Најимпозантните градби и објекти во Р. Македонија
Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Останати теми
Forum Discription:
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=842
Printed Date: 05-Jul-2025 at 08:33
Topic: Најимпозантните градби и објекти во Р. Македонија
Posted By: Andrej_LJ
Subject: Најимпозантните градби и објекти во Р. Македонија
Date Posted: 29-Jan-2010 at 19:28
Ја отварам оваа тема поттикнат од идејата која ја видов на Бугарската Национална Телевизија. Ајде да направиме една листа на 10 објекти, во Макеодонија и потоа гласаме за нашиот фаворит по пат на анкета и така го избереме најважниот и најимпозантен објект или градилиште кај нас. Секој може да остави свој предлог-објекти од Макеоднија, од нив ќе избереме 10 и потоа заеднички ќе ги разработиме, идентифицираме со сите карактеристики и значајности.
Критериуми според кои треба да се раководите при давање на предлози:
-општествена значајност на градбата -големина, размери и заплетеност на градбата -архитектурна вредност (визија, изглед и функционалност) -градежна уметност (конструкција и скелет на градбата) -епохата во која се градени (гледано од сите аспекти, меѓу кои напреднатост на технологијата и идеите, финанскиски и човечки можности, потреби на населението итн) -споредба на домашниот објект со сличните објекти од ист тип по светот (по квалитет и по секој од претходните критериуми).
Задолжително е со номинацијата, да се посочат барем три причини за вашиот избор (од страна на архитектурно, но и социо-културолошко гледиште).
Потоа би требало да се трудиме да станува збор за навистина големи прокети барем за нашите стандарди, реализирани од 1900 година до денеше ден. Значи тука не влегуваат објекти изградени пред 20 век. Исто така би требало да се оформи прилично разнолика листа на објекти, по категории: 1) Индустриски 2) ЕЛ. централи и водни регулации 3) Монументални згради од особено значење за државата и народот или посочениот град 4) Патишта или железници 5) Цркви и споменици 6) Мостови или вијадукти 7) Други ваши идеи.... За почеток јас номинирам неколку објекти и објаснувам на кратко зошто:
* РЕК БИТОЛА - срцето на домашниот електро систем. Нашата најголема електростаница, која снабдува огромен дел од домашната електроенергија, единствена со повеќе од еден блок во републиката. Рудниците кои се отворени за нејзините потреби се исто така од колосални размери за нашите стандарди. Обезбедува бенефит за целата држава (како народот така и на стопанството), особено за Битола преку вработувања.
* ОБНОВА НА ПОСТ-ЗЕМЈОТРЕСНО СКОПЈЕ - Скопје доживеа невидена катастрофа.... Мислам дека на обновата на нашата столица треба да се гледа како еден единствен проект, помогнат од целиот свет. Покрај директното олеснување за погодените и настраданите од земјотресот, со обновата на градот се ствараат сите услови за развој на модерна престолнина, центар на економските, социалните, хуманистичките и административните движења во државава. Обновата е децениски проект, кој сеуште не завршил и денеска.
* ЗГРАДАТА НА МТВ - самиот факт дека се работи за највисоката (а според мене и една од естетски најубавите згради во Скопје) а и палата токму на националната телевизија, кажува дека овој објект треба да се нареди на оваа листа.
* ХИДРОСИСТЕМ ДЕБАР-МАВРОВО-ВРУТОК - тука јас не би можел да кажам технички карактеристики, само знам дека ова е склоп од 4-5 хидроцентрали (Шпиље, Глобочица, Маврово, Равен, Вруток), изградени во 50тите години на 20 век. Покрај изградбата на неколку акомулации и езера, се изградени големи канали за одвод на водата, од кои најголемиот е Маврово-Вруток, од над 10 километри. Овој систем е значителен извор на електроенергија за Македонија и е прв од ваков тип кај нас.
* РЕГУЛАЦИЈА НА РЕКАТА ВАРДАР НИЗ СКОПЈЕ * ГРАДСКИ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР СКОПЈЕ * ПРУГАТА СКОПЈЕ-КИЧЕВО * СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗАРНИЦА За жал за овие проекти јас незнам ниаккви технички карактеристики, а очевидните придобивки ги знаеме сите. Очекувам ваши идеи и предлози, кои објекти би влегле во конечната финалната ТОП 10 листа.
------------- "Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Jan-2010 at 20:12
Чисто да номинираме за почеток
- Градски ѕид - Катедралата во Скопје - Автопатот Скопје-Тетово
Сигурно ќе ми текнат и повеќе
|
Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 29-Jan-2010 at 20:19
Моја кандидатска листа:
1. Македонски пошти (ПТТ во та време) во Скопје
2. НИП Нова Македонија
3. МОБ - (Некогашно МНТ)
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Jan-2010 at 20:27

Одлични номинации и јас ќе ги ставев да ми текнеа 
|
Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 29-Jan-2010 at 20:46
Да, но некако освен МНТ, другиве објекти (Нова Македонија и ПТТ) не ми се толку импозантни или колосални или значајни, за да бидат избрани за градба на векот! Мислам дека најимпозантната зграда во Скопје си е МТВ. Повеќе ми оди мислата кон навистина сложни и големи (како по обем, така и по значајност) објекти, како Транспортниот центар во Скопје, може би и мостот Гоце Делчев, потоа пгугара кон Крива Паланка... Да не го ограничуваме изборот само на згради и само на објекти од Скопје (иако за жал големите и значајните проекти во голема мерка се реализирани во Скопје).
