Print Page | Close Window

Булевар Борис Трајковски (Првомајска)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Градска инфраструктура
Forum Discription: Улици, булевари, сигнализација, јавен превоз...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=695
Printed Date: 24-Apr-2018 at 09:37


Topic: Булевар Борис Трајковски (Првомајска)
Posted By: lslcrew
Subject: Булевар Борис Трајковски (Првомајска)
Date Posted: 26-Jan-2008 at 20:09
Тука има еден дел токму измеѓу двете бензински каде што првомајска е три ленти, а на цел друг дел е 4 ленти. Изгледа некој нејќел да даде дел од дворот. ај ако можам и фото ќе постирам.



Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jan-2008 at 20:24


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Jan-2008 at 20:47


Или некој стварно направил проблем за земјиштето (затоа што законодавството за жал им е наколонето на таквите), или па надлежните не сакале нешто многу да се потрудат околу целата работа. Зашто да работиш кога можеш да безделничиш?

Roll%20eyes


Posted By: La Linea
Date Posted: 27-Jan-2008 at 01:54
Првомајска е дел од Јужен булевар, така? Радарскиот мерач на брзина што го поставија е веќе расипан, покажува некои random бројки и кога нема коли Bonk



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Jan-2008 at 03:30
Првомајска не е дел од јужен булевар (јужен ќе поминува кај пругите, а со првомајска ќе нема врски).

Ама за радарот си во право. Ај баш ќе го документираме ова во соодветната нишка Big%20smile


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Jan-2008 at 04:10
Овој дел од првомајска се до раскрсницата со бул Србија не е дел од јужен. Официјално дел од јужен е подоле, нешто после раскрсницата со бул србија.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Jan-2008 at 04:22


И тоа нема да е дел од јужен. Навистина во тој дел јужен ќе се двои од пругите и ќе продолжува уз драчевски пат (се до Маркова Река - после тоа пак се двои и го обиколува  Драчево од североисток). Ама стариот пат ќе си остане посебен, за други потреби...

Интересно прашање е во кој профил ќе биде јужен до Драчево и особено после Драчево, ама тоа за сега не е многу битно а ионака не припаѓа во оваа нишка Smile


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Jan-2008 at 04:51
Негде кај охис има на повидок некоја траса, бар мене така ми личи. Ако се држи консантна линија право иде на клучката на е75 кај што се двои за велес, тамо де кај што се врти за аеродром.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Jan-2008 at 05:04
Па не знам дали ќе биде терминален (и да завршува негде кај Зелениково), или ќе се спојува со М1  баш натака некаде, можеби и појужно, кај Катланово (кај што се двои автопатот). Ако во некоја иднина би имало влез во градот и од таа страна, дефинитивно ќе треба барем да се забрани да поминуваат шлепери на некој дел од јужен, затоа што тој ќе биде многу пократок од обиколницата (помеѓу М1 и Сарај) и сите би навалиле низ него. А ако сакавме транзитен сообраќај низ град, макар и по урбани автопати, тогаш џабе ја градевме обиколницата...

Али како што реков ова е за во друга тема, ако сакаш да продолжиме во „урбани автопати“ Smile


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Jan-2008 at 05:09
Ок, идеме на урбани автопати.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Mar-2008 at 19:51
има една работа што длабоко ме накурчи со бензинската ЛукОил на Првомајска ( http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=17&PID=7626#7626 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=17&PID=7626#7626 )!!! Ај ќе постирам фото за некое време!!!


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Mar-2008 at 19:53


Па постирај бе друже срамота е ја вака да сликам објекти што ти се у комшии


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Mar-2008 at 00:15

Не е за бензинската за друго е. Еве што ме искурчи што пишав прееска: Значи со цвено е означена бензинската и влезот и излезот према првомајска. Со жолто се обележани постојните ленти. Веќе зборувавме за инатот магарешки поради кој еден дел од првомајска е со 2 ленти, а не 4. Е сега овие об бензинската или властите, не е битно кој можеа да се потрудат да се реализира и оној зелениот дел, зашто стварно е глупо вака, за да излезеш од бензинска треба да чекаш да нема коли на едната лента, а и онака за 20 метри пак ќе се вратиш во истата. Значи тој зелениот дел не кошта многу, ама вака само е уште една урбана глупост у скопјево. А башка кога ќе се направи продолжението на бул. србија уштетолку многу ќе биде потребно. Многу ќе го растерети семафорот.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Apr-2008 at 13:40
Originally posted by lslcrew


Не е за бензинската за друго е. Еве што ме искурчи што пишав прееска: Значи со цвено е означена бензинската и влезот и излезот према првомајска. Со жолто се обележани постојните ленти. Веќе зборувавме за инатот магарешки поради кој еден дел од првомајска е со 2 ленти, а не 4. Е сега овие об бензинската или властите, не е битно кој можеа да се потрудат да се реализира и оној зелениот дел, зашто стварно е глупо вака, за да излезеш од бензинска треба да чекаш да нема коли на едната лента, а и онака за 20 метри пак ќе се вратиш во истата. Значи тој зелениот дел не кошта многу, ама вака само е уште една урбана глупост у скопјево. А башка кога ќе се направи продолжението на бул. србија уштетолку многу ќе биде потребно. Многу ќе го растерети семафорот.



пбанкс ја реактуелизираше темава па еве да повторно да покренам протест поради една аномалија на лукоил бензинската. Тогаш кога го постирав коментаров никој не издискутира, па ме интересеира сега мислењето околу оваа глупост!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Apr-2008 at 23:41
Нема што многу да се коментира, во право си... Но уште потрагичен е фактот што иако ова само по себе е голема глупост, тотално е безначајна во споредба со бројни други работи што ни се случуваат во градов...

Wallbash Wallbash Wallbash


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Apr-2008 at 02:02
Прееска на СкајНет гледав некоја емисија за Скопје. Една типка кажа една многу убава реченица: "Скопје е град на недоречености"! Така е, скоро во секој смисол!


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Apr-2008 at 23:48
лсл денес баш го возев овој дел на Првомајска за кој што збориш и стварно е заебанција. Знаеш ли кој ја блокирал таа работа видов зграда на Continental и на Beda таму. Веројатно некој од нив тера инает. 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Apr-2008 at 00:32
Порано имаше еден сервис се викаше АЦО-ПОП. Мислам дека беше он тој инаетот. Ама не сум сигурен. Како и да е, стварно некој ептен ја заеба работата. Мислам дека надлежните треба да се осврнат на овој проблем да се реши. Првомајска треба да се додефинира, а не вака да остане.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Apr-2008 at 12:15
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=BA68E26F6A4B924C99345D567CD8BFED - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=BA68E26F6A4B924C99345D567CD8BFED

ИЗВЕШТАЈ НА СВР СКОПЈЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ ВО 2007 ГОД

Партизанска и Првомајска најнебезбедни улици

Главни причини за сообраќајните несреќи се брзо возење, непочитување на првенство на минување, неправилното свртување и возење наназад и неправилното движење на пешаците. Булеварот Партизански одреди и улиците Илинденска и Првомајска се најнебезбедните сообраќајници во Скопје и важат за црни точки. Тројца граѓани загинаа на „Првомајска“, каде што се случија 34 несреќи, а 49 лица беа повредени - се вели во извештајот.

