Print Page | Close Window

Емпорио деловен центар и општинска зграда Ѓ.Петров

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Административни
Forum Discription: Државни органи и јавни институции...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=761
Printed Date: 24-Apr-2024 at 21:47


Topic: Емпорио деловен центар и општинска зграда Ѓ.Петров
Posted By: lslcrew
Subject: Емпорио деловен центар и општинска зграда Ѓ.Петров
Date Posted: 06-May-2009 at 00:16

Во Ѓорче Петров се подготвува локацијата за општинска куќа

Заради обезбедување дел од парите за изградбата, просториите ќе им се понудат на инвеститори

Општината Ѓорче Петров ќе ги урива привремените објекти кои се наоѓаат на локацијата каде што во иднина ќе се гради општинската куќа. Во текот на пролетва ќе бидат дислоцирани поголем дел од објектите меѓу „Тинекс“ маркетот и новиот парк, а теренот ќе се подготвува за градежните работи. Во Општината очекуваат и одлука од Управниот суд, кој треба да одлучи за висината на надоместокот кој општинарите треба да го платат за два објекта. Од таму велат дека се подготвени да ја испочитуваат одлуката, само што побрзо да почне изградбата.

Во новата општинска куќа, која ќе се гради на државно земјиште со површина од 8.000 метри квадратни, ќе се сместат целата општинска администрација и Советот. Заради обезбедување на дел од потребните три милиони евра за изградба, постои можност некои простории да им се понудат на инвеститори или на приватни претпријатија. Зградата ќе има подземен паркинг за 250 до 300 возила, како и простории за локална телевизија и радио.

„Во моментов Општината ги нема обезбедено сите средства за изградба на општинската зграда. Приоритет е расчистувањето на локацијата, по што ќе размислуваме колкав процент ќе вложи Општината, дали ќе се бараат донации или, пак, ќе се оди на приватно-јавно партнерство“, вели градоначалникот Сокол Митровски и потенцира дека заинтересираните инвеститори стојат на „стенд бај“, очекувајќи разрешување на правниот јазол. Доколку се реализира приватно-јавното партнерство, во приземјето на зградата ќе се изградат деловни објекти, кои ќе ги стопанисува инвеститорот, а горните катови се наменети за општинската администрација.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=5F2BFB5FCC3443408BDB123952AB210F



Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Jun-2009 at 16:41
Овој проект незнам дали го имаме евидентирано, налетав на него на општинскиот сајт на Ѓорче Петров...
Нова општинска зграда во Ѓорче Петров



Приземје и три ката со вкупна површина од 4.030 квадратни метри во кои ќе бидат сместени општинската управа, подземна гаража и комерцијални локали ќе има новата зграда што општинските власти од Ѓорче Петров планираат да ја градат во близината на новото пазарче во оваа населба. Изградбата на објектот што ќе ги замени сегашните општински бараки ќе чини околу два милиони денари. Градоначалникот Сокол Митровски најавува дека уште веднаш ќе почне да бара пари за да го реализира овој проект.
- Фирмата „Прима-инженеринг“ го изработи проектот, а приоритетна работа оваа година ќе биде да најдеме инвеститори. Финансиска помош ќе побараме од Владата и од странските фондации - вели Митровски.
Според проектот, на приземјето ќе бидат сместени просториите за прием на граѓаните. Оттаму, тие ќе се испраќаат до надлежните сектори. Во приземјето ќе има и сала за состаноци и ресторан, кој, освен вработените во општинската администрација, ќе може да го користат и граѓаните. Во овој дел ќе се отворат и комерцијални локали што ќе им се издаваат на банки, штедилници и на дуќанџии. Кабинетот на градоначалникот и секторите што се поврзани со неговата работа, како и просториите за советот, инспекциските служби и секторот за правни работи ќе бидат сместени на првиот кат.



Секторот за финансии, локален економски развој, урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина ќе бидат на вториот кат.
Последниот кат е планиран за библиотека, читалница, локална телевизиска и радиостаница и за деловни простории. Подземното паркиралиште во општинската зграда во Ѓорче Петров ќе има 159 паркинг-места, од кои 57 се за вработените во општинската администрација, а другите ќе може да ги користат и граѓаните.
Во просторот околу објектот ќе се направат пешачки патеки и улици за пристап на возила. Околината ќе се уреди со зеленило, а се планира да се постават фонтана и клупи. - Со изградбата на оваа зграда ќе се подобри услугата што граѓаните ја добиваат во општинските служби. Сите служби ќе бидат сместени на едно место, со што во најкраток рок ќе можеме да одговориме на барањата на граѓаните - додава Митровски. Сега општинската управа во Ѓорче Петров работи во бараки сместени на истоимената улица во населбата. По локалните избори, општината Ѓорче Петров не е единствената во Скопје што најави дека ќе побара донации за да изгради општинска зграда и таму да ја смести својата администрација.

http://www.opstinagpetrov.gov.mk/mak/aktuelno.asp?id=18


Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 18-Jun-2009 at 21:04
Oва пишува дека уште од 2006 е оваа сторија?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Jun-2009 at 21:39
Постара е идејата, само сега ја го приметив на веб страната, а пошто на друго место по форумов не го најдов затоа го постирав. Не мора секогаш кога постираме нешто да е ново, може вака и постари матерјали и идеи да ги пласираме.


Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 18-Jun-2009 at 22:15
Не не мислев нешто лошо само сака да кажам дека ова е добар проект кој со оглед кога е објавен тешко дека ке се реализира наскоро


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Jun-2009 at 22:21
Originally posted by Raisinloaf

Не не мислев нешто лошо само сака да кажам дека ова е добар проект кој со оглед кога е објавен тешко дека ке се реализира наскоро


Де бе па ти, таман работа, лошо! LOL Искористив прилика да напоменам дека немора све да е ново, пошто многу пати ни се случувало, еве баш пред некој ден кога постирав постари матерјали, па да следат реакции дека се постари матерјалите и слично. Може би и требаше да напоменав во постот дека е постар проектот.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Oct-2009 at 15:23

Ѓорче Петров ќе почне да гради општинска зграда





 

Камен-темелникот на објектот треба да се постави по Нова година, а претходно ќе се расчистува теренот, односно ќе се уриваат дуќаните спроти „СП планет“, каде што е предвидено да се направи оваа градба

 
 
%20  
Дваесетина дуќани регистрирани како привремени објекти спроти трговскиот центар „СП планет“ во Ѓорче Петров наскоро ќе се уриваат за на тоа место да почне да се гради општинска зграда. Сокол Митровски, градоначалникот на општината, вели дека расчистувањето на градежната парцела ќе се одвива во ноември и во декември, а по Нова година ќе се удри камен-темелникот на објектот.

- Поради економската криза го продолживме рокот за иселувањето од шест месеци на две години. Но досега се исели само Комерцијална банка, а сите други сé уште работат таму. Сепак, периодот за иселување завршува на 1 ноември и ќе треба да почнеме да го подготвуваме теренот за градежни работи - вели Митровски.

Тој објаснува дека објектот ќе се гради со јавноприватно партнерство, но делот што ќе му припаднел на приватниот партнер немало да биде трговски центар, туку деловен простор во кој ќе може да се сместат банки и фирми. Зградата треба да биде направена до крајот на градоначалничкиот мандат на Митровски. Таа ќе се гради на парцела од девет илјади квадратни метри, а површината предвидена за изградба изнесува 4.200 квадрати. Ќе содржи подземна гаража со капацитет од 350 возила, приземје, три ката и поткровје. Објектот ќе овозможи да се сместат на иста локација сите општински служби, бидејќи тие сега се раздвоени, односно правната и финансиската се во општинската барака, а инспекциите се во пензионерскиот дом. Ќе има и сали за конференции и за седници на советот, работни простории за советниците и други содржини. Околу зградата предвидено е да се направи шеталиште со монументални споменици и фонтани, со што граѓаните би добиле уште еден простор за собири и за јавни манифестации.

- Природно е зградата да ја направиме на таа локација, бидејќи тоа е срцето на општината. Тука се наоѓаат и црквата „Свети Петар и Павле“, пазарот, поликлиниката и трговскиот центар „СП планет“ - смета Митровски.
 
   
Автор: Б.С.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=102991021325&id=14&prilog=0&setIzdanie=21823


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Nov-2009 at 23:24

Нема веќе боза во Оаза

Мирно, без поголеми проблеми и без полициска асистенција пред три дена почна уривањето на бараките спроти СП Планет во Ѓорче Петров на потегот од семафорите пред Домот за пензионери до дисконтот на Тинекс. Таму според ДУП е планирана изградба на општинската зграда и еден деловен центар


Мирно и без полициска асистенција, но со негодување на дуќанџиите пред три дена почна уривањето на бараките спроти СП Планет во Ѓорче Петров. Најпрво, еден по еден се отстрануваат дуќаните на Скопски Пазар на главната улица, потоа оние кои гледаат кон Паркот и на крајот ќе се отстрануваат Железничките бараки каде живеат неколку семејства.

