Print Page | Close Window

Кривичен суд - Скопје

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Административни
Forum Discription: Државни органи и јавни институции...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=858
Printed Date: 15-Nov-2018 at 18:36


Topic: Кривичен суд - Скопје
Posted By: pbanks
Subject: Кривичен суд - Скопје
Date Posted: 16-Jul-2008 at 08:29
Денес се шуњаа некои багери меѓу МТВ и судска палата каде што треба да се гради уште една зграда за судовите (изградбата требаше да почне пред скоро една година) и нешто подработуваа.

На момент помислив дека се работи за припреми за проширување на Гоце Делчев но сепак не верувам дека е за тоа. Да се надеваме дека судот конечно ќе почне да се гради.





Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Jul-2008 at 14:46
Да не случајно зградата ќе биде на управниот суд?! Сега знам дека имаат простории во пошта.


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Jul-2008 at 12:14
Originally posted by lslcrew

Да не случајно зградата ќе биде на управниот суд?! Сега знам дека имаат простории во пошта.


Еве најдов за што се работи. Барем според оваа информација од Јануари 2007 година.

Дефинитивно го отстранија споменикот кој се наоѓаше таму баш денеска загледав кога проаѓав. 

Ќе се гради нова судска зграда со пари на Светска банка

Изградбата на новата неколкукатна судска зграда, која ќе се наоѓа зад Основниот суд - Скопје 1, ќе почне кон крајот на септември или почетокот на октомври оваа година, кога ќе биде поставен камен-темелник, најави вчера министерот за правда, Михајло Маневски.

Министерот потенцираше дека работите на изградбата на новата судска зграда, која ќе се финансира од средствата на Светска банка, се во напредната фаза. Се расчистува локацијата, а во соработка со Заводот за заштита на културното наследство и во согласност со авторите се договора преместување на споменикот што се наоѓа на тоа место. Моментално се прави физибилити-студија и се подготвува целата документација за да може побрзо да се ефектуираат средствата од кредитот на Светска банка. Истовремено, Министерството за правда прави „снимање“ на состојбите на 12 суда со проширена надлежност, кои се предвидени во проектот, за да се видат потребите од нивно реновирање. (Г.Д.)


Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C056308F039EFB4AB1A102A25A4353F0 - Утрински весник


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Nov-2009 at 07:00

Камери ќе снимаат судења во скопскиот Кривичен суд

Нова зграда на пет ката со доволно простории и модерна опрема ќе се гради во март, а со неа ќе се реши хроничниот проблем од недостиг на простор во Основниот суд Скопје 1

Тесните и задушливи судници во кои половина од присутните со часови стојат на нозе, „рентањето“ сали во соседните судови, немањето соодветни простории во кои адвокатите и обвинителите ќе може да се подготват за судење и низа други проблеми со кои се соочува најголемиот суд во земјава, Основниот суд Скопје 1, наскоро ќе станат минато. Најавено е дека од март в година ќе почне изградбата на новата зграда за овој суд, која ќе биде лоцирана веднаш до стариот објект.

Според претседателка на Судот, Лидија Неделкова, проектот за изградба на новата зграда е на Светска банка и на Министерството за правда. Таа вели дека со префрлање на Кривичниот суд во нов објект ќе се обезбеди доволно простор за непречена работа на судиите, обвинителите, адвокатите, но и на странките и на медиумите. Планирано е објектот да има пет ката, а судниците да бидат опремени со сите потребни технички помагала. Неделкова рече дека судењата во новите судници ќе бидат снимани со камери и со тоа ќе се обезбеди поголема регуларност на целата постапка.

За големината и за важноста на овој суд говори фактот што само во 2008 година во работа имало 196.126 предмети, над половина од таа година, а останатите „наследени“ од претходните години. Лани овој суд решил 134.009 предмети, а нерешени останале 62.117 предмети.

Поради обемниот број предмети овој суд со години има хроничен проблем со недостиг на простор за работа. Многумина од судиите не можат да обезбедат судница бидејќи некој од колегите веќе ја „резервирал“. И вчера претседателката Неделкова со пример посочи дека просторот е проблем - тројца новоизбрани судии немаат свои работни простории од едноставна причина што секое ќоше во судот е „зафатено“. Често се случува поголемите судења со над десетина обвинети, кои ги има се' почесто во последните неколку години, да не можат да се судат во простории на Кривичниот суд. Тие се закажуваа во големата сала на Врховниот суд или, пак, во Апелацискиот суд во Скопје.

Поради неможноста сите оддели на Судот да се сместат во сегашниот објект, кој е на три ката, Одделот за прекршоци е сместен во бараките во Градскиот парк, а одделот за извршување на санкции, одделот за малолетници и дел од истражниот оддел што постапува по определени истражни предмети се сместени во зградата на Апелацискиот суд Скопје.

Вчера официјално беше соопштено дека во рамките на Основниот суд 1 во Скопје функционира Канцеларија за односи со јавноста, во која ќе може информации да добијат медиумите, но и граѓаните.

Како портпарол на судот ќе функционира истражниот судија Владимир Туфегџиќ од Одделот за борба против организираниот криминал и корупција. Претседателката Неделкова соопшти дека на официјалната интернет-страница на Судот редовно ќе се објавуваат донесените пресуди.

Кривичниот суд во Скопје, поточно Основниот суд Скопје 1 во почетокот на неговото формирање во 1945 година бил сместен во бараки што се наоѓале спроти Градежниот факултет во Скопје и пазарчето „Буњаковец“, а во сегашниот објект на булеварот Гоце Делчев е сместен во 1972 година.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=580DB7565594E041B965ADDDFBE4FEFC




Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Nov-2009 at 12:40

Обвинителите и обвинетите нема веќе да се во иста чекалница

Но­ва­та зграда на кривичниот Основен суд Скопје 1, во чии рамки е и Одделот за ор­га­ни­зи­ран криминал и корупција, ќе се почне да се гради напролет во март. Зградата ќе има пет ката и ќе се наоѓа кај Споменикот бомба, на ширината меѓу МРТВ и сегашната згра­да на Основниот суд Скопје 1.
Во секоја судница ќе има монтирано аудио и видеоопрема. Сите судења ќе се сни­ма­ат, со што, според официјалните извори од Основниот суд Скопје 1, ќе се олесни про­вер­ка­та на сe она што било кажано на судењата. Тоа, според соговорниците, ќе би­де многу скапа работа и новина во судството во Македонија.
Во новиот објект ќе бидат сместени сите судии и одделенија, и Судот комплетно ќе се пресе­ли во новата зграда. Во сегашната, најверојатно, ќе се всели Управниот суд.
Иа­ко проектот е претходно направен под капата на Министерството за правда и на УСА­ИД, со пари од Светска банка, Скопска единица се бори да изврши одредени ко­рек­ции, па за обвинителите што чекаат во иста чекалница со обвинетите и со останатите стран­ки и новинарите, да има во новата судска зграда посебна просторија, ад­во­ка­ти­те и обвинетите своја, а посебна соба да добијат и новинарите, фоторепортерите и ка­мер­ма­ни­те.

http://vest.com.mk/?ItemID=07DA7F896B136043A7FFF5367B1F2AE6


Posted By: axel
Date Posted: 05-Jan-2010 at 14:46
6 милиони евра за новата судска зграда

вторник, 05 јануари 2010
 
Новата зграда ќе има околу 8 000 метри квадратни, со судници за 200 луѓе, за 100, за 35 луѓе, како и 70 до 80 судиски кабинети
 
 
 
 
Кривичниот суд или познат како Основниот суд Скопје 1 добива нова зграда. Во текот на месецот ќе биде објавен тендер за изградба и уредување на зградата. Дел од средствата, околу 5 милиони евра ќе бидат обезбедени од Светката банка, а еден милион од Буџетот на Владата на Македонија.

