Print Page | Close Window

Улично осветлување

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=83
Printed Date: 19-Apr-2024 at 16:13


Topic: Улично осветлување
Posted By: pbanks
Subject: Улично осветлување
Date Posted: 01-Nov-2007 at 23:48
За жал ова не е нишка за илуминација на поважните објекти туку за текновно оджување на осветлувањето на Скопските булевари. Дали е проблемот во Трифун или не ќе видиме за година ипол. Полошо мислам дека не може да биде. Не се случува прв пат Bash
 
Црна темница на скопските булевари


За жал, постои голема веројатност замраченоста на скопските булевари да потрае до крајот на годината, со оглед дека парите од градската каса за санирање на уличното осветлување за оваа година се потрошени?!


Повеќето булевари во Скопје, изминатите денови се во целосна темница. Ниту една светилка не работи на Јане Сандански, Партизанска, Видое Смилевски Бато ... Уличното осветлување не се пали при стемнувањето, а граѓаните револтирани од инертноста на надлежните, бараат итно да се реши проблемот. Велат дека директно е загрозена безбедноста на возачите, но и на пешаците.

- Чудно е што досега не реагирал никој од надлежните, ниту се презема нешто иако проблемот не е од вчера. Сепак се работи за најфреквентните сообраќајници во градот каде во ноќните часови минуваат илјадници возила и вистинско чудо е што нема повеќе сообраќајки, бидејќи поради неработењето на светилките е намалена и видливоста. Од друга страна, мрачните улици им одат во прилог и на криминалните групи, кои оперираат по околните паркиралишта, вели револтираниот скопјанец Борче Тасев.

Од ЕСМ велат дека уличното осветлување на булеварите е во надлежност на Градот.

- Проблеми во делот кој е под наша ингеренција немаме. За одржување на уличното осветлување, Градот и општините, имаат склучено договори со фирми. Ние имаме сознанија за проблеми на дел од Партизанска, но поправката на дефектот е во надлежност на Општината, која од нас не побарала услуга. За останатите булевари, немаме пријави, велат од ЕСМ. Оттаму додаваат дека новото сметање на време не предизвикало никакви проблеми при палењето на светилките.

За жал, постои голема веројатност темница на скопските булевари да потрае до крајот на годината, со оглед дека парите од градската каса за санирање на уличното осветлување за оваа година се потрошени?!

- Минатата година, преку јавен повик Градот одбра 3 фирми кои беа задолжени за сервисирање на јавното осветлување. Договорот беше на една година, а тој е во вредност од 15 милиони денари. Средствата беа искористени за сервисирање во почетокот на оваа година, а од Бирото за јавни набавки е одбиено барањето на Градот за дополнителни средства. Во моментов тече јавната набавка за избор на фирми кои ќе го сервисират осветлувањето во 2008 година. Во моментот се обидуваме да најдеме соодветно решение за настанатиот проблем, велат во Градот.

Даниела ТРАЈКОВСКА

 
Извор: http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0F69BBBC8145164E9CC9B9E596E2F53D - Вечер



Replies:
Posted By: blejdsk
Date Posted: 06-Feb-2008 at 23:15

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=6F284186D2B35147AB7E847B5C37185B - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=6F284186D2B35147AB7E847B5C37185B


САНИТАРНАТА ДЕПОНИЈА ДРИСЛА КАКО ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРС


Од сметот, Скопје може да свети!


Скопската депонија Дрисла може да се користи како енергетски ресурс, бидејќи од сметот што се собира во неа може да се произведе струја. Професорот на Машинскиот факултет, Константин Димитров, вели дека од струјата произведена во Дрисла ќе светнат скопските улици, што како проект не е за потценување кога 30 проценти од потребната електрична енергија во земјава се увезува.

- Ако го искористиме, пак, сметот што се собира во сите депонии во државата, тогаш производството на струја би било многу поголемо. Тогаш ќе може да се изгради поголема енергетска постројка за која се потребни над 70 милиони евра. Утврдено е дека во земјава се собираат 560.000 тони смет, а само во санитарната депонија Дрисла од 140 до 160 илјади тони ѓубре - вели Димитров.

Со повеќе издржани трудови и сеопфатни анализи е покажано дека на санитарната депонија би можело да се изгради парна кондензациска турбина со инсталиран капацитет од 11,5 мегавати, која годишно може да произведува 95.000 мегават-часови струја. За ваков објект е неопходна инвестиција од околу 23 милиони евра.

Димитров предлага да се подготви детална студија за Дрисла оти на депониите во повеќето европски земји веќе се инсталирани вакви постојки. Така во овие земји практично и да нема смет за класично депонирање. Досега за вакви проекти биле заинтересирани повеќе странски компании, но ниту еден договор не е реализиран.

Професорот Димитров неодамна ги презентираше можностите на Дрисла и на италијанската корпорација CPL Concordia drup, кои се европски лидери во областа на енергетиката. Тие минатата недела беа во земјава на покана на македонската Агенција за енергетика за да се запознаат со деловната клима во земјава.



Posted By: La Linea
Date Posted: 06-Feb-2008 at 23:24
Previous Еј, ова звучи многу интересно! Ме интересира како функционира оваа парна кондензациска турбина и како добива енергија од сметот? Не е прв пат некој вака да предложи напредна идеја, само секогаш поминувале неслушнати од оние што требало да слушнат.

@blejd може да оставиш линк од каде ти е оваа вест?


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: vardar
Date Posted: 30-Apr-2008 at 09:57

НА МОСТОТ КАЈ НАРОДНА БАНКА


Нови столбови за улично осветлување


На мостот кај Народна банка на Р.Македонија, градските власти деновиве поставуваат нови столбови за улично осветлување. Според надлежните се работи за замена на петте веќе дотраени и уништени столбови. Истовремено Град Скопје ќе постави и нови електрични кабли, а ќе се обнови и електричната инсталација на мостот.
Од Градот потенцираат дека фирмите задолжени за одржување на јавното осветлување на градските улици вршат редовни сервисирања на уличните светилки при што се менуваат дотраените и уништени светилки, пригушници и столбови.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=471E638BC9CDAA4CBD864F7AF8A9D19B - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=471E638BC9CDAA4CBD864F7AF8A9D19B


Posted By: La Linea
Date Posted: 06-Jun-2008 at 23:38
БРАВО БРАВО Cheers Мала,но не и незначителна работа. Покажува дека се крева свеста кај луѓето за потенцијалот што го има соларната енергија. Се надевам ова е само почеток на еден бран модернизирање и искористување на обновливите ресурси.





Светлечки тела со соларна енергија во Гази Баба

Општина Гази Баба, со цел заштеда на електричната енергија, започна со поставување светлечки тела со соларно напојување. Првите вакви светилки се поставени на паркингот на улицата „Коце Металец“, во населбата Железарница, каде што има вкупно шест светлечки тела, кои заменуваат светилки со моќност од 120 W.

Соларните панели се поставени на адаптирани метални столбови. Секоја светилка има сопствен панел, акумулатор и електроника. Овој вид светилки може да функционираат четири ноќи без да бидат изложени на сончева енергија, односно дневна светлина. Вакви светилки се планира да бидат поставени на недостапни терени, како и на реони каде што почесто се случуваат испади во електричната мрежа. (В.Д.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=14A1AD02F8D2F14E8CA20F70925D0E61
Статијата е прочитана 23 пати.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Jun-2008 at 08:14
Имав дилема за каде да ја лоцирам информацијава... грандиозни зафати или улично осветлување Roll%20eyes. Сепак... конечно му текна на некого барем 10 години чекам на овој толку едноставен детал.

Рефлектори за подвозникот на булеварот Гоце Делчев

Градот Скопје постави улично осветление на подвозникот на булеварот Гоце Делчев. Од двете страни се монтирани рефлектори, кои ги осветлуваат коловозите, а пешачките и велосипедските патеки се осветлени со неонски светла.Од Градот велат дека до крајот на август се очекува да заврши постапката за набавка на 2.350 светилки за улично осветление, кои не само што имаат подобар квалитет од обичните туку и трошат помалку електрична енергија.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FBABAF547E9D5E4A9C9CE57266E20D9C - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FBABAF547E9D5E4A9C9CE57266E20D9C


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 25-Jun-2008 at 08:32
Originally posted by La Linea

БРАВО БРАВО Cheers Мала,но не и незначителна работа. Покажува дека се крева свеста кај луѓето за потенцијалот што го има соларната енергија. Се надевам ова е само почеток на еден бран модернизирање и искористување на обновливите ресурси.

БРАВО Applause полека благодетот од сонцево треба да го искористиме до максимум


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Jun-2008 at 12:08

ПО 4 ДЕЦЕНИИ СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ НОВИ ЕКОНОМИЧНИ УЛИЧНИ СВЕТИЛКИ


Скопските улици, конечно, ќе куртулат од темници


По четири децении градските улици конечно ќе добијат нови светилки кои нема да прегоруваат на неколку дена, а скопјани ќе се движат по сообраќајници кои нема да бидат повеќе во делумна, па и целосна темница како досега. Од септември ќе започне менување на 2.350 светилки од уличното осветлување во нашата метропола


По четири децении градските улици конечно ќе добијат светилки кои нема да прегоруваат на неколку дена, а скопјани ќе се движат по сообраќајници кои нема да бидат повеќе во делумна, па и целосна темница како досега. Од септември ќе започне менување на 2.350 светилки од уличното осветлување во нашата метропола. Според надлежните ќе бидат опфатени 18 улици, а новите светилки не само што имаат подобар квалитет од досегашните, туку и ќе трошат помалку електрична енергија.

- На повеќето улици во градот, како како што е булеварот "Партизански одреди" светилките не се менувани 40 години, односно од кога првпат се пуштени во употреба. Ништо подобар случај не е и на останатите сообраќајници каде светилките се постари и од 20 години. Ако сегашните светилки трошат околу 400 вати, новите ќе трошат 250, што значи дека ќе бидат многу поекономични. Ќе имаат посовремен облик на изведба, како и подобар ефект на осветлување. Тие се од странски произведувач и имаат 10 години гаранција на лустерот, односно 3 години на сијалицата. За овој период Градот нема да потроши ниту денар за одржување, објаснуваат во Секторот за комунални дејности на Град Скопје.

Инаку, под надлежност на Градот во моментот се околу 6.000 светилки, и како што велат надлежните кога би се смениле сите одеднаш, по основ на потрошувачка на електрична енергија инвестицијата би се вратила за 5,5 години. Ако на тоа се додадат и средства за одржување, тогаш инвестицијата, велат, ќе се исплати за 2 години. Иако беше намерата интензитетот на светилките да се намалува по полноќ, и на тој начин уште повеќе да се заштеди, тоа во ова фаза нема да се случи. Според надлежните тоа може да се направи ако светилките се поврзат на еден центар од каде би се намалувал или зголемувал нивниот интензитет, што би чинело околу 3 милиони евра.

Сепак, постои можност на некои од булеварите, како што е Кузман Јосифовски Питу, по полноќ да се изгаси секоја втора светилка. Веќе идната година се очекува да се реализира и втората фаза, односно да се заменат и останатите светилки, со што целосно ќе се обнови уличното осветлување, а како што велат во Градот - после може да се размислува и за ценатрот за намалување на интензитетот на тие светилки.

Даниела ТРАЈКОВСКА


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=DAC574FBF856E94EAAEFC7D533601704 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=DAC574FBF856E94EAAEFC7D533601704


Posted By: dejan
Date Posted: 16-Jul-2008 at 13:25

Од Утрински

Осветлени улици во Волково и во Ново Село

Улиците во Волково и во Ново Село добија осветление по долгогодишно инсистирање на жителите од овие населени места. Општина Ѓорче Петров ги осветли улицата „22“и улицата зад поштата во Волково . Осветлени се и улицата „3“ и таа што води од центарот кон реката Лепенец во Ново Село.

Работите на уличното осветление ќе продолжат и натаму, со што ќе бидат опфатени сите барања што стигнале на општинска адреса. Граѓаните можат да ги доставуваат своите забелешки до Општината, каде што службата задолжена за тековно одржување на уличното осветление во најбрз можен рок ќе ги отстранува сите дефекти. Средствата за редовното одржување и за инсталирање нови улични светилки ги обезбеди општината.

