Print Page | Close Window

Обнова на манастирот Св. Јован Бигорски

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Верски
Forum Discription: Цркви, џамии, манастири...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=839
Printed Date: 23-Apr-2024 at 16:40


Topic: Обнова на манастирот Св. Јован Бигорски
Posted By: lslcrew
Subject: Обнова на манастирот Св. Јован Бигорски
Date Posted: 02-Oct-2009 at 20:36

Подготовки за реставрација на Св. Јован Бигорски

Шестчлен експертски тим од Националниот конзерваторски центар и Институтот за културно наследство од Скопје деновиве постојано  работи на расчистување на опожарениот дел на манастирот Св. Јован Бигорски.

Освен тоа ги евидентираат и евентуално спасените предмети кои би помогнале во идната реставрација на конакот. Според директорот на Националниот конзерваторски центар, Бехиџудин Шехапи, тимот ќе изготви детална експертиза за четири дена.

Потоа ќе започнат активностите за постепена реконструкција на конаците.

„Во делот зафатен од пожарот градбата беше составена од дрво, камен и градежен материјал карактеристичен за архитектурата од 19 век кога е присутна познатата дебарска школа чиј начин на работа се забележува и кај многу куќи во Дебар“ вели Шехапи.

Националниот конзерваторски центар поседува детални планови и документација за градбата и материјалите кои се користеле во тоа време. Но, дали  Македонија има експерти кои ќе можат да го изградат конакот онака како што бил?

„Имаме, се разбира. И документите кои ги поседуваме ќе бидат од голема помош при изработката на проектите за на автентичен начин да се обнови убавината на стариот конак на манастирот“ рече Шехапи.

Шехапи објаснува дека од пожарот се спасени 83 икони. По една сè уште се трага. Најверојатно сега иконите ќе се чуваат во Музејот на Македонија бидејќи во манастирот нема услови за тоа. Најголемата штета која е засега евидентирана е што во пожарот сосема се изгорени ретки фрески од 19 век. Од парите потребни за обнова на уништеното, пет милиони евра ќе бидат само за повторна изградба на објектите, а околу 500 илјади за обнова на фреските.

http://alsat.mk/vesti/zemja/17586.html



Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Oct-2009 at 20:40
Незнам колку е ова исправно што ќе се иде на афтентична реконструкција во однос на материјалите и принципот на градба од 19-ти век. Милсам дека треба да ги искористиме можностите што ни ги нудат денешните матерјали и принципи на градба, зашто објектов да беше цврста градба сигурно немаше да биде до толку изгорен. Па и во 19-ти век кога го граделе користеле технологии на 19-тиот век, а не се користеле нешто од 18-ти век. Затоа мислам дека треба да ја искористиме можноста да го изградиме од цврста градба, нормално автентичниот изглед да се задржи.


Posted By: zabegan
Date Posted: 03-Oct-2009 at 00:47
мислам дека е најбитно да се изберат цврсти и доверливи материјали, и да се запази автентинчниот изглед колку што е можно повеќе, сепак никој нема да примети, а многу убаво е што ќе се обноват и фреските


Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Oct-2009 at 23:13
Бигорски се крева од пепелта

Проектот за реконструкција ќе се изработува под раководство на архитект Ѓурѓица Лековска

Киро Кипроски 


„Св. Јован Бигорски“ - Со несмалено темпо веќе дваесеттина дена се изведуваат активностите за возобновување на изгорените конаци, монашките ќелии, машката трпезарија и другите простори на Горни палат на Бигорскиот манастир. Сите активности се извршуваат во координација на Националниот конзерваторски центар. По катастрофалниот пожар што се случи утрото на 30 септември, беше формирано Координативно тело за возобновување на Бигорскиот манастир. За квалитетно да се изврши возобновувањето, да се поврати автентичниот лик на изгорените конаци, беше одлучено за секоја активност која треба да се преземе да се консултираат и да се вклучат врвни експерти од областа на градежништвото и архитектурата. 

„Експертите го дадоа своето мислење и се работи на првата фаза на проектот“, ни вели отец Партениј, игумен на Бигорскиот манастир. Во оваа фаза успешно завршија работите за заштита на ѕидовите со нивно покривање и потпирање со метално скеле, пред да настапат обилните врнежи на дожд и снег. 

Проектот за реконструкција на Горен палат ќе се изработува зимава од повеќе архитекти под раководство на архитектката Ѓурѓица Лековска, која добро го познава Бигорскиот манастир. Како што потенцира отец Партениј, таа е заслужна за проектот што го изработи за да се возобнови Долен палат. Овој проект доби високи оценки од домашната и странската стручна јавност, за изгледот што го имаше овој конак пред да изгори во 1912 година. Исто така, Лековска го изработи проектот за Источен палат, кој се наоѓа во фаза на реализација и треба да заврши во првата половина на идната година.

Во обновувањето на изгорениот дел на Бигорскиот манастир нема да има никакво отстапување. По завршувањето на изградбата, Горен палат ќе биде автентичен со сето она што беше изгорено, но ќе биде поцврст. Може да се поврати првобитниот изглед од пред двесте години кога беше изграден од врвните мијачки мајстори, бидејќи постои прецизна документација и, како што тврди игуменот Партениј, нема да се отстапува ни за еден клин. Конаците и другите содржини што изгореа во пожарот ќе бидат возобновени во својот автентичен лик.

Во Бигорскиот манастир по пожарот се собираат верници во уште поголем број. Монасите се радосни кога ги гледаат верниците како се трудат и се ангажираат за да се врати некогашниот сјај на ова ремек-дело.

„По божја волја и по волја на патронот на Бигорскиот манастир, св. Јован Крстител, добивме тешка и одговорна, може да се каже, историска задача да го возобновиме ова големо и многу значајно светилиште за нашиот македонски народ“, потенцира отец Партениј. „Бог е тој што ги возобновува нашите сили и ни дава храброст да издржиме“.

Игуменот Партениј се потсетува кога во 1995 година првпат дојде во овој манастир. „Бигорскиот манастир беше празна куќа, покривот на трпезаријата течеше, ѕидовите паѓаа, се' беше запуштено. Со голема љубов почнавме и вложувавме 15 години, постојано поправајќи го и разубавувајќи го овој конак. Го возобновивме бигорскиот метох Св. Георгиј Победоносец во дебарското село Рајчица, го возобновивме Долни палат, а во реализација е и Источниот палат на Бигорскиот манастир“.

„Доколку имаме доволно средства, ќе се потрудиме во најскоро време Бигорски повторно да го добие својот прекрасен лик. Средства пристигнуваат од верниците, но не се доволни за да се затвори финансиската конструкција. Одѕивот на позначајните и поуспешни фирми би требало да биде поголем. Група бизнисмени заедно со монашкото братство, со цел да се соберат повеќе средства, ќе одржат донаторска конференција за возобновување на Бигорскиот манастир“, нагласува отец Партениј.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2273E9955791F44581CB378E186391BE - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2273E9955791F44581CB378E186391BE


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Nov-2009 at 01:02
Продолжува обновата на Бигорски

Работите на Источен палат треба да завршат до Велигден, кога монасите ќе се преселат во новиот конак

Киро Кипроски

„Св. Јован Бигорски“ - Два месеца по трагичниот 30 септември кога во пожар изгоре Бигорскиот манастир, продолжуваат активностите за обнова на македонското древно светилиште. Монашкото братство, предводено од игуменот на Бигорски, архимандритот Партениј, потпомогнати од голем број верници, во континуитет преземаат активности да се поврати автентичниот изглед на изгорениот дел од манастирскиот комплекс. Во пожарот, за само неколку часа огнените јазици ги проголтаа манастирските конаци, монашките ќелии, машката трпезарија, манастирската библиотека, галеријата на икони, гостинските соби и други простории, изградени пред околу два века.

„Во тек е исцртување на тековната состојба на оштетените ѕидови на Горен палат, што го вршат стручни лица на Националниот конзерваторски центар, а тоа ќе послужи за изработка на идниот изведбен проект по кој ќе се врши обновата на изгорениот дел на манастирот“, не' информира отец Партениј. Наскоро, како што ни појасни тој, ќе започне процесот на инјектирање на ѕидовите што останаа по пожарот, но треба да се зацврстат. Фирмата која ќе ги изведува работите е одбрана, се чека конзерваторското одобрение од Управата за заштита на културното наследство. Во меѓувреме, се преземаат и последните мерки за заштита на ѕидовите, кои ќе овозможат отпорност на ниски температури и снег.

Во овој период целосно беа исчистени пепелот, остатоците на изгорениците, гарежот од целиот комплекс на манастирот. На машката трпезарија беше поставен времен лимен покрив, ѕидовите беа покриени со градежен најлон, со што се заштитени од временските промени. Деновиве беа возобновени скалите за влез во манастирската црква „Св. Јован Крстител“, а беше и саниран покривот на црквата, кој беше оштетен при интервенцијата за да се спречат пламените јазици да не се прошират на црквата, со што беше спасен и вредниот иконостас.

„Состојбата со донациите е незначително подобрена“, истакнува отец Партениј. „Хуманитарен концерт одржа Ламбе Алабаковски и целокупниот приход ќе послужи за материјалната обнова на опожарениот конак. Вчера се одржа целодневна хуманитарна емисија на МТВ ’Македонија за Бигорски‘ со јавна аукција за прибирање средства за возобнување на изгорените конаци на Бигорски. Донаторската вечер е откажана, а комуницирањето со големите фирми се одвива со личен контакт и се видливи првите резултати. Десетина фирми донираа парични средства, а еден дел ветија помош во материјали и работна сила“, додава тој.

Во Источен палат се врши преградување на просторот со ѕидови и се малтерисуваат ѕидовите. За неколку дена ќе започнат работите на поставување на покривната конструкција и покривање на овој нов дел на Бигорски. Според планот, ако се' се одвива без пречки, работите на Источен палат треба да завршат до Велигден, кога монасите ќе се преселат во новиот конак.

Пожарот не ја намали посетеноста на манастирот. Верниците особено доаѓаат во почетокот на постот. Сите сакаат духовно да се подготват за да можат побогоугодно да го поминат овој пост. Голем број верници се очекуваат за Божик, кога е предвидено и големо сеноќно бдение. Во меѓувреме, во манастирот треба да пристигне прекрасната зографисана икона на Богородица, копија од познатата светогорска чудотворна икона, која се очекува со радост од монасите и од сите верници.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=52833817A2DBC348B2F454410C5C78BE


Posted By: La Linea
Date Posted: 05-Jan-2010 at 02:03

Тоне подот на црквата во Бигорски манастир

За санирање се бара помош од Националниот конзерваторски центар

СВ.ЈОВАН БИГОРСКИ - Дел од подот на влезот во црквата „Св. Јован Крстител“ во Бигорскиот манастир е пропаднат, а последниве денови местото се проширува. За санирање на ситуацијата надлежните од црквата побарале помош од Националниот конзерваторски центар. Истата појава била забележана пред неколку години кога од Националниот конзерваториски центар биле побарани стручни лица да понудат решение за санирање. Но, досега нема никаков одговор што да се преземе, иако интервенцијата е неопходна.

„Во манастирската црква ‘Св. Јован Крстител‘ треба да се изврши реконструкција на повеќе делови. Електричната инсталација е дотраена, подот нерамен, а малтерот од ѕидовите се рони. На одделни места има влага која може да предизвика оштетување“, загрижен е архимандритот Партениј.

Овие зафати се потребни за да се зачува автентичноста на црквата и да не се дозволи загуба на непроценливото културно - историско и духовно богатство. „Пролетва, кога ќе почне обновувањето на изгорените манастирски конаци, ќе настојуваме да се направи реконструкција на црквата“, вели отец Партениј.

Бигорскиот манастир е препознатлив по иконостасот во манастирската црква „Св. Јован Крстител“ што го изработиле познатите мијачки зографи - копаничари Петре Филипоски Гарката од Гари и Макариј Негрев Фрчкоски од Галичник, во периодот од 1830 до 1840 година. Иконостасот на ореово дрво, ги претставува животинскиот и растителниот свет, онака како што во тоа време можела да го долови генијалната имагинација на мајсторите - копаничари. Како на филмска лента се наредени сцени од Стариот и од Новиот завет, земниот живот, растителната орнаментика со стотици човечки и животински фигури. Прикажани се сцени од животот на Мијачките предели и пошироко, фолклорот преку носиите, зурлата и тапанот, флората и фауната. (К.К.)




http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B75BFBD6FFA9644C87544E34502E22EA


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Jan-2010 at 15:49

Превентивна заштита за Бигорски

„СВЕТИ ЈОВАН БИГОРСКИ“ - Остатоците од опожарениот дел на древното македонско светилиште манастирот „Св. Јован Бигорски“ превентивно се заштитени. Работите ги изведува фирмата „Спиде платинум“, која располага со соодветна технологија и опрема што гарантира вадење на оштетениот камен и прегорените фуги без потреси и вибрации.

„Со оваа метода ќе се зачува автентичноста на ѕидовите“, вели игуменот на манастирот архимандритот Партениј.

Меѓу најитните активности за Бигорски ќе биде статиката на објектот. Во меѓувреме, ќе се работи на обновува на електриката, водоводот, греењето, противпожарната заштута, алармите. (К.К.)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B94AC8F5837AB94B85184E6013ADC889


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Feb-2010 at 17:09

Обновата на „Бигорски“ во април

Обновата на опожарените конаци на манастирот „Свети Јован Бигорски“ ќе почне во април. Овој рок е предвиден во динамичкиот план за реконструкција на конаците што го изработи тимот на Националниот конзерваторски центар

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорот на Националниот конзерваторски центар Беџихудин Шехапи минатата недела го посетиле манастирот и ги разгледале можностите за спроведување на планираната обнова.

- Би се почнало со работа кон крајот на април - најавува Шехапи.

