Print Page | Close Window

ТЕ Неготино

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Енергетика
Forum Discription: Електростопанство, гасификација, топлани, алтернативни извори...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=77
Printed Date: 27-Apr-2024 at 10:02


Topic: ТЕ Неготино
Posted By: pbanks
Subject: ТЕ Неготино
Date Posted: 27-Oct-2007 at 18:24

По се изгледа дека ситуацијата околу ТЕЦ Неготино е далеку од разврска така да ќе ни треба посебна нишка...




Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Oct-2007 at 18:25
Хаос у лаос...
 

ТЕЦ „Неготино“ се припојува кон ЕЛЕМ

http://www.a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=117&VestID=85438 - Мишко Иванов  
27.10.2007

ТЕЦ „Неготино“ се припојува кон ЕЛЕМ. Ова најверојатно ќе биде одлуката на Владата за конечно решавање на проблемот со неготинската термоцентрала.

Владини извори за А1 тврдат дека е можно да се случи таков епилог, после целата рашомонијада со купопродажбата од страна на конзорциумот предводен од канадски „Хач“.

По одлуката да не сe потпишува купопродажниот договор, не стивнуваат несогласувањата на коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ и НСДП. Владини извори за А1 тврдат дека и новата одлука за тоа што со неготинската термоцентрала предизвикувала раздор на релација Ставревски-Рафајловска.

Во НСДП стравуваат дека рокот што го остави Владата за донесување одлука е темпиран, да се донесе во отсуство на Рафајловска, која утре заминува во посета на Словенија.

Во вторник Владата ќе пресече што со ТЕЦ „Неготино“. А вчера ја испрати својата одлука на конзорциумот предводен од „Хач“, дека со нив нема да го потпише договорот.

Струјата во регионот ја нема, нејзината цена на светските берзи галопирачки расте. Експертите посочуваат, ладната резерва која прави скапа струја да не се продава. Државата со многу малку инвестиции во ТЕЦ „Неготино“ може многу да профитира.

ТЕЦ „Неготино“ во погон е вклучен далечната 1978 година. Не беше толку експониран додека во игра беше бугарската атомска централа Козлодуј.

Но, по нејзиното затворање, неготинската термоцентрала се покажа како профитабилен капацитет, поради што многумина од експертите реагираа на продажбата за ТЕЦ „Неготино“, особено сега, кога цената на струјата расте.

Продажбата на ТЕЦ „Неготино“ ги заинтересира Вашингтон и ЕБОР. Власта цело време убедуваше дека продажбата е чиста, за завчера да ја поништи.

Ова беше втор тендер за ТЕЦ „Неготино“. Првиот го распиша Владата на Бучковски, каде победи австриски ЕВН, а актуелната власт го поништи поради ниската цена.

 
Извор: http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=85438 - A1


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Oct-2007 at 18:39
Многу сум разочаран од начинот на кој се одвиваше целата работа со продажбата. Посебно се разочарав од Ставревски, кој до скоро ми беше една од ретките светли точки во владата на Грујо.


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Oct-2007 at 18:47
Originally posted by Cloverstack

Многу сум разочаран од начинот на кој се одвиваше целата работа со продажбата. Посебно се разочарав од Ставревски, кој до скоро ми беше една од ретките светли точки во владата на Грујо.
 
во принцип ако остане ТЕЦ Н. во домашни раце (под услов да се стопанисува со него како што треба) тоа е најдобра опција според мене. Но што се се случи по пат е страшно. x2 тендера, х2 избора на најдобар понудувач, х2 сомнителни процедури, х2 поништување на се. Ohno Во такви услови кампања од типот Инвестирајте во Македонија изгледа смешно.  


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Oct-2007 at 23:53
http://telma.com.mk/sodr.php?id=9791&idTip=1 - http://telma.com.mk/sodr.php?id=9791&idTip=1


ТЕРМОЦЕНТРАЛАТА ОСТАНУВА ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ

Владата одлучи да го поништи тендерот за продажба на ТЕЦ „Неготино“, а термоцентралата да остане во државниот електроенергетски систем како издвоен субјект во стопроцента сопственост на државата, изјави денеска на прес-конференција владиниот портпарол Ивица Боцевски.

- Владата на вчерашната седница на предлог на тендерската комисија донесе едногласна одлука со која што се поништува целокупната тендерска постапка за продажба на ТЕЦ „Неготино“, рече Боцевски.

Тој појасни дека согласно тендерските правила Владата има можност да го прогласи тендерот за ништовен во која било фаза од процедурата со што се поништуваат какви било правни последици.

Одговарајќи на новинарски прашања, Боцевски подвлече дека тендерските услови биле исти како и за секој друг владин тендер. Според него, Тендерската комисија во која членува министерката за економија Вера Рафајловска, а со која претседава вицепремиерот Зоран Ставрески, при донесувањето на препораката до Владата ги имала предвид, како што рече, настаните околности и енергетската стабилност на државата.  

Запрашан за тоа кој ќе понесе политичка и правна одговорност за поништувањето на тендерот, владиниот портпарол посочи на изјавата на угледниот македонски бизнисмен од дијаспопрата Мајк Зафировски, според кого, „во земјите со интензивна економска активност нормално и прирпдно е да има разноразни правни постапки пред разни органи, било судски било управни и дека тоа, меѓу другото, е сигнал за засилена економска активност и за утврдување на принципите на правната држава и пазарната економија“.  

Во врска со тоа зошто не е именуван нов директор на неготинската термоцентрала, откако Владата го разреши претходниот, владиниот портпарол посочи дека таа процедура е во тек и во наредните неколку денови треба да финишира со именување на новиот директор, а одолговлечена е поради технички причини. 

Одлуката за поништување на тендерот писмено потпишана од вицепремиерот Ставрески ќе им биде доставена на прворангираниот „Хач“ и вторпласираната „Сенкап“, информира Боцевски.

Ова беше втор меѓународен тендер за ТЕЦ „Неготино“. Владата го поништи поради недоставување на комплетната документација од страна на прворангираната компанија конзорциумот „Хач“. Првиот тендер го распиша владата на поранешниот премиер Владо Бучковски и на него победи австриски ЕВН, а актуелната власт го поништи поради понудената ниска цена.



Crazy Crazy Crazy


Мило ми е што ТЕЦ Неготино останува во државна сопственост. Ако некој сака дополнително да инвестира нека повели.

Ама не можам да сватам како тоа дури сега сватија дека било подобро електраната да не се продава? Не можам а да не се сомневам во големи коруптивни игри.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Oct-2008 at 00:43
Ќе се гради термоцентрала на јаглен


Откако пропадна идејата за продажба на неготинската термоцентрала, Владата ќе оди со модернизација на овој капацитет со тоа што во прва фаза ќе ја зголеми неговата флексибилност. Според министерот за економија Фатмир Бесими намерата е овој објект да не се користи само како ладна резерва, туку и да функционира како гасна централа. Владата, според зборовите на Бесими има намера покрај постојниот објект на ТЕЦ Неготино да изгради нов капацитет од 300 мегавати, кој како погонско гориво ќе го користи јагленот, за што во тек се истражувања на теренот во пошироката околина на термоцентралата.

- Истражувањата ќе бидат готови на почетокот на наредната година, по што ќе се направи анализа за економска исплатливост за изградба на нов објект. Слични истражувања ќе се прават и во Мариово, со цел да се изнајдат нови рудници на јаглен кои би ја продолжиле работата на РЕК Битола во наредниот период. Со оглед дека цената на струјата расте новите капацитети за јаглен ќе станат рентабилни, не само за површински копови, туку и за вадење руда од длабочината - рече Бесими на отворената седница на Владата.

Тој информираше дека до крајов на месецов ќе биде распишан тендер за избор на изведувачи на третиот пакет мали хидроцентрали за што Владата даде зелено светло за 20 локации.

http://vecer.com.mk/?ItemID=B7F0D55EC8B4F14FB97B2D017EEEAD51




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Oct-2008 at 00:53


Да се надеваме дека ќе го најдеме тој јаглен... Јас во неколку наврати имам наидено на оптимистички проценки дека во близина на тец-от има големи резерви на јаглен кој е и со подобар квалитет од битолскиот, но некаква потврда уште не сум слушнал. Во секој случај локацијата е добра и за евентуален транспорт на косовски јаглен.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 13-Oct-2008 at 10:31
Повторно новинарски брљавштини јаглен или гас....Боже толку ли се неписмени Ohno

Originally posted by lslcrew

Ќе се гради термоцентрала на јаглен


Откако пропадна идејата за продажба на неготинската термоцентрала, Владата ќе оди со модернизација на овој капацитет со тоа што во прва фаза ќе ја зголеми неговата флексибилност. Според министерот за економија Фатмир Бесими намерата е овој објект да не се користи само како ладна резерва, туку и да функционира како гасна централа. Владата, според зборовите на Бесими има намера покрај постојниот објект на ТЕЦ Неготино да изгради нов капацитет од 300 мегавати, кој како погонско гориво ќе го користи јагленот, за што во тек се истражувања на теренот во пошироката околина на термоцентралата.

- Истражувањата ќе бидат готови на почетокот на наредната година, по што ќе се направи анализа за економска исплатливост за изградба на нов објект. Слични истражувања ќе се прават и во Мариово, со цел да се изнајдат нови рудници на јаглен кои би ја продолжиле работата на РЕК Битола во наредниот период. Со оглед дека цената на струјата расте новите капацитети за јаглен ќе станат рентабилни, не само за површински копови, туку и за вадење руда од длабочината - рече Бесими на отворената седница на Владата.

Тој информираше дека до крајов на месецов ќе биде распишан тендер за избор на изведувачи на третиот пакет мали хидроцентрали за што Владата даде зелено светло за 20 локации.

http://vecer.com.mk/?ItemID=B7F0D55EC8B4F14FB97B2D017EEEAD51




Posted By: vardar
Date Posted: 05-Jan-2009 at 02:08
 

ТЕЦ „Неготино“ не' спасува за струја

ТЕЦ „Неготино“ во почетокот на новата година започна со работа и поради зголемената потрошувачка ќе го надополнува недостигот од струја.

