Print Page | Close Window

Скопска обиколница [A2/A4]

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Патишта
Forum Discription: Автопатишта, магистрали, патарини, одморишта...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=84
Printed Date: 29-Mar-2024 at 13:41


Topic: Скопска обиколница [A2/A4]
Posted By: pbanks
Subject: Скопска обиколница [A2/A4]
Date Posted: 02-Nov-2007 at 15:27

Скопска обиколница
ОД АПРИЛ ТРАНЗИТНИОТ СООБРАЌАЈ ЌЕ ОДИ ОКОЛУ СКОПЈЕ
Транзитниот сообраќај што моментно се одвива низ центарот на Скопје изнесува 50% од вкупниот превоз во главниот град. Со пренасочување на сообраќајот од центарот на Скопје кон обиколницата, количеството на издувните гасови ќе се намали за 70%

Александар Спасовски

mailto:aleksandar@total.com.mk - aleksandar@total.com.mk

Низ Македонија минуваат два клучни паневропски транспортни коридора, Коридорот 8 и Коридорот 10, кои се среќаваат во Скопје, формирајќи дел од трансевропската мрежа. Поради ова, нашиот главен град е задушен во сообраќаен метеж.

ЗА ПОЧИСТО СКОПЈЕ Со пренасочување на сообраќајот од центарот на Скопје кон автопатот, односно кон обиколницата, нивото на CO 2 во Скопје ќе се намали за 30%, односно за 5 до 7 илјади тони. Количеството испуштени издувни гасови ќе се намали речиси за 70 проценти, а бучавата ќе стивне за 2 децибели дење и 5 ноќе, и од сегашните 60 децибели во станбените зони во Скопје ќе се сведе на 55 децибели, односно 45, што е во рамките на стандардите за бучава во ЕУ. Но, со обиколницата, бучавата и издувните гасови делумно ќе се преселат во станбените зони Вучидол, Кондово и Ѓорче Петров, каде што се заканува опасност преку ноќ да биде и до 45 децибели. Поради ова покрај патот се планира изградба на ѕидови високи до 4 метри за заштита од бучавата. Тоа е цената што мора да ја платиме за заштита на метрополата.

Долгите редици камиони кои се движат низ централното градско подрачје создаваат нервоза и кај возачите, и кај пешаците. Загадувањето е над нормалата, а бучавата е неподнослива. Транзитниот сообраќај што моментно се одвива низ центарот на Скопје изнесува 50% од вкупниот превоз во градот.
Премиерот Никола Груевски минатата недела најави дека Скопската обиколница ќе биде завршена и пуштена во сообраќај најдоцна во април идната година. Скопската обиколница треба да го намали за половина сообраќајниот хаос низ главниот град. Работите ги изведува грчката фирма Терна со логистика од домашни градежници. Северниот дел од обиколницата е готов, а првиот човек на Терна, Александар Алигицакис ветува дека обиколницата ќе биде комплетно завршена во 2008 г. Дотогаш, стрпете се, Скопјани и верувајте им на Алигицакис и на премиерот.

ДВАТА КОРИДОРА
Жителите на главниот град немаат увид како течат работите и до каде е обиколницата што треба да им го реши сообраќајниот хаос. Се зборува дека многу доцни, дека ништо не е направено и дека се работи за виртуелен пат по кој ќе возиме којзнае кога.
“Капитал” реши да го обиколи ова моментално најголемо градилиште во Македонија и да види како се одвиваат работите.
Тргнавме од клучката кај Хиподром. Северниот дел на обиколницата од Хиподром до Оризари е практично готов и може веднаш да биде пуштен во сообраќај. Од мостот кој треба да ја поврзе клучката Хиподром со обиколницата се пружа извонреден поглед на целата северна делница. Работниците на Гранит веќе поставиле банкини по должината на автопатот. Селата се поврзани и главните работи сега се концентрирани на довршување на неколку надвозника и на спојката кај Оризари.

Стара идеја
Идејата за обиколниот пат околу Скопје е стара повеќе од 40 години. За прв пат ваков проект бил предложен уште во 1965 година за време на подготовката на основниот урбанистички план на главниот град, а потребата од обиколен пат е потврдена и со дополнувањата на истиот направени 20 години подоцна.
Првичната траса на патот требаше да започне од клучката Хиподром и да продолжи на север и да се спушти кон југ во близината на Ново Село. Кога жителите на Ново Село дознаа дека во близината на нивните куќи ќе поминува прометен пат, се спортивставија на ваквата иницијатива и бидејќи не беше изработена студија за еколошката оправданост на проектот издејствуваа промена на делницата кон север притоа продолжувајќи ја нејзината должина за 1200 метри.
Неколкумесечен застој на градежните работи, предизвика и незадоволството на населението од Стајковци, каде патот се доближува до самите куќите. Тие со блокади се обидуваа да го спречат понатамошното трасирање на делницата по што следеше интервенција на полицијата, под чиј надзор продолжи понатамошната изградба на патот.
Бидејќи за промена на трасата требаше да се изврши нова експропријација што ќе кошташе 500 илјади евра, а Фондот небеше спремен да ги плати па одлучи да не ја менува трасата.
Најголемиот дел од земјиштето на кое што поминува обиколницата беше во приватна сопственост. Поради тоа од Буџет на Македонија за експропријација беа издвоени средства во висина од 27 милиони евра.

Обиколницата оди под јужните падини на Скопска Црна Гора, покрај селата Стајковци, Смилковци, Брњанци, Кучевишка Бара... Таа претставува 25 километри долг автопат со 4 ленти, широк 27,5 метри и се состои од две делници. Почнува кај клучката Хиподром од каде што се разгранува од автопатот Велес-Скопје, а нејзината северна делница завршува кај Оризари. Западната делница Оризари-Сарај (Кондово) е долга 11,8 километри и претставува континуиран дел на делницата Хиподром-Оризари. Почнува северно од Шуто Оризари, поминува покрај Коњски Рид, кој лежи на југ, и продолжува во близина на гробиштата Бутел, западно поминувајќи покрај клучката Стенковец (која води кон Приштина). Потоа оди покрај реката Лепенец, благо свртува северно, минувајќи преку нивите во атарот Горнопал, од каде што понатаму врти кон југ. Минува низ населбата Вучидол, продолжува јужно низ ридовите и излегува кај Кондово, каде што се поврзува со автопатот Скопје-Тетово. Максимална дозволена брзина на обиколницата ќе биде 120 километри на час.
Откако втората делница ќе се пушти за сообраќај, скопската обиколница ќе стане дел од Коридорот 8 и ќе ја поврзува Македонија со Бугарија и Албанија.
Кај клучката Хиподром ќе се спојуваат двата Коридора, 8 и 10. Инвеститор на овој проект е Фондот за регионални и за магистрални патишта, а парите ги обезбеди Инвестициската банка за обнова и развој, која £ додели кредит на нашата земја со грејс-период од 7, а рок за враќање од 18 години. Вредноста на целата обиколница е околу 135 милиони евра.

ЗЕМЈОПИС
Од селата Стајковци и Смилковци до населбата Бутел сите населби по должина на автопатот имаат пристап до обиколницата преку приклучни патишта. Локалниот сообраќај, пешаците и возачите на мотоцикли и велосипеди ќе го преминуваат автопатот преку неколку надвозници и подвозници. Возењето по обиколницата нема да биде здодевно. Во северната зона патот поминува низ питома рамнина помеѓу селата Стајковци и Смилковци, каде што главно има житни полиња. Како што навлегува кон запад, видикот станува интересен и разнолик. Полињата ги заменуваат лозјата, а во северозападната ридеста зона се отвора убав пејзаж со природна вегетација, ниска шума, грмушки и благи падини. Единствено нарушување на убавиот видик доаѓа од станбените зони во населбата Вучидол. После Вучидол, патот минува преку суви ледини, места обраснати со деградирана субмедитеранска вегетација.
Жителите од околните села веќе ја користат северната делница и комуницираат преку неа. Некои се задоволни, а некое се незадоволни од обиколницата. Нивните барања се движат од реални до потполно апсурдни. Димитар Рајчиќ, кој добил надомест за одземениот дел од нивата, бара државата да му додели друго парче земја со ист квалитет затоа што постоечката нива сега му е поделена на две парцели. Иван Симонов протестира поради цената и вели дека со парите кои државата му ги исплатила за нивата од 1.000 квадратни метри може да купи само 300 квадратни метри на друго место и покажува кон градежниот реон на Скопје. Има и апсурдни барања, селаните од Смилковци велат: Ние сме задоволни. Само ги молиме инженерите малку да ја намалат угорнината на надвозникот кај нашето село бидејќи зиме, кога име снег, тешко се искачуваме со стари автомобили.

Модерен автопат
На првата делница, во должина од 14,7 километри работи македонската градежна компанија „Гранит”, односно нејзиното шестото градилиште во секторот за ниска градба, а Заводот за испитување на материјали го контролира квалитетот на овој дел од Коридорот 8. Работата официјално стартуваше во август 2002 година, а финализирањето на проектот беше предвидено кон крајот на 2005 година но поради познатите проблеми со локалното население и со одредени далноводи кои чекаат да бидат дислоцирани, сеуште еден дел на трасата нее готов.

При изградбата на обиколница посебно се водело сметка да се избегне какво било загадување на почвата и на површинските и подземните води со масла и други нафтени деривати, гуми, цврсти честички од сол и други агенси за одмрзнување во зима кои може да бидат ослободени со површинските води. Се водеше сметка да се спречи нивното истекување во реката или врз земјоделските површини.
Обиколницата, секако, ќе има негативно влијание врз природата во овој дел на Македонија, но делумно ќе го реши проблемот со сообраќајниот хаос и загадувањето во Скопје. Високата жичена ограда ќе спречи мигрирање на животните и ќе им го намали ареалот. Затоа се планира изградба на неколку подвозници и надвозници за животни, односно зелен мост, како во земјите на ЕУ. Дали ќе биде така, ќе видиме веќе наредната година.

