Print Page | Close Window

[Р-1301] Охрид - Св. Наум

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Патишта
Forum Discription: Автопатишта, магистрали, патарини, одморишта...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=688
Printed Date: 23-Apr-2024 at 21:21


Topic: [Р-1301] Охрид - Св. Наум
Posted By: Cloverstack
Subject: [Р-1301] Охрид - Св. Наум
Date Posted: 01-Jan-2008 at 08:00

Патниот правец Р-1301 (по стара класификација Р-501) се протега од Охрид до границата со Албанија кај Свети Наум. Должината на Р-1301 е 32km.

Трасата е веднаш до или релативно блиску до источниот брег на Охридското Езеро и ги поврзува сите населени места и туристички населби и објекти што се на брегот.На делот од Охрид до Свети Стефан патот е еден вид експресен пат 2х2, но во појужните делови има многу субстандардни моменти кои се особено проблематични за време на сезоната.





Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Jul-2009 at 12:08

Пет часа од Свети Наум до Охрид

За враќање од Свети Наум и од плажите на источното охридско крајбрежје на возачите завчера им беа потребни околу пет часа за да стигнат до Охрид. Колоната од неколку илјади возила повеќе стоеше во место отколку што се движеше.
Нервозните возачи беа принудени да возат со втора брзина и со околу 20 километри на час. Проблеми создаваа и старите возила на кои им откажуваше ладењето на моторите, а некои останаа и без бензин.
"Тргнавме од Свети Наум околу 18 часот, а веќе во Пешатни не дочека ноќ. Не знам дали летово уште еднаш ќе се одлучам да одам на плажа во Свети Наум. Охрид мора нешто да направи овој патен правец да има поголема пропусна моќ", вели една исселеничка во Канада која престојува во Охрид.
Според слободна проценка за викендот на охридскиот брег имаше над 30 илјади гости од земјава и од странство.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=546786284DBDB141BE81B483D827FD9F


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Jul-2009 at 12:14
Сериозно мора да се размисли околу изградба на патот Р-501. Барем овој пат знаеме дека во сезоната е оргомна гужва и еден од ретките патишта низ Македонија со таква гужва. Барем за овој пат знаеме дека е повеќе од исплатливо да се изгради. Сега за сега изграден е од клучката со М-5 (влезот на Охрид) до излезот на Охрид и натаму до Лагадин. После Лагадин е обично локално патче што генерира гужви, нервоза и трошок. Натака до Св. Наум малку може да има потешкотии поради преизграденоста и можноста да е узурпирана трасата што нормално нели не треба да биде пречка. Исто така друга пречка е што земјиштето на трасава е значително поскапо од било каде поради атрактивноста.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Jul-2009 at 20:32

Имеме регистрирано една најава (декември 2008) за осовременување на патот која би почнала тек во 2010.
Исто така нема никакви детали што точно се подразбира под осовременување.

Инаку мислам дека засега доволно би било патот да се прошири на 2х2 евентуално до Пештани, а понатака до Свети Наум значително да се подобрат техничките карактеристики.
Доколку туристички и економски би почнала да напредува и албанската страна, пред се Поградец, тогаш би можело да се размислува и за комплетен прстен со поголем капацитет околу езерото. Сепак се работи за еден регион кој го спојува многу посилна природна врска отколку што треба да го раздвојува границата, особено во некоја ЕУ иднина.

Еве ја веста со најавата за Р-501:
Охрид, 11 декември (МИА)Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески при неодамнешната работна посета на Охрид најави дека Владата, односно ресорното Министерство, издвоиле 11,8 милиони денари за реконструкција на постоечките пристаништа и изградба на ново пристаниште на Охридското Езеро, во чиј состав ќе биде изградена и соодветна бензинска пумпа.

Според Јанакиески, на тој начин ќе се надмине проблемот со снабдувањето гориво за бродовите и чамците.

Тој најави и реконструкција на обиколницата на Охрид, односно улицата „Железничка“, што ги спојува магистралните правци кон Скопје односно Битола. Работните зафати на оваа важна сообраќајница во Охрид е предвидено да започнат во февруари идната година.

Предвидена е реализација на проект за осовременување на делницата на потегот Охрид – Свети Наум, чија изградба би почнала во текот на 2010 година. Тој патен правец е изграден во 50-те години на минатиот век и не соодветствува на современите потреби за патен сообраќај. Проблеми во одвивањето на сообраќајот особено се јавуваат во летните месеци кога значајно се зголемува фреквенцијата на возила на тој патен правец.

http://www.mia.com.mk/


Posted By: Dragan
Date Posted: 27-Jul-2009 at 21:23
Bi bilo podobro ovaj pat(avtopat kako da go narecem) ako moze da se povrze so patot M-5 Podomlje - Granicen premin Zvegor kaj Resen za da se izbegne gradskata guzva i za da ima pocista sredina vo gradot Ohrid.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Jul-2009 at 23:52
Драган незнам дали си прочитал по форумов мислам дека во нишката за охридски сообраќај беше, во Охрди се гради обиколница која всушност не го елиминира скроз поминувањето низ градот туку делумно го поместува нсообраќајот по периферија на градот.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jul-2009 at 00:56
Фотки на pbanks од октомври 2007

1
Делот во близина на Трпејца е сосема несоодветен за потребите


2
Во близина на Свети Стефан


3
Делот помеѓу Свети Стефан и Охрид е надграден во експресен пат 2х2


4


5


6


7



Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 09-Aug-2009 at 14:18
Патот Охрид-Св Наум, лето 2009 во екот на туристичката сезона:
Охрид-Св. Стефан е најоптоварениот дел од патот, којшто пред околу 10 години беше изграден на ниво на брз пат со 2 пати по 2 ленти во насока. Сепак раскрсниците не се ниту денивелирани ниту пак регулирани со семафори, што создава голем хаос на оваа многу оптоварена делница.





