Print Page | Close Window

Спoменик нa плoштaд Maкедoнијa

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=85
Printed Date: 25-May-2022 at 05:41


Topic: Спoменик нa плoштaд Maкедoнијa
Posted By: pbanks
Subject: Спoменик нa плoштaд Maкедoнијa
Date Posted: 03-Nov-2007 at 20:35
страшно како си дозволуваат да си играат со главниот плоштад во земјава вака, како да е тоа нивен приватен имот и може да насадат што сакаат
 
РЕЗУЛТАТИТЕ ОБЈАВЕНИ, НИКОЈ НЕ ОТКРИВА ШТО ЌЕ СЛЕДУВА
Споменикот на Александар - таен проект на општината Центар

Никој од надлежните во општината Центар не открива како ќе се одвива проектот за изградба на споменик на Александар Македонски на плоштадот „Македонија“, иако помина речиси еден месец откако биле објавени резултатите од меѓународниот конкурс. Преку оглас во дневниот весник „Нова Македонија“ објавен на 5 октомври годинава, општината информирала дека од 26-те пристигнати идејни труда не е избран победник, а доделени се две втори награди, една трета и два откупа. Дури и по овој датум општинарите неколку пати нагласуваа дека не знаат до каде е проектот, односно кога ќе се избере идејно решение.
Ниту вчера од општината не објаснија што ќе следува по објавените резултати од конкурсот, односно дали ќе се распишува нов, ќе се гради некој од наградените и откупени трудови или ќе се прави комбинирано решение. Лидија Неделковска, портпаролката на Центар за ова прашање не упатуваше кај претседателот на советот Владимир Здравев, кој, според текстот во конкурсот, бил задолжен за информирање на јавноста околу проектот. Здравев, пак, порача информации да бараме од академикот Крум Томовски, а притоа не посочи дали тој учествувал во комисијата што ги разгледувала решенијата. Томовски, пак, повторно не упати кај Здравев. Претседателот на општинскиот совет вчера рече дека не знаел оти резултатите од конкурсот веќе биле објавени.
- Јас бев задолжен за информирање на јавноста само додека траеше конкурсот. Не знам ниту дали се состанала комисијата ниту дали избрала победник - вели Здравев.
Огласот во „Нова Македонија“ е потпишан со „Општина Центар“, а ниту во него, ниту во текстот на конкурсот објавен на општинската интернет страница не се наведени членовите на меѓународната комисија што одлучувала за овој меѓународен конкурс. Општината одлучила на двата второнаградени трудови да им додели по 6.000 евра, третонаградениот да добие 3.000 евра, а откупените по 2.000 евра. Никој не ја добил првата награда од 10.000 евра. Трудовите во огласот се наведени според работните шифри, освен третонаградениот, на кој стои авторската шифра „ирва“ и еден од откупените, кој е потпишан со „26379“.
Одлуката за изградба на коњаничка скулптура на Александар Македонски со фонтана на плоштадот „Македонија“, советот на општина Центар ја донесе кон крајот на ноември минатата година, по иницијатива на советникот Владимир Бахчовански од ВМРО-ДПМНЕ. Општината во април го објави конкурсот. Авторите на проектите не се објавени со имињата, затоа што, како што стои во текстот, конкурсот е анонимен.

Р.П.

 
Извор: http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1242&ArticleID=79829 - Време



Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Nov-2007 at 20:39
Ohno

Bash


Баш ме интересира кои се тие неколку души кои самите себеси се назначиле за надлежни да го туркаат овој многу контроверзен проект...


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Nov-2007 at 00:07
nema soodveten emoticon da gi izrazi moite negativni cuvstva kon ovoj proekt. Bash Da ne navleguvam voopsto vo nacionot kako toj se turka pa se do idejata (standardna) da se pravi kombinirano resenie od nekolkute prvorangirani trudovi Crazy


Многу тајни околу споменикот на Александар Велики на скопскиот плоштад

На конкурсот што помина во голема тајност не било избрано првонаградено решение. Никој не кажува што понатаму

Прашање на висока политичка процена е дали на плоштадот „Македонија“ е потребно во овој момент да се гради споменик на големиот антички војсководец

ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА

Проектот на Општина Центар за изградба на споменик на Александар Македонски на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје дефинитивно се турка, но во најголема тајност. Доказ за тоа се објавените резултати од меѓународниот конкурс за избор на идејното решение за споменикот пред речиси еден и пол месец во дневниот весник „Нова Македонија“.

Според платената објава во весникот, на конкурсот пристигнале 26 идејни труда, но ниту еден од нив не ги задоволувал критериумите за прва награда. Така, не е избран победник, а се доделени две втори награди, една трета и два труда се откупени. Од Општината подолго време не сакаат да коментираат за досегашните спроведени активности и идните планови во врска со изградбата на споменикот на античкиот војсководец. Ни збор не прокоментираа ниту за платената објава во „Нова Македонија“, иако таа е потпишана од Општина Центар. Единствено, посочија дека во иднина навреме ќе информираат за „новите моменти“.

Претседателот на Советот на Општина Центар, Владимир Здравев, кој според конкурсот е единствениот надлежен да дава информации во врска со споменикот, не одговара на телефонските повици. Тој во изминатиот период, откако стартуваше проектот како да не сака да разговара за проектот. Доказ за тоа се и нашите апели да одговори на уредно испратените писмени прашања адресирани до него(коишто се упатени уште на 26 септември) како и одбивањето да разговара телефонски па дури и лично на темата за споменикот.

Имајќи го предвид молкот на одговорните, во јавноста остануваат неодговорени неколку клучни прашања. Што ќе следува по објавените резултати од конкурсот, дали ќе се распишува нов, или пак споменикот ќе се гради според некое комбинирано решение од второнаградените или откупени трудови.

Не се знае ни кои биле членовите на меѓународното жири чии гласови одлучувале за ликот на споменикот. Непознато е кога ќе почне неговата изградба, кој ќе ја финансира скулптурата, до кога треба да биде готова...На ниво на шпекулација се' уште е дека на конкурсот учествувал и грчки автор, кој се скрил преку колегите од Србија со кои се јавува како група автори на идејното решение...

Останува неодговорено и можеби клучното прашање. Неопходно ли е токму сега да се преземаат активности за изградба на споменикот на најголемиот војсководец среде главниот град кога спорот со Грција околу името ескалира. Можеби и тоа е причината за мистериозниот тек на постапката на проектот.

Инаку, на самиот почеток од најавите на проектот, некаде кон крајот на минатата година кога Советот на Општината ја поддржа иницијативата на нивниот колега Владимир Бахчовановски од ВМРО-ДПМНЕ, кој предложи да се изгради споменикот, Здравев се „расфрлаше“ со детали за кои потоа не изусти ни збор. Тогаш тој посочуваше дека Општината е цврсто решена да изгради фонтана со коњаничка скулптура на скопскиот плоштад, па дури рече дека, доколку е потребно, Општината целосно ќе ги покрие потребните трошоци. Притоа додаде дека можна е и соработка со Владата, градските власти и Министерството за култура кои, наводно, ја поддржале иницијативата.

Владиниот портпарол Ивица Боцевски само накусо ни одговори „немам никакви сознанија за проектот“.


Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=44270CB834D992409368B0F9B21E90B4 - Утрински весник


Posted By: dejan
Date Posted: 27-Nov-2007 at 03:03
Shto se sluchi so fontanata?
Spomenik na Aleksandar samo ke im dava poveke razloci na Grcite za da se bunat deka nie ne sakame da sorabotuvame so niv blah blah.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Nov-2007 at 03:13
Originally posted by dejan

Shto se sluchi so fontanata?
Spomenik na Aleksandar samo ke im dava poveke razloci na Grcite za da se bunat deka nie ne sakame da sorabotuvame so niv blah blah.



Мене баш ми е гајле за што ќе се бунат Грците. Со сила убавина не бидува. Ама во случајов треба да се осврнеме на неколку работи во врска со споменикот:

1. Дали е добар моментот за оваа работа? Одговорот е очигледен - најлош можен момент.
2. Дали го правиме споменикот за нас, или за инает на Грците? Се плашам дека има доста од ова второто.
3. Дали смее да се дозволи ваква работа да ја турка во тотална тајност (без разлика на оправдувањата) еден тесен круг на луѓе, назначени од којзнае кого? Дефинитивно не смее...
4. Колку лесно паѓаме на ефтин популизам? Изгледа прилично лесно Roll%20eyes


Posted By: dejan
Date Posted: 27-Nov-2007 at 03:19
Da se soglasuvam so tebe sega, vo momentot ne e dobra idea da se gradi takov spomenik...ama koj znae koga ke dojde 'dobar' moment? Isto i toa izgleda se pravi za inaet na grcite. 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Nov-2007 at 03:26
Originally posted by dejan

Da se soglasuvam so tebe sega, vo momentot ne e dobra idea da se gradi takov spomenik...ama koj znae koga ke dojde 'dobar' moment?



Кога ќе влеземе во Нато и кога ќе ги добиеме преостанатите неколку битки околу името... Мислам дека тој момент не е далеку. Тогаш ќе може и со малце поладни глави да пристапиме на размислување околу еден ваков споменик.




Posted By: dejan
Date Posted: 27-Nov-2007 at 03:31
Mm da vo pravo si za toa. Zdravje bozhe koga ke vleze Makedonija vo NATO, barem togash ke bide po dobro da se gradi spomenikot, ako do tolku im dojde da se gradi.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 27-Nov-2007 at 09:24

Популистичка мерка, нема што. Во секој случај фонтана на тоа место што Пенов ја предвидуваше повеќе ми се допаѓа. Александар па уште на главниот плоштад во Скопје, па уште на ваков начин....



Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 27-Nov-2007 at 23:29
Idejata e super, plostadot e centar na makedonija.. sto treba da ima vo centarot? nesto sto e gordost na makesonskata nacija.. a sto e toa? Aleksandar Makedonski!!!

Grcite mozat da ni se fatat za K........   lujge dodeka mislime "ne e momentot" "grcite ke se vregaat" do togas nemat da imame uspeh kako narod. Koj ne prasal nas dali ni se sviga nesto? Grcite treba da svatat deka so nivnata ucena ne ne plasat a znaete deka najgolemata odbrana e dobra ofanziva. Odime vo ofanziva.... koga ke pojdite na grcka granica kaj medzitlija i koga na grcka granica ke vidite sino makedonsko sonce so oznaka na angliski i grcki deka "Macedonia was born Greek" togas da mi kazite koj kogo provocira.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Nov-2007 at 02:47
Originally posted by GreatMakedon

Idejata e super, plostadot e centar na makedonija.. sto treba da ima vo centarot? nesto sto e gordost na makesonskata nacija.. a sto e toa? Aleksandar Makedonski!!!

Grcite mozat da ni se fatat za K........   lujge dodeka mislime "ne e momentot" "grcite ke se vregaat" do togas nemat da imame uspeh kako narod. Koj ne prasal nas dali ni se sviga nesto? Grcite treba da svatat deka so nivnata ucena ne ne plasat a znaete deka najgolemata odbrana e dobra ofanziva. Odime vo ofanziva.... koga ke pojdite na grcka granica kaj medzitlija i koga na grcka granica ke vidite sino makedonsko sonce so oznaka na angliski i grcki deka "Macedonia was born Greek" togas da mi kazite koj kogo provocira.



ГМ, за да имаме успех како народ ни треба мозок и работа, а не да покажуваме колку сме исфрустрирани и искомплексирани. Ако Грците се однесуваат како морони, не значи дека и ние треба да им вратиме со иста мерка, туку треба да ги искористиме нивните глупости за да ги победиме. А ако веќе инаетење со Грцие ни е врвен национален интерес, барем треба да ни е јасно дека во тој случај ќе изгубиме зашто се реално многу појаки од нас.

За ваква работа дефинитивно не е моментот, не затоа што ќе се навределе грчките педери, туку затоа што сериозно ни го проблематизира влегувањето во НАТО и конечната победа во спорот со името. Мислам дека е сосема очигледно дека за Македонија ова во овој момент е крајно штетен потег. Не знам како можеш толку упорно да игнорираш некои очигледни работи. После влезот во НАТО и извесниот пораз на Грција во спорот со името, на друг начин ќе разговараме со нив.

Ако ова со споменикот навистина сериозно се турка, тогаш или имаме идиоти на власт, или па предавници. Затоа што не можам да замислам што би и одело во корист на Грција повеќе, отколку да почнеме да градиме ваков споменик.


Posted By: dejan
Date Posted: 28-Nov-2007 at 13:17
Originally posted by GreatMakedon

Idejata e super, plostadot e centar na makedonija.. sto treba da ima vo centarot? nesto sto e gordost na makesonskata nacija.. a sto e toa? Aleksandar Makedonski!!!

