Print Page | Close Window

Охридски сообраќај (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Градска инфраструктура
Forum Discription: Улици, булевари, сигнализација, јавен превоз...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=685
Printed Date: 06-Apr-2020 at 17:00


Topic: Охридски сообраќај (општо)
Posted By: pbanks
Subject: Охридски сообраќај (општо)
Date Posted: 09-Sep-2008 at 09:57
Започна изградбата на источната трансферзала

Во месноста Бејбунар денеска на свечен начин беше означен почетокот на изградбата на источната трансферзала која во голема мерка треба да го растовари одвивањето на сообраќајот во Охрид, особено во летната туристичка сезона. Во првата фаза ќе бидат изградени 850 метри од бензинската пумпа Билјанини извори до Бејбунар и уште 150 метри од тука  до ул. „Баталјон Мирче Ацев“.




Започна изградбата на источната транферзала

Почетокот на работите гo означи градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, кој истакна  дека до крајот на оваа година улицата ќе биде пробиена и пошљунчена, а догодина истата ќе биде асфалтирана.  „Оваа улица е од големо значење не само за граѓаните кои гравитираат во овој дел на градот, туку и за туристите кои ќе патуваат од плажите кон Битола, со што во многу ќе се растовари сообраќајот на лето“, рече Петрески.

Тој напомна дека покрај оваа улица, годинава ќе биде пробиен и патот од старата автобуска до „Туристичка“, ќе биде завршена улицата „Живко Чинго“, а ќе биде изградена и новата улица помеѓу Жито Леб и Монополот која ќе ги поврзе населбите 15 Корпус и Видобишта. Петрески во изјава за медиумите најави и завршување на канализационата мрежа и колекторскиот систем во Велгошти, Лескоец и Пештани со што како што рече, Охрид 95% ќе биде опфатен со канализација.


http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=7241



Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Sep-2008 at 11:21


Баш ме копка која е трасата на комплетната сообраќајница, од бензинската, до патот накај Ресен.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Sep-2008 at 12:26
Трасата е прилично очигледна.




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Sep-2008 at 17:32


Кај нас ништо не е очигледно. Се правеле „чуда“ со многу траси...

Инаку мислам дека горе доле ипак таа ќе биде трасата (што ја постираше), со тоа што средниот дел нема така косо и директно да поминува низ куќите, туку ќе заобиколи, а можеби и целиот северен дел на сообраќајницата ќе оди позаобиколно.

Но токму овие варијации ги имав на ум кога се прашував за трасата. Ме интересираше точната траса, а не нагаѓања.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Sep-2008 at 22:28
Инаку не проаѓа туку така низ куќите него тука моментално има некоја си уличка, што значително ѓи намалува трошоците при екпропријација. И да има некоја планирана траса, веруј дека ќе се импровизира со оваа траса, за да кошта помалку. Инаку оваа траса се поклапа со должината која ја слушнав на вести на Алсат, 2,5 км.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Dec-2008 at 21:41
Охрид, 11 декември (МИА)Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески при неодамнешната работна посета на Охрид најави дека Владата, односно ресорното Министерство, издвоиле 11,8 милиони денари за реконструкција на постоечките пристаништа и изградба на ново пристаниште на Охридското Езеро, во чиј состав ќе биде изградена и соодветна бензинска пумпа.

Според Јанакиески, на тој начин ќе се надмине проблемот со снабдувањето гориво за бродовите и чамците.

Тој најави и реконструкција на обиколницата на Охрид, односно улицата „Железничка“, што ги спојува магистралните правци кон Скопје односно Битола. Работните зафати на оваа важна сообраќајница во Охрид е предвидено да започнат во февруари идната година.

Предвидена е реализација на проект за осовременување на делницата на потегот Охрид – Свети Наум, чија изградба би почнала во текот на 2010 година. Тој патен правец е изграден во 50-те години на минатиот век и не соодветствува на современите потреби за патен сообраќај. Проблеми во одвивањето на сообраќајот особено се јавуваат во летните месеци кога значајно се зголемува фреквенцијата на возила на тој патен правец.

http://www.mia.com.mk/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-May-2009 at 23:29
Ништо ново, само рециклирани стари вести...
Во ново руво 11 делници


Работите им се доверени на скопската градежна фирма Гранит, струшки Илинден и на австриската Алпине Бау, кои мора да ги запазат роковите за рехабилитација на овие делници чија вкупна должина изнесува околу 330 километри


Изградба и реконструкција на патни делници ќе бидат главните приоритети на Министерството за транспорт и врски оваа и наредната година. Станува збор за 11 најоштетени патни делници што една година ќе се реконструираат со 35-те милиони евра кои Македонија ги доби од Светската банка. Работите им се доверени на скопската градежна фирма Гранит, струшки Илинден и на австриската Алпине Бау, кои мора да ги запазат роковите за рехабилитација на овие делници чија вкупна должина изнесува околу 330 километри. Од нив најдолга и најоштетена е делницата Струмица - Дојран, потоа Макази - граница со Грција, Ржаничино - Свети Николе, како и Лакавица - Неготино. Сите овие делници се со должина над 30 километри. Меѓу селата Превалец и Стојмирово, како и помеѓу Давидово и Раброво ќе се реконструираат по 13 километри, додека на преостанатите четири патни правци ќе се врши нивна ревитализација во должина од 25 километри.

Охридската обиколница треба да заврши за половина година а речиси две години работа ќе бара изградбата на патот до ски центарот Кожуф во должина од 17,5 километри, а слично времетраење ќе има и патот Штип - Струмица и од месноста Коломот до селото Близанско.
Со буџетски средства ќе се реконструира делницата од Тетово до граничниот премин Јажинце, а пари се предвидени и за патот до Сончев град и за продолжување на третата лента Градско - Прилеп до Росоман и од Дебар до Кичево. За наредната година е предвидена да заврши и автопатот Куманово - Табановце што е инвестиција од 12 милиони евра, а средствата се обезбедени од државната каса и заем од Светската банка.

Од Владата која ја крои инвестициската политика во патната инфраструктура велат дека за реконструкција на патната инфраструктура во земјава се обезбедени највисоките инвестици во историјата што ќе бидат реализирани во предвидените рокови. Инаку, во Агенцијата за државни патишта велат дека се подготвува документација за реконструкција на уште девет патни делници за кои се обезбедени средства од Европската банка за обнова и развој. Станува збор за двегодишен проект што треба да почне да се рализира од наредната година.

За натамошното унапредување на патната мрежа, како што велат од Министерството за транспорт и врски ќе се спроведува концесионерство на кое на повикот од Агенцијата за државни патишта интерес покажале 40-тина компании.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=3125DC4465906A4A95BC6C35AF4FE79C


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Jul-2009 at 15:13
На „трансферзалата“ засега има расфрлано земја на околу 500m (20% од трасата) и толку...

1


2


3


4


5



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Jul-2009 at 19:12
Една фотка од Булевар Туристичка (кое безвезно име)



Posted By: La Linea
Date Posted: 16-Oct-2009 at 01:38

Охридската обиколница ќе се асфалтира напролет

Изградбата на булеварот Железничка, кој е единствена обиколница околу центарот на Охрид, ќе биде завршена идната година. Од локалната самоуправа од Охрид објаснуваат дека во тек е процедурата за распишување тендер за атмосферска канализација, а напролет ќе бидат завршени сите активности за поставување на асфалтот.

- Реализацијата на проектот доцни затоа што се појавија проблеми со сопственоста на земјиштето. На дел од него се' уште не е извршена експропријација, а некои од документите за оној дел каде што е извршена се од пред 20 години и тешко се наоѓаат. Исто така, некои од сопствениците не се задоволни од надоместокот што им бил исплатен за земјиштето во минатото, но верувам дека сево ова ќе се реши во најкус можен рок - изјави Александар Петрески, градоначалник на Охрид.

Тој нагласи дека е задоволен од тоа што нашле заеднички јазик со Министерството за транспорт и врски и очекува успешна натамошна соработка.

Асфалтирањето на овој булевар, кој е од витално значење за сообраќајот во Охрид, многупати досега беше предмет на политички препукувања меѓу централната и локалната власт. (Е.Е.)


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3ECF57607177CA438A3A45F3A22F36EF



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Dec-2009 at 00:11

Охрид гради булевар „Јордан Мијалков“

Охридската источна трансферзала, која уште е во изградба, ќе го носи името на првиот министер за внатрешни работи на Македонија, Јордан Мијалков. Вака одлучи Советот на Општината по предлог на пратеничката група на ВМРО-НП. Изградбата на овој важен булевар во Охрид почна пред околу еден месец, а според планираното, најверојатно ќе заврши до крајот на идната година. Источната обиколница ќе треба да се поврзе со регионалниот пат Охрид-Битола, со што значително ќе го растовари сообраќајот низ централното градско подрачје во текот на летните месеци.

Паралелно со активностите за изградба на новиот булевар, интензивно се работи на асфалтирање и на булеварот Железничка, кој се смета за северна обиколница на Охрид.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=684F3A0151DCA64982958CC35D5297D5


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Dec-2009 at 03:40


Мошне интересно... Изградбата на „трансферзалата“ почна во септември 2008, во мај 2009 ни кажаа дека ќе завршеле за пола година, а сега во декември 2009 ни кажуваат дека изградбата почнала пред еден месец и дека (пази, најверојатно) ќе завршела  до крајот на 2010.

Nuts


Сето ова е регистрирано во нишкава!


Еве подолу една фотка од викендов. Се работи за оној мал дел од трасата што е „пробиен“, северно од бензинската на Макптрол. Не дека е нешто мрднато од летово навака, туку чисто да го евидентираме застојот.

Инаку барав дали се гради и на некој друг сегмент и таков не најдов. Единствено што забележав дека на една уличка која можеби ќе биде дел од трасата имаше оставено купишта рабници, но воопшто не сум сигурен дека уличката е дел од проектов. Важно, име веќе одбраа. Сега кога „главното“ прашање е решено, може повторно да се опуштат Roll%20eyes




Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Dec-2009 at 01:11

Ќе се реконструира една од најстарите охридски улици

Во првиот квартал на 2010 година во Охрид ќе почне реконструкција на улицата Абас Емин, која е една од најстарите и најфреквентни улици во градот. За овој комунален зафат, Општината планира да потроши околу 20 милиони денари. Освен асфалтирањето на улицата ќе се реконструира и дел од водоводниот систем кој минува покрај неа, а ќе бидат поплочени и тротоарите.

