Архитектурата на предземјотресно Скопје
Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Останати теми
Forum Discription:
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=853
Printed Date: 18-Jul-2025 at 10:46
Topic: Архитектурата на предземјотресно Скопје
Posted By: Whisper
Subject: Архитектурата на предземјотресно Скопје
Date Posted: 09-Feb-2010 at 14:15
Кој вика дека неокласицизмот ја одминал Македонија тоа воопшто не е точно, старо Скопје имало доволно објекти за да се докаже дека неокласицизмот бил присутен во Скопје секако не во такви размери како во Белград или Софија но доволно за да се оспори критиката дека неокласицизмот не бил присутен во Скопје. http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=44&PN=1 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=44&PN=1
|
Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Feb-2010 at 17:02
Originally posted by Whisper
Кој вика дека неокласицизмот ја одминал Македонија тоа воопшто не е точно, старо Скопје имало доволно објекти за да се докаже дека неокласицизмот бил присутен во Скопје секако не во такви размери како во Белград или Софија но доволно за да се оспори критиката дека неокласицизмот не бил присутен во Скопје. http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=44&PN=1 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=44&PN=1
|
Можеш да ги идентификуваш неокласичните објекти во предземјотресно Скопје?
|
Posted By: Whisper
Date Posted: 09-Feb-2010 at 18:03
Cloverstack Тие објекти кои што ги виде во предходниот пост,во Скопје но и во останатите балкански градови ретко ке најдеш стари објекти во стриктно неокласичен или класичен изглед се е сведено на некаква комбинација или 'мешавина'.Cloverstack јас размислувам зарлично од тебе го следам форумов веќе цела година и според твоите постови можам да заклучам дека ти си тежок критичар на старо Скопје има и неколку твои истомисленици који го делат твоето мислење, јас мислам дека ако некој сака да ги каракира работите и да вели дека во старо Скопје имало само два или три вредни објекта а останатото било само Маџар маало тоа е комплетна глупост,јас лично сум за обновување на старите бојекти зошто тие биле убавината на Скопје пред земјотресот, и какви се тие коментари на некои учесници на форумов од типот 'не ни требаат вакви објекти', 'Скопје било метропола без овие објекти' итн, сега плоштадот на Скопје е празен простор и зошто тој празен простор да не биде пополнет со некоји објекти који биле веќе присутни во Скопје, јас сваќам да некој кротикува некоји објекти но неможам да сватам како се критикува ама баш се што ке се гради, тоа е најверојатно одлика на љубомаора или завист трето нема,јас сум човек роден во Скопје но и потекнувам токму од мојов роден град и не сум новопечен Скопјанец за разлика од некоји луѓе. Вчера слушам еден човек на телевизија како го критикува планов за Скопје и прави споредба меѓу Скопје и Хонг Конг и вели во Хонг Конг сега се живеело во 24 век а ние сме се враќале назад поголема глупост не можев да слушнам доволна беше споредбата на грдовите на ова јас би го прашал онака во иронија да не мисли дека требе на плоштадот да се градат облакодери, викате овие неокласични или како сакате наречете ги објекти не враќале назад па уште ги нарекувате турбо фолк објекти кога веќе некоји сакаат да се изразуваат на 'музички' начин јас лично мислам дека добро е што ке се враќаме назад со обие неокласични објекти зошто тие се нешто како EVERGREEN музика подобро Evergreen отколку денешен комерцијален одпадок наречен поп музика.
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 09-Feb-2010 at 20:48
'Скопје било метропола без овие објекти' |
Треба да сфатите дека Скопје никогаш не било метропола, било само паланка во некоја голема држава (дали Отоманската Империја, дали СХС, дали СФРЈ). „Метропола“ стана откако стана главен град на една мини-држава. Не да ме сфатите грешно, ни Љубљана не е метропола но е прекрасен град. Меѓутоа метропола значи нешто сосем друго, затоа престанете со тој поим премногу е смешен.
