Print Page | Close Window

Луна Парк - Скопје

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Пешачки зони и паркови
Forum Discription: Плоштади, пешачки улици, паркови, зеленило...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=925
Printed Date: 14-Nov-2018 at 05:43


Topic: Луна Парк - Скопје
Posted By: lslcrew
Subject: Луна Парк - Скопје
Date Posted: 18-Oct-2008 at 02:26

Луна-паркот сонува за „Дизниленд“

Никој не се јавува на јавниот повик за обнова што го распиша „Паркови и зеленило“, претпријатието што го стопанисува објектот


Одамна поминал возот во единствениот забавен парк во Скопје

Луна-паркот најверојатно уште долго ќе работи со стари и небезбедни играчки, бидејќи досега никој не покажал интерес да го обнови или да направи нов, велат во Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.Граѓаните што често го посетуваат велат дека е тажно да се гледа како пропаѓа ова катче за најмладите, а со старите играчки умираат и спомените.

- Децата им се смеат на играчките-антиквитети. Ништо не е сменето од времето кога јас бев дете. Порано одевме во овој парк со голема возбуда, полни со адреналин, а сега одиме само зашто нема подобар. Моите родители ме сликаа на еден автобус-играчка во паркот. Неверојатно, речиси по 30 години јас на мојот син му направив фотографија идентична на мојата. Дури ни боите на автобусот не се променети. Се надевам дека мојот внук ќе има можност да седне во некоја поинаква и помодерна играчка, вели Давор Митревски.

Граѓаните се незадоволни и од старата, но и сиромашна понуда на реквизити за забава. Тие се жалат што возот сообраќа само кога ќе има многу деца. Често се случува вработените во паркот да ги советуваат посетителите кога сакаат да се возат на вртелешките, да се распоредат така машината да има рамнотежа.

Сите, пак, што сакаат да се вртат со панорамата, ќе мора да причекаат подобри времиња. Од „Паркови“ велат дека панорамата е расипана, а на распишаниот јавиен повик за нејзина поправка не добиле ниту една понуда. Додаваат дека конкурсната документација ја подигнала само една фирма - „Ту гајс“ од Скопје, но никогаш не доставила проект.

- Повикот беше објавен на македонски и на англиски јазик во сите дневни весници и беше испратен до сите економски одделенија на странските амбасади во Скопје уште пред една и пол година. Планираме да го обновиме паркот, но поради беспарицата ќе чекаме подобри времиња - велат од одделението за односи со јавност во „Паркови и зеленило“. Од Општина Карпош, на чија територија се наоѓа забавниот парк, велат дека дополнителен проблем претставува тоа што се' уште не е усвоен детаљниот урбанистички план за тој дел од градот. Од Јавното претпријатие се надеваат дека со координација меѓу Градот Скопје, Владата, Министерство за транспорт и врски и Општината Карпош ќе можат во интерес на граѓаните да направат мал „Дизниленд“ на местото на сегашниот забавен парк.

ИНФО-Реквизити од 1973

Забавниот парк „Младост“ е формиран во 1955 година, покрај денешно „Езерце“. Во 1973 е дислоциран на сегашниот простор. Тогаш старите реквизити, велосипеди, кајаци, стрелиште, рингишпил и лулашки, се заменети со нови - детски воз на шини, панорама, ракетодром, голема вртелешка, мал и голем автодром... Оттогаш е дополнет со детски воз на тркала, со робот, мини-вртелешка, замок, картинг-патека со возила, твистер, голема трамболина и мал воз на електрична енергија.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=EE87F5FEC0DE6D46BF63D5A24BE1FD3B





Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Jun-2009 at 03:53

Луна-паркот останува со старите реквизити

Одговорните тврдат дека, и покрај староста, реквизитите се безбедни и се сервисираат

Луна-паркот ниту годинава нема да добие нови реквизити. Две години по неуспешниот тендер да се најде приватен инвеститор, на кој не се пријави ниедна компанија, градските власти и натаму немаат идеја како да го подноват единственото забавно катче за децата од Скопје.

Најмладите, како и повеќе од три децении наназад, ќе се возат на старите вртелешки, автомобилчиња и вовче, а панорамата само ќе ја гледаат и ќе слушаат приказни од родителите дека некогаш и таа работела. Одговорните тврдат дека, и покрај староста, реквизитите се безбедни за децата и оти редовно се сервисираат. „Најмалку еднаш годишно овластена институција прави А-тест на сите реквизити, се проверуваат степенот на корозија и општата состојба и се вршат потребните поправки. Освен панорамата, другите реквизити се во добра состојба“, информираат градските власти.

Покрај поновите воздушни дворци, трамболината, клацкалките и уште некој реквизит, сопственост на приватници, Градот во Луна-паркот не инвестирал ништо. Сепак, од таму информираат дека новиот градоначалник, Коце Трајановски, сака да направи нов луна-парк во Скопје. Идејата е да се прошири локацијата каде што се наоѓа сегашниот парк и да се изгради сосема нов. Но, од Градот засега не соопштуваат дали за тоа ќе се инвестира Градски пари или, пак, на тендер ќе се бара приватен инвеститор за приватно-јавно партнерство. Не соопштуваат ниту дали ќе се искористи стариот проект, презентиран пред две години или, пак, ќе се прави нов.

Според стариот проект, Луна-паркот требаше да добие четириесеттина нови реквизити, распоредени на поголема површина. Старите ќе се демонтираа и продаваа, а требаше да се поставува и нова инфраструктурна канализациона и водоводна мрежа, нова инсталација за електрична енергија и трафостаница. За новиот луна-парк планиран е и посебен паркинг-простор, од другата страна на Вардар, каде што „Паркови и зеленило“, исто така, има своја земја.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=368CAA6FA4535C4EABE4381DF95F49A6


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Jun-2009 at 03:57
Добро зашто постојат концесии и Приватнои-јавни партнерства. До кога ќе работиме по стар систем и државата да биде офоцијален сопственик и менаџер на комерцијални содржини. Да не звучам како црна хроника, ама додека не се деси некоја повреда или недај боже најлошото нема да се мрдне со мал прст по бзбедноста. Кога веќе сме стигнале до тоа дереџе да мериме степен на корозија, подобро да го удриме катанецот додека не се најде решение. Исто тшто го зборевме за Треска пред некој ден , оистото станува збор и тука. До кога ваквите рекреативни делови од градот ќе ни бидат цркни финансиски дупки, а башка и воопшто градот нема никава корсит, ниту финансиска, ниту пак граќаните имаат корсит. Затоа концесија и капата на страна, а во градски буџет констатен прилив на средства.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Jun-2009 at 12:28

Новиот луна-парк ќе се гради во 2010

Од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски велат дека во моментов се подготвуваат за распишување на тендерот и, најверојатно, до крајот на годинава ќе објават меѓународниот повик за избор на фирмата која ќе го гради и ќе сто­па­ни­су­ва со паркот

Скоп­ја­ни и ова година нема да добијат нов луна-парк. Градските власти сè уште не го распишале тендерот за избор на фирма која треба луна-паркот да го изгради по примерот на светските паркови за деца. Од кабинетот на градоначалникот Коце Тра­ја­нов­ски велат дека во моментов се подготвуваат за распишување на тендерот и, нај­ве­ро­јат­но, до крајот на годинава ќе објават меѓународниот повик за избор на фирмата ко­ја ќе го гради и ќе стопанисува со паркот.
"Во моментов разговараме кој да го распише тендерот, односно дали тоа ќе биде Гра­дот Скопје или ЈП 'Паркови и зеленило'. Во програмата на градоначалникот е пред­ви­де­но скопјани до октомври 2010 година да добијат сосема нов луна-парк, и тоа нема да го заборавиме", велат од кабинетот на градоначалникот Трајановски.
Град­ски­те власти веќе неколку години наназад ветуваат изградба на нов луна - парк, но тоа никако да го реализираат. Лани беше распишан тендер, но тој про­пад­на бидејќи ниту една фирма не беше заинтересирана да инвестира, иако од Градот ве­леа дека италијански, австриски и кипарски фирми сакаат да го градат и да сто­па­ни­су­ва­ат со паркот.
Но­ви­от луна-парк, според планот на надлежните, треба да се протега на површина од околу 25.000 квадратни метри, односно ќе бидат опфатени просторот на стариот парк и местото каде што сега се наоѓаат летните дискотеки. Фирмата која ќе сто­па­ни­су­ва со него предвидено е сите стари реквизити да ги заменети со нови, да постави но­ва инсталација, канализација и трафостаница, и целиот простор хортикултурно да се уреди. За изградбата на новиот луна-парк потребни се околу 5 милиони ев­ра.
До­де­ка градските власти ваквите нивни ветувања да ги претворат во реалност, на скоп­ја­ни им останува да се возат во искршени, дотраени и небезбедни реквизити.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=BD602D03532ED541A292408CB6341554


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Aug-2009 at 03:50

Нови генерации се радуваат на старото вовче во Луна парк

Трамболина, твистер, пеинтбол, картинг се единственото освежување во последниве години

Сања Наумовска

Трамболина, твистер, пеинтбол, картинг и неколку клацкалки се единственото освежување за најмладите во Луна парк во последниве години. Реквизитите се на приватници кои ги сместиле во забавниот парк, кој пак неколку децении не инвестирал во подновување на забавните содржини. Луна парк има 16 свои реквизити кои се стари и по триесетина години, но сите, освен панорамата, се' уште се сервисираат и работат.

Во плановите на градските власти веќе со години се провлекува идејата за целосно реновирање на забавниот парк, но реализацијата никако да почне. Пред две години пропадна тендерот на кој се бараше приватен партнер што би инвестирал во нови содржини. Во програмата на градоначалникот Коце Трајановски стои идејата за нов луна парк, но засега не е прецизирано дали ќе се инвестираат градски пари за тоа или, пак, на тендер ќе се бара приватен инвеститор за приватно-јавно партнерство. Идејата е да се прошири локацијата каде што се наоѓа сегашниот парк и да се изгради сосема нов.

Според проектот, Луна паркот требаше да добие четириесетина нови реквизити распоредени на поголема површина, додека старите беше во план да се демонтираат и продаваат. Требаше да се поставува и нова инфраструктура, односно канализациона и водоводна мрежа, нова инсталација за електрична енергија и трафостаница. За новиот забавен парк е планиран и посебен паркинг, од другата страна на Вардар, каде што „Паркови и зеленило“, исто така, има своја земја.

Дотогаш, генерации и генерации скопјани ќе имаат спомени од автодромите, ракетите, вртелешките, вовчето..., кои и по толку години изгледаат исто, некои дури имаат и иста боја. Панорамата е надвор од употреба подолго време, откако беше констатирано дека нејзината основа е кородирана до тој степен што возењето со неа е небезбедно за посетителите.

„Цената за возење е 35 денари за сите реквизити, освен за картингот, кој чини 170 денари, и пеинтболот, за кој се плаќа 250 денари. За реквизитите на Луна парк има и дневен билет од 10 возења, кој чини 250 денари, но тој не важи за новите реквизити што се во приватна сопственост“, информираат во забавниот парк.

