Print Page | Close Window

Автобуски постојки и терминали

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Јавен превоз
Forum Discription: Автобуски, трамвај, ЛРТ, метро, тролејбус...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=928
Printed Date: 24-Apr-2024 at 23:38


Topic: Автобуски постојки и терминали
Posted By: Cloverstack
Subject: Автобуски постојки и терминали
Date Posted: 11-Sep-2007 at 01:06
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=03D37769B046574BAC7668B8728B6745 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=03D37769B046574BAC7668B8728B6745

Ќе се прават 335 нови автобуски постојки

Наредната година скопјани ќе добијат 335 нови стандардизирани автобуски постојки од неколку типа. Од Одделението за сообраќај во Градот велат дека не само што ја одредиле бројката на постојки на подрачјето на Скопје туку и предвиделе тие да бидат од различен тип, единечни и двојни, а потоа и комбинација од едните и другите со стандардизирани трафики.

Нема повеќе да се толерира узурпирањето на просторот пред нив со тенди, продажни полици и фрижидери за сладолед или пијалаци. Петиот тип постојки ќе бидат наједноставни, само со покривни конструкции, а ќе бидат лоцирани на потесните тротоарни површини. До крајот на септември ќе биде распишан и тендер за избор на фирма што ќе ги изведува работите.

„Го сработивме делот околу стандардизирањето на димензиите на постојките и материјалот од кој ќе бидат изработени.

Останува идната седмица да се искристализираат одредени детали со ЈСП ’Скопје‘. Имаме одредени модели на постојки според европските стандарди и ќе користиме еден од нив. Сигурно е дека наредната година Скопје ќе добие нови постојки“, вели Јован Христовски, раководител на Одделението за сообраќај во Градот. (Сн.К.)



Веројатно по 2375-ти пат се објавува нешто вакво околу постојките. Уште повеќе ме нервира фактот што Трифун пред само некој ден се силеше дека ќе ги донесел Германците од Wall кои меѓу другото бесплатно ќе ни направеле и постојки (во замена за рекламниот простор). Тоа не ни укажува само дека има нула координација меѓу градоначалникот и неговите луѓе, туку дека не се кадарни сериозно да застанат ни зад најситните проекти.

А овој Јован Христовски нешто многу е самоуверен... Баш ме интересира дали е спремен да сноси одговорност ако пропаднат неговиве уверувања и гаранции...



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Sep-2007 at 01:17
^^
 
одговорот е едноставен. Никој.... А истава вест пак ќе ја прочитаме за 6-7 месеци.
 
Приказнава почнува во далечната '95 некаде со француската фирма Беба Жирод (така бар беше фриленс преводот на нашите медиуми) која сакаше да ги направи автобуските во замена за рекламен простор. Ако не се лажам црвените постојки што ги има на неколку места во градов се примероци од таа фирма.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Sep-2007 at 01:25
Од тоа малку што сум прошетал во животот, нашите црвени постојки ги ставам при дното на листата.

-------------


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Feb-2008 at 23:03
Вакви вести не ме импресионираат од причина што 100 пати се најавуваат а никогаш не се реализираат... Но ете да ја евидентираме најавава Cheers

СО НОВИТЕ 330 АВТОБУСКИ СТОЈАЛИШТА


Постојките конечно ќе заличат на европски?!


ЈСП во најскоро време ќе распише јавен повик за уредување на 330 постојки на целата територија на градот. Новите постојки ќе бидат снабдени со столчиња, информативна табла со возниот ред и времето на пристигнување на автобусите, а на самите постојки ќе има простор за рекламирање


Голем број на постојките во градот на патниците не им пружаат основни услови за заштита од ветер и дожд додека чекаат автобус. Нема клупи за седење, недостасуваат табли за информирање, па дури и стреите се искршени или воопшто ги нема. Единствен знак кој укажува на тоа дека тука застанува автобус е метална шипка на која некогаш бил закачен возниот ред?! Додека од ЈСП најавуваат уредување на 330 постојки, скопјани реагираат.

- Единствено постојките во централното градско подрачје се колку-толку уредени, иако и тука нема столчиња, информативна табла, или корпа за отпадоци. Останатите постојки распоредени во скопските населби, буквално не личат на ништо, а да не зборуваме за населени места каде автобус се чека и по еден час. А токму таму е неопходна стреа и клупи каде постарите лица би можеле да седнат и да го почекаат автобусот. Ретките информативни табли, пак, или се застарени или воопшто ги нема, така што доколку не се јавите за информации во ЈСП, не можете да знаете кога ќе ви пристигне автобусот, велат револтираните граѓани.

Од ЈСП "Скопје" потврдуваат дека во најскоро време ќе се распише јавен повик за уредување на 330 постојки на целата територија на градот. Понудувачот што ќе се избере ќе мора да ги уреди постојките според Одлуката за јавен градски, приградски и меѓуопштински патнички превоз и согласно европските стандарди, но и да се грижи за нивно одржување.

- Веќе се подготвува техничка документација за распишување на тендерот, а се чека и општините да достават информација за локациите на кои треба да бидат поставени постојки. Новите постојки ќе бидат снабдени со столчиња, информативна табла со возниот ред и времето на пристигнување на автобусите, а на самите постојки ќе има простор за рекламирање. И воведување на системот за автоматска локација на автобусите на кој се работи во Градот, исто така ќе биде во функција на граѓаните и нивно информирање, велат во ЈСП и Секторот за сообраќај на Град Скопје.

Даниела ТРАЈКОВСКА



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=9BB6CD1A378AC44297D79E0F680836D9


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jul-2008 at 19:35
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9832E8F1F34F3A4F91FAB358869D4E06 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9832E8F1F34F3A4F91FAB358869D4E06


Подновувањето на автобуските постојки чека одобрениe

Повеќето општини имаат позитивен став, но во ЈСП пристигнал само одговор од Ѓорче Петров

Сања Наумовска

Опремувањето на автобуските постојки во урбаниот дел на Скопје доцни поради проблеми со доставата на потребните документи. Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ пред еден месец побара одобрение од скопските општини за поставување урбана опрема на 330 автобуски постојки во урбаниот дел на градот. Иако поголемиот дел од општините велат дека позитивно одговориле и веќе ги испратиле одобренијата, во ЈСП пристигнал само одговор од Општина Ѓорче Петров.

Одобренијата се важни затоа што без нив не може да почне вториот дел од проектот- распишување тендер за приватен партнер со кој ќе се уредат постојките, велат во ЈСП. Оттаму се задоволни од позитивниот став на општинските власти и се надеваат дека проблемите од административна природа и доцнењето на доставата нема уште долго да ја пролонгираат реализацијата на проектот. Во една боја и со иста опрема ќе се уредат автобуските постојки од Сарај до Драчево и од Шуто Оризари и Радишани до Пржино.

Во Општина Карпош велат дека се задоволни од иницијативата на Градот и на ЈСП за унифицирање на автобуските постојки. Во општината има 40 постојки за кои Карпош позитивно се изјаснил и одобрението веќе е пратено до ЈСП. Истото го тврдат и во Општина Бутел, каде што велат дека веќе се уредени сите улици и тротоари каде што ќе се поставува урбаната опрема. Позитивен став имаат и општинарите од Гази Баба, додека во Аеродром барањето се' уште се разгледува. Во Општина Центар комуналната инспекција е на терен и ја утврдува состојбата на автобуските станици, бидејќи, како што велат во барањето, не е содржан елаборат за идниот изглед и водот на опремата која ќе се поставува на постојките. Заради тоа, општинарите бараат состанок со надлежните во Градот или во ЈСП. Во Чаир, пак, велат дека од ЈСП воопшто не добиле барање за издавање одобрение.

„Предвидена е димензијата и видот на опремата која ќе биде поставена на секоја автобуска постојка и која ќе биде унифицирана за целиот град. Тоа секако ќе бидат настрешниците, информативните табли со карта на градот и сите други информации за превозот, клупа, кошница за отпадоци, а на одредени станици каде што ќе има место и телефонска говорница и некои други урбани елементи“, вели Јован Христовски, раководител на Секторот за сообраќај. Тој нагласува дека важен дел од секоја постојка ќе биде и просторот за рекламирање, кој всушност ќе му се даде на приватниот партнер на користење, а дел од профитот ќе добива и ЈСП.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Sep-2008 at 09:01
Унифицирани автобуски станици и во Скопје



Автор:  Бојана Стојчевска

Европски автобуски станици ќе се постават во целиот град откако ќе бидат решени бирократските проблеми со кои се предизвикува застој во работата на градската управа, одлучија градските и општинските власти на седницата на координативното тело на градоначалници на скопските општини.

Проблемот се јавува кај градската управа, каде што поради недостиг од луѓе се кочи процесот на издавање стручно мислење, кое е неопходно за општините да можат да почнат да издаваат дозволи за поставување такви автобуски станици.

Градоначалниците што во своите општини имаат и рурални предели информираа дека таму станиците се модернизирани, но не и во нивните урбанизирани делови.

- Во руралните делови во мојата општина имате станици со стреи, клупи, паркчиња, а кога ќе пристигнете во Автокоманда ќе видите дека ништо од тоа нема - изјави Коце Трајанов, градоначалник на Гази Баба.

Градоначалникот на Кисела Вода, Џорџе Арсов, појасни дека од страна на неговата општина работите се завршени и дека веќе четири месеци чекаат одговор од градот.

- Проблемот го гледам во градот. Ние дадовме барање пред четири месеци, а за да поставиме станици е потребно мислење токму од градските власти, зашто ние само издаваме дозволи - рече Арсов.

Трифун Костовски истакна дека очигледно проблемот се наоѓа во бирократскиот систем што се применува.

- Со овој проект треба да се опфатат 330 унифицирани станици во урбаните предели на градот, а јас лично се залагам да се забрза оваа постапка и ќе проверам каде е проблемот. Нашите граѓани мораат да добијат европски станици како што заслужуваат - изјави Костовски.

Градоначалниците беа согласни дека ЈСП мора да направи промена во распоредот на линиите. Тие бараат да се вметнат нови линии или на некои броеви да им се продолжи трасата, како и да бидат почести.

- Како во сите општини така и во Шуто Оризари жителите на месната заедница Горно Оризари имаат проблем со тоа што автобусот со бројот 19, кој се движи во мојата општина, не доаѓа до заедницата и тие се принудени пеш да одат до најблиската станица - изјави Ердуан Исеини, градоначалник на Шуто Оризари.

Петре Латиновски, градоначалникот на Бутел, истакна дека со истиот проблем се соочуваат и жителите на Бутел 2.

- Во населбата Бутел 2 нема никаков возен ред. Тука не поминува автобус. Како предлог можам да дадам бројот 16, кој оди до Железара, да продолжи кон улицата Христијан Тодоровски-Карпош. Не се работи за некоја далечна дестинација, а самото тоа и ќе му донесе профит на ЈСП - додаде Латиновски.

Костовски побара од сите градоначалници најдоцна до крајот на неделата да состават барања за регулирање на возниот ред и да ги достават до градот.

Исто така, Костовски побара од градоначалникот на Аеродром, Кирил Тодоровски, да не ги суспендира проектите што се со заеднички средства.

- Најпрво сакам до господинот Тодоровски да упатам молба да не ги суспендира заедничките проекти, зашто тие се за доброто на жителите. И да истакнам дека мораме пред себе да си поставуваме реални проекти. Јас, најискрено, кога на местото на Голем ринг ќе видам висококатници ќе се прекрстам од Трифун во Муса - изјави Костовски.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=195&top=1&ArticleID=8102


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Oct-2008 at 23:15
Автобус ќе се чека со весник и кафе?!


Според надлежните во Градот во непосредна близина на постојките се планира подигање на типизирани киосци во кои би се продавале весници и кафе. Сепак, во Градот признаваат дека реализацијата на овој проект, кој беше одобрен и од градските советници, запна во административната преписка на релација Град - општините


Скопјани наскоро ќе имаат можност автобусите да ги чекаат на постојки кои конечно ќе бидат опремени според европските стандарди. Според надлежните во Градот, патниците кои ќе чекаат на постојките ќе имаат дури и можност да купат весник и кафе, со оглед дека во непосредна близина се планира подигање на типизирани киосци во кои би се продавале весници и кафе. Сепак, во Градот признаваат дека реализацијата на овој проект кој беше одобрен и од градските советници запна во административната преписка на релација Град - општините, поради што и проектот за јавно приватно партнерство во опремувањето на постојките, кое треба да го реализира Јавното сообраќајно претпријатие "Скопје", доцни.

- Во план е да се заменат стреи на 330 постојки. Тие истовремено ќе бидат целосно снабдени со урбана опрема, односно клупи, корпи за отпадоци, а ќе има и информативни табли со мапа на градот и информации за линии и времето на пристигнување и заминување на автобусите. Постојките ќе бидат типизирани, односно во иста боја и со исти димензии, а во нивна околина се планира да бидат поставени и телефонски говорници, трафики кои исто така ќе бидат унифицирани и во кои ќе се продаваат весници. Дури се планира за потребите на патниците да се изградат и продавнички за самопослужување и кафетерија по принцип на бензински пумпи, вели градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски.

Додека според градонажалникот, локациите се веќе одредени и се чека на дозвола од општините, оттаму посочуваат дека тие веќе неколку месеци, согласно процедурата која важи за поставување на времени објекти, чекаат мислење од Градот?! Во ЈСП, пак, велат дека веднаш по добивањето на сите согласности, ќе биде распишан и јавен повик за избор на фирма партнер која ќе ги уредува постојките.

