Print Page | Close Window

Спортски објекти (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Спортски
Forum Discription: Стадиони, сали, спортско-рекреативни објекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=729
Printed Date: 25-Apr-2024 at 08:54


Topic: Спортски објекти (општо)
Posted By: Cloverstack
Subject: Спортски објекти (општо)
Date Posted: 01-Feb-2008 at 08:00
Освен нишките во овој субфорум, посебна нишка има и ски центарот што се гради на Кожуф, проект во кој спортската компонента е значителна:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=24 - Ски Кожуф






Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Feb-2008 at 00:05
Во нормали услови ова би била убава вест, но со горчливиот вкус на популизам неможам соодветно да реагирам на ова (ако воопшто се работи за нешто сериозно).

Еден сомнителен момент во текстот. Се зборува за локацијата пред Базен Младост накај Илинденска. Зошто сомнително.

1. Скоро се зборуваше дека Кондоминас сеуште поседува дел од таа земја и бара обесштетување за остатокот заради пропаднатиот проект City Plaza
2. Често има тврдења дека дел од таа земја е предмет на денационализација или е денационализирана
3. Едно време постоеше информација дека Меркатор е во игра за таа земја Roll%20eyes
4. Еден голем дел таму е веќе околчен што е веќе евидентирано на форумов. Како веќе да се спрема нешто да се гради.


Скопје ќе добие ледена палата на спортовите

Агенцијата за млади и спорт со помош на Владата се подготвува за изградба на сала за зимски спортови

Миодраг Мицковиќ

Покрај новата голема спортска сала во близина на хотелот „Александар палас“, која наскоро ќе биде предадена во употреба, и изградбата на Градскиот стадион, Скопје ќе добие уште еден репрезентативен спортски објект, единствен во нашата држава. Во план е изградба на сала за зимски спортови, за хокеј на мраз и уметничко лизгање и се' што е потребно за еден ваков зимски спортски објект.

Како што дознаваме, претседателот на Хокеарската федерација на Македонија, Никола Тасев, вчера разговарал со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Ивица Георгиевски, при што била истакната потребата за изградба на еден ваков објект за зимски спортови кој недостига во нашата држава и кој ќе биде голем поттик за развојот на хокеарскиот спорт во Македонија и за првите почетоци на уметничко лизгање.

Средствата за изградба на салата ќе бидат обезбедени од Буџетот на Република Македонија, а веќе е одобрено Светската хокеарска федерација да помогне со некои идејни решенија за изградба, со оглед на тоа што таа има повеќе проекти на вакви сали. Ќе биде распишан и меѓународен тендер за изградба на ледената палата, која сигурно, со својата функција ќе ги привлече љубителите на овие заборавени зимски спортови во Скопје и во Македонија. Се предвидува да биде градена со забрзано темпо и да биде предаден во употреба при крајот на 2009 година.

Дознаваме дека има неколку предлози за локацијата на која ќе се гради објектот, но најверојатно, ќе биде лоцирана во непосредна близина на новата спортска сала „Борис Трајковски“, на просторот спроти Воената болница. Со оглед дека тука се наоѓа и зимскиот базен „Младост“, целта е овој дел на градот да добие модерен спортски комплекс, со затворен базен, голема сала за сите мали спортови и сала за зимски спортови, која ќе може да биде пренаменета и за други спортови, кога ќе биде потребно.

Како што веќе пишувавме, наскоро во Скопје словенечката фирма „Леопард“ ќе спонзорира еден хокеарски клуб и ќе отвори школа за хокеј на мраз, така што при крајот на годината Македонија ќе формира јуниорска репрезентација која, до изградба на салата ќе тренира на отвореното лизгалиште на Кале. Покрај тоа, Агенцијата за млади и спорт ќе направи напори да заживеат и другите зимски спортови во нашата држава. Предвидено е во блиска иднина да се изгради и една ски-скокалница, прва од ваков вид не само во Македонија туку и на јужниот дел на Балканот. Скокалницата би била изградена на терените на Зимскиот центар „Кожуф“, или на Попова Шапка, каде што има подобри услови за тоа.



Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B3491CCE90EE65418108F5325F6AD00B - Утрински весник


Posted By: mitatos
Date Posted: 07-Feb-2008 at 00:09
da se nadevame deka i ova ke se izgradi ) sum razmisluval i porano za vakvo nesto,ama ete konecno na nekoj mu teknalo



-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: La Linea
Date Posted: 07-Feb-2008 at 00:16
Previous Па и не е важно дали е популизам или не, туку во прашање е дали може да се свати ова нешто сериозно? Мали се шансите до крајот на 2009-та да се изгради нешто репрезентативно, како што новинарите ни пренесуваат. Колку време требаше да се изгради еден Лумикс, а не спортска сала што ќе вклучи
-затворен базен
- голема сала
-сала за зимски спортови
Добро, рокот не може да се земе здраво за готово, секогаш се поместува и по неколку години. Да се надеваме дека ќе испадне нешто и дека спорот со земјиштето ќе се реши брзо, ако постои.
 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Feb-2008 at 00:22


Па добро де, салата и базенот се веќе таму. Само ова за зимски спортови ќе било ново, на тоа се мисли.

А за најавате не знам што да искоментирам... Се добива впечаток дека сме некоја многу богата држава па ги штанцаат проективе... Убаво звучи ама дали е сериознo тоа е веќе друго прашање. Во секој случај ништо нема да може да ги испере ако продолжат со црквата на плоштад и сличните глупости... Според мене се им паѓа во вода!


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Feb-2008 at 00:23
@La Linea

Популизмот е проблем бидејќи се промовира во просек по еден релативно голем проект на месец дена во просек. Театар, градска куќа, катедрала, музеј, меморијал еден, меморијал два, дотација за музеј, дотација за спортска сала, дотација за автобуси, археолошки ископувања, наколни населби, филхармонија, стадион.................... сала за зимски спортови.

До крајот на мандатот има уште 2.5 години. Рок кој е прилично лесно да се пробие за македонски стандарди.

Замисли го следново сценарио. Сите овие проекти почнати, ниеден незавршен а ДПМНЕ губи на изборите.

Колку време може да ни остане раскопан градот?

Милениумски крст, зградата на Македонска банка, Печатница Гоце Делчев, неизградената фонтана на плоштад се само дел од проектите кои биле жртва на вакво сценарио.

Идејата како идеја е супер, а и локацијата (покрај Борис Трајковски) ми се свиѓа. Но како дел од големата слика ми отвара само сомнежи.


Posted By: blejdsk
Date Posted: 07-Feb-2008 at 16:28
Jas mislam deka Vladata  e seriozna vo site proekti  i deka ke se zavrsat poranao ili pokasno, i ne e vo red sekoj proekt da se sporeduva so brzinata na izgradba na proektot Lumiks koj pred se go gradi privatna firma.


Posted By: La Linea
Date Posted: 11-Feb-2008 at 16:22
Еве, во Ново Лисиче се работи на новото теренче за кошарка мислам




Posted By: ProMKD
Date Posted: 19-Mar-2008 at 04:58
Сега и 25 Тениски центри со по 4 терени...наводно..знам дека сум песимиста за овој проект ама немам доверба во ваквите спектакуларни најави. Од немањето еден стадион за фудбал - наеднаш ќе имаме 35 спортски сали, 25 тениски центри, Борис Т салата... абе ние до 2015 ќе бидеме светска сила во спортот!!

Агенцијата за спорт ќе гради тениски терени

18.03.2008 19:09

Агенцијата за млади и спорт денеска го презентираше владиниот проект за изградба на 100 тениски терени во поголемите градови во Македонија. Се работи за 25 тениски центри со по четири терени наменети за домашни и меѓународни натпреварувања.

Директорот на агенцијата, Ивица Георгиевски истакна дека терените ќе бидат од цврста подлога, а ќе бидат во сопственост на општините.

Терените треба да бидат готови до 2009 или 2010 година, а целиот проект ќе чини четири до пет милиони евра.

„Се решивме да изградиме 100 тениски терени, кога размислувавме дали би требало да изградиме вакви терени со цврста подлога или земјена подлога, земавме повеќе аспекти, повеќе фактори. Овие тениски терени да бидат во сопственост на општините каде што ги градиме и потоа ќе бидат одговорност на општините, за да ја намалиме одговорноста, за полесно одржување се решивме овие терени да бидат со цврста подлога“, изјави Ивица Георгиевски, директор на агенција за млади и спорт.

http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=90900




Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Sep-2008 at 11:48
Хокеарска хала и црква во Карпош 3



Автор:  Бојана Стојчевска
Канал, ромско маало, собиралиште на кучиња-скитници, запуштени игралишта, бавчи и савански предели се среќаваат на потегот помеѓу двете последни автобуски станици на автобусите со броевите 15 и 7а во општината Карпош.
 
Граѓаните не се задоволни од начинот на кој сега изгледа овој дел, а општинските власти, пак, со години бараат донатори за негово урбанизирање.
 
ХОТЕЛ, ЦРКВА, ХОКЕАРСКА ХАЛА
 
Според деталниот урбанистички план на општината Карпош, на просторот помеѓу последните автобуски станици на броевите 15 и 7 ќе се градат црква, хокеарска хала, хотел, маркет, тениски терени и социјален објект, односно старски, студентски или пензионерски дом.
 
Од градбите што ќе останат на овој простор ќе биде само спортскиот објект „Партизан“, кој веќе неколку децении се наоѓа таму.
 
Општинските власти бараат помош од донатори за модернизација и на последниот дел на населбата Карпош, кој со години е запуштен.
 
- Според ДУП, треба да се изградат хокеарска хала, хотел маркет, црква, тениски терени и социјален објект. Единствено за црквата има проблем, затоа што мал дел од земјиштето каде што е предвидена му припаѓа на приватен сопственик. Кога би пронашле луѓе што би инвестирале би се урбанизирал и овој дел, но работиме и на тоа - истакнаа општинските власти.
 
ЏУНГЛА СРЕДЕ УРБАНА СРЕДИНА
 
Жителите на Карпош со години негодуваат за просторот помеѓу двете автобуски станици. Тие велат дека општинските власти мора да преземат нешто за урбанизирање на овој простор и конечно да ја снема џунглата меѓу модернизираниот дел.
 
- Овој простор навистина не личи на ништо. Од двете страни имате урбанизирана средина, а меѓу нив џунгла.
 
Луѓето на тој простор имаат заградено бавчи, десетици кучиња се движат низ високите треви и грмушки и не можете да ги видите навечер, се насобира ѓубре, купишта има на секој чекор, а единственото игралиште што се наоѓа таму пропаѓа. Општинарите треба да го средат овој дел - изјави Ѓорѓи Ивановски, жител на населбата Карпош 4.
http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=189&ArticleID=7585



Posted By: kire85
Date Posted: 22-Sep-2008 at 17:19
Previous

ovie stvarno naumile da ja ostvarat idejata na dzingo za hokej vo makedonija LOL


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Oct-2008 at 11:32
Груевски ќе гради скокалници
Се работи за проект кој наводно ќе чини околу пет милиони евра, кои Владата веќе ги има одобрено. Притоа вице-премиерот Зоран Ставревски наводно побарал проектот за скокалниците да биде готов до 31 декември.


 
Време е македонските скијачи да им се посветат на скоковите, и да ги баталат останатите дисциплини, во кои и баш не се прославија, бидејќи Агенцијата за млади и спорт (АМС), ја планира изградбата на ски-скокалници во државава. Проектот кој би бил финансиран од Владата, се уште е во подготвителна фаза. Од АМС засега само собираат информации и искуства со цел да се запознаат со условите кои се потребни за изградба на ваков спортски објект. Локацијата за градење не е утврдена, а како први кандидати за домаќини на натпреварите во овој летечки зимски спорт, се наметнуваат скијачките центри во Кожув и во Маврово.
- Овој проект е во фаза на истражување. Се консултираме со стручњаци од земјава и странство и вршиме испитување на јавното мислење, со цел да видиме дали би била исплатлива изградбата на скокалница во Македонија. Во план се и патувања во Словенија и во Сараево со цел да се консултираме со тамошните стручњаци - изјави директорот на АМС, Драган Ѓурчевски, кој и самиот се уште не знае колку би чинел овој проект.
Како што "Вест" дознава, се работи за сума од пет милиони евра која Владата ја има одобрено за овој проект. Притоа вице-премиерот Зоран Ставревски наводно побарал проектот за скокалниците да биде готов до 31 декември. Од балканските држави само Словенија располага со врвна скокалници и тоа две, кои се и дел од Светскиот куп. Тука е пред се познатата Планица, од каде што и нашиве ски-стручњнаци ќе се обидат да црпат искуства, а другата е онаа во Крањ. Станува збор за огромен спортски проект, кој воедно би бил и единствен во нашето окружување, ако се земе в предвид дека ниту една соседна држава не располага со првокласна ски-скокалница, која ги исполнува олимписките норми.
- Ова е сериозна работа, и на тој начин и приоѓаме, затоа сакаме што е можно подобро да ја проучиме ситуацијава, пред и официјално да се започне со изградбата. Никој на Балканот, а камо ли во Македонија нема градено ваков импозантен спортски објект веќе подолго време, и затоа ќе треба детално да се подготвиме - додаде Ѓурчевски.
Тој не одреди конкретен датум, кога би започнала реализацијата на проектот, но се очекува тоа да биде веднаш штом ќе се изработи деталниот план, со одобрение од Владата. Најоптимистички прогнози на Ѓурчевски се дека тоа ќе се случи во текот на идната година, или пак во 2010. Околу ова прашање во Агенцијата веќе работат со полна пареа. Тие стапиле во контакт и со Меѓународната скијачка федерација, и се очекува да се состанат, бидејќи ќе станува збор за скокалница која ќе ги исполнува меѓународните натпреварувачки норми, со кои би можела да конкурира и за место во календарот на Светскиот куп.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=157719&idg=8&idb=2489&rubrika=Sport



Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Oct-2008 at 11:45
LOL Nuts


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Oct-2008 at 11:53
Џуро абе зашто одма така со скептицизам кон ова?! Ја сосема го поддржувам ова. Маврово, а посебно Кожуф допрва ќе се развиваат. Што ќе им смета и една скокалница плус. Само не ми е јасно дали е правно издржано владата да ги прави, пошто нели тамо има приватен капитал.

