Print Page | Close Window

Скопје 2014

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбанистички целини
Forum Discription: Урбанистички планови и градски микролокации
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=846
Printed Date: 31-Oct-2020 at 05:53


Topic: Скопје 2014
Posted By: Dave Gahan
Subject: Скопје 2014
Date Posted: 04-Feb-2010 at 15:56
http://www.youtube.com/watch?v=YBYtmAOt7RI

Не знам кај да го стаам ова...не знам ни embed да напраам...едитирајте ако треба...мислам дека соодветен thread e за видеово...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY



Replies:
Posted By: Capernaum
Date Posted: 04-Feb-2010 at 16:04

Презентиран проектот „Скопје 2014“

Скопје, 4 февруари (МИА) - Споменици на историски личности од мермер и бронза, фонтани, скулптури  и нови згради на институции, се предвидуваат според проектот „Скопје 2014“ за централното градско подрачје, што денеска беше визуелно претставен, во организација на општина Центар.

Спомениците на Методија Андонов Ченто, Цар Самоил и Јустинијан Први се изработуваат од мермер, а сите останати меѓу кои и на Гоце Делчев, Даме Груев, на Гемиџиите, Св. Кирил и Методија, Св. Климент и Наум, лавовите на мостот „Гоце Делчев“,... ќе бидат во во бронза.

Според деталниот урбанистички план, спроти кафе барот Тренд  и на локацијата до поранешниот Офицерски дом е планирана изградба на хотели. Предвидена е изградба и на православен црковен храм „Св. Константин и Елена“. Локацијата и припаѓа на МПЦ која одлучува кога ќе се реализира нејзината изградбата на црквата.

На плоштадот „Македонија“ ќе има фонтана со споменик на Александар Македонски на Букефал, која ќе почне да се гради откако ќе се дислоцира подземната инсталација, каблите и цевките. Општина Центар за тоа предвидува најмалку два месеца, а целата работата се очекува да заврши во период од околу една година. Предвидено е фонтаната да биде пуштена во употреба без споменикот на Александар Македонски, ќе има шест програми на движење на водата, а навчер и светлосни ефекти во ритамот на различни музички нумери.

Фонтана ќе има и на плоштадот „Карпошово востание“, од спротивната страна на Камениот мост. Фонтаните, пак, кои треба да се поставуваат во Вардар ќе ги изведува компанијата „Ла Моне Моредо“ од Италија, а градежните работи да почнат годинава кога ќе има низок водостој на реката. Водениот столб на фонтаните се очекува да достигне до 30 метри.

Од другата страна на Вардар ќе бидат објектот на стариот театар во Скоје и Музејот на македонската борба, како и зградата во која ќе бидат сместени Уставнот суд, Државниот архив и Археолошкиот музеј. Во нивна близина е предвидена изградба и на објекти за МНР, Агенцијата за електронски комуникации, за Јавното обвинителство и Финансиската полиција. Објектот на новата концертна сала на Македонската филхармонија треба да биде целосно завршен до крајот на 2012.

Пешачкиот мост „Око“ кој води кон зградата на Уставниот суд, Државниот архив и Археолошкиот музеј се предвидува да има 28 склуптури високи по два метра, изработени од бронза. Се очекува изградбата на мостот да продолжи во март или април 2010.

Мостот на уметноста или пешачки мост кој оди кон зградата на Јавното овбинителство и Финансиската полиција е во фаза на конкурс. И на овој мост се предвидени 28 склуптури од бронза, високи два метра симетрично поставени на двете огради. Тука се очекува да се најдат скулптури на Тоше Проески, Браќата Миладиновци, Кочо Рацин, Григор Прличев, Ацо Шопов и други.

Ќе бидат заменети и оградите на мостовите Гоце Делчев, Нов мост и Мостот на револуцијата.

Надградбата на зградата на Парламентот со уште еден кат и поставување куполи се очекува да почне во средината на 2010 година. Со новиот кат се предвидува секој пратеник да добие просторија каде ќе може да врши прием на граѓани.

На плоштадот „Пела“ ќе има порта „Македонија“ или „Македонска борба“ или „Порта на македонска независност“, проект на Министерството за култура.

На местото на поранешната Народна банка на Македонија се предвидува деловен објект. На еден дел, пак, од поранешната стоковна куќа ТИПО или Сити центарот се ппланира монтирање на големи монитори според визуелизацијата.

Ќе се обновуваат и фасадите на зградите во строгиот центар на Скопје за да одговараат на новиот лик на центаралното градско подрачје. Градот наскоро ќе објави конкурс за идејно решение на овој проект, а изградбата се очекува да почне во 2011.

На визулизација на проектот, покрај градоначлникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ присуствуваа, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначлникот на Град Скопје Коце Трајановски.мд/са/14:54



-------------
If you're fond of sand dunes and salty air...


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 04-Feb-2010 at 16:05
    АААаа брзо на А1 да го видите 3Д записот од Скопје "2014"  останав без коментар не знам ни што мислам повеќе     


Posted By: BOKO
Date Posted: 04-Feb-2010 at 16:07
http://www.youtube.com/user/MakfaxVideoServis#p/a/u/1/YBYtmAOt7RI - http://www.youtube.com/user/MakfaxVideoServis#p/a/u/1/YBYtmAOt7RI


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Feb-2010 at 16:12
Еве го клипот ембедуван

[tube]2ROyx5_p6AI[/tube]

@Caprernaum добредојде

Незнам дали насловот кој и го даде на нишката е ироничен или не, но мислам дека е на место.

Ова е што го гледаме на анимацијата е комплетно нов град


Posted By: Makedonij
Date Posted: 04-Feb-2010 at 16:12
Црквата и Александар Велики предвидени со проектот „Скопје 2014“
Автор: Александар Чочевски     14:47 | 04 февруари 2010


Скопје

Храмот „св. Константин и Елена“ и споменик на Александар Велики на висока фонтана се дел од проектот „Скопје 2014“, презентиран денеска од Општина Центар.

Целосна промена на центарот на Скопје се предвидува со проектот „Скопје 2014“, презентиран денеска. Изградба на Православен храм, споменик на Александар Велики качен на коњ на висока фонтана се дел од триесетината објекти што со овој проект се предвидени да се изградат.

На кругот на плоштадот Македонија е предвидено изградба на фонтана, на која се планира поставување на споменик на Александар Велики качен на коњ. За поставувањето на споменикот не е даден конкретен рок, иако беше дел од денешната видео презентација.

На локацијата меѓу трговскиот центар „City Gallery“ и ресторанот „Пелистер“ е предвидена изградба на Православна Црква „св.Константин и Елена“. Земјиштето е доделено на МПЦ-ОА и се чека одлука од нив кога ќе започне изградбата на црквата.

Со проектот, на местото на некогашниот Офицерски Дом е предвидена изградба на зграда на градската администрација, во која покрај градоначалникот и администрацијата на Град Скопје, ќе има Сала за венчавање.

Фасадите на постоечките згради што гравитираат околу плоштадот ќе се реновираат и ќе добијат унифициран изглед.

“Имаме чуство дека сме донесени пред ѕид и треба да се произнесеме за што сме: барок, класицизам, неокласицизам, романтизам. Ќе потенцирам - архитектонското дело е лично видување на авторот. Слободно може да истакнам дека сите овие објекти од областа на културата кои се во градба со целокупната организација на внатрешниот простор ги задоволуваат карактеристиките на модерни градби“, изјави министерот за култура, Елизабета Канчевска -  Милевска.

До Плоштадот ќе се стигнува преку портата „Македонија„, што ќе се изгради лево од зградата на ЕВН Македонија.

Со проектот, во центарот на Скопје е предвидено поставување на споменици на Методија Андонов - Ченто, Цар Самоил, Јустинијан Први. До Камениот мост на големи постаменти ќе се најдат спомениците на Гоце Делчев и Даме Груев. Подготовките за нивната изградба започнаа денеска.

„Скопје е главен град во кој треба да се чувствува духот на историјата и културата на Македонија, а тоа најдобро ќе го направиме со оддавање почит на оние кои тоа го создале“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ.

Во проектот е вметнат и деловниот центар што во моментов се гради на местото на некогашната Народна Банка, а од спротива пред зградата на МЕПСО е предвидена изградба на хотел од познат светски ланец.

Пред зградата на Собранието на Македонија ќе никне споменик на Никола Карев, качен на коњ. Отспротива, во паркот „Жена Борец“ се предвидени споменици на основачите на ВМРО, президиумот на АСНОМ, на паднати херои, и на Бранителите. Зградата на Собранието ќе добие дополнителен кат и купола.

На реката Вардар е предвидена изградба на два нови мостови. Веднаш до Камениот мост ќе никне мостот „Око“ со 28 скулптури, а подоле по течението ќе биде изграден “Мост на уметноста“, на кој ќе се најдат скулптури на Тоше Проески, Браќата Миладиновци, Кочо Рацин, Глигор Прличев, Никола Вапцаров, Ацо Шопов, како и уметници од етничките заедници. Во самата река ќе бидат поставени неколку фонтани.

На левата страна од Вардар е предвидена изградбата на Стариот театар, Музејот на Македонската борба, Македонска филхармонија, Министерство за Надворешни работи, колонада „Независна Македонија“ и зграда во која ќе бидат сместени Уставниот Суд, Државниот Архив и Археолошкиот Музеј, Агенција за електронски комуникации. Голем дел од овие институции досега работеа во изнајмени простории.

Во „Скопје 2014“ е опфатена и ревитализацијата на Скопското Кале. Под него, меѓу мостот Гоце Делчев и Владата е предвидено поставување на два лавови, за кои подготовките за изградба ќе започнат во претстојниот период.

