Print Page | Close Window

Зонско паркирање во Скопје

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Паркинзи и гаражи
Forum Discription: Паркинзи, катни гаражи, подземни гаражи...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=715
Printed Date: 28-Mar-2024 at 22:12


Topic: Зонско паркирање во Скопје
Posted By: Cloverstack
Subject: Зонско паркирање во Скопје
Date Posted: 16-Jan-2008 at 04:52
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=44E5C01EC9D59E4DAEDF39072327AA86 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=44E5C01EC9D59E4DAEDF39072327AA86


Од април улично паркирање во три зони во центарот на градот


Најскапо ќе биде паркирањето во првата, црвена зона, односно на улиците „Никола Вапцаров“ и „Максим Горки“ кои ќе бидат специјално обележени за таа намена и ќе може да се останува само еден час

Паркирањето ќе се плаќа и ќе биде ограничено на еден, два или три часа

САЊА НАУМОВСКА

Улиците „Васил Главинов“, од семафорите кај „Палома Бјанка“ до зградата „Тифани“, потоа „Никола Вапцаров“ или поточно кај некогаш популарна продавница „Беба“, како и „Максим Горки“, се дел од црвената градска зона за улично паркирање. На овие улици кои и досега беа пренатрупани со возила, според проектот на јавното претпријатие „Градски паркинг“, наскоро ќе биде регулирано паркирањето возила. На „Васил Главинов“ ќе се паркира како и досега на тротоар, само на обележани полиња, додека на другите две локации ќе се паркира на улица. Паркирањето ќе биде ограничено на еден час и ќе биде најскапо. Центарот на градот е поделен на уште две зони, жолта и зелена, во кои паркирањето ќе биде ограничено на два, односно три часа. Плаќањето, според искуствата од регионот и пошироко, ќе биде со СМС- пораки со одредена содржина или со талончиња што ќе се купуваат во трафики, а на некои локации во „Малиот ринг“ ќе се постават и паркомати.

„Целта на зонското паркирање не е одземање на паркиралиштата од граѓаните, туку едноставно, воведување ред и ограничување на бројот на возилата кои ќе можат да паркираат во центар. Со тоа ќе овозможиме и одржување на условите за урбано живеење на задоволително ниво“, вели Ненад Тониќ од Секторот за сообраќај во Градот Скопје.

Дел од проектот на „Градски паркинг“ за зонско паркирање се и кејот „13 Ноември“, на потегот кај некогашен „Дрводекор“ и кејот „Димитар Влахов“, од спротивната страна, кај црквата „Света Богородица“. Тука паркирањето ќе биде комбинирано: дел на улица, дел на тротоар. Во планот за ставање ред во паркирањето на улица, влегуваат и улицата кај Канцеларијата за врски на Грција и пред Општина Центар, како и улиците „Ленинова“ и „Орце Николов“, каде што паркирање ќе биде дозволено пред Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, а од безбедносни причини ќе биде изземен делот пред Генералштабот на АРМ. Во третата зона, каде што ќе биде дозволено задржување до три часа, влегуваат деловите на Дебар Маало и Буњаковец. Заради реализација на проектот, особено во Дебар Маало, дел од улиците ќе станат и еднонасочни.

Во „Градски паркинг“ очекуваат реализацијата на проектот да започне во април со обележување на дел од локациите. Зонското паркирање ќе се воведува етапно, со можност граѓаните да се навикнат на новиот режим. Според планот, веќе во мај целиот систем ќе функционира. Во иднина, вели директорот на јавното претпријатие, Љупчо Јованов, тој може и да се прошири во делови од градот каде што паркирањето е проблем, како што е потегот кај Судската палата или МТВ.




Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Jun-2008 at 01:43


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Aug-2008 at 23:28

Паркирањето на улица ќе отвори над 2.000 нови паркинг-места

До крајот на месецов ќе биде позната фирмата од која ќе биде набавен потребниот софтвер

До крајот на месецов ќе биде позната фирмата од која ќе биде набавена потребната опрема за реализација на системот за зонско паркирање. По завршувањето на тендерот, комисијата ќе ги разгледа понудите и ќе одлучи кое софтверско решение е најдобро за реализација на паркирањето на улица во Скопје. Според проектот на јавното претпријатие „Градски паркинг“, опфатени се локации во „Мал ринг“ и во „Голем ринг“, но и надвор од нив. Во иднина на овие места ќе биде дозволено паркирање со временско ограничување, најверојатно од еден или два часа. Улиците каде што ќе може да се паркира веќе се утврдени и имаат одобрение од градскиот Сектор за сообраќај, а моментно се чека зелено светло и од Министерството за внатрешни работи.

Улиците „Васил Главинов“ од семафорите кај „Палома бјанка“ до зградата Тифани, „Никола Вапцаров“ кај некогашна „Беба“, како и „Максим Горки“ се дел од црвената градска зона. Дел од проектот се и кејот „13 Ноември“ кај „Дрводекор“ и кејот „Димитар Влахов“ од спротивната страна. Ќе се паркира и на улицата кај Канцеларијата за врски на Грција и пред Општина Центар, на улиците „Ленинова“ и „Орце Николов“, како и на повеќе локации во Дебар Маало и Буњаковец. На овој начин во најтесните грла во центарот на градот ќе бидат отворени уште 2.000-3.000 нови места за паркирање.

Како што информираат во „Градски паркинг“, по изборот на фирмата од која ќе се набави опремата, имплементацијата на зонското паркирање ќе почне веднаш. Ќе се реализира фазно, најпрво на локации каде што е најпотребно, но и наједноставно за да се приспособат и граѓаните. Плаќањето ќе биде утврдено на два начина со праќање СМС до одреден број, каде што ќе се регистрираат локацијата и времето на паркирање, по што ќе се добие повратен одговор, а цената ќе биде одбиена од телефонската сметка на повикувачот. Ќе се плаќа и со талонче кое ќе може да се купи во која било трафика. (С.Н.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8D8FFFDDD289AE4F81B032FFAA9C81B4


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Aug-2008 at 11:25

Ќе се наплатува паркирање на улица и на тротоар

Цената за паркирање во трите зони не е се' уште одредена, но наплатата ќе се врши со испраќање СМС-порака или со картичка што ќе се купува во трафиките, велат во „Градски паркинг"


Од септември ќе биде дозволено паркирање на улицата Даме
 Груев

Од следниот месец ќе почне пробно да функционира системот на зонско паркирање на улиците Даме Груев и Мито Хаџивасилев Јасмин во централното градско подрачје, вели Љупчо Јованов, директор на „Градски паркинг“.Во септември, додека граѓаните се навикнат на новиот систем, ќе биде бесплатно паркирањето на улиците спроти трговскиот центар „Плаза“ и зад Собранието, како и кај „Рамстор“ и поранешната зграда на „Нова Македонија“.Во „Градски паркинг“ велат дека не е се' уште одредена цената за паркирање во трите зони на кои е поделено централното градско подрачје. Во првата зона ќе биде дозволено паркирање до 60 минути, во втората - 120 и во третата зона -180 минути.

Со зонското паркирање ќе се опфати просторот меѓу булеварите Илинден, Франклин Рузвелт, Кочо Рацин и Митрополит Теодосиј Гологанов. На улиците во овој реон ќе се обележат до 4.000 паркинг места на кои ќе се постават уреди за наплата на паркирањето - паркомати. Граѓаните ќе може за паркирање да плаќаат со испраќање СМС-порака или со картичка што ќе се купува во трафиките. Центарот на градот да биде поделен на три зони. Прва, црвена зона, ќе биде Малиот ринг, а ќе се простира помеѓу булеварот Гоце Делчев и улиците Даме Груев, Стив Наумов и Георги Димитров. Втората, жолта зона, ќе се протега помеѓу булеварите: Климент Охридски, Кочо Рацин, Гоце Делчев и улицата Мито Хаџивасилев Јасмин. Третата, зелена зона, ќе почнува од улицата Илинден до Рузвелтова и улицата Теодосиј Гологанов - вели директорот Јованов.Црвената зона, која ќе биде во строгото централно градско подрачје, ќе биде најскапа, а колку што ќе се оди подалеку од центарот ќе биде поевтино. Проектот за зонско паркирање ги почитува нормите и законите пропишани за паркирање на улица. За пешаците и за велосипедистите ќе се остави простор за движење - вели Јованов.Зонското паркирање беше најавено дека ќе почне во март, па во почетокот на јули, но работата се одолжи поради сложената постапка за јавна набавка на софтвер и уредите за наплата на паркирањето.На јавниот оглас се јавиле пет фирми: „Дуна компјутери“, „Некст сенс“, „Сивус“ , „Пексим“ и „Ултра“. Комисија составена од двајца професори од Факултетот за сообраќај во Битола, еден од Машинскиот факултет и двајца од Електротехничкиот факултет во Скопје ќе направи ранг-листа на понудата на фирмите. Потоа, Комисијата за јавни набавки формирана од „Градски паркинг“ ќе го избере најповолниот понудувач со кого ќе биде склучен договор.

Според условите од јавниот повик, фирмите-кандидати треба да имаат спроведено зонско паркирање барем во два града со минимум 500 улични паркинг-места. Фирмата треба да има годишен обрт од 30 милиони денари, најмалку еден искусен програмски инженер и двајца систем-инженери. Кандидатот задолжително треба да има сертификати за ИСО 9001 и ИСО 2000 стандарди.Спроведувањето на постапката за набавка и инсталирање на системот за зонско паркирање ќе чини 7.300.000 денари, без данок на додадена вредност, а парите ги обезбеди „Градски паркинг“.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CCA550D300BCB64999CF92DBFFF4A683


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Sep-2008 at 22:27
Преку СМС и картички-грепки ќе се бара место за паркинг


Во текот на наредните две до три недели ќе се имплементира и системот за наплата со картички-грепки на кои ќе се евидентира зоната, денот и времето на паркирање. За спроведување на ваквиот начин на наплата ќе бидат вработени контролори кои ќе бидат снабдени со уреди за контрола на картичките


На еднонасочните улици М. Х. Јасмин и Даме Груев во централното градско подрачје, деновиве ќе започне бележење на едната коловозна лента на која ќе се овозможи паркирање. Граѓаните ќе имаат можност преку СМС порака од мобилни телефони или со картичка-грепка да обезбедат место за паркирање. Од ЈП "Градски паркинг" велат дека веќе се водат преговори со фирми кои ќе го имплементираат системот за наплата на овие две сообраќајници со кои ќе започне и реализација на проектот за зонското паркирање на еднонасочните улици.
- По налог на Град Скопје ЈП "Улици и патишта" треба прво да изврши бележење на коловозот, по што ќе следи и поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација. Ние дополнително ќе поставиме табли на кои ќе стои за која зона се работи и на кој број граѓаните можат да се јават ако паркирањето го плаќаат преку СМС. Избраната фирма пак, за две до три недели ќе треба да го постави и системот за плаќање преку картичка-грепка, која ќе се купува во продавниците или трафиките, објаснува Љупчо Јованов директор на ЈП "Градски паркинг".

Според Јованов ќе има три типа на картички кои ќе се однесуваат за еден, два или три часа паркирање. За спроведување на ваквиот начин на наплата ќе бидат вработени контролори кои ќе бидат снабдени со уреди за контрола на картичките, на кои ќе евидентира зоната, денот и времето во кое се врши паркирање. За тоа по која цена ќе се продаваат картичките и колку ќе чини паркирањето во оваа зона одлуката допрва треба да ја донесе Советот на Град Скопје.
- Во секој случај, цената нема да биде повисока од сегашните цени кои важат и за паркиралиштата кои функционираат во непосредна близина. Во меѓувреме преку медиумите ќе се спроведе и кампања за запознавање на граѓаните со овој вид на паркирање и начинот на плаќање, со оглед дека со овој проект ќе бидат опфатени и другите еднонасочни улици во центарот на Скопје, додава Јованов, кој напоменува дека во првите две недели од спроведувањето на проектот паркирањето ќе биде бесплатно.

http://vecer.com.mk/?ItemID=7828C40468C79D47A7520A45E2ADA2CB



Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Sep-2008 at 22:45
На М.Х.Јасмин и Даме Груев ќе пробуваат вакво нешто? Crazy Па овие имаат ли мозок и двете улици а посебо Јасмин се страшно закрчени и овака уште една лента да земат од тоа (таа една лента BTW сигурно нема да го реши проблемот со паркирањето). 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Sep-2008 at 23:24


Ни јас не знам кој им е резонот, веројатно тоа што за поминување не можат да наплатат, ама за паркирање можат Bash


Posted By: vardar
Date Posted: 06-Oct-2008 at 07:56

Се воведува ред во центарот на градот

Зонско паркирање до средината на месецов

Проектот предвидува три зони, а плаќањето ќе се врши преку СМС-пораки, со талони и со паркинг-апарати

Проектот за зонско паркирање во Скопје треба да се реализира до средината на октомври. Деновиве јавното претпријатие „Градски паркинг“ треба да почне со бележење на паркинзите во пробната зона, на улиците Даме Груев и Мито Хаџивасилев-Јамин, спроти Музејот на Град Скопје и ТЦ „Рамстор“. Овие веќе постојни паркинг-простори, според Проектот, ќе ги користи ЈП „Градски паркинг“.

По бележењето на коловозот, следува поставување на хоризонтална и на вертикална сигнализација, на табли за означување на зоната, со бројот на кој граѓаните ќе можат да се јават ако паркирањето го плаќаат преку СМС-порака. За две до три недели треба да се постави и системот за плаќање преку картичка-грепка.Како и во другите метрополи - Софија, Белград, Загреб..., зонското паркирање ќе значи воведување контрола на сообраќајот во мирување, се намалува времето при барање слободно место за паркинг и метежот по сообраќајниците што се создава поради неправилно паркирани/запрени возила.

Од „Градски паркинг“ велат дека се' уште не е избрана фирма што ќе го спроведе проектот. На објавениот тендер се јавиле осум фирми, од кои едната е со нецелосна документација. Фирмите имале презентација пред експертска комисија, која ќе избере минимум три фирми. Со најповолниот понудувач од нив ќе биде склучен договор.Еден месец, додека не се навикнат, граѓаните ќе може услугите да ги користат бесплатно. Зонското паркирање ќе ги опфати булеварот Илинден - од северната страна, булеварот Франклин Рузвелт - од западната страна, булеварот Кочо Рацин - од југоисточна страна и булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, од јужната страна.

Овој зонски систем на паркирање ќе биде со капацитет на инсталирање од 3.700 до 4.000 паркинг-места. Системот ќе функционира на повик и ќе биде со резервација. Повикот може да се врши од мобилен телефон, но ќе може да се резервира со СМС-порака. Исто така, ќе биде инсталиран систем на паркинг-апарати, уреди за паркирање, по примерот на паркинзите во Загреб.

Овој проект предвидува центарот на градот да биде поделен на три зони. Црвена зона ќе биде Малиот ринг - меѓу булеварот Гоце Делчев и улиците Даме Груев, Стив Наумов и Георги Димитров. Жолтата зона ќе се протега помеѓу булеварите Климент Охридски, Кочо Рацин, Гоце Делчев и улицата Мито Хаџивасилев- Јасмин. Зелена зона ќе почнува од улицата Илинден до Рузвелтова и улицата Теодосиј Гологанов. Во првата зона ќе биде дозволено паркирање до 60 минути, во втората 120 и во третата зона до 180 минути. Плаќањето ќе се врши преку СМС-пораки, со талони и со паркинг-апарати. Црвената зона, која ќе биде во строгото централно градско подрачје, ќе биде најскапа, а колку што ќе се оди подалеку од центарот, ќе биде поевтино. Жолтата зона ќе биде поевтина од црвената, а зелената, која е најоддалечена од центарот, ќе биде најевтина. Цената на паркирањето во некои зони ќе се одреди откако ќе биде спроведен овој проект.

Спроведување на постапката за набавка и за инсталирање на системот за зонско паркирање ќе чини 7.300.000 денари, без ДДВ, а средствата ќе ги обезбеди „Градски паркинг“.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8BF2B63A42949648BCD3859F1857C7C5 - dnevnik


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Nov-2008 at 00:53

Во центарот ќе биде дозволено паркирање само еден час

За паркирањето ќе се плаќа преку СМС или со талонче, а следната година ќе се постават и паркомати

Сања Наумовска

Зонското паркирање во Скопје ќе почне на трите паркиралишта кај полициската станица „Беко“, на улицата „Даме Груев“ зад Собрание и на улицата „Мито Хаџивасилев-Јасмин“. Претходно, на овие три локации ќе бидат поставени табли со информации како да се користи паркингот и како да се плати за услугата. Паркирањето во строгиот центар на градот ќе биде ограничено на еден час. Следната година, во зависност од потребата и од фреквенцијата на возилата низ центарот, ќе се набават и паркомати кои ќе бидат поставени на најоптоварените улици.

