МИДА
Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Комерцијални
Forum Discription: Трговски центри, повеќенаменски комплекси, супермаркети, хипермаркети...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=726
Printed Date: 04-May-2025 at 06:05
Topic: МИДА
Posted By: pbanks
Subject: МИДА
Date Posted: 19-Oct-2007 at 22:22
еве со што ќе се проширува Форд центарот.
МАРЈАН МИНОВСКИ, СОПСТВЕНИК НА ФИРМАТА МИ-ДА, ЗАСТАПНИК НА ВОЗИЛАТА ФОРД
Волво тргнува од Нова година
Импортерот МИ-ДА ќе почне со продажба на луксузните возила "волво" во земјава, а наскоро ќе бидат удрени и темелите на новиот салон за овие возила, за што ќе бидат инвестирани еден милион евра
Автомобилскиот импортер МИ-ДА од Нова година почнува со продажба на луксузните возила "волво" во Македонија. Високи претставници на шведскиот гигант пред два дена тивко си заминаа од земјава, како што и дојдоа, откако претходно ги договорија сите технички детали со сопственикот на МИ-ДА околу генералното застапништво на овие автомобили. Писмото на намери веќе е потпишано, договорен е сервисот на возилата и едукацијата на вработените за нивно сервисирање, како и набавката на специјалниот алат. Останува уште да се удрат темелите на новиот салон за продажба на овие возила во земја, кој ќе се наоѓа веднаш до оној за автомобилите од марка "форд" . За новото застапништво кое го зема МИ-ДА, за зголемената продажба на возилата "форд" и за изградбата на автоцентарот, која ќе почне наскоро, разговаравме со Марјан Миновски, сопственикот на МИ-ДА. Тој во интервјуто за ВЕЧЕР открива дека тоа ќе биде најголемиот авто-деловен центар на Балканот.
- Веќе од Нова година официјално во постоечкиот привремен салон, кој е во склоп на МИ-ДА, ќе почне продажбата на возилата "волво", но веќе од 2009 година, тоа ќе биде урнато и на тоа место ќе биде изграден новиот салон, кој ќе биде продолжение на деловниот објект на МИ-ДА. Во средината ќе има купола, а целокупниот објект во крајната фаза (авто-деловниот центар) би требало да биде на површина од над 12.000 квадратни метри, со подземје и површина. Со тие перформанси, во околинава не очекувам да се направи толку голем авто-центар. Само салонот за продажба на возилата "волво" ќе чини еден милион евра. А, за изградбата на останатиот дел од центарот сигурно ќе бидат потребни уште неколку милиони евра. Изградбата нема да трае долго бидејќи сум стопроцентен сопственик на земјиштето, што значи дека имотноправните односи се чисти. Ги имам сите услови за градба само останува да се платат комуналиите и да се почне со изградба, но, сепак, се плашам дека ќе се јави еден голем проблем, што за жал долго го чувстувам, а тоа е дека не ќе можам да го направам тимот за работа. До сега имаме изградено третина од објектот, кој кога ќе биде завршен ќе ги опфаќа двете страни на булеварите Илинденска и Октомвриска револуција. Тоа ќе биде максимално модерен авто-центар, каде што сервисите за возилата ќе бидат два ката под земја, а на првиот кат ќе се наоѓаат изложбените салони за возилата.
