Print Page | Close Window

Вандализам и примитивизам

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=71
Printed Date: 28-Mar-2024 at 09:23


Topic: Вандализам и примитивизам
Posted By: Cloverstack
Subject: Вандализам и примитивизам
Date Posted: 15-Oct-2007 at 23:50
---


Постирајте тука за ниското ниво на култура во урбаното живеење, за простаклуци, несовесно однесување, вандализми, дивеења, кражби...



Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Oct-2007 at 23:54
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=19EFCC06DFC83F48936BB5E98872C28C&arc=1 - http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=19EFCC06DFC83F48936BB5E98872C28C&arc=1


Оштетено новото игралиште во населбата Маџари

Детското игралиште во населбата Маџари, кое беше пуштено во употреба пред две недели, деновиве беше цел на вандалско однесување, информираат општинските власти од Гази Баба. Некои од детските реквизити биле оштетени, па Општината морала да ги санира.

- Ќе го заштитиме целиот простор. Деновиве околу игралиштето се гради заштитна ограда. По 22 часот тоа ќе биде заклучено за да се спречи натамошното вандалско однесување - велат од Гази Баба.

Надлежните апелираат граѓаните совесно да се однесуваат кон општите добра.





Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Oct-2007 at 23:55
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1222&ArticleID=78659 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1222&ArticleID=78659


Зачестија кражбите и уништувањата на хидрантите

Во последниов период зачести појавата на кражби и уништувања на хидрантите од јавните зелени површини во градот, соопштуваат од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Според податоците оттаму, во Градскиот парк биле оштетувани фонтаните, при што трипати се краделе по четири вентили, а снемало и пет капаци од шахти и заштитните мрежи пред резервоарите за вода на пумпите. Исто така, со возила биле искршени четири, а оштетени три хидранти на булеварот Јане Сандански. Кражби и уништувања имало и на кејот на реката Вардар спроти хотелот „Холидеј ин“, како и кај поранешниот хотел „Македонија“, а само на булеварот Партизански одреди биле уништени осум хидранти. Од претпријатието додаваат дека поради изведување градежни работи на повеќе места во градот била оштетена и подземната хидрантска мрежа, како кај хотелот „Континентал“, на улицата Илинденска и кај Бит-пазар. - Нашите екипи секојдневно интервенираат на повеќе места во градот, при што затвораат хидранти што граѓаните самоиницијативно ги отвориле и ги оставиле да течат, па се создаваат езерца и барички во тревниците. И шахтите се полнат со шут, со што се оштетуваат вентилите и тие стануваат недостапни за работа. Апелираме до граѓаните да не ги крадат и да не ги оштетуваат хидрантите, а секогаш кога ќе видат дека вода неконтролирано истекува од мрежата да пријават во претпријатието - велат во „Паркови“.





Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 22-Oct-2007 at 15:40
Интернетот е у суштина мноѓу моќна работа кога станува збор за вакви работи. Знам за една жена од Јужна Кореа, која била снимена со мобилен како му дозволува на кучето да се сере на сред улица. Снимката потоа била поставена на некој ЈуТуб-лајк сајт и луѓе низ цела земја ја барале . Дури неколку што личеле на нејзе биле вербално нападнати... Штета што кај нас сите им се плашат на тие морони што уништуваат игралишта, клупи или кршат канделабри. Некој тие дивјаци да ги подбереше... хеее...мераци.


Posted By: dejan
Date Posted: 23-Oct-2007 at 00:00
haha vo pravo si


Posted By: dejan
Date Posted: 26-Oct-2007 at 15:06
Ova pagja pod primitivizam
od vreme

ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“
Украдени садници од булеварот Словенечка

Само десетина дена откако булеварот Словенечка беше пуштен во употреба, повеќе садници биле украдени од средишното зеленило меѓу двете сообраќајни ленти, соопштуваат од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Булеварот беше отворен на празникот 11 Октомври.
- Неколку висококвалитетни дрвца од видот „туја пирамидална“ ги нема, и покрај тоа што беа засадени пред неколку дена. Практиката да се крадат садници и цвеќиња од зелените површини никако не престанува, и покрај нашите многубројни апели да се чува јавното зеленило - велат од претпријатието.
Оттаму додаваат дека изградиле два павилјона во општините Бутел и Кисела Вода, како подарок за нивните граѓани, а благодарение на добрата соработка со општинските власти. Павилјонот во Бутел се наоѓа на улицата Бутелска, а во Кисела Вода на Сава Ковачевиќ.
Од следниот месец екипите на „Паркови и зеленило“ ќе почне да сади нови дрвја на дрворедите покрај булеварите. Ќе се дополнуваат постојните дрвореди, со садници од водовите јавор, јасен, бреза, липа и даб.
Поради зголемениот обем на работа во овој период од годината, бригадите на претпријатието биле засилени со сезонски работници, кои биле распоредени во сите 17 пункта низ градот.

Pa na koj mu treba tolku sadnici


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Oct-2007 at 16:28


Види во тредот за Словенечка, ќе видиш дека ова истото беше предвидено...

А дали на некого му требале садниците или чисто сакал да направи штета, казната треба да е иста - што поголема. Исто така дај го по сите новини и вести да го видат сите кој бил. Тешко се фаќаат овие паразити, ама фати бар неколку и напрај ги пример за другите, па тоа барем ќе делува превентивно.


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 26-Oct-2007 at 20:09
Срамота.


Posted By: dejan
Date Posted: 27-Oct-2007 at 11:30
Originally posted by Cloverstack



Види во тредот за Словенечка, ќе видиш дека ова истото беше предвидено...

А дали на некого му требале садниците или чисто сакал да направи штета, казната треба да е иста - што поголема. Исто така дај го по сите новини и вести да го видат сите кој бил. Тешко се фаќаат овие паразити, ама фати бар неколку и напрај ги пример за другите, па тоа барем ќе делува превентивно.

Yeah go predvidivte ovaOhno
Vo pravo so, treba da se fati nekoj vo momentot, pa da se stavi vo site novini i sve.
Ili neka stavat nevistinska kamera kaj ulicata, ako nemozhe da odrzhuvat vistinska, da sedi nekoj da gleda ova ona...barem nevistinska, kade lugjeto nema da znaat, barem ke gi prechi tie koj kradat.


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Oct-2007 at 18:39
ова е ваљда примитивизам.... Колку ќе трае само решението овој пат Dunno
 
АКЦИЈА НА ИНСПЕКТОРИТЕ
Отстранет дивиот кванташки пазар зад „Рамстор“

Градските комунални инспектори во соработка со државните пазарни инспектори и со припадници на полицијата деновиве ги отстранувале дивите продавачи на плоштадот „Македонија“, на Камени мост, а ги дислоцирале и камионите од кванташкиот пазар зад трговскиот центар „Рамстор“, соопштуваат од градската управа. Акцијата била спроведена по иницијатива на градската инспекција.
Од плоштадот и од Камени мост биле отстранети вкупно 14 импровизирани тезгиња, при што градската инспекција подготвила записници за да поднесе прекршочни пријави против продавачите, а пазарните инспектори им ја заплениле стоката и ја складирале во нивните магацински простори.
Во текот на вчерашниот ден, пак, инспекторите од овие институции почнале да ги отстрануваат камионите на Јужен булевар, каде што со месеци функционира див кванташки пазар за земјоделски производи. Припадниците на МВР им ги одземале документите за идентификација на возачите на камионите, кои биле недозволено паркирани на јавни површини. Градските инспектори ги подготвувале записниците, а пазарната инспекција ја одземала стоката. Вкупно се подготвиле дваесетина записници.

 
Извор: http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1236&ArticleID=79455 - Време


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Nov-2007 at 01:17
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DBB444822889E2438F3FB6AF6C5BDA2C - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DBB444822889E2438F3FB6AF6C5BDA2C


Сезоната на петарди секоја година почнува се' порано

Експлозии одекнуваат и дење и ноќе, а граѓаните немаат одмор и сон


Слободниот влез на петарди во земјава, овозможува солидна снабденост на пазарот, а веројатно и заработувачка. Доказ се полните тезгиња на кои можат да се најдат петарди од најразличен вид

СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА

Петардите и годинава им го нарушуваат мирот на скопјани. Силни експлозии постојано ги вознемируваат граѓаните, во секое време од денот или ноќта. Луѓето коментираат дека сезоната на петардите одамна е започната, за разлика од некогаш кога се пукаше само околу Нова година. А, таа да биде поуспешна се погрижиле бројните шверцерски канали на кои очигледно никој ништо не им може. Со години приказната се повторува, а надлежните ништо не преземаат. Граѓаните се револтирани, бидејќи токму можноста за слободен влез на петардите во земјава им овозможува и добра снабденост на оние кои се занимаваат со нивна продажба. Доказ за тоа се полните тезгиња на зелените пазари на кои можат да се најдат петарди од најразличен вид. За нивната продажба скопјани велат дека се одвива како да е најлегална. Родителите нагласуваат дека од петардите често страдаат децата, а други пак тврдат дека има и возрасни кои уживаат во нивните пукотници. Во една од скопските населби петардите се продаваат покрај сите други пиритехнички средства, ракети и огномети. Таму купувачите имаат можност и на самото место да го проверат интензитетот на одреден вид петарда.

Од Пазарната инспекција велат дека петардите ги третираат во акциите за запленување на пиротехника, а кога тие ќе се одземат, се носат во депо и потоа се уништуваат. Тврдат дека постојано се на терен и соработуваат со полицијата. „Немаме бројки колку петарди сме одзеле, бидејќи никој не не' тера да правиме спецификации за нивното одземање. Но, постојано сме на терен и соработуваме со полицијата. Кога одземаме петарди од познат сторител, тогаш против него се поведува судска постапка“, вели Владимир Кочовски, првиот човек на Државниот пазарен инспекторат.

Борче Пешевски, портпарол на МВР, вели дека од почетокот на годинава до вчера биле запленети 322.359 парчиња најразличен вид петарди. Против повеќето сторители биле поднесени кривични и прекршочни пријави. „Овие пиротехнички средства кај нас не се произведуваат и најчесто влегуваат од соседна Бугарија. Затоа, МВР ги презема сите потребни мерки и на границата и во внатрешноста. Порано беше практика шверцерите да се снабдуваат со петарди пред новогодишните празници, а сега тоа го прават во текот на цела година“, објасни Пешевски.



