Print Page | Close Window

Меѓуградски автобуски превоз

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Јавен превоз
Forum Discription: Автобуски, трамвај, ЛРТ, метро, тролејбус...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=906
Printed Date: 24-Nov-2020 at 23:53

Topic: Меѓуградски автобуски превоз
Posted By: lslcrew
Subject: Меѓуградски автобуски превоз
Date Posted: 13-Oct-2008 at 18:35
За меѓуградски сообраќај немаме посебна нишка, па овде ќе постирам.

Во тек е постапката за категоризација на автобуските станици

Министерството за транспорт и врски информира дека во тек е постапката за категоризација на автобуските станици во државава, преку што ќе се овозможи воведување ред во внатрешниот и меѓународниот автобуски превоз. За целосно категоризирање на автобуските станици во земјава, во Министерството за транспорт и врски е формирана комисија во која членуваат и претставници од општините во  Македонија.

Како што се вели во соопштението од министерството, врз основа на поднесени барања од страна на стопанствениците на автобуски станици, Комисијата за определување на категоризацијата на автобуските станици врши мониторинг на опременоста на автобуските станици согласно Правилникот за потребната опрема и начинот на определување на категоризацијата на автобуските станици кој произлегува од Законот за превоз во патниот сообраќај.

Во Македонија веќе се категоризирани автобуските станици во Скопје и Виница, а до Министерството за транспорт и врски барање за определување на категоризацијата поднеле уште 14 стопанственици на автобуски станици за кои постапката за категоризација е во тек.

Министерството за транспорт и врски ги повикува сите стопанственици со автобуски станици во најкус можен рок да достават барање за определување на категоризацијата со цел доследно применување на Законот за превоз во патниот сообраќај и целосна имплементација на категоризацијата на автобуските станици во Македонија со што ќе се овозможат подобри услови за работење на самите стопанственици, но ќе се обезбедат и подобри услови за граѓаните кои се корисници на автобускиот превоз.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=41991&kategorija=1

Replies:
Posted By: SkyBoy
Date Posted: 03-May-2010 at 22:22
СЕ ПОДОБРУВА КОНКУРЕНЦИЈАТА ВО ПРЕВОЗОТ

Софтвер распредели 53 автобуски линии

Создаваме подобри услови за транспортните компании преку воведување европски стандарди во превозната дејност и намалување на нелојалната конкуренција. Дополнителна можност за тоа е продолжувањето на рокот за увоз на половни автобуси, кој истекува утре, за уште три месеци, рече министерот Миле Јанакиески

Министерството за транспорт и врски изврши прелиминарна распределба на 27 меѓуопштински и 26 меѓународни линии во автобускиот превоз, како нови или дополнителни покрај претходно одобрените. На огласот за распределба на линиите аплицирале 71 превозник со поднесени 110 барања. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пред превозниците истакна дека електронската распределба, која се одржува втора година по ред, е чекор напред во подобрување на конкуренцијата во превозот.
- Создаваме подобри услови за транспортните компании преку воведување европски стандарди во превозната дејност и намалување на нелојалната конкуренција. Дополнителна можност за подобрување на конкуренцијата е продолжувањето на рокот за увоз на половни автобуси, кој истекува утре, за уште три месеци - рече Јанакиески.
Превозниците имаат можност денеска и утре во секторот за патен сообраќај во Министерството за транспорт да закажат термин да се пријават за увид во листите, кој ќе се изврши на 10 и 11 овој месец. Потоа ќе следи објавување на конечните ранг-листи и ќе бидат доставени решенијата за доделените линии.
Јанакиески најави и поригорозни казни за сузбивање на т.н. диви превозници.
- За една година се одземени 75 автобуски линии во меѓуопштинскиот и во меѓународниот превоз, а се воведуваат и поригорни казни за дивите превозници - напомена Јанакиески.
Претседателот на Здружението на превозници во патниот сообраќај, Горан Трпковски, изјави дека нелојалната конкуренција во автобускиот превоз на легитимните превозници им одзема околу 40 проценти од патниците. Тој посочи дека легалните превозници бараат поригорозни мерки во справувањето со дивите превозници со одземање на возилата.
- Има пунктови или стари автобуски станици на кои се лоцираат дивите превозници од внатрешноста кога ќе ги превезат до Скопје. Транспортните инспектори работат, но треба да се види колку од изречените санкции завршувааат со решенија во судовите - рече Трпковски.
 
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=80D28124FBF7C742B4091408E7A50B41 - http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=80D28124FBF7C742B4091408E7A50B41

Posted By: SkyBoy
Date Posted: 04-May-2010 at 15:59

Ќе ја ставам тука веста, дека не се работи за такси превоз (градски) туку за алтернативен превоз на меѓуградски автобуси, таканаречени таксисти..

Инаку сум им ги користел услугите и сум позадоволен во однос на автобусите.. иако и они не се најдобра алтернатива.. Автобуси раскантани, кои немаат ладење/греење, ечи турбофолк, неудобни, па и возат 80 на саат (смешно е на пр. 50ина км да се поминува за саат време, едноставно модерното, современо живеење не дозволува толку залудно потрошено време).. да не заборавиме, минатата година се запалија неколку автобуси по автопати..
 
Дивите таксисти им ги зедоа патниците на превозниците

Ниту контролите на Инспекторатот за транспорт не ги запреа дивите превозници да продолжат со нелегален превоз на патници. Кон Куманово, Гостивар, Тетово и насекаде кон внатрешноста. Место билети се плаќа во кеш, патниците се возат без никакво осигурување. Со комбиња и автомобили, возат без лиценци на диво. Регуларните превозници тврдат околу 40 % од патниците ги презедоа дивите превозници.

Горан Трпевски претседател на здружение на превозници вели дека од инспекторатот им велеле дека прават секојдневни контроли, но предметите завршувале во нечии фиоки.

Борба против незаконскиот превоз најавија и од Министерството за транспорт. Освен контролите на терен, денеска по втор пат електронски доделија нови лиценци за превоз на патници со цел да ја елиминираат дел од нелојалната конкуренција.

Миле Јанакиевски, Министер за транспорт вели дека само минатата година одземале 75 лиценци за нелегален превоз на патници.
 
Колку нелегални превозници има никој не знае, единствено што велат надлежните е дека казните за овие лица ќе стануваат по ригорозни
 
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=60113 - http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=60113
 
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-May-2010 at 14:21
ЛЕГАЛНИТЕ ТРАНСПОРТЕРИ ЈА ОБВИНУВААТ ДРЖАВАТА ЗА ХАОСОТ ВО СООБРАЌАЈОТ
Лиценците не го сопреа дивиот превоз

Рада И. Маневска

Со автомобили, со комбиња и со минибуси, без лиценца се превезуваат патници низ цела Македонија, реагираат превозниците, кои легално ја работат со оваа работа. Според нив, нелегалните собираат 40 проценти од профитот на легалните фирми, не ги осигуруваат патниците и не плаќаат никави давачки кон државата. Легалните превозници од 2013 година ќе имаат дополнителна обврска да ја докажат својата солидна финансиска состојба, со капитал што ќе биде депониран како резерва во висина од најмалку 9.000 евра за првото возило што го поседуваат и по 5.000 евра за секое наредно возило. Тоа за нив ќе биде и дополнителен товар, кој ќе влијае на рентабилноста. - Секој поголем издаток е проблем за фирмите, кои се занимаваат со превоз. Оние кои сакаат да добијат лиценци ќе мора да ги искористат законските можности за да обезбедат финансиска солвентност. Тоа можат да го направат преку банкарски гаранции, недвижен имот или на друг начин, во зависност од тоа што се ќе може да влезе во финансиската стабилност - вели Ѓорѓи Вчков, претседател на здружението за патен сообраќај при Стопанската комора. Според него, оваа обврската, сепак, дава гаранција дека лиценцираните превозници се безбедни превозници. Но, за превозниците во патниот сообраќај главен проблем се уште се дивите превозници. - Лиценците и финансиската стабилност на превозниците требаше да обезбедат ред во патниот сообраќај, но и покрај тоа, на нашите патишта се уште возат повеќе од 2.000 диви превозници, кои собираат 40 проценти од бруто-приходот на легалните превозници - вели Горан Трпковски од Здружението на автопревозници од источниот регион. Со овие превозници, вели Трпковски, е ризично да се патува бидејќи не плаќаат осигурување, не издаваат фискални сметки, немаат постојан возен ред, што се предуслови за превоз на патници. - Во просек, од Велес, Штип и од Кочани до Скопје со патнички возила, комбиња или со мали автобуси, дневно се превезуваат по околу 2.400 патници на кои им се наплатуваат по 100 денари во една насока. Тоа значи дека дневно кај нив се слеваат по околу 500.000 денари, а тоа значи дека државата за еден ден губи околу 100.000 денари - објаснува Трпковски. Во ваква состојба легалните превозници не можат да ги покријат трошоците, кои ангажираат околу 80 проценти од обртните средства. - Меѓу 30 и 35 проценти во трошоците учествува горивото, а на осигурувањето на патниците оди 40 проценти од парите. При експлоатација на 60 проценти од автобусите, приходот што го остваруваме не го покрива трошокот за вработените, а уште помалку да можеме да го обновиме возниот парк - вели Трпковски. Превозниците се изненадени што државата нема желба да го спречи превозот на диво, со што на ризик ги остава граѓаните, кои се превезуваат со нив, но губи и добар износ на пари, кои би ги собрала во буџетот. Не се задоволни ниту од резултатите, кои ги имаат инспекторите, но и од судовите кои бавно или скоро и да не ги решаваат споровите што се водат против нелегалните превозници на патници. - Споровите се водат по три до четири години, а во меѓувреме истите сопственици на возила превезуваат патници и остваруваат нелегален приход - вели Трпковски. 

Туристичките агенции нема да продаваат билети

Со измените на Законот за превоз во патниот сообраќај на туристичките агенции им се скратува правото да продаваат автобуски билети. Законодавецот пропишал дека билети за автобуски превоз на патници можат да се продаваат само на автобуските станици. 
- На овој начин проблем ќе имаат само патниците, кои во туристичките агенции ќе уплаќаат аранжмани, а потоа ќе треба да купат билети за превоз во автобуските станици - вели Ѓорѓи Вчков, претседател на здружението за патен сообраќај.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2019&ArticleID=140573

Posted By: NorthWind
Date Posted: 30-Sep-2010 at 12:42

Наскоро нови автобуски линии од Охрид

Автор: http://makfax.com.mk/_user/1/profile -
29 септември 2010, 16:58
Извор: OhridNews
Охрид

Министерството за транспорт и врски објави Прелиминарна листа на одобрени возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници.

Прелиминарната распределба беше извршена денес по електронски пат, во присуство на претставници од компаниите кои по електронски пат аплицирале за учество во распределбата.

Според оваа прелиминарна листа, автобусите на охридското АД Галеб, наскоро ќе возат и на линиите Охрид- Панчево, Охрид- Нови Сад, а ќе сообраќаат и на линијата Прилеп- Саранда.

Од Охрид предвидени се и директни линии до Ниш преку фирмата Насир Туризам од Гостивар и до Истанбул со превозникот Домино лине.

http://makfax.com.mk/117397 - http://makfax.com.mk/117397

Posted By: build.mk
Date Posted: 30-Oct-2010 at 16:32
ОСВРТ: Прескап меѓуградски автобуски превоз во Македонија

Патувањето со меѓуградски автобус во земјава чини цело богатство. Во отсуство на евтин бензин и патарини за автомобилите и неразвиена железничка мрежа низ земјава, автобускиот превоз претставува неретко монопол во превозот на патници меѓу македонските градови.

