Print Page | Close Window

Варош - Прилеп

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Културни
Forum Discription: Музеи, театри, историски објекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=870
Printed Date: 23-Apr-2024 at 23:51


Topic: Варош - Прилеп
Posted By: Makedonij
Subject: Варош - Прилеп
Date Posted: 28-Feb-2010 at 18:16
Варош – културна гордост

Ревитализација на комплексот Маркови Кули

 

Програма: Форуми на заедниците

Донатор: Швајцарска агенција за соработка и развој (SDC) – 3.088.000 ден.

Учество на Општина Прилеп – 1.332.000 ден.

НВО Форум за авангардна креативност – 800.000 ден.

Период на реализација: 2007 – 2008

Реализирани активности:

Изградено е мултимедијално плато каде ќе се одржуваат голем број на културни настани, а изградена е и туристичка патека „Крале Марко“ во должина од приближно 2 км, која поврзува 5 од постоечките цркви и манастири во Варош. Платото и туристичката патека се комплетно осветлени што претставува посебна атракција во ноќните часови.

На овие зафати им претходеше поставување на канализација и асфалтирање на околните улицим така да вкупната инвестиција во Варош изнесува околу 2.000.000 €. Со овие проекти се направи голем чекор во развојот на туризмот и Прилеп влезе на туристичката мапа на Македонија и пошироко.

За идниот период е планирана доурбанизација на Варош, како и продолжување на туристичките патеки до карпата наречена „Слон“ и до врвот на Марковите Кули.

http://img714.imageshack.us/i/95921828.jpg/">
http://img294.imageshack.us/i/64265466.jpg/">
http://img408.imageshack.us/i/40182716.jpg/">
http://img28.imageshack.us/i/74327557.jpg/">
http://img168.imageshack.us/i/83372835.jpg/">
http://img22.imageshack.us/i/78768789.jpg/">
http://img11.imageshack.us/i/18558412.jpg/">
http://img169.imageshack.us/i/36437789.jpg/">

http://www.prilep.gov.mk


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ



Replies:
Posted By: Makedonij
Date Posted: 22-May-2010 at 19:01
Ќе ги ставам овие тука, бидејки мислам дека и они ќе се зафатени во проектот Варош.

Св. Атанасиј-Варош

Црквата Св Атанасиј нема доволно податоци за времето на нејзиното подигнување. Спрема начинот на ѕидање и од археолошките ископувања може да се заклучи дека потекнува некаде од 14 ти век. Оваа црква се поврзува со името на архимандритот Леонтиј.

Во внатрешноста на црквата може да се забележат четири монолитни столбови на кои била подигната куполата.

Црквата се наоѓа на патот кој води до манастиркиот комплекс Св. Архангел Михаил во кој бил занаетчискиот дел од населбата. Живописот е целосно уништен од надворешните влијанија.

Локација: Варош, Прилеп.
Датира од 14ти век.

atanasij-varos
atanasij-varos2
atanasij-varos3


Св. Богородица-Пречиста - Варош

Црквата Св. Богородица-Пречиста е една од најдоцна изградени цркви во средновековниот период. Нејзината градба датира од 1421 година, а спрема други наоди некаде од 1438. Црквата во два наврати страдала од пожар, при што дел од фреските се уништени а дел се заштитени.Црквата Св.Богородица-Пречиста е еднокорабна црква, повисока од стандардните од овој тип, градена е од камен и два реда тули во нејзиниот горен дел, и со полукружна апсида , и однадвор и однатре.Црквата Св. Богородица-Пречиста се најдува сокриена во речиси последните куќи во подножјето на Марковите Кули.

Локација: Варош, Прилеп.
Датира од 15ти век.

bogorodica-precista1
bogorodica-precista2
bogorodica-precista3

Св.Петар и Павле - Варош

Црквата Св. Петар и Павле се претпоставува дека е изградена некаде околу 14 ти век.Нејзината градба е најмногу споредувана со црквата Св.Никола.

