Print Page | Close Window

Скопје 2020 / Skopje 2020

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Градска инфраструктура
Forum Discription: Улици, булевари, сигнализација, јавен превоз...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=794
Printed Date: 27-Apr-2024 at 12:29


Topic: Скопје 2020 / Skopje 2020
Posted By: Andrej_LJ
Subject: Скопје 2020 / Skopje 2020
Date Posted: 21-Dec-2009 at 22:02
Отворив нова тема (не под Скопје преку мои замисли и решенија) затоа што навистина многу голго време работам на ова и сакав да му се посвети нужното внимание, дискусија, критики и идеи. Сега почнувам со постирање чекор по чекор, Би требало до крајов на овој ден да сум готов, но незнам. Исто така решив да постирам по помалку од 5 слики во пост затоа што ќе се дојде до 100 слики на една страница и тоа никој не го посакува. Се надевам дека последново нема да е проблем. Ајде да се започнува!

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте



Replies:
Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 21-Dec-2009 at 23:36
Скопје денеска...
Скопје, главниот град , е јазолот и моторот на на 2 милионска Македонија. Тој е главниот административен, културен, образовен и економски центар. Но, што се случува кога моторот се претвора во кочница? Она, на кое што секогаш забораваме, е дека Скопје има потенцијал да биде и транспортен центар не само на Македонија, но и пошироко. За да се ппостигне ова и да се искористи потенцијалот на положбата на градот, треба да се започне со внатрешна реорганизација на превозот во самиот град, а жителите и гостите на градот да добијат квалитете, брз, редовен, удобен, и урбано-еколошко- пријатен транспорт.

Скопје ја дочекува 2010...
Главниот град, по мои слободни и скромни проценки брои повеќе од 600 000 жители и околу 100 000 луѓе (и прилично ист број на возила) дневна миграција во градот. Што е направено во последниве 40 години во Скопје погледната од транспортен аспект. Освен полу-изградениот и неискористен Транспортен центар, ништо! Рбетот на градот е ЈСП и уште неколку транспорти компании. Нашиот рбет е скичмен! Ако се занемати фактот дека цивилизирани градови од големината и типот на Скопје имаат повеќе алтернативни видови на транспорт, а нашата мрежа која ја сочинуваат само автобуси е стара, нередовна, неудобна и бавна, правејќи го јавниот транспорт крајно непримамлив, состојбата преминува во трагична! Да не зборуваме дека целиот свет, без исклучоци се префрлува на шини и Македонија и Скопје мораат да го следат овој тренд.

Што претставува Скопје 2020?
Ова е еден проект-замисла и субјективна визија, изработена на база на моите согледувања, потреби, искуства и проучувања (па и желби) за реорганизација на транспортот во Скопје (како индивидуален така и јавен). Проектот е поделен на две големи теми, односно сфери на интерес.
А) Автомобилскиот,
Б) Јавниот градски сообраќај.
Морам да нагласам дека во никој случај овие идеи не ги исклучуваат постоечките, зацртани во ГУП (Јужен, Северен, Крушевска), туку го надополнува и додава нова корисна вредност во потокот на патници во градот. Овој проект пред се е концентриран на внатрешниот сообраќај во Скопје и заслужената приоретизација на јавниот (особено шинскиот) превоз.

ЈАВНИОТ ТРАНСПОРТ ВО СКОПЈЕ 2020:
Самиот овој дел е поделен во неколку групи (3 или 4 во зависност од гледната точка), во зависност од типот на јавниот превоз. Содржи неколку типа на превоз, почнувајќи од класичен трамвај, ЛРТ, О-Бан и Приградска железница, како и веќе постоечките автобуси.  Сите овие системи се преплетуваат правејќи корисна, брза, ефикасна и редовна мрежа, која ги поврзува сите важни точки во градот и надвор од него, со густо-населените региони (тн. спални на градот како Аеродром или Карпош). Ајде за почеток, чисто на кратко малку информација за секој систем пооделно:

Класичен трамвај: застарена форма на транспорт која заради својата бавност и мал капацитет (породена од фактот што трамвајските возила ги делат трасите со останатите видови надземен сообраќај) се употребува во помалите градови како основно средство за транспорт, или во поголмите градови како додаток на останатите видови јавен транспорт.

ЛРТ (Лесен Железнички Транспорт) има поголем капацитет и брзина од класичниот трамвај, но помал од класичното метро. Возилата се поголеми од класичните трамваи, имаат врати и шоферски кабини на обете страни на возилата, како и можност за полу-автоматизација на движењето на истите. Големата предност доаѓа од тн. Право на предност односно трасите по кои минува системот се во главно одделени од останатиот вид на сообраќај со помош на ескади, тунели или програмирани семафори. 

Приградска Железница е класична железница, опслужувана од широк спектар (по брзина и капацитет) на шински возила. Го поврзува центарот на градот со околните периферни населби, предградија, соседни градови и аеродроми. Возат по претходно зацртан распоред и интервал во зависност од потребите и времето во денот.


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 21-Dec-2009 at 23:52
Рбетот на градот, постепено од гумите, се префрлува на шините. Се работи за 6 приоритетни линии, кои меѓусебно се разликуваат по скоро сите параметри: приоритет на изградба, капацитет на возилата и линијата, бројот на станици и нивната густина, како и интервалот на движење. Целата трамвајна (и не само) мрежа е обележана со црвено на долната слика. Таа е долга 60 километри и има 45 станици, 8 паркинзи од типот Park and Ride/Park+Tram.



Мрежата, како што кажав е сочинета од 6 линии:
(1) ЦРВЕНА ЛИНИЈА тргнува од Влае и оди до Ново Лисиче, притоа ги сече најгусто населените градски зони и центарот, како и прави конекција со 4 други линии. Таа е со највисок приоритет и број на очекувани патници, затоа што ги врзува двете скопски спални зони преку центарот на градот и Транспортниот Центар.
(2)ЖОЛТА ЛИНИЈА е втора по приоритет и е доста пократка од претходната. Тргнува од Водно (Универзитетски болници/Клинички центар), преку строгиот центар на градот и завршува во северните делови на Скопје. Се состои од 3 дела според приоритет на изградба и пуштање во употреба. Тој одсек (Водно-Чаир), всушност е замислена како пред се трансферна линија на плоштад Македонија, со линијата (1). Линијата (2) ги поврзува сите точки од особено значење и висока фрекфренција во центарот на градот. Постепено е планирана експанзија на истата линија се до Гробиштата Бутел.
(3) СИНА ЛИНИЈА почнува од транспортниот центар и преку источните индустриски делови на градот, стигнува до Аеродромот Петровец.
(4) ЛИЛЈАКОВА ЛИНИЈА исто така тргнува од Транспортен Центар, но ги спојува јужните индустриски зони и населбата Драчево.
(5) ЗЕЛЕНА ЛИНИЈА од Транспортниот Центар ги врзува северните и западните скопски предели како СКопје Север, и Ѓорше Петров.
(6) ВОДЕНА ТРОЛЕЈБУСНА ЛИНИЈА поврзува неколку неопфатени точки од особен интерес на градот(Саем, ЈСП, Пивара, Автокоманда...) со Универзитетот и Бит Пазар.



(3), (4) и (5) линија ги користат постоечките пруги на МЖ во скопскиот регион. За секоја линија ќе стане збор доста подетално подоцна.


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 00:08
ЛИНИЈА (1) (ЦРВЕНА ЛИНИЈА)

Линијата, како што беше споменато ги спојува најголемите скопски спални Карпош и Аеродром, виа нивните најголеми и најфрекфрентни булевари, правејќи ја достапна за најголем број на потенцијални корисници. Линијата минува по бул. Партизански одреди, преку пл. Македонија и транспортен центар и бул. Јане Сандански, се до Ново Лисиче. Еве некои општи информации за истата:












Идеата е оваа линија да е најоптоварена, заради густо-населените региони низ кои поминува истата. Замислена е да функционира како комбинација од ЛРТ и во мал дел класичен трамвај. Класичниот трамвај би бил само на почетокот и крајот на линијата. Во останатиот дел таа е ЛРТ а во не-малку делови е и подземна, со доста подземни станици, особено во центарот на градот и во неговата близина. Треба да се нагласи дека линијата ќе биде целосно приоретизирана од останатиот сообраќај, со помош на тунели и подземни станици, како и на семафори и барикади кои ќе даваат предност при наближување на самото возило. Фрекфренцијата на возила по истата ќе биде од 5 минути во утринскиот и попладневниот шпиц, преку 10 минути во текот на денот, и 15 минути во текот на ноќта. Истата се предвидува да биде и ноќна линија (од 00-05 часот), при што нема да ги опфаќа сите станици (тоа се главно подземните, дел од кои би се затварале навечер од очигледни причини).



-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 00:22
ПОЧЕТОК НА ЛИНИЈАТА (1): ВЛАЕ

Линијата започнува во непосредна близина на комплексот Порта Влае, јужно по бул. Партизански одреди. Тука е сместен кругот за свртување на возилата и се дели траса кон идното Депо Ѓорче петров каде ќе се складираат дел од возилата на линиите (1) и (2). Потоа трасата оди на исток, кон мостот на Обединетите Нации, исто така по јужниот дел на Партизанска, каде што има повеќе од доволен простор за шините, како и малку фрекфренција на луѓе и возила.





Поминува во непосредна близина на спортскиот комплекс Влае и продолжува по новиот и специално за таа намена изграден трамвајски мост на Вардар, паралелен со сегашниот Обединети Нации.



Веднаш после мостот, се наоѓа втората станица на линијата, во близина на кулите Убавици, во Карпош 4. Тука живеат многу жители и неопходноста за станица пред блоковите е очигледна. Станицата (како и секоја друга) е долга 50 метри и секоја платформа е широка по 5 метри.
По станицата Мост Обединети Нации, доаѓаме до првиот проблем, односно премостување на бул. Партизански одреди, заради повеќето простор на северната страна на булеварот, како и погустата населеност на истата. Раскрсницата е регулирана со семафори и е на ниво на земјата, но трамваите ќе бидат пропуштани со специален режим на приоретизација. Кога наближува возилото, семафорот за автомобили во сите насоки преминува на црвен режим. правејќи простор за трамвајското возило. Сметам дека на оваа раскрсница на секои 5 минути, доколку се прекине автомобилскиот сообраќај за 30 секунди, нема да доведе до гужви и неудобства. Сметам дека јавниот транспорт (а особено шинскиот) треба да се стимулира и да биде врвен приоритет пред личниот, кој треба да се дестимулира.






-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 00:33
Трамвајот, во овој дел е веќе преминат на северната страна на Партизанска, сечејќи ја населбата Карпош 4. Малку пред раскрсницата на Партизанска со Љубљанска, се наоѓа третата станица, а имено Карпош 4, која по ништо не се разликува од претходните, стандардни надземни станици, разделени на 2 платформи, меѓу-кои минуваат трамвајските шини. По истата, трамвајот ја сече ул. Љубљанска, а раскрсницата е регулирана со семафори кои го приоретизираат трамвајот (исто како и на претходната раскрсница).



Трамвајот без некакви особености минува натаму кон исток, и влегува во Карпош 3 и Лептокарија. На раскрсницата со улица Манапо (која е само со вртење  в десно), е предвидено или таа да се затвори, или да се постави светлосна и звучна сигнализација, која ќе ги предупредува шоферите за трамвајот кој се наближува.





-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 01:20
И преминуваме во зоната на Лептокарија која освен  што е првата густо-населена точка во градов на која наидовме, е и првиот комуникациски јазол во овој дел на градот. Тука има многу згради за жувеење, доста државни објекти и институции а премалку зеленило и паркинг места. Затоа се предлага комплексно решение за пределот од Лептокарија, се до Драмскиот треатар (насока запад-исток по Партизанска).

Најголемата промена доаѓа од потребата за паркинг простор на трговскиот центар и околните објекти, а сегашниот паркинг пред зградите во Лептокарија, ќе се претвори во плоштад (јас го крстив На Незнајниот воин-ми се стори смислено да имаме плоштад кој ќе оддава благодарност и на непознатите борци).Истиот богато ќе се озелени и урбанизира, предвидена е и фонтана-плато. Тој освен што ќе ниде место за комуникација и оддих на граѓаните во околината, ќе ја изолира звучно населбата од ближниот булевар и ќе создаде поеколошка средина. На самиот плоштад би била сместена и трамвајската станица Лептокатија/Плоштад на Незнајниот воин, чијшто дизајн е инспириран од Стразбуршката главна трамвајна станица и претставува модерно решение за истата.
Под самиот булевар и сегашниот паркинг, по целата должина и ширина ќе биде прокопан паркинг со површина од над 26 000 квадратни метри, на 1 ниво под земја, кој ќе биде поделен на 2 дела: за граѓани и за гости и ќе функционира на плаќање. Промена е тоа што местата ќе бидат доставени на база на број на станови и ќе бидат гарантирани за они кои живеат во неговата близина, а половината или каква е потребата би бил оставен за користење на гости. Паркингот е поврзан со земјата, од двете страни на Партизанска со ескалатори и лифтови. Од едната страна ќе излага директно на платформите на трамвајната станица, а од другата пред блоковите, јужно од Партизанска. Автомобилскиот влез и излез на паркингот е овозможен на неговите почетоци, преку додавање на четврта, крајна десна лента на Партизанска, во должина од по 100 метри во секој насока. Еве како тоа изгледа просто покажано, следува и АвтоКад:



СЛИКА 1: Се гледа целата замисла околу овој дел, паркингот е во преден план. Со светло сино се обележани трамвајните шини, а со темно сино автомобилските коловозни ленти. Видливи се ѕидовите на паркингот, како и ескалаторите кои водат до двете страни на Партизанска. Со жолто се обележани платформите на трамвајната станица која се наоѓа над паркингот. Во далечината се гледа останатиот дел од проектот (клучката со бул. 8ми Септември и едноимената подземна трамвајна станица).



СЛИКА 2: Паркингот со неговите приод како за автомобили, така и за пешаци. Рампите се обележани со портокалово, а столбовите со сиво.



СЛИКА 3: Паркингот и станицата на пл. на Незнајниот воин.






-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 01:30
Уште неколку димензии од паркингот и самата станица во Лептокарија. Инаку круговите се всушност направен од рамки од метал, на кои има затемнети стакла. Тие го заштитуваат перонот од надворешните влианија, како и ескалаторите за паркингот, односно преминување на улицата под земјата.










