Print Page | Close Window

Вевчани

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Фото/Видео
Forum Discription:
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=686
Printed Date: 16-Jun-2025 at 21:58


Topic: Вевчани
Posted By: Cloverstack
Subject: Вевчани
Date Posted: 24-Jul-2009 at 19:26
1


2
До број 10 се фотки од „средсело“, иако Вевчани по многу основи не е село во вистинска смисла на зборот


3
Општинската зграда


4


5


6


7
Училиште


8


9
Некакви археолошки ископини


10




Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Jul-2009 at 19:31
11
На прекрасната чиста рекичка се наидува на секој чекор


12
Природата наоколу исто така остава без здив


13
Стари куќи...


14


15


16


17


18


19


20



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Jul-2009 at 19:33
21


22


23


24


25


26


27


28


29
Поглед кон Охрид, езерото и оридско поле



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Jul-2009 at 19:42
31
Црквата Свети Никола која е изградена на стрмен рид кој доминира над централниот дел на селото


32
Под ридот тече реката


33


34


35


36


37


38


39


40


41
Мала црквичка Света Недела, во близина на Вевчанските Извори


42


43
Црквата е изградена врз едно од поточињата


44
Црквичка на влезот во Вевчани, за жал не памтам како се вика


45




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Jul-2009 at 20:07
И конечно Вевчанските Извори!    Cheers

Прекрасна чиста и ладна вода во исто толку прекрасно опкружување... Се работи за еден главен извор сместен во пештера и повеќе помали. Во близина на изворите има повеќе поточиња и ракави, а каде се спојуваат сите не успеав да забележам, веројатно во самото село или подолу...

Според Википедија, издашноста на изворите во влажниот период од годината изнесува 1500 литри во секунда!

Нема да коментирам, сликите доволно зборуваат

51


52


53


54


55


56


57


58


59


60





Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Jul-2009 at 20:09
61


62


63


64


65


66


67


68


69


70



Posted By: MKballer
Date Posted: 24-Jul-2009 at 20:41
Applause


-------------


Posted By: La Linea
Date Posted: 25-Jul-2009 at 15:13
ЛЕЛЕ БРАВО за сликиве Кловер, не знаеш колку сум сакал да најдам слики од Вевчани! Сум бил еднаш таму и немав апарат за да ги сликам изворите. Ама ниедна слика не ја доловува таа убавина, мора да се види тоа место за да се доживее како што треба Cheers


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: YuGa
Date Posted: 11-Nov-2009 at 08:39
Вевчани е држава во држава како Сан Марино и Ватикан Oдлично...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Jul-2010 at 12:03

Вевчани лежи на вода, но нема кал

 

Жителите на селото живеат многу поградски од тие во некои градови, газат на поплочени улици, секогаш имаат вода, а не користат ниту септички јами

Шаренилото од маски на вевчанскиот карневал традиционално привлекува многу погледи кон ова дримколско село, а сликите од тој познат настан на 13 јануари секоја година го обиколуваат светот. Но тие го сокриваат она што може да се види кога го нема карневалскиот метеж. А, тоа е развиеноста на вевчанската инфраструктура, на која може да и позавидат повеќе градови во земјава, уреденост со која Вевчани навистина заслужува да си издава свои пасоши во сувенирниците и да ги заменува денарите со личници, како вистинска држава во држава.

Пасошите и личниците Вевчани се обиде да ги воведе во некогашната југословенска држава како граѓански протест кога насилно се настојуваше да му се одземе еден од богатите вевчански извори за водоснабдување на Елен Камен. Така, последниве 20 години Вевчани стана симбол на снажна локална самоуправа и протест кон централните власти, кога нивните одлуки не соодветствуваат со локалниот интерес. На тоа се сетија и многу теоретичари, кои по минатонеделното мислење на Меѓународниот суд во Хаг за легитимноста на косовската самостојност, цинично прокоментираа: „Може сега ќе се повампират Илирида и Вевчани“.

Вевчани со неговите три илјади жители има нов водовод и стабилно водоснабдување, за разлика од Тетово и од Прилеп во некои години. Околу 95 отсто од домаќинствата се поврзани на канализацијата, за која има и пречистителна станица. Во Скопје тој процент е околу 70, а пречистување нема, туку сé оди во Вардар. Локалниот здравствен дом бил меѓу четирите најопремени во земјава, а опслужувал 25 илјади луѓе од околните села. Брзиот и ефикасен јавен превоз на компанијата „Сприја“, што значи брзина на локалниот дијалект, е изненадување за земјава. Местото има и пошта и детска градинка, а наскоро ќе добие и сосема ново училиште, инвестиција од еден милион евра од Министерството за образование. Тука е и еден од најуредените кејови, кој е каскаден. Дури и туризмот во Вевчани веќе не е селски, алтернативен, туку се одвива во вистински хотели.

Но како најмалата општина во земјава, соодветно на тоа и најсиромашна според годишниот буџет, успеала да го направи сето тоа?
 
 
- Уште од отпорот во 1987 година сите постојано вложуваме овде. Сé сме направиле со самопридонес. Привлекуваме и пари од странство, водоводот е направен со 550 илјади евра од Европската агенција за развој. Имаме малку пари, но успеваме многу да постигнеме. Затоа државата треба да ги распределува парите од ДДВ за општините не според бројот на стомаци во секоја од нив, туку според нивните заслуги. Како што се гледа, нашата инфраструктура е главно решена, ни останува само да шминкаме некои помали улички. Иако лежи на вода, во Вевчани нема кал - гордо објаснува општинскиот градоначалник Перо Илиески.
 
