Продажба на автомобили во МК
Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Останати теми
Forum Discription:
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=93
Printed Date: 08-Jul-2025 at 06:48
Topic: Продажба на автомобили во МК
Posted By: pbanks
Subject: Продажба на автомобили во МК
Date Posted: 22-Nov-2007 at 17:17
Мислам дека ова е битна тема од повеќе аспекти а на некој начин е
врзана и со некои од темите што ги дискутираме на форумот... Оваа година ќе биде дефинитивно изгледа најдобра во историјата на МК. Октомври посебно е изгледа добар месец 
Продажбата на автомобили во октомври порасна за 44,8%
|
|
Увозниците на автомобили во Македонија во
октомври продале вкупно 1.344 автомобили, што е речиси 45% раст во однос
ланскиот октомври кога се продале вкупно 928 нови автомобили во државата.
Според месечните извештаи за продажба на нови автомобили во Македонија,
најмногу автомобили, минатиот месец има продадено увозникот на брендот
Фолксваген, компанијата “Порше Македонија“. Продале вкупно 220 автомобили, што
за нив е послаба продажба само во однос на јуни, кој е редовно еден од
најпрофитабилните месеци за увозниците на автомобили во Македонија. Споредено со
ланскиот октомври, за “Порше Македонија“ ова е раст на продажбата од огромни
189,47%. На второ место според бројот на продадени автомобили е Еуроимпекс,
увозниците на Пежо, кои во октомври продале 135 автомобили. Ова, во тековната
година, за Еуроимпекс е послаба продажба само во однос на јуни и јули, кога
компанијата продаде 140, односно 151 автомобил. На третата позиција според
бројот на продадени автомобили во октомври е Фиат кои продале 123 автомобили.
Октомври е на втората позиција според бројот на продадени автомобили во
Македонија во изминатите 10 месеци годинава. Најмногу автомобили на месечна
основа се продадоа во јуни, и тоа вкупно 1.449. | |
Извор: http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=9309&mid=303&tabId=1&tabindex=0 - Тотал
|
Replies:
Posted By: dejan
Date Posted: 23-Nov-2007 at 05:14
Wow! Toa e odlichno! !!!
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 11-May-2008 at 21:15
Расте бројот на продадени нови автомобили
http://www.a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=117&VestID=92778 - Мишко Иванов
|
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=92778#komentari - Коментари (0)
|
 |
 |
11.05.2008 19:58
Расте
бројот на продадени нови автомобили во Македонија. Првиот квартал од
2008-ма покажува зголемување за 5,5% во однос на минатата година. Во 2007-ма продажбата е зголемена за 12% во однос на 2006-та. Продадени се околу 12.000 нови возила. Но,
сепак земјава е многу далеку во однос на европските трендови.
Македонија заостанува според процентот на население кое поседува нов
автомобил. Импортерите сметаат дека огромно влијание има и постојаниот раст на цената на бензините. „Интересот
за возила е голем, меѓутоа реализацијата не може да го следи тој
развој. Причините се сигурно во зголемувањето на цените на нафтените
деривати на светскиот пазар, делумно инфлаторните движења во Македонија
итн.“, изјави Златко Муцунски, генерален директор на „Порше Македонија“. Луѓето во автомобилскиот бизнис потенцираат дека на земјава и се потребни околу 20.000 возила годишно за обнова на возниот парк. Хрватска и Словенија се далеку пред нас. Во Словенија годишно се продаваат околу 75.000 нови возила. „Има
нагорна линија, но ни случајно не е тоа што треба да биде, кога само ќе
се погледне, не треба нешто подалеку во земјите, на нашето опкружување
во земјите, да речеме една Хрватска, каде што барем уште три пати од
оваа сега годишна бројка треба да биде, значи некаде 40-50 илјади
возила“, рече Марјан Миновски, „МИ ДА моторс“. Поголемиот дел од автоувозниците признаваат дека во последно време со соочуваат и со мали проблеми од централите. Не
можат да добијат нова линија на автомобили, бидејќи Македонија остана
една од ретките држави каде се користат неквалитетни бензини. Во земјава дури 80% од продадените возила се купени на кредит, наспроти 20-те проценти кои се платени во кеш. „Што
значи Македонците се се повеќе заинтересирани за купување на возила на
кредит, на лизинг итн., што е тренд и во светски рамки. Од друга
страна, лизинг и финансиските институции нудат се подобри услови за
купувачите, се борат со каматите, со учествата“, вели Муцунски. Луксузните брендови на автомобили во Македонија речиси и да ги нема. Се купуваат едвај пет автомобили во годината. Бизнисот
со возила во Македонија вработува повеќе од 1.000 лица. Во
автомобилскиот бизнис во земјава се вратат над 90 милиона евра годишно. |
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=92778
|
Posted By: ProMKD
Date Posted: 12-May-2008 at 19:24
odlicno, se nadevam sto pobrzo ke so obnovi vozniot park (i se primetuva barem po skopskite ulici deka toa se slucuva postepeno). Samo glupo vo A1 tekstov novinarot gi sporeduva 40,000 novi vozila vo Hrvatska so 12000 vo MKD... koga hrvatska ima 3 pati povekje narod normalno e da ima 3 pati povekje prodazba na novi vozila, znaci po procent, sme prilicno isti so niv!!
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Aug-2008 at 12:12
Одлично Веќе во Јули ја исполнвме бројката која беше стандардна за годишна продажба на нови автомобили со години
Граѓаните се' помасовно купуваат нови автомобили

Во седумте месеци од годинава се продадени 2.347 повеќе возила од лани, се купува и во кеш и на кредит
Александар Пешев
Продажбата на автомобили во државава за перидот јануари - јули
годинава е поголема за околу 30 отсто во споредба со истиот период
минатата година. Надлежните во бизнисот со автомобили тврдат дека
зголемениот интерес за купување нови автомобили се должи на поволните
услови што ги нудат банките за кредитирање, како и на можностите да се
дојде до нов автомобил преку лизинг. Граѓаните купуваат разни марки
автомобили во кеш, на кредит и на лизинг. Независно за кој начин на
плаќање станува збор, дилерите се задоволни и во изминатите месеци
забележуваат зголемен интерес за набавка на возила. Особено е зголемена
продажбата преку банкарски кредит. Според надлежните во „Еуроимпекс“,
за шесте месеци од годинава се продадени 860 возила, од кои 85 на
лизинг, 260 на кредит и остатокот во готово.
Според податоците
на Здружението на автоувозниците на Македонија, при Сојузот на
стопанските комори, додека во перидот од јануари до јули 2007 година
биле продадени вкупно 5.884 патнички автомобили, годинава во истиот
период се продадени 8.231 возило или 2.347 повеќе. Во текот на минатата
година во државата биле продадени вкупно 13.937 нови возила.
Пораст
бележи и продажбата на товарни возила. Лани, на крајот на јули, биле
продадени 737 товарни возила, а годинава до истиот период се продале
951 товарно возило.
Претседателот на Здружението, Златко Калеников, вели дека очекува продажбата на нови автомобили да продолжи да расте.
„Овој
раст се должи на економската стабилност, како и на подобрите услови за
кредитирање и на лизинг на пазарот. Во поглед на кредитирањето и на
лизингот, може да се каже дека конкуренцијата го направи своето. Порано
самите автоувозници ги рекламираа можностите за кредитирање, а сега во
банкарскиот сектор се создаде конкуренција што ги натера банките сами
да ги рекламираат кредитните линии“, објаснува Калеников. Според него,
Македонците имаат можности и стандард за купување нови возила, а
пазарот има потенцијал за продажба на 25.000-30.000 возила годишно.
Во
последниот период се' поактуелни стануваат кредитните линии на банките
за купување автомобил. Притоа, кредитите се даваат со прифатливи
каматни стапки, од 8,5 до 10,5 во Комерцијална банка, до 7 и 10 отсто
во Стопанска, зависно дали учеството изнесува 30 или 10 отсто од
вредноста на возилото.
Од НЛБ Тутунска банка даваат пример за
купување автомобил на кредит со 72 месеца, или шест години, отплата. За
автомобил кој чини 10.000 евра, на пример, се плаќа месечна рата од 122
евра, при учество на една третина од цената на автомобилот. По
отплаќањето на кредитот, цената на автомобилот е 2.117 евра повисока од
првичната.
Кај лизингот крајните трошоци се повисоки. Според
„НЛБ лизинг“, за просечно возило од 10.000 евра, при учество од 30
отсто и отплата на 72 месеца, месечната рата се пресметува на 130 евра.
Возилото отплатено со лизинг на крајот е поскапо за 2.537 евра. Но, со
земањето автомобил на лизинг, возилото станува сопственост на клиентот
на крајот на отплатата, откако ќе бидат намирени сите трошоци кон
лизинг-компанијата. Тоа не е случај со кредитите. Веднаш по земање
кредит возилото е во сопственост на клиентот.
Од групацијата
„Хипо Алпе Адрија“ тврдат дека на домашниот пазар расте интересот за
лизинг. Според нив, портфолиото за лизинг во изминатите месеци од
годинава, во споредба со минатата година, се има зголемено за 167
отсто.
„Пазарот на лизинг во Македонија допрва ќе се креира.
Уште од првата година кога ’Хипо Алпе Адрија‘ влезе во Македонија,
пазарот на лизинг е зголемен за 68 отсто“ вели Љупка Наумовска од
групацијата „Хипо Алпе Адрија“.
Продажбата на нови автомобили
во Македонија се' уште е на скромно ниво во споредба со некои соседни
земји. Во Бугарија и во Романија, на пример, каде што и пазарите се
многу поголеми, продажбата на нови возила лани достигнала 52.009,
односно 352.170 нови автомобили. | http://%20%20www.utrinski.com.mk/?ItemID=EDE15246C3CF8C49AC7800E955D36142 -
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=EDE15246C3CF8C49AC7800E955D36142
|
Posted By: 46&2
Date Posted: 10-Aug-2008 at 13:29
Одлично !!!
Тука најверојатно ме има и мене -
И уште нешто за два поста погоре - Хрватска е 4 400 000 не е трипати поголема од Македонија по жители (но последните години таа важеше како голем и богат пазар на нови автомобили - Сумо сумаре Одлични бројки за Македонија)
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Aug-2008 at 13:35

Ај честито . Јас бев во ланската статистика .
Ако рачунаме по жител бројката се движи кон добро. По жител готово да не се разликуваме од Бугарија на пример.
|
Posted By: 46&2
Date Posted: 10-Aug-2008 at 13:43
Фала, поубава да си купиш
Бугарија е во предност бидејќи имаат повеќе странски банки и поповолни камати, плус до скоро тие и немаа возен парк па сега буквално почнуваат од нула, додека кај нас уште се тркалаат коли од СФРЈ и по 40 години стари
Единствено ме мачи тоа што како најпродавани модели се оние од помалите сегменти (спарк, поло, 207 итн.) што укажува на малата финансиска моќ на народот
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Aug-2008 at 13:48
Originally posted by 46&2
Единствено ме мачи тоа што како најпродавани модели се оние од помалите сегменти (спарк, поло, 207 итн.) што укажува на малата финансиска моќ на народот |
Мене напротив, баш тоа ме радува, затоа што соочени со глобална енергетска криза, немаме простор да се луксузираме премногу... Растот на набавката на нови автомобили (100% увоз) сам по себе би ми звучел алармантно, доколку нема некој ваков податок што укажува дека на тоа дека во голема мерка се работи за исплатлива модернизација, наместо набавка за луксузирање или чаламење. Толку ни е чергата, од тоа нема бегање...
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Aug-2008 at 13:53
Originally posted by Cloverstack
Мене напротив, баш тоа ме радува, затоа што соочени со глобална енергетска криза, немаме простор да се луксузираме премногу... Растот на набавката на нови автомобили (100% увоз) сам по себе би ми звучел алармантно, доколку нема некој ваков податок што укажува дека на тоа дека во голема мерка се работи за исплатлива модернизација, наместо набавка за луксузирање или чаламење. Толку ни е чергата, од тоа нема бегање...
|
Па го пропушташ еколошкиот момент. Новите возила прават многу помали емисии од некој Голф 2 дизел стар 20 години.
Друг момент е потрошувачката. Иако увозот на нафта сам по себе ќе расте со оглед на тоа дека сме екомонија во развој, сепак многу ќе штедиме со тоа што ќе ги смениме старите лади и југовци макар и со Спаркови.
Ко ќе се повлече долна црта ова се дефинитивно добри вести.
|
Posted By: 46&2
Date Posted: 10-Aug-2008 at 13:56
Да беше Тојота Приус најпродаван модел и јас ќе се радував ама не е
Не е битно дали колата е голема или скапа туку се зависи од потрошувачката и типот на моторот (дали е Еуро 4 што е најактуелно)
Обичо поскапите марки имаат најмала емисија на штетни гасови... (да не се забегува повеќе од темата)
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Aug-2008 at 13:57
А башка и го собира да го паркираш на тротоар!!  
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Aug-2008 at 14:07
Originally posted by pbanks
Па го пропушташ еколошкиот момент. Новите возила прават многу помали емисии од некој Голф 2 дизел стар 20 години.
Друг момент е потрошувачката. Иако увозот на нафта сам по себе ќе расте со оглед на тоа дека сме екомонија во развој, сепак многу ќе штедиме со тоа што ќе ги смениме старите лади и југовци макар и со Спаркови.
Ко ќе се повлече долна црта ова се дефинитивно добри вести.
|
Не пропуштам ништо, отприлика тоа и ми беше поентата 
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Aug-2008 at 14:27

ааа сеа те прочитав пак.... грешно сум прочитал 
|
Posted By: beTon
Date Posted: 10-Aug-2008 at 16:55
Originally posted by 46&2
Хрватска е 4 400 000 не е трипати поголема од Македонија по жители (но последните години таа важеше како голем и богат пазар на нови автомобили |
ако е за утеха богатиот пазар е толку презадолжен кон надвор што нас не прави поголеми домакини ако ништо друго, пази кај нив не треба ни да си вработен ни хипотека да задолжиш за да земеш лизинг или кредит за кола, а како гаранција доволно е да имаш кредитна картичка со нормален лимит кои ги добиваат уште поповолно, па така цел сјај им е под кирија а освен туризам на индустриски план се многу слаби па така не им се пишува розево доколку под итно не влезат во еу што како што гледаме не им оди подмачкано како што си мислеа...
Originally posted by 46&2
Единствено ме мачи тоа што како најпродавани модели се оние од помалите сегменти (спарк, поло, 207 итн.) што укажува на малата финансиска моќ на народот |
не декакуповната моќ е во прашање па ако плаќаш 150 евра рата за поло зошто не би додал уште 50 евра за марцедес плус сега има и лизинг акции како 0% учество, старо за ново итн., мислам дека бесна кола никој не би возел доколку не е спуштена дали (освен таксистите) а бидејќи кај нас скоро и да немаме застаклена патна мрежа па така луѓето се одлучуваат за средната класа која ако ништо друго и добро и стои кога е поткрената а и лесно ќе ја прежалуваш кога ќе закачиш некоја дупка или пак некој каубоец ќе ти влета во макази, но еве и кај нас почна пак(скромно) да се трасира, обновува и пруширува патната мрежа па не е далеку денот кога ќе се свртиме и ние кон луксузот, но види ги хрватитесо новиот а1 покрај море лупнаа невозможни патарини па народот си продолжи да вози по стариот континенталниот каде веќе мислам не се наплаќа патарина, а од горе пак словенците им лупнаа годишни вињети па така пак многу абер од новата патна мрежа не гледаат самите Хрвати, скоро како да живееат луксузно но под екстра голем притисок како психолошки така и банкарски, па сетне имале многу самоубиства и убиства а саде сликата на телевизија им е мед и млеко...
|
Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 14-Aug-2008 at 09:55
Originally posted by 46&2
Единствено ме мачи тоа што како најпродавани модели се оние од помалите сегменти (спарк, поло, 207 итн.) што укажува на малата финансиска моќ на народот |
lani bev vo Rim, tamu pak 30% od kolite beja 'Smart' car/ znacit deka siromasni se italjancite? ne mislam.
-------------
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Aug-2008 at 11:30

Smart не е воопшто ефтина кола за својата класа а таму (во Италија) се купува заради имиџ и/или полесно движење низ град. Кај нас најслабиот Калос без опрема на кредит од милион рати се зима токму заради сиромаштијата.
|
Posted By: beTon
Date Posted: 27-Oct-2008 at 03:27
дајте кажете автопазар во СК постои или... откако го пуштија лизингот најверојатно секна побарувачката за половните, сепак има нешто пазар но надвор пред фершпед...
Повеќето луѓе не можат повеќе да си го замислат животот без автомобил. Да се биде мобилен повеќе не е предност, туку неопходност. Изминатите растојанија, кои се секој ден се поголеми, предизвикуваат и почеста замена на возилата. Некои својот автомобил го менуваат веднаш кога ќе се заситат од него. Веројатно затоа не е изненадување што лизингот на автомобил кој сам ќе го изберете е најчест начин на купување на возило, поради флексибилноста. Ви нудиме различни форми на лизинг.
Лизинг на возила нудиме како за нови, така и за половни возила. Периодот на финансирање на патнички автомобили е до 6 години, а за комерцијални возила 5 години. За финансирање на половни возила траењето на лизингот зависи од староста на возилото, која заедно со траењето на лизингот не треба да надминува 7 години.
Нудиме лизинг на:
патнички автомобили од сите марки
комерцијални возила
лесни и тешки товарни возила
приколки
автобуси
трактори
останати возила http://www.nlblizing.com.mk/mk/vozila.wlgt - За повеќе информации ве молиме да не контактирате нас или нашите деловни партнери. |
Како се определува учеството за половни предмети на лизинг? Најважно е да се направи проценка на пазарната вредност на предметот на лизинг. Купопродажната вредност не е еднаква со пазарната вредност. Во согласност со тоа се определува и минималното учество. За половни патнички автомобили учеството се зголемува за најмалку 5% во споредба со новите автомобили. http://www.investicii.com.mk/index.php?option=com_content&task=category§ionid=3&id=70&Itemid=44 - Лизинг Инфо - www.investicii.com.mk |
|
Posted By: BOJAN
Date Posted: 01-Dec-2008 at 16:53
Еве јас со едно прашање, колку е опадната продажбата на автомобили во последново тромесечје во Македонија? Мислам дека нив најмногу ќе ги погоди економскава криза.