TЕЦ „Неготино“ работи со половина капацитет од 95 мегавати. Блокот успешно се вклучи во мрежата. Струјата што ја произведува ТЕЦ „Неготино“ е за домашниот пазар и во овој момент е поисплатлива, поради пониската цена на мазутот, објаснува директорот на неготинската термоцентрала, Митко Јовановски . (А. Д.)

 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A735F49EBF2BB44EAD2165137E19848C - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A735F49EBF2BB44EAD2165137E19848C


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Jan-2009 at 11:52
Владата ќе гради електроцентрала на јаглен покрај ТЕЦ „Неготино“
Економија
Владимир Николоски

По повеќегодишни перипетии со ТЕЦ „Неготино“, електроцентралата што работи на мазут, најнова идеја на Владата е во рамките на овој енергетски капацитет да гради термоцентрала на јаглен, дознава „Нова Македонија“. За инвестицијата што се проценува на најмалку 400 милиони евра пред една недела бил распишан оглас за изработка на идеен проект. Меѓутоа огласот веднаш бил повлечен.

Во ТЕЦ „Неготино“ информираа дека огласот е одложен бидејќи допрва треба да се прават геолошки истражувања на рудните резерви на наоѓалиштето на јаглен во Неготино.

Мите Јовановски, директор на ТЕЦ „Неготино“, соопшти дека за повторно објавување на огласот најверојатно ќе се чека да се видат првичните резултати од истражувањата, кои треба да покажат каква е состојбата со резерви на јаглен во неготинското наоѓалиште.

- Огласот веднаш го повлековме бидејќи беше преуранет и с? уште немаме никакви резултати од истражувањата за потенцијалните резерви на јаглен.

Стратегијата предвидува изградба на електроцентрала во ТЕЦ „Неготино“, меѓутоа ќе мора да почекаме за да се видат првичните резултати од геолошките истражувања. Претпоставка е дека тоа ќе биде некаде во мај годинава - вели Јовановски.

Министерството за економија веќе распишало оглас за избор на фирма што ќе врши детални геолошки истражувања на наоѓалиштето во Неготино. Изборот на фирмата ќе се изврши на средината на март годинава.

Резултатите од истражувањето треба да покажат дали во овој регион има резерви на јаглен во количества доволни да се оправда оваа инвестиција.

Фатмир Бесими, министер за економија, вчера изјави дека во тек е тендер со кој треба да се зголеми флексибилноста на постојната електроцентрала. Тој додаде дека за изградба на нова електроцентрала во рамките на ТЕЦ „Неготино“ ќе се вршат дополнителни анализи.

Се планира изградба на електроцентрала од 300 мегавати

Во повлечениот оглас за изработка на идеен проект се предвидува електроцентралата на јаглен да биде со моќност од 300 мегавати. За изградба на термоцентралата со ваква моќност се потребни најмалку 400 милиони евра ако се знае дека за еден мегават инсталирана моќност во денешно време чини околу 1,5 милион евра. Познавачите на енергетската состојба во земјава повеќепати предупредуваа дека Македонија има ограничени ресурси кога се работи за наоѓалиштата на јаглен. Имено, познато е дека во површинските наоѓалишта во Битола има ограничени резерви, кои се доволни за работата на РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“ до 2025 година. Токму поради тоа беа најавувани нови истражувања во Мариовско, каде што се претпоставува дека има резерви на јаглен. Неизвесно е дали на територијата на Македонија има резерви на јаглен длабоко под површината на земјата. Во изминативе дваесетина години ниту еднаш не биле вршени истражувања на подлабоките слоеви, кои би покажале дали има можност за отворање и експлоатирање нови длабински ископи на јаглен.

Што стана со клиринишката гасификација на ТЕЦ?

Интересно е што во изминативе неколку години неколкупати се менуваше судбината на ТЕЦ „Неготино“. ТЕЦ се продаваше двапати. Најпрво на тендер што го распиша владата на СДСМ победи австриската ЕВН. Меѓутоа тендерот беше поништен по промената на власта. Потоа тендер за продажба распиша и владата на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа по неколкукратно одложување на одлуката за најповолен понудувач и многу забелешки во јавноста во однос на постапката и оваа влада реши да го поништи тендерот. Сомнителните услови при продажбата на ТЕЦ „Неготино“ беа причина за раздор меѓу тогашните коалициски партнери ВМРО-ДПМНЕ и НСДП. На крајот од 2007 година, пак, вицепремиерот Зоран Ставревски најави дека ТЕЦ „Неготино“ ќе се гасифицира, и тоа како компензација на клириншкиот долг шеесетина милиони долари што Македонија го побарува од Русија.

- Примарно долгот ќе биде искористен за реализација на проектот на гасификација на Македонија. Очекувам врз основа на преговорите што ги имавме четири-пет проекти, потпроекти практично, да бидат реализирани, а тоа се следните: прво примарниот гасоводен прстен околу Скопје. Второ, секундарен гасоводен прстен околу Скопје. Трето, магистралниот гасовод од Клечовце преку Велес и кон зоната во Штип, економската слободна зона во Штип и со продолжение до ТЕЦ „Неготино“ и, четврто, исто така магистрален гасовод кон Тетово и економската слободна зона во Тетово - изјави тогаш Ставрески.

Реално, ТЕЦ „Неготино“ во изминатиов период речиси воопшто и не работеше, пред с? поради високата цена на мазутот.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=297&top=1&ArticleID=16273


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Jan-2009 at 12:00
Владава уште еднаш врши упад во стратегијата за развој на енергетскиот сектор. Впрочем стратегија сеуште нема, нели ја правеа од МАНУ, ама ваков проект не ни воопшто споменат досега! Не викам дека нешто лошо ќе и дојде на Македонија од централава, ама прво нека го гасифицираат моменталниот погон што е на мазут (што веќе е влезено во некој непишан план за енергијата во Македонија) па после нека се иде со изградба на новиот дел, или па паралелно нека тече изградбата. Клириншкиот долг никогаш нема да биде искористен за нешто како за ТЕЦ Неотино. Тука има едно чудо политика, а башка една од заврзламите е дека руската страна со враќањето на долгот сака да навлече што поголем број корисници, па затоа и гура некои проекти како двата прстена околу Скопје. Така третина од популацијата ќе биде потенцијален корисник на руски газ, а вака само една централа. Затоа и треба сами да си се фатиме за работа и да го гасифицираме Неготино што побрзо.


Posted By: beTon
Date Posted: 22-Mar-2009 at 15:40

http://tecnegotino.com.mk/Presentacija.htm - Термоелектрична централа Неготино - tecnegotino.com.mk/Presentacija.htm

http://tecnegotino.com.mk/Energy_shema.htm - Energy schemas for TPP Negiotino
Basic network in the Balkan region, conection on TPP Negotino with electro-energy systems

Electro-energy system in Macedonia, connecting TPP Negotino



Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 09-Aug-2009 at 17:55
Неколку слики, во движење од ТЕЦ-от.








Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Sep-2009 at 20:23

НЕ­ГО­ТИН­СКА­ТА ЦЕНТРАЛА ПОБАРА ОД РЕГУЛАТОРОТ ДА и ОДРЕДИ ЦЕНА

ТЕЦ-от од 2010 сам ќе се издржува

ТЕЦ "Неготино" бара Регулаторната комисија за енергетика од следната година да и прес­ме­та цена на струјата која ја произведува. Во моментов термоцентралата нема при­хо­ди и пари за плати, одржување или мазут добива од ЕЛЕМ со кои имаат договор за закуп, но од следната година таа ќе треба самата да заработува за опстанок. Дали ова ќе значи зголемување на цената за домаќинствата, од Комисија не можат да од­го­во­рат бидејќи уште не се знае дали термоцентралата ќе работи за домашниот пазар или ќе извезува електрична енергија.
"От­ка­ко ќе ја одредиме цената на производството од термоцентралата, треба да се ви­ди дали е поевтино да се увезува електрична енергија или е поевтино да се купува од ТЕЦ 'Неготино'. Може да излезе дека поради ТЕЦ струјата е поскапа, но може да би­де и поевтина", велат од регулаторното тело и дополнуваат дека на цената за до­ма­ќинс­тва­та ќе влијаат и барањата кои до крајот на октомври треба да ги достават и ос­та­на­ти­те три компании - ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО.
Ди­рек­то­рот на ЕЛЕМ Влатко Чингоски вели дека до крајот на 2009 година истекува до­го­во­рот за закуп меѓу ТЕЦ "Неготино" и ЕЛЕМ, според кои ЕЛЕМ има можност по пот­ре­ба да побара нејзино вклучување, а сите трошоци поврзани со централата се кал­ку­ли­ра­ни во регулираната цена на ЕЛЕМ. Чингоски очекува Министерство за еко­но­ми­ја и регулаторот да одредат под кои услови ќе работи термоцентралата следната го­ди­на.
"Не­го­ти­но" во изминативе години има статус на ладна резерва во системот.
Од менаџментот на термоцентралата, кој бара од Комисијата да се дефинира цена за периодот 2010 - 2011 година, вчера не успеавме да добиеме изјава.
(Т.Ј.)



http://vest.com.mk/?ItemID=2ACF3B9E5604014AA0DBFF647360B587


Posted By: axel
Date Posted: 08-Jul-2011 at 08:25
Советување на ЗЕМАК: ТЕЦ Неготино наместо на мазут може да работи на јаглен

Неготино, 7 јули 2011 (МИА) - Термоцентралата ТЕЦ Неготино наместо на мазут може да се пренамени да работи на јаглен кој се наоѓа во непосредна близина.

