Говрлево
висока категорија на културно наследство
Тоа априори подразбира државна интервенција. Тоа е национално добро и не може да биде отуѓено ! Има ли некој http://www.kingmarkoland.com/Default.aspx?id=3b941eab-d92b-4776-af1a-20f9fff9dfbc - што ќе го спречи она што се случува таму !
МАНУ
пред 10 години издаде археолошката мапа на Македонија, каде за Говрлево
е потенцирано дека е најзначајното наоѓалиште на артефакти од неолитот.
Во црквата „Свети Трифун“ се наоѓаат ѕидните слики и икони од Димитар
Папрадишки, еден од зачетниците на македонското современо сликарство.
Овие
два факти се доволни надлежните институции веднаш да ги прогласат за
споменици на културата и да се спречи нивниот оттуѓување. МАНУ формира
комисија за да стручно ги обработи податоците за значењето на Говрлево
а претседателот на Академијата е расположен е да се сретне со жителите
- ова се податоци од 2006 ?
Есента
2000 г, беше актуелно како едно од најважните археолошки наоѓалишта од
периодот на младиот неолит во светот со мошне значајните пронајдоци: човечка глава, машки портрет, печат со знаци, фигура на Големата мајка... и над се машкото торзо наречено Адам од Говрлево. Неолитскиот
локалитет е откритие на милениумот и место од каде потекнува "изворот
на мислата". Но ова не е доволно за државна интервенција ?
Проблемот e ЧОВЕКОТ, поточно фабриката која тука има каменолом кој е пред вратата на црквата.
Крај брдото копаат камен и од силните експлозии напукнуваат sидовите на
црквите. Експлозиите се толку силни што дури вратите од куќите сами се
отвараат.
Сите
молчат, а sидовите на црквите секој ден се повеќе напукнуваат. Ова е
убав дел, еколошки чисти се и водата и воздухот, ама кому му е гајле.
Што може човек да расипе ни Господ не може да поправи...
Легенда
Пред
600 години се разболела Гордилијана, ќерката на цар Гордилијан. Добила
некоја чудна болест, жива се фрлала во оган и вода. Царот ги собрал
сите познати лекари, но никој не можел да и помогне. Разочаран се
помолил на Господ, кој, преку гласот на ќерка му кажал дека неа може да
ја изечи само св. Трифун. Преку своите гласници го пронашол св. Трифун
во Мала Азија, кој дошол кај царот и ја излечил ќерка му. Светецот
враќајки се кон дома поминувал низ Македонија. Во моментот кога се
наоѓал на местото Брзовец, Господ му наредил да направи божји храмови
на "Св. Трифун", "Св. Троица", "Св. Петар и Павле", а подоцна и "Св.
Марина". Бил изграден и конак. Манастирите и конакот со текот на
времето биле срушени. Од нив останале само темелите под земја. Се до
пред речиси еден век кога Господ го избрал лимарот Борис од кумановско
и му наредил повторно да ги изгради. На сон му рекол:" Оди на брдото,
јас со јаже ќе мерам, ти ќе копаш и пак ќе ги изградиш духовните
храмови".
Дел
од оваа вистина е и малата црквичка "Св. Кузман и Дамјан" која е наоѓа
под брдото на кое се сместени црквите. Во неа се наоѓа извор со
лековита вода. За настанокот на оваа црквичката изградена 1936 година
кажуваат живите сведоци чичко Бранко и тетка Роксана. "На местото, каде
се наоѓа црквичката имаме нива. На времето во нивата моите родители
саделе коноп. Перејќи го конопот во водата на мојата мајка и се
слошило, а ногата и потекла. Чичко ми, пак, работејки си ја прободел
раката со нож, а еден ден фатил силен порој, дотекла голема вода го
собрала дедо ми и го носела дури долу до долот. Им се случувале
непријатни работи. Подоцна на татко ми му се сонило, некој глас му
рекол дека таа вода не е за вадење коноп, туку е лековита, дека тука
треба да се подигне храм на "Св. Кузман и Дамјан" и дека мајка ми ќе се
излечи. Така и се случило."
На
неколку метри од црквичката се наоѓа уште една чешма. Лугето кои
доаѓаат ја нарекуваат вода за подмладување, оти како што се раскажува,
благодарение на водите, овде лугето најчесто умираат од старост.
Археолошки локалитети во Говрлево.
Градиште,
утврдена населба од римското и доцноантичкото време и старохристијанска
базилика. На околу 600 м северно од селото се наоѓа мало ритче со
зарамнето плато на врвот на кое се гледаат остатоци од бедем граден од
кршен камен и варов малтер. На површината има фрагменти од садова и
градежна керамика, питоси, а биле наоѓани и монети. Мермерни блокови се
пренесени во селските цркви во Говрлево и Барово. На југоисточната
тераса има темели од голема базилика и непосредно до неа темели од
цистерна. Манастириште,
средновековна населба и некропола. Југоисточно од селото, во правецот
на селото Осинчани, при обработувањето на нивите се откриени остатоци
од ѕидови и камени плочи од гробни конструкции. По површината се
среќава множество градежен материјал. Св.Илија,
средновековна црква. Североисточно од селото, на ритчето Илино Брдо,
пошумено со дабови дрвја, пред 60 години е подигната црквата Св.Илија,
и тоа врз темели од постар сакрален објект. Церје,
населба од неолитското време. Се наоѓа на 2 км југоисточно од селото,
помеѓу Чифличка Река од исток и Церешка Река од запад. Во длабокиот
културен слој е констатирана повеќеслојна населба со шест хоризонти на
живеење. Најстариот хоризонт (I) е од времето на раниот неолит,
паралелен на Анзабегово-Вршник I, хоризонтите II-IV се од средниот
неолит, паралелни со Анзабегово Вршник II-IV, а последните два
хоризонти се од доцниот неолит, идентични на Зелениково II. Откриени се
три куќи за живеење, од дрво и кал, со димензии од 4,5x4,5 м, поделени
на две простории.
http://kralemarko.org.mk/
------------- ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|