Print Page | Close Window

[Р-1202] Маврово * - Дебар *

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Патишта
Forum Discription: Автопатишта, магистрали, патарини, одморишта...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=697
Printed Date: 25-Apr-2024 at 12:48


Topic: [Р-1202] Маврово * - Дебар *
Posted By: Cloverstack
Subject: [Р-1202] Маврово * - Дебар *
Date Posted: 28-Jan-2008 at 08:00



Патниот правец Р-1202 (по стара класификација Р-409) се протега од Ново Село (помеѓу Гостивар и Кичево, се двои од постојниот М-4), преку Маврови Анови, покрај Ростуше, низ Дебар, се до границата со Албанија кај граничниот премин Блато.Должината е 61kmПатот поминува низ националниот парк Маврово, областа Река, долините на Радика и Мавровска Река, Мавровското Езеро и многу други убавини и е еден од најживописните во Македонија.





Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Jan-2008 at 16:16


Македонија

Обезбедени 100 млн. денари за проширување на патот Маврово-Дебар

Дебар, 30.01.2008 14:32


Проширувањето на патот Маврово-Дебар, на делницата Жировница-Бошков мост е еден од владините приоритети во 2008 година, за што се обезбедени 100 милиони денари.

Ова денеска го изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески за локалната телевизија „ТВ Жупа“, додавајќи дека наведениот патен правец ќе биде реконструиран и проширен од пет на шест метри.

Јанакиевски истакната дека реконструкцијата на оваа делница, како и реактивирањето на неколку погони ќе бидат од големо значење за економскиот развој на Долна Река, Жупа и Дебар. /крај/мн/ап/


Copyright 2008 http://www.makfax.com.mk/ - makfax . Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.




Copyright © MAKFAX 2001-2008



Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Jul-2008 at 11:10


Македонија

Патниот правец Маврово-Дебар денеска и утре во прекин

Дебар, 6.07.2008 11:00


Патниот правец Маврово-Дебар денеска и утре ќе биде во прекин поради минирање, официјално е соопштено.

Минирањето е во рамките на реконструкција на патот Маврово-Дебар, кој со години наназад претставува тесно сообраќајно грло.

На наведената делница се вршат градежни работи за проширување на патот чија целокупна инвестиција изнесува четири милиони евра. /макфакс/

Copyright 2008 http://www.makfax.com.mk/ - makfax . Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.




Copyright © MAKFAX 2001-2008



Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Sep-2008 at 17:45

Пуштена во употреба делницата Жировница - Бошков мост

Дебар /27/09/ 14:19

Делницата Жировница - Бошков мост, која е дел од патот Маврово-Дебар, денеска свечено е пуштена во употреба, јави дописникот на Макфакс.

Делницата ја пуштија во употреба министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски.
 
Вкупната инвестиција за изградбата на првата фаза од овој патен правец изнесуваше 4,6 милиони евра.
 
Реконструкцијата, овозможи проширување на патот од пет на шест метри и е од големо значење за развојот на општините Маврово, Ростуше, Дебар и Центар Жупа.
 
Министерот Јанакиевски најави дека наскоро ќе започне реконструкција и на патниот правец Дебар-Струга.

http://www.makfax.com.mk/look/novina/article.tpl?IdLanguage=10&IdPublication=2&NrArticle=126315&NrIssue=777&NrSection=10


Posted By: BOJAN
Date Posted: 28-Sep-2008 at 21:28
И патот Дебар-Струга е зрел за реконтрукција, покрај патот од страната на Струга масовно се гради, а само патот остана со дупки! 


Posted By: Plugger
Date Posted: 28-Sep-2008 at 21:41

Interesno, od patot Mavrovo-Debar bash na Boskov Most tuka ima poveke mijachki sela Lazaropole,Selci,Gari,Tresonche,Rosoki i taka natamu da ne znae nekoj ako i toj del ke se pravat patista?? Mnogu luge vikendici imaat tamu taka da dobro bi bilo i tie mesta da dobijat asalni patista.




Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Mar-2009 at 02:12
Еве неколку слики што е направено на патот маврово-дебар кои до скоро се реконструираше. Roll%20eyes На делот од маврово до жировница е само направено едно каналче од страна за вода и толку. Триесет сантима највеќе му давам.

Сликиве се од патот маврово-дебар, делот маврово-жировница. Еве на оваа слика може и некој ситен одрон да се примети...






А на делот од жировница па натака према дебар е работено и доста асфалт е среден. До каде е незнам, пошто возев само до бигорски, ама мислам дека е скроз до дебар.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 09-Aug-2009 at 15:28
Патувањето го започнуваме од кличката на патот Скопје-Охрид. Вртиме десно и се приклучуваме на патот кон Струга, виа Маврово и Дебар. По самата клучка има километражен знак, на којшто вандали ја прецртале латиничната ознака.



Патот кон Маврово беше реконструиран пред околу 10 или повеќе години, но веќе е пропаднат, поради тешките зимски услови и доста големиот број на товарни возила. Банкините (сите) се веќе рѓосани и бараат итна замена.



Мало свртување кон Галичник и добро познатиот пат кон него:







Потоа се враќаме на патот Маврово-Дебар. На раскрсницата кај браната во Маврово, има многу стари знаци, од кои неможе да се прочита ништо ниту дење, а камо ли ноќе. Таму е и последниот километражен знак за Дебар, до самиот град (значи километража не е обележана на повеќе од 50 км пат).
Застанување на качамак во Трница е Маст ду кога се патува кон Дебар. За жал тукашниот мотел е празен и напуштен:



По Трница патот е веќе реконструиран и тоа осетно. Освен сосема новиот асфалт, патот проширен, кривините се ублажени, сигнализацијата е нова (иако има уште малку работа на тоа поле. Столбовите за новите знаци се поставени, а самите знаци сеуште не). Вреди да се напомене дека има огромен број на такви поставени столбови, што ми дава надеж дека патот ќе биде добро обележан. На самата раскрсница за манастирот Св Јован Бигорски има убави и нови знаци, но се во жолта, наместо кафејава боја, какви што треба да се туристичките објекти обележани.
