Инаку Планица е најголема скокалница кајшто се прават скокови од по 200 метри. Незнам дали знаете ама јас имам слушнато една приказна демек Скокалницата требало да се гради на Шапка. И тогаш во Македонија имало само еден човек којшто бл стручен за вакви објекти, но бил нешто болен. И наводно инвеститорите или у тоа време држават ли незнам кој, наводно неможеле да чекаат да оздрави овој и отишле у Словенија. Малку не ми веродојтојна, пошто нели можело и друг стручњак да пратат. Но знаејќи ја нашата потценете положба во таа федерација, не ми е ни чудно да се десило овакво нешто.


Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Oct-2008 at 12:09
Originally posted by lslcrew

Џуро абе зашто одма така со скептицизам кон ова?! Ја сосема го поддржувам ова. Маврово, а посебно Кожуф допрва ќе се развиваат. Што ќе им смета и една скокалница плус. Само не ми е јасно дали е правно издржано владата да ги прави, пошто нели тамо има приватен капитал.

Инаку Планица е најголема скокалница кајшто се прават скокови од по 200 метри. Незнам дали знаете ама јас имам слушнато една приказна демек Скокалницата требало да се гради на Шапка. И тогаш во Македонија имало само еден човек којшто бл стручен за вакви објекти, но бил нешто болен. И наводно инвеститорите или у тоа време држават ли незнам кој, наводно неможеле да чекаат да оздрави овој и отишле у Словенија. Малку не ми веродојтојна, пошто нели можело и друг стручњак да пратат. Но знаејќи ја нашата потценете положба во таа федерација, не ми е ни чудно да се десило овакво нешто.


Не е скептицизам.

Како прво мене не ми е јасно зошто се треба да иде преку влада? Кожуф го тера приватен инвеститор, Маврово исто а Шапка ја чека тоа каде и да е.

Е сега и друга работа. Што е со скијањето? Таму се успеавме па ќе станеме најголеми скокачи?

Мислам... она што мене не ми де допаѓа е лутањето на сите страни. Се губи фокус. Далеку од тоа дека сум против скокови или градење на скокалница. Супер нека има. Ама чекор по чекор.

Погледни го женскиот ракомет. Трифка таму фрли многу пари и вистински го издигна. Но битен беше фокусот ако сеа он се расплинеше и инвестираше во милион спортови ефектот верувај немаше да биде исти.

Значи отвараш поглавје. Проаѓаш низ него, го затвораш па дури потоа отвараш ново.


Posted By: dacito
Date Posted: 03-Oct-2008 at 13:08
Еј како ми се приспа, замалку ке заспиев на работно место, ама овие од владава од шарки ме извадија...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Oct-2008 at 02:27

ЌЕ СЕ ГРАДИ СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР ВО БЛИЗИНА НА СМИЉКОВЦИ

Езерото што ладеше лимови ќе ги лади скопјани

Покрај вештачкото езеро на Железарницата, според планот на Општина Гази Баба, ќе се градат спортски игралишта, базен, патеки, ресторани, кафулиња, продавници, камп, мотел...


Засега на езерото се рекреираат само рибарите

Вештачкото езеро кај село Смиљковци, кое порано ги ладеше челичните лимови од Железарницата, сега ќе ги лади скопјани. Со програмата на Општина Гази Баба е опфатено малото езеро, во чија околина се предвидуваат терени за спорт и за рекреација. Езерото сега е напуштено и за него не води сметка никој. Порибено е, па околните жители тука често ловат риба. Активностите ќе почнат напролет, од страната на северната заобиколница. Нацрт-урбанистичкиот план за овој спортско-рекреативен центар е на Агенција за планирање на просторот.

Планирана е изградба на игралишта за ракомет, одбојка, тенис, кошарка, мал фудбал... Просторот ќе биде збогатен и со детски базен и игралиште, ролерско- велосипедска и пешачка патека, како и рекреативен спа-центар со дополнителни содржини (ресторани, кафулиња, продавници...). На овој простор е планиран и камп и мотелски комплекс. Просторот на кој е предвиден овој центар зафаќа околу 45 хектари. На западната страна е планирана улица, а на северната страна е заобиколницата.

- Агенцијата за планирање на просторот работи на сообраќајното решение за да може граѓаните, веројатно со клучка, да имаат пристап до автопатот, објаснува Мирослав Марковски, раководител на Секторот за урбанизам, просторно планирање и за заштита на животната средина, комунални дејности и уредување на градежното земјиште во Општина Гази Баба. Од Агенцијата за планирање на просторот ни рекоа дека не сакаат да даваат никакви информации за подготовките. Засега Општината има само програма што предвидува ревитализација на постојното мало езеро со партерно уредување на околината. Оттаму информираат дека претходно било планирано со Нацрт-урбанистичкиот план да се опфати и поголемото езеро, кое се наоѓа во непосредна близина, но ова е одложено поради далноводот што минува оттука.

До 15 ноември, Општината Гази Баба треба да добие согласност од Министерството за транспорт и врски, а потоа и од Министерството за земјоделство, бидејќи се работи за земјоделско земјиште од кое 80 проценти се државна сопственост. Потоа Урбанистичкиот план, кој сега се работи во нацрт-верзија, треба да биде усвоен од Советот на Општината, а на крај следува неговата реализација.

- Бидејќи 80 проценти од земјиштето се на Република Македонија, најверојатно ќе биде дадено на лицитација, на која ќе биде избран инвеститорот, кој ќе го гради спортскиот комплекс - вели Марковски. Тој истакна дека можеби и ќе и' се понуди на Агенцијата за млади и спорт за да ги изгради, на пример, тениските игралишта. Изработката на овој урбанистички план е приоритет на Владата на Република Македонија, за што таа издвои 1.300.000 денари.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5C55B63A0158D04085DF184FF74E2C29




Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Nov-2008 at 19:37
Во дневните весници излезе оглас за прибирање јавна набавка-работа за изведување на карпата за планинарење. Инаку за оваа карпа сум слушнал дека ќе била најголема на балканот!

https://oglasi-izvestuvanja.finance.gov.mk/ViewACPP.do?acppId=3736 - https://oglasi-izvestuvanja.finance.gov.mk/ViewACPP.do?acppId=3736


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Nov-2008 at 01:42
Ги изшмукав некако клиповиве од АМС. Тениските терени се ставени заедно со карпата за палнинарење! Bash

[tube]hidgJpJgir8[/tube]


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Nov-2008 at 01:43
Еве ги и 50-те спортски терени.

[tube]vtfRvmuA8CE[/tube]


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Jan-2009 at 00:42
Новиот хиподром остана цртеж на хартија

Ако некогаш се реализира урбанистичкиот план, запуштениот хиподром ќе стане репрезентативен објект каков што заслужува главниот град 

Скопскиот хиподром, стар шеесетина години, кој сега е запуштен и неугледен, ќе стане современ рекреативен центар со хотел, покриени трибини и со други содржини, ако еден ден стане реалност Детаљниот урбанистички план на Општина Гази Баба.

Клубот за коњички спорт „Илинден“, кој стопанисува со објектот, мака мачи со средства за негово елементарно одржување. Оттаму велат дека преживуваат со 17.000 денари месечно, што ги добиваат од Агенцијата за млади и спорт.

- Се најдовме неколкумина ентузијасти за да ја задржиме намената на овој објект, бидејќи е единствен во регионот и е многу значаен за коњичкиот спорт. Одвојуваме сопствени средства за да опстане хиподромот и да се прехранат коњите - вели Фарух Омерагиќ, член на управата на клубот.Градската власт вели дека не е надлежна и нема намера да преземе нешто за заживување на хиподромот.

Нацрт-планот, кој е во изработка, предвидува хиподромот да стане современ спортско-рекреативен центар со многу нови содржини. Мирослав Марковски, раководител на Секторот за урбанизам во Општината Гази Баба, објаснува дека се опфатени 42 хектара површина во две урбани парцели. Едната е спортско-рекреативниот центар „Хиподром“ за коњички спорт и втората е за рекреација и зафаќа 4,5 хектари. Во првата парцела се предвидува простор за коњички турнири, со патеки за галоп и трки со каскање, како и патеки со пречки. Треба да има покриени трибини со 1.500 седишта, а во поттрибинскиот простор гардероби, санитарни јазли и мали комерцијални објекти.

Хиподромот ќе добие и две простории за дресура на коњите со трибини за 400 седишта и комерцијални објекти под трибините. Планирани се и простории за клубот, кој ќе има приземје и кат, со површина од 1.200 квадратни метри. Ќе бидат изградени и 10 штали за 200 коњи, хотел за спортисти, со површина од 9.000 квадратни метри и со 120 легла. Ќе има терени за тенис, кошарка, ракомет и одбојка, детско игралиште, забавен парк, простор за ролање, вештачка карпа за искачување и водени површини.

Хиподромот сега располага со 20 коњи и една штала, магацински простор и простории за чување опрема. Има и три простори за тренинзи со коњите, кои имаат специјална подлога од песок во висина до 15 сантиметри, простор за загревање пред државни, регионални и меѓународни натпревари, со површина од 8.000 квадратни метри и со трибина за 2.000 гледачи, како и угостителски објект. Има и две асфалтирани пристапни патеки, паркинг и угостителски објект.

Омерагиќ нагласува дека последниве неколку години хиподромот е заграден со рампи за да се спречи влегувањето со автомобили. Хигиената е на завидно ниво, поставени се канти и буриња за отпад, а живата ограда редовно се кастри. Главната врата ноќе се затвора заради поголема безбедност на целиот објект.Хиподромот има училиште за јавање и во него може да се запишат деца од 7-годишна возраст. Еден час јавање чини од 300 до 600 денари.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3B6A0701D8971C4CA6F6B0DF63AE4806


Posted By: гитардемон
Date Posted: 08-Jan-2009 at 00:50

Мислам дека хиподромите се многу профитабилни објекти. Се вадат пари од коњите не е играчка, особено што во близина нема ни за лек хиподром... Ама ајде, кој се заинтересирал? Јас имав и порано прашувано, ама ретко се добиваат информации за ова.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Jan-2009 at 13:52
РАСПИШАН МЕЃУНАРОДЕН ТЕНДЕР
Карпа за планинарење во Скејт паркот во Карпош

Во Скејт паркот во Општина Карпош ќе се гради карпа за планинарење. Таа ќе се наоѓа веднаш до базенот за скејт, со што овој дел ќе претставува една целина за екстремни спортови. Карпата ќе ја гради Агенцијата за млади и спорт, а ќе и биде доделена на користење и одржување на Општина Карпош.
"Распишавме меѓународен тендер за избор на изведувач на карпата. Станува збор за специфична градба, досега ваква карпа не е градена кај нас, и затоа тендерот е меѓународен за да може да учествуваат и фирми од странство кои имаа искуство со вакви градби. Во меѓувреме, во тек е процедурата за добивање градежна дозвола од Општината", вели Драган Ѓурчевски, директор на Агенцијата за млади и спорт.
Покрај карпата за планинарење, во Скејт паркот ќе се градат и две тениски игралишта.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=162754&idg=9&idb=2585&rubrika=Skopje


Posted By: гитардемон
Date Posted: 08-Feb-2009 at 15:23
Слушнав од едни другари дека спортската сала во Битола почнала да се реновира, најпрво од делот за пинг-понг каде била целосно 'реновирана', а деновиве била обоена цела во црвено (да не се преселува Вардар во Битола?) Не разбрав дали од внатре, или и од надвор, иако нема многу смисла однадвор да се фарба. Како и да е, ќе бидат монтирани црвени столчиња во најскоро време, а и ќе се работи на греењето, т.е. ќе проработи она веќе (не)постоечкото, калориферите. А подоцна на крајот на сезоната во ракомет и кошарка, ќе се менува паркетот, нешто најавувано многу години. Инаку салата има нов директор, па не знам дали се должи на новиот директор или на тоа што доаѓаат избори Јас искрено се надевам дека ќе бидне, иако не би ме зачудило пред изборите само да се обои цела црвена како увертира, и подоцна од столчињата да не бидне ништо.

Не знам колку е веста за тука, сепак е рекла казала (иако од потврдени извори-очевидци ). Може е за реставрација/реконструкција?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 16-Feb-2009 at 00:10
Originally posted by гитардемон

Слушнав од едни другари дека спортската сала во Битола почнала да се реновира, најпрво од делот за пинг-понг каде била целосно 'реновирана', а деновиве била обоена цела во црвено (да не се преселува Вардар во Битола?) Не разбрав дали од внатре, или и од надвор, иако нема многу смисла однадвор да се фарба. Како и да е, ќе бидат монтирани црвени столчиња во најскоро време, а и ќе се работи на греењето, т.е. ќе проработи она веќе (не)постоечкото, калориферите. А подоцна на крајот на сезоната во ракомет и кошарка, ќе се менува паркетот, нешто најавувано многу години. Инаку салата има нов директор, па не знам дали се должи на новиот директор или на тоа што доаѓаат избори Јас искрено се надевам дека ќе бидне, иако не би ме зачудило пред изборите само да се обои цела црвена како увертира, и подоцна од столчињата да не бидне ништо.