Постепено, зоните на паркирање ќе се шират во кругот околу централното подрачје, во рамки на булеварите „Илинденска“, „Партизанска“, „Гоце Делчев“, „Кочо Рацин“ и улиците „Железничка“ и „Рузвелтова“. Дополнително зонско паркирање ќе биде воведено и околу Судската палата, кај Музејот на Скопје и на други локации. На овој начин во најтесните грла во центарот на градот ќе бидат отворени уште 2.000-3.000 нови места за паркирање.

Почетокот на проектот за зонско паркирање го чека изборот на фирмата што ќе го инсталира софтверот. Во текот на следните две недели, од четирите фирми што се јавиле на тендерот ќе се избере најдобриот понудувач, по што ќе се тестира опремата.

Според директорот на „Градски паркинг“, Љупчо Јованов, во прво време за паркинг ќе се плаќа преку СМС или со купување талонче. На терен постојано ќе има контролори кои ќе проверуваат дали сопственикот на возилото платил за паркирање.

„Системот за зонско паркирање ќе биде поврзан со сите мобилни оператори, од каде што ќе се добива информација дали за одредено возило е платен паркинг. Сопственикот во пораката треба да го испрати бројот на регистрацијата, а од сметката ќе му се симнат пари во висина на цената на паркирањето. Ако се одлучи да купи талонче, ќе треба да го истакне на видно место на ветробранското стакло“, вели Јованов.

Засега не е разговарано за цената на паркирањето, но се знае дека таа ќе биде различна во сите три зони. Најскапо ќе биде во првата зона што го опфаќа најстрогиот центар. Времето дозволено за паркирање, исто така, ќе биде различно во сите зони. Во почетокот, во првата зона ќе се паркира по 2 часа, а во иднина времето ќе се намали на 1 час. Во втората зона во прво време ќе биде три часа, па потоа два часа, додека во третата зона во почеток ќе може да се паркира четири часа, за подоцна да се намали на три часа. Следната година, вели Јованов, во зависност од потребата и од фреквенцијата на возилата низ центарот, ќе се набават и паркомати, кои ќе бидат поставени на најоптоварените улици.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=CEC5FAC5F1E5D44B803DAAD626B983EE




Posted By: La Linea
Date Posted: 24-Jan-2009 at 00:40

Паркирање во првата зона ќе чини 45 денари за еден час

Се' уште не може да се прецизира кога ќе стартува овој вид паркирање

Сања Наумовска

Цената за паркирање во првата зона во најстрогиот центар ќе чини 45 денари за еден час. Во втората зона, според предлогот на јавното претпријатие „Градски паркинг“, цената е 35, а во третата 25 денари за час.

Овие предлози деновиве се доставени до Советот на Скопје, кој на следната седница идната недела ќе треба да ги потврди. Во Јавното претпријатие засега не можат да прецизираат кога ќе започне примената на зонското паркирање поради тоа што не е дефинитивно избрана фирмата која ќе го инсталира софтверот. Една од четирите фирми кои влегоа во конкуренција поднела жалба до Второстепената комисија, а решението се очекува идната недела. По изборот на фирмата и потпишувањето на договорот, ќе следува еден месец подготовка на системот и инсталирање на софтверот. Во тој период „Градски паркинг“ ќе спроведе и кампања за информирање на граѓаните за новиот систем на паркирање и начините на плаќање.

„Паркирањето во првата зона ќе биде ограничено на еден час, во втората на два и во третата зона до три часа. Плаќањето ќе се врши со праќање СМС- порака до определен број, од каде што корисникот ќе добие повратна порака, како и со купување талонче од трафика, кое пак ќе треба да стои на видно место заради контрола“, вели Љупчо Јованов, директор на „Градски паркинг“.

Тој најавува дека зонското паркирање во Скопје би требало да започне на паркиралиштата на улиците „Даме Груев“ и „Мито Хаџи Василев - Јасмин“, кои се во првата зона и беа обележани пред два месеца. Наскоро во зонското паркирање треба да влезе и паркингот „Камен мост“ пред Министерството за транспорт и врски.

Корисниците на овие паркиралишта ќе можат да платат и месечна карта која ќе чини 5.000 денари за првата зона, 4.000 денари за втората и 3.000 денари за третата зона. За жителите на околните згради, информираат во „Градски паркинг“, е предложена цената од 200 денари за еден месец, која важи на сите паркиралишта на јавното претпријатие.

За сите кои ќе се обидат да го избегнат плаќањето, кои нема да се паркираат во исцртаното паркинг- место, или пак ќе направат друг прекршок, ќе има парични казни. Во првата зона казната изнесува 1.300 денари, во втората 1.000, а во третата 700 денари. На сите паркинзи кои ќе функционираат во зонскиот систем редот ќе го одржуваат вработени во „Градски паркинг“, кои ќе патролираат и ќе ги проверуваат возилата.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E2DDAC179CFF3B46803349ACDF67D929


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: La Linea
Date Posted: 24-Jan-2009 at 01:43
Скептичен сум и во однос на СМС-плаќањето - не можам да го замислам како функционира тоа. Има некој од вас искуство со нешто слично на ова?



Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Jan-2009 at 02:45
Ја имам слично искуство во Црна Гора, односно искуство од другар. Тамо требело наместо по смс да платиш на некој човек што се мотал тука и дечково незнаел си паркирал и си отишол. После колата си ја нашол во пајак заради неплатено паркирање. Инаку кога ќе си му плател на човекот (кај нас нема да биде човек ќе биде смс) добиваш ливче кое го оставаш на шал-табла од внатрешна страна да се гледа. На ливчето имаш код, односно токен кое е генериран врз база на твојата рег. таблица и врз база на времето кога си паркирал и за колку време ти важи ливчето плус некој код за да неможе луќево да му влезат у финта. Кога ќе дојде пајак го гледа ливчето и го проверува кодот по пос терминал (преку интернет) и гледа дека уствари си платил и пајак не те дира, у спротивно ќе те дигне пајак.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 24-Jan-2009 at 13:18
Јас кога бев во Хрватска последно бев во скоро секое можно градче на брегот и во тие малку поголемките (1000-2000 жители) секој паркинг покрај морето беше на ваков смс принцип. Јас колку што разбрав и колку што се сеќавам на текстот испишан таму, треба бројот на табличката да го пратиш а и колку време сакаш да паркираш, и тоа е сè. Мислам не ти стигнува повратна порака со код, туку потврда дека е платено, и те имаат веднаш во системот кога проверуваат. Инаку нормално имаше и човек што наплаќа рачно за секој случај, бидејќи ако во некој случај немаш телефон (си го заборавил, загинал, од странство доаѓаш немаш роуминг) нормално не можеш преку смс да платиш. Тоа кај нас нема да им текне, 100%.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: La Linea
Date Posted: 24-Jan-2009 at 13:26
Originally posted by гитардемон

Јас кога бев во Хрватска последно бев во скоро секое можно градче на брегот и во тие малку поголемките (1000-2000 жители) секој паркинг покрај морето беше на ваков смс принцип. Јас колку што разбрав и колку што се сеќавам на текстот испишан таму, треба бројот на табличката да го пратиш а и колку време сакаш да паркираш, и тоа е сè. Мислам не ти стигнува повратна порака со код, туку потврда дека е платено, и те имаат веднаш во системот кога проверуваат. Инаку нормално имаше и човек што наплаќа рачно за секој случај, бидејќи ако во некој случај немаш телефон (си го заборавил, загинал, од странство доаѓаш немаш роуминг) нормално не можеш преку смс да платиш. Тоа кај нас нема да им текне, 100%.


Не ми се допаѓа тоа со - колку време ќе паркираш! Од кај да знам колку време ќе паркирам, зошто да плаќам повеќе ако морам итно да си одам, или пак зошто да бидам на штрек дека ќе ми ја кренат колата ако сакам да се порелаксирам некаде во центар?

A наплаќаш со пари од кредитот на мобилен!? Така ли оди ова?


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Jan-2009 at 13:54
ДОбар начин е да можеш да си продолжиш! Да речеме седиш накеда у кафиќ, шеташ низ трговски и ти текне дека ти истекло времето да си пратиш уште една порака. У ако дојде контролорот да те профери кога ќе го куцне стариот код да види дека ти е продолжено!


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 24-Jan-2009 at 16:56
Originally posted by La Linea




A наплаќаш со пари од кредитот на мобилен!? Така ли оди ова?

da ti cedat od kretit ili smetka sto i da e,ama kolku sto znam imaat edna greshka,beshe edna koleshka tamo letovo i so broj od t-mobile ne mozela toa da go naprai,znaci moralo da imash nivno brojce e sea ova dali e greshka ili  im e finta za da im kupuvash brojcinja neznam..


Posted By: гитардемон
Date Posted: 24-Jan-2009 at 19:22
Originally posted by lslcrew

ДОбар начин е да можеш да си продолжиш! Да речеме седиш накеда у кафиќ, шеташ низ трговски и ти текне дека ти истекло времето да си пратиш уште една порака. У ако дојде контролорот да те профери кога ќе го куцне стариот код да види дека ти е продолжено!


Може да си го продолжиш, и тоа го пишуваше, како се продолжува. Инаку за операторот нема врска, може од било кој. Е сега тоа што се случило може да била некоја грешка во системот моментална.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 24-Jan-2009 at 20:33
Previousneznam mene taka mi kazaa taka prenesuvam,moze bila momentalna greska


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jan-2009 at 12:08
Казна од 1.300 денари за паркирање подолго од час во центарот



Скопје
Ако некој возач се задржи повеќе од еден час во првата зона за зонско паркирање, односно во строгиот центар, ќе мора да плати казна од 1.300 денари. За втората и за третата зона максималното време за задржување е два, односно три часа, а казните за пречекорување на овие термини изнесуваат 1.000 денари за втората, а 700 денари за третата. Ова го пишува во предлог-ценовникот за зонското паркирање што треба да го усвои градскиот совет на седницата што ќе се одржи в среда.

На истата седница треба да се донесе и одлука сите паркиралишта на јавното претпријатие „Градски паркинг“ да поскапат за десет денари. Директорот Љупчо Јованов ја објаснува новата цена со зголемената комунална такса за користење на просторот.

.........

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=299&top=1&ArticleID=16479


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Feb-2009 at 17:42
СОВЕТНИЦИТЕ ГО ОДОБРИЈА ПРЕДЛОГОТ НА „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“
Ценовникот утврден, паркирањето по зони доцни

Роза Петкова

Градските советници го одобрија ценовникот на ЈП „Градски паркинг“ по кој ќе се наплаќа зонското паркирање. Еден час во првата зона, односно подрачјето на „Мал ринг“, ќе чини 45 денари, во втората зона односно во „Голем ринг“ 35 денари, а во третата зона, која ќе ги опфати улиците Илинденска, Рузвелтова и булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, 25 денари. Сепак, зонското паркирање нема да почне ни во наредните три месеци и покрај многуте најави и по неколку месеци откако два паркинзи се обележани. - Треба време за да се заврши техничката документација и да се потпише договор со фирмата „Некст сенс“, која е избрана на тендер за да го спроведува софтверот - вели Љупчо Јованов, директор на претпријатието. Тој објасни дека во првата зона ќе биде дозволено само еден час паркирање, а по истекот граѓаните ќе добиваат доплатна карта од 1.300 денари, која всушност ќе им биде казна за пречекорување на времето. Во втората зона првите пет минути ќе им бидат бесплатни и ќе може да се доплатат за уште еден час. Во третата, пак, првите десет минути нема да се наплаќаат, а ќе може да се остане најмногу три часа. Казните за пречекорување на времето во втората и во третата зона ќе изнесуваат 1000 денари, односно 700 денари. Во неделите, работните денови по 21 часот и саботите по 16 часот паркирањето во зоните нема да се наплаќа. За фирмите месечната карта ќе чини 5.000 денари во првата, 4.000 во втората и 3.000 денари во третата зона. Станарите што живеат во зградите каде што ќе биде паркирањето по зони, ќе може месечно да ја користат услугата за 200 денари. Јавното претпријатие планира проектот да го почне на неколку локации - кај двете паркиралишта на улицата Мито Хаџи Василев-Јасмин, спроти „Рамстор“ и на тие кај полициската станица „Беко“ и зад Собрание, како и на постојното кај Камени мост. За последнава локација, која се уште не е бележена за паркирање, одговорните велат дека не планираат да вложуваат во нејзино уредување. - Не знаеме кога ќе се реализираат плановите за тој простор кои ги имаат Градот и Општина Центар, па поради тоа нема да вложуваме во инфраструктурата, а ќе обележиме места за паркирање онаму каде што може да се направи тоа - додава Јованов. Зонското паркирање ќе се наплаќа со СМС-порака и со талони. Преку мобилен ќе се одзема сумата на цената од кредитот, а на талонот ќе се изгребат полињата за да се означи денот и часот на користење на услугата. Избраната фирма „Некст сенс“ е претставништво кај нас на фирма која во Естонија го спровела зонското паркирање. Проектот е работен според европски модел кој функционира во Брисел и други метрополи.

Повлечено барањето на „Градски паркинг“

Одлуката со која „Градски паркинг“ требаше да побара поскапување на услугите на паркиралиштата со кои стопанисува директорот на претпријатието ја повлече од дневен ред со образложение дека треба да се усогласат со Градот.
- Во разговори сме да ни одобрат комунална такса која му ја плаќаме на градот и која во моментот изнесува 10 денари од час, да се пресметува процентуално и да биде од 10 до 15 проценти од цената за час паркирање – вели директорот Љупчо Јованов.
Инаку „Градски паркинг“ досега не ги издвојуваше овие пари во градската каса, туку ги реинвестираше во своето работење. Од 2011 година претпријатието ќе треба да му плаќа на Градот.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1616&ArticleID=107143


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Feb-2009 at 00:33
Паркирањето во центар ќе стане луксуз

Со новите цени за зонското паркирање што треба да профункционира од април, во првата црвена зона ќе може да се паркира само еден час, што ќе чини 45 денари


Во старт 15 денари од цената за еден час паркирање се давачки за државата

На граѓаните им се скапи новите цени утврдени за зонското паркирање. Според новиот ценовник, во првата црвена зона, во строгиот центар, односно Малиот ринг, паркирањето ќе чини 45 денари и ќе биде ограничено на еден час, а во втората жолта зона, ограничена на најмногу три часа паркирање, ќе чини 35 денари, и во третата, зелена зона ќе биде најевтино - 25 денари, а паркирањето ќе биде неограничено.

Со зонското паркирање што треба да профункционира од април, ќе се создадат 3.000 нови паркинг-места и ќе им се овозможи на граѓаните што живеат во строгиот центар да имаат доволно паркинг-простори пред своите живеалишта, вели Панче Стојановски, помошник-директор во „Градски паркинг“. Од ова јавно претпријатие велат дека средствата што ќе се собираат од зонското паркирање, како и досега, ќе се трошат строго наменски. Тие ќе се користат за правење нови паркинг-простори и за изградба на катни гаражи, со што, исто така ќе се намали притисокот за паркирање во строгиот центар.Нашите возачи не сакаат да платат ниту 10 денари за паркинг, а камоли петпати повеќе, се жалат граѓаните.


- Новите цени се косат со нашиот стандард. Ако на пример во текот на денот треба да завршам работа на три места во строгиот центар на градот, треба да платам 135 денари за паркинг. Тоа е катастрофа, вели Стево Малески, жител на Скопје. Архитектот Никола Велковски потенцира дека граѓаните треба да се стимулираат и со пониски цени да се воведе системот на зонско паркирање. Целта е, вели тој, возилата да се оставаат на поголема оддалеченост од строгиот центар и да се користи јавниот градски превоз. Предуслов е да се создадат соодветни услови во јавниот градски превоз, кои засега ги нема. Овој систем ќе ги истисне оние што паркираат во строгиот центар, а немаат некоја итна потреба.

За „Градски паркинг“, цените се соодветни и реални, дури и под нивото, ако се земе предвид дека во цената се внесени и давачките кон државата.

- Должни сме на државата да и' дадеме 10 денари комунална такса од час паркирање, плус 18 проценти ДДВ, што значи дека во старт 15 денари од цената се само давачки. И тие цени што се определени, било за зонското паркирање, било за постојните паркинзи, не се комерцијални и не ги покриваат нашите трошоци, вели Панче Стојановски, помошник-директор во „Градски паркинг“. Тој додава дека треба да се земе предвид и природата на работењето.

- Секој паркинг го опслужуваат најмалку четворица вработени, а реално би требало шестмина, зашто се работи 24 часа, во три смени. И тоа би требало да се земе предвид во формирањето на цената, образлага Стојановски. Стојановски тврди дека тие се далеку пониски од цените во другите земји. На пример, паркирање во строгиот центар на Белград чини 2 евра од час, а тука некаде е и Загреб.

Единствено што јавното претпријатие може да направи за да се реши проблемот со паркирањето е да создаде паркинг-простори надвор од строгиот центар што ќе бидат далеку поевтини, со тоа што луѓето ќе треба да пешачат две до три минути за да се стаса во централното јадро.„Градски паркинг“ стопанисува со 15 паркинзи во Скопје за кои тврди дека инфраструктурно ги задоволуваат сите услови, од уреденоста, осветленоста, па до пристапноста.

