Print Page | Close Window

Плоштад Делфина (во нас. Влае 2)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Пешачки зони и паркови
Forum Discription: Плоштади, пешачки улици, паркови, зеленило...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=793
Printed Date: 27-Apr-2024 at 20:05


Topic: Плоштад Делфина (во нас. Влае 2)
Posted By: damjanh
Subject: Плоштад Делфина (во нас. Влае 2)
Date Posted: 20-Dec-2009 at 06:49

Република Македонија
Општина Карпош
www.karpos.gov.mk
Скопје, 16.12.2009

КОНКУРС
За изработка на идејно архитектонско решение за партерно уредување на Локален Плоштад во населбата Влае 2, Општина Карпош, Скопје


Награди и обештетувања во нето износ се доделени на следните трудови:

- Втора награда 90.000,00 денари
  Се доделува на конкурсниот труд под работна шифра ЛПВ 06;
  Автори на трудот се: Ана Митрушевска, Бојан Петровски, Владимир Деловски и Дамјан Христов, авторска шифра "АБВиД".

- Втора награда 90.000,00 денари
  Се доделува на конкурсниот труд под работна шифра ЛПВ 03;
  Автор на трудот е: Љупчо Џурoвски, авторска шифра "wave 8".

Фонд за обештетување од 150.000,00 денари еднакво се распределува по 30.000,00 денари на следните трудови:

-Конкурсен труд под под работна шифра ЛПВ 18;
 Автор на трудот е Петровски Александар, авторска шифра "тФОРМИ".

-Конкурсен труд под под работна шифра ЛПВ 17;
 Автори на трудот се: Марковска Невена, Чавдаровска Славица и соработник Милошевски Сашо, авторска шифра "5ам".

-Конкурсен труд под под работна шифра ЛПВ 01;
 Автори на трудот се: Матова Драгана, Кузмановска Билјана, авторска шифра "зосимус".

-Конкурсен труд под под работна шифра ЛПВ 15;
 Автори на трудот се: Сашо Блажевски, Мери Батакоја и соработници, авторска шифра "СКВММ".

-Конкурсен труд под под работна шифра ЛПВ 08;
 Автори на трудот се: Анастасија Олумчевска, Никола Николовски и Валентино Константиновски, авторска шифра "00000".

Оценувачка Комисија:

-Стевчо Јакимовски, претседател
-Влатко Коробар, член
-Благоја Тагасовски, член
-Златко Тодоров, член
-Ранко Петровиќ, член
-Маја Лазаревска, член
-Петар Ивановски, член
-Елеонора Стојановска, член
-Маја Ралевска, секретар

извор: http://www.karpos.gov.mk/images/stories/konkurs-nagradi.pdf



Replies:
Posted By: damjanh
Date Posted: 20-Dec-2009 at 07:46
Еве слики од едно од двете второнаградени решенија за плоштадот, проектот е изработен од: Ана Митрушевска, Бојан Петровски, Владимир Деловски и Дамјан Христов.

















Posted By: La Linea
Date Posted: 20-Dec-2009 at 11:47
Изгледа супер! А нема  ли првонаградено решение?


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Dec-2009 at 14:25
Ова е непосредно источно од комплексот Порта Влае нели?


Posted By: damjanh
Date Posted: 20-Dec-2009 at 16:02
Нема. Доделени се само две втори награди и 5 обештетувања, нема ни прва ни трета награда.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 21-Dec-2009 at 22:37
- Втора награда 90.000,00 денари  Се доделува на конкурсниот труд под работна шифра ЛПВ 03;

  Автор на трудот е: Љупчо pbanksвски, авторска шифра "wave 8".


                               pbanks е ова                              ?


Posted By: Шпер
Date Posted: 21-Dec-2009 at 22:41
Мене не ми се допаѓа, плоштадите ги доживувам како рамна површина (бришан простор) на која ќе има простор за големи собири. Плус тоа споменикот премногу наликува на социјалистички реализам, фалат уште срп и чекан во рацете на момчето и девојката...

-------------


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 21-Dec-2009 at 23:04
Интересно,ми се бендисува како е решено осветлувањето,клупите се вклопени во целиот амбиент,мал амфитеатар кој не боде очи а би бил од полза.

Се на се добро сработено

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: gorco
Date Posted: 21-Dec-2009 at 23:39
УБаво изгледа.

Не е нападно, ниту пренатрупано воошто - ова што го глеам погоре на сликите (без разлика чие и да е - АЈ ЛАЈК ИТ).


-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Dec-2009 at 23:44
Originally posted by Шпер

Мене не ми се допаѓа, плоштадите ги доживувам како рамна површина (бришан простор) на која ќе има простор за големи собири.
Колкави собири би правел ти во Влае?


Posted By: Шпер
Date Posted: 22-Dec-2009 at 13:14
Originally posted by Cloverstack



Originally posted by Шпер

Мене не ми се допаѓа, плоштадите ги доживувам како рамна површина (бришан простор) на која ќе има простор за големи собири.
Колкави собири би правел ти во Влае?

Секако дека не мислам на нацистичките собири на Цепелинфилд во Нирнберг...
Собири во смисла на поголеми групи луѓе, за Нова година, за политички митинзи (за локални избори), протести и сл.

-------------


Posted By: zabegan
Date Posted: 22-Dec-2009 at 19:27
Originally posted by Шпер

Originally posted by Cloverstack



Originally posted by Шпер

Мене не ми се допаѓа, плоштадите ги доживувам како рамна површина (бришан простор) на која ќе има простор за големи собири.
Колкави собири би правел ти во Влае?

