Здраво на сите. Морам на почеток да кажам дека овој форум и одличен, многу интересен и најдобро е што има многу луѓе експерти кои се спремни да одговараат на прашања. Досега го читав форумов но еве сега прв пат имам и едно прашање да поставам. Земено во предвид што последно време многу згради со рамни кровови (простории предвидени како заеднички простор за печење пиперки, ајвари и слично) ги земаат индивидуалци од зградата или надворешни инвеститори а во замена со договор прават нешто на зградата (најчесто е фасада, домофон, лифт или слично). Се на се, ем станарите гледаат некој ќар ем човек добива станбено решение за ефтини пари. Имам видено 3-4 згради во фин дел од градот кои имаат вакви простории односно поткровја предвидени за вакви активности, па се мислам што се ми треба за да направам еден ваков проект. И пред се, дали овој проект може да биде исплатлив односно да се препродаде како станбен простор по цена горе долу иста или слична како што одат становите во околината? Конкретниов случај е следен, зградата има 5 ката што значи станот би бил на 6 кат но нема лифт. Според некои проценки, доколку би го зел овој 6 кат би добил сигурно 2 стана по 65 метри квадратни. Колку би ме коштало да го заградам со цигли и пенџери овој простор (кров веќе има, поткровјето е затворено со уште една плоча) и да го донесам во состојба да има измачкани зидови, пенџери и паркет? Дали ќе ми требаат посебни дозволи од општина (бидејќи нема да кревам спрат, туку само сегашниот кат кој нема зидови а има рамен кров ќе го затворам со цигли и пенџери од страна) и она најважното, дали ова би било добра бизнис идеја да се земе поткровјето, да се намести со пенџери, измачкани зидови и паркет и да се продаде по цена слична на становите околу тој реон, или еве барем малку пониска... Разбрав дека доволно е 51% од станарите да се согласат писмено и истиот документ се носи во општина од каде може да се извади катастарски документ односно заедничкиот простор преминува во индивидуална сопственост...Мислам дека доколку би се нафатил на ова, би било поефикасно доколку би се договорил со барем пола од станарите наместо да им правам фасада и слично (што би ме коштало повеќе) да им дадам еднократен надомест од 500 до 1000 евра по стан да ми го отстапат тој простор бидејќи и онака никој не го користи и тотално е запуштен... Ве молам за идеи, коментари и искуства! Благодарам однапред!
|