- „Абас Емин“ ќе се реконструира по целата должина, почнувајќи од пресекот со булеварот Туристичка па се' до пресекот со булеварот Железничка. Со реконструкцијата на оваа сообраќајница не само што ќе се реши еден од поголемите проблеми на граѓаните што живеат во овој дел од градот туку и ќе се придонесе оваа улица да добие современ лик, кој треба да го имаат сообраќајниците од централното градско подрачје - велат од Општината.

Паралелно со реконструкцијата на оваа поголема сообраќајница, в година Општината планира да реконструира и уште неколку други улици во Охрид.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=1043D5C8A25CF440B10D78E46D46AA1A


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Jan-2010 at 01:36

Охридската обиколница се подготвува за асфалт

Со поставување на цевките за атмосферската канализација деновиве треба да почне завршната фаза од подготовките за асфалтирање на булеварот Железничка во Охрид. Градежната механизација е на терен, а поради изведување на градежните работи има стеснување на неколку места од булеварот, па на учесниците во сообраќајот во овој дел од Охрид им се препорачува внимателно возење. Асфалтирањето на овој булевар, кој е единствена обиколница околу центарот на Охрид, доцни неколку години поради проблеми со сопственоста на земјиштето, како и поради препукувања меѓу централната и локалната власт.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=126402B281BAC14CA96DD2EA3AE98F81

?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Feb-2010 at 19:33
Ај нека оди овде...

Нови патиштата за повеќе охридски села

Охридската локална самоуправа планира да потроши околу 2,5 милиона евра за реконструкција на локалните патишта и улици во селата. Реализацијата на овие проекти, според развојните програми на општината, планирано е да биде завршена до 2012 година.

Најголем дел од парите ќе се потрошат за асфалтирање улици и патишта во село Лескоец, или околу 700.000 евра. Од нив околу 600.000 евра ќе бидат наменети за поправка на локалниот пат од селото Лескоец до црквата „Св. Богородица“ во село Скребатно, а околу 100.000 за асфалтирање на улиците во селото.

Во развојната програма е опфатено и обновувањето на локалниот пат до селото Велестово, за кој Општината ќе издвои околу 320.000 евра. Значајна сума ќе биде потрошена и за реконструкција на локалниот пат од булеварот Туристичка, преку селото Орман, до селото Лакочереј и локалниот пат во делот од Прентов Мост до селото Куратица.

За реализација на овие два проекта планирани се вкупно 390.000 евра.

Предвидено е да се поправат и локалните патишта до селата Велгошти, Елшани, Свињиште, Рамне и Завој, а ќе бидат асфалтирани и селските улици во Расино, Подмоље, Љубаништа, Сирула, Орман, Трпејца како и повеќе мостови.

Најголемиот дел од парите за овие проекти ќе бидат обезбедени преку Министерство за транспорт и врски, односно преку заем од Светска банка, а останатиот дел ќе ги обезбеди Републичкиот фонд за патишта. (Е.Е.)
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5B616C156D97A943ADBF355C8577602E


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Feb-2010 at 05:31
Републичкиот фонд за патишта колку што знам е одговорен на М и Р патишта, а не за Л категорија. Сепак го поздравувам потегот што се изнашло модус да се санираат и изградат патиштата. Зато а ја видов вцести и се помислив али предходно да ја постирам, пошто обично за Л патишта и не следиме многу. Инаку колку што оддмана се сеќавам околу некои избори мислам дека во владината програма и имаше некој проект пат до секое село, ама не сум точно сигурен. Патиштата до селата ни се во очајна ситуација и примарниот проблем зашто не ни се развиени селата, нормално покрај другите фактори.


Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Apr-2010 at 21:37
На охридската обиколница, ништо ново Ohno Сликите се однесуваат на делот од бензинската станица па до 6тата црвена точка гледано од доле на мапата.



1

2

3

4

5

6

7




Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-May-2010 at 12:02

Камион пропадна в земја


На заобиколницата на Охрид, на улицата Железничка, повеќетонски камион пропадна в земја. Повредени нема, направена е само материјална штета.
Повеќетонецот пропаднал наеднаш, откако поради големата тежина се распукала земјата под него. Сe се одвивало пред очите на жителите кои тука живеат во бараки.
"Камионот почна наеднаш да пропаѓа. Луѓето почнаа избезумено да викаат. Се уплашивме дека заедно со него ќе биде повлечена и некоја од бараките. Овде се гради неколку месеци, ама никој не води грижа за сигурноста на нашите објекти", вели жител од населбата.

http://vest.com.mk/?ItemID=A6B76F60A783984DA468AE8BD16F21CE


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-May-2010 at 14:12
Арно што пропаднал сега, а не после асфалтирањето и пуштањето во употреба. Сигурно фирмата што го тампонирала патот е многу горда за своето достигнување!


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: axel
Date Posted: 11-May-2010 at 17:09
kineska rabota  za ovoa im se smeevme na kinezite a eve i kaj nas se slucuva Big%20smile


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-May-2010 at 18:39
Не знаеме какви биле геолошките испитувања предходно, но после сите врнежи годинава незнаеме какви поместувања имале подземните води и до кои ниво се кренати и колку поместувања има под земја. Така да со барање вина ќе почекам да видам на што се должи ова.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-May-2010 at 18:33

Охрид со изменет сообраќаен режим


Нов режим на движење во центарот на Охрид, како и нови 500 паркинг-места ќе се обезбедат со новата организација на сообраќајот во централното градско подрачје, за што охридските советници вчера донесоа одлука




Новото сообраќајно решение што ќе се применува во текот на летната туристичка сезона стапува во сила до 15 јуни и се очекува дека ќе придонесе за подобрување на условите за одвивање на сообраќајот, во услови кога бројот моторни возила во градот двојно се зголемува.

Во одлуката за летниот сообраќаен режим се имплементирани и забелешки на граѓаните и јавноста, а се отстранети некои ограничувања што се покажале како нефункционални или контрапродуктивни.

- Ова е привремено решение додека не се изработи студијата за трајно решавање на прашањето за одвивањето на сообраќајот во градот. Добро е што стручните служби изработија студија со која двојно се зголемува бројот стационарни улични паркинг-места, а надвор од одлуката постои добра волја, со минимални интервенции во стариот дел на градот и на други локации во центарот дополнително да се зголеми бројот на паркинг-места - рече советникот и сообраќаен инженер Томислав Тунтев.

Тој нагласи дека строго ќе биде контролиран бројот возила што ќе се движат во стариот дел на градот, односно значајно ќе биде намален бројот на картички што сезонски се издаваат за влез во таа градска зона.

Градоначалникот Александар Петрески истакна дека сите расположливи површини во градот во шпицот на сезоната ќе бидат привремено пренаменети во паркинг-простор, а во тек биле и разговори со сопствениците на хотелот „Палас“ за искористување на хотелското паркиралиште, како и со „Гранит“ за отстапување на просторот на малиот спортски полигон за паркирање автобуси и возила.

- Постојните и новите паркинг-места се доволни за централното градско подрачје, а и ние граѓаните треба да ги смениме навиките и да се воздржиме од паркирање на возилата на плоштадот - рече Петрески.

http://novamakedonija.com.mk/Default01.asp?id=94&l=3


Posted By: axel
Date Posted: 09-Jul-2010 at 16:01
Министерот Јанакиески ќе оствари посета на градежните активности на обиколницата на Охрид - 9.7.2010

 

 

Почитувани,

 

Ве информираме дека Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, утре, 10. јули 2010 година, во 11.00 часот ќе ја посети локацијата на која се во тек градежни активности со цел изградба на обиколницата на Охрид.

 

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2665


Posted By: axel
Date Posted: 10-Jul-2010 at 16:17

Јанакиески - Регионалниот пат Битола-Охрид ќе биде саниран до крајот на септември

Охрид, 10. јули (ИНПРЕС)

Дел од регионалниот пат од Битола кон Охрид кој беше уништен од свлечиштето пред неколку месеци, безбедно ќе биде саниран до крајот на септември, порача денеска од Охрид министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски.

Причината за која до сега не се пристапи на санација на оваа делница е тоа што не сакавме да импровизираме се додека не се направи здрава конструкција која ќе ја гарантира безбедноста за корисниците, додаде Јанакиевски.

- Ек­сперт­ско­то мислење за санација на патот го имаме. Сега е во тек из­ра­бот­ка­та на финален проект, по што за половина месец треба да се рас­пи­ше тендер за избор на фирма изведувач на градежните работи. Се на­де­ва­ме дека изборот бргу ќе заврши, велат од Агенцијата за државни патишта.

Од таму објаснуваат дека сe додека трае реконструкцијата, возилата ќе се пре­на­со­чу­ва­ат да возат 3 до 4 километри по стариот пат, кој е паралелен со магистралата.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска во Охрид ги надгледуваше работите на охридската обиколница и улоцата Железничка:

- Задоволен сум од изведената работа и планираме до средината на септември оваа година комплетно да се завршат сите работни активности на оваа делница. Надминати се сите имотно правни проблеми и работите се одвиваат во полн ек. Со оваа инвестиција на Владата на Република Македонија ние го одржавме ветувањето за изградба на оваа обиколница, изјави министерот Јанакиевски. (Крај)

http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=FEB0DAC367BFDE47B35BAD9F6E93AAE7


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 17-Jul-2010 at 19:34
Бидејќи сме во екот на летната сезона (иако оваа изгледа е доста слаба), размислував како би можело комплетно да се реши проблемот со сообраќајот и јавниот превоз во нашиот најголем туристички центар. Ова решение бара многу средства за изведба и долгогодишна ориентираност, но според мене нуди трајно решение за Охрид. Покрај тоа што сообраќајот го изведува надвор од градот, граѓаните ги мотивира да користат (шински и електричен) јавен транспорт и нуди целосно поврзување на градот со најголемите населби долж Охридската ривиера.




ЛЕГЕНДА:

ЗЕЛЕНО - автопат
ТЕМНО ЗЕЛЕНО - пат
ПЛАВО - железничка пруга
ЦРВЕНО - трамвајска пруга
ЛИЛЈАКОВО - подземна трамвајска пруга
ЖОЛТО - клучка на автопатот Охрид-Пештани

Планот предвидува изградба на автопатска обиколница на Охрид (попериферно од ул. Железничка), која ќе ги спојува трите автопати кои би требало да се влеваат во градот. Магистралата Охрид-Пештани исто така би се изместила источно од својата сегашна позиција. Сегашната магистрала би завршувала пред тунелот кај х-л Силекс (каде што сега завршува магистралата 2x2) и одтаму до Пештани, по истата би сообраќале само трамвајни возила. Целосниот автомобилски сообраќај би транзитирал по новиот автопат, кој завршува пред Градиште и се влева во постоечкиот пат кон Св. Наум. Долж автопатот Охрид-Пештани би имало 5 излези и тоа: Охрид-исток (бул. Туристичка), Рача, Св. Стефан, Лагадин и Пештани.

