Print Page | Close Window

Водостопанство

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Инфраструктура
Forum Discription: Транспорт, телекомуникации, водостопанство...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=82
Printed Date: 16-Apr-2024 at 12:36


Topic: Водостопанство
Posted By: pbanks
Subject: Водостопанство
Date Posted: 01-Nov-2007 at 22:06

@Clover инспириран од твојота исцрпна презентација за ХС Злетовица, чисто да ја евидентирам и оваа вест

Хидроакумулацијата Лошана ќе се полни од јануари

Општина Делчево вчера распиша јавен оглас за избор на најповолен понудувач за завршување на придружните објекти на хидроакумулацијата Лошана.

Огласот е распишан откако Владата одобрила 4,2 милиони денари за довршување на објектот, во чија изградба во изминатите осум години без вложени 250 милиони денари. За предавање во употреба на браната се потребни само завршување на дренажниот систем, набавка и монтирање на централна шахта и вентили за затворање и изработка на елаборат за прво полнење.

- Веројатно ќе треба да обезбедиме уште пари од други извори, бидејќи, според нашите процени, потребни се околу десет милиони денари. Очекуваме, по истекувањето на рокот, во декември сите работи да бидат завршени и првото полнење на Лошана да почне во јануари. Со тоа, конечно, ќе се реши проблемот со водоснабдување на Делчево и на неколку села - изјави вчера делчевскиот градоначалник Мирко Иванов.

(Љ.Ш.)

 
Извор: http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=91881C533A6A5341A8026836BBC3B020 - Дневник



Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Nov-2007 at 22:08


Првпат слушам за ова  Cheers


Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Nov-2007 at 23:39
Originally posted by Cloverstack



Првпат слушам за ова  Cheers
 
Имаше подетално за ова или во некој од вчерашните или во некој од завчерашните весници но не ми текнува во кој. И ова е некој антологиски проект на кој што е можно да му се гледа крајот.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Dec-2007 at 01:39

„Водовод“ ќе инвестира во замена на азбестните цевки

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ напролет ќе ги почне градежните зафати за замена на азбестно-цементните цевки. Во инвестиционата програма на претпријатието за наредната година, ова е една од приоритетните инвестиции за која се планирани 60 милиони денари. Ќе се заменуваат дел по дел од цевките, бидејќи за целосна замена се потребни 25 милиони евра.

Целокупната должина на азбестната мрежа изнесува стотина километри, што е 8 отсто од вкупната водоводна мрежа во Скопје. Азбестно-цементните цевки ќе бидат заменети со дуктилни или полиетиленски, а градежните зафати ќе се одвиваат паралелно во неколку населби во Скопје. Најголем дел од нив се во околината на населбата Драчево.

„Ако треба, ќе го раскопаме цело Скопје, азбестните цевки мора да ги замениме. Ќе распишеме тендер и паралелно ќе ангажираме три фирми. Овој процес би го започнале уште во јануари идната година, со претквалификација на фирми, и во февруари, евентуално март, доколку дозволуваат временските услови, би ги започнале градежните зафати за замена на азбестно-цементните цевки“, вели Игор Арнаудов, директор на ЈП „Водовод и канализација“. (Сн.К.)



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Dec-2007 at 01:40
А знае ли некој дали се докажани штетните ефекти на азбестни цевки за вода? Знам дека азбестот е многу канцероген ако се вдишат честички, ама додека нашиве надлежни не го покренаа ова со замена на цевките не знаев за оваа работа. Не викам дека цевките не се штетни, едноставно сум неинформиран.



Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Dec-2007 at 00:27
еве повторно за првата вест во нишкава

Делчевци трајно го решија водоснабдувањето

ИВАН БОЈАЏИСКИ

ДЕЛЧЕВО - Триесетгодишната желба на жителите на Делчево да изградат вештачко езеро во општинскиот атар веќе е реалност. Изградбата на браната „Лошана” на истоимената река во подножјето на планината Голак, е завршена работа. Техничкиот прием ќе биде готов до крајот на годинава, а локалната власт планира нејзино свечено предавање во употреба да го организира до крајот на јануари идната година.

„Реализиравме голема потреба со што на Делчево и на селата Тработивиште, Стамер и Вирче, односно на близу 20.000 жители им се обезбедува чиста планинска вода за пиење во наредните 25 години. Во овој потфат се вложени 4,5 милиони евра, по два од тајванските кредити на Васил Тупурковски и од Министерството за транспорт и врски, а со половина милион евра учествуваше општината”, вели градоначалникот Мирко Иванов.

Во најтоплите денови Делчево и спомнатите села трошат 50 литри вода во секунда. Изградбата на првото вештачко езеро обезбедува за двапати поголемо количество вода. „Лошана” може да акумулира 1.650.000 кубни метри вода која по пат на гравитација ќе пристигнува до корисниците. Тој факт, според Иванов, значи намалување на трошоците за струја на ЈП „Брегалница” за цели 90 проценти. Досега јавното претпријатие за струја месечно плаќаше по 400.000 денари, а со користење на водата од вештачкото езеро ќе се плаќа само десет проценти од оваа сума. Иванов вели дека по изградбата на браната, локалната власт и јавното претпријатие ќе мора да продолжат со менување на водоводната мрежа низ Делчево, во поголемиот дел е со азбестни цевки кои во светот се забранети за употреба.

„Делчево има потреба и од модерен градски пазар, за што веќе имаме изготвено проект. Тој ќе биде до Спомен-домот на АСНОМ и ќе се гради според принципот на јавно-приватно партнерство. Општината во тој проект учествува со земјиштето и инфраструктурата, а веќе имаме бизнисмени кои го најавија својот интерес за партнерство во реализацијата на проектот”, потенцира градоначалникот Иванов.

Во овој град во близина на македонско-бугарската граница живеат во уверување дека од идната пролет ќе започне со реализација и проектот за отворање граничен премин кон Бугарија кај месноста Црна Скала. Со тоа трасата кон Софија ќе се скрати за 40 километри. Од идната година Македонија ќе може да ги користи парите од претпристапните европски фондови, кои во најголем дел ќе бидат наменети за проекти од патната инфраструктура и енергетиката, а тоа е голема можност да се реализира овој зафат. Отворањето на овој граничен премин, според делчевскиот градоначалник, ќе отвори новите перспективи на градот кој во времето на транзицијата мошне осиромаши во секаква смисла.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9C553F81B5F72C408133905986C1A543


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Jan-2008 at 05:46
чисто да го архивираме ова:

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2F997CA21D35D5429D128F8C43A280AE - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2F997CA21D35D5429D128F8C43A280AE


Кај Стара чешма привршува поставувањето на водоводните цевки

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ги привршува градежните работи околу поставувањето на дуктилните цевки Ф 500. Старите цевки ќе бидат заменети со нови во должина од 800 метри. Трасата почнува од улицата „Пролет“ кај ресторанот „Злате“, покрај Тутунскиот комбинат и завршува на улицата „Иван Козаров“, кај трафиките на Стара чешма.

Од претпријатието тврдат дека со тоа жителите ќе добијат подобро водоснабдување и со посилен притисок.

Засега не е планирано продолжување на проектот и поставување вакви цевки Ф 500 во други делови на Кисела Вода, но доколку, според Генералниот урбанистички план се покаже дека е потребно, тогаш ќе се размислува за тоа. Директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Игор Арнаудов, вели дека цевките се на познатиот француски производител „Понтамушон“, произведени според најсовремена технологија. (Сн.К.)



Posted By: La Linea
Date Posted: 27-Feb-2008 at 19:42
оваа вест ме израдува многу, значи некој се грижи за очајната состојба на Дојранско езеро. Само не знам што ќе се прави со преспанско..

Во Дојранско Езеро дотур од 300 до 400 литри вода во секунда

Од цевководот  “ Ѓавочко Поле“ на хидроситемот моментално во Дојранското Езеро влегува од 300 до 400 литри вода во секунда, а истовремено се врши и реконструкција на целиот систем и електрониката од настанатите штети од невремето и поплавите настанати во 2004 година, ни рече в.д. директорката Гордана Поп-Кочева.

Засега со пумпата се работи рачно, а нивото на водата не бележи опаѓање благодарејќи на претходните врнежи.

Во летниот период кога испарувањето на водата е огромно по потреба ќе бидат вклучени сите пумпи кои се во можност да вршат дотур од 800 до 900 литри вода во секунда.

Инаку, средствата за реконструкција се обезбедени од Министерството за екологија.






-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: dejan
Date Posted: 27-Feb-2008 at 23:45
Super


Posted By: La Linea
Date Posted: 01-Mar-2008 at 14:36
Лоша вест

ВО „РАШЧЕ“ АЛАРМАНТНО
Скопје ќе нема вода Штедењето вода треба да почне уште денеска зашто состојбата е алармантна, апелираше скопскиот градоначалник Трифун Костовски. Тој најави дека ќе одржи состанок со јавното претпријатие „Водовод и канализација“ за да се информира за претстојните резерви на вода. - Поради високите температури што ја зафатија земјава, уште од сега треба да се провери каква е издашноста на изворот „Рашче“ и кои се капацитетите на бунарите со вода за пиење. Ако треба, под итно ќе го менуваме и буџетот, но овој проблем мора да се реши. Доколку е потребно, ќе се купи и нова опрема, ќе се ископуваат нови бунари или, пак, ќе се користат оние со нечиста вода, која ќе се филтрира во питка - вели Костовски. Тој нагласи дека состојбата со водните резерви во земјава е ризична затоа што податоците покажуваат дека бунарите се скоро секнати и водата во нив е спуштена за 15 метри подолу.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1332&ArticleID=85966 - Време


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: ProMKD
Date Posted: 05-Mar-2008 at 22:32
А да ве прашам нешто околу цистерните што го чистат Скопје навечер.. јас имам видено како тие цистерни се полнат у Карпош 2 кај тој објектот на АРМ, на истата улица кај Вардар Мебел близу Градски Парк. Не знам поточно што е тој објект што ја служи војската, ама има еден голем Туш, и цистерните се паркираат под него и тушот пушта вода и го полни камионот. Дали некој знае повеќе за ова и дали има други вакви станици во Скопје? 


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Aug-2008 at 17:44
 Wallbash

Скопје губи вода колку едно Дојранско Езеро

Од 100 милиони кубни метри првокласна вода за пиење, колку што годишно се произведуваат во изворот Рашче, околу 30 отсто се губат поради дотраените цевки, злоупотреба на хидрантите и дивите приклучоци


Цело лето блика вода од хидрантот на улицата Теодосиј Гологанов

За четири години, вода колку цело Дојранско Езеро неповратно истекува низ скопската водоводна мрежа поради дотраените цевки, расипани хидранти, диви приклучоци и полевање на зеленилото. Според податоците од „Водовод и канализација“, од 100 милиони кубни метри вода, колку што годишно се произведува во изворот Рашче за потребите на Скопје, околу 30 отсто се губат поради технички дефекти или комерцијални загуби. Тоа значи дека годишно бесполезно истекуваат во земја 30 милиони кубици првокласна вода за пиења, која чини 15 милиони евра според актуелната цена за кубен метар што ја наплаќа „Водовод“.Водата се губи, во најголем дел, поради искршените и испукани цевки во водоводната мрежа поради стари до 50 години или неисправни хидрантите. Останатиот дел на загубите се должат на украдена вода преку диви приклучоци или грешки во мерење на потрошувачката поради неисправен водомер.Јосиф Милевски, раководител на Секторот за хидрологија во Управата за хидро-метеоролошки работи вели дека иако изворот Рашче е многу штедар со вода, не смее да се дозволи да се губи големо количество вода.

- Сликовито кажано, ова значи дека вода колку една четвртина од Дојранското Езеро неповратно истекува низ водоводниот систем на Скопје. Ил,и пак, загубите на вода во Скопје се еднакви на капацитетите на кумановската акумулација Глажња, или на Турија, која се наоѓа во Струмичко - вели Милевски.Тој апелира до градските власти и до граѓаните наменски да се користи водата за да не ги доведеме нашите потомци да останат без чиста вода.

- Иако сметам дека засега во Скопје нема опасност од недостиг од вода, сепак мора да се зголеми свеста за употребата на водата. Тогаш во Скопје не би имало каков било проблем за нормално снабдување, бидејќи штедроста на изворот Рашче засега сосема задоволува - вели Милевски.Во Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ велат дека главна мерка за да се намалат секојдневните загуби на вода е реконструкцијата на водоводната мрежа. Во оваа година е планирано да бидат заменети 12 до 15 километри поцинкувани и азбестни цевки од водоводната мрежа. За таа цел, „Водовод и канализација“ годинава ќе потроши околу 100 милиони денари. Практиката покажа дека старите поцинкувани цевки се причина за поголем број дефекти и за загуби на вода. Бидејќи тие корозираат, по дваесетина години веќе се неподобни за употреба. Ќе се оди на планско менување, реон по реон. Веќе се почнати активности во неколку општини - вели Жарко Ивановиќ, директор на Секторот за експлоатација и одржување на капацитети во „Водовод и канализација“.Во водоводната мрежа се' уште има поцинкувани водоводни цевки поставени во периодот меѓу двете светски војни кога почнало модерното водоснабдување на Скопје. Најмногу од нив има во старите населби Кале и Гази Баба.Во овие делови од градот има многу стари водоводни цевки, кои имаат многу дупки. Затоа, тие итно мора да бидат заменети. Исто така, ќе се менуваат и салонит-азбестните цевки заради здравствена безбедност на граѓаните, иако тоа е дискутабилно и е недокажано - вели Ивановиќ. Со замената на цевките, според Ивановиќ, од една страна ќе се подобри квалитетот на водоснабдување на граѓаните, а претпријатието ќе ги намали техничките загуби.Големо количество вода се губи од неисправните хидранти. Граѓаните се жалат дека на многу улици и тревници со месеци тече вода од хидрантите, а никој не реагира.Постојано апелираат да штедиме вода, а од хидрантот на нашата улица постојано тече. Не само што бадијала се троши вода туку поради тоа се намалува притисокот во чешмите - вели жител од Дебар Маало.Во „Водовод“ велат дека во вакви случаи, нивни екипи веднаш интервенираат по добиена пријава. Во претпријатието апелираат да не се користат противпожарните хидранти за полевање на тревниците.

Петтина од светот страда за вода

Една петтина од светското население страда од недостиг на вода, а во 2025 година со истиот проблем ќе се соочат 30 отсто од луѓето, велат во Обединетите нации, кои 2008 година ја прогласија за Светска година на водата за пиење.Во Стокхолм, Шведска, вчера почна светската конференција „Напредок и перспективи во областа на водата- за почист и поздрав свет“, по повод Меѓународната недела на водата. Околу 2.500 научници, политичари и официјални претставници од 140 држави ќе разговараат за опасностите поврзани со недостиг од хигиена и санитарни јазли. Од ОН потенцираат дека секоја година умираат по 1,4 милион деца од болести предизвикани од дијареја и од лошата хигиена.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F088305FF61BA547BD09735EA67BAF10 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F088305FF61BA547BD09735EA67BAF10


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Oct-2008 at 23:39

Браната на Оризарска Река ќе донесе прогрес за 70.000 жители

Проектот за основање јавно претпријатие „Оризарска Река“ доживеа фијаско

Иван Бојаџиски

ШТИП - Кон крајот на деведесеттите години стручњаци за води од Јапонија ги посочија реките Злетовица кај Пробиштип и Оризарска во Кочани како првокласни водни ресурси на ниво на држава. Нивниот краен заклучок беше дека на двете реки вреди да се изградат брани. Со тоа источниот дел на Македонија би добил два регионални хидросистема за водоснабдување на 170.000 жители, наводнување на плодни ниви и производство на струја.

Но, по десет години, и по јасно изразената подготвеност на Јапонската банка за техничка соработка да инвестира во изградба на хидросистеми, идејата за брана на Оризарска не мрднува од место. Според предвидувањата, браната би акумулирала 23 милиони кубни метри вода, колкав што е и капацитетот на Злетовица. Од неа ќе се офајдат 70.000 жители на општините Кочани, Виница и Чешиново-Облешево. Околу 70 проценти од водата ќе биде наменета за водоснабдување на дваесетина населени места, 20 проценти од водата ќе се трошат за наводнување, а десет за производство на струја.

„Во 1998 и 1999 година тим од десет јапонски стручњаци ангажирани од Јапонската банка за техничка соработка, ги испитуваа хидролошките услови и можностите во нашава држава. Нивната експертиза за источниот дел на Македонија јасно ги издвои реките Злетовица и Оризарска како значајни водни потенцијали во кои вреди и треба да се инвестира. Злетовица наголемо се гради, но проблем е што за такво нешто нема домашна иницијатива и за Оризарска Река“, вели Славко Николов, кој во тоа време беше директор на ХС „Злетовица“.

И додека „Злетовица“ оди напред, на браната кај Кочани, а со тоа и на целиот хидросистем „Оризарска Река“ како да се заборави. Еден обид работите да тргнат од место беше направен во 2003 година, кога на маса беше ставен проектот за основање јавно претпријатие „Оризарска Река“. Меѓутоа, обидот доживеа фијаско зашто општинските совети на Оризари и Зрновци не се согласија седиштето на јавното претпријатие да биде во Кочани. Оттогаш наваму, идејата како да падна во заборав.

Љубомир Јанев, градоначалник на Кочани, изјави дека од проектот засега нема ништо и дека е замрзнат на неодредено време.

„Општините не се согласија околу некои сегменти за формирање меѓуопштинско претпријатие. Немаме правен субјект кој ќе ги води работите. Затоа проектот стои“, вели Јанев.

Тој не' упати на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Ратко Димитровски. Јанев укажа дека лани, на форум одржан во Оризари, Димитровски јавно ветил дека студијата ќе била готова летово, а изградбата на браната ќе почнела оваа есен.

„Точно е само тоа дека во Оризари имаше трибина на која најмногу се говореше за проектот брана на Оризарска Река. Трибината ја организираше невладината организација ’Мост‘, а присуствуваа и градоначалникот Јанев, раководството на КЈП ’Водовод‘, директори на институции, пратеници... Сите беа едногласни дека браната и регионалниот хидросистем на ова подрачје му се неопходни. Како пратеник од партија на власт бев овластен јавно да кажам дека на ова прашање ќе се работи со помош од Владата. Тоа и се случи. Летово Министерството за земјоделство објави меѓународен јавен тендер за изработка физибилити студија за браната. Проблемот е во тоа што немаше заинтересирани субјекти. Не е точно дека ништо не се работело зашто и домашни стручњаци вршеа хидролошки мерења на подрачјето и го испитуваа теренот“, објаснува Димитровски.

Славко Николов предупредува да се побрза. Тој вели дека од јапонската банка која обезбеди поволен кредит за „Злетовица“ биле подготвени истото тоа да го направат и за системот на Оризарска Река.

„Тие се чудат зошто од кај нас доаѓаат иницијативи, се прашуваат зошто никој не ги контактира. Надлежните во Владата и од заинтересираните општини треба да тропнат на вратата на нашите пријатели од земјата на изгрејсонцето. Колку побргу, толку подобро“, вели Николов.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=7BF893571B05134EA43E9F7A1E967895




Posted By: my Macedonia
Date Posted: 25-Oct-2008 at 11:28
„Водовод“ остана без јубилејна чешма
Автор:  Р.З.

Веќе поминува сто и првата година од изградбата на првиот водоводен систем во Скопје, а јавното претпријатие „Водовод и канализација“ не успеа да постави спомен-чешма пред Камени мост на плоштадот „Македонија“, која требаше да биде споменик по повод еден век од неговото постоење.

Изградбата на чешмата била по иницијатива на „Водовод и канализација“, откако во септември минатата година се одбележа стогодишнината. Но целиот проект запрел откако општината Центар не посочила локација на плоштадот „Македонија“ каде што би требало да се постави објектот.

Се планираше спомен-чешмата да биде функционална и нејзината вода да може да се пие, а да се простира на десет метри.

Од управата на „Водовод“ велат дека тие поднеле иницијатива за изградба на спомен-чешма на плоштадот „Македонија“ во 2006 година, дека во нивната програма за распределба на буџетот ги обезбедиле потребните пари, останале без локација и се откажале.

- Изградбата на чешмата беше планирана за минатата година, а требаше да биде готова до прославата на јубилејот од постоењето на претпријатието. Сите административни процедури беа завршени, само чекавме да ја добиеме локацијата за изградбата, а потоа да распишеме јавен конкурс за идејно решение. Сепак, општината Центар не ни одобри место и тука запре целата постапка. Оваа година веќе не го планиравме проектот во буџетот - истакна Слободан Димитровски, заменик-директор во јавното претпријатие.

Општинарите од Центар објаснуваат дека не располагале со државното земјиште и немале надлежности да доделуваат локации за изградба на чешма пред Камени мост, и покрај тоа што не станува збор за објект туку за урбана опрема.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=215&ArticleID=9892 - http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=215&ArticleID=9892


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Nov-2008 at 04:29

Парите од поскапувањето на водата се трошат на големи проекти

Според Костовски, цената на водата и натаму е ниска за град кој има растечки потреби

Средствата што се добиени од зголемувањето на водата, Градот и ЈП „Водовод и канализација“ ги трошат на реализација на неколку проекти. Од поголемите во работна фаза се фекалниот колектор „Инџиково“ и реконструкцијата на азбестно-цементните цевки во противвредност од 100 милиони денари. Се гради и фекалниот колектор од десната страна на реката Вардар и фекалната мрежа и пречистителна станица во Волково.

Според градоначалникот Трифун Костовски, и покрај поскапувањето на водата, цената е се' уште ниска за град кој постојано има растечки потреби. Потребна е замена на азбестната мрежа која е долга помеѓу 13 и 15 километри, од кои веќе се заменети 3,5 километри. Изградбата на фекалниот колектор од десниот брег на реката Вардар е сепарат кој во иднина ќе ги носи сите отпадни води од градот до новата пречистителна станица, која во иднина треба да се гради во Скопје.

„Поскапувањето на водата ни дојде како мевлем. За средствата што се добиени по основа на зголемувањето, ќе дадеме отчет. Сега сме на едно рамниште на се' уште ниска цена во Скопје, имајќи ги предвид местоположбата на изворите и транспортот на водата. ’Водовод‘ мора максимално да работи и од аспект на безбедноста на изворот Рашче и бунарите, но и да оди со солуција да се обезбедат изворите на реката Треска кои имаат чиста вода, бидејќи прашање на време е кога и тие ќе може да се користат“, рече Костовски.

Градоначалникот додава дека ЈП „Водовод и канализација“ е перманентен потрошувач на електрична енергија, кој претставува голем трошок за транспортирање на водата до корисниците.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=E476C423E634454FA53961C2971CBD57



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Dec-2008 at 03:45

Браната „Турија“ темпирана бомба за Струмица

suzana-taseva.jpg Сузана Тасева http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=102032#komentari - Коментари (0)   javascript:otvoriVideoPrilog%2808/turija-21-12.wmv,%20102032%29">  
21.12.2008 19:26
 

 

Деформирани и испукани бетонски плочи и поткопан преливник, во ваква состојба повеќе од четири години се наоѓа најголемата брана во Струмичкиот регион “Турија”. Толку време и експертите предупредуваат на опасноста што струмичани ги демни од неа и бараа од надлежните да извршат итна и обврзна санација, бидејќи последиците ќе бидат катастрофални.

„Се прашувам дали струмичкото поле може да го снема како легендарната Атлантида“, рече Ѓеорѓе Манушев, градоначалник на општина Босилово.

Состојбата со браната се влоши по поплавите во 2004 година. Две години подоцна обезбедени се 21 милиони денари за санацијата, која требаше да се изврши лани. До денеска ништо, и покрај ургентните писма од водостопанското претпријатие упатени лично до министерот за земјоделство Ацо Спасеновски.

„Значи ја повикувам Владата под итно да види каде се овие 21 милион денари и зошто досега не е започната санацијата на браната ‘Турија’“, додаде Манушев.

И „А1“ се обиде да дознае зошто не е извршена санацијата, но до одговор не дојде. Од Министерството за земјоделство топката ја префрлија во „Струмички слив“, овие во Управата за водостопанство, па назад во Струмица и Министерството за транспорт и врски, кое ја издава дозволата за санација.

И додека така играат надлежните, сега браната се полни само со 17 милиони кубици вода, една третина од нејзиниот капацитет.

За четири години, само во општина Босилово, за штети од поплави се исплатени над еден милион евра, а само санацијата на браната чини 300.000 евра.



http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=102032


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Dec-2008 at 22:36
Уште една вест за слуајот со браната „Турија“

Надлежните молчат за браната Турија

suzana-taseva.jpg Сузана Тасева http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=102123#komentari - Коментари (0)   javascript:otvoriVideoPrilog%2808/brana-23-12.wmv,%20102123%29">  
23.12.2008 16:51
 

 

Ѕид на молчење околу браната Турија во Струмичко. Никој не сака јавно да зборува зошто досега и покрај предупредувањата на експертите, итна и обврзна санација не е извршена во 2007 година. Од министерството за земјоделство, два дена нема одговор. Единствено се огласи министерството за транспорт и врски.

Оттаму велат дека не можат да издадат одобрение за санација заради нерегулирани имотно-правни односи, што значи документацијата од водостопанското претпријатие „Струмички слив”не била комплетна.

Од „Слив”пак велат, се што било во нивна надлежност било завршено, а за подетални информации не упатија во Управата за водостопанство, а оттаму пак во министерството за земјоделство.

А1 дознава дека имало нерасчистени имотно-правни односи меѓу „Сливот” и „Македонски шуми” и двете под капата на министерството за земјоделство. И додека вака играат надлежните, состојбата со браната се влошува.

„Затоа што може да предизвика катастрофални последици и по луѓето и по објектите во струмичката котлина” рече Ѓеорѓе Манушев градоначалник на општина Босилово.

Оваа брана, чии оштетувања се случија по поплавите пред четири години, е најголема во Струмичко. Од неа градот се снабдува со вода и се наводнува најголем дел од струмичкото поле. Но сега од безбедносни причини се полни само со 17 милиони кубици вода, една третина од нејзиниот капацитет.



http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=102123


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Jan-2009 at 00:38
Ќе се гради езеро на Оризарска Река

Изградбата на хидросистемот Оризарска Река кај Кочани ќе почне за шеесетина дена, беше најавено при последната посета на владини претставници на местото на кое треба да се гради браната. Локацијата и досегашните анализи покажаа дека месноста Зла Страна во близина на селото Речани ги задоволува критериумите за изградба на ваков објект.

Со неговата изградба ќе се заокружи системот на водоснабдување на Кочани кој засега, според оценката на стручњаците, произведува скапа вода за пиење. Во акумулацијата Речани, според проектот, се предвидува да се акумулираат 22 милиона кубни метри вода, кои, освен за водоснабдување на кочанскиот и на виничкиот регион, ќе се користат за наводнување на нови 500 хектари земјоделски површини во регионот, како и за производство на електрична енергија во три мини-хидроцентрали.Се очекува претставници од владините институции да ја соопштат динамиката за реализација на овој неколку десетици милиони евра вреден проект.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8DF08527D5DFE04CA3EB29BE54F52BEE


Posted By: vardar
Date Posted: 28-Jan-2009 at 01:57
 

Изработен проектот за пречистителна станица во Трубарево

Скопје до 2020 година треба да добие колектор и пречистителна станица за третман на отпадните води. Проектот за изградба на ста ицата за водите на Вардар, која треба да се гради во село Трубарево, е веќе изработен, а се очекува нејзината изградба да почне годинава. Донацијата од јапонската влада ќе се реализира преку Јапонската агенција за меѓународна соработка и Министерството за животна средина и просторно планирање, како и Градот Скопје. Изработката на физибилити-студијата е завршена.

- Презадоволни сме од тоа како се одвиваше соработката со претставниците на Министерството и со Агенцијата за меѓународна соработка на јапонската влада. Градот формира надзорен комитет кој работеше на студијата, но реализацијата е невозможна без помош од Владата - рече Лилјана Ончевска, претставничка на Градот.

Двата главни колектора ќе бидат од левата и од десната страна на Вардар, а пречистителната станица во Трубарево. Низ неа би требало да минуваат 166 илјади кубни метри вода дневно. Станицата би ги задоволила услугите на популација од 513 илјади жители. За изградбата се потребни 110 милиони евра.

Со овој систем отпадната вода од домаќинствата ќе биде собирана и обработувана, ќе биде подобрен квалитетот на водата за пиење, а се очекува и подобрување на водоснабдувањето. Негативни влијанија во фазата на изградбата на пречистителната станица се промената на геолошките карактеристики на теренот, привремената промена на правецот на реката Вардар, експропријација на земјиштето, непријатната миризба, бучавата и градежниот шут.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=31229C4B6D16274899E63716CA124768 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=31229C4B6D16274899E63716CA124768


Posted By: гитардемон
Date Posted: 28-Jan-2009 at 14:42
Па со самото постоење на Вардар си постои непријатна миризба и градежен шут Тоа зошто го навеле не ми е јасно... А инаку не сфаќам, ќе се пречистува водата од Вардар за да се пие!?!? Или ем ќе се пречистува водата на Вардар, ем ќе биде пречистителна станица за водата за пиење?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Feb-2009 at 00:38

Гумена брана ќе наводнува 500 хектари

Гумена брана на реката Брегалница ќе овозможи наводнување на нивите во Облешевско и во Теранско, најплодни атари од Кочанското Поле. Браната што ќе се гради ќе служи за наводнување на 500 хектари под разновидни земјоделски култури.

Иницијативата за изградбата на гумената брана ја дадоа водните заедници од Облешево и Теранци, поддржани од локалната самоуправа на Општина Чешиново-Облешево, а парите ги обезбеди Владата преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Дел од гумената брана - воздушната „перница“ е веќе набавена, останува да се изгради бетонската основа во коритото на реката Брегалница, каде што треба да биде поставена гумената препрека. Лани поради сушата речиси половината од родот на земјоделците од овој крај беше уништен и беше направена голема материјална штета.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=28BF3C869F1BDB408F43883DC614AC6A


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Mar-2009 at 18:58

Македонија ќе си ја претвориме во пустина

Неправилниот распоред на врнежите, негрижата кон водата, ерозијата и високите температури ќе придонесат во 2050 година Македонија да стане пустинско подрачје


Според податоците, сегашните акумулации апсолутно не ги задоволуваат потребите со вода зашто само 120.000 хектари се со можност за наводнување, а во земјава има околу 400.000 хектари земјоделско земјиште

За помалку од четириесет години Македонија ќе стане пустина, тврдат експертите од областа на водите. Главна причина за ваквите прогнози се глобалното затоплување, намалените врнежи, ерозијата на почвата и негрижата кон водените ресурси и акумулациите што се изградени во земјава. Според истражувањата на експертите, Македонија просечно има врнежи од 720 милиметри на квадратен метар, што теоретски се доволни за обновување на водните ресурси. Меѓутоа, проблемот е што тие не се правилно распоредени просторно и временски. Просторно, поголем дел од врнежите се на повисока надморска височина како Лазарополе, Попова Шапка, Маврово. Во рамнините, во кои се најпотребни врнежите, количеството се движи околу 400 милиметри на квадратен метар, што е апсолутно недоволно. Домашните водени ресурси се околу пет милијарди метри кубни вода, најголем дел проточна вода на сливни подрачја и подземна вода. Самиот факт, пак, дека 96 отсто од земјиштето во Македонија се подложени на ерозија дава јасни сигнали дека таа мора под итно да се спречи, а тој аспект од проблемот, според експертите, најмногу се потценува во земјава.

