дупки отколку асфалт) сега е сосема пристоен. Во делот пак помеѓу Панорама и Олимписко село се градат 7-8 поголеми згради, па поради тоа има доста песок, и шут покрај патот, но и тој е прикрпен.
А ти што си барал приквечер на Водно Poke


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Jul-2009 at 15:05

Наскоро двоглед за разгледување на Скопје од Водно

Градските власти планираат да постават двоглед на Водно со кој ќе може да се разгледува Скопје. Ова го најави градоначалникот Коце Трајановски на вчерашното пуштање во употреба на обновените видиковци во парк-шумата. Од градот велат дека на уредувањето на видиковците работеле месец и половина, а потрошиле еден милион денари

%20
- Сега можеме на граѓаните да им ги предадеме горниот и долниот видиковец на Водно. Долго време тие не можеа да ги користат, бидејќи теренот беше запуштен. Во соработка со јавните претпријатија ние го уредивме зеленилото, поставивме урбана опрема и ја обновивме сообраќајната сигнализација. Сега скопјани имаат исклучителна можност да уживаат во панорамата. Наскоро ќе го осветлиме овој простор со светилки со соларни панели, а ќе поставиме и двоглед - рече Трајановски.

Двата видиковци се изградени во 1969 година и досега на нив не биле направени посериозни реконструктивни зафати. Активностите на градот опфатиле обнова на потпорните ѕидови, на пешачките патеки, уредување и кастрење на зеленилото, поставување четири клупи, две маси и 27 канти за отпадоци, бојадисување на кулата и на оградите, сообраќајна сигнализација и поставување информативни табли.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71791017199&id=14&prilog=0&setIzdanie=21740


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Jul-2009 at 17:11
01.


02.


03.


www.skopje.gov.mk


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Jul-2009 at 17:26


ова се стари слики, од пред реновирањето


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 17-Jul-2009 at 19:55

Денес бев пак на Водно и убаво го загледав оградениот дел за кој вчера зборував. Се работи за еден поприлично голем дел под патот, доста над ИЗИС во зелената зона, кој е заграден со дрвена ограда и има некои клупи во средната. Се надевам не се работи за урбанистичката мафија и нема да никене некој нов Конески Ѕид на  тој простор, но неможам да си објаснам со која намена градот би го градел. За тие кои ги интересира, координатите се 41°58'37.03"N 21°25'38.20"E



Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Jul-2009 at 22:10
Вестерн ранч никна на Водно


Наместо да платат отштета, семејството Лазарови сега имаат целосно право да го тужат Градот Скопје бидејќи само пред два месеци беа "вознемирени" од екипа овластени градски инспектори за животна средина, кои заедно со Државниот инспекторат за градежништво, шумската полиција па дури и со полициска асистенција на самото место им издадоа забрана за деградација на заштитената зона


Градските власти, сепак, не успеаја да го запрат урбанизирањето на Водно. Атрактивните 1500 метри квадратни земјиште, што се наоѓа на околу 500-600 метри погоре од хотелот Панорама, односно на околу 300 метри од хотелот Турена, каде што пролетва беа исечени дрвјата и со багери и камиони се рамнеше со нова земја, оградено е со вестерн ограда. На местото за видиковец е поставена клупа за седење, а веќе има и конструкција за инсталирање на лулашка.
Членовите на семејството Лазарови, коишто тврдеа дека се сопственици на парчето од шумата, си ја исполнија својата цел. На дедовината си изградија приватен парк иако градските власти, по серијата написи на Вечер и апелите на еколошките друштва, издадоа забрана за урбанизација на заштитената зона на Водно.

Оттаму велат дека се немоќни пред Законот бидејќи имотот на семејството Лазарови (случајно или не) не е во заштитениот појас на Парк-шумата, туку на самата граница, па дури и на граница меѓу општините Центар и Кисела Вода!? "Проблемот е во недефининирањето на овој простор со ГУП. Се ќе се реши со новиот план каде ќе се стави реска граница меѓу урбаниот дел и заштитниот појас на градот, велат од Град Скопје.

Како и да е, наместо да платат отштета, семејството Лазарови сега имаат целосно право да го тужат Градот Скопје, бидејќи само пред два месеца беа "вознемирени" од екипа овластени градски инспектори за животна средина, кои заедно со Државниот инспекторат за градежништво, шумската полиција па дури и со полициска асистенција на самото место им издадоа забрана за деградација на заштитената зона. Не беа казнети, туку само предупредени да го вратат во првобитниот изглед на брдото.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=102C5B7F50B14A4FB33FC301CAEA7143


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Sep-2009 at 16:20
ПОСТАВЕНА ЗАШТИТНА ОГРАДА НА ГОРНИОТ ВИДИКОВЕЦ НА ВОДНО

  

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве поставија заштитна челична ограда на горниот видиковец на падините на Водно. Заштитната ограда е со вкупна должина од 120 метри и со висина од 2 метри, зацврстена на метални столбови. Вградени се вкупно 50 метални столбови во висина од 2,8 метри, кои ќе бидат бојадисани со зелена боја.
Новопоставената ограда, наменета за заштита на просторот кај реконструираниот видиковец од отпадоци и смет, е дел од редовните активности на Град Скопје за одржување на парк-шумата Водно.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2805&mid=24&tabId=1&tabindex=0


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Sep-2009 at 02:31

Велосипедисти ја уништуваат најстарата патека на Водно

Група планинари обвинуваат дека повеќе од еден и пол месец членовите на Здружението за екстремен велосипедизам со лопати, копачи и со секири, ја руинираат и уриваат старата планинарска патека „Олимпико“ над Средно Водно, и тоа со одобрение од Градот Скопје. Tие добиле дозвола и од Агенцијата за млади и спорт за одржување на меѓународна велосипедска трка, која е закажана на 3 и 4 октомври.

- Се работи за централната планинарска патека која е стара повеќе од 70 години и која сега членовите на „Евил бајк тим“ се обидуваат да ни ја урнат. Нивното образложение е дека ја подготвуваат за меѓународната трка. Ја уништуваат пред очите на екипите на „Паркови и зеленило“. Освен тоа, тие за време на викендите тренираат на Водно и ги доведуваат во опасност планинарите. Немаме ништо против нив, но Градот нека им направи посебна патека - вели Александар Атанасовски, планинаре што редовно ја користи оваа патека.

Тој вели дека ваквото копачење на патеките во парк-шумите во соседството, односно во Словенија, Грција и Бугарија е забрането.

- Забранети се какви било интервенции од планинари и други неовластени лица во шумите, дури и собирање на плодови и билки и движење надвор од патеките. Но, кај нас се' е дозволено - вели Атанасовски.

Тој наведува дека во саботата биле и физички нападнати од членовите на Здружението, во моментот кога се обиделе да разговараат со нивниот претседател. Планинарот вели дека пред една година поранешниот градоначалник Трифун Костовски ветил дека ќе изгради посебна патека за екстремен велосипедизам.

Од Градот велат дека го обврзале организаторот на трката, патеката да ја доведе во првобитна состојба три до пет дена по завршувањето на големиот спортски настан.

- Повторното уредување на патеката ќе се изврши под надзор на „Паркови и зеленило“. Ако трката стане традиционална, ние размислуваме да адаптираме простор за вљубениците во овој екстремен спорт, надвор од пешачките патеки на Водно - велат во Градот.

Атанасовски предупредува дека како последица од копањето може да настане блокирање на природниот тек на водата, ерозија на земјата и поплави.

Додава дека објаснувањето од Градот дека патеката ќе се врати во првобитната состојба едноставно не држи вода.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9AECFC4C32F4E84AB72B8A1707D92693


Posted By: Max
Date Posted: 05-Oct-2009 at 12:07
Двоглед за панорамско разгледување

За да ги збогатат содржините во парк-шумата Водно, градските власти на нејзините падини ќе постават двоглед за панорамско разгледување. Двогледот ќе биде опремен со механизам за наплата и ќе биде фиксиран, а ќе користи монети за временско ограничување на разгледувањето. 


Во Одлуката за набавка на двогледот се вели дека 300.000 денари за двогледот, со пресметани даноци, шпедитерски и царински услуги ќе бидат обезбедени од буџетот на Град Скопје.

- За да се подобрат условите за престој на посетителите на Водно, Градот реализира годишни проекти за уредување на просторот. По реконструирањето на двата видиковца во делот на Средно Водно, се наметна потребата од обогатување на шумата. Поставувањето на двогледи е редовна содржина на слични локалитети во светот - се вели во објаснувањето за набавка на двогледот.

Парите што ќе се соберат од користењето на апаратот ќе бидат наменети за неговото одржување и за уредување на парк-шумата.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5EBB7C08B32D964E8C21AB128BA06CFE - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5EBB7C08B32D964E8C21AB128BA06CFE



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 03-Mar-2010 at 23:07
ПАРК ШУМА - ВОДНО


2010-03-03


2010-03-03


2010-03-03


2010-03-03


2010-03-033


2010-03-03

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Mar-2010 at 00:00
Овие од шпанското село ли се?


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 27-Apr-2010 at 22:37

Ќе се градат видиковци на Водно

Нови видиковци и друга опрема ќе постават градските власти годинава во парк-шумите Водно и Гази Баба, за што се предвидени 2 милиона денари во буџетот, по еден милион за двете локации.

На Водно ќе бидат изградени пет видиковци, односно рустик павилјони. Тие ќе бидат изработени од дрво, во форма на шестоаголник, а просторот под нив и пристапните патеки ќе се поплочат. Ќе биде изработен еден комплет рекреативни елементи, наменети за сите возрасти, кој ќе овозможи да се развие и усоврши брзината и прецизноста на движење.

Опремата за рекреативците на Водно ќе биде збогатена и со 14 комплети маси со клупи за седење.

