Print Page | Close Window

А1 Арена (Спортски центар „Борис Трајковски“)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Спортски
Forum Discription: Стадиони, сали, спортско-рекреативни објекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=87
Printed Date: 19-May-2022 at 23:32


Topic: А1 Арена (Спортски центар „Борис Трајковски“)
Posted By: pbanks
Subject: А1 Арена (Спортски центар „Борис Трајковски“)
Date Posted: 08-Nov-2007 at 00:17
„Спортската сала „Борис Трајковски“ е започната со изградба во Јануари 2004 година, а ќе биде пуштена во употреба на 22 мај 2008 година. Оваа е првата повеќенаменска спортска сала во Република Макединија. Имена, располага со 2 сали, кои можат да се користат на најразлични спортски активности, како кошарка, одбојка, ракомет, гимнастика, пинг понг, бокс. Салата располага со современа спортска опрема, фитнес и спа центар, куглана, како и три ресторантски објекти. Во склоп на салата постои простор за конференции за печат, но и специјално опремени новинарски ложи од кои медиумите ќе можат да ги проследуваат спортските настани. Салата „Борис Трајковски“ располага со паркинг простор за 800 возила, 32 автобуси, 3 репортажни возила, како и специјално адаптирани влезови за лица со инвалидитет. За изградба на салата, употребени се 500 тони челична кровна конструкција, 9000 м2 алуминиумски покрив, 877 гони арматура во бетон, 2650 м2 стакло, 10,760 м3 бетон...

Контакт тел: 02 30 68 100
Е-mail : boristrajkovskidooel@mt.net.mk“



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Nov-2007 at 00:19
само што спомнав во некоја друга нишка дека треба да ги сликаме активностите околу изградбата на паркинзите еве и медиумска објава за прогресот на салата. Интересен момент е дека се спомнува изградба на катна гаража??? И тоа не во некоја втора фаза како што е редот кај нас туку сега.


Владата даде два милиона евра за доизградба на спортската сала

Објектот ќе биде предаден во употреба во март идната година


Салата ќе биде целосно подготвена за претстојното Европско првенство во ракомет што ќе се одржи во Скопје во декември следната година

САЊА НАУМОВСКА

Владата одвои нови 130 милиони денари за спортската сала „Борис Трајковски“. Парите се наменети за довршување на неколку тендери за изградба на паркинзите околу објектот, внатрешно уредување и набавка на спортски реквизити и за изведба на вентилацијата, ладењето и греењето на салата. Средствата ќе бидат инвестирани до крајот на годинава, а според надлежните, следната година ќе бидат доделени уште пари за конечно довршување на објектот.

Според Борис Змејковски, директор на мешовитото претпријатие кое ја гради салата, останува да се распишат уште неколку помали тендери за инсталирање компјутерски системи и Интернет, како и систем за набљудување и безбедност. Ќе биде инсталирано и модерно осветление според нов проект, со што ќе се обезбеди успешно одржување на повеќе спортови кои бараат различен тип осветление. Консултации за осветлувањето македонските стручњаци направиле во белградската „Арена“ и во други помали сали во Србија.

Според зацртаната динамика, објектот ќе биде предаден во употреба во март в година, а пробното работење во кое се дозволени и некои поситни интервенции во внатрешноста, ќе се прават до есен. Змејковски вели дека салата ќе биде целосно подготвена за претстојното Европско првенство во ракомет што ќе се одржи во Скопје, во декември следната година.

„Изградбата се одвива според планот, ’Маврово’ ја почитува динамиката која ја одредивме, а и сите тендери ни се навреме објавени. Имаме поддршка од Владата која не' следи со финансиите, бидејќи без тоа не би биле во можност да завршиме навреме“, објаснува Змејковски, нагласувајќи дека за салата да биде спортски објект од прва категорија, покрај другото, ревидиран бил и проектот за паркиралиштето кое сега наместо 300 ќе има 600 паркинг-места. Паркингот ќе го гради велешката фирма „Делта“, која ќе ги изведе и катната гаража, пристапните сервисни улици, тревниците, патеките, трафостаници и други делови околу објектот. На тендерот за изработка на системите за вентилација, затоплување и ладење, во меѓународна конкуренција, победи македонската фирма „Кратер“, додека, пак, словенечката „Елан“ заедно со „Енергомаркет“ ќе ги обезбеди спортските елементи потребни за одигрување на сите спортови за кои е предвидена салата, како и делови од внатрешното уредување на објектот.



Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A56EE65A1F592645B8A0F6A9453F9390 - Утрински весник




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Nov-2007 at 01:22
Во март аренава, во април обиколницата Banana


Јес да и едното и другото го градевме три пати подолго него предвиденото, ама бар дочекавме да се гледа крајот... Ваљда во иднина ќе ни дојде памет...


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 08-Nov-2007 at 10:15

Личи дека ќе биде плодна година....И уште деловниве објекти низ Скопје (Соравиа, НЛБ Тутунска, Тинекс....) да бидат готови, ќе биде една од подинамичните години од 90-та навака.



Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 08-Nov-2007 at 14:45

Прееска поминав покрај салата еве 2 фотки.

 
 


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Nov-2007 at 14:55
DroolDrool
 
 
ekstra... ja kje ja fotnam i od drugi agli denovive posto parkingot e prilicno golem i od drugata strana na salata a i vo pravec na ilindenska


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 08-Nov-2007 at 16:03
Салава изгледа фантастично нема што


Posted By: dejan
Date Posted: 09-Nov-2007 at 12:45
Epten dobra izgleda! Edvaj chekam da bide celosna izgradena so site detali i sediste staeni


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Nov-2007 at 14:39
Еве една тура фотки од салата и окружението колку што можев да фатам

1


2


3


4


5


6


7 Еве овде може да се види дека се уредува простор скорз околу базенот Карпош во правец на Илинденска. Изгледа точно ќе се дефинира просторот каде ќе се гради оној хипотетички трговски центар што треба да се гради таму меѓу базенот/салата и Илинденска


8




Posted By: dejan
Date Posted: 11-Nov-2007 at 03:11
Very nice!


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Nov-2007 at 20:32
еве уште една новинска објава за салата. Се спомнува капацитет од 8.000 посетители но не наведува за каков тип спортски настан.


ПРИВРШУВА ИЗГРАДБАТА НА САЛАТА "БОРИС ТРАЈКОВСКИ"
Се градат 600 паркинг-места за новата спортска сала
Салата ќе биде завршена и пуштена во употреба во март следната година, вели Борис Змејковски, директор на претпријатието ДООЕЛ "Борис Трајковски"