БравоSmile



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Aug-2008 at 02:02
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=31299782181C2A4B89FFE6260EEB17A9 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=31299782181C2A4B89FFE6260EEB17A9

Дебар Маало се осветлува со штедливи светилки

На четири улици во Дебар Маало се поставени светилки кои заштедуваат електрична енергија. Реконструкцијата на осветлувањето е извршено неодамна, при што на педесет столба се монтирани 84 натриумови штедливи светилки. За потребите на новата електрична мрежа е изведена нова подземна инсталација во должина од 1.300 метри. Со штедливи светилки се подновија улиците „Ленинова“, „ Пиринска“, „Наум Наумовски - Борче“ и „Антоние Грубишиќ“.

Општинарите велат дека со новите светилки не само што значително ќе ја намалат потрошувачката на електрична енергија, туку истовремено новото осветлување ќе ја зголеми сигурноста во сообраќајот и движењето на граѓаните во Дебар Маало.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Aug-2008 at 21:22
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2003&mid=24&tabId=1&tabindex=0 - http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2003&mid=24&tabId=1&tabindex=0

ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ШТЕДЛИВИ СВЕТИЛКИ НА ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ

Градот Скопје, согласно најавата за детално и навремено информирање на граѓаните за динамиката на промена на светилките на дел од магистралните и собирни улици, ги известува граѓаните за досегашните и следните активности.
Во изминатиот период комплетно се сменети светилките на ул. Ѓорче Петров, бул. 8-ми Септември, ул. Методија Андонов Ченто, ул. Босна и Херцеговина, бул. Гоце Делчев, бул. Крсте Мисирков, бул. Кочо Рацин, бул. Цветан Димов и ул. Христијан Тодоровски Карпош..
Во наредните денови, доколку временските услови се поволни за целодневна работа, се планира да се работи на следните сообраќајници: бул. Партизански одреди, ул. Митрополит Теодосиј Гологанов, бул. Св. Климент Охридски, ул. Димитрије Чуповски, ул. Даме Груевул. Војвода Васил Аџиларски и ул. Стив Наумов.
Заради непречено одвивање на активностите за промена на светилките, неопходно е пристапот до нив да биде слободен. Апелираме до граѓаните да не ги паркираат своите возила на тротоарите и во близина на светилките на сообраќајниците на кои ќе се врши промената, заради побрзо и поефикасно одвивање на активностите. Ова особено се однесува за паркирање на возилата на бул. Партизански одреди и бул. Свети Климент Охридски, на кои е забележана појавата на паркирање на возилата на десната лента од коловозот. Во случај при промената на светилките да се наиде на паркирани возила кои пречат во одвивањето на планираните активности, ќе мора да биде побарана асистенција од пајак службата и возилата ќе бидат отстранети.
Градот Скопје на ден 12.08.2008 година (вторник) повторно детално ќе информира за реализираните активности во претходните и за предвидената динамика за промена на светилките за наредните неколку дена.



Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Aug-2008 at 14:25
Cheers

Мора да се признае дека во последно време уличното осветлување е навистина добро. Уште еден плус пред крај за Трифун Thumbs%20Up

При крај поставувањето на штедливите светилки

При крај е поставувањето на штедливи светилки низ Скопје, информираат градските власти. Во текот на изминатава недела променети се светилките на булевар Партизански одреди, на потегот од крстосницата со улицата Париска, па до крстосницата со булевар ВМРО, на улица 11 Октомври, на дел од булевар Александар Македонски, на булевар Кузман Јосифовски Питу, како и на улиците Московска, Љубљанска и на Џон Кенеди.Во наредните денови, ако овозможат временските услови, е планирано да се работи на булеварот Александар Македонски и на улиците Лазар Личеновски, Коце Металец, Шеснаесетта македонска бригада, Бутелска и на Востаничка - велат во градот.Градските власти апелираат до граѓаните да не ги паркираат возилата на тротоарите и во близина на светилките на сообраќајниците на кои ќе се врши промената.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4D6030AED6B6FD4DBDA2C462F050524E


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 20-Aug-2008 at 23:34
Previous

Градските власти апелираат до граѓаните да не ги паркираат возилата на тротоарите и во близина на светилките на сообраќајниците на кои ќе се врши промената.


Ма нема што апелираат, со пајаците под рака и безмилосно нека собираат. Мада не е за оваа тема постот ама страшно дебилно звучи, демек само деновиве не паркирајте додека се мењаваат сијалиците после бркајте работа.Crazy



Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Sep-2008 at 08:54
Улиците во центарот тонат во мрак



Автор:  Р.З.

Улицата Македонија, главната пешачка зона во центарот на градот, тоне во мрак оти нема кој да го програмира тајмингот на нејзиното осветлување. Жителите од центарот упорно бараат тоа да се реши, но надлежните си ја префрлуваат топката.
 
Во општината Центар велат дека службата за улично осветлување на ЕВН не работи веќе три месеци и нема кој да ги програмира вклучувањето и исклучувањето на светилките според времето кога се стемнува и се разденува.
 
- Во центарот на градот има три трафостаници од кои се контролираат уличните светилки. Ние немаме пристап до нив затоа што тие се приватни објекти на ЕВН. На некои места светилките се приспособуваат автоматски, но доколку се појават вакви проблеми, ние мораме да ги чекаме екипите на ЕВН. Општината има проект за поставување командни ормани надвор од трафостаниците, досега се поставени 40, а потребни се уште 143 ормани. Тоа е голема инвестиција за чија реализација е потребно време. Но ќе најдеме начин побрзо да го решиме осветлувањето на улицата Македонија - објасни Лазар Калков, одговорен за одржувањето на јавното улично осветлување на сервисните и станбените улици во општината Центар.
 
Од ЕВН велат дека тие не се одговорни за уличното осветлување и дека сите дефекти ги отстрануваат по барање од општините. Оттаму додаваат и дека на некои трафостаници автоматски се извршуваат вклучувањето и исклучувањето според времето кога се стемнува или разденува, бидејќи тајмерите така биле програмирани.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=190&ArticleID=7693


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Sep-2008 at 15:02
Општината има проект за поставување командни ормани надвор од трафостаниците, досега се поставени 40, а потребни се уште 143 ормани.


Зарем на секоја посебно морало?!? Нели може да се контролира на излез од трафостаниците?


Posted By: vardar
Date Posted: 24-Sep-2008 at 05:23
Cheers
 
 

Новите светилки поекономиЧни за 100.000 евра годишно

Градот ем ќе светне ем ќе штеди

Надлежните велат дека инвестицијата ќе се врати за три-четири години

Со извршената промена на старите уличните светилки на дел од магистралните и собирните улици,Градот Скопје ќе заштеди околу 105.000 евра годишно според сегашната цена на електричната енергија. Само по оваа основа на заштеда, инвестицијата за промена на светилките ќе се врати за 4 години. Но, ако се земе предвид и тоа дека ќе се заштеди и преку трајноста и гарантниот рок на новите светилки, односно поради тоа што нема потреба од сервисирање на јавното осветлување, периодот за враќање на инвестицијата се намалува на 3 години.Градот од 25 јули до 25 август смени 2.350 светилки на дел од улиците во градот.

Демонтирани се старите светилки, променети се каблите во столбовите, монтирани се новите светилки и испитана е нивната работа. Гарантниот рок на новите светилки, т.н. арматури е 10 години, а на старите - 3 години. Набавката, демонтажата и монтажата на светилките го чинеше Градот вкупно околу 450.000 евра.Светилките се набавени од компанијата Mienel-Schreder од Белград по распишаниот јавен оглас, на кој учествуваа четири понудувачи. „Електроизградба“, избрана исто така меѓу четири понуди, ги изврши демонтажата и монтажата и промената на каблите.

При промената, старите светилки со моќност од 400 вати се заменети со нови со моќност од 250 вати и 150 вати, и е добиен ефект на поголема осветленост на сообраќајниците, а со самото тоа е подобрена безбедноста на учесниците во сообраќајот, истакнуваат од Градот.Оттаму велат дека со ова, во период на отежнато производство на енергија и напорите за нејзино штедење, значително ќе се подобри енергетската ефикасност, а ќе помогне и за зачувување на животната средина.

(А.П.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4DC9D4C27690A74F913AA884126188B5 - dnevnik
 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Oct-2008 at 11:55
Бакшиш стари светилки од градот за општините



Автор:  Г.Т.
Вкупно 1.000 стари светилки што градот ги отстрани од булеварите и од магистралните улици ќе им бидат подарени на четири општини. Оваа одлука за донација градскиот совет треба да ја усвои на седницата што ќе се одржи задутре. Општината Карпош треба да добие најмногу, 400 светилки, 300 се наменети за Бутел, 200 за Кисела Вода и 100 за Шуто Оризари.
Градските власти летово спроведоа акција за да го подобрат и да го осовременат јавното осветлување на главните сообраќајници според важечките законски прописи. Со неа се заменија 2.350 улични светилки и се поставија нови, кои даваат посилна светлина, а трошат за околу 30 отсто помалку електрична енергија. Од градот велат дека со поставувањето на новите светилки значително се подобрила осветленоста на улиците и се зголемила безбедноста во сообраќајот, а со заштедата на струјата се постигнала и поголема економичност во функционирањето на јавното осветлување.
Светилките што се отстранија се со јачина од 250 до 400 вати. Старосната граница за некои од нив е до 40 години и се уште можат да се употребуваат.
- Тие не се вклопуваат во концептот за ефикасно и за квалитетно осветлување на магистралните и на собирните улици на подрачјето на градот. Поради нивната старост не може да се утврди ниту вредноста што ја имаат. Затоа со допис се обративме до сите општини и ги информиравме дека имаме намера да ги дадеме овие светилки како донација. Тие се уште можат да ги задоволат барањата за осветлување на споредните и на станбените улици, кои се во надлежност на општините. Рокот за пријавување заврши до 31 август, до кога само овие четири општини покажаа заинтересираност да им се донира бараниот број светилки - објаснуваат од градот.
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=200&ArticleID=8544



Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Dec-2008 at 23:50
Бетон тука ќе ти одговорам за проблемот што го лоцираше со евн и уличното осветлување. Добро што ти текбна одамна ми виси на врат овој проблем што сами си го создадовме од непромисленост.

Проблемот со евн е сосема друг, малку е смешно што уствари е проблемот. Имено кога е граден системот за улично осветлување тогаш беше едно друго време кајшто немаше енергетски компании и диструбутери приватни, него све еше тоа државно и ѓутуре, па така да тогаш немаше потреба од местење никакви броила за осветлување или слично. Све беше тоа едно. Ја незнам општиниве зашто уште ќутат и не си основаат свои јани претпријатија за осветлување па сами да си купуваат струја од елем?! Сега буквално евн не врши никаква должност, а млати пари само на хартија, буквално никаква улога нема. Струјата од трафостаница иде у локален транформатор посебен за улично осветлување и директно у бандера! Кај е тука евн?! Dunno Сепак не е уште јасно што се продаде со приватизацијата. Башка и пазарот не е либерализиран па да може општините да си имаат свои локални комунални енергетки претпријатија. Незнам до каде е тој процес на либерализација, ама се надевам дека ќе биде брзо, ама како што ми изгледа и судот ќе има тука многу за работа пошто у целиот енергетски систем треба да се знае кое штрафче чиво е, а кај нас не се знае уште чиви се трнасформаторите. Има некои за кои ЕВН вика дека се нивни, Мепсо нивни, а уствари трафото на приватно земјиште па газдата на нивата тврди дека е негов Crazy!


Posted By: beTon
Date Posted: 15-Jan-2009 at 03:40

лсл што е чиво е незнам, но сигурно мора да има броила некаде во кои ќе има увид и градот колку која улица потрошила струја, најверојатно сега има ставено по трансформаторите од каде влече одредена линија, но можно е и да плаќаат некој паушал на евн, навистина незнам, но не верувам дека евн го краде градот, особено не Трифун, па на човекот и благодарам да му кажеш ќе почне да бара да не има во тоа некаков скриен интерес, а не па за ваква работа! одма ќе фрли некое мајагери по медиуми, или ќе бара ферка на суд!