Целокупниот проект е предвидено да се реализира до 2014-та година. /крај/ач



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 04-Feb-2010 at 16:28
Eve nešto material za proektot Skopje 2014

Crkvata
http://img706.imageshack.us/i/watermarkp.jpg/">
Oficirski dom - gradska kuka
http://img713.imageshack.us/i/watermark2.jpg/">
Spomenik na slavata
http://img689.imageshack.us/i/watermark3.jpg/">
Alekdandar
http://img689.imageshack.us/i/watermark4o.jpg/">
Pogled na ploštadot
http://img191.imageshack.us/i/watermark5.jpg/">
Makedonsko sobranie
http://img689.imageshack.us/i/watermark6.jpg/">
http://img7.imageshack.us/i/watermark7j.jpg/">
Muzej Vmro i teatarot
http://img4.imageshack.us/i/watermark8i.jpg/">

Video:
http://www.youtube.com/watch?v=YBYtmAOt7RI

Koga ja gledam ta slikata so pogledot na ploštadot mene mi izgleda ZAKON! Znam deka vie ste po skeptični...?

Izvor:
http://www.makfax.com.mk/_tools/article/98519/view
http://www.makfax.com.mk/_fotostory/428




-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Feb-2010 at 16:43
Момци знам дека сум веќе досаден, ама кога се постира вест превземена од некаде, изворот мора да се наведува со полн URL од точната страница каде што е превземена веста. Ве молам едитирајте си ги постовите и вметнете го. Исто така ве молам и за придржување кон ова правило и во иднина, да не се повторуваме цело време.

Правинлик на форумов:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=179 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=179

Точка 6:
При постирање на вести или информации превземени од некаде задолжително вклучете го URL-то на конкретната веб страница. Дискусиите треба да се издржани и аргументирани и затоа избегнувајте 'рекла-кажала' муабети. При постирање на стари текстови нагласете го датумот од кога датираат за да се избегнат забуни.



Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 04-Feb-2010 at 17:07
Зборови немам, ќе ми треба време да се совземам. Само знам дека како млади, прогресивни и проактивно-размислувачки луѓе, под итно треба да превземем некаква акција за спречување на оваа вандалштина!!!

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: alexgizh
Date Posted: 04-Feb-2010 at 17:14
Предлагам вонредна средба.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 04-Feb-2010 at 17:21
Ова според мене е најголемата узурпација и шок вест од постоењето на форумов, па и на Македонија како држава! Навистина е време за акција, но средбата би преферирал да се одржи на интернет за да можеме и ние кои живееме во странство да партиципираме! 

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Feb-2010 at 17:30
Не знам луѓе што се шокирате... 90% од ова веќе го знаевме и го имаме документирано и тоа сосе визуелизации. Единствено навистина ново во анимацијава е „обновата“ на фасади на стари објекти и тоа што сите поединечни бисери се ставени на куп.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Feb-2010 at 17:32
Кракот од тунелот го нема што иде накај собрание.


Posted By: Дарко
Date Posted: 04-Feb-2010 at 17:33
Македониј, и мене ми се допаѓа изгледот....дури и не ми се верува дека ова е Скопје, а најмногу ми е мило за сите борци и личности од историјата на Македонија кои се претставени преку споменици


Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 04-Feb-2010 at 17:35
Исто и моето мислење сега е друго , вака изгледа прекрасно 

-------------
www.realmadrid-mk.blogspot.com


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 04-Feb-2010 at 17:50
На вистина неможам да се стрпам и ќе ви напишам на вас кои ова ви се допаѓа: СТЕ ИЗЛЕГЛЕ ЛИ НЕКОГАШ НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА? СТЕ ВИДЕЛЕ ЛИ НЕШТО ПОДАЛЕКУ ОД КУМАНОВО, НИШ И ПАРАЛИЈА? Ова веќе не е работа на вкус, туку на провинцијален дух закоравен векови во минатото! 

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 04-Feb-2010 at 17:55
no commentPuke
koga gi gledas slikive po 3 sekundi ubavo izgleda??!
gledate malku podetalno, aka sakate da vi dadam eden ubav pravec da gledate kon kejot i Evn!
se nema logika:EVN posle lumiks i potoa crkva! 10 katnica 3 katnica i pak 10 katnica recisi
se prasum kolku temno ke bide vo lumiks sekoj den?Wallbash
videoto e cista laga deka ovde kazuvaat kako ke izgleda od napred!a sto e od nazat i od strana! sakate skizza da vi pokazam sto ce se sluci so lumiks i kako ke izgleda kejot?!!!!!!!!!ovde e se od napred i nekolku sliki od gore za da pokazat deka UBAVO moze da izgleda.Zosto ne bese snimano od site strani?boli neli?
 
sramota e sto planiraat da gradat no najstrasno e deka se podrzuva od graganite!
luge koga nemate pojme od nesto i mislite samo na politicki praveci togas vo gresen pat steOhno


Posted By: Мартин
Date Posted: 04-Feb-2010 at 18:07
Боже прости им не знаат тие што прават.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 04-Feb-2010 at 18:28
Знаете како, од една страна, како Македонец, многу ми е мило дека народот конечно ќе го добие тоа што го сака.

Народот има мозок ко за во 18-ти век (пред наша ера), а ќе си добие главен град ко за во 18-ти век. Очигледно ние хејтерите, неписмените и плукачите сме малцинство, знаеме само да се жалиме додека остатокот на паметниот популус мацедонус антикус знае да ги цени неверојатните вредности на ова чудо од град, па затоа ако не ни чини можеме слободно да се исселиме.

Јас мислам дека изборот го имав направено уште пред да го видам ова купче од лајна, сега ми е само многу полесно бидејќи знам дека сум ја донел точната одлука.

А вие што викате дека е убаво, прашање на вкус. Некој сака дебели грди жени, и на крајот се венчава со такви. Епа честита свадба, да си ја носите за цел живот.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 04-Feb-2010 at 18:29
.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Feb-2010 at 18:33
Види не секој сака дебели жени, ама никој не бара да ги спалиме во гасна комора затоа што не би ја земал за жена, Е сега кога ќе го преведема назад во смислам на архитектурата ќе видиш дека има многу и тука аи оптш мислење што сакат да го поплукаат народот и неговата желба, а притоа за себе сметајќи дека живеат во 22-ри век.

Уствари незнам зашто ни овие две реченици ги напишав, си ветив себе пред некој ден дека веќе не дискутирам на овие теми. Се држам до "техничките" прашање, без никаква дискусија за личен вкус, па макар бил и во позитивна или негативна крајност.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Feb-2010 at 18:39
btw. Андреј секаква осуда за групата на фејсбук. Од денеска имам сосема друго мислење, при така лесно расфрлање со такви квалификации. Хитлер, фашизација, злоуптреба на зборот провинција и слично. Всушност и немам намера да нешто сега бистриме, го напишав ова тука чисто поради поврзаноста со темата.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 04-Feb-2010 at 18:42
/

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Шпер
Date Posted: 04-Feb-2010 at 18:48
WOOOW! Кога го видов видеото се наежив! Величествено!Applause

Конечно ќе се изврши разубавување на Скопје со нови градби и споменици, и за ова што го видовте (ако се изгради се како што е прикажано) да кажете дека не чини, треба да зборувате или од инает и злоба или да сте од опозицијата (што е резултат на првото)....

Да живее делото на мојот идол Алберт Шпер, така се гради ИДНИНА, а не минато!!!


-------------


Posted By: IN_MOTION
Date Posted: 04-Feb-2010 at 18:53
Originally posted by гитардемон

Е ај да ти речам сега јас, твое си е Скопје, ти ќе си ги растиш децата таму, како сакаш нека ти биди. Убо?

Зато и напишав, од една страна мило ми е дека народот конечно ќе си добие то шо сака, без разлика колку глупо ми изгледа мене.

А ние црните овци шо не се чувствуваме добредојдени во стадото, ќе си одиме. Јебига, природна селекција, така функционира векој наназад.


Сами си ја правите таа "Природна селекција" во реалност е многу поинаку.

Што се однесува до целокупниот проект мене ми се допаѓа и верувам дека во реалност многу поубаво ке биде од анимацијата, а па да не збориме за тоа каква е моменталната состојба - никаква. И баш ме радува што после толку години почна нешто да се гради во центарот на толку празни парцели да не рчам ниви!

Театарот ми е омилен од овој план и мислам дека кога ќе биде готов редовно ке го посетувам, за разлика од сега што последен пат сум бил пред 8 години.




Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 04-Feb-2010 at 18:53
Иване, јас не гледам ништо спорно во групата на Фејсбук. Таа е

Скопје нема да биде новата Хитлерова метропола - Germania!

Јас лично не гледам ништо спорно ниту навредливо во групата. И те молам задржи си ги твоите неиздржани ставови. Тоа што тебе може ти изгледа убаво, мене ми изгледа ужасно и срамно за мене како Македонец и жител на Скопје. Само доколку учеше нешто во средно и доколку те интересираше историја и општа култура, можеби ќе знаеше дека ова се типичните знаци и постапки кои ги тегнеше Национа-Социјалистичката партија во Германија во 30тите години на 20 век, тотална копија. Тоа што ти незнаеш кога е планирана Германиа (пред почетокот на војната и започнувањето на злосторствата над различните), не ти дава за право да се расфрлаш со неиздржани тези. Воопшто безцелна е дискусијата со човек кој нема способност да води таква!





-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: 46&2
Date Posted: 04-Feb-2010 at 18:57
Originally posted by lslcrew

btw. Андреј секаква осуда за групата на фејсбук. Од денеска имам сосема друго мислење, при така лесно расфрлање со такви квалификации. Хитлер, фашизација, злоуптреба на зборот провинција и слично. Всушност и немам намера да нешто сега бистриме, го напишав ова тука чисто поради поврзаноста со темата.