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Dec-2008 at 14:48
Еве дојде и одговорот на твоето прашање... 
За жал електронскава верзија не ја содржи табелата која ја имаше во печатеното изданије на Вест со споредба на бројки по месец. Секој месец во 2008 имал поголема продажба на коли од истиот месец во 2007 иако трендот е надолен како одминува годината.
УШТЕ ЕДЕН ДОКАЗ ДЕКА МАКЕДОНИЈА НЕ Е СО СИТЕ
Расте продажбата на автомобили!?
Додека
сите поголеми автопроизводители во светот се во криза поради намалената
потрошувачка на автомобили, продажбата кај нас минатиот месец е
зголемена за 25 насто во однос на ноември минатата година
Продажбата на автомобили во Македонија е во пораст за разлика од
светот, каде што големите автомобилски концерни се уште затвораат
погони за производство на коли поради значителниот пад на
потрошувачката.
Статистичките податоци покажуваат дека во земјава има континуиран раст
на трговијата со нови автомобили. Во ноември годинава се продадени за
околу 25 насто повеќе автомобили отколку во ноември претходната година.
Во споредба со претходниот месец, во ноември продажбата е повисока за
11 насто. Златко Калеников, претседател на Комитетот за инвестиции и
развој во Сојузот на стопанските комори (ССК), вели дека бројките се
однесуваат на испорачаните автомобили во текот на ноември, а не на
склучените договори.
"Какви ќе бидат бројките во текот на декември, тешко е да се
прогнозира, но кризата веќе се чувствува во Македонија. Факт е дека
банките ги затегнаа условите за одобрување кредити и самата процедура
подолго трае. Ова не значи дека е запрено кредитирањето на
потрошувачите. Но да видиме што ни носи новата година, бидејќи
македонскиот пазар се движи обратно од она што се случува на Запад.
Сите импортери имаат амбициозни бизнис-планови за 2009 г., бидејќи
пазарот во Македонија е гладен за нови автомобили. Просечната старост
на возило во земјава е 14 години. На Запад е друга слика, таму беше
предимензионирана продажбата на автомобили", објаснува Калеников.
На последната средба на претставниците на ССК со банкарите, Калеников
вели дека добиле најави од банкарите дека следната година ќе се поделат
барем онолку кредити колку што се поделија годинава.
Импортерите велат дека најголем клиент во овој период им била државата.
Министерството за внатрешни работи набавило околу 300 нови возила, а
Управата за јавни приходи - 20. Калеников вели дека овие набавки не
можат да влијаат многу на статистиката, бидејќи половината од бараните
возила уште не се испорачани, па и не влегуваат во анализата.
И директорот во "Порше Македонија" Златко Муцунски смета дека реалноста
не ги потврдува статистичките податоци. Според Муцунски, банките толку
многу ги затегнале условите за кредитирање на населението што процесот
е речиси стопиран.
"Условите на банките станаа многу ригорозни, па се случува и вработен
во буџетска институција да не ги исполни условите за кредитирање, што
повлекува намалена продажба", вели Муцунски.
Покрај построгите услови, банките последниве месеци ги зголемија и
каматните стапки за автомобили од околу 7,25 отсто на 8,75 до 9 отсто.
Зголемено е и учеството при купување на автомобил од 10 на 20 отсто од
цената на возилото. |
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=161032&idg=8&idb=2551&rubrika=Makedonija
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Dec-2008 at 16:52
Кога на некој ќе му се стемни, на некого и ќе му осамне.
Се повеќе сум убеден дека поради делумната изолираност на Македонија сме некако заштитени. Оној кој те држи настрана го јаде стапот, а тебе те чува. Македонија нема некои банки којшто се поврзани со странски банки. Еве сега СЖ го знаеме како дебитант и чатпат по некоја сателит банка. И што, до скоро читавме финансиски загуби за СЖ(нормално не само нашево, него комплет). Сепак едно големо ФАЛАдо гореспоменатите.
|
Posted By: beTon
Date Posted: 17-Dec-2008 at 21:12
лсл малку премногу ги испофали банките, па остај друго ОХБ со двајца без тројца! мислам дека условите на банките се далеку полоши од лизинг компаниите. ако некој е заслужен што пазаров со автомобили пркна и држи нагорен тренд тоа се лизинг компаниите, пред се HYPO и NLB !!! истото се случи и со земјоделската и градежната механизација кои доколку се чекаше само на банките сеуште ќе возевме фапови http://www.youtube.com/watch?v=YtjRyzr5DHs - и ќе се тешевме со рамбо ! исто во статистикава со продажбата помага и опцијата "старо за ново" со која се крепи некој процент плус, но тоа е во обем колку што и државните институции набавиле возила, значи скромно но капка по капка езеро  http://www.vest.com.mk/default.asp?id=155500&idg=8&idb=2447&rubrika=Makedonija - - - Вест - 12.08.2008
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Dec-2008 at 21:16
Абе Бетон и лизингот не е така сјаен. И тие компании се некаде реосигурени. Па мене ми е повеќе ризика да земам лизинг од хипо одколку да се задужам у комерцијална.
|
Posted By: beTon
Date Posted: 17-Dec-2008 at 21:21
чекај не мешај што ти сакаш и мислиш дека е подобро, реално за растот се заслужни лизинг компаниите а не банките! а што мислиш ако банкротира некоја лизинг компанија некој ќе дојде и ќе ти ја земе колата? инаку кај лизингот се си е јасно и чисто, нема заврзлами нема ни залози, а имаш и опција доколку си ја завршиш работата на време а не сакаш веќе да му се замараш и да го раскинеш договорот и да свртиш друга страна, ова е посебно корисно за градежната механизација... има и други комбинации како префрлување на лизингот од еден на друг итн.
|
Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 17-Dec-2008 at 23:30
poveke rabota zavrshuva lizingot zasto imash pogolemi sansi da go dobiesh,ne ti baraat eden kup dokumenti,i zatoa lugeto idat na toa za da ne se matkaat po bankite pa ziranti pa posledni plateni smetki primanja na plati i red drugi raboti,zatoa se ide na lizing,neznam sto tocno baraat od dokumentacija ama mnogu pomalku od bankite.a kamatite im se kade kade pogolemi od bilo koja banka,kolata ke si ja platish duplo nego sto vredi.koga zimash lizing pod hipoteka si ja ostavash kolata kaj niv i rezervniot kluc ide kaj niv,taka da ako malce ne pripazish na redovnosta na otplotata ojde kolata.a so bankite e drugo ako nishto drugo barem mozesh da napraish ratata za kolata da ti ja odbivaat direkno od plata sto e bolje opcija i ne ti dosagaat tolku.a so lizingot ako sakasnish 2 dena so rata odma doma ti doagaat za da te potsetat.znam luge i sto kolata im ja zemaa,nemale da ja platat nekolku meseci ratata i nekoj den mu ja nemalo kolata na parking.
|
Posted By: beTon
Date Posted: 18-Dec-2008 at 01:03
мислиш од банка ќе те пратат на суд, таму е бетер! инаку дека цената на крај дупло ќе те фати со лизинг тоа нема врска, кај банкарскиот кредит ратата е 7-8 а кај лизнгот 9-10 % во зависност од должината и бонитетот на клиентот(може да затера и до 15%), што значи разликата е минимална и уште подобро сите рати се со фиксна каматна стапка, додека кај банките работата со каматите е полизгаво наштимана. инаку и со лизингот можеш да направиш од плата да ти кинат секој месец за рата. технички процедурата за лизинг трае три дена и одиш по клуч, а доколку кредитот не го враќаш и ваму и таму ќе те испеглаат, нислиш банката ќе замижи доколку три месеци не си покрил рата?! тоа е далеку од памет, на луѓе им досаѓаат на телефон секој ден доколку испуштиле и една рата.
|
Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 18-Dec-2008 at 01:27
toa duplo epten si go zel zdravo za gotovo za rata da ti odbivaat od plata bash i ne sum siguren deka moze,praam muabet za lizing,zavisi valjda od kaj ke zemesh i koj se moznostite inace nemoze kaj site toa sum siguren.a bash zaradi procedurata sto trae od tri dena se reshavaat na lizing i baranjeto od mnogu pomala dokumentacija,a kamata od 15% i ne e bash za potcenuvanje pa i 1% da e razlikata e plus za koj i da e.a tocno deka i na banka da ne vratish na vreme,da kasnish so isplakanje na rata,nema da ti prostat ama sepak se potolerantni.
|
Posted By: beTon
Date Posted: 18-Dec-2008 at 02:32
кажи која е таа толеранта банка да отидам да каснам по два-три месеца? инаку она со одбивањето се прави со договор и со банка каде ти легнува платата т.е. правиш договор со лизингот и со тој договор тие одат во банка и ја активираат оваа опција, вакво нешто можеш да направиш со кој било правен субјект во МКД можеш и со водовод и со есм и со топлификација и со околниот супермаркет, мислам дека овој начин на платен промет се регулира преку http://sr.wikipedia.org/sr-ec/Asignacija - асигнација или преку цесија кои досега важеа само за фирмите но со измените од 2007 важат и за физичките лица... http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=65&EditionID=610&ArticleID=14147 - Граѓаните ќе добијат ист статус како и фирмите - Капитал - бр.430 - 14.02.2008 но најверојатно и порано имало начин за облигација во наплаќање на сметки или долгови...
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Jan-2009 at 05:19
Опаѓа процентот на регистрирани нови возила
Во измината година за 7,8 проценти се намалил бројот на нови регистрирани возила, што е најголем пад во последниве 15 години
Бројот на регистрирани нови возила во Европа во текот на 2008
опаднал за 7,8 проценти во однос на претходната година, што претставува
најголем пад за последниве 15 години. Овие податоци ги исфрли
Европското здружение на производители на автомобили, според кое, лани
во Европа биле регистрирани 14,71 милион возила, што е речиси 1,25
милиони помалку отколку во 2007. Најголемиот пад на регистрација на
нови возила од ова Здружение утврдиле во ноември за 25,8 проценти, а
вториот најголем пад бил забележан минатиот месец за 17,8 отсто.
Здружението тврди дека на западноевропскиот пазар бил забележан
пораст на бројот на регистрации само во пет земји: Португалија,
Швајцарија, Луксембург, Финска и Белгија. Во другите земји имало
опаѓање од 0,7 проценти во Франција до 43,3 осто во Исланд. На пазарите
каде преку цела година бројот на регистрирани нови возила надминува
еден милион, најголем пад имало во Шпанија за 28,1 процент, што е
речиси половина милион помалку од 2007 година. Потоа следат Италија со
опаѓање на бројот на регистрирани возила за 13,4 отсто, Велика
Британија со 11,3 и Германија со 1,8 проценти.
На пазарите, пак, на 11 земји нови членки на ЕУ, дури во седум се во
плус од кои најголем раст е забележан во Словачка од 17,3 проценти, а
потоа следат Полска, Чешка, Хрватска и Словенија. Пат е забележан во
Романија, Унгарија, Естонија, а меѓу транзициските земји најголемо
опаѓање е забележано во Литванија од 41 процент.
Најмногу биле регистрирани возила фолсфаген со над 1,5 милиони
автомобили, што е речиси 11 процентен пазарен удел. Потоа следат форд,
опел, рено, пежо и фиат.
http://vecer.com.mk/?ItemID=72841485268E244DB87ECFCA7B24CD4F |
Еве за споредба да видиме како се движи европскиот пазар, па да споредиме после со податоците од Македонија!
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Jan-2009 at 21:25
Добра вест и интересни податоци. Мислам дека 25.000-30.000 би била една одлична бројка за нас се надевам дека ќе дојдеме до таму.
Лани продадени рекорден број возила

И
покрај светската економска криза, која силно влијаеше врз
автомобилската индустрија, во Македонија лани се продадени рекорден број нови
возила. Во 2008 година граѓаните и компаниите купиле 17.744 нови возила
и во споредба со 2007 година, кога тој број изнесувал 13.937,
продажбата е зголемена за 27 отсто, објави Групацијата на импортери на
моторни возила при Сојузот на стопанските комори.Според претседателот
на Групацијата, Златко Калеников, зголемувањето на продажбата било
константно и растело и во последните месеци од годината, кога
економската криза стана глобална.
- Светскиот пазар беше
предимензиониран пред кризата, но Македонија немаше толкави стапки на
пораст на продажбата во претходните години. Ние продаваме петпати
помалку нови возила од Словенија, на пример. Реално кажано, кај нас има
потенцијал за уште повеќе нови автомобили - објасни Калеников, зашто во
Македонија се случува обратен процес на зголемување на продажбата на
автомобили за разлика од западните земји.
- Зголемувањето на
продажбата се должи на стабилната економска политика, која се одвиваше
во изминатите две години во Македонија, како и на зголемена
конкуренција на условите на кредитирање и лизинг - додаде
Калеников.Според податоците на Групацијата, по месеци, продажбата била
повеќе зголемена во првите месеци од годината. Нешто помала продажба е
регистрирана во последните три месеци, што оттаму го објаснуваат како
последица од светската економска криза. Како уште еден доказ дека
кризата нема големо влијание врз продажбата на возила во Македонија,
Калеников го посочи фактот дека увозниците на автомобили се едни од
најголемите огласувачи во македонските медиуми.
- Ние сме едни
од најголемите огласувачи во медиуми, со 25 отсто од рекламниот простор
во печатените медиуми и со 13 отсто од рекламните содржини во
телевизиите. Во случај економската криза да има поголемо влијание врз
нас, тогаш ќе го намалиме буџетот за реклами во телевизиите - вели
Калеников.Според статистиката на Групацијата, во 2008 година, од
јануари до октомври увозниците на автомобили платиле 27 милиони евра за
реклами во телевизиите, а два милиона евра за рекламирање во печатените
медиуми.
Од вкупно 17.744 возила продадени во минатата година,
во готово се купени над половината - околу 9.000 возила, на кредит
речиси 6.000 возила, а на лизинг 2.800 возила. Малку помалку од 50
отсто нови возила во 2008 година се продадени на кредит и лизинг.
Според Калеников, порано на кеш продажбата отпаѓало околу 70 отсто, а
на кредитната продажба и лизингот останатите 30 отсто од возилата.Во
поглед на структурата на моторите, 70 отсто од продадените возила се со
бензински мотор, а 30 отсто со дизел. Во однос на зафатнината, околу 62
отсто од новопродадените возила се меѓу 1.000 и 1.500 кубни сантиметри.
|
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5361150E4719E74EAD896638D16FFC07
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 31-Jan-2009 at 23:12
jas procitav na a1 deka samo 7 vozila bile prodadeni od onie ekstra luksuznite nad 100.000 evra. a kolku sto znam bajrus sejdiu imase 3 takvi (lani sto gi kupi) pa ostanuvaat 4 za drugite sekako site luksuzni se ili so stranski tablicki ili na staro, pa toa i ne e kojznae kakva merka so brojkite. istoto vazi i za obicnite koli, ili se na stranski tablicki, ili nastaro uvezeni. vozniot park sepak se podobruva drasticno
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Jan-2009 at 23:23
Кога на некој ќе му се стемни, на некој и ќе му осамне! 
|
Posted By: Vladimir P
Date Posted: 02-Feb-2009 at 00:55

Кој вели дека нема потражувачка 
------------- Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/
|
Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 02-Feb-2009 at 02:45
хахахаха....Ама како му е само писано тоа НЕ со bold,потенцирано,се изнервирал више
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Sep-2009 at 16:37
И ПОНАТАМУ ОПАЃА ПРОДАЖБАТА НА АВТОМОБИЛИ
Возила се купуваат само со кеш
Продажбата
на автомобили повторно се влошува како резултат на рецесијата и
намалената куповна моќ на граѓаните. Во август вкупната продажба на
патнички и на товарни возила во Македонија е намалена за 30 проценти во
однос на претходниот месец, што е најголем пад што се случил досега во
рок од само еден месец. Според последните податоци на увозниците, во
јули низ салоните во Македонија биле продадени 1. 011 возила, а во
август 712 возила. Намалена продажба е забележана кај 90 проценти од
светските марки што се продаваат кај нас. Така, на пример, во август
биле продадени само 27 озија „хјундаи“ за разлика од јули и од јуни
кога се продаваа по околу 50 возила, 10 возила „мицубиши“, 21 автомобил
на „Тојота“. Мало подобрување на продажбата е забележано само кај
возилата од марката „шкода“ и „сузуки“. - Продажбата е намалена,
месецов не е сјаен. Нема доволно резервации, а и посетеноста во
салоните не е како порано. Се надеваме дека наредниот месец ќе биде
подобро. Во јули имавме одлична продажба, август не беше лош, а
септември е најлош досега и“вели Дарко Димовски, директор на продажба
на возилата „форд“. Увозниците на автомобили велат дека продажбата на
возила била подобра со попустите што се нуделе во салоните. Но, и
покрај ова, единствени што можеле да си купат возила биле побогатите,
кои плаќале само во готово. - Банките се со затегнати услови, така што
во 75 проценти се купува во готово. Тие што имаа готовина ги
искористија попустите и купија нов автомобил, но тоа беа претежно
доктори, адвокати, фирми - вели Жарир Филип Хамдан, директор на
продажба во „Ауто Македонија“. Во „Ауто Македонија“ се задоволни од
продажбата на марките „опел“ и „шевролет“. Хамдан нагласува дека имало
затишје во продажбата во август, но тоа, според него, се должи на
годишните одмори. - Имавме добри кампањи, со одлични цени на „вектра“,
на „каптива“, на „шевролет круз“... „Вектрата“ сега веќе не се продава,
така што бидејќи имавме ограничени количини ја продававме за 14.000
евра, а порано беше од 23 до 24.000 евра. Сега „опел мерива“ ја
продаваме по цена од 10.500 евра, а нејзината редовна цена беше 14.100
евра и“вели Хадман. Но, според него цените на автомобилите веќе
почнуваат да се качуваат нагоре. - Летово, кој имаше готовина
искористи. Овој квартал цените на автомобилите што ги увезуваме се
зголемени. Цената на „шевролет спарк“ се зголеми за 73 евра, а на
„опел“ за 200 евра - вели Хамдан. Намалената продажба на автомобили
увозниците ја гледаат во затегнатата кредитна политика на банките, кои
се уште не одобруваат кредити за автомобили како лани. Поради ова,
граѓаните годинава беа принудени да купуваат автомобили на лизинг и
покрај тоа што според увозниците ова е понеповолен начин за купување
возило.