Според овластениот градежен инспектор Љупчо Георгиевски акцијата се реализира согласно ДУП Реонски парк со кој на оваа локација е предвидена изградба на општинска зграда и еден деловен комплекс. Георгиевски потврди дека решенијата за дислокација навреме им се доставени на сопствениците, така што очекуваат и понатаму акцијата да продолжи се реализира без проблеми. 
- Сите сопственици на објекти на 2. октомври имаат потпишано извршни решенија со кои се задолжени во рок од 15 дена објектите сами да ги отстранат, во спротивно тоа ќе го сториме ние, но, на нивна сметка. На дуќанџиите им оставивме двојно подолг период за да се иселат, така што еве гледате уривањето на овој објект го вршат работници ангажирани од Скопски пазар - вели Георгиевски. За неколкуте објекти од стален карактер и бараките во Паркот пак, додава тој, тече постапка за обештетување на сопствениците.

Дуќанџиите негодуваат. Лути се што никој не им понудил да инвестираат во новите објекти, што се уриваат објекти за кои се уште се води судска постапка, лути се на нивните претставници во Советот на Општината...
- Пред избори нон-стоп се со нас, а сега никаде ги нема. Јас сум овде повеќе од 40 години и сега некој сака да се иселам за 4 дена, па кај го има тоа? Не бараме ништо без пари, ама барем да дојдеше некој да ни каже дека нешто ќе се гради, па да праша сакате ли да инвестирате во дуќан, да ни дадат предност. А вака оставате на улица 70-80 семејства - вели сопственикот на слаткарницата Оаза, Месут Јусуфи. Неговиот дуќан треба да дојде на ред за два-три дена, но тој се уште не го затворил и вчера имаше муштерии кои со задоволство пиеја боза и јадеа баклава. "Се руши традицијата", сметаат и занаетчиите од дуќаните кон Паркот. Тие велат дека општината нема право да им ги урива дуќаните кои заедно со занаетот ги наследиле од нивните татковци, дедовци.

Но, општинарите се децидни. Расчистувањето на парцелата од девет илјади квадратни метри на потегот од семафорите пред Домот за пензионери до дисконтот на Тинекс продолжува и планираат да заврши за еден месец, по што ќе се продава на јавно наддавање преку Министерството за транспорт и врски.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=1B7B4D982EEF6B4A9484844D8F0AFD15 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=1B7B4D982EEF6B4A9484844D8F0AFD15


Posted By: Supervisor
Date Posted: 05-Nov-2009 at 23:28
Се што е барака во Скопје полека полека замира и треба да се демолира тоа беа привремени објекти кои за наши услови останаа вечни. Следни мора да бидат Општина Центар на Илинденска срамота сме Crazy


-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Nov-2009 at 23:58
Бог да чува, се рушела „традицијата“...

Мада ако човек размисли подобро, навистина е така, бидејќи кај нас е традиција „времени објекти“ да опстојуваат со децении и да го попречуваат урбаниот развој. Ако дуќанџиите зборат за таа традиција, тогаш јас велам само напред со рушењето!

За барањето да имаат некаков приоритет доколку сакаат да откупат простор во новиот објект, мислам донекаде треба да се има разбирање.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Nov-2009 at 04:06
Ова со временимве објекти ич не ми се јасни градските власти. Дозволуваат поставување секаде кај што има празно ќоше и после си ствараат проблеми кога ќе дојде време за рушење. Тоа 40 години не е воопшто аргумент дека е нешто запечатено, туку токму напротив говори дека е веќе времето дојдено за рушење.


Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Dec-2009 at 23:52
Се е срамнето со земја на оваа локација. Штета што некој не се потегна да сликне пред демолирањето за да ја имаме старата состојба. Ако некој има постара слика од ова место или налета на таква на нет, супер би било да ја сподели Cheers

1

2

3



Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Dec-2009 at 15:39
Општинска зграда

Општинската зграда спроти „СП планет“ ќе се прави со јавно-приватно партнерство, објаснува Момо Николовски, портпарол на Ѓорче Петров.
- Земјиштето се уште се расчистува, постојат уште три куќи кои треба да се иселат, но станарите си ги откупиле становите, па затоа треба да се обесштетат. Оваа постапка можеби ќе трае, но очекуваме наредната година земјиштето да го дадеме на лицитација за продажба – објаснува Николовски.
Според него, за изградба на општинската зграда веќе има заинтересирани домашни и странски инвеститори. Општината ќе заземе два ката од објектот, а три ќе се наменат за деловен простор.
Изградбата треба да чини околу два милиона денари.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1903&ArticleID=130049


Posted By: axel
Date Posted: 16-Jan-2010 at 11:18
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Се уриваат објекти

Просторот за новата општинска зграда во Ѓорче Петров од понеделник ќе продолжи да се расчистува, кога ќе бидат опфатени сите објекти кои до сега не беа уривани од досегашните корисници, иако општинарите им дадоа рок до кога тоа треба самите да го сторат. - Досега малкумина го направија тоа, така што останува општинската инспекција со асистенција на полицијата од понеделник да почне со целосно расчистување на просторот на кој е предвидено, со урбанистичкиот план, да се изгради новата општинска зграда. Одложување на работите нема да има по ниеден основ затоа што решенијата за отсранување на времените објекти се поделени уште пред две години и истите не се испочитувани од граѓаните, кои се корисници на просторот, велат од Општина Ѓорче Петров.

                                                          http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1917&ArticleID=131363 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Jan-2010 at 00:05
Продолжува рушењето на бараките спроти СП Планет


Општина Ѓорче петров денеска продолжува со вториот дел од акцијата за уривање на бараките спроти СП Планет, на локацијата каде што е предвидено да се гради новата општинска зграда. Општинарите велат дека ќе бидат опфатени сите објекти кои досега не се отстранети од корисниците.
- На сите им дадовме доволно простор и време самите да ги рушат за да не се изложуваат на дополнителни трошоци. Но, за жал, досега малкумина го направија тоа, така што останува општинската инспекција со асистенција на полицијата да продолжи со целосно расчистување на просторот каде што е предвидено, со урбанистичкиот план, да сеизгради новата општинска зграда. Одложување на работите нема да има по ниеден основ, затоа што решенија за отстранување на времените објекти се поделени уште пред две години и истите не се испочитувани од граѓаните-корисници на просторот. Законот за градба налага дека за да може да се започне со изградба на новата општинска зграда, треба да се исполни првиот предуслов, а тоа е чист простор за градење - информираат одговорните од Општина Ѓорче Петров.

http://vecer.com.mk/?ItemID=C4F95C5C0A83814EBC3E87D2456DF941


Posted By: Sale SK
Date Posted: 01-Feb-2010 at 18:48
Тинекс претпоставувам ќе куртули од рушење?Или и тој е планиран?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Feb-2010 at 19:24
А како би куртулил ако се гради зграда?! Ако пак не се гради зграда кајшто е тинексот однак зашто би го рушеле. Нема смисла вака да ја труеме нишката со глупи претпоставки што и не ни се баш од интерес.


Posted By: Sale SK
Date Posted: 01-Feb-2010 at 21:00
Прашав за одговор некого што знае,а не за да ми одговори некој со контрапрашања.Дали ми се претпоставките глупи не е твое да судиш.Јас таква дозвола не сум ти дал,ниту сум те прашал за мислење.
На почетокот се зборуваше дека ќе се руши и Тинекс,заедно со сите тие баракчиња.Сега се зборува дека Тинекс ќе остане,а веќе ги рушат сите бараки кои  беа оддалечени од него само 3-4 метра.Затоа прашав некого кој е поупатен во овој проект.Ти очигледно не си.А многу е јасно дека дури и да постоел таков план(за рушење на Т),можат да го сменат за 2 дена од причини што се општо познати.Значи претпоставката не воопшто глупава,туку многу логична.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Feb-2010 at 05:05
Секаде се зборува до дисконтот на тинекс. Тинекс е ориентациона кота, а не дел од пвремените објекти, барем од она што се спомнува. Ниту има намера да делувам тука сугестивно ниту да бранам тинекс интереси, а ниту да напаѓам, за разлика од твоето "прашање" што освен ќе ја отруе нишкава во непосакуван правец воопшто нема да разјасни ништо, авоедно е и сугестивно.