Grcite mozat da ni se fatat za K........   lujge dodeka mislime "ne e momentot" "grcite ke se vregaat" do togas nemat da imame uspeh kako narod. Koj ne prasal nas dali ni se sviga nesto? Grcite treba da svatat deka so nivnata ucena ne ne plasat a znaete deka najgolemata odbrana e dobra ofanziva. Odime vo ofanziva.... koga ke pojdite na grcka granica kaj medzitlija i koga na grcka granica ke vidite sino makedonsko sonce so oznaka na angliski i grcki deka "Macedonia was born Greek" togas da mi kazite koj kogo provocira.

Vo pravo si tuka, i nie nemozheme stalno da gledame koj ke se uvredi, ili koj ke se naljuti...na kraj drzhavata ke odluchi.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Nov-2007 at 14:04
Originally posted by dejan


Vo pravo si tuka, i nie nemozheme stalno da gledame koj ke se uvredi, ili koj ke se naljuti...na kraj drzhavata ke odluchi.



dobro be luge sto vi e vas? koj zbori za toa dali grcite ke se uvredat ili ne?


Posted By: dejan
Date Posted: 28-Nov-2007 at 15:07
Jas zboram deka ke se uvredat.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Nov-2007 at 16:19
Originally posted by dejan

Jas zboram deka ke se uvredat.


Toa e totalno irelevantno. Zarem ti mislis deka se jas se protivam zatoa sto mi e gajle za grckite bedni frustracii? Nivnite custva i realno se nebitni zatoa sto so niv ionaka nema da dojdeme do dogovor. Plus toa mislam deka nivnite politicari ne samo sto nema da se navredat, tuku ke se raduvaat na nekoj nas takov poteg. Ama kako sto kazav, toa e irelevantno. Vazno e da imame prioriteti i da vodime pametna politika, a ne da se vodime po logikata na inaetot.


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 28-Nov-2007 at 23:41
Cloverstack... se soglasuvam so toa sto go velis, deka ne e momentot.. dodeka ne vlezime vo nato i ey, ne e momentot za mnogu raboti.. no izgradba na spomenik ne mislam be bilo provokacija posto takvi se izgradija vo prilep i stip a grcite ne napisaa ni dva zbora za toa.
Treba da se ima ramnoteza, da ne provocirame, ama da ne izgledame kako meki.. treba da se ima cvrst stav i tocka.


Posted By: dejan
Date Posted: 29-Nov-2007 at 01:52
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by dejan

Jas zboram deka ke se uvredat.


Toa e totalno irelevantno. Zarem ti mislis deka se jas se protivam zatoa sto mi e gajle za grckite bedni frustracii? Nivnite custva i realno se nebitni zatoa sto so niv ionaka nema da dojdeme do dogovor. Plus toa mislam deka nivnite politicari ne samo sto nema da se navredat, tuku ke se raduvaat na nekoj nas takov poteg. Ama kako sto kazav, toa e irelevantno. Vazno e da imame prioriteti i da vodime pametna politika, a ne da se vodime po logikata na inaetot.

Ok jas ne go izraziv toa mislenje, deka ti se protivash zaradi toa neznam sto, na kraj ne mi e ni gajle, samo barav razni mislenje od vas, neznam kako vlegov vo ovaa diskusijaNuts


Posted By: MKballer
Date Posted: 30-Nov-2007 at 20:27
sto ako se gradi spomenikot na aleksandar veliki?  neka se gradi- who cares!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Nov-2007 at 20:38


Па ваљда оние што ќе одлучуваат дали ќе влеземе во НАТО (и по други важни прашања)... Тие цело време не предупредуваат да не се однесуваме ко петлиња.


Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Jan-2008 at 23:22
Еве што требаше да се прави на плоштадот. Мислам дека своевремено и направија некои компоненти за фонтанава.

[tube]qDbjtcXfnEI[/tube]


Posted By: La Linea
Date Posted: 26-Jan-2008 at 13:15
Интересно ќе изгледаше фонтанава - дефинитвно по интересно од Александар Македонски. Само мораше политика да вмеша прсти...Mad


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: mitatos
Date Posted: 26-Jan-2008 at 14:16
mene mi se dopaga epten proektov, nemam zborovi ,barem donekade ke licime na drugite pogolemi gradovi so fontanava

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Jan-2008 at 14:24
И мене ептен ми се допаѓа проектот. Ми се допаѓаше уште кога искочи а после сите глупости во најава го обожавам.

BTW можеби тоа не е очигледно од анимацијава но... Они шари што ги има на фонтаната се мозаици на база на македонскиот фолклор. Нешто што е поочигледно е дека фонтаната има форма на сонце. Значи има начин да и се даде национална симболика на фонтаната без притоа тоа да биде нападно и вулгарно/селско/невкусно подигање на коњаници на секој чекор вперени навака или натака...


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Jan-2008 at 14:49
Originally posted by pbanks

Они шари што ги има на фонтаната се мозаици на база на македонскиот фолклор. Нешто што е поочигледно е дека фонтаната има форма на сонце.


Штета што немаме рендери, па да можевме ова поубаво да го видиме.

И мене ми се допаѓа фонтанава.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Oct-2008 at 12:18
КАДЕ Е СПОМЕНИКОТ ЗА ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА
Александар Македонски се крие во Италија
Неофицијално се зборува дека споменикот ќе биде висок 15 метри, ќе се прави од бронза и оти е пратен на лиење во италијанскиот град Фиренца



Споменикот на Александар Македонски, кој Општина Центар најави дека ќе го гради на плоштад Македонија во центарот на Скопје, се крие во Италија. Надлежните одбиваат да ги кажат резултатите од меѓународниот конкурс за идејно решение за фонтана и споменик на Алксандар Македонски качен на коњ, што Општината го распиша уште лани во март.
Информациите за споменикот се најстрого чувана тајна, за која никој официјално не сака да зборува.
Неофицијално, пак се зборува дека првата награда на конкурсот за споменикот ја добила млада вајарка од Скопје, која на големо работи на негова изработка. Дознаваме дека споменикот на Александар се прави од бронза, дека ќе биде висок околу 15 метри и оти е на лиење во Италија. Фонтаната, пак, ќе се прави од мермер и неа ја гради една домашна градежна фирма, односно се шпекулира со името на "Бетон".
Некои од уметниците што го виделе наградениот труд на младата вајарка тврдат дека, според макетата, споменикот требало да биде висок 5 метри, но за да се запазат барањата од конкурсот, скулптурата на Александар ќе се зголемувала во италијанскиот град Фиренца.
Скулпторите реагираат и на огромната сума пари кои Општината ги троши за овој споменик. Тие велат дека лиење во бронза на петметарска коњичка фигура во Бугарија или во Белград чини од 100 до 150 илјади евра, а во Фиренца од 300 до 400 илјади евра. Според нив, овој споменик, согласно димензиите, ќе чини многу повеќе, односно ако на сумата за лиење на споменикот се додадат хонорарите од околу 100 до 200 илјади евра за италијанските скулптори што ќе го зголемуваат, и транспортот, кој со сигурност е околу 120 илјади евра, Александар Македонски Општина Центар ќе ја чини над половина милион евра.
Уметниците и скулпторите негодуваат што целата работа се чува во тајност, односно велат дека не се знаат имињата на членовите на жири-комисија, нема ниту јавно образложение кој и зошто победува на конкурсите ниту, пак, има изложба на трудовите кои учествувале, што се коси со законската процедура. Повеќето од нив не се согласуваат ниту со димензиите на споменикот зашто, велат, и во многу поголеми градови од Скопје нема толкави споменици. "Луѓето ќе гледаат во копитата на коњот", реагираат тие.
Градоначалничката на Центар Виолета Аларова повеќепати одбива да каже кој го прави споменикот, како ќе изгледа, колку ќе чини и кога ќе го постават на Плоштадот. Таа и луѓето од нејзиниот кабинет не упатуваат кај претседателот на Комисијата за меѓународниот конкурс и претседавач со Советот на Општина Центар Владимир Здравев кој, исто така, не сака да даде информација.
"Одговорот барајте го во кабинетот на градоначалничката", рече вчера Здравев, па така и тој одби да одговори.
За споменикот не сакаа да зборуваат ниту државните власти. Тие велат дека ништо не знаат за таа работа, но дека сега не е време да се прашува и пишува поради чувствителната меѓународна ситуција во која се наоѓа Македонија. Тие на шега велат: "Истрагата е во тек".

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=158937&idg=8&idb=2511&rubrika=Makedonija



Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Oct-2008 at 12:20
Ова 15 метри е еднакво на 5-катница и приближно на ристиќева!


Posted By: zabegan
Date Posted: 30-Oct-2008 at 23:47
и јас си го помислив истото 15м Eeek, предоминантно и кај беше кич уште покич го прават (може и да се секојдневни новинарски бесмислици)



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Oct-2008 at 00:03
Не мислам дека 5 метри би биле кич, ама 15 дефинитивно може да форсираат само мегаломани без осет.


Posted By: beTon
Date Posted: 31-Oct-2008 at 00:05
па ја мислам дека треба да го направат 30 метра и да го насадат на кале, така и ќе доминира над градот и ќе има мотив плус зошто да се отиде на калето па уште и жичарата да тргнува од таму како капак на тоа, дефинитивно ќе имаме локација во СК каква што немаат ни кинезите во пекинг LOL


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Oct-2008 at 00:33
Изгледа не е споменикот 15 метри. Споменик е најнормален коњаник, изгледа постамелнтот е столб од 15 метри па најгоре е поставен коњаникот. Нешто како на последното клипче постирано во нишкава!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Oct-2008 at 00:46


Ни таква варијанта не звучи баш многу подобро. 15м + споменик би биле стварно премногу во секој поглед.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 31-Oct-2008 at 12:18
Тоа ти е македонски инает, балкански табиет, се прашувам само зошто не го направиле поголем од најголемиот споменик на Ленин во Улад-Уде во СИбир или и него да го донесеме на плоштадотBash.


Posted By: dejan
Date Posted: 31-Oct-2008 at 13:21
15 метра? Аман веќе. Мислам претеруваат со овие споменици. 


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 31-Oct-2008 at 15:29
Чекајте прво нека го донесат па после да коментираме,оти вака секој коментар базиран на претпоставка не води до никаде.

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Mr.Edmund
Date Posted: 31-Oct-2008 at 16:28
Мислам дека е малку несоодветно во 21 век да редиме коњанички статуи.....особено ако врвниот дострел на таа статуа е големината
И мене фонтаната како опција повеќе ми се допаѓаше....особено што предложената идеја беше интересна.....а патем кажано, имаше и конкурс за фонтана на плоштадот на кој имаше и пар интересни предлози


-------------
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 31-Oct-2008 at 16:46
da, mnogu podobro ce bese fontana ama eve sto da prajme ...fontanata ce izgledase prekrasno ....  spomenici so 15 m.???'Ohno kaj plostadot ??' phooo ne mi se veruva kako ce izgledat CrazyOhno 


Posted By: BOJAN
Date Posted: 01-Nov-2008 at 01:46
Јас ќе повторам, немаат грам мозок во тоа главата, само сива маса и размислуваат само како да ги наполнат џебовите со по некое ново зградиче или станче.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Dec-2008 at 16:53
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СКОПЈЕ ПРЕДЛАГА ЗАМЕНА НА СПОМЕНИЦИТЕ
Тоше место Александар на Плоштад
Тоше спонтано го одбележа кругот на Плоштад, кога за него таму со недели се палеа свеќи кога загина, а се палеа и годинава на годишнината од смртта

Скопскиот градоначалник Трифун Костовски предлага на плоштад Македонија место на Александар Македонски, да му се подигне споменик на Тоше Проески. Тој вели дека е многу пореално и поприфатливо во центарот на Скопје да се подигне споменик на трагично загинатата поп-sвезда, бидејќи скопјани спонтано го одбрале токму Плоштадот за да ги искажат своите длабоки чувства кон Тоше.
"Тоше го одбележа кругот на Плоштадот. Тука сите се собираа и со недели палеа свеќи кога загина, а нема кој не му запали свеќа токму на ова место и на годишнината од смртта. Сметам дека граѓаните ова место го чувствуваат како место на Тоше, и многу поприродно е на ова место нему да му се подигне споменик, а не на Александар Македонски, кој ако постоеше во денешни времиња, би завршил во Хаг поради убиствата и колежите што ги правел", вели Костовски.
Плоштадот и местото каде што треба да се гради споменикот од 2004 година е сопственост на Градот, и единствено со дозвола од Градот таму може да се поставуваат не само споменици туку и нови плочки. Бидејќи градоначалникот Трифун Костовски досега во неколку наврати јавно кажа дека е против споменик на Александар Македонски, Владата сега си ја побарала назад сопственоста на делот од Плоштадот каде што треба да стои споменикот.
"Немам намера да се откажам од концесијата за Плоштадот кој ни е даден на 99-годишно користење. За тоа ќе треба одлука на Советот на Скопје, но јас не можам воопшто да му предложам на Советот такво нешто бидејќи немам аргументи за враќање на концесијата", вели градоначалникот.
Враќање на концесијата за Плоштадот, како што рече Костовски, телефонски му побарал министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, а официјалната преписка, пак, одела преку претседателката на Советот на Скопје Ирена Мишева која по сугестија од градоначалникот, го одбила барањето.
Министерството за транспорт и врски два дена молчи и не дава одговор на прашањето зошто ја побарало назад концесијата. (Е.А.)