Надворешното затворање на спортската сала "Борис Трајковски", која се гради кај хотелот "Александар палас", треба да заврши до крајот на годината, а во моментов се работи и на партерното уредување околу објектот. Се расчистува теренот за изградба на паркиралишта, пешачки и пристапни патеки, а се работи и на внатрешно уредување на објектот.
Борис Змејковски, директор на претпријатието ДООЕЛ "Борис Трајковски", кое го формираа Владата и Градот за довршување на салата, вели дека работите на салата се одвиваат со предвидената динамика, но дека при реализацијата на проектот се соочиле со повеќе технички проблеми. Тој објаснува дека додека работеле на изградба на објектот бил сменет Деталниот урбанистички план за овој дел од Општина Карпош, поради што морале да го менуваат проектот за партерно уредување.
"Моравме да го смениме проектот за уредување на околниот простор, бидејќи со измените на Деталниот план малку е намалена парцелата. Сега се работи на паркиралиштата, кои ќе ги има од сите четири страни на салата. Ќе има 600 паркинг-места за автомобили и 20 за автобуси. Во меѓувреме, работиме на пристапните патеки, поставување канделабри и се она што е потребно за безбеден пристап до салата", вели Змејковски.
Тој објаснува дека, паралелно со поставување на фасадата на објектот, работеле и на уредување на ентериерот, односно дека се изградени соблекувални, санитарни јазли, внатрешниот дел е поплочен, а целосно се изведени и водоводната и електричната инсталација.
"Деновиве треба да ни стигнат машините за ладење кои треба да се вградат од предната страна на салата, и во декември треба да ја затвориме фасадата. Останува да поставиме столчиња, телескопски трибини, паркет и со ентериерот ќе бидеме готови до февруари. Ќе го почитуваме рокот што ни го одреди Владата, односно салата ќе биде пуштена во употреба во март следната година", вели Змејковски.
Тој објаснува дека треба да се изведе и безбедносниот систем за надзор на објектот. Салата ќе може да прими 8.000 гледачи, а покрај неа има и помала сала за тренинг со 500 столчиња. Во состав на повеќенаменската сала ќе има куглана, сала за гимнастика и аеробик, сауна, лекарска ординација за брзо интервенирање. (Е.А.)


Извор: http://www.vest.com.mk/default.asp?id=143336&idg=7&idb=2219&rubrika=Skopje - Вест




Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Dec-2007 at 00:06
Еве нов рендер (додуше мал) на кој може конечно да видиме колку телескопски трибини ќе има и каде/како ќе бидат поставени.

Салата „Борис Трајковски“ ќе се отвори во април со спектакл

Паркетот на кој ќе настапуваат спортистите се набавува од САД и на ист таков играат и НБА-ѕвездите


Столчињата на двете поголеми трибини ќе бидат во жолта и црвена боја и ќе го отсликуваат македонското знаме

САЊА НАУМОВСКА

Спортската сала „Борис Трајковски“ ќе биде отворена во април идната година со голем спектакл. Точниот датум се' уште не се знае, но извесно е дека официјалното предавање во употреба на објектот ќе биде на крајот на март, по што ќе следува и спектакуларното отворање. Засега во опција се неколку идеи за учество на познати музички имиња, па се' до кошаркарски спектакл со Харлем глоб тротерс. Во раководството на спортската сала не ги откриваат деталите, бидејќи се' уште е рано и се размислува за сите опции. Конечната одлука ќе треба да ја донесат заедно со Владата, но велат, сепак, овој објект заслужува да добие отворање што ќе се памети.

Во меѓувреме, изградбата продолжува со несмален интензитет, а деновиве е познато и како ќе изгледа внатрешноста на салата. Договорено е се' ќе уредува словенечки „Елан“, како што е ентериерот и сите спортски елементи потребни за изведување на спортовите. Столчињата на двете поголеми трибини ќе бидат во жолта и црвена боја во форма на македонското знаме. Тоа се висококвалитетни и огноотпорни столчиња. Во рамките на овие трибини ќе има и ВИП-салони опремени со фотелји и со бар. На највисокото ниво на трибините ќе има посебен дел целосно опремен за работа на над 60 новинари и сниматели. Паркетот на кој ќе настапуваат спортистите се набавува од САД и е со највисок квалитет. Според Борис Змејковски, директор на мешовитото претпријатие за изградба на салата, тоа е ист паркет на кој играат НБА-ѕвездите. Сево ова можно е и да ја зголеми првично предвидената цена на изградба на објектот. Според Змејковски, темпото на работа, измените на проектите, тендерите и ситните занаетчиски работи бараат многу финансии. Сепак, потенцира тој, конечната сума ќе се знае напролет.

„Засега најголем приоритет ни е навреме да завршиме со изградбата и да се запази предвидениот рок. Се размислува и за отворањето, ќе биде спектакл, но деталите се' уште се договараат“, вели Змејковски. Тој нагласува дека преостанува да се сработат системите за ладење и греење и за вентилација, потоа внатрешноста и паркингот. Се' уште се размислува дали салата за куглање, амбулантата, сауните, теретаната и фитнес-салата ќе ги опремува фирмата „Борис Трајковски“, или пак, ќе се дадат под концесија. Од тоа, додава Змејковски, зависи и конечната финансиска конструкција на проектот. Има идеја и за поврзување на спортскиот објект со базенот „Младост“, за вклучување и на пливачките спортови, но засега се испитува сопственоста на базенот.



Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6707101CD1A4334C97EA765FFCDF2295 - Утрински весник


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Dec-2007 at 01:02
И уште немаме права информација за капацитетот Crazy  Ohno  Nuts Bash


Posted By: dejan
Date Posted: 11-Dec-2007 at 03:02
Bash ke bide ubavo


Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Dec-2007 at 21:57
Originally posted by Cloverstack

И уште немаме права информација за капацитетот Crazy  Ohno  Nuts Bash


edno e sigurno... izgleda prilicno malecka vaka Ohno duri i so teleskopskite tribini.


Posted By: se_manda
Date Posted: 12-Dec-2007 at 18:42
aiiiiii tezok kiceraj se stolcinjava be.cccccccc ko objekt e ok ali za vnatre ke pocekame da vidime so ke ni spremat ko surprise Big%20smile


Posted By: La Linea
Date Posted: 12-Dec-2007 at 21:28
    Многу се радувам на салава, навистина добро испадна, една од подобрите објекти изградени во последните 16 години. Кога и да поминувам од таму во животна опасност сум судар да не направам од што гледам таму а не на патот LOL А не ме радува воопшто решението за внатрешноста... Зашто не може да изгледа како нормална сала?


А имаат и доста работа како што гледам...


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Dec-2007 at 21:47


имате право и двајцата и јас преферирам елегантно решение пред нападно решение со национални бои.

Од надвор објектот е топ... Се надевам дека и стадионот ќе искочи исто волку добар. Барем со спортските објекти да имаме среќа


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Dec-2007 at 23:05
Од најновиот број на Порта 3 имам конечно конкретен одговор на клучното прашање за капацитетот на салава. Мизерни 6.000 места за кошарка/ракомет (сосе телескопските трибини) а 8.000 за бокс и сл. За концерти до 10.000 за колку што и ќе биде предвиден системот за вентилација.

Bash Bash Wallbash

Салата е стварно многу убава, но неможам да не бидам негативен. Секако грешката не е кај моменталната власт туку кај Пенов кој независно од буџетот на градот не смееше да започне ваков капитален проект кој ќе има толку краток рок на траење. Сигурен сум дека град со големина на Скопје брзо ќе надрасне сала во волкав капацитет и многу брзо ќе дојдеме во ситуација кога повторно ќе треба да инвестираме во нова објект. Се надевам дека следната станица нема да биде 8.000

BTW 6.000 е дури и помалку од 6.500, бројка со која GreatMakedon лицитираше пред некое време.

П.С. Информацијата е од прва рака,  од Борис Змејковски химселф така да поверодостојна неможе да биде. Има интервју со него.


