Print Page | Close Window

Соравиа центар

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Деловни
Forum Discription: Канцелариски згради, деловни центри, седишта на компании...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=7
Printed Date: 21-Oct-2018 at 10:12


Topic: Соравиа центар
Posted By: gotsomekicks
Subject: Соравиа центар
Date Posted: 07-Sep-2007 at 14:57
Луѓе, незнам за вас али јас сум доста загрижен. Пројдов од кај Соравија зградата завчера и изгледа исто како и пред 5 години. Ништо не е направено, се гледа дека внатре нема абер од канцаларии туку уште е само бетон. Нели пишуваше октомври 2007 отварање? Епа сеа ни тоа го нема!! Шо се дешава со зградата? Да не го напуштиле проектот инвеститорите?? 



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Sep-2007 at 15:15

temava e za vo proekti....

I mene taka mi lici kako sto vikas ti, no edna drugarka koja sto raboti vo Soravia Skopje uporno me ubeduva deka se raboti vnatre intenzivno i deka centarot kje se otvori so malo zakasnuvanje (bese Noemvri/Dekemvri 2007 prviot plan sea e prolet 2008).


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Sep-2007 at 15:37
Загледав пред некој ден кога проаѓав низ трговски - стврано има накаква активност, ама изгледа минимална...

Тоа и не е баш мало закаснување Dead


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Sep-2007 at 16:07
^^
 
pa za nasi standardi e malo... demek pokasno pocnale, pokasno kje zavrsat, no se se odviva po planot. E sega ovoj muabet go slusam uste od april nekade. Cudno e kako do sega nema vidlivi rezultati.


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 07-Sep-2007 at 17:22
Лелеее, фак. А баш се надевав дека зимоска ќе светне зградата како што и доликува. Јебига. 


Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Sep-2007 at 15:33

пошо се мислевме скоро што се дешава со зградава еве вака стојат работите ако не сте приметиле.

- поставењи се некакви скелиња на таа дупката на фасадата
- просторот е повторно заграден, работите ги изведува Strabag
- направена е дупка во зградата од страната на влезот во гаражата на ГТЦ, за дотур на материјали.
 
Прееска кога поминав таму изгледаше доста раздвижено.


Posted By: pbanks
Date Posted: 24-Oct-2007 at 21:00
pak jas so ova. Preska koga pominav seriozno se rabotese. Kaj vlezot vo garaza vo GTC, skroz e iskrsen crniot mermer sto go oblozuva dolniot del na zgradata. Mozda kje najdat i nekoe poubavo resenie posto mene toj del i onaka ne mi se svigjase.


Posted By: se_manda
Date Posted: 16-Nov-2007 at 17:42
luge a so se desava so ovaa zelenava zgrada do GTC???poso gi izvadija toa staklata i izvadile gore armatura.neso ja dograduvaat ili so???


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Nov-2007 at 18:17


se_manda добредојде и тука Smile


Верувам дека мислиш на зградата од неодамна купена од Соравиа. За таа зграда има посебна тема тука:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=7 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=7

Јас лично не знам да ти кажам никаква дополнителна информација...

А ова со арматурата ако можеш објасни го таму подобро... Иако не верувам, баш би било добро да се извиши зградата уште малце (ако е така замислена и доволно јако испроектирана). Мене лично секогаш ми изгледала прениска и непропорционална.


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Nov-2007 at 12:45
Овие изгледа менуваат и стакла?! Не сум поминал таму одавна но оваа слика ми изгледа тазе, оградата е на Штрабаг. Тоа е добро на времето зелениве рефлектирачки ми изгледаа убаво но веќе се застарени би било супер ако стават некои помодерни стакла.
 
Светскиот бизнис центар е направен за џуџиња?!


Токму овој пропуст, беше главната причини зошто швајцарската компанија "Нигли груп" во 2002 година се откажа од идејата да го купи објектот, иако понудија 10,8 милиони евра и беше потпишан преддоговор


Ниските тавани се главниот проблем поради кој австриската компанија "Соравија", која пред една година ја купи зградата на Светскиот бизнис центар во Скопје, се уште не може да најде закупци за просторот. ВЕЧЕР дознава дека фирмата "Штрабаг", која е ангажирана да ги изведува градежните работи во зградата се соочува со тешкотии и не може да оформи квалитетен и модерен деловен простор во согласност со стандардите за канцелариско работење.
Извори на ВЕЧЕР велат дека Австријците размислувале дури и да уриваат делови од зградата само за да го уредат просторот според европските норми за канцелариско работење. Но, тоа било избегнато откако се нашло решение таваните да добијат на висина со галериски простор.

Токму овој пропуст беше главната причини зошто швајцарската компанија "Нигли груп" во 2002 година се откажа од идејата да го купи објектот. Швајцарците за недоизградената зграда понудија 10,8 милиони евра, но иако потпишаа преддоговор, не ја уплатија бараната гаранција, со образложение дека таваните биле ниски и не одговарале на европските стандарди.

Во меѓувреме во зградата-карабина во центарот, која ќе се вика Соравија бизнис центар, интензивно се работи на адаптација на внатрешноста. Австриската компанија зградата ја купи за 10,3 милиони евра, а инвестира дополнителни 20 милиони евра во дозавршување и опремување на објектот за да може новиот деловно-трговски центар да ги прими првите станари на почетокот на 2008 година.

Од Јавното станбено претпријатие, кое претходно беше сопственик на зградата, тврдат дека бизнис-центарот е граден под лиценцата БТЦ и е во согласност со стандардите и сервисните критериуми на членовите на оваа асоцијација со седиште во Њујорк.

Откако ќе го реновира и опреми, Соравија планира просторот некое време да го изнајмува, а подоцна и да го продава. Во зградата се очекува да се сместат седиштата на фирми или претставништва на компании со австриски капитал, чии канцеларии се расштркани низ Скопје. Според некои најави, австриските газди на ЕСМ-Дистрибуција планираат канцелариите да ги сместат во зградата на "Соравија центар Скопје". Иако децидно не потврдуваат, истото тоа ќе го стори и третиот мобилен оператор ВИП, кој моментално користи простории во зградата на "Пелагонија", што е на стотина метри од објектот на "Соравија". Од ВИП велат дека со растот на компанијата не ја исклучуваат можноста за промена на сегашните канцеларии.

Приземјето и катовите до висина на Градскиот трговски центар се наменети за трговски центар. Станува збор за простор од 4.000 квадратни метри што ќе биде оформен во дуќани што ќе се продаваат. Останатите катови или површина од околу 9.000 квадрати ќе биде деловен простор што ќе се издаваат под кирија. Центарот располага и со 100 подземни места за паркирање.