Потоа патот се стеснува на 2 ленти коишто се крајно недоволни и скратени дури и на една лента поради паркираните возила особено во Лагадин, Пештани и Елшани.



Ја поминуваме Трпејца и потоа патот станува навистина тесен, со остри завои и многу стара и рѓосана сигнализација.





Мало отклонување од патот. Тргнуваме кон Отешево/Преспа преку националниот парк Галичица. Патот иако тесен и на многу места без банкини ниту било каква хоризонтална или вертикална сигнализација, сепак е удобен а асфалтот беше над моите очекувања. Веројатно поради малиот број на возила и никаквиот сообраќај на товарни возила по тој пат.







Назад кај раскрсницата при Свети Наум. Таму стојат знаци поставени пред повеќе од 20 години (пишува Н. Р. Албанија), но истите не се ниту оштетени, ниту избледени и освен кирилично-латиничната ознака наместо кирилично-англиската, немам никакви забелешки:




Posted By: zabegan
Date Posted: 09-Aug-2009 at 14:50
на осмата слика имам offroad чувство LOL


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Feb-2010 at 17:31

Патот Охрид - Свети Наум нема да се урне

"Сос­тој­ба­та е стабилна, а што се однесува до патот Охрид - Свети Наум, мо­жам да кажам дека тој нема да се урне, како што завчера изјави гра­до­на­чал­ни­кот. На самото место беа професори од Градежен факултет што ја согледаа состојбата. Мерки за санација ќе се преземат по на­ма­лу­ва­ње­то на нивото на Езерото", изјави вчера министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, при посетата на Пештани каде што веќе трет ден жителите на куќите крај патот се борат со поплавите во при­зем­ни­те и подрумските простории.
Ја­на­ки­е­ски напомена дека нивото ан Охридското Езеро е 13 до 14 сан­ти­мет­ри над критичната кота, која изнесува 693, 75 метри. Предочи де­ка од Езерото во Дрим се испуштаат по 53 кубни метри вода во се­кун­да и оти таа количина не може да се зголеми бидејќи ќе се поплави па­тот Струга - Дебар.
Во време додека Јанакиески беше во Пештани, сопствениците на сто­ти­на куќи ја црпеа водата од кујните и од спалните соби. Трајан Си­мо­но­ски од невладина организација "Пештански чун" вели дека ако не се нап­ра­ви потпорен ѕид на самиот влез од селото, силниот ветер мрач­ник и Езерото ќе го повлечат целиот пат.

http://vest.com.mk/?ItemID=F932A3347D45754B9D126354171902E0


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Aug-2010 at 13:38
За викендов бев во Охрид и имав прилика неколку пати да го возам патов. Делот што е со профил 2||2 супер успева да опслужи таков сообраќај. А викендов по кажувањата била најголемата гужва што е можно да се случи преку лето. Викенд + пивофест + концерти + празник. Е сега во делот што е профил 1|1, од Славија па натака до Свети Наум се случува по саат време да не се мрдне од место, гасиш возило и надвор а воздух. Најголемите гужви се ствараат во Елшани со Лагадин последователно се блиску, и втората гужва е кај Пештани. Сериозно мора да се размислува некое било какво решение за овие две места. Гужвата всушност и не потекнува толку од бројот на возила колку што е од вртење кола, паркирање, автобуси и слично. После Градиште сообраќајот и не е така гужва, нормално изгледа. Супер би било ако може барем до градиште да се обезбеди 2||2, но за почеток мора да се најде начин, некаква обиколница 1|1 околу овие две места со тоа што постоечките ќе останат внатрешни локални улици или па макар ако треба и да се ускрати малку од парк, малку од плажа па понатака да се попесочи плажата за да се надомести, но решение мора да се најде. Не се работи за никаква комоција, има секакви итни ситуации. Во однос на состојбата со коловозот сум делумно задоволен, освен на еден дел при крај на Пештани каде што е раскопан поради некаква тековна активност за местење канализација и беше почнато, а не беше доасфалтирано и има некои делови околу Трпејца со многу нерамен асфалт, тесен коловоз и по некој радиус што бара малку работа. Во секој случај, би го ставил на листа за реконструкција, но не е итен. Но овие двете локации погоре треба што поскоро да се решат.







Posted By: BL
Date Posted: 09-Aug-2010 at 09:10
zar se na makedonskom kaze ovako upozorenje?
http://i415.photobucket.com/albums/pp235/AndrejZog/DSC_0747.jpg


Posted By: alexgizh
Date Posted: 09-Aug-2010 at 09:20
Да.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Тркало
Date Posted: 14-May-2011 at 15:34
Со мини блокада пештанци го актуелизираа проблемот со оштетениот пат Охрид - Св. Наум


Пред почетокот на предизборната кампања, жителите на Пештани и околните населени места повторно го актуелизираа проблемот со регионалниот пат Охрид-Св. Наум кој е во многу лоша состојба.

Тие се незадоволни од бавното реагирање на институциите, кои како што велат, само ветуваат но ништо не остваруват. Се жалат дека 40 години од изградбата овој фрекфентен патен правец не е реконструиран.