- За обновување на автобуските постојки, според нашите проценки, потребни се околу 1,5 милиони евра, средства што претпријатието ги нема. Приватниот партнер, пак, кој би ги презел постојките, би добил 1,3 милиони евра годишно од издавање на рекламен простор, кој исто така би бил составен дел од постојките. Притоа, 15 отсто би биле наменети за ЈСП, во чија сопственост по истекување на договорот кој би се потпишал на неколку години, постојките и целата опрема би останувале во сопственост на ЈСП и Градот.

http://vecer.com.mk/?ItemID=528EAC01BA352B4B8DF0911FF9F78431




Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Oct-2008 at 08:51
Се бојадисуваат автобуските станици низ градот


Јавното сообраќајно препријатие деновиве отпочна со редовната активност за бојадисување на постојните автобуски постојки низ градското подрачје. Од претпријатието ни појаснија дека фарбањето на избледените столбови, стреи и трафики се редовна активност на претпријатието, кој во овој дел од годината со нивно префарбување се заштитуваат од претстојните временски непогоди. Прва на удар беше автобуската Тифани, која се наоѓа во центарот на градот на улицата Даме Груев.

http://vecer.com.mk/?ItemID=ED06FCDCF1BCDF49BC2ED6594D431452




Posted By: Vladimir P
Date Posted: 18-Jan-2009 at 16:24
ЈСП - Транпортен центар
Ограден простор - терминал



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Feb-2009 at 11:21
Унифицираните автобуски станици зависат од општинските совети



Автор:  Бојана Стојчевска
Скопје
Европските унифицирани автобуски станици ќе се постават во Скопје откога општините ќе ги донесат програмите во кои ќе ги вметнат нивните локации. Александар Бошковиќ, директорот на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, истакна дека биле предвидени 960 станици и тие ќе почнеле да се поставуваат откога општините ќе ги издадат дозволите. Градската управа информира дека донесувањето на програмите било завршната фаза на проектот, кој траел повеќе од година и половина. И во општините велат дека ги привршувале своите обврски, но дека сакале да направат и неколку измени.

ИЗБОРИТЕ НЕ СЕ ПРЕЧКА

Бошковиќ информира дека во почетокот на март општините ќе ги донесат програмите за поставување на автобуските станици.

- Општините ќе одлучуваат по 28 февруари и дотогаш ние не можеме ништо да направиме. Тие треба 960-те стојалишта да ги вметнат во програмите, а потоа да ни издадат дозвола за да можеме да ги поставиме - изјави Бошковиќ.

Градските власти објаснија дека овие програми можат да се донесат пред почетокот на изборната кампања, бидејќи нивната постапка траела нецели две години, а програмите биле само нејзиното затворање.

- Постапката за поставување унифицирани автобуски станици трае нецели две години и, иако се наоѓаме во фаза пред избори, програмите што треба да ги донесат општините се дозволени и тоа нема да се пречи за предизборна кампања. Елаборатите се веќе одамна направени, а ова е само затворање на постапката - истакнаа градските власти.

МАЛИ ИЗМЕНИ ВО ЛОКАЦИИТЕ

Поголем број општини веќе ги имаат донесено програмите за поставување унифицирани автобуски станици со одредени мали корекции. Во некои ќе се зголемува бројот на постојните станици, а на одредени места тие само ќе се поместуваат.

Сашо Димиќ, в.д.градоначалникот на Карпош, соопшти дека програмата ќе биде усвоена на следната седница.

- Планот од ЈСП го добивме пред два дена и сега нашите служби работат на него. На следната седница тој ќе биде на дневен ред и се надевам дека советниците ќе го усвојат - изјави Димиќ.

Тони Чуповски, портпаролот на Кисела Вода, истакна дека во нивната општина постојат одредени дилеми за поставувањето на стојалиштата, но за брзо време тие ќе биле решени.

- Имаме дилеми кога станува збор за нашиот рурален дел. На улицата Првомајска, каде што се наоѓаат Усје и Пинтија, досегашните автобуски станици беа на голема оддалеченост и претставуваат проблем за нашите жители. Затоа сакаме за овој дел да направиме стојалишта на секои 500 метри, а со тоа и нашите граѓани ќе бидат задоволни - истакна Чуповски.

Момо Николовски, портпаролот на Ѓорче Петров, вели дека програмата била донесена уште во мај 2008 година и веќе била доставена до ЈСП.

- Не направивме промена на постојните автобуски станици. Програмата ја поднесовме во ЈСП неколку пати, но бидејќи биле потребни некои корекции, односно не сме дале свое мислење, таа ни беше вратена. А сега повторно им ја доставивме онака како што тие бараа - истакна Николовски.

СЕ ВРАЌА ЛИНИЈАТА 26

Во општината Бутел било направено дополнување на автобуските линии и повторно бил вратен во употреба бројот 26 на кој последната станица му била во населбата Железара.

- Програмата е готова, а во неа имаме направено мали корекции, како што се повторното воведување на автобусот со бројот 26 и поместувањето на автобуската станица кај малата клучка во Бутел. Можно е да се направат и некои корекции во Бутел 2, каде што би требало да се додадат семафори за поголема безбедност на местото каде што поминува автобусот со број 26 - информира Снежана Клинчарова, портпаролката на Бутел.

Авни Калаба, портпаролот на Чаир, истакна дека не се запознаени дека општината имала обврска да донесе програма во која треба да се потврдат постојните автобуски станици.

- Не сме запознаени дека треба да се донесе такво нешто. Не знаеме дека е потребна таква програма. Никој не нè известил - истакна Калаба.

Во општината Центар постапката е во тек, а во Гази Баба дозволата веќе била доставена до ЈСП.

- Измени за автобуските стојалишта нема, а единствено што побаравме беше да се продолжи линијата на автобусот со бројот 55 до Црешево и тој проблем е веќе решен - изјави Неделчо Крстевски, портпаролот на Гази Баба.

Во Аеродром постапката за донесување програма што е побарана од ЈСП е во тек и се надеваат дека навреме ќе ја завршат процедурата.

- По извршениот увид е утврдено дека за да се продолжи процедурата потребно е да се достават решенија за решени имотноправни односи - истакнаа одговорните за односи со јавноста во оваа општина.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=323&top=1&ArticleID=18657


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Mar-2009 at 23:29

Скопјани чекаат нови автобуски постојки

Добро е што има барем натстрешник да не врне, но нема каде да седнат старите лица додека чекаат автобус, вели жител од населбата Ченто, чекајќи на стојалиштето да пристигне автобусот број 65.Ова е само еден од многуте примери за неуредени автобуски постојки во Скопје, без возен ред, па дури и без натстрешници. И центарот не е поштеден иако барем тука се очекува подобра слика за градот. Може да се забележат автобуски постојки со искршени натстрешници и заштитни пластични страни или воопшто без нив, а во ниту една од нив нема клупа каде што би можеле постарите да одморат додека го чекаат автобусот

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ покрена иницијатива да се обноват 330 автобуски стојалишта во урбаните делови на градот, пред се', во центарот, но засега таа не е реализирана. Причината за тоа според раководството на ЈСП е тоа што на нивното известување упатено до сите општини за добивање согласност за реконструкцијата и обновата, позитивно одговорила само Општината Гази Баба. Тоа значи дека за одреден период, скопјани и понатаму ќе мора да бидат изложени на дождот, снегот или на жешкото сонце додека чекаат автобус, а старите изнемоштени лица ќе мора да чекаат стоејќи.

- Според Законот за градба, општините треба во својата програма да ги вметнат автобуските стојалишта како привремени објекти и да се согласат да ни ги отстапат на времено користење и стопанисување - објаснува Александар Бошковиќ, директор на ЈСП.
Тој додава дека им е потребен документ, односно извод од детаљниот урбанистички план со дефинирање на локациите на автобуските стојалишта и нивниот број за да може да почнат со реализирање на проектот.Од друга страна, скопските општини се со спротивно тврдење и велат дека позитивно одговориле на барањето на ЈСП, но дека Градот треба да даде повратен одговор, бидејќи дел од постојките што треба да се уредуваат се на улиците што се во надлежност на Градот.

- Ние одговоривме на писмото од ЈСП со барање претпријатието да дефинира кои и колку постојки ќе се реконструираат во Општината Кисела Вода, бидејќи на нашата територија има вкупно 100 - вели тамошниот портпарол Тони Чуповски. Тој објасни дека тоа го побарале од ЈСП за да може потоа да му издадат извод од ДУП, каде што треба да се вметнати овие постојки за да може да се изведуваат најавените активности, но дека досега од непознати причини немаат одговор.

- Ние одговоривме дека сме заинтересирани за реконструкцијата на автобуските стојалишта, но улиците каде што треба да се реконструираат се надлежност на Градот, па затоа оттаму треба да дадат позитивен сигнал - вели Момо Николовски, портпарол во Општината Ѓорче Петров.. Сличен одговор дадоа и општините Бутел, Карпош и Чаир. Од Градот велат дека активностите за уредување на постојките треба да ги спроведе ЈСП и дека се очекува годинава да бидат издадени сите потребни дозволи за да почне уредувањето.

- Советот на Град Скопје лани донесе Правилник за уредување на автобуските постојки и со него генерално се утврдуваат стандардите на урбаната опрема и привремените објекти што ќе бидат дел од уредувањето на 330 стојалишта. Овој документ претставуваше појдовна основа ЈСП понатаму да ја преземе севкупната активност за регулирање и уредување. Според информациите од ЈСП, постапката за добивање на одобренија од општините е отворена и се очекуваат дозволите за преуредување- велат од Одделението за односи со јавноста во Градот. Граѓаните се најпогодени од препирки меѓу ЈСП, општините и Градот.Според овој проект, автобуските стојалишта треба да бидат унифицирани, со иста боја и димензии и натстрешници, на нив да има истакнато информативни табли со возниот ред и со карта на градот, како и клупа и канта за отпадоци. На некои од нив ќе има место и за телефонски говорници. Ќе биде обезбеден и простор за рекламирање, кој всушност ќе му се даде на приватниот партнер на користење, а дел од профитот ќе добива и ЈСП. Во градот има вкупно 960 автобуски стојалишта, од кои во централното градско подрачје 330.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F85A53368978164A97813199B15B1DD7


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-May-2009 at 12:57
Еве ја новата последна станица и свртница за 5-ка и 15-ка кај Лисиче / Ново Лисиче, што треба да биде пуштена во употреба денеска.
Да се корегирам и за коментарот околку тукашната дива населба, иако нагласив дека обсервацијата ми е од пред некое време.
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=634&PID=38079#38079 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=634&PID=38079#38079

Значи дивата населба барем тука ја расчистиле, но за жал целата свртница е сеуште опколена со депонија.



1


2


3



Posted By: гитардемон
Date Posted: 27-May-2009 at 17:47
Автобуските постојки се репарираат
Среда, 27 Мај 2009 16:58

postojki%20005

Со реновирањето на улиците „4 ноември" и „Прилепска" голем дел од автобуските постојки останаа без настрешници и клупи. Од општинското одделение за комунални дејности велат дека тие наскоро треба повторно да се постават на локациите каде што се наоѓале.

-Атвобуските постојки таму каде што поставени се дислоцираа и ги држиме во нашите магацини . Имаме предвид новите да ги поставиме во најкраток временски рок репарирани и обновени на местата согласно ДУП - вели Зора Симјановска, одд. за комунални дејности.

postojki%20004

Новите автобуски постојки ќе го имаат стариот изглед затоа што било која промена би претставувала оптеретување за општинскиот биџет.

-Оваа година имаме многу големи проекти и секоја промена и инвестиција би била оптеретување непотребно - додава Симјановска.

Во тек е изработка на нова сообраќајна студија за Битола и врз основа на тоа ќе се видело дали има потреба на некои места да се тргнат постојните автобуски постојки, а на други локации да се овележат и постават нови.

postojki%20002

-Во очекување на изработка на нова сообраќајна студија ќе се предвиди детално секоја автобуска постојка за градски или селски сообраќај - вели Симјановска.

Додека се постават настрешниците и клупите на автобуските постојки, останува граѓаните автобусите да ги чекаат без стреа, на сонце или на дожд. А каде има автобуска постојка, битолчани можат да заклучат по сеќавање, а оние што ќе дојдат од други градови со помош на хоризонталната сигнализација, затоа што вертикално обележување нема.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=8253:2009-05-27-15-00-38&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=8253:2009-05-27-15-00-38&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Jun-2009 at 03:29

Ќе се обноват 330 автобуски постојки со јавно-приватно партнерство

На постојките ќе има електронски информативни табли за возниот ред на автобусите

Во Скопје летово ќе започне обновувањето на 330 автобуски постојки. На нив, освен урбана опрема, ќе има и електронски табли за возниот ред на автобусите, од кои граѓаните во секој момент ќе добиваат информации за пристигнувањето на автобусот. Осовременувањето на стојалиштата ќе биде потпомогнато со приватен капитал на оние кои во замена ќе се согласат да користат автобуски простор за рекламирање. Новите постојки ќе ги спасат скопјани од старите стојалишта со покриви што прокиснуваат или, пак, воопшто ги немаат.

Од Градот велат дека неодамна бил распишан тендер за изработка на елаборат за одредување микролокации на автобуските постојки и информативни панели за патниците за сите 330 постојки низ Скопје.

Од Одделението за односи со јавноста објаснија дека на последното координативно тело на градоначалници локалните татковци постигнале согласност и се договориле по добивањето на елаборатот, да му издадат локациски услови на ЈСП „Скопје“. Веднаш потоа, врз основа на одлука што ќе ја донесат градските советници, ќе започне постапката за реализирање на јавното приватно партнерство. На тој начин, тврдат од Градот, ќе се овозможи влез на приватен капитал за обнова на автобуските постојки во замена за издавање рекламен простор на стојалиштата.