Мислам дека би било навреда за Хитлер да се спомнува во било каква врска со ситуацијава. Колку и да имал настрани идеи Хитлер има лансирано и доста корисни работи и за тоа време модерни, дел од нив ние уште ги користиме. Ја најискрено мислам дека го имаме новиот Чаушеску од 21ви век и дека ако Букурешт е излитена и евтина верзија на комунистички Париз, Скопје ќе биде транзициско и постранзициска комбинација од Париз, Прага, Фиренца а како уште поголем парадокс во 21ви век.
Јас се имам запрепастено колку само луѓе ја подржуваат идејата и мислат дека Скопје би изгледало многу поубаво вака и за жал голем дел од нив уште немаат извадено ни пасош.Посебно очекував остри реакции кога се изгради спомен куќата на Мајка Тереза и кога излезе онаква каква што денес е. И први неколку коментари што слушнав беа дека е многу МОДЕРЕН објект и многу ИНТЕРЕСЕН и дека на Скопје му требало ваков објект. Сурова реалност.
Ајде сега малце и за работите што ги видов на клипот.
Гледам дека вметнале двокатен автобус а после него и стар автобус на јсп . Споменици насекаде, ќе дотераме до 1 споменик по глава на жител. Али за левата страна на Вардар и за сите објекти што ги видов немам зборови. Се на се зажалив што го изгледав клипот, вака сега знам што ќе биде со Скопје. Кога ни ги сервираа објектите еден по еден полесно се вареа.
Како подржувач за обновата на официрски дом сега сфаќам дека таа зграда е апсолутно непотребна заедно со стариот театар кој воопшто не наликува на стариот.
Единствена светла точка е филхармонијата. Ќе повторам единствена.


-------------
I use public toilets and I piss on the seat.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 04-Feb-2010 at 18:58
Конечно ќе се изврши разубавување на Скопје со нови градби и споменици, и за ова што го видовте (ако се изгради се како што е прикажано) да кажете дека не чини, треба да зборувате или од инает и злоба или да сте од опозицијата (што е резултат на првото)....

Да живее делото на мојот идол Алберт Шпер, така се гради ИДНИНА, а не минато!!!


А
ТАКА ДА СИ КАЖЕМЕ! ЕТЕ ТИ БЕ ИВАНЕ, МОЈ ЗАШТИТНИК НЕОЧЕКУВАН!!! СЕ СИ КАЖА ШПЕР, ИДНИНА ЌЕ ГРАДИМЕ СО АРХИТЕКТИ НА НАЈТЕМНИТЕ СЦЕНАРИЈА НА ЧОВЕШТВОТО! ШПЕР ОДДАЛЕКУ НЕ БИЛ САМО АРХИТЕКТ, ТУКУ И МИНИСТЕР НА ВОЕНАТА ИНДУСТРИЈА САМО ЗА ПОТСЕТУВАЊЕ....


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 04-Feb-2010 at 19:01
Секој има свој вкус и гледање на сево ова, но ако на некој му се допаѓа не значи дека е од опозицијата или инат и злоба.Можеби во време на криза не е убаво , некој гладува , и да ке се заскријата грдите МНТ,Комерцијална Банка ...... е сега според мене црквата малку е офф во прокетов за Скопје , инаку она што ми се допаѓа е големиот видео бим на Стоковната Куќа , новите фасади на локалните згради,Хотелот , не гледам толку да е се во Барок стил иако во главно на таму одат сите.

-------------
www.realmadrid-mk.blogspot.com


Posted By: Шпер
Date Posted: 04-Feb-2010 at 19:06
Верник сум православен, само една критика од мене - нема место за црквата, или барем помала да биде. СЕ ДРУГО Е ФЕНОМЕНАЛНО!

Едвај чекам да го видам ова. А Шпер е архитект - закон, татко му бил архитект, тој бил, син му е жив и тој е архитект!


-------------


Posted By: Supervisor
Date Posted: 04-Feb-2010 at 19:10
Администрацијо каде е Јужен Булевар каде се новите сообраќајници, тунелот со два краци под плоштад, каде е преслекувањето на улиците кучињата скитници, зеленило, стари автобуси срамота

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Feb-2010 at 19:13
Андреј са ќе си ги задржам моите ставови какви и тебе да ти изгледале. Сакав само да проестирам на хитлеровската споредба.

Гитар, токму и тоа сакав да го посочам, дека провинција е измислица на скопските копуци за дискредитирање на другите градови, а андреј имаше тенденциозен дел од текстот на групата за провинцијалски дух.

Колку што некој мисли дека ако прошетал по свет и видел нешто па сега може тука да ни го индоктринира (случај "Коце"), толку другиве излагаат поизбламирани што му реплицираат дека ете они пак виделе нешто друго кога шетнале низ странство.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 04-Feb-2010 at 19:13
Абе луѓе што ви значи СЕКОЈ ИМА СВОЈ ВКУС И МИСЛЕЊЕ?! НОРМАЛНО Е ДЕКА Е ТАКА! Но, во секое општество има помалку и повеќе обравозани и компетентни граѓани за секоја позиција. Секое општество го движи интелигенцијата, која е најпрогресивна и најгласна! Не го движат широките народни маси и тие неможат да диктираат стил или да водат кон прогрес! Моето мислење во врска со сето ова е еднакво на она на Гитар - куп лајна! Неможе мене некој Скопје да ми го направи град код коишто јас ќе се срамам и нема да можам да ги поканам со гордост моите многубројни пријатели од странство! Да не зборуваме што ниедна од овие згради не носи никаква продуктивност, не го олеснува живеењето на граѓаните на Скопје. Кажете ми како ова се би допринело за подобар живот во Скопје. Незамисливо и недопустливо е парите да се фрлаат на вакви работи при ситуација кога во Скопје нема јавен превоз а градот се гуши во сообраќај. Зборуваме за десетици згради, мостови, фонтани и споменици кои чинат неколку стотици милиони евра!

Islcrew - грешиш! Сите сме виделе исти работи кога сме биле во странство, само што различни работи ни направиле впечаток! На оние кои им направиле впечаток банални работи (породени од нивниот комплекс), тие ги сметаме за прости! Оние кои ги приметиле навистина важните и применливи нешта, токму тие треба да го водат општеството кон прогрес!


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: гитардемон
Date Posted: 04-Feb-2010 at 19:14
Originally posted by Шпер

WOOOW! Кога го видов видеото се наежив! Величествено!ApplauseКонечно ќе се изврши разубавување на Скопје со нови градби и споменици, и за ова што го видовте (ако се изгради се како што е прикажано) да кажете дека не чини, треба да зборувате или од инает и злоба или да сте од опозицијата (што е резултат на првото)....Да живее делото на мојот идол Алберт Шпер, така се гради ИДНИНА, а не минато!!!


Алал ти вера за муабетот. А со каков прашок ти го переа мозокот? Мислам дека Андреј ти одговори многу фино, и многу побезболно од тоа што сакав да ти го кажам јас.

P.S. Чекам да се рашири ова низ светот да ни прат мајтап сите држави, од Ангола до Кирибати, па после да ми кажиш дека СДСМ ги потплатил и нив.



-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 04-Feb-2010 at 19:20
И една најважна работа што ја кажаа Supervisor и Андреј:

Кај се подземните тунели, кај е функционалноста на објектите? Освен што се дизајнирани да му изгледаат убаво на око на просечниот специјалист по фертилизација и орање, не се дизајнирани да бидат некако корисни, практични или нешто слично. Едната среќна вест е дека владата има мандат до 2012, па Скопје 2014 е некако 2 години понапред од планираното, ама тажната вест е дека изгледа знаат нешто што не знаеме штом очекуваат од 2010-2014 да владеат. Јебига.

Кој мисли дека повеќе му треба триумфална капија со мотиви од историјата на 35 околни држави наместо подземен тунел и трамвај, сериозно треба да си направи магнетна резонанса на мозокот - има проблем.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 04-Feb-2010 at 19:25
Originally posted by гитардемон

[QUOTE=Шпер] WOOOW! Кога го видов видеото се наежив!

P.S. Чекам да се рашири ова низ светот да ни прат мајтап сите држави, од Ангола до Кирибати, па после да ми кажиш дека СДСМ ги потплатил и нив.



Аааа, ова не ни бега ша незнам што да се случи. Се сеќавате како се смеевме на централно-азиските држави за градење на вакви градови, додека 90% од полулацијата живее во мизерија, како и хотелот во Пјонгјанг? Епа во таа категорија сме! не чувме еден единстве аргумент ЗОШТО ова се се гради?!

Најмногу од се ме боли, што навистина сме за мајтап на сите. Па доволно е да се мрднете 700 километри ја југ, до Атина и да го видите новиот историски музеј на што личи. Да не се лажеме иако Грција не ја сметам за директен наследник на Хеленската култура, сепак главницата од градбите се на нивна територија (и кај нас, Бугарија, а особено Турција). Тие имаат толку што да покажат та ако сакаат можат и по еден дорски столб на глава да носат! Но не го прават тоа! И сега едвај чекаат да се насанкаме ние и да ни се расцепат од смеење! И со право!!! Сега може некој од вас да ме прогласи за сеопшт предавник, но заслепеноста е страшна работа!


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Makedonij
Date Posted: 04-Feb-2010 at 19:25
Originally posted by Andrej_LJ

На вистина неможам да се стрпам и ќе ви напишам на вас кои ова ви се допаѓа: СТЕ ИЗЛЕГЛЕ ЛИ НЕКОГАШ НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА? СТЕ ВИДЕЛЕ ЛИ НЕШТО ПОДАЛЕКУ ОД КУМАНОВО, НИШ И ПАРАЛИЈА? Ова веќе не е работа на вкус, туку на провинцијален дух закоравен векови во минатото! 


