Print Page | Close Window

[А2] Деве Баир - Ќафасан

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Патишта
Forum Discription: Автопатишта, магистрали, патарини, одморишта...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=693
Printed Date: 20-Apr-2024 at 00:25


Topic: [А2] Деве Баир - Ќафасан
Posted By: Cloverstack
Subject: [А2] Деве Баир - Ќафасан
Date Posted: 29-Aug-2007 at 08:00



- За северната скопска обиколница (која е дел од М-4) има посебна нишка:  http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=84 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=84



Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Aug-2007 at 08:00

Патниот правец М-2 се протега од Куманово (клучка со М-1 кај Долно Коњаре, северно од Куманово), покрај Ранковце, низ Крива Паланка, до граничниот премин Деве Баир на границата со Бугарија. Должината на сегашната траса е 74km.М-2 е дел од коридорот 8 по целата своја должина, како и дел од е-мрежата (E871) исто така по целата должина.Моментално нема ни еден километар автопат по должината на М-2. Инаку идната автопатска траса извесно ќе почнува јужно од Куманово.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Aug-2008 at 08:00
Патниот правец М-4 се протега од Миладиновци (клучка со М-1), преку Хиподром, па го заобиколува Скопје (северна скопска обиколница), покрај Тетово, Гостивар, Кичево, Подмоље, Струга, до границата со Албанија кај Ќафасан. Должината е ~200km што во одредена мерка треба да се скрати со изградба на автопатски делници наместо постоечките помеѓу Гостивар и Ќафасан.

М-4 е дел од Е65 помеѓу Стенковец и Подмоље и дел од Е852 помеѓу Подмоље и Ќафасан. Исто така М-4 е дел од пан-европскиот коридор 8 и тоа по целата своја должина.

Моментално е автопат помеѓу Миладиновци и Гостивар (приближно половина вкупната должина). Отатокот е солиден магистрален пат со дополнителна лента за искачување каде што е тоа потребно, а иако има големи свиоци, сепак се со прифатлив радиус.

На моменталната траса се наоѓаат два значајни планински превои:
- Стража 1212m (помеѓу Гостивар и Кичево)
- Пресека 1082m (помеѓу Кичево и Орид)




Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Sep-2008 at 23:10

Ќе се осветлуваат 5,5 километри од патот Скопје - Охрид

Локалната власт наскоро ќе отпочне проект за осветлување на 5,5 километри од магистралниот пат М4 (Скопје - Охрид) кој минува низ територијата на општина Гостивар. За овој проект ја добивме поддршката и од пратениците кои се заложија за негова успешна реализација. Гостивар, како еден од поголемите градови, заслужува да има пристоен влез и на патниците по магистралата да им навести дека минуваат низ урбана средина - изјави градоначалникот Невзат Бејта.Според проектот, осветлувањето на делот од наплатната рампа до месноста Здуњски Мост ќе чини околу 25 милиони денари.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=018CB9465D57DF4D8925920A1A14CDB6


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Sep-2008 at 01:10

Раскрсницата-убиец кај Гостивар ќе добие семафори

Владата донесла одлука за поставување семафори со кои ќе се регулира сообраќајот на раскрсницата на локалниот пат кон село Здуње и магистралата Гостивар - Кичево. Ова го соопшти заменик-претседателот на Владата, Абдилаќим Адеми, при својата посета на Општина Гостивар. За еден месец на раскрсницата ќе се постават семафори. За трајно решавање на проблемот е предвидено до крајот на годината да се подготви проект и да почне да се реализира - рече Адеми.Жителите на гостиварското село Здуње неколкупати се закануваа дека ќе го блокираат магистралниот пат Гостивар - Кичево ако надлежните институции не преземат мерки за регулирање на сообраќајот на раскрсницата-убиец.

- Ова место за нас и за жителите на околните села е црна точка. И не само за нас, туку и за сите што поминуваат по овој пат. Бројот на жртвите во последните години станува загрижувачки - вели Енвер Мустафи, претседател на Месната заедница Здуње. Лани во сообраќајни несреќи на раскрсницата загинаа четири лица. На ова место годишно се случуваат по дваесетина сообраќајни незгоди.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F8407FDB828D2B429D161C1FA2D92D75


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Sep-2008 at 01:11
Се надевам дека по изградбата на автопат нема да имаме единствен ваков преседан во светот!


Posted By: zabegan
Date Posted: 15-Sep-2008 at 14:41
не ми е јасно, толку не можат еден надвозник, односно клучка да направат?

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Sep-2008 at 04:38
Веќе од пред неколку дена се почнати преговори со сопствениците на нивите низ кој треба да проаѓа автопатот Гевгелија-Охрид. Информацијава е лично од еден од тие сопственици.

Да се надеваме дека нема да има поголеми потешкотии со локалното население околу екпропријацијата.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Sep-2008 at 05:18
Originally posted by lslcrew

Веќе од пред неколку дена се почнати преговори со сопствениците на нивите низ кој треба да проаѓа автопатот Гевгелија-Охрид.


Нема ваљда и таков да се гради LOL




Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Sep-2008 at 05:19
Crazy Гостивар бееее.!!!!!!!!!!!!!!

Кловер дај смени го додека не станале другиве, резил!!! Ќе ми се смеат!!!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Sep-2008 at 05:58
тц, не може Big%20smile


Posted By: La Linea
Date Posted: 18-Sep-2008 at 06:23
Vardar, време е за одмазда Big%20smile




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Sep-2008 at 06:26
RunawayЈа затоа му реков на Кловер да брише! Знам дека вардар чека да заебава некој! Башка зашто одмазда?!


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Sep-2008 at 08:49
LOL



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jul-2009 at 00:24
Фотки од Скопје --> Tetovo   ( pbanks, април 2007 )

1


2


3


4


5


6


7


8


9


10



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jul-2009 at 00:27
11
Наплатна станица Желино


12


13


14
Влез во Тетово од клучката Тетово Исток



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Aug-2009 at 20:07
Охрид - Кичево   (пбанкс, октомври 2007)


1


2


3


4


5


6


7


8


9


10



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Aug-2009 at 20:10
11



12



13



14



15



16



17



18



19



20



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Aug-2009 at 20:11
21


22


23


24


25


26


27


28



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Aug-2009 at 20:30
Кичево - Гостивар  (пбанкс, април 2007)


1


2


3


4


5



Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 09-Aug-2009 at 16:35
М-4 Скопје - Охрид, Јули 2009:
Скопје-Тетово:














Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 09-Aug-2009 at 16:37
Скопје-Тетово дел 2:
НС Желино














Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 09-Aug-2009 at 16:38
Скопје-Тетово дел 3:
Желино-Тетово Исток:










Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 09-Aug-2009 at 16:41
Тетово-Гостивар:












Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 09-Aug-2009 at 16:43
Гостивар- клучка за Маврово/Дебар:
Познатиот призор на нашите патишта:










Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 09-Aug-2009 at 16:45
Околината на Охрид.
Клучката Охрид-Скопје-Струга на М-4, близу Аеродром Охрид:





Св Еразмо, во близина на Охрид, туристичка забележителност:



Влезот во Охрид:



Клучката пред Охрид, од правец Скопје, погледната од Самуиловите Тврдини:






Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Aug-2009 at 17:17
Applause


Одлични фотки, единствена забелешка имам за шофершајбната Big%20smile


Posted By: zabegan
Date Posted: 09-Aug-2009 at 17:26
приметивте дека Ќафасан на латиница е напишан како Ќafasan Bash


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Aug-2009 at 17:34
Suicide


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Aug-2009 at 17:42
Незнам зошто ве чуди тоа, моето презиме ја содржи буквата Ќ и латиничната транскрибција во пасошот повторно си содржи .... Ќ. Ако може да се толку бахати со официјални документи зошто мислите дека би пазеле на знаци? 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Aug-2009 at 17:44
Нов биометриски ?!?!?


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Aug-2009 at 17:46


Не, не, таму тек треба да откријам како е транскрибирано Ќ. Сепак стари, небиометриски пасоши имам сменето 3 и сите си го имале старото добро кирилично Ќ на латиница. Значи не зборуваме за исклучок туку за свесно правење грешка цели две децении.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 09-Aug-2009 at 17:46
Е добро де и јас се чудев НО буквата Ќ е само македонска. Како вие предложувате да се напише латиничната форма на буквата Ќ? Ние во Македонија имаме огромен проблем околу ова, затоа што не постојат никакви стандарди. Има два начина да се транскрибира кирилацата во латиница.
1) т.н. чешки кој само ги транскрибира буквите од кирилични во латинични ( Скопје  Skopje Галичица Galičica)
2) т.н. руски кој освен сама транскрипција води сметка да се задржи истиот изговор на зборот кога прочитан од англичанец да речеме ( Скопје Skopye Галичица  Galichitza    Ќафасан  Kyafasan)

Јас лично сум голем поборник на рускиот начин! Во Њу Јорк прв пат а и на секој европски  на аеродром ми се случува Andrej Skopje  да се прочита како Андрејџ флајинг то Скопџи.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Aug-2009 at 18:38
Новите биометриски се според некоја стандардизирана латиница која први ја воведуваат ICAO и ги содржи речиси сите специфични букви и фонеми од свет. Така да спореден новите пасоши Ќ e KJ, a Ш е SH и слично. Истава азбука треба да се употребува и за автопатите и да не се глупираме со јазични деривати, умлаут, апостров и слични импровизации!


Posted By: zabegan
Date Posted: 17-Aug-2009 at 23:28
еве го делот Скопје - Куманово кој требаше да го постирам
1.

2.

3.

4.

5.

6.

7.

8.

9.




Posted By: zabegan
Date Posted: 18-Aug-2009 at 13:58
ако сум го утнал насловот поправете Smile
1. излезот од М-1

2.

3.

4.

5.

6.

7.

8.

9.

10.

11.

12.

13.

14.

15. нашите прекрасни знаци

16. до тука само стигнав





Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Aug-2009 at 04:16
Добри материјали забеган, конечно да почнеме нишка и за М-2  Thumbs%20Up

Само малце темни сликиве, да не бил погрешно подесен апаратот?


Posted By: zabegan
Date Posted: 19-Aug-2009 at 14:30
Originally posted by Cloverstack

Добри материјали забеган, конечно да почнеме нишка и за М-2  Thumbs%20Up

Само малце темни сликиве, да не бил погрешно подесен апаратот?
да, темни ми се сликите бидејќи заборавив да го подесам апаратот, ништо страшно мислам


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Aug-2009 at 14:32


Темната комбинација ги прикрива мааните на патот


Posted By: micko_v
Date Posted: 19-Aug-2009 at 15:46
Мислам дека е една од најлошите делници посебно од граница до К.Паланка, дупки и нерамини колку сакаш, навечер ниту еден знак не се чита, Африка.....


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Sep-2009 at 03:58
Oбид да се фати нешто од патов. Сликано во близина на Ранковце.





Особено сум незадоволен од сигнализацијата на патов. Посебно онаа каде што е најбитно, клучката каде што се врзува со М-1. Тоа е све искршено, ураснато, исповиткано, никаво! А тука е и спојката осо еден локален пат (кој пак спојува со Р-101) и дополнително е малку конфузна и онаа преостанатата сигнализација на клучкава.

Има така прилично долги делови каде што воопшто нема знаци околу брзинското ограничување. Има еден дел одприлика некаде кај Младо Нагоричане (движејќи се кон М-1) каде што има ограничување 70 и после тоа останува ограничувањето и за делници за кои реално може и многу поголеми брзини да се дозволат, каде што реално условите дозволуваат, Може и да имало некој знак во минато за 80 што сега го нема. Барем движејќи се обратен правец мислам дека ограничувања беа поголеми, но не сум сигурен.

Инаку асфатлот е таков каков што е, за наши услови е тој просечниот. Имаме и подобри, но имаме и многу полоши патишта. Барем нема толку "фрлања" од земја што да други патишта ги има да ги ринеш со лопата. Во однос на трасата приметив дека некаде после Страцин како да се стеснува малку трасата, за разлика од предходно каде што лентата е со комотна широчина.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Sep-2009 at 10:33

Крстосницата-убиец ќе влезе во Коридорот 8

Изградбата на Коридорот 8 го стопира проектот за регулирање на сообраќајот на „крстосницата-убиец“ кај гостиварското село Здуње, на која лани имаше дваесетина сообраќајки во кои загинаа четири лица.

Пред една година беше најавено решавање на проблемот со кој се соочуваат жителите на неколку гостиварски населби. Опасноста постојано ги демне и возачите кои се движат по магистралата од Гостивар кон Кичево. Запрашан, при неодамнешната посета на Гостивар, зошто не е почната реализацијата на најавеното решение на проблемот со опасната крстосница на еден од влезовите на Гостивар, позната и како „стакларска“, вицепремиерот Абдулаќим Адеми рече:

- Министерството за транспорт и врски веќе добило задолжение од Владата што побрзо да изготви проект со кој трајно ќе се реши проблемот. Работата е стопирана бидејќи проектот треба се вклопи како дел од Коридорот 8, кој е предвиден да минува во близина на оваа локација.

