Print Page | Close Window

Градски плоштад Гоце Делчев - Струмица

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Пешачки зони и паркови
Forum Discription: Плоштади, пешачки улици, паркови, зеленило...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=802
Printed Date: 28-May-2020 at 19:16


Topic: Градски плоштад Гоце Делчев - Струмица
Posted By: lslcrew
Subject: Градски плоштад Гоце Делчев - Струмица
Date Posted: 13-Apr-2009 at 13:15
Еве некој проект што се предвидува за струмичкиот плоштад:
[tube]d0K6JrF_8gI[/tube]



Replies:
Posted By: Шпер
Date Posted: 24-Dec-2009 at 23:28
Проект: Изградба и уредување на градскиот плоштад "Гоце Делчев" - Струмица
За три години Струмица ќе биде градот со најубавиот и најмодерниот плоштад во Македонија. Преку реализацијата на тригодишниот проект Изградба и уредување на градскиот плоштад "Гоце Делчев" кој опфаќа подземно и надземно вкрстување на Булевар Ленинова со Булевар Маршал Тито, изградба на подземен паркинг простор и пешачка зона ќе постигнеме урбано докомплетирање на центарот на градот на ниво на европските и светски градови со слична големина. (Извадок од програмата на Зоран Заев за 2009-2013)

Како треба да изгледа во 2010 година:

[tube]J8d657xs418[/tube]






Posted By: leonid23
Date Posted: 26-Dec-2009 at 02:06
Конечно најгрозниот плоштад во државата ќе стане еден од најубавите!
Инаку плоштадот Гоце делчев во Струмица е изграден 1971 година , во тоа време на истоимениот плоштад се урнати повеќе објекти од Барокната и неокласичната архитектура , поточно објектите од левата страна на улицата Б. Јанков-Мучето А на нивно место се изградени грозни стамбени блокови и огромната стоковна куќа на Југопромет.
Плоштадот е поплочен со бел мермер ( веќе едвај дотраен ) И целиот тој простор нема сензибилитет.
Новитет е тоа што плоштадот ќе биде поголем за околу 40% од сегашниот , а за остварување на тоа ќе се изгради подземна сообраќајница , со подземен паркинг со што целиот строг центар на градот ќе биде само пешачка зона.
Исто така и улицата Б.Јанков ќе биде поплочена и ќе стане составен дел од плоштадот , лично мене тоа ми наликува на плоштадот и улицата македонија во Скопје .
Инаку плоштадот ќе биде поплочен со гранит и калдрма исто како тој во Скопје .
Вчера Зајко изјави цела таа реализација чини 150 милиони денари ( не сум пресметал колку би чинело во Евра )



Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 26-Dec-2009 at 03:26
Дај боже да се исполни!
Но искрено да ви кажам не верувам,еве Скопје веќе 50 години се подготвува да направи нешто слично но некако тешко оди.
Гледам заложени се пари од три буџети(2010,11,12) на Струмица па да се надеваме дека не било само предизборно ветување.

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Шпер
Date Posted: 26-Dec-2009 at 23:09
Да, треба да се интервенира. Според мене најголем недостаток е тоа што ние всушност и немаме плоштад бидејќи половина од него е паркинг, а другата половина коловоз, така да останува само малиот дел пред споменикот на Гоце. Така да сега баш добро е замислено, како и кај секој нормален плоштад, да нема автомобили и да се направи подземен паркинг и сообраќајни ленти. Насекаде плоштадите се без улици, само кај нас има сообраќај, затоа и секое лето поради огромниот број пешаци плоштадот е затворен за возила од 20 до 24 часот.

-------------


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Dec-2009 at 00:06
Изведбата може да биде добра ако се користат квалитетни материјали (се надевам дека не планираат уште една паверијада). И сообраќајното решение е супер, не се сложувам со овај_стариот, тунелот не е длабок и не ми изгледа на некоја скапа инвестиција така да сметам дека тој дел од проектот е повеќе од реален.

Она што ме интересира е окружувањето на плоштадот. Каков е урбанистичкиот план за тој дел и дали ќе се "омеѓи" со објекти. Дали може да ја сликнете фактичката состојба? Сум бил неколку пати во Струмица но единственото што ми останало во сеќавање за плоштадот е дека се работи за еден отворен простор, а тоа реално и не е баш плоштад.


Posted By: leonid23
Date Posted: 27-Dec-2009 at 19:44
Во врска со реализацијата на проектот да ве потсетам дека општина Струмица замислените проекти ги реализира 95% секоја година , досега такво нешто овде не се случило ( барем во изминатите 5 години ) или недај боже пак да започнат нешто па да го заборават ! тоа никако ! Овде кога ќе се почне нешто се тера турбо до крај , независно од обемот на проектот ( цена иили големина ) И тоа е баш за поздравување,
Во нашата општина ако нешто е спорно ( правно или технични ) не се ни помислува на градежен зафат ! Се зависи до останатите ! Ете на пример локацијата за Агро берзата е веќе повеќе од спремна , општината изгради патишта , водоводи , канализации , го осветли , и го расчисти теренот од 11000km2 , фактички ја спроведе цела инфраструктура , и тоа подобро од очекуваното , и сега им е на тацна на инвеститорте од Агрикор .  Кога се изгради Глобал кој е од огромни размери , и катна гража за 500 возила во рок за 16 месеци , тогаш ни малку не се сомневам дека ќе се изгради плоштадот , и тоа не 3 години како што беше планирано туку вчера Зајко во Емисија рече оти до крајот на 2010 ќе биде завршен , оти парите се обезбедини .


Posted By: Шпер
Date Posted: 27-Dec-2009 at 22:14
Ај не го фали толку, го направи Господ.
Прво, да си признаам дека не сум му симпатизер. Второ, проектот за плоштадот е супер и дај Боже се да се заврши како што треба, всушност тоа ќе му биде првиот капитален проект. И трето, не го мешај Глобал бидејќи општината во неговата изградба вложи 0 денари (тоа е општопознато и го имаше во повеќе весници), тоа е инвестиција, Заев не купи ниту една вреќа цемент.


-------------


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 27-Dec-2009 at 22:30
И мене чудно ми падна што го испофали толку,а човеков в затвор беше.Но сето тоа нема врска,ме интересира некој дали има представа дали сето ова може да се исполни за 150 милиони денари,затоа што гледам и подземни гаражи,два коридора,преуредување на плоштадот и др.

И роков од една година ми е преоптимистички.Се надевам дека грешам.

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Шпер
Date Posted: 27-Dec-2009 at 22:43
Јас мислам дека нема шанси да биде готов во 2010 година. Убаво си пишува дека е предвидено до 2012 година. Плус тоа, парите најмногу ќе одат за подземниот премин, површината на плоштадот е рамна, треба само да се поплочи (нема хортикултура, споменици или фонтани).

-------------


Posted By: leonid23
Date Posted: 27-Dec-2009 at 23:07
Jas se izvinuvam ako greska sum razbran , nikogo ne falam , ne sum politicki opredelen , no jas zboruvam samo toa sto e vistinata !
znaci pred faktite i bogovite molcat , od 95% dp 98%  od proektite od godsnata programa vo Strumica se realiziraat !i toa vo opredelenite rokovi .
Dodeka ima opstini sto ne stigat ni do 30%
I za kraj da vi kazam edna vistina !
Sekoja godina od Budzetot Prilep dobiva po 150 milioni evra , Bitola po 250 milioni evra , A Strumica samo eden i pol milion ! A na krajot se pokauva deka sme pouspesni i od dvete opstini! Ne samo da go okrivuvame Zaev ! Tuku da ja sogledame surovata realnost !
niti sum za SDSM niti sum za VMRO , ednostavno PRAGMATICNO gledam na politikata so ladna glava , no koga gledam deka 95%  od zamislite se realiziraat A toa e fakt mozete i da ja proverete : http://www.strumica.ogr.mk - www.strumica.ogr.mk A glavniot zbor mi bese deka veruvam deka plostadot ke bide zavrsen pobrzo od ocekuvanoto! A zosto Sper e od Strumica , da mu navestam deka ne samo plostadot ! Tuku i Leblibidzijskata ulica ke se rekonstruira , so granit , a gorniot del od mostot nagore ke bide kaskaden , i isto taka i celo korzo ! Od Hotelot ( Stara Nama ) sto se restavrira sega , se do cesmickata vo golemiot park , Sper ti posto si od Strumica imas predstava od kade do kade e toa .