Билетите се во неколку бои и сите не важат за сите реквизити, туку родителите мора да се информираат за тоа на билетарницата. Оваа практика во Луна паркот ја објаснуваат со транспарентноста на продадените карти, особено за забавните содржини што се во приватна сопственост.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=E33AE9B46294724386E5680CB78CE99E


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Nov-2009 at 21:20
ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЗАБАВНИОТ ПАРК
Консултант ќе подготви постапка за партнерство

Град Скопје ќе ангажира стручен консултант за спроведување постапка за јавно-приватно партнерство за изградба на лунапарк. Оттаму велат дека, имајќи ја предвид сегашната состојба на забавниот парк, во кој преовладуваат застарени реквизити, градските власти одлучиле да вклучат и приватен партнер во финансирањето на изградбата и давање услуги на забавен парк, за, како што велат, да се врати сјајот на лунапаркот. - Целта е да се добие еден забавно-рекреативен, но, пред се, едукативен простор каде што најмладата популација ќе се запознае со законите на физиката, планетарниот систем, сценските перформанси и сето тоа низ забава, игра и рекреација. Со ангажирање на стручниот консултант ќе се овозможи спроведување на постапката за јавно приватно партнерство за изградба на забавен парк во Скопје - велат од Град Скопје. Според изготвениот конкурс, консултантот ќе биде ангажиран за изработка на студија, подготвување одлука за почнување постапка, потоа подготовка на документација за објавување јавен повик, анимирање на можните кандидати за приватен партнер, изработка на модел-договор за јавно-приватно партнерство. Градските советници денес ќе одлучуваат дали ќе се распише огласот, по што ќе се знае дали тоа ќе биде првиот чекор кон повторно заживување на скопскиот лунапарк.

Е.М.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1874&ArticleID=127306


Posted By: axel
Date Posted: 08-Apr-2010 at 10:43
СЕ УШТЕ НЕМА НИШТО ОД РЕНОВИРАЊЕТО НА ЛУНАПАРКОТ
Прастарите реквизити ќе се вртат по нови цени

Роза Петкова

Прастарото вовче кое испушта облаци чад додека се движи и се чини дека работи на механизам од пред неколку векови се уште ги пречекува новите генерации посетители на забавниот парк во Скопје. Ниту нова содржина, ниту модерни детски реквизити не се донесени во единствениот лунапарк во градот иако тоа постојано се најавуваше последниве неколку години. Дојдени со ентузијазам и желни за забава, децата во моментов можат да си играат само на ‘рѓосани реквизити, кои ги користеле и нивните родители. Покрај тоа, раководството на паркот за пет денари ги поскапи и билетите за возење на забавните реквизити. Неофицијално дознаваме дека билетите со новите цени веќе се отпечатени и пристигнати во лунапаркот, а ќе почнат да се продаваат од претстојниов викенд. Немаше никој надлежен за да даде одговор зошто раководството се решило на ваков чекор иако одамна нема инвестирано во нова опрема, а граѓаните ќе треба да плаќаат поскапа цена за старите услуги. Градоначалникот Коце Трајановски во својата предизборна програма на скопјани им вети проширен и целосно реконструиран забавен парк до октомври годинава. Знаејќи ги долгите тендерски постапки, кои траат и по неколку месеци, нејасно е како ќе се случи тоа кога градежните работи на терен воопшто не се почнати, ниту Градот избрал фирма за реконструкција. Од кабинетот на градскиот татко уверуваат дека нов лунапарк е стратегиски проект, на кој се работи речиси од самиот почеток на мандатот. - Во тек е постапка за избор на консултант што ќе изработи техничка документација за приватно-јавно партнерство. По изборот на консултантот и изработката на документацијата за реализација на проектот, ќе се спроведе постапка според предвидените услови од консултантот за избор на партнер. Понатаму сите постапки ќе се одвиваат во согласност со законот. Значи работите се одвиваат според предвидената динамика во програмата - велат од Одделението за односи со јавност. Градските власти неодамна го завршија и конкурсот за реновирање на стариот дел на Градскиот парк. Какви идеи се предложиле за подобрување на содржините, кои речиси ги нема, надлежните не најдоа за сходно да одговорат, ниту, пак, јавно да ги изложат избраните идејни решенија. - Новиот лик на градскиот парк се реализира фазно. Веќе се изработени повеќе интервенции во делот на хортикултурното уредување, поставени се жардиниери, уредени се повеќе патеки, направени се рампи за лица со посебни потреби, почна копањето на бунарите за полевање. Деновиве е распишана и јавна набавка за изработка на изведбен проект. За содржините ќе може повеќе да се каже кога ќе биде изработено изведбеното решение - велат од Одделението. Дотогаш скопјани ќе уживаат во малото камено мече, школката и лавиринтот од жива ограда, кој е холандска донација, а и натаму ќе се надеваат да добијат подобар и побогат изглед на паркот во некоја наредна година.                                                                                                                                          http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1988&ArticleID=137936 



Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-May-2010 at 01:22

Само една странска фирма заинтересирана за Луна-паркот

Консултантот ќе треба да најде приватен партнер што ќе вложи во нови реквизити

Само една странска фирма досега се јавила на повикот на Град Скопје за избор на консултант кој ќе треба да најде приватен партнер за обнова на Луна-паркот. До отворањето на понудите останува уште кратко време, по што, дефинитивно, ќе се знае дали обновата на скопскиот забавен парк ќе тргне од мртва точка. Консултантот, според замислата на градоначалникот Коце Трајановски, ќе треба да направи студија за приватно-јавно партнерство и да најде заинтересирана компанија која би вложила во обнова на Луна-паркот.

Концесионерот ќе може да стопанисува со целиот забавен парк на површина од 25.000 квадратни метри, простор во кој ќе влезат и сегашните дискотеки. Приватниот партнер ќе треба да ги замени старите реквизити со нови, да постави нови инсталации и целосна подземна инфраструктура. Ќе се гради и нова трафостаница за напојување на новите реквизити. Во план е просторот да биде модерно хортикултурно уреден. Според процените, за целиот проект би биле потребни околу 5 милиони евра.

„За новиот Луна-парк во тек е постапка за избор на консултант, кој ќе изработи техничка документација за приватно-јавно партнерство. Работите се одвиваат според предвидената динамика и до крајот на оваа година би требало да се отвори постапка за избор на партнер за уредување на новиот изглед“, информираат од Градот Скопје.

Според замислата на градските власти, новиот Луна-парк, освен забава, ќе треба да им понуди на најмладите и едукативни содржини преку кои тие ќе се запознаат со законите на физиката, планетарниот систем и сценските перформанси.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=FDF2FF7F39750C4B90A692572BA3CDAC


Posted By: axel
Date Posted: 08-May-2010 at 10:13

„Тест“ за панорамското тркало во луна-паркот


На интернет-страницата на Бирото за јавни набавки е објавен тендер за изработка на основен, идеен и изведбен проект за панорамско тркало во луна-паркот

 
 
%20  
Сé уште не се знае дали ќе се реконструира целиот парк, или, пак, само ќе се менува „панорамата“. Скопјани што пораснале во паркот велат дека е гревота што реквизитите се толку многу запуштени.

Се собиравме таму и преку ден и навечер. Потоа на ред дојдоа и нашите деца. Генерации израснаа на истите реквизити. Но сега паркот е навистина запуштен, реквизитите се дотраени, неинтересни за децата. Секогаш кога со децата шетаме низ Градскиот парк, поминуваме и во луна-паркот, но едноставно повеќе не е тоа што беше. Сега на секоја страна може да се видат шишиња од алкохол и шприцови фрлени во зеленилото - вели Марјан Симоновски.

Од градот велат дека наскоро не се планира реконструкција на паркот, а дека тендерот е распишан само за да се види колку приближноо би чинело да се направи ново тркало на „панорамата“. Можеби подоцна ќе се распишат тендери и за другите реквизити.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=581093379&id=14&prilog=0&setIzdanie=21978


Posted By: axel
Date Posted: 29-Jun-2010 at 14:33
БАВНО ОДИ ПЛАНОТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА
Шпанци ќе ни бараат инвеститор за „Луна-парк“

Роза Петкова

По седум месеци градските власти конечно избраа консултант за реконструкција на „Луна-парк“, а тој ќе работи уште цела година за да најде приватен инвеститор кој ќе вложи во проектот. Тоа е шпанската консултантска куќа „ИДОМ“, позната по тоа што истовремено ја прави и студијата за сообраќајот во Скопје, за период од 20 години. Оваа фирма била единствена која учествувала на огласот, иако претходно тројца заинтересирани подигнале тендерска документација.
Иако градоначалникот Коце Трајановски во својата предизборна програма на скопјани им вети проширен и целосно реконструиран забавен парк до октомври, познавајќи ги долгите административни процедури скопјани може да очекуваат паркот да се мрдне од мртва точка дури за година до две.
- Според договорот, шпанската компанија „ИДОМ“ во рок од една година треба да ја изготви техничката документација за јавно приватно партнерство. Потоа ќе се спроведе постапка за избор на партнер, според предвидените услови од консултантот - велат од градското одделение за односи со јавност.
Во меѓувреме, додека да се најде инвеститор за да му даде нов и модерен лик на целиот парк, Градот по вторпат бара фирма која ќе го поправи панорамското тркало. Препознатливата „панорама“ со години не работи, а на првиот оглас, распишан пред неколку месеци, не се јавил никој за да направи идеен и изведбен проект за нејзина реконструкција.
Потрагата по заинтересиран инвеститор кој ќе вложи во уредување на забавниот парк е стара веќе неколку години. Пред три години пропадна тендер за приватен партнер што би инвестирал во нови содржини. Следен чекор беше одлуката да се бара консултант во Градското собрание, а тој би имал задача да ги анимира можните кандидати за приватен партнер. Идејата е „Луна-парк“ да се прошири и да го земе просторот каде што сега се сместени дискотеките, старите реквизити да се заменат со нови, да се обнови подземната инфраструктура, како и електриката. Содржините треба да бидат забавни, рекреативни и едукативни, а најмладите низ игра да се запознаат со законите на физиката, планетарниот систем и сценските перформанси.
Дотогаш скопјани ќе ги користат сегашните услови во забавниот парк, старото вовче, дотраените колички и други реквизити, кои во моментот се единствената ваква забава за најмладите во главниот град.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=2056&ArticleID=143591


Posted By: alexgizh
Date Posted: 06-Aug-2010 at 19:01


Владата најави изградба на нов луна парк во Скопје. Паркот се очекува да почне да се гради  в лето идната година на местото на сегашниот Луна парк.

„Консултантската куќа работи на подготовка на проект. Откако тоа ќе биде завршено ќе се објави оглас за избор на концесионер. Или ќе оди на база на јавно приватно партнерство, но не се исклучува и некоја трета опција, но засега овие две се најверојатни. До  крајот на годината, почетокот на следната би требало да се објави оглас, понуди за прибирање на концесионери. Откако ќе се изберат на пролет, некаде  во мај, јуни, јули се очекува да се почне со градба на паркот“ најави Груевски.



http://kajgana.com/makedonija/ke-se-gradi-nov-luna-park


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Oct-2010 at 19:00

Луна-паркот нема да остане без панорама

Луна-паркот пак ќе има панорама. Решението дали ќе се поправа постојната или ќе се прави нова, ќе треба да го понуди проектот на избраниот консултант за Луна-парк. Популарното тркало повторно ќе биде атракција за посетителите. Во Градот Скопје велат дека забавниот парк не би бил комплетен без панорама поради што и се инсистира во сите идни планови за обнова на катчето за најмладите да има и ваков реквизит.

Градските власти неодамна распишаа и тендер за реконструкција на панорамата, која не работи повеќе години. Сепак, повикот беше повлечен, затоа што во меѓувреме се избра консултантот. Тој ќе треба да подготви проект, а потоа да најде и приватен инвеститор, кој преку јавно-приватно партнерство со ЈП „Паркови и зеленило“ целосно ќе ги обнови реквизитите во Луна-паркот.

„Со изборот на консултант започна постапката за обнова на забавниот парк. Една од неговите првите задачи е изработка на проект за идниот изглед и содржина на реквизити во Луна-паркот, во кој свое место ќе си има и панорамата. Дополнително ќе се утврди дали е поевтино да се набави нова панорама или да се поправа старата“, информираат од Градот Скопје.

Панорамското тркало не работи повеќе од шест години. При последните контроли беше констатиран висок степен на корозија на металната конструкција, поради што реквизитот не е безбеден за употреба.