БРЗО ВОЗЕЊЕ И БАВНИ ОРГАНИ

Улицата Првомајска со години важи за една од поопасните улици во градот. Особено откако пред неколку години беше обновена и проширена во делот на населбата Кисела Вода. Таму се вози брзо и непрописно се претекнува, исто како и на делот од „Првомајска“ кон Драчево. Овој дел остана необновен, темен и тесен.  Несовесните возачи престигнуваат на полна линија, возат со расипани фарови, а чести причинители на незгоди се и многуте запрежни коли и велосипедистите, кои возат без светла. Со години бараме Градот Скопје да изгради улично осветление на улицата кон Драчево - вели Ц.З., жителка на Драчево.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Apr-2008 at 23:34
За првомајска можам да потврдам со сигурност дека е дифинитивно најопасната. Често има сообраќајќи, а има и доста трки. А па за да биде трагедијата поголема трките се возат паралелно со три коли во три ленти. И тогаш ја фаќаат едната лента у спротивен правец.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-May-2008 at 02:23
Пуштени се семафорите на првомајска. Едниот кај супертрејд, другиот на 100 метра кај лукоил. Сега на не пуни два км има четири семафори. И добро е што има зашто првомајска е најопасна улица у скопје. Сепак жално е што има стока народ па мора вака со пречки да ствараме ред, место со збор.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Jul-2008 at 11:28



Оддамна сакам да го сликнам ова. Овдека јасно се гледа каква грешка е направена при проширувањето на раскрницата меѓу Првомајска и Народни Херое. Лентата што дополнително се уфрли е за некое пола метро потесна од што треба да биде. Дали е ова грешка на изведувачот или на тој што планирал незнам, ама вакво нешто несме да се повтори, а се сомневам дека така требало да биде по план.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Jul-2008 at 14:15


Изгледа дека сакале да ги поштедат дрвата (и тротоарот е стеснет), а бидејќи се работи за лента каде што возиш споро или чекаш на семафор, мислам дека не е толку страшно.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Jul-2008 at 19:02
Не за дрвата. На островот можело да биде добро. Сега може би не е проблем, ама за некоја година ако реализира првомајска целосно ќе биде.



Еве овдека со зелено е обележано како би изгледало ако првомајска се реализира целосно. Тогаш ова што штрчи може да претставува дури и опасност.

п.с. Ова го импровизирав со зеленото ствртување десно, водејќи се од тоа дека при евентуална реализација повторно ќе се запази една лента плус за свртување. Ова не е битно, битно е што крајната десна лента ќе остане со аномалија.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Jul-2008 at 20:06
Па кога ќе се реализира Првомајска комплетно, сигурно ќе се модифицира и островот. Зошто мислиш дека така би го оставиле?? Знам дека имаат направено неброени глупости, ама сепак не од таков тип.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Jul-2008 at 22:06
Добро ок, верувам дека грешката би била корегирана, само сакав да ја евидентираме овде.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Jul-2008 at 00:59

Се' уште нема проект за довршување на „Првомајска“

Општина Кисела Вода ќе побара Владата финансиски да помогне во довршување на проширувањето на улицата „Првомајска“. Како што објасни градоначалникот Џорџе Арсов на последната седница на Советот на општината, се' уште не е изработен проект за проширувањето до Драчево и не се знае колку средства ќе бидат потребни за негова реализација. Тој нагласи дека ниту општината ниту Градот се доволно моќни да го реализираат проектот, поради што ќе се бара помош од државата. „Јас разговарав со премиерот и тој е заинтересиран да помогне, но прво треба да се изработи проект за да се утврдат финансиите. Верувам дека до септември ќе имаме проект, по што ќе можеме да почнеме со работа“, рече Арсов. (В.Д.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=57E5ACCAD4BB064FAA0E8AB1339D354C



Ова со првомајска, ако сакаат до велес нека ја напраат, ама џабе кога делот од раскрсницата со нардони херои па се до тутунски е главниот проблем. Тука е гужвата. Мислам дека ако се изнајде воља кај владата за помогање тогаш треба да се искористи за делницата којашто ја нацедов зашто 90% од сообраќајот од општина к.в. проаѓа од тука. Ама џорџе пошто е драчевец мисли дека ќе искористи и ќе направи нешто за себе како и до сега, а не сваќа сеуште каде е проблемот.

п.с. Несакам да звучи сељачки демек ете он си го среди маалото, ама грдна пара се фрли на три круши, а за вакви проекти се гребе од владата и од кредити.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Jul-2008 at 01:16


Да, проблемот со Првомајска е во Кисела Вода, а не накај Драчево...

Плус тоа не ми е јасно каква логика би имал Јужен Булевар во правец накај Драчево, ако и Првомајска се прави булевар на тој сегмент... Колку сообраќајници со голем капацитет му требаат на Драчево во ист правец???


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Jul-2008 at 01:19
Па реално предноста кај јужен е што е поврзаност исток-запад, а во однос на капацитет од к.в до центар првомајска (конечна верзија) целосно задоволува.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Jul-2008 at 01:25
Изгледа не се разбираме.

И јас се слагам дека Првомајска треба да се Проширува во Кисела Вода, а не накај Драчево. Прво затоа што моментално во Кисела Вода е реалната потреба, а второ затоа што и долгорочно гледано, би било глупо Првомајска да биде булевар се до Драчево и да го дуплира Јужен Булевар кој ќе превземе поголем дел од сообраќајот на таа релација.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Jul-2008 at 01:32
Тачно се слагам со тебе за констатацијата, прееска не се разбравме.  Па истото го зборевме.

А чекај бе, ја досега мислев дека првомајска и јужен се спојуваат и до драчево иде само јужен и го зазема местото на денешна првомајска. Сега воочив во гуп дека се уствари две паралелни улици.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Jul-2008 at 01:44
А чекај бе, ја досега мислев дека првомајска и јужен се спојуваат и до драчево иде само јужен и го зазема местото на денешна првомајска. Сега воочив во гуп дека се уствари две паралелни улици.


Па нормално,  не може пат со http://en.wikipedia.org/wiki/Limited-access_highway - ограничен пристап да биде единствен.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Nov-2008 at 03:59
Општина кисела вода има апдејт на прашања/одговори од градоначалникот кои се водат на нет. Посебно ми привлече внимание овој коментар. До сега ништо не сме чуле од град Скопје.
????? PRVOMAJSKA????? Kako da se stigne sto po bezbedno do centarot na gradot???? ima li barem nekakvi razmisluvanja kaj vas koj ziveete od nasite danoci za rekonstrukcija i prosiruvanje na ovaa ulica????? BLAGODARAM?
Одговор:
Улицата Првомајска е во надлежност на Градот. Сега се распишува тендер за изработка на проект за проширување т.е. за булеварско решение

Ако информацијава е вородостојна тогаш браво за конечно решавање на ова прашање. Но по се ми изгледа дека дека и да ја прават првомајска, пак ќе отидат на некое решение кое ќе го опфаќа само делот према драчево, а делот што е према центар ќе си остане тесно грло. Проблемот со Првомајска не е накај драчево него накај центар.


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Nov-2008 at 10:42
Има за ова во Вест ама уште не е излезен на интернет. Нека не те фаќа еуфорија се работи за нова најобична крпеница. 