***

Камен-темелник откако ќе се тргне елката


Освен од Министерството за транспорт и врски, Градот имал притисоци и од Општина Центар, која не дозволувала Градот да постави елка на Плоштадот, бидејќи планирале по новогодишните празници да почнат со изградба на фонтаната.
"Кога почнавме да ја ставаме елката, дошле од Општина Центар и кажале дека во кругот на Плоштадот годинава не може да има елка, бидејќи тие од втори јануари ќе почнат со градба на фонтаната. Потоа се согласиле градежните работи да ги почнат од 15 ти јануари", вели Костовски.
Општина Центар тврди дека изјавите на градоначалникот Костовски се невистинити и оти ниту имале ниту имаат намера да ставаат камен-темелник на фонтаната на втори јануари.
"За терминот 15 јануари немаме никакви информации. За тоа дали тогаш ќе се постави камен-темелникот одлучува одборот за подигање на споменикот", велат од Општина Центар.

***

Споменикот излеан во Италија

Споменикот на Александар Македонски пред два месеца беше однесен на леење во Италија. Неофицијално, тој е веќе изработен, а од Италија е порачан и мермерот за постаментот и за фонтаната во која е предвидено да стои споменикот.
Официјално, изработката и поставувањето на овој споменик речиси две години е најстрого чувана тајна. За споменикот на Александар не зборуваат ниту Општина Центар која лани распиша конкурс за него ниту одборот формиран за негово подигање, во кој има и владини членови.
Но и покрај молкот од Општината, како што се зборува во уметничките и во дипломатските кругови, споменикот го направила млада вајарка од Скопје. Висок е 15 метри и излеан е од бронза. Постаментот и фонтаната, во која ќе стои споменикот, ги прави домашна градежна фирма, но со мермер од Карера, Италија.
Од Центар одбија да објаснат зошто споменикот се лее во Италија и зошто фонтаната се поправи со италијански, а не со прилепски мермер.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=161169&idg=8&idb=2554&rubrika=Makedonija


Ауууу овдека има доста да се изрога.....


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Dec-2008 at 16:56
катастрофа... од најновиот бисер на Трифун (за Тоше) па до се друго во врска со таа локација.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Dec-2008 at 17:09
Што има сега да му дигаме споменик на плоштад. Плоштадот е централен државен и треба да добие таква фигури од кај сега Тоше за една година стана национална вековна фугура. Почнува да ме курчи оваа фама што се создава и цел овој Тошеизам. Па остај те го човекот на раат нека почива. Ќе почнат чорапи и чоколади тоше да прават, истиот муабет со Касандра. Да беше тоа време може и Касандра ќе ја имавме сега на плоштад. Да ти ебам градските власти, што идат како дувне ветрот така и они. Па ако си институција сам по себе како личност, а Трипун е таков, па не смееш да си дозволиш да се ставаш у кош со флотантната аморфна маса која што у нашава држава незнае каде плива. Какви се овие желе-карактери?! Ми доаѓа понекад да дигнам раце кога ќе прочитам вакви трици........

бидејќи скопјани спонтано го одбрале токму Плоштадот за да ги искажат своите длабоки чувства кон Тоше.
Алооо господине.... зашто служи плоштадот?! Како тоа, види богати....., скопјани на плоштад се собрале....чудо!!!! Па кај сакаш да се соберат?! У ѓорче?! На утакмица се иде на стадион, на концерт у сала, за великден у црква, за штрајк пред грчка амбасада, а за некои работи постои мастеркард...... овај де..... се иде на плоштад.   И за избори победникот спонатано се собира тука. Значи ние треба да го ротираме спомеников после секое спонтано собирање. Ја незнам како тоа Трифун уште му е чудно?! Но ќе му простиме, можда човекот е у предИ-изборно бунило.



Инаку се плашам дека димензиите нема да бидат како што дискутиравме пред некој ден. Се надевам дека 15 метри е новинарска грешка, а дека сепак е тоа 15 метри постамент и нормален споменик. Замислете како би изгледало само транпорт на таков поменик од италија до тука....ваљда како гасна турбина, само што од под церадата ќе штрчи копје!!!


Сакам и да се осврнам на оваа реченица.
Од Центар одбија да објаснат зошто споменикот се лее во Италија и зошто фонтаната се поправи со италијански, а не со прилепски мермер.
Па како може да си дозволи некој ваков лапсуз. Оваа е истата прича што ја зборевме за ФАС со автобусиве. Услов за еден новинар да биде успешен е да не дава квалификувано мислење. А ние што имаме тука?! Со ова "одби да објасни" нас индиректно ни се дава до знаење дека е тоа неправилно работење. Некој глуп новинар ако има проблем да свати после 20 години дека сме отворена економија нека си ги лечи проблемите дома, а на злоупотребувајќи ги медиумите, градоначалникот, општините. Едноставно новинарот во случајот со една реченица создава погрешна перцепција дека има тука некој криминал, дека ако имаме ние мермер несмееме од страна да донесеме.   Крај крајева, од каде па тоа дека Прилепскиот мермер е најдобар?! Зашто да мора да го форсираме прилепскиот мермер ако можеме да донесеме поквалитетен од надвор?!


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Dec-2008 at 17:14
Скроз непотребно му го истрошија името на Тоше за глупости во минативе година и кусур. Го бутаат и кај што треба и кај што не треба и постојано го девалвираат со тоа.

Но... да се вратиме на вистинскиот проблем.... Трифке ќе го снема за 3 месеци а со него и сите негови бисери вклучувајќи го и овој... Но она што ќе ни го насадат на плоштад ќе биде тука долго време... А според сите најави нема да биде воопшто добро.


Posted By: beTon
Date Posted: 20-Dec-2008 at 19:12

па добро донекаде имаат заеднички црти и двата лика:   и двајцата млади а воедно и трагично загинати, обединувачи на народните маси, вешти во боречките вештини!  единствено разликата е што Тоше има http://mk.wikipedia.org/wiki/Власи - Влашки корени , а Александар има http://star.utrinski.com.mk/default.aspx?pbroj=1787&stID=36798&pdate=20050527 - Пелазгиски корени ( http://mk.wikipedia.org/wiki/Каран - династија Аргеадите односно Теменидите од Арг ). не е нешто споредбава значајна, но сакам да фрлам светло на фактографскиот момент во предлогот на Трифка, кој за волја на вистината смета дека подобро ќе се идентификуваме со Славеј од поблиската отколку со Славеј од подалечната историја, и јасно со предзнак на Тодоровата хуманост и "срдечно позитивната"  акустична резонанца. Smile 

сепак државите обично е пракса да се идентификуваат со државници, но тоа не треба да ни биде оправдување за да запреме со експериментот наречен FYROM, па кога можевме името да  го смениме, знамето да го смениме, претходно азбуката да ја стилизираме итн. па зошто сега не би смениле уште нешто во контекст на обележјата со кои би се идентификувале пред светот, а и себе би се скротиле околу поривите за докажување на националниот идентитет, ионака живееме во држава која не е Македонија на Македонците (да не ме разберете погрешно ова е позитивен момент бидејќи сме први после Александар во светот со космополитски пристап кој ги признава сите за еднакви во една држава без да им го наметне сопствениот национален императив, само кај нас сите се народи, не еден, два или три сите!)

јасно е дека трифка е визионер,  но кој подранил со идеи! сеуште балканот  не е подготвен за ваков пристап т.е. се додека не признаат сите, дека Македонците постојат и дека истите се поголем дел од заедничкиот корен на народите кои живеат на овој полуостров(гледано културно, државно и историски) нема да има простор од се срце да се свртиме кон културни колективни вредности како ID симболи, туку ќе држиме до тоа дека за да опстанеме мора да се идентификуваме со славата на борците за слобода било тие да биле во антиката, средниот или современиот век...        



Posted By: macedonia
Date Posted: 20-Dec-2008 at 19:16
A statue of the young pop singer in Skopje's main square? Has this mayor lost his mind? It looks like he is turning the singer's death into a cult...  Hey maybe they should also build statues of Petranka Kostadinova and Goce Nikolovski Nuts


Posted By: mitatos
Date Posted: 21-Dec-2008 at 00:01
Svetot vo kriza , Makedonija gradi spomenici tooooo napred )))

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: mitatos
Date Posted: 21-Dec-2008 at 00:05
eve za sto se raboti :

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СКОПЈЕ ПРЕДЛАГА ЗАМЕНА НА СПОМЕНИЦИТЕ
Тоше место Александар на Плоштад
Тоше спонтано го одбележа кругот на Плоштад, кога за него таму со недели се палеа свеќи кога загина, а се палеа и годинава на годишнината од смртта

Скопскиот градоначалник Трифун Костовски предлага на плоштад Македонија место на Александар Македонски, да му се подигне споменик на Тоше Проески. Тој вели дека е многу пореално и поприфатливо во центарот на Скопје да се подигне споменик на трагично загинатата поп-sвезда, бидејќи скопјани спонтано го одбрале токму Плоштадот за да ги искажат своите длабоки чувства кон Тоше.
"Тоше го одбележа кругот на Плоштадот. Тука сите се собираа и со недели палеа свеќи кога загина, а нема кој не му запали свеќа токму на ова место и на годишнината од смртта. Сметам дека граѓаните ова место го чувствуваат како место на Тоше, и многу поприродно е на ова место нему да му се подигне споменик, а не на Александар Македонски, кој ако постоеше во денешни времиња, би завршил во Хаг поради убиствата и колежите што ги правел", вели Костовски.
Плоштадот и местото каде што треба да се гради споменикот од 2004 година е сопственост на Градот, и единствено со дозвола од Градот таму може да се поставуваат не само споменици туку и нови плочки. Бидејќи градоначалникот Трифун Костовски досега во неколку наврати јавно кажа дека е против споменик на Александар Македонски, Владата сега си ја побарала назад сопственоста на делот од Плоштадот каде што треба да стои споменикот.
"Немам намера да се откажам од концесијата за Плоштадот кој ни е даден на 99-годишно користење. За тоа ќе треба одлука на Советот на Скопје, но јас не можам воопшто да му предложам на Советот такво нешто бидејќи немам аргументи за враќање на концесијата", вели градоначалникот.
Враќање на концесијата за Плоштадот, како што рече Костовски, телефонски му побарал министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, а официјалната преписка, пак, одела преку претседателката на Советот на Скопје Ирена Мишева која по сугестија од градоначалникот, го одбила барањето.
Министерството за транспорт и врски два дена молчи и не дава одговор на прашањето зошто ја побарало назад концесијата. (Е.А.)


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=161169&idg=8&idb=2554&rubrika=Makedonija



-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-Dec-2008 at 00:43

Сега испадна Александар антихрист, бетер од Хитлер и Наполеон. Ајде... !?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 21-Dec-2008 at 00:52
Previous
PreviousTрифун почнал да се дрогира Big%20smile

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: zabegan
Date Posted: 21-Dec-2008 at 01:19
Сигурно трифун мисли дека тоше ќе се гордееше со него LOL
бидејќи си беше скромен, тоше сигурно немаше да сака негов споменик, било каде, али у секој случај трифка се однесува како и обично (натрипано) LOL


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Dec-2008 at 08:24
СМК: Царот Александар Трети Македонски на плоштадот “Македонија“ во Скопје

http://netpress.com.mk/vestiimages/46910/%D0%A1%D0%9C%D0%9A.jpg">

Светскиот Македонски Конгрес изразува нескриена почит кон името и делото на Тоше Проески и целосно ја поддржува собраниската одлука за изградба на негов Меморијален споменик во Крушево, но ја отфрла злоупотребата за изградба на негов паметник и на плоштадот Македонија во Градот Скопје.

Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, како што се истакнува во соопштението на СМК, на плоштадот во центарот на Градот Скопје, очекуваат изградба на Споменик на Царот Александар Трети Македонски на неговиот коњ Букефал во фонтана со осум лава, како препознатлива разгледница на секоја сериозна метропола. Светскиот Македонски Конгрес очекува Владата на Македонија да ја реализира оваа иницијатива на најголемиот воен стратег и државник во човековата цивилизација по што Македонија ја препознаваат на сите меридијани на земјината топка и во сите времиња. Впрочем, големината на секоја цивилизација е во универзалноста на нејзините вредности, а Царот Александар Трети Македонски е токму тоа и затоа Македонците го заслужуваат во државата Македонија, каде што најмногу и припаѓа.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=46910&kategorija=1

Веќе е непишано правило и општо е познато што ќе има на плоштадот Македонија како споменик. Тоа е Александар Македонски и се согласувам со тој споменик, без разлика на сите наводни "околнисти", но тоа настрана тука е офтопик! Е сега можам да не се согласам со димензиите кој ги слушаме (се надевам дека е грешка) и слично.

Но еве веќе почна и да се лецитира со обликот на фонтаната. Овој предлог за осум лава на прв поглед ми делува многу ОК! Сепак лавот сам по себе влече симболика, а и осмицата влече симболика од дамнешни времиња до денес да ја имаме на државното знаме така да со предлогот можам да се сложам се додека не станува збор за некој кич лав како оние гипсени лебеди саксии пред куќа. Се надевам дека ако се иде на некое вакво решение лавовите ќе бидат копија на оние од Херонеја или па незнам некое друго археолошко наоѓалиште како не би се допуштило кичот да го загрози и централниот плоштад, односно да не се остави на малоумноста на некој партиски-архитект-уметник.

Ова е само еден предлог од една невладина организација така да не треба да го сметаме за којзнае колку релевантен, и повеќе е тука да го евидентираме.


Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Dec-2008 at 11:54


Јас имам дијаметрално спротивен став кој повеќе пати го имам искажано. Значи лавови, коњи и слични работи се за мене комплетно промашена работа, тие припаѓаат на друго време а не на времето во кое живееме ( http://en.wikipedia.org/wiki/Equestrian_statue - линк ).

Низ Европа 99% од статуите од овој тип се направени до 20тите години од минатиот век (со благи испади во Финска на пример во 70те години). Некои се дури и отстранети на некои места ( http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_equestrian_statues - листа на коњички статуи ).

Проектот спрема мене е ретрограден независно од тоа кој ќе го јава коњот.

За крај само ќе го цитирам американскиот амбасадор Филип Рикер од неговото последно интервју во Теа Модерна. Со оваа негова изјава комплетно се сложувам.

Originally posted by Филип Рикер

Искрено речено, изненаден сум од напорите кои се фокусираат на минатото, како да постои поголем интерес за старото отколку за модерното. Некои луѓе велат: "Така е тоа на Балканот", но таквиот начин на размислување само покажува неуспех на имагинацијата и недостиг од самодоверба.


Ова е суровата вистина која Рикер без влакно на јазикот ни ја кажува во лице.


Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Dec-2008 at 12:25
Еве една коњичка статуа во Чешка од 2005 . Очигледно мотивите при изборот и дизајнот не биле исти како кај нас.



А еве како изгледа спрема мене коњичка статуа поставена на погрешно место (што е исто битен аспект во нашиов случај бидејќи архитектурата на плоштадот не одговара)

Ова е во Софија



Еве како изглеа тоа одозгора, спрема мене окружението е комплетно утнато иако се гледа дека кога иницјално ја дигнале апсолутно имале логика во позиционирањето во однос на Националната галерија за странска уметност (мислам дека тоа е белиот објект кој го дефинира долниот дел на полукружниот плоштад, а проблемот е во тоа што плоштадот никогаш не се дооформил како што треба.



Ако веќе мора да идеме со коњ (како нужно зло). Искрено мислам дека окружението на плоштадот Карпошово востание ќе биде далеку поодговарачки.


Posted By: dejan
Date Posted: 25-Dec-2008 at 13:35
Јас не би подржувал да се гради споменик на Александар на плоштад. Првенствено нема да личи воопшто убаво да се вклопи таков споменик на такво место, треба нешто по модерно. Што се случи со фонтаната? Исто мислам нема да ни ‘личи‘ кога ке земеме во предвид се ова со името, ама да не навлегувам во тоа пошто не сакам да се претвори ова во политичка тема. Едно време би се согласил со споменик на Александар, ама сега не. Барем не на тоа место, ако им е дојдено до градење споменик, нека биде негде каде ке личи.


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 25-Dec-2008 at 14:17
izgleda nishto od fontanata,jas mnogu sum za da se postavi fontana nego spomenik.a ako vishe se resheni za spomenik nemora da bide aleksandar tuku moze da bide justinijan sto nekoj tuka imashe spomnato.


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 08-Jan-2009 at 03:12
Да не ви се верува на еден бугарски блог најдов како би изгледал Александар Македонски на плоштад



А еве што планирал Бранко да изгради во своите "златни години" LOL







-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: kire85
Date Posted: 08-Jan-2009 at 03:36
ne sakam da zvucam staromoden, zosto znam deka navistina ne sum, ama idejata za izgradba na spomenik konjanik na plostadot makedonija ja poddrzuvam bidejki smetam deka na skopje mu treba eden spomenik od takov vid koj sekogas ima posebno znacenje....pred se ja poddrzuvam idejata zasto konjanikot e megjudrugoto i simbol na slobodata

ne znam, toa e moe licno ubeduvanje i sekade vo stranstvo kade sto sum bil i sum videl slicni spomenici mi ostavile dosta pozitiven vpecatok, zatoa bi sakal i skopje da ima nesto takvo.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Jan-2009 at 08:38
kire воопшто не те прави старомоден тоа што сметаш дека треба коњаник на плоштад Македонија. Нити па треба да се првадаш за тоа. Некако дефанзивен пост. Аргументите си ги набројал, но оправдување не барај, пошто ова е твој личен став, секако мора да е поткрепен, а гледам делумно си го поткрепил нешто со слобода. И јас сум со тебе на истава линија. Инаку сликава горе не илустрира баш најдобро како ќе изгледа. Постаментот треба да биде правец мост-ристиќ.


Posted By: kire85
Date Posted: 08-Jan-2009 at 13:40
Originally posted by lslcrew

kire воопшто не те прави старомоден тоа што сметаш дека треба коњаник на плоштад Македонија. Нити па треба да се првадаш за тоа. Некако дефанзивен пост. Аргументите си ги набројал, но оправдување не барај, пошто ова е твој личен став, секако мора да е поткрепен, а гледам делумно си го поткрепил нешто со слобода. И јас сум со тебе на истава линија. Инаку сликава горе не илустрира баш најдобро како ќе изгледа. Постаментот треба да биде правец мост-ристиќ.


pa dobro vidov deka povekjeto se protiv idejata, pa zatoa mislev deka mora da navedam i zosto, da ne bidam gresno interpretiran.

inaku ednistveno nesto sto me stava vo misla e deka planiraat aleksandar makedonski kako konjanik i okolu nego 8 lava.....ne znam kolku toa bi odelo edno so drugo, zatoa sto sepak, ne treba samo ubavo da izgleda, tuku treba i nekoja simbolika da ima.

lavot ne e simbol na antickiot period na makedonija, tuku pred se na ponoviov.....pa zatoa mislam deka ne bi bilo na mesto da messat simboli od razlicni vreminja....


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Jan-2009 at 13:43
Лавот влече логика и од антиката! Обично кога освојувале нови територии па ставале лавови како скулптури да бележат територија! Ја има и симболиката само треба да не излезе кич дело на плоштад!


Posted By: kire85
Date Posted: 08-Jan-2009 at 13:47
Originally posted by lslcrew

Лавот влече логика и од антиката! Обично кога освојувале нови територии па ставале лавови како скулптури да бележат територија! Ја има и симболиката само треба да не излезе кич дело на плоштад!


abe da, imas pravo, toa im bilo simbol na golema pobeda, megjutoa toa e samo eden lav ispraven na prednite 2 noze.....mene pred se mi smetase toa sto ovie sakale da nacukaat 8....nekako preterano mi e na prv pogled....


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Jan-2009 at 13:52
Епа мислам дека за некои такви слични лавови се работи! Онакви исправени. Најблиску до нас мислам дека има еден у Херонеја!


Posted By: kire85
Date Posted: 08-Jan-2009 at 14:17
Najbliskiot e vo sereskiot region na nekoisi 80 km od kavala....


Posted By: гитардемон
Date Posted: 08-Jan-2009 at 14:58
Originally posted by ovaj_stariov

Да не ви се верува на еден бугарски блог најдов како би изгледал Александар Македонски на плоштадА еве што планирал Бранко да изгради во своите "златни години" LOL


Овај е споменикот што е во Солун покрај море. Инаку е огромен, а мислам дека нашите ќе се обидат да го надминат во големина. Тогаш дури ќе имаме грдосија на плоштад.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Jan-2009 at 15:09
Коњаникот на Александар во Солун е спрема мене еден од најгрдите коњаници било каде. 


Posted By: гитардемон
Date Posted: 08-Jan-2009 at 15:34
За нив била важна големината и ништо друго, затоа и е направен таков никаков. Само уште не ми е јасно дали големината на тоа меѓу нозете на коњот треба да е некоја скриена порака за нас? Огромно го направиле... Ај и кај нас на лавовите да им се стават

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: beTon
Date Posted: 08-Jan-2009 at 17:40


Originally posted by kire85


inaku ednistveno nesto sto me stava vo misla e deka planiraat aleksandar makedonski kako konjanik i okolu nego 8 lava.....ne znam kolku toa bi odelo edno so drugo, zatoa sto sepak, ne treba samo ubavo da izgleda, tuku treba i nekoja simbolika da ima.lavot ne e simbol na antickiot period na makedonija, tuku pred se na ponoviov.....pa zatoa mislam deka ne bi bilo na mesto da messat simboli od razlicni vreminja....

грешка си Кире, и те како е антички симбол но корените му се постари...  

http://mk.wikipedia.org/wiki/Македонски_лав - mk.wikipedia.org/wiki/Македонски_лав

https://web.archive.org/web/20120121145707/http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/1208381 - ЛАВОТ ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПРИКАЗНИ Е АНТИЧКО-МАКЕДОНСКИ МОТИВ

наследството со симболиката за лавот е уште од неолитот, од Пелазгите, од Херакло, предок на македонските цареви - Хераклиди. Херакле со голи раце го убил Немејскиот лав и си ја префрлил лавјата кожа преку рамото како знак на моќ...[ http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/1222291 - 1 ]

Лавот се среќава како честа претстава на гробните прилози од нашите некрополи.Често е прикажан како апликација на шлемови, надградници и разни златни апликации, (Види гробни наоди од Требеништа), на златните плочки од Синдос и една бронзена апликација откриена во Македонија, која сега се наоѓа во Берлин, датирани од првата половина на VI век пред Ристос.На повеќе триножници од бронзените садови ногарките се обликувани во лавовски шепи. На голем број апликации, на вазни од злато и бронза, како и на главчините на разните видови белегзии се наоѓа лавот во различни големини, форми и претстави.

Лавот е специфика во древните времиња на македонските простори и претставува симбол на македонскиот идентитет. Македонците за Лавот негуваат земен култ, како што за шеснаесеткракото сонце негуваат воздушен сончев култ. (Херодот спомнува дека персиската војска предводена од Ксеркс била нападната од лавови).Неговата симболика секако лежи во јаката природа на лавот но, исто така, лежи во империјалноста, достоинството, гордоста, храброста и супериорноста на македонската цивилизација, добрата волја и позитивната енергија на Македонците. [ http://www.makedonskosonce.com/broevis/2008/sonce721_722/30_31_feljton.pdf - 1 ][ http://www.makedonskosonce.com/broevis/2008/sonce723.pdf/30_31_feljton.pdf - 2 ]

 





Posted By: гитардемон
Date Posted: 08-Jan-2009 at 21:39

Само да те предупредам дека македонската википедија е полна со националистички глупости кои нема да ги најдеш на ниту една друга википедија. Затоа треба да помогнат сите (затоа и потписот мој). Така што, не обрнувај многу внимание на тие "античкомакедонски" содржини.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: beTon
Date Posted: 08-Jan-2009 at 22:38
Originally posted by гитардемон


Само да те предупредам дека македонската википедија е полна со националистички глупости кои нема да ги најдеш на ниту една друга википедија.

Така што, не обрнувај многу внимание на тие "античкомакедонски" содржини.

off topic -  види може и обратно да се сврти муабетот односно прво предупреди се себе си, зошто немаш прочитано некоја историска книга повеќе, па сетне  носи заклучоци дали е национализам она што е твое и дали  истото не смееш да го напоменеш или да го истражуваш!

