Print Page | Close Window

Билборди

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=774
Printed Date: 27-Apr-2024 at 21:03


Topic: Билборди
Posted By: lslcrew
Subject: Билборди
Date Posted: 16-Sep-2008 at 14:48
НИКОЈ НЕ ГО КОНТРОЛИРА РЕКЛАМИРАЊЕТО
Билбордите го пукнаа таванот на зградата до Црвен крст
Проверка на огромните билборди не направила ниту инспекцијата на Градот ниту пак инспекцијата на Општина Центар

На покривот на зградата на улица 11 Октомври веднаш до Црвениот крст, се поставуваат огромни билборди, за кои станарите се жалат дека ќе го урнат целиот покрив. Билбордите не се со стандардни димензии, туку се огромни и уште за време на нивното поставување станарите од последниот кат велат дека почнале да им пукаат таваните и да им пропуштаат вода. Тие стравуваат дека ако задува посилен ветер, билбордите ќе го откорнат целиот покрив и бараат надлежните да ги отстранат. Се јавиле во Градот и во Општина Центар, но ниту од едно место не се појавила инспекција.
" Ние дадовме согласност на покривот да се стави билборд, но тогаш сметавме дека ќе се поставуваат билборди со стандардни димензии. Сега кога видовме колкаво чудо ни се поставува на глава и кога почнаа да ни пукаат таваните и sидовите, веднаш се јавивме во полиција и на надлежните во Градот и во Општина Центар. Ни рекоа дека ќе дојдат да видат дали се почитуваат правилата за поставување билборди, но никој не дојде", се жали станарка од последниот кат во зградата.
Билбордите што се на покривот на зградата и од земја се гледа дека се многу поголеми од максимално дозволените 12 квадрати за билборд што ги пропишаа градските власти. Жителите на зградата велат дека билбордите се високи колку два ката од нивната зграда. Од Градот велат дека не излегле на терен, бидејќи билбордите, поради тоа што се поголеми од 12 квадртани метри, се надлежност на Општина Центар која за нив издава одобренија за градење и нивна е обврската да направат контрола.
"Општинските градежни инспектори, во случајов Општина Центар, треба да ги контролира оние билборди кои се поставени на покривите во смисла на тоа дали имаат градежна дозвола, бидејќи обично се работи за големи конструкции кои имаат влијание и на статиката на зградата или куќата и затоа треба да имаат соодветна техничка документација", велат од Градот.
Од Општина Центар, пак, велат дека контролата е обврска на Градот, бидејќи зградата излегувала на две градски улици. Од таму не сакаа да кажат дали издале одобрение за градење за билбордите и за сите прашања упатуваат во Градот.
Билбордот го поставува маркетинг агенцијата "Акцент медија" која има склучено договор со станарите на оваа зграда за изнајмување на покривниот простор за поставување реклами на период од 10 години. Од таму вчера не добивме одговор дали за сегашните билборди извадиле одобрение за градење, бидејќи договорот со станарите не им важи поради огромната димензија на билбордите. (А.А.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=157005&idg=8&idb=2475&rubrika=Skopje



Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Nov-2008 at 00:21
Џиновски билборд дивоградба!


На необезбедениот потпокрив без заштитна опрема работат четворица работници кои врз главите на минувачите коваат, преместуваат, сечат и заваруваат тешки челични профили, шини и конструкции


Џиновски билборд дивоградба, наскоро ќе биде поставен на покривот на зградата на улицата Максим Горки (над кафулето Лондон) спроти Ристиќева палата. Во строгиот центар, на плоштадот Македонија веќе три дена се заваруваат тешки челични профили, шини и конструкции кои треба да ја држат платформата за реклама со димензии од 5,5 на 3,5 метри. На необезбедениот потпокрив без заштитна опрема работат четворица работници. Коваат, преместуваат, сечат, додека десетина метри под нив минуваат голем број граѓани бидејќи овој дел од Плоштадот е исклучително фреквентен. Се разбира, минувачите не се свесни дека секој момент од покривот на зградата може да летне парче кое може да биде кобно за нив. Среќа е што во овие два-три дена не се случил некаков инцидент.

Конструкцијата на џиновскиот билборд се гради без никаква дозвола, пред очите на надлежните служби кои од нас дознаа дека на плоштадот се извршуваат некакви градежни работи. За волја на вистината, градежните инспектори од Општина Центар веднаш излегоа на терен, а заедно со нив и екипа на Вечер. На инспекторите им олесна кога видоа дека се работи за билборд и веднаш се повлекоа.

- Ова не е во наша надлежност. Дозволи за поставување на рекламни паноа издава Град Скопје, таму треба да прашате. А јас се исплашив дека се доградува потпокривот на зградата - искоментира општинскиот главен градежен инспектор Милан Пижула. Од Градот, пак, негираат дека тие ги издаваат дозволите за поставување на билборди врз објекти, нивна надлежност било поставување на рекламни паноа само на сообраќајниците.

- Дозволите ги издава Општина Центар, тоа е законска одредба. Ме чуди што општинските инспектори не си ги знаат своите надлежности, изјави Љупчо Пандиловски од Одделението за односи со јавност на Град Скопје.

Додека институциите си ја префрлаат одговорноста, никој не е информиран на кој дел од зградата ќе се инсталира џиновската конструкција и дали таа ќе биде безбедна за околината.

http://vecer.com.mk/?ItemID=84AD4FD190F99742997E4ED971B3751E



Posted By: zabegan
Date Posted: 05-Nov-2008 at 21:22
аман бе, цел плоштад го претворија во рекламно пано


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 05-Nov-2008 at 21:41
Previous 
Бетар од Times square ќе станете Smile

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 05-Nov-2008 at 21:58
Originally posted by ovaj_stariov

Previous 
Бетар од Times square ќе станете Smile

Тешко кога секој момент чекаш да ти падне на глава



Секој и секаде става, но кој одобрува и статички гарантира ????


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Nov-2008 at 22:10
 

Ова го постави ОХИС пред повеќе од 10 години и тврдеа дека е најголемата ротирачка реклама на балканот (што нормално нема врска).


Posted By: maestro
Date Posted: 09-Nov-2008 at 16:35
Originally posted by Vladimir P


Originally posted by ovaj_stariov

Previous Бетар од Times square ќе станете Smile
Тешко кога секој момент чекаш да ти падне на главаСекој и секаде става, но кој одобрува и статички гарантира ????


ова беше спроти ЕСМ??
можеби идејата била интересна, но ова што е запуштено е за никаде

-------------


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 09-Nov-2008 at 19:20
Го завршива можда најголемото „едро“ во Македонија



Do koga !?


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Nov-2008 at 19:27
Мислам дека нема ништо спорно со ова рекламно пано Dunno можеби процедурата но тоа не го знаеме.

Има две паноа со приближно иста големина во центар, едното на Палата Унија а другото кај Црвен Крст. Тие се многу несмасно поставени и не ми се допаѓаат и дефинитивно ја нагрдуваат околината но не гледам нешто лоши на еден голем булевар како Партизанска да се постават реклами на високите згради.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 09-Nov-2008 at 20:03
Се согласувам дека требаат билборди, но дали веќе претеравме со нивното поставување на секоја фасада и фасадиче, агол аголче.
Дали дојде време да архитектите градат објекти со големи безлични платна за потоа да можат на нив да качат реклами.
Ме плаши дека архитектите со ноивните креации на фасади веќе не се потребни, така да секоја дискусија како некој објект изгледа, станува излишна после незиното унакарадување.

Од друга страна, ме интересери дали некој е задолжен за контрола на истите, за нејзината статика и сигурност на ветер, и до која брзина на ветер е израчуната ?


Или во прашање е издавање само гола дозвола и собирање пари


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Nov-2008 at 20:19
Originally posted by Vladimir P

Се согласувам дека требаат билборди, но дали веќе претеравме со нивното поставување на секоја фасада и фасадиче, агол аголче.
Дали дојде време да архитектите градат објекти со големи безлични платна за потоа да можат на нив да качат реклами.
Ме плаши дека архитектите со ноивните креации на фасади веќе не се потребни, така да секоја дискусија како некој објект изгледа, станува излишна после незиното унакарадување.

Од друга страна, ме интересери дали некој е задолжен за контрола на истите, за нејзината статика и сигурност на ветер, и до која брзина на ветер е израчуната ?


Или во прашање е издавање само гола дозвола и собирање пари


100% се сложувам со тебе. Мора да има ред во ова поле.

Град Скопје е тој кој треба да менаџира со сите овие работи од воведување на ред, дефинирање на локации па веројатно и до техничко одобрување (статика итн).

Пред 10на години се избраа две компании ( http://www.akzentmedia.com.mk/ - Akzent Media и http://www.eurolinija.com.mk/ - Eurolinija ) кои ексклузивно ќе менаџираат со рекламите во градот а за возврат ќе плаќаат концесија. Ако не се лажам тие си ги продолжија концесиите и со Трифка и тоа за некој замашен рок (уште многу години нанапред).

Со ова требаше да се заузда дивото рекламирање кое беше типично некаде до крајот на 90те но очигледно дивеењето само се централизираше во рацете на две компани.

И тоа можам да кажам дека едно време се имаше повеќе усул, ги имаше двата типа на билборди (малите и големите не ми текнува на "стручните имиња") но денеска како што забележуваш се лепи нешто на секое празно парче фасада.

Дополнително може да разговараме и за квалитетот на рекламните паноа на двата концесионера. Во последно време гледам неколку помодерни типови на паноа низ градов но генерално и на ова поле се каска во споредба со остатокот на светот а се за поголем профит.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Nov-2008 at 21:07
Се слагам дека треба построго регулирање, но не се слагам дека тоа е единствениот вистински проблем во конкретниов случај. Кога стануваше збор за обнова на фасадата, овие станари и овој куќен совет никако не можеа да се организираат, па бараа градот и општината да организираат обнова и да го платат цехот. За профит гледам добро се организирале. И тоа е во ред. Ама што праиме сега со фасадите? Пак ли ќе се нема пари за тоа? Што стана воопшто со тој проект што почна па се прекина на пола работа? Само некои матни работи!
Bash


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 09-Nov-2008 at 21:21
Случајот со фасадите мислам дека се посебна тема, можда во овој контекст врзан со рекламите има едо просто решение за истите;
Зградата која постави реклама, 50-100% од закупот иде во реновирање на истиот објект, доколку се утврди дека му е време.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: vardar
Date Posted: 20-Dec-2008 at 10:16
 

Џиновски билборди незаконски и опасно закачени над зградите

Ризикот е голем и за минувачите и за објектите, бидејќи не се направени студии за нивната безбедност

Деспина Трајковска

Џиновски билборди веќе неколку месеци „висат“ на покривите од десетина станбени објекти. Никој од надлежните досега не интервенирал за нивно отстранување, иако признаваат дека паноата се поставени незаконски, односно без одобрение за поставување.

Пред очите на општинарите билбордите никнуваат на фреквентни локации, од што, покрај инвеститорот ќар имаат и станарите на зградите кои дале согласност за поставување на рекламните паноа. Свесно или не, куќните совети одобруваат рекламирање над нивните згради во замена инвеститорот да им реши некој од проблемите со кои се соочува зградата. Но, истовремено, билбордите не се безбедни ниту за објектот, ниту за околината, која редовно е многу фреквентна. Паноата имаат огромни димензии, па иако се поставени на метална конструкција, опасноста е многу голема особено кога има силни ветришта. Не помалку опасна е и нивната монтажа, со оглед на тежината на носечката конструкција. Прашање е дали воопшто некој од нив поседува каков било елаборат, или студија за безбедност.

Од општините потенцираат дека согласноста што ја даваат куќните совети за билбордите е занемарлива, имајќи предвид дека за нив е потребна дозвола од општината, бидејќи се третираат како градежни објекти. Така налага Законот за градење за сите рекламни паноа што зафаќаат површина поголема од 12 квадрати. А тие низ градов, особено оние во центарот, се токму такви и тоа е утврдено од страна на надлежните.

Милан Пижула, градежен инспектор во Општина Центар, признава дека пред очите на општината никнуваат џиновски билборди. Тој посочува дека досега, по пријава на граѓани, но и од теренската работа на инспекцијата било утврдено незаконското поставување на рекламните паноа.

Досега не реагиравме, иако проблемот го следиме речиси повеќе од еден месец. Ја комплетираме документацијата. Досега регистриравме четири незаконско поставени билборди. Станува збор за рекламното пано над Ристиќева палата, на улицата ‘Даме Груев‘, потоа на зградата спроти Црвен крст и на почетокот на булеварот ‘Партизански одреди‘. Акцијата за утврдување на состојбите се' уште трае и сметам дека веднаш по Нова година ќе реагираме на терен, доколку во меѓувреме инвеститорите не обезбедат одобрение за нив, или пак сами не ги отстранат откако ќе им врачиме решенија за уривање“, уверува Пижула.

 
 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C717B3845574FF409A369E1B4943592E - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C717B3845574FF409A369E1B4943592E
 
 
 
Crazy  Nuts  Wallbash


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Dec-2008 at 13:34
Добро е Пижула, само ти продолжи „будно“ да ја следиш ситуацијата и да чекаш они да обезбедат дозволи. А и за дозволи лесна работа, општина центар дала дозволи за неспоредливо поскандалозни работи, само треба човек да знае каде се и колку да подмачка.


Posted By: zabegan
Date Posted: 20-Dec-2008 at 16:28
ајдееееее ина градски ѕид почнале да ги ставаат Suicide


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Dec-2008 at 17:59

БЕЗРЕДИЕ СО УЛИЧНИТЕ РЕКЛАМНИ ПАНОА

Билбордите го загрозуваат животот на граѓаните

Градските власти велат дека хаосот го создаваат паноата поставени од фирма со која Ристо Пенов склучил договор на неодредено време, како и билбордите поставени на фасади и на покриви

Хаосот со билбордите ја загрозува безбедноста на граѓаните, а од надлежните никој ништо не презема, обвинија советниците на Град Скопје на последната седница. Според Советот, хаосот се толерира, односно никој не ја контролира безбедноста, големината на билбордите, естетскиот изглед, локациите и слично. На седницата беше посочено дека билбордите во Скопје стануваат сериозна опасност за возачите и за пешаците. Беше побарано Градот да реагира, бидејќи на многу локации висат билборди што го блокираат видното поле на возачите, како и билборди што се наоѓаат среде пешачка патека. Трети, пак, се поставени високо на некоја зграда и постојано се надвиснати врз нечија глава. Многу од нив се поставени без одобрение и без елаборат дали може да издржат посилен ветер.Советникот Коле Манев посочи на два билборда во Скопје кои навистина би можеле да загрозат нечиј живот.

