Print Page | Close Window

Возен парк (ЈСП - ЛАЗ)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Јавен превоз
Forum Discription: Автобуски, трамвај, ЛРТ, метро, тролејбус...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=780
Printed Date: 19-Jun-2019 at 06:35


Topic: Возен парк (ЈСП - ЛАЗ)
Posted By: Cloverstack
Subject: Возен парк (ЈСП - ЛАЗ)
Date Posted: 24-Nov-2009 at 20:43

Никој не ни нуди минибуси

Нема ниту еден заинтересиран за набавката на 16 минибуси, а стасаа три понуди за 80 единечни автобуси и две за четири зглобни возила, информираат од Министерството за транспорт

Точно напладне, вчера, во Министерството за транспорт и врски беа отворени понудите за јавна набавка на 100 новопроизведени едноподни автобуси, која ќе се реализира со наддавање. Набавката, која се спроведува преку електронскиот систем за јавни набавки, е поделена во три дела: за 80 соло, односно единечни автобуси, за четири зглобни, односно двојни автобуси и за 16 минибуси.

До вчера никој не достави понуда за минибусите. За производство на 80 единечни возила се понудиле три компании, а за набавката на четирите зглобни возила се заинтересирале две. Министерството за транспорт и врски не ги обелодени имињата на фирмите што доставија понуди.

- Според Законот за јавните набавки, член 136, ако постапката завршува со аукција, а не со евалуација, понудувачите меѓу себе не смеат да ги знаат своите понуди. Не смее да се знае ниту кои фирми учествуваат. На самото електронско наддавање, тој што ќе ја понуди најповолната, односно најниска цена, ќе биде избран за најповолен понудувач, ако ги исполнува и другите наведени услови. Само така ќе се испочитува регуларноста на постапката - велат во Министерството за транспорт.

Оттаму не прецизираат ниту кога ќе се одржи електронското наддавање.

Во следниот период Комисијата за спроведување на јавната набавка ќе изврши целосна евалуација на способноста на понудувачите и на првичните понуди, во согласност со условите и критериумите од тендерската документација. Потоа, до понудувачите што доставиле прифатливи понуди, по електронски пат ќе им испрати покани за учество на електронската аукција.

Тендерот за набавка на овие возила беше распишан на 24 септември.

Пред една недела на јавниот повик, што по четвртипат го распиша Министерството, три компании доставија понуда за производство на 202 двокатни автобуса. Во игра се кинеската компанија „Џенгџоу јутонг“, бугарската компанија „Кинг лонг“, чија матица е во Кина, а прв пат во ваквите набавки учествува и британската „Александер Денис“.

Според понудите, најниска цена имаше бугарската компанија, која за 200 двокатни автобуси побара 27,8 милиони евра. По неа е компанијата од Кина, која овој пат бара 31,9 милион евра, а британската понуда е најскапа - 45 милиони евра. На тендерот се бараа и два отворени двокатни автобуса за туристичко разгледување на градот. Најголеми шанси да ја добие набавката има бугарската компанија „Кинг лонг“, бидејќи онаа фирма што ќе понуди најниска цена добива најмногу поени - 70, а за техничките и функционалните карактеристики и за дизајнот се добиваат до 30 поени. За купување на дел од автобусите Владата издвои околу седум милиони евра од буџетот за 2010 година.


Набавката на нови автобуси за ЈСП се влече две години, а по улиците и понатаму возат автобуси постари и од 30 години. Досега беа поништени три тендери од различни причини.

Анела Петрова


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=60395F94CB2BCE4783F16BB0D5C07AE9



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Dec-2009 at 01:09
Кај другиот тендер прилично очајно стојат работите... За Соларис имам доста читано на ССЦ и јас дефинитивно навивам за нив.

Полски „Соларис“ во обид да го освои и македонскиот пазар

Во зависност од типот на автобусот, компанијата дневно произведува по шест-осум возила

Од нашиот известувач
Деспина Трајковска 



познањ - Како на филмска лента, генерално, рачно производство, дневно по шест-осум автобуси што максимално ги исполнуваат сите европски стандарди. Вака се одвива процесот на изработка на автобуси во полската компанија „Соларис“, која почнала со работа во 1996 година со само 36 вработени. Денеска, пак, во неа има повеќе од 1.500 работници, чии раце произведуваат автобуси од најразличен тип. Поделена е во два фабрички комплекса, близу Познан, едниот во Шрода и поголемиот во Болехово. Од неа излегуваат автобуси што се возат по улиците на дури 29 европски земји. Можно е и Македонија да се најде на овој список, доколку „Соларис“ победи на тендерот за набавка на 100 едноподни автобуси за јавниот превоз во Скопје. 

Освен Полјаците, на тендерот, неофицијално, се пријавени и македонската компанија „Санос“ и кинеската „Јутонг“. Бугарската компанија „Кинг лонг“, иако го најави своето учество на тендерот, во последен момент се повлекла поради недостиг на време за усогласување на тендерската документација.

Иако времето за подготовка на понудата било релативно кратко и за Полјаците, сепак, желбата за учество и вербата во своите производи ги навела да се обидат да влезат на нашиот пазар. Компанијата доставила понуда за изработка на 80 соло-автобуси, производ, кој е еден од основните од самото отворање на фабриката. Покрај соло-автобуси, „Соларис“ произведува и зглобни автобуси, тролејбуси, хибридни автобуси, дури и трамваи. Сите тие се дело на рацете на над 1.500 вработени. Секојдневно поделени во две смени, буквално почнувајќи од првиот шраф, па до конечниот производ, работниците максимално ги вложуваат своето знаење и капацитет во изработката на автобусите. 

Првиот чекор во производството почнува во фабричкиот комплекс во Шрода, триесетина километри оддалечен од Познан. Таму почнува да се создава автобусот, од проект, преку спојување на првите шрафови и материјали што не кородираат. Потоа конструкциите се транспортираат во фабричкиот комплекс во Болехово, каде што се одвива втората голема фаза за конечна изработка. Од хала во хала, скелетот ги добива своите контури. Се монтираат прозорците, седиштата, еуро 5 моторот се' до финалниот чекор, надворешниот дизајн. А, дизајнот и техничките карактеристики, всушност, се прават по желба на нарачателот. Црвени, жолти, зелени, сребрени со шарени апликации, со мониторинг-системи, инвалидски рампи, дури и со санитарни јазли... 

Изработените автобуси се паркираат на паркинг-просторот во фабричкиот комплекс, подготвени за испорака. Германскиот град Лајпциг и скандинавските Стокхолм и Архус се меѓу последните во кои се испорачани околу 200 автобуси. 

Според Карол Лесниевски, менаџер во „Соларис“, токму овие два пазара се едни од најголемите со кои редовно соработува компанијата. Но, тука се и Австрија, Чешка Република, Швајцарија, Данска, Унгарија, Обединетите Арапски Емирати, Дубаи.... Во нашето блиско соседство автобуси на „Соларис“ има во Софија, а наскоро ќе се возат и по улиците на Атина. 

„Се надеваме дека набргу и скопјани ќе се возат во наши автобуси. Доставивме понуда на тендерот и очекуваме дека нашиот квалитет и цената што ќе ја понудиме ќе бидат оквалификувани како најповолни“, вели Лесниевски, кој имал можност да се запознае со постојниот возен парк на ЈСП „Скопје“ и смета дека итно му е потребно обновување. 

Во споредба со автобусите што сега се користат во Скопје, автобусите во Познан, од кои најголем дел се производство на „Соларис“, се како вселенски летала. Возењето во нив е вистинско задоволство. Обезбедени се со системи за затоплување и за ладење, со мониторинг-системи, удобни седишта, функционални држачи, безбедносен систем на отворање и на затворање на вратите. Речиси идентични автобуси компанијата ќе изработи и за потребите на превозот во Скопје, во случај да биде избрана нејзината понуда на тендерот.

Инаку, освен што го очекува исходот од овој тендер, во овој период компанијата интензивно е насочена на реализирање на проектот за изработка на 40 трамваи за потребите на јавниот сообраќај во Познан. „Компанијата неодамна победи на тендерот за трамваите што е планирано да се изработат и да се пуштат во функција до 2012 година, кога Познан ќе биде еден од градовите-домаќини на Европското првенство во фудбал, што ќе се одржи во Полска и во Украина“, информира Лесниевски, горд на сите досегашни меѓународни награди и признанија, повеќе од дваесетина, што ги добила компанијата како доказ за својот квалитет. 

Во „Соларис“ особено се горди на наградата која, како што велат, е идентична на најголемата филмска награда. Сето тоа, според Лесниевски, е само поттик компанијата што почнала да работи пред 25 години со само 36 работници и во иднина да го докажува својот квалитет. Дури и на шега велат дека се' уште не им е јасно како минатата година го собориле сопствениот рекорд и за една година произвеле дури 1.037 автобуси.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6D65FDF74CE4DA408CC12C11934CB54D - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6D65FDF74CE4DA408CC12C11934CB54D


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 01-Dec-2009 at 13:33
Solaris покрај одличниот квалитет имаат и врвен дизајн на своите возила, можеби за мене и најубавите пред мерцедес или ман. Се разбира дека и јас навивам за нива, но уште поголема мака ми е тоа што нема да се распише тендер за зглобни автобуси, во чија категорија Соларис ги има своите парадни коњи.
И јас не сум видел Соларис во Софија, ама новинарска работа.


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Dec-2009 at 15:48
Originally posted by Andrej_LJ

Solaris покрај одличниот квалитет имаат и врвен дизајн на своите возила, можеби за мене и најубавите пред мерцедес или ман. Се разбира дека и јас навивам за нива, но уште поголема мака ми е тоа што нема да се распише тендер за зглобни автобуси, во чија категорија Соларис ги има своите парадни коњи.
И јас не сум видел Соларис во Софија, ама новинарска работа.


Нема потреба да ни е мака, би било џек пот да помине овој тендер, мора од некаде да почене, а просто за зглобни сигурно ќе има со оглед на тоа дека 100 автобуси се далеку од решение на проблемот.

Но сепак мал reality check

Originally posted by Cloverstack


Но, и покрај тоа што овој тенер се поништува по четврти пат во министерството за транспорт пак изјавуваат дека нема да има промена на тендерските услови и дека новиот петти тендер ќе биде објавен веднаш по истекот на рокот за жалби.
 
http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=15632 - http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=15632



Posted By: pavche
Date Posted: 01-Dec-2009 at 16:16
Соларис има само во Пловдив. И jас сум изненадуван дека „Кинг лонг" jа пишуваат како Бугарска фирма... нема врска.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Dec-2009 at 04:15
Од ова што се нуди на тендерот за 80 „едноспратни“ единечни, не само што и јас навивам за Соларис, туку мислам дека тоа е и единствениот добар избор.

Него треба да смислиме што ќе правиме со насловот на нишкава...



@ Andrej_LJ  &  pbanks
Имаше паралелен тендер и за четири зглобни автобуси на кој пристигнале две понуди. Четири автобуси се далеку од доволно, всушност доколку не следи дополнителна набавка тоа е и непотребно оптоварување на флотата со неунифициран модел. Но зборот ми е дека Соларис најверојатно фигурира и на тој тендер.


Posted By: The Man
Date Posted: 02-Dec-2009 at 15:41
Се возам со автобуси на ЈСП веќе 5 години секојдневно, верувам дека има тука луѓе кои и подолг период се возат секојдневно со истите, но тоа не е важно во моментов.
На Скопје му се потребни голем број на зглобни и единечни автобуси. Комплетна лудост е да се набавуваат двокатни автобуси. Време е за практични и добри решенија, а не подобрување на имиџот на градот, макар што се двоумам дека двокатните автобуси и во тоа би можеле да успеат.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 02-Dec-2009 at 19:57

Можеби се повторувам, ама да направат вака.

Најдобро тие пари што ги дава владата за автобусите плус дополнителни средства да се искористат за трмавајот и да се реши тоа прашање. Многу поголема корист.

Друга работа, кога ќе има трамвај нема да има потреба од многу автобуси во градов. Нешто едноделни, нешто дводелни и ете нека има десетина двокатни ако веќе се сака да се обнови традицијата (тогаш би давале многу поголем впечаток од 200 двокатни, па и тој туризам, се знае неколку такви во центар и готово или пак уште подобро да постават еден на плоштад и толку, многу подобро, а не цел плоштад скулптури и споменици) 

малку комбинирав оффтопик ама тоа е моја замисла

и нека не се прават еден трамвај да не можат да направат 20 години, со автобуси нема да се може во иднина



Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Dec-2009 at 20:16


Фосил, трамвајот нема да ги реши сите проблеми на градскиот сообраќај и автобуси во догледно време секако ќе се користат. Со оглед на тоа дека се далеку поефтини од дигање на цела ЛРТ траса, мислам дека е апсолутно логично да се почне со инвестирање во автобуси а потоа да се продолжи со инвестиции во ЛРТ. Како што некои линии ќе се покриваат со трамвајот така автобусите ќе се тргаат од тие траси и ќе се користат за други.