Продолжение на репортажата:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=699&PID=44680#44680 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=699&PID=44680#44680


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Aug-2009 at 00:03
Originally posted by Andrej_LJ

На самата раскрсница за манастирот Св Јован Бигорски има убави и нови знаци, но се во жолта, наместо кафејава боја, какви што треба да се туристичките објекти обележани
Ohno


Инаку тој патот накај Галичник би требало да е Р-414


А еве ги и моите фотки од пред некоја недела. Јас го извозев патов во спротивен правец од Андреј, од Дебар накај Маврово.

Неколкуте километри помеѓу Дебар и мостот на Дебарско Езеро уште се во катастрофална состојба.
Понатака, реконструираниот дел од патот до Жировница (би рекол ~15km, можеби малку повеќе) е во добра состојба, особено асфалтот.
А делот накај Маврово и понатака до врската со М4 (за кои немам фотки) засега да речам подлогата е во прифатлива состојба, но којзнае уште колку ќе издржи, а треба многу да се направи за другите работи како сигнализацијата, страничните огради и слично.

За убавините на пределот низ кој поминува патов мислам не треба многу да зборувам, особено за оние кои го искусиле. А оние кои го немале тоа задоволство, препорачувам обавезно и што побргу да го поправат тој пропуст. Препорачливи се и неколку застанувања за уживање во околината Big%20smile

1


2
Катастрофа   Bash


3
Мостот на Дебарско Езеро


4


5


6


7


8


9


10


11


12


13


14
Радика   Cheers  Cheers  Cheers






Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 19-Aug-2009 at 08:38
Clover, а северниот влез на Дебар, т.е тој дел од патот дали го прошируваат или поправаат? Знам дека не влегува ова во патот Дебар-Струга, ама прашувам тука дека е во близина на оваа делница. Делот после мелничкиот мост до Дебар беше еден од најлошите патишта во државава и плачеше за поправка

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: dacito
Date Posted: 19-Aug-2009 at 12:26
Бев летово во Мелничани и патот од Мелнички мост до Дебар не се поправа со тоа сеуште остaнува една од најлошите делници. Катастрофа е тој дел од неколку километри, баш возејќи се по него тоа беше мојот коментар


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Aug-2009 at 13:58
Originally posted by Dave Gahan

Clover, а северниот влез на Дебар, т.е тој дел од патот дали го прошируваат или поправаат? Знам дека не влегува ова во патот Дебар-Струга, ама прашувам тука дека е во близина на оваа делница. Делот после мелничкиот мост до Дебар беше еден од најлошите патишта во државава и плачеше за поправка


За малку си утнал, се работи за Р-409, еве ги префрлив постовите. Big%20smile

Како што кажа dacito, делот е во катастрофална состојба. Ете погоре имам фатено три фотки сосе мостот (тој се вика Мелнички Мост така?)


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 19-Aug-2009 at 19:53
Одвај ги најдов постовиве...е кое е ова Ново село?
Патов сум го возел 10000000 пати....немав претстава дека па дури има свој thread....добро може и ја грешам, ама да беше Маврово-Дебар или обратно не го промашував...не е битно, штета што не се работи на овој дел. Крвините се големи, лизгав е патот (веројатно од камионите или до самиот асфалт е), полн е патот со дупки, а заштитни одбојници нема скоро никаде - возење навечер  е самоубиство.
Требаа прво овој дел да го обноват, само не знам дали е можно проширување на мелничкиот мост, ако добро се сеќавам и тој е широк 5м (како што беше порано од браната Глобочица до селото Жировница)!?!.


-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Aug-2009 at 20:50

Има едно Ново Село токму каде што се двои патот за накај Маврово. Патот е така заведен и во евиденцијата на Агенцијата за патишта.

Но во право си, досегашниот ригиден официјален начин на именување на нишките не беше баш јузер френдли, па ете ги преименував неколкуте попроблематични топоними и од сега така ќе практикуваме.
За да може веднаш да се направи дистинкција каде е заменет точниот официјален топоним, кај сменетите ставив ѕвездички. Точната траса секако ја има во уводниот пост.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 20-Aug-2009 at 20:58
Приметив, ама и ми текна на Ново-село...имаше некој партизански споменик покрај патот, ако не го тргнале нешто.
Мислам дека е подобро вака дека има повеќе села што се викаат НОВО СЕЛО низ државава, па да нема забуни.


-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Sep-2009 at 15:22
Сликиве се од потегот од почетоков на патот непосредно во близина на Церово до Маврови Анови...

02.


03.


04.


05.


06.


07.


08.


09.


10.


11.


12.


13.


14.


15.


Овие наредните се од Маврови Анови до Бошков мост....

16.


17.


18.


19.


20.


21.


22.


23.


24.


25.


26.


27.


28.


29.


30.


31.


32.


33.


34.


35.


36.


37.


38.