Пред повеќе од триесет години, со изгѓадбаќа на обиколницаќа, пѓиодниќе паќишќа кон шелаќа Ѓавен, Вѓчќок Ѓечане и кон Оѓќчше ше вкѓшќчвааќ шо магишќѓалниоќ паќ кон Охѓид.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B02685BFAD14CC4D86C37F3F35B9AE46


Nuts


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Sep-2009 at 15:13
Од Скопје до Тетово...

01.


02.


03.


04.


05.


06.


07.


08.


09.


Од Тетово до Гостивар. Нема нешто посебно да се слика. Прав, а тесен пат, без трета лента и нерамна траса.

10.


11.


12.


Од Гостивар до село Церово, односно до раскрницата каде што се врти за Маврово.

13.


14.


15.


16.


17.


18.


19.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Nov-2009 at 00:20

Оштетена магистралата кон Деве Баир

Коритото на Крива Река деновиве достигна широчина од над 40 метри, а жителите од селата Узем и Костур се целосно отсечени поради урнатиот бетонски мост, кој ги поврзуваше со магистралата и со Крива Паланка

Надојдената Крива Река на повеќе места ја оштети магистралата кон Деве Баир, поради што на тие места транзитот кон Бугарија привремено се одвиваше по една коловозна лента. На повеќе места надојдените води го поткопаа патот на неколку километри од излезот на Крива Паланка, а најкритично беше на делницата кај местото Дервен. Урната беше и заштитната ограда на овој меѓународен пат.

- Привремено ги санираме штетите на поткопаниот пат и ја обезбедуваме делницата за сообраќај. Поставени се патокази и знаци за предупредување и внимателно возење на овој дел од магистралата. Сега се прави процена на штетите, но потребна е и целосна заштита со поставување бетонски столбови, за што се известени сите надлежни органи во државата. Бидејќи станува збор за меѓународен пат, по кој секојдневно минуваат голем број возила преку граничниот премин на македонско-бугарската граница, неопходно е обезбедувањето на делницата да биде направено што поскоро - вели Игор Тодоровски, раководител на РЕ на „Македонијапат“ од Крива Паланка.

Кривопаланчанци велат дека не виделе толкаво зголемување и излевање на Крива Река речиси 40 години, кога биле однесени повеќе деловни објекти и мостови во центарот на градот. Коритото на реката деновиве достигна широчина од над 40 метри, а жителите од селата Узем и Костур се целосно отсечени поради урнатиот бетонски мост кој ги поврзуваше со магистралата и со градот.

- Веќе 4 дена целосно сме блокирани, нивите се поплавени, а реката се претвори во море. Со намалувањето на нивото на водата штетите се' повеќе се гледаат, насекаде има паднати електрични столбови, искорнати дрвја и наноси, а поткопана е и трафостаницата. За среќа, избегната е многу поголема катастрофа. При најинтензивните врнежи нивото на реката беше само 50-ина сантиметри пониско од јаловиштето на рудникот „Тораница“ и малку недостигаше тоа да се урне и да не' однесе сосе куќите, а целото село да го снема - велат жителите од Узем.

Локалната власт работи на санирање и проценување на штетите.

- Формирана е Комисија за утврдување на состојбата и на штетите, а механизацијата и оперативата постојано работат на терен. Но, секој ден се јавуваат нови оштетувања, така што Општината не може да постигне сите да ги санира. Штетите се огромни, ни недостига механизација и не знаеме каде попрво да интервенираме - вели Бранко Велиновски, раководител на одделението за инспекциски надзор.

Од Општината велат дека најприоритетно е да се регулира коритото на Дурачка Река во населениот дел од градот и да се изврши расчистување на насадите на дрвја по течението на Крива Река од Узем до Конопница, кои го изместуваат текот на реката и прават големи штети. Токму овие две подрачја и најмногу беа погодени од надојдените води на реките.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A69093C11B777D47B2F03BBAC810BBC3


Posted By: idea_bos
Date Posted: 11-Dec-2009 at 18:43
Zborot e ispravno napisan na MAKEDONSKA kirilica

-------------
16202428


Posted By: idea_bos
Date Posted: 11-Dec-2009 at 18:44
LATINICA

-------------
16202428


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Dec-2009 at 21:30
idea_bos, постовите може да се едитираат доколку се направи грешка, не мора нов пост   До опцијата за едитирање можеш да пристапиш преку менито Post Options кај секој пост.

Инаку стандардизирана ли е таа македонска латиница во нашиот правен систем? Јасно е дека дури и ако се применува, не се применува конзистентно, но би било убаво да се знае дека барем постои таква работа и дека останува да се спроведе коректно таму каде што би нашла примена.




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Dec-2009 at 15:46
Излезот од М-4 кон Тетово (клучка Тетово Исток)



Posted By: SkyBoy
Date Posted: 20-Mar-2010 at 00:08
 
РАЗВИВАЊЕ ТУРИЗАМ БЕЗ ПАТИШТА
 
По дупки до Охрид
 
Целосна санација на регионалниот пат за Охрид се нај­а­ву­ва кон крајот на април, оти во моментов сe уште не е завршен тен­де­рот за набавка на битумен

Ре­ги­о­нал­ни­от пат по кој, преку Стража, се стигнува до најпознатото ту­рис­тич­ко место во Македонија Охрид е дупка до дупка. По оваа со­об­ра­ќај­ни­ца речиси и е невозможно нормално да се вози, бидејќи недостигаат цели пар­чи­ња од асфалтот, а ЈП "Македонија пат" негова целосна санација нај­а­ву­ва кон крајот на април, оти во моментов сe уште не е завршен тен­де­рот за набавка на битумен.
Еки­па на "Вест" завчера возеше по уништениот пат. Најдраматично е кај се­ло­то Колари каде што возачите, за да ги избегнат огромните дупки длабоки и по петнаесетина сантиметри, се принудени да возат по средишниот дел на патот, со што ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот, бидејќи патот е двонасочен.
"Свес­ни сме дека од спротивната страна доаѓаат возила кои, исто така, се при­ну­де­ни да влезат во нашата лента заради избегнување на дупките, но што да правиме, да останеме без тркала. Овде ни крпење не помага, патот тре­ба одново изгради", ни рекоа возачи што раскажуваат дека често го возат овој патен правец и постојано си го ризикуваат сопствениот и жи­во­тот на другите.
Ге­не­рал­ни­от директор на ЈП "Македонија пат" Горан Стојковиќ вели дека во­да­та го нагризала асфалтот и ги отворила дупките кои, според него, нај­ит­но ќе се пополнат.
"Вед­наш привремено ќе ги санираме со ладна маса и тампон, а кон крајот на април, кога ќе набавиме битумен и ќе проработат асфалтните бази, ќе се работи на подолгорочна поправк,а за што и се предвидени пари во прог­ра­ма­та за годинава. Деловите од асфалтот, кои се најоштетени, ќе се из­гре­бат и повторно ќе се асфалтираат", вели Стојковиќ.
И. Смиљанска
Фо­то: В. Тануровски