Направивте ли истражување дали возила "волво", кои се во сегментот премиум, односно луксузни автомобили, се барани на пазарот. Сепак, Македонија е сиромашна земја и луѓето немаат пари да купуваат вакви скапи возила. Кој е Вашиот интерес во овој договор? - "Волво" е силен бренд во светот. За жал, на овој простор е малку непознат, но тоа е поради фактот што не се работело умно со промоцијата на овој бренд. Тука ќе направиме исчекор во делот на што повеќе да биде присутен на скопските улици и во земјава, воопшто. Не мислиме дека тоа ќе го направиме преку ноќ или чудо за една година. Тоа е долг процес. Но, мислам дека ќе успееме бидејќи ова возило е далеку пред сите автомобили во сегментот безбедност. Ние точно знаеме дека таргетот за 2008 година ќе биде 50 продадени возила. Вакви автомобили обично возат лекари и адвокати, односно профил на луѓе со дефиниран психолошки лик, кои имаат свој стил. Само во Загреб речиси 60 отсто од комплетниот дипломатскиот кор возат "волво". Овие возила иако се поевтини од оние во неговата класа, БМВ и ауди, сепак, послаби се единствено во моќта на моторот.
Како почна вашата успешна приказна? Имавте ли поголеми падови во бизнисот, со оглед на фактот дека опстојувате повеќе од 20 години на пазарот? - Сега влеговме во 20-та година од нашето постоење што е сериозен факт во секој бизнис. Имаме нагорна линија на развој на компанијата, која континуирано продолжува. Со текот на времето, кога ќе се создадат услови за тоа ќе се донесат и другите брендови, кои се дел од гигантот "Форд", а тоа се јагуар, ландровер... Во изминатиот период се обидовме и со застапништво на фиат, шкода, БМВ , но, сепак, се констатира дека во овој момент е најумно да се остане во рамките на овој круг. Пред извесен период имав еден економски неуспех со фабриката за огледала во Струга, која ја купив. Четири години се обидував да извезувам ретровизори во странство, но не успеав во таа работа. Изгубив доста пари и едноставно не можев да се пронајдам во амбиентот на Струга, затоа фабриката ја подарив.
Која марка "форд" возила е најпродавана? - Најблиска до нашиот џеб е "форд фиеста", но и "фокусот" во многу нешта е особено добро возило. Мислам дека во овој момент на пазарот со тие перформанси нема слично возило како "фокус". Зголемената продажба се должи на работа, работа и само работа. Она што од мене го бара фабриката, јас го пренесувам на моите луѓе во менаџерскиот тим. На нив се должи овој успех.
Гигантот "Форд" купи фабрика во Романија и беше најавено дека целото производство на моторите ќе биде наменето за европскиот пазар? - Тоа е еден тренд што се случува во цела Европа во таа трка за профит и максимално поевтино производство. Ова е резултат на влегување на Романија во ЕУ, со што имаме правна и сигурна држава каде што инвестицијата ќе биде максимално заштитена. Таму ќе треба да се склопуваат само моторите за фабриките насекаде низ светот.
Имате ли информации колку возила се продаваат во светот и на кое место се наоѓа овој гигант според продадени автомобили? - На прво место е "Тојота", па после доаѓа "Џенерал Моторс", кој досега беше лидер на планетава, а "Форд" е веќе трет. Но, "Форд" е единствена фабрика на планетава каде што се уште бизнисот е фамилијарен, за разлика од другите, кои веќе прераснаа во конзорциуми. "Форд" е економијата на Америка, и тие кризи за кои се пишувало по весници, нема шанси да се случат бидејќи приказната е успешна. На нашиот пазар, во моментот се продаваат 12 до 14.000 возила од сите брендови. Сите ние мафтаме со некои потадоци , но сепак, тоа се многу малку продадени возила. Тоа е резултат на економската состојба и стандардот. Но, за