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Nov-2008 at 12:09
Еве ја веста. Значи во најголем дел работата е готова само имаат малку да прошират кај ТКС и кај Општината и од тоа произлегува дека во Кисела Вода ќе се градел нов булевар Bash

СО ПАРИ ОД ГРАДОТ
Кисела Вода ќе гради нов булевар
Булеварот ќе се протега од старата рампа на влезот во Кисела Вода до улицата Народни херои

До крајот на годинава ќе почне да се гради нов булевар во Општина Кисела Вода, на потегот од стара рампа на влезот во Општината до улицата Народни херои. Булеварот ќе биде широк 14 метри и ќе има четири ленти. Од двете страни на коловозот предвидена е изградба на велосипедска и пешачка патека. Новиот булевар всушност ќе претставува проширување на делови од улиците 11 Октомври, Иван Козарев, Сава Ковачевиќ и Првомајска во делот кај општинските бараки. Сообраќајни експерти ангажирани од Кисела Вода утврдиле дека овие улици се многу тесни, а во исто време премногу оптоварени со сообраќај па неопходно е да се прошират.
Изградбата на новиот булевар градоначалникот на Општина Кисела Вода Џорџе Арсов ја најави како најголем капитален проект во Општината, по изградбата на продолжението на булеварот Србија и мини-градот Расадник.
"Изработката на проектот и сите активности и преговори за изградба на булеварот се при крај. Градот се согласи да ги обезбеди парите. Останува уште да ни го одобрат проектот и најдоцна до крајот на годината да распишеме тендер за избор на градежна фирма. Веднаш после тоа почнуваме со градење ", изјави градоначалникот Арсов.
Од Градот потврдуваат дека се согласни да се гради нов булевар во Кисела Вода и информираат дека во моментот ја подготвуваат техничката документација. Од таму најавија дека веднаш штом ќе се подготват документите, ќе постапат по барањата на Општината за реализација на проектот.
Новиот булевар ќе биде втор во Општина Кисела Вода, откако во февруари годинава Градот и Кисела вода почнаа со доизградба на булеварот Србија, кој треба да ги спои двете најголеми сообраќајници - Првомајска и Сава Ковачевиќ.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=159579&idg=8&idb=2523&rubrika=Skopje


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Nov-2008 at 13:17
Предосеќам дека повторно ќе се иде по остата траса и воопшто нема да се ни да се помисли да се иде по онаа траса која што е предвидена според ГУП. Инаку овој потег што го планираат го возам секој ден. Од тука ќе бидете редовно известувани.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 13-Nov-2008 at 14:11
Па кај има место таму да се проширува не ми е јасно?

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Nov-2008 at 14:14
Originally posted by lslcrew

Предосеќам дека повторно ќе се иде по остата траса и воопшто нема да се ни да се помисли да се иде по онаа траса која што е предвидена според ГУП.

Question

Па иста е и сегашната и трасата според ГУП




Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Nov-2008 at 14:39
Не е иста. Гледано од центар треба да биде малку полево. Дучќаните на рампа треба да ги нема, а оние зградите за кои што викаа дека терасите им се над тротоар ќе си дојдат на точно оддалеченост. Тоа тука треба да биде дупли тротоар. Ако се работи како што е планирано у ГУП, тогаш коловозот треба да дојде околу двеленти во лево од сегашниов (гледано од центар).


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Nov-2008 at 15:20
Абе ми се виде дека збориш за некоја значајна разлика во трасата, коридорот е сепак ист... Ваљда ќе го направат и тоа подесување што викаш.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Nov-2008 at 17:16
Кловер се сумњам дека ќе го направат, пошто сега таа улаца на поголемиот дел е со три ленти. Да додавање една лента нема да биде воопшто проблем, но ако треба да се додаде уште една лента простор за тротоар тогаш ќе треба доста да се работи на рељефот и да се прави насип кај чешма, ќе треба да се бултнат 15-тина дуќани, дветри куќи и уште една деловна зграда. Ќе треба исто така и неколку бараки од општината и околу да се срушат. 90% се објекти од времен карактер но има и некои црвста градба. Поради сите овие објекти се сомневам дека ќе се иде на трајно решение. Сега ќе биде само некоја велеслаломска крпеница.


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Nov-2008 at 00:16
Еве повеќе детали околу тоа што планираат. Не звучи така лошо. Уште да го решат оној делот што го нервира ЛСЛ (кај бензинската Лукоил) ќе биде супер

Првомајска ќе стане булевар

Околу 300.000 жители од Кисела Вода, кои ја користат улицата Првомајска, може реално да се надеваат дека ќе ги решат секојдневните сообраќајни проблеми - градските власти ја прифатија иницијативата на Општината улицата да се прошири со две коловозни ленти со што таа ќе стане булевар.

Ако се има предвид дека во оваа улица се влева и сообраќајот од населбите Студеничани и Зелениково, важноста на зафатот станува уште поголема. Градежните работи би почнале напролет. Пред пет години, кога градоначалник на Скопје беше Ристо Пенов, беше проширена и на потегот од улицата Народни херои до пресекот со булеварот Србија доби четири коловозни ленти, но се покажа дека и тоа не е доволно за да се обезбеди доволна проточност на сообраќајот. Тони Чуповски, портпарол во Општината Кисела Вода, вели дека наскоро ќе бидат минато тесните сообраќајни грла, нервозите, доцнењето на работа и другите проблеми што сега ги имаат жителите. Од Градот објаснуваат дека е распишан конкурс за изработка на идејно решение.

- Улицата ќе се проширува од пресекот со булеварот Србија до мостот на Маркова Река и од „Народни херои“ до пресекот со Јужен булевар. Настојуваме тоа да биде исто решение како и во деловите во кои оваа улица е веќе проширена, односно да има вкупно четири коловозни ленти, две од левата и две од десната страна, со тротоари и велосипедска патека - вели Коста Зекмановски, помошник на раководителот на Секторот за планирање и уредување на просторот.

Коловозните ленти ќе бидат широки по 3,5 метри, а вкупната ширина на булеварот ќе биде 14 метри. Според Алјоша Шопер, раководител на Секторот за планирање и уредување на просторот, откако ќе биде избрано идејното решение и подготвен проектот, ќе се распише јавен повик за најповолен изведувач. Во меѓувреме, ќе се испита имотно-правната состојба на трасата, односно ќе се изработи елаборат за структурата на сопственоста на земјиштето, па доколку постои приватен имот, сопствениците ќе бидат обесштетени.

Градските власти ќе распишат конкурс и за идејно решение за мостот на Маркова Река, пред влезот во Драчево. Се разгледуваат опциите мостот да се прошири и да се зацврсти и, евентуално, да се изгради нов мост со што би се овозможило беспрекорно функционирање на сообраќајот во целиот тој дел од Кисела Вода.

Ќе се работи со пари од Градот, бидејќи оваа улица е во негова надлежност, а износот ќе се знае откако ќе биде изработен проектот.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8C2807B26B850F47B830377FDB5E0493


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Nov-2008 at 02:21
Originally posted by pbanks

Околу 300.000 жители од Кисела Вода, кои ја користат улицата Првомајска,




wtf wtf wtf
??????????????

Crazy


Posted By: blejdsk
Date Posted: 15-Nov-2008 at 03:44
Edna 0 ima poveke ...))) 100%

-------------





Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Nov-2008 at 03:50
Кисела Вода пред да се подели со Аеродром беше 200.000 жители. Кога се поделија, аеродром остана поголема општина. Ако размислиме подобро сигурно се работи за 30.000 каде што поголемиот дел се од к.в. и плус некои од општина студеничани.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Nov-2008 at 14:41
Originally posted by lslcrew

Кисела Вода пред да се подели со Аеродром беше 200.000 жители.