Според плановите, градежните работи ќе започнат во текот на март, а со новата зграда треба да бидат надминати проблемите со недостаток на простор. Новата зграда ќе се наоѓа во непосредна близина на постоечкиот суд, кај споменикот познат како Бомба.
Новата зграда ќе има околу 8 000 метри квадратни, со судници за 200 луѓе, за 100, за 35 луѓе, како и 70 до 80 судиски кабинети. Во Министерството за правда велат дека е планирано да се направи библиотека, како и простории каде ќе се чуваат приведените лица. Во новата зграда ќе биде сместено и одделот за организиран криминал. Според проектот предвидено е сите судници да бидат опремени со аудиовизуелна опрема која ќе овозможи постојано снимање на судските процеси, со што ќе се овозможи подобар процес, како за странките така и за судиите.Објектот ќе има приземје со пет ката, а според проектот предвидени се посебни канцеларии за адвокат ите и за новинарите. Адвокатите во неколку наврати посочуваа дека носењето на тоги за време на судењата им е проблем, бидејќи немале простории каде што можат да ги облечат тогите, да ги остават. Тие бараа и просториија каде што ќе можат да подготват некои итни барања и претставки додека се во судската зграда.

Во сега постоечката зграда најверојатно ќе се сели Управниот суд, кој сега е сместен во зградата на Македонски пошти на плоштадот Македонија.Новата  зграда треба да биде готова до септември 2011 година.                                                                        http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=39998             


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Feb-2010 at 14:29
Нов објект на Кривичен суд во Скопје

Нов објект на Кривичен суд ќе се гради во Скопје, најави во вторник, Министерот за правда Михајло Маневски.

Новата судска зграда е проектирана со десет ката, приземје на два ката плус шест ката и поткровје. Ќе се наоѓа до сегашниот Основен суд I, веднаш до зградата на МРТВ и треба да биде готов за 18 месеци.

„Вкупната површина изнесува 8826 метри квадратни и овозможува простор за сместување на седум оддели на кривичниот суд.

Судот ќе располага со вкупно 74 судски кабинети, 22 средни судници и две репрезентативни судници за случаите на организиран криминал“ соопшти Маневски.

Едната од репрезентативните судници ќе има капацитет за 100 лица, а другата, која ќе се наоѓа на првиот кат, ќе има  капацитет за 200 лица.

Министерот не коментира за тоа што новата зграда потсетува на античките градби.

„Не знам што се тоа антички градби, знам само дека судовите се градби кои во сите земји во светот се монументални објекти кои траат со години“ рече Маневски.

Целиот проект за реновирање на судовите чини 10 милиони евра, позајмени од Светската банка  за обнова и развој, а државата учествува со 16 отсто.

http://makfax.com.mk/_tools/article/99438/view



Posted By: xnx
Date Posted: 16-Feb-2010 at 14:34
deneska zabelezav deka celiot prostor pred MOB e ograden sto znaci ke se gradat site tie zdanija koi ke go pokrijat MOB i filharmonijata. bravo... mozda trebase animacijata da izleze godina dena otkako ke se izgradi sve, da mozeme da si diskutirame na vreme.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Feb-2010 at 14:43
Еве и рендер...





www.pravda.gov.mk



Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Feb-2010 at 14:52
Уште има...

01.


02.


03.


04.


05.


www.pravda.gov.mk


Posted By: alexgizh
Date Posted: 16-Feb-2010 at 15:26
хехе, како ги штанцаат...


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 16-Feb-2010 at 15:29
ova e veke naglost.ako za gradbive vo centar kakov takov argument bese deka sakaat da dobijat edna celina,tuka ne znam kako bi se opravdal vakov objekt

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 16-Feb-2010 at 16:04
pbanks мислам дека и тема можеш да отвориш па да јадеме трици таму т.е да ни ја елаборираат нашите елоквентни колеги членови на форумов и оваа фантастична креација...колку да не ја загушиме оваа тема...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Feb-2010 at 17:39
Овој кич метастазира и во поширокиот центар со несмалено темпо и продолжува да биде немилосрден кон контекстот и окружението.

Ако некој имаше дилеми дали современа архитектура е компатибилна со Калето и турската чаршија не би знаел да кажам кои ќе бидат дилемите тука. Како овој објект на било кој начин се вклопува со прометен булевар, зградата на МТВ, Мавровка, постоечките судски палати или универзитетскиот комплекс?

Имам впечаток дека ова што го гледаме на рендерите е помалку кичесто од некои од другите објекти (принципелно се исто ѓубре но барем спрема мене постојат нијанси помеѓу ова и оној стравотен рендер за хотелот на плоштад).

Но дури и да го почитував овој тип на архитектура, неможам да разберам што бара на даденава локација.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 16-Feb-2010 at 17:53
proektot mi se dopaga. Sudot izgleda kako site sudovi niz evropa.
Maneski ima pravo, ova nema nisto rabota so anticki stil, vakvi stilovi ima i vo svajcarija.
sto ne mi  se topaga e okolinata.
Vo site strani ima moderni zgradi samo ova ke bide nekako nesto sto izlegalo od moda.
lokacija za ova bi rekol nekade kade nema nisto vo okolinata
mozebi i ova bi bilo ubava lokacija:
41°59'47.05"N 21°26'54.75"E
 


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 16-Feb-2010 at 19:18
Јас не знам пак дали очи да си вадиме на темиве...пак се презентираат фасади (никако основа некоја да видевме, пресек не дај Боже) и тоа во момент кога се е решено...има ли потреба да се коментира!?

Некој забележува дека нема конструктивна критика и не се коментира обликување и архитектура, туку се води партиско препукување - што да коментираш „види го ритамот на столбовите?„ или „колку јака профилација!!!“...тие муабети се вртеле пред 3000 години...и после не била антиквизација - нема посоодветен и поточно употребен термин, опис пар екселанс....2010-та е ова и дали сме ние ова?

