Print Page | Close Window

Трифка

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=92
Printed Date: 24-Apr-2024 at 04:48


Topic: Трифка
Posted By: pbanks
Subject: Трифка
Date Posted: 20-Nov-2007 at 22:42
Трифун е дефинитивно урбано прашање, т.е. урбана елементарна непогода. Затоа нишкава за него ја отворив тука па да ја наполниме со материјалите за кои зборевме пред некој ден. 



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Nov-2007 at 22:42
Crazy


Костовски: Ако сум виновен за хаосот ќе си дадам оставка

20.11.2007 19:30
Трифун Костовски

 

Градот нема пари, буџетот е празен, градоначалникот Трифун Костовски се жали, владата не му давала пари и затоа состојбата со градскиот превоз е алармантна.

Костовски се закани дека ќе прекинел со изградбата на капиталните објекти, само за да го спасел ЈСП.

Градот нема средства ни да ги закрпи дупките по улиците. Првиот човек на Скопје вели, ако е виновен за се што се случувало во Скопје, ќе си поднесе оставка.

„Состојбата во моментов е навистина драматична, му се заканува колапс на буџетот на град Скопје. Ако сум јас вината, што јас се повеќе тоа го лоцирам, во мојата личност, во мојата персонификација за некои работи и во поглед-моите ставови, ако тоа им одговара и на граѓаните, јас ќе си одам“, изјави Трифун Костовски.

„Меѓутоа колку тоа ќе значи добро за Македонија, тоа е веќе друго прашање и ако бркаме некои стандарди, со шминкање, веќе сите ме прочитаа“, додаде Костовски.



Извор: http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=86390 - А1


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Nov-2007 at 23:12
еве го главниот момент ќе ја запирал клучката да го спаси ЈСП. Херојски



Клучката ќе се жртвува за спас на ЈСП?!


Капиталните објекти во градот, па и самата клучка, ќе бидат жртвувани со цел да се спаси јавниот превоз, доколку државата финансиски не му помогне на Градот. По завчерашниот негативен одговор од страна на Владата за субвенции во ЈСП, скопскиот градоначалник Трифун Костовски, дури изрази и подготвеност да даде оставка ако тој е причината за ваквата ситуација и ако граѓаните тоа го бараат од него.

-Состојбата во моментот е драматична. Се заканува колапс на буџетот на Град Скопје, а најкритична е состојбата со ЈСП. Заканата од блокада на јавниот превоз е повеќе од реална. Ние сме во голема дилема дали да ги стопираме сите капитални инвестиции, па дури и самата клучка со цел да го помогнеме ЈСП. По намалувањето на цената на возниот билет, направено по барање на Владата, не се покриваат ни направените трошоци за гориво. Но, јас сум последен човек што ќе дозволи граѓаните да немаат јавен сообраќај, додаде Костовски, кој најави дека Градот ќе мора целосно да ја редефинира својата политика и буџетот за следната година.

Според Костовски, иако дури една третина од средствата по основ на данок се собираат во главниот град, градскиот буџет за наредната година ќе биде само 0,8 отсто од буџетот на државата, што според него не е доволно ниту за крпење на улиците.

На новинарско прашање дали менаџментот на ЈСП и неговата работа е причина за негативниот одговор на Владата за помош, Костовски напомена дека од страна на независниот ревизор немаат утврдено девијантни појави кои би дале повод за смена на менаџментот.
Од синдикатот на ЈСП вчера сепак не спомнаа дека е можен штрајк во претпријатието. Оттаму се надеваат дека Владата и Градот сепак ќе изнајдат решение.

(Д.Т.)



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Nov-2007 at 23:56
Абе тоа се вика Трифке, не Трифка LOL

Он е тачка, тука нема место за дилеми... Ама најтрагично е што е во право околу финансиите за градот. Од владава ми се гади се повеќе и повеќе...

„Децентрализацијава“ само уште повеќе го закопа Скопје...