- Овој пат е изграден далечната 1969 - 70 и оттогаш наваму ништо не е направено. - вели жител на Пештани.

Друг пак ги изброил дупките од Метропол до Пештани.

- На тој потег има преку 180 дупки и невозможно е да се избегнат, изјави друг граѓанин, кој смета дека државата го заборавила овој пат и не прави ништо за да се реши проблемот.



Незадоволните граѓани велат дека лошата состојба на регионалниот пат Охрид - Св. Наум влијае и на туризмот и апелират надлежните што поскоро да извршат целосна санација на оваа фрекфентна сообраќајна делница.

http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=31063

По не знам кој пат протести


Posted By: kultuzin
Date Posted: 14-May-2011 at 15:42
Овој пат е срамота за Охрид и Македонија. Се возев пред две недели и навистина е неверојатно како еден туристички толку важен пат може да биде во таква очајна состојба. Несакам да знам како е кога се вози по овој пат во летната сезона.


Posted By: Tuvok
Date Posted: 14-May-2011 at 21:27
Инаку за овој пат има проект уште од време на Југолсавија да биде многу повисоко над населените места и плажите. Дури мислам дека и нешто било почнато и ден денес може да се забележат некави трасирања горе во планините се гледаат од вода. (мада не сум сигурен дали се за тој пат)
После Метропол патот би требало да продолжи повисоко со што би се избегнало велгување во Пештани и гужвите кај Лагадин. Од патото би се двоели излези за одредени места. На тој начин и можат да се зголемат плажите бидејќи на некој места патот проаѓа многу блиску до езерото. Посебно во делот пред и по Лагадин


Posted By: Тркало
Date Posted: 14-May-2011 at 22:25
Originally posted by Tuvok

.
Инаку за овој пат има проект уште од време на Југолсавија да биде многу повисоко над населените места и плажите. Дури мислам дека и нешто било почнато и ден денес може да се забележат некави трасирања горе во планините се гледаат од вода (мада не сум сигурен дали се за тој пат)

После Метропол патот би требало да продолжи повисоко со што би се избегнало велгување во Пештани и гужвите кај Лагадин. Од патото би се двоели излези за одредени места. На тој начин и можат да се зголемат плажите бидејќи на некој места патот проаѓа многу блиску до езерото. Посебно во делот пред и по Лагадин


Го имам истово чуено од неколку луѓе низ град,мислам дека е точно.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-May-2011 at 02:23
Како проект е предвиден за реализацијa во иднина од владеачката партија.
Магистрален пат Косел–Охрид–граничен премин Св. Наум
Овој патен правец е сосема нов паралелен пат на постојниот покрај плажите, а во понатамошниот период ќе бидат меѓусебно поврзани со попречни локални патишта. Вкупната должина на новиот пат ќе биде 39 км, а широчината на коловоз од две ленти од по 3,75 м. Патот е од особено значење за развој на туризмот во Охрид. Со изградбата на оваа делница значително ќе се олесни протокот на сообраќајот низ населените места Косел, Лескоец, Скребатно, Велгошти, Охрид, Рамне, Велестово, Коњско, Елшани, туристичката населба Горица, Свети Стефан, Лагадин, Пештани, Трпејца, Љубаништа, Свети Наум, а преку Галичица и кон Преспанскиот регион, особено во летните месеци во годината. Вредноста на проектот се проценува на 70 милиони евра. Средствата се планира да бидат обезбедени со заем од меѓународните финансиски институции и национално кофинансирање од Буџетот на Република Маке-
донија.
Р о к : в т о р а п о л о в и н а 2 0 1 3 - 2 0 1 9 г о д и н а .

http://vmro-dpmne.org.mk/Dokumenti/Manifest_za_reformi_i_razvoj.pdf -


Posted By: Тркало
Date Posted: 15-May-2011 at 19:21

1.Средствата се планира да бидат обезбедени со заем од меѓународните финансиски институции и национално кофинансирање од Буџетот на Република Маке- донија.
2.Р о к : в т о р а п о л о в и н а 2 0 1 3 - 2 0 1 9 г о д и н а .


1.Финансиските средства мораме да ги бараме од не знам каде,а и условите за добивање на кредити се непознати,а претпоставувам не се едноставни.
Уште полошо ако фрлиме поглед на цела програма за сите патишта е истото напишано ...

2.Под претпоставка и да се најдат средства за изградба,6 години за 36 километри пат е неприфатливо!Ама со оглед на времето за Куманово-Табановце ништо чудно


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 15-May-2011 at 19:32
Добро би било ако дозволува теренот од Косел до клучката за Градиште да се оди на 2х2, а потоа до граница со само 2 ленти. А реконструкција на постоечкиот пат мора да се направи подитно.


Posted By: Tuvok
Date Posted: 15-May-2011 at 22:37
Мислам дека многу побрзо треба да се почне да се прави нешто на овој потег. Сепак Охрид е најголемиот туристички центар во Македонија.


Posted By: N23
Date Posted: 21-May-2011 at 16:16
Сеа поминав од таму. Раскопан е целиот пат од лагадин па некаде до пред Пештани. Премногу глупаво е што се сечат само дупките и ќе се нафрла асфалт. Као тетрис се сечени дупките. Ако ова е само привремено решение до целосна санација догодина, ондак е ок. Но ако после ова заборават на овој пат, ондак стварно се нема памет. Кај ја сјебав колата у Скопје, сеа мораше и у Охрид да ме фати реконструкција.