А инаку не би сакал да се противам на замерките кои ги имаш за да не се вртиме во круг, сигурен сум дека така гледаш на работите поради некои свои причини и убедувања и не можам да кажам дека не си во право, бидејќи секој размислува различно.
Но, тука на форумот има неколку архитекти кои имаат кажано барем 20 добри причини зошто не треба да се гради Скопје 2014. Мислам дека нивното мислење од стручен аспект значи повеќе отколку моето и твоето заедно. Иако отворено се противам на Скопје 2014 и поради изгледот, а не само поради незаконските процедури со кои е донесена одлуката да се гради, сепак кажав неколку пати дека доколку народот запнал за барок, треба да си добие барок (иако тоа очигледно ги прави архитектите бескорисни и непотребни во ова општество).
Mеѓутоа и покрај твојата желба за старо Скопје, сепак биди доблесен и прифати ги замерките на архитектите, кои не се и така малку.
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 09-Feb-2010 at 20:52
3 потписа!!! Само не би се сложил со ако сака народот барок, нека му го! Тогаш лидерите се безкорисни, дајте и тие да летаат барем нема да крадат милиони, ќе се управуваме колективно. Наородт сака и ред други безумни нешта ама нема начин да му се остварат.
------------- "Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Feb-2010 at 22:49
Упорно навлагаме во погрешна дијагноза според последници, а не суштина. Гледам дека ви е лесно да дадете таква тешка дијагноза дека народот е крив и сака безумни работи. Не би сакал по барем трети-четври пат да ја објаснувам истата работа нашироко, но се осеќам должно повикан да одговорам.
Овој народ мора веќе еднаш да ги прележи тие детски општествени болести како нужно зло, без интервенција и да створи имунитет кон вакви нус појави. Неможе никогаш да се каже дека сега е доцна за лежење детски болести, ете гледате ако комшилукот го зафаќало ова пред век, нас мора веќе еднаш да не фати. Без разлика колку секој поединец што е малку повеќе начитан, нашетан, наобразован, односно без разлика колку секој од нас индивидуално ги има прележано детските општествени болести поради тоа што животот му дал шанса, сепак мора колективитетот да ги пројде овие појави групно. Односно вака колку и да одјаснувам може би некои ќе ме сватат, може и не, може би повеќето и нема да сакаат да го земат ова за релевантно. Во една реченица ќе склопам "Нам ни треба пример како нетреба", а многу брзо ќе дојдеме до таков пример со овој проект и со овие толку многу дебати што се наметнаа и го опседнаа медиумскиот јавен простор. Ни треба веќе еднаш да се "изгориме" со овие архитектонски стилови и конечно да може македонската архитектура самостојно да си продолжи кон новите архитектонски стилови. Бројот на објекти "како не треба" е преголем во овој концепт 2014, но се нужно зло да ни бидат пример што ќе не одлепат од дното. Односно ние со овие неколку објект ќе претрчаме низ фазите што ни фалат, за да можеме да фатиме чекор. Еве јас се вбројувам себеси во оние што индивидуално ги имаат во поголем дел надраснато овие стилови и некој минимален број од тие проекти тамо (како што набројав во една друга нишка) ми се прифатливи. Не дека ми се посебно при срце, но ми се прифатливи, како нужен компромис во интерес на надраснување одредена појава, па можеби и малку повече од тоа. И други од вас се вбројуваат во оваа категорија, но притоа не толерирајќи ништо околу и крајно себично сметаат дека колективитетот нема право да заедно ги претрча овие стилови. Јас сум убеден дека после изградбата на неколку од овие објекти кога ќе се завршат, а тоа е вероватно ова што сега моментално се гради + офицерски + црква, следно што ќе следи ќе бидат модерни објекти и убеден сум и дека ќе има многу многу промени овој концепт 2014 во насока на современ израз, како што впрочем и сум убеден и дека владата и министерството, градот и општината веќе делумно имаат сватено голем дел од добронамерните критики. Не гледам проблем кога станува збор во случај кога треба да се надминат самите себе си, како што впрочем тоа и го сторија со автобусите, односно веќе имаме еден позитивен пример во оваа насока.