Така да мислам дека редоследно, нови автобуси се приоритет и се најбрзо решение за подобар градски превоз (но не и поефикасен без вистински ангажман од сообраќајната полиција).


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 02-Dec-2009 at 20:35

pbanks 

Се согласувам дека автобусите ќе бидат потребни и корисни во догледно време, и дека не може да биде само трамвај, но ако се прави некаква инвестиција подобро би било да не се прави двапати, за тоа реков да се почне со трамвајот. Не затоа што автобусите, какви и да се, не можат да задоволуваат потреби на транспорт на патници денес, туку поради растеретување на сообраќајот, од една страна, од друга поеколошки е.

Сепак трамвајот ќе собрира повеќе патници од автобусите и место да се бутам од сабајле во 15 ако ништо друго ќе можам нормално да застанам.

Друго нешто, кога ќе се растеретиме од автобуси, градов ќе се опушти малку. 

А досега требаше да имаме трамвај, да не збориме за во иднина. И знам дека е скапо, но е реална и исплатлива инвестиција, ако не се лажам.

Ако ништо друго да барем една две линии засега, а автобусите нека се бидат. 

За автобусите кажав едноделни и дводелни и двокатни но во многу мал број како што горе прецизирав.



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 02-Dec-2009 at 20:43
Originally posted by FoSsiL

Друго нешто, кога ќе се растеретиме од автобуси, градов ќе се опушти малку. 

околу ова, незнам кој колку се вози со автобус, јас секој ден од аеродром до лептокарија, мислам повеке автобуси од автомобили има поготово кога ке се наредат на автобуска...Runaway



Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 09-Dec-2009 at 14:56
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=55947 - Оваа вест е нешто ново, дали има некој повеќе инфо?

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 09-Dec-2009 at 15:06
Previous
Еве ја веста, да ја имаме и кај нас

Украинска фирма ќе прави автобуси за јавниот градски превоз во Скопје

Украинската фирма ,,Лвивски Автобуси,, е избрана за набавка на 80 нови обични нископодни и 4 дупли автобуси - соопштија од Министертвото за транспорт.
Според условите од тендерот до крајот на 2010 се предвидува да се испорачаат 8 обични и 4-те дупли автобуси, останатите во 2011. Тие ќе бидат наменети за потребите за јавниот превоз во Скопје. Според Министерството, украинската компанија доставила најдобра понуда. На тендерот понуди доставиле 3 странски компании.
09.12.2009, 14:30

 
Извор:
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=55947 - http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=55947


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 09-Dec-2009 at 15:36
Ohno Подобро ЛАЗ ( е*ати неписмениот новинар) Львівський автомобільний завод него ГАЗ!

Шала на страна пак си останавме надвор од Европата со овие украински чуда. Сами по себе ЛАЗ возилата не изгледаат лошо, барем од аспект на надворешен дизајн. Ако претпоставиме дека ќе ги купат најновите модели на ЛАЗ. Нив ги има во Киев и Букурешт и не изгледаат лошо, макар што само со црвена облисцовка може да изгледаат ужасно! Незнам за техничките карактеристики и квалитет на самиве автобуси, но се далеку под Соларис, да не зборуваме за МАН или Мерцедес или Ван Хуувер.

Еве по едно сликиче од автобусите во Букурешт (единечен) и Киев (двоен тролејбус, но иста е формата и на автобусите).





ПС: Не ли мислите дека е време надворешниот дизајн на ЈСП да се промени. Ако планираат да остане црвена (што јас не ја сакам премногу, некако ми е тешка. Повеќе сакам 2-3 боен дизајн со убави и ведри бои и шари, на пример светло сина, светло зелена и бела), но ако остане црвената тогаш да ја прошараат со некоја плус друга боја, вака имаме подвижни лименки на кока кола. И никако бојата да е жолта и дезените да се лавови! LOL


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 09-Dec-2009 at 15:47
Сива - металик...знам, дека е конзерва, ама како што само дождот има потреба да ги запере од време на време (на ЈСП на крај памет не му паѓа), на таа боја најмалку се познава нечистотија...

...туку што испадна со двокатните?

п.с. градот e http://en.wikipedia.org/wiki/Lviv - L'viv , западна Украина

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Dec-2009 at 15:48


Добро прашање потегнуваш, и мене никогаш не ми се допаѓала црвената боја на автобусите. Може убава комбинаторика да се направи од некои од боите кои ги има на грбот на Скопје.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Dec-2009 at 19:48
Црвена, веќе е запоседната како традиционална и нема ништо лошо во тоа. Приметливи се на улица и доминантни се некако. За шарање да, и не гледам зашто жолто би било толку трагично лошо, небаре се граничи со некој радикален национализам. И жолто би изгледало симпатично. Друга работа, би го ставил и грбот на град Скопје напред на автобусите, во некој нормални димензии, да речеме 50х50. Но боиве како и да ги искомбинираме, денеска пак поголемиот број од автобуси се веќе со реклави од глава до петици, па исто ни се фаќа.

Но џабе ни се и нови и било какви автобуси кога пак ќе станат ако стариве по брза постапка. Неможе јавниот превоз да добива вакви постојани инјекции, а јсп сеуште да биде финансиска црна дупка, аждаја! Немаме видено еден ревизорски извештај, еден годишен извештај. Според мои рачуници ЈСП може квалитетно да живее со 30-40 посто од парите. ЈСП моментално може да биде појако финансиски одколку град Скопје само, може да купуваат нови автобуски, штотијазнам какви системи за наплати и триста чуда. Какви било и инјекции да пуштаме дали во пари, дали во автобуси, во бенефиции, ослободувања од давачки, пак ламјава ЈСП ќе ги изеде. На наши очи ќе гледаме како нов возен парк се крши и распаѓа. Душа ќе не боли за тие автобуси. Додека да стигне втората пратка, првава ќе биде за у ѓубре.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 09-Dec-2009 at 20:51
Јас не би се сложил со тебе. Сепак не збориме за некаква 150 годишна долга и богата традиција на јавниот транспорт во Скопје. Ниту пак нашето ЈСП има некаков кредибилитет или име за жал па да се налага колорната шема дека мора да остане. Дури би кажал дека ако се зафатиме за темелна обнова на градскиот транспорт треба тоа да го сфатиме како долгорочен проект кој би зафаќал промена на линиите и подвижниот состав. Но, мислам дека не би било лошо да се смени целосно и бојата на возилата и тие да се унифицираат при што луѓето би се оттргнале од перцепцијата која ја имаат за јавниот транспорт, а таа е слаба (и со право во Скопје).
Се разбира има градови во светот кои ја користат црвената боја како примарна (Мадрид, Прага, Виена, Стокхолм...), но таа секогаш е прошарана со други и навистина изгледа убаво и примамливо. Но, не се согласувам дека само (или најмногу) црвената боја допринесува за доминантноста на автобусите.
За мене најубави колор-шеми има низ Италија (најчесто портокалово-сиво-зелено) или плаво-белите комбинации. Мислам дека на Скопје како град кој цела зима е во магла и со темни и олуштени фасади му треба ведар и унифициран дизајн на автобусите.

Инаку мои фаворити покрај Мерцедес Цитаро се и Волво и Сканиа ОмниСити. Еве на што мислам: 1) Краков 2) Венеција:






-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Dec-2009 at 21:03
Збориме за традиција од 60-70 години што и не е така малку, а незнам кој го има кредибилитетот да бира боја на автобуси. Па макар и да немале ЈСП еден ден стаж, па ќе бидат они тие заедно со град Скопје кои си ги бираат ваквите детаљи. А ако перцепцијата се сменеше со префрбавување на втобусите, до сега верувај дека стопати ќе ги префарбаа. И ова е школски пример за занимавање со опаковската, а внатре труло. Џабе бил розев, зелен каков сака нека, пак доволно ќе биде човек еднаш да се качи и дам,у се врати старото мислење.

А за спас на јавното претпријатие гледам единствено стечај, а новите автобуси да бидат под ново прептрпијатие кое тековно ќе превземе вработени и инфраструктура, а и оној релативно нов возен парк. Све друго е импровизиција, мачкање очи и дополнително сакатење на ЈСП. Темелна реформа не се 300 автобуси, темелна реформа е претпријатие што ќе може 300 години да работи самостојно и независно.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 09-Dec-2009 at 21:07
Ама дај бе решение! Дали си за приватизација на ЈСП? Затоа што јас сум против тоа. И сметам дека во градот треба да има едно претпријатие под капа на Град Скопје и самите експерти од градот да му наложуваат на ЈСП критериуми за работа (линии, возила, фрекфренција итн.). Инаку јас кажав јасно дека редизајнирањето би одело во чекор со другите реформи во транспортот (со менување на линии, возен парк, воведување на ЛРТ и С-Бан...).

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Dec-2009 at 21:22
Види градот неможе да експропреира две куќи, а ти очекуваш да сузбие вакви колосални грабежи кои се на некој начин еден од неколкуте табу криминали за кои не се збори многу. Еве вака би сакал да изгледа решението. Владата да ги одземе од град Скопје надлежностите во врска со ЈСП и да спроведе стечај, па ревизија од државен и од независен ревизор за две децении наназад, нормално како и финансисика полиција. После тоа очекувам опширна постапка од МВР и некое обвинение во неколку томови од обвинителството. И нормално судска разврска.

А во ЈСП (новото реформирано) прво што ќе се набавува да бидат системи за наплата, фискални каси во автобус, во билетари и пос-терминали фискални за контролори. Отчет на три месеца.

Ништо од ова нема да видиме, се додека се сомневаме во постоење на ваква јавно-сообраќајна мафија, такси мафија и слични мафии што о држат на дно јавниот превоз на државно ниво, а воедно тие многу пари од јсп не треба да се биде многу паметен да се претпостави каде се зафршуваат, а дел сигурно во стимулирање на служби како не би потегнале постапки!


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Dec-2009 at 00:31


Украинскиот „ЛАЗ“ ја доби зделката за 84 автобуси за Скопје

Логото%20на%20ЛАЗМинистерството за транспорт и врски соопшти дека на тендерот за 80 соло и 4 зглобни автобуси победил украинскиот ЛАЗ (Львівський автомобільний завод). Автомобилскиот завод од градот Лавов понудил автобуси со мотор од германскиот производител Deutz според еуро 4 стандарди, автоматски менувач, предна и задна осовина ЗФ, дигитален тахограф за работа, автоматски управувана рампа за инвалидски и детски колички. Вкупната цена за 80-те соло автобуси изнесува 617.267.510 денари, а за 4-те  зглобни 41.968.191 денари. Предвидено е до крајот на 2010 година да бидат испорачани зглобните и најмалку 8 соло автобуси, а останатите во 2011 година.


Градски%20автобус%20ЛАЗЛАЗ е основан во 1945 год, а првиот автобус го произвел во 1956 год. Во Советскиот Сојуз бил помеѓу поголемите производители на автобуси и тролејбуси. Заводот се приватизирал во 2001.


На тендерот учествуваше и полскиот Соларис, а и кинескиот Јутонг кој е учесник и на тендерите за двокатни автобуси. Во последниот обид за набавка на нови автобуси за јавниот превоз во Скопје, бројката на двокатни се намали од 302 на 202, но тендерот за нив повторно пропадна. Исто така никој не достави понуда за 16 минибуси.



Извор: http://www.build.com.mk/portal/?p=775 - build.mk


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Dec-2009 at 16:46
Мислам дека премалку внимание обрнавме на овој колосален за Скопје настан, а имено купувањето на цели 84 автобуси. Еве изготвив малку информација за автобусите на ЛАЗ кои ги купивме, па да видиме во што ќе се возиме следниве децении.

Едноделните:

CityLAZ 12

ДИМЕНЗИИ (должина/височина/
широчина)      12,00 / 2,55 / 3,06 М

РАСПОРЕД НА ВРАТИ     2-2-2

ВИСОЧИНА НАД ЗЕМЈАТА     0,35 М

ПАСАЖЕРО-СПОСОБНОСТ
(вкупно/за седење)     120 / 24-36

ТЕЖИНА
(само возилото/полна)     11200 / 18000

МОТОР     DEUTZ BF6M1013 (Еurо 3)

МЕНУВАЧ     АВТОМАТИЧЕН

ГРЕЕЊЕ     ТЕЧНОСТ, ГРЕАЧ 30 Kw

ВЕНТИЛАЦИЈА     ПРИТОДНА, ПРЕКУ ОТВОРИ НА КРОВОТ И ПРОЗОРЦИТЕ
ШАСИЈА     ВАГОНСКИ ТИП, ГАЛВАНИЗИРАН. ВРАТИТЕ И БРАНИЦИТЕ СЕ АЛУМИНИУМСКИ. АРКИТЕ НАД ГУМИТЕ СЕ ОД НЕРЃОСУВАЧКИ ЧЕЛИК, КОМПЛЕТНО АНТИКОРОЗИВНА ОБВИВКА.