туку гледам градоначалникот ни станал хуман, ова мислам треба да се евидентира бидејќи доволно кажува дека скопјани знаат да бидат дарежливи не само кога по десет пати некој ќе ги отепа рефлекторите на камениот мост, туку и кога ќе се донесе одлука за реанимација на уличното осветлување! но ме чуди зошто истиве овие сијалици не се дадат по скопските општини туку одат по други градови, ова или се работи за некаков пропуст или само мене ми делува тоа така!

http://dnevnik.com.mk/?itemID=EFEC9A1A66EE1A47893E900466EBBB31&arc=1 - Скопје ќе им подари светилки на општините во Македонија

Градот Скопје ќе донира светилки на заинтересираните општини од внатрешноста на Македонија. Ваквата одлука е донесена на последната седница на Советот на градот. Станува збор за 600 улични светилки со вградена придушница. Заради подобрување на јавното осветлување на магистралните и на собирните улици, Градот почна со промена на 2.350 постојни светилки со нови, современи и поекономични.

http://dnevnik.com.mk/?itemID=EFEC9A1A66EE1A47893E900466EBBB31&arc=1 - Дневник - 13.01.2009

   



Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Jan-2009 at 07:31
Условно речено "крадењето" не е различно во поедини градови. Сите системи се градени на исти систем. Броила не сум сигурен дали има или па тоа е паушал од некоја статистичка проценка, но таоа е најмалку битно. Друга констатација која ти е погрешна е тоа што го поистоветуваш Трифун со град Скопје. Не зависи кој е градоначалник за тоа кој е моделот на плаќање. Односно трифун е најмалку битен у приказнава. Еве вака, тоа што ние го викаме крадење е уствари неосновано правење профит, коешто е резултат на лоша регулатива, лоша приватизација и недоречености у договорот и легислативата.


Posted By: beTon
Date Posted: 15-Jan-2009 at 07:44
па сабајлево може вака и звучи добро работава како што ја кажуваш, но навечер некако поинаку ја доживувам LOL инаку другите градови тука незнам во која конотација да ги  барам, но за Трифун јасно е дека човекот е оној кој треба да ги влече скопските конци па дури и тоа да го прави со нозе, како што му е преминато во навика! сепак во моментов како и да влече тој одлучува во СК бар еве околу главното улично осветлување.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Jan-2009 at 07:55
Originally posted by beTon

па сабајлево може вака и звучи добро работава како што ја кажуваш, но навечер некако поинаку ја доживувам LOL инаку другите градови тука незнам во која конотација да ги  барам, но за Трифун јасно е дека човекот е оној кој треба да ги влече скопските конци па дури и тоа да го прави со нозе, како што му е преминато во навика! сепак во моментов како и да влече тој одлучува во СК бар еве околу главното улично осветлување.

Не е трифун за тоа! ЗЕЛС е за тоа, за обединет настап пред иституциите!


Posted By: beTon
Date Posted: 15-Jan-2009 at 08:03

Originally posted by lslcrew

Не е трифун за тоа! ЗЕЛС е за тоа, за обединет настап пред иституциите!
чекај зборуваме за улично осветлување или за светло по улиците LOL инаку мене ми изгледа зелс дека се за зељести муабети со владата!



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Apr-2009 at 00:11
Нови 3.143 светилки на улиците

Град Скопје ќе набави 3.143 штедливи светилки кои ќе се инсталираат на 60 сообраќајници, што не беа опфатени со минатите активности за замена на осветлувањето во градот. Најновиот тендер за набавка на новите светилки, распишан пред изборите, го доби реномираната компанија „Минел-Шредер“ од Австрија. - Ефектот на новите штедливи светилки е голем, со нив се обезбедува заштеда на електрична енергија, поголема осветленост на улиците и поголема безбедност во сообраќајот - велат од Град Скопје. Според нив, гледано од финансиски аспект, со овие светилки ќе се заштедат 118.000 евра годишно поради намалената потрошувачка на струја и помалите трошоци за сервисирање.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1673&ArticleID=111498


Posted By: гитардемон
Date Posted: 12-May-2009 at 12:59

Соларни светилки во Трубарево

Општина Гази Баба постави соларни светилки на мостовите во населбата Гоце Делчев и во селото Трубарево за да се зголеми безбедноста во сообраќајот на овие два моста. Соларните светилки се економски поисплатливи и еколошки поприфатливи.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=824B07595DF6494DBE24640594DCDC87


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 12-May-2009 at 18:12
18:30 упалено улчното осветлување а сонце пече ли пече



Дали некој ќе ги помести тајмерите, и зашто не се уградат светлосни сензори за да не мора да ни се случува во ветер да ни иде енергијата


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-May-2009 at 19:18


Одлична забелешка

Исто така електрична енергија ни оди во ветар кај светилки кои се лошо поставени - затскриени во крошни на дрва, па долу сепак владее мрак. Вакви имам доста приметено од новите што се поставуваа до пред некое време во Аеродром. Ваљда ги поставувале кога дрвата биле без листови и воопшто не помислиле дека некогаш ќе разлистаат. Roll%20eyes


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 12-May-2009 at 21:09
А одозгора поставуваат соларни светилки да се штеди енергија   Ohno

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Jul-2009 at 14:03

Сообраќајниците со нови светилки

Магистралните и собирните улици до крајот на јули ќе добијат нови светилки, соопштуваат градските власти. Оттаму велат дека проектот предвидува промена на над 3.000 светилки на 60 сообраќајници, со што ќе се обезбеди поквалитетно осветлување и заштеда на електричната енергија од околу 30 отсто

%20
- Парите за набавка и за промена на светилките се одвоени од буџетот за 2009 и 2010 година. За набавка на светилките се потрошени 28,1 милиони денари, а за промена се потребни 8,2 милиони денари - истакнуваат од градската управа.

Светилките се производ на компанијата „Минел-сцхредер“, а додека работите околу демонтажата на постојните и монтажата на новите светилки ќе ги врши фирмата „Електроизградба“ од Скопје.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71091028462&id=14&prilog=0&setIzdanie=21734


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Jul-2009 at 03:01

Променети 1.340 светилки на улиците

Екипи на Градот Скопје деновиве променија 1.340 светилки на дел од магистралните и собирните улици, а активностите ќе продолжат и во наредните денови.

- Заради непречено одвивање на активностите за промена на светилките, неопходно е пристапот до нив да биде слободен. Градот Скопје апелира до граѓаните да не ги паркираат своите возила на тротоарите и во близина на светилките на кои се врши промената, заради побрзо и поефикасно одвивање на активностите - апелираат од Градот.

Досега се променети светилките на следниве сообраќајници: дел од Митрополит Теодосиј Гологанов, дел од булеварите Александар Македонски, АСНОМ, Војводина, Србија, Христијан Тодоровски-Карпош, Хрватска и Никола Карев и на улиците 15 корпус, Александар Урдаревски, Боца Иванова, Бутелска, Благоја Стефковски, Васко Карангелевски, Перо Наков, Радишанска, Франклин Рузвелт, Ферид Бајрам, Февруарски поход итн.

Ќе се заменат вкупно 3.000 светилки на 60 сообраќајници. Целта е да се обезбеди поквалитетно јавно осветление и заштеда на електрична енергија од 30 отсто. За светилките Градот платил околу 135 илјади евра. Една светилка чини 9.400 денари, а за една замена Градот плаќа по 2.700 денари.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=28AAB23B3352D546890920E779F9C16B


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Aug-2009 at 16:26
ПОСТАВЕНИ НОВИ СВЕТИЛКИ НА 58 СООБРАЌАЈНИЦИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ГРАД СКОПЈЕ

Градот Скопје во рамките на проектот за промена на светилките на дел од магистралните и собирни улици, во периодот од 07-31 јули 2009 година изврши промена на 3.042 светилки на 58 сообраќајници (во целост или нивни делови).
Со новопоставените светилки се обезбедува поквалитетно осветлување и заштеда на електрична енергија од околу 30%, односно заштеда на електрична енергија на годишно ниво изнесува 7.260.320 денари или приближно 117.671 евра.
Со промената на светилките, заштедите по основ на редовно одржување на јавното осветлување на овие сообраќајници се предвидува да изнесуваат околу 100.000 евра на годишно ниво.
Целокупната промена, набавка и монтажа на светилките изнесува нешто помалу од 600.000 евра, што значи дека целокупната инвестиција би се вратила за период од 3 години.
Новопоставените светилки придонесуваат и од еколошки аспект, бидејќи емисија на јаглерод диоксид предизвикана од нивното функционирање е двојно намалена.

http://www.skopje.gov.mk/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Sep-2009 at 15:18

Нема штедење струја, канделабрите во паркот во Чаир светат нонстоп

Додека светот води сметка за штедењето на електричната енергија кај нас никој не реагира на непотребното трошење струја

Повеќе од десетина дена половина од канделабрите во паркот во Чаир светат нонстоп и дење и ноќе. Додека светот води сметка за штедењето на електричната енергија и применува штедливи светилки, кај нас ниту се штеди, ниту се реагира на непотребното трошење струја, коментираат меѓусебно чаирчани. Но, никој од тамошните жители не го пријавил проблемот во Општината.

Надлежните, пак, оттаму признаваат дека воопшто не ја забележале оваа појава. Сепак, потенцираат дека нивните одговорни за уличното осветление не можат ништо да преземат, бидејќи ваквите проблеми во паркот „Чаир“ се обврска на ЕВН. Од Чаир ќе се обидат преку телефонска комуникација да го решат проблемот, не покажувајќи многу грижа за досега потрошената електрична енергија што се плаќа од парите на граѓаните.

„До неодамна на неколку улици во општината имавме бандери кои светеа и дење, па некако во соработка со ЕВН го решивме проблемот. Но, во случајов со канделабрите во паркот не сме реагирале, а и нашиот одговорен за осветлението тука нема ингеренции. Со ЕВН имаме соработка и затоа ова ќе го решиме без многу да ги официјализираме работите“, вели Авни Калаба, одговорен за информирање во Чаир.

Дури и по два дена откако ги прашавме во Чаир дали знаат дека канделабрите во Чаир им светат и дење, тие се' уште се немаат јавено во ЕВН, иако непотребно трошат свои пари.

„Не сме информирани дека канделабрите во паркот ’Чаир‘ светат и дење, иако тие се во нивна надлежност. Доколку е до нас, ние ќе реагираме“, вели Ленче Карпузовска, портпаролка во ЕВН. (Сн.К.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4E42F2F6C9D22A43AA97DB51CFB9225C


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Sep-2009 at 18:36

Новиот диспечерски центар ќе го осветли Скопје

Во иднина дефектите на јавното осветление побрзо ќе се санираат, а скопските улици ќе бидат осветлени, ветуваат од Градот. Како што најави градоначалникот Коце Трајановски, во план е изградба на сопствен диспечерски центар, од каде што ќе го контролираат осветлувањето на градските улици. Засега санацијата на мрежата за уличното осветление на градските и на општинските улици оди преку трафостаниците на компанијата „ЕВН Македонија“, што значително ја отежнува ефикасноста. Кога ќе има дефект, локалните власти и' се обраќаат на компанијата, се отвора трафостаницата, па дури потоа се решава проблемот.

- Градот има доволно пари за навреме да реагира и да нема неосветлени улици - изјави Трајановски.

Ваквата идеја, образложи тој, е резултат на фактот што поминуваат денови или недели додека се санира некој дефект, бидејќи тие немаат увид на терен се' додека некој не им јави.

- Откако ќе се изгради диспечерскиот центар ќе можеме сами да ги контролираме дефектите. Веднаш ќе знаеме каде се случил, па ќе можеме и побрзо да интервенираме. Сега сандачињата се на ЕСМ. Поради тоа ќе мора опремата за градското осветление да ја извадиме надвор од нив - изјави скопскиот градоначалник.