- Има два билборда што се вистинска опасност за граѓаните. Едниот се наоѓа на зградата на Црвениот крст, а другиот пред Културно-информативниот центар - посочи Манев.Надлежните од Град Скопје тврдат дека за секој билборд имаат елаборат со кој точно се предвидуваат правилата и условите и во кои се води сметка за стандардите за безбедност. Велат дека проблем во градот создаваат билбордите што се поставуваат на зградите со одобрение од куќните совети, но и фирмите со кои поранешниот градоначалник Ристо Пенов склучил договори на неодредено време.

- Град Скопје има склучено договор со „Еуролинија“ и „Акцент медија“ за поставување билборди и сити-лајтови на точно одредени локации во градот. Хаос се создава со билбордите што се поставуваат на канделабрите од страна на фирмата „Продукција перспектива“, со која Пенов склучил договор, како и од билбордите што се поставуваат на фасади и на покриви од згради, односно на приватни имоти. Договорот со „Продукција перспектива“ е направен на штета на Градот. Во него не е дефинирано времетраењето на договорот, како и колку реклами имаат право да постават. Градот не добива ниту денар од рекламите - изјавија надлежните од Градот.

Да се раскине овој договор, од Град Скопје реагирале до антикорупциската комисија, но таа, според нив, досега не направила ништо. Велат дека Градот е немоќен поради одредбата од договорот според која ако Градот еднострано го раскине договорот со „Продукција перспектива“, ќе мора да плати отштета од еден милион долари. Што се однесува до билбордите што се наоѓаат на покриви и кои се опасни за минувачите, од Градот објаснуваат дека не се надлежни, односно нив треба да ги контролираат општинските инспектори.

- Обично се работи за големи конструкции што имаат влијание и на статиката на зградата или куќата и затоа треба да имаат соодветна техничка документација, како и градежна дозвола. Во случај на несреќа, куќните совети ќе ја сносат одговорноста бидејки тие го издале одобрението за поставување на билбордот - потенцираат градските власти.



Јорданка Ивановска
Фото Слободан Ѓуриќ



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A5F6D1772BC16040928BD07613568159


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 04-Feb-2009 at 14:29
Лице и опачина на една билбор-манија-фија




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Feb-2009 at 23:17
Најголемите билборди се поставени без дозвола!


Билбордите во Скопје се поставуваат насекаде. Пред градежни објекти, балкони, излози на дуќани, на крстосници и сообраќајници. Ако добро се погледне ќе се види дека речиси по правило, билбордите се сопственост на компанијата Акцент медиа, сопственост на австриска компанија. Узурпацијата оди до таму што билбордот на Акцент медиа кај американската амбасада е на површина колку стан од околу 70 метри квадратни, а најголема дозволена површина е под дваесет квадратни метри.

За тие билборди Градот нема одговорност, бидејќи тие се поставени нелегално, и надвор од Законот. За нивно уривање има и издадени решенија, на кои се чека, бидејќи треба да се спроведат и од Градот, но и под контрола и притисок на Министерството за транспорт и врски.
Освен со дивото поставување на мега билборди, а како наведените, така и оние пред зградата наречена Тифани, во центарот на Скопје, Акцент Медиа и по квалитетот на изработка е под стандрадите. Едноставно, поради однесувањето Акцент медиа треба да се обврзе сама да ги урне тие билборди, а во иднина да не и се дава дозвола, концесија за поставување. Ниту непосредно, нити преку фирма, која од заднина, за нејзини потреби би се основала.

Од Секторот за сообраќај на Град Скопје, кој е надлежен за издавање на дозволите за поставување на билборди, информираат дека сите дозволи за поставување на билбордите се издадени во времето кога градоначалник беше Ристо Пенов. Велат, бројот на утврдени места за билборди не е променет во последните пет години.
- За билборди се предвидени 8128 места, а цената за огласувачите е утврдена со договорите од 2001 година меѓу Град Скопје и "Акцент Медиа" и Град Скопје и "Еуролинија", во време кога градоначалник на Град Скопје е Ристо Пенов. Исто така, огласувачите на Градот му плаќаат и комунална такса во износ од 100 денари за секој метар квадратен, информираат од Секторот за сообраќај.

Тие додаваат дека голем проблем се и светлечките реклами поставени на јавното осветлување на градските улици, затоа што се поставени врз основа на договор меѓу Град Скопје и "Продукција перспектива", потпишан од претходната градска администрација. Договор за кои Градот Скопје и градоначалнникот Трифун Костовски побарале од Државната комисија за спречување на корупција да се произнесе за штетните последици кои ги произведува по Градот Скопје, но до ден денес нема одговор од антикорупциската комисија. Ако го раскинеме овој договор, Град Скопје ќе треба да и плати на фирмата милион долари!

Исто така, велат од Градот, проблем се џиновските билборди што се поставуваат врз зградите за кои е потребна градежна дозвола исто како за доградба на кат, но ниту еден од нив нема таква дозвола.

http://vecer.com.mk/?ItemID=CEC2DFB26E4FE148B8C731841114A5E8


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 25-Feb-2009 at 23:39
Previous Им ТЕКНА !!!!

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Feb-2009 at 01:21
А да најдат начини и основи по кои ќе ги казнуваат за дивеењето? Ем да се заузда „билборд мафијава“, ем ќе капне нешто по буџетите.


Posted By: La Linea
Date Posted: 28-Feb-2009 at 02:48
Bash

Дрска узурпација на плоштадот со реклами на Наша ТВ

Телевизијата ниту побарала одобрение ниту, пак, може да добие, велат во Секторот за сообраќај на Скопје

Наша ТВ веќе два месеца, прво со три, а сега со две рекламни паноа, поставени без никаква дозвола, узурпира дел од плоштадот „Македонија“. Рекламите идната недела ќе ги отстранува градската инспекција, откако овој месец во два наврата ја предупредила телевизијата да ги тргне.

Во почетокот на февруари инспекцијата испратила известување до Наша ТВ дека немаат дозвола за рекламирање, а пред два дена и решение за отстранување на рекламните платна. Инспекторите во почетокот на идната недела ќе ги тргнат рекламите од плоштадот, а телевизијата ќе треба да плати. Останува и прашањето дали телевизијата ќе плати и за двомесечното непречено рекламирање во центарот на градот.

Наша ТВ за време на новогодишните празници имаше поставено две рекламни коцки со одобрение поради спонзорството на градската новогодишна забава. Дозволата за поставување на тие реклами истекла на 15 јануари, кога се собра и сета друга новогодишна опрема.

Но, веднаш потоа, кон крајот на месецот на плоштадот никнаа уште три, многу поголеми реклами, од кои две се' уште се таму. За нив, информираат од градскиот Сектор за сообраќај, од каде што се добиваат одобренија, телевизијата ниту побарала, ниту пак може да добие дозвола.

„На плоштадот е забрането какво било рекламирање и во право се граѓаните што се револтирани што им се узурпира просторот кој е наменет за нив. Телевизијата не побарала одобрение за трите рекламни коцки, ниту пак може да добие. Поради тоа информирана е инспекцијата, која деновиве ќе ги отстрани“, велат во Секторот за сообраќај. (С.Н.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A07D198A27ED084A807329584CCFDF4B


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: maestro
Date Posted: 28-Feb-2009 at 11:43

Наша ТВ да одделуваа толку пари за програма колку што одделуваат за рекламирање, сега ќе беа светска телевизија.

Ама, се толку бедни и го нагрдуваат плоштадот со нивните „коцки“, како и морам да го споменам нивното „спамирање“ по сандачиња за нови (веќе емитувани) емисии и серии.

Едвај чекам да ги тргнат, ми се грози од нив.




Posted By: beTon
Date Posted: 28-Feb-2009 at 14:30

види реално ако добиле за нова година договор со градот нема што да е спорно околу истакнатите рекламни коцки, единствено е дискутабилно колку е флексибилен тој договор и со каков ризик истиот го толкуваат и ползуваат од страна на телевизијата.

а програмата и се останато мислам не треба тука да се коментира, има соодветна нишка за тоа! 



Posted By: La Linea
Date Posted: 24-Mar-2009 at 00:21


Населбите во Општина Аеродром на светлечки билборди

Имињата на населбите во Општина Аеродром деновиве ќе бидат истакнати на светлечки билборди. Ќе се постават вкупно девет билборди кои ќе ги означуваат населбите Мичурин, Острово, Стар Аеродром, 13 Ноември, Јане Сандански, Бисер, Ново Лисиче и Лисиче и Горно Лисиче. Светлечките билборди се изработени од фирмата „Тиверија“, која ќе ја врши и монтажата. Средствата за оваа намена се издвоени од општинскиот буџет. (Дс.Т.)



Статијата е прочитана 25 пати.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4E84EF00240447428B7D20E99483FA96


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: beTon
Date Posted: 24-Mar-2009 at 04:04
Originally posted by La Linea

[QUOTE]Населбите во Општина Аеродром на светлечки билборд

Ouch



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Mar-2009 at 11:40


Ouch Ouch Ouch

Мислам дека овие „билборди“ (кога веќе запнале така да ги нарекуваат) треба да ги поставуваат на границите помеѓу населбите и да пишува Добредојдовте во таа и таа населба. Истото да се направи и со месните/урбаните заедници. Мислам дека знациве треба да ги има во што поголем број бидејќи според однесувањето очигледно општината има вишок пари. И за крај мислам дека треба да поработат на изгледот - можат тие и многу полошо, не треба да се задоволуваат со ова!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-May-2009 at 12:24
Шо убаво го „спакувале“ официјалниот натпис „Железничка Станица - Скопје“ помеѓу билбордиве. А навечер уште повеќе се губи пошто некои букви му се „прегорени“, за разлика од билбордите се разбира.

На ова место не смее да има никакви билборди! Толку ли е тешко да се увиди тоа???



Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-May-2009 at 00:41

Граѓаните ја плаќаат струјата што ја трошат светлечките билборди

Секој сопственик на електрично броило плаќа по 102 денара такса, од кои се плаќа уличната струја

Снежана Калабакова

Во сметките за струја, секој сопственик на електрично броило издвојува по 102 денара месечно за улично осветление и, според ЕВН, оваа сума е одредена со одлука на Владата. Од овие пари општините и Градот ја плаќаат потрошената електрична енергија за уличните бандери, а во неа влегува и делот за потрошената струја за рефлекторите што ги осветлуваат билбордите и за поставените светлечки рекламни табли. Рекламните агенции, пак, кои склучиле договор со општината или со Градот за да постават светлечки билборд или друг вид светлечка табла, плаќаат одредени паушали.

Од канцеларијата за односи со јавноста во Градот не' информираа дека за билбордите дополнително се плаќа месечна комунална такса, во која се пресметува делот и за потрошена струја. Електричната енергија за околу 800 светлечки тела се пресметува по специјализирана формула, во која се калкулира со вкупна потрошувачка од 48,84 киловати на час, по цена од 4,07 денари по киловат, согласно тарифникот на ЕВН, одобрен од Регулаторната комисија.

Сите билборди или светлечки рекламни табли се приклучуваат на електричната мрежа на уличното осветление и потрошената струја се смета за вкупна потрошена струја за улично осветление на општината. Токму затоа општините се одговорни и треба да внимаваат дали има диво поставени билборди, за кои повторно струјата ќе треба да ја плати општината од парите на граѓаните. Најголем дел од билбордите и од светлечките рекламни витрини се наоѓаат на градските улици и во централното градско подрачје.

Ленче Карпузовска, портпарол на ЕВН, вели дека на општините им се испорачува фактура за потрошената улична струја. Таа се плаќа од издвоените 102 денара за комунална такса, што ја плаќа секој сопственик на електрично броило.

Од Градот дознаваме дека постоел договор за тоа какви рефлектори можат да користат билбордите. Договорот склучен во 1998 година, со важност од 10 години, веќе е истечен и сега треба да се изготви нов. Градоначалникот Коце Трајановски во својата изборна програма најави дека во најкус можен рок ќе се ангажира да се регулира прашањето за поставување рекламни билборди и паноа.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=40847D098792764FAAAA5F4CA56F6C9D


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 06-Jun-2009 at 11:32
За некој ден ќе го видиме паднат, се надевам не врз некого



До кога ќе се толерира ова со билбордите


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Jun-2009 at 12:35
Валдимир што има спорно во билбордов?!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 06-Jun-2009 at 14:12
Originally posted by lslcrew

Валдимир што има спорно во билбордов?!

Постави една замислена вертикала и ќе осетиш колку е искривен и деформиран скоро до паѓање


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Aug-2009 at 13:57

Ќе се среди хаосот со терасите и со билбордите

Трајановски на вчерашната седница вети дека ќе се обиде да го среди хаосот со узурпирањето на јавниот простор пред кафулињата во центарот на градот, како и со поставувањето на билбордите

%20
- Точно е дека има недоречености во надлежностите со општината Центар во врска со терасите пред кафулињата. Градот презема обврска да им наплати за просторот што го користат, а тие пари воопшто не се за занемарување. Интервениравме да има измена на законот и сметаме дека следната сезона нема да имаме проблем при одобрување на документацијата за издавање на јавни површини - објасни тој.

Според него, во градот има повеќе билборди отколку во европските метрополи и тој проблем треба да се реши во соработка со Министерството за транспорт и врски.

- Скопје со рекламите личи на новогодишна елка. Но откако јас станав градоначалник не само што не се издаваат дозволи за нови билборди туку некои се отстранети. Сепак сме поврзани со договори склучени од поранешните управи и треба да преиспитаме како нивното евентуално раскинување би влијаело врз градот - додаде градоначалникот.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8269195259&id=14&prilog=0&setIzdanie=21774


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Sep-2009 at 02:58
Опасен билборд им се заканува на пешаците!