На самата обиколница пак би имало исто така 5 клучки и тоа: Охрид-запад, ул. Железничка, Охрид-север, ул. 15ти корпус и Охрид-исток (бул. Туристичка). Дел од трасата би требало да минува во тунели и тоа во сегментите околу улиците Ленинова и 15ти корпус, како и околу клучката Охрид-исток, која целосно би била подземна.

ТРАМВАЈОТ пак би го поврзувал целото охридско крајбрежје. Главните правци во градот се: 1) Далјан-Пазарот-Железничка станица, 2) Железничка станица-Пазарот-Билјанини извори и 3) Железничка станица - ул. Јане Сандански - бул. Туристичка- Билјанини извори. Од Билјанини извори пругата би проголжувала по шеталиштето се до х-л Парк, каде сврува источно кон сегашната магистрала. Таа магистрала од за мене непозната причина има огромен неискористен средишен дел, каде што комотно може да минува трамвајот. По х-л Силекс, трамвајот го користи сегашниот пат кон Пештани, кој е забранет за сите видови возила. Се разбира мали зафати би биле потребни, пред се за израмнување на стрмнините и завоите.

Од населбата Далјан, трамвајската пруга може да оди до Струга, покрај сегашниот локален пат. Во подоцнежна фаза (доколку се разработи аеродромот, а би требало да се разработи, затоа што без аеродром нема голем туристички центар), може од Далјан да се пушти пруга и до терминалот на Св. Апостол Павле. Така Охрид би се поврзал со плажите, Струга и сите други (туристички)населби долж крајбрежјето.

Линијата обележана со лилјаково е подземниот дел на трасата, каде би се наоѓале две подземни станици: Градски плоштад и Градски пазар. На станицата Градски пазар би се пресекувале две трамвајски линии.



ЛЕГЕНДА:
ЗЕЛЕНО - автопат
ПРЕСЕЧЕНО ЗЕЛЕНО - автопат во тунел
СИНО - важна сообраќајница
ЦРВЕНО - трамвајска пруга
ЛИЛЈАКОВО - подземна трамвајска пруга
ЦРНО - железничка линија



-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: nenad
Date Posted: 18-Jul-2010 at 07:40

interesna ideja, no ohrid ima 50000 ziteli, tika tramvaj ne e potreben, dovolen e linijskiot gradski koj veke se izveduva so kombinja ili leki vozila na taksistite. Podzemni stanici se cist futurizam i bez potreba. Rsenie za centarot e zabrana za sekakov soobrakaj

Apsolutn sum protiv pruga pokaj krajbrezjeto. Za avtopat sum 100% za, mislam deka i ima nekoe idejno resenie za oioklnica, no koj znae koga ke se izgradi.



Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 18-Jul-2010 at 11:09
Точно е дека самиот град Охрид има околу 50 000 жители, но целото крајбрежје од Пештани до Струга има околу 100 000 жители и тоа преку годината. Во лето, оваа бројка нараснува сигурно до 200 000 ако не и повеќе, што си е веке една голема англомерација. Предрасуда кај нас е дека трамвај се воведува само во градови од големината на Скопје, поради комплексот дека се неуспеваме да го воведеме. Погледни на УрбанРеил и ќе видиш дека во Европа и Русија трамвајски мрежи имаат градови и од 14 000 жители! Според мене втора предрасуда е дека еден тунел од 1 километар чини многу пари. Цела Европа копа огромни автопатски тунели, па зарем неможеме и ние тоа да го направиме?!

Апсолутно не се согласувам дека за туристички центар како Охрид се доволни комбиња од неколку причини: нивната хаотичност и нередовност, непостојан вид и честост на линиите, малиот и некомфортен капацитет на самите возила, загадувањето и гужвите кои ги предизвикуваат... Трамвајот би го решил проблемот на целиот регион. Потоа велиш дека трамвајот не треба да оди на постојаниот пат, но модерните шински возила се многу поеколошки и потихи од патничките кои во илјадници поминуваат над главите на летовниците. Зелена трева за подлога и модерни трамваи со убави станици-од тоа поудобно нема!

Знам дека има план за обиколница и таа е почната да се гради во времето на Љубчо, но е замрзната. Истата не е предвидена на ниво на автопат со клучки, туку само еден обичен пат, кој е крајно недоволен. Мпожеби сме навикнати на летниот хаос во Охрид, но треба да се превземат радикални мерки за подобрување на проточноста на туристите во градот и регионот.

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: nenad
Date Posted: 18-Jul-2010 at 12:41

Не би сакал да ја расипувам твојата виѕија но денес сум расположен реалистички и како човек кој е роден во Охрид малку ке полемизирам со тебе. Целиот регион што го мопфака Охрид и Струга брои околу 120000 жители, тоа ја вклучува и Дебарца и струшките села кои не се покрај еѕерото. Навистина преку лето, најточно речено во јули и прва половина на август, доага до зголемување но не верувам дека достига 200000. 

Многу сум полемизирал, Охрид не може да станува заложник на тој еден месец туризам кога доагаат најповеке луге, тој период не смее да служи за димензионирање на инфраструктурата во градот, Овде мислам и на сообракајот и на изградба на сместувачки капацитети. Езерото има свој лимит и тоа мроа да се почитува, во Охрид может да дојдат и удобно да престојуваат 20000 до 30000 туристи, освен во периодот кој го споменав каде доага до огромно пренатрпување и преоптоварување и на Охрид и на Струга. Напорите треба да бидат усмерени кон проширување на сезоната. 

Да се вратам на темата. За жал Охрид ја изгуби шансата да се уреди и сообракајно и урбанистички. Градежната мафија и непланската изградба го остави со викенд згради, без доволно паркинг и во зиме, без зелени површини, со шопинг центри, без дефинирани делови на градот.... Опстојува само стариот дел, до кога ке видиме. Тажно е што лудилото продолжува и градот и натака го губи својот лик. 

Мојата идеја како може да се среди сообракајот. 

-да се изгради обиколница околу градот, Улица Железничка не е обиколница, тука се сложувам со тебе, таа е веке градска улица 

-да се изгради патот до Св Наум и албанската граница за кој постои идејно решение уште од СФРЈ а иде над постоечкиот пат. Не се бунам против автопатско решение, но за прво време нека бидат и две патеки.

-постоечкиот пат барем до Пештани да биде отворен само за велоспиеди, мопеди и градски комбиња или мини бусеви кои ке ги носат туристите на плажа. И тие можат да бидат еколошки. Некако не ми влегува во глава дека трамваите би биле поефикасни. 

-паркинг места. Бидејки во центарот нема повеке слободен простор за нив, останува само изградбата на катни гаражи за кои нешто и се зборува, кај пазарот или нивна изградба на периферијата (а ла Дубровник), за што сум скептичен поради нашиот менталитет. Тука не гледам адекватно решение.

-строга забрана за сообракај во центарот за време на сезона! Освен за такси и градски превоз.

-кој што сака нека рече, но од Далјан до центарот може да се дојде и пешки. Само треба тротоари да се изградат.

Нема потреба од тунели кои имаат логика само за тој месец и не е  исплатливо да се градат. реков дека ке биам реалне но сепак влегов и јас во футуризам. Во секој случај ке мора а се навикнеме уште неколку години на хаосот



Posted By: toasumjas
Date Posted: 18-Jul-2010 at 23:46
Мене не ми се допаѓа идејата за трамвајот бидејќи ја користи трасата на сегашниот пат. Сегашниот пат е сосема погрешен бидејќи минува многу блиску до езерото накаде дури и на 1 метар од него!Како на пример во лагадин и во пештани, мислам како да кажам на ништо не личи. Според мене тој пат треба целосно да се уништи, одстрани или барем во делот кај пештани и лагадин (во тој дел секаков прево пат или било што мора да иде над тие места затоашто тој простор под селата до плажата сите сме сведоци не трпи и не би требало да има никаков вид на превоз: тамо луѓе шетаат по улица како коли да се, келнарите во пештани претрчуваат преку улица да ти донесат пијачка или јадење од ресторанот, а сега ќе треба уште трамвај да им поминува и да не збориме како сето тоа изгледа. Според мене ќе речам уште еднаш единствено решение барем за лагадин и пештани па и елешец е патот да се острани а на негово место да се продолжи плажата така тие места на чело со пештани ќе заличат на нешто а ќе има и место и за пешаците спокојно да шетаат неплашејќи се дали ќе ги згази кола или недајбоже трамвај. За остатокот од твојот план потполно се согласувам и како што можеш и да заклучиш од стално сум бил поборник патот за св. наум да се префрли над населените места а не по плажа да ни оди ко небаре океан да имаме па гајле да ни е.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Nov-2010 at 02:35

ВО ОХРИД ОБИКОЛНИЦАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА ОПАСНА ПО ЖИВОТ


На охридските Египќани автомобилите им влегуваат во спална


Ништо од најавите дека со изградбата на обиколицата "Железничка" во Охрид монтажните живеалишта и крпени бараки во непосредна близина на новата Автобуска станица во која живеат десетина семејства - Египќани ќе се отстранат.

Ветувањата дека овие луѓе ќе добијат нов дом и пристојни услови за живот паднаа во вода. Со години надлежните им најавуваат дека ќе им изградат нов покрив над главата, но наместо тоа тие сега се соочени со нов предизвик. Трасата од магистралата им поминува веднаш до прагот на импровизираните домови.
- Нашите куќи се најдоа на улица. Стравувам децата да ги пуштам од дома, но и кога спиеме не сме мирни. Тука се вози брзо а мојот праг од куќата е на улица. Секогаш кога ќе го слушнеме звукот на моторите се плашиме дека некој автомобил ќе ни влезе дома, вака живее Мексуде Рамадан во својот таканаречен дом на улицата "Железничка". Со проширувањето и изградбата на обиколницата Мексуде и останатите се соочија со низа проблеми. -Безбедноста е лоша а домовите полни со вода. Кога врне исто како да сме на улица, велат тие.

Дрвена фасада на трошната куќа добија само три фамилии и тоа оние кои се во првиот ред. Со овие штици куќарките добија само подобар визуелен изглед, но условите за живот станаа уште понеподносливи, велат Египќаните.

Десетината семејства живеат во импровизирани бараки направени од лесонит и шперплочи веќе 35 години. Велат дека никој не дошол да ја види бедата и сиромаштијата во која живеат. Единствена посета им била пред избори, само тогаш некој мисли на нас, велат тие.
Од Општината велат дека просторот каде сега се наоѓаат бараките е на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор и обврската да ги згрижи овие семејства е нивна. Според градоначалникот Александар Петрески на овие семејства треба привремено да им се обезбедат живеалишта, а откако ќе биде изградена зградата на истиот простор повторно да се вратат во новиот станбен објект.