------------- "Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Jan-2010 at 20:52
Транспортниот центар е дефинитивно номинација. И за мостот Гоце Делчев бев во дилема, и јас мислам дека треба да е вброен, особено што се работи за специфична и грациозна структура.
За Нова Македонија и ПТТ, би се сложил дека Нова МАкедонија можеби не е за оваа листа иако е одличен објект. Но ПТТ комплексот мислам дека дефинитивно заслужува да влезе во номинации.
|
Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 29-Jan-2010 at 21:23
@Andrej, мислев дека е ова само номинација не и финално гласање, затооа ги додадов објектите кои ти и пбанкс ги пропуштивте. Како што и сам спомна и НИП и ПТТ имаат огромно општествено значење. Што се однесува до пругата кон Крива Паланка, бидејќи не е сеуште завршена апсурдно е да се најде на листава. Можеби под категорија, пропаднати, или нереализирани проекти.
Од индустриските капацитети, би ги додал и рафинеријтат Окта, како единствена во Македонија, винарска визба Тиквеш, како своевремено најголема на Балканот и евентуално Фени. Друго мислам дека се покривте.
|
Posted By: krale
Date Posted: 29-Jan-2010 at 21:57
Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 29-Jan-2010 at 21:59
Те молам прочитај ги правилата, се работи само за згради и објекти изградени од почетокот на 20 век до денес!
------------- "Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
Posted By: krale
Date Posted: 29-Jan-2010 at 22:46
Па самоилова тврдина ја изгради Паско Кузман пред 2-3 години.... Еве сега и Кале го гради...
Шала настрана, модераторе бриши... А не е лошо да стои тоа 20-ти век и во насловот, затоа и го пишав коментарот.
|
Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 29-Jan-2010 at 22:52
Да во право си и за двете нешта. Првото ми буди голем смех, а за второто сеуште не сме одлучиле дали од 1900 до денес или 1945 до денес. Па кажи некој твој предлог ако имаш од овој период...
------------- "Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
Posted By: krale
Date Posted: 30-Jan-2010 at 00:00
Па горе-доле ги спомнавте поинтересните.
Би додал можеби тука дека по некои стандарди новата американска амбасада е најсолидно здание кое нема стандард што не го исполнува, што постои во Македонија. Со цена од 100 милиони долари и најмалку 13000 м2 корисна површина навистина не е за потценување. (интересно нема тема за ова здание на форумот колку што гледам!)
Исто така, кога ќе се заврши, арената Филип 2 дефинитивно влегува во моите фаворити.
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Jan-2010 at 00:31
Ја ќе почекам да се изгради гмалл па ќе ја реактивирам нишкава тогаш!
|
Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 30-Jan-2010 at 00:55
Е, сега како можеш да споредиш мол со РЕК Битола или со регулацијата на Вардар? Дајте малку посериозно Што бенефит би видела македонската држава од објект како Џи мол жити се?!
------------- "Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Jan-2010 at 00:59
Шала е тоа!
-Транспортен на прво место у пакет со железнички прстен околу Скопје и депоата. -МТВ да речеме.... -не ми текнува нешто што би го издвоил посебно како трето
|
Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 30-Jan-2010 at 01:37
Прво дај научи се да употребуваш македонски зборови, Черепналковска не ли те научи нешто?!?  Интерна финта и во рамките на шегата! Би сакал поголема распрсканост на проектите на ниво на Македонија.
------------- "Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 30-Jan-2010 at 01:49
Освен некоја брана и термоцентрала, друго капитално тешко дека има надвор од Скопје во последниот век.
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Jan-2010 at 01:55
Черепналковска ми остави 2-ка (двојка) во диплома. Од двојка не мрднав. Иди кај нејзе буни се сега! 
|
Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 30-Jan-2010 at 03:09
Знаеш што викаат: Што повикало, тоа се јавило!  Гитаре знаеш дека РЕК (барем спорем мене ќе победи во финалната класација), затоа дајте да не бидеме врзани за Скопје, јас сум многу против концентрација на моќта!
------------- "Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 30-Jan-2010 at 03:52
...
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jan-2010 at 05:44
Моите 10:
- Пругата Гостивар-Кичево - Кој патувал по нејзе разбира зошто едноставно
мора да биде на листава. Од бројните тунели и вијадукти, доволно е да
се спомне тунелот Буковик кој е долг нешто над 7km, па да биде јасно за
каков зафат станува збор.
- ГТЦ - Масивен и многу авангарден во тоа време, не само во регионални рамки, туку и во светски!