-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 01:41
file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CSolza%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml">Трамвајот пак, по станицата Лептокарија, сеуште се движи по северната страна на Партизанска, паралелно од неа. Кога ја достигнува зградата на Илинден (или Др. Клаус), трамвајот постепено понира под земја (должината е 150 метри, ако се земе дека наклонот мора да е максимум 7%). Кога го достигнува почетокот на раскрсницата кај Романската болница, трамвајот почнува да врти јужно, па потоа источно, правејчи лак во формата на буквата Ѕ, со цел да се помести истиот во средиштето на Партизанска. За да не се создаде комфликт со автомобилскиот тунел на Партизанска, северните коловози на тунелот, понираат на ниво на земја, пред трамвајот да навлезе под површината на самиот булевар.
















-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 01:47
file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CSolza%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml">Потоа, самиот булевар Партизански одреди, се наближува кон две раскрсници кои што се многу блиску една од друга. Тоа се кај Романска болница и со бул. 8ми Септември. Затоа што движењето во насока исток-запад (Центар-Карпош-Влае) е од врвен приоритет за проектов, тука булеварот делумно понира под земја. Средните 2 ленти во секоја насока врват надолу под тунелот (кој е на 7 метри под земја) и постепено се оддалечуваат една од друга, правејќи место за трамвајните шини кои ќе дојдат меѓу нив, и така ќе продолжат се до пл. Македонија. Крајните 2 ленти во секоја насока остануваат на нивото на земја, и стигнуваат на раскрсницата на Партизанска и 8ми Септември. Оваа раскрсница е регулирана со семафори, на ниво на земја. На прво подземно ниво, покрај автомобилскиот тунел (овде движењето е непречено и беконфликтно) е сместена и трамвајската станица 8ми Септември, а на второ подземно ниво, пасажите и премините кои ја поврзуваат страницата со четирите страни на раскрсницата.

Треба да се нагласи дека раскрсницата кај Романска болница, заради својата маловажност ќе се затвори, а сите кои сакаат да се поврзат со околните улици, тоа можат да го сторат од Партизанска, преку 8ми Септември и Лондонска

Самата станица 8 ми Септември, е расположена под земја, на среде раскрсницата на булеварите Партизански и 8ми Октомври. Таа се наоѓа на 7 метри под земја (тоа јас произволно го добив, ако 5 метри е потребната висина на тунелите и платформите и уште 2 метри меѓу секој плас како подпора). на -2 ниво, се наоѓаат пасажите кои прават врска меѓу двата краја на платформите на станицата и четирите страни на раскрсницата. Еве како изгледа тоа:








-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 01:51
За крај на овој дел од градот, излезите на тунелите (како што кажав сите три тунела, кои на практика се еден тунел, одвоен на три сегмента), понираат некаде кај хотел Карпош. И целиот концепт на една слика, малку поедноставно погледнато:






-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 01:57
По ова чудо, трамвајот има зад себе цели 5 станици, а тој е во средината меѓу коловозите на булевар Партизански одреди. Така е се до раскрсницата со ул. Франклин Рузвелт, во чијашто близина е сместена станицата број 6, ул. Франклин Рузвелт. Веднаш после неа, целиот тунел повторно на истион принцип ( 2 коловозни ленти//трамвајни шини//2 коловозни ленти) под земја, за да ја избегне раскрсницата на ул. Рузвелтова. Понирањето трае 150 метри, е целосно подземно во должината на раскрсницата со ул. Рузвелтова. Всушност не станува збор за тунел, а повеќе за подвозник, над којшто во форма на надвозник се јавува улица Рузвелтова и раскрсницата. Повторно 2 ленти остануваат над земја, за вртење лево или десно (северно или јужно) по ул. Рузвелтова.






-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 02:04
Ние сме веќе пред Буњаковец, односно во делот на Универзалната Сала. Тука се предвидува затвворање на улиците кои доаѓаат од кај Апче и Универзална, заради нивната незначителност, а пак на Партизанска брзината во надземните делови е 80 км/ч.
На местото на сегашниот паркинг на Градежен факултет би се изградил вториот паркинг од системот ПаркиРај, и тоа катна гаража, која убаво би се вклопила во постоечката универзитетска зграда.




-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 02:05
ДЕЧКИ СЛОБОДНО КАЖЕТЕ СИ СВОЕ МИСЛЕЊЕ ДОКОЛКУ ИМАТЕ ЗАБЕЛЕШКИ ИЛИ КРИТИКИ, ЈАС ГЛЕДАМ ДЕКА ОВА (ПОСТИРАЊЕВО) ЌЕ ТРАЕ СО ДЕНОВИ. OhnoCrazy

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 02:16
Стигнуваме во зоната на Буњаковец. Овој простор иако е исклучително фрекфрентно место, на еден од најоптоварените булевари и градски пазари, е во исклучително незадоволителна состојба. Затоа овој простор исто како Лептокарија (тука нуждата за такво нешто е уште поголема), ќе претрпи детална измена.
1) Изградба на надземна трамвајна станица Архитектонски и Градежен Факултет.
2) Изградба на подземен паркинг.
3) Изградба на подземен пешачки премин под Партизанска.
4) Целосно реновирање на здрадите на факултетите, библиотеката Браќа Миладинови, ТЦ Буљаковец.
5) Рушење на градскиот пазар. На негово место треба да стои затворен пазар со многу културен и просторен вид кој освен тезги би содржел и разни локали за забава и оддих. Над пазарот би била централата на Скопски Пазари АД.
6) Изградба на плоштад во квадратот меѓу факултетите, библиотеката и ОУ Коле Неделковски. Би го крстил плоштад на Македонската наука/просвета.

СЛИКА 1: Контурите на сообраќајните ленти (жолто), трамвајните шини (црвено), влезовите во паркингот, како и самата станица за трамваи.



СЛИКА 2: Вцртан и плоштадот и подземниот премин за пешаци (всушност коридор во паркингот).





-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 02:22
СЛИКА 3: Паркингот со вцртани контури, организација на движење и влезови/излези.



СЛИКА 4: Идеи за новиот простор околу Буњаковец. 1) Нов, модерен вид на фасадата и внатрешноста на самата библиотека. 2) Фонтана која би била изработена од некој студент на фак. по архитектура и би ги урнала сите клишиња за изглед на фонтана. 3) Целиот тој простор е наменет за младите, кои во регионот се движат во особено голем број. Целта е да добиеме зелен простор, со голем број на нестандардни елементи за седење (нпр. не клупи), учење и  дружење во слободното време. 4) Нова фасада за факултетот и нејзина целосна модернизација.



Еве го и првиот тип знак, кој го направив (направив само за позабележителните места во градов). Тој би бил поставен на средината на пасажите, наспроти ескалаторите кои водат од/до платфоримте за трамваи. Ориентира на која страна од булеварот, кој и каков објект се наоѓа:




-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 02:34
Продолжуваме на исток, кон Соборниот Храм. Како што се наближуваме кон центарот на градот, неопходноста и потребата за поголем капацитет и ефикасност растат, а со тоа и заплетеноста на решенијата. Следна е трамвајната станица Соборен Храм. Таа е подземна и се наоѓа на раскрсницата на булеварите Партизанска и Св. Климент Охридски. Трамвајниот тунел, кој се наоѓа на средината на булеварот понира под земја, на околу 100-150 метри пред самата станица и раскрсница. Автомобилскиот сообраќај пак на оваа раскрсница останува на ниво на земјата и е регулиран со семафори како и до сега. Веднаш по раскрсницата започнува тунелот под плоштадот, се до Народната Банка, кога практично на трамвајните шини (кои се веќе под земја), од двете страни им се приклучуваат по две коловозни ленти на секоја страна. Трамвајот и во тунелот е во средината, раздвоен со столбови и ограда од коловозите. Коловозите во секоја насока се широки по 2 ленти, а 2 ленти остануваат над земја (на бул. Партизанска) со цел да направат конекција со бул. ВМРО и Васил Главинов.

СЛИКА 1: Проста скица на новата станица и пасажите кои водат до неа.



СЛИКА 2: Скица на целосното сообраќајно решение:



СЛИКА 3: Организација на раскрсницата кај Тифани.




-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 02:43
СЛИКА 1: Решението е погледнато од птичја перспектива. Со светло сино се обележани рампите, каде што трамвајот (во лево) и автомобилските тунели (в десно) понираат под земја. Со бежово, се обележани станицата, како и пасажите кои водат до неа, од четирите страни на раскрсницата. Поради заплетеноста на теренот, ове пасажи се два и немаат меѓусебна конекција. Тие делумно ја тангираат самата станица, дури и навлегуваат во неа. Неправилната форма на истите е наложена заради конфигурацијата на околните градби.




-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 02:45
СЛИКА 2/3/4:Повторен поглед од различни агли на рампите на тунелите, без самата станица:








-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 02:52
СТАНИЦА СОБОРЕН ХРАМ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ:

СЛИКА 1:Поглед кон самата станица и почетокот на автомобилскиот тунел пред Тифани. Ѕидовите на самиот тунел како и на станицата се обележани во светло сино, а на ѕидовите на пасажите со темно сино. Самите пасажи со својата нестандардна форма диктираат нестандардна и мека станица. Тие делумно навлагаат (се сечат) со платформите. Може да се забележи дека плафоните на тие места се спуштени (обележани во темно сина боја) и даваат чувство за одвоеност меѓу двата дела (пасажи и платформи). Потоа столбовите се наоѓаат во другиот дел на платформата се декорирани со пробушено стакло со нестандардна форма, низ кое поминува светлина, со што сака да се долови  небо или облаци, инспирирано од близината на катедралниот скопски храм.








-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 02:57
По оваа станица, сите три тунела формираат еден, одвоен од столбови и продолжуваат подземно кон плоштад Македонија. Зградата на Тифани (не сакате од неа сега да ви постирам слика) ја нема! (срушена е) и на нејзино место се прави плоштад Европа, кој има полукружна форма, свртен накај Партизанска. Тоа е отворена површина, со доста клупи, преплетени фонтани и патеки. Секој дел би симболизирал дел од европа, но тоа никако не би било шаренило, туку естетски складно поврзано. Како и да е, еве уште неколку погледи од потегот Соборен Храм-Тифани.






-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 02:58







-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 03:02
Неколку знака за оваа станица, кои се поставени:

А) На северната страна:

1) Знак при излез од трамвајната платформа, во пасажот. Покажува во која насока е секој поважен објект.



2) Знак при влез на трамвајната платформа, во пасажот. Покажува кон кои објекти води пасажот и самата станица, со линијата и насоката.




-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 03:03
Б) На Јужната страна:






-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 03:17
ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА:
Дојдовме до најцентралната и најфрекфрентната станица на Скопје. Тука се сечат двете најважни линии во градот (1) и (2). Но, тука е и раскрсницата меѓу двата сообраќајни коридора на автомобилите, Соборна-Народна Банка и Плоштад-Собрание. Токму заради малиот простор и тешкиот терен, (исто така ограничен и од реката Вардар), станицата ќе има само два колосека, со поголеми димензии, на кои наизменично ќе доаѓаат трамваите од линиите (1) и (2). Тие дури делат едни единствени шини. Звучи комплицирано, но всушност е многу едноставно и ефикасно. Еве на што мислам.



СЛИКА 1: План на тунелите под плоштад Македонија. Со бело се вцртани контурите на самиот плоштад и зградите околу него. Со темно сино се вцртани подземните улици, како и раскрсницата помеѓу нив. Со светло сино се обележани двата трамвајски коридора (линија 1 Соборна-Народна Банка и 2 ул. Македонија-МНТ). Тие се спојуваат во станицата под плоштадот. Станицата е одвоена од автомобилскиот дел преку суд и столбови. Самата станица е од островски тип (една голема платформа, на чиишто страни минуваат свата трамвајни колосека). Поврзана е со надворешноста преку 4 ескалатори и два лифта. Излезите за луѓе излегуваат на површина, некаде околу почетокот на уличката за Телеком и со тоа се добива неузурпација на Плоштадот, како и добра поврзаност со околината.






-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 03:21
Самата повшина на плоштадот (обрнете внимание на маркерите-иглите) тоа се контурите на Плоштадот.



И подземното ниво со сите објекти во него (поглед од страната на Комерцијална Банка):





-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 03:22
Станицата:



И нејзнииот излез на површина:




-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 03:30
5те семафорски интервали за најефикасно бесконфликтно движењена раскрсницава (со зелено се обележани насоките на движење во еден интервал на семафорот):








-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 03:31





-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 03:38
И уште неколку погледа врз плоштадот:






-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 03:39







-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 03:44
По станицата на Плоштад, трамвајните линии продолжуваат да одат паралелно со коловозите, но на нивната северна (горна) страна. Тоа е затоа што тука имаме две линии, кои наскоро повторно ќе се раздвојат. Тоа се случува на Кеј 13ти Ноември. Линијата 2 завртува северно кон платото на МНТ, каде што има сместено станица. Тоа го прави, премостувајќи го Вардар, преку нов затворен цевка-мост. Се работи за челична, минималистичка конструкција, целата покриена со стакло, со што нема да се загрози Камениот Мост и погледот врз околината.








-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 04:00
Линијата 1 си го продолжува својот пат источно, кон Надорната Банка на Македонија, паралелно и северно од коловозите на тунелот под Плоштад. Со цел да се избегне раскрсницата кај Народната Банка за приоретизираниот смер исток запад (или бул. К.Ј.Питу-Плоштад Македонија), решив тунелот да продолжи под оваа раскрсница се до објектот на Банката. По оваа раскрсница, тунелот кој започна кај СОборната Црква, конечно избива на поврчина, на булеварот К.Ј Питу и води кон Железничката Станица. Други пак две ленти во насока Центар - Аеродром, избиваат на површината уште пред раскрсницата и овозможуваат вртење на лево и на десно кон Бит Пазар и Олимписки Базен.

Трамвајот пак е замислено да се врати на средината на булеварот и за да се убалжи острината на кривината, тој прави немал лак по кој следува подземната станица на Народната Банка. Оваа станица се очекува да стане многу фрекфрентна, особено по завршувањето на Веро Центарот и во иднина урбанизацијата на Маџар Маало. Еве како изгледа тоа, не премногу комплицирано:

СЛИКА 1: Поглед врз раскрсницата од птичја перспектива. Темно сино се коловозните ленти, светло сиво пак трамвајните шини. Со портокалово се означени косините на рампите за влез и излез на тунелите. Со светло портокалово е обелжана станицата и нејзините пасажи.






-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 04:01







-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 04:03
Поглед кон самите тунели, на нивото кое е под земја:








-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 04:05
Поглед кон подземните тунели, нивното искачување и улиците кои се на нивото на земја, со малку видо-изменета форма, приспособена кон новите услови и можности.