Pa ti sega najgolem fraer si oti si prošetal neli, i sega od Emona ke im kažuvaš i na drugite šo da im se sviga..... Vo makedonija ima nogu nešto šo da se vidi, poveke od polovina evropa šo ima da nudi no izgleda ti nesi prošetal niz Makedonija

Bez zamerka ama ovaa e čisto plukanje šo si go napišal....... Thumbs%20Up


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Feb-2010 at 19:26
Originally posted by Andrej_LJ


Islcrew - грешиш! Сите сме виделе исти работи кога сме биле во странство, само што различни работи ни направиле впечаток! На оние кои им направиле впечаток банални работи (породени од нивниот комплекс), тие ги сметаме за прости! Оние кои ги приметиле навистина важните и применливи нешта, токму тие треба да го водат општеството кон прогрес!


А значи така?! Како тоа едниве што впечаток им оставиле постарите згради ги ставаш во категорија искомплексирана сељачаана, а другиве биле демек интелектуалци и требало да го водат општеството. Вакво размислување двокласно се изфрли од нормални држави со француска револуција. Такви теории не проаѓаат.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 04-Feb-2010 at 19:35
Андреј, прво да ти кажам дека секој си има свои ставови, јас мојот ќе го искажам на крајот од постов, не ти пишувам поради евентуално несолгасување со твојот вкус.

Прво, ќе се сложам со констатацијата на лсл во врска со споредбата со Хитлер. Не драматизирајте, добога! Смешно е оваа наша влада да се споредува со рајхот, и Грујо со Хитлер. И невкусно е.

Второ, не си жител на Скопје, на Љубљана си. Барем така ти стои овде на форумов. Арогантно е да мислиш дека ние другите немаме шетнато лево-десно.

Во врска со визуелизацијата (технички гледано), би споменал големи недостатоци како на пример што не се гледаат сите објекти во сите кадри еднакво. Приметете на крајниот кадар како пред Магос го нема хотелот. Второ, кога се покажува споменикот на Александар, одеднаш видео бимот на Сити Галери ја прекрива ЦЕЛА зграда, СОСЕ Метропол!!! Потоа, за повеќе проекти не се ни избрани идејни решенија (освен ако тендерите не се веќе однапред наместени).

Од архитектурна гледна точка, ми се допаѓаат:
- Најавата за нови фасади на објектите, не со конкретните визуелизации, туку да се подобрат барем сегашните.
- Обелискот карши собрание.
- Споменикот на Александар, конечно се виде дека нема „да се гледа од месечината“. Мислам дека големината е ОК.
- Спомениците на Св.Кирил и Методиј и Св.Климент и Наум, како и тој на Карпош.
- Фонтаните во Вардар.

Не ми се допаѓаат:
- Црквата (ја и лумикс би го рушел, не да градам црква пред него).
- Визуелизациите за евентуалните хотели.
- Колонадата (највеќе) и се останато пред МНТ. I mean, WTF?!?

Иначе, примети ли некој дека на споменикот на Гемиџиите пишува „Се арчиме за Македонија“? ROFLMAO!!!


Posted By: macedonia
Date Posted: 04-Feb-2010 at 19:38
Hello everyone, I know this is a very controversial issue. I made a panoramic view for everyone to compare the visualization with the current state.




Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 04-Feb-2010 at 19:38
Originally posted by lslcrew




А значи така?! Како тоа едниве што впечаток им оставиле постарите згради ги ставаш во категорија искомплексирана сељачаана, а другиве биле демек интелектуалци и требало да го водат општеството. Вакво размислување двокласно се изфрли од нормални држави со француска револуција. Такви теории не проаѓаат.


Ама не бе човек. Убави се тие згради нема спор, но ние таа епоха сме ја прескокнале! Прво ние во тој период сме биле во рамките на друга империја и сосема друга култура, со различен начин на живеење и мислење што се рефлектирал и врз архитектурата на градовите. Па еден Истанбул, град од огромно светско значење и еден од тогашните центри на светот  нема толку допирни точки со европската класична архитектура! И што треба сега да изградат, за да заличат на Париз?  Секој град си има сопствен стил и епоха на расцвет. Ако ова за вас е епохата на расцвет за Скопје, тогаш имаме големи разминувања во мислењето.

Околу француската револуција: Таа го отврли апсолутистичкото владеење на владарот и неговата елита! Нас токму тоа сега ни се налага преку проектов- замислите на врхушката, без никаква општествена расправа, стручно мислење итн. Мисењето на народот не е толку важно, замислете како на еден просечен скопјанец му изгледал планот на Кензо Танге на времето! Ужас! Ама тој план си е перфектен, само што неговите придобивки неможеме да ги осетиме поради неговата нереализација! А го осудуваме (токму ти пред некој ден кажа ајде да се свртиме кон нови решениеја, овие од минатово се покажаа како непродуктивни!) без притоа да го земеме в предвид фактот дека тој не е ни приближно целосно реализиран, па да можеме да го судиме!


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Feb-2010 at 19:43
Originally posted by Andrej_LJ

Абе луѓе што ви значи СЕКОЈ ИМА СВОЈ ВКУС И МИСЛЕЊЕ?! НОРМАЛНО Е ДЕКА Е ТАКА! Но, во секое општество има помалку и повеќе обравозани и компетентни граѓани за секоја позиција. Секое општество го движи интелигенцијата, која е најпрогресивна и најгласна! Не го движат широките народни маси и тие неможат да диктираат стил или да водат кон прогрес! Моето мислење во врска со сето ова е еднакво на она на Гитар - куп лајна! Неможе мене некој Скопје да ми го направи град код коишто јас ќе се срамам и нема да можам да ги поканам со гордост моите многубројни пријатели од странство! Да не зборуваме што ниедна од овие згради не носи никаква продуктивност, не го олеснува живеењето на граѓаните на Скопје. Кажете ми како ова се би допринело за подобар живот во Скопје. Незамисливо и недопустливо е парите да се фрлаат на вакви работи при ситуација кога во Скопје нема јавен превоз а градот се гуши во сообраќај. Зборуваме за десетици згради, мостови, фонтани и споменици кои чинат неколку стотици милиони евра!

Islcrew - грешиш! Сите сме виделе исти работи кога сме биле во странство, само што различни работи ни направиле впечаток! На оние кои им направиле впечаток банални работи (породени од нивниот комплекс), тие ги сметаме за прости! Оние кои ги приметиле навистина важните и применливи нешта, токму тие треба да го водат општеството кон прогрес!


потпис


Posted By: alexgizh
Date Posted: 04-Feb-2010 at 19:44
Originally posted by macedonia

Hello everyone, I know this is a very controversial issue. I made a panoramic view for everyone to compare the visualization with the current state.




Алал вера за ова!


Posted By: Шпер
Date Posted: 04-Feb-2010 at 19:50
Originally posted by alexgizh

Originally posted by macedonia

Hello everyone, I know this is a very controversial issue. I made a panoramic view for everyone to compare the visualization with the current state.




Алал вера за ова!


LOL Демек стигна и првата странска "критика" LOL

А до сега човек кој доаѓал во Скопје што имаше да види во центарот, па и во другите делови на СК? Јас се срамев со ваков град без ништо!


-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Feb-2010 at 19:52
без притоа да го земеме в предвид фактот дека тој не е ни приближно целосно реализиран, па да можеме да го судиме!

Па што не почекаш да се догради ценатаров па после истурај толкава злоба ако не ти се свиѓа. За Кензо што го донесоа од т'де свет може, ама за нас неможе. Каква врхушка какви бакрачи. Врхушка 46-та, сега ова е друго!


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 04-Feb-2010 at 19:52
Во кратки црти мојот коментар за видеово е: Ни свират класична музика додека бродот ни тоне!

Тоа што подземните сообраќајници и трамвајот не нашле место во ова прекрасно видео, меѓутоа место нашол двокатниот автобус е трагедија сама по себе и укажува на третманот што го има власта кон реалните проблеми во градот, ама тоа се дискусии разработени на форумов...  Нема што да ја верглам ни дискусијата за менталното здравје на учесниците во проектов....

Сакам само да додадам дека е особено интересно што вакво извонредно видео, кое бара долго време за изработка , се лансира неполна недела по усвојувањето на последните измени на планот. Значи, видеото ги има сите е*ани маркици од последните измени со разработени објекти во рамките на тие маркици...  Или имаме ѕверови аниматори, што им искачаат кабли од глава, или некој веќе конечно треба јавно да искочи и да каже дека се укинува урбанизмот и архитектурата и советот на град скопје, барем да не се нервираме.... Ќе праиме како шо сакаат политичарите и сите искомлексирани сурати на позиција, барем главата мирна.

На малку “посветла“ страна, ова е најдобриот tweet што го прочитав денеска:
- Набољи заебанција у 2014 ќе биде “се чекаме кај споменикот“




Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Feb-2010 at 19:54
Мацедониа добро што ти текнало со кадриве!


Posted By: alexgizh
Date Posted: 04-Feb-2010 at 19:54
Јас само кажав „алал вера“ затоа што човекот нашол толку слични панорами од двете ситуации.

Успеав колку толку да ги „спојам“, па еве повелете:




Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 04-Feb-2010 at 19:59
Originally posted by lslcrew


Па што не почекаш да се догради ценатаров па после истурај толкава злоба ако не ти се свиѓа. За Кензо што го донесоа од т'де свет може, ама за нас неможе. Каква врхушка какви бакрачи. Врхушка 46-та, сега ова е друго!