БОЧНИ СТАКЛА     БЕЗБЕДНИ, ЗАЛЕПЕНИ, ТЕРМИЧКИ ОБРАБОТЕНИ И ЗАТЕМНЕТИ
ОПРЕМА     РАМПА И ПЛАТФОРМА ЗА (ИНВАЛИДСКИ) КОЛИЧКИ

ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА     ЕЛЕКТРОНСКИ ПОКАЖУВАЧ НА ЛИНИИТЕ, КЛИМАТИЗАЦИЈА, РАЗГРАНИЧУВАЊЕ НА ВОЗАЧОТ, ВИДЕО-НАДЗОР, СИСТЕМ ЗА ПОДИГАЊЕ/СПУШТАЊЕ НА ВОЗИЛОТО (kneeling)

МАКСИМАЛНА БРЗИНА (КМ/Ч)     120

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО Л/100КМ     24






-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Dec-2009 at 16:53
Дводелните:

CityLAZ 20

ДИМЕНЗИИ (должина/височина/
широчина)        18,80 / 2,55 / 3,06

РАСПОРЕД НА ВРАТИ     2-2-2-2

ВИСОЧИНА НАД ЗЕМЈАТА     0,35 М

ПАСАЖЕРО-СПОСОБНОСТ
(вкупно/за седење)     230 / 46

ТЕЖИНА
(само возилото/полна)     17000 / 28000

МОТОР     DEUTZ BF6M1013 (Еurо 3)

МЕНУВАЧ     АВТОМАТИЧЕН

ГРЕЕЊЕ     ТЕЧНОСТ, ГРЕАЧ 30 Kw

ВЕНТИЛАЦИЈА     ПРИТОДНА, ПРЕКУ ОТВОРИ НА КРОВОТ И ПРОЗОРЦИТЕ

ШАСИЈА     ВАГОНСКИ ТИП, ГАЛВАНИЗИРАН. ВРАТИТЕ И БРАНИЦИТЕ СЕ АЛУМИНИУМСКИ. АРКИТЕ НАД ГУМИТЕ СЕ ОД НЕРЃОСУВАЧКИ ЧЕЛИК, КОМПЛЕТНО АНТИКОРОЗИВНА ОБВИВКА.

БОЧНИ СТАКЛА     БЕЗБЕДНИ, ЗАЛЕПЕНИ, ТЕРМИЧКИ ОБРАБОТЕНИ И ЗАТЕМНЕТИ
ОПРЕМА     РАМПА И ПЛАТФОРМА ЗА (ИНВАЛИДСКИ) КОЛИЧКИ

ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА     ЕЛЕКТРОНСКИ ПОКАЖУВАЧ НА ЛИНИИТЕ, КЛИМАТИЗАЦИЈА, РАЗГРАНИЧУВАЊЕ НА ВОЗАЧОТ, ВИДЕО-НАДЗОР, СИСТЕМ ЗА ПОДИГАЊЕ/СПУШТАЊЕ НА ВОЗИЛОТО (kneeling)

МАКСИМАЛНА БРЗИНА (КМ/Ч)     100

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО Л/100КМ     28













-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Dec-2009 at 16:55
Малку општа информација за карактеристиките на двата типа автобуси:

ПАТНИЧКИ САЛОН:
Комфорт
Градскиот автобус ЛАЗ 12/20 има голем и просторен хол. Нема скали, со што се забрзува самото качување/симнување на патниците. Вентилацијата е осигурена и потпомогната од вентилациони фенови преку покривот, како и внатрешно греење на течност. Големата површина на стакла овозможува лесно проникнување на светлината во салонот. Удобно-распоредените седишта (тип-кофа) се прекриени со издржлив, против-вандалски материјал.

Дополнителни удобности:
Рампата за колички овозможува брзо и удобно качување на патниците со потреби. Одличната амортизација ги израмнува грешките на патот и ги заштитува патниците од тресење.

ШОФЕРСКА КАБИНА:
Кабината е одвоена од салонот за патници со преграда која допринесува за топлотна и звучна изолација. Големи панорамни и сферни огледала му овозможуваат на шоферот целосен поглед врз салонот за патници.


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Dec-2009 at 17:01
Тоа што мене лично ми паѓа во очи е автобус со генерално добри карактеристики. Се зависи од тоа колку луксузна опрема ќе изберат нашите. Пред се со тоа мислам на елктронски покажувач на линиите и секако за Скопје- климатизирани автобуси со стакла кои не се отвараат. Исто така на официјалниот сајт на ЛАЗ (од каде е земена и преведена оваа информација), пишува дека моторот е со стандард ЕУРО 3 а не ЕУРО 4 како што се соопшти кај нас. Исто така смешничка е цената, отприлика 10 милиони евра за цели 80 едноделни автобуси. Ајде останува да се надевам дека моите очекувања ќе се исполнат. Честито на граѓаните и гостите на нашиот главен град за новата придобивка и многу години да ги пазиме, за да ни служат овие автобуси.

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Dec-2009 at 17:06
Епа тоа е цена од 125.000 евра / автобус. Ова не е некоја просечна цена. А за тие што викаш електронски за линија покажување, такви има една фирма у маџари кај нас се произведуваат па можеме и домашни да си купиме. Со вакви автобуси би требало и некој нов систем за наплата, освен што би имале автобусите електронски табли, и за автобуските би требало електронски табли. Немора сега по селата, ама барем поширокио центар за почеток.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 10-Dec-2009 at 17:35
Одлични автобуси! Редно беше. Инаку тендерот за двокатни кога ќе биде спроведен?

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 10-Dec-2009 at 18:24
Тролејбусите во Стара Загора се од истата фирма,мислам дека Андреј_лј ги објави некаде,сум се возел,супер се.

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Dec-2009 at 18:27
Андреј одличен преглед.

Од ова што можев да го прочитам до сега, задоволен сум со изборот. Немора по секоја цента автобусите да бидат топ марка, сосема е доволно да се функционални, еколошки, релативно квалитетни и со прифатлива естетика. Мислма дека сите овие критериуми ги исполнуваат.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 10-Dec-2009 at 19:12
Сега за сега, мислам дека не треба многу да скокаме...естетиката точно дека е прифатлива (не е space-shuttle, ама за скопски услови е одлично), со тоа што повеќето не сме го виделе дизајнот што е избран, туку материјаливе се извлечени од интернет (не дека не им верувам, ама којзнае какви чуда биле поставени како тендерски услови)...единствено што ме радува сега е тоа што не се работи за двоспратни автобуси (барем еден поголем дел не се такви), за понатаму ќе видиме...
...многу позначајно е да се фати континуитет во одржувањето на овие возила, т.е. ЈСП (или кое и да е), да стане рентабилно претпријатие што ќе може на помали циклуси да прави обнова на возниот парк, а не како до сега, тој период да трае и по 30 години и плус...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: Max
Date Posted: 11-Dec-2009 at 01:13

интересна комбинација и доволно ко за освежување, но без СИСТЕМ ЗА ПОДИГАЊЕ/СПУШТАЊЕ НА ВОЗИЛОТО (kneeling) ич да не ги купуваат, а ова сигурно ќе им ја крене цената имајќи предвид дека е во дополнителна опрема, незнам зошто но имам чувство дека во тендерскава комисија со волку брзо одлучување и немале баш време да ги проверат и потврдат сите опции во понудите и следствено со тоа да ја вагаат цената, ова по се изгледа било "најефтино-најдобро" веќе неголемо затераната опција, сигурно ја терале на: и така има доволно работите во стандардна опрема кои ќе ги биде па сега за една две плус минус ништо не менува!  

друга да неречам смешка ќе биде различниот дизајн на двокатните и единечните! смешно но ваков коктел ќе биде раритетна комбинација, ај на крај после ваков избор може и навистина ќе се откажат од двокатните во спротивно повторно кич... а ова со еуро 3 моторот мислам дека ја утнале незнам дали и како мислат со еуро 3 во европа но во догледно време најверојатно ќе треба да ги менуваме или преадаптираме...

и на крај ај аирлија нека се кога ќе пристигнат по една година!



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Dec-2009 at 01:45
Applause   @  Andrej за презентацијата


Инаку Андреј како успеа да ги идентификуваш моделите? Моментално страницата на ЛАЗ е недостапна (надминат бендвит, не баш многу професионално, ама тоа е...), но кога ја разгледав вчера ми се чини видов повеќе од еден модел и кај соло и кај зглобните.

А кај моторите има флексибилност. Дури и да им се еуро 3 во стандардно производство, веројатно не е проблем да се инсталира друг мотор, така да немам причина да се сомневам во информацијата што ја лиферуваа од министерство за транспорт.






Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 11-Dec-2009 at 02:12
Ништо, ќе повелите и друг пат презентации, затоа сме тука.
Да и јас тоа се чудев како страницата им е толку бавна и сега недостапна. Јас вчера и денес убаво ја расчепкав и неа и други руски форуми на тема советско производство на машини (автомобили на руски), односно сите тие XX-МАШ
На сајтот имаше секција автобуси, во кои освен овие (и соодветните на овие модели тролејбуси) немаше никакви други градски автобуси. Под ова мислам на класични градски автобуси. Плус ова се најновите модели на ЛАЗ од тој сегмент. Еве до што стигнав јас на руски форум:

1998: ЛАЗ-А073 / ЛАЗ-А0731 ЛАЗ-52529
2001: ЛАЗ-А291
2004-н.д.: ЛАЗ-А183 (CityLAZ-12) ЛАЗ-A152 (ИнтерЛАЗ-10, InterLAZ-10 Low Entry)
2005-н.д.: ЛАЗ-E183 (ЭлектроЛАЗ-12, ElectroLAZ-12)
2006: ЛАЗ-АХ045 «Школярик»
2006-н.д.: ЛАЗ-E301 (ЭлектроЛАЗ-20, ElectroLAZ-20)
2007-н.д.: ЛАЗ-А292 (СитиЛАЗ-20, CityLAZ-20) НеоЛАЗ-12 (NeoLAZ-12) ЛАЗ-AX183 (АэроЛАЗ-12, AeroLAZ-12) ЛАЗ-A183 (ИнтерЛАЗ-12, InterLAZ-12 Low Entry) ЛАЗ-A191 (ИнтерЛАЗ-13.5, InterLAZ-13.5 Low Entry) ЛАЗ-A152 (СитиЛАЗ-10, CityLAZ-10 Low Entry) ЛАЗ-A183 (СитиЛАЗ-12, CityLAZ-12 Low Entry)
2008-н.д.: НеоЛАЗ-10 (NeoLAZ-10) ЛАЗ-А141 (Лайнер 9, LAZ-Liner 9) ЛАЗ-А141 (Лайнер 9 «Туристический», LAZ-Liner 9)


НеоЛАЗ се туристички
ЛаинерЛАЗ се регионални/маршрутки
ЕлекртоЛАЗ се тролеите
ИнтерЛАЗ е градски но мини, како тие во Солун да речеме
АероЛАЗ се за аеродроми (нели со голема платформа и врати на обете страни

Имаше и маршрутки, мини-автобуси и меѓуградски па заклучив дека ако овие модели се сега популарни и ги купуваат градовите од Советскиот Сојуз (и др.) ваљда нашиве се одлучиле нив да ги купат! Навистина 10 години и повеќе, ЛАЗ нема други класични градски автобуси освен СитиЛАЗ 12/20.

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 11-Dec-2009 at 02:23
ИнтерЛАЗ 12:



InterLAZ-12 (Low Entry) создан инженерами ЛАЗ на базе модели автобуса «CityLAZ». В основу идеи заложена концепция комфортных перевозок пассажиров на пригородных маршрутах. Компании удалось достигнуть оптимального соотношения между комфортом, безопасностью и современным дизайном.

Габаритные размеры, м:     длина / ширина / высота 12,00 / 2,55 / 3,06
Высота уровня пола, м     0,35 в передней и средней части салона
Формула дверей     2-2-0
Пассажировместимостъ, пас.:     полная / мест для сидения 100 / 47-53


ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ НА ПРИГОРОДСКИ АВТОБУС, ФОРМУЛАТА НА ВРАТИТЕ 2-2-0 И МЕСТАТА ЗА ПАТНИЦИ, ОДНОСНО 110 ВКУПНО, ОД КОИ ДУРИ ПОЛОВИНАТА СЕ СЕДИШТА.


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 11-Dec-2009 at 02:25
ИнтерЛАЗ 13.5



Автобус InterLAZ-13,5 (Low Entry) создан на Львовском автобусном заводе на базе уже зарекомендовавшей себя модели «CityLAZ».
В данной модели сочетаются комфорт, безопасность и современный дизайн. Дизайн «InterLAZ-13,5 LE» соответствует классу современных машин, которые можно увидеть на дорогах Европы.