Не знам колку е веста за тука, сепак е рекла казала (иако од потврдени извори-очевидци ). Може е за реставрација/реконструкција?


Спортската сала Младост се спасува од катастрифа
Среда, 28 Јануари 2009 18:07
SPORTSKA%20SALA%20001
Со долг од три милиони и побарување од 8,5 милиони денари спортската сала „Младост" се спасува од катастрофа. Новото раководство иако во зимски период презема бројни активности да обезбеди нормални услови за работа во спортската сала. Најпрво ќе се порамнат сметките со должниците.

-Во преговори сме со фудбалскиот клуб „Пелистер" и ракометниот клуб „Пелистер" како едни од најголемите должници на ЈП изнајдовме модел да се реши проблемот со нивниот милионски долг преку компензација со ЈП. Чекаме согласност од советот и градоначалникот на општината Битола и за еден месец да се реализира, за да фудбалскиот и ракометниот клуб немаат долг за ЈП - вели Гоце Георгиески, в.д. Директор на салата.

Се преземаат активност за затоплување на салата.

-Пред 3-4 дена реализиран е договор со ФОД за калорифери на големата сала иаконе големо сепак солидно затоплување што ќе помогне. Расипани беа климокоморите, само еден беше во функција. Постигнат е првичен договор со РЕК Битола во рок од 30 дена да се поправат и другите две климокомори-вели Георгиески.

Една од најголемите активности која треба да се реализира во следниот месеци е замена на паркетот во големата сала.

- Од наша страна изработен е елаборат и проект за санација на паркетот во големата сала во вредност од 60 милиони денари. Се надеваме дека Владата ќе помогне и во мај ќе се замени паркетот затоа што тогаш салата најмалку се користи - вели директорот.

Постои проект и веќе се работи за обнова на паркетот, таванот и ѕидовите во малата сала која ја користат рекреативците. Таму, пак деновите се откачил панел од таванот кој бил доста оштетен од поројните дождови. За среќа, никој не е повреден.SPORTSKA%20SALA%20002

-Причина за тоа е невнимание на некој што тренирале внатре. Колку што ме известија никој немало тогаш - вели Георгиески.

Она што е доста важно и интересно за битолчани што по повеќе години во спортската сала може да се игра пинг понг. Деновиве во договор со „Вардар осигурување" се менувале искршените прозорци на салата. И спортските екипи кои досега ги користеа за тренинзи училишните сали се враќаат во„Младост".

- Почнацме со ракометниот клуб „Феникс" кој сите тренинзи од понеделник досабота ќе ги има во салата исто и натпреварите, исто така и ракометниот клуб „Пелистер" кој досега гикористеше салите на основните и средните училишта за тренизи - додава директорот.

Обновени се и магацинските простории, а се најавуваат и други активности за спас на спортската сала со која раководи ЈП за стопанисување со спортски објекти на Македонија.

Н.Чавдаровска
< ="" ="text/"> \n mailto:aktuel@tera.com.mk - aktuel@tera.com.mk

http://tera.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=3783:2009-01-28-17-09-16&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106 - http://tera.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=3783:2009-01-28-17-09-16&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106

За печатните грешки не коментирам


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: vardar
Date Posted: 16-Feb-2009 at 00:49
 
Спомна печатни грешки, да не го утнале она со паркетот.....милион евра само за паркет Question  Иначе оваа сала треба целосно да се реновира.(како и повеќето сали во мк)


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Feb-2009 at 12:50
Еве налетав на рендери од долговетуваниот skate-park под транспортен центар. Проектов заглави некаде и не е спомнат оддамна.

01.


02.


03.


04.


05.


06.


07.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Feb-2009 at 17:49


Ова колку што памтам не беше некаков "action park" или „адреналин парк“, а не скејт парк.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Feb-2009 at 18:03
Action park беше она во 5-та сала на саем. Ова се викаше арденалин парк, ама ја се измешав некако.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Jun-2009 at 17:47
WTF?!?@#$!&%#!

Изгледа во Македонија секој ден е први април Crazy

Груевски сака патека за Формула 1




Стеван Цаневски

Патека за Формула 1 е новата идеја на премиерот Никола Груевски, кој за ваков спектакуларен проект, кој државата би ја чинел околу 300 милиони евра, веќе разговарал со неколку компетентни личности, дознава „Шпиц“.
Претседателот на владата остварил контакт со одредени лица што важат за најстручни околу Ф1-спортот во нашата држава, при што ги добил и основните информации за изградба на патека за Формула 1. Меѓу другото, Груевски побарал да му биде доставен и детален проект за тоа колку точно пари ќе бидат потребни за реализација, во која премиерот, како што пренесуваат нашите извори, гледа уште еден добар начин за промоција на државата.
Портпаролот на Агенцијата за млади и за спорт, Тане Димовски не даде коментар на овие информации.
- Ние како Агенција за млади и за спорт не сме биле во контакт за реализација на ваква идеја. За сите поконкретни информации најдобро би било да побарате одговор од владата на Република Македонија - рече Димовски.
Идејата официјално не ја потврдува ниту владиниот портпарол Мартин Мартиновски.
- Засега, на ниту една владина седница не станало збор за изградба на патека за Формула 1 - изјави Мартиновски.
Со оглед на фактот дека се уште станува збор само за идеја, нормално е што во владиниот кабинет немало конкретни разговори на оваа тема, велат упатените во планот на Груевски.
Патека за шампионатот во Формула 1 мора да ги задоволува највисоките стандарди што ги поставува првиот човек на Ф1, Берни Еклстон. Впрочем, токму Еклстон дава јасни препораки за тоа какви се материјали треба да се користат при изградбата на патеката, и со самото тоа, ја диктира високата цена за изградба на еден ваков сериозен проект. Сумата достигнува и до огромни 300 милиони евра, пари колку што потроши Турција за изградбата на својата патека во Истанбул. Слична е и инвестицијата на Русија, која најавува градска трка низ улиците на Москва.
Сепак, главен проблем претставува фактот што Македонија нема да може да добие никакви гаранции дека со изградбата на ваква патека сигурно ќе добие организација на трка во Ф1-шампионатот. Имено, дури по евентуалната изградба на патеката, претставниците на Формула 1, предводени од нејзиниот шеф Берни Еклстон би допатувале во Македонија за да дадат зелено светло. Сепак, постои и реална опасност тоа да не се оствари.
Ваквата идеја на владејачката гарнитура наидува на големо изненадување кај финансиските експерти. Слободан Најдовски смета дека е потребен сериозен проект за реализација на ваков инфраструктурен зафат, но во секој случај тоа не би требало да биде приоритет на владата.
- Како граѓанин на Македонија секако дека би сакал да видам трка во Формула 1 во нашата држава, но гледано од економски аспект, сметам дека тоа е невозможна мисија. Дури и доколку постои можност за такво нешто, тоа никако не смее да биде приоритет на владата, која мора да се грижи за далеку посериозните проблеми со кои се соочува - вели Најдовски.
Ако навистина има интерес за реализација на проектот за патека за Формула 1, него, според Најдовски, мора да го водат спонзори, а не македонските власти.
- Треба да се направи целосна програма, да се утврди кога би можеле да се вратат овие пари. Ако владата навистина има толку многу пари за вложување, би им порачал тие средства да бидат насочени за подобрување на инфраструктурата на патиштата. Тоа ќе бидат далеку подобро искористени пари, отколку за евентуална изградба на Ф1-патека - коментира Најдовски.



http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=877&ArticleID=34342


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Jun-2009 at 17:55
Кловер зашто бе одма ваква реакција?! Јасно дека немаме автопати и слично, ама не гледам причина така нагонски да реагира против идејава, први април или “(’*„’„’&*’*&“. Како прво шпиц не е некој релелавентен медиум, барем не го рачунам за таков да шири ваква информација. Но да земеме дека е точна информацијава, од мене има потполна поддршка во секој поглед! Да не збориме за финансии, пошто ваков прокети ќи враќа парите инстантно во неколку години!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Jun-2009 at 18:01
Originally posted by lslcrew

Кловер зашто бе одма ваква реакција?! Јасно дека немаме автопати и слично, ама не гледам причина така нагонски да реагира против идејава, први април или “(’*„’„’&*’*&“. Како прво шпиц не е некој релелавентен медиум, барем не го рачунам за таков да шири ваква информација. Но да земеме дека е точна информацијава, од мене има потполна поддршка во секој поглед! Да не збориме за финансии, пошто ваков прокети ќи враќа парите инстантно во неколку години!


Дај те молам кажи дека се зезаш... затоа што идејата ако постои (во спротивно очекувам демант) е првокласна будалаштина што ги надминува сите будалаштини до сега. Многу поголеми сили со обезбедени предуслови за тој бизнис се борат и не успеваат да се изборат за термин во Ф1 календарот, ама еве ние со сите „предиспозиции“ што ги имаме ќе сме граделе патека. Колку повеќе големи суштински проекти пропаѓаат и се одложуваат, толку нас повеќе ни мачкаат очи со глупости... До септември очекувам најава за изградба на космодром! Инвестицијата ќе се врати инстантно во неколку години. Ај те молам...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Jun-2009 at 18:06
А од кај знаеш ти априори дека не би успеале. па немора да е Ф!, може да е Ф2, може да Ф3000, може да е мото-гп, може да е картинг, индикар дестракшан дерби и триста други дисциплини. Па еве од другата година у Бугарија почнува трка мото-гп. Па еве да ја земем Италија има домашно првенство у формула. Па што се другите помагични од нас. Не дека нешто многу не бива, ама зашто да не се обидеме. Од кај знаеш, може ќе биде. Дај стварно немора уште од одма да се влага вака со клизачи, па макар била и една новирска шпекулација.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Jun-2009 at 18:09
Епа за почеток од Ф1 до мото-гп разликата е огромна. Второ, дури и за таа работа, кажи дали бугарите граделе нова патека од стотици милиони евра или користат некоја постоечка по многу поинакви стандарди.
Зошто со клизачи? Затоа што сум уморен од овој циркус! Па до кога веќе треба да изиграваме малоумни и да ги голтаме овие бисери, додека проектите од кои навистина ни зависи иднината речиси не мрдаат од место?!?


Posted By: гитардемон
Date Posted: 19-Jun-2009 at 18:41
Ај барем не сака човекот античка тркачка патека, ама можеби ќе просака за светското првенство во кочии двоседи. Него мајтап на страна (цела вест и идеја е мајтап ама ај), ние навистина немаме асолна патека за тркање, а ни треба! Онаа во Кичево срам е да се нарекува патека, па така не е лошо да оддвојат кога веќе и онака сакаат да се пуфкаат пред народот некои 2-3 милиони евра (пак се многу) за модернизација на кичевската, барем да личи на нешто за регионални настани (картинг, југо-рели и сл.), бидејќи автомобилизмот и мотоциклизмот кај нас постојат, ама како атлетиката никој не ги рецка (море и како сите други спортови). За F1 патека мислам дека е смешно воопшто да си правиме фантазии, не сме способни прво да ги сместиме сите 100.000 гледачи што доаѓаат заедно со таа трка, а за персоналот од 2.000 луѓе да не зборувам (секој тим има барем по 200 души, ако не и повеќе), бидејќи во цела држава нема 100.000 легла (дури и да ги примиме по дома да ни спијат LOL), ама богами ни за F3 ни за F-ш-класа и сите што ги напомена lsl немаме капацитет. Ако сакаат да си играат рели нека направат низ Мариово нешто, и онака не треба асфалт за рели. За F1 срам ми е да коментирам воопшто. Нека фрлат некој денар за осветлување на кичевската, или нека направат некој асолни шикани и штитници, ако не и гаражи, и тоа е. Нека прават трки со југовци и голф 2-ки.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jun-2009 at 19:10
дај луѓе бидете реални, Ф1 е многу скап спорт и е многу голем бизнис, ни на крај памет неможе да биде дека има теоретска шанса нешто такво да се донесе во Македонија. некој тука ни ја потценува колективната интелегенција со вакви најави. 


Posted By: 46&2
Date Posted: 19-Jun-2009 at 19:50
Ако ова се истурка некогаш до крај ја ќе бидам најсреќниот човек

Како прво ваква иницијатива постои во Хрватска уште одамна значи не сме измислиле топла вода. Дали овој бизнис е исплатлив ја мислам и те како. Ако веќе сакаме да имаме своја трка во календарот нејверојатно сега е моментот кога се откажува љубовта према Сливерстон и Мањикур. Ајде малку да разгледаме околу нас што се има. Бугарија има мото ГП, Грција има ВРЦ Унгарија има Формула 1 и толку. Значи како прво би профитирале поради тоа што нема таква понуда околу нас и како второ не сме во ЕУ и без виза би можел да гледа секој за разлика од другите држави каде што Макдеонците можат да одат без виза само во Турција, Јапан и Бразил ако не се лажам. Турција на пример си има своја владина институција која раководи со Патеката и кој што брка спонзори ама по никој услов не ја даваат во приватна сопственост. Ја реално мислам дека таков модел би требало да примениме и ние затоа што знаеме сите какви испеси имаме со бркање на странски инвеститори.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 19-Jun-2009 at 20:05
Еј, да. Заборавив да споменам. F1 се распадна Ете ти, закаснал со идејата. Ќе има друго паралелно натпреварување од богатите екипи догодина бидејќи не им се допаѓаше ограничувањето на буџетот што го наметнуваше ФИА, па ќе си направат свое. Сега мислам дека за F1 ќе можеме да имаме патека, и тоа во Кичево, ама за новото натпреварување што ќе правиме?