Светлана БЛАЖЕВСКА
Радмила Ј. НИКОЛОВСКА

Извор: http://www.vecer.com.mk/?ItemID=99876E626FF24C42A10E96AE675FCC2D - Вечер


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Nov-2007 at 12:53
Но, тоа било избегнато откако се нашло решение таваните да добијат на висина со галериски простор.


Го разбира некој овој дел?


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Nov-2007 at 13:07

 
ne :(


Posted By: se_manda
Date Posted: 17-Nov-2007 at 15:17
pa taa e zgradata i ok bi bilo da ja izvisat ali kako ke go resat delot so tie staklata u sredina u vid na polukrug so se,toa e problem.mene iskreno ne mi se svigaat ali pa koa ne im teknalo neso drugo(ni mene ne mi teknuva ali jbgBig%20smile)  i toa e ok.


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Nov-2007 at 15:23
Originally posted by se_manda

pa taa e zgradata i ok bi bilo da ja izvisat ali kako ke go resat delot so tie staklata u sredina u vid na polukrug so se,toa e problem.mene iskreno ne mi se svigaat ali pa koa ne im teknalo neso drugo(ni mene ne mi teknuva ali jbgBig%20smile)  i toa e ok.


mene mi se OK polukrugovite, me nervira crniot mermer vo dolniot del i tie cudnite piramidesti prozori. Valjda tamu nesto kje smenat vo planot.

A ne veruvam veka kje ja izvisuvaat, kje ostane zdepasta kakva sto e, ama bi bilo fino da go izgradat delot sto fali gore (heliodrom i slicni stvari).


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Nov-2007 at 16:05
Originally posted by pbanks

Originally posted by se_manda

pa taa e zgradata i ok bi bilo da ja izvisat ali kako ke go resat delot so tie staklata u sredina u vid na polukrug so se,toa e problem.mene iskreno ne mi se svigaat ali pa koa ne im teknalo neso drugo(ni mene ne mi teknuva ali jbgBig%20smile)  i toa e ok.


mene mi se OK polukrugovite


Мислам дека se_manda зборуваше за проблемот кој би настанал со полукруговите кога зградата би се извишила. Бидејќи полукруговите се шират нагоре, не би било едноставно да се изведе надградба од естетски аспект.

Инаку и јас мислам дека надградба е малку веројатна опција, само ме збуни тоа што беше кажано за арматурата на покривот... Ми се разбуди надеж дека е некаква слична приказна како и онаа Неоком/Космофон зградата кај железничка...


него доста тука расправаме за ова, ај ќе го префрлам кај што му е местото Smile


Posted By: se_manda
Date Posted: 17-Nov-2007 at 19:34
pa neznam i mene me buni armaturata so e gore.poso posleden pat koa vidov imaa stavano oplata ko za stolbovi.sea dali ke gradat uste nagore ili samo del(so bi izglealo mn glupo) neznam.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Nov-2007 at 00:35
А и тоа што викаш, можда само ќе насадат нешто на покрив... Не мора да значи дека ќе изгледа глупо, сепак од Соравија не би очекувал некаков кич.


Posted By: pbanks
Date Posted: 24-Nov-2007 at 21:38
se_manda e definitivno u pravo, tie armaturite sto strcat tamu ne se za dzabe vekje se oformuva nesto plus nagore no kolku sto mozev da vidam (najubavo se gleda od stranata na parlamentot ama od tamu bas nemam slika) ne se diga cel sprat plus, nekako e vovleceno od site strani a mi izgleda i ponisko od drugite katovi. Da se nadevame na najdobro....

par fotki

1


2


3



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Nov-2007 at 03:08
Еве расчистена е дилемата околу стаклата - ги извадиле само ради чистење. Останува мистерија што доградуваат на покривот...

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E2BB7E9EA5DEE44C89423039EC1499E8 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E2BB7E9EA5DEE44C89423039EC1499E8


Се чистат стаклата на објектот „Соравија“

Каменот со кој е обложени долните два ката ќе биде заменет со црн гранит


Објектот ќе биде отворен за закупците во мај идната година

Фасадата на деловната зграда на „Соравија“, веднаш до ГТЦ се реновира, пред комплексот, конечно, да биде предаден во употреба во мај идната година. Извадени се сите прозорци од стаклениот дел од фасадата, кои ќе бидат исчистени и повторно вратени назад, но со нови гумени профили кои ќе обезбедат подобро затворање. Единствено ќе се замени каменот со кој е обложена зградата во долните два ката, бидејќи по десетгодишно стоење без да се одржува, пропаднал и ја изгубил бојата. Тој ќе биде заменет со природен црн гранит.

Според информациите од центарот „Соравија“, на реконструкцијата на фасадата работи австриската фирма „Штрабак“ со своите подизведувачи. По завршувањето на надворешноста, ќе се работи на изведба на неколку инсталации во некогашниот Светски бизнис-центар, со што практично и ќе заврши неговото неколкугодишно приспособување, откако беше купен од „Соравија“.

„Зафатот на фасадата не е реконструкција, туку едноставно чистење на прозорците кои со години не се одржувани и замена на истрошените делови, како на пример каменот. Градежните работи ќе бидат навреме завршени, бидејќи планираното предавање на објектот е закажано за мај 2008 година“, вели Зоран Олумчев од „Соравија“. Тој објаснува дека просторот во центарот е понуден за давање под наем на потенцијалните закупци. Има слободен и канцелариски и деловен простор. Според проектот, центарот ќе има свој паркинг, независно снабдување со електрична енергија, модерна климатизација, лифтови и друго. (С.Н.)



Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 27-Nov-2007 at 17:06
Уф ми олесна! Најсериозно паднав у депресија кога видов како ги вадат... навечер сонував како и ставаат дреч плави стакла LOL


Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Mar-2008 at 16:10
Еве рендери и од Соравиа, не дека не знаеме како ќе изгледа ама ги има и "final touches" на приземјето.

1 Еве го горниот дел. Во најмала рака чудно насадено. Преферирав хелиодром.

2

3

4

5 Канцелариски дел

6 Шопинг


Извор: http://dna-arch.com.mk/ - DNA Architects


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Mar-2008 at 01:24
Она се некои металик палми или мене ми се причинува нешто?

Crazy


Posted By: kire85
Date Posted: 04-Mar-2008 at 03:47
Originally posted by Cloverstack

Она се некои металик палми или мене ми се причинува нешто?