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 21-Nov-2007 at 09:03
Хахахаха добра идеа е тредов. Мислам дека за следните избори, онака кога ќе се напуни со едно десетина страници (а не се сомневам дека ќе се напуни), треба да испринтаме ова и да го делиме како пропаганден материјал. LOL


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Nov-2007 at 09:34
Originally posted by gotsomekicks

Хахахаха добра идеа е тредов. Мислам дека за следните избори, онака кога ќе се напуни со едно десетина страници (а не се сомневам дека ќе се напуни), треба да испринтаме ова и да го делиме како пропаганден материјал. LOL
 
човекот е луд ама мислам дека не е луд до толку пак да се кандидира. Него би било интересно полека да почнат да се експонираат потенцијалните наследници. Стварно немам претстава кој би се кандидирал. Единствено ми паѓа на памет Андреј Петров мислам дека него натаму му влечат амбициите.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Nov-2007 at 12:04
Originally posted by pbanks

 човекот е луд ама мислам дека не е луд до толку пак да се кандидира. Него би било интересно полека да почнат да се експонираат потенцијалните наследници. Стварно немам претстава кој би се кандидирал. Единствено ми паѓа на памет Андреј Петров мислам дека него натаму му влечат амбициите.


Нема што да се експонираат, ќе ни ги сервраат у последен момент од партиите. Нормално нема да бидат ни бар малку прикладни за градоначалници, туку ќе бидат обични партиски војничиња. А народов пак ќе излезе ко стока и ќе гласа за партии Roll%20eyes

А Андреј петров кога мисли дека многу напраил, тоа добро зборува за нивото на кое што се наоѓаме... Wallbash


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 21-Nov-2007 at 21:37

Граѓанска иницијатива за смена на Костовски




 

Дупки по улиците, лоша состојба со градскиот превоз, смет на сите страни, Скопјани немаат каде да ги паркираат автомобилите. Нови проекти нема, старите заборавени. Ова е македонската метропола денес.

Градоначалникот Костовски изјави дека ќе си поднесе оставка, ако тој бил виновен за сите недостатоци во Скопје.

„Состојбата во моментов е навистина драматична, му се заканува колапс на буџетот на град Скопје. Ако сум јас вината, што јас се повеќе тоа го лоцирам, во мојата личност, во мојата персонификација за некои работи и во поглед-моите ставови, ако тоа им одговара и на граѓаните, јас ќе си одам. Меѓутоа колку тоа ќе значи добро за Македонија, тоа е веќе друго прашање и ако бркаме некои стандарди, со шминкање, веќе сите ме прочитаа“, изјави Трифун Костовски (вчера).

Граѓаните треба да решат, дали сакаат Костовски и натаму да биде прв човек на Скопје.

„Ги повикувам граѓаните, ќе покренам иницијатива на граѓаните, на сите оние што гласале и оние што не го гласале да му речеме да си оди. Мора секој граѓанин да се осети дека е фактор, дека може да го стави Трифун како градоначалник, но и да му рече да си оди“, вели Велија Рамковски, бизнисмен.

Поддршка за смена на Костовски даде и еден од советниците, професорот Марјановиќ.

„Јас на следната седница ќе го поддржам и тоа на многу добар начин ќе му го пренесам ова, иако тој се гледа што се однесува до негп, меѓутоа ќе му пренесам дека подобро да си даде оставка, отколку Велија Рамковски да успее со својот референдум“, рече Ѓорѓе Марјановиќ, советник во Советот на град Скопје.

Костовски, откако дојде на власт, постојано се жали дека градската каса е празна, но буџетот на Скопје за 2006-та и 2007-ма е 58 милиони евра, или 24 милиони евра повеќе во однос на парите со кои располагал градот во 2003-та и 2004 година.






Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 21-Nov-2007 at 21:39
Знаете што ми е интересно? Видете кој поднесува иницијатива за смена на Костовски... хммм... по некоја случајност он да не сака да се кандидира за градоначалник?? И он е по тие Трифун-финти- една донација овде една онде и оп има поддршка од граѓаните за се и сешто... Bonk


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Nov-2007 at 21:57
Originally posted by gotsomekicks

Знаете што ми е интересно? Видете кој поднесува иницијатива за смена на Костовски... хммм... по некоја случајност он да не сака да се кандидира за градоначалник?? И он е по тие Трифун-финти- една донација овде една онде и оп има поддршка од граѓаните за се и сешто... Bonk


ако успееме него да го изгласаме дефинитивно не заслужуваме ни подобро...  ама не сум до толку песимист


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Nov-2007 at 16:35

...и со право LOL.