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Jun-2009 at 12:30

Ставрески остана без скокалници

Станува збор за проект вреден околу 5.000.000 евра, кои Владата наводно ги имаше одобрено, а вицепремиерот Зоран Ставрески тогаш побарал план-проектот да му биде доставен до крајот на 2008 година

Про­ек­тот на Аген­ци­ја­та за мла­ди и спорт за из­град­ба на ски-ско­кал­ни­ца во Ма­ке­до­ни­ја е ста­вен во ми­ру­ва­ње. Тие ве­ќе нап­ра­ви­ле фи­зи­би­ли­ти сту­ди­ја, по што зак­лу­чи­ле де­ка за­се­га се уш­те не­ма со­од­вет­ни ус­ло­ви за по­ди­га­ње на ва­ков об­јект. Ка­ко мож­ни ло­ка­ции за из­град­ба на ско­кал­ни­ца­та би­ле из­бра­ни Кру­ше­во и Мав­ро­во.
- Ја нап­ра­вив­ме пр­вич­на­та сту­ди­ја око­лу це­ли­от про­ект и за­се­га ра­бо­та­та е во ми­ру­ва­ње, што по­ра­ди па­рич­ни­те сред­ства, што по­ра­ди не­дос­ти­гот на ин­фор­ма­ци­ја за ре­а­ли­за­ци­ја­та на овој про­ект кој би бил еден од рет­ки­те на бал­ка­нот. Ние ќе про­дол­жи­ме да при­би­ра­ме ис­ку­ства и ин­фор­ма­ции од струч­ња­ци од стран­ство, та­ка што ко­га ќе би­де­ме це­лос­но под­гот­ве­ни ќе про­дол­жи­ме со ре­а­ли­за­ци­ја - из­ја­ви ди­рек­то­рот на АМС, Дра­ган Ѓур­чев­ски.
"Вест" пред де­вет ме­се­ци прв ја об­ја­ви жел­ба­та на АМС, под пок­ро­ви­тел­ство на Вла­да­та да из­гра­ди ско­кал­ни­ца, ко­ја спо­ред пр­вич­ни­те оп­ти­мис­тич­ки нај­а­ви тре­ба­ше ве­ќе да би­де во по­чет­на фа­за. Ста­ну­ва збор за про­ект вре­ден око­лу пет ми­ли­о­ни ев­ра, кои Вла­да­та на­вод­но ги има­ше одоб­ре­но, а при­тоа ви­це-пре­ми­е­рот Зо­ран Став­рев­ски то­гаш по­ба­рал план-про­ек­тот да му би­де дос­та­вен до кра­јот на 2008 го­ди­на. На­ши­ве ски-струч­ња­ци се­ри­оз­но се фа­ти­ја за ра­бо­та и вед­наш оти­доа на ско­кал­ни­ци­те во Пла­ни­ца и Крањ, со цел да ви­дат ка­ко из­гле­да се­то тоа и да на­у­чат неш­то по­ве­ќе.
- Ова е се­ри­оз­на ра­бо­та и на тој на­чин и при­о­ѓа­ме. Ста­ну­ва збор за им­по­зан­тен спорт­ски об­јект, ка­ков што до­се­га не е гра­ден кај нас, та­ка што са­ка­ме што е мож­но по­ве­ќе да се ин­фор­ми­ра­ме пред и офи­ци­јал­но да се за­поч­не со из­град­ба. Ни­кој на Бал­ка­нот а ка­мо ли во Ма­ке­до­ни­ја не­ма гра­де­но ва­ков спорт­ски об­јект ве­ќе по­дол­го вре­ме и за­тоа ќе тре­ба де­тал­но да се под­гот­ви­ме - из­ја­ви Ѓур­чев­ски пред де­вет ме­се­ци.
Тој не од­ре­ди кон­кре­тен да­тум ко­га од­но­во би стар­ту­вал про­ек­тот, а за­се­га се уш­те не се знае и кон­крет­на­та фи­нан­си­ска рам­ка за це­ла­та ра­бо­та. За го­ле­ми­на­та на про­ек­тот го­во­ри и фак­тот што од бал­кан­ски­те др­жа­ви са­мо Сло­ве­ни­ја рас­по­ла­га со пр­вок­лас­ни ски-ско­кал­ни­ци, до­де­ка ни­ту ед­на со­сед­на др­жа­ва не­ма иден­ти­чен та­ков об­јект кој во­ед­но ги ис­пол­ну­ва и олим­пис­ки­те нор­ми.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=6181EB1F165DEA4798390E4F61099997


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 29-Jun-2009 at 12:09

ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Ќе се гради спортска сала на кејот на Вардар

На кејот на Вардар во Аеродром ќе изградиме цел спортски комплекс, изјави градоначалникот Ивица Коневски

Општина Аеродром заедно со Агенцијата за млади и спорт ќе гради спортска сала на кејот на Вардар. Изградбата на салата е предвидена со деталниот урбанистички план "Јане Сандански" кој Советот на Аеродром треба да го изгласа на некоја од следните седници.
Согласно планот, салата ќе се гради во близина на спортската сала кај што настапува кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје и ќе има капацитет за 4000 гледачи. Иста спортска сала, според најавите на општинарите ќе се гради и во населбата Реонски центар.
"Кога Советот ќе го изгласа деталниот урбанистички план, планираме кејот на Вардар во наштата општина да га направиме спортски комплекс. Освен спортска сала ќе изградиме и фудбалски и спортски игралишта со по една трибина кои ќе бидат осветлени со рефлектори. Планираме со изградба да почнеме до крајот на оваа година или на почетокот на следната", вели градоначалникот на Општина аеродром Ивица Коневски.
Освен спортска сала и фудбалски игралишта, на кејот на Вардар во Аеродром предвидено е да се градат и ракометни игралишта, аква парк, хелиодром, хотели и други содржини. (М.Ѓ.)

http://www.vest.com.mk/?ItemID=038EA3E398A71943A676D0AC58B86028


Posted By: zabegan
Date Posted: 29-Jun-2009 at 12:34
зошто секогаш сакаат да стават на празен простор спортски центри,и најчесто тоа се обични терени за фудбал, кошарка или тенис? или пак секогаш го тапат со „хелиодроми, аква паркови и хотели“
навистина не е само ова начин како да се уреди поголема зелена површина
(не дека имам многу против ова)


Posted By: vardar
Date Posted: 22-Jul-2009 at 06:18
Битола заслужува повеќе одколку старите столчиња од северна и "професионалци" што викаат дека основата била добра Nuts
 
 
 
Спортската сала „Младост“ ќе се реновира
 

MAJA%20sportska%20sala%202

После подолго време ќе се реновира спортската сала „Младост". Од денес официјално започнаа со менување на паркетот.

-Целта ни беше да им помогнеме на ракометарите и кошаркарите успешно да ја претставуваат Македонија и Битола на меѓународните натпревари што досега не им беше овозможувано. Овие средства се обезбедени од спонзорство, веќе е нарачан паркетот првата пратка ја очекуваме во петок, изјави директорот на спортската сала „Младост", Гоце Георгиевски.

MAJA%20sportska%20sala%203

Во реновирањето се вклучени и соблекувалните и поставување на столчиња.

MAJA%20sportska%20sala%201

-Столчињата се набавени преку Јавното претпријатие за станбен и деловен простор од Скопје, се работи за столчињата од градски стадион од северната трибина. Се надевам дека ќе ги добиеме наредната недела за даги поставиме. Другата финансиска конструкција е обезбедена преку спознорства, реклами кои ќе се поставуваат, другото се работи за 30.000 евра. Заштедивме на подот зашто професионалци рекоа дека е добра основата, вели Георгиевски.

MAJA%20sportska%20sala%204

Со овој потег ќе се направи многу за Битола.

-Ова ќе биде не само за Битола туку и за репрезентацијата, да вратиме како порано, тоа е целта и затоа сме поставени, вели Георгиевски.

Планираат зафатот да го завршат до 15 август со можност од мало задоцнување

http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=10638&Itemid=106 - Tera


Posted By: vardar
Date Posted: 25-Jul-2009 at 08:11
[tube]SN7j6vTAHlg[/tube]


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Aug-2009 at 23:27

Спортско рекреативен центар на кејот на реката Кумановка

Некогашната дива депонија покрај реката Кумановка прерасна во модерен спортски центар со уредено шеталиште на кејот. Три спортски игралишта за тенис, кошарка и мал фудбал со опремени соблекувални и туш кабини, како и кафе клуб за спортистите, од денеска може да ги користат граѓаните на Куманово по прифатливи цени.

Спортско-рекретивниот центар, е финалниот дел од капиталниот проект на кумановката локална самоуправа за уредување на речното корито и кејот на Кумановка, инвестиција за која од општинскиот буџет се издвоени 120 милиони денари.

Комплексот ќе работи и во ноќните часови, со поставена редарска служба, а со него ќе стопанисува Јавното претпријатие Пазаришта.

На синоќешното свечено отворање граѓаните ги забавува Роберт Билбилов и оркестарот Кумановски Тамбураши.
11.08.2009, 16:17


http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=52083


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Sep-2009 at 22:08

Битола доби хиподром

http://gdb.rferl.org/1975BFAC-FF80-46D4-A27B-0AB9F1C27F14_mw800_mh600.jpg">

08.09.2009
http://www.makdenes.org/author/20442.html - Жанета Здравковска

По примерот на големите градови, каде елитните спортови од типот на коњарството се вистинска атракција и ВИП личностите редовно ги имаат на својот месечен распоред, и Битола ја доби можноста во близина на градот да има свој хиподром.

По примерот на големите градови, каде елитните спортови од типот на коњарството се вистинска атракција и ВИП личностите редовно ги имаат на својот месечен распоред, и Битола ја доби можноста во близина на градот да има свој хиподром. Отворен е на четири километри од Битола, во село Крклино на површина од 20 илјади квадратни метри. Засега располага со шест расни коњи, и тоа липицанери и хановеравци. Освен хиподромот во Скопје, битолскиот е единствен во овој регион до Солун. Хиподромот беше долгогодишен сон на сопственикот Васко Вељановски. Тој вели дека во оваа скапа инвестиција влегол од хумани причини.

„Треба да престанат младите генерации да размислуваат вечер во кое дувло ќе се пикнат, презачадено и со пребучна техно музика, да не знаат каде е вратата да излезат. Ние нудиме нешто сосема спротивно.“

Тоа е јавање на хиподромот т.е. во мањажот, рекреативно и теренско јавање низ околината која е преполна со шумски патеки.

„Над нас се протега дел од планинскиот масив, тоа е подножјето на Пелистер до Снеговскиот масив на 1400 метри надморска височина. Посетувајќи го манастирот Свети Илија ти се отвора голема визура на просторот, од Овчарани, грчка граница до прилепскиот дел, цела Пелагонија ја имаш на дланка. Уживаш во борова, дабова шума. И атрактивното камено село со стара архитектура. Тоа ќе ти одземе и време и внимание од три часа теренско јавање.“

вели сопственикот на хиподромот. Планира местото да прерасне во центар за репродукција на коњи.

„Поготово во овој југозападен дел на државата, расниот состав на коњите е во катастрофална состојба. 52 грла во цела Македонија се чисто крвни со педигре. Тоа значи се друго се дегенеретици, има инцести.“

вели Вељановски. Но, за ваков развој на хиподромот се потребни средства, а засега државата не му подала рака.

„Тоа не значи дека не сме чукнале по вратите на државните институции, секаде вратата ни била пред нос затворана. Тоа многу боли да нема слух државата рака да ти подаде. Освен финансиска помош, не барам милостиња, не барам грантови, туку да сум обврзан на разумен временски период сума која би ми била доволна да ја дозавршам инвестицијата, сум ја побарал и не сум ја добил.“

Цените во школата за јавање се најевтини во регионот. Часот чини 25, а теренското јавање 50 евра. Во Солун цените се тројно поскапи.

http://www.makdenes.org/content/article/1818281.html


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 10-Sep-2009 at 01:25

СЕ РАСЧИСТУВА ЛОКАЦИЈАТА КАДЕ ШТО ЌЕ СЕ ГРАДАТ СПОРТСКИ ТЕРЕНИ


Чистка на бараките на АДГ Маврово


Отстранувањето на времените објекти од спортската сала "Јане Сандански" до мостот Близнак во Општина Аеродром е предвидено да заврши за дваесетина дена, по што Општината во соработка со Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи интензивно да работи на изградбата на спортско-рекреативниот центар


Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, вчера одржа прес конференција пред влезот на Градежното претпријатие "Маврово" во врска со реализација на Деталниот урбанистички план "Јане Сандански".
- Со расчистување на локацијата покрај кејот на реката Вардар во делот од спортската сала "Јане Сандански" до мостот Близнак во Општина Аеродром, ќе се овозможат услови за реализација на Деталниот урбанистички план "Јане Сандански" кој предвидува изградба на четири тениски и едно фудбалско игралиште со монтажна трибина и капацитет од 1.000 гледачи - изјави градоначалникот Коневски.