Crazy


mene mi licat na ventilatoriCrazy


Posted By: vardar
Date Posted: 05-Mar-2008 at 02:40

Абе шо вие на вас, па зар не гледате дека е тоа обновлив извор на енергија  Crazy



Posted By: ProMKD
Date Posted: 05-Mar-2008 at 22:25
А ви текнува дека пред 4-5 месеци имаше во весник дека имале проблем со струја и вода за зградата? Тогаш пишуваше дека Австријците користеле генератори за струја, оти општината или не знам кој им ја исклучил струјата, а вода земале од некоја подземна цевка што нашле. Ваљда е надминат тој проблем.. градежните зафати продолжуваат а доста време помина


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Mar-2008 at 22:29
Originally posted by ProMKD

А ви текнува дека пред 4-5 месеци имаше во весник дека имале проблем со струја и вода за зградата? Тогаш пишуваше дека Австријците користеле генератори за струја, оти општината или не знам кој им ја исклучил струјата, а вода земале од некоја подземна цевка што нашле. Ваљда е надминат тој проблем.. градежните зафати продолжуваат а доста време помина


Струјата им ја исклучи ГТЦ. Проблемот не е решен, во саботата поминав таму и работеа на генератор. Отварањето на зградата е во Мај колку што знам.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Mar-2008 at 22:36
А сега што планираат со струјата? Ваљда нема на агрегат да опстојуваат!


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Mar-2008 at 22:38
Originally posted by lslcrew

А сега што планираат со струјата? Ваљда нема на агрегат да опстојуваат!


Друже они на агрегат изградија мање више се изгледа. Еднашка прочитав дека ЕВН им нашол решение за струјата ама решението изгледа било агрегат. Во саботата буфташе како ламја а изгледа прилично голем. Или ти прашуваш за после од ко ќе ја отворат?


Posted By: ProMKD
Date Posted: 05-Mar-2008 at 22:39
најверојатно се работи за проблем со плаќањето, значи додека се градеше сигурно ГТЦ морал да плаќа за таа струја, а откако ќе влезе во употреба мора соопствениците на Соравија нормално да плаќаат.
Само се прашувам дали од ГТЦ ќе кочат и после, заради "долгови" со струјата, што сепак мислам дека инвеститорот треба да си плати за струјата додека се гради...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Mar-2008 at 22:51
Прашувам после што ќе прават, што ќе чинат. Ваљда нема да рика више таа машината тамо.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Mar-2008 at 22:54
Абе не е некоја филозофија да се донесе струја. Тоа со агрегатот е очигледно привремено од икс причини кои не ги знаеме во подробности.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Mar-2008 at 23:09
Што убаво си направија рамстор. Си ископаа канал до тутнски и си турија кабел.


Posted By: ProMKD
Date Posted: 06-Mar-2008 at 00:02
Originally posted by lslcrew

Што убаво си направија рамстор. Си ископаа канал до тутнски и си турија кабел.

Зашто до тутунски???


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Mar-2008 at 00:34
Па до таа трафостаница ископаа канал од рамтор. И си ставија свој посебен кабел.


Posted By: ProMKD
Date Posted: 06-Mar-2008 at 00:37
Аа мислеше до трафостаницата, ок, се разбравме  


Posted By: Cibi
Date Posted: 18-May-2008 at 22:38
soravia centarot ima odlicna lokacija,vo nego vetija deka ke ima soping centar i deloven centar.Zabelezav deka intenzivno se gradi.


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-May-2008 at 22:42
Originally posted by Cibi

soravia centarot ima odlicna lokacija,vo nego vetija deka ke ima soping centar i deloven centar.Zabelezav deka intenzivno se gradi.


Последен датум предвиден за отварање на сајтот на корпоративниот сајт на Соравиа е Јуни 2008. Не сум сигурен дека ќе стигнат до тогаш но битно е дека се работи интензивно на него, тоа е видливо.


Posted By: nikla802
Date Posted: 24-May-2008 at 23:51
...пред се pbanks ако не е проблем, во иднина именувај го изворот од каде ги зимаш рендерите. Сепак го посетувам форумот и не е фер мој труд и мој производ да биде публициран од друг а јас за тоа да не бидам известен. Ни најмалку не се лутам, напротив застапувам идеа за фер плеј, нешто кое што верувам во иднина од нас ке изгради  професионалци во својата професијата.
ИНАКУ од горенаведените рендери (работени се во Maxwell Render пред повеке од 1.5 година) како што веке можете и да забележите на самиот објект се доградува некаква скулптурална конструкција на која ке биде поставен ласер. Додека пак во приземјето има големи измени кои за прв пат на Балканскиве простори ДНА Архитекти ви ги претставуваат на малку поразличен интерактивен начин од досега виденото. Потребно е да го даунлоадирате фајлот http://rapidshare.com/files/116976097/Soping_level.exe.html од Rapidshare и да се движите како во видеоигра (first person mode)во и околу самиот објект.
Инаку ова е само дел од целокупната презентација на СОРАВИА Центарот и беше дел од продукт каталогот на самата компанија.


Posted By: pbanks
Date Posted: 25-May-2008 at 10:45


nikla забелешката ти е на место. Референцирање на изворот на информации е забележано и во правилата на форумот и досега претежно сме инсистирале на тоа и поради фер плеј како што спомена а и за зголемување на квалитетот на дискусиите (да не се сведе работава само на гледање убави сликички). Овдека тоа некако промакнало и сега ќе корегирам секаде каде што имаме поставено ваши рендери.

Cheers


Posted By: blejdsk
Date Posted: 25-May-2008 at 12:44
Taka e nikla,, Pbanks na se stavas linkovi ,ama na renderi nekogas i "zaboravas"  , dali sakas da si go cuvas izvorot za tebe ili e nesto drugo neznam ,,

-------------





Posted By: pbanks
Date Posted: 25-May-2008 at 12:55
Originally posted by blejdsk

Taka e nikla,, Pbanks na se stavas linkovi ,ama na renderi nekogas i "zaboravas"  , dali sakas da si go cuvas izvorot za tebe ili e nesto drugo neznam ,,


99% ставам линкови и за рендери.  Последната голема тура рендери е без линкови бидејќи беа извадени од БИМАС каталогот кој го имам на ЦД. Незнам што би ми требало "да си го чувам изворот за себе" Dunno


Posted By: blejdsk
Date Posted: 25-May-2008 at 13:30
Ok e ako e taka..

-------------





Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-May-2008 at 16:36
Стварно незнам зашто се дига фама околу рендерите кога ионака рендерите се од јавен карактер. Сепак ние ги користиме само за презентација на евентуални објекти, а не за неовластено превземање туѓи идеи. Секој рендер е добредојден на форумов. Не гледам причина авторите да страхуваат од евентуална злоупотреба токму тука на форумов. Ионака веќе предходно се објавени на друга страница.