Ама не истурам злоба бе, истурање злоба би било ако ја минирам Триумфалната Порта! (А за каков ТРИУМФ ние воопшто зборуваме? Во што триумфиравме?) ж
Кензо си бил за времето си, врвен архитект на којшто сум му бескрајно благодарен што го дизајнираше Скопје на начин, по кој може да функционира идеално, лежерно и истовремено како голема и вистинска метропола.
Плус каква сатисфакција ти носи тебе дали проектот е работен од домашни или странски архитекти? И едните и другите работат за проекти од кои ние во Македонија ќе се гордееме. Каква е оваа глупава фраза ЗА НАС НЕМОЖЕ? Па за Осака ли осмислуваше Кензо Транспортен центар?
И џаст фор д рекорд, зборот врхушка се однесува на највисоките ешалони, односно потесното водство на една држава (или каков и да е друг организацијски сегмент)! Врхушка има насекаде, и во демократски, царски и комунистички општества, така што е глупаво да се сврзува само со комунистичката власт!

А пак каков смех ми буди во мене кадарот со триумфалната порта... До неа, зградата на ЕСМ, прекрасна зграда која е градена пред земјотресот и не се срушила како што гледате. Карши неа, зградата на бившиот Фреш, сега ќебашчилница (нели Лесковачка) или како што викаат qebaptore (да ме поправи некој ако не сум го напишал правилно)! Е сега димот од лесковачката скара и мрсните плескавици ќе се шири на прекрасната нео-класицистичка фасада-ала-Париз, или зградата на ГП Пелагонија (фирма која пропаѓа, која пак е типична зграда за 60-70 години на минатиот век). Пред ќебапчилницата, веднаш до Капијата се наоѓа смехотворната статуа на Мисирков, со големина на куче и фонтаната со тоалетни плочки (дреч зелени) која ионака никогаш не работи! Покрај ова чудо на македонскиот ум и креативност минува клапава приватна 22ка, од која се отцепуваат те амортизери, те дел од шасијата. Навистина сите проблеми се решени, место за бунење нема!


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Feb-2010 at 20:06
Originally posted by lslcrew


 Ме вади од такт кога гледам дека себе не се почитуваме и слушаме дека тук анечинело, а некоја си мање виша слична интервенција на парламентот во Германија е тогаш тоа било врвна уметност и се подмочуваат "адвентистите на 22-риот век" (Мислам на download уметници оние што треба да ни вбризгаат серум за да не "модернизираат").


@lsl

мислам дека интензивно си го трошиш својот кредибилитет како соговорник на овие теми со упорна демонстрација на инает на "модернистичките демони" кои очигледно многу ти бодат очи.

И покрај цел овој апсурд во кој живееме, сеуште имам разбирање дека луѓе имаат различни вкусови (или невкусови кој како гледа на тоа) и си стојат зад нив. Имаме такви и на форумот, на пример Шпер кој јасно и гласно си кажува дека Германиа му се допаѓа како концепт и тоа е тоа.

Кај тебе пак некако работиве се одвиваат во последно време за "да им покажеш на модернистите" а не поради нешто друго. Навистина несериозен аргумент на форум каде сакаме да водиме сериозни дискусии.

Јас себе и својата земја и те како си ја почитувам и затоа се грозам од сите овие глупости кои ни ги натураат и не девалвираат и пред самите нас и пред целиот свет бидејќи праќаат порака дека ние не можеме да креираме туку може да копираме и тоа на еден многу лош, ефтин и дилетантски начин. Како Скопје да нема своја историја, како Македонија да нема свое градежно и архитектонско наследство па моравме да ги пресликаме нашите очигледно прилично изразени национални комплекси во овој чудо што треба да ни го преврти центарот на градот на опаку.



Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Feb-2010 at 20:09
Originally posted by lslcrew

Го подржувам поради тоа што добро ми изгледа. А еве денеска дознавам дека сме имале две класи во општествово, па ја од инат на тие првите "природно предодредените да владеа и просветлуваат".


Еднокласно општество не постои, таквиот систем се отфрли пред 20 години, колку што сум јас во тек ти си голем поборник против тој систем.

Класно општество и те како постои и тоа не само двокласно и тоа во секоја нормална и прогресивна земја според тековниот супериорен општествен систем.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Feb-2010 at 20:12
Па не зборуваме за триумфалкна капија, збориме за цилот мал ринг. Триумфалната и мене не ми се свиѓа, ама на крај памњет не ми паѓа да идам да минирам нешто. Кензо забораваш дека не дизајнираше сам, како прво дизајбираше со уште цел тим од десетина луќе. Втора работа не беше воопшто муабетот за колку плановите на Танге се ефективни или не, бепе за тоа демек на Кензо можело да му се остава време, ама за наш човек неможе, него мора уште непочнато да се саботира.

Врхушка форсирала тука бљантав соиц реализам пола век. Денеска е друга приказна. Постојат механизми на демократија, утре може да се смени власт, постојат конкурси и триста чуда.

бтв. Пројде недела дена како чекам да ја видам алтернативата контра замислата на актуелната власт. Млатење две страни за два саата, а никаде не видов ако не треба ова што треба. п.с. Слика од пусто Скопје 1991 не се важи како идејно решение.


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Feb-2010 at 20:13
Originally posted by lslcrew


Врхушка форсирала тука бљантав соиц реализам пола век. Денеска е друга приказна. Постојат механизми на демократија, утре може да се смени власт, постојат конкурси и триста чуда.


млатење празна слама. муабети на памет ништо повеќе...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Feb-2010 at 20:17
Нема да си го трошам ни кредибилитетот како соговорник и учесник тука, всушност и не гледам зашто  си го трошамл, но би дал до знаење до голем број учесници дека се демистифицираат дека се демократи и либерали по убедување, а всупшност со вакви ставови за залагаат за тоталитарна политика врз "неписмената искомплексирана сељачаана што мора да се прилагодува на модерните погледи на еден грст прошетана елоквенција."


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Feb-2010 at 20:24
Originally posted by lslcrew

Нема да си го трошам ни кредибилитетот како соговорник и учесник тука, всушност и не гледам зашто  си го трошамл, но би дал до знаење до голем број учесници дека се демистифицираат дека се демократи и либерали по убедување, а всупшност со вакви ставови за залагаат за тоталитарна политика врз "неписмената искомплексирана сељачаана што мора да се прилагодува на модерните погледи на еден грст прошетана елоквенција."


само продолжи во истиот дух, ништо ново не кажа. Дискусија се води со аргументи а не со квалификации, навреди, конструкции, сценариа, виртуелни сценариа............како дел од палетата со која во моментов се користиш. Значи демистификацијата веројатно оди во обратниот правец.

Исто вака хистерично излезе и од http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=830 - оваа дискусија наспроти сите аргументи кои ти беа дадени. Каде води тоа и што ќе постигнеме, не ми е јасно?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Feb-2010 at 20:30
Дискусија се води со аргументи а не со квалификации, навреди, конструкции, сценариа, виртуелни сценариа


Исто така!


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Feb-2010 at 20:32
Sleepy


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 04-Feb-2010 at 20:33
Ве молам, забележете на сликата на  која се споени двете панорами на градот. Скопје од зелен центар, добива урбана џунгла. Еве не збориме за начинот на кој изгледаат објективе, туку самата нивна поставеност. Секое лето сите одиме да се оладиме покрај Вардар, заради своето природно струење на воздухот. Е сега, тоа ќе го нема, ќе има огромен ѕид од непотребни згради и мостови на секои 100 метри. Јас знам, овие сакаат да ја доловат Сена во Париз или Влтава во Прага со ваквиве слики, не заборавајте само колку пати поголеми се овие реки и околни згради од нашиве! 

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: macedonia
Date Posted: 04-Feb-2010 at 20:40
If I can say something please. Living in the diaspora, one question comes to mind when I see these pictures. Can Macedonia afford this? If it can, than why can't it afford infrastructure projects such as transportation systems, roads, rural development, etc. At least from these projects, the standard of living will increase. Okay, I can understand the baroque buildings along the Vardar as an attempt to give the area a common theme, but are all those bronze and marble statues necessary? Having a couple was fine, but this is too much! And that "Porta Makedonija"? Absolutely unnecessary.  Changing the communist facades is a good idea, but there are facades like this all over the city that need basic renovation.


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Feb-2010 at 20:40
@andrej

Тука веќе не би се сложил со тебе. Освен за редот објекти од уставен суд до МНР кои се вишок, другите објекти како маркички се и те како потребни. Го сакам зеленилото и се надевам дека ќе се мисли на тоа и во овој тековен план кој го промовираа денеска.

Но дефинитивно на досегашните џунгли и пасишта кои постоеа во центарот, не им е местото таму.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 04-Feb-2010 at 20:42
За нас од форумов, ова не е ништо ново, освен поединечни решенија на фасади на објекти како зградата над Далметфу и управната зграда на екс-Пелагонија што јас ги немав претходно видено...

Малку ме изненадија денешниве реакции по фејсбук и скајп од луѓево, што позитивни, што негативни - катастрофално е што прв пат добиваат некаква претстава за ова циркусов што допрва ќе го види Скопје...

До сега гледавме само поединечни лузни, а сега гледаме во анфас како е унаказено лицето на Скопје...

Originally posted by гитардемон

Знаете како, од една страна, како Македонец, многу ми е мило дека народот конечно ќе го добие тоа што го сака.

Народот има мозок ко за во 18-ти век (пред наша ера), а ќе си добие главен град ко за во 18-ти век. Очигледно ние хејтерите, неписмените и плукачите сме малцинство, знаеме само да се жалиме додека остатокот на паметниот популус мацедонус антикус знае да ги цени неверојатните вредности на ова чудо од град, па затоа ако не ни чини можеме слободно да се исселиме.