Bash




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Nov-2007 at 16:17
http://vest.com.mk/default.asp?id=143387&idg=7&idb=2220&rubrika=Skopje - http://vest.com.mk/default.asp?id=143387&idg=7&idb=2220&rubrika=Skopje


НА УЛИЦАТА КАВАЛСКА ВО ПРЖИНО
Депонија под прозорец на дипломати
Од ЈП"Комунална хигиена" апелираат до скопјани ѓубрето да не го оставаат на улица, туку да се јават кај нив за да им донесат специјален контејнер за кабаст отпад

Дива депонија од градежен шут, стари кревети, расипани апарати за домаќинство и најразлично ѓубре скоро цел месец стои на улицата Кавалска во населбата Пржино. Во куќите околу депонијата сместени се странски дипломати, а како што велат жителите од оваа улица, таа секој ден станува се поголема.
"Ѓубрето најверојатно го остава некој од нашите соседи. Прво почнаа да оставаат градежен шут, а сега се трупа се и сешто. На странците што се сместени овде им покажуваме дека сме навикнати да живееме со ѓубре", велат жители од Кавалска.
Југослава Поленак од секторот за односи со јавност на ЈП"Комунална хигиена" вели дека на оваа улица нивните екипи постојано ја чистат дивата депонија, но дека несовесните граѓани повторно ѓубрето го оставаат на неуредениот простор покрај улицата. Таа објаснува дека ЈП"Комунална хигиена" прави акции за отстранување кабаст отпад од домаќинствата, но дека тоа не е нивна редовна задача. Според неа, секој што има стари работи за фрлање треба да ја повика ЈП"Комунална хигиена" за да го отстранат отпадот.
"Ние и овој пат ќе ја расчистиме депонијата, но тоа не е решение. Секој што има стари работи за фрлање може да се јави на нашиот дежурен телефон: 3216-664 и да побара контејнер за кабаст отпад. Оваа услуга се наплатува и едно подигање чини 1.500 денари. Ако оваа сума им е многу голема, можат да се договорат со соседите од улицата да не повикаат и да направиме акција, но ѓубрето никако не смеат да го оставаат на улица", вели Поленак. (Е.А.)


Без казни ништо не правиме...




Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 13-Nov-2007 at 17:17
...Значи колку мразам кога гледам дека има нешто ново постирано во овој тред Ohno


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Nov-2007 at 15:50
Ова највеќе припаѓа тука ради несовесното однесување на газдата.

Тоа што сите бегаат од одговорност не е ништо ново (не се ова лежечки полицајци Nuts). Ама јас не знам што е толку комплицирано во случајов. Нека го казнат и нека го упатат да газдата да си води сметка... Ако и понатака се инаети, нека исчистат и нека му преатат сметка. Ако нејќе да плати си има затвори... А во некои земји за ваква работа може да се покрене и конфискација.

Не знам какво е она објаснување дека газдата никогаш не го нашле на самото место Crazy. Дали ова го додал новинарот или навистина надлежните вака резонираат.

http://vest.com.mk/default.asp?id=143452&idg=7&idb=2221&rubrika=Skopje - http://vest.com.mk/default.asp?id=143452&idg=7&idb=2221&rubrika=Skopje

СМРДАЛНИК ВО СТРОГ ЦЕНТАР
Никој не сака да ја чисти "Аркадија"
И Општина Центар и Градот се огласуваат за ненадлежни за расчистување на ѓубриштето, бидејќи се работело за приватен имот, а сопственикот не можеле да го најдат

Местото на кое се наоѓаше поранешната сендвичарница "Аркадија" на булеварот Свети Климент Охридски претворено е во дива депонија и јавно веце од кое низ цел центар се шири смрдеа. Откако прозорците и вратите на сендвичарницата беа извадени, тука ѓубре фрла кој ќе стигне. Ништо подобар не е просторот кој се наоѓа зад сендвичарницата, каде расфрланото ѓубре е скриено со импровизирана железна ограда.
Жителите на овој дел од центарот на градот се ужаснати од ваквата состојба.
"Срамота е ваква депонија да се гледа во строгиот центар на градот. По ѓубриштата кај 'Аркадија' секој ден душкаат кучиња и ќесите со отпад ги разнесуваат наваму натаму. Не сме свесни на какви се зарази сме изложени при секое минување покрај депонијата", се жалат жителите.
Тие бараат надлежните општински и градски власти да го расчистат просторот, иако се работи за приватен имот и прашуваат како можат комуналните инспектори да поминуваат таму секој ден, а да не преземаат мерки.
Од Општина Центар велат дека расчистувањето смет не е во нивна надлежност, туку дека е работа на ЈП"Комунална хигиена". Од таму не сакаа да одговорат зошто досега не исконтактирале со сопственикот и не извршиле притисок да се расчисти просторот.
Од секторот за односи со јавност на Град Скопје, пак ни рекоа дека нивната екопатрола неколкупати се обидела да ги најде и предупреди сопствениците за да си го расчистат ѓубрето тие сами, но бидејќи се работи за напуштен објект, десега сопственикот не е најден на самото место. Оттаму додаваат дека бидејќи се работи за приватен имот, службите на нивното јавно комунално претпријатие немаат овластување да влезат и да чистат. (Б.Б.)


Posted By: dejan
Date Posted: 17-Nov-2007 at 03:43
Eve i od utrinski

Скопје



Аеродром ќе ги казнува уништувачите на урбаната опрема

Општина Аеродром ги предупредува граѓаните дека ќе почне со казнување на сите граѓани кои ќе бидат фатени на дело како ја уништуваат урбаната опрема. Општинарите посочуваат дека лицата кои ќе бидат затекнати на самото место како ја уништуваат опремата, како и лицата за кои има сомнение дека веќе извршиле таков чин, ќе одговараат за сторено кривично дело - уништување на туѓи предмети, што, според член 243 од Кривичниот законик, се казнува со парична казна или казна затвор до 3 години.

Овој чекор на Аеродром се должи на увидот на нивната комунална инспекција која изминатиов период констатирала речиси целосни уништувања на повеќе заштитни П- огради, кошници за отпадоци, клупи и реквизити во детските игралишта. Инспекторите регистрирале и се' почести руинирања на плочките на пешачките патеки. „Уништената урбана опрема Општина Аеродром веднаш ја замени со нова. Честите апели да не се уништува поставената урбана опрема не помогнаа да се подигне културната свест кај одредени граѓани, кои продолжуваат да се однесуваат нецивилизирано“, додаваат од општината.



Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Nov-2007 at 14:25
Wallbash
 
Дива депонија кај Грчка амбасада
Жителите и околните дуќанџии кај Порта Буњаковец во дворот на напуштена куќарка фрлаат кесиња со ѓубре, стари и искинати алишта и чевли, па дури и градежен материјал, штици и песок

Дворот на напуштена и руинирана куќарка во непосредна близина на Грчката амбасада, жители на околните згради ја претвориле во дива депонија. Купишта ѓубре со години наназад се расфрла од преминот кај некогашната сендвичарница "Аркадија" што води кон зградите од комплексот Порта Буњаковец.
Ова место на граѓаните им служи како простор за фрлање смет. Покрај ќесиња полни со ѓубре, тука се фрлаат стари и искинати алишта и чевли, па дури и градежен материјал, штици и песок.
Надлежните од ЈП "Комунална хигиена" велат дека по дислокација на контејнерите, кои од ова место се пренесени 50 метри подолу на улицата, во близина на "Електро - Скопје", граѓаните не ја почитуваат новата локација, бидејќи поблиску им е ѓубрето да го оставаат на старото место.
"Контејнерите ги дислоциравме во договор со Општина Центар и градските власти бидејќи нашите камиони за подигање смет не можеа да влегуваат во таа слепа уличка", вели Југослава Поленак, портпарол на Јавното претпријатие.
Од "Комунална" апелираат до граѓаните да ја почитуваат новата локација.
Додека жителите на скопскиот центар и околните дуќанџии си ја префрлаат вината за депонијата едни на други, оваа црна точка опстојува како активен ѓубрарник во кој душкаат кучиња скитници и ѓубрето го разнесуваат по околината. (Б.Б.)

 
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=144147&idg=7&idb=2234&rubrika=Skopje - http://www.vest.com.mk/default.asp?id=144147&idg=7&idb=2234&rubrika=Skopje


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Dec-2007 at 16:50
За „лошиве“ теми стално има материјали на претек Ohno


Фото вест

Скопјани вчера цел ден на плоштадот Македонија прескокнуваа паднат канделабар - ефект што веројатно го предизвикале некои несовесни граѓани во саботната ноќ . Годинава неколку светлосни столба од плоштадот се најдоа наземи.








Posted By: La Linea
Date Posted: 10-Dec-2007 at 17:08
Анимализам во „најевропскиот“ град. Фрапантно! Колку сум шокиран..Suicide

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Dec-2007 at 04:39
Конечно нешто да се покрене против оваа наша раширена примитивна навика.

Честитки за општина Кисела Вода Applause

Само да не олабават! Да одат одлучно и упорно!


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=756DD7ED15E8EA4E96DE043C2284DFB3 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=756DD7ED15E8EA4E96DE043C2284DFB3

За фрлена хартија на улица во Кисела Вода казна од 30 евра

Во зависност од прекршокот, казните се движат до 500 евра

ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА

Триесет евра за фрлена хартија на улица на подрачјето на Кисела Вода ќе бидат казнети сите несовесни граѓани доколку на самото место бидат фатени од страна на општинските инспектори за животна средина. Досега се изречени десетина вакви казни. Овие мерки во општината почнаа да се применуваат од 25 ноември е се во согласност со измените на Законот за управување со отпад и Законот за животна средина.

Надлежните посочуваат дека казнени мерки постојат за речиси сите видови уништување на животната средина. Во зависност од прекршокот, казните за физичките лица се движат од 30 до 500 евра. Најскапо ќе поминат тие кои ќе бидат фатени да оставаат градежен шут на недозволено место - ќе треба да платат 500 евра. Оној што ќе запали ѓубре во контејнер ќе биде казнет со 150 евра, а доколку фрли ѓубре во природа, или на патишта, казната изнесува 50 евра. Толкава е и паричната казна за тие кои фрлаат градежен шут, отпадни масла и гуми во урбани средини и во контејнери. Ако овие материи се фрлаат во природата или на патиштата, предвидената глоба изнесува 70 евра. Казнениот тарифник предвидува и казна од 100 евра за фрлање каков било вид ѓубре покрај реки, бари и езера, а оние кои ќе горат или закопуваат ѓубре во урбани средини, ќе бидат казнети со 150 евра. Висината на глобата за оние што ќе горат или закопуваат отпадни гуми и масла во природата изнесува 200 евра.