Од Градот информираат дека ќе бидат поставени кратки рокови за реализација на проектот, поради потребата од итна обнова на автобуските постојки. Истовремено, предвидено е покрај поставувањето на информативните табли за патниците, да биде поставена и дополнителна опрема, како инфоточки и можност за приклучување на Интернет.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=2A6F11A12871DB43929875F58313F787


Posted By: гитардемон
Date Posted: 18-Jun-2009 at 11:16
За кој електронски табли, за саносите од '63? Ај можи со gps ќе ги сефтосат Инаку оваа вест ја имавме чуено и пред 6-7 месеци.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Jun-2009 at 17:08
Добро ќе беше оваа вест прв пат да ја имавме слушнато пред само 6-7 месеци. Ниту пак ми е јасно колкав век на преживување очекуваат на електронските табли и другата опрема кај 90% од станиците.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Jun-2009 at 23:25

Затворен влезот на терминалот под Транспортен за приватните автобуси

ЈСП ја спушти рампата, бидејќи приватниците одбивале да плаќаат за терминалот

Снежана Калабакова

Автобусите на приватните превозници од здруженијата „Слобода превоз“ и „Мак-експрес“ вчераутро наидоа на спуштена рампа на терминалот под Железничката станица. Јавното сообраќајно претпријатие им го затворило влезот затоа што претставниците на двете претпријатија одбивале да плаќаат за користење на просторот, за кој ЈСП ги намирува трошоците за одржување на хигиената, за вода, струја... Од ЈСП велат дека Транспортниот центар го добиле на управување од Градот и тие плаќаат за негово одржување, па поради тоа сосем логично е да плаќаат и приватниците кои, исто така, го користат просторот. Но, и покрај двете опомени, приватните здруженија го пропуштиле крајниот рок за потпишување на договорите за користење на терминалот. Тоа, пак, се жалат од ЈСП, јасно кажува дека и натаму сакаат да ја продолжат старата практика да го користат терминалот, а да не плаќаат за тоа ниту денар. Вчера три часа откако „Мак-експрес“ го потпишал договорот, за него рампата беше крената, додека првиот човек на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, категорично одбива да стави потпис за плаќање месечен надомест за користење на терминалот. Неговото образложение е дека тоа е незаконски, без одлука на градските советници и без знаење на градоначалникот, и дека тоа самоиницијативно го прави директорот на ЈСП.

„Ние го одржуваме просторот и логично е дека за тоа имаме одредени трошоци, кои на годишно ниво изнесуваат 4,5-5 милиони денари. Само стотина евра месечно треба да плаќа ’Мак-експрес‘, зашто користи 1,5 бокс и од 200 до 250 евра ’Слобода превоз‘ за користење на 3,5-4 бокса за автобусите. Тие мора да го намират својот дел за одржување на хигиената, за користење на тоалетите, за чуварските служби... Досега не плаќаа ниту денар, а ние уредно им доставивме договори да потпишат. ’Мак-експрес‘ вчера потпиша и за него ја кренавме рампата“, вели Александар Бошковиќ, генерален директор на ЈСП „Скопје“.

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, категоричен е дека однесувањето на првиот човек на ЈСП е самоволно и дека без одлука на Советот им се спуштени рампите. Доставените договори за плаќање месечен надоместок за одржување на терминалот што го користи „Слобода превоз“ се без правна основа, па тој ќе бара разрешница на проблемот во Градот.

Но, од Градот, пак, се категорични дека „Слобода превоз“ ќе мора да си ги намири трошоците ако сака и натаму да го користи терминалот.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=7794F8CF1BA6C941A7AB101C45D79DA7



Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Jun-2009 at 11:20

Приватниците ќе плаќаат за Транспортниот центар ако има правна основа


Ако се создаде правна основа, ќе плаќаме за користењето на Транспортниот центар, вели Ленин Јовановски, директорот на здружението на приватни превозници „Слобода превоз“, откако ЈСП завчера кратко време ги спушти рампите на новата приградска автобуска станица, барајќи од приватниците да плаќаат 350 евра месечно за неа. Со тоа „Слобода превоз“ треба да плати 250, а „Макекспрес“ веќе платил 100 евра за месецов

%20
Јовановски додава дека бил готов договорот што треба да го потпишат со ЈСП, но чекале уште допис од градската управа.

- Нашите автобуси вчера поминуваа низ терминалот. Краткиот инцидент на спуштање на рампите за приватните превозници траеше само неколку часа. Ние не бегаме од одговорноста, не е битна сумата на парите, туку само бараме целата постапка да има правен тек на плаќањето на фактурите. Договорот што треба да го потпишеме со ЈСП е доставен до нашите служби, чекаме само зелено светло од градот - објасни Јовановски.

Тој додаде дека е непримерно директор на претпријатието да изразува самоволие преку забрана на влегување во Транспортниот центар, како и дека не може хаотично да се решаваат работите, бидејќи во иднина така ќе може некој да им достави и фактура за користење на семафорите.

Од ЈСП велат дека Транспортниот центар го добиле на управување од градот, како и дека тие го плаќаат неговото одржување, со што логично е тоа да го прават и приватните превозници што исто така го користат тој простор.

Според Александар Бошковиќ, директорот на ЈСП, трошоците за одржување на терминалот на годишно ниво изнесуваат од 4,5 до 5 милиони денари, а „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ заедно треба да платат 350 евра месечно.

Превозниците на „Макекспрес“ завчера го потпишале договорот и ги платиле месечните трошоци од 100 евра, со што рампата за нивните автобуси веднаш била крената.

Од градот се децидни дека ако превозниците на „Слобода превоз“ сакаат и понатаму да го користат просторот на Транспортниот центар, ќе мораат да си ги намират трошоците.

Во изминативе три години на ниту еден начин не било регулирано користењето на Транспортниот центар од приватните превозници.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=62591042146&id=14&prilog=0&setIzdanie=21721


Posted By: Supervisor
Date Posted: 25-Jun-2009 at 13:01
Тие приватници се пирати и примитивци и мора да им се стави крај.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Aug-2009 at 18:44
Не дека беше баш толку добро исчистено таму, ама навистина има битно влошување:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=14&PID=38310#38310 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=14&PID=38310#38310


Терминалот на ЈСП во Ново Лисиче повторно е депонија





 

Градежен шут и друго ѓубре се слева на асфалтот каде што стојат автобусите со број 5 и 15 само три месеци откако целиот терен беше расчистен и станицата беше пуштена во употреба

 
 
%20  
Поминаа само три месеци откако терминалот за автобусите со број 5 и 15 на аголот од населбата Ново Лисиче беше целосно расчистен за градоначалниците Коце Трајановски и Ивица Коневски свечено да го пуштат во употреба, а сега до него има депонија од градежен шут поголема и од целиот круг што служи за паркирање на автобусите. Купишта шут, но и секаков друг отпад, се расфрлани особено на западната страна, а ѓубрето веќе почнало да се слева и на асфалтот.

Оваа станица беше направена за да се тргнат автобусите од пред основното училиште „Лазо Ангеловски“, но жителите на населбата сега се жалат дека местото воопшто не е пријатно за да се чека автобус. Од општината, пак, одговараат дека на местото има многу градежен шут затоа што се пополнувала дупка.

- Многу кратко време откако се отвори терминалот стана депонија на која се шири непријатна миризба. Тоа треба да биде едно од најчистите места во општината, а се фрла се и сешто, особено остатоци од зеленчук и од овошје. А кога на нас, патниците, ни е тешко таму да стоиме десетина минути, како ли издржуваат вработените - велат жителите на Ново Лисиче.

Со одлука на општинскиот совет сите дупки на подрачјето на општината Аеродром што настанале со ископ на градежно земјиште се пополнуваат со градежен шут. Таков бил и случајот кај терминалот, каде што до неодамна имало голема дупка.

- На овој начин се подготвува теренот за целосно да се спроведе деталниот урбанистички план за тоа подрачје. Дупката кај терминалот не е единствената во општината каде што се истура градежен шут за да се пополни. Такви има и во Реонскиот центар и на други места. Некои се целосно затворени, а на други се уште се работи - објаснуваат општинарите.

Оттаму додаваат дека заедно со јавното претпријатие „Комунална хигиена“ направиле неколку акции за расчистување на дивите депонии, иако тоа не било во нивна надлежност.

- Обезбедивме механизација со која ќе му помогнеме на претпријатието да ги исчисти депониите. И таа кај терминалот ќе се уреди според предвидениот план на активности - велат од Аеродром.

Терминалот почна да се гради пред шест години, но долго време беше само асфалтиран и затрупан со ѓубре. Оваа инвестиција беше на работ на пропаѓање се до мај годинава, кога конечно повторно беше расчистен теренот и станицата проработе. Сепак, навиките на околните жители таму да ги празнат приколките со отпад не се сменија.
 
   
Автор: А.М.Д.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=81391027521&id=14&prilog=0&setIzdanie=21762


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Aug-2009 at 20:07
Добра вест: Барем за оваа демпонија знаеме дека ќе се среди со изградбата на новите станбени згради што ќе го активираат на некој начин ппросторов па ќе ја снема депонијава!

Лоша вест: Депонијата ќе си продолжни посзади новите згради. И како ќе се шири Скопје така градот ќе има бедеми од гражен шут и диви демонии.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Oct-2009 at 23:48

Тешко до нови автобуски стојалишта

Досега од ветувањата за поставување нови постојки има само букви на хартија, односно подготвени студии и елаборати, кои останаа во фиоките на градската администрација, а на терен е се' полошо

И покрај ветувања на тројца градоначалници дека ќе постават униформирани автобуски постојки, скопјани и понатаму автобусите од јавниот превоз ги чекаат стоејќи, најчесто без заштита од ветер, дожд или сонце и без информативна табла за возниот ред. И Ристо Пенов и Трифун Костовски претходно ветија, но не му донесоа на градот нови постојки, а сега и Коце Трајановски се нафаќа да го реши проблемот. Досега од ветувањата има само букви на хартија, односно се подготвуваа студии и елаборати, кои останаа во фиоките на градската администрација, а на терен е се' полошо.

- Болна сум, а автобус морам да чекам стоејќи сонце или на дожд. Морам редовно да доаѓам на клиника на терапија. Редно е конечно да се уредат постојките и да се стават клупи за седење. Тоа ќе биде од корист и на патниците во автобусите, но и за сите други граѓани, бидејќи ќе заличи градот - вели една постара скопјанка, која чекаше автобус со број 50 на последната автобуска станица кај Клиничкиот центар.

Проектот за уредување и унифицирање на 329 стојалишта во центарот на градот, кој беше најавуван пред три години од поранешниот градоначалник Костовски и поранешниот директор на ЈСП „Скопје“, Орце Георгиевски, пропадна поради немање пари и поради тоа што Јавното сообраќајно претпријатие не ја добиваше потребната согласност од општините. Тоа го потврдува и сегашниот директор на ЈСП, Александар Бошковиќ, кој вели дека проектот се одолжува затоа што општините воопшто не им одговориле на нивното барање за согласност за реконструкцијата. Единствено позитивно се изјаснила Општината Гази Баба.

- Според Законот за градба, општините треба во својата програма за работа да ги вметнат автобуските стојалишта како привремени објекти и да се согласат да ни ги отстапат на времено користење и стопанисување. Потребни ни се документи, односно изводи од детаљните урбанистички планови со дефинирање на локациите на автобуските стојалишта, за да почнеме да го реализираме проектот и да објавиме јавен повик за избор на фирма што ќе ги уредува стојалиштата - вели Бошковиќ.

Според проектот, стојалиштата требаше да бидат со унифициран изглед, бојосани во иста боја, со исти настрешници. На секое стојалиште требаше да се постават информативни табли со часот на пристигнувањето на автобусот, возниот ред и со карта на градот, како и клупа и корпа за отпадоци. На некои стојалиште беа предвидени и телефонски говорници. Исто така, на секое стојалиште требаше да биде обезбеден и простор за рекламирање.

Покрај постоечкиот проект, градските власти велат дека сега е во тек јавен оглас за изработка на Елаборат за утврдување на микролокации на автобуските стојалишта и информативни панели за патници во реално време.

- Во тек е евалуацијата на понудите и за сите останати детали граѓаните ќе бидат информирани по завршувањето на јавната набавка - велат од Градот.

Во јавниот оглас, кој може да се види на сајтот на Градот, стои дека понудите можеле да се доставуваат најдоцна до 7 септември, за кога е определено и нивното отворање.

- Штом ќе биде готов елаборатот, Советот на секоја општина треба да го одобри. Понатамошната постапка ќе се препушти на ЈСП, чиј Управен одбор има донесено одлука за јавно-приватно партернство - велат од Градот.

Од ЈСП објаснуваат дека во елаборатот ќе бидат наведени 329 постојки во центарот на градот и уште 900 постојки на приградските линии. Точно ќе се знае во која општина колку автобуски постројки ќе постојат. Откако општините ќе дадат согласност, тие ќе влезат во програмите за работа на општините.

- На тој начин автоматски добиваме правен субјективитет. Со тоа што дел од автобуските постројки ќе влезат во општинските програми, општините автоматски на ЈСП му го пренесуваат правото на користење и стопанисување. Во таа фаза со Градот ќе одлучиме дали ќе го реализираме проектот сами или пак со јавно-приватно партнерство. Планираме на тие стојалишта да има клупи, настрешници и рекламен простор, преку кој ќе комерцијализира приватниот партнер. На ваков начин се уредени автобуските стојалишта во Виена, Белград, Загреб итн - вели Бошковиќ.

Тој информира дека Координативното тело на градоначалници донело заклучок со кој елаборатот требало да биде изработен уште во мај, но не се надева дека целата процедура би се завршила до крајот на годината.

- Се надевам дека работата ќе се забрза и нема да има повторно кочење, бидејќи на последните две седници на Координативното тело на градоначалниците, на сите им беше укажана потребата од нивната согласност. Колку што сум запознаен, се водат разговори и со градоначалниците на околните општини, како што се Илинден, Петровец итн - вели Бошковиќ.