Posted By: MGS
Date Posted: 22-May-2011 at 12:29
Патот Охрид-Св.Наум мора да биде во приоритетите за градба.Ако до пред 20 г. не се вложуваше ништо затоа што ете Албанија беше затворена земја,сега работите се драстично сменати.Патот е меѓудржавен и фреквентен.


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 22-May-2011 at 13:13
Само од Лагадин до Пештани? Малку е тоа. Треба пред сезонава целосно да ги санираат сите дупки и да ја потсредат хоризонталната сигнализација, а од септември да почнат со реконструкција на асфалтот и на некои делници додавање на трета лента или џепови за паркирање на потегот од Св. Стефан до Градиште. И нормално, „зеленилото“ околу брзиот пат Охрид - Св. Стефан до сега требаше да стане стварно зеленило, за сезонава касно е веќе.


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 22-May-2011 at 13:49
Originally posted by Tuvok

Инаку за овој пат има проект уште од време на Југолсавија да биде многу повисоко над населените места и плажите. Дури мислам дека и нешто било почнато и ден денес може да се забележат некави трасирања горе во планините се гледаат од вода. (мада не сум сигурен дали се за тој пат)
После Метропол патот би требало да продолжи повисоко со што би се избегнало велгување во Пештани и гужвите кај Лагадин. Од патото би се двоели излези за одредени места. На тој начин и можат да се зголемат плажите бидејќи на некој места патот проаѓа многу блиску до езерото. Посебно во делот пред и по Лагадин


Jas imam slusano deka Pestanci se pricinata sto patot zgora nad krajbreznite sela nese izgradi, Pestanci se bunele deka togas prometot od tranzitniot turizam koj vrvi niz nivnoto selo ke opadne posto ke vrvi nad seloto.


Posted By: Тркало
Date Posted: 22-May-2011 at 18:53
Originally posted by GreatMakedon

Originally posted by Tuvok

Инаку за овој пат има проект уште од време на Југолсавија да биде многу повисоко над населените места и плажите. Дури мислам дека и нешто било почнато и ден денес може да се забележат некави трасирања горе во планините се гледаат од вода. (мада не сум сигурен дали се за тој пат)
После Метропол патот би требало да продолжи повисоко со што би се избегнало велгување во Пештани и гужвите кај Лагадин. Од патото би се двоели излези за одредени места. На тој начин и можат да се зголемат плажите бидејќи на некој места патот проаѓа многу блиску до езерото. Посебно во делот пред и по Лагадин


Jas imam slusano deka Pestanci se pricinata sto patot zgora nad krajbreznite sela nese izgradi, Pestanci se bunele deka togas prometot od tranzitniot turizam koj vrvi niz nivnoto selo ke opadne posto ke vrvi nad seloto.


Ако е така,тогаш не се во право.Пештани си имат одредена 'публика',да не речам гости - редовни секоја година.А во случај да изградат нов пат над Пештани,логично е и да е поврзан со стариот долу.Со оглед на то колкава е густината на продавници и одморалишта на самиот пат,луѓето ќе си идат пак долу во случај на потреба од продавница.
Мое мислење е дека Пештанци си замислиле некоја огромна цена за нивните имоти шо лежат на трасата на идниот пат,па се заинатиле.Исто како на многу места и случаи досега.


Posted By: N23
Date Posted: 22-May-2011 at 21:09
Previous
Еве вака. Не дека пишувам од компјутер на Пештанци ама од нив начув дека и они се за изградба на патот горе, а доле да биде пешачка зона.Плус и добро ќе им дошле парите од екпропријација.
А сеа за патов. Фатен е цел. Мислам со сечење. Сечено е и кај Метропол, Гранит, Силекс и сл., а денес сечеле дупки и до Макпетрол. Сето тоа изгледа жално, како крпени стари фармерки ќе изгледа. А плус деновиве има голема фреквенција на туристи со автобуси и коли по тој пат. Али тоа е, ние така прибираме туристи, ќе скрши бандаж па ќе мора уште еден ден плус да остане тука (мала шала )


Posted By: Tuvok
Date Posted: 22-May-2011 at 21:36
Па мислам дека доколку патот е горе баш и Пештани ќе заличи поубаво се кеј и со посредена плажа. Вака сеа преку лето се ствараат гужви и народот нема кај да се движи. Нормлано дека патот ќе биде поврзан со сите населени места и хотели.


Posted By: Тркало
Date Posted: 22-May-2011 at 22:38
Originally posted by N23

PreviousЕве вака. Не дека пишувам од компјутер на Пештанци ама од нив начув дека и они се за изградба на патот горе, а доле да биде пешачка зона.Плус и добро ќе им дошле парите од екпропријација. А сеа за патов. Фатен е цел. Мислам со сечење. Сечено е и кај Метропол, Гранит, Силекс и сл., а денес сечеле дупки и до Макпетрол. Сето тоа изгледа жално, како крпени стари фармерки ќе изгледа. А плус деновиве има голема фреквенција на туристи со автобуси и коли по тој пат. Али тоа е, ние така прибираме туристи,ќе скрши бандаж па ќе мора уште еден ден плус да остане тука (мала шала )


Не бандаж,сега се враќам од една матура од хотелите таму и прежалив една гума.Се изнапцув и изнавикав за сите пари.Не знам на кој будала му требаше ваква работа???Па и на рамни места е сечено ,БЕЗ ПАМЕТ И БЕЗ ПЛАН очигледно!!!Секогаш сум оптимист дека ќе се средат некој ден работиве кај нас,ама вакви работи цел оптимизам ми го јадат и ми го вратија денес во минус.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-May-2011 at 16:12

http://www.kurir.mk/republika/opstini/30542-Rekonstrukcija-na-patot-od-Ohrid-do-Pestani - Реконструкција на патот од Охрид до Пештани


Започна реконструкцијата на регионалниот пат што води од Охрид кон Свети Наум.

pat456778-500

Според информациите од охридската подружница на „Македонија пат“, се работи на санација на ударните дупки на потегот од Охрид до туристичката населба Лагадин, како и целосна реконструкција на делот на сообраќајницата од Лагадин до Пештани, што е во мошне лоша состојба.