Јанакиески: Состојбата на патиштата не е идеална

Ми­нис­те­рот за транспорт и врски признава дека состојбата на патиштата во Македонија не е најдобра, ќе се подобрува со создавање на ко­ор­ди­на­тив­но тело за зголемување на безбедноста на патиштата и со постојано ин­вес­ти­ра­ње во нив.
"Не реков дека состојбата со патиштата ни е идеална, но од година во го­ди­на таа ќе се подобрува. На почетокот на мај годинава, во соработка со Гра­деж­ни­от факултет од Скопје ќе направиме анализа на оние места ка­де што имаше свлечишта и, доколку се работи за активни свлечишта, Вла­да­та трајно ќе ги санира", изјави вчера Јанкиески.


http://www.vest.com.mk/?ItemID=A90FC1397E64DD45885BFC73B61D6CAA - http://www.vest.com.mk/?ItemID=A90FC1397E64DD45885BFC73B61D6CAA


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Mar-2010 at 15:21

Ќе се регулира „раскрсницата-убиец“ кај Здуње

Ќе се регулира сообраќајот на „раскрсницата-убиец“ кај гостиварското село Здуње, на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Градежниот зафат е предвидено да почне летово. Изминативе години оваа точка беше посочувана како исклучително опасна за безбедноста во сообраќајот на овој патен правец. Решавањето на овој проблем го најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој го посети Гостивар.

- Деновиве треба да се одржи една јавна расправа, на која ќе се слушнат мислењата на експертите, граѓаните и на локалната самоуправа. Потоа треба се утврди финалното решение, кое треба да го изработи Агенцијата за патишта. Очекувам, градежните работи да почнат во средината на оваа година изјави - Јанакиевски.

Од локалното одделение за сообраќај на Општина Гостивар сметаат дека најдобро решение ќе биде изградбата на надвозник. Регулирањето на сообраќајот на „раскрсницата-убиец“, како што ја нарекуваат граѓаните, и претходно беше најавувано со кружен тек и семафори.

Жителите од Здуње реагираа и се закануваа со блокади на магистралниот пат ако не се преземат мерки за подобрување на безбедноста. Секоја година, на ова место се случуваат по дваесетина сообраќајки, во кои неретко има и човечки жртви.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DF2432486F89674C92A789A6E162BBA2


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Mar-2010 at 04:00

Раскрсницата-убиец ќе биде безбедна

Гостивар - До крајот на годинава ќе се изгради ново сообраќајно решение на здуњската раскрсница на западната магистрала Гостивар - Кичево, со што ќе се подобри безбедноста во одвивањето на сообраќајот.

Агенцијата за магистрални и регионални патишта деновиве во гостиварската локална самоуправа ќе одржи јавна расправа околу неколкуте идејни решенија за окончување на повеќедеценискиот сообраќаен проблем на оваа раскрсница. Гостиварските градежни и сообраќајни експерти сметаат дека најдобро решение за безбедно регулирање на сообраќајот на раскрсницата е изградба на надвозник.

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, најави дека во средината на годинава ќе започнат работите на реализација на сообраќајното решение што ќе го усвојат експертите. Со изградбата на понуденото решение, значително ќе се подобри безбедноста во сообраќајот и ќе се намалат сообраќајните несреќи.

На здуњската раскрсница годишно се случуваат над дваесетина сообраќајки. Во последните години животите ги загубија над дваесетина лица, најмалку двојно повеќе лица беа потешко и лесно повредени, а беше причинета и голема материјална штета.

Со право жителите на гостиварското село Здуње раскрсницата ја нарекуваат убиец. Доколку годинава не се реши овој проблем, здуњчани повторно ќе излезат на протести, со блокирање на сообраќајот на овој магистрален пат, како што го направија тоа пред две години. По овие протести, Владата донесе одлука со што беше одобрено нивното барање. Но, се' остана на ветувања. Здуњчани со резерва го примија и ветувањето на министерот Јанакиески, бидејќи стравуваат да не бидат измамени по втор пат.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=CFC96D12BBC4044387241258D3914939


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Aug-2010 at 23:13
Кај Миладиновци




Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Jul-2011 at 13:19
Досега незнам дали сме имале запис, ама патот накај Бугарија преку Крива Паланка се санира на неколку места со нов асфалт, не дупки, туку цели делници. Неколку места има со завршени работи, имаше две изграбани што чекаат асфалт и една што се работеше со наизменично пропуштање.


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 25-Jul-2011 at 13:50
Originally posted by lslcrew

Досега незнам дали сме имале запис, ама патот накај Бугарија преку Крива Паланка се санира на неколку места со нов асфалт, не дупки, туку цели делници. Неколку места има со завршени работи, имаше две изграбани што чекаат асфалт и една што се работеше со наизменично пропуштање.


А не ли е тоа дел од коридорот 8 кој треба да се даде под концесија и со тоа да се реизгради во автопат?


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 25-Jul-2011 at 16:59
Originally posted by mirakuliks


Originally posted by lslcrew

Досега незнам дали сме имале запис, ама патот накај Бугарија преку Крива Паланка се санира на неколку места со нов асфалт, не дупки, туку цели делници. Неколку места има со завршени работи, имаше две изграбани што чекаат асфалт и една што се работеше со наизменично пропуштање.
А не ли е тоа дел од коридорот 8 кој треба да се даде под концесија и со тоа да се реизгради во автопат?


