Print Page | Close Window

Палата Млин Балкан

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Паркинзи и гаражи
Forum Discription: Паркинзи, катни гаражи, подземни гаражи...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=733
Printed Date: 19-Apr-2024 at 08:37


Topic: Палата Млин Балкан
Posted By: pbanks
Subject: Палата Млин Балкан
Date Posted: 23-Sep-2009 at 23:26

Се гради катна гаража на земјиште кое државата си го бара назад

За парцелата кај „Идадија“ има постапка пред државниот правобранител

На паркингот пред поликлиниката „Идадија“ почна да се гради катна гаража со деловен објект на отуѓено земјиште, кое државата сега си го бара назад во свое владение. Инвеститорот „Палата Млин Балкан“ интензивно го организира градилиштето, иако за парцелата се води постапка пред Државното правобранителство. Поради пробивање на роковите за изградба, од Министерството за транспорт и врски иницирале постапка за раскинување на купопродажниот договор.

„Инвеститорот не ги испочитувал критериумите во договорот за отуѓување на земјиштето, потпишан во 2003 година, а се однесуваат на навременост за изградба на објектот“, посочија во писмениот одговор од ресорното министерство, од каде што не беа достапни за подетаљни објаснувања.

Нејасно останува дали и што ќе преземат во врска со случајот, со оглед на тоа дека инвеститорот и, покрај се', почнал со подготовки за градба. Без одговор останавме и за колку пари и под кои услови е продадена парцелата и колку време закупецот на просторот имал за да ја обезбеди градежната дозвола, да ја започне и да ја заврши изградбата.

Реакција за случајот од Општина Центар, на чие подрачје се наоѓа парцелата, најавија за денеска. Вчера единствено потврдија дека е издадена градежна дозвола за изградба на катна гаража со деловен објект во приземје, маркичка нацртана во ДУП „Буњаковец 1“. Општинарите информираа дека инвеститор на објектот е „Палата Млин Балкан“. Согласно со ДУП, површината на парцелата изнесува 1.363 квадратни метри, површината за градење во основа е 1.073 квадрати, додека максималната дозволена висина е 15 метри, односно дозволена е изградба на петкатен објект.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=24C683A1390A2A419C71E3A325888827



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Sep-2009 at 23:27
Баш верувам дека ќе видиме катна гаража овдека Roll%20eyes


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 24-Sep-2009 at 08:35
На факултет се сеќавам дека работев на овој дел од Скопје, поточно на ДУП-от и овде беше уцртана такозвана „маркица“ за катна гаража и не ми беше чудно што долго време никој не се потегна да гради овде...сега очигледно овие ја наредиле, по стилот и пристапот во градењето, тешко дека коли ќе паркираат овде...

п.с. мој предлог е со смрт да се казнува пренамена на објекти предвидена според ДУП (посебно од катна гаража во што сака да е друго) и забрана за користење на зборот „палата„ за транзициона архитектонска карикатура (веќе видено на повеќе објекти во Скопје

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Sep-2009 at 15:35
Подетално:

НОВО ГРАДИЛИШТЕ СЕ ОТВОРА КАЈ ПОЛИКЛИНИКАТА „ИДАДИЈА“
Крие ли гаражата деловен објект?