40.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Feb-2010 at 06:45

Зачестија опасни одрони во Дебарско

Одрони од камења и од земја, кои зачестија на некои делници на патот од Дебар кон Маврово и кон Струга, деновиве сериозно го загрозија животот на неколкумина возачи и нивни сопатници

Опасни одрони од камења и од земја зачестија на делницата од Дебар кон Маврово и сериозно ги загрозија сообраќајот и животот на повеќе возачи и на нивните сопатници. Деновиве во близина на Косоврашки Мост, при одрон, за сламка се спасил дебарчанецот Аџи Асани. Одронат поголем камен удрил во предната врата од возило што превезува леб и бели печива, а во кое бил и тој. За среќа, како што раскажува Асани, кога видел дека каменот се тркала право на вратата каде што седел, веднаш потстанал и се поместил кон возачот. Брзата реакција го спасила. Каменот го оштетил возилото, а Асани минал со помали повреди во пределот на десното рамо, градите и во стомакот. Набрзо му била укажана помош во Општата болница во Дебар, по што бил пуштен на домашно лекување. Асани, кој случајно се нашол во возилото, е спортски риболовец и тој ден бил да си ја проба среќата на Дебарско Езеро, кај Косоврасти.

Сличен немил настан кај селото Скудриње неодамна имало и четиричлено семејство што патувало со возило „голф“. Како што изјави раководителот на секцијата на „Македонијапат“, Фатмир Имероски, поради малите одрони возилото се движело бавно, но кога сопатниците виделе дека земјиштето почнува да се лизга го предупредиле возачот, а тој ја зголемил брзината и успеал да си го спаси семејството. Веднаш потоа паднал одрон од земја, камен и од дрвја од 1.000 кубни метри.

На оваа делница опасни одрони има и во близина на селото Рајчица, кај месноста Стара Гипсара, поради што секогаш се препорачува внимателно возење.

Одрони има и на делницата Дебар - Луково, дел од патниот правец кон Струга, но станува збор за помали и поретки одрони.

Според Имеровски, во тек се активности што треба да дадат решение за овој проблем, посебно кај селото Скудриње.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D2AD42FBA4B5874BAD23CDC34E5AD09F


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Mar-2010 at 02:30

Минирана карпата кај Рајчица

По претходни анализи и консултации на стручни лица и со ЈП „Македонијапат“ деновиве беше минирана карпата кај дебарското село Рајчица, во близина на месноста Стара Гипсара. Карпата претставуваше потенцијална опасност за оние што поминува по овој дел од патот на делницата Дебар - Жировница, а што е дел од регионалниот пат Маврово - Дебар - граничен премин Блато, на македонско-албанската граница. На истото место има уште две поголеми карпи, но засега тие, според експертите, не претставуваат опасност.

И понатаму по должината на целата делница има помали одрони од камен, но тие редовно се чистат од екипи на „Македонијапат“. Овој патен правец е прооден за сите видови моторни возила.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5B13DF8F368304409E4EA6C484925DBE


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Mar-2010 at 15:33

Лавина го блокира сообраќајот по Радика

Снегот се струполи на патот во близина на Бигорскиот манастир

Киро Кипроски


ГОСТИВАР - Снежна лавина што се падна во близина на Бигорскиот манастир завчера го блокира сообраќајот по Радика. На регионалниот пат Маврови Анови - Дебар вчераутро околу 7 часот, по десетина часа прекин, повторно се возеше по една лента, а околу пладне сообраќајот беше целосно нормализиран. Лавината падна на местото каде што пред 28 дена, на 11 февруари падна голем одрон од снег, земја, камења и дрва.

„Ноќта меѓу 10 и 11 март долго ќе ја паметам“, вели Горан Трпевски, машинист на ЈП „Македонија-пат“. Тој бил ангажиран на расчистување на камења и огромна карпа од три тона што паднале на патот за Дебар во непосредна близина на манастирот „Свети Ѓорѓија победоносец”, кај дебарското село Рајчица. „По расчистување на одроните, се префрлив на локацијата кај снежната лавина, во непосредна близина на Бигорскиот манастир. За неколку часа успеав да го пробијам наносот, кој на места беше висок околу 10 метри“, додава Трпевски. Тој објасни дека десетина патнички возила од Дебар, Скудриње, Ростуше и други селски населби на Долна Река, биле пропуштани да поминат низ лавината по една летна. И сообраќајот се одвиваше наизменично“.

„Лавината донесе над 5.000 кубни метри снег“, истакна Фатмир Имероски, раководител на дебарската секција на „Македонија - пат“. За релативно кратко време успеавме да го воспоставиме сообраќајот, а вчера во попладневните часови го нормализиравме. Исто така, го расчистивме и снегот над патот. Имероски кажа дека продолжуваат со мобилност и доколку има потреба, веднаш ќе се активираат во расчистувањето на одроните. „Поради снегот на планините низ кој минува патот и најавата за негово нагло топење, очекуваме нови одрони“, додаде Имеровски. Завчерашните интензивни снежни врнежи направиле штета на електричната и на телефонската мрежа. Населението од долнореканските села од завчеравечер е без струја и телефон. „ЕВН Македонија“ и „Македонски телеком“ работеа во откривање и санирање на дефектите.

Патот за Дебар се чисти од наноси

МАВРОВИ АНОВИ - Две специјални возила на ЈП „Македонија - пат“ од вчера го чистат од снег регионалниот пат Церово - Маврови Анови - Дебар. На оваа делница има наноси од половина метар, кои го стеснија патот до Дебар на помалку од пет метри и го отежнаа одвивањето на сообраќајот по долината на Радика. Од мавровската секција на „Македонија - пат“ бевме информриани дека едно возило работи на делницата Маврови Анови - Трница, а второто од Маврови Анови - Церово. Од денес се очекува да биде симната забраната за движење на тешки товарни возила.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=0A952F7111D56E4C9A97C4A5785A3268


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Nov-2010 at 21:12

Патот Дебар- Жировница се заштитува од одрони

[tube]6qA-S2mzCCk[/tube]

Подобро некогаш отколку никогаш, велат оние кои минуваат по делницата Дебар-Жировница, откако почна поставањето обложна мрежа за заштита од одрони. Вработените на Македнија пат активноста ја почнаа од месноста Стара гипаса, во близина на селото Рајчица, зашто овој дел е еден од најопасните.