Таа е еднокорабна градба со полуобличест свод. Дел од старата црква кој бил срушен е обновен.

Денешниот изглед и местополжба на храмот е од функционален карактер , со тоа што се наоѓа во источниот дел од населбата Варош, односно на патот кој води до останатите цркви.

Во внатрешнота живописноста е делумно зачувана во неколку композиции.

Локација: Варош, Прилеп.
Датира од 14ти век.

sv-petar-i-pavle-varos-0
sv-petar-i-pavle-varos-1
sv-petar-i-pavle-varos-2

Св.Никола-Варош

Во времето кога владетел бил царот Андроник Втори, односно некаде околу 1298 година од страна на ктиторот Вега е подигната црквата Св. Никола. Црквата е со карактеристична височина и со мали димензии. Архитектурата е од типот на еднокорабна градба, со полукружен свод и тристрана апсида. На надворешниот дел од црквата се забележуваат остатоци од фрагменти и фрески. Оваа црква според стручното мислење е една од најпрекрасните цркви во средновековието.

Локација: Варош, Прилеп.
Датира од 13ти век.

sv.nikola-varos1
sv.nikola-varos2
sv.nikola-varos3

Св. Архангел-Михаил

На највисокиот дел од групата цркви во Варошко, во подножјето на Марковите кули се наоѓа манастирскиот комплекс Св. Архангел -Михаил. Овој манастир е изграден во 12 ти век а е обновен во 19ти век. На конаците е дојдена до израз автентичноста на староградската архитектура. Црквата е прилично зачувана. Во кругот на овој манастирски комплекс пронајдени се натписи со словенско кирилично писмо кои датираат од 10ти век.

Во дворот на манастириот има извор посветен на Св. Богородица, од кој спрема верувањата извира лековита вода.

Локација: Варош, Прилеп.

Датира од 12ти век.
Манастир%20Архангел%20Михаил
Манастир%20Архангел%20Михаил

Св.Димитрија-Варош

Црквата која е посветена на Св.Димитрија е една од поимпозантните градби која се наоѓала во централниот дел од населбата. Градена е во неколку фази во различни периоди. Првата фаза датира некаде од 11ти век, а додека другите од 13ти век. Како ктитор на овој храм е Димитрие Мисинополит од кого има насликана композиција на северниот ѕид во црквата.

Оваа црква и дава висок акцент на архитектурата во христијанството од тој дел на минатото. Налик потсетува на Охридските цркви но по големина е драстично помала.

Локација: Варош, Прилеп.

Датира од 11ти век.
Црква%20Свети%20Димитрија%20-%20%20%20Варош
Црква%20Свети%20Димитрија%20-%20%20%20Варош
http://www.mn.mk


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-May-2010 at 19:49
Зашто всушност скоро најголемиоот дел од старите цркви се од перидот 14-ти век и времето што гравитира околу 14-ти век, 13-ти и 15-ти. Можам да замислалм колку пати повеќе, ако не илјадакратно ќе беше поголемо културното наследство да не отоманската империја после тоа. Но во секој случај кое време е тоа, кој владеел во тоа време 14-ти век што сега скоро цело црковно наследство од постарото е од тоа време.


Posted By: Makedonij
Date Posted: 22-May-2010 at 21:17
Па во тоа време влдеал Волкашин или некој друг Мрењавчев. Ако земеме тиа црви во тоа време биле нови а постарите помалку вниманије им се давало....Но сеедно ногу од тие цркви се биле бутани или претварани во џамији, па подоцна се обновувани.... незнам точно. Постари цркви Св. Ѓоргиј - Баргала од 9 век, Велјуса од 11 век, Св Софија Охрид....и неколку други.....