Податоците покажуваат дека повратното патување помеѓу Скопје и Охрид со автобускиот превозник Галеб чини 750 денари, помеѓу главниот град и Битола чини 620 денари, истата сума треба да се издвои и за превоз до Берово со Берово транс, додека за Струмица треба да се одвојат 450 денари во еден правец без можност за купување на повратна карта.

Колку за споредба со државите со сличен стандард, повратното патување со воз помеѓу Будимпешта и Братислава чини 16 евра а исто толку чини карта во еден правец помеѓу Белград и Будимпешта. За неколкукратно подолгите релации помеѓу Софија и Бургас, Варна и Солун треба да се одвојат околу 15 евра. Автобускиот превоз на компанијата Orangeways од Будимпешта кон сите градови од Средна Европа чини помеѓу 15 и 25 евра за што се добива повратна карта.

Ваквите споредбени резултати ја прикажуваат лошата состојба во поглед на скапотијата на автобуските карти. Високата цена на бензинот, бројните и скапи патарини и недоволниот број на патници се дел од  причините за огромните цени кај меѓуградскиот автобуски сообраќај, но се чини дека монополот на автобускиот превоз кон одредени градови е главната причина за високите цени на картите. На пример, повратната карта кон Кичево, град до кој постои и железничка линија, чини 380 денари за автобус, што е речиси двојно поевтино од патувањето помеѓу Скопје и Охрид, иако Кичево и Охрид се наоѓаат на оддалеченост од само 57 километри.

На високите цени реагираат и граѓаните што често патуваат помеѓу градовите, а државата е речиси немоќна да се справи со монополот на приватните превозници. Од друга страна, автотранспортните претпријатија се соочуваат со високите цени на бензинот, даночните обврски кон државата како и со нелегалните превозници што се множат низ целата држава.

Предлогот за надминување на ваквата состојба многумина ја гледаат во субвенционирањето на превозниците од страна на државата. Други пак посочуваат дека треба засекогаш да се реши прашањето со нелегалните превозници, а како најразумно решение на долг рок се предлага проширување на железничката мрежа низ земјава како гаранција за пониски цени и алтернативен транспорт на граѓаните од многу градови на Македонија.

Бојан Блажевски

http://www.build.com.mk/?p=5436 - http://www.build.com.mk/?p=5436

Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Oct-2010 at 16:42
Неколку пати го имаме ова расправано, еве пак ќе се осврнам на кратко. Во Македонија државата (власта, без разлика која и да е) не само што нема да го среди транспортниот сектор, туку напротив ќе го стимулира да остане во оваа ситуација во која егзистенција наоѓаат што повеќе луѓе, а теренот е тој, мала каков таков и следува борбата. Затоа гледаме автобуси надвор од станиците да заштедат педесетина денара перонски билет, гледаме каменувања возови, диви комбиња и се некакви импровизациии. Дивите таксисти се резултат на ова, немање редовна линија кон аеродромот исто така е намерно да се остави некоја коска повеќе за глодање меѓу превозници што четирицифрено наплаќаат. Нека не те чуди ништо не е случајно. Со еден збор на Македонскиот транспортен сектор му фали професионализација на приватниот дел од траспортот. Најчесто секогаш ова се третира како втора дејност, како измеѓу подработување, а не сериозно работно место. Допрва гледаме на повидок обиди за професионализација на такси превозот и колку тоа тешко и мачно оди со сите сили на статус кво-то што како сидро го држат закотвен на дното. Мора на сила да се протуркаат некои реформи па макар биле и тешки и со краткотрајни последици. Последниве години гледаме и обиди за електронска распределба на линии од меѓуградскиот патнички превоз но сеуште како меч виси дивиот транспорт. Не дека очекувам за година две да се промени нешто драстично, но со доволно политичка воља може многу да се постигне.

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Dec-2010 at 01:43

Наместо на автобуска, патници се собираат по улици

Меѓуградските превозници секојдневно го кршат Законот за превоз на патници, но ретко добиваат казна

Сања Наумовска

Застанување на булевари, качување и симнување патници на улица, вадење куфери среде сообраќај, непочитување на возниот ред... Доволно е некој да крене рака за возачот да закочи и да собере патници, без разлика дали на тоа место смее да застане или не. Автобусите од меѓуградскиот превоз на секој чекор го кршат законот за превоз на патници, а многу ретко добиваат казна за тоа. Наместо на станица или на обележано стојалиште, автобусите застануваат каде што сакаат, без притоа воопшто да им пречи што со тоа ја загрозуваат безбедноста на патниците.

Сликата, признаваат во Министерството за транспорт и врски, се забележува во повеќе градови низ државата, но најмногу во Скопје.

Автобусчиите имаат повеќе пунктови низ градот што се добро познати кај оние што често патуваат во внатрешноста. За Тетово, Гостивар или Струга, сеедно, наместо на автобуска станица, групи патници, најмногу студенти, најчесто чекаат автобус на „Партизанска“. За градовите во источниот дел од државата, пак, неофицијалната автобуска станица е кај хотелот „Континентал“. Инспекторите ретко се појавуваат на терен, па навиката полека преминува во секојдневје.

Во Министерството велат дека законот е јасен, качување и симнување патници е дозволено само на автобуска станица. Во помалите градови, пак, наместо станици, постојат организирани и обележани автобуски стојалишта. Надвор од нив, небезбедно е да се земаат патници. Ризикот го сносат превозниците, но и самите граѓани.

Законот предвидува парични казни, но и одземање на сообраќајните дозволи. Сепак, очигледно е дека овие мерки не ги плашат доволно превозниците, кои упорно си тераат по свое. Инспекторите за патен сообраќај годинава направиле 5.790 записници со кои констатираат отстапувања од законската регулатива, но не соопштуваат колку казни се наплатени и дали, всушност, има ефекти од санкционите мерки.

„Согласно со законот за превоз во патниот сообраќај, превозникот е должен да застане на автобуската станица, односно автобуското стојалиште. За непочитување на законот предвидена е глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност, која му се изрекува на возачот на самото место“, велат во Државниот инспекторат за транспорт, од каде што информираат дека годинава се донесени 1.878 решенија во управна постапка и поднесени се 2.369 барања за поведување прекршочна постапка до надлежните судови. Исто така, поради кршење на законот за превоз на патници, од сообраќај се исклучени 244 возила со одземање на сообраќајни дозволи во рок од 30 дена.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6BA56AB4BA59E64D8FCAFEA0EC477971 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6BA56AB4BA59E64D8FCAFEA0EC477971

Posted By: BOJAN
Date Posted: 15-Dec-2010 at 10:34
Дали некој има искуство со парно греењето во автобусите во текот на зимскиот период, т.е. дали има воопшто некаков вид на греење во меѓуградските автобуси?

Posted By: гитардемон
Date Posted: 15-Dec-2010 at 15:51

Со транскоп е кога-како, најчесто има, ама кога има станува сауна, па поарно да нема. Принц на пример, абер нема од парно. За останатите, не знам

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.

Posted By: Шпер
Date Posted: 15-Dec-2010 at 15:57
Originally posted by BOJAN

Дали некој има искуство со парно греењето во автобусите во текот на зимскиот период, т.е. дали има воопшто некаков вид на греење во меѓуградските автобуси?

Струмица Експрес - закон! Smile

Никогаш немало проблеми со затоплувањето.

-------------

Posted By: sanos_a
Date Posted: 15-Dec-2010 at 17:33
авто атом кочани има секогаш парно преку зима.
галеб охрид исто така.

-------------
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum

Posted By: BOJAN
Date Posted: 15-Dec-2010 at 18:33
Јас имам лошо искуство со Југ турист-Куманово, изѕемнав, ама не зборувам за оваа година. Навистина би можеле да ги рангираме автобуските превозници низ земјава, онака да се знае кој превозник како се однесува со патниците и каков квалитет дава за цената на картата.

Posted By: sanos_a
Date Posted: 16-Dec-2010 at 21:46
за цената на картите што ги плакаме ниеден превозник моментално не може да го даде тој квалитет во превоз во македонија. цените на картите се високи а автобусите што сообракаат низ македонија се турни ме да кинисам.

-------------
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum

Posted By: гитардемон
Date Posted: 16-Dec-2010 at 21:48
Имавме регистрирано нешто за рангирање на автобуските станици низ државава, уште пред цела година, ако не и повеќе. Што бидна од тоа, знае некој?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.

Posted By: BOJAN
Date Posted: 18-Dec-2010 at 23:49
Јас сметам дека на Билд треба да направиме рангирани на автотранспортните претпријатија со гласање од страна на членовите, и тоа за она што пружа најквалитетни услуги и за она што пружа најкатастрофални услуги.

Posted By: Тркало
Date Posted: 31-Dec-2010 at 00:57
Има топло,па дури и се забораваат некои возачи.Често патувам со бус,сум поминал убаво со Галеб-Охрид(и во лето најчесто е климата до скроз пуштена),Струмица Експрес,Симекс-Кичево,Југотранс-Струга,Скорпион-Крушево,Атом-Кочани.

Со Жас Бус-Гостивар и Транскоп-Битола е лотарија,ама најчесто лошо по патниците.Ако имате други опции избегнувајте ги на зима и особено лето.

Posted By: FoSsiL
Date Posted: 31-Dec-2010 at 02:08
Денес одам јас накај школо и гледам редица бусеви кај Црква Богородица. Незнам, дали дека денес имаше протест, ама не го оправдувам во секој случај. Има места за паркинг низ градов.

-------------
Македонија - Земја на чудата!

Posted By: BOJAN
Date Posted: 31-Dec-2010 at 16:10
Инаку „Берово транс“ вози до Струмица за 640 денари во еден правец БЕЗ ПАРНО. Девојка ми го раскажа ова „феноменално“ искуство.

Posted By: Alien
Date Posted: 31-Dec-2010 at 17:26
Незнам кој воопшто може сеуште да се вози со Берово Транс, после палењето на автобус на автопат пред 2-3 години.. Тоа е веќе до патниците, а не до фирмата..

Posted By: Тркало
Date Posted: 02-Jan-2011 at 00:05
Берово Транс скоро пола возен парк го сменија после пуштањето увоз со ЕУРО 2(MAN и Neoplan) А се шо е старо е репарирано,мислам дека имаат и нов газда,а за парното не коментирам,не сум се возел со нив

Posted By: BOJAN
Date Posted: 24-Feb-2011 at 10:49
Покрај погодностите за патување со воз низ Европа, како што е InterRail, има интересна понуда која е погодна за македонскиот менталитет наречена Euroline Pass.

За 15 дена неограничено патување со автобус низ европските земји се нуди цена од 175 евра. Треба да се напомене дека се нудат опции за 15 и 30 дена патување со автобус, но постојат и три сезони во текот на годината, од кои најевтината опција е онаа од 175 евра.

Еуролајн нема свое претставништво во земјава, но можете да се обидете преку Македонија сообраќај, мислам дека она беше застапник до пред некое време.
http://www.eurolines-pass.com/pdf/Pass%202010_EN.pdf - http://www.eurolines-pass.com/pdf/Pass%202010_EN.pdf

Posted By: Тркало
Date Posted: 28-Mar-2011 at 03:29
Автобуска Станица - Охрид
Според мое мислење,после добриот план кој не е реализиран,најголеми проблеми овде се непокриените перони и чекалници (во зимско време,при
дожд,снег) и малата билетарница со еден шалтер која во лето е претесна.
Инаку се вкупно 18 перони по 9 од двете страни и 5-6 паркинг места за одмарање за автобусите шо идат од други места.

Перони за тргнувања:

1.

2.

3.