Роза Петкова

Градилиште за нова катна гаража се отвори деновиве на паркингот до поликлиниката „Идадија“. Објектот, чиешто земјиште е продадено пред повеќе години, според информациите од надлежните во Општина Центар, ќе го гради фирмата „Палата Млин Балкан“ од Скопје и во приземјето ќе има деловен простор. Изградбата е спорна затоа што за истата фирма во Министерството за транспорт и врски велат дека повеле постапка пред Државното правобранителство, бидејќи таа не го почитувала договорот склучен во 2003 година и не почнала навреме да ја гради катната гаража. Со овие информации не беа запознаени во Општината. Таму само потврдија дека паркингот на поликлиниката е заграден поради изградба на катна гаража со деловен простор, во согласност со ДУП „Буњаковец 1“. Во овој план стои дека површината за градба е околу илјада квадратни метри, а висината е 16 метри. Тоа е десетина метри повеќе од висината пропишана за истиот објект во стариот ДУП, која изнесувала 5,5 метри. Со тоа гаражата треба да биде висока речиси колку трикатната зграда на поликлиниката која има 18 метри. Според постојниот план донесен во 2005 година, просторот е наменет за паркиралиште, односно катна гаража, а во неа се предвидени 58 паркинг-места. Вчера на местото оградено со лимени тараби се уште не беше истакната таблата со бројот на одобрението за градба од Општината и со сликата на проектот според кој ќе се гради. Инвеститорите не успеавме да ги добиеме затоа што нивниот телефонски број го нема во именикот. Од Министерството за транспорт и врски велат дека е почната постапка за раскинување на договорот со компанијата „Палата Млин Балкан“ за закуп на неизграденото градежно земјиште. - Постапката е поведена пред Државното правобранителство на Македонија поради тоа што инвеститорот не ги почитувал роковите во договорот склучен во 2003 година, кои се однесуваат на навремено почнување на изградбата на објектот, во согласност со критериумите во договорот и“велат од Министерството. Иако за граѓаните е спорно ваквите објекти да им се градат буквално под прозорец или како во последниов случај залепени до здравствени установи каде што се лечат болни луѓе и деца, за архитектите не е проблем локацијата, туку нереализацијата. - Проблемот не е во близината меѓу поликлиниката и објектот, туку што тој воопшто нема да биде катна гаража. По правило катните гаражи имаат централна вентилација, нивото на загадување кај нив е помало во однос на она од улиците затоа што возилата се во мирување, што значи го решава проблемот со јаглеродниот диоксид и со паркирањето, а ги ослободува тротоарите за пешаците. Но вистинскиот проблем е што објекти како овие кои се од јавен интерес се користат за нехуман бизнис и земјиштето наменето за катна гаража евтино се купува, а потоа се гради нешто сосема друго. Причина за ова е корупцијата и“вели Мирослав Грчев, професор на Архитектонскиот факултет во Скопје и поранешен градоначалник на општина Центар. Оваа пренамена на катните гаражи во деловни и трговски центри делумно е легализирана, со тоа што Правилникот за стандарди во урбанистичкото планирање дозволува други намени за објектите со ознака Г5, односно катни гаражи. Така компатибилни на Г5 се и Б1, со која се означуваат мали комерцијални и деловни дејности, Б2 за големи трговски единици, Б3 за големи угостителски единици и Б4 за деловни дејности.

Скопје без катни гаражи

Најновиот објект што треба да се гради кај поликлиниката „Идадија“, вцртан во деталниот урбанистички план, е само уште еден од многуте најавени катни гаражи кои се предвидени во Скопје, од кои досега не е изградена ниту една. Само во деталните планови на Центар има маркички за 13 катни гаражи, а во практика се покажа дека потоа тие се претвораат во деловни и трговски центри. Всушност, Скопје е град со најмногу зацртани, но ниту една изградена катна гаража.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1821&ArticleID=122383


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Sep-2009 at 13:11

Катната гаража кај „Идадија“ ќе земе дел и од Уметничко





 

Градежниците што работат на катната гаража велат дека делот каде што се наоѓала оградата на Уметничкото училиште, всушност, влегувала во парцелата за изградба на катната гаража

 
 
%20  
Инвеститорот на катната гаража што деновиве почна да се гради пред поликлиниката „Идадија“, вчера почна да ја отстранува оградат на средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“, со образложение дека дел од парцелата на училиштето влегувала во неговата маркица за градење. Професорите од училиштето велат дека во времето кога учениците сé уште имале настава, никој не работел ништо, но откако поголемиот дел професори си заминале, работниците почнале да ја отстрануваат оградата на училиштето.