Монтажна катна гаража кај поштата

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ ќе изгради нов паркинг-простор под Транспортниот центар, на просторот спроти „Космофон“. Проектот веќе е во подготовка. Паркигот би почнал да се гради напролет, а би се завршила до јуни. Цената на паркирање би била 10 денари, а за жителите што живеат во блиските згради месечната карта би чинела 200 денари.Монтажни катни гаражи се предвидуваат кај поштата и кај Транспортниот центар.

ИНФО-Нови 3.000 паркинг-места

Со зонското паркирање што треба да профункционира од април, ќе се создадат 3.000 нови паркинг-места и ќе им се овозможи на граѓаните што живеат во строгиот центар да имаат доволно паркинг-простори пред своите живеалишта,Во Малиот ринг, паркирањето ќе чини 45 денари и ќе биде ограничено на еден час. Во втората, жолта зона, ограничена на најмногу три часа, паркирањето ќе чини 35 денари, а во третата, зелена зона, ќе биде најевтино - 25 денари, каде што паркирањето ќе биде временски неограничено.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C047A89399DB254C880A37EC997F4D18


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Feb-2009 at 00:38
Од ова јавно претпријатие велат дека средствата што ќе се собираат од зонското паркирање, како и досега, ќе се трошат строго наменски. Тие ќе се користат за правење нови паркинг-простори и за изградба на катни гаражи, со што, исто така ќе се намали притисокот за паркирање во строгиот центар.


Малку сум скептичен за тоа како до сега се користеле тие пари. А особено за катните гаражи сите сме свесни каква беше праксата - маркичка за катна гаража се доделува на приватен инвеститор кој гради деловен објект со многукратно помал капацитет за паркирање отколку што била предвидена катната гаража.
Ај да видиме дали ќе дочекаме градски паркинг навистина да изгради катна гаража на некоја од локациите предвидени за тоа...


Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Feb-2009 at 18:08
Сепак останувам на тоа дека зонското е најпаметно. И Грците се исти идиоти како нас, тука дури и со 5 евра во центарот, а во Атина има и за 10-14 евра, пак одат во центарот на градот со коли, а замислете има метро, трамвај, автобуси и тролејбуси и приградска железница. Затоа кај нас 10 евра паркинг во центарот и ќе видат како ЈСП ќе вади ќар. Секако, треба нови автобуси за тоа, иначе нема смисла.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: La Linea
Date Posted: 28-Feb-2009 at 02:44

СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО:


Градски паркинг доби субвенции за зонско паркирање


Јавното претпријатие "Градски паркинг" ќе добие субвенции од Град Скопје во износ од 40 милиони денари кои ќе ги намени за спроведување на проектот за зонско паркирање. Зелено светло за оваа одлука даде Советот на Град Скопје.
-Еден од главните приоритети на инвестиционата Програма на ЈП Градски паркинг за тековната година е остварување на организиран систем за зонско паркирање, односно воспоставување на нов систем за јавно паркирање со кој ќе се надгради постоечкиот концепт и ќе се зголеми бројот на паркинг места во градот и ќе се создадат соодветни услови за јавно паркирање. Актуелната состојба, наметнува потреба од опременост со мобилни уреди, принтери, компјутерска и друга опрема која го доведува во прашање ефикасното реализирање на систем за зонско паркирање со имплементација и одржување. Одлуката за субвенционирање ќе придонесе за поуспешно реализирање на проектот за зонско паркирање - беше наведено во образложението на Градски паркинг до Советот.

Половина од овие средства, пак веднаш ќе се вратат во градската каса на име долг за комунална такса за користење на просторот за паркирање, кој Јавното претпријатие го има кон Градот. Во образложението на одлуката, која ја усвои Советот, се вели дека поради старите цени на услугите, "Градски паркинг" не може да го исплаќа долгот и да го спроведува проектот. Според раководителот на Секторот за сообраќај, Јован Христоски, дел од средствата ќе се наменат и за едукативна медиумска кампања со која граѓаните ќе се запознаат со новиот проект.

(Е.А.)


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=1F8BCFFA462BBA4AAFCE1BDE2AD34A92


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Jun-2009 at 13:59
Паркирање на улица ќе се плаќа со грепка

Еден час паркирање во прва зона ќе биде 45 денари, во втора зона 35 денари, а во третата зона 25 денари. Зонското паркирање, доколку МВР го одобри проектот, би можело да почне летово

Најдоцна до крајот на годинава ќе почне наплатата за паркирање на улица. Од ЈП "Градски паркинг" веќе комплетно го изработиле проектот и во моментов се чека одобрение од Министерството за внатрешни работи за да почне тој да се спроведува.
"Проектот е веќе во МВР, и можно е уште во текот на летово да почнеме со зонското паркирање, односно наплата за паркирање на улица ако наскоро добиеме одобрение на проектот од Министерството. Од наша страна сите работи се завршени. Набавени се и картичките, обезбеден е телефонскиот број на кој може да се праќаат пораки за наплата, одредени се и локациите каде што тој би стартувал", велат од ЈП "Градски паркинг".
Проектот предвидува центарот на градот да биде поделен на три зони. Првата, црвена зона - Мал ринг ќе се простира помеѓу булевар Гоце Делчев, улиците Даме Груев, Стив Наумов и Георги Димитров. Втората, жолта зона ќе се протега помеѓу булеварите Климент Охридски, Кочо Рацин, Гоце Делчев и улицата Мито Хаџи Василев - Јасмин.
Третата, зелена зона ќе започнува од улица Илинден до Рузвелтова и улицата Теодосиј Гологанов. Дозволено паркирање во првата зона ќе биде 120 минути, во втората 180 минути, додека третата зона ќе биде без временско ограничување. Еден час паркирање во првата зона ќе чини 45 денари, во втората 35 денари, а во третата 25 денари. Граѓаните што живеат во деловите опфатени со зонското паркирање ќе имаат повластени картички за кои ќе треба да платат 200 денари месечно.
Наплатата за паркирање на улица би стартувала во првата зона, односно на улиците Даме Груев, зад Собранието на РМ, и на Мито Хаџи Василев - Јасмин, кај хотелот "Бристол".
Сите зони ќе имаат работно време од 07:00 до 21:00 часот од понеделник до петок, и од 07:00 до 14:00 часот во сабота. Во недела паркирањето нема да се наплатува. Плаќањето ќе се врши преку СМС порака на број: 144 144 или со купување и истакнување на предното стакло карта за паркирање, т.н. грепка. На пример, за почеток на паркирање се испраќа СМС на бројот 144 - 144 со име на зона и регистрацијата на колата.
За крај на паркирање се праќа СМС на 144 - 144 со содржина С . Казната за оние што не платиле за паркирање или го надминале дозволеното време е 1. 300 денари за првата зона, 1.000 денари за втората и 700 денари за третата зона.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=A70BD94A81580140BDD7155242F2ABCC


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Jun-2009 at 14:50
Не го разбирам ова со временското ограничување. Еве ти истекуваат тие 120 минути во прва зона и после што? Тој ден веќе не смееш да паркираш во прва зона на паркинзите опфатени со проектов???

И не ми е јасно за повластените картички за оние кои живеат во зоните. По кој основ ќе се доделуваат картичките? За секое возило по една, без разлика колку возила поседуваш?


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Jun-2009 at 14:55
Originally posted by Cloverstack

Не го разбирам ова со временското ограничување. Еве ти истекуваат тие 120 минути во прва зона и после што? Тој ден веќе не смееш да паркираш во прва зона на паркинзите опфатени со проектов???


Па немаш право да паркираш повеќе. Така е барем колку што знам во други градови каде има зонско паркирање. Таму хараат постојано редари со апаратче и проверуваат за која кола до кога е платено паркирањето и кога почнало. Ако веќе си влезен во системот тој ден дека си паркирал нема да можеш повторно инаку ќе се платиш казна од 1300 ден.

Сето ова на хартија останува да видиме колку би се реализирало.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 09-Jun-2009 at 15:22
Јас во неколку градови каде што сум бил може да се продолжи тоа без проблем и без ограничување. Ако е со смс само праќаш нова порака и со назнака за продолжување (така во Хрватска беше кога бев), а ова со грепките ти треба нова грепка, нема проблем, и онака тие не влегуваат во некој електронски систем, туку тоа ти е едноставно како да ја даваш на увид сметката дека си платил таму каде што треба, така што ја фрлаш старата грепка и ставаш нова.

А друго што не е споменато, мислам дека треба да имаат право жителите на бесплатен паркинг во својата зона. Кој им е крив што живеат во згради каде што нема паркинг, треба да имаат каде да паркираат. Ете ако живее некој во зона еден, ќе си има налепница (sticker) со сериски број и назнака СК-1 на шофершајбната, која ќе му гарантира бесплатен паркинг во зоната 1, но секако ќе мора претходно да достави барање, да увидат дека таму живее, дека нема и друго живеалиште за кое побарал бесплатен паркинг во друга зона, и дека никој друг од потесната фамилија нема такво нешто. Во Солун така работи, и морам да го пофалам системот. Паркинг нема ни за лек, ама доста се мачат да најдат жителите кои живеат во згради стари 60 години во центарот каде што нема паркинг, па да не треба уште да плаќаат?


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Jun-2009 at 15:25
Originally posted by гитардемон

Јас во неколку градови каде што сум бил може да се продолжи тоа без проблем и без ограничување. Ако е со смс само праќаш нова порака и со назнака за продолжување (така во Хрватска беше кога бев), а ова со грепките ти треба нова грепка, нема проблем, и онака тие не влегуваат во некој електронски систем, туку тоа ти е едноставно како да ја даваш на увид сметката дека си платил таму каде што треба, така што ја фрлаш старата грепка и ставаш нова.

А друго што не е споменато, мислам дека треба да имаат право жителите на бесплатен паркинг во својата зона. Кој им е крив што живеат во згради каде што нема паркинг, треба да имаат каде да паркираат. Ете ако живее некој во зона еден, ќе си има налепница (sticker) со сериски број и назнака СК-1 на шофершајбната, која ќе му гарантира бесплатен паркинг во зоната 1, но секако ќе мора претходно да достави барање, да увидат дека таму живее, дека нема и друго живеалиште за кое побарал бесплатен паркинг во друга зона, и дека никој друг од потесната фамилија нема такво нешто.


Точно е тоа што го велиш но мислам дека сум видел и зони каде дефинитивно има дневно ограничување по возило. Најчесто се работи за ептен централни зони со мал капацитет за паркирање.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 09-Jun-2009 at 15:35

Добро, ама таму имаш катни гаражи во таквите градови, тоа е најважно. Ако ти истечи времето за на улица, здравје, ќе одиш во гаража ако имаш толку зорт. А во Скопје ако ти забранат повеќе од 2 часа на улица, каде после?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Jul-2009 at 23:52

Зонското паркирање доцни два месеца

Градот се' уште работи на дополнување на проектот со забелешките од МВР

Градските власти немаат прецизен одговор кога ќе започне имплементирањето на проектот за зонско паркирање во центарот на градот. Проектот кој требаше да обезбеди голем број нови паркинг-места и да направи поголем ред на најфреквентните улици се' уште е на доработка. По два месеца од крајниот рок, кој Градот Скопје го наведе за почеток на зонското паркирање, на терен не се случува ништо.

Според официјалното соопштение, во проектот се вградуваат забелешките од Министерството за внатрешни работи, но не се прецизира какви забелешки, ниту, пак, колку време ќе помине додека не завршат измените.

На изменување на проектот се работеше и пред два месеца, кога, исто така, се вградуваа забелешки од МВР, тогаш поврзани со казнениот билет, кој би се плаќал доколку некој избегне да купи тикет на паркингот во некоја од трите зони. Од Градот не соопштуваат ниту какви казни се предложени, ниту, пак, дали се' уште се работи на нив, или на други забелешки од МВР.

„’Градски паркинг‘ потпиша договор со фирмата ’Некст сенс’ и во наредниот период треба да се имплементираат забелешките од Министерството за внатрешни работи во главниот проект на ’Дуна компјутери’. Штом ќе се направат корекциите, проектот треба да стартува“, кратко одговараат од Градот.

Според проектот за зонско паркирање, локациите ќе бидат распределени во три зони. Ќе се плаќа за еден час паркирање, а цената што ја предлага „Градски паркинг“ е 45 денари за првата зона, 35 денари за втората и 25 денари во третата зона. На сите овие локации паркирањето по 21 часот ќе биде бесплатно.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=44FB39E3D10D0A4283E3648DD7A1DE98


Posted By: vardar
Date Posted: 10-Aug-2009 at 23:41
 

Се чекаат уреди за зонско паркирање во централното подрачје

Изработени се сообраќајните решенија за трите паркиралишта од каде што ќе стартува паркирањето

Сања Наумовска

Зонското паркирање ќе стартува откако ќе пристигнат уредите за нормално функционирање на паркиралиштата. Во меѓувреме ќе се реализира и кампањата за едукација на граѓаните за користење на новите паркинг-места, како и за начините за плаќање и за казните со кои ќе се соочат оние кои ќе немаат билет.

Според информациите од јавното претпријатие „Градски паркинг“, изработени се сообраќајни решенија за трите паркиралишта од каде што ќе стартува зонското паркирање, кои претходно добија согласност и од Министерството за внатрешни работи. Моментно се работи на хоризонтално и вертикално обележување на паркинзите, како и на поставување табли со потребните информации за граѓаните што ќе ги користат.

Зонското паркирање е планирано да почне да се реализира во најстрогиот центар, односно во првата од трите зони на три паркиралишта на улиците „Даме Груев“ и „Мито Хаџивасилев-Јасмин“. За еден час во првата, црвена зона, на паркирање, ќе се плаќа 45 денари, а веројатно и паркирањето ќе биде ограничено на еден час.

Според проектот за зонско паркирање, градот ќе биде поделен на три зони, црвена, во Малиот ринг, жолта меѓу булеварите „Климент Охридски“, „Кочо Рацин“, „Гоце Делчев“ и улицата „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ и зелена зона од „Илинденска“ до „Рузвелтова“ и „Гологанов“. Во втората зона паркирањето ќе чини 35 денари за еден час, а во третата зона 25 денари. На сите овие локации паркирањето по 21 часот ќе биде бесплатно.

Плаќањето ќе се врши на два начина, со испраќање СМС-порака и со купување талонче. Плаќањето со СМС ќе се врши така што пораката се испраќа до одреден број, каде што ќе се регистрираат локацијата и времето на паркирање, по што сопственикот на автомобилот ќе добие повратен одговор. Цената ќе биде одбиена од телефонската сметка на повикувачот. Вториот начин е плаќање со талонче, што ќе може да се купи во која било трафика и ќе треба да се истакне на видно место во автомобилот, достапно за контролорите од „Градски паркинг“.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7194B3B761875449B98523CFB27B8706 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7194B3B761875449B98523CFB27B8706


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Aug-2009 at 23:59


Да се надеваме дека ќе го завршат проектов пред изградбата на првиот фузионен реактор кој моментално се гради во Франција  Roll%20eyes


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Aug-2009 at 15:00

Почнува СМС-наплатата за паркирање

Граѓаните од 24 август оваа година ќе можат да ги паркираат своите автомобили во веќе дефинираните зони во централното градско подрачје со испраќање СМС-порака на бројот 144 144 од мобилните телефони, а од 1 септември услугата ќе биде достапна и во другите зони

%20
Со ова почнува првата фаза од воведувањето на системот за зонско паркирање и системот за СМС-паркирање „Паркнау“, во која ќе бидат опфатени три паркинг-простори, два во првата зона на улицата Даме Груев пред полициската станица „Беко“ и паркиралиштето зад Собранието, како и еден во втората зона на паркингот зад хотелот „Бристол“.

На новата интернет-страница њњњ.паркирај.мк граѓаните ќе можат да се запознаат со сите детали за начинот на функционирање на зонското паркирање и како преку мобилните телефони ќе се врши наплата на паркинг-местото. Од „Градски паркинг“ велат дека интернет-страницата е нова, но дека не сакаат да коментираат ништо за почнувањето на зонското паркирање и мобилната наплата.

- За сите детали ќе бидете информирани официјално, на прес-конференција, која најверојатно ќе се одржи овој викенд - објаснуваат од претпријатието.

Целиот систем за СМС-паркирање е обезбеден од фирмата „Некстсенс“, а е поддржан од јавното претпријатие за паркиралишта „Градски паркинг“.