За системот да функционира како што треба, столбовите ќе треба да се поврзат со кабли, а потоа и со трафостаницата. За оваа идеја се зборувало и со другите градоначалници од Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). За вакво нешто неодамна информира и градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, кој изјави дека е подготвен да се приклучи кон реализацијата на оваа идеја.

Ориентационата цена за изградба на ваков центар, според процените на градските власти, е околу 30 милиони денари, односно 450.000 евра. За тоа кој се' ќе даде пари, општините и Градот Скопје допрва ќе се договараат. (Ј.И.)


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F82DF2DBD6235F49A930FDC53242D176


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Sep-2009 at 15:29
Подобро осветлување

Во населбата Мичурин почна да се поставуваат нови линии за јавно осветлување и тоа на улиците Анастас Митрев, Петар Ацев и Венијамин Мачуковски. Истовремено, екипите на ЕВН вршат преместување на надземните кабли под земја. Поставувањето нови линии се врши покрај улиците, паркинзите и пешачките патеки во Мичурин, каде што има постојно јавно осветлување. Изведувач на градежните активности е фирмата „М-Златомир“.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1823&ArticleID=122569


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Oct-2009 at 16:52

КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ ОД ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ ШТЕДЕЊЕ ЕНЕРГИЈА

Ќе се гаси уличното светло

Улиците нема да бидат во целосен мрак туку преку проект треба да се одлучи дали ќе се гаси секоја втора светилка или, пак, ќе се намалува јачината со која светат светилките

Специјално од Фрајбург, Маја Илиевска - Пачемска

За да заштеди енергија, градоначалникот на Скопје најави дека по полноќ ќе гаси дел од уличното светло во одредени делови од градот. Улиците нема да бидат во целосна темница туку ако сега свети секоја светилка, со заштедата би светела секоја втора или, пак, би можело на сите светилки на улицата да се намали јачината. Кој модел на штедење ќе биде најпогоден за Скопје, допрва треба да се одлучи со подготовка на проект. Со проектот ќе се утврди и кои улици се најпогодни за штедење, односно на кои улици по полноќ нема голема фреквенција за да може да се намали светлото.
"Ќе отвориме диспечерски центар, преку кој ќе може од едно место да се контролира уличното осветление, да се откриваат дефектите, но и да се гаси, да се намалува или да се зголемува јачината на светилките. Ова би можел да биде првиот проект за кој би побарале поддршка од Германското друштво за техничка соработка (ГТЗ), откако вчера потпишавме договор за соработка, не само со ГТЗ туку и со Загреб, Сараево и со Подгорица," рече градоначалникот Трајановски.
Тој и градоначалникот на Фрајбург Дитер Соломон, заедно со претставници од Загреб, Сараево, од Подгорица и со претставници од ГТЗ потпишаа меморандум за градење на капацитети за управување со енергија во градовите. Фрајбург е лидер на градовите во Германија по употреба на соларна енергија. Во овој град соларни панели за затоплување и за производство на струја вградени се дури и во објектите кои се заштитени како споменици на културата. Во Фрајбург сосема нормално е автомат за паркирање да работи на соларна енергија, соларни панели имаат сите јавни институции, хотели, па дури и градскиот стадион.
Градоначалникот на Фрајбург на претставниците од Скопје, Загреб, Сараево и од Подгорица им го претстави начинот на кој нивниот град успеал да воведе соларна енергија речиси секаде.
"Искористете и ископирајте сè што ќе ви се допадне во Фрајбург. Ние за тоа ви стоиме на располагање", рече градоначалникот Соломон.
Градоначалникот Трајановски смета дека едно од првите нешта кои Скопје би можело да ги ископира од Фрајбург, е воведувањето соларна енергија во јавните институции.



http://vest.com.mk/?ItemID=5A2B8CADE05F5945834390B272EC1C82


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 12-Oct-2009 at 15:21

Оваа информација буквално во секоја нишка може да влезе

ФРАЈБУРГ - ЗЕЛЕН ГРАД

МАКЕДОНИЈА ЌЕ УЧИ ОД ГЕРМАНИЈА КАКО СЕ ШТЕДИ СТРУЈА

Ова мало градче на југот во Германија каде денеска живеат околу 200.000 жители со право го носи епитетот на  Зелен град.

Енгергетски најефикасен и еколошки најчист со 500 хектари зелен појас, Фрајбург е модел од кои учи целиот свет.

Додека Македонците не можат да се откажат од струјата, овде сонцето е главен извор на енергија. Климата го дозволува тоа. Со 1800 сончеви часови годишно, соларните паноа станаа најисплатлива инвестиција.

Во Фрајбург ништо не смее да изгради, а да не биде по енргетски стандард.

Дури и изолација на становите, како и дебелината на прозорците мора да биде со  одредена димензија со цел да ја држи топлината. Вака Германците успеаа  на потрошувачката на струја за м2 на годишно ниво, која во Македонија изнесува 350 киловат часови, да ја намалат на само 60.

Фрајбург важи и за еколошки најчист град во Германија. Голем удел во тоа има организирањето на транспортот. Овде главно превозно средство е велосипедот, а во центарот на градот сообраќаат само трамваите.

Од 1982 та до 1999 та  превозот со велосипед е зголемен за 13 %, додека возењето автомобили опадна за 8 %.

Денeска на 1000 жители има околу 400 возила. Патната инфраструктура е така организирана, па на  граѓаните најисплатлив им е јавниот транспорт, со што и речиси сообраќаен метеж нема.

Една од причините поради која автомобилите се заменија со велосипеди се скапите паркинг места.

Ова е еден од најпознатите квартови во Фрајбург. Овде живеет 5000 луѓе,  но возила не можат да се видат никаде. Дури и станарите не  смеат да паркираат пред своите домови, но мора возилата да ги остваат во еден од двата паркинзи за кои плаќаат годишни такси. 

Во Фрајбург асфалтот е заменет со камен и калдрма. А овие канали  кои во должина од 9 км го испрепелтуваат градот оневозможуваат фрајбуршките улици да бидат поплавени дури и за време на најобилните дождови.

Од  Фрајбург ќе учи и Балканот. Првите луѓе на Скопје, Загреб, Подгорица и Сараево веќе потпишаа меморандум со кој се обврзаа дека во иднина ќе работат на развој на енергетската ефикасност. Во оваа сфера ЕУ во моментов инвестира најголем процент од своите фондови.

- Врз основа на искуството од Фрајбург ние ќе ја примениме енергетската ефикасност во сите објекти кои се во надлежност на Градот. Пред се мислам на искористување на топлинската енергија. Воедно ќе формираме и диспечерски центар од каде ќе се регулира уличното осветлување, односно зиме, на оние места каде нема фрекфенција ќе се исклучуваат дел од сијалиците, а на многу места ќе се стават и тн. штедливи сијалици – изјави Коце Трајановски, градоначалник на Скопје.

Првиот човек на Скопје посетата на Фрајбург ја искористи да прошета по градот, да украде по некоја идеја со цел Скопје да го приближи до европските метрополи

http://sitel.com.mk/?ItemID=987276A0E8A55E4A94348343D7736CEE - http://sitel.com.mk/?ItemID=987276A0E8A55E4A94348343D7736CEE




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Oct-2009 at 19:31

Италијанци ќе го светнат Радовиш

Компанија од италијанскиот град Пјаченца или Струмиченца, како што го нарекуваат големиот број иселеници од Струмичко, на Радовиш му нуди штедливи светилки за улично осветление што трошат 60 отсто помалку струја

Еколошко, поквалитетно и многу поекономично улично осветление на Радовиш му нуди италијанската фирма „Ифе“. Радовишкиот булевар Александар Македонски, долг 1,6 километар, е планирано да се осветли, а ако радовишани се задоволни, целото осветление во градот може да биде со штедливи светилки. Компанијата е со седиште во градот Пјаченка, во кој од 100.000 жители околу 6.000 се Македонци, главно дојдени во последната деценија. Македонец од Пјаченка е и врската за контактите на „Ифе“ со Радовиш.

Претставници на „Ифе“ првпат во Радовиш престојувале пред половина година кога направиле анализа на состојбата со уличното осветление. Потоа во Италија подготвиле елаборат за осветлување на радовишкиот булевар, кој во саботата го презентираа во радовишката општинска зграда пред претставници на локалната самоуправа, советници, пратеници и градоначалникот.

- Лет-осветлувањето со штедливи светилки е новина и во Италија и брзо може да се прошири во Радовиш и во Македонија. Освен во Пјаченца, вакво осветление имаме работено и во неколку други италијански провинции како Парма, Реџо и Кремона. Овој вид осветление е според сите европски стандарди, поефикасно е, потрајно, поеколошко и многу поевтино, бидејќи троши 60 отсто помалку електрична енергија - рекоа Виторио Плате, комерцијален, и Давиде Роси, технички директор на „Ифе“.

Трајноста на штедливите светилки била до 12 години. Монтирањето на новиот систем за осветлување на булеварот би ја чинел радовишката локална самоуправа 111.000 евра, инвестиција која, како што беше речено, се враќа за пет години. Беше презентиран и тродимензионален филм како би изгледало новото осветление на булеварот и на црквата „Света Троица“. Радовишани беа задоволни од слушнатото и виденото, но оставија време во следните месец-два добро да се пресметаат пред да потпишат договор.

- Понудата звучи многу примамливо. Радовиш годишно за улично осветление троши 100.000 евра, од кои 30 отсто се за булеварот. Би се постигнала голема заштеда. Сепак, добро ќе пресметаме уште еднаш. Ако се' биде во ред, инсталацијата на новиот начин на осветлување може да продолжи и во другите делови на градот, а со ефектите од овој систем ќе ги информираме и другите општини од источниот и од југоисточниот регион на Македонија - вели градоначалникот на Радовиш, Роберт Велков.

Италијанците во Радовиш дојдоа во придружба на струмичанецот Жан Јанев, кој живее и работи во Пјаченца каде што има и своја фирма. Вели дека идејата му се родила лани кога бил на гости во Радовиш и шетал по булеварот Александар Македонски. Помислил колку поубаво би изгледал ако се осветлува со технологија за лет-осветлување. Со идејата го запознал својот пријател Александар Постолов од радовишката фирма „Еми петрол“, а потоа во Италија контактирал со претставници на „Ифе“. Жан во Пјаченца заминал во 1998 година, веднаш по завршувањето на средно училиште во Струмица.

- До 2001 година во Пјаченца имаше 1.500 Македонци, а сега сме околу 6.000. Најмногу од Струмичко, поради што Пјаченца ја викаме и Струмиченца. Има и многу радовишани, скопјани и од други места. И таму сме поделени по региони. Во Пјаченца доминираат Македонци од југоисточна Македонија, најмногу од Виница, Кочани, Делчево, Берово. Во Пјаченца имаме македонски клуб, своја црква, фолклорно друштво и фудбалски клуб „Македонија“, кој се натпреварува во општинската лига, а во план е воведување дополнителна настава по македонски јазик во училиштата - објаснува Јанев.

Љупчо Шатевски



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=94BA28E01D250B4488F9A20FC22C3344


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Dec-2009 at 15:40

Голем интерес за старите скопски бандери


Многу општини од градот и од внатрешноста биле заинтересирани за донацијата од 16 стари столба и 800 светилки што ја доделува градската управа според одлуката што советот ја донесе на последната седница




Од градското одделение за односи со јавноста велат дека засега официјални барања поднеле само Новаци и Гази Баба, но и други најавиле дека ќе го сторат тоа.

- Со оние општини што официјално се пријавија се прават договори за донацијата на бандерите и светилките. Очекуваме да се пријават уште неколку. Немаме дефинирано по колку бандери и светилки ќе се доделуваат на една општина. За тоа ќе треба да се направи процена, односно ќе зависи од барањата и потребите на општините. Ние ги повикуваме другите општини што поскоро да ни достават барање - објаснуваат од градот.

Оттаму додаваат дека за да се подобри јавното осветлување на магистралните и собирните улици, пристапиле кон промена на постојните светилки со нови, посовремени и поекономични. За таа цел, во текот на 2008 година биле заменети 2.350 светилки, а во 2009 година уште 3.100.