Од секторот за урбанизам велат дека според новиот урбанистички план на ова место предвидено е изградба на станбено-деловен објект.
За тоа чија е одговорноста доколку се случи некоја несреќа, директорот на охридското Јавно претпријатие за стопанисување Кирил Луканов не упати во дирекцијата во Скопје.

Таму пак информации не давале без претходна молба за тоа, која требало да биде доставена или по факс или на мејл по што, истото го побараа и нивните колеги од Охрид. Во писмениот одговор директорот Луканов информира дека на самите бараки кои се во непосредна близина на улицата влезните врати се префрлени од задните страни. Со тоа смета директорот од нивна страна се преземени сите можни работи за безбедноста на станарите и додава дека доколку се користат старите врати и се случи несреќа одговорноста би била само нивна.
На дел од нив им биле доделени и социјални станови, информира Ликанов.

И додека жителите на улицата остануваат соочени со "булеварот на смрта" кај нив останува само надежта за подобар дом. Дотогаш, велат тие, ќе сонуваат за подобра иднина, но и ќе се молат некој автомобил да не ги посети дома.

http://vecer.com.mk/?ItemID=F8FF3D1C6DEFD9469B08141AAE4D5872


Posted By: Тркало
Date Posted: 15-Jan-2011 at 19:59


E vaka ja renoviraa Zeleznicka

http://www.tvm.mk/ohrid/otvoreni-sahti-zeleznicka.html - http://www.tvm.mk/ohrid/otvoreni-sahti-zeleznicka.html


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Jan-2011 at 22:15
Добро а што бидна со делот што се гради?


Posted By: Тркало
Date Posted: 16-Jan-2011 at 19:19
Originally posted by Cloverstack

Добро а што бидна со делот што се гради?


Епа 'готова е' ,ама вака е останато на 3-4 места како погоре и за некои возачи шо поминале прв пат возењето е ко во магла ,досега неколку пати се дешавало да удрат во тие самоделски препреки т.е.укажувачи на опасност поставени од околниве жители.

А исто како и за време на изградбата ,уште топката ја префрлуваат Владата и Општината ,за ова со отворениве шахти.Ко да е некоја скапа инвестиција.Уште полошо за време на реновирањето,беше дозволено движење на возила;се случи и една тешка сообраќајка.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Jan-2011 at 21:32
Имало ли било каква објава? Јас не сум сретнал...


Posted By: Тркало
Date Posted: 17-Jan-2011 at 03:05
Сега и мене ме збуни,не знам или не се сеќавам (а беше неодамна) дали воопшто официјално некој ја пушти во употреба,ама отприлика едно месец и пол е во експлоатација.Баш после твојов пост барав на нет нешто за официјално пуштање во употреба,ама не најдов.Знам само дека беше планирано
на 8-ми Септември да ја пуштат,ама рокот беше пробиен ради Х причини.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Jan-2011 at 10:25
Тек ти мене колку ме збуни

Значи пуштена е скроз цела, до кружниот тек кај бензинската? Јас бев во Охрид на самиот крај на септември и барем од таа страна немаа ништо пипнато од она што последно се гледа на сликите, па затоа не ни сликав. Ако ја пуштиле пред месец-месеципол значи се се направило турбо, само ме буни зошто не би дигнале помпа, кога претходно дигаа невидена помпа и за ништо.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 17-Jan-2011 at 11:02
Кловер, ќе те мрзи да склопиш една скица од мапа, да видам за кој дел точно се работи?

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Jan-2011 at 15:47
Ако прашуваш за делот кај бензинската кај кружниот тек, тоа е овој:
41° 6'26.98"N  20°48'58.78"E

А каква е целата траса и како е протната да се спои до  41° 7'31.30"N 20°48'53.59"E  не знам...

Бидејќи Тркало пишал дека е Охриѓанец, се надевам дека ќе знае да објасни 


Posted By: Тркало
Date Posted: 17-Jan-2011 at 23:32
Originally posted by Cloverstack

Тек ти мене колку ме збуни Значи пуштена е скроз цела, до кружниот тек кај бензинската? Јас бев во Охрид на самиот крај на септември и барем од таа страна немаа ништо пипнато од она што последно се гледа на сликите, па затоа не ни сликав. Ако ја пуштиле пред месец-месеципол значи се се направило турбо, само ме буни зошто не би дигнале помпа, кога претходно дигаа невидена помпа и за ништо.


Споена и функционална целосно од кружниот тек кај бензинската на Окта кај АС до излезот накај Струга т.е.магистралата М-5/Е-65.Тој дел кај Окта во право си го средија за недела дена можда ептен некако брзо (значи се можело ,АКО се сакало).Малку средување на островот меѓу лентите не ќе е лошо и нормално тие искршените шахти.Инаку,другото е ок.А и мене ми е чудно шо не кренаа никаква галама
Не сум моментално дома,се надевам ќе удрам некоја слика ко ќе се вратам.


Posted By: Тркало
Date Posted: 18-Jan-2011 at 04:18
Originally posted by lslcrew

Трасата е прилично очигледна.

Луѓе,морам да ви се извинам за кревањето галама за ништо.Ај да објаснам.Значи,само делот на ул.Железничка(со жолто)е во употреба,а тој дел со испрекинати линии е скоро исто останат,одвреме-навреме ќе се појават некои екипи демек нешто работеле и за 2-3 дена си одат.Јас се збунив мислејќи на бензинската станица ОКТА кај Автобуската(зато шо при крај на реконструкцијата одново се чепкаше асфалтот,најверојатно нешто згрешија после првото асфалтирање),а вие сте мислеле на БС Билјанини Извори на Макпетрол и дури од ко ги видов координатите ми светна каква беља изведов.
Инаку,трасата со бело не е низ оранжерииве,него на улицата погоре Ристо Чадо(таму нешто е тампонирано и ставени се граничници одамна) и под населбата Гоце Делчев(Бараки);зато шо зад Медицински Центар веќе се изградени згради.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Jan-2011 at 16:52
Originally posted by Тркало

Инаку,трасата со бело не е низ оранжерииве,него на улицата погоре Ристо Чадо(таму нешто е тампонирано и ставени се граничници одамна) и под населбата Гоце Делчев(Бараки);зато шо зад Медицински Центар веќе се изградени згради.

Населбата Гоце Делчев е оваа?
41° 7'3.46"N  20°49'33.14"E

И јас претпоставував дека трасата ќе поминува вака како што опишуваш. Овде има барем 3 куќи за рушење:
41° 7'16.85"N  20°49'23.70"E
И на остатокот на трасата уште барем 1-2 куќи за рушење. Има абер од таа работа?




Posted By: Тркало
Date Posted: 18-Jan-2011 at 20:01
Originally posted by Cloverstack


Originally posted by Тркало

Инаку,трасата со бело не е низ оранжерииве,него на улицата погоре Ристо Чадо(таму нешто е тампонирано и ставени се граничници одамна) и под населбата Гоце Делчев(Бараки);зато шо зад Медицински Центар веќе се изградени згради.
Населбата Гоце Делчев е оваа?41° 7'3.46"N  20°49'33.14"EИ јас претпоставував дека трасата ќе поминува вака како што опишуваш. Овде има барем 3 куќи за рушење:41° 7'16.85"N  20°49'23.70"EИ на остатокот на трасата уште барем 1-2 куќи за рушење. Има абер од таа работа?


Да ,таа е Гоце Делчев,а куќите за рушење можеа порано да ги турнат,знам дека 80 % од куќите во тој ред се дивоградби ,освен ако тие се исклучок.
Додуша поверојатно ми е дека газдите на тие куќи се инаетеле за некоја милионска сума шо би сакале да ја добијат,а реално гледано нема шанси за таква работа.
Како е тргнато,реално,мислам дека дооолго време ќе се градит тој дел,по мене најрано в лето (познатата стара навика кај нас) или околу следните избори.
Сепак,се надевам како оптимист по природа да го средат тој дел и да имаме втора опција во летно време освен Туристичка.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Feb-2011 at 18:20
Охрид го доби својот втор булевар
Со пригодна свеченост, во присуство на министри од владата, охридските пратеници и голем број граѓани, премиерот Никола Груески ја пушти во употреба обиколницата " Железничка".





Охрид го доби својот втор булевар, доби своја обиколница, а граѓаните добија модерен  пат според сите европски стандарди. По неговата должина се изведени четири развојни станици и решение за мост. Изградбата на булеварот " Железничка" е еден од најголемите капитални проекти на владата, во кој се инвестирани 2, 5 милиони евра. Имаше доцнење во изведувањето на градежните работи поради одредени нерешени имотно- правни спорови, но сепак како влада направивме се за што поскоро да го завршиме овој проект, истакна премиерот Никола Груески.





Преку северната обиколница, чија должина е околу 2, 5 километри, е предвидено да транзитираат товарните возила и автобусите од меѓуградските линии, со што во голема мера ќе се растовари сообраќајот во Охридhttp://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=28343


Posted By: Goran
Date Posted: 17-Feb-2011 at 04:04
Zeleznicka ne poveke obikolnica taa e vo grad a da se gradi obikolnica treba da pocne od pred Leskoec i da izlezi kaj sv razmo i oklulu nejze da bide industiska zona ne znam zosto na Vladata ne i se prioritet patista i zeleznici tuku gradi plostadi vo skopje plostad e estetika a patista ja podubruvaat ekonmskata klima.
Treba zeleznicta da se modernizira niz cela Makedonija.
A pred se da se povrzi so Albanija i Bugarija zeleznicka pruga treba da ima od Kicevo pa Niz Ohrid Resen pa se do Bitola i krak kon Albanija
Zeleznicata ke ovozmizi zemjodelski proizvodi od Resen Ohridsko i strusko da se tovarat na voz direkno otuka vo evropa ili na pristaniste vo Albanija.
Travaji za Ohrid se nepotrebni ni pak izvodlivi ke go grdat Gradot.
A Avto pat za Kaj SV Naum treba so isklucoci kon site naseleni mesta a stariot pat da bide samo za lokalen sobrkaj.
Na ohrid mu treba edna zicara ista ko na taa na vodno od Gradiste do gore na Galicica so nekolku stanici na koj mozi da ima Hoteli i restorani koi ke mozat da se koristat i vo zima za zimski turizam a i vo leto turistite mozat da uzuvaat vo cist vozduh i za kratko vreme da se simnat na plaza vo gradiste a isto mozi i da ima zicara do Otesevo paraleno da se razvivaat dvata regioni.
Kaj so ke vrvi avtopat nad gradiste treba da ima ogrmen parkig prostor kaj so ke bidi i stanica za zicarata sekoj sto saka da odi na plaza vo gradiste da parkira tuka i so zicara da se simnuva vo gradiste a ne so kola pristap so kola da imaat samo lugeto sto prestujuvaat tamu.
So gradejne na zimski tereni ke se razviva i zimski turizam planiski turizam sportski turizam ekipi koj bi doagale na visinski podgotovki
A na gradot mu treba dobar avtobuski gradski sobrkaj specialno na leto da ima avtobusi na sekoj 15 Min kon plazite do Gradiste i na sekoj sat do SV Naum ama ubaj udobni avtobosi so klima a ne krsoj.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 17-Feb-2011 at 10:13
Moze nekoj da mi dade koordinati kade se naogja bulevarot i obikolnicata?Smile