Во градот Скопје има над 1.200 автобуски стојалишта, од кои 329 се во центарот, а другите се на периферијата на градот или во приградските населби.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2705E83FA74C114A8153AF6F3DCFA5E7


Posted By: alexgizh
Date Posted: 20-Oct-2009 at 02:56
Originally posted by lslcrew

Во градот Скопје има над 1.200 автобуски стојалишта, од кои 329 се во центарот, а другите се на периферијата на градот или во приградските населби.

 


WHAT??? Ова сериозно?


Posted By: Max
Date Posted: 21-Oct-2009 at 03:42

може са мислеле 32,9 навистина незнам каде во општина центар ја ископаа оваа бројка, дури и со такси постојките оваа бројка нема да ја исполнат! може во скопје на потегот центар-ѓорче без линиите на 5ка и 9ка вкупно се околу 28 постојки, а и центар-н.лисиче без 3ка се 28, значи речиси цело скопје надолж по најпрометните булевари има вкупно 50 станици, па сега види од каде им е таа математика 329 толку џандари нема дневно на улица шала на страна има некој претстава колку отприлика сообраќајци има дневно по скопските улци, со оглед дека речиси и да немем чуство дека се на улица, попрво дека некаде сеир си тераат!?



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Jan-2010 at 17:44

Охрид ќе добие нови автобуски постојки

Во 2010 година Охрид ќе добие 13 современи автобуски постојки, 40 клупи за седење, 300 корпи за отпадоци, 20 жардиниери за цвеќе и нови пепелници. Ова е предвидено со програмата за поставување на урбана опрема која ја усвои Советот на Општина Охрид. Според неа, со цел да се подобрат условите за урбано живеење во градот, локалната самоуправа, ќе издвои околу 37.000 евра.

За автобуските постојки ќе се потрошат околу 11.000 евра, а за новата урбана опрема околу 20.000 евра. Останатите пари кои се предвидени за разубавување на јавните површини, Општината ќе ги вложи за одржување и поправки на веќе постојната урбана опрема. (Е.Е.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D751C737240B2A4986B43EDBC1830BA8


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Feb-2010 at 03:22
Нови постојки - да ти е мерак да чекаш автобус

Првите стојалишта најверојатно ќе бидат пуштени во употреба до крајот на годинава


Несредените автобуски постојки во Скопје се стар проблем на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Дел од постојките се поставени на диво, без евиденција или дозвола, бидејќи според Законот за градба тие треба да бидат вцртани во деталните планови како времени објекти и за нив општините треба да дадат согласност дека ги отстапуваат на времено користење. Од друга страна пак, скопјани додека чекаат автобус, немаат каде да се засолнат од снег, дожд, сонце, ниту пак каде да седнат.
- Нема никакви услови, овде во Центар, а замислете какое во Припор, каде што живеам. Таму на улица чекаш. Сум бил во Љубљана, таму брате, да ти е мерак да чекаш автобус, вели пензионерот Томе Петрев.

Генералниот директор на ЈСП, Мишо Николов, информираше дека уредувањето на станиците е една од приоритетните активности на Јавното претпријатие и на Град Скопје, што ќе се реши со јавно-приватно партнерство.
- Во моментов фирма избрана на тендер изработува студија за микролокации во сите скопски општини која би требало да биде промовирана до крајот на месецов. На тој начин сите постојки ќе се официјализираат и ќе се проектираат во зависност од локацијата каде се наоѓаат и во зависност од фреквентноста на сообраќајот. Така, сите стојалишта ќе добијат унифицирани настрешници, клупи и корпи за отпадоци, информативни табли со возниот ред и карта на градот, а оние каде што сообраќаат поголем број возила, ќе добијат билетарници и киосци, информираше Николов. Студијата за микролокации, појаснува тој, ќе биде основа за спроведување на постапката за јавно-приватно партнерство.
- Тоа значи дека постојките ќе ги градат приватни фирми кои ќе имаат задача да ги постават и информативните панели на кои ќе се покажува за колку време ќе пристигне автобусот. Тие чинат 4000 евра по парче, сума која ЈСП реално не може да ја обезбеди. За возврат концесионерите ќе го добијат атрактивниот простор за рекламирање, вели Николов. Тој не прецизира кога скопјани ќе можат да ги очекуваат новите постојки поради долгата и сложена процедура, но се надева дека првите постојки ќе бидат пуштени во употреба до крајот на годинава.

Од Градот Скопје информираат дека градските советници уште минатата година изгласаа Правилник за уредување на автобуските постојки и со него генерално се утврдуваат стандардите на урбаната опрема и привремените објекти што ќе бидат дел од уредувањето на вкупно 960 автобуски стојалишта од кои 330 во урбаниот дел. Овој документ претставува појдовна основа ЈСП понатаму да ја преземе севкупната активност за регулирање и уредување.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=3713B1B445258347A07036412775E2D0


Posted By: zabegan
Date Posted: 05-Feb-2010 at 20:16
дали некој знае за што е поставена постојка на „Кочо Рацин“ пред олимписки? ќе се преместува онаа кај Југодрво што е?


Posted By: Max
Date Posted: 05-Feb-2010 at 22:10
може и да се сели постојната, што е добро, а може ја тимарат и за постојка за приградските кои минуваат од тука за да не се прави гужва, како што е случај со постојките кај нбм, и така и вака југодрво сега како што е кај корчагин, е преблиску и до автобуската кај зоил и до автобуската кај градка, а ваму пак се создава и непотребен хаос...


Posted By: The Man
Date Posted: 09-Feb-2010 at 12:36
Сликано вчера вечер:



Ова е кај задниот дел на Железничката станица, што гледа кон Аеродром. Не се гледа на сликата, но има уште еден идентичен столб десно од овој, со исти димензии. Пред еден месец се постави и струен cabinet (навистина не знам соодветен македонски термин, нека ме поправи некој), видете слика подолу за да имате идеја за што зборувам.



Има некој идеја за што ќе служат овие столбови?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Feb-2010 at 13:59
Па најверојатно за сигнализацијата што треба да се поставува со тие монтираните железни греди. Нели имаме најава за ЦУКС.

Кај нас ги викаат електрични ормари.


Posted By: La Linea
Date Posted: 13-Feb-2010 at 00:51

Скопјани ќе добијат нови настрешници на постојките

Долгонајавуваниот проект за 330 микролокации наменети за изградба на нови автобуски постојки со настрешници годинава ќе биде реализиран. Оптимистичките прогнози доаѓаат од Градот и од ЈСП „Скопје“. Тие ветуваат дека скопјани нема повеќе да накиснуваат по секој дожд додека чекаат автобус на постојките. Веројатно, уште летово ќе можат да се засолнуваат од жешкото сонце под новите настрешници. Старите жолти печурки ќе бидат дислоцирани на други локации во приградските населби.

„Геинг-гребс енд Кифер интернешенел“ е фирмата што го доби тендерот за изработка на елаборатот за микро и макролокации за автобуски постојки. Елаборатот треба да биде готов до средината на март, по што постојките ќе бидат изградени со јавно-приватно партнерство. Фирмата што ќе ги изгради ќе го добие просторот под концесија и ќе може да го користи за рекламирање.

„Проектот со постојките ќе ни донесе финансиска добивка и на Градот и на ЈСП“, констатира Мишко Николов, генерален директор на ЈСП.

Од одделението за односи со јавноста во Градот велат дека наскоро треба да биде склучен договорот со фирмата што ќе го изработува елаборатот, кој треба да биде изготвен за 25 дена. Со него ќе се утврдат сообраќајните решенија за микро и макролокациите. По изработката на елаборатот, Советот на Скопје ќе усвои програма. Двата документа ќе ја утврдат рамката за формата на натстрешниците, урбаната опрема и слично.

Од Градот објаснуваат дека откако ќе биде усвоена програмата, ЈСП ќе објави тендер за реализација на проектот за автобуските постојки и нивното уредување. (Сн.К.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=91D6BBC303C1FE44B8C0D6B36B22B905


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Djole88
Date Posted: 05-Mar-2010 at 17:31
Ај и ова чудо да го видиме

Наскоро 330 нови унифицирани автобуски станици

Нови унифицирани автобуски станици со киосци ќе поставува фирмата „Геинг“ на 330 локации во урбаното подрачје на Скопје. Директорот на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП), Мишо Николов, вели дека во тек се преговорите со Градската управа за тоа дали новите станици ќе ги води претпријатието или градот
      
- На тендерот за опремување на микролокациите е избрана фирмата „Геинг“ и таа ќе ги постави новите унифицирани автобуски станици, кои во еден дел ќе имаат и киоск. Со Градската управа треба да решиме дали одржувањето на новите постојки ќе е по принципот на јавноприватно партнерство или ќе се дадат под концесија. Ако се избере првата варијанта, тогаш ЈСП ќе стопанисува со нив, а ако се дадат под концесија, тогаш за нив ќе се грижи друга фирма што ќе му дава отчет на градот – вели Николов.

...

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=35101039316&id=14&prilog=0&setIzdanie=21926


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 19-Apr-2010 at 23:29
КОНЕЧНО, ЌЕ СЕ СРЕДУВААТ АВТОБУСКИТЕ СТАНИЦИ
Новите стојалишта без билетарници

Роза Петкова


Скопјани, конечно, може да се надеваат дека ќе чекаат автобус седнати на клупа, на пристојни станици, со кошници за ѓубре и со стреи. ЈСП „Скопје“ го објави долгоочекуваниот оглас за јавно - приватно партнерство со кое би се изградиле 329 нови автобуски станици. Според огласот, јавното претпријатие бара партнер за поставување на станиците од три типа. Од првиот тип ќе се поставуваат 134 станици опремени со стреи, клупа, кошница за отпадоци, рекламно пано, светилки, информативни табли за времето на пристигнување на автобусите и табли за број на автобусите што застануваат на станицата. Вториот тип станици, вкупно 95, ќе ги имаат сите елементи, но не и клупи за седење. Сто автобуски станици од третиот тип ќе бидат двојни и ќе се направат со спојување на две станици од првиот вид. На новите станици нема да се градат киосци и билетарници, како што беше најавувано досега. - Се решивме да немаме вакви објекти затоа што тие ги нагрдуваат автобуските станици. Другите градови од соседството веќе ги отстранија киосците, па и ние ќе го направиме тоа. Граѓаните ќе ги купуваат билетите во трафиките, а нови билетарници нема да градиме - вели директорот на ЈСП, Мишо Николов. Според него, со објавениот оглас потенцијалните партнери само се повикуваат на разговор во кој заеднички со претпријатието ќе ги утврдат условите на тендерот што треба да биде распишан за две до три недели. - Ние не смееме да кажеме каков да биде изгледот на станиците, туку само ги даваме димензиите, за да не не обвинат дека преферираме некого. Затоа заинтересираните лица ќе треба да предложат идејно решение за изгледот, рок на изградба и рок на времетраење на стопанисувањето со нив. Ние, пак, ќе бараме станиците да бидат со убав изглед, не многу скапи, да се изградат што побрзо и да се изнајмат за пократок рок - објаснува Николов, кој очекува да има заинтересирани за огласот. Тој вели дека ќе се разгледа можноста партнерот да ги постави и информативните табли на тие станици каде што ги нема. За почеток ЈСП постави десет табли од кои во моментов функционираат три, а другите треба да проработат следната недела. Директорот најавува дека за нив ќе организира официјално пуштање. Фирмата што ќе ги опреми станиците за возврат ќе го добие рекламниот простор на паноата, но ќе има обврска и да ги одржува. Одлуката за изградба на нови автобуски станици со јавно - приватно партнерство е донесена пред неколку години, но многу бавно се реализира. Прво сопирачка беа општините, кои требаше да дадат одобрение за станиците што се наоѓаат на нивно подрачје, а потоа се чекаше да се избере фирма за да изработи елаборат во кој ќе се утврдат микролокациите за станиците.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1999&ArticleID=138815 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1999&ArticleID=138815


Posted By: гитардемон
Date Posted: 20-Apr-2010 at 00:08
Сè во ред, ама без клупи? По која логика па сега тоа?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-May-2010 at 01:15
ПРЕМЕСТУВАЊЕ НА АВТОБУСКАТА СТАНИЦА КАЈ ЈУГОДРВО

По барање на граѓаните, Град Скопје донесе решение за дислокација на автобуската станица на булеварот Кочо Рацин, кај “Југодрво“, во насока кон крстосницата со комплексот банки.

Од 06. мај станицата ќе се дислоцира на просторот пред Олимпискиот базен.

Градот Скопје го уважи барањето на граѓаните поради зголемувањето на безбедноста на патниците коишто  користат јавен превоз, но и поради економичноста во искористувањето на станицата.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3325&mid=24&tabId=1&tabindex=0


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 15-May-2010 at 22:06
За десет дена ЈСП ќе избере фирма за „смарт“-тикетите

     
На 25 мај ќе заврши тендерот што јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ го распиша за избор на „смарт“-картичките, кои ќе ги заменат хартиените билети во автобусите на ЈСП
     

     
     
На тендерот досега се пријавени 20 заинтересирани фирми, меѓу кои има и неколку странски од Хрватска, Турција и од Словачка. Мишо Николов, директорот на ЈСП „Скопје“, вели дека со овој вид билети ќе се олесни возењето со градските автобуси. Во автобусите нема да се чека за да се наплати автобускиот билет, а со тоа ќе се намали нервозата и кај патниците кај возачите.

- На овој тендер се пријавија дваесетина фирми, од кои неколку наши и неколку странски. Се надевам дека овој пат тендерот ќе биде успешен и дека конечно ќе можеме да ги воведеме овие „умни“ тикети и кај нас - изјави Николов.