Posted By: nikla802
Date Posted: 28-May-2008 at 01:42
Нема дигање на никаква фама пријатече мое, ...колку да се знае РЕНДЕРИТЕ ВО НИЕДЕН СЛУЧАЈ НЕ СЕ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. За тие рендери се потпишувале некакви договори во кои и двете страни(посебно втората-НИЕ-) биле обврзувани во времето на изработка да не даваат и публикуваат АМА БАШ НИКАКВИ материјали. Така функционира целокупниот бизнис насекаде во светот, па и кај нас. И не гледам што е толку трагично и вознемирувачко доколку побарам покрај користените рендери да се публикува и изворот-авторот. НА КРАЈОТ НА КРАИШТАТА  некои за тие рендери да бидат завршени коректно и на време, седеле непроспиени ноќи и до крај се труделе да го испочитуваат договореното. Сепак како сакаш кажи го, но станува збор за чисто авторско дело. ...чисто информативно, конкретно овие рендери се ОБЈАВЕНИ САМО на официјалниот web на DNA Architects www.dna-arch.com.mk И НИКАДЕ НА ДРУГО МЕСТО.

п.с На драго срце и воља, ги отсапувам сите рендери и информации со кои што располага моето ателје, се со цел за подобро разбирање и информирање на поширокиот аудиториум со реалноста и  вистината, каква и да е. ВО ОВИЕ ВРЕМИЊА КРИТИЧНАТА МАСА НИ Е НАЈПОТРЕБНА ЗА ДА ГО ПОМРДНЕМЕ ОВА ТМУРНО ОПШТЕСТВО ОД МРТВА ТОЧКА.
 
Со почит,
Никола Лазаревски
ДНА Архитекти
contact@dna-arch.com.mk



Posted By: pbanks
Date Posted: 28-May-2008 at 11:07
Originally posted by nikla802


п.с На драго срце и воља, ги отсапувам сите рендери и информации со кои што располага моето ателје, се со цел за подобро разбирање и информирање на поширокиот аудиториум со реалноста и  вистината, каква и да е. ВО ОВИЕ ВРЕМИЊА КРИТИЧНАТА МАСА НИ Е НАЈПОТРЕБНА ЗА ДА ГО ПОМРДНЕМЕ ОВА ТМУРНО ОПШТЕСТВО ОД МРТВА ТОЧКА.


nikla драго ми е што го слушам ова и се надевам дека препознаваш дека целта на форумот е токму придонес кон создавањето на таа критична маса (колку и да е таа мисија утопија во моментов). Ти си првиот професионалец кој активно ни се има приклучено на дискусиите. Останатите (колку што сум приметил до сега) имаме професии различни од она што се третира на форумов и сме само ентузијасти кои си го сакаме градот и земјата Cheers

Во секој случај пожелно е за сите материјали што ги постираме тука (не само од твоето студио) да има што повеќе информации. Целта е да има што повеќе инпут за квалитетна дискусија и да се задржи што поголема транспарентност. Така да доколку некогаш некоја информација се испушти тоа ќе биде повеќе технички пропуст отколку обид за некакво затскривање или тенденциозност.

Cheers


Posted By: Cibi
Date Posted: 29-May-2008 at 10:56
za soravia centarot rekoa deka ke bide gotov do krajot na 2007 se nadevam deka proektot ke bide realiziran do krajot na 2008 godina.


Posted By: Cibi
Date Posted: 29-May-2008 at 10:56
cesto pominuvam od tamu i gledam deka na golemo se gradi i toa e dobro.


Posted By: STEVEY
Date Posted: 29-May-2008 at 16:44
Maxwell Rendeer??? Искрено од истиот очекував многу повеќе, него ли она што е објавено за Soravia!!!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Jun-2008 at 20:57
Гледам дека тој горниот „додаток“ спрат добро се обликува. Гледано од долу, мислам дека ќе го подобри изгледот на зградата.

Но дали знае некој што е тоа што се доградува врз самиот ГТЦ, на мала површина карши Соравија? Гледам поставени се и некои затемнети транспарентни стакла... Не ми изгледа баш како дел од Соравија, ама кој ќе го знае...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Jun-2008 at 04:21
Да не се прави некој пристап во Соравиа од првиот кат на ГТЦ?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Jun-2008 at 06:45
Нема врска со првиот кат, чудото се гради врз самиот кров.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Jun-2008 at 00:12
Вчера бев на поминување...






Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Jun-2008 at 00:18
Кога беше зградава во застој мислев дека само уште малце фали за да се доправи зградава, ама очигледно не било така. Тука којзнае уште колку работа има? Има ли дадено некој краен рок?!


п.с. Кловер т, тебе изгледа зградав некако опсесија ти стана. Највеќе постови од тебе има.


Posted By: Cibi
Date Posted: 06-Jun-2008 at 15:59
kraen rok bese dekemvri 2007 ama da se nadevame deka ke go zavrsat do dekemvri 2008 godina.


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Jun-2008 at 21:00
Почнуваат да ја откриваат Thumbs%20Up, но сепак внатре има уште доста работа колку што можев да ѕирнам




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Jun-2008 at 16:05
Вчера убаво ја загледав зградава од повеќе агли и мислам дека додатокот горе добро се вклопи, вклучувајќи го и тој округлиот дел. Баш некако го смени впечатокот што го имавме дека зградава горе изгледа како пресечена со сатар LOL


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Jun-2008 at 05:07
@ Forensic

Форумов е на македонски јазик. За тие што не знаат македонски, постои англискиот суб-форум, таму можеш да прашаш и да искоментираш што сакаш.

Во иднина постовите на бугарски ќе ти бидат бришени без предупредување.


Posted By: Forensic
Date Posted: 27-Jun-2008 at 05:33

ok



Posted By: Cibi
Date Posted: 05-Jul-2008 at 17:11
ne sum siguren dali stavija novi stakla ili postojnite samo gi iscistija,najverojatno ke da e vtoroto a toa znaci deka samo se iscisteni.


Posted By: se_manda
Date Posted: 05-Jul-2008 at 17:57
gore na toa kruznoto so go dogradija staile neso so lici na krst QuestionQuestionQuestion aj nekoj so znae so e toa neka pise poso malku bedno izglea....


Posted By: evolutionary
Date Posted: 05-Jul-2008 at 18:03
Ako ne se problem fotki od 2 mP, ke postiram nesto denovive od Soravia. Kako dete mnogu se palev na zgradava, i ete duri denes ne mozam da docekam da ja zavrsat, taka da otsega ja ke go sledam

-------------
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone


Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Jul-2008 at 18:09
Originally posted by se_manda

gore na toa kruznoto so go dogradija staile neso so lici na krst QuestionQuestionQuestion aj nekoj so znae so e toa neka pise poso malku bedno izglea....