4.Поглед од 'билетарницата':Десно перони за тргнувања лево за стигнувања

5.Такси стојалиште(нормално блокирано од др.возила)до перони за стигнувања

6.Перони за пристигнувања

7.Лево назад е бараката која привремено (читај 5 години) е во функција на билетарница ,внатре во лето е хаос

8.Паркинг за автобуси

Меѓуградска Автобуска Станица - Битола
Оваа е една од најнормалните АС во Македонија,со очигледна потреба за реновирање,има 12 перони

1.Поглед од улицата до АС

2.

3.Зградата (која полека ја реновираат) и излезот на перон

4.

5.

6.

7.

Posted By: BOJAN
Date Posted: 28-Mar-2011 at 19:11
Битола и Охрид се два спротивставени примери за тоа како треба, односно како не треба да изгледаат автобуските станици во еден град. Тркало, убаво што си ги поставил се надевам дека ќе има фотки и од другите градови во МакедонијаSmile.

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Mar-2011 at 02:13
Најтрагично е што Охрид имаше поасална станица, не којзнае каква ама за македонски услови премија. Арно ама искористувајќи го фактот дека настануваа сообраќајни проблеми на таа локација, некои си урбани мафијаши многу елегантно издејствуваа дислокација... за општо добро нели, бидејќи сме познати по ефикасноста во решавање на такви и слични проблеми  Roll%20eyes

Новата автобуска на новата локација требаше да биде одамна готова, арно ама сеуште е обичен паркинг за автобуси.

Во меѓувреме, на старата локација:
http://www.megastar.com.mk/stara/index.php?option=com_content&task=view&id=1500&Itemid=37 - http://www.megastar.com.mk/stara/index.php?option=com_content&task=view&id=1500&Itemid=37

Wallbash  
Puke

Posted By: Ljubopitko
Date Posted: 29-Mar-2011 at 07:31
Wallbash прават подкровје врз подкровјето! Wallbash

Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Mar-2011 at 09:43
Мислам дека ова го гледам прв пат (подкровје врз подкровје), се надминавме сами себе по козјае кој пат Wallbash

Posted By: FoSsiL
Date Posted: 29-Mar-2011 at 09:55
Wallbash

А и изборот на боја за фасадата е импресивен. Вакви работи ми го поткопуваат оптимизмот дека нешто ќе се смени на подобро. Добро сепак, оптимизмот постои.

Барем да се изградеше автобуската станица.

-------------
Македонија - Земја на чудата!

Posted By: Тркало
Date Posted: 29-Mar-2011 at 17:29
http://www.youtube.com/watch?v=PTF3HiRjqCA - http://www.youtube.com/watch?v=PTF3HiRjqCA

Ова беше проектот на последните избори од кандидатот Ацо Попоски.Вака наизглед добра идеја,штета шо не е остварена.

Posted By: Tuvok
Date Posted: 30-Mar-2011 at 03:50
Автобуската во Охрид мораше да биде дислоцирана (дали толку далеку е друго прашање) но и според плановите новата автобуска требаше да биде готова истата или најкасно наредната година. Веќе 3 години Македонскиот туристички центар има најмизерна атвобуска. Само во Македонија.

Posted By: phenomenon
Date Posted: 20-Apr-2011 at 08:08
   Сакам да ја пофалам услугата на возачот и кондуктерката од Црешово Топче на релација Скопје - Злетово. Автобусот чист и брз,кондуктерката - максимално љубезна. Откако ги прегледа билетите, зема кошничка и на сите вработени им подели по едно бонбонче.
   А кога ќе се сетам на оние гнаси од Пролетер - Скопје. Во најстудените зими, не пуштаа парно во автобус, па се мрзневме секое утро ние кои одевме на факултет и на работа од Куманово во Скопје. Често знаеја да пуштаат и една крнтија, назад полна со ќубре. Кумановци ќе се сетаат за кој автобус се работи.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、

Posted By: Тркало
Date Posted: 27-Apr-2011 at 18:27
А Симекс - Кичево ,вчера за Охрид возеа со MB O405N ГРАДСКИ автобус

Posted By: zabegan
Date Posted: 27-Apr-2011 at 18:49
сум приметил дека има и уште еден градски автобус кој вози Скопје - Куманово

Posted By: Sykes
Date Posted: 27-Apr-2011 at 20:46
Originally posted by zabegan

сум приметил дека има и уште еден градски автобус кој вози Скопје - Куманово

Повеќе се, ШТУЗ Куманово организира превоз на ученици до Скопје, има неколку примероци од гореспоменатиот модел на Мерцедес.

Posted By: BOJAN
Date Posted: 29-Apr-2011 at 08:21
Оваа компанија ШТУЗ има кршеви од автобуси исто како и Југ Турист. Автобускиот превоз до Куманово е катастрофа во однос на возниот парк, за разлика од истиот кон Тетово да речеме.

Posted By: Ljubopitko
Date Posted: 29-Apr-2011 at 09:31
Изгледа овие од ШТУЗ се подновиле, видов едно вакво минибусче BMC со натпис Штуз на мегуградска.

Posted By: sanos_a
Date Posted: 29-Apr-2011 at 17:21
Originally posted by BOJAN

Оваа компанија ШТУЗ има кршеви од автобуси исто како и Југ Турист. Автобускиот превоз до Куманово е катастрофа во однос на возниот парк, за разлика од истиот кон Тетово да речеме.

возете се со другите превозници што возат за куманово како авто атом кочани, пролетер крива паланка

-------------
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum

Posted By: build.mk
Date Posted: 27-Jun-2011 at 19:23
Автобуските превозници се множат во Македонија

Автобуските компании во Македонија се множат како печурки по дожд. Електронската распределба на линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот сообраќај од Министерството за транспорт и врски секоја година го отвора горливиот проблем поврзан со преголемиот број автобуски превозници во Македонија. Не само што ги има во голем број, туку нивната бројка од година во година постојано се зголемува. Некогашните гиганти во автобускиот патнички сообраќај, Пролетер – Скопје, Полет – Тетово, Југ Турист – Куманово, Балкан експрес – Штип, пропаднаа или работат со значително помал капацитет во однос на новите приватни автобуски превозници.

Податоците покажуваат дека состојбата со автобускиот превоз во Македонија е очајна. Во прилог на ова се податоците за овогодинешната електронска распределба на линии на која аплицирале дури 99 фирми со 302 апликации, од кои 131 апликација за нови линии во меѓуопштинските возни редови и 119 апликации за нови релации на меѓународните линии. На интернет – страницата на Министерството за транспорт и врски е објавена листата на одобрени возни редови. На истата може да се забележи огромен број на превозници, па така од еден град конкурираат и по десетина компании за превоз на патници.

Ваквиот негативен тренд е особено изразен во одредени градови од земјата каде што пропаднаа некогашните автотранспортни компании. Класичен пример е Тетово. Со пропаѓањето на АТП Полет – Тетово се појавија огромен број превозници кои ги презедоа линиите и патниците на ова јавно транспортно претпријатие. Хак – комерц, Хафет – тоурс, Сеад турс ком, Нит – мак, Нерашт комм, Идо турс, Беса транс, Алба туристфарт се само дел од претпријатијата што се пријавиле до министерството за превоз на патници во домашниот и меѓународниот сообраќај од Тетово.

Слична е состојбата и со Куманово, каде на местото на некогашниот гигант Југ турист се појавија десетици компании кои вршат превоз на патници. Глобус турист – компани, Даро компани, Еуро тоурс АГ, Мимоза, Фикрет – туризам, Јоцо транс, Јоцо турс, Мамли травел, Стевани бенз се компаниите кои се пријавија за доделување линии за превоз на патници од Куманово.

Дел од новите автобуски превозници имаат незначителен број автобуси и возачи во сопствените редови. Од пристигнатите барања до Министерството за транспорт и врски може да се забележи дека во значително мнозинство се компаниите кои немаат ниту 10 автобуси во својот возен парк. Од друга страна, на прсти се бројат превозниците кои имаат поголема сума на автобуси за домашен и меѓународен сообраќај. Во моментов, Атом од Кочани се јавува како најголемо автотранспортно претпријатие во земјава со 45 автобуси во својот возен парк, а позади него се наоѓаат Галеб од Охрид со 40 автобуси и Транскоп од Битола со 36 автобуси за превоз на патници.

Состојбата со автотранспортните претпријатија во земјава е во спротивност со искуствата од европските земји и од нашите соседи. Грција е пример за тоа како треба да се развиваат автобуските превозници. КТЕЛ е најголемото автотранспортно претпријатие кое ја покрива целокупната територија на Грција со автобуски превоз. Историјата на овој автотранспортен превозник започнува во 1952 година, кога е основана КТЕЛ компанија за секоја префектура и остров во Грција. Од тогаш до денес, КТЕЛ прерасна во еден од најголемите автобуски превозници во целиот регион со 62 компании кои ја покриваат целокупната територија на континентална Грција и островите. КТЕЛ поседува 4.199 автобуси и покрива преку 80% од целокупниот патнички сообраќај во Грција.

Слично на Грција, и во Србија постојат неколку големи автобуски претпријатија кои го покриваат автобускиот сообраќај во земјата. Ласта од Белград е најголемото автотранспортно претпријатие во Србија, кое го покрива меѓународниот, меѓуградскиот сообраќај и приградскиот сообраќај во Белград со вкупно 774 автобуси во својот возен парк. Втор по големина автобуски превозник кај нашиот северен сосед е Ниш – Експрес од Ниш со преку 500 автобуси во сопствениот возен парк кои превезуваат 100.000 патници дневно со 2.665 поаѓања во период од 24 часа.

Споредбите со соседните балкански држави ги покажуваат негативните карактеристики на македонскиот автобуски сообраќај. Премногу автобуски превозници, преголем број на стари возила, прескапи карти на линиите, преголем број на нелегални превозници е вистинската слика на сообраќајот кај нас. Состојбата се менува од година во година, но на полошо. Наместо да се окрупнат и да се спојат, а со тоа да понудат поквалитетен, побрз и поевтин превоз, во Македонија се посега по спротивни мерки. Поради целата оваа состојба, можеби е време и државата, преку измени во законската регулатива и преземање соодветни мерки, да овозможи подобрување на јавниот автобуски превоз во земјава.

Бојан Блажевски
http://www.build.mk/?p=7196 - http://www.build.mk/?p=7196

Posted By: Тркало
Date Posted: 27-Jun-2011 at 21:06
Бојане ,си чепкал по mtc.gov.mk и по други страни

Една работа мене лично шо ми е проблем,како чест корисник на меѓуградски автобуски превоз е се поголемиот број 'автобуски превозници' кои на линија ќе пуштат комбе.Комбе никако не е автобус.Максимумот им е 22 седишта (ајде за понерентабилна линија е ок),ама багажот е проблем.Место нула.
Ситуација од пред неколку дена на линија БТ-РЕ-ОХ со Транскоп(една од трите фирми со најмногу возила).Комбе со 19 седишта,а внатре 28 патници!Место 1:30 (нормалното време за пат на оваа релација) ,патувавме над 2 сати!
Морам да ги искритикувам поради нивната несериозност.Мислам на газдите,не на возачите.

Вака слегуваа патници,сите други излегуваа

Ако добро памтам ,според Закон за патен сообраќај кој е или требаше да е донесен досега забрането е вршење на меѓуградска линија со возило под 22 седишта или без рачки на седиштата,а сведоци сме на обратното.Постојат одредени фирми шо работат ремонти и ставаат секакви седишта ,а и голем број од комбињата се преработка од товарно во патничко.

Друга работа е некултурата на патнициве.Споредете ги двата реда седишта,корнеле се можно.На едното назад дури и рачката ја имаа откорнато.