ШТЕДИ И АКО СИ БОГАТ

- До 2050 година Македонија ќе стане пустина ако нашиот народ не почне да се бори со тоа. Треба да се сменат навиките на луѓето. Прво, треба земјоделците да се навикнат на рационално наводнување со современи системи како „капка по капка“. Нашиот народ има погрешен пристап во односот кон природните богатства. Уште на самиот почеток на образованието децата се учат дека Македонија е богата со вода и секој тргнува од тоа. Значи, ако сум богат не треба да штедам, а тоа е многу погрешно - вели Ордан Чукалиев, декан на Факултетот за земјоделство и храна.

Според него, засега има доволно вода, но не во цела Македонија. На пример, во Струмица и во околината нема доволно вода не само за пиење туку и за индустријата и за наводнување. Во Скопје, пак, има пример што го нема никаде. Со вода за пиење се полеваат тревници, се наводнуваат бавчи и се перат автомобили.

- На Вардар нема ниту еден зафат, туку експлоатирани се само неговите притоки. Во Скопско, каде што има огромна потреба од вода за наводнување, нема ниту една акумулација. Земјоделците се снаоѓаат со бунари и со ископи од кои црпат вода за наводнување. Следни на листата со недостиг од вода се Овче Поле и централниот вардарски регион, во кој, всушност, е најлошо во однос на врнежите - вели Вјекослав Танасковиќ, од Земјоделскиот факултет.


Сувата распукана земја, фотографирана летоска во Пелагонија, ќе биде секојдневна слика за сите македонски рамнини

НЕДОВОЛНИ АКУМУЛАЦИИ

Експертите по хидросистеми велат дека многу голем проблем е што Македонија нема водостопанска основа од поново време.

- За да се утврди колку вода има и како таа треба рационално да се користи, треба во секое време да се има водостопанска основа. Македонија користи водостопанска основа од седумдесеттите години што не дава реална слика на вистинските богатства со вода - велат експертите од оваа област.

Според податоците на Министерството за земјоделство, сегашните акумулации апсолутно не ги задоволуваат потребите со вода. Само 120.000 хектари се со можност за наводнување, а се наводнува само една петтина од нив. Ако се знае дека во земјава има околу 400.000 хектари земјоделско земјиште, тогаш не е тешко да се пресмета дека нема доволно акумулации што ќе го покријат сето земјиште што се обработува. За состојбата да биде уште полоша, според последните анализи, се наводнуваат само 15.000 хектари, што е многу минимално. Меѓутоа, не треба да се занемари фактот дека кај нас последниве неколку години се повеќе се наводнува со подземни води, а тоа не се регистрира никаде. Според ресорното министерство целта на секоја Влада треба да биде да се обезбеди вода за сите 120.000 хектари, па и за целокупното земјоделско производство, но и за пиење и за индустрија.

Треба да учиме од Израел

Израел е земја што никој ја нема достигнато во однос на управувањето со водите, велат експертите. Со само два природни водотека и со нивно правилно зачувување и стопанисување има врвно земјоделско производство. Таму секоја капка вода домаќински се користи, за разлика од овде, каде што водата се расфрла. Нашиот земјоделец мисли дека ако направи кал, само тогаш е добро наводнето. Тоа не е наводнување, туку заблатување. Свеста мора да ни се менува, бидејќи иако вода има доволно засега, таа треба да им остане и на тие што доаѓаат по нас. Расипничкиот однос со водата нема да не однесе никаде, бидејќи не е точно дека водата ни припаѓа на сите нас од Бога дадена и за неа не треба да се грижиме и таа не треба да се плаќа - велат експертите.

ИНФО- Лошо менаџирање со водите

За четириесет години Македонија ќе стане пустина ако продолжиме лошо да менаџираме со водите. Главна причина за ова црно сценарио се климатските промени, но и намалените врнежи, ерозијата на почвата и негрижата кон водените ресурси и акумулациите.



Извор: http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=2333FD3CDDF49F4AA8247138EE2DB204&arc=1 - Дневник


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Apr-2009 at 01:08

Скопскиот водовод со изминат рок на употреба

Републичкиот завод за здравствана заштита препорачува што поскоро да се замени старата со нова водоводна мрежа

Дотраените азбестни водоводни цевки се' почесто пукаат и предизвикуваат повеќекратна штета.Граѓаните се жалат дека со часови немаат вода додека се поправа дефектот, а неретко се случуваат и поплави пред нивните домови. За Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ застарената водоводна мрежа, пак, е причина за големи загуби на вода.

- Секоја зима пукаат цевките, иако тоа не е исклучено и во летниот период. Кога пукна последниот пат на улицата Мелничка, каде што живеам, бликаше вода од сите страни. Моравме со соседите да се самоорганизираме и да викнеме мајстор за да го отстрани дефектот бидејќи од „Водовод и канализација“ не сакаа да дојдат, вели Љутви Сеферовиќ од Шуто Оризари.

Од „Водовод и канализација“ се жалат дека честите дефекти не им предизвикуваат проблеми само на граѓаните. Според Златан Икономов, директор на Секторот за технички работи и развој, половина од загубите на вода се поради дотраените цевки.

- Од 93 милиони кубни метри вода колку што се произвело лани во Скопје, 58 проценти се регистрирани како техничка загуба. Од нив, повеќе од половината, односно 30 отсто, е загубена поради пукање на дотраените азбестни и поцинкувани водоводни цевки.Останатите 28 проценти загуба на вода се предизвикани од годишното миење на канализациската водоводна мрежа, од полевање на јавните зелени и сообраќајни површини, како и од губитокот во системот поради паушални корисници што имаат неисправни водомери, вели Икономов.„Водовод и канализација“ уште од минатата година поведе акција за менување на севкупната водоводна мрежа со просечна старост од 35 години. Во некои делови од градот, цевките се стари и до 65 години.

- Ова е меѓу првите поголеми и посериозни зафати за реконструирање на водоводната мрежа. Во изминатите години имало кампањски и помали интервенции само на одредени места, тврди Икономов.Иако луѓето сметаат дека азбестните водоводни цевки може да влијаат врз здравјето на луѓето, Икономов мисли поинаку.

- Се' уште не е научно докажано дека азбестните цевки негативно влијаат врз здравјето на луѓето. Тие се закопани в земја и заштитени се со цементна конструкција, дециден е Икономов.

Дека нема теоретски можности азбестните цевки штетно да влијаат врз здравјето на луѓето потврдуваат и од Републичкиот завод за здравствена заштита (РЗЗЗ) кој од минатата година го води надзорот на исправноста на градската водоводна мрежа. Но, тие предупредуваат и апелираат дека мрежата е со изминат рок и оти е потребно што побрзо да биде заменета со нова и поиздржлива.

- Азбестните цевки не влијаат штетно врз здравјето на луѓето. Проблемот е што тие имаат одреден рок на траење кој веќе изминува. Водата не може да врши абразија или да ги испушта азбестните влакна од цевките. Азбестните влакна може штетно да влијаат врз нашето здравје кога се вдишуваат од воздухот. Затоа, наша препорака е да се заменат старите водоводни цевки чиј рок на траење е четириесетина години, објаснува Михаил Кочубовски, раководител на Одделението за хигиена на водата и комунална хигиена при РЗЗЗ.

Замена со поиздржливите дуктилни цевки

Со акцијата на „Водовод“, старите дотраени цевки и салонитните азбестни и поцинкуваните цевки ќе се заменат со дуктилни цевки кои имаат епоксидна заштита од надворешни влијанија, односно не ‘рѓосуваат, имаат поголема издржливост и век на траење од околу 40 години. Што е најбитно, овие цевки се според сите стандарди за користење вода за пиење.

- Оваа акција ја почнавме лани. За таа цел во инвестициската програма од јуни минатата година до јуни годинава се предвидени 100 милиони денари за ваквата активност. Годинава, пак, за замена на водоводните цевки се издвоени уште 100 милиони денари, информира Икономов. Со 100-те милиони денари од лани предвидено е да се реконструира водоводна мрежа во должина од 12 километри. Приближно уште толку километри од мрежата ќе бидат заменети и годинава.

- Од минатата година досега изработени се нешто повеќе од 6.200 метри, за што се потрошени 58 милиони денари. Во текот на зимата имаше застој поради лошите временски услови. Активностите продолжија во март. Дванаесетте километри водоводна мрежа, планирани со средствата од 2008 година, се предвидува да се завршат до јуни. Значи, за две години ќе биде заменета водоводната мрежа од вкупно 25 километри, вели Икономов.

Тој смета дека ако се' оди со предвидената динамика, за 10 години ќе биде обновена целата водоводна мрежа, со вкупна должина од 100 километри. Како што објасни Икономов, досега се заменети водоводните мрежи на улиците Ратко Мирковиќ во населбата Драчево, Милан Мијалковиќ во Пржино, Марко Орешковиќ во Кисела Вода, повеќе улици во населбата Даме Груев во Ѓорче Петров, на улицата Бис во Чаир, потоа на улиците Париска и Вера Јоциќ, на улиците Миле Поп Јорданов, Братфорска и Стогово во населбата Козле и на дел од улиците во Дебар Маало, Ченто, Маџари, Мичурин...Во тек се работите кај поликлиниката „Ремедика“, на улиците Христо Узунов, Церска и Неврокопска во населбата Пржино, Обновата на цевките ќе продолжи и во Горно Лисиче.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9FA319CD2AB86640956F8F7A36A76879


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Apr-2009 at 01:14
Не сум знаел дека сосотојбата на Скопје со водоводот е во толку лоша состојба. 68 проценти технички загуби е стварно многу. Треба што побрзо да се зафатиме со изградба на секундарна мрежа за техничка вода и санирање на дефектите од примарнава. Инаку незнам зашто овие цефки за водовод не се спроведуваат како оние за парно, односно во бетонирани канали и наместо цефки да се користат гумени ли пластични ли црева па поселсно да се санираат и дефектите и полесно да се менува целата мрежа.


Posted By: La Linea
Date Posted: 22-Apr-2009 at 23:23

Пролет со толку многу врнежи немало одамна

Полни со вода се Шпилје, Калиманци, Мавровско и Тиквешко Езеро

Снежана Калабакова

Дождливото време влијае депресивно врз луѓето, но многу поволно врз земјоделските култури во Македонија. Експертите тврдат дека хидролошката состојба не само што е мошне погодна за аграрот, туку ветува и многу поволна енергетска состојба и снабдување со вода во наредниот период од годинава. Тие веруваат дека нема да има поплавување на површини. Доколку локално се случи тоа, ќе биде во деловите каде што има повисоки подземни води и ќе биде незначително. Агрометеоролозите велат дека почвата е незаситена со вода и тврдат дека тоа го покажале и испитувањата што биле направени на 60 сантиметри длабочина.

Вчера 24 литри на квадратен метар наврнаа на Попова Шапка, 20 во Маврово и во Крушево, 18 литри на квадрат во Охрид и 16 литри во Крива Паланка. Врнежите од дожд го покачија нивото на сите реки и езера и тоа е над повеќегодишниот просек, иако се нагласува дека досега имало слични или повлажни години.

Во пораст се природните и вештачките езера, а тоа значи дека се полни со вода Шпилје, Калиманци, Мавровско и Тиквешко Езеро. Ваквата состојба ветува поволна енергетска состојба. Експертите велат ќе има и доволно вода за пиење, особено во деловите каде што водоснабдувањето е критично, како што се Прилеп, Кичево, Крушево или Македонски Брод.

Од Хидролошкото одделение на Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија објаснуваат дека нивото на сите реки и езера во земјава е над повеќегодишниот просек, гледано три децении наназад. По претходно две мошне сушни години, ова велат ќе биде влажна година, која ќе обезбеди побогат род. Метеоролозите најавуваат дождови и во наредниве денови, а агрометеоролозите ја оценуваат состојбата како одлична. Повторно ќе врне в сабота и в недела, а дневните температури ќе бидат помеѓу 13 и 19 Целзиусови степени. И идната недела од вторник попладне до четврток ќе биде дождливо, а локално ќе има дожд и во периодот од 1 до 3 мај.

„Ако продолжи дождливото време, можни се незначителни излевања на води во деловите каде што има повисоко ниво на подземни води, Пелагонија, Полошко на потегот кон Јегуновце, односно вливот на реката Бистрица во Вардар. Но, тоа нема да биде ништо сериозно. Влагата ветува убав род, доколку нема други непогоди. Мошне поволна е за пролетната сеидба и воопшто за сите култури. Од 1 април до денеска дождовите придонесоа нивото на Преспанското езеро да порасне за 10 сантиметри, на Охридско за 12 и на Дојранско за незначителни 2 сантиметра“, вели Коста Угрински, хидролог во УХМР.

Според мерењата на експерти од Хидролошкото одделение, вчера Вардар во Скопје имаше 75 кубни метри во секунда, а реката Треска кај Македонски Брод - 27,5 кубни метри во секунда. Водите на Пчиња кај Катлановска бања имаа брзина од 24,5 кубни метри во секунда, Брегалница кај Штип - 28,1 и Црна кај селото Новаци, Битолско, 27 кубни метри во секунда.

„Есенските посеви сега имаат најголема потреба од влага и колку и да има врнежи, тие не се доволни. Ако се анализира април во триесетгодишен просек, ќе се види дека врнежите годинава биле потпросечни, бидејќи првата и втората декада од овој месец имаат просек помеѓу 30 и 35 литри на квадратен метар. Според количествата дожд, може да се каже дека во Пелагонија состојбата е дури и критична за да се изведат сите процеси на тамошните земјоделски култури, за разлика од Овче Поле. И на овошките им треба повеќе влага во почвата“, вели Ангеле Ангелески, советник за агрометеорологија во УХМР.

Душанка Танушевска, дежурен синоптичар во УХМР, вели дека поради разведрувањето утре и задутре се очекува утринските температури во одделни делови да се спуштат од минус 2 до 3 степени. Утре ќе биде претежно сончево, а дневните температури ќе бидат во благ пораст и ќе се движат во интервал од 14 до 21 степен.

Нивото на Дојранско Езеро неделно се покачува за 20 сантиметри

ДОЈРАН - Нивото на водата во Дојранско Езеро секојдневно расте. Топењето на снегот од планината Беласица предизвикано од покачувањето на температурите и врнежите од дожд иако со послаб интензитет се причините за зголемување на водостојот. Езерото го полнат и извори кои во изминатите години поради сушата беа пресушени, а зголемени количини вода се слеваат и од хидросистемот „Ѓавато“.

Според Злате Талески, кој го врши мерењето на водата во Дојранско Езеро, неделно нивото на водата од сите расположливи сливници се покачува за околу 20 сантиметри. Познавачите на приликите велат дека ова е најголемото полнење што го доживува езерото по еколошката катастрофа. (Е.П.)


http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=12B109830E65234BAD950AF46C65FC0F



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Apr-2009 at 00:47
Ова со водостојот е доста значително за Македонија како и за регионов, пошто последниве години наназад гледавме доста суша и суви речни корита. Ме охрабрува највеќе Дојранското езеро, но се сомневам дека езерото не е повторно злоупотребено за наводнување на околните ниви. Се сеќавам дека едно време од грчка страна имаше некоја најава дека некоја тамошна мала река ќе се преусмерела према дојранското езоро, ама изгледа ништо не биднало од тоа. Ај ако некој се сеќава или има некое инфо (најдобро график) околу водостојот на езерото од системот навака ќе го молам да постира.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Apr-2009 at 10:17
Подземните води од Косово - потенцијална бомба за Македонија
Автор:  Александар С. Димковски
Македонија
Водата значи живот. Но таа може да биде и причина за сериозни заболувања. По бомбардирањето на Косово со осиромашен ураниум се зголемија и стравувањата од можна контаминација преку подземните води што дотекуваат во Македонија. За научната јавност ваквите стравувања имаат сосема реална основа. Скопје се снабдува со вода од изворот Рашче. Експертите велат дека оваа вода не потекнува од таа околија, туку доаѓа од подалеку. Досегашните истражувањата покажале дека поголем дел од подземните води на Балканскиот полуостров доаѓаат од север кон југ, што значи од Косово и Србија кон Македонија.

Голема е веројатноста атмосферските води да инфилтрираат дел од овој радиоактивен отпад во подземните води што може да биде сериозна закана по здравјето на македонските граѓани, предупредуваат од Игапе, институтот за геобиологија, подземни води и екологија.

- Како единствена институција во Македонија што се занимава со оваа проблематика ние имаме стратегија и начин да извршиме мониторинг и анализа на подземните води што доаѓаат од Косово и Србија кон Македонија. На тој начин ќе бидат откриени загадувањата на водите и ќе може да се преземат мерки за пренасочување на водните капацитети за користење - ни изјави др. Стојан Велкоски, генерален менаџер на Игапе. Тој смета дека испитувањата треба да бидат научни и студиозни. Тие ќе дадат одговор на прашањето што сè влегува од геолошката утроба спрема Македонија и во кој правец се движат подземните води. Според експертите досегашните испитувања се недоволни бидејќи не се знае ни каде се наоѓаат подземните води, а камоли тие да се следат. Македонија е сеизмички активно подрачје и можни се изненадувања, кои ќе го пренасочат текот на водата. После секој земјотрес одредени извори секнуваат или се појавуваат нови.

- Потребно е подготвување на сеопфатни детални хидрогеолошки карти на подземни протечни води во Македонија и според нив да се подготват еколошки карти. Овие карти во иднина ќе се користат и за изградба на бензински пумпи и други градежни објекти - вели Велкоски.

Од Републичкиот завод за здравствена заштита ни изјавија дека еднаш до два пати годишно се мери нивото на радиоактивност на водата за пиење во сите водоводи во државата.

- Категорично тврдам дека во делот што значи вода за пиење нема зголемена радиоактивност. Нашите испитувања покажаа многу пати помали вредности од одредени дозволени гранични параметри - изјави Владимир Кендровски, раководителот на Заводот. Тој беше дел од тимот кој вршеше мерења на загадувањето на водата за пиење и по бомбардирањето на Косово. Во Македонија мерењата се вршат на 12 мерни места. Кендровски нагласува дека радиоактивен материјал може да се внесе и преку вдишување, но тоа повеќе се однесува на местата во непосредна близина на бомбардирањата.

На сајтот на Обединетите нации за екологија е извршено мапирање на сите локации на Косово каде е бомбардирано со осиромашен ураниум. Од Републичкиот завод за здравствена заштита нагласуваат дека се вршат процени по здравјето и засега нема никакви ризици. Овие мерења се потребни и заради природниот тек на подземните води, бидејќи тие може да поминуваат и низ природни извори на радиоактивни елементи во земјата како радонот на пример, нагласуваат од РЗЗ. Од аспект на радиоактивност, останува нејасно каква е состојбата со многубројните бунари, бушотини, извори, протечни и подземни води кои се користат за наводнување. Затоа пронаоѓањето и изработката на хидрогеолошките карти на подземните и протечни води е неопходна, заклучуваат експертите.




Водата доаѓа од утробата на земјата

Во своите научни трудови Велкоски ја побива досегашната теза дека водата е резултат на снегот и дождот, кои се сливаат во пониските делови.

- Само еден дел од водните ресурси може да потекнува од атмосферски услови, додека поголемиот дел потекнува од јувелнино потекло. Најновите истражувања ја потврдуваат оваа теза дека водата доаѓа од подлабоките структури на земјата и под притисок избива и протекува на површината- тврди Велкоски. Дел од таа вода е со висока температура, а потоа се разладува, но може да биде и постудена, нагласува тој.




Скопје да се одвои од Рашче

Зголемената потреба од вода за главниот град ја наметнува потреба од нови наоѓалишта на чиста вода за пиење. Од Игапе како најдобра опција ги посочуваат планинските венци на Водно и Скопска Црна Гора.

- Треба е да се најдат главните водни артерии од овие планини и водата да се извади по природен пат без испумпување, односно по пат на гравитација да се донесе до градот. Во зависност од висината и капацитетот на водата на ваков начин може да се произведува и струја со вградување на моќни турбини - смета Велкоски. Според него, Скопје се снабдува од бунари со вода за пиење која не е доволно квалитетна за употреба.




И обичните депонии може да бидат опасни

Светската практика покажува високо ниво на заинтересираност на општеството за движењето и влијанието на подземните води врз околината и врз здравјето на луѓето. Истражувањата покажале дека во последните години сè повеќе се загадуваат подземните води, кои можат да се најдат и на длабочина до 14 километри во Земјината кора.

Студијата на Рударско-геолошкиот факултет од Загреб за влијанието на отпадот „Јакушевец“ врз подземните води во околината покажала силно изразени локални аномалии и висока концентрација на тешки метали, опасни по здравјето на луѓето. Колку за илустрација, се работи за депонија за одложување обичен, комунален или таканаречен неопасен отпад, како „Дрисла“ кај нас. Радиоактивните супстанции од осиромашен ураниум се многу поопасни по здравјето ако луѓето дојдат до контакт со нив, бидејќи овие елементи не се разградуваат, односно процесот на нивно целосно распаѓање е илјадници години.

Реномираните научни институции користат сателитски и синхронизирани аерокосмички методи за испитување на подземните води преку дешифрирање на магнетните снимки од сателити. Ваков метод на работа применуваат и во институтот Игапе.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=381&ArticleID=23498


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-May-2009 at 00:06

Се урна браната во Рапеш градена предизборно

Битола - Се урна браната на Маковска Река кај мариовското село Рапеш што беше градена предизборно. Жителите се крстат во господ што настанот се случил во текот на ноќта и помина без последици за луѓето и за стоката.

Браната во Рапеш се изгради со цел на жителите да им овозможи континуирано напојување на стоката, бидејќи овој крај е сушен во текот на летото. За овој проект Општина Новаци од касата потроши околу 3,5 милиони денари. Градоначалникот на Новаци, Лазо Котевски, вели дека од идната недела ќе се гради нова брана на трошок на изведувачот.

Жителите на Рапеш обвинуваат дека браната била направена нестручно и набрзина колку да се покажела Општината пред избори дека нешто се работи во мариовските села. Со вода била наполнета помеѓу двата изборни круга. Изградба на браната Мариовци ја чекале со децении, мислејќи дека таа ќе им ги реши проблемите со сушата. Но, наместо тоа, велат дека можело да се случи трагедија.

„Среќа што се случи ноќта, оти ако беше во текот на денот, ќе отидеа и стоката и луѓето. Оти секој ден сме тука на овој терен.

Ова е објект без темел. Тоалет не може да се гради без темел, а не ваков капитален објект. Ако вака се гради, многу е опасно не само за нас туку за сите жители од овој крај. За брана треба да се употреби соодветен материјал, глина, а не што било. Треба да има и соодветен надзор“, обвинува Зоран Трајковски, жител на Рапеш.

Тој се сомнева дека една од причините за уривањето на браната е нестручноста на тимот што ја градел. „Тука работеа неколку луѓе кои не беа стручни. Обични луѓе како мене, возачи. Попушти и почна да тоне. Уште ненаполнета, насипот не беше ист на двете страни. Дојде денот да се направи, ама не беше безбедна“, вели Трајковски. Откако браната се урнала, селаните ја алармирале Општината.

Градоначалникот Котевски вели дека за уривањето на браната одговорност имаат и жителите.

„Браната во Рапеш беше дел од стратегијата за развој на руралните општини. Според проектот што беше направен, таа требаше да биде висока четири метри и тогаш ќе издржеше. Но, по инсистирање на локалното население, бидејќи ќе немало доволно вода, ја кренавме уште два метра и покрај тоа што не се согласуваше главниот надзор. И не издржа. Тука влијаеја и временските услови. Оваа пролет имаше многу вода од дождовите и притисокот не издржа, зашто беше земјена брана набиена со камен. Одводниот канал, кој исто така беше планиран на три метри, а се крена на 4 метра придонесе да не издржи браната“, објаснува Котевски. Тој најавува дека сите трошоци за изградба на нова брана ќе ги преземе изведувачот.

„Изведувачот има одговорност да ја изгради повторно браната, почнуваме од вторник со нови параметри и со нови пресметки“, најави Котевски. (А.Б.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=930CE78E35CAF04E81622D24B3069C0E


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-May-2009 at 01:54

Ќе се заменат 25 километри од азбестно-цементните цевки

„Водовод“ издвои 100 милиони денари за отстранување на старите и поставување нови цевки

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ и годинава продолжи со отстранување на азбестно-цементните цевки од водоводната мрежа. Според планираното, ќе бидат заменети 25 километри од азбестно-цементната мрежа во градов, за што ќе се инвестираат околу 100 милиони денари.

Деновиве се започнати работите за замена на старите азбестно-цементни цевки во населбата Маџари во должина од 550 метри. Се менуваат цевки на улиците „Маџари 1“ и „Маџари 3“. Се работи и во населбата Црниче на улиците „Христо Узунов“, „Церска“ „Неврокопска“ и „Ениџевардарска“, при што ќе се заменат 900 метри од старите цевки. Во населбата Водно, пак, на улицата „Загрепска“ и на околните улички, планирани се нови цевки со должина од 530 метри, а 230 метри стари цевки ќе се заменат со нови и на уличките околу поликлиниката „Железарница“.

„Поради тендерската процедура, минатата година со заменета на азбестно-цементните цевки почнавме во август, а зимските месеци не' спречија да ги завршиме работите. Затоа сега се работи и на завршувањето на приклучоци и асфалтирање на прекопи на 16 објекти. Се изведуваат градежни зафати на различни локации во градов, почнувајќи од Чаир, населбата Даме Груев, Пржино и Маџари, делот кај хотелот ’Белви‘. Се асфалтираат и прекопите во Дебар Маало на улицата ’Тодор Чангов‘ и на околните улици“, вели Злате Икономов, директор на техничкиот сектор на „Водовод“.

За триесетина дена ќе се врши замена на азбестно-цементни цевки и во населбата Даме Груев на улица „Лука Геров“ во должина од 900 метри. Со должина од 1,3 километри ќе бидат заменети и цевките во населбата Козле, а планирано е и менувањето на 3 километри од азбестно-цементниот цевковод во населбата Јурија на улицата „Александар Демиевски“ и околните улички. Ќе се извадат и старите цевки со должина од 590 метри во Долно Нерези на улицата „Демир Трајко“. (Сн.К.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D1B69F32E5B8864E8122AF00D152D71B


Posted By: Dragan
Date Posted: 08-May-2009 at 10:34

Се гради водоводот во Љуботен

Општина Бутел ја заврши изградбата на резервоарот за новиот водовод во Љуботен. Тој е поврзан со главната водоводна цевка која ќе го полни резервоарот со капацитет е 120 метри кубни, а таа црпи вода од изворот Бошевац на Скопска Црна Гора, оддалечен на околу 16 километри од селото. Во Љуботен веќе е поставена нова водоводна мрежа и многу брзо водоводот ќе биде пуштен во употреба. Вода ќе добијат 2.500 жители на Љуботен.

Водоводот ќе чини околу 500.000 евра. (Сн.К.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A12E2C650574BD49899A767076F34276


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Jun-2009 at 13:50
Мислам дека оваа добра вест може да иде во оваа нишка Cheers

Дојранското Езеро го доживува најголемото полнење

Дојранското езеро го доживува најголемото полнење по еколошката катастрофа што се случи пред 20 години.

Од топењето на снегот, дождовите, хидросистемот Ѓавато и обновените извори кои во изминатите години беа пресушени, нивото на водата неделно се покачува за околу 20 сантиметри.

„2000., 2001, кога езерото беше на минус 4 метри под нулата, моментално сега е 1 метар под нулата, според тоа значи Дојранското езеро е покачено 3 метри во висина“ рече Злате Талески набљудувач на УХМР.

Со полнењето на езерото се враќа и оптимизмот за комплетно туристичко оживување на Дојран. Приоритетно оваа лето ќе биде крајбрежјето.

„Плажите да ги попесочиме најмалку 2 илјади кубици планираме да фрлиме по плажите, како туристите кога би дошле пред сезоната, да имаат убави и уредни плажи“ рече Глигор Чабулев, градоначалник на Дојран.

Во последните неколку години во летниот период во Дојран се реализираа над 100 илјади ноќевања. Туристичките работници се надеваат дека освен за домашните, Дојран конечно ќе стане интересен и за странските туристи.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109654


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Jun-2009 at 03:13
Иако бев помал, убаво се сеќавам на скептицизмот на кој наидовме како општество кога ни беше презениран проектов. Мене и тогаш ми беше чудно што воопшто државава во тоа време се зафати за ваков долгорочен проект кој е еден од ретките долгорочни еколошки прокети што ги имаме превземено како самостојна држава, и треба да ни биде пример дека бенефитот од ваквите прокети е огромен.

Инаку за хидроситемов Ѓавато имам некои работи што ме бунат, односно зашто воопшто треба систеов да користи енергија дополнителна кога може да работи комплетно без струја, барем според моите аматерски размислувања, односно преку затворен систем на свразни садови водата да го преминува ридот, или па евентуално струјата што ја троши да биде произведува комплетно од потенцијаната енергија која ја има водата при падот кон дојранското езеро.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Jun-2009 at 03:59
Ѓавато 2 треба да го напои Дојранско Езеро


Министерството за животна средина и просторно планирање спроведува Проект за изведба на истражни дупнатини, пеизометри и експлоатациски бунари Ѓавато 2, кој треба да обезбеди дополнителни количини вода за Дојранското Езеро, со што ќе го врати во природна рамнотежа и ќе влијае врз развојот на туризмот во регионот.
- Со проектот се обезбедува значително зголемување на потенцијалите за снабдување на езерото со воден волумен и се засилуваат претпоставките за обезбедување на одржливиот развој, како фаза кон нивото на доведување на езерото во природна рамнотежа. Овој факт ќе има важност во натамошниот развој на туризмот во дојранскиот регион, кој пак, на микро ниво ќе има голема улога во зголемувањето на вработеноста - смета заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Соња Лепиткова.
Државата постојано презема активности за заштита на езерото кое е природна реткост и е единствено по своите карактеристики и благопријатни дејства во регионот и пошироко. - Заштитата е неопходна особено поради тоа што во неодамнешниот период имаше катастрофално опаѓање на нивото на водата во езерото - вели Лепиткова.
Со проектот ќе бидат задоволени и потребите за редовно функционирање на системот за наводнување Паљурци, кај локалитетот Ѓавато, со што ќе се обезбеди повисок степен на безбедност на наводнувањето и развој на богданскиот регион. Проектот чини 210 милиони денари што се озбезбедени од Буџетот. Проектот ќе се реализира во две фази. Во првата, која е започната и треба да заврши во септември годинава, се извршени геофизички и хидролошки истражувања, започната е изградба на експлоатациски бунари, од кои два се завршени, а два се во припремна фаза на изведба. Во втората фаза треба да се изградат десет бунари длабоки 40 метри со пречник од половина метар, да се постават пумпни станици, да се изградат потисен цевковод, поврзан со посојниот доводен систем, столбни трафостаници, далновод и командно-контролен центар. Оваа фаза, а со тоа и целиот проект, треба да заврши кон средината на идната година.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=395A6A6BEAB6D047A7A8209A17E5EF30


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Jun-2009 at 12:50
Јас уште имам скептицизам за проектов. Всушност не за проектот сам по себе, туку за тоа дали на некој начин во разумна мерка сме се заштитиле да не ни се случи ние да го полниме езерото а грците пак да го цицаат и во таков случај што можеме да превземеме пред меѓународни организации.