Секако дека не мислам на нацистичките собири на Цепелинфилд во Нирнберг...
Собири во смисла на поголеми групи луѓе, за Нова година, за политички митинзи (за локални избори), протести и сл.
па пре би рекол дека ова е парк со плато за собири, одколку плоштад
во секој случај изгледа убаво


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Dec-2009 at 12:52

Општина Карпош не избра терк по кој ќе се гради плоштад во Влае

Од пристигнатите 20 труда, комисијата додели само две
втори награди

Неизвесно е како ќе изгледа планираниот нов плоштад кај Порта Влае, иако на јавниот конкурс за изработка на идејното архитектонско решение што го распиша Општина Карпош пристигнале 20 трудови. Комисијата не додели прва награда, туку само две втори, и тоа за решението на авторот Љупчо Џурoвски и за заедничкиот труд на Ана Митрушевска, Бојан Петровски, Владимир Деловски и на Дамјан Христовски. Од пристигнатите трудови Општината одлучи да откупи пет.

Градоначалникот Стевчо Јакимовски вчера рече дека допрва со стручната комисија треба да донесе одлука дали можеби плоштадот ќе се гради како комбинација од наградените два труда или, пак, конечниот изглед ќе биде компилација од сите трудови. Во секој случај, повторен конкурс нема да се распишува.

„Одлуката ќе ја донесеме наскоро, а дефинитивно изградбата ќе стартува кон крајот на идната година, со рок за реализација до крајот на 2011 година. Приоритет за наредната година, сепак, ќе ни бидат крупни инфраструктурни зафати. Иако немаме избран труд што ќе биде терк за изградба, сигурно е дека на плоштадот ќе има многу зеленило, фонтана ама без споменици, потоа платоа, клупи за седење, мини амфитеатар и катче за деца“, рече Јакимовски.

Градоначалникот најави дека наредната година Општината ќе распише конкурси и за уредување на просторите со мини плоштади на Кејот, во близина на ТЦ „Лептокарија“, потоа на просторот кај Млечен ресторан како и кај Педагошки факултет.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=1E5F08B67CA74649B6CCC82394AEF817


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Dec-2009 at 12:58
Originally posted by FoSsiL

- Втора награда 90.000,00 денари  Се доделува на конкурсниот труд под работна шифра ЛПВ 03;

  Автор на трудот е: Љупчо pbanksвски, авторска шифра "wave 8".


                               pbanks е ова                              ?


не се викам Љупчо а сигурно не се презивам pbanksвски LOL Форумска заврзлама е ова, го средив текстот...


Posted By: axel
Date Posted: 16-Jul-2010 at 14:31
НЕДОСТИГОТ ОД ПАРИ ЈА ОДЛОЖИ НАЈАВЕНАТА ИЗГРАДБА
Влае ќе причека за ветениот плоштад

Роза Петкова

Наместо годинава, како што беше првично најавено, плоштадот во населбата Влае 2 ќе се гради дури во 2012 година. Тој требаше да се направи во зелениот простор на почетокот од комплексот „Порта Влае“, а Општина Карпош лани избираше и идејно решение за неговиот изглед. Тогаш општинарите најавија дека плоштадот е влезен во програмата за работа за оваа година, но сега велат дека немаат предвидено пари за негова изградба. - Плоштадот во населбата Влае 2 ќе се прави, но во 2012 година. Се уште немаме конечен изглед за него бидејќи на конкурсот не се додели првата награда, туку две втори, што значи дека ќе се прави компилација од двете. Со оглед на тоа што годинава проектот нема да се реализира, пари за таа намена во годинешниот буџет не се предвидени - велат одговорните од Општината. Во Карпош се категорични дека на новиот плоштад нема да има споменици иако самите лани најавија дека ќе се определи место и за такво обележје. Што ги премислило, општинарите не кажаа. - На плоштадот во Влае нема да има ниту скулптури ниту споменици - велат од Одделението за односи со јавност на Карпош. За новата содржина во оваа населба голем интерес покажаа и архитектите, кои се пријавија со 20 труда. На двете избрани втори награди, едната на авторот Љупчо pbanksвски, а другата на Ана Митрушевска, Бојан Петровски, Владимир Деловски и на Дамјан Христовски, Општината им додели по 180.000 денари, а беа откупени и пет идејни решенија со по 30.000 денари. Според замислата на градоначалникот Стевчо Јакимовски, плоштадот треба да има поплочен простор на кој ќе може да се одвиваат различни настани, собири, концерти, претстави, изложби на отворено и да содржи бина и монтажни трибини. На локацијата ќе има и зелена површина, хортикултурно уредена со определен вид растенија, простор за седење, клупи, фонтана и детско катче. Целиот простор ќе се осветли соодветно. Намерата на Општината за оваа населба била да го заживее празниот простор, кој е запуштен и го посетуваат само кучиња-скитници, и од него да направат убав, урбан плоштад каде што граѓаните ќе може да се одморат и релаксираат. Освен во Влае 2, градоначалникот Јакимовски за годинава најави и уредување мини-плоштади на кејот, во близина на ТЦ „Лептокарија“, потоа на кај Млечен ресторан и кај Педагошки факултет, но досега се уште не се распишани конкурси за наведените локации.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2070&ArticleID=144693


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Nov-2010 at 04:33
Architectonica www.arh.com.mk - www.arh.com.mk
































Posted By: lupo
Date Posted: 21-Nov-2010 at 14:45
Ne mi se dopagja, pogotovo so pokrienata pateka

-------------
...kaj si kapelo pak ke si kape...


Posted By: FT
Date Posted: 21-Nov-2010 at 15:18
Originally posted by lupo

Ne mi se dopagja, pogotovo so pokrienata pateka

Јас како што забележувам тоа не е патека туку некако како простор за одмарање..и а играње шах..
Инаку на мене ми е супер со овие бои отколку само некое сивило да направеа..