Расклатената метална конструкција од џиновското пано е одвоена од лежиштето и на крајот лесно врзана со жичка, така што рамката која на најмало ветре се занишува, може да се откачи и да падне


Опасен билборд демне врз главите на пешаците кои секојдневно ја минуваат крстосницата кај Тутунски комбинат. Расклатената метална конструкција од џиновското пано е одвоена од лежиштето и на крајот лесно врзана со жичка, така што рамката која на најмало ветре се занишува, може да се откачи и да падне. Станува збор за една од најфреквентните крстосници во градов, каде секојдневно минуваат илјадници пешаци. Дел од нив ја забележале, дел не. Сепак сите граѓани кои стоеа под билбордот кој злокобно висеше врз нивните глави додека чекаа на пешачкиот премин, а фоторепортерот на ВЕЧЕР фотографираше, со неверување вртеа со главата.
- Боже, секој ден минувам овде, а не сум забележал дека билбордов се распаѓа. Ова навистина е премногу. Така е се кај нас. Треба нешто да се случи па да се реагира, само што после нема извини. Билбордов треба веднаш да се отстрани, а агенцијата да се казни. Да не чекаат да се струполи и да смачка некого - остро одговори еден од повозрасните минувачи.

Ова е еден пример за опасна реклама, но не е исклучок. Во градов, секое слободно место се користи за огласување со огромни конструкции и плакати опасни за граѓаните. Неодамна, од силен ветер се откачи билборд од фасадата на зграда на Никола Вапцаров во строгиот центар на Градов. Само среќа беше што овој инцидент помина без жртва Претходно, настрада пешак од конструкциите на рекламата на улицата 11 Октомври. Да не потсетуваме на трагедијата што се случи во Битола кога билборд усмрти човек.

Одговорноста за обезбедување на билбордите ја имаат компаниите што ги поставуваат. Вчера, за жал, не успеавме стапиме во контакт со одговорните од компанијата-огласувач, бидејќи менаџерите беа презафатени. Се надеваме дека по овој напис тие, но и нивните колеги од останатите маркетинг агенции ќе извршат контрола на сите билборди во градов и оние што се амортизирани, стари и дотраени ќе ги заменат со нови.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=1705145811BFCA48B7E21FA185E948AE


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Oct-2009 at 15:52
РЕКЛАМИ НИКНУВААТ НА СЕКОЈ ЧЕКОР НИЗ СКОПЈЕ
Градот се уште го токми правилникот за билборди

Скопјани и натаму ќе живеат во шарена метропола преполна со рекламни паноа и реклами поставени насекаде низ градот. Градските власти, и покрај тоа што најавија дека до почетокот на септември ќе донесат одлука за големината, локацијата и за начинот на поставување на билбордите, досега не го завршија проектот. Од Град Скопје велат дека навреме почнале да работат на правилникот за поставување рекламни паноа, но бидејќи станувало збор за сеопфатна анализа, било потребно подолго време од предвиденото. - Во моментот се работи на документацијата која треба да го уреди понатамошниот тек на регулирањето на овој проект. Елаборатот, пак, за поставување на рекламните паноа е целосно изработен, но се уште се разгледуваат одредени детали - објаснува Неделчо Крстевски, портпарол на Градот. Тој немаше конкретен одговор кога целата постапка ќе биде целосно готова. Од градската администрација објаснуваат дека со новата одлука, која ќе биде донесена за начинот и за условите за рекламирање, ќе се воспостават нови правила при поставувањето на паноата. Концесионерите ќе треба да исполнат повеќе услови во врска со големината, локацијата и содржината на рекламирањето. Како дополнителна мерка за решавање на проблемот, предвидено е и намалување на бројот на рекламните паноа и на светлечките реклами. Во моментов рекламни паноа може да се видат насекаде низ градот. Градежните објекти, ѕидовите на зградите, па дури и терасите, улиците и крстосниците, особено во централното градско подрачје, се покажаа како најатрактивни за овој вид огласување, а според фирмите кои го користат и најисплатливи за рекламирање поради големиот број луѓе што тука поминуваат секојдневно. Дополнителен проблем се јавува затоа што дел од поставените рекламни паноа се наоѓаат на несоодветни локации и на поголема површина од дванаесет квадратни метри, како што е дозволено според Законот за градба. Граѓаните како најголем проблем ги посочуваат рекламните паноа што се поставени на крстосниците и го блокираат видното поле на возачите, како и паноата што се наоѓаат среде пешачка патека. Рекламните паноа, пак, што се поставени високо на некоја зграда и постојано се надвиснати врз нечија глава претставуваат постојана опасност за безбедноста на минувачите. Со законските одредби е прецизирано дека за рекламните паноа со површина поголема од 12 квадратни метри е потребна посебна дозвола за поставување, за што, пак, неопходни се низа елаборати, меѓу кои и за безбедност на објектот. Последната измена во елаборатот за рекламирање на јавни површини е направена во 1998 година, и во неа единствен критериум при поделбата на локациите се сметаше пропишаната големина која не смее да надминува 12 квадратни метри. Тогаш бројот на локации за поставување паноа изнесувал 8.128 места и од тогаш до денес не се направени корекции.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1834&ArticleID=123569


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Oct-2009 at 18:08
Станарите побрзале да дадат дозвола, ама останува мистерија во каква форма и со какви услови, па еве сега не им чинело. А за општина центар што веќе да се каже, цареви!

Во меѓувреме билбордиве никнуваат на секој чекор и се повеќе раснат. Еве го овој е скоро колку зградата на која е поставен Nuts

ПО САМО ПЕТ ГОДИНИ ОД ПОСЛЕДНАТА ОБНОВА

Се распаѓа фасадата на зградата до Црвен крст

Станарите уште пред една година се пожалија дека од тежината на билбордот почнале да им пукаат таваните и да им протекува вода

Фасадата на зградата на улицата 11 Октомври, веднаш до Црвениот крст, почна да се распаѓа. Иако цела зграда е излепена со реклами, а на покривот е сместен еден од најголемите билборди во Скопје, цели парчиња фасада почнаа да паѓаат. Минатата недела, во вторникот, кога ниту дуваше ниту врнеше, дел од фасадата падна на тротоарот и се распарчи. За среќа, во моментот немаше никој на тротоарот, па нема повредени. Обично на делот од тротоарот каде што падна фасадата стојат пешаци, чекајќи зелено светло за да го преминат булеварот. Уште на неколку места на ѕидот се забележуваат пукнатини, од кои за кратко време ќе почнат да паѓаат парчиња фасада, иако таа беше обновена пред само пет години.
"Се враќав од работа и одеднаш пред мене падна големо парче од фасадата. Само среќата ме спаси да не ми падне дирекно на глава и да ме повреди. Па ова е срамота, ставаат толкави билборди на стара зграда, која не може тоа да го издржи и, еве, почна да се распаѓа", вели скопјанец што се јави во нашата редакција да се пожали за непријатниот настан.
Дека големиот билборд ги прави штетите на фасадата се сомневаат и станарите. Дел од нив се пожалија уште пред една година. Рекоа дека кога дошле екипите на "Акцент медија" да го поставуваат билбордот, при градежните работи почнале да им пукаат таваните и да им протекува вода во становите на последниот кат.
"Ние дадовме согласност да се постават билборди, но мислевме дека тие ќе бидат со стандардна големина, а не олкави, кои можат да ни ја урнат зградата. Билбордот е поголем од максимално дозволените 12 квадрати кои ги пропишуваат градските власти. Веднаш се јавивме во Општина Центар, но помина една година, и никој не дојде да интервенира", се пожалија жителите на зградата.
Од Општина Центар објаснуваат дека тие не дале одобрение за поставување на овој огромен билборд, и затоа веднаш ќе излезеле не терен да извршат увид на самото место и да ги преземат потребните законски мерки.
Ист ваков одговор од Општина Центар добивме и лани, кога беше поставен билбордот. Тогаш на терен требаше да излезе инспекторот Милан Пижула да утврди дали билбордот е поставен согласно пропишаните норми и да го урне, ако ги нема потребните дозволи. И годинава градежен инспектор е Пижула, а билбордот ниту е урнат ниту, пак, за него е направен увид.

(А.А.)

ФОТО:Б.Грдановски



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Nov-2009 at 20:08
Уште една потврда дека http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=79&PID=52079#52079 - хипертрофираната администрација не е способна да заврши никаква работа и најмува консултанти за се и сешто, освен таму каде што е најпотребно.

Но веќе до толку ги имаат спуштено критериумите, што ако ова доведе до решавање на моменталниот хаос и криминал со билбордиве, ете ќе дадам подршка за пристапов.


Градот бара консултант со магично стапче за хаосот со билбордите





 

Знаеме дека со отворањето на ова прашање ќе наидеме на многу притисоци бидејќи во овој бизнис се вртат многу пари - Коце Трајановски, градоначалник

 
 
%20  
Градските власти треба да изберат стручен консултант што ќе има задача да спроведе постапка со која локациите за поставување рекламни паноа ќе се доделат со концесија. Оваа одлука ја усвои градскиот совет на последната седница. На тој начин градот сака и да го реши сегашниот хаос со кој многу често се нарушува изгледот на просторот, но и да ги зголеми приходите од овој бизнис во градската каса бидејќи сега зема само 100 денари од квадратен метар годишно.

Ќе се земе предвид сегашната состојба со билбордите, но олеснителна околност е што договорите со две од трите фирми што поставуваат реклами низ градот, „Акцент Медиа“ и „Лазов груп“, договорите истекуваат за еден месец. Третата фирма, „Продукција Перспектива“, која ги мести светлечките реклами на бандерите, нема временски ограничен договор, па градоначалникот Коце Трајановски најави дека ќе се обиде тој да се прекине спогодбено.

- Знаеме дека со отворањето на ова прашање ќе наидеме на многу притисоци бидејќи во овој бизнис се вртат многу пари, но мораме да се обидеме да го решиме проблемот со билбордите - објасни Трајановски.

Тој додаде дека консултантот ќе биде задолжен да направи анализа колку билборди ни требаат, на кои места ќе може да се постават и колку ќе се наплатува за нив. Во програмата што ќе се направи ќе се определат локациите и ќе се поделат по зони. Откако ќе завршат тие активности, ќе се направи модел на концесиски договор и ќе се анимираат можните кандидати. Засега останува нејасно дали со неговата работа ќе се опфатат само паноата на јавните површини или ќе се уреди и хаосот со ѕидовите и со покривите на зградите, како и со дворовите на куќите покрај главни улици, на кои се ставаат џиновски билборди од по 50, 60 и повеќе квадратни метри. На досегашните реакции на граѓани за ова нагрдување на градот инспекторите најчесто одговарале дека станува збор за приватен имот каде што не може да се мешаат.

Советничката Софија Куновска смета дека прво треба да се обезбеди законска регулатива, а потоа да се прави студија за надворешното рекламирање во градот. Таа праша и дали со оваа активност ќе се решава само проблемот на површините што се под градска надлежност или и на тие под општинска. Од градскиот сектор за правни работи и одговорија дека и онака најголем интерес за рекламирање има на главните улици, а ќе се работи според постојните закони.

Најавите за промени во условите за надворешно рекламирање предизвикаа вознемиреност кај фирмите што се занимаваат со оваа дејност. Од „Акцент Медиа“ сакаат да го продолжат договорот за сегашните 250 билборди за кои плаќале 200 илјади евра годишно и не должеле ништо. Во „Лазов груп“ велат дека имаат намера да ги исплатат сите долгови и да продолжат да работат со нивните 250 мегалајти и 320 ситилајти бидејќи тие биле безбедни и имале статичко решение. Немаше никаков коментар од „Продукција Перспектива“ за најавите за спогодбено раскинување на договорот од 2002 година, кој сега им овозможува да местат реклами на бандерите без никакви рокови или ограничувања, само да си ја плаќаат струјата што ја трошат, обврска што редовно ја подмирувале.
 
   
Автор: Радмила Заревска
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11269104479&id=14&setIzdanie=21847


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Dec-2009 at 23:08

ИСТЕКУВААТ ДОГОВОРИТЕ НА ФИРМИТЕ ШТО ПОСТАВУВААТ БИЛБОРДИ

Рекламирањето под концесија

Голем проблем за градските власти е договорот со „Продукција перспектива“, кој има неограничено времетраење, а ако Градот еднострано го раскине, на фирмата мора да и' плати отштета

Градските власти, по години хаос во рекламирањето, решија да воведат ред во поставувањето на билбордите. Локациите за рекламни паноа ќе ги дадат под концесија, за што ќе ангажираат консултант. Како мотив повеќе за конечно средување на работите во оваа дејност градските власти го користат и фактот што истекува договорот со две фирми што поставуваат билборди. Проблем е третата фирма „Продукција перспектива“, со која Градот Скопје сака да го раскине договорот, но не знае како да го изведе тоа без поголеми последици за градскиот буџет.

ОТШТЕТА ИЛИ ВЕЧЕН БИЗНИС

Според градските власти, на фирмата „Еуролинија“, која сега се вика „Лазов груп“ договорот и' истекува на 31 декември, а на „Акцент медиа“ договорот е веќе истечен. Скопскиот градоначалник Коце Трајановски вели дека најголем проблем им претставува договорот со третата фирма „Продукција перспектива“, кој има неодредено време на траење. Во случај Градот да сака да го раскине, треба да и' плати отштета на фирмата.

Договорот со „Продукција перспектива“ е склучен во 2002 година, кога градоначалник беше Ристо Пенов. Оваа фирма, според договорот, поставува унифицирани рекламни паноа што се закачени на столбовите од јавното осветление, како и билборди на фасади и на покриви од згради, односно на приватни имоти. Времетраењето на договорот не е дефинирано, ниту пак колку вкупно реклами фирмата има право да постави.

Договорот сакаше да го раскине и поранешниот градоначалник Трифун Костовски, кој изјави дека тој е исклучително штетен за Градот, оти во случај на раскинување, на фирмата треба од градската каса да и' се исплатат милион евра отштета. Тогаш Градот реагираше и до антикорупциската комисија, но ништо конкретно не се случи.