Во парк-шумата Гази Баба ќе бидат поставени три видиковци, еден бунгалов за планинари, три информативни табли и 11 комплети маси со клупи. Видиковците ќе чинат по 150.000 денари, рекреативните елементи 82.000 денари, а масите по 12.000 денари.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FE15E10DFCA98A4DB4693A857061748B - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FE15E10DFCA98A4DB4693A857061748B


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Jun-2010 at 15:41
ПО ЕДНА ДЕЦЕНИЈА НЕФУНКЦИОНИРАЊЕ И РАСПАЃАЊЕ
На средно Водно ќе проработи продавницата

Роза Петкова


Скопските рекреативци и планинарите повторно ќе имаат од каде да си купат пијалак и храна на Водно, откако градските власти решија да ја реновираат дрвената продавница со шанк на паркингот на средно Водно. Во подобрите времиња, кои ги паметат скопјани, ова беше единствената продавница на целата планина од каде што можеа да се купат прехранбени производи, а веќе со години не работи и беше оставена да се распаѓа. Реновирањето, кое е најавено, ќе треба да го спроведе јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Планот предвидува таканаречената колиба да се отстрани и да се замени со нова, на површина од 50 квадратни метри. Од претпријатието велат дека со тоа ќе ги збогатат содржините во шумата, кои и така ги нема. Дали потоа на објектот ќе му се врати старата намена и ќе се даде под закуп, од Градот не сакаа да кажат. - Приоритет е реновирањето на колибата, а подоцна во завршна фаза од реконструкцијата ќе се реши за намената и за корисникот - одговорија од одделението за односи со јавност.
Освен оваа активност, за годинава „Паркови и зеленило“ треба да ги пошуми голините и опожарените површини на Водно, на површина од 10 хектари, да ги проретчи боровите насади со сечење, да изгради две куќарки за планинари и да постави цистерни за потребите на противпожарната заштита. Сето ова ќе чини 65.000 евра од буџетот на Град Скопје.
- Досега немало планинарски куќички на Водно. Тие ќе бидат во функција на планинарите и во соработка со нив ќе ги одредиме локациите каде ќе бидат поставени. Ќе бидат затворени и изградени од дрво и ќе им служат на планинарите, да имаат каде да се засолнат од дожд и од ветер. Во моментов ги правиме подготовките и го собираме дрвниот материјал од кој ќе се градат - вели Елизабета Георгиевска, портпаролка во „Паркови и зеленило“. Во план е да се направат и детски игралишта со дрвени реквизити, како нишалки, скали, клацкалки, кои, исто така, првпат ќе се постават на Водно. Покрај ова, градските власти најавуваат дека наскоро ќе го постават и дурбинот на една од панорамите на Водно, кој градоначалникот Коце Трајановски го вети уште пред една година. - Јавната набавка на дурбинот е завршена и треба да се донесат правните акти за негово ставање во функција, што ќе биде направено наскоро - велат од одделението.
Двогледот кој е наменет за панорамско разгледување на Скопје, ќе работи на посебен механизам со парички, а времето на користење ќе биде ограничено. Со одлука на Советот на Градот лани се издвоија 5.000 евра за негова набавка. Идејата е парите што ќе се соберат од користењето на апаратот да се наменат за неговото одржување и за уредување на парк-шумата.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2034&ArticleID=141876


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Jun-2010 at 14:52
ГРАД СКОПЈЕ
Наскоро ќе има двоглед на Водно Чуварите на „Паркови и зеленило“ ќе управуваат со двогледот за панорамско разгледување на Скопје, кој градските власти го порачаа и наскоро очекуваат да пристигне. Апаратот ќе се постави на локација на Водно, од каде посетителите ќе можат да го набљудуваат градот, а одговорна за неговата исправност ќе биде чуварската служба на јавното претпријатие. Двогледот ќе работи со железни парички и гледањето низ него ќе биде ограничено.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2047&ArticleID=142870


Posted By: axel
Date Posted: 09-Jul-2010 at 15:59
Поглед на Скопје со двоглед

петок, 09 јули 2010
 
Треба само да се стават две монети од по 5 денари, по што граѓаните ќе уживаат во панорамската снимка во следните две до три минути
 

 
 
Поглед на Скопје низ двоглед. Посетителите на Водно од денеска можат да ја видат метрополата низ ново поставениот двоглед. Треба само да се стават две монети од по 5 денари, по што граѓаните ќе уживаат во панорамската снимка во следните две до три минути.

Освен двоглед во паркот Водно, со еколошки халогенски сијалици се осветлени видиковците.

За двогледот Град Скопје потроши 300.000 денари, а за новото осветлување два милиони денари.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=52356


Posted By: Supervisor
Date Posted: 09-Jul-2010 at 16:40
Овие апарати ги има во секоја урбана средина во некој поголем град. Белград, Загреб, Прага, Виена...
Добро би било и на други делови од градот да се постават откако полека но сигурно градот ќе добие еден различен лик.


-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: mitatos
Date Posted: 09-Jul-2010 at 18:25
Убаво би било и на МРТВ горе да стават и в-кале =)

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Jul-2010 at 18:29


Убаво би било на МРТВ прво да направат да е достапно за граѓаните


Posted By: гитардемон
Date Posted: 09-Jul-2010 at 18:46
Претпоставувам дека овие нешта не би требало да бидат многу ефтини, ама 5000 евра за двоглед?


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: axel
Date Posted: 09-Jul-2010 at 19:38
pa pisuva vo tekstot 300 000den-5000 eur za dvogledot


Posted By: FT
Date Posted: 10-Jul-2010 at 00:47
Originally posted by гитардемон

Претпоставувам дека овие нешта не би требало да бидат многу ефтини, ама 5000 евра за двоглед?

двогледот е сигурно поефтин но мора да има нешто и за во џебовите на одредени лица..неможе тоа да помине тоа така....Big%20smileBig%20smileBig%20smileBig%20smile


Posted By: medo
Date Posted: 10-Jul-2010 at 07:56
Според информацијата од сајтот на град Скопје (http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3497&mid=482&tabId=1&tabindex=0) двогледот е производ на компанијата Pinnacle Scopes од Канада. На сајтот на компанијата (http://www.pinnaclescopes.com) постојат 4 модели на двогледи кои не одговараат на нашиот. Но, на Hi-Spy Viewing Machines сепак постои овој модел во варијанта зголемување 10x и 20x. Веќе побарав информација за цената, па очекувајте известување во скоро време.


Posted By: medo
Date Posted: 12-Jul-2010 at 20:57
Еве ги http://www.hispyviewing.com/documents/prices-jan-2010/us-bill-jan2010.pdf - цените од официјалниот контакт со Pinnacle scopes.

- Binocular Mechanical 10x Coin-operated = $3,695.00 (2,935.0 Eur)
- Binocular Mechanical 20x Coin-operated = $4,395.00 (3,490.0 Eur)

Тука не се влезени транспортните и шпедитерските трошоци. Но, сепак далеку е од 5,000.0 Еур што ги плативме.


Posted By: Swimmer
Date Posted: 23-Sep-2010 at 22:08

Нови видиковци на Водно

 


Парк-шумата Водно се поднови со уште неколку видиковци и клупи за одмор. Одговорните од ЈП Паркови и зеленило" информираат дека во изминатиов период биле изработени пет павилијони - видиковци, 14 комплети од клупи и маси, 1 комплет рекреативни елементи, а најавуваат дека во следниот период ќе бидат изработени и поставени уште две шумарски куќи.
- Дел од видиковците се поставија под Милинеумскиот крст од северна страна, дел се поставија кај местото воени објекти од јужната страна, а комплетите од парковските клупи и маси се поставија на повеќе локации на Средно Водно. Урбаната опрема е изработена во рустикален стил од природен материјал - дрво, заштитена и премачкана со соодветно средство и покриена со шиндра. Оттука, при посета на граѓаните на парк-шумата Водно ќе им се овозможат подобри услови за одмор и рекреација, информираат од Паркови".
Проектот е реализиран во согласност со годишната програма за вонградско зеленило на јавното претпријатие, а по налог на Град Скопје.
 
 
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=4512AE321508B840BA30B835C99B8935 - http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=4512AE321508B840BA30B835C99B8935


-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Dec-2010 at 03:07
ИСЕЧЕНИТЕ ДРВЈА ЗАМЕНЕТИ СО НОВИ


Засадени 5000 фиданки под Милениумскиот крст


Грададската администрација, директори и вработени во јавните претпријатија предводени од скопскиот градоначалник Коце Трајановски на локација под Милениумскиот крст засади садници во рамките на големата акција за садење на 5000 садници во парк-шумата Водно.

Градот Скопје ја организира оваа акција за садење млади садници во рамки на парк-шумата Водно со цел надополнување на исечените дрвја заради изградбата на жичницата.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=65E2763DCD0FD34681D2F25C73C8EED1


Posted By: axel
Date Posted: 28-Mar-2011 at 11:22
НЕСОВЕСНИТЕ ГРАЃАНИ НЕ ЈА ЧУВААТ ПАРК-ШУМАТА
Приодот на Водно претворен во ѓубриште