Габаритные размеры, м:     длина / ширина / высота 13,21 / 2,55 / 3,06
Высота уровня пола, м     0,35 в передней и средней части салона
Формула дверей     2-2-0
Пассажировместимостъ, пас.:     полная / мест для сидения 110 / 54-60


ПОВТОРНО СЕ РАБОТИ ЗА РЕГИОНАЛЕН АВТОБУС (СКОПЈЕ-КУМАНОВО/ТЕТОВО), ПОТОА Е САМО СО 2 ВРАТИ И СОБИРА ВКУПНО 110 ПАТНИЦИ, ОД КОИШТО 60 СЕ СЕДИШТА.

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 11-Dec-2009 at 02:29
СитиЛАЗ-10



CityLAZ-10 - городской автобус среднего класса с низким уровнем пола в передней и средней части салона. Длина - 10 м, полная пассажировместимость - 89 человек.

Габаритные размеры, м:     длина / ширина / высота 10,00 / 2,55 / 3,06
Высота уровня пола, м     0,35 в передней и средней части салона
Формула дверей     1-2-1
Пассажировместимостъ:     полная / сидениядля мест 80/24


ВИКА, ОВА Е ГРАДСКИ АВТОБУС ОД СРЕДНА КЛАСА СО ДОЛЖИНА ОД САМО 10 МЕТРИ И СОБИРА САМО 89 ПАТНИЦИ. ПОТОА РАСПОРЕДОТ НА ВРАТИ Е ПРЕМАЛ ЗА ГРАД КАКО СКОПЈЕ, 1-2-1.

ОВА СЕ СИТЕ ВАРИАЦИИ НА ГРАДСКИТЕ АВТОБУСИ НА ЛАЗ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 10+ ГОДИНИ И ЗАТОА ОДЛУЧИВ ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА СИТИЛАЗ 12 И 20. ИНАКУ ПРЕТХОДНИТЕ ГРАДСКИ МОДЕЛИ СЕ ОД 1996-8 ГОДИНА И СЕ ЕДНАКВИ НА ИКАРУСИТЕ ШТО СЕ ТРКАЛААТ ПО СОФИЈА, ПРОИЗВЕДЕНИ НА КРАЈОТ НА 1980 ГОДИНА.



-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Dec-2009 at 02:32
Originally posted by Andrej_LJ



ОВА СЕ СИТЕ ВАРИАЦИИ НА ГРАДСКИТЕ АВТОБУСИ НА ЛАЗ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 10+ ГОДИНИ И ЗАТОА ОДЛУЧИВ ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА СИТИЛАЗ 12 И 20.



Да, држи ова


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Dec-2009 at 13:22
Па не бидете и толку сигурни, дури не ги испорачаат (или додека не ни соопштат нешто повеќе од владата) не можеме да бидеме убедени што манџа ни зготвиле. Не ме чуди и да се вакви во помалата верзија. Ќе биде јако за инает (инает на тие што не мислат како нив) да имаат земено некои безвезни еднокатни (и да планираат да земат hi-tech двокатни, ама со ретро дизајн ) за да речат: видовте дека двокатните се поубави? Ама не верувам да се до толку садисти. Ама можи и да се.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Dec-2009 at 15:58
Deutz = Дојч ?!?  Crazy

Невермајнд, воглавно корисно инфо:

Правеле автобуси за Гинис, сега ќе прават и за Скопје





 

Украинската компанија што го доби тендерот за 100 едноподни возила за градскиот превоз пред две години го произвела 365 илјадитиот автобус и влегла во Гинисовата книга на рекорди

 
 
%20  
Украинската фирма „Лвивски автобусни завод ЛТД“, која победи на тендерот за набавка на 84 едноподни автобуси за подобрување на јавниот превоз во градот, пред две години го произвела 365 илјадитиот автобус, со што добила сертификат од Гинисовата книга на рекорди. Компанијата била формирана во 1945 година, а на средината на 1950-тите години почнува да произведува автобуси, кои се распространети низ Европа и низ целиот свет.

На интернет-страницата њњњ.лаз.уа/абаут на фабриката веќе е објавена веста дека учествувале на електронското наддавање и биле избрани како најповолен понудувачи на јавната набавка за едноподни автобуси во Македонија.

Според Валериј Кокот, советник за економски прашања во украинската амбасада во државава, оваа фирма е една од водечките во Украина и има традиција во производството на автобуси.

- Фабриката за автобуси во минатото најмногу извезувала за СССР, но сега такви автобуси се возат и во многу други земји. Тие соработуваат и со познатите фабрики за производство на автобуси, како МАН, „Доич“ и други. Според нашите сознанија, автобусите во Скопје треба да бидат со црвена боја - објасни Кокот.

Тој додаде дека Игор Чуркин, сопственикот на оваа фабрика, ќе дојде идната недела во државава, па за сите детали би можеле да контактираме со него.

Сé уште не се соопштуваат карактеристиките на автобусите, како колкав ќе биде нивниот капацитет за превоз на патници, колку седишта ќе имаат и слично. Единствено се знае дека ќе бидат опремени со мотори „еуро 4“ и дека ќе имаат автоматска рампа за инвалидизирани лица. Од Министерството за транспорт и врски рекоа дека ќе почекаат да помине рокот за жалби и да се потпише конечниот договор за да се откријат овие и други детали. Оттаму само соопштија дека набавката на 100 автобуси е најголемата инвестиција во јавниот превоз во историјата на Македонија.

ЛАЗ, како што е скратеното име на украинската компанија, побарала по 125 илјади евра за единечните, а по 170 илјади евра за зглобните возила и со тоа ги победила конкурентите. Другите две компании што учествуваа на тендерот, како „Соларис“ од Полска и „Јутонг“ од Кина, понудиле повисоки цени за едноподните автобуси. „Соларис“ излегла со цена од 200 илјади евра по парче за единечен автобус и 294 илјади евра за еден зглобен автобус. „Јутонг“, пак, не учествувала на набавката за зглобните автобуси, но за еден соло-автобус барала близу 140 илјади евра.

Од скопската фирма „Иев“, која ја претставува кинеската фирма „Јутонг“, велат дека сé уште ја разгледуваат можноста да поднесат жалба до второстепената комисија за јавни набавки, бидејќи ова било електронско наддавање и немаат увид во сите податоци на понудувачите на самото место.

Во тек е жалбената постапка, која ќе трае една недела, а ако не се поднесат жалби, ќе следува потпишување на договорот меѓу украинската компанија и Министерството за транспорт и врски.




Земји во кои се возат автобуси на ЛАЗ

Грузија
Молдавија
Унгарија
Романија
Куба
Авганистан
Словенија
Србија
Бугарија
Кина
Иран
Ирак
Тунис
Алжир
Египет
 
   
Автор: Р.З.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121191034478&id=14&prilog=0&setIzdanie=21859


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 11-Dec-2009 at 16:11
Што-годе издржан артикал на новинаров. Сега наеднаш излегоа цели 100 автобуси, абе манџа е сево ова. Не ми е јасно зашто сите процеси од овој тип се водат како по теркот на државна тајна?! Секој нормален градоначалник би се фукал на сите страни со новата придобивка, а овие нашиве уште незнаат и со какви карактеристики ќе бидат автобусиве. Потоа како можат да кажат дека незнаат какви карактеристики имаат возилата ако се знае колкава е нивната цена на парче!?! Тоа значи дека доколку се одлучат за подобри перформанси, ќе треба да доплатат дополнително, што навистина не е фер спрема останатите учесници на тендерот. Ајде Соларис навистина се скапи и ексклузивни, но кинезиве... Не ми пречи воопшто изборот на ЛАЗ, дури и сум задоволен, но ужасно ми пречи целава секретност на проектов! Тоа не треба да се толерира кога станува збор за стотици автобуси и јавна корист број 1 на главниот град!
Сигурен сум декас ЛАЗ нема во Словенија (навистина сум бил насекаде и просто нема возила од источна европа) плус видете само како само СЛовенија отскокнува по квалитет од сите горе наброени земји!

Фабриката за автобуси во минатото најмногу извезувала за СССР, но сега такви автобуси се возат и во многу други земји. Тие соработуваат и со познатите фабрики за производство на автобуси, како МАН, „Доич“ и други. Според нашите сознанија, автобусите во Скопје треба да бидат со црвена боја - објасни Кокот.

А ова пак е како да кажеме дека САНОС извезувал за Охрид или Сплит! Знаат ли каде е Украина и под која земја зпаѓаше пред 20 години? Bash Ова се навистина големи простотии за еден новинар! И пак црвена та црвена!



-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Dec-2009 at 16:27
Ако се исцинцарат на електронските дисплеи (за линиите) навистина се гнаси.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 11-Dec-2009 at 16:30
Originally posted by Andrej_LJ


И пак црвена та црвена!
Мене не ми е страшна како боја, дека е помала површина (т.е дека поголема е стаклената површина)...ама дека е истовремено и партиска, ме вади од такт...ама кога стигнаа градски аптеки и оградите на Јане Сандански да ги фарбаат, ме вади од такт оваа појава, тежок простаклук!

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Dec-2009 at 16:40
Не дека сум приврзаник на црвената, ама не гледам по кој основ би се вмешувала некаква моментална партиска мотивација - автобусите ни се црвени одсекогаш. Впрочем ако збориме за бојата, да збориме од аспект на естетика, препознатливост на јавниот превоз и слично.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 11-Dec-2009 at 16:45
Не, не станува за партиска боја во никаков случај, ете јас сум застапник за сината која е исто така партиска но јас во никој случај не сум приврзаник на истата! На крајот на краиштата секоја боја до една, е превземена од некоја партија. Станува збор градскиот транспорт да добие некаков поубав и помодерен дизајн од неколку меѓусебно-складни бои (може и црвената да остане апсолутно!). При тоа да ја задржи препознатливоста на улиците, а да се внесе некаков поведар и поиновативен дизајн.

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 12-Dec-2009 at 00:08
На крај сето тоа ќе се покрие со реклами Smile

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: axel
Date Posted: 12-Dec-2009 at 12:11
     
Моќен руски бизнисмен ќе ги прави новите скопски автобуси




 
 
 
%20  
Големите руски олигарси, кои преземаат бизниси насекаде на Балканот и низ Европа, во Македонија доаѓаат со градски автобус. Бизнисменот Игор Чуркин, сопственикот „Лвивски автобусни завод ЛТД“ од Украина, фирмата што го доби тендерот за новите 84 возила на ЈСП, е човек со богато минато во многу бизниси и син на познатиот политичар Виталиј Чуркин.

Покрај фабриката за производство на автобуси, Игор Чуркин е познат и како сопственик на „Црноморското бродоградилиште“, а минатата година бил заинтересиран да ги купи три поголеми фабрики во Србија, како „Прва петолетка“, „ФАП“ и „14 Октомври“, кои се занимаваат со производство на стопански возила и тешки машини.

Чуркин во јавноста е познат и како руски тајкун, како и за еден од големите познавачи за текот на приватизацијата во Русија и Украина, кога и станал сопственик на повеќе компании. Во 2001 година тој ја преземал фабриката за автобуси во Украина „Лвивски автобусни завод ЛТД“, со што таа го стекнала статусот на потполно приватизирано претпријатие со колективна форма на сопственост. Фабриката има традиција во производство на автобуси од околу 60 години, а нејзините производи, освен што се произведувале во поранешните земји на СССР, се извезуваат и во Европа и блискиот Исток.

Со тендерот се предвидува до крајот на 2010 година да бидат испорачани четирите зглобни и најмалку осум единечни автобуси, а другите да бидат доставени до крајот на 2011 година. Еден зглобен автобус чини 170 илјади евра, а соло 125 илјади евра.

Според украинската амбасада во земјава, Чуркин сега се наоѓа во Белград, а се очекува во Скопје да пристигне во понеделник, кога ќе има состанок со претставници од Министерството за транспорт и врски околу набавката на новите автобуси.

- Денеска нема да можете да воспоставите контакт со Игор Чуркин. Неговиот телефон е недостапен и не можеме да ве поврземе. Кога ќе пристигне ќе можете да го прашате за сите детали кои ве интересираат. Победата на тендерот за автобусите на фирмата „Лвивски автобусни завод“ е голема украинска инвестиција за Македонија, со која ќе се отворат и голем број на нови вработувања. Во тек е жалбената постапка, но отворањето на тендерот беше електронско со што се отфрлаат сите сомневања околу поништувањето на тендерот. Со тоа, очекуваме наскоро фирмата-победник да го потпише договорот со Владата - објасни Валериј Кокот, советникот за економски прашања украинската амбасада во државава.

Како и за многу други руски богаташи, и за Чуркин се појавуваа обвинувања за вмешаност во корупциски скандали, пред сé приватизациски. Но советникот Кокот вели дека станувало збор само за недоразбирања и за обиди на конкуренцијата да го оцрни овој бизнисмен, а сега ситуацијата била нормализирана.