Мрак и кај производителите на автоделови
Производителите на автомобилски делови велат дека состојбата досега не е подобрена. -
Договорите се откажани. Бевме во разговори за производство на
ретровизори за „пунто“, но ништо не излезе од тоа. Сите колеги во оваа
индустрија се во тешка состојба – вели Јаков Наумовски, директор на
фабриката „Ибис“ за производство на автоделови. Драган
Бурназовски, директор на компанијата за производство на сигурносни
појаси „Амак“ вели дека ќе биде добро тогаш кога ќе ги вратат сите
вработени на работа. - Сме работеле со 900 вработени, а сега само
со 250 вработени. Но, очекувавме подобрување. Во фаза сме со протоколи
за намера за соработка и производство со светски марки, при што пазарот
е загарантиран. За таа цел ќе го разделиме процесот на производство.
Значи, веќе не се позиционираме само кон појаси туку и за еколошки
издувни системи и топлински разменувачи. – нагласува Бурназовски.
Се очекува нов бран на одземени возила
Граѓаните
што зедоа автомобил на лизинг се повеќе доцнат во исплатата на ратите.
Од компаниите за лизинг велат дека во наредниот период очекуваат
зголемување на бројот на одземени возила. - Ако деновиве граѓаните
што доцнат во исплатата на две рати не ја исплатат и третата, тогаш ќе
мора да пристапиме во одземање на возилата што се купени на лизинг
преку нашата компанија - вели Ѓоре Андоновски, од „Порше лизинг“, но не
прецизира за колку возила станува збор. Во „НЛБ лизинг“, досега
одземале дваесетина возила, а во „Еуролизинг“, бројот на одземените
возила од почетокот на кризата е 15 возила. - Имаме големи
тешкотии со наплата на ратите. Од околу 1. 500 возила што ни се дадени
на лизинг, со стотина имаме проблеми во исплаќањето – вели Огнен
Малевски, директор на „Еуролизинг“.
Кредит или лизингот?
Вработените во салоните сметаат дека е поповолно да се купи автомобил на кредит отколку на лизинг. -
Кредитот е поповолен, рокот на отплаќање е до седум години, а каматната
стапка е 10 проценти. Тука единствено повеќе ќе ве чини нотарот каде
што ќе треба да платите од осум до десет илјади денари. Лизингот се
реализира побрзо, каматната стапка е 11 проценти, а нотарот ќе ве чини
1.500 денари. Разликите се мали, меѓутоа кога земате возило со кредит,
возилото се води на ваше име, а кога земате автомобил на лизинг, негов
сопственик станува компанијата за лизинг се додека не го исплатите
возилото – објаснуваат во продажните салони.
|
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1824&ArticleID=122646
|
Posted By: Dragan
Date Posted: 07-Nov-2009 at 01:27
Сакам да прашам нешто, дали во Скопје има салон за моторните возила на Сузуку ?
-------------
|
Posted By: krale
Date Posted: 24-Jan-2010 at 16:03
Владата ќе дозволи увоз на автомобили стари до 13 години?
Коментари (0)
24.01.2010 15:50
Автомобили стари и до 13 години ќе можат да се увезуваат во земјава, најави денеска премиерот Груевски.
Анализите се уште се прават. Во истовреме се бара начин и за легализирање на возилата со бугарски таблички.
„Вршиме анализи околу можноста за зголемување на старосната граница, ќе видиме за точно за колку, значи не сме во целост сигурни но можно е да биде некаде околу 11, 12 или 13 години. Но доколку имаме нешто поконкретно односно кога ке имаме, јавноста ќе биде информирана. Засега се вршат анализи“, изјави Никола Груевски, премиер на Влада.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119036
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 24-Jan-2010 at 16:12
А наместо да дозволува постари возила, да ја намали границата на 3 години старост, ама и да го намали ддв-то на 5% ?
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: krale
Date Posted: 25-Jan-2010 at 01:54
Originally posted by гитардемон
А наместо да дозволува постари возила, да ја намали границата на 3 години старост, ама и да го намали ддв-то на 5% ? |
И ќе се намали цената на автомобил од 10000 евра, на 9500 и што???
Мислам дека ова е одлична одлука, која резултати даде во сите држави што ја применија - погледнете само какви коли се возат во Бугарија.
Сега уште зелениот картон да го укинат!
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Jan-2010 at 06:17
Originally posted by krale
Originally posted by гитардемон
А наместо да дозволува постари возила, да ја намали границата на 3 години старост, ама и да го намали ддв-то на 5% ? |
И ќе се намали цената на автомобил од 10000 евра, на 9500 и што???
Мислам дека ова е одлична одлука, која резултати даде во сите држави што ја применија - погледнете само какви коли се возат во Бугарија.
Сега уште зелениот картон да го укинат! |
Тие коли се возат во Бугарија бидејќи се увезуваат од ЕУ без ДДВ, нешто што се обидувам да ти кажам јас. ДДВ-то сега за возила е 19% а јас викам да се намали на 5% (значи не за 5% туку да изнесува 5%), со што ќе имаме намалување од 14% (на 10.000 евра тоа е 1400 евра). А и да се дозволи увоз на коли стари 100 години, сепак ДДВ-то ќе биде 19% што е изгор. На кола од 5000 евра ти треба да платиш 950 евра ДДВ, 250-700 евра акциза во зависност од кубикажата, и плус 2% царина (која ќе ја укинат од следната година).
И кажи ми што се постигнува ако се дозволи увоз на возила стари до 13 години? Крнтии по улици?
Со намалено ДДВ а зголемена граница ќе се поднови возниот парк ите како.
А бидејќи државата размислува како тебе имаме илјадници бугарски возила, кога нормално не можат да ги увезат за евтини пари.
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: krale
Date Posted: 25-Jan-2010 at 17:38
Математика не ти е најјача страна пријателе... Ако едно возило чини 8500e, цената со 18% ддв е 10030е, а со 5% ддв би била 8925е. Значи разликата е точно 1095е. Процентите не функционираат како што ти си ги опишал погоре.
Но како и да е, тие 1000е не прават разлика.
Многу смешен ми е аргументот „ќе се возат крнтии“. Луѓе, КРНТИИ СЕ ВОЗАТ СЕГА! Просечниот век на возилата е над 18 години. Што значи некое возило со 11 или 12 години старост е ПОДНОВУВАЊЕ на нашиот возен парк, бидејќи веројатно некоја крнтија што е 30 години стара ќе оди во отпад.
Додека не се спушти просекот под 14 години старост, треба да ја има оваа мерка, а потоа може да размислуваме за построги правила.
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Jan-2010 at 18:48
Но како и да е, тие 1000е не прават разлика. |
За кој како. За нас што не сме богати прават.
Што значи некое возило со 11 или 12 години старост е ПОДНОВУВАЊЕ на нашиот возен парк. |
И баш дека е големо ддв-то некој ќе купи крнтија од 12 години за 5000 евра наместо за исти пари да купи 8 години стара за 5000 евра вкупно со 5% ддв. И подновувањето е помало од тоа што може да биде.
P.S. Што со бугарските коли? Со 18% ддв никој нема да ги „увезе“ на македонски таблички.
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: krale
Date Posted: 25-Jan-2010 at 23:16
Originally posted by гитардемон
Но како и да е, тие 1000е не прават разлика. |
За кој како. За нас што не сме богати прават.
|
Баш за сиромашните, 1000е не се некоја разлика. Разлика е меѓу нов голф од 20000е и стар голф од 3-4000е е ОГРОМНА разлика. Зошто да возат 101 од 1976? Со твојот предлог, подобро е да возат кола од 1976та бидејќи никогаш нема да купат голф од (еве нека биде и) 17000е. Значи и 3000е попуст за сиромашниот е ирелевантно.
P.S. Што со бугарските коли? Со 18% ддв никој нема да ги „увезе“ на македонски таблички. |
Ќе мора. Тоа е јасно дека државата нема да се откаже од тој приход, и ќе ги натера сопствениците да ги пререгистрираат. Јас сум за тоа да ги натера, зошто нашите државјани да плаќаат данок во Бугарија, а да ги кршат нашите патишта?
Вака, ни тие нема да бидат онеправдани, бидејќи за слични цени (малку повисоки, но без малтерирањето и понижувањето да се пишат бугари и да прават таму регистрација, итн.) ќе купат слични возила.
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jan-2010 at 02:44
Потег повеќе од потребен. Небулози се тврдењата дека ќе биде ова отпад на европските коли. Па за каков стар возен парк зборуваме, овој не ли е стар што сега се возил. Рено 4-ки, застави, лади ќе се заменат со некои не толку стари возила.
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-Jan-2010 at 07:21
Абе Крале очигледно знаеш сè и сешто за сите работи на светот, и редовно си во право. Да не си од владата ти? Ајде нека ти е, дури возилата низ ЕУ се увезуваат без ДДВ, ние ќе ја спуштаме границата на 150 години старост, само за да се подновува паркот, ама ДДВ-то ќе си го земаме редовно, бидејќи секако, државата е неспособна да вади пари од директни даноци како данок на приход, мора да се заебава со индиректни даноци како ДДВ. Неспособни си се неспособни. Немој да се лутиш ако си од владата, рековме.
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: krale
Date Posted: 26-Jan-2010 at 10:46
Братче, немој со ниски удари жити се. Горе имаш прецизна математика, ако не ти е јасна, не сум наставничка да ти помогнам. Апсолутно никаква врска немам со владата, немам партиска книшка, само размислувам како човек кој вози кола 17 години стара и кој сега ќе може да си дозволи понова.
А ако ти можеш да купиш нова а ти фалеле 1000е, ќе мора да се задоволиш со малце послаб модел.
|
Posted By: krale
Date Posted: 26-Jan-2010 at 10:51
83.1% за
16.9% против
Според анкетата на А1 (медиум што воопшто не е расположен ПРО оваа одлука). Целата дебата овде:
http://www.a1.com.mk/video-home.asp?VideoID=1314 - http://www.a1.com.mk/video-home.asp?VideoID=1314
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-Jan-2010 at 13:46
И за црква на плоштад се 70% па што? Демек така треба? Не се ниски удари, ама очигледно за сè имаш контрареплика и во право мора да си што и да се каже. Добро, нека ја намалат границата, ќе видиме. Дотогаш ќе си ќутам. И ти признавам за математика добро си научил изгледа прескокнав некоја лекција во трето одделение.
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jan-2010 at 14:23
Добро сите што вака се противат во главно на одлукава. Добро нели ви изгледа малку лицемерно и злобно да 20% од населението нема пристап до автомобил, а да бараме за себе еколошки стандарди или естетика по улиците.
Од друга страна од емисијава најсилен аргумент на овој директно засеганитиот дека тие што купиле автомобиле во предходниве месеци ќе биле оштетени. Поглупа логика не сум слушнал никаде. А тој што го продал тој автомобил за некој да го купи, тој што земал повеќе пари за автомобил што вреди драстично помалку. Значи што направил тој, криминал?! Што да правам јас што пред 3 години купив југо 2000-та произведено за 2300 евра?! Да идам сега да барам некој да ми ги врати парите, што ќе ми падне цената на југото. Нити се лутам некому, нити смеам ниту треба да се лутам. За тие пари може сега ќе сум купел нешто многу подобро, такви биле приликите тогаш. Фала богу што се се подобри може би нешто подобро ќеимам шанса да купам. Гсподинот веднаш го доби логичниот одгвор дека ќе навлезем во некој круг од нема изледување.
Друга работа е загадувањето. Моменталниот стар возен парк по Скопје ствара ~400г на километар издувни гасови. Најновите новизила ствараат ~140г. Оној стар возен парк што ќе се увезува ствара ~180г. Па сега видете, возниот парк од 400г ќе го замениме со оној од 180г.
И трето прашање, каков имапкт би имала одлуката на пгдс, со оглед на тоа што кажаа во емисијата некои бројки за Словенија и Литванија, земји со слично население, а многу поголем број на возила.
|
Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 26-Jan-2010 at 16:42
Мислам дека оптималното решение е некаде измеѓу ставовите на Гитар и на Крале. Значи има делумна оправданост да го купиме европскиот „крш“ но не се согасуваме дека 13 години стари европски втомобили се далеку подобри од 18 гоишните крнтии кои сега ги возиме. Според мене не смее да се дозволи било каков увоз на возила постари од 10 години, кои би исполнувале минимум Евро 2 еколошки стандард. Ова со цел од една страна да и се излезе во пресрет на посиромашнитеслоеви да дојдат до подобар автомобил, ама од друга страна 13 години е веќе реално отпад, и тука би заработиле добро само трговците на половни автомобили не и граѓаните.
Од друга страна таа дозвола би требало според мене да е со ограничено врметраење, не вечно, туку само одреден период да се заменат тие разлупани југовци и лади, а понатака да се врати постепено на 7-8 години, како би се заштитиле вистинск од кршот. Мислам дека без премногу детална анализа се аргументите и за и контра.
|
Posted By: krale
Date Posted: 26-Jan-2010 at 17:29
Originally posted by гитардемон
И за црква на плоштад се 70% па што? Демек така треба? Не се ниски удари, ама очигледно за сè имаш контрареплика и во право мора да си што и да се каже. Добро, нека ја намалат границата, ќе видиме. Дотогаш ќе си ќутам. И ти признавам за математика добро си научил изгледа прескокнав некоја лекција во трето одделение. |
Не се за црква 70%, баш мислам дека е обратно, ама немам релевантна статистика да понудам.
Се согласувам дека годината не треба да биде 13 години, ама 10 мислам дека е сосема добра граница, и полека може да се намалува како ќе се увезуваат подобри коли.
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-Jan-2010 at 17:49
Веќе е 10 години границата со постоечките закони. Туку остај то, цела поента ми е дека и да дозволат 30-години стари коли да се увезат, кој вози лада или фичо не го вози тоа бидејќи колата што ја сакал била 13 години стара а законот го остава само 10 години стара да купи па ете поради тоа останал со фичото, туку тој нема пари ни за 100-години стара кола да си купи. Тоа е реалноста наша.
Оваа мерка ќе им помогне само на тие што имаат пари за кола од средна класа (за луксузни да не прајме муабет), значи наместо да берат пари за голф четворка, сега ќе купат голф тројка штом со новиот закон смеат, и нормално ќе поминат поефтино (ама понеквалитетно).
И затоа јас целев на намалување на ДДВ-то, за кој е решен да купи голф 3-ка за 6200 евра со 19% ддв, да купи четворка за 7500 ако се намали на 5% ддв-то. Ако не го мотивира тоа да земи четворка, тогаш ќе ја купи тројката за 5500, ама сепак мислам дека кој бил решен да даде 6200 евра за голф 3, веројатно ќе рече ај уште 1000 ама ќе имам четворка - што е мотивација да се возат понови коли.
Таа е мојата логика, и мислам дека дури да се покачи стандардот на најниската класа нема никаква смисла ова, бидејќи пак тој што вози фичо нема ништо да може да си купи.
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: krale
Date Posted: 26-Jan-2010 at 22:54
Мотивацијата да се купи поскапа а поквалитетна кола СЕКОГАШ ќе остане, без разлика каков е законот. Овој закон со ништо не те спречува да купиш поскапа (а поквалитетна кола).
Но меѓудругото го регулира:
1. Возењето на 40000 коли со бугарски таблици што не плаќаат овде регистрација а овде ги кршат патиштата. Тоа е загуба од околу 7 милиони евра годишно. Плус што не е направен нивни увоз, во просек е загубено по 1000е по возило (ако некоја кола чини 5000е, данокот е 1000е). Тоа значи загубено е околу 40 милиони евра приход за државата.
Што значи се разбира дека владата првенствено е мотивирана како набрзина да заработи 50 милиони евра.
Секогашниот закон е врзан со стандарди, кои ги исполнуваат коли и стари до 10 години, но тие што во тоа време била висока класа, од што повторно нема корист. ЌЕ го почекаме новиот закон, но ако биде таков, ќе биде промашај.
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Jan-2010 at 15:07
Со оглед на околностите, сметам дека одлуката е во виситнски правец.
Но би го свртел вниманието и кон еден голем, а поврзан проблем - сообраќајните прилики во некои од нашите поголеми градови. Еве во следната вест има предвидувања за пораст на бројот на автомобилите во земјата, а и зголемување на мобилноста на граѓаните кои ќе ги заменат своите постари со понови автомобили. Но дали смее да се оди слепо во тој правец, а во меѓувреме за градските сообраќајни мрежи да се издвојуваат смешни средства (и за изградба и за одржување)?
ВМРО-ДПМНЕ: Околу 100.000 семејства ќе можат да купат автомобил |
|
|
Пратеничката
група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи најавените измени на Законот за увоз
на моторни возила со кои ќе се овозможи увоз на половни возила постари
од 10 години |
|
|
|
 |
|
-
Со измените ќе се овозможи околу 100.000 семејства во Република
Македонија што во моментов немаат автомобил поради финансиски причини
да можат да купат возило, и дополнителни 100.000 семејства што имаат
возила постари од 25 години да ги заменат. Исто така ќе се овозможи и
оние 30.000 граѓани на Македонија што во моментот возат автомобили со
странски таблички да ги заменат и да ги пререгистрираат во Македонија -
рече Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, во моментов и
осигурувањето и регистрацијата се плаќаат во странски држави, а се
користат македонски патишта. Тој смета дека со тоа ќе има позитивен
ефект и за економијата и за сервисите и за семејствата што во моментов
не можат да возат автомобил или имаат многу стар автомобил.
Во
однос на загриженоста дека се можни еколошки реперкусии, Ѓорчев посочи
дека од 300.000 возила што се возат во Македонија, околу 100.000 имаат
екостандард еур 0, а со олеснетиот увоз ќе се овозможи набавка на
возила со стандард еур 2 и еур 3.