Трето,скоро сите превозници (особено овие поголемиве Галеб,Транскоп) имаат доста линии шо не ги возат,па патникот е без избор.Истотака недостаток од ноќни линии или последните се премногу рано.
Од друга страна имаме случај поради конкуренција,да не се дозволени тргнувања на одреден интервал за иста релација,ама имаме во пракса пример ете утринските од Охрид за Скопје (Охрид Експрес во 5:00 и 7:15,а Галеб во 5:30 и 7:30.Во 5 возат уште едни,ништо кај 6.30 на пример).

Четврто,не е добро здружување на ептен мали превозници со поголемите.Ама би требало одредени стандарди за секоја нова фирма (досега ако не средиле,барем новите да се ок).На пример ,минимум 5 возила (Еуро 3,ретардер,АБС,ТВ/ДВД,ВЦ - нешто стандардно веќе и за околниве земји) и 10 вработени.Знам случаи ист возач да е пуштен на 3 тури дневно,поради немање возила/возачи.

Posted By: BOJAN
Date Posted: 27-Jun-2011 at 22:15
Тркало, прекрасна репортажа си направил, инаку имам неколку луѓе од Битола кои редовно се жалат на работата на Транскоп на релација Битола-Скопје-Битола, а комбево на Транскоп го имам видено во Охрид како вози од Битола, што значи дека ова е редовна пракса. Од друго искуство, два пати ми се има случено Симекс-Кичево да не го оддржува возниот ред на релација Кичево-Охрид-Кичево. Има многу вакви примери, се надевам дека ќе ги популаризираме.

Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Jun-2011 at 00:43
Бојан добра анализа само имам замерка мислам дека малку од аспект на сопствена ете иделогија е пишуван. Како добар пример ти е посочена Грцвија каде има окрупнување големо односно каде така и е стартуван пазарот што прашање е колку е добро за либерализиран превоз. Далеку дека Македонија е добро но мислам дека има каде далеку подобри примери за организација. Колку е дозволено препродавање на дозволите и усогласување на карти и редови помеѓу превозниците.

Posted By: BOJAN
Date Posted: 28-Jun-2011 at 10:10
Originally posted by lslcrew

Бојан добра анализа само имам замерка мислам дека малку од аспект на сопствена ете иделогија е пишуван. Како добар пример ти е посочена Грцвија каде има окрупнување големо односно каде така и е стартуван пазарот што прашање е колку е добро за либерализиран превоз. Далеку дека Македонија е добро но мислам дека има каде далеку подобри примери за организација. Колку е дозволено препродавање на дозволите и усогласување на карти и редови помеѓу превозниците.

Iscrew, во право си дека постојат и други примери за меѓуградски и меѓународен автобуски сообраќај, но мора да потенцирам дека во европски рамки истиот е минимален во споредба со авиосообраќајот и железницата. Од друга страна, користењето на автобуски превоз е карактеристика на земјите од Балканскиот полуостров поради неразвиеноста на другите две гранки на сообраќај. Дополнително, секогаш се обидувам да направам споредба на нашата земја со државите од регионот, до кај се стигнати тие, а до каде ние во конкретна гранка.

Инаку мислам дека е забрането препродавањето на дозволите, но не сум 100% сигурен во ова тврдење. Од друга страна, пожелно е да постои усогласување на возните редови на автобуските превозници, Тркало го наведе негативниот пример за линијата Охрид-Скопје-Охрид.

Posted By: sanos_a
Date Posted: 28-Jun-2011 at 16:31
@ Тркало
Ако еден превозник има линија таа мора да ја одржува, значи не постојат линии кои ги имаат превозниците а не ги одржуваат.
Што се однесува до проблемот со комбињата, законот е донесен дека возило со помалку од 22+1 седиште не може да одржува мегуградски превоз на патници. Е сега не би било ова Македонија доколку инспекциите не толерираат некои фирми и затоа возат со комбиња со помалку од 22 седишта.

И кај нас во Македонија има здружение на превозници во источна Македонија. Здружението се вика ИСТОК ама мое мислење е дека е пред распаѓање поради одредени фирми кои имаат еден вид на монопол на пазарот и си одредуваат цени како што им одговара на нив, без договор со останатите превозници со цел да ги уништат.

-------------
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum

Posted By: Тркало
Date Posted: 28-Jun-2011 at 17:32
Originally posted by sanos_a

@ ТркалоАко еден превозник има линија таа мора да ја одржува,значи не постојат линии кои ги имаат превозниците а не ги одржуваат.Што се однесува до проблемот со комбињата, законот е донесен дека возило со помалку од 22+1 седиште не може да одржува мегуградски превоз на патници. Е сега не би било ова Македонија доколку инспекциите не толерираат некои фирми и затоа возат со комбиња со помалку од 22 седишта.И кај нас во Македонија има здружение на превозници во источна Македонија. Здружението се вика ИСТОК ама мое мислење е дека е пред распаѓање поради одредени фирми кои имаат еден вид на монопол на пазарот и си одредуваат цени како што им одговара на нив, без договор со останатите превозници со цел да ги уништат.

Еве пример одма те демантирам:
Двајцата знајме дека пола од овие не се возат.(За другите на форумот само подвлечените линии се возат).
Според Министерство за транспорт на Галеб - Охрид му се одобрени линии на релација>
Охрид-Кичево-Скопје во:
4.30,5.15,5.30,6.15,6.45,7.30,8.40,9.30,10.45,12.45,15.00,16.00,17.00,17.45,19.00,21.30
Двајцата знајме дека пола од овие не се возат.(За другите на форумот само подвлечените линии се возат).
Охрид-Битола-Скопје :
08:15 10:00 до пред неколку месеци оваа линија во 8;15 не беше одржувана.
Линии кои целосно не се во функција:
Охрид-Ресен-Битола
14:30
Охрид-Кичево-Скопје-Куманово :
14:15 (1.7-31.8) години не е во функција,да не беше возниов ред на мтц.гов немаше ни да знам
Охрид-Битола-Кавадарци-Струмица :
10:30 ( исто сезонска 1.7.-31.8).Иста ситуација како линијата погоре.
Охрид-Ресен-Битола-Прилеп:
20:30 (1.6.-31.8)

Муабетов ми е ,ете ок,ако не им е исплатливо нека не ги возат.Ама нека ги пуштат на други фирми.Ама претпоставувам финтата е да се држат многу линии (без да се возат сите)за да ја убијат конкуренцијата,како напиша погоре со ситуацијата со Исток.
А Законот за 22+1 бил донесен.Така и мислев,пак е до врските и нередот во инспекции.
И едно прашање.Дали Авто Атом ќе ја пуштат сезонската линија Виница-Кочани-Охрид (06:30 и 17:00 обратно),со важност од 26.6 до 31.8 ,одобрена од Министерство за транспорт и врски

Posted By: sanos_a
Date Posted: 28-Jun-2011 at 17:54
значи вака сега. тие линии што велиш дека не се возат тие се поништени од страна на превозниците што е многу тешко. ако не ги возат линиите казните се многу големи така да верувај дека ако ги имаат линиите ке ги возат.
авто атом нема да ја вози таа линија затоа што е со поминат рок Smile односно не е обновена а и нема потреба да се вози затоа што е мал бројот на патници за да идат 2 автобуси од кочани за охрид.
е сега дали знаеш дека за да отвориш нова линија мора да има одреден временски интервал помегу двете поагања од почетната станица? тој временски интервал зависи од оддалеченоста на почетната и крајната станица така да линијата на галеб во 05:15 и во 05:30 нема шанси двете да бидат одобрени од страна на министерството затоа што временската разлика е 15 минути а за линија со оддалеченост од 120 км изнесува најмалку 45 минути или 60 минути (не сум баш сигурен ама не е помалку од 45 минути). ова ти го кажувам затоа што јас аплицирав во министерство за новата линија на авто атом.

-------------
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum

Posted By: Тркало
Date Posted: 28-Jun-2011 at 18:16
Се разбравме.Значи овие од Министерство на списоците ги пишат и укинатите линии.Администрација

Posted By: phenomenon
Date Posted: 28-Jun-2011 at 18:36
Што чудни луѓе сте биле вие. Се жалите на Транскоп што пуштал комбе од Битола до Охрид. Лани и полани Штуз возеше со канта од комбе (Iveco), во права смисла на зборот, Од Куманово до Струга. Може ли некој да си го замисли тој садизам со патниците? Таа канта можете да ја видите на нивната официјална страница stuz.com.mk

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、

Posted By: BOJAN
Date Posted: 28-Jun-2011 at 19:05
А дали е можно дел од автобуските превозници намерно да аплицираат за голем број на линии во меѓуградскиот сообраќај за останатите компании да не можат да конкурираат? Тркало, знам за Охрид, но се надевам дека во летните месеци ќе се оддржува возниот ред.

Posted By: sanos_a
Date Posted: 28-Jun-2011 at 19:49
Originally posted by BOJAN

А дали е можно дел од автобуските превозници намерно да аплицираат за голем број на линии во меѓуградскиот сообраќај за останатите компании да не можат да конкурираат? Тркало, знам за Охрид, но се надевам дека во летните месеци ќе се оддржува возниот ред.

ова што си го пишал е добро ама може да биде и нож со две остици затоа што пазарот во македонија е доста мал а да земиш многу линии и после да не бидат сите рентабилни е голем проблем за една македонска фирма. значи кога се зема една линија се плаќа и после е многу тешко да се укине истата линија а мора да се одржува според доделениот возен ред од страна на министерство за транспорт

-------------
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum

Posted By: Тркало
Date Posted: 28-Jun-2011 at 19:51
Originally posted by BOJAN

А дали е можно дел од автобуските превозници намерно да аплицираат за голем број на линии во меѓуградскиот сообраќај за останатите компании да не можат да конкурираат? Тркало, знам за Охрид, но се надевам дека во летните месеци ќе се оддржува возниот ред.

И јас така мислев,ама ете ,колегата Sanos ме корегира опогоре дека списоците од Министерството за транспорт не биле исчистени од линии кои се откажани.Значи постојат линии впишани во списоците ,а не се одржуваат и се откажани (останати од поранешниот начин на доделување линии - пред воведување на електронскиот систем,односно воведување на одредени интервали на тргнување според линијата).

@Phenomenon Куманово е посебна приказна во автобускиот превоз.Значи сите автобуски фирми од Куманово можам слободно да ги вбројам во едни од превозниците со најлош па и најстар возен парк кај нас.
Особено е грдо со Југ Турист (години се во стечајна постапка и на некаков чуден начин пак работат,крпат нешто ).А биле едни од најсилните фирми во дејноста порано.

Истотака главниот превоз на овие фирми е за Скопје,па патниците оттука нека се снаоѓаат.Верувам дека линијата за Охрид би им била доходовна да ја држат преку цела година (мислам на ЈТ,секако со нормални возила).

Исто и до Битола една линија ,во Прилеп и Битола имат добар број студенти од Куманово.На лето недостатокот од патници би се покривал со продолжување на линијата до Преспанско Езеро.
Можат и линија до Врање/Лесковац/Ниш ,дневната миграција меѓу овие места е голема.

Бојан спомна окрупнување на фирмите.Е ова би било ок за Куманово,сиве овие фирми да се спојат ,да ги фрлат кантите за старо железо и да купат помал број ,ама помодерни возила.Ама ова е само утописки муабет.