Директорот на „Продукција перспектива“, Ристо Пејовски, потврди дека во договорот постои клаузула дека Градот, доколку еднострано го раскине, треба да плати отштета. Тој не сакаше да каже колкава е отштетата, со образложение дека тоа е деловна тајна.

- Такви детали не можам и не смеам да кажам, бидејќи е деловна тајна како дел од договорот. Доколку Градот цени дека може, нека ви каже. Договорот не може тука така да се раскине поради обврските кон клиентите - вели Пејовски.

Тој вели дека се задолжени да поставуваат комерцијални патокази, но и градски, односно патокази со натпис Град Скопје или со насоки кон значајни институции и културно-историски споменици.

- Имаме поставено 800 градски патокази. Ние сите сме ги изработиле, сме ги монтирале и ги одржуваме. По евентуалниот престанок на нашето функционирање ние имаме обврска уште 15 години да ги одржуваме тие патокази, кои се во трајна сопственост на Градот - истакна Пејовски.

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ГРАДОТ

Од Градот велат дека, откако ќе истечат договорите, ќе ангажираат консултант околу доделувањето на локациите за рекламни паноа под концесија.

- Консултантот треба да ни помогне околу концесијата за билбордите, како што тоа го направивме со трамвајот и со подземните премини. Состојбата со билбордите е многу чувствителна и затоа не сакавме да импровизираме. Ќе распишеме меѓународен тендер за избор на консултант што ќе ни помогне во изработка на физибилити-студија и во утврдувањето на оправданоста на таа концесија. Како второ, консултантот ќе има задача да анимира доволен број странски компании што ќе конкурираат. Градот Скопје ќе го поделиме на неколку зони, за да не може тендерот да го добие само една компанија. На тој начин, сакаме да го демонополизираме тој сегмент од нашето работење. И нормално, Градот Скопје со тоа очекува многу повеќе пари отколку што добива сега од билбордите - вели градоначалникот Трајановски.

Сумата што сега Градот ја добива за поставување на билборди е смешна - 100 денари годишно за еден квадратен метар рекламна површина. Од 2003 година, кога се склучени договорите со „Еуролинија“ и со „Акцент медиа“, досега Градот од оваа дејност инкасирал 65 милиони денари, односно околу еден милион евра.

КОЈ ГУБИ, СЕ ЛУТИ

Засегнатите фирми не го одобруваат овој потег на градоначалникот.

Од „Лазов груп“ се скептични и сметаат дека настојувањата на Трајановски се неизводливи и дека се маркетиншки трик. Тие велат дека не се откажуваат и ќе конкурираат по истекот на договорот.

- Станува збор за маркетиншки трик. За да се реализира одлуката претходно треба да се оформи програма, а нема ниту тендерска документација. Што би консултирал консултантот? Доколку навистина Градот сака да го среди хаосот со билбордите, треба да се направи студија за која е потребен долг временски период од три години. Не може на стара подлога и стара инфраструктура повторно да се издаваат под концесија локации за билборди - изјави Горан Стојановски, директор на делот за логистика и оператива во „Лазов груп“.

Според него, на ваков начин состојбата се враќа со години наназад.

- Ние имаме 250 мегалајти и 320 ситилајти. Станува збор за европски објекти, мегалајти со платно, со осветлување однатре. Имаме проект од Градежниот факултет за безбедноста на билбордите. И ние сакаме да бидат исклучени некои билборди, оние што се лепат со хартија, оти го нагрдуваат градот и не се безбедни. А не и оние што ги почитуваат европските норми и вистинскиот квалитет, кои тоа го работат 10 години и имаат поголеми стручњаци од некојси консултант. Новиот градоначалник не е упатен во суштината на оваа работа - смета Стојановски.

Од „Акцент медиа“ не одговорија дали би учествувале на евентуален конкурс за локации за билборди. Оттаму само велат дека досега во договорот со Градот имале концесија за поставување на 250 билборди и не се противат на ништо што ќе значи воспоставување ред во рекламирањето во градот.

Од Градот образлагаат дека е во тек постапка за донесување програма за поставување рекламни паноа на подрачјето на Град Скопје, за да се дефинираат локациите по зони. Според претходните искажувања на градските власти на оваа тема, во градот има 900 локации за билборди.

Најголем проблем со нив е што се поставуваат без некој особен ред, многу се наметливи и им пречат на возачите, односно го одвлекуваат вниманието. Проблем е и што огромните паноа се поставуваат на пешачките патеки и буквално им висат над глава на минувачите.

Не е јасно дали со новите правила на игра во оваа област ќе биде утврден некаков ред и за куќните совети на зградите, односно за условите и начините на кои ќе може да се поставуваат рекламни паноа на фасадите, со оглед дека се работи за приватен имот, а не за јавни површини.

Анела Петрова


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=AA035770AF07F24BBE581BADCDA865A6


Posted By: Max
Date Posted: 02-Dec-2009 at 00:34
нели имаше еден напис на форумов за модерни билборди и тотеми кои еуролинија му ги предлагаше на градот како инвестиција но во компензација за беспплатно изнајмување простор на одредено време!? што бидна со тој муабет?


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 10-Apr-2010 at 13:48
ГРАДСКИТЕ ВЛАСТИ СО НОВИ ЦЕНИ ЗА УЛИЧНО РЕКЛАМИРАЊЕ
Скопје ќе се средува со пари од реклами

Роза Петкова


По нови цени градските власти ќе наплаќаат за поставување знамиња, рекламни табли, паноа, платна и банери на улиците низ целото подрачје на Скопје. Одлуката ја донесе Советот на последната седница во градското собрание, а со неа се одредуваат надоместоците за сите видови натписи и табли. Цените се највисоки во првата зона, односно строгиот центар на Скопје, а како што се оди подалеку, сумата опаѓа. Така знамиња ќе се поставуваат само за потребите на Градот и тоа по цена од 400 до 100 денари, која важи за еден месец. За рекламните паноа до шест квадратни метри властите не одредиле цени, а тие до 12 квадрати цена имаат само од втората зона, па натаму и чинат од 8.000 до 2.000 денари. Платната истакнати на градежни скелиња и објекти, банерите, рекламните столбови-тотеми, рекламните витрини, таблите на мостовите и на надвозниците, како и паноата на огради на градилишта и на земјиште кое се уште нема намена ќе се издаваат по поевтини цени. За рекламните уреди и екрани што ќе се поставуваат на влез во населено место или на шеталиште, и тоа само во третата и во четвртата зона, Градот ќе наплаќа по 12.000 денари месечно. Доколку натписот или таблата користи електрична енергија од уличното осветлување и таа ќе се наплатува. Интересно е и тоа што, спротивно на тврдењата на градските власти во изминативе години дека ќе го решат проблемот со напливот на реклами, наместо да се смали опфатот на зоните каде што може да се поставуваат тие, тој со новата одлука е зголемен. Корекциите не се направени во делот на централното градско подрачје, но затоа втората зона се проширува и на булеварот Крсте Мисирков, во третата зона се приклучуваат булевар Војводина и магистралниот пат М3, од Никола Карев до Словенија. Најмногу е проширена четвртата зона, во која влегуваат улиците 16. Македонска бригада, Коце Металец, Козле, Васил Главинов, Народен фронт, 12. Македонска бригада, Благоја Стефковски, Шуто Оризари, Лазар Личеновски, Радишанска и сите останати улици што се под надлежност на Градот.
Понатаму, буџетот ќе се полни и од инсталации поставени покрај патот, па ако се наоѓаат во трупот на патот, тие чинат по 6.000 денари, а ако се во патниот појас, за должина до 100 метри цената е 15.000 денари, до 300 метри 22.000, а преку 301 метар 30.000 денари.
Властите ќе земаат пари и за прекумерно користење на патот. Овој надоместок ќе го утврдат врз основа на просечниот годишен дневен сообраќај на товарните возила со носивост поголема од 10 тона, со тоа што на возилата ќе им се брои колку пати го користеле истиот пат. Ако го надминале просекот, ќе си платат по 600 денари. Тарифи има и за вонредниот превоз, па така, ако возилото ги пречекорува пропишаната ширина, должина или висина, ќе си плати по 300 денари од изминат километар. Надоместоци има и за товарот на возилото, доколку ја пречекорува дозволената тежина.
Во штурото објаснување на одлуката стои само дека имало потреба да се определи висина на надоместоците за поставување реклами на јавните патишта за да се соберат приходи во буџетот и да се среди урбаниот изглед на Скопје. Парите од користење на патиштата, пак, биле потребни за нивно одржување. Од Одделението задолжено за комуникација со јавноста не беа расположени да дадат подетални информации. Според портпаролот Неделчо Крстевски, се уште не се знае ни колку рекламни паноа и натписи ќе може да се постават во градот затоа што не е избран концесионер за рекламирање. Дотогаш, Скопје ќе го живее хаосот, во кој секојдневно си никнуваат реклами во секое слободно ќоше.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1990&ArticleID=138106 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1990&ArticleID=138106


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-May-2010 at 16:40

Рекламни платна за руинираните објекти во центарот

Советничката група на СДСМ ќе му предложи на градскиот совет да се прекријат руинираните објекти во централното градско подрачје, а згора и да заработува од тоа




Софија Куновска, координаторка на советничката група на СДСМ во градскиот совет, и предложи на градската управа да се направи проект за маскирање на руинираните објекти во центарот на градот. Конкретно овој предлог се однесува за црните руини како остатоците од печатницата „Гоце Делчев“ и зградата на бивша Југобанка, пред „Лотарија на Македонија“, сопственост на Министерството за финансии. За уредување на овие две згради, за кои веќе со години се бара решение, Куновска предлага да се обмотаат со платна, кои градот ќе може да ги изнајмува како рекламен простор. Таа објаснува дека е можно од предлогот да направат и официјална иницијатива и да ја предложат на некоја од следните седници на советот.

- Наместо објектите да стојат како руини и да ни се смее секој гостин што ќе помине низ центарот на градот, околу објектите може да се стават платна и тој простор да им се изнајмува на фирмите што ќе сакаат да се рекламираат тука. Ако градската управа не сака да ги постави платната, може на тендер да се избере фирма што ќе го направи тоа и таа да си го искористи рекламниот простор - објасни Куновска.

Таа додаде и дека, наместо градот да троши пари за менување на фасадите во центарот во рамките на проектот „Скопје 2014“, може да ги направи овие згради, кои со години се трн во око на скопјани.

Куновска смета дека со овој проект градот ги прекршува авторските права на архитектите-проектанти на овие згради, затоа што ниту ги консултирал, ниту побарал дозвола од нив за менување на фасадите.

- Лично ми пречи и тоа што објектите во центарот градени помеѓу 20 и 70 години на минатиот век, а особено Ристиќевата палата, личат на билборди, затоа што се „изнакитени“ со реклами. Па, наместо таму, постојните реклами може да си најдат свое место на платната околу руините што ги предлагам - вели Куновска.

Од градот велат дека не можат да се изјаснат за оваа презентација, додека таа не дојде како информација на дневен ред на некоја од седниците.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=52810102256&id=14&prilog=0&setIzdanie=21993


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 13-Jun-2010 at 22:03

Тргнете ги билбордите за да ги видиме убавите фасади

 
 

Рекламирањето со билборди на фасадите од зградите е целосно излезено од контрола, констатираат голем број млади архитекти, видни професори и вљубеници во Скопје. Тие велат дека кај нас, за разлика од европските градови, архитектурата е жртва на безобразно наметнатите рекламни паноа на фасадите, за кои градската власт не покажува никаква грижа. Од Градот секогаш на оваа тема креваат раменици и се правдаат дека не се надлежни за фасадите. Тие со години ги оставаат куќните совети да ја обликуваат метрополата како што сакаат, во трка за што поголем профит.

- Билбордите на зградите не се во надлежност на Град Скопје. Ние не можеме да го регулираме естетскиот дел затоа што нема законска основа за да се реагира - велат во одделението за односи со јавност.

Архитектката Маја Лукаревска, која пред две години работеше на проект за регулирање на ова прашање, вели дека непланираното поставување рекламни паноа ќе доведе до губење на идентитетот на Скопје. Според неа, скопската архитектура мора да се покаже во целиот сјај и жар и да се остави да „дише“, наместо да се крие со безброј билборди.

- Градот живее под маска. Треба да се разголи и да засјае во сопствениот сјај, каков-таков, но барем вистинскиот. Дали новиот идентитет на градот се рекламите, платната, паноата, светлечките реклами, билбордите? Дали тој менлив изглед го дефинира идентитетот на центарот? - вели Лукаревска.

Архитектите сметаат дека рекламите треба да се тргнат од убавите фасади и да се преместат на напуштени или недовршени објекти, како печатницата „Гоце Делчев“ или зградата на поранешна Југобанка.

Гордана Силјановска, професор на Правниот факултет, на неодамнешната трибина „Скопје - отворен или затворен град“ го изрази својот револт велејќи дека погледот кон убавите згради е затворен. Како пример го зема билбордот пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, кој целосно го затскрива овој објект.

- Јас не можам да го видам убавото во Скопје од сите оние мамутски билборди на тротоарите и на зградите - рече професорката Силјановска.

Прашањето за зачувување на скопската архитектура неодамна на Совет на Град Скопје го отвори и Софија Куновска, координатор на советничката група на СДСМ. Таа смета дека е лицемерно градоначалникот Коце Трајановски од една страна да вложува милиони денари за целосна измена на фасадите на неколку згради на плоштадот Македонија, а од друга страна да не знае да ја чува постојната архитектура. Таа жали што градската власт не знае да ги прими свежите идеи на младите архитекти.

- Школски пример за модерна архитектура е стоковната куќа „Типо“, но таа мора да биде исчистена од билборди за да можеме да ја видиме. Тоа не чини ниту денар, за разлика од сегашната заложба на Трајановски да прави сосема нови фасади на згради, како на пример онаа над ресторанот „Пелистер“. Тие згради имаат автори, не може по своја или партиска волја тој да менува нешто без да ги консултира - смета Куновска.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D3BDEC3C4275674894DCC77750D8BB46 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D3BDEC3C4275674894DCC77750D8BB46


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Jul-2010 at 18:56

Нема јунак да ги среди билбордите

Градот Скопје повторно објави јавен повик за избор на консултант за доделување под концесија локации на кои ќе се поставуваат рекламни паноа, откако на претходниот повик не се јавил ниту еден понудувач

Откако првиот не успеа, Градот Скопје повторно објави јавен повик за избор на консултант за доделување под концесија локации на кои ќе се поставуваат рекламни паноа во Скопје. Како што објаснуваат од Градот, на претходниот повик не се јавил ниту еден понудувач и затоа се принудени да ја повторат тендерската постапка.