- Мавровски систем - Во условите во кои е граден (веднаш после втората
светска војна) ова бил неверојатен потфат. Ден денеска Македонија
обезбедува речиси пола од својата хидроенергија од овој систем, а за
таа цел животот го положиле многу работници.
- Транспортен Центар - Масивен и прилично уникатен и напреден, особено за времето во
кое е изграден. За жал не го искористуваме сосема неговиот потенцијал,
но вредноста му останува и за во иднина.
- РЕК Битола - Двигателот на нашата економија. Масивни блокови, огромен рудник, огромни багери... Quite a sight!
- Соборна Црква Св. Климент Охридски - Прекрасно здание!
- МТВ - Масивна и убава, плус највисока зграда во државата.
- Македониум - Архитектонско ремек дело, а сигурно требало и извонредна умешност во изведбата. Верувам за секој Македонец е и со огромна сентиментална вредност (само уште да го одржуваа како што треба )
- Скопска Железара - Еден поглед на google earth и се е јасно.
Дополнително тука е и огромната економска вредност која се уште е еден
од клучните фактори во нашата економија.
- Планските станбени кластери во „Аеродром“ - Квалитетно домување за
неколку десетици илјади луѓе. Мал бев кога се градеше, но сепак се
сеќавам за какви огромни градилишта стануваше збор.

|
Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Jan-2010 at 18:37
Супер идеја, сакам да се приклучам. Еве ги моите предлози:
1) РЕК Битола но можеби треба да бидеме и пофлексибилни и да ја вклучиме во игра и 3X Te-To ( прва во регионот, голем капацитет, најмодерна технологија а во брзо време треба да биде завршена)
2) Воена болница - своевремено најмодерна здравствена институција, поприлично голем и маркантен објект, така да вреди да се спомне
3) Милениумски крст, Македониум
4) Не се разбирам многу од патишта и железници, ама М4 ако може да го земеме како една целина тогаш е битен зошто ги поврзува сите големи и битни градови од западна Македонија, а го вклучува и автопатот Скопје-Тетово
5) Плаошник(прекрасна црква, голема туристичка атракција, можеби најбитното светилиште за православните во Македонија)
6) Мислам дека тука слабо стоиме со битни објекти, и како битен само ми текнува мостот „Гоце Делчев“
Како особено битни не смее да ги изоставиме следните
*Скопска Железарница, индустриски гигант и двигател на економијата
*Транспортен центар
------------- Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
Posted By: Dragan
Date Posted: 30-Jan-2010 at 19:42
Еве мои неколку објекти,ама некои се приватни : - Воена Болница - Факултетот на југо источна европа во тетово - Национлна арена Филип 2 ( во изградба) - Американса амбасада - Тутунскиот комбинат во Прилеп (само треба една добра реконструкција) - Тетекс Тетово - Глобал Струмица - Сала Борис Трајковски - Зградата на македонски телекомуникации - Тиквешко Езеро заедно со браната
-------------
|
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 30-Jan-2010 at 20:55
Eve uste nekolku:
-Hotel drim struga
-Hotel montenegrin ohrid
-Sud Skopje 1
-Studenski dom goce delcev(ne sum bas siguren koj vek)
-De jure blue Center gostiar
-Getro trgovski centar gostivar
sto ne poznavate prasajte
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 30-Jan-2010 at 21:09
Хотел Изгрев и хотел Еуротел во Струга? Можеби и Хотел Континентал како едни така најголеми хотели.
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 30-Jan-2010 at 21:30
Да, со сигурност Евротел и Дрим заслужуваат да биат тука, двата се особено интересни и убаво, вкусно чудни. Потоа и Милениумскиот Крст би можел да влезе но не би рекол дека ја има масивноста и тежината на конструкција. Всушност на него нема ништо како содржина, може да се рамни со секој голем предавател. Знаете што ми паѓа на памет сега? Дека во Македонија немаме ниту една ТВ кула! Жално е тоа. И во Југославија немаше многу, знам за Белград и Загреб само.
Не сакам да критикувам ничии идеи, но дајте барем втемелете и образложете зошто сте ги номинирале дадените објекти!
------------- "Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jan-2010 at 22:34
Originally posted by La Linea
3X Te-To ( прва во регионот, голем капацитет, најмодерна технологија а во брзо време треба да биде завршена)
|
Тоа 3x се однесува дека нишката е за сите три проекти на те-то капацитети во Скопје. Во право сум бил кога во уводот повикав да се дадат подобри идеи за наслов 
|
Posted By: gorco
Date Posted: 31-Jan-2010 at 01:14
Можеби би помалку познато - но сепак вреди да се спомене, "градот" Јасен.
-Јас би го вметнал и Хотел Изгрев исто така, поради теренот на кој е изграден во карпа. 8-миот кат од напред е всушност 3-ти кат од позади, односно од влезот од паркинг. -Хотел Бисер исто така - кој е буквално изграден во карпа - која што се гледа низ целиот ресторан. -Пругата Гостивар - Кичево е приказна сама за себе.
Другиве не би споменувал - веќе ги има погоре.