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 22-Dec-2007 at 23:45
6,000 sedista se za kosarka bracko (sose onie sto se montiraat dopolnitelno)... za Rakomet beja negde okolu 4,500 sedista, posto nemat mesto zad golovi od rakomet da se stavat onie sediste sto se montiraat i vagaat. a za kosarka ima. pamtam uste odamna dobiv informacii za ova. pamtam na xtratime.org ova mi go kazuvaa pred edna godina, ke go najdam izvestajot...
Bash

Edina pricina zosto mislevne deka salata e golema e bidejki taa navistina e golema od nadvor posto ima uste edna sala vnatre so 450sedista pa ke imalo i za kuglanje i neznam sto uste ne... znaci skoro pola prostor na salata nema da ja opfaka glavnata arena.Wallbash




Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Dec-2007 at 23:48
Originally posted by GreatMakedon

6,000 sedista se za kosarka bracko (sose onie sto se montiraat dopolnitelno)... za Rakomet beja negde okolu 4,500 sedista, posto nemat mesto zad golovi od rakomet da se stavat onie sediste sto se montiraat i zagaat. a za kosarka ima. pamtam uste odamna dobiv informacii za ova.


Змејковски вика 6.000 и за ракомет и за кошарка. Нема везе како и да е бројката е мала. Да бевме богата земја па да си дозволуваат вака краткогледо да размислуваат но не сме. Уствари да не размислувавме краткогледо и ќе бевме (по)богата земја ова е сепак скроз во наш стил.


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 23-Dec-2007 at 00:12
ovdeka --> http://www.xtratime.org/forum/showthread.php?t=208068&page=2

pisuva: 

Спортска сала за 10.000 луѓе, со дискотека и кафулиња ќе се гради кај "Александар палас", целосно треба да биде завршена до 2006 година и ќе чини околу 12 милиони евра

Во Градското собрание вчера беше презентиран проектот за новата спортска сала што градоначалникот на Скопје Ристо Пенов ја вети уште пред четири години. Салата е проектирана од ГП "Маврово" и ќе се гради на празниот простор кај хотелот "Александар палас".Градоначалникот Пенов објасни дека тендерот за изведувач е распишан и очекуваат дека изведувачот ќе биде определн до 13 ноември. После тоа, веднаш ќе почне градбата. "Планот е до крајот на годинава да се постават темелите и носечката конструкција. Комплетно треба да биде изградено до 2006 година. Пресметките покажуваат дека целиот прокет ќе чини околу 12 милиони евра", рече Пенов.Големата сала ќе биде со вкупен капацитет од околу 10.000 места. Од нив, 4.554 места на фиксна и 1.526 места на мобилните трибини. Во големата сала ќе има и дополнителни трибини, со максимален капацитет од 2.000 места, за спортови како бокс и борење, како и можност за концерти во кои ќе се користи и платформа за стоење од 2.000 до 4.000 места.Во малата сала е проектирана фиксна трибина со капацитет од 467 места.Во состав на спортската сала е предвидено да има и други активности како трим-сала и просторија за физикална терапија, и куглана со осум ленти за 140 посетители со посебен влез.Проектот за салата предвидува и место за забава, за што ќе биде направена дискотека со капацитет од 300 посетители, со посебен влез. Дискотеката преку ден ќе работи како кафе-ресторан. Во големата сала ќе има уште еден кафе-ресторан за публиката, кој ќе може да се користи за услужување и на надворешни гости.
---------------
Ovaa informacija jas neznam od kade ovoj korisnik na xtratime.org e nasol.. no edno e verojatno, a toa e deka brojkata koja ovdeka se spomnuva od 4,554 FIKSNI sedista mi izgleda realna koga ke se pogledne slika od vnatresnosta na arenata. nad ovaa da dodademe 1,526 mobilni sedista znaci togas doagame do brojka od 6080 sedista!!!
Ako ovaa informacija e vistinita, togas za kosarka ke imame kapacitet od 6080 a za rakomet, dokolku nema mesto za mobilnite sedista, za koj veruvam deka nema bidejki za rakomet e potreben dopolnitelen prostor i vo dolzina i vo sirina, togas za rakomet ke imame kapacitet od onie FIKSNI 4,554 sedista!  

..kamoli da gresam


Kako i da e... sepak salata e super.. kiksnaa so kapacitetot, no zatoa vo bliska idnina ke bideme prinudeni da izgradime uste edna i pogolema sala


Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Dec-2007 at 00:22
Originally posted by GreatMakedon


Kako i da e... sepak salata e super.. kiksnaa so kapacitetot, no zatoa vo bliska idnina ke bideme prinudeni da izgradime uste edna i pogolema sala


да тоа ми е и мене утехата Ќе имаме две добри сали.

Сепак работите не се прават вака, има уште милион други проекти во Скопје за кои требаат пари, а ако се изградеше сала со соодветен капацитет можевме да го решиме прашањето за неколку децении во напред.

Не викам дека треба сала од 20.000 но мислам дека 10-12.000 ќе беше оптимум решение.

П.С. Ако видиш на рендерите од внатрешноста монтажните (телескопските седишта) се поставени при конфигурација за кошарка. Змејковски вели дека истите ќе бидат поставени и за ракомет. Мислам дека телескопски трибини позади головите/кошевите нема, туку само од страните. Позади головите и онака има само една трибина така да тоа и не би сменило ништо посебно по прашање на капацитет.


Posted By: La Linea
Date Posted: 23-Dec-2007 at 01:03
@pbanks : која е другата добра сала?

Иначе очајно ни фали достоен базен... Ако некој пливал во „Младост“ знае што значи да се биде пингвин и да се мрзне во базен со секакви гадотии внатре - и тушеви како за во затвор - и соблекувални без светло.
    А Олимписки.... оххх...


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Dec-2007 at 01:06
Originally posted by La Linea

@pbanks : која е другата добра сала?


Другата добра сала е хипотетичката нова сала што би почнале да ја градиме за 10-15 години кога ќе сфатиме дека оваа погрешно сме ја димензионирале

Значи оваа сала (Борис Трајковски) + хипотетичката нова сала = две добри сали


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Dec-2007 at 03:22
Катастрофа... Не ми се верува дека толку време се потроши и толку помпа направија за едно полу-решение Wallbash

pbanks  е во право, одговорноста лежи во оној што го почна овој зафат по тој проект... Многу брзо оваа сала ќе биде надрасната... Сиромавиот два пати плаќа Roll%20eyes

@GreatMakedon - не сум сигурен дека за ракомет капацитетот ќе биде помал од оној за кошарка. Мене од рендерите ми изгледа дека нема да се тргаат монтажните трибини при ракометарски мечеви.  Но сепак и капацитет од 6000 е премал за проект од ваков калибар а и за потребите воопшто Wallbash


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 23-Dec-2007 at 14:05
Хммм.. 10.000 за концерти? Како доаѓа тоа во споредба со метрополис арената?

За ентериерот очигледно сите се сложуваме. Thumbs%20Up


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Dec-2007 at 15:42
Originally posted by gotsomekicks

Хммм.. 10.000 за концерти? Како доаѓа тоа во споредба со метрополис арената?


Веројатно значително повеќе, плус тоа од трибините ќе се има и подобар поглед дури и ако е човек далеку. Мислам дека ќе биде доста подобро за концерти и журки него на саем, ама сепак во крајна линија капацитетот е премал.


Posted By: La Linea
Date Posted: 23-Dec-2007 at 15:58

METROPOLIS ARENA, with surface of 4,300 m2 and extraordinary acoustics of the multi-use space offers enormous possibilities to organize: trade shows, big corporate parties, international congresses, conventions, business meetings, entertaining, music, sports and other events.

METROPOLIS ARENA has the capacity to receive 5,000 visitors, 3,546 seats out of which 2,422 in the stalls and 1,220 on the gallery, elevated at height of 4 meters above the surface of the hall as well as 100 m2 aimed for the stage area where the stage may be located.