Беше околу 120-130 илјади ако добро памтам, во секој случај далеку помалце од 200


Posted By: maestro
Date Posted: 15-Nov-2008 at 19:01
Аеродром колку што знам има околу 80 000 жители

-------------


Posted By: zabegan
Date Posted: 15-Nov-2008 at 23:51
убаво Cheers
Првомајска и бул. Србија плачат за проширување


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Dec-2008 at 22:16
„Првомајска“ ќе прерaсне во Булевар

Со изградбата на нов станбен и деловен простор, но и со зголемувањето на компаниите лоцирани во трите индустриски зони, само по себе се наметнува прашањето за нови сообраќајни решенија во Општината. Ако, кон ова, се додаде и изградбата на  новата населба „Расадник“,  се наметнува потребата за ново сообраќајно решение на главната сообраќајна „рбетница“ улицата „Првомајска“. Во моментов, во Градот Скопје кој е реализатор на овој проект, во завршна фаза е изработката на проектот што ќе опфаќа булеварско решение од улицата „Иван Козаров“ (Стара Рампа) до семафорите на раскрсницата на улицата „Народни Херои“ во првата фаза, и во втората фаза, од семафорите кај „Цементарница“ до влезот на Драчево. Во првата фаза, Булеварот ќе содржи по две ленти во двата правци со вкупна широчина на улиците од 14 метри. На двете страни од Булеварот, со вкупна широчина од по 3 метри, ќе има тротоари за пешаци и велосипедска патека.  Реализацијата се очекува да биде во текот на идната 2009-та година.

www.kiselavoda.gov.mk



Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 01-Dec-2008 at 23:35
Previousneli ovoj plan bese od poodamna,uste od koga se prosiri eden del od prvomajska trebase da se napravi do dracevo i do stara rampa,a i bez toa sto treba da se gradi vo idnina,ovaa ul.ima golema potreba da se prosiri,od sabajle ima guzva do nedogled a bas preska koga idev nakaj centar za vreme koga site se vrakaat od rabota,za vreme od 40 min.jas pominav duri 2 km.a megu pintija i dracevo koga vrne treba da se postavi eden traekt za da gi prefrla kolite od eden do drug kraj,neznam dali go imate toj moment nacekano ama so kola nemozes da pomines zasto ke ti se napuni cela so voda,a dupkite nekako gi zakrpija ama kolku da se kaze deka nesto napraile.......


Posted By: BOJAN
Date Posted: 05-Dec-2008 at 11:32
Мислам дека ќе биде страшно кога ќе се прошири Првомајска и дека треба да се размислува на изградба на подземни или надземни премини на пешаците, бидејќи по таа улица возачите возат многу брзо.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Aug-2009 at 01:35

Општина Кисела Вода во соработка со градот Скопје засилено работи на изготвување проектна документација за проширување на улицата “Првомајска”.



Превидено е таа да прерасне во булевар, кој ќе се протега од Рампа до улицата “Народни Херои”, како прва фаза, додека втората фаза ја опфаќа крстосницата на улицата “Првомајска” со булеварот “Србија” па се до мостот на Маркова Река, пред населбата Драчево.




Изготвувањето на проектот за првата фаза се очекува да биде готов до крајот на август, а од ноември се очекува да се отпочне со работа.

http://www.kiselavoda.gov.mk/mak/aktuelno.asp?id=631

Cheers


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Aug-2009 at 15:57
Повторно ќе потсетам за една глупост што имам неколку пати наназад објаснето. Еве повторно ќе се навратам на проблемов само сега со сателитска снимка во околината на ЛукОил! Ај што улицата е осакатена без четвртата лента, не ми е логично зашто ЛукОил не се заинтересирал за овие четириесетина метри пред се за муштериите на ЛукОил кои излегуваат од бензинскава да имаат комодитет.




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Aug-2009 at 20:40
Originally posted by lslcrew

Ај што улицата е осакатена без четвртата лента, не ми е логично зашто ЛукОил не се заинтересирал за овие четириесетина метри пред се за муштериите на ЛукОил кои излегуваат од бензинскава да имаат комодитет.

Не зезај, Лук Оил покажаа дека освен прометноста на локациите, ништо друго не ги интересира. Секоја втора бензинска во Македонија им е пошто-пото збутана негде, а и сообраќајните влезови/излези ги прават по којзнае кои стандарди, не е проблемот само кај оваа пумпа...
Баш штета што по ова прашање не си држат до реномето на компанијата.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Aug-2009 at 22:20
Ќе се проширува улицата "Првомајска"


Општина Кисела Вода во соработка со градот Скопје интензивно работи на изготвување проектна документација за проширување на улицата "Првомајска".

Предвидено е улицата да прерасне во булевар, кој ќе се протега од Рампа до улицата "Народни Херои", како прва фаза, додека втората фаза ја опфаќа крстосницата на улицата "Првомајска" со булеварот "Србија" па се до мостот на Маркова Река, пред населбата Драчево.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=30F604FF2FD975409CBEA9711A65C309


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Aug-2009 at 14:36

Се подготвува проект за проширување на Првомајска

Документите треба да бидат готови до август, а градежните работи да почнат во ноември


%20
Општината Кисела Вода во соработка со градската управа изработува проект за да се прошири улицата Првомајска. Според најавите оттаму, проширувањето би имало две фази. Со првата ќе се опфати потегот од старата рампа до улицата Народни херои, од каде што почнува сегашниот проширен дел покрај Расадник. Втората фаза, пак, се однесува на потегот од раскрсницата со булеварот Србија, низ Пинтија и новата индустриска зона, до мостот на Маркова Река пред населбата Драчево.

Од општината се надеваат дека целата документација ќе ја изработат до крајот на август, а градежните работи би почнале во ноември. Деталните урбанистички планови предвидуваат Првомајска да има коловоз широк 14 метри, со по две сообраќајни ленти во секоја насока, а од двете страни да има тротоари и велосипедски патеки широки по 2,5 метри. Сегашниот коловоз е широк седум метри и има по една лента за во двете насоки.

Жителите на Кисела Вода и на Драчево веќе неколку години се жалат дека Првомајска е претесна и дека треба да се прошири. Пред три години бил готов планот за проширување на улицата, но тогаш сé уште не бил готов проектот и не се знаело дали општината ќе има доволно пари за да го направи. Општинарите велат дека со проширувањето на Првомајска ќе се реши голем дел од сообраќајните проблеми на жителите на општината.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=859104113&id=14&prilog=0&setIzdanie=21755


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Aug-2009 at 13:22
НАДЛЕЖНИТЕ, КОНЕЧНО, ЌЕ СЕ ФАТАТ СО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА
Заборавената Првомајска ќе прерасне во булевар?

Улицата Првомајска, која е една од најфреквентните сообраќајници во градот, конечно, ќе дојде на ред за поправање и проширување и дури, како што најавуваат надлежните, ќе прерасне во булевар. Движењето по неа со години е ризично и небезбедно, а нејзината реконструкција е дел од предизборната реторика на сите кандидати за градоначалници на општина Кисела Вода. Жителите на Драчево, кои редовно ја користат оваа улица за да стигнат до својата населба, велат дека сите пред избори се фалат дека Првомајска ќе им биде приоритет, а потоа брзо забораваат на ветувањата. Улицата, која се протега од општинските бараки на Кисела Вода, па се до мостот на Маркова Река пред Драчево е во катастрофална состојба, а црната статистика бележи дека на неа се случиле многу сообраќајни несреќи. Сообраќајницата е средена на потегот до крстосницата со булеварот Србија, а понатаму е преполна со дупки, тесна и без тротоари. Ноќе од Драчево до фабриката „ОХИС“ се вози во потполна темница затоа што таму воопшто нема улично осветлување, а потоа, до крстосницата со Србија, светилки има само од едната страна. Жителите што живеат во овој дел од градот покрај санирање бараат и проширување на улицата, поради тоа што има голема фреквенција на возила. - Со години секојдневно возам барем двапати на ден по Првомајска и со години чекам да ја средат улицата. Асфалтот е уништен, дупки има на секој чекор, ги искршивме возилата. Што е најлошо, нема ни тротоари, а неколку километри пред Драчево нема никакво осветлување. Да ослепи човек гледајќи по патот да не згазне некого - вели Диме од Драчево. Решавање на проблемот деновиве најави Општина Кисела Вода, од каде што ветуваат дека граѓаните ќе добијат обновена и проширена улица, поточно дека сообраќајницата ќе прерасне во булевар. - Интензивно се работи на подготвување проектна документација за проширување на улицата. Предвидено е таа да прерасне во булевар, кој ќе се протега од „Рампа“ до улицата Народни херои, како прва фаза, додека втората фаза ја опфаќа крстосницата на улицата Првомајска со булеварот Србија, па се до мостот на Маркова Река “ велат надлежните од Кисела Вода. И од Град Скопје објаснуваат дека како приоритетно е предвидено решавањето на долгогодишниот проблем со оваа улица. Од таму велат дека во моментов се санираат дел од веќе постојните дупки, а за решавање на проблемот со лошото улично осветлување, градоначалникот Коце Трајановски остварил средба со претставници од ЕВН, на која било побарано да се најде енергетска точка за напојување на јавното осветлување на Првомајска.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1776&ArticleID=119005


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Aug-2009 at 21:11
Мое прашање до општина Кисела Вода преку web сајтот на општината и одговор од страна на општината...
Дали со проширувањето на булевар Првомајска кое е планирно за годинава ќе се опфати и оној краток дел од неколку стотина метри измеѓу бензинските Супертрејд и Лукоил каде што булеварот остана со 3 ленти наместо планираните 4 поради некои имотноправни проблеми кои се јавија при минатото проширување пред неколку години?!
Одговор:Почитуван Иван,
Проектот за проширување на ул. Првомајска, и изведување на булеварско решение е во тек. Моментално се изготвува проектна документација, а изградбата ќе се одвива во две фази. Конкретно за тој реон, се планира да се прошири, но во текот на наредната година.