Среќната околност во несреќата што минатата година го снајде манастирот беше постоењето прецизна документација во Националниот конзерваторски центар, што помогна во подготвувањето на проектот за обнова на опожарениот дел.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2110112251&id=16&prilog=0&setIzdanie=21898


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Mar-2010 at 11:12

50.000 долари од УНЕСКО за Бигорски

УНЕСКО позитивно одговори на барањето на Министерството за култура и на Националната комисија на УНЕСКО за ургентна помош за обнова на опожарениот Бигорски манастир и за таа намена испрати 50.000 американски долари.
- Средствата се стигнати и се од големо значење за побрзо санирање на овој извонредно значаен споменик на културата кој по минатогодишниот пожар има сериозни оштетувања на дрвената конструкција, резбаните тавани, декоративните

прозорци и мебел, како и на голем дел од ѕидните цртежи. Владата обезбеди за манастирот 18 милиони денари така што со оваа донација од УНЕСКО веднаш ќе пристапиме кон реконструкција, рече министерката за култра Елизабета Канческа - Милевска.
Таа информираше и дека УНЕСКО со 36.000 евра ќе го поддржи и проектот „Крушево етноград“ со кој аплицираше Националната комисија на УНЕСКО. На одобрените средства претходеше мисија на претставници на Организацијата на ОН за образование, наука и култура кои беа запознати со Крушево и со проектот за него.
- Оваа помош е од особено значење за градот, за локалниот развој, за привлекување странски и домашни туристи, а со тоа и за зајакнување на економските капацитети на Крушево, рече Канческа - Милевска.
Од УНЕСКО со 100.000 долари е поддржана и втората Светска конференција за меѓурелигиски дијалог која под покровителство на Владата и УНЕСКО ќе се одржува од 6 до 9 мај во Охрид. За Конференцијата 40.000 долари донирал и Фондот на холокаустот на Евреите во Република Македонија.
Министерката информираше дека подготовките се интензивни и досега за Конференцијата се пријавиле над 150 учесници. На неа ќе бидат одбележани три значајни јубилеи - „100 години од раѓањето на Мајка Тереза“, „1100 години од упокојувањето на Свети Наум Охридски“ и „1400 години од објавувањето на Куранот“.


http://www.spic.com.mk/kat/hronika/50000-dolari-od-unesko-za-bigorski.html


Posted By: axel
Date Posted: 06-Apr-2010 at 12:33

ПРОЛЕТВА ПОЧНУВА ОБНОВАТА НА ОПОЖАРЕНИОТ МАНАСТИР

Собите на манасите и трпезаријата први ќе се обновуваат

Про­лет­ва ќе почне реконструкцијата на манастирот "Свети Јован Бигорски" кај Де­бар. Лани во септември, манастирот беше пеплосан од пожарот кој избувна во кујната. Из­го­ре речиси си, трпезаријата, конаците, гостинската соба, библиотеката, книгите и монашкото живеалиште. Спасена беше само црквата.
"До­се­га не можевме да почнеме со градежни работи бидејќи временските услови не дозволуваа. Во меѓувреме, Управата за културно наследство и Градежниот фа­кул­тет од Скопје го изработуваат изведениот проект, и тој е готов. За многу кусо вре­ме ќе почне реконструкцијата. Првин ќе се градат нова трпезарија и манашко жи­ве­а­лиш­те, а потоа конаците. Пролетва ќе треба да обезбедиме и дабови дрва, од кои беа изградени конаците", вели отец Доситеј.
Вкуп­на­та штета од изгорениот манастир се проценува на околу 5,5 милиони евра. До­се­га се собрани 300.000 евра од донации на граѓани и фирми, а исто толку за об­но­ва издвои и Владата. Во обновата на Манастирот ќе се вклучи и УНЕСКО, со до­на­ци­ја од 36.000 евра за санирање на штетите.
Спо­ред процените, обновата на Манастирот ќе трае најмалку две години. (А.А.)                                                                                                                                                         http://www.vest.com.mk/?ItemID=D0C7D95F5DB1724093B2F316F161090F 



Posted By: axel
Date Posted: 20-Apr-2010 at 11:33

Се подготвува обновата на опожарениот дел од „Бигорски“


Монасите од манастирот „Свети Јован Бигорски“ не сакаа да кажат колку пари изминатиов период биле донирани преку отворените телефонски линии или лично од граѓаните и од фирмите

 
 
%20  
До крајот на неделата треба да почне превентивно оспособување на елементите зачувани по катастрофалниот пожар што во септември минатата година избувна во манастирот „Свети Јован Бигорски“, најавија монасите во манастирскиот комплекс.

- Овие денови треба да пристигнат професорите од Градежниот факултет, кои прават елаборат за обнова на манастирот. Тие ќе ги дадат насоките како да се извршува санацијата и дали ќе се извадат старите бетонски греди, кои биле ставени по земјотресот во 1960-тите години. Веќе сме во подготовка за изградба на новиот дел од манастирот, кој ќе биде вселив во август - објасни отецот Партение, игумен на манастирот „Свети Јован Бигорски“.

Обезбедени се 18 милиони денари од Владата за реконструкција на опожарениот дел, а дел од парите што се донираат од верниците и компаниите веќе се трошат за подготвителните работи за санација.

Монасите од манастирот не кажуваат колку пари изминатиот период биле донирани преку отворените телефонски линии или лично од граѓаните и од фирмите.

Бехиџудин Шахапи, директорот на Националниот конзерваторски центар, вели дека пред два дена при посетата на манастирот било нагласено дека за една недела ќе биде готов идејниот проект за обнова на конаците, а наскоро ќе се подготват и основниот и изведбениот проект.

- За реконструкцијата на опожарениот дел постои програма за работа, според која ќе се прецизираат етапите на реконструкцијата. На терен не смее да се преземаат некакви мерки за реконструкција без одобрение, зашто манастирот е споменик на културата - додаде Шахапи.

Според Паско Кузман, директорот на Управата за културно наследство, Владата финансиски перманентно ќе помага при реконструкцијата на манастирот.

Штетата од пожарот во манастирот, според првичните процени на надлежните институции, изнесува над 5,5 милиони евра. Штетата, меѓутоа, е ненадоместлива, велат монасите.

Во манастирот се наоѓа иконостас изработен од тајфата на мајсторот Петре Филипов-Гарката од селото Гари, кој не беше оштетен од пожарот.




Не ја објавуваме донацијата на Црвенковски

Донацијата од 100 илјади денари на Бранко Црвенковски, претседателот на СДСМ, нема да ја објавиме на официјалната интернет-страница на Македонската православна црква-Охридска архиепископија. Ова вчера го истакна свештенството од манастирот „Свети Јован Бигорски“, на прашањето дали и оваа посета и донација ќе ја третираат онака како и посетата на премиерот Никола Груевски и венчавката на Миле Јанакиески, министерот за транспорт и врски.

- Немаме намера да ја објавуваме таа донација, зашто тие веќе доволно ја исполитизираа целата ситуација. Има и други политичари, граѓани и компании што донирале пари и кои не ги кажуваме јавно. Ги објавуваме само оние донации што се над 10 илјади евра и кои, за жал, се многу ретки - додадоа од манастирот.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=42010104513&id=9&prilog=0&setIzdanie=21963


Posted By: zabegan
Date Posted: 20-Apr-2010 at 19:09
PukeDump    за исполитизираноста на целата ситуација

а без проблем до сега ќе реконструираа десет вакви манастири


Posted By: La Linea
Date Posted: 25-May-2010 at 01:02
Бигорскиот Манастир ќе се подигне од пепелта

Осум месеци после катастрофалниот пожар во кој изгоре Горни Палат, во тек е санација на опожарените делови и изготвен е идеен проект за реконструкција, со голем дел на елементи за основен проект. На почетокот на месецов  проектот е доставен до Управата за заштита на културното наследство и во наредните денови се очекува негово одобрување. Проектот за реконструкција е резултат на темелните испитувања на состојбата на терен кои ги спроведоа повеќе институции и има поминато низ редица комисиски филтри во Националниот конзерваторски центар, како и надворешни консултанти од релевантни области. Доколку се оди според предвиденото, надежите се дека за две години Горни Палат повторно ќе блесне во полн сјај.


Интензивно се работи и на Источни Палат, проект кој започна пред пожарот од 2009. Источни Палат ќе има корисна површина од 3.600 метри квадратни (Горни Палат има корисна површина од околу 3.300 метри квадратни) и во негов состав ќе бидат Параклис на Св. Николај Чудотворец, монашки келии, игуменската келија, библиотека со читална на два ката, котлара, перална, како и кула со часовник и атеље за зографи на највисокото ниво. Изведувач на градежните работи е фирмата „Жикол“. Моментално се привршува со покривот после што ќе се премине на фасадата, а веќе е порачан и ентериерот. Се очекува дека до манастирската слава на 10 септември, монашкото братство ќе може да се исели од гостинскиот Долни Палат и да се всели во новите простории, со што ќе може да продолжи традицијата на примање гости во манастирот. Вреди да се спомне дека и покрај големата катастрофа во 2009, манастирскиот живот и богослужбениот циклус во ниеден момент не беа прекинати.


Форумска дискусија за овој проект forum_posts.asp?TID=839 - » овде


Кратка историја:

Манастирот бил основан од монахот Јован во 1020 година. Во 16 век, за време на султанот Селим II, бил разрушен од страна на Османлиите и од целиот комплекс останала само една мала црква. Бил повторно обновен во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион. Во 1814 година по нарачка на тогашниот игумен, галичанецот Арсениј, започнала изградбата на Горни Палат. Од 1820 до 1825 година, северозападно од манастирската црква биле доградени конакот со трпезаријата, како дел од Горни Палат. Во периодот од 1829 до 1835 година, тајфата предводена од Петре Филипов – Гарката го изработила прекрасниот иконостас кој е белег на светилиштето. Манастирскиот живот замрел во 1948 со смртта на тогашниот последен монах, а бил повторно обновен во 1995 со доаѓањето на отец Партениј. Утрото на 30.09.2009 во манастирот избувна голем пожар во кој целосно изгоре Горни Палат.


Галерија:

http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/religiski/Jovan%20Bigorski%20prethodno.jpg"># http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/religiski/Jovan%20Bigorski%2001%2001.jpg"># http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/religiski/Jovan%20Bigorski%2001%2002.jpg">#

http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/religiski/Jovan%20Bigorski%2001%2003.jpg"># http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/religiski/Jovan%20Bigorski%2001%2004.jpg"># http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/religiski/Jovan%20Bigorski%2001%2005.jpg">#

http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/religiski/Jovan%20Bigorski%2001%2006.jpg"># http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/religiski/Jovan%20Bigorski%2001%2007.jpg"># http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/religiski/Jovan%20Bigorski%2001%2008.jpg">#


http://www.build.com.mk/?p=3518




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-May-2010 at 05:42
Вчера завчера ја буричкав нишкава. По нет не најдов ништо ново инфо до кадењ е работава. Текстов како нарачан ми дојде! Cheers


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-May-2010 at 17:18
Што всушност е оваа кула?! За што служи? Има некоја посебна намена?


Дали треба да биде нешто вакво како кулата што била на Свети Наум, која всушност би било убаво да се возобнови?!



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-May-2010 at 18:37
Originally posted by lslcrew

Што всушност е оваа кула?! За што служи? Има некоја посебна намена?

Па кога не читаш, нормално дека нема да знаеш  Big%20smile

Ѕирни ја последната вест
како и кула со часовник и атеље за зографи на највисокото ниво



Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-May-2010 at 18:44
Ја читам ама не ми е јасно зашто на пример атеље за зографи мора да биде толку високо, може и во подрум да биде и на први кат исто е. Ај ова за саатот интересно, ама порано зашто ги правеле? Пологично ми е да биде камбанарија одколку атеље. еве на пример оваа во Свети Наум нема саат, па зашто била?

Инаку кулава во Свети Наум некако ми наликува, има слични елементи со други кули од европа. Ве на пример Венеција ( http://z.about.com/d/goitaly/1/0/f/F/-/-/venice-tower.jpg - http://z.about.com/d/goitaly/1/0/f/F/-/-/venice-tower.jpg ) и Фиренза ( http://freepages.misc.rootsweb.ancestry.com/~cyberheritage/travel/italy/tower%20florence.jpg - http://freepages.misc.rootsweb.ancestry.com/~cyberheritage/travel/italy/tower%20florence.jpg ).


Posted By: Korsis
Date Posted: 29-May-2010 at 18:58
Originally posted by lslcrew

Што всушност е оваа кула?! За што служи? Има некоја посебна намена?

Дали треба да биде нешто вакво како кулата што била на Свети Наум, која всушност би било убаво да се возобнови?


Одбранбените кули се класичен елемент од силуетата на средновековните манастири на Света гора и поопшто на Балканот. Рилскиот манастир, Бугариjа:



Манастирот Ставроникита, Света гора:



Манастирот Дохиар, Света гора:



Инаку мислам дека кулата на манастирот Св. Наум е градена по Првата светска воjна и има спорна историска вредност.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-May-2010 at 03:14
Манастир 11 век од Егејска Македонија...


Долни Палат од Бигорски во изградба...

http://culturemap.mk/map/84/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-May-2010 at 04:46
Ова интервју го немаме, дава доста изворни информации...
< ="" ="text/">
Отец Партениј :„ ... Бог е Тој, Кој ги возобновува нашите сили и ни дава храброст да издржиме.“ http://preminportal.com.mk/index2.php?option=com_content&task=view&id=5205&pop=1&page=0&Itemid=54#">Испечати

 И по 33 дена од  од големиот пожар во кој изгоре дел од Бигорскиот манастир, со несмален интензитет се санираат  материјалните  штети  кои настанаа, а духовбата градба (толку својствена за овој манастир), со голема љубов,  и трпение, никогаш и не престанала. Во миговите на оскудниот одмор,  помеѓу урнатините  и новото што се издига над пепелта, духовниот татко не престанува  да ги  поучува своите чеда. Пастирот го љуби своето стадо и тие него бескрајно...

Неодамна, во Утрински весник, излезе интревју со отец Патрениј, во кое тој говори, за тековните работи околу санацијата на конакот, но и за неговото  минато  и иднината. Го пренесуваме во целост.

ПреминПортал

 

Bigorski.Intervju.jpg

Bigorski.Intervju.jpg

Bigorski.Intervju.jpg

Bigorski.Intervju.jpg

 

1. Кој  го изработува проектот за изгорениот дел на Бигорскиот манастир, и  кога се очекува да заврши проектирањето, и да   започнат градежните работи?

 Bigorski.Intervju.jpg

 - Проектот ќе се изработува во координација со Националниот Конзерваторски Центар, и веќе знаете дека е формирано координативно тело за возобновување на Бигорски манастир со г-дин Паско Кузман и мене како ко-координатори. На првиот состанок беше решено да се консултираат повеќе врвни експерти од областа на градежништвото и тие веќе го дадоа своето мислење, така што сега се работи на првата фаза од проектот, а тоа е  процесот на заштита на ѕидовите со нивно покривање и потпирање, а проектот за реконструкција на Горни Палат ќе се работи паралелно, веројатно во текот на зимава.

Во изработката на овој проект, што е и втора фаза во возобновувањето, веројатно ќе учествуваат повеќе архитекти, но главен архитект секако би била г-ѓа Гургица Лековска, бидејки таа добро го познава манастирот и е заслужна за проектот за реконструкција на сега, веќе, успешно и стручно возобновениот Долни Палат, за кој добивме високи оценки од многу историчари на уметност од земјава и од странство, а нејзин проект е и Источен Палат, кој е во фаза на реализација. Сепак, сметаме дека за проектот Горни Палат се потребни повеке архитекти .

Bigorski.Intervju.jpg

 2. Дали ќе има остапување од автентичнито изглед на конаците, односно дали излгедот ќе биде ист како во периодот  пред да бидат опожарени?


- Што се однесува до архитектурата на Горни Палат,  повеќе  пати нагласив дека за неговиот поранешен изглед имаме многу прецизна документација и воопшто нема да се отстапува од неа, значи конаците ќе бидат возобновени во својот автентичен лик, што го имаа пред пожарот.

Bigorski.Intervju.jpg

Bigorski.Intervju.jpg

           3. Дали се завршени активностите за покривање на просторот на машката трпезарија со времен  кров и дали завршија активностите со покривање на ѕидовите со најлон?