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Dec-2007 at 16:14


Не сум бил на саем одкога ја реновираа халата, ама од фоткиве изгледа одлично Smile


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 23-Dec-2007 at 19:02
Ако има некој повеќе слики на лагер од Метрополис Арената, би било фино да отвориме еден посебен тред за тоа во „Завршени проекти„, што мислите?

Инаку, насекаде во светов, спортските сали се користат и за концерти. Можат да соберат многу луѓе, а не е отворен простор (како на пр. на стадион).


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 24-Dec-2007 at 21:22
taa metropolis arena vo skopje e? impressive!!

Mozebi i za rakomet zbirat 6000 gledaci salata, mozebi mobilnite sedista se vagaat za saemi ili karate turniri i red drugi manifestacii...


Posted By: se_manda
Date Posted: 24-Dec-2007 at 22:41
metropolis arena ti e prva hala od saemot samo so e renovirana.sum vlegol nekolku pati i ok e.ne sum bil na nekoja zurka ili neso sl pa da kazam od toj aspekt kakva e ama ne veruvam deka e neso slicno ko so bese(na tiesto 2006ta mislam bese,ne se disese a 10 000 bea nakrcani)


Posted By: pbanks
Date Posted: 24-Dec-2007 at 22:48


abe salata si e ista ko porano samo sto e malce poubavo nasminkana od vnatre + ima dobra ventilacija za razlika od porano koga redovno kondenzirase isprauvanjeto na plafonot i posle nekoe vreme pocnuvase da vrne pot. Prvite nekolku pati koa mi se desi toa bev ubeden deka nekoj me pljuka i bev spremen da se tepam LOL Bonk


Posted By: La Linea
Date Posted: 24-Dec-2007 at 23:19
+ Акустиката е подобрена, некои панели горе има, озвучување, нова ложа горе има ставено(ВИП) и шминка, се разбира.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jan-2008 at 19:33
Мислам дека ова би бил последен апдејт со слики пред отварањето на салата... Целиот простор околу на велико се уредува. Cheers

1

2 Спрема базенот

3 Спрема хотелот



Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 21-Jan-2008 at 15:52
По правило, би требало некаде Март да ја отворат?? 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jan-2008 at 15:54


Па така најавија. Тоа е последна вест што сум ја слушнал во врска со рокот за отварање.


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 22-Jan-2008 at 11:09
Aj so sreka, makedonskata maska rakometna reprezentacija ito kako ke ima prilika da se promovira vo barazot za svetsko prvenstvo!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Jan-2008 at 04:42
Еве уште еден историски текст со корисни информации, кој објаснува и како се дошло до 6000 Ohno

Колку ли само долго се најавуваше салава... Па колку ли само пробивања на роковите за изградба... Вкупно 10 години... И на крај добивме 6 илјади Wallbash

Мене последна надеж ми беше тоа што кога бев еднаш да фотографирам таму пред околу година, една вработена на градилиштето (изиграваше биг шот) ми даде податок од 8000. Изгледа толку знаела на каков проект работи...

Roll%20eyes

Текстов е од 25.08.2003

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=65706&idg=4&idb=940&rubrika=Skopje - http://www.vest.com.mk/default.asp?id=65706&idg=4&idb=940&rubrika=Skopje

ГРАДОТ ПОДГОТВЕН ДА УДРИ ТЕМЕЛИ НА ЕДЕН ОД КАПИТАЛНИТЕ ОБЈЕКТИ
Спортската сала на Пенов чека само дозвола од Министерството за транспорт и врски
На почетокот на годинава Пенов беше голем оптимист дека новиот министер нема да ги одолговлекува работите, но поминаа пет месеци, а во Министерството се уште.....

Минатата недела заврши изработката на главниот проект за изградба на спортската сала која градоначалникот Ристо Пенов ја најавува веќе четири години. Наум Димитровски, советник на градоначалникот Пенов, кој беше задолжен да ја следи подготовката на проектот, вели дека во новиот проект има измени и дека тој се разликува од стариот кој градоначалникот веќе го покажа во јавноста. Иако главниот проект е готов, одобренија од Министерството за транспорт и врски се уште нема.
"Стариот проект за спортската сала беше правен за објект што требаше да се гради кај Скопското сајмиште и измените, пред се, се однесуваат на приспособувањето на просторот кај хотелот "Александар палас". Кај Саемот веќе имаше изградени сообраќајници, а кај "Александар палас" е предвидено допрва да се градат. Тоа се главно пристапни улици, предвидено е да има и од страната на Илинденска и од булеварот 8 Септември. Друга битна измена е покривната конструкција. Во стариот проект беа предвидени бетон и железни решетки, а според новиот, покривот треба да има челична конструкција", рече Димитровски.
Измени има и во бројот на столчињата. Како што вели Димитровски, тој е намален за повеќе од 1.000, односно предвидени се 4.500 фиксни и 1.500 столчиња на извлекување или телескопски, како што се нарекуваат. Според стариот проект, салата требаше да има 8.000 столчиња. Димитровски вели дека има делови од објектот кои може да се пренаменат, па така за концерти, бокс натпревари и слични манифестации може да се обезбедат до 10.000 места за седење.
Изработката на главниот проект почна лани во ноември, а го изработуваше "Маврово проект". Направена е и ревизија на главниот проект од "Македонија проект", а во април годинава Советот на Скопје даде зелено светло за градење на салата и со тоа Градот го заврши својот дел од подготвоките. Се чека министерот за транспорт и врски Миљаим Ајдини да ја одобри локацијата за да почнат градежните активности. Градоначалникот Пенов четири години чека одобрение од Министерството за да почне со градба, но никако да го добие. На почетокот на оваа година тој беше голем оптимист дека новиот министер нема да ги одолговлекува работите, но поминаа пет месеци, а во Министерството се уште се мислат. Пенов ги демантираше гласовите дека министерот Ајдини барал салата да се гради од другата страна на Вардар и дека поради тоа се одолговлекува работата. Тој тврди дека спортската сала ќе се гради на просторот кај "Александар палас" и дека воопшто не станувало збор за друга локација. Единствено можно место бил делот кај Сајмиште, но поради нерешени имотно - правни односи Градот реши салата да ја гради кај "Александар палас".
Последната најава од Градот беше дека салата ќе почне да се гради на крајот од летово и дека оваа есен треба да се изградат столбовите и покривот.
М.Илиевска



Posted By: mitatos
Date Posted: 27-Jan-2008 at 12:42
mnogu go vlecea proektov i na kraj pak nema da bide kako sto predvidoa 9.000 mesta ,nas ni trebase pogolema sala, a ne sega da napravat od 9.000 na 6.000 , ako gledame taka realno za koncert 6.000 gi sobira i na salata vo kale sto e na otvoreno , isto ti se faka )
nema veze.. toa e toa


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Supervisor
Date Posted: 28-Jan-2008 at 22:18
Мислам вредеше Македонија да престане да се срами во Кале и да добие вистинска сала. Како и да е можеби едвај дочекавме и за малку и ќе ни го одземеа женското Европското ракометно првенство во декември оваа година. Браво за Владата за интересот кон спротските објекти па да ги дочекаме во скоро време и новие базени кои се ветени не само во Скопје туку и во другите градови низ земјава

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Jan-2008 at 22:20
Originally posted by Junkie

Мислам вредеше Македонија да престане да се срами во Кале и да добие вистинска сала. Како и да е можеби едвај дочекавме и за малку и ќе ни го одземеа женското Европското ракометно првенство во декември оваа година. Браво за Владата за интересот кон спротските објекти па да ги дочекаме во скоро време и новие базени кои се ветени не само во Скопје туку и во другите градови низ земјава


штета само што зезнаа со капацитетот. Но за тоа дефинитивно не е крива сегашнава влада. Го потпишувам твојов пост. Thumbs%20Up


Posted By: Moebius
Date Posted: 31-Jan-2008 at 11:21
Здраво момци,
А бе тачно е дека апла не ја биваше со досегашниве сали. Жива срамота бевме. Ама и со новава е утнато максимално. Многу е мала. Имам влезено внатре, додуше уште немаше внатре тогаш, беше во изградба, ги местеа главните решетки горе, и по слободна проценка можам да кажам дека и тие 4 и пол илјади места се оптимистичка варијанта. 6000 места се научна фантастика за тој простор. Можда едино ако планираат да не редат како сардини, или ако се работи за шаховски дуел, па да се фати пола терен со столчиња....