Да,дел се од коридорот,но дедека чекаме за концесија мислам дека крајно време беше да се санираат,затоа што имаше толку катастрофални делови што не се дозволуваа возење над 50-60км/ч

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: axel
Date Posted: 26-Jul-2011 at 10:19
veke mesec dena se raboti na najostetenite delovi od patot


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Oct-2011 at 02:55
Маџаров направил растур  Bow
Скопје - Струга

1 дел
[tube]unBPSp_v14c[/tube]

2 дел
[tube]P3wmOTfw7iU[/tube]

3 дел
[tube]eMqoqpB1jdk[/tube]


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Oct-2011 at 00:32
На клучката кај Кондово има сериозен проблем кога се движите од Ѓорче Петров во правец кон Тетово, односно на местото каде што обиколницата завршува и се спојува со западниот излез од Скопје:
42° 0'18.53"N  21°19'11.78"E

Имено излезот од Скопје има 2 ленти, плус оние 2 што доаѓаат од обиколницата, тоа се вкупно 4 ленти. Но во растојание од 170 метри автопатот повторно се стеснува на 2 ленти. И не само што се стеснува, туку и хоризонталната сигнализација е без врска, јас вака обележано приклучување немам видено никаде на друго место. Двете средни ленти се спојуваат на начин како некој да се трудел да стимулира сообраќајни несреќи, а веднаш потоа (во растојание од 30-тина метри) комбинираниот сообраќај од тие две ленти удира во десната (!?) лента. Баш ме интересира според кои норми е ова вака обележано. За „среќа“ засега немаме којзнае колку густ сообраќај, па последиците од вакви заебанции, во моментов не се толку големи:

1


2


3




Со оглед дека понатака делот од автопатот што поминува низ селото Сарај нема можност за лесно и ефтино проширување, нема ниту можност за проблемот да биде целосно решен. Но сепак има простор за многу солидно решение, без потреба за никакви градежни зафати, требало само малку поодговорно да си ја завршат работата тие што се надлежни за ова.

Еве како може да се оправи работата за неколку часа и единствено со менување на хоризонталната сигнализација. Пред се, лентата за застанување треба да се пренамени во лента за сообраќај, во должина од 200-300 метри. Но лентата за застанување е потесна (широка е 2,5m) од лентите за возење (широки по 3,75m). Таа ширина (2,5m) е апсолутно недоволна за возење на автопат. Но 3,75m е повеќе од доволно (во Холандија на пример сега стандард им е 3,5m а добар дел од автопатите им имаат ленти широки и по 3,25m), па едноставно треба да се преобележи цел тој сегмент и еднакво да се распредели ширината. Со тоа би добиле 3 ленти широки по 3,33m што не е ништо страшно, со оглед дека се работи за краток сегмент.

И се разбира, средните ленти не треба буквално да се спојат како што е сега, особено не онака вртоглаво... туку сето тоа да се одвива со престројување, кое престројување со сигнализација треба навремено да се сугерира. Со обезбедениот дополнителен простор од лентата за застанување, сето тоа би се одвивало многу потечно и побезбедно отколку што е ситуацијата сега. Еве како би изгледало решениево со само 200 метри продолжување (се разбира може и многу повеќе од 200 метри доколку има потреба):




Posted By: OCB
Date Posted: 14-Oct-2011 at 00:40
Откако повикот за давање на овој патен правец под концесија пропадна, извесно е дека М-2 засега нема да се гради како автопат. Во Програмата за работа на владата за 2011-2015 е предвидено М-2 да се рехабилитира, надгради и прошири и тоа од Ранковце до Крива Паланка. Предвидениот рок е 2014-2015.


Posted By: Тркало
Date Posted: 24-Apr-2012 at 02:09

http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=41376

http://www.youtube.com/watch?v=9mWopRGs2xs - Видео : Магистралата Охрид – Гостивар во катастрофална состојба
    
Големите количини на сол кои поради снежните врнежи во текот на зимскиот период беа фрлени на магистралниот пат Охрид -Гостивар, предизвикале големи штети врз асфалтот, па постоечките пукнатини и дупки, кои веќе подолго време се главна карактеристика на овој патен правец, сега се претворени во вистински кратери.


Големите дупки, не само што им нанесуваат штети на моторните возила кои секојдневно сообраќаат по овој патен праец, тие претставуваат и голема опасност и за безбедноста на возачите и на патниците.

Поради неможноста да ги фотографираме најлошите делови од автопатот , направивме кратко видео на потегот од Кичево до планинскито превој Стража, каде што се видливи најголемите оштетувања.

Инаку Владата на Република Македонија кон крајот на февруари и официјално се откажа од изградба на автопат Ќафасан - Охрид - Гостивар. Наместо автопатно решение, сега се предлага ревитализација и проширување со една лента на постоечката магистрала од Охрид до Кичево, за што било разговарано на една од седниците на владиниот Економскиот совет. Во однос на патниот правец Кичево – Гостивар Економскиот совет одлучил повторно да се оди со концесија на патиштата.


Турстичките работници од Охридскиот регион, во изминатите неколку години многу пати апелираа до надлежните институции за важноста на оваа сообраќајна делница и за тоа дека нејзната неуреденост остава лош впечаток на туристите.

Е.М

© 2012 Ohridnews.com


Posted By: gorco
Date Posted: 24-Apr-2012 at 08:24
Тоа е преродбата на партијата на власт... скапани патишта и никакви возови, важно, барокни фасади на катни гаражи во Скопје... БОЖЕ ГОСПОДЕм КАЈ ЖИВЕАМ!!!

*п.с. морам да се извинам за постов - ама ми се собира од поодамна веќе!!!

-------------


Posted By: Граѓанин
Date Posted: 24-Apr-2012 at 10:07
Originally posted by gorco

Тоа е преродбата на партијата на власт... скапани патишта и никакви возови, важно, барокни фасади на катни гаражи во Скопје... БОЖЕ ГОСПОДЕм КАЈ ЖИВЕАМ!!!

*п.с. морам да се извинам за постов - ама ми се собира од поодамна веќе!!!


Секако дека мора да се поправат тие оштетувања и поради туристите и поради граѓаните. Но твојов исказ е веќе политизација на темата, што не е во ред бидејќи некој друг може да ти одговори дека имаат направено разни други патишта и проекти од тој калибар, и затоа дискусијата може само да отиде до недоглед, а да го изгуби карактерот што го наметнува овој форум според својата тематика.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 24-Apr-2012 at 10:11
Е кој се тие патишта те молам кажи ми?
Освен Стража - кичево - Охрид, за ИТНА целосна реконструкција е и Велес - Петровец - Миладиновци - Куманово, Велес - Штип... Ама така е кога имаш тотално ненормално поставени приоритети и полу писмен народ.


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Граѓанин
Date Posted: 24-Apr-2012 at 10:14
Тоа не е мое лично гледиште (и јас сметам дека ги имаат запоставено патиштата), но самиот имам чуено таков приговор, и го дадов чисто како илустрација за политизацијата во начинот на искажување.


Posted By: gorco
Date Posted: 24-Apr-2012 at 10:37
Извини граѓанин, ама потполно не си во право... Оваа актуелна влада, нема направено ниту еден автопат во Македонија. Иако ја пресече лентата за Скопската обиколница, не го започна тој проект. Ја направија Илинденска до пола... во Скопје, тоа е.