Bigorski.Intervju.jpg


-  Во моментов се завршени работите околу  покривање на просторот од машката трпезарија. Во тек се и други активности во поглед на потпирање и заштитување на ѕидовите. Доколку дозволи времето, ќе започнеме со санација на ѕидовите од галеријата и трпезаријата.

 

4. Каков е одѕивот на верниците  со донирање на доброволни прилози за обнова на конаците, односно колку средства по овој основ се собрани?

Bigorski.Intervju.jpg

-  Нашиот манастир е вистинско духовно гнездо, во кое се собираат голем број на верници и е топло возљубен од сите нив. Неопислива е радоста што ги исполнува нашите срца кога ги гледаме како се трудат, правејќи се што е во рамките на нивните можности, за да се врати сјајот на овој наш заеднички, возљубен дом. Но сметаме дека одзивот на оние позначајните и поуспешни фирми би требало да биде поголем .

5. Како игумен на манастирот со кој проблем се соочувате? Кога очекувате Бигорски да го добие вистинскито изглед?

Bigorski.Intervju.jpg

-  По Божја волја и по волјата на Св. Јован Крстител добивме тешка и одговорна, може да се каже историска задача да го возобновиме ова големо и многу значајно светилиште за нашиот народ, а проблемите и обврските, како духовните, така и оние околу возобновувањето, не би ги набројувал, бидејќи се многу, но Бог е Тој, Кој ги возобновува нашите сили и ни дава храброст да издржиме. Токму заради љубовта кон Бога, ние, секогаш, сецело и пожртвувано сме се вложувале во возобнувањето на манастирот, бидејќи знаете дека и до сега имаме придонесено многу за овој манастир. Имено, кога дојдовме овде во 1995 година, затекнавме многу тажна состојба: манастирот беше како една празна куќа, покривот на трпезаријата течеше, ѕидовите паѓаа, се беше запуштено. Почнавме со голема љубов и вложивме 15 години во тој конак, поправајЌи го постојано и разубавувајќи го. И не само тоа. Го возобновивме и Бигорскиот метох Св. Георгиј Победоносец во Рајчица, го возобновивме 'Долни палат”, а во фаза на реализација е 'Источни Палат”. Ова го напомнувам не за да се пофалиме, бидејќи ние, монасите, само со крстот Господов се фалиме, туку за да ги потсетам сите оние, кои, како да заборавија каков беше Бигорски пред да се врати на МПЦ и пред да се возобнови во него монашкиот живот. Токму безмерната Божја љубов е таа што го издигна Бигорскиот манастир, и ние, вдахновени од неа, целосно се вградивме во ова прекрасно светилиште, така што и сега, доколку имаме доволно сретства, ние ќе се потрудиме во најскоро време Бигорски повторно да го добие својот прекрасен лик.

Bigorski.Intervju.jpg

 6. Дали архивата на монашкото братство е сочувана?

Bigorski.Intervju.jpg

-  Би сакал уште еднаш да нагласам, со оглед на бројните шпекулации по медиумите, дека старата архива на манастирот, која го покрива периодот до Втората светска војна, се наоѓа во архивите на град Скопје, Тетово и Охрид и истата ја користевме секогаш кога ни требаше да проучиме нешто или да дознаеме повеќе  за старата историја на манастирот. Таму е се  уредно сочувано, и сите ракописи и стари документи, така што доколку некој сака да истражува за идентитетот и историјата на Бигорскиот манастир, слободно може да ги консултира овие архиви, во Македонија и надвор од неа.
 А во врска со поновата архива, би кажал дека по Втората светска војна во манастирот беше прекинат духовниот живот и во тој период не е создавана никаква архива. Така беше се до нашето доаѓање во 1995, кога одново се започна со создавање на архива. За жал, тоа е архивата која исчезна во огнот. Морам да спомнам и за библиотеката, која беше создавана после нашето доаѓање, и која исто така беше проголтана од огнот. Во прашање беа само печатени книги и сега е во фаза градење на нова библиотека, која ќе има далеку поголем фонд на книги од претходната и ќе ги има сите оние книги што изгореа во пожарот.
 

Bigorski.Intervju.jpg

 7. Во овој период, пред да  настапи зимата,  што е најнеопходно да се направи?

Bigorski.Intervju.jpg

- Во поглед на првата фаза од проектот, сметам дека сето она што беше приоритетно да се направи, додека не настапат обилни дождови, е веке направено, а тоа е, како што напомнав претходно, потпирањето и покривањето. Во врска пак со 'Источни Палат”, после пожарот ние моравме да ги интензивираме градежните работи околу новиот конак, бидејЌи таму се предвидени да бидат монашките келии. Доколку се  се одвива според предвиденото, 'Источни Палат” би требало да биде потполно завршен некаде на почетокот на летото. Така монасите ке бидат сместени во новите келии, а 'Долни Палат” ке биде повторно оспособен за прием на гости.

Bigorski.Intervju.jpg

Bigorski.Intervju.jpg

Bigorski.Intervju.jpg

Bigorski.Intervju.jpg

Извор: Утрински весник

http://preminportal.com.mk/content/view/5205/54/



Posted By: Korsis
Date Posted: 30-May-2010 at 11:43
Originally posted by lslcrew

Манастир 11 век од Егејска Македонија...


Не знаев дека кулата на Рилскиот манастир е во Егејска Македонија:



Извор: http://whc.unesco.org/en/list/216 - http://whc.unesco.org/en/list/216

Кулата е од 14 век.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-May-2010 at 12:43
JA ja najdov slikata na net i pishuvashe deka e manastri od Egejska Makedonija od 11 vek. Ne primetiv deka e onaa od rilski manastir istata shto beshe odma pred mojot post postirana.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Jun-2010 at 07:51
14/6/2010

Ова ни промакнало...

За две години Бигорски со автентичен лик

Се обновува опожарениот дел, а се финализираат
и зафатите на Источниот палат

Киро Кипроски



СВЕТИ ЈОВАН БИГОРСКИ - За две години се очекува Бигорски манастир да го врати автентичниот лик и раскошниот сјај. Од почетокот на пролетта комплексот е претворен во големо градилиште. Интензивно се обновува изгорениот дел, а се финализираат зафатите на Источниот палат, кој зафаќа простор од 3.200 квадратни метри. Сите градежни активности се во функција на поврзување на Долниот со Горниот палат, односно на затворање на сите страни на манастирот со конаци.

„Првобитниот рок за обновувањето се пролонгира поради специфичноста на проектната документација. Сега се создадени услови за изведување на сите фази. Ќе ангажираме повеќе градежни тајфи и ќе го дополниме пропуштеното“, вели архимандритот Партениј. Тој е оптимист и верува дека покривањето на Горен палат ќе заврши до крајот на годинава.

Работниците на фирмата „Спајдер платина“ внимателно и квалитетно ги изведуваат најсложените и најтешките работи за зацврстување на ѕидовите што не се урнаа во пожарот што се случи на 30 септември минатата година. Тогаш изгореа манастирските конаци, монашките келии, библиотеката, големата трпезарија, галеријата на икони, гостинските одаи. Материјалната штета беше проценета на околу 5.000.000 евра.

„Со специјална машина го отстрануваме стариот малтер што ги поврзува камењата, а потоа поставуваме бетон и специјална маса. Ова е сложена и специфична метода со која ги зацврстуваме ѕидовите“, објасни Александар Дабевски од „Спајдер платина“. Тој додава дека на овој начин не само што ќе се зачува автентичниот лик на конаците, туку се скратува времето на обновувањето.

На 11 септември годинава, на патрониот празник на манастирот, ќе се изврши осветување и во новите монашки келии ќе се вселат монасите. Источниот палат е на три ката и со надворешната архитектура се вклопува со останатите делови на Бигорски манастир. На корисна површина од 3.600 квадратни метри се наоѓаат дваесет монашки келии, параклис посветен на свети Никола, а манастирската библиотека е на 500 квадратни метри на два ката, кои се меѓусебно поврзани. На аголот меѓу Горниот и Долниот палат е изградена десетметарска саат-кула.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=08AB6F29193B4D4687119411FAE62805



Posted By: Batispecela
Date Posted: 11-Jul-2010 at 09:33

Eve e slika od Premin Portal slikano na 9ti Juli 2010



Posted By: build.mk
Date Posted: 18-Jul-2010 at 16:04
ФОТО ВЕСТ: Напредуваат активностите кај Бигорскиот Манастир

Забрзано се работи на Источни Палат, каде до манастирската слава на 10 септември треба да се всели монашкото братство и со тоа да продолжи традицијата на примање на гости во гостинскиот Долни Палат. Истовремено, продолжуваат подготовките за обнова на опожарениот Горни Палат.

Кликнете на сликите за поголема резолуција:

http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/religiski/Jovan%20Bigorski%2002%2001.jpg">Обнова%20на%20манастирот%20Св.Јован%20Бигорски  http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/religiski/Jovan%20Bigorski%2002%2002.jpg">Обнова%20на%20манастирот%20Св.Јован%20Бигорски  http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/religiski/Jovan%20Bigorski%2002%2003.jpg">Обнова%20на%20манастирот%20Св.Јован%20Бигорски

http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/religiski/Jovan%20Bigorski%2002%2004.jpg">Обнова%20на%20манастирот%20Св.Јован%20Бигорски  http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/religiski/Jovan%20Bigorski%2002%2005.jpg">Обнова%20на%20манастирот%20Св.Јован%20Бигорски  http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/religiski/Jovan%20Bigorski%2002%2006.jpg">Обнова%20на%20манастирот%20Св.Јован%20Бигорски

http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/religiski/Jovan%20Bigorski%2002%2007.jpg">Обнова%20на%20манастирот%20Св.Јован%20Бигорски  http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/religiski/Jovan%20Bigorski%2002%2008.jpg">Обнова%20на%20манастирот%20Св.Јован%20Бигорски  http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/religiski/Jovan%20Bigorski%2002%2009.jpg">Обнова%20на%20манастирот%20Св.Јован%20Бигорски

http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/religiski/Jovan%20Bigorski%2002%2010.jpg">Обнова%20на%20манастирот%20Св.Јован%20Бигорски  http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/religiski/Jovan%20Bigorski%2002%2011.jpg">Обнова%20на%20манастирот%20Св.Јован%20Бигорски  http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/religiski/Jovan%20Bigorski%2002%2012.jpg">Обнова%20на%20манастирот%20Св.Јован%20Бигорски

http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/religiski/Jovan%20Bigorski%2002%2013.jpg">Обнова%20на%20манастирот%20Св.Јован%20Бигорски  http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/religiski/Jovan%20Bigorski%2002%2014.jpg">Обнова%20на%20манастирот%20Св.Јован%20Бигорски  http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/religiski/Jovan%20Bigorski%2002%2015.jpg">Обнова%20на%20манастирот%20Св.Јован%20Бигорски


http://www.build.com.mk/?p=4411 - http://www.build.com.mk/?p=4411



Posted By: Makedonij
Date Posted: 18-Jul-2010 at 16:45
Previous
Applause


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: toasumjas
Date Posted: 19-Jul-2010 at 00:01
Најубавиот манастир!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Aug-2010 at 00:55

Манастирот Бигорски добива автентичен лик

Се очекува до 11 септември, патрониот празник, целосно да заврши зафатот во манастирскиот комплекс

Киро Кипроски

„СВЕТИ ЈОВАН БИГОРСКИ“ - Манастирот „Свети Јован Бигорски“ го добива автентичниот лик. Со донации на верници, фирми, иселеници, финализира изградбата на источен палат, што ги поврзува Долниот и Горниот палат. Манастирскиот комплекс се заокружува во една целина, како што изгледал во 19 век. Се очекува до 11 септември, патрониот празник на Бигорскиот манастир целосно да завршат работите и тогаш да се изврши осветување.

Петнаесетина монаси на Бигорскиот манастир во наредните денови ќе се сместат во новоизградените простории. Како што е познато, ќелиите со целиот имот на монасите, облеката, обувките и книгите изгореа во пожарот што избувна лани на 30 септември во горниот дел од Бигорски. Пламените јазици ги проголтаа и во пепел ги претворија машката трпезарија, галеријата за икони, кујната, библиотеката, гостинските одаи, магацинот.

Во богатата манастирска документација, архимандритот Партениј, игумен на Бигорски манастир, пронашол фотографии од неговиот претходник, игуменот Арсениј, кој бил насликан пред конаците на источен палат. При расчистувањето на просторот биле пронајдени и остатоци на ѕидови од монашки ќелии, што е доказ дека на овој простор имало конаци.

Источен палат, кој е на три ката, располага со 3.600 квадратни метри корисна површина. Тука има 20 монашки ќелии, параклис посветен на свети Никола, манастирска библиотека, саат-кула со зографилница висока десетина метри, магацински простор и репрезентативни одаи.

Од идниот месец, како што вели архимандритот Партениј, ќе се интензивираат работите за обнова на изгорениот Горен палат. Заводот за заштита на споменици ја подготовува обемната документација за реконструкција и изградба на манастирските конаци и на другите простории на Горен палат.

„Дозволата за изградба ја очекуваме кон средината на идниот месец“, најави архимандритот Партениј. Тој појаснува дека од првиот ден по пожарот почнала обновата на манастирските конаци. „Илјадници кубици отпадоци внимателно беа расчистени и положени во депонија. Успешно се санираа ѕидовите што останаа. Специјална фирма мошне квалитетно ги подготви темелите каде што се наоѓаше галеријата на икони и големата трпезарија. Опожарените дрвени греди на ѕидовите, над вратите и над прозорците се заменети со бетонски армирани греди. Така ѕидовите добија цврстина, како да се ново соѕидани“, вели архимандритот на Бигорски манастир и додава дека целиот зафат ќе заврши до крајот на идниот месец.

Потоа следува друга фаза - изградба на бетонска конструкција на целиот изгорен простор. Наредната година, пак, ќе се продолжи со поставување на дрвените елементи на надворешниот и внатрешниот дел, со санирање на сите инсталации, електрична, водоводна...

http://utrinski.com.mk/?ItemID=03E66CCA73453B48BE0FD045D2F3A273


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Aug-2010 at 15:19
Од вчера е пуштена веб-страница на манастирот Свети Јован Бигорски.
http://www.bigorski.org.mk/ - http://www.bigorski.org.mk/

Финален изглед, по изградба на источен палат и реконструкција на горни палат.