- Како што може да забележите тука денес поставуваме обложна мрежа против одрони заедно со колегите од подружницата „Автопат“. Се надеваме дека во овој дел ќе помогне многу околу заштитата на патот, вели Фатмир Имероски-раководител на секцијата на „Македонија пат“-Дебар.

Во првата фаза, ќе бидат поставени 8 илјади квадратни метри мрежа. Потоа се планира да се продолжи кај селата Косоврасти, Јанче, Скудриње, каде што секогаш постои потенцијална опасност од одрони од камен.

- Не е безбедно да се патува по овој пат ,ама ние дебарчаните сме навикнати, вели жителка на Дебар.

- Најголемиот срам е овој пат, од Маврово до Дебар, вели патник.

- Види каков е патот се турија бубрезите не камоли возилата. Многу е лош патот и ризик е запатување. Паѓаат карпи и од едната и од другата страна, вели патник.

На оваа делница проблеми се и лавините, посебно во делот кај Бигорски манастр. Поради што безбедноста не се гарантира.

- Засега може да гарантирам безбедност, но не можат тоа да го речам за утре, зашто конфигурацијата на теренот е таква што не може никогаш да се даде гаранција за безбедност, изјави Имероски.

По сето ова се чини дека безбедноста на оние кои минуваат по делницата Дебар-Жировница, што е дел од патниот правец Дебар-Маврово, сепак останува на божја милост, се додека надлежните не превземат посериозни зафати.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=66841

МИА фото


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Nov-2010 at 05:13
Ова е веројатно некој пат од југозапдна Македонија. Можно е да е Маврово-Дебар или нешто Дебар-Струга. Ако го препознавате тереот и патот, ако може да каже некој кој пат треба да е ова, да го преместиме постов во соодветна нишка.





































http://ilindenstruga.com.mk/ - http://ilindenstruga.com.mk/


Posted By: Plugger
Date Posted: 21-Nov-2010 at 06:30

Ova e na patot Mavrovo prema Debar, ali stari se ovie sliki skoro pred 3 godini.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 22-Nov-2010 at 10:46
Не е Маврово-Дебар, колку што знам тој на пат нема тунел.


Posted By: toasumjas
Date Posted: 22-Nov-2010 at 12:51
Маврово-Дебар нема тунел 100% и ова не е патот Маврово-Дебар, никако да ми текне дали имаше тунел од Дебар до Струга а 100 пати сум прошол, ако има тогаш е таа делниац зашто ептен личи. Ваков ист тунел има помеѓу росоман и плетвар, може да е и таму.


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 22-Nov-2010 at 12:55
Originally posted by toasumjas

Ваков ист тунел има помеѓу росоман и плетвар, може да е и таму.


Со сигурност не е Росоман-Плетвар

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: gorco
Date Posted: 22-Nov-2010 at 14:47
Сликиве се од  ГП Илинден Струга, така да Дебар - Струга нареално е овој пат, иако некои слики личат како Жировница - Бошков Мост.

-------------


Posted By: Plugger
Date Posted: 22-Nov-2010 at 15:34
Zirovnica-Boskov most e sigurno, ova bese naj maliot tunel vo Evropa dur ne go rushea. Sum pominuval poveke pati od tamu, sega veke go nema ovoj tunel znaci patot e Mavrovo-Debar.




Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Nov-2010 at 13:44
Одрон од земја и карпа го блокира патот Дебар - Маврови Анови

Дебар, 30. ноември 2010 (ИНПРЕС)

Одрон на земја и карпеста маса утрово се ступоли на патниот правец Дебар - Маврови Анови.

Сообраќајот на оваа делница е во прекин, а вработените во јавното претпријатие „Македонија Пат“ прават напори да обезбедат машина за расчистување на одронот со маса од 20 кубни метри.

Од Авто - мото сојузот на Македонија (АМСМ) ги информираат возачите дека патниот правец Маврово - Дебар, кај местото Жировница поради големи одрони е затворен за сообраќај за сите видови возила од 9 часот изутрината.

http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=1AB4BC9E5B2D32448F21EF3115AE7984


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Dec-2010 at 03:32

Прекинат патот за Маврово

Лизгање на земјиште е причина за забраната за движење на камиони и на автобуси по регионалниот пат Маврови Анови-Дебар во близина на големата брана. Според првичните процени, дел од коловозот, околу шест метри, е пропаднат за педесетина сантиметри.

Според информациите од секцијата на „Македонијапат“ која е задолжена за одржување на патиштата во овој регион, во близина на големата брана на Мавровското Езеро, каде што минува Беличкиот канал, дошло до пропаѓање на теренот.

Овој патен правец, освен до Дебар, води и до туристичкиот центар Маврово.

Стручњаци ја анализираат состојбата на теренот и откако ќе направат процена за опасноста ќе решат дали сообраќајот ќе биде забранет за тешки возила. http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=795D2DBA447ABC4687B4325715EFC2AE


Posted By: Djole88
Date Posted: 11-May-2011 at 21:31
Вчера имав можност да го пројдам овој пат до Дебар и назад и се уверив во тоа дека овој пат е еден од најлошите во Македонија. Асфалтот на најголем дел од делницата е скроз истрошен и мислам дека е редно време тука да се направи нешто.

Инаку бев до рудникот на Кнауф и вработен на Кнауф кажа дека годишно компанијата издвојува ОГРОМНИ средства како надомест за оштетите на овој пат, на кој дневно поминуваат стотици нивни шлепери. Но како и се во нашата држава, парите најверојатно се пренаменуваат и нема абер од реконструкција.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-May-2011 at 14:12
Жировница дебар е еден о дпримерите како треба да изгледа регионален пат. Кршот е од Маврово до Жировница.