Економија
Се очекува обиколницата да донесе многу придобивки на економски план. Особено за оние општини кои се наоѓаат во нејзина непосредна близина.
Од Општина Гази Баба велат дека очекуваат големи придобивки на економски план, особено со изградбата на индустриска зона во близина на обиколницата на површина од 160 хектари, како и со позиционирање на индустриски објекти околу сервисните патишта кои би требало да гравитираат околу обиколницата.
Тоа, според Сашо Трајков од канцеларијата за односи со јавноста на општина Гази Баба, би влијаело на социоекономските перспективи на жителите околу обиколницата, а основен предуслов за тоа да стане реалност е изградбата на сервисни патишта околу самиот заобиколен пат, како и изнаоѓање на средства за експропријација на земјиштето на кое би се граделе тие сервисни улици.

„Со изградбата на Обиколницата се појавија низа проблеми, претежно од имотно – правен карактер. На голем дел од земјиштето на кое што поминува трасата, особено од првата фаза на обиколницата, не беше извршена целосна експропријација. Посебен акцент ставивме на решавањето на овие проблеми во текот на 2004, 2005 и 2006 година за да ги отклониме главните пречки за градба на трасата. Во моментов остана мал број на нерешени предмети за кои водиме преговори со засегнатите странки и во најкус можен рок очекуваме нивна завршница. Проблем имаме и со далноводите кои одат од Скопје до Куманово и Тетово бидејќи се уште не е извршено нивно дислоцирање” – изјави за „Капитал” Наташа Валкановска, Директор на Фондот за магистрални и регионални патишта.
“Терна” моментално го трасира патот низ ридскиот терен. “Нашата компанија работи според планот и проектот ќе биде готов во предвидениот рок” – наведува во својата изјава за “Капитал”, Александар Алигицакис, директор за деловен развој на „Терна”.
Ископани се 3 милиони кубни метри земја, на оваа делница ќе има 3 големи објекти, вијадукти, на кои работи оперативата на Бетон. Нивната вредност покрива околу 40% од вкупната вредност на втората делница или сума од околу 20 милиони евра. Од сите три, најголем вијадукт ќе биде оној кај Орман, со должина од 630 метри и најголема висина на столбовите од 19 метри. Малку помал ќе биде вијадуктот кај Кондово кој ќе се протега на должина од 435 метри, а оној кај Волково ќе ја достигне должината од 368 метри. Најголемата висина на столбовите на овие два објекти ќе изнесува 12 метри. Покрај вијадуктите предвидени се и уште дестина други помошни објекти како натпатници и потпатници.
Вкупната вредност на втората делница според податоците од Фондот за магистрални и регионални патишта изнесува 48.8 милиони евра. Дел од овие средства, поточно 28% се обезбедени со кредит од ЕИБ, додека 72% со кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).
И покрај тоа што Обиколницата се гради како клсичен автопат, за поминувањето по Обиколницата нема да се наплаќа патарина. Системот за одводнување на повшинските води ќе биде решен со поставување на цевки. Собирањето на водата ќе се врши преку сливници на патот и странични каналети. Осветлувањето ќе биде стандардно, слично со оние на претходно изградените патишта.
Се предвидува фрекфенцијата на автопатот да биде од 9000 до 20000 возила дневно.

 
Извор: http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=0&EditionID=593&ArticleID=13528 - Капитал



Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Nov-2007 at 17:54


Неколку забелешки

- Коридорот 10 не поминувал, ниту ќе поминува  низ Скопје. Тој оди директно Куманово - Велес (преку Миладиновци и Петровец). Аналогно на ова, новинарот погрешно го лоцирал и местото на вкрстување - не е кај клучката Хиподром. Обиколницата ниту има делови ниту вкрстувања со коридорот 10.

- Апсолутно нереално звучат тврдењата за обемот на транзитен сообраќај и уште повеќе за намалувањето на издувните гасови. 70% намалување на издувните гасови е научна фантастика и неодговорно тврдење. Исто така ме чуди онаа збунка со CO2... Зарем CO2 не е издувен гас???

- Ме зачуди бројката од 135 милиони евра. Прв пат ја слушам оваа бројка.


Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 03-Nov-2007 at 21:52
Клучката Хиподром не е директно поврзана со кордиор 10 меѓутоа има краци за приклучок до неа и од неа. Тоа се оние кога се враќаш од Велес за Скопје и од Скопје за Велес. Тоа се краците Рампа 1 и Главна траса, додека за Куманово и од Куманово се нарекуваат Рампа 2 и Рампа 3. Значи како клучка ти дозволува приклучок и кон Коридор 10.
А инаку за парите не е чудо, бидејќи јас колку што знам Гранит (додека јас работев таму) се спремаше да достави тужба до државата за плаќање на пенали поради застој на работите.

Поздрав.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Nov-2007 at 22:04
Originally posted by AKADEMIK

Клучката Хиподром не е директно поврзана со кордиор 10 меѓутоа има краци за приклучок до неа и од неа. Тоа се оние кога се враќаш од Велес за Скопје и од Скопје за Велес. Тоа се краците Рампа 1 и Главна траса, додека за Куманово и од Куманово се нарекуваат Рампа 2 и Рампа 3. Значи како клучка ти дозволува приклучок и кон Коридор 10.
А инаку за парите не е чудо, бидејќи јас колку што знам Гранит (додека јас работев таму) се спремаше да достави тужба до државата за плаќање на пенали поради застој на работите.

Поздрав.



Да, се разбира дека е поврзана, тоа се делниците Хиподром-Миладиновци и Хиподром-Петровец. Јас го побивав тврдењето дека кај Хиподром се спојуваат двата коридори. Всушност двата коридори се спојуваат на делницата Миладиновци-Куманово (таа е заедничка делница).

Чисто неповрзано инфо: во иднина, прклопувањето би требало да биде и пократко, зашто планираниот автопат по коридорот 8 треба да се гради по нова траса јужно од Куманово (претпоставувам ќе има клучка некаде во близина на Романовце)


Иначе за цената воопшто немав помислено на тој аспект од работата.


Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 03-Nov-2007 at 22:17
За нов автопат кај Куманово првпат слушам од тебе, стварно не знам, ќе се распрашам.
Јас знам дека државата интезивно работи на експопријација на земјиштето од Табановце до Куманово (она парче од 4-5 км што се како слепо црево).
Е сега тоа интезивно беше пред 3-4 месеца кога мислам дека комисиите за проценка излегоа на терен. После тоа немам информација што се случува.


Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 03-Nov-2007 at 22:22
А за новинарот што напишал, воопшто и не чуди.
Технички гледано има напишано дека работниците на Гранит имаат поставено банкини. Банкина не се поставува, туку таа се уградува, таа е дел од планумот на патот, честопати, да не кажам секогаш се мисли на заштитната ограда што се поставува во појасот на банкината.А што станува со истата ограда што ја има долж целата траса и на двете страни во зелениот појас?
Таа ќе ја крсти банкина во средина, нема логика.
Али јеби га тоа се новинари, се разбираат во се.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Nov-2007 at 22:26
Originally posted by AKADEMIK

За нов автопат кај Куманово првпат слушам од тебе, стварно не знам, ќе се распрашам.
Јас знам дека државата интезивно работи на експопријација на земјиштето од Табановце до Куманово (она парче од 4-5 км што се како слепо црево).
Е сега тоа интезивно беше пред 3-4 месеца кога мислам дека комисиите за проценка излегоа на терен. После тоа немам информација што се случува.



Најверојатно нема да биде ништо во догледна иднина со автопатот што го спомнав. Само сакав да кажам дека коридорот 8 не се поклопува целосно со стариот пат кон Бугарија, така да кога ќе му дојде ред да се гради, ќе поминува јужно од Куманово, а не по постоечката траса. Барем така е планирано... Со тоа и заедничката делницата на која двата коридори се преклопуваат ќе биде пократка, а и коридорот 8 ќе биде пократок за неколку километри.


Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 03-Nov-2007 at 22:38
аааааа да, имаш право. Да да трасата е сосема нова, јас се префрлив на друго. Само искрено не верувам да се прави во скоро време. Од Скопје до Куманово и до пола пат накај Паланка се исплати, рамничарски предел ама после тоа, пред Паланка и низ Паланка до Бугарија е убиство. Требаат 15 мостови и 10 тунела (не се сеќавам колку точно беа), па да видам кој ќе финансира автопат од 30 км кој ќе чини добри 70-100 милиони евра. Јас мислам дека тој коридор како и пругата ќе останат да чмаат уште долго време.


Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Nov-2007 at 22:42
 
со моменталната фреквенција на сообраќај натака и да ги имаме парите, не се исплати автопат.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Nov-2007 at 22:48
Originally posted by AKADEMIK

аааааа да, имаш право. Да да трасата е сосема нова, јас се префрлив на друго. Само искрено не верувам да се прави во скоро време. Од Скопје до Куманово и до пола пат накај Паланка се исплати, рамничарски предел ама после тоа, пред Паланка и низ Паланка до Бугарија е убиство. Требаат 15 мостови и 10 тунела (не се сеќавам колку точно беа), па да видам кој ќе финансира автопат од 30 км кој ќе чини добри 70-100 милиони евра. Јас мислам дека тој коридор како и пругата ќе останат да чмаат уште долго време.


Да, таму ќе биде ужасно скапо да се гради... Ако се земе во предвид колку ќе чини Д.Капија-Смоквица, твојата проценка е веројатно и премногу скромна...
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=22 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=22

Ама кога конечно некогаш ќе се изгради, сигурно ќе биде право задоволство човек да се вози по него.

Гледам дека си доста информиран, па да не знаеш случајно колку треба да биде долг најголемиот тунел (барем отприлика)


Originally posted by pbanks

со моменталната фреквенција на сообраќај натака и да ги имаме парите, не се исплати автопат.


Тоа да, ама за пругата сум убеден дека треба да запнеме и како знаеме и умееме да ја изградиме што побргу.


Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 03-Nov-2007 at 23:22
Имаш право дека испаднав и премногу скромен со цената во однос на проектот. Инаку не знам коклу изнесува најголемиот тунел, колку што јас знам, ама ќе прашам, дека во суштина и не постои усвоена варијанта на трасата од пред влезот на Паланка па до крај. Има неколку варијанти, па дури и да се прошири само постоечкиот пат до Деве Баир. Ама стварно не сум сигурен, а за тунелот ќе ги прашам проектантите во догледно време.
Теренот е ужасен, буквално е тунел,мост,тунел,мост.
Исто така и од Кичево до Охрид е гадно и многу скапо. Мене колку што ми проаѓа некоја цифра низ глава е дека вкупниот Коридор 8 кај нас треба да чини приближно 1 милијарда евра.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Nov-2007 at 23:34
Originally posted by AKADEMIK


Теренот е ужасен, буквално е тунел,мост,тунел,мост.