национализам е кога на другиот му оспоруваш нешто  наметнувајќи го својот филм над останатите! и колку што можам да видам јас, никаде НИЕ никому ништо не сме му оспориле а уште помалку да му наметнеме, освен нас постојано што нешто ни оспоруваат и наметнуваат,  но да не ја влечеме во аут темата овој муабет не е за тука, а мојата реплика се однесува само на недоумицата на Кире!

инаку во вики линкот ни од далеку не ги има овие другите цитати што ги наведов! зошто, тоа треба да се прашаат тие што ја едитираат таа википедија, но и тие неможат се да постигнат т.е. да прочитаат некоја историска книга повеќе, освен историските учебници од 19 век! еве за почеток ќе им ги препорачам истражувањата на проф. Христо Меловски реален историчар со педигре, кој ја има истражувано употребата и симболиката на лавот во македонија низ вековите, инаку  доскорешен професор на катедрата по историја...



Posted By: гитардемон
Date Posted: 08-Jan-2009 at 22:53

Истите тие будали кажуваат дека денешниот македонски е поврзан со т.н. антички македонски и дека го дешифрирале каменот на розета. Треба нешто повеќе да се каже за тие "научници"? Не е темата за тука, ама корисниците на википедија не се виновни за тоа туку некој што воопшто дозволува такви будали да говорат во јавност и да ни се смее цел свет. Како и да е, офтопик е ова, па нека го бришат админите.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: beTon
Date Posted: 08-Jan-2009 at 23:10

 колку за инфо и јас не верувам многу во резултатите на академик Бошевски но на последниот симпозиум во русија за славистика излезе дека ги признаа нивните напори! па дури тогаш ману застана зад нив, абе незнаеш дал плачеш или да се смееш! знаеш штое трагедијата кај нас оние што лежат и спијат тие се најгласни околу судењето на оние кои се трудат нешто да истражат или да се обидат да го протолкуваат , оправдувајќи ги сопствените ставови пак ќе кажам врз основа на нечии читанки од 19 век! можеби треба малку да се замислат луѓево зошто толку аверзија кон сопствениот корен! мислам дека одговорот ќе го најдат кога ќе разберат дека историјата ја пишуваат победниците, сега рим е победник и на таа победа се темели современата историја, во која за Македонците немаместо!!!

но, никој не ни е нам крив што со цело срце веднаш и без малку самокритика ги прифаќаме туѓите сервирања а на обидите од наша страна некој нешто да сервира макар било тоа и признато и потврдено веднаш ја затвораме вратата! 



Posted By: La Linea
Date Posted: 08-Jan-2009 at 23:46
Забегавте со офтопик дечки...

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: beTon
Date Posted: 08-Jan-2009 at 23:55
точно, но гитаро на празно само ја оспори мојата реплика на Кире, па во очекување дека оваа преписка ќе оди јабана тука ја свртивме на убедување дали лавот е национализам или реална македонска симболика за да ја дотераме до http://mk.wikipedia.org/wiki/Камен_од_Розета#.D0.97.D0.BD.D0.B0.D1.87.D0.B5.D1.9A.D0.B5.D1.82.D0.BE_.D0.BD.D0.B0_.D0.9A.D0.B0.D0.BC.D0.B5.D0.BD.D0.BE.D1.82_.D0.BE.D0.B4_.D0.A0.D0.BE.D0.B7.D0.B5.D1.82.D0.B0_.D0.B7.D0.B0_.D1.81.D0.B2.D0.B5.D1.82.D1.81.D0.BA.D0.B0.D1.82.D0.B0_.D0.BD.D0.B0.D1.83.D0.BA.D0.B0 - дешифрирањата за текстот за Птоломеј Птоломеадски Smile ...


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Jan-2009 at 00:40
Како во лош сон... Ohno WallbashWallbashWallbashWallbashWallbashWallbashWallbashWallbash Suicide

Каде ќе гледа Александар, кон Брисел или кон Пела

Дали споменикот во Скопје ќе биде висок 30 метри како што се зборува

Тина Иванова


Поставувањето на споменикот на Александар Македонски на коњ на плоштадот „Македонија“ деновиве е топ-тема во јавноста. Се зборува дека неговото откривање треба да се очекува наскоро и дека ќе никне во самиот центар на скопскиот плоштад (во средишното зеленило традиционално резервирано за поставување на елката).

Се зборува и тоа дека споменикот ќе биде висок повеќе од 30 метри, односно повисок од познатата Ристиќева палата, дека се прави од бронза, дека покрај него ќе има и фонтана, а ќе биде и специјално осветлен, па дури и постојано озвучен, односно од него ќе се слуша пригодна музика, и тоа дека на него работи млада македонска вајарка, а неговото лиење ќе се одвива во Фиренца...

Но, сите овие информации се базираат само на чаршиските муабети. Од Општина Центар, во чии раце е изградбата на споменикот на Александар Македонски, и кои имаат обврска да не' информираат, се' уште се неми на прашањата поврзани за овој проект. Не кажуваат ниту каде и кој го изработува, ниту од каков материјал е, ниту колкава ќе биде неговата големина, ниту колку чини. Исто е и за резултатите од меѓународниот конкурс за идејно решение за овој споменик и фонтана кој Општина Центар го распиша лани.

Најмногу за ова реагираат скулпторите. Се прашуваат зошто целата оваа работа се' уште се држи во тајност. Зошто се' уште не се објавени имињата на членовите на жири-комисијата и, што е најважно, не се објавува името на победникот на конкурсот. Очигледно, Општина Центар извршува партиски директиви, па главата ја чува во чиновничка фиока.

Од Министерството за култура, исто така, велат дека немаат никакви информации за овој проект и дека, сепак, тоа е реализација на Општина Центар, која за тоа има задолжено посебна, стручна комисија.

Скулпторот Љубиша Камењаров е еден од многуте кој се прашува зошто се' уште нема официјални информации околу поставувањето на споменикот. „Дали е тоа што се зборува низ чаршијата, дека конкурсот за овој и за сите други споменици кои ќе се поставуваат е некоректен, не знам“, вели Камењаров, кој додава дека можеби сега поставувањето на споменикот на античкиот војсководец е погрешен момент поради односите со Грција, што е уште една можна причина за криењето на информациите поврзани со споменикот.

Она што ги загрижува експертите доколку споменикот на Александар Македонски се крене со големина од над 30 метри, е прашањето дали локацијата, односно земјиштето каде што тој ќе биде поставен, ќе ја издржи неговата габаритност. Ексградоначалникот на Скопје Ристо Пенов смета дека со најавите за поставување огромен споменик на Александар Македонски висок над 30 метри, тој дел од плоштадот ќе мора да се прекопа и статички да се подготви за тежината на споменикот. Тој истакнува дека идеи за поставување споменик на Александар Македонски во средишното зеленило на плоштадот „Македонија“ имало и порано.

„Во времето кога го спроведувавме конкурсот, комисијата имаше став дека на оваа локација не смее да се дозволи поставување споменик, фонтана или каков било друг објект со голема висина. Во средишниот дел од фонтаната беше предвидено да има обелиск, висок 8 метри, кој едвај помина, според критериумите на комисијата“, нагласува Пенов. Тој објаснува дека тогаш, по изборот на идејното решение на скулпторот Петар Хаџи Бошков и доајенот на македонското сликарство Димитар Кондовски, за изградба на фонтана, под плоштадот, поточно под зеленилото, биле направени и посебни простории, едната за базен со вода, а другата за електриката и пумпите за вода. „Проектот за фонтаната започна и да се реализира, но, за жал, не докрај“, вели Пенов. Во случај изградените елементи под зеленилото да мора да се отстранат за тежината на споменикот евентуално да не предизвика одредени нарушувања на почвата, дозвола ќе треба да издаде Општината Центар. Актуелниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, пак, неодамна реагираше за поставувањето споменик на Александар Македонски на плоштадот во Скопје и другите владини проекти, како што е црквата во центарот на Скопје.

Фрапантен е навистина податокот, доколку е точен, дека споменикот на Александар Македонски ќе биде висок повеќе од 30 метри. Тоа, всушност, е темата за која деновиве во чаршијата се полемизира. Уметниците особено зборуваат за чувствата, за тоа дека граѓаните покрај споменикот ќе бидат минијатурни, дека нема да можат одблизу да му се восхитуваат, особено не од аспект на уметничко дело, дека погледите ќе им запираат на нозете на Александар или на копитата на Букефал.

Ликовниот уметник Александар Станковски истакнува дека доколку постои можност да се изведе таков споменик, тоа би било навистина неверојатно и спектакуларно. Вели дека такво нешто и во времето на Микеланџело било тешко изводливо, а камоли сега, во време на плексиглас. „Ако е навистина тоа со 30 метри, треба да се честита. Не знам од какви материјали ќе биде направен, но ако е од бронза или мермер, тоа би било спектакуларно. Ретко се случуваат такви проблесоци во историјата на уметноста, ако воопшто станува збор за уметност“, вели Станковски.

Се разбира, а и можеби најмногу, поставувањето споменик на античкиот војсководец го допира и политичкото прашање, особено актуелното, врзано со спорот со Грција. Станковски вели дека ако овој проект се разгледува од тој аспект, секако дека ги допира односите со Грција. „Тоа посебно ме радува. Конечно, имаме свест за односите со Грција, малку самопочит. Ако сме Македонци, тогаш сме Македонци поради тоа што постоела Македонија во антиката и тоа не' обврзува да се однесуваме со посебна почит спрема корените на нашиот идентитет. А, тој веќе речиси култен однос кон исконското не може никој да го надгледува или да врши некакви корективи за нашето однесување“.

Со поставувањето на споменикот на Александар Македонски во таква големина, уште повеќе се засилува трендот за една политичка конјунктура која се потпира врз антиката. За тоа, можат да се слушнат и прашањата каде ќе биде свртен Александар Македонски, дали со погледот накај Брисел или, пак, накај плоштадот „Пела“.

За едни, ако Александар Македонски гледа накај Брисел, споменикот тогаш ќе може и да има некакво оправдување, но ако гледа накај Пела, неговото родно место, тогаш и нека не го прават. Зашто, каде ќе се движи тогаш политичката конјунктура? Каде ќе оди овој систем, ова општество? Дали ќе гледа наназад, ретроградно, или напред? Александар Станковски, пак, на шега вели дека е подобро да гледа накај Пела, зашто во време на економска криза, залудно би му бил свртен погледот кон Брисел. „Можеме на Брисел само да му го покажеме задникот на Александар“, низ смеа вели Станковски.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=549F6EACBAB7764A9894C7C8ED662B4B


Posted By: dejan
Date Posted: 17-Jan-2009 at 01:40

ќе биде висок повеќе од 30 метри, односно повисок од познатата Ристиќева палата

Уште мајмуни ке фалат да се висат од негоCrazy 30 метри не е нормално.


Posted By: zabegan
Date Posted: 17-Jan-2009 at 01:45
се надевам дека ова е новинарска грешка, со 30 метрои височина спомеников ќе можам од аеродром да го видам, ваљда се надеваат дека грците од олимп ќе го гледаат и ќе плачат Crazy
но ова се само чаршиски муабети Shifty


Posted By: dejan
Date Posted: 17-Jan-2009 at 01:51
И јас истото го мислев, дека утрински лупетара глупости, ама само на тоа да останеDoh


Posted By: beTon
Date Posted: 17-Jan-2009 at 02:07
три метри има логика но триесет! абе како ќе ќе билдаат рејтинг веснициве ако не со приказни за мали деца, сразмерот на на споменикот и постаментот треба да биде 1:1 или максимум 2:1 па ако споменикот биде 3 или 3,5 метри тогаш вкупно би кренал од 6 до 9 м. мислам дека ова со фонтаната има логика споменикот да биде во самата фонтана па и тука 1м значи вкупно 10м да биде споменикот, изгледа ги додале оние 20м водоскок од вардар па вака им излегла математиката за споменикот на плоштад LOL 


Posted By: dimme.von.macedonia
Date Posted: 16-Feb-2009 at 11:36
Wallbash
Namesto ovaka nesto, up to date, da se stavi na Plostad, neeeeeeeeeee, mora da se 30metarski konjanici.

-------------
The beauty comes from within.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 16-Feb-2009 at 11:52
@ dimme.von.macedonia vo pravo si
jas mislam deka alarova ili kostovski nemaat ideja, slusnale za tose ili aleksander
i toa e
treba da prajs nesto interesno kako ona gore ne e samo obicno tuku i interesantna..........
istotako i so zgradite .. da ojs vo regionov ce se cudis kakva arhitektura kaj nas ete normalni zgradi


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Apr-2009 at 23:53

Аларова побарала дозвола, па се пишманила за „Александар Македонски“

Костовски тврди дека Општина Центар побарала дозвола за организација на градилиштето, оттаму демантираат

Деспина Трајковска

Никој не кажува кога ќе почнат да се градат споменикот на Александар Македонски и црквата на скопскиот плоштад. Молк и за двата проекта и од Општина Центар и од Министерство за култура, а без коментар се и од градежната компанија која, според наши сознанија, е избрана да го изведе постаментот на споменикот и фонтаната.