Снежана Пиперевска, раководител на Одделението за животна средина во Кисела Вода, објаснува дека на сторителот на самото место му се издава платен налог за наплата на глобата за прекршокот, при што казнетото лице треба да плати веднаш, или во рок од осум дена. Доколку казната ја плати во предвидениот рок, таа ќе биде намалена за половина. Во спротивно, против сторителот ќе биде поведена прекршочна постапка.

„Досега се изречени десетина казни и тоа сите за фрлена хартија на улица. Се' уште не се изминати роковите за наплата, па не можеме да кажеме дали казнетите навремено ја платиле глобата“, вели Пиперевска и посочува дека досега највисоката казна што ја изрекле изнесува 3.000 евра и тоа против правно лице кое изведувало канализација во Аеродром, а шутот го исфрлало на подрачјето на Кисела Вода.

Инаку, во споредба со глобите за физички лица, оние за правните се многу повисоки - изнесуваат од 2.000 евра нагоре. Највисоката парична казна може да достигне сума и до 20.000 евра. Од Кисела Вода информираат дека во инспекциската служба има двајца инспектори за животна средина и еден комунален инспектор, кои работат по 24 часа на ден и за време на викенди и празници. Согласно со програмата за работа, тие со дигитални апарати го „снимаат“ целото подрачје на општината.



Posted By: dejan
Date Posted: 29-Jan-2008 at 12:55
Od Vreme

АЕРОДРОМ
Парични казни за фрлање отпад

Комуналната инспекција на општина Аеродром засилено ќе ја контролира хигиената околу дуќаните, а несовесните трговци и граѓани парично ќе се казнуваат. Надлежните од општината апелираат до продавачите на прехранбени производи, зеленчук и овошје своите производи да ги чуваат на чисти места, а не на отворено и без заштита. - Отпадоците од овошјето и од зеленчукот да се фрлаат на соодветно место, во кошниците за отпадоци, а не покрај контејнерите или по улиците и површините со зеленило. Сите правни и физички лица на подрачјето на општината имаат обврска да ја одржуваат својата непосредна околина преку отстранување на отпадот - велат од Аеродром.




Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Jan-2008 at 17:03
Originally posted by dejan

Od Vreme

Комуналната инспекција на општина Аеродром засилено ќе ја контролира хигиената околу дуќаните, а несовесните трговци и граѓани парично ќе се казнуваат.



Не се сомневам , прв пат слушам за ваква иницијатива Ohno....




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Feb-2008 at 17:56
Работите на ова поле барем на хартија почнуваат да се движат во вистинска насока. Да се надеваме дека така ќе биде и во пракса!

http://vecer.com.mk/?ItemID=17BA204CA0E78043877E4C32D35F6E59 - http://vecer.com.mk/?ItemID=17BA204CA0E78043877E4C32D35F6E59


САМО КАЗНИТЕ МОЖАТ ДА ГО СМЕНАТ МЕНТАЛИТЕТОТ НА СКОПЈАНИ


За фрлен отпушок казна 30 евра!


Најновите измени на Законот за комунален отпад за првпат им овозможува на градските и општинските комунални инспектори на самото место да изрекуваат казни


Внимавајте, доколку фрлите отпушок од цигара на улица, а ве забележи комунален инспектор ќе мора да платите казна во противвредност од 30 евра. Ако ви падне на ум ѓубрето да го исфрлите на јавна површина, џебот ќе ви остане покус за 50 евра. Толку ќе платите и ако инспекторот ве фати кога го оставате стариот шпорет на улица или покрај контејнерот. Доколку се буните или не сакате да платите за својата несовесност во рок од 8 дена, надлежноста за казните ја презема прекршочна комисија при Министерството за животна средина, а тогаш и глобите се повисоки за вредноста на судските трошоци. Од изминатата недела од кога и официјално почнаа да се спроведуваат најновите измени на Законот за комунален отпад и во пракса, фатени се тројца несовесни граѓани како фрлаат смет на јавна површина.

-Иако измените се од пред два месеци во овој период не казнувавме, бидејќи сакавме добро да ги проучиме нашите надлежности и да ги подготвиме платните налози. Најновите измени на Законот за комунален отпад за првпат им овозможуваат на градските и општинските комунални инспектори на самото место да изрекуваат казни. Висината на казните за секој прекршок е точно одредена и тука нема простор за манипулации. Погодност е што доколку виновникот ја плати казната во рок од 8 дена, таа ќе му биде намалена за 50 отсто, објаснува Александар Бошковиќ, раководител на Секторот за комунална инспекција на Град Скопје.

Казните за физички лица се движат од 30 до 200 евра во зависност од прекршокот. Се казнува и испуштање на масло или пак, исфрлање на пепелникот со отпушоци од возило и тоа 120 евра. Градските комунални инспектори имаат ингеренции да казнуваат и фирми, притоа казните се до 2.000 евра, а се казнува и одговорно лице со 400 евра. Во некои случаи е можно и да се изрече мерка за забрана за работа на фирма, но тие се краткотрајни и обично завршуваат пред окончување на судската постапка.

Граѓани коментираат дека казните се високи за наши услови, но велат само така може да се смени менталитетот и старите лоши навики.

Недостасуваат инспектори
Иако во Градот се вработени 11 комунални инспектори, според Бошковиќ нивниот број е недоволен со оглед дека на 30.000 жители е потребен барем еден комунален инспектор. Изрекувањето на казни е одлично прифатено и од страна на општините, бидејќи со овие средства се полни општинската каса, но и таму бројот на инспектори е недоволен. Тие се среќаваат и со потешкотии при спроведување на Законот, бидејќи често лицата не сакаат да се легитимираат. Иако инспекторите се опремени со фото апарати, идентификацијата мора да се бара од органите на МВР, што ја одолговлекува целата постапка.



Posted By: se_manda
Date Posted: 18-Feb-2008 at 18:50
e aj sea ke mknam so mene pepeljara da ne frlam pikavci na ulica.barem da ima na sekoi 50m kanta za gubre i za pikavci ko u gtc pa aj da umaraat so kaznive,a vaka bezveze e


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Feb-2008 at 19:16
Твој проблем друже Big%20smile

А ако не ти се свиѓа, уште подобро решение ти е да ги баталиш цигарите Yes


Posted By: ProMKD
Date Posted: 02-Mar-2008 at 22:55
КОМУНАЛНА ИНСПЕКЦИЈА
Изречена првата казна за фрлање шут

Комуналната инспекција на Општина Аеродром вчера ја изрече првата мандатна казна за фрлање шут на јавно место врз основа на Законот за управување со отпад и измените на овој Закон. Станува збор за лице што комуналните инспектори го затекнале како фрла градежен отпад на недозволено место, односно на јавната површина кај идниот терминал на последната автобуска линија број 5, на крстосницата меѓу булеварите АСНОМ и Февруарски поход. Казната од 50 евра, ако се плати во рок од 8 дена, може да се намали за 50 проценти. Во спротивно, казната преку службите на Министерството за животна средина ќе се наплати во целост, заедно со сите дополнителни трошоци.

А.В.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=1332&ArticleID=85968



Posted By: La Linea
Date Posted: 02-Mar-2008 at 23:06
Сега и комунална инспекција слави јубилеј - прва казна за фрлање шут Big%20smile

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: kire85
Date Posted: 03-Mar-2008 at 01:39
Originally posted by La Linea

Сега и комунална инспекција слави јубилеј - прва казна за фрлање шут Big%20smile


hahahahahhahaahahahahahahhaa....zakazana e zabava u sabota vo palasCrazy


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Mar-2008 at 01:43
Еј што сакам некој инат магарешки да се погоди па да не им ја плати казната, по судови да се влечкаат.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Mar-2008 at 02:01


Е зошто? Кој добива со тоа?


Posted By: kire85
Date Posted: 03-Mar-2008 at 02:07
Originally posted by lslcrew

Еј што сакам некој инат магарешки да се погоди па да не им ја плати казната, по судови да се влечкаат.


Question


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Mar-2008 at 02:21
Се шалам бе кловер.

За истово зборевме пред некој ден. Чудо големо ако пишале казна, исто како што беше со бул. србија прошлата недела.


Posted By: ProMKD
Date Posted: 03-Mar-2008 at 05:43
Чекајте, штом прв пат се почнува со пишување казна за фрлање шут, сега следува наоѓање дупки во законот за фрлање шут хахаха

Озбилно: Се надевам ќе има позитивни резултати!


Posted By: blejdsk
Date Posted: 17-Mar-2008 at 01:02

КАЗНЕНАТА ПОЛИТИКА ЗА КОМУНАЛЕН РЕД УСПЕШНО СЕ СПРОВЕДУВА


Седум скопјани си платија казна за фрлен отпушок


По 15 евра казна за фрлање на отпушок на јавна површина деновиве платија седум скопјани, а уште двајца граѓани се очекува тоа да го направат во предвидениот рок од осум дена и тоа за фрлање ќеса и хартија на јавна површина


Седум скопјани деновиве платија по 15 евра казна за фрлање на отпушок на јавна површина, а уште двајца граѓани се очекува тоа да го направат во предвидениот рок од осум дена и тоа за фрлање ќеса и хартија на јавна површина. Градските комунални инспектори велат дека казнената политика од Законот за комунален отпад се спроведува успешно веќе две недели, а виновниците, и покрај скептицизмот на голем дел од граѓаните, навреме си ја плаќаат казната.

-И ние сме изненадени од совесноста на граѓаните во случај кога треба да платат за своето- несовесно однесување. Иако многумина сметаа дека оваа казнена политика нема да заживее, според она што се случува на теренот, можеме да кажеме дека и комуналните инспектори успешно си ја вршат работата и граѓаните не се бунат при плаќање на казната. Тоа го прават уште наредниот ден откако им е напишана казната, со што плаќаат само половина од пропишаната сума. Доколку не платат во рок од 8 дена случајот оди пред казнената комисија при Министерството за животна средина и тогаш треба да ја платат не само полната сума, туку и дополнителни трошоци, објаснува Александар Бошковиќ, раководител на секторот за комунална инспекција на Град Скопје.

Скопјани, пак, се согласуваат дека ова е единствениот начин да се смени менталитетот на граѓаните.
- Очигледно, единствено ако не удрат по џебот можат да ни ги сменат лошите навики. Сепак, комуналните инспектори треба да се почесто на терен и да се зголеми нивниот број, вели и скопјанецот Бошко Трајков.
За фрлање на шут и друг отпад, пак, казните се и до 100 евра, а ќе се казнува и испуштање на масло или пак, исфрлање отпушоци од возило и тоа 120 евра. Парите од казните, според Бошковиќ одат во градската каса за комунални проекти.