Интерактивна мапа.
http://bigorski.site11.com/index.php?content_type=obnova - http://bigorski.site11.com/index.php?content_type=obnova


Posted By: axel
Date Posted: 07-Sep-2010 at 10:05
ОТКАКО ПРЕД ЕДНА ГОДИНА БЕШЕ РЕЧИСИ ЦЕЛОСНО УНИШТЕН ВО ПОЖАРОТ
Бигорски си го враќа сјајот

Тони Ангеловски

Монасите од манастирот „Св. Јован Бигорски“, в петок, ќе се вселат во новите ќелии од комплетно новиот Источен палат од манастирот што беше опожарен на 30 септември минатата година. Паралелно со завршувањето на Источниот палат се работи на обновата и на Горни палат кој комплетно изгоре во пожарот. Со завршувањето на овој дел, што би требало да се случи до крајот на идната година, манастирскиот комплекс ќе биде комплетно заокружен, а во план е изградба, односно поправка, на патот кој во иднина би требало да го направи манастирот уште попристапен за верниците. За изградбата на Источниот палат се потрошени 1,5 милион евра, а уште приближно толку се потребни да се заврши обновата и на Горни палат. Материјалната штета веднаш по пожарот беше проценета на повеќе од пет милиони евра, иако вредноста на уништените фрески и книги е непроценлива.
Вчера во манастирот на големо се работеше на финализирање на работите во источни палат, со цел работите да завршат до 11 септември, патрониот празник на манастирот. Целиот манастирски комплекс мириса на лак кој се нанесува во новите ќелии на монасите, новата библиотека…
- Од петок монасите ќе се вселат во новите ќелии во Источниот палат. Тие досега принудно престојуваа во Долни палат, но сега ќе се вселат во своите ќелии, а Долни палат ќе биде ослободен за гостите. Во новата зграда има 32 ќелии за монасите, а тука е и новата библиотека, која што порано се наоѓаше во Горни палат - ни објаснува архимандритот Партениј.
Тој е благодарен на помошта која што ја даваат верниците и помалите фирми. Некој помага со пари, некој со градежни материјали, но, како што вели нашиот домаќин, помагаат главно малите фирми и обичните верници. Големите фирми ги нема никаде кога треба да се помогне во возобновувањето на ова свето место. А, манастирот се прави за сите верници. И ноќевањата во манастирските конаци се бесплатни, па сите верници се добредојдени да го посетат манастирот. Но, ретко кој го посетил манастирот, а да не оставил доброволен прилог за обновата на овој прекрасен комплекс.
- Сите пари што ги добиваме се употребуваат за манастирот. Ние не можеме да натераме никој да даде, ако не чувствува дека треба да го стори тоа. Ние даваме се од себе за да ја завршиме обновата на манастирскиот комплекс. Источниот палат е готов со тоа што сега треба да се додадат украсите и комплетно да биде завршен до октомври. Овој дел беше најлесно да се изгради и затоа почнавме од него. Ова е комплетно нова зграда во која што се селат дел од работите, кои пред пожарот беа во Горни палат. Сега комплетно ќе се насочиме на обновата на Горни палат.
Источниот палат опфаќа простор од 3.600 квадратни метри, а Горни палат, според проектот, ќе има околу 3,000 квадратни метри. Монасите очекуваат помош од целата заедница за целосно обновување на комплексот кој во 2020 година ќе слави 1.000 години од изградбата. За жал, во процесот на обновата само делумно учествуваат и владиците од Македонската православна црква-Охридска архиепископија. Нашите извори во МПЦ велат дека обновата на манастирот ја помогнале само двајца владици. Тимотеј, односно дебарско-кичевската епархија, во која што и се наоѓа манастирот, донирал 58.000 евра. Веднаш по опожарувањето на сметката на манастирот биле уплатени 8.000 евра, а потоа и дополнителни 50.000 евра. Митрополитот Повардарски Агатангел ветил дека ќе донира 50.000 евра, а до сега уплатил 25000, но, како што дознаваме, многу скоро ќе бидат уплатени и останатите ветени пари. И толку. Ниту една друга епархија не донирала за обновата на манастирот. Ниту архиепископот Стефан и неговата скопска епархија.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2115&ArticleID=147986


Posted By: Swimmer
Date Posted: 13-Sep-2010 at 12:33

Монасите на Бигорски манастир во нови ќелии

 

Дел од обновениот манастир ќе се осветува во октомври

СВЕТИ ЈОВАН БИГОРСКИ - На патрониот празник на Бигорскиот манастир - 11 септември, кога се одбележува Свети Јован Крстител, петнаесетина монаси се преселија во новите ќелии во Источниот палат. Тие беа сместени во несоодветни простории по пожарот, што се случи лани на 30 септември, кога изгореа ќелиите на монасите, трпезаријата, библиотеката, галеријата за икони, дрвените чардаци...

Источен палат ќе се осветува во октомври, а се очекува дотогаш целосно да се завршат градежните работи на комплексот со површина од 3.600 квадратни метри.

Неколку илјади верници од Мијачијата, Мавровскиот, Долнореканскиот и Горнореканскиот регион, од Полошкиот регион, но и гости од неколку западноевропски држави и годинава присуствуваа на одбележувањето на патрониот празник на Бигорски за да му оддадат почит на свети Јован Крстител. Традицијата никогаш не згаснала во ова македонското древно духовно светилиште. Од пред 15 години, кога повторно заживеа монашкото братство, одбележувањето на патрониот и на другите верски празници е посодржајно и подуховно.

Со вечерната литургија спроти празникот и во саботата со утринската литургија чиноначалствуваше митрополитот г. Тимотеј, надлежен архијереј на Дебарско-кичевската епархија и повардарскиот митрополит г. Агатангел, со повеќе свештенослужители од двете епархии и монасите и монахињите од Бигорскиот манастир и од „Св. Ѓорѓи Победоносец“ од с. Рајчица, Дебарско.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F5E6F72CE99B8047A5A45FB5F69A5C26 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F5E6F72CE99B8047A5A45FB5F69A5C26


-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Sep-2010 at 03:05
Од пред ден-два, ни промакнало...
Ранетиот чувар на нашата духовност полека закрепнува


По една година од пожарот, комплексот на Бигорскиот манастир ќе го красат нови градби - библиотека, саат-кула и параклис

Измина речиси една година откако изгореа живеалиштата на монасите во едно од најстарите македонски православни светилишта - манастирот Свети Јован Бигорски. Во кобната септемвриската ноќ, во огнот изгоре голем дел од нашето духовното наследство. Денес, комплексот на Бигорскиот манастир го красат нови градби - библиотека, саат-кула и параклис. Ранетиот чувар на православната духовност, вгнезден по долината на Радика, полека закрепнува.

Овој впечаток се добива веднаш откако ќе се поминат манастирските порти. Глетката на остатоците од пожарот ќе исчезне штом ќе ја свртите главата надесно. Погледот се лепи на величествено здание со карактеристична архитектура. Зад сиот овој сјај има многу вложен труд и макотрпна работа. Тоа го објаснува и игуменот на манастирот, архимандритот Партениј, кој срдечно не' пречека.

Манастирската тишина повремено ја прекинуваа звуци од машините. Игуменот појаснува дека има уште работа за да се докомплетира, но најважно е дека монасите сега се соодветно удомени.

- Посакавме работите да завршат до нашиот патронен празник Отсекување на главата на св. Јован Крстител. Сепак, станува збор за огромен објект и се соочивме со непредвидливи ситуации. Радува тоа што работите полека се приведуваат кон крајот - вели архимандритот Партениј.

Новите манастирски конаци се на местото каде што се наоѓале пред стотина години, но биле со помали димензии. Проектот почна пред три години со правење потпорен ѕид за нов приоден пат. За оваа намена биле вложени околу 200.000 евра, додека вредноста на новоизградениот дел достигнува 1,5 милион евра. Предвидено било да се гради подолго, но пожарот ги интензивира работите.

Источниот палат, како што се нарекува, е објект на три ката и со надворешната архитектура се вклопува во останатите делови на Бигорскиот манастир. Има површина од 3.600 квадратни метри. Во него првенствено ќе се одвива монашкиот живот. Неколку од одаите ќе им бидат на располагање на верниците. Новата градба ќе ги поврзе долни и горни палат (кој изгоре), со што манастирскиот комплекс ќе се заокружи во една целина.

Прошетката низ внатрешноста е посебно доживување. Иако неодамна вселени, монасите веќе и' дале дух на новата градба. Собите скромни, приспособени на монашкиот живот, нема чешма и други удопства. Столче, кревет, чергиче на подот од штици, долап со икони и кандило за молитва. Отец Партениј појаснува дека манастирот ја зачувува духовноста, тоа е неговата мисија. Во новиот дел има и параклис посветен на св. Никола. Силен впечаток остава искачувањето на саат-кулата, која е во фаза на градба. Таа е највисока од сите градби. Ќе има часовници што ќе го означуваат времето за почеток на богослужбите. Најгоре, на врвот, ќе има зографилница, просторија со многу прозорци, од сите страни. Тука, талентираните монаси и искушеници ќе цртаат икони.

Сепак, вели отец Партениј, „она што ќе биде многу важно и му посветуваме големо внимание е библиотеката. Тука треба да се изведат прецизни занаетски зафати за да се запазат некои специфики. Таа ќе биде на два ката“.

Годинава, на прославата на патрониот празник, илјадниците верници имаа можност и да наполнат осветена вода од „фјалата“, нешто налик на балдахин од камен. Нашиот домаќин вели дека ова е единствената фјала во Македонија.

„Градењето цркви и манастири секогаш било помагано од чорбаџии, од видните, богатите луѓе. За жал, времињата се сменија. Луѓето станале себични и не обрнуваат внимание на духовноста“, смета архимандритот Партениј и одговара на прашањето како напредува обновата.

- По пожарот, луѓето сфатија дека треба да ја потпомогнат изградбата на новиот дел и побрзо да се оспособи. Бескрајно сум им благодарен на обичните луѓе и на Владата што издвоија пари и материјали и во ова тешко време. Но, со жалење констатирам дека оние, побогатите, оние што имаат повеќе материјални можности, не се покажаа кога е најпотребно.

Обновата на изгорените конаци постепено привршува. Се чека на проектот кој ќе ја гарантира автентичноста на горниот палат и неговата специфична градба.

Според игуменот Партениј, тоа ќе потрае поради многуте пари што се потребни. „Со Божја помош и тоа ќе биде“, вели игуменот, кој веќе 15 години упорно се залага да и' ја врати славата на колепката на македонската преродба.


Пожарот го откри изворот

Во настанокот на манастирот е втемелено преданието за Јован, монах од дебарскиот крај, кој ја открил чудотворната икона на Крстителот. На местото на нејзиното наоѓање ја изградил и првата црква во 1020 година. Иконата останала неоштетена по сите пустошења. Сега е опточена во сребро и се смета за исцелителна.

- По пожарот, се отвори можност да го покажеме и изворот покрај кој поминал монахот Јован. Сега провизорно го заштитивме, а во план е тоа да биде видливо во иднина. „Дневник“ е првата новинарска екипа што го регистрира - открива отец Партениј.

Во 1995 година се возобновува монашкото братство, кое се грижи за манастирот. Сега таму има 18 монаси. Тоа го прави општожителен.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=585BF7836C5FE64989484B0E7D753E07


Posted By: axel
Date Posted: 22-Sep-2010 at 10:51

Велешки плочи за покрив на Бигорски

Покривот на изгорениот дел од манастирот Св. Јован Бигорски ќе биде покриен со камени плочи од црн шкрилец од рудникот кај велешкото село Крнино. Фабриката за талк „Димче Мирчев“, која ја има концесијата за рудникот, деновиве ги испорача последните 400 од договорените 4.000 квадратни метри камени плочи, а биле платени со пониска цена од редовната, како гест на донација кон манастирот.

Фабриката годинава на неколку манастири на Хилендар во Грција и на четири катедрали во Хрватска им испорача неколку десетици илјади квадратни метри шкрилец за покриви.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=350D3CF7DD38A34C9DAB037E420A0C61


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Sep-2010 at 22:20

ФАБРИКАТА "ДИМЧЕ МИТРЕВ" ГИ ИСПОРАЧА НА МАНАСТИРОТ


"Свети Јован Бигорски" се покрива со плочи од црн шкрилец


Покривот на изгорениот дел од манастирот Свети Јован Бигорски", еден од најубавите храмови на МПЦ, се реновира со плочи од црн шкрилец од рудникот во близина на велешкото село Крнино. Фабриката за талк Димче Мирчев", која стопанисува со рудникот, деновиве ги испорача последните 400 од вкупно договорените 4.000 квадратни метри плочи. Според директорот на велешката фабрика, Ленче Николовска, во знак на донација за манастирот Свети Јован Бигорски", испорачаните количества шкрилец ги даде по пониска цена повеќе од 12.000 евра.
- Со цел да помогнеме што поскоро да биде реновиран изгорениот дел од манастирот и ние како мала фабрика дониравме дел од потребните средства. За рекордно време работниците од рудникот ги ископаа потребните количества шкрилец и ги испорачаа до манастирот. Веруваме дека овој навистина прекрасен објект на МПЦ повторно ќе го врати својот некогашен сјај и дека ќе биде место за молитва на секој христијанин - вели Николовска.

Инаку, велешката фабрика во текот на изминативе месеци од годинава за потребите на неколку манастири на Хилендар, соседна Грција, испорача повеќе илјади квадратни метри плочки од шкрилец по цена од 8 евра за квадрат. Со плочки од велешкиот рудник ќе бидат покриени и четири катедрали во Република Хрватска.

Покрај црниот шкрилец, фабриката Димче Мирчевв од Велес произведува и поголеми количества на талк кои најмногу се употребуваат во фабриките за производство на вештачко ѓубре и во козметичката индустрија. Со шкрилец плочи од рудникот кај селото Крнино се покриени повеќе стотици куќи од селата Попадија, Војница, Подлес. Со такви плочи е покриена и куќата на Касапови во Велес.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=C2654BB654F0824D81052015845E49F1


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Sep-2010 at 09:51
Една година од пожарот...

01.


02.


03.


04.


05.


06.


МИА фото



Posted By: Makedonij
Date Posted: 29-Sep-2010 at 10:07
Добро иде работата, ареса ми се шо успеале да го сочуват оргинални изглед.

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 29-Sep-2010 at 10:14
ovaj manastir ima nesto posebno no ne znam sto?
Moze nekoj da mi kaze kade se naoga?


-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Sep-2010 at 13:47
41°37'15.94"N 20°36'33.69"E

Посебно во смисла што? Духовна вредност? При изградбата нешто? Различен ти е од други манастири?


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 29-Sep-2010 at 14:04
Ne znam, ne mozam da ti kazam.Nesto specialno, mi se vrti koga go gledam vo slika, ai i mornicite ne prestanuvaat!

-------------


Posted By: Makedonij
Date Posted: 29-Sep-2010 at 19:26
Една година од пожарот Бигорскиот манастир полека воскреснува

Во манастирскиот комплекс „Св. Јован Бигорски“, една година од опожарувањето, се уште траат градежните работи околу неговото обновување. Досега е изграден Источниот палат, додека Горниот палат, кој целосно изгоре во пожарот, се уште чека на обнова.

Источниот палат е изграден со средства од донации и за него се потрошени 1,5 милиони евра. Наменет е првенствено за живот на монасите, кои се вселија во него кон почетокот на септември. Се протега на површина од  3.600 метри квадратни и има три ката. Во новиот дел е сместена библиотеката и параклис посветен на Св. Никола, додека Саат-кулата е во фаза на градба. Со својата надворешна архитектура тој се вклопува во останатите делови на манастирскиот комплекс.

Обновата на Горни палат доцни затоа што се потребни финансиски средства и проект којшто ќе ја гарантира неговата автеничност и специфична градба.

