Print Page | Close Window

Совет за поправки врз дивоградба

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Изградба и ентериери
Forum Discription: Совети, искуства, едукација, проекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=871
Printed Date: 19-Jul-2025 at 11:00


Topic: Совет за поправки врз дивоградба
Posted By: salevski2000
Subject: Совет за поправки врз дивоградба
Date Posted: 03-Mar-2010 at 09:56
Вака, јас и претходно пишував за ова, ама изгледа не го формулирав баш најдобро прашањето.
Значи живеам во дивоградба во Пржино изградена 70-сети години на минатиот век.За легализација треба многу пари, кои, нормално, ги немам.Морам по итна постапка да интервенирам на покривната конструкција, оти при секој дожд и снег ми протекува, а и потпорните греди веќе попуштаат.Ме интересира, дали можам да го реновирам покривот, кој сега е на четири води, и да го направам на две, без да ми треба некаква дозвола, оти нема шанси да ја извадам.
И второ, пошто куќата ми е лепенка, меѓу двата покрива има преграден ѕид со цигли од кал(оние старите) и тули, кој почна опасно да прави мевови.Дали може, во доменот на работи за кои не е потребна никаква градежна дозвола,да созидам нов преграден ѕид, да ги подзидам краевите на куќата(која висина може без дозвола)и да ставам нови греди со искован каратаван. Едноставно, дали може без дозвола и да бидам чист пред евентуалната инспекција, која сигурно ќе ми ја викне некој, да правам ваква реконструкција на покривот.
Извинете за предолгиот текст
< = < =



Replies:
Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 04-Nov-2017 at 17:57


до сега сигурно си се пишманил и си поднел документи за легализација, но твојава дилема колку и да е од поодамна, секогаш ќе биде актуелна, бидејќи постојат многу вакви објекти кои одлежат на одреден ризик, макар биле и легализирани ... реално и елаборат да направиш ем и инспекција да излезе на терен, повторно прашање е колку долго ќе издржи градбата ...

би било логично, самите општини заедно со здружението на конструктори, да посочуваат и поучуваат која е најдобрата опција за да се осигураат асеизмички постарите нелегални, та и легални објекти ...

не треба да се има страв од инспекции, напротив тие освен за спроведување на нормативите, постојат и за да им помогнат на граѓаните да ги релативизираат индивидуаните ризиците во урбанизмот, произлезени од дифтарското градежно минато ... дури добро било во однос на клучни точки во дадена општина да понудуваат решенија и за естетско оправање на визурите, дали со пејсљжна архитектура ил пејсажен урбанизам, илити со билборди, платна или можеби некакви социјални скулптури, со кои би се покрил одреден вишок во дадено опкружување ... пр. јас имам бивша канцеларија до Нова Железничка која доколку се легализира, ќе морам сам да ја замаскирам со рекламни паноа ил слично, а како не би штрчела натака, иако би било паметно за тоа и општината да впрегне сили и да понуди други решенија доколку не дозволат поставување рекламни паноа ... просто на естетиката во градот треба несебично да думаат и работат сите без исклучок, та доколку се воочи дека нешто штрчи, ко такво во од да се средува и фасадно освен инфраструктурно, а доколку веќе нема простор, средства или волја за фасадирање, како привремено решение да постои луфта за билборд ил пејсажни интервенции ...





Print Page | Close Window