Оние забелешки за тоа како негативно ќе се одразел врз исклучително специфичниот екосистем во езерото според мене не држат. Главната штета беше нанесена пред тоа, со празнењето на езерото. Сега работата е да се спаси тоа што може да се спаси.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Jun-2009 at 13:09
А не сум слушнал до сега да се упати барање до УН, за да помогнат во заштитата на езерово, дали преку УНЕП или преку која и да е организација. Така барем ќе можеме да ги покрива средствата преку меќународни фондови со тоа што проектот е осмислен и да покажана функционалност, што е еден од основните услови за да се добијат вакви средтства, а од друга страна да се стави езерото под заштита и да не биде повеќе со главна дејност наводнување. 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Jun-2009 at 15:20
Ohno

ЗА ДВЕ ДЕЦЕНИИ СЕ УНИШТИ СИСТЕМОТ ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ
Покрај вода, нивите жолтеат

Само една осмина од капацитетите за наводнување се искористени, поради што, покрај вода, македонските ниви остануваат суви. Состојбите на терен покажуваат дека имаме изградено инфраструктура за наводнување на 164.000 хектари, а се наводнуваат само 23.000 хектари. Во изминатите дваесет години системот за наводнување се распадна, а Вардар дозволивме речиси нечепнат да им го испорачуваме на Грците, па на пет до шест километри од Вардар ни е сушно. -Така си поминува низ Македонија и ретко кој го користи, а во непосредна близина покрај Вардар е суша. Скопско Поле пред дваесетина години целото беше со канали и со водна мрежа, која наводнуваше 20.000 хектари. Дел од тоа е уништено, урнато, на разни начини украдено, растурено - вели Огнен Оровчанец од скопска „Агроунија“. Се уништија и големите хидросистеми „Стрежево“, „Мантово“, „Турија“, „Калиманци“ и сега тие се неефикасни. Пред неколку години водостопанските претпријатија се трансформираа во водни заедници, кои ги раководеа самите земјоделци, но се покажа дека оваа трансформација е неуспешна, односно земјоделците не се снајдоа во раководењето. -Секој пат се доцни со испораката на водата, цената не одговара на парцелите, не одговара по засеаните површини затоа што, на пример, наводнувањето на еден хектар пиперки е поскапо отколку наводнувањето на оризовите полиња, што за нас е неправилно. Од друга страна, застарен е системот и има чести дефекти, кои сиромашните водни заедници не можат да ги поправат - појаснува Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијација на земјоделци.
Во водните заедници објаснуваат дека почнале од нула, а наследиле разурнат систем. - Кога порано имало средства, не се направени поправките. Ние како нови водни заедници формирани со буџет од нула и како непрофитни организации, не би можеле да направиме санација, туку треба дополнителни средства од државата - вели Зорица Николова од водната заедница во Ерџелија.
Решението е во 50 проценти субвенции на инвестициите во системот на наводнување, што би им се дале на земјоделците што би вложиле во системот или кои би копале бунари од кои потоа ќе произлезат нови водни заедници. - Секаде, особено во Бугарија и во Романија, кои се европски земји, најмалку 50 проценти од инвестициите се субвенционираат. Грците имаат ископано бунари и на 300 метри, а кај нас во Овчеполието вода може да се најде и на 50 до 60 метри “ објаснува Оровчанец. Колкава би била биде добивката од субвенциите, може да се види преку примерот со производство на пченка.Оваа култура без наводнување нема шанси да се произведе, поради тоа годишно увезуваме 50-80 илјади тони пченка, што се околу 15 милиони евра годишно одлеани од државата. Експертите велат дека со овие пари инвестирани во системи за наводнување на 10.000 хектари, оваа пченка можеме да ја произведеме и дома. Тоа значи дека ќе го анулираме увозот и ќе се обезбеди домашна суровина за добиточна храна, односно поевтино месо, млеко и јајца.

Парите течат низ пукнатина

Главниот канал на водостопанското претпријатие „Кочани“, кој поминува 120 километри од браната „Калиманци“, е планиран да го наводнува Овчеполието. На само неколку дена пред сезоната на наводнување, каналот е во катастрофално лоша состојба, со пукнатини на бетонското корито низ кои неповратно се губи водата. Во Турција и во Израел, пак, во водата се додеваат хемиски средства за да се намали испарувањето со што максимално би се искористила водата. Кај нас 20 проценти од водата се губи само низ пукнатините на каналите.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1732&ArticleID=115784


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Jul-2009 at 12:22

Чистата вода се троши сé понемилосрдно

Домаќинствата во Скопје во летниот период ја зголемуваат потрошувачката за 25 отсто, односно за 400 илјади кубици месечно, поради постојаното прскање дворови и полевање тревници

%20

Секој ден од изворот во Рашче, преку главните цевководи на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, кон Скопје се упатуваат 260 илјади кубни метри вода за пиење со врвен квалитет. Тоа е доволно вода за да се наполнат точно 104 олимписки базени со стандардни димензии, односно должина од 50 метри, широчина од 25 метри и длабочина од два метри. Главниот град го добива ова количество за само 24 часа.

Како го троши? Половината мистериозно се губи. Според сите податоци издадени од скопскиот водовод досега, загубата во системот изнесува 50 отсто, што е еден од највисоките проценти во Европа. Стотина илјади кубици, доволни за да се задоволат месечните потреби на една цела скопска општина, ги снемува за едно деноноќие. Каде оди таа вода? Објаснувањата од надлежните во претпријатието се дека овде спаѓаат истекувањата поради дефекти или поради застарениот водоводен систем, ненаплатената вода од корисниците, како и дивите приклучоци.

Но и другата половина не се користи рационално. Се употребува во индустријата, во автомијачниците, во повеќето паркови за наводнување зеленило и за други технички и комунални потреби. И населението, особено во индивидуалните куќи, во лето, кога состојбата со водоснабдувањето е и најкритична, ја зголемува својата потрошувачка за околу 25 отсто поради миењето дворови и полевањето тревници.


КАДЕ СЕ ОДИ ЧИСТАТА ВОДА?


Зеленилото во Аеродром од пред неколку години се полева со бунарска вода. Градскиот парк се одржува со водата од Вардар. Со мали исклучоци, во речиси сите други зелени површини се расфрла чистата вода за пиење. Иако се задолжени да се грижат за водоснабдувањето на градот, надлежните од „Водовод и канализација“ тврдат дека не располагале со податоци колку чиста, а колку техничка вода користат другите јавни претпријатија во градот.

Елизабета Георгиевска, портпаролката на „Паркови и зеленило“, вели дека петте бунари во Аеродром овозможиле таму целосно да се замени водата од Рашче со техничка, но случајот не бил таков во другите општини.

- Градскиот парк го полеваме со водата од каналите што се полнат од Вардар. Но градската водоснабдувачка мрежа ни е изворот за другото зеленило - додава Георгиевска.

За разлика од парковите, кои сé уште пијат вода наменета за луѓето, таа е целосно исфрлена од миењето улици. Катерина Лаова, портпаролката на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, кое е задолжено за одржување на чистотата на коловозите и на пешачките површини, вели дека се користи само техничка вода за овие потреби.

- Кај Генералштабот на АРМ се наоѓа нашата пумпа од која цистерните се полнат со техничка вода. Секој ден на улиците излегуваат по шест или седум цистерни, кои собираат по осум кубни метри. Значи нашата дневна потрошувачка е околу 55 кубици вода - објаснува Лаова.

Толкаво количество вода троши едно просечно семејство во станбена зграда за цела година, што значи дека екипите на „Комунална хигиена“ заштедуваат чиста вода за пиење за 365 семејства годишно.

Но не се сите штедачи на водата. Индустриите сé уште ја користат за своите потреби. Вкупно 82 кубици месечно се трошат во прехранбената индустрија, 25 кубици во индустријата за лекови, а 14 во другите индустриски гранки.

Автомијачниците, пак, трошат многу поголеми количества од индустриските капацитети. Шеесетината мијачници, колку што се регистрирани во градот, во просек користат по стотина кубици месечно, што значи дека секоја од нив го црпе изворот во Рашче колку десет семејства заедно.

- Имаме две мијачници, една на фреквентна улица, а друга на не толку прометно место. Сметките за вода ни изнесуваат околу шест илјади денари во првата, а две до три во втората. Ние немаме никакви услови да користиме техничка вода, приклучени сме на градскиот водовод - вели Илија, вработен во автомијачница.

Ниту 160-те илјади домаќинства што ги опслужува „Водовод“ не заостануваат. Во зима трошат 2,1 милиони кубици вода месечно, а во лето потрошувачката се зголемува за 400 илјади кубици, односно за 25 отсто. Оваа разлика се создава поради постојаното миење дворови и полевање тревници.



СЕКОЈ ДЕН СЕ ГУБАТ ПАРИ ЗА ДВА БУНАРА


Јавните претпријатија „Водовод и канализација“ и „Паркови и зеленило“ велат дека немале информации колку чини изградбата и искористувањето на еден бунар за наводнување зеленило. Тоа зависело од самиот проект, како и од изведувачот, односно кој колку ќе понуди на јавна набавка. Во градот во изминативе години се ископаа бунари на неколку места.

Со проект што го спроведоа градот и јавните претпријатија со помош на Светската банка беа направени четири бунари во населбите Аеродром и Ново Лисиче, односно се ископаа три нови и се обнови еден стар. Тоа вкупно чинеше 4,8 милиони денари и тие веќе се користат за да се полеваат пространите зелени површини во овој дел од Скопје. Еден кубен метар вода од градскиот водовод чини 17,25 денари, што значи дека во просек, за секој од овие бунари биле потрошени пари колку за 70 илјади кубици вода.

Тоа укажува дека парите што дневно ги губи „Водовод“ поради рекордните 50 отсто загуби во системот би биле доволни за секој ден да се прават по два бунара за техничка вода. Општината Гази Баба беше првата што со свои пари копаше бунари, по еден во Ченто и во Автокоманда, а и Карпош направи два во близина на спортската сала „Борис Трајковски“. Кисела Вода лани донесе програма за замена на чистата вода со техничка за полевањето на зелените површини, но таа сé уште не е реализирана.


„ВОДОВОД“: БЕЗ ПАНИКА


Од претпријатието „Водовод и канализација“ истакнуваат дека претераното трошење на чистата вода за пиење не треба да ги плаши граѓаните.

- Проблематични се појавите на трошење вода за полевање земјоделски култури, кое најчесто се случува во руралните средини, како и за миење тротоари и разладување улици пред дворовите. Според нашите сознанија, злоупотребата се случува на места и од корисници што не ја плаќаат водата, или тоа е вода украдена од јавните хидранти. За намалување на потрошувачката на вода можеме да влијаеме со кампањи и долгорочен плански пристап за едукација на децата како идни корисници. Тоа може да даде добри резултати, но само на подолг рок - велат од „Водовод“.

Од претпријатието истакнуваат дека годишно чиста вода за пиење се произведува околу 100 милиони кубици, односно месечно околу осум, а дневно просечното производство на вода изнесува околу 260 илјади кубици вода.

- Од поизведената чиста вода дневно загубите ни се 50 отсто. Тука спаѓаат категориите на потрошувачи што не ја плаќаат водата, односно јавната комунална употреба, за полевање на зеленилото, илегалните корисници и други - додаваат оттаму.

Според пресметките во разликата од потрошувачката, потрошените 400 кубици вода најчесто се поради полевање на градините во летниот период, како и поради разладувањето на улиците.


ПЕТ МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА БУНАРИ


Градоначалникот Коце Трајановски со последниот ребаланс на градскиот буџет обезбедил пет милиони денари за копање бунари за техничка вода, соопштуваат од неговиот кабинет.

- Технички можности и услови за користење на бунарската вода има. Во зависност од локацијата се утврдува и намената и потребното количество. Но исплатливоста на бунарите не треба да се разгледува само од финансиски аспект, туку кон нив треба да се пристапи, пред сé, како кон средство што ја штеди чистата вода за пиење. Градоначалникот во својата програма предвидува проект за искористување на техничките води. Рокот за неговата реализација е 2010-2011 година, но веќе оваа година успеавме да обезбедиме пет милиони денари и работите ќе почнат - сметаат од кабинетот на Трајановски.




Битолчани безмилосно трошат

Битолското водоводно претпријатие во лето испорачува по 800 литри вода во секунда, што е повеќе од двојно во однос на зимскиот период.

- Граѓаните нерационално ја трошат водата, полеваат градини и прскаат плочници, бетонски дворови, дури и улици пред куќите. Освен апели за рационално користење, немаме други механизми за да ги спречиме овие појави. Штом водата минува низ водомер, не можеме на некого да му кажеме како да ја троши бидејќи ја плаќа - вели Зоран Илиоски, директор на ЈП „Водовод“ од Битола.

Ваквото трошење предизвикува и големи дефекти во мрежата, која има цевки стари и по 40 години. Затоа и загубата во системот е околу 50 отсто. Менаџментот на јавното претпријатие со потребата за осовременување го правда поскапувањето на водата за 120 отсто, што треба да се случи од почетокот на идната година. Илиоски смета дека таа цена ќе ги натера и битолчани посовесно да ја користат водата.

Комуналните претпријатија работат на проекти за да се користи техничка вода од акумулацијата „Стрежево“, со која веќе се наводнува паркот кај градскиот часовник, а се задоволуваат и потребите на голем дел на индустријата. Се размислува и да се издупчат што повеќе бунари.

Е.М.




Тетово првпат без рестрикции по девет години

Периодот јуни-јули годинава во Тетово ќе се памети по тоа што немаше рестрикции во водоснабдувањето, состојба што беше неизбежна во последниве девет години. Штедроста на изворите на Шар Планина во овој период изнесува околу 480 литри, што од јавното комунално претпријатие го оценуваат како добра состојба.
- Годинава имавме одлични хидролошки состојби. Огромните количества дожд и снег придонесоа да се зголеми штедроста на изворите, па немаше потреба од рестрикции, дури и во најкритичните месеци - вели Сабедин Абедини од работната единица за водовод и канализација на ЈКП Тетово.

Оваа служба се соочува со проблемот на нерационалното користење. Граѓаните ја трошат водата за наводнување дворови и бавчи, како и за миење улици и простори пред дуќаните. Пред три години имаше акција за одземање на цревата на оние граѓани што инспекторите ќе ги затекнат како ненаменски ја трошат водата. Во градот нема техничка вода, па чистата вода за пиење се користи за сите потреби. Свој резервоар за техничка вода има само фабриката „Тетекс“.

А.С.




Пресушуваат цевките во високите зони во Струмица

Жители од погорните делови на градот Струмица велат дека не сакаат да ги плаќаат сметките за вода бидејќи нивните цевки се празни кога ќе настапат најголемите горештини. Најпроблематична е состојбата на улицата Славчо Стојменски, на која живеат стотина семејства. Пластични шишиња полни со вода се редовен декор на нивните тераси и лете и зиме.

- Ме фаќа инает и не плаќам вода уште од 2007 година. Ми стигнуваат опомени од „Комуналец“, но зошто да платам кога немам вода? Нека платат вода моите деца кога ќе умрам бидејќи во спротивно „Комуналец“ нема да ми даде гробно место - вели еден струмичанец.

И жителите на улицата Бетовенова велат дека можат да готват, да се капат или да перат само доцна навечер, поради слабиот притисок. Во „Комуналец“ потврдуваат дека тој дел од градот има проблем, но додаваат дека во ромското маало наплатата изнесува 23 до 25 отсто, а во другиот дел од градот 75 отсто. Редовните плаќачи реагираат на таа состојба и порачуваат да не се толерираат неплаќачите, односно тие да се одвојат со посебен вентил.

Минатата година преку проектот „Меап“ се обновени водоводните цевки низ целиот град, а со чиста вода за пиење се обезбедени и пет околни села. Една од мерките да се надминат проблемите е и користењето техничка вода, со која се наводнува Градскиот парк.

С.Џ.




Задоволени сите потреби во Охрид и во Струга

Охриѓани и стружани имаат квалитетно и навремено водоснабдување и во летните месеци, велат од меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“. Бранко Трпчески, директорот на претпријатието, информира дека сите извори се во оптек и нема потреба од загриженост.

- Сосема е сигурно дека потребните количества им се испорачуваат на корисниците. Во одредени населени места има прекини поради интервенции, но реагираме навреме секаде каде што ќе се појави дефект - вели Трпчески.

Граѓаните на стариот дел од Охрид реагирале дека имаат проблем со водоснабдувањето, но Трпчески го негира тоа.

- Тие досега не почувствувале што значи вистински недостиг поради технички проблеми. Немало ниту рестрикции. Се задоволуваат потребите и покрај тоа што во лето во стариот дел има поголема фреквенција на луѓе - додава директорот.

За домаќинствата се користи чиста вода за пиење, додека јавното претпријатие „Охридски комуналец“, според пропишаните нормативи, преку пумпа во центарот на градот користи техничка вода од езерото за да ги мие улиците. Сашо Алчев, директорот на ова претпријатие, најавува дека ќе се буши во близина на дирекцијата за да се обезбеди вода за овие потреби.

А.Р.




Во Прилеп нема злоупотреби

И покрај зголемената потрошувачка на вода во летните месеци, во Прилеп нема проблеми со водоснабдувањето. Од јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“ велат дека од Студенчица пристигнуваат по 450 литри во секунда.

- Овие количества се доволни ако граѓаните рационално ја користат водата. Ако има потреба, ќе го зголемиме и дотекот - вели Сашко Николоски, директорот на претпријатието.

Освен што се апелира за рационално користење, се врши и контрола за тоа како се троши водата. Николоски вели дека засега не забележале злоупотреби, а се задоволни и од добрата наплата и од реконструктивните зафати за промена на водоводната мрежа што ја прави австриската фирма „Штрабак“ со грант од банката КФВ.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7279956587&id=9&prilog=0&setIzdanie=21748


Posted By: Dragan
Date Posted: 27-Jul-2009 at 12:33

Тетово првпат без рестрикции по девет години

Периодот јуни-јули годинава во Тетово ќе се памети по тоа што немаше рестрикции во водоснабдувањето, состојба што беше неизбежна во последниве девет години. Штедроста на изворите на Шар Планина во овој период изнесува околу 480 литри, што од јавното комунално претпријатие го оценуваат како добра состојба.
- Годинава имавме одлични хидролошки состојби. Огромните количества дожд и снег придонесоа да се зголеми штедроста на изворите, па немаше потреба од рестрикции, дури и во најкритичните месеци - вели Сабедин Абедини од работната единица за водовод и канализација на ЈКП Тетово.

Оваа служба се соочува со проблемот на нерационалното користење. Граѓаните ја трошат водата за наводнување дворови и бавчи, како и за миење улици и простори пред дуќаните. Пред три години имаше акција за одземање на цревата на оние граѓани што инспекторите ќе ги затекнат како ненаменски ја трошат водата. Во градот нема техничка вода, па чистата вода за пиење се користи за сите потреби. Свој резервоар за техничка вода има само фабриката „Тетекс“

Mozem da kazem deka vo gornite delovi na tetovo (Koltuk, Dva Brezta Potok ) vo tekot na letoto sepak ima rekstrikcii koj moza da bodat od 2-3 cassa ili od 1-3 dena Wallbash


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Jul-2009 at 14:17
Штом водата минува низ водомер, не можеме на некого да му кажеме како да ја троши бидејќи ја плаќа - вели Зоран Илиоски, директор на ЈП „Водовод“ од Битола.
Воопшто не е така! Има повеќе начини ова да се регулира за водата да не оди за прскање плочници во време на недостаток. Може на ниво на град со некоја регулатива или со договори помеѓу претпријатието и корисниците каде што ќе биде наведено што ќе се смета за злоупотреба на водата или на некој сосема трет начин.
Сигурен сум дека тоа е регулирано на многу места, па Битола не би била ни прва ни последна.

Како и да е, добивам впечаток дека во Македонија сепак главни проблеми се загубите поради истекување од мрежата и особено дивите приклучоци / неплаќачите, кои сигурно се и најнебрежни кога станува збор за нерационално користење, бидејќи ништо не им менува дали потрошиле 10 или 1000 кубици.
Мислам дека прв приоритет треба да е решавањето на овие проблеми.

Инаку добра компилација од Нова Македонија  Cheers


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Jul-2009 at 20:26
Па се знае колку може едно домаѓинство да потроши вода за еден месец. Ако тоа количество е, да речеме, 5 кубика, онад све што ќе се надмаши над 5 кубика е со сомнителна намена и нека се наплаќа десеткратно. Слично на ангажирана моќност во сметките за струја.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Jul-2009 at 21:48
Господ напомош кога две бирократии ќе почнат да си ја префрлаат топката...

Новите згради ги исушија чешмите во Козле

Изминативе години инвеститорите добивале хидротехнички услови за една мрежа, а илегално се приклучиле на друга, па сега слабиот притисок ги остава граѓаните без вода за основните потреби

Чешмите на граѓаните во Козле се суви цело лето поради слабиот притисок во водоводната мрежа. Жителите се жалат дека немаат вода за пиење, за капење, а вклучувањето машина за перење полека им станува вистинска привилегија. Главна причина за слабиот притисок се новоизградените висококатници во Козле, подигнати изминативе осум години, велат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Според нив, проблемот е што зградите се изградиле, но Општина Карпош не ги искористила парите од платените комуналии за да ја надгради водоводната мрежа, која е проектирана за помал број на жители и ниски објекти.

Големи поплаки на сметка на „Водовод“ најмногу има од жителите од улицата од Миле Поп Јорданов, која ја сече целата населба. Овие жители се приклучени на истата мрежа на која се и новите згради. Велат дека до пред некое време притисокот бил добар, но дека последниве недели или е премногу слаб или пресилен.

- На моменти течат само капки вода, па потоа има појак дотек, па пак слаб. Притисокот се менува во секунди. Страшно е кога треба да се користи топла вода. Поради слабиот дотек, не е можно да се приспособи температурата на водата. Во еден момент е топла, во друг е жешка, до степен да може да доведе до изгореници - вели Весна Стојановска. Емилија Т. вели дека истото се случува и во реонот кај бензинската пумпа во Козле. На неа и на нејзините соседи не им е јасно како во високите населби Трндол и Жданец на Водно имаат вода и за наводнување на лозјата, а долу во Козле нема ни капка.Од „Водовод „ вината ја префрлаат на општината Карпош, која не ги вложила парите за комуналии за доизградба на мрежата.

- Слабиот притисок на постојната мрежа на „Миле Поп Јорданов“ се должи на новоизградените објекти, кои се приклучени на веќе постојната мрежа, која е со профил „2“, а се напојува од Ф-150 на улица Брадфордска. Во консултација со нашите стручни служби е утврдено дека во последните осум години не се издадени хидротехнички услови за приклучување на новоизградените или доградените објекти на истата мрежа која е предмет на поплака - изјавија од надлежните служби на „Водовод“.

Оттаму појаснуваат дека за доградба на мрежата е надлежен органот кој ги прибира парите од платените комуналии. Но, имајќи предвид дека инвеститорите добиле хидротехнички услови за една мрежа, а илегално се приклучиле на друга, не е јасно кој и како ќе го реши овој проблем во догледно време.


- За граѓаните да добијат квалитетен притисок треба да се придржуваат кон хидротехничките услови што ги издава „Водовод и канализација“, во кои е нагласено каде и на кој профил на цевка треба да се приклучи сопственикот на објектот - велат од „Водовод“. Од Општина Карпош, пак, велат дека претпријатието не ги исполнува своите обврски.

- „Водовод“ доби донација од милион евра за водоводната мрежа во Општина Карпош, а со тоа и во Козле, што досега требаше да ја искористи - велат во Карпош. Граѓаните освен за притисокот имаат поплаки и на односот на некои вработени во „Водовод“. Велат дека изминативе недели се јавувале за интервенција и за евентуално објаснување што е проблемот во Козле, но наишле на дрзок однос.

- Во дирекцијата на „Водовод“ не информираа дека надлежен за овој реон е извесен Тони, на број 3081-862. На контактот за поплаки исто Тони. Човекот Тони не убедува дека имаме вода, дека нема дефект и дека ние сонуваме дека немаме вода. Монополската позиција им овозможува да ги малтретираат граѓаните, но сигурно постои друго институционално решение - вели Стојановска.

Граѓаните од оваа улица веќе испратиле допис со „Водовод“ за решавање на проблемот со притисокот и поплака за односот на вработените.Од претпријатието информираат дека наведениот број е на пунктот во Козле, но и дека никој таму не е надлежен за комуникација со надворешни лица. Дежурните телефони за контакт со „Водовод“ се 3073- 010 и 070-325-920, на кои се снимаат разговорите со сите корисници што се јавуваат.

Јорданка Ивановска



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C0F54C1F94744F45AF3333375886C482


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Sep-2009 at 15:23

Свети Николе, конечно, доби вода за пиење

Проблемот решен со комбинација на водите од новите бунари и од „Злетовица“

Иван Бојаџиски

ШТИП - Свети Николе, општински центар со 15.000 жители, ја надмина седумгодишната криза со водата за пиење. Подолго од еден месец ЈКП „Комуналец“ им испорачува на домаќинствата исклучително квалитетна вода за секакви потреби. Бактериолошката и хемиската исправност на водата со писмен акт е потврдена и од Институтот за јавно здравје.

„Сега можеме да ја соопштиме добрата вест, дека долгогодишната криза во снабдувањето со вода за пиење за светиниколчани е минато. Проблемот го решивме со комбинација на водите од новите бунари и од регионалниот хидросистем ‘Злетовица‘. Ги користиме можностите на бунарите, а потребите ги надополнуваме со водата од регионалниот хидросистем“, изјави Роберт Георгиев, градоначалник на Свети Николе.

Седум години светиниколчани се снабдуваа од цистерни со вода за пиење, која ја носеа од соседниот Штип. Георгиев ја изразува благодарноста на градот-сосед без чија помош проблемите на граѓаните ќе биле неподносливи. Свети Николе е првиот град во регионот кој ги стави во функција благодатите на „Злетовица“, бидејќи филтер-станицата во овој град отпорано беше технички оспособена за прифаќање на површински води.

Марјан Станојковски, директор на ЈКП „Комуналец“, вели дека тие интервенирале само во таложниците што не барало поголеми материјални издатоци.

Градоначалникот Георгиев тврди дека локалната власт нема да прави никаква забава од фактот дека Свети Николе, по толкав сушен период, пак има вода за пиење, иако во градот се зборува дека такво нешто ќе се случувало на 14 септември - Денот на Свети Николе.

„За нас во локалната самоуправа ова е нормална работа. Не беше нормално еден град кој е општински центар со години да е на суво, а за сосема природна ја сметаме состојбата сите домаќинства да имаат вода во секое време. Како градоначалник нема јавно да се полевам со кофи вода и на таков патетичен начин да докажувам дека проблемот сме го решиле, како што го направи тоа мојот претходник Слободан Даневски, за еден ден потоа славините во нашите домови пак да бидат суви. Основна обврска на секоја локална власт е на граѓаните да им овозможи темелни услови за живот, а водата е на прво место“, укажува Георгиев.

Свети Николе остана без вода пред околу седум години, кога поради бактериолошка загаденост водата беше забранета за употреба. Во меѓувреме, се правеа напори за решавање на проблемот. Од Владата и од програмата КАРДС беа обезбедени близу еден милион евра. Решение се најде дури летово. Сепак, нема точна информација на што беа потрошени големите суми, тема која во Свети Николе допрва ќе се отвори.



http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=1388C52B8A5D9648B4D2761DE7D82E2E


Posted By: Dragan
Date Posted: 03-Sep-2009 at 21:11
Младост пак испарува



Повторно мистериозно исчезнува голема количина вода од велешкото вештачко езеро Младост, чие ниво за десетина дена е намалено за 60-ина сантиметри.Празнењето е многу поголемо отколку пролетоска. Први оваа појава ја забележале рибочуварите на ЗСР „Бабуна“ од Велес, кои пријавиле до Подрачната единица на Државниот инспекторат за земјоделство и водостопанство. Исчезнатата вода за овој период, според пресметките на стручњаците, изнесува околу 500 илјади кубни метри. Дилемата каде оди водата останува. Како можни причини се споменуваат три фактори: испарувањето поради високите температури, наводнувањето на околните лозја или колекторскиот систем, кој ги прибира отпадните води од околните села. Проблемот се актуализира на локално ниво на седница на Советот на Општината, поради што надлежните од општина Велес неколку дена ги истражуваат причините.

- Наша задача е да утврдиме дали некаде во колекторскиот систем навлегува вода, која се губи од езерото. По проверката на сите шахти, но и одводните канали и цевки, констатиравме дека тоа не е причина. Никаде не се појавува доток на вода од друг извор, освен од одводната канализација. Колку е дотокот на вода кај Отовица, толку е и кај испустот кај село Новачани - вели Костадин Настев, раководител на одделението за изградба и одржување комунални објекти во општина Велес.

Тие со стручњаците од ЈКП „Дервен“ неколку дена го обиколувале езерото за да видат дали некаде водата се губи, но до таква информација со голо око не дошле. Напротив, во езерото Младост преку единствената негова притока, Отовичка Река, влегува трипати повеќе вода отколку што истекува кај Браната, што уште повеќе ја зголемува неизвесноста каде се губи водата. Рибочуварите на „Бабуна“ категорично отфрлаат дека од водата на езерото се наводнуваат околните површини со лозја. Локалните власти при пролетното изчезнување на водата одбележале ниво до кое езерото дошло, потоа тоа пораснало за 20 см за деновиве да се симне за 80 см од највисоката годинашна кота.