Posted By: Djole88
Date Posted: 13-May-2011 at 14:08
Хм па воглавно е добар. Ама да речеме и пред Мелнички мост(кај Косоврасти), самиот мост и почетната делница после мостот е крш невиден. Јас мислам дека и мостот плаче за една реконструкција.


Posted By: Тркало
Date Posted: 13-May-2011 at 16:54
Originally posted by Djole88

Хм па воглавно е добар. Ама да речеме и пред Мелнички мост(кај Косоврасти), самиот мост и почетната делница после мостот е крш невиден. Јас мислам дека и мостот плаче за една реконструкција.



Тој мост секогаш ми е страв да го поминувам.Не знам зошто ,баш ми е некако несигурен (претпоставувам не е реновиран после изградбата) и би било добро да го средат и него,а и делот нагоре до влезот на Дебар.


Posted By: gjoko
Date Posted: 21-Oct-2012 at 22:33
реконструирани се неколку `делници` на рег.пат Маврово-дебар,барем до Бигорскиот манастир.тоа што не е реконтсуиано и не е во лоша состојба.новио асфалт ми изгледа добар,со замерка дека е премногу мазен за пат на кој редовно има голомразици,снег и вода на патот



Posted By: Тркало
Date Posted: 04-Nov-2012 at 16:34
Сигурен си дека зимата е блиску, кога во тековната година ќе го прочиташ ова
Голем одрон го блокира патот Маврово-Дебар

Поради голем одрон на патниот правец Маврово-Дебар, воведена е забрана за движење на тешките товарни возила, соопштија од АМСМ.

Како што јавува „Макфакс“, патничките возила се пропуштаат наизменично по една коловозна лента. Во наредните неколку часа, се очекува одронот да биде целосно расчистен што ќе овозможи непречено одвивање на сообраќајот.



Исто така, од АМСМ препорачуваат повнимателно возење на магистралата М-1, односно, делницата Катланово - Велес. Таму во моментов се врши реконструкција на патот, а поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од Македонија.

OhridNews

04.11.2012 11:10 Прочитана е : 403 пати

© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.


Posted By: Џоле
Date Posted: 15-May-2013 at 08:47
(Фотогалерија) Оштетениот коловоз на патот Дебар - Маврово



Фотографиите кои ги направивме денес се најдобрата потврда за состојбата на коловозот кај месноста Бошков Мост, на патниот правец Дебар-Маврово. Надојдената Радика, која носи се пред себе, деновиве поткопа дел од патот и го оштети коловозот, на кој во должина од 30 метри има пукнатина.

- Регионален пат 1202, километар 45+850 м (46-ти км), во должина од 12 м во ширина од 1.5 м до 2 м. на патниот појас има пукнатина од 30м. Во моментот сообраќајот се одвива во нормална состојба, со ограничена брзина, а на патот е поставена соодветена сообраќајна сигнализација, - вели Адмир Горенца, раководител на дебарската дирекција за заштита и спасување, која будно ја следи состојбата со свлечиштето - отсечен пат на патниот правец Бошков Мост – Дебар.

Според оценките на дирекцијата, поради големиот дотек на Радика, можни се и поголеми оштетувања.

Екипи на дебарската секција на „ Македонија пат“ со максимални напори пред шест дена најпрво го оспособија патот со алтернативна втора коловозна лента а потоа и целосно за нормално одвивање на сообраќајот. Сега деноноќно се во приправна состојба.

Оваа појава се случува по првпат, вон зимскиот период да се појават проблеми на овој патен правец, кој е дел од делницата Дебар-Жировница, која пак е “попиларна“ во зима со големите лавини.

Фото и текст: Вера Тодоровска









http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=C94D5FB6951D724FB494D1CA7E4F6069 - http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=C94D5FB6951D724FB494D1CA7E4F6069

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Djole88
Date Posted: 13-Jul-2013 at 18:42
фала богу им текна, пред некое време го возев и можам да кажам беше во ужасна состојба

За еден месец ќе стартува санацијата на Мелнички мост над Дебарско Езеро, на регионалниот пат Дебар – Маврово, во близина на селото Долно Мелничани.



Ова во Дебар го соопшти Љупчо Георгиевски, директор на Агенцијата за државни патишта на Република Македонија, по посетата на Мелничкиот мост.

Според Георгиевски, Владата на Република Македонија за санација на мостот обезбедила милион евра, а по изработката на проектната документација привршува и тендерот за главниот изведувач на работите.

- Со санацијата ќе бидат опфатени двата столбови на мостот, ќе биде сменет асфалтот и ќе биде поставена нова ограда. Со санацијата е предвидено и целосно осветлување на мостот, изјави Георгиевски.

Мостот е изграден пред повеќе од четири децении, кога е градена акумулацијата „Дебарско Езеро“. Долг е 480 метри и има пет армирани бетонски столба.

Уште по изградбата имало гласини дека еден од столбовите бил поставен на неадекватно место, и, наводно, ја немал потребна цврстина, а во последните години тој е откачен од лежиштето и виси, што претставуваше голема опасност за рушење на мостот.

Врз мостот се поставени и цевките од водоводот Росоки– Дебар, од каде градот се снабдува со вода за пиење.

Мелнички Мост е изграден во непосредна близина на познатиот по градба Горенички Мост, кој бил дел од патот Виа игнација.