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 21-Nov-2010 at 17:17
Плоштадов требаше да се гради уште пред 4-5 години колку што се сеќавам и цело време ги менуваат проектите, па сеа уште плеснале уметнички лизгачи у езерцено што не е ни 5 метри у радиус, божеее. Иначе првичната замисла мислам дека беше со тие столбовите паралелно поставени еден до друг од помал кон повисок...Како и да е треба да се направи и да се среди зошто сеа на ништо не личи, само да не го стават споменикот со дечките што се начукале ко малолетници у петок навечерCrazyBig%20smile

-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: Makedonij
Date Posted: 07-Apr-2012 at 20:01
[Tube]JsK0i_oTuvw&feature[/Tube]

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: gjoko
Date Posted: 23-Jan-2013 at 23:13

ОПШТИНА КАРПОШ


Поставен камен-темелник на новиот плоштад во Влае

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски вчера го постави камен-темелникот на новиот плоштад во населбата Влае, веднаш до станбениот комплекс Порта Влае. Со ова официјално се означи почетокот на изградбата на овој урбан проект кој предвидува изградба на плоштад со површина од 6.500 квадрати, кој ќе им овозможи релаксација и социјализација на граѓаните од населба Влае и околината. Во оваа пригода, првиот човек на општината истакна дека овој плоштад се гради за граѓаните од населбите Влае 1 и 2, а доколку градежните работи се одвиваат непречено, се очекува тој да биде пуштен во употреба некаде околу 15-ти март годинава.

За реализација на овој проект, локалната самоуправа ќе одвои 31 милион денари. Архитектонското решение предвидува две партерни кружници, сплотени една во друга, поплочени со гранитни плочки како и изведба на кружна фонтана за поубав, урбан амбиент. Зелените површини ќе бидат хортикултурно уредени, со ниско и високо зеленило на површина од 3000 квадрати, збогатени со 10 илјади цветни садници. Одржувањето на зеленилото ќе биде со систем "капка по капка" и автоматско полевање.

Просторот се предвидува да биде осветлен со 50 нови канделабри со современ дизајн и содржини од урбана опрема како што се: 60 нови клупи, 20 корпи за отпадоци, три фонтани за пиење вода, 15 локери за велосипеди, инфо-табла и штитници за дрва.

вечер


Posted By: Makedonij
Date Posted: 26-Jan-2013 at 13:52


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: fichot
Date Posted: 06-Feb-2013 at 23:41
Фино изгледа, мада пешачкиве делови ми се прешироки за сметка на зеленилото.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 07-Feb-2013 at 10:03

Па името му е "плоштад", не "парк".

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: zabegan
Date Posted: 07-Feb-2013 at 17:33
Originally posted by fichot

Фино изгледа, мада пешачкиве делови ми се прешироки за сметка на зеленилото.
зеленилото е сосема на место според мене, сепак служи за разувавување и освежување на просторот, а не како паркова површина
единствено нешто што некако ми смета е што пешачките патеки кои ми се некако неартикулирани, повеќе се мислело на тоа да се дизајнира формата на површината, отколку пешачките движења
но сепак, ова е еден од поубавите вакви проекти во градов


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Goki
Date Posted: 07-Feb-2013 at 18:00
Previous Seto toa ke se sredi za nedela dve. Koga ke se zacapaat po zeleniloto "gragjanite" nasi, nema ni treva ni cveke da vidite, a da ne zborime za klupite, koi im davam mesec dena najmnogu pred da pocnat domakjinite doma da si gi nosat.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 05-Apr-2013 at 21:56
Како што можев да видам од автобус, фонтаната е при крај на плоштадов, а на другиот дел од плоштадот исто така се работи. Веројатно многу брзо би требало да се заврши.


Posted By: jyvation
Date Posted: 14-May-2013 at 20:44


Поминаа изборите и остана истиот градоначалник.Овде нема никаков напредок незнам што е проблемот.


Posted By: gjoko
Date Posted: 14-May-2013 at 22:02
се истрошиле парите за избори-пробабли


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Jul-2013 at 17:57
Сеуште иста состојба






Posted By: jyvation
Date Posted: 11-Jul-2013 at 21:26
ГРАДИЛИШТЕТО KАЈ СТАРОТО KИНО ПРАЗНО

Ни абер ни багер на плоштадот во Влае

http://dnevnik.mk/?ItemID=607AA18000151843ACCAAAFC76711EF0 - http://dnevnik.mk/?ItemID=607AA18000151843ACCAAAFC76711EF0



Posted By: daci92
Date Posted: 10-Dec-2013 at 12:35
Ништо од овој плоштад.
Металната ограда е отстранета и само дел од неа е поставен околу кружнава фонтата ,другиот дел е оставен како што беше.
Не верувам дека ова ќе се изгради бидејќи никој не покажува желба ,ниту пак верувам дека имаат финансии и расчистени имотно правни односи.


Posted By: Teglarot
Date Posted: 10-Dec-2013 at 18:01
Од сигурни извори, оппштината нема пари ВООПШТО, нема пари да ги заврши проектите, ги нема исплатено ниту октомвриските плати, а непотребно вработени се куп луѓе од владеачката партија се со цел да се одржи мнозинството во советот. Исто така нели градоначалникот има кај да троши пари, во новата партија. Не сакав да вмешам политика во постот, но поради тоа трпат сите граѓани. Исто така има многу тековни работи од почетокот на 2013 година кои не се исплатени, а кои доведоа многу луѓе во непријатна состојба.



Posted By: gjoko
Date Posted: 10-Dec-2013 at 19:34

Пред неколку недели Стеффче зборуваше обратно,но веста не ја постирав бидејќи се споменува многу политика во текстот, и само бог знае каде е вистината.


Јакимовски реагира на обвинувањата на СДСМ: „Ем СДСМ-овчиња-ем мангупчиња!“





Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, синоќа реагираше по обвинувањата на СДСМ која тој ја напушти поради несогласувањата со екс-лидерот Бранко Црвенковски.