Отстапување од оригиналните планови во корист на поедини времени приватни објекти е за секаква осуда, ако воопшто има таква појава, а сега за сега нема. Ако имаше веруј дека тие другите субјекти немаше да се симнат од екран.

И додека не добиеме макар некоја шпекулација во тој правец од медиум или засегнат субјект, барем би апелирал да не ја носиме дискусијата натака во шпекулации на некакви задкулисни врски.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Feb-2010 at 23:14
Се чисти локацијата за новата општинска зграда


Расчистувањето на локацијата спороти СП Планет, каде што треба да се гради новата општинска зграда во Ѓорче Петров, се реализира со несмалено темпо, информираат општинарите. Станува збор за парцела од девет илјади квадратни метри, што се протега од семафорите пред Домот за пензионери до дисконтот на Тинекс.
- Во моментов се подига шутот што остана по отстранувањето на времените објекти што ја грдеше општата слика на овој дел од општината. Затоа, инспекциските служби се зафатија со целосно расчистување на просторот од преостанатиот градежен шут. Работите треба да завршат во наредниве три дена, информираат одговорните.

Расчистувањето на локацијата од времените објекти почна пред два месеци. Во согласност со ДУП Реонски парк на оваа локација е предвидена изградба на општинска зграда и еден деловен комплекс.

Земјиштето за новата деловна зграда ќе продава преку Министерството за транспорт и врски, а ќе се гради со јавно приватно партнерство. Делот што ќе му припадне на јавниот партнер ќе биде деловен простор наменет за банки, фирми и слични дејности и за мало стопанство. Новата општинска зграда би требало да биде готова до крајот на мандатот на сегашниот градоначалник Сокол Митровски.
- Објектот ќе се гради на парцела од девет илјади квадратни метри со предвидена корисна површина од 4.200 квадрати. Објектот ќе содржи и подземна гаража за 350 возила, ќе има голема конференциска сала, работни простории за советот и други содржиниа, а најважно од се е тоа што на едно место ќе се сместат сите општински служби што сега функционираат во два објекти што секако претставува проблем за граѓаните ефикасно да ги решаваат своите потреби, информираат од Општина Ѓорче Петров.

Околу зградата е предвидено шеталиште, фонтани и други пратечки содржини, со што граѓаните би добиле уште еден простор за собирање и одржување манифестации.

http://vecer.com.mk/?ItemID=75D45F92232A524E8D4C8D592FE1B350


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Feb-2010 at 16:52
Ѓорче ќе ја дели општинска зграда со фирми

Општината нема доволно средства сама да го гради објектот, па затоа се бара инвеститор кој би ја градел зградата, а за возврат ќе добие дел од просториите

Општина Ѓорче Петров новата општинска зграда, која ќе се наоѓа спроти ТЦ "СП Планет", ќе ја дели со приватни фирми. Општината нема доволно средства сама да го гради објектот, па затоа се бара инвеститор кој би ја градел зградата, а за возврат ќе добие дел од просториите.
"Новата општинска зграда ќе почне да се гради кон крајот на годинава, преку приватно-јавно партнерство. Во моментов има заинтересирани фирми од Турција, Словенија и од Хрватска кои сакаат да инвестираат во овој објект. Дел од зградата ќе биде за Општината, а дел за инвеститорот. Во договорот ќе бараме просториите кои ќе ги добие нашиот партнер да не се користат како бутици, кафулиња или други продавници. Просторот ќе може да се користи за банки или за фирми кои немаат продажна дејност", вели градоначалникот на Општина Ѓорче Петров.
Во моментов општинарите работат на расчистување, односно уривање на времените објекти кои се наоѓаат на просторот каде што ќе се гради објектот.
Новиот објект предвидено е да биде на четири ката, плус потпокрив. Ќе ма подземна гаража за 350 возила, со која ќе стопанисува приватниот партнер. Градоначалникот Митревски вели дека зградата нема да биде со барокна фасада, како што се гради во центарот на градот, туку застаклена. Ќе има голема конференциска сала, работни простории за Советот и за општинската администрација. Просторот околу зградата ќе биде шеталиште со неколку фонтани.

http://vest.com.mk/?ItemID=0EBBF5965FE77640ADCC38B8C3CD406B


Posted By: lupo
Date Posted: 02-Mar-2010 at 23:26
http://tinypic.com/view.php?pic=xla1qw&s=6 - http://i50.tinypic.com/25f5a0w.jpg"> http://i47.tinypic.com/20h1y1l.jpg">


Posted By: lupo
Date Posted: 02-Mar-2010 at 23:28
http://i47.tinypic.com/xla1qw.jpg">
 
Gi butnale dukjancinjata vo Gjorce Petrov karsi SP MarketApplause
 
http://i50.tinypic.com/8wdppv.jpg">
http://i45.tinypic.com/rjoa5y.jpg">


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jun-2010 at 17:35
ВО РЕОНСКИ ЦЕНТАР
Се руши за општинската зграда

Уште шест привремени објекти деновиве се урнати на парцелата во Ѓорче Петров, на која треба да се гради новата општинска зграда. Општинските власти веќе подолго време и на периоди го расчистуваат теренот за таканаречениот Реонски центар - Ѓорче Петров, во близина на маркетот „Тинекс“. Работите ги извршува претпријатието „Трансмет“. Од Општината велат дека е останат само уште еден станбен објект бидејќи се преговара со сопствениците.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=2049&ArticleID=143028


Posted By: Baze
Date Posted: 14-Aug-2010 at 00:05

Општинската куќа во Ѓорче Петров ќе ја градат странци

Приватни компании од Италија и од Чешка се заинтересирани да ја градат општинската зграда на Ѓорче Петров. Моментно, во тек се преговори со општинските власти, а дефинирање на соработката се очекува од септември. Во меѓувреме, во тек е расчистувањето на локацијата од 9.000 квадратни метри на која ќе се гради новиот општински дом. Општината веќе го доби земјиштето преку Министерството за транспорт и врски и во најголем дел е расчистено од привремените објекти. Во тек се уште два судски спора со сопственици што не се согласуваат со висината на сумата за обесштетување.

Приватниот партнер ќе добие деловен простор во кој, веројатно, ќе се сместат банки и познати фирми, додека поголемиот дел е наменет за општинската администрација. Веднаш до новата општинска зграда ќе се гради и трговски центар во кој ќе има место за сите ситни занаетчии, кои, велат општинарите, се карактеристични за овој дел од градот и за општината. Објектот ќе содржи и подземна гаража за 350 возила, ќе има голема конференциска сала, како и работни простории за Советот. Околу зградата ќе има шеталиште, фонтани и други содржини.

„Во сериозни преговори сме со странски инвеститори, но официјализарање на соработката се очекува дури од септември. Претходно соработката ќе мора да добие амин и од Советот. Планираме приватниот партнер да ја финансира изградбата на општинската куќа, а општината, покрај обезбедување на земјиштето, целосно да ги сноси и трошоците за комуналии“, вели градоначалникот на Ѓорче Петров, Сокол Митровски. (С.Н.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=25BD8CB0691A4A4DBC5E27FCD52EADD4 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=25BD8CB0691A4A4DBC5E27FCD52EADD4


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Sep-2010 at 13:16

ПОДДРЖАНА ИДЕЈАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СОКОЛ МИТРОВСКИ


Ќе се бара соинвеститор за општинска зграда во Ѓорче Петров


Наскоро ќе биде објавен јавен повик со кој ќе се поканат инвеститори да ги разгледаат условите што ги нуди локалната самоуправа


Општина Ѓорче Петров ќе побара соинвеститор за изградба на општинска зграда во која ќе биде сместена целата администрација и Советот. Оваа идеја на градоначалникот Сокол Митровски во форма на предлог-одлука, вчера доби зелено светло од мнозинството советници и се очекува наскоро да биде објавен јавен повик со кој ќе се поканат инвеститори да ги разгледаат условите што ги нуди локалната самоуправа. Според одлуката, инвеститорот е должен да обезбеди финансиски средства и гаранција за изградба на објектот по принципот "клуч на рака" и да го плати надоместокот за комуналии во висина од 60 отсто на Град Скопје. На Општината ќе треба да и отстапи најмалку 6000 квадрати простор и 40 паркинг-места во подземната гаража. Ќе мора да се обврзе да ги сноси сите трошоци за добивање на техничка документација се до одобрение за градба и употребна дозвола. За возврат, соинвеститорот добива урбанизирана парцела од најмалку 140 илјади квадрати меѓу "Тинекс" маркетот и новиот парк и ослободување од обврската за комунална такса кон Општината.