-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 04:07
СТАНИЦА НАРОДНА БАНКА: Се работи за многу оптоварена станица која ја опсчужува линијата (1). Замислена е како во-перонска, подземна станица, кон која водат пасажи за преминување на улицата (на второ подземно ниво) и излези кон тротоарите на истата страна на улицата (излез кон нивото на земјата).






-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Dec-2009 at 04:09
И за крај поглед кон целокупната клучка Народна банка:





Со тоа практично завршив за вечерва, утре и во следните денови ќе следува и остатокот од проектот. Вие слободно коментирајте го материјалот кој беше објавен досега.


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Dec-2009 at 09:22
Андреј немомаш многу да ти кажам за твојава замисла пошто и не сум анализирал многу. Во врска со трамвајските линии поддржавам идеја да не се пипне ништо од трамвајот додека не се пробијат главни булевар и сум за тоа линиите да се движат по/под булеварите и галвните артерии. Како ќе ги решиме после станиците и другои е второстепено. Ова го кажувам во однос на линиите кои ги имашп вцртато за кои дел се слагам, дел не.

За улици уи Булевари понастрана од центарот немам нешто посебно разгледувано и размислувано околу идеи, но можеам вака за почеток да направиме една микроанализа на раскрницава под плоштад. Вака малку повеќе од што треба си ја измасирал и се додадени свртувања што и воопшто не се потребни. На пример зашто некој кога би влегот од кај нардона банка би вртел лево према црвен крст кога тоа може да го направи уште надвор од тунелот. Или обратно. зашто некој би влегот кај собрание за да излага кај нбрм?! Нема логика. Исто така и за клучкава кај нбрм која ќе функционира многу побрзо доколку си го оставел тој кракот што го има и во ГУП-от односно рампа правец нбрм-црвенкрст.


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Dec-2009 at 11:51
Јас само сакам да кажам Applause за огромниот вложен труд, а коментари ќе дадам кога убаво ќе го прочитам сето ова


Posted By: gorco
Date Posted: 22-Dec-2009 at 13:55
Глеам некој се потрудил и навистина потрошил и време и нерви на ова ... браво

-------------


Posted By: гитардемон
Date Posted: 22-Dec-2009 at 15:37
WOW! Човече секоја чест за трудот. Навистина. Добро е што имаш идеи, штета што нема кој да ги слушне (макар и да се лоши, не знам, да ги прочитам еднаш). Браво, ќе го разгледам кога ќе имам повеќе време.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 22-Dec-2009 at 16:28
И јас само би кажал браво за трудот што си го вложил.
Коментар или сугестија не би можел да дадам од проста причина што не сум од Скопје и немам доволно информации колку е проток на возила,каде се прават големи гужви и сл.

Уште еднаш БРАВО

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Dec-2009 at 17:38
Андреј   Master

Ќе почекам да испостираш се, а и јас да имам време детално да го проучам сето тоа, па дури после ќе коментирам. Нема дилема дека ќе има доволно материјал за долго да дискутираме

Инаку ова во што софтвер е правено и како е внесено во google earth? И дали си експерт на тоа поле или се учеше низ процесот на работа на презентацијава? Јас имам чепкано нешто sketchup за донекаде слична идеја, ама ми се виде непрактичен.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 27-Jan-2010 at 19:34
ОК, доста беше затишје, продолжуваме понатаму! Запревме после станицата кај Народната Банка на Република Македонија. Како што споменатв претходно, по раскрсницата кај НБМ, автомобилските ленти кои одат кон Железничката Станица Скопје, по бул. К. Ј. Питу, се искачуваат на ниво на земјата и од 4 во една насока, стануваат 3, како што е всушност и сегашната ситуација. За разлика од нив трамвајот продолжува подземно во средината на булеварот до Железничката, каде што се наоѓа можеби најголемиот транспортен јазол во Скопје.



На оваа станица (ГЖС понатаму, кратко од Главна Жел. Ст, Скопје), покрај линијата 1 (Влае-Аеродром), застануваат и возовите на линиите 3 (ГЖС - Аеродром Петровец), линијата 4 (ГЖС - Драчево) и линијата 5 (ГЖС - Ѓорче Петров). Не смее да се заборават и возовите на тн. РегиоВоз (за кои ќе стане збор кон крајот) и регуларните возови на МЖ. Тука е и Меѓуградската Автобуска Станица на Скопје и терминалот на ЈСП за приградските линии. Се на се се работи за навистина голем транспортен јазол, кој во иднина има капацитет и реални можности да опслужува и над 100 000 патници на ден. Самата станица на Линијата 1 би се наоѓала централно под коловозните ленти на булеварот К. Ј. Питу, кој поминува под Железничката. Се работи за станица, на која платформите и се одвоени. Поврзувањето на сите насоки на движење низ Транспортниот Центар е прилично едноставно и покрај големиот број на јазли.



Имаме неколку излези и тоа; 1) Тротоар на бул. К. Ј. Питу (северна страна). 2) Тротоар на бул. К. Ј. Питу (јужна страна). 3) Холот на Железничкиот терминал (некаде помеѓу билетарницата и ресторанот ако добро помнам). 4) Холот на Меѓуградската Автобуска Станица.

На нивото -1,  платформите на трамвајната станица се сврзани со тротоарите на булеварот, кои лежат на истата страна на улицата, како и јужната платформа (онаа кон влезот на Железничкиот Терминал) е директно врзана со истиот Железнички Терминал.

На ниво -2 (кој е создаден предимно да се оствари топла врска меѓу северната платформа на трамвајот и останатите насоки), се поврзуваат сите можни насоки (4 на број). Влезовите и излезите се замислени да содржат по едни скали, еден пар ескалатори и по еден лифт за инвалидизирани лица и лица со потреби.


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 27-Jan-2010 at 19:52
Непосредно по раскрсницата кај зградата на Космофон/Неоком, трамвајот плавно се искачува кон површинатат, по средишниот дел на булеварот Јане Сандански. Низ населбите Аеродром и Ново Лисиче минува без никакви особености. Средишното зеленило е доволно големо, да собере по две трамвајни ленти, како и станиците. Онаму каде што ќе бидат самите платформи на станиците, ќе биде потребно минимално поместување на автомобилските ленти на булеварот, за сметка на огромното зеленило и патеки, од двете страни на истиот. Семафорите долж бул. Јане Сандански, би останале исти како и сега. Главната насока на движење по овој булевар е в право, а вртењата в лево се прилично незначителни. Насоката право долж булеварот дава  додатна предност на трамваите, затоа што тие не би го оптоварувале додатно движењето по него, а брзината на нивното сообраќање не би била намалена.  Доколку дојде до масовен број на несреќи, онаму каде што трамвајот ги преминува раскрсниците, би предложил вакво вкопано решение:



Овие, вкопани во земјата бариери, се поставени паралелно со трамвајските шини, на неколку метри раздалеченост од нив. Кога сигналот за движење право, долж булеварот е вклучен (вклучувајќи ги и трамваите), бариерите се подигаат на околу 20-30 цм над земјата и физички го попречуваат конфликтот помеѓу шинските возила и автомобилите. Времето на подигање/спуштање на нив е од 3-5 секунди, што не би придизвикувало дополнително чекање по семафорите.

Станиците се поставени во централното зеленило на булеварот Јане Сандански. Нивните платформи се сврзани со соодветните тротоари на булеварот преку подземен премин (подход). Потходите би биле поставени крај секоја трамвајна станица, а автобуските станици би се преместиле во нивна непосредна близина, олеснувајќи ја смената на тип на транспорт автобус/трамвај.  Со нив се креира безконфликтно преминување на улицата на пешаците, што ја зголемува безбедноста и брзината на автомобилите кои возат по Јане Сандански. Груб нацрт на станиците:



Самата расположеност на трамвајската линија 1 во населбата Аеродром:
Станица Скопјанка:



Станица Три Бисери:



Станица Бисер:






-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 27-Jan-2010 at 20:00
Трамвајот, на тој начин пристигнува на раскрсницата помеѓу булеварите Јане Сандански и Србија. Според многу студии за трамвајот во Скопје, замислата е тој да продолжи долж бул. Видое Смилевски - Бато. Јас се одлучив за една поинаква варианта. Заради фактот дека населението во овој регион, главно е сконцентрирано во населбата Ново Лисиче (која пак е составена од 4 конгломерата на згради, расположени во хвадрат, со должина на страна од 750 метри), и големиот земел простор помеѓу зградите, се одлучив трамвајот да врти северо-источно кон бул Србија и потоа да навлезе во срцето на нас. Ново Лисиче. Таму би била последната станиоца на оваа линија , каде што би се наоѓало и свртувачкото тркало за трамвајот и одделувањето кон депото Ново Лисиче. Депото Ново Лисиче би било најголемото во Скопје, кое би опслужувало поголем број на возила од линиите 1 и 2.





Со ова, линијата 1 завршува а повторно ќе ја спомнеме, кога ќе зборуваме за типот на возилата во мрежата, начинот и трошоците на изградбата, интегрираноста на целиот систем итн.


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 27-Jan-2010 at 20:17
ЛИНИЈА 2 (ЖОЛТА ЛИНИЈА)

Главната цел на оваа линија е да ги поврзе сите клучни објекти и институции во центарот на Скопје, а понатаму и да придонесе за брзото придвижување на луѓе од северните населби кон центарот и општо во насока север-југ. Линијава би ја поделил на неколку фази на изградба, како и на експлоатација, во зависност од интензитетот на патници во секој дел. Целата линија и некои општи карактеристики.














-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 27-Jan-2010 at 21:01


ФАЗА 1 (ЛИНИЈА 2 Клинички центар - Чаир): Делот на линијата, обележан со жолто е, спаѓа во првата фаза на изградба. Овој дел поинува низ целиот строг центар на градот и во близина на најважните објекти во него. Исто така на пл. Македонија се наоѓа трансферната станица со Линија 1, која се очекува да биде најоптоварена, но и и го минува Вардар, спојувајќи објекти како Македонската Опера и Балет, Судовите 1 и 2, зградата на МТВ и Универзитетот во Скопје. Северно од нив се наоѓа Бит Пазар, несомнено едно од најраздвижените места во Скопје и продолжува по бул Цветан Димов до зградата на општината Чаир.  Предвидено е овој сегмент да оди целосно подземно, се до паркот пред општината Чаир. Тоа е наложено од неколку фактори како што се:
1) Трасата минува под строгиот центар на градот и низ најфрекфрентната пешачка зона во Скопје, а имено ул. Македонија.
2) Трасата минува под неколкуте најоптоварени булевари во Скопје, каде што просторот е исклучително ограничен.
3) Густината на населението во овој дел на линијата е најголема и тоа: Општина Центар 6000+ жители на квадратен километар и Чаир со неверојатните 18 000 жители на километар квадратен.

ФАЗА 2 (ЛИНИЈА 2А Клинички центар - Скопје Север, односно додаток од 2 станици помеѓу Чаир и железничката станица Скопје - Север): Ова продолжение на линијата 2 е пред се мотивирано од расположеноста на големи блоковски населби во овој регион, како и самата железничка станица Скопје Север, каде што е планирано да минува линијата 5 (која има релација ГЖС - Ѓорче Петров) и со тоа овозможува трансфер на патниците помеѓу овие две линии. Трасата е исклучително надземна и тука добива карактеристики на класичен трамвај. Слободниот простор е присутен во изобилство, а сообраќајните гужви се реткост за овие неколку улици и булевари. Возилата на Линијата 2А ќе сообраќаат со помала фрекфренција заради помалата густина на населението.

ФАЗА 3 (ЛИНИЈА 2Б Клинички центар - централни гробишта Бутел, односно продолжение на линијата до градските гробишта):  Овој додаток е мотивиран од неопходноста за добра поврзаност помеѓу градските гробишта и постатокот на градот. Особена фрекфренција се јавува за време на празници и големи настани, но и секојдневната фрекфренција не е за подценување. Во овој одсек, возилата би минувале на секој саат, во текот на работењето на системот и со засилена фрекфренција за време на викендите и празниците.

Всушност оваа поделба не значи разграноци на линијата, туку едноставни продолженија, кои налагаат различен ритам на опслужување, заради помалата фрекфренција на патници во соодветните делови. Треба да се напомене дека возилата од сите подлинии на 2 (имено 2, 2А и 2Б) го опслужуваат делот Клинички - Чаир, само некои делот Клинички - Скопје - Север (2А и 2Б) и најмалку делот Клинички - Бутел. Еве како тоа го замислувам, графички потпомогнато:



ТРГНУВАЊЕ НА ВОЗИЛО ОД ПОСЕТНА СТАНИЦА КЛ. ЦЕНТАР:
1)
Час 8
Мин 00    Линија 2 (Кл. центар - Чаир) - жолт интервал на сликава
2)
Час 8
Мин 10    Линија 2А (Кл центар - Ск. Север) - портокалов интервал на сликава
3)
Час 8
Мин 20    Линија 2 (Кл. центар - Чаир) - жолт интервал на сликава
4)
Час 8
Мин 30    Линија 2А (Кл центар - Ск. Север) - портокалов интервал на сликава
5)
Час 8
Мин 40    Линија 2 (Кл. центар - Чаир)  - жолт интервал на сликава
6)
Час 8
Мин 50   Линија 2Б (Кл. центар - Бутел) - кафен интервал на сликава

Со таква шема, се добива потполна искористениост и ефикасност на возилата и ресурсите. Во делот на линијата 2 имаме 6 возила на еден час или интервал од 10 минути. На делот од линијата 2А имаме 3 возила на час или интервал од 20 минути и на делот на линијата 2Б имаме едно возило на секој час.


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 27-Jan-2010 at 21:28
Бидејќи просечната раздалеченост на станиците е околу 470 метри и трасата на оваа линија, всушност минува низ самиот центар на градот, добива карактеристики на метро-трам, односно подземно ЛРТ, по кое сообраќаат класични трамвајски возила. Целосната должина од Клинички до Чаир е нешто под 5 километри и е целосно подземна.
Линијата 2 започнува од станицата Клинички центар, која е поставена под бул. Водњанска во непосредна близина на влезот на центарот. Почетната станица е подлабока од оние кои не се наоѓаат на падините на Водно, за да се израмни наклонот и го направи трамвајот побрз.