Посебно упатено до андреј и гитар, кои ми оставаат таков впечаток. Луѓе стватете дека колку вие и да ги имате надминато овие стилови морате да земете во предвид дека сте дел од овој колективитет, без разлика колку и моментално географски не сте дел од него.
Во главном сакам да предочам дека констатации од типот дека народот нечини, глуп е, сакал беумни работи, не се никакво решение, а воедно и се сосема погрешна дијагноза на проблемот.
|
Posted By: Vladimir P
Date Posted: 09-Feb-2010 at 23:49
Originally posted by гитардемон
Треба да сфатите дека Скопје никогаш не било метропола, било само паланка во некоја голема држава ... |
Незнам од каде си и колкав си, но неможеш да ми лепиш погрешни етикети.
Неколку дефиниции што е МЕТРОПОЛА (зависи од земјата)
A metropolis is a big city, in most cases with over half a million inhabitants in the city proper.
Area consisting of one or more adjacent municipalities situated around a major urban core. To form a census metropolitan area, the urban core must have a population of at least 100,000. To form a census agglomeration, the urban core must have a population of at least 10,000.
------------- Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 10-Feb-2010 at 00:21
Ако го сфати како лична навреда навистина извини, ама и покрај ова што го напиша јас навистина не знам по кој критериум Скопје го сметаш за метропола. Скопје нема 500.000 жители во city proper во 2010 година, а камоли во 1950, за да би можел да те навредам како стар скопјанец дека не си од метропола.
Јас искрено мислам тоа е исто со битолскиот синдром дека Битола е најубав град бидејќи е најстар, бидејќи бил многу значаен во Отоманската империја, и дека бил град на конзулите.
Инаку за 20-тина години веројатно ќе има метрополитанска зона Скопје-Куманово, меѓутоа уште е рано за тоа (и тоа пак нема Скопје да го направи метропола).
И Битола „била град на конзулите“ некогаш па не личи на ништо повеќе од едно село во Австрија.
Бидејќи знам дека си барем 2-3 пати повозрасен од мене можам да кажам само извини ако се навреди, меѓутоа факт е дека Скопје (а и Битола) се далеку од пристоен европски град.
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: Vladimir P
Date Posted: 10-Feb-2010 at 01:05
Не го рарзбра контекстор - зборот паланка боли за да наречеш еден главен град на една држава па и каков да е, во народот е останато како погрден збор, слично ко касаба, ....
Овие денови се изначитав илјадници погрдни зборови за секого и сешто но на крај ти налета да реагирам несакајќи да навлезам во останатите пишувања..
------------- Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/
|
Posted By: Whisper
Date Posted: 10-Feb-2010 at 01:06
Кога сме кај прашањето колку жители има Скопје и дали бројот на жителите го прави градот метропола јас лично сметам сека Скопје по бројот на жители би можело да се нарече метропола бидејки точни податоци за тоа колку жители има во Скопје нема да добиеме но според мене во зимскиот период во Скопје има многу повеќе од половина милион бројката може да достигне и до 700000 илјади луѓе говорам во зимскиот период за разлика во лето кога мислам дека градот е полупразен , многу други работи го прават некој град метропола не само популацијата а далеку од коментарот дека Скопје во историјата било како 'паланка' сосема не соодветна споредба,Скопје отсекогаш бил и сеуште е голем град во балкански норми но многу други работи го прават некои град метропола како што се добар градски превоз,трамвај,широки авении,метро итн...