Секторот за сообраќај во Градот може да ги утврди најдобрите позиции за поставување билборди, кои нема да пречат во безбедното одвивање на сообраќајот, како и од естетски аспект, но се' друго што е поврзано со економската одржливост на проектот за начинот на издавање, цените и комплетното стопанисување е работа за стручен консултант.

- Со изборот на консултант Градот настојува да најде сеопфатно и долгорочно решение за ова прашање, потенцираат од одделението за односи со јавноста. Оттаму додаваат дека до завршувањето на постапката за концесија, согласно новиот елаборат, билбордите ги стопанисуваат старите концесионери во согласност со правата и обврските што ги имаат преземено со договорите. Но, на концесионерите „Акцент медиа“ и на „Еуролинија“ им истекоа договорите на крајот на минатата година.

Од „Акцент медиа“, која е дел од австриската групација „Епа медиа“, објаснуваат дека во случај кога некој договор има третман на истечен, меѓусебните односи се регулираат со анекси, кои имаат важност до дефинирањето на новиот договор, кој може, но не мора да има различна содржина од претходниот документ.

- „Акцент медиа“ ќе ги почитува своите обврски се' до моментот кога евентуално новите правила на регулирање на релациите Град Скопје - „Акцент медиа“ ќе се изменат - истакна Небојша Маслинко, директор на „Акцент медиа“.

Според него, заклучно со 2009 година, „Акцент медиа“ му плаќа годишен износ од околу 12 милиони денари на градот на име концесија за користење локации за рекламни паноа, комерцијални такси и комунални такси за ангажирани 250 локации. Од „Еуролинија“ не ни одговорија како ги регулирале односите со Градот во врска со концесијата на локациите за билборди. Тие во градот имаат вкупно 250 т.н. мегалајти и 320 ситилајти.

Како што првично беше најавено од скопскиот градоначалник Коце Трајановски, избраниот консултант ќе треба да ги утврди економската и правната поставеност на договорот со идните концесионери, како и финансискиот ефект од издавањето. Консултантот треба да помогне околу концесијата за билбордите, како што тоа е направено со трамвајот и со подземните премини, во изработка на физибилити-студија и во утврдувањето на оправданоста на таа концесија. Консултантот ќе има и задача да анимира доволен број странски компании што треба да конкурираат. Притоа, градот ќе биде поделен на неколку зони за да не може тендерот да го добие само една компанија. На тој начин, според Трајановски, ќе се демонополизира тој сегмент од работењето на Градот.

- Нормално, Градот со тоа очекува многу повеќе пари отколку што сега добива од билбордите. Од друга страна, треба да се среди и состојбата во оваа област - рече Трајановски кога првично ја објави одлуката на Градот да распише меѓународен тендер за избор на консултант за доделување под концесија локации за поставување рекламни паноа во метрополата.

Според податоци од Градот, со потпишувањето на концесискиот договор „Акцент медиа“ и „Еуролинија“ за периодот од 2003 година до истекување на договорот уплатиле вкупно околу 65 милиони денари. За билбордите дополнително се плаќа месечна комунална такса, во која се пресметува делот и за потрошена електрична енергија, согласно тарифникот на ЕВН, одобрен од Регулаторната комисија.

Анела Петрова

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=097F7D09B1BD494A9AA0288373FAD627


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Aug-2010 at 14:44

Билбордманија го зафати Скопје

Сања Наумовска

Во Скопје владее вистинска билбордманија. Рекламни паноа има на сите страни, на земја, но и во воздух. Како што засега стојат работите, хаосот со уличното рекламирање уште долго нема да се реши, бидејќи ниедна фирма не се јави на повикот на Градот за избор на консултант кој требаше да изработи правилник за поставување и користење на рекламните паноа, како и да избере нови концесионери. Дали градските власти и понатаму ќе останат на идејата консултант да им најде решение за бизнисот со билборди, или, пак, самите ќе се зафатат со средување на проблемите, засега не се знае. Јасно е само дека која варијанта и да биде избрана ќе треба време да се реализира. А, во меѓувреме, скопјани на секој чекор ќе се сопнуваат на некој билборд, рекламно пано или ситилајт.

Рекламните паноа последните десетина години се поставуваат на секој слободен простор, на тротоари, на раскрсници, пешачки премини, на фасадите и на покривите на зградите. И тоа не само на станбените, туку и на објектите кои со закон се прогласени за културно наследство. Од друга страна, голем дел од билбордите ја загрозуваат и безбедноста на учесниците во сообраќајот, бидејќи со тоа што се наоѓаат на проблематични локации не оставаат доволно простор на тротоарите за поминување на пешаците. Истовремено, оние со огромни димензии го одвлекуваат вниманието на возачите. Многу билборди се поставени и во непосредна близина на објекти и згради, така што речиси целосно „ги покриваат“. Посебен проблем се билбордите кои се наоѓаат на приватно земјиште, со големини од неколку десетици квадрати, за кои надлежните градски и општински власти не можат да преземат ништо.

Според Законот, само за рекламните паноа со површина поголема од 12 квадратни метри е потребна посебна дозвола за поставување, за што, пак, неопходни се низа елаборати, меѓу кои и за безбедност на објектот. Елаборатот за рекламирање на јавни површини датира од 1998 година и во него единствен критериум при поделбата на локациите на кои може да се постави рекламата се смета пропишаната големина која не смее да надминува 12 квадрати. Бројот на локации за поставување паноа во Скопје тогаш изнесувал 8.128 места и од тогаш до денес не се направени корекции.

Посебно е прашањето за безбедноста на билбордите за чие поставување не треба никаква дозвола, ниту, пак, градежен проект за стабилност. Дали рекламните паноа имаат рок на траење, кој ги сервисира, кој ќе одговара доколку се повтори случајот кога се сруши билборд и повреди човек, се отворени прашања кои уште долго време ќе бидат без одговор.

Според градските власти, обврска на консултантот требаше да биде решавање на поголем дел од проблемите врзани со концесионирањето на билбордите во кои спаѓаат и овие прашања. Консултантот требаше да направи анализа колку билборди му требаат на Скопје, на кои места ќе може да се постават и колку ќе се наплатува за нив. Локациите треба да се поделат во зони од кои ќе зависи и цената.

Требаше да биде направен и нов модел на концесиски договор врз основа на кој ќе се прави изборот на можни концесионери и нивниот број. Новиот правилник треба да даде одговор и на прашањата дали ќе се дозволи рекламирање на фасадите и на покривите на зградите и дали за тоа ќе треба дозвола од локалните власти или, пак, како што беше случајот досега, само согласност од станарите и куќниот совет.

Пред две години завршија договорите на Градот Скопје со концесионерите „Акцент медија“, кој има 250 билборди, и „Лазов груп“, кој работи со 250 мегалајти и 320 ситилајти. Договорот не е продолжен со ниту една од овие фирми, првенствено заради регулирање на финансискиот момент, велат од Градот Скопје. Цената од 100 денари за квадратен метар, колку што добивал Градот од концесионерот, е прениска, а со бизнисот со билборди може да се озбезбеди поголем приход за градската каса.

Сепак, секојдневно се менуваат реклами на билбордите низ Скопје, а двете фирми се' уште работат со нив. Тие склучуваат анекс договори со Градот, кои ќе бидат во важност до изборот на нови концесионери. Колку време ќе трае оваа состојба, не се знае, но очигледно е дека им одговара и на двете страни. „Акцент медија“ и „Лазов груп“ ќе останат во бизнисот уште некоја година, а од друга страна без прекин ќе се полни и градскиот буџет. Анекс-договорите за концесионирање на билбордите се со истите услови како и претходните договори, а ниту една од договорните страни немала иницијатива за менување. Сепак, потенцираат градските власти, договорите со новите концесионери, без разлика дали ќе се бараат преку консултант или не, ќе се разликуваат од досегашните, особено во финансискиот дел, се разбира, во корист на градскиот буџет.

Градските власти најавуваат и раскинување на договорот со „Продукција перспектива“, фирма која веќе десетина години има ексклузивно право да поставува реклами и патокази на канделабрите низ градот. Нивниот договор, за разлика од оние на „Акцент медија“ и „Лазов груп“, не е временски ограничен и може да се раскине само со спогодба. „Градот Скопје преговара со ’Продукција‘ за изнаоѓање решение за проблемот“, кратко информираат градските власти, додека фирмата без никакви рокови или ограничувања, поставува реклами со обврска само да ја плаќа струјата што ја трошат.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=1D13F8D1DC23F84E96DFBC7C432705DE


Posted By: Swimmer
Date Posted: 20-Sep-2010 at 21:27

Општинските паркинзи на Центар почнаа да ќаруваат од реклами

 

За шест месеци на сметка на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ќе се префрлат 500 евра

Деспина Трајковска


ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ почна да ќарува од издавање простор за реклами на два од четирите сопствени паркинзи. Неодамна склучи договор со две фирми кои ќе се рекламираат на тикетите и асфалтот околу рампите на паркинзите кај „Автомакедонија“ и на паркингот кај „Трготекстил“. За период од шест месеци, на сметката на претпријатието ќе се префрлат околу 500 евра од рекламите. Иако симболични, овие средства ќе бидат добредојдени за ЈП, кое можноста за рекламирање на паркинзите ја воведе токму заради прибирање дополнителна средства за тековното работење. За таа цел, претходно оваа активност од ЈП ја регистрираа и како дополнителна дејност. Директорот Тодор Делјановски вели иако досегашниот пројавен интерес на фирмите за рекламирање на паркинзите можеби изгледа мал, сепак, тој е задоволен.

„Очекуваме на наредната лицитација интерес за рекламирањето да пројават повеќе фирми кои во меѓувреме дознаа за можноста што ја нудиме. И покрај тоа што веќе две фирми ќе се рекламираат на двата од четирите паркинзи, има простор за реклами за сите заинтересирани субјекти со оглед на тоа дека рекламирањето го овозможуваме во неколку варијанти од поставување рекламни паноа до поставување јарболи или, пак, лога на бар-код картичките“, објаснува Делјановски. Двете фирми со кои веќе претпријатието склучи договор за рекламирање се избрани на лицитација, која се одржа во почетокот на месецов. Од ЈП планираат да објават лицитација и до крајот на идниот месец. И тогаш ќе важат истите правила и цени за рекламирање.

Заинтересираните субјекти можат да се рекламираат по цена од 15 евра месечно, па нагоре во зависност од атрактивноста на паркингот и видот на рекламирање. Реклами можат да се поставуваат на паркингот зад „Автомакедонија“, на оној кај Зелен пазар, зад „Трготекстил“ и на паркингот кај Домот на градежници. Рекламите можат да се изведат во вид на банери, билборди, испишана реклама на асфалт, рекламно пано на ограда, а може да се постави и рекламен јарбол. Според утврдениот ценовник на ЈП, најскапо чини рекламирањето на паркингот кај Домот на градежници, а на останатите цените се речиси идентични. На пример, за поставување рекламен јарбол на паркинзите кај Зелен пазар, „Автомакедонија“ и зад „Трготекстил“ месечно се плаќа по 1.000 денари, а кај Домот на градежници двојно повеќе.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=DC32220BFF1C56429F3BC9A129FDF72A - http://utrinski.com.mk/?ItemID=DC32220BFF1C56429F3BC9A129FDF72A


-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Oct-2010 at 15:55
Градот реши да ги реновира фасадите на Илинденска и да се подобри впечатокот. Но што е со другото што се гледа од Илинденска, а не се фасадите. Во правец на центар кога се вози ќе доминира едната купола од уставниот суд. Незнам дали ова така го планирале намерно или не, но во секој случај му се дава содржина на погледот во далечина некаде. Што е со другата насока. Како се движите низ делов Влада-парк веднаш после првите неколку метра во чело почнува да се гледа првата кула од кулите спроти Зоолошка. Ѕидот може да стане атрактивен рекламен простор или барем да се среди во пакет со фасадите од Илинденска со некоја светлечка реклама на кровот. Немаме ние во Скопје нешто посебно рекламирање по згради до географски оддалечени потенцијални муштерии. На шала може да кажаме дека рекламите се како базни станици за мобилни оператори, од аспект на покривањето. Најчесто кај нас, тоа се непоредните минувачи зашто и немаме нешто многу високи згради за такво нешто. SONY и СЕКТРОН се две можеби и единствени реклами такви што имаат поголемо "покривање". Па ако не чита некој надлежен нека реагира за фасадата, а и ако не чита некој од сериозна фирма нека се обидат да го искористат просторот горе за добра светлечка реклама за која секој возач и минувач на Илинденска и потенцијален муштерија.




Posted By: OKA
Date Posted: 04-Oct-2010 at 16:00
Originally posted by lslcrew

...Па ако нè чита некој надлежен нека реагира за фасадата, а и ако нè чита некој од сериозна фирма нека се обидат да го искористат просторот горе за добра светлечка реклама за која секој возач и минувач на Илинденска и потенцијален муштерија.
ЛСЛ, за ова некој зема плата во Akzent media. Thumbs%20Up


-------------
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Oct-2010 at 16:12
Еве уште една идеја за тој што зема плата во Акцент Медија. Кулата во Кисела Вода (41°58'50.00"N 21°26'29.82"E) освен што е "ветена земјa" за секоја компанија во Македонија што има барем допирна точка со Телекомуникации (што е добро), може да биде и добро искористена за маркетинг простор, особено што од страните има по три бетонски платна, или како и да се викаат што се како направени за рекламирање. Има и одозгоре и одоздоле тераси што може одлично да се искористат за монитирање рефлектори, лесно се пристапни. Кулава доминира во скоро секоја слика према Кисела Вода од било која страна на градот, особено најгорната третина (бетонско платно, еден квадрат) и особено тие што гледаат према центар и аеродром, за разлика од тие што гледаат према водно. А дополнително горе може и светлечка реклама да гледа према центар, бидејќи од ЗОИЛ па се до Кисела Вода оваа кула доминира во хоризонтот. А нема да смета ни на антените, бидејќи од последните прозори до антените има повеќе од цел кат простор. Над последните станови има некој дополнителен простор скоро колку половина кат, па доаќаат кабините за лифтовите, па врз нив дури се столбовите црвени, па дури горе се антените. Простор за светлечка реклама има и тоа воопшто не е мал. А зградата е ужасно грда и запустена. Ме чуди што педестина стана така успешно се договриле да склучат договор со десетина фирми за просторот горе, а неможат за едно реновирање фасада. Освен ако не им било индиректно наложено да мораат да се "договорат", што е и добро решение кога зградата во која што живеат со својата телекомуникациска стратешка позиција веќе и практично не е само нивна сопственост туку делумно и општествено богатство, иако се само они на хартија сопственици. Не би им било проблем ниту за билборди.