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 27-Dec-2009 at 23:16
leonid23 нема да биди лoшо ,за овие последниве информации,да ни дадеш повеќе инфо,во смисла некои координати од google earth,пр.каде е точно чешмичката во големиот парк.или пак да постираш некоја мапа од центарот на Струмица па да ги обележиш споменативе места.

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Шпер
Date Posted: 27-Dec-2009 at 23:23

Никој не го обвинува Заев, само ми пречи нереално големата аура која му се придава, човекот не направи нешто спектакуларно, тоа е "суровата реалност" како што и сам си напишал. И нека се гради, немам ништо против, а и Заев нека си купува фабрики и земјиште и ќе станеме како Кратово. Не е само да се изгради набрзина, треба и квалитет. Делот од улица Ленинова пред Глобал со нов асфалт има сто дупки и е брановиден, сто пати само копаат и закрпуваат...

П.С. Да не заборават само да го изгравираат стариот натпис Хотел Српски краљ!Bash


-------------


Posted By: leonid23
Date Posted: 27-Dec-2009 at 23:32
Jas nesto kazav , pa sega koj kako saka neka si go svati !
Od vladiniot budzet Prilep dobva 150 Milioni , Bitola 200-250 milioni , a Strumica samo 1.5 milioni ! toa se fakti ! Ako ne veruvas proveri!
 I povtorno nasata opstina e pouspesna od gorenavedenite ! 
Ako za tebe toa e neuspeh ne znaci deka i za mene e .
Sper , znaes kade se najde nasiot bivs gradonacalnok Kiril Janev neli ? Znae javnosta isto kolku kapitalni objekti si zapleni , i koja para ja lapna dodeka bese na vlast ! a nisto ne napravi za gradot za tie 4 godini , ziti eden tunel so iskopa kaj sobranieto , i toa go odbeleza negoviot mandat ! 
A vo Vrska so Leninova , toa e druga storija ! Se postavuvase nova vodovodna cevka , i veke ja krpat ulicata ! Ti treba da si sreken sto go raskopaa gradot , i sto gi zamenija 'rgosanite  vodovodni cevki so azbestni  i sto ja renoviraa fabrikata za voda ! , I da znaes oti pak ke se kopa ! od Mart pocnuva Gasifikacija na Strumica i zavrsuva do oktomvri !
 


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Dec-2009 at 23:33
Дечки да ја олабавиме малку политикава.

@Leonid

Информациите ти се малку од ракав, тоа се гледа од авион. Буџетот на Скопје е во најдобри години околу 80 милиони ЕУР, државниот буџет до скоро се движеше до околу 2 милијарди ЕУР со исклучок на последниве 2-3 години.

Според твојава математика само Прилеп и Битола зимаат по 400 милиони ЕУР, тоа е малтене како буџетот на Софија.

Така да ајде малку да водиме поаргументирана дискусија. Би било добро да посочиш извор на ова твое тврдење.

Која улица е Леблебџиска? Онаа што почнува од кај општината па после продолжува подолу и низ паркот?


Posted By: leonid23
Date Posted: 27-Dec-2009 at 23:41
pbanks , ne moze da go meris Skopje so 750.000 ziteli so Strumica od 60.000 ziteli !
informaciite , ne mi se od rakav , tuku ja gledav poslednata sednica na sobranieto na opstina Strumica vcera ! A na sednicata se raspravase za budzetot na Opstina Strumica za 2010 godina .
Vo red , moze namesto Denari da sum razbral Evra , no kako i da e ako tie zemaat to 250 milioni denari a nie samo milion ipol ovde stanuva zbor za diskriminacija , no za sreka pak sme pouspesni od tie opstini . Se se kaza javno , , Leblibidzijskata Ulica e onaa ulica sto pominuva od Selekt , I ako si ja minel si videl deka e podelena so most ( nadvoznjak ) i prodolvuva nagore .


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Dec-2009 at 23:44


ПРашањето ми е да не си погрешно чул/помешал со денари (не ЕУР). Сумите кои ги кажуваш се огромни за било кој град, со 250 милиони ЕУР субвенција за Битола за една година ќе изградат нова Битола.




Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Dec-2009 at 23:52
Originally posted by leonid23

pbanks , ne moze da go meris Skopje so 750.000 ziteli so Strumica od 60.000 ziteli !
informaciite , ne mi se od rakav , tuku ja gledav poslednata sednica na sobranieto na opstina Strumica vcera ! A na sednicata se raspravase za budzetot na Opstina Strumica za 2010 godina .
Vo red , moze namesto Denari da sum razbral Evra , no kako i da e ako tie zemaat to 250 milioni denari a nie samo milion ipol ovde stanuva zbor za diskriminacija , no za sreka pak sme pouspesni od tie opstini . Se se kaza javno , , Leblibidzijskata Ulica e onaa ulica sto pominuva od Selekt , I ako si ja minel si videl deka e podelena so most ( nadvoznjak ) i prodolvuva nagore .


Сега видов дека веќе си одговорил на ова. Во денари сумите веќе звучат разумни.

А неможам да кажам дека се работи за дискриминација. Кај нас често се претерува со овие теми, но во сите држави побогатите општини ги финансираат посиромашните. Иако се поголеми Прилеп и Битола не се и побогати. Всушност Струмица уште на некои постари мапи непосредно пред распадот на Југославија е бележена како најбогат регион во Македонија, побогат и од Скопје. Денеска многу малку општини имаат БДП над просекот а верувам дека Струмица е меѓу нив.


Posted By: leonid23
Date Posted: 28-Dec-2009 at 00:26

pbanks  можеби си во право дека побогатите општини трба да ѓи финансираат на послабите , но сепак од 250 милиони до 1.5 милиони тоа е драстична разлика , барем 10-20 милиони да делеле за нас ако не ништо , но како што кажав , среќата е на наша страна , и пак најмногу пари земаме од ЕУ и од прекуграничната соработка со Бугарија и Грција ! 