Роза Петкова

Ни двете поставени табли дека во реонот не треба да се фрла ѓубре не го спасуваат влезот во парк-шумата Водно од расфрлани ќеси, шишиња и секаков домашен отпад, кој речиси секогаш го има на оваа локација. Наместо во контејнерите поставени на паркинг-просторот спроти полициската станица, несовесните граѓани фрлаат хартии, ќеси од чипс, шишиња од сокови во зеленилото, а ѓубрето потоа завршува во каналот за собирање на атмосферските води од Водно. Ќеси со ѓубре има и околу контејнерите, а доста често тука можат да се видат и фрлани предмети од домаќинство, шут или стара облека. Надлежните велат дека не можат да се справат со несовесните фрлачи на ѓубре и да глумат детективи за да ги уловат сите што ќе ги прекршат правилата на однесување. - Доколку е пријавено од жителите дека тука има депонија, ние постапуваме по нивните пријави. Еколошката патрола се труди да ги најде сторителите, но тоа е детективска работа, не може да се чека цел ден за да се фати некој на лице место, а и тогаш не е во ред само тој да е виновен кога на истата локација и други фрлаат. Ние како јавно претпријатие немаме надлежност да пишуваме казни, туку инспекторите за јавна чистота - вели Ана Марија Бранѓолица, соработник за медиуми од ЈП „Комунална хигиена“. Надлежниот за тој реон, пак, вели дека на тоа место нема поголема депонија. - Контејнерите секој ден ги празниме. ЛуЃето треба да фрлаат во нив, а не надвор од нив и тука не можеме ништо. А, за да се исчисти ѓубрето во долот, потребна е поголема акција со „Паркови и зеленило“ затоа што треба да се симнеме во каналот - вели Лазо Георгиевски од ЈП „Комунална хигиена“. Од „Паркови и зеленило“ тврдат дека делот пред влезот на Водно не влегува во заштитениот реон на парк-шумата. Оттаму велат дека нивните вработени се грижат за планината, а последната активност што е преземена на средно Водно е обновување на стариот дрвен киоск. Иако објектот почна да се реновира лани, тој не е завршен ни на почетокот од оваа пролет кога почнува сезоната на поголема посетеност на планината. - Новата дрвена конструкција е направена и треба уште да се затвори киоскот, а тоа ќе се заврши оваа сезона, односно пролетва. Која ќе биде намената на киоскот ќе одлучи Градот, дали ќе го даде на изнајмување е негово - вели Елизабета Георгиевска, портпаролка на јавното претпријатие. Од Град Скопје, пак, велат дека киоскот на средно Водно се санира заради заштита бидејќи претходниот објект бил стар, а по завршувањето на санацијата, ќе му се утврди намената. Планот за реновирање предвидува нов киоск на површина од 50 квадратни метри, кој, исто како и претходниот, ќе биде од дрвен материјал и застаклен.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2276&ArticleID=158590


Posted By: theMac3donian
Date Posted: 18-Apr-2011 at 04:50

ГЕОЛОЗИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ

Да се гради внимателно на Водно




На погорните делови од парк-шумата има наслојки со помала носивост, објаснуваат геолози, па инвеститорите законски се задолжени строго да се придржуваат на законските прописи, да извршат геомеханичко истражување за објектот да биде стабилен

Инвеститорите да внимаваат како градат на погорните подрачја на Водно, предупредуваат геолозите околу масовната изградба на висококатници во појасот кај хотелот „Панорама“. Со цел заштита на парк-шумата од лизгање на земјиштето, апелираат и до органите задолжени за издавање на градежната документација строго да внимаваат бидејќи, како што велат стручните лица, таму има наслојки со помала носивост.

Доколку не се применат сите заштитни мерки, а инвеститорите цврсто не се придржуваат кон нив, не е исклучена можноста да се јават проблеми, вели Милорад Јовановски, професор по инженерска геологија и геотехника на Градежниот факултет.

- Проектот за објектот кој треба да се гради на специфични терени треба да биде ревидиран и изготвен во согласност со Законот за градбата. Притоа, за секој објект мора да се изработи елаборат за геотехнички истражни работи врз основа на кој треба задолжително да се направат анализи за стабилноста на теренот, за што постојат специјални институции. Доколку се утврди дека теренот е проблематичен, однапред се пропишуваат мерки за заштита, на пример, изградба на потпорни ѕидови или одведување на атмосферските води - изјави професорот Јовановски. Објасни дека пределот на Водно претежно е покриен со цврсти карпи и затоа смета дека не постои опасност од свлекување на земјиштето при интензивни поројни дождови. Додава и дека во ова подрачје досега не се забележани активности на придвижување на земјиштето, иако во Скопје има повеќе активни свлечишта како на подрачјето на Маркова Нога, кое се наоѓа на патот од Драчево кон селото Батинци, како и на Скопска Црна Гора.

Од фирмата „Геотехника“, која е специјализирана за геомеханички истражувања, велат дека инвеститорите законски се задолжени за поекономично и постабилно проектирање, како и да направат геомеханичко истражување на предметната локација. Велат дека се потребни теренски, лабораториски и кабинетски истражни работи, воедно и кабинетски истражувања и сите тие мора да се почитуваат за објектот да биде стабилен.

Од „Геоинг“, пак, која го има проектирано и изградено потпорниот ѕид на комплексот згради кои се градат на местото на некогашниот хотел „Панорама“, за кој стручњаци од Градежниот факултет неодамна укажаа дека е поткопан поради катноста на зградите, велат дека досега не им било укажано на какви било аномалии.

- Ѕидот е изграден во 2007 година за да се заштити засечената брдска маса. Локацијата има стабилна геолошка состојба и е на тврди глиновити материјали. Во природна состојба тој терен е доста стабилен - тврди Никола Ѓорѓевски, директор на „Геоинг“.

Додаде дека инвеститори ја надгледуваат состојбата со потпорните ѕидови на Водно и дека прават одредени санации за да издржи. Но, потенцираше дека за секој објект треба да се внимава и да се предвидува можноста за одведување на атмосферските води, за да не се случат несакани последици.

Екомисија: Тенденција е шумата да се урбанизира

Водно не е повеќе она што претставуваше некогаш, бели дробови на градот, напротив бетонска џунгла, реагираат еколози кои со години се борат за спас на парк-шумата.

- И она малку што некогаш го имавме за оддишка сега ни е одземено благодарение на апетитите на урбанистичката мафија. Таа своите пипки почна да ги пушта постепено оддолу, освојувајќи ги и височините на заштитената зона. Никнуваат повеќекатници, луксузни комплекси, на сметка на зеленилото - вели Петар Бошевски од еколошкото друштво „Екомисија“.

Смета дека секоја власт се натпреварува кој повеќе ќе изгради на Водно. И затоа прашање на време е кога ќе ја изгубиме шумата, затоа што не е повеќе недопрена природа како што било замислено пред повеќе децении.

Тој е песимист и смета дека многу малку можат да направат како еколози.

- Ние постојано апелираме и зборуваме, но карванот си врви. Тенденција е јасна, тоа да се урбанизира. Тоа незапирливо трае со децении -апелира тој.

Анела Петрова

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=7138367289515545B6496929CF1D57ED - ИЗВОР (Дневник)

-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


Posted By: dule
Date Posted: 28-Apr-2011 at 21:34
Градскиве власти треба што побрзо да го поправат двогледот.Веќе една година е демолиран и искршен.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Dec-2011 at 16:37

Водно ќе добие своја граница

Просторното обележување на парк-шумата е за поефикасно дејствување на инспекциските служби, како и на вработените во јавните претпријатија

Со обележувањето многу полесно ќе дејствуваат и инспекциските служби

Ако пред десетина години се впереше погледот кон Водно, можеа да се видат само дрвја и шума. Денес погледот запира на висококатниците, кои никнуваа во длабочината на зеленилото, при што не се знаеше до каде е границата до каде што смее да се гради. За просторно обележување на границите на заштитениот локалитет Водно градот вчера распиша конкурс со цел да овозможи поефикасно дејствување на сите инспекциски служби, како и на вработените во јавните претпријатија при заштитата и одржувањето на парк-шумата. Петар Бошевски од еколошкото друштво „Екомисија“ вели дека конечно сите ќе може да видат до каде е границата и до каде смее, а до каде не смее да се оштетува парк-шумата. Според него, досега некој и да градел во забранетата зона, тоа можело да се прикрие затоа што немало видлива граница.

- Ние со години бараме прецизно да се исцрта таа граница. Долго време добивавме објаснување дека се чека новиот генерален урбанистички план, но ако се чека планот, од Водно нема да остане уште многу. Сметам дека просторното обележување на границите на заштитениот локалитет Водно ќе придонесе за зачувување на парк-шумата. Добро што градските власти го презедоа овој чекор - вели Петар Бошевски од еколошкото друштво „Екомисија“.

Според Милан Пижула, градежен инспектор од општината Центар, на Водно се гради во рамките на дозволеното.

- Ние немаме ниту една градба што навлегува во делот каде што не е дозволено да се гради. Но сепак сметам дека со просторното обележување на границата на заштитениот дел на Водно, како инспекциска служба ќе ни биде полесно да работиме. Ние засега работиме според границите на сегашниот генерален урбанистички план, но мислам дека со обележувањето ќе ни биде многу полесно да дејствуваме - објаснува Пижула.

Тој во неколку наврати најави дека откако ќе се донесе новиот ГУП сите објекти што влегуваат во заштитената зона ќе се срушат, а откако ќе се обележи границата на заштитеното подрачје на Водно, ќе има строги контроли и високи казни за оние што ќе градат таму.

Старите водњанци велат дека и кај нив минуваат возила исто како во центарот на градот.

- Метеж и врева има секојдневно, а да не зборуваме за градежните машини. Фирмите сечат дрвја како да се нивна сопственост. Овој проблем мора што побрзо да се реши - коментираат тие.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121611947242&id=14&prilog=0&setIzdanie=22457


Posted By: Portal
Date Posted: 18-Apr-2012 at 07:59

ГРАД СКОПЈЕ ВО ОБИД ДА ЈА СПРЕЧИ ГРАДЕЖНАТА ЕКСПАНЗИЈА НА ПАРК-ШУМАТА


Водно со нови граници!?


Постапката за обележување на границите на парк-шумата Водно е процедура која се спроведува во согласност со новата регулатива за презаштита на заштитените реони, велат од Градот


Секојдневно парк-шумата Водно е жртва на градежната експанзија во главниот град. Зградите на Водно уште малку ќе дојдат до средишниот дел на планината и додека градежните компанија ќе тријат раце од ќарот скопјани ќе се гушат во правот бидејќи чистиот воздух од планината не може да продре до централното подрачје. Во обид да ги заштити белите дробови на Скопје, Град Скопје просторно ќе ги обележува границите на заштитениот локалитет Водно. Градот веќе склучил договор со фирмата Унига Стил Тања ДООЕЛ која се занимава со трговија, производство и услуги. Првично договорот е проценет на приближно три милиони денари, а е склучен на 3,5 милиони денари. Сепак, што точно ќе предвидува просторното обележување за да престане изградбата на дивоградбите од Градот не обелоденуваат. Во информациите до весникот Вечер само соопштија дека ова процедура е дел од новата законска регулатива.
- Постапката за обележување на границите на парк-шумата Водно е процедура која се спроведува во согласност со новата регулатива за презаштита на заштитените реони, донесена од страна на Министерството за животна средина и Град Скопје постапува во рамки на таа законска обврска - велат од Градот.