Граѓаните сметаат дека Костовски е најлошиот градоначалник

http://www.a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=49&VestID=86459 - Емилија Јовановска javascript:otvoriVideoPrilog%2807/nezadovolni-skopjeni-trifun-22-11.wmv,%2086459%29">  
22.11.2007 15:43
Трифун Костовски
 

„Најлошиот градоначалник што го имало Скопје од 1945 година до денес, ве уверувам, затоа што целиот негов мандат само слушаме ветувања и продолжување на нешто што е почнато. За неговиот мандат ништо не покажа дека е направено во градот“, велат скопјани.

„Очекувавме многу повеќе од него, иако тој се декларираше како бизнисмен, меѓутоа очигледно дека бизнисот и водење на град како што е нашиов некако не му оди од рака, така што најверојатно и тој сам увидел дека не го бива за овој бизнис и најверојатно сам ќе си поднесе оставка, без да собираме петиции. Под итно препорачајте му да си оди, да има мир во граѓанството“, рекоа граѓаните на Скопје.

Ова се одговорите на граѓаните на Скопје на прашањето дали се задоволни од работата на градоначалникот Костовски. Им пречи тоа што улиците се со дупки, што има отпадоци на сите страни. Голем проблем за скопјани се глутниците кучиња, кои ги има во се поголем број.

„Состојбата во моментов е навистина драматична, му се заканува колапс на буџетот на град Скопје. Ако сум јас вината, што јас се повеќе тоа го лоцирам, во мојата личност, во мојата персонификација за некои работи и во поглед моите ставови, ако тоа им одговара и на граѓаните, јас ќе си одам“, изјави на 20 ноември 2007-ма Трифун Костовски, градоначалник на Скопје.

„Меѓутоа колку тоа ќе значи добро за Македонија, тоа е веќе друго прашање и ако бркаме некои стандарди, со шминкање, веќе сите не прочитаа“, додаде Костовски.

Трифун Костовски е градоначалник на Скопје повеќе од две и пол години. Цело ова време за неуспехот се оправдува дека градот нема пари.

 
Извор: http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=86459 - А1


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 22-Nov-2007 at 21:05
Ааааа Велија се спрема за избори!!!! Епа ајде нека ни е со среќа Cheers


Puke


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Nov-2007 at 03:08
Моето мислење за трифун се сведува на ова:

- Како градоначалник - катастрофа... Реално се соочуваше со бројни наметнати проблеми, ама дефинитивно немаше да се покаже во подобро светло и во други околности. Едноставно нема ни трунка осет како треба да се води еден град.

- Како човек - сепак немам лошо мислење. Мислам дека неговиве глупости потекнуваат од погрешни сваќања за работите, а не од лоша намера. Исто така злонамерни ми изгледаат обидите да се обвини дека се кандидирал за да краде. Човекот е еден од ретките кој има доста вложено и донирано за општото добро.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 23-Nov-2007 at 10:51

Оваква иницијатива за смена на Трифун би ја потпишав веднаш со две раце. Неможам да ги разберам континуираните жалења од негова страна како наследил тешка состојба, како градот немал пари и сл.

Булевар 8 Септември веќе точно 6 недели по ред е во тотален мрак без ниту една сијалица на него, на Водњанска секоја 3та канделабра работи и тоа со измешани бело жолти сијалици. Мислам дека Кичево или Радовиш во моментов далеку поурбано делуваат од Скопје.
За состојбата со улиците и дупките, ѓубрето и да не зборувам. Значи основното функционирање на градот е загрозено, не зборуваме тука за трамваи, метроа и подземни булевари. А за тоа Трифка, јас сум убеден дека има пари во градската каса. Па сепак градот собира 60% од комуналиите, сите пари од рекламните паноа што растат како печурки низ градот, сеиозен дел од државниот дуџет наменет за локалните самоуправи и сл. А за тоа каков бизнисмен е не би ни коментирал тука. Начинот на неговото богатење секогаш ќе биде под густа магла.


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Nov-2007 at 00:09
Трифка vs. Велија... кој од кој



Хајките против мене ме прават посилен


Покрената е кривична пријава против инспекторот кој го издал документот за поставување на бараката на ТВ Парламентот во центарот на Скопје и којшто тврди дека тоа е во надлежност на општина Центар, што апсолутно не е точно


Деновиве, скопскиот градоначалник Трифун Костовски е на отстрел на сопственикот на А1 телевизија и неколку негови медиуми. И покрај сите опструкции, тој е цврсто решен да истрае во мисијата што ја почна. Вели дека сето тоа му дава елан за да остане во политичките води уште долго време.