и мене не ми се допаѓа баш тој преработениот дел. Но ваљда пробувале да го направат логичен спојот со дополнителниот кат.

Еве направив една фотка од агол од кој ретко имаме прилика да ја видиме зградата




Posted By: Djole88
Date Posted: 13-Jul-2008 at 23:13
ova kaj da e kje bide gotova. gledam prva polovina se vekje staven stakla


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jul-2008 at 19:50
1 Модификациите на зградава ми легнаа и дефинитивно мислам дека го подобрија целовкупниот впечаток. Единствено не ми е јасно зошто го прошарале овалниот дел со стакла во две нијанси тој момент ми е некако Shifty

2

3 Црниот мермер на долниот дел од фасадата не ми се допаѓаше се надевам дека смислиле ново решение

4 Страната кон Вардар



Posted By: zabegan
Date Posted: 20-Jul-2008 at 00:21
а за што е поставено тоа скелето на врвот?
а за стаклото го имам истото мислење



-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Jul-2008 at 01:07


Види ги рендерите, ќе ти се разјасни зошто е скелето на врвот Big%20smile


Posted By: zabegan
Date Posted: 20-Jul-2008 at 18:04
и што со тоа? сакаат да привлечат вонземјани?
кога се гледа од страната на ГТЦ е некако грдо, но можда добро ќе изгледа од предната страна на зградата 

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Cibi
Date Posted: 02-Aug-2008 at 09:49
Горните канцеларии веќе се при крај останува да го уредат и долнио простор за продавници и маркети.


Posted By: maestro
Date Posted: 02-Aug-2008 at 20:07
Здраво.. Јас сум нов тука, можеби и еден од најмладите членови (13 г)

Тука сакам само да го кажам моево мислење за објектов..
Се е супер, само ако во Скопје 20 години се прави една зграда од 10 спрата, тогаш пропаднавме


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Aug-2008 at 20:12


Добредојде


Иначе во право си, зградава е отприлика стара колку и ти,  а еве дури сега се довршува LOL


Posted By: maestro
Date Posted: 02-Aug-2008 at 20:18
хаха така е ја памтам уште од мал кога се градеше


Posted By: vardar
Date Posted: 03-Aug-2008 at 00:13
Добредојде Маестро13  Cheers


Posted By: maestro
Date Posted: 03-Aug-2008 at 09:33
фала фала


Posted By: maestro
Date Posted: 07-Aug-2008 at 09:26
Нешто слушнав дека зградава ќе била завршена во септември?


Posted By: Cibi
Date Posted: 07-Aug-2008 at 12:58
Маестро 13 најпрвин добредојде,зградава е почната со изградба 1993 година.Првиот претседател на Р.М. Киро Глигоров ја запозна изградбата на оваа зграда,со намена таа да стане светски бизнис центар,започна со забрзано темпо да се гради но немаше интерес за закупување на простор и таа остана како затворена карабина долги години.Имаше неколку неуспешни тендери за продажба на оваа зграда бидејќи и покрај одличната локација која што ја има немаше интерес за нејзино откупување.Австриската компанија Соравиа ја купи на јавно надавање,најверојатно таа ќе биде завршена до крајот на оваа година.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Aug-2008 at 13:01
Originally posted by maestro13

Нешто слушнав дека зградава ќе била завршена во септември?


Па прво требаше до минатиот септември... после тоа до пролет, па до јуни мислам... Многу рокови се најавија и пробија, не сум сигурен дали добро сум ги запамтил Roll%20eyes

А за ова со годинешниов септември прв пат слушам. Од каде ти е информацијава? Те молам не кажувај „наслушнати“ информации без да кажеш извор или барем од каде си слушнал, па да процениме колку може да е веродостојно.


Posted By: maestro
Date Posted: 07-Aug-2008 at 15:30
Еве извор:
во последниот број на Теа Модерна (вчера) имаше интервју со некои архитекти кои нешто работеле на Соравија и кажаа дека ќе била готова до септември.


Posted By: maestro
Date Posted: 07-Aug-2008 at 15:46
Еве дел од интервјуто со архитектите Пако Радовановиќ и Маја Кириќ

ТЕА: Во моментот го привршувате проектот на бизнис-центарот Соравија - стаклениот објект веднаш до ГТЦ, кој конечно ќе го доживее своето одтварање. За почеток, да направиме една мала скица за неговата биоградија, како почна изградбата и на што се работи сега.

Пако: Проектот почна пред 15 години и проектанти беа Слободан Живковски - Цобе, Златко Хаџипецов - Сара и Ѓоко Радовановиќ (татко на архитектов од интервјуто), па се стопира, па неколку пати се менуваа влади и на крај дојде една која реши да го продаде на странска фирма. Таква сериозна фирма беше Соравија, која не ангажира нас, РАДО инг, да подготвиме проект за негова надградба и реконструкција. Објектот ќе биде готов во септември, па вие проценете што сме направиле.


Posted By: maestro
Date Posted: 07-Aug-2008 at 15:48
Се извинувам за многуте грешки, ама го куцав на брзина


Posted By: maestro
Date Posted: 07-Aug-2008 at 16:54
Ете ова е извор, проверете во најновиот број на Теа модерна (ако вчера некој купил Дневник, Вест или Утрински), но бидејќи магазинот не е модернизиран, веб страница - нема


Posted By: 46&2
Date Posted: 07-Aug-2008 at 17:39
Ako ne ja zavrsi sin mu na Goko Radovanovik togas vnuk sigurno ke ja zavrsi zgradataNutsLaugh


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Aug-2008 at 15:42
Една сликичка во помин. Ѕирнав и во градилиште иако повторно не сликав и барем во делот кон улицата, во долниот дел од објектот каде беа оние пирамидести прозорчиња и црниот мермет имаат отворено големи прозорци за дуќаните. Долниот дел е дефинитивно изменет.




Posted By: maestro
Date Posted: 18-Aug-2008 at 17:50
Поминав пред некој ден покрај зградата беше речиси завршена.
Добро е што ги изгланцаа прозорците бидејќи вака сигурно е поубаво.
Значи, во претходните постови видов дека е напишано дека прозорците биле извадени за да се исчистат.
Јас во Време (лани) прочитав дека ги извадиле стаклата за да ги сменат зошто стварале премногу топлина (ако го најдам на нет ќе го постирам тука, иако сметам дека глупаво е да се враќаме во историјава на објектов).
Е сега, која од овие теории е точна??!