Воведувањето на зонското паркирање, како начин да се ублажи овој проблем во градот, се најавува повеќе години, а постојано се одлагаше поради недостиг од финансии и скапата опрема што е потребна за неговата имплементација.

http://www.novamakedonija.com.mk/


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Aug-2009 at 18:36
КОНЕЧНО, ЌЕ ПОЧНЕ ПАРКИРАЊЕТО ПО ЗОНИ
Со СМС-порака до слободно место за возило

Од следната недела ќе почне да се применува долгонајавуваното паркирање по зони, проект на „Градски паркинг“, потврдија од јавното претпријатие. Со новиот систем „Паркирај сега“, граѓаните преку СМС-пораки ќе се пријавуваат и одјавуваат од местото на паркирање, а цената што ќе ја платат варира во зависност од зоната во која се наоѓаат. За почеток, зонското паркирање ќе се спроведува на улицата Даме Груев, поточно пред полициската станица „Беко“ и зад Собранието, кои спаѓаат во првата зона, и на паркинг-просторот зад хотелот „Бристол“, кој спаѓа во втората зона. Како што најавуваат „Градски паркинг“ и „Некст сенс“, фирмата која го изработи новиот систем, услугите во останатите зони ќе бидат достапни од први септември. Со мобилен телефон, чијшто број претходно ќе треба да го регистрираат преку интернет-страницата њњњ.паркирај.мк, граѓаните ќе го вршат плаќањето на услугата. При секое пристигање и заминување од паркиралиштето, ќе праќаат СМС-порака на бројот 144 144, која ќе ги чини пет денари. Во пораката за пријавување треба да се напише бројот на зоната во која се паркира возилото и бројот на регистарската таблица, а во втората порака за одјавување да се испрати само буквата С, напишана на латиница. Плаќањето ќе се извршува со одземање одредена сума од кредитот на мобилниот. Услугата засега ќе може да ја користат само тие што се претплатени на компаниите „Те-мобиле“ и „Космофон“, а наскоро тоа ќе им се овозможи и на корисниците на операторот „Вип“. Во согласност со ценовникот кој Советот на Град Скопје го усвои пред седум месеци, паркирањето во првата или црвената зона ќе чини 45 денари од час и тука возилото може да се остави најмногу два часа. Во жолтата зона временското ограничување е четири часа, а цената изнесува 35 денари, додека во зелената зона час паркирање се наплаќа 25 денари без ограничување на времето. Предвидено е во промотивниот период првото паркирање да биде бесплатно. Според правилата и условите за корисниците на системот, од бројот на еден мобилен телефон ќе може да се плаќа за паркирање само на еден автомобил. Исто така, ако корисникот внесе погрешен број за зоната во која се паркирал, ќе плаќа пенали. Со спроведувачите на системот се склучува договор кој по истекот од една година автоматски се обновува. Почетокот на зонското паркирање го потврдија од „Градски паркинг“, од каде што велат дека на прес-конференција ќе ги запознаат граѓаните со сите детали.

Нов паркинг во Капиштец

„Градски паркинг“ наскоро ќе почне да стопанисува со паркиралиштата пред четирите бели згради кои се наоѓаат до новата катна гаража на „Тинекс“ во населбата Капиштец. Деновиве се бележеа паркинг-местата и се поставуваше рампа.
- Ќе видиме дали и ова паркиралиште ќе влезе во зонирањето или ќе го отвориме како посебно место за паркирање. Во секој случај, сега сме зафатени со зонското паркирање и со опремување на локациите каде што тоа ќе се спроведува - вели Љупчо Јованов, директор на градското претпријатие.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1788&ArticleID=119849


Posted By: Max
Date Posted: 23-Aug-2009 at 15:43
Написов е стар но поопширен околу цените за зонското паркирање во Скопје.

________________________________________________________________________

Во Скопје
Зонското паркирање доцни - 02.03.2009

Повеќе од една година во Скопје се говори, се планира, неодамна се одобрени и побараните цени, определени се три зони, времето на дозволениот престој на возилата по зони, казни за оние што не го почитуваат ограничувањето, единствено заживувањето на системот доцни зашто не е доработена техничката документација Тоа некако се завлекува и сигурно нема да профункционира уште најмалку три, а можеби и некој месец повеќе. Дотогаш возачите ќе куртулат од казните за надминато ограничено паркирање. Но, од едно нема бегање – во поширокото централно градско подрачје нема да остане паркинг место за кое нема да се плаќа.   

Централното градско јадро, поширокото, е поделено во три зони со посебни услови и цени за престој на возилата. Сево ова е веќе поминато низ филтерот на градските советници и чека на примена, тогаш кога официјално ќе стартува режимот на зонско паркирање. Значи за тоа ќе треба да се почека...

Првата, најрестриктивна зона е всушност Малиот ринг, тесното централно подрачје каде што за еден час престој на возилото ќе треба да се платат 45 денари. Во оваа зона, паркирањето на возилата е ограничено само на еден час. Доколку се пречекори времето, сопственикот ќе добие дополнителна сметка од 1300 денари, всушност казна за непочитувањето на ограниченото време.

Во втората зона, Големиот ринг, цената за еден час е 35 денари, а во третата зона, во зафатот на улиците Илинденска, Рузвелтова и булеварот Митрополит Теодосие Гологанов,  цената е нешто пониска-25 денари за еден час. Во големиот ринг првите пет минути се бесплатни, подарок од ЈП Градски паркинг, а престојот е ограничен на два часа. Казна за пречекорување на времето е 1000 денари. Во третата, најевтина зона е дозволен престој до три часа, а првите десет минути се бесплатни. Казна за пречекорување е 700 денари.      

Во неделите цел ден, во саботите по 16 часот и во работни денови по 21 часот, паркирањето во трите зони нема да се наплатува. ЈП Градски паркинг како можност нуди месечни карти, се разбира по различни цени за различни корисници.   За фирми месечна карта во првата зона кошта 5000 денари, во втората зона 4000, а во третата 3000 денари. Станарите што живеат во реонот опфатен со зонското паркирање за месечен билет ќе треба да платат по 200 денари. Целта, со овие цени, е да се обезбеди побрза циркулација на возилата во поширокото централно градско подрачје, без непотребно долго престојување на паркиралиштата.      

Подготовките се направени, останува да се доврши неопходната техничка документација, да се потпише договор со фирмата одбрана на тендер за инсталирање на софтверот за поддршка на проектот што е работен според европски терк. За тоа треба време, само да не се развлече премногу...

Датум на објава: 02.03.2009

http://www.avtopoint.com.mk/?str=301 - http://www.avtopoint.com.mk/?str=301



Posted By: pbanks
Date Posted: 24-Aug-2009 at 13:35
Денес ги монтираа знаците за зонското паркирање. Еве што фатив во помин

1

2 Можете да кликнете на овој знак, имам поставено линк до сликата во полна резолуција за оние кои сакаат да ја разгледаат содржината на знакот
http://www.build.mk/docs/users/pbanks/images/parking_sample.JPG">

Од она што малку го видов ми се допаѓа и дизајнот на знаците, и нивната соджина а и начинот на кој ќе функционира овој систем. Повеќе може да видите и на специјално изработениот сајт

http://www.parknow.mk/ - http://www.parknow.mk/

Останува само да има строги контроли и воспоставениот ред да се почитува.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 24-Aug-2009 at 13:44
Хеј, дали може би знаеш како се решени парки местата за граѓаните кои што живеат на овие паркинзи (како на пример јас). Живеам позади х-л Бристол и мислам дека се налага за жителите да бидат одвоени големо мнозинство паркинг места! Мене оваа работа не ми се свиѓа. Неможе градот да огради било кое паркинг место и да наплаќа за истото без никакви инвестиции!!Да изградат паркинг гаражи или да обезбедат места на малите улички, бујрум. А вака? сите паркинзи набројани, се одземени од станарите, со цел да служат на соседните (криминално направени) трговски центри, како Рамстор!


Posted By: pbanks
Date Posted: 24-Aug-2009 at 13:48


Андреј разгледај на сајтот кој го посочив, немав време да го разгледам детално, но мислам како да видов некаква информација околу ова што го прашуваш.


Posted By: Max
Date Posted: 24-Aug-2009 at 13:57
 
Previous 
Originally posted by Max

Станарите што живеат во реонот опфатен со зонското паркирање за месечен билет ќе треба да платат по 200 денари.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 24-Aug-2009 at 13:59
Фала ти многу за објаснувањето. Оваа надокнада е занемарлива доколку се обезбедени паркинг места за сите станари и доколку имаш секогаш загарантирано место како што е во Загреб од каде што една деценија го копираа системов. Ќе го видиме!


Posted By: Max
Date Posted: 24-Aug-2009 at 14:10
Молам! Абе убаво се надоврзува погорниот текст со цените на  официјалната најава за знаците подоле, само влета случајно посреди она постот со турските тротоари, требаше тој муабет да се заврши во темата жардињери, но ок е и вака, кој бара ќе најде  


Posted By: micko_v
Date Posted: 24-Aug-2009 at 15:16
Сега го гледав сајтот и првата забелешка е што не може детално да се видат зоните на паркирање.
Друго нешто е времето на паркирање: само 2 часа !!!
А што ако имам потреба да се задржам 3 часа ???!!!


Posted By: pbanks
Date Posted: 24-Aug-2009 at 17:15
Мислам дека не функционира така. Поентата е да се обесхрабри долго паркирање во центарот на градот (зона 1) со цената и со условите. Вака е решено и во други градови. Значи ако процениш дека ќе се задржиш повеќе од 2 часа комотно паркирај во зона 2 или зона 3 ако мислиш да висиш цел ден. Во зона 1 како најоптеретена треба да има динамика за секој да може да најде место.

Е сега дали што ако се паркира човек со цел да остане пола саат и ради објективни причини остане 2 ипол часа незнам. Мора веројатно да има некој систем на толеранција и ако се пробијат двата часа, но немам идеја каков. Евентуално да може да се продолжи паркирањето за 2 часа како исклучок а не како навика (такво нешто лесно може да евидентираат и пресметуваат во базата на податоци).


Posted By: Max
Date Posted: 24-Aug-2009 at 17:16
Originally posted by micko_v

Сега го гледав сајтот и првата забелешка е што не може детално да се видат зоните на паркирање.
Друго нешто е времето на паркирање: само 2 часа !!!
А што ако имам потреба да се задржам 3 часа ???!!!
 
Ќе си доплатиш за следните два 1300 денара Big%20smile


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 24-Aug-2009 at 17:17
хаххаха! Малку ти биле 2 часа? А овие во Љубљана со 15 минути? Нема зашто некој да го ремети мирот на граѓаните кои живеат на тоа место, само затоа што сакаат да си висат цел ден во центар. Си има јавен превоз, со него во центар цел ден. Во центар со кола се задржуваш колку да платиш сметка, оставиш документ или отидеш до пошта.


Posted By: igorius
Date Posted: 25-Aug-2009 at 02:43
super e ideava bas mi se dopagja i mislam deka e  cekor napred....me interesira edno tehnicko prasanje mozebi nekoj znae da mi odgovori ...sto se slucuva ako se najavis za aprking mesto i vo megjuvreme ti se iskluci mobilniot...znaci ne go isklucis brojacot so poraka S...ke si kuca i ponataka ili ne?


Posted By: micko_v
Date Posted: 25-Aug-2009 at 14:32
Originally posted by Andrej_LJ

хаххаха! Малку ти биле 2 часа? А овие во Љубљана со 15 минути? Нема зашто некој да го ремети мирот на граѓаните кои живеат на тоа место, само затоа што сакаат да си висат цел ден во центар. Си има јавен превоз, со него во центар цел ден. Во центар со кола се задржуваш колку да платиш сметка, оставиш документ или отидеш до пошта.


Веројатно 15мин во Љубљана е бесплатно, додека во Скопје плаќаш и тоа солено, според македонскиот стандард.
Од тоа што знам, барем во Рим, колку плаќаш толку остануваш, било каде.
Од друга страна пак, можеби ќе има едукативна цел, во смисла дека луѓето ќе гипаркираат автомобилите на паркинзи (цената е пониска), или ќе користат друг превоз...


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 25-Aug-2009 at 14:47

Никаде во Европските градови немам видено да има во централната зона неограничено паркирање и секаде не минумим 5-6 пати поскапо отколку во Македонија. Во Португалија плаќав по 19 евра на ден паркинг во хотелот во кој престојував а на улица максимум беше 4 сата по цена од 5,5 Евра. Во Прага, Берлин, Мадрид е далеку поскапо. Во Лондон се наплаќа и самото влегување во центар со автомобил, без паркинг услуга. Во Скопје, најскапиот паркинг во градот кај Лотарија е 170 денари цел ден. Значи на линија сум со Андреј, 2 часа не се малку време, цените не се скапи. Впрочем ако некому му е скапо нека си дојде со велосипед, автобус или такси, па немора сите со кола во центар да влагаме.



Posted By: kire85
Date Posted: 25-Aug-2009 at 16:10
Originally posted by UrbanFreak

Никаде во Европските градови немам видено да има во централната зона неограничено паркирање и секаде не минумим 5-6 пати поскапо отколку во Македонија. Во Португалија плаќав по 19 евра на ден паркинг во хотелот во кој престојував а на улица максимум беше 4 сата по цена од 5,5 Евра. Во Прага, Берлин, Мадрид е далеку поскапо. Во Лондон се наплаќа и самото влегување во центар со автомобил, без паркинг услуга. Во Скопје, најскапиот паркинг во градот кај Лотарија е 170 денари цел ден. Значи на линија сум со Андреј, 2 часа не се малку време, цените не се скапи. Впрочем ако некому му е скапо нека си дојде со велосипед, автобус или такси, па немора сите со кола во центар да влагаме.



Toa ke si dojde so vreme.....nie ne moze da se sporeduvame so golemite i pred se daleku porazvieni evropski metropoli, zatoa sto toa zavisi od povekje faktori...na zapad primer ima neverojatno dobro razvieni mrezi na javen soobrakjaj, od avtobus pa se do metro i tramvaj.....kaj nas osven onie kontejneri od JSP na 4 trkala nema nisto drugo...zatoa lugjeto si imaat navika celo vreme so kola da doagjaat vo centarot....da se razvie javniot soobrakjaj prvo, pa se drugo ke si dojde samo po sebe...


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 25-Aug-2009 at 19:02
За оние кои мислат дека е прескапо или премалку време на дозволено паркирање, еве извадок од ограничувањата и цените на ЗагребПаркинг. Цените во зависност од минутажата. * 7 кн (куни) = 1 евро!

"Cijena parkirališne karte za pojedinu zonu određuje se kako slijedi:

za I.zonu   parkiranje u trajanju do 30 minuta 7,00 kuna
za I.zonu   parkiranje u trajanju do 60 minuta 14,00 kuna
za II.zonu   parkiranje u trajanju do 60 minuta 7,00 kuna
za II.zonu   parkiranje u trajanju do 120 minuta 14,00 kuna
za III.zonu točkama III.1. i III.2. parkiranje u trajanju do 60 minuta 3,00 kune
za III.zonu točkama III.1. i III.2. parkiranje u trajanju do 120 minuta 6,00 kuna
za III.zonu točkama III.1. i III.2. parkiranje u trajanju do 180 minuta 9,00 kuna
za III.zonu točki III.2. parkiranje u trajanju do 240 minuta 12,00 kuna
za III.zonu točki III.2. parkiranje u trajanju do 300 minuta 15,00 kuna
za III.zonu točki III.2. parkiranje u trajanju do 360 minuta 15,00 kuna
za IV.zonu   parkiranje u trajanju do od 00:00
do 24:00 sati
5,00 kuna

Како што можете да видите, во Загреб (град по многу фактори сличен на Скопје), во 1 зона дозволено задржување е 1 саат по цена од 120 денари! И немојте да мислите дека нивниот стандард е повисок, па затоа се повисоки цените. Ваков тип на паркинг решенија се конструирани за да поттикнат паркирање надвор од центар и користење на градски превоз! И затоа секаде се скапи, без разлика од стандардот во земјата.
ФАКТ е дека во Загреб (и секаде), паркинзите се навистина средени, многу катни гаражи, добра услуга и најважно изградени за таа цел и не сметаат никому. За жал во Скопје си зедоа за право да заградуваат маалски паркинзи и наплаќаат за истите, што не смее да биде.