Вредноста на градежните зафати изнесува  8,5 милиони денари, а средствата ги обзбеди  Владата на Република Македонија.

Според најавите, се очекува градежните зафати да завршат пред шпицот на туристичка сезона.

http://www.kurir.mk/republika/opstini/30542-Rekonstrukcija-na-patot-od-Ohrid-do-Pestani


Posted By: N23
Date Posted: 25-May-2011 at 19:24
1.
http://imageshack.us/photo/my-images/508/dsc04277c.jpg/">

2.
http://imageshack.us/photo/my-images/534/dsc04278t.jpg/">

Со мало закаснување.


Posted By: Тркало
Date Posted: 26-May-2011 at 23:48
Секоја година пред почеток на лето некој морат да 'реновират' нешто во овај град.Изгледа пролетва се истури од врнење снег ,па немаше услови.Реконструкцијава е страшна ,дури и на непотребни места се ископани дупки
Ама ај,веќе е почнато,да се надеваме ќе завршат до 20 јуни ,како шо е планирано.Сепак се 2.5 километри.
Eве слики и од Охридњуз.ком



Posted By: MGS
Date Posted: 21-Jun-2011 at 20:02
денеска одев накај Св.Наум еве слики од новиот асвалт.некаде од кај лагадин до после елешец е асвалтирано копмплет ново,според мене добро изведено.

останува уште некои дупки пред Љубаништа да се пополнат и едно 50 м комплет нов асвалт пред Св.Наум и патниов правец ќе биде во солидна состојба.







Posted By: axel
Date Posted: 26-Apr-2012 at 12:59

Ќе се проширува патот Охрид-Пештани

Агенцијата за патишта бара компанија за изработка на техничка документација на ниво на основен проект за изградба на магистрален правец Охрид-Пештани. Според огласот објавен на Бирото за јавни набавки, се бара компанијата да има лиценца А и да нуди архитектонски и инженерски услуги, услуги за просторно планирање и сл. Според огласот, компанијата треба да има вкупен приход од 3.000.000 евра во последните три години, како и да достави извештај за билансот на состојба за последните три години.
 
 http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/83338/kje_se_proshiruva_patot_ohrid-peshtani.aspx


Posted By: Тркало
Date Posted: 30-Jul-2012 at 19:43
Жителите на Пештани со апел- да се зголеми безбедноста на патниот правец Охрид- Свети Наум

По вчерашниот немил настан, кога во сообраќајна незгода на влезот на Пештани тешко беа повредени две лица, жителите со апел до надлежните да се преземат мерки за зголемување на безбедноста на патниот правец Охрид- Свети Наум, кој води низ селото, кое во текот на летната сезона го посетуваат голем број гости.

- Не може човек да остане рамнодушен на било каква лоша вест кога станува збор за безбедноста во сообраќајот. Тука нема компромис, пазарење, предпоставки, манипулации, префрлање на вината од еден на друг . Пештани е една убава модерна туристичка населба, која сите нас не обврзува на будност,опрезност и мобилност во текот на целата година, особено во туристичката сезона. Патот минува низ централниот дел од селото, каде има засилена фреквенција на сообраќајот, каде често пати не се почитува сообраќајната сигнализација и ограничувањето на брзината на возење. Ваквите немили настани се почесто го потресуваат локалното население, што никако не оди во прилог на и така промашената туристичка сезона веќе две години по ред, велат дел од жителите на Пештани.

Според нив неприфатливо е да се одвива фреквентен сообраќај на толку тесен коловоз, со бројни опасни кривини, за што одговорноста треба да ја сносат сите подеднакво.

- До кога ке се задоволуваме со мали ,ситни нешта како да сме слепото црево во нашата држава? Пештани одамна требаше да заврши со експанзија и да прерасне во монденско летувалиште на општа радост и благосостојба на сите негови жители. Крај на месец јули, а надвор тишина која не опоменува. Само понекоја ваква немила случка за момент потсетува на нашите обврски кон нашите поколенија. Каква сегашност и иднина им овозмозуваме со рамнодушноста кон сето ова што ни се случува?Можеби некогаш патот ќе се прошири,кејот ќе се направи,ќе се "исправат"кривините, но кој ќе оди по тој пат,кој ќе се шета по кејот ,кој ќе ужива во прекрасната положба на нашето село на кое Господ му подарил,вода, планина и сета убавина на овој свет, а ние сме должни да ја сочуваме како и сите луѓе кои живеат,доаѓаат и проаѓаат низ времето и просторот на нашето опкружување, додаваат жителите на Пештани.

Делот од регионалниот патен правец Охрид- Свети Наум, на влезот од селото Пештани, важи за една од таканаречените црни точки на кои често пати се случуваат сообраќајни незгоди. Минатата година токму на ова место животот го загуби едно лице.

OhridNews


   
30.07.2012 08:56 Прочитана е : 1466 пати

© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.