-Во деновите кога се врши акцијата на терен излегуваат по две екипи, кои работат на неколку локации во градот, а казнувањето се врши со помош на органите на МВР. Се надеваме дека наскоро ќе имаме можност да формираме и своја урбана полиција така што ќе можеме секојдневно да бидеме присутни на теренот, додава Бошковиќ.


http://vecer.com.mk/?ItemID=7AEED73C6652B440B9A2D6A83A19B64D


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Mar-2008 at 01:16
ЈАКА МУДА


п.с. Извинете на израз!


Posted By: ProMKD
Date Posted: 17-Mar-2008 at 05:05
Previous Кој тоа, тој што издал казна или тој што платил? Thumbs%20Up


Posted By: La Linea
Date Posted: 17-Mar-2008 at 17:03
Луѓе ова е супер!! Лсл искажи го твојот став, навистина не знам зошто би бил против казнување на клошарите што загадуваат каде стигнат... 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Mar-2008 at 18:20
Јас не реков дека сум против!!! Јас сум за мали казни!!! Го мразам овој триумфализам што што искажуваат институциите!!!


Posted By: blejdsk
Date Posted: 20-Mar-2008 at 01:30

Со глоба од по 150 евра казнети двајца што палеле отпад

Комуналната инспекција на Гази Баба деновиве ги изрече првите две мандатни казни во износ од по 150 евра на несовесни граѓани што гореле отпад во урбани средини. Двајцата жители на општината се фатени како палат кабли од новогодишни украсни светилки во месноста Вардариште, за на тој начин да го извлечат бакарот од нив. Густиот црн чад го привлекол вниманието на инспекторите што биле во редовна контрола. Трајан Петровски, комунален инспектор во Гази Баба, вели дека сторителите го признале делото, по што им бил предаден платниот налог со казната. Доколку сторителите го платат налогот во рок од осум дена, ќе дадат само половина од висината на глобата. Во спротивно, комуналниот инспектор е должен против нив да поднесе барање за поведување прекршочна постапка до Прекршочната комисија при Министерството за животна средина - објасни Петровски. Тој упати апел до жителите на општината да се придржуваат на комуналниот ред за да не бидат казнувани. Можноста за изрекување мандатни казни на самото место на оние што ја загадуваат околината ја дава Законот за управувањето со отпад. Казните се движат од 30 до 200 евра, во зависност од прекршокот, и се високи за нашиот стандард. Затоа засега не казнуваме за фрлено догорче на јавна површина, иако за тој прекршок казната е најмала. Можеме со полицијата да застанеме во трговскиот центар во населбата Автокоманда и да ги демнеме луѓето, но најпрвин треба да се справиме со дивите депонии, односно со нивните создавачи - вели Петровски. Како црни точки на кои најмногу се формираат диви депонии тој ги наведе руралните средини. Во општината има 15 населени места. Просечно за едно село има една нелегална депонија, а некаде ги има и по две. Се' додека не профункционира општинското комунално претпријатие кое треба да се грижи за собирање на отпадот во селата, состојбата ќе биде ваква каква што е - незавидна - истакна Петровски.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=FCBEAC787094354A9CE0C194431C0640 - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=FCBEAC787094354A9CE0C194431C0640



Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Mar-2008 at 01:51
Леле со ова кога ке го чујам глоба....!!! Порано не глобеа во Бугарија, сега и кај нас почнале!


Posted By: ProMKD
Date Posted: 20-Mar-2008 at 03:47
не ми се верува..палење каблови за бакар, првпат слушам! 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Apr-2008 at 11:44
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9C737F1C2A3BBB428B2AE169C43860B1 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9C737F1C2A3BBB428B2AE169C43860B1

Ohno


Украдени над 30 садници од жардиниери во Автокоманда

Чуварската служба на ЈП „Паркови и зеленило“ вчера фати крадец на садници од жардиниерите во Автокоманда.

Од 6 март кога почна садењето во бетонските жардиниери на булеварот „Александар Македонски“ се украдени над 30 зимзелени садници од различен вид. Најголем дел од украдените садници се увозни и ги нема во нашите расадници.

За уредување на зеленилото во Автокоманда минатиот месец беа набавени 100 листопадни садници, 50 калемени вида и 600 зимзелени садници. Чуварската служба на претпријатието е ангажирана 24 часа, но и покрај сите мерки на заштита, сепак, се случуваат кражби. Јавното претпријатие апелира до граѓаните кои ќе забележат ваква појава во зелените површини да ги информираат на телефон 070 /508-260 и 02 /3062-677. (Н.Б.)



Posted By: ProMKD
Date Posted: 13-Apr-2008 at 23:24
Изгледа беа озбилни со овие инспекции!!! Се надевам ќе продолжат !
За секој фрлен отпадок - казна


Градските комунални инспектори продолжуваат со казни за секој фрлен отпадок на јавна површина. Минатата недела за само еден ден се казнети пет граѓани. Со 30 евра е казнета една скопјанка за фрлен отпушок во паркот жена Борец, а исто толку ќе платат и четворица возрасни мажи за фрлен отпадок.

-Комуналната градска инспекција согласно законските прописи веќе два месеца врши контрола низ градот и досега со асистенција на полицијата, на околу 50 граѓани им врачи платни налози за сторените прекршоци, оставање, фрлање или горење на отпад на јавни површини. Во случај да платат на самото место или во рок од 8 дена, казната ќе им биде намалена за 50 отсто. Во спротивно ќе мора да платат цел износ, но и трошоци за прекршочна комисија, објаснуваат во Градот. Оттаму додаваат дека казните се и до 200 евра.

Додека комуналните инспектори велат дека казните имаат позитивно дејство врз граѓаните, скопјани, иако главно ја поздравуваат акцијата, сметаат дека треба да се реагира не само во централното градско подрачје, туку и во останатите делови од градот.

http://vecer.com.mk/?ItemID=8D379C63C21B7F45B88CA42E64886C4A



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Apr-2008 at 18:57
Колку сме само „инвентивни“ Ohno

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=050E3EC56FF8984580A96F781A19BBA4 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=050E3EC56FF8984580A96F781A19BBA4


Апел до граѓаните да не ја нагрдуваат урбаната слика

Комуналната инспекција на Општина Аеродром заедно со сезонските работници постојано регистрира уништени кошници за отпадоци поради тоа што некои граѓани во нив ги оставаат кесите со ѓубре наместо да ги фрлат во контенјерите. Последниве денови таква појава е забележана на автобуската станица спроти ТЦ „Скопјанка“, каде што кошниците за отпадоци секојдевно се полни со домашно ѓубре. Со ваквиот нецивилизиран однос на дел од граѓаните, покрај нарушувањето на животната средина, се нагрдува и урбаната слика на општината. Општината Аеродром повторно апелира до своите граѓани да не го фрлаат домашното ѓубре во кошниците за отпадоци, ниту на кое било друго недозволено место, бидејќи за отпадоците од домашното ѓубре постојат контејнери кои ги празни и чисти ЈП „Комунална хигиена“. Граѓаните кои ќе бидат фатени на самото место како фрлаат смет во кошничките, ќе бидат казнети од Комуналната инспекција на општината. Исто така, со цел да се подобри животната средина и да се подигне културата, Општината ги повикува граѓаните, доколку забележат вакви појави, да ги пријават на телефоните 2 401-528 и 2 401-533 и на и-мејл адресите: aerodrom@aerodrom. gov.mk и odnosi.so.javnost @aerodrom.gov.mk. (Н.Б.)



Posted By: гитардемон
Date Posted: 30-Apr-2008 at 21:52
ИЗРЕЧЕНИ УШТЕ 11 КАЗНИ ЗА ФРЛЕН ОТПУШОК И ОТПАД НА ЈАВНА ПОВРШИНА

Градската комунална инспекција, вчера, на две локации во градот, спроведе акција за казнување на несовесните граѓани кои фрлаат отпушоци и отпад на јавна површина. Во вчерашната акција, која се спроведе во близина на ТЦ Бисер и на градскиот плоштад, градските инспектори изрекоа 11 мандатни казни.

Градска комунална инспекција, во согласност со Закон за управување со отпад, а со асистенција на полицијата, во изминативе три месеци, врачи 52 платни налози за незаконско оставање и фрлање отпад и догорчиња на јавна површина.

Казната за фрлен отпушок на јавна површина е 30 евра, а доколку прекршителот го плати надоместокот за сторениот прекршок во рок од 8 дена, од врачување на платниот налог, глобата би изнесувала 50%.

Инаку, казните за нарушување на комуналниот ред во градот, во зависност од прекршокот, се движат во висина од 30 до 200 евра


преземено од: http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=1772&mid=24&tabId=1&tabindex=0 - http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=1772&mid=24&tabId=1&tabindex=0

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-May-2008 at 16:35
Ни годинава Скопјани не потфрлија... Ова се навистина импозантни бројки Bash

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=345F18D81D4E4545A8C2E9DC23242305 - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=345F18D81D4E4545A8C2E9DC23242305

Фото вест

По првомајскиот пикник, екипите на „Паркови и зеленило“ вчераутро од Градскиот парк собраа три трактори смет, односно 15 кубни метри различни отпадоци-хартија,пластика,стаклена амбалажа и друго. Од карактеристичниот пејзаж Гази Баба екипите собрале околу 400 килограми ѓубре, а ќе продолжат да чистат и викендов, за кога се очекува да соберат уште 500-600 килограми ѓубре. На Водно, само од паркиралиштата и од патеките се собрани над еден тон отпадоци. Планината ќе се чисти и наредниве денови, а од „Паркови“ проценуваат дека оттаму ќе соберат два тона ѓубре. Во СРЦ „Сарај“ ќе се чисти во наредните десет дена. Таму дневно со расфрлани отпадоци се полнат два-три камиони.