Тогаш надлежните од Министерството за земјоделство, кое управува со акумулацијата, одговорија дека примарна цел на езерото е да служи за наводнување на околните површини, а како последна осма е за спорт и рекреација. Тие тогаш и покрај барањата на велешката јавност, не открија дали, кому и под кои услови е дадена на користење водата од езерото.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=69190069A9AD99438B48CEE1057AB989


Posted By: Dragan
Date Posted: 07-Sep-2009 at 00:30
Брана ќе ја скротува Оризарска Река

Со изградбата на браната, југоистокот добива акумулациска моќ од 300 милиони кубни метри вода

Иван Бојаџиски

Штип - Неодамнешната одлука на Владата да одобри 13 милиони денари за истражни работи на месноста Речани во општината Кочани, на која е планирано да се гради брана на Оризарска Река, само ја зголемува надежта дека и последната голема вода во југоисточниот регион од државата ќе биде скротена, ставена во вештачко езеро и искористена за подобрување на квалитетот на животот на околу 80.000 жители од четири општини - Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево. Со тоа бројот на акумулациите кои имаат повеќенаменско значење ќе се заокружи на девет, а нивната вкупна акумулативна моќ ќе биде лимитирана на 300 милиони кубни метри вода. Кога овој регионален хидросистем ќе биде изграден, населението од спомнатите општини ќе има сигурност во водоснабдувањето во наредните најмалку три децении и тоа со најквалитетна вода за пиење.

Кочанскиот градоначалник е сигурен дека ќе се гради браната на Оризарска Река. „Покрај парите за истражните работи кои наскоро ќе започнат, Владата одлучи во наредната година да издвои 100 милиони за овој објект, а во 2011 година уште двесте милиони денари. Браната ќе може да акумулира 23 милиони кубни метри вода, што значи дека капацитетот ќе и' биде како на ’Злетовица‘. Седумдесет проценти од водата ќе се користи за водоснабдување на населените места, дваесет проценти за наводнување, а десет проценти ќе служат за производство на струја преку трите мали хидроцентрали кои се составен дел од овој проект“, вели Ратко Димитровски, градоначалник на Кочани.

Тоа дека Оризарска Река, заедно со Злетовица, е значаен воден потенцијал за регионот го има утврдено екипа од десетмина јапонски стручњаци кои уште пред една деценија, во името на Јапонската банка за техничка соработка, ги истражуваа потенцијалите на македонските води. Славко Николовски, тогашен директор на ХС „Злетовица“, и денес тврди дека токму јапонските експерти биле тие што ни ги отвориле очите дека Македонија мора да изгради брани на овие две реки.

„Експертите од земјата на изгрејсонцето ги истражуваа хидролошките услови во регионот и вршеа континуирани мерење на протокот на водите во разни временски периоди и ни оставија документ според кој водите на овие две реки вреди да се стават во развојна функција. При крај е изградбата на ’Злетовица‘, сега треба да се свртиме кон Оризарска“, вели Николов. Тој укажува дека Македонија, како и во случајот со „Злетовица“, треба да се обрати за кредит до Јапонската банка за техничка помош, зашто јапонските експерти, во името на оваа банка, ги утврдувале водните потенцијали и на оваа река.

Се предвидува дека хидросистемот Оризарска Река може да се изгради во рок од најмногу четири години. Ако биде реализиран овој проект, тогаш југоисточниот дел на Македонија ќе може да се пофали дека ги зафатил сите поголеми води и ги ставил во развојна функција. Седумте изградени вештачки езера досега, од кои две во струмичкото и по едно во радовишкото, кочанското, каменичкото, беровското и светиниколското подрачје, вкупно акумулираат 254 милиони кубни метри вода. Со акумулациите на Злетовска и на Оризарска Река таа количина ќе се заокружи на 300 милиони кубни метри вода. Во сите спомнати општини, заедно со браните, изградени се и хидромелиоративни мрежи за наводнување на голем дел од плодното поле, но искористеноста на тој потенцијал е далеку од задоволителна.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1A7A8073F64A18409ECD97CF8A183574



Posted By: La Linea
Date Posted: 20-Sep-2009 at 03:13

Премиерот Груевски во Дојран најави зголемување на капацитетите за полнење на Дојранското Езеро

Гевгелија, 18 септември


Премиерот Никола Груевски денеска во Дојран го најави стартот на проектот на двојното зголемување на капацитетите за полнење на Дојранското Езеро преку постојниот систем во Ѓавото со нови илјада литри во секунда. Веќе се извршени испитувања на бунарите кои дале позитивни резултати и ќе се стартува со ископување и изградба на нови четири километри цевковод.


- Во 2002 година беа изградени 10 бунари со цевковод кои носеа илјада литри во секунда, но половина од таа вода не стигнуваше до Езерото поради дефекти и одлевање заради наводнување. Ние не сакаме да го стопираме развојот на земјоделството бидејќи очигледно на граѓаните им треба вода за производство така што со новите бунари трајно и целосно ќе се реши дотурот на вода до Езерото, но паралелно и развојот на земјоделството во овој крај, што ќе биде траен придонес за општина Дојран, изјави премиерот Груевски при посетата на Дојран.


Тој го најави и стартот на проектот со кој Владата од 2010 година ќе започне изградба на пешачки патеки со хортикултурно уредување и осветлување на плажите на три македонски езера: Мавровско, Велешко и Дојранско.


Во Дојран пешачката патека ќе се протега од границата со соседна Грција до туристичката населба и уште нови шест километри. На средба со градоначалникот на општина Глигорче Булев во придружба на министерот за живостна средина и просторно планирање Неџати Јакупи договорено е нова инвестиција од 60 до 80 илјади евра за мониторинг на водоснабдувањето на Дојран, нови вентили и замена на цевките, набавка на нови 30 контејнери и чистење на плажата со корнење на постојните трски.


За развој на спортот во општина Дојран, Груевски рече дека во план е изградба на четири тениски игралишта и две мултифункционални игралишта, како и реконструкција на училиштето „Кочо Рацин“.


- Бидејќи општина Дојран има мал буџет од 600 илјади евра тешко може да ги следи капиталните програмски инвестиции за што Владата ќе вложи напори да помогне и во остварувањето на акцискиот план на општината за пошумување на опожарените терени со диви смокви, рече Груевски.


При престојот на општина Дојран премиерот Груевски ги посети метално-индустрискиот капацитет „Дојран стил“, од Николиќ и Фабриката за производство, преработка и пакување на маслинки „КМ“ од Нов Дојран.


Од разговорите со грчките сопственици на Фабриката за метални профили Груевски беше задоволен од соочувањата со рецесиските шокови кои што оваа странска фирма успешно ги остварува на задоволство на дветстата вработени без ниту еден отпуштен работник.


- Ова е една од ретките фирми кои во услови на светска рецесија го одржале бројот на вработени отворајќи нова производствена лента со вкупна досегашна странска инвестиција од шест милиони евра. Нивните планови се да изградат железничка линија од населбата Николиќ која ќе се поврзе со железничката линија во соседна Грција заради дотур на суровини и транспорт на готови материјали, за што се подготвени сами да ја платат целата инвестиција. Ние како Влада ќе им помогнеме да ги остварат своите развојни планови како странски инвеститори во Македонија.

http://www.vlada.mk/?q=node/4003



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: La Linea
Date Posted: 26-Sep-2009 at 00:16

ДО КРАЈОТ НА ОКТОМВРИ


Нова водоводна мрежа за Маџари


Проблемот со водоснабдувањето на околу 30.000 жители од населбите Маџари, Хиподром, Ченто и источната индустриска зона на Општина Гази Баба, ќе биде решен со нова водоводна мрежа на улицата Перо Наков, чија изградба е планирана да заврши до октомври. Проектот предвидува нов цевковод со капацитет од 330 литри во секунда, чини 20 милиони денари што ќе ги обезбеди Градот Скопје преку ЈП "Водовод и канализација", а изградбата ја врши фирмата "Вардар-Градба".

Вчера, на првиот ден од изградбата градилиштето го посетија скопскиот градоначалник Коце Трајановски, градоначалникот на Општината Гази Баба Тони Трајковски и директорот на ЈП "Водовод и канализација" Игор Арнаудов.
- Овој проект е од големо значење за Градот Скопје. Како што е познато, населбите Маџари, Хиподром, Ченто имаат големи проблеми со водоснабдувањето. Но, сега почнуваме изградба на мрежа долга 650 метри со лиено железни цевки со профил Ф 500 милиметри. Мрежата ќе биде циркуларна и ќе овозможува континуирано водоснабдување на овие населби во случај на дефект на постојната цевка Ф 700 милиметри, која сега ги снабдува со вода населбите Маџари, Ченто, Стајковци, Трубарево, Хиподром и Инџиково - информираше градоначалникот Трајановски. Тој рече дека во наредниот период останува обврската да се изградиме водоводот од "Агросервис" до резервоарот во населбата Ченто, како и новиот резервоар, со што трајно ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во овој дел од градот.

(Е.А.)


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=2C40DC984CBF244CBB7639FAF53BE760



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Max
Date Posted: 30-Sep-2009 at 13:30

Холанѓани го испитуваат Драгор

Двајца професори и триесетина студенти од холандскиот универзитет во Флисинген, деновиве го испитуваат квалитетот на водата во реката Драгор во Битола.

- Вршиме хемиски, биолошки и хидролошки аспекти и компаративна анализа со податоците што ги обезбедивме при испитувањата на оваа река направени пред пет години - изјави Митра Васковска, универзитетски професор на Водно-еколошкиот факултет во холандскиот град Флисинген.

Холандските експерти испитувањата и анализите на водата во реката Драгор ги вршат во градското подрачје, на излезот од градот и во таканаречениот петти канал, односно на 18 мерни точки. Според нив, првите впечатоци се многу подобри, наспроти сликата од пред пет години.

- Во 2004 состојбата на водата во Драгор беше шокантно лоша. Сегашната состојба од визуелен аспект е подобрена со зголемена свесност за екологијата, но каков ќе биде конечниот впечаток ќе се знае на крајот од испитувањата - посочи професорката Васкоска, која потекнува од Битола, но подолго работи на Универзитетот во Флисинген.

Експертите од Холандија при престојот во Битола ја уживаат целосната логистичка поддршка на јавните претпријатија „Стрежево“, „Водовод“ и „Нискоградба“, беше речено на вчерашната средба со новинарите. http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=9C19B599EF191C48B83C607C802DC9B0&arc=1 - www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=9C19B599EF191C48B83C607C802DC9B0&arc=1

Драгор се дави во отрови

Квалитетот на водата во некои од реките е подобрен, но уште не ги задоволува европските стандарди, утврди екипата од универзитетот во Филсинген. Низ реката Драгор тече два и пол пати повеќе отпадна отколку чиста вода, покажуваат резултатите до кои дојдоа 26 студенти и четворица професори од Водно-еколошкиот факултет во Флисинген, Холандија, при анализата на водите во Битолско. Студентите можеле да испитуваат на стотици други места во Европа, но се одлучиле за Битола по иницијатива на професорката по хемиска практикаа, Мери Васкоска. Таа е единствениот професор од македонско потекло вклучен во проектот, битолчанка што пред 17 години се преселила кај родителите во Холандија, а веќе шест години работи на универзитетот во Флисинген.

- Студентите ги донесовме во Македонија со цел да се подигне свеста кај населението за поголема заштитата на водите, кои се богатство. Исто и за студентите е многу поинтересно да испитуваат тука, отколку во Франција, Австрија, Белагија или Германија. Таму сме биле, а водите се почисти, што е нормално, зашто се во Европската Унија и имаат прочистителни станици - вели професорката Васкоска.

Холанѓаните првпат беа тука пред пет години, на покана од ексградоначалникот на Бистрица, Марјан Геровски и беа шокирани од состојбите со реките. Деновиве со мерења и лабораториски анализи одново ги истражуваа хидролошките, хемиските и биолошките карактеристики на реките Драгор, Црна и Петтиот канал. Констатираа дека состојбата е подобрена од 2004 година, но се' уште не ги задоволува европските стандарди.

- Квалитетот на реките од пред пет години, кога првпат истражувавме, се подобрува, а тоа се должи на тоа што се затворени неколку фабрики, а порано испуштаа нечисти води. За да се исполнуваат европските стандарди, треба прочистителна станица - изјави професорот по биологија, Јауке Хиринген.

Анализите покажаа дека во Драгор на излезот од градот се влева канализациска вода, а Петтиот канал ги собира непрочистени отпадните води од индустријата. Потоа се влеваат во Црна и ја загадуваат.

- Два и пол пати е поголема количината на канализациска отколку на чиста вода во реката Драгор на излезот од Битола. Кај Петтиот канал, посебно во делот на отпадните води од квасната индустрија, се забележува дека има портокалова боја и дека околу три пати оваа вода доминира над чистата - истакнаа студентите по хидрологија.

Студентите од хемиската група утврдија дека нивото на азотот, кој е показател на органското загадување, на почетокот на Драгор е нормално, а по излегувањето од градот бележи големо покачување. И биодиверзитетот е поголем на почетокот од речниот тек отколку по излезот од Битола.

- Индексот на органско загадување, кој се движи од 0 до 10, односно од лош кон добар квалитет на почетокот на Драгор е 8, малку е загаден. На излезот е 2 и е многу тешко загаден. Реката Црна е средно загадена, а по влевањето на Драгор и на Петтиот канал има индекс од 4, односно многу тешко загадување - велат студентите од биолошката група.

Поставување на прочистителна станица беше и една од препораките на истражувачите. Општината се обидува да изнајде средства за оваа скапа инвестиција.

http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=BACE50535E27A54A87A7A8A7C4648310&arc=1 - Дневник - Жанета Здравковска - 19.09.2009



Posted By: Max
Date Posted: 30-Sep-2009 at 15:57
Младост алармантно испарува

Причината за губењето на водата не е откриена, а ако продолжи празнењето, наместо езеро, по некоја година тука ќе имаме големо мочуриште, реагираат екологистите

Алармантно паѓа нивото на велешкото езеро Младост, а надлежните не преземаат активности да се открие каде оди водата, реагираат граѓани и невладини здруженија кои бараат спас за езерото. За последните десетина дена, откако „Дневник“ пишуваше за драматичното намалување на нивото, сега тоа е пониско уште за пет сантиметри. Камперите, кои со години поголем дел од летото минуваат покрај брегот, се огорчени што Младост пред нивни очи го снемува и тврдат дека состојбата е алармантна.

- Може да се случува нивото да се намалува напролет и в лето кога се наводнува или поради високите температури водата да испарува. Но сега, кога ниту е жешко, ниту некој ги наводнува околните лозја, водата да ја снемува е несфатливо и невообичаено за овој период од годината. Мислам дека е крајно време да се испита каде оди толку вода. Сите објекти околу овој простор што живеат од туризмот ќе бидат бескорисни, бидејќи брод без вода и хотели без езеро нема да постојат. Состојбата е критична и е последен момент нешто да се стори - вели Ѓоре Младеновски, кампер што езерото го познава со години.

Ваквата состојба на неконтролирано празнење на езерото, според камперите, се случувала последните 3-4 години, откако последниот концесионер на водниот потенцијал, некогашен АД „Лозар“, се растури, а нов нема. Никој не води контрола дали и колку се црпи вода од езерото. Пред некоја година украден е и мерниот инструмент на нивото на водата и за биолошкиот минимум. Иако за ваквата состојба биле информирани и од Управата за водостопанство, тие, како што се тврди, се' уште не излегле на терен да видат што се случува. Граѓанските здруженија ги прозиваат надлежните институции дека е краен час да се пронајде каде оди водата.

- Сведоци сме дека во овие неколку месеци ништо не е сторено да се истражи зошто изчезнува езерото Младост. Причината каде се губи водата не е откриена, а тоа го уништува растителниот и животинскиот свет во него. Да не биде доцна по некоја година, кога наместо вода, тука ќе имаме големо мочуриште - апелира Ненад Коциќ, претседател на ЕД „Вила Зора“.

Од локалната власт претходно децидно изјавија дека причина за празнењето не е новоотворениот колекторски систем, кој често се споменуваше како можен причинител. Градоначалникот Горан Петров уште пред десетина дена ги повика надлежните државни институции да откријат каде оди водата од Младост, но досега никој не се одзвал на овој апел. Нивото споредбено со највисокото годинашно вчера беше пониско за 65 сантиметри, односно од него таинствено се одлеале половина милион кубни метри вода. Последниве години никој не стопанисува и не управува со водата од езерото, бидејќи нема концесионер. Езерото се полни само од Отовичка Река, која последниве седмици е со осетно намелен тек, додека Рудничка Река веќе четири години е пресушена.

http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?itemID=0EBF2EDDCE597347B7D22B3089236EC5&arc=1 - Дневник - Петар Печков -28.09.2009
 


Posted By: Max
Date Posted: 06-Oct-2009 at 04:27

Нови Водомери  

Ј.П „Водовод и канализација“ - Скопје воведува инсталирање на водомери со далечинско отчитување, како една од мерките за намалување на комерцијалната загуба на вода. Поаѓајќи од принципот, корисниците на нашите услуги да не бидат оптоварени со дополнителни трошоци, менувањето на класичните водомери со водомери со далечинско отчитување е на сметка на ЈП„Водовод и канализација“ - Скопје


Со поставувањето на ваквиот тип на водомери се постигнуваат ефекти во повеќе насоки
- изготвување на прецизни сметки за потрошена вода и подобрена услуга
- можност за месечно отчитување на состојбата на водомерите (за разлика од досегашното отчитување на секој три месеци)
- зголемување на точноста на отчитување на водомерите
- подобар пристап до информациите за потрошувачка на вода и можност за техничка контрола на водоснабдителниот систе
- постоење на аларм кој се активира при било која манипулација или злоупотреба на водомерите.
- секој водомер има инсталирано аларм кој се активира при регистрирана 48 часовна непрекината потрошувачка на вода, што сигнализира сигурен дефект на внатрешната водоводна мрежа кај корисникот.
- почитување на приватноста на корисникот на услугата, бидејќи се избегнува досегашната пракса на читање на состојбата на водомерот со влегување во приватните имоти.
  Инсталацијата на новонабавените 4000 водомери со далечинско отчитување е предвидено да се реализира најдоцна до средината на 2010 година.

  Во првата половона од 2009 година беа инсталирани 700 водомери со далечинско отчитување во населба Лисиче во Општина Аеродром, во рамките на Проектот за намалување на загубите на вода во зона на потрошувачка.

http://www.vodovod-skopje.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=487&Itemid=61 - www.vodovod-skopje.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=487&Itemid=61

http://www.tehnoskop.com.mk/Vodomeri.html - www.tehnoskop.com.mk/Vodomeri.html - Водомери со далечинско отчитување - Карактеристики и спецификации




Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Oct-2009 at 23:54
Цевковод за полнење на Велешкото Езеро


Хидросистемот Лисиче почна да го гради цевководот за полнење на велешкото езеро Младост со чиста вода. Триесетина работници од градежната фирма "11 Октомври" од Куманово со комплетна механизација ги заваруваат и поставуваат цевките со пречник од еден метар. До крајот на годинава цевководот ќе биде поставен во должина од два километри, а останатите шест километри до езерото ќе бидат поставени до крајот на наредната година.

Според проектот, до крајот на годинава требаше да бидат поставени околу четири километри цевки, но, поради економската криза, Владата ги скрати парите предвидени за изградба на цевководот. За првите два километри таа обезбеди 40 милиони денари.

Од Хидросистемот велат дека извршена е целосна експропријација на земјиштето каде ќе поминува цевководот и дека се прават напори од него да се наводнуваат и плодните површини околу него. Со изградбата на цевководот, езерото трајно ќе го реши проблемот со полнење со чиста планинска вода од акумулацијата на Хидросистемот на реката Тополка кај селото Лисиче.

http://vecer.com.mk/?ItemID=A10BB7F207D8A54B85C04B45CA43B981



Posted By: Max
Date Posted: 27-Oct-2009 at 02:57
Пиеме ли во ГЕВГЕЛИЈА канцерогена вода?

...

На последните неколку седници на Советот на Општина Гевгелија, отпрво срамежливо а на последната седница веќе и потранспарентно се допира и проблемот со водата за пиење.

Во извештајот за работењето на ЈПКД „Комуналец„ Гевгелија за 2003 година стои набележано дека се вршени, во текот на целата година, редовни контроли и анализи на водата за пиење кои ги врши Заводот за здравствена заштита Велес-Подрачна единица Гевгелија, се контролира секојдневното присуство на хлор во водата и се вршат редовни санитарни прегледи на лица кои се во контакт со водата за пиење. Мерни места од каде се земаат мостри за анализа се: Резервоар, с.Селемлија, с.Стојаково, с.Богородица, с.Мрзенци, с.Моин, и тоа еднаш месечно, и Комуналец, Болница, ОУ.„Крсте Мисирков, „Детска градинка, Железничка станица, четири пати месечно. Исправноста на водата за пиење се утврдува со прегледи на водата и тоа бактериолошки, хемиски, радиолошки и биолошки.

И до тука се е в ред. Но секогаш има едно арно ама. Тоа го слушнавме и на последната седница на Советот, нема индуктивен протомер на излезот од резервоарот а со тоа не се знае колкаво количество вода се произведува, односно се потрошува. Сите сегашни податоци кои ги имаат надлежните се на границата на претпоставките. Хлорирањето на бунарското подрачје 'Моин' е решено со дозирање на течен хлор кое пак не е решено во зависност од протокот на количината на водата па затоа понекогаш имаме повеќе а некогаш помалку концентрација на хлор во мрежата. Хлорирањето пак на бунарското подрачје „Вардар„ се врши на многу примитивен начин па може да се смета дека на ова бунарско подрачје нема хлорирање. Во стариот дел од градот Гевгелија водоводната мрежа е изградена уште во 1963 година и истата е во дотраена состојба. Подземен катастар на водоводната мрежа нема така да не се знае колку и каква е подземната ситуација со цевките низ кои протекува водата за пиење.

Она што буди искра на сомневање во квалитетот на водата што ја пиеме е тоа што податоци од извршените анализи на исправноста на водата не се објавуваат. А би требало со оглед на тоа што поголемиот број на цевки низ кои минува водата се азбестно цементни, а знаеме дека азбестот е штетен за здравјето на луѓето. Исто така постојат и ПВЦ цевки, поливинилски и ПЕ, полиетиленски, материјали кои според некои стручњаци се исто така штетни по здравјето на луѓето.

Знаеме дека тешко оди со прибирањето на финансиските средства од граѓаните, односно за потрошената вода од нивна страна, но сепак што поскоро треба да се размислува за замена на азбестните цевки. Знаеме дека сето тоа чини но, сепак, мора да признаеме дека повеќе чинат човечките животи.

Љубчо Алексовски - http://dobarglas.info/rubriki/region/vest1_gevgelija.htm - http://dobarglas.info/rubriki/region/vest1_gevgelija.htm



Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Nov-2009 at 17:07

До 2050 година Македонија ќе стане пустина


Во просек во водоводните мрежи во Македонија се губат по 50 проценти при дистрибуцијата на вода. Таа загуба во организираните земји е од 5 до 6 отсто, во екстремни случаи до 10 проценти. Загубите настануваат поради застарената мрежа, кражбите и полевањето зелени површини




Често пати се вели дека наредните војни ќе се водат за вода, како основен продукт за опстојување на човештвото. Ако се суди по оваа прогноза, и бидејќи ние се расфрламе со водата како да ја имаме во изобилство, тогаш ќе бидеме цел на многу освојувачи. Зошто? Затоа што сите градови во Македонија бележат загуби на водата во водоводната мрежа над 50 отсто. Така, во Скопје загубата на вода е 57 проценти, исто толку и во Кавадарци. Во Неготино се губат 60 отсто, во Штип тој процент се движи од 60-65 отсто, во Куманово 40-50, но 80 отсто отпаѓаат на кражби, во Тетово и Струмица 40 отсто (скоро сите се за полевање на зелените површини), Кочани 40 проценти итн.

Најчести причини за екстремно големите загуби на вода за пиење се застарените водоводни цевки (азбестни и метални), дивите приклучоци, полевањето на зелените површини и наводнувањето на земјоделските површини. Горан Ангелов од „Урбан-рурален консалтинг“ и поранешен претседател на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) вели дека светските искуства зборуваат за загуба на вода при дистрибуција од 5 - 6 проценти, а загуба од 10 отсто има само во екстремни случаи.

- Големи загуби се јавуваат поради наводнување јавни површини. Таа вода никој не ја плаќа, односно јавните претпријатија не си ги читаат водомерите. Во другите земји на секој испуст за вода има водомер - укажува Ангелов.

Тој наведува дека азбестните и металните цевки најголемата загуба ја прават кај склопките, додека кај новите ПВЦ-цевки, во зависност од тоа колкав притисок може да издржат, загубата не е поголема од пет проценти.

Ако се имаат предвид ваквите загуби на вода, глобалното затоплување и промената на климатските услови, односно зголемувањето на температурите и намалувањето на врнежите, ќе бидат причина за поголемо испарување на водата, намалување на штедроста на изворите и за паѓање на нивото на подземните води. Неизбежно се поставува прашањето дали Македонија има воден потенцијал што ќе го покрива расипништвото со водата. Дали треба да стравуваме дека ќе мораме да увезуваме вода?

- Глобалното затоплување за Македонија, генерално, ќе има негативен ефект, бидејќи голем дел од водниот потенцијал ќе се намали како резултат на повисоките температури. Според некои симулации, направени за влијанието на климатските промени врз средногодишните температури и врнежи, во 2010 година температурата ќе се зголеми за 0,6 целзиусови степени, во 2025 за 1 степен, а во 2050 за 1,7 степени. Во тие години врнежите ќе се намалуваат за 0,8, 1,4 и 2,4 отсто - истакнува доц. д-р Вјекослав Танасковиќ од Катедрата за вода и ерозија при Факултетот за земјоделски науки и храна.

Како резултат на климатските промени и на лошото користење на водата, посочува Танасковиќ, голем дел од нашата земја до 2050 година ќе се претвори во пустинско подрачје.

Јосиф Милевски од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) од одделот за хидрологија не се согласува со тврдењата дека поради климатските промени хидролошкиот потенцијал ќе опаѓа, напротив, може и да се зголемува, затоа што тоа во некои предели може да продуцира поголеми врнежи. Тој вели дека сé зависи од тоа како ние ќе се однесуваме со водата. Според него, главната опасност за водата доаѓа од порастот на населението: ако во почетокот на 19 век на планетата имало 1.600.000.000 жители, сега има над 6 милијарди, а до 2018 година се предвидува таа бројка да стигне до 8 милијарди. Тоа ќе значи поголеми потреби за вода, но и поголемо загадување на водите, зашто човекот е најголемиот загадувач.

- Ќе дојде време кога ќе се поставува прашањето: дали имате вода и колку ја имате, а не каква е. Македонија е меѓу земјите што имаат своја вода, но има и апсурдни ситуации како што е, на пример, во Преспа, која лежи на вода, а нема вода за пиење - вели Јосифовски.

Според него, лошите предвидувања за иднината на водниот потенцијал само ни штетат, затоа што на тој начин ги одвраќаме потенцијалните инвеститори во нашата земја.

За да се намалат штетите од нерационалното користење на водата, се предлагаат мерки за брзо реконструирање на водоводните мрежи и за нејзина рационална употреба во земјоделството, односно користење штедливи и ефикасни системи, како на пример системот капка по капка и лепа-системот.

%20

- Општините во Македонија сериозно му пристапуваат на овој проблем и веќе некои од нив ги имаат реконструирано водоводните мрежи, а други почнуваат да го прават тоа. Во оваа насока се вклучува и Владата, со обезбедување средства од странски извори за унапредување на водоснабдителните системи - вели портпаролот Мартин Мартиновски.

Според она што досега е инвестирано или што се планира да се инвестира во реконструкцијата на водоводните мрежи, станува збор за огромни средства. Така, на Штип ќе му требаат 8 - 9 милиони евра, на Тетово 5 - 6 милиони, на Кавадарци 2 - 3 милиони, на Неготино 3 милиони, на Кочани 2 милиони евра...
Можеби сумите што треба да се вложат ќе ни изгледаат преголеми, но колку порано се направи тоа, толку поевтино ќе нé чини водата во иднина.

Како рационално да се користи водата

За рационално користење на водата се предлагаат повеќе мерки, а ние ќе спомнеме некои од нив. Искористување на третираните отпадни води во индустријата, земјоделството, парковите и урбаното зеленило. Тоа подразбира да се создаваат капацитети каде што ќе се искористуваат третираните отпадни води во близина на местото на прочистувањето, особено кај фекалните води. Да и се даде приоритет на конзервацијата на водата, како во домовите, индустријата, земјоделството. Конзервацијата треба да се воведе преку регулативни мерки, но и преку мерки на поддршка, субвенции и сл. Да се воведе планирање и раководење на сушите, односно да се има план за акција во случај на појава на суша. Во таков случај треба да бидат вклучени сите типови корисници на вода: население, индустрија, земјоделство, животна средина и други. Да се зголеми нивото на образованието кај населението за важноста, методите и значењето на конзервацијата на водата. Да се формира јасна структура на цената на водата, каде што јасно ќе се знае колкав дел од цената се однесува на трошоците за нејзино зафаќање, третирање, дистрибуција, експлоатација, квалитет, еколошки аспекти и друго. Оваа структура во цената треба да се базира на долготрајно одржливо користење на водите. Внимателно да се анализира влијанието на идниот развој врз водните ресурси итн.

Воден потенцијал на Македонија

%20Според повеќегодишните мерења на професорите од Факултетот за земјоделски науки и храна Ордан Чукалиев, Илија Иљовски и Вјекослав Танасковиќ, просечните расположиви води од површинските водни ресурси во Македонија изнесуваат околу 6,37 милијарди кубни метри во текот на една година и 4,48 милијарди кубни метри во сушна година. Просечната сума на врнежите е околу 733 милиметри. Забележано е дека сушите што се карактеристични за централниот дел на земјата во периодот јули-септември траат по 100 и повеќе дена.

Според некои истражувања, капацитетот на подземните води е од 31,43 метри кубни во секунда, односно 314,3 милиони метри кубни, што, всушност, треба да се прифати како реална долна граница.
Во Македонија има регистрирано 4.414 извори на вода, од кои 58 се со капацитет на 100 л/с.

Колку ја цениме водата финансиски?

Водата во Скопје поскапе за 98 отсто пред две и пол години, по предлог на тогашниот градоначалник Трифун Костовски, што предизвика голем револт кај населението. Цените во изминатиов период растеа и во други градови. За еден кубен метар, односно за 1.000 литри вода, се плаќа 37,5 денари во Куманово, 32,7 во Кочани, 31,2 во Струмица, 30,4 во Велес, 29 во Берово и 28 во Скопје.