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Feb-2010 at 01:48
Сметам дека зборот метропола го користите како субјективна оцена односно форма на придавка за она што на вас ви личи на убав и голем град, за разлика од Владимир кој даде прецизна дефиниција. Е сега кога веќе го користите субјективно, значи дека вашата перцепција за што претставува метропола е многу различна од онашто за некој од многу поразвиена земја и поголем град би била оценка што е метропола.
|
Posted By: shaun.r
Date Posted: 10-Feb-2010 at 09:25
Originally posted by гитардемон
'Скопје било метропола без овие објекти' |
Треба да сфатите дека Скопје никогаш не било метропола, било само паланка во некоја голема држава (дали Отоманската Империја, дали СХС, дали СФРЈ). „Метропола“ стана откако стана главен град на една мини-држава. Не да ме сфатите грешно, ни Љубљана не е метропола но е прекрасен град. Меѓутоа метропола значи нешто сосем друго, затоа престанете со тој поим премногу е смешен.
А инаку не би сакал да се противам на замерките кои ги имаш за да не се вртиме во круг, сигурен сум дека така гледаш на работите поради некои свои причини и убедувања и не можам да кажам дека не си во право, бидејќи секој размислува различно.
Но, тука на форумот има неколку архитекти кои имаат кажано барем 20 добри причини зошто не треба да се гради Скопје 2014. Мислам дека нивното мислење од стручен аспект значи повеќе отколку моето и твоето заедно. Иако отворено се противам на Скопје 2014 и поради изгледот, а не само поради незаконските процедури со кои е донесена одлуката да се гради, сепак кажав неколку пати дека доколку народот запнал за барок, треба да си добие барок (иако тоа очигледно ги прави архитектите бескорисни и непотребни во ова општество).
Mеѓутоа и покрај твојата желба за старо Скопје, сепак биди доблесен и прифати ги замерките на архитектите, кои не се и така малку. | ova navistina go mislis?, bidejki momentalno sum vo ljubljana veke 12 dena i moze slobodno da kazam deka daleku e od prekrasna ..osven plostadot itromostovje (kade postoi i kolonada od anticki stolbovi!!!!) 80% od gradot e nesto nalik na Butel...trotoarite NIKADE ne se uredeni, imaat vkupno bulevari so 2 lenti vo dolzina da ne preteram od 3 km i nisto poveke ,avtobuskite postojki se slicni na nasite (novite sto gi postavija( samo se crni ) nepostojat informativni info tabli , ima dosta novi super avtobusi megutoa pred dva dena se vozes so FAS 11 oktomvri od 79 godina , ima i dosta krs avtobusi, sve sto e van tie 500 kvardata kaj sto e tromostovje , presernov trg e po mene daleku i od dobro a ne prekrasno...svetla tocka po mene e obikolnicata megutoa ljubljana e barem 6 pati pomal grad od skopje i deluva blisku do centarot posle obikolnicata imas tabla za kraj na ljubljana ....
|
Posted By: zabegan
Date Posted: 10-Feb-2010 at 23:02
Originally posted by lslcrew
Сметам дека зборот метропола го користите како субјективна оцена односно форма на придавка за она што на вас ви личи на убав и голем град, за разлика од Владимир кој даде прецизна дефиниција. Е сега кога веќе го користите субјективно, значи дека вашата перцепција за што претставува метропола е многу различна од онашто за некој од многу поразвиена земја и поголем град би била оценка што е метропола.