-------------
|
Posted By: La Linea
Date Posted: 31-Jan-2010 at 03:22
Веќе почнаа да се собираат доста предлози па ги земав сите и ги категоризирав според категориите на Андреј. Некои објекти што повеќе пати се спомнати ги означив со ѕвезда за да се истакнат од помалку популарните. Ова е прелиминарната листа што ќе се надополнува понатаму со предлози од останатите членови. Пријавете ако има некои грешки и ако имате некакви забелешки.
Originally posted by Најимпозантните градби и објекти во Р. Македонија
1) Индустриски Рафинерија ОКТА Скопска Железарница * Винарска визба Тиквеш
2) ЕЛ. централи и водни регулации РЕК Битола** Хидросистем ДЕБАР-МАВРОВО-ВРУТОК* Регулација на Вардар низ Скопје Те-То
3) Монументални згради од особено значење за државата и народот или посочениот град Зграда на МТВ ** Градски Трговски Центар - Скопје * Градски Ѕид Катедрала во Скопје Македонски пошти НИП Нова Македонија МОБ Транспортен центар ** Македониум* Воена болница* Милениумски крст Глобал Струмица Сала Борис Трајковски Хотели (Изгрев, Бисер, Евротел, Дрим) Студентски дом Гоце Делчев
4) Патишта или железници Пруга Скопје-Кичево Автопатот Скопје-Тетово Пруга Гостивар-Кичево Пругата кон Крива Паланка
5) Цркви и споменици Соборна Црква Св. Климент Охридски Св. Пантелејмон (Плаошник)
6) Мостови или вијадукти Мост Гоце Делчев*
7) Други ваши идеи.... Обнова на пост-земјотресно скопје Станбени блокови во „Аеродром“
Национална арена Филип 2(?)
|
------------- Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 01-Feb-2010 at 13:57
Со помош на оваа идеа, излезе на виделина фактот колку државата ја има запоставено провинцијата на Македонија, особено источниот дел! Ова нешто треба под итно да се смени. Дури јас не видов еден единствен капитален објект (а и мене неможе да ми текне) што бил реализиран во источна Македонија. Јас имам неколку предлози од овој дел, не дека се со големи шанси за проаѓање понатаму, но сепак за да ја застапиме и оваа немалуважна половина.
- Храм Св. Тројца (или Тројство незнам) Радовиш - Хидрокомплекс Злетовица и браната Кнежево - основањето на град Македонска Каменица
------------- "Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Feb-2010 at 14:14

Јас пак мислам дека сите три се добри кандидати (единствено за Злетовица имам резерви беидејќи има уште доста фази до комплетирање на целиот проект). Во секој случај одлични предлози, токму кога помисливме дека горе-долу ги исцрпевме можностите 
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Feb-2010 at 22:15
Ајде луѓе, има ли уште по некој предлог, или да се обидеме да ја дефинираме листата?
|
Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 03-Feb-2010 at 23:28
Гледам дека идеите се исцрпија, по зачетниот моментум. Мене навистина не ми текнуваат други објекти од особен значај во Македонија, затоа јас би ги резимирал сега моите финални 10 предлози, голем дел од нив за жал се во Скопје:
1) Индустриски објекти:
- Железарници Скопје
2) Електрични централи и водни регулации:
- РЕК Битола - Битола
- Хидросистем Маврово
3) Монументални згради од сеопшто значење:
- МРТВ Скопје
- ГТЦ Скопје
4) Инфраструктурни објекти:
- Транспортен центар Скопје
5) Патишта и железници:
- железничката пруга Гостивар - Кичево
6) Цркви и споменици:
- Соборен Храм Св Климент Охридски - Скопје
- Спомен-обележје Македониум - Крушево
7) Општи идеи:
- обновата на пост-земјотресно Скопје
Ајде да видиме што мислите вие околу листава воопшто
------------- "Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
Posted By: Dragan
Date Posted: 04-Feb-2010 at 01:25
- Винарска визба Тиквеш - ОХИС
-------------
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Feb-2010 at 02:42
Милениумски не би го оставил надвор од комбинација.
|
Posted By: алек
Date Posted: 04-Feb-2010 at 17:40
- архив на град Скопје
- зградата на МАНУ
- музеј на современа уматеност (Скопје)
- музеј на Македонија (Скопје)
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Feb-2010 at 10:16
pbanks, предлагам да направиш избор и да ја поставиш анкетата
|
Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 05-Mar-2010 at 16:02
Дечки што стана со работава? Ќе видиме ли листа, претставување на избраната десетка и подоцна анкета?
------------- "Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Mar-2010 at 16:23
Андреј, вечер ќе се вратам од пат и од утре ќе ја средам анкетата.
Како се договоривме за изборот на објектите дали да преброиме кои 10 објекти се највеќе предложени?
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Mar-2010 at 23:22
ОК ја поставив анкетата, се извинувам што малку се почека.
Многу тешко е да се состави ваква листа каде што на куп се натрупани објекти од најразноразен тип и големина. Можеби треба да ни послужи како повод да отвориме слични нишки на тематска основа.