Ужасен терен = Спектакуларен автопат Big%20smile


Еднаш одамна имав прилика да се возам по италјанските А7 и А10, и францускиот А8. Тие автопати се туристичка атракција сами по себе... Big%20smile



Туку ние забегавме на оваа тема. Ако продолжуваме да збориме општо за патиштата во Македонија, да се префрлиме во темата „Патна Мрежа“




Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 03-Nov-2007 at 23:49
Имаш право, избегавме од насловот на форумот.
Затоа ќе ви кажам нешто во врска со екологијата на Обиколката на град Скопје. Нешто во врска со новинарската колумна, каде што пишува дека има мостови и такви зезанции за заштита на екологијата. Тоа се случи првпат кога ни дојде инспекција од ЕУ за изградбата на патот, до кај сме, што сме. Станува збор за езерото кај Смиљковци (кој одел по риба го знае).
Таму има многу жаби кои во текот на годината се движат на поголемо подрачје околу езерото. Е сега ние веќе имавме уградено два слоја асфалт на автопатот, што значи дека автопатот е 90 % готов на тоа подрачје, фали само завршен слој. Откако дојде типот, го разгледа теренот и одлучи дека жабите мора да се движат под автопатот, но не и по него, па затоа на така добро спремен асвалт, поточно цел труп на пат, бевме натерани да ископаме 2 пропуста, да уградиме цефки и повторно да го санираме патот.
Бидејќи косината на патот е 1:1 дојде до заклучок дека треба да ја исечеме косината од нивото на теренот и да поставиме бетонски елементи во облик на буква L се со цел жабите да не можат да се качат на асфалтот . Колку за илустрација, колку странците се посветени на екологијата, ова чинеше вкупно 700 000 евра. И затоа некогаш кога ќе ве наведе пат накај Смилковци, симнете се од кола и одите до косината на патот да видите како сето тоа изгледа.


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Nov-2007 at 00:02

интересна информација, дефинитивно ова ќе одам да го погледнам. На новите автопатишта во Хрватска имам видено еден тон премини за мечки и сличен крупен дивеч, но првпат слушам за премин за жаби


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Nov-2007 at 00:04
@ Akademik

Не сум риболовец, ама имам направено опсежна репортажа за обиколницата, така да ми текна за кој дел збориш.

Еве две постари фотки од таму. На првата се гледа езерото, а на втората добро се гледаат токму бетонските елементи и еден од од пропустите кои ги спомна.

http://imageshack.us">

http://imageshack.us">


Инаку наскоро очекувајте да ја постирам репортажата и многу материјали во врска со обиколницава... Само да дојдам до малце слободно време... Big%20smile


Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 04-Nov-2007 at 00:20
Браво шефе. Алал да ти е. Треба и јас да појдам некој ден да испосликам се што и каде сум работел.
Инаку за сликата 2 (долната) не се гледаат баш пропустите. Ова што се гледа не е пропустот за што зборев него се одливи за вода од асфалтот. Ги има на секој втор профил или на секои 40 или 50 метра и од едната и од другата страна, односно каде има попречен пад од 2,5%.

П.С. На овие делови од Обиколката јас учествував во изградбата и стварно ме изненади. Фала ти многу. Фантастично ме врати назад. Прекрасни времиња проживеав таму. Супер.
П.П.С. Дечки, ако сте расположени, можеме некој ден да отидеме до таму и кој кого што го интересира да продискутираме за целиот објект, поточно за првата делница. (ХИПОДРОМ-ОРИЗАРИ)


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Nov-2007 at 00:22

јас сум дефинитивно за но веројатно опцијата би била викенд, бидејќи преку недела работам а сега рано се стемнува па нема да стигнеме

таман ќе се изнасликаме се



Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 04-Nov-2007 at 00:28
И мене ми одговара викенд. Од моја страна нема проблем. Договорено е за викенд. Ќе бидеме во контакт. Можете да ми пишете на akademik@freemail.com.mk или дајте ми ваши мејлови или телефони.
П.С. Каде работиш ако не е тајна? Во градежна фирма или...


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Nov-2007 at 00:32

не компјутерџија сум. Но ме интересираат овие теми



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Nov-2007 at 00:34
Originally posted by pbanks

На новите автопатишта во Хрватска имам видено еден тон премини за мечки и сличен крупен дивеч, но првпат слушам за премин за жаби



Да де - „зелени мостови“. Автопатите низ дивина навистина ги ограничуваат ареалите на голем број животни. Ама на такви автопати:
-најчесто има многу помалце пропратни објекти кои дозволуваат миграција
-ареалите на покрупните животни се наоѓаат од двете страни на автопатот

Ама бидејќи ова е обиколница, па од страната на Скопје ниту има, ниту ни треба крупен дивеч, мислам дека бројните надвозници, подвозници и пропусти се доволни за останатите животни...

Само ме чуди зошто нема зелени мостови по останатите македонски автопатишта... Навистина немало потреба од таква работа или едноставно не се обрнувало внимание на такви „ситници“?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Nov-2007 at 00:36
Иначе и јас сум за да се собереме Cheers

Викенд би ми бил ОК. Клучно ми е да се договориме 2-3 дена пред тоа, да не биде во последен момент...


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Nov-2007 at 00:36
 
abe znam, normalno deka nema potreba na zaobikolnicata od takvi objekti, cisto se iznenadiv deka kaj nas se zapazilo na takvo detal.
 
@Akademik ti prativ privatna poraka Cheers


Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 04-Nov-2007 at 00:59
Ех,абе не се запазило од наша страна, него дојде тип од ЕУ да ни каже, а смееш ли да му кажеш не Инаку, на обиколката постои специјален проект за екологија подготвен од професори на ПМФ одделот за биологија мислам.
Исто таков проект е спремен и за Кожуф од страна на професори и студенти од катедрата за биологија на ПМФ.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Nov-2007 at 18:59
Вчера поминував кај Хиподром и застанав да видам до кај се. Работите напредуваат, ама дефинитивно се уверив дека и со оваа клучка импровизираат (и тоа изгледа ова е конечно решение за подолго време). Работата е во тоа што ја прават клучката некомплетна, односно фали еден правец. Не ми е јасно зошто си играат со оваа клучка кога таа ќе биде од многу аспекти најважна клучка во државава.

На првата скица се гледа логично и комплетно решение (бев убеден дека токму така ќе ја направат, зашто тоа е наједноставното решение кое нема недостатоци). На втората скица е клучката каква што се гради. Со вакво решение од правец на Скопје нема да можете да се вклучите кон обиколницата (а ова е сепак централната и најголемата клучка на целиот проект). Значи ако од источниот дел на градот сакате да се вклучите на обиколницата, ќе мора да возите долго по разноразни улички низ градов и да се вклучите на некоја од помалите клучки (на пример Сингелиќ или Стајковци Roll%20eyes). Или па да возите понатака на исток до клучката кај Белви и таму да свртите 180° па да се вратите од спротивен правец накај Хиподром и да свртите десно... Nuts

Дополнително ме нервира фактот што според мостовите јасно е дека ова ќе биде конечно решение за долго време, то ест нема надеж дека клучкава ќе се комплетира во некоја блиска иднина. Премногу коштаат тие надвозници и насипи за туку така да се рушат и да се преправа клучкава. Wallbash

1
http://imageshack.us">

2
http://imageshack.us">

Bash Bash Bash Bash Bash


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Nov-2007 at 19:08
Друга работа што ме буни (плус на некој начин е во спротивност со претходното), е дека од правец север кон југ решението е изведено прилично скромно, а во обратен правец многу повеликодушно (од технички сообраќаен аспект)


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Jan-2008 at 02:39
Глупо е што неможе да се иде од излз на скопје према обиколница. Не е многу разллика у пари да се направи како предлогот горе.


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jan-2008 at 19:42
Клучка Кондово од пред некој ден (Кловер не згрешив така се викаше нели?). Фотките повторно ги сликав додека возам така да ова е најдобро што можеше

1

2

3

4

5

6

7

8

9





Posted By: La Linea
Date Posted: 19-Jan-2008 at 22:48
Дали обиколницава напредува брзо? Ќе стигнат ли да ја завршат оваа година?


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Jan-2008 at 23:40
Ја сум од киселва вода, ама скоро секој ден патувам до радишани и гледам деновиве почнато е да се работи на поместувањето на патот кон радишани кај пресекот со обиколницата. Треба да се помести едно 10 метри десно (гледано од бутел кон радишани) за да проаѓа под мостот кој е дел од обиколницата. Ај после ќе постирам фото.


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Jan-2008 at 01:57


таму е баш спојката на делот што го гради Гранит со оној на Терна... Јас сум скептик дека ќе се отвори во Април како што се најавуваше но 99% ќе биде завршена. Сепак тој 1% е страшно проблематичен и може само да нагаѓаме дали и кога ќе се реши.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Jan-2008 at 02:02
Зашто проблематичен, ако се знае есапот, кој да каде и нема шо тука спор.


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Jan-2008 at 02:05


епа глеаш дека има, има делови, мислам дека се кај живинарската фарма Белимбегово што воопшто не се почнати. Тие ќе се решат сигурно некој ден ама кога може да нагаѓаме, и пред 2-3 години зборуваа дека еве секој момент ќе се најде решение па...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Jan-2008 at 02:50


За овој дел мислев.

Жутата линија е новиот пат што ке проага под мостот.
Ај ако знае некој нека пише кај ќе води новиот пат и што ќе биде со стариот.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Jan-2008 at 03:50
@ pbanks

Да, си ја погодил, тоа е клучката кондово Smile
Ама не си го сликал баш делот што највеќе ме интересираше Bash Big%20smile


@ lslecrew

Тоа е најверојатно таканаречена „девијација“, то ест поместување на кратка делница. Најверојатно нема да има никаков нов пат и оваа кратка делница ќе се вклучува на стариот пат многу блиску.



Јас имам многу коментари околу обиколницава, ама нема сега да навлегувам, затоа што се надевам дека наскоро ќе направам една опсежна репортажа (последна пред нејзиното отварање), па тогаш ќе кажам се што имам.