Posted By: igorius
Date Posted: 25-Aug-2009 at 19:13
treba da napravis uslovi za da se razvie javen soobrakaj...ako razmisljas taka ne terba da se prosiruvaat bulevarite,ne treba da se stavat novi semafori,ne treba da se pravat obikolnici,ne terba da se praval klucki za da cekame da se razvie javniot soobrakaj? ne te kapiram kako da se razvie koga se rzviva...isto ne  kapiram ti kao ne go opravduvas predlogov za parkiranje u grad...? so rasteretuvanje na centralniot soobrakaen  metez ke se donesat vo red mnogu raboti vo  gradov...ete  gi spomna avtobusite...pomalce ke kasnat na primer ..ke imas pomalce uzurpirani pesacki pateki i da ne redam.... ete se sekavam vo Oslo, Norveska vo cenrtalna gradska zona i pokraj site opstesveni objekti imas pravo na 30 min parkiranje i cenata bese 8 evra.kaj nas kapiram deka cenata e 8-10 pati poevtina sto e sosema ok ako se zeme predvid deka i platite ni se tolku poniski


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 25-Aug-2009 at 19:32
Originally posted by igorius

treba da napravis uslovi za da se razvie javen soobrakaj...ako razmisljas taka ne terba da se prosiruvaat bulevarite,ne treba da se stavat novi semafori,ne treba da se pravat obikolnici,ne terba da se praval klucki za da cekame da se razvie javniot soobrakaj? ne te kapiram kako da se razvie koga se rzviva...isto ne  kapiram ti kao ne go opravduvas predlogov za parkiranje u grad...? so rasteretuvanje na centralniot soobrakaen  metez ke se donesat vo red mnogu raboti vo  gradov...ete  gi spomna avtobusite...pomalce ke kasnat na primer ..ke imas pomalce uzurpirani pesacki pateki i da ne redam.... ete se sekavam vo Oslo, Norveska vo cenrtalna gradska zona i pokraj site opstesveni objekti imas pravo na 30 min parkiranje i cenata bese 8 evra.kaj nas kapiram deka cenata e 8-10 pati poevtina sto e sosema ok ako se zeme predvid deka i platite ni se tolku poniski


Незнам од каде ти идејата дека не го оправдувам зонското паркирање?!? Супер е идеата, изведбата ми се чини многу површна и незадоволителна за град како Скопје. Може би ова е пошеток, но се сомневам дека следен проект на претпијатиево ќе биде изградба на гаража кај Лотарија или под Буњаковец (како што треба да биде).
1) Паркинзите (или преферирано гаражи било подземни или надземни) треба да бидат изградени и ставени во функција на САМО таа цел-паркирање на посетители. Не како сега, заградувај мали паркизи, хаос на истите, недоволно места итн.
2) Скопје си има парцели наменети за катни гаражи. Како најургентни би ги посочил кај Лотарија, кај Клинички, Буњакове, Соборна Црква. Бујрум да ги изградат тие, па да добиеме ем на квалитет, ем на капацитет.
3) Многу ми е јасно дека центарот нити трошка ќе се расчисти од автомобили и хаос од ова понудено решение. Не ги задоволува потребите нити локациски, нити количински.
4) Центарот (и целиот град) се расчистува со координација на половина градски и државни претпријатија. Треба да се воведе во Скопје квалитетен, брз и разнообразен градски транспорт. Парк и Рајд паркинзи, како и тн. комјутер трејнс од околните градови и предградија.
5) Јас не гледам никаков развој на настаните кога е во прашање ЈСП и неговата нова ветена флота. И со овој план, подобро така!
ЗАКЛУЧОК: Со 3 паркинзи, кои имаат капацитет од вкупно макс. 300 возила, ова не е решение. Доволно за почеток, но не и за трајно решение. И се сомневам дека ќе се стигне до трајно решение, според начинот на кој сме започнале и најавите за развој!


Posted By: medo
Date Posted: 25-Aug-2009 at 22:23
Вчера има прилика да се паркирам во I зона, А4, пратив SMS за почеток на паркирање и за крај, но не добив никакво известување назад. Дали треба воопшто да имам некаков извештај или не?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Aug-2009 at 22:53


Да!

http://parknow.mk/?page=static&section=use - http://parknow.mk/?page=static&section=use



Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Aug-2009 at 00:34

И на контролорите не им е јасен новиот паркинг-систем

Иако не им беше доволно јасно како ќе се одвива зонското паркирање во центарот на Скопје, контролорите вчера беа на трите паркинзи на кои беше означен почетокот на новиот систем со кој треба делумно да се реши сообраќајниот хаос во главниот град. Граѓани се собираа околу нив и се распрашуваа како ќе оди наплатата, а тие делеа летоци на кои е објаснето како ќе функционира моделот што веќе се применува во повеќе градови.

Контролорите велат дека и ним им е потребен период на адаптација и да се обучат на апаратот со кој ќе се контролира дали сопствениците на возилата платиле за паркингот.

- Дури и нам не ни е баш најјасно - вели контролорот на паркингот спроти ТЦ „Плаза“, каде што е црвената зона за паркирање, во најстрогото централно подрачје.Засега се означени само три паркинзи - оној спроти ТЦ „Плаза“, паркингот зад сообранието и спроти хотелот „Бристол“, со вкупен капацитет од 300 возила. Граѓаните што ќе паркираат на овие простори ќе бидат обучувани, без да им се наплати за паркинг, но само за време на тест-периодот, кој ќе трае до 15 септември.

- Се надеваме дека од октомври комплетно ќе профункционира зонското паркирање - објаснува Славчо Јованов, помошник-шеф на секторот за паркирање, кој со контролорот делеше упатства и летоци за граѓаните на паркингот зад зградата на Собранието.

- Во сите градови во Србија до Ниш веќе успешно функционира зонското паркирање, исто како и во поголемите градови во Хрватска. Наши екипи претходно беа во Белград и во Крагуевац, од каде што црпевме искуства за да ги примениме и кај нас - објаснува Јованов.Тој вели дека граѓаните најмногу реагираат на високите цени, но истакнува дека на поинаков начин не би можеле возилата да се тргнат од строгиот центар.

Скопјани се збунети и се скептици кога е во прашање зонското паркирање. За поголем дел од нив тоа е скапо и сметаат дека нема долго да функционира, бидејќи нема да го даде саканиот ефект.

- Ова е хаварија. Има луѓе што не знаат да напишат СМС. Постарите луѓе знаат само да одговорат на телефонскиот повик на мобилниот - вели револтиран скопјанец, кој својот автомобил го паркирал на паркингот зад зградата на Собранието.Тој појаснува дека иако се' уште неупатени граѓаните за начинот на плаќање веќе биле казнети уште во првиот ден.

- Уште првиот ден, иако беше најавено дека нема да се казнува, бев сведок кога пајакот подигна неколку возила од паркингот спроти ТЦ „Плаза“. Кого лажат - протестира тој. Скопјанка, која го паркира својот автомобил на паркингот спроти ТЦ „Рамстор“, реагира на несоодветно организираниот начин на наплата и на високите цени.

- Во текот на денот треба да сменам пет локации. Сето тоа се плаќа. Само да испратам една СМС ме чини 5 денари. Прво треба да се среди јавниот превоз, да се изградат катни гаражи. Станарите од околните згради во близина на паркинзите каде што се воведува зонското паркирање се загрижени за своите паркинг места.  За нив ќе има повластена месечна карта од 200 денари - врели Киро Христовски, контролор на паркингот спроти ТЦ „Рамстор“.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E75132EC65A2E8429BFB24F6358D580D

За тие што незанаат редно време е да се научат СМС да пишат. Неможе да го држат општеството во заложништво на нивниот простотилак!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Aug-2009 at 00:35

Ќе воведеме ред во паркирањето

Точно е дека можеби прво требаше јавниот превоз да се среди, но ако некој не повлече иницијатива, работите ќе стојат во место. Ние почнавме, иако сме свесни дека ќе има отпор кај граѓаните

Најавата од Јавното претпријатие „Градски паркинг“ за воведување на зонското паркирање во центарот на градот ги крена скопјани на нозе. Граѓаните негодуваат што ќе нема бесплатно паркирање, за високите цени, за тоа што ќе мора да плаќаат и за место пред сопствената зграда. Љупчо Јованов, директор на „Градски паркинг“, вели дека со новиот систем ќе се воведе ред во паркирањето. Тој се надева дека и останатите претпријатија ќе го следат нивниот пример, па сите ќе придонесат за решавањето на проблемите со сообраќајниот хаос во Скопје.

- Со зонското паркирање ќе се стави ред во паркирањето. Главната идеја со зонско паркирање е да се воведат или да се обезбедат повеќе паркинг-места и поголема фреквенција на возила. Тоа значи секој што има потреба да заврши некоја обврска, се задржува само два часа и потоа му го ослободува местото на друг. Така секогаш ќе има место за паркирање. За граѓаните што сакаат да останат во центарот подолго од два или четири часа, има посебни паркиралишта. Со зонското паркирање ќе се одредат точните места каде може да се паркира. Тоа може да биде на тротоар или на улица, но само ако возилата не влијаат на сообраќајот и да не се на места каде што минуваат пешаци, велосипеди или на пристап за лица со посебни потреби. Се надевам дека веќе нема да има возила во паркови, во зеленило, на велосипедски или на пешачки патеки.

*Која е предноста на зонското паркирање и кои поволности ќе ги добијат граѓаните?

- Наша тенденција е во центарот на градот на нема повеќе бесплатно паркирање. Живееме во град и треба да создаваме урбани навики. Ако некој нема пари да плати паркинг за да оди на работа, тогаш ќе користи јавен превоз. Точно е дека можеби редот беше прво јавниот превоз да се среди, но ако некој не повлече иницијатива, работите ќе стојат во место. Ние почнавме, иако сме свесни дека ќе има отпор и револт кај граѓаните. Тоа се случувало и во Белград и во Загреб. 

* Но, во тие градови јавниот превоз се врши и со трамваи, тролејбуси, а не само со стари и бавни автобуси.

- Наша тенденција е „Градски паркинг“ да стане современо јавно претпријатие. Ако чекавме другите јавни претпријатија да ја завршат работата пред нашата, тогаш ни во следните пет години ќе немаме ред во паркирањето. Некој мора да почне. Ова е лекција и за градските власти и за граѓаните, за сите нас. Треба да се навикнеме на урбано живеење. 

* Што добиваат граѓаните со тоа што ќе платат 90 денари за два часа паркинг. Сигурно паркинг место, обезбедување или...?

- Никаде никој не гарантира место за паркинг, освен ако не се закупи.

Во третата зона возилото може да остане неограничено, ако сака и цел ден, но ќе плаќа по 25 денари од час. Во првата зона дозволени се два часа паркинг, но секој час чини по 45 денари. 

* Како граѓаните ќе ги препознаат дозволените места за паркирање?

- Местата за паркирање ќе бидат одбележани со бели ленти на асфалтот, со сообраќајни табли и со знаци. За сите други потребни информации таму ќе бидат контролорите за да ги објаснат нејаснотиите. 

* Дали со зонското паркирање ќе бидат опфатени и другите општини?

- Секогаш ќе има три зони, но црвената, најскапата, нема да остане во овие рамки. Таа понатаму ќе станува се' поголема. Тоа значи дека жолтата и зелената ќе добијат нови граници, во другите општини. Планот е да се опфати целиот град. На дел од градот ќе се поставуваат и т.н. паркомати. Би требало зонското паркирање да се воведе во сите градски општини, особено каде што има голема фреквенција на луѓе. На пример, околу трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром. Поентата е да се организира паркирањето и да се избегне метежот. Но, прво ќе треба да се ослободи јадрото на градот. Зонско паркирање ќе се спроведе само на паркинзите што ги одредува Градот. Паркинзите што го направила општина не можеме да им ги одземеме. 

* Дали ќе се прошируваат зоните?

- В година би требало да се дефинираат зоните. Прво ќе го минеме нивото на едукација кај граѓаните. Тие треба да стекнат навика каде и како треба да паркираат. Сега, во првата зона дозволивме паркирање ограничено на два часа, но за една година ќе биде ограничено на еден час, во втора зона на два часа наместо досегашните четири и во третата - три часа. Таму каде што има сообраќаен проект, одобрен од Градот и од Министерството за внатрешни работи, ќе има зонско паркирање. Се разбира, зонското паркирање не подразбира паркинг на возила на сите тротоари и пешачки патеки, туку на површините каде што е можно. Тоа ќе се наплаќа по тарифникот за одредени зони. На пример, тротоарите на улиците Ленинова и Орце Николов наскоро ќе влезат под режимот на зонско паркирање. 

* Како ќе плаќаат оние што постојано живеат во центарот на градот?

- Станарите што живеат во центарот ќе треба прво тоа да го докажат по основа на жителство и со сообраќајна дозвола. Нивното возило прво ќе треба да се евидентира. Еве еден пример како Белград и Загреб го решија проблемот со нерегистрирани возила. Значи, ако возилото не е регистрирано, не може да се паркира. Ако граѓаните живеат на една адреса, а личните документи им се на друга, нема да можат да добијат привилегирана цена.

*Колку ќе трае кампањата и што треба граѓаните да знаат?

- Толеранцијата за бесплатно паркирање ќе биде до 15 септември, а до 1 октомври бесплатно ќе биде секое прво паркирање. Постојат два начина на плаќање: преку мобилен телефон и преку два типа картички со грепки.

Картичките што се пуштени во промет може да бидат за еден или за два часа паркирање. На пример, ако некој сака да паркира еден час, ќе си купи таква картичката, ако некој сака да паркира три часа, на видно место ќе стави две или три картички - три по еден час или една од два часа и една од еден час. Ова се однесува само на тие што ќе плаќаат со картичка. Ако се плаќа по мобилен телефон, тогаш правило е да се испрати порака, тогаш операторот враќа со СМС дека повикот е регистриран и се' додека возачот не прати порака дека го напушта паркингот, се наплатува секој час. По истекот на дозволеното време операторот праќа предупредувачка порака дека за 15 минути треба да се напушти паркингот. Ако и тогаш возачот не го стори тоа, ќе биде казнет. 

* Како ќе се плаќаат казните?

- Казните ќе се наплатуваат исклучително преку судовите, ниту преку мобилен телефон, ниту преку полиција. Ако контролорите забележат неправилност, според регистарскиот број на возачот му издаваат доплатна казна. Казната за првата А-зона е 1.300 денари, ако прекршокот е во Б-зона казната е 1.000 денари, а во третата - 700 денари. Овие казни се однесуваат и на оние возачи што непрописно ќе паркираат или ќе зафатат повеќе паркинг или места резервирани за лица со хендикеп. Од мобилен телефон се земаат само пари за паркирање. Парите одат во касата на „Градски паркинг“ и потоа се распределуваат.

* Како се формирани цените?

- Од постоењето на „Градски паркинг“ до денеска направивме анализа и на таа основа формиравме реална цена за зонското паркирање. Нашиот предлог го прифати Советот на Град Скопје. Цената е како во Загреб и Белград. 

* Дали поради зонското паркирање ќе се зголемат цените на веќе постојните паркинзи?

- Не верувам дека цената на паркинзите ќе се зголемува. Има делови од градот кои треба посебно да се третираат, на пример, паркингот на улицата Максим Горки, но за тоа ќе размислуваме дополнително.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=1CC7239F48155543A5F2CAAF28C6572C


Posted By: igorius
Date Posted: 26-Aug-2009 at 22:07
Andrej ne replicirav na tvojot post tuku na postot na kire ... dodeka go pisuvav tekstot negoviot post bese posleden vo megjuvreeme ti si napisal post  i taka...ne staviv @kire jbg




Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Aug-2009 at 23:23

Зонското паркирање ги испразни паркиралиштата

Грепките вчера ги немаше во продажба, а граѓаните плаќаа за паркинг само со СМС-пораки

Снежана Калабакова

Зонското паркирање почна, но за голем дел од скопјани се' уште е нејасно како, каде и на колку време можат да ги паркираат своите возила во централното градско подрачје. Веројатно поради тоа паркиралиштата кои се дел од зонското паркирање деновиве се полупразни. Некои од граѓаните што ги затековме вчера околу паркиралиштата од првата зона се прашуваа дали ќе треба да излегуваат од состанок за да го продолжат времето за паркирање и колку пати ќе можат да го сторат тоа.

Иако главната цел на зонското паркирање е помалку возила да се паркираат во централното подрачје, со новиот начин на организирано паркирање особено се вознемирени оние чии работни места се во центарот на Скопје, па веќе прават математики колку скапо ќе ги чини ако во текот на целиот месец доаѓаат на работа со автомобил. Дотолку повеќе што немаат друга алтернатива, бидејќи, освен старите и искршени градски автобуси, во Скопје нема никаков друг превоз, нема брза подземна железница или трамвај, како што е тоа случај во европските градови.

„Не знам како ќе функционира ова за вработените во централното подрачје, бидејќи на своите работни места се по осум и повеќе часа. Како можат тие да се приспособат на овој систем на паркирање од два часа, дали ќе биде со продолжување, бидејќи тоа ќе биде огромен трошок за нив“, се прашуваше вчера Неџди Селами.

Засега само малкумина граѓани лесно се снаоѓаат во зонското паркирање. Вчера се паркираа исклучиво со праќање СМС-пораки, бидејќи грепките ги немаше во продажба. Се добива впечатокот дека ЈП „Градски паркинг“, заедно со граѓаните, во од ќе ги решаваат проблемите што почнаа да се појавуваат уште на првиот ден од воведувањето на зонското паркирање.

За сите нејаснотии кои вчера ги имаа оние што се паркираа на паркингот спроти полициската станица „Беко“, тука беа контролорите на претпријатието. Тие им помагаа на неинформираните граѓани, па дури и им ја пишуваа и содржината на СМС-пораката за паркирање.

Скопјанката Фанка Додевска рече дека од медиумите се информирала за зонското паркирање. Таа ги прашуваше контролорите како да се паркира ако нема мобилен телефон, бидејќи вчера во трафиките ги немаше и билетите-грепки.

Контролорите тврдат дека граѓаните не се жалат на висината на цената за паркирање. Дури велат дека зонското паркирање сега им дава повеќе шанса за паркинг-место на станарите кои живеат во централното градско подрачје, бидејќи сега месечно ќе плаќаат 200 денари за паркинг, додека претходно плаќале по 40 денари за цел ден паркирање на градските паркинзи. Сепак, месечната претплата не им гарантира слободен паркинг во секое време, а доколку сакаат резервирано место, може да го обезбедат со посебна дозвола. Но, таа ќе ги чини 10.000 денари.