| баш и јас сакав да го искритикувам ова, веќе станав алергичен на зборот метропола и како погрешно се употребува
што се однесува до архитектурата, не знам зошто толку се создаде еуфорија за „Старо Скопје“, и мене ми се допаѓа архитектурата во градот во триесетите на пример, ама после толку дискусии на форумов не знам како на некој не му стана јасно што и какво било Скопје во 20 век
|
Posted By: Max
Date Posted: 10-Feb-2010 at 23:35
па бидејќи на плоштад имаме оставштина од метропол, зошто и скопје не би била метропола, инаку скопје било за турско административен центар на скопскиот вилает! односно север на Македонија се раководел и есапел тука, значи 500 год минимум главен град на оваа касаба, а тоа дека бил паланка нема врска, да пример на почетокот од 19 век, да битола имала тогаш и појеќе од белград пример, но сето тоа не може да се мери така скопје на повеќе пати е збришувано вака или онака од картата, те земјотреси, те позари, те епидемии, јасно воени разурнувања... значи нема потреба да бараме влакно во јајце, факт е дека скопје во моментов е Македонска Престолнина, а дали и како некој истата сака да ја доживува тоа е негова работа, сепак власта денес е во народот, а народот сака нешто ново, а тоа ново единствено може да легне доколку е истерано како класична артикулација во просторот, кој и на доста места со истата е и исполнет како центар! а и на доста места во тој контескт се прават и конекции во тоа ткиво како инвестбанка до бристол или палата македонија спроти предземјотрениот стамбен блок познат по продавницата на пеко... тука се и италијанска амбасада и балканска банка итн. итн. значи не е до толку апла се на сила зареран муабетов, само што треба квалитетно да се испегла!
јас ќе кажам требаше поголема смелост и да се затера со архаични експерименти, наместо модерна ренесанса на западноевропскиот аутизам и гротеска... но за такво нешто дефинитнво нема ни време ни средстав а уште помалку волја! затоа и ова е некој компромис, не е архаично, не е ни модерно, а е посреди истоварено како неокласицизам! сепак и културно и историски и естетски комотно можам да го оправдам проект како скопје 2014, единствено пристапот во неговото обмислување е спорен, но и за тоа имам разбирање зошто и како баш така се спинува цел муабет, а веќе и на доста други тоа им станува јасно!
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 10-Feb-2010 at 23:50
Освен тежок комплекс на инфериорност јас не гледам друга причина за ова што го кажа. Добро мислите дека некој сериозно ќе каже после ова, абе вистина Македонците имале историја!
Мене ми е интересно како сите поддржувачи на проектот тврдите дека вака ќе се зацврстел македонскиот идентитет и македонштината, кога и на мало дете во Северна Кореја му е очигледно дека вака само покажуваме дека немаме историја (не разговарам дали имаме или не, туку што покажуваме) и дека сме искомплексирани и крадиме нешто што никогаш сме го немале (нешто што Грците го дрдорат толку време, ние само го потврдуваме). Ако 2300 години не постоел тука споменик на Александар како наеднаш сега му текна на некој дека требало од него? Значи настрана окупатори и cè, ако требало ќе имало па ќе го рушеле окупаторите, и ќе го граделе пак па ќе го рушеле. Ако 3 века немало барокни згради, сега ни текна? Или ај дека немала војската требуше во 1200-та година, да набавиме сега 200 за АРМ за да докажеме дека сме ги имале и тогаш!
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: Max
Date Posted: 11-Feb-2010 at 00:02
гитар лошо си ме прочитал, велам историски во контекст дека такви градби веќе имало на тие локации, особено за мене најспорната пред моб! а за Александар што да ти кажам, чоекот е наш херој од секогаш, тоа што не сме успеале да се зацврстиме како анционална држава после него се до НОБ тоа е сосем друга работа и не треба да се меша ете зошто ме немале досега кренато споменик! ако со него се поистоветувале сите наши дејци, ако е застапен од фолклор па се до ракописи од овие простори тоа доволно ни дава право да го сметаме за наш предок, кој колку милува! а барокни згради имало постојано на овие простори, дали како ентериер или како екстериер без разлика! немој волку просечно да истапуваш, немало барок три века..