Од Министерството за животна средина појаснуваат дека повторната презаштита на шумите значи дека ќе се даде една прецизна слика не само за тоа дали е потребна нова граница на заштитените шуми туку и за квалитетот на шумите, растенијата во неа и ефектот врз животната средина.
- Освен границите со оваа ревалоризација парк-шумите како Водно ќе се поделат на зони тоа пак значи дека сите делови од шумата нема да бидат еднакво заштитени, односно некои ќе добијат повисока заштита - вели директорот на Управата за заштита на животната средина Филип Ивановски.

Град Скопје го најави проектот уште пред две години, кога Советот усвои одлука да се изработи студија за граници на парк-шумите Водно и Гази Баба, а потоа да се изврши нивно обележување.
- Физичко ограничување на парк-шумата Водно не е предвидено во студијата, се препорачува само одделување на шумското и градежното земјиште. Она што беше направено е дека се даде оценка во каква состојба е шумата на Водно и беше оценето дека таа е квалитетна. Во студијата се препорачува да се внимава со ширењето на земјоделското и приватното земјиште, ризичен е целиот потег на планината по должината на Градот - вели професорот на Шумарскиот факултет, Јане Ацевски кој учествувал во изработување на студијата.

(С.М.)



Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Jul-2012 at 16:27
Незнам дали се работи за Плусинфовски сензационализам (се надевам не бидејќи би било крајно неодговорно) но ќе го постирам ова овдека. Објавено е пред 10на минути.

Попушти потпорен ѕид на Водно, граѓаните се евакуираат

  • Објавено: пред 6 минути
  • Прочитано: 67
  • http://www.plusinfo.mk/print/Popushti-potporen-dzid-na-Vodno-gragjanite-se-evakuiraat- - Печати
http://www.facebook.com/sharer.php?u=http%3A%2F%2Fwww.plusinfo.mk%2Fvest%2F49000%2FPopushti-potporen-dzid-na-Vodno-gragjanite-se-evakuiraat-&t=%D0%9F%D0%BE%D0%BF%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B8%20%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BD%20%D1%95%D0%B8%D0%B4%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%92%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%BE%2C%20%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%93%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D1%81%D0%B5%20%D0%B5%D0%B2%D0%B0%D0%BA%D1%83%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%B0%D1%82&src=sp - -

Потпорен ѕид кој се наоѓа на улицата „Салвадоре Аљенде“, во близина на хотел Панорама попладнево попуштил, се скршил и оштетил автомобил, а ги оптоварил другите потпорни ѕидови. Жителите на овој дел од Скопје, велат дека поради опасност од излизгување на земјиштето и рушење на две згради од кои едната е населена, дел од населените граѓани се евакуираат.
За овој проблем, жителите на Водно долго време апелираа до државните и градски институции да не се дозволи градење згради на Водно, но нивните поплаки и молби никој не сакаше да ги слушне.



http://www.plusinfo.mk/vest/49000/Popushti-potporen-dzid-na-Vodno-gragjanite-se-evakuiraat- - http://www.plusinfo.mk/vest/49000/Popushti-potporen-dzid-na-Vodno-gragjanite-se-evakuiraat-


Posted By: Pallatino
Date Posted: 10-Jul-2012 at 16:32
Чим Kurir.mk го потврдија тогаш вистина е.  http://kurir.mk/makedonija/vesti/77371-Opasnost-od-rusenje-na-dve-zgradi-na-Vodno-stanarite-se-evakuiraat - http://kurir.mk/makedonija/vesti/77371-Opasnost-od-rusenje-na-dve-zgradi-na-Vodno-stanarite-se-evakuiraat


Posted By: bonaj
Date Posted: 10-Jul-2012 at 16:46
se nadevam deka nema da ima zrtvi. a posle se nadevam deka kje padnat zgradite, za pamet!


Posted By: moki
Date Posted: 10-Jul-2012 at 17:30
Samiot zbor na planinata Vodno ima svoe znacenje - neli. Celata planina obiluva so podvodni vodi i izvori i kogas togas tie ke pocnat da izbivaat na povrsinata. A tie sto kupija stanovi na vodno posebno na ulicata Salvador Aljende neka gospod im e na pomos. A tamu koj gradi - Kamcev. So cija dozvola na vlastite. I koj e kriv - SDSM.


-------------
minatoto e kradec na ubavata idnina. zaboravete go!


Posted By: zabegan
Date Posted: 10-Jul-2012 at 18:27
дури и да нема вода, се очекува такво нешто, земјиштето е меко, а падината е стрма
јас се чудам како сеуште не сме имале некаква река од лизгање на земјиште која ќе го собере целиот тој ексклузивен циркуз таму


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: phenomenon
Date Posted: 10-Jul-2012 at 19:25
Дали некој ја има видено рекламата со каква помпа и ексклузивност неписмените ги рекламираа становите на таа локација? Ќе се потрудам да ја најдам и постирам.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: phenomenon
Date Posted: 11-Jul-2012 at 07:31
 
Каква ли шуплива шупелка треба да бидеш за да ставиш на Водно ваков потпорен ѕид?
 
Равенката F=ma се учи во седмо одделение. Колку овој ѕид може да издржи кога врз него ќе почнат да се лизгат илјадници тони земја?
 
Инаку, еве ги грандиозните натписи за овој квазиелитен комплекс:
 
НАВИГАТОР

НА ВОДНО СЕ ГРАДИ ЛУКСУЗ!

mailto:s.jovanova@kapital.com.mk - Соња Јованова
На%20Водно%20се%20гради%20луксуз!

Базен, спортски игралишта, фитнес-центри, тераса-градина, дневна соба од 50 метри квадратни, стаклен ѕид со поглед на Скопје... Сè во еден апартман или во една зграда за домување. Со едно име - луксуз. Ова се само дел од современите барања на урбаниот и богат човек во Македонија кога се работи за критериумите што треба да ги задоволува домот. Е токму тие критериуми треба да ги задоволат станбените комплекси што се градат на падините на Водно. “Капитал“ ви претставува што се гради и кој гради на Водно.

На лице место се уверивме дека градежната оператива на неколку инвеститори без прекин подига згради на Водно. Тоа се комплекси од затворен тип, кои на станарите им гарантираат максимална безбедност и удобност.

Во агенциите за недвижности велат дека зголемена е побарувачка на граѓаните за луксузен начин на домување. Главниот град е преполн со билборди на кои се рекламираат становите. Сигурно е дека сите зборуваат за елитната населба што никнува на Водно.

Во близина на некогашното Олимписко село се гради ексклузивен станбен и хотелски комплекс од страна на австрискиот инвеститор Соравија. Подолу е ресортот Панорама резиденс, кој е замислен како луксузно-апартмански комплекс. Веќе се знаат и новите станари, кои веќе уплатиле за становите, само што нивните имиња се чуваат во тајност. Инвеститорите велат дека продале голем број станови на приватни бизнисмени, доктори и спортисти. На нашето прашање што нудат посебно овие комплекси и колку го подобруваат квалитетот на домувањето одговорот беше дека овие ресорти во буквална смисла значат every day is a holiday (секојдневен одмор).

АПАРТМАНИ ЗА ВИСОКА КЛАСА

МАКСИМАЛНА СИГУРНОСТ

Луксузните комплекси нудат и комплетно организирана грижа за заедничкиот простор, во смисла на одржување и обезбедување на станот, поправки, чистење од посебна служба. Сите станари имаат обезбедено паркинг-места, а посебни места за паркирање има и за гостите. Инвеститорите објаснуваат дека градбата на овие комплекси е со квалитет кој подразбира целосна изолација од звуците однадвор или од соседните станови.

Соравија ресорт е името на елитниот кварт на местото на некогашното Олимписко село. Замислата на инвеститорот е комплексот, освен домување, да им понуди разни содржини на станарите за да не мора често да го напуштаат домот. Таму ќе се градат базени, спортски игралишта, спа-центри, ресторан, продавници. Ќе функционира како цела населба од затворен тип, затоа што овој кварт ќе има и приватно обезбедување на самиот влез.

“Нудиме далечина од градскиот метеж и брзо стигнување до центарот на Скопје за само две минути“, објаснува Питер Рот, менаџер на Соравија.

Тој вели дека во фаза на изградба се седум објекти (вили) со вкупно 95 станбени единици, од кои 55 се веќе продадени. Нивната изградба ќе привршува етапно. Три од нив ќе бидат готови до крајот на годинава, еден до пролет и уште три до летото. Просечната цена на становите се движи околу 1.500 евра за метар квадратен.

Слична е замислата и на комплексот Панорама резиденс, лоциран на местото на некогашниот хотел Панорама. “Капитал“ неколку пати се обиде да стапи во контакт со инвеститорот на овој комплекс, но безуспешно. За тоа како е замислен крајниот изглед на апартамните во овој објект се информиравме од билбордите низ Скопје, кои откриваат луксуз во секој поглед, и од нивната интернет-страница. На сопствениците на овие станови им се нуди фантастичен поглед кон главниот град, од двособни апартмани, до дуплекси и пентхаус. Но, немојте да мислите дека двособните апартмани имаат површина од 50 или 60 метри квадратни, како што е вообичеаено во земјава. Во ресортите на Водно има двособни станови од 200 или повеќе метри квадратни, во кои само дневната соба може да има големина од 100 метри квадратни.

Дали ова е нов тренд на пазарот на недвижности, становите првенствено да се класифицираат по бројот на соби, наместо по квадратура? Од агенциите за недвижности објаснуваат дека сè уште повеќето инвеститори во земјава становите ги продаваат ставајќи ја во преден план квадратурата на станот.

“Самиот инвеститор го прави тоа со цел побрза заработувачка. Граѓанинот кој сака да купи стан пак, за да помине поевтино и не го интересира колкава квадратура е, на пример, дневната соба. Го интересира само да има дневна соба, а станот да биде со што помала квадратура за да не го чини многу. Апартманите што се нудат на Водно се за луѓето со подлабок џеб и нив ги интересира колку соби има станот и колку се тие комотни“, вели Сашо Поп Илиовски од агенцијата за недвижности Хепинес.