Posted By: gjoko
Date Posted: 20-Oct-2013 at 18:54
Се реконструира мостот пред дебар,од страната на Маврово

http://s1239.photobucket.com/user/gjoko-mkd/media/Makedonija/SAM_2647.jpg.html">
http://s1239.photobucket.com/user/gjoko-mkd/media/Makedonija/SAM_2648.jpg.html">


Posted By: Џоле
Date Posted: 20-Oct-2013 at 19:17
Мостов беше во ужасна состојба. Пред година-две бев во Дебар, и ми беше страв кога поминуваше автобусот преку мостот - имаше огромни дупки од страните кај што беше тротоарот за пешаци. Добра вест е дека и него ќе го средат.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 22-Apr-2014 at 08:17
Неколку мои фотки снимени во близина на Маврови Анови...

https://flic.kr/p/niTQ5D"> https://flic.kr/p/niTQ5D - DSC03562 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/niTPZ8"> https://flic.kr/p/niTPZ8 - DSC03563 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/nf64vb"> https://flic.kr/p/nf64vb - DSC03564 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/nh8reV"> https://flic.kr/p/nh8reV - DSC03565 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/nf64hq"> https://flic.kr/p/nf64hq - DSC03580 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: gjoko
Date Posted: 22-Apr-2014 at 17:27
браво за упорноста во искачувањето.вреди да се отиде таму.сепак овој дел е најубав во есен кога ги има сите бои на природата


Posted By: N23
Date Posted: 29-May-2014 at 10:41


Бољи кадар не можев да фатам. Иначе бев пријатно изненаден од солидниот квалитет на патот, во делот на националниот парк, зашто и таму очекував катастрофа, а делот после тоа што води до Дебар е да ги земеш сите одговорни за таквата состојба на грото битни патишта во Македонија и да ги ставиш на јавно понижување. Не знам како и даље луѓе живеат у тоа место, очигледно од Скопје до Солун се стига побрзо отколку од Дебар до Скопје. Жално.


-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: Џоле
Date Posted: 29-May-2014 at 12:17
Значи, сè уште се врши реконструкција на мостот?

-------------
За сè има вторпат


Posted By: N23
Date Posted: 29-May-2014 at 21:57
Originally posted by Џоле

Значи, сè уште се врши реконструкција на мостот?

мхм, и тоа поприлично споро, со 10тина работници


-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: Џоле
Date Posted: 26-Jun-2014 at 13:54
Поставување на скулптура пред влезот во Дебар од страна на група граѓански активисти, непосредно покрај патот поставена e скулптура изработена од искршени и расипани автомобилски делови. Скулптурата е посветенана уништените и искршени автомобили чии делови настрадале на овој патен правец.



Поставувањето на скулптурата е дел од проектот ФОТО-ГЛАС, на Центарот за современи уметности од Скопје и проектот Граѓански Активатор на организацијата Плоштад Слобода.



Оваа иницијатива е во соработка со групата на граѓани од Дебар:

Гоце Љубиновски
Фламур Муладаути
Илми Куртиши
Бурхан Демири
Дритан Леши
Драгомир Симоновски
Ферхан Ајроски
Џевдет Мераимоски
Зунуни Тахир
Мирон Муладаути
Фатјона Поцеста
Едита Мела
Наташа Мартиновска

извор: фејсбук

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Dexter26
Date Posted: 26-Jun-2014 at 14:43
Previous
 
Applause Ми се допаѓа таканаречената скулптура, а уште повеќе ми се допаѓа тоа што во нејзиното создавање учествувале луѓе и од македонска националност и од немакедонска националност. Applause
 
И лично мислам дека оваа таканаречена скулптура вреди многу повеќе од глупостите кои го нагрдија централното градско подрачје на Скопје како дел од проектот Скопје 2014, бидејќи оваа таканаречена скулптура испраќа порака кон властите и кон сите кои поминуваат низ таа делница, за разлика од спомениците кои се дел од проектот Скопје 2014, кои единствено нешто што испраќаат е иритација и одбивност.


Posted By: I.M.
Date Posted: 26-Jun-2014 at 16:47
Originally posted by Dexter26

Previous
 
Applause Ми се допаѓа таканаречената скулптура, а уште повеќе ми се допаѓа тоа што во нејзиното создавање учествувале луѓе и од македонска националност и од немакедонска националност. Applause
 
И лично мислам дека оваа таканаречена скулптура вреди многу повеќе од глупостите кои го нагрдија централното градско подрачје на Скопје како дел од проектот Скопје 2014, бидејќи оваа таканаречена скулптура испраќа порака кон властите и кон сите кои поминуваат низ таа делница, за разлика од спомениците кои се дел од проектот Скопје 2014, кои единствено нешто што испраќаат е иритација и одбивност.


Oх..да.


Posted By: Denko
Date Posted: 26-Jun-2014 at 21:01
Bravos...


Posted By: jyvation
Date Posted: 22-Jan-2015 at 11:07
Одрон на патот Маврово-Жировница-Дебар

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и по влажни коловози. Врнежи од слаб дожд има во Маврово.



На патниот правец Маврово – Жировница – Дебар, поради поголем одрон кај месноста Јанче, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 50 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Поради појава на магла, намалена видливост до 20 метри има на патните правци: Тетово – Гостивар и Тетово – Скопје, од 20 до 50 метри кај Велес – Скопје, од 50 до 100 кај Велес – Штип, Градско – Неготино, до 50 метри Градско – Прилеп и кај Охрид, а кај Струмица од 100 до 150 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

http://ekonomski.mk/2015/01/22/%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%BE%D0%BD-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%BC%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%BE-%D0%B6%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D0%B4%D0%B5%D0%B1%D0%B0/ - ekonomski.mk


Posted By: jyvation
Date Posted: 22-Jan-2015 at 13:46








http://plusinfo.mk/vest/12149/-foto-odronot-kaj-jance-zatvori-polovina-ulica - plusinfo.mk


Posted By: gjoko
Date Posted: 22-Jan-2015 at 22:04
овај со лопатата сигурно ќе заврши работа


Posted By: Џоле
Date Posted: 11-Dec-2015 at 08:17
Се рехабилитираат патиштата Бошков мост – Дебар и Мелнички мост – Центар Жупа

Со кредитно задолжување од Светската банка, денеска започна реконструкцијата на патните правци Бошков мост – Дебар и Мелнички мост – Центар Жупа. Со зафатот е зацртано да се реконструираат околу 16 километри од овие две делници, кои не биле подложни на санација неколку децении наназад. Во патот Бошков мост – Дебар ќе бидат инвестирани 2,57 милиони евра, додека рехабилитацијата на патот Мелнички мост – Центар Жупа ќе чини 1,2 милиони евра.