Со приватна инвестиција, велат во Градот, се отвора патот за поставување на четириесетина нови реквизити, а старите ќе бидат демонтирани и продадени. Приватниот партнер ќе треба да постави и нови инсталации и целосна подземна инфраструктура. Ќе се гради и нова трафостаница за напојување со струја на новите реквизити. Во план е целиот простор да биде модерно хортикултурно уреден. За реализација на целиот проект би биле потребни околу пет милиони евра.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=F59D78957F2B004683A7B47A26265FF5


Posted By: axel
Date Posted: 02-Jan-2011 at 16:57
ЗА ИДНИОТ КОНЦЕСИОНЕР
Лунапаркот скапа инвестиција Потенцијален концесионер се заинтересирал за изградба на нов лунапарк во Скопје, на местото на стариот, но за него инвестицијата била преголема, па побарал Градот да даде субвенции. Ова вчера на седница во Градското собрание го соопшти градоначалникот Коце Трајановски, кој одговараше на советничко прашање, но не соопшти кој е заинтересираниот инвеститор. Според Трајановски, направени се процени за сумата што би била потребна за изградба, па ако паркот се гради на сегашните 2,5 хектари, би чинел 12 милиони евра, а доколку се протега на површина од четири хектари инвестицијата ќе порасне на 18 милиони евра. Концесионерот побарал Градот да се вклучи во финансирањето преку субвенции, но за тоа градските власти немале пари.
- Градот може да учествува само во подготовка на земјиштето. Владата треба да се вклучи во изградбата, па се надевам дека до крајот на 2011 година градежните работи би можеле да почнат. Се зависи од тоа како ќе тече договорот со концесионерот - рече Трајановски.
Градот летово ја избра шпанската фирма „Идом“ за консултант во проектот за нов забавен парк и за услугата наплати околу 190.000 евра. Според договорот, консултантската куќа во рок од една година требаше да подготви документација за јавно приватно партнерство, а потоа да се спроведе постапка за избор на партнер.
Потрагата по заинтересиран инвеститор кој ќе вложи во уредувањето на забавниот парк трае веќе неколку години. Првичната идеја беше Луна-парк да се прошири и да го земе просторот каде што сега се сместени дискотеките, старите реквизити да се заменат со нови, да се обнови подземната инфраструктура и електриката.

http://www.time.mk/read/NONE/ef1181320e/index.html


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Jan-2011 at 18:22
Новиот лунапарк скап за Коце

"Станува збор за скап проект. Градот нема пари за да учествува на каков било начин во изградбата на паркот, затоа предлогот на шпанската фирма за субвенционирање е неприфатлив. Единствен начин е да побараме пари од Владата", вели градоначалникот Трајановски

Новиот лунапарк ќе чини 12 милиони евра. Според проектот на консултантот шпанската фирма "Идом" која Градот ја избра да го осмисли изгледот на лунапаркот, тој ќе чини многу повеќе отколку што се надеваше градоначалникот Коце Трајановски. Шпанците пред извесно време на градоначалникот Трајановски му презентирале два проекта. Првиот предлог бил поевтин и според него паркот би се протегал на површина од 25.000 квадратни метри, со околу 40 детски реквизити и би чинел 12 милиони евра. Вториот проект превидувал лунапаркот да зафаќа површина од 40.000 квадратни метри и би чинел 18 милиони евра. Претставниците од фирмата рекле дека дури и првата веријатна е доста скап проект и биле загрижени дека ниту една фирма нема да сака да инвестира толку пари. Затоа му предложиле на Трајановски и Градот да се вклучи во финансирањето на лунапаркот со субвенции.
"Станува збор за скап проект. Градот нема пари за да учествува на каков било начин во изградбата на паркот, затоа предлогот на шпанската фирма за субвенционирање е неприфатлив. Единствен начин е да побараме пари од Владата, за да не оставиме целата финансиска конструкција да падне на фирмата концесионер", вели градоначалникот Коце Трајановски.
Од Градот најавуваат дека иако проектот е скап нема да прават нов поевтин, туку дека кон крајот на месецов ќе распишат тендер за фирма која би го градела и би стопанисувала со него. Дотогаш ќе лобираат и кај Владата за да им се одобрат средства, со што и Градот би учествувал во изградбата.
Изградбата на новиот лунапарк се ветува со години. Според планот на надлежните треба да се протега на површина од околу 25.000 квадратни метри, односно ќе биде опфатен просторот на стариот парк, и местото каде сега се наоѓаат летните дискотеки. Фирмата која ќе стопанисува со него предвидено е сите стари реквизити да ги замени со нови, да постави нова инсталација, канализација и трафостаница, и целиот простор хортикултурно да се уреди.
Додека градските власти ваквите нивни ветувања ги претворат во реалност, на скопјани им останува да се возат во искршени, дотраени и небезбедни реквизити.(А.А.)
http://vest.com.mk/?ItemID=7B2C727775866D419ECE169DB0C0E6A8


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Jan-2011 at 14:51
За проектирање, изградба, работење и финансирање детски забавен парк
БАРАЊЕ ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА ИЗБОР НА КОНЦЕСИОНЕР ЗА НОВ ЛУНА ПАРК

 

Градот Скопје објави барање за изразување интерес на релевантни компании и конзорциуми за избор на концесионер за проектирање, изградба, работење и финансирање забавен парк во Скопје. Главниот обем на работите на фирмата/ конзорциумот којшто ќе биде избран се следните:

1. финансирање, проектирање и изведување работи за изградба на нов ЛУНА ПАРК со површина од 25.000 квадратни метри сo можност за проширување до 40.000 квадратни метри.

2. управување, работење и одржување на забавниот парк за време на концесискиот период,

3. пренос на предметот на концесијата на Градот Скопје на крајот на концесискиот период (пренос на концесија)

Во оваа фаза Градот Скопје очекува да добие писма за изразување интерес за учество во тендерската постапка за избор на концесионер за проектирање, изградба, работење и финансирање на нов ЛУНА ПАРК во Скопје, под концесија.

Градот Скопје подготви пакет-информации со вовед и опис на проектот, главните фактори на концесијата и прелиминарен концептуален дизајн на новиот ЛУНА ПАРК. Заинтересираните страни потребните информации може да ги добијат во просториите на Град Скопје или на веб-страницата:

http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=569 - - http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=569

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3943&mid=482&tabId=1&tabindex=0


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-May-2011 at 15:17

Луда железница и во нашиот Луна-парк?

Доколку градот не успее да најде инвеститор, Владата вети дека таа ќе вложи во целосна реконструкција на Луна-паркот, вели Миодраг Атанасиевски, управител на Луна-паркот





Вовчето е главна атракција за најмладите додека се чека новиот инвеститор

Луда железница, нов автодром, ракетодром, балерина и уште многу други забавни реквизити што ги има во сите забавни паркови во светот ќе бидат дел од новиот Луна-парк за кој градот безуспешно бара инвеститор. Доколку не се појави заинтересирана фирма што би го обновила паркот, тогаш Владата ќе вложи во негова целосна реконструкција, велат од скопскиот забавен парк.

Луна-паркот постои од 1973 година и оттогаш функционираат истите реквизити, кои веќе ги гази времето и бараат обнова. Боите им се избледени, дел се ‘рѓосани, оштетени, го изгубиле сјајот што треба да го имаат забавните реквизити.

- Со години бараме инвеститор да ни помогне да го обновиме паркот, но никој не сака да вложи. Ни требаше некој што ќе ризикува во овој бизнис, бидејки не е рантабилен, не се заработува од продавање карти. Пресреќни сме што градот и Владата се понудија да ни помогнат - вели Миодраг Атанасиевски, управител на Луна-паркот.

Сите реквизити се во функција, а единствено што не работи е панорамското тркало. Последните неколку години понудата е зголемена со картинг, трамбулина, банџи, игротека, кои придонесоа малку да се врати посетеноста на забавниот парк. Особено за викендите и за празниците, кога паркот живнува. Децата не ни забележуваат дека реквизитите се стари, но нивните родители забележуваат дека во паркот ништо не е променето со години.

- Син ми обожава да се вози на автобусчето или на кочијата, иако се стари и оштетени. Нему му се интересни. Но треба да се обнови Луна-паркот, да се модернизира, да се донесат нови реквизити, па и за возрасни, како што е лудата железница, замокот на стравот - изјави Емилија Младенова од Козле.
Посетителите реагираат и на високите цени на билетите за едно возење, која со последните поскапувања на струјата и на нафтата е повисока за пет денари. Билетот за едно возење чини 40 денари, но има и билет за 250 денари за 10 возења.

Градот досега имаше неколку безуспешни обиди да најде стратегиски инвеститор за обновување на забавните содржини во паркот. На последниот јавен повик беше избран консултант што треба да спроведе постапка за изработка на студија и да ја подготви документацијата за договорот за концесионирање. Забавниот парк ќе биде со површина од 25 илјади квадратни метри, со можност да се прошири до 40 илјади. Според консултантот, шпанската фирма „Идом“, проектот ќе чини околу 12 милиони евра, а доколку е 40.000 квадратни метри, ќе чини 18 милиони. Новиот Луна-парк ќе добие четириесетина нови реквизити, нова инфраструктура, изолација, канализација, трафостаница и целиот простор хортикултурно ќе се уреди.

- Повеќе детали за содржините ќе се знаат по завршувањето на втората фаза - изјави Неделчо Крстевски, портпарол на градот.






http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=531191315&id=14&prilog=0&setIzdanie=22270


Posted By: zabegan
Date Posted: 04-May-2011 at 01:20
зошто се обидуваат да развиваат нешто кај што не му е местото, на тој простор единствено може ново и поголемо панорамско тркало да се стави, во спротивно треба паркот или да се реновира и да се освежи со нова опрема не толку далечна од старата или да се расклопи целиот и просторот да се искористи на најпаметен можен начин

навистина се потребни барем основни работи, ако ништо друго хигиената и безбедноста да ја запазеа


Posted By: Konstrukt
Date Posted: 04-May-2011 at 13:13
Луда железница од 12 милиони за Лудаци - еден автопат крпен имаме - ама неееееее 12 милиони за луда железница, пази ако немало инвеститор, Владата ке даела...се забегува значи


Posted By: krale
Date Posted: 04-May-2011 at 13:20
Originally posted by Konstrukt

Луда железница од 12 милиони за Лудаци - еден автопат крпен имаме - ама неееееее 12 милиони за луда железница, пази ако немало инвеститор, Владата ке даела...се забегува значи


Тоа нема да бидат пари фрлени во бунар, напротив брзо ќе се исплатат. Мислам дека и добро е владата да инвестира, бидејќи за 10 години може да ги извади парите, а потоа може да го продаде објектот за слична сума на инвестираната.


Posted By: OBX
Date Posted: 05-May-2011 at 04:20
Забавен парк од овој тип (со луда железница и слични реквизити) не само што и е потребен на Македонија туку му е потребен и на целиот поширок регион. Колку што јас знам најблиска луда железница имаме во Будимпешта но и таа не е ништо посебно туку само едно обично дрвено лудо вовче. Вистиски ролеркостер има дури во Германија. Ваквиот забавен парк би било добро да се изгради некаде надвор од градот каде би бил достапен за Македонија и поширокиот регион. Насекаде во светот луѓе патуваат и по стотици километри само за да поминат еден ден во забавен парк, па зошто тоа да не биде случај и тука. Секако дека тие забавни паркови вредат многу повеќе од 12 000 000 евра меѓутоа би било добро доколку би се изработил некаков план за таков парк па потоа плански отом потом еден по еден би се граделе реквизитите!


Posted By: krale
Date Posted: 05-May-2011 at 07:57
Originally posted by OBX

Забавен парк од овој тип (со луда железница и слични реквизити) не само што и е потребен на Македонија туку му е потребен и на целиот поширок регион. Колку што јас знам најблиска луда железница имаме во Будимпешта но и таа не е ништо посебно туку само едно обично дрвено лудо вовче. Вистиски ролеркостер има дури во Германија. Ваквиот забавен парк би било добро да се изгради некаде надвор од градот каде би бил достапен за Македонија и поширокиот регион. Насекаде во светот луѓе патуваат и по стотици километри само за да поминат еден ден во забавен парк, па зошто тоа да не биде случај и тука. Секако дека тие забавни паркови вредат многу повеќе од 12 000 000 евра меѓутоа би било добро доколку би се изработил некаков план за таков парк па потоа плански отом потом еден по еден би се граделе реквизитите!