За коментарите дека со оваа
мерка Македонија ќе се претвори во депонија на старо железо, пратеникот
Ѓорчев истакна дека зголемувањето на старосната граница за увоз ќе
дозволи да се увезат понови модели возила за разлика од оние кои денес
се возат по македонските патишта и од македонските таксисти. За
споредба, рече Ѓорчев, возилото „форд фокус“ од 2000 година во
Германија чини околу 1.500 евра, во Бугарија 2.500, во Србија чини
3.500 евра, а во Македонија такво половно возило чини 5-6 илјади евра,
што, според него, е огромна разлика.
На најавите за
зголемување на старосната граница деновиве реагираа импортерите на нови
возила според кои ќе се увезуваат возила со многу пониски стандарди во
однос на безбедноста и на екологијата. Всушност, тоа се потврдува и во
барањето на Владата за измени во регулативата до Министерството за
економија каде што во моментов е во подготовка враќање на правилата
според кои во земјава ќе се дозволи и увоз на возила што исполнуваат
стандард еур 1, кој беше усвоен во 1990-тите. Според информациите од
Министерството за економија, увозот на возила по стандард еур 1 ќе се
дозволи само привремено, односно шест месеци откако во „Службен весник“
ќе излезе новата регулатива. Станува збор за возила стари и над 18
години. |
|
|
|
|
| http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=127101043133&id=9&prilog=0&setIzdanie=21894
Еве и нешто друго
КОНЕЧНО, НА ПОВИДОК ПОЕВТИНУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛИТЕ Ќе паѓаат акцизите за возилаЕмилија Стефанова
Акцизите за увоз на автомобили ќе се намалат, со што се очекува намалување на цената на новите и на половните автомобили. Во Министерството за финансии потврдуваат дека прават анализи за можното намалување. Во моментов, македонските граѓани при увоз на автомобили плаќаат многу повеќе давачки во споредба со државите во регионот. - Во Министерството за финансии се прават анализи за намалување на акцизите при увоз на автомобили, а доколку се утврди дека постои ваква можност дополнително ќе се утврди колку ќе изнесува намалувањето. Во следните две недели, официјално ќе се изјасниме во врска со ова прашање - рече Ивана Билбиловска, портпаролката на Министерството за финансии. Ваквата најава ги револтираше увозниците на нови возила, кои ја исклучуваат можноста за намалување на акцизите. Златко Калеников, претседателот на Групацијата на увозниците, вели дека вакви анализи се правеле пред две години и порано, и не резултирале со измени. - Министерството за финансии може да добие тужба за изнесување шпекулации за намалување на давачките. На пример, доколку некој шпекулира дека цената на становите ќе се намали по еден месец, логично е дека во текот на тој месец никој нема да купува станови - револтирано вели Златко Калеников, претседателпт на Групацијата на увозници на нови возила. Тој вели дека може само да се промени начинот на пресметување на акцизите, па место цената да ја определува зафатнината на моторот, таа да се утврдува врз основа на цената при купување, односно моќта на моторот, изразена со коњски сили. - Во овој случај, ќе настапи прегрупирање на возилата, па можно е некои од нив да поевтинат, а други да поскапат - вели Калеников. Во моментов, при увоз на автомобили, независно дали се стари или нови, висината на акцизите што ја плаќаат увозниците зависи од зафатнината на моторот, а цените се движат од 250 евра, па нагоре. За автомобилите од најниската класа, кои имаат зафатнина на моторот помала од 1.000 кубни сантиметри, не се плаќаат акцизи при увоз. Автомобилите со зафатнина од 1.000 до 1.500 кубни сантиметри се најбарани на домашниот пазар, а за нивни увоз, увозниците плаќаат по 250 евра акцизи. За увоз на полуксузните автомобили со моќност поголема од 1.500 кубни сантиметри увозниците плаќаат по 1.500 евра, а љубителите на теренски возила, со постојниот ценовник, само за акцизи треба да одделат од 2.500 евра нагоре. Увозниците на половни автомобили велат дека освен акцизите, плаќаат и големи трошоци при увозот на возилата и дека тоа многу влијае на конечната цена што ја плаќа купувачот. - За увоз на возило БМВ со моќност на моторот од 2.500 кубни сантиметри од Германија во Бугарија, се плаќа 100 евра за екотакса, при што се прават анализи за исправноста на возилото, и 80 евра за регистрација, таблички, зелена карта и за осигурување - раскажува Љупчо Трајковски, увозник на половни автомобили. За споредба, за увоз на овој поволен автомобил во државава треба да се платат околу 4.000 евра за акцизи, царина и ДДВ, а на овие трошоци се надоврзуваат и 300 евра за хомологација, шпедиција, А- тест и други придружни трошоци. Потоа, новиот сопственик треба да одвои дополнителни 200 евра за регистрација и за осигурување на возилото, а за зелен картон уште најмалку 50 евра. За еден ист автомобил при увоз во Бугарија се плаќаат 180 евра, а кај нас 4.500 евра, што ја објаснува моментно високата цена на возила во државава.
Нема увоз од САД
Возилата произведени во САД не може да бидат увезени во државава бидејќи не ги исполнуваат стандардите за квалитет на возилата пропишани од ЕУ, а кои се прифатени од нашите институции, објаснуваат увозниците. - Стандардите за хомологација во Европа се поинакви од тие во САД, што не значи дека американските автомобили се помалку квалитетни, туку напротив, таму се произведуваат побезбедни автомобили - велат стручњаците. Американските автомобили не може да бидат регистрирани во државава, а Македонците со американски пасош можат да ги донесат овде и да ги возат, но со американски таблички. Транспортот на овие возила трае од 20 дена до еден месец и е по воден пат, а тие што ќе си го дозволат овој луксуз треба од одделат најмалку 2.000 долари.
ВМРО-ДПМНЕ: Нема опасност за екологијата
Увозот на стари возила нема да има негативен еколошки ефект, проценува ВМРО -ДПМНЕ. - Од 300.000 возила во Македонија, 100.000 имаат европски стандард Евро нула, а доколку се овозможи увоз како што предлага Владата, ќе е возат возила со стандард Евро два и Евро три – вели пратеникот Влатко Ѓорчев. Според негови сознанија, „форд фокус“ од 2000 година во Германија чини 1.500 евра, во Бугарија 2.500 евра, а во Македонија од 5.000 до 6.000 евра. Ова, според ВМРО ДПМНЕ, ќе ги поттикне граѓаните да ги заменат старите возила и да возат нови и побезбедни.
| http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1928&ArticleID=132418
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Jan-2010 at 01:48
Го постирам текстов пред се поради сликата не поради текстот...
Старите коли со повисоки давачки отколку новите
 Кликни на сликата за целосна верзија
Увозниците на
нови возила во анализата предлагаат возниот парк да се обнови со нови
возила и да се воведат субвенции од 1.000 евра за возила постари од 20 години што ќе се предадат како старо железо
Давачките за старите возила се повисоки од тие за новите, посочуваат
увозниците на нови возила во својата анализа, која ја доставија до
Владата по најавите дека ќе се дозволи увоз на коли постари од 10
години. Но, премиерот Груевски вчера од собраниската говорница изјави
оти смета дека ќе има „многу повеќе позитивни од негативни ефекти од
увозот на возила постари од 10 години“.
- Околу една третина од
возилата во Македонија се со Евро 0, односно се толку многу стари што
воопшто не влегуваат во повисоките еколошки стандарди. Од друга страна,
имаме голем број возила со странски регистарски таблички, што
претставува сериозно оптоварување за граѓаните што имаат такви возила,
а тоа е проблем и за нас и треба да најдеме начин да го решиме - рече
Груевски.
Според него, сегашната состојба поттикнува
понатамошно купување возила од странство и возење со странски таблички,
што во иднина може да придонесе за влошување на овој сегмент.
Увозниците
на нови возила во анализата, потпишана од претседателот на ССК, Златко
Калеников, предлагаат возниот парк да се обнови со нови возила. Тој
предлага да се воведат субвенции од 1.000 евра за возила постари од 20
години што ќе се предадат како старо железо. Тие потврдуваат дека има
околу 20.000 автомобили со бугарски таблички и уште 100.000 семејства
што би сакале да купат стари возила по пониски цени. Но, се сомневаат
дека тие што имаат возила со бугарски таблички имаат и бугарски пасоши,
ќе ги увезат во Македонија, односно ќе ги платат давачките за царина и
акцизи, кои за некои стари автомобили се дури и повисоки отколку за
нови.
- Од искуството во секојдневната работа со продажба на
автомобили, над 80 отсто од оваа група граѓани ќе ги задржат бугарските
таблички, освен ако не почнат да се запленуваат - се вели во анализата.
Што
се однесува до граѓаните што сакаат да купат половен автомобил, сметаат
дека тие се подготвени да платат од 1.000 до 3.000 евра за возила со
11-годишна старост и со поминати над 150.000 километри. Но, увозниците
пресметале дека таква цена е невозможно да се постигне.
- Едно
такво возило до крајниот купувач со таблички би се движело помеѓу 1.800
до 6.000 евра. Редовниот сервис би се движел помеѓу 1.700 до 2.300 евра
на три години. Тоа семејство вкупно треба да плати помеѓу 3.700 и 8.300
евра. Во оваа пресметка не е пресметан ризикот на откажување на делови
на автомобилот. Ризикот за откажување делови во оваа група е 70 отсто -
велат увозниците, прашувајќи „која услуга ја направила државата за
граѓаните со оваа одлука“.
Тие сметаат дека државата ќе ги
наведе граѓаните своите животни заштеди да ги инвестират во нешто што
ќе нема никаква вредност, а за истото во наредните 3 години ќе плаќаат
најмалку 50 отсто од парите што ги вложиле.
Увозниците сметаат
дека оваа одлука нема да им наштети ним, туку ќе предизвика негативни
ефекти, кои ќе ги засегнат државата и граѓаните и ќе го закочат
развојот на пазарот на нови автомобили. Во однос на еколошките аспекти,
увозниците сметаат дека мерката ќе поттикне поголема потрошувачка на
гориво во проценти, односно дека „4 стари возила од овие категории
загадуваат колку 7 нови автомобили“.
Тие истакнуваат дека
увозот на стари возила ќе го поттикне развојот на „сивата“ економија,
„затоа што девизите неконтролирано и масовно ќе завршуваат во готовина
во странство, наместо евидентирано да течат низ банкарскиот систем во
државата“.
Увозниците се законски обврзани да увезуваат возила
по Евро 3-стандардите, а од 2016 треба да се примнат Евро 4.
Воведувањето увоз на стари автомобили по Евро 1-стандардите, би ги
довела во неправедна положба и нив и нивните потрошувачи. Тие сметаат
дека оваа мерка би била спротивна на спогодбата за стабилизација и
асоцијација со ЕУ.
Министерот за економија Фатмир Бесими завчера најави дека Владата има намера да го спроведе предлогот.
-
Во првите шест месеци од стапување во сила на одлуката ќе важи
стандардот Евро 1, а во следните години ќе важи стандардот Евро 2, се'
до влезот на Македонија во ЕУ. Ова сега е социјална мерка, а не
економска, бидејќи е наменета за сиромашните граѓани да може да се
снабдат со автомобили - изјави министерот Бесими. Според најавите,
веднаш по првите шест месеци откако ќе важи новата одлука, ќе се
намалат и давачките за увоз на возила. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E1B38519D5033643A496A7347DBA6BE2 |
|
Posted By: krale
Date Posted: 29-Jan-2010 at 14:57
Идејата за субвенции од 1000е за старите возила (над 20 години) е одлична, со оглед на тоа што државата од тоа само може да има корист, а и луѓето. Но проблемот е што кај нас коли над 20 години се уште се продаваат за 1000е по реална пазарна цена. Тоа ќе се измени тек кога ќе се зголеми старосната граница за увоз, овие возила ќе станат безвредни. Тогаш може да се настапи со субвенции.
Така да јас сум за овие мерки во пакет.
|
Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 29-Jan-2010 at 15:42
Јасно е од приложеното дека вакви мерки (но само времени) би биле добра можност да се обнови колку толку возниот парк. Но во секој случај давачките се фрапантни од табелата на ЛСЛ. Мислам за целосен ефект на мерката и владата мора да се откаже од дел од колачот, па тие приходи да ги надокнади од акцизи за гориво, повеќе регистрирани возила, патарини и сл. Во секој случај ваквата комбинација од мерки не би требала да трае повеке од 2 години, да се внесат 100.000 стари автомобили во Македонија и веднаш да се регулира повторно увозот, бидејќи навистина е опасност да станеме отпад на 15 и повеќе години стари автомобили, кои за 2-3 години ќе бидат 18 години стари.
|
Posted By: krale
Date Posted: 29-Jan-2010 at 16:04
Владата најави дека мерката ќе трае 6 години.
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Feb-2010 at 00:01
Владата ги намали акцизите за увоз на автомобили |
|
|
Со оваа мерка
се очекува возилата драстично да поевтинат
и да ги снема автомобилите со странски регистарски
таблички |
|
|
|
 |
|
Од
десетина до повеќе стотици евра ќе заштедат граѓаните доколку решат да
се подноват со половен или нов автомобил. Владата реши да ги намали
акцизите за сите старите возила и за 90 отсто од новите и утврди нов
модел за пресметка на оваа давачка. Новиот модел се базира на вредноста
на возилата, наместо како што беше досега според зафатнина на моторот,
соопшти вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Според новиот модел за пресметка, возилата со вредност до 3.000 евра се
целосно ослободени од плаќање акциза додека за возила до 6.000 евра ќе
се плаќа акциза од 1,5 отсто или 90 евра. Намалувањето на акцизите се
движи од 50 до 600 евра, во зависност од вредноста на возилата, додека
зголемување на акцизите ќе има само за возилата што спаѓаат во
најлуксузната категорија и чинат од 30.000 евра па нагоре.
- Понуденото решение ќе овозможи во голема мера да се обнови возниот
парк во Македонија со понови, побезбедни и поеколошки возила, и ќе го
решиме прашањето на граѓаните што сега возат автомобили со странски
регистарски таблички. Воедно ќе обезбедиме да нема посериозни
нарушувања на пазарот на нови автомобили, а истовремено остануваме со
фискално неутрален модел, односно ќе нема загуби во буџетот - рече
Ставрески. Тој го посочи и примерот со увоз на „опел астра“ од 1.800
кубни сантиметри моторна зафатнина и набавна вредност од околу 4.000
евра за што досега се плаќало акциза од 1.800 евра или со сите давачки
вкупно 6.500 евра. Со новиот модел на пресметка на акцизата за тоа
возило се плаќа 20 евра акциза, односно вкупно 4.745 евра или 1.800
евра помалку, наведе Ставрески. Приливот од акцизи во буџетот годишно
се движи од 8,5 милиони евра до 10 милиони евра и со новата владина
мерка очекувањата се дека ќе се задржи ова ниво, а може и да се
зголеми. Пред носењето на одлуката Владата ги консултирала увозниците и
на стари и на нови возила, кои генерално изнеле позитивни реакции.
Законските измени за намалување на акцизата ќе бидат доставени до
Собранието следната недела и ќе стапат во сила за околу 20 дена. Во
однос на зголемената акциза за луксузните автомобили Ставрески со
објаснување дека акцизата е давачка на луксуз и ако некој е подготвен
да плати 40.000 евра за автомобил логично е да плати и поголема акциза.
Акцизна основаво евра |
висина на акциза |
евра |
|
|
|
до 3.000 |
0.00% |
0 |
од 3.001 до 4.000 |
0.50 % |
20 |
од 4.001 до 5.000 |
1.00% |
50 |
од 5.001 до 6.000 |
1.50% |
90 |
од 6.001 до 8.500 |
2.00 % |
170 |
од 8.501 до 12.000 |
3.00% |
360 |
од 12.001 до 14.000 |
4.00% |
560 |
од 14.001 до 16.000 |
6.00% |
960 |
од 16001 до 18.000 |
9.00 % |
1.620 |
од 18.001 до 22.000 |
11,50% |
2.530 |
од 22.001 до 25.000 |
13,50 % |
3.375 |
од 25.001 до 30.000 |
15,50 % |
4.650 |
над 30.000 |
18.00% |
6.300 | |
| http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=213101010422&id=10&prilog=0&setIzdanie=21909
|
Posted By: Max
Date Posted: 14-Feb-2010 at 00:11
добро а има најави дека ќе пуштат срце и за коли од америчкиот пазар или строго европа и азија, шо бадијала есап би било тоа! особено за теренците и хибридите! колку што знам освен жмигавците се друго може да помине, знам нешто тука нашиве кршат клечки на хомологација, но кога може во германија да се увезе кола од америка, по која логика тука тоа не би можело, од технички аспект!?!
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Apr-2010 at 15:08
24 % пад на продажба на новите автомобили- импортерите не се загрижени од увозот на половни возилаЗа 24 % падната е продажбата на нови моторни возила за првите два месеци од годината. Продадени се вкупно 1118 автомобили. Импортерите за прв пат излегоа со свој став откако се дозволи увозот на поволни возила од странство. Новите пресметки со намалена акциза и царина велат дека не се одразиле многу во крајната цена на новите автомобили. Покачување има само кај луксузните и возилата до 1000 сантиметри кубни работа зафатнина на моторот. Според нивните пресметки од 800 до 1400 евра има намалување кај возилата до 2 илјади кубни сантиметри.
Златко Калеников, Претседател на групација на импортери на возила при ССКМ вели: Ние ги прилагодивме цените на новите пресметки, она што го забележавме дека кај некои возила цените не се променети, кај средната класа се намалени до 1400 евра и тие зафаќаат околу 80 % од пазарот.
Во последните шест години, продажбата на нови автомобили од почетокот на годината е посилна само од 2005 кога за првите два месеци продадени се само 1064 возила. Ставот на групацијата е дека засега не се погодени со увозот на стари возила, но поедини импортери тврдат дека ударот од увоз на вакви половни автомобили ќе го почуствуваат наредните неколку месеци. Тогаш се очекува да се зголеми интересот за купување на половни возила. За само првите три месеци увезени се 3500 половни автомобили од странство.