Ногу наша  архитектура избутале Османлијите, а ние нивната уште ја чуваме.....но комент бидејки ке морам да го бришам


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: гитардемон
Date Posted: 22-May-2010 at 22:01
Не знам што се жалите упорно и упорно, тоа го правеле сите во тоа време. Иако мислам дека сме заостанат народ, сепак сакам да верувам дека не сме цели 2-3 века заостанати за да правиме нешто такво. Макар што пред само 15 години Србите, Хрватите и Бошњаците испаднаа бетер и од Отоманите.
Сепак, ако мислите дека не треба да чуваме споменик на културата бидејќи бил исламски (имало под него црква или не), испаѓаме варвари како http://en.wikipedia.org/wiki/Buddhas_of_Bamyan - Талибанците во 2001 што уништија будистички споменици од VI век „во согласност со шарија“. Ај да не почнам јас за „доброто“ на религијата, бидејќи навистина ќе избегаме офтопик.

Овие остатоци од османлиите се економски благодет, само што ние сме премногу глупави за да ги афирмираме и маркетираме. Ај со време, ако не ги руши некој дотогаш.


Posted By: Makedonij
Date Posted: 29-May-2010 at 06:51
http://www.kanal77.com.mk/kanal77/index.php/2009-11-06-11-43-26/1646---77---- - Тајната на 77 цркви во прилепски варош

Старото предание за 77-те цркви во Варош,и  денес помалку или повеќе живее меѓу жителите на Прилеп.За многу легенди и преданија поврзани со Варошките цркви, пишувале и авторите Марко Цепенков, Георги Трајчев и многу други, познати  и непознати собирачи на народното творештво.

Цепенков за 77 варошки цркви уште ќе запише-Коа се праеле Кулите, се живо старо и младо,големо и мало од рака на рака камен подаало од Плетвар до Кулите.

Меѓу Варошани, уште живее легендата дека црквите ги изградил Краи Марко, заради 77-те деца , кои умреле за време на правењето на Кулите.Тогаш сите млади мајки биле ангажирани да подаваат камен, а децата им биле оставени на бабите да ги чуваат.Од глад умреле 77 деца.По ова Крали Марко решил во нивна чест да изгради 77 цркви.

 

И археологијата го потврдува постоењето на овие 77 цркви-градени во 13 и 14 век.Прв пат средновековниот Прилеп се споменува од Византискиот историчар Јован Скилица во 1018 век, по поразот на Самоиловата војска од Византискиот император Василиј, вели археологот Илија Најдовски од Прилепскиот Завод Музеј.За 77-те цркви постои и една друга легенда.

-Се претпоставува со легендата дека населбата варош имала околу 77 цркви капели и манастирчиња,бидејќи го населиле 77 родови а секој род си имал своја црквичка и своја капела.од денешните археолошки ископувања остатоци има од 13 црквички и манастири.Во комплетна зачувана состојба денес во Прилеп постојат 6 цркви.Сите цркви и манастири се изградени на култни места.

Црквите кои што успеале да им оддолеат на искушенијата низ векоковитеи денес активно им служат на христијанските верници од  Варош и Прилеп.Најимпресивена од сите овие градби е манастирот,,Свети Архангел Михаил,,

-Манастирот е изграден во 13 и 14 век.На западната страна на внатрешниот ѕид се гледаат ктиторите како ја носат одсликаната црква и како таа требало да изгледа .Од надворешната страна се двата лика, познатите кралеви Волкашин и Марко.Се претпоставува дека тие се насликани во 1371 година, веднаш по Маричката битка и  смртта на Волкашин, затоа што Марко е престваен во бела одора.Белата боја во тоа време значело жалост.Исто така во оваа црква постојат и три антички столбови.На еден од столбовите е врежан напис со глаголско писмо од 996 година.Овој напис е втор по старост во Македонија по написот од Самоиловта плоча од 993 година.

Голем дел од 77 цркви денес се водат како споменици заштитени  со закон.Некои од нив, иако се аритектонско издржани градби, преполни со древни културни споменици по самите ѕидови и дворови и денес се во голема мерка запоставени и изложени на понатамошно уништување.

www.kanal77.com.mk



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ



Print Page | Close Window