Ова е главниот заклучок на денешното советување на Здружението на енергетичари на Македонија - ЗЕМАК за можностите за искористување на јагленови наоѓалишта во Неготино и Мариово со јамска експлоатација што се одржа во хотел Парк во Неготино.

Доктор Гоце Василевски од Рударскиот институт од Скопје рече дека котелската постројка во ТЕЦ Неготино овозможува на едноставен начинн да се промени типот на горивото од постојните скапи горива на релативно поевтини горива.

- Јагленот кој се наоѓа во близина на ТЕЦ Неготино може да храни една цела нова термоелектрана од 210 мегавати, но може исто така да се искористи доколку постојната опрема во електраната се преориентира од мазут на јаглен. Сепак треба да се работи на физибилити студија со анализа на сите параметри кои би влијаеле на конечната оценка за реализација на еден ваков зафат, рече Василевски.

На наоѓалиштето кај Неготино, нагласи, досега биле вршени неколку геолошки анализи.

Златко Илиевски од Градежениот институт Македонија кажа дека во рамките на стратегијата на државата за обезбедување на енергенси за идниот период сериозно се има  пристапено кон доистражување на сите наоѓалишта на јаглен во Мариово.

- Ако се има во предвид податокот дека 80 отсто од електричната енергија во Македонија се обезбедува од термоелектаните, а тие како горива ги користат фосилните горива, односно јаглените, таквиот приод на државата е оправдан и сериозен и вродува со резултати, посочи Илиевски.

Потпретседателот на ЗЕМАК Зоран Божинкочев истакна дека јагленовите наоѓалишта во Македонија можат да обезбедат континуирана работа на електраните во државата за следните дваесетина години

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=85154077&lId=1&pmId=504


Posted By: OCB
Date Posted: 02-Dec-2011 at 03:13
Originally posted by Cloverstack

Posted: 31-Oct-2007

Мило ми е што ТЕЦ Неготино останува во државна сопственост. Ако некој сака дополнително да инвестира нека повели. Ама не можам да сватам како тоа дури сега сватија дека било подобро електраната да не се продава? Не можам а да не се сомневам во големи коруптивни игри.

"We don't know why the GOM refused to sign a deal with SENCAP, but it is likely that hidden personal or political concerns outweighed the investment's considerable potential benefits for Macedonia."

- G. MILOVANOVIC, Embassy Skopje (Macedonia), Fri, 28 Sep 2007.

http://www.cablegatesearch.net/cable.php?id=07SKOPJE797




Posted By: gjoko
Date Posted: 02-Dec-2011 at 20:51
сакам да објаснам малу на начин што можат да го разберат сите што е со идеата да се прави уште еден блок на јаглен или на гас покрај овој на ТЕЦ Неготино.

ако би се довел гасовод до Неготино,тогаш мора да се изгради посебен блок со инсталирање на гасна турбина(во принцип гасна турбина е исто како мотор од млазен авион со кој сите патуваме) каде гасот се пушта и согорува во гасната турбина и така ја завртува турбината и на другата страна генераторот произведува струја.факторот што овде се користи е дека издувните гасови на гасната турбина се сеуште врели и не се доволно искористени(како и кај авионите).затоа тие со посебни канали се водат на уште еден котел(во Скопје кај ТЕ-ТО за котел за пареа за загревање,а во неготино кај постоечкиот) и така со помош на издувите од гасната турбина вториот котел се загрева до околу 250-300 степени и разликата до 550 степени на колку што работи се додава или мазут или преправка за јаглен.

Битното е да се искористи `за џабе` топлината да се достигне до 250-3оо степени,натака е полесно,и затоа овие електрани се викаат комбинирани.

чисто производство само на струја од гас е многу скапо ако не се доискористи загреаниот издув како во Скопје или како што објаснив да се догради во Неготино.

затоа во ТЕЦ Неготино да би се работело економично мора да се изгради уште еден блок(300,500 или пак 800 MW)


Posted By: axel
Date Posted: 07-Feb-2012 at 12:13

Инвеститор ќе го спасува ТЕЦ Неготино?

mailto:poposka@kapital.com.mk - Катерина Попоска
Инвеститор%20ќе%20го%20спасува%20ТЕЦ%20Неготино?
Наместо итна гасификација на ТЕЦ Неготино, Владата планира да бара странски инвеститор што ќе ја модернизира оваа електрана

Наместо итна гасификација на ТЕЦ Неготино, Владата планира да бара странски инвеститор што ќе ја модернизира оваа електрана за да почне да произведува евтина струја. Во очекување на клириншките 60 милиони долари за да се гасифицира Македонија, ТЕЦ Неготино наместо производител ќе остане потрошувач на електрична енергија. Директорот на ТЕЦ Неготино, Мите Јовановски, вели дека дури и електраната да се гасифицира, производството на струја и во тој случај ќе биде неисплатливо. Тој пред една година тврдеше дека лекот за ТЕЦ Неготино да проработи е итната гасификација.

ТЕЦ Неготино наместо на мазут може да работи на јаглен

ТЕЦ Неготино наместо на мазут може да се пренамени да работи на јаглен, кој се наоѓа во непосредна близина, порачуваат од Здружението на енергетичари (ЗЕМАК).

Според рударските инженери, котелската постројка во ТЕЦ Неготино овозможува на едноставен начин да се промени типот на горивото од постојните скапи горива на релативно поевтини горива.

„Јагленот кој се наоѓа во близина на ТЕЦ Неготино може да храни една цела нова термоелектрана од 210 мегавати, но може, исто така, да се искористи доколку постојната опрема во електраната се преориентира од мазут на јаглен. Сепак, треба да се работи на физибилити студија со анализа на сите параметри кои би влијаеле на конечната оценка за реализација на еден ваков зафат“, неодамна изјави Гоце Василевски од Рударскиот институт.

„Основно погонско гориво на електраната е мазутот. Производната цена на струјата од ТЕЦ Неготино во моментот би била околу 180 евра за еден мегават-час, додека, пак, увозната цена на струјата сега се движи околу 100 евра. Ако ТЕЦ Неготино произведува струја од природен гас , таа би чинела околу 150 евра за мегават, што повторно е скапо. Ако електраната се гасифицира, искористеноста ќе се зголеми за 52%, но засега немаме конкретно решение“, објаснува за „Капитал“ Јовановски.

Тој вели дека последната информација која ја има од Владата е дека размислуваат електраната да заживее преку јавно-приватно партнерство.

„Може да се преориентираме во гасно-парен циклус, но за тоа ни требаат инвестиции. Треба да се ревитализира, гасифицира и автоматизира постоечката опрема. Иако ние можеме да работиме и со оваа опрема, сепак, се работи за стара технологија“, објаснува Јовановски.

Но, не е јасно зошто Владата со години најавува дека излезот за ТЕЦ Неготино да почне ефикасно да работи е гасификацијата, а сега ја осуетува сопствената идеја дека спасот за електраната е во јавно-приватно партнерство. Никој не кажува ниту зошто државата не инвестира во модернизација на ТЕЦ Неготино, туку бара инвеститор, кој ќе има сопственост во електраната и ќе одлучува дали струјата ќе ја извезува или ќе остане во Македонија?!

Сè уште нема детали ниту која е стратегијата за ТЕЦ Неготино конечно да влезе во погон, а да биде профитабилен наместо секоја година да „исцицува“ по околу три милиони евра само за одржување.

„Паралелно со завршување на првата фаза од гасификацијата, ќе ги преземеме сите активности потребни за пронаоѓање на стратешки партнер за ТЕЦ Неготино во трансформирање на термоцентралата од застарена и скапа технологија на мазут, во нова, модерна и еколошки прифатлива централа на природен гас. Притоа сериозно ќе ја разгледаме можноста тоа да биде комбинирана електрана, која покрај електричната енергија ќе произведува и топлина за загревање на систем од оранжерии кои ќе бидат изградени во близина на електраната. При реализација на овој проект, државата ќе задржи значајно учество во сопственоста на новата гасна централа“, пишува во Манифестот за реформи и развој на ВМРО-ДПМНЕ.

TЕЦ Неготино е енергетски капацитет стар 33 години, а од 2008 година не произведува струја. Оваа електрана и оваа година ќе биде ладна резерва, бидејќи неисплатливо е струја да се произведува од мазут. Според енергетскиот биланс, ТЕЦ Неготино и оваа година нема да произведува струја, туку ќе троши.

„Ако ТЕЦ Неготино не произведува струја и оваа година, ЕЛЕМ ќе има обврска да го снабди со струја. Изминатите неколку години сопствената потрошувачка на ТЕЦ Неготино во услови кога не работи е помеѓу 2-2,5 гигават-часови струја. Оттука, треба да се земе предвид дека ТЕЦ Неготино всушност ќе биде потрошувач, а не производител на електрична енергија“, неодамна изјави Марко Бислимовски, член на Регулаторната комисија за енергетика.

Јовановски се надева дека ТЕЦ Неготино ќе почне да работи откако ќе се изгради Клечовце-Штип-Неготино-Кавадарци кој продолжува до Битола. Јовановски објаснува дека од 2008 година оваа термоелектрана само интервентно влегува во погон. Според досегашната искористеност на капацитетите, ТЕЦ Неготино изработил околу 40.000 погонски часови, што е еднакво на седум години работење.

Експертите велат дека ако оваа електрана се гасифицира, годишно ќе произведува дополнителни 4.000 гигават-часови.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/79729/investitor_kje_go_spasuva_tec_negotino_.aspx?iId=2576



Posted By: axel
Date Posted: 27-Feb-2012 at 17:57

Владин приоритет ќе биде гасификација на Штип и ТЕЦ Неготино

Приоритет при реализацијата на проектот за гасификација на Македонија да биде правецот Клечовце-Штип-ТЕЦ Неготино, одлучи економскиот совет на Владата на денешната седница.

Во Владата соопштија дека за оваа намена ќе се искористат парите од Клириншкиот долг, односно од средствата кои Русија и ги должи на Македонија.