- Додека имавме часови сé беше мирно, но прееска, кога сакав да излезам од училиштето, видов дека работниците ја уриваат оградата на училиштето. Кога ги прашав за што се работи, тие кажаа дека тој дел од училиштето му припаѓал на инвеститорот што ја прави катната гаража и поради тоа тие морале да ја отстранат оградата - објасни еден од професорите во училиштето.

За парцелата каде што е почнато да се гради катната гаража, Министерството за транспорт поднело претставка до државниот правобранител за враќање на земјиштето на државата. Од Министерството објаснуваат дека постапката ја почнале затоа што инвеститорот повеќе од една година откако ја добил градежната дозвола не почнал со изградба на објектот. Од Министерството додаваат дека постапката ја почнале пред речиси една недела, откако извршиле увид на местото и констатирале дека фирмата, со која Министерството го склучило договорот, го пречекорила периодот за почнување на градбата.

Од Министерството додаваат дека тие соодветно ги известиле надлежните од општината Центар дека договорот со друштвото за туристички услуги и трговија „Сива Канет Компани“ бил раскинат поради непочитување на временскиот рок

- Откако ќе се добие одобрение за градба, фирмата е должна со изградба на објектот да почне најдоцна за шест месеци. Откако тие ја добија дозволата од општината Центар, помина речиси цела година, а до пред една недела сé уште не беше почнато да се гради. Од таа причина упативме претставка до државниот правобранител и сега чекаме управата за имотноправни односи да одлучи што ќе се случува понатаму - објаснија од Министерството за транспорт и врски.

Оливера Китаноска, државната правобранителка, кажа дека ја примила постапката и поднеле предлог до управата за имотноправни односи, кои треба да одлучат за понатамошниот тек на настаните.

Инвеститорот на катната гаража „Палата Млин Балкан“ веќе ги направил и последните подготовки за изградба на катната гаража, која била предвидена со деталниот урбанистички план за Буњаковец 1.

Од општината Центар, кои и ја издале градежната дозвола, велат дека нив никој не ги известил дека за таа локација постои претставка до државниот правобранител за да му се врати земјиштето на Министерството за транспорт и врски.
 
   
Автор: А.М.Д.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9259959594&id=14&setIzdanie=21796


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 28-Sep-2009 at 14:46

Катната гаража кај „Идадија“ ќе продолжи да се гради

Според Кочан Адем, сопственикот на фирмата што ја гради катната гаража кај поликлиниката „Идадија“, сите документи се легални и нема зашто тој да прекинува со изградбата на катната гаража

 
 
%20  
Кочан Адем, сопственикот на фирмите „Сива канет компани“ и „Палата Млин Балкан“, кои се обврзале пред Министерството за транспорт и врски и општината Центар дека ќе изградат катна гаража пред поликлиниката „Идадија“, ги има сите потребни документи за изградба на објектот.

Спорното во целиот случај според Министерството за транспорт е тоа што кога бил потпишан договорот за отуЃување на градежното земјиште со фирмата „Сива канет компани“, во него било напишано дека ако инвеститорот во рок од шест месеци откако ќе ја добие градежната дозвола не почне да го гради објектот, земјиштето ќе му биде одземено.

Според Кочан Адем, менаџерот на фирмата „Палата Млин Балкан“, која деновиве почна да ја гради катната гаража пред поликлиниката „Идадија“, тој ги има сите законски права за да си ја гради катната гаража со деловен објект во приземјето. Според одобрението за градба што му го издала општината Центар кон крајот на минатата година, тој може најдоцна за две години да почне да го гради објектот, во спротивно ќе му биде одземена дозволата.

- Ние во 2004 година склучивме договор за отуѓување на земјиштето и во договорот стоеше дека ако во рок од пола година инвеститорот не почне да гради, парцелата ќе и биде вратена на државата. Пред речиси две недели направивме увид на терен и видовме дека сé уште ништо не се гради и затоа испративме претставка до државниот правобранител за да ни се врати земјиштето - објаснија од Министерството за транспорт и врски.

Адеми, пак, на сето ова вели дека никој не го известил за оваа ситуација со земјиштето, каде што веќе неколку дена се подготвува теренот за изградба на катната гаража. Тој објасни дека дозволата од општината му била важечка две години и него тоа го интересирало, а за договорот со Министерството за транспорт не сака да коментира ништо.