Posted By: phenomenon
Date Posted: 28-Jun-2011 at 20:14
Порано Југ-Турист, како што јас се сеќавам имаше 100 автобуси во возниот парк. Го држеше целокупниот градски превоз за Куманово, имаше линија од Скопје до Ниш во 15:00, од Скопје за Приштина преку Куманово во 12:30. Мислам дека возеа и за Херцег Нови и за Бугарија во поодамнешните времиња. Но тоа го правеа бидејќи немаа конкуренција. Услугата им беше лоша, возачите безобразни (како на Галеб денес, не помагаа на стари и инвалидизирани, ако задоцниш не ти застануваа, па макар бил и на 20 метри од станицата, автобуската станица - монтажна барака со мизерно веце, во градскиот превоз имаа 8 линии со по еден автобус кои сообраќаа до крајните дестинации најмалку на еден час.
Денес во Куманово посртојат многу превозници кои имаат добар возен парк, но и натаму се крајно безобразни.
За Скопје освен Југ-Турист и Штуз кои поаѓаат од Автобуската станица, од пред Пензионерскиот дом за Скопје возат и Јоцо-Турс, Мамли-Травел, Були-Компани, Де Лукс, со релативно солидни комбиња и минибуси (Спринтери, Варио, Крафтери). Може има и уште некои кои ги испуштив.
Во градскиот и локалниот сообраќај е хаос. Ретко кој пушта нови автобуси, иако повеќето фирми купија половни автобуси од Западна Европа, туку и натаму пуштаат стари искршени автобуси и комбиња.
Од горенаведените ќе го изземам Оли-Травел бидејќи тој ЧЕСТО пушта нови автобуси и комбиња.
Во локалниот сообраќај често има ситуации кога комбе кое е ниско и не е предвидено за стоење на патници, се натоварува со патници кои стојат ПОДГРБАВЕНИ и по повеќе од 20 километри. И тоа на линијата до светски познатото Кокино!

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jun-2011 at 21:54
Originally posted by phenomenon

за Скопје возат и Јоцо-Турс, Мамли-Травел, Були-Компани
Имињава се ко од некој виц.

Суштината секако е поважна од формата, ама многу тешко ми е да замислам од вакви да се изроди некаква посериозна фирма.

Posted By: Тркало
Date Posted: 28-Jun-2011 at 22:45
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by phenomenon

за Скопје возат и Јоцо-Турс, Мамли-Травел, Були-Компани
Имињава се ко од некој виц.Суштината секако е поважна од формата, ама многу тешко ми е да замислам од вакви да се изроди некаква посериозна фирма.

Еве и дел од возилата
Штуз и Југ Турист се убедливо најлоши

Со ова комбе возеа Куманово-Струга?

Овие две фирми се посалам со возила:
Де Лукс

Јоцо Турс

извор: http://autobusi.net/forum/ - http://autobusi.net/forum/

Posted By: phenomenon
Date Posted: 28-Jun-2011 at 22:55
   Е ова Ивекото што го гледате возеше на релација Куманово-Струга. Не можам да замислам дека постојат такви будали што се возеле со него и УШТЕ И му плаќале билет (веројатно задоволни од удобниот превоз).

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、

Posted By: Тркало
Date Posted: 28-Jun-2011 at 22:59
Originally posted by phenomenon

   Порано Југ-Турист, како што јас се сеќавам имаше 100 автобуси во возниот парк. Го држеше целокупниот градски превоз за Куманово, имаше линија од Скопје до Ниш во 15:00, од Скопје за Приштина преку Куманово во 12:30. Мислам дека возеа и за Херцег Нови и за Бугарија во поодамнешните времиња. Но тоа го правеа бидејќи немаа конкуренција. Услугата им беше лоша,возачите безобразни (како на Галеб денес,не помагаа на стари и инвалидизирани, ако задоцниш не ти застануваа, па макар бил и на 20 метри од станицата, автобуската станица - монтажна барака со мизерно веце, во градскиот превоз имаа 8 линии со по еден автобус кои сообраќаа до крајните дестинации најмалку на еден час.

Дел од постарите возачи во Галеб уште живеат во тој филм од стариот систем,кога имале висок третман,па им било дозволено.Среќа голем дел од тие возачи се во/пред пензија,а имат една генерација 10 до 15 нови помлади возачи на возраст од околу 28-35 и баш се љубезни.Бавно,ама сигурно се приметливи промени во сите тие големи бивши државни фирми.
Истотака и новиот систем на работа,приватна фирма и поинакво е однесувањето,еден дел од газдите пратат реакции на форумот за автобуси,а примаат и сугестии/жалби/пофалби па се случувало после жалба за одреден возач истиот да е сменет на пониска позиција(од меѓуградски на локал).

А ако закасниш,па макар и 20 метри од станица ,нелогично е да се криви возачите,нели?После си остаен на нивната добра волја.Секој пат кога патувам,скоро секогаш имат по некој таков случај(пр.автобусот во 6 ,неколку луѓе идат на станица во 5:59 и уште се лутат,а менталитетот ни е таков едноставно касниме).

Posted By: phenomenon
Date Posted: 28-Jun-2011 at 23:01
Сега ова Ивеко вози на градските линии 5 и 5А во Куманово. И поради таквиот идиотизам, кретенизам, имбецилизам и дебилизам, луѓето се приморани да се возат со легални и диви таксисти, а оваа канта иде со по 2-3 патници, кои немаат никакво самопочитување!
И после овие од Штуз,замислете, се лутат зашто луѓето иделе со такси.
Па ти иде да му ја лупнеш една и да го успиеш, зашто мозокот им е мувлосан и не можат да сфатаат.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、

Posted By: BOJAN
Date Posted: 28-Jun-2011 at 23:16
А да прашам според вас кој е најквалитетен автобуски превозник во земјава, говорам за поголемите компании?   

Posted By: FoSsiL
Date Posted: 29-Jun-2011 at 00:33
Јас мислам дека Галеб е прв.

-------------
Македонија - Земја на чудата!

Posted By: N23
Date Posted: 29-Jun-2011 at 00:57
Галеб дефинитивно и делумно Хисар. Особено што Хисар има најави дека целосно ќе го реновира возниот парк и за меѓуградски релации. На трето место би ги ставил Транскоп, кои и покрај критиките изнесени тука имаат неколку одлични автобуси.
Иначе компаниите од типот на Штуз само покажуваат колку приватните субјекти се грижат за потрошувачите. Возењето на меѓуградска линија со стар германски градски автобус ви кажува се. Но не е Штуз крив, тие што се возат се криви. И втора ствар, не можам да разберам како им е боље на Кумановци да се возат со кантите на Југ Турист и Штуз, а не со воз. Ама тоа е кога народот не е доволно образуван да знае што да бара од приватниот сектор и како да го казни.

Posted By: Denko
Date Posted: 29-Jun-2011 at 12:18
Originally posted by N23

Pokraj tie sto se vozat ima uste eden krivec koj se vika "vlast". Vo Hrvatska pred nekolku godini vo vozenje se otvori vratata na eden star "skolski avtobus". Za zal vo ovaa slucka zagina ucenik. Hrvatskite vlasti po ovoj slucaj resija da zabranat stari avtobusi (postari od 10 godini) da prevezuvaat ucenici. po ovaa odluka prevoznicite bea primorani da gi prodadat postarite abtobusi. Ke pogodete li koj gi kupi?

Posted By: Тркало
Date Posted: 29-Jun-2011 at 14:30
Originally posted by N23

Галеб дефинитивно и делумно Хисар. Особено што Хисар има најави дека целосно ќе го реновира возниот парк и за меѓуградски релации.На трето место би ги ставил Транскоп, кои и покрај критиките изнесени тука имаат неколку одлични автобуси.
Иначе компаниите од типот на Штуз само покажуваат колку приватните субјекти се грижат за потрошувачите. Возењето на меѓуградска линија со стар германски градски автобус ви кажува се.И втора ствар, не можам да разберам како им е боље на Кумановци да се возат со кантите на Југ Турист и Штуз, а не со воз. Но не е Штуз крив, тие што се возат се криви. Ама тоа е кога народот не е доволно образуван да знае што да бара од приватниот сектор и како да го казни.

Кај Хисар 90% од возилата се така да речам нови 5-10 години старост,за автобус не е ништо ако е добро одржувањето.Само нивниот фокус е странство Словенија/Италија,а од домашни линии возат само 3 пати дневно Ох-Ск/Ск-Ох ,преку Охрид Експрес нивна ќерка фирма.
Кај Галеб една работа многу ја поштовам,на сите линии меѓуградски линии возат автобуси,не некакви самоделски комбиња.Постарите возачи им се малку тешки на карактер,ама среќа малку по малку си одат во пензија.Ама па никогаш не штедат на клима и одржувањето им е на највисоко ниво исто како и во Атом Кочани и Хисар.
Од бившите големи државни фирми добри се и Струмица Експрес и Атом Кочани,а исто и Руле Турс мислам дека добро работат (Ск-Те и Ск-Ср)и Дурмо Турс-Гостивар (освен од странските линии шо им се главни,возат домашен превоз Гв-Ск со возила кои некои фирми не ги користат ни за меѓународен).
Кај Транскоп целиот проблем е до менаџментот.Имат една грда пракса на пр.автобус од Скопје за Отешево ,после стигнување во Битола (пауза 15 мин.)да го пуштат на танкирање или возење една тура за превоз на работници од РЕК ,поради недостаток на возила и паузата од 15 мин.на крај е пауза од 40,50 мин.
Исто и Симекс - Кичево ги ставам во група со Транскоп,поради газдите и лошото одржување.А за линиите се точни и навреме.

A за вториот болд,гледам Штуз имале линии на секој сат.Сигурно и Југ Турист возат измеѓу тие времиња + Де Лукс и други значи отприлика на секој 15-20 минути превоз за Скопје.А МЖ дали имаат 5 тргнувања дневно...

Posted By: N23
Date Posted: 29-Jun-2011 at 14:42
Originally posted by Denko

Pokraj tie sto se vozat ima uste eden krivec koj se vika "vlast". Vo Hrvatska pred nekolku godini vo vozenje se otvori vratata na eden star "skolski avtobus". Za zal vo ovaa slucka zagina ucenik. Hrvatskite vlasti po ovoj slucaj resija da zabranat stari avtobusi (postari od 10 godini) da prevezuvaat ucenici. po ovaa odluka prevoznicite bea primorani da gi prodadat postarite abtobusi. Ke pogodete li koj gi kupi?

Ама власта и да нареди, овие ќе почнат да се бунат како се сиромашни, немаат доволно пари, ќе се бунтуваат и ќе попушти власта како за се друго. Но ако приватникот не го почитува патникот, ондак како да очекуваме да ја почитува државата, кога секој гледа на различен начин да ја зезне државата. Хрватска и нагоре е друга прича, тргнувајќи од тоа дека они се големи "домољуби" и реално самите повеќе се почитуваат одошто ние меѓу нас. Кај нас да може такси ќе вози со кола од пред 50 години, а камоли автобус. И јас сум за тоа државата да ги стегне и за домашни линии да не возат автобуси постари од 10 години, ама скептик сум по тоа прашање и единствена шанса да се подобри приватниот автобуски превоз е наш влез во ЕУ а со тоа и морално, ако треба и присилно почитување на одредбите.

Posted By: N23
Date Posted: 29-Jun-2011 at 14:49
Originally posted by Тркало

И на Руле Турс мислев, ама ги заборавив. И они имаат прилично нови автобуси, мислам дека накај Струмица и Тетово ги возат.
А за Куманово, мислев за периодот кога има и воз и автобус, у тој интервал јас лично пре би да се возам со воз него со бус. Деградирање на патникот е да го превезуваш меѓу два града со автобус наменет за градски превоз.

Posted By: Denko
Date Posted: 29-Jun-2011 at 15:16
Originally posted by N23

Originally posted by Denko

Pokraj tie sto se vozat ima uste eden krivec koj se vika "vlast". Vo Hrvatska pred nekolku godini vo vozenje se otvori vratata na eden star "skolski avtobus". Za zal vo ovaa slucka zagina ucenik. Hrvatskite vlasti po ovoj slucaj resija da zabranat stari avtobusi (postari od 10 godini) da prevezuvaat ucenici. po ovaa odluka prevoznicite bea primorani da gi prodadat postarite abtobusi. Ke pogodete li koj gi kupi?