- Како што милува Бранко Црвенковски да каже: „Ем СДСМ-овчиња-ем мангупчиња!“ Ем СДСМ-овска фирма (зет и дедо-од Кабинетот на последната Влада на Социјалдемократскиот сојуз) на тендер ја добија изградбата на плоштадот во Влае, ем ја оплескаа работата, ем држат пресови за незавршување на плоштадот. И покрај сите преписки со општината и укажувања за неизвршените работи и неисполнети обврски што ги имаат, тие очекуваа да ги молиме и својот непрофесионализам и опструкции сега го покриваат со најдрски пресови.Плаковци! Наместо да се покријат од срам, уште вината ја префрлаат на општината, реагира на обвинувањата Јакимовски.

Градоначалникот им препорачува на советниците на СДСМ пред да си прават публицитет со неинвентивни изјави, прво да си погледнат во сопствениот двор што кадар нудат на „пазарот“, а не да се посипуваат самите со пепел.

Политика
04.11.2013 - 11:43

прес24


Posted By: Teglarot
Date Posted: 10-Dec-2013 at 21:10
Originally posted by gjoko


Пред неколку недели Стеффче зборуваше обратно,но веста не ја постирав бидејќи се споменува многу политика во текстот, и само бог знае каде е вистината.


Јакимовски реагира на обвинувањата на СДСМ: „Ем СДСМ-овчиња-ем мангупчиња!“





Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, синоќа реагираше по обвинувањата на СДСМ која тој ја напушти поради несогласувањата со екс-лидерот Бранко Црвенковски.

- Како што милува Бранко Црвенковски да каже: „Ем СДСМ-овчиња-ем мангупчиња!“ Ем СДСМ-овска фирма (зет и дедо-од Кабинетот на последната Влада на Социјалдемократскиот сојуз) на тендер ја добија изградбата на плоштадот во Влае, ем ја оплескаа работата, ем држат пресови за незавршување на плоштадот. И покрај сите преписки со општината и укажувања за неизвршените работи и неисполнети обврски што ги имаат, тие очекуваа да ги молиме и својот непрофесионализам и опструкции сега го покриваат со најдрски пресови.Плаковци! Наместо да се покријат од срам, уште вината ја префрлаат на општината, реагира на обвинувањата Јакимовски.

Градоначалникот им препорачува на советниците на СДСМ пред да си прават публицитет со неинвентивни изјави, прво да си погледнат во сопствениот двор што кадар нудат на „пазарот“, а не да се посипуваат самите со пепел.

Политика
04.11.2013 - 11:43

прес24


А што треба да очекуваме ? Дека ќе признае дека нема пари ?

Сосема нормално е да зборува обратно, да се одбрани од "нападите", сигурно нема да признае дека општината должи преку 20 милиони евра и нема пари за тековни работи. Градоначалникот очекува фирмите да му прават работи на вересија, а он да ги исплати за 2-3 години. . . е нема да може да работи така, но тој избра парите да ги вложува во партијата, а не во Општината.

И кога сме веќе кај општинските пари, тој се крсти во Владата, дека ќе му одобрат некоја финансиска инекција за да може повторно да функционира, но за тоа мора да биде послушник и токму се ваквите препукувања со неговата, до вчера матична партија.

ОФтопик, на политичар дефинитивно без разлика од која партија е, неможе да му се верува, ама тие политичари што менуваат партии почесто него чорапи на нозете, се дно на дното. Бидејќи живеев, а планирам и да живеам во Карпош во блиска иднина, не ми треба ваков преварант за градоначалник.


Posted By: Џоле
Date Posted: 27-Jan-2014 at 13:40
Плоштадот во Влае остана само со недовршена фонтана

Општината Карпош пред некое време склучи нов договор за завршување на градежните работи на плоштадот во Влае и ја избра фирмата „Лутарико доо“. Сумата на новиот договор за паркот во населбата Влае е 19 милиони денари, а треба да биде завршен во период од шест месеци, односно до јуни



По една година од почнувањето на градежните работи
Една година помина откако почнаа градежните работи на плоштадот во населбата Влае во општината Карпош. Иако беше најавено дека плоштадот ќе биде готов до март минатата година, градежните работи застанаа поради тоа што фирмата што беше избрана не го исполни дадениот рок за изведба и општината го раскина договорот. Оттогаш изградбата тапка во место, а површината за плоштадот остана иста, раскопана и заградена само во средината, каде што треба да се гради фонтаната. Општината Карпош пред некое време склучи нов договор за завршување на градежните работи и ја избра фирмата „Лутарико доо“. Сумата на новиот договор за паркот во населбата Влае е 19 милиони денари, а треба да биде завршен во период од шест месеци, односно до јуни.
Жителите незадоволни од чекањето

Локалните жители велат дека целата изградба трае многу долго и се збунети зошто досега плоштадот не е завршен.

- Искрено целава работа ми е сомнителна. Стевче Јакимовски пред изборите дојде тука и ги покажуваше плановите за плоштадот и за уредување на Порта Влае, но ништо од тоа не се исполни. Местото остана исто, претходно беше заградено, а сега веќе не е, освен еден мал дел во средината - се жали постар жител од Порта Влае.

Исто така меѓу граѓаните се зборува дека плоштадот не е веќе ограден поради тоа што внатре се собирале наркомани и жителите решиле да пријават до општината.

- Мислам дека лимената ограда ја тргнаа бидејќи некои млади луѓе најдоа начин да влезат и внатре седеа во текот на ноќта и правеа недолични работи, се зборуваше дека имало и наркомани. Не знаеме дали е вистина, но така се зборуваше низ маалото. Претходно имаше и табла на која пишуваше што се гради и како ќе изгледа, но сега нема ништо, еве и самите гледате како изгледа местото и не знаеме кога конечно ќе се заврши - вели млада жителка на Влае.