Градоначалникот Сокол Митровски образложи дека идејата за барање соинвеститор била крајно и најдобро решение, откако цели шест години се барале различни извори на финансирање.
- Откако го одобривме идејниот проект во 2005 година, баравме начини како да го реализираме. Баравме поддршка од Светска банка, од Европска банка за обнова и развој, но иако Општината е кредитоспособна можевме да добиеме само кредит во износ од 1,7 милиони евра. А за изградба на 6 илјади квадрати ни се потребни најмалку 4 милиони евра кои општината ги нема. А и да ги има, јас како градоначалник најпрво би ги наменил за изградба на инфраструктурните проекти, образложи Митровски.

Против одлуката за барање соинвеститор беа опозиционите советници кои имаа забелешка на концептот за изградба на општинска зграда. Сметаа дека изградбата треба да се одложи за некои подобри времиња кога општината ќе може да ја реализира самата или пак со помош на државата.

Но, градоначалникот Митровски смета дека изградбата на нова општинска зграда ќе значи подобрување на услугите кон граѓаните и конечно спроведување на едношалтерскиот систем: сите служби ќе мора да бидат сместени на едно место, а не како досега на две локации. Митровски им порача на советниците да не ја мешаат политиката во општинските проекти, туку да работат во интерес на граѓаните.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=46EFD6B0BEB41946BC1C0DABDA8E08A9


Posted By: axel
Date Posted: 04-Feb-2011 at 17:26

Ѓорче Петров ќе гради општинска зграда со јавно приватно партнерство

Инвеститорот ќе треба да изгради објект од 15.000 квадратни метри, од кои 6.000 ќе бидат за општината

Снежана Калабакова


Советот на Општина Ѓорче Петров со мнозинскиот број советници од ВМРО-ДПМНЕ ја изгласа физибилити-студијата за изградба на нова општинска зграда. Советот одлучи административно деловниот општински објект да се гради со јавно приватно партнерство. До крај на февруари општината ќе распише меѓународен тендер. Инвеститорот ќе треба да изгради објект од околу 15 илјади квадратни метри, од кои 6 илјади квадрати корисна површина ќе бидат за општината. Изградбата ќе чини меѓу 13 и 17 милиони евра.

За градоначалникот на Ѓорче Петров, Сокол Митровски, единствениот начин општината да добие репрезентативна општинска зграда е таа да се изгради преку приватно јавно партнерство, бидејќи општината нема пари, а за објектот, ниту Владата не може да и' даде средства. Инвеститорот што ќе биде избран на тендер ќе мора да го изгради објектот во рок од 3 години.

Советниците на СДСМ не се согласуваат со оваа одлука за јавно приватно партнерство, а имаат и многу забелешки и на физибилити-студијата за изградба на општинската зграда. Сметаат дека со овој тип здружување за изградба на објектот, општината губи многу во економска смисла, а ќе добие малку простор за вработените, па дури и помалку паркинг-места. Опозиционерите посетуваат дека најпрво во септември минатата година Советот донел одлука општинскиот објект да се гради во реонскиот центар Ѓорче Петров со соинвеститорство на што укажале дека одлуката е избрзана и спротивна на Законот за јавно приватно партнерство.

„Физибилити-студијата, која денес ја разгледуваме, само го потврди нашиот сомнеж дека контурите за јавно приватно партнерство се претходно изработени во некој кабинет со што фирмата „Консалтинг креација“ е насочена кон пронаоѓање оправданост за ваквата одлука.

За нас е многу симптоматично што истите услови, параметри и насоки содржани во одлуката за соинвеститорство, сега само се потврдени со физибилити-студијата како единствено можни решенија, без притоа да се предложат или барем да се разгледаат други алтернативи. Се добива впечаток дека градоначалникот однапред ги знаел содржината и резултатите од студијата“, објаснува Горан Симоновски, координатор на советничката група на СДСМ.

Градоначалникот Сокол Митровски тврди дека позитивните прописи дават можност за градење објект со приватно јавно партнерство и токму затоа е избран овој модел.

„Физибилити-студијата е направена врз основа на светски искуства со сите потребни урбанистички решенија за ваков објект и изградба на паркинг за објект од 15 илјади квадратни метри. Општинската зграда ќе биде во функција на едношалтерскиот систем. Инвеститорот нема целосно да биде ослободен од плаќање комуналии, туку само од нашиот дел 40 отсто, процентот за кој Градот ќе ја ослободи општината. Земјиштето е на Република Македонија. Поповолни услови од овие нема и навистина не знам што сакаат советниците од СДСМ, за нив ниедна одлука не чини“, вели Митровски.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=818807504485754789E6EC949BB6FD55


Posted By: axel
Date Posted: 03-Nov-2011 at 12:52

Објавен тендерот за административно-трогвскиот центар во Ѓорче Петров


http://img.plusinfo.mk/large_pics/2011/11/03/A8F1A55CFFC9384E83D3CE9D0D2E8A4D.jpg

Скопската општина Ѓорче Петров објави тендер за изградба на планираниот деловен  и трговски центар по пат на приватно-јавно партнерство со проценета вредниост од 12,65 милиони евра без ДДВ, се вели во тендерскиот документ.


Објектот треба да има вкупна површина од 15 илјади метри квадратни од кои 6 илјади метри квадратни административен простор, додека остаткот е наменет за комерцијални потреби. Објектот, исто така, ќе има и 16 илјади метри квадратни подземен паркинг простор.


Целиот административен простор од 6.000 метри квадратни општината планира да си го земе за себе, како и 40 паркинг места. Инвеститорот ќе добие 9.000 метри квадратни и остатокот од паркинг просторот.


Рок за доставување на понудите е до 10 јануари идната година.

http://www.plusinfo.mk/vest/21288/Objaven-tenderot-za-administrativno-trogvskiot-centar-vo-Gjorche-Petrov



Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Nov-2011 at 15:40
Јас сум скептик дека некој ќе се нафати под овие услови. Тешко ова да пројде и за локации во центар.


Posted By: Zmej
Date Posted: 07-Mar-2012 at 11:17
Koga ke ja pravite ulicata Socijalisticka zora vo Gjorce petrov ?


-------------
Vlatce


Posted By: fichot
Date Posted: 07-Mar-2012 at 14:32
За ова најубаво право во општината да се распрашаш.

Него, има новини нешто околу тендеров?

-------------


Posted By: OCB
Date Posted: 09-Mar-2012 at 00:58
Ѓорче Петров никако да најде инвеститор за нова зграда

Пропадна и вториот тендер со кој локалните власти од Ѓорче Петров бараа инвеститор за изградба на нова општинска зграда спроти трговскиот центар „СП планет“, информираат надлежните.

На последниот јавен повик за јавно-приватно партнерство понуда доставила само една фирма, но со некомплетна документација. И покрај двата неуспешни обида, општинарите велат дека не се откажуваат од изградбата на овој објект. Најавија скоро распишување на уште еден тендер.

Објектот е предвидено да се простира на површина од 15.000 квадратни метри, од кој 6.000 се наменети за администрацијата. Преостанатиот дел ќе го користи приватниот партнер за комерцијални потреби.

Паркирањето ќе биде решено со подземен паркинг. Проценетата вредност на договорот за изградба изнесува 12 милиони евра.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A605B6DF1394C545B6B02E8A60EA15FD


Posted By: Makedonij
Date Posted: 07-Apr-2012 at 07:30
Пропадна тендерот за нова општинска зграда во Ѓорче Петров



00553Пропадна јавниот оглас за изградба на општинско административна зграда на Општина Ѓорче Петров, која требаше да се гради по пат на јавно-приватно партнерство.

како што информираат од Општина Ѓорче Петров, до денот на отворањето на понудите, пристигната е само една понуда, каде понудувачот доставил некомплетна тендерска документација, а исто така со својата понуда не ги задоволува ни основните барања на Општината пропишани со тендерскиот материјал.

Со јавниот оглас, беше предвидено приватен инвеститор да го изгради објектот и паркинг простор, каде инвеститорот би стопанисувал со деловниот дел од објектот, додека општината би добила нови простории и соодветен број на паркинг места.


http://www.lokalno.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5189:2012-03-06-10-01-13&catid=110:aktuelno&Itemid=135&lang=sq





-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: martind
Date Posted: 28-Jan-2013 at 19:17
Според последните информации општинската зграда и станбено-комерцијалниот комплекс ќе почне да се гради на лето.


Posted By: fichot
Date Posted: 02-Feb-2013 at 00:22
Чул те господ.