- Намерата е со првиот крак што ќе се изгради од гасоводот да опфатиме околу 96 километри должина на делница која е стратешки значајна за да се донесе гас до централното подрачје на Македонија, да се донесе енергенс  кој е еколошки чист и на тој начин да се создадат услови за трансформација на ТЕЦ Неготино од мазут, како што сега работи на гас - изјави по седницата вицепремиерот и министер за финасии Зоран Ставрески.

Доколку има интерес од концесионери на локација која е веднаш до сегашната термоелектрана Неготино, во иднина ќе се понуди изградба на уште една електрана на гас.

- Веќе имаме конкретна понуда од руска компанија, која од страна на Владата на Руската федерација е определена за партнер на Македонија во реализацијата на овој проект, што значи дека веќе е завршена фазата  на технички разговори, каде ќе минува трасата и колку ќе чини. Сега Владата се определи за оваа траса како приоритетна, а во понатамошните фази ќе се реализираат и останатите траси од магистралниот гасовод кои ќе ја опфатат делницата што ќе помунува преку Хамзали,  Струмица, Валандово  до границата со Грција, како и делот од Скопје, Тетово, Гостивар во однос на кои средства ќе добиеме од Европската банка за обнова и развој до крајот на следната година - вели Ставрески.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=3589



Posted By: ko4ani
Date Posted: 07-Oct-2014 at 22:13
Eve nesto od TEC
http://s1055.photobucket.com/user/iveco_mkd/media/20140521_151933_zps7761c33a.jpg.html">
- 360 metra mislam deka bese visok, a koga e slikano imase rabotinik koj gi fasadirase crvenite linii
http://s1055.photobucket.com/user/iveco_mkd/media/20140521_154327_zps6c38338c.jpg.html">
-pogled nakaj pogonite, golema povrsinja zafaka ne e se slikano
http://s1055.photobucket.com/user/iveco_mkd/media/20140521_154404_zpsc11a7afa.jpg.html">
http://s1055.photobucket.com/user/iveco_mkd/media/20140521_154409_zps4d5fe7fc.jpg.html">
- tuka go prenasocuvaat vodata od Vardar kon pogonite za ladanje na turbinite vo kanal, poa so tunel izleguva pa vo rekata


Posted By: gjoko
Date Posted: 07-Oct-2014 at 22:49
За да биде рентабилна оваа електрана треба до неа да се изгради двојно помоќна гасна турбина и да работат во спрега(слично како ТЕ-ТО во Скопје).Иначе струјата произведена вака е повеќе од дупло поскапа него најскапата увозна струја


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Nov-2020 at 18:23
Ќе се врати ли во живот ТЕЦ „Неготино“ со американски пари

Енергетскиот објект во срцето на Македонија, термоцентралата „Неготино“ би можел да се разбуди од повеќегодишната хибернација и повторно да заживее во вистински американски сон, доколку се реализираат најавите дека големиот конгломерат „Џенерал електрик“ би можел да инвестира во централата, а мазутот ќе го замени со гас.

„Дефинитивно очекуваме инвестиции за големи проекти кои што ќе дојдат и надвор од државата. Во моментов преговараме за гасни електрани со ‘Џенерал електрик’, поголеми од 800 мегавати кои сами по себе се 400 милиони евра. Дел од продажбата ќе биде и ТЕЦ ‘Неготино’ каде што очекуваме јавно приватно партнерство, или целосно продавање од страна на државата, заради инвестиција на гасна централа, која што во иднина исто би била димензионирана на централа на хидроген“, изјави завчера премиерот Зоран Заев при презентирање на Предлог-буџетот за 2021 година, откако овој документ беше усвоен на владина седница.

Оваа изјава на премиерот поттикна многу прашања околу иднината на термоцентралата и која освен производство на електрична енергија кога работи, претставува и голем извор на загадување поради енергенсот што го користи – мазутот.

Делумно поради тоа, а повеќе заради нерентабилното производство, ТЕЦ „Неготино“ со години е надвор од функција (последните 11 години не е во производство) и преставува ладна резерва на македонскиот енергетски систем. Се вклучува само во крајна нужда, кога треба да се покријат потребите кои инаку не можат да се обезбедат од домашните капацитети или со увоз на електрична енергија.

Изградена во далечната 1978 година ТЕЦ „Неготино“ со моќност од 195 мегавати (максимално 215 мегавати – речиси колку еден блок на РЕК „Битола) е вистински „голтач“ на мазут – дневно може да преработи 1.200 тони од ова нееколошко и скапо гориво и да произведе 4.680 мегават-часови електрична енергија, доволно да се задоволат 20 отсто од домашната потрошувачка на струја.

Но, и покрај тоа, термоцентралата во изминатите години буквално хибернира, бидејќи мазутот како гориво е скап, а со тоа и произведената струја што го прави нејзиното рабоење нерентабилно. Дури и да се тргнат на страна еколошките аспекти – цената на струјата е толкава што повеќе се исплати таа (струјата) да се увезува, наместо да се стави во погон термоцентралата, велат енергетичари.

Од друга страна, нејзиното чување како ладна резерва повлекува и ангажирање на голем број вработени – над 200 лица, што сето заедно ја чини државата (односно ЕСМ и МЕПСО) годишно околу 3 милиони евра. За овие четириесетина години колку што постои произлегува дека до сега се издвоени огромни 120 милиони евра.

Енергетичарите велат дека единствен период кога може да се каже дека била рентабилна е во почетокот на овој век, кога неколку години била дадена под наем на соседна Грција. Исто така, термоцентралата била во погон и претходно, до 1989 година, но со негативен придонес во вкупната цена на електричната енергија на домашниот пазар.

На прашањето дали се водат преговори со „Џенерал електрик“ и кога може да се очекува да инвестираат кај нас, вчера премиерот Заев не одговори конкретно, туку посочи дека за ТЕЦ „Неготино“ се обезбедува потребната документација.

„Документацијата ќе се изработи во следните неколку месеци“, рече Заев.

Станува збор за длабинско снимање на капацитетот, односно „дју дилиџенс“ и физибилити студија што треба да покаже дали ќе се оди на продажба или ќе се избере моделот јавно-приватно партнерство, согласно домашните закони.

„Верувам дека навремено ќе ги завршиме овие постапки затоа што без разлика дали опстојува ковид кризата или одминува, ние мислиме дека треба навремено да ги спроведеме, пред сѐ заради ефикасноста на самите институции. Тоа се наши домашни потенцијали кои што можат да растат и да бидат навистина европски и кои што ќе можат да го зголемат домашниот бруто-производ, да осигураат плати за вработените и нови работни места и да бидат конкурентни на пазарот“, рече вчера Заев зборувајќи за намерата на Владата покрај ТЕЦ „Неготино“ да ги приватизира и Пошта, МЖ Транспорт и други компании каде што таа се јавува како сопственик.

„Секако постои огромен интерес. Го издвојувам ТЕЦ ‘Неготино’, има огромен број компании кои што се заинтересирани заради географската локација, заради постојната можност да се искористи дел од системот во термоцентралата“, рече Заев.

Тој вчера не го спомена „Џенерал моторс“, но енергетичарите не ја исклучуваат таа опција, иако има и такви кои велат дека македонскиот пазар е мал за една толку голема компанија.

Инаку, дебатите за промена на енергенсот кој го користи ТЕЦ „Неготино“ за производство на електрична енергија траат одамна – практично речиси од нејзиното пуштање во работа во 1978 година. Направени се многу студии во кои се разгледувале економските и другите аспекти и можноста да се користи јаглен или гас, но до сега не е дојдено до решение.



Сите се согласуваат дека е добра намерата ТЕЦ „Неготино“ да се продаде или да се влезе во процес на јавно-приватно партнерство бидејќи овој капацитет изграден со руска технологија само прави трошоци. Сега, кога се гради гасната инфраструктура (гасоводот од Клечевце до Неготино), а уште повеќе со идното приклучување на Македонија кон гасоводот што минува низ Грција, односно изградбата на интерконекторот и можноста гас да се добива и од други извори, меѓу кои и американски преку ЛНГ терминалот на Александропулис, оваа ваквата можност станува сѐ пореална, велат нашите соговорници. Во целата таа постапка ќе се искористи постојниот објект, но најверојатно турбините ќе се заменат со целосно нови.

Главниот предизвик е потрошувачката на електричната енергија што ќе се произведе, бидејќи секоја компанија сака да има јасни информации каде ќе се пласира барем за наредните пет до 10 години. Особено кога станува збор за капацитет од 800 мегавати, што е повеќе од трите блока на РЕК „Битола“.

„Не треба да се гледа само пазарот во нашата земја, туку и во регионот, пред сѐ Грција, Албанија и Косово, каде што исто така може да се продава електричната енергија, а преку подводниот кабел со кој се поврзани Грција и Италија, тој пазар се проширува и на Апенинскиот полуостров“, велат енергетичари.

Ако до пред една година дискусиите со компании – потенцијални инвеститори завршувале со констатација дека македонскиот пазар е мал и поради тоа неатрактивен, актуелните процеси за регионално поврзување, но и зголемено американско присуство во регионот, особено на економски план, можат драстично да ја променат сликата, сметаат тие имајќи ги предвид најновите енергетски иницијативи.

Инаку ТЕЦ „Неготино“ не е во состав на Електрани на Северна Македонија (поранешно ЕЛЕМ), туку дејствува како независен правен субјект. Парадоксално, но иако не работи и не произведува електрична енергија, компанијата има профит. „Фактор“ неодамна објави дека оваа „ладна резерва“ на домашниот електроенергетски систем лани добила 3,15 милиони евра од ЕСМ и од МЕПСО, од кои 2,2 милиони евра биле потрошени за плати на 212 вработени, па компанијата дури на Владата ѝ исплатила и дивиденда од речиси 100.000 евра. Ланската добивка била 174.000 евра.

https://nezavisen.mk/kje-se-vrati-li-vo-zhivot-tec-negotino-so-amerikanski-pari/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 13-Nov-2020 at 19:03
1. ХИДРОГЕН Зошто бе, зошто толку неписменост?