Со поставувањето на новите светилки се подобрува осветленоста на сообраќајниците и се зголемува безбедноста на возачите, а се намалува потрошувачката на електричната енергија.

Според одлуката, променетите стари светилки, чија старосна граница е до 40 години, не се вклопуваат во новиот концепт за осветлување на градските улици, но се доволно добри за општините во внатрешноста.

Градската управа ќе ги донира и оние бандери што биле извадени на улицата Маџари во општината Гази Баба, со висина од 4,5 метри, бидејќи на улиците повеќе нема ваков тип столбови, а можат да им користат на други општини.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12189104282&id=14&prilog=0&setIzdanie=21865


Posted By: La Linea
Date Posted: 19-Dec-2009 at 12:59

Сонцето и ноќе ќе го осветлува патот до Горно Нерези

Засега на територијата на општината Карпош се поставени само две соларни светилки, а градоначалникот Јакимовски планира да постави и во дворовите на училиштата и на градинките

%20
Соларни светилки ќе се поставуваат во општината Карпош на местата каде што нема довод на електрична енергија, во дворовите на детски градинки и на основни училишта, како и на патот од Средно до Горно Нерези. Од кабинетот на градоначалникот Стевчо Јакимовски велат дека поставувањето на светилките на патот во Нерези ќе почне идната година, а се очекува целиот проект да заврши до 2011 година. Првично било замислено проектот да се финансира во соработка со градската управа, но сега се направил нов план за да се покријат трошоците. Се планира да се постават вкупно 180 светилки со соларни панели, со што ќе се заштеди електрична енергија, а наедно и првпат ќе се осветли овој патен правец. Таму нема ниту инсталации, ниту можност за приклучоци, па затоа досега никој не презел ништо за да направи осветлување.

- Досега поставивме две соларни светилки во дворот на гимназијата „Никола Карев“, на патеката кај влезот на новиот пензионерски клуб во Карпош 3. Според нашата стратегиска програма, најдобро е патот долг 5,3 километри во делот од Средно до Горно Нерези да биде осветлен со соларни светилки бидејќи ЕВН нема доволно снага на трансформаторите на овој потег, а со ова решение ќе се заштедат 70 отсто од потрошувачката на електричната енергија. Поставувањето на светилките чини 18 милиони денари, ќе трае во текот на 2010 и 2011 година, а најголемиот дел пари ќе се обезбедат преку фондовите на меѓународните институции - велат од кабинетот на Јакимовски.

Оттаму додаваат дека овој вид осветлување, како и со лед-диоди, ќе го искористат и во дворовите на десетте основни училишта и на градинките.

Жителите на Нерези потврдуваат дека на потегот од Средно до Горно Нерези немало никакво осветлување.

- Крајно време е да се осветли и овој дел. Ако во вечерните часови сакате да го посетите манастирот „Св. Пантелејмон“, ќе мора да се движите по мрак, бидејќи светлина не доаѓа од никаде. Често може да се забележи и дека невини животинчиња на овој пат се прегазени, бидејќи навечер никој не може да ги види - велат жителите.
 
Автор: Бојана Стојчевска


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121991035303&id=14&prilog=0&setIzdanie=21866


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Dec-2009 at 21:54
ВО КИСЕЛА ВОДА
Светло на темните улици

На улиците во Кисела Вода во изминатиот период се променети вкупно 914 светилки, при што, како што велат општинарите, приоритет се дава на најнеосветлените улици и на улиците што подолг период се соочуваа со проблемот на целосен мрак. Промената и одржувањето на уличните светилки се одвива зонски, а, истовремено, се поставија и нови линии за осветлување. Со осветлување се поврзаа двете нови спортски сали, во основните училишта „Невена Георгиева-Дуња“ и „Круме Кепески“, а четири рефлектори и исто толку канделабри се поставени и на новото игралиште во Припор. Изведувач на работите е фирмата „Дигитал - Струмица“. 

Е.М.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1899&ArticleID=129714


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jan-2010 at 19:37
Cheers

ВО КАРПОШ
Команди за улично светло

Половина од вкупниот број трафостаници на подрачјето на општина Карпош до крајот на месецов ќе се издвојат од системот на ЕВН и ќе работат со сопствена команда. Со тоа општинските власти ја завршуваат првата фаза од проектот за издвојување на командите за улично осветлување од трансформаторите на ЕВН. 
- Половина од вкупно 128 трафостаници ќе бидат со посебен команден ормар, со командни склопки и астрономски вклопни часовници кои секојдневно вршат корекција на времето за вклучување и за исклучување на уличното осветлување. На тој начин нема да има потреба од интервенции за одржување на уредите и нема да се трошат пари за таа намена. Овој систем покажа и заштеди од 30 до 35 проценти од потрошената електрична енергија на месечно ниво, при истата потрошувачка – објаснуваат во Карпош. 
Дел од ормарите се поставени, а дел се монтираат во населбите Жданец, Влае 1 и 2, Карпош 1, 2, 3 и 4. 
Во втората фаза општинарите ќе постават уште 60 ормари, со што Карпош очекува да стане првата општина што ја завршила оваа обврска, која произлегува од договорот меѓу ЕВН и ЗЕЛС.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1920&ArticleID=131675


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 21-Jan-2010 at 20:27
Никако не ми е јасно зошто мора вклучувањето да се синжронизира со „атомски часовник“ кој ама баш ништо не значи секој месец стемнувањето е во друг термин.

Зошто не се постават едноставно светлосни сензори па кога ќе падне сумрак светлата се вкучуваат, далеку поевтино и сигурно со мнооогу поголема заштеда.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jan-2010 at 20:36
Претпоставувам дека софтверски е регулирано тоа поместување на распонот на дневна светлина. Мада ова што велиш ти прави поголема логика, бидејќи така ќе може да се прилагодува и на променливите метеоролошки фактори, но ќе треба барем минимално одржување - тие сензори повремено да се чистат од нечистотија.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 21-Jan-2010 at 20:46
Originally posted by Cloverstack

... тие сензори повремено да се чистат од нечистотија.

Тие што треба да ја одолжат казната за фрлање ѓубре или пикавци

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: axel
Date Posted: 25-Jan-2010 at 00:00

РАДИШАНИ


Улицата 62 доби 10 канделабри


Општина Бутел деновиве постави ново осветлување на улицата "62" во Радишани. Станува збор за последната улица од ова населено место на потегот кон село Љубанци, што досега не беше осветлена.
Поставени се десет електрични столбови со моќни светилки што комплетно ја осветлуваат целата улица.
- Овие активности се дел од големиот проект на Општина Бутел ,,Светлина наместо темнина" чија реализација продолжува и натаму со несмален интензитет, информираат одговорните. (Е.А.)
                                                                                          http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C260674B0BD9C04A9AC08B11B0E0528E     
                                            



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Mar-2010 at 19:20

Гевгелија ја осветлија еколошки светилки

Нови еколошки светилки се поставени во централното градско подрачје на Гевгелија, во рамките на проектот за заштеда на енергетските потенцијали на општината. Станува збор за натриумови светилки од 110 вати, кои ги заменија постојните живини од 125 вати. Основниот придонес од проектот е заштеда на електрична енергија и долготрајна експлоатација на новите светилки, кои треба да ги намалат трошоците за одржување на јавното осветлување, но и да ја заштитат човековата околина.

Освен на шеталиштето „Маршал Тито“, новите еколошки расветни тела ќе бидат поставени и во другите делови од градот. Досега се набавени 400 еколошки светилки, за кои пари одобрија општина Гевгелија и Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) во вкупна вредност од 600.000 денари. Во заедничкиот проект учество зеде и Центарот за невладини организации од Гевгелија.

Локалната самоуправа во годишната програма за уредување на градежно земјиште за 2010 година одвои 2,1 милиона денари. Од нив 1,8 милион денари за изградба за улично осветлување во новите урбани градски зони и изградба на нови линии за улично осветлување во населените места Миравци, Негорци, Богородица, Мрзенци, Давидово, Смоквица, Милетково, Кованец и Смрдлива Вода.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=1BE48516A71D6146BFF3DECBF2BC72CB


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Mar-2010 at 18:56

Светилки ќе штедат пари во Пробиштип

Заштеда од два милиона денари годишно планира Општина Пробиштип со замената на класичните со поекономични светилки за улично осветлување.

Замената на светилките со штедливи почна на главната улица во градот, а се планира сите улици да се осветлуваат исклучиво со овој вид светилки.

- Со сегашните светилки Општина Пробиштип за уличното осветлување годишно издвојува по околу 4 милиони денари. Со замената со новиот вид светилки сметката би се намалила за половина од сегашниот износ - вели Ирена Серафимова, шеф на кабинетот на градоначалникот на Пробиштип.

Замената на уличните светилки ќе се одвива етапно. За реализација на проектот општината ќе инвестира 1,8 милион денари.

Паралелно со замената на уличното осветлување веќе се работи на изработка на проект за заштеда на електричната енергија во јавните институции. (Т.С.)
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F2CAE0B5673E6C418C2CC57D98442E32


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-May-2010 at 01:26
Светна патот од Колонија до Идризово
На регионалниот пат од Нова Колонија до село Идризово се поставуваат нови бандери со натриумови светилки. Досега се поставени вкупно 11 бандери, а активностите ќе продолжат и во следниот период, соопшти Општина Гази Баба.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=7C56A2055BCAF54CB1E232E796696A9B


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Jul-2010 at 16:53
Осветлувањето на спомениците на Гоце и Даме шиба преку цел ден  Ohno




Posted By: Swimmer
Date Posted: 17-Sep-2010 at 23:40

Нови канделабри во Центар

Општина Центар постави 18 нови канделабри кај тротоарот на улицата Благоја Давков и на улиците 29 Ноември до Дане Крапчев. Улицата Наум Наумовски-Борче ќе ја осветлуваат 10 декоративни канделабри, на потегот од „Илинденска“ до „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“. На сите канделабри се монтирани штедливо-енергетско ефикасни светилки.

Канделабри се поставени и на крак од улицата 50 Девизија, а во тек е изградба на уште осум декоративни канделабри што ќе ја подобруваат видливоста во текот на вечерните часови. При поставувањето на канделабрите инсталирана е и нова електрична мрежа.
 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5F9C0300440A914A8673D7686549D61A - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5F9C0300440A914A8673D7686549D61A


-------------


Posted By: NorthWind
Date Posted: 30-Sep-2010 at 12:40

Фирми ќе го одржуваат осветлувањето во Аеродром

Автор: http://makfax.com.mk/_user/326/profile - Катарина Стојанова
30 септември 2010, 10:28
Извор: Макфакс

Општина Аеродром ангажира три фирми за одржување на јавното осветлување.

Фирмите „Елтра“, „Дигитал“ и „Код инженеринг“ ќе вршат тековно одржување по реони.

За населбите Табак Сити, Мичурин, Острово, 13 ноември, Ново Лисиче, Реонски центар „Аеродром“ и населбата Лисиче ќе се грижи фирмата „Елтра“. „Дигитал“ ќе врши тековно одржување на јавното осветлување за населбите Аеродром и Јане Сандански, а за Горно и Долно Лисиче ќе се грижи „Код инженеринг“.

Граѓаните ќе можат да пријават дефект на телефонските броеви 2776 464, 2440 740 и 2650 368.

http://makfax.com.mk/117437 - http://makfax.com.mk/117437
 
Што е / Кај е Табак сити, жити се ?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Sep-2010 at 20:29
Да не е оној кршот позади Македонија Табак?


Posted By: Supervisor
Date Posted: 30-Sep-2010 at 21:19
Е фала богу што конечно фирми ќе го одржуваат осветлувањето. Уште малку како на запад и приватни фирми ќе го собираат сметот и се останато... Со овој чекор во иднина нема да има светилки што нема да светат или смет што ќе остане не собран.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Sep-2010 at 21:28


Не се работи за ништо ново. Ако не од порано, во Аеродром егзистира барем од пред 3-4 години, кога исти фирми и поставуваа ново осветлување и после го одржуваа. Ама други се предусловите за квалитетно осветлување, а не тоа дали за тоа ќе биле задолжени „приватници“. Всушност во периодот кој го спомнав баш имаше наплив на неквалитет, како на пример бандери поставени меѓу густи гранки кои трошеа струја за да осветлат внатре во крошната на некое дрво, а долу на површината тотален мрак...