Мене ме чуди како во Ѓорче (на реално атрактивни локации) никој скоро и да не гради, а се прават зградурини и комплекси негде „богу иза леџа“ во Сопиште, Илинден и кај не. Никој да не се навреди, не ги потценувам тие места, само мислам дека ЃП има доста подобра локација и инфраструктура како и близина и врски со центарот на градот.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Jun-2013 at 00:40


Епа го чул

Добро нема да почне баш летово, туку веројатно кон крајот на годинава, ама битно тргна работава

12 милиони евра ќе се вложат во нова општинска зграда на Ѓорче Петров

http://www.build.mk/?p=22445 - После неколкугодишни ветувања и еден неуспешен оглас за пронаоѓање на приватен инвеститор , општина Ѓорче Петров денеска го потпиша договорот за јавно – приватно партнерство за изградба на новата општинска зграда, на земјиштето спроти трговскиот центар „СП Планет“. Како приватен инвеститор во проектот се јавува компанијата „Трансмет“ од Скопје, која во неговата реализација треба да вложи околу 12 милиони евра. Вкупната површина на објектот ќе изнесува 15.000 метри квадратни, на „Трансмет“ ќе и припаднат 11.400, додека општината ќе задржи 3.600 метри квадратни. Со проектот е предвиден подземен паркинг на две нивоа, со вкупно 350 паркинг места, од кои 40 ќе преминат во владение на општина Ѓорче Петров.

Рокот за изградба на објектот изнесува 36 месеци, од кои шест се предвидени за изработка на проектната документација и 30 месеци за изградба. Изведбата на општинската зграда на Ѓорче Петров е проект што се ветуваше неколку години. Во 2005 година беше изработено и идејно решение кое никогаш не се оствари. Зад овој проект стои и еден неуспешен оглас за пронаоѓање на приватен партнер, распишан во ноември 2011 година. Локалната власт е уверена дека овој пат граѓаните ќе добијат модерна и функционална општинска зграда.

 

http://www.build.mk/?p=26485 - #
Објавено на 26.06.2013 во категорија http://www.build.mk/?cat=28 - Вести .

Тагови: http://www.build.mk/?tag=%d0%b0%d0%b4%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%bd%d0%b8 - Административни , http://www.build.mk/?tag=%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d0%be%d0%b2%d0%bd%d0%b8 - Деловни , http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%b5%d1%80%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b8 - Комерцијални , http://www.build.mk/?tag=%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b0-%d1%93%d0%be%d1%80%d1%87%d0%b5-%d0%bf%d0%b5%d1%82%d1%80%d0%be%d0%b2 - Општинска зграда Ѓорче Петров , http://www.build.mk/?tag=%d0%bf%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%b8%d0%bd%d0%b3 - Паркинг , http://www.build.mk/?tag=%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d1%98%d0%b5 - Скопје , http://www.build.mk/?tag=%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%bd%d1%81-%d0%bc%d0%b5%d1%82 - ТрансМет


http://www.build.mk/?p=26485


Posted By: maks
Date Posted: 01-Jul-2013 at 16:22
Dobro be luge, zarem na nikoj od vas ne vi preci fasadnoto resenie na zgradata? Zosto sekoj administrativen objekt vo Makedonija od drzavna firma mora da izgleda kako da e sediste na nekoja farmacevtska kompanija od bugarija vo 90tite? Neli najavuvaa sakale 'ko Sv.Sofija da bide sakale ova, sakale ona. Ne velam deka treba,ama mozelo ova mnooogu pokreativno da se napravi.Sramota!
I posle felata ne se pocituva. Taa samata ne raboti na sebe za da ja respektiraat i drugite.

-------------
Architecture is the living organisam of society>It shows your dreams!


Posted By: fichot
Date Posted: 02-Jul-2013 at 00:41
Не разбирам. Кое фасадно решение? Да не ти е коментаров во погрешна тема?


Posted By: FT
Date Posted: 02-Jul-2013 at 01:28
Originally posted by fichot

Не разбирам. Кое фасадно решение? Да не ти е коментаров во погрешна тема?


http://www.build.mk/?p=26485


Posted By: fichot
Date Posted: 25-Feb-2014 at 21:37
Денес беше ограден просторот.

Само ме чуди дека е зафатен и дел од паркот, поточно мало делче од паркот (во линија до WC куќичката) и целосниот простор кај што преку топлите месеци функционираше нешто како Луна Парк.





Posted By: ѓорче
Date Posted: 28-Feb-2014 at 22:45
EMPORIO BUSINESS CENTER AND MUNICIPAL BUILDING
location: Gjorce Petrov, Skopje | area: 30.000 m2 | year of design: 2013





Здраво на сите,

Јас сум нов член на форумов, инаку редовен "пазач" на форумов(нели пошто ја има таа можност да не бидеш член а да ги читаш темите постовите итн.. Да не должам, родум сум од Ѓорче и целата работа што конечно ме натера да се зачленам е овој нов објект (што се надевам дека ќе го изградат исто како на рендерите).. Kај и да е сигурно ќе има предизборно фрлање лопати, па така да оставиме на времето дали би биднало нешто од овој проект.

П.С. Непознато ми е качувањето на слики..Го најдов овој сајт ама ме ограничува на само 4..Имам уште рендери ама незнам како да ги споделам и молам за помош..

Поздрав, и секое добро


Posted By: daci92
Date Posted: 28-Feb-2014 at 22:52
Што е со сликава Ѓорче ?


Posted By: ѓорче
Date Posted: 28-Feb-2014 at 23:03
Па јавното приватно партнерство со Трансмет..Нели имаше неколку неуспешни тендери за општината да понуди парцела за возрат да добие административен простор..На предходната страна имаш што точно е.


Posted By: ѓорче
Date Posted: 28-Feb-2014 at 23:17
Еве уште фотки!








Posted By: daci92
Date Posted: 28-Feb-2014 at 23:44
Фала тоа не ми беше јасно ,мислев дека си ја згрешил темата.
Значи ова ќе биде трговски со административен дел за општината ?


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 28-Feb-2014 at 23:51
Одлично изгледа.


Posted By: daci92
Date Posted: 28-Feb-2014 at 23:58
А јас го најдов ова на Linkedin:

Emporio Business Centre is the result of public - private partnership between the municipality Gorce Petrov and the construction company TRANSMET DOO Skopje, which is one of the leading construction companies, both in the domestic and regional market. For more than twenty years, Transmet has been constantly making a contribution to building a better environment. The company is completely focused on quality and professionalism, with a reputation for major projects in the past, but also for those who are waiting to be realized in the future. One of the company’s future projects is the Emporio Business Centre.
The building will be on an area of 15000 square meters and it will be located on the section from the municipality’s regional park and will extend to the main street Gorce Petrov. The Administrative-business building will be divided into two parts, 3600 square meters belong to the Municipality of Gorce Petrov and the other 11400 square meters to Transmet. Within the building, which is originally planed to have 5 floors, there will be a two-level underground parking lot with a total of 350 parking spaces. The facility is planned to cover 60% of shopping space and 40% of office space.
The project is scheduled to be completed in 2016 and represent a modern and trendy business and shopping centre.


Едит: А и ова го имаат претставено како административен објект со трговски центар за скоро иста големина.
http://dscdesign.com.mk/project-pages/projects/administrative/2013-Administrativno-trgovski-kompleks-so-opstinska-zgrada.html - http://dscdesign.com.mk/project-pages/projects/administrative/2013-Administrativno-trgovski-kompleks-so-opstinska-zgrada.html


Posted By: jyvation
Date Posted: 01-Mar-2014 at 01:18
location: Gjorce Petrov, Skopje | area: 30.000 m2 | year of design: 2013

Некако многу мал ми се гледа просторот мислам дека нема шанси ова да го собере на таа парцела


Posted By: ѓорче
Date Posted: 01-Mar-2014 at 10:54
Да да и општината тука ќе се смести..Останатото ќе биде деловен простор и ќе припаѓа на Трансмет...
И тука може да се најдат интересни слики и информации за објектот;

http://www.emporiobusinesscentre.com/index.php/mk - http://www.emporiobusinesscentre.com/index.php/mk








Posted By: fichot
Date Posted: 01-Mar-2014 at 11:28
ѓорче, добродојде на форумот и браво за споделените рендери и линкови.

Лично, пошто од неодамна живеам во оваа околина, ќе ми биде ќеиф ова да се направи.. иако сум тро скептик околу трговско-деловниот дел, види го СП-Планет, полупразен е.