Posted By: zabegan
Date Posted: 18-Aug-2008 at 19:47
точно е дека прозорите беа на чистење и тоа беше веќе кажано тука, тоа се истите прозори мислам
а долниот дел убаво ме изненади
туку што толку се задржаа на дој деталот на врвот (кој и не беше потребен) ?


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: twin
Date Posted: 19-Aug-2008 at 09:41
na dolniot kat ke go ima najgolemiot market zakompjuteri na AMC i ke bide najgolem vo makedonija


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Aug-2008 at 21:53
Веќе архивски материјали за проектов чисто да се зачуваат во нишкава

15.02.2006, http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=1436&mid=303&tabId=1&tabindex=0 - Тотал

Соравиа го купува догашниот недограден светски трговски центар во Скопје

“Соравиа Баутрегег” го купи скопскиот Светскиот бизнис центар за 10,3 милиони евра
--------------------------------------------------------------------------------

Австриската фирма “Соравиа Баутрегег” ГМБХ ќе биде новиот сопственик на објектот “Светски бизнис центар” Скопје, откако на денешното јавно наддавање во Владата понуди највисока цена од 10,35 милиони евра. Денешното успешно наддавање е петти обид за продажба на “Светскиот бизнис центар”. Во неговата изградба државата вложи 11 милиони евра. Почетната цена на наддавањето беше осум милиони 720 илјади и 180 евра, а минималното наддавање 50 илјади евра. На наддавањето учествуваа и австриската “Робул Бетеилигунс” и “Лбис” ДООЕЛ Скопје.
Денешното успешно наддавање е петти обид за продажба на “Светскиот бизнис центар”. Во неговата изградба државата вложи 11 милиони евра. “Соравиа Баутрегег” е австриска фирма за трговија со недвижности присутна со инвестиции во Југоисточна Европа. Нејзиниот менаџер Хано Соравиа изјави дека не е многу задоволен од цената што ја понуди, но оти државата треба да биде задоволна бидејќи ќе земе многу пари. Купувањето на “Светскиот бизнис центар”, рече тој, е само прв чекор, бидејќи во него планираат да инвестираат од 22 до 25 милиони евра. Соравиа најави дека во следните две до три години ќе работат за да направат прекрасна зграда со најдобри канцеларии и шопинг простории. Ќе основаат своја компанија што ќе ја водат луѓе од Македонија, а ќе се финансира од Австрија и од локални фирми и банки. Објектот “Светски бизнис центар” е изграден до фаза на затворена карабина на корисна површина од 22.458 квадратни метри.
“Соравиа Баутрегег” ќе стане сопственик и на земјиштето на кое е изграден објектот, за што треба да склучи посебен договор со Министерството за транспорт, по потпишувањето на купопродажниот договор за целиот објект. Дополнително за земјиштето со вкупна површина од 1.333 квадратни метри треба да се платат 66.500 евра или 50 евра по квадратен метар.


21.02.2007, http://www.vest.com.mk/default.asp?id=131548&idg=7&idb=2002&rubrika=Makedonija - Вест

Дури година дена подоцна првите вести околу проектов

АВСТРИСКАТА КОМПАНИЈА "СОРАВИЈА" ЌЕ ГО ОТВОРИ СВЕТСКИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР В ГОДИНА
Нов шопинг центар до ГТЦ



Австриската компанија "Соравија" во април годинава ќе започне со градежните работи за довршување на карабината лоцирана во центарот на Скопје, а позната меѓу скопјани како Светски трговски центар. Менаџерот на канцеларијата во Скопје Питер Рот очекува новиот деловно - трговски центар да почне со работа во почетокот на 2008 година, и тоа, под името "Соравија центар Скопје". "Соравија" се занимава со продажба и изнајмување на недвижен имот, као и со маркетинг, а присутна е и во Бугарија, Романија, Словачка и во Хрватска.
"Изминатиот период го искористивме за подготовки на проектите и дизајнот за просторот, како и да обезбедиме и дополнителна документација за потребните адаптирања на зградата. Според нашите проценки, за 10 месеци ќе го завршиме објектот и ќе може да почне со работа. Очекуваме довршувањето на зградата и опремувањето да не чини околу 20 милиони евра", вели менаџерот Питер Рот.
Зоран Олумчев од "Соравија" објаснува дека адаптирањето на зградата се однесува на поврзување на објектот со улицата Војвода Васил Аџиларски, со што ќе се создаде можност за уште еден приоден влез до Центарот.
"Помеѓу зградата и улицата Војвода Васил Аџиларски се појавува една празнина од околу 300 квадратни метри која е во државна сопственост. Комунициравме со надлежните институции да го купиме ова земјиште, каде планираме да изградиме приод до зградата, со што ќе се искористи местото. Имаме и согласност од државата дека може да го купиме земјиштето, поради што и побаравме тоа да се внесе и во Деталниот урбанистички план, којшто Советот на Општина Центар допрва треба да го одобри", објаснува Зоран Олумчев.
"Соравија" откако ќе ги реновира и опреми објектите некое време ги изнајмува, а подоцна просторот го продава, но според Питер Рот, зградата во Скопје главно ќе се издава под кирија.
"Околу 4000 квадратни метри се наменети за трговски простор и дуќаните ќе се продаваат, а околу 9000 квадратни метри деловен простор главно ќе се издаваат под наем. Центарот располага и со 100 подземни места за паркирање", вели Питер Рот дополнувајќи дека според досегашната комуникација со потенцијалните клиенти има интерес за издавање и продавање на нивниот простор.
"Во Скопје има малку квалитетен и модерен деловен простор. Многу фирми се сместени во приватни станови, кои не соодветствуваат на потребите на компаниите", вели Рот.
Соравија лани преку јавна лицитација ја купи карабината и земјиштето за околу 12,2 милиони евра, и тоа по неколкуте неуспешни обиди на Владата да го продаде Светскиот трговски центар преку тендер.
Т.Јовановска

***

Австријците заинтересирани и за зградата-убиец

Менаџерот на "Соравија" во Скопје Питер Рот вчера најави дека компанијата ќе се појави со понуда и на тендерот за доизградба на зградата на поранешна Југобанка во Скопје.
Министерот за финансии Трајко Славески неодамна најави дека Владата ќе ја доизгради зградата на поранешна Југобанка преку барање инвеститор за приватно-јавно партнерство. Зградата одговара за деловен простор, а моделот на стопанисување со објектот допрва ќе се дефинира. Зградата е изградена до фаза на карабина и требаше да се заврши до 2001 година кога беа одвоени 12 милиони германски марки во Буџетот, но поради конфликтот тоа не се случи. Објектот е во сопственост на Владата.