Во меѓувреме кој сака нека ја разгледа мојата репортажа од пред скоро година. Има доста информации, неколку скици и стотина слики:

http://www.skyscrapercity.com/showthread.php?t=454153 - http://www.skyscrapercity.com/showthread.php?t=454153





Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Feb-2008 at 12:41
Вчера бев да го извидам западниот дел од обиколницата. Додека ги спремам сликите и мапите, си викам не е лошо да ги префрлам сликите од старата репортажа на ССЦ тука. Нека бидат и овде документирани.

Smile


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Feb-2008 at 12:54
Овие фотки се од првата половина на март 2007

Опфатена е целата обиколница, во правец од исток кон запад.


1
http://imageshack.us">

2
http://imageshack.us">

3
http://imageshack.us">

4
http://imageshack.us">

5
http://imageshack.us">

6
http://imageshack.us">

7
http://imageshack.us">

8
http://imageshack.us">

9
http://imageshack.us">

10
http://imageshack.us">

11
http://imageshack.us">

12
http://imageshack.us">

13
http://imageshack.us">

14
http://imageshack.us">

15
http://imageshack.us">

16
http://imageshack.us">

17
http://imageshack.us">

18
http://imageshack.us">

19
http://imageshack.us">

20
http://imageshack.us">

21
http://imageshack.us">

22
http://imageshack.us">

23
http://imageshack.us">

24
http://imageshack.us">

25
http://imageshack.us">

26
http://imageshack.us">

27
http://imageshack.us">

28
http://imageshack.us">

29
http://imageshack.us">

30
http://imageshack.us">

31
http://imageshack.us">

32
http://imageshack.us">

33
http://imageshack.us">

34
http://imageshack.us">

35
http://imageshack.us">

36
http://imageshack.us">

37
http://imageshack.us">

38
http://imageshack.us">

39
http://imageshack.us">

40
http://imageshack.us">

41
http://imageshack.us">

42
http://imageshack.us">

43
http://imageshack.us">

44
http://imageshack.us">

45
http://imageshack.us">

46
http://imageshack.us">

47
http://imageshack.us">

48
http://imageshack.us">

49
http://imageshack.us">

50
http://imageshack.us">


Продолжение во наредниот пост



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Feb-2008 at 12:54
51
http://imageshack.us">

52
http://imageshack.us">

53
http://imageshack.us">

54
http://imageshack.us">

55
http://imageshack.us">

56
http://imageshack.us">

57
http://imageshack.us">

58
http://imageshack.us">

59
http://imageshack.us">

60
http://imageshack.us">

61
http://imageshack.us">

62
http://imageshack.us">

63
http://imageshack.us">

64
http://imageshack.us">

65
http://imageshack.us">

66
http://imageshack.us">

67
http://imageshack.us">

68
http://imageshack.us">

69
http://imageshack.us">

70
http://imageshack.us">

71
http://imageshack.us">

72
http://imageshack.us">

73
http://imageshack.us">

74
http://imageshack.us">

75
http://imageshack.us">

76
http://imageshack.us">

77
http://imageshack.us">

78
http://imageshack.us">

79
http://imageshack.us">

80
http://imageshack.us">

81
http://imageshack.us">

82
http://imageshack.us">

83
http://imageshack.us">

84
http://imageshack.us">

85
http://imageshack.us">

86
http://imageshack.us">

87
http://imageshack.us">

88
http://imageshack.us">

89
http://imageshack.us">


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Feb-2008 at 17:57
Bravо кловер. Ова уствари кога треба да биде готова цела?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Feb-2008 at 18:56
Требаше да биде одавна готова (мислам 2005), ама по обичај касниме и тоа многу... По деблокирањето пред околу две и пол години, рокот се постави за јуни годинава. Се најавуваше и пуштање порано - во април. Но ме плаши застојот особено кај фармата во Сингелич. Академик ти спомна некаква огромна сума што ја барал газдата. Ако го прочиташ ова ај сподели го тоа што го знаеш околу таа работа.
Останува да видиме дали ќе има нешто од најавите за порано отварање и дали воопшто ќе се запази рокот...


BTW, еве неколку дополнителни стари фотки, од почетокот на декември 2005:
http://www.skyscrapercity.com/showpost.php?p=10834223&postcount=156 - http://www.skyscrapercity.com/showpost.php?p=10834223&postcount=156


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Feb-2008 at 20:30
Северната скопска обиколница е дел од Пан-Европскиот Коридор 8 и од Македонскиот М-4. Западниот дел на обиколницата исто така се поклопува и со Е65. Вкупната должина изнесува приближно 26km. Главна задача на обиколницата е да го превземе транзитниот сообраќај во правец исток-запад, а и транзитниот сообраќај накај Косово.

Профил: 2x10,75m, медиан 4,00m и „рамења“ 2x1,00m

Клучки - 9
- Хиподром - голем „кловерстак“, но за жал некомплетен во оваа фаза
- Сингелиќ - дијамант
- Стајковци - минијатурна парцијална детелинка („паркло“)
- Бутел - дијамант
- Оризари - парцијална детелинка („паркло“)
- Стенковец - требаше да биде цела детелинка, ама во оваа фаза ќе биде само парцијална
- Волково? (Орман/Лепенец) - требаше да биде труба, ама колку што можев да видам ја направиле дијамант
- Стопански Двор - дијамант
- Ѓорче Петров (Кондово) - требаше да биде да биде класичен „semi directional T“, но го модифицираа

Дополнително на клучките има околу 30 денивелирани сообраќајни премини.

Има 3 големи вијадукти:
- Орман 627m
- Волково 368m
- Кондово 435m
и бројни други помали премостувања

Рокот на изградбата е Јуни 2008


Инаку од градежен аспект обиколницата е поделена на два сегменти:

1. Источниот сегмент Хиподром-Оризари кој почна да се гради уште во август 2002 и беше оптоварен со хронични проблеми околу експропријација, па на големо ги проби роковите. Во главно поминува низ рамничарски предел, со неколку мали ридчиња. Проектот е на Мавровопроект и Балкан Консалтинг. Изведувач е Гранит.

2. Западниот сегмент Оризари-Сарај(во суштина Кондово) кој почна да се гради во октомври 2005 и нема посериозни имотно-правни проблеми, па се гради според планираната динамика. Добар дел од овој сегмент поминува низ тежок терен, па е поспектакуларен од источниот. Проектот е на Балкан Консалтинг а главен изведувач е Терна. Голем подизведувач е Бетон.


На времето располагав со доста податоци за обиколницава (иако во нашата институционална нетранспарентност и интернет мрак беше тешко да се дојде до нив), но проектот има претрпено толку многу измени, што нема никаков резон да се спомнуваат тие податоци. Најлошо е што во целата турли-тава и за некои понови информации на кои сум наишол не знам дали се веродостојни и се уште актуелни. Поради ова не би сакал да изнесам дури ни податок за цената. Само ќе кажам дека оргиналната проекција изнесуваше 120 милиони евра.


Инаку вреди да се спомне дека обиколницата се гради по високи еколошки стандарди. Ќе има и неколку километри акустични бариери.



1. Оргиналната и конечната траса на обиколницата.



2. Тука е одбележан опфатот на петте детални мапи кои следуваат подолу.



3. Мапа бр.1
Клучка Хиподром - источната крајна точка на обиколницата. Тука се вкрстуваат М-3 и М-4. Под клучката поминува локален пат и пругата спрема Куманово. Како што беше веќе спомнато, клучката сега за сега ќе биде некомплетна - и недостасува една „петелка“.



4. Мапа бр.2
Тука се најпроблематичните делови - имотноправни спорови и други опструкции.



5. Мапа бр.3
Најголем дел од оваа секција е одамна завршен.



6. Мапа бр.4
Тука има доста измени. Со црвено ги имам одбележано промените во трасата. Исто така има една дополнителна клучка - Стопански Двор (која е несиметричен дијамант). Клучката Волково колку што можев да видам според веќе извршените земјени работи нема да биде труба како на планот, туку повторно дијамант. А на клучката Стенковец сега за сега ќе и недостасуваат сегментите 1 и 3, така да ќе биде доста проблематично на патот кон Косово (М-3).



7. Мапа бр.5
Клучка Кондово - западната крајна точка на обиколницата. И оваа клучка беше значително редизајнирана, а крајниот впечаток е дека се запоставени некои стандарди. Под клучката поминува Р-403 и пругата кон Тетово.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Feb-2008 at 20:31
Во оваа колекција недостасуваат слики од пределот помеѓу клучката Стајковци и клучката Стенковец, затоа што тој дел беше скоро готов уште лани и нема некои побитни измени од претходната репортажа.

Сликиве од 1 до 11 се сликани пред еден месец (помеѓу Хиподром и Стајковци). Останатите се од вчера (од западниот сегмент).

1


2


3


4


5


6


7


8


9


10


11


12


13


14


15


16


17


18


19
Овие прскаа во многу тенок слој некаква смрдлива зелена течност врз конопести мрежи (како на сл.30). Дали некој знае каква е оваа постапка?


20


21


22


23


24


25


26


27


28


29


30


31


32


33


34



Posted By: ProMKD
Date Posted: 28-Feb-2008 at 22:41
Cloverstack сликиве ти се ТОП, 5 ѕвезди! Многу ме израдуваа, прв пат толку добро ја согледувам обиколницава. Од своја рака сум возел само на едно мало делче во 2006 година, кај бутел, тука имаше клучка но не сум доволно запознаен да кажам поточно каде. 


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Feb-2008 at 09:27
Топ слики Thumbs%20Up

Обиколницава изгледа одлично и покрај сите неповолни модификации во однос на трасата и клучките. Стварно ќе биде милина да се вози на неа.

Него една работа не сконтав од твоите постови. Кај Сингелич се гради или не се гради?? Рокот и за другите делови веројатно ќе биде пробиен, барем така личи од тоа што го имаме на сликите. Но ако не тргнала работата кај Сингелич се е џабе.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Feb-2008 at 11:11
Добро е што цела е осветлена. Навечер од водно ќе се гледа како прстен околу Скопје.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Feb-2008 at 14:33
Originally posted by pbanks


Него една работа не сконтав од твоите постови. Кај Сингелич се гради или не се гради?? Рокот и за другите делови веројатно ќе биде пробиен, барем така личи од тоа што го имаме на сликите. Но ако не тргнала работата кај Сингелич се е џабе.