Потоа линијата се спушта кон плоштадот на Журналистите, каде е втората станица, наречена Нова Македонија, поради близината на истоимената зграда-симбол во Скопје. Трамвајот прави завој на раскрсницата кај Нова Македонија и потоа продолжува под ул. Мито Хаџивасилев Јасмин, се до Музејот на Градот Скопје, односно Старата Железничка. Во непосредна близина до Музејот и ТЦ Рамстор, односно под паркот каде што сега е поставена статуата Феникс, е поставена следната подземна станица. Оваа постојка е особено важна поради постоењето на трговскиот центар, музејот и многубројните околни високи згради (да не збориме што јас живеам таму Crazy)




Тунелот на трамвајот потоа води кон север, под улицата Македонија. Всушност овој дел, се до плоштадот Македонија може да се направи и надземно, како да речеме Илица во Загреб или Витошка во Софија, додавајќи шарм и урбаност во пејзажот на градот. Сепак јас се одлучив за подземна траса, имајќи ја в предвид културата на нашите сограѓани и вообичаено-големата фрекфренција на луѓе по улицата. Подземноста на делов значително ја зболемува брзината на трамвајот и дава можност за полесна изградба на евентуалниот пешачки премин под Рекорд.
Следна е станицата кај платото пред домот на Армијата на Македонија. Иако овие 3 станици се многу близу една од друга (Музеј на Град Скопје --- 250м --- АРМ --- 350м --- пл. Македонија), се одлучив дека без евентуална станица кај домот на АРМ, центарот не би бил доволно покриен. Сепак околу АРМ се наоѓа Собранието, неколку министерства, многубројни локали но и една од централните автобуски постојки - Рекорд.

По оваа станица, трамвајскиот тунел минува под ул. Димитрија Чуповски кон пл. Македонија, каде прави врска со линијата 1. Делот околу Плоштадот и кеј 13ти Ноември е објаснет во Линијата 1, затоа што трасите во овој дел се преклопуваат.




-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 27-Jan-2010 at 21:47
По преминувањето на реката Вардар, по денивелиран и незабележлив мост-тунел, пристигнуваме на следната станица, онаа сместена во паркот околу Македонската Опера и Балет или МНТ. Оваа станица засега е малку важна затоа што просторот околу неа е прилично празен, но во иднина бројот на згради значително се очекува да нарасне.



Тунелот потоа минува околу училиштето Кирил и Методиј и Националната Универзитетска Библиотека, каде што се вклучува во оските на бул. Крсте Петков Мисирков. Под површината на сегашниот паркинг  пред Универзитетот Св. Кирил и Методиј, се наоѓа станицата Универзитетска. Исплатливоста на оваа станица е неоспорна. Се наоѓа помеѓу образовно-административното срце на Скопје и Македонија, како и голем број на трговски центри и локали.  Оваа станица исто така ја дели со евентуалната Линија 6 (линија опслужувана од брзи тролејбуси, односно водени (guided) тролејбуси. Оваа можност ќе ја разгледуваме на крајот. Треба само да се напомене дека доколку отсекот на линијата 2 помеѓу оваа станица и следната - Бит Пазар се дели со линијата 6, тогаш тунелите во овој дел треба да бидат зголемени, поради поголемиот габарит на тролејбусните возила.



Следна во низот станици е онаа лоцирана до поликлиниката Бит Пазар. Со тоа, овој транспортен јазол и тесно грло на градот е интегрирано во мрежата за брз и ефикасен транспорт во градот.

Трасата на трамвајот се спушта за неколку додатни метри под земјата, за да се премости клучката кај Бит Пазар, која е на неколку нива и потоа пак се издигнува на нивото од 7-8 метри под земјата. Следејќи го булеварот Цветан Димов, пристигнуваме до срцето на Чаир, односно ТЦ Чаирчанка, каде е сместена претпоследната станица.



Тунелите потоа продолжуваат до паркот пред општината Чаир, каде е крајот на првиот дел на линијата 2. Таму завршува подземниот дел на линијата. Во паркот е сместена самата надземна станица, како и кругот за свртување на возилата кои ја опслужуваат само линијата 2 (Кл. центар - Чаир).  Возилата пак кои продолжуваат кон Скопје Север (2А) и Бутел (2Б) по оваа станица се одделуваат и возат на западната страна на бул. Х. Т. Карпош.




-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 27-Jan-2010 at 21:59
Трасата, како што реков продолжува по бул. Х. Т. Карпош, по неговата западна страна (или во зеленилото помеѓу зградите и коловозите), се до раскрсницата со бул Босна и Херцеговина. Таму е сместена следната станица, именувана како Х. Т. Карпош (а на сликава како Патот за Бутел).



Свртуваме по бул. Босна и Херцеговина, се до железничката станица Скопје Север, во едноимената населба. Тука, трамвајот се искачува на ниво на пругата, каде се прават дополнителни трамвајски колосеци. На самата станица е овозможена смена на линиите 2 и 5 (ГЖС - Ѓорче Петров). Тука има можност за Парк и рајд паркинг, како и терминал за автобуските линии од северните предградија. Целта е да се премести транспортниот  јазол на северно Скопје, од Бит Пазар, околу железничката станица Скопје Север. Дојдовме и до крајот на линијата 2А.

По ова, трамвајот ги сече и преминува железничките колосеци и од насипот се симнува на улицата Боца Ивановска, односно онаа улица која води до централните скопски гробишта Бутел. Со ефтин пробив и ископ од десната страна на улицата, би се створил простор за непречено и безконфликтно возење на трамвајот, се до влезната капија на гробиштата, каде е крајот на целокупната линија 2, односно 2Б.



Со тоа линијата 2 ја завршив во целост. Како и кај сите други линии, начинот и цената на изградбата, како и соодветниот тип на возила (ако забележавте не споменав за свртувачки кругови кај Клинички и Скопје Север така што веќе сте заклучиле дека ќе предложам дво-управувачки возила), ќе стане збор во посебна тема, кога ќе ги обработуваме овие прашања малку подетално.




-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 27-Jan-2010 at 22:02
За заокружување на линиите 1 и 2, предлагам да погледнеме мапа со сите станици на мрежата во центарот на градот:





-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 27-Jan-2010 at 22:29
ЛИНИЈА 3 (СИНА ЛИНИЈА) ГЛАВНА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА - АЕРОДРОМ ПЕТРОВЕЦ.

Оваа линија ги поврзува двата различни по вид, транспортни центри на Скопје. Се работи за Железничката Станица и Аеродромот Петровец. Доколку се исполнат очекувањата на ТАВ за 1,5 милиони патници годишно и таа бројка ја поделиме со 365 дневно просечно оптоварување на аеродромот, доаѓаме до бројката од 4100 патници на ден. Доколку половината од нив се одлучат за удобниот, брз и ефтин  јавен транспорт од аеродромскиот до железничкиот терминал на градот, добиваме бројка од 2000 патници на ден. Но таа бројка е креирана само од последната станица на линијава. Кои се останатите?



Оваа линија би имала функција како приградска железница, односно С-Бан (да не се мешаат двете значења на С-Бан:  Strassbahn i Schnellbahn. Првиот е класичен трамвај, а вториот е брз воз, односно приградска железница). Тука се разбира станува збор за вториот поим. Поради прекрасно поставената но за жал неискористена железничка инфраструктура во и околу градот Скопје, се одлучив линијата да ги користи веќе постоечките капацитети на Македонски Железници. Се разбира би биле неопходни некакви доградувања и осовременувања, но тие се сврзани со далеку помали трошоци отколку изградбата на целосно нова траса. Да не зборуваме дека со ова би се подобрил и квалитетот и брзината на услугите кои ги нуди МЖ на овие делници. Осовременувања на делницата ГЖС - Илинден - Аеродром Скопје се:

-проширување и осовременување на колосеците, кои сега генерално се со еден колосек и дрвени прагови.
-електрификација на истата делница
-надоградба на Железничкиот Терминал Скопје (ГЖС) и тоа на колосеците 7 и 8, како и нивно целосно покривање
-изградба и осовременување/прилагодување на неколку железнички станици долж линијата
-изградба на железничка делница Илинден - Терминал 2 Аеродром Скопје (со можност за подземна железничка станица на аеродромот).

Тука е местото да ги помолам железничарите од форумот, да подобјаснат дали, како и што има потреба за реновирање, во делот на железничката мрежа Скопје - Петровец.







Како што се гледа, просечното растојание помеѓу две станици е нешто над 2500 метри, со што оваа линија упте повеќе добива карактеристики на приградска железница.








-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 27-Jan-2010 at 22:45
Првата станица после Главната Железничка е тн. Индустриска зона Исток. Се наоѓа во близост до бул. Војводина и Пиварата. Тука се сместени голем број на фабрики и претпријатија и нивните вработени би можеле да ја користат оваа станица за придвижување од и кон работните места (наместо одвратните Ф - автобуси кои сега се сретнуваат низ градот).



Следна е станицата во Маџари. Оваа станица и нејзината околија (заедно со станицата Илинден) има потенцијал да се претвори во транспортен јазол на источно Скопје, односно на граѓаните кои патуваат од Куманово и Велес. Тоа би се постигнало со градски и приградски автобуски терминал, како и Парк и Рајд паркинг.



Пругата ја минува клучката кај Хиподром и автопатот Скопје - Велес и стигнуваме до следната станица, Идустриска зона Илинден. Оваа станица би ја користеле вработените во големиот број на нови погони и фирми кои никнуваат покрај автопатот.



Станицата во населбата Илинден, веќе си постои, но се сомневам дека жителите на општината ја користат масовно. Затоа токму таа ќе биде следната станица. Воопшто овој дел се одцртува со растечки број на фирми и претпријатија, кои варираат од мали и средни, до навистина големи (според плановите барем). Затоа следна станица е Индустриската зона Бунарџик. Се разбира успешното функционирање на оваа станица , па и на линијата како цело е условено во голема мера со успешноста и растот на токму оваа зона.





По свтопатската клучка за Бунарџик, линијата продолжува по новоизградената пруга кон Аеродромот Скопје. Последната станица, нејзината поставеност и карактеристики се во голема мерка условени и во взаимнодејствие со плановите на ТАВ за развој на аеродромот и новата Терминална Зграда со придружните објекти.



Затоа што трасата минува по пруга со класични карактеристики за железнички сообраќај, очекувано на линијава би возеле кратки возови од типот на шпанецот, Сиемнс Дезиро или пак други верзии на возови  за превоз на патници на кратки и оптоварени растојанија.




-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 27-Jan-2010 at 23:25
ЛИНИЈА 4 (ЛИЛАВА ЛИНИЈА) ГЛАВНА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА - ДРАЧЕВО

Слично како и линијата 3 (а подоцна и линијата 5), оваа линија ги користи веќе постоечките траси на МЖ. Ги сврзува југо-источните региони, фабрики и населби, со останатиот дел на градот, преку Транспортниот центар. Опфаќа 5 станици и тоа: ГЖС --- нас. 11 ти Октомври --- нас. Лисиче --- ОХИС --- Драчево:










-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 27-Jan-2010 at 23:26
Еве го и распоредот на сите станици. Целта на крајната станица (Драчево), освен поврзување на населбата, е и изградба на Пари и Рајд паркинг за оние кои пристигнуваат од Велес или околните села, како и мал автобуски терминал за приградските населби во овој регион.













-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 27-Jan-2010 at 23:35
ЛИНИЈА 5 (ЗЕЛЕНА ЛИНИЈА) ГЛАВНА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА СКОПЈЕ - ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Линијава би требало да ги користи постоечките пруги на МЖ, во скопскиот регион и тоа од Главната Железничка, преку Скопје Север, до станицата Ѓорче Петров. Нејзината цел е да ги поврзе западните и северните населби со остатокот на Скопје. Мислам дека предноста за патување од Ѓорче Петров до центар со воз е исклучителна и уникална за Скопје и истат не треба да се пропушти. Се разбира тука освен проширување на колосеците и станиците, нивна целосна модернизација и обнова, е потребана и електрификација на пругата. Сепак, мислам дека бенефитите на Скопје и населбите кои би ја користеле оваа траса се огромни и очигледни.










-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 27-Jan-2010 at 23:57
Линијава, по напуштањето на Железничката станица и одделувањето од пругата кон Маџари, стигнува до првата станица - (нас.) Железара. Освен населбата, веднаш до станицата е и групата на фабрики од железарската индустрија.



Следна е станицата Железара 2:



Станицата Скопје Север, е место каде што се вкрстуваат две линии и тоа 2 и 5.

Станицата, која се наоѓа непосредно до бул. Словенија (од каде истата го диби своето име) е прилично важна, поради отворениот простор околу неа што овозможува изградба на Парк и Рајд паркинг, кој би ги опслужувал немалкуте возила кои секојдневно доаѓаат во Скопје од Приштина и цело Косово. Исто така предвиден е и автобуски терминал за северните приградски линии.



Станиците кои следат се населбите Злокуќани и Даме Груев.



Крајната станица е лоцирана во Ѓорче Петров, односно Дексион (последната станица на сегашната 5ка на ЈСП). Тука би се изградил уште еден Парк и Рајд паркинг, за потребите на жителите на западните скопски села и Тетово/Охрид. Тука би се наоѓала и крајната/почетната станица на приградските автобуси кон западните села (Сарај, Матка, Кондово итн).



Со тоа ги презентирав 5 од 6те линии предвидени во мојов план. Следно, покрај линијата со број 6, се и начинот и фазите на изградба, приближната цена на проектов, типот на шинските возила по линиите, поврзаноста на мрежава со автобускиот и останатиот транспорт во Скопје...


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 31-Jan-2010 at 23:42
ЛИНИЈА 6  ТРОЛЕЈБУСНА ЛИНИЈА (УНИВЕРЗИТЕТСКА - АВТОКОМАНДА/ИНДУСТРИЈАЛНА/)

Оваа линија е можеби најнестандардната но и најиновативната во целиот план Скопје 2020. Се работи за надежен систем, кој се повеќе се применува во превозот на луѓе во градовите - Кerb-guided (trolley)buses KGB или Тролејбуси водени на прагови. Водените тролејбуси се возила водени во целост по својата линија или само на делови од линијата, со помош на специални, странични писти и прагови. Праговите оневозможуваат на непожелните возила да влезат во маршрутата на тролејбусите, со што дури и најтесните интервали на движење и ефикасност можат да бидат остварени.

Обично системите за насочување можат да бидат физички (како гореспоменатиот со писти и прагови/граничници) или дистанциони, како оптичко или радио ориентирање на возилата. Втората варијанта моментално се испробува на Терминалот 5 на Хитроу во Лондон и е исклучително иновативен, но сеуште многу скап и недоволно испитан начин на водење, кој дури ги исклучува возачите како фактор.

На овие водени возила (автобуси или тролејбуси, тоа е сосема сеедно), мали тркалца се прикачени на страните на возилата, кои вертикално се лизгаат по поставените прагови, на двете страни на тн. писта/коловоз. Обично овие писти се користат на простори, каде што димензијата на коловозите е ограничена со цел да се постигне поголема брзина и сигурност на возилата кои сообраќаат по нив, но и да се олесни достапот на патниците до возилото, затоа што возилата се позиционираат на најадекватното и идеално растојание од пероните на станиците.