2. Џенерал електрик, или џенерал моторс? Авторот веројатно мисли дека и Иран и Ирак се истото место. Исто е ама не е исто. Same same, but different.

3. ЛНГ е веројатно ТПГ.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Nov-2020 at 18:15
Реконструкцијата на ТЕЦ Неготино ќе ги чини идниот инвеститор меѓу 100 и 500 милиони евра

Најавата на Владата дека ТЕЦ Неготино, или уште наречената „ладна резерва“ во енергетскиот систем, ќе се понуди на продажба в година, заедно со неколку други компании во сопственост на државата, разбуди „стари духови“ и отвори нови прашања поврзани со (не)работењето на оваа централа кои се наметнуваат во јавноста во последните 10, и повеќе години. Пред сè поради фактот дека таа не произведува струја повеќе од 10 години, а за нејзино тековно одржување се трошат државни пари, околу 3 милиони евра годишно. Но, и затоа што досега имаше два неуспешни обиди за продажба, од кои последниот во 2006 година, токму во време на избори и смена на власта. При тоа, докрај останаа недообјаснети за јавноста главните причини-зошто пропаднаа обидите за продажба на странски инвеститор и за рестартирање на термоцентралата.

Дали следниот тендер за продажба преку јавно приватно партнерство ќе заврши успешно, останува да се види, но она што е извесно е дека ТЕЦ Неготино мора да се пренамени да работи, наместо на мазут, на гас. Но, засега уште нема услови за тоа, бидејќи уште се преговара за изградба на гасоводна конекцијата меѓу РСМ и Грција, и на поврзување на Неготино, од каде ТЕЦ би се снабдувала со гас за производство на електрична енергија.

„Во моментот размислувањата во Владата се дека истата треба да се понуди на приватен инвеститор или на продажба (приватизација) или преку моделот на јавно приватно партнерство. Потоа од самиот инвеститор би зависела оптималната техничка варијанта за реализацијата на тој инвестициски опфат. Во моментот ТЕЦ Неготино има инсталирана моќност од 230 мегавати, па логично е да се размислува дека евентуалниот потфат би се движел во рамките на овој капацитет, но повторно би напоменале дека самите приватни инвеститори би имале слобода на избор при техничкото решение“, велат од Владата за Мета.мк.

Нагласуваат дека, повеќе од јасно е дека евентуалниот купец на централата не би го користел мазутот, како главно гориво, како поради високата цена, но пред сè поради загадувањето на околината. ТЕЦ Неготино не произведува електрична енергија повеќе од 10 години, пред сè од економски причини, затоа што произведената електрична енергија од оваа термоелектрана има значително повисока цена од таа на ЕСМ, а и од моменталната цена на регионалните берзи на електрична енергија,

На прашањето на Мета.мк, колку одржувањето и неработењето на ТЕЦ Неготино во изминатите години ја чини државата, од Владата велат дека, иако термоцентралата е во државна сопственост, не добива средства директно од буџетот на РСМ. „Термоцентралата има договор со операторот на преносниот систем на електрична енергија, МЕПСО, за обезбедување на услуга за резерва на моќност, и за таа услуга одобрените трошоци од Регулаторната Комисија за енергетика се на висина од околу 3 милиони евра на годишно ниво“, велат од Владата.

Во минатото имаше иницијативи за модернизација на термоелектраната и за нејзина пренамена во електрана која ќе користи природен гас, но немаше неопходна инфраструктура за достава на природниот гас до самата електрана. Меѓутоа, како што потенцираат од Владата, во изминатите три години изградбата на магистралните гасоводи оди со забрзаното темпо, и направен е кракот од Штип до Неготино, кој продолжува кон Битола. Во финална фаза се и преговорите за изградба на гасоводот помеѓу РСМ и Грција и токму тој гасовод ќе дојде до Неготино.

„Со ова се создаваат сериозни предуслови за пренамена на оваа термоелектрана на природен гас, токму поради податокот дека ќе имаме пристап до гасот од неколку различни извори, од ТАП, од постојниот гасовод со Бугарија, како и на ЛНГ гасот од Грција. Со ова значително се подобрува сигурноста во снабдување со природен гас како и економската исплатливост на самата електрана“, појаснуваат од Владата.

Висината на инвестицијата за евентуална реконструкција или надградба пред сè ќе зависи од технологијата која ќе се примени како и од висината на инсталираниот капацитет на електраната. Најмалата инвестиција би се движела над стотина милиони евра, а највисоката би можела да биде и 500 милиони евра.

Инаку, ТЕЦ Неготино која во 1978 година е произведена за да работи на мазут и да служи како „ладна резерва“ во рамките на електропреносниот систем на Македонија, претставува втор електроенергетски објект по големина, после РЕК Битола, со расположива производствена моќност од 195 мегавати и максимална моќност од 215 мегавати. Централата дневно може да преработи 1.200 тони мазут и од него за 24 часа да произведе 4.680 мегават-часови електрична енергија, со што може да се задоволат дури 20 отсто од македонската потрошувачка на електрична енергија.

Поради високата цена на мазутот, оттаму и цената на произведената струја од оваа централа би била со висока и затоа е таа е оценета како нерентабилна. Најчесто, дури и самиот увоз на електрична енергија е поевтин извор за снабдување, отколку користењето на ТЕЦ Неготино. Сепак, и покрај тоа, централата вработува повеќе од 200 лица и за неа годишно се издвојуваат околу 2,8 милиони евра за сите трошоци. Според финансискиот план на ТЕЦ Неготино за 2019 г., објавен на нивната официјална веб страница, овие трошоци се за тековно одржување, плати на вработените хемикалии, реагиенси и материјали, ХТЗ опрема, други материјали за чистење и одржување и слично.

Уште од нејзиното пуштање со работа, постоеле размислувања централата да се пренамени и да биде сменето нејзиното гориво, од мазут на гас. Идејата се засили по последните десетина години, а посебно со отпочнување на изградбата на гасоводот од Клечевце до Неготино, планот за пренамена на централата да работи на гас, станува остварлив.

https://meta.mk/rekonstrukczijata-na-tecz-negotino-kje-gi-chini-idniot-investitor-megju-100-i-500-milioni-evra/


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Dec-2020 at 14:54
ТЕЦ Неготино ќе биде гасна централа или ќе се продава



Термоелектраната ТЕЦ Неготино ќе се трансформира како гасна централа преку јавно-приватно партнерство или ќе се продаде, најави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција. Ова премиерот го најави во рамките на приоритетните проекти од енергетиката за 2021.

- АД ТЕЦ Неготино распиша оглас за изработка на физибилити студија и во првата половина од 2021 година ќе се оцени дали ќе се гради нова гасна електрана на истата локација по моделот на јавно приватно партнерство или ќе се продава. Можната инвестиција е од 200 до 500 милиони евра, рече Заев.

Од преостантото рече дека интерконекторот за гасното поврзување со Грција ќе чини 54 милиони евра, од кои 10 ќе бидат платени од ЕУ како грант, а следната година ќе се заврши магистралниот крак Тетово - Гостивар - Битола,

- Во 2021 ќе започне втората фаза од тендерската постапка за дистрибуција на гасот по општините, а Штип и Крива Паланка имаат готова документација и се нјаблиску, по Струмица и Куманово, до гасифицирање, изјави Заев.,

Потсети дека огласот за хидропроектот „Кебрен“ заврши пред три дена и дека има 10 заинтересирани компании, од кои доминантно од Европа и една од Кино.

https://faktor.mk/tec-negotino-kje-bide-gasna-centrala-ili-kje-se-prodava


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Dec-2020 at 13:56
Физибилити студија ќе одлучи дали ТЕЦ „Неготино“ ќе се продава или ќе оди под јавно-приватно партнерство

На повидок е решавање на идната позиција на ТЕЦ „Неготино“ на енергетскиот пазар во земјава. На Електронскиот систем за јавни набавки вчера беше објавен јавниот повик кој ќе трае до 22 јануари следната година, до кога треба да се достават понудите од заинтересирани компании за изработка на физибилити студија за оправданоста за доделување на договор за јавно-приватно партнерство или за евентуална продажба на ТЕЦ „Неготино“, согласно Законот за концесии и за ЈПП. Рокот за завршување на физибилити студијата по изборот е 3 месеци, а главниот критериум при изборот е во соодносот на цената и на квалитетот, 40 со 60.

Според условите во јавниот повик, студијата треба да содржи архитектонски, инженерски и интегрални услуги за просторно планирање за уредување на земјиштето, како и други технички услуги. Компанијата што ќе биде избрана, меѓу другото, треба да достави потврда дека нема отворена стечајна постапка или ликвидација, дека има платени даноци и други јавни давачки, нема казна или забрана за учество во постапки за јавен повик, доказ за економско финансиската состојба, а нејзиниот минимален годишен приход треба да изнесува 18 милиони денари. Исто така, економскиот оператор треба да има изработено минимум една физибилити студија од најмалку 6 милиони денари во РСМ во последните 3 години и да изработил најмалку три стратешки проекти во последните три години во областа на енергетика во земјите на ЈИЕ, од кои барем еден во земјава.

Инаку, Владата во рамки на најавите за планираните енергетски проекти веќе најави дека ТЕЦ „Неготино“, којшто се нарекува и „ладна резерва“ во енергетскиот систем на земјава, ќе се понуди на продажба в година. Засега останува неизвесно, дали принципот на продажба ќе оди преку јавно-приватно партнерство со државата или со 100 процентна продажба на приватен инвеститор.

Она што е клучно за идната термоцентрала, како што планира Владата, е таа да работи на гас. Но, за тоа претходно е потребно да се изгради гасоводната конекција меѓу РСМ и Грција, со што ќе се овозможи набавка на природен гас за ТЕЦ „Неготино“. Инаку, Неготино веќе е приклучено и на гасоводниот систем преку магистралниот гасовод Штип-Неготино-Кавадарци.