- Јас од медиумите дознавам дека за моето земјиште се водела постапка кај правобранител. Никој не ми јавил, ниту, пак, ми испратил некаков допис. Дозволата за изградба на објектот што ми е извадена од општината Центар ми важи две години и затоа јас имам право да го изградам објектот. Не знам зошто Министерството за транспорт и врски поднело претставка до државниот правобранител - објасни менаџерот на фирмата.

Менаџерот на фирмата што ќе ја гради катната гаража вели дека оваа гаража ќе биде првата и најевтината катна гаража во градот, каде што ќе може да се паркираат 58 возила.

Катната гаража е предвидена со деталниот урбанистички план Буњаковец 1 усвоен во 2005 година.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92891025308&id=14&prilog=0&setIzdanie=21798 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92891025308&id=14&prilog=0&setIzdanie=21798


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Sep-2009 at 15:05
Менаџерот на фирмата што ќе ја гради катната гаража вели дека оваа гаража ќе биде првата и најевтината катна гаража во градот, каде што ќе може да се паркираат 58 возила.


Па и досегашниот паркинг може до толку да собере  Bash

Всушност каква е таа катна гаража што се вика „Палата Млин Балкан“?!?  Nuts

Додека инвеститорот и министерството се препукуваат околу земјиштето и роковите, мене ме интересира кој е соодносот на деловни простории спрема паркинг простор во овој објект. Ништо не ми менува кој ќе гради, доколку повторно наместо катна гаража добиеме деловен објект кој воглавно си го решава своето паркинг прашање! Какви се манипулации се прават со овие ДУП-ови, има материјал за многу луѓе да одлежат!


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 28-Sep-2009 at 18:39
Мора да е грешка ова. Кај мене у двор ќе собере 58 коли...

Originally posted by Cloverstack



Всушност каква е таа катна гаража што се вика „Палата Млин Балкан“?!?  Nuts

Е ај сега, како не си видел?!?...само во Скопје ги има неколку вакви палати-гаражи...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: nikla802
Date Posted: 05-Oct-2009 at 00:48
te podrzavam prijatel 100% u predlogov za smrtna kazna


Posted By: Max
Date Posted: 05-Oct-2009 at 20:33

нема материјал за зандана за инвеститорот, можеби попрво за законодавецот!

постои дупка во законот каде пренамената на одредени објекти е дозволена, имаше за гаражата на тинекс во капиштец исто препукување по весници, па на крај излезе дека се било чисто... всушност секој инвеститор би искористил одредена можност за екстра профит доколку законот тоа му го дозволува, но да се прави на мутав при реално потпишан догор кој сам по себе носи одговорност за потпишаното, и да кажува дека нему му е битно само дозволата од општината и ништо друго, тоа е веќе лудост!

може се надева дека со законот за легализација на дивоградбите, па и него да го амнестираат, незнам можно е и тоа, но во случајов не станува збор за дивоградба туку враќање на сопственоста врз земјиштето од страна на државата, што значи дека државата своето и ќе си го спроведе, само незнам дали за ова треба судска постапка или без збор државата си ја враќа сопственоста, а сетне евентуално оштетениот оди на суд да бара правда!?! 

ај некој нека ме просветли, дали правобранителот бара судско решение за враќање на сопственоста или непосредно ја спроведува реституцијата?