Новина на пазарот со недвижности е и апартманот пентхаус, кој се нуди како дел од ресортот Панорама и кој првенствено е наменет за тие што сакаат да отидат малку подалеку во луксузот и да уживаат во апартман со тераси-градини. Во овој апартман само градината зафаќа 260 метри квадратни.

ШТО Е ПЕНТАХУС?

Пентахаус е стан лоциран на највисоките катови на зградата, кој се разликува од другите по својата големина и луксузните карактеристики. Може да биде на две или повеќе нивоа или пак, да зафаќа повеќе катови од една зграда. Вообичаено пентхаус имаат згради лоцирани во строгиот центар на еден град за да се овозможи во исто време и близина до хотели, ресторани и трговски центри и комоција на живеење. Во Скопје само гардероберот во пентхаусот на комплексот Панорама резиденс“ на Водно е со површина од 12 метри квадратни. Тревникот на покривот има површина од 260 метри квадратни.

Да даде човек 1500 евра за метар квадратен за стан кој многу лесно може да му се претвори во катакомба малку е да се рече дека е непромислен.


-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: phenomenon
Date Posted: 11-Jul-2012 at 07:41
Интересното е тоа што ако овие катакомби паднат, тие ќе бидат првите згради паднати во Македонија после земјотресот во Скопје во 1963, а притоа да нема земјотре, поплава или вулканска активност. Уште една контрадикторност ќе биде што најновите, најскапите и најлуксузните згради ќе имаат најмал век на траење. А цени им набиле како во луксузните населби на Мајами.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: kenzo_fan
Date Posted: 11-Jul-2012 at 08:10
Можат ли станарите да го тужат инвеститорот?

-------------
"Скопје е промашен град" - Арх. Живко Поповски


Posted By: gjoko
Date Posted: 11-Jul-2012 at 10:55
ако прашате било кого од градовите низ РМ(провинцијата) за тие што живеат и сакаат да живеат на Водно,би се добиле морничави одговори во врска со нивната егзистенција и живот,така да нетреба дополнително да објаснувам


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 11-Jul-2012 at 13:03
На Канал 5 денес на вести за ова што се случи го употребија зборот ИНЦИДЕНТ. Знаат да користат адекватни зборови нели. Wink

-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: phenomenon
Date Posted: 11-Jul-2012 at 14:32
   
И после некој ќе каже дека новинарството во Македонија не било слободно. Како не е слободно кога новинарите можат на јавен медиум да зборуваат секакви глупости.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: xnx
Date Posted: 11-Jul-2012 at 16:08
kolku sto mozam da vidam od srsheniot zid, vo nego nema armatura, tuku samo beton. uste vo prva godina fakultet se uci deka potporen zid treba da ima armatura i toa na vnatreshnata strana od zidot, zatoasto taa vo sprecuva zidot od izvitkuvanje pod pritisokot od zemjata.
taka da ocigledno toj sto go pravel zidov e nekoj amater moron sto nema gram poznavanje od gradeznistvo.vo mavrovi anovi vo kaficite dole izgradija isto potporen zid na mnogu visok iskop(nesto kako tuka) bas zabelezav koga go gradea deka e 3-4 pati podebel od ovoj tuka


Posted By: Dexter26
Date Posted: 11-Jul-2012 at 16:19
Ми се допаѓа овој наслов, но за жал ќе остане само наслов, не и реалност.
 
Никогаш не верував дека ќе дојде денот кога ќе посакам да се повтори 26 јули 1963, по можност во 2013, на 50 годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес, без човечки жртви, се разбира, чисто колку за да мајката природа ни испрати порака на нас скопјани, дека не сме научиле ништо во изминативе 50 години од урбано планирање и чување и заштитување на природните убавини и богатства.
 
Нека ми прости Бог, грев е да се посакува зло на било кој, но по се изгледа дека на ова урбано лудило наречено урбана мафија, единствени можни решенија се експлозив или природна катастрофа.
 
http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/784431/index.html - http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/784431/index.html
 

Природата ја казнува ароганцијата на капиталот

 
Скопје, 11 јули 2012 (МИА) - ДОМ смета дека со уривањето на потпорниот ѕид на Водно, лизгањето на земјиштето и евакуацијата на станарите, вклучен е црвениот аларм за запирање на неконтролираната урбанизацијата на Водно.
 
Од оваа партија посочуваат дека веќе неколку години наназад нивните укажувања за состојбите на Водно, не наишле на разбирање кај институциите и инвеститорите и оти се покажало дека со ароганцијата на капиталот не може да се потчини природата, туку крајно време е да почнеме да ги почитуваме природните законитости.
 
- Трката за престиж го доведе во опасност животот, здравјето и безбедноста на луѓето. Денеска се евакуирани само десетина семејства, утре може да бидат илјадници, а можни се и големи човечки жртви. Кој ќе ја сноси одговорноста, велат од ДОМ и предлагаат, меѓу другото, итно стопирање на носењето на спорните урбанистички планови, преиспитување на дадените дозволи за градба на сите објекти на падините на Водно, запирање на работата на објектите во изградба кои не ги исполнуваат стандардите, и конечно, да се постави горната граница на урбанизацијата на планината.



Posted By: Petar
Date Posted: 11-Jul-2012 at 16:41
Originally posted by xnx

kolku sto mozam da vidam od srsheniot zid, vo nego nema armatura, tuku samo beton. uste vo prva godina fakultet se uci deka potporen zid treba da ima armatura i toa na vnatreshnata strana od zidot, zatoasto taa vo sprecuva zidot od izvitkuvanje pod pritisokot od zemjata.
taka da ocigledno toj sto go pravel zidov e nekoj amater moron sto nema gram poznavanje od gradeznistvo.vo mavrovi anovi vo kaficite doe izgradija sto potporen zid na mnogu visok iskop(nesto kako tuka) bas zabelezav koga go gradea deka e 3-4 pati podebel ov ovoj tuka


Toa ne e potporen zid, tuku ukrasen...

Se znae ubavo kako se pravat potporni zidovi. Se na se izgleda odlucile da zastedat nekoj denar ovde... i da go narecat "potporen" zidot...


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 11-Jul-2012 at 17:46
Баш така, не е крива овде природата туку инвеститорот. Причините поради кои треба да се запре со градењето во тој дел не е безбедноста туку уништувањето на Водно. Инвеститорот треба да си добие една покана за суд од државата, плус уште една од станарите.


Posted By: xnx
Date Posted: 11-Jul-2012 at 18:32
taka e. nemojte ve molam da pocnete so toa kako shumata ili gospod ni vraka i kako toa e znak deka sme go urbanizirale vodno premnogu. urbanata mafija na vodno e edna rabota, pogresho izveduvanje na zid e sosema druga


Posted By: Dexter26
Date Posted: 11-Jul-2012 at 18:36
Бог знае по кој пат, пофалба за Алфа ТВ.
 
Патем, ме интересира, зошто моравме да чекаме повеќе од година дена за да започне санацијата на автопатот Струга - Дебар (под претпоставка дека истата е веќе започната, не сум бил лично на терен за да се уверам лично во тоа), а за помалку од 24 часа и општина Центар и Министерството за Транспорт и Врски на Република Македонија излегоа во пресрет на станарите чиишто животи се загрозени од овој украсен ѕид наречен потпорен ѕид, со ветување за нов потпорен ѕид ?
 
Станарите се евакуирани, што значи дека нема опасност за нив.
 
Наместо општина Центар и Министерството за Транспорт и Врски да извршат експропријација на тие објекти и им исплатат соодветна компензација на станарите и на инвеститорите за истата таа експропријација, па да ги срушат истите тие објекти и да ги заменат со зеленило, очигледно на Министерството за Транспорт и Врски на Република Македонија поважни му се приватните станбени објекти на Водно отколку транспортот на патници и на стока на автопатот Струга - Дебар.
 
Можеби сум престрог со коментарот, сепак станува збор за асфалтиран пат кој води до средно Водно, а потоа и до Милениумскиот Крст, каде што завршува асфалтот, а продолжува неасфалтираниот пат кон Матка, кој за доброто на природата и треба да остане неасфалтиран, но Бог знае по кој пат државата на дело покажува и докажува дека важните проекти како што се патничкиот и железничкиот Коридор 8 и Коридор 10, како и обновата на сериозно оштетените патишта како автопатот Струга - Дебар, и се помалку важни од тотално непотребните административни згради од проектот Скопје 2014, а сега поголем приоритет на државата и е изградба на нов потпорен ѕид над асфалтиран пат кој не води баш до некоја важна дестинација и не е важен транспортен коридор, наместо да се фокусира на обновување и осовременување на важните транспортни коридори.
 
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=52181 - http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=52181
 

Нов потпорен ѕид на „Салвадор Аљенде“

 
среда, 11 јули 2012, 17:24
 
Потпорниот ѕид кој се урна на Салвадор Аљенде ќе се отстрани под надзор на општинските инспектори од Центар. Допрва ќе истражувале чија е одговорноста за уривањето на ѕидот кој во опасност доведе станари на две згради. Инспекторот Милан Пижула убедува дека со новиот ѕид и санација на дел од стариот работите ќе си дојдат на свое место.
 
Министерството за транспорт и врски посочи дека надлежностите за инспекција и утврдување на одговорност за урнатиот потпорен ѕид се на општина Центар. Тие ќе интервенирале доколку имало потреба или ако општинската инспекција не си ја врши работата.
 
СДСМ за урнатиот ѕид одговорност гледа кај ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците кои последниве 12 години се на чело на општина Центар а се кадар на владејачката партија.
 
Потпорниот ѕид висок над десетина метри покажува слабост и на соседната зграда која е делумно населена. На ѕидот се забележуваат пукнатини, а во соседните куќи стравуваат од можноста ѕидот потполно да попушти додека се истражува одговорноста за пропустот и уривањето на потпорниот ѕид.
 