- Се доцни најмногу заради проектот кој треба да ни го достават од Националниот конзерваторски центар. Ни велат дека работат на него и дека наскоро ќе го достават. Со Божја помош и тоа ќе биде, изјави игументот на Бигорскиот манастир, архимандритот Паретениј.

Тој е задоволен од досега сработеното и од дарежливоста на верниците кои несебично донирале за ова светилиште, но како што нагласува, отсуствувало чувството на солидарност, особено кај побогатите.

- Бескрајно сум им благодарен на обичните луѓе и на Владата што издвоија пари и материјали во ова тешко време. Со нивните донации тие ја потпомогнаа изградбата на новиот дел, бидејќи беше неопходно тој што побрзо да се оспособи. Но, со жалење морам да констатирам дека оние, побогатите, оние што имаат повеќе материјални можности, не се покажаа кога е најпотребно, истакна Паретениј.

Пожарот во Бигорски избувна на 30 септември минатата година рано изутрината во 4 часот и 30 минути. До темел изгоре Горниот палат, а монасите успеаа да ги спасат поважните предмети од опожарените објекти. Штетата беше проценета  на над 5,5 милиони евра, но, трајно беа уништени и објекти и предмети чија историска и културна вредност е ненадоместлива.

Резултатите од вештачењето покажаа дека причина за пожарот е спој на електричната иснталација, која минувала под покривот на кујната. Основното Јавно обвинителство од Гостивар во јули го затвори случајот со заклучок дека никој нема да одговара за предизвикување на пожарот.  

Веднаш по пожарот, беше отворена посебна жиро-сметка на која можеше да се донираат средства за обновување на манастирот, а Владата додели  еднократна парична помош од 610.000 денари.

Манастирскиот комплекс „Св. Јован Бигорски“ посветен на Св. Јован Крстител, се наоѓа на патот меѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требишта, по течението на Радика. Името Бигорски, го има добиено поради тоа што е изграден од бигор.

Според Бигорскиот поменик, манастирот го основал монахот Јован во 1020 година а во XVI век манастирот бил разурнат од Турците, и останала само една мала црква. Од помениците исто така се дознава за обновувањето на манастирот во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион кој е и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.

Манастирот Св. Јован Бигорски надалеку е познат по својот иконостас кој го правеле мајсторските раце на тајфата на Петре Филипов - Гарката од селото Гари. Покрај иконостасот, манастирот е познат и по иконата на Св. Јован Крстител за која се верува дека има чудотворна моќ. Според преданието, иконата ја нашол монахот Јован во 1020 година. Таа сама дошла до местото каде што подоцна е изграден манастирот и лебдела над изворите на реката Радика. Кога во XVI век, во времето на султанот Селим втори, Турците го запалиле манастирот, иконата мистериозно исчезнала за потоа уште помистериозно да се врати неоштетена. Во манастирските списи запишано е дека иконата на свети Јован Крстител 35 години не била заштитена и дека дури во 1885 година иконата е обложена со сребрен оклоп. На иконата Јован Крстител е претставен како светец-трирачник. Се верува и дека иконата им помага на родителите кои не можат да добијат деца.

Денес, монашкото братство на Бигорскиот манастир го сочинуваат 18 монаси. Нивниот игумен Архимандритот Партениј основите на својот монашки живот ги стекнал на Света Гора Атонска.

http://www.mia.com.mk


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Oct-2010 at 12:10
Бигорски манастир

Воскресение една година по пожарот

Новото здание на манастирот Св. „Јован Бигорски“ пленува со внатрешната и со надворешната архитектура, што ќе биде спојка на Долниот со Горниот палат. Монашкото братство очекува целосното возобнување на изгорениот Горни палат да се случи за две години

Киро Кипроски

Големината на Бигорскиот манастир е што живее во народот. Бигорскиот манастир има внатрешна сила, магија, магнетни полиња да го привлекува народот, кој е нераскинлив дел на десетвековното опстојување. Тоа се докажа низ богата историјата, а се потврди и по катастрофалниот пожар што се случи минатата година на последното септемвриско утро. Огнените јазици го проголтаа Горни палат, најубавиот дел на комплексот Бигорски манастир. И во минатото имало пожари. Голем пожар се случил во 1912 година кога целосно изгорел Долен палат. Но, македонскиот народ секогаш успевал изгореното, оштетеното, урнатото да го возобновува, а притоа водел голема грижа да се зачува автентичноста на мијачка архитектура на ова прочуено македонско древно светилиште, што претставува бисер над бисерите на македонското градителство и на духовното творештво. Кога Бигорскиот манастир треба да си го врати вистинскиот сјај, како што изгледаше пред пожарот. И не само тоа, туку ќе биде поцврст и поубав со вградување поквалитетни материјали, во споредба со оние кога се градел, пред два века.

Огнените јазици го проголтаа најмаркатниот дел на Бигорскиот манастир каде што се наоѓаа: манастирските конаци, големата трпезарија, гостинските одаи, кујната, библиотеката, монашките ќелии, галеријата на икони, магацинот за храна.

Во 1814 година, по нарачка на тогашниот игумен на манастирот, галичанецот Арсениј, на северниот дел од манастирскиот комплекс, веднаш до црквата посветена на свети Јован Крстител, започнала изградбата на Горни палат. Во приземјето беа сместени економските простории. Од приземјето со внатрешни скали се доаѓаше на првиот кат, каде што се наоѓаше простран чардак, од каде што се влегуваше во осум простории, во кои се наоѓаа калуѓерските ќелии. И на вториот кат имаше средишен простран чардак и се доаѓаше поконзолно - еркерно исфрлени дрвени скали однадвор. На ова ниво се наоѓаа 11 простории, тука беше и владичката одаја. На северната страна се наоѓаа архивата и библиотеката.

Од првиот ден по пожарот, од изгрејсонце, со кукурикањето на првите петли, па се' до паѓањето на мракот, манастирскиот мир се' уште го нарушуваат татнежите на машините, ѕвекањето на ударите на теслите, чеканите и на другите алатки на градежниците. Бигорски претставува големо градилиште. Се расчистуваат остатоци од пожарот на Горни палат. Се работеше внимателно да не се оштети, да не се урне она што беше останато. Илјадници кубици на камени плочи, камен, гареж, пепел, недогорени греди беа исчистени и однесени во депонија. Паралелно со тоа мошне интензивно се изведуваат работите на новиот комплекс - Источен палат.

Процесот на реконструкција на опожарениот Горни палат наскоро ќе продолжи со зголемен интензитет. Проектот, кој е во надлежност на Националниот конзерваториски центар, според информациите од овој Центар, се наоѓа во завршна фаза, остануваат формалностите, да се стават последните потписи од управата на Центарот. Во меѓувреме, додека се работеше на изработката на проектот беше дозволено да се работи на санација на ѕидовите, со вклучување постапка на инјектирање, трокретирање и на други конзерваториски работи. Просторот каде што се наоѓаше големата трпезарија времено е покриен со лимен покрив, а ѕидовите со најлон, за да се заштитат од врнежи на дожд и од паѓање на снег, се' со цел да не се нанесат нови штети.

Игуменот на Бигорскиот манастир, архимандритот Партениј, во првите мигови по пожарот на монашкото братство им рече: „Светите отци велат дека посилниот го чека и поголемо искушение. Затоа ние не очајуваме, туку му благодариме на Бога за се' што ни се случи. Веднаш по трагичното утро на пожарот, следниот ден отслуживме света Божествена Литургија, на која се измоливме на Бога за поддршка и на која благодатно ни се даде сила за нов почеток. Секој манастир е граден со молитва, така што и Бигорското светилиште отсекогаш било градено со молитва и заради молитвата. Така е и денес. Се' што правиме и градиме е да послужи за духовни цели.”

Седиме на чардакот на Долен палат, пред нас ги гледаме голите ѕидови на изгорениот палат, од десната страна погледот ни го пленат новите чардаци и архитектурата на Источен палат, во кој пред неколку дена се вселија монасите, а од левата страна високо се извишува Крчин, а долу, под манастирот, тече реката Радика, откаде се разлева шумот на бистрите води. Во извонреден амбиент го водам разговорот со архимандритот, кој 15 години од животот вложи за просперитет на Бигорски и во мисија за духовно издигнување на верниците не само на регионот на Мијачијата, туку и на Долна и Горна Река, Мавровско, Полошко и пошироко. На прашањето колку се проценуваат штетите од пожарот, што се' отиде во неповрат, игуменот Партениј се подзамисли, наеднаш неговото лице доби друг лик. Тешко му е да се потсетува на 30 септември 2009 година. Но, сепак, ја отвори душата и почна да говори.

„Пред да одговорам на прашањето, би сакал да ве потсетам за тоа во каква состојба го затекнав Горни палат, кога дојдов во 1995 година. Тогаш немаше никаква инфраструктура, ни основен инвентар за живеење. Покривот протекуваше, а монашките ќелии и другите простории беа во толку запуштена состојба , што беше потребна итна интервенција во поглед на нивната обнова и оспособување за престој во нив. Така, во овие изминати 15 години направивме многу за да се зачува она што нашите славни претци ни го оставиле во завет. Тука не можам, а да не ги спомнам фреските од Михаил од Самарина и неговиот син Димитриј, подоцна Данаил, вистинско ремек-дело за кое најмногу жалиме. Секако, не помалку вредна беше и прекрасната архитектура на Горен палат. Тоа се нешта на кои не би сакал да ставам цена, бидејќи ги сметам за непроценливи. Сепак, наеднаш по пожарот, стручен тим од Националниот конзерваториски центар ја проценија духовно - материјалната штета на околу 5,5 милиони евра. И повторно ќе нагласам дека ако не беше пожртвуваноста на нашето братство, кое од галеријата ги спаси речиси сите вредни икони , кои датираат од 17 век, загубата ќе беше многу поголема. А во поглед на библиотеката, книгите кои изгореа во пожарот беа понови изданија, собирани по нашето доаѓање, од 1995 година. Постарите ракописи и архивски материјали се' уште постојат и се наоѓаат во повеќе архиви низ Републикава и надвор, а највредните експонати се сместени во музеј во Скопје.

Координатор и главен архитект, одговорен за изготвувањето на проектот за возобнова на Горни палат е дипл.инг.арх. Ѓурѓица Лековска, која е мошне искусна во поглед на бигорската архитектура. Таа ги има подготвено проектите за изградбата на Долен палат и за новиот Источен палат, што се наоѓа во завршна фаза.

Според зборовите на игуменот Партениј, од самиот почеток архитектката Лековска формираше стручен тим на архитекти, кои сериозно се вдлабочија во изготвувањето на колку што е можно подетален проект. Голема помош им беше богатата архивска документација, која претставуваше одлична основа за овој комплексен архитектонски потфат. Освен тоа, во процесот на изготвувањето на проектот постојано беше консултирано и нашето братство, а не изостанува ни големата поддршка од министерката за култура Елизабета Милеска - Канчевска, од Паско Кузман, директор на Републичкиот завод за заштита на културното наследство и на Бехиџудин Шехапи, директор на НКЦ.

Поради комплексноста на самиот проект и крајно сериозниот, професионален пристап кон објектот, појаснува отец Партениј, изготвувањето на проектот трае цела година. Но, според нив, колку што е проектот подетален и покомплетен, толку полесно и со помалку проблеми ќе биде и самата изведба. А крајна цел е обновениот конак да ја задржи во целост идентичноста и автентичноста со опожарениот конак, како во поглед на екстериерот, така и на енериерот. „Тоа е и нашата цел“- категоричен е архимандритот Партениј.

За возобновувањето на Горни палат, според проценките потребни се околу 3,5 милиони евра, сметајќи ги тука и сите уметнички детали и украси, како што се резбаните тавани, фреските во трпезаријата и други орнаменти, како специфични елементи на бигорскиот ентериер. Исто така, изработен е проект за гостински конак, кој ќе се гради кај паркингот, пред првата манастирска порта, кој е потребен поради се' поголемиот број верници и туристи што сакаат да престојуваат во манастирот. Со реализацијата на овој зафат целосно ќе се заокружи комплексот на Бигорскиот манастир.

Од средствата што се собираат, монашкото братство се' уште вложува за докомплаетирање на Источниот палат.

Игуменот Партениј ни вели дека Бигорскиот манастир финансиски го поддржува и својот метох во дебарското село Рајчица, посветен на св. Георгиј Победоносец (женски манастир) и не можат да се потпрат само на средствата од Владата, туку и во оваа пригода преку ја користи можноста да ги повика сите родољубиви православни Македонци, да се вклучат во изградбата на овој наш голем духовен бисер, со што би дале и својот придонес во мисијата за духовната преродба на нашиот народ. Ако се' тече по својот ред, процесот на возобнова на Горни палат, би завршила за околу две години.

„Ова наше големо искушение уште еднаш ни ја покажа љубовата кон верата на народот“, со задоволство ни вели отец Партениј. Благодарение на многу луѓе, кои веднаш по пожарот се вклучија во анимирање на целата јавност преку естрадата, медиумите, кон акцијата за помош на бигорската светиња, се придружија луѓе со различни професионални определби, кои го поддржаа сето она што манастирот го прави за својот народ, (работа со млади зависници, секојдневна ангажираност во мисијата за зголемување на духовноста, помагање на сиромашните лица и др.) Средствата што беа собрани не беа доволни ни за довршување на Источен палат, но монашкото братство со голема пожртвуваност успеа да го изгради овој конак. Според пресметките, беа потребни 1,5 милиони евра, бидејќи се работи за многу специфична и сложена градба (камени ѕидови, сложени изведби од дрво на фасада и сл.). Со добра организираност и со донации во материјали од многу фирми и со доброволна работа на многу верници, конакот со 3.600 квадратни метри беше изграден за само 300.000 евра.

Новото здание пленува со внатрешната и надворешната архитектура, кое ќе биде спојка на Долниот со Горниот палат. Источен палат има три ката, во кои се наоѓаат 20 монашки ќелии, параклис посветен на св. Никола, манастирска библиотека од 500 квадратни метри, саат - кула со зографилница висока десеттина метри, на која ќе бидата поставени часовници кои ќе го означуваат времето на почетокот на богослужбите, магацински простор и репрезентативни одаи.

Досието „Бигорски“ за можните сторители на пожарот беше затворено во средината на јули, годинава. Гостиварското Јавно обвинителство по темелно испитување и детални истраги и вештачење на предмети од електричната инсталација, катанци, брави и друго, констатира дека пожарот е несреќен случај и нема место за покренување истрага. Испитувањата на стручните екипи покажале дека причина за пожарот била кусата врска на дел од старата електрична инсталација, која минувала под кровот на галеријата на средишниот дел на Горен палат и под дејство на искрење, дошло до палење на изолацијата.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8D6789F72B30B64FB72564865FAEB745


Posted By: axel
Date Posted: 08-Jan-2011 at 12:20

Се враќа сјајот на Бигорски манастир

Монтирањето на чардаците се планира за средината на оваа година

Киро Кипроски


СВЕТИ ЈОВАН БИГОРСКИ - Во изминативе петнаесет месеци не престанаа активностите за обновување на Горни палат од Бигорскиот манастир, кој изгоре во пожар на последниот ден од септември 2009 година. Сепак, динамиката на градежните зафати во древниот храм, кој е заштитен од државата како непроценливо културно богатство, зависи од обезбедувањето пари. Со реализација на проектите што ќе ги нотираат сите неопходни детали се очекува да се врати поранешниот сјај и да се зачува автентичноста и оригиналноста на Бигорскиот манастир.