Директорот на ЈСП исто така информира и дека наскоро ќе се постават и 80 нови информативни табли, кои на станиците ќе го покажуваат точното време на пристигнување на автобусите.


- Идната недела ќе се одржи презентација на веќе постојните табли.


На некои од поставените сé уште се случуваат грешки, па ќе ни треба една недела за решавање на проблемите. Во план ни е вакви табли да поставиме на сите автобуски станици во градот- најави Николов.


Од ЈСП информираат и дека е при крај и тендерот за уредување на 329 автобуски станици, на кој треба да се избере фирма што ќе ги прави новите стојалишта. Фирмата избрана на тендерот за возврат ќе го добие рекламниот простор на автобуските. На тендерот засега се пријавени 14 заинтересирани фирми, од кои две француски фирми, една шпанска и една од Австралија.      
       
Автор: А.М.Д.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=515101042116&id=14&setIzdanie=21984 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=515101042116&id=14&setIzdanie=21984


Posted By: гитардемон
Date Posted: 15-May-2010 at 23:17
А оти ЈСП да не крене еден кредит, да ги направи сите постојки, и после ЈСП да си ги зема парите од рекламите? Ете, нека нема ЈСП кредитен рејтинг, или нека има катастрофален, ама затоа нека влезе градот со гаранција за кредитоспособноста на ЈСП, ако ништо друго од македонска банка ќе дигнат пари, не треба некоја астрономска сума за 329 постојки! Не ми е јасно како можат да дозволат толку пари да им се излеваат (зборуваме за билборди на постојки), а за возврат да добијат 329 нови стреи. Велам стреи, бидејќи ете дисплеи сами ќе си инсталирале од ЈСП, клупи нема да има на сите постојки, тогаш што остана?

Значи сакам да кажам дека некако не сум убеден дека ова е толку голем залак за ЈСП да мора да го дава на други, и не сум убеден дека е најдобра финансиска одлука.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: axel
Date Posted: 05-Jul-2010 at 05:31

ЈСП бара партнер за уредување на автобуските

Неделава ќе биде распишан тендер, а концесионерот ќе ги добие постојките на 35 години

Сања Наумовска

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ неделава ќе распише тендер за избор на партнер што би ги уредил автобуските станици. Долгонајавуваниот проект, конечно, влегува во завршна фаза, бидејќи во јавното претпријатие се надеваат дека лесно ќе најдат инвеститор. На повикот за заинтересираност се јавиле многу компании, од кои четири странски, што за ЈСП е значи дека скопските автобуски станици наскоро ќе заличат на европските.

Советот на Скопје на последната седница ги утврди конечните локации на над 300 постојки што ќе треба темелно да се преуредат. На нив ќе има рекламни паноа што ќе ги користи приватниот партнер, а за возврат ќе треба да постави урбана опрема. Што ќе има на автобуските станици, ќе зависи од проектот на компаниите што ќе се јават на тендерот. Во секој случај, коментираат од Јавното претпријатие, моменталната очајна состојба ќе се промени на подобро, а корист од проектот ќе имаат, пред се', граѓаните, но и ЈСП и приватниот партнер.

Во ЈСП очекуваат свое место на автобуските станици, покрај стандардните елементи, како што се натстрешници и канти за отпадоци, во иднина да има и клупи, информативни табли, фонтани или чешми, киосци, различни штандови и друга опрема, во зависност од големината на станицата.

„Колку побогата понуда за опрема, толку повеќе поени“, вели директорот на

ЈСП, Мишо Николов, за условите на тендерот. Ќе се бодува и квалитетот на материјалите, како и понудата за висината на надоместокот што ќе треба да го плаќа приватниот партнер на ЈСП за користењето на постојките. Концесијата може да трае најмногу 35 години.

„Во зависност од фреквентноста на станицата, е одредена и нејзината големина. Има големи, средни и мали постојки што ќе се разликуваат по просторот одреден за реклами, како и по видот на урбана опрема. Во конечниот број на автобуски станици овој пат ги додаваме и локациите на новите сообраќајници, како што е ’Илинденска’“, вели Николов.

Тој објаснува дека заинтересирани, пред се', се компании од областа на рекламирањето, но и неколку градежни фирми. На повикот за искажување заинтересираност се појавиле и две француски, една шпанска и една фирма од Австралија. Една од овие компании работи исклучиво со уредување на станици и веќе има искуство во повеќе европски градови.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=AACA3CEB7AA931439758CDED456434C6



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 22-Jul-2010 at 08:00

ЈСП бара инвеститор за нови стојалишта

Ќе бидат уредени вкупно 292 автобуски постојки, а најголемиот дел од нив ќе имаат настрешник, клупа за седење, кошница за отпадоци, рекламно пано, светилки и информативни табли

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ бара приватна форма што ќе ги уреди и ќе стопанисува со автобуските стојалишта во градот. Тоа вчера распиша јавен повик за доделување договор за јавно-приватно партнерство за поставување на 292 постојки. Доколку овој повик успее, се очекува скопјани конечно достоинствено да чекаат автобус, без да бидат принудени да стојат на секакви временски услови.

Оној што ќе победи на повикот, треба да изработи, да постави и да доведе во функционална состојба вкупно 292 автобуски стојалишта на локациите на кои се врши јавен линиски градски превоз. Од нив, 63 од таканаречениот тип А, опфаќаат настрешник, клупа за седење, кошница за отпадоци, рекламно пано, светилки, информативни табли и табла со броевите на автобусите што стојат на станицата. Најголем број, 129 стојалишта, ќе бидат уредени со настрешник, кошница и се' останато како претходниот тип, но нема да имаат клупи. Деведесет и пет постојки ќе бидат двојни, односно ќе се добијат со спојување на две стојалишта од типот А. Освен стојалиштата, предмет на јавно-приватното партнерство е и изработка и поставување на 80 електронски информативни дисплеи.

Според конкурсот, проценетата вредност на концесијата изнесува 1,5 милион евра. Инвеститорот ќе си ги врати парите со тоа што ќе го издава под закуп рекламниот простор на стојалиштата и на електронските дисплеи.

Предвидено е за изгледот на опремата на стојалиштата и за материјалот од кој ќе бидат направени да реши самиот инвеститор, што му носи максимум 30 поени на конкурсот. Најмногу поени - 35, се добиваат за времетраењето на договорот за јавно-приватно партнерство, а за рокот во кој ќе бидат изработени и поставени стојалиштата можат да се добијат максимум 230 бода. До пет бода се добиваат за надоместокот што приватниот партнер ќе му го плаќа на ЈСП „Скопје“.

Краен рок за доставување на понудите, кога и ќе бидат отворени, е 15 септември. Право на учество имаат домашни и странски правни лица, како и група понудувачи, односно конзорциум
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=AB6BE034A06EC24680DE2773FDB49255 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=AB6BE034A06EC24680DE2773FDB49255
 


-------------


Posted By: axel
Date Posted: 05-Aug-2010 at 14:50
НА ОГЛАСОТ НА ЈСП „СКОПЈЕ“
Шест фирми заинтересирани за постојките Шест фирми се заинтересирани да ги уредат автобуските постојки во градот. Дознаваме дека толку до сега се пријавиле на објавениот оглас на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, со кој се бара фирма со која ќе се склучи договор за јавно приватно партнерство за поставување на автобуските постојки. Преку јавно приватно партнерство треба да се постават и да се доведат во функционална состојба 292 автобуски станици низ Скопје. Сите стојалишта ќе бидат современи, со стреа, канта за отпадоци, информативни табли, табла со број на автобусите што стојат на станицата, урбани светилки, а некои од нив ќе имаат и рекламно пано и клупи. Крајниот рок за доставување на понудите е 15 септември, а истиот ден, точно на пладне, ќе бидат јавно отворени во просториите на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2086&ArticleID=145824


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 08-Aug-2010 at 18:12
Автобуска построја во домашна атмосвера. (прекопат општина Карпош)



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: The Man
Date Posted: 08-Aug-2010 at 19:50
Previous Таму каде што стои фотографот, само малце повисоко треба да погледне (иако најверојатно е видено...) нема еден од панелите поставени од ЈСП со GPS info. Ohno


Posted By: axel
Date Posted: 18-Aug-2010 at 11:24

Со концесија до поубави 292 автобуски станици


ЈСП „Скопје“ ќе склучи договор со приватен партнер за проектот вреден 1,5 милион евра

 
 
%20  
Од вкупно 496 градски и 505 приградски автобуски станици, ЈСП „Скопје“ во наредниве две години планира 292 да даде под концесија. Приватниот партнер ќе има обврска од корен да ги уреди овие стојалишта, а 80 од нив ќе добијат и електронски информативни дисплеи. Приватниот партнер кој ќе ги изгради овие стојалишта и ќе стопанисува со нив ќе се избере на 15 септември, кога ќе се отворат понудите што стасаа на јавниот повик за уредување на стојалиштата. Фирмата што ќе го добие овој вносен бизнис ќе треба да му плаќа на ЈСП „Скопје“ и одреден надомест за користење на станиците на годишно ниво. Проектот е вреден 1,5 милион евра, а концесионерот ќе може да заработува и со издавање на рекламниот простор на станиците. На пробниот оглас објавен пролетва за овој бизнис веќе имало 16 заинтересирани фирми.

- Пред да го објавиме официјалниот повик за избор на фирма што ќе ги уреди автобуските станици, организиравме состанок за да го испипаме пулсот на терен и на наше задоволство се јавија 16 заинтересирани фирми за соработка. Ова нé охрабри за да продолжиме и да го реализираме овој бизнис-проект - ни изјави Ана Груевска од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Потребата од подновување или комплетно уредување на автобуските станици е неодложна. Стари искршени и веќе одамна дотраени автобуски станици ве пречекуваат на секој чекор во градот. Досега овој вид урбана опрема претрпе неколку измени. До 80-тите години од дваесеттиот век автобуските станици беа обележувани само со црвена метална прачка во облик на буквата „Г“, на која стоеше табла со бројот на автобусот што вози на таа линија. Потоа дојдоа жолтите пластични чадор-печурки што штитеа од дожд и снег, ама не и од ветар. Тие сé уште го „красат“ урбаниот простор, но за жал се максимално истрошени и амортизирани. Пред десетина години, пак, градот и ЈСП „Скопје“ ги заменија овие зелено-жолти чадори со помодерните црвени кабини. Станици од алуминиумски рамки и плексиглас, канти за отпадоци, клупи за седење и светлечки ѕидови, што служеа како рекламни паноа. Но и овие стојалишта потклекнаа пред налетот на времето. Делови од нив завршија и по приватните дворови, пред сé кантите за отпадоци.

Каква боја ќе бидат новите автобуски станици не се знае, но се знае дека ќе се поставуваат три типа.

- Типот А, е планирано да има натстрешник, клупа, канта за отпадоци, рекламно пано, светилки, информативни табли, како и табла со бројот на автобуси што стојат на станицата. Вакви станици од вкупно 292, што ќе ги добие под концесија приватен партнер, ќе има вкупно 68 на број. Според вториот тип А1 ќе бидат уредени 129 станици. Овој модел ќе ги содржи истите елементи како и првиот, но со мали измени, што засега ќе биде мало изненадување за скопјани. Според третиот тип А-двојна ќе се направат 95 станици. Овој модел ќе биде фактички спојување на двата типа станици, ќе бидат поголеми и пред сé наменети за пофреквентните локации во градот, каде што сообраќаат поголем број автобуси - информираат од ЈСП „Скопје“.

Од приватниот партнер ќе се бара што е можно пократок рок за реализација на договорот. Ќе се вреднува и квалитетот на материјалот од кој ќе се произведат стојалиштата, како и современиот дизајн кој ќе има предност во изборот. Изработката, поставувањето и доведувањето во функционална состојба на 292 автобуски станици, како и на 80 електронски информативни дисплеи е обврска на приватниот партнер, а проценетата вредност на концесијата изнесува 1.500.000 евра. По потпишувањето на договорот, односно по изборот на приватниот партнер, тој ќе има обврска до крајот на 2011 година да постави и 40 електронски информативни дисплеи, а другите во 2012 година.

Во отсуство на закон за јавно приватно партнерство, издавањето на автобуските станици ќе се направи според Законот за концесии и други видови јавно приватно партнерство.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=81810103911&id=14&setIzdanie=22062


Posted By: Swimmer
Date Posted: 15-Sep-2010 at 22:07

ОТВОРЕН ТЕНДЕРОТ ШТО ГО ОБЈАВИ ЈСП ЗА ИЗБОР НА ПРИВАТЕН ПАРТНЕР


Четири компании во трка за уредување на автобуските постојки


Кераванос Атина, Вија Сигнал, Лазов Груп и М-6 се заинтересирани да инвестираат во стојалиштата, да ги уредат и да стопанисуваат со нив, а за возврат да го користат рекламниот простор


Една грчка компанија и три домашни фирми влегуваат во трка за уредување на автобуските постојки во Град Скопје. Кераванос Атина, Вија Сигнал, Лазов Груп и М-6 учествуваа на меѓународниот тендер што во јули годинава го објави ЈСП Скопје за избор на концесионер којшто е заинтересиран по принципот јавно-приватно партнерство - ЈПП да инвестира во стојалиштата, да ги уреди и да стопанисува со нив, а за возврат да го користи рекламниот простор. Комисијата што ги отвори понудите има задача во следниот период на направи евалуација и по принципот бодување да ја избере најприфатливата понуда. Најмногу поени, вкупно 35 носи, времетраењето на експлоатацијата (за помалку години се даваат повеќе бодови), по 30 бода носат рокот на изработка на постојките и идејното решение со дизајнот, а само 5 бода тежи понудата за месечен надомест што е подготвена фирмата да му го плати на ЈСП. Естетскиот изглед на постојките и за квалитетот на материјали којшто ќе биде употребен за изработка на настрешниците ќе го разгледуваат двајца архитекти.