Две слики од панорамио...


http://commondatastorage.googleapis.com/static.panoramio.com/photos/original/3416415.jpg - http://commondatastorage.googleapis.com/static.panoramio.com/photos/original/3416415.jpg


http://commondatastorage.googleapis.com/static.panoramio.com/photos/original/1585466.jpg - http://commondatastorage.googleapis.com/static.panoramio.com/photos/original/1585466.jpg


Posted By: OKA
Date Posted: 01-Nov-2010 at 14:50

Двоен скок на цените за изнајмување билборди


 

Зголемувањето на цените на рекламниот простор на јавните површини ќе обезбеди дополнителни средства, предвидени за одржување на улиците, со кои ќе се затвори „дупката“ во основниот буџет на градот

 
 
%20  
Со новите цени за рекламирање и поставување билборди, знамиња, паноа, рекламни платна на градежни скелиња и објекти, табли на мостови и надвозници, осветлени витрини, во градската каса ќе се слеваат речиси двојно повеќе пари. Досега за комерцијално користење на јавните површини на подрачјето на градот годишно се слеваа 46.000.000 денари.

Меѓутоа, со новиот ценовник, за реклама на билборд голем 12 квадратни метри, доколку е наменет за комерцијални цели, и доколку рекламата е поставена од двете страни и се наоѓа во центарот на градот, треба да се плати 12.800 денари месечно.

- Цената за квадратен метар се зголемува од година во година. Од 50 денари, колку што чинеше квадратот пред неколку години, сега е 200 денари, ако е за комерцијални цели. Ова е премногу, како да сме во Њујорк, Париз. За разлика од комерцијалните огласи преку рекламна агенција, далеку поевтино е доколку билбордот се користи за сопствени потреби. Под истиве услови, но за сопствена реклама на билборд ќе треба да издвоите само 3.600 денари месечно. А ако на ова се додаде и комуналната такса, што башка се плаќа, излегува дека ќарот на градот од овој бизнис е огромен - нé известија од компаниите задолжени за рекламирање.

Доколку некој сака рекламата да му се постави во осветлените рекламни витрини во центарот, познати како „ситилајт“, тоа задоволство ќе го чини 2.100 денари месечно. И во овој случај цената е двојно поевтина кога се работи за рекламирањето за сопствени потреби, затоа што месечниот износ за „ситилајт“ изнесува 850 денари.

Поставувањето знамиња и јарболи од шест и 12 квадратни метри, ќе се наплаќа по 150 денари од квадрат месечно. Покрај намената, многу зависи и тоа на која локација ќе се наоѓа рекламниот материјал. Па така, доколку знамињата или јарболите се во строгиот градски центар, рекламата ќе е 400 денари, а ако се подалеку, цените се намалуваат на 300, 200 и на 100 денари месечно.

Советот на градот е оној што одлучува кому ќе му даде дозвола за користење на местата за огласување на јавните површини. Ова особено се однесува на рекламите што се поставуваат на поголемите трговски центри, бензински пумпи, културни институции, како и за заштитниот појас на јавните патишта во градот. А парите се трошат за средување на урбаниот изглед.

- При изградбата, уредувањето и одржувањето на јавните површини и добрата од општ интерес, се користат и пари на скопјани. Поради тоа сите оние што ги користат јавните површини за комерцијални цели, мора и да платат. А, пак, со парите што по оваа основа ќе се влеат во буџетот на градот, не само што ќе се одржуваат постојните, туку и ќе се изградат и уредат нови јавни површини - вели градоначалникот Коце Трајановски.

Од градот додаваат дека со промената на цената на рекламирањето ќе се обезбедат дополнителни средства, предвидени за одржување на патната инфраструктура на подрачјето на главниот град, со кои ќе се затвори „дупката“ во основниот буџет.
 
  http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11110101473&id=14&setIzdanie=22121 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11110101473&id=14&setIzdanie=22121  
Автор: Биљана Стојановска   Фотографија: Маја Јаневска - Илиева


-------------
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Dec-2010 at 00:36
Ветрот кутна билборд


Силниот ветар што вчера достигна и до 100 километри на час кутна џиновски билборд на булеварот " Јане Сандански" во Општина Аеродром. За среќа, не повреди никого, ниту пак предизвика материјални штети. Сепак, треба да се потенцира дека при секое невреме се случува по некој сличен инцидент. Да не го споменуваме трагичниот настан во Битола, што се случи не толку одамна кога настрада еден жител. Тоа би требало да биде аларм за сите рекламни компании кои ги поставуваат билбордите, особено да внимаваат на сигурноста при поставување на големите рекламни паноа.

http://vecer.com.mk/?ItemID=5A9F42058D8B1640ADE85C80DEF7B7CB



Posted By: leonid23
Date Posted: 27-Jun-2011 at 03:08
ГРИЖАТА ЗА АРХИТЕКТУРАТА ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР ФУНКЦИОНИРА САМО НА ХАРТИЈА

Два аршина за естетиката на старите фасади



Од Градот се оградуваат од надлежност околу окупираноста на зградите во строгиот центар со секакви билборди, но за петте фасади на плоштадот, чија обнова ја финансираат, нема да дозволат затворање на надворешноста со билборди

Старите згради во строгиот центар треба да го сочуваат својот автентичен изглед, а од нивните фасади да се отстранат сите билборди и рекламни паноа кои ги нагрдуваат, се вели во објаснувањата околу најновите измени на урбанистичкиот план „Мал ринг“, усвоен од Советот на Општина Центар. Тоа се однесува особено на објектите на плоштадот, како и околу него, на кои се извршени безброј интервенции, доградби, надградби, кои ја нарушуваат нивната првобитна архитектура: Ристиќева палата, зградата на стоковната куќа „Типо“, речиси сите куќи и згради на улицата Максим Горки, но и на улицата Македонија, кои се изградени пред земјотресот во 1963 година.
И не само ограничување околу рекламирањето, туку се налага, на посебни мерки за заштита да подлежат и секакви градежни интервенции.
-За објектите кои се третирани со посебен режим на заштита, при планирање на интервенции, постои обврска понудената проектна документација да ја достават на мислење до Управата за заштита на културното наследство - се вели во планот.
Проблемот е што оваа класификација од прва и втора категорија, и предлог на Општината за зачувување на постојните состојби и оригиналната надворешност на овие градби, функционира одлично, но само на хартија. Практиката е сосема поинаква. Години наназад градските власти се оградуваат од надлежност за окупацијата на фасадите од билборди и маркетинг паноа кои ги затскриваат фасадите. Со тоа хаосот се продлабочува, а архитектурата не е оставена да диши.
- Билбордите на зградите не се во надлежност на Град Скопје и тој не може да го регулира естетскиот дел затоа што нема законска основа за да реагира - е ставот на градската власт.
Ова прашање на неколку пати беше отворено и на Советот на Град Скопје, односно членовите на Советот инсистираа градоначалникот Коце Трајановски да се ангажира повеќе околу заштита на фасадите во строгиот центар и негувањето на старата архитектура од габаритни билборди. Но, тој и покрај критиките, не отстапи од ставот дека не е негова работа да се меша во одлуките на приватни сопственици, фирми или куќни совети.
Во моментов градската власт на плоштад Македонија изведува градежни зафати со цел изградба на сосема нова фасада на зградата „Пелистер“, а и таа до неа. За таа цел од касата издвоија 130.000 евра. Следната година Градот исто така ќе ги обнови надворешностите на зградата „Пелагонија“ и на уште два објекта на „Максим Горки“.
Трајановски, иако изјавува дека не е надлежен да се грижи за естетиката во строгиот центар, како и на околните згради на плоштадот, за овие кои се предмет на градска интервенција, ќе има друг аршин. Појасни дека Градот ќе им наложи на куќните совети да не ги затвораат фасадите со билборди.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=62D5789C046D254880408E65F3A089DF


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jun-2011 at 22:56
КОНЕЧНО ГРАДСКИТЕ ВЛАСТИ ИЗБРАА ФИРМА
Консултант ќе го решава хаосот со билбордите

Роза Петкова


По повеќе од една година и два неуспешни тендера, градските власти конечно избраа консултант кој треба да им понуди најдобро решение за средување на хаосот со билбордите во Скопје. Прашањето за рекламните паноа од секаков тип, кои го преплавија градот и го окупираа секој слободен простор, од зелените појаси, пешачките патеки, канделабрите, па се до фасадите на зградите, повторно се отвори на последната седница во Градското собрание. Според раководителот на секторот за сообраќај во Градот, Зоран Дамјановски, тендерот за консултант е завршен и пред една недела е потпишан е договор со избраната фирма „Грант торнтон“ во здружение со „Поленак“ и со Завод за урбанизам на Град Загреб. Тие треба да изработат студија во рок од шест месеци, а за тоа ќе добијат околу 96 илјади евра од Градот. - Консултантот за билбордите за сметка на Град Скопје треба да изработи комплетна и издржана студија за правните, економските и за урбанистичките аспекти за регулирање на ова прашање. Тимот што ќе работи на студијата ќе треба да изработи план за локации, економска одржливост, спроведување тендерски постапки до склучување договори за изнајмување. Консултантот, во согласност со тендерски утврдената цена и потпишаниот договор, за успешно реализирање на програмската задача ќе добие 5,9 милиони денари со вклучени давачки - велат од одделението за односи со јавност.
За билбордите, а особено за паноата со огромни димензии што ги прекриваат зградите, или висечките светлечки реклами поставени од едниот до другиот крај на покривот од објектите, во последниот период во јавноста се дискутираше дека го претворија Скопје во една голема реклама. Архитектите се сложија дека градот го губи својот изглед, додека поставувањето реклами на станбени објекти се одвива стихијно и неконтролирано. По ова прашање, властите од Градот се прогласија за ненадлежни бидејќи немаат законски можности да интервенираат во одлуките на куќните совети, за кои билбордите се извор на финансирање за одржување на зградите.
Рекламниот простор кој може да го контролира Градот се јавните површини, тротоарите, уличните светилки и бандерите, што засега ги користат две до три фирми, кои станаа своевидни монополи во бизнисот. Тие имаа десетгодишни договори со Градот потпишани во мандатите на претходните градоначалници, а потоа се продолжуваа со анекси. Властите неодамна најавија дека планираат да ја сменат ваквата политика, но и да соберат повеќе пари во градската каса од рекламирањето. Така, при крајот на минатата година, на седница на Советот се усвои нов ценовник со кој цените за рекламирање се зголемија двојно.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2346&ArticleID=163035


Posted By: spaceman091
Date Posted: 19-Aug-2011 at 14:21
se trga reklamata ?



Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Aug-2011 at 16:30
Оваа реклама веќе беше препознатлив landmark  за Скопје, некако стана дел од идентитеот на плоштадот, а и не е некој обичен билборд кајшто секојдневно се менуваат рекламите, него е нешто што е длабоко поврзано со Скопје. Ако се почнува од рекламите на плоштад, јас прво би ги избришал сите до една реклами на Метропол и цел тој хаос горе таму, вклучувајќи ги и натписите шарени на продавниците, и да ги заменат со некои еднобојни во склад со фасадата и ненападни. Ете го билбордот екранот нека идат тамо реклами. Може и да се менува со нова, зашто досега имаше неколку различни Скопско реклами, а може и во пресрет на прославата или па целосно.

И кога постирајте ве молам во соодветните нишки, зашто не се што се случува во скопје е Скопје 2014, имаме за се простор.


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Aug-2011 at 21:06
Originally posted by lslcrew

Оваа реклама веќе беше препознатлив landmark  за Скопје, некако стана дел од идентитеот на плоштадот, а и не е некој обичен билборд кајшто секојдневно се менуваат рекламите, него е нешто што е длабоко поврзано со Скопје. Ако се почнува од рекламите на плоштад, јас прво би ги избришал сите до една реклами на Метропол и цел тој хаос горе таму, вклучувајќи ги и натписите шарени на продавниците, и да ги заменат со некои еднобојни во склад со фасадата и ненападни. Ете го билбордот екранот нека идат тамо реклами. Може и да се менува со нова, зашто досега имаше неколку различни Скопско реклами, а може и во пресрет на прославата или па целосно.

И кога постирајте ве молам во соодветните нишки, зашто не се што се случува во скопје е Скопје 2014, имаме за се простор.


потпис за целиот пост.


Posted By: antiuser
Date Posted: 19-Aug-2011 at 21:23
Originally posted by lslcrew

Оваа реклама веќе беше препознатлив landmark  за Скопје, некако стана дел од идентитеот на плоштадот, а и не е некој обичен билборд кајшто секојдневно се менуваат рекламите, него е нешто што е длабоко поврзано со Скопје. Ако се почнува од рекламите на плоштад, јас прво би ги избришал сите до една реклами на Метропол и цел тој хаос горе таму, вклучувајќи ги и натписите шарени на продавниците, и да ги заменат со некои еднобојни во склад со фасадата и ненападни. Ете го билбордот екранот нека идат тамо реклами. Може и да се менува со нова, зашто досега имаше неколку различни Скопско реклами, а може и во пресрет на прославата или па целосно.

И кога постирајте ве молам во соодветните нишки, зашто не се што се случува во скопје е Скопје 2014, имаме за се простор.