Кога брев пред ~ месец чепкаа нешто и кај Сингелиќ, ама ми изгледаше доста заостанато (слики 6 и 7). Кај фармата уште немаа ништо пипнато. Исто и делот Сингелиќ-Стајковци не ме импресионираше со напредокот, но барем се имаше почнато со работа. Да дадам прогноза за овој дел навистина не можам... Ама за остатокот мислам неоправдано си песимист - нема зошто остатокот да не биде готов уште во април. Нормално тоа многу малку ќе вреди во пракса ако не е цела обиколница готова :(


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Feb-2008 at 14:39
Originally posted by Cloverstack


Кога брев пред ~ месец чепкаа нешто и кај Сингелиќ, ама ми изгледаше доста заостанато (слики 6 и 7). Кај фармата уште немаа ништо пипнато. Исто и делот Сингелиќ-Стајковци не ме импресионираше со напредокот, но барем се имаше почнато со работа. Да дадам прогноза за овој дел навистина не можам... Ама за остатокот мислам неоправдано си песимист - нема зошто остатокот да не биде готов уште во април. Нормално тоа многу малку ќе вреди во пракса ако не е цела обиколница готова :(


абе април е за месец дена... на многу места видов по некои недостатоци кои некако не ми личат дека ќе се завршат до април, барем не според македонската динамика на градба. Но далеку од тоа дека би ми сметало каснење од неколку месеца. Проблемот лежи во последната реченица, без Сингелич ништо не правиме. Ohno


Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Mar-2008 at 00:06
Да се надеваме дека оптимизмов е издржан Cheers

Привршува изградбата на обиколницата на Скопје


На трасата има неколку вијадукти од кои најдолгиот е 630 метри

Доколку се' се одвива според зацртаната динамика, автопатот треба да биде завршен до јули годинава

Билјана Ангеловска

Се наѕира крајот на изградбата на обиколницата на Скопје. Автопатот речиси комплетно ја има финализирано својата траса, која веќе е асфалтирана во над 90 проценти. Низ Скопската Котлина змијулесто се протегаат 26,5 километри сообраќајница со вкупна широчина од 22 метра, со девет приклучувања кон градот, три големи објекти - вијадукти и многу натпатници што ќе им го олеснат движењето на жителите од бројните скопски села.

Ако се' се одвива според планот и не се појават некои непредвидени проблеми, има реални шанси обиколницата да биде комплетно завршена уште во јули годинава. Оперативите на двете градежни компании кои работат на изградбата, скопски „Гранит“ и грчка „Терна“, се подготвени да финишираат секој во својот дел од автопатот. Нашата компанија работи на првата фаза од обиколницата, на делницата од Хиподром до Оризари, во вкупна должина од 14,7 километри, додека „Терна“ ја гради втората фаза, 11,8 километри долга делница од Оризари до Сарај.

Засега, единствено мали проблеми се' уште има на одредени делови од првата фаза каде што работи „Гранит“. Поради нерешена експропријација и натаму не се работи на околу 500 метри кај земјоделското стопанство „Сингелиќ“. На дел кај селото Стајковци, исто така, има неколку помали неекспроприрани парцели каде што оперативата не може да влезе во работа, како и кај Инџиково. Не може да се работи и кај Кучевишка Бара, поради високонапонскиот далновод Скопје - Вруток, бидејќи се чека тој да биде исклучен од страна на МЕПСО. Но, поради имотноправни проблеми, неговата дислокација и натаму се пролонгира.

Во „Гранит“ велат дека последниве денови е направен чекор напред во преговорите, во надминување на проблемите се вклучило и Министерството за транспорт и врски, па се очекува сите пречки конечно да бидат надминати. Доколку Фондот за магистрални и регионални патишта на Македонија го исполни својот дел од обврските и конечно ја заврши експропријацијата, „Гранит“ е подготвен до крајот на јуни да го комплетира објектот, што значи првата фаза од обиколницата да биде целосно завршена.

На оваа делница има вкупно пет клучки: Хиподром, Сингелиќ, Бутел, Оризари и Стајковци. На клучката Сингелиќ моментално се монтираат носачите, по што ќе се бетонира коловозната плоча. Клучките Бутел, Оризари и Хиподром веќе се готови, преостанува уште да се бојосаат и да се постават сообраќајните знаци. Другиот дел од трасата е комплетно завршен, електрифициран и треба само да се обележи, да се постави сигнализацијата и да се пушти во сообраќај.

Втората фаза од обиколницата, од Оризари до Сарај, е изградена повеќе од 90 проценти. Тука преостанува да се постави последниот, завршен слој асфалт, и да се изведат завршните работи, како што е поставување огради, хоризонтална и вертикална сигнализација, да се доврши оградата во средина и да се посипе хумус. Деновиве почна да се затревува средишниот дел.

На оваа делница има три вијадукти што ги градеше оперативата на „Бетон“ од Скопје, која учествуваше како подизведувач на „Терна“. Најголем е вијадуктот кај селото Орман, кој е долг 630 метри со најголема височина на столбовите од 19 метри. Вијадуктот Кондово е со должина од 435 метри, а оној кај Волково 368 метри. И двата објекта имаат висина од 12 метри.

Главниот надзор на изведбата на втората фаза од обиколницата, Бранко Стефановски, од Градежниот институт „Македонија“ потенцира дека изградбата на оваа делница се одвивала без проблеми и на задоволство на главниот изведувач - грчка „Терна“, која нема никакви забелешки ниту на работата на подизведувачот - скопски „Бетон“, ниту пак на Фондот за патишта.

Обиколницата на Скопје ќе биде долга вкупно 26,5 километри. Има автопатско решение со широчина од 10,75 метри во секој правец, со по две возни ленти и плус една за застанување. Ќе има вкупно девет клучки и нема да се плаќа патарина. Се гради со кредит од Европска инвестициона банка и ќе чини повеќе од 85 милиони евра.



Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A9DC4D5DA6D5CD428BB8734DD3EAD06B - Утрински весник


Posted By: ProMKD
Date Posted: 03-Mar-2008 at 05:42
Одлични вести! Останува да чекаме до крајот.
А сега ги гледам вијадуктиве и ме потсети на нешто.. во Торонто има еден вијадукт што минува во центарот на градот крај сите висококатници. Тој е во голема корист (неколку стотици илјади возила на ден минимум, од мали коли до големи камиони) и е во очајна состојба. Се ронат големи бетонски делови итн, а градот најавува дека е можно да го срушат целиот вијадукт бидејќи било прескапо за нив да се оддржува. не знам колку им држи тоа води, зашто политичар е политичар дали во МКД или Канада сите лажат, па се надевам нема да имаме ние такви проблеми со оддржување!


Posted By: dejan
Date Posted: 03-Mar-2008 at 09:04
Taman


Posted By: La Linea
Date Posted: 03-Mar-2008 at 15:45
Па не би требало, тој вијадукт во Торонто што ти го збориш, исто како во Бостон, биле градени во 60-тите и биле највероватно со послаб квалитет, а згора не се биле 40 години стари и се многу пофреквентни. А нивната должина е во километри, додека вијадуктот Орман кој е најдолг е 627 м не би бил проблем да се одржува. 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Mar-2008 at 17:50
Денеска пројдов од кај бутел и веќе се работи на поместување на улица бутелска, она парчето што е обечежано со бела линија на слика 5. Истампониран е и делот од 100-200 метри што ги спојува двете делници. Вчера не беше тампонирано. Се работи прилично брзо одкако пред месец дена се започна овдека. Веќе е трасиран новиот дел од бутелска.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Mar-2008 at 18:00
Cheers


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Mar-2008 at 09:04
Незнам на што се должи оптимизмов кога на 3 месеци до наводното отварање сеуште се зборува за експроприација макар останале уште само 10% од првата делница.

Северната обиколница готова во јуни

На автопатот ќе се преселат возилата што сега транзитираат низ Скопје, па се очекува значително да се намали метежот, бучавата и загадувањето во главниот град

Капиталниот државен проект, северната обиколница околу Скопје, е речиси готова. Свеченото пуштање на автопатот, како што најавуваат од Фондот за патишта, се очекува кон крајот на јуни. Ова значајно сообраќајно решение, чија изградба почна во 2002 година, се очекува значително да влијае врз намалувањето на сообраќајниот метеж, бучавата и загадувањето во главниот град. Се работи за класичен автопат долг 26 километри, со четири ленти, односно по две во обете насоки. Крајниот рок за завршување на двете фази на обиколницата и нејзино пуштање во употреба е 30 јуни. Изградбата на овој автопат значително ќе го намали транзитниот сообраќај низ градот Скопје во правец исток-запад и обратно - вели Катерина Панова-Илиевска, шеф на кабинетот на директорот на Фондот за патишта. Обиколницата е дел од европскиот Коридор 8 исток - запад, што треба да минува низ Албанија, Македонија и Бугарија како и од Коридорот 10 север -југ.

- Првата фаза од изградбата на обиколницата почна во 2002 година. За нејзината изградба, од клучката кај Хиподром до Шуто Оризари, беа предвидени 36,5 милиони евра, пари обезбедени со кредит од Европската инвестицска банка (ЕИБ). На оваа делница завршени се околу 80 отсто од работите, како и над 90 отсто од експропријацијата на приватен имот. За изградбата на втората фаза, од Оризари до Сарај се издвоени 48,8 милиони евра. Дел од овие пари, односно 28 отсто се обезбедени со кредит од ЕИБ, а 72 отсто се од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД). Досега во оваа фаза се завршени околу 70 отсто од предвидените работи како и над 97 отсто од експропријацијата - велат во Фондот.  Парите за експропријација на приватното земјиште низ кое минува обиколницата и за надзорниот орган на изградбата се обезбедени од државниот буџет.  Наскоро треба да биде завршена и изградбата на приклучните патишта, по кои жителите на повеќе скопски населби ќе може да се приклучат на обиколницата. Предвидени се девет пристапни патишта, од кои два се готови. Вакви клучки ќе има во Хиподром, Синѓелиќ, Стајковци, Оризари, Бутел, Стенковец, Орман, Волково и Сарај. Досега се комплетно завршени клучките кај Бутел и Оризари. Оние кај Стенковец, Илинденска и Волково се готови, но во крајната фаза треба да се постави уште еден завршен слој асфалт. Градежните работи за пристапниот пат кај Сарај и кај Хиподром се при крај, останува уште асфалтирањето. Клучките кај Синѓелиќ и Стајковци не се готови - рече Панова-Илиевска.Со пуштањето во употреба на обиколницата се очекува сообраќајот од центарот да се пренасочи кон автопатот, затоа што транзитните товарни возила и автомобили, кои одат, на пример, од Куманово кон Тетово веќе нема да мора да минуваат низ Скопје. Со оваа сообраќајница бучавата и загадувањето ќе се намалат до 30 отсто. Сепак, се очекува обиколницата да ја зголеми бучавата во Ѓорче Петров, Кондово и Волково. За заштита на населението, ќе се градат високи ѕидови покрај патот.

