Китино Кале
....Тврдината
Китино Кале е археолошки локалитет на кој досега не се вршени
систематски испитувања. Сознанијата за овој дел од градот за кој
локалното население со гордост си приспомнува, говорат дека тврдината
опстојувала во праисторијата, а со тоа се потврдува мислењето дека тоа
е најстара населба во градот. Случајните наоди во шеесетите години при
уредувањето на калето откриени се византиски чанкасти монети и монети
од времето на Кралот Волкашин. Една народна легенда вели дека тука, на
калето, живеела една од сестрите на Крали Марко, Кита, по која, не само
калето, туку и градот си го добил името. Делот од градот кој се наоѓа
под калето и е една од старите населби се вика Подварош со што се гледа
дека некогаш на калето опстојувал град, односно варош. Калето било
опкружено со два реда цврсти тврдини, со неколку четвртасти кули. Под
тврдините се наоѓале гробиштата на жителите на калето или градот. Некои
од откриените гробници се правени на спратови, а месното население
тврди дека тоа слугата е заедно погребуван со господарот.
 |
 |
....Во
1741 година на еден дел од калето е изграден градскиот часовник. Во
текот на XIX век во тврдината живеел Абди-бег со семејството, за кои
работеле 400 чифлиџии. Во екот на превирањата во Турската Империја и
одметнувањето на Али паша Јанински во тврдината се населува по лошо
прочуениот Хамзи-паша. После тоа редовната турска војска го заробува
одметникот и ја пали тврдината. Оттогаш во калето престојува само дел
од турскиот гарнизон, а на подножјето на калето е изградена коњушница
која во поново време се адаптира во градско кино.
....Во
предвечерието на Илинден 1903 година 500 комити на чело со Лука Ѓеров,
Арсо и Наќе војвода го нападнале турскиот аскер кој се наоѓал на калето
и во месноста Јурија, при што убиле 20 војници. И покрај збунетоста на
турците, востаниците се повлекле во оближните места. После доаѓањето на
србите на овие простори Калето се уредува, а во текот на шеесетите
години тоа уредување е доста поинтензивно, иако на штета на
археолошката наука. Со секоја власт на Калето се поставувале нови
споменици, а старите се демолирале. Во шеесетите години поставен е и
споменик посветен на паднатата партизанка Олга Мицеска, меѓутоа
споменикот не му се допаднал на еден политички моќник и за брзо време е
срушен. На платото од Калето сега е останата само основата. Во текот на
1968 година тука е направена спомен костурницата посветена на паднатите
жртви во текот на втората светска војна. Во тој период Калето повторно
станува центар на градот. Пријатно место за рекреација и дружење преку
денот и за вечерни забави.
------------- ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|