Posted By: build.mk
Date Posted: 13-Sep-2012 at 23:03
Ќе се изработува проект за нов пат од Охрид до Свети Наум, стариот останува да зјае со дупки

http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/PATISTA/R-501/SvN-OH%201007%20pbanks%2002x.jpg">Р1301%20%28Р-501%29%20Охрид%20-%20Свети%20Наум


Агенцијата за државни патишта потпиша договор со Друштвото за инженеринг и консалтинг „Чакар Партнерс“ од Скопје за изработка на проектна документација за магистралниот патен правец А3 во делот од Охрид до Пештани. „Чакар Партнерс“ треба да изготви основен проект за новата траса која ќе поминува по падините на планината Галичица, над постоечкиот пат од Охрид до Свети Наум, вклучувајќи и проект за врската на А3 со Охрид и врската со Р1301 (Р-501) кај Пештани. Предвидено е патот да почнува од селото Косел и да завршува кај граничниот премин Свети Наум. Македонската влада го има вклучено зафатот во сопствената програма за работа, при што истиот е зацртано да се реализира во периодот од 2013 до 2019 година. Техничката документација ќе се работи во период од 18 месеци и треба да се комплетира до март 2014 година, а за оваа намена се одвоени 79.667.346 денари, односно околу 1,3 милиони евра.

Актуелната состојба на постоечкиот пат од Охрид до Свети Наум е исклучително лоша, особено во сегментот јужно од месноста Свети Стефан. Огромни дупки и изгребан асфалт, уништени и застарени сообраќајни знаци, зарѓани и искорнати одбојни огради на критичните места и намалена ширина на коловозните ленти се дел од опасностите што секојдневно ги демнат возачите на оваа делница. Одредени сегменти од патот не се обновени уште од неговата изградба во далечната 1969 година. Новиот магистрален пат во должина од 39 километри е предвидено да има две коловозни ленти со широчина од по 3,75 метри, а вкупната инвестиција се проценува на над 70 милиони евра.

http://www.build.mk/?p=16682 - #
Објавено на 13.09.2012 во категорија http://www.build.mk/?cat=28 - Вести .

Тагови: http://www.build.mk/?tag=%d0%b8%d0%bd%d1%84%d1%80%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%82%d1%83%d1%80%d0%b0 - Инфраструктура , http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d0%be%d1%81%d0%b5%d0%bb - Косел , http://www.build.mk/?tag=%d0%be%d1%85%d1%80%d0%b8%d0%b4 - Охрид , http://www.build.mk/?tag=%d0%bf%d0%b0%d1%82%d0%b8%d1%88%d1%82%d0%b0 - Патишта , http://www.build.mk/?tag=%d0%bf%d0%b5%d1%88%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%b8 - Пештани , http://www.build.mk/?tag=%d1%87%d0%b0%d0%ba%d0%b0%d1%80-%d0%bf%d0%b0%d1%80%d1%82%d0%bd%d0%b5%d1%80%d1%81 - Чакар Партнерс

http://www.build.mk/?p=16682


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Aug-2013 at 14:43
сликите се од викендов























-------------
За сè има вторпат


Posted By: Тркало
Date Posted: 29-Sep-2013 at 14:15
Нов пат од Косел до Свети Наум

Детали Објавено на Недела, 29 Септември 2013 10:01



Во тек е изработка на проектот за изградба на нов магистрален пат од селото Косел до граничниот премин Свети Наум. Новата траса, долга 39 километри, ќе поминува по падините на Галичица над постоечкиот пат.

Друштвото за инжинеринг и консалтинг “Чакар Партнерс” деновиве врши мерење и стручна анализа на патот кон Свети Наум.

- Ќе се гради сосема нов пат. Ние сме ангажирани од државата да го изработиме проектот. Деновиве вршиме мерење на постоечкиот пат, велат вработените за Охриднет.


Според Агенцијата за државни патишта техничката документација се очекува да се комплетира во март следната година.

Новата долгоочекувана делница, која ќе чини над 70 милиони евра се очекува да биде изградена во 2019 година.


Патот Охрид Свети Наум, кој е изграден во 1969 година денес е во многу лоша состојба и небезбеден за возачите.

Покрај тоа што на места е широк само пет метри, проблем се и бројните дупки и изгребаници. Пред Љубаништа има повеќе места каде е пропаднат асфалтот.


www.ohridnet.com


Posted By: Џоле
Date Posted: 28-Apr-2014 at 08:15


Aleksandar Sokolov

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Aug-2014 at 20:11
Линк до документот за стратегиска оцена за експресен пат Косел-Охрид-Пештани-граничен премин со Р. Албанија од 1 август годинава.

Не знаев дека се планира изградба на овој експресен пат.

жhttp://www.roads.org.mk/UserFiles/files/ZivotnaSredina/2014_08_01_Odluka_za_SEA_Pestani-SvNaum.PDF - http://www.roads.org.mk/UserFiles/files/ZivotnaSredina/2014_08_01_Odluka_za_SEA_Pestani-SvNaum.PDF

-------------
За сè има вторпат


Posted By: jyvation
Date Posted: 16-Aug-2014 at 21:58

Уште одамна спомнаа за експресен пат од Охрид до граница со Албанија.Сосема нов пат ќе биде овој нема да се искористи стариот.