Еве го и изгледот на зградата пред да почне реконструкцијата

1

2




Posted By: se_manda
Date Posted: 21-Aug-2008 at 20:24
de be uste li ne ja zavrsija zgradava...zaglavija so toa sipkata gore...cccc aj valjda do 'juni' ke bide gotova hahahahhaha


Posted By: maestro
Date Posted: 21-Aug-2008 at 20:50
soravia.com.mk нема ставено нови вести којзнае од кога. последните новости т.е. исечоци од весници се од 22.05.2008. штета. а баш е добар сајтот


Posted By: maestro
Date Posted: 06-Sep-2008 at 18:11
Originally posted by pbanks

Веќе архивски материјали за проектов чисто да се зачуваат во нишкава15.02.2006, http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=1436&mid=303&tabId=1&tabindex=0 - Тотал Соравиа го купува догашниот недограден светски трговски центар во Скопје
“Соравиа Баутрегег” го купи скопскиот Светскиот бизнис центар за 10,3 милиони евра
--------------------------------------------------------------------------------
   
Австриската фирма “Соравиа Баутрегег” ГМБХ ќе биде новиот сопственик на
објектот “Светски бизнис центар” Скопје, откако на денешното јавно
наддавање во Владата понуди највисока цена од 10,35 милиони евра.
Денешното успешно наддавање е петти обид за продажба на “Светскиот
бизнис центар”. Во неговата изградба државата вложи 11 милиони евра.
Почетната цена на наддавањето беше осум милиони 720 илјади и 180 евра,
а минималното наддавање 50 илјади евра. На наддавањето учествуваа и
австриската “Робул Бетеилигунс” и “Лбис” ДООЕЛ Скопје.
Денешното успешно наддавање е петти обид за продажба на “Светскиот
бизнис центар”. Во неговата изградба државата вложи 11 милиони евра.
“Соравиа Баутрегег” е австриска фирма за трговија со недвижности
присутна со инвестиции во Југоисточна Европа. Нејзиниот менаџер Хано
Соравиа изјави дека не е многу задоволен од цената што ја понуди, но
оти државата треба да биде задоволна бидејќи ќе земе многу пари.
Купувањето на “Светскиот бизнис центар”, рече тој, е само прв чекор,
бидејќи во него планираат да инвестираат од 22 до 25 милиони евра.
Соравиа најави дека во следните две до три години ќе работат за да
направат прекрасна зграда со најдобри канцеларии и шопинг простории. Ќе
основаат своја компанија што ќе ја водат луѓе од Македонија, а ќе се
финансира од Австрија и од локални фирми и банки. Објектот “Светски
бизнис центар” е изграден до фаза на затворена карабина на корисна
површина од 22.458 квадратни метри.
“Соравиа Баутрегег” ќе стане сопственик и на земјиштето на кое е
изграден објектот, за што треба да склучи посебен договор со
Министерството за транспорт, по потпишувањето на купопродажниот договор
за целиот објект. Дополнително за земјиштето со вкупна површина од
1.333 квадратни метри треба да се платат 66.500 евра или 50 евра по
квадратен метар.
21.02.2007, http://www.vest.com.mk/default.asp?id=131548&idg=7&idb=2002&rubrika=Makedonija - Вест Дури година дена подоцна првите вести околу проектов
АВСТРИСКАТА КОМПАНИЈА "СОРАВИЈА" ЌЕ ГО ОТВОРИ СВЕТСКИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР В ГОДИНА
Нов шопинг центар до ГТЦ



Австриската компанија "Соравија" во април годинава ќе започне со
градежните работи за довршување на карабината лоцирана во центарот на
Скопје, а позната меѓу скопјани како Светски трговски центар. Менаџерот
на канцеларијата во Скопје Питер Рот очекува новиот деловно - трговски
центар да почне со работа во почетокот на 2008 година, и тоа, под името
"Соравија центар Скопје". "Соравија" се занимава со продажба и
изнајмување на недвижен имот, као и со маркетинг, а присутна е и во
Бугарија, Романија, Словачка и во Хрватска.
"Изминатиот период го искористивме за подготовки на проектите и
дизајнот за просторот, како и да обезбедиме и дополнителна
документација за потребните адаптирања на зградата. Според нашите
проценки, за 10 месеци ќе го завршиме објектот и ќе може да почне со
работа. Очекуваме довршувањето на зградата и опремувањето да не чини
околу 20 милиони евра", вели менаџерот Питер Рот.
Зоран Олумчев од "Соравија" објаснува дека адаптирањето на зградата се
однесува на поврзување на објектот со улицата Војвода Васил Аџиларски,
со што ќе се создаде можност за уште еден приоден влез до Центарот.
"Помеѓу зградата и улицата Војвода Васил Аџиларски се појавува една
празнина од околу 300 квадратни метри која е во државна сопственост.
Комунициравме со надлежните институции да го купиме ова земјиште, каде
планираме да изградиме приод до зградата, со што ќе се искористи
местото. Имаме и согласност од државата дека може да го купиме
земјиштето, поради што и побаравме тоа да се внесе и во Деталниот
урбанистички план, којшто Советот на Општина Центар допрва треба да го
одобри", објаснува Зоран Олумчев.
"Соравија" откако ќе ги реновира и опреми објектите некое време ги
изнајмува, а подоцна просторот го продава, но според Питер Рот,
зградата во Скопје главно ќе се издава под кирија.
"Околу 4000 квадратни метри се наменети за трговски простор и дуќаните
ќе се продаваат, а околу 9000 квадратни метри деловен простор главно ќе
се издаваат под наем. Центарот располага и со 100 подземни места за
паркирање", вели Питер Рот дополнувајќи дека според досегашната
комуникација со потенцијалните клиенти има интерес за издавање и
продавање на нивниот простор.
"Во Скопје има малку квалитетен и модерен деловен простор. Многу фирми
се сместени во приватни станови, кои не соодветствуваат на потребите на
компаниите", вели Рот.
Соравија лани преку јавна лицитација ја купи карабината и земјиштето за
околу 12,2 милиони евра, и тоа по неколкуте неуспешни обиди на Владата
да го продаде Светскиот трговски центар преку тендер.
Т.Јовановска

***

Австријците заинтересирани и за зградата-убиец

Менаџерот на "Соравија" во Скопје Питер Рот вчера најави дека
компанијата ќе се појави со понуда и на тендерот за доизградба на
зградата на поранешна Југобанка во Скопје.
Министерот за финансии Трајко Славески неодамна најави дека Владата ќе
ја доизгради зградата на поранешна Југобанка преку барање инвеститор за
приватно-јавно партнерство. Зградата одговара за деловен простор, а
моделот на стопанисување со објектот допрва ќе се дефинира. Зградата е
изградена до фаза на карабина и требаше да се заврши до 2001 година
кога беа одвоени 12 милиони германски марки во Буџетот, но поради
конфликтот тоа не се случи. Објектот е во сопственост на Владата.
Еве го и изгледот на зградата пред да почне реконструкцијата12


Лелее, стварно има разлика ПРЕД и ПО реконструкција...
значи, се исплатеше да се почека!

btw, во еден флаер на АМЦ и јас прочитав дека „наскоро ќе се отвори најголемиот салот за ит технологија во Соравија„


Posted By: maestro
Date Posted: 06-Sep-2008 at 18:12
btw, има ли некој фотка од долниот дел на зградата да видиме до кај е?