Posted By: martind
Date Posted: 01-Mar-2014 at 12:15
Навистина чудно... последен пат кога разговарав со Градоначалникот (пред нова година) на Ѓорче Петров рече дека општината ќе гради посеба општинска зграда (1) поради тоа што не можеле да најдат партнер односно никој не се нафаќал да им отстапи толкав простор колку што барале. Значи Општината ќе има посебна зграда на останатитот простор (2) ќе има станбен простор, комбинирано со деловни и комерцијални простории (на приземјето се планира Рамстор да има).
Исто така треба да се напомене дека се водат судски спорови на овој дел од земјиштето (куќите што не се срушени).


Јас искрено не сакам да се изгради ова поради неколку причини:
- Во стариот трговски центар (до пазарот) има голем број на неискористен простор (деловен и комерцијален)
- СП Планет е повеќе од 50% празен
- Евентуално градење на овој трговски центар ќе значи затворање на голем број мали бизниси во околината (Трговски центар, пазарот, СП Планет, Порта Влае0


Posted By: ѓорче
Date Posted: 01-Mar-2014 at 13:33
Мене не ми е јасно како може Сокол со такви информации да излага кога тој човек во јуни месец потпиша договор со Трансмет..Не се слагам со тоа што викаш дека СП маркет бил 50% празен, таа вина треба да ја бараш во раководството на Скопски пазар, а во стариот трговски центар точно дека има празни дуќани ама тој простор неможеш во ниеден случај да го споредуваш со модерните молови, каде се затворени од надворешни влијанија каде има паркинг простор...A евентуалното градење на овој објект и тоа како ќе придонесе отварање на нови работни места, и тоа мене како индивидуа ме интересира и ми одговара сигурно дека ќе има поголем избор во многу работи.

Еве веќе почна да излага по интернет медиуми
http://netpress.com.mk/foto-kje-se-gradi-moderen-shoping-i-deloven-centar-vo-gjorche-petrov/ - www.netpress.com.mk/foto-kje-se-gradi-moderen-shoping-i-deloven-centar-vo-gjorche-petrov/


Posted By: martind
Date Posted: 01-Mar-2014 at 14:11
Да, ќе се отвораат нови работни места, а ќе се затвораат мали бизниси. Истото се случи со Сити Мол и Тафталиџе, а истото ќе се случи и тука. Не треба да заборавиме дека малите бизниси се движечка сила на една национална економија. Ја лично не сум убеден дека секој ќе може да отвори свој бизнис во овој комерцијален центар.
Што се однесува до поголемиот избор на работи и не сум 100% убеден односно не верувам дека ќе има нешто поголем избор. Не очекувај да има Бургер Кинг, Зара, Бершка... Тоа се франшизи, а во самата содржина на франшизата стои дека е недозволиво да се отвораат продавници на мало растојание... Ѓорче Петров речиси има се што е потребно, со исклучок на неколку продавници за облека, ресторан и рекреативни содржини (пр. куглана)...
Навистина и мене ми се допаѓа изгледот на овој објект, но од економска гледна точка ова нема да има негативно влијание врз околината. Доколку би се лоцирал кај болницата Св. Лазар тогаш би имал голем позитивен економски импакт.


Posted By: ѓорче
Date Posted: 01-Mar-2014 at 14:32
Пак не се сложувам со тебе..Јас сум во мал бизнис, јас само си знам како врзувам крај со крај секој месец, порано беше многу подобро ама рајата се` повеќе се стреми кон вакви молови и избегнува да купува од некакви гранапчиња(без навреда).А далеку дека очекувам да се отвори некој бренд убаво би било да влезе некој во фуд кортот како домино`с бугер кинг, итн.. Во право си за локацијата кај Св. Лазар тоа е многу празно таму, се збореше едно време дека тинкес ќе се праело таму ама ништо од тоа.


Се потрудив и побарав информации во катастарот, оваа парцела припаѓа на Р.Македонија исто и останатите парцели каде што има куќарки.




Поздрав


Posted By: martind
Date Posted: 01-Mar-2014 at 15:05
Првично се планирше да се гради од кружниот тек до Стоковната куќа (парцелата со бр. 2 намојата слика), но поради правно-имотните спорови помеѓу сопствениците на парцелата 6208 (судски спор во кој Општината загуби) парцелата означена со бр. 2 е смалена и е додадена парцелата со бр. 1 каде ќе биде сместена општинската зграда.
И да се изгради овој објект, куќарките околу него многу ќе ја грдат оваа целина.


Posted By: fichot
Date Posted: 01-Mar-2014 at 15:17
Не би се сложил дека Емпорио (т.е. Рамстор) ќе ги загрози пазарот и малите бизнисчиња наоколу. Тука веќе има 3 супермаркети (Тинекс, Кам и СП) па пазарот одлично си работи, а се отвораат и нови продавнички (Стокомак, Таргет...)


Posted By: ehrlich
Date Posted: 01-Mar-2014 at 15:29
И јас не би се сложил дека пазарот и малите продавнички во близина би имале некакво негативно влијание од страна на овој трговски центар, бидејќи како што кажа и членот над мене, наспроти трите супермаркети се отвораат и други продавници, покрај тие што ги спомна и Рептил, Зур, дисконти на големо и мало. Што се однесува до Порта Влае, таа како трговска целина одамна пропадна, освен десетината продавнички за облека и чевли, другото отиде на казина, обложувалници и кафулиња, така да тешко дека би се променило нешто. Покрај тоа пазарот не ја опслужува само населбата Ѓорче, туку и Даме Груев, Волково, Влае, па дури и Сарај, така да нема да има никакви промени таму.

Јас се радувам на овој проект, ептен е во моја близина, иако ние како населба имаме скоро се, а и близината на Сити Мол е на незначителна оддалеченост. Ова само ќе придонесе позитивно кон развојот на општината.


Posted By: N23
Date Posted: 01-Mar-2014 at 16:09
Секоја конкуренција е добредојдена, плус многу побитно, понудата е поголема а со тоа се тераат и малите бизниси да инвестираат поише, ако не нека си аплицираат за работа у поголемиве маркети. За ова имам подолг период своевидна дебата со татко ми кој е стара школа и е противник на масовното отворање на супермаркети, нарочито она што се дешава у Ново Лисиче, зашто тоа е директен удар на малите продавници у населба Лисиче. Со оглед дека ги познава најголем дел од сопствениците на овие пиљари, затоа и го има тој став, нон-стоп збори дека им опаѓа прометот, скоро секој сака да "пазари" у поглем маркет и дека одвај имаат за егзистенција. Од друга страна, кога и да влезеш у вакви пиљаи све нешто немаат, или утре ќе добиеле, или се за едно 10-20 посто поскапи и сл. Да, факт е дека луѓе работат за 10-12 иљади у Тинекс, Веро, Кам, ама јас гледам на работите како потрошувач кој бара барем основни ствари у една пиљара. Денес ми се деси ваков бош момент, идам да зеам зеленчук кој у ова доба мора да го има и у најмалата пиљара која продава овошје и зеленчук, коа влагам внатре ми вика нема тоа, дојди утре. Ај ако не ја да им јавам дома абе ова нема денес, ај за утре премести го ручекот. И наравно, ќе си тркнам до Тинекс и таму имаш се. Затоа увек навијам за нови супермаркети и молови, ем се зголемува понудата, ем се сто пати почисти и поуредни, а и ретко имаат нељубезен персонал. Капитализам е, па кој се снајде ќе преживее, колку и да звучи сурово. Плус побитно, Ѓорче е на влез/излез од Скопје и ваков трговски одлично ќе живее, ако нормално го понуди она што го презентираат сега. Ако биде како Капитол ќе живурка, ама и во таков случај нема да пропадне. Плус имаат јавна администрација, прават и проекти со власта, така да нема зима за ова чудо, а за тие околу нив нека се спремаат уште од сеа.


-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: martind
Date Posted: 01-Mar-2014 at 17:00
Не ми беше за супермаркетот што ќе биде тука, туку за останатите продавници... Пишува дека ќе имало клучар, кондураџија, а тоа го има и сега во трговскиот до пазарот... сепак се зависи каков вид на продавници ќе има, ако има на пр. ресторан, аптека, супермаркет, fast food, перална, куглана, фитнес центар, 1-2 продавници за облека, тогаш нормално дека е добродојдено...


Posted By: jyvation
Date Posted: 03-Mar-2014 at 17:38
Јас мислам дека може дефинитивно да се преименува нишкава во "Емпорио Бизнис Центар"

Местото е веќе заградено а затекнав и десетина работници од "Трансмет" кои го расчистуваа местото.