Бојан Стојановски

 
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=52192 - http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=52192
 

„Расте“ бетонот на Водно

 
среда, 11 јули 2012, 19:18
 
Некогаш наречено голо, потоа пошумено, сега се повеќе- изградено брдо. Таканаречните бели дробови на Скопје, планината Водно, со години го намалуваат својот капацитет на сметка на бетонот. Достапните архивски сателитски фотографии од пред само десет години, го потврдуваат трендот.
 
За пример, на локацијата каде напукна ѕидот, околу поранешниот Хотел „Панорама“, пред десет години имало зелен појас. Денеска, дрвата ги нема. Има појас од згради. Малку погоре, станбени објекти има и на местото на бараките од олимпиското село. За само една деценија, дел од шумата над населбата Пржино е заменета со неколку реда нови куќи. Не е многу подобро ниту во делот на општината Карпош. На местото на дел од зеленилото и нивите, сега се видливи контурите на куќи со големи дворови и по некој базен во нив.
 
Токму забрзаното градење на падините на планината, според професорот Марковски, е една од опасностите на која со децении предупредуваат експертите.
 
Децении наназад, падините на Водно, се и најатрактивно и најскапо место за живеење во главниот град. Претседателот на Македонија, повеќе странски амбасадори и амбасади се дел од значајните институции и личности сместени во појасот. Во последниве години нивни соседи станаа бројни нови функционери и бизнисмени.
 
Александар Димитриевски



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Jul-2012 at 19:13
Потпорниот ѕид попуштил на оваа локација (и по неколку десетини метри лево и десно):
41°59'2.50"N  21°25'16.42"E


Originally posted by xnx

kolku sto mozam da vidam od srsheniot zid, vo nego nema armatura, tuku samo beton.
Има арматура, но очигледно не е адекватна, или нешто друго не е адекватно. Дали ќе дочекаме да се лоцира одговорноста? Не верувам... Впрочем уривањево не е никакво изненадување, многупати се предупредуваше токму за оваа опасност, но никому ништо. Еве и на форумов имаме архивирано еден интересен текст токму на оваа тема и токму за овој потпорен ѕид:
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=684&PID=96475#96475 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=684&PID=96475#96475


Еве и фотки. Обратете внимание на сликите број 8, 10 и 11. Ова урбанава мафија и врз глава ќе ни изгради згради веќе... Се прашувам кој нормален е спремен да плати над 1500 евра за квадрат во оние демек луксузни а всушност транзициски згради начичкани како во Дебар Маало, со потенцијал во секој момент да се лизнат надолу по планината, заедно со квази-елитата што живее во нив. Навистина не знам кој уште е спремен да ја купи приказната дека ова е луксузен кварт, но очигледно има такви.


1


2


3


4


5


6


7


8


9


10


11



Posted By: Dexter26
Date Posted: 11-Jul-2012 at 19:36
Previous
 
Па тоа не бил потпорен ѕид, тоа биле камчиња насобрани во купче, фала му на Бога што немаше жртви.


Posted By: gjoko
Date Posted: 11-Jul-2012 at 19:52
нема врска дали е елитен кварт,битно е да се гледа рајата `одозгора`

веќе пишав еднаш што мислам за тие `горе` ]]]]]]


Posted By: Oxygen
Date Posted: 11-Jul-2012 at 21:03
Сега Град Скопје со државни пари ке спасува приватни згради и капитал. Тоа е злоупотреба на народни пари, инвеститорот си ја има целата одговорност. Зградите горе на сликаата изгледаат страшно ако почне да се лизга земјиштето тешко спасуванје .Во секој случај очекувам квадрат на Водно по 700е од другата недела.


Posted By: Petar
Date Posted: 11-Jul-2012 at 21:16
Absolutno tocno!
Problemot e vo toa sto trosocite za izgradba na pravlien potporen zid, gledajki kolkav treba da bide, ke bide mnogu poskap od toa sto go imaat "zalepeno" sega. Treba polno beton i armatura da se naredi za da bide se bezbedno napraveno...


Posted By: BOJAN
Date Posted: 11-Jul-2012 at 22:57
Мене ме плашат фотографиите на Кловер, каков потпирен ѕид го држи притисокот на земјиштето и врз што се поставени темелите на горните згради. Не сакам да создавам паника, но од како изгледаат работите на терен мислам дека сите згради можат да отидат удолу. Мислам дека ќе треба да ги испитаат и темелите на веќе вселените згради, да се увиди во каква состојба се наоѓаат.


Posted By: gjoko
Date Posted: 11-Jul-2012 at 23:09
во наредните години/децении ќе се нагледаме трагикомедии низ цела држава(и Охрид не е сјајно кај комплексот биљанини извори-ако почни водата да си излегува таму каде секогаш излегувала,во Кичево кај новата населба према с.Другово каде исто се има некои мерења за подземни води од рангот на Студенчица,велешка Рамнина и.....)


Posted By: alexsend
Date Posted: 11-Jul-2012 at 23:48
Не е виновен потпорнито ѕид, виновен е оној кој дал дозвола за градба!
Како тргнале работиве ќе никнат куќи и на средно водно за деценија...

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Oxygen
Date Posted: 12-Jul-2012 at 08:08
Мајкта природа не трпи "ѓубре" . Све рециклира за салфетка 7 дена лименка неколку години згради некоја декада . Природата е чудна работа. Најжално е што фамилии живееат тамо со деца и животот буквално им виси на конец.


Posted By: Dexter26
Date Posted: 12-Jul-2012 at 15:44
За Владимир Тодоровиќ - градоначалникот на општина Центар, приватната сопственост и човечките закони се поважни од силата на природата и нејзините закони.
 
Е па, со вакви луѓе, Бог нека ни е на помош на нас скопјани, а на нас останува да се молиме и да се надеваме дека кога мајката природа ќе не казни за нашите глупости, нејзината казна ќе земе со себеси само материјални, но не и човечки жртви.
 
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=52213 - http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=52213
 

Урнатиот ѕид бил нестручно изведен и била надмината планираната големина

 
четврток, 12 јули 2012, 12:54
 
Урнатиот ѕид којшто требаше да ги заштитува двете новоизградени згради на Водно, паднал бидејќи бил лошо и нестручно изведен, а била надмината и планираната големина.
 
Ова го изјави градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ кој не сакаше подетално да навлегува во овие прашања, бидејќи прес-конференцијата била превидена за обновување на стари фасади.
 
„Инвестицијата на ѕидот, односно надминувањето е од страна на граѓаните и ѕидот паднал затоа што нестручно го извеле. Дали има општината тука удел, во лошо изведен ѕид? Тоа го кажа и директорот на сеизмологија - нестручно изведен ѕид, надминување кое не е ниту планирано, а и експертизата ќе ги утврди причините за паѓањето на ѕидот во писмен документ“, изјави Тодоровиќ.
 
Тој се повика на изјавата на директорот на Инстиутот за земјотресно инженерство и сеизмика (ИЗИИС, Михаил Гаревски, кој рече дека големината на ѕидот, најверојатно е причината за паѓањето на ѕидот.
 
Над ураниот ѕид има градина којашто би можела да предизвика поголема тежина врз потпората.
 
На Тодоровиќ, како градоначалник на општина Центар, каде припаѓа и дел од сртот на планината Водно, не му се допаѓа тоа што таму, наместо дрвја има згради, но вели дека има систем според кој се носат урбанистичките планови.
 
„Има процедури и закони, има приватна сопственост. Ако имате приватна сопственост, ќе дојдете стотина пати за да изградите што поголемо и што повисоко. А во тоа, ако ви го дозволува законот, не може никој да ве спречи“ изјави Тодоровиќ.
 

Потпорните ѕидови на улица „Салвадор Аљенде“ пукнаа во вторникот попладне. Повредени нема, жителите беа евакуирани, а оштетен беше само еден автомобил.



Posted By: mirakuliks
Date Posted: 13-Jul-2012 at 01:28
ако ги тргнеме емоциите на страна реално се поставуваат две прашања, едното е од локален а другото од глобален карактер.
Прашањето од глобален карактер е дали за населението на Скопје е добро поместувањето на градежната линија нагоре по падините на водно, со оглед дека таа парк шума игра една многу битна улога во микроклимата и квалитетот на животот во градот.
Другото локално прашање е дали народот е задоволен со ригорозноста, спроведувањето и критериумите кои ги поставуваат законите за градба со оглед дека истите произведуваат зголемен ризик на по животот на населението во Скопје. За ризикот од материјална штета мислам дека нема потреба да се говори бидејќи тука секој си е сам крив ако погрешно го има пресметано ризикот на материјална штета со градење/купување имот во дадениот простор.


Posted By: kenzo_fan
Date Posted: 13-Jul-2012 at 09:41
Не може купувачот да е одговорен за тоа што му продале корумпирана градба. Зарем треба да од позиција на купувач да располагам со познавање на сите стручни аспекти на изградба ? Ваљда затоа постјат тие институции и инспекции кои издаваат дозволи. Овие згради треба да паднат до крај за памет, да се обештетат станарите преку конфискација на имот на инвеститорот и сите одговорни по ред да се судат, од цртачите на маркици на Водно до фушерајските изведувачи. И секако да запре секоја висококатна изградба на Водно и да се врати старата линија до каде е дозволена урбанизација. 

-------------
"Скопје е промашен град" - Арх. Живко Поповски


Posted By: alexsend
Date Posted: 13-Jul-2012 at 11:05
Мора да се бара одговорност, ако не тогаш значи дека никој нема да претрпи последици за евентуалното негово лошо работење, а тоа е многу лошо. Ќе прави што сака и во иднина, кој и да е на власт. Имињата се менуваат но желбите на тие луѓе се исти.

За ова што се случи не е директен кривец општината но сепак ова треба да е момент кој ќе се искористи за насочување на вниманието на сите жители на градот кон она што им се случува и никој не реагира.

Градоначалникот вели, мене не ми се свиѓа тоа но што да правам тие добиле легално дозвола! Во ред друже градоначалниче, дали ти направи се што треба за од овој ден па натаму да несмее никој да изгради ниту еден објект повеќе на водно, легално?