Од Општина Центар вчера категорично демантираа дека до Градот поднеле барање за добивање согласност за организација на градилиштето за споменикот, па потоа експресно без образложение го повлекле.

Наспроти нивните тврдења, се' уште актуелниот градоначалник Трифун Костовски категорично тврди дека такво барање деновиве стасало на адреса на Градот.

„Одговорно тврдам дека барањето за согласноста за градилиштето го добивме деновиве, мислам беше во петокот, а вчера пак без никакво образложение Општината си го побара назад. На барањето имаше потпис од Аларова. Документот, како што е редот, архивиран е кај нас. Инаку, барањето беше малку невообичаено од досегашните што сме ги добивале, не беше точно наведено што ќе се гради на посочената локација, средишниот дел кај зеленилото. Врз основа на барањето заклучивме дека ќе биде неопходно да се загради 40 отсто од плоштадот, само по 4,5 метри слободен простор би имало помеѓу тарабите и ‘Дал мет фу‘ и од другата страна кај зеленилото пред ‘Телеком‘. Без оглед на тоа што си го повлекоа без образложение, немаше да им го потпишам барањето до крајот на мандатот оти сум принципиелен и за мене ДУП ’Мал ринг‘, и покрај судската одлука, е незаконски“, ни изјави вчера Костовски. Тој вели дека неодамна одбил слично барање на Општината за организација на теренот кај реката Вардар во која се планирани да се постават врби и фонтани.

Градоначалничката Виолета Аларова, вообичаено, не беше достапна да го прокоментира случајот и да одговори што всушност се случувало на релација меѓу Општината и Градот. Единствено Лидија Неделковска, шефица на Кабинетот на градоначалничката, демантираше дека Општината до градските власти испратила какво било барање во врска со споменикот. „Не сме поднеле никакво барање, проверив во сите сектори“, ни одговори Неделковска.

Со оглед на очигледната затвореност на надлежните институции, не само сега туку и во изминативе месеци, кога станува збор за двата проекта, на јавноста и' останува да шпекулира околу деталите. Неодговорени остануваат прашањата колку навистина ќе биде висок споменикот на Александар Македонски, кога ќе биде изграден, колку пари ќе се потрошат за проектот, како ќе се вика црквата, кога ќе биде готова...

http://utrinski.com.mk/?ItemID=265DC878D085DD4F87806DD03B37FD3B



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Apr-2009 at 00:06
Градоначалничката Виолета Аларова, вообичаено, не беше достапна да го прокоментира случајот и да одговори што всушност се случувало на релација меѓу Општината и Градот.

Аларова толку долго се нема појавено во јавност што почнувам да мислам дека таква личност всушност не постои, дека се работи за некакво митско суштество Nuts

Браво г-ѓо Аларова, немаше да ти биде комплетно резимето без вакво однесување Puke





Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Apr-2009 at 03:23
Тодоровиќ го најави доаѓањето на Александар

Постаментот за споменикот ќе лежи во фонтана во форма на круг, вели градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ

Темелот и постаментот за споменикот на Александар Македонски ќе почнат да се градат за еден или два месеца, изјави вчера новиот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ.

Тој рече дека споменикот на Александар треба да се постави во непосредна близина на цветниот аранжман на Плоштадот Македонија. Иако изјави дека нема информации за споменикот и ги нема видено изведбите на вајарите, дополни дека видел дел од фонтаната, која е во форма на круг, добро е дизајнирана, а постаментот лежи во неа.

- Еден дел од изградбата на споменици во центарот на Скопје ќе се реализира годинава, а еден дел во 2010 година. Програмата е во координација со Владата на Република Македонија - рече Тодоровиќ.

......

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E82869B51E16A04F8BAD06E89FDE7321


Posted By: La Linea
Date Posted: 22-Apr-2009 at 23:29

Александар Македонски ќе загради половина плоштад

Меѓу градилиштето и делот кон Ристиќева палата и „Дал мет фу“ ќе има одвај пет метри проодна зона

Деспина Трајковска

Се ближи денот кога речиси целиот градски плоштад ќе биде претворен во градилиште заради изградбата на монументалниот споменик на Александар Македонски, црквата и на хотелот, кој е дел од комплексот Градска куќа. Иако никој од надлежните не сака да зборува за градилиштата и нивната организација, според наши сознанија, дури половина од плоштадот ќе се загради заради изведба на зданието во чест на македонскиот војсководец. Само за изградба на фонтаната, која е само дел од споменикот, ќе биде потребна една година.

Иако од Општина Центар со месеци не одговараат кој ќе биде изведувачот, според документацијата со која располага „Утрински весник“, градежните работи му се доверени на ДГ „Бетон“. За реализација на целиот проект ќе се користат десетина вида градежни машини кои изведувачот предлага до градилиштето да пристапуваат од улицата „11 Октомври“. Меѓу заградениот простор и делот кон Ристиќева палата и ресторанот „Дал мет фу“ ќе има едвај пет метри за минување.

Според предлогот на „Бетон“, за кој деновиве треба да се изјаснат градските власти, концепциски градежните работи за потребите на фонтаната би требало да се извршуваат со приклучување на улицата „11 Октомври“, каде што моментно има метални столпчиња со знак за забрана на сообраќај за сите видови моторни возила. Поточно, влезот во градилиштето би бил од улицата „11 Октомври“, на која има организиран паркинг за такси-возила и плус резервиран паркинг за возилата на ЕВН. Бидејќи постојната вертикална сигнализација не е во колизија со новопредложениот режим на сообраќај, од „Бетон“ утврдиле дека нема да биде неопходно нејзино отстранување. Дополнително на потегот ќе бидат поставени седум сообраќајни знаци и информативни табли.

Дали градилиштето ќе изгледа токму вака, по предлог на изведувачот, деновиве треба да одлучат од Градот, а дозвола е потребна и од МВР. Откако ќе ги добијат потребните согласности, општинарите од Центар, всушност, ќе го завршат последниот чекор до конечната теренска реализација на споменикот. Кога ќе се случи тоа, дефинитивно ќе зависи од желбите на владиниот врв, иако според досегашните нивни тврдења и тврдењата од Општината, споменикот се реализира со општински пари.




http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=AD4B9059FD075D48A8CD3D9700BC297F


Posted By: zabegan
Date Posted: 27-Apr-2009 at 19:24
како е тоа можно, па дали се овие нормални, па тоа е квадратот од плочки околу кругот Suicide

се надевам дека е ова новинарски булшит


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-May-2009 at 14:31

Александар велик осум ката

 Тодоровиќ ја пофали Владата што успеала да работи домаќински и да одвои пари, како за земјоделството, образованието и за здравството, така и за разубавување на главниот град


Мини-верзија на споменикот на античкиот војсководец Александар Македонски, кој во конечната верзија ќе биде висок 22 метри

Споменикот на војсководецот Александар Македонски висок колку осумкатна зграда (22 метри) најдоцна до октомври в година ќе биде поставен во центарот на Скопје на плоштадот Македонија. Градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ вчера на прес-конференција ги потврди договорите со италијанската леарница „Фондерија артистика Фердинандо Маринели“, кои ексклузивно ги објави „Дневник“. Потврдено е и дека сумата што ќе биде платена за 16 скулптури и споменици е 10 милиони евра.

Тодоровиќ деновиве се вратил од Фиренца, каде што лично се уверил во „грандиозноста, убавината и од големината на Александар Македонски“. Тој го правда трошењето пари за споменици и, иако тие ќе бидат поставени во време на светската економска криза, ја пофали Владата што успеала да работи домаќински и да одвои пари, како за земјоделството, образованието и за здравството, така и за разубавување на главниот град. Сепак, рецесијата нема да остане без последици за проектот: пет од предвидените 16 скулптури и споменици ќе бидат одложени за подобри времиња - Јустинијан Први, Христијан Тодоровски-Карпош, Гемиџиите, Св. Кирил и Методиј и Св. Климент и Наум Охридски. Тие било најлесно да се одложат оти за нив уште немало избран изведувач. Досега на леарницата и се исплатени 20 отсто од вкупната сума или околу 2 милиона евра. Како што „Дневник“ веќе објави, 40 отсто ќе се исплатат по завршувањето на леењето на скулптурите и уште 40 отсто кога ќе заврши монтирањето.

- Од сите предвидени скулптури, само една е од античката историја и тоа таа на Александар Македонски, која чини 4,5 милиони евра и која ќе биде поставена во средина на фонтана, со придружни содржини, како што може да се види од фотографиите од Фиренца, тоа ќе бидат војници на фалангата. Сите иницијативи се во согласност со Законот. Изборот на споменици е направен според процедура и се распишани конкурси, кои поминаа без приговор - тврди градоначалникот на Центар.На новинарско прашање дали избраните решенија Општината требала да и' ги претстави на јавноста и да направи изложба, Тодоровиќ одговори:

- Трудовите за Александар Македонски и за другите скулптури ги оценувало меѓународно жири и изборот на идејното решение беше објавено во „Нова Македонија“, не се сеќавам на кој датум. Се распиша меѓународен конкурс за изработка на скулптурите во бронза и тие беа објавени во „Службен весник“ и во службеното гласило на Европската Унија.Леарницата од Фиренца е избрана бидејќи леарниците од соседните држави биле со послаб квалитет.

- Се' што е квалитетно чини многу. Споменикот на Александар Македонски ќе биде поставен во средината на плоштадот, каде што сега има цвеќиња. Деновиве ќе го оградиме просторот и ќе почнеме со изработка на фонтаната. Иако земјиштето е на Градот, тие ни издадоа дозвола за изградба на фонтана и на споменик. Од Министерството за транспорт и врски на Градот ќе му ја одземат 99-годишната концесија за плоштадот Македонија - вели Тодровиќ..

Иако во договорите за леење на спомениците што општината ги потпиша со фирмата „Фондерија артистика Фердинандо Маринели“ се вели дека ниту една од договорените страни без претходна писмена согласност, не смеат да откриваат информации за договорот, градоначалникот својата прес-конференција ја објасни како „реакција по неверојатниот медиумски притисок“ за што усно се консултирале со леарницата. Коњаничките скулптури на Гоце Делчев и Даме Груев ќе бидат со постамент од 3 метри и со висина од 5 метри и ќе ги изработува леарницата „Маринели“, а скулптурата на цар Самуил и Методија Андонов-Ченто ќе ги изработува сестринската компанија „Бацијанти“ и ќе бидат од мермер. Тодоровиќ вели дека за изработка на еден е од спомениците што ќе се одложат во просек требало да се платат 800.000 евра.

Познатата италијанска леарница е основана во 1905 година од Фердинандо Маринели и е позната по квалитетно лиење скулптури со користење на архаичниот метод со восок и рачна изработка каква што користеле ренесансните мајстори. Во 1922 година почнала да изработува големи бронзени скулптури како што се коњанички скулптури, орнаменти и фонтани. Клиенти им биле Ватикан,Соединетите Американски Држави, Полска, Унгарија, земји во Јужна Америка, Канада... Како едни од позначајните нивни изработки се оградата на монументалните скалила во Музејот во Ватикан, портите во Катедралата „Св. Павле“ исто така во Ватикан, скулптурата на Ајзенхауер во Лондон, реставрација на скулптурите во палатата Кремљ во Москва.

Фуере: Воздржете се

Очекувам Владата да се воздржи од сите одлуки што му пречат на процесот што го води Метју Нимиц, изјави евроамбасадорот Ерван Фуере, за изградбата на повеќе споменици во последно време во Македонија. Сите владини ресурси во време на светска ресеција ќе бидат концентрирани на економски развој на државата и намалување на невработеноста и сиромаштијата - изјави тој. (Љ.Ш.)

Шмизли, бикови и криза

Бидејќи сакате да се споредувате со паметни влади, кажете ми барем еден пример од Вашингтон до Тирана на влада што во ек на светска економска криза дава 10 милиони евра за споменици и скулптури од типот „шмизли“ и „бикови“, го праша пратеникот Игор Ивановски премиерот Никола Груевски на вчерашната собраниска седница на која побара одговор и каде се ветените осум милијарди евра од изборната кампања.