Реконструкцијата на двата патни правци треба да се комплетира во период од една година. Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски денеска информираше дека е потпишан и договор за санација на три свлечишта на регионалниот пат Маврово – Дебар, проект кој се очекува да биде завршен во периодот 2016/2017 година.

http://www.build.mk/?p=47561 - http://www.build.mk/?p=47561

-------------
За сè има вторпат


Posted By: ehrlich
Date Posted: 06-Feb-2016 at 02:41
Гледам Џоле во друга тема си побарал да видиш слика од мостот, еве нешто од нашиот проект Викиекспедиции кога бевме летоска во тој крај, ми делуваше завршен и освежен. Сликата е од далеку, но мислам дека врши работа.



Posted By: Џоле
Date Posted: 06-Feb-2016 at 11:45
Еј, фала ти многу! Патем, и јас наидов на една неодамнешна фотографија на Влатко Рафески.





-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 20-Jun-2016 at 11:31
Во петокот патував за Охрид преку Дебар, па видов дека се реконструира патот од клучката на патот Гостивар-Кичево каде што се врти за Маврово до неколку километри пред Маврови Анови. Неколку фотки:











Ова е веќе реконструираниот дел што, ако не се лажам, лани беше обновен. Претпоставувам дека и новиов дел ќе биде исто така обележан со хоризонтална и вертикална сигнализација:











Ова е веќе пред Мелнички мост кај Дебар. На неколку места имаше вакви бетонски потпори, веројатно против свлечишта:



И една фотка од Мелнички мост:

http://imgur.com/NBlMsN7">


-------------
За сè има вторпат


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Jun-2016 at 11:57


Џоле, до каде е прогресот грубо кажано во %, на делот од исклучувањето за Маврово до Маврови Анови?




Posted By: Џоле
Date Posted: 20-Jun-2016 at 11:58
Па, вчера, на враќање, мислам дека беа завршени целосно со асфалтирање и останува само хоризонтална и вертикална сигнализација.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Jun-2016 at 13:32


Сакаш да кажеш и оние секции на сликите погоре каде е гребен асфалтот се готови?


Posted By: Џоле
Date Posted: 20-Jun-2016 at 14:19
Ми се чини, ама не сум 100% сигурен.

Инаку, гребениот дел е околу 200-300 метри, максимум да е 500 метри. Другото беше асфалтирано.

На оваа патна делница во најочајна состојба е делот од Жировница до Дебар, тука асфалтот е пропаднат, полн со дупки, има одрони и очигледно е дека слабо се одржува. Дебар-Струга е друга приказна, патот е во одлична состојба и прописно обележан.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: kultuzin
Date Posted: 20-Jun-2016 at 14:50
Џоле сакав на едни пријатели од Германија да им го препорачам тој пат од Охрид, преку Струга, Дебар до Скопје, но малку бев скептичен поради квалитетот на коловозот. Од тоа што го гледам од твоите впечатоци. Патот е во добра кондиција и слободно може да се препорача. Или грешам?


Posted By: Џоле
Date Posted: 20-Jun-2016 at 19:39
Originally posted by kultuzin

Џоле сакав на едни пријатели од Германија да им го препорачам тој пат од Охрид, преку Струга, Дебар до Скопје, но малку бев скептичен поради квалитетот на коловозот. Од тоа што го гледам од твоите впечатоци. Патот е во добра кондиција и слободно може да се препорача. Или грешам?


Проблематичен е само делот Жировница-Дебар зашто е во очајна состојба. Другото си е во ред и баш е пријатно да возење со сето зеленило наоколу.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: kultuzin
Date Posted: 21-Jun-2016 at 10:52
Токму поради зеленилото сакам да го препорачам. Но од друга страна не сакам да ги пуштам по некој катастрофален пат. Ако е само тој мал дел проблематичен тогаш ќе им препорачам. Ти благодарам за информациите.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 18-Jul-2016 at 21:17
Останати се одвај стотина метри за асфалтирање пред знакот за добредојде во НП „Маврово“. Во меѓувреме поставуваат рабници и прават потпорни ѕидови на самиот пат. Сепак, поради височината на рабниците и самиот слој на асфалтот, можно е да следи и уште еден слој.


Posted By: zabegan
Date Posted: 29-Sep-2016 at 01:03
еве и ја да почастам по некоја фотка од новоасфалтираниот пат








































-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: kultuzin
Date Posted: 29-Sep-2016 at 09:33
Zosto nema stranicna bela linija? Zosto belite linii uste se bojat so BOJA kako za po Doma? Kolku i da e dobar patot ako ne e dobro obelezan e nezgoden za vozenje osobeno noke.


Posted By: jyvation
Date Posted: 29-Sep-2016 at 22:55
Асфалтот е можеби добар но изведбата е очајна.Толку крпење слој асфалт врз слој не сум видел на ниеден патен правец.