Posted By: axel
Date Posted: 03-Mar-2011 at 14:39

Светнаа влезовите во Кичево


Во Кичево конечно се осветлени и приодите од Прилеп и од Осломеј, со што е надминат проблемот со кој се соочуваше градот изминативе пет децении

 

 
%20  
- Со сопствени средства успеавме да поставиме нови канделабри, така што впечатокот кога се влегува во Кичево од овие правци е многу поинаков. И што е најважно, движењето на пешаците ноќе е многу побезбедно. Во текот на април комплетно ќе биде осветлена и улицата што води кон СРЦ Крушино - рече Тино Алексов, одговорен за градското осветление при ЕЛС Кичево.

Тој се пожали и на честите кражби на капаците и осигурувачите од канделабрите, поради кои цели улици остануваат во темница.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3311922353&id=10&prilog=0&setIzdanie=22221


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 03-Mar-2011 at 18:55
Haleluja!!Konecno!
Go pozdravam proektot za osvetluvanje na Krusino sto raspagja, sepak dobro sto kje ima kandelabri
Kje vidam da go slikam Krusino koga kje dojdam


-------------


Posted By: N23
Date Posted: 11-Mar-2011 at 10:52
Нз кај да го ставам ова, па се решив тука. Предлог како може да изгледаат канделабрите на мостот кај Холидеј ин, кој што најавија дека ќе го реновираат. Бидејќи и сега веќе има слични канделабри.
Или нешто слично на ова. Црната боја некако ми се свиѓа за тоа во каков стил ќе го прават.


Posted By: toasumjas
Date Posted: 12-Mar-2011 at 12:55
ја мислев предлог за панорамското трка даваш


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Jun-2011 at 15:18
УЛИЦАТА ПРВОМАЈСКА ОСВЕТЛЕНА ДО НАСЕЛБАТА ДРАЧЕВО

http://www.skopje.gov.mk/images/Image/prvomajska%201.JPG"> Градот Скопје постави ново јавно осветлување на улицата Првомајска, од фабриката ОХИС до мостот пред населбата Драчево. Овој потег повеќе години беше без улично осветлување и претставуваше опасност по безбедноста во сообраќајот.

Град Скопје изготви и реализира решение кое што ќе ги подобри условите за одвивање на сообраќајот на оваа фреквентна сообраќајница.

http://www.skopje.gov.mk/images/Image/prvomajska%202.JPG"> Поставени се 55 дрвени столбови на делницата долга 1.550 метри. Напојувањето со електрична енергија е решено со воздушно мрежно поврзување на 400-волтните светилки кои што се поставени на столбовите.

Град Скопје обезбеди точки за електрично напојување на осветлувањето, за кои што доби енергетска согласност од ЕВН.

http://www.skopje.gov.mk/images/Image/prvomajska%203.JPG"> Од Буџетот на Град Скопје се издвоени 840.721 денари за реализацијата на овој проект, а работите во рекорден рок ги изведе фирмата „Електроизградба“ од Скопје.

Град Скопје за да ја подобри безбедноста за сите учесници во сообраќајот на оваа делница од Првомајска во текот на минатата година изведе комплетна реконструкција на коловозот, пришто беа издвоени 14,5 милиони денари за уредувањето на сообраќајницата која претходно долго време беше во лоша состојба.

 http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4271&mid=482&tabId=1&tabindex=0


Posted By: 4skopje
Date Posted: 01-Jun-2011 at 15:47
Najlosata ulica za vozenje(a vo zima da ne zboruvame).Arno ama se zakrpija malku dupkite,se asfaltira i najposle se osvetliApplauseUste sinite da gi izvadat kaj Staklara(za nisto ne sluzat)ke bide super(ne bas super ama od 1 na 3+)! 


Posted By: build.mk
Date Posted: 21-Jun-2011 at 21:51
Штип штеди со енергетски ефикасно улично осветлување





Деновиве во Штип започна замената на старите улични светилки со нови економични и штедливи светилки. Овој град ќе биде првиот во Македонија кој целосно ќе го замени јавното осветлување со енергетски ефикасни светилки. Проекциите на општинските власти говорат дека во наредните месеци ќе бидат заменети сите 2.919 светилки во градот, а планирано е поставување на ново осветлување и во оние делови од Штип кои во моментов се легализираат.

Проектот се реализира преку јавно – приватно партнерство помеѓу општина Штип и велешката компанија „Глобал Енерџи Системс“, а вкупната инвестиција изнесува 160 милиони денари. Пресметките на општинските власти велат дека ќе се оствари финансиска заштеда од 60% по комплетната замена на светилките, со што градот ќе потроши 2 милиони евра помалку за улично осветлување во наредните 12 години.

Енергетски ефикасните светилки веќе се применуваат во Европската унија со донесената регулатива во 2008 година, при што тамошните прописи предвидуваат до 2012 година целосно да се заменат традиционалните светилки кои трошат многу повеќе електрична енергија. Прогнозите говорат дека при целосна замена на старото осветлување со нови штедливи светилки на ниво на ЕУ до 2020 година ќе се заштеди електрична енергија колку што во моментов троши цела Белгија. Експертите од Македонија веќе излегоа со проекции дека целосната замена на светилките во земјава ќе заштеди струја еквивалентна на половина од годишното производство на енергија на хидроцентралата „Козјак“.


Бојан Блажевски
http://www.build.mk/?p=8271 - http://www.build.mk/?p=8271


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jun-2011 at 22:42

КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ ОД ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ ШТЕДЕЊЕ ЕНЕРГИЈА

Ќе се гаси уличното светло

Улиците нема да бидат во целосен мрак туку преку проект треба да се одлучи дали ќе се гаси секоја втора светилка или, пак, ќе се намалува јачината со која светат светилките

Специјално од Фрајбург, Маја Илиевска - Пачемска

За да заштеди енергија, градоначалникот на Скопје најави дека по полноќ ќе гаси дел од уличното светло во одредени делови од градот. Улиците нема да бидат во целосна темница туку ако сега свети секоја светилка, со заштедата би светела секоја втора или, пак, би можело на сите светилки на улицата да се намали јачината. Кој модел на штедење ќе биде најпогоден за Скопје, допрва треба да се одлучи со подготовка на проект. Со проектот ќе се утврди и кои улици се најпогодни за штедење, односно на кои улици по полноќ нема голема фреквенција за да може да се намали светлото.
"Ќе отвориме диспечерски центар, преку кој ќе може од едно место да се контролира уличното осветление, да се откриваат дефектите, но и да се гаси, да се намалува или да се зголемува јачината на светилките. Ова би можел да биде првиот проект за кој би побарале поддршка од Германското друштво за техничка соработка (ГТЗ), откако вчера потпишавме договор за соработка, не само со ГТЗ туку и со Загреб, Сараево и со Подгорица," рече градоначалникот Трајановски. 
Тој и градоначалникот на Фрајбург Дитер Соломон, заедно со претставници од Загреб, Сараево, од Подгорица и со претставници од ГТЗ потпишаа меморандум за градење на капацитети за управување со енергија во градовите. Фрајбург е лидер на градовите во Германија по употреба на соларна енергија. Во овој град соларни панели за затоплување и за производство на струја вградени се дури и во објектите кои се заштитени како споменици на културата. Во Фрајбург сосема нормално е автомат за паркирање да работи на соларна енергија, соларни панели имаат сите јавни институции, хотели, па дури и градскиот стадион. 
Градоначалникот на Фрајбург на претставниците од Скопје, Загреб, Сараево и од Подгорица им го претстави начинот на кој нивниот град успеал да воведе соларна енергија речиси секаде. 
"Искористете и ископирајте сè што ќе ви се допадне во Фрајбург. Ние за тоа ви стоиме на располагање", рече градоначалникот Соломон. 
Градоначалникот Трајановски смета дека едно од првите нешта кои Скопје би можело да ги ископира од Фрајбург, е воведувањето соларна енергија во јавните институции.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=5A2B8CADE05F5945834390B272EC1C82


Posted By: gorco
Date Posted: 01-Jul-2011 at 10:39
Прв пилот-проект во Србија


Јавно осветлување на ветер и сонце!


Светилките со ветеросоларна енергија трошат дури 80 отсто помалку струја од стандардните живини или натриумови светилки



Туристичко-рекреативниот ценар Поток покрај Црвенка е првото место во Србија во кое е поставено ветеросоларно јавно осветлување. Деновиве се монтирани четири столбови од по девете метри височина и на секој од нив има по две големи расветни тела кои ги осветлуваат улиците и крстосниците со струја добиена од ветер и сонце. Во план е во центарот да семонтираат уште шест такви системи.

"Ветеросоларниот систем во Црвенка е монтиран како пилот-проект. Батериите на столбовите акумулираат енергија која овозможува светилките да светат пет ноќи по ред, а притоа преку денот да нема ниту ветер, ниту струја. Јавното осветлување со помош на ветеросоларен генератор има и најсовремена лед-лампа која поседува многу поголема светлосна јачина, а притоа воопшто не се загрева. Овие светилки трошат дури 80 отсто помалку енергија од стандардните живини или натриумови светилки - вели Станко Ковачевиќ, сопственик на фабриката "Глобус ауто" која ги произведува ветеросоларните системи за осветлување.

Тој вели дека има намера во Црвенка да изгради и прва ветеросоларна централа која би била доволна да ги задоволи потребите на градот и поблиската околина. Покрај осветлување на ветер и сонце, фабриката монтира и електрични возила, а сите компоненти се набавуваат од Кина.

http://vecer.com.mk/?ItemID=E8CCE3A7CB1EF342AD1470A82E885D8F - http://vecer.com.mk/?ItemID=E8CCE3A7CB1EF342AD1470A82E885D8F

Мислам дека ова е одлична идеја за осветлување на Е-75 за почеток, да се проба.

-------------


Posted By: build.mk
Date Posted: 03-Oct-2011 at 22:59
ТЕМА: Македонските градови заборавија на европската регулатива за енергетска ефикасност

Уште во 2008 година земјите – членки на Европската унија се договорија за целосна замена на старите типови светилки, процес кој меѓу останатото предвидува поставување на ново енергетски ефикасно улично осветлување во сите европски градови. И додека во земјите од ЕУ овој процес се ближи кон својот крај, македонските градови се далеку од исполнувањето на оваа регулатива. Пехчево и Штип се единствените два града кои досега се решија и го спроведоа проектот за целосна промена на старото улично осветлување преку принципот на јавно – приватно партнерство.

Штип е првиот град во Македонија кој се одлучи целосно да ги замени старите улични светилки со 2.919 штедливи светилки, проект вреден 160 милиони денари. Локалната самоуправа пресметала дека градот ќе заштеди 2 милиони евра за улично осветлување во наредните 12 години. Речиси идентично на Штип, Пехчево реализираше комплетна промена на уличното осветлување во вредност од 36 милиони денари во текот на изминатото лето. Од пехчевската општина сметаат дека од општинскиот буџет ќе се заштедат и до 60% од финансиските средства наменети за потрошувачка на струја и останати пропратни трошоци.

Во Скопје сеуште не се целосно променети старите улични светилки, но градските власти веќе неколку години работат на овој проект. „Во изминатите две години врз основа на студијата за замена на уличното осветлување се заменети 5.500 живини светилки со натриумови светилки, согласно европските стандарди. Останатите улични светилки се менуваат сукцесивно и секоја прегорена живина светилка се менува со натриумова. Три илјади светилки ќе бидат заменети со натриумови сукцесивно со нивното прегорување, со тоа Град Скопје во целост ќе ги исполни европските регулативи“, истакнуваат за „Билд“ од Одделението за односи со јавност на Град Скопје. Градските власти во моментов работат и на нов начин за заштеда на електричната енергија преку проектот за управување на уличното осветлување, при што со истиот се предвидуваат дополнителни заштеди на струја од 7 до 10%.