Последниве денови сме сведоци на една агресивна медиумска кампања насочена против Вас. Конкретно, сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски јавно ги повика граѓаните да бараат Ваша оставка. Кои се, според Вас, причините за тоа?
- Причините не ми се познати, меѓутоа не можам да сфатам, со кои аргументи манипулира лицето од кое потекна оваа иницијатива. Сето она што го искажа преку т.н. Парламент е повеќе од смешно. Претпоставувам дека се работи за нешто друго, дека има некоја друга позадина, други амбиции, но не сакам да навлегувам понатаму. Би сакал само да му порачам да биде совесен и лојален граѓанин и да ги подмири своите обврски кон градот. Се уште постои тужбата против него за неплатени заостанати давачки за комунална такса за користење на неговите складишта. Прашањето, исто така е поврзано и за начинот на којшто функционира А1 телевизија со двата дневни весника, за кои што и врапчињата знаат дека се негови, на коишто им дава 99 отсто попуст во рекламирањето. Сето тоа јасно говори за неговите чесни или нечесни намери. Нема што понатаму да коментирам и во ниеден момент не ја сфатив сериозно неговата порака дека тој е личноста кон која јас треба да обрнам внимание.

Кој дозволи да се постави бараката на т.н. Парламент среде плоштад?
- Бараката на т.н. Парламент е поставена во центарот на Скопје, така што најубавото катче не само што е узурпирано, туку и нагрдено. Говориме за плоштадот, за место кое е исклучиво во ингеренција на градот, а градот нема издадено дозвола, туку во јавноста се покажува некаква потврда за користење без надомест. Во врска со нашето решение за дислокација на објектот, тоа е извршно и секој момент треба да се реализира. Сметам дека, доколку станува збор за сериозна телевизија, сериозен медиум којшто држи до својот рејтинг, секако дека ќе најде начин, погодно место и согласно правилно добиена документација да може да промовира една таква програма.

Покренавте ли кривична постапка против одговорните во Општина Центар, поради тоа што издале одобрение за простор што не е во нивна надлежност?
- Да, покрената е кривична пријава против инспекторот кој го издал документот и кој тврди дека тоа е во надлежност на општина Центар, што апсолутно не е точно. Не дозволуваме да се узурпира централното земјиште и центарот на град Скопје.

Задоволен ли сте од она што досега го постигнавте како градоначалник на Скопје?
- Во природата на мојот карактер е никогаш да не сум задоволен со мојата работа и секогаш сметам дека можам повеќе и подобро. Меѓутоа, ако набројам што се сум направил во мојот мандат, колку капитални инвестиции се реализирани, тоа е многу повеќе отколку што мојот претходник ги направил во два мандата. Меѓутоа, она што ми недостасува мене како градоначалник е систем, стратегија на фунцкионирање на правата и обврските. Ми недостасуваат правни инструменти за сите сегменти да функционираат нормално.


Извор: http://www.vecer.com.mk/?ItemID=93E25B474846834383C0476E5CCAC5D0 - Вечер


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Nov-2007 at 00:25


Crazy Crazy Crazy


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 27-Nov-2007 at 17:11
Кловер, претпоставувам мислиш на овој дел:

Во природата на мојот карактер е никогаш да не сум задоволен со мојата работа и секогаш сметам дека можам повеќе и подобро. Меѓутоа, ако набројам што се сум направил во мојот мандат, колку капитални инвестиции се реализирани, тоа е многу повеќе отколку што мојот претходник ги направил во два мандата...

Mwahahahahahahahahaha!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Nov-2007 at 17:52
За жал мислам на Трифке уопште


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 29-Nov-2007 at 19:15
Ги има некој видено рекламите на А1????? Crazy


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 13-Dec-2007 at 13:38
Некој од вас екчли се потпиша во веснициве??


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Jan-2008 at 21:53


[tube]yk3B6_GoWiw[/tube]


Posted By: La Linea
Date Posted: 13-Jan-2008 at 22:34
Previous           LOLLOLLOLLOL

@pbanks, да не знаеш кој е авторот на ова дело? Да се надеваме дека ова е трејлер за некој анти-трифка документарец. Smile




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Jan-2008 at 22:35
Pa nekoj spinmonster od youtube

http://www.youtube.com/profile?user=spinmonster - http://www.youtube.com/profile?user=spinmonster


Posted By: skywings
Date Posted: 04-Apr-2008 at 14:58
He make my day!!!!!!!!!!!! LOLLOLLOLLOLLOLLOL


ИНИЦИЈАТИВА ЗА ИМЕНУВАЊЕ НА ГРАДСКИОТ ПАРК СО ИМЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА САД, ЏОРЏ В. БУШ

Градоначалникот Трифун Костовски, денеска, иницираше предлог Одлука до Советот на Град Скопје, Градскиот парк да го носи името на актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џорџ В. Буш.