Во секој случај во селекцијата мислам дека се вметнати објекти кои пред се
1. Биле импресивни/импозантни во времето кога биле изградени (и/или се сеуште импозантни 2. Дале голем развоен импулс на нашите градови/земја
Значи не гласаме за убавина.
Ве молам гласајте за по 3 објекти.
Јас гласав за
1. Транспортниот центар кој иако недовршен и без улогата која што треба да ја има, е капитален објект и за градови многу поголеми од Скопје и очекувам дека во иднина ќе си го добие местото кое го заслужува во градското пулсирање 2. ГТЦ, поради фактот што во времето кога бил изграден бил една импозантна структура со феноменални специфики, но уште повеќе поради фактот што објектот е многу повеќе од трговски центар. Тој е можеби највиталната пешачка артерија во градот и е дефинитивно нераскинлив дел од секојдневниот живот на секој скопјанец. 3. Населба Аеродром Скопје, која е според мене врвот на постземјотресната изградба, една одлично испланирана модерна урбана целина, една од главните адути во транзицијата на Скопје од гратче во град во 70те-80те.
|
Posted By: La Linea
Date Posted: 15-Mar-2010 at 00:57
1. Железара - Скопје : Огромен индустриски комплекс со големо значење за економијата на Македонија, своевремен мегапроект кој (мислам дека) на времето бил најголем од тој тип во Југославија. Можеби тој статус го држи до ден денес.
2. Транспортен центар, исто како и пбанкс
3. Хидросистем Маврово - подвиг во градежништвото кој можеби во македонската историја нема конкуренција. Под ова се подразбираат сите 3 брани, електроенергетски објекти, тунели, доводни канали, огромен број на работници, меѓу кои и 52 работници кои настрадале во лавина.
------------- Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Mar-2010 at 01:06
Транспортен центар Мавровски систем ГТЦ
Originally posted by Cloverstack
- ГТЦ - Масивен и многу авангарден во
тоа време, не само во регионални рамки, туку и во светски!
-
Мавровски систем - Во условите во кои е граден (веднаш после втората
светска војна) ова бил неверојатен потфат. Ден денеска Македонија
обезбедува речиси пола од својата хидроенергија од овој систем, а за
таа цел животот го положиле многу работници.
- Транспортен Центар
- Масивен и прилично уникатен и напреден, особено за времето во
кое е изграден. За жал не го искористуваме сосема неговиот потенцијал,
но вредноста му останува и за во иднина.
|
|
Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 15-Mar-2010 at 01:07
Јас гласав за
-Транспортен центар, поради горе наведените причини,
-Хидросистем Маврово, пред се заради негоавата обемност, време на изградба (всушност е првиот поголем капацитет за произвотство на ел. енергија во Македонија, кој дава силен поттик за севкупниот понатамошен развој во земјава).
-зградата на МРТВ. Според мене еден многу препознатлив објект за Скопје, со кој нашата телевизија може да се мери рамо до рамо со седиштата на БиБиСи во Лондон, или СиЕнЕн во Атланта. Да не збориме што буквално никоја национална телевизија во регионов нема ни отприлика таков голем и репрезентативен објект. Сегашната запуштеност и неискористеност е последица на други проблеми и незнаења.
------------- "Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Mar-2010 at 01:13

Репрезентативноста и големината на зградата на МРТВ и не се единствените аргументи, зградата е направена со сите нишани во однос на студија, сали, опрема, архивски простор итн...
Еве нешто што имаме архивирано на форумот околу тоа
Објектот е составен од четири блока - музички и
радиостудија, драмски и телевизиски студија и кулата како
административен
објект. Има вкупно 14 други студија. Тие наменети за драмата, не се
изградени.
Телевизиските имаат површина од 400 квадратни метри, а околу нив има
повеќе
помошни простории - шминкерници, одаи за одмор и сл. Во едно од
музичките
студија можат да се сместат оркестар и хор, составени од 120 луѓе и 50
луѓе
публика. Два ката од објектот се отстапени за кинотеката.
-
Музичките
студија се градени 11 метри под земја и достигаат три метри под нивото
на
Вардар. Имаат по три пода и по три ѕида и големи акустични врати, тешки
по
четири тона, колку што тежат и светлата. Опремата во студијата е
англиска,
француска и германска - вели Бабамов. |
|
Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 15-Mar-2010 at 01:16
Појма немав дека се работи за толку голем објект (под земјата). Исто така не знаев дека е недограден (има ли воопшто некој од големиве пост-земјотресни проекти, кој е целосно реализиран?)...Тогаш сме идиоти без конкуренција, што немаме најсилна национална телевизија во поширокиот регион!