Овој план не предвидува таков вистински ролер костер.

Инаку би било интересно такво нешто да се изгради, или во близината на Гевгелија, или во близината на Охрид. Мислам дека Скопје е премалку атрактивно за такво нешто, а за жал и Охрид. Гевгелија би можела со леснотија да ги опслужува Македонија и северна Грција, и со тоа би било доста профитабилно.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 05-May-2011 at 14:21
Такво „лудо вовче“ како во Будимпешта има дури и во Солун. Работата е дали ни требаат државни луна паркови, а не дали луна парк му треба на Скопје, тоа е повеќе од јасно.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: dule
Date Posted: 05-May-2011 at 14:59

Не се играчка 12 милиони евра за луна-парк

Октомври е рокот што Градот го одреди за изнаоѓање инвеститор за изградба на сосем нов луна-парк на местото на стариот. Градоначалникот Коце Трајановски рече дека овој бизнис не е рентабилен, па доколку не се појави ниедна фирма подготвена да вложи 12 милиони евра, тогаш на потег е Владата. Ветила финансиска помош со цел забавниот парк да стане пристојно катче за забава и за рекреација. Шпанската консултантска фирма „Идом“, најмена од Градот, предвиде проект според кој новиот новиот парк би се протегал на 2,5 хектара со 40-ина нови реквизити, и инфраструктура
http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=6F045A044069D64C83069260C1DAA753


Posted By: krale
Date Posted: 05-May-2011 at 15:12
Originally posted by гитардемон

Такво „лудо вовче“ како во Будимпешта има дури и во Солун. Работата е дали ни требаат државни луна паркови, а не дали луна парк му треба на Скопје, тоа е повеќе од јасно.


Не зборував за такво смешно лудо вовче, туку за прав ролер костер, од калибарот на тие во дизниленд и слични.

За такво нешто мислам дека Гевгелија би била идеална, бидејќи Солун е блиску, Скопје не е далеку, а плус летно време сите туристи што одат за Грција (Срби, Маџари итн.) би можеле и тука да утепаат некое евро.


Posted By: OBX
Date Posted: 05-May-2011 at 15:21
Originally posted by гитардемон

Такво „лудо вовче“ како во Будимпешта има дури и во Солун. Работата е дали ни требаат државни луна паркови, а не дали луна парк му треба на Скопје, тоа е повеќе од јасно.

Се согласувам, но би било убаво кога државата би повлекла нога и тоа би се извело со некое јавно приватно партнерство или слично...


Posted By: N23
Date Posted: 05-May-2011 at 15:27
Најлош момент е кога државата станува инвеститор на буквално најлокалните потреби. Прво со изградба на државен луна парк, па макар бил после тоа даден и под концесија, ја дава сликата за тоа каде една држава сака да оди. Ќе се изгуби смислата на другите градови, затоа што со уште едно вакво чудо и Скопјани дефинитивно ќе бидат единствениот привилегиран град во македонија со се во него. Нормално е ко главен град да има се, но не значи дека државата треба парите собрани од внатрешноста да ги инвестира само во Скопје. Градот може со 2 годишни буџета да го истурка овој проект и по 10-тина години да ги врати сите пари. Но очигледно нашата интенција е целосна централизација, па бујрум да видиме што ќе искочи. Јас во секој случај сум против државна помош за луна-паркот во Скопје.


Posted By: krale
Date Posted: 05-May-2011 at 15:33
Државата според мене треба да инвестира во локални проекти САМО од две причини:

1. Кога тоа е исплатливо (зошто некој друг да го обере ќарот?)
2. Кога тоа не може да го стори локалната власт, а е од суштинско значење за населението на градот, или државата

Мислам дека луна паркот спаѓа во број 1. Исто како што е сега случај со зоолошката, која можеби и треба да се приватизира за некоја година, со прилично фин ќар за градот.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 05-May-2011 at 15:43
Со број 2 се сложуваме сите, ама под број 1, не ти се чини дека е малку нелогично напишаното?

Дали државна млекарница, државна пекарница, и државен фризерски салон нема да бидат исплатливи? Не може државата да меша прсти насекаде како порано, нели си мислат граѓаните дека завршивме со тој период?


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: OBX
Date Posted: 05-May-2011 at 15:45
Најлош момент е кога државата станува инвеститор на буквално најлокалните потреби. Прво со изградба на државен луна парк, па макар бил после тоа даден и под концесија, ја дава сликата за тоа каде една држава сака да оди.


Не ти ја разбирам баш поентата за тоа каде државата оди, дали вложување во забавни содржини од буџетски пари ја носи државата во погрешна насока?

[/QUOTE] Ќе се изгуби смислата на другите градови, затоа што со уште едно вакво чудо и Скопјани дефинитивно ќе бидат единствениот привилегиран град во македонија со се во него.[/QUOTE]

Погоре пишав дека мој предлог е кога би се градел ваков забавен парк(од поголеми размери) тоа да биде некаде во внатрешноста на државата како би бил подостапен за цела држава...

[/QUOTE]Нормално е ко главен град да има се, но не значи дека државата треба парите собрани од внатрешноста да ги инвестира само во Скопје.[/QUOTE]

Колку што јас го пратам форумов мислам дека на оваа тема веќе е дискутирано за тоа колкав процент од македонската економија се наоѓа во скопје и скопскиот регион а со тоа и колкаво е учеството на пари кои се слеваат во буџетот..

[/QUOTE]Градот може со 2 годишни буџета да го истурка овој проект и по 10-тина години да ги врати сите пари. Но очигледно нашата интенција е целосна централизација, па бујрум да видиме што ќе искочи. Јас во секој случај сум против државна помош за луна-паркот во Скопје.[/QUOTE]

Јас мислам дека пристапот е јасен, да се побара инвеститор за којшто ни самите не веруваат дека ќе се јави, па откако никој не би се јавил државата би помогнала за да се реализира проектот бидејќи оцениле дека тоа е потребно..


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-May-2011 at 15:52
Уште оддамна имам некаде пишано дека лунапаркот и езеро треска би ги дал на приватњаци без многу услови. Од ова сега полошо неможе да е во смисла на состојбата во овие два парка.


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 05-May-2011 at 16:06
PreviousАпсолутно се согласувам.

-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: krale
Date Posted: 05-May-2011 at 16:06
Originally posted by гитардемон

Со број 2 се сложуваме сите, ама под број 1, не ти се чини дека е малку нелогично напишаното? Дали државна млекарница, државна пекарница, и државен фризерски салон нема да бидат исплатливи? Не може државата да меша прсти насекаде како порано, нели си мислат граѓаните дека завршивме со тој период?



Веројатно пропуштив да кажам дека под број 1 би се сложил со владина инвестиција ако се исполнуваат и другиве два услова:

1. Да биде на ЕКСТРЕМНО краток рок - под 10 години, во владина управа
2. Да нема други такви услуги, или заинтересирани приватници во државата


Posted By: N23
Date Posted: 05-May-2011 at 16:38
Originally posted by OBX


Не ти ја разбирам баш поентата за тоа каде државата оди, дали вложување во забавни содржини од буџетски пари ја носи државата во погрешна насока?

Колку што јас го пратам форумов мислам дека на оваа тема веќе е дискутирано за тоа колкав процент од македонската економија се наоѓа во скопје и скопскиот регион а со тоа и колкаво е учеството на пари кои се слеваат во буџетот..


Јас мислам дека пристапот е јасен, да се побара инвеститор за којшто ни самите не веруваат дека ќе се јави, па откако никој не би се јавил државата би помогнала за да се реализира проектот бидејќи оцениле дека тоа е потребно..


Во стил дека ако државата стане инвеститор на работи кои се од локален карактер, а таков е луна паркот, ондак се дава слика дека станува збор за држава неспособна да привлече инвеститори и во некои основни дејности, држава во која владее централизам, држава која се грижи само за главниот град, држава која со својата машинерија и големиот број на потрошена сума за потенцијални инвеститори не успева да извлече 12 милиони евра за проект од кој приватњакот ќе има само ќар. Тоа зборува или дека инвеститорите сметаат дека овде климата нема да се подобри, а со тоа ни дека вложените пари нема да му се вратат, или државата се однесува авторитарно и ко што кажа ти дава конкурс на кој однапред знае дека нема кој да се пријави.

За другиот момент, не е важно кој е најголем финансиер. Се знае за што служи државниот буџет. Прво ние не сме федерација па пропорционално да ги делиме парите. Второ, во Скопје живее една третина од населението, значи 2 третини, или поголем дел, останува игнорирано. Трето, ова не е објект од финансиска добивка за цела држава, ќарот ќе се дели град со држава. Ако е така, ондак Кавадарци треба да има поголем бенефит од државата, што во пракса баш и не е така. Барем не со видливо око.
Затоа и зборам, ако вложувањето на државата се продолжи и на луна парк, не ја гледам причината зашто ондак би барале инвеститори. Улогата на државата е да изгради инфраструктура од добробит на народот, а не да изгради забавен парк кој ем го изградила со нивни пари, ем за кој ќе наплаќа фина сума. Со овие пари може да се поправат 7-8 км автопат, ама тоа изгледа не е народен интерест.


Posted By: dule
Date Posted: 05-May-2011 at 16:45
Луна паркот треба што поврзо да се реконструира бидејки изгледа мизерно и срамно.Со реквизите стари по 30 години ,жално и срамота со оглед дека се даваат милионски суми на пари за глупости треба да се инвестира и во младите генерации.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 05-May-2011 at 17:45
А луна парк е инвестиција во младите? Ох леле, леле, леле!

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: krale
Date Posted: 05-May-2011 at 18:00
Originally posted by гитардемон

А луна парк е инвестиција во младите? Ох леле, леле, леле!


Па не е баш, ама донекаде и е.

Особено што ако млад човек нема занимации, знаеме кон какви работи се свртува, а ова е уште една занимација што е беневолентна.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 05-May-2011 at 18:32
Малку грубо се изразив, еве да преформулирам. Сигурно наркозависник не се станува од досада. Мене кога ми е досадно сигурно прво нешто на памет не ми е да се средам. Туку, да не разглабаме тука за тоа, луна паркот воопшто не влијае на бројот на наркозависници. Уствари ако си надуван таман е, така што може да придонесе кон нивно зголемување LOL


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: krale
Date Posted: 05-May-2011 at 18:49
Ај отидовме во неврат.

Луна паркот нуди некое „хај“ искуство. Исто како што нудат и концерти, спорт, филмови и други нешта, кои на младиот човек му даваат доволно занимации да не навлезе во лошо друштво и лоши навики. Друго е кога си веќе оформена личност, зборувам за првите години од тинејџерството, каде е позната психологијата на младите.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 05-May-2011 at 19:01
Абе те разбирам јас, ама сигурно тоа не е доволно оправдување државата да градела државен луна парк. Ај со државна млекарница да се намалат пијачите на алкохол, да пијат повеќе млеко. Како и да е...


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: dule
Date Posted: 05-May-2011 at 22:19
Originally posted by гитардемон

А луна парк е инвестиција во младите? Ох леле, леле, леле!


Кога одиме во Дизниленд или во некој друг парк секако дека сите се радуваме од младо до старо.Не ми е јасно зошто до сега не е обновен и реконструиран паркот.Секако дека нашите деца утре би се гордееле и ова е една од позначајните инвестиции на градот.