Коневски додаде дека расчистувањето на времените објекти е предвидено да заврши за дваесетина дена, по што Општината во соработка со Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи интензивно да работи на изградбата на спортско-рекреативниот центар.

Со усвојувањето на ДУП-от "Јане Сандански" од страна на Советот, како и согласно Законот за градење, Општина Аеродром има обврска да ги отстрани објектите од базата на АДГ "Маврово" кои биле изградени како времени објекти.

Со отстранување на базата на АДГ "Маврово" и со уредување на овој простор, не само што ќе се отстрани грдата слика во овој дел на општината, туку ќе се овозможат и услови за изградба на нови модерни содржини, меѓу кои и спортска сала, сала за хокеј и олимписки базен. Инаку, ваква акција бараа и голем број жители на Општина Аеродром, особено оние кои живеат во зградите покрај кејот на реката Вардар.

(А.И.)

EDIT:
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=F1A3E5A8A4708B409DA0F19349257BD8 - http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=F1A3E5A8A4708B409DA0F19349257BD8


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Sep-2009 at 17:35
Кај градежната база на АДГ Маврово во Јане Сандански солидно се работи, но тешко дека ќе биде испочитуван најавениот рок за расчистување (дваесетина дена)

1


2



Posted By: Max
Date Posted: 30-Sep-2009 at 21:45

Почнаа работите од втората фаза од поставувањето на атлетската тартан патека на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид 

Оваа фаза опфаќа санација и нивелирање на постојната патека, по што италијанската фирма „Мондо“ ќе пристигне во Охрид за да го постави тартанот. Како што најавуваат од АФМ, атлетската патека (проект вреден околу 500 илјади долари), ќе биде готова до крајот на септември.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=73091051431&id=20&setIzdanie=21751 - www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=73091051431&id=20&setIzdanie=21751

...Вредноста на овој зафат е над 500 илјади евра, кои ќе бидат обезбедени преку Интернационалниот Олимписки Комитет, МОК, Агенцијата за млади и спорт и компанијата МОНДО која ќе ги изведува градежните работи. Како што истакнаа и градоначалникот Петрески и пратеникот Грозданов, ова ќе биде прв чекор во натамошната заедничка визија, СРЦ “Билјанини Извори“ да прерасне во современ спортски комплекс, со што значително ќе се подобрат условите за спортистите и развојот на спортскиот туризам.

http://www.ohrid.gov.mk/index.asp?PodatociID=1096 - www.ohrid.gov.mk/index.asp?PodatociID=1096



Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Nov-2009 at 22:03
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=13&PID=50667#50667 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=13&PID=50667#50667

Спорски комплекс покрај Вардар (ова би дошло под Кале)




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Nov-2009 at 16:02
Во Аеродром се завлечкаа...

Уште на почеток рокот за расчистување изгледаше преоптимистички, ама кога веќе се пофалија, се надевав дека ќе работат турбо и дека работата ќе се заврши во разумна рамка. Наместо тоа, рокот е веќе неколкукратно пробиен, а крајот не е на повидок.


1


2


3



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 05-Nov-2009 at 16:57

Незнам за роковите ама се гледа дека сигурно ќе се тргне, и ќе се среди овој неискористен простор. Крановите веќе се демонтирани, поголемиот дел бараки исто, остануваат само тие "плавите". 



Posted By: гитардемон
Date Posted: 20-Nov-2009 at 23:38
Салата се реновираше цело лето, и освен паркетот (кој беше 74,23% донација) нема никаква друга позабележителна промена, освен свежо исфарбаните железа (црвени), скалите (жолти) и македонското знаме. Од столчињата кои требаше да стигнат од градски во Скопје, уште ништо. Сепак е добро освежување, паркетот беше катастрофа како што верувам сите спортисти во државата знаат.

Еве по некоја слика и извинете за жигот не се мои:



Оттука се гледа покривот.



-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Nov-2009 at 01:05
Originally posted by гитардемон

освен паркетот (кој беше 74,23% донација)
Ова количински или веројатност?  Laugh


Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-Nov-2009 at 01:47
Шала на страна, имаше мала донација од општината, мала донација од некоја фирма, после фирмата што го местеше „донира“ попуст за местењето... шпанска серија

Него сосема случајно (или не) ја разгледував http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/6/6b/Petrovec.JPG - оваа слика , и увидов дека многу од црвените столчиња се бледо црвени (како старите стоени на сонце на старата трибина). Па дали е можно да ги ставиле старите столчиња од северна тука, и дали затоа уствари во Битола не стигнале столчиња?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Nov-2009 at 01:50
Не се бледи столчињата, така изгледа поради најлонот


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Nov-2009 at 16:39


Планинарска "карпа" на средно Водно.


Posted By: SJCF
Date Posted: 23-Nov-2009 at 21:30
  Биваше ли до толку гадно да го склопат ова  Dump


Posted By: Dragan
Date Posted: 24-Nov-2009 at 00:22

Охрид ја очекува атлетската патека

Промоцијата на новата тартан-патека на стадионот „Билјанини Извори“ и на Охрид како атлетска дестинација ќе биде со одржување на меѓународен митинг, веројатно во средината на мај. Следната недела екипа на фирмата Мондо ќе пристигне во Охрид за да ја постави тартан-патеката, со што ќе се финализира проектот вреден 500 илјади долари. Охрид и Македонија ќе добијат многу со поставување на вакво атрактивно борилиште, смета селекторот на македонската репрезентација, Влатко Димитров.

- Покрај можноста за организација на разни првенства, Охрид ќе биде идеално место за подготовки на македонската репрезентација, но и на репрезентациите од околните земји - истакна Влатко Димитров, тренерот на АК Охрид и селектор на македонската атлетска репрезентација.

- Покрај развојот на атлетиката, современата патека ќе овозможи побрз развој и на спортскиот туризам, компонента во која македонскиот бисер се' уште каска зад останатите туристички центри на Балканот. Организацијата на натпревари од атлетиката би биле новина. По поставувањето на патеката, Охрид ќе биде домаќин не само на државни првенства туку и на балкански и европски натпреварувања - истакна градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.

Атлетиката е одомаќинета во Охрид, а охриѓани со Реџеп Селман имаа свој преставник на ЛОИ во Пекинг. АК Охрид сезонава ја освои двојната круна што покажува дека иднината на охридската атлетика е светла. Филип Кафтаноски, кој се натпреварува на 100 метри, смета дека со новата патека ќе се подобрат условите за тренинг, ќе се намали ризикот од повреди и ќе има подобрување на резултатите
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3FEE9063DF722C429DDB807E5AC4204E


-------------


Posted By: гитардемон
Date Posted: 24-Nov-2009 at 14:51
- Покрај можноста за организација на разни првенства, Охрид ќе биде идеално место за подготовки на македонската репрезентација, но и на репрезентациите од околните земји - истакна Влатко Димитров, тренерот на АК Охрид и селектор на македонската атлетска репрезентација.


Да бе, во околните земји немаат атлетски патеки чекаа ние да ставиме една во цела држава.

Туку нека го суредат опкружувањето на стадионот, еден од трите стадиони во државата со рефлектори е (резил значи), и единствен ќе биде со тартан (додека не го направат и во Скопје). Дај нека го уредат оти на нива личи сето тоа.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Dragan
Date Posted: 24-Nov-2009 at 19:23
Originally posted by гитардемон

- Покрај можноста за организација на разни првенства, Охрид ќе биде идеално место за подготовки на македонската репрезентација, но и на репрезентациите од околните земји - истакна Влатко Димитров, тренерот на АК Охрид и селектор на македонската атлетска репрезентација.


Да бе, во околните земји немаат атлетски патеки чекаа ние да ставиме една во цела држава.

Туку нека го суредат опкружувањето на стадионот, еден од трите стадиони во државата со рефлектори е (резил значи), и единствен ќе биде со тартан (додека не го направат и во Скопје). Дај нека го уредат оти на нива личи сето тоа.


Се согласувам со тебе чак што више трибината на стадионот е монтазна и столчињата дрвени Ohno


-------------


Posted By: гитардемон
Date Posted: 28-Nov-2009 at 12:42
Тениско игралиште - бугарска донација за техничкото училиште
ПЕТОК, 27 НОЕМВРИ 2009 18:18


Градоначалникот, присутните министри, бугарскиот амбасадор и конзул први го испробаа теренот на тениското игралиште во Техничкото училиште, бугарска донација кое денес официјално беше пуштено во употреба.



-Среќен сум што ќе го збогатиме говорот со термини како АТП, ВТА, сингл, дабл, кои ќе станат вообичаени во нашето училиште. Се надевам дека на овој терен ќе тренира идниот ако не европски, барем балкански шампион, изјави директорот на Техничкото училиште, Ѓорѓи Ташковски.


-Општина Битола се надевам дека помогна со техничката документација, најголема благодарност зашто финансиски ни помогнавте, рече Владимир Талески, градоначалник на Битола.



Игралиштето е донација вредна 20.000 евра.

-Независно колку чини тој објект тој е подарок од нас за вас од срце. Спортот е неодвоив во формирањето на современите луѓе и затоа ќе се радуваме ако тука го имаме новиот шампион во тенис, изјави Константин Андоно, државен сектретар во МНР Бугарија.


-Како држава-членка на ЕУ, Бугарија е задолжена да дава донации, помош за развој и да ги приближува државите кон евроинтеграциските процеси. Република Македонија е една од шестте држави на кои Бугарија им укажува помош и им дава донации. Овај е прв проект за оваа година, имаме уште два се надеваме дека успешно ќе завршат. Овие проекти имаат една цел, како што е и политиката на Бугарија, пријателска и модерна Македонија.



Се надеваме дека со овие проекти модернизацијата ќе дојде побрзо, изјави Ангел Ангелов, в.д. амбасадор на Бугарија во Македонија.



Исто така Бугарската тениска федерација за игралиштето донираше рекети и топки.


http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=14941&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=14941&Itemid=106

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Nov-2009 at 15:24

Ранковце гради тениски игралишта

Спортскиот комплекс во општина Ранковце ќе биде комплетиран со две тениски игралишта. Објектите веќе се во изградба, а покрај новото игралиште за голем фудбал, планирана е и изградба на базен.

- Изградбата на спортските објекти е финансирана од Агенцијата за млади и спорт, а овој комплекс е од особено значење за една рурална општина каква што е Ранковце. Преку обезбедувањето на терените ќе се создадат услови за развој на повеќе спортски активности и ќе придонесе за спортскиот дух и здравиот живот на младите. Со урбанизацијата е предвидена и изградба на базен и други објекти, наменети за повеќе видови спортови - вели градоначалникот Орце Тодоровски. (Ж.Ц.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5267D6B7C6F2E543B4D671C36E541481


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Dec-2009 at 16:28
Ледената палата ќе причека, карпата ќе се извиши

Роза Петкова

Скопјани нема да ја добијат најавената ледена палата за зимски спортови ни идната година. Објектот за хокеј и за уметничко лизгање, наместо на најавената локација кај хотелот „Александар палас“ и салата „Борис Трајковски“, се сели во Аеродром, а ќе почне да се гради дури во 2011 година. Ова го потврдуваат од Агенцијата за млади и спорт, која е носител на идејата, и велат дека проектот е одложен поради економската криза. - Ледената палата нема да се гради во Карпош, како што првично беше најавено, туку на кејот на Вардар, на потегот од салата МЗТ кон мостот „Близнак“. Во следната година продолжуваме да работиме на проектирањето. Имаме идејно решение и се подготвува основен проект, за кој веќе е објавен меѓународен повик за јавна набавка. Земени се контакти од Америка, од луѓе што имаат искуство со зимските спортови, кои ќе ги искористиме. Сепак, ова е посложен проект и ќе треба повеќе време за да се реализира - вели Драган Ѓурчевски, директор на Агенцијата. Тој не открива кои содржини ќе бидат застапени во салата, покрај теренот за хокеј и за уметничко лизгање. По изработката на главниот проект, Ѓурчевски вели дека ќе следи јавна набавка за изведувач, а процените се дека изградбата ќе чини меѓу пет и седум милиони евра. - Дотогаш тече постапката за вадење градежни дозволи за локацијата која ја одбравме за салата - вели директорот на Агенцијата и додава дека во објектот ќе се предвидат и комерцијални намени за да може да се финансира и одржува неговото работење. Од останатите најавени проекти Агенцијата овој месец ќе почне со изградба на стоте тениски игралишта во сите општини и вештачката карпа за планинарење. Игралиштата, со димензии 38 метри должина и 20 метри широчина, ќе бидат од отворен тип на тврда подлога, а ќе ги прави австриската фирма „Алпине“. Вештачката карпа ќе ја гради словенечката фирма „Веград“, на кејот на Вардар во Карпош, меѓу ресторанот „Имес“ и детското игралиште. Инвестицијата за игралиштата чини 530 милиони денари, додека за карпата 35 милиони денари. - Ќе се изградат и сите дополнителни елементи, соблекувални, отворена трибина и санитарни јазли. Изградбата би траела година и пол - вели Ѓурчевски. Карпата ќе се гради од бетон и ќе има 15 метри височина и 25 ширина. На неа, покрај тренинзи, ќе може да се организираат и европски и светски првенства во спортско планинарење.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1885&ArticleID=128352


Posted By: Max
Date Posted: 16-Dec-2009 at 12:52
Originally posted by http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=87&PID=53570#53570 - pbanks

]Јас не сум голем подржувач на овој проект (ниту сличните проекти од овој тип, 10 сали, 100 стадиони итн). 
Точно, со изградба на капацитети се врши и стимулација за практикување на некои спортови, но пристапот со кампањско градење на голем број скапи проекти (без никаква претходна анализа) не е добар. Што ако проектот е неуспешен ќе имаме уште еден куп неискористени капацитети кои фаќаат мувла и алги? 