Лево од сликава се гледа малце СП Планет



Десно се гледа и малиот трговски заедно со пазарчето во Ѓорче



Еве ја и таблата уште не е подигната



Се вадат прво плочките од тротоарите



Еве ја парцелата за објектот



Малце е глупо што парцелава завзема и делче од паркот кој е веќе уреден горе лево во ќошот на последната слика.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 03-Mar-2014 at 20:35
Живеев во тој дел година дена пред 10 години, неверојатно е колку е сменето а и колку нови згради има во тој дел. Сега со овој трговски дефинитивно Ѓорче уште повеќе ќе заличи на урбана средина.  


Posted By: ѓорче
Date Posted: 07-Mar-2014 at 01:54
ВО ДНЕВНИОТ ВЕСНИК "ВЕСТ"
04.03.2014, 11:19
ОГРАДЕН ПРОСТОРОТ ЗА НОВИТЕ ПРОСТОРИИ НА ОПШТИНА ЃОР­ЧЕ ПЕТРОВ

ОПШТИНСКА ЗГРАДА НА МЕСТОТО НА ЛУНАПАРКОТ

Вкупната инвестиција ќе биде околу 30 милиони евра, а вработените се очекува да се преселат во новите простории најдоцна за две години

На местото на мини-лунапаркот во Ѓорче Петров ќе никне зграда во која ќе се смести Општина Ѓорче Петров. Инвеститорот "Трансмет" со метални тараби го огради просторот, кој е дел од паркот, и наскоро ќе почнат градежните работи за изградба на објектот. Покрај оваа парцела, заградено е и земјиштето спроти ТЦ "СП планет" каде што, пак, ќе се гради трговско-деловен објект на инвеститорот. Двете згради ќе бидат на пет ката, со подземен паркинг.
"На оваа локација лунапарк нема да има. Реквизитите беа поставени само како привремено решение за овој простор, да не зјае празен. Веќе размислуваме за нова локација за мини-лунапарк", вели градоначалникот Сокол Митревски.

Тој објаснува дека улицата Радушка, која ги разделува двата објекта, целосно ќе биде реконструирана. Ќе биде пешачка зона, коцката ќе биде извадена и заменета со павер елементи.
Општина Ѓорче Петров пред неколку месеци потпиша договор со фирмата "Трансмет" за изградба на општинската зграда. Инвеститорот на своја сметка треба да го изгради објектот, а за возврат ја доби парцелата спроти "СП планет". Вкупната инвестиција ќе биде околу 30 милиони евра, а градоначалникот Митревски очекува да се преселат во новите простории најдоцна за две години.(А.А.)

Незнам дали е до нашите новинари или до мојата општина. Но доста интересен текст за тоа како ќе биде поставена општинската зграда и зградата за бизнис центарот.. Проценте сами..


Posted By: jyvation
Date Posted: 21-May-2014 at 20:03
Денес..







Posted By: ѓорче
Date Posted: 22-May-2014 at 00:16
Не разбирам зошто патов е уште остаен...Се надевам дека нема да бидат башка објекти.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 22-May-2014 at 01:02
Па јас како што знам, така и ќе биде, општината позади, трговскиот напред.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 27-May-2014 at 15:16
На ова градилиште во моментов се работи пополека, има мал број на машини на терен, но важно проектот си тече:













Posted By: jyvation
Date Posted: 06-Mar-2015 at 15:32
Денес..



Posted By: mr bombastic
Date Posted: 07-Mar-2015 at 03:18
Па овие не мрднале ни педа бе Ohno


Posted By: fichot
Date Posted: 09-Mar-2015 at 03:15
Мда. Неколку месеци ништо не мрдаше, па пред месец дена отприлика пак се активираа.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-May-2015 at 13:01
1


2



Posted By: jyvation
Date Posted: 27-Jul-2015 at 23:56
Општинската зграда на Ѓорче Петров остана на темели

По повеќе од две години од потпишувањето на договорот за јавно – приватно партнерство, новата општинска зграда на Ѓорче Петров е во почетна фаза од изградбата. Досега се изведени единствено темелите и дел од конструкцијата на подземните простории на идниот објект со најавена вредност од 12 милиони евра. Административната зграда треба да биде завршена до крајот на јуни 2016 година, што ќе претставува речиси невозможна мисија, судејќи според постоечката состојба во која таа се наоѓа.









Локалната самоуправа пред повеќе од еден месец информираше дека изведувачот АД „Карпош“ периодов работи на финализирање на хидроизолациската подлога и на армирање на темелната плоча. Истовремено, тие информираа дека во почетната фаза се појавиле непредвидени проблеми што произлегле од испумпување на подземна вода.

Инвеститор на општинската зграда во Ѓорче Петров е фирмата „Трансмет“ од Скопје, која со сопствени средства треба да го издигне зданието на пет ката и подземен паркинг на две нивоа со капацитет од 350 паркинг места. Од целокупната површина, општина Ѓорче Петров ќе се стекне во владение со површина од 3.600 метри квадратни, додека преостанатиот простор ќе му припадне на концесионерот за оформување на комплексот „Емпорио бизнис центар“.

Важниот проект за оваа скопска општина се одолговлекува со реализација повеќе од една деценија. Истиот започна во 2005 година со изборот на првично идејно решение за нова административна зграда.

http://www.build.mk/?p=45545 - http://www.build.mk/?p=45545


Posted By: fichot
Date Posted: 28-Jul-2015 at 01:45
Епа арно, има прогрес споредено со претходната серија фотки од пред 2 месеци. Лека-полека.. иначе добро место за сликање на градилиштево се скалите на тоа мини трговскиот. (пошто гледам дека овие преку ограда се правени)


Posted By: jyvation
Date Posted: 09-Aug-2015 at 22:21
Фрлена првата плоча на новата општинска зграда


http://vesti.mk/read/news/6176060/2325200/frlena-prvata-plocha-na-novata-opshtinska-zgrada - http://vesti.mk/read/news/6176060/2325200/frlena-prvata-plocha-na-novata-opshtinska-zgrada


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 12-Sep-2015 at 13:28
http://www.build.mk/?p=46129 - Објектот „Емпорио“ од 15.000, порасна на 30.000 метри квадратни

Новово решение ми се допаѓа многу повеќе од http://www.build.mk/?p=26485 - старото

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: fichot
Date Posted: 12-Sep-2015 at 13:48
Бројката и рендерите се вртат уште од поодамна (види поназад низ темава) така да не знам каде е промената?


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 12-Sep-2015 at 14:01
На вториот линк (од пред неколку години) има зграда со многу евтин изглед, додека на рендерот од годинава изгледа многу поубаво

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 12-Sep-2015 at 14:02
Ќе се изначекаме за објектот, според официјалните соопштувања треба да се заврши максимум за 4 години... а да дизајнот и мене ми се допаѓа и мислам дека одлично ќе се вклопи со околината и паркот, мислам дека тој дел заедно со пазарот, општинската зграда, болницата/амбулантата, поштата и полициската станица многу добро ќе излезе... само треба да се инвестира повеќе, да се урбанизира општината, малку е заостаната мислам во споредба со другите...

-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: jyvation
Date Posted: 12-Sep-2015 at 18:49
Рокот е 2017-та што со ова темпо е достижно но ќе видиме.Имавме најава за проектов 2013-та негде ако не се лажам, а што е причината за доцнењево стварно незнам.


Posted By: jyvation
Date Posted: 13-Oct-2015 at 17:51
Тргнаа работиве изгледа


Објект „Емпорио“ – ново собиралиште на жителите од Ѓорче Петров



Секогаш се зборувало, кога се гради, добро е, затоа што просторот на кој се гради живее и дише. Градот Скопје дише со полни бели дробови и на своите рамења носи многу градилишта кои го менуваат неговиот изглед, неговата содржина и функција.

Фокусот на јавноста последниве години кај нас како да беше главно насочен кон проектот Скопје 2014? Загледани во овој, за наши услови, огромен проект, не погледнувавме и не забележувавме што се случува на полето на архитектурата надвор од центарот на Скопје, а уште помалку во другите градови на Македонија!



Со сè она што се случува во Скопје, барем нам архитектите ни се чини како архитектурата свесно или несвесно, наметливо или ненаметливо, се оддалечува од својата рационална природа.

И додека со Скопје 2014 се враќаме кон користење на класични технологии, правење на сценографија за одредени партиски потреби користејќи веќе одамна одминати архитектонски изрази кои во денешно време изгледаат анахроно и невкусно, има исклучоци, за среќа, кои употребуваат нови експресивни форми врзани за новите технологии.



Веќе подолго време во општината Ѓорче Петров на самиот кружен тек, од десната страна движејќи се кон излезот на градот, во правец на паркот стои оградена локација. Тоа е местото каде што се гради новата зграда на бизнис центарот „Емпорио“, во кој еден дел е наменет за општинската административна зграда.