Јорданка Ивановска



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E1C806F3FE9D74439F8219E9AC5C96F0


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Mar-2008 at 10:59
За ова со екпропријација зборевме. Јас уште тогаш изнесов идеја кај ваквите случаи да се примени национализација. Неможе некои шарлатани да се заебаваат со цела држава. Бараат преку леб погача!!!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Mar-2008 at 12:17
@ pbanks

Не знам што е финтата со експроприацијата, пошто трасата е пробиена комплетно и работите се сегде во напредната фаза освен делот кај фармата во Сингелиќ. Тој сигурно не е ни приближно 10%.  Е сега едино ако можат по некој основ да работат и на делови каде што не е комплетирана експропријацијата, тогаш би поверувал дека така стојат работите. Како и да е, не гледам зошто да не би завршоле до Јуни, ако они предвидуваат така. Штета што не се оствари Април, како што лани најави Валкановска.


Posted By: blejdsk
Date Posted: 27-Mar-2008 at 02:02

ПРИВРШУВА ИЗГРАДБАТА НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА


Од јули ќе се вози по автопат


Од Фондот за магистрални и регионални патишта велат дека изградбата на овој автопат значително ќе го намали транзитниот сообраќај низ Скопје


Привршуваат работите на скопскиот обиколен автопат. Над 90 проценти од трасата е готова и ако не се јават некои непредвидени проблеми, како што уверуваат од Фондот за магистрални и регионални патишта, се очекува до средина на летово автопатот да биде ставен во функција. Двете компании што работат на изградбата на обиколницата - скопски Гранит и грчката Терна ги приведуваат кон крај работите на својот дел од трасата. Гранит од септември 2002 година ја гради делницата од Хиподром до Оризари во должина од 14,7 километри, додека Терна почна со работа две години подоцна на вториот дел од обиколницата долг 11,8 километри што се протега од Оризари до Сарај. Од Фондот велат дека изградбата на овој автопат значително ќе го намали транзитниот сообраќај низ Скопје кој се движи во правец исток-запад.

По должината на целата траса се поставуваат еластични и мрежни огради, се озеленуваат депониите кај Волково и Кондово, како и пределот кај Брезданска Река, дел од автопатот е електрифициран, а речиси 90 проценти се асфалтирани. И покрај тоа, и натаму не е решен проблемот со сопствениците на земјоделското стопанство Сингелиќ, бидејќи Фондот не може да се договори со нив околу цената за експропријација на земјиштето. Од Фондот очекуваат во текот на идната недела оваа пречка, која ја кочи изградбата, конечно да биде надмината. На оваа траса има и неколку неекспроприрани парцели кај скопските села Стајковци и Инџиково.

- Во 2006 година затекнавме над педесетина предмети со нерешена експропријација. Голем процент успеавме да ги решиме што овозможија работите на терен да се одвиваат со забрзано темпо - велат од Фондот.
Автопатот со вкупна должина од 26,5 километри ќе има по две ленти за возење и една за застанување во двете насоки, три вијадукти и девет натпатници. За возење по него нема да се наплатува патарина. Изградбата чини над 85 милиони евра и се финансира од кредит земен од Европската инвестициона банка.
http://vecer.com.mk/?ItemID=4B9873F9DF269843A0B9162FC24463EE - http://vecer.com.mk/?ItemID=4B9873F9DF269843A0B9162FC24463EE


Posted By: ProMKD
Date Posted: 27-Mar-2008 at 03:05
Што мислите за тоа дека ќе ставале штитови против бучава, дали ќе се реализира? Според мене тешко... ако не го направат пред да биде пуштен патот во употреба, тешко.. а и дали е потребно не знам. Во многу странски метрополи минуваат автопати низ главни/големи градови па нема такви работа, а се разбира и на некој места има. Мислењето зависи каде живееш Big%20smile


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Mar-2008 at 10:31


Нема дилема дека на одредени места се потребни и не гледам зошто не би се поставиле ако се дел од проектот.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 27-Mar-2008 at 13:36
интересниот дел е шо македонија за северен сосед ја има и грција (освен југославија)

видете ја картата

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Mar-2008 at 14:13
Која карта?


Posted By: ProMKD
Date Posted: 08-Apr-2008 at 22:24
Стајковчани не ги даваат нивите испод 100 евра квадрат - специјалците им удрија пендрак. БРАВО!

Граѓаните не го даваат земјиштето за обиколница

  
08.04.2008 19:40
 

 

Жив ѕид, трактори и автомобили од една страна, од другата кордон од специјалци и полиција. Вака беше денеска во скопско Стајковци.

Мештаните од соседното село Страчинци ја бранеа нивата на нивните соселани, семејството Џемаили.

„Ова е срамота. Не сме имале никогаш проблеми и конфликт со полицијата, денеска што ни правите. Ова е срамота, цела гарда е донесена овде“, изјави жител на село Страчинци.

Спорната нива од еден декар зафаќа дел од трасата на северната обиколница на Скопје. Семејството Џемаили за квадрат барале Фондот за патишта да им плати по 100 евра.

„Додека не ја платат нивата, немаат договор, а влегуваат со сила“, рече жител на село Страчинци.

„Ова место е плац за куќа. Место во Кондово, место во планина и место на сред блато каде што има куќи на 50 метри не е иста цена“, вели Сами Џемаили, сопственик на спорното земјиште.

„Постапката не е терана до крај и законски не е договорена цената по која треба да го земе. Треба управниот одбор на Фондот за патишта да реши за тоа и директорката. Нив ги нема никаде“, изјави Рефит Ганиу, претседател на месна заедница на село Страчинци.

По неколкучасовни расправии специјалците успеаја да им овозможат на багерите да продолжат да работат.

Од Фондот за магистрални и регионални патишта за А1 изјавија дека постоеле правосилни решенија за одземање на земјиштето од сопствениците поради невозможноста да се постигне согласност околу цената.

„И покрај напорите на Комисијата за експропријација, не е постигната согласност со полномошникот околу цената на овие парцели, од причина што е побарана нереално висока цена која Фондот за патишта не е во можност да ја исплати. Единствено можно решение за продолжување на градежните работи на трасата на заобиколницата беше вклучување на полициска асистенција“, стои во соопштението на Фондот за регионални и магистрални патишта.

Најголема кочница уште при стартот на изградбата на скопската обиколница беа нерешените имотно-правни односи на селата Страчинци, Кондово, Орман.

Иако во проектот беа вклучени и околу десетина локации, преку кои околните села ќе можат да стигнат до градот, за Страчинци затворањето на стариот пат е дополнителен проблем, бидејќи нивите каде секојдневно работат сега им се недостапни.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Apr-2008 at 00:11
Еве ги се јавија и на спротивниот крај...

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=57C46D3303FFCF4CB98E0F5BC0890608 - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=57C46D3303FFCF4CB98E0F5BC0890608


БЛОКАДА НА СЕВЕРНАТА ОБИКОЛНИЦА ПОРАДИ НЕИСПОЛНЕТИТЕ ВЕТУВАЊА

Волковци не сакаат автопат без пристап

Од Фондот за патишта велат дека сите клучки ќе бидат изградени навреме и дека ќе бидат поправени оштетените локални патишта

Со камиони, трактори и автомобили и во присуство на полицијата, десетици жители на Волково, Никиштани, Орман и Пржина, вчераутро ја блокираа северната обиколница, на потегот од реката Лепенец до селото Стопански Двор. Тие се револтирани поради тоа што клучката кај Стопански Двор се' уште не е довршена и што не се асфалтирани локалните патишта, кои се многу оштетени од минувањето на градежната механизација при изградбата на автопатот. Жителите стравуваат дека наскоро грчкиот изведувач „Терна“ќе си замине и ќе им ја остави обиколницата неупотреблива, затоа што без клучката тие не ќе можат да ја користат. Тие инсистираат Фондот за регионални и магистрални патишта што побрзо да го исполни ветувањето за изградената клучка и асфалтираните патишта.

ПРОТЕСТ ЗА АСФАЛТ


- Денеска се собравме на предупредувачки протест до Фондот за патишта и изведувачот „Терна“ поради тоа што договорените работи не се завршени. Оштетените локални патишта не се асфалтирани и преполни се со дупки. Атмосферските води се слеваат низ канал што не е спроведен до реката Лепенец, па течат по нашите домови и ни предизвикуваат големи штети. Беше ветено дека клучката кај Стопански Двор ќе биде завршена, меѓутоа и тоа се' уште не е сторено. Уште два месеца изведувачот „Терна“ треба да си оди, а ние нема да имаме никаков благодат од обиколницата, туку само штета - вели Драгољуб Ристовски, претседател на месната заедница „Волково“.Тој побара на жителите да им се овозможи пристап до обиколницата и со асфалтирање на патот кон селото Никиштани.И ние од Никиштани го поддржуваме овој протест што го организираа четирите месни заедници. Трасата што го поврзува Волково со Никиштани требаше да биде асфалтирана за и нам да ни биде пристапен автопатот. Исто така „Терна“ не го исполни договореното да го дислоцира мостот од Волково во Орман, за да можат Орман и Никиштани да се поврзат со автопатот преку Лепенец - вели Беадин Османи, претседател на МЗ „Никиштани“.Според жителите, Фондот за патишта вината ја префрла на изведувачот, а изведувачот, за да ги исполни обврските, бара писмено барање од Фондот.Сега сите бегаат од обврските. Затоа, ова е само предупредувачки протест, а во наредните денови ќе направиме помасовна блокада - велат жителите.Од Општината Ѓорче Петров велат дека во целост ги поддржуваат жителите во нивните барања, бидејќи Фондот дал ветување што сега не сака да го исполни. На протестот вчера беше и градоначалникот Сокол Митровски.