Добро што се планира да се санира една од глупостите направени непотребно!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Aug-2009 at 13:07
Пријатно сум изненаден што од Кисела Вода даваат одговори. Се надевам овој одговор ќе биде и спроведен на дело догодина. Само нели лани и јас и ти поставивме прашање кога на сајтот ќе ги постават деталните урбанистички планови и добивме некој сличен одговор дека ќе биде скоро, а еве уште ништо од тоа?


Posted By: pbanks
Date Posted: 24-Aug-2009 at 00:01
Првомајска ќе стане булевар

Одговорните од Општина Кисела Вода информираат дека почетокот на градежните работи ќе се случи на први ноември, годинава



Реализацијата на проектот за проширување на една од најфреквентните сообраќајници во градов, улицата Првомајска конечно дојде на ред. По неколкуте неуспешни најави во изминатите години, одговорните од Општина Кисела Вода информираат дека градежните работи ќе почнат на први ноември, годинава.
- Во изминатиов период интензивно се работеше на изготвување на проектната документација за булеварско решение на трасата која почнува од границата со Општина Центар, односно од Рампа до улицата Народни Херои. На тоа ќе се работи во првата фаза од проектот, а во втората фаза булеварот ќе се проширува од крстосницата на улицата Првомајска со булеварот Србија до мостот Маркова Река во населбата Драчево. Надминати се и имотно-правните проблеми за земјиштето каде што ќе поминува трасата и со сопствениците е постигнат договор за обештетување - информираат одговорните од Општината.
Сегашниот коловоз кој е широк седум метри и има по една лента за во двете насоки, ќе се прошири за двојно - на 14 метри. Ќе се изградат по две сообраќајни ленти во секоја насока, а од двете страни ќе има тротоари и велосипедски патеки широки по 2,5 метри.
Со проширувањето на Првомајска ќе се реши проблемот на неколку стотини илјади скопјани кои секојдневно минуваат по улицата, особено на жителите на Драчево кои со години се жалат дека оваа собраќајница е претесна за толкава фреквенција на возила. Не само што не е реконструирана туку на одредени делови е преполна со дупки, тесна и без тротоари, но и без соодветно улично осветлување.
- Возењето по Првомајска е мачно, долго и несигурно. Во шпицот се прави таква колона од возила и од Рампа на секој семафор се чека по три четири пати да се запали зелено светло. Се радувам на најавите но се плашам дека повторно ќе им се јави некој проблем кој ќе го спречи проширувањето - вели Горан Маринковски од Драчево, кој секојдневно најмалку по двапати ја минува улицата.



http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=FC3F45ACB9276A42BE5AFB70CC17636D


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Aug-2009 at 02:24
Забораив да пишам пред некој ден, еве сега ме потсети со веста.

Конректно за оние дуќаните и трафиките на рампа непосредно каде што треба да почне просширувањево сепак ќе постои една S кривина, но многу многу поблага од сегашнава. Инаку S кривината тука мислам дека не е контра ГУП-от и дека е намерно така испланирана да може во иднина јужниот булевар да се премости полесно и на пократко растојание со Првомајска, но тоа и не е битно сега. Муабетот ми беше околу дуќаните. Имено, нема сите дуќани да бидат целосно урнати. Оние трафиките ќе се отстранат додека оние дуќани во редот кои се малку појужно од трафикиве ќе бидат урнати до пола, односно ќе бидат доведени до големина која всушност им е дозволена од општината, тамо тој ред скоро сите дуќани се непрописно проширени скоро дупло према улицата. Тие доградби не ни е беа некој проблем до сега, односно не сметаа воопшто. Се работи за овој ред тука (41°59'10.40"N 21°26'15.07"E).

На следнава слика може да видите каде ќе биде идната крајна линија на профилот, односно каде ќе завршува тротоарот...




Posted By: alexgizh
Date Posted: 24-Aug-2009 at 08:04
Originally posted by lslcrew

...да може во иднина јужниот булевар да се премости полесно и на пократко растојание со Првомајска...



Што конкретно мислиш со тоа? Над Првомајска ќе има надвозник на кој ќе тера јужен? И дали (претпоставувам дека не) ќе има излез од булеварот према Првомајска?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Aug-2009 at 08:28
Еве извадок од ГУП-от! Со црвено е обележано она што со претстојната реализација се вика прва фаза! Она што е со љиљаково е јужниот булевар и во облик на Т се приклучува Крушевска Република! Мислам дека е доволно јасно зашто е едната S кривина!




Posted By: alexgizh
Date Posted: 24-Aug-2009 at 09:09
Да, сега се е појасно Фала.

Можеби малце офтопик, ама ме радува што барем во планот стои продолжеток на Народни Херои преку јужен булевар и директно во Мичурин... ова е и тоа како потребно.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Aug-2009 at 06:54
Во недостиг од информации сеуште е непознато што конкретно све ќе опфаѓа реконструкцијата на Првомјаска, но ме интересира како планираат во иднина да се изведе оваа ораскрсница со улицата Сава Ковачевиќ односн кај бараките на општина Кисела Вода. Тука според ГУП-от воопшто и нема предвидено парк како што е сега моментално туку е планирано многу поблага кривина за свртување во лево од Сава Ковачевиќ, а профилите за улиците Првомајска и сава Ковачевиќ се дупло пошироки од самите улици што моменатално сега се. Првомајска ќе се прошири но Сава Ковачевиќ ќе оставне во истата состојба*. Паркот на оваа локаицј аколку што се сеќавам од некои поодамнешни најави треба да биде на место на бараките на општината, а општината во старата фабрика Цветан Димов. Останува да видиме како ќе се реализира овој дел тука! Би сакал да се комплетира раскрницава. Може да приметите дека и зеленилото е садено според ГУП-от!




Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Sep-2009 at 13:51
...
Во 2010 година тој најави ширење и на Првомајска.
....
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1816&ArticleID=122031[/quote
[quote]Улицата Првомајска ќе има исто четири ленти, од Расадник до општината има само два спорни објекти, и на овој начин улицата ќе биде проширена од Рампа до Драчево.


Нејавено беше од први ноевмври, ама ова вероватно намерно се штелуваат за ноември за да се остави простор временските услови да бидат можно алиби. Ама овие уште сега го презакажале за 2010. А симтоматично ми падна пред некој ден едно интервју на Ѓочев. И кога го прашаа човеков за инфраструктурни зафати се пофали само со два водовода, а Првомајскла никаде не ја спомна. Ама си викам ај ја одма да не бидам до толку параноик.


Posted By: The Man
Date Posted: 23-Oct-2009 at 14:52

Каде има простор за уште лента во првата делница што ја имаат наведено? Зборувам за делот од Стара Рампа па до улицата Народни херои. Навистина не ми е јасно... Иако јас би бил задоволен конечно да започнат со проширувањето на Првомајска од крстосницата со булевар Србија па се до мостот кај Драчево.