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Feb-2010 at 00:23
Originally posted by Max
гитар лошо си ме прочитал, велам историски во контекст дека такви градби веќе имало на тие локации, особено за мене најспорната пред моб! а за Александар што да ти кажам, чоекот е наш херој од секогаш, тоа што не сме успеале да се зацврстиме како анционална држава после него се до НОБ тоа е сосем друга работа и не треба да се меша ете зошто ме немале досега кренато споменик! ако со него се поистоветувале сите наши дејци, ако е застапен од фолклор па се до ракописи од овие простори тоа доволно ни дава право да го сметаме за наш предок, кој колку милува! а барокни згради имало постојано на овие простори, дали како ентериер или како екстериер без разлика! немој волку просечно да истапуваш, немало барок три века..
|
Не биди бе па ти буквалист за барокот, ајде не е дека немало барок, туку 4 и пол згради биле сè на сè. А кажи ми, тоа е нешто за кое што треба да надокнадиме? Освен ако патиме од комплекс, ако имаме некое нерешено прашање, нема друга причина да сакаме да надокнадиме за нешто од минатото. Тргни од себе. Дали ти би сакал да надокнадиш за нешто во својот живот што си го пропуштил, освен ако не ти е криво што си го пропуштил? Истото и тука. Ајде криво ни е дека сме биле поробени 5 века и не ни изградил никој барокни згради, па сега ќе градиме.
А за Александар, ќе ти кажам само дека колку што ми се смешни Грците толку ми се смешни и Македонците. Сте се фатиле за некој како да е прашање за живот или смрт, а немате ни за леб (генерално гледано).
А сега назад на темата за да не бидиме досадни со историја. Јас зборувам за архитектурата, и што добиваме ако надокнадиме за тоа што „сме го пропуштиле“? Дали вреди да се глупираме пред домашната и светската јавност бидејќи како мали деца што гледаме тоа и сакаме? Дали има нешто од старо Скопје што му треба на градот во моментов?
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: Max
Date Posted: 11-Feb-2010 at 00:55
абе поезија е муабетов ама ајде, но не секој знае да чита, да проникне, а уште помалку да твори поезија... во уметноста пред се е на цена надреализмот, а истиот дефинитнво вака и ќе го доловиме, та ако сакале луѓе се смееле од сесрце, слободно можат и да се избезумуваат по потреба! а добро има некој абер дали и какви сплавои ќе има во вардар, мислам немора гондоли, но може она скромно туристички сплавчиња, штета фонтаните тука ги насадија, а и нивото скоро нема да се крева, но добро ќе легнеа сплавчиња, модерни или патинирани... а и со барка (кајче) што би рекле хрватите ќе може да уживаме под фонтаните http://en.wikipedia.org/wiki/Pleasure_barge ај бе опуштено малку, и така е минлив овој свет, вечноста е во нашите срца а не во она со кое сакаме да си ги заробиме истите, било тоа да е модернизам или класицизам!
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Feb-2010 at 01:07
Темата е за старо Скопје, не за 2014 Затоа не бегај од неа, те прашувам што добиваме со тоа што надокнадуваме за нешто по кое толку (очигледно) ни е криво што никогаш не сме го имале? Дали вреди да се реставрира нешто од старо Скопје (и патем да се направи нешто кое сме го немале никогаш).
А дека е поезија, не би рекол.
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: Max
Date Posted: 11-Feb-2010 at 01:15
се вреди, секое дело е вредно, па макар ти се гади од него! има некои подлабоки спектри на свеста до кои чоек допира оној момент кога и ќе ги побара, во спротивно доколку гледа она животински површно, бадијала уметност, технички земено твоето мислење е на место и го разбирам, но во целиов муабет има далеку повеќе него естетика, прсото промена на филм, промена на атмосфера, промена на здивениот скопски здив, промена која како така дефинитивно ќе ме натера да излезам од дома и да се прошетам како низ корзо по центар, додека сега и да ме молат не ми се оди, ептен ако морам!
сепак оправдано е чоек да се чуди, кој, што и зошто белки некој ден и ќе најде одговор! инаку ако некаде барокот распалил тоа е тука, па тоа најдобрите резби се во Македонија! исто и архитектонски староградската куќа е типична за сите градови во романтизмот во Македонија, сепак летечката е куќа ни е баш наша изворна специфика, но во тоа е и нашата уникатност, турлитава, имаме од сите стилои и сите епохи градби, па затоа и воопшто не мора да се секираме доколку се тера некој скромен експеримент!