ФОНД ЗА ПАТИШТА И ЗА ВЕТУВАЊА

Од Фондот за регионални и магистрални патишта смируваат дека жителите напразно стравуваат дека обиколницата за нив ќе биде неупотреблива и дека ќе останат со разорани патишта. Изградбата на клучката кај Стопански Двор е во завршна фаза, односно поставен е првиот асфалтен слој. И локалните патишта ќе бидат направени. Жителите нема потреба да стравуваат, а од Фондот имаат и писмена потврда дека обврските ќе бидат исполнети - вели Катерина Танова, портпарол во Фондот за регионални и магистрални патишта, не прецизирајќи до кога е крајниот рок за исполнување на обврските.Таа уверува дека до јули северната обиколница ќе биде комплетно завршена и дека дотогаш ќе бидат изградени сите девет пристапни клучки. Не можеме да кажеме дека обиколницата е комплетно готова и да ја пуштиме во употреба доколку не се направени сите девет клучки, односно пристапните патишта - вели Танова.Обиколницата е долга 26,7 километри, а се простира од Хиподром, преку Инџиково, Стајковци, Оризари, Орман, Волково и Сарај до Кондово.

Анела Петрова
Фото: Слободан Ѓуриќ



Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Apr-2008 at 00:28
СРАМОТА!!!!!!!!!!!!!!!!!


Posted By: ProMKD
Date Posted: 11-Apr-2008 at 00:46
Ќе ги пуштат овие да се издуваат - да протестираат еден ден и после ако прават пак проблем и на нив специјалците ќе им ги пуштат..


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Apr-2008 at 00:49
Абе нормален ли е тој што бара 100 евра за квадрат?! Абе има ли закон овде!! Кловер немој да мислиш дека сум радикален , ама неможе некој да се заебава со европска магистрала! Сигурно му имаат понудено цена поголема и од 10 евра, и сега вака да се заебаваат со државава!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-May-2008 at 02:01
Ќе се навратам на делот каде што се поместува улица Бутелска. Тоа е лево (гледано на карта) од клучката во бутел. Тамо како што ми изгледа новиот дел ќе има само една лента. Барем така ми изгледа. А ако е така стварно незнам од каде би идела лентата во спротивен правец?!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Jun-2008 at 03:01
Оддамна не сме го спомнале проектов. Кој е последниот рок што се има зацртано за обиколницава?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Jun-2008 at 03:31
крај на месецов


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Jun-2008 at 03:46
тешко


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Jun-2008 at 03:50
Си видел негде до кај се деноиве?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Jun-2008 at 03:55
Прееска видов. До нигде. Кај бутел новото уличе уште е само тампонада и тротарите се тарсирани. Инаку воопшто не се работи на спојување на двата дела од обиколницата. Месец тешко. Со крајни муки може, али тешко не ми се верува. Ја мислам дека кога ќе се собере сељаци+работници+пари+времето+разно=крај на летово.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Jun-2008 at 04:00
Ohno


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Jun-2008 at 03:33
Еве од делот каде што се поместува улицата кај бутел. Тука под мостот треба да проаѓа новата лента. Сори за квалитетот, сликано е во лет.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Jun-2008 at 09:11
Протести против обиколницата

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/32501/LOGOnetpress.jpg">

Жителите од околината на Сарај денеска протестираат против изградбата на обиколницата.

Како причина за протестот е посочено оштетувањето на нивните куќи предизвикано од работењето на градежните машини. Протести имаше и викендов.



http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=32501&kategorija=1


Аман бе до кога оваа држава ќе се расправа со сељаци?!?!





Posted By: dejan
Date Posted: 16-Jun-2008 at 12:05
Pa sto da pravi koga lugjeto se bunat. Ke im pomine, ke se pomirat so obikolnicata i ke nikne se toa. Inace ne veruvam deka masinite do tolku mozat da im nastetat na kukjite, ne gi vozat slepci ili majmuniTongue


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Jun-2008 at 14:52
Не ми е јасно како оштетувања се направиле дури до Сарај...
(евентуално ако пак е некоја новинарска збунка, па да ги помешале локациите каде има оштетување)

Ама ако навистина има штета, апсолутно треба да се процени штетата и да се обесштетат засегнатите. Од друга страна пак, ако некој глуми лудило за да изнуди државни пари, тогаш треба да сноси последици... Сигурно во законите има предвидено нешто и за такви случаи.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Jun-2008 at 14:59
Што се однесува до бучава, максимална бучава во град навечер е 30dB. Преку ден незнам, нешто малце повисока. Е сега пошто се работи за вон-градска средина и пошто се работи за потреси, незнам колку е. Ваљда има некои други прописи кои се однесуваат на интензитетот на потресите, можеби по меркалиева или рихтерова скала, ама којзнае. Ама сигурен сум 99% дека има законско решение за ова. Ама поверојатно ми е дека некој сака лежеечки да млати пари.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Jul-2008 at 17:18
Рокот веќе е пробиен!

Денеска направив извидување кај Хиподром и кај Сингелиќ, со надеж дека се работи за мало прекорачување ради некакви ситници... За жал попусто сум се надевал. Кај Сингелиќ клучката нема абер - од последен пат кога бев (пред пола година) единстваена разлика е што се монтирани носачите на надвозникот... Немаат дури ни почнато со насипување на краците на другата страна од фармата... Сегментот што фали (околу 400m) исто така не е ни чепнат колку што можев да видам, то ест не е ни трасиран!
Како капак на се, уште не е завршена ни клучката Хиподром, која се гради со години, а каде што нема имотно-правни пречки!
Сепак јасно е дека вистинскиот проблем не е кај Хиподром туку кај Сингелиќ. Не знам колку години треба да се реши проблемот со таа проклета фарма. Ако „фраерот“ е толку инает, досега барем судските органи требаше да се справат со случајот... Не смее инфраструктурен проект вреден над сто милиони евра и од толкаво големо значење да зависи од табиетот на поединец. Се плашам од задкулисни игри, сепак ова може да биде параван за поприлични суми!

Крајно разочарувачки... Не знам на што се базираа најавите за пуштање на обиколницата во употреба неколку месеци пред актуелниот краен рок. Наместо тоа, изгледа ќе имаме сериозно пролонгирање. Оргиналниот „краен рок“ кој беше 2005 веќе сите и го заборавија...


Ohno Ohno Ohno

Bash Bash Bash


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Jul-2008 at 17:26
Обиколницава по се изгледа дури на пролет ќе ја возиме. Повторно истите работи, монотонија. Пак некој локален мангуп изиграва држава. Тоа е. Сигурен сум дека сите тие ситни проблеми ќе се решат, само кај нас тие работи идат поспоро. Мене долдо време ме чуди делот кај бутел што иде така споро, а рокот беше близу. Како и да е, сепак мислам дека на пролет ќе биде денот д.


Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Jul-2008 at 17:29


Да надополнам. Пред 4-5 дена пропуштив да постирам објава на оваа тематика а сега не ми текнува во кој весник беше. Таму пишуваше дека обиколницата ќе биде готова во следниве два месеца но за делницата хиподром пишуваше дека е можно да се гради понатаму. Се ова беше нејасно напишано и ноншалантно нафрлено но некако отвори опција дека обиколницата можеби ќе се пушта бев делницата хиподром CrazyCrazyCrazyBash.

Ако се земат досегашните искуства со мостот кај транспортен центар, Водњанска како и со предвременото пуштање во употреба на салата Борис Трајковски (иако не беше скроз готова ни салата ни околната инфраструктура) не би ме зачудило ако го отворат делот Сарај-Стенковец за почеток.

Инаку во петокот поминав кај клучката Кондово и таму веќе ги прават финалните спојки, поставени се дури и патокази.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Jul-2008 at 17:41
Крајот го краси делото. А крајот е усран. Јас сум ипак да се пушти цела комплет, башка кој министер ќе сече лента на полуготов проект. Подобро да се почека да биде готово све и нормално, да се убрзаат работите.


Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Jul-2008 at 17:47
Еве најдов нешто но мислам дека читав друга објава каде ова беше претставено малку посликовито. Сепак... BashBashBashBash Фазното пуштање во употреба е убаво најавено. BTW веќе го пробиле и рокот кој се споменува во првата реченица.

Од Шпиц 12.06.2008 http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=575&ArticleID=22470 - линк

Обиколницата ќе го промени Скопје

Маја МИХАЈЛОВСКА

За влез и за излез од главниот град, за две недели возачите ќе може да ја користат втората делница од скопската обиколницата од Оризари до Сарај во должина од речиси 12 километри, информираат од Фондот за патишта. Овој патен правец е замена за сообраќајниот хаос преку населбата Ѓорче Петров. До него ќе може да се пристапи преку шест нови клучки, кај Оризари, Стенковец, Орман, Стопански Двор и кај Сарај.
Анализите покажале дека обиколницата ќе го намали транзитниот сообраќај низ Скопје до 30 отсто, а со тоа ќе се намалат и количествата издувни гасови во градот. Сепак, од Фондот велат дека нема да го забранат поминувањето на товарни возила низ Скопје.
Обиколницата е нешто подолга од 26 километри има четири ленти и широка е околу 27 метри. Автопатот ќе биде осветлен и од Водно ќе се гледа како полукружен златен прстен на Скопје. Максимална дозволена брзина ќе биде 120 километри на час.
Првата делница, на потегот од Хиподром до Оризари, во должина од околу 15 километри, ќе се отвори за сообраќај кон средината на летото. Во овој дел се уште се решаваат имотно-правните односи со земјиштето, но од Фондот тврдат дека ќе бидат решени во најбрз рок и дека нема да се одолжува финализацијата на капиталниот проект вреден над 80 милиони евра.
Долж обиколницата има вкупно девет пристапни патишта по кои ќе се одвива сообраќајот меѓу скопските населби близу автопатот
и кон Велес и Куманово на исток и Тетово кон запад. Тоа се клучките кај
Хиподром, Ченто, Стајковци, Бутел, Оризари, Стенковец, Орман, Стопански Двор и кај Сарај. Хиподром, Стајковци и Сарај се во финална фаза, а останатите шест се завршени. Од Фондот велат дека останува да се постават и проѕирни ѕидови за заштита од бучава и заштитен премаз од корозија на бетонските делови.
- Сообраќајот долж северната обиколница на Скопје во корен ќе ја измени состојбата со сообраќајот во метрополата. Треба да го преземе транзитниот сообраќај исток - запад, но и транзитниот сообраќај кон Косово. Сега тој се одвива низ центарот на градот и сведоци сме на сообраќајните метежи и заглавувања заради тешките товарни камиони - вели Катерина Пановска- Илиевска од Фондот за патишта.