01.04.2010, 15:59 | http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=58983
|
Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 07-Apr-2010 at 00:33
Значи многу сум разочаран од веснициве наши,за утрински и вечер не сакам да зборувам,но од дневник не очекував да објави вакво нешо на насловна
Стара кола е мачка во вреќа
За увоз на автомобилот стар 14 години, сопственикот ќе плати и до 2.000 евра само за замена на потрошен материјал со кој возилото би се довело во добра состојба и би се подготвило за пат
Разликата помеѓу трошоците за сервис на стар автомобил „сеат ибица“ од 1996 година и на нова „ибица“ од 2010 година, изнесува најмалку 1.000 евра. Пресметките на официјалниот сервис на „Сеат“ во Македонија покажале дека при увоз на автомобилот стар 14 години, за кој Владата неодамна дозволи да се внесуваат во земјава, сопственикот ќе плати и до 120.000 денари, односно две илјади евра само за замена на потрошен материјал со кој возилото би се довело во добра состојба и би се подготвило за пат. Овие трошоци за новиот автомобил изнесуваат од 14 до 46 илјади денари (од 220 до 750 евра) по изминати 40.000 километри.
Според Златко Калеников, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија и сопственик на „Ка-Дис“, увозник на „Сеат“ во земјава, граѓаните со дозволата за увоз на автомобили постари од 16 години во најголем број случаи купуваат мачка во вреќа поради непознавање.
- Ако автомобилот не бил редовно одржуван и сервисиран, за да се доведе во добра возна состојба, ќе потрошат до 2.000 евра веднаш. Во случај да е одржуван автомобилот трошоците за редовен сервис еднаш годишно изнесуваат 1.000 евра, не земајќи ги предвид непредвидените дефекти. Со нов автомобил непредвидените трошоци ги немате во првите три до пет години кога важи гаранцијата - вели Калеников.
Според официјалниот сервис на „Сеат“, возило старо 14 години возено во некоја од европските земји, има поминато од 500.000 до 900.000 километри, или од 38.000 до 70.0000 километри годишно. Оттаму сметаат дека ваквото возило е на самиот крај од својот работен век поради бројот на поминатите километри, годината на производство и начинот на одржување.
- Слично како и кај нас, во европските земји со стареењето на возилата, сопствениците ги сервисираат во неовластени сервиси со неоригинални делови за да ги намалат трошоците за одржување, при што повеќе го забрзуваат стареењето. Но, со стари амортизери, со неоригинални кочници и управувачки механизам, со неправилности во системот за палење и за вшприцување ова возило е небезбедно, еколошки неподобно, има нецелосно согорување, а зголемена е и бучавоста поради дотраените издувни системи - посочуваат сервисерите.
Според нив, препродавачите на половни возила се многу досетливи и применуваат различни методи за да ги прикријат недостатоците на старото возило. Еден начин да се прикрие староста е да се стави погусто масло во моторот за привидно да ја подобрат компресијата, односно работата на моторот. Потоа, го перат моторот за да не се види дека од него истекува масло и слично.
- За да биде безбедно и подготвено за на пат на возилото постаро од 14 години треба да му се заменат сите филтри, ремени, свеќички, пневматици, амортизери, кочници, компоненти на управувачки систем и на подвозење (зглобови, буфери) - велат официјалните сервисери.
Од почетокот на годината, кога Владата најави дека ќе ја спушти старосната граница за увоз на автомобили, салоните за нови возила бележат рекордно ниска продажба. Иако вицепремиерот Зоран Ставрески тврди поинаку, приходите во буџетот од продажба на автомобили се рекордно ниски. Според Ставрески, приходите во буџетот по донесувањето на правилниците за увоз на стари возила изнесуваат околу 2,5 милиона евра по сите основи. Но, истовремено, вкупните приходи во буџетот за првите два месеца од годината споредено со 2008 година се намалени за 54 отсто, а споредено со претходната 2009 година, кога веќе почна кризата, се намалени за 21 отсто.
- За нас не е штетен правилникот за увоз на стари возила, туку фамата што се направи во јавноста пред неговото носење. Додека траеше процесот на воведување на правилникот и измените на Законот за акцизи, никој не купуваше автомобили. Тогаш ние загубивме многу - вели Калеников.
Според него, нелојалната конкуренција е во тоа што Владата дозволи увоз на стари автомобили по евро 1-стандардите, а тие не можат да продаваат нови автомобили по евро 1-стандарди, кои се' уште се произведуваат. Калеников смета дека сите граѓани што увезоа стари автомобили, на среден и долг рок, се потенцијални клиенти на увозниците на нови возила преку системот „старо за ново“.
- Сево ова води кон едно, а тоа е зборот стратегија. Прашањето е дали Владата има стратегија на кој начин ќе го обнови возниот парк на земјава. Со нови возила, преку кои ќе направиме стабилен и интересен пазар, или со стари автомобили, кои се неефикасни и на крајот се поскапи - посочува тој.
Горан Ризаов
Евро 1 не се регистрира
И покрај тоа што се дозволува увоз на Евро 1, тие не се регистрираат во Машинскиот факултет бидејќи загадуваат повеќе од што е дозволено во земјава, велат увозниците на автомобили. Според нив, автомобилите прво се царинат на граница, но кога ќе дојдат да се регистрираат во АМСМ, не поминуваат бидејќи загадуваат повеќе од дозволеното со правилникот.
За старите автомобили се плаќаат давачки скоро еднакви на цената по која се купени. Половните автомобили се царинат според цените во германскиот каталог „Шваке“, а не според тоа колку платиле граѓаните при купувањето.
Измената не ја исполни целта
Целта на новиот правилник беше да се регистрираат возилата со бугарски таблички. Ние уште тогаш предупредивме дека граѓаните што имаат автомобили со бугарски таблички, во најголем број или над 80 отсто имаат и бугарско државјанство, односно пасоши. Тоа и се докажа. Тие немаат интерес и многу мал дел од нив ги регистрираа возилата во Македонија. Овие луѓе се многу блиску поврзани и соработуваат со службите на соседната држава. Нивните трошоци за регистрација, зелен картон и патарина се многу пониски од нашите - вели Калеников. |
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CF3EBF062A6B574BA6FE68BBFD382D50 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CF3EBF062A6B574BA6FE68BBFD382D50
------------- build.mk, гради форумска историја
|
Posted By: axel
Date Posted: 07-Apr-2010 at 01:42
ovaj_stariov stvarno ne znam zosto si razocaran.pa toa e ziva vistina.dobro malku gi preuvelicuvaat rabotite ama ima i dosta vistina vo toa
|
Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 07-Apr-2010 at 11:51
Абе сите знаеме што е убаво,ново си е ново.
Но за да објавиш вакво мислење што му одговара на не повеќе од сто луѓе во Македонија или треба да имаш некој интерес или сакаш да нападниш некого.
Па дома имам кола 14 год. стара купена на старо пред 9 години,па уште не сум дал 2000 евра по неа,како што пишува горе.
Ме убедуваат дека некој германец што си купил Ауди А6 после пет години возење не ја носи на овластен сервис туку оди на "Бит пазар" во Минхен и дома сам си сменува делови.
Ако истава статија со истиов наслов беше објавена некаде во весникот како интервју со импортерот на Сеат кај нас немаше да ми е чудно,ама вака е малку претенциозно.
------------- build.mk, гради форумска историја
|
Posted By: 46&2
Date Posted: 07-Apr-2010 at 13:42
Originally posted by ovaj_stariov
Абе сите знаеме што е убаво,ново си е ново.
Но за да објавиш вакво мислење што му одговара на не повеќе од сто луѓе во Македонија или треба да имаш некој интерес или сакаш да нападниш некого.
Па дома имам кола 14 год. стара купена на старо пред 9 години,па уште не сум дал 2000 евра по неа,како што пишува горе.
Ме убедуваат дека некој германец што си купил Ауди А6 после пет години возење не ја носи на овластен сервис туку оди на "Бит пазар" во Минхен и дома сам си сменува делови.
Ако истава статија со истиов наслов беше објавена некаде во весникот како интервју со импортерот на Сеат кај нас немаше да ми е чудно,ама вака е малку претенциозно. |
Се сложувам. Нека пишуваат и за тоа како имаме 20 посто повисоки цени на нови коли во однос на Србија и дури 40 / 50 посто во однос на Романија. Штитиме индустрија која ја немаме.
------------- I use public toilets and I piss on the seat.
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-May-2010 at 12:59
Се уриваат рекорди во увоз на
автомобили |
|
|
Два месеца
откако се намалија
давачките била почната постапка за царинење
вкупно
13.658 нови
и употребувани
возила |
|
|
|
 |
|
Бум во увозот на нови и на употребувани возила е забележан во
Македонија откако Владата на средината на март ги намали царинските
давачки и акцизата. Во Царинската управа информираат дека заклучно со
вчерашниот ден била почната постапка за царинење на вкупно 13.658 нови и
употребувани возила, од кои конечно се оцаринети вкупно 13.165 возила.
Математиката покажува дека во изминативе два месеца, откако стапија во
сила промените во Законот за царинска тарифа и промените во Законот за
акцизи, дневно биле увезувани по околу 350 возила.
Ако се земе
предвид дека лани во текот на целата година во Македонија биле
продадени околу 11.600 возила, јасно е дека намалувањето на давачките
предизвикало зголемен интерес кај граѓаните и кај увозниците за набавка
односно за увоз на нови и на употребувани возила. Тоа го потврдуваат и
увозниците.
Љупчо Бандовски, сопственик на фирмата за продажба на употребувани
возила „Автобанда“, вели дека кај граѓаните постои зголемен интерес за
купување поевтини возила со вредност од 2.000 до 4.000 евра.
- Има интерес и продажба на возилата што ги увезуваме од странство, со
оглед на тоа што по измените на регулативата тие поевтинија и до 1.500
евра. Меѓутоа, во овој период не сме продале ниту едно возило со
македонски таблички, а главна причина за тоа е големиот пад на цените на
домашните половни возила - вели Бандовски.
Според него, зголемениот увоз на половни возила може да доведе до брзо
заситување на пазарот. Увозниците на нови возила, пак, иако чувствуваат
намалување на продажбата, велат дека промената на регулативата за увоз
на половни возила не ги загрозува.
- Тој што сака ново возило и понатаму ќе купува ново возило. Со оглед на
тоа што имаше корекција и на цените во салоните каде што се продаваат
најновите модели, граѓаните сега можат полесно да дојдат и до нов
автомобил - велат во автосалонот „Скендеровски“.
Според последните информации од групацијата на импортери на возила при
Сојузот на стопански комори, намалувањето на акцизите предизвика
корекции на цените кај средната класа возила, кај кои има намалување на
цените и до 1.400 евра. Станува збор за возила што зафаќаат 80 отсто од
пазарот во земјава. Според импортерите, во првите два месеци од годинава
продажбата на нови моторни возила е опадната за 24 отсто.
Ставот на групацијата е дека засега не се погодени со увозот на стари
возила, но одделни импортери тврдат дека ударот од увоз на вакви половни
автомобили ќе го почувствуваат наредните неколку месеци.
Собранието на Република Македонија во март го измени Законот за царинска
тарифа, со што, меѓу другото, царинските давачки за новите и
употребуваните автомобили се изедначија на пет отсто. Неколку дена
претходно, Собранието по скратена постапка го измени и Законот за
акцизи, со кој се предвидува начинот на пресметка на акцизите да се врши
врз основа на вредноста на возилото, наместо според зафатнината на
моторот.
|
|
|
|
Автор: Владимир Николоски | |
| http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=51210102512&id=9&setIzdanie=21981
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 12-May-2010 at 13:56
Не е лошо да го погледнете каталогот Шваке, и да видите какви ненормално високи цени има тука! Повисоки се за барем €10.000-€15.000 од цените по кои навистина се продаваат овие коли во Германија, па и Бугарија. Мерцедес А-klasse од 1997 e €4000 во Бугарија, а во Шваке €19.000! А во каталогот пишува дека се базирани врз просечните цени од над 700000 дилери месечно. Глупости.
NOTE: Зошто е ова важно? Епа важно е бидејќи при царинењето, акцизата која се плаќа не се пресметува според фактурираната вредност на возилото, туку според Шваке, што е глупост невидена. За возило од €4.000 ќе платите акциза како да вреди €20.000! Ова важеше и кога акцизите беа ненормално високи, а 99% сум сигурен дека сè уште важи.
Wie kommen wir zu den Werten?
Unsere
Fahrzeug-Bewertung basiert auf einer bundesweit durchgeführten
Marktbeobachtung. Diese Marktbeobachtung besteht im Wesentlichen aus
vier Komponenten.
Die wichtigste Komponente ist die Sammlung von
Angebots- und Verkaufspreisen aus dem Handel. Pro Monat erheben wir ca.
700.000 solche Preisinformationen. Wir erhalten diese Informationen aus
online Börsen wie z.B. Autoscout24 oder autoboerse.de,
Herstellerbörsen, Herstellersystemen und aus Tageszeitungen. |
http://www.schwacke.de/SP/ - http://www.schwacke.de/SP/
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-May-2010 at 14:12

Од каде толку набилдани цени во германски каталог?!?
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Jun-2010 at 18:20
Спласна еуфоријата за увоз на
половни возила |
|
|
Возила со
бугарски регистарски таблички воопшто не се царинат, иако со
намалувањето на акцизите
една од намерите беше и нивна легализација |
|
|
|
 |
|
Интересот на граѓаните за увоз на половни возила деновиве е
намален за околу 50 проценти. Во шпедитерските куќи велат дека за
разлика од порано, кога дневно обработувале повеќе десетици документи,
сега бројката е речиси двојно помала. И салоните за автомобили ја
потврдуваат ваквата констатација.
- Еуфоријата траеше еден месец. Во споредба со претходно, кога имаше
енормно голем интерес за половни автомобили, сега состојбата е поинаква.
Едноставно луѓето гледаат дека тоа што ќе го донесат е крш од кој
европските земји сакаат да се ослободат - ни изјавија од секторот за
продажба на „Автокуќа“. Намален интерес меѓу граѓаните забележале и од
шпедицијата „Кватро шпед“.
- Царинењето на возила трае ден-два. Еуфоријата од порано веќе ја нема.
Возила со бугарски регистарски таблички воопшто не се царинат, барем не
во Скопје - ни изјави Златко Богески од „Кватро шпед“.
15.920
нови автомобили се продадени за цела 2008 година |
|
Токму легализацијата на огромната бројка на бугарски автомобили во
Македонија беше и една од причините за намалување на акцизите од страна
на Владата за увоз на автомобили. Според законските одредби, возила со
вакви таблички можат да се возат до септември годинава. По овој период
тие ќе мора да ја напуштат земјава, а до нивното следно влегување во
Македонија ќе мора да поминат најмалку шест месеци. Се проценува дека во
земјава има повеќе десетици илјади возила со странски регистрации.
Наспроти тврдењата за намалениот увоз бројките покажуваат дека во
изминатиот период имало вистинска инвазија на олдтајмери во државава.
Така, ако за цела 2008 година се продадени 15.921 нов автомобил, само за
изминативе два и пол месеци се увезени 18.471 нов и стар автомобил. Во
меѓувреме некои од граѓаните што увезле половни возила се жалат дека не
можат да ги возат, бидејќи документацијата и по неколку месеци им
заглавувала во МВР.
Во Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека кај нив
процедурата се одолжува поради зголемениот наплив на возила од странство
во изминатиот период.
- Одолжувањето е поради постапките на проверка преку Интерпол за
статусот на возилото, односно дали е украдено и слично. Колку ќе траат
ваквите проверки варира од случај до случај и не зависи само од нас.
Порано проверките траеја 2-3 недели, но сега се чека подолго - ни изјави
Иво Котевски од МВР.
Дистрибутерите на нови автомобили, пак, тврдат дека процените на власта
за паѓање на цените и на новите автомобили, со одлуката за намалување на
акцизите, се покажале како погрешни.
- Кај новите автомобили има покачување на цените, што се должи на
промената на механизмот за пресметка на акцизите. Во зависност од
моделот и методологијата, цените на некои од новите автомобили се
покачени - велат дистрибутерите.
Според нив, увозот на половни автомобили не влијае во голема мера на
продажбата на нови автомобили. Она што најмногу се одразува на падот на
продажбата се неповолната економска состојба и намалената
кредитоспособност на граѓаните.
Владата пред неколку месеци одлучи да ги намали акцизите за увоз на
стари возила и утврди нов модел за пресметка на оваа давачка, кој се
базира на вредноста на возилата, наместо претходно според зафатнина на
моторот. Според новиот модел за пресметка, возилата со фактурна вредност
до 3.000 евра се целосно ослободени од плаќање акциза, додека за возила
до 6.000 евра акцизата е 90 евра.
За помалку од три месеци оцаринети 18.470 возила
Од
Царинската управа на Македонија ни изјавија дека од 13 март до 2 јуни
е
почната постапката за царинење вкупно 18.683 нови и употребувани
возила, од кои конечно се оцаринети 18.470 возила.
Најголем број
завршени постапки за царинење возила има во царинарница Скопје -
8.376,
по што следуваат Битола - 4.231, Штип - 2.171, Куманово - 1.925 и
Гевгелија - 1.768 постапки. Во процедура за царинење се уште вкупно
212
постапки.
| |
| http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=64101040145&id=10&setIzdanie=21999
За три
месеца увезени 16.000 стари возила

Вкупно се увезени и оцаринети 18.256 возила, од кои само
1.675 се нови
Маја Томиќ
Се' поеуфоричен станува интересот кај македонските граѓани за увоз на
стари возила. Податоците од Царинската управа запрепастуваат. Од 13
март, откога Владата ја зголеми старосната граница за увоз на половни
возила до 15 години и ги коригираше акцизите и царините, па до 1 јуни,
во земјава влегле вкупно 18.256 возила од странство. Од нив, дури 16.581
се половни, а само 1.674 нови. Притоа, половината и од новите и од
старите коли се дизел.