Можеби и Скопско рекламана беше на некој начин симбол на Ристичева,ама според мене треба да се тргне..премногу боде очи,наместо погледот да се насочи кон убавата фасада на Ристичева..


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Dec-2011 at 22:43

Коце ги шитка билбордите

  • Објавено: пред 8 часа |
  • Прочитано: 532 |
  • http://www.plusinfo.mk/print/Koce-gi-shitka-bilbordite - Печати |
http://www.facebook.com/sharer.php?u=http%3A%2F%2Fwww.plusinfo.mk%2Fvest%2F25477%2FKoce-gi-shitka-bilbordite&t=%D0%9A%D0%BE%D1%86%D0%B5%20%D0%B3%D0%B8%20%D1%88%D0%B8%D1%82%D0%BA%D0%B0%20%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%B5&src=sp - - - Сподели со твоите пријатели! - - - 3
Споделете ја веста со Вашите пријатели
http://img.plusinfo.mk/large_pics/2011/12/06/bilbordi-Skopje-3.jpg

Градската власт одлучи рекламните билборди во градот, на магистралните и собирни улици, пешачки зони и зелени површини, да ги даде под концесија, и тоа на четири различни концесионери, за да се избегне монополска позиција во управувањето со рекламните површини.


Според нацрт студијата за уредување на оваа дејност, Градот ќе се  подели во четири зони, и во секоја од нив ќе може да се постави одреден и унифициран тип билборд. Четирите избрани концесионери ќе можат да стопанисуваат со билборди од сите четири зони, но, под точно утврдени стандарди и правила. Ќе треба да инвестираат во изработка на три типови билборди предвидени за зоните, но и да ги отстранат постоечките, каде што е потребно.
Во строгиот центар на градот, во „Мал ринг“, ќе бидат дозволени само „сити лајт“ билборди и дигитални ЛЦД дисплеи. Студијата предложува и паноа со димензии 4 на 3 метри, со унифициран дизајн и боја, како и билборди со средна големина. Дефинирани се и материјалите од кои ќе се изведуваат паноата,  конструкцијата и осветлувањето, како и точните локации.
Целта на проектот е да се зголемат приходите на градот и да се воведе ред во областа на рекламирањето на јавни простори. За разлика од сегашната состојба, бројот на билборди во центарот ќе се намали, а во третата зона, на реконструираните булевари, каде што постојат услови, нивниот број ќе се зголеми, особено на булеварите Србија, Теодосиј Гологанов, Илинден, Словенечка,  каде што речиси и нема билборди.
-Нацрт студијата за концесионерство е готова. Ќе се внимава компаниите кои ќе ги добијат тендерите да можат да стопанисуваат подеднакво со билборди од четирите зони во градот, но, и на тоа да не аплицираат ќерки фирми - вели градоначалникот Коце Трајановски.
Анализата на постоечката состојба покажува дека во градот има околу 500 билборди, кои од аспект на дизајнот се на многу ниско ниво. Не постојат утврдени стандарди за ваков тип на рекламирање, а локациите не се ажурирани. Нема ни пропишани норми за оваа област, освен дека билбордите треба да не ја нарушуваат сообраќајната безбедност.


Актуелните фирми кои беа на презентацијата на студијата за концесионерство се пожалија дека условите од тендерот се тешко исполнителни, бидејќи од идните концесионери се бара да извадат дел од постоечките билборди, да изработат нови, за што се потребни многу пари. Особено, што во овој период многу компании се двоумат дали воопшто да инвестираат во нешто следните неколку години. Фирмите заклучија дека проектот е бајковит, бидејќи Градот во основа на проектот бара начин да си го зголеми профитот, а фирмите треба да инвестираат во сѐ. Велат дека вложените пари нема да ги извадат ни за 24 години, а камо ли за 10.

http://www.plusinfo.mk/vest/25477/Koce-gi-shitka-bilbordite


Posted By: bitolcanec
Date Posted: 09-Dec-2011 at 18:40

Повторно останува можноста за поставување на билборди на приватно земјиште. Дотолку што условите на тендерот ке бидат строги, компаниите ке бараат решение за поставување на билборди на приватно земјиште каде условите можат да ги договорат со сопственикот и кои сигурно ке им одговараат. Дотолку повеќе што во Законот за градба никаде не е забрането поставување на урбана опрема за приватно земјиште. Нити пак се бара некаква дозвола за такво поставување. Резултатот ке биде целосно пропаѓање на новиот концепт и вовед во нов хаос. И се ова поради аматеризмот во составувањето на Законот за градење.



Posted By: alexsend
Date Posted: 04-Jan-2012 at 01:59
Несмее да се дозволи поставување нови билборди, мора да се намали нивниот број. Само го грдат градот. Малку а квалитетни, а не на секој чекор поставени по секоја цена!


Posted By: kenzo_fan
Date Posted: 04-Jan-2012 at 08:59
Treba da se trgne reklamata na zgradata do Domot na Majka Tereza. So goleminata, sodržinata i silnata osvetlenost ušte samo taa fali pokraj onakov Dom. Denes e Bitolsko Mleko, zamisli utre ja zakupi Plejboj? 


Posted By: OCB
Date Posted: 03-Apr-2012 at 01:51
НЕМА ПРОПИСИ, НЕМА БЕЗБЕДНОСТ

Ветер урна билборд врз пешачка патека



Лимената конструкција на еден мегабилборд во центарот на градот не го издржа силниот ветер кој дуваше во Скопје изминативе неколку дена при што попушти и се урна врз пешачка патека на улица 11 Октомври во близина на зградата „Даре Џамбаз“. Во тој момент немаше пешаци во непосредната околина, но оние што наидоа неколку минути подоцна изразија задоволство што задоцниле и што имале среќа да не се повредени.

- Цел град е со вакви лимени конструкции, кои не се знае кога ќе се урнат врз нечија глава. Чудо е како с` уште сме живи ако се земе предвид дека огромни табли висат скоро од секоја висока зграда - коментира граѓанин, кој се враќаше од Зелено пазарче.

Од одделението за односи со јавност изјавија дека се запознаени со случката, но се оградија од одговорност. Објаснија дека за статиката, безбедноста и за одржувањето на билбордите одговараат концесионерите кои имаат добиено одобрение за поставување на билбордите. Во моментов и години наназад, како што информираа надлежните, нема прописи за унификација на изгледот и за големината на рекламните паноа, како и за материјалот од кој е изработена конструкцијата.

- Доколку се случи нешто, одговорноста во целост е на сопственикот на билбордот - тврдат градските власти. На прашањето дали ваквите инциденти ги алармираат нешто да преземат, од Градот одговорија потврдно. Истовремено признаа дека во моментов владее хаос во метрополата со овој тип рекламирање, но тврдат дека сликата набргу ќе се измени со студијата за поставување рекламни паноа.

- Таа веќе е влезена во втората фаза на изработка на тендерска документација за концесионирање, по што ќе се отвори третата фаза. Студијата ги затвора сите правни и финансиски аспекти за поставување рекламни паноа, во согласност со урбанистичките, сообраќајните и со естетските параметри -објаснија надлежните.

Воведувањето ред сметаат дека ќе го постигнат со поделба на рекламирањето во четири зони, како и со воведување конкуренција меѓу операторите. Но исто така и со пропишување стандарди кои треба да овозможат поголема безбедност.

- Материјалите за изработка, како и стандардите за поставување ќе бидат внесени во студијата и новите концесионери ќе мора да се придржуваат кон нив - изјавија од Градот.

Вака се работи во Атина

Наспроти башибозукот со билбордите кој 15 години владее во Скопје, градските власти од Атина во изминативе години во неколку наврати му објавија војна на уличното рекламирање. Со неколку одлуки и акции ги отстрануваа билбордите од главните булевари, а и од други улици доколку ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот, ги блокираат тротоарите, знаците, семафорите или, пак, со нивната содржина го одвлекуваат вниманието на возачите. И не само во Атина, туку и во други градови во земјата.

Kазните за сопствениците на згради и на плацови, кои одбија да ја почитуваат одлуката, се движеше од 1.500 до 30.000 евра по пано во зависност од неговата големина. Kако што известуваа медиумите, друга придобивка од ваквата акција и војна против рекламните агенции беше и отскривањето на голем број стари фасади, кои претходно биле покриени, а со тоа невидливи.

Јорданка Ивановска

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=F1C166C076264846ACAD6CF55B2FB844


Posted By: N23
Date Posted: 23-Apr-2012 at 20:02
Во трка по ќеш за куќните совети, кои кубурат со пари од станари, ќе никне уште еден билборд на зграда во Скопје



-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: Macedonian
Date Posted: 24-Apr-2012 at 00:17
Овој билборд е стар неколку години веќе, само што сеа нема реклама...

-------------
МАКЕДОНЕЦ си кога кавал ќе ти ја распара душата кога зурла ќе ти го раскине срцето.


Posted By: Џоле
Date Posted: 13-May-2013 at 17:09
Скопје со нови рекламни паноа



Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски денеска ги промовираше новите унифицирани рекламни паноа кои ќе бидат поставени на 1.100 локации низ градот, од кој 800 ќе бидат билборди, 252 сити лајт и 48 ЛЦД панели.

На двата јавни тендери што ги распиша градот, избрани се четири концесионери, „Акцент медиа“, „Скрин-медиа“, Кала плакат“ и „Медиа -С“, со кои се финализира постапката пред потпишување. Договорите со компаниите се склучуваат на 15 години.

Концесионерите, на претходно прецизираните локации, имаат обврска да ги постават рекламните паноа според добиениот пакет, 200 локации за билборди по 63 за сити лајт и 12 локации за ЛЦД панели.

- За поефикасно менаџирање со билбордите низ градот, одбравме повеќе компании со цел да се овозможи конкуренција во цените на рекламирање, поточно да нема монопол при изнајмувањето рекламен простор, изјави градоначалникот Трајановски.

Обликот и материјалот, рече тој, од кој што се изработени новите рекламни паноа се одредени во Студијата за рекламните паноа што за Градот Скопје ја изработи надворешен консултант избран на јавен повик.

Концесионерите се должни да плаќаат годишен надоместок од 302.000 евра во кои е вклучена и цената за струја што градот треба да ја надомести кон ЕВН. На годишно ниво по овој основ во касата на Градот Скопје ќе се слеат 1.208.000 евра.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=E117B66B358CE749A6C1CF5BF171FB5C - http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=E117B66B358CE749A6C1CF5BF171FB5C

-------------
За сè има вторпат


Posted By: zabegan
Date Posted: 14-May-2013 at 00:42
место да ги расчистат и да се воведе контрола над поставувањето билборди, тие ги поставуваат и промовираат како нешто нормално и прифатливо... only in Skopje...


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 18-Jul-2015 at 10:05

ЗАБРАНЕТО: Нема да има рекламни билборди на плоштадите „Македонија“, „Филип Втори“ и „ВМРО“!

На дел од скопските плоштади ќе биде забрането да се поставуваат билборди, осветлени рекламни витрини и ЛЦД панели. Според Предлог одлуката на Градот Скопје, забраната ќе важи за плоштадите „Македонија“, „Филип Втори“ и „ВМРО“. Во образложението на Градот се посочува дека одлуката се носи за да не се оштетат површните на кои се лоцирани овие три плоштади.
-Со цел да се зачувуваат амбиенталните вредности на овие простори, да се спречат евентуалните непредвидени дополнителни оштетувања на новоизградените партерни површини и да се избегнат прекопи кои можат да доведат до оштетување на веќе поставените и вградени материјали, а поаѓајќи од фактот што во проектите за изградба и реконструкција на овие три плоштади не се предвидува поставување на билборди (мегалајти), осветлени рекламни витрини (сити лајти) и ЛЦД панели потребно е да се донесе Одлука со која ќе се забрани поставување на рекламни објекти, се наведува во образложението на Градот.
Градските власти информираат дека овие три плоштади се сеуште во фаза на реконструкција и уредување на јавните површини.Лани Градот донесе одлука за изградба на фонтана на Плоштадот Македонија.Во март годинава беше донесено одобрување за партерно уредување на Плоштадот „Филип Втори“. Минатото лето беше донесено одобрувањето за изградба на Плоштадот „ВМРО“, со кое се одобри изградбата на зградата на владејачката партија “ВМРО ДПМНЕ”
Според образложението од Градот, досегашните билборди, осветлени рекламни витрини и ЛЦД панели на овие плоштади ќе бидат дислоцирани на други локации во истата зона.
-Доделените локации за поставување на билборди (мегалајти), осветлени рекламни витрини (сити лајти) и ЛЦД панели што се утврдени со Програмата за поставување урбана опрема – рекламни паноа на подрачјето на Град Скопје за периодот 2012 – 2027 година, а кои се наоѓаат на подрачјето на Плоштад „Македонија“, Плоштад „Филип Втори“ и Плоштад „ВМРО“ ќе бидат заменети со други локации надвор од ова подрачје, а во рамките на иста зона.
Во 2012-та година Градот донесе Програмата за поставување урбана опрема-рекламни паноа на подрачјето на Град Скопје за периодот 2012-2027 година. Во таа програма на одреден број локации кои веќе се наоѓаат на овие плоштади беше предвидено поставување на рекламни паноа. Од Градот посочуваат дека програмата е донесена пред изградбата и реконструкцијата на трите плошатди и дека затоа се наметнува потребата од дислокација на билбордите со цел површината на трите новоизградени плоштади да се заштити од оштетување, евентуални прекопи и слично. Поради забраната за поставцување и дслоцирање на веќе постоечките билбори, Програмата за поставување урбана опрема-рекламни паноа на подрачјето на Град Скопје за периодот 2012-2027 годинаќе претрпи измени, а новите локации за преместување на билбордите допрва ќе се прецизираат.