Патарините немаат смисла

Доколку се воведат патарини, тие ќе го уништат целиот концепт зашто се градеше обиколницата. Тешките товарни камиони за да ги одбегнат трошоците и понатаму би поминувале низ срцето на Скопје, смета Зоран Дамјановски, сообраќаен експерт од Градот Скопје.
Во Фондот уште размислуваат дали да постават патарини на обиколницата. Според нив, поверојатно е дека ќе нема патарини, од едноставна причина што деветте пристапни патишта технички го оневозможуваат тоа.




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Jul-2008 at 17:53
Сарај-Стенковец или цел западен сегмент Сарај-Оризари, нема да бидат искористени ни со 10% од тоа што би се постигнало со пуштање на комплетната обиколница. Подобро нека не прават такви театри!

А и за друга работа да искоментирам - градба на градски сообраќајници поврзани со обиколницава. Поврзувањето на клучката кај Лепенец и клучката кај Бутел со зацртаните сообраќајници којзнае кога ќе го дочекаме... Клучката кај Стопански Двор пак ќе биде поврзана, но со некакво мизерно патче... А сето ова требаше да биде исто готово до сега...

Bash


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Jul-2008 at 22:47


Еве уште една потврда за театарот кој следува. Bash Ваков развој на настаните создава услови случајот фарма Белимбегово да добие антологиски размери како куќата на Водњанска Bash

Завршена изградбата на скопската заобиколница

Скопската заобиколница кон крајот на месецот се очекува да биде пуштена во употреба. Градежните работи привршуваат. Проблем засега се само високите температури, бидејќи работниците по цел ден се на сонце.

„И сабота и недела не тераат на работа, по цел ден на вруќинава. Оваа делница е наша, ова е се наш пат, оди до Оризари, скоро до Шутка“, рекоа работниците.

Во фондот за патиштата изјавија дека сите градежни работи се завршени и дека треба да се средат уште административните. Сепак, немаа конкретен одговор од кога скопската заобиколница ќе започне и официјално да функционира.

И покрај предупредувачкиот знак, многумина од возачите на свој ризик веќе ја користат заобиколницата. Неодамна, тврдат градежните работници, за малку бил избегнат голем несреќен случај.

Скопската заобиколница најверојатно ќе го растерети главниот град на републикава. Се очекува сите камиони, шлепери, цистерни да го избегнуваат центарот на Скопје, да ја користат заобиколницата.

Најверојатно решени се и проблемите со жителите од околните села низ кои поминува патот. Тие бараа поместување околу 300 метри над селата. Поставена е и заштитата од бучавата која би се создавала со сообраќајот.

Проектот заобиколница околу Скопје чини 60 милиона евра. Се гради веќе четири години.



http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=95038 - http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=95038


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Jul-2008 at 00:36
Originally posted by pbanks



Еве уште една потврда за театарот кој следува. Bash Ваков развој на настаните создава услови случајот фарма Белимбегово да добие антологиски размери како куќата на Водњанска Bash http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=95038 -


Абе какво Белимбегово, фармата во прашање е на излезот од Сингелич накај Арачиново. Си ги помешал фармите друже LOL


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Jul-2008 at 00:46
Иначе у текстот ни трага од некаква информација дека фали сегмент од обиколкницата... Обиколницата била готова... Јухууууу!

А ете сега и најнова и апсолутно најнереална наводна цена - 60 милиони евра...

„Браво“ за новинарот! Roll%20eyes


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 08-Jul-2008 at 10:06
kamoli neka e gotovaLaugh

-------------


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Jul-2008 at 15:25
Еве неколку слики од сигнализацијата на M3 при вкрстувањето со обиколницата (ваљда е тоа клучка Стенковец?)

1

2

3

4

5

6 Дел од новиот лепотан



Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Jul-2008 at 16:21
Зашто малце не ми се логични знациве. Ај на гоогле еартх одбележи ги локациите на знациве.


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Jul-2008 at 16:23
Originally posted by lslcrew

Зашто малце не ми се логични знациве. Ај на гоогле еартх одбележи ги локациите на знациве.


Нема што да се обележува сите се пред клучката стенковец сликани и од страната кон Приштина и од страната кон Скопје


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Jul-2008 at 16:27
Па еве да речеме првата слика. Треба да е од пр кон ск. Тогаш нема логика ох и те да се лево, а ку и ве да се десно.


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Jul-2008 at 16:29
Originally posted by lslcrew

Па еве да речеме првата слика. Треба да е од пр кон ск. Тогаш нема логика ох и те да се лево, а ку и ве да се десно.


Има... погледни ја клучката на Google Earth онаа веднаш до аеродромот Стенковец.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Jul-2008 at 16:35
RunawayCrazy

п.с Сметам дека требаше оваа клучка комплетно да биде изведена, а не вака половично, па после да се јават проблеми кога ќе се гради автопат за приштина.


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Jul-2008 at 16:37
Originally posted by lslcrew

RunawayCrazy

п.с Сметам дека требаше оваа клучка комплетно да биде изведена, а не вака половично, па после да се јават проблеми кога ќе се гради автопат за приштина.


Да без врска е... кога ќе се гради автопатот ќе треба и нова клучка т.е. истава да претрпи сериозни модификации.

Но најголема утка на обиколницава е што немаа приклучка од Скопје кон обиколницата во источниот дел (кон почетокот на обиколницата фактички). Стварно не ми е јасно со кој памет го смислиа така.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Jul-2008 at 16:40
О боже, па овие ја заебале сигнализацијата...

Wallbash Wallbash Wallbash Wallbash Wallbash

Од кога тоа накај Приштина се оди по М-1 ?
Како може по М-3 да се стигне до Тетово и Охрид ?
М-1 никогаш, а со изградбата на обиколницава ни Е65 веќе не влегува во Скопје...
Ниту пак М-1 е дел од обиколницата...

А ако не ги знаат патиштава, барем да употребеле малку логика, па од иста клучка да не можеш да се упатиш по еден М-1 кој оди на правец Скопје-Блаце и по „друг“ М-1 кој оди преку обиколницата накај Велес и Куманово...

За фактот што Е-мрежата стандардно се одбележува без цртичка (правилно би било Е65, а не Е-65 како што стои на овие патокази), можеби и не вреди да се збори при вакви други крупни грешки. А за тоа дали нашата М-мрежа се бележи со или без цртичка, прашање е дали е воопшто регулирано, а и што ќе ни е да се замараме со „ситници“ како стандардизација на патната сигнализација... Па секој патоказ ќе си го направиме уникатен...

Ohno




Мада ни ова не е некое изнендаување, сепак ние сме земја каде латиничната верзија за Атина на нашите патокази фигурира во 4 форми (од кои две се единствено плод на нечија инвентивност во „преводот“)

Atina
Athina
Athens
Athena

Nuts Nuts Nuts


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Jul-2008 at 16:45
може требаше недвозникот да се направи дупло поширок па да нема модификации, ама скржавиот дупло плаќа, па после (не е којзане колку после) ќе треба нови труби. А за источниот дел и јас мислев како тебе па после видов дека и не е толку потребно пошто мислам дека властите имаат тенденција сообраќајот кон стајковски и другите околни села тука да иде преку вантрешната градска мрежа, а не преку автопат. А од друга страна па, и не е некоја толку скапа инвестиција за да се иде на сегашното решение. Кловер е многу разочаран . А да ти кажам може и требаше да се направи пошто сега према стајковци и нема некој којзнае кокав сообраќај, ама во иднина кога ќе се насадат фабрики, магацини и хипермаркети, нема да биде така лено шлепер да се пронтне преку стајковци. Сега како импровизаторско решение може да идеме до прва клучка према куманово, па оп назад.


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Jul-2008 at 16:48
Originally posted by lslcrew

може требаше недвозникот да се направи дупло поширок па да нема модификации, ама скржавиот дупло плаќа, па после (не е којзане колку после) ќе треба нови труби. А за источниот дел и јас мислев како тебе па после видов дека и не е толку потребно пошто мислам дека властите имаат тенденција сообраќајот кон стајковски и другите околни села тука да иде преку вантрешната градска мрежа, а не преку автопат. А од друга страна па, и не е некоја толку скапа инвестиција за да се иде на сегашното решение. Кловер е многу разочаран . А да ти кажам може и требаше да се направи пошто сега према стајковци и нема некој којзнае кокав сообраќај, ама во иднина кога ќе се насадат фабрики, магацини и хипермаркети, нема да биде така лено шлепер да се пронтне преку стајковци. Сега како импровизаторско решение може да идеме до прва клучка према куманово, па оп назад.


Дефинитивно е голем пропуст. Па не е тоа нешто скапо, што повеќе е прилично логично и стандардно при изведба на ваков објект. И во моментов ќе има голема потреба за таков излез а да не зборувам за во иднина.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Jul-2008 at 16:56
Дечки, за модификација на клучката во целосна детелинка нема да треба голема инвестиција, само доградба, без скоро воопшто да се чепка веќе изграденото. Ако загледате повнимателно, ќе приметите дека едната петелка е точно поширока колку за да се протнат уште три ленти низ клучката (во правец север-југ) и се да биде идеално симетрично.
Ама поразително што кај нас се се прави со ваков менталитет - половично... Па каква им е таа дрскост да најавуваат автопат Скопје-Приштина во најскоро време, а ваму клучката ја направиле како да тој автопат нема да се гради барем во наредните 20 години... Плус тоа клучкава во сегашнава форма и сама по себе ќе биде проблем ради неденивелираните вкрстувања, без воопшто да го земаме во предвид идниот автопат накај Приштина.

ЛСЛ, муабетот со Стајковци воопшто не ти држи. Зошто побогу властите би имале тенденција да го насочат преку градската мрежа?!?!?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Jul-2008 at 16:57
Незнам дали сум во право, но мислам дека обиколницата и патот кон приштина ќе наметната итна потреба од изградба на клучката момин поток. Доколку иде под концесија патот за приштина, тогаш можеби и оваа клучка треба да се вклучи како дел од патот, па да треба концесионерот задолжително да ја изгради.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Jul-2008 at 17:01


Не само Момин Поток туку и вкрстувањето со бул. Словенија



Print Page | Close Window