Булшит од објект, ако сака од злато нека го напраат - генерална 0 од мене и не го коментирам веќе...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: zabegan
Date Posted: 16-Feb-2010 at 20:06
Originally posted by ovaj_stariov

ova e veke naglost.ako za gradbive vo centar kakov takov argument bese deka sakaat da dobijat edna celina,tuka ne znam kako bi se opravdal vakov objekt
на иста релација сум со стариот, со која цел е овој објект тука поставен (во ваква форма) и која е неговата оправданост?
тука нема ни плоштад (нели сакаме убави плоштади), нема ни историја, ниту пак има локации од објекти од старо Скопје Ohno


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Feb-2010 at 20:53
За објектов, прво не ми е јасно каде е точно, гледа ли према булевар или не?! Колку што гледам слободно место има само повнатре и према мтв карши факултетот. Стилот е тој, го имаме дискутирано. Стаклово некако, неможам да просудам какво е, ама ми изгледа на некое плаво или зелено рефлектирачко. Сутвари зградава повеќе ми личи како за да биде хотел, одколку суд.


Posted By: алек
Date Posted: 16-Feb-2010 at 23:53
Само колку за споредба:

ако во сите земји судовите биле во антички стил,(иако најголем дел се, заради тоа што и се градени кога преовладувал таков стил), зошто тогаш во Хаг би се одлучиле за ваков објект

Building of the International Criminal Court in The Hague

И зошто на конкурсот за новата зграда повторно не бираат некое решение во антички стил.
Во прилог наградените трудови за новата зграда на Кривичниот суд во Хаг
http://www.icc-architectural-competition.com/pages/results/prize-winners.php - http://www.icc-architectural-competition.com/pages/results/prize-winners.php








Posted By: Max
Date Posted: 17-Feb-2010 at 00:35
за кога ќе те судат да се чувствуваш опуштено! јасно а судиите да имаат специфично технократска атмосфера а следствено и таков аршин! да ние имаме абер за ваков проект но можеби како макета, за десет милиони ни кровот од вакви конструкции нема да може да го покриеме!  


Posted By: fichot
Date Posted: 17-Feb-2010 at 01:07

Е ова е веќе нешто. Браво. То е суд бре, да ти влее почит и страв ко ќе видиш тоа стубови, тоа статуи...

Шала, пробувам сам да си го исперам мозоков ама не бива. 




Posted By: fichot
Date Posted: 17-Feb-2010 at 02:02

Претерување во потребата да се нагласат античките корени и тоа да се прави на секој агол и да биде приоритет во оваа држава над се останато - е тоа е ИМО, антиквизација. 
Јас сум Филип, знам од дете од кај доаѓа моето име и кој бил и што правел тој и кои ни се сличностите после 2500 години мешање на култури, народи, влијанија итн. 

а еве и ја нешто што изгуглав (незнам, ова го има ли во речник, може да помине?)

European Court of Justice in Luxembourg (пази соларни панели на кровот!)
 

European Court of Human Rights – Strasbourg, France 

Bordeaux Law Courts – Bordeaux, France (повеќе слики на http://www.richardrogers.co.uk/work/all_projects/bordeaux_law_courts/completed)

Antwerp Law Courts – Antwerp, Belgium (повеќе слики на: http://www.eikongraphia.com/?p=269)

District Court building in Malmö


Civil Court for Madrid from Zaha Hadid

Varshava mislam

The High Court building in Canberra, AUS

Perth District Court Building, AUS

Manchester, UK

И да завршам со нешто од близина - Љубљана

И уште ќе се правиме мутави? 





Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Feb-2010 at 02:18
Сега, како по обичај, ќе ја повториме дискусијата пак истата. Ова е една од зградите од пакетот за претрчување на историските пропуштени стилови. Две три антика, две три барок, нешто класицизам, па да може да дојдеме до современе израз. Мене од целиов објект највеќе ми пречи што се измешани два стила столбови, а поготово двете скулптури на римска божица на правда Јустуција, што врска немаат со Македонски идентитет. Пандан за делење правда во Македонија е Св. Петар. Покрај тоа што сметам дека македонскиот народ има апсолутно право да изгради пар објекти кои ќе го потсеќаат на антика, во интерес да може да го претрчаме ова "вечерно школо" и да стигнеме до современиот израз, сепак овдека слободно можеше да легне објект кој коренот ќе влече од понова историја, мислам на онаа историја од традиционалната архитектура од македонските села и градови. Нешто слично на објектот на владата, само со поизразен еклектизам од таа архитектура.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Feb-2010 at 02:32
Сега кога и во ова окружување насадија ваква наказа, можеме комотно да очекуваме барок и за деловниот центар карши „Бисер“. Да се оплемени бре тој комунистичкиот Аеродром. Не би ме изненадило ни да начукаат маркичка на сред универзитетски кампус, се разбира класика, барок, романтизам...


Posted By: Max
Date Posted: 17-Feb-2010 at 02:37
ја би да стават врз дом на арм еден амфитеатар и така крово е пуст а локациски ептен добар! ќе си легне како марлад на путер  


Posted By: fichot
Date Posted: 17-Feb-2010 at 02:40
Воопшто не се сложувам дека треба „набрзина“ да ги опфатиме пропуштените стилови за да може да градиме „современо“.

Аналогно на таквото размислување, дали сликарската фела е должна да се врати на ренесансно-барокниот ликовен израз, или глумците должни да изведуваат претстави како во Шекспировско време?

Или, ко што пишав кај автобусите, ајде да ја изгасиме струјата па „набрзина“ да ги пре-откриеме и научните достигнувања кои сме ги пропуштиле. Како што ќе создадеме и сопствен барок, така може да имаме и сопствен Гутенберг, Декарт, Ват, Едисон, Битлси. 

А примероци на античка или средновековна архитектура имаме еден куп. Е не се на плоштад (или околу) ама ги имаме. 



Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Feb-2010 at 02:43
Сликарстовото не се однесува на јавниот простор. Архитектурата е изземена од такви индивидуални лични избори што ќе се нацрта и кој ќе го купи тоа дело. Тука имаме јавен простор за кој колективно се уредува. Во сликарство кој што сака и како сака нека црта, не се тоа државни слики. Претстава исто така, кој сака нека отиде кој нејќе немора, за разлика од тука кајшто архитектурата е поринудно присутна во секојдневието на сите.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Feb-2010 at 02:56


Во суштина ти нареди аргументи зошто токму во архитектурата ова е недозволиво.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Feb-2010 at 03:20
Па вака ќе ти останат обратно погрешно сватени аргументите додека не сватиш дека плеадава објекти што сега е во најава или се градат се дел од пакетот за да стигнеме до современата архитектура како онаа што е постирана погоре. Јавниот простор се моделира од народот, ако народот е колективно архитектонски несозраен без разлика на поединците, така и ќе се моделира. Мене не ми е сватливо како после толку децении упорно се залагате за делегирање кон народот што е тоа што му треба и да го рачунате за малолетен, и уште ви е проблем да сватите дека нема веќе оттуѓен центар на моќ туку, политички фактори што се борат за опстанок на пазарот на идеи. Малку ни беше пола век демек некакво национално созревање под туторство, па сега уште и во самостојност да му го укинете правото македонскиот народ национално сам да созрее. Не само за да може да почне да гради современи објекти, туку и да може да ги свати и стави во комбинација оние веќе изградени делегирани модернистички објекти во прошлите децении, а воедно и да разликува што е стварно модерен објект, а што е плаво стакло. Барате модернизам, а не го оставате народов да дојде до модернизам. Сакате преку ноќ да премостиме децениски вековни наталожени проблеми.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Feb-2010 at 04:29
Прво ова не е созревање, туку ретрограден процес. Точка.