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Oxygen
Date Posted: 13-Jul-2012 at 15:42
Originally posted by kenzo_fan

Не може купувачот да е одговорен за тоа што му продале корумпирана градба. Зарем треба да од позиција на купувач да располагам со познавање на сите стручни аспекти на изградба ? Ваљда затоа постјат тие институции и инспекции кои издаваат дозволи. Овие згради треба да паднат до крај за памет, да се обештетат станарите преку конфискација на имот на инвеститорот и сите одговорни
по ред
да се судат, од цртачите на маркици на Водно до фушерајските изведувачи. И секако да запре секоја висококатна изградба на Водно и да се врати старата линија до каде е дозволена урбанизација. 



Купувачот не е одговорен, меѓутоа правно неможе со државни пари да му се прави потпорен дзид(освен во случаи на елементарна непогода, природна катастрова).Тој ке си го тужи изведучот од кого го купил плус тужба до одговорното лице во општината. За да си ја надомести штетата.


Posted By: kenzo_fan
Date Posted: 13-Jul-2012 at 16:38

Зборував во контекст на мислењата “така им е кога се тепаат да купуваат на Водно за 1600 евра квадрат“. Инаку реков дека штетата треба да ја надомести инвеститорот.



-------------
"Скопје е промашен град" - Арх. Живко Поповски


Posted By: gjoko
Date Posted: 21-Jul-2012 at 11:11
објаснување на градоначалникот Тодоровиќ за Нова Македонија

- Бидејќи сум градежен инженер, тврдам дека уривањето на ѕидот е последица на нестручно изведено надвишување од страна на сопствениците на куќите што се под него. Првично ѕидот е изграден во висина од шест метри по проект, по што над него е додадено надвишување од дополнителни пет метри, кое е изведено крајно нестручно, на диво и без дозвола. Одговорноста ја преземаат самите инвеститори и тие го коригираат тоа деновиве, односно оштетениот ѕид се отстранува и се растоварува дел од земјата што е фрлена зад него.


Posted By: mirko
Date Posted: 21-Jul-2012 at 13:09
Koj se investitorite koja e firmata koja go gradela , toa treba da se kaze za da se znae i vo idnina da se stavat na crna lista na kompanii za da znaat graganite od kogo kupuvaat. Site se fraeri koga treba da se zemat 1500-2000 eura za m2 ajde da vidime sega kade se , kade e garancijata za kvalitetit koja tolku slatkorecivo ja lepat pri progazbata. Sramota i greota e za kupuvacite koi i pokraj toa sto plakaat ekstremno visoki ceni za m2 vo skopje ( koj se ludost)ne se nikako i od nikogo zastiteni


Posted By: gjoko
Date Posted: 21-Jul-2012 at 13:26
се зборува за кошаркарот Пеце наумоски


Posted By: Dexter26
Date Posted: 21-Jul-2012 at 13:40
Originally posted by gjoko

објаснување на градоначалникот Тодоровиќ за Нова Македонија

- Бидејќи сум градежен инженер, тврдам дека уривањето на ѕидот е последица на нестручно изведено надвишување од страна на сопствениците на куќите што се под него. Првично ѕидот е изграден во висина од шест метри по проект, по што над него е додадено надвишување од дополнителни пет метри, кое е изведено крајно нестручно, на диво и без дозвола. Одговорноста ја преземаат самите инвеститори и тие го коригираат тоа деновиве, односно оштетениот ѕид се отстранува и се растоварува дел од земјата што е фрлена зад него.

 
Доколку овие зборови навистина дошле од устата на актуелниот градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, тогаш жителите на општина Центар треба да бараат одговорност од него.
 
Под претпоставка дека знаел за ова пред уривањето на ѕидот, Тодоровиќ треба кривично да одговара пред суд за молчење и непревземање на конкретни мерки за спречување на последиците од ваквото загрозување на животите на жителите на општина Центар, а и на сите останати луѓе кои поминуваат во тој дел од Водно опфатен од уривањето на ѕидот.
 
Но доколку Тодоровиќ дознал за ова дури после уривањето на ѕидот, тогаш тоа е причина повеќе зошто жителите на општина Центар да побараат од Тодоровиќ да сноси одговорност и да си поднесе оставка од својата градоначалничка функција, бидејќи во период подолг од 3 години, требало да му текне да испрати градежна инспекција на Водно, или уште подобро, бидејќи и самиот вели дека е градежен инженер, требало лично тој да спроведе градежна инспекција на објектите кои се веќе изградени или сеуште се градат на Водно.


Posted By: gjoko
Date Posted: 21-Jul-2012 at 16:41
еве ги интервјуто,не го ставив целосно бидејќи се споменуваат и политики делови во текстот

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72112101095&id=14&prilog=0&setIzdanie=22636 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72112101095&id=14&prilog=0&setIzdanie=22636


Posted By: gjoko
Date Posted: 17-Aug-2012 at 20:20
Искршениот двоглед на Водно заменет со нов
Објавено: пред 10 часа
Прочитано: 394
Печати
Сподели со твоите пријатели!


Стариот искршен двоглед за разгледување на Скопје од падините на Водно е заменет со нов.
Вандалите, велат од Град Скопје откако го искршиле стариот двоглед го украле и вториот од видиковец на Водно,па затоа е купен нов дурбин кој наскоро се очекува да биде и поставен. Овој пат, за подобра положба за разгледување на градот, тој ќе биде поставен на врвот на Водно.

http://www.plusinfo.mk/vest/53656/Iskrsheniot-dvogled-na-Vodno-zamenet-so-nov - http://www.plusinfo.mk/vest/53656/Iskrsheniot-dvogled-na-Vodno-zamenet-so-nov


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Sep-2012 at 18:55

Заборавен урнатиот ѕид на Водно


 

Жителите на населбата стравуваат дека овој случај ќе заврши како и сите останати несреќи - во фиока и нема да се спомнува понатаму. Тие велат дека откако се случила несреќата живеат во страв да не се повтори

 
 
%20 

  Два месеци поминаа откога се урна потпорниот ѕид на улицата Салвадор Аљенде на Водно

Експертизата за утврдување на одговорност не е завршена

Речиси два месеци поминаа откога се урна петнаесетметарскиот потпорен ѕид на улицата Салвадор Аљенде на Водно, а виновникот сѐ уште не е утврден. Ниту од општината Центар, на чија територија се случи незгодата, а претходно го издаде одобрението за градба, ниту, пак, „ЦДМ Комин“, фирмата што го изгради објектот, сѐ уште не ги кажуваат резултатите од експертизата со која требаше да се утврди виновникот за уривањето кое, за среќа, помина без ниту една жртва. Сѐ уште не се знае ни какви мерки ќе се преземат кон оние кои експертизата ќе ги посочи како виновни за несреќата. Според Милан Пижула, градежен инспектор на општината Центар, резултати сѐ уште нема, затоа што експертизата не е завршена, а на санирање на потпорниот ѕид се работело со полна пареа. 

- Сега привршува периодот на летните одмори, па од понеделник ќе видиме до кај е целата процедура за да се утврди кој е одговорен за уривањето на потпорниот ѕид. Порано не можевме да ја завршиме работата затоа што сите беа отидени на одмор - објаснува Пижула. 

Жителите на населбата стравуваат дека овој случај ќе заврши како и сите останати несреќи - во фиока и нема да се спомнува понатаму. Тие велат дека откако се случила несреќата живеат во страв за да не се случи повторно, но овојпат да има и поголеми последици.

- Секое чудо за три дена, така е кај нас. Првата недела додека беше актуелна несреќата се зборуваше за тоа, а сега сите заборавија. Најверојатно, овој случај ќе помине како и многу други, заборавен, без да се натера виновникот да плати за штетата, а и за стравот на граѓаните. Исто така, сметаме и дека треба да се запре изградбата на останатите објекти, додека не се утврди дека работењето на овој терен е безбедно - се жалат жителите на Водно. 

Ставот на жителите, очигледно, не го делат фирмите чии работници сѐ уште градат на Водно. Иако сѐ уште не е точно утврдено дали е безбедно да се гради во околината, градежната механизација не престанува да ја ископува планината. 

Еден ден по несреќата општината Центар испратила барање до инвеститорот на објектот „ЦДМ Комин“ да се преземат сите неопходни активности за да се заштитат околните згради и земјиштето. Исто така, требаше да состават и тим што ќе направи стручна експертиза за да се утврди кој е одговорен за уривањето на ѕидот.

Потпорниот ѕид на Водно попушти на десетти минатиот месец. Во несреќата 
беше оштетен само еден автомобил, а семејствата кои живеат во објектот каде што попушти ѕидот беа евакуирани. Иако градежните експерти уште тогаш предупредуваа дека ситуацијата на Водно е алармантна, градењето на планината не престана.

 

 
  
Автор: Александра Денковска  Фотографија: Дарко Андоновски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9112918519&id=14&setIzdanie=22669 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9112918519&id=14&setIzdanie=22669


Posted By: Dexter26
Date Posted: 01-Sep-2012 at 19:10
Previous
 
Типично македонски, автопатот кој ги поврзува Дебар и Струга беше оставен на милост и немилост на времето, се додека не пукна, па мораа да го обноват, а го обновуваа повеќе од година дена ако добро помнам.
 
Сега и оваа имитација на потпорен ѕид останува несанирана, па нека му ја мислат тие кои живеат под истата оваа имитација, Бог нека им е на помош.
 
А ги има и ред други примери на негрижа не само низ Скопјево, туку и низ цела Македонија.
 
Само природна катастрофа му е мајката, бидејќи после природна катастрофа следува хуманитарна криза која, доколку не се интервенира навреме, може да прерасне во масовна преселба или во нагло зголемување на стапката на смрт во областа опфатена од природната катастрофа, трагично, но вистинито.


Posted By: gjoko
Date Posted: 06-Oct-2012 at 14:50
ФОТО: Нова рекреативна трим патека на Водно
Сабота, 06 Октомври 2012 14:17

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска ја промовираше новата трим патека „Скопје“, што се протега на потегот од Средно Водно до локалитетот Марково Крувче, во должината од 2.140 метри и широчина 2,2 метри.