Од Царина велат дека од овој увоз се
инкасирале во буџетот околу 10 милиони евра. Ако се земе дека во просек
едно возило чини околу 3.000 евра, а на тоа се плаќаат (најчесто) еден
отсто царина и плус 18 отсто ДДВ, просечните вкупни давачка по возило
изнесуваат од 600 до 700 евра.
„Заработувачката на државата е
уште поголема. Не е така како што кажуваат надлежните во весниците, само
еден отсто царина. Тоа важи само за оние коли со Еуро 1 стандард,
односно постарите модели. А, такви речиси и не се увезуваат, туку се
сите со повисоки стандарди, така што царината е поголема, 3, 4 или 5
отсто. Со сите давачки се собираат уште 27 отсто плус од цената“, вели
еден увозник на половни возила. Тој додава дека најмногу се увезуваат
автомобили „поло“, разни модели на „опел“, „голф“, „пунто“ и на „ауди
3“.
Очигледно е дека се' помасовната определеност на граѓаните
за стари возила е одраз на нискиот животен стандард. Бидејќи, кој може
со плата од 200 до 300 евра да си дозволи нов просечен семеен автомобил,
што чини 10.000 евра. Така, во последно време, повеќето кои веќе
поседуваат стар автомобил го продаваат, додаваат уште пари или земаат
кредит и си набавуваат од странство, во секој случај, подобро и поново
возило од она што веќе го имале.
Дали растечкиот тренд на увозни
половни автомобили ќе ја сотре потрошувачката на новите возила? Дали
домашните увозници ги фаќа паника? Тие јавно не го признаваат тоа. Но,
бројките покажуваат лоши состојби. Погоре веќе се спомена дека од
вкупниот увоз на возила за еден и пол месец, само 1.675 биле нови, или
околу 10 отсто од вкупно увезените.
Според податоците од Сојузот
на стопански комори, пак, за четири месеци од годинава, од јануари до
крајот на април, биле продадени 2.640 нови моторни возила, што е за 30
отсто помалку од истиот период лани, а за 54,72 отсто помалку од тој
период во 2008 година. Продажбата на возила во првите четири месеци од
годинава е на нивото од 2004 година, информираат од ССК.
Увозниците,
генерално, ценат дека увозот на половни возила е само една од причините
за намалената продажба и додаваат дека старите коли не ги сметаат за
рамноправна конкуренција, затоа што станувало збор за различна
категорија клиенти. Намалениот интерес го поврзуваат и со ланската криза
и со се' уште стегнатите, ригорозни услови на банките за кредити и на
лизинг-компаниите. За да ја подобрат продажбата, увозниците од лани
започнаа да ги намалуваат цените на одредени видови коли и до 1.500
евра. За некои луксузни автомобили, пак, по намалувањето на акцизите,
снижувањето на цените беше во просек 500 евра. Досега напорите на
увозниците очигледно не дадоа резултати, бидејќи продажбата паѓа во
континуитет.
„Воведовме некои новини во понудата и лани и од
почетокот на годинава, имаше и извесни корекции во цените, затоа што
мораме да ја следиме конкуренцијата. Но, и покрај тоа, генерално,
продажбата на нови автомобили паѓа. Конкретно не сме погодени директно
од увозот на старите возила, бидејќи нашите клиенти се поинакви. Кај нас
се чувствува стагнација на услугата, замена на старо возило за ново.
Веројатно луѓето чекаат некој поповолен период и пад на цените за да го
сторат тоа“, вели Златко Калеников, претседател на Групацијата на
увозници на моторни возила и застапник на „Сеат - Кадис“
Зоран
Дојчиновски од „Авто Македонија“ посочува дека за да ја зголемат
потрошувачката, малку ги намалиле цените на одредени видови повисоки
класи возила. „И ние се сочуваме со намалена продажба. Не сме имале од
скоро сериозно намалување на цените, освен на одредени модели за чиј
увоз беше изразено намалена акцизата, како што е ’круз‘, кој поевтини за
околу 500 евра“, вели Дојчиновски. Тој додава дека увозот на стари коли
не е главна причина за падот на продажбата, туку имало и други фактори,
меѓу кои и отежнатото давање кредити од банките. (М.Т.) | http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=3CCBF0D4247A6F4DA48759CE083BF578
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Jul-2010 at 21:05
Верувам интензитетот ќе опаѓа, но до крајот на годината сепак ќе завршиме со замашна бројка...
|
|
|
| |
|
|
 |
|
Царинската управа на Република Македонија соопшти дека од
13.3.2010 година, кога почна царинењето на нови и употребувани возила,
согласно промените во Законот за царинска тарифа и промените во Законот
за акцизи, била почната постапка за царинење на вкупно 25.061 нови и
употребувани возила, од кои конечно биле оцаринети вкупно 24.959 возила.
|
| http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=75101144537&id=10&prilog=0&setIzdanie=22025
|
Posted By: axel
Date Posted: 16-Jul-2010 at 05:15
Народот
навистина навали на стари коли

Заклучно со јули, во земјава се увезени 30.000 половни
автомобили и само 4.000 нови, а буџетот инкасирал најмалку 20 млн. евра
Соња Маџовска
Народот навистина навали на половните автомобили. Не стивнува
интересот за нив, напротив, постојано се зголемува, па дури ни
увозниците не очекувале дека ќе имаат толку многу работа. А тие велат
дека допрва ќе расте препродажбата, бидејќи во овој период на летните
месеци се враќаат и голем број наши иселеници, кои доаѓаат со старите
автомобили во земјава, а тие им ги продаваат најчесто на своите
најблиски.
Податоците од Царинската управа се фрапантни. Од
почетокот на годинава, па до 12 јули, во земјава се увезени 30.000
половни автомобили, а нови само 4.116 автомобили. Ако се земе периодот
од 13 март, кога се намалија акцизите и царината, а и Владата ја зголеми
границата за увоз на стари возила, па се' до 13 јули, во земјава влегле
речиси 26.000 половни возила, и само 1.500 нови. Врвот е достигнат
во јуни и во јули, кога се влезени 10.000 стари возила. Лани за цела
години биле увезени само 13.500 половни возила.
„Опел корса“ е
убедливо на прво место како најбаран стар автомобил.
Според
увозниците, помалите, но и постарите автомобили, кои имаат зафатнина до
2.000 кубни сантиметри, а за кои не се плаќа акциза, имаат најпримамливи
цени. А ако е уште дизел, тогаш веднаш има купец, велат увозниците.
„Најбарани половни автомобили се оние од 1995 година и 1996 година. За
овие возила кои чинат во просек од 2.000 до 3.000 евра, има пари нашиот
народ. На пример, ’опел корса‘ од 1995 година, во странство се купува по
цена од 800 до 1.000 евра, а дополнителните трошоци што се плаќаат во
земјава чинат уште 700 евра. За овој автомобил особено се заинтересирани
и младите возачи, кои штотуку положиле. Има голем интерес и за „голф“ и
за „фолксваген“, вели еден од увозниците на стари автомобили.
И
граѓаните и увозниците тријат раце од раздвижувањето на пазарот со
стари возила, но и Царината, односно буџетот се офајдил од наплатата на
царина, ДДВ и акцизата, при што се инкасирани околу 20 милиони евра од
почетокот на годинава. Ако се земе најнискиот просек на цена на еден
автомобил до 3.000 кубици, за кој не се плаќа акциза, а царината е 1
отсто, и плус уште 18 отсто ДДВ, а бидејќи над 90 отсто од увезените
автомобили се такви, Царината само во овие четири месеци наплатила околу
15 милиони евра, и тоа само од половните автомобили. Тоа значи дека
просечните вкупни давачка по возило изнесуваат од 600 до 700 евра.
Навалицата
за старите автомобили како да покажа и колку е низок стандардот на
македонските граѓани, бидејќи очигледно е дека со плата од 200 до 300
евра малкумина се одлучуваат да купат нов автомобил. Увозниците велат
дека оние што возат автомобили стари и по 15 години, ги продаваат,
додаваат уште една-две илјади евра и го заменуваат за некоја година
поново од она што го имале претходно.
Инаку, сепак, излегува
дека пропадна главната цел на носењето на мерките за увоз на стари
автомобили, бидејќи се покажа дека е многу мал интересот за
пререгистрација на бугарските автомобили. Сопствениците на возилата со
бугарски регистарски таблички ги враќаат најчесто при техничкиот
преглед. Затоа, тие велат дека ќе продолжат да ги возат овие возила се'
додека им дозволува Законот, а тоа е до септември годинава. По овој
период, ќе мора да ја напуштат земјава, а до нивното следно влегување во
Македонија ќе мора да поминат најмалку шест месеци.
За разлика
од увозниците на стари коли, во убавите салони за нови автомобили никој
не влегува. Автоувозниците велат дека е катастрофална состојбата на
автомобилскиот пазар. „Се внесоа многу стари половни автомобили, кои
воопшто не се еколошки. Кај нас се увезуваат со стандард Еуро 1,
најевтините, а во Европа се воведува стандардот Еуро 5. Ситуацијата е
многу тешка, продажбата на нови автомобили е падната за 35 отсто.
Гледаме колку да помине годинава, а очекуваме да се стабилизира пазарот
дури в година. Оваа состојба ја компензираме со тоа што работиме и
хомологација и сервис за старите возила, а верувајте имаме многу работа
во тој дел“, велат од „Аутомакедонија“. Оттаму објаснуваат дека има и
намалување на цените, но не големо, туку повеќе автоувозниците на нови
возила се ориентирани кон промотивни кампањи, акции, а нудат и пакети со
различна дополнителна опрема, но во рамките на пакетите што ги даваат
производителите. Увозниците велат дека годинава дополнително влијае и
економската состојба во земјава врз намалувањето на продажбата на нови
автомобили, како и тоа што банките многу тешко одобруваат кредити.
(С.М.)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A9565BD72A5D4B4D804ECD2ED76EA243
|
Posted By: axel
Date Posted: 16-Jul-2010 at 22:20
Американски возила
за нашите друмови

Станува збор
за автомобили со црвени трепкачи, брзинометар во милји на час, мерач за
гориво во галони, затегачи на ремен и други елементи кои се различни од
пропишаните со домашните закони
Владата сака да издејствува увоз на возила произведени за
американскиот пазар, кои не ги исполнуваат условите за хомологација,
тврдат увозниците на автомобили во земјава. Американските возила не
можат да бидат увезени во земјава бидејќи не се произведени според
стандардите за квалитет на ЕУ, кои се применуваат во Македонија. Тоа не
значи дека американските автомобили се помалку квалитетни, туку
едноставно се поинакви од европските. Станува збор за автомобили со
црвени трепкачи, брзинометар во милји на час, мерач за гориво во галони,
затегачи на ремен и други елементи различни од пропишаните со домашните
закони. Повеќе експерти од надлежни институции се обиделе на Владата да
и' објаснат на владините претставници за негативните ефекти од
дозволата за увоз на стари американски возила, но нивните аргументи не
биле прифатени.
Од страна на увозниците било поставено прашањето
дали постои анализа за ефектите од ваквата мерка врз работата на
увозниците и врз системот, но и за очекуваните позитивни мерки за
граѓаните.
- На ова прашање, одговор од Министерството за
економија е дека Владата сака да се увезат евтини американски возила,
без поконкретна анализа, кои и какви се тие возила, нови или половни, од
европско, јапонско, корејско или американско производство и која
потрошувачка група ќе сака да ги набави - велат увозниците.
Според
еден од претставниците на Групацијата на увозноци на возила при Сојузот
на стопанските комори, на неодамнешниот состанок во Министерството биле
изнесени неколку аргументи зошто не треба да се воведува оваа постапка.
Инаку владата на седница одржана пред десетина дена го заложила
Министерството за економија во соработка и консултација со повеќе
експерти да подготви и во рок од 30 дена да достави соодветни законски
измени со кои ќе се даде можност за увоз на возила во Македонија што се
произведени за американскиот пазар. За таа цел потребна е измена на
Законот за возила.
Оттаму велат дека одговорните во
Министерството за економија се сложиле оти оваа постапка не е во
согласност со важечките прописи и ќе воведе конфузија на пазарот.
-
На седница на Владата биле повикани претставници на министерството и на
Машинскиот факултет, кои уште еднаш се обиделе да ги објаснат
последиците од воведување на оваа мерка. Заклучок е дека на Владата и'
се многу јасни сите факти и аргументи, но дека и покрај тоа има намера
ова да го спроведе - велат увозниците.
На следниот состанок во
Министерството за економија, одржан на 13 јули, биле повикани стручни
лица од Бирото за Метрологија, Машинскиот факултет, Институтот за
стандардизација, Институтот за акредитација, Министерството за животна
средина, МВР, увозниците на возила, телата за оценка на сообразност и
други.
- Освен претставниците на МВР, кои беа воздржани од
суштинска дискусија, сите други учесници се изјаснија дека не гледаат
можност за предлог во рамките на своите надлежности, т.е. дека се бара
создавање конфликтно законско решение - посочуваат увозниците.
Единствен
начин на кој граѓаните може да донесат возило произведено за
американскиот пазар е ако поседуваат американски пасош. Но, можат да го
возат само со американски таблички бидејќи не ги исполнува домашните
услови за хомологација. При увоз на ваквите возила, само за транспорт по
воден пат треба да се одвојат околу 2.000 долари.
Владата кон
средината на март Владата дозволи увоз на стари возила и над 16 години
според Евро 1 и Евро 2 стандардите. Истовремено, беа намалени царинските
давачки и акцизата за увозот на возила. Со ова се отвори ширум вратата
за старите автомобили од Европа, по што досега во земјава се увезени над
30.000 стари автомобили. Покрај економската криза оваа мерка имаше
погубно влијание врз увозот и продажбата на нови автомобили во земјава,
која е падната за околу 40 отсто во споредба со лани. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2310FE8E3A82A54BB87991430575F774
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Jul-2010 at 22:57
Поголема глупост не постои од ситуација да можеш да возиш американско возило без никакво проблем, ама да се увезе...е тогаш неможе. Значи возилата или се компатибилни со нашите сообраќајни правила или не се. Неможе ни риба ни девојка ситуација. И веќе да почнеме малку да си гледаме што ни одговара, доста со тоа беспоговорно copy-paste европски закони па макар и биле со ваква вградена фабричка грешка. Ситуацијата е премногу црно-бела (или може или неможе) за да создаваме вакви сиви зони и широки дебати.
А кога веќе разгледуваме дали би требало да може или неможе, јас сум за комплетна либерализација. Па сообраќај е, возила се возила секаде во свет се исти што е проблем. А за боја на жмигавец, галони на резервоар се ситници што може да се решат за пет минути. Стварно не ни треба да глумиме лудило. На улиците имаме и стари крнтии веќе олдтајмери, запрежни возила, ама емриканско возило старо две три години неможе зашто имало црвен жмигавец. Британско возило со обратен волан што речиси и да нема прегледност во овој сообраќај без проблем ќе биде увезено, а американско со црвен жмигавец ќе биде проблем. Мислам стварно е .......нема зборови да се опише колку е глупаво. А незнам надлежниве дали е поради некој страв да не случајно се замерат со Европа за нешто, кој ги знае.
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 17-Jul-2010 at 00:53

Кај нас не смее возила со волан од десна страна. А ко за малер, во Британија возилата се беспари! Затоа на Балтикот возат како луди коли со волан оддесно.
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Jul-2010 at 21:59
Неможев да најдам покомпатибилна нишка...
ПРЕМОЛЧАН
ДОГОВОР СО ОСИГУРИТЕЛНИТЕ КОМПАНИИ
Да помине летово,
зелениот картон ќе поевтини од септември!?
Од
транспортните фирми оценуваат дека се чека да мине летниот сообраќаен
шпиц, а конечниот збор за поевтинувањето ќе го имаат анализите, што веќе
подолго време се прават во Министерството за финансии
Зелениот картон за возилата летово нема да поевтини, но тоа
најверојатно ќе се случи веќе од септември. Ваква можност навестуваат
претставници од осигурителниот бизнис, од владини кругови, како и од
транспортните компании. Министерството за финансии го разгледува повеќе
од една година ова многу важно прашање за дополнителна давачка за
зелениот картон, која, евидентно е на тапет кај граѓаните, а посебно и
кај транспортните и други фирми во земјава. Зошто Министерството за
финансии досега не успеа да донесе одлука, како што оценуваат од
транспортни фирми во земјава, се должи на еден вид премолчен договор со
осигурителните компании за да ја искористат летната сезона, кога и
обичните граѓани, но и бизнисот максимално ги користат зелените картони,
по што може да уследи бараното намалување на нивната цена. Според
информации од Националното биро за осигурување, годишно во просек се
издаваат по 100.000 зелени картони.
Од транспортниот сектор ова прашање се предлагаше како една од
корпусот на најдобри економски антикризни мерки, кога станува збор за
патниот сообраќај, сега е во рацете на вицепремиерот за економски
прашања, Владимир Пешевски. Тој неодамна изјави дека намалувањето на
дополнителното осигурување за зелениот картон не се очекува да се заврши
летово, туку наесен, кога ќе се знае дали ќе има поевтинување, а врз
основа на тоа што ќе покажат пресметките.
-Во рамките на третата фаза од регулаторната гилотина е и прашањето
за зелениот картон. Откако ќе ги видиме бројките, за тоа колку е
наплатена премија, а колку е исплатена штета, како и тоа колку возила
патуваат во странство, ќе донесеме одлука. Анализите на Министерството
за финансии покажале дека сегашните цени на зелениот картон се добри.
Ништо не кажувам однапред, додека не ги видам конкретно бројките. Ако
постои простор, реално врз основа на анализите, ќе има намалување на
зелениот картон - истакна тогаш Пешевски.
Наспроти ваквите најави, осигурителните компании веќе подолго време
се упорни во тврдењето дека високи цени на зелениот картон се
наплатуваат поради големиот број нерегистрирани возила од над 30
проценти и затоа што мал број автомобили патуваат надвор од земјава.
Анализите што тие ги испратиле до Националното биро за осигурување имаат
негативни резултати, во однос на тоа колку исплатуваат за штети, а
колку од тоа им покрива наплатата од премиите. Намалувањето на сегашната
цена на зелениот картон, велат тие, би била погубна за рентабилноста на
осигурителните компании.