Скопјанецот Никола Максимовски живее во централното градско подрачје на булеварот „Маркс и Енгелс“. Тој го поддржува новиот принцип на паркирање, кој одамна постои во светските метрополи од каде што тој имал само позитивни искуства. Сега вели и во Скопје прв пат му се случило за пет минути да најде паркинг и да оди на состанок.

„Не знам каде слушнав или прочитав за зонското паркирање во Скопје и сметам дека идејата е добра. Почнуваме да се однесуваме европски и добро е што одиме да се приближиме до европските стандарди. Само така ќе се среди хаосот во паркирањето. Добро е што може да се изврши наплата и по мобилен телефон, а како треба да се напише пораката, ќе ми кажат контролорите“, ни изјави Михаил Мерџановски-Џони, адвокат од Струга, кој вчера беше дојден во Скопје службено.

Контролорите на паркингот кај ТЦ „Плаза“ велат дека засега граѓаните преку СМС-пораки уредно си плаќаат паркирање. Не знаат зошто толку брзо, уште по првиот ден, снема грепки, но тврдат дека наскоро во трафиките ќе има нова серија билети-грепки. Сепак, не можат да прецизираат кога ќе биде тоа.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=72B2361574C5F841A21A2E04CD89BBDD


Posted By: zabegan
Date Posted: 26-Aug-2009 at 23:25
ќе се воведе ред со драстично зголемување на цените и без осигурана безбедност на возачите и автомобилите, без целосно уредени и регулирани паркинзи?
па целиот паркинг ќе се премести на друго диво место


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Aug-2009 at 00:20
zabegan, за паркирање на отворено какво што е зонсково, не верувам дека негде некој ти гарантира за возилото (друг проблем е што кај нас не ти гарантираат ни на затворени комерцијални паркинзи), а за безбедност на возачите воопште не те разбирам што сакаш да кажеш.
Ниту пак гледам каде во центар би се преселило паркирарањето на некое диво место.


----------------------------------------


Од реакциите на граѓаните се гледа дека сме многу заостанати со свеста. Шампион е овој:
Има луѓе што не знаат да напишат СМС. Постарите луѓе знаат само да одговорат на телефонскиот повик на мобилниот - вели револтиран скопјанец
Не дека не можат да си купат грепка наместо да платат со СМС, ама фасцинантниот момент е што овој човек смета дека ради грст инертни поединци треба цело општество да се зацементира во место. Па дури и да немаше опција со грепки, ако не знаат да пишат СМС, не мора да паркираат зонски бе човече, такво право не е загарантирано ни во уставот, ни во повелбата на обединети нации, ни нигде. Што да правиме, светот оди напред, мобилните телефони се користат за безброј многу поделикатни услуги... 21-ви век е јебига, не 19-ти па да имам разбирање за некои што сакаат да бидат до толку затуцани.

Воопшто коментарите се кој од кој   Toilet



Единствено држи аргументот дека не се обезбедени важни предуслови за ваков систем, како на пример добар јавен превоз. Ама исто така држи и аргументот на директорот на Градски Паркинг дека од некаде мора да се почне со средување на состојбите во градов и дека не може да толерираме хаос во паркирањето додека се друго не се среди.

Е сега тука лежи и сржта. Зошто со „средување на состојбите“ се почнува токму од паркирањето? Да не е случајно затоа што тоа е исклучително профитабилно? Дефинитивно е ради тоа, но клучно ќе биде дали Градски Паркинг ќе почне посериозно да се однесува, или и зонсково паркирање ќе го претвори во дезорганизиран лош сервис кој ќе служи само за молзење на граѓаните, а не за да им обезбеди квалитетна услуга и правилно да го насочи развојот на градов. Во склоп на ова, останува дежурно прашање каде се слеваат огромните профити што ги прави ова јавно претпријатие. Со зонско паркирање тие ќе нараснат уште повеќе. Нас ни останува да видиме дали од профитите ќе видиме некакви битни промени на подобро.


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Aug-2009 at 12:49
Blahblah

Токму ваквите реакциии ме наведуваат на тоа дека проектов (ако навистина заживее) ќе биде успешен. Што значи тоа има многу гужва? Повеќе гужва од кога не се наплаќаше. Остроумна мисла нема што.

Целта на проектов е едноставна. Не паркирајте во центар освен ако не мора и ако не ви е за на брзина. Целта не е да понуди социјално прифатливи центи за паркинг.

Ако власта се надоврзе со подновување на ЈСП со барем 100на автобуси (нормални, не двокатни) и со воведување ред барем на главните линии ќе можеме да зборуваме и за некаква целовитост на решениево од кое може да очекуваме и подолгорочни бенефиции.

Граѓаните незадоволни од зонското паркирање

Нема веќе бесплатен паркинг во центарот на Скопје. Нема ниту доволно слободни места за паркирање, велат граѓаните.

Во услови на потпросечен градски превоз со автобуси кои во голем дел се пред распаѓање, проект за трамвај кој стои само на хартија, тромава и бавна железница, тешко дека во скоро време време граѓаните ќе се откажат од своите автомобили.

И додека катните гаражи остануваат визија, граѓаните секојдневно мака мачат со паркингот.

„Многу е тешко со паркинзите, особено овде во Скопје“, вели еден граѓанин.

„Најмалку половина час треба да бараш место“, додава возач од Скопје.

„Голем проблем е бидејќи има голем број возила, а мал број на паркинг-места“, рече друг возач.

Долго најавуваното зонско паркирање се воведе деновиве. Во строгиот центар на Скопје два часа паркинг чинат 90 денари. Секое подолго задржување во црвената зона ќе биде казнето со дополнителни 1300 денари.

-Тоа значи дека и за една минута задоцнување, условно кажано, ќе треба некогаш да се платат и повеќе од 1000 денари?

„Сето тоа ќе се толерира на почетокот. Тоа е поинаков начин на паркирање и треба да се запознаат граѓаните“, изјави Ана Витановска, портпарол на ЈП градски паркинг Скопје.

За среќа, во викендите и по 21 часот, на овие места паркингот ќе биде слободен.

Некои слушнале, други не за новиот режим на работа на дел од паркинзите, но се сомневаат дека вистински ќе профункционира.

„Знам за тоа, има А, Бе и Це зона, но мислам дека нема да функционира бидејќи има преголем број на возила“, вели возач од Скопје

„Наслушнав, но незнам како точно ќе биде... ќе се плаќа преку мобилен... не знам точно“, објаснува еден граѓанин.

Зонското паркирање беше најавувано како револуционерен проект кој ќе реши проблемот со паркингот во Скопје. Реалноста сепак е поинаква! Освен воведување билети на некогаш бесплатните паркинзи, се уште ништо не е сторено.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=113079


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Aug-2009 at 14:59
Најчесто кога имам потреба од паркирање во центар на Скопје го користам паркингот карши Холидеј Ин. Цената е достапна ,40 денари првите три саати, што е доволно да се заврши било каква работа во центар. Може би не е достапно за оние што работат во центар и треба да паркираа по скоро девет саати, но за мене сега ми одговара тој паркинг.

Со ваквото долгогодишно искуство дека "плаќаат само будалите за паркинг" веќе се доведовме во ситуација да мислиме дека е нормално да се има слободно паркинг место бесплатно во секое време и сега секој обид да се стави барем мининален ред и во оние ресурси кои ги имаме, се толкува како кражба или незнам некоја крајна задна намера.


Posted By: La Linea
Date Posted: 28-Aug-2009 at 15:00
Originally posted by lslcrew

Најчесто кога имам потреба од паркирање во центар на Скопје го користам паркингот карши Холидеј Ин. Цената е достапна ,40 денари првите три саати, што е доволно да се заврши било каква работа во центар. Може би не е достапно за оние што работат во центар и треба да паркираа по скоро девет саати, но за мене сега ми одговара тој паркинг.

Со ваквото долгогодишно искуство дека "плаќаат само будалите за паркинг" веќе се доведовме во ситуација да мислиме дека е нормално да се има слободно паркинг место бесплатно во секое време и сега секој обид да се стави барем мининален ред и во оние ресурси кои ги имаме, се толкува како кражба или незнам некоја крајна задна намера.


Дали на овој паркинг остануваат старите цени и начинот на наплата, или и овде е воведен ParkNOW?


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Aug-2009 at 15:04
Не не. Големите паркинзи на градски паркинг си остануваат со истите цени и истиот начин на наплата. Зонското е само за покрај улици и по некои паркинзи каде што обично до сега не се плаќало.


Posted By: La Linea
Date Posted: 28-Aug-2009 at 15:08
Фала Лсл. За оние кои не знаат, паркингот пред олимписки базен (41°59'29.81"N  21°26'19.38"E) е со сигурност најповолен паркинг од сите во поширокиот центар. Неограничено ќе ве кошта 40 или 30 денари мислам.А не е повеќе од 5 минути одење од ГТЦ


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: igorius
Date Posted: 29-Aug-2009 at 02:06
ne moze da parkiras u centar a da ne platis...koj vi e...pretpostavljam deka e odlika na prigradski covek da razlismslja da se parkira pred trgovski i 6 saati da mu dreme kolata tamo 5-6 saati a on da si brka rabota u centar..usput da pie kafe od 5 saati i da brka rabota od 1 saat...ae neka mi kaze 1 od vas iskreno koja e taa rabota u centar sto  bi ja  imal a da ne ja zavrsiza 1 saat????ako imas tolku rabota u centar i nejkes da platis ne znam vozi vespa ili slicno...ne moze da si parkiran 6 saati i da paltis 20 denari a za tie 6 saati rabota da zarobitis uslovno kazano 3000 den...(nema toa vise ke si platis 100-200denari )...ipak e 2009 i ziveeme u Skopje ili ne


Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Aug-2009 at 02:57
Originally posted by igorius

ne moze da parkiras u centar a da ne platis...koj vi e...pretpostavljam deka e odlika na prigradski covek da razlismslja da se parkira pred trgovski i 6 saati da mu dreme kolata tamo 5-6 saati a on da si brka rabota u centar..usput da pie kafe od 5 saati i da brka rabota od 1 saat...ae neka mi kaze 1 od vas iskreno koja e taa rabota u centar sto  bi ja  imal a da ne ja zavrsiza 1 saat????ako imas tolku rabota u centar i nejkes da platis ne znam vozi vespa ili slicno...ne moze da si parkiran 6 saati i da paltis 20 denari a za tie 6 saati rabota da zarobitis uslovno kazano 3000 den...(nema toa vise ke si platis 100-200denari )...ipak e 2009 i ziveeme u Skopje ili ne


Question

Игориус, незнам дали ова се однесува на мојот пост претходно, но мислам дека ме имаш погрешно сфатено ако е така. Ако тој паркинг одлучил да ја има таа тарифа а како таква мене ми одговара, јас ја сметам за најповолна во случај кога морам да бирам помеѓу ParkNOW(2 саати = 90 денари со можност за казна од 1300 во случај да пречекориш) и 2 саати = 40 денари со казно 0 ако ја пречекориш на паркингот кај олимписки. Во никој случај не мислам дека е во ред да се зафаќа простор само за да се пие кафенце 5 саати како и размислувањето дека не пости работа која бара повеќе време од 2 саати. 

...ipak e 2009 i ziveeme u Skopje ili ne


Незнам од кога Скопје претставува некаков поим за средени паркинзи и сообраќајна култура. Самиот факт што живееме во Скопје е еден аргумент плус сеуште да не ги напуштаме колите и да си тераме како досега. И нема зошто јас да се радувам на ваквиот паркинг систем кога без квалитетен јавен превоз мене движењето низ центарот (во случај да сакам да завршам некоја работа) нема да ми биде никако олеснето... освен добрата причина да бидам многу побрз.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: igorius
Date Posted: 29-Aug-2009 at 12:44
ne se odnesuvase na tebe nego zboram generalno deka imame otpor kon promeni...ili mozda ne znaenje...ne govoram za tebe ili nekoj konkretno govoram generalno...Skopje ne e poim tuku grad-glaven grad na drzava i normalno e da ocekuvam prvo on da se sredi,a ne Valandovo na primer posto kako sto napisav ne e 1909 tuku stigna 2009....sekade vo glavnive gardovi(ili barem vo poveketo) vo evropa javniot prevoz i gradskoto parkiranje e golem problem i non stop se menuvaat sistemi na istoto bidejki gradovite se tkiva sto brzo rastat i imaat tendencija da pripojuvaat a ne da razdvojuvaat...od tamu i deka problemot ne moze da bide resen za naveka tuku samo privremeno....a i da ne dolzam pak ke se vratam na istoto- dobro e da se probuva so odreden sistem ke se vidi kako ke funkcionira ako e ok ke go zadrzat ako ne e ke go promenat normalno...bar ja taka mislam...a sto se tice javen gradski prevoz...ne znam sto da kazam posto mesanje na 2 pretprijatija  e toa...ovie se ulica i patista a ovie jsp edni so drugi nemaat vrska(barem vo ingerenciite) ednive ete gleam probuvaat nesto drugive dremat...normalno deka ke gi pozdravam tie sto probuvaat a ne tie sto dremat.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Aug-2009 at 22:03
Стигнаа грепките за зонско паркирање! На талончињата се гребе сивиот дел од означениот ден, месец, часот и минутите кога започнува паркинг услугата, а потоа треба видливо да се истакне на предното ветробранско стакло од возилото


Возачите кои ги користат услугите на зонските паркиралишта, освен со СМС-порака, од денеска ќе можат да плаќаат и со купување на специјално талонче-грепка. Билетите за паркирање во зони ги има во секоја трафика што се наоѓа во близина на местата определени за времено паркирање. Тие се користат на тој начин што се гребе сивиот дел од означениот ден, месец, часот и минутите кога започнува паркинг услугата, а потоа треба видливо да се истакне на предното ветробранско стакло од возилото. Доколку плаќањето се врши преку мобилен телефон, за почеток на паркирањето ќе треба да се испрати СМС порака на бројот 144 144 од било кој оператор.
- На пример, точниот формат на пораката којашто треба да ја пратите на бројот 144 144 е: А3 СК123АА. Доколку добиете порака со содржина: Возилото СК123АА е паркирано во зоната А3" може да сметате дека точно сте ја испишале пораката и дека сте извршиле уплата за паркирањето. Цената на секоја пратена порака е 5 денари - појаснуваат од Градски паркинг. До 1 октомври, првото паркирање со СМС порака е бесплатно.
Времетраењето на паркирањето го следат контролори преку специјални уреди поврзасни со софтверот. За оние кои нема да се придржуваат кон правилата се предвидени казни кои во зависност од зоната ќе бидат во висина од 700 до 1300 денари.
Во моментов, со зонско паркирање се опфатени еднонасочните улици Мито Хаџивасилев Јасмин и Даме Груев во централното градско подрачје, односно паркингот зад Собранието на РМ, спроти ТЦЦ Плаза и оној спроти Рамстор.
За жителите од околните згради и натаму ќе важат месечните билети кои според ценовникот на претпријатието изнесуваат 250 денари. Наплатата на паркинг услугата при зонско паркирање ќе се врши секој ден до 21 часот, во сабота до 14 часот, а недела и празници е бесплатно.
Софтверот за зонско паркирање го инсталираше и изработи фирмата Некстсенс. Оттаму велат дека со зонското паркирање ќе се воведе ред во паркирањето во градот, ќе се осовремени системот на паркирање, а и наплатата е поедноставна.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=F449F07ACAB0F44687E5B4D60DE81106


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Sep-2009 at 00:47

Цел месец паркирање за 200 денари

Во моментов се бара најадекватно решение за станарите кои имаат повеќе од едно возило, како и за оние кои 24 часа користат службен автомобил. За второ возило, најверојатно ќе се наплатува по 400 денари


Зонското паркирање нема да биде на штета на жителите на зградите каде што ќе се спроведува, информираат ЈП "Градски паркинг". Напротив, секогаш ќе има слободно место за паркирање, бидејќи граѓаните кои ќе ги користат овие паркиралишта се ограничени со временски период. Така, во црвената А зона во строгиот центар на Градот каде паркирањето чини 45 денари на час, граѓаните ќе можат да ги користат услугите најмногу два часа, во жолтата зона каде час паркирање чини 35 денари само четири часа. Единствено неограничен период за паркирање им се нуди на корисниците од таканаречената зелена зона, каде за паркирање се наплаќа 25 денари.
- Со зонското паркирање не отвораме нови паркиралишта туку воведуваме ред во сообраќајот. Обезбедуваме повеќе место за пешаците, за граѓаните со инвалидитет, за жителите. Со временото паркирање се зголемува фреквенцијата на возила така што секогаш ќе има слободни места, велат од Градски паркинг.
За станарите има обезбедено месечна наплата која ќе чини 200 денари во сите зони, а за правни лица по 5000, 4000 односно 3000 денари во зависност од зоната.
- Цената на категоријата станар при зонско паркирање е пониска од цената што станарот треба да ја уплати при паркирање на паркинг простор од затворен тип. Тоа е од причина што зонското паркирање е всушност паркирање на улица - велат од јавното претпријатие и додаваат дека во моментов се бара најадекватно решение за станарите кои имаат повеќе од едно возило како и за оние кои 24 часа користат службен автомобил. За второ возило, најверојатно ќе се наплатува по 400 денари.
Имињата на станарите, но и на сите корисници на зонското паркирање ќе бидат внесени во единствениот софтверски систем кои што го изработи и го инсталира фирмата Некстсенс. Оттаму појаснуваат дека секој корисник дигитално се регистрира. Времетраењето на паркирање го следат контролори преку специјални уреди поврзани со софтверот. Оние кои нема да се придржуваат кон правилата, ќе добијат казнен билет во висина до 1300 денари.
На веб страницата градскипаркинг.цом.мк секој корисник преку свое корисничко име и лозинка може да добие листинг за периодот и местото на користење на зонскиот паркинг.
Во моментов, со зонско паркирање се опфатени еднонасочните улици Мито Хаџивасилев Јасмин и Даме Груев во централното градско подрачје, односно паркингот зад Собранието на РМ, спроти ТЦЦ Плаза и оној спроти Рамстор. Тие се обележени со специјални табли. Возачите можат да плаќаат со СМС-порака на бројот 144-144 и со купување на специјало талонче-грепка.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=433EEE96204CE54BB7715C959A50ED42


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Sep-2009 at 02:10

Над 300 паркирања дневно со СМС

Најголем дел од возачите ја користат бенифицијата за бесплатен прв паркинг, акција која трае до 1 октомври


Уредно паркирани возила, неузурпирани местата наменети за инвалиди, доволно место за минување на пешаците, па дури и за велосипедистите. Вака од пред 10 дена изгледаат паркиралиштата спроти ТЦ Рамстор, на улиците "Мито Хаџивасилев Јасмин" и "Даме Груев" на потегот од ТЦЦ Плаза до зад Собранието обележени со знакот за Зонско паркирање. На овие паркинзи времето за паркирање е лимитирано најмногу до два часа, па секогаш има место за паркирање. И наплатата е едноставна, со испраќање на СМС-порака на бројот 144 144 од било кој оператор или со талонче-грепка што го има во секоја трафика во близина на паркинзите.