Токму водата на која лежи селото беше причина за бунтот во 1987 година, кој ја потресе цела тогашна Југославија. Вевчанските извори како споменик на природата придонесоа за деценискиот развој на туризмот, кој полека го надминува печалбарството како главен извор на приходи за населението. Изворите, уредени со патеки, мовчиња, црквички, се меѓу најубавите места во земјава. Но не се и единствената атракција. Општината има стратегија за да го претвори местото од викенд-дестинација и во локација за цел одмор од седум дена, со планинарските патеки што се обележуваат, со езерото што се гради, чија главна цел ќе биде наводнување на површините за производство на органска храна, како и според зголемувањето на бројот на атракциите. Така, се уреди и куќата на семејството на познатиот физичар Михајло Пупин, во која тоа се доселило од Москополе и живеело сé до отселувањето во банатското село Идвор во соседна Србија, каде што тој бил роден. Куќата сега има ресторан и соби за издавање, како и спомен-просторија со фотографии, меѓу кои и една од овековечена средба на Пупин и на Алберт Ајнштајн во САД.
 
Посетители привлекуваат и црквите и манастирите, од кои најпозната е „Свети Никола“, како и водениците, кои исто како и во изминатите векови мелат жито со помош на водата. Останале малку, но сé уште живеат од мелењето, односно не стојат само поради туристите.

- Има стари, запуштени објекти што сакаме да ги уредиме, да не го нагрдуваат просторот, но нивните сопственички односи најчесто се многу замрсени и тоа е невозможно - додава градоначалникот Илиоски.

Првиот човек на општината сака да го урне и објектот на претпријатието „Дримкол“ во самиот центар на селото, кој е изграден во соцреалистички стил, а долго време е запуштен, не се користи, па намерата на општинските власти е да изградат нешто убаво на тоа место. Но иако претпријатието не работи 20 години, стечајната постапка не била завршена, па и уривањето било невозможно.

Низ Вевчани не прошета Ѓорѓи Влајнкиноски, вработен во општината, горд на своето потекло и дете на познатиот бунт.
 
 
- Тогаш сум имал само шест месеци, но ме поткачиле со електричен пендрек, нешто што првпат било употребено во Југославија - раскажуваше Влајнкиноски додека ни ги покажуваше изворите, чија вода тогашните комунистички власти сакале да ја спроведат до елитната викенд-населба Елен Камен, каде што имале викендички.

Во селото има 64 легла во хотелите и во вилите, а заедно со приватното сместување бројката достигнува 200. Еден од најпознатите хотели е „Премиер“, отворен пред три години. Неговата менаџерка Соња Поповска вели дека посетеност има сé повеќе, и од домашни и од странски туристи, но иако зачестуваат оние што остануваат подолго, сепак, главно се доаѓа за еден викенд.

- Вевчани има многу да понуди и еден викенд е малку за целосно да се доживее местото. Овде има можности за вистински одмор и рекреација. Затоа сме имале и гости, кои наместо да седат во Охрид и во Струга и да го посетуваат Вевчани, отседнуваат тука, па патуваат до овие градови, што се блиску. Оттука лесно се стигнува и до Маврово - објаснува Поповска.

Автентичниот селски амбиент, искомбиниран со градските услови за живот, како и многубројните знаменитости за едно толку мало место, прават вевчанци да се гордеат со својата република. Тие срдечно го пречекуваат секој добронамерник и му овозможуваат да ужива во сé што нуди нивниот крај. Но 1987 година секогаш им стои како потсетник дека ако некој се обиде да им одземе нешто, нема лесно да се предадат.

Вака ја замислуваме прогресивна Македонија.
 
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72910102143&id=9&prilog=0&setIzdanie=22046 - http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72910102143&id=9&prilog=0&setIzdanie=22046


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Jul-2010 at 12:20
Првиот човек на општината сака да го урне и објектот на претпријатието „Дримкол“ во самиот центар на селото, кој е изграден во соцреалистички стил, а долго време е запуштен, не се користи, па намерата на општинските власти е да изградат нешто убаво на тоа место.
Во Москва пред некоја година срушија цел хотел на осум ката ради иста причина. Кога едноставно е чир и згора на тоа скоро акламативно луѓето сакаат, нема причина повеќе да стои тоа тамо. Кога е чир, е чир. И да земе некој да ги убедува, и на глава да се прврти едноставно одлука оддамна си донеле луѓето. Пак го повторуваме муабетот што го имаме правено сто пати до сега, но врти сучи пак доаѓаме до тоа дека тој стил е премногу дискутабилен, зашто уствари тој "стил" е во суштина отсуство на друг стил.
 
А за Вевчани браво, одскокнуваат од клишето македонско село од овие со зачувана традиционална архитектура. Ретки се селата што се носат рамо до рамо, како Вевчани, Галичник, Лазарополе и некои многу малку други.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 29-Jul-2010 at 13:10
Вака ја замислуваме прогресивна Македонија.


Многу добро кажано

А лсл, сите тие села што ги спомна, се моето племе - мијаци! Вевчанци се најјужно отселени мијаци по потекло.


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Џоле
Date Posted: 15-Jun-2015 at 10:22


-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 15-Jun-2015 at 10:23


фото: Livrin (flickr.com)

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 15-Jun-2015 at 10:24
Вевчански извори











фото: mkd.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 15-Jun-2015 at 10:24











-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 15-Jun-2015 at 10:24










-------------
За сè има вторпат



Print Page | Close Window