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 06-May-2011 at 00:17
Ја само едно можам да признаам...Посмешна дискусија од оваа на гитар и на крале неам прочитано досега на форумов жими се (ова е пофалба не сум циничен).LOLApplause

-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: zabegan
Date Posted: 06-May-2011 at 20:21
сте размислувале некогаш за дислокација на луна паркот? иако знам дека е тоа на некој начин традиционално место и дека е дел од рекеативните зони на паркот, но според мене веќе нема смисла да биде таму, треба да најдат нова локација, каде ќе направат поголем, поубав и помодерен луна парк
а стариов простор да се искористи за дислокација на терените за фудбал и тенис или да се продолжи паркот


Posted By: krale
Date Posted: 06-May-2011 at 22:45
Мислам дека дислокација не е добра, затоа што паркот е и онака преголем и без интересни содржини. Добро е што зоолошката заживува, што стадионот ќе добие и фасада и придружни елементи, ама и луна паркот е добро да се разработи.


Posted By: zabegan
Date Posted: 07-May-2011 at 00:03
Originally posted by krale

Мислам дека дислокација не е добра, затоа што паркот е и онака преголем и без интересни содржини. Добро е што зоолошката заживува, што стадионот ќе добие и фасада и придружни елементи, ама и луна паркот е добро да се разработи.
па ако планираат да доведат нови содржини, таа локација нема капацитет за такво нешто, тоа ми беше муабетот
а такво нешто како голем парк не постои, не значи дека ако е парк дека таму треба да има само трева и дрвја, може да се додадат содржини како што викаш ти, тоа и ми беше идејата


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 07-May-2011 at 00:08
Originally posted by zabegan

сте размислувале некогаш за дислокација на луна паркот? иако знам дека е тоа на некој начин традиционално место и дека е дел од рекеативните зони на паркот, но според мене веќе нема смисла да биде таму, треба да најдат нова локација, каде ќе направат поголем, поубав и помодерен луна парк
а стариов простор да се искористи за дислокација на терените за фудбал и тенис или да се продолжи паркот
Искрено не гледам никаква пречка поголем, поубав и помодерен луна парк да се направи на истава локација. Доколку треба тој може да се прошири према картинг патеката,голф клубот, военото игралиште и бивш Sound Garden, па дури и накај плажите на Вардар. Значи простор има, а поубав и помодерен би можел на било која локација да се направи.
 
Сепак мислам дека локаијата воопшто не е лоша. Сметам дека општо кај нас како нардо ни недостига навика за ваков тип на забава. Сведок сум бил на огромен број пропаднати слични помали објекти во минатото (професионални билијард клубови, картинг патеки, кино сали). Не дека работите неможат да се сменат, како што се смија позитивно во врска со рекреацијата во природа последниве години, но мислам дека поради менталитетот, слободното време попрво го трошиме по кафеани, кафичи, на гости, пред ТВ на тросед отколку на вакви активности. Друго да не заборавиме, Скопје знае да има неколку „лоши“ месеци за ваков тип на рекреација. МАли и температури под нулата во Јануари, Февруари, и +40 во Јули и август, со што доста би се намалил периодот на 100% искористеност. За стандардот на населението и да не зборуваме, но сепак да се надеваме дека некогаш би се подобрил.
 
Токму поради овие факти, сметам дека инвестиција од овој тип не би била исплатлива за било кој инвеститор. Затоа искрено не се надевам премногу дека градот ќе најде партнер, па и се прашувам и колкава би требала да биде ова социјална инвестиција на градот/државата бидејќи сигурно дека под државна капа ваквото претпријати би било уште понерентабилно.


-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


Posted By: krale
Date Posted: 07-May-2011 at 08:56
Јас би рекол на таа локација треба мал Луна Парк, а друг вид на забавен парк - со профи димензии, да се планира некаде кај Гевгелија.


Posted By: Ljubopitko
Date Posted: 08-May-2011 at 23:05
Зошто кај Гевгелија?
За на грците да им биде блиску?


Posted By: krale
Date Posted: 08-May-2011 at 23:30
Originally posted by Ljubopitko

Зошто кај Гевгелија?За на грците да им биде блиску?



Па да... Логиката на овие големи забавни паркови е дека тие мораат да служат на многу поголем реон од само оној што е во локалната популација. СО поставување на таков парк во Гевгелија, се постигнуваат многу интересни предности:

1. Се опфаќа целата популација на Солун и с. Грција со околу 4-5 милиони потенцијални гости (кои исто така имаат и бааги појак стандард)
2. Се опфаќа бројната популација која се движи на овој коридор СЕКОЕ лето, а доаѓа од Полска, Чешка, Унгарија, Србија, Германија и бројни други земји. Тие на ова место би застанале и би потрошиле нешто од нивниот буџет. Туристичките агенции кои вршат превоз, би можеле да организираат застанување и забава или на одење, или на враќање од море.
3. Се опфаќа целата популација која летува на северното крајбрежје на Егејското море, односно тие стотитици илјади странски туристи што тука летуваат (а дошле на пример со авион), може да им се нудат аранжмани за еднодневени посети на овој забавен парк.
4. Скопје и цела Македонија ќе останат корисници, бидејќи вакво нешто нема да има на друго место

Значи локацијата ја предлагам од чиста економска логика.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 08-May-2011 at 23:53
Локацијата е одлична за такво нешто. Според мене Гевгелија преспоро се развива во однос на потенцијалот. Губиме време, а со тоа и пари...

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: krale
Date Posted: 08-May-2011 at 23:55
Originally posted by alexgizh

Локацијата е одлична за такво нешто. Според мене Гевгелија преспоро се развива во однос на потенцијалот. Губиме време, а со тоа и пари...



Да. Преспоро е. На пример Кожув требаше одамна да работи и да функционира. Во Солун ми се чинат понестрпливи грците да биде завршен, отколку нашиве.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 09-May-2011 at 07:46

Мислам дека изградбата на луна парк (голем мал сеедно) никако не би требало да биде државна обврска. Доколку е добра идеја да се изгради таков парк во Гевгелија (или каде било на друго место) мислам дека централната или уште повеќе локалната власт треба да обезбеди услови за тоа (да оддели соодвтетна локација, да ја постави до парцелата неопходната инфраструктутра), но самата изградба на паркот мора да е на приватен инвеститор. Бидејќи ако е тоа исплатлива идеја, и ако се обезбедени сите неопходни услови, брзо ќе се најде инвеститор (домашен или странски). Јас не сум до толку убеден дека е тоа така, но зошто да не проба општина Гевгелија да предвиди таква локација во близина на автопатот и гранциата, и да проба да ги исконтактира комапаниите во светот кои се занимнаваат со овој тип на бизнис па тие најдобро самите да си направат студија на исплатливост.



-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


Posted By: krale
Date Posted: 09-May-2011 at 09:10
Во право си дека нема да биде лесно да се финансира таков забавен парк.

Но добро би било државата да се заложи за таков проект - односно да се вложи државниот апарат во наоѓањето инвеститор. Земјиштето покрај автопатот е понекогаш и во државна сопственост, па треба да се избере интересна локација за забавен парк и трговски центар.


Posted By: OCB
Date Posted: 14-Jun-2011 at 04:41
Новиот Луна-парк ќе се дава на 30-годишна концесија

Преку доделување концесија, на домашен или на странски инвеститор, Градот ќе бара фирма која во Скопје би изградила нов модерен Луна парк, според ЕУ-стандарди. На следната седница на Советот на Град Скопје, која ќе се одржи неделава, градоначалникот Коце Трајановски ќе предложи усвојување на одлука за давање под концесија на новиот забавен парк на местото на стариот, и тоа за период од 30 години.

Повикот, кој во план е да се распише набрзо, подразбира проектирање, изградба, управување и пренос во постапка со отворен повик.

Според студијата на шпанската консултантска куќа „Идом“ , потенцијалниот инвеститор во паркот треба да вложи 12 милиони евра.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6EF1D789AE84A04EAB3E6666171B2CB2


Posted By: build.mk
Date Posted: 04-Nov-2011 at 16:11
Градот Скопје објави тендер за Луна паркот

Тендерот за доделување право на изградба, управување и одржување на скопскиот забавен парк денес е објавен во дневните весници. Градската власт бара концесионер за изградба на нов забавен парк на местото на постоечкиот Луна парк во Градскиот парк во Скопје на површина од 25.327 метри квадратни. Според јавниот повик, проценетата вредност на концесискиот проект изнесува 12 милиони евра.

Во критериумите за евалуација на заинтересираните инвеститори мнозински дел заземаат периодот на целосна изградба на забавниот парк (15 поени) и квалитетот и оригиналноста на објектот (40 поени), при што дизајнот на новиот забавен парк ќе носи 20 поени при изборот на најповолен понудувач. Избраниот инвеститор ќе ја добие концесијата за управување со Луна паркот за период од 30 години. Крајниот рок за доставување на понудите на заинтересираните субјекти е 26 декември.

Градот Скопје во јануари годинава објави барање за изразување интерес на заинтересирани компании кои би го изградиле новиот забавен парк. Во првичната фаза градските власти бараа писма за изразување интерес од потенцијалните инвеститори. Неколку години наназад се нижат безуспешни обиди за пронаоѓање на приватен партнер кој целосно ќе го поднови дотраениот објект. Главната причина за досегашната незаинтересираност на компаниите беше опасноста од нерентабилност на забавниот парк.


Бојан Блажевски
http://www.build.mk/?p=10382 - http://www.build.mk/?p=10382


Posted By: OCB
Date Posted: 23-Feb-2012 at 16:59
Скопје следната година ќе добие нов Луна парк. Изградбата на паркот од 40 000 метри квадратни се најавува за пролет, а ќе чини околу 10 милиони евра.

- Курир

Просторот предвиден за новиот луна парк од 25 илјади м2 ќе се прошири до 40 илјади и ќе чини од 10 до 12 милиони евра.

- 24 Вести

Не знам како да ги сфатам овие вести. Во моментов во тек е http://www.skopje.gov.mk/images/Image/%D0%88%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BE%D0%B1%D1%98%D0%B0%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%B2%D0%BE%20%E2%80%9C%D0%A1%D0%BB%D1%83%D0%B6%D0%B1%D0%B5%D0%BD%20%D0%B2%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8%D0%BA%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A0%D0%9C%E2%80%9C%20%D0%B8%20%D0%B4%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B2%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%20-%20%D0%9B%D1%83%D0%BD%D0%B0%20%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BA%281%29.pdf - тендерот кој требаше да заврши на 26 декември, но рокот беше http://www.skopje.gov.mk/images/Image/Javen%20povik%20-%20izmenuvanje%20i%20dopolnuvanje%20vtoro%20za%20VEB.pdf - продолжен до 29 февруари. Во тековниот тендер стои дека паркот ќе се наоѓа на површина од 25.327 м2. Проценетата вредност е 12 милиони евра.

Горните вести може да значат две работи. Прво - новинарска грешка и второ - најден е инвеститор кој е подготвен да го гради паркот на поголема површина од онаа утврдена во тендерот. Доколку се работи за вториот случај, ќе мора да се распише нов тендер.

Критериуми за евалуација на понудите според тековниот тендер:



Posted By: Djole88
Date Posted: 23-Feb-2012 at 18:52
Хм интересно бодување за еден луна парк. Ова со дневен билет за влез и неограничено користење на реквизити ми е малку глупо дефинирано. Дали имањето таков билет или цената на билетот ќе играат улога и ќе носат бодови? Како и да е според мене тоа е еден небитен фактор, за да му се дадат 40% важност

Имено летово работев во забавен парк во УСА и концептот на дневен билет иако е доста употребуван има една голема негативна страна.Конкретно паркот кај што работев работеше на принцип, секоја атракција различна цена(број на билети). Пример во паркот имате 20 атракции од кои 5 за деца, 10 комбинирани и 5 само за возрасни(над одредена висина). Тие за деца ви чинат 2 билети(билет=долар), тие комбинираните чинат 4 и за возрасни 6. Картите се минијатурни( 4cmx8cm) и на билетара си пресметувате на што сакате да се возите и земате одреден број на карти. Зошто овој систем според мене е подобар од системот на дневна карта? Поради тоа што паркот кај што работев беше со 99% сигурност сличен на тој што ќе го добиеме тука. Односно ќе добиеме парк во кој може ќе има 1-2 атракции(некој среден ролеркостер и нешто слично) + атракции наменети за поширока публика, како рингишпили, колички, брод, балерина и слично. Поентата е дека јас како возрасен ако сакам да се возам на 2-3 атракции и тоа би ме чинело со овој систем 20 билети=20 долари, не ми се исплати да зеам дневна карта која во просек таму се движеше 50 долари. сеа како и да ги прилагодиш цените, систем само со дневна карта ќе биде тотален неуспех.