Начинот на кој јас би го решил ова е темелно реновирање на неколкути постоечки базени во земјава, пред се Карпош и Олимписки во Скопје, евентуално Струшкиот итн... Дури не би почнал со сите, би почнал со еден од нив. Но не зборувам за еднократно реновирање туку за наоѓање за концепт за одржлив развој. Можеби да се стигне до таму ќе биде потребно субвенционирање на почетокот но доколку се направи добар развоен план, сигурен сум дека успехот е неминовен.

Како ќе се зголемува критичната маса (и платежно способната маса) за користење на овие капацитети, така ќе се пристапува и кон нивно ширење.

панкс тука си грешка, секогаш е поефтино да кренеш нешто наново него да крпиш старо! патем кај нас не станува збор за ситни крпеници туку за големи закрпи, и технички и естески, како би ги задоволиле олимписките норми... 

јас сосем го подржувам исфорсираново градење на спортски терени, но сето тоа да е квалитетно изведено, арно ама со ова премисита за тендери дека најефтиниот по дифолт победува, мислам дека многу нешта има простор килаво да се изведат! но од друга страна имаме таков дефицит од спортски терени што и фушерајски да се изведуваат нема да имаме никаков зијан, што повеќе услови толку поголем потенцијал! 

само во нас.аеродром фалат бар уште едно 20 игралишта, ако сакаме врвни спортисти во иднина мора и изобилство од услови, на 80.000 жители ништо не претставува пример бројка од 20 фудбалски игралишта а кај се другите спортови!? за жал засега во општина аеродром има само 12 нестандирзирани игралишта од кои пола по школски дворови, па тоа е катастрофа, а за другите општини и муабет да не почнуваме! среќа решија тоа тренинг центарот на ффм да го паркираат кај последна 5 во ново лисиче па нешто и ќе се успее да се компензира, но сепак тоа мора да е случај и со цела Македонија 




Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Dec-2009 at 14:18


Нема никаков дефицит, да имало дефицит ќе имало гужва и на постоечките. Не го разбирам ова бахато размислување, како да имаме којзнае колку пари да имаме па да правиме експерименти со големи инвестиции.

И воопшто не се сложувам дека било полесно да се почне од 0. Нема ништо нестандардно ниту во Карпош, ниту во Олимписки, ниту во Струга... Повторно бахато размислување кое вирее кај нас, во недостиг на капацитет да се комплетираат проекти, постојано се измислува топла вода и се почнува од 0. Ниедна нормална и успешна земја на планетава не го прави тоа (освен ако не е навистина аргументирано).


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 16-Dec-2009 at 15:25
Previous
Се согласувам со тебе.
Пример во Прилеп салата  Македонија(идентична со Младост во Битола) е оставена на забот на времето.
Откако изгоре мислам дека беше 1994,се обновуваше десетина години,и од како се обнови не целосно,никој не води сметка,ниту за неа ниту за парковите околу неа,секој ден се кршат прозори,катастрофа никој не се грижи.
И за да биди уште полошо на 200-300 метри од неа агенцијата за млади и спорт почнува да гради од новите игралишта,со најава за нова сала.


-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Max
Date Posted: 16-Dec-2009 at 15:47

 

Originally posted by pbanks

Нема никаков дефицит, да имало дефицит ќе имало гужва и на постоечките. Не го разбирам ова бахато размислување, како да имаме којзнае колку пари да имаме па да правиме експерименти со големи инвестиции. 

И воопшто не се сложувам дека било полесно да се почне од 0. Нема ништо нестандардно ниту во Карпош, ниту во Олимписки, ниту во Струга... Повторно бахато размислување кое вирее кај нас, во недостиг на капацитет да се комплетираат проекти, постојано се измислува топла вода и се почнува од 0. Ниедна нормална и успешна земја на планетава не го прави тоа (освен ако не е навистина аргументирано).

за неискористеноста на игралиштата тоа е бидејќи истите се повеќе онака маалџиски сите до едно засега во општина аеродром со несоодветна подлога и на две без три се поставени рефлектори, потоа имаш неорганизирано управување со истите, од хигиена преку безбедност па се до одржување, исто немаш никакво субвенционирање или стипендирање за децата кои пројавуваат голема спортска наклоност, едноставно никој не ги есапи оставени се сами на себе да се снаоѓаат, јасно потоа ова продуцира незаинтересираност, а следствено и никакво натпреварувачко ниво, добро мора да се признае дека сега со ова интернетот и сите други електронски вражулиња кои така речи скриено ја мобираат младината навистина спортот како појава е бесперспективна дејност, особено во вакви услови како нашите, затоа уште повеќе е потребно инвестиции на сите нивоа во истиот, од технички па се до маркетиншки

што е за дотраеноста на старите базени тоа мислам на сите ни е јасно дека речиси ни еден не исполнува меѓународни норми, освен олимпискиот во скопје, изолацијата и неисплатливоста за затоплување и ладење на затворените базени мислам е дополнителен проблематичен издаток, самиот модел по кој воопшто функционираат тие базени е пред се плажерски него спортски, и можеби најглавното прашање колку од другите градови можат да излезат на крај со нивната затупеност, кога веќе говориме за затворени базени полн погодок се првите три од деветте најавени, за велес, прилеп и битола...

скопје теоретски може да тера со постојниве два затвворени базена и тој предвидениот во аеродром, сепак скопје има ~500.000 народ, сето ова вели дека воопшто не станува збор за бахати проценки, напротив прилично издржани, сепак за спортот повторно воопшто и да заживее треба државата дебело да вмеша прсти и во спортските федерации, да не ги остава како акционерски друштва или здруженија на граѓани да си тераат кој како наумил, а со тоа наголемо уништувајки било каков натпреварувачки порив, исто многу е битно како и во цел нормален свет (иако секаде тоа наголемо се користи за перење пари) оние правни субјекти кои вложуваат во спротот како спонзори, да бидат во одреден дел даночно ослободени, исто потребни се ред други механизми кои дополнително би спречиле појави како корупција и организиран криминал во спортот и дури потоа може да очекуваме целосно активирање на спортот во Македонија, но неспоредливо најбитен момент е самата инфраструктура, почнувајќи од школите кои кубурат со по два три реквизита, па се до професионални терени за тренинг и натпреварувања!

лично во оваа ситуација за да се стимулира спортот битно е во истиот на големо да се инвестира, шкотска на 5 мил. народ има 14.500 спортски објекти http://www.scotland.gov.uk/Topics/Statistics/Browse/Tourism-Culture-Sports/TrendFacilities - http://www.scotland.gov.uk/Topics/Statistics/Browse/Tourism-Culture-Sports/TrendFacilities ајде да го исклучиме и стандардот и бројноста пак ние не можеме да кажеме дека имаме се на се повеќе од илјада објекта, од европскиве земји освен со Црна Гора незнам со која друга земја може да се носиме на овој план, и капак и со никаква инфраструктура и со никакви инвестиции и со никаков особен државен ангажман, на крај успеваме да извадиме репрезентативни играчи!



Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Dec-2009 at 16:00
Не го заборавај базенот во топаанско што е утнат при изградбата, па сега е обичен магацин, и салата Расадник која е првентсвено порекктирана за базен па исто така е утната и е пренаменета за сала. Така да не е дека Скопје може да шлепа на три базена. Да ги земе некој капиталиста со идеја и да почне да ги огранизира со фул тајм програма, со вечерни капења со диџеј-и да видиш како ќе се навлечат луѓево на базен. Не викам дека све треба да иде и да се почнува преку призмата на забавата, ама е еден од добрите начини за актуелизирање. А нормално со тек на време пополека мора некад да се средат спортските федерации. Неможе вечно да бидат во ваква положба.


Posted By: Max
Date Posted: 16-Dec-2009 at 19:02
види базените како појава се потребни, но треба пред се од државата да се стимулира спортот а не тропикализмот! ајде немаме ватерполо лига, ајде немаме пливачки митинзи, ајде немаме скокови во вода, ајде немаме уметничко пливање, но бар нека направат услови за вакви нешта да се форсираат, не е самобазенот да го изградиш мора да се бараат начини како младите да се потикнуваат во слободно време наместо скитање и дремење пред тв или комп да земат учество во некоја воншколска активност, ова социјално ангажирање и промовирање за жал и порано и денес е оставено како појава само на себе, кој сака ете му нека крши глава, а кој не уште подобро... речиси сите спортски тела се закржлавени во државава, тоа е реалноста која ја наметна економската транзиција, како сеуште да не се научивме како треба во новиов систем да функционираме, државата се до сега имаше кренато раце и за реално и да сакаше не можеше нешто особено економски да мрдне имајќи предвид дека спортот беше на последно место во политичката агенда, но и сега иако навистина смели обиди сепак истите се ми се чини дека немаат целосно издржан пристап! http://irs.sagepub.com/cgi/content/short/37/1/5 - http://irs.sagepub.com/cgi/content/short/37/1/5 едноставно мора да се бараат начини како младите би се привлекле, дали е тоа стипендии како резулчтат на драфтови, студенски и средношколски лиги или тоа ќе биде некој вид на индиректна субвенција преку бесплатна спортска опрема (јасно од домашен производител) за секој оној кој е член и настапува за некоја јуниорска група по спортските клубови и сл. ова особено е битно за помалите и руралните места...


Posted By: гитардемон
Date Posted: 16-Dec-2009 at 19:27
Имаме ватерполо екипа, ама како функционира не ми е јасно, се игра само во еден базен, со пет екипи сите од Скопје (сум чул дека има и од Струга, ама дали тренираат во езерото не ми е јасно).

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 18-Dec-2009 at 00:23
БИТОЛЧАНИ, НАСПРОТИ ОЧЕКУВАЊАТА, ОСТАНАА СО ПРАЗНИ РАЦЕ



Рефлекторите не стигнаа, столчињата исчезнале

БИТОЛА. - Наспроти најавите и ветувањата за скорешна модернизација на најголемите спортски објекти во градот, Битола и натаму останува без целосно уреден градски стадион и комплетирана сала по меѓународни стандарди. Иако изминаа две години откако ФФМ реши старите рефлектори од Градскиот стадион во Скопје да бидат инсталирани на стадионот "Под Тумбе кафе", а летоска од ЈПССО доаѓаа ветувања и за поставување на 3.500 столчиња во салата "Младост", за жал, на двата објекти се уште нема трага од најавената опрема. Поради тоа, овдешните љубители на фудбалот ќе мора да причекаат на меѓународни натпревари во својот град, а посетителите во спортската сала ќе мора да се задоволат со седење на цементна подлога.
Судејќи, пак, според она што може да се слушне во Битола, очекуваните рефлектори и столчиња претставуваат вистинска мистерија. Актуелното раководство на ФК Пелситер, на пример, нема никакви информации за осветлувањето на стадионот, како поради нарушените комуникации со ФФМ, така и поради сопствената незаинтересираност за подигнување на стандардите на објектот.
Уште понеразбирлив е случајот со столчињата за салата "Младост", за кои прво беше потребна согласност од Владата, а откако таа одобри, како што велат во овдешната подрачна единица на ЈПССО, нив оддеднаш ги снемало и не се знае каде завршиле.
(Т.Г.)


Текстот е прочитан 455 пати.


http://vest.com.mk/?ItemID=C43AACB1D73310438594C885B068B660 - http://vest.com.mk/?ItemID=C43AACB1D73310438594C885B068B660

Колку неочекувано...

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Dec-2009 at 02:09
Wallbash

Можеби вонземјани ги „киднапирале“ столчињата. После такво исчезнување, друго не ми текнува  Dunno



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Dec-2009 at 22:26
Привршува расчистувањето за спортски центар во Аеродром

Просторот покрај кејот на Вардар во Општина Аеродром, на кој до неодамна функционираше голема граджна база на АДГ Маврово е речиси расчистен од времените објекти кои таму егзистираа околу три децении. При крај е и изнесувањето на шутот и другите остатоци. Со ова се обезбедуваат предуслови за реализација на неодамна донесениот урбанистички план, кој воглавно предвидува спортски и рекреативни содржини.

Локацијата е опфатена со ДУП Јане Сандански, урбана единица Г. Со него на овој простор и околината е зацртан спортски центар кој вклучува нова спортска сала, сала за хокеј и уметничко лизгање, олимписки базен, фудбалско игралиште со монтажна трибина, како и две ракометни игралишта и четири дополнителни тениски игралишта. Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, изјави дека проектите ќе ги реализираат во соработка со Агенцијата за млади и спорт. Тој најавува дека спортската сала ќе има капацитет од 4.000 гледачи, а трибината на фудбалското игралиште ќе може да прими 1000 гледачи. Во рамките на центарот, ДУП-от предвидува и два хотели, забавен парк и подземни гаражи.