Неговиот татко Виталиј Чуркин е уште попознат, како еден од најмоќните дипломати во руската федерација, кој уште во 1981 година докторирал на Дипломатската академија на СССР. Во својата триесетгодишна кариера тој извршувал повеќе функции во советското и во руското Министерство за надворешни работи, каде што во 1992 година дотуркал и до заменик-министер и станал претставник на претседателот на Русија во разговорите за поранешна Југославија. Потоа станал амбасадор во Белгија, па во Канада, а од април 2006 е постојан руски претставник во Обединетите нации.
 
 

 

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121291011452&id=14&setIzdanie=21860

  



Posted By: Zoc
Date Posted: 12-Dec-2009 at 18:32
Па веројатно вака некако треба да изгледаат новите автобуси.
Иако искрено не сум за црвена боја на автобусите ..сепак мислам дека треба да се задржи, бидејки сепак станува збор за традиционална боја која од секогаш се користела.Како и да е не е на одмет да се освежи дизајнот со некои „модни“ детали или комбинации на бои  ...Како и да е бојата е најмал проблем ..да се надеваме дека набрзо ќе ги гледаме по скопските улици каква и боја да се.Big%20smile

updated Tongue
http://img709.imageshack.us/i/noviavtobusi.jpg/ -




Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Dec-2009 at 18:39


Изгледаат подобро одошто очекував. Браво за фотошопот Зоц Cheers

Едино хармониката не би ја фарбал црвена на дуплиот ама изгледа ти тргнало


Posted By: La Linea
Date Posted: 12-Dec-2009 at 18:58
Еве посебна нишка за нископодните Cheers


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Zoc
Date Posted: 13-Dec-2009 at 03:45
pbanks сигурен си за хармониката ? ...ај види поубаво Crazy


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Dec-2009 at 12:04


Супер, сега кој не ја видел претходната варијанта се чуди за што зборам

Дефинитивно го повлекувам коментарот дека сум против црвените, на новиве автобуси со оглед на тоа дека металните површини се доста помали изгледа одлично.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 13-Dec-2009 at 12:43

mi licat malku ko svajcarskite avtobusi, sto se prekrasni za site lugje (invalidi, mali, golemi)

znaci za malite deca sto se vo kolicka avtomusot si ojt eksta na dolu
eve ovde

http://www.blt.ch/Images/ArticleImages/lienendetail/bus_65.jpg - http://www.blt.ch/Images/ArticleImages/lienendetail/bus_65.jpg

a vaka izgledaat avtobusite, spored bojata super ke bese i za vo skopje

http://farm3.static.flickr.com/2077/2483078562_aa0202a071.jpg?v=0 - http://farm3.static.flickr.com/2077/2483078562_aa0202a071.jpg?v=0

 
a za ova ovde(vidi slika) ne me raduval bas ako dobiva skopje vakvo nesto posto sto da kazam ne se bas moderni i ubavi za patuvanje, star model veke recisi nema poveke od ovie vo svajcarija

http://img704.imageshack.us/i/27917855539a0d4a74c.jpg/">

 
neka se trudi vladata, pred da izbira koj avtobus prvo neka se seta so tie pa posle da se odlucuvat, a ne koj e poeftin!!!
 
 


Posted By: 46&2
Date Posted: 13-Dec-2009 at 13:19
Не се разбирам многу во автобуси но би сакал да видам некоја директна споредба меѓу Лаз и Санос (конкретните модели на градски автобуси) едноставно сеуште не можам да се помирам со тоа дека упорно се саботира домашен производ.
Единствено до сега имам забележано дека дизајнот е дефинитивно на страна на Лаз (ама мислам дека и тоа можеше да се среди доколку се склучеше голема зделка со Санос. Можеше да се направат одредени визуелни измени на новите модели што ги има во Белград и Бар и тие да бидат карактеристични само за скопските автобуси, се разбира сето тоа во комбинација со оригиналната црвена боја).
Значи би сакал кој има повеќе знаење и време од мене да направи директна споредба на капацитет, димензии, мотор ( јачина,потрочувачка, Еуро норми и издувни гасови) цена итн.
Едноставно уште не сум убеден дека Лаз е подобриот избор.



Posted By: axel
Date Posted: 13-Dec-2009 at 13:42
potpolno se slozuvam so 46&2< id="gwProxy" ="">< ="jsCall;" id="jsProxy" ="">


Posted By: Max
Date Posted: 13-Dec-2009 at 13:44

хм некни премиерот спомна дека единствен проблем кај сановци е банкарска гаранција инаку ќе оделе со нив во случајот за двокатните, но се ми се чини дека сановци имаат и технички потфрлено, особено што тука не станува збор за лиценца како што беше тоа случајот порано туку за своја линија за која никој не им верува од банките на збор дека би можеле и да ја истераат како што треба... лично сметам дека најдобро е да имаме домашен бренд и тоа од повеќе аспекти, да не набројувам имам нешто потфрлено во нишката со двокатни

сепак требаш владата да има малку повеќе осет и по секоја цена да му помогнеше на санос да застане на нозе, но очигледно е дека санос е трн во здрава нога кој човек би се нафатил да си го брце евентуално доколку е подмитен, но не и доколку игра по правила, што во случајов мислам дека ептен ја претераа, па волку правно-процедурално цепидлачење околу услови и гаранции не сум чул да сме имале досега! ајде и тоа е демократија, но истата може да се тера кога човек е богат а не сиромав, ваквото одложување ај што времето ни го зема туку не држи во постојана хистерија за едно и не толку суштно прашање...

~

а за бојата, луѓе во тропикалистичка земја каде има 300 сончеви денови црвена боја на јавен автобуски превоз едноставно не оди, се знае за на југ какви бои се тераат, поопуштени и посвежи, сина, жолта, зелена, па и бела, но не и црвена, но во сеој случај и така ќе бидат излепени тоа автобусите со реклами па од тој аспект најдобро е да лимените шасии да тераат или во бело или во жолто!



Posted By: axel
Date Posted: 13-Dec-2009 at 13:50
se slozuvam i so max 100% e vo pravo< ="">< ="">


Posted By: 46&2
Date Posted: 13-Dec-2009 at 13:55
Originally posted by Max

а за бојата, луѓе во тропикалистичка земја каде има 300 сончеви денови црвена боја на јавен автобуски превоз едноставно не оди, се знае за на југ какви бои се тераат, поопуштени и посвежи, сина, жолта, зелена, па и бела, но не и црвена, но во сеој случај и така ќе бидат излепени тоа автобусите со реклами па од тој аспект најдобро е да лимените шасии да тераат или во бело или во жолто!




Бојата е најмал проблем. Мене црвената боја воопшто не ми смета. Може да се освежи целокупниот изглед ако на пример место црвено-бела комбинација се направи црвено-сиво металик (има многу такви примери).
Уште подобро ако се направи конкурс за изгледот во кој би се вклучиле наши млади студенти од машински или ликовна уметност и би конкурирале со свои цртежи и визии. Така не само што ќе се добие оригинално решение за изгледот туку и самиот настан ќе добие поголемо медиумско ПОЗИТИВНО внимание и со тоа можеби и би се избришала досегашната лоша слика на поништени тендери и манипулации со јавноста.


Posted By: axel
Date Posted: 13-Dec-2009 at 13:55
se soglasuvam trebase da mu pomogne na sanos.ama tie imaat nekoi interesi valjda i zaradi toa sanos go isfrlija od igra.i bojata ne treba da e crvena.bi bilo dobro da e zolta,plavaaspored mene zolta bi bilo najdobra


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 13-Dec-2009 at 14:48
Само ко инфо - тролебус од ЛАЗ
 


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 13-Dec-2009 at 17:52
Веројатно не треба да се вика нишката ЛАЗ автобуси, туку еднокатни нископодни автобуси - Скопје, бидејќи има информации за цела процедура, не само за ЛАЗ. Исто како со двокатните.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 17-Dec-2009 at 13:50



Можеме за една година да ги направиме сите 84 автобуси


Украинската фирма што го доби тендерот за нови едноподни возила за јавниот превоз има рок до крајот на 2010 да испорача 12 парчиња, а во 2011 останатите 72, но нејзиниот газда тврди дека нема да чекаат до тогаш бидејќи нарачката е многу мал дел од капацитетите што ги имала фабриката

Рускиот тајкун Игор Чуркин, сопственик на украинската фабрика „Лвивски автобуски завод“, која победи на тендерот за 84 едноподни автобуси за ЈСП, деновиве престојуваше во Скопје и рече дека бил воодушевен од начинот на кој што се спровела набавката и оти таквите постапки ќе го отворат патот за нови руски и украински инвестиции. Чуркин е еден од елитните руски бизнисмени, кој во Украина поседува и бизнис со бродоградилишта, а сакал да купи и фабрики во Србија, како „ФАП“, „14 Октомври“ и „Прва петолетка“, кои произведувале стопански возила. Син е на Виталиј Чуркин, руски амбасадор во Обединетите нации и еден од најмоќните политичари во таа земја.



Руските бизнисмени инвестираат во целиот регион, но ја заобиколуваат Македонија. Вие сте еден од првите што вложува тука. Зошто се одлучивте на тој чекор?

- Начинот на кој што се спроведе тендерот за нови автобуси за главниот град ни отвори шанса тука да го пласираме својот производ. Електронските тендери отвораат можности за многу нови вложувања.



Дали планирате и други бизниси во земјава освен испораката на овие автобуси?

- Соработката нема да запре овде. Во иднина внимателно ќе го следиме пазарот и мислам дека би било перспективно овде да отвориме и свој погон. Треба да видиме колку има квалификувани лица кај вас, односно колку е развиена техничката култура, бидејќи не би можеле од Украина да носиме и професионален кадар. Но ова ќе ја продлабочи и соработката меѓу двете земји. Тие се слични, бидејќи се релативно млади како држави, но со многу богата историја.



Колку квалитетни возила можеме да очекуваме, со оглед на тоа што понудивте најниска цена, односно 125 илјади евра за единечен и 170 илјади евра за зглобен автобус?

- Автобусите што ние ги правиме се со стандарден квалитет. Главните делови се носат од фабрики во Западна Европа, односно од „МАН“ и од „Мерцедес“. „ЛАЗ“ го прави само дизајнот и го врши производството. Подготвени сме да ги испорачаме сите 84 возила порано од предвидениот рок, можеби до крајот на 2010 година. Нашата фабрика има капацитет од 84 автобуси годишно, па оваа нарачка нема да биде проблем.



Вие би се возеле со нив?

- Да, секако. Планирам да се повозам низ градот во автобус кога ќе ги донесеме.



Зошто не бевте присутни на тендерите за двокатни автобуси?

- Тие не ни се на листата на приоритети. Како редовен превоз се употребуваат само во Лондон. Во ниту една земја каде што извезуваме не ни барале двокатни автобуси. Мислам дека за успешен транспорт треба да има унификација. Едноподните и двокатните автобуси не возат со иста брзина.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121791039533&id=14&setIzdanie=21864 - http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121791039533&id=14&setIzdanie=21864



-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 17-Dec-2009 at 14:13
informacija od ruskata/ukrainskata strana za avtobusite vo skopje
 
ЛАЗ виграв тендер на поставку 84 автобусів до Македонії
 

Компанія Львівські автобусні заводи виграла тендер на поставку 84 автобусів на загальну суму 10 млн євро до Македонії, повідомив генеральний директор City Transport Group (керуюча компанія ЛАЗ) Олександр Лобко.

ЛАЗ%20виграв%20тендер%20на%20поставку%2084%20автобусів%20до%20Македонії
Фото: laz.ua
ЛАЗ виграв тендер на поставку 84 автобусів на € 10 млн у Македонію

Зокрема, як повідомляється, ЛАЗ виграв тендер на поставку 80 автобусів соло та 4 зчленованих автобусів для потреб громадських перевезень у Скоп'є.

За словами Лобка, 7 грудня відбувся відповідний інтернет-аукціон.

"Аукціон проходив з використанням міжнародної електронної системи проведення тендерів Electronic System for Public Procurement", - зазначив гендиректор City Transport Group.

Варто відзначити, що в тендері брали участь 3 компанії: Solaris Bus & Coach SA (Польща), Zhengzhou Yutong Group Co. Ltd (Китай) і ЛАЗ.

"Найбільш вигідною було визнано пропозицію ЛАЗу", - резюмував Лобко.

За його словами, автобуси ЛАЗу сертифіковані на відповідність вимогам Євро-4, обладнані двигунами DEUTZ, автоматичною коробкою передач, цифровим тахометром і спеціальним устаткуванням - автоматично регульованим пандусом для інвалідних і дитячих колясок.

При цьому, за словами Лобка, у 2010 році ЛАЗ має намір поставити до Македонії 4 зчленованих автобуси і не менше 8 автобусів соло. Решта автобусів будуть поставлені замовнику в 2011 році.