Posted By: Дуле
Date Posted: 18-Nov-2009 at 11:37
http://s822.photobucket.com/albums/zz145/Dule_04/?action=view&current=DSC00063.jpg


Posted By: Дуле
Date Posted: 18-Nov-2009 at 11:40
Бев на забар тука во Идадија и горе бев на терасите и сликав со телефон али колку толку се гледа, нема ништо промени само ископана дупка, гужва од страна колку сакаш од коли и тоа е 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Nov-2010 at 04:17
ДИА Борче Стојковски










Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 22-Nov-2010 at 08:48
Имам впечаток дека „ПАЛАТА“ ДИЛАЈЛА добива сериозен конкурент...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: OKA
Date Posted: 22-Nov-2010 at 09:49
Originally posted by Dave Gahan

Имам впечаток дека „ПАЛАТА“ ДИЛАЈЛА добива сериозен конкурент...
Нема да почекаш рендер во боја!? Big%20smile


-------------
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 22-Nov-2010 at 10:26
Не верувам ни дека ќе има такво нешто...ама ај пак, да не брзам со заклучоци...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: fichot
Date Posted: 22-Nov-2010 at 11:04
Палата? Ова повеќе на фабрика личи.

-------------


Posted By: Djole88
Date Posted: 24-Mar-2011 at 12:53
Вчера имаше багер и работници на местото кај што треба да се гради катната гаража пред здраствениот дом Млин Балкан(не го знам новото име). Ако некој проаѓа нека сликне, да видиме дали работат нешто


Posted By: N23
Date Posted: 26-Mar-2011 at 01:56
Поминав вечерва од таму и забележав дека се изградени потпорни ѕидови, барем на такви ми изгледаа, а колку што ме држи сеќавањето пред 1 месец не беа изградени.


Posted By: Observer
Date Posted: 26-Mar-2011 at 19:12
N23 јас живеам во непосредна близина и од пред 2-3 недели почна да се гради просторов, можам да потврдам :-)


Posted By: N23
Date Posted: 26-Mar-2011 at 19:54

Значи сеуште иам добра меморија.


Posted By: Observer
Date Posted: 26-Mar-2011 at 20:43
А јас лесен сон :-)


Posted By: Djole88
Date Posted: 27-Mar-2011 at 15:01
Фала богу нека се гради. Подобро тоа отколку да останеше дупка така уште 100 години


Posted By: N23
Date Posted: 16-Apr-2011 at 18:46
Денес се градеше на големо. Она што заприметив е дека на камионите пишуваше импексел, а тоа е истата фирма која сеуште ја нема доградено катната кај Универзална. Малце чудно ми е они оваа да ја доизградат, а таа не. Ама кај нас со градежниве фирми и нивните газди се е можно.


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Apr-2011 at 18:59


Инвеститорот тука дефинитивно не е Импексел, може да се појавува како изведувач.


Posted By: N23
Date Posted: 16-Apr-2011 at 20:15
Епа можеби, затоа што сигурен сум дека на камионите пишуваше Импексел, па тоа ме збуни.


Posted By: ObserverMK
Date Posted: 17-Jun-2011 at 20:58
Вчера ја удираа плочата од прв спрат од 6 попладне до 3 сабајле, го претераа :-)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Oct-2011 at 16:14


Posted By: Portal
Date Posted: 11-Oct-2011 at 21:18
Izveduvacot e Impeksel no investitorot e sopstvenikot na Hotelceto Kanet vo Park. Dodeka pak na katnata garaza pozadi univerzalna e investitor Inpeksel.


Posted By: N23
Date Posted: 07-Dec-2011 at 12:11

Без коментар. Палата Млин Балкан.

1.

2.



Posted By: alexgizh
Date Posted: 07-Dec-2011 at 12:49
Previous

Applause

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: zabegan
Date Posted: 08-Dec-2011 at 17:07
Previous
зашто бе, може ќе му стават тимпанон, да биде во тон со Ск2014 Big%20smile


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: alexgizh
Date Posted: 30-Jul-2012 at 17:33
Овој објект е одамна завршен. Доле веќе функционира ВЕРО, а верувам дека и катната гаража си работи. Му ставам штик.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Djole88
Date Posted: 31-Jul-2012 at 17:16
А има ли некоја слика да видиме како изгледа од надвор и внатре(гаражата)???


Posted By: Portal
Date Posted: 01-Aug-2012 at 10:46
Palatata ??