Најкус рок за стопанисување понуди Вија сигнал, на која ќе и бидат доволни само пет години ЈПП за да си ја поврати инвестицијата. Оваа фирма е согласна за три месеци, по добивањето на сите потребни дозволи, да ги уреди постојките и уште за концесијата да плаќа по 20 илјади евра годишно.

Лазов Груп, пак, е подготвен да инвестира нешто помалку од четири милиони евра во уредување на постојките и понуди три идејни решенија од кои едното има добиено прва награда за дизајн на светско ниво. Кое од трите ќе биде избрано, оставаат да избере ЈСП. Времето што им е потребно за инсталирање на конструкциите е од 4 до 6 месеци, а до 2012 би ги поставиле сигналните табли. Лазов груп ќе плаќа 6.000 евра годишно, а за возврат бараат концесионерство во рок од 25 години.

Грчката Керавнос понуди 18-годишно јавно-приватно партнерство и девет месеци рок за уредување на постојките кое би се реализирало во три фази. Керавнос за концесијата е подготвена да издвојува 4.500 евра годишно.

Понудата на М6 - Светлана д.о.о. важи за 10 години јавно-приватно партнерство, период во којшто се подготвени да плаќаат по 36.000 евра годишно. Тие нудат постојки од сопствено производство кои би ги инсталирале во рок од 12 месеци.

Директорот на ЈСП, Мишо Николов, којшто беше присутен на отаворањето на понудите истакна дека се надева дека уредувањето на стојалиштата ќе се реализира многу бргу, што за скопјани ќе значи чекор напред во подобрувањето на условите во јавниот сообраќај, а истовремено и подобрување на општиот имиџ на градов.

На автобуските станици, покрај стандардните елементи, треба да има и клупи, информативни табли, фонтани, киосци, различни штандови и друга опрема, во зависност од големината на станицата.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=B8F9CA1FAC29BA45961D23E0285D1F85 - http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=B8F9CA1FAC29BA45961D23E0285D1F85


-------------


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 16-Sep-2010 at 00:09

Ај да погодуваме.... 



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 16-Sep-2010 at 00:20

Еве моја анализа... кој би бил фаворит?

Но има некои работи кои треба да се земат во предвид....

0. Не знаеме какви се искуствата на секој пеодинично и дали можат да се споредуваат. Познато ми е Лазов Груп.... ама што има тоа врска... условите се тие

1. Не знаеме како изгледаат.

2. Не знаеме каков квалитет и каква изработка ќе добиеме за рокот кој е предвиден.

3. Не знаеме дали има фаворит и пред да се отвори тендерот (интереси)

4. Валидноста на тендерот (читај корупција)? Се сомневам дека би имало но да се има во предвид. Се надевам дека нема да се поништува по неколку пати

И тоа би било се...

Вија Сигнал е најповолна.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Sep-2010 at 02:45
Мене М-6 ми изгледа најповолна. ама според тоа Светлана во името ме асоцира на несериозна човек-ташна-фирма што допрва после тендер станува нешто, а предходно ниакде ги нема. Со Лазов имаме веќе искуство во градот со билборди. Вија ми е некаде измеѓу, а Кераванос воопшто не ми изгледа како поволна понуда. Долг рок на отплата, мал годишен надомест, воопшто не атрактивно. Рокот за инсталација не го земам во предвид, во Македонија тоа не важи, само формалност е, а и не е некој битен фактор.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 16-Sep-2010 at 08:25
Originally posted by lslcrew

Мене М-6 ми изгледа најповолна. ама според тоа Светлана во името ме асоцира на несериозна човек-ташна-фирма што допрва после тендер станува нешто, а предходно ниакде ги нема. Со Лазов имаме веќе искуство во градот со билборди....


Па и „Лазов груп“ како го познавам не ми звучи баш како Allianz или Lloyds, ова не мора ништо да значи. Како и да е, фала богу што се потегна и ова. Се надевам дека нема да биде нападен дизајн (недај боже „барок“) и нема да фаќа 8/9 од тротоарот како што беше случај со неколкуте црвени настрешници од поново време што ги има по центар, само за да се истопори реклама. Може ова ќе потегне и да се размисли за киосците (читај супермаркети и скара на кило) на автобуските станици и нивните гајби извадени на улица...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: Swimmer
Date Posted: 16-Sep-2010 at 12:23

„ ....... Иако конкурентите се изјаснија за фер игра, "Лазов груп" смета дека нема конкуренција.
"Јас ги почитувам сите понудувачи, но мислам дека нема јака конкуренција. Ако се земе предвид дека нашата банкарска гаранција е скоро дупло поголема од останатите, може да се види дека нудиме изградба на квалитетни и естетски станици", рече Владимир Лазов, сопственик на групацијата..... "

http://www.vest.com.mk/?ItemID=699B840C2CAF714080D6B023D24FEC70 - http://www.vest.com.mk/?ItemID=699B840C2CAF714080D6B023D24FEC70


-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Sep-2010 at 14:26
Originally posted by Dave Gahan

[QUOTE=lslcrew] Може ова ќе потегне и да се размисли за киосците (читај супермаркети и скара на кило) на автобуските станици и нивните гајби извадени на улица...


Кај мене на автобуска има адвокат во таква трафика, шнајдер со бутик исто така во таква трафика, такви две супермарктчиња со пуштено лимови, трски и настрашници како "освоена" територија. Само да почне да се прави Првомајска, се ова ќе отиде во историја.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 16-Sep-2010 at 14:31
Инаку оние класичните трафики се од времето на социјализмот од СФРЈ и баш на ССЦ имаше таква тема па очигледно само кај нас останале CrazyCrazy

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: gko
Date Posted: 16-Sep-2010 at 16:20
Originally posted by lslcrew

Мене М-6 ми изгледа најповолна. ама според тоа Светлана во името ме асоцира на несериозна човек-ташна-фирма што допрва после тендер станува нешто......


Па не се баш човек фирма зашто Тиквеш е повеќе од 70% нивно + еден куп компании, и ги води Свето Пивара...
Сепак успешноста на проектот не зависи од тоа...


Posted By: гитардемон
Date Posted: 17-Sep-2010 at 12:19
Originally posted by FoSsiL


Но има некои работи кои треба



Само една мала исправка за почеток, фирмата се вика Керавнос, грешно ја пренеле медиумите.

Што се однесува до понудите, Вија Сигнал е апсолутно најповолен избор. После 5 години ЈСП Скопје ќе ги цица парите од рекламите, кои ќе бидат ненормално големи пари! Годишен надоместок за петте години и да понуделе НУЛА, сепак тоа што после само 5 години ЈСП ќе има право на рекламниот простор... пари за нови автобуси! Што се однесува до квалитетот, ако се обврзани да си ги одржуваат објектите, доколку не чини материјалот, пак фирмата ќе си ги сноси трошоците, не ЈСП.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Dec-2010 at 03:31

Грците со најповолна понуда за автобуските стојалишта

Грчката фирма „Керавнос“ од Атина дала најповолна понуда на меѓународниот тендер, кој го распиша ЈСП „Скопје“ за поставување 292 нови автобуски стојалишта во централното градско подрачје по пат на јавно-приватно партнерство, дознава „Дневник“. Комисијата за јавни набавки поединечно ги разгледала сите четири понуди, но официјалниот избор Управниот одбор ќе го направи на 29 декември.

„Керавнос“ ќе биде должна да ги изработи и постави стојалиштата. Според понудениот договор, таа ќе стопанисува со нив 18 години и во тој период ќе може да издава рекламен простор на автобуските станици. Избраниот концесионер ќе биде должен на постојките да постави уште 80 дисплеи кои ќе го покажуваат времето на доаѓање на автобусот, како и надворешната температура. Засега има само 10 такви дисплеи.

Според понудата, Грците треба да ги постават автобуските постојки во рок од девет месеци од денот на потпишувањето на договорот, и тоа во три фази.

Во првата фаза ќе бидат поставени 100 стојалишта, и тоа во рок од 2,5 месеца, а во ист рок ќе бидат поставени уште толку. Во третата фаза, во рок од четири месеци ќе бидат поставени дисплеите. Оваа фирма понуди 4.500 евра надомест за јавно-приватно партнерство на годишно ниво и исто толкава банкарска гаранција.

На меѓународниот тендер свои понуди имаа уште три, и тоа македонски фирми: „Виа сигнал“, „Лазов груп“ и „М-6 Светлана и останати ДОО“, сите од Скопје.

Директорот на ЈСП, Мишо Николов, вели дека со обновувањето на автобуските постојки градот ќе добие подобар имиџ.

- Идејата е на партнерот да му го отстапиме рекламниот простор, а тој да ни направи современи автобуски постојки. Со пристигнувањето и на новите автобуси ќе заокружиме еден голем проект во јавниот превоз. Ќе остане најголемиот предизвик - регулирањето на односите со приватните превозници и намалувањето на дивите превозници - нагласи Николов.

Од 292 стојалишта,108 од типот А ќе бидат со натстрешник, клупа, канта за отпадоци, рекламно пано, урбани светилки, информативни табли и табла со број на автобуси што стојат на станицата. Од типот А1 ќе бидат 81, со истата опрема, со тоа што ќе немаат клупа. Ќе има и 93 двојни, кои ќе се добијат со спојување на две стојалишта од типот А.http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=8AF85CEE7EA87D4F9E423B314F8CFADE



Posted By: гитардемон
Date Posted: 23-Dec-2010 at 03:44
Уште не можам да сфатам, зошто би немале клупи, кога клупите се најосновното и најевтиното! Плус обврска на Грците ќе биде да ги менуваат искршените клупи, не на ЈСП.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: krale
Date Posted: 23-Dec-2010 at 08:51
Originally posted by гитардемон

Уште не можам да сфатам, зошто би немале клупи, кога клупите се најосновното и најевтиното! Плус обврска на Грците ќе биде да ги менуваат искршените клупи, не на ЈСП.


Не знам ни јас. Кога ќе видиме каде ќе нема клупи можеби ќе знаеме...


На пример ако нема клупи на најударните автобуски, тоа можеби ќе биде така за да има повеќе место „под“ стреата кога врне. Ако пак се на места каде што нема живо пиле, веројатно се плашат од кршење на клупите.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Dec-2010 at 01:10
Да ги разгледаме уште еднаш понудите... Ако нема други критериуми кои не биле соопштени (!?), тогаш по кој основ грците излегоа најповолни??? Еве споредете ги со Вија Сигнал, убедливо се послаби во сите три критериуми. Ако се потврди дека за најповолна понуда е избрана грчката, очекувам „фестивали“, и со право.

Originally posted by FoSsiL



Posted By: гитардемон
Date Posted: 24-Dec-2010 at 03:40
Да се Керавнос 1,8 години, би се согласил, ама 18?! На jsp.com.mk нема никаква вест, па може да е некоја глупава шпекулација.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Djole88
Date Posted: 24-Dec-2010 at 15:16
Според мене има две „објаснувања“

1. Надоместокот кој ќе се исплаќа на оваа компанија е најнизок, 4500еур x 18 години = 81000 еур и после тоа автобуските се на ЈСП.

2. Секогаш странското е „подобро“ од нашето, така беше и за еднокатните автобуси(Украински пред Македонски)


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Dec-2010 at 15:24
Нема логика во одлуката. Имаше подобри понуди од оваа. По ништо не е атрактивна понудата. А за ова второто и јас се сложувам со тебе дека кај нас шета многу овој синдорм напониска вредност, само во случајов тоа не е случај. Го имаме правено муабетот и во друга нишка да не го повторуваме, Македонија нема фабрика за автобуси, фабрика има тамо некој приватник што сакаше да не опељуши со наводно пониска цена, а цените врска немаа.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 24-Dec-2010 at 16:35
Originally posted by Djole88

Според мене има две „објаснувања“

1. Надоместокот кој ќе се исплаќа на оваа компанија е најнизок, 4500еур x 18 години = 81000 еур и после тоа автобуските се на ЈСП.



Јас, како и неколку други членови, имавме заклучено дека фирмата треба да плаќа толку на ЈСП, а не ЈСП толку на фирмата.

Значи овие всушност нудат најмалку, а не најмногу. Значи Керавнос ќе плаќа по 4500 евра годишно за тоа што ги стопанисува постојките, а не ЈСП да им плаќа ним.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: krale
Date Posted: 24-Dec-2010 at 17:23
Да не се работи за утната „нула“, па бројката да е 45000?

4500 е навистина смешно. И тоа годишно! Како кирија за еден стан, па тоа можеле да се јават 1200 фирми со овакви услови.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 24-Dec-2010 at 17:31
И 45.000€ и 450.000€ се премалку, имајќи предвид дека ЈСП може по само пет години (ако прифати друга понуда) да прибира големи пари од рекламите, вака 13 години плус ќе кубури со по само толку пари годишно.

Ама ај да не солиме памет, јас не сум убеден дека е точна веста дека Грците победиле.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: krale
Date Posted: 24-Dec-2010 at 20:29
Originally posted by гитардемон

И 45.000€ и 450.000€ се премалку, имајќи предвид дека ЈСП може по само пет години (ако прифати друга понуда) да прибира големи пари од рекламите, вака 13 години плус ќе кубури со по само толку пари годишно.

Ама ај да не солиме памет, јас не сум убеден дека е точна веста дека Грците победиле.