Нови цени за поставување на натписи и рекламни табли

За поставување на натписи и рекламни табли во заштитниот појас на јавните патишта во Скопје, инсталации во трупот на патот и во патниот појас, за прекумерно користење на пат, за вонреден превоз и за штета сторена на патот и објектите на патот, Градот предлага нов ценовник. Еве колку ќе изнесува надоместокот четриите зони, утврдени по границите на градските четврти согласно Генералниот урбанистички план на Скопје 2012-2022:



Од Градот образложуваат дека поради промената на надоместоците дел од членовите во Законите за локална самоуправа и за јавни патишта ќе претрпат измени со цел да се направи усогласување со “Програмата за поставување урбана опрема – рекламни паноа на подрачјето на Град Скопје за периодот 2012 – 2027 година“.Така доколку натписите или рекламните табли се протегаат низ две зони истовремено, висината на надоместокот ќе се утврди согласно повисоката цена утврдена за една од зоните на која рекламните табли се протегаат.Доколку за натписот или рекламната табла е потребно напојување со електрична енергија, барателот е должен приклучокот за електрична енергија да го обезбеди самостојно од овластен економски оператор за снабдување со електрична енергија. За предлогот за измена на надоместоците градските советници ќе расправата следната недела на седница на Совет.
Ј.С.

http://faktor.mk/2015/07/18/zabraneto-nema-da-ima-reklamni-bilbordi-na-ploshtadite-makedonija-filip-vtori-i-vmro/ - faktor.mk

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: kultuzin
Date Posted: 18-Jul-2015 at 14:32
BRAVO uste na nekoj da mu tekne istoto da go napravi i vo OHRID na plostadot. Da se trgne onoj golemiot i GRD Monitor koj go unistuva celiot ambient.


Posted By: hcitrS
Date Posted: 08-Oct-2016 at 22:22
http://www.build.mk/?p=52715

Конечно на некој да му текне! Сега дека ќе се спроведи - не вервам, ама барем се тргна. Тешки да се случи истото и во други градови. И најискрено му пожелувам вратоломен пад на бројот на билборди.


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-May-2020 at 12:34
Шилегов ќе дислоцира 240 рекламни објекти





Град Скопје ќе дислоцира 240 рекламни објекти што се поставени на јавни површини и го ограничуваат движењето на пешаците и велосипедистите. Станува збор за 120 билборди и исто толку ситилајти, кои се легално поставени во најголем дел на тротоари, пешачки површини, велосипедски патеки.

Градоначалникот Петре Шилегов информира дека отстранувањето ќе се направи откако Градот Скопје постигна договор со компаниите кои се занимаваат со закуп на рекламен простор во делот на билборди и ситилајти и покрај тоа што во минатото имаат склучено договор со градот за што платиле извесен надомест.

– Со тоа, првата зона од централното градско подрачје целосно ја ослободуваме од поставените рекламни објекти, а го намалуваме нивниот број и во останатите зони – изјави Шилегов и нагласи дека ова се прави со цел да се обезбеди повеќе простор за пешаците и велосипедистите во време на светската пандемија на ковид-19.

Тој најави дека за таа цел на првата наредна седница на Советот на Град Скопје ќе се донесе одлука за ослободување на компаниите за закуп на рекламен простор од надоместокот кој му го плаќаат на Град Скопје за период од три месеци, но и намалување на 20 проценти месечната закупнина во понатамошниот период.

– Ова ќе биде уште една нова мерка со која ја помагаме домашната економија, покрај намалувањето на фирмарината, месечниот надоместок за терасите на угостителите и олеснувањата во наплатата на комуналиите за градежништвото. Дополнително, ова беше едно од повеќегодишните барања на повеќе иницијативи и здруженија кои се занимаваат со унапредување на условите за велосипедски сообраќај, за кое претходната градска управа очигледно немала слух – вели Шилегов, додавајќи дека густо поставените рекламни објекти на јавни површини од претходната градска власт, од кои добар дел се на локации каде што не е нормално да бидат (на велопатека или тротоар) веќе нема да бидат дел од имиџот на градот.

(А.П.)

https://www.vecer.press/шилегов-ќе-дислоцира-240-рекламни-објект/


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-May-2020 at 12:51








https://www.facebook.com/CityofSkopje


Posted By: user8642
Date Posted: 21-May-2020 at 13:42
Морам да кажам, мене ми изгледа ова како (што вика СтароСкопје) "Плукни-залепи квази корупција". Ќе тргнат едни билборди на едни фирми, ќе стават други 240 на други фирми. Барем така до сега функционира ова со билбордите у градот. Изговорот е простор за велосипеди, да може и ќе има колатерална корсит нешто, и "застанат саат е точен два пати у ден", и "слепа кокошка зрно убоде".


Posted By: ehrlich
Date Posted: 21-May-2020 at 16:13
Простор-корона не е ова. Простор-корона е тоа што го бараат од здружението „НаТочак“, каде цели коловозни ленти ќе се претворат во велосипедски патеки (т.е. ленти). Имено, на втората фотографија може да се види како 10 точаци се стискаат помеѓу столпчиња за да поредат еден по друг на патека на која пред само неколку месеци се испоредија неплански контејнери (т.н. привремено).

Јасно е како е подреден градот и сообраќајот, така да ќе ги молам без паѓање во несвест дека направиле нешто што не е.

Потегот сам по себе е добар, ама не во насоката на која го промовираат.


Posted By: Џоле
Date Posted: 21-May-2020 at 16:15
Originally posted by stef4o

Шилегов ќе дислоцира 240 рекламни објекти


Алелуја!

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Jun-2020 at 12:20
Шилегов стави билборд на плоштад како споменик за Шпанските скали



Веднаш до затревената парцела на плоштадот „Македонија“ осамна билборд. Најверојатно го поставиле од Град Скопје со оглед на тоа што информацијата на Фејсбук ја објави скопскиот градоначалник, Петре Шилегов. – Да се потсетиме: нема зграда со Шпански скали (на билбордот прикажани) имаме нов јавен простор, со тревник, урбана опрема и дрвореди во Малиот ринг, напиша Шилегов
Веднаш до затревената парцела на плоштадот „Македонија“ осамна билборд. Најверојатно го поставиле од Град Скопје со оглед на тоа што информацијата на Фејсбук ја објави скопскиот градоначалник, Петре Шилегов.

– Да се потсетиме: нема зграда со Шпански скали (на билбордот прикажани) имаме нов јавен простор, со тревник, урбана опрема и дрвореди во Малиот ринг – напиша Шилегов.

Таканаречените „Шпански скали“ беше проект за изградба на деловен објект во барок стил со скали свртени кон плоштадот и кој требаше да биде дел од фамозниот „Скопје 2014“. Општина Центар му го поништи одобрението за градење на сопственикот на парцелата „Амадеус груп“ бидејќи не почнал да гради во предвидениот рок.

– Борбата за зачувување на секој сантиметар од слободниот простор продолжува со секоја наша наредна активност – вели градоначалникот Саша Богдановиќ.

Шилегов минатиот месец кога парцелата беше засадена со трева и уреден просторот околу неа децидно истакна дека нема да дозволи “овој дел кој секогаш граѓаните го користеле како јавен простор да стане 20-метарска барокна зграда“.

– Скопје е единствен град во светот како што плоштадот е продаден. Додека сум јас градоначалник ќе се грижиме овој простор да остане јавен простор. Секогаш бил јавен простор, така се користел и нема зошто сега да не се користи – рече Шилегов.

Лани во декември, Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе обвинение против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште против 10 службени лица од Министерството, од Катастар, против нотар, поранешен заменик правобранител и бизнисмени. Тие се осомничени за злоупотреба на службена должност за договори за продавање на државно земјиште во центарот на Скопје за што го оштетиле буџетот за 2,6 милиони евра. Во мај годинава се одржа првото рочиште и Шилегов очекува земјиштето повторно да му биде вратено на Градот Скопје.

– Како биле уплатени средствата така ќе бидат вратени, тоа нема нас да нѐ чини. За мене приоритет е да го заштитам, а не да го продадам Плоштадот и ќе направам сѐ така да остане. Ќе си се осудат криминалците за нелегалната продажба и ќе се вратат парите кои биле уплатени од инвеститорот, тука не се оштетува буџетот – рече Шилегов.

(С.Бл.)

https://www.vecer.press/шилегов-стави-билборд-на-плоштад-спом/


Posted By: user8642
Date Posted: 10-Jun-2020 at 17:00
Револуцијата ги јаде (во умот) своите деца!

Иста приказна "бранко е крив", ама на билборд ставена, Глупости! Нели заврши лудилото и немаше више трошење пари на глупости?! Како овој билборд ќе го подобри животот на Скопјани, да објасни некој?!


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 10-Jun-2020 at 17:13
Нели ќе ги тргаат сите ситилајтови? Или овој веќе си беше тука, само што ја смениле „рекламата“ додека го тргнат?

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: David
Date Posted: 10-Jun-2020 at 18:28
Originally posted by user8642

Револуцијата ги јаде (во умот) своите деца!

Иста приказна "бранко е крив", ама на билборд ставена, Глупости! Нели заврши лудилото и немаше више трошење пари на глупости?! Како овој билборд ќе го подобри животот на Скопјани, да објасни некој?!

Никогаш нема да заврши овде ова лудило пријател,баш ова пали кај овој заостанат во сите можни полиња народ,гол популизам,примитивизам,реваншизам и просто кажано курЦ,ење.
Мислам ок,некогаш е поизразено како на пример со ликов што мислам дека ќе биде првиот ск градоначалник што нема да го заврши мандатот до крај,ама во принцип тоа е матрицата,пред нас потоп,дојдовме ние и сонце огреа.



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 10-Jun-2020 at 19:39
Шилегов е далеку подобар од предходниот. Човекот не троши пари низ споменици туку за реални работи. Ама добро, 10год под диктатура има последници па затоа треба прво да се навикнеме/навикнете на нешто ново во друг поинаков правец. За толкав буџет добро си работи.
Панорамско тркало не се изгради, ГТЦ не остана барок дури доби една мала оаза (иако вети повеќе), шпанските скали не се изградеа и има мал убав плоштад, ,,барокот" во центар не се рашири, кај филхармонијата се изгради парк а да не се заборави дека тука беа два згради планирани. Како ги уредува тротуарите со комбинација на зеленило и клупи итн. човекот капира далеку повеќе од предходниот.


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Jun-2020 at 13:54
ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА ДА ГИ ОТСТРАНУВА БИЛБОРДИТЕ ОД ПЕШАЧКИТЕ ПАТЕКИ



Град Скопје почна со ослободување на пешачките и велосипедските патеки од билборди и рекламни паноа. Екипи од Градот викедов ги отстрануваа рекламните билборди од јавниот простор на улицата Свети Кирил и Методиј, со што сега тротоарите кај Старата железнилка станица се проодни и без пречки.

„Во наредниот период ќе се отстранат 240 билборди поставени на јавни површини низ градот. Со тоа ќе воспоставиме ред во узурпирањето на градот со билборди и рекламни паноа, кои го ограничуваат движењето на пешаците и велосипедистите“, велат од Град Скопје.

Градоначалникот Петре Шилегов на прес-конференцијата на 21 мај, на која ја најави оваа акција, кажа дека Скопје е град со најгусто поставени билборди, од кои дел се поставени на локации каде воопшто не треба ниту да ги има.

„Постигнавме договор со четирите фирми концесионери доброволно да ги отстранат. Во првата зона целосно ќе се ослободи градот од поставени објекти во форма на билборди. Компаниите за трите месеци додека трае вонредната состојба ќе бидат целосно ослободени од надоместокот за закуп на рекламен простор. Потоа бидејќи ќе имаат помалку локации за билборди ќе плаќаат за 20 отсто помала закупнина на Градот“, рече Шилегов.

Во Скопје има околу 800 билборди. На голем број локации низ градот има и нелегални билборди кои исто така ќе се отстрануваат во наредниот период.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-pochna-da-gi-otstranuva-bilbordite-od-peshachkite-pateki/


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Jun-2020 at 13:57
ОТСТРАНЕТИ РЕКЛАМНИТЕ ОБЈЕКТИ ОД ТРОТОАРИТЕ НА УЛИЦА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ КАЈ ТЦ РАМСТОР

Го ослободуваме јавниот простор за потребите на пешаците и на велосипедистите. Град Скопје ги отстрани ситилајтовите на улицата Св. Кирил и Методиј и овозможи непречено минување на овој дел од тротоарите.







https://www.facebook.com/CityofSkopje


Posted By: zabegan
Date Posted: 21-Jun-2020 at 22:42
може зборам пред време, ама ќе ги санираат ли крпениците од нивните основи? се гледа дури и дека не е асално асфалтирано поради пречката од билбордите кога е саниран тротоарот

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: ehrlich
Date Posted: 22-Jun-2020 at 10:40
Тоа е следна фаза па и ти


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Jun-2020 at 14:43
ПРОДОЛЖУВА ОТСТРАНУВАЊЕТО НА РЕКЛАМНИ ОБЈЕКТИ ОД ЈАВНИОТ ПРОСТОР

Градот Скопје продолжува со акцијата за отстранувањето на рекламните објекти од јавниот простор. Денеска беа отстранети рекламни објекти од булевар Илинден и улицата 11 Октомври.

Со оваа акција, од јавните површини во Скопје ќе бидат отстранети 240 рекламни објекти – билборди и ситилајти.









https://www.facebook.com/CityofSkopje/


Posted By: kiriOK
Date Posted: 26-Jun-2020 at 15:39
Треба уште барем 240 да бидат отстранети, ова лудило со рекламни билборди само кај нас го има...


Posted By: skopskodete
Date Posted: 26-Jun-2020 at 16:40
Originally posted by kiriOK

Треба уште барем 240 да бидат отстранети, ова лудило со рекламни билборди само кај нас го има...

И јас истото го мислам. Еве, ако му текне на некој, нека каже некој град во светот каде што вака има рекламни билборди на секои два метра.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 27-Jun-2020 at 08:17

Овие мали ситилајти и билборди низ цел град се чирови. Да беа малку паметни градските власти, во последните 2-3 години, пред оние полуизградените објекти на плоштадот Македонија ќе изградеја огромни светлечки реклами како на Тајмс сквер, Шибуја или Џиефангбеи. Поарно од покривање со бели чаршави.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: user8642
Date Posted: 16-Jul-2020 at 11:37
Ме збунија сликиве од една друга тема. Обично билбордите се експанзионистичка појава во Скопјево, а не обратно. Затоа градот ни личи на china-town, субстандардна кинеска пластичарска у америка. Еве на една зграда се гледа реверзибилен тренд, го снемало билбордот.

Пред...


Потоа...



Print Page | Close Window