Posted By: La Linea
Date Posted: 31-Jan-2008 at 12:37
Previous Добредојде Моебиус!

Да штета е што направија утка со капацитетот. Инаку нема многу на што друго да се жалиме, салата е супер и најмодерна од сите во Македонија.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 01-Feb-2008 at 17:55
Originally posted by Moebius

Здраво момци,
А бе тачно е дека апла не ја биваше со досегашниве сали. Жива срамота бевме. Ама и со новава е утнато максимално. Многу е мала. Имам влезено внатре, додуше уште немаше внатре тогаш, беше во изградба, ги местеа главните решетки горе, и по слободна проценка можам да кажам дека и тие 4 и пол илјади места се оптимистичка варијанта. 6000 места се научна фантастика за тој простор. Можда едино ако планираат да не редат како сардини, или ако се работи за шаховски дуел, па да се фати пола терен со столчиња....


Big%20smileBig%20smileBig%20smileBig%20smileBig%20smile

Добредојде Моебиус.


Posted By: kire85
Date Posted: 02-Feb-2008 at 15:33
kapacitetot na salata i mene iskreno me razocara, ama sepak izgledot od nadvor i e nesporedliv so bilo koja sala vo makedonija pa i vo regionov (barem spored mene)....navistina e edinstvenata reprezentativna sala vo makedonija. Citav edno intervju na aktuelniot pretsedatel na rakometnata asocijacija, koj rece deka makedonija gi ispoluva site uslovi da organizira i evropsko za mazi koe e daleku poprestizno, edinstveno ni falela sala od 15.000...toa e kako posledniot uslov koj treba da go ispolnime. Pa ajde da se nadevame deka ke postigneme golem uspeh na prestojnoto evropsko u rakomet sto se igra kaj nas, pa ke se pobudat zelbi za izgradba na uste edna sala.Smile


Posted By: se_manda
Date Posted: 03-Feb-2008 at 15:27
salata ja vidov od vnatre u petokot i mn mala izgleda,neso slicna na mzt salava u aer.edino so ubacile uste edna tribina nad vlezot so e.pa aj koj ke moze da vleze vnatre neka pise komentar.inace betonive kaj tribinive se zolti,taka da ne e cudo da gi napraat stolcinjava ili crveni ili pa toa kicerajot so znameto


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Feb-2008 at 02:14

За спортската сала ќе се градат две нови улици

Во објектот целосно ќе бидат опремени големата и малата сала, а кугларницата ќе остане само карабина

Сања Наумовска

Спортската сала „Борис Трајковски“ ќе има паркинг-места за над 650 автомобили и 40 автобуси. Паркиралишта се предвидени од сите страни околу објектот, а ќе бидат поврзани со две сообраќајници, кон булеварот „8 Септември“, покрај хотелот „Александар палас“ и кон „Илинденска“, покрај базенот „Младост“. Моментно, во тек е изградбата на паркинзите, тротоарите и едната улица. Од јавното претпријатие велат дека преговараат со Градот Скопје и со Општина Карпош да ја направат втората сообраќајница, која е од јавен интерес и во нивна надлежност. Се работи и на партерот пред главниот влез на спортскиот објект, од јужната страна, кој целосно се поплочува со гранит.

Градежните тимови од „Маврово“ работат и на затворањето на јужната страна од фасадата со надворешните стакла. Во внатрешноста се фарбаат трибините, на кои во почетокот на март ќе започне монтирањето на столчињата. Завршена е изведбата на системите за ладење и греење и вентилација, а се доработува и илуминацијата. Во објектот веќе има вода, а моментно се копа за поврзување со градската топловодна мрежа.

Според директорот Борис Змејковски, и покрај тековните проблеми, работите се одвиваат во зацртаното темпо и салата ќе биде готова до април. „Кога ќе биде предадена спортската сала, целосно ќе бидат опремени големата и малата сала. Во големата ќе има спортска опрема за ракомет, кошарка, бокс и професионална бина за забавни настани. Малата сала има 500 седишта и е специјализирана за кошарка. Што се однесува до салите за куглање, за фитнес, сауната и други слични делови, тие ќе бидат во состојба на карабина, без опрема“, вели Змејковски со најава за посебна програма, која наскоро ќе ја поднесе до Владата за потребните средства и време за доопремување и на овие простории. Завршени се и санитариите и ходниците, а деновиве ќе се поставува и ситната опрема во тоалетите. Целокупната спортска опрема за двете сали е веќе набавена и чека во царинските складишта да почне монтирањето.

До отворањето во април, во салата ќе се постави и системот за набљудување со камери. Во објектот ќе се влегува од повеќе страни, а посебни скали ќе водат кон трибините. Според барањата на меѓународните спортски организации, на најгорниот ред од западната трибина ќе има 27 места за коментатори со по два монитора, како и 12 места за снимање со камери.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6451DA7BFBD4A8419F3A741E5F38DB91




Posted By: dejan
Date Posted: 12-Feb-2008 at 02:43
Ubavo...barem ke se uredi toj del.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Feb-2008 at 02:52
Самата сала ќе повлече по себе и трафики, продавници итн.... Мислам дека на овој дел е потребен еден трговски од стилот на рамстор. Сигурно би заживеал покрај карпош ѓорче злокуќани, а башка и доста странци од аце-палас. Тој дел има предност што не изграден и треба доста да се пази, се да се прави според план, а не да се импровизира. Сега за сега добро тече. Тој дел тука може да биде втор центар на Скопје.


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 12-Feb-2008 at 10:15
И јас секогаш сум го гледал како многу добро место за урбанизација тој простор тука. Колку му се радував на ХИПО маркет само... Одлично доаѓаат и автосалоните, и продавниците за бела техника. Сега таман после салава да се изгради некој трговски центар (нели пропадна една таква идеја?), паркинзи, да се реновира Карпош базенот, да се оправи фудбалското игралиште и тн. 


Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Feb-2008 at 20:50
Thumbs%20Up

Сега бројките викаат дека во салата има место за 8000: 6000 + 2000 по потреба..