 

СТАВ
Скопјани не го сакаат својот град

Голем број скопјани и понатаму ќе останат безнадежни случаи кога станува збор за екологијата во градот, оти некои навики никогаш не се менуваат. Сликата на уживање во природата за Денот на трудот - 1 Мај изгледала некако вака. По скопските излетнички места не само што биле распалени скари на сите страни, туку и „добрите“ домаќинки и домаќини ги оставиле околу себе сите видови отпадоци што одат пред и по ручекот: кеси, ѓубре од салати, коски, пластични шишиња од сокови, стаклени шишиња од пиво и од ракија, лименки, обвивки од чоколада и од „смоки“. Градските информации за собраното ѓубре по традиционалниот пикник се поразни. Во Градски парк, Сарај, Водно, Гази Баба, биле оставени тони и тони ѓубре, кои „Паркови и зеленило“ мора да ангажира неколку камиони и армија работници за да го врати „сјајот во тревата“. Само од Сарај и од Водно ѓубрето ќе се изнесува во следните десет дена. Да живееш во град, самото по себе, не значи дека си граѓанин. Да се биде граѓанин значи да се има основен кодекс на урбано однесување, кој подразбира обврски кон себе и кон општеството, природата, соседите. Скопјани мора да научат дека ѓубрето е за во канта за отпадоци, цвеќињата не се за крадење, клупите не се за кршење, отпушоците не смее да се фрлаат по улици, а соседите треба да ги оставите да спијат кога е време за тоа.Една земја нема што многу да се надева дека ќе влезе во напредното друштво на културните европски држави ако има граѓани со вакви примитивни навики.

Пишува: Јорданка Ивановска




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Jul-2008 at 22:22
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9C7FEFDE3755134281B178473A2701ED - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9C7FEFDE3755134281B178473A2701ED

Украдени бронзени бисти од две основни училишта

Украдени се бронзените бисти од дворовите на основните училишта „Мирче Ацев“ и „Ѓорче Петров“. Бистите кои се тешки 40 килограми, биле украдени во средата доцна навечер, а кражбата била забележана утрото следниот ден од вработените во двете училишта. Кражбата била веднаш пријавена во полиција која извршила увид. Неодамна беа искршени и 14 прозорски стакла во училиштето „Ѓорче Петров“. Општината и полицијата преземаат мерки за брзо откривање на сторителите.

Општина Ѓорче Петров ќе преземе мерки за дополнителна и засилена безбедност на училиштата и градинките на својата територија во овој период на годишни одмори. Ќе се засили контролата од страна на Агенцијата за обезбедување „Водно“ и полициската станица. (В.Д.)



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Aug-2008 at 02:00
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=323305BAE023314B86064DDE2382E5C0 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=323305BAE023314B86064DDE2382E5C0


Пак искршени прозорците на училиштето „Ѓорче Петров

Повторно се искршени 14 прозорци во основното училиште „Ѓоре Петров“, кое е на територијата на истоимената општина. Пред десетина дена, во ова училиште беа искршени исто толку прозорци. Полицијата се' уште трага по непознатите сторители што ја украдоа бронзената биста на патронот на училиштето „Ѓорче Петров“ и по тие што во ноќните часови ги кршат стаклата. За да се спречат ваквите атаци врз имотот, Општината презеде мерки за подобра безбедност ангажирајќи приватни агенции за обезбедување.

 (А.П.)



Posted By: zabegan
Date Posted: 06-Aug-2008 at 00:42
за стаклата, што знам , некои луѓе нејќат стакло, можда мислеле дека внатре е жешко па провев да направатDunno
а за отпадоците во градски парк и за отпушоците, па не гледам нигде канти во паркот, паркот не е мало тревниче и мислам дека треба да има или повеќе мали на секои пет чекори или помалку големи, налик на контејнери
а за отпушоците нема ваљда пепељара да носам, треба да стават канти соодветни за таа намена
стално се жалат за „несовесните“ граѓани, а ништо не прават во врска со ова
ги поддржувам казните, но прво нека створат услови за чиста средина


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Aug-2008 at 09:35
Originally posted by zabegan

за стаклата, што знам , некои луѓе нејќат стакло, можда мислеле дека внатре е жешко па провев да направатDunno
а за отпадоците во градски парк и за отпушоците, па не гледам нигде канти во паркот, паркот не е мало тревниче и мислам дека треба да има или повеќе мали на секои пет чекори или помалку големи, налик на контејнери
а за отпушоците нема ваљда пепељара да носам, треба да стават канти соодветни за таа намена
стално се жалат за „несовесните“ граѓани, а ништо не прават во врска со ова
ги поддржувам казните, но прво нека створат услови за чиста средина


ај не зезај тоа е само алиби. За отпушоците до некаде држи вода тоа што го викаш но што е со отпадоците, хартивчињата итн. Толку ли е тешко да се стави хартивчето во џеб (или да се поноси во рака) до првата канта? Во неделата во Охрид видов едно мало говедо како јаде хамбургер и ладно ја фрли хартијата на плочникот кај хотел Гранит, ми идеше да го удавам во езеро. BTW канти имаше колку сакаш.

Граѓаните се главните кривци, во овој случај надлежните само ја влошуваат ситуацијата дополнително.


Posted By: vardar
Date Posted: 08-Aug-2008 at 10:31

Повторно се крадат капаци, а отворените шахти се опасни за граѓаните

Од АД „Топлификација“ велат дека лани им биле украдени 79 капаци од шахти

Снежана Калабакова

По парковите, тротоарите, паркинзите и улиците повторно снемува капаци од шахти. Нивните сопственици велат дека капаците им се крадат од моментот кога повторно проработија отпадите за старо железо, каде што крадците и ги продаваат. На удар се особено капаците од леано железо, какви што се оние на АД „Топлификација“ или на ЈП „Водовод и канализација“. Од ова јавно претпријатие, поради честите кражби на капаците, решија отворените шахти да ги покријат со бетонски капаци. Така, „Водовод“ им го одврати вниманието на оние кои им фрлија око токму на нивните капаци од шахтите. На тој начин ги заштитија и граѓаните, кои не ретко можеа да настрадаат кога ќе налетаат на шахта без капак.

Имало случаи кога пешаци се здобивале со скршеници токму поради пропаѓање во отворени шахти, а со цел да се заштитат следните кои ќе наидат, граѓаните поставува гранки, картони или други видови материјали за да ги предупредат на опасноста, која демне особено ноќе. Многу поризични се отворените шахти на улиците, каде што со автомобил лесно може и смртно да се настрада, коментираат дел од скопјани. Токму поради ваквите ризици, дел од компаниите кои имаат шахти низ градов побарале и помош и поголема соработка од полицијата, со цел да им се влезе во трага на оние кои најчесто ги крадат и ги продаваат капаците. Велат дека имало и случаи кога крадците биле фатени, но најчесто, тоа е невозможно, бидејќи капаците од леано железо многу лесно се дробат во ситно железо и така го продаваат во отпадите, па токму заради тоа, тешко им се влегува во трагата.

„Деновиве, излегувајќи од паркингот зад „Мекдоналдс“, забележав отворена шахта. Но, многу пострашно беше кога со автомобилот речиси со целото тркало за малку ќе пропаднев во амбис од педесетина сантиметри, колку што беше длабока отворената шахта на улицата кај Романската амбасада, раскажува скопјанецот Зоран Таневски. Тој посочи дека надлежните мора посериозно да се ангажираат и да им влезат во трага на оние кои се занимаваат со овој бизнис, а притоа не водат сметка за последиците врз граѓаните.

Од АД „Топлификација“ велат дека не им е непозната оваа појава, и лани им биле украдени 79 капаци од нивните шахти. Ваквите активности, велат, стивнаа во периодот кога не работеа отпадите за старо железо. Но штом тие проработија, кражбите се интензивираа. Затоа испративме писма до полициските станици, велат од претпријатието, и побаравме поголема соработка. Два случаја се решија со станиците од Карпош и од Пролет, кога крадците беа фатени, а капаците од шахтите во овие населби ни беа вртатени, објаснија од „Топлификација“.



http://Utrinski - Utrinski


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Aug-2008 at 13:22
Стока !!!

За ова треба драконски казни и за тие што крадат и за тие што откупуваат. Bash


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 11-Aug-2008 at 21:20
Еве нешто ново, од денеска.
Сега ги крадат и капаците од телефонија, кој се поголеми и потешки.
(лево и десно од ул. 29 Ноември сите капаци се украдени)



Ја би ги обесил оние што окупуват, па тогаш ќе престанат и тие што крадат


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Aug-2008 at 11:43
Wallbash

Дури и бетон се фрла во коритото на Вардар

Купови разновиден отпад на двете страни на коритото и на дното, на потегот од Вруток до Чегране

ГОСТИВАР - Во непосредна близина на мостот на реката Вардар, кај зградата на Основниот суд во Гостивар, на три места, несовесни возачи на миксери истуриле поголеми количини бетон. И не само тоа. На овој простор речиси секој ден ги чистат миксерите со бетон, а отпадоците ги истураат во реката, со што ја загадуваат водата.

Поради високите температури, се' помалку вода има во коритото, која од изворот се пренасочува во каналите за наводнување на плодните површини во Полошкото Поле. Во зависност од потребите за електрична енергија, се вклучуваат турбините во хидроелектричните централи „Вруток“ и „Равен“, што е реткост летово, па затоа не дотекуваат води од Мавровско Езеро. Сето тоа овозможи на виделина да се појават купови разновиден отпад на двете страни на коритото и на дното, на потегот од изворите на реката во село Вруток, па се' до атарот на селото Чегране.

Коритото на Вардар е претворено во голема депонија. Очигледно, на жителите што живеат покрај реката најлесно им е ѓубрето да го фрлаат во неа. Оваа појава е присутна со години, а лете е поизразена. Се добива впечаток дека локалната самоуправа, надлежна за хигиената и за чување на животната средина, оваа појава немо ја посматра и не презема никакви активности. Со новите измени на законот, казните за прекршоци против природата се драстично зголемени.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E0A38A2824F29D45A12AEF79ABD0B57E - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E0A38A2824F29D45A12AEF79ABD0B57E

А еве и нешто регулатива против вандализми...