Јас мислам дека изборот го имав направено уште пред да го видам ова купче од лајна, сега ми е само многу полесно бидејќи знам дека сум ја донел точната одлука.

А вие што викате дека е убаво, прашање на вкус. Некој сака дебели грди жени, и на крајот се венчава со такви. Епа честита свадба, да си ја носите за цел живот.
- потполно го делам мислењето, немам што да додадам на ова...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Feb-2010 at 20:44
Originally posted by macedonia

If I can say something please. Living in the diaspora, one question comes to mind when I see these pictures. Can Macedonia afford this? If it can, than why can't it afford infrastructure projects such as transportation systems, roads, rural development, etc. At least from these projects, the standard of living will increase. Okay, I can understand the baroque buildings along the Vardar as an attempt to give the area a common theme, but are all those bronze and marble statues necessary? Having a couple was fine, but this is too much! And that "Porta Makedonija"? Absolutely unnecessary.  Changing the communist facades is a good idea, but there are facades like this all over the city that need basic renovation.


exactly the point we've been rambling about forever on the forum...

However with this, they are making an example for each government coming ahead. They can't fool us that we don't have the resources to do this or that, that the railway to Bulgaria or the LRT network in Skopje are project from a sci fi movie. It is obvious that when there is a will, the resources are not such a problem. It is sad that this will and energy is focused in the wrong place, but hopefully it will be a precedent that other governments in the future will have to follow.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 04-Feb-2010 at 20:45
@Pbanks
Токму на тие објекти од Камениот Мост до мостот кај Холидеј Ин (впрочем како се вика тој мост?) мислев и на паркот Жена Борец, според мене единствениот голем парк во Скопје кој е навистина внатре во центарот на градот и кој си има перфектна намена. Се разбира дека просторот пред Телеком, околу пл. Македонија и карши него треба да има објекти!


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: MKD
Date Posted: 04-Feb-2010 at 20:45
андреј во љубљана какви градби има гледам само од инат говориш кој модернистички стил го говориш тоа е пролазна работа барок си барок ти си бил малку низ светот да видиш какви градби има абе страм ми за скопје оди во софија и белгар да видиш центарот каков им е.


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Feb-2010 at 20:51
Originally posted by Dave Gahan


Малку ме изненадија денешниве реакции по фејсбук и скајп од луѓево, што позитивни, што негативни - катастрофално е што прв пат добиваат некаква претстава за ова циркусов што допрва ќе го види Скопје...


Мене ништо веќе не ме изненадува. Факт е дека овие зафати уживаат висока популарност кај мнозинство луѓе и јас сум лично помирен со нивната реализација. Што сме си надробиле, тоа и ќе си сркаме.

Но и покрај очигледната фактичка состојба на терен, ете.... "модернистите" треба да се тепаат на плоштад а и да се чувствуваат незгодно кога ги искажуваат своите ставови на форум бидејќи струката, аргументите, логиката, историјата, општата култура во оваа паралелна временска димензија во која живее Македонија не вредат 5 пари...




Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Feb-2010 at 20:53
Somebody made fool of that Macedonia can't afford even this culture square. So that's why nobody can make fool of us through upcoming years. These years is the culture, so I hope and I know it will be the infrastructure next. But it's a matter of ideology and personal beliefes what should go the first.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 04-Feb-2010 at 20:55
АУ! Нов член па волку озабен! Crazy
Вака, да те информирам јас сум половина бугарин, половина македонец (чисто по крвна линија говориме) и верувај ми СДС не е мојот избор. Тоа е релативна работа види ти, би ја поддржал онаа опција која ми нуди подобро решение, макар била таа и Есма Реѕепова за премиер (лош пример жената е амблем во полето во кое работи)! Ако си видел барем една од моите репортажи би знаел дека во Софија не само што сум бил, туку и ја знам во детали. Сум бил на 4 континенти, мислам дека имам видено доволно да знам да изградам конструктивно критичко мислење. Исто така знам знам дека половина од зборовите кои ги напишав нема да ги разбереш, но нема проблем! Потоа има едно правило кое гласи: ПОДОБРО НЕ ГРАДИ НИШТО, ОТКОЛКУ ДА ГРАДИШ ПОГРЕШНО! Замисли се малку околу тоа.
Да во Љубљана има такви градби (иако многу малку) во споредба со еден Грац, кој е голем колку Љубљана! А знаеш кога се градени градбите од ваков тип во Љубљана? Пред 150-100 години! И неминовно градот се развива паралелно со интензивната индустријализација, зголемен просперитет на граѓаните и поврзување со странство (со оние кои веќе поминале по тој пат), за копирање на добрите идеи! Јас во Скопје и Македонија не гледам ниту зголемен просперитет ниту никаков напредок. Сори!

А знаеш какви градби се градат сега? Пролистај ја нишката Цивилната инфраструктура во регионот.


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: MKD
Date Posted: 04-Feb-2010 at 21:00
epa ajde najdi gradbi vo modernisticki stil i pusti da vidime kako ke izgleda posto si mnogu setan
jas sum bil vo cela amerika vo evropa ne mnogu a vo bugarija sum student
i sekade ima barok stil duri i vo new york
nemam mnogu zabeleski za centarot na skopje ako se bide do 2014 kako sto e prikazano ke bide ok sprema mene sekoj si ima svoe mislenje


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Feb-2010 at 21:03
Originally posted by MKD

epa ajde najdi gradbi vo modernisticki stil i pusti da vidime kako ke izgleda posto si mnogu setan
jas sum bil vo cela amerika vo evropa ne mnogu a vo bugarija sum student
i sekade ima barok stil duri i vo new york
nemam mnogu zabeleski za centarot na skopje ako se bide do 2014 kako sto e prikazano ke bide ok sprema mene sekoj si ima svoe mislenje


МКД... форумов е преполн со примери за модерзинизам и постмодернизам и што уште не а има и еден тон аргументирани дискусии зошто нешто треба или зошто не треба итн... Слободно пролистај околу не очекувај дека некој сега ќе направи сиже во оваа нишка.




Posted By: MKD
Date Posted: 04-Feb-2010 at 21:07
доволни ми е прелистан форумот ама ме нервира тоа што кога се прави нешто сите сте против ми дај да не правиме ништо така ке е најдобро јас мислам, затоа и не коментирам на овој форум може само да гледам што ново има во македонија и да се гордеам дека нешто се прави а не само да се краде


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Feb-2010 at 21:13
Originally posted by MKD

доволни ми е прелистан форумот ама ме нервира тоа што кога се прави нешто сите сте против ми дај да не правиме ништо така ке е најдобро јас мислам, затоа и не коментирам на овој форум може само да гледам што ново има во македонија и да се гордеам дека нешто се прави а не само да се краде


МКД... никој е е против овдека ради реда. Мислам дека сите го посакуваат најдоброто и затоа некои реагираат егзалтирано, некои хистерично.

Мој личен став е дека не треба да се прави нешто колку да се прави, туку треба да биде добро обмислено, актулено, физибилно, издржано итн... Тука и се наметнуваат овие дискусии и тоа од два главни аспекта.

1. Дали е сеа време за вакви нешто наместо да изградиме асални булевари или ЛРТ мрежа или некој сличен капителен проект кој реално ќе го надгради животото на луѓето во градот
2. Дали е нормално да правиме една ваква архитектонска пародија при прекрасно архитектонско наследство од кое многу може да се црпи, и во ова модерно време кога е апсолутно смешно да се прават вакви објекти исто колку што е и смешно човек да се шета на улица со бела перика со локни.

Така да не знам зошто една конструктивна дебата и дискусија на оваа тема би те нервирала.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 04-Feb-2010 at 21:21
Во рамките на шегата кон МКД би додал (се надевам дека ја знаеш оваа поговорка, штом велиш во БГ си) гузен негонен бяга!

Нормално е да очекуваме и посакуваме само најдобро од страна на надлежните на секое поле, па и на ова. Ако си во Софија, сигурно се ползуваш од новото метро да речеме. Иако е објект по големина, сложност и важност на кој ние само можеме да подзавидиме, имаше мнгоу голем број реакции во смисла на архитектурната изведеност и дизајн на станиците да речеме. Ние многу сакаме Скопје да се движи напред, но тоа подразбира и избирање на правилниот пат!


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: MKD
Date Posted: 04-Feb-2010 at 21:23
не коментирам повеќе има тука луѓе што се поголеми архитекти и од најголемите само дозволете да го направата тоа што е почнато да видиме како ке биде а после да коментираме здравје 2014 а сигурно и LRT ке направат и булевари дајте да почекаме а не само да говориме против


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Feb-2010 at 21:26
Originally posted by MKD

не коментирам повеќе има тука луѓе што се поголеми архитекти и од најголемите само дозволете да го направата тоа што е почнато да видиме како ке биде а после да коментираме здравје 2014 а сигурно и LRT ке направат и булевари дајте да почекаме а не само да говориме против


МКД да те прашам нешто.

Дали кога градиш куќа, зимаш цигли и малтер и почнуваш неконтролирано да ѕидаш?

или

Порачуваш план од архитект, статичар, електричар, водоводџија итн... И се држиш по тој стручен план за со најмалку ресурси да дојдеш до најдобар резултат.

Побогу луѓе која ви е оваа логика ајде да се гради па ќе видиме?