Како што веќе изјавија од Владата за „Мета.мк“, во изминатите 10 години колку што не работи ТЕЦ „Неготино“, преку Регулаторната Комисија за енергетика се покриваат тековни трошоци од околу 3 милиони евра на годишно ниво за техничко одржување на термоцентралата. Според прелиминарните пресметки на Владата, висината на инвестицијата за реконструкција или за надградба би се движела од 100-тина до 500 милиони евра, зависно од технологијата што ќе се вгради.

ТЕЦ „Неготино“ е изградена во 1978 година и е втор електроенергетски објект по големина во земјава, после РЕК Битола, со производствена моќност од 195 мегавати и максимална моќност од 215 мегавати. Дневно може да преработи 1.200 тони мазут и од него за 24 часа да се произведат 4.680 мегават-часови електрична енергија, што е доволно за 20 отсто од вкупната потрошувачка во земјава.

https://meta.mk/fizibiliti-studija-kje-odluchi-dali-tecz-negotino-kje-se-prodava-ili-kje-odi-pod-javno-privatno-partnerstvo/


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Jun-2021 at 11:33
Започна продажбата на ТЕЦ Неготино, за 8,7 милиони денари ќе се прави физибилити студија

Зелената агенда на Владата продолжува со изборот на друштвото за инженеринг и консалтинг Коленко, која за 8,7 милиони денари ќе треба да направи физибилити студија за продажба или за јавно-приватно партнерство за термоцентралата ТЕЦ Неготино.

Термоцентралата, според претходните најави, ќе се трансформира во гасна централа преку јавно – приватно партнерство или ќе се продаде. Можната инвестиција е од 200 до 500 милиони евра со нови 100 мегавати зелена енергија, како што најави минатата година премиерот Зоран Заев.

Владата претходно најави дека десетина светски компании од енергетскиот сектор го посакуваат ТЕЦ Неготино, а една од нив е Џенерал Електрик. Централата, во сопственост на државата, која е ладна резерва за македонскиот енергетски систем, поради мазутот на кој работи не е во функција повеќе од 10 години.

Кој модел ќе се избере, ќе се одлучи кога ќе биде готова физибилити студијата. Термоелектраната близу Неготино има околу 200 вработени. Последен пат струја произвела пред 11 години, но според менаџментот, постројките континуирано се одржуваат. Електраната остварува приходи бидејќи има договор со МЕПСО и дава услуга „резервна моќност на електро енергетскиот систем во случај на недостиг на електрична енергија“.

Владата претходно објави дека за неколку државни загубари, но и за ТЕЦ Неготино се бара стратешки партнер. Минатата недела сопствениците на турската „Фортис енеџи“ и бугарскиот „Солар Про“ го потпишаа договорот со Владата и со АД ЕСМ за јавно-приватно партнерство, откако го добија тендерот за изградба на фотонапонска централа кај РЕК Осломеј.

Проценката е дека двете компании ќе инвестираат од 70 до 80 милиони евра како дел од енергетската транзиција кон обновливи извори на енергија. Премиерот Заев рече дека станува збор за голем проект од 100 мегавати.

Мината недела австриската групација Ерсте Груп објави дека ќе инвестира 51 милион евра во ветерен парк кај Богословец, додека германската фирма „Впд“ соопшти дека ја известила Владата за планот да изгради парк со ветерници со моќност од дури 400 мегавати во близината на Куманово со поднесено барање за статус на стратешки проект што ќе му даде повластен третман.

https://faktor.mk/zapochna-prodazbata-na-tec-negotino-za-87-milioni-denari-kje-se-pravi-fizibiliti-studija


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Oct-2021 at 17:19
Земјава има резерви на мазут за помалку од еден месец да ја покрие работата на ТЕЦ Неготино

[tube]3cPv2L2WZXc[/tube]

https://telma.com.mk/2021/10/29/земјава-има-резерви-на-мазут-за-помалк/ - https://telma.com.mk/2021/10/29/земјава-има-резерви-на-мазут-за-помалк/


Posted By: ehrlich
Date Posted: 29-Oct-2021 at 18:28
Добро бе, над 500 вработени има централава, чии плати ги покриваме, ама не може да се покрие резерви мазут за шест месеци да стојат на залиха до централава цело време. Па не за џабе се води како „ладна резерва“.

Неспособност.


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Nov-2021 at 15:02
НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА Е ТЕЦ НЕГОТИНО И најмал дефект би можел да предизвика хаварија



Владата најави дека ќе ја искористи енергетската „ладна резерва“ ТЕЦ Неготино за да го намали ударот од енергетската криза. Планирано е термоелектраната да се активира од декември и да работи до април следната година, за што дополнително треба да се набави мазут, бидејќи моменталните резерви изнесуваат околу 17.000 тони и се дел од државните резерви. Овие количевства ќе бидат потрошени за само две недели, ако се знае дека дневно за централата ќе се користат по 1.200 тони мазут.

Најавено е дека тендерот треба да го распише ЕСМ, а првиот контингент ќе го плати Владата. Сè уште не се знае кога ќе биде објавен тендерот за обезбедување мазут за работа на термоелектраната во периодот во кој е планирано да работи.

Владата, како што велат оттаму, ќе ја помогне набавката на мазут потребен за период од еден месец, во што ќе учествува и ЕСМ со свои средства. Обратните средства кои ќе се остварат со производството на електрична енергија во првиот месец, ќе бидат искористени од страна на ЕСМ за набавка на мазут за понатамошно производство, доколку од истото има потреба.

– Целокупниот процес на рестартирање на ТЕЦ Неготино ќе подлежи на пробен период и проверка на функционалноста на опремата – велат од Владата.

Оттаму велат повеќе информации околу техничката подготвеност на термоелектраната треба да дадат од ТЕЦ Неготино, но од термоелктраната засега нема никаква информација во каква состојба е термоелектраната и дали може да се вклучи во електроенергетскиот систем во толку краток рок по долгогодишното неработење.

Експертите од енергетиката велат дека не треба да се брза со ставањето во погон на термоелектраната бидејќи таа не работела од 2007 година. Пред тоа треба да се изврши добра техничка проверка, иако се претпоставува дека редовно била одржувана бидејќи државата годишно за нејзино одржување вложува по околу 3 милиони евра и постојат протоколи за одржување за време на конзервација кои предвидуваат и еднаш годишно да се активира.

Спиро Мавровски кој во секторот енергетика е 35 години и е поранешен директор за производство во РЕК Битола, вели дека пред да се пушти во работа ТЕЦ Неготино треба да се изврши целосен технички преглед на сите делови од централата за да не се случи потоа хаварија.

– Не знам во каква состојба е моментално термоелектраната и не сакам да шпекулирам околу тоа, но без целосна техничка проверка на сите нејзини делови таа не треба да се пушта во електроенергетската мрежа. Не треба да се брза со нејзино активирање. Раководниот и технички тим на термоелектраната треба да каже дали е можно нејзино активирање, пред да се случат хаварии, не само во неа туку и во системот па да се најдеме во полоша состојба отколку да задоцниме со нејзиното активирање. Колку што разбрав планирано е активирање на двата блока, а за проверки е кусо времето ако се планира пуштање од 1 декември – вели Мавровски.

Тој предлага да се активира целиот расположив човечки потенцијал кој добро ја познава проблематиката за да може успешно и во кус рок да се изврши технички прием на ТЕЦ Неготино.

– Беше најавено дека ќе се ангажира кадар од РЕК Битола да помогне, но јас мислам да се ангажираат и други луѓе за да се провери секој детаљ во производниот дел на термоелектраната пред да се пушти во производство. Зашто колку и да била одржувана таа не е вклучена да работи од 2007 година, односно 14 години, па можно е да се истрошени некои делови, можеби ситници кои би придонеле за хаварија при активирањето. Сметам дека треба да се вклучи во системот кога ќе бидеме сигурни дека таа е технички исправна и подготвена за работа – вели Мавровски.

Според него, порано термоелектраната се вклучувала во системот почесто, но зошто од 2007 година не е активирана ниту еднаш не може да каже.

Според него, добро е што ќе проработи термоелектраната бидејќи цената на струјата што ќе ја произведува ќе биде за најмалку 100 евра поевтина од цената на електричната енергија на берзите.

И професорот Константин Димитров вели дека техничка контрола треба да се направи пред да се пушти во работа термоелектраната, но тој вели дека тоа треба да се направи контрола на заштитните елементи кои се најважни.

Да бидам појасен, не се проблем ’рѓосаните делови, тие ќе се исчистат, туку се проблем најпотребните делови, а прво и најважно е да се проверат заштитните елементи. Се надевам дека изминатите години додека термоелектраната беше конзервирана вработените во ТЕЦ Неготино ги вршеле контролите редовно како што бараат протоколите за тоа и еднаш годишно ја активирале. Техничката контрола може да се заврши брзо, ако тоа било редовна практика и ако сега работниците работат во три смени и имаат испомош од искусен технички кадар од РЕК Битола. Протоколите се јасни што треба да се контролира, односно да се види секој дел дали е во добра состојба. Најзначајно сега е да се проверат заштитните елементи. Евентуален застој на проверките би имало само ако откажале некои делови од заштитата бидејќи набавката на нови е побавна. Сепак сметам дека искусни луѓе, а верувам дека ги има во нашиот енергетски систем, ќе помогнат да се премостат и таквите недостатоци за да се почне со производство во планираниот рок – вели Димитров.

Одговори за овие и други прашања се обидовме да добиеме од генералниот директор на компанијата, но тој на телефонските повици не се јавува. Не добивме одговор ниту на прашањата испратени на официјалниот мејл на ТЕЦ Неготино. Сакавме да добиеме појаснувања во каква состојба моментално се наоѓа термоелектраната, дали и за колку дена има обезбедено мазут, колку често се правени технички проверки додека термоелектраната била вон функција.