НЕ знам дали навистина се работи за „големи“ пари од реклами. Погледни ги например оние паноата (не билбордите туку оние што се во портрет формат и стојат на партизанска и други улици... Речиси сите зјаат празни, не можат да ги издадат.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Dec-2010 at 02:48
Па не сум го анализирал толку нашиот пазар и потребите од рекламен простор, ама имав впечаток дека со оглед на тоа што никнуваат билборди како печурки на секој чекор, дека и сити-лајтовите или како и да се викаат овие на постојките би требало да се многу побаруван простор. Ама ако размислам, навистина има многу неиздадени вакви, или пак со реклами од пред 3 години, така што ќе да си во право.

Веројатно не сакам да поверувам дека ЈСП немаат поим што прават, и си бројат ени-мени-сени за да одлучат кому ќе ја дадат концесијата. Сигурно (или не?) имаат некоја проценка колку приход ќе има концесионерот во првите години, и по завршувањето на концесијата што ќе ќари ЈСП.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: axel
Date Posted: 04-Jan-2011 at 13:42

Пропадна тендерот за автобуските стојалишта

Пропадна меѓународниот тендер за поставување 292 нови автобуски стојалишта во централното градско подрачје кое го распиша Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“-ЈСП. Управниот одбор донесе одлука да се распише нов тендер поради тоа што биле утврдени одредени технички недостатоци, обелодени Мишо Николов, директор на ЈСП.

На тендерот имаше понуди од четирите фирми: „Виа сигнал“, „Лазов груп“ и „М-6 Светлана и останати ДОО“ од Скопје, како и грчката „Керавнос“ од Атина, која од Комисијата за јавни набавки, според информациите на ЈСП, имаше најповолна понуда според поставените услови во тендерот, иако конечниот збор требаше да го даде Управниот одбор на ЈСП.

- Во секој случај тендерот ќе се повтори. Во текот на јануари 2011 година ќе треба да се отстранат забележаните технички недостатоци, а веќе во февруари ќе биде распишан нов тендер - изјави Николов. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A756B3B20D56C44BB8B602DE77C1C287 - #

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=20683009152D0E41A2D1914F48FAB704


Posted By: dule
Date Posted: 28-Mar-2011 at 13:33














Уништени се и столбовите за осветлување













Posted By: BOJAN
Date Posted: 28-Mar-2011 at 19:13
Срамно е пред се` поради патниците, јас на вакво место не би сакал да чекам автобус во 21 часот навечер, на пример.


Posted By: dule
Date Posted: 15-Apr-2011 at 19:42

Депонија на последна "5" во Ново Лисиче

Никна дива депонија на терминалот на последна "5" и "15" во Ново Лисиче. Иако стои знак за забрането фрлање шут, на ова место секој ден се трупаат сè повеќе и повеќе ѓубре и градежен шут. Жителите од околните згради се жалат дека со секој посилен ветар се креваат големи облаци од прав.
Од Општина Аеродром објаснуваат дека комуналната инспекција постојано ја следи состојбата и дека секој оној што ќе биде фатен на самото место како фрла шут, ќе биде казнет согласно со законските прописи.
http://vest.com.mk/?ItemID=3A9B2856130BD540BA8B076835FA6022



Posted By: N23
Date Posted: 16-Apr-2011 at 00:59
Наместо да кажат дека ќе ја ичистат, викаат ја следат состојбата. Иначе пред некој ден Коце најави дека во скоро време готов ќе биде тендерот и конечно и Скопје да добие асални постојки.


Posted By: dule
Date Posted: 16-Apr-2011 at 22:18
.


Posted By: phenomenon
Date Posted: 17-Apr-2011 at 20:11
Може и некоја скулптура да се изработи од ѓубрето:
 
Шмизла
 
 
Trash%20Sculpture
или
/wiki/File:Metal_Bird.png">


-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: dule
Date Posted: 18-Apr-2011 at 10:16



Posted By: dule
Date Posted: 21-Apr-2011 at 18:09
ЗА ЖАЛ И ПОКРАЈ НАШЕТО ИНСИСТИРАЊЕ И МОЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ  (ОПШТИНА АЕРОДРОМ,ГРАДОТ СКОПЈЕ И КОМУНАЛНА ХИГИЕНА СКОПЈЕ) ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ПРОСТОРОТ ОКОЛУ ТЕРМИНАЛОТ  ТИЕ ОСТАНАА ГЛУВИ НА НАШИТЕ ПОВИЦИ.ТЕРМИНАЛОТ ПРЕСТАВУВА И ЗАРАЗА ОД ЃУБРЕТО  ЗА НАС ПАТНИЦИТЕ КОЈ ЧЕКАМЕ АВТОБУС.ЏАБЕ СЕ НАДЕВАВМЕ ДЕКА И СО НОВИТЕ АВТОБУСИ А ПОГОТОВО И СО ДВОКАТНИОТ АВТОБУС СЛИКАТА КЕ СЕ СМЕНИ,НАДЛЕЖНИТЕ НИКАКО НЕ НАЈДОА ЗА ЧАРЕ ДА ГО ИСЧИСТАТ ПРОСТОРОТ.СРАМОТА!!!!

1.

2.

3.

4.

5.
ЗА ЖАЛ СЛИКАТА Е ИСТА КАКО И МИНАТИОТ ПАТ,ЗАТОА УШТЕ ЕДНАШ НИЕ ПАТНИЦИТЕ КОЈ СЕКОЈДНЕВНО СМЕ КОРИСНИЦИ НА АВТОБУСКИОТ ПРЕВОЗ ЗАМОЛУВАМЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ  ДА СЕ ИСЧИСТИ ШТО Е МОЖНО ПОБРЗО ПРОСТОРОТ.


Posted By: phenomenon
Date Posted: 21-Apr-2011 at 19:40
Кажи ми нешто што ќе ме изненади!
Видете со некое приватно комунално претпријатие, колку ќе ви бара за чистење и да се организирате во вашата месна заедница, да соберете пари за да им платите за чистење. Друго чаре нема!

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: dule
Date Posted: 21-Apr-2011 at 20:32



Posted By: N23
Date Posted: 22-Apr-2011 at 15:51
Викнете медиум, препорачувам сител или алфа и за некој ден веднаш ќе се среди. Бидете брзи, пратете слики до медиуми, а законски општната мора за 30 дена да ви одговори.


Posted By: dule
Date Posted: 22-Apr-2011 at 17:47



Posted By: гитардемон
Date Posted: 03-Jun-2011 at 19:20
Јавен повик
За доделување на договор за јавно приватно партнерство за финансирање, инсталирање, одржување и трансфер на систем за автоматска локација и електронски систем за наплата во возилата на јсп скопје

http://jsp.com.mk/proekt.aspx?proekt=9 - http://jsp.com.mk/proekt.aspx?proekt=9

Јавен повик
За доделување на договор за јавно приватно партнерство за поставување на автобуски стојалишта (постојки) и електронски информациони дисплеи на подрачјето на град скопје

http://jsp.com.mk/proekt.aspx?proekt=8 - http://jsp.com.mk/proekt.aspx?proekt=8


Posted By: гитардемон
Date Posted: 03-Jun-2011 at 19:20
Јавен повик
За доделување на договор за јавно приватно партнерство за финансирање, инсталирање, одржување и трансфер на систем за автоматска локација и електронски систем за наплата во возилата на јсп скопје

http://jsp.com.mk/proekt.aspx?proekt=9 - http://jsp.com.mk/proekt.aspx?proekt=9

Јавен повик
За доделување на договор за јавно приватно партнерство за поставување на автобуски стојалишта (постојки) и електронски информациони дисплеи на подрачјето на град скопје

http://jsp.com.mk/proekt.aspx?proekt=8 - http://jsp.com.mk/proekt.aspx?proekt=8


Posted By: гитардемон
Date Posted: 03-Jun-2011 at 19:20
Јавен повик
За доделување на договор за јавно приватно партнерство за финансирање, инсталирање, одржување и трансфер на систем за автоматска локација и електронски систем за наплата во возилата на јсп скопје

http://jsp.com.mk/proekt.aspx?proekt=9 - http://jsp.com.mk/proekt.aspx?proekt=9

Јавен повик
За доделување на договор за јавно приватно партнерство за поставување на автобуски стојалишта (постојки) и електронски информациони дисплеи на подрачјето на град скопје

http://jsp.com.mk/proekt.aspx?proekt=8 - http://jsp.com.mk/proekt.aspx?proekt=8


Posted By: гитардемон
Date Posted: 03-Jun-2011 at 19:28


Ми изгледа дека ги сменале условите за постојките. 50 бода носи времетраењето, 40 бода изгледот, а 10 надоместокот. Најпаметно! За бројот на постојките не сум сигурен, ама мислам дека останаа истите побарувања. Па ај аирлија нека е, до 6 јули ќе знаеме! Башка за 8 месеци се обврзани да завршат со работите.

А за системот за наплата, интересно е што бараат и 40 електронски билетарници низ градот. А критерум има само еден, а тоа е процентот кој фирмата изведувач ќе го бара од продажбата на билети. Не пишува на колкав рок ќе добиваат пари? До крајот на светот ли?


Posted By: OCB
Date Posted: 23-Jul-2011 at 15:06
Грчка и турска фирма во трка за изградба на автобуските постојки

Грчката „Ремеди абертајнзи АБ“ и турската „МОРЕ рекламкилик“ се двете фирми што доставиле понуда до ЈСП „Скопје“ од четирите што подигнале тендерска документација за изградба на автобуските постојки и поставување на електронските дисплеи. Комисија составена од четири члена на претпријатието вчера јавно ги отвораше пристигнатите понуди на вториот тендер што го спроведе ЈСП за избор на изведувач. Првиот тендер беше поништен, бидејќи имаше правни недоследности.

„Доколку сега нема никакви нерегуларности, Комисијата најдоцна за три недели ќе се изјасни која од двете фирми ја добила работата, а таа, пак, во рок од осум месеци треба да ги постави новите автобуски постојки“, рече вчера Мишо Николов, директор на ЈСП „Скопје“.

На вчерашното отворање на тендерот за автобуските постојки и електронските дисплеи во очекување од ЈСП да се инсталира лаптоп, присутните не ја видоа видеопрезентацијата како би изгледале моделите на автобуските постојки што ги нудеа двете фирми, чија документација вчера се отвораше.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=2152F5EF18871046B6B7A1EAA99C448D


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 23-Jul-2011 at 17:25
Originally posted by OCB



На вчерашното отворање на тендерот за автобуските постојки и електронските дисплеи во очекување од ЈСП да се инсталира лаптоп, присутните не ја видоа видеопрезентацијата како би изгледале моделите на автобуските постојки што ги нудеа двете фирми, чија документација вчера се отвораше.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=2152F5EF18871046B6B7A1EAA99C448D


Две можни објаснувања за болдираното:
1. Аматери во организација и непрофесионалност
2. пресметан потег за покажување на лажна проактивност за да се дадае позитивен сигнал иако релано не постои тоа што се тврди дека требало да биде презентирано

Искрено чинам дека е под точка два поверојатно.......неможе од сите таму ниеден да не знае или да најде начин да приклучи лаптоп на проектор.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 23-Jul-2011 at 23:42
ЈСП многу слабо стои со службата за односи со јавност, овој оддел е одговорен за се` што е поврзано со секоја средба со новинари или надворешни странки. Инаку можеби би требало да ги пребараме на интернет овие компании може ќе најдеме нешто кај нив.


Posted By: OCB
Date Posted: 26-Jul-2011 at 13:42
Очигледно има новинарска грешка во статијата која ја постирав погоре. Грчката фирма не се вика „Ремеди абертајнзи АБ“ туку „Керавнос“. Тоа е онаа иста фирма која учествуваше и на претхдниот тендер на кој победи но истиот беше поништен поради технички недостатоци. Името на оваа фирма во денешен Дневник се јавува како „Керадмус“ а во Вечер како „Кераванос“. Извадок од денешен Вечер:

„Комисијата која ги отвори понудите има задача во следниот период на направи евалуација и по принципот бодување да избере која е најприфатлива понуда. Најмногу поени носи времетраењето на експлоатација (за помалку години се даваат повеќе бодови) и месечниот надомест што фирмата е подготвена да го плати на ЈСП. Во двата случаи подобра понуда има грчката компанија која нуди концесионерство во траење од 15 години и 20.400 евра годишен надомест за разлика од Море рекламџик", чија понуда е 20 години и 13.750 евра.“

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=1D0DE92E250AA04CB13B06E88EC16D43

Споредба на понудите од „Керавнос“

Тендер 2010: 18 годишна експлоатација, €4.500 годишен надоместок (€81.000 вкупен надоместок).

Тендер 2011: 15 годишна експлоатација, €20.400 годишен надоместок (€306.000 вкупен надоместок).

- Се врши евалуација на понудите и идејните решенија за изгледот на стојалиштата на двете фирми. Се надеваме дека до крајот на неделава ќе се избере фирма победник - вели Билјана Јанкуловска, шеф на кабинет на директорот на ЈСП.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B980AD9A879D894D9E4A2AB23C23D0EE


Posted By: Supervisor
Date Posted: 26-Jul-2011 at 13:58
Што е толку битно што имало новинарска грешка стварно не разбирам?

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 26-Jul-2011 at 14:43
Originally posted by Supervisor

Што е толку битно што имало новинарска грешка стварно не разбирам?
Функцијата на новинарите е правило и точно да известуваат. Ако во 4 текста за истиот тендер спомнале 3 различни имиња на изведувачи и 2 различни суми на пари, повеќе од очигледно е што е толку битно. Зарем не треба малку да се продлабочат и да си ги проверат информациите пред да ги пласираат?


-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Aug-2011 at 21:40

Старите постојки ќе се преселат во руралните населби


 

Во приградските места нема поставено постојки на кои треба да застанува автобусот. Додека го чекаат автобусот, граѓаните постојано се изложени на сонце

 

 
%20 
Кога на градските булевари ќе се монтираат нови и современи автобуски постојки, старите што се сé уште употребливи ќе се постават во руралните средини. Дотогаш жителите на многу места во непосредното опкружување на градот ќе чекаат автобуси на постојки на кои има само мали табли со броевите на линиите што поминуваат оттаму или ниту тоа. 