ПОВЕЌЕНАМЕНСКИОТ ОБЈЕКТ НАСКОРО ГОТОВ

Во април свечено пуштање на новата сала

Вкупната сума потрошена за изградба на салата, според директорот на претпријатието што ја гради, Борис Змејковски, изнесува околу 17 милиони евра

Изградбата на повеќенаменската сала „Борис Трајковски“ во Карпош 3 привршува. Од истоименото јавно претпријатие информираат дека градежните и занаетчиските работи се при крај и додаваат дека не само што го запазиле рокот што им го даде Владата туку објектот ќе го завршат и предвреме.  Во салата од мај ќе почнат да се одигруваат натпревари во разни спортови, а во декември таму ќе се одржи и Европското првенство за жени во ракомет.  - Се работи дење и ноќе, со цел салата да биде подготвена за европското првенство. По свеченото пуштање ќе треба да се довршат некои мали работи, како и да се изврши проба на сите системи што се вградени во објектот - вели Борис Змејковски, директор на Јавното претпријатие „Борис Трајковски“. Вкупната сума што е потрошена за изградба на салата, според Змејковски, изнесува околу 17 милиони евра. Тој објасни дека од првичниот проект досега се направени повеќе измени, со цел салата да биде функционална и да ги задоволува светските стандарди.  Повеќенаменската сала „Борис Трајковски“ ќе има 700 паркинг-места за автомобили, како и 32 места за автобуси. Паркиралишта се предвидени од сите страни околу објектот, а планирано е да бидат поврзани со две улици, од страната на хотелот „Александар палас“ и од „Илинденска“. Објектот ќе има капацитет од 6.000 стола, со можност да се стават уште 2.000, по потреба.  Во салата ќе се влегува од повеќе страни, а посебни скали ќе водат кон трибините. Според барањата на меѓународните спортски организации, на најгорниот ред од западната трибина ќе има 27 места за коментатори со по два монитора, како и 12 места за снимање со камери. Во објектот ќе биде поставен и видеонадзор за да се зголеми безбедноста.  Изградбата на спортската сала ја почнаа градските власти во април 2004 година. По една година, во фаза на карабина и' ја предадоа на централната власт поради тоа што немаа пари да ја довршат. Влогот на Градот во салата, како што кажа градоначалникот Трифун Костовски, дотогаш изнесувал 8,5 милиони евра.

Дива депонија ја нагрдува салата

Целиот простор до спортската сала, од страната на „Илинденска“ тоне во ѓубре. Се гледаат купишта смет, шут, тули, остатоци од малтер. Во услови кога комуналните инспекции никого не казнуваат, несовесните граѓани без страв се ослободуваат од градежниот шут наместо да платат за негово истурање на Дрисла.

Имајќи предвид дека се ближи свеченото пуштање на салата во употреба, директорот на Јавното претпријатие „Борис Трајковски“, Борис Змејковски изјави дека неколку пати барал од Градот и од Општината да интервенираат. Му било кажано дека просторот е на приватен инвеститор, но тој смета дека на ниту еден инвеститор не смее да му се дозволи на неговиот плац да се создава дива депонија. Тој се согласи дека ѓубриштето наполно го уништува модерниот изглед на салата и дека не е во ред тој простор пред европското првенство да не се облагороди. Од Градот вчера не одговорија дали и кога планираат да го расчистат и разубават просторот околу најновиот капитален објект во Скопје.

Јорданка Ивановска



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Mar-2008 at 00:31

СПОРТСКИОТ ОБЈЕКТ КАЈ АЛЕКСАНДАР ПАЛАС ВО ФИНАЛНА ФАЗА


Салата готова наредниот месец


Повеќенаменскиот објект во Карпош ќе биде целосно завршен веќе наредниот месец, кога се планира и негово техничко примопредавање


Повеќенаменската спортска сала кај хотелот "Александар палас" во Карпош, ќе биде целосно завршена веќе наредниот месец, кога се планира и извршување на техничкиот прием на овој објект. Според Борис Змејковски, директор на јавното претпријатие надлежно за изградба на објектот, во моментот се работи на ентериерот, но и оваа фаза е при крај. Привршуваат и работите поврзани со партерното уредување околу објектот, а Општина Карпош работи и на пристапната улица и поврзување на подземната инфраструктура.

- Се работи и дење и ноќе, целосно е запазен предвидениот рок и покрај измените кои се направени во проектот, така што во април ќе може да се изврши и техничко примопредавање на објектот. Во моментот се лакира паркетот во малата сала, а во големата е поставена изолација. Се монтираат трибините, а завршено е и осветлувањето со рефлектори и озвучувањето. Целата опрема за сите спортови е донесена и се монтира, објаснува Змејковски, кој додава дека од страна на Владата се обезбедени финансиските средства.

Тој исто така потенцира дека изминатиот период во проектот беа направени и повеќе измени со цел да се исполнат меѓународните стандарди. Така, наместо првобитно предвидените шест коментаторски места сега има 27, како и 4 за радио-коментатори. Направени се и приклучоци за репортажните коли, како и 12 места за поставување на камери. Иако не беше предвиден, вграден е и систем за видео-надзор со една контролна соба.

Партерното уредување, околу салата исто така, финишира.
- Веќе се врши асфалтирање на паркиралиштето, кое според стандардите овозможува паркирање на 720 лесни коли и 32 автобуси, а има и дел за репортажни возила. Единствен проблем кој уште минатата година му беше укажан на Градот, е потребата од изградба на клучка на булеварот "8 Септември" со која би се овозможило полесно влегување и празнење на паркингот, но одговор сеуште немаме, вели Змејковски.


http://vecer.com.mk/?ItemID=06C6C9CA381A1747A61DDD53C2BEC8A6 - http://vecer.com.mk/?ItemID=06C6C9CA381A1747A61DDD53C2BEC8A6


Posted By: ProMKD
Date Posted: 19-Mar-2008 at 00:43
Кој е тој булевар 8ми септември?? Тоа кај воена болница?? 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Mar-2008 at 01:10
Да тој е


Posted By: ProMKD
Date Posted: 19-Mar-2008 at 01:58
хм.. а која е таа новинарска 'клучка' која сакаат да ја направат. тука не гледам многу можност за нешто освен можеби надвозник ама на таа локација воопшто нема да личи... а мислам ќе може од кај октомвриска револуција да се влезе исто? Од кај александар палас? 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Mar-2008 at 12:12
Џабе да коментираме кога новинариве упорно ги мешаат термините... Не можеме да бидеме сигурни дека нависина се работи за клучка. Инаку нема зошто да би изгледала лошо - една мала клучка како тааа во близина нема ни да се приметува.


Posted By: dejan
Date Posted: 19-Mar-2008 at 13:24
Edvaj chekam


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 19-Mar-2008 at 16:54
Originally posted by ProMKD

хм.. а која е таа новинарска 'клучка' која сакаат да ја направат. тука не гледам многу можност за нешто освен можеби надвозник ама на таа локација воопшто нема да личи... а мислам ќе може од кај октомвриска револуција да се влезе исто? Од кај александар палас? 


„Октомвриска револуција„ не е исто што и „8ми септември„??? Question


Posted By: ProMKD
Date Posted: 19-Mar-2008 at 19:31
не знам, исто е? Јас за 8ми септември прв пат слушам во нишкава, ја си го знам булеварот како октомвриска револуција.. ваљда таа октомвриска револуција не се случила на 8ми септември? Не знам, тие историски датуми не ми се у памет


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Mar-2008 at 22:50
Исто е бе луѓе, старото име е „октомвриска“


Posted By: La Linea
Date Posted: 21-Mar-2008 at 00:29

Се монтира паркетот во салата „Борис Трајковски“

На трибините веќе се поставени жолтите столчиња, а идната недела ќе се монтираат и црвените

Сања Наумовска

Во спортската сала „Борис Трајковски“ започна внатрешното уредување. Во големата сала се монтира паркетот, а од наредната недела ќе се лакира. Истовремено се монитираат и столчињата на трибините. На северната и на јужната трибина веќе се поставени жолтите столчиња, а почнува монтажата и на западната. Во текот на идната недела ќе започне и поставувањето на црвените столчиња. Во малата сала веќе е поставен и лакиран паркет.