А за кратерите на Гостивар-Кичево, најконкретно... што да речам, изгледа не одиш на релација Охрид-Скопје, за да знаеш дека од 2008 навака, тој пат станува од катастрофа - уште поголема катастрофа. Слично е и Велес-Скопје, јас буквално во 2009 година, на последниот мост, пред објектите на Македонија Пат, малку фалеше да оставам тркало во дупка (и да продолжам без него).

Како што кажа, Андреј, не е политизацијата темата, кога се зборува за НИКАКВИ приоритети и за неписмен народ, извини ама ја зборувам вистината.

-------------


Posted By: Граѓанин
Date Posted: 24-Apr-2012 at 10:46
Бев пред некое време на таа релација и приметив такви нерамнини на патот, но претпоставив дека колата ги нагласува бидејќи е низок спортски двосед со мошне тврда амортизација. 


Posted By: gorco
Date Posted: 24-Apr-2012 at 10:50
Не нерамнини, јас не сум возел од 2010 таму, лани бев но ме возеа.

Нерамнините се највеќе на кривините пред и после Стража и Пресека, а најголеми оштетувања патот има во делот Колари - Трапчин Дол.

Можеби и има накај Охрид, после Пресека, ама не сум приметил, во кратки црти - страшно е. Промовираме туризам и Охрид како број 1 туристичка дестинација во земјава... а сите патишта до Охрид се ужасни. За жал тоа е реалноста.

-------------


Posted By: Граѓанин
Date Posted: 24-Apr-2012 at 10:56
Ни јас не разбирам, нема никаква логика. Изгледа зазеле некој став дека тие „поважните“ гости што доаѓаат од подалеку пристигаат со авион и се шетаат само во Охрид и до Св. Наум (што е тешка глупост и невистина), а дека тие од околните земји што доаѓаат со кола се и така навикнати на такви патишта. Може причините да се сосем други, само нагаѓам, но во секој случај, што и да е, не е право да се запоставуваат патиштата бидејќи самиот во Охрид запознав туристи од југоисточна Азија и знам дека имаа намера да одат со изнајмени возила по други градови.


Posted By: gorco
Date Posted: 30-Apr-2012 at 10:45
Ужасен е ,,, баш во средата на 25 Април јас го возев... незнам што да кажам, ама треба посебно да се нафатат да ја средат делницата Стража - Зајас.

-------------


Posted By: gjoko
Date Posted: 30-Apr-2012 at 10:55
во 2011 се започна со реконструкција баш на оваа делница но се заврши само делот пре,во и после с.Колари кој беше и полош од делот на стража.дали ќе се оди и према Стража незнам


Posted By: Тркало
Date Posted: 17-May-2012 at 21:06
Originally posted by gjoko

во 2011 се започна со реконструкција баш на оваа делница но се заврши само делот пре,во и после с.Колари кој беше и полош од делот на стража.дали ќе се оди и према Стража незнам


Денеска поминав, катастрофата е само уште поголема и во растечки статус.

Го ископале делот од Зајас до Стража со кратери по 2,3,5м2 во површина и ~ 20см длабоки, најверојатно за крпење Некаде и по цела ширина на патот сечени делови по 30 - 40см и 20см длабоки.
Патот е на моменти како хрватската шаховница во црно - сиво издание...

Да не спомнувам дека е период пред лето, плус никаде немаше поставено знаци за работа на пат (пред 20-тина дена немаше ништо копано), а како споредба некаде кај Ботун меѓу Кичево и Охрид поставуваа најверојатно јарбол за знаме и беше обележано со знаци работа на патот и светлечка сигнализација уште 100 - 150 метри пред местото, иако беше поприлично надвор од патот   


Posted By: Goran
Date Posted: 18-May-2012 at 06:22
Објавено 17 мај 2012, во http://www.kapital.mk/MK/dneven_vesnik.aspx -
http://www.kapital.mk/MK/dneven_vesnik.aspx/84188/zoshto_nema_avtopat_do_ohrid_!.aspx?iId=2743#">Print%20page КОМПАНИИ / ПАЗАРИ

Зошто нема автопат до Охрид?!

Дејан Азески
Иако е повеќе од неопходен автопат до главниот туристички центар во Македонија, Охрид, оваа инвестиција ниту влегла, ниту ќе влезе како приоритет на Владата

Околу автопатот треба да се гради целата економско-туристичка стратегија на Охрид, а не обратно, велат охридските хотелиери

Охрид цела деценија по изградбата на автопатот Скопје-Гостивар останува отсечен од Македонија и од Европа поради 130 километри планиран, а неизграден автопат. За делницата за Охрид досега се пропаднати неколку проекти и тендери и никако не се наоѓа маж за да го реализира овој проект, кој охридските угостители и бизнисмени го сметаат за „камен-темелник на каков било иден развој на градот“.

Од Агенцијата за патишта потврдуваат дека за таа цел е изготвена и студија за концесискиот проект, во која меѓу другото, е содржана пошироката економска оправданост на концесијата. Но, никој од надлежните институции не одговара на прашањето што е планирано за во иднина и како ќе се решава овој порблем.

Според последниот тендер што го објави Министерството за транспорт и врски во средината на ноември 2009 година, за давање под концесија на два пакети веќе изградени, но и на нови патни правци по Коридорот 8 во источниот пакет се нудеа под концесија патишта во должина од 177,5 километри, а во западниот 196 километри. На западната страна се Стенковец-Блаце, Гостивар-Ќафасан, Требениште-Охрид, Струга-Подмоље и Гостивар-Тетово-Скопје, за чија изградба се потребни 558 милиони евра.

Од концесионерите се бараше да ги изградат, да ги доизградат и да ги реконструираат предвидените патни правци за најмногу осум години, а потоа со нив да стопанисуваат 35 години, но и истовремено и да ги одржуваат и да наплаќаат патарина. Иако првично заинтересираност пројавија дури 48 странски и домашни компании, во завршната фаза ниту една не поднесе понуда за концесионирање на македонските патишта.

Проекти на хартија, реализација нема

Според првичниот план, кој е стар неколку децении, Стража требало да се премости со тунел долг осум километри, сличен на железничкиот, кој е во употреба уште од 1967 година. Но, според усвоените планови кои беа дадени на тендер, трасата е променета. Почнувајќи од Гостивар, главно се движи кон запад и потоа преминува на исток од постоечкиот пат. Таа поминува низ шумско земјиште по слична траса како железницата, но два километри западно од пругата се качува по стрмниот планински гребен. По гребенот трасата се среќава со постоечкиот пат и продолжува јужно кон Кичево, генерално на западната страна од постоечкиот пат. Од Кичево на југ патот го следи постоечкиот, каде што доаѓа до дното на долината и има полесна хоризонтална проекција.