Ама власта и да нареди, овие ќе почнат да се бунат како се сиромашни, немаат доволно пари, ќе се бунтуваат и ќе попушти власта како за се друго. Но ако приватникот не го почитува патникот, ондак како да очекуваме да ја почитува државата, кога секој гледа на различен начин да ја зезне државата. Хрватска и нагоре е друга прича, тргнувајќи од тоа дека они се големи "домољуби" и реално самите повеќе се почитуваат одошто ние меѓу нас. Кај нас да може такси ќе вози со кола од пред 50 години, а камоли автобус. И јас сум за тоа државата да ги стегне и за домашни линии да не возат автобуси постари од 10 години, ама скептик сум по тоа прашање и единствена шанса да се подобри приватниот автобуски превоз е наш влез во ЕУ а со тоа и морално, ако треба и присилно почитување на одредбите.
Znaci vaka, ako nekoj nema pari da kupi dobri avtobusi neka sadi tutun ili patlidzani a ne vaka da ja zagrozuva bezbednosta na graganite. Drzavnite institucii se za toa zadolzeni, da postavuvaat pravila i standardi. Se drugo (nemam pari pa moram so stari avtobusi da vozam) e improvizacija i diletantizam. I jas sakam da bidam npr. avieprevoznik i da imam flota od 15 avioni, no.... Zatoa ili ke bideme drzava kako sto treba ili ke se davime vo kalta.

Posted By: Denko
Date Posted: 29-Jun-2011 at 15:22
Hisar ima navistina dobri avtobusi (sum se vozel do Zagreb), no uslugata, odnosno odnosot na vozacite mi ostavi los vpecatok. Da zboruvam da toa deka vozat izmoreni i nenaspieni... Ne znam dali mlaz-bogdanci uste vozi (zboruvam za megunarodni linii), no mozam da kazam deka nivniot personal (koga se vozev so niv pre 8-9 godini) se izdvojuvase od drugite. Tie bea (ili seuste se) vistinski profesionalci.

Posted By: Тркало
Date Posted: 29-Jun-2011 at 15:59

За ова со Хисар си 100% во право и за возилата и за возачите.Го имам слушано и од други фирми и патници.Пред некое време патував за Италија со друга фирма конкуренција на Хисар и пола од патниците беа бивши редовни патници на Хисар и истово го слушнав.Нормално и во овие имаше некакви импровизации ,ама далеку се подобри.Во автобусот делеа пијачки(избор Фруктал/Кока Кола) и Винчини на 2 пати,а тие мали ситници на крај ќе го задржат патникот.
Млаз моментално за странство возат само Скопје-Белград деловна линија (патуваш 5 сати ,место 7,5-8 со стандардна линија) и уште си го држат тој однос.

Posted By: N23
Date Posted: 29-Jun-2011 at 16:10

Тркало коа спомна дека возат уште за Белград, колку им кошта повратна, а и за Италија до каде и која цена е карта?

Posted By: Тркало
Date Posted: 29-Jun-2011 at 17:30
Originally posted by N23

Тркало коа спомна дека возат уште за Белград, колку им кошта повратна, а и за Италија до каде и која цена е карта?

Знам дека во 2:00/4:00 сабајле им беше линијата во 7:15/9:15 си во Белград во соработка со КМГ Путник Белград.Таа во 4 ја возеа Млаз,таа во 2 КМГ Путник.Од Белград во 16:00 и 17:00,ама не одеа од БАС (Главната АС).
А за цена не знам,не е активна страната на АС Скопје,а на белградскава не пишат цени.
Имаш и друга опција Македонија Сообраќај/БС Турс директно до Белград (23:30>05:15 и оттаму 17:30>23:00 назад од главната станица).Цената им е во денари 1300 OW/1900 RT.

За Италија е проблем,сите као возат до крај,а финтата е дека возат до словенечка граница и после ќе те префрлат во некое комбе да се кршиш до Италија.(Зборувам за ДРД и Хисар).
Дурмо Турс - Гостивар сигурно возат директно.Цената е 120-130 евра.

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jun-2011 at 10:59
Го разгледував http://www.autobusi.net/ - http://www.autobusi.net
Одличен портал и одличен форум. Она што ми падна во очи кај македонските автобуски превозници е екстремната шареноликост на флотите. Донекаде го разбирам делот кога се поседуваат модели од различни периоди, но не можам да разберам зошто и при набавката на нови возила, нема никаква унификација. Ми изгледа како секој превозник да се труди да има по еден примерок од што повеќе видови, како да се колекционери. Дали некој може да понуди објаснување за економската логика зад ваквата филозофија на превозниците?

http://www.autobusi.net/ -

Posted By: BOJAN
Date Posted: 30-Jun-2011 at 11:34
Originally posted by Cloverstack

Го разгледував http://www.autobusi.net/ - http://www.autobusi.net Одличен портал и одличен форум. Она што ми падна во очи кај македонските автобуски превозници е екстремната шареноликост на флотите. Донекаде го разбирам делот кога се поседуваат модели од различни периоди, но не можам да разберам зошто и при набавката на нови возила, нема никаква унификација. Ми изгледа како секој превозник да се труди да има по еден примерок од што повеќе видови, како да се колекционери. Дали некој може да понуди објаснување за економската логика зад ваквата филозофија на превозниците? http://www.autobusi.net/ -

Кловер, нема логика кај автобуските превозници, обично купуваат автобуси на старо со можност да биде најевтино. Понекогаш ги купуваат автобусите и од препродавачи во земјава, па и не е секогаш вината кај нив. Унифицираност на возилата има единствено кај постарите и поголеми автотранспортни претпријатија, а за мене најдостоен пример во таа насока е Галеб - Охрид кој успеа да го задржи препознатливиот изглед на автобусите до денешен ден.

Posted By: Тркало
Date Posted: 30-Jun-2011 at 16:42

Кловер, нема логика кај автобуските превозници, обично купуваат автобуси на старо со можност да биде најевтино.
Кловер, нема логика кај автобуските превозници, обично купуваат автобуси на старо со можност да биде најевтино. Понекогаш ги купуваат автобусите и од препродавачи во земјава, па и не е секогаш вината кај нив.Унифицираност на возилата има единствено кај постарите и поголеми автотранспортни претпријатија, а за мене најдостоен пример во таа насока е Галеб - Охрид кој успеа да го задржи препознатливиот изглед на автобусите до денешен ден.

1 болд:90% е точно,особено со законот кој им дозволи купување возила со Еуро 2 мотори.Тогаш одредени фирми дури 50% од возниот парк го сменија со условно речено нови возила,ама сепак подобри од дотогашните.Други се патиштата на пр.во Германија и кај нас ,исто и одржувањето.
Макар и не е толку страшно различни модели,ете во Атом Кочани со Е2 зедоа неколку МАН-а,а претходно неколку нови Марбуси(бивши ТАМ-Марибор).
Марбусот е со мотор и механика на МАН исто како и Неоплан ,сите тие се слични.Во др. група се возила на основа МБ агрегати(МБ,Санос,Сетра).
2 болд:
Постарите фирми си држат колку-толку некој ред.Во Галеб се сите Саноси и МБ,со исклучок на еден приградски Икарбус и пред 2 години еден Неоплан.На форумот за автобуси директорот за патнички сообраќај на Галеб истакна дека ако земат нови возила пак ќе се Мерцедеси,а дека Неопланот го купиле од Австрија многу евтино поради оштетување во сообраќајка.
Друга работа шо ја кажа беше дека по експериментите со разни шари
(мене ми беа лично одвратни особено оваа првава)

,сите возила ќе се вратат во старата позната колор шема.
Ова е многу битно за една фирма да е препознатлива.Освен Галеб,стандардната колор шема (без или со мали исклучоци) си ја држат и Струмица Експрес,Руле Турс,Берово Транс,Авто Атом,Транскоп,Сам-Вел.

Posted By: R3COV3RY
Date Posted: 30-Jun-2011 at 19:01
Originally posted by sanos_a

значи вака сега. тие линии што велиш дека не се возат тие се поништени од страна на превозниците што е многу тешко. ако не ги возат линиите казните се многу големи така да верувај дека ако ги имаат линиите ке ги возат. авто атом нема да ја вози таа линија затоа што е со поминат рок Smile односно не е обновена а и нема потреба да се вози затоа што е мал бројот на патници за да идат 2 автобуси од кочани за охрид.е сега дали знаеш дека за да отвориш нова линија мора да има одреден временски интервал помегу двете поагања од почетната станица? тој временски интервал зависи од оддалеченоста на почетната и крајната станица така да линијата на галеб во 05:15 и во 05:30 нема шанси двете да бидат одобрени од страна на министерството затоа што временската разлика е 15 минути а за линија со оддалеченост од 120 км изнесува најмалку 45 минути или 60 минути (не сум баш сигурен ама не е помалку од 45 минути). ова ти го кажувам затоа што јас аплицирав во министерство за новата линија на авто атом.

Да ве прашам... Баш ќе ми треба сега од Кочани за Охрид автобус, значи во 5 и 15 од сабалје има линија така? Од автобуска тргнува? Исто, дали работи автобуската или во автобусот се купуваат билети и дали даваат фискални сметки? И колку време се патува од Кочани до Охрид?

Posted By: BOJAN
Date Posted: 30-Jun-2011 at 21:38
Originally posted by R3COV3RY

Друже, според возниот ред што го поставиле, Галеб - Охрид од Кочани за Охрид ти поаѓа од 14:30 часот, а во Охрид пристигнува во 20:20 часот, а од Охрид за Кочани имаш во 6 часот кој во Кочани пристигнува во 12:30 часот.

Posted By: Тркало
Date Posted: 30-Jun-2011 at 21:54
Originally posted by R3COV3RY

Да ве прашам... Баш ќе ми треба сега од Кочани за Охрид автобус, значи во 5 и 15 од сабалје има линија така? Од автобуска тргнува? Исто, дали работи автобуската или во автобусот се купуваат билети и дали даваат фискални сметки? И колку време се патува од Кочани до Охрид?

Кочани - Охрид 06:30 Авто Атом 12:00
               14:30 Галеб     20:10
Охрид-Кочани    06:00 Галеб     11:40 (Рес,БТ,Пп,Кав,Ве,Шт)
               13:30 Авто Атом 19:00 (Рес,БТ,Пп,Ве,Шт)

Нормално дека на шалтер ќе земиш карта т.е.во Кочани добиваш само фискална.И не се секирај ,двете фирми се ОК не каснат и не штедат клима.

Posted By: sanos_a
Date Posted: 30-Jun-2011 at 22:25
Originally posted by R3COV3RY

Originally posted by sanos_a

значи вака сега. тие линии што велиш дека не се возат тие се поништени од страна на превозниците што е многу тешко. ако не ги возат линиите казните се многу големи така да верувај дека ако ги имаат линиите ке ги возат. авто атом нема да ја вози таа линија затоа што е со поминат рок Smile односно не е обновена а и нема потреба да се вози затоа што е мал бројот на патници за да идат 2 автобуси од кочани за охрид.е сега дали знаеш дека за да отвориш нова линија мора да има одреден временски интервал помегу двете поагања од почетната станица? тој временски интервал зависи од оддалеченоста на почетната и крајната станица така да линијата на галеб во 05:15 и во 05:30 нема шанси двете да бидат одобрени од страна на министерството затоа што временската разлика е 15 минути а за линија со оддалеченост од 120 км изнесува најмалку 45 минути или 60 минути (не сум баш сигурен ама не е помалку од 45 минути). ова ти го кажувам затоа што јас аплицирав во министерство за новата линија на авто атом.