8 грудня повідомлялося, що заступник голови Львівської облдержадміністрації Тарас Федак заявив, що ЛАЗ переміг у тендері на постачання 100 автобусів до Чорногорії. Однак незабаром власники холдингу спростували цю інформацію.

Нагадаємо, 9 листопада ЛАЗ переміг у тендері на поставку Львову 2 автобусів на 4,6 млн грн. Львівський автобусний завод (ЛАЗ) за 10 місяців 2009 року випустив 100 машин (автобусів і тролейбусів).

Як повідомлялося у жовтні, ЛАЗ сподівається на перемогу в ряді тендерів на поставку тролейбусів на ринки Болгарії, Угорщини, Сербії та інших країн.

 

http://news.bigmir.net/business/218476/ - http://news.bigmir.net/business/218476/



Posted By: Max
Date Posted: 17-Dec-2009 at 14:52
 
Originally posted by ovaj_stariov

 
Зошто не бевте присутни на тендерите за двокатни автобуси?

  - Тие не ни се на листата на приоритети. Како редовен превоз се употребуваат само во Лондон. Во ниту една земја каде што извезуваме не ни барале двокатни автобуси. Мислам дека за успешен транспорт треба да има унификација. Едноподните и двокатните автобуси не возат со иста брзина.

 

ова е издржан аргумент и требало да го имаат предвид надлежните кога решеија да го расцепкаат муабетот со двокатните, но добро и така кај нас сите автобуси заради сообраќајниот хаос каснат и заглавуваат, па ова неубифицираноста и нема дотолку да се одрази, осбено не додека на големо не се интервенира во примарната сообраќајна мрежа, или со веќе зацртаната или со некои преодни но издржани решенија!

како и да е интервјуво ветува доста, камо да го купат санос и да добие некоја поголема трака, вели дали имате кадар, ако почекаат уште малку и навистина ќе нема, нензма зошто не се си мислам дека техничките школи и факултети се се' помалку од интерес на младите, речиси сите средни технички училишта отворија во своите рамки гимназија, текстилно, ветерина, електро, дрводелско, добро ова последново најнапред и беше гимназија, но ова веќе е мислам замината во метлари работава, имајќи предвид дека не сите од тие општи гимназии продолжуваат на факултет, добро последните бројки се сменети поприлично па сега има и навала за високо образование (прашање колку квалитетно), но повторно во техничките науки за разлика од порано прилично слабо стоиме!





Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 17-Dec-2009 at 15:16
Јас мислам дека веќе и нема смисла да дискутираме зошто се подобри еднокатните.

Толку многу причини и факти беа наведени,по што надлежните би требало до сега да ја сфатат грешката и да ја поправат.А не тврдоглаво да одат со единствената причина што ја слушнавме во полза на двокатни автобуси,традицијата Ohno

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Dec-2009 at 20:30

Руските бизнисмени инвестираат во целиот регион, но ја заобиколуваат Македонија. Вие сте еден од првите што вложува тука. Зошто се одлучивте на тој чекор?

- Начинот на кој што се спроведе тендерот за нови автобуси за главниот град ни отвори шанса тука да го пласираме својот производ. Електронските тендери отвораат можности за многу нови вложувања.


Ако ова е руска инвестиција и вложување во Македонија, тогаш комотно можеме цел увоз да си го прокнижиме како инвестиција. Ем ќе бидеме рекордери по странски инвестиции, ем преку ноќ ќе си го решиме проблемот со трговскиот дефицит  Crazy
Браво за новинарот!




Зошто не бевте присутни на тендерите за двокатни автобуси?

- Тие не ни се на листата на приоритети. Како редовен превоз се употребуваат само во Лондон. Во ниту една земја каде што извезуваме не ни барале двокатни автобуси. Мислам дека за успешен транспорт треба да има унификација. Едноподните и двокатните автобуси не возат со иста брзина.
Се надевам дека изјавава не е случајна. Можеби човеков знае нешто што ние не знаеме дека се случува зад кулисите во власта... На крајот на краиштата веќе не се ни бројат пропаднатите тендери за двокатни.



Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 17-Dec-2009 at 20:41
Да, поскоро ние инвестиравме во Украина отколку тие кај нас. Каква базична неинформираност! Ајде побрзо да ги доставуваат автобусиве, па барем еден можеше овој билмез да донесе во Скопје, експериментално при неговата визита.

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Dec-2009 at 12:54

Новите автобуси ќе стигнат на лето

Градоначалникот Трајановски лично инсистирал кај украинската фирма која го доби тендерот за еднокатните автобуси, тие да бидат готови пред рокот, оти овие кои сега се во јавниот превоз се толку катастрофални, што едвај излегуваат од гаража

Во украинските еднокатни автобуси скопјани ќе се возат на лето. Градоначалникот Коце Трајановски веднаш откако "Лвивски автобусни завод" била избрана на тендерот, разговарал со раководството на фирмата и побарал од нив кон крајот на летото автобусите да бидат испорачани во Скопје.
"Состојбата со јавниот превоз ни е катастрофална. Овие автобуси не смееме да дозволиме уште една зима да возат низ улиците. Не знаеме дали кога ќе излезат од гаражата, ќе стигнат на улиците. Поради тоа граѓаните со часовите стојат на постојките и ги чекаат. Затоа јас разговарав со претставници на фирмата "Лвивски автобусни завод" и побарав од нив најбрзо што можат да ги направат автобусите. Од нив добив ветување дека ќе сторат сè што можат и оти ако не стигнат до лето да ги направат, во септември сигурно скопјани ќе добијат поквалитетен превоз", вели градоначалникот Коце Трајановски.
Договорот кој украинската фирма го потпиша со Министерството за транспорт и врски не ги обврзува автобусите да стигнат на лето оваа година туку во 2011. Според договорот, јавниот градски превоз треба да се поднови со 80 единечни автобуси, кои ќе чинат околу 620 милиони денари.
Иако беше најавувано дека наредната година ќе стигнат и двокатните автобуси, тоа нема да се случи бидејќи тендерот пропадна по четврти пат. Дали ќе биде успешен новиот петти тендер, ќе се знае дури во февруари.

http://vest.com.mk/?ItemID=73F08BCD64726A4F82551B83AF86CD1C



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Dec-2009 at 14:50
А чим било така кнап, кај ви е паметот кога толку запињате во потрагата по специфични „ретро двокатни“ автобуси ?!?


Posted By: Supervisor
Date Posted: 29-Dec-2009 at 14:52
Да на лето 2012. Во оваа мафијашка бирократска и пропала држава тешко дека во 2010. на лето ќе има нови автобуси. Мачкање очи и новинарски глупости.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 29-Dec-2009 at 15:01

Зошто толку негативизам.
Барем оваa ми се гледа како свршена работа.
Е сега дали месец порано или подоцна ќе стигнат автобусите нема некаква разлика.

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Jan-2010 at 05:40

Украинските нископодни автобуси доаѓаат до крајот на годинава

За 80 соло-автобуси и за четири зглобни автобуси државата ќе треба да плати околу 11 милиони евра

Застарениот возен парк на ЈСП „Скопје“ дефинитивно ќе се обнови со украински 84 нископодни автобуси. Од нив 80 ќе бидат соло, а четири зглобни. Наскоро се очекува Министерството за транспорт да ја официјализира набавката, односно да го потпише договорот со „Лвивски автобусни завод ЛТД“, фирма што беше избрана како најповолен понудувач на тендерот за набавка на нископодни автобуси за потребите на јавниот превоз во Скопје.

„Во тек е подготовка на договорот за спроведување на јавната набавка што ќе биде потпишан наскоро“, накусо информираат надлежните, не кажувајќи дали некоја од останатите фирми-учеснички на тендерот, кинеската компанија „Џенгџоу групацијата“ и полската „Соларис“, поднеле жалби по спроведената електронска аукција.

Во согласност со прифатената понуда, за оваа набавка државата ќе треба да плати околу 11 милиони евра. За производство на 80 нископодни соло- автобуси Украинците побарале 10 милиони евра, а за четирите нископодни зглобни автобуси 680.000 евра. Предвидено е први по скопските улици да возат четирите зглобни автобуси што треба да бидат испорачани до крајот на оваа година, до кога се очекуваат и најмалку уште осум соло-автобуси. Останатите ќе треба да пристигнат во 2011 година.

Во согласност со понудата, Украинците за потребите на скопскиот јавен превоз ќе изработат автобуси со емисија за издувни гасови еуро 4, мотор ДЕУТЗ, автоматски менувач, предна и задна оска ЗФ, дигитален тахограф за работа, автоматски управувана рампа за инвалидски и за детски колички.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=D1BE7BA6FA44AF41B1CFBB4470E62181


Posted By: Supervisor
Date Posted: 08-Jan-2010 at 13:50
Е тек од 2011. ќе се возам со автобус и ќе имам различен поглед кон јавново претпријатие

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: axel
Date Posted: 25-Jan-2010 at 00:32

Градоначалникот ги бара новите автобуси до крајот на годината

Украинците ниту ја уважиле ниту ја одбиле молбата на Трајановски

Сања Наумовска


Градоначалникот Коце Трајановски бара дел од новите едноподни автобуси да стигнат во Скопје до септември, а остатокот од вкупно 84 до крајот на годинава, а не како што беше предвидено со тендерот, првите да дојдат до крај на оваа година, а другите до крајот на 2011 година. Трајановски неофицијално им го соопштил ова барање и на претставниците на украинската фирма „Лвивски автобуски завод, ЛАЗ“, која победи на тендерот. Украинците не ветиле дека ќе ја уважат молбата на градоначалникот, но не ни одбиле, со образложение дека и ним им одговара еден дел од автобусите да го испорачаат порано од првичните рокови дадени во тендерот.

Во Градот Скопје официјално не го потврдуваат разговорот на Трајановски со Украинците, но, сепак, остануваат на ставот дека и натаму ќе бараат наесен ЈСП да се поднови со поголем број автобуси. За градските власти многу е важно до почетокот на следната зима да се поднови возниот парк на ЈСП, бидејќи е неизвесно дали прастарите автобуси ќе ја истуркаат и оваа зима.

Дека Украинцте се подготвени да го реализираат тендерот една година порано, пред еден месец во интервју за македонските медиуми потврди и сопственикот на ЛАЗ, рускиот бизнисмен Игор Чуркин. Тој истакна дека фабриката, која има капацитет од 84 автобуси годишно, нема да има проблем да направи исто толку до крајот на годината само за Скопје.

Во Министерството за транспорт и врски, кое кон крајот на јануари ќе треба да го потпише договорот со ЛАЗ за набавка на автобусите, велат дека тендерот е јасен, Украинците мора годинава да го испорачаат минималниот број автобуси, а максималниот број не е ограничен. Тоа значи дека во зависност од можностите и желбата на производителот, Скопје може до есен навистина да ги добие новите автобуси. Сепак, условите за плаќање ќе останат исти, што значи Министерството целата сума ќе ја плати дури на крајот на идната година.

„Согласно со условите од тендерот, Министерството за транспорт и врски годинава треба да исплати аванс во висина од 10 отсто од вредноста на договорот, а остатокот во 2011 година по извршената испорака. Производителот има обврска во 2010 година да испорача автобуси најмалку во висина на авансот, а остатокот во 2011 година. Доколку фирмата побара да се промени динамиката на испорака и во 2010 година да испорача повеќе автобуси од предвидениот минимум, тоа би било прифатливо, бидејќи е во согласност со тендерските услови каде што е дефиниран минимумот за испорака, а не максимумот. Сепак, динамиката на исплата е утврдена во тендерската документација и не може да биде променета“, информираат од Министерството за транспорт.

Украинската ЛАЗ треба да ги испорача автобусите во две пратки до крајот на 2011 година. Според тендерот, 4 зглобни и 8 соло-автобуси треба да стигнат до крајот на годинава, а останатите 72 до крајот на наредната година. За нив Владата треба да плати 11 милиони евра, односно по 125 илјади евра за единечен и 170 илјади евра за зглобен автобус.                                                                                                                                          http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B95EADCF60EA8044AB9C326DB6CBAA41



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Jan-2010 at 04:59
Тој истакна дека фабриката, која има капацитет од 84 автобуси годишно, нема да има проблем да направи исто толку до крајот на годината само за Скопје.
Овде дефинитивно ми мириса дека има некоја грешка, а и таков капацитет секако ми изгледа премал за производител како ЛАЗ


Posted By: Sale SK
Date Posted: 25-Jan-2010 at 06:45
Мора да е грешка.Нас ни требаат 84 автобуси,а ЛАЗ има капацитет баш за 84.
Јас би договорил со ЛАЗ (или некоја друга компанија која би ни дала да отплаќаме на кредити) купување на уште 300-400 автобуси и да го завршиме прашањето на автобускиот превоз.Да се префрлиме на трамвај,да речеме.



Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Jan-2010 at 09:19
Не бе пишуваше погоре дека имаат ептен поголем годишен капацитет и дека овие 84 за Скопје за нив биле ништо. Sирнете во постарите вести, само не знам од каде овој новинар е толку глуп... Секаде пишува дека ЛАЗ сакал да ни ги даде порано бидејќи не им менувало ништо, а сега пишува дека Коце се борел за да ни ги дадат порано (веројатно договорена работа по иницијатива на ЛАЗ, ама Коце сака да си ги добие поените, демек се борел). Баш прочитајте поназад, барем 2 пати има таква вест дека ЛАЗ се спремни да ги дадат сите годинава.

Политички платени новинари - најлошо.

EDIT: Еве ја веста, само страница поназад каде кажува главниот дека можат да ни ги донесат ако сакаме уште годинава. А сега нешто демек Коце се борел, леле ќе си манам клоца, на крајот Коце ќе испадни заслужен дека ги донеле.

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=780&PID=53650#53650 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=780&PID=53650#53650

P.S. Tоа „има капацитет од 84 автобуси“ 100% значи демек има капацитет за тие 84 автобуси, ама семантиката не им е јака страна. Треба и да дешифрираме сега. Значи нема врска муабетот дека целосниот капацитет им е 84 годишно, туку има капацитет за да ги произведе тие 84 за една година (настрана други за друго место).

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 25-Jan-2010 at 11:51
Има ли граници за глупостиве на новинариве? ФАС кој беше задолжен со ТАМ и Икарбус за снабдување на бивша Југославија со автобуси имал веројатно многу поголем капацитет од 84 возила годишно, па ЛАЗ кој е еден од клучните производители на автобуси и особено тролејбуси за цел СССР и Источен блок ќе имал ваков капацитет. И не мислам дека обновата на возниот парк треба да се прави целосно и кампањски, туку секоја година-две по некоја пратка. Така само ќе се вратиме на сегашниов режим-обновување на секој 2-3 декади!

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: krale
Date Posted: 25-Jan-2010 at 17:40
Originally posted by гитардемон

Не бе пишуваше погоре дека имаат ептен поголем годишен капацитет и дека овие 84 за Скопје за нив биле ништо. Sирнете во постарите вести, само не знам од каде овој новинар е толку глуп... Секаде пишува дека ЛАЗ сакал да ни ги даде порано бидејќи не им менувало ништо, а сега пишува дека Коце се борел за да ни ги дадат порано (веројатно договорена работа по иницијатива на ЛАЗ, ама Коце сака да си ги добие поените, демек се борел). Баш прочитајте поназад, барем 2 пати има таква вест дека ЛАЗ се спремни да ги дадат сите годинава.

Политички платени новинари - најлошо.

EDIT: Еве ја веста, само страница поназад каде кажува главниот дека можат да ни ги донесат ако сакаме уште годинава. А сега нешто демек Коце се борел, леле ќе си манам клоца, на крајот Коце ќе испадни заслужен дека ги донеле.

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=780&PID=53650#53650 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=780&PID=53650#53650

P.S. Tоа „има капацитет од 84 автобуси“ 100% значи демек има капацитет за тие 84 автобуси, ама семантиката не им е јака страна. Треба и да дешифрираме сега. Значи нема врска муабетот дека целосниот капацитет им е 84 годишно, туку има капацитет за да ги произведе тие 84 за една година (настрана други за друго место).


Како го откри Коце! Бравос


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 29-Jan-2010 at 15:24

84 нови градски автобуси од Киев

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=119263#komentari - Коментари (0)    
29.01.2010 14:43
 
 

Најдоцна до први јуни треба да стигнат четирите зглобни и 11 единечни автобуси на украинската компанија „Lvivski Avtobusni Zavody LTD“, наменети за градскиот превоз во Скопје.

Ова денеска во Киев го прецизираа министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и генералниот директор на компанијата Игор Малец на потпишување на договорот за набавка на 80 единечни нископодни и четири зглобни автобуси во Киев.

Останатите 69 автобуси треба да пристигнат во Македонија најдоцна до февруари следната година.

Министерот Јанакиески информираше дека од почетокот на производството во февруари до средината на мај ќе се извршат три контроли од стручни лица на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и од Машинскиот факултет со цел произведените автобуси да бидат во согласност со европските стандарди и да ги исполнуваат условите за хомологација на македонскиот пазар.

„Автобусите имаат гаранција пет години, а шасијата две години. Компанијата се обврзува да отвори сервисен центар во Скопје“, рече Јанакиески, изразувајќи надеж дека во март ќе се потпиша договор за набавка и на двокатни автобуси со што ќе се финализира проектот за обнова на возниот парк на ЈСП „Скопје“.

Сопственикот на компанијата Игор Чуркин истакна дека сите автобуси не може да се испорачаат наеднаш, бидејќи од буџетот на Република Македонија за оваа година предвидени се само 10 отсто од вредноста на договорот.

„Можеме да испорачаме двојно повеќе автобуси на износот на авансното плаќање“, рече тој и додаде дека доколку Владата гарантира навремено плаќање сите автобуси можат да ги испорачаат во текот на годинава.

Со добивањето на 80 единечни и четири зглобни автобуси, според директорот на ЈСП Мишо Николов, ќе се обнови една четвртина од возниот парк на претпријатието.

На македонската делегација и беше понуден и проектот тролејбус, што според претставниците на ЛАС претставува поекономичен превоз во однос на трамвајот.

Украинската фабрика за автобуси беше избрана за најповолен понудувач на четвртиот јавен оглас за набавка на 84 автобуси. Компанијата понуди 617.267.510 денари за единечните и 41.968.191 денар за зглобните автобуси.

Понудените автобуси се со емисија за издувни гасови еуро 4, мотор ДЕУТЗ, автоматски менувач, предна и задна осовина 3Ф, дигитален техограф за работа, автоматски управувана рампа за инвалидски и детски колички.

Во рамки на официјалната посета на Украина, министерот Јанакиески се сретна со заменик-министрите за индустриска политика и за економија Виктор Падалко и Валери Пјатницки на кои министерот им ја понуди можноста повеќе македонски компании да се вклучат во градежните изведби за изградба на стадиони за светското првенство во фудбал што во 2012 година ќе се оддржи во оваа земја.

Компанија „Lvivski Avtobusni Zavody LTD“ е добитник на повеќе гинисови сертификати, а со нивните автобуси биле извршувани и подготовките за испраќањето на Јуриј Гагарин во вселената.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=119263 - http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=119263


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 29-Jan-2010 at 15:28
Previous
Убава вест, но малку ми ствара забуна следниот дел
Можеме да испорачаме двојно повеќе автобуси на износот на авансното плаќање“, рече тој и додаде дека доколку Владата гарантира навремено плаќање сите автобуси можат да ги испорачаат во текот на годинава.
Сега дали е ова новинарска глупост или несериозност наша, но доколку владата одвои оваа година пари за 80 нископодни и 4 зглобни автобуси, зошто не би платила поголем аванс и не би ги добиле сита автобуси што е можно порано, особено кога се зглавени со небулозниот тендер за двоспратни автобуси? Како и да е едвај чекам во јуни да ги видам и овие 15 по Скопските улици.


Posted By: krale
Date Posted: 29-Jan-2010 at 15:43


Најверојатно владата сака да го одложува плаќањето, па затоа нема да стигнат сите автобуси порано. Не верувам дека парите така им дремат на сметка.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 29-Jan-2010 at 15:48
Originally posted by krale



Најверојатно владата сака да го одложува плаќањето, па затоа нема да стигнат сите автобуси порано. Не верувам дека парите така им дремат на сметка.
Никој не вика декаим дремат, но со буџетот за 2010 беа предвидени освен средства за овој проект, средства и за 50-тина двокатни автобуси, кои реално нема никаква шанса да се остварат годинава (поради низата неуспешни тендери кои не даваат надеж дека до втората половина на 2010 ќе се остварат). Од друга страна Украинците бараат гаранција а не и исплата на целата сума, а состојбата со јавниот градски превоз е мизерна. Да се надеваме дека ќе ги увидат приоритетите.


Posted By: krale
Date Posted: 29-Jan-2010 at 16:02


Прочитај го написот уште еднаш. Јасно се вели дека во буџетот се предвидени 10% од средствата потребни за набавката. Така да парите Владата ги нема за да ги плати овие автобуси.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 29-Jan-2010 at 16:17

@krale па токму на тоа негодувам. Не ми е јасно зошто влагаме во полемика, кога Коце и Миле плачеа дека ни требаат итно автобусите, и токму затоа е Миле денес во Украина. Е ако се итно потребни, нека одврзат кесето, има други ставки сродни за тоа во буџетот кои секако нема да бидат искористени (двокатните автобуси) и нека ја завршат оваа набавка целосно годинава.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jan-2010 at 00:47
На линија сум со UF

Инаку во врска со претходната дилема (капацитетот на ЛАЗ), според руската википедија, ЛАЗ во 2007 произвел 471 автобус (што повторно не значи дека оваа бројка го отсликува максималниот капацитет)


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Jan-2010 at 01:12
Првите украински автобуси доаѓаат во јуни

Со овој договор компанијата се обврза најдоцна до 1 јуни годинава да ја испорача првата пратка од 11 новопроизведени единечни автобуси и 4 зглобни, а останатите возила најдоцна до февруари 2011 година


Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ќе се поднови со 84 модерни автобуси кои ќе се произведуваат во познатата украинска компанија за производство на автобуси, ЛАЗ, која се наоѓа во градот Лавов. Официјалната церемонија за потпишување на купопродажниот договор со менаџерскиот тим на фабриката, која победи на тендерот за набавка што го објави Минситерството за транспорт и врски, вчера го извршија министерот Миле Јанакиески и генералниот директор на Лаз, Игор Малетц.

- Со овој договор компанијата се обврза најдоцна до 1 јуни годинава да ја испорача првата пратка од 11 новопроизведени единечни автобуси и 4 зглобни, а останатите возила најдоцна до февруари 2011 година. Производниот процес на автобусите за нашиот пазар ќе започне следниот месец, а повремено ќе го надгледуваат три комисии од ЈСП и од Машинскиот факултет за да бидеме уверени дека се изработуваат по европски стандарди и за да може хомологацијата во Македонија да се направи без проблем. Според договорот, ЛАЗ треба да отвори центар за сервисирање на автобусите и во следните две години сервисирањето ќе го вршат стручни лица на компанијата - истакна министерот Јанакиевски на потпишувањето на договорот. Генералниот директор Малетц, задоволен од соработката, на потпиешувањето на договорот му понуди на министерот Јанакиески да ја разгледа можноста за воведување на тролејбуски сообраќај во Скопје. За таа цел презентираше и проект во кој освен основните технички карактеристики на возилата беа опфатени и предностите за воведување на овој тип алтернативен јавен градски превоз.

Според генералниот директор на ЈСП, Мишо Николов, ова потпишување има големо значење за Јавното претпријатие бидејќи, меѓудругото, ова е за првпат во историјата на Јавното претпријатие, кое е формирано во 1947 година, да добие подарок од некого. Тој истакна дека новите возила ќе ја задржат стандардната црвена боја, што е заштитен знак на ЈСП и дека засега се уште се анализира на која линија ќе сообраќаат. Тој се надева дека и на 15 јануари, за кога е закажано отворањето на понудите за двокатни автобуси, тендерот конечно ќе биде регуларен и дека обновата на возниот парк на ЈСП, чијашто просечна старост во моментов е 30 години, ќе биде извршена во следните две години.

Оваа инвестиција е тешка 660 милиони денари или 11 милиони евра.
Министерот Јанакиевски, кој ја предводи македонската делегација која во Украина имаше средба со заменик-министерот за економија, Валери Пјатницки, и со заменик-министерот за индустриска политика, Виктор Падалко, на којашто разговараа за интензивирање на соработката меѓу двете држави, особено за учество на македонски фирми во изградбата на инфраструктурата и стадионите пред претстојното еввропско првенство во фудбал на кое домаќин е Украина.
Инаку, во Украина е се во знакот на престојните претседателски избори, на коишто главни ривали се Јанукович и Тимошенко.