Кај Требениште идниот автопат се дели на две делници. Првата, како целосно нова делница, оди до Струга, а потоа до граничниот премин со Албанија и завршува кај Ќафасан. Втората делница го следи постоечкиот пат и поминува преку Подмоље и завршува во градот Охрид.

Доколку градбата на сите овие делници започне истовремено, временскиот период потребен само за изградба на овој патен правец е околу шест години од склучувањето на договорот за градба.

Автопатот би значел економска преродба за регионот

Охридските стопанственици и туристички работници се согласуваат за едно - дека воопшто нема потреба да се разговара за придобивките кои би ги донело автопатско решение од Скопје за Охрид. Тие велат дека во секоја книга може да се прочита за благодетите од ваков проект.

Филип Мишевски, заменик-генерален директор на хотелскиот комплекс Метропол, смета дека околу автопатот треба да се гради целата економско-туристичка стратегија на Охрид, а не обратно.

„Од посебно значење е поврзаноста на Охрид со автопат за Скопје. Тоа ќе значи придобивки и за туризмот и за стопанството, а општо и за граѓаните на Охрид. Како општина, не само што сме заинтересирани, туку поддржуваме и подготвени сме да помогнеме каква било иницијатива која ќе се покрене за ова прашање, кое не е важно само за градот, туку како дел од Коридорот 8 е значајно за целата држава“, вели Мишевски.

Автопатот не е значаен само за туризмот. Голем бенифит од него очекуваат и останатите компании од Охрид кои се занимаваат со производство. Љупчо Иловски, заменик-генерален директор на фабриката за сигурносни појаси СИПО, вели дека е природно да се очекува зголемување на можностите за бизнис.

„Градењето автопат првенствено ќе значи скратување на патот, што во секој случај, ќе има позитивно влијание и врз стопанството. Нашите производи побрзо и поевтино ќе стасуваат до посакуваните дестинации и ќе имаме аргумент плус за соработка, бидејки ќе бидеме поповрзани со регионот“, вели Иловски.

Во локалната самоуправа железничкото и автопатско поврзување на Охрид со Европа го сметаат за основа за каков било развој.

http://www.kapital.mk/MK/dneven_vesnik.aspx/84188/zoshto_nema_avtopat_do_ohrid_!.aspx?iId=2743 - http://www.kapital.mk/MK/dneven_vesnik.aspx/84188/zoshto_nema_avtopat_do_ohrid_!.aspx?iId=2743


Posted By: gjoko
Date Posted: 18-May-2012 at 13:47
вчера возев кон Скопје и започнато е крпењето на дупките од Стража кон Кичево,засега ова ми изгледа за најсериозно крпење на дупки,ако може самото крпење да се нарече сериозно.со машина се греби асфалтот на секое место каде има пукнатина и тоа се прави на онака речено потемелно.ако се стави и асфалтот како што треба ,има шанси да е горе-долу солиден патот во однос на тоа како беше.засега е изгребен дел од околу 1 км


Posted By: Denko
Date Posted: 09-Jul-2012 at 16:53
Ne znam dali e debatirano na ovaa tema, no mislam deka e napravena golema utka vo priklucuvanjeto kon obikolnicata na izlezot od Skopje kon Tetovo.

Vidi video 03:18
http://www.youtube.com/watch?v=unBPSp_v14c&feature=relmfu


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Jul-2012 at 17:30


На што поточно мислиш Денко?

Евентуално на ова:
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=693&PID=114238#114238 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=693&PID=114238#114238

?





Posted By: Denko
Date Posted: 09-Jul-2012 at 18:01
Cloverstack, i toa sto go posocuvas ti e utka, no jas mislam na nesto drugo.

Na izlezot od Skopje prema Tetovo ima izlez koj priklucuva kon obikolnicata. Utkata e sto toj izlez od avtopatot e na levata strana. Kade se videlo izlez od avtopat od levata strana.

Vidi go videoto od prethodniot moj post 03:15 - 03:20



Posted By: mirakuliks
Date Posted: 10-Jul-2012 at 12:31
Originally posted by Denko

Cloverstack, i toa sto go posocuvas ti e utka, no jas mislam na nesto drugo.

Na izlezot od Skopje prema Tetovo ima izlez koj priklucuva kon obikolnicata. Utkata e sto toj izlez od avtopatot e na levata strana. Kade se videlo izlez od avtopat od levata strana.

Vidi go videoto od prethodniot moj post 03:15 - 03:20



Јас имам видено низ европа доста излези од автопат од лева страна. Обично е случај на места каде има големи и некласично оформени клучки.


Posted By: Denko
Date Posted: 10-Jul-2012 at 12:34
Kade imas videno, vo Anglija?



Posted By: gjoko
Date Posted: 27-Jul-2012 at 19:50
деновиве се крпат дупки од делот од магистралниот пат М-4 кој поминува низ Кичево.Оваа слика е од влезот од кај Скопје кај бензиската на Макпетрол.од други луѓе разбрав дека кај другиот излез кај бензиската на Лукоил е веќе асфалтирано.

се работи со гребење на ленти со машина,па би требало да е посолидно него вообичаеното крпење





Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 26-Aug-2012 at 14:01
Дами и господа, подгответе се да бидете однесени.
Ваква е состојбата на нашиот пат М2, кој покрај меѓудржавен е и европски пат Е871.

Почнуваме од границата Деве Баир!

1) Знакот за републиката се губи покрај олупаните билборди:



2)



3) Добро пополнување кое го видов на влез во Македонија и од кај Табановци. Има исто вакво и за Скопје, но на Деве Баир веќе беше уништено, односно урнато, иако знациве се чисто нови:



4) Делот помеѓу Деве Баир и Жидилово, односно спуштањето од баирот е во задоволителна состојба:










-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 26-Aug-2012 at 14:04


Но при завршувањето на поширокиот дел при селото Жидилово почнува ужасот. Погледнете само во каква состојба е еден од нашите најглавни патишта. основна врска со еден од топ 5те наши најголеми трговски партнери:







Таблите се под секоја критика, јас навистина не знам што е толку тешко, комплицирано или скапо тие да се заменат?!