-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 31-Jan-2010 at 23:59
Како би функционирала оваа линија и зошто воопшто би се комплицирало со вакво решение? За да одговориме на ова прашање, ќе треба да ви го претставам планот за оваа линија. Можеме слободно да ја поделиме на 2 фази.



1 ФАЗА (ст. Универзитетска - ст. Бит Пазар): Во овој дел, линијата ќе биде подземна и ќе ги користи тунелите, односно колосеците кои веќе би биле изградени за потребите на линијата 2 (која за потсетување, таа е планирано да биде ЛРТ, односно по неа да се движат трамвајски шински возила). Затоа што се работи за тунели, кои по својата димензија се доста тесни, а истовремено би се делеле од два типа на возила (трамваи и тролејбуси), поставувањето на овие прагови кои би ги воделе тролејбусите е од нужно значење. Тие овозможуваат полуавтоматизација на системот, со што тролејбусните возила би биле следени и би се пуштале на трасата, само при ситуации во кои трамвајските возила се на безбедна дистанца од нив. Потоа, тие гарантираат правилно, безбедно, а со тоа и брзо движење на возилата по тунелите.  Делени тунели, ова не е екстремна идеа, а реалност која постои во повеќе градови, особено нив Германија. Опасноста за некакви инциденти е сведена на минимум, односно е онаква каква што е и при целосно одделни тунели.





2 ФАЗА (Бит Пазар - Автокоманда/Индустријална/): Поради фактот што овој дел на линијата е предвиден да се движи по бул. Александар Македонски, по кој освен во Автокоманда нема ниту еден друг семафор кој би ја смалил брзината на движење по линијата, решив дека со  релативно мали реконструкции на околниот терен (околу клучката кај Бит Пазар), можеме да ја поврзаме Автокоманда и нејзините фабрики (не треба да се заборави и Скопскиот Саем, Ера Сити и х-л Континентал, комплекс кој јас верувам во следната половина декада ќе стане едно од најраздвижените места во градот), со остатокот од брзиот превоз во градот.

Делот во кој системот е подземен, односно тунелите и двете станици би биле веќе изградени за потребите на линијата 2, а делот по кој возилата би се движеле по површината на земјата, односно бул. Александар Македонски треба само да се опреми со контактна тролејбусна мрежа, нешто кое е навистина многу ефтино. Затоа што токму овде се работи за градска магистрала, по која брзината движење е 60-80 км/ч, потребата возилата да се водат исчезнува, односно тие се движат по неодделена лента (крајната десна лента) кој би ја делеле заедно со автобусите и би ги користеле нивните веќе постоечки постојки. Сепак, изградбата на оваа линија ни задава 2 поголеми проблеми.





-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 01-Feb-2010 at 00:28
Го разгледуваме делот, каде што линијата 6 е подземна, односно околу и долж булеварот К. П. Мисирков.



Првиот и поголем проблем е клучката кај Бит Пазар. Затоа што доаѓаме до подземен судир и сечење на трасите на линиите 2 (Чаир - Бит Пазар и обратно) како и 6 ( во насока Автокоманда - Бит Пазар), второ-посочената траса би морала да се спушти на шуте едно подземно ниво. Еве како тоа би изгледало:



Со светло сино е означен делот, каде што тролејбуската траса или крајната четврта лента на бул. Александар Македонски започнува да денивелира и достигнува -7 или -8 метри при срвената ознака, од каде што започнува втора денивелација до -15 метри. Оваа втора денивелација завршува во моментот кога над неа би се разминале трасите од линијата 2, кои би продолжиле под бул. Цветан Димов.  Тролејбусната линија потоа би понирала до -7 или -8 метри под земјата, приклучувајќи се во колосекот на линијата 2 од Чаир кон Центар, непосредно пред подземната станица Бит Пазар.

ВАЖНО: Ова решение може да се прошири и примени и за автомобилскиот сообраќај. Денешното решение на клучката е смешно и крајно аматерско, а знаеме дека токму најоптоварениот со возила правец е Автокоманда - Центар и обратно. Со ова би се постигнало и доволно брзо вртење на овие возила, паралелно со вртењето на тролејбусите. Евентуалниот тунел би се состоел од 2 автомобилски ленти и една, одвоена водена лента за тролејбуси, кои по разминувањето со горните трамвајни шини на линијата 2, би се одделувале.    



Вториот проблем е вртењето ан тролејбусните возила на крајните станици. На станицата кај Автокоманда, тоа е решено со постоењето на надвозникот кај Пивара Скопје, односно онаму и на ист начин како што врти денешната автобуска Двојка. Но, кај Универзитетите се судираме со фактот дека последната станица е подземна, а трамвајските шини продолжуваат, како и сосема ограничениот простор на таа раскрсница. Евентуалното надземно вртење е крајно нелогично поради исцрпениот потенциал и простор на раскрсницата. Затоа, предлагам по станицата Универзитетска, во насока Центар, да се прокопа уште еден едносмерен тунел, во кружна форма, кој би служел како тркало за свртување на тролејбуските возила. Тоа тркало би било довлоно големо, за да овозможи с задржување на цело зглобно зовило, без притоа да пречи на одвивањето на шинскиот сообраќај по линијата 2. Задржувањето ан возилата во овој дел е наложено поради спазувањето на возниот ред по линиите 2 и 6 и поради фактот дека во непосредна негова близина се наоѓа крајната/почетната станица Универзитетска.



Оваа линија 6, ќе биде долга околу 3,6 километри и ќе содржи 6 станици. Заради нејзината мала должина, интервалот на движење на возилата би можел да биде доста чест и со многу мал број на тролејбуси. Важно е да се напомене дека вкрстувањето на линиите 2 и 6 на двете места (кај Универзитетска и Бит Пазар) би било регулирано со семафори, односно минимум 1 минута растојание помеѓу две возила, при што право на предност би имала линијата 2. Овие две гореспоменати станици не би биле подолги од стандардните 50 метри, заради правилото дека на една станица не смее да има две возила истовремено. Овој концепт би можел да биде изведен и со автобуски возила, но поради постоењето на тунелски дел, би се наложил исклучително моќен систем за вентилација кој конзумира многу енергија и бара одржување.


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 06-Feb-2010 at 21:56
Андреј многу ти е комплициран почетокот на линија 1, треба веднаш после мостот ОН да се протега по средина на партизанска пругата, замислите со паркинзите, особено во лептокарија ти е нереални и непрактични бидеќи го знам просторот таму 15 години живеев таму. се што иде по големите булевари терба да иде по средина како на сликиве












Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 06-Feb-2010 at 23:41
Здраво миракуликс и добредојде! Ако ми дозволиш би ти одговорил подоцна зошто е избрано ова решение и ќе ти дадам неколку мои видувања. Пред се тука е финансискиот фактор. Водев сметка како најефтино да изработам решение за Скопје кое би било максимално ефикасно.

Затоа што јас сум сериозен човек и затоа што работам темелно, си дозволив да направам аматерски и не до крај прецизен буџет на овој мој проект. Треба да се нагласи дека буџетот варира како во секој проект, а пак сумите се произлезени по детална анализа на слични проекти од соседството и Европа, така што би можело да се направи некаква приближна аналогија на времетрањето на изградбата и трошоците поврзани со истата. Буџетов е направен во Ворд заради поголема прегледност, табели и графци.








-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 06-Feb-2010 at 23:43





-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 07-Feb-2010 at 00:11
Реализацијата на овој проект е условена од релативно големи финансиски средства. Затоа што Скопје е голем град со динамично движење, сметам дека реализацијата на овој крупен проект треба да биде поделена и реализирана во фази. Поточно се работи за 3 фази, кои протекуваат во различно време, секоја фаза има распоредено свој буџет, чија големина не би ја оптоварил целосната реализација. Изградбата во фази овозможува градот што полесно да дише и придонесува за најголема можна мобилност на жителите за време на конструкцијата. Самата изградба, заради заштеда на ограничените средства, би се изведувала надземно, односно по методата cut and cover освен во делот на  тунелот под пл. Македонија (и тоа само од Тифани до пл. Македонија) каде што заради постоењето на објекти, се наложува подземно копање (кое пак е многу поскапо од гореспоменатат метода, која значи ископај и покри). Надземното ископување би наложило целосно или делумно затворање на повеќето основни булевари и крстосници во Скопје (Партизанска, Климент Охридски, ул. Македонија, Водњанска, К. Ј. Питу, Крсте Мисирков, Цветан Димов). Затоа како прв чекор на овој проект одделив средства и време за проширување на околните улици и сообраќајно реосмислување на движењето, со што би се избегнала парализацијата на престолнината.








-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 07-Feb-2010 at 00:13



Еве како би изгледале ударните точки на изведување на Фазата 1 на картата на Скопје:




-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 07-Feb-2010 at 00:36
ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДВИЖЕЊЕТО (ОБИКОЛНИ МАРШРУТИ) ЗА ВРЕМЕ НА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ФАЗАТА 1:




Најголем проблем тука би претставувал затворањето на булеварот Партизански Одреди и тоа од раскрсницата со улицата Љубљанска, се до нејзиниот крај, односно со бул. ВМРО кај Тифани. Мислам дека би било најпаметно и ефикасно, Партизанска да се реши во еден здив, а тоа најбрзо би се изградило ако улицата целосно се затвори иградежниците имаат слобода да градат најбрзо можно! За да не дојде до целосен колапс во западниот дел од градот, година пред да се започне со Фазата 1, би се прошириле паралелните улици на Партизанска (Илинденска и Теодосиј Гологанов), како и врската на меѓу овие две, бул. Климент Охридски. Со овој чекор би се овозможила далеку поголема пропустност на возила и затворањето на Партизанска не би требало да значи голема промена од сегашната (лоша) ситуација.



Следен голем проблем е изведбата на објектот кај Народна Банка/Веро Центар (или на раскрсницата помеѓу булеварите Кочо Рацин, К.Ј. Питу и Крсте Мисирков). Тоа е транспортен јазол каде што обиколни маршрути практично нема и затоа самата изведба на објектот би одела фазно. Тоа значи дека во ниеден момент, целосно не би се затворила крстосницата, туку прво би се затворил еден дел, ограничувајќи го делумно одвивањето на тековниот сообраќај, а потоа по изградба на мост, дру дел би се затворил и би се работело на истиот. Овој режим на изградба би го применил и на изградбата на подземната станица кај Соборниот Храм (раскрсницата помеѓу булеварите Партизански Одреди и Климент Охридски).

ФАЗА 1:



Подразбира изградба на тунел, кој на површината на земјата ќе делува како мост, во насока север-југ и по неговата изградба би овозможил непречено движење во центарот на раскрсницата бул. Кочо Рацин - бул. Крсте Мисирков.

ФАЗА 2:



Во втората фаза, централниот дел на раскрсницата би бил отворен а би се работело во средината на булеварот К.Ј. Питу, како и на влезовите во тунелот долж Кеј 13ти Ноември. Затворени би биле средните 2 ленти на булеварот К. Ј. Питу, со цел да се изгради подземната станица, а сегашната  крајна десна лента, заедно со уште една проширена за сметка на тротоарите, би ја имале улогата за колку-толку брзо придвижување кон и од Аеродром.

Последниот голем проблем во оваа фаза, се јаува при израдбата на подземната станица кај Главната Железничка Станица Скопје (ГЖС скратено). Имено ќе се наложи затворање на денешниот премин преку неа, односно булеварот К.Ј. Питу и Јане Сандански. За да се избегне колапс, предлагам тука да се создаде еден поширок кружен тек, кој би бил со 4 ленти и би се состоел од околните улици. Всушност ваквата реорганизација може да се наложи мошне брзо и ефтино, без поголеми додатни зафати и би овозможила непречена реализација на планот во овој дел.




-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 07-Feb-2010 at 00:41
ИМА ГРЕША (ВТОРА). СЕ РАБОТИ ЗА ФАЗАТА 2, А НЕ ЗА ФАЗАТА 1, КАКО ШТО Е НАЦРТАНО!

ВАЖНО! Под точките 12) - 15), како и 16 имам грешка. Изградбата се предвидува да започне во Март 2013, но да заврши до Август 2014. Поради лесниот терен предвидениот рок за реализација е 16-18 месеци. Истото се однесува и за Депото во Ново Лисиче, кое би требало да биде прво од трите депоа. Целта е кон крајот на летото на 2014 Скопје да добие полно-оперативна линија 1, која според сите параметри е најоптоварена и најпотребна.


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 07-Feb-2010 at 00:43



Точките на градежната офанзива во текот на фазата 2:




-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 07-Feb-2010 at 00:52






-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 07-Feb-2010 at 00:53



Карта која ги содржи местата на изградба на мрежата, во последната трета фаза на проектов:




-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 07-Feb-2010 at 01:02
Целата тежина на овој проект од финансиски аспект е околу 700 милиони евра. Тој е поделен во три фази, кои вкупно траат 7 години, така што годишното оптоварување би било околу 100 милиони евра во просек. Тоа сепак не значи дека некои години нема да бидат исклучително активни и затоа и скапи (предвидено е во неколкуте почетни години да се решат најгорливите проблеми на Скопје, како и да се изгради најтешкиот дел од мрежата, а во следните години, само таа да се надградува и проширува, што значи помал број на потребни средства).
Мислам дека оваа бројка не е толку голема или незамислива затоа што во денешно време изворот на пари е неограничен, а пак на Скопје (кое според многу проценки околу 700 000 луѓе) не би требало да му бидат проблем овие пари. На крајот испаѓа дека секој жител на Скопје ова би го чинело по 1000 евра, односно не така голема сума. Претставувам уште некој цртеж за полесна ориентација:






-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 07-Feb-2010 at 01:03







-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 07-Feb-2010 at 01:14
ПРЕПОРАЧАНИ ТИПОВИ НА ВОЗИЛА НИЗ МРЕЖАТА:

По долго размислување се одлучив да ја променам бојата на градскиот транспорт во Скопје. Мислам дека сегашнава лоша репутација на јавниот транспорт во целина треба од корен да се смени и затоа предложив дизајнот да се состои од две нијанси на сина (посветла и потемна) како и бела боја. Возилата би биле прошарани со испрекината коса лента, што би асоцирало на мобилност и движење, а самиот нестандарден дизајн и преплетеност на боите би дале интересна компонента и привлечност на возилата на градскиот транспорт. Боите соодејствуваат и со грбот на град Скопје, кој би бил поставен на секое возило.