Во Тетово и во Битола цените се многу пониски, само 8,1, односно 14 денари. Од 25 до 27 денари плаќаат жителите на Прилеп, Свети Николе и Охрид.

На едно семејство што живее во куќа му се потребни десетина кубни метри месечно, и тоа во летните месеци. На тие во становите им достасуваат и по пет кубици. Тоа значи дека дури и кумановци, кои ја пијат најскапата вода во Македонија, за неа не мора да одвојат повеќе од 200, 300 или 400 денари месечно, сума што, и покрај сиромаштијата и нискиот стандард, не е преголема за семејниот буџет. Во помалите тетовски станови пак, со овие цени месечно се плаќа од 30 до 40 денари! Дали водата сé уште е толку евтина, што населението не ја смета за драгоцена?

Г. Т.
%20Зголемување на температурите - намалување на врнежите

Во Вториот национален извештај за климатските промени се направени процени за влијанието на климатските промени во нашата земја. Нина Алексовска од УХМР вели дека ќе се јави недостиг од вода, а сушите ќе бидат почести. Зголемување на температурите
2025 2050 2075 2100
1,0С 1,9С  2,9С 3,8С

Намалување на врнежите
3%   5%   8%   13%

Скопје - светски шампион во губење вода

Според последните податоци на ЈП „Водовод и канализација“, Скопје троши околу 97.804.551 кубен метар вода годишно. Оваа претпријатие има 501.454 корисници. Просечната дневна потрошувачка на вода по жител на годишно ниво изнесува 534 литри. Рекордната потрошувачка од 665 литри по жител на ден е забележана на 26 јули 2005 година.

Анализите на ЈП покажуваат дека Скопје троши два-три пати повеќе вода од другите светски метрополи. Скопје е шампион и во загубата на вода со 57 проценти. Во Виена загубата изнесува 12 отсто, Лондон 19, Париз 20, Рим 25, Стокхолм 21, Белград 20, Загреб 23, Љубљана 31, Подгорица 20, Софија 27, Атина 23, Цирих 10 и Хамбург 4 проценти. Се цени дека 28 отсто од загубите на вода во Скопје се должи на т.н. технички или физички загуби, а другите 29 насто се комерцијални загуби.

Израел - добар пример

Израел на многу земји во светот им служи како пример за високо ниво на управување на водите. Таму има само два природни водотека и со нивно правилно зачувување и стопанисување има врвно земјоделско производство. Секоја капка вода се користи домаќински. Либија складира вода за црни денови.

Автор: Венцо Донев

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1179918529&id=9&setIzdanie=21831


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Nov-2009 at 04:21

Секна водата за Дојранското Езеро

Поради неплатен долг, прекината е струјата и работата на хидросистемот „Ѓавато“ од кој со вода се полни нашето најбогато езеро со риба

Сув е каналот од хидросистемот „Ѓавато“ низ кој дотекуваше вода и кој го спаси Дојранското Езеро од пресушување. Причина за прекинот на водата е исклучената струја на системот, поради неплатен долг од Министерството за животна средина кон ЕВН-ЕСМ, во износ од околу 150 илјади евра. Каналот е сув повеќе од дваесетина дена.

Жителите на Дојран велат дека прекинот на водата поради неработењето на „Ѓавато“ веќе се чувствува во езерото. Тие се загрижени за рибниот фонд и за нивото на езерото, кое годинава се искачи на само еден метар до нормалната кота, пред да му се случи празнењето во деведесеттите години од минатиот век.

- Водата од „Ѓавато“ рибарите ја нарекуваат слатка. Во неа најмногу се собира рибата, особено за време на мрестот. Иако забраната за секаков вид риболов важи повеќе од две години, наместо да се зголемува рибниот фонд, со секнувањето на водата ќе се намали - велат дојрани.

Пензионерот Ристо Балтаков додава дека во последните денови нивото на водата во езерото се намалува, наместо да се зголемува. Според него, во Дојранското Езеро дотекуваат минимални количини вода од изворот на топла вода Топлец, кој се наоѓа на влезот во Нов Дојран.

- Повеќето од пензионерите од Нов Дојран секој ден се рекреираа шетајќи покрај отворениот канал. Убаво уредената патека и жуборењето на водата ни го исполнуваа секојдневието. Без водата местото е пусто. Иако водата е секната веќе дваесетина денови, вработените во „Ѓавато“ пред некој ден го исчистија каналот, но ѓубрето го оставија покрај него - вели Балтаков.

Во Министерството за животна средина изјавија дека секнувањето на водата се должи на технички проблеми околу плаќањето на обврските. Во наредните денови проблемите треба да се решат и водата од „Ѓавато“ повторно ќе претече.

Низ каналот, кој беше пуштен во употреба во 2002 година, протекуваа меѓу 400 и 600 литри вода во секунда. Тоа количество беше доволно за езерото континуирано да се полни по еколошката катастрофа што почна пред дваесет години и се закануваше трајно да го уништи ова наше езеро најбогато со риба.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=275A54EB12797344B38B756551633748


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Nov-2009 at 22:56
Oваа тема не знам баш веќе колку е актуелна во однос на Сончев Град, па нека оди тука

Протест во скопската населба Сопиште

Сунчица Николоска http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=116935#komentari - Коментари (0)   javascript:otvoriVideoPrilog%2809/suncica-30-11.wmv,%20116935%29">  
30.11.2009 19:05
 

 

Жителите од Патишка река повторно ја блокираат изградбата на водоводот во дел од населените места во општина Сопиште.

Токму поради ова денеска поголема група на луѓе протестираа во Патишка река, за да им изразат револт и да ги убедат тамошните мештани дека треба да ја дозволат изградбата на водоводот до нивните куки.

„15 села без вода сме. Со цистерни вода влечеме“.

„Навистина жалосно - реката понира, тече, а нема успех. Не можеме да ја земеме“.

„Да им кажеме на сограѓаните од Патишка река, дека ние сакаме соживот, но и вода сакаме“, велат незадоволните жители.

На неколку километри погоре на протест излегоа и жителите на Патишка река. Не дозволуваат да започнат градежните работи, се додека градоначалникот не им изгради пат и амбуланта, како што им ветил на изборите.

„Ние не сме против да даваме вода, напротив ние сме да даваме вода. Сме живееле со овие луѓе. Сакаме и понатаму да живееме со нив, меѓутоа нема вода за давање. Има повеќе вода од местото викано три реки, или да се користи водата од местото викано Езеро. Да се земе вода, и еднаш за стално да се реши“, рече жител на патишка река.

Градоначалникот смирува.

„Водоводот патишка река е единствен начин што може да прибере инвестиција општината, и единствен начин којшто може сите граѓани да дојдат до благодетот вода“, изјави Јован Ѓоргиоски, градоначалник на О.Сопиште.

Водоводот што треба да се гради е за дел од населените места во Сопиште но и за Сончев град. Жителите на Патишка река пак велат дека таму нема доволно вода за да ги снабди сите села а градоначалникот тврди дека имал проверен проект.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=116935


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Dec-2009 at 04:23
Ќе гледаме вакви натегања, ако не видиме и тепачка село на село. Воопшто не ми се допаќа ова што едниве жители си земаат за право да забрануваат пристап до вода на ругово село. Кое е тоа понашање?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Dec-2009 at 22:00

Мариовските села ќе пијат вода од бунарите на РЕК „Битола“

Селата Брод и Живојно ќе добијат вода преку пумпна станица и цевковод во должина од осум километри

БИТОЛА - Артерските бунари на РЕК „Битола“ ќе снабдуваат дел од мариовските села со вода, најавуваат од општината Новаци. Водата од бунарите што комбинатот ги копа со цел стабилизирање на подземните води во двата рудника „Суводол“ и „Брод-Гнеотино“ досега се испушташе по каналите без да биде искористена.

„Во подрачјето на рудникот ‘Брод-Гнеотино‘ има пет артерски бунари. Еден од нив е биолошки и бактериолошки испитан, а водата е здрава за пиење. Од тој бунар ќе носиме вода за две села, Брод и Живојно, во должина од осум километри со пумпа под притисок. Овие села не може да се приклучат на централниот водовод. Таму е многу повисоко од акумулацијата ’Стрежево‘ од каде што се носи водата. Треба да правиме пумпни станици и тој е потешкиот начин“, вели Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Водата од артерските бунари на РЕК ќе се користи и за наводнување на пелагониските ниви. „Ќе правиме проект за мрежа за наводнување низ полето во тој дел каде што има од две до три илјади хектари за наводнување. Бидејќи оваа вода е употреблива за наводнување, а моментно не се користи за ништо, туку се испушта во реката Црна, што ќе биде добредојдено за нашите земјоделци“, напомнува Котевски. (А.Б.)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=A1C9E3512891E04A93137426EDFE5B61


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Dec-2009 at 15:27
Владата ги подмири долговите на “Ѓавато“

http://netpress.com.mk/vestiimages/65055/dojransko-.jpg">

Дојранското езеро повторно ќе се полни со вода, откако Владата го подмирила долго од 150 илјади евра за неплатени сметки за електрична енергија кон ЕВН Македонија, информираше Министерството за животна средина и просторно планирање.

Хидросистемот “Ѓавато“ уште денеска е пуштен повторно во функција откако една недела не функционираше. Од Министерството велат дека и покрај прекинот во дотурот на вода во Езерото, биолошката рамнотежа не е нарушена.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=65055&kategorija=1


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Dec-2009 at 12:47
Половина од градската вода се губи без трага Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ остварило добивка од шест милиони денари во првите девет месеци од годинава, што е помалку за 148 милиони во споредба со минатата година. Тоа го покажува извештајот на претпријатието, кое важи за едно од финансиски постабилните градски институции. За истиот период „Водовод“ има приход од речиси милијарда денари или 16 милиони евра. Сепак, претпријатието и годинава, како и лани, бележи загуба на вода и тоа речиси 60 проценти од вкупното производство.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1884&ArticleID=128285


Posted By: Cifra
Date Posted: 29-Dec-2009 at 22:00
Сепак, претпријатието и годинава, како и лани, бележи загуба на вода и тоа речиси 60 проценти од вкупното производство.


Eeek


Posted By: гитардемон
Date Posted: 10-Jan-2010 at 21:46
ЈП „Водовод“ - Битола воведува далечинско читање на водомерите во градот

Вести      - Битола

Јавното комунално претпријатие „Водовод“-Битола ги почна подготовките за реализација на капитален проект - далечинско читање на водомерите кај сите корисници од овој град. - Со новата инвестициска програма предвидовме поставување нови водомери со далечинско читање на потрошената вода. Граѓаните ќе добијат специјален водомер, а со самото тоа и низа придобивки, односно ќе добиваат навремени и точно пресметани сметки без да се влегува во нивните домови, ќе имаат информации за предизвикани проблеми во мрежата, ќе се спречат кражбите на вода и ќе се обезбеди квалитетна услуга за сите потрошувачи, изјави за МИА Зоран Илиески, директор на ЈП „Водовод“ - Битола. Покрај проектот за далечинско читање на водомерите, од овој локален сервис најавуваат и други проекти за тековната година, за што ќе бидат обезбедени потребните финансиски средства. - Сега сме во ситуација да размислуваме реално, посебно по донесувањето на одлуката од страна на Советот на општина Битола за корекции во цената на водата за пиење. Како што е познато, од 1 јануари за еден кубик потрошена вода наместо 14,00 се наплаќаат 30,00 денари додека правните субјекти за кубик потрошена вода наместо 26 од почетокот на овој месец ќе плаќаат по 45 денари, посочи Илиески. Во 2010 година ЈП „Водовод“-Битола ќе спроведе мерки и активности за намалување на загубите на вода кои сега се движат до 50 насто, намалување на дефектите во мрежата, набавка на нова опрема, изградба на нов резервоарски простор, реконструкција на пумпна и филтер-станицата, како и замена на старите азбестни цевки од водоводот во Битола.


http://bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=445:2010-01-09-19-15-02&catid=1:novosti&Itemid=41 - http://bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=445:2010-01-09-19-15-02&catid=1:novosti&Itemid=41

Ова е за поздравување, но додека не воведат скалесто тарифирање, ништо не правиме. Не знам само кои ескперти се овие. Јасно е дека фирма што троши 10 кубика и фирма што троши 100000 кубика не треба да плаќаат иста цена на водата по кубик. А тоа што ме вади од такт се автопералните! Не сум сигурен дали важи за цела ЕУ, но во 90% од земјите не смее да има автоперални со шмрк како кај нас. Како се расфрлаат со вода, тоа е чудо невидено. И тоа вода за пиење! Секаде во светот или ја мијат со кофа и сунѓер, или онакви машини со големи четки. А кај нас, цревото и ајде! Сељачки народ.

Инаку, она што ме буни во веста е како ќе ги намалат загубите? Па тој што не ви дозволува да му го видите водомерот (тоа е барем една третина од тие 50%) нема да ви дозволи ни да му влезете дома да му ставите од новите. Ако се однесува ова само за новите поврзувања, па дали се вкупно 1000 годишно (а ни толку), што ќе придонесе тоа?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Jan-2010 at 01:33
Азбестот им создава главоболки



Азбестните и поцинкуваните цевки се' уште се рак рана на битолскиот водоводен систем. Дел од нив се стари четири децении и предизвикуваат дефекти и проблеми со водоснабдувањето. Од 350 километри водоводна мрежа во Битола, околу 50 километри беше со азбестни цевки. Јавното претпријатие „Водовод“ успеа да земени само дел, а за комплетно реновирање се потребни многу пари. Иако во повеќе наврати битолската локална опозиција и некои лекари предупредуваа дека азбестот е штетен за здравјето, од претпријатието го тврдат спротивното.

- Азбестните цевки се' уште ги има во градот и ќе ги има уште долг период, покрај тоа што ние направивме напор дел од нив да се сменат. Азбестната цевка не е проблематична за здравјето на луѓето, проблематична е во однос на одржувањето. Ние се трудиме што повеќе можеме да смениме, особено главните доводи, помалите кога ќе им дојде редот- изјави директорот Зоран Илиоски.

Надлежните велат дека не може да се фокусираат само на промена на азбестните цевки, зашто проблем им претставуваат и поцинкуваните делови од водоснабдителниот систем. На нив се нафаќаат наслаги, па домаќинствата имаат проблем со недостиг на вода за пиење, односно со недоволен притисок. Санацијата сега се очекува да оди побрзо со инвестициската програма што ја подготви претпријатието, а од која дел ќе се финансира со пари од поскапувањето на водата.

Досега неретко се случуваше да реагираат граѓани дека делот на улица каде што се поправала водоводна цевка подолго време останал неасфалтиран.

- Ние немаме служба и материјал за асфалтирање. На тендер имаме избрано фирми што го работат тоа. Некогаш се чека да се преасфалтира цела улица, но причина за доцнењето е и тоа што тие не можат да асфалтираат дефект по дефект, туку чекаат да има повеќе простор за асфалтирање, со едно да асфалтират на повеќе места - вели Илиоски.

Постои и техничка причина поради која се одлага преасфалтирањето за подоцна. Директорот вели дека е потребно да помине време местото да налегне, да се набие за да може да се асфалтира. Ако се избрза, асфалтот може за брзо да пропадне.

Поради стариот водоводен систем претпријатието трпеше и поголеми загуби на вода. До средината на годинава се очекува да проработи компјутерски мониторинг-систем на водоводната мрежа.

Жанета Здравковска

Водомерите ќе се читаат далечински

ЈКП „Водовод“ ги почна подготовките за реализација на капитален проект - далечинско читање на водомерите кај сите корисници од овој град.

- Со новата инвестициска програма предвидовме поставување нови водомери со далечинско читање на потрошената вода. Граѓаните ќе добијат специјален водомер, а со тоа и навремени и точно пресметани сметки без да се влегува во нивните домови, ќе имаат информации за предизвикани проблеми во мрежата, ќе се спречат кражбите на вода и ќе се обезбеди квалитетна услуга за сите потрошувачи - изјави директорот Илиоски.

Покрај проектот за далечинско читање на водомерите, од овој локален сервис најавуваат и други проекти за тековната година, за што ќе бидат обезбедени потребните пари.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A95B96C05D09BB4A92F1B722FCF986E3


Posted By: La Linea
Date Posted: 11-Jan-2010 at 02:01

Не сум сигурен дали важи за цела ЕУ, но во 90% од земјите не смее да има автоперални со шмрк како кај нас. Како се расфрлаат со вода, тоа е чудо невидено. И тоа вода за пиење! Секаде во светот или ја мијат со кофа и сунѓер, или онакви машини со големи четки. А кај нас, цревото и ајде! Сељачки народ.


Не се автопералните криви, проблемот е што во голем дел од Македонија се нема пристап до техничка вода. Еве во автокоманда бил ископан таков бунар, а и во аеродром мислам, но тоа е за полевање на зелените површини

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=45BEF45BD525FE40BC90D2A9959B2C4A - Тревата се полева со техничка вода



http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=6717 - Ископан и вториот бунар за техничка вода во Гази Баба

И еве еден супер текст од Нова Македонија за оваа работа


Чистата вода се троши сé понемилосрдно
Домаќинствата во Скопје во летниот период ја зголемуваат потрошувачката за 25 отсто, односно за 400 илјади кубици месечно, поради постојаното прскање дворови и полевање тревници
%20

Секој ден од изворот во Рашче, преку главните цевководи на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, кон Скопје се упатуваат 260 илјади кубни метри вода за пиење со врвен квалитет. Тоа е доволно вода за да се наполнат точно 104 олимписки базени со стандардни димензии, односно должина од 50 метри, широчина од 25 метри и длабочина од два метри. Главниот град го добива ова количество за само 24 часа.

Како го троши? Половината мистериозно се губи. Според сите податоци издадени од скопскиот водовод досега, загубата во системот изнесува 50 отсто, што е еден од највисоките проценти во Европа. Стотина илјади кубици, доволни за да се задоволат месечните потреби на една цела скопска општина, ги снемува за едно деноноќие. Каде оди таа вода? Објаснувањата од надлежните во претпријатието се дека овде спаѓаат истекувањата поради дефекти или поради застарениот водоводен систем, ненаплатената вода од корисниците, како и дивите приклучоци.

Но и другата половина не се користи рационално. Се употребува во индустријата, во автомијачниците, во повеќето паркови за наводнување зеленило и за други технички и комунални потреби. И населението, особено во индивидуалните куќи, во лето, кога состојбата со водоснабдувањето е и најкритична, ја зголемува својата потрошувачка за околу 25 отсто поради миењето дворови и полевањето тревници.


КАДЕ СЕ ОДИ ЧИСТАТА ВОДА?


Зеленилото во Аеродром од пред неколку години се полева со бунарска вода. Градскиот парк се одржува со водата од Вардар. Со мали исклучоци, во речиси сите други зелени површини се расфрла чистата вода за пиење. Иако се задолжени да се грижат за водоснабдувањето на градот, надлежните од „Водовод и канализација“ тврдат дека не располагале со податоци колку чиста, а колку техничка вода користат другите јавни претпријатија во градот.

Елизабета Георгиевска, портпаролката на „Паркови и зеленило“, вели дека петте бунари во Аеродром овозможиле таму целосно да се замени водата од Рашче со техничка, но случајот не бил таков во другите општини.

- Градскиот парк го полеваме со водата од каналите што се полнат од Вардар. Но градската водоснабдувачка мрежа ни е изворот за другото зеленило - додава Георгиевска.

За разлика од парковите, кои сé уште пијат вода наменета за луѓето, таа е целосно исфрлена од миењето улици. Катерина Лаова, портпаролката на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, кое е задолжено за одржување на чистотата на коловозите и на пешачките површини, вели дека се користи само техничка вода за овие потреби.

- Кај Генералштабот на АРМ се наоѓа нашата пумпа од која цистерните се полнат со техничка вода. Секој ден на улиците излегуваат по шест или седум цистерни, кои собираат по осум кубни метри. Значи нашата дневна потрошувачка е околу 55 кубици вода - објаснува Лаова.

Толкаво количество вода троши едно просечно семејство во станбена зграда за цела година, што значи дека екипите на „Комунална хигиена“ заштедуваат чиста вода за пиење за 365 семејства годишно.

Но не се сите штедачи на водата. Индустриите сé уште ја користат за своите потреби. Вкупно 82 кубици месечно се трошат во прехранбената индустрија, 25 кубици во индустријата за лекови, а 14 во другите индустриски гранки.

Автомијачниците, пак, трошат многу поголеми количества од индустриските капацитети. Шеесетината мијачници, колку што се регистрирани во градот, во просек користат по стотина кубици месечно, што значи дека секоја од нив го црпе изворот во Рашче колку десет семејства заедно.

- Имаме две мијачници, една на фреквентна улица, а друга на не толку прометно место. Сметките за вода ни изнесуваат околу шест илјади денари во првата, а две до три во втората. Ние немаме никакви услови да користиме техничка вода, приклучени сме на градскиот водовод - вели Илија, вработен во автомијачница.

Ниту 160-те илјади домаќинства што ги опслужува „Водовод“ не заостануваат. Во зима трошат 2,1 милиони кубици вода месечно, а во лето потрошувачката се зголемува за 400 илјади кубици, односно за 25 отсто. Оваа разлика се создава поради постојаното миење дворови и полевање тревници.



СЕКОЈ ДЕН СЕ ГУБАТ ПАРИ ЗА ДВА БУНАРА


Јавните претпријатија „Водовод и канализација“ и „Паркови и зеленило“ велат дека немале информации колку чини изградбата и искористувањето на еден бунар за наводнување зеленило. Тоа зависело од самиот проект, како и од изведувачот, односно кој колку ќе понуди на јавна набавка. Во градот во изминативе години се ископаа бунари на неколку места.

Со проект што го спроведоа градот и јавните претпријатија со помош на Светската банка беа направени четири бунари во населбите Аеродром и Ново Лисиче, односно се ископаа три нови и се обнови еден стар. Тоа вкупно чинеше 4,8 милиони денари и тие веќе се користат за да се полеваат пространите зелени површини во овој дел од Скопје. Еден кубен метар вода од градскиот водовод чини 17,25 денари, што значи дека во просек, за секој од овие бунари биле потрошени пари колку за 70 илјади кубици вода.

Тоа укажува дека парите што дневно ги губи „Водовод“ поради рекордните 50 отсто загуби во системот би биле доволни за секој ден да се прават по два бунара за техничка вода. Општината Гази Баба беше првата што со свои пари копаше бунари, по еден во Ченто и во Автокоманда, а и Карпош направи два во близина на спортската сала „Борис Трајковски“. Кисела Вода лани донесе програма за замена на чистата вода со техничка за полевањето на зелените површини, но таа сé уште не е реализирана.


„ВОДОВОД“: БЕЗ ПАНИКА


Од претпријатието „Водовод и канализација“ истакнуваат дека претераното трошење на чистата вода за пиење не треба да ги плаши граѓаните.

- Проблематични се појавите на трошење вода за полевање земјоделски култури, кое најчесто се случува во руралните средини, како и за миење тротоари и разладување улици пред дворовите. Според нашите сознанија, злоупотребата се случува на места и од корисници што не ја плаќаат водата, или тоа е вода украдена од јавните хидранти. За намалување на потрошувачката на вода можеме да влијаеме со кампањи и долгорочен плански пристап за едукација на децата како идни корисници. Тоа може да даде добри резултати, но само на подолг рок - велат од „Водовод“.

Од претпријатието истакнуваат дека годишно чиста вода за пиење се произведува околу 100 милиони кубици, односно месечно околу осум, а дневно просечното производство на вода изнесува околу 260 илјади кубици вода.

- Од поизведената чиста вода дневно загубите ни се 50 отсто. Тука спаѓаат категориите на потрошувачи што не ја плаќаат водата, односно јавната комунална употреба, за полевање на зеленилото, илегалните корисници и други - додаваат оттаму.

Според пресметките во разликата од потрошувачката, потрошените 400 кубици вода најчесто се поради полевање на градините во летниот период, како и поради разладувањето на улиците.


ПЕТ МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА БУНАРИ


Градоначалникот Коце Трајановски со последниот ребаланс на градскиот буџет обезбедил пет милиони денари за копање бунари за техничка вода, соопштуваат од неговиот кабинет.

- Технички можности и услови за користење на бунарската вода има. Во зависност од локацијата се утврдува и намената и потребното количество. Но исплатливоста на бунарите не треба да се разгледува само од финансиски аспект, туку кон нив треба да се пристапи, пред сé, како кон средство што ја штеди чистата вода за пиење. Градоначалникот во својата програма предвидува проект за искористување на техничките води. Рокот за неговата реализација е 2010-2011 година, но веќе оваа година успеавме да обезбедиме пет милиони денари и работите ќе почнат - сметаат од кабинетот на Трајановски.




Битолчани безмилосно трошат

Битолското водоводно претпријатие во лето испорачува по 800 литри вода во секунда, што е повеќе од двојно во однос на зимскиот период.

- Граѓаните нерационално ја трошат водата, полеваат градини и прскаат плочници, бетонски дворови, дури и улици пред куќите. Освен апели за рационално користење, немаме други механизми за да ги спречиме овие појави. Штом водата минува низ водомер, не можеме на некого да му кажеме како да ја троши бидејќи ја плаќа - вели Зоран Илиоски, директор на ЈП „Водовод“ од Битола.

Ваквото трошење предизвикува и големи дефекти во мрежата, која има цевки стари и по 40 години. Затоа и загубата во системот е околу 50 отсто. Менаџментот на јавното претпријатие со потребата за осовременување го правда поскапувањето на водата за 120 отсто, што треба да се случи од почетокот на идната година. Илиоски смета дека таа цена ќе ги натера и битолчани посовесно да ја користат водата.

Комуналните претпријатија работат на проекти за да се користи техничка вода од акумулацијата „Стрежево“, со која веќе се наводнува паркот кај градскиот часовник, а се задоволуваат и потребите на голем дел на индустријата. Се размислува и да се издупчат што повеќе бунари.

Е.М.




Тетово првпат без рестрикции по девет години

Периодот јуни-јули годинава во Тетово ќе се памети по тоа што немаше рестрикции во водоснабдувањето, состојба што беше неизбежна во последниве девет години. Штедроста на изворите на Шар Планина во овој период изнесува околу 480 литри, што од јавното комунално претпријатие го оценуваат како добра состојба.
- Годинава имавме одлични хидролошки состојби. Огромните количества дожд и снег придонесоа да се зголеми штедроста на изворите, па немаше потреба од рестрикции, дури и во најкритичните месеци - вели Сабедин Абедини од работната единица за водовод и канализација на ЈКП Тетово.

Оваа служба се соочува со проблемот на нерационалното користење. Граѓаните ја трошат водата за наводнување дворови и бавчи, како и за миење улици и простори пред дуќаните. Пред три години имаше акција за одземање на цревата на оние граѓани што инспекторите ќе ги затекнат како ненаменски ја трошат водата. Во градот нема техничка вода, па чистата вода за пиење се користи за сите потреби. Свој резервоар за техничка вода има само фабриката „Тетекс“.

А.С.




Пресушуваат цевките во високите зони во Струмица

Жители од погорните делови на градот Струмица велат дека не сакаат да ги плаќаат сметките за вода бидејќи нивните цевки се празни кога ќе настапат најголемите горештини. Најпроблематична е состојбата на улицата Славчо Стојменски, на која живеат стотина семејства. Пластични шишиња полни со вода се редовен декор на нивните тераси и лете и зиме.

- Ме фаќа инает и не плаќам вода уште од 2007 година. Ми стигнуваат опомени од „Комуналец“, но зошто да платам кога немам вода? Нека платат вода моите деца кога ќе умрам бидејќи во спротивно „Комуналец“ нема да ми даде гробно место - вели еден струмичанец.

И жителите на улицата Бетовенова велат дека можат да готват, да се капат или да перат само доцна навечер, поради слабиот притисок. Во „Комуналец“ потврдуваат дека тој дел од градот има проблем, но додаваат дека во ромското маало наплатата изнесува 23 до 25 отсто, а во другиот дел од градот 75 отсто. Редовните плаќачи реагираат на таа состојба и порачуваат да не се толерираат неплаќачите, односно тие да се одвојат со посебен вентил.

Минатата година преку проектот „Меап“ се обновени водоводните цевки низ целиот град, а со чиста вода за пиење се обезбедени и пет околни села. Една од мерките да се надминат проблемите е и користењето техничка вода, со која се наводнува Градскиот парк.

С.Џ.




Задоволени сите потреби во Охрид и во Струга

Охриѓани и стружани имаат квалитетно и навремено водоснабдување и во летните месеци, велат од меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“. Бранко Трпчески, директорот на претпријатието, информира дека сите извори се во оптек и нема потреба од загриженост.

- Сосема е сигурно дека потребните количества им се испорачуваат на корисниците. Во одредени населени места има прекини поради интервенции, но реагираме навреме секаде каде што ќе се појави дефект - вели Трпчески.

Граѓаните на стариот дел од Охрид реагирале дека имаат проблем со водоснабдувањето, но Трпчески го негира тоа.

- Тие досега не почувствувале што значи вистински недостиг поради технички проблеми. Немало ниту рестрикции. Се задоволуваат потребите и покрај тоа што во лето во стариот дел има поголема фреквенција на луѓе - додава директорот.

За домаќинствата се користи чиста вода за пиење, додека јавното претпријатие „Охридски комуналец“, според пропишаните нормативи, преку пумпа во центарот на градот користи техничка вода од езерото за да ги мие улиците. Сашо Алчев, директорот на ова претпријатие, најавува дека ќе се буши во близина на дирекцијата за да се обезбеди вода за овие потреби.

А.Р.




Во Прилеп нема злоупотреби

И покрај зголемената потрошувачка на вода во летните месеци, во Прилеп нема проблеми со водоснабдувањето. Од јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“ велат дека од Студенчица пристигнуваат по 450 литри во секунда.

- Овие количества се доволни ако граѓаните рационално ја користат водата. Ако има потреба, ќе го зголемиме и дотекот - вели Сашко Николоски, директорот на претпријатието.

Освен што се апелира за рационално користење, се врши и контрола за тоа како се троши водата. Николоски вели дека засега не забележале злоупотреби, а се задоволни и од добрата наплата и од реконструктивните зафати за промена на водоводната мрежа што ја прави австриската фирма „Штрабак“ со грант од банката КФВ.

Ка.М.

 
Автор: Бојана Стојчевска   Фотографија: Маја Јаневска Илиева



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Jan-2010 at 21:30

Ќе се гради брана на Косевичка Река

Општина Македонска Каменица доби 2,8 милиони денари од буџетот на Источниот плански регион за изработка на урбанистички план и основен проект за изградба на брана на Косевичка Река.