Второ, твојата теза дека ова е природен процес (демек морало да се помине низ овие фази на развој на архитектурата, макар било и 21 век) е тотално изместена. Па не е ова развој на фетус, па да мора да ги помине сите фази. Други членови сто пати ти направија аналогии кои упорно ги игнорираш. Ај еве и јас ќе ти направам една. Кога во развиените земји веќе почнале да користат механички сметачи, ние уште сме биле под турско, заостанати... сме ја рипнале фазата на механички сметачи. Епа што не батали народов компјутери и нека почне да созрева со http://en.wikipedia.org/wiki/Comptometer - нешто вакво на пример .

Или ајде уште поинтересно вака да ги погледнеме работите (бидејќи примеров одговара токму на архитектурата што на некои толку им легна на срце): што мислиш ти, колкав процент од нашиве подржувачи на „барокот“ и „романтизмот“ слушаат Бах, Вивалди, Чајковски, Дворжак, а колкав процент слушаат Цеца, Стоја, Миле Китич, Шако Полумента? Подобар доказ дека тераме архитектонски турбо-фолк не ни може да има.


Трето, што се буниш за ова:
Originally posted by lslcrew

Мене не ми е сватливо како после толку децении упорно се залагате за делегирање кон народот што е тоа што му треба и да го рачунате за малолетен
, кога цело време и самиот тврдиш дека требало да созреел.


Четврто, зошто ги напаѓаш тие кои се обидуваат да внесат попрогресивно размислување во целава работа? Велиш на „народот“ му било потребно да созрее, ама мене не ми е јасно со кое темпо може да се созрева, ако замолчи слојот кој е понапред со сфаќањата и кој во секое нормално општество е двигателот?


Петто, како успеа да измериш колкав дел од луѓето ја подржува оваа кхм кхм архитектура, за да заклучиш дека се работи практично за консензус.


Шесто, за разноразни лоши работи може да се најдат разноразни „оправдувања“, ама лошите работи си остануваат лоши. Така и овој процес ќе си биде и остане лош процес, без разлика дали како нација сме пропуштиле одредени текови во архитектурата. Исто така процесот ќе остане лош, без разлика дали некој на форумов сакал да го „делегира“  народот.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Feb-2010 at 07:08
Колку ти се свиѓало тебе тоа или не, процесите социолиошки се тие. Архитектурата колку и да е напредна ќе мора да го преќути овој пакет згради исто како и јас и ти и редица други луѓе што сметаат дека индивидуално го имаат надраснато стилов. Колку и да ти изгледа дека може да се прерипуваат цели етапи во развитокот, толку повеќе тонеш во погрешна теорија дека можеме ние да бидеме уникатни и во све да почнуваме од пола.

Инаку го забораив Јустинијан, основач на современто право, роден во Скопје. Поприкладна личност која заслужува да и се посвети зградава судов, здравје. Западните цивилизации кога забегувале во римски божици, вероватно немале свои. Јас еве двајца ги набројав што имаат далеку полегитимна положба да бидат тамо, одколку таа скулптура.


Posted By: krale
Date Posted: 17-Feb-2010 at 13:21
Па за да дадам конкретно мислење би сакал да ја видам позицијата на објектот. Инаку колку што можам да видам, се работи за локацијата до новиот суд (према МТВ) - ако е така, тогаш ова е тотална глупост да се оди со ваков проект на тоа место. Апсолутно на ништо не личи и нема да одговара во средината.

Ако пак проектот е можеби на задната страна, (иако не знам каде???) на реката Вардар (можеби пред МТВ???) тогаш некако ајде ќе се проголта, ако веќе се решило целиот кеј да биде со вакви објекти. Инаку самиот изглед е многу слаб - се сложувам со некој што рече претходно дека не би било лошо да се посвети на пример на Јустинијан - одличен предлог!


Posted By: pavche
Date Posted: 17-Feb-2010 at 14:34
Originally posted by fichot

И да завршам со нешто од близина - Љубљана



Еве уште нешто од близина:

Нова судска палата во Варна

















Posted By: mirakuliks
Date Posted: 17-Feb-2010 at 21:51
Бидејќи гледам има одредено несогласување во однос на стилот односно „модата“ која очигледно се протежира од одредена група на влијателни архитекти, нели ако нема архитекти кои би ги правеле овие проекти нема ни да ги има.
Затоа мој предлог би било сета оваа архитектонска мода да ја крстиме како неоренесанса, или нешто сл.


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 17-Feb-2010 at 23:43
primerot od Varna e super,dobro bi pariral so nasata sudska palata

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: AndronikD
Date Posted: 18-Feb-2010 at 00:46
Не разбирам зошто толку голем број приврзаници добива ова антиквизирање (а кое очигледно постои) исто како што никогаш не го разбирав словенизирањето кое им беше наметнувано на луѓето на овие простори (а кое пак има уште поголем број следбеници).
Не ги разбирам луѓето што сакат да го начичкаат Скопје со доцно модернистички и интернационалистички зданија како некоја афричка престолнина од 70-те, уште помалку ги разбирам луѓето што го идентификуваат „greek revival“ стилот (што патем е автентичен американски стил) на планираниве згради (посебно на потенциранава во thread-ов) со некаков древен македонски стил.
Мислам дека се пропушта шансата да се направи Скопје уште поединствено и поинтересно со тоа што не се поттикнува едно критичко и трезвено промислување на извонредно смелите модернистички концепти на извесни негови делови од аспект на македонската средновековна (црковна) градителска традиција и архитектурата на овие простори од XIX век. Една фина комуникација на модерната и постмодерната во која зградиве нема да се кријат една со друга туку токму ќе се нагласуваат меѓусебно... Тоа е мојата идеја за убаво Скопје и мислам дека посочениов пример е суштинска спротивност на таквата визија.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Feb-2010 at 03:38


Cheers


---------------------------------------------------------------
Originally posted by lslcrew

Колку ти се свиѓало тебе тоа или не, процесите социолиошки се тие. Архитектурата колку и да е напредна ќе мора да го преќути овој пакет згради исто како и јас и ти и редица други луѓе што сметаат дека индивидуално го имаат надраснато стилов. Колку и да ти изгледа дека може да се прерипуваат цели етапи во развитокот, толку повеќе тонеш во погрешна теорија дека можеме ние да бидеме уникатни и во све да почнуваме од пола.
Ниту еден контра-аргумент, само упорно верглање на тезата дека историскиот развој на западно-европската архитектура е пат кој морало да се изоди без разлика во кој век и на кое место се живее. Па побогу, историјата на таа архитектура не е универзална, туку била во тесна спрега со времето и местото на настанување.