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Feb-2010 at 05:58
Хаос или хармонија
Човештвото е генетски прецизно
структурирано. Тоа не трпи прекини на низата. Кога има дупки во
континуитетот, човековата потсвест, интуитивно ги пополнува за да го
замени хаосот со хармонија. Во услови кога вредносните репери се жртва
на голем хаос, кога недостигаат „единици мерки“, или систематизирано и
проверено знаење, човекот својата потреба за континуитет ја креира.
Затоа, на пример, во целиот стар свет во одреден момент се појавиле
генетски комбинации на човек - лав, на човек - коњ, човек – бик, човек
– крава за да се пополни дупката во сеќавањето за својот постанок.
Како
што почна да се одвива политикантски расправата за идниот изглед на
центарот на Скопје ќе добиеме тврдење дека како државата, и народот,
така и архитектурата немаат непрекинат континуитет во сеќавањето, во
сегменти од историјата. Ќе слушнеме залагање за модерно Скопје без да
се дефинира модерното и да се знае дека и модерното во себе го содржи
континуитетот. Иако барок, класицизам и неокласицизам ќе најдеме на
фасадите на многу градби во градовите во Македонија ете, некој веќе
тврди дека ние во тие стилови не се препознаваме.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=210101031322&id=9&setIzdanie=21906 |
|
Posted By: zabegan
Date Posted: 11-Feb-2010 at 22:44
луѓе јас не знам што полемизираме што имало а што немало во Скопје, што се однесува до поврзаноста на темава со „Скопје 2014“, тој план не смее да се гради од милион други причини кои беа набројани по форумов во сите теми, значи не е само дали имало а за имање (кога веќе го правиме тој муабет) кај нас баш она што ни се претставува во планов го немало и не знам што тука има да се збори, па и од слики гледање ќе забележите, да наоѓате сега изговори по било која цена за да се гради нешто што се градело пред еден век е нелогично
|
Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 23-Jan-2016 at 22:17
Неокласичната архитектура во Скопје од крајот на 19 век до почетокот на Балканските војни
Скопје, по пожарот во 1689 година, од развиен трговски, образовен и политички центар со население од околу 60.000 жители станува мало гратче со десет пати помало население. Ваквата состојба е забележлива речиси два века, а Скопје повторно почнува да се развива кон средината на 19 век, најмногу поради пуштањето во употреба на железничката линија Солун-Скопје во 1873 година, која година подоцна се продолжува кон Митровица. Во тој период, поради зачестениот терор од турските власти, селското население емигрира во Скопје со што ги зголемува бројот на население и значајноста на градот. Неговиот развој станува незапирлив кога во 1888 главниот град на Косовскиот Вилает се префрла од Приштина во Скопје, чие население е околу 30.000 жители. Ова резултира со изградба на голем број административни, образовни, воени, верски како и станбени објекти. Покрај исламската, сè поголемо е присуството и на европската, во најголем дел неокласична архитектура, а градот, поттикнат од близината на железничката станица се шири и на десната страна на реката Вардар.
План на Скопје од 1899 година
Продолжува наскоро
------------- Градот убав никна, но го откорнаа
|
Posted By: hcitrS
Date Posted: 23-Jan-2016 at 22:57
Браво!!!
Патем, Како би му дошол превод на гази менетеш?
|
Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 23-Jan-2016 at 23:23
Не го знам преводот, но тоа е Циганското маало
------------- Градот убав никна, но го откорнаа
|
Posted By: fichot
Date Posted: 24-Jan-2016 at 12:21
Денешното срце на градот (со „барокни“ палати и фонтани) пред 120 години било циганско/земјоделско маало (Чифчи) и гробишта.
Можно е името Гази Ментеш да се однесува на некое лице, колку што успеав да видам, гази е војник ветеран, а во 15 век имало некој познат војсководец Ментеш. Низ Турција има населби со ова име, а и југозападниот дел (Бодрум-Анталија потегот) бил познат како Ментеше околу 14 век.
|
|