Деновиве се очекува да се офарбаат и спортските полиња, а во малата сала ќе се монтираат и фиксните кошеви. Во големата сала сите спортски реквизити се мобилни и ќе се чуваат во магацин, а ќе се монтираат по потреба за различни натпревари. Тим од производителот на опремата, словенечки „Елан“, заедно со македонските колеги активно работи со специјални машини и опрема на уредувањето на ентериерот.

Според најавите од раководството на салата, објектот за еден месец ќе биде подготвен за технички прием. Сите активности се во завршна фаза и се одвиваат во рамките на предвидената динамика. Деновиве се соработува и со комисии од различни институции што ќе го извршат приемот.

Во тек се и завршните занаетчиски работи во внатрешноста. Се фарбаат оградите на трибините и се поврзуваат инсталациите. Се работи и на партерното уредување пред објектот, а веќе е завршено целосното застаклување на фасадата и поставувањето на гранитот пред главниот влез. Поплочени се и тротоарите со бехатон-коцки и поврзани се канделабрите од уличното осветление. На северниот и на западниот паркинг има и еден слој асфалт, на кој, според светските стандарди, се предвидени и делови за паркирање репортажни коли на телевизиски куќи, за кои се направени посебни инсталации за линиите што ќе оневозможат проблеми во сигналите.

Директорот на салата Борис Змејковски вели дека на објектот се работи секој ден и во време на викендите со цел да се испочитува рокот за завршување. Тој најавува дека салата ќе биде целосно подготвена за спортски натпревари и пред Европското првенство во ракомет во декември.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B865820AA226674BA770AA844D858D84 - Utrinski



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: blejdsk
Date Posted: 21-Mar-2008 at 01:35
Nesto da se zavrsi na vreme,,,,,se nadevam ke redime samo uspesi vo ovaa sala.


Posted By: La Linea
Date Posted: 28-Mar-2008 at 00:19

Се пробива улица кон салата „Борис Трајковски“

Новопроектираната улица ќе биде долга 300 метри

За триесетина дена кон спортската сала „Борис Трајковски“ ќе може да се приоѓа преку нова улица чија изградба вчера ја означија градоначалниците на Скопје и на Општина Карпош, Трифун Костовски и Андреј Петров. Директната сообраќајна врска до салата, всушност, ќе биде приклучок од булеварот „Илинденска“ кај Воена болница и ќе претставува продолжение на улицата „Бледски договор“, која се сече со булеварот. Новопроектираната улица ќе биде долга 300 метри, а ќе ја изведуваат екипи на ГП „Аполо“. Овој заеднички проект на Градот и на Општина Карпош, како што истакнаа градоначалниците, е само уште еден доказ за добрата соработката меѓу институциите во интерес на побрзата изградба на инфраструктурата неопходна за салата, чија изградба е во завршна фаза. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=738C42DF78E39F489E072FBEA77F33C1 - Utrinski



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Mar-2008 at 13:56
Fenomenalna slika ama vo tapa rezolucija. Ja ima vo pogolema vo pecatenoto izdanie na Vest. Ako nekoj moze da se butne vo voena bolnica (a bogami i vo Alexandar Palas) bi iskocile odlicni fotki.




Posted By: ProMKD
Date Posted: 28-Mar-2008 at 16:13
PreviousStvarno dobra fotka!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Mar-2008 at 00:18
ДУП за локалитетот кај салата Smile

Не гледам нова „клучка“ како што се пишуваше...

http://199.236.67.122/karpos/19-DUP-KARPOS-3-SINTEZEN.pdf - http://199.236.67.122/karpos/19-DUP-KARPOS-3-SINTEZEN.pdf


Posted By: blejdsk
Date Posted: 03-Apr-2008 at 22:06
Deneska bev na teren i napraviv nekoj fotki , koj  veruvam deka ke vi se dopadnat. Tamo se raboti so polna parea asfaltirani se parkinzite salata od nadvor e gotova , a denes stignaa i stolcinjata (ke gi vidite na slika) ...uste ulicata za pristap do salata treba da se napravi.

Salata e Thumbs%20UpThumbs%20UpApplause
eve gi i slikite...












Posted By: La Linea
Date Posted: 03-Apr-2008 at 22:09
Топ слики БлејдскThumbs%20UpThumbs%20UpThumbs%20UpThumbs%20Up никогаш не сум ја видел салава од оваа близина. Супер излезе салава Cheers

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: blejdsk
Date Posted: 03-Apr-2008 at 22:14
Previousotvorena bese salata i rabotnicite rabotea, tipot od obezbeduvajeto go zamoliv da me pusti da vlezam da straknam nekoja fotka , no za zal ne bilo dozvoleno.


Posted By: ProMKD
Date Posted: 03-Apr-2008 at 22:21
одлични фотки!!! многу ми се допаѓа салава. Едвај чекам у живо да ја видам  


Posted By: vardar
Date Posted: 03-Apr-2008 at 23:00
Фала за сликите блејдск Cheers Thumbs%20Up Однадвор салава е супер, изгледа импресивно.....судејки според столчињава и внатре ќе идеме на црвено жолта комбинација.


Posted By: dejan
Date Posted: 04-Apr-2008 at 10:39
Fala blejdsk, mnogu dobra e salata!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Apr-2008 at 10:46
Гледам фали уште еден слој асфалт на паркингов.


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Apr-2008 at 10:51
blejd одлични слики Thumbs%20Up и од салава и по другите нишки

а салава е Drool


Posted By: гитардемон
Date Posted: 04-Apr-2008 at 11:04
ете од дневник смееле да сликат видете ги столчињата, не излегоја баш многу ко знамето ама океј се



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=48F260FEF828414D8F92F80135EB20EC - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=48F260FEF828414D8F92F80135EB20EC

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Apr-2008 at 11:12
Да беше малце поголема, Фреди ќе нацрташе и лав ако треба на трибина!!!


Posted By: vardar
Date Posted: 04-Apr-2008 at 11:39
Веќе кажав од надвор е Rock али внатре Unhappy Прво ко прво зошто само 3 страни со трибини????????????????????????Стварно неможам да сфатам зошто....незнаат архитектите подобро или некој така им наредил?????? Смешно е вака 3 трибини а vip boxes/ложата позади головите/кошевите....па се знае како се прави тоа...доволно е 5 минути да бараш на нет да видиш каква е внатрешноста на една модерна сала....вака 17 милиони евра и сала која иако е  ДРАСТИЧНО подобра од сите други во мк, сеуште не исполнува некои основни западни очекувања/потреби/стандарди, а да не почнам за капацитетот...10 па 8 а на крај 6.000 Roll%20eyes не дека некој од клубовиве редовно би полнел сала од 10-15.000 али ваков објект кај нас не се прави секој ден....


Posted By: vardar
Date Posted: 04-Apr-2008 at 11:44

Блејдск да те прашам пошто беше таму лично..... овие столчиња

 
 
 
да не се случајно подвижните/мобилните/телескопските ( не го знам точниот термин) столчиња што се наредени околу паркетот на оваа слика од дневник?!?
 