- Граѓаните на Скопје денеска добија уште една локација за спортување и рекреирање. Град Скопје заедно со екипите на ЈП “Улици и патишта” и ЈП “Паркови и зеленило” ја реконструираше и ја прошири постоечката трим – патека од Средно Водно до локалитетот Марково Крувче. Сметам дека сега се подобрени условите за користење на оваа патека со самиот факт што се поставени четири трим станици на кој што постојат фитнес справи изработени од дрво. Ги поканувам сите граѓани на Скопје активно да ја користат оваа патека за рекреација и водно ги поканувам сите професионални спортисти своите подготовки да ги прават тука, зашто оваа патека и во летните топли периоди е претежно под сенка, истакна градоначалникот Трајановски.

По должината на патеката поставени се четири трим станици, а на секоја од нив има по четири фитнес реквизити, изработени од дрво. На патеката е нанесен 10 сантиметри слој од тампон (вкупно 580 кубици), а врз него е ставена 3 до 5 сантиметри бела ризла.



Низ целата должина на трим патеката, направени се 8 прекопи каде што се поставени 8 армирано бетонски цевки ф/40 и 8 сливници за собирање и одведување на атмосверската вода.

Поставени се четири заштитни огради, три нови дрвени маси со клупи за седење и 10 нови корпи за отпадоци.

Овие нови спортско-рекреативни содржини, поради добрата конфигурација на теренот, можат да ги користат деца, младинци, рекреативци, спортисти и пензионери. Покрај трим патеката поставени се и 6 информативни табли коишто ги содржат сите неопходни информации поврзани со надморска височина, одалеченоста на секоја од трим станиците од почетокот до крајот на патеката, примери со вежбите што можат да се изведуваат на спортските реквизити...



Оваа должина од трим патеката е реализација на првата фаза, додека втората фаза, од Марково Крувче до населбата Припор, ќе биде завршена до средината на 2013 година.

Инвеститор на проектот е Градот Скопје, а за реконструкцијата на патеката од буџетот се издвоени околу 3 милиони денари.

Изведувачи се екипи на ЈП „Улици и патишта“ и ЈП „Паркови и зеленило“, а сите стручни содржини напишани на информативните табли се во координација со Факултетот за физичка култура на Република Македонија, а поддршка даде и Агенцијата за млади и спорт.

http://kurir.mk/republika/skopje/87271-FOTO-Nova-rekreativna-trim-pateka-na-Vodno - http://kurir.mk/republika/skopje/87271-FOTO-Nova-rekreativna-trim-pateka-na-Vodno


Posted By: BOJAN
Date Posted: 08-Oct-2012 at 23:45
Мислам дека вакви трим-патеки недостигаат токму на Водно, несфатливо е зошто досега не се размислувало на ваков начин на уредување на парк-шумата.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Nov-2012 at 02:13

Ѕидот на Водно паднал поради „виша сила‘‘


 

Во извештајот од стручната комисија се споменати состојбата на земјиштето и водата на теренот, но ниту општината што го издаде одобрението за градба, ниту пак „ЦДМ Комин“, фирмата што го градеше објектот, не се посочени како виновници за уривањето

 
 
%20 

 Новиот потпорен ѕид ќе им донесе мирен сон на станарите

Експертизата покажа

По речиси четири месеци откако се урна петнаесетметарскиот потпорен ѕид на улицата Салвадор Аљенде на Водно, виновникот за несреќата не е пронајден. Веднаш по инцидентот, поради кој беа евакуирани десетици граѓани, а во опасност од рушење беа и две згради, од општината Центар најавија дека ќе се направи стручна анализа со која ќе треба да се утврди виновникот за урнатиот ѕид, а тој на соодветен начин да биде казнет. 

Сепак експертизата што ја правеше комисија составена од стручни лица утврдила дека нема виновник за уривањето на потпорниот ѕид. Милан Пижула, градежен инспектор во општината Центар, вели дека во извештајот од стручната комисија биле спомнати состојбата на земјиштето и водата на теренот, но ниту општината што го издаде одобрението за градба ниту „ЦДМ Комин“, фирмата што го градеше објектот, не се посочени како виновници за уривањето на потпорниот ѕид. 

- Најважно во оваа ситуација е тоа што ѕидот е целосно поправен и жителите се безбедни - вели Пижула. 

Редовни прегледи

Горан Марковски, професор на Градежниот факултет, беше еден од експертите што предупредуваа дека на Водно треба да се престане со изградбата на објектите и пред и по несреќата со потпорниот ѕид. Тој вели дека веќе кога се гради на планина каде што земјиштето може да е проблематично, потпорните ѕидови мора да бидат квалитетно изработени, но и редовно да се прегледуваат. 

- Мора да се проверува дали има ерозија на земјиштето, дали има подземни води, дали со текот на години ѕидот се деформирал, или, пак, ако на истата локација се градат и други објекти, можеби ѕидот нема да биде доволно јак за да ги издржи сите. За овие објекти мора да има домаќинско работење, за да не настане хаварија - предупредува професорот Марковски.

Досега слични вакви несреќи се немаат случено во ниту една друга општина, иако и во општините Карпош и Чаир имаат градби на ридови. 

Од општината Чаир велат дека немале проблем со изградбата на потпорните ѕидови и инспекторите редовно излегувале на терен да проверат како се одвива градењето на објектите.

- Кај нас досега немало проблем со изградба на потпорни ѕидови. Една од причините е тоа што во границите на парк-шумата Гази Баба се градат само семејни куќи и нема потреба од потпорни ѕидови. Исто така ние редовно излегуваме на терен и ја проверуваме изградбата на објектите и проектната документација - објаснува Омерфејзи Биљали, градежен инспектор во општината. 

Шест ѕида во Карпош

Во општината Карпош има шест потпорни ѕида, од кои во четири инвестирала општината, а два изградиле приватни инвеститори. Некои од ѕидовите ги изградиле за да се спречи појава на свлечишта и за да се заштити резервоарот со вода што се наоѓа на нивна територија. Потпорни ѕидови има на улицата 1.010, кога од населбата Козле се оди кон Жданец, потоа од Козле кон Болницата за белодробни заболувања, на улицата новопроектирана 1 (за заштита на резервоарот со вода) и четвртиот потпорен ѕид што го изградила општината е на улицата Скупи. Приватни инвеститори имаат направено потпорни ѕидови кај Жданец и во близината на бензинската пумпа на улицата Козле. 

- Нашата инспекција е редовно на терен и досега не се случило да има некаква трагедија со потпорните ѕидови - ни одговорија од Карпош.

 

 
  
Автор: Александра Денковска  Фотографија: Дарко Андоновски
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=119121511533&id=14&setIzdanie=22726 http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=119121511533&id=14&setIzdanie=22726 -


Posted By: phenomenon
Date Posted: 27-Apr-2013 at 09:35
  Елитни слики од елитн анаселба:
 
E52B94279CB4334184F192469B4C2243
 
 
77324


-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: zabegan
Date Posted: 27-Apr-2013 at 22:51
ме чуди зошто нема реакции на јавноста за вакво масивно лизгање што однело и пола улица Question
значи навистина треба некоја тешка катастрофа да се случи за да му дојде на некој памет


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Dexter26
Date Posted: 09-Feb-2014 at 17:43
Бидејќи нема конкретна тема за Водно на форумов, или ако има не успевам да ја најдам, ја објавувам оваа статија во оваа тема од форумов. Доколку има посоодветна тема за овој пост, администраторите/модераторите нека го преместат овој пост во таа конкретна тема.
 
http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=34784 - http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=34784
 

ПРОТЕСТЕН МАРШ ЗА СПАС НА ВОДНО

 
09.02.2014
 

 
Неколку невладини организации, планинарски друштва, еколошки активисти и други граѓани излегоа денеска на протестен марш од основното училиште Кочо Рацин до врвот на Водно, во знак на револт заради секојдневното уништување на планината која е позната како белите дробови на градот. Тие бараат надлежните институции веднаш да сопрат со изградбатана патот до сончев град, телекомуникациската кула на врвот и најавениот проект за ски центар на Водно, бидејќи со тоа дополнително се влијае на уништување на флората и фауната на парк шумата. Водно е значајно не само за Скопје туку и за целата држава и затоа тие ги повикаа сите граѓани да се потпишат на нивната иницијатива за спречување на уништувањето на планината.
 
[ ] 



Posted By: martind
Date Posted: 09-Feb-2014 at 18:34
Доцна... доцна е... Водно е уништено...


Posted By: Џоле
Date Posted: 09-Feb-2014 at 21:32
Originally posted by Dexter26

ПРОТЕСТЕН МАРШ ЗА СПАС НА ВОДНО








-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 07-Apr-2014 at 16:32
Продолжува уништувањето на Водно... Според авторот на фотографијата (Раде Марковски) „на средина од сликата се гледа фамозната парцела која не е дел од сончев град“.



Станува збор за ова соголено земјиште.



Не сум сигурен дека е истото, но ќе ја објавам и оваа фотографија од Фејсбук групата „Да го спасиме Водно“.





-------------
За сè има вторпат


Posted By: Teglarot
Date Posted: 07-Apr-2014 at 16:56
Истото е...


Posted By: phenomenon
Date Posted: 20-Jun-2014 at 22:44
Се случи она што можеше да го претпостави секој овчар од некогашните села Горно и Долно Водно:






< ="text/" ="" ="/B1D671CF-E532-4481-99AA-19F420D90332/netdefender/hui/ndhui.js?0=0&0=0&0=0">

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: gjoko
Date Posted: 20-Jun-2014 at 23:33
Прашање е на време кога при поинтензивни врнежи,цели згради како ќе слегуваат надолу према центар.

Докажано е научно дека на бу....те покасно им текнува


Posted By: Teglarot
Date Posted: 22-Jun-2014 at 10:15
Еден "фоурмаш" искоментира кај е Жерновски.
Се санира свлечиштето кај градинката. Превземено од неговата страна.




Print Page | Close Window