Но бидејќи е јасно дека едноставно не ги прифаќаш овие очигледни работи, објасни ми зошто ја скокнавме готската архитектура на пример. Според тоа како ги поставуваш работите, ова ќе му дојде како фатален пропуст...

Исто така би било интересно да ги споделиш твоите очекувања, дали после романтизмот ќе продолжиме да „созреваме“ и низ останатите фази на архитектурата кои го пополнуваат периодот од тогаш па до денешен ден.




Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Feb-2010 at 05:46
Убеден сум дека да!


Posted By: zabegan
Date Posted: 18-Feb-2010 at 16:43
но според теоријата на дополнување на пропуштеното, секогаш ќе бидеме чекор назад!


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Feb-2010 at 23:52
Нишкава е прочистена од "антиквизаторско-комунистичка" дискусија.

 Cheers

А за преференците во архитектурата особено овие рововски битки кои се водат околу стиловите ја отворивме http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=830 - оваа нишка токму за да не ги загадуваме нишките за проективе.


Posted By: Buliwyf
Date Posted: 18-May-2010 at 15:45

Гранит ќе го гради новиот Кривичен суд

Автор: http://www.makfax.com.mk/_user/51/profile - Александар Поповски
Скопје

Изградбата на новата судска зграда во Скопје, во која треба да биде сместен Кривичниот суд му е доверена на градежното претпријатие Гранит, соопшти компанијата.

За таа цел денеска во Скопје бил потпишан договор помеѓу  ГД Гранит АД Скопје и Министерство за правда на РМ.

Вредноста на договорот изнесува 465 милиони денари (7,5 милиони евра) со вклучен ДДВ и рок на изведување18 месеци.

http://www.makfax.com.mk/#107980;jsessionid=8DCAE353FF5550B4C7D632573F37CEB9 - http://www.makfax.com.mk/#107980;jsessionid=8DCAE353FF5550B4C7D632573F37CEB9


Posted By: Buliwyf
Date Posted: 29-May-2010 at 14:08

Поставен камен темелник на новата зграда на Кривичниот суд

29.05.2010 14:45
Премиерот Никола Груевски и Министерот за правда Михајло Маневски денеска присуствуваа на поставувањето камен темелник на новата зграда на Кривичниот суд.
 

Објектот поддржан со околу 8,3 милиони евра заем од Светска банка и од Буџетот на Република Македонија, се очекува да биде завршен за 18 месеци.

„Владеењето на правото е една од темелните вредности на македонскиот уставен поредок. Само општество засновано на правда и правичност може да биде стабилно и просперитетно.

-Таквиот принцип може доследно да се примени само ако негуваме непристрасен, независен и ефикасен судски систем. А токму ефикасноста во работењето, меѓу другото е поврзана и со поросторните и работните услови на судиите и судската администрација“, рече Груевски во обраќањето.

Тој напомена дека Владата во изминатите неколку години презеде низа мерки за сеопфатни реформи во правосудството, со цел обезбедување независен и ефикасен судски систем и владеење на правото.

Според Министерот Маневски, во октомври 2009 Македонија првпат доби позитивен извештај од ЕУ за вкупниот напредок и исполнувањето на критериумите за полноправно членство во Унијата кој се однесува и на реформите во правосудниот систем.

„Ефектите и резултатите од спроведувањето на судските реформи покажуваат дека во споредба со изминатите години првпат се бележи намалување на приливот на нови предмети во судовите за 26 отсто, бројот на нерешените предмети е намален за 22 проценти, а најголемо намалување за 80 отсто е евидентирано кај стечајните предмети.

-Значително се намалува и времетраењето на постапките кај кривичните второстепени предмети кои 98 отсто се решаваат до шест месеци, а граѓанските од 82 до 95 проценти. Позитивните ефекти продолжуваат и годинава, но тоа не значи дека нема место и потреба за уште поефикасни резултати во работата на судовите“, потенцира Маневски.

Никогаш досега во македонските судови, додаде, не биле вложени толку средства и напори за подобрување на работните услови, судската опрема и потребната информатичка технологија.

Новата зграда на Кривичниот суд е проектирана на 10 нивоа - две подрумски, приземје, шест ката и поткровје. Предвидени се 74 судски кабинети, 22 средни судници и две репрезентативни од кои една за 200 лица за случаите на организиран криминал и една за 100 лица.

Обезбеден е простор за архиви, шалтер сала со 60 работни места за сите оддели и простории за судската полиција, репрезентативна судница и канцеларии, судски кабинети за кривичниот оддел за организиран криминал, оддел за прекршоци, и оддел за извршување санкции, кабинети и канцеларии за одделот за истрага, истражен оддел за организиран криминал, канцеларии за судската управа и судската служба, како и паркинг простор за 60 возила.

Објектот има вкупна корисна површина од 8.826 метри квадратни. Камен темелникот на новата зграда на Кривичниот суд го освети Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, известува МИА.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123677 - http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123677


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-May-2010 at 22:16
1


2



Posted By: гитардемон
Date Posted: 29-May-2010 at 23:00
Баш ме интересира каде (и дали воопшто) ќе го преместат споменикот бомба. А богами и како. Не сакам да прејудицирам, па ќе видам дали ќе ми се остварат предвидувањата.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 31-May-2010 at 08:58
Јас ќе ти кажам што ќе му направат: ќе го срушат.


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 31-May-2010 at 12:42
Или ќе го бутнат во парк..


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-May-2010 at 14:00
Ова нели е споменик на работилница за оружје во втората светска војна, а на приземјето во новата зграда се најавува некаква спомен соба. Можда тоа е замената за спомеников.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 31-May-2010 at 16:03
Не заборавај дека споменикот сам по себе е прилично стар, и не е фер да го фрлат на отпад. Ако веќе го отстрануваат, нека го лицитираат, се кладам дека многу луѓе ќе сакаат да го купат. Инаку има спомен соба во МОБ (МНТ), каде што и примарно беше лоциран спомеников (бидејќи таму била и работилницата за време на 2СВ). Ај што го преместија оттаму и го ставија на произволна локација, сега и произволната локација која беше избрана без врска сакаат да ја направат обележје... па тогаш нека направат споменик за Мечкин Камен на сред Скопје! <offtopic>Упс чекај, па тие Александар и Самуил ги ставаат на сред Скопје, та проблем било за Мечкин Камен. Може и Могилата на непобедените во Скопје, а и Кокино да се премести. </offtopic>


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-May-2010 at 16:05
Во моментов немам време да барам поназад во нишкава, но за споменикот имаше согласност од борците за дислокација ако не се лажам?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-May-2010 at 16:18
Без разлика дали имало или немало согласност, споменикот не е сопственост на здружението на борци ниту па тие се некакви власти релевантни да одлучуваат за преместување. Нивната согласност само некоја дополнителна легитимност му даваат на преместувањето, минорна воопшто и небитна. Спомеников нема вредност ионака на локацијата која што е сега, кога неговото место е на локацијата каде што била таа работилница и највеќе би требало тамо да стои. Но сепак ако се нашло место да биде внатре во приземјето тогаш тоа е добро решение. Не е ова "девојче" па да го шетаме каде било. А кога всушност било преместувањето на оваа локација од старата?

