Манастириот “Свети Пантелејмон “ и црквата “Свети Атанасиј “ село
Брест.
by admin
http://lh5.ggpht.com/_sh3lVuYj3ZA/S2rwMqdUeXI/AAAAAAAAB1A/_AHyT5UZXyo/DSC08318.JPG?imgmax=512"> Манастирот “
Свети Пантелејмон “ е средновековна градба. За негово долготрајно
историско опстојување нема зачувано писмени споменици. Постоел уште пред
доагањето на турските поробувачи на Балканот, само знаеме дека пред
крајот на XIV век манастирот бил спалени и срушен од турскиот башибузук.
Во период мегу 1905 и 1915 година манстирот ја доживеал својата
преродба, повторно бил подигнат и обновен на старите темелиод
семејството Жабојанови од село Танатарци – Штипско. Но забот на времето
го прави своето и манастирот повтоно се оштетува. Затоа мораше по трет
пат да се обнови и да се изгради на истите темели.
На 25 февруари 1993 година е избран Организационен одборкој беше
задолен за реконструкција и изградба на манастирот. На челото на одборот
покрај парохискиот свештеник Атанас Петров застана и Раде Трајанов.
Одборто одлучи манастирот да се изгради со доброволни прилози од
жителите од овој регион. камен темелник беше поставено на 5 – ти
септември 1993 година и во рекордно време од 9 месеци манастирот беше
изграден.
http://lh5.ggpht.com/_sh3lVuYj3ZA/S2rwKEUeQpI/AAAAAAAAB08/GT7Tyrwrpac/DSC08315.JPG?imgmax=512"> На 15 – ти мај 1994
година беше организирана голема свеченост за осветување на манастирот,
од негово високопреосвештенство, митрополитот брегалнички Господин
Стефан во присуство на повеке гости и православни верници и беше ставен
во функција на нашата Светиклиментова Православна Црква.
Чешмата во кругот на манастирот е изградена во 1928 година, а старите
луге тврдат дека студената вода од оваа чешма е лековита и света вода
за очи.
Манстирот “Свети Пантелејмон “ се наога помегу градовите Штип и
Радовиш кај теснината Пилав Тепе, во убава шума од клен, даб и габер на
надморска височина од 600 метри и на само 1 километар одалечен од
магистралниот пат М6, во непосредна близина на Алпинистичкиот – спортски
локалитет Плоча.
Но за жал сосема е поинаква денешната слика со црквата “Свети
Атанасиј “ во селото Брест. Таа се наога во тешка и ренуирана состојба.
Инаку оваа црква според исказите од постарите жители од селото Брест е
изградена во време на Балканските војни. таа била единствена црква од
десната страна на реката Крива Лакавица и опфакала реон од десет
села.Еден од последните црковнослужители бил незаборавниот поп Џоле од
Штип.
Извадок од брошурата МАНАСТИРОТ “ СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН “ И ЦРКВАТА “
СВЕТИ АТАНАСИЈ “ ВО СЕЛО БРЕСТ од 1998 година
------------- ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|