Со ЛАЗ се возел и Гагарин пред да полета во вселената
Компанијата ЛАЗ има традиција од 60 години во производство на автобуси и во 2007 година го произвеле јубилејното 350 000-то возило. Осебено се гордее со фактот што на 12 април ЛАЗ 695 го префрлил Гагарин до платформата за старт. Дури првите советски космонаути ги префрлувале до платформата за старт автобусите произведени во Лавов по специјална нарачка тие и до ден денес се користат на Бајконур.

http://vecer.com.mk/?ItemID=6D47560D8BF43A4C9B0B0EBAFEE8D91B


Posted By: zokidac
Date Posted: 30-Jan-2010 at 21:17
iskreno ne mi se dopagja i mi e mnogu somnitelna garancijata od 2 godini za shasijata, a i enterierot izgleda mnogu amaterski isharan i popolnet da ne recam stavile neshto vnatre kolku da se rece deka ima. za sharata na sedishtata da ne pravime muabet


Posted By: mitatos
Date Posted: 30-Jan-2010 at 22:23
Ja mislam deka e najgolemoto kradenje vo istorijata na makedonija, 3 ponisteni tenderi ( t.e ukradeni pari rebalans na budzet) , i na kraj od vkupniot broj 300 padnaa na 86, od koi samo 11 ke pristignat, cisto sumljam i za tie 11 =)

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: krale
Date Posted: 30-Jan-2010 at 23:56
Originally posted by mitatos

Ja mislam deka e najgolemoto kradenje vo istorijata na makedonija, 3 ponisteni tenderi ( t.e ukradeni pari rebalans na budzet) , i na kraj od vkupniot broj 300 padnaa na 86, od koi samo 11 ke pristignat, cisto sumljam i za tie 11 =)


Ех ех сега... Мислам дека не си разбрал - се работи за 300 автобуси од кои 200 се двокатни, а стотина се еднокатни. Овде станува збор само за нарачка на овие вториве.


Posted By: Sale SK
Date Posted: 02-Feb-2010 at 01:22
Ќе добиеме добри автобуси

Во врска со квалитетот на новите 85 автобуси, од кои четири треба да бидат зглобни, директорот на ЈСП, Мишо Николов, по посетата на фабриката ЛАЗ во Украина рече дека се задоволни од тоа што им е понудено. Првите 11 соло-автобуси и 4. зглобни ќе ни бидат испорачани во јуни.

- Ние сме повеќе од задоволни, иако во јавноста можеби постои малку скептицизам, бидејќи станува збор за автобуси од Украина. Но, моторот и менувачот се германски - вели Николов, кој заедно со министерот Јанакиевски во Лавов се повози во градски автобус на ЛАЗ.

И првичните впечатоци на професорот од Машинскиот факултет, Дарко Данев, задолжен за хомологизацијата на возилата, кој исто така беше во Украина, говорат дека станува збор за сериозен партнер.

- Добивме сериозен куп материјали што треба да се проучат. Му ветив на министерот дека на 8 февруари ќе му дадам комплетна информација за нив. Навистина добивме документи за се' што им побаравме. Изгледаат како сериозни партнери - истакна Данев.

Во ЛАЗ се прават 15.000 автобуси годишно, со должина од 10, 12, 15, 18 и 20 метри и сите се со идентичен изглед.

- Унифицирани се и тролејбусите и автобусите. Костурот на автобусите е во вид на цевка. Автобусот се склопува како коцки „лего“, бидејќи тие се стандардизирани и однапред изработени. Возилата се бојадисуваат во шест етапи и тоа одзема речиси една недела. Поседуваме една од најдобрите технологии за антикорозивна заштита - нагласи сопственикот Игор Чуркин.

(дневен весник Дневник)
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C087F97A81C7264A999D2C1B665FBDB8

Утрински објавува дека ЛАЗ прави 84 автобуси годишно,овие отидоа на 15.000.Ај фати им го крајот на новинариве.


Posted By: mitatos
Date Posted: 02-Feb-2010 at 15:41
Originally posted by krale

Originally posted by mitatos

Ja mislam deka e najgolemoto kradenje vo istorijata na makedonija, 3 ponisteni tenderi ( t.e ukradeni pari rebalans na budzet) , i na kraj od vkupniot broj 300 padnaa na 86, od koi samo 11 ke pristignat, cisto sumljam i za tie 11 =)


Ех ех сега... Мислам дека не си разбрал - се работи за 300 автобуси од кои 200 се двокатни, а стотина се еднокатни. Овде станува збор само за нарачка на овие вториве.


Pa ke vidime leka poleka , tie 2katnite ke isceznat, ke ostaneme so ovie 86 koi 11 se naracani ,a tie ponisteni tenderi ,znaci deka veke tie pari so rebalansot se dodeleni,no koga ne uspeva tenderot tie idat vo drugi celi , pa posle pak rebalans itn itn.. jas barem taka mislam.
Se nadevam deka ne e spored moeto mislenje.


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Feb-2010 at 13:46

Лвов прави автобуси за светот, а нема за себе

Фабриката ЛАЗ, која ќе испорача 84 автобуси за ЈСП, досега направила 365 илјади возила за јавниот превоз, ги извезла на четири континенти, а во нејзиниот град-домаќин урбаниот транспорт се одвива со стари комби-возила


Градот на лавот, Лвив на украински, Лвов на руски и на полски, Лемберг на германски и Леополис на латински, е местото од каде што во Скопје ќе допатуваат новите 84 автобуси за градскиот превоз, кои ќе се произведат во фабриката „Лвивски автобусни заводи“ (ЛАЗ). Тоа ќе биде засега најголемата обнова на возниот парк на ЈСП, барем додека конечно не се одржи еден успешен тендер за двокатни автобуси, по три пропаднати.

%20


Лвов е центар на истоимената украинска област, малку е поголем од нашиот главен град, а во неговото пошироко подрачје има околу еден милион жители. Низ него се испреплетени стари градби во неокласичен стил од австроунгарското и од полското владеење, комунистички згради од поранешниот режим и модерни објекти од изминативе две децении. Но тоа што прво и падна во очи на македонската делегација што го посети за да ја види фабриката беше неговиот јавен превоз. Иако ЛАЗ го произвеле 365-илјадитиот автобус, и со тоа влегле во Гинисовата книга на рекорди, иако извезувале возила во 15 земји на четири континенти, низ Лвов можат да се забележат само мали, стари и валкани комби-возила пред распаѓање, главно приватни, со кои се врши урбаниот транспорт. Нашата делегација, предводена од министерот Миле Јанакиески и од претставници на градот Скопје и на ЈСП, се сретна со Микола Кмит, гувернерот на областа, и со Андреј Содовјиј, градоначалникот на Лвов, кои рекоа дека и таму ќе се обновувал превозот, а предност за тоа ќе имала домашната фабрика.


ФАБРИКАТА НЕ РАБОТИ ВО ЗИМА


Погоните на ЛАЗ се наоѓаат во реон каде што има и други индустриски капацитети, а фабриката се простира на 52 хектари, односно зафаќа површина колку триесетина плоштади „Македонија“. Пред нејзиниот влез стои светлечка реклама на премиерката на Украина, Јулија Тимошенко, која се кандидира за претседателка на изборите, чиј втор круг ќе се одржи в недела.

Првото нешто што го забележавме беше натрупаниот снег пред главната порта, кој не бил исчистен подолго време. И внатре, во огромните хангари полни со машини, низ кои според костури од цевки се прават автобуси и тролејбуси со современа техничка опрема, имаше многу малку луѓе. Сé изгледаше речиси пусто. Дури беше и тивко, ја немаше вообичаената индустриска бучава. Само Игор Чуркин, познатиот руски тајкун, кој е сопственик на фабриката, енергично трчаше од еден до друг погон и и ги презентираше капацитетите на делегацијата.

%20

- Немојте да се чудите зашто нема многу работници. Тука од 15 декември почнуваат празници, а до 15 февруари е премногу студено за да се работи. Затоа во тој период од годината не произведуваме. Но можете да видите како од костур правиме готов автобус. Во еден погон тој се составува, во друг се вклопуваат моторот и други делови, во трет се местат прозорци, столчиња и се бојадисува каросеријата... За една година можеме да направиме дури 150 илјади автобуси - објаснуваше Чуркин.

Тој потоа нé покани да се повозиме во еден од изработените автобуси што ќе биде сличен на скопските. Први што седнаа зад воланот на новото, речиси неотпакувано, жолто возило беа министерот Јанакиески и директорот на ЈСП Мишко Николов, но само за да се фотографираат. Со оглед на тоа на какви автобуси сме навикнати во Скопје, краткото десетминутно возење ни изгледаше како патување во луксузна лимузина. Автобусот е низок, во него од тротоарот се влегува само со еден чекор, без скалила. Простран е, со тапацирани седишта и со обележани места за мајки со деца и за лица со посебни потреби. Речиси не го почувствуваме кочењето, ниту слушнавме некаква бучава од моторот.

На крајот Чуркин и порача на делегацијата да размисли и за купување тролејбуси, бидејќи, како што рече, со нив Скопје ќе се издигне над регионот со квалитетот на својот јавен превоз, а тоа ќе биде вистинска препорака за неговата фирма.


КИЕВ - СО КОФИ ПРОТИВ СНЕГОТ


Автобусите на ЛАЗ на големо се возат низ украинската метропола Киев, каде што и официјално се потпиша договорот со фабриката. Целиот град беше во знакот на претстојните избори. Насекаде билборди и светлечки реклами од Тимошенко и од нејзиниот противкандидат Виктор Јанукович, но немаше плакати по ѕидови или на други непредвидени места.

Широките киевски булевари се преполни со скапи и со бесни автомобили, но иако очекувавме сообраќајот да врви без проблеми, тој беше тргни-застани постојано. За да се поминат само неколку километри се потребни од еден до два часа, па киевчани редовно си го пресметуваат застојот во времето за патување. Но во градот и онака сé се одвива пополека, а такви се и услугите во продавниците, бутиците, рестораните... И овде сретнавме нашинец, кој веќе десет години живеел во Киев.

- Кога првпат се доселив овде, се чудев како е можно да ми треба час и половина да стигнам до мојата зграда, која ја гледав пред мене, на само два километри. Тогаш научив дека е најсигурно да се користи метрото. Со него можам да одржам барем два состанока во еден ден - рече тој.

Во Киев постојано има снег, улиците се раскашавени, но народот е навикнат. Главно се чистеше со лопати, а нé изненади и еден работник пред зградата на Министерството за индустриска политика, кој со кофа во раката расфрлуваше сол на тротоарот.

Сé на сé, Украина за оние што не ја познаваат и што можат да ја ѕирнат на само два-три дена остава впечаток дека е слична земја како нашата, можеби нешто поорганизирана, со оглед на добриот јавен транспорт во Киев и на чистотијата, бидејќи никаде не видовме ниту ѓубре, ниту контејнери, освен ако сето тоа не го покрил снегот.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2310105179&id=10&prilog=0&setIzdanie=21900


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 05-Mar-2010 at 01:12
Мојот предлог за колор шема на надворешноста на новите автобуси на ЈСП

Сити ЛАЗ 12:



Сити ЛАЗ 18:



-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Max
Date Posted: 05-Mar-2010 at 03:18

малку тешко но убава варијанта!

мислам дека ќе ги унифицираат по боја со двокатните евентуално, а бидејќи јсп има традиција со црвена така и ќе ја тераат пак, иако сметам дека црвено е пренапорно за јавен транспорт но сепак е забележително и од километар! 

сметам дека жолта боја би била идеална, бидејќи ем е топла боја, за очи лезет, а сепак забележителна, дури во зима па и ќе крева атмосфера ниту напорно а раздвижено!

- Origins of colour vision standards within the transport industry http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/3306566 - http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/3306566

- The influence of colour and light on the experience and satisfaction http://www.etcproceedings.org/paper/the-influence-of-colour-and-light-on-the-experience-and-satisfaction-with-a-du - http://www.etcproceedings.org/paper/the-influence-of-colour-and-light-on-the-experience-and-satisfaction-with-a-du



Posted By: axel
Date Posted: 05-Mar-2010 at 10:15
andrej probaj so zolta boja bas da vidime kako ke ozgleda.plavata boja mi deluva ladno mislam deka ovie vo skopje treba da se zolti.


Posted By: zabegan
Date Posted: 05-Mar-2010 at 18:59
абе што сте запнале сите со бојата, последно нешто е што би ни паднало на памет, а и плус традиционална боја на автобусите на ЈСП е црвена, како во Загреб што е на пр. сина а во Софија, зелена и т.н.
и сметајте дека голем дел од автобусите ќе бидат билборди


Posted By: krale
Date Posted: 05-Mar-2010 at 19:05
Во Скопје треба сиво-кафеава боја на автобусите. Зошто, прашувате? Па за да не се познаваат калиштата, прашината и валканиот снег што ќе се залепат на истите во текот на возењето.


Posted By: Korsis
Date Posted: 05-Mar-2010 at 21:55
Originally posted by zabegan

абе што сте запнале сите со бојата, последно нешто е што би ни паднало на памет, а и плус традиционална боја на автобусите на ЈСП е црвена, како во Загреб што е на пр. сина а во Софија, зелена и т.н.и сметајте дека голем дел од автобусите ќе бидат билборди


Во Софиjа има црвени, жолти, портокалови, зелени и бели автобуси...

http://www.sumc.bg/bg/transport/transportni-operatori/43/stolichen-avtotransport-ead - http://www.sumc.bg/bg/transport/transportni-operatori/43/stolichen-avtotransport-ead


Posted By: zabegan
Date Posted: 06-Mar-2010 at 18:59
се извинувам за грешката
но сепак сум за тоа сите автобуси да бидат унифицирани заедно со старите



Print Page | Close Window