- Немојте да карикирате, тие проекти се почнати во 2006 и 2007 година, кога БДП имаше раст од 9,7 отсто, а извозот беше зголемен за 60 отсто. Владата сметаше дека тоа се добри проекти за државата и граѓаните и реши финансиски да и' помогне на општина Центар - рече Груевски.Ивановски не беше задоволен од одговорот, но пред да ја напушти собраниската сала му порача на премиерот: Свртете се само два реда зад вас и министерката за култура ќе ви каже дека 8,5 милиони евра од буџетот на Министерството лани во декември се префрлени на сметката на општина Центар. Значи, во екот на кризата и токму кога ја замајувавте јавноста со првите преземени антикризни мерки ги дадовте парите за споменците.

Марија Тасев, Анета Тодевска



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8F2AE4A78AF8844BA5E7C9F116558703


Posted By: zabegan
Date Posted: 05-May-2009 at 17:13
аман од новинариве, нека се одлучат веќе за една големина, а не да ни даваат од ракав извадени бројки Bash
инаку со се друго се согласувам, и конечно Фуере да каже нешто паметно Big%20smile



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 05-May-2009 at 19:05
Originally posted by zabegan

... и конечно Фуере да каже нешто паметно Big%20smile

Извинете, кој е тој, некој наш човек, политичар или !!!???
Фуере рекол ова Фуере рекол она Wallbash


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-May-2009 at 19:13
Мене не ми е јасно зошто од целата вест токму за Фуере се фативте, тоа е делот кој најмалку го тангира форумов


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 05-May-2009 at 19:13
Вчера реновиравме нешто дома,па сакам да го викнам Фуере,да кажи свое мислењеBig%20smile

Шалата на страна,почна многу да ме нервира кога странциве се мешаат во се и сешто.




-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 05-May-2009 at 21:08
Originally posted by Cloverstack

Мене не ми е јасно зошто од целата вест токму за Фуере се фативте, тоа е делот кој најмалку го тангира форумов

Затоа што веќе премногу е кажано за целава акција, и мислам дека почнува фарса да станува, овие биле овакви и направиле ова другиве биле онакви и направиле она и на крај се јавува големиот дон Фуаре и како и секогаш ќе ни каже што ние треба да направиме бидејќи он има решение за СЕ
Ohno
Мислава не е насочена на форумов него на ситуацијава во која се најдовме, во случајов и за ова тематика.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cartman
Date Posted: 07-May-2009 at 03:31

Александар ќе дојава како светско чудо

Скопје ќе добие споменик чија големина ќе го претвори во карикатура

Тина Иванова

Откако беа соопштени податоците за изградбата на грандиозниот споменик на Александар Македонски, во јавноста се поставија многу прашања на кои засега никој не дава релевантен одговор. Главното од нив е како 22-метарскиот Александар ќе се вклопи во скромниот амбиент на скопскиот плоштад. Како, всушност, плоштадот ќе го истрпи овој монументален објект од бронза кој, велат познавачите, бил тешко изводлив и во времето на Микеланџело, а камоли во денешно време на плексиглас.

Како споменикот, физички и особено естетски, па и од уметнички аспект ќе кореспондира со фонтаната, со коњаниците поставени околу него, со црквата која треба да се гради, со Градскиот трговски центар? Или чија е идејата за толку голем споменик: дали е на авторката или, пак, тој механички е зголемуван само за да се постигне бараната големина?

За овие, како и за многу други слични прашања молчат сите. И одговорните, но и експертите.

Димензиите и финансиската тежина на споменикот на античкиот војсководец можеби се најголемиот шок за јавноста. Доколку го апстрахираме големиот износ кој ќе се даде за негова изработка, иако тоа е многу тешко во време на глобалната криза која, секако, ја зафати и Македонија, а за што граѓаните тој чин го оценуваат како недомаќинско трошење на непотребна пропаганда и симболи, фокусот се става на големината на скулптурата, која ќе биде висока колку осумкатна зграда. За многумина тоа значи дека Скопје ќе добие една карикатурална форма, во физичка, но и во естетска и урбанистичка смисла.

Скулпторот Благој Чушков вели дека споменикот на Александар Македонски ќе биде следното светско чудо. „Ова повеќе не е комедија, ова е трагедија за македонскиот народ. Ваков споменик нема никаде во светот. И Микеланџело да го правел во негово време, ќе било смешно. Се трошат пари на глупости, а некој се дрзнува да ги изживува своите идеи. Се прашувам, зошто толкав споменик, дали можеби да го видат Грците од Атина, дека ние имаме Александар Македонски? Ние очигледно бараме да се договараме со Грците за нашата историја. Покрај тоа, се избираат автори кои немаат никаков минат труд, анонимуси, не само за Александар, туку за сите споменици кои ги направија и што ќе ги прават“, вели револтирано Чушков.

Она што создава револт и кај експертите, архитектите, урбанистите, уметниците, историчарите на уметност е начинот на кој државата ги спроведува конкурсите за избор на скулптуралните решенија. Познато е дека постојат анонимни и јавни конкурси, исто така, и конкурси каде се повикуваат еминентни скулптори, кои ќе понудат свои решенија и кои со оглед на својот минат труд, би требало да бидат гаранција дека ќе направат добро дело.

Експертите се едногласни во мислењето дека за ваков вид скулптура, која ќе зафати значителен дел од плоштадот како најрепрезентативно место во градот, треба да се оди на нешто што значи гаранција дека ќе добиеме уметничко дело од врвен дострел. Особено се гневни што за овие конкурси не постои никаква јавна расправа на која би учествувале и еминентни личности. Јасно е дека е направена само чиновничка процедура, наспроти јавна дебата.

Од урбанистичка гледна точка, споменикот на Александар Македонски е неповолно решение.

Архитектот Мирослав Грчев вели дека урбанизмот во Македонија повеќе воопшто не се смета за струка ниту, пак, за некакво стандардизирано, кодифицирано знаење кое луѓето од таа професија го употребуваат со цел да ги донесат најдобрите одлуки во однос на лоцирањето, распоредот и намената на објектите во градот. „Одлуките за лоцирање, намена, големина на објектите, а гледаме и на спомениците, ги носат лаици кои можат да бидат од било која професија. Одлуките ги носат со политичка волја, а тие се апсолутни незнајковци. Оние кои ги донеле одлуките, насила ги протерале низ сите неопходни процедури. Сите тие се без образложение. Не постои елаборација, анализа, студија, претходна промисла за тоа колкав треба да биде споменикот, каков треба да биде, што треба да се направи за плоштадот и споменикот да бидат во вистинските пропорции итн.“, вели Грчев.

Тој смета дека сега, по свршениот чин, пост фактум, повеќе вреди да се зборува за некаква психосоцијална патологија и криза на цивилизацијата на сите институции на државата, на македонската култура, која може практично, без големи дебати или отпори, значително мазно да изнедри всушност еден апсолутен апсурд.

„Нонсенс е таков огромен споменик. Повеќе никој не се прашува која е воопшто логиката, која е пораката, која е смислата на ставањето таков огромен споменик и тоа токму на Александар и на неговиот коњ. На тој плоштад толку голем споменик, или објект од било каков тип, нека е и сосема неутрална фонтана, не стои, ниту естетски, ниту архитектонски, ниту урбанистички, ниту цивилизациски“, смета Грчев.

Таков споменик, вели тој, не е порака на оваа цивилизација. „Тоа е гигантски споменик кој наоѓа некаков свој пандан само во авторитарни општества, деспотии, диктатури, тирании од најразличен тип, фашистички, комунистички, или од некоја друга идеолошка провиниенција. Последните градени гигантски фигури, споменици кои, всушност, треба да ја величат власта, градеше Садам Хусеин. Такви гигантизми ќе видите во Северна Кореја, во Монголија итн. Во историјата на Балканот и на Македонија не постои пример за таков гигантизам“, вели Грчев.

Трендот на наезда на споменици кој се јавува во Македонија има и силни политички мотиви. Можеме да осудуваме што порано во државава не постоела интенција за поставување вакви споменици, но нивната наезда во ваков политички амбиент, без проверка на квалитетот, раѓа големи уметнички злосторства.

Зашто, сепак, се согласуваат експертите, тоа е нарушување на естетиката, тоа е нарушување на заедничкиот простор на граѓаните, тоа е урбанистичко злосторство, поточно сквернавење на јавниот урбан простор. (Т.И.)


http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=6B91D186E98F3A40B0EA187B297A3023 - http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=6B91D186E98F3A40B0EA187B297A3023



Posted By: zabegan
Date Posted: 07-May-2009 at 20:29
Архитектот Мирослав Грчев вели дека урбанизмот во Македонија повеќе воопшто не се смета за струка ниту, пак, за некакво стандардизирано, кодифицирано знаење кое луѓето од таа професија го употребуваат со цел да ги донесат најдобрите одлуки во однос на лоцирањето, распоредот и намената на објектите во градот. „Одлуките за лоцирање, намена, големина на објектите, а гледаме и на спомениците, ги носат лаици кои можат да бидат од било која професија. Одлуките ги носат со политичка волја, а тие се апсолутни незнајковци. Оние кои ги донеле одлуките, насила ги протерале низ сите неопходни процедури. Сите тие се без образложение. Не постои елаборација, анализа, студија, претходна промисла за тоа колкав треба да биде споменикот, каков треба да биде, што треба да се направи за плоштадот и споменикот да бидат во вистинските пропорции итн.“, вели Грчев.


браво за ова Applause


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 07-May-2009 at 21:11
Лесно е да се биде генерал после битка

Пронајдете ги насловите во весниците од порано врзани за урбанизмот нарочно во Скопје во времето на ....


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cartman
Date Posted: 08-May-2009 at 06:55
Ова што го гледате е "The Equestrian" / "Коњаникот" (El Paso, Texas, SAD) дело на уметникот John Houser. Поставена е на 21. Април. 2007, тежи скоро десет тони бронза, плус 4.5 тони челична арматура. Била составена од повеќе од 400 парчиња. Нејзината висина од скоро 12 m се поклопува со проектираната висина на статуата на Александар Македонски (ако е нашата висока точно 12 m , ке ја надминеме за малку Nuts) Позата исто така скоро се поклопува. Моја претпоставка дека баш од тука им дошла инспирацијата и за големината и за позата.

Така да дечки, ова е тоа... ОВА НЕ ЧЕКА!






Posted By: Dragan
Date Posted: 08-May-2009 at 09:53

ИНТЕРВЈУ: ВЛАДИМИР ТОДОРОВИЌ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

Александар ќе го чуваат осум лава

Во фонтаната ќе има централен столб со кружна форма, на кој во прстени од бронза и мермер ќе биде претставена историјата на Македонија

Споменикот на Александар Македонски ќе биде грандиозен, ќе стои на кружен постамент, на кој во мермер и бронза ќе бидат гравирани сцени од македонската историја, а околу него ќе стојат осум војници на фалангата и осум лава, открива новиот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ. По бурната дебата во јавноста за димензиите на споменикот на македонскиот антички војсководец и изгледот на централниот плоштад, кој ќе биде начичкан со десетина скулптури, Тодоровиќ децидно вели дека кога проектот целосно ќе заврши, плоштадот Македонија ќе биде фасцинантен.

- Во фонтаната ќе има централен столб широк околу пет метри, а висок 10 метри. Тој ќе има кружна форма и на секои два метра ќе има релјефни прстени од бронза и мермер на кои симболично, во гравури ќе биде претставена историјата на Македонија. Пред столбот ќе стојат осум бронзени војници од македонската фаланга. Столбот горе ќе заврши во кружна платформа, како чинија, на која ќе биде поставен коњаникот Александар.На работ на фонтаната ќе бидат поставени осум лава, кои ќе гледаат кон надвор, односно кон граѓаните, а ќе има и скалила. Целиот објект е фасцинантен и сите ќе се гордееме со него. Изработката на споменикот е во завршна фаза, па речиси е невозможно да се направат измени во однос на димензиите. Тој ќе биде поставен кај сегашниот кружен цветен аранжман, каде што има планирана површина за градење со пречник од околу 20 метри. Колкав ќе биде реалниот пречник на фонтаната, ќе дознаеме по завршувањето на проектот - вели Тодоровиќ.

* Во јавноста се слушаат различни коментари за изгледот на плоштадот. Некои дури велат дека ќе личи на елитни гробишта откако ќе бидат поставени сите споменици.

- Искрено, се чувствувам неубаво кога зборувам за ова, оти повеќе медиуми направија компјутерски симулации, кои создадоа неверојатно грда слика за идниот изглед на плоштадот. Не знам зошто медиумите така го претставуваат тоа, можеби поради скудните информации. Вистината е сосема поинаква, а во тоа сите ќе се уверат за една до две години. Сега се чувствувам должен и ние да направиме 3-Д анимација, за да покажеме како тоа всушност ќе изгледа. Ги уверувам граѓаните дека плоштадот ќе биде прекрасен, со споменици кај Камениот мост, на другата страна на плоштадот и пред кафеаните „Тренд“ и „Дал мет фу“. Моите впечатоците од посетите на европските градови се дека старите градови имаат мали начичкани плоштади, кои се многу позгуснати од нашиот. Такви се Келн и многу градови во Италија. Тие плоштади се стари околу 300 години. Париз, пак, го има големиот Конкорд, но јас никогаш не сум се чувствувал убаво во тој метеж од автомобили и бришан простор, без ништо особено.