-------------


Posted By: alexgizh
Date Posted: 17-Feb-2011 at 15:02
Да, би било одлично доколку некој може да направи мапа.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: N23
Date Posted: 17-Feb-2011 at 16:06
Има некој фотки да видиме целосно како изгледа?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Feb-2011 at 20:35
Originally posted by my Macedonia

Moze nekoj da mi dade koordinati kade se naogja bulevarot i obikolnicata?Smile
Originally posted by alexgizh

Да, би било одлично доколку некој може да направи мапа.
Пред се да расчистиме со терминологијата. Се слагам со Горан дека булеварот железничка по никој основ не е обиколница, таа е градска тангента и заедно со булеварот Јордан Мијалков (кој требаше да биде готов, ама сеуште не ни почнал асално да се гради) ќе формираат еден внатрешен полупрстен во Охрид, слично како што се во Скопје булеварите именувани според југословенските републики.
Но Горан, јас за таква обиколница од Лескоец до Св. Еразмо досега немам слушнато. Единствено сум наишол на планови за изградба на вистинска автопатска обиколница која е прилично посеверно и се поврзува директно со К8. Така е зацртано во Просторниот план на Република Македонија.

Еве две орјентациони мапи (трасата на обиколницата и на булеварот Јордан Мијалков можеби малку отстапуваат)

На првава мапа е претставен полупрстенот. Со жолто е булеварот Железничка, а со црвено е неизградениот булевар Јордан Мијалков.





На вторава мапа со ЗЕЛЕНО е претставена идната обиколница заедно со новиот пократок сегмент помеѓу Требениште и Струга. Со ЦИЈАН е претставен внатрешниот полупрстен, а со ЦРВЕНО е претставена постојната главна патна мрежа.






Originally posted by N23

Има некој фотки да видиме целосно како изгледа?
Ајде Охриѓани  Poke


Posted By: Buliwyf
Date Posted: 17-Feb-2011 at 22:14
Јас можам да кажам дека булеварот е одлично изведен, и дека е еден од најубаво изведените во Р.М. Сум поминал неколку пати додека се финишираше изградбата и импресиите ми се позитивни, изгледа модерно и функционално и колку што забележав има двослоен асфалт.

-------------


Posted By: Goran
Date Posted: 18-Feb-2011 at 05:25
Clover
Za obikolnicata okolu Ohrid od pred Leskoec do Sv Razmo taa ne vo plan jas samo dadov primer za naednostavno resenie za sobrakaj a isto da se dislociraa industrijata.Ako se napravi taa obikolinca i pruga a pokraj nea da bidi industriska zona sto ke gi dislocira fabrikite Bratsvo Oteks Lihnida.Da im se ponudi zamjiste vo novata industriska zona.

Zosto sega fabrikite se vo centarot na gradot i ako ne rabotat ako eden den daj boze da prorabotat ohrid ke se gusi vo kamionski saobrakaj.A na toa mesto zaedno so kasarnata i rasadnikot da se napravi moderna urbanizirana naselba sto ke gi zadovoli potrebite na Ohrid za greadezna expanzija. A ke go ostavi delot posle biljani izvori do plazite za turisticka ekspanzija

Na taa strana treba avtopat najmaclce do gradiste a Galicica treba da se iskoristi za zimski turizam.


Posted By: Тркало
Date Posted: 28-Mar-2011 at 02:23
Железничка во правец накај Битола

1.Исклучување од Туристичка

2.

3.

4.

5.

6.

7.

8.

9.

10.

11.

12.

13.

14.Кружен тек со ул.15-ти корпус(лево накај Бт),ул.7-ми Ноември (десно накај АС) и ул.Ристо Чадо (право - кај шо би требало да е продолжение на обиколницата накај Билјанини)

15.Десно по 7-ми Ноември накај Автобуска

16.Пресек ул.Кленоец (од Автобуска) со Железничка

17.Во обратен правец накај Струга/Скопје


Posted By: Тркало
Date Posted: 28-Mar-2011 at 02:42
Моментална (старо-нова) состојба на ул.Ристо Чадо,планирана за дел од обиколницата од Железничка кон Билјанини Извори

1.

2.

3.

4.Продолжението на обиколницата е планирано по оваа улица,десно од Ристо Чадо

И две зимски од Туристичка




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Mar-2011 at 15:33
Applause

Сега имам добра претстава каква е ситуацијата со трансферзалата на терен.

Тркало, те молам само за потврда, локацијата на сликата од подолу е кај овие координати?

41° 7'18.45"N  20°49'21.10"E

Всушност кога е изградено ова? Свежо е, или којзнае од кога чека пробивање на трансферзалата?




Posted By: Тркало
Date Posted: 28-Mar-2011 at 16:07
Да,ова е баш тој дел ,вака е едно 2-3 години

Уште една од Ристо Чадо од 'пешки' перспектива


Posted By: Тркало
Date Posted: 10-May-2011 at 23:10

http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=30933

Cе распаѓа калдрмата на „Илинденска“
    
Старата калдрма на една од најфрекфентните улици во стариот дел на Охрид, „Илинденска“, сериозно е оштетена. На одредени делови има големи вдлабнатини, а на места каменот е излезен од своите лежишта. Оваа улица кога била изградена не била предвидена за толкав интензитет на сообраќај, а тука неретко поминуваат и камиони кои разнесуваат стока по околните дуќани, но и градежни материјали до локациите за градба. Локалните жители се жалат дека состојбата на улицата е катастрофална и и’ треба итна поправка, посочувајќи дека тука секојдневно поминуваат голем број туристи и официјални делегации.






Posted By: Тркало
Date Posted: 15-Jun-2011 at 21:04
Се уредуваат приодите кон градот
    
Екипите на "Паркови и зеленило" деновиве започнаа со уредување на просторот околу сообрќајните клучки и главни влезови во градот.

Просторот околу овие сообраќајни решенија прво се расчистува, а потоа се уредува со поставување на декоративен чакал и засадување на садници.



© 2011 Ohridnews.com.

Баш ме заинтересира дали во програмава е планирано да го средат и зелениот остров меѓу асфалтот на патот за Св.Стефан


Posted By: N23
Date Posted: 17-Jun-2011 at 02:29
Сеа нешто ја разгледував нишкава целосно и како што гледам од септември 2010 официјално "пуштање" на обиколницата до денес нема никаков напредок а? И даље е само песок или фрлиле малце асфалт? Малце индијански вака се убацив али го разгледував целиот проект и е одлична ствар за цел охридски сообраќај и барем мало растеретување, али очигледно не е никаков приоритет, затоа што просто кажано, се работи за пат, тотално непотребна ствар за нас.


Posted By: vladegf
Date Posted: 17-Jun-2011 at 10:09
Koa sme vishe ovde i ja indijasnki da se ubacam i da kazam deka se rehabilitira kolovozot nakaj Pestani kaj kampot Eleshec, samo mislam deka treba da mrdnat deka sezonava pocnuva


Posted By: N23
Date Posted: 17-Jun-2011 at 12:23

Владегф, го рехабилитираат преку пополнување дупки, или целосно нов слој на асфалт?


Posted By: Batec
Date Posted: 17-Jun-2011 at 12:30
nema nitu eden parking vo Ohrid cudo za vo ginisova kniga


Posted By: vladegf
Date Posted: 17-Jun-2011 at 14:52
Originally posted by N23


Владегф, го рехабилитираат преку пополнување дупки, или целосно нов слој на асфалт?

Stavaat nov asfalt samo sto ne veruvam deka ke prodolzat bidejki sezonata veke e pocnata.


Posted By: MGS
Date Posted: 17-Jun-2011 at 15:21
Ако под почнување на сезона мислиш само на хартија,да почната е.Иначе сезоната вистинска во Охридов започнува од 15 јули до 10 август.Толку е.


Posted By: Тркало
Date Posted: 17-Jun-2011 at 16:41
Originally posted by vladegf


Originally posted by N23


Владегф, го рехабилитираат преку пополнување дупки, или целосно нов слој на асфалт?

Stavaat nov asfalt samo sto ne veruvam deka ke prodolzat bidejki sezonata veke e pocnata.


Не е страшно,кај нас е нормално во јули и август се да е раскопано

А за паркинг...денеска попукав,не можев да поминам по тротоари.Луѓево на лето сите се пикнале в кола и испопаркирале сегде.А на зима пешки одат


Posted By: MGS
Date Posted: 21-Jun-2011 at 20:02
денеска одев накај Св.Наум еве слики од новиот асвалт.некаде од кај лагадин до после елешец е асвалтирано копмплет ново,според мене добро изведено.

останува уште некои дупки пред Љубаништа да се пополнат и едно 50 м комплет нов асвалт пред Св.Наум и патниов правец ќе биде во солидна состојба.







Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jun-2011 at 22:10


Со хоризонтална сигнализација почнати ли се некаде?


Posted By: G.I. Joe
Date Posted: 21-Jun-2011 at 22:36
dobar e noviot asfalt no mora vo idnina da se prosiri patot do sv. Naum za uste 2 lenti


Posted By: MGS
Date Posted: 21-Jun-2011 at 22:44
Originally posted by Cloverstack

Со хоризонтална сигнализација почнати ли се некаде?

Сеуште не.


Posted By: N23
Date Posted: 22-Jun-2011 at 00:54
Иако ова браво е само за тоа што им текна и нов асфалт да стават, сепак уште еднаш се покажува дека притисокот од јавноста секогаш дава резултати. Вака е ок, не мора уште две ленти, само ќе треба у скоро време да се оствари замислениот пат од горе, па овој пат да остане само за локални потреби.