ова сум многу оптимист, едноставно она што се случува сега во Хрватска, и што се случуваше пред 4 години во Словенија, во секој случај ќе се повтори и во Македонија. Просекот на автомобилите кои се возат во Македонија е стар. Тука драстично влијае скромниот почеток на влез на банките, кои нудат возила на лизинг. Секаква дозвола за увоз за половни возила тврдам дека е штетна од еколошки и безбедносни аспекти. Македонија води добра политиката со тоа што не дозволува да се внесува ѓубре односно амортизирани возила од ЕУ.
Што мислите за намалување на ДДВ за возилата за да се стимулира потрошувачката? - Мислам дека со намалување на ДДВ за возила не значи дека цените нешто драстично ќе паднат, од друга страна сметам дека самите производители ќе ги зголемат цените или ќе се трудат да ги поистоветат со оние на европскиот пазар. Тука се проблем акцизите. Верувам дека треба да постои акциза, но за оној што сака да вози луксузно возило со многу моќен мотор, треба да плати за да си го дозволи тоа. Направена е погрешна поделба или граница од колку до колку кубици треба да биде зафатнината на моторот, со која цена, со која вредност. Ми се чини дека е направена груба грешка со поделбата до 1000 кубици, до 1500, до 2000 и над 2000 кубици. Тоа нема никаква логика. Изборот на граѓаните им го смалуваме и на тој начин ние форсираме на некој начин одредени брендови. Не сакам да размислувам дека поделбата на кубикажата е намерно така направена за да едноставно се поддржуваат одредени брендови. Едноставно не сакам да верувам во тоа и затоа тврдам дека е некоја груба грешка. Зошто треба македонскиот граѓанин да биде проклет, па да вози само мали автомобили. Не зборуваме за луксуз, туку за возилата "фокус", "цитроенот C4", "астра", "меган". Тоа се семејни возила што би можело секое просечно семејство да си ги дозволи, но за жал не е така поради високата акциза.
Продажбата на возилото "форд" урива рекорди
Зголемена е продажбата на "форд" возила во Македонија во споредба со лани. Уште сега е урнат ланскиот рекорд од 800 продадени возила.На што се должи тоа? - Во делот на "форд" возилата се случува една интересна приказна. Пред само 12 до 13 години на просторот на Македонија, "фордот" беше ретко возило. Тогаш, според статистиките учествувавме со околу 1 процент во вкупниот возен парк во земјава, а сега веќе се движиме кон 7 проценти со таргет да дојдеме до 10, за една година. Веќе имаме втор потпишан договор за генерално импортерство со Форд од Мичиген, Детроит и тоа со компанија Ми-Да Моторс што е чудо, бидејќи тој е планетарен џин. Во Америка да се потпише договор со правно лице од Македонија, и тоа уште пред 10 години е сериозен факт, но тоа досега не сум го злоупотребувал. За разлика од овој факт, повеќе од половина од автомобилските куќи во земјава се експозитури на соседните земји.
Радмила Ј. НИКОЛОВСКА
|
Извор: http://www.vecer.com.mk/?ItemID=8369DA50BB2AF344A1A4EE725325C926 - Вечер
|
Replies:
Posted By: dejan
Date Posted: 20-Oct-2007 at 04:08
Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Nov-2007 at 14:12
Eve go konceno go najdov renderot za kompletiot MIDA kompleks koga bi se zavrsil. Mozete da vidite kolku e do sega napraveno ni do pola. Kje izgleda super ko kje se dopravi. Vo kontekst so intervjuto pogore vo ovoj thread verojatno naskoro toj del kje zalici