Да ве прашам... Баш ќе ми треба сега од Кочани за Охрид автобус, значи во 5 и 15 од сабалје има линија така? Од автобуска тргнува? Исто, дали работи автобуската или во автобусот се купуваат билети и дали даваат фискални сметки? И колку време се патува од Кочани до Охрид?

Автобус од Кочани за Охрид имате во 06:30 часот кој поаѓа од автобуска станица во Кочани која почнува со работа во 05:00 часот. Освен на автобуската станица билети можете да си извадете и во автобусот во кој секако дека се даваат фискални сметки. Времето на патување од Кочани до Охрид е скоро 6 саати, значи поаѓа во 06:30 од Кочани, а пристигнува во Охрид во 12:15 часот.

-------------
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum

Posted By: sanos_a
Date Posted: 30-Jun-2011 at 22:28
Originally posted by BOJAN

Кловер, нема логика кај автобуските превозници, обично купуваат автобуси на старо со можност да биде најевтино. Понекогаш ги купуваат автобусите и од препродавачи во земјава, па и не е секогаш вината кај нив. Унифицираност на возилата има единствено кај постарите и поголеми автотранспортни претпријатија, а за мене најдостоен пример во таа насока е Галеб - Охрид кој успеа да го задржи препознатливиот изглед на автобусите до денешен ден.

А која е твојата логика да имаат автобуси само од исти произведувач? Еве ти еден пример со нашите Санос автобуси. Кога ќе застане пред тебе санос автобуси и неоплан во кој ке се качеш? Ако Санос-от и Неоплан-от се стари по 20 години кој ке ти изгледа нов автобус?
Ако мислеш дека заради одржувањето е подобро да бидат исти автобусите тогаш се лажеш дека е така. Унифицираност можеш да бараш во колор шемата на автобусите а во моделите на автобуси тешко дека ке најдеш фирма која има автобуси од исти производител.

-------------
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum

Posted By: BOJAN
Date Posted: 30-Jun-2011 at 22:37
Originally posted by sanos_a

Originally posted by BOJAN

Кловер, нема логика кај автобуските превозници, обично купуваат автобуси на старо со можност да биде најевтино. Понекогаш ги купуваат автобусите и од препродавачи во земјава, па и не е секогаш вината кај нив. Унифицираност на возилата има единствено кај постарите и поголеми автотранспортни претпријатија, а за мене најдостоен пример во таа насока е Галеб - Охрид кој успеа да го задржи препознатливиот изглед на автобусите до денешен ден.
А која е твојата логика да имаат автобуси само од исти произведувач? Еве ти еден пример со нашите Санос автобуси. Кога ќе застане пред тебе санос автобуси и неоплан во кој ке се качеш? Ако Санос-от и Неоплан-от се стари по 20 години кој ке ти изгледа нов автобус? Ако мислеш дека заради одржувањето е подобро да бидат исти автобусите тогаш се лажеш дека е така. Унифицираност можеш да бараш во колор шемата на автобусите а во моделите на автобуси тешко дека ке најдеш фирма која има автобуси од исти производител.

Јас пишав препознатлив изглед на возилата, мислам дека сум јасен дека се работи за надворешноста на автобусите, бојата и логото на компанијата.

Posted By: N23
Date Posted: 30-Jun-2011 at 23:49
Originally posted by Тркало

Знам дека во 2:00/4:00 сабајле им беше линијата во 7:15/9:15 си во Белград во соработка со КМГ Путник Белград.Таа во 4 ја возеа Млаз,таа во 2 КМГ Путник.Од Белград во 16:00 и 17:00,ама не одеа од БАС (Главната АС).
А за цена не знам,не е активна страната на АС Скопје,а на белградскава не пишат цени.
Имаш и друга опција Македонија Сообраќај/БС Турс директно до Белград (23:30>05:15 и оттаму 17:30>23:00 назад од главната станица).Цената им е во денари 1300 OW/1900 RT.

За Италија е проблем,сите као возат до крај,а финтата е дека возат до словенечка граница и после ќе те префрлат во некое комбе да се кршиш до Италија.(Зборувам за ДРД и Хисар).
Дурмо Турс - Гостивар сигурно возат директно.Цената е 120-130 евра.

Фала за одговорот. Мене ми беше затоа што мајка ми ми кажа дека лани кога иделе накај Белград Млаз им наплатил 1300 денари повратна, па мене ми беше чудно затоа што со секој друг превозник е околу 2000 денари. А ова за Италија ме чуди високава цена, затоа што ако не се лажам Руле Турс имаат истакнато и на автобуска дека до Италија, односно до Мештре возат за 30 евра (со попуст, иначе претходно 45 била). Ова 120-130 евра би требало вероватно повратна да е?

Posted By: Тркало
Date Posted: 01-Jul-2011 at 00:18

Да,повратна карта.
Толку е во еден правец околу 50-60 евра (не знам точно,јас комбинирав автобус до словенечка граница и оттаму со воз,52Е автобус и 3,75Е воз).
Ама ме изненади и ме збуни со овие 30 евра.Тие сега брзо почнаа за италија од последните промени на возен ред,ако е ова вистина ја рушат конкуренцијата (Хисар,ДРД,Дурмо Турс и уште 2-3 фирми возат натака) и играта им е валкана.

Posted By: N23
Date Posted: 01-Jul-2011 at 00:24
Сто посто е 30 евра за до Мештре. Баш и со еден шофер од Руле зборев и он бил до Венеција со таа тура. А ова 3,75 евра воз е од словеначка граница до? Зашто планирам пут со автобус ако уште важи понудава и после или автобус или воз до Венеција.

Posted By: Тркало
Date Posted: 01-Jul-2011 at 00:40
Originally posted by N23

Сто посто е 30 евра за до Мештре. Баш и со еден шофер од Руле зборев и он бил до Венеција со таа тура. А ова 3,75 евра воз е од словеначка граница до? Зашто планирам пут со автобус ако уште важи понудава и после или автобус или воз до Венеција.

Од Горициа/Gorizia(интересно градот е споен со Нова Горица во Словенија и границата е фактички низ градот )до Удине,околу 45 км од граница.

Руле Турс одат преку друг граничен премин (Фернетичи)т.е.најблизок град за трансфер со воз ти е Трст ,а оттаму до Венеција/Местре ти е од 16 до 22 евра зависи од возот,а времето на патување 40-60 мин.подолго отколку автобус.
Во секој случај е подобра опција автобусот дали 30 или 50 евра,барем нема да се префрлаш.Освен ако не си авантуристички расположен.

Posted By: FoSsiL
Date Posted: 01-Jul-2011 at 00:43
А да одиш со авион? Wizzair ~15-30 (зависи како ќе фатиш периодот) евра во една насока, а за повратна нема да фати повеќе од 100 евра, со сите трошоци кои не се вклучени во цената... пример багаж повеќе од дозволеното, јадење, пиење, за што нема што уствари да зимаш и плаќаш кога Венеција е прилично блиску и има краток лет...

Ем директно ти е, ем побрзо е за саат и пол - два си таму најмногу... ем и поефтино, барем соодветно со услугата...

Е сега има само едно проблемче... летовиве им почнуваат од 1 Октомври, а незнам какви ти се плановите... или да почекаш до Октоври или пак другата година...
а ако одиш во октомври тогаш резервирај уште од сега...

види информирај се... кога е најубаво таму... како е во Венеција, што и колку ти треба, времето, корисни информации, кога им се поплавите и слично...

-------------
Македонија - Земја на чудата!

Posted By: N23
Date Posted: 01-Jul-2011 at 00:46

Прочитав некаде дека за Венеција стартува од 20 Септември. А и да нема од тогаш лет, ќе идеме опција бус-воз, особено што иаме намера да правие "euro-trip".
Во секој случај фала на ифнормацииве.

Posted By: FoSsiL
Date Posted: 01-Jul-2011 at 00:55
Нема проблем... Секако дека е поинтересно бус-воз, интересни предели, убав пат... иако и би траело повеќе време.

Јас да би имало воз директно Скопје-Венеција би одел исклучиво со воз, но и оваа опција не би ја отфрлил, комбинирано...

Но можете пример за враќање да си фатите авион... ако има... и ако сакате... тоа е ваше...

-------------
Македонија - Земја на чудата!

Posted By: BOJAN
Date Posted: 01-Jul-2011 at 10:12
Originally posted by N23

Прочитав некаде дека за Венеција стартува од 20 Септември. А и да нема од тогаш лет, ќе идеме опција бус-воз, особено што иаме намера да правие "euro-trip".
Во секој случај фала на ифнормацииве.

Друже, јас ти предлагам да ја пробаш опцијата до Загреб со автобус или воз, а од Загреб ти предлагам да фатиш воз. Има Smart Price попуст за карти купени минимум 7 дена пред поаѓање(препорачливо е што порано да се купат) по цена од 15 евра на релација Загреб-Венеција во еден правец. Се разбира, возот е директен кон Венеција. Извор е сајтот на Хрватски железници.

Posted By: N23
Date Posted: 01-Jul-2011 at 19:31
Бојан морам да признаам ме изненади со оваа опција и дури ќе подразмислам и за неа. Само не знам како се движат цените за со бус до Загреб.

Posted By: OCB
Date Posted: 01-Jul-2011 at 20:27
Конечно профункционира веб страната на Автобуската станица - Скопје. Засега има возен ред само за поаѓања.

www.sas.com.mk - www.sas.com.mk

Posted By: sanos_a
Date Posted: 01-Jul-2011 at 22:03
Originally posted by BOJAN

Originally posted by sanos_a

Originally posted by BOJAN

Кловер, нема логика кај автобуските превозници, обично купуваат автобуси на старо со можност да биде најевтино. Понекогаш ги купуваат автобусите и од препродавачи во земјава, па и не е секогаш вината кај нив. Унифицираност на возилата има единствено кај постарите и поголеми автотранспортни претпријатија, а за мене најдостоен пример во таа насока е Галеб - Охрид кој успеа да го задржи препознатливиот изглед на автобусите до денешен ден.
А која е твојата логика да имаат автобуси само од исти произведувач? Еве ти еден пример со нашите Санос автобуси. Кога ќе застане пред тебе санос автобуси и неоплан во кој ке се качеш? Ако Санос-от и Неоплан-от се стари по 20 години кој ке ти изгледа нов автобус? Ако мислеш дека заради одржувањето е подобро да бидат исти автобусите тогаш се лажеш дека е така. Унифицираност можеш да бараш во колор шемата на автобусите а во моделите на автобуси тешко дека ке најдеш фирма која има автобуси од исти производител.

Јас пишав препознатлив изглед на возилата, мислам дека сум јасен дека се работи за надворешноста на автобусите, бојата и логото на компанијата.

имаш во македонија неколку фирми кои тоа го практикуваат, мислам дека Тркало ги наброја некои од нив ама еве и јас ке ти кажам некои: Авто Атом Кочани, Галеб Охрид, Струмица експрес Струмица, Руле Турс Скопје, Транскоп Битола...
Е сега не можеш да очекуваш дека сите автобусите ке бидат со иста боја бидејки кога се купува автобус не можеш да бираш боја (зборувам за половен) бидејки 99% во Македонија се купуваат половни автобуси, а кога се купуваат нови тогаш секако дека ке се избере боја која е препознатлива за фирмата. Приметувам дека во Македонија превозниците најчесто ја одбираат белата боја затоа што таа е најлесна и најефтина за одржување.