Европската регулатива предвидува традиционалните светилки да заминат во историјата до 1 септември 2012 година. Новите штедливи и економични светилки ќе ги намалат буџетските трошоци за електрична енергија и промена на светилките на градовите, иако почетните трошоци за менување на уличното осветлување се поголеми од досега. Од друга страна, оваа регулатива ќе го намали притисокот врз енергетскиот систем во Европа. Прогнозите предвидуваат дека при целосна замена на старото осветлување со нови штедливи светилки на ниво на ЕУ до 2020 година ќе се заштеди електрична енергија колку што во моментов троши цела Белгија.


Бојан Блажевски

http://www.build.mk/?p=9736 - http://www.build.mk/?p=9736


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 04-Oct-2011 at 06:45

Ste go zaboravile Prilep vo statijava,toj bese prviot grad sto napravi celosna zamena na zivinite svetilki,ako ne se lazam toa se sluci krajot na 2009 ili pocetokot na 2010.

Ako mozam ke najdam nekoja vest od ova,ama ubavo se sekavam deka na banderata i pred mojata kuka odamna ima natrumova svetilka

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: BOJAN
Date Posted: 11-Jan-2012 at 12:12
Ќе се реконструира јавното осветлување во Охрид

Општина Охрид објави тендер за склучување договор за јавно партнерство со субјект што ќе изврши реконструкција, модернизација и одржување на јавното и улично осветлување во градот.


Општинската Комисија за спроведување на постапката го објави отворениот повик, со право на учество на домашни физички и правни лица, под услови утврдени во Законот за концесии и други видови на јавно-приватно партнерство и тендерската документација.

Согласно одредбите од договорот, приватниот партнер ќе треба да изврши реконструкција и модернизација на јавното осветлување со тоа што постојните светилки ќе ги замени со нови извори на светлина и при тоа ќе треба да обезбеди одржување на системот за период од 12 години. Новите светлечки тела ќе треба да обезбедат поголема заштеда на електрична енергија. Обврска на приватниот партнер е и да врши одржување на јавното осветлување за целото времетарење на договорот за јавно-приватно партнерство.

Инаку, приватниот партнер е должен да изврши реконструкција и модернизација на јавното осветлување во oпштина Охрид со монтажа на нови, поекономични светлечки тела во рок до четири месеци од денот на склучување на договорот за јавно приватно партнерство.

Инвестицијата на јавниот партнер ќе се состои во тоа што новите светлечки тела (инвестиција на приватниот партнер) ќе бидат монтирани на постојната инсталација во сопственост на јавниот партнер. Јавниот партнер за целото времетраење на јавното приватно партнерство ќе има обврска на приватниот партнер да му плаќа годишен надомест (ануитети), поделен на 12 еднакви месечни рати.

Јавното отворање на доставените понуди ќе биде извршено на 7 март годинава, во просториите на oпштина Охрид, во присуство на овластени претставници на понудувачите.


Izvor: Kurir, http://www.kurir.mk/republika/opstini/56593-Ke-se-rekonstruira-javnoto-osvetluvanje-vo-Ohrid


Posted By: 4skopje
Date Posted: 14-Mar-2012 at 18:46

Осветлена трасата од село Глумово до Хидроцентралата Матка

Осветлена%20трасата%20од%20село%20Глумово%20до%20Хидроцентралата%20Матка
Промовирано уличното осветлување на трасата од село Глумово до влезот на хидроцентралата Матка, на кое присуствуваше градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Сарај Беким Мурати и министерот за правда на Република Македонија Блерим Беџети.

Трасата на која е изградено улично осветлување е со должина од околу 2 километра и на неа се поставени 64 столбови со висина од 8 метри, а на секој столб светилка од 150 W.

- Оветлувањето што го направивме на овој потег ќе придонесе за поголема прегледност на патот, со што ќе се зголеми безбедноста на жителите на овие две села, на сопствениците на викенд куќите во околината на Матка, како и на туристите кои во вечерните часови го посетуваат Кањонот Матка- истакна градоначалникот Трајановски.

Проектот за уличното осветлување е изработен од ЗУАС Скопје, а напојувањето на осветлувањето ќе се врши од 3 разводни ормари, согласно енергетските согласности добиени од АД ЕВН Македонија. Изведувач на работите на терен е фирмата ЕЛТРА-Скопје, а вкупната вредност на изведените работи изнесува 4.932.400 денари, со пресметан ДДВ.


Posted By: N23
Date Posted: 20-Mar-2012 at 19:14

Вака е веќе 6-ти ден по ред. Господинот градоначалник, кој што иначе секоја прилика ја користи да каже како он се грижи за интересите на граѓаните, па дури и кажува небулози за промена на траси на идни булевари, нема време да го пријави случајов. Не е фотошопирано, едноставно е волку темна ситуацијата на терен. Улица Руди Чајавец - Аеродром.



Posted By: OCB
Date Posted: 20-Mar-2012 at 19:38
Претпоставувам знаеш дека ваквите проблеми можат да ги пријавуваат и граѓани. Конкретно за Општина Аеородром, фирмата која со општината има потпишано договор за тековно одржување на јавното осветлување ќе ја најдеш на следниов линк:

http://www.aerodrom.gov.mk/%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%82%D0%B0%D0%BA%D1%82.html - http://www.aerodrom.gov.mk/%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%82%D0%B0%D0%BA%D1%82.html

Забелешки за јавното осветлување на главните улици и на булеварите, кои се во надлежност на Град Скопје, граѓаните можат да укажуваат во службите на ЕСМ, на телефон 3205-000.


Posted By: N23
Date Posted: 20-Mar-2012 at 19:53
Originally posted by OCB

Претпоставувам знаеш дека ваквите проблеми можат да ги пријавуваат и граѓани. Конкретно за Општина Аеородром, фирмата која со општината има потпишано договор за тековно одржување на јавното осветлување ќе ја најдеш на следниов линк:

http://www.aerodrom.gov.mk/%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%82%D0%B0%D0%BA%D1%82.html - http://www.aerodrom.gov.mk/%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%82%D0%B0%D0%BA%D1%82.html

Забелешки за јавното осветлување на главните улици и на булеварите, кои се во надлежност на Град Скопје, граѓаните можат да укажуваат во службите на ЕСМ, на телефон 3205-000.

Да да, познато ми е ова и не викам дека како граѓани не сносиме дел од кривицата, ама ова е сигурно 8-ми пат годинава по 3-4 дена да нема осветлување овој дел, плус по она што го гледам на страната, делот каде што живеам реално не спаѓа во ниту еден од напишаните.



Posted By: zabegan
Date Posted: 21-Mar-2012 at 17:15
осветлувањето во Аеродром е катастрофално, половина од светилките не работат исправно, четвртина се вандализирани, и четвртина се увиткани во гранки од дрвја и други пречки и немаат никаков ефект
особено паркинзите и некои пешачки патеки низ паркчињата се постојано во мрак... и сето тоа е пријавувано од граѓани, ама немало голем ефект


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: gjoko
Date Posted: 21-Jul-2012 at 20:34
ово улично осветлување во општина Карпош
Општина Карпош минатиов месец активно работеше на одржувањето на јавното осветлување на нејзината територија, која освен секојдневната замена на прегорените светилки и отстранувањето на дефектите на електричните инсталации, беа заменети старите дотраени арматури, комплетно со светилките, кои одамна го имаат минато векот на искористеност.
Фирмата „Свем инженеринг“, која се грижи за одржувањето на јавното осветлување, интервенираше на следните локации:
• Улица Хаванска, УЗ „Тафталиџе 1“ Заменети четири арматури со светилки
• Улица Ташкенска, УЗ „Тафталиџе 1“ Заменети четири арматури со светилки
• Улица Гаврил Лесновски, УЗ „Тафталиџе 2“ Заменети три арматури со светилки
• Улица Бриселска, УЗ „Тафталиџе 2“ со помошни улички и паркинг пред кулите Заменети 23 арматури со светилки
• Патека пред руски кули, УЗ „Тафталиџе 2“ Заменети три арматури со светилки
• Улица Соле Стојчев, УЗ „Карпош 4“ Заменети пет арматури со светилки
• Улица Франц Месеснел, УЗ „Влае 1“ Заменети четири арматури со светилки
• Улица Бела Краина, УЗ „Влае 1“ Заменети шест арматури со светилки
• Улица Франц Розман, УЗ „Влае 1“ Заменети четири арматури со светилки
• Улица Езерци, УЗ „Влае 1“ Заменети четири арматури со светилки

http://www.skopjeinfo.mk/opstini/2119044838/novo-ulicno-osvetluvanje-vo-opstina-karpos%3E - http://www.skopjeinfo.mk/opstini/2119044838/novo-ulicno-osvetluvanje-vo-opstina-karpos%3E


Posted By: Dexter26
Date Posted: 30-Oct-2014 at 18:59
Веќе втора вечер по ред забележувам дека нема улично осветлување на некои места низ Скопјево, како на пример на булевар Александар Македонски во Автокоманда и на булевар Србија, или по ново име булевар Киро Глигоров.
 
Некој краде струја, некој штеди струја, или некој не плаќа струја во градов ?


Posted By: zabegan
Date Posted: 31-Oct-2014 at 00:52
Originally posted by Dexter26

Веќе втора вечер по ред забележувам дека нема улично осветлување на некои места низ Скопјево, како на пример на булевар Александар Македонски во Автокоманда и на булевар Србија, или по ново име булевар Киро Глигоров.
 
Некој краде струја, некој штеди струја, или некој не плаќа струја во градов ?
јас приметив дека се исклучени на булевар АВНОЈ, од МЗТ до Мајчин дом, мислев дека е нешто локално, ама изгледа поголема е работава


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Dexter26
Date Posted: 31-Oct-2014 at 01:14
Previous
 
Има, па нема, па секоја втора свети, па сите светат, па ниту една не свети, или некој краде струја, или некој не плаќа струја, или властите не ги подмируваат сметките со ЕВН, слично како што беше пред некоја година.


Posted By: jyvation
Date Posted: 29-Apr-2015 at 10:13
Градот размислува за ЛЕД-светилки како поевтини од натриумовите



Скопската градска власт е заинтересирана за инсталирање на ЛЕД осветление, како поевтино улично осветление од сегашното, кое е со натриумови штедливи светилки. Според градоначалникот Kоце Трајановски ЛЕД осветлението е поевтино, а заштедата поголема. Станува збор за нешто како трета генерација на улично светло, по живините и натриумовите светилки.

- Уличното осветление претставува важна област за единиците на локалната самоуправа, бидејќи квалитетното улично осветление придонесува за поголема безбедност на патиштата, а и неговото одржувањето е поекономично. Градот Скопје е потписник на Повелбата на градоначалниците на градовите и општините низ Европа за одржлива енергетска ефикасност, со која се обврзавме до 2020 година да работиме на намалување на емисијата на штетни гасови за 20 проценти. Од 2009 година Градот Скопје ги смени старите живини светилки на уличното осветление со нови натриумови светилки, со што заштедата во електрична енергија изнесува над 35 проценти - објасни вчера Трајановски на Kонференцијата насловена „Улично осветление ЛЕД - можности, финансирање и инвестиции“.

Во рамки на конференцијата се предвидени три настани, а вчерашниот беше првиот, на кој поголем број домашни и странски компании ги презентираа можностите и бенефициите од инвестирањето во ЛЕД улично светло.

Проектот „Договори за гарантирање на енергетските карактеристики во улично осветление“ има цел да поттикне проекти во областа улично осветление во вкупно девет региони во Европа, преку отворање регионални центри. Тие центри ќе нудат сеопфатна поддршка на општините и на малите и средните претпријатија, кои имаат интерес за спроведување на овој тип проекти.

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=2DA9317E4EDC84418E482532DAAE96A6 - http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=2DA9317E4EDC84418E482532DAAE96A6


Posted By: daci92
Date Posted: 29-Apr-2015 at 19:57
На неколку локации низ Скопје уште пред неколку месеци се инсталирани неколку различни видови на лед светилки и досега ми се допаѓаат само тие во Ново Лисиче кој мислам дека се производство на Филипс.