Градоначалникот ја поднесе иницијативата до советниците, во знак на голема благодарност за поддршката која господинот Буш, како претседател на Соединетите Американски Држави, и ја даде на нашата земја на Самитот на НАТО во Букурешт. Оваа иницијатива претставува израз на искрено пријателство и партнерство меѓу двете држави.

 
Исто така, голема е благодарноста до Претседателот Џорџ В. Буш за признавањето на Република Македонија под уставното име, од страна на САД. Затоа, Градоначалникот Трифун Костовски, изразувајќи ја сопствената и благодарноста на граѓаните на град Скопје, ја поднесе иницијативата за именување на Градскиот парк со името на големиот македонски пријател.



Posted By: skywings
Date Posted: 04-Apr-2008 at 14:59
преземено од официјалниот портал на скопје  http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=1725&mid=24&tabId=1&tabindex=0


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Apr-2008 at 15:00
LaughLaughLaugh Nuts


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Apr-2008 at 15:04
Сега е ред на Буш да го прекрсти Central Park во "Трифун Костовски"


Posted By: vardar
Date Posted: 08-Apr-2008 at 00:36
Ова само затоа што не поддржа по самитот, фала богу немаше решение за името.....трифка ке излезеше со предлог да се преименува  државата  LOL Crazy
Иначе со коментарот на Анела Петрова се слагам 100%
 

ПО ИНИЦИЈАТИВАТА НА КОСТОВСКИ, И СОВЕТНИЦИТЕ СО ПРЕДЛОГ ЗА ИСКАЖУВАЊЕ ПОЧИТ КОН САД

Наместо паркот,„Водњанска“да се вика„Џорџ Буш“

Деновиве ќе се знае чија иницијатива ќе биде прифатена, дали таа на градоначалникот за преименување на Градскиот парк или онаа на советниците

Членовите на Советот на Град Скопје ја поддржуваат иницијативата на градоначалникот Трифун Костовски Градскиот парк да го носи името „Џорџ Буш“, но истовремено предлагаат, наместо паркот, улицата Водњанска да се именува според претседателот на САД. Костовски во петокот на советниците им ја испрати својата иницијатива за преименување на паркот во „Џорџ Буш“ како благодарност за поддршката што Македонија ја доби на НАТО-самитот во Букурешт и како израз на искрено пријателство и партнерство меѓу двете држави.Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, потенцираше дека уште вчера попладне требало да направат консултација со скопскиот градоначалник за тоа која од иницијативите ќе биде посоодветна. Веројатно до крајот на неделава или на почетокот на наредната ќе одржиме вонредна свечена седница за преименувањето. Мој став е дека господинот Џорџ Буш навистина го заслужува ова. Граѓаните на Скопје треба да му оддадат признание и почит бидејќи се работи за човек што е вистински пријател на Република Македонија - рече Мишева.

БУШ ЗАСЛУЖУВА ПОЧЕСТИ

Независниот советник Тони Ѓуровски вели дека иницијативата на градоначалникот Костовски е за поздравување затоа што Американците на дело покажале дека ја почитуваат Македонија таква каква што е.Треба да се види дали е посоодветно паркот да биде именуван според претседателот Џорџ Буш или некоја од улиците. Ние, советниците, поднесовме иницијатива за преименување на „Водњанска“ - вели Ѓуровски.И Хамид Хајдари од ДПА се согласува дека или Градскиот парк или „Водњанска“ треба да го носат името на американскиот претседател.Буш тоа го заслужува зашто докажа дека ни е голем пријател. Јас лично би му дал предност на предлогот за улицата Водњанска бидејќи таа е пофреквентна - вели Хајдари.Мислењето на своите колеги го дели и советникот Александар Георгиев од ВМРО-НП. Тој смета дека идејата е израз на почит кон големите заложби на Џорџ Буш за поддршка на македонскиот национален и државен интерес и борбата за правичност.Сметам дека со преименување други улици треба да им се оддолжиме и на останатите американски официјални лица од надворешната политика, како Кондолиза Рајс, Даниел Фрид и Викторија Нуланд, како и на премиерот на Словенија, Јанез Јанша и на Турција, Реџеп Таип Ердоган. И останатите политичари, докажани пријатели на Македонија, треба да бидат почестени со тоа што определени мостови, паркови и други инфраструктурни објекти ќе ги носат нивните имиња. Тоа е еден нормален начин на пријателско оддолжување за поддршката што ни ја даваат и ние би требало да почнеме да го применуваме тоа во нашето секојдневно живеење - вели Георгиев.Од друга страна, советничката Софија Куновска од СДСМ смета дека Буш прво треба да го заврши активниот мандат и својата мисија за нашиот прием во НАТО, а потоа треба да му се заблагодариме на промислен начин. Ова е само уште еден доказ за нашиот незрел и импулсивен однос кон сериозни теми - смета Куновска.  