Posted By: Тркало
Date Posted: 10-Jun-2015 at 21:29
Експресниот пат според претходните програми требаше да е веќе далеку почнат.Ама колективна слаба меморија Во меѓувреме поради неодржување денеска за малку ќе беше избегната поголема несреќа, автобус излета од патот поради истурена нафта или моторно масло на патот.
Според очевидци во возилото, да не било дрвото кои ги задржало на задниот дел од автобусот, ќе се превртеле истовремено од другата страна приоѓал друг автобус



Извор: очевидци, патници, веб: ohrigani.mk, ohridnews.om, ohridpress.com.mk, autobusi.net


Posted By: King
Date Posted: 11-Jun-2015 at 07:36
Експресниот пат е во фаза на изработка на проект, и е во завршна фаза, ова го знам од еден колега кој работи на проектот.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 11-Jun-2015 at 12:40
Што стана со патот на Галичица граден за време на СФРЈ?

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: krisp
Date Posted: 11-Jun-2015 at 12:42
Originally posted by Staro Skopje

Што стана со патот на Галичица граден за време на СФРЈ?

Проодлив е но,во мизерна состојба


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 11-Jun-2015 at 13:29
Збориш за патот од Охрид до Св. Наум преку Галичица? Колку што знам не е доизграден поради недостаток од финансиии.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Тркало
Date Posted: 08-Jul-2015 at 20:45


Кружен тек кај Рача loading...Охрид во лето не е туристички центар.Охрид е градилиште.



Posted By: enigma
Date Posted: 08-Jul-2015 at 22:03
РАЧА, НОВО ПРЕДГРАДИЕ НА ОХРИД


Населбата Рача станува предградие на Охрид. Во моментов екипи на „Македонија Пат“, во соработка со ЈП „Нискоградба“ Охрид и „Градски гробишта“ работат на уредување на просторот на раскрсницата на влезот од Рача, како што обелодена директорот на Македонија пат секција Охрид Крсте Ташкоски.

„Моментално правиме подготовка за асфалтирање на раскрсницата на регионалниот пат Охрид-Св Наум, при крај сме, од ЈП ја градат пешачката патека за влез на плажите и ЈП Градски гробишта поставуваат бекатони на островчињата па и кружниот тек се надеваме дека ќе биде готов утре, со тоа се надеваме дека ќе се зголеми нивото на безбедност во сообраќајот“ - вели Ташкоски.

Ташкоски проговори и за одржувањето на патиштата од страните на коловозот кои се обраснатаи со трева, како и за крпење на ударните дупки, кои се под нивна надлежност. Тој нагласи дека вложуваат максимум напори со расположливите средства, кадар и механизација за да одговорат на секојдневните активности, но не сакаше да ја открие сумата на буџетски средства кои им се доделени за оваа намена за 2015, согласно програмата.

„Косиме повеќе од месец и половина, ние имаме околу 100 км магистрални и регионални патишта од прва категорија, во дупла должина од двете страни одржуваме над 200 км со тие луѓе и механизација толку е. Моментално ударните дупки во голем дел ги имаем закрпено, остана мал дел на магистралниот Охрид-Битола и до крај на неделава ќе ги закрпиме и нив“ - појаснува Ташкоски.

Кадровскиот дефицит на патари, односно луѓето ко треба постојано да се присутни по патиштата, претставува еден од проблемите со кои се соочува Македонија пат, покрај оној со недостиг на современа механизација за одржување на патиштата, признава Ташкоски. Тој вели дека се случува нивните екипи да се присутни дури по 24 часа на терен посебно во зимскиот период. Очекува државата во најскоро време да преземе чекори со цел да обезбеди подобрување на условите за работа посебно на секциите во земјава.

http://imgur.com/McGi5os">


Posted By: enigma
Date Posted: 08-Jul-2015 at 22:14
и сега му доаѓа кружен со семафори!?
БУЛЕВАРОТ СВ. НАУМ ОХРИДСКИ СТАНУВА ВИСТИНСКИ БУЛЕВАР

На двете позначајни крстосници на ”Булевар Свети Наум Охридски” ( во народот попознат како ”Автопат кај Рача” ) се поставуваат нови семафори и инфраструктурно се средуваат приклучоците од околните улички кои водат до комплексот Горица и населбата Рача, како и околните тротоари.


Оваа втора по големина сообраќајница во Охрид во периодот кој следи конечно по 15 години ќе добие и функција на булевар, бидејќи населбата Рача со новите урбанистички планови е составен дел од градската урбана зона на Охрид.


Posted By: Тркало
Date Posted: 16-Jul-2015 at 17:29
Ги наместиле семафорите



Туку прашањето ми е дали е дозволено семафори на магистрален пат?Колку шо ми е познато статусот уште му е таков на ‘булеварот‘...нешто слично како семафорите кај Гостивар.


Posted By: bob39
Date Posted: 23-Jul-2015 at 00:31
Во Холандија има семафори и на автопатите. Кај нас би требало на секој чекор да ги има со оглед на тоа колку сообраќајки има и жртви од несовесно возење.


-------------
Трговски центри= убиство на Скопје


Posted By: Тркало
Date Posted: 23-Jul-2015 at 18:01
Originally posted by bob39

Во Холандија има семафори и на автопатите. Кај нас би требало на секој чекор да ги има со оглед на тоа колку сообраќајки има и жртви од несовесно возење.

Подобра опција е надземни или подземни премини, ама ете сам го чепна делот со менталитетот.Далеку сме од Холандија, можда е подобро да им понудиме трајно живеалиште на Холанџанине, добри промени можат да внесат
Еден или можда единствениот надземен премин во Охрид кај едно основно училиште никој не го користел освен манијаци, наркомани или ептен запалени парови.
Децата (заедно со родителите) упорно одат долу на 10-20 метри од пешачкиот.
Ставија и семафори со копче за пешаци - функционираше само неколку месеци, а најчесто беше злоупотребувано од истите тие деца - го уклучуваа на зезање без намера за префрлување на пешачкиот.
Во време на школска сезона, секое сабајле е присутна полициска патрола.И пред нивни очи се случувале вакви работи.