Веќе нарачаните Сити ЛАЗ 12:


Сити ЛАЗ 18:




-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 07-Feb-2010 at 01:33
ЛИНИЈА 1 ПРЕПОРАЧАНО ВОЗИЛО FLEXITY BERLIN:

Се работи за најоптоварената и најважна линија во Скопје, која би била долга нешто под 10 километри и би имала 15 станици. Таа во најголем дел би функционирала како ЛРТ, односно линија со своја патека, непречена од другите видови на сообраќај. Предвиденото време на патување од почетната до крајната станица е максимум 30 минути. Нејзиниот капацитет на превезени патници дополнително би се зголемувал со воведувањето во експлоатација на другите линии (односно завршувањто на останатите фази од проектов) со кои линијата се сече. Во прво време, линијата би била опслужувана од 12 трамвајски возила, со интервал на движење од 10 минути во најоптоварените часови. Подоцна, со воведувањето во експлоатација на линјата 2, би се набавиле дополнителни 4 возила за линијата 1, со што нејзиниот капацитет би бил зголемен, а интервалот меѓу возилата намален до 7-8 минути. При крајот на фазата 3, со воведување во експлоатација на линиите 3, 4, 5 и 6, би се набавиле уште 4 возила за линијата 1, стигнувајќи до 20 возила со интервал од 5-6 минути.

Зошто Флексити Берлин?
Се работи за исклучително нови и добро разработени возила, создадени специално за потребите на Берлин. Имаат голем капацитет на патници, како и движење со голема брзина. Има две верзии- еднодирекционален и бидирекционален. Затоа што на краевите на линијата 1 има можност за изградба на кругови за завртување на возилата, еднодирекционалните трамваи се наметнуваат како логичко решение:












-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 07-Feb-2010 at 01:35
Внатрешноста на возилото е исклучително модерна, пространа и комфортна. Опремен е со клима уред како и систем за визуелно и звучно претставување на следните станици и крајната станица.



Флексити Берлин во Скопските бои:










-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 07-Feb-2010 at 01:43
ЛИНИЈА 2 ПРЕПОРАЧАНО ВОЗИЛО FLEXITY SWIFT:

Се работи за возило на прозиведувачот Бомбардије, кое за разлика од претходното има помал капацитет. Оваа линија се очекува да биде помалку натоварена и важна од линијата 1.Неговата предност е што е бидирекционален, точно за потребите на линијата 2, каде што нема место за крајни свртувалишта. Тој е крајно флексибилен, овозможува вртење со помали радиуси (што би заштедило доста простор и средства ако се има в предвид дека целата линија во делот на Центарот на Скопје ќе биде подземна. Исто така полесно ги совладува наклоните, кои можат да бидат и поостри од стандардните 7%. Ова е исклучително важно затоа што на најмалку 2 места, линијата не оди по рамна површина (искачувајќи се по Водљанска до Водно и кон гробиштата Бутел). Трамвајов е применет од множество градови кои имаат проблем со наклоните, а најдобар пример е Истамбул, каде што овие возила се столбот на нивниот ЛРТ систем. Во Скопје, 8 возила би биле повеќе од доволно да се одржува добар капацитет и возен ред по линијата 2, 2А и 2Б, на начин и фрекфренција објаснет при образложувањето на линијата 2.



Келн:


Истанбул:


Скопје:




-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 07-Feb-2010 at 01:52
ЛИНИИ 3, 4, 5, ПРЕПОРАЧАНО ВОЗИЛО SIEMENS DESIRO:

Ова возило го препорачувам заради својот потврден квалитет и применливост во скоро секоја европска држава. Предността на овие возови е дека се доста мали, а можат да бидат формирани во групации со цел да се зголеми капацитетот и се релативно ефтини во споредба со големиот квалитет и комфорт што го нудат. Наменети се за патувања на кратки и приградски релации со голем капацитет на патници (како на стоење така и на седење). Заради фактот дека линиите 3, 4, 5 ќе ги користат постоечките, но реновирани шини на Македонски Железници, тие се идеални за превоз на патници низ Скопје, до Аеродромот Скопје, Драчево или Ѓорче Петров. Бројот на вакви возила за потребите на системот би бил 7, односно по 2 на секоја од линиите, плус едно возило за резерва при зголемен капацитет на патници или технички проблеми на возилата.






-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 07-Feb-2010 at 02:00
ЛИНИЈА 6, ПРЕПОРАЧАНО ВОЗИЛО SOLARIS TROLLINO III 18:

Тролејбусната линија 6, која во голем дел е водена од прагови е наменета за придвижување на луѓето од Автокоманда кон Бит Пазар и со тоа поврзување со останатиот дел од мрежата на системот. Поради кратката должина на линијата, сметам дека 3 зглобни тролејбусни возила од производителот Соларис, се сосема доволни. Се работи за големи и долги тролејбуси од последната генерација, опремени со сета потребна опрема за брзо, тивко, сигурно и комфортно возење:







ФЛОТА НА СКОПЈЕ 2020:

* 20 Bombardier Flexity Berlin
* 8 Bombardier Flexity Swift
* 7 Siemens Desiro
* 3 Solaris Trollino III 18


Вкупно 28 трамвајски возила, 7 патнички ЕМУ возови и 3 зглобни тролејбуси или вкупно 38 електрични шински возила, од последната гренерација и врвен квалитет за посебен комфорт, брзина и сигурност на Скопјани!


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 07-Feb-2010 at 02:17
Браво за трудот и анализите, за почеток од овлаш читање во очи ми падна дека;

- Употребуваш огромно шаренило на типови и производители, што повлекува огромни средства за разни депоа, обука, одржување, резервни делови, ... градење на два типа контактни мрежи ... и нејзино одржување ...

Flexity Berlin од Bombardier
Flexity Swift од Bombardier
Desiro од Siemens
Solaris Trollino од Bolechowo-Osiedle и Środa Wielkopolska

И постоечки автобуси

И сега стави ја и таа заборавена цена на сето тоа.


- И нагибот кој го спомнуваш од макс. 7% за подземниот прелаз кај ГЖС неможеш да го добиеш на должина од 150 метра а воедно да ги зачуваш сообраќајниците (останува негде ~30 метри употреблива должина ако ја рачунаме една висина од 6 метара на тунелот!

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Supervisor
Date Posted: 07-Feb-2010 at 14:28
И рачунај на уште една станица кај моменталното ДЕПО во Кисела вода.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 07-Feb-2010 at 14:59
Дечки на сите ќе ви одговорам денеска, по комплетното завршување на презентацијата. Мислам дека зборуваме за исти работи но поради обемноста на идејава, веројатно се работи за недоразбирање. Да продолжам:

Мрежата на ЛРТ/С-Бан доколку има потреба би можела да се надолплни со следниве видови на сообраќајни решенија за јавен масовен транспорт:

* ТРОЛЕЈБУСНА МРЕЖА: Во последно време стана многу актуелно вовоедувањето на тролејбусот како средство за транспорт во Скопје. Јасно е дека тоа ја нема потребната ефикасност, капацитет и брзина за да биде стожрот на јавниот транспорт на град од типот и големината на Скопје, туку само би можело да служи како надополнување на шинската мрежа. Јас изработив една бегла карта на Скопје, која има 5 тролејбусни линии, која ги покрива регионите каде што линиите 1-6 на ЛРТ/С-Бан не ги покриваат. Сите тие 5 линии се сливаат во Транспортниот Центар, каде што се сливаат и повеќето од примарните линии на ЛРТ/С-Бан.

Карта на тролејбусните линии во Скопје:



Тб 1: Ѓорче Петров - ГЖС (преку ул. Теодосиј Гологанов и ул. Железничка)
Тб 2: Карпош 4 - ГЖС (преку бул. Илинден и бул. Гоце Делчев)
Тб 3: нас. Бутел -  ГЖС (преку нас. Топаанско Поле и бул. Александар Македонски)
Тб 4: нас. Ченто - ГЖС (преку бул. Ал. Македонски и бул. Војводина)
Тб 5: Кисела Вода - ГЖС

Тролејбусната трежа и трансферните станици на линиите од ЛРТ/С-Бан.




-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 07-Feb-2010 at 15:05
* ЕКСПРЕС БУС: Се работи за експресни автобуски линии, кои застануваат само на мал број на станици и имаат за цел да ги превезат патниците од еден крај на градот (или од еден транспортен јазол) до друг, за најкратко можно време. Неколку линии се во прашање кои ефективно ги поврзуваат наголемите транспортни јазли во Скопје. Имаат скоро иста улога, како тролејбусната мрежа.

Линиите на ЕксресБус, заедно со ЛРТ/С-Бан мрежата (обележана со црвено):



Линиите на ЕксресБус, заедно со ЛРТ/С-Бан мрежата (обележана со црвено), како и станиците на кои застанува (автобуски знак на каратат) и железничките станици кои ги опслужува (знак за железничка станица на картата):




-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 07-Feb-2010 at 15:16
* ПРЕНАМЕНА НА ДЕЛ ОД СЕГАШНИТЕ АВТОБУСИ ВО ТН. ДОНОСНИ/ПОВРЗУВАЧКИ АВТОБУСИ: Целта на овој модел би била како најдобро да се искористи автобускиот потенцијал и возен парк, со кој располага ЈСП по воведувањето на линиите на ЛРТ/С-Бан. Самиот факт дека оваа мрежа го превзема приматот и улогата на стожер на јавниот транспорт во Скопје од сегашната автобуска мрежа, се наметнува реорганизација и намалување на бројот на градските автобуски линии. Овие автобуси јас би ги распоредил по нови линии, кои покриваат голем дел од навидум малите улици, кои досега не биле покриени со градски транспорт и нивна цел би било само придвижување на луѓето на мали дистанци до примарната мрежа на ЛРТ/С-Бан.

Скопје поделено на неколку автобусно-доносни региона:



Со црвено се обележани трасите на ЛРТ/С-бан мрежата, а со трамванјите знакчиња, трамвајните станици, каде се извршува конекција на патниците со автобусите. Сите други бои ги претставуваат различните предложени автобуски  линии.

1 РЕГИОН (КАРПОШ)



2 РЕГИОН (ЗАПАДЕН - Ѓорче Петров):



4 РЕГИОН (АЕРОДРОМ):



СЕ РАЗБИРА ОВА СЕ САМО ИДЕИ КОИ БИ БИЛЕ НАДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРИМАРНИОТ СИСТЕМ, БЕЗ ГОЛЕМА ПРЕТХОДНА АНАЛИЗА ЗА ПОТРЕБАТА, ЕФИКАСНОСТА ИЛИ ИСПЛАТЛИВОСТА НА ИСТИТЕ!


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 07-Feb-2010 at 15:38
Понатаму, во рамките на проектов, како дел од третата фаза или може и четврта, би се вовела тн. регионална железница, која би го поврзувала Скопје со Велес, Куманово и Тетово (како и сите важни меѓу-станици) со  ЕМУ возовикои би сообраќале на мали интервали од околу час-час и половина. За ова е потребна темелна реконструкција на постоечките пруги (доколку се смета за потребно би предложил и електрификација на западната пруга барем до Тетово), како и набавка на околу 10 модерни ЕМУ/ДМУ гарнитури.

Скопскиот С-Бан (или Приградска Железница) и РегиоВоз (обележан со црвено):



Системот на П+Р и П+Трам во Скопје:



Целта е да се изнесе приградскиот и регионалниот транспорт од и до Скопје на периферијата на градот. Со поставување на неколку надлежни транспортни терминали (кои би содржеле мала железничка станица, мала автобуска станица за потребите на приградскиот и градскиот автобуски транспорт, како и изградба на П+Р и П+Трам терминали) би се овозможило овие возила да не влегуваат во  градот, туку како побрз и поефикасен начин на придвижување да се наложи користењето на постоечкиот градски траснпорт. Ова додатно би се овозможило и потпомогнало со воведување на електронски систем за наплата на јавниот транспорт. Еден билет би важел во рок од 1 час, со неограничен број трансфери низ мрежата, потоа билетот за П+Р и П+Трам би содржел еден бесплатен билет за градскиот транспорт на Скопје, исто во валидност од еден час. Оние пак кои ја користеле мрежата на РегиоВоз би биле облагородени со повратен билет во рамките на 1 ден, значи два билета, секој со важност од еден час низ мрежата на градскиот транспорт на Скопје.

Како вакви терминали се откојуваат Ѓорче Петров (приградски превоз за западните села, РегиоВоз за Тетово, С-Бан линија 5, како и возила на градскиот автобуски превоз и П+Р и П+Трам), Драчево, Скопје Север...


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 07-Feb-2010 at 15:45
Еве како би требало да изгледа еден ваков транспортен терминал на периферијата на Скопје:












-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Supervisor
Date Posted: 07-Feb-2010 at 15:51
Трите би рекол најбитни сообраќајни проекти булеварски решенија за Илинденска и Првомајска како и тунелот со два краци под плоштад Македонија.

Останува и кружниот тек кај католичка црква како и целосно решение за Јужен булевар.



-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 07-Feb-2010 at 15:52
ЗНАЦИТЕ НИЗ СИСТЕМОТ:

Се одлучив да нашкрабам знаци за најважните станици. Полштад Македонија:

Планот на станицата:


Знак 1:



Знак 2:



Знак 3:



Знак 4:



Знак 5:




-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 07-Feb-2010 at 15:57
Главна Железничка Станица (недовршен):

Планот на станицата (светло сиво подходи на -1 ниво, темно сиво подходи на -2 ниво, бројките го покажуваат типот на знакот и неговата поставеност а бројките во квадрати излезите од целиот комплекс):



Знак 1:



Знак 2:



Знак 3:



Знак 4:



Знак 5:



Знак 8:






-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 07-Feb-2010 at 15:59
СО ОВА ЈАС ЗАВРШИВ, СИТЕ КОМЕНТАРИ, КРИТИКИ И ЗАБЕЛЕШКИ СЕ ПОЖЕЛНИ И ДОБРЕДОЈДЕНИ, СО ЦЕЛ ДА СЕ УВИДАТ И ОДСТРАНАТ ГРЕШКИТЕ. ВИ БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ ОДНАПРЕД И ВЕТУВАМ ДЕКА СЕКОЕ ВАШЕ ПРАШАЊЕ ЌЕ БИДЕ ОДГОВОРЕНО.

Cheers




-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Feb-2010 at 16:00
Originally posted by Andrej_LJ

СО ОВА ЈАС ЗАВРШИВ, СИТЕ КОМЕНТАРИ, КРИТИКИ И ЗАБЕЛЕШКИ СЕ ПОЖЕЛНИ И ДОБРЕДОЈДЕНИ, СО ЦЕЛ ДА СЕ УВИДАТ И ОДСТРАНАТ ГРЕШКИТЕ. ВИ БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ ОДНАПРЕД И ВЕТУВАМ ДЕКА СЕКОЕ ВАШЕ ПРАШАЊЕ ЌЕ БИДЕ ОДГОВОРЕНО.