СТАВ

Име за домашна злоупотреба

Јавноста не стигна ни да го разгледа, камоли да го проанализира, експресниот предлог Градскиот парк во Скопје да го носи името на американскиот претседател, кога стигна нов: не паркот, туку улицата Водњанска да се вика „Џорџ Буш“. До затворањето на овој број на весникот не беа обелоденети слични иницијативи, што не значи дека ги нема, ама и овие две се доволни за да покажат дека не знаеме да го цениме ни туѓото (залагањето на Буш Македонија да влезе во НАТО) ни своето (имињата на паркови, улици...). Претседателот на САД побара, што е можно побрзо, да го решиме проблемот со името, ама не со името на паркот или на улицата. Оттаму, градската власт во Скопје треба, што е можно побрзо, да прекине со вакви брзоплети, непромислени, наивни изливи на благодарност. Особено што тоа никој не го бара, ниту го очекува од нив. Ниту, пак, имаат право да си се прогласуваат за кумови на нешто што не е нивно. Има многу посоодветни и подостоинствени начини да покажат како треба да се ценат и залагањето на Буш и значењето на градските објекти и институции.

пишува: Анела Петрова
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CCDE7553D06C1E448222B1BB12D4DAA1 - Dnevnik
 


Posted By: ProMKD
Date Posted: 08-Apr-2008 at 02:10
Не сум ни за едното ни за другото.. како прво ова е ептен скокање прерано за што да преименуваме паркови или улици во Буш? Сеуште не сме виделе ништо да се рече "конкретно", освен признавањето кое нормално не би сакал да го потценам. Сметам дека би било подобро да за промени името на некој помал парк коишто ги имаме многу.. да не испаднеме ептен наивни да преименуваме важни улици во Џорџ Буш и на крајот ништо да не добиеме и да испаднеме дечиња... 


Posted By: La Linea
Date Posted: 08-Apr-2008 at 17:12
Иницијативава ми е толку глупава што не сакам да коментирам. Ама дефинитвно сум против преименување на Градски парк во „Џорџ Буш“ и мислам дека нема што понатаму да се дискутира. За Водњанска ми е сеедно.

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: vardar
Date Posted: 09-Apr-2008 at 06:36
Ај и последното продолжение на оваа сага да го евидентираме......
 
 

СОВЕТНИЦИТЕ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОСТОВСКИ НА РАЗЛИЧНА БРАНОВА ДОЛЖИНА


Тепачка за името на Џорџ Буш


Скопскиот градоначалник Трифун Костовски и градските советници не можат да се договорат како да му изразат почит и признание на американскиот претседател Џорџ Буш за поддршката што му ја дава на Македонија во решавање на спорот со името. Додека Костовски смета дека Градскиот парк треба да го носи неговото име, дел од советниците ќе побараат улицата Водњанска да се преименува по името на американскиот претседател. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ уште пред една година поднесе иницијатива до Советот една од скопските улици да се преименува во Џорџ Буш, како знак на благодарност, бидејќи САД ја признаа Македонија под уставното име.
Градоначалникот Костовски, пак, смета дека неговиот предлог е најсоодветен.