Плановите се оваа 2011 година да финализираат сите градежни работи, а идната година манастирот да го добие препознатливиот изглед. Очекувањата се Горни палат да биде ист како порано, но со многу поцврста конструкција.

„За обнова на машката и на женската трпезарија, како и за визбата со магерницата, се добиени сите конзерваторски одобренија. Доколку проектите беа порано изработени, активностите ќе беа во понапредна фаза. Но, обновата не престана. Превентивно се исчистија ѕидовите, деловите над вратите и прозорците, а празнините беа пополнети со соодветна смеса. Потоа градежниците ги фугираа ѕидовите со нецементно средство, поставија зајакнати темели и нова подна бетонска плоча“, информира архимандритот Партениј, старешина на Бигорскиот манастир.

Наскоро се очекува и основниот проект за монашкиот дел. Предвидена е санација на ѕидовите што е предуслов за поставувањето на чардаците, но и за нивна заштита со покрив.

Во наредната година се планира внатрешно уредување со столарија и со инсталација. „Дрвото за чардаците е нарачано, а според пресметките, ова е една од повисоките финансиски стапки. Станува збор за дабово дрво со многу големи пресеци, а некои греди и столбови се дебели по 30 сантиметри. Монтирањето на чардаците се планира во средината на годинава“, истакнува отец Партениј.

Експертите проценија дека пожарот во Бигорскиот манастир направи штета од околу пет милиони евра, но онаа духовната е непроценлива.

На жиро-сметката за обнова на Бигорскиот манастир пристигнале

донации од општините и од помали фирми. Верниците донираат преку отворените телефонски линии на трите оператори 070/075/078 143-444. Монашкото братство апелира до сите, особено до поголемите фирми, да помогнат финансиски. Многу средства се заштедуваат со ангажирање на верниците во извршување на одредени работи, како и од фирми што донираат материјали за изведување на некои фазни зафати.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5BD7DA5CACB1004AB65882754745F9F7


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Jan-2011 at 16:59

Завршени градежните активности околу саат кулата



Денес, на 13-от ден од месец јануари (26 по нов стил) 2011-то лето Господово и покрај студеното време и големата снежна покривка, со Божја помош, по тримесечна макотрпна работа, се доврши ѕидањето на манастирската кула. Изградбата се одвиваше под будното око на игуменот на светата Бигорска обител – архимандрит Партениј, а ѕидањето со камен го извршија трудољубивите и вешти раце на македонските мајстори од Мала Преспа, денешна Албанија. Во составот на оваа ѕидарска тајфа, што многу потсетува на големите мајстори од минатото, влегуваат: раководителот - протомајстор Таки Стерјо –Трајко, мајсторите: Јане Стерјо, Бојан Стерјо, Димитриј Стерјо, Нико Насто, Ѓорѓија Печој, Тодор Симон, Аце Стерјо, Тодор Стерјо и Петре Никола.



Манастирската кула во себе содржи повеќе простории за различна намена: депо за книги, архива, просторија за механизам на часовникот со видиковец, а најгоре од кулата се наоѓа зографилницата за икони. Механизмот на часовникот вклучува осум камбани, произведени во Белгија, со извонреден звук, што ќе го означуваат времето за молитва и богослуженија. Кон северната и западната страна ќе гледаат два прекрасни часовника, со црковнословенски бројки, во духот на славјанската традиција, што отсекогаш се негувала во Бигорскиот манастир. 



Кулата, како дел од комплексот Источен палат, е последниот објект што е завршен, па така, со неговата изградба, и практично завршуваат крупните градежни активности на новиот конак. Му благодариме на Бога што благоволи од нас, грешните и недостојните, како дар да го прими Источен Палат и трудот и жртвата што секој од нас ги даде за изградбата. „Твое од Твоите, Тебе Ти го принесуваме, за сите и за сé.“

 Братството на свештениот Бигорски манастир

http://www.bigorski.mk/index.php?content_type=nastani&action=details&record_id=541


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Jan-2011 at 17:11
Ова е од пред некој ден малку е задоцнето тука.

Колку се многубројни делата Твои, Господи!


Сé си направил премудро; земјата е полна со Твоите созданија.



Иако среде зима и обвиен со длабок снег, манастирот не спие, манастирските послушанија не запираат, сеуште се гради. Ете се довршува ѕидањето на кулата, што е  круна на целокупните градежни активности од изминатата година. И сега, како милостивиот Бог да чекаше да се доврши изградбата на Источниот палат, па и него за прв пат да го украси со снег, сакајќи да ни покаже како новиот конак се вклопува во прекрасната зимската манастирска идила. Така, прекриено со белината на снегот, нашето светилиште е како оние таинствени и чудесни замоци, претставени на старите уметнички слики, извонредно дело на најголемиот Уметник, кое како од секогаш да било предвидено во Неговиот божествен домострој. И навистина не може да се оттргне впечатокот дека манастирот е толку многу во симфонија со природата, што, едноставно, се чини дека не е дело на човечка рака, туку како да никнал од самата природа. Впрочем, ако се замислиме малку, тоа и навистина е така. Творецот на природата, премудриот Бог, го градел овој прекрасен дом на Претечата, преку рацете на Своите богољубиви чеда, низ минатото, па сé до денес. Често пати, нашиот Старец, ни повторува дека замислата за изградбата на манастирот ја има како откровение од Бога.







За зимскиот амбиент во манастирот, најдобро сведочи таинствениот разговор на природата со манстирските градби. Овој разговор многу повеќе кажува со своето молчење, отколку ние со нашите зборови. Но, сакајќи некако и ние, недостојните, да Му искажеме благодарност на Бога и Неговиот Претеча и Крстител Јован, за нивната пребогата штедрост, ја излеваме својата нескриена радост заради снегот, што оваа година Бог изобилно ни го дарува. Бидејќи и оваа прекрасна појава, со својата таинственост, сведочи за таинственоста на Творецот. Со својата тивка и чудна убавина, снегот потсетува на чистотата и нежноста на срцата, на оние кои својот живот го посветиле на Бога. Но, уште повеќе, снежната белина како да нé поттикнува на усрдност за уште поголемо покајание и задлабочување во себеси, во своите души, каде што се крие, од Бога закопаното богатство, неспоредливо поубаво од видливото. Зашто, што е побело од снегот во овој свет? Ништо. Но ете, пречудесниот Бог устроил така, што во нас самите се крие нешто што е поголемо и поскапоцено од материјата, нешто што е вечно.  Поросиме со исоп и ќе бидам чист. Измиј ме и ќе бидам побел од снег (Псал. 50) – пее светиот пророк и цар Давид.


Братството на свештениот Бигорски манастир

http://bigorski.mk/index.php?content_type=nastani&action=details&record_id=540



Posted By: mitatos
Date Posted: 29-Jan-2011 at 17:17
Ја знае ли некој приказната за кулава, дали некогаш постоела или туку така ја изградија, колку што сум пролистал јас немаше кула тука??има ли некој повеке инфо?

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: gorco
Date Posted: 29-Jan-2011 at 21:08
Слична е како винаријата Попова Кула во Демир Капија, би требало да е поврзано со христијанските објекти.




-------------


Posted By: Max
Date Posted: 29-Jan-2011 at 21:20
Previous Пирг http://build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=490&PID=39281#39281 - http://build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=490&PID=39281#39281


Posted By: Max
Date Posted: 29-Jan-2011 at 21:50
инаку како што може да се види на линков 1903-1913 http://www.kroraina.com/knigi/rami/am/am_12.html - http://www.kroraina.com/knigi/rami/am/am_12.html Манастирот Свети Јован Бигорски нема Пирг (има конак или поголема припрата) но тоа незначи и дека претходно немало, треба да се истражува со оглед дка сите средновековни манастири во Македонија заради набљудуване имале кула како би се зашититиле од зулумќарите а и камбаните почнале да се поставуваат во нив за да бидат погласни, заради што и денес е останата традицијата за оделна или припоена камбанарија на Црквата... сепак Манастиров е на прилично висока кота и се се гледа доле на дланка па најверојатно монасите немале потреба од набљудувачница...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Mar-2011 at 03:04
Некои стари написи од страната на Свети Јован Бигорски што се тесно поврзани со артефакти и делови од изградбата.

http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=nastani&action=details&record_id=119 - http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=nastani&action=details&record_id=119
http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=nastani&action=details&record_id=111 - http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=nastani&action=details&record_id=111
http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=nastani&action=details&record_id=104 - http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=nastani&action=details&record_id=104
http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=nastani&action=details&record_id=82 - http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=nastani&action=details&record_id=82
http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=nastani&action=details&record_id=57 - http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=nastani&action=details&record_id=57
http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=nastani&action=details&record_id=55 - http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=nastani&action=details&record_id=55
http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=nastani&action=details&record_id=564 - http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=nastani&action=details&record_id=564
http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=nastani&action=details&record_id=35 - http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=nastani&action=details&record_id=35


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Mar-2011 at 14:01
Кулата е завржена.

http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=sluzhbi_bdenija&action=details&record_id=582


Posted By: Sale SK
Date Posted: 14-Mar-2011 at 20:27
Originally posted by Max



инаку како што може да се види на линков 1903-1913 http://www.kroraina.com/knigi/rami/am/am_12.html - http://www.kroraina.com/knigi/rami/am/am_12.html Манастирот Свети Јован Бигорски нема Пирг (има конак или поголема припрата) но тоа незначи и дека претходно немало, треба да се истражува со оглед дка сите средновековни манастири во Македонија заради набљудуване имале кула како би се зашититиле од зулумќарите а и камбаните почнале да се поставуваат во нив за да бидат погласни, заради што и денес е останата традицијата за оделна или припоена камбанарија на Црквата... сепак Манастиров е на прилично висока кота и се се гледа доле на дланка па најверојатно монасите немале потреба од набљудувачница...


Постов за камбанарија ти е прилично неточен и нејасен.Набљудувачници,како што ги нарекуваш,нема во ниедна Православна Црква.Тврда вера во Бога логично исклучува некакви набљудувачници,затоа што страв не постои.


Posted By: axel
Date Posted: 19-Apr-2011 at 08:13

Нема пари за Бигорски

Процена е дека само за специфичната граѓа ќе бидат потребни онолку средства колку што се досега потрошени

Киро Кипроски

До крајот на годинава се очекува целосно да завршат работите на обновата на Горни палат на Бигорскиот манастир и конечно да се врати неговата автентична архитектура со дрвени чардаци, еркери, скали. Но, очекувањата може да се реализираат само нова финансиска инекција, зашто и во оваа завршна фаза парите се најголемиот проблем. Оттаму, монасите очекуваат донации од фирми, верници и од сите оние што имаат желба да помогнат во возобновата на манастирот.

За 19 месеци откако пламените јазици ги проголтаа манастирските конаци, монашките ќелии, машката трпезарија, гостинските одаи, галеријата на икони, маџерницата и други простори, состојбите значително се подобрени. Сепак, иако монасите се задоволни од се' што е изградено досега, за да се реализира договореното, потребни се уште доста средства, кои тие ги немаат.

За враќање на неговиот автентичен лик е неопходна специфична граѓа, која е прилично скапа. Како што појаснува игуменот на Бигорскиот манастир, архимандритот Партениј, процена е дека само за граѓата ќе бидат потребни онолку средства колку што биле потрошени во досегашната обнова на опожарениот дел. А, досега беа собрани и вложени околу 45 милиони денари, од кои поголемиот износ се обезбедени од буџетот на државата.

Кога го посетивме Бигорскиот манастир, градежниците работеа на последната фаза на санацијата на трпезарискиот дел, односно на северозападниот дел на Горни палат. При крај беа работите на последната армиранобетонска касетна плоча и се вршеше интервенција на најгорните греди. По Велигденските празници, мајсторите ќе започнат со обработка со камен бигор на апсидата на машката трпезарија. Со овој зафат целосно ќе завршат градежните работи на северозападниот дел, по што ќе продолжат работите на североисточниот дел на Горен палат.

Архимандритот Партениј ни потврди дека е релативно блиску завршниот дел од санацијата на северозападниот дел, иако првобитниот изглед се' уште не се препознава. Отец Партениј вели дека главниот лик на манастирот го даваше дрвениот дел, конакот, чардаците, еркерите, скалите...

„Од самиот почеток бевме ангажирани во потрага на идентичен материјал и фирма што стручно и со најголема професионалност ќе ги подготви дрвените елементи и ќе ги монтира. Поголемиот дел од дрвената граѓа, иста каква што беше пред пожарот, ја нарачавме од Босна и Херцеговина. Граѓата се наоѓа во сушарница, а наскоро ќе биде обработена, донесена и монтирана. Со завршувањето на оваа фаза ќе се создадат услови за поставување на покривната конструкција, бидејќи така беше и со изгорениот Горни палат, чардаците беа под ист покрив. Со монтирањето на дрвенаријата ќе се врати стариот автентичен изглед на конаците“, појаснува игуменот Партениј.

Обновата на Бигорскиот манастир е голема инвестиција. Во пожарот беа уништени над 3.000 квадратни метри, а Националниот конзерваториски центар материјалната штета ја процени на 5,5 милиони евра.

Отец Партениј вели дека и со сите напори за рационално користење на средствата и максимално штедење, сепак, итно е неопходна поголема финансиска помош за да се платат сите нарачки, навреме да пристигнат и да се вградат, а со тоа успешно да заврши возобновувањето на Горни палат и конечно да завршат сите градежни активности на комплексот на Бигорскиот манастир, кој претставува непроценливо духовно светилиште од 19 век.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C0BFDA9FC6CA204884DB8050A8B84899


Posted By: krale
Date Posted: 19-Apr-2011 at 08:35
Нека не се жалат само за да прибираат донации, Бигорски е платен од Владата.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Apr-2011 at 03:24
"Јован Бигорски" уште не е обновен


Во манастирскиот комплекс во тек е обновата на крилото што изгоре во пожарот. За негова обнова досега се собрани 700.000 евра, а за довршување на работите потребни се уште два милиони евра. Материјалната штета од пожарот беше во вредност од пет милиони евра, но одредени фирми бесплатно донирале материјали за градба или, пак, дале попуст


Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, по повод претстојните велигденски празници го посети Бигорскиот манастир Св. Јован Крстител".
Тој имаше средба со игуменот архимадритот Партениј, братството и домаќините, а беше информиран и за одвивањето на обновата на манастирот зашто пред 19 месеци во пожар изгоре дел од комплексот.
- Пред најголемиот христијански празник, Велигден, чест ми е што сум тука и сакам да искажам задоволство што во манастирскиот комплекс се враќа безвремениот првобитен лик. Во модерните времиња кога, за жал, имаме се помалку време и трпение, сакам оттука да испратам порака да се почитуваат духовните вредности, традиционалните вредности да се негуваат и во секој граѓанин да завладее спокојот, изјави Вељаноски. Државата, како што рече, секогаш помагала и се грижела за негување на духовните и традиционални вредности и тоа ќе продолжи да го прави и во иднина. Посака во пресрет на Велигден во целата заедница да завладее мир и спокој.