Posted By: Djole88
Date Posted: 02-Aug-2012 at 10:13
да де слики да видиме како изгледа. ја знам само сликата од отворањето на Веро. без никаква фасада однадвор а внатре немам поента како изгледа


Posted By: alexsend
Date Posted: 07-Aug-2012 at 18:22
Никако да проработи оваа катна гаража, навистина не разбирам зошто. Вака навидум се е завршено, веро работи со месеци, а влезот на паркингот е заграден...

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: zabegan
Date Posted: 10-Aug-2012 at 20:39
Originally posted by Djole88

А има ли некоја слика да видиме како изгледа од надвор и внатре(гаражата)???


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 11-Aug-2012 at 00:49
What the hell were they thinking of when they've put this kind of roof on a multi-storey car park?

Сериозно знае некој да ми каже што треба да „изиграва“ поткровјето на овој објект....од она што го имам видено во мојов скромен живот прво нешто што правиш кога градиш катна гаража е да не ставаш покрив туку ја користиш најгорната плоча како дополнително ниво за паркирање возила.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Aug-2012 at 12:36


Веројатно има некаков „деловен простор“ таму.


Posted By: N23
Date Posted: 11-Aug-2012 at 12:51
Веројатно покривот е имитација за "палатата". Покривот и не е толку ужасен ако во предвид се земе тотално утнатата локација и скормниот пристап до катнава и благоречено лошиот и мал влез во истата.

-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: alexsend
Date Posted: 11-Aug-2012 at 22:24
Може нелегална доградба наменета за деловен простор, па од таа причина никако д ане профункционира паркингот. Нема логика тоа воопшто да се изгради.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Portal
Date Posted: 12-Aug-2012 at 10:31
Skoro site ovie "katni garazi" se napraveni za prvo vreme samo zaradi delovniot objekt dolu na prizemje, toa nad nego e garaza=karabina.
Kako karabina taka ke stoi se dodeka ne se iznajde nacin da se kupi nekoj koj ke kaze deka ne e ubavo taka da zjapaat ili pak deka ne se rentabilni taka,pa daj da... ili prestavuuvat sobiraliste na zavisnicite ... Pa taka "kupeniot" ni  spasitel ke ne spasi od site tie losi raboti :-) i ke bidnat delovni so ubavi fasadi...


Posted By: alexsend
Date Posted: 22-Sep-2012 at 08:30
Конечно катнава гаража проработе

Отворена тивко без било какви медиумски пропаганди/реклами, всушност како што пишуваше на вратата на Верото кое се наоѓа во истиот објкет гаражата е отворена од пред 1 месец и е бесплатна за користење.

Ќе гледам да влезам внатре со автомобил па ќе пишам како изгледа

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Sep-2012 at 14:57
Originally posted by alexsend

гаражата е отворена од пред 1 месец и е бесплатна за користење

Бесплатна е дури и без сметка од супермаркетот??    Eeek2



Posted By: alexsend
Date Posted: 29-Sep-2012 at 18:49
Не сум тестирал но така пишува на влезната врата, не е назначено...

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: alexsend
Date Posted: 07-Oct-2012 at 11:14
Дали имаме информации за тоа колку изнесувала инвестицијата за овој објект?
Најдов податок дека има капацитет за 58 возила што изгледа некако несериозно.
И дали некој може да потврди дека се работи за паркирање на 3 или 4 надземни нивоа?

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: alexsend
Date Posted: 23-Jul-2013 at 09:49
Вчера за првпат се паркирав во оваа катна гаража. Иако беше работно време бев само второ возило во истата. Моментално работи само подземното ниво за паркирање во кое има капацитет за десетина возила. Со сметка од Веро паркирањето е бесплатно.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Djole88
Date Posted: 20-Sep-2013 at 15:04
Пред десетина дена оваа катна гаража беше затворена. имаше ставено дрвена „барикада“ на влезот без никакво објаснување. Како и да е, неколку пати имам приметено дека живо пиле не паркира и зјае празна гаражава. Давам максимум до пролет да најдат начин за разработување или ќе имаме некоја пренамена во деловно/комерцијален простор. трето нема


Posted By: Teglarot
Date Posted: 20-Sep-2013 at 19:29
Имам прилика речиси секој ден да поминувам покрај неа, па дури покрај затскриениот влез, кој што не личи на ништо.