Posted By: MGS
Date Posted: 22-Jun-2011 at 10:16
Новиот пат од горе е зацртан во програмата на новата влада.Рокот за реализација е 2013-2018.Ако запнат доволно може да се изгради и за 2-3 г.Па Албанија изгради автопат со по 3 ленти во должина од 170 км за 4 г.


Posted By: gorco
Date Posted: 22-Jun-2011 at 12:34
Originally posted by MGS

Новиот пат од горе е зацртан во програмата на новата влада.Рокот за реализација е 2013-2018.Ако запнат доволно може да се изгради и за 2-3 г.Па Албанија изгради автопат со по 3 ленти во должина од 170 км за 4 г.


Не ме смеј молим те, ако запнале Е-75 не е довршен, 10 км се градат 3 години до Табавноце, Е-65 не е чепнат од Гостивар до Охрид, што е веќе постоечка траса, а да не збориме за траси кои не се започнати

-------------


Posted By: MGS
Date Posted: 22-Jun-2011 at 20:00
Да,да.Убаво реков АКО запнат.


Posted By: Goran
Date Posted: 27-Jun-2011 at 08:29
Ohrid kako i site drugi gradovi strada za parking prostor.
So vrkajneto na Ohridskata kasarna pod lokalna samouprava se otvora prilika toa da se resi problemot
Kako predlog
Pazarot da se dislocira do Avtobuska.
Policija ,Pozarna ,Sudot, Opstiskata Zgrada da se dislociraat vo kasarnata i site adminstrativni zgradi.
 
Na mestoto od Pazarot da se gradi Katna Garaza proprateno so trgovski deloven i stamben prosotor .
Na Mestoto od sudot da se izgradi katna garza i stanovi na mestoto od opsinita katna garaza so stanovi.Na toj nacin ke se rastereti centarot od admistracija a i ke ima dovolno parking prostor.Malaricna da se dislocira vo Bolnicata. Na mestoto od Policija Pozarna staben Kompleks .Na Mesto od Malaricna da se iskorisit za obrazovanie . 
 


Posted By: Tuvok
Date Posted: 27-Jun-2011 at 18:03
^
Некои предлози се ОК ама некои не.
Како прво пазарот да се дислоцира дури кај автобуската е далеку бидејќи тој е за цел Охрид а автобуската би можело да се каже дека е на перифиерија.
Маларична можеби треба да се дислоцира но сепак доколку се дислоцира кај болницата се губи поентата на амбулантата, сепак туристичко место како Охирд би требало да има некакв амбуланта во поширокото централно подрачје.
Како прво решени за катна гаража а кое не повлекува никакво дислоцирање е тоа катна гаража да се направи кај полигонот/игралиштето бидејќи е блиску до центарот и е поврзан со две едносмерни улици што е исто така добро во однос на притапност на гаражата.


Posted By: Goran
Date Posted: 28-Jun-2011 at 02:55
Originally posted by Tuvok

^
Некои предлози се ОК ама некои не.
Како прво пазарот да се дислоцира дури кај автобуската е далеку бидејќи тој е за цел Охрид а автобуската би можело да се каже дека е на перифиерија.
Маларична можеби треба да се дислоцира но сепак доколку се дислоцира кај болницата се губи поентата на амбулантата, сепак туристичко место како Охирд би требало да има некакв амбуланта во поширокото централно подрачје.
Како прво решени за катна гаража а кое не повлекува никакво дислоцирање е тоа катна гаража да се направи кај полигонот/игралиштето бидејќи е блиску до центарот и е поврзан со две едносмерни улици што е исто така добро во однос на притапност на гаражата.
Poligonot e edna opcija sto moze da se iskoristi ama ne zboram pravejne na ogromni grdi katni garazi nego pomali ama na poveke mesta okolu strog centar ako napravis samo edna stvras problem tesno grlo so toa site ke baraat parking na edno mesto.
 
Po moe pazarot e na loso mesto nema parking a isto stvara metez vo sobrkajot da ne zborime za mirizbata vo strog centar kaj avtobuska si e super a vo isto ke go zazivee ekonomski i toj del od Ohrid. Gradejne na katna Garaza propraten so trgovski prostor kade sto ke ima golem supermarket i urbanizirani piliari mesarnici prodavnici za na malo a na pogornite delovi deloven prostor za kancelarii ili privatni stanovi.
Pazarot do avtobuska e super ima dobar pristap Avtobuskata ke zazivee ke se urbanizira a koga gradis nesto ke bidi moderno so site uslovi za dotur na roba sobirajne na smet parking plus luge ko pocnat da go koristat poveke javniot transport.
A poentata so adminastracijata e sto ke go povleci toj sobrakaj od centar ke gi rastereti ulicite.
A kasrnata ke bidi admistrativen park site institucie ke bidat edna do edna i isto go zazivuva toj del od gradot ekonomski a vo isto vreme se stvara parking prostor okolu strog centar.
So malaricna razlikta e samo 5 km a ke bide vo krug od bolnicita i ke raboti vo posebna zgrada kako posebna instuticija isto ako ti treba snimki ili nesto itno si blisku do bolnica ke go namali maltretirajneto na pacientite isto so ova se rasteretuva sobrkajot oklu malaricna.
Policja i Pozarna ke i bidi super vo kasarnata.
Isto se zbori za Falkutetot za turizam da se dislocira vo kasarnata jas ja podrzuvam taja ideja no i da se priklucil i ugostitelsko uciliste.
Toa mesto mozi da donesi vrabotuvajne na stotina ohrigani ako se izgradi hotel sto e na super mesto.
A za ova da napravis konkurs ke se najdat investitori so toa sto ke izgradat sve i novite zgradi za admistacijata dislokacijata na pazarot bidejki osolbuduvas atraktivno gradezno zemjiste vo strog centar.Opstinata sudot ke dobijat novi fukcionalni zgradi a nema da ja narusi nivnata rabota .So opstinata ne treba da vlozi nisto privaten kapital ke i go resi problemot. I ke ikasira danoci.
Policja i Pozarna ke i bidi super vo kasarnata.I ke imaat novi i fukcinalni zgradi za adminstacijata.A vo isto  vreme nema da se narusi nivnata rabota voopsto.
Isto Kasarnata e golema parcela mozat da se izdradat stambeni objekti i mal trgovski objekt da postane vistinska urbaniziran naselba so parkovi i sodrzini.
A za vreme na konstrukcija ke se otvotrat sigurno poveke od nekolku iljada rabotni mesta a so samata dislokacija ke se otvorat novi rabotni mesta vo pridruzni granki a vo isoto vreme zazivuva toj del na gradot ke se moderniziraat ulicite.
A isto se trgnuva pritisokot za navi stabeni objekti sto poveke sakaat da se gradat kon plazite toa da ostane samo za ugostitelstvo.
Site ovie pari ke pominat niz ekonomijata od Ohrid gradot ke zazivee ova kako proekt moze da bide Ohrid 2016 .
A Opstinata so pomos na vladata moze da pocne so gradejneto na Ohridskiot sportski kompleks.
 


Posted By: Тркало
Date Posted: 30-Jun-2011 at 18:11
Originally posted by Tuvok

^
Некои предлози се ОК ама некои не.
Како прво пазарот да се дислоцира дури кај автобуската е далеку бидејќи тој е за цел Охрид а автобуската би можело да се каже дека е на перифиерија.
Маларична можеби треба да се дислоцира но сепак доколку се дислоцира кај болницата се губи поентата на амбулантата, сепак туристичко место како Охирд би требало да има некакв амбуланта во поширокото централно подрачје.
Како прво решени за катна гаража а кое не повлекува никакво дислоцирање е тоакатна гаража да се направи кај полигонот/игралиштето бидејќи е блиску до центарот и е поврзан со две едносмерни улици што е исто така добро во однос на притапност на гаражата.

Воопшто не е далеку да е пазарот кај Автобуската,баш е таму поотворен простор,поблиску е до селските населби и на продавачите оттаму ќе им е полесно за пристап.
Исто така и гужвата од камиони би се решила (нема да се в центар),а во секој случај да бидат паркирани во подземен климатизиран паркинг под пазарот,за да не се осеќат миризба на скапан зеленчук во околината.

А за полигонот за спортови добра ти е идејава,ама да се изградат и тој паркинг и кај сегашниов пазар,за поголемо намалување на гужвата.
Моменталнава состојба на Градскиот пазар во Охрид е со најмек збор кажано катастрофа.На негово место катна гаража (2-3 спрата и еден подземен),горе со деловни објекти,канцеларии или целосен мол.

Да би имал некоја моќ во општина сега би забранил градба на станбени згради (мораториум 5 години) и укинување на сите давачки за комуналии на општината за градба на паркинзи,со давање на концесија на инвеститорите,па макар и сите паркинг места во градот да бидат со наплаќање.


Posted By: Тркало
Date Posted: 05-Jul-2011 at 15:16
Originally posted by Тркало

Originally posted by vladegf


Originally posted by N23


Владегф, го рехабилитираат преку пополнување дупки, или целосно нов слој на асфалт?

Stavaat nov asfalt samo sto ne veruvam deka ke prodolzat bidejki sezonata veke e pocnata.


Не е страшно,кај нас е нормално во јули и август се да е раскопано


Само да потврдиме (се крпат само од влезот на магистралниот пат од Кичево до пред хотел Монтенегрин,а од Гимназија до Билјанини е раскопано уште):
Фото: Се крпат ударните дупки на „Туристичка“
    
На булеварот „Туристичка“ во тек е крпење на ударните дупки. Работите ги изведува „Македонија пат“, а се очекува тие да завршат деновиве. Дел од оштетениот коловоз веќе e саниран, а на одредени места сеуште има отворени дупки поради што им се препорачува на возачите внимателно возење.


© 2011 Ohridnews.com


Posted By: kultuzin
Date Posted: 05-Jul-2011 at 15:34
Во Хрватска има закон во туристичките места се забранети градежните активности од Мај до Септември ( не ме фаќајте за збор за месеците ). Е сега ако се има во предвид дека скоро цела држава им се занимава со високо фреквентен туризам, знаеме што значи сето тоа пред се од организаторски аспект. А ние еден вистински туристички центар имаме и во него сред сезона, секоја година градилишта.