- Иако е многу рано да се даде оцена, сепак сликата од паркиралиштата опфатени со проектот покажува дека Зонското паркирање почна успешно да се спроведува. Секој ден се зголемува бројот на возачите кои плаќаат преку СМС порака од мобилен телефон, така што просекот на дневно ниво е поголем од 300 паркирања. Во овој период најголем дел од возачите ја користат бенифицијата за бесплатен прв паркинг, акција која трае до 1 октомври, бидејќи на повеќето од нив ова им е прво паркирање. Веќе второто паркирање се наплаќа - информира Саша Гавриловиќ од Некст сенс фирмата која го изработи софтверското решение за Зонското паркирање. Иако помалку, се купуваат и грепки.
Градски паркинг има ангажирани лица кои делат флаери и им покажуваат на граѓаните како функционира паркирањето, а отворен е и кол центарот - 321 55 66 на кој граѓаните се јавуваат за дополнително да се информираат.
Цената за еден час паркирање во првата - црвена зона, на цел потег на Даме Груев чини 45 денари и е ограничено на најмногу два часа. Паркирањето спроти Рамстор што спаѓа во жолта зона е ограничено на четири часа и чини 35 денари. Во третата, зелена зона која се уште не профункционирала ќе биде најевтино - 25 денари, а паркирањето ќе биде неограничено.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=5E5955A85469B94DB541EA30C4FB7DF1



Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Sep-2009 at 02:02

Зонското паркирање ги испразни паркинзите, а ги наполни тротоарите

„Градски паркинг“ тврди дека зонското паркирање ја постигнува целта

Снежана Калабакова

Паркинзите каде што почна примената на зонското паркирање зјаат полупразни. Затоа, пак, пребукирани се тротоарите и уличките во радиус од еден километар од центарот на градот. Поради зафатените тротоари со автомобили, пешаците се принудени да се движат буквално на улица. Тоа доволно кажува дека новиот начин на организација на паркирањето во централното подрачје доживеа промашување.

На скопјани зонското паркирање им е скапа варијанта и затоа бараат други места за своите автомобили, а локацијата да биде близу. Ваквата можност од неодамна им е ускратена и на паркинзите спроти последната постојка на автобуската линија „23“ во Капиштец, бидејќи некој и таму ставил рампи и го ограничил влегувањето. Од „Градски паркинг“ велат дека во согласност со Решението за утврдување режим на сообраќај, од 22 јули годинава, претпријатието е задолжено да го уреди и да стопанисува со паркингот „Народен фронт“. Моментно таму се вршат градежни работи, обележан е просторот, а за цената за паркирањето треба да одлучат градските советници. Дури потоа паркингот ќе почне да функционира. Појаснуваат дека работите на овој паркинг почнале на барање на граѓаните што живеат во зградите.

Оние, пак, што живеат близу паркинзите со зонско паркирање станаа привилегирани. По се' изгледа единствено тие имаат ќар да паркираат за 200 денари месечно, додека другите граѓани мора да се снаоѓаат. Бидејќи 45 денари за два часа паркирање е прескапо за оние што работат во центарот на градот, а возилата мора да ги преместуваат на секои два часа, тие сега ги наполнија тротоарите со паркирани автомобили.

„Не сметаме дека зонското паркирање е промашување. Напротив, ја постигна целта. Сите граѓани што доаѓаат во центарот на градот да завршат некоја работа, секогаш имаат слободно место за паркирање. Сите паркиралишта, кои се дел од зонското паркирање, се обележани, исчистени и со поставена вертикална и хоризонтална сигнализација. Зонското паркирање ја постигнува целта уште во првите седмици од неговото имплементирање“, вели Ана Витановска, референт за односи со јавност во ЈП „Градски паркинг“.

Од претпријатието не се согласуваат дека цената за паркирање е висока и го споредуваат со паркирањето на улицата „Максим Горки“ каде што за еден час се плаќа 50 денари, но и покрај тоа паркиралиштата се полни. Кај „Телеком“, пак, паркирањето е 40 денари, а над влезната рампа најчесто свети црвено светло како знак дека паркингот е преполн, иако тоа се паркиралишта од затворен тип!

Надлежните велат дека зонското паркирање е преземено искуство од многу земји, дека нуди повеќе начини на наплата и ја зголемува фреквентноста во најтесното градско подрачје. Исто така, сметаат дека ваквиот начин на паркирање го намалил метежот и оставил простор за пешаците, велосипедистите, лицата со посебни потреби, децата. Сепак, не кажуваат дека во земјите од каде што го презеле искуството има и алтернативен градски превоз, трамвај, тролејбус, квалитетен автобуски превоз. Што се однесува до просторот за пешаците, пак, веројатно одговорните сметаат дека на коловозот секогаш има доволно простор за пешаци, бидејќи очигледно е дека на тротоарите нема. Тие сега се резервирани за автомобили.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=08535DD59B03E343A894CA22C6960AF7


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Sep-2009 at 13:48
Originally posted by Утрински Весник

Тоа доволно кажува дека новиот начин на организација на паркирањето во централното подрачје доживеа промашување.
Де бре, уште е во пробна фаза, а веќе доживеал неуспех. Според мене пак, неуспех е текстов  LOL

А за оние што паркираат по тротоари лекот е едноставен. Сообраќајната полиција и пајак службата можат бргу да ги „убедат“ таквите да престанат.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 10-Sep-2009 at 12:10
Зонското паркирање е уште еден начин за да се соберат поголема сума на пари во градскиот буџет, а притоа ништо да не се реши. Живеам во строгиот центар и за некој ден ќе треба да плаќам паркинг, а притоа никој не ми гарантира слободно место,а и не ми гарантираат дека нема да ми го украдат автомобилот. На паркинзите кај Градски ѕид нема теорија да најдете слободно место измеѓу 7 и 17 часот, а во некои денови и до доцните вечерни часови. ТОГАШ ЗОШТО ДА ПЛАЌАМ НА ГРАДСКИ ПАРКИНГ И НА ГРАДОТ? Дали градоначалникот го воведе системот на велосипедски сообраќај што требаше да се одвива помеѓу општините Центар, КАрпош и Аеродром. НЕЕЕЕ! Дали отпочна со градба на трамвајската линија? НЕЕЕЕЕЕЕ! Дали има нови автобуси во Скопје? НЕЕЕЕЕЕЕ!



Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Sep-2009 at 14:38
БОЈАН живеењето во центар носи со себе еден куп мали проблеми. Никој никаде во свет не гарантира слободно место за паркирање. Значи за такво нешто жителите на центар може да си ласкаат до бесвест, ама никогаш нема да го добијат. Лов на вештерки сега дополнително и покажување прст кон кафичите, кон "дошљаците" и кон оние што се дојдени за шопинг и слично, воопшто нема да го реши проблемот на оние од центар туку само ќе си го кренат притисокот и нервозата. Гарантирање дека колата нема да ти ја украдат е широка тема малце. Всушност полицијата на сите граѓани треба да им го гарантира тоа. Дополнителни чуварски служби би биле пожелни доколку имаме некое значлително драстично зголемен процент на кражби. Сосема е друга приказната за оние паркинзи полигони како редовните паркинзи на градски паркинг или гаражи. Тамо се сложувам за некои гаранции и отштети, додека за пакви високопроточни паркинзи како зонското не. Многу е лесно да се поставиш у некоја положба, себе против градот. Ааааа што ми напрвил он, ај чао не плаќам. Ако е така изсели се од Скопје. Јас како жител на Скопје имам обзир за сите премрежја во коишто запаѓа градов и свесен сум дека некои работи не зависат од властите. Нормално ако гледам дека нешто се прави погрешно тогаш тука е и реакција.


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Sep-2009 at 15:47


Генерално сум на линија со тебе, но доколку локалците имаат право на место за паркинг истото треба да биде и гарантирано (кога веќе плаќаат за тоа). Е сега за таа цена која ја добиваат не сум сигурен дека тоа е возможно но...

Но има и други прашања кои се поставуваат. Зошто не се активирани подземните гаражи? Голем дел од жителите таму имаат луксуз да имаат своја гаража во сред центар. Ако парите кои би ги давале на градски паркинг за незагарантирано место по зоните ги канализираат во реновирање на гаражите па дури и во запослување на чувар проблемите би им се решиле на многу елегантен начин.
Еден другар во Солун живее релативно далеку од строгиот центар на градот, некои 45 мин пешки од белата кула во линија со културниот центар. Имаат 2 коли. За едната плаќаат паркинг место во соседната зграда каде подземниот паркинг е взушност адаптирано подземје исплреплетено со столбови и без никаков концепт за паркинг. Таму се колите начукани како сардини, потребна е исклучителна возачка умешност човек да ја извади или паркира колата, но луѓето на нив гледаат како суво злато. Не само што ги чини некои 100-200ЕУР месечно, туку имаат среќа што сопственикот на тоа паркинг место беше волен да им го издаде инаку воопшто немаше ниту да располагаат со тоа. Другата кола пак ја паркираат околу по блоковите, каде што се најде место. За оние Солунчани кои сакаат комоција со паркингот постојат бројните предградија каде може да дигнат куќи или да купат стан во мали станбени зградички. Во секој дел од центарот каде е заживеан бизнисот и комерцијата, секако е намален и комодитетот.

Инаку. Денеска го сефтосав зонското паркирање во зона А4. Милина беше да се паркирам, имаше еден тон празно место. На јужен булевар пак приметив дека разни ситничари почнале да ги паркираат автомобилите на тесните тротоари покрај стара железничка и буквално висат над булеварот. Се надевам дека пајакот ќе направи таму 'ршум.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 10-Sep-2009 at 17:07
Овие тврдења се несериозни и неодговорни. За јас НЕШТО ДА ПЛАТАМ ТРЕБА ДА ДОБИЈАМ УСЛУГА! Каква услуга јас ќе добијам од ова градско претпријатие. Јас сум подготвен да го користам секојдневно велосипедот како превозно средство, доколку градоначалникот се реши да го реализира проектот. Наместо тоа, проектот е сопрен исто како и проектот за трамвај и за нови автобуси.
Јас живеењето во центар не го сфаќам како привилегија, само сакам да знам што добивам за возврат за дадените пари. Еве сега да дојдете, ќе видите дека нема слободно место на паркинг. Зошто тогаш да давам илјадници денари за една година, ЗА ДА СИ ЈА ПАРКИРАМ КОЛАТА ВО 10 ЧАСОТ НАВЕЧЕР?!?
ЗА КРАЈ, НИКОЈ ОД ГРАДОТ СКОПЈЕ ИЛИ ОД ГРАДСКОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ НЕ Е ДОЈДЕН ДА ОБЈАСНИ ЗА ОВОЈ ПОТЕГ, НИТУ СО ОВА Е ЗАПОЗНАЕТ КУЌНИОТ СОВЕТ! Ова е претерано!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Sep-2009 at 17:40
Ништо не е претерано освен себичњаклукот на граќаните! Никој не е должен да ти објаснува зашто за тебе нема празно место кога ќе ти текне! Плаќањето по бенифицирана цена за жителите на центар е добра воља на градот, макар што да би биле со некој малку повисок стандард и против тоа би бил. Живееш у центар алооо, не живееш у ѓорче па да имаш простор автобус да паркираш!

У центар фирми и деловни објекти, жители понастрана. 


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Sep-2009 at 17:56
ОК дечки смирете хормони, да дискутираме поразумно...


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Sep-2009 at 18:18
Иако генерално давам силна подршка за проектов, Бојан има 100% право за тоа дека ако плаќаш за некаква услуга, таа мора и да ја добиеш. Недозволиво е некој да плати месечна или годишна карта (без разлика дали е тоа по повластена цена за станари), а да не може да најде паркинг место.
Нека повелат господата од Градски Паркинг да си направат анализи и проекции за искористеноста на паркинзите во различни периодот од денот/неделата/годината. Нека си набават софтвер да го контролира тој дел и нека вградат семафори на паркинзите, па по потреба да се контролира влегувањето на оние кои немаат месечни или годишни карти.

Можда е прекомплицирано за нашиве шупаци, ама ако е така нека си поднесат оставки. Градски Паркинг не е волонтерско добротворно друштво, туку јавно претпријатие со свои обврски и големи профити од својата дејност. Конечно, зошто толку фалби и чукање во гради, доколку вакви битни прашања не им се решени? Проектов е суштински и не смее да се дозволи да се претвори во обична фасада за максимизирање на профити, без квалитетна услуга и без решавање на проблемите!

Сепак им давам некој период фора за да средат некои работи во од. Ќе видиме...


Posted By: BOJAN
Date Posted: 10-Sep-2009 at 19:34
Iscrew, на твоите навреди нема да одговорам со контранавреди, бидејќи никогаш не сум се спуштал на толку ниско ниво! ДАЈ БАРЕМ НЕКОЈ СПРОТИВЕН АРГУМЕНТ!
На темава говорам затоа што сум директно засегнат. Паркирањето на два-три паркинзи што е сега почнато сеуште не наликува на хаос, но во моментот кога ќе почне да се наплатува на сите паркинзи ќе настане општ хаос. Јас пак повторувам, НИКОЈ од градските паркинзи не дошол да ги информира куќните совети или станарите на зградите за оваа одлука. ОДЛУКАТА СЕ СПРОВЕДУВА ДИЛЕТАНТСКИ!
Инаку ваков начин на наплата навистина постои во Белград, Загреб, Париз и скоро низ сите градови,  НО ТАМУ ПОСТОИ ЕФИКАСЕН ЈАВЕН ТРАНСПОРТ.  Да се откажам од сопствен автомобил во замена за смрдлив автобус, НЕМА ШАНСА!
На овој начин, моите 2400 денари за паркинг на годишно ниво единствено би отишле во празно, за некој си проект во Маџари или Гази Баба, за којшто немам намера да плаќам.


Posted By: igorius
Date Posted: 10-Sep-2009 at 20:41
zatoa jas si kupiv vespa


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Sep-2009 at 21:56
BOJAN јас колку што имам дадено аргументи имам дадено, тие се. Јас неслушнав ниеден аргумент зашто некој треба тебе да ти обезбеди комодитет во строг центар, небаре си го купил местото за паркирање и твое е у катастар. Куќните совети се здруженија за мењање сијалици у влез и нема што некој да ги консултира што да прави со земјиште кое не е нивно, а ниту па некој им дал право да го застапуваат.