Сепак нашата општина успева повеќе , но pbankas како што ти кажав некому наводно му пречи сето тоа! Ајде нека ми објасни некој , Дали е нормално институтот за раноградинарски култури , што во Струмица функционира од 60тите да се пресели во Штип ? Па колку што знам во Штипско на пример нема плантажи од киви , или илјадници m2 стакленици ?
Карго Аеродромот во Струмица беше планиран уште од 80тите! Локацијата  ! А сега карго аеродромот ќе се гради во Штип ? Значи раноградинарските и оранжериските производи ќе мора да се возат во Штип наместо дирекно од тука !
А во врска во делот за дека бил најбогат Струмичкиот реѓион , прв пат слушам , колку што знам во Соцојализмот се инвестираше само во Велес и во Штип , цела индустрија !
Струмица почна да се развива од 2000та година наваму , поточно од кога почнаа да доаѓаат Грчките инвеститори , и од кога почна со проектите за прекугранична соработка .
Завчера на шеснаесетата седница на Собранието на општина Струмица се изгласа проектот Реконструкција на Градскиот плоштад Гоце Делчев со 17 гласа ЗА и 7 ВОЗДРЖАНИ , Ја sledev седмицата на ТВ , и имаше интересна расправа , тие 7 воздржани велеа дека поприоритетно било во Струмица да се изгради прочистителната станица отколку плоштадот , а другите тврдеа дека за прочистителната станица се добиваат грандови ! А за плоштад никој не ви дава гранд , И според мене тоа е баш паметно , зошто за плоштади не се делат грандови ! А прочистителната станица е проект од друг карактер( еколошки ) ! На пример цела таа отпадна вода се слива од канал во реката Струма во Бугарија , а од Струма дирекно во Егејското море во Грција , така да овде веќе со сигурност добиваме гранд ! А за плоштадот никако .
Најуспешниот гранд што го доби општина Струмица беше во 2006 година од прекуграничната соработка со Р.Бугарија и тоа од 288.000 ЕВРА .
Еве ке цитирам текст:

Проектот за реконструкција на локaлитетот Цареви Кули го изработивме заедно преку програмата за прекугранична соработка со опптина Петрич од Р. Бугарија, и е финансирана од Европската агенција за реконструкција и од сопствени средства на општината. Интересот на овие две општини е како преку овој проект да  ги возобновиме два локалитети (тврдината крепост во општина Петрич, и Цареви Кули во о.Струмица кои ќе претставуваат нови туристички дестинации, интересни како за нашите граѓани, така и за странските посетители бидејќи локалитетот Цареви Кули е многу одамна истражуван но многу малку па така со овој проект општина Струмица направи голем чекор и во истражувањето и во возобнувањето односно реконструкцијата на дел од самиот локалитет. Инаку проектот е изработен од нашата општина, од одделението за Локален економски Развој а беше одобрен од европската агенција за реконструкција од кои што добивме грант во висина од околу 288.000 евра и и со сопствено учество од буџетот на општина Струмица во висина од 160.000 евра или вкупна сума изнесува над 450.000 евра.

               www.carevikuli.com    Посетете ја странава ! Интересна е Bow
Cheers





Posted By: Шпер
Date Posted: 28-Dec-2009 at 12:21
Јас мислам дека забегавте целосно од тематаSmile
И правилно е ги, а не Ѓи Smile


-------------


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Dec-2009 at 12:32


Се сложувам. Да се фокусираме на проектот а не на достигнувањата на „Зајко“


Posted By: krale
Date Posted: 28-Dec-2009 at 17:12
Ако ова се изгради ова ќе биде најубавиот плоштад во Македонија.

Мислам дека и сумата не е нереална, бидејќи како што забележувам, овде не се работи за буквално „подземен“ паркинг и улици. Практично тие ќе останат на исто (или слично) ниво како што се сега, а всушност плоштадот ќе се изгради над нив (на столбови). Бар мене така ми изгледа.


Posted By: leonid23
Date Posted: 28-Dec-2009 at 18:54
Jas mislam deka bev dovolno fokusiran na temata , barem vo mojot podolg komentar pogore. 


Posted By: zabegan
Date Posted: 28-Dec-2009 at 22:37
Originally posted by krale

Ако ова се изгради ова ќе биде најубавиот плоштад во Македонија.

Мислам дека и сумата не е нереална, бидејќи како што забележувам, овде не се работи за буквално „подземен“ паркинг и улици. Практично тие ќе останат на исто (или слично) ниво како што се сега, а всушност плоштадот ќе се изгради над нив (на столбови). Бар мене така ми изгледа.
ама на рендериве убаво се гледа дека улиците се денивелирани, но сепак останува да видиме

патем нагибот при влезовите на тунелите ми личи како да е голем, но најверојатно и не би било проблем бидејќи не се работи за некој брз булевар


Posted By: krale
Date Posted: 28-Dec-2009 at 23:51
Да, денивелирани ќе бидат, но поентата ми беше, нема да биде тоа баш подземна изградба, каде нон-стоп имате земја над вас (како при изградба на тунел на пример), туку ќе се направи ископ, на кој ќе се постават столбови за плоштадот. Ова е поевтина варијанта, се разбира.


Posted By: leonid23
Date Posted: 29-Dec-2009 at 02:07
Ovde ne se raboti dali varijantata e poeftina ili ne , tuku se gledat sto se moze a sto se ne moze . tocno deka nema da se probiva tunel , no sepak ima mnogu vodovodni i kanalizacioni cevki , pa se nadevam deka toa nema da zazema mnogu vreme .


Posted By: Addvert
Date Posted: 01-Jan-2010 at 22:28
...


Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Jan-2010 at 22:40


Кој е тој Хотел Есперанто Ако ви се наоѓа некоја слика на вас струмичани за да видиме ние неупатените за што точно се работи Cheers


Posted By: Addvert
Date Posted: 02-Jan-2010 at 08:22
pbanks... do 4-5 dena ke ima komplet fotografski materijal od plostadot vo Strumica... so se' gashtite od balkonite vo strogi centar i arhitekturnoto chudo Esperanto : ): ) vo vtornik begam za Strumica, sreda - chetvrtok ke snimam...  a ako ima uste nesto interesno kako tema, posochete za da napravam fotografii... pozz


Posted By: Addvert
Date Posted: 06-Jan-2010 at 23:53
...


Posted By: Addvert
Date Posted: 07-Jan-2010 at 00:05
...


Posted By: Addvert
Date Posted: 07-Jan-2010 at 00:16
...


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Jan-2010 at 16:11
Oдлично Адверт, ова недостасуваше да се добие покомплетна слика. Дефинитивно спрема мене најголем проблем е окружувањето, проектот за реконстуркција не треба да го реши само партерното уредување или подземната сообраќајница туку и целото обликување на плоштадот, контурите, фасадите итн... Ако не се обрати внимание на тоа, успехот ќе биде и помалку од половичен.


Posted By: zabegan
Date Posted: 07-Jan-2010 at 22:23
Originally posted by pbanks

Oдлично Адверт, ова недостасуваше да се добие покомплетна слика. Дефинитивно спрема мене најголем проблем е окружувањето, проектот за реконстуркција не треба да го реши само партерното уредување или подземната сообраќајница туку и целото обликување на плоштадот, контурите, фасадите итн... Ако не се обрати внимание на тоа, успехот ќе биде и помалку од половичен.
сакав и јас да го кажам ова, значи џабе е убав плоштад ако не се среди опкружувањето
треба да се реновираат некои од зградите, а на некои комплетно да им се смени лицето, некако да се скрие фасадата со модерно решение, има по форумов некаде примери

а и не е само тоа, ова не знам колку држи вода, ама мислам дека на плоштади и битни цантрални точки во градовите не треба да има обични станбени згради воопшто, ние сме единствени што имаме така, тука треба да бидат општини, собраниа, театри, музеи и т.н, а не вакво нешто, не знам што толку се инсистирало во минатото на ваков начин да се распоредува градот


Posted By: leonid23
Date Posted: 08-Jan-2010 at 13:06
Vidovte li sega za kakva grozota stanuva zbor Big%20smile


Posted By: Addvert
Date Posted: 08-Jan-2010 at 13:35
...


Posted By: Addvert
Date Posted: 09-Jan-2010 at 19:22
...


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Jan-2010 at 19:35
Одлично не опреми со слики Адверт Thumbs%20Up

Го гледам Есперанто и освен што секако би се сложил дека објектот во оваа состојба е одвратен, би посочил и дека може да излезе прилично симпатичен доколку би се пристапило кон темелна реконструкција и изградба на една модерна школка.