Во манастирскиот комплекс во тек е обновата на крилото што изгоре во пожарот. За негова обнова досега се собрани 700.000 евра, а за довршување на работите потребни се уште два милиони евра. Материјалната штета од пожарот беше во вредност од пет милиони евра, но одредени фирми бесплатно донирале материјали за градба или, пак, дале попуст.

Според отец Доситеј сите верници пред големиот христијански празник треба да се потсетат како Исус страдаше и умре за нив.
- На претседателот Вељаноски при денешната обиколка му презентиравме се што е направено досега и што очекуваме во иднина да се сработи. Сакам да и се заблагодарам на целата јавност за поддршката и гледајќи сега од оваа перспектива знаеме дека она што се случи во манастирскиот комплекс беше божја промисла, рече отец Доситеј.

Со ова темпо, додаде, веруваме дека до крајот на годинава ќе се постават контурите на Бигорските конаци, а очекуваме идната година да се среди ентериерот. Сето тоа, како што истакна, ќе биде постигнато во рекордно време бидејќи се очекувало реконструкцијата да трае пет до шест години. Тој посочи дека капацитетите на манастирскиот комплекс во пресрет на Велигден се исполнети до последното место.http://vecer.com.mk/?ItemID=7918BC4ED0CDDD4DA3B8122AC1F0D35D


Posted By: axel
Date Posted: 16-May-2011 at 08:20

Репортажа

Бигорски плени со грандиозноста

Новиот конак, изграден во духот на византиско-македонската манастирска традиција, не ги остава
рамнодушни посетителите

Киро Кипроски


„СВЕТИ ЈОВАН БИГОРСКИ“ - Манастирот доби посебна убавина со изградбата на Источниот палат, кој ги поврзува Долниот со Горниот палат на Бигорски. Новиот конак, што е изграден во духот на византиско-македонската манастирска градежна традиција, не ги остава рамнодушни посетителите. Плени со својата убавина и раскош. Главниот проект го изработи архитектот Ѓурѓица Лековска, заедно со духовните чеда на Бигорскиот манастир и со Владо и Искра од архитектонското студио „Лелелеле“ од Скопје. Целиот процес, и на хартија и на дело, внимателно беше набљудуван и раководен од игуменот на Бигорски, архимандрит Партениј.

„Целото знаење што сум го стекнал во областа на архитектурата во моето дваесетгодишно манастирско искуство грижливо го применив на Источен палат, сакајќи нашата Црква да добие прекрасно манастирско здание на поновата историја. Источен палат пленува со својата архитектура, неговиот изглед и неговата изградба се во целост вдахновени од молитвите на нашите стари предци - преподобните Бигорски отци, игумените Илариот, Митрофан Арсениј и другите, кои ги поставија темелите, идеалите и стремежите, а денес тие им се остварија“, ќе констатира најзаслужниот за ренесансата што ја доживува Бигорскиот манастир во последниве 16 години откако во 1995 година дојде за старешина на манастирот архимандритот Партениј.

Источниот палат зафаќа површина од 3.600 квадратни метри, кој изобилува со разновидни простории погодни за многубројните манастирски потреби. Најголем дел од просторот зафаќаат монашките ќелии, кои се распоредени низ целиот конак. Ги има триесетина и речиси сите веќе се пополнети со монаси. Неколку простори се наменети за магацински складишта, потоа се изградени пекарница, пералница, училница, ризница за црковни предмети, котларница за парно, канцеларија и други помошни простории. Во рамките на Источен палат се наоѓа и параклис посветен на св. Никола Чудотворец, а и пространа библиотека со читалница на два ката со површина од 180 квадратни метри, во која можат да се сместат над 10.000 книги. Свој дел од површината заземаат и двата импресивни чардака, кои му даваат исклучителна убавина на целокупниот простор.

Пред да се влезе во Бигорскиот манастир, на источната страна се издига пиргот (кулата), како посебно здание, во рамките на новиот конак, која фасцинира со својот изглед и грандиозност. Висок е 15 м. Пиргот во себе вклучува 5 ката, со простории за разна намена: дело за книги за библиотека; архив за стари документи, просторија за каширање икони, просторија за сушење икони, во која се наоѓаат и осумте камбани на часовникот, кои заедно со механизмот се произведени во Белгија. На надворешниот западен и северен ѕид од оваа просторија се поставени и двата часовника со црковно-словенски бројки, во чест на славјанската традиција што ја негувал манастирот низ минатото. Тука се наоѓа и видиковец и поради тоа прозорците се отворени. Најгорната просторија на кулата, украсена со многу прозорци со тимпанони, слично на светогорските манастири, е посветена на монасите - зографи, кои ќе имаат прекрасни услови во вдахновувачки амбиент да цртаат свети икони. Кулата е ремек-дело на наши мајстори од Пустец, Мала Преспа, кои рачно го обработуваа зелениот камен што е карактеристичен за Бигорски. На кулата е самиот саат, кој го монтира пријател на манастирот од Хрватска, со механизам што се натокмува самиот по снемување електрична енергија (преку сателит), има камбани што се програмираат да ѕвонат и може да се аранжираат повеќе мелодии. Засега се програмирани две мелодии. Во 12 часот свири Тропарот на свети Јован Крстител, а во 21 часот (време за повлекување во ќелиите) камбаните го бијат кондакот „Возбраное воеводје“.

Карактеристика на Источниот палат се чардаците и фасадниот дел, кои се пандан на Долни и Горни палат. Покривот е со камени плочи. Главните дрвени греди и столбови се изработени од дабово дрво. Во изградбата на Источен палат учествуваа македонски градежни фирми, а материјалите најчесто беа подарени или, пак, набавени по цена на чинење.

Подготвителните работи започнаа во 2007 година со изградбата на потпорниот ѕид, а камен-темелникот на Источен палат беше поставен и осветен на 7 јули 2009 година, на летната слава на манастирот - Иванден. За изградбата беа потрошени минимални средства, како што истакнува отец Партениј, благодарение на фирмите што учествуваа во изградбата и посебно на носителот - градежната фирма „Жигол“, која максимално се потруди ова здание да биде изградено во рекордно време.

Во наредниот период ќе продолжат работите на зографисување на параклисот, изработка на фрески и мозаици во манастирската библиотека, а на таванот ќе има фреска на „Исус Христос - Премудруст“. „Над ранохристијанските и византиските капители од четирите столба ќе бидат насликани четворицата рамноапостолни учители и просветители - столбови за словенски народи: св. Кирил и Методиј и св. Климент и Наум охридските чудотворци. На подот ќе се изработи розета во техника интарзија, а таваните ќе бидат украсени со орнаменти инспирирани од византиската црковна уметност. Сето ова ќе се реализира во наредните години, постепено и квалитетно“, вели архимандрит Партениј.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=516D702642FD804CB83A192169C1093B


Posted By: Batec
Date Posted: 23-May-2011 at 12:33
Go smetam za pogresno i opasno podiganje na konaci zalepeni do svetilisteto posebno do unikatniot dlaboko rezba.pozarot treba da e dobra pouka


Posted By: paneporfavor
Date Posted: 27-Aug-2011 at 13:49
ne znam dali e ova pravoto mesto, no me interesira do kade e stignata obnovata na konacite na Bigorski. Nikade nema ni vest ni slika... kako da zaboravija site


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Sep-2011 at 14:46

Две години по пожарот, „Бигорски“ воскреснува

Манастирскиот конак изгоре токму на празникот Светите Софија, Вера, Надеж и Љубов, па никој не загуби верба и надеж дека тој ќе биде обновен. Сегашната состојба на градилиштето го потврдува тоа


Со Божја помош, сé ќе биде готово догодина, велат монасите

Огнот го проголта и го нагрди телото, но неговата опустошувачка сила остана немоќна и не го порази духот. Со молитва, работа и дар од добронамерникот, грандиозниот Горни палат на манастирот „Св. Јован Бигорски“ воскреснува по пожарот што го пеплоса пред две години.

Врутокот на православниот мир и спокој, уточиштето на сите вери и националности, го подига своето тело, лик што ќе засветли со уште пограндиозен и поубав сјај. На денот кога изгоре надалеку прочуениот „Горни Палат“, 30 септември, паѓа православниот празник Светите Софија (мудрост), Вера, Надеж и Љубов. На овие столбови пламенот не им можеше ништо и на нив се крева новиот „Бигорски“.

Конакот, трпезаријата и библиотеката што изгореа го добиваат својот некогашен лик. Работите се некаде на средина, а според процените на монасите, в година веќе треба да биде целосно реставриран. Ќе се издигне до новиот конак и црквата посветена на свети Никола од новиот Источен палат, кој како со векови да бил тука, граден во автентичен стил и убав како и другите монашки одаи на „Бигорски“.

Пред две години „Бигорски“ го затекнавме во очај, измешан со чадот и пламенот, со кои се бореа пожарникарите, монасите и жителите на околните села. Вчера нé пречека и ни посака добредојде тропарот на свети Јован Крстител, кој одѕвонуваше од часовникот на кулата од новиот Источен палат.

Монасите и искушениците, како и пред две години, трчаа и работеа, само целисходноста на физичкиот напор им беше различна. Тогаш спасуваа, а вчера, како и завчера, ден пред тоа, изминатите две години, градеа. Заедно со неколку работници беа околу градежните машини, малиот кран, малтерот и песокот. А машините постојано врвеа наоколу, носејќи градежен материјал.

Ѕидовите на трпезаријата веќе го добиле својот лик, конакот ја има бетонската конструкција, од двете страни опкружена со камените ѕидови што беа спасени од пожарот.

- Работиме постојано на возобновувањето, помагаат сите, градежни фирми, жителите на околните села, Македонци-муслимани, што пред две години помагаа во гасењето на пожарот, а сега помагаат во градењето - велат монасите.

Горни палат се возобновува во автентичен стил, ќе биде онаков како што неимарите го направиле пред 200 години.

Како што ни објасни отецот Сергеј, наскоро треба да се почне со поставувањето на дрвниот материјал, кој веќе бил порачан од Босна и Херцеговина и кој е доста скап.

- Нарачан е материјал од даб. Треба да пристигне од Босна. Го нарачавме оттаму, бидејќи дабот кај нас веќе со години е болен, а со тоа и неквалитетен. А сакаме она што ќе го направиме да биде вековно - вели отецот Сергеј.

Дрвото ќе биде вградено во покривната конструкција и во ѕидовите од фасадата. Кога ќе бидат завршени овие работи, тогаш ќе почне уредувањето на внатрешноста на одаите од Горниот палат, таванот во резба, рисањето на фреските, интарзиите.

Дали ќе се постигне автентичниот изглед, не е доведено под знак прашалник. Монашкото братство од „Свети Јован Бигорски“ речиси од заборав го врати Јужниот конак, каде што е сега главниот влез во манастирот.

- Конакот изгоре во 1912 година, за време на Балканските војни, во какви околности не знаеме. Беше останат само долниот дел. Го издигнавме како што бил, по една фотографија направена во 1910 година, кој ја најдовме во бугарскиот архив - ни објасни отецот Сергеј.

Но за обновата на Горни палат, особено сега кога на ред се работите околу внатрешноста, потребна е помош од добронамерниците, потребни се финансиски средства, кои во последно време малку затаиле, иако акцијата за обнова на „Бигорски“ сé уште е активна.

Нашите соговорници велат дека во почетокот пристигале повеќе донации, а сега малку поскромно, а уредувањето на трпезаријата и на одаите на монасите чини многу повеќе.

Со божји благослов, како што велат монасите, в година „Бигорски“ ќе го одбележи својот патронен празник и ќе ги прими верниците во полна светлина. http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92911854172&id=9&prilog=0&setIzdanie=22393


Posted By: Makedonij
Date Posted: 01-Oct-2011 at 13:09
http://3.bp.blogspot.com/-dGbeHisQEOQ/TkpZA_RaLlI/AAAAAAAACqU/jHY7CaM9aE8/s1600/DSCN8681.JPG
http://1.bp.blogspot.com/-ClkI3nHkcVo/TkpZDE_ts5I/AAAAAAAACqY/LXifgW9oBD8/s1600/DSCN8686.JPG


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Dec-2011 at 01:53
Во позадина се приметува некаков дел со греди и скеле. Ова веќе изгледа на напредна фаза, а слики немаме оддамна.
http://www.bigorski.mk/UserFiles/Image/2011_nastani/Amvrosij/03x.jpg - http://www.bigorski.mk/UserFiles/Image/2011_nastani/Amvrosij/03x.jpg


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Dec-2011 at 01:41
Воскреснуваат Бигорските чардаци

12 Декември 2011
И сега, кога се наоѓа пред почетокот на зимата, Бигорската обител не мирува, и послушанијата околу обновата на Горни Палат не застануваат. Радосна глетка е да се види како, полека, надалеку прочуениот и величествен во сета своја грандиозност, чардак, сѐ повеќе го добива својот препознатлив, изворен изглед. Чиниш како прекрасната глетка да  стави крај на сомнежите за тоа дали може да се повтори виртуозноста на старите мијачки мајстори! Новата дрвена конструкција пред нашиве очи уште еднаш несомнено потврди дека љубовта, трудот и пожртвуваноста и денес прават чуда! Благодарение на искуството на нашиот Старец Партениј, веднаш после пожарот што немилосрдно го проголта Горни Палат, беше направена воопштена, груба спецификација за негова обнова. Цврсто решен возобновениот чардак ни во најмал детаљ да не отстапува од специфичноста и убавината на стариот, нашиот игумен, заедно со неколку архитекти – свои духовни чеда, усрдно се вложи во остварувањето на таа ни малку лесна задача. Откако беше добро проучено и обмислено сѐ што требаше да се направи за нашиот чудесен чардак повторно да се издигне во својот некогашен раскош и привлечност, започнавме соработка со пиланата „Лотос“, близу Челинац, Република Српска, БИХ, каде порачавме да ни се изработат масивни дабови греди, идентични на оние претходните. Откако поминаа двегодишниот период на сушење во посебни комори-сушилници, дабовите дрва беа подложени на обработка според предвидениот проект, за  најпосле, овој септември, да пристигнат во нашиот Манастир. Така, по речиси двомесечна градба, тажната слика на урнатини и пепел отстапи пред нашиот толку посакуван чардак, кој речиси и целосно е завршен!

Но оваа голема радост, поради благовремениот тек на обновата, е времено засенета од грижата на нашето братство за тоа дали ќе се изнајдат финансиски средства за да може обновата да продолжи. Веќе доцни исплаќањето на фирмата која е главен изведувач на градежните активности, а добавувачите на материјали и оние кои вредно работеа на изведбата на чардакот, трпеливо ја чекаат својата наплата. Затоа би сакале да упатиме апел до сите добронамерни сопственици на фирми и хумани граѓани, да помогнат, во рамките на своите финансиски можности, за да се обезбедат услови за понатамошните активности во обновата на ова наше големо светилиште.


01.


02.


03.