------------- "Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Mar-2010 at 01:31
Originally posted by Andrej_LJ
Појма немав дека се работи за толку голем објект (под земјата). Исто така не знаев дека е недограден (има ли воопшто некој од големиве пост-земјотресни проекти, кој е целосно реализиран?)...Тогаш сме идиоти без конкуренција, што немаме најсилна национална телевизија во поширокиот регион! |
Немора да е најсилна национална телевизија, но наместо во објектот да се издаваат пасоши како денеска, требаше да послужи како еден инкубатор за сите медиуми кои изникнаа во Македонија. Можеше да биде тоа еден инфраструктурен џин кој ќе ја подржуваше медумската продукција (нешто како МЖ Инфраструктура и МЖ Транспорт) не само во Македонија туку и пошироко. Не се работи за ист пример, но сепак Бојана студијата во Софија се пример за тоа што говорам каде и во време кога немаше толку бугарска продукција успеаја да опстојат со "аутсорсирање" на своите капацитети.
Жално е што денеска просторот во МРТВ е натрупан со застарена техника и е запустен и пренаменет за комплетно различни дејности или пак пропаѓа.
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Mar-2010 at 04:34
Бидејќи збирот на гласовите не штима, еве потсетување - се договоривме да се гласа за три опции. Гласањето се врши едно по едно.
|
Posted By: SkyBoy
Date Posted: 21-Mar-2010 at 15:39
За жал импозантните градби се ужасно грди Транспортен центар, МТВ, ГТЦ, Телеком/ПТТ. А надоаѓа и Антички суд, архив, музеј, по импозантност, за грдосија - не сум компетентен. Градбите од таков тип се главно интересни, но тоа што се гради сега (во денешно време) е дискутабилно.
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Mar-2010 at 16:02
Импозантноста не ја мериме (барем во оваа нишка) по тоа како ние субјективно ја доживуваме естетиката на дадените објекти, туку нивното сеопфатно влијание на развојот на нашите градови, земја и општество.
Неспорно е дека сите објекти наброени погоре имале огромно влијание...
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Mar-2010 at 16:04
Да го забележиме моменталниот топ 3
1. Транспортен центар - 5 2. ГТЦ - 5 3. МРТВ/ХС Маврово - 4
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Apr-2010 at 23:11
Чисто да ја освежам темава, отишла на втора страна, па да не ја заборавиме зошто како што гледам има уште доста за гласање.
|
Posted By: pavche
Date Posted: 15-Apr-2010 at 18:53
Може да ве замолам, да сложите доколкото има слики от сите номинирани обекти, со кратко описание. Сакам да видjа и да науча повеке за секоj еден от тех, преди да гласам.
|
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 15-Apr-2010 at 19:21
vo prvotot mesto e transporniot centar???
ve molam kako e vakvo nesto mozno?Zar ne gledate kako izgleda ?bez boja pokrivot katastrofa plockite itn.
sepak toa e vaseto mislenje
Glasav za GTC deka kako sto bese po mediumite ke se renovira i ke dobie uste eden kat, a i ko bev tamu mi se dopagase kombinacijata so stanbenite zgradi i terasata kaj soravia sto bese prekrasno. Imase i popusti kako necistotija, kucinja vnatre plockite malku unisteni itn.
no mislam deka zazlusuva poent deka e i golem.
Za malce ke glasav za mkrtv no ko bev da izvadam pasos ja vidov i ne mi se dopagase bas deka plockite bea padneti a bese i so stara zelezo nApravena (znaci zelezoto bese premnogu stara)nikogas renovirana a istotaka i okolinata bese katastrofa
Vo ovaa zgrada gledam pozitivno samo goleminata i bojata nisto drugo
|
Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 15-Apr-2010 at 19:31
сликиве не се многу квалитетни,набрзина ги извадов интернет
зградата на МРТВ
РЕК Битола
Воена болница
------------- build.mk, гради форумска историја
|
Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 15-Apr-2010 at 19:35
Транспоретен центар
За другите предлози не можам да најдам убави слики,ко можи некој нека помогни
------------- build.mk, гради форумска историја
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Apr-2010 at 22:52
Павче во кратко.
1. Транспортен центар Скопје вклучува издигната железничка платформа на столбови, голем поштенски центар, меѓудржавна и меѓуградска автобуска станица, приградска автобуска станица и секако поврзаност со јавниот градски превоз (тука проаѓаат неколку битни автобуски линии а и сите варијанти на трамвајски планови имаат станица под транспортниот центар).
2. Градски трговски центар, во времето кога е изграден најголем и најмодерен во Југославија а веројатно прилично конкурентен и пошироко. Дел од визијата на Танге на "пешачкиот коридор" кој го врзува Транспортниот центар и плоштадот. Иако тој коридор не е потполно реализиран ГТЦ успева на некој начин да ја реализира таа своја функција.
3. Хидросистем Маврово. Систем на каскадно врзани брани, акумулацијата Мавровско езеро, битен за реулацијата на Вардар. Некој друг можеби ќе даде подобро објаснување тука.
4. Регулација на Вардар во Скопје. Го имаш видено кејот, мислам дека нема што многу да се објаснува.
5. РЕК Битола. Најголем електроенергетски комплекс во земјата, повоторно некој друг подобро би кажал околу неговиот капацитет. Овај стариот веќе приложи слики.
6. Зградата на МРТВ. Поназад во нишката зборувавме за нејзиното значење и можности.