Мене на пример многу повеќе ми бодат око онакви станбени блокови како белата (од десна страна на првата слика од претходниот пост). Погледот кон таа зграда мора под итно да се забарикадира со нешто достојно.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 09-Jan-2010 at 19:48
sekade grdi stanbeni zgradi(2 slika desno) i kucarki
se nadevam deka ovaj proekt ke se realizira.
a spomenikot od goce delcev (ako ne se lazam) ima perfektna golemina (sto ke ti treba spomenik golem 25 metriNuts (skopje))
 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Jan-2010 at 20:08
pbanks се сеќавам дека во друга нишка констатиравме дека забарикадирување не е најлогично решение за "неподобни" згради.


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Jan-2010 at 20:12
Originally posted by lslcrew

pbanks се сеќавам дека во друга нишка констатиравме дека забарикадирување не е најлогично решение за "неподобни" згради.


Ако се омеѓи плоштадот со пристојна архитектура, белата станбена зграда ќе си дојде веќе во втор план и на релативно логична позиција. Сепак Струмица е мал град неможе да очекуваме овие згради да се на 5 километри од центарот.


Posted By: Addvert
Date Posted: 12-Jan-2010 at 12:00
...


Posted By: Sale SK
Date Posted: 12-Jan-2010 at 20:02
ete go ova arhitekturno chudo narecheno Esperanto!!! : ) : ) : )



Ова е Спомен куќа на кладилница.Сугурно има Вангел замешано прсти во младоста.
Многу одвратна зграда во секој случај,ама колку што знам ова чудо не работи како Хотел.Или грешам?


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 12-Jan-2010 at 20:34
Освен кровот, мене зградава ми се допаѓа. И тоа многу! Доста чист израз, строг волумен, ептен минимал... Да не речам - европски Од црно белата слика гледам дека кровот си бил рамен ... Ептен го зезнале, и доле тоа стаклариите... Без тие работи, зградата е профи! Да не го знае некој авторот?


Posted By: гитардемон
Date Posted: 12-Jan-2010 at 20:37
Зградата е убав проект, ама многу македонизиран, и многу оставен на забот на времето. Стаклариите се за да стане „мини шопинг центар“, а покривот, за поефтино да се справат со водата од дождовите.

Да беше во Шпанија ќе му имаа најдено многу подобро чаре.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 12-Jan-2010 at 20:43
Македонизиран... Добро срочено


Posted By: zabegan
Date Posted: 12-Jan-2010 at 21:09
Originally posted by гитардемон

Зградата е убав проект, ама многу македонизиран, и многу оставен на забот на времето. Стаклариите се за да стане „мини шопинг центар“, а покривот, за поефтино да се справат со водата од дождовите.

Да беше во Шпанија ќе му имаа најдено многу подобро чаре.
па и не му треба некое чаре, само добра реновација и враќање во првобитната форма, а со дождот можат да се справат и на други начини Roll%20eyes


Posted By: Шпер
Date Posted: 12-Jan-2010 at 21:22
Originally posted by Addvert

Eve edna interesna fotografija pravena dosta odamna... nemam ideja koja moze da e godinata, ama jasno se gleda deka spomenikot na Goce Delchev ne e postaven... stariot Granap se' ushte e na mestoto na denesniot Dom Kulture... od stokovnata kukja nema ni traga ni glas ami si stojat tie prekrasni zgradicki vo centralnoto gradsko jadro so se' togashnata avtobuska... isto taka i stariot pazar togash se' shte e vo izgradba... ...Inaku fotografijata sum ja fotografiral vo 2004, togas beshe pod staklo, mislam deka stoeshe na nekoj dzid vo biroto za vrabotuvanje... se potrudiv da ja sredam malku, ama toa e toa...



Хех, прекрасна фотографија, кај секој струмичанец предизвикува интересSmile, сигурно е од почетокот на 60-тите години, горе лево шумата денес е цел град (кон Домот на АРМ)... Споменикот е поставен 1976 година, а културниот дом е изграден 1986 година, така да ова е многу порано. Гимназијата е изградена веднаш по Втората светска војна (трета гимназија во Македонија), лево до неа е ОУ ,,Сандо Масев" и според него приближно ќе ја детектирам годината. Ова е нова училишна зграда и отворена е во 1962 година (http://sandomasev.edu.mk/index.php?option=com_content&view=frontpage&Itemid=182), на оваа фотографија се гледа дека се уште нема покрив така да периодот е 1961/63Smile Попрецизно не можам....


-------------


Posted By: Mr.Edmund
Date Posted: 12-Jan-2010 at 23:31
Мислам дека автор на хотел Есперанто е професорот Љубен Најденов, ама не сум сигурен. Ако добро мислам, тогаш истиот чичко е автор и на стоковната куќа во Охрид, онаа кај чинарот. 

-------------
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ


Posted By: leonid23
Date Posted: 13-Jan-2010 at 12:31
Пред 3 години го ставија кровот, почнаа со некакви зафати но после поставувањето на кровот престанаа со работата.
наводно новиот газда имал некој нелегалности .
Иначе нема би верувале како би изгледал хотелот доколку би се реновирал , мајка ми работеше таму 20 години така да добро ми е познат ентериерот!
Иако однадвор изгледа мал внатре е мнгу широк .


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Jan-2010 at 11:45
  • 11:39  http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=100&vId=70694916&lId=1&title=%d0%a2%d0%98%d0%9a%d0%95%d0%a0 - Во Струмица ќе се гради плоштад во вредност од четири милиони евра
    Струмица, 14 јануари (МИА) – Централниот градски плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица ќе биде целосно реконструиран, односно ќе добие сосема нов лик и ново архитектонско решение ... http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=100&vId=70694916&lId=1&title=%d0%a2%d0%98%d0%9a%d0%95%d0%a0">bulletПОВЕЌЕ

Веста ќе биде достапна за 8 часа од објавувањето!

Ако ја најдете целосна од друг медиум пуштајте!


Posted By: Шпер
Date Posted: 14-Jan-2010 at 17:57
Originally posted by leonid23

Пред 3 години го ставија кровот, почнаа со некакви зафати но после поставувањето на кровот престанаа со работата.
наводно новиот газда имал некој нелегалности .
Иначе нема би верувале како би изгледал хотелот доколку би се реновирал , мајка ми работеше таму 20 години така да добро ми е познат ентериерот!
Иако однадвор изгледа мал внатре е мнгу широк .


Напишав за покривот на ОУ Сандо Масев, а не на хотел Есперанто!


-------------


Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 14-Jan-2010 at 18:52
Во Струмица ќе се гради плоштад во вредност од четири милиони евра

Струмица, 14 јануари (МИА) – Централниот градски плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица ќе биде целосно реконструиран, односно ќе добие сосема нов лик и ново архитектонско решение, за што од општинскиот буџет ќе бидат издвоени околу четири милиони евра.

- Плоштадот, кој ќе биде еден од најубавите во Републикава, ќе се гради во две фази, при што инвестицијата ќе биде поделена на половина: 120 милиони денари за оваа и исто толку во 2011 година. Тоа практично претставува една третина од вкупните проектирани средства за капитални проекти за годинава, вели градоначалникот Зоран Заев.

Под нивото на плоштадот кој ќе има три влезно-излезни отвори, ќе биде изграден нов паркин простор за стотина возила. Плоштадот ќе биде поплочен со најквалитетен материјал и во значителна мера ќе го растовари сообраќајниот метеж во центарот на градот. Самиот плоштад ќе претставува пешачко острово и ќе биде дел од познатото струмичко корзо.

Идивиди


-------------
www.realmadrid-mk.blogspot.com


Posted By: Addvert
Date Posted: 14-Jan-2010 at 21:06
...