 
 
 


Posted By: гитардемон
Date Posted: 04-Apr-2008 at 11:46
искрено поидиотско решение од ова трибините да бидат на 2 метра височина од паркетот... се знај, седиштата покрај терен одма, зато и се најскапи тие билети (прво) а второ - поблиску си до акцијата, поголема поддршка за екипата, поголема интересност за гледачите

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: vardar
Date Posted: 04-Apr-2008 at 12:03

Мислам дека мобилните седишта се токму ради тоа.....например во америка скоро сите сали се повеќенаменски (и за баскет и хокеј итн) и кај нив ако си приметил  гледачите се сантиметри до теренот иако има голема разлика во димензиите на терените..... Е СЕГА дали ова ќе се изведе правилно кај нас Dunno  вака од око изгледа дека седиштата се местат за ракомет (димензии 40х20м)....така да за баскет (28х14м) ќе има луфта LOL 



Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Apr-2008 at 12:04
скроз е утка со големинава. Стварно изгледа никако на сликана на гитардемон, како некоја сала за физичко Ohno


Posted By: La Linea
Date Posted: 04-Apr-2008 at 12:27
Мислам дека во живо ќе остави подобар впечаток. Ќе видиме


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Apr-2008 at 12:36
Абе јас имам влезено во салата, и од внатре стварно изгледа каде каде поголема од сите други. Јас кога бев тогаш уште се градеше карабината пред 2 години. И тогаш мислев дека многу повеќе места за седење ќе има од сега. Стварно така изгледаше.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 09-Apr-2008 at 14:29
http://eurohandballmkd2008.com/web/sk/s/g1/DSC01877.jpg

http://eurohandballmkd2008.com/web/sk/s/g1/DSC01874.jpg

http://eurohandballmkd2008.com/web/sk/s/g1/DSC01880.jpg

http://eurohandballmkd2008.com/web/sk/s/g1/DSC01875.jpg

images courtesy of rfm

p.s. mislam deka tie se montaznite stolchinja


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Apr-2008 at 14:34
супер фотки гитардемон, браво Thumbs%20Up


Posted By: La Linea
Date Posted: 09-Apr-2008 at 19:52
Браво Гитардемон. Како изгледа во живо? На сликиве изгледа како да се работи за некоја многу помала сала. 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: vardar
Date Posted: 09-Apr-2008 at 23:26

@гитардемон  Bow

@ЛаЛинеа  и ја истото си го помислив....дури не изгледа ни ко 6.000 можеби само така изгледа на  сликиве Dunno
 
BTW  зошто монтажните (кое е официјално име за овие столчиња?) не се до горе, мислам до самата линија од кај што почнуваат фиксните.....овие барем на сликиве изгледаат како да се 2/3 од можната висина.....
 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Apr-2008 at 23:31


Веројатно е предвиден слободен простор зад монтажните трибини, то ест нема да се залепени до самиот „ѕид“... Со самото тоа, доколку би биле максимално високи, би го попречувале погледот од фиксните трибини. Вака веројатно ја пратат косината на фиксните трибини... Само моја претпоставка...


Posted By: vardar
Date Posted: 09-Apr-2008 at 23:48

Не те разбрав најдобро, како мислиш би го попречувале погледот ????



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Apr-2008 at 00:01
Ако би биле високи до фиксните трибини, а поместени нанапред, би го попречувале погледот, особено од подолните редови на фиксните трибини


             /
            / фиксни
           /
        /
       / монтажни
___/


 


Posted By: vardar
Date Posted: 10-Apr-2008 at 00:06
Originally posted by Cloverstack

Ако би биле високи до фиксните трибини, а поместени нанапред, би го попречувале погледот, особено од подолните редови на фиксните трибини


             /
            / фиксни
           /
        /
       / монтажни
___/


 
 
Ок не го разбрав тој дел кога би биле нанпред , само нема причина да бидат нанапред освен ако е лошо дизајнирана салата....плус монтажните седишта обично не се со иста косина како и фиксните....


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Apr-2008 at 00:10


Не знам дали простор зад монтажните трибини значи лошо дизајнирање... Не знам ни дали ќе има воопшто простор, сепак нагласив дека тоа е само претпоставка...

А тоа каква е косината на монтажните трибини нема врска со проблемот. Ако се поместени нанапред и ако се високи до фиксните трибини, секако ќе го попречуваат погледот барем на најдолните редови од фиксните, без разлика под кој агол ќе биде косината на монтажните.


Posted By: vardar
Date Posted: 10-Apr-2008 at 00:20

Не викам дека косината ќе го реши проблемот со погледот (како што викаш тука битна е висината на монтажните ) него аголот на косината го решава проблемот со просторот зад или пред монтажните, затоа викам лошо дизајнирано....  НЕМА никаква причина монтажните да не бидат залепени до ѕидот и со ИСТА висина (попрецизно една скала пониско Big%20smile  ) од фиксните и проблемот со "празнини " пред или зад монтажните да се реши со аголот на трибината. Ако ништо друго ќе се добиело 3-4 реда седишта и ете ти екстра капацитет....



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Apr-2008 at 00:28
Неам поим дали и колку е оправдан тој евентулен празен простор зад монтажните... Можеби има причина зошто би се оставил.
Салава е толку промашена од повеќе аспекти, право да ти кажам ова ми е тотално небитно дали и зошто е така... Ние нормално ќе се радуваме - нова сала, далеку најдобра во МК... Ама со оглед на потребите и со оглед на времето и енергијата вложени во оваа сала, мислам дека е промашај.


Posted By: vardar
Date Posted: 10-Apr-2008 at 00:44

За пропустите се слагам 100%... поубаво да не почнеме....иако е трагично што обичен човек што видел 2-3 модерни сали знае што се бара и како треба тоа да изгледа и што добиваме нова сала која реално е за во осумдесетите Ohno

Ова е само мое мислење  али никад не сум слушнал/видел така да има празен простор позади ( освен ако не збориме за екстремни повеќенаменски сали што нашава не е) не секогаш али обично монтажните се залепени до фиксните и си влечеш онолку колку ти требаат во зависност од димензиите на теренот (баскет/ракомет)
 
 
 
 


Posted By: гитардемон
Date Posted: 10-Apr-2008 at 12:27
salata vo mojata gimnazija vo sredno beshe tolku golema! rezil!

arno ama imajte vo predvid deka cela sala ima ushte dva pati tolku prostor so kuglana sauni masazhi deloven prostor i najvazhno sala za zagrevanje (teren) sho ima dimenzii isti kako ovaj (mislam)... pa taka zato izleze vaka skudno... kako i da e, znameto e klasika


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Apr-2008 at 12:39
Абе ја уствари дури сега укопчав за што праите муабет со влечење на трибините. Горе на сликата се малце понапред остаени. Ако останат вака, тогаш како би се отварале оние што се на ќош. А па ако ги стаат до ѕидот, тука гледам има и по некоја врата, тогаш како ќе се отвора?! Уствари па тие што се на сликата си немаат везе од трибини на влечење, тие се само сталажи за ове што сега ги редат. Ај ке видиме како ќе биде!


Posted By: гитардемон
Date Posted: 10-Apr-2008 at 12:43
semaforot e... kajne komentarishen ne da klat kako vo cela amerika a i cel svet bogami kockest na sredinata od tavanot... ama nema koj da misli za sportot kaj nas to e...

http://eurohandballmkd2008.com/web/sk/s/g1/DSC01877.jpg

plus se kladam deka site ovie prozorci zad golot kje gi skrshat... i da ima zashtitna mrezha kje gi skrshat... oti? oti sme idioti


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.



Print Page | Close Window