Некаде има клупи и стреи што си ги направило самото население, а на некои места нема ништо, па човек што не е од тој крај воопшто не би знаел каде застанува автобус.

- Деновиве едвај издржувам додека чекам автобус. Сонцето и високите дневни температури најмногу ги чувствувам тогаш. Нема каде да се засолниш од нив. Нема постојка, нема ниту клупа да здивнеш. Помладите можеби ќе го издржат ова мачење, но ние повозрасните нема шанси. Многу обврски одложувам поради топлото време или ги завршувам уште во утринските часови – вели жителка од Сингелиќ.

Градоначалникот на општината Гази Баба, Тони Трајковски, соопшти дека откако ќе се постават новите постојки низ градот, старите ќе се префрлат во руралните средини.

Истото го потврдија и од ЈСП.

- Кога ќе пристигнат новите постојки, кога ќе почнат да се менуваат, автоматски старите веднаш ќе се поставуваат во руралните средини. Инаку тоа не е наша обврска, туку на општините. Тие сами треба да им обезбедат на граѓаните постојки, клупи, канти за отпадоци, сé што е потребно - изјави Ацо Стојанов, технички директор во ЈСП.

Надлежните од општината Аеродром соопштија дека ќе постават урбана опрема на станиците во руралните населби. Но сé уште немаат план на кои локации ќе биде поставена и кога. 

Инаку тендерот на ЈСП за новите постојки е завршен. Две фирми се пријавиле, од кои по 20 август ќе се избере најповолната понуда. 

- Сега комисијата за избор на фирмата што ќе вложи во уредувањето на постојките е на одмор. Но откако ќе се врати, веднаш ќе се разгледаат понудите и ќе се пристапи кон уредување на постојките - додаде Стојанов.

Фирмата што ќе има најдобра понуда ќе треба да направи современи автобуски станици, а во замена за тоа ќе го добие рекламниот простор на постојките. Од 292 станици, 108 ќе бидат со стреа, клупа, канта за отпадоци, рекламно пано, светилки, информативни табли и со пано со бројот на автобусите што застануваат на постојката, а 81 ќе бидат без клупа. Преостанатите 93 постојки ќе бидат двојни. Исто така, избраната фирма ќе има обврска да изгради 100 нови дистрибутивни центри за продажба на билети.

 
  
Автор: С.Ј.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8911953377&id=14&prilog=0&setIzdanie=22351 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8911953377&id=14&prilog=0&setIzdanie=22351


Posted By: axel
Date Posted: 07-Sep-2011 at 15:18
http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/09/07/avtobus.jpg

Една од стратешките определби на Градот е имплементирање мерки коишто ќе овозможат одржлив, чист и енергетско-ефикасен урбан транспорт, истакна на денешната конференција на тема „Решенија за одржлив транспорт во пристапните и претпристапните земји и западен Балкан“, градоначалникот Коце Трајановски.


Конференцијата е дел од проектот „Ренесанс“, со којшто се осовременува јавниот транспорт преку воведување автобуси на гас, имплементирање систем за автоматска локација на возила и поставување информативни дисплеи што го покажуваат реалното време на пристигнување на автобусите на автобуските постројки, како и Центар за управување со сообраќајот. 


Во моментов, АВЛ системот се применува на две градски линии. Во функција се ставени 10 дисплеи, а во наредниот период се очекува истиот систем да биде применет и на преостанатите градски линии, односно во функција ќе бидат ставени 80 дисплеи.
- По согледувањето на позитивните ефекти кои што ќе ги имаат и Градот и граѓаните со имплементацијата на Центарот за управување на сообраќајот, Градот во моментов бара можности системот, којшто е планиран да функционира на 30 крстосници да биде проширен на 100 - рече Трајановски.
Проектот „Ренесанс“ под наслов „Тестирање на иновативни стратегии за чист урбан транспорт во историски европски градови“ е интегриран проект во 5 европски града, меѓу кои е и Скопје.

http://daily.mk/cluster3/9e90e175bb632f58841cc27de3b00d09/894010


Posted By: OCB
Date Posted: 14-Sep-2011 at 16:10
Грчка фирма ќе поставува автобуски постојки во Скопје

Грчката компанија Ремеди адвертајзинг ќе биде одговорна за поставување и одржување на 275 автобуски постојки и 80 електронски информациони дисплеи на подрачјето на Скопје.



Управниот одбор на ЈСП Скопје на денешната седница ја избра компанијата од Атина за најповолен понудувач за доделување на договор за јавно приватно партнерство за поставување на постојките и дисплеите.

Согласно понудата, времетраењето на договорот изнесува 15 години, а приватниот партнер се обврзува да ги постави автобуските стојалишта за 8 месеци сметано од влегувањето во сила на договорот за јавно приватно партнерство и до крајот на 2012 година да ги постави електронските информациони дисплеи, се вели во соопштението.

http://press24.mk/story/makedonija/grchka-firma-kje-postavuva-avtobuski-postojki-vo-skopje


Posted By: OCB
Date Posted: 14-Sep-2011 at 16:24
Дизајн на веќе поставени постојки од страна на „Ремеди адвертајзинг“:









http://www.remedyoutdoor.gr/en/#/folio/photo


Posted By: vlatko.mk
Date Posted: 18-Sep-2011 at 19:37
Подобри се од постоечките што ги имаме


Posted By: zabegan
Date Posted: 18-Sep-2011 at 20:06
Originally posted by vlatko.mk

Подобри се од постоечките што ги имаме
подобри се со самото тоа што се нови и што можеби имаат посовремен дизајн, но колку што гледам, на ниедна нема табла со линии и возен ред, а тоа ни е најмногу потребно на станиците, плус обавезно мора да се опремат и со клупи или било какви потпирачи за одмор
многу е неозбилно од ЈСП што единствен извор на информации им е нивната страна, што воопшто не е ефикасно и достапно за широките маси


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: krale
Date Posted: 19-Sep-2011 at 10:06
Originally posted by zabegan


Originally posted by vlatko.mk

Подобри се од постоечките што ги имаме
подобри се со самото тоа што се нови и што можеби имаат посовремен дизајн, но колку што гледам, на ниедна нема табла со линии и возен ред, а тоа ни е најмногу потребно на станиците, плус обавезно мора да се опремат и со клупи или било какви потпирачи за одмормногу е неозбилно од ЈСП што единствен извор на информации им е нивната страна, што воопшто не е ефикасно и достапно за широките маси


Па на сликите нема ни електронски дисплеи, ама ги има во тендерот.

Значи тендерот ќе си каже што треба да се постави.


Posted By: axel
Date Posted: 11-Nov-2011 at 15:59

Градот Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утре /12.11.2011 година/ во 12 часот ќе го промовираат новото автобуско стојалиште на свртувалиштето кај поранешниот хотел „Панорама“, на Водно.

На промоцијата на новото стојалиште ќе присуствуваат градоначалниците на Град Скопје и на општината Центар, Коце Трајановски и Владимир Тодоровиќ.

На новото стојалиште ќе застануваат автобусите на линијата со број 3.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4640&mid=482&tabId=1&tabindex=0


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Nov-2011 at 20:28






ПРОДОЛЖЕНА АВТОБУСКАТА ЛИНИЈА БРОЈ 3 ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

Градот Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ денеска /12.11.2011 година/ го промовираат новото автобуско стојалиште на свртувалиштето кај поранешниот хотел „Панорама“, до амбасадата на Република Турција во Македонија.

На новото стојалиште ќе застануваат автобусите на линијата со број 3, на својата продолжена траса.

- Со ова на граѓаните на овој дел од Центар им се дава нова автобуска линија за користење на градскиот превоз. Продолжувањето на автобуската линијата број 3 која досега се движеше до основното училиште “Кочо Рацин” е воведена на барање на жителите од овој дел од Скопје, како и на барање на општина Центар. Со ова се надеваме дека ќе се решат повеќегодишните проблеми со јавниот превоз кои ги имаат жителите на населбата Водно.– изјави градоначалникот Трајановски.

Градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, изјави дека со продолжувањето на оваа автобуска линија во пресрет се излегува на 15.000 граѓани кои живеат во овој дел од Скопје. За реконструкцијата на свртувалиштето за автобусите на овој потег и реконструкцијата на платото, Општина Центар има издвоено околу 4 милиони денари.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4642&mid=482&tabId=1&tabindex=0


Posted By: dule
Date Posted: 05-Jan-2012 at 08:29




Булеварот "АСНОМ", којшто поминува покрај кејот на Вардар во Општината Аеродром е интересен поради две работи - на едниот крај се гради парк, се сади трева и дрвца, на другиот крај пак никнува вештачка планина од ѓубре, шут и исфрлена земја. За да биде ситуацијата уште поапсурдна, пред купот земја висок над четири метри Општината Аеродром има поставено табла на која ги предупредила несовесните компании дека на оваа локација е забрането да се фрла ѓубре. Сепак, граѓаните сведочат дека секојдневно камиони доаѓаат и ја исфрлаат ископаната земја и сметот. Токму еден камион затекна и екипата на ВЕЧЕР додека беше во посета на локацијата на аголот на булеварот "АСНОМ" и улицата "Февруарски поход". Овој дел од Општината Аеродром е едно големо градилиште, а најмногу се градат станбени згради. Граѓаните се сомневаат дека токму од градежните компании потекнува и најголемиот дел од земјата што се фрла на оваа локација.

Во најлоша ситуација поради дивата депонија во Аеродром се вработените во ЈСП, бидејќи веднаш до купиштата земја се наоѓа автобуската станица. Тие се принудени да се гушат во ѓубрето секојдневно. Некои од вработените коментираа дека повеќе пати реагирале до општината.
- Секој што има вишок ѓубре дома овде го исфрла, што значи дека вработените што се овде, работат во депонија, а не во чиста средина. Од општината имавме телефонски број и повеќепати пријавивме кога доаѓаа камиони и исфрлаа шут и земја овде - вели еден од вработените во ЈСП, кој сака да остане анонимен.

Од Општината Аеродром велат дека се запознаени со настанувањето на дивата депонија покрај булеварот "АСНОМ". Оттаму информираа дека досега казниле неколку од компаниите што ги фатиле како шутот го исфрлаат на оваа локација. Уште еднаш истакнуваат дека фрлањето земја на јавни површини е казниво со закон.
- Фрлањето земја на јавни површини е противзаконско и општинската инспекција досега има интервенирано и казнето повеќе фирми што го сториле тоа. Земјата таа ќе биде искористена за пополнување на бројните дупки што се наоѓаат покрај кејот на Вардар на територијата на Општина Аеродром уште во времето кога се градел автопатот Скопје - Тетово - истакнуваат од општината.

Казните за фрлање ѓубре на јавни површини се движат од 50 евра за граѓаните до 4.000 евра за компаниите. Највисока казна е таа за оставање градежен шут, која изнесува од три до четири илјади евра, а одговорното лице ќе треба да плати од 500 до 1.000 евра.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C9E16A3448508848B7795DFE644BE7EC





Posted By: buco55
Date Posted: 06-Jan-2012 at 20:14
Со дигитализацијата на генералниот урбанистички план на Скопје и неговата достапност на интернет, еден дел од градтската мрежа не е во моментот дигитално достапен - поставеноста на градтските автобуски станици.
Дали некој има информација до каде се работите со дигитализација на нивната поставеност низ градот или пак мапа/скица??


Posted By: OCB
Date Posted: 03-Feb-2012 at 14:41
Значи и по скоро 5 месеци од изборот на најповолен понудувач, договорот се уште не е потпишан. Разбирам дека има рокови за жалби, но не разбирам зошто целата постапка по завршување на тендерот и изборот на компанијата која ќе ги поставува постојките трае толку долго.

Нови автобуски станици за девет месеци

Грчката фирма „Ремеди адвертајзинг“ ќе стопанисува со нив 15 години и по тој период е должна да ги пренесе на ЈСП без надомест




Новите автобуски постојки, со нови клупи, канти за отпадоци, рекламни паноа и информативни табли градот ќе ги добие за околу девет месеци, а проектот ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство.
Сегашните станици се во лоша состојба, повеќето се оштетени и патниците нема каде да се засолнат.

- Да не ти се погоди да чекаш автобус подолго време, особено на снег или дожд. Нема каде да се засолниш, а уште помалку каде да седнеш. Станиците само фигурираат како обележје каде да чекаш автобус. Во руралните средини, доколку не знаеш каде е станицата, нема да знаеш каде да застанеш - вели Милка Тонева, која редовно користи градски превоз.

Од Јавното сообраќајно претпријатие информираат дека постапката е во завршна фаза, избран е приватен партнер, грчката фирма „Ремеди адвертајзинг“, и останува да се допрецизираат уште некои детали и во текот на овој месец да се потпише договорот.

- Приватниот партнер потоа е должен за период од осум месеци да ги постави автобуските постојки и заклучно со 2012 година и електронските информациски табли. Ќе се поставуваат три типа постојки, во зависност од локацијата, односно вкупно 275 автобуски постојки и 80 електронски дисплеи - ни изјави Ана Груевска, раководителка на маркетинг во ЈСП.

Тендерска документација подигнале четири фирми, но од нив само две поднеле понуди. Грчката „Ремеди адвертајзинг“ со новите постојки

ќе стопанисува 15 години и по тој период е должна да ги пренесе на ЈСП без надомест. Оттаму додаваат дека старите станици ќе се префрлат во руралните средини на локации на кои се врши јавен превоз на патници.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2312931364&id=14&setIzdanie=22496



Print Page | Close Window