Раскошен парк

Од општината Карпош велат дека плоштадот ќе биде на површина од 6.500 квадратни метри исполнет со многу зеленило и цвеќиња, патеки за пешаци, клупи за одмор, канти за отпадоци и со фонтана.
Архитектонското решение предвидува две партерни кружници, сплотени една во друга, поплочени со гранитни плочки, како и изведба на кружна фонтана за поубав урбан амбиент. Зелените површини ќе бидат хортикултурно уредени, со ниско и високо зеленило, на површина од 3.192 квадратни метри, збогатени со 10.000 цветни садници. Одржувањето на зеленилото ќе биде со системот „капка по капка“ и со автоматско полевање. Просторот се предвидува да биде осветлен со 50 нови канделабри со современ дизајн и содржини од урбана опрема.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12714755598&id=14&prilog=0&setIzdanie=23085 - http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12714755598&id=14&prilog=0&setIzdanie=23085

-------------
За сè има вторпат


Posted By: fichot
Date Posted: 21-Feb-2014 at 08:55
Тарабите се вратени по границите на градилиштето, а пред некој ден приметив и живи луѓе внатре... (вајда ради избориве, што друго)


Posted By: gjoko
Date Posted: 21-Feb-2014 at 18:49
Ако искрено незнаете зошто вакви проекти стојат закочени,и на кои други места(општини) ќе биди закочена состојбата на некое време,можиме да развиеме полемика во Меана.Ама тогаш вистински треба искрено да се зборува ,а не во нараквици.

Гледам некои работи или ги премолчувате или стварно не ги знаете како функционираат некои работи


Posted By: Џоле
Date Posted: 12-Apr-2014 at 19:02
Предизборно...

Во тек е реконструкција на плоштадот во Влае

Деновиве се интензивираат работите околу изградбата на плоштадот во населбата Влае во Карпош.

Работниците, ангажирани од Општина Карпош, работат на партерно уредување на просторот и на поплочување со павер-елементи.

Покрај тоа, беше исчистена и фонтаната и беа санирани оштетувањата на истата.









Целата галерија https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10151907700596706.1073742237.295212381705&type=1 - https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10151907700596706.1073742237.295212381705&type=1

-------------
За сè има вторпат


Posted By: daci92
Date Posted: 13-Apr-2014 at 00:54
Оградата беше поставена уште пред скоро месец дена (неколку дена откако се избра нова компанија ако не се лажам) и набрзо после тоа почнаа да носат павер елементи (бекатон плочки) но невидов некој други активности, дури поминав пред недела дена од таму не се работеше преку ден, ова најверојатно баш околу избориве.


Posted By: martind
Date Posted: 13-Apr-2014 at 15:38
Јас често поминувам покрај "плоштадов" и нема никакви активности


Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Apr-2014 at 08:34
Во тек е реконструкција на плоштадот во Влае

Деновиве се интензивираат работите околу изградбата на плоштадот во населбата Влае во Карпош.

Работниците, ангажирани од Општина Карпош, работат на партерно уредување на просторот и на поплочување со павер-елементи.

Покрај тоа, беше исчистена и фонтаната и беа санирани оштетувањата на истата.











Извор: Фејсбук страницата на Општина Карпош

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-May-2014 at 16:32
Нова фотка...



Извор: Фејсбук страницата на Општина Карпош

-------------
За сè има вторпат


Posted By: BOJAN
Date Posted: 05-May-2014 at 16:53
Овој плоштад историја стана. Се надевам дека барем ќе ја направат оваа локација да биде пријатна онака како што беше пред почетокот на изградбата на плоштадот.


Posted By: jyvation
Date Posted: 19-May-2014 at 03:04
[tube]FezOs0W0hq8[/tube]


Posted By: Џоле
Date Posted: 27-May-2014 at 10:45


фото: Општина Карпош

-------------
За сè има вторпат


Posted By: BOJAN
Date Posted: 27-May-2014 at 15:26
Космодром да градеше, до денес Општина Карпош ќе го завршеше. Плоштадот во населбата Влае се гради со споооооооро темпо:

















Posted By: Dragan
Date Posted: 27-May-2014 at 17:11
И засадените дрва се веќе исушени или некој друг вид на украсно дрва се овие ??


Posted By: kultuzin
Date Posted: 27-May-2014 at 22:48
Незнам дали е брзо или споро но од фотките што ги гледам доста симпатично плоштадче. Особено интерсно ми делуват павер елементите.


Posted By: milena
Date Posted: 28-May-2014 at 15:26
зафати од ваков тип како што сум приметила во Аеродром најнавреме ги завршуваат.


Posted By: jyvation
Date Posted: 01-Jun-2014 at 12:51
Граѓаните од Карпош летово ќе одмораат на нов плоштад

Изминатиов период можеше да се забележат интензивни градежни работи на плоштадот во Влае, по период од неколкумесечен застој поради раскинување на договорот со фирмата што требаше да го гради...



http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=53114918286&id=14&setIzdanie=23188 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=53114918286&id=14&setIzdanie=23188


Posted By: jyvation
Date Posted: 19-Jun-2014 at 08:06
Една утринска фотка од плоштадов.Споро ама би требало и квалитетен да испадне
Шала на страна многу интересно делува, според мене ќе испадне најдобриот плоштад во Скопје.



Posted By: jyvation
Date Posted: 01-Jul-2014 at 22:12
Денес..









Posted By: mr bombastic
Date Posted: 02-Jul-2014 at 02:09
цццццц крај му нема на градењево


Posted By: jyvation
Date Posted: 19-Jul-2014 at 11:24
[tube]uVuffKLOkto[/tube]


Posted By: jyvation
Date Posted: 04-Aug-2014 at 23:54


Posted By: BOJAN
Date Posted: 05-Aug-2014 at 09:04
Многу споро се работи на плоштадов. Направив фотографии на крајот на мај, а по повеќе од два изминати месеци гледам дека изведбата на новиот плоштад се влече како полжав. Зошто е вистинското прашање? На граѓаните сигурно дека нема да им треба плоштадот во ноември.