Posted By: Navigator
Date Posted: 30-Apr-2015 at 09:35
Да, на Philips се светилките и според мене со најдобар квалитет и перформанси. Освен тоа, имаат и добра стратегија на продажба. Предлагаат да инсталираат нивни светилки низ главните, да речеме 30тина улици/булевари низ градот како прва фаза. Градот нема да има обврска да плати ништо однапред, туку би отплаќал некоја форма на кредит кон компнијата, каде секоја рата би била еднаква на месечна заштеда на елек. енергија што би ја правел Градот по основ на улично осветлување. Тоа му доаѓа дека трошоците на Градот остануваат исти, а компанијата ќе продаде еден куп светилки, плус ќе биде ангажирана за одржување и замена. Интересен модел.


Posted By: +Protagorist
Date Posted: 02-May-2015 at 12:04

него колку смешно делува да кога се ангажираат профи понуди односно компании се организираат конференции [ http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=67835 - 1 ] а кога се оди тендерски штама, напротив треба обратно како би се оправдал најефтиниот понудувач, a вака градот се правда заради најдобриот

-------------
HaјсилнoтoOpужјe https://archive.is/Vu2G4 - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв


Posted By: Џоле
Date Posted: 29-Sep-2015 at 22:49
На плоштадот „Македонија“ израснаа и кичерски светилки - со камери!

Главниот скопски плоштад, покрај статуите, фонтаните и другите кичерски додатоци сега е „нагизден“ и со улични светилки - нормално, кич, за да одговараат на амбиентот составен од звуци, светла и фигури што ги напаѓаат сите сетила на јуриш. Во светилките се вградени и камери, веројатно за да ни ги гледаат изразите на лицата додека поминуваме. Големиот брат снима, пазете кога се муртите.















фото: мкд.мк

-------------
За сè има вторпат


Posted By: one1
Date Posted: 29-Sep-2015 at 23:39
Кич ми изгледа за мал збор. Посоодветен би бил ВМРО-Античко-Македонски-Лавовски сијалици.


Posted By: jyvation
Date Posted: 30-Sep-2015 at 08:09
Одвратно..Целите да беа зелени може и ќе поминеа вака


Posted By: iGi_PoP
Date Posted: 30-Sep-2015 at 13:34
Stvarno.. i kameri stavile... sega nemoze coek na mira da otide i da si otkorne plocki za doma kupatiloto da si go dovrsi....


Posted By: jyvation
Date Posted: 13-Oct-2015 at 10:16
ТЕНДЕР, ГРАД СКОПЈЕ: За осветлување – повеќе од 100 000 евра!

Градот Скопје за 116 000 евра бара компанија која ќе ги реализира зафатите за осветлување на една од скопските улици во централниот дел на Скопје. По спроведената електронска аукција, на јавниот повик се јавила фирмата Бетон.

“Најниска цена од 107 050 евра на е-аукцијата поднесе понудувачот Друштво за градежништво Бетон, Акционерско друштво Скопје. Конечната одлука за оваа постапка ќе ја донесе одговорното лице“, информираат од град Скопје.

Осветлувањето по цена поголема од сто илјади евра, треба да се спроведе на улицата “Димитар Влахов“, од булеварот “Филип Втори Македонски“ до булеварот “Крсте Мисирков’. Се работи за јавна набавка за осветлување, која како што информираат од град Скопје били согласно дополнувањето на Основниот прокет за одржување на скопската улица. Проценетата вредност на зафатот изнесува повеќе 116 илјади евра, без ДДВ. По оддржаната аукција, градските валсти треба да соопштат дали скопски Бетон ќе ја добие оваа зделка. Јавната набавка се спроведе преку отворена постапка а како клучен критериум беше најниската понудена цена.

http://vesti.mk/read/news/6739343/2522580/tender-grad-skopje-za-osvetluvanje-poveke-od-100-000-evra - http://vesti.mk/read/news/6739343/2522580/tender-grad-skopje-za-osvetluvanje-poveke-od-100-000-evra


Posted By: xnx
Date Posted: 13-Oct-2015 at 11:10
vise koga ja nacnavte temava.. pola debar maalo e vo totalen mrak veke nekolku nedeli. da ne znae nekoj sto e rabotava?


Posted By: zabegan
Date Posted: 13-Oct-2015 at 17:18
Originally posted by xnx

vise koga ja nacnavte temava.. pola debar maalo e vo totalen mrak veke nekolku nedeli. da ne znae nekoj sto e rabotava?
дека не се позлатени канделабрите, не можат да светат без златна боја на нив

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 28-Jan-2016 at 20:32
Нова тура барокни канделабри ѝ чуваат грб на Владата

Покрај кејот на Вардар, зад објектот на Владата во делот накај Градски парк, изминатиов период светнаа нова тура барокни канделабри.











http://www.mkd.mk/makedonija/politika/nova-tura-barokni-kandelabri-i-chuvaat-grb-na-vladata-fotogalerija#9 - http://www.mkd.mk/makedonija/politika/nova-tura-barokni-kandelabri-i-chuvaat-grb-na-vladata-fotogalerija#9

Првата слика совршено ја илустрира нашата стварност - до куп неисчистени гранки и насобрано ѓубре ставаат раскошно и украсено улично осветлување. Ми се смачи да бидам постојано негативен, но ваквите работи едноставно не можам да ги премолчам. На здравје нека ни се.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: kultuzin
Date Posted: 28-Jan-2016 at 20:49
Originally posted by Џоле


Првата слика совршено ја илустрира нашата стварност - до куп неисчистени гранки и насобрано ѓубре ставаат раскошно и украсено улично осветлување. Ми се смачи да бидам постојано негативен, но ваквите работи едноставно не можам да ги премолчам. На здравје нека ни се.


Џоле не е работата да се биде негативен или позитивен треба да се биде реален. А ова што го кажуваш е реалност. Едноставно не сме способни работите да ги правиме до крај и темелно. Незнам зошто им е проблем на општините, градот Скопје, паркови и зеленило и сите останати инволвирани да го средат кејот од А до Ш што се вели. Се некако инцидентно се работи ќе се удри една акција и тоа само на еден дел и после па по старо. Толку ли е тешко работите да се одржуваат ТЕКОВНО и според утврден план. Се гради тоа што се гради, кој му се допаѓа му се допаѓа на кој не работа на вкус или на политичка определба (кај нас за жал доминира ова второто) НО ако редовно не се одржува ЏАБЕ е и градење и инвестирање.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 28-Jan-2016 at 21:00
Апапа а со кејот и бандероте што ќе правиме? Нови кондури а скапани чорапи. Маде ин мацедониа!


Posted By: Џоле
Date Posted: 22-Nov-2016 at 19:30
Главното прашање е колку се практични... за цената веќе е јасно дека е пренапумпана.
_______________________

БАРОКНИ КАНДЕЛАБРИ ОД 1.600 ЕВРА НА ПАТЕКАТА ЗА ЏОГИНГ КРАЈ ВАРДАР



Рекреативната патека покрај Вардар во Скопје доби барокно осветлување. Новите златно-зелени канделабри вчера светеа и во ден. Поставени се на патеката за џогинг покрај реката, на потегот од Градски парк кон Плоштадот Македонија.

Патеката со години е во мрак, велосипедистите, ролерџиите и рекреативците во неколку наврати официјално се обраќаа до Град Скопје со барање да ја осветлат патеката за да можат и навечер да ја користат, но не очекуваа дека Градот ќе одгвори на нивното барање со барокни канделабри.

На прашањето кој одлучил велосипедската патека да се осветли токму со барокни украсни канделабри од Град Скопје одговараат:

„Во рамки на програмата за уредување на јавно осветлување на Кејот на потегот меѓу мостот на царинската управа и градската плажа Парк, поставени се 51 канделабра со по три светилки. Според стандардите за уредување на јавно осветлување, на сообраќајните површини се поставуваат обични, метални светлосни столбови, додека на јавните површини се поставуваат украсно декоративни канделабри“.

За 51 украсна канделабра Град Скопје потрошил 5.245.000 денари (или околу 86.000 евра), односно една канделабра чини нешто повеќе од 100.000 денари (околу 1.600 евра).

http://sdk.mk/index.php/neraskazhani-prikazni/barokni-kandelabri-od-1-600-evra-na-patekata-za-dhoging-kraj-vardar/ - http://sdk.mk/index.php/neraskazhani-prikazni/barokni-kandelabri-od-1-600-evra-na-patekata-za-dhoging-kraj-vardar/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Bojan10
Date Posted: 22-Nov-2016 at 20:30
Свесни ли се дека не брцаат во својот џеб.


-------------
Од чаламот си патиме!


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 22-Nov-2016 at 21:11
Во ваква состојба не изгледа добро. Ако се украси со елементи пример околу канделабрите да стават некој вид бекатонски плочки или што и да е тогаш ок.


Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 22-Nov-2016 at 21:41
Значи да ставиш нешто во ваков стил, првин треба да се има простор кој естетски би можел да го подржи! Не може нешто пренакитено да се стави во ваква околина. Се согласувам со myMacedonia, ако мислат да го шират овој концепт во тој дел, би требало и да се направи некоја патека, која би одела заедно со канделабрите, или пак да се доуреди со некои други елементи.
 Според мене најдобро би било, ако веќе се користи ваков концепт да се бираат по "обични" канделабри односно некои кои би го следеле стилот но по културно да влијаат, на пример да кажеме да бидат како оние кои ги поставија до оградата на владата. Мислам дека тие најдобри би одговарале или пак нешто по едноставно. Ова ти е исто како на автопат или пак на нива да ставиме нешто вакво, но добро среќа што не се оние надуените од плоштат ВМРО...


-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: zabegan
Date Posted: 23-Nov-2016 at 03:10
- Шефе абе сме нарачале вишок 300 канделабри за плоштадов, што да правиме?
- Абе немај гајле, стај ги на кеј, никој нема да примети []

дури и да ги баталиме естетските вредности, моментот е што канделабрите не ја вршат својата основна работа... што осветлуваат тука? жабите во тревникот? ...ниедна од трите патеки не е зафатена со доволно силна светлина што му е потребна на кејот од овие смешни изговори за улично осветлување

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 11-Jan-2017 at 21:05
Што убаво си легнаа „барокниве“ канделабри на кеј, милина жива...



фото: Џото (твитер)

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 23-Jan-2017 at 18:29
Новите канделабри на мостот „Слобода“ (или „Мајка Тереза“ беше? Сеедно.) Многу се предиомензирани и грди, воопшто не одговараат со остатокот на оградата.



-------------
За сè има вторпат


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 24-Jan-2017 at 11:20
Што се секираш ќе ја сменат и оградата

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Jan-2017 at 00:46
Originally posted by Џоле

Новите канделабри на мостот „Слобода“ (или „Мајка Тереза“ беше? Сеедно.) Многу се предиомензирани и грди, воопшто не одговараат со остатокот на оградата.


Ама одговараат со бродовите во Вардар, нели?


Posted By: Џоле
Date Posted: 25-Jan-2017 at 12:10
Претходните беа многу поелегантни и совршено се вклопуваа/надоврзуваа на оградата. Овие се многу несмасни, со лоши димензии и пропорции.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Apr-2017 at 11:33
Пролетна урбана акција за разубавување на јавниот простор



Група активисти започна пролетна герилска акција во Скопје, со цел да го разубави урбаниот јавен простор. Во Паркот на франкофонијата, тие поставија канделабри во вид на човечки фигури кои држат отворени чадори.

„Со оваа акција започнуваме циклус на пролетни урбани акции за разубавување на јавниот простор во Скопје и другите градови во Македонија, но и на Балканот. И понатаму остановаме посветени и на акциите што ќе ги артикулираат актуелните проблеми со којшто се соочуваат нашите граѓани“, велат активистите.









https://okno.mk/node/63179 - https://okno.mk/node/63179

-------------
За сè има вторпат



Print Page | Close Window