7. Основање на Македонска каменица. Рударски град почнат од 0.
8. Воена болница Скопје. Оставам на некој друг.
9. Железарница Скопје. Пак оставам на некој друг.
10. Населба Аеродром. Голема планска станбена населба во Скопје, веројатно со значење како Младост за Софија. Незнам премногу за Младост во однос на тоа од каков квалитет е населбата, Аеродром е прилично добро испланирана (иако денеска кубури со паркинг) а и дизајнот на зградите е сосема на место кога зборуваме за ваков тип на станбени населби.
@my Macedoniа
Не ја оценуваме убавината на зградите во оваа нишка туку нивното севкупно општествено значење.
|
Posted By: La Linea
Date Posted: 15-Apr-2010 at 23:36
Originally posted by pbanks
4. Регулација на Вардар во Скопје. Го имаш видено кејот, мислам дека нема што многу да се објаснува.
|
Регулацијата на Вардар во главно се прави со акумулирање на водите на Треска во езерото Козјак. Кејот или поточно коритото исто ја има таа намена но и дргуи, како регулирање на брзината на Вардар низ населениот дел на Скопје(можно е погрешно да сум разбрал за ова), пешачка функција и слично. Зборот ми беше дека без Козјак, џабе изграденото корито...
------------- Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Apr-2010 at 14:02
ГТЦ мислам најдобро се гледа на овие слики од 70-тите, кога зеленилото во паркот се уште не пречи


|
Posted By: La Linea
Date Posted: 24-Apr-2010 at 14:53
Сакам да го видам ГТЦ со очите на Скопјани во годините кога бил нов. Колку ли футуристички им изгледал со толку ескалатори 
Иначе, гласовите сеуште не штимаат, па ако некој дал глас повеќе-помалку нека се присети и нека ја поправи грешката. Ме чуди малку слабиот одзив, мислев дека ова ќе наиде на многу поголем интерес но испаѓа дека само 18 луѓе гласале, а барем 40-46 членови секојдневно го посетуваат форумот и нишките.
------------- Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 03-Feb-2011 at 20:05
Читајќи назад во нишката, наидов на еден мој став дека во Македонија нема ништо импозантно. Епа тоа сум го напишал пред да ги прочитам сите искази после тој мој пост, и искрено жалам за таа констатација.
Читајќи ја повторно оваа (подзаборавена) нишка, исто така увидов дека има прилично многу работи да се кажат за номинираните проекти низ Македонија, па со оглед на тоа дека сајтот сепак се вика build.mk, би било извонредно добро на некој начин да презентираме што поголем број од објективе со слики и приказни за нивната изградба.
Би било добро освен новите проекти низ државава што се во изградба, на порталот да има и голем број од старите веќе изградени - архитектонски симболи на Македонија. Со тоа build.mk би било првото интернет место во светот кое ги има индексирано изградбите на најзначајните објекти во Македонија.
Кој има слики и текст за изградбата на МТВ, ГТЦ, НБРМ, РЕК Битола, пругата Гостивар-Кичево или било кој друг проект споменат тука би било супер да ги достави до редакцијата на build и да се направи нешто во врска со темава.
Срамота како не му текнало на никого досега!
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Feb-2011 at 20:33
Originally posted by гитардемон
Читајќи назад во нишката, наидов на еден мој став дека
во Македонија нема ништо импозантно. Епа тоа сум го напишал пред да ги
прочитам сите искази после тој мој пост, и искрено жалам за таа
констатација.
Читајќи ја повторно оваа (подзаборавена) нишка, исто така увидов
дека има прилично многу работи да се кажат за номинираните проекти низ
Македонија, па со оглед на тоа дека сајтот сепак се вика build.mk, би
било извонредно добро на некој начин да презентираме што поголем број од
објективе со слики и приказни за нивната изградба.
Би било добро освен новите проекти низ државава што се во изградба,
на порталот да има и голем број од старите веќе изградени -
архитектонски симболи на Македонија. Со тоа build.mk би било првото
интернет место во светот кое ги има индексирано изградбите на
најзначајните објекти во Македонија.
Кој има слики и текст за изградбата на МТВ, ГТЦ, НБРМ, РЕК Битола,
пругата Гостивар-Кичево или било кој друг проект споменат тука би било
супер да ги достави до редакцијата на build и да се направи нешто во
врска со темава.
Срамота како не му текнало на никого досега! |
Гитар, тој проект е дефинитивно една од поважните зацртани задачи на порталот. Но и сам го детектираше проблемот, материјали и информации (особено проверени и потврдени информации) се ужасно слабо достапни. Еве и јас се приклучувам кон твојот апел. Ако некој може да помогне со материјали, нека не се двоуми, а после е релативно лесна работа тие материјали квалитетно да се организираат и презентираат.