- Со активностите ќе почнеме за дестина дена. Според идејното решение со кое аплициравме за добивање пари, Косевичката брана ќе служи за две намени. Една ќе биде за наводнување на 1.400 хектари земјоделско земјиште во атарите на селата Луковица, Тодопровци, Косевица и дел од Камичко Поле, а се планира и изградба на две мали хидроцентрали за производство на електрична енергија - изјави Дарко Митевски, градоначалник на општина Македонска Каменица.

Според него, изградбата на браната на Косевичка Река ќе овозможи преродба на овие населени места и промена на структурата на земјоделското производство.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=3E3E3771ABB644419D6882099B973A08


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Jan-2010 at 21:25

Вода за сите домаќинства во Прилеп

ПРИЛЕП - Жителите на Прилеп наскоро ќе заборават на проблематичното снабдување со вода. Со реконструкција на околу 40 километри градска мрежа што ги опфаќа и најкритичните точки каде што се евидентираат огромни загуби на вода во системот, сите домаќинства ќе имаат редовно и непречено водоснабдување и во најсушните години.

Имено, во првата половина од оваа година треба да биде завршен проектот за реконструкција на градската водоводна мрежа, кој се реализира со средства од германската КФВ банка. Старите азбестни цевки речиси на цела периферија на Прилеп се заменети со еколошки цевки. Реконструиран е и водоводот во централното градско подрачје.

За реализација на најголемата инвестиција што досега е преземена во Прилеп, поранешната локална гарнитура обезбеди грант од 9,2 милиони евра, информираа од „Водовод и канализација“. Почнувајќи од 2002 година секоја фаза на проектот се имплементираше под будно око на консултантите од КФВ банка.

„Доколку се процени дека има средства да се реконструираат уште десет или 15 улици, тогаш ќе побараме од банката да го продолжи рокот. Ќе најдеме некоја форма за обновување и на тие улици“, вели директорот Сашо Николоски. Тој додава дека најдоцна за шест години се планира реконструкција и на останатата водоводна мрежа.

Како што потенцираат од „Водовод“, сите дефекти навреме се сервисираат. Половина од новата мрежа веќе е приклучена на постојната мрежа и функционира без проблеми. За подобро снабдување со вода ќе помогне и изградбата на бунари со средства што ги вети Владата. Надлежните велат дека станува збор за потисен цевковод и за пумпни станици, а средствата ќе се обезбедат од буџетот за 2010 година. Според Николоски, веќе се инвестирани 20 милиона денари, но за да се стават бунарите во функција се потребни уште толку пари. (М.Т.)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6BD21757C3220941952801F166247780


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Feb-2010 at 23:10
Намалена загубата на вода на велешки Дервен


ЈКП Дервен од Велес ги намали загубите на вода за над 15 отсто. Со реализацијата на проектот МЕАП, со кој беше замената старата и дотраена водоводна мрежа, покрај огромните загуби, во целост е решен проблемот со вода за пиење на жителите од градот и приградските населби Оризари, Превалец и Речани.
- Со години наназад се губеа огромни количества вода поради што велешани беа жедни - велат во претпријатието и додаваат дека загубата од претходните 55 проценти, сега е намалена за 15, а со континуираната замена на старите салонитни и поцинкувани цевки ќе биде помала и за 20 проценти.

Од кредитот од Европската банка за обнова и развој, ЈКП Дервен потроши речиси 1,1 милион евра во периодот од 2002 до 2007 година за замена на 9,6 километри секундарна водоводна инсталација и 1,2 километри канализациски цевки. Резултатите од овој зафат беа повеќе од добри.

Покрај замената на старата водоводна инсталација, за намалувањето на загубите на вода големо влијание имаат и двата новоизградени резервоари во близина на Спомен-костурницата и во месноста Гумења, што го чинеше претпријатието дополнителни 700.000 евра од кредитот.
Во првото тримесечје на 2006 година претпријатието имало загуба од 387.750 кубни метри вода. По реконструкцијата во 2007 година, за истиот период загубата е намалена за цели 100.000 кубни метри. Со изградбата на двата резервоара, пак, жителите од повисоките делови на градот повеќе немаат проблеми од недостиг на вода за пиење, што не беше случај во изминатите години.
Со извршената реконструкција и намалената загуба на вода, велешкото претпријатие Дервен се најде меѓу најдобрите во Македонија.

http://vecer.com.mk/?ItemID=BE43BE81F691504CA948B7CF225DB3DF



Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Feb-2010 at 11:41

Нивото на Дојранско Езеро зголемено за 25 см

Поради поројните врнежи од дожд, нивото на Дојранското Езеро е зголемено за 25 сантиметри, а езерската вода е навлезена на 3-4 метри од крајбрежјето и ја покри целата инфраструктура. Поплавени се пешачките мостови на градската плажа и на другите плажи долж крајбрежјето. Врнежите и топењето на снегот од околните планини предизвикаа зголемување на приливот на природните водотеци кон езерото, како од македонска, така и од грчка страна. Реката Парскева од грчка страна и хидросистемот за спас на дојранското езеро со дотек од 600 литри во секунда, придонесе езерската површина деновиве да го достигне нивото од 60-тиот сантиметар до минималната кота, а длабочина на езерото - 9 метри

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=57760


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Feb-2010 at 11:43
Имам некој впечаток дека последниве години некако поспоро се полни езерово, споредувајќи разлика до минималната кота, до тоа е ипак разбирливо што езерото е многу пошироко поблиску до минималната кота, одколку што е надоле во подлабокото, па тамо и побрзо с еполни. До сега немам прочитано некој рок или барем некоја проценка кога се очекува да се достигне нормалното ниво.


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Feb-2010 at 12:00
Originally posted by lslcrew

Имам некој впечаток дека последниве години некако поспоро се полни езерово, споредувајќи разлика до минималната кота, до тоа е ипак разбирливо што езерото е многу пошироко поблиску до минималната кота, одколку што е надоле во подлабокото, па тамо и побрзо с еполни. До сега немам прочитано некој рок или барем некоја проценка кога се очекува да се достигне нормалното ниво.


Мислам дека болдираниот дел држи и те како логика


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Feb-2010 at 15:42
Итна изградба на насип меѓу Струга и Дебар
Автор: http://forum.com.mk/_user/1/profile - Редакција ФОРУМ     14:11 | 18 февруари 2010

Изградба на насип на патот Струга-Дебар кој ќе ја акумулира водата што наскоро ќе почне да се испушта од езерото Глобочица ќе го намали нивото на водата во Охридското Езеро заклучиле на состанокот на Кризниот штаб во Стуга денеска

Според податоците на ЕЛЕМ, нивото на водата на Охридското езеро во моментов се наоѓа на 12 сантиметри над дозволената квота, но состојбата не е критична.

Од Центарот за управување со кризи потсетија на 1986 година кога нивото на водата во Охридското Езеро достигнала 18 сантиметри над дозволената квота.

На состанокот било договорено непосредните субјекти кои стопанисуваат со браната Глобочица да изградат насипи во ниските делови на регионалниот пат, во близина на селото Луково, а доколку не можат, да побараат помош од  општината Струга.

Истовремено од приватното претпријатие Летница било побарано да обезбеди непречен проток на вода кај местото Даљан, односно решетките да бидат кренати до максимум за да има непречен проток на вода.

Состанокот на платформата се одржа под водство на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, а во него учествуваа претставници од сите служби и институции надлежни за справување со поплавите.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека состојбата будно се следи и во другите кризни делови од Македонија, особено во Пелагонискиот, Струмичкиот и Полошкиот регион кои во последните десетина дена беа поплавени поради неистечени одводни канали.

http://forum.com.mk/_tools/article/17911/view

Реката Црн Дрим на "една коцка" од излевање (ФОТО)

Струга, 18. февруари (ИНПРЕС)

Отворени 80% од вратите на истекот на реката Црн Дрим во Струга со цел да се регулира екстремно високиот водостој на Охридското Езеро кое деновиве е на кота за 11 сантиметри над максималната и изнесува 693,86 сантиметри.

Зголемувањето на водостојот е резултат на обилните врнежи од дожд, а особено на врнежите од снег кои заради високите температури се топи многу брзо.

Ситуацијата би можела да излезе од контрола доколку продолжи вакво врнежливо време, а особено со топењето на снегот од Галичица, предупредуваат еколозите. Висок е водостојот и на реката Црн Дрим.

Уште 20-тина сантиметри или уште "една коцка" како што велат стружани фали за да се излее реката. (Крај)

http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=33B71D7BB967FA4FBAC6F1472A66B145



Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Feb-2010 at 15:45
За каков насип се спомнува покрај патот? Нешто како импровизирано вештачко езеро колку да се придржи водата привремено? Каква врска има сега патот, ќе биде поплавен ли? Не ми е јасно за каков насип зборуваат, ај ако може некој нека опише или скицира.


Posted By: La Linea
Date Posted: 22-Feb-2010 at 17:08
Во контекст на муабетот од Градска инфраструктура,

Нивото е високо, состојбата - стабилна


Нивото на Охридско Езеро е 13-14 сантиметри над максимално дозволената кота, поради што стотина куќи во селото Пештани се преплавени во подрумските простории

%20
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој го предводи координативното тело што ја следи состојбата со поплавите, го посети Пештани.

- Нивото е над максималната кота, но состојбата е стабилна. Во моментов од Црн Дрим се испуштаат 53 кубни метри води во секунда. Доколку се испушта поголемо количество вода, може да дојде до поплавување на другите подрачја, меѓу кои и на патот Струга-Дебар - изјави Јанакиески.

Куќите во Пештани веќе три дена се во вода, а Пештанци стравуваат дека, доколку не се преземат итни мерки, штетите ќе бидат уште поголеми.

- Целото село е под вода. Преплавена ми е целата покуќнина, од апаратите за домаќинство до мебелот. Досега никој не помогна иако навремено пријавивме - вели Лидија Башоска.

Сандре Нечоски, 65-годишен жител на ова село, кој е и претседател на месната заедница, рече дека не се памети вакво ниво на вода во Пештани во последните 50 години.

- Направивме список на поплавените, кој ќе биде доставен до Центарот за управување со кризи. Доколу не се преземе навреме нешто, штетите ќе бидат многу поголеми- рече Нечоски.

Ништо повеќе не може да се стори, вели министерот Јанакиевски.

Освен водата во домовите, поради која жителите се плашат да вклучат електрична енергија, постои страв езерото да не го проголта целиот пат.

- Доколку не се направат потпорни ѕидови при силниот ветер „Мрачник“, кој доаѓа од Калишта, езерото ќе го уништи и патот - предупреди Трајан Симоноски од здружението на граѓани „Пештански чун“.

Еден ден пред Јанакиески, Пештани го посети и градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, кој ситуацијата ја оцени многу подраматично и и порача на Владата да излезе на терен и да се соочи со реалните проблеми.

- Поткопан е патот Охрид - Свети Наум. Доколку не се направат потпорни ѕидови, може да го загубиме - вели градоначалникот Петрески.

Јанакиевски, пак, тврди дека професори од Градежниот факултет во Скопје направиле увид на состојбата со патот Охрид - Свети Наум, а по повлекувањето на водата од езерото, ќе биде извршена дополнителна процена за да се утврди дали ќе биде неопходна санација на оваа магистрала.
 
Автор: Александра Ристоска


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=222101021303&id=9&prilog=0&setIzdanie=21916


Залади, нема страв од поплави


За да дојде до посериозни поплави потребно е во исто време кога ќе се топи снегот да врне дожд, а во овој период такви временски услови не ја очекуваат Македонија, вели Јосиф Милевски, раководител на хидролошкиот сектор во Управата за хидрометеоролошки работи

%20

Македонија од вчера е зафатена од бран заладување, поради што дневната температура ќе биде и до десет степени пониска во однос на саботната, кога беа измерени 17 степени, соопштува УХМР.

Поради преодното заладување, вчера и денеска топењето на снегот ќе биде во стагнација. Македонија, соочена деновиве со покачени водотеци и ерозија на земјиштето, може привремено да здивне.

- Состојбата на реките е стабилна и нема место за паника дека ќе дојде до нивно излевање - објасни Јосиф Милевски, раководител на хидролошкиот сектор во Управата за хидрометеоролошки работи.

Според него, при интензивни врнежи од дожд, нормално е да дојде до зголемување на водостојот на реките и езерата.

- За да дојде до посериозни поплави, потребно е во исто време кога ќе се топи снегот да врне дожд, а во овој период такви временски услови не ја очекуваат Македонија - вели Милевски.

На крајот на зимата и во почетокот на пролетта секогаш има помало излевање на реките, но тоа се случува бидејќи се јавува зголемување на нивото подземните води, кои не можат да се влеат во реките.

- Место за паника нема. На нашата територија има две критични точки: во месноста Пласница, каде што тече реката Треска, и Бучим, по текот на Црна Река. Секоја година во овие месности доаѓа до излевање на водотеците. реките Струма, Вардар и Брегалница имаат стабилна состојба. И временските услови, поточно паѓањето на температурите, со снег на повисоките места, одат во прилог на тезата дека поплавите ќе нé заобиколат - вели Милевски.

Проблемот со излевањето на водотеците, предупредува Милевски, е во тоа што коритата на реките не се одржуваат на потребниот начин со години.

- За поплавите во Пелагонија е виновен човечкиот фактор, затоа што каналите изградени во 60-тите години на минатиот век за наводнување на ораниците се веќе уништени - вели Милевски.


На итна помош - 20 отсто повеќе повици

Наглите промени на времето најголеми проблеми им прават на хроничните болни, оние со астма и со срцеви заболувања. Често променливото време го покачува и бројот на мозочни удари. Во службите за итна медицинска помош викендов обемот на работа се зголемил за 20 проценти.

- Најмногу помош бараат оние со астма и кардиопатски заболувања. Тоа не е ништо невообичаено за ваквите временски промени, па затоа ги советуваме болните да се јават веднаш штом ќе почувствуваат дека им се влошува здравјето - велат од Итна помош.

Во кругот на кардиологија деновиве сé повеќе медицински возила носат срцево болни од Скопје и од внатрешноста.

- Само во сабота вечер дежурните лекари им дале помош на триесетина болни. Наглите промени многу влијаат на оние со покачен крвен притисок, со слабо срце и со проблематични крвни садови. Болните во овој период мора да ја земаат својата терапија - вели проф. д-р Елизабета Црвеновска, која вчера дежураше во оваа клиника.

Невропсихијатарот проф. д-р Анте Поповски објаснува дека нестабилното време го зголемува бројот на мозочни удари, кои се последица од друга болест, често поврзана со крвниот притисок, срцето и крвните садови или, пак, стресот.

- Освен редовното примање терапија, болните мора да се трудат да не се изложуваат на стресови, но и да ги почитуваат лекарските совети за правилна исхрана - вели д-р Поповски.

Н. Б.





 

%20

- Лизгање на земјиштето предизвика оштетувања на магистралниот пат Ресен – Битола. Пропаднати се двете коловозни ленти на искачување кон планинскиот превој Ѓавато во правец од Ресен кон Битола, а постои опасност да пропадне и третата коловозна лента.

 

 ден  мин.  макс.
   
 Понеделник  8  10
 Вторник  1  14
 Среда  2 15

- На патниот правец Маврово – Дебар, во близината на манастирот „Св. Јован Бигорски“ сé уште се расчистуваат остатоци од честите одрони. Не се исклучува можноста за нови одрони.

- Затворен за сообраќај на сите видови возила е патниот правец Отешево – Трпејца, преку Галичица.

 
Автор: Б.С


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=222101020404&id=9&setIzdanie=21916


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: krale
Date Posted: 24-Feb-2010 at 13:24
Нивото на Охридско езеро расте,отворена уште една порта за испуст на вода
Автор: Владимир Митоски     08:40 | 24 февруари 2010


ОХРИД

Нивото на Охридското езеро во текот на ноќта се зголеми за еден сантиметар и сега е 16 сантиметри над дозволената кота утврдена со билатералниот договор меѓу Македонија и Албанија.
За да се спречи излевањето на езерото во вторник Координативното тело за превенција од природни непогоди донесе одлука да отвори уште една порта на испустот кај реката Црн Дрим во Струга.
Целта е да се испуштаат поголеми количества на вода бидејќи водотекот на Црн Дрим е намален во однос на претходните денови, а вода се испушта и кај населбата Далјан-информираа од координативното тело.
До вчера во Црн Дрим се испуштаа 53 кубни метри вода во секунда, но сега со отворањето на шестата порта ќе биде овозможен далеку поголем испуст.
Од друга страна, продолжува акцијата за изградба на насипи на критичните делови од крајбрежјето, а најалармантна останува состојбата кај населбата Пештани каде жителите стравуваат дека езерото ќе се излее и ќе ги поплави нивните домови./крај/охњуз/фо/вм
Фото: Охрид Њуз

http://makfax.com.mk/_tools/article/100082/view


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Feb-2010 at 01:19
По поплавите Охрид го демнат земјотреси


Состојбата со Охридското Езеро е загрижувачка, а штетите се повеќекратни, предупредуваат експертите. Нивото вчера се покачи за 20 сантиметри над максималната кота од 693,75. Според познатиот охридски архитект Димитар Зарчев секој сантиметар над оваа кота преставува катастрофа.
- Покачувањето за еден сантиметар дневно е 350 милиони кубни метри вода во Езерото, а денес нивото е повисоко за 20 см. При максимален истек низ браната кај Дрим, без да има прилив на вода во Езерото, за да се дојде до котата од 693,75, потребни се четири дена за да истече еден сантимнетар. За 20 см потребни се 80 дена, вели Зарчев. Според него високиот водостој прави непроценливи штети при дување на јужниот ветар, кој е карактеристичен за овој период од годината, кога брановите достигнуваат висина и до метар и половина.
- Доколку тој бран е на оваа кота ќе добиеме океански бран кој не само што ќе ги однесе патиштата туку е закана и за куќите и за пристаништето. Од друга страна, поплавите ги следат земјотреси. Не очекуваат тектонски пореметувања како последица на огромното количество вода во земјата, вели Зарчев.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Панде Лазаров, кој вчера ги посети критичните места во охридско-струшкиот регион, оцени дека сосојбата е стабилна.
- Се обезбедува од една страна да не бидат загрозени Струга и Охрид, а од друга страна да не се предизвикаат штети на патот на од Дрим до Глобочица и до Дебарското Езеро. Штетите засега се минимални. Водостоите на реките се намалени. Се прави прецизно планирање за тоа колку вода ќе се испушти и како ќе се прифатат водите од топењето на снеговите, што се очекува, за да не се загрозат градовите, а истовремено да не се предизвика поплавување на селата кои се на патот каде што поминува реката Дрим, рече Лазаров.

На патот кај Луково, што беше поплавен, тешката механизација на Дирекцијата за заштита и спасување вчера ја санира состојбата. Тимовите за брз одговор пак делуваа кај Калиште и Радожда, едни од најзагрозените од надојдената вода.

http://vecer.com.mk/?ItemID=71C06DAE16803943B4739485BD90FFDA

Црн Дрим се заканува со нови излевања


Во Долно Луково под вода се амбулантата, полициската станица, куќи и рибник

Симон Илиески

СТРУГА - Дождот престана да врне во Охрид, но остануваат проблемите со пораст на водостојот на езерото, излеаните реки и поплавените куќи.

Поплавениот дел од патот кај Луково, Струшко, што го чистат постојано од завчеравечер екипи на Дирекцијата за заштита и спасување е прооден во двете насоки кон Струга и Дебар. Доколку има нови испуштања вода од браната „Глобочица“, се стравува од нови поплави на патот по течението на Црн Дрим кон Дебарско Езеро. На овој правец е видливо и надоаѓањето вода од планините кое постојано предизвикува одрони, па затоа се апелира за внимателно возење.

Од нови поплави се плашат и во селото Долно Луково каде што под вода се амбулантата, полициската станица, неколку куќи и рибник. За да се избегнат евентуални поплави по течението на Црн Дрим, завчеравечер со одлука на Кризниот штаб се затворени две порти на истекот кај Струга, а сега се излеваат помалку од 50 кубни метри вода во секунда. Тоа ќе значи ново зголемување на нивото на Охридско Езеро, кое веќе е над 20 сантиметри од максимално дозволеното.

„Кризниот штаб е постојано на терен, ја проценува состојбата и презема мерки за да има балансирана состојба на нивото на водата на браните по течението на Црн Дрим кон Дебарско Езеро. Тоа го правиме во соработка со ЕЛЕМ, кој е надлежен за одржување на нивото на водите на Охридско Езеро и вештачките акумулации“, рече вчера во Струга Панде Лазаревски, директор на Центарот за управување со кризи. Тој немаше одговор дали со затворањето на дел од истекот на езерото и натаму ќе се зголемува нивото и дали тоа ќе предизвика поплави во Охридско-струшкиот регион. Лазаревски објаснуваше дека акумулациите „Глобочица“ и „Шпилје“ претставуваат систем на сврзани садови и дека се внимава да не се направат неконтролирани потези кои можат да направат огромни штети.

За разлика од оптимизмот на Кризниот штаб, ситуацијата на теренот е поинаква и жителите на селото Луково се плашат од нови поплави. „Се плашиме од нови излевања преку браната ’Глобочица’. За се' е виновна ЕЛЕМ, зашто во текот на есента на високо ниво ги држеше водите на Охридско Езеро и акумулацијата ’Глобочица’, која сега не може да ги испушти надојдените води“, вели Бошко Мурџевски, сопственик на рибник во Луково. Тој се жали дека нему и на други жители во селото им е направена голема штета што треба некој да ја надомести.

Глетката кај истекот на браната „Глобочица“ е вознемирувачка и очигледно е дека дополнително испуштените води уриваат се' пред себе низ речното корито кон Луково. „Патот пред Луково беше поплавен во должина од 300 метри. Со три машини, работејќи деноноќно, успеавме да направиме насип и да исчистиме дел од коритото кое е преполно со новоизраснати дрвја. Тоа ја отежнува работата“, објаснува Рашид Абазовски од Одделението на Дирекцијата за заштита и спасување од Дебар. Притоа, тој вели дека на жителите на Луково не можат повеќе да им помогнат зашто во услови кога водата е помала треба темелно да се исчисти речното корито. И тој се плаши дека зголемувањето на водата може да поплави и други делови на патот кон Дебар.

Првите луѓе на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи вчера ги посетија и Пештани и Радожда, при што ги уверуваа граѓаните дека ситуацијата е под контрола. „Нема ветер и дожд, езерото е потсмирено и водостојот е стабилен“, им рече Лазаревски на пештанци. Тие не поверуваа во ветувањата, па затоа организираа протест и побараа итно да се санира меѓународниот пат до Свети Наум. Ова ветување завчераноќ им го дал премиерот Никола Груевски, кој во еден часот по полноќ, по завршувањето на трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, го посетил Пештани. Средбата, како што дознавме, била во месната заедница чии претставници на Груевски ноќе му ги покажале критичните места.

Справувањето со опасноста од поплавите, наместо да ги спојува, и натаму ги дели локалната и централната власт. По изјавата на градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, во која вели дека поради тоа што не добил помош од македонската ќе побара од бугарската влада, на завчерашната трибина во Охрид му возврати премиерот Груевски. Тој го обвини дека од поплавите Петрески прави политички маркетинг што не е во интерес на граѓаните. Охридскиот градоначалник вчера на прес-конференција изјави дека власта прави политичка дискриминација во општините каде што градоначалниците се од СДСМ, при што заборава дека е загрозено охридското подрачје.

Граѓаните бараат да им се помогне, а не да слушаат политички препукувања. Покрај жителите на Пештани, вчера со протести бараа помош жителите на селата Орман и Лакочереј и населбата Воска. Се' погласни се и барањата за санирање на колекторскиот систем кој сега е преполн со вода и дел од фекалиите се испуштаат по улиците на Охрид или се влеваат во езерото.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=C2F5429B2532374892A2DC329EA2BF24


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Feb-2010 at 14:07
Ова е од пред некој ден. Денеска е уште 3-4 cm повисоко од ова.
[tube]WECD56Kt5Xg[/tube]


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Feb-2010 at 19:01

Езерото го враќа ударот - си дојде по своето!

Охрид, 26. февруари (ИНПРЕС)

Универзитетскиот професор Атаноско Туневски, поранешен директор на МЕПСО, деновиве, во екот на полемиката околу режимот на испуштање на водата од Охридското Езеро, ќе рече - режимот е прашање на бизнис!

Професорот и докажан стручњак во областа која ја коментира е наполно во право. Дури и кога вели дека неуки од ЕЛЕМ играат ризична игра со природата!

За жал неуките ги има секаде и во Скопје и во Охрид и во Струга. И не само режимот, туку се што е поврзано со Охрид и Охридското Езеро, е прашање на бизнис. Езерото е впрегнато во бизнис.

До невидени граници е  узурпирано, поради профит и лични интереси е нападнато длабоко  внатре. Насипи, платформи и секакви други објекти. Акумулација на капитал, без трунка акал!

Охридското езеро не е од вчера. Тогаш како се регулирало, кога ги немало централите Шпиље и Глобочица, кога го немало ЕЛЕМ, кога ги немало денешните кабидахии - спрегата меѓу урбаната мафија и локалната самоуправа. Тогаш се било спонтано и природно, а ако имало потреба кај Струга истекувале и 100 кубни метри во секунда.

Зошто сега некој мисли дека Охридското Езеро може да го регулира и да го испушта и запира како обична чешма со славина? Сепак, тоа е огромен природен басен, не е легенче или када!

За се се виновни човечката рака и човечката алчност. Колку им сечи акалот кога предлагаат дека ќе влегуваат длабоко со платформи на две - три места на градскиот кеј. Тие ќе завршат како што заврши мостот на Велија Рамковски и локалните аналфабети. Цевките од колекторот ќе шетаат по езеро, вели градоначалникот. А каде шетаат платформите?

Езерото го враќа ударот и се повлекува во своите природни граници, вели познатиот екологист од Охрид, Лазе Наумоски од Е.Д. "Грашница".

Наумоски тврди дека во 1970. година од Дрим кон Шпиље течеле 200 метри кубни вода во секунда, а сега викаме дека 50 - 60 биле премногу. Дали езерото навистина го враќа ударот?

Токму така, езерото се враќа по своето, по тоа што му е одземено. Секое кафуле во стариот дел на градот, влезе внатре, изгради бетонски ѕидови и платформи. На потегот кон Горица, после мостот на Студенчишки канал, езерото е ставено во ѕидови и бетони, како во корито. Со платформи на три места се навлегува длабоко во него.

Каде се старите рибари, кои бараа барем "два снажни" простор од езерото, за да ги извлечат кајчињата? Тие знаеја со сенкерот (бродското корито) да донесат големи карпи на пристаништето, за да се заштитаат од бранови. Ама не го оковаа езерото во бетон и железо.

Направена е историска деградација со асфалтирањето и претходно тампонирањето, на патеката што води до хотел Парк. Прекината е комуникацијата меѓу езерото и блатото, живеалиште на ендемичен жив свет. Или, како што велат од СРК, одземени му се белите дробови на езерото!

Сепак, најголемиот проблем е узурпацијата на езерото. Човекот влегува се повнатре за да го стопанисува езерото и гради насипи, платформи и секакви други објекти. Тоа очигледно го враќа ударот и се враќа во своите природни граници.

Посебен проблем е  пренасочувањето на реката Сатеска во Охридското Езеро, а не како некогаш кога се вливала дирекно во реката Црн Дрим. Друг проблем е што во реката Црн Дрим се влеваат и вевчанските извори, и  затоа не може да ја прими целата вода.

Она што особено загрижува е што ќе се случи кога оваа вода ќе се повлече? Подрачјето на Струга и Охрид е активно сеизмолошко подрачје. Пред последниот голем земјотрес во овој регион имавме исто така големи врнежи.

Езерото си дојде по своето, што е следното?

Охридското Езеро доби езерца - соседи (ФОТО)

Охрид, 26. февруари (ИНПРЕС)

После ноќешните дождови, охриѓани со стравување и неизвесност ги читаат метереолошките прогнози. Расположението им се менува, како што се менуваа временската ситуација. Час сонце, час облаци и мал јужен ветар, кој повторно го разбрани езерото.

Од официјално место, до овој момент не може да се добие информација - дали во последниве 24 часа, дошло до зголемување на водостојот. Меѓутоа, дури и да стагнира на вчерашните 22 сантиметри над горната дозволена граница, тоа е повеќе од аларм.

Имено, горната кота е дури за 4 сантиметри над рекордот во 1968. година и тогашните големи поплави.

На истекот во Струга, се испуштат само педесетина кубни метри во секунда во Црни Дрим, бидејќи во спротивно Дримот повторно  ќе го поплави регионалниот пат Струга - Дебар. Тоа пак оневозможува некакво брзо симнување на нивото на езерото.

Дека водостојот на Охридското Езеро е алармантно висок, потврдуваат фотографиите на репортерите на Инпрес, направени утринава нешто после 10 часот.

Каналот Студенчишта е преполн. Преполно е и е претворено во ново езеро Студенчишкото блато, кое од езерото го дели само патеката кон хотелот Парк, која на неколку места е непроодна и покриена со вода.

Прелеан е и патот кој води до сообраќајницата Охрид - Свети Наум и водата навлегува во Центарот за тренинг на води на АРМ. (Крај)


Inpress


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Feb-2010 at 19:07

Нивото на Дојранското езеро покачено за еден метар

Сузана Тасева http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=120403#komentari - Коментари (0)   javascript:otvoriVideoPrilog%2810/suze-28-02.wmv,%20120403%29">  
28.02.2010 16:15
 

 

Од обилните врнежи од дожд во југоисточна Македонија најголема полза има Дојранското езеро. За скоро 1 метар е покачено нивото на водата или сега езерото е подлабоко за цели 5 метра од еколошката катастрофа.

Дојранчани велат дека по еколошката катастрофа езерото сега го има најголемото полнење, од обилните врнежи од дожд но и топењето на снегот на планината Беласица. На полнењето на езерото најмногу му се радуваат жителите, за кои туризмот е најголем извор на егзистенција.

„Езерото се полни и тоа доста, количински доста, доволно има вода се очекува уште повеќе да стигне“, рече жител на Дојран.

„Од еколошка точка се очекуваат прво многу птици, многу риба значи се очекува природен живот, јасно е и туристи ќе доаѓаат сега“, рече жител на Дојран.

Полното езеро ја разработи и локалната власт.

„Сега веќе ќе почнеме со уредувањето на плажите , имаме зацртано некаде до Струмичката плажа да ги направиме сите тие потребни работи според урбанистичкото решение кое е предвидено“, рече Глигор Чабулев, градоначалник на Дојран.