Локацијата на катната гаража, според мене, и не е така лоша . Сепак нема паркиралишта во непосредна близина ( македонска непосредна близина е 10 метри, не повеќе ), а има доста комерцијални и државни установи. А празна е, поради тоа што е празна тиквата на луѓево. . . Пример се сите кои одат во поликлиниката Идадија ( ги има многу, а не знаат дека позади истата има новоизграден паркинг за 10тина возила ) се паркираат на тротоарот или паркирааат во зеленилото од 5 м2 кое го има пред влезот на поликлиниката. А истиот тој простор, помеѓу поликлиниката и ВЕРОто, односно тротоарот се користи и како такси станица. Речиси секојдневно има и по некој паркиран со четири жмигавци и на самата автобуска станица веднаш до влезот на Веро. Се' е до културата . . .



Posted By: alexsend
Date Posted: 20-Sep-2013 at 19:35
Јас би рекол се е до институциите т.е.полицијата која едноставно не се замара.
Само како пример, денеска на Теодосиј Гологанов кој воедно има 2 ленти во правец и голема колона еден високоинтелигентен возач реши ја прескокне возејќи некои 200 метри по трета лента...да таа во спротивен правец. Меѓу другото претекна и полициско возило кое беше во втората...и ништо не се случи.

Луѓето прават онака како што им се дозволува...затоа никој не паркира во катната з акоја зборите, поблизу и безпари е да се паркира на тротоар пред Идадија

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Djole88
Date Posted: 25-Sep-2013 at 15:38
спас за гаражава е давање на добра понуда за месечни билети за блиските институции, кои и да се пример за новата катна гаража спроти дирекцијата на Макпетрол, за едно од околните министерства е дадена понуда од 500ден месечно по автомобил. така да мислам дека подобро гаражава на тој систем да се „распродаде“ отколку да зјае празна и за некое време да се претвори во квази ТЦ


Posted By: Dzeksi
Date Posted: 31-Jan-2014 at 18:39
Kuznaj sto ke bide so garazava zjae prazna i estetski go narusuva prostorot mn neosmisleno Dump


Posted By: Djole88
Date Posted: 07-Feb-2014 at 01:13
да се надеваме на багер нема теорија да остане целиот објект вака нефункционален само за еден толку мал Веро


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Dec-2018 at 13:36
Од фб-изгледа ќе ја пренаменат во деловен објект



Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 21-Dec-2018 at 19:43
Палата бе.
Мислам дека редно време е да се ограничи употребата на некои зборови. Не може сива коцка бетон со дупки да се нарекува палата.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: skopskodete
Date Posted: 21-Dec-2018 at 20:28
А тие што ќе работат во деловниов простор каде ќе ги паркираат сопствените возила?


Posted By: kiriOK
Date Posted: 21-Dec-2018 at 21:18
Ако може Скопје по медиумиве да го викаат метропола, тогаш може и ова да е палата.


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Jan-2019 at 16:06
Од фб,прават некаква реконструкција на фасадата







Posted By: Obedineta Makedonija
Date Posted: 12-Jan-2019 at 16:33
Originally posted by stef4o

Од фб,прават некаква реконструкција на фасадата







инаку чисто информативно - интерметал мет е фирма чиј сопственик е Виц'то, така да ништо не е случајно


-------------
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!


Posted By: fichot
Date Posted: 09-Mar-2019 at 22:04
od fb



Posted By: alexsend
Date Posted: 10-Mar-2019 at 10:18
Толку од катната гаража која не проработе , сега канцеларии. Значи има дупка во закон, така може и онаа катна кај Веро Центар да се пренамени.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Mar-2019 at 11:16

Веќе се на добар пат и таа кај Веро да ја пренаменат гледам се местат рамки за прозори на голем дел од објектот.Сега слушам низ Чаир негде ќе се градат нови.



Print Page | Close Window