Posted By: zabegan
Date Posted: 14-Jan-2010 at 21:29
мене не ми е јасно како можат да чуваат пропаднати бараки во центрите на градовите?
 
тој хотелот ми е најмала грижа, се ова другово кога би можел, би го срамнил со земја


Posted By: гитардемон
Date Posted: 14-Jan-2010 at 21:44
Ги „чуваат“ бидејќи припаѓаат на некого, не се на општината. Луѓето немаат пари да ја реновираат, мислиш сакаат во колиби да живеат? И во Битола има многу вакви, а впрочем и во цела држава има многу вакви колку што сум видел. Но пак да даде општината пари за приватна куќа? И тоа не стои. По кој критериум? Ќе им дојде време и нив сепак, ќе посака некој инвеститор да изгради (висока) зграда некаде во тоа подрачје па ќе ги откупи. Така барем тоа оди во нормалниот свет. А додека немаме заинтересирани за инвестиции, епа ќе си остане вака.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Addvert
Date Posted: 14-Jan-2010 at 21:51
...


Posted By: Шпер
Date Posted: 14-Jan-2010 at 22:25
Originally posted by zabegan

мене не ми е јасно како можат да чуваат пропаднати бараки во центрите на градовите?
 
тој хотелот ми е најмала грижа, се ова другово кога би можел, би го срамнил со земја


На крај пак е во игра мојата теорија за срамнување со земјаBig%20smile

Искрено не чинат такви колиби на чичо Том во строгиот центар, но што да кажам за Скопје, Маџир-маало на пример, и старите куќи околу олимпискиот базен. Катастрофа. Тие треба да се срушат со динамит, на сопствениците да им се исплатат пари и да ги исселат и таму да се градат административни згради, трговски центри и сл. како што се прави на далечниот исток (не знам точно во која држава беше, даваа на extreme engineering)Yes

Во меѓувреме најдов нешто во мојата фотоархива, сликано е од Цареви кули.
Исто имам и "ексклузивни" фотографии од ископувањата и од пробивањето на патот до Цареви кулиSmile



-------------


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Jan-2010 at 00:56


Скопје стои убедливо најлошо во однос на колиби во центар и комплетно ја подржувам твојата иницијатива за динамит Yes

А Глобал изгледа доста доминантно на сликава погоре Thumbs%20Up


Posted By: Addvert
Date Posted: 15-Jan-2010 at 09:35
...


Posted By: La Linea
Date Posted: 15-Jan-2010 at 17:21
Супер панорама, од овде најубаво се осеќа потенцијалот на плоштадов Thumbs%20Up



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: leonid23
Date Posted: 28-Jan-2010 at 22:08

Od pred 2 dena pocna proektot rekonstrukcija na fasadi za 30 najstari zgradi ( stanbeni i adminisrativni ) vo centarot , kako sto citav pogore na forumot nekoj bese istaknal deka dzabe e ako se izgradi takov plostad koga opkruzuvanjeto bi bilo vo katastrofalna sostoba! pa ete , na nekoj prvo mu teknalo da go opfati opkruzuvanjeto pred da pocne so izgradba na plostadot  , pred nekolku dena veke zapocna restavracija na fasadat na sumskoto stopanstvo , sto povtorno bleska vo stariot sjaj , vtora na poteg kje bide zgradata na samiot plostad sto moze site da vidat na slikite vo kakva katastrofalna polozba e pa kako sto cuv treta ke e Dolgata zgrada  , i taka do letot treba site 30 najzagrozeni gradbi vo centarot da go dobijat stariot sjaj .

Inaku pred 2 dena zavrsi rekonstrukcijata na starata posta vo centarot , vsusnost sega se preadaptira vo Hotel  "Hotel Central" so 4**** , a dolniot sprat kje bil banka .
Mene licno mi se dopaga rekonstrukcijata , samo ne mi se dopaga sto e vo temna i svetla siva boja .
 


Posted By: leonid23
Date Posted: 28-Jan-2010 at 22:21
Novost e toa sto plostadot nema da ima kasdi kako sto e prestaven na 3D formata , tuku ke bide ramen na isto nivo , znaci kaskadata kaj spomenikot , kaskadata kaj Domot na Kulturata , i kaskadata kaj Stokovnata kukja Jugopromet ke bidat na isto nivo sto spored mene e najdobroto resenie .


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Jan-2010 at 01:17
Најнапред проектот го поддржувам. Но сби сакал да се осврнам да моделот кој се применува, со цел во иднина да не се сведува тоа на ад-хок акции туку да стане редовна пракса. Би требало да се усвои закон кој ќе дозволува на општинмите да утрдат градско-подрачје во кое фасадтите ќе бидат заштитетни, без разлика дали се работи за страни или нови, дали барокни, модерни или било какви, значи без разлика на стилот да се усвојат подрачја во кои сопственицте ќе бидат задолжени да ги оодржуваат фасадите, или па ако им е тешко тоа да го прават да се остави можност да плаќаат редовна такса на фактурата за данок на имот која ќе биде наменета во фонд за фасади.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Jan-2010 at 01:31
За проектот, а и општо за фасади најдобро да се продолжи овде:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=456&PID=56706#56706 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=456&PID=56706#56706


Posted By: leonid23
Date Posted: 29-Jan-2010 at 01:47
@Islcrew
 
jas uste poveke bi sakal da se ostvari toa sto ti go predlozuvas , ama toa da bide na drzavno nivo , ne samo na lokalno!
Tokmu Zaev deneska vo emisijata negova zboruvase za toa sto ti go predlagas , ama pocnav od sredina da gledam i ne mozev da fatam bas se , utre ke ja gledam reprizata i kje naglasam sto poprecizno mislese .
 
Se nadevam deka vo bliska idnina ke se donese zakon za toa , a sega za sega ke mora da se zadovolime so add-hok akcii za zal . . .
Cheers
 
A toa deka plostadot bi bil nisto bes restavriranje na tie objekti e sosepa pravo .


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Jan-2010 at 01:58
Па истото прашање се наметна и во Скопје кога се кречеа зградите стари низ центар. Стварно мора ова да биде задолжение на станарите. Од едн астрана е за поубав град, ама од друга страна е одговорност на сопственикот. Па сега мора од еднаш да почне живеењето во центар да носи и некои одговорности.


Posted By: leonid23
Date Posted: 29-Jan-2010 at 02:29
Сега дознав дека реконструкцијата на фасадите ќе ја финансират станарите на објектите од 30% до 50% а остатокот од средствата ќе го финансираат Струмичките бизнисмени, но овде не се работи само за кречење туку каде што има поголеми оштетувања на фасадите комплетно санирање  ,
 
Ќе цитирам мал дел од пресконференцијата што ја одржа градоначалникот на оваа тема Ч 
 
Почитувани граѓани, Почитувани претставници на медиумите !
Би сакал да најавам, но истовремено и да ги информирам граѓаните за намерата за отпочнување на еден нов, несекојдневен проект во Струмица и воопшто во Македонија. Се работи за активност за која што општината не можеше и дефинитивно нема обезбедено средства во својот буџет, но во времето во кое се случуваат многу значајни архитектонски работи во градот, едноставно препорачливо и убаво би било да се заврши како активност со што би се добила комплетната слика на нов, современ изглед на Струмица.
Во изминатиов период се случија неколку значајни градби во централното градско подрачје. Ќе набројам само неколку: Глобал, новите булевари, семафори, цвеќарници, фонтани, палми, тротоари, паркови и урбани опреми... 
Она што ќе се случува оваа година се исто така неколку значајни градби како што се поминувањето на гасоводната мрежа, новиот плоштад, подземната гаража, новото крило на гимназијата, новите улици и тротоари и слично. За да се заокружи сликата на целосно новиот лик на Струмица останува обновувањето на старите фасади на зградите  изградени пред десет, дваесет и повеќе години.
Затоа денес со задоволство најавувам проект за обновување на сите стари фасади во централното градско подрачје на Струмица без средства од буџетот на општината. Името на проектот е: “Струмичани... за поубава Струмица”
Идејата не е нова, постои цела година. Првичните разговори беа 30 до 50% од средствата да биде учество на сопствениците и станарите на тие објекти .
 