Cheers




Cheersјас ќе дадам коментари кога сето ова ќе го испроцесирам


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 07-Feb-2010 at 16:18
@ mirakuliks:

Забелешката ти е на место, но јас го одбрав ова решение од неколку причини: лептокарија е многу развижено место, но не и убаво. Прашањето со транспортот и паркирањето не е решено и мислам дека ова е добар и изводлив начин да се реши. Мислам дека имањето на модерен плоштад во тој дел на градот е многу важно. Трамвајот оди по северната страна на бул. Партизански Одреди, за да се заштеди на времето и трошоците за изградба. Ако трамвајот беше на средината на булеварот, тоа значи дека и станиците би биле на истото место. Тоа пак ја наметнува потребата за изградба на подземни премини под булеварот, што дополнително ќе го поскапи и пролонгира градењето. Воопшто не се согласувам дека изведбата (како и потребата) на паркинг и плоштад се нереални, непотребни или неизводливи. Ако сакаме Партизанска да ја постигне својата вистинска цел на брз булевар, ќе мора да се ослободи од паркираните коли и многуте крстосници. Таа пред изградбата на Јужниот булевар ќе ја има главната тежина на сообраќајот за западно Скопје. Па дури и по неговата изградба, Партизанска ќе остане булеварот кон кој гравитира цел Карпош.
Ти си поставил слики од трамвајни шини во негусто населени места од градот, неодделени од останатиот сообраќај и на исто ниво  со автомобилите. Ова е рецепт за неуспешно воведување на брз јавен транспорт кај нас (пред се поради менталитетот), но и поради карактеристиките на класичен трамвај, наместо брз ЛРТ.

@ Vladimir P:

Мислам дека станува збор за недоразбирање. Пред се мислам дека мрежата на системот би делувала како целина, но всушност тој е поделен на 3 подмрежи: 1) Линиите 1 и 2 кои би користеле трамвајни возила и би делувале како ЛРТ. 2) Линиите 3, 4 и 5 кои би делувале како приградска железница или С-бан, кои користата железнички пруги и возови со сите нивни карактеристики. 3) Линијата 6 која е тролејбусна, но е во главном одделена од останатиот сообраќај. Таа се преклопува со линијата 2 само во тунелот, каде ионака поради некомпатибилноста на трамвајните и тролејбусните контактни мрежи би се наложила изведба и на двете. Тоа го има во многу германски градови и изведбата не е проблем. Така што никаде не е споменато користењето на трам-реил возила, односно немаме линија која полу би одела на трамвајни шини а пола на железнички.

Што се однесува до депоата, депото 11ти Октомври би било надлежно за линиите 3, 4 и 5, односно за С-Банот, а депоата Ново Лисиче и Ѓорче Петров за линиите 1 и 2. Депото во Автокоманда може со минимални средства да се делумно пренамени и во тролејбусно депо за трите тролејбусни возила на линијата 6.

За наклонот на ГЖС. Всушност трамвајот во насока НБМ-ГЖС е целосно подземен, а единствен наклон е излегувањето на тунелот долж бул. Јане Сандански во насока кон Аеродром, каде има повеќе од доволно простор низ Скопјанка, за тој да понира над земја и со многу помал наклон. Инаку наклон од 7% значи дека на 100 метри, тунелот понира за 7 метри под земја.

@ Supervisor:

Станица кај постоечкото депо во нас. 11ти Октомври е предвидена. Се вика 11 ти Октомври и е во склоп на линијата 4 кон Драчево.


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 02-Mar-2010 at 00:08
Еве го и тука ќе го поставам (затоа што системите би можеле да се дополнуваат), па и можеби ќе поттикне некого да пушти некој коментар... Ohno



МЕТРО СКОПЈЕ, СПОРЕД МЕТОДОТ НА СОВЕТСКИОТ МЕТРО-ТРИАГОЛНИК:

Во последно време го проучував т.н. систем за изградба на метро мрежи - Советскиот Триаглоник. Се работи за метро систем составен од 3 линии, кои се сечат меѓусебно на три трансферни станици на најфрекфрентните точки во градовите. Наменети се за млади метро системи (во градовите поголеми од 1,5 милиони жители, Киев, Софија, Будимпешта), како и за градови под 1,5 милиони жители (Прага, Баку, Тбилиси). Оваа организација на мрежата овозможува патување низ целата мрежа на метрото со само едно сменување на линија (затоа што секоја линија се сече со останатите две). ... така решив да направам една скица, како би изгледал евентуален советски метро-триаголник во нашиот главен град.



ЛИНИЈА М1 (Влае - пл. Македонија - 11 Октомври - Ново Лисиче). Се трудев далечината на станиците да биде околу 1000 метри, со што се запазуваат стандардите за изградба на тешко (класично) метро. Линијата би била долга околу 9, 5 километри и би имала 11 станици, вклучително и две трансферни. Средното растојание помеѓу станиците би било 900 метри.

ЛИНИЈА М2 (Усје - 11 Октомври - Универзитет - Скопје Север). Линијата е долга 6, 2 километри и има 8 станици (вкл. и две трансферни), поставени на средно растојание од околу 800 метри.

ЛИНИЈА М3 (Клинички Центар - пл. Македонија - Универзитет - Железара). Ова е најкусата линија во мрежата. Долга е 5,2 километри и по нејзината должина се расположени 7 станици (вкл. и две трансферни), на просечна далечина од околу 750 метри.

ВКУПНО мрежата била долга 21 километар и би  броела 25 станици, кои би биле на просечна далечина една од друга од околу 850 метри. За изградбата на метрото би биле доволни околу 600 милиони евра (ако сметаме дека конструкцијата би била 20% поскапа од онаа на Софија - 25 милиони евра на километар тунели плус една подземна станица).  Значи со 200 те милиони евра кои одат за Скопје 2014,  ќе се издлабеа 7 километри тешко метро со 7 станици, или како М1 од Аеродром (кај Мајчин Дом), до Лептокарија, во Карпош 3, преку пл. Македонија.

Метрото во центарот на градот:



Подоцна метрото може да се надополни и со приградска железница (со жолто) и трамвајна мрежа (со лилаво), кои ќе имаат за цел опфаќање на регионите кои не се опфатени со метрото, односно придвижување на луѓето кон станиците на метрото:





ЗАКЛУЧОЦИ:

-Метро во тешка форма, на Скопје во никаков случај не му е потребно. Јас се згранав, од фактот дека нашиов град е толку мал (од север до југ на пример е само 6 километри).
-Станиците на линиите М2 и М3 се распоредени на растојание, под 1000 метри, што е минимален стандард (во повеќето случаи).
-Друг услов за изградба на линија на тешко метро е минимум 25000 - 30000 патници по линија на ЧАС. (Дали се мери 24 часа или само времето кога работи метрото, односно максимум 19 часа навистина неможам да кажам, но доколку некој знае би било супер да сподели. Мене не ми се верува дека се мерат толкав број на часови, затоа што линијата 1 во Софија превезува околу 200 000 патници на ден и по тој критериум не го задоволува овој стандард. Можеби се мери пикот на потокот на патници, односно сутрешен и вечерен пик.). Таков поток на патници не верувам да има на линиите освен на М1.
-На Скопје, во среднорочен/долгорочен план, има перспектива само една метро линија, односно М1 Ново Лисиче - пл. Македонија - Влае. Таму станиците се распоредени доволно далеку (дури имаме пример од Прага, кадешто линијата А има должина од само 11 километри и опфаќа 13 станици), а потокот на патници би бил доволен (особено кон/од центарот кон населбите), односно над 25 000 патници на час.

И за крај уште малку да посонуваме... Во текот на изградбата на Јужниот булевар, би можело да се вметне и изградба на четврта метро линија М4, која би се протегала од Влае, преку Капиштец, Буњаковец, Градскиот Стадион, Музејот на современа уметност и би завршувала кај железничката станица Скопје Север.



Се разбира дека ова го праам сонувајќи и од задоволство, инаку сум комплетно свесен колку непотребно  е тешкото метро за град како Скопје. Но, вака визуелно се уверив уште повеќе колку всушност мало е нашево градче и колку малку луѓе живеат во него, за да се гради метро.

Cheers


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Mar-2010 at 00:30
Originally posted by Andrej_LJ

Еве го и тука ќе го поставам (затоа што системите би можеле да се дополнуваат), па и можеби ќе поттикне некого да пушти некој коментар... Ohno


Андреј, не знам за другите, ама јас се уште не сум искоментирал единствено бидејќи материјалите што ги постираше се многу опсежни и детални и бараат многу анализа. Не би сакал да протрчам низ темава, туку чекам да ми се погодат ден-два слободни, да можам убаво да прочитам и разгледам се што си постирал. Дури после тоа би се осмелил да коментирам.

Верувам не е страшно и ако се закасни со коментар, бидејќи нишкава секако е evergreen    Cheers


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Mar-2010 at 09:54
Со овој пост ќе реплицирам само на тоа што е презентирано на првата страница, односно генерално за ЛРТ линијата бр1 и предлогот за Партизанска.

Бидејќи ми се допаѓаат грото идеи и замисли на Андреј, за да не се повторувам по него, ќе ги изнесам само забелешките.


1. На ЛРТ линијата бр.1 обавезно би ставил уште една станица во центарот на градот. Не бива токму во центар да биде второто најголемо меѓустанично растојание (Плоштад Македонија - НБРМ, 900 метри), треба токму обратно. Мислам дека во близина на Холидеј Ин би било идеално место за станица, особено ако земеме во предвид дека големиот паркинг од карши извесно ќе се пополни со нешто масивно.

2. Не би ја дивертирал линијата на сред Ново Лисиче. Да го земеме во предвид Реонски центар Аеродром кој веќе се оформува. Со тоа мислам дека е многу пологично линијата да биде токму во продолжение на булевар Јае Сандански. Исто така на тој начин се остава и отворена можност за продолжување на линијата кон исток, во пакет со идното продолжување на булеварот. А пруги во срцето на Ново Лисиче, поточно по „детската улица“ не ми се допаѓаат ни сами по себе - тоа оди против концептот на населбата чија внатрешност треба да е искулирана. И конечно, доколку линијата се насочи на сред Ново Лисиче, тоа влијае на зголемување на растојаниетоп помеѓу станиците, а тука го имаш најголемото меѓустанично растојание - 1100 метри, кое мислам дека е премногу за олку населена зона.

3. Би ја продолжил линијата на запад кон Ѓорче Петров, за да опфати што повеќе население, а и последната станица да биде на место погодно за Park & Ride.

4. Ми се допаѓа целиот концепт кај Лептокарија, само името на плоштадот ми е малку неумесно за плоштад пред комплекс од таков тип

5. Не би ги затварал улиците кај универзална и кај апче. Иако обезбедуваат само вртење во десно, сепак се корисен сообраќаен вентил за огромни површини од двете страни на Партизанска, кои инаку би останале прилично далеку од најблиските точки на поврзување, а тоа би било и дополнителен проблем за секундарната мрежа која ќе треба да се справи со тој новонастанат „транзит“. Мислам дека улиците кај универзална и апче не пречат баш (особено ако сообраќајната полиција стави ред во тој реон), а Партизанска сепак нема потреба ниту е пожелно (ради опкружувањето) да ја подигаме на ниво на урбан автопат, па да ни сметаат вакви припојни улици.

6. Не е забелешка туку прашање: дај објасни каков концепт е Парки Рај и како функционира Smile

7 . Не дека ти е лоша визијата за Партизанска кај Соборна, ама мислам основната замисла на lslcrew (со подземна крстосница и плоштад на површина) е уште подобра. Со тоа би се добила една голема пешачка зона на убава локација, а отпаѓа и потребата за подземни пешачки премини, кои јасно не можат да се мерат со широка слободна површинска комуникација. Со порано понирање на тунелот се решава и проблемот со Тифани (прекрасна е твојата идеја Тифани да се збрише и на завршетокот на Партизанска да има полукружен плоштад, но тргам од попесимистичка и пореална варијанта дека Тифани ќе остане Wallbash). Со еден величествен плоштад пред Соборна ваљда би се оладила и по некоја од главите што сакаа да збутаат црква на нелогична маркичка на Плоштад Македонија.

Еве симплифицирано како го замислувам сообраќајното решение на тој потег.

црвено -
надземна сообраќајна лента
портокалово - косина
жолто - подземна сообраќајни лента

темно сино - надземна пруга
светло сино - косина
цијан - подземна пруга

(пругите понираат „после“ крстосницата помеѓу Партизанска и Климент Охридски затоа што таа ионака би била оптеретена крстосница и би било добро да не се оптеретува дополнително, а сметам дека низ плоштад од типот каков би бил пред соборна, не би пречело да поминува јавен шински превоз).




Еве ги и само деловите кои би ја тангирале состојбата на површината, за да се добие претстава за пешачката зона и комуникации што би се оформиле.




Posted By: pbanks
Date Posted: 04-May-2010 at 20:01
По неколку неуспешни обиди да најдам време да ја прочитам целата анализа/проект во еден здив, решив да коментирам дел по дел.

Бидејќи не сум вичен во фотошоп, ќе се обидам сите мои размисли околу проектов да ги дадам вербално.

Денеска ќе се осврнам само на првата страница од нишкава, т.е. на црвената линија од Порта Влае до Соборниот храм.

Бидејќи во воведот Андреј имаш забележано дека планот предвидува реализација на постоечките сообраќајни решенија од ГУП како што се јужен булевар и слично, хипотетички ќе земам во предвид дека тие се веќе изградени при изложување на размислите околу црвената линија и нејзината поставеност во однос на Партизанска.

Почетната идеја ми се допаѓа генерално иако сметам дека линијата треба да почнува подлабоко во Ѓорче Петров не кај Порта Влае. Зборувам за уште две станици на продолжението на Партизанска кон населбата некаде скоро кај вкрстувањето со постоечката пруга кон Тетово. Не приметив каде би го сместил депото, претпоставувам во индустрискиот дел кој е залепен блиску до пругата. Во секој случај јас би го сместил таму а тука некаде би ја ставил и свртницата за трамваите а со тоа би заштедил и релативно квалитетен простор за развој на недвижнини покрај Порта Влае (локација која сакаат да ја упропастат со уште еден "плоштад" по рецептот на оној во Автокоманда).