Posted By: zabegan
Date Posted: 30-Sep-2016 at 02:22
Originally posted by kultuzin

Zosto nema stranicna bela linija? Zosto belite linii uste se bojat so BOJA kako za po Doma? Kolku i da e dobar patot ako ne e dobro obelezan e nezgoden za vozenje osobeno noke.
патот ноќе блешти (затоа што се е ново), затоа сакав и некој ноќна фотка да доловам, ама каде со телефон   
нема странични линии (што обавезно треба да ги има, за жал) ама целиот пат е добро обележан со столпчиња и знаци за остри кривини
е сега да помине некоја година, патов ќе падне во мрак

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: N23
Date Posted: 14-Dec-2016 at 18:22







-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: Џоле
Date Posted: 29-Mar-2017 at 09:36
Преземено од ЅЅС...

Originally posted by gjoko-mkd;139189589

Реконструкцијата на регионалниот пат Бошков мост – Дебар:













- https://www.facebook.com/misajlovskivlado/photos/pcb.1651607911812905/1651607358479627/?type=3


-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-May-2017 at 09:01
Фотографииве се од седми април





https://www.facebook.com/EskavatoriShkup/?hc_ref=PAGES_TIMELINE - https://www.facebook.com/EskavatoriShkup/?hc_ref=PAGES_TIMELINE

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 23-May-2017 at 16:11
Од фејсбук (Гоце Љубиновски)





-------------
За сè има вторпат


Posted By: daci92
Date Posted: 14-Mar-2018 at 22:40
Патот на одредени делници е одличен, но голем дел е во доста лоша состојба. Бев минатата недела до Скудриње и на голем дел се обидував да бидам добар во сламом и велеслалом за да не ги оставам амортизерите некаде ,но тоа е скоро невозможно особено од Маврови Анови до исклучувањето за Жировница.


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Oct-2021 at 09:55
АМСМ: Се отвори дупка длабока 10 метри на патот Дебар - Маврово



АМСМ денеска информира дека од утрово од 8 часот за сообраќај е зтвopен регионалниот пат Дебар – Маврово, кај Бања „Косоврасти”,

Како причина се наведува пpoпадната дyпkа на коловозот со дла6очина од 10 метри и со можност да се пpoшири. Cooбpaќajoт oд и koн Дeбap ce пpeнacoчyвa пpeky Cтpyгa.

„Нa ocтaнaтитe пaтни пpaвци нaдвop oд гpaдckитe cpeдини cooбpaќajoт yтpoвo ce oдвивa нeпpeчeнo пo Bлaжни koлoвoзи co yмepeн интeнзитeт“, информира АМСМ.

https://faktor.mk/amsm-se-otvori-dupka-dlaboka-10-metri-na-patot-debar---mavrovo


Posted By: user8642
Date Posted: 16-Oct-2021 at 12:24
Се гледа некаква цефка во дупката. Вероватно некоја вода со денови/месеци/години течела тука и го има поткопано. незнам колку време му треба и колку вода за да се отвори оваква дупка. Исто така се приметува видливо дека тука бил претходно крпен асфалтот! Околу дупката јасно е видливо дека имало ставано само тука дополнителен слој асфалт како да е пополнувана дупка претходно. Значи ова не е од дождовите деновиве. На линкот има и видео.
Дупка длабока 10 метри се отвори на патот кај Косоврасти
од fokus 16.10.2021 10:24

Сообраќајот на регионалниот пат Дебар-Маврово кај Косоврасти е во прекин поради оштетување на коловозот, односно дупка која зафатила една коловозна лента.
Поради безбедносни причинк патот ќе биде во прекин до излегување на ЈП Македонија пат. Длабочината на дупката е околу 10 метри, со опасност и дополнително проширување.

https://ibb.co/C7qY15L">     https://ibb.co/9pH6y6G">

https://fokus.mk/video-dupka-dlaboka-10-metri-se-otvori-na-patot-kaj-kosovrasti/ - https://fokus.mk/video-dupka-dlaboka-10-metri-se-otvori-na-patot-kaj-kosovrasti/


Posted By: Џоле
Date Posted: 28-May-2022 at 13:43
https://flic.kr/p/2nobHGD"> https://flic.kr/p/2nobHGD - Увид на рехабилитација на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови - Жировница by https://www.flickr.com/photos/vladamk/ - Влада на Република Северна Македонија , on Flickr

https://flic.kr/p/2no3R9A"> https://flic.kr/p/2no3R9A - Увид на рехабилитација на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови - Жировница by https://www.flickr.com/photos/vladamk/ - Влада на Република Северна Македонија , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Tooold
Date Posted: 28-May-2022 at 14:46
Рокот беше до Август 2021, сега нов рок е до 15 Јули 2022 мислам

Жално е колку се неспособни приватните фирми кај нас, едвај прават едно вакво патче без никакво проширување, а државата(ние-) си плаќа по европски цени.


Жално е колку ни се неспособни останати фирмиве. Аматери


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Oct-2022 at 10:40
[tube]ZpEFevCTYp8[/tube]

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 20-Nov-2022 at 15:37
Обновена делница Маврови Анови-Жировница:









https://www.facebook.com/PelagonijaADGostivar

-------------
За сè има вторпат


Posted By: user8642
Date Posted: 20-Nov-2022 at 16:00
Povtorno nema semaforsko reshenie za opasnoto priklucuvanje kaj branata.


Posted By: The Wild Boy
Date Posted: 21-Nov-2022 at 03:54
Или два кружни тока?


Posted By: user8642
Date Posted: 21-Nov-2022 at 19:00
Originally posted by The Wild Boy

Или два кружни тока?
Nema mesto za tolku. Moze celata raskrsnica da se spushti na nivo na branata i da se regulira samo so znaci.



Print Page | Close Window