Исто така страшно ме интересира зошто на Првомајска од бензинската на Супертрејд па се до бензинската на Лукоил патот се намалува на 1 лента наместо на 2 ленти? Поради тоа намалување има неверојатно долга колона од возила, кои што мора да користат 1 лента без разлика на каде продолжуваат, булевар Србија или по Првомајска накај Драчево. Страшна ситуација во сабајлечкиот rush hour, а да не коментираме во периодот од 15-17h...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Oct-2009 at 14:55
The Man поназад во нишкава имам ја доста зборувано за тој проблем кјај бензинските и успеав да извлечам некој одговор од општина. Наназад низ сите страни го има тоа. А во однос на проширувањето од народни херои до општината ќе има од двете страни по една лента. А од општината до рампа проширувањето ќе биде од десна страна движејќи се према центар, значи од страна на пругата.


Posted By: The Man
Date Posted: 23-Oct-2009 at 15:05
Не ја забележав оваа нишка, се извинувам. Ќе ја прочитам темава сега, отсекогаш ме интригирало.


Posted By: The Man
Date Posted: 28-Oct-2009 at 20:56


Чувствувам потреба оваа раскрсница да се евидентира во нишкава. Одамна немам видено сообраќајна несреќа тука, што навистина ме изненадува имајќи во предвид што се случува на истата.

Возилата кои што сакаат да продолжат право (по Првомајска) или пак лево треба да се во црвената лента. Плавата лента е ИСКЛУЧИВО за возилата кои вртат десно. Жолтиот круг го обележува островот за насочување на сообраќај. Но што се случува (скоро) секој пат.
Има возило во црвената лента и истото сака да сврти налево, но мора прво да ги пропушти возилата од спротивна насока и се разбира мора да чека. Е сега... нашите возачи се секогаш во брзање, па од плавата лента во исклучително тесен простор газат полна линија, го газат островот исто како да не постои и да нема никакво значење, и го заобиколуваат возилото во црвената лента, притоа возејќи со барем 60 km/h. Applause
Колку пати крвта таму ми се замрзнала не можам да избројам. Опис: возам регуларно во црвената лента, бидејќи сакам право да продолжам немам вклучено лев трепкач и од десната лента некоја будала ми го сече патот. Еднаш едвај избегнав судар, ја нагазив кочницата до крај и завртев налево (притоа влегувајќи во лентата за спротивен правец)... среќа што можев тоа да го направам бидејќи немаше возила таму.
Да не ве замарам со лични искуства, сумирано: нека даде Господ, Алах, Зевс, Мевс или во кој и да верувате или не да им умре кучето на сите што го прават ова. Crazy


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Oct-2009 at 21:02
The Ман јас шивеам на стина метри одовдека веднаш до тинексот и мене ми се има смрзнато крвта во неколку вакви исти ситуации или па друга зафркната ситуација е со оние возила што доаѓаат од народни херои или од кај технички. Голем број од овие возачи не го почитуваат поравилото да го почекаат тој што доаќа од спротива па после да свртат, па се случува да ти излезе некој пред кола, а ти си возиш право на зелено светло.

Сега со проширувањето тој остров ќе го нема веќе така да овој проблем нем да го има веќе. Но јас дополнително тука би додал и трети ленти на раскрницата само за десно што би биле што многу ќе придонесе и за гужви насабејлке и за намалување сообраќајки.


Posted By: The Man
Date Posted: 28-Oct-2009 at 21:22
Originally posted by lslcrew

The Ман јас шивеам на стина метри одовдека веднаш до тинексот и мене ми се има смрзнато крвта во неколку вакви исти ситуации или па друга зафркната ситуација е со оние возила што доаѓаат од народни херои или од кај технички. Голем број од овие возачи не го почитуваат поравилото да го почекаат тој што доаќа од спротива па после да свртат, па се случува да ти излезе некој пред кола, а ти си возиш право на зелено светло.

Сега со проширувањето тој остров ќе го нема веќе така да овој проблем нем да го има веќе. Но јас дополнително тука би додал и трети ленти на раскрницата само за десно што би биле што многу ќе придонесе и за гужви насабејлке и за намалување сообраќајки.


Ќе бидне и тоа проширување некогаш... од кога ветуваат дека ќе се изврши и никако да им дојде на дневен ред очигледно. Освен ако не најавиле нешто со сигурност, колку што сум запознаен, повторно е одложено проширувањето.
Да напоменам и дека се согласувам со тоа дека гужвите во rush hour се поради постоење на само една лента од оваа раскрсница на сликата па се до раскрсницата кај ЗОИЛ (Кјуби Македонија). А веќе дискутиравме за дополнителниот причинител на гужва во обратната насока, делница од 200м каде што Првомајска се стеснува на една лента. Секоја чест за тоа. Roll%20eyes


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Oct-2009 at 21:51
The Man, забелешка на место. Иако ретко поминувам таму, ова ите како ми упаднало во очи.


Posted By: The Man
Date Posted: 03-Nov-2009 at 18:09


Иако не е поврзано со Првомајска, патот што води кон Марковиот Манастир (надолу на мапата) добива нов асфалт.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Nov-2009 at 22:06
Патот што води према Марков е деригонален пат кој е опфатен со владината програма за реконструкција. Всушност Првомајска тука завршува, а тој крак што иде према Драчево исто така е дел од регионалниот пат.


Posted By: The Man
Date Posted: 03-Nov-2009 at 23:49
Originally posted by lslcrew

Патот што води према Марков е деригонален пат кој е опфатен со владината програма за реконструкција. Всушност Првомајска тука завршува, а тој крак што иде према Драчево исто така е дел од регионалниот пат.


На тој пат и те како му требаше реконструкција. Да го оставиме настрана тоа сега, нишката е за Првомајска. Инаку јасно е дека тука Првомајска завршува. Само една работа не ми е јасна. Не знам дали сте возеле до крајот на Првомајска навечер, на делница долга... па би рекол 2км нема воопшто никакво осветлување, а таму е индустриската зона Драчево. Има и 2 остри кривини, во последнава година таму имам забележано 2 тешки сообраќајни несреќи, колку не сум видел не знам.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Nov-2009 at 00:16
Осветлување тука е очајно скоро деценија, ако не и пред тоа. А сообраќај доста има, кога на тоа ќе се додадат острите кривини и дупките во тие два киломтра што се најголеми на цел потег на првомајска ја прават заедно една од понебезбедните делници по нашиве улици.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Nov-2009 at 14:25
Да возиш на Првомајска е како руски рулет

Жителите се жалат дека навечер на улицата возеле на слепо, познавајќи ја насоката на патот и не гледајќи прст пред око, притоа ризикувајќи некого да згазат

Стариот дел на улицата Првомајска, од населбата Пинтија до населбата Драчево во Општина Кисела Вода, со години е во целосен мрак. Граѓаните кои секоја вечер возат на оваа релација велат дека на улицата немало ниту една светилка. Единственото светло доаѓало од фаровите на автомобилите, па велат дека возењето навечер на Првомајска било како опасната игра руски рулет. Автомобилите ги управувале по навика, познавајќи ја насоката на патот, не гледајќи прст пред око и притоа ризикувајќи да згазат некого.
"Секое возење навечер е како ризичната игра руски рулет. Возиме на среќа и по навика. Во најдобар случај дома ќе стигнеме живи и здрави и нема да настрада никој, но досега се случиле и многу трагедии. Бараме под итно надлежните да ни ја осветлат сообраќајницата, бидејќи е многу фреквентна за да не се случи уште некоја несреќа", реагираат жителите на Драчево и околните населби.
Градските власти велат дека се задолжени да ја одржуваат мрежата за јавно осветлување на Првомајска од нејзиниот почеток, па до населбата Пинтија, а натаму уличното осветлување е во надлежност на Општина Кисела Вода.
"Според нашите сознанија нема посериозни проблеми со мрежата до Пинтија. Можно е да има дефект на некоја делница или пак тајмерите за вклучување на осветлувањето да не се усогласени со зимското сметање на времето. Нашите екипи ќе проверат и ќе ги отстранат евентуалните дефекти, а екипите на ЕВН ќе ги усогласат тајмерите за вклучување на светлото", велат од Одделението за односи со јавност на Градот.
Од Општина Кисела Вода велат дека не се одговорни за одржување на уличното осветлување на улицата Првомајска, бидејќи таа од почеток до крај била под надлежност на Градот.