РИГОРОЗНИ КАЗНИ ЗА ПИШУВАЊЕ ПАРОЛИ
Прохибиција и за графитите

За пишување графити на јавни места законот предвидува мандатна казна од 50 евра. Младите луѓе, пак, кои цртањето графити го сметаат за израз на креативна уметност, а не за чкртаници што нанесуваат штета, од септември ќе добијат плато кај фонтаната и околу споменикот Гоце Делчев во Градски парк. - Просторот ќе биде уреден токму за овој вид изразување и замислен како стимул за уметничко изразување - вели Аљоша Шопар, од секторот за планирање и уредување на просторот на Град Скопје. Строгата законска забрана на ѕидовите низ градот да се цртаат графити и да се казнуваат сторителите, според предлагачите, треба да спречи нанесување материјална штета на објектите и нивно нагрдување, независно дали се работи за јавни установи, приватни куќи или за станбени објекти. Намерата на законскиот проект е да им се стави крај и на паролите со политичка, вулгарна и со непријателска содржина. Трошоците за чистење варираат во зависност од употребената боја и подлогата. Постојат хемиски методи, абразивни постапки, а цената за еден квадратен метар е од 50 евра до повеќе од 200 евра. - Спрејот што го употребуваат младите за цртање графити или пораки сега може да се отстрани со два слоја од специјалниот премаз „Синтерпак“ во бела боја, што чини поевтино од нова фасада. Но, зошто и тој непотребен трошок - прашува Христо Ивановски чија зграда е мета на љубители на графити. Според законот што треба да се донесе, казните за сторителите ќе ги пропишуваат специјално обучени комунални редари, униформирани полицајци и општински комунални инспектори. Ако прекршителот нема пари да ја плати казната во моментот кога е фатен на самото место, тоа ќе може да го направи на суд. Но, казната тогаш му се зголемува трипати. Во делот на санкциите дадена е можност на замена на изречената казна со најмалку едно деноноќие општокорисна работа што ќе ја одреди судот. Младите, пак, на кои графитите им лежат на срце, па дури и им се опсесија и начин на изразување, сметаат дека ова е неправедно. Саше П., на пример, кој студира графички дизајн и припаѓа на групата млади чиј вид на изразување се графитите, не сака ни да чуе да престане со неговото хоби, но ја поздравува идејата за соодветно место за нивно изразување, како и во секој голем европски град.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=1479&ArticleID=96874 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=1479&ArticleID=96874


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Aug-2008 at 16:24


Во врска со графитите, иако на многу места не ми сметаат, мислам дека тоа треба во принцип да е исклучително строго регулирано, затоа што во спротивно работите ќе се релативизираат и ситуацијата нема да се подобри...

На кое културно ниво сме, и на кое ниво ни е свеста, може да се види и од тоа како дивјачки се ишкрабани дури и Камени мост и Калето... Додуша не се работи за графити во права смисла на зборот, туку за обични шкрабаници.

Еве пред некој ден бев на Кале. Катастрофа... Ѕидините се нашкрабани на секој чекор. Да беше до мене, за вакви работи би имало драконски казни! Еве еден од многуте примери:






Posted By: Vladimir P
Date Posted: 19-Aug-2008 at 20:05
Originally posted by Cloverstack

... Да беше до мене, за вакви работи би имало драконски казни! ...

Очигледно не е !

Еве ти една идилична слика,
"скороевич" со неговиот престиж си се паркира под дебела сенка да не му се оштети бојата, чистачите чистат и пробаваат да исчистат и под колата и на крај главниот јунак ЧУВАРОТ НА РЕДОТ И ПОРЕДОКОТ седи, и со мртов ладен поглед гледа и ....
и, по извесно време среќно си заминува.

крај



И тие „ДРУГИТЕ“ имаат свој удел во сето ова околу нас.

 Wallbash


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Aug-2008 at 20:14


Добро, ја зборев конкретно за шкрабаници врз културно-историски споменици...


За ова ти што викаш, ваљда гребење на кола би било добар почеток. Колку и да звучи парадоксално, изгледа треба да се најдат неколку диверзанти со поголема граѓанска свест и да напраат малце 'ршум, па дебилите да се подзамислат каде ќе паркираат. А кога службите не си ја вршат работата, таков исход можеби конечно ќе ни ја разбуди свеста!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 19-Aug-2008 at 22:47
то Previous
 Applause

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: beTon
Date Posted: 19-Aug-2008 at 23:55
Originally posted by Cloverstack

За ова ти што викаш, ваљда гребење на кола би било добар почеток. Колку и да звучи парадоксално, изгледа треба да се најдат неколку диверзанти со поголема граѓанска свест и да напраат малце 'ршум, па дебилите да се подзамислат каде ќе паркираат. А кога службите не си ја вршат работата, таков исход можеби конечно ќе ни ја разбуди свеста!


кловер заради ефективност чисто ќе те надополнам т.е. подисправам...
ова се однесува до оние урбани херои кои би се активирале во сличен поход.
прво нека се користат со помалку инвазивни методи како лепење налепници или истурање ѓубре по шофершајбна но секако прво 24 часовно предупредување а доколку го повтори дивјаштвото а во 90% од случаите го повторуваат тогаш да се пристапи со таква блага диверзантска казна.
а за строга казна би предложил бушење гуми како доволно болна варијанта за опаметување но не и гребење и тангирање со ауто лак кои единствено би ги одобрил доколку дивјаштвото е претерано пример како случајот на истурање бетон во вардар или прегазување млади фиданки!

но најдобро би било да се активираат сите редарски механизми кои постојат во државава па на фин начин и без гребење и без фарбање да им ги испразнат џебовите посебно на вакви фрлачи со бесни коли па воедно и буџетот да ќе се полни но мора дури и на евидентирана пријава т.е. за снимено дивјаштво да се наплаќа казна, иако дивиот сограѓанин го напуштил местото на дивеење во меѓувреме, додека не се инсталираат камери на секој агол како што е по сите метрополи, пр. во лондон за непрописно паркирање казната ти стигнува на сметка дома а доколку сакаш можеш да се прошеташ до станица и да те послужат со евидентиран материјал од јавниот систем за надгледување, но пред се тие камери се баждарени од ревизорски и судски органи...
[TUBE]PuONKx5cKMQ[/TUBE]
во хрватска пример снимкиве од камерите по тунелите и автопатите сеуште не можат да се користат како доказ баш бидејки не се баждарени гледав пред некој ден на хтв за тоа зборуваа но велат дека набрзо и законски и процедурално ќе го решат тој проблем и ситуациите како ваквите дивјаштва како U-turn на полна веќе ќе бидат минато или прилично редуцирани...!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Aug-2008 at 00:06
кловер заради ефективност чисто ќе те надополнам т.е. подисправам...
ова се однесува до оние урбани херои кои би се активирале во сличен поход.
прво нека се користат со помалку инвазивни методи како лепење налепници или истурање ѓубре по шофершајбна но секако прво 24 часовно предупредување а доколку го повтори дивјаштвото а во 90% од случаите го повторуваат тогаш да се пристапи со таква блага диверзантска казна.
Да, во право си, ама мене ми се темни пред очи од такви случаи, па затоа одма отидов на максимална казна Big%20smile
Во секој случај ова сшто го предлагаш ми се допаѓа како прв чекор.



но најдобро би било да се активираат сите редарски механизми кои постојат во државава па на фин начин и без гребење и без фарбање да им ги испразнат џебовите посебно на вакви фрлачи со бесни коли па воедно и буџетот да ќе се полни
Да, најдобро би било вистински да се активираат механизмите, ама факт е дека тоа никако да се случи.


камери на секој агол како што е по сите метрополи, пр. во лондон
Е ова ми е малце претерано, а и да не забегуваме со клишето за „сите метрополи“. Лондон е екстремен случај и таму реално веќе стапува на сила big brother... Немам ништо против видео надзор, но да не се претерува. Ваљда може да се угледаме на некој поизбалансиран пример него Лондон.


Инаку го имам гледано клипот од Хрватска Ohno


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 20-Aug-2008 at 11:59
Во ред е дискусијава, но, прво и најосновно, незнам зошто полиција не реагира, а бар сеги ги има + 20%, со толку „приправници“ и една веспа која ќе шпарта низ Партизанска (или одреден реон) секој ден ставајќи им белешка со казни мислам дека полека ќе се среди.

Но кај нас имаме годишни помпезни кампањи за се и сешто, кој секогаш по правило траат само еден ден, и ефектот е „КАНПАЊСКИ“



А во врска со камерите, едино би се сложил стрикно за проблематични раскрскици, поново да може полицијата благовремено да реагира.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: vardar
Date Posted: 09-Sep-2008 at 11:50
 

РЕЦИКЛИРАЊЕТО СО РЕКОРДЕН ПОРАСТ ГОДИНАВА

Крадците на железо прават штети од милиони евра

Се крадат железнички пруги, делови од трафостаници, мостови, а штетите се неколкупати поголеми од ќарот на крадците

Повеќе милиони евра е штетата што ја предизвикуваат крадците на железо во земјава. Најголеми штети трпат „Македонски железници“, ЕВН-Македонија, „Телеком“, „Македонија пат“, „Водовод и канализација“ и други претпријатија чија инфраструктура секојдневно е цел на собирачите на железо. Дека тие масовно и често нелегално собираат железни предмети сведочи податокот од Заводот за статистика дека во јули годинава секторот рециклирање бележи пораст од рекордни 10.042 отсто во однос на лани. Овој пораст најмногу се должи на тоа што Владата ја повлече забраната за откуп на старо железо.Цел на крадците се делови од железничките пруги, бакарни жици од сигнализацијата за возовите, метални делови од трафостаници, шрафови од далекуводи, сообраќајни знаци, метални огради од мостови, капаци од шахти, жици од предаватели, делови од хидранти. Се крадат и бисти, надгробни споменици, црковни ѕвона, делови од метални огради, акумулатори, врати од лифтови. Најчесто материјалната штета што ја прават крадците е неколкупати поголема од ќарот од продаденото железо. А неретко го загрозуваат и животот на граѓаните.

Според процените на „Македонски железници“, поради кражбите на метални делови досега имале штета од повеќе од еден милион евра. Најчесто навечер исчезнувале делови од пруги и бакарни кабли од железничката сигнализација. Поради тоа многупати настануваат дефекти на рампите, со што се загрозува животот на луѓето што ја преминуваат пругата.Ако навреме не забележиме украден дел од пруга, може да излета воз полн со патници. Последиците ќе бидат страшни. Крадците не размислуваат за тоа. Важно им е да соберат што е можно повеќе железо. Ние се трудиме да ги санираме дефектите во најкраток можен рок, но понекогаш се многу големи - велат во „Македонски железници“. Само во последниот месец крадците ја оштетиле „ЕВН-Македонија“ за околу 5.000 евра. Пред нецел месец, во Радовиш биле украдени метални делови од трафостаница, поради што стотина потрошувачи една недела останале без струја. Дефектот бил толку голем што екипите на ЕВН, кои интензивно работеле на теренот, не можеле да завршат за седум дена. Слични кражби имало и во Прилеп и во Гостивар.