Toa bese samo izvadok.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Feb-2010 at 16:32

И Струмица ќе гради нов плоштад

06.02.2010 16:07

Вака сега изгледа плоштадот Гоце Делчев, најфрекфентното место во Струмица и за возилата и за пешаците, но до крајот на годината тој ќе добие нов лик по урнек на градот Лион во Франција кој за струмичката локална власт има најдобро решено централно градско подрачје.

Инвестицијата тешка 4 милиони евра е обезбедена од општинскиот буџет. Го прашавме градоначалникот Зоран Заев зошто во криза се гради плоштад.

„Тоа значи враќање на парите од општината кон нашето стопанство кое што автоматски продуцира мултиплицирачки ефект. Кога парите се враќаат во стопанството тоа генерира и нови работни места, тоа генерира дополнителни активности овие наши фирми ќе инвестираат дополнително, парите вртат“, рече Зоран Заев градоначалник на Струмица.

Новиот плоштад подземно ќе го реши сообраќајниот метеж и ќе ја оддели пешачката зона, ќе има и подземни гаражи за 86 возила. Споменици не се проектирани.

„Во последно време размислуваме за угадување на саат кула, која што ја има на некој места во Скопје, но тоа ќе биде периферно решено во делот на плоштадот. Евентуално доколку некој од носителите вградат некој споменик, тоа би било некој глобус, нешто пацифистичко, нешто светско, европско а не во делот на антиквизација или словенизација“, додаде Заев.

Изградбата на плоштадот треба да почне во март а да заврши до крајот на оваа година.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119595


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 06-Feb-2010 at 17:23
Inaku podrska za strumickiov proekt,da se nadevame na celosna realizacija.


Posted By: shaun.r
Date Posted: 06-Feb-2010 at 21:42
Originally posted by lslcrew

И Струмица ќе гради нов плоштад

06.02.2010 16:07

Вака сега изгледа плоштадот Гоце Делчев, најфрекфентното место во Струмица и за возилата и за пешаците, но до крајот на годината тој ќе добие нов лик по урнек на градот Лион во Франција кој за струмичката локална власт има најдобро решено централно градско подрачје.

Инвестицијата тешка 4 милиони евра е обезбедена од општинскиот буџет. Го прашавме градоначалникот Зоран Заев зошто во криза се гради плоштад.

„Тоа значи враќање на парите од општината кон нашето стопанство кое што автоматски продуцира мултиплицирачки ефект. Кога парите се враќаат во стопанството тоа генерира и нови работни места, тоа генерира дополнителни активности овие наши фирми ќе инвестираат дополнително, парите вртат“, рече Зоран Заев градоначалник на Струмица.

Новиот плоштад подземно ќе го реши сообраќајниот метеж и ќе ја оддели пешачката зона, ќе има и подземни гаражи за 86 возила. Споменици не се проектирани.

„Во последно време размислуваме за угадување на саат кула, која што ја има на некој места во Скопје, но тоа ќе биде периферно решено во делот на плоштадот. Евентуално доколку некој од носителите вградат некој споменик, тоа би било некој глобус, нешто пацифистичко, нешто светско, европско а не во делот на антиквизација или словенизација“, додаде Заев.

Изградбата на плоштадот треба да почне во март а да заврши до крајот на оваа година.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119595


Big%20smileBig%20smile  tuka nee rasipnicko trosenje u skopje e , moze ke izleze nekoja strumicka arhibrigada da ne a siluvaat strumica ...kakvo licemerie...tuka se vratat parite i se generiraat rabotni mesta u skopje ne ,marsovci ke go gradat..
Big%20smile


Posted By: гитардемон
Date Posted: 06-Feb-2010 at 22:00
Колку што гледаме, сето ова во Струмица ќе биде преку македонски фирми (и да не мислел така иницијално, сега од инает ќе се погрижи да бидат само македонски фирми).

А кажи ми, да не ги лие татко ти спомениците во Скопје па да ни се вратат парите? Да не ги носи со камион Македонец од Фиренца до Скопје? А ај прочитај го текстот пак, парите ќе ги даде Општина Струмица, а не влада на Република Македонија.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Feb-2010 at 22:06
Аман со маалски муабети луѓе и дофрлања.

Ајде да видиме како алтернативно може Струмица да ги инвестира парите? Би било убаво струмичани да не информираат малку повеќе за тоа што би било поприоритетно отколку плоштад.


Posted By: leonid23
Date Posted: 06-Feb-2010 at 22:38

Бидете сигурни дека ни еден Струмичанец не мисли дека плоштадот не е приоритет, зошто? Затоа што плоштадот е во катастрофална состојба! Мермерот му е испкршен , еден дел се користи како паркинг , а големиот дел пред Југопромет е тотално дисфункционален , така да кој и да е градоначалник на Струмица мислам дека би требало да се погрижи за плоштадот , тоа веќе не е луксуз туку потреба , но веќе кога се гради нека се изгради стварно со сите стандарди , зошто тоа е еднаш во 40 години! Се надевам ако некој од вас бил во Струмица и прошетал низ плоштадот не останал рамнодушен на грдата слика што ја дава во самото срце на градот , а за други приоритети имало и ќе има , како напремер што се правеше дебата дали е поприоритетно да се прави плоштад или прочистителна станица , се заклучи дека прочистителната станица може да се изгради со Европски пари и со пари за прекугранична соработка , а за плоштад Пари никој не донира од страна .



Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Feb-2010 at 22:39


Леонид.

Независно што сметаш дека плоштадот е приоритет.

Дали можеш да направиш еве тука листа на 5-6 проекти кои спрема тебе се приоритетни за Струмица.

Значи

- Плоштад Гоце Делчев
- Прочистителна станица
- ...

Cheers


Posted By: leonid23
Date Posted: 06-Feb-2010 at 23:04

@pbanks повеќе од приоритетие во Струмица се реализираат , воопшто во моментов не ми текнува што моментално би било приоритет , ама ќе го надополнам коментаров кога ќе направам една анализа , Јас сум лично задоволен , На пример Изградено е новото кило на новата Болница кое е за2 пати поголемо од сегашното и прерасна во ургентен центар , Се изгради новата Автобуска станица , ( сега и селскиот терминал ќе го преместат таму ) од постоечките 4 сега имаме 7 Булевари , Се изгради катна гаража за 500 возила , сменета е 90% од водоводната мрежа  со азбестни цевки , имавме само еден факултет , а од 2009 веќе имаме 13 , се срушија СИТЕ дивоградби , а тоа што требаше да се легализира се легализираше , од пред 3 години амбициозниот проект за Цареви Кули започна , што никој не ни помислуваше дека е можно тоа , 70% од Улиците се веќе со тротои , а 80% од улиците имат нов асвалт а проектот е до 2013 Струмица да нема улица без тротоар и да се преасфалтираат сите улици во градот , веќе имаме 10 Хотели со сите европски стандарди ( А Велес и тој едниот што го имаше го изгуби ) од 01. Јануари оваа годна почна паралелното паркирање по улиците и така да не смее кој како ќе му текне да се паркира каде си сака , се воведе пајак служба ,  Еве од Март ќе почне реставрација и реконструкција на сите згради административни и стамбени во центарот , Агрикор треба да ја гради Агроберзата оваа година , исто така ќе се гради втора по големина Индустриска зона Сачево после онаа во Бунарџик , и индустриска зона Куклиш-Свидовица , до Октоври оваа година први во Македонија ќе добиеме гас , И да не набројувам оти има уште , за да не наличи дека му правам кампања на Заев ,  Според мене приоритет е веќе еднаш да се изгради железничка станица , Аеродромот што ни го украде Штип да се врати пак тука и да се Возобнови Зоолошката градина што беше исто така украдена 197О година .



Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 06-Feb-2010 at 23:10
Леле бе леониде, како можеш вака да се изразиш? Како прво Струмица е град (навистина во развој и просперитетен за наши стандарди) до кој нема ниту асален пат, а камо ли автопат. Нема железница (најважниот тип на транспорт за индустријата на непловна земја, а не аеродром!). Затоа што со брза железница, композициите би стигнувале до Петровец за непол час! Исто така никој никому нема украдено ништо, има борби во кои едните победуваат а другите губат! Струмица според сите стандарди нема потреба ниту за аеродром, ниту за зоолошка! Нити па Штип има. Ама да кажеш дека во Македонија било која општина ги има горе-долу решено инфраструктурните проблеми би било навистина непромислено и невистинито.

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Feb-2010 at 23:16
Originally posted by leonid23

@pbanks повеќе од приоритетие во Струмица се реализираат , воопшто во моментов не ми текнува што моментално би било приоритет , ама ќе го надополнам коментаров кога ќе направам една анализа , Јас сум лично задоволен , На пример Изградено е новото кило на новата Болница кое е за2 пати поголемо од сегашното и прерасна во ургентен центар , Се изгради новата Автобуска станица , ( сега и селскиот терминал ќе го преместат таму ) од постоечките 4 сега имаме 7 Булевари , Се изгради катна гаража за 500 возила , сменета е 90% од водоводната мрежа  со азбестни цевки , имавме само еден факултет , а од 2009 веќе имаме 13 , се срушија СИТЕ дивоградби , а тоа што требаше да се легализира се легализираше , од пред 3 години амбициозниот проект за Цареви Кули започна , што никој не ни помислуваше дека е можно тоа , 70% од Улиците се веќе со тротои , а 80% од улиците имат нов асвалт а проектот е до 2013 Струмица да нема улица без тротоар и да се преасфалтираат сите улици во градот , веќе имаме 10 Хотели со сите европски стандарди ( А Велес и тој едниот што го имаше го изгуби ) од 01. Јануари оваа годна почна паралелното паркирање по улиците и така да не смее кој како ќе му текне да се паркира каде си сака , се воведе пајак служба ,  Еве од Март ќе почне реставрација и реконструкција на сите згради административни и стамбени во центарот , Агрикор треба да ја гради Агроберзата оваа година , исто така ќе се гради втора по големина Индустриска зона Сачево после онаа во Бунарџик , и индустриска зона Куклиш-Свидовица , до Октоври оваа година први во Македонија ќе добиеме гас , И да не набројувам оти има уште , за да не наличи дека му правам кампања на Заев ,  Според мене приоритет е веќе еднаш да се изгради железничка станица , Аеродромот што ни го украде Штип да се врати пак тука и да се Возобнови Зоолошката градина што беше исто така украдена 197О година .



човек кога те чита добива желба веднаш да запали кола и со свои очи да го види тоа чудо од град

мала шега, браво за ентузијазмот и пред се браво за реализираните проекти кои ги наброја


Posted By: Makedonij
Date Posted: 06-Feb-2010 at 23:25
Како прво до струмица требе да се доведе пристапен пат (Забравил си ги коцките после новиот пат од Радовиш). Да не се кажува за патиштата који водат до Банско, Водоча, Велјуса, Новосело.....

Како друго да се согласувам урабниот центар не му фале ништо, а стариот дел на ридот малце е запоставен.

Како трето Струмичани неможат да се справат со тоа, шо Штип е центар на источна Македонија и тоа ке остане поради неговата положба, бидејки по источните градови по се одвисни од Штип, отколку од Струмица.

Согласувам се во тоа дека Струмица во моментов малце повеке се развива,така и требе да се развива, но сте биле ли во Штип, во населбите Баби или Леваци.... да не мисле некој дека Штип стагнира! Спремам материал за Штип, и ке го представам на форумот кога ке имам повеке време.
 

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 06-Feb-2010 at 23:30
[QUOTE=pbanks] човек кога те чита добива желба веднаш да запали кола и со свои очи да го види тоа чудо од град
мала шега, браво за ентузијазмот и пред се браво за реализираните проекти кои ги наброја
[/QUOTЕ]

На вистина е така имам ногу другари Струмичани и можам да кажам дека се ногу сложни, сите размислуваат исто, нема делби како на пример во Скопје

Само така напред СТРУМИЃАНЕ.Yes  


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Feb-2010 at 23:30
Све ова супер поддршка за проектите, само малку замерка на реториката од типов "Штип ни украде", "Велес контра Штип" и слично. Не се работи за никаков натпревар меѓу градови, напротив паралелен напредок. А инаку што е работата со Железничка станица? Да не има нешто најава за пруга натака, а да не знаеме?


Posted By: Makedonij
Date Posted: 06-Feb-2010 at 23:38
Инаку некаде испратив видео за проект АГОРА СТРУМИЦА, знае ли некој за шо станува збор?Question

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: гитардемон
Date Posted: 06-Feb-2010 at 23:39
Локал патриотизмот нема ама баш никаква смисла. Мене и Штип и Струмица ми се поим за латинска Македонија и ништо повеќе. Но многу ми е мило што се развиваат и ќе бидне нешто и од тој дел од државата кој толку време (можеби намерно) се држи настрана од cè. Како и да е, Штип е центар во Источна Македонија, но Струмица може со тек на време да израсне во регионален центар (Петрич, Дупница, Поликастро, Гевгелија, Валандово). А дека од Струмица било украдено нешто можам да кажам само „да бе, и Битола треба да има ајродрум за да идат иселениците од Аустрајлија директно со џамбо-џет до Новаци. А то дека Битола требаше да биди главен град е познато на сите, ама за инает од Скопје не е така.“

А ако веќе нешто ви било украдено, потрудете се да си го создадете за себе а не да чекате од централната власт (како што и прави Струмица).

Како и да е, морам да кажам дека Струмица ми е најубав град во Македонија, веројатно заедно со Скопје и Охрид.



Posted By: leonid23
Date Posted: 06-Feb-2010 at 23:42

Луѓе можете да ме сватите како сакате , но јас веќе тоа што го нагласив беа РЕАЛИЗИРАНИ проекти! А мал дел од тоа што го набројав моментално се реализира , ништо неслувам и не додавам , а Андреј_Љ ти си толку негативена особа што како што гледам ништо не чини за тебе , во Струмица зоолошката постоела 60 години ! И зошто пак не би ја возобновиле? Не правам споредби со никого ни со ВЕ, ни со ШТ , а како што нагласи Македониј , овде нема подолбе , позиции или опозиции , или се гради или не се гради , средина нема , кога се гради се гради турбо , А за аеродромот да ве информирам дека тоа не е патнички туку карго аеродром , и е планиран уште од 1982! Аха па ако не е кражба тогаш што бара институтот за раноградинарски култури да се пресели во Штип после 40 години поминати во Струмица ??? А за Коцката којато ја спомнавте за неколку месеци ќе стане историја ! правецот Струмица-Радовиш се гради со засилено темпо , на Македониј да му Нагласам дека Струмица е административен центар на Југоисточна Македонија како што е Штип на Источна и тие се два региона поделени ! Источен и Југоисточен .  90% од Струмичките Чушки , френки и Киви одат на Европските пазари и од нив се заработуваат огромни суми така да и те како ни е потребен карго Аеродром !