И уште нешто, поради тоа што летото го посетив и еден од најголемите забавни паркови, Six Flags, таму веќе системот на дневна карта функционира одлично зошто се простира на ОГРОМНА површина и има 5-6 ролеркостери кои се во едни од најстрашните и најдобрите ролеркостери на светот. Поентата е таму ако влезеш, се возиш на се, зошто знаеш што те чека. Во мал забавен парк како нашиот, ќе има 1-3 работи на кои би се возел и нема поента купување дневна карта


Posted By: OCB
Date Posted: 24-Feb-2012 at 11:03
Сепак ќе се оди со нов тендер во кој се предвидува поголема површина за паркот. Моја претпоставка е дека ова е направено на барање на потенцијалните инвеститори.

Нов Луна парк од следната пролет?!

Ако се избере најповолна понуда, во август ќе се потпише договорот, а периодот на изработка на најсложените апарати е шест месеци, така што кон крајот на годината тие ќе се монтираат, велат од Градот.

Град Скопје повторно го продолжи рокот за избор на најповолна понуда за реализација на проектот Луна парк. Новиот рок е до 30 март, а градските власти велат дека продолжувањето е по барање на компаниите за да ги докомплетираат документите.
- Студијата за овој проект покажа дека и тој се движи на граница на профитабилност, бидејќи инвестицијата е скапа, а Луна паркот ќе може да работи само неколку месеци во годината. Веќе неколку компании пројавија интерес за овој проект за кои се надеваме дека ќе се пријават на последниот повик- вели градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Според најавите на градоначалникот ако се избере најповолна понуда веќе во август месец ќе се потпише договорот, а периодот на изработка на најсложените апарати е шест месеци при што кон крајот на годината се очекува да започне и нивното монтирање. Веќе наредната пролет вели Трајановски може да се очекува Скопјани да се забавуваат во Луна паркот по сите стандарди. Од Градот информираа и дека веќе се најдени некои локации во Центарот на Скопје за дислокација на дискотеките во паркот, а се бараат и локации во периферијата на градот.

Изградбата на Луна паркот според Студијата се очекува да чини околу 10 милиони евра. Првично за изградба на Луна паркот беа предвидени 25 илјади квадратни метри, но проширување е направено кон езерцето во паркот со што вкупната површина на овој објект ќе биде 40 илјади квадратни метри. Во проширениот дел не се предвидени градби туку само партерно уредување на просторот. Работното време на Луна паркот би било до еден часот по полноќ. За овој проект интерес пројавиле, американска, турска и италијанска фирма.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=6E4E803C7867D045BC3F9B2F4C8BC19C


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 24-Feb-2012 at 13:27
Реално која и фирма која има искуство во дадениот сектор на тематски и забавни паркови сигурно поради дадениот ограничен број на работни денови во годината и рентабилноста да донесе поатрактивни за нас реквизити кои претходно биле користени во други паркови кои се многу попрофитабилни и на чии места треба да се инсталираат нови помодерни реквизити. Како и да е нема причина зошто и на таквиот вид на набавување реквизити да не им се радуваме, со оглед дека реално нешто порадикално се нема инсталирано во луна паркот многу подолго време него што "second-hand"-реквизитите воопшто биле во употреба во нивниот прв дом.


Posted By: OCB
Date Posted: 24-Feb-2012 at 14:05
Мислам дека инвеститор не би можел да да си ја поврати инвестицијата само преку реквизитите. Покрај ограничениот период во кој паркот може да работи, вториот важен елемент е ниската платежна моќ на граѓаните. Оттука сметам дека понудата на поголема површина во услови кога проценетата вредност за изградба на паркот останува иста се должи на замислена израдба на повеќе затворени, повеќенаменски објекти кои би се користеле во текот на целата година. На тој начин луна паркот станува далеку попривлечен за потенцијални инвеститори, а за тоа голема улога игра и неговата локација. Доколку тендерот успее, ќе изгубиме дел од градскиот парк. Покрај приширувањето на луна паркот, ќе се појави и потреба од изградба на ново, релативно големо паркиралиште. Можеби инвестицијата е оправдана, но таа би морала да биде последна од ваков тип на оваа локација.   


Posted By: alexgizh
Date Posted: 24-Feb-2012 at 15:12
Сметам дека имаат погрешна стратегија со тоа што одземаат дел од паркот за потребите на новиот Луна Парк. За илустрација, еве колку (мислам дека) ќе биде проширен, и еден мој предлог каде би можел соодветно да се смести Луна Паркот, а богами и да се додаде фамозниот Аква Парк во неговите граници:




-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Feb-2012 at 04:50


Идејата е супер


Posted By: makonix
Date Posted: 25-Feb-2012 at 05:06
идејата е супер се согласувам, во бризбен парковите се еден до друг, и можеш да земеш билет за двата парка истовремено. Инаку не верувам моментално за такво нешто да се оствари од политички причини. Ако не се лажам ама од веснициве, аква паркот веќе подолго време не може да почне поради некои заврзлами со општина Карпош, а луна парков го промовира градоначалников. Стварно ме нервира што политикава меша прсти веќе во се


Posted By: OCB
Date Posted: 24-Jun-2012 at 00:02
Донесена е нова одлука за распишување на тендер за луна паркот. За разлика од претходните одлуки кои предвидуваа 30 годишна концесија, новата предвидува 35 годишна концесија. Според она што се пишуваше пред да пропадне последниот тендер, просторот предвиден за новиот луна парк од 25 илјади м2 ќе се прошири на 40 илјади м2.

http://ipserver.skopje.gov.mk/e-skopje/sluzben%20glasnik%20so%20konverzija.nsf/82aa49069edfbbb780256a22004ba9e0/39884879a190a4a2c1257a21003b9eba?OpenDocument


Posted By: kultuzin
Date Posted: 24-Jun-2012 at 11:51
Според мене парите што се предвидени за мостот со тркалото, каруселот и сплавовите подобро нека ги употребат за подобрување на условите на тендерот за луна парк.


Posted By: Ebatejuzernejm
Date Posted: 05-Jul-2012 at 16:17
Добро што се случува со Луна Парков,па 100 години демек се шири обновувува и никако да се случи тоа !


Posted By: mr bombastic
Date Posted: 21-Aug-2012 at 21:04
Кога би требало да се распише нов тендер за луна паркот?


Posted By: BOJAN
Date Posted: 31-Aug-2012 at 09:43
Originally posted by mr bombastic

Кога би требало да се распише нов тендер за луна паркот?


Подобро нека не распишуваат тендер за проект за кој очигледно не постои заинтересираност од приватните компании или пак не се кадарни да пропишат адекватни услови.

Изминативе денови во полн ек е тендерот за издавање одобрение за поставување пловни објекти на езерцата во Градскиот парк, се работи за чамци со весла и кајаци кои ќе служат за рекреативно управување и превоз на луѓе низ езерцата и каналите во паркот.


Posted By: mr bombastic
Date Posted: 06-Oct-2012 at 21:08
Гледам никој не постирал за Луна Паркот па ајде да видиме што ќе биде овојпат со тендеротLaugh




Распишан уште еден оглас за пронаоѓање на инвеститор за Луна паркот

Градот Скопје не се откажува од идејата за изградба на нов забавен парк на локацијата на постоечкиот Луна парк. Во печатените медиуми денеска е објавен оглас за доделување на договор за воспоставување на јавно – приватно партнерство во форма на концесија за период од 35 години. Победникот ќе треба да го финансира дизајнирањето, изградбата, работата и одржувањето на забавниот парк, кој согласно со досегашните информации треба да се простира на површина од 40.000 метри квадратни. Крајниот рок за доставување на понуди од заинтересираните субјекти е 3 декември. http://www.build.mk/?p=12715 - Во една од претходните објави за пројавување интерес , градските власти истакнаа дека проценетата вредност на проектот изнесува 12 милиони евра.

 

Локалните власти ќе се раководат од четири критериуми при изборот на најповолен понудувач, и тоа: цена на дневен билет за влез и неограничено користење на реквизитите (25 поени), вкупен износ на инвестиција за шест години (25 поени), број на повеќе од превидените монтирани реквизити во првите шест години (25 поени) и капацитет – број на кориснички седишта на „адреналински“ реквизити (25 поени). Операторот на идниот забавен парк треба да ги задоволи европските стандарди за безбедност на забавни паркови при реализацијата на проектот. За обележување е и податокот дека градските власти во огласот ја опишуваат катастрофалната состојба во која се наоѓа Луна паркот, кој потпаѓа под нивна надлежност.

 

 

Актуелната состојба во која се наоѓа Луна паркот:

 

- Реквизитите се многу стари и нивната состојба не е соодветна за минималните стандарди за квалитет;

- Напојувањето со електрична енергија е старо и не ги задоволува тековните потреби и не ги исполнува пропишаните мерки за заштита;

- Водоводната и одводната канализациона мрежа во моментов е запрена и пумпите не работат правилно;

- Хидрантската мрежа за противпожарна заштита мора целосно да се обнови;

- Oбјектот со години акумулира загуби во работењето, што доведува до исклучување на можноста за самостојна модернизација и за купување нова опрема.

 



www.build.mk/?p=19065




Posted By: FoSsiL
Date Posted: 07-Dec-2012 at 20:17

Мизерија... 



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: mr bombastic
Date Posted: 10-Dec-2012 at 22:51





Значи ова пред 5 дена било објавено во фактор...



Нов Луна парк во Скопје?

05/12/2012 

luna-park-510x272

Три фирми биле заинтересирани на повикот на Градот Скопје за изградба на нов Луна парк. Градоначалникот Коце Трајановски неодамна најави дека доколку се тече по планот и огласот биде успешен, во првите денови од наредната година ќе се знае судбината на Луна-паркот. За реализација на проектот концесионерот  ќе треба да вложи околу 12 милиони евра. А со паркот ќе стопанисува во период од 35 години. Новиот Луна-парк треба да се простира на површина од 25.327 квадратни метри, на просторот на постојниот Луна-парк, вклучувајќи ги и дискотеките. Инвеститорот на оваа површина ќе има обврска да изгради и дел за угостителски услуги, катче за продажба на сувенири, затворени простории за игра, како и да обезбеди соодветен паркинг-простор.





http://faktor.mk/archives/13924



Posted By: mr bombastic
Date Posted: 03-Jan-2013 at 18:08
Продолжува голготата на Коце Big%20smile



На новиот Луна парк никако да му се посреќи

Градските власти ја отфрлија единствената понуда за концесионер оти не ги исполнувала бараните услови

Градоначалникот Коце Трајановски, по се' изгледа, нема да има среќа да започне да го гради новиот Луна-парк на крајот од тековниот мандат. Иако овој проект му беше еден од изборните ветувања, на неколку месеци од истекот на мандатот никако да му се посреќи барем да најде потенцијален инвеститор за паркот.

Откако, конечно, беше распишан огласот и три фирми подигнаа тендерска документација, а една од нив дури достави и понуда, на градските власти не им појде од рака првиот оглас да го прогласат за успешен и да изберат инвеститор.