Идеите кои ги нудиш во понатамошниот дел се мошне интересни но лично сметам дека во не мала мерка се непотребно предимензионирани. Пред се зборувам за потезите кај Лептокарија и Буњаковец. Но да одам со ред.

Никогаш не сум размислувал за траса кој би одела покрај Партизанска (во делот од Порта Влае до мостот обединети нации) но идејата ми се допаѓа. Добиваме комплетно одделен јавен превоз, булеварот го задржува полниот профил а трошоците се минимални. Единствено несреќно решение (условно кажано) би бил дијагоналниот премин кај мостот обединети нации, но за ова би сакал да размислам дополнително како би било најпрактично да се реши.

Одиме на сегментот Партизанска-Љубљанска. Овој дел од улицата не е преоптеретен со сообраќај и тука би преферирал надеземена траса. Една варијанта е онаа која си ја предложил, друга е дури да се оди на сметка на една од коловозните ленти но поради конзистентност би ја држел партизанска слободна комплетно за патен сообраќај. Поскапата варијанта е веднаш после мостот трасата да понира а доколку е сепак надземна, понирањето би го направил во секој случај пред почетокот на Љубљанска. Од тука па се до соборна црква би одел со едно монотоно и решение кое иако не е ефтино мислам дека е доста поефтино од она кое ти го предлаш. Зборувам за подземна траса по целата должина на Партизанска која би била прилично straight forward а постојат две варијанта. Или двата правца да бидат во средината на улицата со платформи и влезови од двете страни на булеварот или пак една заедничка централна платформа со заеднички влез на средината на булеварот и заеднички платформи. И двете варијанти имаат свои предности и маани но јас тежнеам кон посебни платформи.

Површината на Партизанска би ја задржал во голема мерка иста со семафоризација, со пешачки премини и евентуално со затворање на некои од понебитните вкрстувачки правци кои ги наброја. Сметам дека јужниот булевар ќе го превземе брзиот проток на возила кои транзитираат а дополнително Илинденска (која исто така би се продолжила со мост како што е планирано) дополнително ќе ја растерети Партизанска. Трет момент е што комплетно би ги укинал автобускиот сообраќај на Партизанска со што мислам дека би се добил оптимален проток.

Со тоа мислам дека улицата ќе може да го задржи својот профил на градски булевар, брзина од 60км/ч а сепак квалитетно да ги опслужува граѓаните. Истовремено ќе се добие и проточен јавен превоз кој сепак мислам дека доста поевтино ќе чини од она во твојот предлог иако немам бројки да го поткрепам ова.

ВО однос на двата нови плоштада. Генерално сум за облагодорување на градот но не гледам потенцијал на двете локации кои ги наброја особено не на онаа кај Лептокарија. Мислам дека центарот на циркулација на луѓе во Карпош дополнително ќе се дивертира кон новите комерцијални, спортски и рекреативни содржини кои никнуваат во близина на салата Борис Трајковски. Не гледам ниту урбанистичка логика кај Лептокарија да оформуваме плоштад кој би ми бил вон контекст во оваа пред се станбена населба. Паркингот кој го предлагаш е во ред, но мислам дека доволно би било да се изгради едно подземно ниво на постоечкиот паркинг за да се опслужат потребите.

За плоштадот кај Градежен сум помалку скептичен и можеби со една темелна реконструкција може да се постигне нешто. Сепак мислам дека "идејата" зад него ти е преамбициозна, позади имаме едно основно школо а околу 2 факултети кои и немаат толку многу студенти.

Тука некаде ќе завршам со овој мој прв пост, мислам дека имав уште нешто да додадам за сегментов за кој говорев па доколку ми текне ќе се дополнам.

Се надевам дека не бев прекритичен , всушност не е ова ни критика само ја изложувам својата визија за овој дел.


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-May-2010 at 12:27
Ја поминав и втората страница. Тоа е делницата од соборниот храм до НБРМ на црвената линија.

Кај соборниот храм и на плоштадот концептите се супер. Особена добра "финта" е користењето на истата инфраструктура од стрна на црвената и жолтата линија под плоштадот со што се заштедуваат мнооогу пари доколку би се одело со засебна денивелација на двете линии и се што треба да се направи е оптимизација и синхронизација на возниот ред (поназад имаш наведено дека планираш дневната фреквенција на трамови да биде на 5 минути што значи дека секој правец има по 2.5минути за запирање, промена на патници и тргнување. Мене ми звучи сосема доволно (под услов да имаме прецизен електронски диспечерски систем кој сето тоа ќе го контролира) но имам блага скепса околу тоа дали има некои стандарди за вакво нешто.

Замерка кај плоштадот би дал за сообраќајното решение, но ова не е замерка за тебе туку за тековното решение кое го имаме во ГУП според кое и си работел. Се работи за подземната семафоризација против која сум изричито против. Дури и максимално проточен тунел мора да има исклучително добра вентилација а неможам да замислам што би било доколку имаме колони пред семафорите кои стојат во место и го полнат просторот со издувни гасови. Значи јас сум генерално за континуиран проток на возила во овој дел (макар и по цена на функционалноста на целиот систем), барем додека моторите на внатрешно согорување се сеуште примарна влечна сила на возилата.

Кај станицата НБРМ имам една единствена замерка а тоа е фактот дека трасата си ја сместил над подземниот пешачки премин. Мислам дека логично тие да си ги сменат местата. Ваков тип на премини инаку би поставил и кај Буњаковец и Соборна црква (пропуштив можеби такви и си испланирал).

коментари за страница бр. 3.... наскоро


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 05-May-2010 at 13:16
Конечно тргна работава
Се разбира дека не сфаќам ништо како критика, туку како идеи за натамошен развој и надоградба на овој план со цел најоптимални, најефикасни а воедно и најефтини/изводливи решенија за Скопје. Инаку јас веќе работам на нова верзија од планов, инспирирана од решенијата на Абу Даби, која ќе вклучува многу нови работи, но ќе трае долго пред да стане реалност, а пред се оставам време за да ги вклучам и вашите добри предлози. Почнувам да изнесувам објаснувања зошто нешто такво е решено.

[quotе]На ЛРТ линијата бр.1 обавезно би ставил уште една станица во центарот на градот. Не бива токму во центар да биде второто најголемо меѓустанично растојание (Плоштад Македонија - НБРМ, 900 метри), треба токму обратно. Мислам дека во близина на Холидеј Ин би било идеално место за станица, особено ако земеме во предвид дека големиот паркинг од карши извесно ќе се пополни со нешто масивно.[/quotе]

Да, во првичниот план имаше ваква станица, но после незнам ни јас зошто ја исклучив. Идејата е добра а и релативно лесно изводлива. Патниот коридор би се изместил на југ, со што би се оставил простор линијата на Т1 да има станица помеѓу патниот коридор и коритото на Вардар, некаде околу Холидеј Ин. Овој недостаток некако се компензира од постоењето на станицата кај МНТ, на линија Т2 која навистина е блиску. Инаку најидеална положба на станицата на Т1 би била директно под ГТЦ, но тоа е прескапо за наши стандарди решение.

[quotе]2. Не би ја дивертирал линијата на сред Ново Лисиче. Да го земеме во предвид Реонски центар Аеродром кој веќе се оформува. Со тоа мислам дека е многу пологично линијата да биде токму во продолжение на булевар Јае Сандански. Исто така на тој начин се остава и отворена можност за продолжување на линијата кон исток, во пакет со идното продолжување на булеварот. А пруги во срцето на Ново Лисиче, поточно по „детската улица“ не ми се допаѓаат ни сами по себе - тоа оди против концептот на населбата чија внатрешност треба да е искулирана. И конечно, доколку линијата се насочи на сред Ново Лисиче, тоа влијае на зголемување на растојаниетоп помеѓу станиците, а тука го имаш најголемото меѓустанично растојание - 1100 метри, кое мислам дека е премногу за олку населена зона.[/quotе]

Доста размислував на оваа тема. Се сложувам дека не е најсреќно решение, но би рекол дека и само продолжување по В С Бато, исклушува најмалку половина дела од Ново Лисиче, односно зградите се премногу далеку од станицата. Затоа мислам дека најефикасно би било трамвајот да прави едносмерен круг околу Ново Лисиче (3,2 км) по булеварите, при што би имало 5 станици, од кои едната би била токму на пресечката меѓу Србија и Јане Сандански, со што би се скратило растојанието помеѓу Бисер и Реонски центар од 1100 метри на половина. Инаку не би се сложил дека трамвајот би нарушил некаква концепција но Ново Лисиче, затоа што истиот во овој дел би возел навистина бавно, новите трамваи се практично безшумни и нема да пречат никако на околните жители, кои би биле оддалечени од линијата и до неколку стотини метри. Ефективна станица би го облагородила просторот (преголемиот простор/нива), но пред се би заштедила многу време за движењето на линијата Т1. Не е исто дали ќе има 1-2 станици повеќе или 5 нови станици, за да ја опфатиме целата населба. Тоа го зголемува времетраењето на патувањето на линија Т1.

[quotе]3. Би ја продолжил линијата на запад кон Ѓорче Петров, за да опфати што повеќе население, а и последната станица да биде на место погодно за Park & Ride.[/quotе]

Апсолуно се сложувам. Само што постои еден не мал проблем. Мислам дека следната станица на запад би требала да биде некаде околу СП Планет, односно паркот во Ѓ Петров. Следната би можела да биде директ кај жел. ст. Ѓ. Петров, со што би имала конекција со линијата 5 и евентуален П+Р. Проблемот е што после Порта Влае, линијата би требало да се движи подземно, треба уште една целосно подземна станица (онаа кај СП Планет) и понатаму по бул. Македонска Војска да оди северно до жел. ст. Тоа бара проширување на булеварот, како и изградба на нов патен и железнички мост на пругите Скопје-Кичево. Се разбира сметам дека ова не е болка за умирање, односно е оправдано и возможно, но скапичко.

[quotе]4. Ми се допаѓа целиот концепт кај Лептокарија, само името на плоштадот ми е малку неумесно за плоштад пред комплекс од таков тип.[/quotе]

Забележката ти е на место. Пообар избор би бил токму предложениот пл. кај Соборниот Храм.

[quotе]5. Не би ги затварал улиците кај универзална и кај апче. Иако обезбедуваат само вртење во десно, сепак се корисен сообраќаен вентил за огромни површини од двете страни на Партизанска, кои инаку би останале прилично далеку од најблиските точки на поврзување, а тоа би било и дополнителен проблем за секундарната мрежа која ќе треба да се справи со тој новонастанат „транзит“. Мислам дека улиците кај универзална и апче не пречат баш (особено ако сообраќајната полиција стави ред во тој реон), а Партизанска сепак нема потреба ниту е пожелно (ради опкружувањето) да ја подигаме на ниво на урбан автопат, па да ни сметаат вакви припојни улици.[/quotе]

Е тука веќе громко не се согласуваме. Напротив, сметам и дека со изградени јужна тангента (мислам дека наименованието булевар е лошо, насекаде овие магистрали кои одат во покрајнините на градот се викаат логично тангенти) и проболжена Илинденска, сепак мислам дека околу Партизанска живеат најмногу луѓе во западно Скопје, така што Партизанска ќе остане оптоварена отсечка. Поентата е барем кај Рузвелтова и Лептокарија да се направат овие денивелации, со што добиваме брза врска од Железничката станица до Аеродром. Ова се многу ефтини решенија, кои се брзо изводливи, истовремено носат големи ползи. Особено ако се земе в предвид периодот кога ќе се гради Јужната тангента, градот ќе биде целосно парализиран, така што овие решенија можат многу да олеснат. Сепак Партизанска би си останал градска авенија а не магистрала, а зградите се доволно далеку од коловозите. Всушност бучавата од колоните кои чекаат на семафор е далеку поголема од онаа на возилата во движење, за загадувањето да не зборуваме.


[quotе]6. Не е забелешка туку прашање: дај објасни каков концепт е Парки Рај и како функционира[/quotе]

Не е ништо посебно. Ова е мрежа на паркинзи управувани од градот. Нивните локации се престижни и на најфрекфрентни места (што ги разликува од Парк и Рајд). Всушност е т.н. зонско паркирање, но не такво лоповско и непрофесионално какво што го имаме, туку во катни гаражи или подземни паркинзи. На пример ваков паркинг е нужен околу Буњаковец, не само заради посетителите на околните комерциални и административни објекти, туку и за околните резиденти, со што на Партизанска би се ослободила целосно третата лента. Со ставањето на шините во средина на булеварот, ако и третата лента е узурпирана ќе биде пекол.



-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-May-2010 at 13:33
Originally posted by Andrej_LJ



Е тука веќе громко не се согласуваме. Напротив, сметам и дека со изградени јужна тангента (мислам дека наименованието булевар е лошо, насекаде овие магистрали кои одат во покрајнините на градот се викаат логично тангенти) и проболжена Илинденска, сепак мислам дека околу Партизанска живеат најмногу луѓе во западно Скопје, така што Партизанска ќе остане оптоварена отсечка. Поентата е барем кај Рузвелтова и Лептокарија да се направат овие денивелации, со што добиваме брза врска од Железничката станица до Аеродром. Ова се многу ефтини решенија, кои се брзо изводливи, истовремено носат големи ползи. Особено ако се земе в предвид периодот кога ќе се гради Јужната тангента, градот ќе биде целосно парализиран, така што овие решенија можат многу да олеснат. Сепак Партизанска би си останал градска авенија а не магистрала, а зградите се доволно далеку од коловозите. Всушност бучавата од колоните кои чекаат на семафор е далеку поголема од онаа на возилата во движење, за загадувањето да не зборуваме.


Само краток коментар околу денивелациите кои ги предлагаш (Лептокарија и Рузвелтова). Иако се слагам дека се релативно ефтини решенија, сепак мислам дека се непотребни. Имено у во оваа ситуација кога не постои јужен булевар и Илинденска во полн профил а Партизанска е главната артерија од Ѓорче/Влае/Карпош кон центар, протокот  од Порта Влае до некаде универзална сала (во двата правца) е прилично добар, зелениот бран релативно функционира и целата траса се проаѓа многу брзо. Иако сообраќајот во Скопје ќе се зголемува, со изградбата на јужен и илинденска притисокот на Партизанска и понатаму би се намалувал. Затоа овие решенија ми се нецелоисходни.

Во делот од универзална сала до соборна црква пак е друга приказна но теоретски и тамошната ситуација би требало значајно да се ублажи кога еден проточен тунел под плоштад би ја заменил моменталната дисперзија кон Гоце Делчев и Димитрие Чуповски. Меѓу другото затоа инсистирам на исклучително проточен тунел под плоштад без никаква семафоризација.



Print Page | Close Window