|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Nov-2007 at 16:09
Мида стварно ќе изгледа екстра кога ќе се комплетира
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Mar-2008 at 15:04
Најдов асални рендери од МИДА, изгледа комплексот е поголем одколку што мислевме.
1
 2
 3

Еве и две добри ноќни слики од она што е изградено до сега
4
 5

|
Posted By: La Linea
Date Posted: 21-Mar-2008 at 15:08
Забегале овие... Добро изгледа, а ако гледаме по тоа што е досега изградено, би требало добро да испадне 
------------- Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Mar-2008 at 15:28
Ау екстра е мида 
Само не ми е јасно зошто два сосема одделни објекти.
|
Posted By: blejdsk
Date Posted: 21-Mar-2008 at 18:35
Dva objekti ke bidat zatoa sto MIDA ke bide ovlasten distributer i na vozilata Volvo i najverojatno Jaguar, barem taka rece sopstvenikot na MIDA na edna emisija sto ja gledav od neodamna.
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Mar-2008 at 18:41
Па добро де, не е ништо чудно повеќе производители да има во еден објект.
|
Posted By: ProMKD
Date Posted: 21-Mar-2008 at 18:51
Еј браво, секоја чест за Маријан од мида. Порано таму кај него се собираа членовите на мото клуб МИДА (сега непостоечки - членовите се во мото клуб МОТОРИ). Тогаш беше се у бараки, на еден спрат..мизерно. ама откако изгоре го направија невидена работа, се збореше во форд дека имаат најубав салон во европа
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Mar-2008 at 23:36
Moze drugiot objekt e deloven i nema vrska so avtosalon, samo e del od kompleksot. Ako ima avtosalon vo nego verojatno kje bide samo vo prizemjeto barem mene taka mi izgleda.
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Apr-2008 at 09:36
Вчера зборев со едно типче што работи во МИДА.
За последниот рендер од целиот комплекс МИДА. ИЗградбата треба да почне кај и да е и да се заврши во 2009. Во централниот дел на објектот кој е на Илинденска/8 Септември ќе има салон за Волво додека во остатокот не се знае кој бренд ќе биде. Поголемиот објект во внатрешноста на објектот ќе го гради Хипо. Ако ви текнува некаде во декември Андреј Петров најави дека оваа година Хипо ќе гради седиште на територија на Општина Карпош (евидентирано во Проекти : Вести). Значи фул канцелариски објект, колку што ми објаснија дечково има некоја комбинаторика Хипо ќе го користи во следниве 10 години а после преоѓа во сопственост на МИДА.
Сеа колку е сето ова точно што го изнакажав незнам но веројатно има многу вистина 
|
Posted By: KamaZ
Date Posted: 08-Apr-2008 at 00:02
Здраво дечки! Конечно се уклучив во дискусија после следење на форумов уште од неговиот почеток. Инаку за дупката до мида што е, колку што имам јас знам тоа е хипо. Инаку земјиштето било на мида и они им го шитнале на хипо. Врската е Војновиќ, екс директорче во Мида и сегашен генерален на хипо лизинг. Негде чув дека кога хипо ќе ја заврши зградата ќе почне мида да се доградува.
|
Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 08-Apr-2008 at 00:05
Добредојде КамаЗ
|
Posted By: vardar
Date Posted: 08-Apr-2008 at 00:07
Велкам КамаЗ
Војновиќ е екс-кошаркар така, или некој друг?
|
Posted By: La Linea
Date Posted: 08-Apr-2008 at 00:11
Здраво KamaZ
------------- Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
Posted By: KamaZ
Date Posted: 08-Apr-2008 at 00:25
Да екс кошаркарот. Добренајдов
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Sep-2008 at 14:37
Ваљда е ова најава дека и МИДА ќе се доградува 
ЕДНА ОД НАЈСТАРИТЕ АВТОКУЌИ ГО ПРОСЛАВИ 20. РОДЕНДЕН
"МИ-ДА" гради бизнис центар во Скопје
"МИ-ДА Холдинг" до крајот на годината ќе го пушти во употреба бизнис
центарот кој го гради на локацијата каде што се наоѓаат и продажните
автосалони, најави вчера сопственикот на Холдингот Марјан Миновски, на
прославата на 20.роденден на "МИ-ДА". "Моторите ми беа хоби, и ми
станаа основна дејност. 'МИ-ДА' почна да работи во 1988 година и од мал
сервис за миење автомобили, прерасна во современ центар за дневна нега
на автомобили, а се прошири и со продажба на автомобили од светски
познати брендови", изјави Миновски и дополни дека на компанијата и
претстои надградба и имплементирање на модерните европски принципи на
работење.
"МИ-ДА Холдинг" групацијата се состои од четири компании од
автомобилската индустрија. "МИ-ДА моторс" е овластен увозник за
возилата на "Форд", "МИ-ДА ауто" е увозник за "Лада", а од годинава е
овластен продавач на возилата на "Волво". |
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=157245&idg=8&idb=2479&rubrika=Makedonija
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Sep-2008 at 10:42