http://vest.com.mk/?ItemID=4D2F3DF5B7CA874094225676EF53172E


Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Dec-2009 at 00:10

Напролет стартува проширувањето на „Првомајска“


Улицата ќе се прошири за уште една лента во двата правца

Градот Скопје работи на изведбениот проект за проширувањето на улицата „Првомајска“, што треба да стартува напролет. Во буџетот на Градот се одвоени 20 милиони денари за реализација на булеварско решение по целата должина на улицата, од рампата во Кисела Вода до населбата Драчево. Во Градот засега не одговараат дали и урбаниот и магистралниот дел од улицата ќе се градат истовремено, или, пак, градежните работи ќе се одвиваат фазно. 

Според идејата на Градот, „Првомајска“, во деловите од рампата до раскрсницата со „Народни херои“ и од раскрсницата со булевар „Србија“ до Драчево треба да се прошири за уште една лента во секој правец и да се изедначи со веќе проширениот дел од сообраќајницата кај расадникот во Кисела Вода. Од проектот ќе зависи дали на одредени делови ќе има средишно зеленило или не. 

„’Првомајска’ е во фаза на финално проектирање на изведбениот проект. На почетокот на следната година планираме распишување тендер за избор на изведувач, а градежните работи ќе стартуваат веднаш штом ќе дозволат временските услови“, информираат од Градот Скопје.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6ECCFCE68947E4419DABE55B9CF304F7 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6ECCFCE68947E4419DABE55B9CF304F7


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Dec-2009 at 04:07
Оваа информација за средишно зеленило прв пат ја слушаме. Во однос на делот што е од народни херои до Христо Татарчев (Сава Ковачевиќ) нема простор за редишно зеленило. Зеленило може да се смести во делот Христо Татарчев до пред Тутунски. Е сега сеуште во голема дилема ми е точката на стара чешма односно на раскрницата со Иван Козаров.  Уште стариот градоначалник најавуваше некои си кружни токови. Цело време бев убеден дека зборел за кружен тек кај тутунски, но сега ми се будат сомнежи дека можеби зборел и за оваа локација. Да не створам забуна ќе оставм да го почекаме проектот и да видиме што ќе биде со оваа точка, но доголку сакаат квалитетно да го решат проблемов ќе мора да се експропреиираат една двоспратна куќа и неколку полумонтажни полуцврста градба објекти. Инаку ќе се зафрлаваме со криви линии, кружни токови, раштркани семафори и слични лоши решенија.


Posted By: gorco
Date Posted: 14-Dec-2009 at 13:46
Тешко дека ќе има можност за средишно зеленило било каде на првомајска.

Особено тешко дека Првомајската особено последните 2-3 км пред Драчево (кај што изникнаа милион магацини) дека би добила повеќе од 2 ленти (не ми се допаѓа воопшто-ама така ми делува).

Инаку ако почетниот дел го прошират на сметка на тие (останати од времето дуќани и трафики), со што улицата во правец кон Кисела Вода би добила каде каде поправа линија што би било одлично решение.

Во врска со кружни текови, веројатно дека ќе биде одлично да има кружен тек баш кај што завршува Народни Херои / почнува Првомајска (т.е. кај автосалонот за Рено, Нисан, Дачија). Нема да има застој - а ќе има проток, бидејки двете напоредни улички: едната е сервисна, а другата кон сала Расаник се градска улица.


-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Dec-2009 at 19:40
Ѓорчо токму тука не ни треба, нени може раскрница да функционира. Викаш едната е градска улица. Таа улица према Расадник е сега со толкава гужва која ќе се намали драстичн кога ќе се доврши булвар Србија и целиот сообраќај на таа улица е воглавном од релацијата Припор -Лисиче кој сега тече преку оваа раскрница. Другата улица за којашто збориш сега е маалска улица (за кај мене у маало ) ама некогаш таа улица треба да биде конекција Кисела Вода - Аеродром што дополнитено пак  сега ќе го зголеми протокот на раскрницата. Првомајска е со многу дупло поширок профил од другата улица со која се прекрстува. Едноставно на споредна уличка би и давале тежина исто колку на Првомајска. Тука семафоризација е најрпосто и најидеално решение, со тоа што тактот за проток на Првомајска сега е скоро цела минута наспроти десетина секунди за спротивниот, а во иднина со таа конекција со Аердором би било некаде 2/3 со третина за спротивниот.

Друга работа е заради околниот терен, мислам дека може двете згради тука да сметаат.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Dec-2009 at 13:06
Вчера Коце имал пресс-конференција и гледам се набројувале проекти што ќе треба да се реализираат идната година. Е сега со оглед на тоа што во ниеден весник не најдов комплетна листа , туку сво сите весници имаше +- проект помалце/повеќе, затоа и нема да постирам ниеден текст, ќе почекам да најдам некој поофицијален извор. Но една работа друга ме загрижува, а тоа што Првомајска не е спомната никаде во ниеден од медиумите. Дали ова на некој суптилен начин Првомајска повторно излегла од програма за следната година, кога се најавуваше премногу пати и беше до фаза демек само што не се почнало.


Posted By: axel
Date Posted: 29-Jan-2010 at 11:40
ГРАДОТ ЌЕ СЕ ЗАДОЛЖИ КАЈ ЕБОР
Со заем ќе се гради Првомајска За изградбата на Првомајска и за опремување на центар за контрола на сообраќајот, Градот ќе се задолжи кај Европската банка за обнова и развој со заем од 5,6 милиони евра. Ваква одлука вчера изгласа Советот на Град Скопје. За проширувањето на Првомајска од Стара рампа до „Усје“ и за атмосферска канализација, властите ќе позајмат околу три милиони евра, а останатата сума е за центарот. Рок за отплата на заемот е 13 години, со вклучен грејс-период од три години. Градот ќе и плати на Европската банка за обнова и развој и еднократна провизија во износ до 1,2 процент од износот на заемот. Позајмените пари ќе се отплаќаат од буџетот. Исто така, градските власти ќе се задолжуваат и кај Владата за набавка на комунални возила и на канти за смет. Заемот е во износ од околу три милиони евра, а рокот за отплата девет години, со грејс-период од три години.                                                                                                                                                 http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1930&ArticleID=132648                                                                                                                                     


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Jan-2010 at 12:49
Градот ќе позајмува од државата и од Европа
     
Проширена улица Првомајска, подобра опременост на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ и централна контрола на сообраќајот ќе може да се добијат со заем од државата и од Европската банка за обнова и развој. Градските советници вчера донесоа одлука да позајмат вкупно осум милиони евра од овие институции, и тоа речиси три милиони евра од државата и пет милиони евра од банката. За кредитот од Европската банка градот ќе има 13 години за да го врати, а за тој од државата девет години. За двата кредита грејс-периодот е од три години.