Сепак, и осигурителите сметаат дека не е така лоша идејата ако се оди
на варијантата сите при регистрација на возилата да плаќаат плус 10
евра, односно тие се согласуваат да дојде до спојување на зелениот
картон со премијата од автоодговорност. Тогаш сите граѓани при
регистрацијата на своите автомобили ќе треба да плаќаат плус десет евра и
ќе можат да излегуваат од земјава колку пати сакаат во текот на
годината. Но, притоа, ќе мора да платат и оние што воопшто не патуваат
во странство, а вакво решение имаат речиси сите земји во соседството,
освен Албанија, Турција и Македонија.
И додека кај останатите држави во регионот годишниот зелен картон е
околу 10 евра, македонските граѓани го плаќаат 2.450 денари, со важење
од еден месец, 3.670 - за три месеци, 5.500 - за половина година и 9.760
денари за цела година, а, кај товарните возила, на пример, за камион со
приколка износот е и значително поголем, околу 650 евра. http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=BF756B1F5B955141AE035149DB7DEC15 |
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Jul-2010 at 23:05
Ете ти сеа а јас ќе морам нов да вадам во Август
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Aug-2010 at 19:21
ИЗВЕСТУВАЊЕ за
пролонгирање на рокот за увоз и легализирање на употребувани возила што
ги исполнуваат ЕУРО 1 стандардите до 30 септември Скопје, 05.08.2010
Согласно
заклучокот на 175. седница на Владата на Република Македонија одржана
на 27.07.2010 година Министерството за економија изврши изменување и
дополнување на Правилникот за единечно одобрување на возило („Службен
весник на Република Македонија“ бр.16/2010 и 62/2010) и на Правилникот
за идентификација и за идентификација и оцена на техничката состојба на
возилата („Службен весник на Република Македонија“ бр.131/2009 и
16/2010), со што се овозможува пролонгирање на рокот за увоз до 30
септември на употребувани возила од категоријата М – моторни возила со
најмалку 4 тркала наменети за превоз на патници (М1, М2 и М3),
категоријата Н - моторни возила со најмалку 4 тркала наменети за превоз
на стоки (Н1, Н2 и Н3) и категоријата О – приколки, вклучувајќи ги и
полуприколките (О1, О2, О3 и О4) во насока на единечно одобрување на
увезени употребувани возила само со исполнети емисиони стандарди ЕУРО 1.
Значи, истовремено се направени и неопходните измени на прилозите,
односно листите на технички спецификации, еквивалентните со нив
правилници на ЕСЕ за половни возила од сите категории.
До 30
септември треба да се завршат и потребните постапки за пререгистрација
на сите возила со странски таблички во Република Македонија, што
претпоставува до тој рок возилото да е оцаринето и да е започната
постапката за хомологација, со поднесено комплетно барање до телата
овластени за вршење хомологација, заедно со царинската декларација при
увозот на возилото и потврдата за техничките карактеристики на
конкретното возило. Од 1 октомври започнува да важи новото правило за
задолжително поседување на ЕУРО 2 стандардите, како услов за
легализирање на возилото, и тоа во наредните 6 години, а потоа ЕУРО 3
стандардите.
Во насока на измената на правилниците, министерот за
економија Фатмир Бесими рече: „По направената анализа на состојбата во
Македонија по стапување на сила на овие два правилника, увидовме дека
интересот за употребувани возила се’ уште е многу голем. Со оглед на
фактот што досегашниот рок за увоз односно пререгистрација на возилата
беше 5 август, што секако се поклопува со сезоната на годишни одмори,
решивме да им излеземе во пресрет на деловните субјекти и на граѓаните и
да направиме пролонгирање на рокот до 30 септември, од кога ќе започне
да важи правилото за задолжително поседување на ЕУРО 2 стандардите.
Дотогаш треба да завршат процедурите за легализација на употребените
увезени возила и пререгистрација на возилата со странски таблички што се
возат во Македонија, а ги исполнуваат емисиони стандарди ЕУРО 1“.
Министерството
за економија апелира неопходните процедури за легализација на
употребените увезени возила да се вршат само во овластените тела за
хомологација, а подетални информации за текот на постапката можат да се
добијат во Секторот за внатрешен пазар при Министерството за економија,
на телефонскиот број 02/3093-424. | http://www.economy.gov.mk/?ItemID=E5D4237F4ACBD24FAAFA636096FEA08A
|
Posted By: axel
Date Posted: 13-Sep-2010 at 10:11
ДРЖАВАТА СЕ НАПОЛНИ СО ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ
Стивна увозот на стари возила
Светлана Вукчевиќ
Увозот
на половни автомобили од почетокот на месецов се сведува на
вообичаените граници, откако од средината на март до крајот на август
драстично се зголеми поради намалената акциза која што значително им ја
симна цената. Шпедитерите кои ги подготвуваат царинските документи за
возилата купени во странство велат дека минатиот месец се достигнал
врвот и дека веќе не очекуваат поголем увоз. Проценуваат дека од
почетокот на месецов увозот на половни возила е намален и за 70 отсто.
Или, ако претходните месеци дневно носеле на царинење и по 15
автомобили, сега имаат најмногу пет. Според податоците од Царинската
управа на Македонија, во јануари и во февруари во просек се увезле по
150 стари возила, а во следните шест месеци просечно се царинеле по
6.000. Од почетокот на годинава до крајот на август се оцаринети вкупно
36.432 половни и само 4.901 нови возила. Еден дел од возилата беа
донесени со шлепери, за продажба, а дел граѓаните сами си ги купуваа во
странство. Шпедитерите забележуваат дека автомобилите донесени за
продажба се изложени на плацови, какви што само во Скопје сега има
петнаесетина, се постари, поамортизирани, а со тоа и поевтини. -
Најголем дел од увезените автомобили во овој бран се произведени меѓу
1995 и 1998 година. Многу ретко работевме со возила од 2000 до 2002
година и нив главно ги носеа граѓаните за себе или, пак, ги царинеа
нашите гастарбајтери за да им ги остават на своите роднини или пријатели
во Македонија. Не би рекол дека со ова решение на Владата, со кое
возилата поевтинија, се подобри возниот парк во државата. Се увезуваа и
возила со најнискиот дозволен стандард ЕУРО 1. Тоа се возила стари и до
18 години. Тие ќе можат да се увезуваат уште до крајот на месецов, но
како и другите, и нив сега ги има помалку - вели Златко Богевски од
„Кватрошпед“. Шпедитерите информираат дека на плацовите се уште има
многу возила за продажба. Велат дека на некои од нив има и по
педесетина, а, пак, граѓаните кои ги посетуваат забележуваат дека цената
почнала да им паѓа зашто потешко се продаваат. - За продажба се носат
главно автомобили кои се вистински крш. Увозниците ги купуваат од
Словенија по цена до 1.000 евра, ги царинат и тука го продаваат. Тоа се
луѓе кои и до сега се бавеа со овој бизнис, но носеа едно по едно возило
и на него печалеа по 200-300 евра, а откога падна акцизата, почнаа да
ги увезуваат со шлепери. Но, и тој бизнис замира. Едни исти увозници до
минатиот месец дневно носеа по неколку шлепери, а сега го намалија
увозот и на царинење ни носат по еден шлепер на неколку дена - објаснува
еден шпедитер кој сакаше да остане анонимен. Тој вели дека годинава од
странство најмногу се донеле постари модели на „корса“, „вектра“ и
слично. Шпедитерите, исто така, посочуваат дека се уште не е решен
проблемот со возилата со бугарски регистарски таблички, кои граѓаните ги
увезле пред неколку години и ги возат бидејќи поседуваат бугарски
пасош. Тие коментираат дека ако сите овие решенија со увозот Владата ги
презела за да го реши проблемот со нив, не ја постигнала целта. Додаваат
дека сопствениците на вакви возила доаѓаат кај нив и се распрашуваат
што да прават, но занемарлив број се царинат бидејќи повеќето се многу
стари и не ги исполнуваат еколошките стандарди. Овие возила треба да
добијат македонски регистарски таблички најдоцна до крајот на месецов.
Се увезуваа и камиони и автобуси
Годинава
до крајот на август во државата се увезени вкупно 44.114 возила. Од нив
41.333 се патнички, од кои поголемиот дел се употребувани. Увезени и
царинети се и 2.363 камиони. Само 571 бил нов, останатите половни.
Поволностите за увоз ги искористија и автопревозниците. До крајот на
август е направен и увоз на 418 автобуси и минибуси, од кои само седум
нови. Најмногу патнички автомобили се увезле во јули, кога биле царинети
околу 9.000. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2116&ArticleID=148059
|
Posted By: Supervisor
Date Posted: 27-Sep-2010 at 11:18
Дали може некоја бројка за тоа колку автомобили (отприлика) има во град Скопје?
------------- NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
Posted By: axel
Date Posted: 12-Feb-2011 at 12:31
ПРОДАЖБАТА НА АВТОМОБИЛИ ПАДНА ЗА 30 ПРОЦЕНТИ
Нема купувачи за евтините возила
Наталија Скалова
Само
осум илјади нови возила се продале во текот на 2010 година, што е за 30
проценти помалку од претходната година, тврдат увозниците на возила.
Некои од салоните дури велат дека преживуваат само од сервис на
автомобили и оти едвај продаваат по едно возило месечно. Немаштијата
и неизвесноста, како за работните места, така и за цените, ги натераа
граѓаните да се воздржат од купување нови автомобили, кои се потреба на
секој човек. - Проекциите за продажба на нови автомобили за минатата
година не се остварија. Имаше продадено 8.000 нови возила. А, ни
почетокот на оваа година не дава надеж дека нешто ќе биде поразлично.
Нашите процени се дека продажбата ќе се задржи на нивото од минатата
година, со можност да биде уште послабо. Кај луѓето се уште постои страв
од криза од немаштија. Поскапувањата ги направија луѓето да бидат
порезервирани и сето тоа влијае врз продажбата - вели Дарко Димовски,
директор на продажба на возилата „форд“ во „Мида моторс“. Увозниците,
за да привлечат поголем број купувачи, продолжија да нудат разни
попусти и кампањи, кои, како што велат, ги спасиле од пропаст. -
Минатата година нашите возила ги имаа најдобрите можни цени и тие се
прелеаја и оваа година. Намалувањето на цените секако дека даде
резултат. Продажбата кај нас, благодарение на ниските цени, одеше на
иста линија како кај останатите увозници, а можеше да биде полошо.
Јануари, како и секоја година, е лош месец, а во февруари се чувствува
некое придвижување, но рано е да се каже дека има некој позитивен тренд -
вели Зоран Дојчински од „Аутомакедонија“, увозници на возилата „опел“ и
„шевролет“. Продажбата на нови автомобили се почувствува и во
банкарскиот бизнис и во компаниите за лизинг. Бизнисмените велат дека се
купуваат единствено скапи автомобили и тоа на лизинг, а тие со пониски
примања сега купуваат само автомобили на старо за 1.000 евра. Кредитирањето
на автомобили за една година опадна за осум милиони евра. Ако граѓаните
на банките во јануари минатата година им должеле 66 милиони евра, на 31
декември долгот им се намалил на 58 милиони евра. - Ние го
почувствувавме падот од продажбата на нови автомобили. Интересот за
купување преку лизинг е мал. Повеќе јавувања има за стари автомобили.
Но, ние на лизинг даваме само да се купат стари автомобили со релативно
краток рок, кои се купени кај нас - вели Огнен Малевски од „Евролизинг“.
Граѓаните велат дека се свесни оти новите автомобили се подобра
инвестиција, но оти примањата не им дозволуваат да земат кредит или да
заштедат поголема сума пари. - Мене платата ми е 15.000 и колку и да
се обидувам да заштедам за нов автомобил, не можам да го сторам тоа.
Возам старо „југо“, кое чини 1.000 евра, а за повеќе можам само да
сонувам. Цената на храната постојано расте, сега и струјата ќе
поскапува, па како да заштедам - вели Слободан Наумовски. За еден
граѓанин како Слободан да земе автомобил од, на пример, десет илјади
евра на кредит, прво ќе мора да обезбеди учество од две илјади евра и на
банката да и плаќа 163,41 евро секој месец, седум години по ред. За
седум години Слободан на банката ќе треба да и даде 3.720 евра повеќе
отколку што и побарал.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=2240&ArticleID=156255
|
Posted By: axel
Date Posted: 05-Apr-2011 at 10:06
Продажбата на нови автомобили во Македонија бележи постојан пад
Продолжува
негативниот тренд во продажбата на нови автомобили. За 13 % е намалена
продажбата на нови моторни возила, во јануари и февруари годинава во
однос на истиот период лани.
За првите два месеци од годинава купени се само 1075 автомобили.
Разликата во продажбата е огромна во однос на 2008 година кога имаше
рекордна продажба на нови автомобили.
-Разликата во продажбата е повеќе од 60%, сега во однос на 2008, но
во услови на изострена криза предизвиците кои се јавуваат ќе ги
натераат самите компании да бараат нови начини на продажба, еден голем
дел од нашата продажба се темели на лизинг и добри 40 % од вкупната
продажба одат преку лизинг изјави Златко Муцунски, директор на Порше
Македонија.
Продажбата драстично се намали како резултат на кризата и
дозволениот увоз на половни возила. И покрај падот во продажбата дел од
компаниите се надеваат на добри резултати до крајот на годината.
-Не можам да кажам ништо, во изборна година може да има застрој, но
се надеваме дека нема да имаме падови кои што беа и лани, барем да се
стабилизира на бројките од минатата година, изјави Марко Јовановски,
директор на продажба во Мак ауто стар.
Од Здружението на импортери велат дека со цел стабилизирање на
пазарот и зголемување на продажбата ги подобруваат услугите и ги
зголемуваат инвестициите.
Љупка Камчева
04.04.2011, 17:29
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=73420
|
Posted By: axel
Date Posted: 05-Apr-2011 at 10:59
Луксузните автомобили одат како алва
понеделник, 04 април 2011, 16:54
Барани
и во криза. Иако најскапи, продажбата на луксузни возила оди добро,
тврдат импортерите. Возилата од највисоката класа, за кои просечниот
македонски граѓанин може само да сонува, одолеаа на економската криза и
законските измени со кои се овозможи увоз и на постари и поевтини возила
од странство.
- Во моментов кај нас продажбата е на стабилно ниво исто како
минатата година, меѓутоа очекуваме со промоција на новите модели
интересот и продажбата да се зголемат, изјави Марко Јовановски -
Мерцедес
За разлика од луксузните, продажбата на останатите автомобили
продолжува со негативен тренд. Според податоците добиени од импортерите
продажбата на нови возила во првите два месеци од година споредено со
лани бележи пад од 13 проценти а во споредба со рекордната 2008 дури 59
отсто.
- Имаме пад на продажбата од 20 до 25 % во моментов споредено со минатата година, изјави Златко Муцунски - Порше Макеодонија
- Оваа година сите очекувања се дека ќе биде најслаба до сега. Две
причини за тоа. Увозот на половни автомобили и намалената куповна моќ на
луѓето, изјави Дарко Димовски - Ми-Да Моторс
Освен кај новите возила, пад на продажбата има и кај половните.
Импортерите на стари коли велат дека пазарот е презаситен и дека се
потешко наоѓаат купувачи и за возилата до 3000 евра. Сепак според
податоците на царината, увозот на половни возила е за пет пати поголем
во споредба со новите.
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=35621
|
Posted By: axel
Date Posted: 28-Apr-2011 at 12:10
Увезени над 63 илјади половни возила од стартот на мерката
28.04.2011 | Автор: Сител
Мерката за увоз на половни автомобили го поднови
возниот парк на Македонија. Бројките на Царинската управа покажуваат
огромен интерес на граѓаните за замена на стариот со понов автомобил
изминативе петнаесет месеци.
Над 73 илјади возила се увезени од почетокот на 2010-та година заклучно со март годинава. Од нив над 63 илјади се половни.
Најзастапени се автомобилите. Од стартот на мерката се увезле близу 60 илјади автомобили.
Се подновил и возниот парк на транспортерите. Увезени се над 2.800 половни товарни возила и над 590 автобуси и минибуси.
http://daily.mk/cluster3/889ffd5851478b0bbd69c36b515f2d2e/705411
|
Posted By: axel
Date Posted: 19-Jul-2011 at 06:03
ИНТЕРЕСОТ ЗА УВОЗ НА ПОЛОВНИ ВОЗИЛА НЕ СТИВНУВА
Од септември лани увезени 38.463 возила со Еуро 2
Од нив
најмногу се патнички автомобили и тоа 31.072 употребувани и 5.390 нови,
потоа 1.253 половни товарни возила и 660 нови, како и 187 користени
автобуси и само 53 нови
Интересот
кај македонските граѓани за набавка на употребувани возила од
Европската унија не стивнува. Според податоците што ги објавува
Царинската управа на Македонија во првата половина од годинава во
земјава се увезени вкупно 21.257 возила, од кои 16.964 се половни
патнички автомобили, а само 3.214 се нови, околу илјада се товарни
моторни возила, а стотина се автобуси и минибуси.
Минатата година во првите шест месеци биле увезени 29.491 возила, од
кои 25.060 биле половни, а 4.431 нови. Речиси 90 проценти од увезените
возила во првото полугодие од 2010 година се употребувани, со што е
јасно дека владината мерка за олеснување на увозот на половни возила од
март 2010 година ги дава очекуваните ефекти.