Posted By: leonid23
Date Posted: 06-Feb-2010 at 23:45
п.с.
Македониј , Новиот пат за Банско е завршен уште од лани , патот за Вељуса преку Ангелци е во завршна фаза , исто така и патот Струмица-Радовињ е во завршна фаза.
не знам како не си се информирал за тоа до сега
 
И аман бе луѓе не станува збор за патнички , туку за карго аеродром , што ќе ги задоволи и зголеми потребите за увоз-извоз , а години после тоа ако даде резултати би можело да се пренамени и во патнички .


Posted By: Makedonij
Date Posted: 06-Feb-2010 at 23:48
Originally posted by leonid23

п.с.
Македониј , Новиот пат за Банско е завршен уште од лани , патот за Вељуса преку Ангелци е во завршна фаза , исто така и патот Струмица-Радовињ е во завршна фаза.
не знам како не си се информирал за тоа до сега


Извини ама не сум бил оваа година во родната земја.Roll%20eyes Ке прошетам натаму летоска ако господ даде здравје и паричкиThumbs%20Up

Само да се праве не мислев негативно, само да се граде шо викаш и јас сум задоволен.


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Feb-2010 at 00:59
[tube]azfo4HotjWU[/tube]


Posted By: leonid23
Date Posted: 07-Feb-2010 at 01:54

Само да додадам дека плоштадот нема да ги има сега постоечките каскади и истите кои се гледаат во 3Д формата на новиот плоштад , каскадата кај споменикот и каснадата кај дисфункционалниот дел кај Југопромет ке се израмнат со плоштадот , што мислам дека е одлична идеа и дека со тоа дисфункционалниот дел кај Југомет ќе стане далеку попрометен одколку сега.



Posted By: гитардемон
Date Posted: 07-Feb-2010 at 02:03
А on-topic, проектот за плоштадот е пример како некој човек си ги знае приоритетите (пак ќе речам ич го нејќам), за разлика од тие во Скопје

Треба некоја финта за да се популаризира местото во Грција малку повеќе, а богами и да се натераат Бугарите од Петрич да доаѓаат. Јас мислам дека има многу повеќе да понуди од Гевгелија во рамки на забава, журки и трошење пари, бидејќи е значително поголем. Не дека новиот плоштад ќе го направи тоа, но кога конечно ќе дојдат сите тие од регионот, тогаш ќе има и што да видат.

А за тоа со тротоарите богами и ќе го бакнам Заев ако го направи. Улици без тротоари евентуално во 18 век на дивиот запад и никаде друго место освен Македонија.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Feb-2010 at 02:12
А плоштадов у Струмица некако ми изгледа како она нагибите да се скоро како влез у гаража. Дали се испочитувани аглите за кога се работи за ваков проточен сообраќај за во центар на град?


Posted By: leonid23
Date Posted: 07-Feb-2010 at 02:54

@Islcrew Како што го разбрав Зајко плоштадот ќе се градел по модел на плоштадот во Лион-Франција , се е испочитувано до детал , еве пред една недела се правеа бушотини на пет места на плоштадот , се правеа геолошки истражувања , а не знам зошто поточно се прават геолошки истражувања , ако некој се разбира во тоа може да наведе .

@гитардемон   Бугарите од Петрич едвај ги избркавме но се надевам дека ако пак почнат да доаѓаат сега ќе биде за други цели и потреби , Оти до средината на 1990тите Двата главни булевара беа преплвени со Бугари од Петрич , продаваа роба за смешни цени а ги имасе ај да не кажам милиони
дека плоштадот ќе биде функционален во тоа потпишувам со двете раце , а можам да замислам кога ќе се реконструираат административните и стамбените згради во цел центар какој сјај ќе добие градотThumbs%20Up


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 07-Feb-2010 at 03:13
Originally posted by leonid23

... се правеа геолошки истражувања , а не знам зошто поточно се прават геолошки истражувања , ако некој се разбира во тоа може да наведе ...

Испитување на врстата на тлото и неговата „јачина“, за потоа спрема податоците да се проектира начинот и материјалот на градбата.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 07-Feb-2010 at 03:16
Applauseза Струмичани, и само напред.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Feb-2010 at 03:22
Сега прожбарав малку да видам за што тоа уствари со Лион се работи. Тоа е тунел на градски автопат долг ~2 километра под нетолку централно подрачје кој после тоа излегува на една клучка па следат два моста преку Рона, едниот за градскиот автопат, другиот за другиот градски сообраќај, па после тоа лседи трговски центар врз градскиот булевра, кој патем врз зградата има паркови, и од кога излага автопатот од под зградата доаѓаат уште два моста па си продолжува како градски автопат. Потег долг 3 километра.

Сепак не сакам ова да звучи како сега да сакам да го потценам нешто проектот за Струмица, сепак Струмица е 15 пати помал град од Лион, но во Лион проектот е нешто слично на она што би требало да биде некогаш во скопје, односно брзо одминување на поголем опфат градско јадро, за разлика од Струмица каде што се работи само за плоштадот. Уствари па ни со планот за Скопје не се споредува, овде се работи за градски автопат под земја. Нешто како јужен булавер под земја низ сред центар.

Ова вака како кратка анализа, ме зачуди што толку треба да биде како Лион Всушност не е ништо специјално во Лион, ова е доста користен и логичен начин за проточност на сообраќајот низ централно градско јадро, само што вероватно градоначалникот од тамо добил инспирација.


Posted By: leonid23
Date Posted: 07-Feb-2010 at 03:30

@Islcrew не е тоа потценување , се си стои во место дека Струмица е 15 пати помала од Лион , но изглда сака да се укаже дека се ретки плоштадите што под нив има патишта и раскрсници , па затоа Лион се зел као модел , инаку да нагласам дека на тоа место некогаш не се вкрстувале патишта на тоа место каде што е Југопромет и каде што се сече патот некогаш имало куќи ( Има на 4та срана на оваа нишка фотографија и можеш да видиш ) Всушност сега со подземната раскрсница плоштадот ќе биде како во минатото корзото нема да го сечат улици .



Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Feb-2010 at 03:33
А да склопите Вие Струмичани една скица, да ме тепаш нема да се снајдам и со толку објаснување. Една слика иљада зборови. Нити знам што е Југопромет ниту која е која улица.


Posted By: fichot
Date Posted: 08-Feb-2010 at 23:25
Ме бендисува потфатов и се надевам дека ќе се оствари во предвидениот рок. Само некако празен ми делува плоштадот, дај нека го направат па после ќе му туриме едно 20 скулптури. шала. 


Posted By: leonid23
Date Posted: 09-Feb-2010 at 03:29

Скулптури не , ама се планира да се изгради саат кула Cheers



Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Mar-2010 at 15:20

Плоштадот во Струмица по терк на француски Лион

Шест фирми се пријавија на тендерот за изградба на плоштадот во Струмица. Локалната компанија Жикол со најповолна понуда. Конкурирала со понуда вредна околу 184 милиони денари. Доколку ги исполни и останатите критериуми, за помалку од месец токму оваа фирма може да ја отпочне изградбата на плоштадот.

Проектот чини околу 4 милиони евра. Струмичкиот плоштад треба да добие нов лик до почетокот на 2011 година.

Струмица ќе стане град со простран плоштад. Според проектот на општината,тука од година сообраќајот ќе се одвива подземно, а предвидена е и гаража.

Идејата е земена од француски Лион кој според градските власти има најдобро решение за централното градско подрачје.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=58762


Posted By: Addvert
Date Posted: 07-Apr-2010 at 15:30
...



Print Page | Close Window