Posted By: Тркало
Date Posted: 09-Jul-2011 at 14:10
Се коси тревата на патот за плажите, дупките на „Туристичка“ ќе почекаат
    
Неколку ударни дупки на булеварот „Туристичка“ во непосредна близина на бензинаката пумпа „Билјанини извори“, сеуште не се санирани. Тие стојат отворени, а пред нив се поставени сообраќанји знаци кои предупредуваат на опасноста.
Санацијата на оштетените делови од коловозот на најфрекфентната градска сообраќајница ја врши „Македонија пат“ - работна единица Охрид, чии екипи денеска беа ангажирани на средување на зелениот појас помеѓу коловозните ленти на регионалниот пат Охрид - Св. Наум. Се коси високата трева која ја намалува прегледноста на патот и го нагрдува просторот, каде деновиве ќе поминат претседателите на земјите од регионот кои ќе учествуваат на работниот состанок што го организира македонскиот претседастел Ѓорѓе Иванов.


Ај угостителиве шо живеат на друга планета,ама стандард секоја година некој талент нешто 'реновират'.Ко да немаше услови во април,мај да средат...



Posted By: N23
Date Posted: 09-Jul-2011 at 14:30

Во Април Мај да средеа ќе попукаа дупките до сеа пак и тревата пак ќе никнеше. Али редно беше да се искоси џунглава, ако не се лажам и лани беше висока. Кај нас така е тоа, се средува ако поминува некој "големец" а ние обичниве смртници не мора да уживаме во убава глетка. Затоа Охрид се повеќе домашни туристи го избегнуваат.


Posted By: Тркало
Date Posted: 09-Jul-2011 at 14:52
Фала му на Прецедникот за состанокот,инаку ќе останеше така.Мислам дека од Самитот на НАТО во 2008 не е искосено!
А на Туристичка ќе возиме слалом.


Posted By: axel
Date Posted: 26-Jul-2011 at 15:07
http://daily.mk/cluster3/19b0cdf91ca214a1d99e4210a3d46c77/838224
Уличката кај старата автобуска станица што ги спојува улиците „Димитар Влахов“ и „Партизанска“ и која со години беше затворена за сообраќај, ќе биде пуштена во употреба.





Деновиве асфалтиран е преостанатиот дел од кусата уличка, поставени се банкини и сообраќајни знаци, а во текот на денешниот ден ќе биде извршено обележување на коловозот.







Уличката ќе биде еднонасочна во правец од „Димитар Влахов“ кон улицата „Партизанска“. Со нејзино пуштање во употреба според одговорните во локалната самоуправа ќе се растовари сообраќајот во центарот на Охрид.




Posted By: Тркало
Date Posted: 19-Sep-2011 at 21:40
Туристичка од страната од кај главната зграда на Охридска Банка.Асфалтиран е тротоарот од таму до пресекот со улицата Стив Наумов.


Posted By: MGS
Date Posted: 20-Sep-2011 at 20:42
Асвалтирано е од Охридска банка па се до кај Пентекс раскрсницата.Со огледа на тоа како беше порано(посебно кај Охридска Банка)и ова е нешто.Сепак многу поубаво ќе беше ако беше поплочено како со тие плочките на сликата долу.


Posted By: axel
Date Posted: 22-Sep-2011 at 15:33
Идеен проект на делница од магистрален пат Косел–Охрид–Св.Наум kosel-ohrid-resen-thumb.jpgИзборот за изработка на дипломска работа од областа на проектирање патишта и патни јазли, ја донесов од една едноставна причина - запозна- вање со процесот на проектирање и изработка на проект кој ќе претста- вува оптимално техничко, економ- ско, сообраќајно и просторно решение со сите негови содржини. Одлуката ја донесов во консултација со мојот ментор проф. д-р Радојка Дончева, редовен професор на Ка- тедрата за патишта при Градежниот факултет во Скопје.

Целта на оваа дипломска работа беше да се изра- боти идејно решение, кое ќе опфати повеќе сегменти од проектирањето, односно да се проектира делница од магистрален пат во должина од пет километри и соодветен патен јазол на неа. Проектот е изработен со помош на софтверскиот пакет CGS Plateia, кој од 2009 година е интег- риран во наставната програма за по- требите на катедрите за патишта и железници. Би сакал да истакнам дека инсталацијата на ваков софт- верски пакет, земајќи го предвид моето искуство при изготување на дипломската работа, е од големо значење за студентите, и можност школувањето да го завршат како подготвен и стручен кадар.

 

ПРОЕКТНИ ЦЕЛИ

Содржински, дипломската работа опфаќа: проектна задача, технички извештај, геолошки подлоги и карак- теристики, проектни елементи, си- туационо решение, надолжен про- фил, типски напречни профили и де- тали и карактеристични напречни профили.

 

Проектната задача е дефинирана од потребите кои произлегуваат во фазата Идеен проект и во истата се бара:

1) проектирање на делница од ма- гистрален пат Косел-Охрид- Св.Наум од км 26+024.46 до км 31+141.70 и

2) проектирање на патен јазол на крстосување на магистрален пат Косел-Охрид-Св.Наум и по- стојниот регионален пат Р504, кој води кон населено место Трпејца и новопроектиран Царински тер- минал.

 

Како основа за изработка на пред- метната проектна документација се користени сите расположливи ин- формации и подлоги, неопходни за процесот на проектирање. Кори- стена е соодветна важечка техничка и законска регулатива, односно по- стапувано е по Правилникот за тех- нички нормативи, Закон за патишта, Закон за безбедност во сообраќајот, итн. Користени се климатско-хидро- лошки подлоги, кои се репрезент на хидро-метереолошките промени и состојби во разгледуваниот регион. kosel-ohrid-resen.jpgВаквите подлоги се особено важни за патната инфраструктура, бидејќи ја дефинираат средината во која се градат патиштата и во која се одвива сообраќајот, и истите имаат влијание како при изградбата така и во текот на екплоатација на патната инфраструктура. Начелните созна- нија за оцената на инженерско-геолошките и геотехничките карактери- стики на теренот долж трасата се добиени од извештај од инженер- ско-геолошката проспекција на те- ренот изработена во рамките на предпроект. Резултатите документи- рани во овој извештај се користени за водење на трасата со нејзино при- способување кон дефинираните сре- дини, за дефинирање на попречните профили, за димензионирање на ко- ловозната конструкција, итн. Исто така, дефинирањето на сообра- ќајните основи е од примарна важ- ност за изработка на идејниот проект, бидејќи истите претставу- ваат причина и потреба за неговата изработка, односно густината на со- обраќајот во планскиот период е ос- нова за одредување на рангот и класата на патот, а класата на патот и топографските карактеристики и ограничувања се двата влезни пара- метри за дефинирање на проектните услови и параметри. За изработка и презентација на техничките реше- нија се користени различни топо- графски подлоги во зависност од видот и содржината на графичките прилози. За дефинирање и презента- ција на хоризонталните решенија се користени ситуации оформени од расположливи геодетски планови М=1:2500 (скенирани и дигитализи- рани), дополнителни геодетски сни- мања со што е добиена една целина, односно тродимензионална геодет- ска ситуација приспособена за елек- тронска обработка.

 

По прибирањето на овие не- опходни подлоги и информации е пристапено кон дефинирање на тех- ничките карактеристики на предло- жената траса. Врз основа на утврде- ните појдовни критериуми (категорија на терен и сообраќајна категоризација), се дефинирани ос- новните гранични елементи на тра- сата, односно граничните елементи во план и профил.

 

СПЕЦИФИЧНОСТИ

За генерално дефинирање на на- пречните профили на трасата се из- работени нормални напречни профили во М=1:50 како типски ре- шенија со кои се опфатени сите за- стапени облици на трасата, групирани во зависност од гранич- ните елементи во план и профил. Разработени се разни облици на тип- ските решенија, кои се застапени (насип, ископ, засек) во правец и кривина со разни специфичности во однос на коловозната конструкција. Во тој контекст, соодветно се дефи- нирани облиците за оформување, осигурување и заштита на трупот од патот (степенасти засеци под наси- пите во стрмните падини, берми во ископ и насип и други). kosel-ohrid-resen-2.jpgСпецифич- ните детали од нормалните на- пречни профили се приложени во зголемен размер М=1:10 и М=1:20, како конструктивни решенија за гор- ниот и долниот строј, со детали на посебните елементи и инсталации за одводнување на коловозните по- вршини и трупот на патот (канавки, риголи, дренажи, каналети и слично.)

 

Како појдовна точка за дефини- рање на хоризонталното решение (ситуационен план) на трасата се користени севкупните претходно опи- шани основи и подлоги. Конструира- њето на хоризонталниот ток на трасата и нејзиното микроприспосо- бување кон актуелните просторни услови и можности, всушност пре- тставува компромис помеѓу тех- ничко-економските, просторните, функционалните, естетските и други карактеристики на трасата од една, и актуелните фактори на ограничу- вања што ги нуди теренот во кој се трасира од друга страна. Во консул- тација со менторот е извршено пре- испитување на алтернативните решенија, и хоризонталниот ток на трасата е остварен со примена на гранични вредности во многу сло- жени теренски услови заради макси- мално приспособување кон теренот и сведување на вештачките објекти на минимум. kosel-ohrid-resen-3.jpgЕдно од решенијата е формирано со цел да се користи дел од постојниот пат, со што се врши подредување на магистралниот пат, па така е предложено ново решение каде нивелетата ќе минува преку по- поволни места, од падината па сè до седлото што е избрано за најпо- годно место за лоцирање на трасата од магистралниот пат. На постојниот пат Р501 е извршена девијација и нов локален приклучок на Р504 со натпатник (L=25m) над новиот ма- гистрален пат кој е искористен и приспособен за формирање на де- нивелирана крстосница (патен јазол) во облик ТИП-Ромб. Патниот јазол во облик на несиметричен ромб е со- ставен од четири директни рампи кои формираат две површински крстосници.

 

Нивелационото решение (надол- жен профил) на трасата е директно зависно од карактеристиките на те- ренот во кој е положена трасата, де- финирана со хоризонталното решение. Повлечени се правци на начин со кој се минимизираат наси- пите и ископите и се применуваат гранични дозволените елементи. Конструирани се соодветни верти- кални кривини и се поставени објек- тите што се јавуваат долж трасата. Витоперењето на коловозот е из- вршено околу осовината на патот и согласно критериумите за предвиде- ната проектна брзина. Посебно вни- мание е посветено на вклопување на нивелетите по рабовите на главниот коловоз со нивелетите на рампите во патниот јазол, во кои нивелета е во- дена по десниот раб во правец на сообраќајните движења. Меѓусебните вкрстувања на рампите во патниот јазол се обележани на посебен начин со знаменце и наслов на вкрстосува- њето.

 

Предмерот на основните позиции пресметан е со планиметрирање на ка- рактеристичните напречни профили, изработени согласно граничните еле- менти дефинирани во нормалните на- пречни профили во М=1:100, и во континуитет долж трасата. Останатите позиции од предмерот се преземени од збирните вредности во табелите или дополнително се пресметани, врз ос- нова на линиските вредности од оста- натите графички прилози. Предмерот на патниот јазол е оформен врз основа на искуствени податоци, и за него е зе- мена ориентациона цена.