Кога сме веќе кај надземни/подземни премини, можеа и делот за возила да го изведат така, ама секогаш е потешкиот и попростиот начин.
Повлекуваш семафори од главни сообраќајници (во меѓувреме копаш несразмерни кружни) за да ги наместиш на други споредни и на магистрални патишта.


Posted By: zabegan
Date Posted: 10-Dec-2015 at 00:10
еве некои фотки од мене од почеток ан септември 2015... според мене патов е интересен за туристи, единствена маана му е што на одредени делници премногу е тесен, баш таму каде што има најмногу непрегледни и нерамни кривини

дента кога се возев јас, имаше сообраќајка поради која беше блокирана голема делница од патот... ова е од Пештани накај Охрид





































-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: WolfLeader
Date Posted: 10-Dec-2015 at 12:26
Да и вака патов е добар за возење , нема некои изразени дупки асвалтот е добар , обележан е и осветлен и има заштитна ограда , единствена мана е што е тесен а тука знаеме дека преку лето има многу раздвижен сообраќај , е сега со изградбата на експресниот пат Охрид - Пештани кој што ќе минува одма покрај плажите јас мислам ќе биде уште по интересен и привлечен за туристите , а ќе биде нели поширок за разминување и по прав и по модерен , нестрпливо чекам да се почне неговата градба , бидејќи стварно градот заслужува да има еден таков добар пат ,а верувам дека придобивка од тоа ќе имаат сите како самите граѓани а и нормално од туристите ќе бидат уште по задоволни да се возат по така добар пат како што сите посакуваме.


Posted By: zabegan
Date Posted: 13-Dec-2015 at 16:06
друга серија, од Наум до Пештани, малце неквалитетни, затоа што се од задно седиште, со голема брзина и зум
и онака не треба нешто да се каже за состојбата на асфалтот, поентата е дека има многу тесни и непрегледни кривини, а лето тука врват многу автобуси



















































не замерајте на фоткава






















-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: nenad
Date Posted: 13-Dec-2015 at 19:09
ovoj pat e super za reli


Posted By: WolfLeader
Date Posted: 14-Dec-2015 at 14:27
Врват автобуси а


Posted By: zabegan
Date Posted: 15-Dec-2015 at 02:48
Originally posted by WolfLeader

Врват автобуси а
па да, како што се гледа на погорните фотки во темава и на првата од мојот пост

врват врват

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: WolfLeader
Date Posted: 15-Dec-2015 at 14:39
Originally posted by zabegan

Originally posted by WolfLeader

Врват автобуси а
па да, како што се гледа на погорните фотки во темава и на првата од мојот пост

врват врват


Хахаха зборчето е најако


Posted By: Тркало
Date Posted: 10-Mar-2018 at 15:26
Овие дена е почната санација на делот од Макпетрол кај Билјанини Извори до Свети Стефан.
На дел места е веќе изгребан стариот слој, некаде се крпени дупки.


Posted By: ironm
Date Posted: 02-Mar-2019 at 20:47
Ќе се реконструира булеварот „Туристичка“

Г.П. Илинден – Струга од денеска ќе започне со изведување на градежни работи на регионалниот патен правец Охрид – Свети Наум, во делот од булевар „Туристичка“ во должина од 3,5км. – информира АМСМ.

На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

https://www.ohridnews.com/e-se-rekonstruira-bulevarot-turistichka/ - https://www.ohridnews.com/e-se-rekonstruira-bulevarot-turistichka/


Posted By: Џоле
Date Posted: 27-Sep-2023 at 15:16
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СКЛУЧЕН ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА

II.1) Предмет на договорот за јавна набавка:
Рехабилитација и поправка на државен пат Р1301 делница, Охрид – Свети Наум

II.2) Вид на договорот за јавна набавка: Работи - ИзведувањеМесто на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите: делница Охрид – Свети Наум

Период во месеци: 42

Назив на понудувачи

Друштво за производство,трговија,услуги и градежништво ТОП БИЛД ДООЕЛ експорт-импорт Скопје

Градежно друштво ГРАНИТ АД-Скопје

Трговско друштво за градежништво производство трговија и угостителство ИЛИНДЕН АД Струга

Друштво за градежништво и трговија ЖИКОЛ ДООЕЛ експорт импорт Струмица

"PE-VLA-KU"SH.P.K

Највисока добиена понуда: 670.828.240,00
Најниска добиена понуда: 474.623.270,00

IV.2) Информации за носителот на набавката со кој е склучен договорот

Име на носителот на набавката: Трговско друштво за градежништво производство трговија и угостителство ИЛИНДЕН АД Струга

IV.3) Информации за вредноста на договорот

IV.3.1) Проценета вредност на набавката со ДДВ 708.000.000,00

IV.3.2) Вредност на склучениот договор без вклучен ДДВ 599.483.705,00

IV.3.3) ДДВ: 18%

IV.3.4) Вредност на склучениот договор со вклучен ДДВ: 707.390.771,90

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/4d335f2a-8503-43ae-af2f-b1f6e8255378

-------------
За сè има вторпат


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 28-Sep-2023 at 09:26

Која делница? Ако е од Св. Стефан до граница, со проширување на најтесните делови, добро ќе биде.



Print Page | Close Window