ТЕЦ Неготино е втор најголем енергетски капацитет во земјава по РЕК Битола. Изградена е во 1987 година кога е и првпат синхронизирана во електро енергетскиот систем на тогашното ЕСМ. Главен енергенс на кој работи е мазутот со можност да се пренамени на гас.

Термоелектраната има производствена моќност од 195 мегавати и максимална моќност од 210 мегавати. Централата дневно може да преработи 1.200 тони мазут и од него за 24 часа да произведе 4.680 мегават-часови електрична енергија, со што може да се задоволат дури 20 отсто од македонската потрошувачка на електрична енергија.

Годишниот капацитет на термоелектраната изнесува 1.200 гигават часови произведена електрична енергија при работа од 7.000 погонски часови. За ова производство се потребни околу 300.000 тони мазут.

Според основниот концепт за изградба на термоелектраната таа треба да има два блока со моќност од по 210 мегавати, со тоа што изградбата би се одвивала во две фази: првата фаза предвидувала изградба на еден блок од 210 мегават часови со сета придружна инфраструктура за два блока (оџак, црпна станица за разладна вода, мазутно стопанство, постројки за хемиска подготовка на водата, помошна котларница) и втора фаза изградба на втор блок од 210 мегавати. Реализирана е само првата фаза т.е изградба на постојниот блок од 210 мегаватчасови со сета придружна инфраструктура така што сега на оваа локација инфраструктурата овозможува изградба на уште еден блок од 210 мегавати, на погонско гориво мазут, јаглен или гас.

Последната информација за бројот на вработени е 200 работници.

Во изминатиот период имаше различни експертизи за опстојувањето на овој енергетски објект од негова пренамена на гас па се до продажба на странски инвеститори, но тој остана „ладна резерва“ на енергетскиот систем која ретко се активираше до сега.

Термоелектраната, според графиконот објавен на веб страницата, редовно работела до 1989 година. Потоа се одржува на ниско производство се од 1090 година кога повторно е активирана се до 2003 година. Последен пат во системот е вклучена во 2005 година и од тогаш воопшто не е користена, односно е конзервирана.

Досега се направени три неуспешни обиди за продажба на термоелектраната. И оваа влада неодамна најави дека планира да ја отуѓи по пат на јавно-приватно партнерство, но по се изгледи се откажа откако почна енергетската криза. Владата во програмата имаше план да ја приклучи ТЕЦ Неготино и на гасоводот Неготино – Битола, а во игра беше и гасоводот од Грција.

Термоелектраната е во државна сопственост, но не добива средства директно од буџетот на државата. Таа има договор со операторот на преносниот систем на електрична енергија, МЕПСО, за обезбедување на услуга за резерва на моќност, и за таа услуга одобрените трошоци од Регулаторната Комисија за енергетика се на висина од околу 3 милиони евра на годишно ниво.

Имаше и предлог овој производствен капацитет да стане дел од ЕСМ.

Со последната одлука за нејзино активирање владата даде согласност да се склучи договор за деловно-техничка соработка меѓу АД ЕСМ и АД ТЕЦ Неготино за набавка на мазут и за производство на електрична енергија, во периодот декември 2021 година до април 2022 година, со можност за понатамошна соработка доколку за тоа има потреба.
Според овој договор, кој ќе ги регулира правата и обврските на двете страни, АД „ЕСМ“ ќе ја набави потребната количина мазут за функционирање на ТЕЦ Неготино и ќе ја преземе целокупната произведена електрична енергија.

https://plusinfo.mk/niko-ne-znae-vo-kakva-sosto-ba-e-tec-negotino-i-na-mal-defekt-bi-mozhel-da-predizvika-havari-a/ - https://plusinfo.mk/niko-ne-znae-vo-kakva-sosto-ba-e-tec-negotino-i-na-mal-defekt-bi-mozhel-da-predizvika-havari-a/


Posted By: stef4o
Date Posted: 02-Dec-2021 at 15:25
ТЕЦ НЕГОТИНО НЕМА ДА ПРОРАБОТИ НИ ВО ЈАНУАРИ Проблематична е набавката на мазут

Не се знае кога ќе проработи ТЕЦ Неготино, бидејќи сè уште не се обезбедени потребните количини мазут за нејзино стартување. Компаниите кои увезуваат мазут до вчера требаше да достават понуди на јавниот повик распишан од ЕСМ, но сè уште нема информација дали има понуди за обезбедување на бараните количини мазут. Со оглед на должината на траење на тендерските постапки, може да се очекува ТЕЦ Неготино да биде вклучена најрано во втората половина на јануари следната година, велат познавачи на состојбата.

Моментално на располагање на термоелектраната се 17.000 тони мазут кои се од државните резерви и се доволни за 2 недели работа, бидејќи дневно централата може да преработи 1.000 до 1800 тони мазут под услов да се активираат двата блока.

Од владата информираат дека по завршување на постапката за набавка на мазут ТЕЦ Неготино ќе се вклучи во производство.

– Распишан е јавен оглас за набавка на мазут и се очекуваат понудите. По набавката и доставата на мазутот, и ТЕЦ Неготино ќе се вклучи во производство – одговорија кусо од Владата.

Од ЕСМ, пак, само информираа дека постапката за набавка на мазут не е завршена.

На тендер ЕСМ бара набавка на мазут за трите термоелектрани во земјава: Осломеј, Битола и Неготино, што дополнително ја усложнува набавката бидејќи и количините се големи.

Првиот човек на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ за телевизија 24 изјави дека комбинатот е редовно одржуван и веднаш штом се набави мазут може да почне со работа.

Експертите велат дека досега требало да биде обезбеден мазутот, со оглед дека неколку месеци се зборува дека термоелектраната ќе се активира од декември. Тие не веруваат дека ТЕЦ Неготино ќе проработи пред втората половина на јануари.

– Со оглед дека подолг период се најавува активирање нa ТЕЦ Неготино досега требаше да биде набавен мазутот, но сега може да се има тешкотии околу набавката бидејќи се бараат големи количини. Само за оваа термоелектрана дневно се потребни меѓу 1.000 и 1800 тони мазут ако работат двата блока. На пазарот сега има голема побарувачка и на овој енергенс, па тешко дека ќе се обезбедат во краток период. Ако се оди со редовна тендерска постапка, потребни се најмалку 45 дена, а тоа е период кој не ветува дека ТЕЦ Неготино ќе добие мазут во декември. Меѓутоа, ако се оди со брзи постапки во кои не се запазуваат процедурите тогаш може да се очекува мазут и порано – вели Спиро Мавровски поранешен директор за производство во РЕК Битола,

Тој не очекува стартување на ТЕЦ Неготино во декември, но вели втората половина на јануари би можело да се стартува, под услов да се обезбеди мазут.

-Ако сега не се обезбедат потребните количини во јануари, односно во периодот на пораст на енергетската криза и зголемена побарувачка на струја, многу тешко ќе се направи набавка. Таква е и набавката со јаглен за термоелктраните во Осломеј и Битола. Со оглед дека нема доволно информации околу овие набавки, тешко дека до централите доаѓа јагленот – додава Мавровски.

Професорот Антон Чаушевски вели дека за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино има добри технички можности иако се доцни со тендерот.

– За работа во текот на зимскиот период од околу 4 месеци како се планира, потребни би биле околу 100.000 илјади тони мазут. Истите би се набавувале континуирано преку железница од околу 1.000 тони на ден, што секако е транспортно изводливо и економски поприфатливо во споредба со набавка на потребните количини на јаглен за другите термоцентрали во Битола и Осломеј – вели Чаушевски.

Активирањето на ТЕЦ Неготино, вели тој, значи подобрување на енергетската ситуација во Македонија и помала зависност од увозната електрична енергија со висока непредвидлива цена.

– Од економски аспект, производната цена од ТЕЦ Неготино со набавка на мазут значи производна цена од околу 170 евра по мегават час произведена електрична енергија, наспроти увозната електрична енергија која денес чини и над 250 евра по мегават час. Од технички аспект, активирањето на домашен капацитет, поготово на ТЕЦ Неготино ќе значи подобрување на приликите како и квалитетот на електрична енергија, во споредба со увозна импортирана електрична енергија. Трета предност на активирање на овој капацитет е тоа што се наоѓа и географски и енергетски во централниот јазол на електроенергетскиот систем на Македонија каде се вкрстуваат главните 400 киловолтни далноводни линии, што значи зголемена доверливост во снабдувањето со електрична енергија – додава тој.

Владата најави дека ќе ја искористи енергетската „ладна резерва“ ТЕЦ Неготино за да го намали ударот од енергетската криза. Планирано е термоелектраната да работи до април следната година.

ТЕЦ Неготино е втор најголем енергетски капацитет во земјава по РЕК Битола. Изградена е во 1987 година кога е и првпат синхронизирана во електро енергетскиот систем на тогашното ЕСМ.

Термоелектраната има производствена моќност од 195 мегавати и максимална моќност од 210 мегавати

Годишниот капацитет на термоелектраната изнесува 1.200 гигават часови произведена електрична енергија при работа од 7.000 погонски часови. За ова производство се потребни околу 300.000 тони мазут.

https://plusinfo.mk/tec-negotino-nema-da-proraboti-ni-vo-anuari-problematichna-e-nabavkata-na-mazut - https://plusinfo.mk/tec-negotino-nema-da-proraboti-ni-vo-anuari-problematichna-e-nabavkata-na-mazut


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Dec-2021 at 14:03
Се полнат складиштата со мазут, ТЕЦ „Неготино“ од наредна недела во погон

ТЕЦ „Неготино“ од наредната недела ќе започне со производство на електрична енергија. Од АД Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) информираат дека во моментов се полнат складиштата на мазут во термоелектраната, а коишто количини ќе бидат неопходни за стартување на термоцентралата и континуирано производство на електрична енергија во следниот период.