Со проектот за реконструкција на улиците за кои ќе бидат потребни три милиони евра ќе се реконструира Првомајска од крстосницата со улицата 11 Октомври до таа со Народни херои и од булеварот Србија во Усје до населбата Драчево. Тоа влегува во програмата за развој на градот за оваа година. Во објаснувањето се вели дека на Првомајска секојдневно минуваат по 40 илјади возила и затоа од градот сметаат дека таа улица е тесно грло за кое мора да се најде некакво решение.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12910116293&id=14&prilog=0&setIzdanie=21896 - http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12910116293&id=14&prilog=0&setIzdanie=21896


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 29-Jan-2010 at 12:54
Значи, откако знам за урбанизам и откога се интересирам за градоустројството (а тоа е повеќе од 10 години), никако не успеаа да пробутаат една обична улица низ поле. Море Пенов ја зборуваше, па секој следен, па задолжувања и новинарски текстови секој месец за КАПИТАЛНИОВ ПРОЕКТ... До кога вака град од 600 000 луѓе ќе прави вакви мачканици, до кога ваквите улици и проширувања ќе ги сметаме за капитални? Навистина ми е преку глава од фактот дека во Скопје или ништо не се прави или се фрлаат пари ан глупости ала барок и скулптури.  Траги-комична ситуација владее во Скопје со ова менаџирање и со ваква децентрализација и средства. А сакам да живеам во град со запади вредности и висока култура и квалитет на живеење. Со 3 милиона евра за капитален проект кој тече една деценија, такви ценности не се постигнуваат.

За проширувањето на Првомајска од Стара рампа до „Усје“ и за атмосферска канализација, властите ќе позајмат околу три милиони евра, а останатата сума е за центарот.

ЦЕНТАРОТ? КОЈ? На градот, за сообраќај, контрола на смет...?


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: The Man
Date Posted: 29-Jan-2010 at 18:33
Во едниот текст се кажува дека заемот ќе биде земен за проширување на Првомајска од Стара рампа до Усје, а во другиот од Стара рампа до Драчево...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Jan-2010 at 18:37
На Сител на веси во 16ч прееска кажаа за двете делници, а сега во 18ч само за накај Драчево. На град Скопје страната пишува само за накај драчево. Којзнае и порано нешто само оваа делница се спомнуваше. Ако е така се прави куќата од таванот надоле. Гужвата на првомајска не е пред драчево, туку од Кисела Вода па накај центар. Ајде чекаме официјална информација што ќе се прави, само што не сакам да верувам уште сега дека општината попуштила кај некои проблематични имоти.


Posted By: The Man
Date Posted: 02-Feb-2010 at 10:45
Вчера забележав еден геодетски тим (можеби го употребив погрешниот назив) кои се наоѓаа на Првомајска веднаш после зградата на Космофон, каде што почнува стеснувањето на Првомајска кое што беше дискутирано на претходните страни. Се надевам дека работат на проблемот да се исправи таа делница каде што Првомајска се стеснува на 1 лента во правец накај Драчево. Да не се разбереме погрешно, чиста шпекулација е ова, но мојата автосугестија работи... прво на тоа ми текна.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Feb-2010 at 17:47
Малку да ги расчистам дилемите што некои медиуми поради невнимание заматија.

Во буџет на град Скопје за 2010 годин предвидени се

-20.000.000 денари за од Народни Херои до Центар.
-53.000.000 денари за накај Драчево.


Posted By: The Man
Date Posted: 07-Feb-2010 at 11:52
Нема прво да се проширува делот од Првомајска помеѓу Кисела Вода и Центар? Апсурдно. И каде ќе ја прошируваат Првомајска од Пинтија до Драчево? До Пинтија има место, просторот до оградата на ОХИС ќе се искористи и според мои согледувања таман е доволно да се добијат 2х2 ленти, но понатаму... нема место за проширување во индустриската зона.


Posted By: gorco
Date Posted: 07-Feb-2010 at 12:24
Ако нема ќе се направи... доста градот трпи, поради извесни поединци...

-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Feb-2010 at 14:49
Еве како треба да се спојува Првомајска со Јужен.
http://kiselavoda.gov.mk/Uploadedimages//Gradinar-nacrt-2008.jpg - http://kiselavoda.gov.mk/Uploadedimages//Gradinar-nacrt-2008.jpg
http://www.kiselavoda.gov.mk/Uploadedimages/STAKLARNICA%20-2000.jpg - http://www.kiselavoda.gov.mk/Uploadedimages/STAKLARNICA%20-2000.jpg

Чисто за да нема забуни кога ќе ни стегнат некоја импровизација со кривинава да не ви падне чудно после нешто! Crazy


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Feb-2010 at 17:46

Првомајска ќе се проширува кон Драчево



Наскоро треба да се почне реконструкцијата и проширувањето на улицата Првомајска, информираат од град Скопје, со што се очекува да се реши сообраќајниот метеж кој предизвикува нервози кај граѓаните кои секојдневно сообраќаат на таа релација. За реконструкцијата на Првомајска се предвидени 190 милиони денари, кои Градот ќе ги обезбеди преку задолжување во Европската банка за обнова и развој. Проширувањето ќе се одвива на потегот од раскрсницата 11 Октомври со улицата Народни херои и од фабриката „Усје” до Драчево. Предвидено е да се изгради и колектор од Транспортниот центар до улицата Првомајска, со што би се овозможило собирање на атмосферските води и нивно канализирање кон реката Вардар. - Со проширувањето на улицата значително ќе се подобри начинот на кој се одвива сообраќајот на оваа улица, по која дневно поминуваат повеќе од 40.000 возила - велат од град Скопје. Се уште не се знае која фирма ќе биде надлежна за градежните работи бидејќи прво треба да се изготват основни и изведбени решенија, по што ќе биде распишан тендер за изведувач. Дури тогаш би се знаела и точната цена на изведбата, крајните рокови и фазите во кои ќе се одвива проширувањето, известуваат од Градот.

http://www.spic.com.mk/


Posted By: The Man
Date Posted: 09-Feb-2010 at 12:13
„Проширувањето ќе се одвива на потегот од раскрсницата 11 Октомври со улицата Народни херои.“

Не сфаќам за кој дел се зборува тука? Ако мислат од таа раскрсница па надолу до „Усје“, тој дел е веќе проширен.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Feb-2010 at 12:26
Глупо е склопена реченицата, сигурно мислат на ул. 11 Октомври што е во продолжение на Првомајска кон центар. Значи делот од ул. Народни Херои до тутунски комбинат.


Posted By: The Man
Date Posted: 09-Feb-2010 at 13:30
Originally posted by Cloverstack

Глупо е склопена реченицата, сигурно мислат на ул. 11 Октомври што е во продолжение на Првомајска кон центар. Значи делот од ул. Народни Херои до тутунски комбинат.


И јас на тоа помислив, едиствената логична варијанта е. Да се надополнам од пред некој пост, вчера повторно забележав тим со инструменти на ул. 11 Октомври, каде што порано имаше некоја зграда на Жито Лукс ако ме служи добро меморијата. Најинтересно од се, едниот од дечките беше застанат на сред лента, на 50 метри после семафор.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Feb-2010 at 12:34
ПРВОМАЈСКА
Ревизијата при крај Ревизијата на проектот за проширување на Првомајска е во финална фаза, а во моментот се врши и утврдување на проритетот за фазната реализација на проектот, велат од Град Скопје. Според Одделението за односи со јавност, во моментот се работи и на реализација на одлуката за кредитниот аранжман со ЕБРД за проширувањето на булеварот.
- Штом ќе се завршат договорите за кредитирањето ќе се почне со реализацијата на првата фаза од проширувањето на оваа сообраќајница - велат од Градот. Во првата фаза улицата ќе се проширува од Рампа до крстосницата со булевар Србија.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1953&ArticleID=134842


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Feb-2010 at 14:04


Ме радува што најприоритетната делница се вметнува во првата фаза


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Feb-2010 at 16:45


Имам мала резерва околу точноста, бидејќи се вели од рампа до булевар Србија.



Print Page | Close Window