Posted By: jyvation
Date Posted: 05-Aug-2014 at 10:45
Не споро туку преспоро се работи.Додека се отвори плоштадов тревата ќе се исуши.
Иначе многу непрактични ми се овие клупи.Впрочем клупата за тоа служи за да седнеш, да се потпреш на неа и да се одмориш.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 20-Aug-2014 at 23:16
Плоштадот во Влае е готов, в година ќе се гради црква

На христијанскиот празник Голема Богородица, следниот четврток и официјално ќе биде пуштен во употреба плоштадот во населбата Влае, лоциран до станбениот комплекс „Порта Влае“, информираат од Општина Kарпош. Плоштадот ќе го отвори градоначалникот Стевчо Јакимовски , а потоа во 21 часот концерт ќе одржи Влатко Лозановски, во рамките на културното лето „Kарпош 2014“. Шеталиштето зафаќа површина од 6.500 квадратни метри, а од Општината информираат дека неговото име ќе биде плоштад Влае, по населбата во која се наоѓа.

Работите на терен веќе привршуваат. Kако што објаснија вработените од фирмата „Адмирал“,

која работи на изработка на фонтаната, 90 отсто од нивните обврски се завршени.

- Останува само уште машинскиот дел, поврзување на пумпите и осветлението, а потоа и пробното пуштање во работа на фонтаната - информираат од фирмата „Адмирал“, кои се подизведувачи на „Сандра инжинеринг“.

Работниците велат дека останува да се доправи и малото детско игралиште, кое е во рамките на плоштадот, односно да се постават реквизитите. Изработени се две партерни кружни патеки, сплотени една во друга. Од Општина Kарпош информираат дека фонтаната е изградена од мермер и гранит.

- Kористени се павер-елементи со завршна горна обработка од вулкански камен. Поставена е урбана опрема, клупи, канти за отпадоци од тикувано дрво, отпорно на надворешни влијанија - вели Виолета Цветковска, портпарол во Општината Kарпош.

Плоштадот е хортикултурно уреден со зеленило и цвеќиња, односно со 10.000 цветни садници. Поставени се 50 канделабри, 60 клупи за седење, 20 канти за отпадоци и три фонтани за пиење вода. На овој простор, наредната година ќе почне изградба на црква со површина од 130 квадратни метри.

Според општинските власти, целокупниот проект чини околу 30 милиони денари. Изведувач на градежните работи е фирмата „Лутарико“, а изведувач на фонтаната е „Сандра инженеринг“ .

Последната најава беше дека плоштадот ќе биде пуштен во употреба во јуни, но како што објаснија надлежните, работите се одолжија заради непогодните временски услови.

Плоштадот почна да се гради лани на 14 јануари, а требаше да биде готов до март. Но, со месеци на градилиштето немаше никаква активност затоа што, според општинските власти, првично избраната фирма „Сандра инженеринг“ не го почитувала рокот за завршување. Поради тоа лани на 10 септември договорот со оваа фирма беше раскинат, а во јануари годинава беше склучен нов договор со фирмата „Лутарико“, вреден 308.802 евра, од кога повторно почнаа работите. (А.П.)

http://dnevnik.mk/?ItemID=48DB26AE43F0C34886C226755E78CE0C



Posted By: jyvation
Date Posted: 24-Aug-2014 at 02:55
Новиот плоштад во Влае ќе добие и црква



Новиот плоштад во општина Карпош, кој е лоциран веднаш до станбениот комплекс "Порта Влае", и официјално ќе се отвори за граѓаните на 28 август, за големиот христијански празник Голема Богородица. Името на плоштадот ќе биде "Влае“, а шеталиштето околу него зафаќа вкупна површина од 6.500 метри квадратни.
Плоштадот е целосно хортикултурно уреден со зеленило и цвеќиња, поточно со 10.000 цветни садници, кои придонесуваат за неговиот одличен изглед. Од урбана опрема во новото катче за жителите поставени се 50 канделабри за осветлување, 60 клупи за седење, 20 канти за отпадоци и три фонтани за пиење вода.
Како што се најавува, на овој простор наредната година ќе започне изградбата на црква, која е планирано да биде со површина од 130 метри квадратни.
Според општинските власти, целокупниот проект Општина Карпош ја чини околу 30 милиони денари.

http://media.mk/article/36228/noviot-plostad-vo-vlae-ke-dobie-i-crkva?fb_action_ids=10203337188125271&fb_action_types=og.likes - http://media.mk/article/36228/noviot-plostad-vo-vlae-ke-dobie-i-crkva?fb_action_ids=10203337188125271&fb_action_types=og.likes


Posted By: jyvation
Date Posted: 25-Aug-2014 at 16:58
Детско игралиште изградено од еколошки и безбедни елементи на плоштадот во Влае.







Posted By: jyvation
Date Posted: 25-Aug-2014 at 17:01








Posted By: jyvation
Date Posted: 25-Aug-2014 at 17:02






Posted By: jyvation
Date Posted: 25-Aug-2014 at 17:04




Posted By: Џоле
Date Posted: 29-Aug-2014 at 16:25
Плоштадот е готов, не знам зошто не го отворат веќе. Има и фонтана.

https://flic.kr/p/oFujUM"> https://flic.kr/p/oFujUM - DSC05080 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/oXZdBi"> https://flic.kr/p/oXZdBi - DSC05081 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: jyvation
Date Posted: 29-Aug-2014 at 16:34
Утре ќе се отвара ќе пее Тијана Дапчевиќ


Posted By: ehrlich
Date Posted: 29-Aug-2014 at 21:58
Originally posted by jyvation

Утре ќе се отвара ќе пее Тијана Дапчевиќ


Мала исправка, отворањето е закажано за в недела во 21:00 часот, како што пишува на флаерите што ги фрлиле низ населбава, со концерт на Тијана како дел од Културното лето што го спроведуваат секоја година. Плоштадов пајажина фати додека се отвори


Posted By: kultuzin
Date Posted: 29-Aug-2014 at 22:18
Децкото игралише е со квалитет како за дома а не како што доликува на јавна опрема која треба да биде робусна и неуништива. Колку што граѓаните некогаш се вионовни толку вината е и во (не)квалитетот на опремата која се поставува. Од фотографиите оваа игралиште ми остава таков впечаток.