Мазутот се доставува со секојдневна динамика според пресметките на капацитетот за прием. Заеднички увид во подготовките на термоцентралата извршија генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, генералниот директор на ТЕЦ „Неготино“, Небојша Стојановиќ и членови на управните одбори на двете акционерски друштва, информираат од АД „ЕСМ“.

ТЕЦ „Неготино“ како државна електрана, има статус на ,,ладна резерва” во електро-енергетскиот систем и од страна на вработените се одржува во состојба на готовност за вклучување во погон.

ТЕЦ „Неготино“ сега се вклучува во услови на глобална енергетска криза и енормен раст на цената на електричната енергија. Досега производната цена на оваа термоцентрала беше висока, но сега е пониска во споредба со увозот на енормно високата цена на струјата што би се набавувала на меѓународните берзи.

Моќноста на ТЕЦ „Неготино“ е околу 180 мегавати, односно речиси колку еден блок на РЕК „Битола“. Доколку ТЕЦ „Неготино“ работи со еден котел цената за производство на струја ќе изнесува околу 175 eвра/мегават-час, додека ако работи со два котла ќе изнесува околу 150 eвра/мегават-час. Наспроти ова, моменталната цена на струјата што се продава на меѓународните берзи се искачи на над 300 евра за мегават-час електрична енергија.

Термоелектраната „Неготино“ е изградена во 1978 година, а последен пат работела во производството на електрична енергија во 2009 година.

https://meta.mk/se-polnat-skladishtata-so-mazut-tec-negotino-od-naredna-nedela-vo-pogon/ - https://meta.mk/se-polnat-skladishtata-so-mazut-tec-negotino-od-naredna-nedela-vo-pogon/


Posted By: user8642
Date Posted: 11-Dec-2021 at 17:44
Која вукојебина, мазут и 2021-ва година.


Posted By: stef4o
Date Posted: 28-Dec-2021 at 17:42
ТЕЦ НЕГОТИНО ПО 12 ГОДИНИ „ЛАДНА РЕЗЕРВА“ ЗАПОЧНА СО ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА ОД ЕДЕН КОТЕЛ, ВТОРИОТ ЌЕ СЕ АКТИВИРА ВО ЈАНУАРИ

По 12 години пауза како „ладна резерва“, започна со работа ТЕЦ Неготино. Директорот Небојша Стојановиќ уверува дека ќе го исполнат договорот со АД ЕСМ за производство на електрична енергија. Започнале со работа на 18 декември, половично со еден котел од двата инсталирани.

„Произведуваме дневно 2 милиони киловат часови, производството се одвива во континуитет. Работиме со еден котел, вториот треба да го активираме во средината на јануари“, кажа Небојша Стојановиќ, директор на ТЕЦ Неготино.

За почеток на работата на термоелектраната биле обезбедени 38 илјади тони мазут, преку јавен оглас на АД ЕСМ, со кои таа може да работи непречено до средината на јануари. За следните четири месеци, додека трае грејната сезона, до крајот на април, АД ЕСМ планира да објави нов јавен повик за набавка на мазут. На претходниот се јавила само една лиценцирана компанија на мазут, од шесте кои работеле во Македонија.

„РЕК Битола работи со двата блока, во функција е ТЕЦ Осломеј, хидропотенцијалот ни дава можност за активирање на производство на електрична енергија. Во јануари ќе го вклучиме третиот блок во РЕК Битола и вториот котел во ТЕЦ Неготино. Со тоа целокупниот капацитет на државата ќе биде во функција и ќе произведува електрична енергија“, кажа Васко Ковачевски, директор на АД ЕСМ.

Надлежните тврдат за разлика од регионот, каде веќе има рестрикции, во Македонија за граѓаните и малите потрошувачи немало да има, бидејќи целиот расположлив капацитет за производство во земјава, бил или ќе биде ставен во функција. Во овој период на енергетска криза биле ставени во погон сите енергетски постројки во земјава.

„Успеваме да ги обезбедиме сите неопходни количини на јаглен, со дополнителни ископи на рудниците во РЕК Битола, со набавка на увозен јаглен кој овој период доаѓа од Косово и Албанија, како и од домашниот рудник во Берово. Обезбеденото количество мазут доаѓа преку пристаништето во Солун. Со овие капацитети ќе ја издржиме грејната сезона и ќе излеземе од енергетската криза“, додаде Ковачевски.

Термоелектраната ТЕЦ Неготино не работеше од 2009 година, а таа има моќност на производство на струја од 195 до 215 мегавати.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/tets-negotino-po-12-godini-ladna-rezerva-zapochna-so-proizvodstvo-na-struja-od-eden-kotel-vtoriot-ke-se-aktivira-vo-januari/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/tets-negotino-po-12-godini-ladna-rezerva-zapochna-so-proizvodstvo-na-struja-od-eden-kotel-vtoriot-ke-se-aktivira-vo-januari/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 29-Dec-2021 at 01:45
Поминав на 23-ти и ниту чадеше оџакот ниту светлата беа запалени.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Feb-2022 at 08:32
Никој не се јавил за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, од денеска ќе има нов обид

Ниту една понуда не стигнала до АД ЕСМ за набавка на мазут за производство на електрична енергија за време на грејната сезона од ТЕЦ Неготино.

Повикот за 150.000 тони мазут заврши вчера, по што требаше да се отворат понудите, но од државните електрани денеска ќе го повторат огласот затоа што не стигнала ниту една понуда што би одговарала на поставените услови.

- За предметната набавка не е пристигната ниту една понуда. Од тие причини, огласот повторно ќе биде објавен во текот на утрешниот ден, гласи одговорот кој во текот на вчерашниот ден го добивме од ЕСМ.

За почеток на работата на термоелектраната во јануари беа обезбедени 38 илјади тони мазут, преку јавен оглас на АД ЕСМ, барем според она што беше објавено во медиумите. За следните четири месеци, додека трае грејната сезона, до крајот на април, АД ЕСМ објави дека планира да излезе со нов јавен повик за набавка на мазут. На претходниот се јавила само една лиценцирана компанија на мазут, од шесте кои работеле во Македонија.

ТЕЦ „Неготино“ има вкупен расположив капацитет за производство од 180 мегавати, што е приближно еден блок на РЕК Битола, но досега не го вклучи вториот котел за зголемување на домашното производство на електрична енергија иако имаше такви најави.

ЕСМ не ја објави тендерската документација за да се види по која цена, односно по кои услови ќе се купува мазутот. Пред две недели Владата на ЕСМ му исплати 10 милиони евра, сума во која меѓудругото се предвидува да се набави и мазут за ТЕЦ Неготино.

https://faktor.mk/nikoj-ne-se-javil-za-nabavka-na-mazut-za-tec-negotino-od-deneska-kje-ima-nov-obid - https://faktor.mk/nikoj-ne-se-javil-za-nabavka-na-mazut-za-tec-negotino-od-deneska-kje-ima-nov-obid


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Feb-2022 at 10:30
Повторно една компанија со понуда за мазут за ТЕЦ Неготино

Една понуда од втор обид е пристигната до АД ЕСМ за набавка на мазут за производство на електрична енергија за време на грејната сезона од ТЕЦ Неготино.

Вториот повик за набавка на 150.000 тони мазут кој заврши минатата недела, по што требаше да се отворат понудите, завршил со една понуда и истата е предмет на техничка и финансиска евалуација, информираат од државните електрани.


Како што велат од таму, ТЕЦ Неготино и натаму работи со еден котел, со максималниот инсталиран капацитет од 90 мегавати.

Пред 10 дена директорот на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ изјави дека термоелектраната има резерви на мазут за 20 дена. Отворањето на понудите на првиот тендер беше закажано за 2 февруари кога завршуваше. Од компанијата информираа дека на тендерот немало ниту една понуда и најавија нов повик. Изборот на фирмата која требаше да ја снабдува сукцесивно според потребите на ТЕЦ Неготино требаше да биде според најниската цена.

За почеток на работата на термоелектраната во јануари беа обезбедени 38 илјади тони мазут, преку јавен оглас на АД ЕСМ, барем според она што беше објавено во медиумите. За следните четири месеци, додека трае грејната сезона, до крајот на април, АД ЕСМ објави дека планира да излезе со нов јавен повик за набавка на мазут. На претходниот се јавила само една лиценцирана компанија на мазут, од шесте кои работеле во Македонија.

ТЕЦ „Неготино“ има вкупен расположив капацитет за производство од 180 мегавати, што е приближно еден блок на РЕК Битола, но досега не го вклучи вториот котел за зголемување на домашното производство на електрична енергија иако имаше такви најави.

ЕСМ не ја објави тендерската документација за да се види по која цена, односно по кои услови ќе се купува мазутот. Пред три недели Владата на ЕСМ му исплати 10 милиони евра, сума во која меѓудругото се предвидува да се набави и мазут за ТЕЦ Неготино.

Со последната одлука на Влада дополнително ЕСМ ќе добије уште 47 милиони евра.. Со овие пари државните електрани треба да купуваат струја, јаглен и да се покријат загубите на МЕПСО.

„Ние даваме за да се подобри ликвидноста, а ЕСМ во дел на загуби на МЕПСО има приходи и во дел на управување со топлинската енергија има приходи. Кога ќе заврши кризна состојба кон крај на март или средина на април ќе се направи баланс од средствата кои треба да се вратат во ЕСМ од тоа што ние сме трансферирале од буџетот.“ изјави претходно Крешник Бектеши, министер за економија.

Парите околу 47.154.000 евра, ЕСМ ќе треба да ги искористи за реализација на мерките за обезбедување дополнителни количини на електрична енергија, информираше претходно Владата по завршувањето на владината седница.

https://faktor.mk/povtorno-edna-kompanija-so-ponuda-za-mazut-za-tec-negotino - https://faktor.mk/povtorno-edna-kompanija-so-ponuda-za-mazut-za-tec-negotino



Print Page | Close Window