Posted By: MKD
Date Posted: 04-Feb-2010 at 21:26
абе не прави празен муабет скопје е 600 илади а софија е 2 милиона јас мислам дека на скопје не му треба метро а подземни булевари 


Posted By: Baze
Date Posted: 04-Feb-2010 at 21:27

LOL Е а дали забележавте нешто ? Изгледа не! Но ајде подобро видете на плоштадот, да на плоштадот таму доле... И што видовте LOL да точно така ја нема коцката на нашиот ни мил градоначалник Коцкица. Изгледа и на програмерите и дизајнерите на овој клип не им се допагала коцката на коцкица па решиле да не ја ставаат во клипот, а можеби и заборавиле да ја стават, или идејата за коцката е напуштена.



Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 04-Feb-2010 at 21:30
Ма кој кажа дека на Скопје му треба Метро? Ти посочив пример за инфраструктурен објект од големо значење за градот! Исто и Скопје има такви проекти, се разбира подредени во својата големина, размер и потреби, но наместо ние да градиме инфраструктура, градиме Мапет Шоу Сити! Ете Софија нема дворец како Шонбрун, Виндзор или Версаи и сега треба метрото да не се гради за да на Витоша се изгради дворец ли? Па ќе ја стигнат и престигнат Виена и Прага! Ајде не биди толкав буквалист!

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 04-Feb-2010 at 21:57

Јас само едно забележав. Мислам дека ја претеравме, ај малку да се спуштиме. 

Инаку околу ова, прво мислам дека е доста добро обработено, и тука им честитам.

Околу содржината, и покрај тоа што мислам дека стилот не е баш најсоодветен мислам дека би изгледало убаво. Во секој случај може да биде и поубаво. Проблемот е во тоа што после се' ќе биде пополнето и ќе нема место за корекции. Но, добро, ќе се гради на други места објекти кои ќе бидат соодветни на времето, сигурно Скопје после ова нема да застане. Ете нека си исполнат тоа што си замислиле, па и ќе се навикнеме не е нешто којзнае што. Се додека постојат кафичи, добра забава и градски парк мене не ми пречи иако можеше и подобро.

Од друга страна пак од кај знаеме како ќе реагираат странци (обичните луѓе, па и тие веќе знаат што е што, но ете)

А и чим почнаа нека завршат нека го оформат барем да си одговараатBig%20smile            Thumbs%20Upпоздрав до сите



Posted By: гитардемон
Date Posted: 04-Feb-2010 at 22:00
Андреј чекај нека ја најди интерпункцијата на тастатурата па ќе ти одговори.

Туку дали виде некој дека на плоштад има нешто што се вика хотел Merriot (правилно се вика Marriott ама не е важно, наши сме)? Минута 2:15 на клипот на lsl на youtube. Дали тоа значи дека парцелата е веќе продадена на мериот? Или само пусти желби се тоа?

http://en.wikipedia.org/wiki/Marriott_International - Еве нешто повеќе за нив .

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Feb-2010 at 22:06
Originally posted by FoSsiL

Јас само едно забележав. Мислам дека ја претеравме, ај малку да се спуштиме. 

Инаку околу ова, прво мислам дека е доста добро обработено, и тука им честитам.

Околу содржината, и покрај тоа што мислам дека стилот не е баш најсоодветен мислам дека би изгледало убаво. Во секој случај може да биде и поубаво. Проблемот е во тоа што после се' ќе биде пополнето и ќе нема место за корекции. Но, добро, ќе се гради на други места објекти кои ќе бидат соодветни на времето, сигурно Скопје после ова нема да застане. Ете нека си исполнат тоа што си замислиле, па и ќе се навикнеме не е нешто којзнае што. Се додека постојат кафичи, добра забава и градски парк мене не ми пречи иако можеше и подобро.

Од друга страна пак од кај знаеме како ќе реагираат странци (обичните луѓе, па и тие веќе знаат што е што, но ете)

А и чим почнаа нека завршат нека го оформат барем да си одговараатBig%20smile            Thumbs%20Upпоздрав до сите



Секако дека не е крај на светот. Јас лично немам дилеми дека реализацијата на проективе (тие што ќе се реализираат) ќе биде под конец, дека ќе го раздвижат тој заспан дел на Скопје, дкеа на луѓе ќе им се допаѓаат, дека ќе биде гужва за прошетка покрај новите објекти на Музејот и Театарот на пример кои гарант ќе бидат опасно осветлени па ќе се рефлектираат и врз реката... итн итн...

Сеуште е рано да се сложам со тезата "штом почнаа нека го дооформат". Но мислам дека точката од која нема враќање е многу блиску.

Всушност... Да не бил оставен центарот издупчен толку години денеска и немаше да ги имаме овие муабети најверојатно. Поука дека работите е битно да се завршуваат до крај.



Posted By: se_manda
Date Posted: 04-Feb-2010 at 22:08
ne znam dali go imalo ova postirano negde na forumov ali eve go i ovde...ne deka neso novo e kazano...

http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=4A053E18C199AA4C9826585940E96DDF

inace za videovo neam komentar...izlisno e da se komentira na vakvi naludnicavi idei sklopeni vo prekrasnava prezentacija...use ne mozam da poveruvam deka 50% od sranjava se gradat doeka site srekni i zadovolni drememe 2 saata zaglaveni u centar.ako niso drugo ke si zamisljame deka sme u pariz-praga-viena (u name it we have it) grad...special moment LCD display so anticko-staromakedonska-renesansna-barokna (random stil) crkva...


Posted By: lupo
Date Posted: 04-Feb-2010 at 22:21
mene licno poveke mi se svigja nego sega, bar pointeresno eBig%20smile, osven nekoi isklucoci kako polukruznite porti na mostot Oko i vrbite na sred Vardar


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 04-Feb-2010 at 22:21
Аууу, 4 страници за 1 ден. Мислам направивме нов рекорд, но за жал и многу непотребни емотивни квалификации и навреди паднаа.
 
Мое мислење,откако малку го „проџвакав“ клипот. Во глобала не ми се допаѓа, но не би го отфрлил целосно.
1. Мостот Гоце Делчев ми е сосема ОК, дури и лавовите не ми се катастрофа каква што очекував.
2. Споменикот на Александар е во соодветна висина.
3. Објектите Народна Банка и Офицерскиот дом - Градска куќа ми се сфатливи
4. Ми се допаѓа коњаникот пред Собрание
5. Мостот око и водоскоците на Вардар ми се допаѓаат, иако ми останува констатацијата дека е преблиску до Камени мост и сам по себе а и објектот што го поврзува се бесмислени
 
Од друга страна:
1. Сите објекти од левата страна на Вардар се полоши од замисленото. Поготово околу платото пред МНТ. Од една убава пространа платформа успеавме да направиме таква концентрација на објекти и стилови што тој дел ми личи на Хотел Амбасадор
2. Парламентот со куполите е е Dump
3. Порта Македонија е Dump
4. Пренатрупаноста со сите оние споменици на плоштад е катастрофална.
 
Но се надевам дека овој план нема да се реализира, барем не повеќе од 60%,од едноставна причина време и пари. Ова се проекти кои скапо ќе ја чинат државата, во време со катастрофални финансики резултати а како што беше и спомнато не се самите по себе инфраструктурни проекти па нема на никаков начин да допринесат кон нашиот развој.


Posted By: Tagged
Date Posted: 04-Feb-2010 at 22:28
Искрено, чинам дека многу емотивно и малку наивно гледате на сево ова...ова видео е ако ништо друго пред се политички памфлет, а ако нешто во оваа држава сме научиле е дека многу не треба се верува на вакви блесакви презентации на нечии платформи.

Од друга страна пак, јас во видеото гледам и многу објекти кои се многу политички дискутабилни и малку е веројатно дека ќе се изградаат поради огромно противење и притисок од внатре и надвор. Мислам на црквата, на споменикот на Александар, на дел од спомениците итн.

Дел од објектите, кои се тотално грди и промашени како тоа капијата кај Пелагонија, верувам дека под некаков притисок на јавноста исто така може да се откажат поради тоа што сепак иницијаторите на се ова се најголемите популисти и тркачи по рејтинг...или едноставно ќе снема пари, а ќе снема, и најверојатно ќе пропаднат некои од погрдите проекти.

Трето и многу важно, оваа проекција е направена за 4 години во иднина и некој не може со сигурност да каже дека оваа политичка опција ќе остане толку долго да одлучува. Кој и да дојде друг ќе прекине дела од овие авантури (само се надевам дека нема да остават карабини по градов, во таков случај боље да ги доградат

На крај може лесно да се случи и да добиеме нешто од нешто што колку толку ќе го заличи центарот и јас се надевам дека во таа селекција ќе останат некои од поубавите нешта од анимацијата.

Политиката е длабоко влезена во приказнава, ама тоа е само од една причина : во Македонија освен државата не постои ни еден друг доволно финансиски моќен ентитет кој би можел да превземе реконтрукција на центарот од ваков тип. Но не смееме да заборавиме, дека "градителиве" ги избравме сами со огромно мнозинство, и затоа навредливи коментари од типот фашисти,сељачишта и сл се невкусни.
Е сега што никој не очекуваше дека овие ти биле ептен "walk the talk", за разлика од претходните кои вечно дебатираа и контемплираа а на крај една чешма не изградија, тоа е наш проблем на проценка сега сме шокирани.

Во секој случај изборот се сведува на ЗМИЈА ИЛИ МАГАРЕ ? Што ќе одбере народот следниот пат ќе видиме.

До тогаш уживајте во НОВО СКОПЈЕ


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Feb-2010 at 23:07
Не ќе да е случајност тоа што презентацијата се случи токму денес


БЛИЦ ВЕСТ: Ограда на плоштадот

Денеска почна заградување на дел од плоштадот „Македонија“. Се уште нема официјално соопштение какви градежни работи поточно ќе се извршуваат.