* Кога ќе почне да се гради црквата на плоштадот, оти веќе сте му издале дозвола на инвеститорот?

- Инвеститор на црквата е Министерството за култура, по одлука на Владата за изградба и обновување на православниот храм „Свети Констатин и Елена“. Таа ќе се гради на просторот пред влезот во Градскиот трговскиот центар, близу до оригиналната локација. Градежната дозвола им ја издадовме на 18 февруари годинава. 

* Не ли стравува општината дека со издавањето на градежната дозвола го прекршува Уставот, кој не дозволува со државни пари да се градат верски објекти?

- Јас не знам кој е тој член од Уставот. Ако има прекршување, Уставниот суд ќе се изјасни за тоа.

ОПШТИНАТА ЌЕ РАБОТИ САМОСТОЈНО

* Впечаток е дека досега Општина Центар работеше под притисок и по налог на Владата. Дали и во вашата работа како градоначалник ќе доминираат идеите на централната власт?

- Вистина е дека јас не работам под притисок на Владата, напротив. Една од причините зошто се нафатив на оваа функција е бидејќи ја почувствував искрената желба на премиерот Никола Груевски да се прават само добри нешта, без позадина и малверзации. Тоа мене ме ослободува да работам самостојно. Сакам да го претставам амбиентот како работиме со премиерот. Кога имаме работна средба со повеќемина градоначалници или стручни лица, за многу работи тој ни вели: „Решете сами“. Имаме многу фин амбиент за работа, ние сме тимски играчи. Јас предложив неколку капитални проекти, односно идеи за заживување на многу атрактивни локации во градот и имам слобода да ги направам, со или без поддршка на Владата.

* Се зборуваше дека вашата претходничка Виолета Аларова ќе ви биде советник. Вистина ли е тоа?

- И јас слушнав за тоа. Но, мене никој не ме информирал за нешто такво, ниту Аларова ниту некој од Владата. Реално гледано, не би било лошо еден до два месеца по стапувањето на функцијата со мене да биде и мојата претходничка, колку да ме воведе во тековните активности. Тоа би било добра практика, таму каде што има амбиент. Јас искрено би сакал Аларова да дојде на два-три месеци во општината како моја помош. 

* Дали наследивте празен или полн буџет од Аларова?

- Не беше празен. Не знам што значи полн буџет, кога станува збор за општинска каса. Општината воопшто не е во долгови, во почетокот имавме околу 50 милиони денари, што е доволно за редовните активности на општината. Не сум доволно стручен за да направам финансиска ревизија на буџетот сам, можеби ќе ангажирам финансиска ревизија или ќе ја почекам државната. Одговорното лице од Секторот за финансии ми рече дека работат педантно и дека ги почитуваат сите прописи и немам сомнеж. 

* Додека сте на оваа функција планирате ли да градите уште нешто на територијата на Центар, но како ваша приватна инвестиција?

- Кога премиерот ми ја предложи градоначалничката функција, ме замоли за една работа, а тоа е додека сум градоначалник на Центар да не градам ништо на територијата на општината, поради сомнежот за судир на интереси. Јас сепак го прашав дали можам да учествувам на јавни наддавања како приватник, но тој ми рече дека и покрај сите мои добри и чесни намери, тоа тешко ќе може да се објасни во јавноста. Тоа значи дека во следните четири години нема да градам ниту еден нов објект.

* Во предизборието имаше забелешки дека зад цветниот пазар беа урнати сите привремени објекти, освен дисконтот „Тинекс“ затоа што сте дел од владејачката гарнитура.

- Се работи за многу практична одлука. Во објектот што не е урнат работат 40 вработени. Јас ги замолив надлежните да почекаат додека не го завршам другиот објект во Капиштец за да ги префрлам таму работниците без да мора да им го прекинувам работниот стаж. Ако општината беше упорна да го урне и мојот објект, ќе бев принуден луѓето да ги оставам на улица. Сметам дека два-три месеци не е долг период за толеранција, всушност, јас и имав и право да го побарам тоа. Мојот договор за закуп на објектот е до 2012 година, а другите што се урнати сигурно не ги извршиле обврските од договорот. Инаку, на локацијата кај дисконтот според урбанистичкиот план треба да се гради катна гаража. За два месеца ќе ги префрлам вработените во новиот објект, по што објектот ќе се урне, а Министерството за транспорт и врски ќе ја почне постапката.

* Вие сте успешен бизнисмен и член на Ротари клубот во Македонија. Зошто се вклучивте во политиката?

- За мене општината е голем предизвик, оти има многу работа и многу проблеми. Секој човек во одреден период од животот сака и може, со своите квалитети, да исполни дел од очекувањата на своите блиски или на пошироката јавност. Јас ризикувам многу и ќе видиме дали по четири години од функцијата ќе заминам со помал или со поголем авторитет. Ако не успеам да бидам добар градоначалник, ќе се разочарам многу во себе.

НЕМА ДА СУМ ПОПУСТЛИВ ЗА НИШТО

* Кои ќе бидат вашите приоритети?

- Мои приоритети како градоначалник ќе бидат решавање на проблемите со хигиената и паркинг-просторот. Ако ги решам во мојот мандат, ќе се сметам за успешен. Центарот на градот е лице на државата, а сите, и домашните и странците најмногу забележуваат на нехигиената и на сообраќајниот метеж. Почнавме да работиме, но ќе треба да поминат неколку месеци за да се забележат ефектите.

* Што е со бесправно поставените летни тераси, со узурпацијата на тротоарите од автомобили, со градилиштата што не ги почитуваат прописите?

- Условите за летните тераси секоја година се менуваат, а промените се обврзувачки за општините. По мое мислење е најдобро да се изработи урбанистички план за поставување урбана опрема. Таков план веќе нарачавме, но уште не е готов. Согледав дека проблемот со поставувањето на урбаната опрема, фрижидерите и масите не може да се сработи за една сезона, па решив на кафеанџиите да им дозволиме годинава да работат по ланската програма. Пред една недела им дадовме известување строго да се придржуваат кон пропишаните правила. Тие и лани не ги почитувале, оваа година уште помалку ги почитуваат, но ќе забележите од понеделник како ќе се се сменат работите.

Верувајте, нема да сум попустлив за ништо и нема да оставам работите да течат туку-така. И градилиштата ќе ги средам. Сега се гради на многу места, зад „Рамстор“, кај банките, на плоштадот, кај црквата „Свети Димитрија“... Граѓаните не се должни да ја голтаат правта од градилиштата и да газат во нивната кал. Затоа писмено ги опоменавме сите инвеститори дека ќе им ги затвориме градилиштата ако во рок од три дена не ја исчистат околината, па макар да станува збор и за мој објект.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4AD8077F6CF53749B017F6FDCA9637FB




Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-May-2009 at 09:57
Позата на коњот обично е стандардизирана, додека во позата на коњаникот обично може да се маневрира. Незнам дали знаете но коњот доколку е со две нозе во висина тогаш коњаникот има погинато у рат. Ако е само едната нога дигната тогаш има умрено од повреди и последици од војна, а доколку коњот е со четири нозе на земја тогаш се работи за природна смрт. Така да околу позицијата на коњот не може баш многу да се остави на уметникот туку единствено изработката и изгледот на коњот.


Posted By: zabegan
Date Posted: 08-May-2009 at 10:02
Originally posted by lslcrew

Позата на коњот обично е стандардизирана, додека во позата на коњаникот обично може да се маневрира. Незнам дали знаете но коњот доколку е со две нозе во висина тогаш коњаникот има погинато у рат. Ако е само едната нога дигната тогаш има умрено од повреди и последици од војна, а доколку коњот е со четири нозе на земја тогаш се работи за природна смрт. Така да околу позицијата на коњот не може баш многу да се остави на уметникот туку единствено изработката и изгледот на коњот.
абе ова само така се верува, има многу споменици кои не го следат ова правило
на пример, ако е така, и на Гоце и Даме коњите не треба да стојат на четири


Posted By: Cartman
Date Posted: 08-May-2009 at 10:10
Баш скоро читав една статистика за тоа која вели дека најголем број од коњаничките статуи не се придржуваат кон тие т.н правила... само во САД мислам дека се обидувале да се држат до тоа... Така да можеле и некоја друга поза, а не иста т.е слична поза, иста висина.... слабо... слабо... многу слабо...Thumbs%20Down


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-May-2009 at 11:28
Трајановски го издал сообраќајното решение за Александровиот споменик
Скопје
Градоначалникот Коце Трајановски го исполнил барањето на неговиот колега од Центар Владимир Тодоровиќ и издал решение за привремен сообраќаен режим на плоштадот „Македонија“, што ќе овозможи изградба на фонтаната и на споменикот на Александар Македонски. Од градот истакнаа дека решението го издале откако добиле позитивно мислење од Министерството за внатрешни работи.

Барањето за привремен сообраќаен режим беше првата активност на Тодоровиќ како градоначалник на Центар, кој по својата инаугурација најави дека споменикот ќе почне да се гради овој месец или наредниот. Но, и покрај тоа што го издале решението, градските власти не соопштуваат кои улици и кои делови од плоштадот ќе бидат блокирани околу 12 месеци, колку што, според најавите, ќе траат овие градежни работи.

- Деталите за новиот сообраќаен режим ќе ги објавиме наскоро - рекоа вчера оттаму.

Но малку се приодите кон средишниот круг на плоштадот, од каде што градежната машинерија би можела да влегува за да ги гради фонтаната и споменикот. Влезот откај кејот на Вардар е затворен со градилиштето на фирмата „Дивелоп“, а на просторот меѓу стоковната куќа „Сити галери“ и ресторанот „Дал мет фу“ се очекува наскоро да почне да се гради црква, па и тој пристап, иако е најширок и најпрактичен, ќе се затвори. Улицата Македонија е пешачка зона со повеќе кафулиња, па тешко дека таму би можеле да поминуваат камиони, а улиците Максим Горки и Орце Николов, од западната страна на плоштадот, се платени паркиралишта. Тоа го остава пристапот од улицата Никола Јонков Вапцаров, кај кафулето „Тренд“, како најверојатната патека, под претпоставка дека Камени мост е несоодветен за по него да се движат тешки товарни возила.

Од општината сè уште не сакаат да кажат кога ќе почне изградбата на фонтаната во чие средиште ќе се наоѓа споменикот на Александар Македонски. Оттаму рекоа дека авторката на скулптурата Валентина Стефановска била второнаградена на конкурсот во 2007 година, на кој немаше победник, и не била толку неискусна колку што се тврдело. Споменикот ќе биде висок 12 метри, а постаментот под него десет метри.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=388&ArticleID=24119


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 08-May-2009 at 13:55
Za razlika od mediumite koj znaat samo da plukaat kon sve sto e makedonsko, jas samo ke kazam edno golemo -KONECNO- za site spomenici od makedonskite istoriski licnosti koj momentalno se gradat. Treba svetot da znae deka Aleksandar Makedonski ne bil grk, nego makedonec, treba svetot da znae deka makedonija ima istorija, a voedno treba Skopje konecno da ima nesto drugo da pokaze na turistite osven beton zgradi.

-------------


Posted By: гитардемон
Date Posted: 08-May-2009 at 14:09
Originally posted by GreatMakedon

Za razlika od mediumite koj znaat samo da plukaat kon sve sto e makedonsko, jas samo ke kazam edno golemo -KONECNO- za site spomenici od makedonskite istoriski licnosti koj momentalno se gradat. Treba svetot da znae deka Aleksandar Makedonski ne bil grk, nego makedonec, treba svetot da znae deka makedonija ima istorija, a voedno treba Skopje konecno da ima nesto drugo da pokaze na turistite osven beton zgradi.


lele te molam da ne ni pocnuvame so detski prikazni za hunzite i za aleksandar. svetot e budala grcite go lazat cel svet, taka? aj nema mesto tuka za vakvi raboti. vo solun nikoj ne idi za aleksandar i konjot so gigantski testisi (kako bikot vo skopje), ako mislis deka turistite se palat na golemi beskorisni statui, se lazis. jas ne znam nekoja statua da donela priliv na turisti (maksimum 2 ke dojdat za da ja vidat, i dvata ke bidat grci koi ke protestiraat)


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.



Print Page | Close Window