И јас имам сличен проблем, веднап до мојата здрада се наоќа реонски дистрибутивен магацин на тинекс и секое сабајле, па и до попладне кај мене пред зграда е гунгула со камиони и комбиња. Имало многу обиди да се најде некој конпромис, пред една деценија и со некои си рампи пробуваа но тој паркинг е на тинекс колку што е и мој. Факт е дека ми е мене проблем секое сабајле да идам до пријавница и да барам чив е каминот да го тргне зашто ме затвроил на паркинг но го имам комодитетот да имам голем супермакет до мене. Притоа не сум себичен и имам разбирање за сите потреби. Нити се обидувам да саботирам нечии туќи потреби. луќ сме ќе се разбереме. Кај тебе е малку поекстремна ситуација и го имаш комодитетот до тебе да имаш центар на главен град. Тоа со себе ќе си повлече и други последици.


Posted By: kire85
Date Posted: 11-Sep-2009 at 17:28
BOJAN, ti davam pravo vo tvrdenjeto deka ako plakjas, MORA da imas vo sekoe vreme slobodno mesto za parkiranje! Tuka mislam nema diskusija, spored prosta logika e toa taka! Ne moze za nesto da plakjas sto ne go dobivas.

Ama ne ocekuvaj da imas garancija ako nekoj ti go osteti ili nedaj boze ukrade avtomobilot. Sepak se raboti za otvoreni parkinzi so SMS princip na naplata kade sto nema vraboteni, koi bi gi pazele avtomobilite. I toa ne e samo kaj nas taka.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Sep-2009 at 19:11
И јас ќе се сложам дека ако некој сака да може да си одкупи место за паркирање, но двесте денари од ден, а не од месец. Башка и да може било кој да си одкупи место загарантирано, да немора да е од центар. Така може, а вака за двесте денари месечно, па уште загарантирано во никој случај. Преку леб, погача.


Posted By: theone
Date Posted: 11-Sep-2009 at 22:49
Се ми се чини дека само ние сме научени дека се треба да биде како што ни е ќеф.
Летово бев во Будимпешта кај пријател на гости. Живее во строг центар и не вози кола. Паркинг на улица се наплаќа 100 тина денари 3 саати. И немаш право на повеќе од неколку саати да си паркиран.
Јас си најдов паркинг на 3 километри од таму со чувар. 48 часа 15 евра.

Белград иста приказна во центарот , имаш смс , имаш класичен паркинг како кај нас со наплата.

Во Австрија во градче од 20 000 жители , има специјален  паркинг во центарот на кој е дозволен само час и половина бесплатно, ако те најдат после тој час и пол веднаш добиваш казна. На сите други паркинзи си плаќаш. 

 


Posted By: BOJAN
Date Posted: 11-Sep-2009 at 23:17
Се согласувам за искуствата од другите европски градови, но и како што самите кажувате тамошните жители немаат сопствени автомобили, а тоа значи дека користат велосипед за поблиски или јавен транспорт за подалечни релации. Кај нас и едниот и другиот вид на превоз е слабо развиен. Инаку, и така најчесто пешачам, ретко го користам автомобилот и тоа за далечни релации, затоа и ми е потребен паркинг. Се сложувам дека треба да се воспостави и можноста да се откупи паркинг местото, но по разумна цена. На крајот, се разбира дека сум лојален граѓанин и дека ќе ги платам месечните карти на Градски паркинг, но сепак сметам дека како граѓанин имам право да се пожалам на дел од проблемите со паркирањето.
Имам и идеја, мислам дека парите што ќе се собираат од овие паркирања во градската каса да се пренаменат за изградба на катни гаражи низ централното градско подрачје.


Posted By: zabegan
Date Posted: 12-Sep-2009 at 00:11
со еден збор кај нас прво не се решени јавниот превоз и инфраструктурата за да може да се оди на вакви подвизи


Posted By: Max
Date Posted: 12-Sep-2009 at 01:06
Многу сограѓани од Центар ги имаа распродадено подземните гаражи пример, други не ни имаа загарантирано паркинг место, бидејќи проекциите при проектирањето биле една кола еден стан, а денес ситуацијата особено во центар е минимум две коли еден стан, но голем проблем се и фирмите кои никнаа како печурки по дожд по осамостојувањето па сега и стамбените комплекси во Центар се пребукирани постојано од службени возила...

Решение е можеби за станарите да се узирпира дел од тревните површини, но за секој стан максимум по утврдена потреба да се додели простор за паркинг не повеќе од едно возило...

И капак конечно мора да се дозволи изградба на катни гаражи по внатрешните паркинзи помеѓу зградите каде какви услови има или подземни или надземни, пример позади јукан, позади МАТ, позади драмски тука на ова игралиштето на гимназијата, спроти бристол, а сигурно утре и под плоштад...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Sep-2009 at 04:00
Според сегашнио стандарди мислам дека се проектира 1,2 места по стан!

Инаку потполно се слагам дека прометот од паркирањето треба да иде во унапредување на паркирањето, па градски паркинг да биде компанија и што еден ден ќе стопсанисува со свои изградени катни гаражи.


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Sep-2009 at 12:58
@Max

во право си дека гаражите нема да го решат проблемот но верувам многу ќе помогнат. Ќе повторам. Ако парите што граѓаните би ги давале на Градски паркинг во форма на месечен закуп на паркинг место (кое не е ни загарантирано) ги канализираат преку куќните совети кон темелно реновирање на гаражаите верувам дека за истите и помали пари ќе имаат многу поголема корист, дури ќе можат самите да си најмат чуварска служба. Се што треба е малку самоорганизација.

Ете во случаи како на Бојан каде тој вели дека не ја ни користи редовно колата, гаража би била и многу подобра варијанта отколку отворен паркинг каде што секој може да те изгребе, скриши ретровизор итн. 


Posted By: vardar
Date Posted: 15-Sep-2009 at 10:18
 

По 400 скопјани дневно го користат зонското паркирање

Надлежните велат дека граѓаните, откако е воведено зонското паркирање на паркинзите спроти „Плаза“, зад Собранието и кај „Бристол“, таму во секое време може да најдат слободно место

Две недели по воведувањето на зонското паркирање во Скопје, процените на „Градски паркинг“ се дека овој проект ја постигнал целта. Од јавното претпријатие информираат дека просечно се регистрираат околу 400 паркирања дневно преку СМС-пораки, од вкупно 300 паркинг-места. Граѓаните имаат уште две недели време бесплатно да го тестираат зонското паркирање на трите паркинзи на кои засега е воведено, а од 1 октомври ќе почне наплатата.

- Сметаме дека зонското паркирање ја постигна целта. Граѓаните што доаѓаат во центарот на градот, на овие паркинзи секогаш имаат слободно место за автомобилите. Тоа го потврдуваат и делумно празните паркиралишта - велат во „Градски паркинг“.

Зонското паркирање е воведено на паркинзите спроти ТЦ „Плаза“, зад Собранието и спроти хотелот „Бристол“. Првите два спаѓаат во првата црвена зона, а третиот е во втората жолта зона. За оние што не плаќаат по пат на СМС- пораки, испечатени се по 6.000 билети за првата и за втората зона.

Од „Градски паркинг“ објаснуваат дека отворените паркиралишта ќе бидат наменети за зонско паркирање, а затворените, кои имаат рампа, ќе продолжат да работат по старо, односно со плаќање билет во наплатната куќарка.

Од претпријатието велат дека речиси сите корисници на услугата го почитуваат дозволеното време на паркирање и досега не е издаден ниту еден доплатен билет за пречекорување на дозволеното време. Во првата зона граѓаните може да се паркираат најмногу два часа, во втората - четири, а во третата зона времетраењето на паркирањето ќе биде неограничено. Доплатниот билет е еден вид казна и за првата зона ќе изнесува 1.300 денари, а за втората 1.000 денари, без разлика колкаво е временското пречекорување. Оваа мерка исто така ќе важи од 1 октомври, од кога граѓаните ќе мора да внимаваат колку време им е паркирано возилото.

Од „Градски паркинг“ велат дека граѓаните засега се задоволни од зонското паркирање, а најмногу забележуваат на цените. Еден час паркирање во првата зона ќе чини 45 денари, во втората 35 денари, а во третата 25 денари.

- Има и задоволни и незадоволни граѓани, како и на секој почеток. Најмногу реакции има за цените. Сепак, сметаме дека цените не се високи и не се нови. И досега еден час паркирање на улицата Максим Горки беше 50 денари - велат од „Градски паркинг“.

Зоран Шапуриќ, член на Советот на Град Скопје од редовите ЛДП, на последната седница најави дека ќе поднесе иницијатива за намалување на цените на паркирањето за 30 отсто, поради економската криза и намалената куповна моќ на граѓаните.

Иако целта на зонското паркирање беше да се наплаќа паркирањето на коловоз, засега тоа функционира само на трите паркинзи. Од претпријатието најавуваат дека дел од коловозите ќе бидат наменети за паркирање по воведувањето на втората фаза. Тогаш ќе бидат опфатени улиците Орце Николов, Кејот 13 Ноември кај „Дрводекор“ и булеварот ВМРО. Според најавите, втората фаза би се вовела до крајот на наредниот месец.

Скопјани велат дека со зонското паркирање се ослободуваат повеќе места во строгиот центар на градот.

- Сега има место кога сакаш на овој паркинг. Можеби е скапо, но тоа е релативна работа. Вака можеш во секој момент да завршиш работа во која било институција - вели скопјанец што се паркира на паркингот спроти „Плаза“.

Друг граѓанин, кој се паркираше зад Собранието, рече дека новиот систем е добар за службени потреби, но за приватни е прескап.

- Ова ми е втор пат како користам паркинг во строгиот центар. Бев во Загреб пред две недели, таму зонското паркирање одлично функционира. Сметам дека и овде ќе се поднавикнат луѓето, иако за наши услови е скапо.

И контролорите на паркинзите велат дека зонското паркирање овозможува да се ослободат повеќе паркинг-места во строгиот центар.

- Сега граѓаните во секој момент имаат слободно место. Веќе и самите го изразуваат задоволството поради тоа - вели контролорот што ја следи состојбата на паркингот спроти „Плаза“.

Во зонското паркирање влегуваат само оние паркинг-места што се обележани со хоризонтална сигнализација, односно онаму каде што местото е исцртано со бела или со жолта боја. На совеста на граѓаните е оставено дали ќе паркираат на обележаното место или онаму каде што ним им одговара.

Анела Петрова

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=17137DC8135FF34B8A1F51B0F430E749 - Dnevnik



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Sep-2009 at 15:30

Наскоро ќе почне втората фаза од зонското паркирање





 

Следната фаза од зонското паркирање ќе ги опфати улиците Орце Николов и ВМРО и на кејот 13 Ноември

 
 
%20  
Скопјани сé уште не можат да се навикнат дека за да го остават своето возило на улица сега треба да плаќаат, иако помина речиси цел месец од почнувањето на проектот за зонското паркирање. Проектот со паркирањето на улиците функционира веќе еден месец, а од јавното претпријатие „Градски паркинг“ веќе најавуваат дека во текот на оваа недела ќе почне и втората фаза на проектот. Контролорот што работи на паркингот спроти трговскиот центар „Рамстор“ вели дека сé уште доаѓаат граѓани што не сакаат да платат за паркирање на возилата.

- На културен начин им приоѓаме на луѓето и им објаснуваме како функционира зонското паркирање и дека повеќе нема да можат да се паркираат на места каде што порано паркингот бил бесплатен, а сега треба да го плаќаат. На овој паркинг дневно влегуваат околу 50 возила и голем дел возачи велат дека со овој проект ќе се добијат повеќе паркинг-места. Исто така сега возачите не можат да се паркираат каде што сакаат како што беше порано. Местата за инвалиди и за велосипедисти се достапни само за луѓето што имаат такви потреби и не може секој да се паркира каде што сака- објасни вработен во „Градски паркинг“.

Ана Витановска од јавното претпријатие вели дека за една недела би требало да почне и следната фаза на зонското паркирање, кое ќе ги опфаќа улиците Орце Николов и ВМРО и на кејот „13 Ноември“. Зонското паркирање опфаќа три зони, црвена, жолта и зелена зона. Во црвената зона е дозволено паркирање најмногу од два часа, а цената за еден час е 45 денари, во жолтата зона е дозволено паркирање од четири часа, цената е 35 денари, додека, пак, во зелената зона е дозволено неограничено останување на паркингот, а еден час чини 25 денари.
 
   
Автор: А.М.Д.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92491010243&id=14&prilog=0&setIzdanie=21795


Posted By: Max
Date Posted: 25-Sep-2009 at 21:02

кој вели декаа Општина Аеродром нема да се влезе во новава шема? конечно ред и тука!




Posted By: kire85
Date Posted: 28-Sep-2009 at 21:49
decki da ve zamolam za edna usluga ako imate vreme....nekoj sto e podobro informiran ako moze da postira slika od skopje od google earth i da gi obelezi 3te zoni sto se predvideni za parkiranje, zosto vaka so iminja na ulicite nemam bas najdobra pretstava do kade se. fala odnapred.Smile


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Sep-2009 at 22:56
Кире, се надевам ова ќе заврши работа  Smile





http://www.parknow.mk


Posted By: kire85
Date Posted: 29-Sep-2009 at 18:48
Originally posted by Cloverstack

Кире, се надевам ова ќе заврши работа  Smile





http://www.parknow.mk


Super e!! Fala ti!Cheers


Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Sep-2009 at 23:44
25 денари неограничено?! И они мислат дека со тоа го решиле проблемот овде?! 25 денари/саат господа, само тоа ќе ги натера „шемаџиите“ да си ги остават поршињата по гаражите и по околните паркинзи, а не на тротоари.

И друго нешто - што после 21 час кога ќе се крене рампата?

УЛИЦИТЕ "ОРЦЕ НИКОЛОВ" И "ЛЕНИНОВА" СПРЕМНИ ЗА ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ


И шемаџиите ќе плаќаат паркинг


Од идната недела, на обележените места во Дебар Маало на двете улици услугата ќе чини 25 денари за неограничено време


Откако Кејот на Вардар се претвори во градилиште и шемаџиите ги напуштија популарните кафулињата, па се преселија во Дебар Маало, улиците "Орце Николов" и "Ленинова" во Дебар Маало се постојано блокирани од непрописно паркирани автомобили.
За дебармаалци кои постојано се жалат на метежот, од Градски паркинг доаѓа добра вест: од идната недела стартува зонското паркирање. Местата се веќе обележени, а деновиве ќе се постават и информативните табли на кои меѓудругото биде испишан бројот 144-144 за наплата преку СМС-порака. За паркирање ќе може да се плати и со тикети-грепки кои наскоро ќе ги има во сите киосци во близина на паркинзите.

Паркирањето на обележените места на двете улици ќе чини 25 денари за неограничено време бидејќи се наоѓаат во третата, зелената зона која е најодалечена од центарот на градот и е најевтина. Наплатата ќе се врши од 7 до 21 часот во работни денови, во сабота од 7 до 14 часот, а во недела и за време на државните празници паркирањето ќе биде бесплатно.

За жителите од двете улици ќе бидат обезбедени повластени картички кои ќе чинат 200 денари месечно, а повластена карта од 400 денари ќе биде обезбедена и за сопствениците на второ возило или пак за граѓаните кои имаат на располагање службено возило во текот на 24 часа.
Паркирањето во Скопје со години е голем проблем. Зонското паркирање се воведе пред еден месец според примерот на многу други градови во Европа и во светот како најдобар модел за зголемување на бројот на паркинг-места, но и за да се осовремени системот на паркирање и наплатата да биде поедноставна.

Центарот на Скопје е поделен во три зони а секоја зона е обележана со сообраќаен знак и информативна табла. Зоната А се простира во делот меѓу булеварите Гоце Делчев, ВМРО и улиците Даме Груев, Војвода Васил Аџиларски и Стив Наумов, зоната Б е меѓу булеварите Гоце Делчев, Свети Климент Охридски, Мито Хаџивасилев Јасмин, Кочо Рацин и Крсте Мисирков, додека Ц зоната е меѓу булеварите Илинден и Свети Климент Охридски, како и улиците Франклин Рузвелт и Митрополит Теодосиј Гологанов. Во А-зоната паркирањето е дозволено до 2 часа и ќе чини 45 денари за час. Во зоната Б задржувањето ќе биде дозволено до 4 часа, со цена од 35 денари за час, а во зелената Ц зона паркирањето ќе биде со неограничено време, со наплата од 25 денари за час.

(Е.А.)

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=4DD7C1CE7F6319408884AE0963B39489






-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Sep-2009 at 04:54
Сабајле користев зонско паркирање. И само што влегов на паркинг ми се сипаа едно десетина души и по неколку кревања рака, што беше доволно да им дадам до знаење дека знам како функционира концептот, се паркирав. На излагање од кола пишав порака во идење, и кога ја пратив порака веќе бев пешки стигнат до влезот на паркингот кадешпто еден возач се убедуваше со вработениот дека бил само за пет минути и според тоа не гледаше за сходно да плаќа паркинг. И згора на тоа доби потврден одговор од вработениот. зашто се тие десет вработени на секој метар?! За да оставаат возаи да паркираат бесплатно или што?! И јас бев за пет минути па пратив порака!  Всушност повеќето тамо се за пет минути и тоа беше замислата со ограничувањето временско!



Print Page | Close Window