На Дојранското езеро сега му недостасуваат уште 25 сантиметри за да се врати во состојбата од пред еколошката катастрофа.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=120403




Posted By: krale
Date Posted: 01-Mar-2010 at 00:16
Конечно се наполни Дојран!


Posted By: La Linea
Date Posted: 04-Mar-2010 at 02:07

Во Вардар ќе се испушта вода од Мавровско Езеро

ГОСТИВАР - Во приградската гостиварска населба Мало Турчане завчера реката Вардар се изли и поплави дваесеттина куќи и неколку хектари плодна површина. Водостојот на Вардар беше зголемен поради максималното и непрекинато повеќечасовно работење на хидроелектричните централи „Вруток“ и „Равен“.

Во наредниов период, како што изјави Љупчо Димовски, министер за земјоделство, при вчерашната посета на поплавените места и на критичните точки на Вардар, од Мавровското Езеро контролирано ќе се испушта вода за да не се зголемува водостојот на Вардар . Според Димовски, Полошкиот регион е стабилен. Доколку има проблем, дежурни екипи на Дирекцијата за заштита и спасување веднаш ќе интервенираат. Министерот потенцира дека со интензивното топење на снегот на Шар Планина, што се очекува кон крајот на овој и на почетокот на идниот месец, може да дојде до излевање на планинските реки. Тој апелираше до месното население да ги расчистат затрупаните канали.

Инаку, во мај и во јуни Управата за води на Министерството за земјоделство ќе го чисти коритото на Вардар од Гостивар до Теново, како што беше пред две години. (К.К.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=AE74AEE584201441A1CA3174EAA82FAE


Подоброто управување на водите ќе ги намалеше штетите

Состојбата со поплавите можела да се ублажи, но не и целосно да се избегне

Билјана Ангеловска
Маја Томиќ




Дали покрај топлото време и обилните врнежи од дожд, некарактеристични за овој период од годината, вината за поплавите и за состојбата со преполните акумулации треба да се бара и во лошото менаџирање со водите? Дали последиците можеа да се избегнат или да бидат ублажени доколку надлежните поинаку реагираа кога од нас се бараше да не испуштаме вода кон Албанија, поради поплавите што го зафатија овој наш сосед? Односно, дали се доведовме во ситуација, помагајќи и' на Албанија, да си наштетиме самите себе?

Во состојба на висок водостој на реките и на Охридското Езеро, поради што цели региони се соочуваат со големи штети од поплави, ретко некој се осмелува јавно и експлицитно да каже кои се причините за ова што се случува во државава.

Експерти по хидрологија се согласни дека и поплавите во соседна Албанија несомнено имаат удел во состојбата со водите. Иако јавно не го вперуваат прстот во директните виновници, домашните стручни лица не ја отфрлаат целосно ниту одговорноста на надлежните. Велат, веројатно можело и требало поинаку да се регулираат водите, оти со подобро управување, последиците сега би биле помали.

„Годинава имаше врнежи во период кој е невообичаен за тоа. Нормално е во текот на зимата да паднат нивоата на езерата, на реките и на акумулациите за да можат да ги примат пролетните води, кои секогаш се очекува да бидат големи. Но, годинава беше незгодна, дождовите и топлото време дојдоа порано што придонесе за нагло топење на снегот, а тоа, секако, се неповолни околности. Затоа веројатно и можело претходно да се спроведе поинаков режим на користење на водите за производство на електрична енергија, па да се намали нивото на водата во акумулациите“, вели Љубомир Танчев, професор на Катедрата за хидротехнички објекти при Градежниот факултет во Скопје.

Тој појаснува дека во принцип првиот квартал од векот е влажен, по него следува сушен период, па повторно влажен. Тоа значи дека сега се можни незгоди од хидролошки аспект, бидејќи условите се неповолни.

„Во земјава обично најголем проток на реките има во април, мај и во јуни, поради обилни врнежи. Таа состојба дојде порано годинава и затоа треба правилно да се управува со акумулациите, да се испушта вода и да се произведува струја. Но, моментално е ограничено испуштањето од Црн Дрим, а пролетта ќе носи нови врнежи. Значи, ќе имаме проблеми на подолг рок, бидејќи Албанија нема капацитет да прима повеќе вода, а акумулациите се веќе полни и ќе доаѓа нов доток на вода од дождовите. Тука сме немоќни. Згора на се', надоаѓаат и подземните води, кои бавно се обновуваат, но и бавно се губат“, појаснува Танчев.

Тој смета дека според временските услови во оваа сезона, состојбата веројатно можела да се ублажи, но сигурно не и целосно да се избегне. Бидејќи во периодот кога беа поплавите во Албанија, Охридско Езеро веќе беше полно и имаше висока кота, а полни беа и ХЕЦ „Шпилје“ и „Глобочица“, чии електрани работеа со полн капацитет, цел јануари и февруари. Танчев е убеден дека е потребно систематско следење на состојбата, да се знаат дотоците и прогнозите, иако и тоа не е гаранција за избегнување на поплавите.

„За да се избегнат или да се сведат на минимум штетите од поплави, мора редовно да се одржуваат каналите, но и да се градат нови објекти и со нив да се управува правилно. Кај нас водниот потенцијал е искористен само 30 проценти, а за да нема поплави, потребно е да се изградат нови акумулации“, вели професорот Танчев.

Деновиве во неколку наврати имаше јавни обвинувања за ЕЛЕМ од Атанско Туневски, поранешен прв човек на МЕПСО и од неодамна член на СДСМ. Тој отворено го впери прстот во ЕЛЕМ како главен виновник за состојбата со поплавите и со Охридското Езеро. Односно, дека поради лошото раководење со водите од страна на ЕЛЕМ дошло до многу несакани последици. Според Туневски, во октомври минатата година се произвеле многу помалку киловат-часа струја во ХЕЦ „Глобочица“ отколку што можело и требало.

„Да се произведоа 120, наместо само 69 гигават-часа, сега нивото на езерото ќе беше за 20 сантиметри пониско и ќе немаше поплави“, вели Туневски.

Од ЕЛЕМ деновиве демантираа дека вината за високото ниво на водите е резултат на лошото раководење и потенцираа дека со водите се управува онака како што треба и целата вода се обработува регулирано. Временските непогоди, односно обилните врнежи на дожд и на снег и порастот на температурите се главната причина. Од ЕЛЕМ потсетија дека ланското производство на струја од сите ХЕЦ е натфрлено за 37 отсто, а во последните денови се испуштаат максимално дозволените количества вода од Црн Дрим за да не се предизвикаат дополнителни штети.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C0725FA232F73447BDD2F60B21AF25F0



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Mar-2010 at 17:50
Не толку за преписката колку за информациите и сликите...

Акумулациите максимално се празнат

ЕЛЕМ ги отфрла тврдењата дека одговорноста за поплавите во Охрид и прелевањето на водата кај „Глобочица“ и „Шпилје“ лежи кај нив


Како поткрепа го наведуваат фактот што електроцентралите од 15 декември работат 24 часа под полна пареа, поради што и извозот на електрична енергија е двојно зголемен.

Дел експертите, пак, го тврдат спротивното, односно дека во декември и во јануари ЕЛЕМ произвел мало количество електрична енергија, што влијаело Охридско Езеро да остана неподготвено да ги прими надојдените води.

%20

Во Шпилје се прелеваат 45 кубни метри вода во секунда. Во Глобочица е слично. Вчера и поранешниот директор на АД МЕПСО Атанаско Тунески запраша дали катастрофата со Охридско Езеро не е предизвикана од неработењето на ХЕЦ „Глобочица“ со полн капацитет во периодот октомври 2009 - јануари 2010 за да се увезе скапа струја и го обвини премиерот Никола Груевски дека свесно го штити директорот на ЕЛЕМ.

Од ЕЛЕМ ги отфрлаат ваквите тврдења како „паушални и нерелевантни“.

%20


http://novamakedonija.com.mk/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Mar-2010 at 20:49

Ќе се гради филтер-станица во Ново Село

Во општинскиот центар Ново Село деновиве ќе почне изградба на новата филтер-станица за прочистување на водата за пиење. За реализацијата на овој комунален проект гласаа граѓаните преку Форумот на заедници, а средствата се обезбедени од Швајцарската агенција за обнова и развој.

- На јавен тендер за изведувач на градежните работи е избрана фирмата „Кикотерм“, која деновиве треба да почне со подготвителните работи за изградбата што треба да заврши до крајот на годинава. По реконструкцијата на водоводната мрежа, се покажа дека е неопходно да се изгради и нова филтер-станица, која ќе овозможи Ново Село да добие чиста и здрава вода за пиење - вели градоначалникот на Ново Село, Петар Спасов.

Филтер-станицата ќе биде со капацитет од 18 литри во секунда, со што во наредните 20 години ќе биде решено прашањето со водоснабдување на жителите на ова најголемо населено место во Струмичкиот регион.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=62155F9493EF0743A845725895630631


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Mar-2010 at 00:39

Водата донесе надеж за Преспа

За разлика од други региони во кои надојдената вода од врнежите и од топењето на снегот предизвикуваше паника, ваквата хидролошка состојба побуди радост и надеж во Преспанскиот регион. Првпат по долги години повлекување водата во Преспанското Езеро надојде за околу еден метар. Жителите од преспанските села ова го сметаат за благодет за крајот, во кој поради драстичното празнење на езерото туризмот со години замира.

- Езерото почна да се повлекува кон крајот на шеесетите години од минатиот век. Во прво време тоа одеше бавно, речиси неосетно, за последните десет години да стане многу драстично. Нивото на езерото се намали повеќе од 7 метри од максималната точка. Сега првпат во последните десет години се случува толку да надојде водата. Тука постарите жители велат дека на педесет години се случуваат драстични промени кај езерото - вели Митко Стојановски, жител на Крани.

Преспанци сметаат дека и покрај неповолните состојби со јаболкарството, надоаѓањето на езерото ќе им ги олесне маките.

- Ова позитивно ќе се одрази врз овоштарството. Во Сирхан со години се мачевме да ги навадиме јаболкниците зашто пумпите од системот за наводнување со повлекувањето на водата останаа оддалечени од местото на црпење на водата, односно од езерото. Ако продолжи ваквата хидролошка состојба, напролет системот ќе може да проработи - вели Калче Ноневски, жител од преспанското село Волкодери.

Сепак, жителите се скептични дека зголемениот езерски водостој ќе го врати туризмот во Преспа. Овој регион доживеа туристички процут во осумдесеттите години на минатиот век.

- Дури и да се врати водата, ако локалната самоуправа со помош на државата не ги исчисти бреговите, кои се многу запуштени, тешко дека туризмот ќе се врати во овој крај. Освен во Претор, каде што се уредени плажите, во западниот дел на Преспа, од Отешево, па натаму преку Сирхан, се' е под трска. Ништо не е исчистено - додава Ноневски.

Експертите сметаат дека Преспанското Езеро досега изгубило вода колку неколку Дојрански Езера. Се претпоставува дека водата преку карстното подрачје на Галичица истекува во Охридското, кое е за околу 200 метри на пониска надморска височина од Преспанското Езеро. Но, влијание има и тоа што минатите години водата неконтролирано се користеше за наводнување на земјоделските површини.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F88ED3966D909548835F1D2C6CA281A3


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Mar-2010 at 00:41

Студот го стабилизира Охридско

Снегот што вчера интензивно паѓаше во Охрид не го зголеми нивото на езерото, туку напротив водостојот падна за еден сантиметар и сега изнесува 24 сантиметри над дозволената кота. Надлежните соопштија дека поради хидрометеролошките најави за ниски температури, во наредните неколку дена се очекува понатамошно намалување на езерското ниво. Намалување за десет сантиметри е регистрирано и кај реките од сливното подрачје на Охридското Езеро, што значи намален доток на вода во езерото, кој ќе придонесе за намалување на водостојот. Од портите на Црн Дрим и понатаму се испуштаат по 61 кубен метар вода во секунда што исто така укажува на подобрување на вкупната хидролошка состојба.

- И покрај врнежите од дожд и снег, кои во последните денови го зафатија Охридско-струшкиот регион, нивото на локалните реки бележи тенденција на опаѓање и не претставува опасност за дополнително влошување на состојбата. Водостојот на реката Сатеска е опаднат за два сантиметра, а нивото на езерото Глобочица стагнира, додека Дебарското Езеро бележи намалување за четири сантиметри - соопшти Центарот за управување со кризи.

Минималното намалување на езерото не ја смирува паниката на жителите од крајбрежјето, кои се уште стравуваат од поплави. Но, надлежните апелираат на смиреност и објаснуваат дека секоја промена будно се следи и дека се преземаат сите превентивни мерки за заштита.

- Независно од временските услови, состојбата во врска со водостојот на Охридското Езеро и другите критични места каде што се можни излевања на реките континуирано се следи. Ситуацијата на терен засега е стабилна и под контрола - информираат од Координативното тело за превенција од природни непогоди.

За да се заштити колекторскиот систем од нови и дополнителни оштетувања, екипи на Координативното тело за справување со поплави, вчера почнаа со градежните работи, за заштита на колекторските инсталации, кај месноста Елешец и во други делови од крајбрежјето, каде што има опасност од оштетување. Оваа активност е дел од превентивните мерки што охридската локална самоуправа, деновиве ги достави до Надлежните државни служби и чија реализација е повеќе од неопходна.

- Покрај заштитата на цевките, кои се покрај на брегот на езерото, со мерките за заштита на колекторот се предвидува и заштита со вреќи со песок на пумпите кај месноста Грдано, Потпеш и Канео, како и на пумпната станица во населбата Далјан. Меѓу другото како мерка е предвидено и чистење на речните корита на реките Далјан и Грашница, како и изградба на атмосферска канализација на неколку критични локации по течението на тие реки што први се излеваат во вакви неповолни хидролошки ситуации - велат од Општина Охрид.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=980B23C9A39EFB489E01159C11DD2C07


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Mar-2010 at 12:55
%20

Пред вчерашниот снег нивото на Охридско Езеро опадна за 1 сантиметар. Тешко воспоставената контрола сега е загрозена од новите врнежи. Најдраматична е состојбата во Пештани и Радожда, а автокампот Љубаништа - сосема е поплавен.

Иако последниве години станува своевидна практика веројатноста за снежни врнежи да биде поголема на Меѓународниот ден на жената отколку на Нова година и на Божиќ, експертите не сметаат дека станува збор за некоја климатска промена и изместување на годишните времиња, туку за чиста случајност.

-Во Македонија постојат услови за снег до 1 мај. Кај народот секоја невообичаена појава се толкува како климатска промена, но моменталниве промени се временски - вели Пеце Ристевски, државен советник во Управата за хидрометеоролошки работи.

Обилни врнежи од снег лани ја зафатија земјава на 21 март, на првиот календарски пролетен ден, кога поради неговата тежина се уриваа гранки од дрвја. Истата состојба се повторува и годинава - две недели порано. Откако месеците што треба да бидат најстудени, јануари и февруари, поминаа со релативно високи температури и со повремени дождливи периоди, дојде март и мокриот тежок снег повторно нé навјаса. Но иако станува своевидна практика веројатноста за снежни врнежи да биде поголема на Меѓународниот ден на жената отколку на Нова година и на Божиќ, експертите не сметаат дека станува збор за некоја голема климатска промена и изместување на годишните времиња, туку за чиста случајност.

%20

- Тоа едноставно така се погодило во овие две години. Во Македонија постојат услови за снег сé до 1 мај, а мораме да имаме предвид дека грејната сезона трае од 15 октомври до 15 април. Според тоа, во целиот временски интервал може да има потопли и постудени периоди со врнежи од дожд или од снег. Кај народот веќе секоја невообичаена појава во атмосферата се толкува како климатска промена, но моменталниве промени се временски. Климатските може да се набљудуваат само долгорочно. Освен тоа, март е и онака најпроменлив месец. Сé може да се очекува во март и ништо не треба да нé изненадува - вели Пеце Ристевски, државен советник во Управата за хидрометеоролошки работи.

Новите снежни врнежи, кои според прогнозите ќе траат уште два-три дена и ќе бидат особено силни во југоисточните делови на земјава, му предизвикаа нови главоболки на Координативното тело за заштита од поплавите, бидејќи нивното топење ќе предизвика дополнително подигнување на нивоата на реките и на езерата. Сепак, оттаму вчера соопштија дека состојбата останува стабилна, особено по конечното спуштање на нивото на Охридско Езеро за еден сантиметар и на реките Коселска и Сатеска за десет сантиметри. Освен во овој регион, кој е најзагрозен, се преземаат заштитни мерки и на други места, пред сé во Пласница, каде што се поставува насип за да се спречи излевањето на реката Треска и за да не се доведе во опасност основното училиште.


 

Езерото се спушти, вреќите се крадат

Снегот што наврна изминатите три дена дополнително ќе влијае врз зголемувањето на нивото на водата во езерото, кое, според вчерашните мерења, е на 24 сантиметри над максималната кота и изнесува 693,99 метри, односно се спуштило за еден сантиметар. Од портите на реката Црн Дрим се испуштаат 61 кубен метар вода во секунда. Водостојот на реката Сатеска е опаднат за два сантиметри. Нивото на Дебарско Езеро вчера бележеше намалување за 4 сантиметри споредено со претходниот ден, додека нивото на езерото Глобочица стагнира.

И покрај оптимистичките најави на одговорните институции дека ситуацијата се следи будно и се држи под контрола, сепак, снегот што врнеше изминативе денови ги вознемири жителите од охридско-струшкото крајбрежје, особено оние во Пештани, Радожда и во Калишта. Пештанци и натаму се справуваат со подземните води, кои веќе ги преплавија нивните домови и ги поткопуваат септичките јами, а во Радожда и во Калишта и најмало бранување на езерото може да предизвика драматична ситуација.

На критичните делови на регионалниот пат Струга-Дебар се гради земјен насип во должина од 350 метри, со висина од 5 и широчина од 7 метри, што треба да спречи натамошно излевање на реката Црн Дрим на коловозот. Ова, според упатените, ќе овозможи поголем истек на вода во Црн Дрим, но, доколку ситуацијата нагло се влоши, велат тие, ќе бидат неопходни порадикални и постратегиски зафати. Едно од можните решенија е пренасочување на реката Сатеска, од езерото во Црн Дрим, како што било и порано. Надлежните започнаа и со градежни зафати за заштита на колекторскиот систем на потегот од Пештани до Елешец. Ќе се поставуваат заштитни потпори на цевководот и на пумпите од колекторскиот систем.

Додека одговорните институции се обидуваат да ги заштитат населените места, дел несовесни граѓани крадат од десетината илјади вреќи со песок поставени на градскиот кеј во Охрид. Од Дирекцијата за заштита и спасување апелираат до граѓаните да не ги отстрануваат вреќите од кејот, а доколку им бидат неопходни да побараат откај нив.

Во меѓувреме реагираат и жителите од населбата Канео, која лежи на самиот езерски брег. Според нив, заштитни вреќи најпрвин требало да се поставуваат пред нивните куќи, а дури потоа на шеталиштето.
- Ним им е речено да дојдат слободно и да побараат вреќи колку што сметаат дека им се неопходни. Ќе им дадеме без проблем - велат во Дирекцијата.

А.Р.

 

Поградец е сув, а Пештани поплавено

Иако Охридско Езеро го делиме со соседна Албанија, подигнувањето на неговиот водостој за четврт метар не предизвика проблеми на таа страна од границата, особено не во најголемото населено крајбрежно место, Поградец. Ставре Спирковски, жител на овој град, вели дека засега куќите биле безбедни.

- Имаат штети некои новоизградени угостителски објекти покрај езерото. Куќите се малку повисоко, па затоа за нив нема опасност. Често поминувам покрај Пештани и гледам дека таму има сериозни проблеми, но ние сме подалеку од водата - рече Спирковски.

Во изминативе денови се појавија тврдења дека неконтролираното ширење на нашите населени места кон крајбрежјето е причината за проблемите со кои денес се соочуваат, но охридските архитекти сметаат дека тоа не е нова појава.

- Охрид, Струга, Пештани, Трпејца и другите места со векови биле таму каде што се и денес. Тоа била нашата традиција. Поградец е сосема друго, бидејќи таму и теренот е поинаков, па објектите се на повисоко. Но и кога се планираат градбите од нашата страна се има предвид максимално дозволената кота на езерото од 693,75 метри надморска височина, утврдена со меѓународен договор. Тоа што некој дозволил таа во моментов да е за 24 сантиметри повисока е сосема друг проблем и не може целата вина да се префрли на тоа како се градело - вели Димитар Зарчев, поранешен главен градски архитект на Охрид.

%20


Г.Т.

 

Патишта:

- Забрана за движење за тешки товарни возила на граничниот премин Ќафасан и на планинските превои: Стража, Маврово и Плетвар
- Задолжителна употреба на зимска опрема на планинските превои: Попова Шапка, Пресека и Ѓавато
- Одрони од камења на магистралниот пат М-5 од Кочани до браната Калиманци вчера го блокираа патот
- Целата механизација на „Македонија пат“ е активирана

 

Политичко помирување во потопениот Охрид

По подолг период на политички мотивирани расправии за тоа кој е виновен за поплавите меѓу локалната самоуправа на Охрид, која им припаѓа на СДСМ и централната власт на ВМРО-ДПМНЕ, денеска двете страни треба да се смират и да разговараат како да му помогнат на оштетеното подрачје. Градот ќе го посетат министрите за транспорт и врски Миле Јанакиески и за одбрана Зоран Коњановски и ќе се сретнат со градоначалникот Александар Петрески. Од координативното тело јавуваат дека двајцата министри потоа ќе посетат повеќе локации каде што се изведуваат работи за заштита од поплавите.

 

Љубаништа - нова Атлантида

Автокампот Љубаништа помеѓу Трпејца и Свети Наум целосно е поплавен. Поради зголеменото ниво на езерото, кампот, кој е омилена летна дестинација за одмор поради питомиот брег и убавата природа, деновиве, без насипи и заштитни вреќи песок е сосема под вода. Охриѓани веќе зборуваат за Љубаништа како за нова Атлантида.

%20

 

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3910103426&id=9&setIzdanie=21929


Posted By: Max
Date Posted: 09-Mar-2010 at 18:37

Пелагониски села добија градска вода

Чиста вода за пиење од битолскиот градски водовод добија седум села од руралните пелагониски општини Могила и Новаци. Во употреба е пуштен регионален водовод, долг 13 километри, на кој ќе се приклучат 2.000 жители од пелагинискиот регион.

- Овој систем ќе овозможи замена на користење на водата од постојните бунари и извори која постојано е забранувана за употреба од санитарната инспекција- изјави Славко Велевски, градоначалник на Могила.

Владата во овој проект инвестира 27 милиони денари. Уште 9 милиони денари, половина од Владата, а половина од општина Битола, се вложени во новата водоводна мрежа за битолското планинско село Буково, каде што водоводот беше стар 50 години.

- Овие проекти се значајни за зачувување на селото и за рамномерен регионален развој. Целта е во 2011 и 2012 година сите населени места во Македонија да имаат здрава вода за пиење - изјави Миле Јанакиевски, министер за транспорт и врски.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=3A63FB6C7DBF6848907434566C2C34FC&arc=1 - http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=3A63FB6C7DBF6848907434566C2C34FC&arc=1



Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Mar-2010 at 18:59
Сатеска го забрзува стареењето на Охридскто Езеро !

Доколку реката Сатеска која се смета за еден од најголемите загадувачи на Охридското Езеро не биде пренасочена во старото корито од каде реката се вливаше во Црн Дрим, последиците по еко системот ќе бидат катастрофални предупредуваат експертите.

Реката Сатеска која извира од Плаќенска планина и во која се влеваат голем број помали и поголеми реки со себе во Охридското Езеро носи големи наноси, како и пестициди, хербициди, инсектициди и други отровни материи кои се употребуваат во земјоделството, кои преку синџирот на исхрана, на крај стигнуваат и до човекот, вели професор д-р Здравко Крстаноски од Хидробиолошкиот институт од Охрид. Сепак предупредува Крстаноски, најголемата опасност претставуваат органските материи кои Сатеска ги носи во езерото. Во наносите што Сатеска ги носи во Охридското Езеро има и до 80% органски материи кои предизвикуваат забрзана еутрофикација-стареење на езерото, што на крај ќе резултира со негово изумирање, предупредува  Крстаноски.

Според него пренасочувањето на реката Сатеска од старото корито во Охридското Езеро што се случи во 1961 година е катастрофална грешка која час поскоро треба да се исправи.

Со ваквиот став не е се согласува професорот од Факултетот за Туризам Науме Мариноски, кој активно беше вклучен во изработката на Нацрт просторниот план за Охридско-преспанскиот регион кој го тангира и проблемот со реката Сатеска.

Според Мариноски враќањето на реката Сатеска во старото корито ќе влијае негативно на хидролошката состојба на Охридското Езеро, но и на акумулацијата „Глобочица“ која исто така ќе се соочи со недостаток на вода.

Професорот и лимнолог Крстаноски се согласува дека пренасочувањето на реката Сатеска во Дрим ќе значи дека во Охридското Езеро ќе се влеваат околу 200 милиони кубни вода помалку, но вели дека таа вода е загадена и многу опасна и доколку и натаму продолжи да се влева во езерото последиците ќе бидат катастрофални.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека реката Сатеска нема да се дислоцира во старото корито, туку дека по нејзиното течение ќе се изградат таложници за да се спречи таложењето на наносите во Охридското Езеро.


Сатеска и натаму ќе се влева во Охридското Езеро сo се што носи со себе

Крстаноски не се согласува со ваквата идеја бидејќи како што тврди, таложниците не можат да го запрат ситниот нанос кој  содржи органски материи кои го оптоваруваат Охридското Езеро и предизвикуваат еутрофикација.

Тој информираше дека во 1993 година е извршена научна ревизија на планот за дислокација на Сатеска при што научниот  тим кој во шеесетите дал согласност за  пренасочување  ан  Сатеска во Охридското Езеро признал дека направил грешка. Крстаноски вели дека најдобро решение е Сатеска да се врати во старото корито, а по нејзиното  течение да се изградат таложници. Така смета Крстаноски, ќе се заштити Охридското Езеро, а штетата што ќе ја претрпи Црн Дрим ќе биде многу помала отколку да се дозволи изумирање на Охридското Езеро.

Крстаноски информираше дека пред 14 години бил изработен комплетен проект за враќање на Сатеска во старото корито со изградба на заштитен регулатор во случај на големи поплави, кој тогаш се проценувал на 16 милини германски марки, или денешни 8 милиони евра.

Горан Момироски

http://www.ohridnews.net/index.php?mod=2&kat=&id=2425

http://www.strugadenes.com/novosti/dali-rekata-sateska-ce-se-prenasoci-vo-rekata-crn-drim - Дали реката Сатеска ќе се пренасочи во реката Црн Дрим ? http://www.strugadenes.com/mailto/component?link=aHR0cDovL3d3dy5zdHJ1Z2FkZW5lcy5jb20vbm92b3N0aS9kYWxpLXJla2F0YS1zYXRlc2thLWNlLXNlLXByZW5hc29jaS12by1yZWthdGEtY3JuLWRyaW0%3D">Е-пошта
Напишано од Струга Денес   
Недела, 07 Март 2010 22:33

Вчерашниот нов снег и неговото брзо растопување во Струга, внесоа нова неизвесност и го зголемија стравот поради високиот водостој на Охридското Езеро.

Ноќеска температурите беа минус, и во градот и  на повисоките планински места, што е добра вест во поглед на намалувањето на количините вода што се вливаат во езерото.

Надлежните, неколку дена по ред,  повторуваа дека е водостојот на Охридското Езеро е на константно ниво, но денеска признаа дека, сепак, е на 25 сантиметри над горната дозволена граница.

Агенцијата Инпрес, уште вчера, поагајќи од она што можеше да се види на самото место, излезе со  сомнеж - дали навистина се  соопштуваат вистинските вредности?

Неизвесноста и неверувањето, се зголемија и со самиот факт што на испустот на езерските води во Црн Дрим, истекуваат по 60 кубни метри вода во секунда, а празнење сепак нема.

Тоа значи дека приливот на води сеуште  е поголем од одливот и дека треба да се преземаат порадикални мерки.Спасот, може да биде реката Сатеска, која, одделно внесува најголеми количини на вода во езерото. Време е надлежните да размислат за нејзино ургентно пренасочување - директно во реката Црн Дрим, каде и била нејзината природна, историска патека.

Замислите ако оваа вода го сменит правецот на движење и се влеват во реката Црн Дрим што можи да се деси со Луково и Дебар.... 


http://www.strugadenes.com/novosti/dali-rekata-sateska-ce-se-prenasoci-vo-rekata-crn-drim



Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Mar-2010 at 19:01
Од каде тоа достоинство човекот да ја менува природата по своја воља, па уште да си зема за право да кажува дека ја корегирал во тоа што е природно создадено. Демек природава направила грешка па ние сега ќе ја исправиме, бреееј бреееј. Е тоа да видиш! Сметам дека треба што побрзо да се врати реката во старото корито, за де не си се врати сама, само што тогаш ќе биде потрагично.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Mar-2010 at 12:02
Уште не ми е јасно кои биле мотивите да се пренасочи Сатеска во езерото. Во случаи кога би бил потребен минимален дотек на дрим во акумулациите, би можело истекот од Струга да се сведе до минимум, додека Сатеска да си биде под природен тек. Односто водостојот да се штелува притоа сметајќи го и дотекот од Сатеска, а не вака и Сатеска под капа на браната во Струга. А притоа воопшто и да не бил земен во предвид фактот дека само дотекуваат хемикалии во езерото. Еве се обидов да направам една скица...




Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Mar-2010 at 12:06

Што е тоа Мал Дрим?

Струга, 10. март (ИНПРЕС)

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, на вчерашната средба со владините министри Јанакиевски и Коњановски, во неколку наврати, како една од мерките за надминување на тешката ситуација со високиот водостој на Охридското Езеро, го спомена Малиот Дрим во Струга.

Читатателите, особено оние од помладите генерации, недоволно, или воопшто не знаат - што е тоа Мал Дрим?

Кај цркавата Света Петка од Црн Дрим се издвојувал еден нејзин крак, така што меѓу двата дрима (Црн и Мал Дрим) постоела ада, острово. Кај Мороишки мост Мал Дрим се влеваше во Црн Дрим.

Е, токму овој дел од Црн Дрим се вика Мал Дрим. Просторот меѓу двата дрима бил од цркавата Света Петка - вакавски имот.

Мал Дрим настанал од течењето на реката Сатеска по своето старо корито. Таа носела наноси и му го попречувала патот на Црн Дрим. По секое невреме, Сатеска носела толку нанос што го подигнувала нивото на Црн Дрим и неговата вода се преливала во Струшкото блато и движењето по патот било отежнато, бидејќи и патот бил под вода. На Мал Дрим имало кланица близу до сегашната пожарна.