Расчистувањето почна во септември и првично беше најавено дека ќе заврши за дваесетина дена.


http://www.build.com.mk/portal/?p=856 - http://www.build.com.mk/portal/?p=856

Еве и фотки од денеска:

1


2


3


4



Posted By: Max
Date Posted: 19-Dec-2009 at 04:48

прво нека испитаат дали местово е радиактивно со син камен нема мајтап! сетне нека ја проверат и геомеханиката, незнам каква стабилност има земјиштето во оваа дупка до вардар, ем заради подземните води ем заради тоа што тука беше ископ за песок за автопатот на времето, кој ископ иако беа задолжени да го пополнат со земја тие симболично го пополнува (и не го дополнија) со градежен шут http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=739&PID=48576#48576 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=739&PID=48576#48576

инаку како локација местово е идеално за тренинг центар, само надлежните да осигураат дека во иднина нема да се јавува никаква реа од спроти вардар каде што е лоцирана затворена и затрпаната депонија вардариште која долго време го опслужуваше скопје се до отворањето на дрисла! нема да биде лошо и кејот тука да се урбанизира и со се' последна автобуска станица за 5/15 место доста ветува, во иднина посекако и дополнително пзитивно ќе делува по овој комплекс и самото трамвајско депо кое е во непосредна близина...




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Dec-2009 at 22:54
ВО НЕКОЛКУ УЧИЛИШТА
Нови тениски игралишта

Две двојни тениски игралишта ќе почнат да се градат во Карпош в недела. Едното ќе биде лоцирано во дворот на основното училиште „Јан Амос Коменски“, а другото покрај кејот на Вардар, во близина на скејт-паркот и карпата за планинарење, чијашто реализација тукушто почна. Проектот е во соработка со Агенцијата за млади и за спорт. Во општината ќе се градат уште три тениски терени за кои се уште трае процедурата за издравање одобрение за градба.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=1905&ArticleID=130262


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Jan-2010 at 21:32
ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Ќе се градат првите тениски игралишта

Првите тениски игралишта на подрачјето на општина Ѓорче Петров ќе се градат во кругот на Основното училиште „Мирче Ацев“. Надлежните велат дека досега немало ниту едно тениско игралиште во општината, па заинтересираните граѓани морале да одат во други општини. - Со изградбата на двете игралишта ќе се овозможи побрз развој и популаризација на овој спорт кај младите во општината, а воедно и ќе се отворат можности за формирање тениски клуб, што е дамнешна желба на ѓорчепетровци, познати како големи љубители на спортот - велат во Ѓорче Петров. Игралиштата ќе бидат изградени во стандардни димензии и ќе добијат осветлување за да можат да се користат и навечер. Проектот Општината ќе го спроведе со Агенцијата за млади и за спорт. Инвестицијата чини околу 145.000 евра. Игралиштата треба да бидат завршени за шест месеци по почнувањето на изградбата.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1919&ArticleID=131568


Posted By: axel
Date Posted: 25-Jan-2010 at 00:22
Ќе се гради тениско игралиште во Бутел


Во Општина Бутел деновиве привршуваат подготвителните работи за изградба на првото тениско игралиште. Тоа ќе има стандардни димензии (вклучително и трим патеките) 40 метри на 22 метри.
- Првото тениско игралиште во нашата Општина ќе се гради во спортскиот комплекс во Радишани, зад училиштето "Ацо Шопов". Поточно, новото тениско игралиште ќе се гради помеѓу двата постојни спортски терена што беа изградени пред две години, информираат одговорните.
Новото тениско игралиште ќе се гради во соработка со Агенцијата за млади и спорт.                                                                                                                                          http://www.vecer.com.mk/?ItemID=B05C1A75706B274A97B1D3A90770D9FD    



Posted By: axel
Date Posted: 31-Jan-2010 at 16:34
Стартуваше проектот изградба на 100 тениски игралишта низ целата држава

http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/10745/kamen%20temelnik.jpg">

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Драган Ѓурчевски, заедно со претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска свечено го означија почетокот од проектот 100 тениски игралишта низ целата држава со поставување на камен темелник во општина Аеродром.

Проектот "Тениските игралишта" се состои од единечно тениско игралиште (со еден тениски терен) со димензии 21,1х39,4 метри и двојно тениско игралиште (со два тениски терена) со димензии 39,4х39,4 метри.
 
Планирани за изградба низ територијата на Република Македонија се 20 единечни и 40 двојни тениски игралишта.

Во Општина Аеродром ќе се градат две двојни игралишта,односно четири тениски игралишта.

Тениските терени се со најсовремена подлога по сите стандарди на Светската тениска асоцијација.

http://www.netpress.com.mk/sport/vest.asp?id=10745&kategorija=4


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Feb-2010 at 20:18

Еколошкиот парк се тргна, карпата се чека






 

Според најавите од Агенцијата за млади и спорт, нејзината изградба ќе почне за десетина дена

 
 
%20  
Здружението „Зелената арка“ во декември минатата година беше принудено за 24 часа да ги собере сите елементи од својот еколошки парк што го направи во близина на ресторанот „Имес“ на кејот на Вардар во Карпош за таму да почне да се гради алпинистичка карпа. Но и по месец и пол од таа акција, кога младите луѓе што членуваат во оваа организација едно по едно ги спасуваа растенијата за да не ги изгазат багери, карпата не почна да се гради. Последните најави од Агенцијата за млади и спорт, која го спроведува проектот, е дека камен-темелникот ќе се постави за десетина дена, а целосно ќе биде изградена за 12 до 18 месеци.

- Целиот проект за карпата чини 30 милиони денари, бидејќи во него се вклучени не само објектот за качување, туку и трибини, околно уредување со зеленило и други работи. Документацијата за градба е завршена и сега се работи на подготвување на теренот. Колку точно ќе трае изградбата ќе зависи пред се од временските услови - рече Драган Ѓурчевски, директорот на Агенцијата.

Тој додаде дека сега главен приоритет им била изградбата на тениските игралишта, па и за нив барале локации во урбаното подрачје на општините што излегувале на реката Вардар. Главен проблем било тоа што голем број места биле приватни или за нив се водел процес на денационализација. Од планираните 100 игралишта во Скопје треба да има 20 или 30.

Паркот што претходно го направи здружението „Зелената арка“ беше наречен „еколошки“ бидејќи на површината од 800 квадратни метри се направил овоштарник и се засадиле растенија што меѓусебно се поддржуваат и си помагаат. За да го направат тие добиле пари од Регионалната агенција за заштита на животната средина, преку Шведската агенција за соработка и развој. Откако си ги собраа елементите, рекоа дека ќе бараат друга локација за да го направат паркот, но надвор од општината Карпош.
 
   
Автор: Б.С.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=24101054362&id=14&prilog=0&setIzdanie=21901


Posted By: Djole88
Date Posted: 22-Feb-2010 at 16:51
ја ставив оваа вест тука, ако администрација мисли дека треба нова тема слободно нека отворат

     

Поставен камен-темелник за карпа за спортско качување на кејот на Вардар

Во скопската населба Карпош денеска беше поставен камен-темелник за изградба на вештачка карпа за спортско качување



Спортскиот објект, кој е дел од програмата на Владата и Агенцијата за млади и спорт (АМС) е со вкупна површина од 305 метри квадратни и ќе содржи повеќе делови за различно натпреварување, во однос на висината и степен на потешкотија во нивното совладување.
На свеченоста присуствуваше и премиерот Никола Груевски-кој посочи дека станува збор за комплекс, кој ќе биде единствен од ваков вид во Република Македонија, а треба да се заврши за период од 12 до 18 месеци. Со проектот предвидена е и изградба на помошна карпа со површина од 58 метри квадратни, составена од пет различни карпи со висина од скоро пет метри. Дополнително, ќе се изгради и придружен објект за загревање на спортистите, а комплексот ќе биде заокружен со трибини за гледачите.

- Врвните спортски достигнувања, не доаѓаат случајно, ниту наеднаш. Тие се резултат на многу труд и макотрпна работа. Но, за да се постигнат потребни се и вложувања во спортот, пред се во изградба на спортска инфраструктура. Знаејќи ја таквата потреба, како Влада во изминатиот период започнавме со повеќе капитални инвестиции во спортот. Ваквото темпо продолжува и во иднина, најави Груевски.

Според директорот на АМС Драган Ѓурчевски, најголемата инвестиција во спортската инфраструктура во последните 40 години во земјава опфаќа 20 комплетно завршени спортски сали и пет фудбалски игралишта, а во завршна фаза се уште многу спортски објекти, меѓу кои и атлетската патека во Охрид.

- Со вложување во спортот ја докажуваме нашата единствена заложба за здрав живот и обезбедување на услови во кои ќе ја видиме Република Македонија на големите натпреварувања, претставувана од признати спортисти кои својата основа ќе ја создаваат на овие спортски терени, додаде Ѓурчевски.

Спортската карпа е дел од проектот на Владата и АМС за изградба на 35 спортски сали и 50 фудбалски игралишта, како и за изградба на 145 училишни сали и на 100 тениски игралишта во Македонија.

Спортското качување во земјава датира од 1985 година. Истата година двајца натпреварувачи од Македонија учествуваа и на првиот неофицијален натпревар во качување спортска карпа во Сплит.


Posted By: zabegan
Date Posted: 22-Feb-2010 at 18:26
повторно гледам многу нелогика во оснос на инвестициите во спортот, убаво е да се развива и екстремниот спорт, но сеуште немаме доволно сали, стадиони и базени, а постоечките никој не ги гледа (не ги сметам оние мотажнине бидејќи се по некој школски шаблон, кој не е доволен)
го ценам и фактот што во Скопје ќе има нешто вакво, но сепак не е нешто што би требало да биде примарен проект, сметајќи дека имаме и природни услови за тоа, во целата земја


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 22-Feb-2010 at 18:43
едно (подолго) видео за фина иницијатива на локацијата за карпата.

http://www.vimeo.com/9472962 - http://www.vimeo.com/9472962


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Feb-2010 at 18:53
Originally posted by ArchiTechTone

едно (подолго) видео за фина иницијатива на локацијата за карпата.

http://www.vimeo.com/9472962 - http://www.vimeo.com/9472962


Не е коректно од една страна да се залагаме за строго почитување на урбанистички планови, а од друга страна со вакви клипови да се манупулира и да се "шета скршено прсте" во јавност. Ако парков не бил дел од урбанистичкиот план, што има врска колку еколошки и да е.


Posted By: krale
Date Posted: 22-Feb-2010 at 19:32
Originally posted by zabegan

повторно гледам многу нелогика во оснос на инвестициите во спортот, убаво е да се развива и екстремниот спорт, но сеуште немаме доволно сали, стадиони и базени, а постоечките никој не ги гледа (не ги сметам оние мотажнине бидејќи се по некој школски шаблон, кој не е доволен)го ценам и фактот што во Скопје ќе има нешто вакво, но сепак не е нешто што би требало да биде примарен проект, сметајќи дека имаме и природни услови за тоа, во целата земја


Мислам дека во моментов се градат повеќе спорстски сали од било кога досега, што значи сликата брзо ќе се промени, па зошто да не се гради и во овие спортови кои досега не биле присутни на овие простори?


Posted By: zabegan
Date Posted: 22-Feb-2010 at 19:56
Originally posted by krale

Originally posted by zabegan

повторно гледам многу нелогика во оснос на инвестициите во спортот, убаво е да се развива и екстремниот спорт, но сеуште немаме доволно сали, стадиони и базени, а постоечките никој не ги гледа (не ги сметам оние мотажнине бидејќи се по некој школски шаблон, кој не е доволен)го ценам и фактот што во Скопје ќе има нешто вакво, но сепак не е нешто што би требало да биде примарен проект, сметајќи дека имаме и природни услови за тоа, во целата земја


Мислам дека во моментов се градат повеќе спорстски сали од било кога досега, што значи сликата брзо ќе се промени, па зошто да не се гради и во овие спортови кои досега не биле присутни на овие простори?
напоменав дека не ги сметам тие „школските“ сали
а што се однесува до алпинизмот, тој одамна е застапен во нашата земја, конкретно и во скопскиот регион на кањонот на матка, дури има и споменик (клинот) посветен на овој спорт, а имаме и алпинисти со врвни достигнувања
но затоа пак, еден стадион го градат 40 години, изградени се неколку сали за одбојка и кошарка, но пропаѓаат, заедно со базените и т.н.

не ме разбирај погрешно, немам многу против вештачки карпи, но не е нешто примарно во моментов, ако збориме за спортски објекти


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 22-Feb-2010 at 20:30
Originally posted by lslcrew

Originally posted by ArchiTechTone

едно (подолго) видео за фина иницијатива на локацијата за карпата.

http://www.vimeo.com/9472962 - http://www.vimeo.com/9472962


Не е коректно од една страна да се залагаме за строго почитување на урбанистички планови, а од друга страна со вакви клипови да се манупулира и да се "шета скршено прсте" во јавност. Ако парков не бил дел од урбанистичкиот план, што има врска колку еколошки и да е.


Се слагам, во видеото не е наведено дали се консултирале со општината, и кривицата е сосема нивна ако не се информирале како што треба. Не ми беше поентата да ги сожалувам, иако они работеле годинаипол (јуни2008-дек2009) без никој да ги прекине(спонзорирани од фондации, медиумски покриени). Испаѓа дека општината се грижи за урбанизмот само кога ќе дојде време за сечење ленти...

Колку и да е промашена- иницијативата ми е фина, и би било супер ако граѓаните се ангажираат на сл. начин.