Овој проект е реализација на договорот за јавно и приватно партнерство помеѓу општината Ѓорче Петров и компанијата „Трансмет“ од Скопје, која воедно е и изведувач на градежно-занаетчиските работи на објектот.

Трговските или бизнис центри полека но сигурно станаа неизбежен дел од нашето секојдневие. Се градат насекаде, каде што има можност и потреба од нив. Тоа се места кои покрај функционалните значења за многу посетители претставуваат општествени собиралишта, места за прошетка, простор за забава или, едноставно, бегство од секојдневието.

Тие денес станаа нови храмови на современиот потрошувачки стил. Се поврзуваат со купување и забава, со трошење и уживање на сопственото слободно време. Замислени како места во кои може да се проведе целиот ден во комбинација со купување, забава и рекреација. Тие стануваат нови центри на собирање, центри подалеку од центарот на градот.



Проектот на овој административно-деловен комплекс, кој се состои од два објекта на приземје и пет ката, архитектонско и визуелно поврзани, е на архитектите од познатото проектантско студио „ДСЦ Дизајн“ од Скопје. Објектот го конципирале како бизнис центар со низа различни комплексни содржини.

Поради разноликоста на содржините и функциите што треба да ги опфати центарот, проектантите направиле функционална поделба по хоризонтала и вертикала. Содржините се јасно диференцирани, а пристапите до одредени функции се третирани според очекуваниот број на посетители.


Основа на приземје

Концептот на пешачка улица, околу која гравитираат трговски и деловни содржини, се протега низ двата први ката на овој центар, додека на третиот и четвртиот кат се наоѓаат исклучиво деловни простории. На петтиот кат, освен деловни содржини, проектирани се и мултинаменска сала, пет бизнис апартмни наменети за деловни гости, како и фитнес и спа центар наменет за вработените и за гостите на центарот.



Со галопирачка изградба на згради и заземање на зелените градски површини, градините полека се селат на крововите. И на нивото на вториот кат на бизнис центарот, проектирани се две кровни градини кои се наоѓаат на западната и северната страна. Тие придонесуваат за квалитетот на просторот како и за квалитетот на работата во општинската зграда, која е во директна визуелна комуникација со овие две кровни градини.

Да направиш градина на кровот, да посадиш дрвја, грмушки и зеленило кое ќе расте над бетонот, да го вратиш во живот просторот што ѝ е одземен на природата, е голем предизвик за архитектите, кои при проектирањето пристапиле со голем ентузијазам.

Центарот има две подземни нивоа кои се наменети за супермаркет, технички простории и паркинзи за вработените и посетителите.



Општинската зграда е вториот дел од комплексот. Таа се состои од приземје и четири ката. Освен канцеларии, санитарии и помошни простории за вработените и посетителите, зградата има и аудиториум со мултинаменска сала за 80 луѓе. На првиот кат се наоѓа атриум кој се протега и низ останатите катови. Завршува со купола преку која целиот простор добива дневно светло.


Основа на втори кат

Еден архитект е успешен онолку колку ќе успее да „зароби“ повеќе природна светлина во својот објект. Овде тоа е направено со многу умешност и знаење. Просторот добива атмосфера и амбиент, предизвикува чувства. Добрите архитекти се препознаваат по тоа што успеваат кај луѓето да предизвикаат чувства, да го бараат и да го најдат она што не го познаваат; до детали, проектирајќи го, и со своите цртежи да го прикажат објектот што постои само во нивните глави.



Целиот комплекс е изведен во армирано-бетонска конструкција, со столбови и греди. Фасадната обвивка на објектот е внимателно проектирана. Употребени се природни материјали како травертин, дрво, стакло, а на места се поставени вертикални бетонски елементи обоени во бела боја.

Фасадата е вентилирана, а на делот кај што се поставени сервисните ходници таа е контактна, додека кај влезните партии таа е структурална стаклена фасада. Преку фасадата целиот комплекс одлично се вклопува во урбаната матрица како и органско поврзување со целиот пејзаж.

Правците од кои поаѓаат постоечките пешачки текови и точките на нивните вкрстувања биле едни од појдовните основи при проектирањето. Целиот објект воспоставува врска помеѓу старото и новото, помеѓу постоечкиот парк, пазарот и околните објекти.

Постоечките целини се третирани како единствен простор со цел на подоцнежна трансформација на одделни структури и создавање на можности за оживување на сите потенцијали на просторот. Постигнат е визуелен континуитет и целосна интеграција на просторот, негова синхронизирана употреба од страна на различни категории на корисници, како и остварување на висока безбедност на пешаците.



Новиот бизнис центар „Емпорио“, откако ќе биде во целост изграден, ќе стане ново секојдневно собиралиште на жителите од Ѓорче Петров и пошироко. Поврзувајќи ја содржината со архитектонскиот израз на објектот, архитектите од „ДСЦ Дизајн“ успеале да доловат целосно доживување, она што не може да се изрази во квадратни метри и сувопарни бројки.

Ќе го следиме објектот од фаза на градба сè до неговото свечено отворање. Целиот комплекс на објектот се простира на 15.000 м2 бруто развиена површина, од кои околу 11.400 м2 припаѓаат на бизнис центарот и 3.600 м2 на општинската зграда.

http://www.porta3.mk/objekt-emporio-novo-sobiralishte-na-zhitelite-od-gjorche-petrov/# - http://www.porta3.mk/objekt-emporio-novo-sobiralishte-na-zhitelite-od-gjorche-petrov/#


Posted By: fichot
Date Posted: 19-Oct-2015 at 21:35
Ѕиркаат столбови над тарабите.


Posted By: fichot
Date Posted: 21-Nov-2015 at 14:55
убација во брзина овие.



Posted By: jyvation
Date Posted: 21-Nov-2015 at 15:03
Вчера цела улица беше блокирана се бетонираше цел ден.


Posted By: Kid_A
Date Posted: 21-Nov-2015 at 19:26
Одат избори за неколку месеци. Се турбо ќе се гради во периодов.


Posted By: fichot
Date Posted: 08-Jan-2016 at 22:13


Posted By: stef4o
Date Posted: 30-Mar-2016 at 15:20
Do kade e objektov?


Posted By: fichot
Date Posted: 30-Mar-2016 at 17:36
Овие две ги кренаа до горе, дел и со ѕидови. Сега се гради делот накај главната улица што гледа. Ќе гледам денес утре ако проаѓам да фотнам нешто.


Posted By: fichot
Date Posted: 03-Apr-2016 at 21:02



телефонот ми е тапа за фоткање...


Posted By: jyvation
Date Posted: 04-Apr-2016 at 13:29
Ќе направам јас фотки убави деновиве..


Posted By: Џоле
Date Posted: 07-Apr-2016 at 18:13


извор: http://fabrikakarpos.com.mk/?project=%D0%B5%D0%BC%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%BE-%D0%B1%D0%B8%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%81-%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%80#! - http://fabrikakarpos.com.mk/?project=%D0%B5%D0%BC%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%BE-%D0%B1%D0%B8%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%81-%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%80#!

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Apr-2016 at 14:10



Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Apr-2016 at 18:52
Mi se cini ili sporo odi rabotava.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 18-Apr-2016 at 21:19
Кое споро човече, ова е експресно изградено од почетокот на годината до сега. Задната зграда скоро е веќе карабина, додека и со преднава се во добра насока.


Posted By: fichot
Date Posted: 19-Apr-2016 at 02:24
Имаше застој лани. Ама сега секој ден се работи, а може 1-2 пати неделно и бетонерки ја блокираат уличката. Не знам само како се одлучуваат тоа да го прават баш во викенд, уличката тогаш е 100х пофреквентна отколку во работни денови.


Posted By: ѓорче
Date Posted: 06-Jun-2016 at 22:49
Овие со конструкцијата се готови..Не сум во можност да сликам, ако може некој нека документира.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 07-Jun-2016 at 22:10
Ај, утре после работа, ќе удрам едно кадро од двор, бидејќи буквално веќе се гледа од далеку зградава


Posted By: ehrlich
Date Posted: 09-Jun-2016 at 20:11
Ај, една набрзина сликана со мобилен и со зум. Ќе видам да направам подобра фотосесија деновиве.



Posted By: Џоле
Date Posted: 10-Jun-2016 at 11:42
Од фејсбук страницата на Фабрика Карпош:







-------------
За сè има вторпат


Posted By: Patriot
Date Posted: 27-Jul-2016 at 15:26


Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Sep-2016 at 13:22
До каде се стигнати со објектов. Почнаа ли со фасадата.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 20-Sep-2016 at 20:13
Не се почнати, уште стои карабината.



Print Page | Close Window