- Ние ќе се сретнеме со претседателот на Советот и ќе разговараме. Не би навлегол во детална анализа дали е подобро парк или е подобро улица да носи име Џорџ Буш, но лично го посочив паркот, бидејќи досега немал име. За мене е неприродно веќе еднаш именувана улица која асоцира на Водно да се менува во име на одредена личност. Сепак, за тоа нека одлучат советниците, изјави вчера Костовски.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=661FB2998048774EB00097654B2556F5 - Vecer
 


Posted By: vardar
Date Posted: 09-May-2008 at 14:22
Па па па па.......Трифка-Пенов Македонскиот урбанистички дрим-тим у акција......гарант ќе имаме ОРИГИНАЛНО одбележување Crazy
 

ЗА 45 ГОДИНИ ОД СКОПСКИОТ ЗЕМЈОТРЕС


Костовски и Пенов ќе го организираат одбележувањето


Во составот на одборот кој годинава ќе ја организира 45-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, покрај актуелниот градоначалник Трифун Костовски, ќе биде и екс-градоначалникот Ристо Пенов. Одборот е конституиран согласно Одлуката која беше донесена на седница на Советот на Град Скопје и со него ќе претседава Костовски, додека негов заменик е претседател на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева. За одбележувањето ќе се погрижат и претседателите на Собранието на Град Скопје, Југослав Тодоровски и Јове Кекеновски, како и актуелните советници Коле Манев, Владимир Петрушевски, Иван Катарџиев, Жарко Јаневски, Раим Лимани, Есма Теодосиевска Реџепова и Мето Јовановски. Од јавните личности, член на одборот е и угледниот публицист Данило Коцевски. Програмата за одбележување на годишнината, ќе се реализира под мотото "Скопје, 45 години град на солидарноста и меѓународното пријателство".

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C4CF63E4F452894B834D22D256C2A010 - Vecer
 


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-May-2008 at 14:26
За едно 45 години можеби ќе имаме слично вакво одбележување на владеењето на Трифка и Пенов. Земјотресот '63 од тој аспект ќе изгледа како 'walk in the park'


Posted By: vardar
Date Posted: 09-May-2008 at 14:30
RollinLOL LOL LOL
 
треба една анкета да отвориме----кој го осакати скопје највише пенов-трифка-земјотресот........


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 09-May-2008 at 20:25
Не го заборавјте Пиколомини иако и тој е вон конкуренција....


Posted By: vardar
Date Posted: 04-Jul-2008 at 06:10
Незнам зошто али сликава ми е многу смешна Stern%20Smile
 

Езерцата во Градски парк порибени со 400 килограми риба

Со пуштање на неколку риби во големото езеро во Градскиот парк, вчера, градоначалникот Трифун Костовски симболично го започна порибувањето на езерскиот систем во паркот. Во езерцата ќе бидат пуштени 400 килограми риба од видот сив тостолобик. Тоа е последна фаза од големата акција за чистење на езерскиот и каналскиот систем во паркот, која започна пред четири месеци. За зачувување на чистата зона за рекреација на граѓаните, градските власти апелираат до граѓаните да не фрлаат отпадоци во зелените површини и во езерцата и да не се оштетува урбаната опрема и едукативните табли поставени во паркот.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F46CA5F528FC71499AAF80C7523D6B54 - utrinski


Posted By: evolutionary
Date Posted: 04-Jul-2008 at 06:22
Trebase i Trifun da go frlat u ezerovo, poso on e najkrupnata riba.

-------------
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 04-Jul-2008 at 08:45
Originally posted by evolutionary

Trebase i Trifun da go frlat u ezerovo, poso on e najkrupnata riba.

Rollin
Rollin


Posted By: zabegan
Date Posted: 05-Jul-2008 at 14:44
најмногу сум се смеел кога Трифун објаснуваше зашто не смеат да градат облакодери во скопје, нешто во врска со тероризам и WTC во Њујорк беше LOLLOLLOLLOL
ако може некој да го најде неговиот коментар нека постира да се смеам малце пак



-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Jul-2008 at 15:16
па гарант е во нишката за облакодери во скопје, таму прелистај


Posted By: beTon
Date Posted: 12-Nov-2008 at 21:28

http://www.trifunzaskopje.org.mk/default.asp?lang=eng -
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=99986 - Владата била виновна за узурпација на кејот

Без дозвола од скопската полиција, градот го претвори кејот „13-ти Ноември“ во улица по која камиони пренесуваат градежен материјал. Градоначалникот Костовски призна дека тој дозволил да се узурпира кејот, но според него, виновна за тоа била Владата.

Таа инсистирала општина Центар да потврди дека на тоа место има маркица.

„Градежната дозвола ја дава општина Центар. Ние како Град сме обврзани да најдеме начин како да обезбедиме сообраќајно решение, како тој објект да се изгради“, рече Трифун Костовски, градоначалник на Скопје.