п.с. Гитар немаше потреба од таков саркастичен говор, ниту па имаше простор за такво нешто и сосема е погрешна аналогијата што ја направи.


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-May-2010 at 16:31


Истовремено, нема потреба ни од целава анализа како борците немало потреба никој да ги праша... Јас не знам а верувам дека не знаеш ниту ти дали таква регулатива има или нема. Ќе те потсетам дека НОВ има не само историска, туку во многу случаи и легислативна тежина во нашава држава и можно е да постои закон каде таква согласност е потребна.

Во секој случај, овие денеска веќе излапени старци на кои сите многу им должиме, покажуваат многу повеќе флексибилност и разум од нивните наследници и не заслужуваат третман како што во континуитет добиваат. Луѓето дале согласност и незнам што повеќе од тоа.

Естетската вредност на споменикот и не е битна, но неговата симболика носи со себе многу повеќе одколку 99% од Дизниленд 2014. Во нормални држави такви работи се свети.

Да се вратиме на темата. Јас сум дефинитивно за изградба на објект на оваа локација и за преместување на споменикот. Колку што видов на градилиштето, постоечката градежна линија ќе се следи и тоа е добро. За екстериерот на зградата, се е кажано премногу пати и би било излижно да се повторувам. Би рекол epic fail иако во релативни мерила гротеската Уставен суд останува апсолутно ненадмината.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 31-May-2010 at 16:37
Што се однесува до објектот, нема што да се каже освен веќе кажаното, имаме консензус на форумот дека (квази)барокот е out, и дека сè друго би стоело подобро на таа локација. Што се однесува до споменикот, тука има што да се каже. Навистина не му било тука местото никогаш, затоа и треба да има употреблив објект на оваа локација, а не споменик, меѓутоа во ситуација кога си го преместуваат на секои 20 години споменикот, што останува да очекувам јас дека ќе се случи со него?



Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-May-2010 at 16:42
Не ја спорам воопшто заслугата на борците. Живи споменици на оваа држава се луѓето, заслужуваат почит. Сакав да потенцирам дека нивната согласност не е урбанистички план и нензнам зашто медиумски се пласира како таква. Целата работа е дека спомеников бил изработен за со него да се обележи локацијата на работилницата. И сега е преместен на сосема друга локација и веќе станува симбол без суштина зашто суштината е некаде на километар два од сегашната локација. Ако сообраќаен знак го преместиш од фреквентна раскрница во среде поле каква улога ќе има тогаш? Никаква. Затоа и реков дека се изнашло добро решение. Макар што на крај памет не ми паѓа дека некој има намера да го претопи или анулира споменикот, како што редица луѓе тука искажаа сомнеж.


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-May-2010 at 16:44
Ајде гитар не ја терај сега другата крајност, пак ли ќе бришеме постови на крај?

Споменикот ќе се премести, има согласност за тоа, case closed. Личните чувства кои секој од нас ги има кон овие споменици (позитивни или негативни) не се за тука, тука зборуваме за кривичниот суд во Скопје.


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-May-2010 at 16:51
Originally posted by lslcrew

Не ја спорам воопшто заслугата на борците. Живи споменици на оваа држава се луѓето, заслужуваат почит. Сакав да потенцирам дека нивната согласност не е урбанистички план и нензнам зашто медиумски се пласира како таква. Целата работа е дека спомеников бил изработен за со него да се обележи локацијата на работилницата. И сега е преместен на сосема друга локација и веќе станува симбол без суштина зашто суштината е некаде на километар два од сегашната локација. Ако сообраќаен знак го преместиш од фреквентна раскрница во среде поле каква улога ќе има тогаш? Никаква. Затоа и реков дека се изнашло добро решение. Макар што на крај памет не ми паѓа дека некој има намера да го претопи или анулира споменикот, како што редица луѓе тука искажаа сомнеж.


Во ред е сето тоа, но не сум приметил некој медиумски притисок околу целава работа. Туку некако од никаде го разврзавме муабетот за тоа.

И во ред, се извинувам ако трзнав на твојот пост иако можеби не си имал намера ништо лошо да кажеш, но ете каква "зла крв" внесуваат честите излети кон политиката кои си ги дозволуваме понекогаш на форумов па потоа  стануваме нетрпеливи на моменти.

Спомениците од 2 светска војна можеби заслужуваат свое место на форумот како феномен кој треба да се адресира од аспект на темите кои ги дискутираме. ОД една страна има прекрасни комплекси од тоа време кои се запустени и треба да се обноват. Од друга страна има и многу фрагментирани обележја кои за запустени, кои немаат некоја комуникација со луѓето и со просторот и кои можеби им треба некаква дислокација или вклопување во новите содржини кои се воведуваат на одредена локација.

Незнам кое е паметно решение и дали некој споменик би го имал истото значење тргнат од оригиналната локација (која сама по себе има значење) но дефинитивно треба да постои одредена флексибилност каде не би требало нешто вакво да застанува на пат на урбанизацијата на цел кварт на пример.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 31-May-2010 at 16:53
Originally posted by pbanks

Ајде гитар не ја терај сега другата крајност, пак ли ќе бришеме постови на крај?

Споменикот ќе се премести, има согласност за тоа, case closed. Личните чувства кои секој од нас ги има кон овие споменици (позитивни или негативни) не се за тука, тука зборуваме за кривичниот суд во Скопје.


Се поправив! Едноставно ме нервира систематското негирање, или пак комплетната игнорантност кон еден многу важен (најважен за нас што живееме во денешницата) период од балканската историја. Во тоа негирање не спаѓа само споменикот, во тоа спаѓаат и барокните фасади, кои како да сакаат да покријат нешто од кое се „срами“ моменталниот поредок. Не дека старите фасади чинат, но барем се помодерни од барокните LOL


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-May-2010 at 16:55


ОК, идеме понатаму батали муабетот...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-May-2010 at 17:00
Можеше интересно да се енкапсулира објектов во некаков атриум да не беше толку ексцентрично поставен во рамките на маркицата.



Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 31-May-2010 at 19:51
Се убивте за спомеников...од што нема што да се каже за зградава (концепт, обликување...), посоодветна архитектура за овој период е готската од барокот, сиви студени високи згради накитени со аждаи и свети воини што ќе ти ги ја отсечат главата ако не живееш како ти кажува главатарот...каде е европска демократија, транспарентност, отвореност на државните институции кон обичниот граѓанин - ова е симбол на тотална спротивност??