04.


05.


06.


07.


http://bigorski.mk/index.php?content_type=nastani&action=details&record_id=752


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Dec-2011 at 02:31
Ау ова било во прилично напредна фаза одошто што очекував, оддамна немаше слики. Сепак карабина е далеку од изведен објект ќе има уште многу работа. Како и да е скоро се очекува да се комплетира надворешниот изглед, а додека комплетно се реставрира, барем градежниот дел, ќе има сеуште внатре работа. Да се врати старото неможе, барем од предмети што ги имало внатре, а што се загубени. Делови што предходно имале суштинско значење во статиката на поранешната конструкција сега се само маскирни колку да се постигне изгледот, како оној белиот превртен конус, незнам како се вика со архитектионски речник на левиот објект на полукружниот елемент издаден според познатиот кадар. Исто така сега носечката конструкција е бетонска, дрвениот чардак кој сега има намалена улога во кровот и многу слични ствари.


Posted By: macedonia
Date Posted: 24-Apr-2012 at 01:53
April 2012





Posted By: Граѓанин
Date Posted: 24-Apr-2012 at 07:18
Се прашувам што бара тука оваа руска купола со руски крст.


Posted By: Dexter26
Date Posted: 24-Apr-2012 at 10:31
Previous
 
Православното христијанство потекнува од Византија, а по паѓањето на Константинопол во рацете на османлиите во 1453 година, нов центар на православното христијанство е Русија.
 
Куполите се нешто сосема нормално и секојдневно кај православните христијански храмови (намерно спомнувам православно христијанство и православни христијани бидејќи има и православни муслимани, православни јудеисти и ред други православни религиски групи), а руските куполи се специфични по дизајн и по изглед.
 
На мене лично ми се допаѓа куполава, но не за овој манастир, Свети Јован Бигорски е историски манастир и неговата обнова треба во целост да се фокусира на оригиналниот изглед на манастирот, а не да се прават модификации со обновата.
 
Ако МПЦ веќе ја купила куполава, може да ја постави на некој нов манастир или црква, како на пример на новиот соборен храм во Струмица, Успение на Пресвета Богородица, кој допрва ќе се гради.


Posted By: CenterCityKid
Date Posted: 24-Apr-2012 at 14:42
Krstot definitivno ne e ruski, ruskiot ima tri poprecni crti, a kupolata e neobicna za nasi priliki vo sekoj slucaj.


Posted By: AlexTheGreat
Date Posted: 17-May-2012 at 23:28
Од пред една недела




Posted By: Makedonij
Date Posted: 22-Jun-2012 at 15:37







-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 22-Jun-2012 at 15:39









-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: gjoko
Date Posted: 20-Oct-2012 at 17:07









Posted By: gjoko
Date Posted: 20-Oct-2012 at 17:09








Posted By: Makedonij
Date Posted: 02-Feb-2013 at 16:15


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: kultuzin
Date Posted: 12-Jan-2014 at 13:05
Доста интересен текст, а има и по некоја фотографија.

http://republika.mk/?p=184643 - http://republika.mk/?p=184643


Posted By: ehrlich
Date Posted: 12-Jan-2014 at 16:44
Многу жалам што не сум имал можност и самиот да го посетам манастирот. Инаку прекрасен текст.


Posted By: Џоле
Date Posted: 25-Mar-2014 at 09:36


Ненад Андонов

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 25-Mar-2014 at 10:32


Ненад Андонов

-------------
За сè има вторпат


Posted By: gjoko
Date Posted: 25-May-2014 at 09:12
Кој е овој објект од манастирот,знае некој???





ПС.четрвртот од десно отец од десно ми е колега-заврши електротехнички факултет-Дејан Ш......т од Прилепо


Posted By: macedonia
Date Posted: 25-May-2014 at 15:45


Новиот Светисерафимов храм ќе се наоѓа во истоимениот Бигорски скит, во близина на манастирскиот овоштарник. Предвидено е да биде изграден целосно од дрво, во руски стил, со две позлатени куполи, изработени во Киево-печерската лавра и два позлатени руски крста. Всушност, желбата за изградба на храм посветен на Саровскиот чудотворец постои веќе подолго време во срцето на архимандрит Партениј, кој негува исклучителна љубов кон овој чудесен и голем светител од XIX век. Како дополнителен поттик и благослов за издигнување на скит во чест на св. Серафим беше и неговото благоволение во нашиот манастир да пристигне честица од неговите чудотворни мошти.


http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=nastani&action=details&record_id=829 - http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=nastani&action=details&record_id=829


Posted By: jyvation
Date Posted: 31-Jul-2014 at 12:32
ПЕТ ГОДИНИ ПО ПОЖАРОТ ВО МАKЕДОНСKОТО СВЕТИЛИШТЕ

НАЕСЕН ЌЕ БИДЕ ОСВЕТЕН ОБНОВЕНИОТ ГОРНИ ПАЛАТ ВО БИГОРСКИОТ МАНАСТИР



По речиси пет години од трагедијата што го снајде македонското древно светилиште „Свети Јован Kрстител“, попознат како Бигорски манастир, ништо не потсетува на тоа кобно утро на 30 септември. Целосно е обновен Горни палат, кој изгоре во пожарот. Неговиот изглед е вратен во автентичниот стил, онака како што и беше, со препознатливите чардаци, кои и сега се искитени со цвеќе и со покрив од камени плочи. Доколку не знаете за пожарот што се случи во 2009 година, имате впечаток дека с` е како некогаш.



- Слава му на Бога радува да се види дека препознатливиот Горни палат веќе го поврати својот автентичен изглед. Во целост се обновија древните ѕидови, зацврстени и украсени со нова бела заштитна фуга, прекрасниот чардак, покривната конструкција, монашките ќелии, магерницата, старите фурни, малата трпезарија, магацинските простории, репрезентативните одаи итн. - вели игуменот на манастирот, архимандритот Партениј, додека ги разгледуваме просториите во Горни палат.

Моментно во тек е изработката на скапите и преубави дрвени тавани, розети за големата трпезарија и за дебарската одаја. Мајсторите на нивниот занает работат со несмалена динамика и со многу љубов.



- Останува да се обнови исто така и ѕидниот живопис во трпезаријата, како и подрумските простории каде што имаме намера да ја обновиме старата манастирска винарска визба. За време на целиот тек на реконструкцијата големо внимание посветивме на тоа целосно да се запазат автентичниот надворешен изглед и внатрешната содржина на градбата. И со Божја помош Горни палат сосема го врати својот некогашен изглед. Можам слободно да заклучам дека и денес, со вера во Бога, навистина може да се постигнат квалитетот и виртуозноста на старите мијачки градители - додава отец Партениј, кој и покрај големиот број гости не удостои за време на престојот во манастирот.

За с` она што е направено им благодари на Бога, на сите добри и хумани луѓе и, секако, на македонската влада, кои несебично го потпомогнаа манастирот како феникс да се извиши од пепелта. Секој во рамките на своите можности подарил средства Бигорски да го врати својот сјај.

- Со божја помош очекуваме до крајот на летово обновувањето на Горни палат целосно да заврши и осветувањето на конаците да биде во октомври - додава отец Партениј.

Голема помош имаше и од луѓето од долнореканските села, кои први стигнаа на денот на пожарот, но и потоа во расчистувањето и во изградбата.

- Со Бигорски растевме, заедно ја доживеавме трагедијата и заедно одиме напред. Верата секогаш н` учи да си помагаме едни на други. Бигорски е наша гордост - вели Авмет од Велебрдо, кој редовно доаѓа во посета на манастирот.

Паралелно со завршните работи на Горни палат, интензивно се одвиваат и работите во надградбата и проширувањето на манастирскиот пат. Изграден пред неколку децении тој се наоѓаше во многу лоша состојба, полн со ударни дупки, а на одделни места и пропаѓаше.

- Патот добива целосно нов асфалтен слој, се проширува, а на неколку места ќе има и простор за паркирање. На овој начин ќе се овозможи полесен пристап до манастирот за автомобили, за комби-возила и за автобуси. Средствата се обезбедени од Министерството за транспорт и врски, а работите ги изведува ГП „Илинден “ од Струга - ни рече архимандрит Партениј.

Патот е во должина од 1,5 километар и е крак од регионалниот пат Дебар-Маврово на десната страна, на два километра од Ростушки Мост. Секојдневно, посебно за викендите, манастирот го посетуваат стотици верници, случајни или намерни патници од земјава и од светот, а за патронот Отсекување на главата на свети Јован Kрстител, 11 септември, раѓањето на свети Јован Kрстител, Иванден (7 јули), за Христовото раѓање - Божик и за Христовото воскресение - Велигден ги има и по неколку илјади. Вгнезден во прегратките на Бистра Планина, покрај долината на пенливата и бистра Радика, тој опстанувал со векови, со верност во Бога и со поддршка од добрите и хумани луѓе.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=B9FF2D623B39934E88CB31171582A2D0 - http://www.dnevnik.mk/?ItemID=B9FF2D623B39934E88CB31171582A2D0


Posted By: jyvation
Date Posted: 06-Aug-2014 at 17:58





Darko Onosimoski


Posted By: jyvation
Date Posted: 12-Aug-2014 at 01:35



Ване Михајловски


Posted By: gjoko
Date Posted: 13-Aug-2014 at 18:52
ФОТО: Побезбедна и побрза комуникација со манастирот „Св. Јован Бигорски“ со новиот пат
Среда, 13 Август 2014 12:53

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски и директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски денес го пуштија во употреба реконструираниот локален пат што го поврзува манастирот „Св. Јован Бигорски“ со регионалниот пат Маврово-Дебар.

Станува збор за рехабилитација на патот во должина од еден километар. Патот е асфалтиран, извршено е проширување на сите кривини и изведен е потпорен ѕид во должина до 60 метри, а просечната ширина на коловозот е околу 6 метри.

По реконструкцијата се овозможи безбедно одвивање на сообраќајот и побрза комуникација со манастирот „Св. Јован Бигорски“. Инвестицијата за градежните работи изнесува околу 9 милиони денари кои се обезбедени од заемот од Европската банка за обнова и развој.

Пешевски истакна дека Владата за подобрување на локалната патна мрежа во Македонија земала заем во износ од 34 милиони евра од Светска банка и 25 милиони евра од ЕБОР.

Вкупната должина на завршените локални патишта преку двете банки од 2010 година досега изнесува околу 641 километар односно 336 локални патишта со вредност од 50,5 милиони евра.

-Во тек е одобрување на тендерска документација од страна на СБ за 47 локални патишта со должина од околу 60 километри во вредност од 6,50 милиони евра чија реализација треба да биде во 2015 година, изјави Пешевски.

Георгиевски подвлече дека вкупната должина на локалните патишта кои се планира да се завршат во 2014 година е 125,6 километри или 72 локални патишта со вредност од 14 милиони евра.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/168464-FOTO-Pobezbedna-i-pobrza-komunikacija-so-manastirot-Sv-Jovan-Bigorski-so-noviot-pat - http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/168464-FOTO-Pobezbedna-i-pobrza-komunikacija-so-manastirot-Sv-Jovan-Bigorski-so-noviot-pat


Posted By: jyvation
Date Posted: 09-Dec-2014 at 11:19
http://vimeo.com/112187689 - Разумна молитва- св.Јован Бигорски


Posted By: Џоле
Date Posted: 22-Mar-2015 at 10:07




Новите конаци, ако не се лажам







И една фотка од влезот



-------------
За сè има вторпат


Posted By: macedonia
Date Posted: 20-Apr-2015 at 23:13
18.04.2015





Posted By: gjoko
Date Posted: 20-Apr-2015 at 23:40
Отецот што држи предавање е дипл.електро инженер и тоа отприлеп


Posted By: gjoko
Date Posted: 26-Apr-2015 at 10:30
Од денешеното осветување на конаците на манастирот Св.Јован Бигорски

https://flic.kr/p/sjsZBv">
https://flic.kr/p/shaVR1">
https://flic.kr/p/shaVZC">
https://flic.kr/p/sjt116">
https://flic.kr/p/sjt19x">
https://flic.kr/p/sjiR4J">


Posted By: jyvation
Date Posted: 26-Apr-2015 at 14:13







republika.mk


Posted By: jyvation
Date Posted: 18-Jun-2015 at 18:04


Posted By: jyvation
Date Posted: 07-Jul-2015 at 13:30


Posted By: jyvation
Date Posted: 30-Jul-2015 at 21:39


Posted By: jyvation
Date Posted: 04-Sep-2015 at 14:16




Posted By: jyvation
Date Posted: 04-Sep-2015 at 14:17


Posted By: jyvation
Date Posted: 04-Sep-2015 at 14:20


Posted By: jyvation
Date Posted: 04-Sep-2015 at 14:28
Манастирот Свети Серафим Саровски во изградба, во близина на Бигорски манастир.



Posted By: jyvation
Date Posted: 04-Sep-2015 at 14:30


Posted By: Џоле
Date Posted: 23-Nov-2015 at 08:52


Стојан Стојановски Фото

-------------
За сè има вторпат


Posted By: kultuzin
Date Posted: 27-Nov-2015 at 20:45
http://2sstudio.mk/2015/11/23/%D1%81%D0%B2-%D1%98%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD-%D0%B1%D0%B8%D0%B3%D0%BE%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8-google-street-view/ - http://2sstudio.mk/2015/11/23/%D1%81%D0%B2-%D1%98%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD-%D0%B1%D0%B8%D0%B3%D0%BE%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8-google-street-view/

Еве кој е мераклија за една виртуелна прошетка во манастирот. Навистина прекрасно. Единствено негативно е узурпирањето на преубавиот поглед од страна на оној монструм од Џамија граден по Саудиско Арабиски стил не за молење туку за покажување на мускули.


Posted By: Џоле
Date Posted: 13-May-2016 at 08:22
https://flic.kr/p/GXyysd"> https://flic.kr/p/GXyysd - 160419-ohrid-bernard-0221 by https://www.flickr.com/photos/matifou/ - Marc Morell , on Flickr

https://flic.kr/p/H3VnJS"> https://flic.kr/p/H3VnJS - 160419-ohrid-bernard-0217 by https://www.flickr.com/photos/matifou/ - Marc Morell , on Flickr

https://flic.kr/p/H3VnWA"> https://flic.kr/p/H3VnWA - 160419-ohrid-bernard-0207 by https://www.flickr.com/photos/matifou/ - Marc Morell , on Flickr

https://flic.kr/p/GXyz5W"> https://flic.kr/p/GXyz5W - 160419-ohrid-bernard-0209 by https://www.flickr.com/photos/matifou/ - Marc Morell , on Flickr

https://flic.kr/p/H3VnQd"> https://flic.kr/p/H3VnQd - 160419-ohrid-bernard-0211 by https://www.flickr.com/photos/matifou/ - Marc Morell , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 25-Jul-2018 at 18:32
https://flic.kr/p/26Gf6mQ"> https://flic.kr/p/26Gf6mQ - 2018-07-24 12.41.57 7 by https://www.flickr.com/photos/137906550@N08/ - esmir bilali , on Flickr

-------------
За сè има вторпат



Print Page | Close Window