Posted By: gjoko
Date Posted: 29-Aug-2014 at 22:45
фушерајот во последно време полека но сигурно навлегува во сите пори од животот


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Aug-2014 at 21:38
1


2


3


4


5


6


7


8




Posted By: kultuzin
Date Posted: 30-Aug-2014 at 21:44
Конечно да доживееме поплочување кое не е со онаа класичната правоаглона, досадна и евтина бекатон плочка. Од фотографиите плоштадчето е поприлично допадливо. На сликите се гледа поприлично добро монтирана заштитна ограда околу градилиштето, што ми дава за право да заклучам дека се работи за некоја сериозна фирма изведувач.


Posted By: Bojan10
Date Posted: 30-Aug-2014 at 22:52
Хаха, kultizin, не постои разлика во цена на бекатон заради формата. Ептен ептен некој ако проба да те закрпи, ама одма му даваш до знаење дека секој ден си на автопазар :P

-------------
Од чаламот си патиме!


Posted By: gjoko
Date Posted: 30-Aug-2014 at 23:25
разликата е што поситната коцка од бекатон потешко се крши на притисок,овие со поголема површина релативно лесно би се скршиле при удар или при нагазување со потешко возило.нормално правиме муабет за иста дебелина


Posted By: jyvation
Date Posted: 01-Sep-2014 at 08:23
1.


2.


3.


4.


5.


6.


7.


8.


9.

извор:Oпштина Карпош


Posted By: Џоле
Date Posted: 01-Sep-2014 at 09:46
Насловот на темава е преименуван зашто и официјално плоштадов се вика Делфина.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: zabegan
Date Posted: 01-Sep-2014 at 17:10
убаво освежување е тоа што после толк удолго време, во фонтана имаме скулптура наместо споменик... ама од друга страна, ми личи на исечен дел од скулптурата што стоеше порано пред МОБ, па сега е кај МКЦ


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: BOJAN
Date Posted: 01-Sep-2014 at 17:36
За мене е важно дека конечно се заврши со изведбата на овој простор, кој долго време беше затворен со тараби и ја нагрдуваше целата населба. Плоштадот е во ред, но на крај ќе излезе дека целиот настан на негово пуштање, сосе музиката и огнометот, ќе чини повеќе од неговата изведба!


Posted By: jyvation
Date Posted: 01-Sep-2014 at 17:41
Добар е ајде, со оглед на тоа колку време го влечкаа.Само не ми се јасни овие спектакуларни прославувања со десетминутни огномети, еден куп музички звезди и реплики од типот "Плоштадот го изградивме во рекордно време" ама ајде добро е што се заврши.

Originally posted by BOJAN

За мене е важно дека конечно се заврши со изведбата на овој простор, кој долго време беше затворен со тараби и ја нагрдуваше целата населба. Плоштадот е во ред, но на крај ќе излезе дека целиот настан на негово пуштање, сосе музиката и огнометот, ќе чини повеќе од неговата изведба!


Тоа е целиот муабет..


Posted By: gjoko
Date Posted: 01-Sep-2014 at 18:00
Секој брак се обзнанува со музика и труби на сите страни па и политичкиот



Posted By: jyvation
Date Posted: 01-Sep-2014 at 20:35


Овој дел доле лево кај игралиштето е многу мрачен.Тоа го приметив и вчера.Можеби тука ќе биде црквата која би се градела ако воопшто се изгради.


Posted By: Denko
Date Posted: 01-Sep-2014 at 20:45
Originally posted by gjoko

Секој брак се обзнанува со музика и труби на сите страни па и политичкиот

Gledas deka "GROM" udira vo kopriva!?
Do vcera oci nejkea da si vidat, denes secat lenta, se smeat i nazdravuvaat so sampanjsko.


Posted By: gjoko
Date Posted: 01-Sep-2014 at 20:48
И тоа каква коприва,таа што го чува државното ќесе


Posted By: Denko
Date Posted: 01-Sep-2014 at 21:36
Originally posted by gjoko

И тоа каква коприва,таа што го чува државното ќесе
Deka go cuva, ne sum bas siguren!?


Posted By: kultuzin
Date Posted: 01-Sep-2014 at 22:04
А за плоштадот ќе кажете нешто.
Јас ќе кажам дека ептен ми се допаѓа. Единствено на тревните површини би садил повеќе дрвца за по некое време да имаме убави сенки во тој дел.


Posted By: fichot
Date Posted: 02-Sep-2014 at 00:58
По фоткава од птичја перспектива си останувам на ставот дека е премногу поплочено, а премалку со зеленило. Без разлика што се води како плоштад.
Добро, убаво ќе се искористи при правење митинзи.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 02-Sep-2014 at 01:42
Ти не си го видел плоштадот во Струмица затоа оваа површина ти се гледа голема. Но нејсе поплочувањето кај нас е за да може да собере повеќе народ. Е сега доаѓаме до феноменот кој уште не сум го разбрал а тоа е, зошто во Македонија скоро сите зелени парковски/плоштадски површини не се за играње, газење или седење. Еве види ја сликата скоро никој не стои на тревата сите се собрани на асфалтираниот дел. Мислам дека тоа е причината поради која обично се поплочува повеќе од потребното.