Од септември 2010 година во земјава можат да се увезуваат само возила
со стандард Еуро 2, кој дозволува само увоз на возила до 16 години
старост, но со подобри перформанси во однос на возилата со Еуро 1
стандардот. Според податоците на Царината заклучно со јуни годинава во
земјава влегле вкупно 38.463 возила со Еуро 2 стандард. Од нив најмногу
се патнички автомобили и тоа 31.072 употребувани и 5.390 нови, потоа
1.253 половни товарни возила и 660 нови, како и 187 користени автобуси и
само 53 нови. Од бројките на Царината може да се забележи дека до
септември лани интересот за увоз на товарни возила и автобуси со Еуро 1
стандард бил поголем отколку по забрана досега кога во земјава влегувале
во просек по десет користени возила месечно, додека воопшто немало
интерес за увоз на нови со повисок стандард. И кај увозот на
автомобилите состојбата е горе-доле слична, односно има преполовување на
влезот на користени патнички возила со Еуро 2 стандард. Од статистиката
се гледа дека пред септември 2010 се увезувале во просек околу шест
илјади користени возила со Еуро 1 стандард, а потоа увозот двојно опаѓа.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=95E6CE7909930F44BACBFC07AACE32AE
|
Posted By: axel
Date Posted: 01-Aug-2011 at 08:51
Не се купуваат ни стари ни нови коли
Плацовите се преполни со стари возила, автосалоните со нови, а речиси нема купувачи
Маја Томиќ
Се засити ли пазарот од половни автомобили или беспарицата и годишните одмори се причина за застојот во продажбата? Но, не само за старите автомобили, туку драстично е намалена и побарувачката за нови возила, а за употребуваните коли речиси и нема интерес кај граѓаните. Така се жалат и импортерите и дилерите на половни возила, велејќи дека во јули замрела побарувачката. И едните и другите во изминатиот период ги намалија маржите, како и крајните цени само за да го спречат натамошното опаѓање на побарувачката, но без позначајни резултати.
„Лани ова време беше ’топ‘. Имаше голем интерес и се продаваа многу возила. Годинава се чувствува застој, особено во текот на јули. Сите продажни плацови се преполни со стари возила, а нема купувачи. Изгледа дека пазарот се засити. Ако продолжи ваквата состојба, за кратко време ќе престанам со овој бизнис“, вели еден дилер на половни автомобили и додава дека во последниве месеци набавува возила од странство исклучиво по нарачка, а не како лани. Потврдува дека и покрај тоа што повеќето дилери ги намалија цените, нема навалица за стари возила како порано. Најбарана марка лани беше ’опел- корса‘ (од ’98 или ’99 година) и чинеше околу 3.000 евра, а во последно време се продава по 2.500 евра. ’Голф 4‘, пак, чија цена минатата година беше и до 5.500 евра, падна на 4.500 евра.
Истовремено, речиси и сите импортери се жалат на намалена побарувачка за повеќе од 20 отсто на новите коли, притоа не посочувајќи ги точните бројки на продадени автомобили во изминативе месеци. Велат дека како и досега, така и во иднина ќе имаат кампањи и попусти на цените за одредени модели на возила, во зависност од однесувањето на конкуренцијата на пазарот. Од „Автомакедонија“ велат дека имаат стагнација во продажбата во споредба со лани, како и со годината претходно. „Се чувствува голем пад во побарувачката. Само во јануари годинава имавме благ пораст и толку“, посочуваат одговорните во оваа компанија. Од „Аутомобиле Ск“, исто така, велат дека им е намалена продажбата и нагласуваат дека веќе имаат сезонски намалувања на цените на одредени марки, а и во иднина ќе продолжат со тоа, пред се', поради драстичното опаѓање на продажбата, но дека нема простор за некакви позначајни попусти.
Продажбата на нови коли значително се намали откако лани во март Владата направи законски измени со кои ги намали акцизите за увезени половни возила. Лани сите навалија на старите возила, бидејќи можеше да се купи добар автомобил за неколку илјади евра. Дополнително, од 1 јануари годинава падна на еден отсто царината за увоз на возила од ЕУ. Токму затоа во текот на минатата година нагло порасна побарувачката за половни автомобили. Но, во првите шест месеци од годинава се почувствува застој и кај продажбата на овие возила. Податоците од Царина го потврдуваат тоа. Од почетокот на јануари до крајот на мај годинава се увезени 3.214 нови возила, а 16.964 стари. Во цела 2010 година, пак, увезени се 51.399 половни автомобили и 7.183 нови. Во 2009 година биле увезени дури 10.574 нови возила, што значи дека продажбата на нови автомобили сега е за 30 отсто помала од онаа од пред две години.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E6D047AC5BFBB84F9735B7B5B4F397E0
|
Posted By: axel
Date Posted: 26-Aug-2011 at 05:39
Над 15.000 половни возила чекаат купувачи

Причина за
опаднатиот интерес за користени возила е неконтролираниот увоз, кој го
блокира малиот македонски пазар и сега има огромна понуда, но нема
купувачи
Македонскиот пазар е преплавен со увезени половни автомобили.
Официјалните бројки велат дека повеќе од 15.000 увезени стари возила
чекаат купувачи на автоплацовите што никнаа низ државава. Според
Царинската управа, до 1 август годинава се увезени 25.057 употребувани
возила. Сопствениците на автоплацовите за половни возила велат дека
последниве неколку месеци драстично е опаднат интересот на граѓаните за
да купат стар about:blank - автомобил .
Причина за малиот интерес е неконтролираниот увоз, кој го блокира
малиот македонски пазар. Сега има огромна понуда, но нема купувачи.
Најмногу се бараат автомобили со италијански таблички, а втори на
листата се возила од Германија и од Холандија. Најмалку се бараат
автомобили од Словенија и од Бугарија. - Секој ден цариниме по
неколку возила, најчесто донесени од Словенија. Крајната цена до
регистрација е од две до четири илјади евра во зависност од состојбата
на возилото и од годината на производство - велат во една скопска
шпедиција. Во шпедициите велат дека најчесто како увозници се јавуваат
граѓани, кои потоа автомобилите ги оставаат за препродажба на автоплац. Екипа
на „Дневник“ посети некои од автоплацовите низ Скопје. Она што можеше
да се види на нив се возила од средна категорија од типот на „пежо 206“,
„опел корса“, „фиат пунто“ и понекоја „сеат ибица“. Во Царинската управа велат дека годинава, за разлика од лани, се влезени помалку возила. -
Во јули годинава увезени се речиси 3.800 половни возила, за разлика од
лани истиот месец кога влегле три пати повеќе - велат во Управата. Сопствениците на плацови за половни автомобили велат дека побарувачката е преполовена за разлика од почетокот на годинава. -
Конкуренцијата си го направи своето. Сега граѓаните имаат избор и
бараат исклучиво сервисирани половни возила, по можност со сервисна
книшка. Вакви може да се увезат само од Италија или евентуално од
Германија каде што има регистрирани салони за половни автомобили - вели
еден сопственик на плац за половни возила. Според него, многу малку се продаваат старите возила од Словенија и од Бугарија. -
Тоа се најчесто возила кои од европските држави се увезени во Словенија
или Бугарија, а потоа оттаму завршуваат кај нас. Најчесто се со
километража која не е оригинална - велат на автоплацовите. Освен
половни автомобили, се увезуваат и половни минибуси, автобуси и камиони.
Но и кај нив, како и кај автомобилите, опаднати се и увозот и
пласманот. За разлика од лани кога се увезле 2.483 товарни возила,
главно камиони од повисока класа, годинава увезени се едвај 700
употребувани камиони. Кај автобусите разликата е драстична. Лани биле
увезени 734 автобуси за разлика од годинава кога до август во земјава
влегле само 79 половни автобуси.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=74E8E1E2BEBE7E4B872ADB5BE2155581
|
Posted By: axel
Date Posted: 28-Sep-2011 at 11:31
Увезени над 90.000 возила
Од вкупниот број увезени возила во
изминатава година и пол, 78.382 се
употребувани,
а 12.788 се нови
возила |
|
|
|
 |
|
Точно 91.170 возила биле увезени во земјава од јануари 2010 до
август годинава, а од вкупниот увоз, дури 78.382 се употребувани возила.
Големиот број увезени возила се должи на владината одлука од март
минатата година, со која беше зголемена старосната граница за увоз на
половни возила и се дозволи увоз на возила стари и повеќе од 15 години.
Воедно, Владата ги коригира акцизите и царините. Така, акцизата се
пресметува врз основа на вредноста на возилото, а не според зафатнината
на моторот, како што беше дотогаш. Дополнително од јануари годинава беше
укината царината за увоз на возила со европско потекло.
Статистичките податоци покажуваат дека зголемениот увоз на возила се
одрази врз состојбата со возниот парк во земјава. Така, ако во 2009
година во Македонија биле регистрирани околу 282.000 патнички
автомобили, во текот на 2010 година оваа бројка пораснала на 310.000
автомобили.
Инаку, ваквото поевтинувањето на увозот на употребувани возила
значително ја намали продажбата на нови возила.
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9281192287&id=9&prilog=0&setIzdanie=22392
|
Posted By: axel
Date Posted: 25-Oct-2011 at 08:29
Македонскиот џеб доволно длабок само за стар автомобил!
Според
Царинската управа на Македонија до крајот на септември увезени се 25.803
употребувани возила, а само 4.675 нови автомобили
Преполовена
е продажбата на стари и нови возила во земјава, бидејќи до септември
годинава увезени се вкупно 32.113 возила, од коишто 4.675 нови
автомобили, 25.803 употребувани автомобили, товарни моторни возила 1.569
(стари-нови) и автобуси 266 (стари-нови). Увозниците сметаат дека
бројките се должат на актуелната светска криза што се рефлектира и во
земјава, а поради несигурноста и нискиот стандард поголем број на
граѓани се одлучуваат да купат возило за коешто ќе дадат помалку пари.
Како што вели Златко Калеников, претседател на Сојузот на стопански
комори на Македонија, 2011 година е една од најслабите години во однос
на продажбата на нови автомобили во земјава. - Годинава забележавме
пад од 9 % на увозот на нови возила во споредба со лани, иако реално за
купувачите имаше бројни поволности што ги нудеа увозниците - вели
Калеников. Според него тоа се должи на последиците од светската криза,
но и зголемениот увоз на стари возила, иако голем број на граѓани
согледале дека погрешиле при изборот.
Калеников појаснува дека многу од старите возила при техничките
прегледи во сервисите се покажале во многу полоша состојба отколку што
очекувале купувачите. Тој потсети дека рено" и дачија" имаат акција
за еколошки возила "старо за ново", но сепак, прогнозите за периодот до
Нова година не се толку оптимистички.
Од Царинската управа на РМ, каде што имаат преглед на увозот на
возила по месеци, утврдиле дека надобар месец годинава бил март кога во
земјава се увезени и најмногу нови и најмногу стари возила. Бројот на
стари возила достигнал 3.100, а на нови 608. Во пролетните месеци март,
април и мај се купувале и употребувани товарни моторни возила и тоа во
просек нешто повеќе од стотина.
Рекорден увоз од 107 нови автобуси е регистриран годинава во август,
кога се обнови значително возниот парк на ЈСП со автобусите од Украина и
двокатните од Кина. Според табеларниот приказ на Царината,
конечната бројка на увезени возила лани достигнала 62.519, од коишто
51.399 стари автомобили, 7.183 нови автомобили, товарни моторни возила
3.357 и 580 автобуси, од коишто речиси сите се нови. http://www.vecer.com.mk/?ItemID=4C07C119FD0D444191C7CCFE3377AB42
|
Posted By: axel
Date Posted: 10-Nov-2011 at 12:10
Продажбата на автомобили во пазарна депресија
mailto:silvana@kapital.com.mk - Силвана Жежова
 Менаџерите
на салоните за нови автомобили во земјава веќе не зборуваат за надолна
линија во продажбата на возила туку за “пазарна депресија“. Кризата која
ја зафати оваа гранка во 2008 година кулминира годинава со пад на
продажбата од дури 59,8% за три години. Во однос на минатата година,
падот изнесува 13,5%. Според податоците од Комората на
автоимпортери, годинава најмногу се продавале возилата од компакт
класата (37%) и малите возила (25%), а значително помалку возилата од
средна или повисока класа, моноволуменските и теренските. Од поскапите
модели, најпродавани се “БМВ 520d“ и класите Ц и Е од Мерцедес.  Пазарот
на нови автомобили годинава бележи пад од 13,5% во однос на минатата
година. Во споредба, пак, со 2008 година, падот е значителни 59,8%
“Кај
моделите на БМВ падот на продажбата во однос на истиот период лани е
10%, но вкупниот пазар на нови возила е паднат за 14%. Ова е трета
година по ред да паѓа пазарот на нови возила“, вели Мирослав Вранeшевиќ,
директор на Маккар, увозник на БМВ и Ленд Ровер. Дарко Димовски,
генералниот директор на Ми-Да моторс, овластен импортер, дистрибутер,
продавач и сервисер на Форд, Волво и Лада во Македонија, смета дека од
март 2010 година до денес тешко може да стане збор за “бизнис“ кога се
новите возила во прашање. Според него, иако постоеле повеќе проблеми за
бизнисот во изминатите 2-3 години, сепак увозот на половни автомобили
бил најголемиот удар. “Според официјалните извештаи од
институциите, во Македонија се увезени нешто помалку од 100.000 половни
возила. Доколку тоа се спореди со фактот дека во една година во
Македонија се продаваат 6.000-7.000 нови возила, импортерите на нови
возила си поставуваат многу прашања за и околу логиката на постоењето на
бизнисот. Феноменот на намалена ликвидност, скапите кредити од
домашните банки и присуството на должничко-доверителската криза ги
оттргнува и компаниите кои логично во европските држави и во нашето
соседство се клиенти на автомобилските компании. Продажбата на нови
автомобили ќе се зголеми кога ќе се подобри општиот стандард на
граѓаните“, вели Димовски. МакАутоСтар за да го ублажи падот на
продажбата презема дополнителни активности и вложувања. Кредитирање со
ниска каматна стапка од само 1,25% и низок процент на учество, според
нив, е олеснување за купувачите. “Автомобилскиот бизнис во светот
постепено се стабилизира и веќе бележи раст во продажбата. Би било
убаво овој тренд да се пренесе и кај нас. Но, постојат и други фактори
кои ја намалуваат продажбата. Увозот на стари возила има голем удел во
падот на продажбата на нови, а треба да се истакне и падот на продажбата
и кај старите автомобили“, вели Владица Кокаловиќ, маркетинг и
ПР-менаџер во МакАутоСтар. Најпродавани модели кај брендот Пежо
се 207, 308, 508 и “партнер“, велат од Еуроимпекс. Според директорот
Даниел Воиновски, трета година по ред купувачот во Македонија е ценовно
ориентиран. “Во процесот на прибирање информации, потенцијалните
купувачи пред сè се интересираат за цената и дали би можеле да се
договорат за евентуално намалување, а потоа искажуваат интерес за
возилото т.е. за моторот, опремата итн. Бројот на купувачи на модели од
мала и средна класа е осетно намален. Промената не се чувствува само во
бројките, туку и ликот на потенцијалните купувачи и во нивната
структура“, објаснува Воиновски. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/75962/prodazhbata_na_avtomobili_vo_pazarna_depresija.aspx?iId=2441
|
Posted By: axel
Date Posted: 06-Dec-2011 at 14:53
интересен податок
Македонија со најмалку автомобили во Европа по бројот на жители
Во Македонија има само 138 автомобили на илјади жители, во Србија
230, во Хрватска 347, а Словенија, пак е на шесто место на целиот
европски континент со 521 автомобил на илјада жители, што е повеќе и од
седмопласираната Германија која има 509 автомобили на илјада жители,
јавува „Еуростат.“
Податоци нема единствено за Црна Гора и Албанија, а Македонија може
да се смета и за претпоследна ако предвид се земе и Турција која има
само 99 автомобили на 1.000 жители.
Од земјите членки на еврозоната, најмногу автомобили има Луксембруг
со 672 автомобили, што значи дека две третини од 450-те илјади граѓани
на оваа мала монархија поседува автомобил.
На второ место е Италија со 606 автомобили, а на трето Кипар со 579 автомобили на илјада жители.
Од 2004 до 2009 година, сите членки на еврозоната го имаат зголемено
бројот на автомобили на улиците освен Германија и Велика Британија.
Најголем раст е забележан во Полска и Летонија. Полска со 314 возила во
2004, се искачи на 433 автомобили што претставува раст од 38 отсто, а
Летонија забележи раст од 35 отсто и бројот на автомобили таму за пет
години порасна од 296 на 400 на илјада жители.
Земја со најмал број автомобили во ЕУ е Романија (197), а претпоследна е Словачка со 294 автомобили на илјада жители.
Од земјите кои не се членки на ЕУ, апсолутен рекордер е Лихтенштајн со 728 автомобили на илјада жители.
Овие податоци се од 2009 година, така што бројката на автомобили во
земјава е поголема денес со оглед на воведената можност за купување на
постари возила. http://www.plusinfo.mk/vest/25471/Makedonija-so-najmalku-avtomobili-vo-Evropa-po-brojot-na-zhiteli
|
Posted By: stratus
Date Posted: 06-Dec-2011 at 20:39
Според ваквиот податок во Македонија има 290 илјади возила. Уште пред донесување на законот за увоз на половни возила, во мкедонија имаше приближно 400 илјади регистрирани возила. Ваквиот податок мисла дека е целосно неточен, а и податоците на плусинфо не знам од кај им се
|
Posted By: axel
Date Posted: 06-Dec-2011 at 20:51
stratus грешиш пред донесување на законот за увоз на половни автомобили имаше регистрирано околу 300 илјади сега се некаде околу 400 си помешал нешто
|
Posted By: gjoko
Date Posted: 06-Dec-2011 at 21:06
плус оние нерегистрирани што ги има на секој агол
|
Posted By: OCB
Date Posted: 07-Dec-2011 at 14:38
http://www.stat.gov.mk/Publikacii/8.4.11.03_700.pdf
|
Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 07-Dec-2011 at 15:46
Пак сме најслаби. И со новите 100.000 да речеме дека имаме 410.000 автомобили, во сооднос на 1000 жители тоа би дошло 205 автомобили.
------------- אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
|
Posted By: OCB
Date Posted: 07-Dec-2011 at 16:23
Невозможно е да имаме над 400.000 регистрирани возила. Според објавата во медиумите од јануари до септември оваа година биле увезени околу 32.000 автомобили (стари + нови). Бидејќи интересот за купување е опаднат, а имајќи в предвид и дека некои од регистрираните возила од 2010 нема да се регистрираат оваа година, вкупниот број на автомобили заклучно со 2011 нема да ја надмине бројката од 350.000. Според тоа, во Македонија ќе има околу 175 возила на 1000 жители.
|
|