...и налетуваш на камион, кој нема да ги претркаш до половина пат кон Куманово:






-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 26-Aug-2012 at 14:07
Треба да му се исече главата на одговорниот за ваквата состојба, ова го кажувам без грам совест или иронија:



Нелогично е да пишува Центар, кога уште не си влегол во населбата. Центар на што? Треба да е Кр. Паланка  - Центар:







Тука се отклонивме на бензинската, па за некое време го изгубивме камионот. Но, повторно ќе го сретнеме:








-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 26-Aug-2012 at 14:09
После Кр. Паланка на големи делови од патот нема никакво обележување. Штом лете и дење е сосема непрегледно, можам да замислам ноќе и особено зиме каква е ситуацијата:











И повторно камионот:






-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 26-Aug-2012 at 14:15
Веќе сме на рамниот отсеч крај селата Гиновци и Ранковци. Патот е ужасен, многу шофери нервозно претекнуваат на правиот отсек, а патот континуирано оди низ населени места, кои дури немаат ни тротоари:









Почнува НОВ отсек, толку нов што дури нема ни патна сигнализација поставено. Е сега, забележете го квалитетот на реконструкцијава. Најверојатно е изгребан само горниот асфалтен слој и е плеснат новиот. Основата си е старата разнебитена, така што нерамности има колку сакаш. Се прашувам зошто ги правиме овие зафати, зарем ова може да се нарече некаква реконструкција?! Патот нема рабници и веќе се рони по краевите:











Доста е за денеска, утре продолжуваме до Скопје!




-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Aug-2012 at 21:02

Знаев дека е лошо, но не очекував да е толкава катастрофа 
Сега сум убеден дека самата состојба на патот игра значителна улога во мизерното ниво на сообраќај долж М-2.

А реконструираниот дел толку „квалитетно“ е сработен, што да не кажеше дека бил тазе реконструиран, јас според фоткиве никогаш не би претпоставил...


Posted By: BOJAN
Date Posted: 27-Aug-2012 at 09:11
Овој магистрален пат што ги поврзува Македонија и Бугарија е најголем срам кој можеме да го замислиме. Потребна е итна санација на коловозот. Она што мене ме интересира, дали е планирана детална реконструкција на целиот пат од Деве Баир до Куманово во претстојниот период?


Posted By: phenomenon
Date Posted: 27-Aug-2012 at 11:42
Што сте запнале: патишта па патишта. Малку ли споменици има пред кои можеме да се сликаме? Тоа им е најважно на нашиве примати.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: Denko
Date Posted: 27-Aug-2012 at 12:46
Neli Buckovski (koga bese premier) veti deka so parite od ESM ke se gradi avtopat do bugarskata granica. Nisto od toa, a ovie posle nego voopsto i ne spomnuvaat za nekakva gradezna aktivnost vo toj del od tatkovinata ni. Tuku, sreka sto ovaa magistrala e kvalitetno izgradena (znae li nekoj koga?) pa uste dobro se drzi!?


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 27-Aug-2012 at 13:23
Patov go vrvam redovno veke 7-8-ma godina,osven poslednive nalbatski zafati drugo nema nisto cepnato.Najmnogu me nervira vertikalnata i horizontalnata signalizacija,so isklucok na nekoj afrikanski republiki mislam deka nema polosa vo svetot.
Najstrasnoto e sto ova e najzdraviot pat kon Bugarija(ne znam kakva e sostojbata na patot Strumica-Novo selo),no ako znaete kakva e sostojbata na Veles-Delcevo,Kumanovo-Deve Bair ke vi se vidi pista.

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: ink
Date Posted: 27-Aug-2012 at 17:54
Лошото е дека тоа e наjфреквентниот граничен премин мегу двете држави. Не знам jaс каква е состоjбата от бугарска страна. Знам дека до Кустендил е добар. 


Posted By: Тркало
Date Posted: 10-Dec-2012 at 21:56
Ситуација од вчера на а/п Тетово - Гостивар

и Тетово - Скопје

   


Posted By: TDT
Date Posted: 10-Dec-2012 at 23:00
Катастрофа!
Ама од мое искуство никогаш не ни било подобро.


Posted By: TDT
Date Posted: 10-Dec-2012 at 23:01
Ама признавам може да сум грешка затоа што само неколку пати имам возено по автопатов кога паѓал снег.


Posted By: gorco
Date Posted: 10-Dec-2012 at 23:11
ахахахаха јас 2006 ќе да беше, го возев Маврово-Скопје 5 сааата. со 3 сообраќајки, летни гуми (при кои кога стоев на навалена кривина, колата пагаше хихииххиих јака ни е државата нема што...

-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Mar-2013 at 20:54
Кај индустриската зона Илинден



Posted By: gjoko
Date Posted: 03-Apr-2013 at 21:23
Се реконструира еден од мостовите на превојот `Стража` од Гостиварска страна кај село Церово.Вака на прв поглед делува како да се прави темелна реконструкција,и прв пат гледам да се постави класичен семафор на место каде се врши зафат на магистрален пат и регулирање на сообраќајот





Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Apr-2013 at 00:17
Овие се сликани од Куманово кон исток (мислам дека сите беа сликани непосредно после Куманово, пред да се стигне до Младо Нагоричане)

1


2


3


4


5


6



Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Apr-2013 at 13:18
Опасна дупка во асфалтот на патот од Гостивар кон Стража

Читател на Плусинфо ни испрати фотографии за кои тврди дека ги снимил денеска, на последниот мост од Гостивар кон Стража. На нив се гледа дупка во асфалтот и тоа на висок мост. Дел од асфалтот се сронил, па стотици автомобили дневно поминуваат на пат каде зјае опасна празнина.

Галеријата може да ја погледнете во продолжение.











http://www.plusinfo.mk/vest/89777/GALERIJA-Opasna-dupka-vo-asfaltot-na-patot-od-Gostivar-kon-Strazha - http://www.plusinfo.mk/vest/89777/GALERIJA-Opasna-dupka-vo-asfaltot-na-patot-od-Gostivar-kon-Strazha

_______________

Ова е многу опасно. И голем срам за државава и нејзините агенции за одржување на патиштата. Се фрлаат огромни пари на непродуктивни проекти, а основната инфраструктура пропаѓа сама (п)од себе.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: gjoko
Date Posted: 24-Apr-2013 at 16:30
ако е тој со пежо 307 што застана на сред мост за да слика да му порачам дека `некој` можеше да удри во пежото додека тој на мостот сликаше од кола.

инале едно време оваа дупка беше `обезбедена` со ставање на даски вертикално во неа,демек да се види да не се вози на неа,па пробаа ја асфалтираа,ама асфалтот падна во провалија низ дупката


Posted By: micko_v
Date Posted: 24-Apr-2013 at 18:35
Која мизерија, чекаат да загине некој, Авганистан....



Print Page | Close Window