Posted By: Cibi
Date Posted: 11-Sep-2008 at 10:20
Добив информација дека објектот ќе се отвора за 10-тина дена.Искрено не се надевав дека ќе биде готов овој период.Поминав покрај него и видов дека навистина е готов.Сега само се уредува само партерот доле со бехатон плочки.Објектот е одлично направен со паркинг простор од 100 возила.


Posted By: maestro
Date Posted: 11-Sep-2008 at 11:58

еј ова е супер информација. и јас разбрав дека е веќе завршена. (реков во претходните постови дека ќе биде завршена до септември, а и приложив дел од интервјуто со пако радовановиќ)
btw, ако најде некој информација на интернет за ова нека ја постави тука.


Posted By: BlacK
Date Posted: 11-Sep-2008 at 17:03
Super sto se zavrsue zgradava.Da se nadevamo sega deka ce pocne trend na preselba na kancelariete i pretstavnistvata na firmeve sto sa smesteni na prizemje i prvi sprat od stambenive zgrade u centarot na gradov u vakvi zgrade kao soravija sto sa samo za taja namena.
Mnogu e loso na primer:treba da dojde nekoj deloven partner na sostanok i ti go nosis pred vlez na stambena zgrada i mu vikas:e ovde sum na prvi, a u toj momenat izlaga komsivkata i ti kazue deka vcera ne si bil na sostanok na kucen sovet.
Dobro ja sea ova malce vulgarno go objasniv ama taka e.Najgolem primer e Lukoil.Znaci ponereprezentativno prestavnistvo neam videno.Vtor primer sedisteto na Svetska banka.Da ne gnjavim ima uste vakvi primeri.


Posted By: zabegan
Date Posted: 11-Sep-2008 at 19:33
блек, има вакви објекти, на пример палома бјанка, но само тој го знам како таква зграда, и вакви објекти се повеќе од потребни во Скопје како главен град
патем го завршија тој деталот на врвот, кој не ми прави многу кеиф, но сепак не е лош
исто така од самото осветлување од канцелариите навечер ми изгледа многу интересно зградата, ваљда дека не сум навикнатBig%20smile
штета што не беше малку повисоко, ќе имаше многу јаки панорами на градот


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: maestro
Date Posted: 11-Sep-2008 at 20:32
п.с. се надевам дека чистење на стаклата ќе прерасне во навика
ама не пак со вадење стакла како сега


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Sep-2008 at 13:43
Originally posted by zabegan

блек, има вакви објекти, на пример палома бјанка, но само тој го знам како таква зграда, и вакви објекти се повеќе од потребни во Скопје како главен град
патем го завршија тој деталот на врвот, кој не ми прави многу кеиф, но сепак не е лош
исто така од самото осветлување од канцелариите навечер ми изгледа многу интересно зградата, ваљда дека не сум навикнатBig%20smile
штета што не беше малку повисоко, ќе имаше многу јаки панорами на градот


Палома бјанка не е сепак на ова ниво како што ќе биде Соравиа и веројатно другиве бизнис центри кои се градат по Скопје како оној на ЕРА, Хипо итн... Сепак ако се земе во кое време е граден објектот си е супер, мене лично и ми се допаѓа како изгледа од надвор. Алуминка ми паѓа на памет како уште еден бизнис центар од стар ков.

Што се однесува до Соравиа центарот навистина е освежувачка глетката со осветлени канцеларии, баш завчера фатив како ја тестираа цела зграда. Конечно тој дел ќе заличи.


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Sep-2008 at 13:47
Originally posted by BlacK

Super sto se zavrsue zgradava.Da se nadevamo sega deka ce pocne trend na preselba na kancelariete i pretstavnistvata na firmeve sto sa smesteni na prizemje i prvi sprat od stambenive zgrade u centarot na gradov u vakvi zgrade kao soravija sto sa samo za taja namena.
Mnogu e loso na primer:treba da dojde nekoj deloven partner na sostanok i ti go nosis pred vlez na stambena zgrada i mu vikas:e ovde sum na prvi, a u toj momenat izlaga komsivkata i ti kazue deka vcera ne si bil na sostanok na kucen sovet.
Dobro ja sea ova malce vulgarno go objasniv ama taka e.Najgolem primer e Lukoil.Znaci ponereprezentativno prestavnistvo neam videno.Vtor primer sedisteto na Svetska banka.Da ne gnjavim ima uste vakvi primeri.


Па јас мислам дека тоа што фирми како Хипо и Соравиа инвестираат во квалитетен деловен простор е дефинитивно индикација дека дошло времето за ова што си го напишал погоре. Сигурен сум дека не фатиле да градат без добра претходна анализа на пазарот.
Се сложувам канцеларијата на Лукоил изгледа мизерно за една таква фирма од светски ранг.


Posted By: maestro
Date Posted: 12-Sep-2008 at 19:32
Дали некој има најнова информација околу отворањето на објектот и нови слики да видиме како изгледа направена??


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Sep-2008 at 19:48


Ако некој има, логично дека би постирал. Апелирам до сите, не само до маестро, да избегнувате вакви сувишни коментари кои во последно време почнаа да зачестуваат.


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Sep-2008 at 17:17
Тмурен ден денеска но еве неколку убави слики

Соравиа дефинитивно ги исполнува очекувањата презадоволен сум од објектов

1 Еве ја зградата со деталот на нејзе

2 Еве го деталот. Некои рековте дека не ви се допаѓа, јас немам некои проблеми со него Dunno

3 За прв пат добиваме претстава како ќе изгледа влезот во зградата. Убаво изведено

4 Еве и поблиску. Како што гледате грдите пирамидални прозорчиња за кои имам зборувано претходно во нишкава ги снема што посебно ме радува. Црниот мермер изгледа убаво ваков светнат.

5 А наместо пирамидални прозорчиња имаме вакви детали кои мене повторно ми се допаѓаат

6

7 Овој агол веќе го имаме ама еве го пак


Cheers



Print Page | Close Window