Спомеников ќе се дислоцира, а може е и најдобро тоа да се напраи...и тие што се против ваквиот однос кон спомениците од НОВ (меѓу кои сум и јас самиот) се свесни дека не е добра локацијата и третманот на овој споменик и од пред тоа, спикан е меѓу дрва, неозначен, неосветлен...и после се чудиме како ги изнапикаа шмизлите и чистачите на кондури да се сопнуваме по нив...односот кон овој елемент од живеењето (поточно незнаењето) си го носиме длабоко во себе, само изменети се симболите...за мене е потрагично, само што овој објект и овие личности стварно имале некакво значење и стварно треба да им оддаваме почит, а судбината на новите скулптури веројатно ќе биде ваква слична (видовме што му напраија на девојчето-freak во парк)....тоа дека борците немале право да се бунат е тотален нон-сенс, ама и тие знаат само да скокаат кога не треба - јас лично не памтам да имало некакво оддавање почит или некаква иницјатива да се одржуваат некакви одбележувања на празници или некакви поводи, па макар и да е тоа вон-институционално или за покажување некаков отпор...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 05-Jun-2010 at 14:38
Само кратка блиц информација, денес поминував со кола оттаму и видов скелиња околу споменикот Бомба.


Posted By: Gradinarot
Date Posted: 14-Aug-2010 at 18:04

Neoklasika pomegju moderni objekti. Ova definitivno go raspishal nekoj nepismen.

Tuka difinitivno ne pripaga vakov objekt, na koja celina ke se nadovrze. Zgradata na MTV i noviot sud, kakvi takvi, se prepoznatvlivi vo skajlajnot na Skopje, se moderni potezi i kako takvi i treba da se neguvaat tie kvartovi. Ova definitivno mi izgleda na "klasicen" objekt po sekoja cena.



-------------
.....   .......


Posted By: axel
Date Posted: 16-Aug-2010 at 05:14

Нова локација за споменикот „Бомба“

Споменикот, подигнат во чест на првата партизанска работилница за изработка на оружје, која се наоѓа меѓу комплексот судови и МРТ, деновиве се демонтира и за него е обезбедена нова локација, известуваат од Конзерваторскиот центар -Скопје. Споменикот познат како „Бомба“, чиј автор е Ацо Никуљски, ќе биде дислоциран во средина на комплексот судови кон реката Вардар и Младинскиот културен центар.

- Работниците од градежната фирма што работи на изградба на објект до комплексот судови внимателно го размонтираа споменикот. Секако, тоа се прави под надзор на стручни лица, а подоцна истите ќе го монтираат на локација многу близу до сегашната - велат одговорните во Центарот.

На местото на поранешната илегална работилница за оружје сега интензивно се гради Кривичниот суд, кој треба да биде пуштен во употреба в година. Новиот суд ќе има корисна површина од 9.000 квадрати, со 10 нивоа, две подрумски простории, приземје, шест ката и потпокрив. Ќе располага со 74 судски кабинети, 22 средни судници и две репрезентативни судници за 200 лица и една за 100. Обезбеден е простор за архиви, шалтер-сала со 60 работни места за сите оддели и простории за судската полиција, репрезентативна судница и канцеларии, судски кабинети за кривичниот оддел за организиран криминал, оддел за прекршоци и оддел за извршување санкции, кабинети и канцеларии за одделот за истрага, истражен оддел за организиран криминал, како и канцеларии за судската управа. Покрај делот за архива, шалтери, канцеларии, ќе има и обезбеден паркинг за 60 возила. Објектот чини 8,3 милиони евра, а средствата се обезбедени со заем од Светската банка и од буџетот на Македонија. Новата зграда на Кривичниот суд ќе биде во антички стил. (М.Д.Т.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7CDE99B6DCCAD6418C77F0568F47076E


Posted By: stratus
Date Posted: 28-Nov-2010 at 13:23
До каде е кривичниот суд, сликл ли некој?


Posted By: damjan4o
Date Posted: 28-Nov-2010 at 16:27

Стратус, денес пројдов со кола од таму и го видов - нема многу за сликање. Само арматури за три-четири столба и тоа е...



Posted By: alexgizh
Date Posted: 22-Feb-2011 at 10:23
Доста напреднале од последниот пат кога било кој од форумов се заинтересирал.








-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: OCB
Date Posted: 13-Apr-2011 at 20:06
До 2012 ќе заврши градбата на Кривичниот суд

До почетокот на 2012 година се очекува да завршат градежните работи на Кривичниот суд кој се гради според највисоки стандарди за ефикасно спроведување на функцијата на кривичното судење.

Судниците ќе бидат модернизирани со опрема, со која ќе се обезбеди далечинско снимање и снимање со прикриен идентитет.

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=73842


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Apr-2011 at 19:34
1


2



Posted By: kultuzin
Date Posted: 14-Apr-2011 at 20:22
Од ова што го гледам од рендерите судот ќе биде еден од поубавите објекти од Скопје 2014. Дали ќе се вклопи во околината незнам тоа би го коментирал кога ќе биде готов. Инаку не се согласувам дека модерен и класичен стил неможат да стојат еден до друг.


Posted By: krale
Date Posted: 14-Apr-2011 at 22:06
Офф топик. Дали се планира надворешно (па и внатрешно) реновирање на МРТВ? Мислам дека објектот е лендмарк во Скопје и плаче за еден барок (се шалам, плаче за апдејт)?


Posted By: toasumjas
Date Posted: 14-Apr-2011 at 22:47
Originally posted by krale

Мислам дека објектот е лендмарк во Скопје и плаче за еден барок (се шалам, плаче за апдејт)?




Posted By: zabegan
Date Posted: 14-Apr-2011 at 23:32
и покрај тоа што го кажав објектов мислам дека е единствен кој ќе го бива од СК2014, поради тоа што е слободен и не нарушува ништо, единствено можам да му ја замерам близината со другите објекти и покрај слободниот простор, многу го збутаа накај судот
и викајте ме цепивлакно, ама кровот, според рендериве ми личи на доградба или крпеница на објектот, заедно со нелогично димензираниот триаголник напред, некако несиметрично ми е се...
а и покрај тоа што е класичен стил, има постерилна фасада од другите објекти на ск2014 и полесно се вклопува со модерните објекти во околината


Posted By: N23
Date Posted: 15-Apr-2011 at 00:07
Објектов ме потсеќа на судот (или полициска станица, не памтам) од серијата Бетмен и Робин од 60-тите години и памтам таму увек ги носеа лошите момци.


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 15-Apr-2011 at 00:59
Sigurno mislis na ovaa,najjako vo serijata mi bese sto Betmen imase pusteno malku stomak



-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: IN_MOTION
Date Posted: 15-Apr-2011 at 01:19
Според рендерот, објектов ми изгледа дека ке биде доста висок. Според маркичката колку метри во висина е дозволено (планирано) ?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Apr-2011 at 01:56


25 метри (П+6), според новиот ДУП

А според вестите, објектов дефинитивно ќе биде П+6+Пк   Confused


Posted By: N23
Date Posted: 15-Apr-2011 at 09:48
Originally posted by ovaj_stariov

Sigurno mislis na ovaa,najjako vo serijata mi bese sto Betmen imase pusteno malku stomak




На таа мислам дефинитивно! Да да и со тесната маичка. И вака на сликава се гледа некоја сличност со нашиот.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 15-Apr-2011 at 13:48
А што користат како ѕидови. Дали е тоа белото цигла, или нешто друго. Мене вака од далеку, дури ми личи и на Исоспан, незнам?