Еве и потврда
Попуст за Волво и Форд Фокус по повод 20 годишниот јубилеј на Ми-Да
|
|
Групацијата
Ми-Да прослави 20 години години од своето постоење. По повод 20
годишниот јубилеј на присутните на конференцијата за печат им се обрати
Марјан Минoвски, сопственик на групацијата Ми-Да, Благоја Пискачев
новиот генерален директор на групацијата, Марјан Маринов, генерален
директор на Ми-Да моторс и Серафим Николов, генерален директор на Ми-Да
ауто.
По повод јубилејот до крајот на годината Ми-Да одобрува роденденски
попуст за сите заинтересирани за купување еден од моделите на Волво:
C30, C/V/XC70, S40, S/XC60, S80, V50 и XC90 во висина од 8% на крајната
цена на автомобилот.
Во текот на есента 2008 година од компанијата најавија доаѓање на
новиот хит на Волво на македонскиот пазар – XC60. Модел, кој ќе ја
заокружи веќе богатата понуда на Волво, која ја има Ми-Да.
По повод јубилејот од компанијата најавија и попуст на попуст на
моделот Ford Focus. До сега за овој автомобил се добивасе попуст од
1.200 ЕУР, а во следните 2 месеца, купувачите ќе добиваат дополнително
попуст од 500 ЕУР, што вкупно на крајната сума ќе биде намалување од
1.700 ЕУР.
“Фирмата Ми-Ди е една од малубројните фирми во Македонија што почнаа со
работа пред 20 години и успешно излегуваа на крај со сите проблеми што
ги носи бизнисот во една држава во транзиција“, изјави пред присутните
сопственикот на групацијата Маријан Миноцски, потсетувајќи дека Ми-Да е
првата и најстара компанија во Македонија, за продажба и одржување
автомобили, продажба на резервни делови, аудиоопрема и додатоци.
Групацијата Ми-Да започна со работа уште во 1988 година со мал сервис
за миење возила, кој со текот на годините прерасна во современ центар
за дневна нега на автомобили.
“Но мојата визија беше проширување во другите сегменти поврзани со
автомобилизмот, од кои најважен е продажба и сервисирање автомобили од
светски познати заштитни марки“, се присети сопственикот Миновски.
Во 1989 година е основана првата приватна компанија за увоз и одржување
на возила во Македонија , најпрвин започнувајќи увоз на автомобили
програмата на Лада. Во 1994 година компанијата станува овластен
дистрибутер на возила од програмата на Фиат, а во 1997 го носи и Форд
во Македонија.Од оваа година компанијата Ми-Да е овластен дилер за
возила од марката Волво.
Сервисот за миење возила за 20 години прерасна во гигант во областа на
автомобилизмот во Република Македонија. Од само пет вработени, денес
вкупната бројка на вработени во групацијата Ми-Да, заедно со сите
кооперанти што се во функција на бизнисот, е околу 200.
Идните планови на компанијата се довршување на изградбата на нов центар
за ламаринарски и бојачки услуги во Визбегово кој се протега на
површина од 6.500м2, во кој ќе биде сместен и складот за возила под
царински надзор, а неодамна започна и изградбата на втората фаза на
објектот, кој ќе содржи нов изложбен салон за Волво, ресторан и
кафетерија, управна зграда и многу други содржини. |
|
http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=12494&mid=303&tabId=1&tabindex=0
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Jun-2009 at 13:39
МИДА го гради новиот салон (ваљда за Волво) паралелно со изградбата на Хипериум.
Новата ламела веќе почнува да добива форма но на средишниот дел кој ги поврзува двете ламели не се работи.
1
 2

|
Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Jul-2009 at 15:49
Градилиштето на Форд (МИДА)

|
Posted By: medo
Date Posted: 14-Sep-2009 at 19:21
Сликано на 14.9.2009.

Сакам да истакнам еден проблем за кој се надевам дека проектантот на објектов обрнал внимание, а ревидентот го верификувал решението. Се работи за столбовите кои се гледаат на сликава, а го обиколуваат постоечкиот објект. Тие се слободни, не се поврзани со никакви греди меѓусебе (ако не ме лаже видот). Ваквите столбови, со оваа височина (некаде над 10 m), се особени чувствителни на извивање. Се надевам дека во проектот тие се анализирани и димензионирани на извивање. Во спротивно може да видиме како по одредено време од изградба на објектот ќе се извијат како што се витка свеќа при покачена температура.
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Sep-2009 at 20:21
medo, постои ли ризик од нагло рушење доколку дојде до извивање?
И доколку навистина се има направено некаков превид, какви интервенции за корекции отпосле се можни?
|
Posted By: medo
Date Posted: 14-Sep-2009 at 23:33
Секако дека постои, но искрено се надевам дека се е предвидено. Можеби на кровот што ќе дојде над нив сепак ќе нема некои големи товари. Корекции се можни, секако, само да бидат воочени навреме.
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Sep-2009 at 19:47
Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-Nov-2009 at 23:27
Очито голема разлика од почетните планови
2009-11-11
2009-11-11
------------- Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Dec-2009 at 13:59
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Jan-2010 at 15:52
Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Feb-2010 at 13:04
Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Mar-2010 at 04:53
Posted By: pbanks
Date Posted: 07-May-2010 at 23:32
Posted By: pbanks
Date Posted: 24-May-2010 at 12:25
1.
 2.

|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Aug-2010 at 03:51
Posted By: zabegan
Date Posted: 20-Sep-2010 at 22:01
малку каснам со фоткава, од 15 септември е

|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Sep-2010 at 14:16
Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Dec-2010 at 17:19
И се гледа крајот и на МИДА
1.
 2. Во комбинација со Хипериум

|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Dec-2010 at 20:37
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 22-Jul-2011 at 18:28
Znam deka ima posebna niska za ovaj proekt no ne go najdov http://imageshack.us/photo/my-images/59/img0501jt.jpg/"> http://imageshack.us/photo/my-images/3/img0502yf.jpg/">
|
Posted By: fichot
Date Posted: 22-Jul-2011 at 23:33
Ова не ли е готово? Гласање нешо? 
-------------
|
|