За да не биде скрос офтопик муабетот, карпава не е баш сјајна за развивање на спортското качување. Ако веќе се иде промовирање на outdoor качување, подобро е да се промовира матка или водно или некое слично место, а ако веќе стварно треба да се развие спортот, тогаш неспорно дека indoor ѕид за качување е подобра варијанта бидејќи ќе овозможи тренирање преку целата година за нашите идни клајмери


Posted By: La Linea
Date Posted: 25-Feb-2010 at 01:39
Се уредува просторот за четири тениски игралишта во Илинден

Општина Илинден ги отпочна градежните активности за уредување на просторот за четири нови тениски терени, кои се дел од проектот на Владата и Агенцијата за млади и спорт, со кој е предвидена изградба на вкупно 100 такви терени низ државата. Новите игралишта во Илинден ќе се градат веднаш до спортската сала „Гоце Делчев“. За нив е обезбедена и издадена потребната техничка документација. Согласно предвидените активности, Општината ќе изврши целосно подготвување и уредување на просторот за отпочнување и непречено извршување на градежните работни активности.


Проектот за 100 тениски игралишта ширум државата ../?p=1703 - стартуваше со реализација на терен на 31-ви минатиот месец, со поставување на камен темелник за четири игралишта во Општина Аеродром.



http://www.build.com.mk/?p=2037



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Mar-2010 at 01:41
30 илјади лизгачи го стопија лизгалиштето!


Околу 30 илјади посетители изминативе три месеци се лизнале или паднале на најголемото вистинско лизгалиште досега направено на плоштадот Македонија, иницирано лично од градоначалникот Владимир Тодоровиќ, а спроведено од Општината Центар и фирмата-изведувач Солкав Австрија". Зимската идила која донесе радост кај повеќето скопјани вчера заврши и уште во текот на попладнето почна со демонтирање, информираа надлежните од Општината. Лизгалиштето почна со работа по новогодишните празници и истото стана атрактивно поради неговата оригинална големина, карактеристиките и цената. Неговото демонтирање го врши истата фирма која го доби тендерот за поставувањето и одржувањето на лизгалиштето.

Оние скопјани кои успеаја да се лизнат макар еднаш, се задоволни од реализацијата на идејата на градоначалникот на Тодоровиќ за ваковиот времен објект на плоштадот за зимска рекреација наликум светските метрополи. Истото зафаќше површина од 800 квадрати или димензии од 20 на 40 метри заедно, со системот за можност да го задржи мразот во непроменета состојба и на надворешна температура до 20 Целзиусови степени, според изведувачот се покажа квалитетно и на големите температури и зголемената рефлексија на сонцето која ја имеше на неколку пати.
Од Општина Центар велат дека се задоволни од резултатите на времениот објект, без оглед на заградувањето на плоштадот поради градежните активности негова примарна функција позитивно оценета од општинските служби. Тие велат и догодина доколку има просторни услови, повторно ќе се постави вакво или слично лигалиште на плоштадот.

http://vecer.com.mk/?ItemID=885375B32A8B71458C16ED662506494F


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Mar-2010 at 01:50


Факинг панаѓур на плоштад. Пропратната музика капак...

Puke


Ќе треба многу време за да се искултивира овој народ, а и Тодоровиќ во истиот пакет!


Posted By: alexgizh
Date Posted: 16-Mar-2010 at 22:46
Look at the bright side... барем добивме дел од плоштадот назад


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Apr-2010 at 22:46
Најдоцна во 2013 во Аеродром ќе никне аква парк

Денес во Министерството за транспорт и врски се одржа јавно наддавање за две парцели во општината Аеродром наменети за спортски и рекреативни содржини. На поголемата од нив која има површина од 25.260 метри квадратни веќе подолго време се најавува изградба на аква парк, додека на помалата која има површина од 6.885 метри квадратни со ДУП-от е предвидена повеќенаменска спортска сала. Парцелите ги доби „Манд интернационал“ од Скопје, која за нив ќе треба да исплати 50.520.000 и 13.770.000 денари. Компанијата треба да ги уплати средствата во рок од 15 дена, да обезбеди одобрение за градба најдоцна 9 месеци од солемнизирање на договорот и да ги изгради објектите во рок од 2 години после правосилноста на одобрението.

Според ДУП-от инвеститорот ќе треба да обезбеди 210 паркинг места во рамки на парцелите, а максималната дозволена висина за градба е 12 метри. Објектите ќе бидат дел од идниот спортско – рекреативен центар на кејот на Вардар во Аеродром. Поголем дел од него е зацртан на просторот на бившата голема ../?p=856 - градежна база на АДГ Маврово која е речиси расчистена . На 31 јануари таму беше поставен ../?p=1703 - камен темелник за четири тениски игралишта , а на почетокот на месецов Министерството за транспорт и врски ../?p=2689 - на лицитација понуди и две парцели за хотели , кои исто така треба да бидат дел од комплексот.

http://www.build.com.mk/?p=2928 - http://www.build.com.mk/?p=2928






Posted By: axel
Date Posted: 11-May-2010 at 00:44

Општина Ѓ. Петров прераснува во спортски центар


Тениската елита ќе се сели во Ѓорче


До ноември ќе бидат изградени две тениски игралишта со професионални димензии (39,4 на 39,4 метри) и најсовремена подлога по стандардите на Светската тениска асоцијација, со што ќе ги прави погодни за одигрување и на сите меѓународни тениски натпревари


Општина Ѓорче Петров до ноември ќе добие две тениски игралишта со професионални димензии (39,4 на 39,4 метри) и најсовремена подлога по стандардите на Светската тениска асоцијација, со што ќе ги прави погодни за одигрување и на сите меѓународни тениски натпревари. Игралиштата се наоѓаат во дворот на ОУ Мирче Ацев". Целосно ќе бидат инфраструктурно поврзани и ќе осветлени со рефлектори за да може да се игра и ноќе, а до нив ќе водат нови бекатонски патеки.

Изградбата почна вчера со церемонија за симболично осветување на темелите на која присуствуваа премиерот Никола Груевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов, и нивниот домаќин, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски.
- Покрај 50 фудбалски игралишта за голем фудбал, 185 спортски сали во програмата Владата има планирано и работи на тоа да изгради 100 тениски игралишта и 100 мултифункционални игралишта - за мал фудбал, ракомет, кошарка, баскет... Денеска ја започнавме изградбата на едно двојно тениско игралиште, кои ќе биде по сите стандарди со соодветна подлога, со осветлување, пристапни патеки, целосна инфраструктура, рече премиерот Груевски. Тој додаде дека целта е да се изградат што повеќе спортски објекти, во што повеќе општини, за младите да се ориентираат кон спортот а не кон пороците.

Градоначалникот на Сокол Митровски заблагодарувајќи и се на Владата за поддршката при реализацијата на голем број проекти, особено во областа на спортот потенцираше дека Општина Ѓорче Петров несомнено станува и спортски центар.
- Како и во други спортови така и во тенисот ќе можат да се вклучат голем број граѓани, осоебно младите таленти, бидејќи Ѓорче Петров е позната како расадник на нови таленти но, и на шампионски тимови и поединци кои надалеку го пренесоа името на својата општина и името на својата држава Република Македонија, рече Митровски. Тој додаде дека ѓорчепетровци можат да бидат горди на спортската инфраструктура, бидејќи само во изминативе три години на повеќе локации во Општината се изградени две фудбалски игралишта, две спортски сали и девет спортско-рекреативни центри.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=9C09B318FD0A6344AA1E0CB7BCCF7D35


Posted By: build.mk
Date Posted: 17-May-2010 at 21:20
Сергеј Бубка предаде во употреба нова атлетска патека во Охрид

Денес во Охрид беше свечено ставена во функција новата атлетска патека на Спортско-рекреативниот центар Билјанини Извори. Во присуство на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, претседателот на Атлетската федерација на Македонија Цветко Грозданов, директорот на Агенцијата за млади и спорт Диме Спасов, претседателот на Македонскиот олимписки комитет Васил Тупурковски и светската атлетска легенда Сергеј Бубка,  беше отворен и првиот ревијален атлетски натпревар на новиот тартан. Охрид за три дена ќе биде домаќин и на Меѓународен атлетски митинг.

Инвестицијата изнесуваше повеќе од 500 илјади евра, средства обезбедени преку донации од Меѓународниот олимписки комитет и светските атлетски федерации, како и од Владата на Република Македонија. Подлогата одговара на меѓународните стандарди пропишани од страна на Меѓународната атлетска федерација и е производ на реномираната италијанска компанија Мондо (Mondo S.p.A.). Идната година иста ваква подлога ќе биде поставена и на ателтската патека на Националната арена Филип Втори во Скопје.

http://www.build.com.mk/?p=3429 - http://www.build.com.mk/?p=3429



Posted By: La Linea
Date Posted: 20-May-2010 at 15:31
Слики од новата атлетска патека во Охрид

1.


2.


Извор: МИА


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Makedonij
Date Posted: 05-Jul-2010 at 09:12
Kошаркарско игралиште во Владевци (Струмичко)

Во населеното место Владевци, започнаа активностите за изградба на кошаркарско игралиште. Во близина на поштата, на просторот што и досега љубителите на спортот го користеа за играње кошарка ќе се  изгради современо кошаркарско  игралиште со димензии 15Х28 метри, кое ќе биде опремено со рефлектори за ноќно спортување. На овој начин општина Василево не само што создава услови за спортување, туку, наспроти комерцијалните понуди на младите им нуди алтернатива за исполнување на слободното време на поздрав и поквалитетен начин и место за дружење и разонода.


Средствата во висина од околу 460.000 денари се обезбедени од општинскиот буџет, а изведувач на работите е градежната фирма “Џови компани“, која во исто време го гради и повеќенаменското игралиште во населеното место Радичево.

http://www.strumicanet.com


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Jul-2010 at 09:28
Четирите тениски игралишта што се градат кај салата Јане Сандански




Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Jul-2010 at 16:20
АСФАЛТИРАНО КОШАРКАРСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО СРЦ „САРАЈ“

http://www.skopje.gov.mk/images/Image/asfaltirano%20igraliste%20Saraj%281%29.jpg"> Екипи на Градот Скопје деновиве го асфалтираа кошаркарското игралиште во Спортско рекреативниот центар „Сарај“. Асфалтирана е површина од 370 квадратни метри и се вградени 46 тони асфалтна маса АБ 11.

Во истата акција се санирани и ударните дупки на околните патеки во центарот.

http://www.skopje.gov.mk/images/Image/asfaltirano%20igraliste%20Saraj%20%281%29%281%29.jpg"> Градот Скопје за овој зафат потроши околу 250.000 денари, а на терен работеа екипи на ЈП „Улици и патишта“.


http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3503&mid=482&tabId=1&tabindex=0


Posted By: Makedonij
Date Posted: 19-Jul-2010 at 18:16

Јавна презентација на ДУП за урбан модул мотел„Македонија“

Четврток, 15 Јули 2010 08:12
На ден 09.07.2010г  со почеток во 13  часот, во големата сала на Општина Крива Паланка, се одржа повторна јавна презентација на нацрт планот -измена и дополна на ДУП за урбан модул –МОТЕЛ МАКЕДОНИЈА.Презентацијата ја водеше дипл.инж.архитект Кире Велески, вработен како советник во одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина.
 
Во согласност со законските прописи, на јавната презентација писмено беа поканети вкупно педесет јавни личности, заинтересирани лица и стручни лица од областа, од кои присуствуваа  дваесетина. На самата презентација присуствуваа и претставници на изработувачот на планот Друштво за планирање, проектирање и инжинеринг  „ПРОСТОР“  од Куманово г-н Стоилковски Дане и г-ѓа Стојмановска Марина, кои дадоа стручно објаснување за планските параметри врз основа на кои е изработен нацрт планот, а потоа беше дадена можност за прашања и одговори на присутните.
 
Опфатот на планот има површина од 2.16 ха, што е истоветно со претходниот опфат на планот, во кој спаѓаат спортската сала и мотел „Македонија“ со придружните објекти, спортско рекреативна зона, зелени површини и секако сообрајќајно решение и паркинзи.За сите прашања и потребни забелешки Општина Крива Паланка подготви анкетни листови кои може да се подигнат во архивата на Општината или одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина, најкасно до 16-07-2010г.
 
http://www.krivapalanka.gov.mk


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: build.mk
Date Posted: 26-Jul-2010 at 18:03
Означен стартот на изградба на две спортски сали во Битола

Вчера во Битола со свеченост почна изградбата на спортски сали во средното медицинско училиште „Јован Калаузи“ и во средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“. Салата во медицинското училиште ќе има површина од 1.300 метри квадратни и рокот за нејзино завршување е девет месеци, додека салата во земјоделското училиште треба да биде изградена за шест месеци и ќе располага со 650 метри квадратни. Покрај ова, на локалната самоуправа и беше предадено на раководење фудбалското игралиште „Павел Шатев“ кое се наоѓа во градскиот парк, а го изгради Агенцијата за млади и спорт. Од Агенцијата најавија изградба и на четири тениски терени и четири отворени мултифункционални игралишта во основните училишта „Тодор Ангелески“, „Ѓорги Сугарев“ и „Даме Груев“, како и во битолското село Кравари.



http://www.build.com.mk/?p=4578 - http://www.build.com.mk/?p=4578



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 27-Jul-2010 at 08:42
tenisko igraliste vo cair.Sitel veli deka e otvoreno ama kako sto gledam kamen temelnikot go stavat sega, cudno!!
planiraat uste 100 vo cela drzava da gradat pa zatoa zasluzuva posebna niska
admins vaseto mislenje!??
 
http://www.sitel.com.mk/video/makedonija/otvoreno-tenisko-igralishte-vo-chair - http://www.sitel.com.mk/video/makedonija/otvoreno-tenisko-igralishte-vo-chair
 
ako znae nekoj kade se gradi neka kazi .


-------------



Print Page | Close Window