„Понудата не соодветствуваше со критериумите од јавниот повик и затоа е отфрлена. Град Скопје подготвува нов јавен повик кој ќе биде објавен наскоро“, накусо одговараат од Градот без никакви детали.

Така, не се остварија надежите на Трајановски дека во почетокот на годинава конечно ќе се знае кој ќе го гради новиот Луна-парк и веќе до пролет да почнат и градежните активности. Инаку, градските власти не кажуваат кога ќе го распишат новиот оглас, дали тој ќе биде со истите услови како и претходниот и можно ли е да изберат партнер со директна спогодба, само проектот конечно да почне со реализација. Непознато е и дали доставената понуда била од странска или од домашна компанија.

Проценето е дека за изградба на нов Луна-парк е потребно да се вложат околу 12 милиони евра. Првиот, сега веќе неуспешен оглас, предвидуваше концесионерот да го изгради паркот, а потоа да стопанисува со него во период од 35 години. За новиот забавен парк е резервирана површина од 25.327 квадратни метри на местото на стариот, вклучувајќи го и просторот на дискотеките.

Ова беше втор обид на градските власти да најдат инвеститор за долгонајавуваниот проект. Речиси целиот мандат Трајановски го потроши наводно за анимирање потенцијални инвеститори и на разработување на финансискиот план за проектот.



http://utrinski.com.mk/?ItemID=A012BE575B77FC42A61327C66716D80D


Posted By: Граѓанин
Date Posted: 06-Jan-2013 at 00:23
Никако не можам да разберам зошто немало интересенти. Тие можат да се спогодуваат вака или онака, меѓутоа не гледам причина да нема.


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 01-Apr-2013 at 01:33
Скопје ќе добие модерен Луна парк

Луна паркот во Скопје ќе биде даден на јавно приватно партнерство на менаџирање на 30 години.

Инвестицијата за овој Луна парк е осум милиони евра при што треба да има четири адреналински реквизити, а останатите ќе бидат од различен тип.

Реквизитите ќе бидат наменети за деца, тинејџери и за возрасни. За сите возрасти на луѓе ќе има забава во Луна паркот.

Ова денеска го изјави кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски, кој рече дека Луна паркот е стар 40 години и е неатрактивен за посетителите на Скопје.

Поаѓајќи од тоа, посочи Трајановски, Градот Скопје уште во 2009 година ја почна постапката за изградба на нов Луна парк.

- За таа цел изготвивме студија преку шпанска компанија врз основа на која објавивме два тендери, на првиот никој не се пријави, а на вториот се пријави една италијанска компанија која за малку не ги исполни условите, но се уште е заинтересирана. Студијата е со јавно приватно партнерство, рече Трајановски и додаде дека во неговата изборна програма е ставена изградба на Луна парк.

Потенцира дека сега после толку анимирање и наоѓање на компании кои се заинтересирани да инвестираат во Луна парк, е сигурен оти во наредниот период ќе има Луна парк во Скопје.

Луна паркот, рече Трајановски, сега е на површина од 26 илјади метри квадратни со тоа што со новиот ДУП се даде можност да може да биде изградена површина од 40 илјади метри квадратни.

- Со тоа сметаме дека ќе биде поатрактивен за јавниот приватен партнер. Многу е важно тоа што сакаме да најдеме приватен партнер кој веќе менаџирал со луна паркови и кој постојано ќе инвестира во атрактивноста на овој Луна парк и конечно граѓаните на градот Скопје и пошироко да доаѓаат во Луна паркот, додаде Трајановски.

http://sitel.mk/skopje-kje-dobie-moderen-luna-park-0 - http://sitel.mk/skopje-kje-dobie-moderen-luna-park-0


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 01-Apr-2013 at 01:39

Meне една работа не ми е јасна, како од 26 илјади метри сега ќе стане 40 илјади метри? Па тоа е многу голема површина плус која се додава сега. Зарем ќе се жртвува дел моменталното зеленило, патеки, клупи од паркот за сметка на некои глупи циркуски реквизити и бетон? Минус 14 000м2 зеленило во главнио дел на Градскиот парк на Скопје? Секоја чест.


Posted By: stratus
Date Posted: 01-Apr-2013 at 11:33
мислам дека се додава територијата каде што се дискотеките


Posted By: BOJAN
Date Posted: 01-Apr-2013 at 12:42
Луна паркот ќе се проширува во правец на езерцата, ќе се рушат дискотеките и дел од паркот ќе влезе во рамки на идниот објект. Само јас сум скептик дека би можело ова да се реализира од приватен инвеститор, едноставно нема интерес.


Posted By: nouseforname
Date Posted: 01-Apr-2013 at 15:17
ќе се рушат дискотеките !?!??!??!


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 01-Apr-2013 at 15:19
Најдобро или паркот да си остане во димензиите и парцелата на моменталниот, ете вклучувајќи ја површината на тамошните 3-4 дискотеки кои воопшто не се мали по површина или да се најде посоодветна локација за него. Да не се уништува и жртвува и онака веќе скромното зеленило кое остана во Скопјево за градежни зафати и бетон, посебно не зеленилото на Градскиот парк.


Posted By: Џоле
Date Posted: 18-May-2013 at 18:49
Ете, додека се трошат огромни износи на вртелешки, Луна паркот во Скопје се претвори во (всушност, одамна е) депресивно место за децата. Сликите се преземени од МКД.мк.















-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 18-May-2013 at 18:50










-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 18-May-2013 at 18:51








-------------
За сè има вторпат


Posted By: gjoko
Date Posted: 18-May-2013 at 19:30
децата сега не се радуваат на луна паркови туку на тачови,лаптопи,шопинг во ситимол .....


Posted By: mr bombastic
Date Posted: 07-Feb-2014 at 01:08
Да се навратиме малце на заборавениот Луна Парк, објавен е тендер на 10.10.2013 и трае до 28.2.2014


http://www.skopje.gov.mk/images/Image/%D0%9E%D0%93%D0%9B%D0%90%D0%A1-04-2013%20luna%20park%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BE%D0%B1%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B0%202%20%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0%20%D0%B4%D0%B0%D1%82%D1%83%D0%BC.pdf


Posted By: mr bombastic
Date Posted: 01-Mar-2014 at 04:23
Добро бе кога ќе сфатат Коце и компанија дека на овој начин уште 100 години да објавуваат тендери сите безуспешно ќе завршат, се запнале како вол за слама само јавно-приватно партнерство....се знае треба Градот да го финансира Луна Паркот и конечно да биде направен, доста беше губење неколку години време е да се свестат...





Четири години се бара инвеститор за Луна паркот

Ниту една компанија не доставила понуда до Градот Скопје за изградба на ветениот нов Луна парк на постоечката локација во Градскиот парк, објави телевизија „Алфа“. Со тоа пропадна уште еден обид на градската управа за пронаоѓање приватен партнер кој е заинтересиран за финансирање, дизајн, изградба, управување и одржување на планираниот комплекс со површина од 40.000 метри квадратни. Концептот за јавно – приватно партнерство се покажа како неуспешен уште при првиот тендер од ноември 2011 година. Градот засега не се откажува од реализација на проектот и оттаму напоменуваат дека навремено ќе ја известат јавноста за натамошните чекори што ќе се преземат.




Во мемоентов замислата на градските власти е забавниот парк да се реализира по принципот на јавно – приватно партнерство, во чии рамки приватниот концесионер би вложил во изградба на комплексот и со истиот би управувал во период од 35 години. Во споредба со првичните услови од пред три години, критериумите за учество на компаниите на секој нареден тендер се ублажуваа за да се најде понудувач што ќе се реши да инвестира. Висината на инвестицијата се проценува на 12 милиони евра. Ако се земе во предвид фактот дека Луна паркот во моментов се простира на површина од 25.327 метри квадратни, со евентуалната реализација на проектот, новиот забавен парк ќе заземе дел од постоечката зелена површина и патеките во Градскиот парк.




http://www.build.mk/?p=33214


Posted By: Lerin
Date Posted: 01-Mar-2014 at 09:35
Кој како дојде пред избори само ветува нов Луна Парк и гледам стварно нов изградија. Срамота е ова веќе,оние НЕШТА во луна паркон се опасни по живот веќе.


Posted By: Џоле
Date Posted: 01-Mar-2014 at 10:44
Што ќе ти е Луна парк кога го имаш во центарот на Скопје? Вртелешка ставија, неколку дизниеви замоци кренаа, остануваат уште споменици на Мики Маус и Пајо Паторот да им се кренат на некој од мостовите.

Шегата на страна, да сакаа, досега ќе изградеа нов Луна парк. Но - по илјадити пат ќе повторам - приоритетите се други.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Lerin
Date Posted: 01-Mar-2014 at 10:48
хаха така некако ќе му дојде,иако да бидам искрен тоа "замокот" нема да ми смета ако го изградат,онака Виенски,само ќе ми смета неговата локација и скалите под него

Точно приоритетите се други,важно панорамско тркало да се изгради,па сега дали зградите ќе се распаѓаат или луна паркот ќе биде опасен по живот мање битно.


Posted By: mr bombastic
Date Posted: 13-Mar-2014 at 03:54
Во текстот има дел за подземната сообраќајница па ви го пренесувам само делот што се однесува на Луна Паркот.



Градот повеќе нема да бара фирма за изградба на новиот Луна Парк. По трите  неуспешни тендери, Трајановски  одговарајќи на новинарско прашање, најави дека забавниот парк ќе биде обновен со пари од градската каса.

Обновувањето треба да почне следната година а изградбата ќе трае неколку години. Проектот Луна парк ќе  ги содржи сите современи забавни  реквизити, затворен дел за забава, на површина од 26 563 метри квадратни, со паркинг плац, ресторани и  сувенирници.



http://sitel.com.mk/mk/podzemnata-soobrakjajnica-kje-se-gradi-do-krajot-na-godinava-trajanovski-ochekuva-namaluvanje-na





Логично беше по толку неуспешни тендери да се гради со пари од градската каса али да се до толку пацери неможам да поверувам-еден е..н Луна Парк да се гради неколку наредни години...како да се гради автопат од 100км, јаоооооо мајко милаSuicide


Posted By: Lerin
Date Posted: 13-Mar-2014 at 08:14
лол како може бе фирма да не можат да најдат за Луна Парк
Господ знае кога и како ќе го изградат и дали воопшто ќе го изградат,ми мириса на класично предизборно ветување како и што беа претходните 100.

Во случај да го изградат,се разбира се што е сега таму да оди во канта,или во некој друг град на поклон(ако некој град сака стара роба) да се прошири луна паркот кај што се дискотеките и пошироко,и се разбира да очекуваме ролеркостер,индијана џонс планини,Замоци,пиратите од карибите подземни извори па патувае низ нив во бродче,ова она А-У (мхм сигурно)


Posted By: Џоле
Date Posted: 13-Mar-2014 at 08:35
ТРАЈАНОВСКИ СЕ ПРЕМИСЛИ, САМ ЌЕ ГО ГРАДИ ЛУНА-ПАРКОТ

Градот се откажа од намерата да го изгради забавниот парк по пат на јавно-приватно партнерство, откако не успеа во тоа и по четири години

Градоначалникот Коце Трајановски се премисли, наместо со партнер, новиот Луна- парк ќе го гради сам. Се откажа од идејата проектот да го реализира по пат на јавно-приватно партнерство, во што не успеа и по речиси четири години. Според градоначалникот, тоа не значи дека скопјани нема да добијат нов Луна-парк. Град Скопје сам ќе го гради забавниот парк со средства од градскиот буџет, а не е исклучена можноста изведбата на милионскиот проект да го помогне и Владата.

Проценето е дека за новиот Луна-парк ќе биде неопходно да се вложат околу 8 милиони евра. Толкава е барем процената на физибилити-студијата која Градот ја нарача уште пред неколку години.