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 15-Apr-2011 at 14:51
Ја колку што видов од блиску личеше на Сипорекс. Тоа е еден вид на плино-бетон. Се добива вештачки, значи не е eco-friendly и е полош од обична керамичка цигла која се добива од природен материјал нели и која во комбинација со  стиропор од надвор или тервол од внатре па уште еден слој цигли ( сендвич) е многу подобро решение во однос на изолација.

-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: antiuser
Date Posted: 08-Jul-2011 at 12:25
Скопјани ,дајте некоја слика од објектов  да видиме до каде е Crazy


Posted By: Bearstone
Date Posted: 12-Jul-2011 at 06:28

Првиот предмет во овој Кривичен Суд треба да биде нескладноста на овој објект на таа локација .. во таа веќе-изградена, етаблирана околина на модерни објекти.  Несфатливо е кој и како се одлучиле за овoj несреќен избор ... Зарем е предоцна да се ре-дизајнира оваа гротескна градба?



Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 12-Jul-2011 at 07:58
Originally posted by Bearstone

Несфатливо е кој и како се одлучиле за овoj несреќен избор ... 
Па не би рекол дека е баш несфатливо...ако е така значи сите објекти што се сместија на платото пред МНТ и Комерцијална Банка имаат некаква логика!?! Не би рекол баш...никаде во државава пред 2008/9 година не можеше да се види овој квази-стил, (освен со некакви минимални исклучоци на некоја куќа во полошкиот регион или Водно) за да може некаде да се продолжи да се гради така...
...така да, не знам што го прави овој објект да биде некаков исклучок, кога и тој си е во истиот куп ѓубре со другите 2014ки со таа разлика што од него нема да може директно да се скокне во Вардар...а ре-дизајнот веројатно ќе го прави некоја генерација со малку повеќе визија во животот, познавање на културата и нормално повисок општ просек на образование...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: ObserverMK
Date Posted: 12-Jul-2011 at 10:27
Објектот е одличен, ќе биде неколку пати поубав од "модерниот" објект на апелација на 50 метри од него.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 12-Jul-2011 at 11:29
Originally posted by ObserverMK

Објектот е одличен, ќе биде неколку пати поубав од "модерниот" објект на апелација на 50 метри од него.


Абе, да му е мерак на човек да го судат во него!


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: IN_MOTION
Date Posted: 12-Jul-2011 at 21:38

Денес поминав покрај објктот па напраив некоја фотка.

1.

2.

3.



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 05-Aug-2011 at 18:34
Slikata e od Srdjan Adamovic SSC
http://imageshack.us/photo/my-images/811/9qa7mp.jpg/">
http://imageshack.us/photo/my-images/29/2wqe6hv.jpg/">
http://imageshack.us/photo/my-images/268/xnaizd.jpg/">
http://imageshack.us/photo/my-images/41/a1sftj.jpg/">




Posted By: mirakuliks
Date Posted: 06-Aug-2011 at 12:30
Хмм...интересно од сликиве објектот без фасата безмалки изгледа како типска административна зграда, на која различни фасадни решенија можат да бидат адаптирани.


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 06-Aug-2011 at 12:39
Мене искрено највеќе ме нервира кај објектов  што малце е скромен на изолација, барем според ова што го гледам. Се надевам дека фасадата ќе биде изведена на тој начин да се надополни недостатокот, а богами и од внатрешната страна ќе се иде со добро термо-изолационо решение, зошто вака зградава ќе лапа доста струја, што е жално во наше време. Сепак се надевам дека грешам и дека луѓево мислеле на се, како на изгледот, така и на ефикасноста.

-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: gjoko
Date Posted: 06-Aug-2011 at 14:58
StreetStruck ако не се лажам мислам дека грешиш,оние блокови што ги гледам мислам дека се изолациони, и кај нас ги користат оние кои имаат повеќе пари да инвестираат во градба и изолација,во исто време се и за цидање и за изолација.Името не им го знам ни од што е направен блокот,но ако е тој 25 см во ширина,имаш 25 см изолација.Или е така или кај нас е голема превара во градењето


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 06-Aug-2011 at 16:56
Не е битно можеби грешам, не знаеме што материјал користат, едино од око што може да се види. Само се надевам дека ќе си искочи како што треба. 

-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: gjoko
Date Posted: 06-Aug-2011 at 17:07
кај нас има неколку фирми од претежно луѓе што работеле градежништво низ Европа(претежно од албанска националност) и донеса револуција во градежништвото барем за помали згради и куќи.Тие ги промовираа овие блокови кои по нивно кажување се изработени од изолационен материјал, и служат истовремено и за градба и како изолација,ама треба тоа и да се плати.блоковите се големи и брзо оди ѕидањето.неможам да гарантирам дека се од тие блокови,но по изгледот и формата мислам дека се такви


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Oct-2011 at 16:05
1


2



Posted By: gjoko
Date Posted: 08-Oct-2011 at 16:36
дефинитивно блоковите се изолациони,многу добри карактеристики имаат,а се сечат со обична пила `ракатка`,и се релативно лесни по тежина


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Oct-2011 at 17:05

Мислам дека се работи за YTONG блокови







Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Oct-2011 at 17:59
Дали горе тимпанонот е само шминка, односно нема внатре корисен простор како на пример во другите тимпанони и куполи каде има.


Posted By: toasumjas
Date Posted: 10-Oct-2011 at 11:07
Ја мислам дека се работи за ципурекс. Се сече со пила и9 е многу лесен за работа а е и лесен за транспорт. Можда грешам?


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Oct-2011 at 13:56
YTONG se 99.9%


Posted By: Damjanovski
Date Posted: 10-Oct-2011 at 13:58
Cloverstack е во право, се работи за YTONG блокови. Со 20 cm YTONG добивате изолација како да сте ставиле 80 cm класична црвена цигла но сепак за подобра изолација на надворешната старана се става стиропор. Исто така сеизмички се покажале подобри од црвените цигли. Единствен недостаток кај YTONG циглите е дека немаат толку добра звучна изолација.

Од сликите на Cloverstack се гледа дека доста квалитетно е изработено (нема многу скршеници кај блоковите и поради тоа само малку малтер е користен за да се покријат тие делови).


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 10-Oct-2011 at 18:44
Originally posted by toasumjas

Ја мислам дека се работи за ципурекс.
Мислиш сипорекс....

%20 - http://www.ytong.rs/rs/content/proizvodi.php - во недостаток на наш застапник со асален вебсајт....
За лошата акустика на термоблокот имаа замена со посебен тип блокови за прегради меѓу станови....
И мене ми личат дека се овие Ytong блокови и баш ме чуди затоа што до сега се' градеа во бункер стил - бетон од подрум до кров...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Oct-2011 at 20:40


Детали на македонски јазик за Ytong има на овој линк

http://www.build.mk/?p=9618 - http://www.build.mk/?p=9618


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 11-Oct-2011 at 08:34
Фала...се убив од барање прошлата недела, ми требаа за работа...во Македониија ги увезува некоја фирма од Прилеп, ама немаше многу технички информации на нивниот вебсајт...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY



Print Page | Close Window