Здраво ме интересира од прилика колку би била пресметката за материјал за реконструкција на кров. Се работи за површина од 1200 метри квадратни (основа на зграда) кровна површина на рамен кров. Бидејки зградата е стара 40 години потребно е поради протекување и видот на кровот (азбестни плочи) да се изврши санација, во овој случај промена на кровот. Одиме на варијанта пластифициран профилиран лим. Па ме интересира од прилика колку ќе чини сево ова, имајки предвит дека треба да се остарни стариот кров, ке треба лим, метални профили, занаетски работи, работна рака и помошни материјали. Инаку димензиите на основата се 80 метри X 15 метри. Отприлика мене ми испадна следнава пресметка: Профилиран пластифициран лим најевтин 250 денари метар квадратен, и железни профили должина од 6 метри се 600 денари. Вкупната пресметка за лимот е 225000 денари а за профилите, доколку се местат на еден метар една од друга во вид на мрежа износот е 180000 денари,се вкупно 405000 денари за основниот матријал без штрафови рака и слично, инаку ако знае некој дали и растојанието на овие профили може и да се зголеми за да се намали должината на употребени железни профили би помогнало доста? Во предвид е земено и правилно анкерисување на кровната конструкција за да не дојде до откорнување на кровот поради големи ветерови и слично. Во предвит при пресметката подоцна ке се земе и израбока на олук за собирање на дождот. Ако имал некој искуство нека ми каже груба пресметка за да бидат запознаени станарите пред да се објават тендерите и се разбира прифаќање на најдобрата понуда ? Инаку битно за сумата е и распоредот на железните профили ( заштеда на материјал (оптимизирање на трошоците ) со запазување на квалитетот на изработка) или користење на некој друг вид на профил I или L профили за пресметка, јас пресметав со "коцкаст" профил, сепак се работи за зграда и ќе има многу станари кој ќе мрчат па одиме на тоа да е некоја помала сума а сепак добра изработка, оти незнаеме колку одат изработката на тие кровови. Фала
|