-------------
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum

Posted By: Тркало
Date Posted: 20-Sep-2011 at 16:02
Originally posted by OCB

Конечно профункционира веб страната на Автобуската станица - Скопје. Засега има возен ред само за поаѓања.

www.sas.com.mk - www.sas.com.mk

Имам некое мислење дека во ова време фирма без интернет страна не е сериозна.За поздрав се овие подобрувања:
http://www.avtoatom.com.mk/ - Авто Атом - Кочани
И уште една, посиромашна
http://transkop-bitola.tripod.com/ - Транскоп - Битола
Исто и http://www.adgaleb.com.mk/ - Галеб - Охрид (први) имаа веб ,ама скоро две години им е нефункционален ,a http://www.se.com.mk/ - Струмица Експрес исто толку време 'работат на нов дизајн' .

Posted By: BOJAN
Date Posted: 04-Nov-2011 at 17:22
Пријатно се изненадив денеска кога на автобус на превозникот „Охрид експрес“ забележав знак и натпис бесплатен безжичен интернет, ако е вистина, ова е пријатен позитивен напредок во македонски рамки .

Posted By: sanos_a
Date Posted: 04-Nov-2011 at 20:07
истото го планираме и ние во нашите автобуси да го спроведеме ама сега засега нека чекаме цени од т-хоме

-------------
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum

Posted By: Тркало
Date Posted: 09-Nov-2011 at 18:41
Originally posted by BOJAN

Унифицираност на возилата има единствено кај постарите и поголеми автотранспортни претпријатија, а за мене најдостоен пример во таа насока е
Галеб - Охрид кој успеа да го задржи препознатливиот изглед на автобусите до денешен ден.

Едно време почнаа со шарање на автобусите, мене лично ич не ми се бендиса како чест корисник на нивните услуги.Среќа сега ја враќаат старата колор шема на 'унакажаните' возила.
А еве пример како останале дури 50 години и со истиот фонт букви и лого ,шо би требало да е препознатливо како особеност на една фирма.
1960

2010

Posted By: BOJAN
Date Posted: 07-Dec-2011 at 18:21
„Галеб“ речиси двојно ја намали цената на повратниот билет за Скопје!

АД „Галеб“ речиси за половина ја намали цената на повратниот билет за Скопје за студенти. Од утре студентите ќе патуваат од Охрид за Скопје и во обратен правец за само 420 денари.

-АД „Галеб“ Охрид како општествено одговорна компанија води грижа за своите патници, особено за младите и студентите за кои во време на економска криза изготвивме посебен попуст. Студентите како редовни патници отсекогаш биле важен сегмент од нашата работа и на овој начин ние им возвраќаме за нивната доверба.-изјави Димитар Василески од АД „Галеб“.

Билетите со пупуст, студентите ќе може да ги купуваат на автобискуте станици во Охри и Скопје, при што задолжително ќе треба со себе да понесат индекс, кој ќе треба да го покажат и при влегување во автобус.

Повратниот билет во правецот Охрид-Скопје-Охрид по цена од 420 денари важи еден месец од издавањето.

Извор: http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=36727

Posted By: BOJAN
Date Posted: 03-Feb-2012 at 17:19
Битолски “Транскоп“ се коцка со животите на патниците

Битолскиот превозник “Транскоп“ вчера остави околу триесетина патници кои патувале од Битола кон Охрид да смрзнуваат покрај патот повеќе од еден час, откако комбето во кое се превезувале се расипало.

Патничка во комбето раскажува за патишествието со битолската превозна компанија при што за малку ќе загинеле поради неисправноста на возилото, а потоа морале да чекаат ново возила повеќе од еден час на минус 15 степени.

“Со редовна автобуска линија, во 13,15 часот, петнаесет патници, користејќи го превозот на А.Д. Транскоп од Битола, се упатија од Битола кон Охрид. Патниците беа испратени со комбе старо повеќе од 30 години, валкано, оштетено, со несоодветни гуми за зимски услови,и без греење, а денес во Битола беше -15 степени. И покрај фактот, што во комбето имаше место за 15 патници, шоферот на комбето, уште неизлезен од Битола, почна да прима нови патници, за кои немаше место за седење“, вели патничката.

Но, преголемиот број на патници во комбето останал мал проблем во моментот кога на само неколку километри пред Ресен во возилото почнал да навлегува чад и силна миризба на изгорено. Патнциите во паника се обидувале да излезат од комбето, но возачот сосема рамнодушно ги смирувал дека тоа што комбето, старо 30 години, чади од сите страни не е ништо страшно и ќе го продолжат патот за Охрид.

“И секако тоа не се случи, бидејќи комбето по сите можни логики треба да заврши во отпад, а не на патиштата, коцкајќи се со животот на патниците, млади луѓе, студенти, жени и деца. По еден час чекање на екстремно ниските температури, на отворен и лизгав пат, патниците конечно го добија својот превоз до Охрид“, раскажува патничката која за Охрид патувала службено, а поради несовесното работење на “Транскоп“ доцнела три часа.

На крајот од патувањето патниците, наместо да добијат извинување или некаков надомест поради стравот, студот и доцнењето, добиле иронично објаснување дека сепак “вакви работи се случуваат“.

Кога им се јавивме за објаснување од раководството на “Транскоп“ велеа дека не се известени за таков случај со нивно возило и ветија дека ќе проверат. Но, подоцна ги побаравме и наместо објаснување ни рекоа дека директорот задолжен за тоа е надвор од канцеларијата и не може да ни одговори.

Izvor: Netpres, http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=98365&kategorija=1

Posted By: phenomenon
Date Posted: 03-Feb-2012 at 19:37
   Јас овде вината ја наоѓам и во Министерството за Транспорт и врски. Еклатантен пример е Куманово. Им издало дозвола на Југ-Турист и Штуз да ја возат линијата Куманово-Скопје-Куманово со автобус-контејнери и искршени комбиња, додека на Јоцо-Турс и Де Лукс, кои имаат далеку подобар возен парк, не им дава дозвола, па истите се принудени да возат на диво.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、

Posted By: Тркало
Date Posted: 04-Feb-2012 at 15:29
Originally posted by BOJAN

Битолски “Транскоп“ се коцка со животите на патниците

Битолскиот превозник “Транскоп“ вчера остави околу триесетина патници кои патувале од Битола кон Охрид да смрзнуваат покрај патот повеќе од еден час, откако комбето во кое се превезувале се расипало.

Патничка во комбето раскажува за патишествието со битолската превозна компанија при што за малку ќе загинеле поради неисправноста на возилото, а потоа морале да чекаат ново возила повеќе од еден час на минус 15 степени.

“Со редовна автобуска линија, во 13,15 часот, петнаесет патници, користејќи го превозот на А.Д. Транскоп од Битола, се упатија од Битола кон Охрид. Патниците беа испратени со комбе старо повеќе од 30 години, валкано, оштетено, со несоодветни гуми за зимски услови,и без греење, а денес во Битола беше -15 степени. И покрај фактот, што во комбето имаше место за 15 патници, шоферот на комбето, уште неизлезен од Битола, почна да прима нови патници, за кои немаше место за седење“, вели патничката.

Но, преголемиот број на патници во комбето останал мал проблем во моментот кога на само неколку километри пред Ресен во возилото почнал да навлегува чад и силна миризба на изгорено. Патнциите во паника се обидувале да излезат од комбето, но возачот сосема рамнодушно ги смирувал дека тоа што комбето, старо 30 години, чади од сите страни не е ништо страшно и ќе го продолжат патот за Охрид.

“И секако тоа не се случи, бидејќи комбето по сите можни логики треба да заврши во отпад, а не на патиштата, коцкајќи се со животот на патниците, млади луѓе, студенти, жени и деца. По еден час чекање на екстремно ниските температури, на отворен и лизгав пат, патниците конечно го добија својот превоз до Охрид“, раскажува патничката која за Охрид патувала службено, а поради несовесното работење на “Транскоп“ доцнела три часа.

На крајот од патувањето патниците, наместо да добијат извинување или некаков надомест поради стравот, студот и доцнењето, добиле иронично објаснување дека сепак “вакви работи се случуваат“.

Кога им се јавивме за објаснување од раководството на “Транскоп“ велеа дека не се известени за таков случај со нивно возило и ветија дека ќе проверат. Но, подоцна ги побаравме и наместо објаснување ни рекоа дека директорот задолжен за тоа е надвор од канцеларијата и не може да ни одговори.
Izvor: Netpres, http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=98365&kategorija=1

Еве сликовито да ја доловиме таа ситуација од мое лично искуство, сликано во Јуни 2011 на истата линија Битола - Ресен - Охрид во 13:15.Комбето имаше 19 седишта, а 30 патници и нула клима.Место во 14:45 во Охрид стигнавме во 15:15 (линија од нецели 80 км).Најтрагично е (лично сум бил сведок уште неколку пати)дека на истава линија редовна пракса е комбе од 19 седишта.За волја на вистината овие модели на Ивеко/Застава се почнати со производство максимум пред 20 години, а не 30 како шо е тенденциозно наведено во текстот.

Мое мислење е дека комбиња би требало да се забранат во меѓуградски превоз - освен со минимум 22 седишта, како е планирано со Законот кој не е почитуван од пола фирми.
И ако веќе се користат тие 22+1 возила, да бидат ограничени на линија до кај 60-70 км, оти стварно е невозможно да ги мрдаш нозете во текот на патувањето со оглед дека растојанието меѓу седиштата е негде 30% помало од автобусите.
Епа ако можат Симекс да возат Охрид - Кичево (65км) со двокатен автобус за 30-тина патници и Галеб за Битола со нормален бус во сабота, недела (макс.25 патници)можат и Транскоп.
Штета шо се во длабока врска со моменталната власт, ама и порано не биле подобри.

Posted By: Тркало
Date Posted: 04-Feb-2012 at 15:55
Не знам сликите од погоре зошто не ги отвори, еве ги овде имам проблем менување на постот.

Понекогаш и за Скопје возат со комбе (линија од 3 и пол сати )

Линија Битола-Ресен-Охрид-Струга

Нивно возило на кое му откажаа кочниците и заглави воланот пред 5-6 години имаше сообраќајка на линија за Белград.Загина и еден патник.

Posted By: sanos_a
Date Posted: 04-Feb-2012 at 17:55
во законот убаво си пишува со какви возила може да се одржуваат мегуградски линии. тоа е автобус/минибус кој има најмалку 23 седишта (22+1) меѓутоа тоа не е случај со транскоп поради причини кои не се за наведување на овој а ни на било кој друг форум (се надевам дека претпоставувате). некои фирми не можат ( не смеат) да одржуваат линија од 50-тина километри со комбе кое има 21 седиште а некои фирми користат комбе со 19 седишта на линија која е над 150 километри. таква е ситуацијата што не треба да е така мегутоа ако се почитува законот за сите нема да сме македонија  DunnoDunnoDunno

-------------
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum

Posted By: BOJAN
Date Posted: 05-Feb-2012 at 11:59

Инспекторатот треба да преземе прекршочна санкција за Транскоп по новинарскиов текст. Не може некои компании да го прекршуваат законот и да не одговараат за тоа, а некои превозници да мораат да ги почитуваат пропишаните норми.

Posted By: sanos_a
Date Posted: 05-Feb-2012 at 12:29
Originally posted by BOJAN

Инспекторатот треба да преземе прекршочна санкција за Транскоп по новинарскиов текст. Не може некои компании да го прекршуваат законот и да не одговараат за тоа, а некои превозници да мораат да ги почитуваат пропишаните норми.

за жал на некои компании им е дозволено да прават што ќе посакаат, а некои компании кои работат стрикно според законот не можат глава да кренат од инспекции

-------------
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum

Print Page | Close Window