За уништената пешачка зона и погледот на скопјани од кејот, денеска се дебатираше и во Собранието.

„Плоштадот сега личи на руина, затоа човек не може да пројде на кеј, бидејќи некој решил во непосредна спогодба да му даде градежно земјиште за изградба на објект, којшто по ниедни перформансите не треба да биде таму“, изјави Јани Макрадули, СДСМ.

„Знаете вие дека таа парцела ја продаде вашата Влада и ова што сега го гледаме на плоштадот, овој затворен простор и се што се случува на плоштадот и што граѓаните не можат да пијат кафе на кејот, е затоа што вие го продадовте тој плац, и тоа за багателна цена“, вели Зоран Петрески, ВМРО-ДПМНЕ.

Инвеститорите „Дивелоп“ и „Латис“ со амин од Градот го добија на користење кејот, иако согласно законот, за да го заградат и да го користат треба да бидат сопственици на земјиштето.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=99986 - Дневник - Сунчица Николоска - 10.11.2008



Posted By: zabegan
Date Posted: 12-Nov-2008 at 21:51
до кога бе со ова партиско препуцавање, место да решат проблем, они се караат кој го предизвикал и си ја префрлаат топката еден на друг


Posted By: beTon
Date Posted: 18-Nov-2008 at 04:01
па тоа си е друга работа затоа и не ги потенцирав партиските препукување, но касно е дека од се треба партиите да добиваат или губат поени. текстот треба повеќе да се чита како законски калабалак, не е јасно зошто не се почитуваат законите или поточно според кои закони се тера муабетот! пред некој ден го чув Трифун на двобојот со Миле, дека за улицата согласност дале и мвр, но не кажа дали таа согласност е претходно обезбедена или после одлуката на градот да им го даде кејот на Д&Л. а Миле па му ја спушта елегантно Вие требаше да го обврзете инвеститорот прво да направи подземна улица па после да почне да гради и преку неа да се доставуваат материјалите за градба... ех каков смешен двобој беше тоа но имаше интересни моменти како позадината во стаклата на Трифун абе саде градоначалнички оп-арт, навистина уникатна сцена!  


Posted By: BOJAN
Date Posted: 18-Nov-2008 at 11:45
Ne bi trebalo Trifun pak da se kandidira za gradonacalnik od pogolemite partii, neliThumbs%20Down? Se nadevam deka nema da se ispazarat, za toa sto realno gledano ne go biva za gradonacalnik. Prviot covek na Skopje treba da bide borec po vokacija za svojot grad, pred se so centralnite vlasti za svojot grad. Videte gi samo gradonacalnicite na Paris ili na London.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Nov-2008 at 17:19


Јас таков човек не гледам Unhappy


Posted By: гитардемон
Date Posted: 13-Jun-2009 at 14:46
Темата да се заклучи и да се архивира (случајно налетав на неа) Заврши „владеењето“ (макаршто не може ни одблиску да се нарече така)

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 19-Nov-2017 at 12:12

alive, fresh & only ... камо и Фуфо и Пенов да беа за градот повторно некако од корист, иако доволно ќе беше сеуште да ги рециклираат своите идеи [ https://web.archive.org/web/20050307183320/http://www.trifunzaskopje.org.mk:80/ - 1 ] ако веќе неможат да се расфрлаат со нови, онака правдајќи се зошто се одлучиле на турни-ме-да-кинисам проекти ко полу клучка на урбан автопат, или мост со кривина нанего ...

инаку во основа со се' ќе се сложам од интервјуво, единствено би го дополнил дека азбестот сеуште на запад го демонтираат, некаде и [ http://www.build.mk/Forum/forum_posts.asp?TID=1343&PID=170177#170177 - помалку оштроумно ] него конечно да се пофалеше како станал тајкун ако не олигарх, и дали кога би ги имал некој друг негоите поволности волку малку би му вратил на народот, мислам едно време верувавме дека самиот тој ќе му поклони на Скопје трамвај што во однос официјалниот негов имот нема логика [ https://web.archive.org/web/20120101124942/http://www.europe-made.com/mak_market_eng.htm - 2 но ако се премерува потенцијалот на неговиот сопственички капитал ќе може да се понадеваме и на ЛРТ успат ...

[tube]sML0rsjdSSU[/tube]



Print Page | Close Window