Posted By: zabegan
Date Posted: 02-Sep-2014 at 04:29
Originally posted by kultuzin

Ти не си го видел плоштадот во Струмица затоа оваа површина ти се гледа голема. Но нејсе поплочувањето кај нас е за да може да собере повеќе народ. Е сега доаѓаме до феноменот кој уште не сум го разбрал а тоа е, зошто во Македонија скоро сите зелени парковски/плоштадски површини не се за играње, газење или седење. Еве види ја сликата скоро никој не стои на тревата сите се собрани на асфалтираниот дел. Мислам дека тоа е причината поради која обично се поплочува повеќе од потребното.
ова е тоа што го зборев претходно на други теми... кај нас се работи без план во идејата, како прво не се знае намената на просторот, дали тоа ќе биде плато за собири, дали ќе биде парк или друго, а плоштад може да биде само во одредени услови
кај нас едноставно одбираат да поплчат површина, да стават по некој тревник ваму и таму, па да го наречат плоштад
реално, не може кружна поплочена површина опколена со зеленило која во центарот има фонтана, да се користи за собири, со сцена... за таква намена просторот се прави правоаголен или полукружен, нешто слично како поплочениот дел кај школка во парк
а ако се работи за чисто рекреативен простор кој ќе се користи само како пешачка зона и место за рекреација, тогаш парк е непогрешлива опција... во него ќе има и место за одмор, и пешачки патеки и фонтани, игралишта и скулптури, па ако е доволно голем, и плато за настани

...плоштад од друга страна, е нешто сосема друго, плоштад не се создава со поплочување, туку или постои, или не, плоштадите се дефинирани со урбанистичкиот развој и изградба на објекти на просторот, како и уличната инфраструктура... не може плоштад да биде било што... и не, основна функција на плоштадот не е да служи за собири, туку да биде раскрсница, сообраќаен чвор... причината поради која на плоштадите отсекогаш имало собири е нивната централна положба во просторот и големата отворена површина, наспроти тесните улици


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 15-Sep-2014 at 17:36










извор: фејсбук страницата на Општина Карпош

-------------
За сè има вторпат


Posted By: zabegan
Date Posted: 15-Sep-2014 at 20:47
што им е финтата со клучевиве? на секој плочник ги ставија


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Bojan10
Date Posted: 15-Sep-2014 at 21:36
Може точак да се заклучи тука! Тоа прво ми текна...

-------------
Од чаламот си патиме!


Posted By: Џоле
Date Posted: 27-Sep-2014 at 12:17


фото: СПФМ

-------------
За сè има вторпат


Posted By: zabegan
Date Posted: 27-Sep-2014 at 16:11
добро бе човече знае ли некој метла да фати во рака откако ќе постави плочки или ќе асфалтира улица? BashWallbash


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: stratus
Date Posted: 27-Sep-2014 at 16:19
Точно. Каде и да се наредат бехатон плочки, ама никаде не е сметен остатокот од песок после тоа. Цела таа прашина ја дишеме.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 27-Sep-2014 at 16:51
Очигледно метли немаат никој, па така и Паркови и зеленило, никаде не ја заметува искосената трева, туку така си стои на велосипедски патеки, тротоари, улици...


Posted By: Џоле
Date Posted: 27-Sep-2014 at 17:52
Тоа посебно ме нервира. Пред некој ден поминав со велосипед покрај Жена-парк, и една туристка го сликаше споменикот на паднатите борци. А паркот беше свежо искосен и сета трева беше расфрлана наоколу од ветер и луѓе. Којзнае каков впечаток ѝ оставило тоа за градов и градските служби.

Да додадам дека и често меѓу искосената и несобрана трева има трнови кои се забодуваат во гумите и се честа причина за дупнати гуми на велосипедите.

_________________

А горната слика е од пред отворањето на плоштадот, можат да се видат тарабите со кои е ограден.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: gjoko
Date Posted: 27-Sep-2014 at 19:31
не е така.мора песката да стои некое време за да навлезе во процепите помеѓу коцките.ако одма се измети песката,при налегнување на коцките ќе се јави зјај


Posted By: Tzar_28
Date Posted: 29-Sep-2014 at 00:50
Originally posted by stratus

Точно. Каде и да се наредат бехатон плочки, ама никаде не е сметен остатокот од песок после тоа. Цела таа прашина ја дишеме.

Скоро бев во Амстердам, во населбата каде што бев песокот врз новиот бекатон си стоеше цел месец, намерно го оставаат за да се пополнат празнините


Posted By: Tzar_28
Date Posted: 29-Sep-2014 at 00:56
p.s. Маана важно мора да се најде, ако е убаво направено сега ќе се плука по неизметениот песок што е ставен за да се разнесе низ бекатонот, важно мора нешто да етоа е во гените на македонците...


Posted By: kultuzin
Date Posted: 29-Sep-2014 at 01:12
Бев на плоштадот и многу ми се допадна. Немав време да се загледувам во детали , ниту пак да сликам. Така неможам да кажам нешто повеќе. Може интересно е да се каже дека архитектката по чија идеа се изгради овој плоштад како и уште еден плоштад е вработена во општина Карпош. За оставениот песок како што беше кажано мислам дека се чека да заврне дожд да го спушти оној песок кој веќе е навлезен помеѓу плочите за потоа да можат целосно да се исполнат празнините.


Posted By: N23
Date Posted: 29-Sep-2014 at 01:37
Originally posted by Tzar_28

Originally posted by stratus

Точно. Каде и да се наредат бехатон плочки, ама никаде не е сметен остатокот од песок после тоа. Цела таа прашина ја дишеме.

Скоро бев во Амстердам, во населбата каде што бев песокот врз новиот бекатон си стоеше цел месец, намерно го оставаат за да се пополнат празнините


А јас бев месецов у Шпанија и на неколку места приметив дека не ставаат песок, туку своевиден цемент кој го продолжува "животот" на коцката, особено во поглед на напукнување и размрдување. И сега што правиме?
Генерално муабетот е дека за ова поставување со песок мора да се изнајде начин и да стане минато. Претерано многу сме загадени, а истиот тој песок предизвикува проблеми кај голем број граѓани поради проблеми со алергија, истиот тој песок потоа се расфрла низ улиците и низ воздухот. Едно е Амстердам каде после целосното вметнување на песокот истот парк 10 пати ќе биде исчистен и со цистерна и со конвој градски чистачи, исто како што се чисти целиот град континуирано. Кај нас да се чисти редовно и темелно, ова со песокот нема да биде никаков проблем, но вака како што е, е проблем.


-------------
23ka.wordpress.com



Print Page | Close Window