1

2

3

4


http://www.build.com.mk/?p=1804 - http://www.build.com.mk/?p=1804


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 04-Feb-2010 at 23:13
па сега мора нешто да се критикува, а оваа повеќекратна информација придоби доста критики за доста мало време. ми се виде како некој почнал да не бомбардира, барем едно по едно а не ова го гледам на вести и вакаEeekсе збунив на почеток, незнам за вас, ама за мене (дали било добро или не) ова беше премногу за мене за едно попладне


Posted By: lupo
Date Posted: 04-Feb-2010 at 23:15
da ja simneme malku topkata lugje


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 04-Feb-2010 at 23:15
Originally posted by Cloverstack

Не ќе да е случајност тоа што презентацијата се случи токму денес


БЛИЦ ВЕСТ: Ограда на плоштадот

Денеска почна заградување на дел од плоштадот „Македонија“. Се уште нема официјално соопштение какви градежни работи поточно ќе се извршуваат.

1

2

3

4


http://www.build.com.mk/?p=1804 - http://www.build.com.mk/?p=1804

ее со ова. баш се смирив знаеш и седам на форум кога ова ми испакна, абе со им е на ова луѓево, на некој ќе му падне тешко



Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 04-Feb-2010 at 23:20
Кој таму повика на симнување на топката? Ова е симнување на топката, заградување на пола плоштад? Ајде ви се молам време е за радикални дејствија затоа што токму ние, граѓаните сме поставени пред свршен чин! Може би на некој му се допаѓа да живее во град накинџурен со идиотштини, НО МЕНЕ МИ СЕ ГАДИ!

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 04-Feb-2010 at 23:26
    еј еј и мене едно блиц сеќавање ми светна сега, не е ова нешто со цевките и фонтаната и споменикот, да?  или пак црквата  


Posted By: Supervisor
Date Posted: 05-Feb-2010 at 00:13
@MKD ова е една голема БРУКА И СРАМ
До кога Власта ќе си гради интереси и ќе се изживува со ова сирото Скопје кое едвај има услови да се нарече град?
Не сакам да навлегувам во политика ама ова е претерано!
Нивните министерства за внатрешни хотели и антички театри нека си ги вратат во времето назад.
Скопје од 1963. година како некаков град со различна архитектура треба да продолжи да се развива во модерен стил и дух и тогаш да се кити со слава ако е за славата.
Има маала што се на 2. минути од плоштад а немаат вода и канализација!
Нека не измислуваат приказни Скопје не е ни 2% од Виена ниту ќе биде со овие објекти.
Ова е една голема брука и срам за целокупната јавност што поради политички приказни се уништува нешто какво такво што е градено долго време. Политиката нека си ја пикнат во г*.

Сакам во Скопје да видам булевари зеленило, ЛРТ или модерна тролејбусна мрежа, тунели нови мостови чист и град во кој што ќе се осеќаш како граѓанин.
До тогаш нека ни е напомош цел свет.


-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Feb-2010 at 00:18
Originally posted by lupo

da ja simneme malku topkata lugje


се слагам, да не се поколеме тука.

Еве ми се допаднаа конструктивните коментари на Алексгиж и УрбанФрик кои со ладна глава се обидоа да го искоментираат сето ова што беше промовирано денеска.


Posted By: leonid23
Date Posted: 05-Feb-2010 at 00:54

5 страници за еден ден е невиден рекорд , мое е да нагласам дека и 100 страни да се направат во еден ден залудно е како што кажа еден од модераторите за сето тоа што го видовме денеска се има веќе 90% искомнтирано , но сега откако се престави 3Д приказот се стана поинаку, се доби поинаков кадарно гледиште.  Порано поемотивно гледав на овие работи , но сватив дека е залудно овде за се едно нешто да се реагира емотивно ,  само за едно ми е жал , што нашиот народ не сватил дека не може се да чини мора нешто и да не чини  И за крај би ги посоветувал сите да не трошат време и нерви , може ние тука и 100kg сол да изедеме , и по 100 страни да се постира дневно на оваа тема , но фактот е што сетоа тоа веќе се реализира и се гради Тоа би бил мојот коментар за оваа нишка прв и последен Cheers



Posted By: Supervisor
Date Posted: 05-Feb-2010 at 00:56
Ти батка во Струмица живееш? Епа не е исто знаеш?

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 05-Feb-2010 at 01:04
Модератори бе стварно засТрамете се што ги бришете постовиве одма (многу сте брзи и Ификасни). Па оставете не да се посмееме малку на туѓ грб! LOL А јас Шпер да бев во Скопје пак ќе излезев на другата страна на барикадите. Просто ако нема масовни протести во следниве денови, незнам што да кажам, аирлија да ни е! Ееееј Скопје што беше центар на интелигенцијата и прогресот на кое ниво падна неможам да поверувам.

НАЈМНОГУ МЕ НЕРВИРА НАСИЛНИЧКИОТ И ВАНДАЛСКИ НАЧИН ПО КОЈ СЕ СПРОВЕДУВА ЦЕЛАВА ПОСТАПКА. ДЕНЕСКА ОБЗНАНУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ, НИКАКВА СТРУЧНА РАСПРАВА (ПАЗИТЕ ОД ВЛАДАТА ПОРАЧУВААТ НЕМА ПОТРЕБА ДА СЕ КОМЕНТИРА ЗА СТИЛОТ, СЕКОЈ СИ ИМАЛ ПОСЕБЕН ВКУС) НЕ СЕ ПРАШАА НИТУ ЕКСПЕРТИТЕ НИТУ ЗАСЕГНАТИТЕ (ГРАЃАНИТЕ)! УШТЕ ДЕНЕСКА ОГРАДИЈА, ПОКАЖАА СИЛА И УШТЕ УТРЕ ОЧЕКУВАМЕ НОВИ ПРОВОКАЦИИ. Е ОВА Е ДЕФИНИЦИЈА ЗА АПСОЛУТИСТИЧКО ВЛАДЕЕЊЕ. ОНА КОЕ НЕ ТОЛЕРИРА НИТУ УВАЖУВА РАЗЛИЧНО МИСЛЕЊЕ. ТОА Е ДЕФИНИЦИЈА ЗА ФАШИЗАМ!!!


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Feb-2010 at 01:17
Луѓе, јас се гасам за вечерва.

Ве молам, нека биде дискусијава во учтиви рамки и без политизација да не зажалам што сум ја оставил отклучена нишкава...


Posted By: Vahr
Date Posted: 05-Feb-2010 at 01:18
незнам на што сте ја фатиле темава ... ама ми наликува на бла бла.
друго ми е темава ... знае ли некој колку точно чини се ова? направи ли некој проста пресметка

1.скулптури - толку и толку

2.монументи - толку и толку ( мада никад не сфатив како може министерка за култура да прави разлика помеѓу нив )

3. Уставен суд и дрн дрн - толку еура

4. Мостови - толку

5. Капија, обелисци дрн дрн - ако ова кошта толку тогаш ова кошта минимум толку

6. Филм анимација - колку ? Оваква анимација у скопје прави само една фирма која во исто време анимира и за светски филмови.

7. и даље и даље

е на крај да треба само да се спореди колку владата инвестирала во општина центар а колку во тетово... или во битола или во појма неам чучер сандево. Значи колку денешнава влада после 6 години -или колку беше од децентализацијата- троши во една единствена општина.

Ајде нека се најде некој на место и нека удри еден есап.


Posted By: fichot
Date Posted: 05-Feb-2010 at 01:34

Здраво живо на сите. Го следам форумов околу година дена (отприлика кога се почна со грдосијата Суд/Архив/Музеј), ама ете тек сега се вклучувам. 

Не сум, ама израснав со архитекти/урбанисти/проектанти дома, значи од татко, мајка, брат, па и снаа, а ја самиот сум професионално во визуелни уметности.  Макар шо бев во тек со тоа што се се гради, видеово тотално ме шокираше кога сите проекти ги видов на куп + некои нови како „обновените“ фасади, капијата и дел од спомениците и мостовите. Просто не можам да се изначудам. На шаховска табла нема волку фигури колку што ќе има низ центаров. За зградиве што да кажам. Грозно. Ај Офицерски и Театарот биле, па реконструкција донекаде и можам да оправдам, ама другиве, страшно.

Никогаш не сум се гордеел со Скопје како град (иако има делови кои многу ги сакам и кои се уникатни - чаршијата на пример), ама секогаш сум се надевал дека има простор/време да се разубави и да заличи на убав град. Сега веќе и надеж немам. Ај споменициве може и да се дислоцираат, да се преместат по други населби, градови, ама објективе... Ај да бевме сами на земјава, пеки. Ама кога гледам што се и какви се градби се прават низ светов, па и кај соседиве најблиски, ми се плаче, ми се рика.

Знае ли некој од прилика колку ќе кошта сево ова и кои проекти може да се реализираат со тие пари, а да бидат од корист и на Скопјани и на цела Македонија? Чисто ме интересира, да видам што би можеле да имаме доколку имавме нормална, домаќинска власт, а што ќе имаме. 

И нема различни вкусови. Има вкус и невкус. Big%20smile Скопје 2014 е во втората категорија. ИМО, да се гордееш со вакво Скопје е исто како за врв во сликарството да ти бидат Залези и Вазни со цвеќе во техника: поликолор на платно. 







Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 05-Feb-2010 at 01:40
Previous Бравос бе другар, добре ни дојде! Прво па машко! Ајде сега немој да бараш преку леб погача... кај ти градат нешто уште колку ќе чинело и не дај Боже нешто попаметно да се направи со средствата!

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Feb-2010 at 01:48
Ме изнасмеа со шаховскава табла! LOL

Добредошол. Cheers



Print Page | Close Window