- Пред извесно време некој ги украл металните шрафови од столб на „Окта“, поради што столбот падна врз наш далновод под висок напон. Направена е штета од неколку илјади евра. Вакви кражби има често. Нестручни лица ги чепкаат трафостаниците и далноводите, со што и сопствените животи ги доведуваат во опасност. Може да настрадаат и наши работници, а неретко трпат и потрошувачите. Најчесто се краде навечер и тоа метални делови. Пријавуваме во полиција, но крадците тешко се наоѓаат - вели Златко Попоски, портпарол на ЕВН.Крадците оперираат и на патиштата низ земјава. Речиси нема патоказ на кој не му недостига дел, од сообраќајните знаци се останати само металните шипки, од семафорите се извадени шрафовите. Се крадат дури и делови од оградите на мостовите. И од „Македонски телеком“ потврдуваат дека се соочуваат со ваков проблем. Од нивната мрежа исчезнуваат бакарни жици и капаци од шахти, кои завршуваат во откупните центри. Цената на килограм железо во откупните складови е од осум до 15 денари, во зависност од дебелината. Во повеќето складови каде што се јавивме ни напоменаа дека не примаат железо за кое е очигледно дека е украдено. Сепак, малкумина ги пријавуваат луѓето што ќе им донесат сомнителни парчиња. Сопствениците на откупните складишта што имаат лиценци велат дека проблемите ги создаваат дивите откупувачи, на кои не им е важно дали граѓаните им носат дел од пруга или ограда од мост. Тие бараат инспекторите да вршат построги и поредовни контроли за да ги казнат тие што го прекршуваат законот.МВР не ги евидентира кражбите на железо особено зашто нема податоци колку овој проблем е присутен во државава и како надлежните институции се справуваат со него.

Даница Тунтевска

 

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5486992D814C184EACD5F419B9FE24AF - dnevnik



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Sep-2008 at 12:04
Секогаш останувам без зборови од неверојатното ниво на дрскост и нечовечност на крадците, но и на тие што тоа го откупуваат.

Оваа појава би ја решавал со најрадикални мерки!!!


Posted By: maestro
Date Posted: 09-Sep-2008 at 13:12
Originally posted by Cloverstack


---Постирајте тука за ниското ниво на култура во урбаното живеење, за простаклуци, несовесно однесување, вандализми, дивеења, кражби...


Првпат јас на оваа тема!

Прво, Скопје никогаш нема да стане убав (УБАВ!) град, ако имаме ваква ниска култура на оваа малограѓанштина.
Убаво велат, луѓето се свестуваат само кога ќе ги удрат на џеб!
Затоа и убаво што направија закони за овој проблем!
Убави! Ама, зошто никој не ги применува??
Инаку, искршени канти за ѓубре и игралишта за деца, треви полни со ѓубре, згради исполнети со графити (што особено ме иритира!)...
ОВА ВЕЌЕ ВАКА НЕ МОЖЕ!

Ова го пишувам во момент на исфрустрираност од малограѓанштината


Posted By: zabegan
Date Posted: 09-Sep-2008 at 22:44
па добро бе имаат ли грам мозок крадциве, како може да крадат железо од структури кај што секое штрафче е битно за безбедноста на народот
ова е чист дебилизам


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Sep-2008 at 22:50
Еве сега баш читам. Се краделе цели контињери, па се сечеле, па на крај завршувале како старо железо. Еве апелирам до владата како што можеше да стави дебилни лиценци за алкохол, така да стави лиценци за откуп на старо железо, па да има само 10 места во Македонија кај што ќе може да се продаде старо железо под строга контрола од неколку независни инспектори, еден од општина, еден полицаец и еден од железара. Другше не бива!!!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Sep-2008 at 14:17
Полицијата инвалид


Нема кој да ја казни полицијата кога нејзино возило ќе се паркира непрописно. Полициско комбе минатата недела неколку часа стоеше паркирано на место резервирано за инвалиди на паркингот до плоштад Македонија..

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=156738&idg=8&idb=2470&rubrika=Skopje



Posted By: kire85
Date Posted: 10-Sep-2008 at 18:03
Previous

nevideni SUPACI....za niv treba 10 pati pojaki kazni od onie za obicnite gragjani....neizziveani kreteniMad


Posted By: vardar
Date Posted: 11-Sep-2008 at 12:18
Originally posted by lslcrew

Еве сега баш читам. Се краделе цели контињери, па се сечеле, па на крај завршувале како старо железо. Еве апелирам до владата како што можеше да стави дебилни лиценци за алкохол, така да стави лиценци за откуп на старо железо, па да има само 10 места во Македонија кај што ќе може да се продаде старо железо под строга контрола од неколку независни инспектори, еден од општина, еден полицаец и еден од железара. Другше не бива!!!
 
 
Целосно се согласувам, мора да се справат со овие морони еднаш засекогаш, зарем треба некој да умре па да се превземе нешто Bash   Доколку строго се контролира откупот ( и се воведат подрастични казни за сите што крадат а особено за тие што откупуваат) ќе се воведе некаков ред, иначе ваквите слики ќе бидат се почести низ градот.
 
 
 
Originally posted by Vladimir P

Еве нешто ново, од денеска.
Сега ги крадат и капаците од телефонија, кој се поголеми и потешки.
(лево и десно од ул. 29 Ноември сите капаци се украдени)



Ја би ги обесил оние што окупуват, па тогаш ќе престанат и тие што крадат


Posted By: kire85
Date Posted: 11-Sep-2008 at 18:18
Previous

ako ne se lazam ima zakon ili predlog zakon onie koi kradat kapaci od sahti da se gonat krivicno kako obid za ubistvo!! dali nekoj znae nesto potocno?


Posted By: vardar
Date Posted: 16-Oct-2008 at 08:14
Bash
 

Фото вест

Споменикот на децата-бегалци од Егејска Македонија во паркот „Жена-борец“ е осквернавен. Од Општина Центар велат дека веднаш ќе реагираат и ќе го отстранат цртежот. Делот од паркот беше уреден неодамна, но се извадени 40 штици од околните клупи, поради што случајот ќе биде пријавен во полиција.

Фото: Чедомир Ненковиќ

 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=64573F47D67E3446AE12D54F75934DD2 - dnevnik


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Nov-2008 at 23:52

Фасадите нападнати од плакати и графити

Откривањето на прекршителите е проблематично, бидејќи треба да се фатат на самото место при лепењето или пишувањето, велат од МВР


За поставување плакати и графити на недозволени места следуваат парични казни

Графити по ѕидовите на Кејот на реката Вардар, недолични цртежи и срамни пораки испишани по зградите и на други јавни објекти, па и на споменици, го нагрдуваат градот. Огласи со чудна содржина, залепени по бандерите, па и заборавени, плакати оставени и искинати го дополнуваат шарениот амбиент на метрополата. Тоа е добредојде за секој странец, турист, па и за скопјаните. Кампањски акции за нивно отстранување постојат, но не се доволни. Закани можат да се чујат само постизборно, кога градот буквално е излепен со ликовите на кандидатите, за парламентарни или за локални избори. Од Министерството за внатрешни работи велат дека е многу проблематично да се откријат виновниците за лепењето плакати на недозволено место. И Градот се брани со истото образложение.

- Стручните служби вршат редовни контроли на јавните површини. Но проблемот е во тоа што прекршителите мора да бидат фатени на самото место како ги лепат плакатите за да бидат казнети - децидни се од градската власт. Тие велат дека за поставување плакати на недозволени места и на јавни површини, како и досега, ќе постапуваат според Законот за изборите и Законот за јавната хигиена.Портпарол на МВР, Борче Пешевски, вели дека казните за тие што ќе бидат фатени како лепат плакати на недозволени места изнесуваат 50 евра за физички лица, а за правни лица се движат од 3.000 до 4.000 евра. За цртање графити, глобата е 150 евра.

За непочитување на Законот за лепењето плакати, од Градот потврдуваат дека досега не е казнета ниту една политичка партија. Надлежните објаснуваат дека учесниците во изборниот процес и другите граѓани што лепат плакати за разни случувања навреме ги потсетуваат на нивните обврски при поставувањето на пропагандниот материјал. Плакатите треба да бидат отстранети по завршувањето на определениот рок.

- Од 2005 година, во согласност со Законот за изборите, Градот Скопје за сите избори поставува паноа за лепење на предизборниот рекламен материјал. Паноата се поставуваат на повеќе локации на магистралните улици во Скопје. Локациите на кои ќе се постават паноата и нивните димензии се пропишани со Одлука на Советот на Град Скопје. Во пресрет на претстојните локални и претседателски избори, Градот Скопје навреме ќе распише конкурс на кој ќе може да се пријавуваат партиите за добивање бесплатен рекламен простор на паноата што ќе бидат поставени. Од пристигнатите пријави, со ждрепка се утврдува распоредот за користење на паноата - велат од Градот. Пред почетокот на политичката кампања спроти претседателските и локалните избори, во март в година, градските служби апелираат до сите учесници на изборите да го почитуваат законот и одржувањето на урбаниот ред. Што се однесува до чистењето и одржувањето на спомениците во градот, во согласност со Законот за спомениците од 2005 година, од Градот велат дека Министерството за култура треба да подготви листа на споменици за кои точно ќе се утврди кој е надлежен да ги одржува, односно да ги чисти. Тоа е потребно за Градот и општините да можат во рамките на своите буџети да предвидат и да издвојат средства што ќе послужат за таа намена.

ЗЕЛС ќе чисти графити

Голема акција за чистење на графитите во сите општини ќе почне на 21 ноември организирана од Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС).

- Општините ќе одредат места каде што ќе биде дозволено да се цртаат графити. Ќе направиме бетонски или билборди од друг материјал, кои ќе бидат високи два и широки три метри. Тие ќе се користат и за рекламирање на кандидатите за локалните и за претседателските избори - објасни Коце Трајановски, претседател на ЗЕЛС.Во отстранувањето на графитите ќе се вклучат и училиштата, вработените од детските градинки, куќните совети, невладините организации, јавни личности, амбасадори, дипломати, а ќе бидат повикани и претставници од Владата.

Анела Петрова



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5B2B05503498584BB196EEC0DA8CED7D


Posted By: zabegan
Date Posted: 12-Nov-2008 at 16:10
ај графитите ги разбирам како уметност на одредени локации, но нашиве „графити“ се невидени шкртаници со разни „мудри“ мислења и имиња, ај кај шкртаат по згради, па и по градските и националните споменици и објекти слободно си се изразува кој ќе стигне
а плактите во градов ги има насекаде, некои се и по неколку години стари и висат онака веќе скапани, а врз нив се лепат други



Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Nov-2008 at 01:47

На Градскиот плоштад Македонија веќе неколку дена минувачите имаат нова пречка, покрај градилиштето на кејот 13 Ноември. Со денови никој од надлежните не реагира на овој скршен канделабр. Скопјани се незадоволни што јадрото на градот станува се' по небезбедно и неугледно место за прошетки.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=AC1D6F15E59B6749AC9581B9BE489F8C




Posted By: beTon
Date Posted: 18-Nov-2008 at 03:20

http://www.ohridnews.net/index.php?mod=1&kat=4&id=3754&s=1 - Горат охридските контејнери !