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 03-Feb-2011 at 20:52
Па не е лошо да се почне со тоа што се има, колку и да е оскудно. И две слики и два реда текст се подобри од ништо за некои навистина предобри проекти за да се изостават (плус ако се тешки за наоѓање слики од минатото, слики од денешницата воопшто не се тешки, повеќето објекти се екстензивно фотографирани). Може да оди како feature во sidebar-от на главната страница на порталот, најимпознантните градби на XX век во Македонија (клик за повеќе) 
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: daci92
Date Posted: 03-May-2013 at 17:54
Бидејќи ова беше прв пат да ја сретнам нишкава (незнам како не сум ја видел при прегледување на форумските теми) сега гласав.
Моите гласови се за : -Транспортен Центар Скопје Највеќе поради импозантноста на целиот центар во склоп со градскиот центар и целата околина ,неговата должина (ако не се лажам изнесува 2-3км) и самата планираност , тоа што своевремено не е реализиран во целост и во текот на годините не е инвестирано скоро ништо за ова импозантно издание да стане тоа што треба да биде е за плачење но во надежта за подобро утре мислам дека ќе дојде денот кога овој центар можеби ќе го добие својот правилен лик и целосната функционалност.
-Хидросистем Маврово За овој систем имам слушнато многу пати ,а воедно и од емисијата на Миленко за хидросистемите во Македонија ,моментално претставува сеуште најсложениот проект во Македонија иако има тенденции тоа да се промени (Вардарска Долина, Луково Поле , Чебрен и Галиште - системи кој се огромен Хидролошки потенцијал на Македонија и можат да бидат многу поимпозантни (според мене) од Мавровскиот).
-Населба Аеродром (Општина Аеродром) Самиот тип на градба ,начинот на планирање на целиот комплекс и градењето на оваа Општина (административно бидејќи Аеродром е мн мала населба) не се за потценување воопшто ,целиот комплекс дава нова визија и ново претставување на Скопје.
|
Posted By: zabegan
Date Posted: 03-May-2013 at 19:08
О.У. Песталоци, го нема на листава еден од првите објекти со гумени демпери во основите... многу експериментална архитектура за свое време, од инжињерски аспект
------------- Architects create dreams...politicians create nightmares
|
Posted By: medo
Date Posted: 10-May-2013 at 00:45
@zabegan
Мора да те коригирам бидејќи коментарот ти е некоректен.
Во О.У. Ј.Х. Песталоци не се вградени "гумени дампери во основите", туку гумени лежишта. Дампери се сосема други уреди, а овие и други типови уреди служат за сеизмичка изолација на објекти или уште попрецизно базна изолација на објекти. Овие лежиште се правоаголни, изработени од специјален тип на гума и во нив има вградено челични плочи во неколку слоеви. Се вградуваат меѓу темелите и почвата. Пред некое време имаше промена на овие лежишта, а инаку објектот важи за прв базно изолиран објект во светот.
"Експериментална архитектура за свое време, од инжињерски аспект" ???? Спуштете ме, ја збунив завесата. Прво, применетата базна изолација никако не е експериментална архитектура, а секако ниту било каков инженерски експеримент. Второ. архитектурата нема ама баш никаква врска со начинот на темелење на објектот, т.е. дали ќе биде базно изолиран или не.
|
Posted By: gjoko
Date Posted: 10-May-2013 at 01:03
ХС Маврово бидејќи го граделе 55 000 луѓе а од механизација имало само еден вибратор,и друго све било копач,лопата и количка.направени се над 150 км тунели и канали,а машинската хала е ставена 200 метри внатре во планината,и 180 м во длабина.халата е голема колку една спортска сала.
Другите објекти се градле во релативно поразвиени услови со повеќе механизација и технологија.
Од ХЕ Вруток на времето се контролираше фрекфенцијата во цела Југославија
|
Posted By: zabegan
Date Posted: 11-May-2013 at 02:04
Originally posted by medo
@zabegan
Мора да те коригирам бидејќи коментарот ти е некоректен.
Во О.У. Ј.Х. Песталоци не се вградени "гумени дампери во основите", туку гумени лежишта. Дампери се сосема други уреди, а овие и други типови уреди служат за сеизмичка изолација на објекти или уште попрецизно базна изолација на објекти. Овие лежиште се правоаголни, изработени од специјален тип на гума и во нив има вградено челични плочи во неколку слоеви. Се вградуваат меѓу темелите и почвата. Пред некое време имаше промена на овие лежишта, а инаку објектот важи за прв базно изолиран објект во светот.
"Експериментална архитектура за свое време, од инжињерски аспект" ???? Спуштете ме, ја збунив завесата. Прво, применетата базна изолација никако не е експериментална архитектура, а секако ниту било каков инженерски експеримент. Второ. архитектурата нема ама баш никаква врска со начинот на темелење на објектот, т.е. дали ќе биде базно изолиран или не.
| последна дезинформација од моја страна, ветувам  обично си наведувам што ми е слушнато од чаршиски муабети, ама тука малце сум се занел
------------- Architects create dreams...politicians create nightmares
|
Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 04-Dec-2015 at 21:00
Мислам дека тука би можел да се најде и железничкиот тунел Буковиќ, изграден во 1967 со должина од 7062 метри.
------------- Градот убав никна, но го откорнаа
|
|