Повеќе на http://www.utrinski.mk/?ItemID=C2D3D4BD78B95F46A66766F458C241D4 - http://www.utrinski.mk/?ItemID=C2D3D4BD78B95F46A66766F458C241D4

-------------
За сè има вторпат


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 13-Mar-2014 at 11:07
Originally posted by Lerin

лол како може бе фирма да не можат да најдат за Луна Парк
Господ знае кога и како ќе го изградат и дали воопшто ќе го изградат,ми мириса на класично предизборно ветување како и што беа претходните 100.

Во случај да го изградат,се разбира се што е сега таму да оди во канта,или во некој друг град на поклон(ако некој град сака стара роба) да се прошири луна паркот кај што се дискотеките и пошироко,и се разбира да очекуваме ролеркостер,индијана џонс планини,Замоци,пиратите од карибите подземни извори па патувае низ нив во бродче,ова она А-У (мхм сигурно)


А сакаш можеби цел Градски Парк да го ископаме со багер и да го претвориме во функција на Луна парк?

Јас би преместил од паркот и Луна парк и дискотеки, ни на двете не им е место во паркот и тоа е факт, особено па не уште и да се шири за цена на некој глупи подземни извори низ кој ќе поминува бродче или не знам ти какви планини, ролеркостери и остали глупости. Градскиот парк треба да е зелен и полн со дрва, зелени површни, цвеќња, пешачки патеки, клупи а не со глупости. За Amussment паркови за деца и неизживеани возрасни има милион неискористени градежни парцели низ Скопјево кој може да се искористат за таква намена како што е насекаде во било која нормална држава.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 13-Mar-2014 at 11:17
Јас уште еднаш ќе ве потсетам на мојот предлог од пред 2 години, со кој би се зачувал паркот и неговото зеленило.

Originally posted by alexgizh

Сметам дека имаат погрешна стратегија со тоа што одземаат дел од паркот за потребите на новиот Луна Парк. За илустрација, еве колку (мислам дека) ќе биде проширен, и еден мој предлог каде би можел соодветно да се смести Луна Паркот, а богами и да се додаде фамозниот Аква Парк во неговите граници:



-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Lerin
Date Posted: 13-Mar-2014 at 12:19
Originally posted by HugoGoulding

Originally posted by Lerin

лол како може бе фирма да не можат да најдат за Луна Парк
Господ знае кога и како ќе го изградат и дали воопшто ќе го изградат,ми мириса на класично предизборно ветување како и што беа претходните 100.

Во случај да го изградат,се разбира се што е сега таму да оди во канта,или во некој друг град на поклон(ако некој град сака стара роба) да се прошири луна паркот кај што се дискотеките и пошироко,и се разбира да очекуваме ролеркостер,индијана џонс планини,Замоци,пиратите од карибите подземни извори па патувае низ нив во бродче,ова она А-У (мхм сигурно)


А сакаш можеби цел Градски Парк да го ископаме со багер и да го претвориме во функција на Луна парк?

Јас би преместил од паркот и Луна парк и дискотеки, ни на двете не им е место во паркот и тоа е факт, особено па не уште и да се шири за цена на некој глупи подземни извори низ кој ќе поминува бродче или не знам ти какви планини, ролеркостери и остали глупости. Градскиот парк треба да е зелен и полн со дрва, зелени површни, цвеќња, пешачки патеки, клупи а не со глупости. За Amussment паркови за деца и неизживеани возрасни има милион неискористени градежни парцели низ Скопјево кој може да се искористат за таква намена како што е насекаде во било која нормална држава.

Каков неизживеан лик,кои амјузмент паркови за деца бе неписмен,ај пред да се истрчаш да се правиш паметен провери што и како изгледа,и види дали е за деца или не.


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 14-Mar-2014 at 10:08
Што да проверам што и како изгледа? И полека со лични навреди, зголеми си го квалитетот на аргументите а не простотилукот во коментарите.

Поентата на мојот коментар се однесуваше на проширување на Луна Паркот надвор и од гранците на дискотеките. Тоа е апсурно. Уште зеленилото на паркот фали да го забетонираат со реквизити и паркинзи за коли наоколу. Немам против да се направи Луна Парк но ако веќе планираат да го прават сосема од ново нека му најдат посоодветна локација, или ако планираат да го прават на сегашната локација нека не го шират за цена на зеленилото и урбаната форма на Градскиот парк.
Градскиот парк треба пред се' да остане тоа што е, Градски парк, а не Луна Парк и паркинг.


Posted By: jyvation
Date Posted: 03-Sep-2014 at 12:59
ЗАБАВНИОТ ПАРK ЌЕ СЕ ГРАДИ СО ГРАДСKИ И ДРЖАВНИ ПАРИ

И ВЛАДАТА ЌЕ ИНВЕСТИРА ВО НОВ ЛУНА-ПАРК



Владата ќе одвои пари за изградба на современ забавен парк во Скопје. Постои начелна согласност изградбата на луна-паркот да биде реализирана и финансирана во соработка меѓу Градот Скопје и Владата, потврди вчера владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.

Овие најави доаѓаат откако пред неколку месеци пропадна третиот обид на Град Скопје да најде домашен или странски концесионер кој ќе изгради и ќе управува со модерен забавен парк во метрополата, а градоначалникот Kоце Трајановски изјави дека не се откажува од намерата и луна-паркот ќе го гради сам, со пари од градскиот буџет. Во јавноста, на интернет-форуми и на социјалните мрежи се разви дискусија колку е потребно да се дадат 18,2 милиони евра за да се изгради Панорамското тркало на Вардар, а Скопје да нема современ детски забавен парк. Граѓаните аргументираат дека и луна-паркот е атрактивна и економски исплатлива содржина која ќе привлече туристи во главниот град и предлагаат прво да се изгради забавен парк, на местото на постојниот, а потоа тркалото.

Ќе има и тркало и нов луна-парк

Портпаролот на Владата, Ѓорѓиев, вели дека изградбата на луна-паркот ќе биде повеќегодишен проект за реализација.

- Во периодот кој следи ќе бидат дефинирани и прецизирани конкретниот обем на соработката, соодносот на финансирање и динамиката на реализација на проектот. Во соработка со Градот Скопје реализираме десетици проекти од разни области кои имаат значење и корист за граѓаните во повеќе сфери и на сите обрнуваме полно внимание - одговори Ѓорѓиев на прашањето дали размислуваат да помогнат во изградбата на забавниот парк во соработка со Градот, односно на луна-паркот да му дадат приоритет за реализација пред тркалото.

Од Градот Скопје одговорија дека буџетот за наредната година е во фаза на подготовка и со неговото носење точно ќе се дефинира можноста за реализација на нов луна-парк, без да изнесат повеќе информации за тоа до каде е постапката и какви се плановите.

- Граѓаните ќе бидат благовремено информирани за сите детали поврзани со постапките за реализација на проектот - одговорија од одделението за односи со јавноста.

На прашањето како градските власти го коментираат тоа што изградбата на тркалото, чија содржина исто така е забавна, на терен практично почнува, а луна-паркот останува со истите реквизити 40 години одговорија:

- Панорамско тркало е заеднички проект на Владата на Република Македонија и на ЈСП.

Скопскиот градоначалник Kоце Трајановски на крајот на јуни на седница на Советот на Град Скопје, откако пропаднаа трите обиди за осовременување на забавниот парк по пат на јавно приватно партнерство, најави дека Градот сам ќе го финансира проектот. На советничко прашање пред неколку месеци за тоа кој е концептот за обнова на Луна-паркот и колку ќе чинат оперативните трошоци и неговото одржување, Трајановски одговори дека Градот со сопствени средства ќе го гради објектот, а ќе бара помош и од Владата.

Може да има до 200.000 посетители годишно

- По изработката на проектот ќе се утврдат трошоците за функционирање на паркот - изјави тогаш Трајановски.

Според студијата што ја изработи фирмата „ИДОМ Kонсалтинг“ од Шпанија, обновата на Луна-паркот ќе чини околу 7 милиони евра. Тој би се состоел од влез со соодветни придружни објекти, административни објекти, нови забавни реквизити за возење во согласност со европските стандарди за безбедност, објекти за служење на храна и пијалаци, дел за продажба на сувенири, затворен дел за играње, паркинг, соодветна техничка инфраструктура, тематизација на паркот итн.

- Оваа инвестиција се очекува да генерира зголемени приходи од работењето на забавниот парк со годишна посетеност од 200.000 посетители, најмногу семејства и деца до 15 години - се вели во студијата.

Обидите на Градот да изгради нов луна-парк почнаа уште во 2009 година, но досега останаа без успех, бидејќи ниту една фирма не посака да склучи договор за јавно-приватно партнерство, односно да го земе паркот под концесија. Луна паркот сега е на површина од 26 илјади квадратни метри, но според детаљниот план, тој може да се гради на површина од 40 илјади квадрати.

Реквизитите кои денес се користат во луна-парк се практично истите со кои тој е отворен во далечната 1973 година, односно родителите кои денес таму ги носат своите деца и самите се возеле на истите рингишпили кога биле мали.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=E7CE79334E49CE4BA8BA3D83D3CD5802 - http://www.dnevnik.mk/?ItemID=E7CE79334E49CE4BA8BA3D83D3CD5802


Posted By: zabegan
Date Posted: 03-Sep-2014 at 23:18
значи некој сепак ќе си го истера своето... едноставно одбивам да верувам дека не се наоѓа ниеден заинтересиран инвеститор на земјава, освен ако нашиве не му понудиле некои безвезни услови


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: mr bombastic
Date Posted: 04-Sep-2014 at 03:43
Како бе изградбата на нов луна парк ќе биде повеќегодишен проект за реализација? Па нормални ли се овие што зборат, за нешто што треба да е приоритет и да се направи најбрзо што може они кај не мрднале до сега со прст уште сакаат и натаму да го влечат со тешки години на сметка на градењето на тоа чудото од Панорамско тркало кое ама баш ич не е потребно.

И да, годините поминуваат па се мислам дали и кога ќе бидам дедо моите внуци ќе видат нов луна парк, нешто што ни јас а ни многу генерации неможеле да видат...


Posted By: Џоле
Date Posted: 01-Nov-2014 at 11:25
ЛУНА-ПАРКОТ ДОБИ НОВ АВТОДРОМ

Во забавниот Луна-парк е поставен нов реквизит, голем автодром кој ќе отпочне со работа од утре. Билетот ќе чини 50 денари од кола за две лица, но доколку некој посетител купи пет билети, му следува еден гратис, а ако купи 10, ќе добие гратис три билети.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=8EDC64EDE1B2064B87F3F58CCBD801FF - http://www.utrinski.mk/?ItemID=8EDC64EDE1B2064B87F3F58CCBD801FF

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Danndy
Date Posted: 03-Nov-2014 at 01:19
Без проблем можеше American Horror Story: Freakshow да се сними тука.

-------------
Traveling.


Posted By: Teglarot
Date Posted: 03-Nov-2014 at 14:08
Originally posted by Џоле

ЛУНА-ПАРКОТ ДОБИ НОВ АВТОДРОМ

Во забавниот Луна-парк е поставен нов реквизит, голем автодром кој ќе отпочне со работа од утре. Билетот ќе чини 50 денари од кола за две лица, но доколку некој посетител купи пет билети, му следува еден гратис, а ако купи 10, ќе добие гратис три билети.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=8EDC64EDE1B2064B87F3F58CCBD801FF - http://www.utrinski.mk/?ItemID=8EDC64EDE1B2064B87F3F58CCBD801FF


Вчера го посетив Луна паркот, "новиот" ПРИВАТЕН автодром (така стои на билетарата напишано на лист со маркер) всушност е исто така праисториски и дотраен исто како и останатите реквизити. Згора на тоа, "стариот" автодром не функционира, така да овој е и единствен и поскап речиси за 50%. Газди се веќе познатите Роми, кои ги има на секој панаѓур во секој град. За да биде задоволство поголемо, во позадина има рокнато српска шунд музика, цел Луна Парк ечи



Print Page | Close Window