Чудна „навика“ имаат нашите луѓе, да палат ѓубре, лисје, сува трева и слично за полесно да се „ослободат“ од непотребното. На пример пред некој ден, не верувам случајно, гореше ѓубре фрлено во контејнер. Ветрот му погодуваше на пламенот, па почна да чади како од некоја голема скара. Минувачите со марами ги покриваа лицата, а возачите добри десет минути немаа прегледност околу крстосницата „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“. По петнаесетина минути огнена „стихија“ и некои исчадени пљачки на соседните тераси, огнот згасна сам од себе. Никој не настрада, никој посебно и не се растревожи. А би требало. Во вакви ситуации секогаш малку недостига за да се прошири огнот. Сетете се на пожарот лани во февруари, во Лакочереј кога гореа 150.000 квадратни метри трска. Или пожарот на Галичица летово.


За што служат контејнерите?

Казна за неовластено и нестручно палење оган во Шведска е минимум 1.000 евра. Дури и дозволеното палење оган, на посебни места – се оданочува. Затоа е една од најеколошките земји во светот. А нашата не е.

http://www.ohridnews.net/index.php?mod=1&kat=4&id=3754&s=1 - Ohridnews - Спаско Костоски - 17.02.2008

оваа слика е честа појава низ цела Македонија, незнам дали со новиот закон дебело се санкционира ваквиот ѓубреџиски огномет, но на оваа појава треба да и се даде ако ништо друго како што се споменува во текстот - посебно место, како би се задоволиле евентуално нечии страсти Nuts !  во европа работите стојат ептен строго на ова поле, дури и во свој двор(на село) доколку сакаш да запалиш нешто треба да пријавиш во полиција и во пожарна кој период сакаш да палиш зада бидат евентуално на готовс, мораш да го обебедиш местото прописно и да имаш при себе апарат за гаснење! значи и на свој имот и тоа надвор од град мора да се држиш до строг режим, кој нормално доколку не го спроведеш јасно е дека ќе те закрпат, а пак доколку штета некаква предизвика таквото рециклирање тогаш крпењето се одвива зад решетки Eeek2 да заглавиш заради шкорчиња?! изгледа смешно додека човек е во пиромански ефект - афект... но последиците знаат да биднат со калифорниски размери па смешката на крај да премине во доживотна траума!



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Nov-2008 at 03:56

Општините ќе бришат графити

Акцијата за бришење на графитите во организација на ЗЕЛС ќе почне денеска, а ќе се приклучат сите скопски општини. Целта е со акцијата да се подигне јавната свест кај граѓаните за чиста околина. Општините ќе имаат обврска да постават бетонски паноа на кој љубителите за цртање графити ќе може да ги искажат своите уметнички афинитети. Подоцна истите ќе бидат наменети за лепење плакати во кампањата на следните локални избори.

Како што соопштуваат од Општина Кисела Вода, графитите ќе почнат да ги бришат денеска, во 11 часот, во основно училиште „Рајко Жинзифов“, во населбата Пинтија. Ќе продолжи во градинката „8 Март“, во Расадник, а графити ќе се бришат и во ОУ „Круме Кепески“ и на други места во општината.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8A5E7E94B456E64D968FCE5F84781015


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Dec-2008 at 15:09
Сликано во Карпош позади ОУ "Вера Циривири".




Posted By: BOJAN
Date Posted: 01-Dec-2008 at 16:44
Навали народе, ова сигурно ќе ви треба по дворовите, точно дека е знак ама можда ќе ви затреба некогаш во живототBow.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Dec-2008 at 18:31
Bojan не се чуди, ја имам видено масичка за на тераса напарвена од кружен знак. Прво не верувам и ми рекоа погледни од одоздоле и што да видам!!!


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 01-Dec-2008 at 18:46
pa sipkata moze da ja iskoristi za tresenjetepisi od znakot moze masicka da si napravi,ova go kazuvam zasto nekoj i go imaat napraeno.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Dec-2008 at 01:18

Електричен столб ја затвори улицата „Огњан Прица“

Паднат електричен столб од улично осветление вчера направи сообраќаен хаос на улицата „Огњан Прица“ во Кисела Вода. Столбот подолго време во попладневните часови беше легнат преку целата улица, а возачите се снаоѓаа како знаат и умеат низ околните улички.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=91776B6C27F42A44BC2E6DF17E4B148B




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Dec-2008 at 01:51


Освен ако не бил намерно турнат од некои вандали, не гледам како ова припаѓа во оваа нишка Dunno


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Dec-2008 at 12:41
ВАНДАЛИЗАМ НА ПАТОТ ТЕТОВО - ЈАЖИНЦЕ
Го казниле за брзо возење, ги испокршил сообраќајните знаци



Минатиот месец започна обновата на вертикалната сигнализација на регионалниот пат Тетово - граничен премин Јажинце, кон Косово. Поставени се нови информативни табли и сообраќајни знаци на 30-ина километри на оваа сообраќајница.
Вработените во "Македонија пат" се жалат дека знаците ги снемува или се оштетуваат само што ќе ги постават. Разгневен возач, казнет поради пречекорена брзина, на почетокот на минатиот месец ги испокршил знаците за ограничување на брзината, штотуку поставени кај селото Џепчиште.
Тетово - Јажинце со години е пат убиец, оти годишно на овој пат се случуваат од 150 до 200 сообраќајки со голем број мртви и тешко повредени лица.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=160563&idg=8&idb=2542&rubrika=Makedonija



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Dec-2008 at 12:49


Мислам дека во вакви случаи не треба да се заменуваат знаците се додека кај локалното население не созрее свеста дека тие се за општо добро, пред се нивно. Нема никаква логика во постојано фрлање на пари за нови знаци кога тие немаат шанси да преживеат и плус таквата пракса само го зацврстува веќе воспоставениот деструктивен циклус.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Dec-2008 at 19:10
Двајца неидентификувани вандали газат врз клупите на ул. Македонија

Ohno




Poke

Laugh Laugh Laugh Laugh Laugh Laugh Laugh Laugh Laugh Laugh




Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Dec-2008 at 19:14
Rollin


Posted By: zabegan
Date Posted: 28-Dec-2008 at 19:16
се за доброто на фотките LOL


Posted By: mitatos
Date Posted: 28-Dec-2008 at 19:47
хахахахах жива намешталка



-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: La Linea
Date Posted: 28-Dec-2008 at 20:07
Runaway


LOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOL

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 28-Dec-2008 at 20:54
BananaLaughLaughLaughLaughLaughLaughLaughLaughLaughLaughLaugh


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 29-Dec-2008 at 12:51
Добро дечки бидете поштени, па објаснете дека нашите документаристи ги избришаа кондурите пред да се качат Big%20smile

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Jan-2009 at 23:23
Толку им беше векот...  Wallbash


Новите „сигналитика“ табли повторно жртва на вандализам

Граѓаните на Град Скопје деновиве се вџашени од вандализмот врз штотуку обновените и повторно поставените информативни табли „сигналитика“.

Град Скопје пред неполн месец ги обнови таблите кои претходно беа целосно уништени од неодговорни граѓани и повторно ги врати на старите места да ја раскажуваат приказната за културните знаменитости и богатото културно наследство на градот.

Градските служби деновиве констатираа оштетувања на две сигналитички табли, кај црквата Свети Спас и во градскиот парк на кејот, при што кај едната е уништен дел од таблата, а кај другата кружниот дел од таблата е симнат од металниот постамент.

Град Скопје апелира до граѓаните да не ги уништуваат таблите за сигналитика и да покажат поголема одговорност кон заедничкото културно и градителско наследство со кое треба да се гордееме пред странските гости, а ние самите да осознаеме повеќе за нас и нашиот град од информациите кои се наоѓаат на тие табли.



Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 30-Jan-2009 at 07:34
Ova zgora me cudit navistina.. zosto vo bitola ima digitalna (computer touchscreen) mapa za informacii od gradot a nikoj ne ja cepka? zamisli takva vo skopje da se stavi.. partali ke bide napravena za nekolku casa.



-------------


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 30-Jan-2009 at 07:47

problemot e deka lugeto gledaat deka se kersit i  ne zboruvaat

jas koga vidam deka nekoj kersi nesto mu velam prestani ili so policijata ce imas rabota
ne e mozno nikoj da ne ja videl kako se krsi
mozebi ne ja sakaat gradot
takvi sme sekade krsat i vo kicevo bezobrazni luge, svojata zemja ja unistuvaat g*mn*arci


Posted By: zabegan
Date Posted: 30-Jan-2009 at 14:47
тука веќе не е проблемот во културата на луѓето, вандали си се вандали и секогаш кршат, за нив само казна, и мислам дека закон за вандализам е уште поважен од закон за фрлање на отпадоци


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jan-2009 at 14:50
Originally posted by zabegan

мислам дека закон за вандализам е уште поважен од закон за фрлање на отпадоци


Потпис


Posted By: гитардемон
Date Posted: 30-Jan-2009 at 15:48

И копирајт

Него тие во Битола веќе не функционираат, душата им ја извадоа мали дечиња што немаа видено екран на допир... А и постарите (тинејџери, средовековни и така натаму). А тие се на позајмица ќе ги вратат во Франција по 2011 или нешто така. Во духот на изборите би требало да кажам дека за тоа е заслужен градоначалникот кој направи многу добро во градот, и сигурно ќе го изгласаат пак, но бидејќи pbanks ни пушти известување дека не треба да зборуваме за изборите, нема да го кажам тоа за градоначалникот

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Jan-2009 at 15:56
Гитар не е проблем ако е некоја анегдота, аноунсментот е чисто да ни диши у врат да не навлеземе у некои дневно-политички препукувања. Да нема партиско мрсење ташаци!


Posted By: vardar
Date Posted: 31-Jan-2009 at 00:05
Originally posted by гитардемон

 
 
Во духот на изборите би требало да кажам дека за тоа е заслужен градоначалникот кој направи многу добро во градот, и сигурно ќе го изгласаат пак, но бидејќи pbanks ни пушти известување дека не треба да зборуваме за изборите, нема да го кажам тоа за градоначалникот
 
 
LOL Thumbs%20Up
 
 


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Jan-2009 at 21:49
1 Јавно WC на паркингот позади УЈП

2 Ул. Македонија/ул. Луј Пастер



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 31-Jan-2009 at 21:56
@pbanks - Јавно WC на паркингот позади УЈП

Зорт, одличен момет Applause


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/



Print Page | Close Window