Print Page | Close Window

Докомплетирање на парцела

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Изградба и ентериери
Forum Discription: Совети, искуства, едукација, проекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=876
Printed Date: 16-Jun-2024 at 00:09


Topic: Докомплетирање на парцела
Posted By: bojanbojan40
Subject: Докомплетирање на парцела
Date Posted: 12-Mar-2010 at 19:04
Здраво,имам еден мал-голем проблем)Со донесување на новиот урбанистички план на нашата парцела е одредена градежна парцела од 293м2,од кој ние имаме 273м2...20м2 се од комшиите зад нас....КОлку што можев да разберам,ова се решава со Закон за Експропријација и сега ако можете да ми помогнете,што поточно можам да направам,т.е. како да ги земам и овие 20м по судски пат и да му платам по пазарна цена на комшијата (зошто несака по договор) и дали знаете некој друг начин за да се реши ова земјиште од 20м2...Фала ви однапред



Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Mar-2010 at 20:31
Види.... држава експропреира, не поединец.  Следствено на тоа неможеш да се повикаш на закон за експропријација пошто и не е тоа. Што ако на пример комшијата сака да гио купи твоите 273 па да ја комплетира парцелата. Тоа што поголем дел од паркицата е на твое земјиште не менува ништо. Експропријација се применува за комплетиурање на земјиште за вцртана градежна парцела во случаи кога државата од вас двајца ги одкупува двата имота, се заведуваат како една парцела и потоа оди на лицитација, па лицитирај. Но тоа што во таков случај би бил поранешен сопственик ништо не те доведува до повластена положба при лецитирање.

Или па ако ти врши работа да платиш сам за измена во дуп и да поднесеш барање за маркицата да ја вцртаат во рамки на твојот имот, па ќе имаш помала маркица но барем на чисто си со сопственоста. Но не е сигурно дали ќе ти се усвои такво барање.


Posted By: Max
Date Posted: 12-Mar-2010 at 20:38
ќе мораш да го решите спогодбено!?! баш ме интересира како ќе заврши ова! веќе коментиравме избезумено кога стануваше збор за новото веро http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=159&PID=17609#17609 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=159&PID=17609#17609 идентична ситуација, ова би требало на ист начин да се спроведе дали!? 


Posted By: bojanbojan40
Date Posted: 12-Mar-2010 at 21:16
)Иначе законот за експропирација ако го имаш читано,тој што има 51% од парцелата има предимствено право за градење...судот доделува 6месеци за спогодба меѓу сопствениците,а ако не се спогодиш во тие 6месеци после судот одлучува по принцип на правичност....сигурно со 95% од парцелата немат да му ги доделит моите 95% кај него а не неговите 5% кај мене)значи нема никаква врска твоево ...а експропрацијата ја потиквит сопственикот на парцелата кој има над 50% а не државата,т.е државата на твое барање поведвит постапка за експропријација на земјиштето шо ке го побараш....Државата го зема и ти го доделува тебе,а ти му плаќаш на претходниот сопственик...Малце прочешлајго законот за експропријација посебно член 45 и ке видиш...позз


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Mar-2010 at 21:57
bojanbojan ја прв пат читам дека вакви работени се предвидени во законот. Ме изненади, еве сега проверив со измените од 2005-та се вметнати.

Пошто прашањето ти беше дали постои друг начин, вероватно ова ти е најпаметен и најзаконски начин.


Posted By: bojanbojan40
Date Posted: 12-Mar-2010 at 22:23
znacit i ti mislis deka sudski najubo bi se resil problemov?a kolku vreme mislis deka bi odelo ,imas pretstava?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Mar-2010 at 22:41
Момци, кога отварате нишки, ставајте прецизни наслови, инаку ќе се натрупаат нишки со вакви генерички наслови и ќе биде многу тешко за снаоѓање, или пак некој да успее да најде решение за својот проблем дури и доколку тоа било дискутирано на долго и на широко.

Има ли предлози за преименување на нишкава? (до)комплетирање на парцела?


Posted By: bojanbojan40
Date Posted: 12-Mar-2010 at 22:44
pa mozit taka ))


Posted By: rebel with a cause
Date Posted: 14-May-2010 at 00:02

Здраво,мојот проблем е многу голем.

го имам секој можен документ,значи дозвола,одобрен идеен проект,решение за локациски услови,докупено државно градежно земјиште,оформена маркица,платени комуналии.во јануари започнавме со изградба,ставивме три плочи(инаку градбата е П+3,четврта категорија) и во февруари излезе инспекција градежна,по две недели добив две решенија едно за стопирање друго за отстранување под изговор дека -се гради или е изградена спротивно на одобрението за градење или заверениот
основен проект;ПРОБЛЕМОТ СЕ СОСТОИ ВО СЛЕДНОТО-ПРОЕКТОТ ПРЕД ДА БИДЕ ОДОБРЕН СТОЕШЕ ВО ОПШТИНАТА 5 МЕСЕЦИ,НО ОЧИГЛЕДНО ДЕКА НЕКОЈ НЕ СИ ЈА СРАБОТИЛ РАБОТАТА ПА МИ ОДОБРИЛЕ ПРОЕКТ КОЈ НЕ СЕ СЛОЖУВА СО ТЕРЕНОТ,а ние си градиме согласно тој проект што го издала општината.Решенијата за стопираЊЕ и отстранување се по жалба,а пред еден месец поднесов анекс на проектот во кој е опфатена целокупната моментална состојба на градбата и теренот т.е. усогласеност на градбата со теренот,но во општината молчат(морам да кажам дека се работи за градба на место на кое се наоѓаа штабовите на вмро-дпмне а општината е на сдсм). ве молам ако има некој стручен за оваа проблемтика да ме посоветува.однапред благодарам



Posted By: Max
Date Posted: 14-May-2010 at 17:46

нит сум стручен нит пак можам да вии го решам проблемот, но ќе прокоментирам! прво како може да ти одобрат проект кој не се сложува со теренот!?! значи има дуп и добиваш дозвола врз основа на поднесен проект според дуп! не ни можеш да добиеш дозвола за градба доколку доставениот проект не ти е по дуп! ова најверојатно е бирократска опструкција или пак вие со градбата сте отстапиле од зацртаните коти во дупот... како и да е прво жали се до општината и нека ти дадат образложение, а потоа имаш сектор за урбанизам во министерство за транспорт и врски каде ќе те упатат до државниот инспекторат за урбанизам и градежништво, би требало таму да може да ја обжалите одлуката на општината...

имало или немало врска со бирократија, колку и општината да ве кочи, министерството го има последниот збор во ваков случај доколку странката поднесе претставка до него! а во случај повторно да не сте задоволни од решението, имате суд, па ако е правдата на ваша страна, посекако ќе ја истерате на виделина! единствен зицер е што инвестицијата ви тапка во место, а тоа е екстра трошок! известувај како и до каде е работата понатака!




Posted By: VaZoLjIN
Date Posted: 09-Jun-2010 at 00:13
Може некој да ми помогне
Живеам одма до обиколницата околу Скопје имам плац кој е одма до автопатот ме интересира дали можам да купам неколку парчиња земја што се граничат со мојот плац нормално не за градба пошто се одма до атопатот(во заштитниот појас) и не е дозволена никаква градба,или барем има ли шанса да го изнајмам од државата ако знае некој околу ова или да ме упати да прочитам некој закон Smile



Print Page | Close Window