Речното корито на Сатеска, во 1960. година се свртело во канал и сега се влева во Охридското Езеро директно, заземајќи секојдневно дел од неговата површина, полнејќи го со песок, кал и други наноси.

Сатеска, со годините, стана еден од главните загадувачи на езерската вода, на што  имаше реагирање од еколозите за нејзино враќање по старото корито, но без резултат.

регулација на реката Сатеска

Потребата од враќање на Сатеска во старото, природно корито, оваа зима беше повторно реафирмирана, но овој пат од еден друг аспект. Поради заштитата од поплави. Агенцијата Инпрес, во повеќе наврати, укажуваше на тоа спасоносно решение - и од еколошки и од заштитен аспект.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски вчера конечно потврди дека се работи на студија и зафат за враѓање на Сатеска во старото корито, што од своја страна пак, го исфрли на површина и прашањето, односно терминот Мал Дрим. (Крај)

http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=59CF6A8C1E46E048AD8973F1092F6BB3


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Mar-2010 at 12:43
Не се разбирам многу во хидрологија и флуидно инеженерство ама мислам дека шест столбови на портата на дрим , барем мене вака ми изгледаат многу. Со шестте столбови сега има седум порти. Се обидов да го скицирам вискозитетот на излезот на дрим од езерото. Односно не вискозитетот него неговата реципрочна вредност проточноста. Како изгледа сега и како би изгледала кога портата би изгледала со само два столба. Барем уште ~десетина кубни метри со секунда ќе се зголемеше  истекот.




Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 11-Mar-2010 at 13:21
Previous
Па добро, ама ти ја анализираш само сегашната состојба кога има премногу вода. Што е со 95% од времето, кога треба да се контролира колкав одлив ќе има од езерото при помал водостој на езерото? Како второ, мислам и дека самото корито на Дрим неможе да прими повеќе од тие 65м3 вода во секунда, се преплавува и во Струга и подоле накај Глобочица на повеќе места.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Mar-2010 at 15:38

Ќе се градат езерца кај Арамиска Чешма

За изградбата на мали акумулации во месноста Арамиска Чешма на Осоговските Планини, Владата издвои еден милион денари за изработка на физибилити-студија со идејни проекти. Ова е направено во рамките на програмата на Владата за финансирање проекти за развој на планинските региони во државата.

Според првичните истражувања на локалитетот Арамиска Чешма, се наоѓаат десетина извори на вода, кои преку целата година создаваат мали езерца. За оваа намена, компанијата ТИНГ од Кочани подготви првичен елаборат, според кој на овој потег ќе бидат изградени три мини акумулации со вкупен капацитет од 300 илјади метри кубни вода.

Водата од овие мали акумулации ќе се користи за потребите на викенд-населбата на локалитетот Пониква, но и за развој на сточарството и земјоделство.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F4E563072F74884E927076D4A55C959B


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Mar-2010 at 13:45

Кратово изгради нови резервоари

Со 11,3 милиони денари, кои ги обезбеди Министерството за транспорт и врски, Општина Кратово во изминатите две години изгради два резервоара со што почна да го решава проблемот со недостигот од вода за пиење. Со новиот четирикоморен резервоар со капацитет од 300 кубни метри, кој деновиве беше ставен во употреба, ќе бидат надминати повеќегодишните проблеми со недостиг од вода за пиење на граѓаните што живеат под кота 640, во таканаречената ниска градска зона. Станува збор за неколку стотици домаќинства од новите населби во близина на стадионот на ФК „Силекс“, детската градинка и станбените објекти во близина на болницата.

Лани за подобро водоснабдување на средните делови во градот беше изграден резервоарот во близина на филтер-станицата. За целосно решавање на проблемот со водоснабдувањето од општината за годинава најавуваат изградба на трет резервоар, наменет за подобро снабдување на граѓаните од високата градска зона.

- Изградбата на предвидените резервоари, во кои ќе може да се складираат вкупно 1.200 кубни метри вода, ќе придонесе граѓаните да имаат доволно вода во целата година. Со изградбата на трите резервоари, наместо досегашните 70 литри во секунда, Кратово веќе има услови да добие 120 литри вода во секунда, предвидени и со планот на ЈП ХС „Злетовица“ за распределба на водата од Злетовска Река - велат од Општина Кратово.

Паралелно со изградбата на предвидените резервоари старите и дотраени азбестни цевки се заменети со полиетиленски, со кои водата се дистрибуира до потрошувачите.

Со одлука на Советот на Општината, од 1 јануари годинава, во наредните 30 години користењето и одржувањето на објектите за водоснабдување и канализациската мрежа во општината му се доделени на претпријатието „Силком“, фирма во состав на компанијата „Силекс“. (Т.С.)
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=BBBC3A1FE48008459C19FCAA6AC50F7F


Posted By: La Linea
Date Posted: 15-Mar-2010 at 02:18

Канали ќе се градат во Ново Село

Отворена каналска мрежа ќе се гради пролетва за наводнување на обработливите површини во подбеласичките села Старо Коњарево, Дражево и Смоларе во општината Ново Село.

Земјените работи ќе ги изведува домашната фирма „Габро“, а средствата се обезбедени од Швајцарската агенција за обнова и развој.

- За реализацијата на овој проект гласаа граѓаните на општината Ново Село преку Форумот на заедници и му дадоа приоритет, заедно со изградбата на филтер-станица за прочистување на водата за пиење во општинскиот центар. Во повеќемесечната демократска дебата граѓаните се изјаснија за овие два проекта и по завршувањето на тендерските постапки, локалната самоуправа ги потпиша договорите со изведувачите, а нивната реализација ќе заврши најдоцна до наредната есен - вели градоначалникот Петар Спасов.

Изградбата на отворената каналска мрежа е од големо значење за развојот на земјоделството во овие три села, но и за намалување на ризиците од поплави што речиси секоја година во ова подрачје ги предизвикуваат нерегулираните водотеци од планината Беласица.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F692AC9227323841BD5749A801F6A849



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Mar-2010 at 19:52

ЕЛЕМ - осамениот јавач

Тодор Џунов

ЕЛЕМ не смее да се однесува како осамен јавач, како единствен корисник на водите на Охридско Езеро и
на Црн Дрим

„Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) не смее да се однесува како осамен јавач, како единствен и неограничен корисник на водите на Охридско Езеро и на Црн Дрим. Оваа фирма е ограничена од правилата на домашното, на меѓународното, како и на правото на ЕУ за користење на водите.

1. Република Македонија го определува правниот режим на водите во неколку правни рамки. Уставот на Република Македонија од 1991 година, во член 56 определува дека сите природни богатства, растителниот и животинскиот свет, добрата во општа употреба, како и предметите и објектите од посебно и историско значење, определени со закон, се добра од општ интерес за Републиката и уживаат посебна заштита. Бидејќи водите се природно богатство како рудите и шумите, тие, во согласност со оваа уставна одредба, се добро од општ интерес и нивното управување и користење се уредува со закон. Законот за водите на РМ определува дека водите, водотеците и езерата, како добра од општ интерес за Републиката, уживаат посебна заштита утврдена со тој закон. За употреба или за користење на водата и за користење на изградените водостопански објекти и постројки што имаат влијание врз режимот на водите, потребна е согласност од државен орган.

Со Законот за водите е определен и приоритетен ред на користење на изворските, проточните, неистечните, како и подземните води. Законот за водите ја регулира и концесијата за користење на водите. Според неговите правила, водата од водотеците и од езерата може да се даде на користење со концесија на определено време на домашно и на странско правно и физичко лице на начин и услови определени со овој Закон и со Законот за концесија. Водата како природно богатство се дава на користење за вршење на следниве дејности: производство на електрична енергија, за одгледување на риби во рибници и рибни кафези, езерски сообраќај и туристички услуги.

2. Постојното меѓународно регулирање на користењето на водите во економски вонпловидбени цели има влијание и врз билатералните односи на Република Македонија. Имено, Законот за водите утврдува дека на територијата на Република Македонија постојат четири сливови и тоа: Вардарски, Црнодримски, Струмички и сливот Јужна Морава. Вардарскиот го опфаќа сливот на реката Вардар со притоките до македонско-грчката граница, вклучувајќи го и сливот на Дојранското Езеро. Црнодримскиот ги опфаќа сливовите на Преспанското и на Охридското Езеро и сливот на Црн Дрим со притоките до македонско-албанската граница. Струмичкиот ги опфаќа реките Струмица, Циронска и Лебница до македонско-бугарската државна граница, а сливот на Јужна Морава до македонско-српската граница. Значи, најголем дел од водите на Република Македонија во овие сливови ги сочинуваат водотеци што ја минуваат државната граница или се гранични води (трите езера). Друг факт е дека, во најголем дел од овие сливови, земјава се јавува како земја од горниот дел на сливот во кој и до 95 отсто од сливното подрачје (кај Вардарскиот слив) се наоѓа на територијата на Република Македонија.

Сега за нас актуелна е состојбата за користење на водите на Црн Дрим и на Охридско Езеро за енергетски и други цели. Имено, според современите сфаќања на меѓународното право за водите, Црн Дрим е меѓународна река, бидејќи извира од гранично меѓународно езеро, Охридското, во должина од 47,4 км тече низ македонска територија, а потоа преминува во Албанија. Од сливот на Црн Дрим, на Република Македонија и' припаѓаат 446 км2, или 66,6 отсто, а на Албанија 144 км2 или 21,4 отсто.

Во Македонија се утврди дека на нашиот дел на оваа сукцесивна меѓународна река може да се изградат две рентабилни хидроцентрали од проточен тип, а нивната изградба не би нанела штета врз користењето на водите од албанска страна, бидејќи со регулирањето на текот на водите на оваа река се овозможува, по изградбата на хидроцентралите, водата да продолжува да тече со ненамален тек пред да ја напушти нашата територија. Меѓутоа, со овој проект е предвидено со пренасочувањето на текот притоката Сатеска Река, место во Црн Дрим, да се влева во Охридското Езеро, исто така, и изградба на инсталации на истекот на Црн Дрим од езерото. Тоа може да предизвика извесно покачување на нивото на езерото, односно негово намалување при максималното искористување на централите. Ваквите осцилации може да предизвикаат штета врз крајбрежните населби и земјиште. Сите овие работи се извршени. Изградени се хидроцентралите „Глобочица“ и „Шпилје“. Сатеска се влева во Охридско Езеро. Со тоа се извршени двете промени во режимот на водите на Црн Дрим и на Охридско Езеро. Црн Дрим има регулирани води, а на Охридско Езеро може да дојде до осцилации на нивото, во зависност од интензитетот на работењето на хидроцентралите.

За да се создадат правни и институционални основи за решавање на проблемите од користењето на граничните и сукцесивните водни текови, езера и хидросистеми, владите на Југославија и на Албанија во 1956 година склучија Спогодба за водостопанските прашања, која со сукцесија ја прифати Република Македонија, во согласност со одредбите на Уставниот закон за спроведување на Уставот од 1991 година. Со овој договор двете држави се обврзуваат да ги разгледуваат и спогодбено да ги решаваат сите водостопански прашања, мерки и работи што може да влијаат врз менувањето на количеството и квалитетот на водата, водејќи сметка за единството на водите и на водостопанските односи.

Одредбите на оваа спогодба особено се однесуваат на Охридско Езеро и Црн Дрим, за прашања какви што се: користење на хидроенергијата, регулирање на водните текови и езерата и одржување на нивните корита, истекување на водата, одводнување и слични мерки, одбрана од поплави, снабдување со вода и канализации, пловидба, подземни води, риболов, како и заемно известување за опасностите од надојдени води и други опасности од нив. За решавање на проблемите од овој вид се формира Постојана мешовита комисија за водостопанство. Особено е значајно Второто вонредно заседание на Постојаната комисија, во 1961 и во 1962 година, кога за Охридското Езеро е заклучено границата на корисна зафатнина на акумулацијата да биде меѓу максималната кота 693,00 и минималната 691,65 и да биде определен режим на користење на оваа акумулација (езерото) за потребите на ХЕ „Шпилје“ со регулирање на истекот на вода од езерото во правец на Црн Дрим и под тој услов е постигната согласност за изградбата на ХЕЦ „Глобочица“ и „Шпилје“.

3. Со оглед што Република Македонија веќе е кандидат за член на ЕУ, за неа ќе бидат обврзувачки и начелата од нејзината Рамковна директива за водите од 2000 година, која предвидува: сеопфатна заштита на сите води, постигнување добра состојба на сите води во рок од 15 години, интегрирано управување со речни сливови, стандарди за гранична вредност на дозволени емисии во води и слично.

(Авторот е професор на Правен факултет

во пензија)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3097C05B3655CD468D0DCF82A690D2AB


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Mar-2010 at 01:13

Големи води бесцелно течат

Во источна Македонија напразно течат над 350 милиони кубни метри годишно

Иван Бојаџиски

Штип - Големи води од над 350 милиони кубни метри на годишно ниво напразно течат на истокот од државата, а во исто време стотици илјади хектари обработливи ниви немаат капка за наводнување. Иако во овој дел од државата се изградени пет вештачки акумулации од кои „Калиманци“ е една од најголемите во Македонија, а во нив се акумулираат над 150 милиони кубни метри вода, само мал дел од тие води се користат за наводнување и за производство на електрична енергија.

Нашата неефикасност во искористувањето на најважниот природен ресурс се „зајакнува“ со последните случувања околу регионалниот хидросистем „Злетовица“. чија база е истоимената река низ која годишниот проток изнесува 60 милиони кубни метри вода. Иако основните објекти се веќе изградени, пред се', браната, која е со акумулативен капацитет од 22,5 милиони кубни метри вода, и иако идејата беше покрај обезбедувањето со вода за пиење на шест општини, таа да служи и за наводнување на 4.100 хектари плодни ниви, а со третата фаза и за производство на 50 милиони киловат-часа електрична енергија, за реализација на овие две фази засега нема пари.

Стојан Миланов, директор на „Злетовица“, со право укажува на фактот дека потребните 58 милиони евра за реализација на овие две фази од целината на „Злетовица“ мора да се обезбедат, бидејќи целиот проект, ако остане на сегашното ниво, нема да биде рентабилен. Имено, досегашните анализи покажале дека најголемиот регионален проект на истокот од државата ќе биде самоодржлив, односно ќе работи профитабилно, само ако ги реализира трите фази, а не само првата, која е веќе завршена работа.

Да се има акумулација со таков капацитет и да се испушти можноста за наводнување на толкава хектаража е недозволиво во секоја пристојна држава. На една трибина за локалниот економски развој на општината Пробиштип, градоначалникот Тони Тоневски рече дека нивното подрачје не смее да продолжи да се потпира само на рудата, туку и да бара, но и да реализира нови можности за економски развој. „Целокупноста на проектот ’Злетовица‘ значеше и наводнување на 3.100 хектари земјоделски површини во нашето подрачје. Оттука реализацијата на втората фаза од проектот ќе значи многу за нашата општина“, потенцира Тоневски.

Изградбата на пет-шест хидроцентрали како трета фаза од проектот се смета за најпрофитабилна работа. Педесет милиони киловат-часа електрична енергија од води што ќе продолжат да протекуваат и во иднина е производство доволно за да ги задоволи сите потреби од електрична енергија на општината Пробиштип.

На нашиот неодговорен однос спрема водите кои бесцелно протекуваат се надоврзува и долгогодишната неефикасност во искористувањето на потенцијалите на брегалничкиот хидромелиоративен систем. Иако граден со можност да наводнува 25.000 хектари плодни ниви, за што има изградена магистрална каналска мрежа во должина од 130 километри, како и детална каналска мрежа во општините Кочани, Чешиново-Облешево, Штип, Свети Николе и Лозово, водите од овој систем се користат само за наводнување на нецели 6.000 хектари. На таков начин, 125 милиони кубни метри вода, колку што се акумулираат во „Калиманци“, не се ефектуираат во земјоделско производство. Работите стануваат уште подраматични ако се има предвид фактот дека од Светската организација за храна доаѓаат предупредувања дека светот се соочува и се' повеќе ќе се соочува со недостиг од вода и храна. Има експерти кои ја ценат вредноста на овој регионален хидромелиоративен систем на 1,5 милијарда евра и, според нив, станува збор за најскапа инвестиција во државата по инвестицијата во електродистрибутивната мрежа.

Сегашното раководство на Општина Кочани одново ја актуализира изградбата на брана на Оризарска Река со акумулативен капацитет сличен на браната на реката Злетовица. Градоначалникот Ратко Димитровски вели дека работите тргнале од мртва точка, а неодамна биле завршени испитувањата на теренот на кој е предвидена изградбата на браната. Во плановите е и оваа брана, покрај снабдувањето со вода на населението од неколку соседни општини, да се користи и за наводнување на 3.000 хектари ораници, а со изградбата на неколку хидроцентрали и за производство на струја. Скепсата во успешната реализацијата на исклучително корисната намера доаѓа од досегашното искуство, кое укажува на фактот дека големи води напразно истекуваат во овој дел од Македонија, а не се презема ништо за да се промени таа слика.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=8DCAECEC412E204289D5C985450F078C


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Mar-2010 at 01:14

Дојранското Езеро не може да се препознае

Водата го освојува со години сувото крајбрежје и ја покрива постојната инфраструктура

ДОЈРАН - Ако одамна не сте го виделе Дојранското Езеро, а патот ве однесе таму, веројатно нема да го препознаете. Некогашната бара личи на вистинско езеро, како што беше пред еколошката катастрофа. Колку повеќе се доближувате до Дојран, се' повеќе сте убедени во сликата што за него сте ја имале пред дваесет години.

Езерските води веќе целосно го освојуваат со години сувото крајбрежје и ја покриваат постојната инфраструктура. Под вода се пешачките мостови и плажите на кои до лани на топлото сонце уживаа туристите. Само покривите се гледаат на неколкуте мандри што сведочат за единствениот начин на ловење риби во светски рамки. Поволната хидролошка состојба оваа зима ја заврши најголемата работа за Дојранското Езеро. Обилните врнежи и топењето на снегот од околните планини предизвикаа зголемување на приливот на сите природни водотеци кон езерото, како од македонска страна така и од грчка.

„Од врнежите, топењето на снегот, хидросистемот ‘Ѓавато‘, обновените извори што беа пресушени во изминатите години, нивото на водата во езерото неделно се покачува за 20 сантиметри. Во 2001 и 2002 година езерото беше на минус четири метри под нулата, сега е на еден метар под нулата. Тоа значи дека Дојранското Езеро е покачено за три метри“, вели Злате Талески, набљудувач на езерото.

Реката Параскева од грчка страна со неколку стотици литри вода во секунда, моментално е најголемиот полнач на езерото. Но, со зголемувањето на температурите се очекува и поголемо полнење од снегот што го има на планината Беласица во се' уште големи количини. Во Дојран се надеваат дека поволната хидролошка состојба ќе го наполни езерото за уште педесетина сантиметри, со што до почетокот на новата туристичка сезона тоа приближно ќе го достигне водениот потенцијал од пред еколошката катастрофа.

Полното езеро го зголеми мотивот за работа на локалната самоуправа. „Ние сме многу среќни од ова што се случува со Дојранското Езеро. Секојдневно гледаме како се зголемува нивото на водата сантиметар по сантиметар. Кај нас расте желбата за уредување на крајбрежјето, иако дел од плажите што минатата година ги уредивме сега се под вода. Во зимскиот период ја чистевме трската, која со години беше сериозен проблем за крајбрежјето, а сега ќе се посветиме на уредување на плажите. Планираме да уредиме околу два километра во плажи со рекреативни патеки и сите други придружни објекти, согласно со урбанистичките решенија. Во другиот дел од крајбрежјето ќе продолжиме со чистење на трската“, вели Глигор Чабулев, градоначалник на Дојран.

Дојранци се надеваат дека полното езеро ова лето ќе го врати некогашниот туристички сјај и оти ќе стане интересно не само за домашните туку и за странските туристи. Тоа ќе значи и целосно враќање на флората и на фауната во езерото, особено на алгите, кои во големи количества испуштаат јод и му го даваат лековито дејство на езерото и го прават привлечно. Станува збор за крајот на август и почетокот на септември кога алгите цветаат и му даваат прекрасна синозелена боја на езерото. По својата лековитост е позната и езерската кал, која привлече туристи што имаат здравствени проблеми.

Медитеранската клима, топлата и лековитата езерска вода го вбројуваат Дојран во ретките туристички дестинации на Балканот што нудат комплетни услови на воздушна бања.

http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=3F47E5C64594E548B7BC4F6479F1AEEB


Posted By: axel
Date Posted: 27-Mar-2010 at 01:13
Продолжуваат активностите за изградба на хидросистемот „Оризарска река“ кај Кочани

Кочани, 26 март (МИА) - Со обезбедени 100 милиони денари од Владата на Република Македонија продолжуваат активностите за изградба на хидросистемот „Оризарска река“ кај Кочани.

Резултатите од минатогодишните геомеханички истражувања на просторот кај село Речани-Кочанско, каде треба да се гради идната акумулација Речани од хидросистемот „Оризарска река“ се веќе готови.

Тие се наоѓаат депонирани во Управата за водостопанство на Македонија и ќе бидат основа за идните потенцијални изведувачи кои ќе се јават на тендерите за изработка на потребната документација.

Како што изјави Ратко Димитровски, градоначалник на општина Кочани се очекува деновиве да бидат распишани тенедерите за избор на поволен понудувач за изработка на потребната техничка документација со што се обезбедува здрава вода за пиење за над 80 илјади жители од Кочанско и Виничко.

Водите од акумулацијата ќе се користат и за наводнување на 250 хектари земјоделско земјиште и за производство на електрична енергија преку три мини хидроцентрали. кг/лѓ/10:24

         http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=2&vId=72611595&lId=1&title=%D0%9C%D0%90%D0%9A%D0%95%D0%94%D0%9E%D0%9D%D0%98%D0%88%D0%90+-+%D0%95%D0%9A%D0%9E%D0%9D%D0%9E%D0%9C%D0%98%D0%88%D0%90    


Posted By: axel
Date Posted: 20-Apr-2010 at 04:47

Ново Село гради филтер-станица

Општина Ново Село ја почна изградбата на нова станица за пречистување на водата за пиење во истоименото село. За реализацијата на овој комунален проект гласаа граѓаните преку Форумот на заедници, а средствата се обезбедени од Швајцарската агенција за обнова и развој.

- На јавен тендер е избран изведувачот на градежните работи. Тоа е фирмата „Кикотер“ од Мокриево. Новата филтер-станица треба да биде готова до крајот на годинава. По реконструкцијата на водоводната мрежа се покажа како неопходно потребна и изградбата на оваа пречистителна станица, која ќе овозможи општинскиот центар Ново Село да добие чиста и здрава вода за пиење - вели градоначалникот Петар Спасов.

Пречистителната станица ќе биде со капацитет од 18 литри во секунда, со што во наредните 20 години ќе биде решено прашањето со водоснабдување на жителите на ова најголемо населено место во Струмичкиот регион.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CB24D2A80561C340994DAF664870868E


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-May-2010 at 01:34

Надежен бран за водите

Само Социјалистичката партија се противи на иницијативата Законот за водите да се применува од јануари, а не по четири години

Владата попушта пред критиките од Европската Унија во врска со Законот за водите и тој најверојатно ќе почне да се применува од јануари в година, а не по четири години. Кратење на рокот на кој беше одложена примената на Законот побараа група пратеници, а добија поддршка од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и од министерот за животна средина Неџати Јакупи.

Но пратениците на Социјалистичката партија, која е дел од владината коалиција, и понатаму тврдат дека земјава не е подготвена за примена на Законот кој треба да внесе европски стандарди во управувањето со водите. Ова партија кон крајот на минатата година иницираше тукушто усвоениот закон, наместо веднаш, да се применува по четири години. Мнозинството пратеници ја поддржаа во барањето, но сега истите тие сметаат дека примената може да почне веќе в година.

„Дневник“ ги објави сериозните предупредувања од Брисел дека со одлагањето на Законот земјава ќе изгуби десетици милиони евра од европски фондови наменети за водостопански проекти. Карл Фалкенберг, директор на Директоратот за животна средина на Европската комисија (ЕК), со писмо во почетокот на март годинава предупредил тројца македонски министри, Љупчо Димовски, Неџати Јакупи и Васко Наумовски, дека одлагањето на Законот „ќе има влијание врз процесот на пристапување“ на Македонија кон Европската Унија.

Социјалистичката партија остро го нападна „Дневник“ со аргумент дека земјава не е подготвена за примената на Законот за водите и дека не е загрозена нејзината евроинтеграција.

Судир на концепти

Лилјана Поповска, лидер на ДОМ, која иницираше побрза примена на Законот, смета дека причината за тактизирањата е судирот на концепти за тоа како да се управува со водите во земјава.

- ДОМ се залага за еколошки, додека социјалистите го протежираат економскиот концепт во управувањето со водите. Здрава и чиста вода мора да биде приоритет. Ако се загадат изворите, што може да се прави со водата? Законот ја штити и мора да почне неговата примена бидејќи од одлагањето ќе има уште полоши последици отколку досега - потенцира Поповска.

Таа ги смета за неосновани тврдењата дека нема кадровски потенцијал за управување со водите.

Наспроти ова, Владанка Авировиќ, пратеник на СПМ, тврди дека за земјава е многу поважно да се грижи за акумулациите отколку за заштита на водите.

- Нашите води не се загадени како тие во Европа. Затоа, приоритет мора да ни биде зачувување на водните ресурси и изградба на акумулации, зашто во наредните децении водата ќе биде уште попотребна. Со Законот ќе дојдеме во ситуација да нема средства за изградба на акумулации бидејќи најголемиот дел ќе оди за прочистување. Тоа се вистинските причини за нашиот став, а не која партија раководи со кој ресор - предупредува Авировиќ.

Таа додава дека во Законот има контрадикторни членови и оти Министерството за животна средина нема доволно кадри.

- Законот ќе не' обврзе за изградба на нови акумулации да имаме согласност од соседните земји. Може да претпоставите што ќе значи тоа - нагласува Владанка Авировиќ.

Според неа, претставници на ресорот за животна средина погрешено го информирале Брисел за состојбите во оваа сфера, а единствениот проблем со постојните закони е што не се применуваат добро.

Лошо менаџирање

Новиот Закон предвидува управувањето со водите во најголем дел да биде сконцентрирано во Министерството за животна средина. Тоа сега го прават повеќе ресори и органи, што предизвикува конфузија на теренот на кој се случуваат поплави, запустени канали и нефункционална мрежа. Македонија спаѓа во редот на земјите што располагаат со потенцијал да извезува вода за пиење во регионот. Трите големи езера и водните потенцијали се голема предност во однос на другите земји, кои имаат недостиг од слатки води. Од друга страна, во структурата на потрошената вода во земјава најмногу учествува земјоделството - цели 70 проценти.

Експертите укажуваат дека е најдобро со водите да се управува од едно место.

- Најдобро би било да се формира посебна агенција за води, надвор од министерствата, со која би управувала Владата. Македонија има доволно вода за пиење во наредните стотина години, но проблем е лошиот распоред и менаџирањето, односно рационалното користење. Само Охридско Езеро има по 10 кубни метри вода за секој жител на планетата - смета професор Ордан Чукалиев од Факултетот за земјоделство и храна.

Кај нас, искористени се само 30 отсто од водните капацитети. Негрижата и запоставувањето на водните системи се гледа и во фактот дека од 180.000 хектари обработлива површина што се наводнуваше во 90-тите години на минатиот век, во моментов во употреба е само систем за наводнување на помалку од 20.000 хектари.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DCD8B75205355443998D57700EA77C2B


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Jul-2010 at 23:28
Подземните бунари решение за штедење на водата



 
Со цел да се заштеди водата за пиење секоја општина треба да ја искористи подземната техничка вода, со која би се полевало зеленилото  
 
%20  
Во услови на сé помали количества вода за пиење во светот и апелите за нејзино штедење, дел од скопските општини преземаат активности за намалување на потрошувачката на водата. Станува збор за проектите за ископ на бунари од каде што ќе се црпи подземната вода и ќе се користи за наводнување на зеленилото, како и за миење на јавните површини. Во оваа акција предничи општината Аеродром, на чие подрачје пред неколку години се ископани вакви бунари. Сега со бунарите управува јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, од каде што ја поздравуваат оваа идеја и упатуваат апел и останатите општини да се вклучат во акцијата.

- Со цел постојано да има доволно вода за наводнување на зеленилото, општината Аеродром планира изградба на уште 10 нови подземни бунари. Пет од нив веќе се прават, а во наредниот период ќе почне изградбата и на останатите пет - изјавија од секторот за односи со јавноста при општината Аеродром.

Вакви бунари има и во општината Гази Баба. Оттаму нé информираа дека тие се користат максимално и се размислува за копање нови.

- Општината Гази Баба располага со три бунари. Тие се наоѓаат во паркот во населбата Ченто, во паркот „Борис Трајковски“, како и на главниот плоштад во населбата Автокоманда. Општината веќе работи на ископ на нов бунар до фудбалското игралиште во Трубарево, од кој планираме да се полева целиот терен и околината - изјави Сашо Трајков од општината Гази Баба.

И управата на општината Карпош се интересира за реализација на оваа идеја. Оттаму велат дека летово се планира ископ на дури 14 бунари.

- Општината планира да направи 14 бунари долж булеварот Партизански одреди. По седум од двете страни. Оваа идеја е добра и наскоро ќе заживее и во Карпош. Со водата од бунарите се планира да се полеваат жардиниерите долж Партизански одреди, како и зеленилото по населбите - појаснува Виолета Цветковска, портпаролка на општината Карпош.

Од ЈП „Паркови и зеленило“ велат дека сите општини треба да дадат сопствена иницијатива за ископ на вакви бунари. „Тоа е одлична идеја и треба да се разработи од сите“, смета Елизабета Георгиевска, портпаролка на јавното претпријатие.

- Капацитетот на бунарите во Аеродром е од два до четири часа интензивно полевање. Потоа, тие се празнат, па повторно се полнат со подземните води. Со ова во голем дел се штеди водата за пиење. Оваа општина има најмногу зеленило во градот, околу милион квадратни метри тревници, со иницијатива за копање нови бунари, проект што треба да го следат и другите општини - истакнува портпаролката на ЈП „Паркови и зеленило“.

Целата работа позитивно ја оценуваат и од ЈП „Водовод и канализација“. Според пресметките, седум отсто од произведената вода во градот на годишно ниво се троши на зелените површини, а имајќи ги предвид површините со зеленило околу педесетина бунари би биле доволни да обезбедат техничка вода и за наводнување и за миење на улиците.
 
   
Автор: Жарко Василевски
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=6121094021&id=14&prilog=0&setIzdanie=22006



Print Page | Close Window