 

Како заклучок, би сакал да истакнам дека изработката на оваа дипломска работа за мене лично е големо иску- ство, кое ми помогна во определбата за мојот понатамошен ангажман како градежен инженер. Перспективно гле- дано, градежништвото е во подем, а со самото тоа титулата градежен инженер е актуелна, модерна и привлечна за ге- нерациите што доаѓаат.

 

Никола Тасевски, дипл.град.инг.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=3132&Itemid=122


Posted By: Тркало
Date Posted: 17-Nov-2011 at 11:46
http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=36179 - Локалниве и централниве пак почнаа да си ја подаваат топката

Источната трансферзала сеуште чека некој да ја асфалтира
    
И по изминати три години, градежните работи на источната трансферзала која се протега од бензинската пумпа "Билјанини извори" до улицата "Баталјон Мирче Ацев", не се завршени. Градежните зафати кои свечено ги започна локалната самоуправа, по извесно време беа запрени.


Од локалната самоуправа објаснуваат дека намерата на општината, како и во случајот со булеварот "Железничка", била конечно да се иницира и започне изградбата на трансферзалата, која е во надлежност на централната власт, односно под Агенцијата за државни патиша.

- Од наша страна беше извршено пробивање на улицата, а потоа беше направено и тампонирање. Намерата ни беше да учествуваме во изградбата на оваа улица, а притоа да ја поттикнеме централната власт да ја заврши изградбата, затоа што станува збор за улица која е под надлежност на Агенцијата за државни патишта, објаснуваат од локалната самоуправа.


Од Агенцијата за државни патишта пак тврдат дека источната трансферзала воопшто не спаѓа во надлежност на агенцијата.

- Изведувањето на градежните работи на оваа улица не е во наша надлежност, туку на локалната самоуправа. Поради тоа, нејзината изградба воопшто не е предвидена со годишните програми за 2011 и 2012 година, изјави портпаролот на агенцијата, Катерина Паноска.

Градежните работи на источната трансферзала започнаа во септември 2008 година. Од Локалната самоуправа тогаш беше потенцирано дека со нејзината изградба во голема мера ќе дојде до растеретување на сообраќајот во Охрид, особено во летната сезона. Во меѓувреме улицата дури доби и име, откако Советот на иницијатива на ВМРО НП изгласа одлука таа да го носи името на поранешниот Министер за внатрешни работи Јордан Мијалков. Се чека само афалтот.
OhridNews


17.11.2011 08:00 Прочитана е : 585 пати

© 2011 Ohridnews.com


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Nov-2011 at 13:04
источната трансферзала која се протега од бензинската пумпа "Билјанини извори" до улицата "Баталјон Мирче Ацев"

Баталјон Мирче Ацев ?!?
Гледам на гугл мапс и ова никако не ми е јасно...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Nov-2011 at 14:57
Ова е редовна причина за заврзлами меѓу локални и цнетрални власти. Никогаш не било јасно, или било јасно, ама сите се прават наудрени, кога една улица градска излага од градот и продолжува како регионален или магистрален пат во чија надлежност и од каде е надлежноста. Под тој аргумнет за Првомајска лани се одобрува средства за гребење на асфалтот во еден дел пред Драчево зашто е регионален пат за Козјак. Прилично е јасно до каде се границите, до каде што опфаќа ГУП-от на градот, секоа различно толкување само создава непотребни ситуации.

Оваа Охридска обиколница стана легендарнаколку и Скопската.


Posted By: Тркало
Date Posted: 17-Nov-2011 at 21:05
Originally posted by Cloverstack

источната трансферзала која се протега од бензинската пумпа "Билјанини извори" до улицата "Баталјон Мирче Ацев"
Баталјон Мирче Ацев ?!?Гледам на гугл мапс и ова никако не ми е јасно...


Новинари


Posted By: tomi_z
Date Posted: 21-Nov-2011 at 13:17
Ма ова не е никаква обиколница... овој дел ни квази-обиколница не може да се нарече. После овие 700м од бензинската на макпетрол, поминува низ густо населен дел, со многу сообраќај, пешаци на коловоз (бидејќи нема тротори), дури и лежечки полицајци има на неколку места.
После околу 3 км се врзува на новиот дел, каде веќе е ок, 2х2 сообраќајница, која директно се вклучува на М-4 (патот Охрид-Скопје).

Поминав пред неколку дена, па еве до каде е работата во моментов (до нигде).



Десно нагоре е патот за с. Велестово.





-------------


Posted By: Тркало
Date Posted: 04-Feb-2012 at 15:12
Железничка




7-ми Ноември

Туристичка

Состојбата на улиците низ град е добра, 24/7 возат возила на Комуналец


Posted By: Тркало
Date Posted: 23-Feb-2012 at 16:51
http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=39234 - Започна хортикултурното уредување на Железничка и новиот парк
    
Деновиве, по налог на општина Охрид започна реализацијата на првата фаза од хортикултурното уредување на булеварот „Железничка" , како и новиот парк кој ќе биде лоциран на пешачката патека која води до поранешен хотел „Парк".

Во првавата фаза од активностите, на булеварот „Железничка“, жардинерите се полнат со плодна земја, по што ќе следи и засадување на украсните садници и сезонско цвеќе.


Во рамки на првата фаза од активностите за уредување на новиот парк, на просторот наменет за негова изградба се нанесува слој плодна земја, по што ќе следи и доуредување со поставување на инфраструктурни елементи, систем за наводнување, реквизити и хортикултурно уредување на просторот.


23.02.2012 15:58                             Прочитана е : 255 пати
© 2012 Ohridnews.com


Posted By: Тркало
Date Posted: 30-Mar-2012 at 17:14
После релативно чистите улици во зимскиот период и обидот за средување на островот по должината на Железничка (моментално стопиран, не знам зошто, а и дел од шахтите се пак украдени), локалната самоуправа се врати на бисерите.
Сега - http://www.tvm.mk/vesti-mobil/ohrid/12644-velosiped-pateka-akrobati?fb_comment_id=fbc_10150702209469501_21708065_10150702261829501#f1b8e930d8 - велосипедските патеки низ градот

ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА ЗА АКРОБАТИ!
НАПИШАНО ОД МИШЕЛ НАУМОСКИ НА 30 МАРТ 2012. ОБЈАВЕНО ВО ОХРИД

Имало ден и за велосипедистите. Некој се сети и на нив, па долж „Туристичка“ им нацрта две релативно симетрични жолти ленти. Па сега слободно може да возите меѓу нив и гајле да си немате. Изгор жолтата боја како оса ги боди во очи оние со автомобилите, па од километар можат да ве видат. Безбедни сте, верувајте. Ако досега велосипедистите се вклопуваа во сообраќајниот пејсаж, од сега и со мижење ќе може да се забележат. Секако ако се движите помеѓу жолтите лентички. Да не излезе дека Ве лажам, еве ќе Ви бидам личен водич низ маестралната велосипедска патека, па да се уверите во нејзината полезност.
Нашата одисеја започна токму од пресекот на Туристичка со Абас Емин. Не за друго туку затоа што ни беше најблиску.

Се обидов да возам но стигнав до сообраќајниот знак, со рачките од велосипедот се удрив во столбовите. Камо да си имав минијатурен велосипед па да можев да поминам. Јас сум виновен, денес сум го зел велосипедот за возрасни. Упорен си сум јас, не дозволувам оној сообраќаен знак да ми ја уништи желбата за возење велосипед. Си продолжив понатака. Стигнав до друг сообраќаен знак, на него пишува: „ САМО ЗА ПАТНИЧКИ ВОЗИЛА“. Се прашувам какво возило е мојот велосипед?

Ја заборавам мистеријата со знакот и си префрлам пешачки кај Охридска банка-ама си го туркам велосипедот, бидејќи сега сум на пешачки, а не на велосипедски премин. Кога пред мене уште еден подвожњак. Застанувам пред знакот и се замислувам. Се прашувам дали мора да се задржам помеѓу жолтите ленти?

За да не излезе дека заземаме страна, отидов и од другата. Си тргнав убаво, веќе никакви пречки не излегуваа пред мене. Се додека не стигнав до слалом-делницата каде морав да го избегнам големиот билборд од десно, а притоа да не се удрам во контејнерот од лево. За среќа, ми успеа! Продолжувам понатаму и гледам бришан простор пред мене. Овде нагазив на педалата, ветерот ми поминуваше низ косата и си помислив: Е ова е живот, камо некој порано да ја нацрташе патекава.

Долга улица е „Туристичка“, долга и за автомобили, а камо ли за велосипеди. Се прашувам колку бевме безбедни досега и не наоѓам одговор, но сега знам дека некој конечно се погрижи и за тоа. Безразлика дали ќе дриблате меѓу контејнери, заобиколувате билборди или возите под сообраќајни знаци, факт е дека Охриѓани ја добија велосипедската патека која од секогаш ја заслужуваа. Само да се надеваме дека ќе сме послушни и дека ќе ја користиме кога возиме велосипед, наместо да се жалиме дека другите се неодговорни возачи.



^ ^ ^ ^ ^
слики од ТВМ - Охрид




^ ^ ^ ^ ^
слики од ohridnews.com
И од demotivacija.mk


Posted By: MGS
Date Posted: 30-Mar-2012 at 17:18
Видов вчера.Катастрофа.


Posted By: Тркало
Date Posted: 01-Apr-2012 at 03:35
Кај Лукоил до автобуската станица



Posted By: macedonia
Date Posted: 01-Apr-2012 at 05:58
Is this real ???


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 01-Apr-2012 at 10:40
Eeek3Doh


Posted By: Граѓанин
Date Posted: 01-Apr-2012 at 11:55
Родољубие Yes


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 01-Apr-2012 at 12:36
Мене ми личи на многу добра монтажа (споредете ја дебелината на буквите и проекцијата во однос на површината во споредба со другите ознаки за држави).....први април е


Posted By: Тркало
Date Posted: 01-Apr-2012 at 13:25
И јас мислев дека е нешто врзано со 1 Април, ама постирано е во петокот на http://forum.kajgana.com/threads/%D0%9E%D1%85%D1%80%D0%B8%D0%B4.62/page-161#post-4874276 - 30 Март , а знакот е ставен порано.Во петокот веќе бил префарбан


Posted By: bobanmak
Date Posted: 02-Apr-2012 at 00:11
Незнам зошто Лерин, Воден и Солун се со МК знак до нив.

-------------
Издржи!



Print Page | Close Window